Page 1

програма п р ог рама јануари 2 0 1 4

јануар

и 20

14


п р ог рама јануари 2 0 1 4

ОД УРЕДНИКОТ НА ФИЛМСКАТА ПРОГРАМА


програма. Сидо и Чаповски. Заслужуваат многу повеќе од една програма и се надевам дека уште неколку пати ќе се јавиме со програма посветена на нивните филмови. И ако продолжам со чествувањето на македонскиот филм и неговите автори, можам да најавам и два јубилеја на двајца големи македонски автори на полето на филмот и сценските уметности: Љубиша Георгиевски, кој слави 55 години творештво и 77 години од раѓањето, и Емил Рубен, кој слави 60 години од првото застанување пред филмската камера. Нека им е честито. Веќе во март работите ќе станат густи, кога се извесни Јапонскиот филмски фестивал, а се надевам дека некако ќе ги стиснеме и старите Финестра италијана и Деновите на франкофонијата. За јуни извесна е

кои нови циклуси и проекти ќе ги изнедри? 2014-тата – некако излезе дека е многу претенциозна година; дали и ние ќе се вклопиме? Мислам да...! Веќе во јануари ќе ги почестиме нашите мајстори на аматерскиот филм со филмска

презентацијата на словачката кинематографија, а се преговара и за егзотичната бразилска. Уште две знаменца во колекцијата на Кинотеката! А она што највеќе нè плаши и радува – ќе се случи во мај, кога Кинотеката ќе биде домаќин на конгресот на ФИАФ и кога околу 200 претставни-

ци на кинотеките од цел свет (претпоставуваме толку, а може да се и повеќе) ќе слетаат во Скопје да разговараат за проблемите на кинотеките, но и да разменуваат искуства. Тука нема да биде запоставена и публиката која ќе ја очекува богата програма на тема Големата (Првата) светска војна по повод стогодишнината од нејзиниот почеток. Веќе има пријавени филмови и слободно можам да кажам дека ќе биде, во најмала рака, интересно. Тоа се нашите првични проекции за 2014-тата. А имајте предвид и дека некои работи не смеам да ги кажам, бидејќи некои работи сè уште се крчкаат и се во тек. Ви посакувам успешна филмска 2014-та...!

п р ог рама јануари 2 0 1 4

Кога завршува старата, а почнува новата година, луѓето, институциите, новинарите, медиумите, итн., некако се свртени кон она што поминало, кон она што ја одбележало изминатата година. Ние, тука во Кинотеката, како да немаме време ниту да се обѕрнеме на сработеното, но не е дека за 2013-тата не можеме да се пофалиме или да кажеме, без лажна скромност, дека беше богата. Не, па скромноста е доблест на еден стар период и слободно можам да кажам дека 2013 беше година кога се завршија многу планирани проекти. Се надевам дека го делите истото мислење. И да не должиме за старата... Иако работиме со минатото, ние во Кинотеката некако сè повеќе сме свртени кон иднината. Што ќе има во 2014 година, што ќе ја одбележи,


п р ог рама јануари 2 0 1 4

НОВО КИНО УТРО

08 јануари (среда), 12.00 ч. 09 јануари (четврток), 12.00 ч. ПЕРСИ ЏЕКСОН (Percy Jackson & the Olympians: The Lightning Thief) игран филм, САД 2010, 118 мин, колор, 35 мм режија: Kрис Колумбус (Chris Columbus) сценарио: Крег Титли, Рик Риордан (Craig Titley, Rick Riordan) улоги: Логан Лерман, Пирс Броснан, Ума Турман (Logan Lerman, Pierce Brosnan, Uma Thurman) Фантастична авантура за тинејџер кој открива дека е потомок на грчки бог и по игра на случајот, запаѓа во битка меѓу боговите. Секако, мора да го спаси човештвото од нивниот гнев...

МАЕДОНСКИ СОВРЕМЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

10 јануари (петок), 13.00 ч. - премиера 27 јануари (понеделник), 20.00 ч. СВЕДОЦИ: КАНАДА (Witnesses: Canada) документарен филм, Република Македонија 2014, 123 мин., ДВД режија и сценарио: Атанас Чупоски супервизија на реализација на филмот: Мими Ѓоргоска-Илиевска монтажа: Александар Трајковски камера на интервјуата: Кирил Шентевски, Душан Вујичиќ Компилациски анкетно-биографски документарен филм на историска тема, втор дел од документарната трилогија „Сведоци“, кој ја раскажува приказната за протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, овој пат видена низ очите на македонската емиграција во Канада. Во филмот дефилираат повеќе од седумдесетина соговорници, што го прави раритетен во македонската филмска продукција.

Филмот е реализиран од интервјуата снимени во Канада во 2011 г., во рамките на владиниот проект со кој раководи Кинотека на Македонија: „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20 век“.

НОВО КИНО УТРО

11 јануари (сабота), 12.00 ч. 12 јануари (недела), 12.00 ч. ОБЛАЧНО СО ДОЖД ОД ЌОФТИЊА (Cloudy with a Chance of Meatballs) aнимиран филм, САД 2009, 90 мин., колор, 35 мм режија и сценарио: Фил Лорд, Крис Милер (Phil Lord, Chris Miller) улоги: Ана Фарис, Бил Хадер, Брус Кемпбел (Anna Faris, Bill Hader, Bruce Campbell)


13 јануари (понеделник), 12.00 ч. 14 јануари (вторник), 12.00 ч. ЈАС, ЦЕЗАР (Moi César) игран филм, Франција 2003, 91 мин., колор, 35 мм режија: Ришар Бери (Richard Berry) сценарио: Ерик Асу, Ришар Бери (Eric Assous, Richard Berry) улоги: Жил Ситрук, Марија де Медеирос, ЖанФилип Екофи, Жозефин Бери, Ана Карина (Jules Sitruk, Maria de Medeiros, Jean-Philippe Écoffey, Joséphine Berry, Anna Karina) Цезар живее во Париз со своето семејство. Има скоро сé што ќе посака во животот, но тој копнее по повеќе возбуда и малку авантура. Заедно со

пријателката Сара, за време на летниот распуст, Цезар ќе реши да му помогне на другарот Морган да го пронајде својот татко во Лондон. Сите тројца тргнуваат на пат, но никој дома не ја кажал вистината за своите намери. Сите тројца излажале дека ќе „одат на спиење кај другарчето“.

15 јануари (среда), 12.00 ч. 16 јануари (четврток), 12.00 ч. МАРМАДЈУК (Marmaduke) игран филм, САД 2010, 87 мин., колор, 35 мм режија: Том Деј (Tom Dey)  сценарио: Тим Расмусен, Винс Ди Мелјо (Tim Rasmussen, Vince Di Meglio) улоги: Овен Вилсон, Џуди Гриер, Ема Стоун (Owen Wilson, Judy Greer, Eммa Stone) Фамилија од предградието во САД решаваат да се преселат во нов дом заедно со нивното големо куче Мармадјук кое има способност да привлекува нрепријатности. Но Мармадјук

набрзо согледува дека животот на новото место со новата фамилија не лесно за едно големо куче-тинејџер.

17 јануари (петок), 12.00 ч. 18 јануари (сабота), 12.00 ч. АЛВИН И ВЕРВЕРИЧКИТЕ 2 (Alvin and the Chipmunks II) игран филм, САД 2009, 88 мин., колор, 35 мм режија: Бети Томас (Betty Thomas) сценарио: Џон Вити, Џонатан Ајбел (Jon Vitti, Jonathan Aibel) улоги: Џејсон Ли, Захари Ливај, Дејвид Крос (Jason Lee, Zachary Levi, David Cross) Познатото трио верверички се враќаат на големиот екран и прикажуваат како се носат со притисокот на растењето, пеењето, школото. Пред нив се наоѓа и предизвикот на нивните противнички, верверичките-пејачки познати под името „Верверки“.

п р ог рама јануари 2 0 1 4

Флинт Локвуд се смета себе си за добар изумител, но никој не му верува во тоа, ниту пак тој успеал да создаде корисен изум. Кога неговото гратче ќе се наде во економска криза, тој ќе создаде машина која во атмосферата ќе предизвика дожд од храна.


п р ог рама јануари 2 0 1 4

МАЕДОНСКИ СОВРЕМЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

21 јануари (вторник), 20.00 ч. 22 јануари (среда), 20.00 ч. БАРАЈЌИ СИ ЈА СРЕЌАТА (Pursuit of Luck) документарен филм, Македонија 2013, 66 мин., колор, видео режија и сценарио: Марија Џиџева Осуммина неженети мажи полни со надеж започнуваат долго патување до Москва во потрага по среќа. Колку е силна нивната верба дека спасот лежи во женидбата? И што сè би направила жена за љубов? „Барајќи ја среќата“ е документарен филм составен од 3 приказни (Вера, Надеж и Љубов) каде што судбините на главните карактери се преплетуваат со нивната потрага по среќа.

ФРАНЦУСКИ КИНО КЛУБ

23 јануари (четврток), 20.00 ч. БРАНА НАСПРОТИ ПАЦИФИКОТ (Un barrage contre le Pacifique) игран филм, Франција 2008, 115 мин., колор, ДВД режија: Рити Пан (Rithy Panh) сценарио: Мишел Феслер, според новела на Маргарит Дирас (Michel Fessler, Marguerite Duras) улоги: Изабел Ипер, Гаспар Улие, Астрид Берже - Фризби (Isabelle Huppert, Gaspard Ulliel, Astrid Bergès-Frisbey) Втора филмска адаптација на истоимениот роман на Маргарит Дирас, по онаа на Рене Клемент од 1958 год., со Ентони Перкинс и Силвана Мангано. Обично новелите на Маргарит Дирас се навраќаат на нејзиното детство поминато во Азија, па тоа е случај и со темата на овој филм на

Виетнамецот Рити Пан. Во 1930-тите години во Индокина госпоѓата Дуфресне се бори повторно да ја изгради браната за заштита на оризовите полиња од тајфуните кои доаѓаат од Кинеското Море, во исто време борејќи се со бирократијата, додека нејзините деца сонуваат да избегаат од мизеријата...

30 јануари (четврток), 20.00 ч. АРМИЈА НА СТРАВОТ (L’Armée des ombres) игран филм, Франција 1969, 140 мин., колор, 35 мм режија: Жан-Пјер Мелвил (Jean-Pierre Melville) сценарио: Жан-Пјер Мелвил, според новела на Жозеф Кесел (Jean-Pierre Melville, Joseph Kessel) улоги: Лино Вентура, Пол Мерис, Симон Сињоре (Lino Ventura, Paul Meurisse, Simone Signoret) Жан-Пјер Мелвил е еден од идолите на припадниците на „Новиот бран“ - го нарекувале поет на подземјето. По неуспешните обиди да влезе во сложениот студиски систем, ја вади


МАЈСТОРИ НА МАКЕДОНСКИОТ АМАТЕРСКИ ФИЛМ

-Стефан Сидовски и Петре ЧаповскиПетре Чаповски е роден во 1954 година во Скопје, Македонија. Тој е филмски аматер од 1970 година, како член на кино клубот „КАМЕРА-300“ од Скопје. По десетина години, тој станува член на Академскиот кино клуб од Скопје, каде што активно работи до денес. Го носи звањето „Мајстор на аматерскиот филм“, највисоката титула што ја доделува Кино сојузот на Македонија. Како филмски автор, Петре е автор на повеќе од 50 кратки филмови со кои учествувал на голем број федерални фестивали на аматерски филм на Југославија и државни фестивали на аматерски филм на Македонија, како и на голем број интернационални филмски фестивали.

24 јануари (петок), 20.00 ч. 25 јануари (сабота), 20.00 ч. КАКО ШТО МИНУВА ВРЕМЕТО (As Time Goes By) краток игран филм, Македонија 2007, 12 мин., колор, ДВ режија: Петре Чаповски сценарио: Петре Чаповски улоги: Стефан Сидовски, Биљана Гиновска, Илија Ефтовски, Владо Дојчиновски, Елена Манојловска Филмски фанатик непрекинато верува во животот на киното како институција.

СОЦИЈАЛИЗМОТ НА МОЈОТ ТАТКО (The Socialism of my Father) краток игран филм, Македонија 2007, 9 мин., колор, ДВ режија: Петре Чаповски сценарио: Петре Чаповски улоги: Биљана Гиновска, Илија Ефтовски, Чедомир Ненковиќ

п р ог рама јануари 2 0 1 4

продукцијата надвор од студијата и со тоа дава директен поттик на новите француски режисери да го сторат истото. Неговото воодушевување од американските филмови има големо вјијание врз припадниците на „Новиот бран“. Беше извонредно провокативна личност, но често забораваме дека стана многу успешен режисер, ќе изјави Џинет Винсандо, автор на книгата „Мелвил, Американец во Париз“. Филмот „Војната на сенките“ го прикажува Мелвил во полно светло, во жанрот, кој покрај криминалистичкиот, највеќе го преферирал - воената драма. Филмот е смела сторија за голем филм посветен на францускиот отпор. Филип Гербие, член на отпорот, е поткажан од предавник и потоа уапсен. Успева да избега, а потоа следува одмаздата...


ФИЛМСКА ПРОГРАМА ЗА ЈАНУАРИ 2014 08 јануари (среда)

13 јануари (понеделник)

21 јануари (втoрник)

12.00 ч. ПЕРСИ ЏЕКСОН (Percy Jackson & the Olympians: The Lightning Thief)

12.00 ч. ЈАС, ЦЕЗАР (Moi César)

20.00 ч. БАРАЈЌИ СИ ЈА СРЕЌАТА (Pursuit of Luck)

14 јануари (вторник)

22 јануари (среда)

12.00 ч. ЈАС, ЦЕЗАР (Moi César)

20.00 ч. БАРАЈЌИ СИ ЈА СРЕЌАТА (Pursuit of Luck)

15 јануари (среда)

23 јануари (четврток)

12.00 ч. МАРМАДЈУК (Marmaduke)

20.00 ч. БРАНА НАСПРОТИ ПАЦИФИКОТ (Un barrage contre le Pacifique)

09 јануари (четврток) 12.00 ч. ПЕРСИ ЏЕКСОН (Percy Jackson & the Olympians: The Lightning Thief) 10 јануари (петок) 13.00 ч. - премиера СВЕДОЦИ: КАНАДА (Witnesses: Canada) 11 јануари (сабота) 12.00 ч. ОБЛАЧНО СО ДОЖД ОД ЌОФТИЊА (Cloudy with a Chance of Meatballs) 12 јануари (недела) 12.00 ч. ОБЛАЧНО СО ДОЖД ОД ЌОФТИЊА (Cloudy with a Chance of Meatballs) 

16 јануари (четврток) 12.00 ч. МАРМАДЈУК (Marmaduke) 17 јануари (петок) 12.00 ч. АЛВИН И ВЕРВЕРИЧКИТЕ 2 (Alvin and the Chipmunks II) 18 јануари (сабота) 12.00 ч. АЛВИН И ВЕРВЕРИЧКИТЕ 2 (Alvin and the Chipmunks II)

24 јануари (петок) 20.00 ч. КАКО ШТО МИНУВА ВРЕМЕТО (As Time Goes By) СОЦИЈАЛИЗМОТ НА МОЈОТ ТАТКО (The Socialism of my Father) ДОЖДЛИВОТО СОНЦЕ (The Rainy Sun) ЗАСТОЈ ПОЛУДЕН РЕВОЛУЦИОНЕР ЛУЃЕ И ДОБИТОК ИМИТАЦИЈА НА АМЕРИКЕН ЛАЈФ


26 јануари (недела)

27 јануари (понеделник)

ГОЛЕМИОТ ГОВОРНИК

20.00 ч. КАДЕ ПО ДОЖДОТ

20.00 ч. СВЕДОЦИ: КАНАДА (Witnesses: Canada)

ИН КОНТИНУО СРЕДБА

28 јануари (вторник)

ПОСЛЕДНА ПРОШЕТКА

20.00 ч. КАДЕ ПО ДОЖДОТ

25 јануари (сабота) 20.00 ч. КАКО ШТО МИНУВА ВРЕМЕТО (As Time Goes By) СОЦИЈАЛИЗМОТ НА МОЈОТ ТАТКО (The Socialism of my Father) ДОЖДЛИВОТО СОНЦЕ (The Rainy Sun) ЗАСТОЈ ПОЛУДЕН РЕВОЛУЦИОНЕР ЛУЃЕ И ДОБИТОК ИМИТАЦИЈА НА АМЕРИКЕН ЛАЈФ ДРВО НА ЖИВОТОТ ГОЛЕМИОТ ГОВОРНИК ИН КОНТИНУО СРЕДБА ПОСЛЕДНА ПРОШЕТКА

29 јануари (среда) 20.00 ч. ЈУЖНА ПАТЕКА 30 јануари (четврток) 20.00 ч. АРМИЈА НА СТРАВОТ (L’Armée des ombres ) 31 јануари (петок) 20.00 ч. ЈУЖНА ПАТЕКА

п р ог рама јануари 2 0 1 4

ДРВО НА ЖИВОТОТ


п р ог рама јануари 2 0 1 4

Идеолошките промени во општеството и нивните импликации врз животите на младите луѓе и нивната љубов.

ДОЖДЛИВОТО СОНЦЕ (The Rainy Sun) краток игран филм, Македонија 2012, 17 мин., колор, ДВ режија: Петре Чаповски сценарио: Петре Чаповски улоги: Кристина Илиевска, Илија Ефтовски, Лука Јанкулоски, Стефан Сидовски, Давор Каракашев Македонија во 1948 година. Љубовна приказна во поствоена ситуација. Политички прогон, семејна драма и потомство.

Д-р Стефан Сидовски е роден на 3 октомври 1946 год. во Скопје. Студира филозофија, а естетика слуша кај професорите д-р Павао Вук Павловиќ и д-р Георги Старделов. Во 1973 год. се вработува во гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“. Во 1995 година магистрира со трудот „Естетската суштина на филмскиот кадар“, а во 2001 год. докторира на тема „Естетиката и дијалектиката во монтажата на филмот“. Уште од гимназизки денови се занимава со аматерски филм, прво самостојно, а потоа, како член на киноклубот „Камера 300“. Од 1975 е член на „Академскиот киноклуб“. Носител е на звањето „мајстор на аматерскиот филм“. Со своите филмови учествувал на многу меѓуклупски и меѓународни фестивали на кои бил наградуван, а некогаш и забрануван...

ЗАСТОЈ документарен филм, Македонија 2009, 5 мин., црно-бел, ДВ режија: Стефан Сидовски сценарио: Стефан Сидовски Запуштени и напуштени багери за вадење песок и дробење чакал. ‘Рѓосани силоси, скапани ленти и пароли за социјализмот и трудот. Транзицијата како застој.

ПОЛУДЕН РЕВОЛУЦИОНЕР краток игран филм, Македонија 2006, 6 мин., црно-бел, ДВ режија: Стефан Сидовски сценарио: Стефан Сидовски Во душевната болница, полудениот револуционер сè уште верува во комунизмот и се бори против комунистите кои ја извршиле контрареволуцијата...


ДРВО НА ЖИВОТОТ експериментален филм, Македонија 2007, 2,5 мин., колор, ДВ режија: Стефан Сидовски сценарио: Стефан Сидовски

ИН КОНТИНУО документарен филм, Македонија 2008, 6 мин., колор, ДВ режија: Стефан Сидовски сценарио: Стефан Сидовски

Сточен пазар. Се продава и купува добиток. Луѓето бројат пари, а добитокот негодува што е стока за купопродажба.

Еден човечки живот низ реминисценција на визуелно и аудитивно кружење околу исушено дрво кое се разлистува со зелени лисја.

Социјалните разлики се видливи не само во секојдневниот живот туку и на гробиштата...

ИМИТАЦИЈА НА АМЕРИКЕН ЛАЈФ краток игран филм, Македонија 2003, 5 мин., колор, ДВ режија: Стефан Сидовски сценарио: Стефан Сидовски

ГОЛЕМИОТ ГОВОРНИК краток игран филм, Македонија 2007, 6 мин., црно-бел, ДВ режија: Стефан Сидовски сценарио: Стефан Сидовски

Во почетокот на транзицијата на македонското општество, во дивата приватизација, некои луѓе се богатат и го имитираат американскиот стил на живот. Но, дали се среќни?

Душевно болниот и вообразен водач и говорник зборува против глобализмот и тајните заговорници кои ќе го уништат човештвото...

СРЕДБА краток игран филм, Македонија 2012, 6 мин., колор, ДВ режија: Стефан Сидовски сценарио: Стефан Сидовски Две девојки кои се чувствуваат интимно блиски се среќаваат на клупа во парк како празнична свадбена средба.

п р ог рама јануари 2 0 1 4

ЛУЃЕ И ДОБИТОК документарен филм, Македонија 2008, 2,5 мин., колор, ДВ режија: Стефан Сидовски сценарио: Стефан Сидовски


п р ог рама јануари 2 0 1 4

РИЗНИЦА НА КИНОТЕКАТА ПОСЛЕДНА ПРОШЕТКА краток игран филм, Македонија 2011, 6 мин., колор, ДВ режија: Стефан Сидовски сценарио: Стефан Сидовски Со сеќавања за детството, со возењето на големото тркало во забавниот парк, еден стар човек ја изведува последната прошетка низ Градскиот парк.

26 јануари (недела), 20.00 ч. 28 јануари (вторник), 20.00 ч. КАДЕ ПО ДОЖДОТ игран филм, Македонија 1967, 91 мин., колор, 35 мм режија: Владан Слијепчевиќ сценарио: Јован Ќирилов улоги: Али Ранер, Илија Џувалековски, Олга Спиридоновиќ, Станислава Пешиќ Лела е ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа, младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот. Момчето за кое треба да се мажи, во почетокот така инспиративно во своите постапки и размислувања, сега значи уште

едно разочарување повеќе. Некогаш туѓ, конформизмот и за него станува единствен начин на живот. Поради тоа, во една случајна средба, Лела му се подава на едно сосема непознато момче. Не можејќи до крај да се спротивстави на наметнатите норми на средината во која се наоѓа, таа го прифаќа и го прави она што другите го очекуваат и го бараат од неа. Филмот завршува со текстот: „Постои време за плач и време за смеа... време кога се стекнува и време кога се губи“, од Книгата на Пророкот, глава 3.

29 јануари (среда), 20.00 ч. 31 јануари (петок), 20.00 ч. ЈУЖНА ПАТЕКА игран филм, Македонија 1982, 108 мин., колор, 35 мм режија: Стево Црвенковски сценарио: Стево Црвенковски, Гојко Шкариќ улоги: Александар Берчек, Коле Ангеловски, Маја Оџаклиевска, Милица Стојанова, Неда Арнериќ, Петар Арсовски


п р ог рама јануари 2 0 1 4

Во домот, во кој постојано се слушаат расправиите на мајката Неда и нејзината ќерка, се очекува пристигнувањето на синот Ѓорѓи, по завршувањето на постдипломските студии во друг град. Мајката, која нема големи приходи, принудена е да ја изнајмува едната соба од куќата на потстанари. Веднаш по пристигнувањето во домот, Ѓорѓи се соочува со новата потстанарка. На негово големо изненадување тоа е Ана, неговата поранешна девојка. Не можејќи да се снајде во неочекуваната ситуација, Ѓорѓи веднаш оди кај својот другар Данчо. Ја наоѓа само неговата сопруга која го известува дека нивниот брак се распаѓа...


п р ог рама јануари 2 0 1 4

Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814, л. 111 + 389 2 3065 968 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com

За издавачот: м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска Уредник на филмската програма: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Александра Младеновиќ Виолета Петрушевска м-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Лектура: Снежана Петрова-Џамбазова Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Европа 92, Кочани


п р ог рама јануари 2 0 1 4 Проектот го помогна:

Министерство за култура на Република Македонија


www.maccinema.com

п р ог рама јануари 2 0 1 4

Kinoteka programa januari 2014  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you