Issuu on Google+

програма с е пте м

ври

- ок п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

том ври 201

2


п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2


Новата сезона ја започнуваме кон крајот на септември со еден мјузикл – ТОМИ (1975) на Кен Расел – и една постапокалиптична фантастика за планетава Земја - ПЛАНЕТАТА НА МАЈМУНИТЕ (1968). Месецот го завршуваме со слична комбинација: мјузиклот со боливудски амбиции МУЛЕН РУЖ и со алтернативата за мајмуните – марсовците! – како закана за човечката раса во МАРС НАПАЃА. Првите се веќе класици, со тоа што ПЛАНЕТАТА... е ставен под заштита на американскиот Национален филмски архив, како еден од најзначајните филмови на својата деценија. Другите два филма, на крајот од октомври, и покрај реномираните режисерски имиња (Бартон и Лурман) што стојат зад нивната реализација, ќе останат веројатно запаметени како ревија на звучни актерски и пејачки имиња што ќе прошетаат пред камерите. Но, историјата е таа што го кажува последниот збор, или уште поправедно – публиката! Осум вечери на почетокот од октомври отстапуваме и за најдобрите филмови на Андреј Кончаловски – циклус кој верувам одамна го по-

сакувате и очекувате. Ќе ги видите: ВУЈКО ВАЊА (1970), СИБИРИЈАДА (1978), ЉУБОВНИЦИТЕ НА МАРИЈА (1984), КУЌА НА ЛУДИТЕ (2002) и други наградувани, озборувани, популарни и почитувани наслови. Во втората половина на октомври ја прошируваме соработката со Амбасадата на Република Италија со уште една манифестација (покрај Прозорец кон италијанскиот филм). Станува збор за Деновите на италијанскиот јазик, во чии рамки ќе прикажеме пет филмови од италијански автори. ЛЕТНИ ИГРИ на Роландо Кола, кој оваа година, на домашен терен, се закити со неколку швајцарски филмски награди, и романтичната комедија МАРЧЕЛО, МАРЧЕЛО на Денис Рабаља се од поновата швајцарска продукција, додека ЗГОЛЕМУВАЊЕ, ЦРВЕНАТА ПУСТИНА и ДОЛИНА НА СМРТТА на легендарниот Антониони се веќе антологиски. На крај, филмската програма од поинаков агол. Имено, во сето ова набројување на филмовите, има по нешто и за љубителите на музиката: ТОМИ е, всушност, екранизација на четвртиот албум/

рок-опера на „Ху“, со Елтон Џон, Тина Тарнер и Ерик Клептон меѓу другите изведувачи; музиката за ДОЛИНАТА... на Антониони е на „Пинк Флојд“; Брајан Адамс се појавува во еден од филмовите на Кончаловски (ама нема да кажам во кој ;-), а Кајли Миног на сцената на „Црвената ветерница“... Ако не ви е до филмови, можеби ви е до музика?

п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

ОД УРЕДНИКОТ НА ФИЛМСКАТА ПРОГРАМА


п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

ватели ќе го прогласат за „спасител“. Овој мјузикл е направен врз основа на истоимениот рок-албум на култната група „Ху“, чиј фронтмен Пит Таунзенд за својата музичка работа на овој филм добива и номинација за престижната филмска награда „Оскар“.

27-28 септември (четврток-петок), 20 часот ТОМИ (Tommy) игран филм, САД 1975, 111 мин., колор, 35 мм. режија: Кен Расел (Ken Russell) сценарио: Пит Таунзенд, Кен Расел (Pete Townshend, Ken Russell) улоги: Роџер Далтри, Ен Маргрет, Оливер Рид, Елтон Џон (Roger Daltrey, Ann-Margret, Oliver Reed, Elton John) Рок-мјузиклот ТОМИ ја раскажува приказната за едно немо, слепо и глуво момче, кое и покрај својата психолошка хендикепираност од доживеаната семејна траума ќе стане светски шампион во играње на флипер машина. Но славата ќе му донесе и проблеми - неговите фанатични обожа-

29-30 септември (сабота -недела), 20 часот ПЛАНЕТА НА МАЈМУНИТЕ (Planet of the Аpes) игран филм, САД 1974, 112 мин., колор, 35 мм. режија: Френклин Џ. Шефнер (Franklin J. Schaffner) сценарио: Мајкл Вилсон, Род Серлинг (Michael Wilson, Rod Serling) улоги: Чарлтон Хестон, Роди Мекдауел, Ким Хантер, Морис Еванс (Charlton Heston, Roddy McDowall, Kim Hunter, Maurice Evans) Тим на истражувачи и астронаути од планетата Земја со својата ракета ќе се урнат на една непозната планета. На својата истражувачка

мисија за нов живот, овој тим предводен од астронаутот Тејлор ќе открие дека новото општество на оваа планета го водат мајмуни кои еволуирале во суштества кои зборуваат и логички размислуваат. Но мајмуните живеат заедно со луѓето кои сè уште немаат развиено способност за говор. Кога доктор Зајус, лидерот на мајмуните, ќе открие дека заробеникот Тејлор ја има способноста за говор, ќе се обиде да го уништи и засекогаш да ја осигура доминацијата на мајмунската раса.


4 октомври (четврток), 20 часот ВУЈКО ВАЊА (Дядя Ваня) игран филм, СССР 1970, 98 мин., колор, 35 мм. режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky) сценарио: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky) улоги: Ирина Купченко, Инокенти Смоктуновски, Сергеј Бондарчук, Ирина Мирошниченко (Irina Kupchenko, Innokenti Smoktunovsky, Sergei Bondarchuk, Irina Miroshnichenko) Пензионираниот професор се враќа на својот имот каде што решава да живее заедно со својата нова и млада сопруга Јелена. Имотот првенствено припаѓал на неговата прва жена која починала. Нејзиното семејство сè уште живее

таму, а нејзиниот брат, кој сите го викаат вујко Вања, управува со фармата. Долго време вујкото Вања заработувачката од фармата му ја испраќал на професорот, а за возврат добивал само мал паричен надоместок. Новата млада жена на имотот ќе внесе сексуална тензија, а во неа ќе се вљубат и докторот Астров и вујко Вања. Кога професорот ќе објави дека сака да го продаде имотот, Вања ќе се обиде да го убие.

5 октомври (петок), 20 часот СИБИРИЈАДА (Сибириада) игран филм, СССР 1978, 199 мин., колор, ДВД режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky) сценарио: Валентин Ежов, Андреј Кончаловски (Valentin Ezhov, Andrei Konchalovsky) улоги: Јелена Коренева, Владимир Самојлов, Људмила Гурченко, Никита Михалков (Yelena Koreneva, Vladimir Samojlov, Lyudmila Gurchenko, Nikita Mikhalkov) Малото и изолирано село Елан е населено од само

две семејства меѓу кои постои нетрпеливост која трае со генерации. Од една страна се богатите Соломини, а од друга страна се сиромашните Устизанини. Нивните патишта постојано се вкрстуваат во љубовта и омразата. Единственото нешто кое го делат е нивното родно место, земјата за која еден од главните ликови ќе рече: „Не е многу добра, но е најдоброто нешто што можеме да го добиеме!“ Филмот СИБЕРИЈАДА е составен од четири дела. Приказната во првиот дел од овој филм е сместена на почетокот од 20-тиот век, втората е во 1930-тите години, додека, пак, приказната во третиот и четвртиот дел е сместена во 1960-тите.

6 октомври (сабота), 20 часот ЉУБОВНИЦИТЕ НА МАРИЈА (Maria’s Lovers) игран филм, САД 1984, 111 мин., колор, 35 мм. режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky) сценарио: Андреј Кончаловски, Жерар Брах, Пол Зиндел, Марџори Дејвид (Andrei Konchalovsky, Gérard Brach, Paul Zindel, Marjorie David)

п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

4-13 октомври ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА АНДРЕЈ КОНЧАЛОВСКИ


п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

улоги: Настасја Кински, Џон Севиџ, Роберт Мичам, Кејт Карадин (Nastassja Kinski, John Savage, Robert Mitchum, Keith Carradine) По спасувањето од воениот затвор во Јапонија, војникот Иван Бибич се враќа во своето родно село во Пенсилванија, кое е населено од српски емигранти. Ова село исто така е дом на Марија, љубовта на неговиот живот. Таа била единственото нешто за кое тој сонувал за време на годините поминати во војна. Набрзо по венчавката со Марија, Иван сфаќа дека не може да ги заборави нештата кои се случиле во минатото и не може да води љубов со својата сопруга. ЉУБОВНИЦИТЕ НА МАРИЈА е прв холивудски филм на Андреј Кончаловски.

7 октомври (недела), 20 часот ДУЕТ ЗА ЕДЕН (Duet for One) игран филм, САД/Велика Британија 1986, 107 мин., колор, ДВД режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky)

сценарио: Андреј Кончаловски, Том Кемпински, Џереми Лип (Andrei Konchalovsky, Tom Kempinski, Jeremy Lipp) улоги: Џули Ендрус, Алан Бејтс, Макс фон Сидоф, Руперт Еверет (Julie Andrews, Alan Bates, Max von Sydow, Rupert Everett) За време на солистички концерт, познатата виолинистка Стефани Андерсон ги доживува првите симптоми на мултиплекс склероза, болест која постепено води кон целосна парализа. Иако знае дека тоа ќе стави крај на нејзината кариера, креативност и страст, Стефани не може да се справи со тоа што £ се случува. Работите ќе се влошат кога нејзиниот брак со композиторот Дејви Корнволис ќе се разниша. Со текот на времето таа ќе сфати дека нејзиниот живот не е завршен и дека не смее да престане да се бори.

9 октомври (вторник), 20 часот ВНАТРЕШЕН КРУГ (The Inner Circle) игран филм, САД/Русија 1991, 131 мин., колор, ДВД режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky) сценарио: Андреј Кончаловски, Анатолиј Усов (Andrei Konchalovsky, Anatoli Usov) улоги: Том Хулц, Лолита Давидович, Боб Хоскинс, Александер Збрујев (Tom Hulce, Lolita Davidovich, Bob Hoskins, Alexander Zbruyev) Жаргонот „внатрешен круг“ го употребувале војниците од деветтиот одред на КГБ задолжени за безбедноста на Кремљ. Само 29 платеници ја сочинувале оваа група која имала директен контакт со Сталин. Главниот лик Иван е личен кинооператор на Лидерот и неговата придружба. Тој својата работа ја работи најдобро што може, се труди да одржува добри проекции, без кинење лента и со јасна слика. Со текот на времето тој станува близок со „внатрешниот круг“ на Сталин.


10 октомври (среда), 20 часот МОЈАТА КОКОШКА РЈАБА (Курочка Ряба) игран филм, Русија/Франција 1994, 111 мин., колор, ДВД режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky) сценарио: Андреј Кончаловски, Виктор Мерешко (Andrei Konchalovsky, Victor Merezhko) улоги: Љубов Соколова, Александар Сурин, Ина Чурикова, Виктор Михајлов (Lyubov Sokolova, Alexander Surin, Inna Churikova, Viktor Mikhailov) Ова е приказна за една селска жена и нејзината кокошка. Секогаш кога ќе се напие малку повеќе, таа започнува да зборува со својата кокошка која понекогаш знае и да £ возврати. Главниот лик, Асја Клујачина, е огорчена жена, со тешки очила на носот, презадоволна кога ги брои своите пари. По цели 25 години мизерен живот, нејзината кокошка ќе £ снесе златно јајце кое ќе предизвика омраза и завист во целото село. Овој филм е продолжение на легендарниот филм ПРИКАЗНА ЗА

12 октомври (петок), 20 часот КУЌА НА ЛУДИТЕ (Дом дураков) игран филм, Русија/Франција 2002, 105 мин., колор, ДВД режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky) сценарио: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky) улоги: Јулија Висотскаја, Султан Исламов, Евгениј Миронов, Брајан Адамс (Julia Vysotskaya, Sultan Islamov, Yevgeni Mironov, Bryan Adams) На границата помеѓу Чеченија и Ингушетија е сместена една душевна болница која е оградена со бодликава жица. Недалеку од ова место започнува војна која не го попречува секојдневниот живот во оваа институција – живот кој се одвива во согласност со сопствените локални вредности и комплексни врски. Еден ден сите вработени во оваа институција ќе исчезнат, а пациентите ќе бидат препуштени сами на себе. Тогаш ќе дојде

и една група чеченски милитанти и со себе ќе го донесат лудилото на војната во светот на лудите.

13 октомври (сабота), 20 часот СЈАЈ (Глянец) игран филм, Русија 2007, 107 мин., колор, ДВД режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky) сценарио: Андреј Кончаловски, Дуња Смирнова (Andrei Konchalovsky, Dunya Smirnova) улоги: Ела Санко, Јуриш Лауцинш, Алексеј Гришин, Јулија Висотскаја (Ela Sanko, Yuris Lautsinsh, Alexei Grishin, Julia Vysotskaya) Гаља, девојка од село, ќе се пресели во Москва за да го исполни својот сон, да се најде на насловните страници на познатите модни списанија. Животот во главниот град таа го замислува онака како што го опишуваат модните списанија: богат, сјаен и исполнет со елитни настани и милијардери. Кога Гаља ќе пристигне во Москва, таа не се разочарува. По напорна работа, таа ќе успее да го исполни

п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

АСИЈА КЛУЈАЧИНА на Андреј Кончаловски.


п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

ПРОГРАМА ЗА СЕПТЕМВРИ-ОКТОМВРИ 2012

27-28 септември (четврток-петок)

20 часот

20 часот

СИБИРИЈАДА

МОЈАТА КОКОШКА РЈАБА

20 часот

6 октомври (сабота)

12 октомври (петок)

20 часот

20 часот

ЉУБОВНИЦИТЕ НА МАРИЈА

КУЌА НА ЛУДИТЕ

ТОМИ

(Tommy)

29-30 септември (сабота -недела) 20.00 часот ПЛАНЕТА НА МАЈМУНИТЕ

(Сибириада)

(Maria’s Lovers)

7 октомври (недела)

(Planet of the Аpes)

20 часот

4-13 октомври ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА АНДРЕЈ КОНЧАЛОВСКИ

ДУЕТ ЗА ЕДЕН

4 октомври (четврток) 20 часот ВУЈКО ВАЊА (Дядя Ваня)

5 октомври (петок)

(Курочка Ряба)

(Дом дураков)

13 октомври (сабота) 20 часот СЈАЈ

(Глянец)

(Duet for One)

9 октомври (вторник)

16 октомври (вторник)

20 часот

19 часот

ВНАТРЕШЕН КРУГ

СЛОБОДА, ЉУБОВ

(The Inner Circle)

10 октомври (среда)

(Szabadság, szerelem)


20 часот

17 oктомври (среда)

(Giochi d’Estate)

20 часот ЦРВЕНАТА ПУСТИНА (Il deserto rosso) 18 октомври (четврток) 20 часот МАРЧЕЛО, МАРЧЕЛО (Marcello, Marcello)

ЛЕТНИ ИГРИ 21 октомври (недела) 20 часот ДОЛИНА НА СМРТТА (Zabriskie Point)

23-24 октомври (вторник-среда)

19 октомври (петок)

20 часот

20 часот

(Mars Attacks!)

ЗГОЛЕМУВАЊЕ (Blow-Up)

20 октомври (сабота)

МАРС НАПАЃА 25-26 октомври (четврток-петок) 20 часот МУЛЕН РУЖ (Moulin Rouge)

п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

17-21 октомври ДЕНОВИ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК


п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

својот сон и ќе стане дел од овој разнобоен свет, па дури и ќе се најде на насловната страница на едно модно списание. Но набрзо ќе сфати дека другата страна на овој висок свет на модата и не е толку блескав.

време. Додека советските тенкови ја уништувале Унгарија, унгарскиот ватерполо тим ги победувал советските спортисти во олимпискиот базен во Мелбурн, во еден меч кој се памети како еден од најкрвавите ватерполо мечеви во историјата.

Циклусот филмови на Андреј Кончаловски, по повод 75 години од неговото раѓање и 50 години работа на филм, е реализиран со помош на Рускиот културен центар во Софија, Руската амбасада во Скопје и Институтот „Кончаловски“. 16 октомври (вторник), 19 часот СЛОБОДА, ЉУБОВ (Szabadság, szerelem) игран филм, Унгарија 2006, 123 мин., колор, ДВД режија: Кристина Года (Krisztina Goda) сценарио: Џо Ештерхаз, Ева Гардош (Joe Eszterhas, Éva Gárdos) улоги: Ката Добо, Иван Фенјо, Шандор Кшањи, Карољи Гештеши (Kata Dobó, Iván Fenyö, Sándor Csányi, Károly Gesztesi) Филмот СЛОБОДА, ЉУБОВ ја одбележува херојската унгарска револуција од 1956 година која се случи и во Будимпешта, но и на Олимписките игри во Мелбурн, кои се одржуваа во исто


17 oктомври (среда), 20 часот ЦРВЕНАТА ПУСТИНА (Il deserto rosso) игран филм, Италија / Франција 1964, 117 мин., колор, ДВД режија: Микеланџело Антониони (Michelangelo Antonioni) сценарио: Микеланџело Антониони, Тонино Гвера (Michelangelo Antonioni, Tonino Guerra) улоги: Моника Вити, Ричард Харис, Карло Чионети, Ксенија Валдери, Рита Реноар (Monica Vitti, Richard Harris, Carlo Chionetti, Xenia Valderi, Rita Renoir) Џулијана, дезориентирана жена со душевни проблеми кои вешто ги крие од својот сопруг, се обидува да најде некаков смисол во својот очаен

18 октомври (четврток), 20 часот МАРЧЕЛО, МАРЧЕЛО (Marcello, Marcello) игран филм, Швајцарија 2008, 97 мин., колор, ДВД режија: Денис Рабаља (Denis Rabaglia) сценарио: Марк Дејвид Хетвуд, Денис Рабаља (Mark David Hatwood, Denis Rabaglia) улоги: Франческо Мистичели, Елена Кучи, Алфио Алези, Луиџи Петраѕуоло (Francesco Mistichelli, Elena Cucci, Alfio Alessi, Luigi Petrazzuolo)

Во 1956 година во Италија, на живописниот остров Аматрељо, кога една девојка ќе наполни 18 години, секое момче од селото е покането да донесе подарок за нејзиниот прв состанок. Но подарокот не е за девојката туку за нејзиниот татко, кој треба да одлучи кое момче ќе може да ја однесе неговата ќерка на прв состанок. Марчело, синот на рибарот, нема да биде загрижен за оваа традиција сè додека не ја забележи убавата Елена, ќерката на градоначалникот. Како што тече времето и конкуренцијата се зголемува, Марчело ќе го најде совршениот подарок за градоначалникот.

19 октомври (петок), 20 часот ЗГОЛЕМУВАЊЕ (Blow-Up) игран филм, Велика Британија/Италија/САД 1966, 111 мин., колор, ДВД режија: Микеланџело Антониони (Michelangelo Antonioni) сценарио: Микеланџело Антониони, Хулио Корта-

п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

17-21 октомври ДЕНОВИ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК

живот. Сопругот Уго е директор на фабрика во Равена која ги загадува локалните езера и води, а бродовите што минуваат или се приморани да застанат тука, подигаат жолти знамиња – знак за карантин. Нивните животи се исполнети со магла, чад, атмосферски нечистотии, токму онака како што Џулијана се чувствува одвнатре. Таа ќе се обиде да има врска со инжењерот Зелер, но после се`, повторно ќе се почувствува сама, искористена и болна.


п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

сар (Michelangelo Antonioni, Julio Cortázar) улоги: Дејвид Хемингс, Ванеса Редгрејв, Сара Мајлс, Џон Кесл (David Hemmings, Vanessa Redgrave, Sarah Miles, John Castle) Успешен моден фотограф од Лондон, чиј живот е поврзан со модата, поп музиката, марихуаната и сексот, започнува да чувствува очај и депресивност во секојдневјето. Здодевноста на неговиот живот ќе ја размрда една фотографија од една мистериозна убавица која ќе ја направи во еден парк. Кога ќе забележи дека исто така фотографирал и убиство, ќе се обиде да ја дознае вистината преку зголемување на негативот сè додека не ги открие деталите на оваа страшна тајна.

20 октомври (сабота), 20 часот ЛЕТНИ ИГРИ (Giochi d’Estate) игран филм, Швајцарија 2011, 111 мин., колор, ДВД режија: Роландо Кола (Rolando Colla)

сценарио: Роландо Кола, Роберто Скарпети (Rolando Colla, Roberto Scarpetti) улоги: Фјорела Кампанела, Армандо Кондолучи, Алесија Барела (Fiorella Campanella, Armando Condolucci, Alessia Barela) Филмот ЛЕТНИ ИГРИ ја раскажува приказната за двајца тинејџери, кои заедно ќе поминат еден краток летен одмор на море. Додека родителите на Ник се заплеткани во чудна врска, нивниот дванаесетгодишен син се обидува да се помири со насилните однесувања на својот татко. Тој се обидува да ја подучи Мари, неговата врсничка, како да не чувствува ништо бидејќи и таа исто така страда од лошиот однос со својот татко. Всушност, и двајцата созреваат и растат низ своето заедничко искуство, низ среќата и тагата на првата љубов.

21 октомври (недела), 20 часот ДОЛИНА НА СМРТТА (Zabriskie Point) игран филм, САД

1970, 110 мин., колор, ДВД режија: Микеланџело Антониони (Michelangelo Antonioni) сценарио: Микеланџело Антониони (Michelangelo Antonioni) улоги: Марк Фречет, Дарија Халприн, Пол Фикс, Д.Г. Спрадлин (Mark Frechette, Daria Halprin, Paul Fix, D.G. Spradlin) ДОЛИНА НА СМРТТА, единствениот американски филм на Микеланџело Антониони, е необична визуелна претстава за младешката бунтовност против авторитетите. Филмот ги претставува 60тите години на дваесеттиот век, видени низ очите на Марк и Дарија. Кога Марк ќе биде обвинет дека за време на студентските демонстрации убил полицаец, ќе украде авион со кој ќе одлета во пустината каде што ќе ја запознае младата Дарија, студентка по антропологија. Музиката за филмот е на групата „Пинк Флојд“.


23-24 октомври (вторник-среда), 20 часот МАРС НАПАЃА (Mars Attacks!) игран филм, САД 1996, 106 мин., колор, 35 мм. режија: Тим Бартон (Tim Burton) сценарио: Лен Браун, Вуди Гелман (Len Brown, Woody Gelman) улоги: Џек Николсон, Пирс Броснан, Натали Портман, Сара Џесика Паркер (Jack Nicolson, Pirce Brosnan, Natalie Portman, Sarah Jessica Parker) Во еден нормален ден, претседателот на Соединетите Американски Држави ќе објави дека неодамна биле забележани Марсовците како кружат околу планетата Земја. Марсовците ќе слетаат и ќе биде организирана средба. Но, сè не оди спо-

25-26 октомври (четврток-петок), 20 часот МУЛЕН РУЖ (Moulin Rouge) игран филм, САД 2001, 127 мин., колор, 35 мм. режија: Баз Лурман (Baz Luhrmann) сценарио: Баз Лурман, Крег Пирс (Baz Luhrmann, Craig Pearce) улоги: Никол Кидман, Јуан Мекгрегор, Џон Легвизамо (Nicole Kidman, Ewan McGregor, John Leguizamo) Во 1899 година, младиот англиски писател Кристијан доаѓа во Париз и ја следи боемската револуција. Но на ниедно место во Париз не може да има поголема возбуда отколку во „Мулен руж“,

ноќниот клуб каде што танчарките и куртизаните ги забавуваат и богатите и сиромашните мажи. Младиот писател веднаш смртно се вљубува во прекрасната танчарка и куртизана Сатин, со која започнува и опасна љубовна врска. За нејзиното внимание ќе се бори и патронот на ноќниот клуб наречен „Војводата“. За да избегаат од овој опасен љубовен триаголник, Сатин и Кристијан ќе се борат против сите пречки за да останат заедно.

п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

ред планот бидејќи Марсовците имаат поинакви планови на планетата Земја и започнуваат да ги убиваат нејзините жители. Единствени кои можат да ја спасат Земјата се Ричи и неговата баба која постојано слуша една интересна стара песна.


п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2

Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814, локал 111 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com

За издавачот: м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска Уредник на филмската програма: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Александра Младеновиќ Виолета Петрушевска м-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Лектура: Сузана В. Спасовска Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Софија – Богданци


п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2 Проектот го помогна:

Министерство за култура на Република Македонија


www.maccinema.com

п р ог р ам а с ептем вр и - ок томври 2 0 1 2


Catalogue 10.2012