Issuu on Google+

п р ограма март 2 0 1 3

програма март 2

013


ОД УРЕДНИКОТ НА ФИЛМСКАТА ПРОГРАМА


големиот поборник на женските права Влатче од ЕСРА со чија помош ја реализираме оваа активност. А малку пред 8-ми, ќе го пуштиме и ШКАФЧЕ НА БОЛКАТА на Кетрин Бигелоу. Покрај Софија Копола не се сеќавам дека имало друга жена-режисер со толку Оскари за филм. ПРОЗОРЕЦ КОН ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ е веќе традиционален и ќе започне на 14 март. Во негови рамки ќе бидат прикажани неколку филмови од италијанската кинематографија кои веруваме дека нема да ве остават рамнодушни. Да ѕирнеме малку што ново се случува во Италија. Лани, на отварањето на истата манифестација, италијанскиот амбасадор спомна дека италијанските филмови застапени во програмата не само што не се полоши од американските филмови кои се на репертоарот во комерцијалните кина, туку се и подобри. Го делам неговото мислење и продолжуваме да ги прикажуваме остварувањата на оваа (некогаш) силна кинематографија, сè додека не си го најде местото на пазарот.

родовите проблеми, мизогинијата и сексизмот. НАПРЕД ЖЕНИ! И голема благодарност до

ДЕНОВИТЕ НА ФРАНКОФОНИЈАТА, секоја година нудат уникатни и интересни филмски

наслови кои сигурно ќе ве натераат да појдете на кино. Овојпат на репертоарот ќе се најдат филмови од поновата европска кинематографија како филмот добитник на Сребрената мечка на Берлинскиот филмски фестивал ДЕТЕТО ОДОЗГОРА (L’enfant d’en haut) и унгарскиот неверојатен филм ТАКСИДЕРМИЈА (Taxidermia). Да не го заборавам и одличниот канадски филм ГОСПОДИН ЛАЗАР (Monsieur Lazhar) кој покрај неколкуте фестивалски награди доби и номинација за Оскар за странски филм во 2012. И во време кога романската кинемато­ графија прави дар-мар на филмските фестивали и кино-благајни по Европа, Кинотека на Македонија ќе ве израдува со необичниот филмски циклус ДЕНОВИ НА РОМАНСКА КОМЕДИЈА. Филмови на Кристиан Мунџиу, Дан Чизу, Тудор Џурџиу и други врвни романски филмаџии ќе не смеат на крајот од март, а богами и на почеток од април. Ќе ни треба малку смеа од нашите балкански пријатели во нашето сиво секојдневие.

п р ограма март 2 0 1 3

Овој месец решивме да се будиме (барем во саботите) со филм. Нормално, прво ќе Ве понудиме со кафе. КИНО БУДЕЊЕ е прекрасна идеја на едни млади луѓе (фала Бистра) кои сакаат да му помогнат на градот да живее поубаво. Пладневно и саботно, на големото платно ќе бидат прикажани филмовите ИГРАЧКАПЛАЧКА, ВО ЗЕНИТОТ НА СОНЦЕТО, СЕКС, ЛАГИ И ВИДЕОЛЕНТА, ТАЈНИ И ЛАГИ и ИЗГОРЕНИ ОД СОНЦЕТО. Четири признати и познати наслови од светската кинематографија и едно (мене омилено) помалку заборавено ремек-дело: ВО ЗЕНИТОТ НА СОНЦЕТО, трилер според Патриша Хајсмитовиот Рипли. Филм од 1960 год. кој може да застане покрај трилерите од новиов милениум и да не се срами или чувствува индиспониран. Март е и месец на жените. Ние во Киноте­ ката не им правиме атер на жените само на 8-ми март, ама овој пат се решивме за малку поангажиран пристап. Во духот на нивниот празник кој ја слави нивната еманципација ќе бидат прикажани три документарни филмови за


п р ограма март 2 0 1 3

негодувањата на останатите членови на ИРА. Џоди го моли Фергус откако ќе биде ликвидиран, да се запознае неговата девојка Дил за да се увери во нејзината посебност. Набргу поминува рокот, а Џоди мора да биде застрелан токму од Фергус.

02 март (сабота), 12:30 ч. КИНО-БУДЕЊЕ: ИГРАЧКА-ПЛАЧКА (Crying Game) игран филм, Велика Британија / Јапонија 1992, 112 мин., колор, 35 мм. режија и сценарио: Нил Џордан (Neil Jordan) улоги: Стивен Рија, Џеј Дејвидсон, Форест Витакер, Миранда Ричардсон, Џим Бродбент (Stephen Rea, Jaye Davidson, Forest Whitaker, Miranda Richardson, Jim Broadbent) Војникот на ИРА, Фергус, со неговата група на војници, вклучувајќи ја и девојката Џуд, го киднапираат Џоди, црномурест британски војник. ИРА дава наредба да се ослободат нејзините заробени војници и доколку не се испочитува нивната молба во наредните три дена се закануваат со егзекуција на Џоди. За тоа време Фергус се спријателува со Џоди и покрај

02 март (сабота), 20:00 ч. 03 март (недела), 20:00 ч. ШКАФЧЕ НА БОЛКАТА (The Hurt Locker) игран филм, САД 2008, 131 мин., колор, 35 мм. режија: Кетрин Бигалоу (Kathryn Bigelow) сценарио: Марк Боул (Mark Boal) улоги: Џереми Ренер, Антони Мекки, Брајан Герети, Гај Пирс, Ралф Фајнс (Jeremy Renner, Anthony Mackie, Brian Geraghty, Guy Pearce, Ralph Fiennes) Полковникот Вилијам Џејмс, ветеран кој што ја искусил војната, пристигнува како нов лидер на тимот на американската единица за отстранување на експлозиви за време на војната

во Ирак. Неговите дисидентски методи и таквиот став ги водат Санборн и Елдриџ, кон тоа да го сметаат за арогантен, претпоставен кому не му е грижа за својот тим. Кога добиваат задача да уништат експлозиви во напуштена област, Џејмс се враќа на местото за детонација да си ги земе ракавиците. При враќањето во Камп Виктори, тимот се сретнува со пет вооружени луѓе во традиционална арапска облека; подоцна се дознава дека тоа се всушност платени војници на Британија, коишто заробиле двајца од најбараните луѓе во Ирак. Одеднаш сите се нападнати, а затворениците ја користат забуната во редовите и се обидуваат да побегнат.

05 март (вторник), 20:00 ч. 06 март (среда), 20:00 ч. МЕЃУ ТВОИТЕ НОЗЕ (Entre Las Piernas) игран филм, Шпанија / Франција 1999, 115 мин., колор, 35 мм. режија: Мануел Гомез Переира (Manuel Gómez Pereira) сценарио: Хоакин Ористрел и др. (Joaquín Oristrell et al.)


Миранда работи во радиостаница, а нејзиниот сопруг Феликс, со кого имаат ќерка, е полицаец. Таа е зависна од сексот, па дури и прошетката на песот ја користи за тајни средби со мажи кои по „завршената работа“ ги напушта. За да се ослободи од својата зависност, Миранда оди на групна терапија. Тука го запознава Хавиер, успешен сценарист и зависник од телефонски секс, кој и самиот си има мака – неговите снимени телефонски разговори некој ги дистрибуирал низ цел Мадрид, а неговата бивша сопруга живее со неговиот бизнис - партнер. Со сето тоа во багаж, Миранда и Хавиер изгледаат како неизбежна и идеална двојка...

НОЌИ ПОСВЕТЕНИ НА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА, 8-10 март

08 март (петок), 20:00 ч. СУПЕРЖЕНИ (Wonder Women) документарен филм, САД 2012, 79 мин., колор, ДВД. режија и сценарио: Кристи Гевара-Фланаган (Kristy Guevara-Flanagan) учествуваат: Линда Картер, Глорија Стајнем, Линдзи Вагнер, Енди Мангелс (Lynda Carter, Gloria Steinem, Lindsay Wagner, Andy Mangels) Документарен филм кој го истражува концептот на жената-херој, од раѓањето на стрип-хероината Супержена во 40-тите години на 20-тиот век, преку тв-сериите и филмските блокбастери на денешницата. Хероините се битен пример за развојот на младите девојки, особено во нивните најрани години, но нив ги има неверојатно

малку. Супержената е една од ретките примери на хероини кои никој не мора да ги спасува, сами си поставуваат цели, а ги красат и типични женски карактеристики. Преку интервјуата со Глорија Стајнем, актерките Линда Картер и Линдзи Вагнер, и плејада научници, писатели и фанови, филмот ја следи промената во јавното мнение во однос на моќните супержени во американското општество.

09 март (сабота), 12:30 ч. КИНО-БУДЕЊЕ: ИЗГОРЕНИ ОД СОНЦЕТО (Утомлённые солнцем / Burnt by the Sun) игран филм, Русија / Франција 1994, 135 мин., колор, 35 мм. режија: Никита Михалков (Ники́та Михалко́в) сценарио: Рустем Ибрахимбегов, Никита Михаков (Rüstəm İbrahimbəyov, Ники́та Михалко́в) улоги: Олег Меншиков, Никита Михалков, Ингеборга Дапкунајте, Надежда Михалкова, Андре Умански (Оле́г Ме́ньшиков, Ники́та Михалко́в, Ingeborga Dapkūnaitė, Надежда

п р ограма март 2 0 1 3

улоги: Викторија Абрил, Хавиер Бардем, Кармело Гомез, Серхи Лопез, Хуан Диего (Victoria Abril, Javier Bardem, Carmelo Gómez, Sergi López, Juan Diego)


п р ограма март 2 0 1 3

Михалкова, André Oumansky) Дејството на филмот се случува во 1936 година за време на сталинистичкиот период во СССР. Сергеј Котов е легендарен командант, искрен комунист кој е херој од Граѓанската војна, љубимец на Сталин. Тој со својата сопруга Маруша и ќерката Нада живее на село. Нивната семејна идила ќе ја наруши Митја, поранешен ветеран на Белата армија, кој на мистериозен начин исчезнува уште во 1928 г, пред закажаната женидба со Маруша. Митја е со радост дочекан во селото, а ниту малата Надја, на која £ се претставува како „чичко Митја“, не одолева на неговиот хумор и дружељубива природа. Сепак, новодојдениот не се прикажува во вистинското светло, туку напротив, дојден е со одредена задача по инструкции на НКВД.

09 март (сабота), 20:00 ч. ГЕНЕРАЦИЈА М (Generation M) документарен филм, САД 2008, 60 мин., колор, ДВД.

режија и сценарио: Томас Кит (Thomas Keith) И покрај постигнатиот напредок во подигањето на јавната свест за правата на жените, за што се бореа женските движења во изминатите четири децении, мизогинијата и понатаму превладува во американската култура. Професорот Томас Кит во овој документарен филм ги анализира мизогинијата и сексизмот во американските мејнстрим водечки медиуми, истражувајќи ги негативните дефиниции на женственоста и омразените ставови кон жените, коишто се конструирани и нагласени во самото јадро на денешната поп-култура.

цензурирани. Но светски познатите блогерки Јоани Санчез, Зенг Џинјан и Фарназ Сеифи не се плашат од диктаторските режими во своите земји. Овие три бестрашни жени се претставнички на новата генерација модерни бунтовнички. Нивните интернетски блогови во Куба, Кина и Иран ги разнишуваат темелите на државниот монопол врз информациите, со што животите на овие три жени се ставени во опасност. Филмот ги следи Санчез, Џинјан и Сеифи во нивното секојдневие во кое преку Фејсбук, Јутјуб и Твитер се борат за одземањето на човековите права.

10 март (недела), 20:00 ч. ЗАБРАНЕТИ ГЛАСОВИ (Forbidden Voices) документарен филм, Швајцарија 2012, 95 мин., колор, ДВД режија и сценарио: Барбара Милер (Barbara Miller)

12 март (вторник), 20:00 ч. 13 март (среда), 20:00 ч. ДОЛИНА НА ЦВЕЌИЊАТА (Valley of Flowers) игран филм, Индија / Франција / Јапонија / Германија 2006, 115 мин., колор, 35 мм. режија: Пан Налин (Pan Nalin) сценарио: Пан Налин, Сара Бесан Шениб (Pan

Нивните гласови се пригушени, забранети и


На највисоките премини на Хималаите, владеат Џалан и неговата банда заработувајќи си го лебот преку ограбување на случајните патници. Таквите грабежи за нив се рутина, сè додека кај нив не пристигне мистериозната Ушна, која патувала со карван на аџии. Убавата девојка сака да стане дел од бандата, а на Џалан и останатите им ветува огромни богатства и возбудливи авантури. По успешните походи, љубовта помеѓу Џалан и Ушна се разгорува, а нивниот однос ги надминува границите на реалното. Со помош на левитација и крадење енергија, тие стануваат сè посмели во обидите да дојдат до своите цели.

ПРОЗОРЕЦ КОН ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ 14-19 март

14 март (четврток), 20:00 и 22:00 ч. НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МИ СУДИ (Nessuno mi può giudicare) игран филм, Италија 2011, 94 мин., колор, ДВД режија: Масимилијано Бруно (Massimilliano Bruno) сценарио: Масимилијано Бруно, Едоардо Фалконе (Massimilliano Bruno, Edoardo Falcone) улоги: Паола Кортелези, Раул Бова, Роко Папалео, Ана Фолјета, Катерина Гузанти (Paola Cortellesi, Raoul Bova, Rocco Papaleo, Anna Foglietta, Caterina Guzzanti) Алиса е на возраст од 35 години и живее со својот деветгодишен син Филипо во голема луксузна вила северно од Рим. По загубата на сопругот, ја измачува помислата дека може да го загуби старателството над својот син,

бидејќи нема доволно пари. Во очајна потрага по заработувачка, без никакви претходни работни искуства, Алис се оддава на најстарата професија на светот. Не можејќи да се снајде во новата работа, за свој ментор ја зема елитната проститутка Ева, која ја обучува Алис и таа од аматерка станува висока професионалка. Во меѓу време Алис и нејзиниот син се преселуваат кај нејзиниот поранешен помошник Џулио, кој £ станува љубовник.

15 март (петок), 20:00 и 22:00 ч. КУЛИРАЈ! (Scialla! (Stai Sereno)) игран филм, Италија 2011, 95 мин., колор, ДВД. режија: Франческо Бруно (Francesco Bruni) сценарио: Џанбатиста Авелино, Франческо Бруни (Giambatista Avellino, Francesco Bruni) улоги: Фабрицио Бентиволјо, Барбора Бобулова, Стефано Брунори, Франко Кампити, Џакомо Чекарели (Fabrizio Bentivoglio, Barbora Bobulova, Stefano Brunori, Franco Campiti, Giacomo Ceccarelli)

п р ограма март 2 0 1 3

Nalin, Sarah Besan Shennib) улоги: Милинд Соман, Милен Жампаној, Насерудин Шах, Ери, Анил Јадав (Milind Soman, Mylène Jampanoï, Naseeruddin Shah, Eri, Anil Yadav)


п р ограма март 2 0 1 3

Бруно одамна се откажал од животот. Некогаш талентиран писател, сега едвај има сили да ја комплетира едицијата биографии на фудбалери и телевизиски ѕвезди, за што е платен. Неговата желба да подучува сега е претворена во одржување низа здодевни приватни часови во својот дом. Еден од неговите ученици е петнаесетгодишниот Лука, незаинтересиран за учење како и сите останати негови ученици, но мошне интелигентно и динамично момче. Едно утро, се појавува мајката на Лука, како дух од минатото, и му открива на Бруно нешто што сосем ќе му го измени животот.

16 март (сабота), 12:30 ч. КИНО-БУДЕЊЕ: ТАЈНИ И ЛАГИ (Secrets & Lies) игран филм, Франција / Велика Британија 1996, 136 мин., колор, 35 мм. режија и сценарио: Мајк Ли (Mike Leigh) улоги: Тимоти Спал, Бренда Блетин, Маријан

Жан-Батист, Клер Рашбрук, Филис Логан (Timothy Spall, Brenda Blethyn, Marianne Jean-Baptiste, Claire Rushbrook, Phyllis Logan) Средовечната Синтија живее во Лондон со својата хронично незадоволна ќерка, улична чистачка. Таа работи во фабрика за амбалажа, а на минатото се сеќава како на низа разочарувачки настани. Нејзиниот брат Морис, за кого таа се грижела додека бил малолетен, сега е успешен фотограф и живее во богата куќа, но не наоѓа време да се види со сестра си. Еден ден таа добива телефонски повик од некоја си Хортенс, млада жена која тврди дека Синтија £ е биолошка мајка, но пред многу години ја дала на посвојување. Синтија во почетокот одбива да се соочи со тоа, но сепак ќе се реши да се сретне со одамна загубената и заборавена ќерка, за да открие дека Хортенс е успешен офталмолог и – црномурна. Сега, ќе треба да го извести семејството за нејзиното посоење.

16 март (сабота), 20:00 и 22:00 ч. РОМАН ЗА ЕДЕН МАСАКР (Romanzo di una strage) игран филм, Италија / Франција 2012, 129 мин., колор, ДВД режија: Марко Тулио Џордана (Marco Tullio Giordana) сценарио: Марко Тулио Џордана, Паоло Кучијарели, Сандро Петралја, Стефано Рули (Marco Tullio Giordana, Paolo Cucchiarelli, Sandro Petraglia, Stefano Rulli) улоги: Валерио Мастандреја, Пјерфранческо Фавино, Микела Сескон, Џорџо Коланџели (Valerio Mastandrea, Pierfrancesco Favino, Michela Cescon, Giorgio Colangeli) На 12 декември, 1969 година, експлодира бомба на плоштадот Пјаца Фонтана во Милано при што загинаа 17 луѓе, а 88 беа повредени. Денес, по многу години на празни истраги и судски рочишта, сè уште не се пронајдени виновниците.


17 март (недела), 20:00 и 22:00 ч. ВЕЛИЧЕСТВЕНО ПРИСУСТВО (Magnifica presenza) игран филм, Италија 2012, 103 мин., колор, ДВД режија: Ферзан Озпетек (Ferzan Ozpetek) сценарио: Ферзан Озпетек, Федерика Понтремоли (Ferzan Ozpetek, Federica Pontremoli) улоги: Елио Германо, Паола Минакиони, Бепе Фјорело, Маргерита Буј (Elio Germano, Paola Minaccioni, Beppe Fiorello, Margherita Buy) Пијетро е млад пекар, хомосексуалец, кој решава да ја напушти родната Сицилија и да се пресели во Рим за да го следи својот голем сон и да стане познат актер. По краткиот престој кај својата братучетка Марија, решава да изнајми еден голем и луксузен стан по ниска цена. Но, по кратко време дознава дека овој апартман го дели со уште седуммина потстанари - духови.

18 март (понеделник), 20:00 и 22:00 ч. МЕСТА ЗА СТОЕЊЕ САМО ВО РАЈОТ* (Posti in piedi solo in paradise) игран филм, Италија 2012, 119 мин., колор, ДВД режија: Карло Вердоне (Carlo Verdone) сценарио: Карло Вердоне, Пасквале Пластино, Марушка Албертаци (Carlo Verdone, Pasquale Plastino, Maruska Albertazzi) улоги: Карло Вердоне, Пјерфранческо Фавино, Марко Џиjалини, Микаела Рамацоти, Диjане Флери (Carlo Verdone, Pierfrancesco Favino, Marco Giallini, Michaela Ramazzotti, Diane Fleri) Улис, некогашен дискограф, Фулвио, некогашен филмски критичар и Доминик, некогашен претприемач, се разведени мажи кои се принудени да плаќаат алиментација. Скоро сè што заработуваат го трошат на поранешните сопруги и децата. По една случајна средба, тие ќе решат да бидат цимери за да ги

*Превод изготвен од студентите од преведувачката насока при катедрата за италијански јазик и литература на Ф.Ф. „Блаже Конески“, под водство на проф. Радица Никодиновска.

19 март (вторник), 20:00 и 22:00 ч. ЈАС СУМ ЛИ (Io sono Li) игран филм, Италија 2011, 92 мин., колор, ДВД режија: Андреа Сегре (Andrea Segre) сценарио: Адреа Сегре, Марко Петенело (Andrea Segre, Marco Pettenello) улоги: Жао Тао, Раде Шербеџија, Марко Паолини, Роберто Цитран (Zhao Tao, Rade Sherbedgia, Marco Paolini, Roberto Citran)

п р ограма март 2 0 1 3

споделат трошоците. И покрај сите обиди, нивната економска ситуација се влошува уште повеќе. Заедничкот живот и споделувањето на проблемите за овие тројца мажи ќе значи справување со серија трагикомични ситуации, заради кои ќе бидат принудени да ги прифатат своите одговорности.


ФИЛМСКА ПРОГРАМА ЗА МАРТ 2013

02 март (сабота)

09 март (сабота)

16 март (сабота)

12:30 ч. ИГРАЧКА-ПЛАЧКА (Crying Game)

12:30 ч. ИЗГОРЕНИ ОД СОНЦЕТО (Утомлённые солнцем / Burnt by the Sun)

12:30 ч. ТАЈНИ И ЛАГИ (Secrets & Lies)

20:00 ч. ШКАФЧЕ НА БОЛКАТА (The Hurt Locker)

20:00 ч. ГЕНЕРАЦИЈА М (Generation M)

20:00 и 22:00 ч. РОМАН ЗА ЕДЕН МАСАКР (Romanzo di una strage)

03 март (недела)

10 март (недела)

17 март (недела)

20:00 ч. ШКАФЧЕ НА БОЛКАТА (The Hurt Locker)

20:00 ч. ЗАБРАНЕТИ ГЛАСОВИ (Forbidden Voices)

20:00 и 22:00 ч. ВЕЛИЧЕСТВЕНО ПРИСУСТВО (Magnifica presenza)

05 март (вторник)

12 март (вторник)

18 март (понеделник)

20:00 ч. МЕЃУ ТВОИТЕ НОЗЕ (Entre Las Piernas)

20:00 ч. ДОЛИНА НА ЦВЕЌИЊАТА (Valley of Flowers)

06 март (среда)

13 март (среда)

20:00 и 22:00 ч. МЕСТА ЗА СТОЕЊЕ САМО ВО РАЈОТ (Posti in piedi solo in paradise)

20:00 ч. МЕЃУ ТВОИТЕ НОЗЕ (Entre Las Piernas)

20:00 ч. ДОЛИНА НА ЦВЕЌИЊАТА (Valley of Flowers)

08 март (петок)

14 март (четврток)

20:00 ч. СУПЕРЖЕНИ (Wonder Women)

20:00 и 22:00 ч. НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МИ СУДИ (Nessuno mi può giudicare) 15 март (петок) 20:00 и 22:00 ч. КУЛИРАЈ! (Scialla! (Stai Sereno))

19 март (вторник) 20:00 и 22:00 ч. ЈАС СУМ ЛИ (Io sono Li) 20 март (среда) 20:00 ч. ВКУСОТ НА ПАЛАТАТА (Les saveurs du Palais)


28 март (четврток)

20:00 ч ДЕТЕТО ОДОЗГОРА (L’enfant d’en haut)

20:00 ч. ИЗГУБЕНА ВО ТРАНЗИЦИЈА (…Mama ei de traziţie!?!)

22 март (петок)

29 март (петок)

20:00 ч. БАЛКАНСКА МЕЛОДИЈА (Balkan Melodie)

20:00 ч. ПРИКАЗНИ ОД ЗЛАТНИТЕ ВРЕМИЊА (Amintiri din epoca de aur)

23 март (сабота) 12:30 ч. СЕКС, ЛАГИ И ВИДЕОЛЕНТИ (Sex, Lies and Videotape) 20:00 ч. ГУСТАВ МАЛЕР, АУТОПСИЈА НА ЕДЕН ГЕНИЈ (Gustav Mahler, autopsie d’un genie)

30 март (сабота) 12:30 ч. ВО ЗЕНИТОТ НА СОНЦЕТО (Plein soleil) 20:00 ч. ЗДРАВО! КАКО СИ? (Bună! Ce faci?)

24 март (недела)

31 март (недела)

20:00 ч. ТАКСИДЕРМИЈА (Taxidermia)

20:00 ч. ПОЛЖАВИ И ЛУЃЕ (Despre oameni şi melci)

25 март (понеделник)

01 април (понеделник)

20:00 ч. ЕЛДОРАДО (Eldorado)

20:00 ч. СВАДБА ВО БЕСАРАБИЈА (Nunta in Basarabia)

26 март (вторник)

02 април (вторник)

20:00 ч. ГОСПОДИН ЛАЗАР (Monsieur Lazhar)

20:00 ч. МЕЧКА (Ursul)

п р ограма март 2 0 1 3

21 март (четврток)


п р ограма март 2 0 1 3

Шун Ли работи во текстилна фабрика во предградието на Рим за да може да добие документи кои ќе му овозможат на нејзиниот осумгодишен син да дојде во Италија и да живее со неа. Без објаснување таа е префрлена во Џоџија, мало гратче на еден остров во областа Венето, каде ќе започне да работи како шанкерка во еден паб. Средбата на Шун Ли и Бепи, рибарот со прекарот Поет, кој е редовен муштерија во пабот, е поетско бегање од самотијата и премолчен дијалог помеѓу овие две култури. Но, нивното пријателство ќе ја вознемири кинеската, но и италијанската заедница.

ДЕНОВИ НА ФРАНКОФОНИЈА, 20-25 март

20 март (среда), 20:00 ч. ВКУСОТ НА ПАЛАТАТА (Les saveurs du Palais) игран филм, Франција 2012, 95 мин., колор, 35 мм. режија: Кристијан Венсан (Christian Vincent) сценарио: Етјен Комар, Кристијан Венсан (Etienne Comar, Christian Vincent) улоги: Катрин Фро, Артур Дипон, Жан Дормезон, Иполит Жирардо (Catherine Frot, Arthur Dupont, Jean d’Ormesson, Hyppolyte Girardot) Ортанз Лабори е познат готвач од регионот Перигор. На нејзино големо изненадување, претседателот на Франција ја назначува за свој личен готвач. Таа ја прифаќа должноста без многу воодушевување, но веднаш штом ќе се фати за работа се внесува со срце и

душа, па нејзините ремек-дела имаат и стил и автентичност. Во почетокот таа ќе успее да се наметне благодарение на својот цврст карактер, и покрај тоа што нејзините колеги готвачи се крајно завидливи. Но работите не се одвиваат онака како што сака таа..

21 март (четврток), 20:00 ч ДЕТЕТО ОДОЗГОРА (L’enfant d’en haut) игран филм, Швајцарија / Франција 2012, 97 мин., колор, ДВД режија: Урсула Мајер (Ursula Meier) сценарио: Антоан Жако, Урсула Мајер, Жил Туран (Antoine Jaccoud, Ursula Meier, Gilles Taurand) улоги: Леа Сејду, Кеjси Моте Клајн, Мартин Комстон, Жан-Франсоа Стевенин, Џилијан Андерсон (Léa Seydoux, Kacey Mottet Klein, Martin Compston, Jean-François Stévenin, Gillian Anderson) Добитникот на наградата Сребрена мечка на Берлинскиот филмски фестивал, филмот ДЕТЕТО ОДОЗГОРА на Урсула Мајер е драма за животот


Благодарение на овие снимени записи балканската музика стекнува меѓународна популарност, што на музичари како романецот Гоерге Замфир и бугаркиот проект „Le Mystere des Voix Bulgares“ им го олесни патот до светска слава. Следејќи ги трагите на Селје, режисерот се обидува да ги пронајде протагонистите од тоа време, за повторно да се чуе нивната музика.

22 март (петок), 20:00 ч. БАЛКАНСКА МЕЛОДИЈА (Balkan Melodie) документарен филм, Швајцарија / Германија / Бугарија / Романија 2012, 93 мин., колор, ДВД. режија и сценарио: Штефан Швиерт (Stefan Schwiert)

23 март (сабота), 12:30 ч. КИНО-БУДЕЊЕ: СЕКС, ЛАГИ И ВИДЕОЛЕНТИ (Sex, Lies and Videotape) игран филм, САД 1989, 100 мин., колор, 35 мм. режија и сценарио: Стивен Содерберг (Steven Soderbergh) улоги: Џејмс Спејдер, Енди Мекдауел, Питер Галагер, Лаура Сан Џакомо (James Spader, Andie MacDowell, Peter Gallagher, Laura San Giacomo)

Филмот ја раскажува приказната за етномузикологот Марсел Селије кој во втората половина на 20 век патувал во Источна Европа и собирал и документирал звуци и музика кои дотогаш не биле познати за Западот.

Успешниот, самобендисан адвокат Џон е во стерилен брак со убавата Ен. Таа е несигурна

и воздржана, а на својот психотерапевт му признава дека одамна го има изгубено интересот за секс. Нејзината сестра Синтија, пак, е мошне промискуитетна и е во љубовна врска со својот зет, Џон. Ен е подобра и поуспешна во сè, освен во љубовта, и барем во тој поглед Синтија чувствува дека може да ја надмине својата сестра. Во нивните животи влегува Грем, пријател на Џон од студентските денови, кој е колекционер на видеоленти на кои се снимени исповеди на жени во врска со нивното сексуално минато и искуство. Тоа познанство ќе го измени односот, но и животот на двете сестри.

23 март (сабота), 20:00 ч. ГУСТАВ МАЛЕР, АУТОПСИЈА НА ЕДЕН ГЕНИЈ (Gustav Mahler, autopsie d’un genie) документарен филм, Франција 2011, 90 мин., колор, ДВД режија: Енди Сомер (Andy Sommer) сценарио: Едни Сомер и Катрин Сова (Andy Sommer and Catherine Sauvat)

п р ограма март 2 0 1 3

на дванаесетгодишниот Симон во туристичката област на Алпите. Пребарувајќи ги хотелските градероби и соблекувални тој се обидува да украде скии кои ќе може да ги продаде за пари. Луиз, млада жена која живее во истото гратче, се запознава со Симон и меѓу нив се развива еден необичен однос кој се движи меѓу две крајности – од кавги до нежности.


п р ограма март 2 0 1 3

учествуваат: Анри-Луј де Ла Гранж, Томас Хемпсон, Пјер Буле, Клаудио Абадо, Даниел Хардинг (Henry-Louis de La Grange, Thomas Hampson, Pierre Boulez, Claudio Abbado, Daniel Harding) Во овој биографски филм за мистичниот музичар - гениј Густав Малер, режисерот Енди Сомерс предлага една нова синеастичка аутопсија на сестраноста на овој музички гениј, кој во истовреме бил и композитор, и диригент и директор на опера. Филмот со своето биографско раскажување ги разобличува легендите и клишеата раскажани за животот на овој композитор и врз основа на најновите истражувања одново го исцртува портретот на Густав Малер. Режисерот Енди Сомер е познат по своите музички документарни филмови за Моцарт, Бетовен, Шуберт и Берлиоз.

за олимписки спорт. Синот, пак, слабичок препаратор на животни, трага по нешто многу поголемо: бесмртноста. Тој сака да го создаде најголемото уметничко дело со тоа што ќе си го препарира сопственото тело.

24 март (недела), 20:00 ч. ТАКСИДЕРМИЈА (Taxidermia) игран филм, Унгарија / Австрија / Франција 2006, 91 мин., колор, ДВД режија: Ѓерѓ Палфи (György Pálfi) сценарио: Ѓерѓ Палфи, Лајош Парти Наѓ, Зофија Руткај (György Pálfi, Lajos Parti Nagy, Zsófia Ruttkay) улоги: Чаба Цене, Гергели Тручањи, Пирошка Молнар, Адел Штанцел (Csaba Czene, Gergely Trócsányi, Piroska Molnár, Adél Stanczel) Филмот ТАКСИДЕРМИЈА следи три генерациски приказни - за дедото, таткото и синот - чии животи се поврзани и преку еден заеднички мотив. Дедото, малтретиран и понижуван војник, во периодот околу Втората светска војна е убиен заради една непријатна случка со заклана свиња. Таткото, унгарски шампион во брзо јадење за време на Студената војна, тренира и се надева дека ИОК еден ден ќе го признае брзото јадење

25 март (понеделник), 20:00 ч. ЕЛДОРАДО (Eldorado) игран филм, Франција / Велика Британија 2008, 88 мин., колор, ДВД режија: Оливие Асајас (Olivier Assayas) Танцување на парче музика во еден филм за танцувањето. Филмот ЕЛДОРАДО е документарна хроника за напорот на албанско-францускиот кореограф Ангелин Прељочај да создаде кореографија на музиката од делот „Збогување со неделата“ од операта „Недела“ на познатиот електронско-музички виртуоз Карлхајнц Штокхаузен. Со трпелива и опсесивна камера и решителност да се пренесе секое движење на филм, на истиот начин како што тонот е


Лазар станува свесен за културниот јаз помеѓу него и децата од класот што му е доделен, а кој се манифестира не само преку методите на учење туку и преку нереалните очекувања што тој ги има од овие ученици. Тој сфаќа дека децата се сè уште потресени од смртта на својот сакан учител и дека не им е лесно да го прифатат него како замена. Но г. Лазар има и свои проблеми – болното минато и фактот дека секој момент може да биде депортиран назад во Алжир.

ЦИКЛУС РОМАНСКА КОМЕДИЈА

26 март (вторник), 20:00 ч. ГОСПОДИН ЛАЗАР (Monsieur Lazhar) игран филм, Канада 2011, 94 мин., колор, ДВД режија и сценарио: Филип Фалардо (Philippe Falardeau) улоги: Мохамед Фелаг, Софи Нелис, Емилијан Нерон, Брижит Пупар, Даниел Пру (Mohamed Fellag, Sophie Nélisse, Emilien Néron, Brigitte Poupart, Danielle Proulx)

28 март (четврток), 20:00 ч. ИЗГУБЕНА ВО ТРАНЗИЦИЈА (...Mama ei de tranziţie!?!) игран филм, Романија 2011, 100 мин., колор, БЕТА СП режија и сценарио: Кристина Ничитус (Cristina Nichitus) улоги: Цецилија Барбора, Михаи Бисерикану, Василие Мурару, Валентин Теодосиу (Cecilia Bârborâ, Mihai Bisericanu, Vasile Muraru, Valentin Teodosiu)

Во едно основно училиште во Монтреал, ненадејно ќе почине еден од учителите. Кога Башир Лазар, алжирски емигрант, ќе прочита за тоа во весниците, веднаш оди во училиштето за да побара работа како привремена замена за починатиот. Откако ќе ја добие работата, г.

Време на транзиција во романското општество. Сите се растрчани, се обидуваат да состават крај со крај, да заработат парче леб. Тркалото на среќата се врти и тие што до вчера живееле на висока нога, денес едвај преживуваат. И обратно, новосоздадените тајкуни, опкружени

п р ограма март 2 0 1 3

претворен во движење, режисерот Асајас, употребува воајерско око за да ги пренесе интимните ритуали од пробите и создава еден вид драма за човековата истрајност.


п р ограма март 2 0 1 3

со бодигарди, за својата околина се „пример“ за тоа што не смее да се прави, но носи пари. Гета, сопственичка на фирма, во таква една атмосфера надолго и нашироко го минува градот, со својот автомобил-канцеларија, обидувајќи се да направи зделки што ќе £ го изменат животот.

29 март (петок), 20:00 ч. ПРИКАЗНИ ОД ЗЛАТНИТЕ ВРЕМИЊА (Amintiri din epoca de aur) игран филм, Романија / Франција 2009, 155 мин., колор, БЕТА СП режија: Кристиан Мунџиу, Хано Хофер, Разван Маркулеску, Константин Попеску, Јоана Урикару (Cristian Mungiu, Hanno Höfer, Râzvan Mârculescu, Constantin Popescu, Ioana Uricaru) сценарио: Кристиан Мунџиу (Cristian Mungiu) улоги: Александру Поточеан, Јон Сапдару, Дијана Кавалиоти, Аврам Бирау, Влад Иванов (Alexandru Potocean, Ion Sapdaru, Diana Cavallioti, Avram Birau, Vlad Ivanov)

Пет сегменти снимени од пет романски режисери за последните 15 години од режимот на Чаушеску, период кој владината маркетингшка машинерија своевремено го сметала за „златно доба“ во романската историја. Во ПРИКАЗНИ ОД ЗЛАТНИТЕ ВРЕМИЊА, преку урбаните митови раскажани од перспектива на обичниот човек, секојдневните бизарни и навидум надреални ситуации се третираат комично, бидејќи токму хуморот е тој што на Романците им помогна да се соочат со изместената логика на комунистичката диктатура.

30 март (сабот��), 12:30 ч. КИНО-БУДЕЊЕ: ВО ЗЕНИТОТ НА СОНЦЕТО (Plein soleil) игран филм, Франција / Италија 1960, 118 мин., колор, 35 мм. Режија: Рене Клемен (René Clément) сценарио: Рене Клемен, Пол Гегоф, според роман на Патриција Хајсмит (René Clément, Paul Gégauff, Patricia Highsmith)

улоги: Ален Делон, Морис Роне, Мари Лафоре (Alain Delon, Maurice Ronet, Marie Laforêt) Том Рипли е испратен во Европа од страна на г. Гринлиф со цел да го пронајде неговиот разгален и расипнички син Филип, и да го убеди да се врати во САД. Меѓутоа, на Том му се допаѓа животот на синот-плејбој, и ќе се обиде да стане негов нераздвоен пријател. При тоа, Том се служи со низа подмолни трикови, а не се воздржува ниту да посегне по нечиј живот. Кога таткото Гринлиф ќе го изгуби трпението и ќе му соопшти на Том дека го раскинува договорот со него, Том размислува како да ја сврти ситуацијата во сопствена корист и да профитира. Ќе реши да го преземе идентитетот на синот, но за да го стори тоа, ќе треба да го убие Филип...

30 март (сабота), 20:00 ч. ЗДРАВО! КАКО СИ? (Bună! Ce faci?) игран филм, Романија 2011, 105 мин., колор, БЕТА СП


Габриел и Габриела веќе 20 години се во „среќен брак“, но меѓу нив не постои никаква физичка привлечност. Откако и двајцата независно еден од друг преку интернет ќе се приклучат на ист „chat-room“, ќе стапат во контакт и ќе се вљубат. Како што нивниот он-лајн однос станува се постраствен и повозбудлив, така расте и нивната грижа на совест, па своите нови преокупации ги кријат од семејството. Ситуацијата е подеднакво збунувачка за нивниот син, тинејџерот Влад, кој дотогаш ги нема видено родителите да покажат или искажат желба за што било. Еден ден реалната средба на виртуелните љубовници ќе стане неизбежна...

полжави, за барем дел од луѓето да не изгубат работа. Георге, претседателот на синдикатот, пак, доаѓа до необична идеја – со донирање сперма, работниците да соберат доволно пари за да ја спасат фабриката. Филмот е снимен по вистински настан. 31 март (недела), 20:00 ч. ПОЛЖАВИ И ЛУЃЕ (Despre oameni şi melci) игран филм, Романија 2012, 93 (100) мин., колор, БЕТА СП режија: Тудор Џурџиу (Tudor Giurgiu) сценарио: Јонут Тејану (Ionut Teianu) улоги: Анди Васлујану, Моника Барладеану, Никодим Унгуреану, Клара Вода, Андреа Бибири (Andi Vasluianu, Monica Bârlâdeanu, Nicodim Ungureanu, Clara Vodâ, Andrea Bibiri) Додека Букурешт се претвора во европска метропола и економски се престројува, зафрлените места во Романија за време на транзицијата во почетокот на 90-ите паѓаат во тешка криза и апатија. Во Кампулунг, една од најголемите државни фабрики се затвора и околу 1000 работници остануваат без работа. Директорот на фабриката се обидува да направи зделка со француски бизнисмени и да ги пренамени погоните за конзервирање

01 април (понеделник), 20:00 ч. СВАДБА ВО БЕСАРАБИЈА (Nunta in Basarabia) игран филм, Романија / Молдавија / Луксембург 2010, 92 мин., колор, БЕТА СП режија и сценарио: Нап Тоадер (Napoleon Helmis) улоги: Влад Логиган, Викторија Бобу, Константин Флореску, Игор Чистол (Vlad Logigan, Victoria Bobu, Constantin Florescu, Igor Chistol) Младите Влад и Вика се обидуваат да живеат заедно, да создадат семејство. Бидејќи се без пари, ќе се решат свадбата да ја направат во Кишњев, Молдавија (Бесарабија), од каде што потекнува Вика. Според бесарабиските обичаи, на свадбата младенците треба да добијат

п р ограма март 2 0 1 3

режија: Александру Мафтеи (Alexandru Maftei) сценарио: Лиа Бугнар (Lia Bugnar) улоги: Дана Војчу, Јонел Михајлеску, Пол Дијаконеску, Габриел Спахиу, Адријан Падурару (Dana Voicu, Ionel Mihâilescu, Paul Diaconescu, Gabriel Spahiu, Adrian Pâduraru)


п р ограма март 2 0 1 3

доста подароци и пари, а токму на тоа тие и се надеваат. Многу нешта ќе се случат на и околу свадбата - недоверба и сомнеж кај сватовите, политички дискусии, идеолошки обоени меѓусебни обвинувања. Сепак целиот настан наликува на портретирање на една средина во која човечноста и љубовта кон животот ги надминуваат сите маки и недоразбирања.

мечка која е пред умирање на група германски ловци на дивеч. Кога останатите во циркусот ќе дознаат што £ се подготвува на мечката, ќе се спротивстават на оваа „трансакција“. Меѓутоа, менаџерот е решен планот да го истера до крај и ќе ја киднапира мечката. Останатите циркузанти тргнуваат во потера по животното, и самата бркотницата почнува да наликува на циркуска точка. Циклусот ДЕНОВИ НА РОМАНСКА КОМЕДИЈА е реализиран во соработка со Романскиот национален филмски архив. Гостин на програмата на Кинотека: Анка Митран, директор на РНФА

02 април (вторник), 20:00 ч. МЕЧКА (Ursul) игран филм, Романија 2011, 83 мин., колор, БЕТА СП режија и сценарио: Дан Чизу (Dan Chişu) улоги: Шербан Павлу, Габриел Спахиу, Никодим Унгуреану, Клаудиу Блеонц, Михај Константин (Şerban Pavlu, Gabriel Spahiu, Nicodim Ungureanu, Claudiu Bleonţ, Mihai Constantin) Во обид да ги надмине наследените финансиски проблеми, новиот менаџер на еден циркус во Букурешт ќе се обиде да ја продаде старата


п р ограма март 2 0 1 3

Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814, л. 111 + 389 2 3065 968 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com

За издавачот: м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска Уредник на филмската програма: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Александар Василевски Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Александра Младеновиќ Виолета Петрушевска м-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Лектура: Снежана Петрова-Џамбазова Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Софија – Богданци

Проектот го помогна:

Министерство за култура на Република Македонија


www.maccinema.com

п р ограма март 2 0 1 3


Catalogue March 2013