Page 1

програма декем

ври 2 012 - јан п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

уар

и 20

13


Две недели подоцна, на 20 декември имаме промоција на уште едно долгоочекувано издание на Кинотеката – монографијата за режисерот Трајче Попов со Илинденка Петрушева како приредувач, по што следуваат четири дена проекции на најзначајните играни и документарни филмови во филмографијата на Попов, од кои сигурно ги паметите МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА, ЛИКВИДАТОР, ПРЕСУДА, СВАДБАТА НА ШАРПЛАНИНЕЦОТ... Сето тоа зачинето, тука и таму, со по некој добро познат и француски наслов. О-ла-ла! Јануари и зимскиот распуст ги започнуваме, сега веќе очекувано, со кинотечното „Киноутро.“ Под мотото „200 години волшебен свет на браќата Грим“, заедно со „Гете Институтот“ во Скопје и телевизија „Алфа“, одбележуваме два века од печатењето на првата збирка сказни на Јакоб и

Вилхелм Грим во 1812 г., оттаму и филмовите во пладневните термини се реализирани според нивните најпознати приказни. Вториот дел на јануари, кога од празнично групно запаѓаме во сентиментално расположение, со ВО ИМЕ НА НАРОДОТ, ЧУДО НЕВИДЕНО и УБАВИНАТА НА ПОРОКОТ на црногорскиот режисер Живко Николиќ, можете слободно да паднете во (ЈУ)носталгија по некои други времиња... Кинотечна публико - Среќни божиќни, новогодишни и други зимски празници!

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

ОД УРЕДНИКОТ НА ФИЛМСКАТА ПРОГРАМА

Во двата месеца со најголем број празници, во Кинотеката ви подготвивме доста разновидна програма. Веднаш на почетокот на декември започнуваме со циклус филмови на Андреј Тарковски – нема потреба да ги претставуваме неговите лик и дело. СОЛАРИС, СТАЛКЕР, АНДРЕЈ РУБЉОВ, ИВАНОВОТО ДЕТСТВО, ОГЛЕДАЛО и документарниот филм за снимањето на СОЛАРИС, се надеваме, со скопската и битолската публика ќе ги проследи и Наталија Бондарчук, актерка која се прослави по соработката со Тарковски, а по овој повод ќе биде гостинка на Кинотеката. На 6 декември, пред проекцијата на СТАЛКЕР, ќе се одржи и промоција на книгата на м-р Атанас Чупоски „Христијанските слики и симболи и нарацијата во филмовите на А.А.Тарковски“, во издание на Кинотеката на Македонија.


01.12.2012 (сабота), 20:00 часот 02.12.2012 (недела), 20:00 часот РУМБА (Rumba) игран филм, Франција / Белгија 2008, 77 мин., колор, 35 мм. режија и сценарио: Доминик Абел, Фиона Гордон, Бруно Роми (Dominique Abel, Fiona Gordon, Bruno Romy) улоги: Доминик Абел, Фиона Гордон, Филип Марц, Клемон Морел, Бруно Роми (Dominique Abel, Fiona Gordon, Philippe Martz, Clément Morel, Bruno Romy) Фиона и Дом се учители во едно рурално училиште и имаат една заедничка страст латинските танци. Една ноќ по извонредниот танчерски настап во големиот град, доживуваат сообраќајна несреќа и нивните животи сосем ќе се сменат. Фиона ќе ја изгуби едната нога, а

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА АНДРЕЈ ТАРКОВСКИ

04.12.2012 (вторник), 20:00 часот СОЛАРИС (Солярис) игран филм, СССР 1972, 163, црно-бел/колор, ДВД режија: Андреј Тарковски (Андрей Тарковский) сценарио: Андреј Тарковски, Фридрих Горенштајн, според роман на Станислав Лем (Андрей Тарковский, Фридрих Горенштейн, Stanislaw Lem) улоги: Донатас Банионис, Олга Барнет, Наталија Бондарчук, Николај Гринко, Јури Јарвет (Донатас Банионис, Ольга Барнет, Наталья Бондарчук, Николай Гринько, Юри Ярвет) Снимен според истоимениот научно-фантастичен роман на Станислав Лем, СОЛАРИС е веројатно најдоброто остварување на Тарковски, во кое слично на Кјубриковиот пристап во ОДИСЕЈА: 2001, тој интелектуално третира метафизички

проблеми. По мистериозната смрт на еден од научниците во базата изградена за проучување на новооткриената планета, доаѓа неговата замена – докторот Келвин. Пристигнатиот доктор ја наоѓа базата во запуштена состојба, а останатите научници делуваат отсутни и отуѓени. Кога ќе ја сретне и својата сопруга, која инаку починала пред седум години, докторот ќе сфати дека се случува некаква мистериозна комуникација помеѓу екипажот и самата планета, и како последица на тоа доаѓа до ослободување на потиснатите сеќавања и опсесии, што сосем ги полудува членовите на екипажот. Во 1972 година, филмот ја доби наградата на Големото жири на Канскиот филмски фестивал.

05.12.2012 (среда), 20:00 часот СРЕДБИ НА СОЛАРИС (Встречи на Солярисе) документарен филм, Русија 1910, 180 мин., колор, ДВД режија: Андреј Маљуков (Андрей Малюков)

монтажа: Наталија Бондарчук (Наталья Бондарчук) учествуваат: Наталија Бондарчук, Марина Тарковскаја, Павел Лунгин, Донатас Банионис, Елза Долинскаја и др. (Наталья Бондарчук, Марина Тарковская, Павел Лунгин, Донатас Банионис, Эльза Долинская) Документарен филм за снимањето на СОЛАРИС на Андреј Тарковски.

06.12.2012 (четврток) 19:00 часот Промоција на книгата ХРИСТИЈАНСКИТЕ СЛИКИ И СИМБОЛИ И НАРАЦИЈАТА ВО ФИЛМОВИТЕ НА А.А.ТАРКОВСКИ од м-р Атанас Чупоски, во издание на Кинотека на Македонија.

20:00 часот СТАЛКЕР (Сталкер) игран филм, СССР 1979, 163, црно-бел/колор, ДВД режија: Андреј Тарковски (Андрей Тарковский) сценарио: Аркадиј и Борис Стругацки, според нивни роман (Аркадий & Борис Стругацкий) улоги: Александар Кајдановски, Николај Гринко, Антаолиј Солоницин (Александр Кайдановский, Николай Гринько, Анатолий Солоницын) СТАЛКЕР на Тарковски е уште една адаптација на роман, во овој случај „Пикник покрај патот“ на браќата Борис и Аркадиј Стругацски. Во близина на сивиот и безимен град се наоѓа „Зоната“, напуштено место заштитено со војска и бодликава жица, во кое не владеат познатите закони на физиката. Сталкер е еден од неколкумината водичи кои имаат посебни ментални способности да ги одведат заинтересираните низ „Зоната“ до „Собата“ – место каде што сечии желби можат да

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

Дом посотојано заборава каде е и што прави поради потрес на мозокот. Со оптимизам и хумор се обидуваат да ја надминат судбината, да продолжат со животите како ништо да не се случило, но тешко им е да се навикнат на новонастанатата ситуација. На Фиона £ е тешко да ги користи штаките, а еднаш и ќе си ја запали протезата, додека Дом, дури и кога готви, не може да се сети што претходно ставил во тенџерето...


07.12.2012 (петок), 20:00 часот АНДРЕЈ РУБЉОВ (Андрей Рублёв) игран филм, СССР 1966, 175, црно-бел, ДВД режија: Андреј Тарковски (Андрей Тарковский) сценарио: Андреј Тарковски, Андреј Кончаловски (Андрей Тарковский, Андрей Кончаловский) улоги: Анатолиј Солоницин, Иван Липиков,

Николај Гринко, Николај Бурљаев (Анатолий Солоницын, Иван Лапиков, Николай Гринько, Николай Бурляев) Во 15 век руските земји минуваат низ турбулентни времиња, растргнати од татарската инвазија и борбата за превласт помеѓу руските принцови. Во такво опкружување, Андреј Рубљов, монах и иконописец, се обидува да проникне во суштината на уметноста и на верата, ги разгледува можноста и потребата да твори во услови на репресија и неправда, размислува за улогата на индивидуалецот, заедницата и власта во создавањето на духовна и епска уметност... За АНДРЕЈ РУБЉОВ, Тарковски во 1969 г. на Канскиот филмски фестивал ја добива наградата на Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ). Во Советскиот Сојуз, филмот за првпат е прикажан три години подоцна, во 1972 г. Сметајќи го филмот за застрашувачки, неисториски и мрачен, советската цензура од филмот отстрани цел час снимен материјал.

08.12.2012 (сабота), 20:00 часот ИВАНОВОТО ДЕТСТВО (Иваново детство) игран филм, СССР 1962, 96, црно-бел, ДВД режија: Андреј Тарковски (Андрей Тарковский) сценарио: Михаил Папава, според расказ на Владимир Богомолов (Михаил Папава, Владимир Богомолов) улоги: Николај Бурљаев, Валентин Зубков, Евгениј Жариков, Степан Крилов, Николај Гринко (Николай Бурляев, Валентин Зубков, Евгений Жариков, Степан Крылов, Николай Гринько) На источниот фронт, за време на Втората светска војна, 12-годишниoт Иван шпионира и собира информации во корист на Советската армија. Навлегува длабоко зад германските редови, го ризикува сопствениот живот, иако причината за тоа на возрасните и искусни војници не им е секогаш јасна. Иако делува цврсто и одлучно, Иван често сонува за среќните моменти поминати со мајката, која заедно се сестра му,

умира во концентрационен камп. Советските офицери се обидуваат да се погрижат за момчето, да го сместат во интернат, подоцна и во воена школа, но малиот сирак инсистира да остане на фронтот и да се одмазди за смртта на своето семејство. Снимен според расказот„Иван“ на Владимир Богомилов, ИВАНОВОТО ДЕТСТВО во 1962 г. го освои „Златниот лав“ на Венецискиот филмски фестивал.

09.12.2012 (недела), 20:00 часот ОГЛЕДАЛО (Зеркало) игран филм, СССР 1974, 108, црно-бел/колор, ДВД режија: Андреј Тарковски (Андрей Тарковский) сценарио: Андреј Тарковски, Александар Мишарин (Андрей Тарковский, Александр Мишарин) улоги: Маргарита Терехова, Олег Јанковски, Николај Гринко, Анатоли Слоницин, Ала Демидова (Маргарита Терехова, Олег Янковский, Николай Гринько, Анатолий Солоницын, Алла Демидова)

Филмот има нехронолошка структура и е комбинација на флешбекови, архивски снимки и поезија на Арсениј Тарковски, таткото на режисерот. Еден човек кој е на умирање се навраќа на битните моменти од својот живот. Детството, разводот, предвоениот период, размислувањата за руската историја и општеството, за семејните односи итн. се во форма на визуелен тек на свеста, поради што филмската критика го смета ОГЛЕДАЛО за најличен и најтежок филм на Тарковски. Идејата за ОГЛЕДАЛО Тарковски ја имал уште во 1964 год, но дури после неколку години чекање, неговото сценарио напишано заедно со Мишарин било одобрено за реализација од страна на „Госкино“ (Државниот комитет за кинематографија на СССР). Дури и кога завршило снимањето на филмот, истиот не бил веднаш одобрен за прикажување, под образложение дека би бил премногу неразбирлив за публиката. Циклусот филмови на Андреј Тарковски е реализиран со помош на Рускиот културно-информативен центар во Софија, Руската амбасада во Скопје, Филмскиот фонд на Р. Македонија и Н.У. Центар за култура – Битола.

10.12.2012 (понеделник), 20:00 часот 11.12.2012 (вторник), 20:00 часот ПЛЕВЕЛ (Les herbes folles) игран филм, Франција / Италија 2009, 104 мин., колор, 35 мм. режија: Алан Рене (Alain Resnais) сценарио: Алан Рене, според романот на Кристијан Гаји (Alain Resnais според книгата на Christian Gailly) улоги: Андре Дусолије, Сабин Азема, Ан Косињи, Емануел Дево, Матје Амалрик (André Dussollier, Sabine Azéma, Anne Consigny, Emmanuelle Devos, Mathieu Amalric) Маргарита е стоматолог и за викендите пилотира. Едно момче на скејтборд ќе £ ја украде чантата, но подоцна нејзиниот паричник ќе заврши во рацете на постариот господин Жорж. Заинтригиран од личните документи во

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

се реализираат. Ваквото патување не е праволиниско и директно, ниту легално, и тие што влегуваат во забранетата зона, ризикуваат затвор. Сталкер се нафаќа да однесе двајца кандидати – еден познат писател кој се сомнева во својата генијалност, и еден тивок научник повеќе загрижен за сопствениот ранец отколку за самото патување, но колку се поблиску до целта, сфаќаат дека не е само упорноста таа што треба да ги доведе до целта, туку верата. Во 1980 г., СТАЛКЕР беше награден со специјална награда на Екуменското жири на Канскиот филмски фестивал.


12.12.2012 (среда), 20:00 часот 13.12.2012 (четврток), 20:00 часот ЛУЃЕ И БОГОВИ (Des hommes et des dieux) игран филм, Франција 2010, 122 мин., колор, 35 мм. режија: Гзавие Бувуа (Xavier Beauvois) сценарио: Гзавие Бувуа, Етјен Комар (Xavier Beauvois, Etienne Comar) улоги: Ламбер Вилсон, Мајкл Лонсдејл, Оливие Рабурден, Филип Лауденбах, Жак Ерлен (Lambert

Wilson, Michael Lonsdale, Olivier Rabourdin, Philippe Laudenbach, Jacques Herlin) Група католички монаси во Северна Афирка си ја живеат својата мисија – му се молат на Бога и се грижат за заедницата муслимани што со години гравитира околу нивниот манастир. Кога во земјата ќе дојде до судир помеѓу бунтовниците и власта, нивните животи се ставени во опасност и тие се двоумат дали да заминат на побезбедно место. Не сакаат да заземат страна и ја одбиваат понудената заштита од војската. Една вечер, кај нив доаѓа група исламистички фундаменталисти кои бараат медицинска помош, но монасите сметаат дека не треба да се вмешаат во конфликтот. Филмот се базира на случајот со цистерцитските монаси од Тибхирини, Алжир кои во 1996 г. се најдоа во виорот на Алжирската граѓанска војна.

љубовницата. Тука дознава дека и неговата вујна има љубовник, и дека вујкото Жерар сака да го искористи за да „расчисти“ со противникот. Во целата таа збрка, во неговиот живот ќе влезе мистериозната Беатрис...

15.12.2012 (сабота), 20:00 часот 16.12.2012 (недела), 20:00 часот МАЛИ РЕЗОВИ (Petites coupures) игран филм, Франција / Велика Британија 2003, 95 мин., колор, 35 мм. режија: Паскал Боницер (Pascal Bonitzer) сценарио: Паскал Боницер, Емануел Салинжер (Pascal Bonitzer, Emmanuel Salinger) улоги: Кристин Скот Томас, Даниел Отој, Паскал Бусјер, Лудивин Сањие, Катрин Муше (Kristin Scott Thomas, Daniel Auteuil, Pascale Bussières, Ludivine Sagnier, Catherine Mouchet) Бруно е новинар во еден комунистички весник и минува низ кризата на средните години. Растргнат помеѓу сопруграта Гаел и љубовницата Натали, неговите политички уверувања се далеку од постојани. Откако неговиот вујко Жерар ќе го повика да дојде во малото гратче во близина на Гренобл, каде што тој сака повторно да се кандидира за градоначалник, Бруно ќе дојде со

18.12.2012 (вторник), 20:00 часот 19.12.2012 (среда), 20:00 часот НЕОБИЧНАТА СУДБИНА НА АМЕЛИ ПУЛЕН (Le fabuleux destin d’Amélie Poulain) игран филм, Франција / Германија 2001, 122 мин., колор, 35 мм. режија: Жан-Пјер Жене (Jean-Pierre Jeunet) сценарио: Гијом Лоран, Жан-Пјер Жене (Guillaume Laurant, Jean-Pierre Jeunet) улоги: Одри Тоту, Матје Касовиц, Жамел Дебуз, Руфус, Јоланда Моро (Audrey Tautou, Mathieu Kassovitz, Jamel Debbouze, Rufus, Yolande Moreau) Амели имала невообичаено детство – заради погрешна дијагноза, растела сама и изолирана, постојано фантазирајќи за подобар и поубав свет. Години подоцна, ќе открие загубена кутија

со играчки и ќе му ја врати на вистинскиот сопственик. Тој толку ќе се израдува, што Амели ќе реши да се посвети на луѓето околу неа, односно да стори сè за да им ги разубави животите. Романтична, весела и наивна, таа ќе се обиде да ги усреќи соседите и луѓето што доаѓаат во кафулето во кое работи, како и момчето од продавницата за видеокасети кој има чудно хоби. Попат и ќе се вљуби...

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА ТРАЈЧЕ ПОПОВ

20.12.2012 (четврток) 19:00 Промоција на монографијата ТРАЈЧЕ ПОПОВ, приредувач Илинденка Петрушева, издание на Кинотеката на Македонија

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

паричникот, Жорж ќе се обиде да £ се јави на телефон, но сепак ќе ги предаде документите во полиција. Потоа Маргарита ќе се заинтересира за „наоѓачот“ на паричникот, и ќе му се јави на Жорж... И така почнува една серија обиди за комуникација во кои едниот и другиот ќе се обвинуваат меѓусебно за секакви нешта, па потоа ќе се обидуваат да се извинат еден на друг. Од таа нивна игра на недоразбирање ќе им се смачи на сите околу.


01.12.2012 (сабота) 20:00 часот РУМБА (Rumba) 02.12.2012 (недела), 20:00 часот 20:00 часот РУМБА (Rumba)

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА АНДРЕЈ ТАРКОВСКИ 04.12.2012 (вторник) 20:00 часот СОЛАРИС (Солярис) 05.12.2012 (среда) 20:00 часот СРЕДБИ НА СОЛАРИС (Встречи на Солярисе) 06.12.2012 (четврток) 19:00 часот Промоција на книгата ХРИСТИЈАНСКИТЕ СЛИКИ И СИМБОЛИ И НАРАЦИЈАТА ВО ФИЛМОВИТЕ НА А.А.ТАРКОВСКИ од м-р Атанас Чупоски, во издание на Кинотека на Македонија

20:00 часот СТАЛКЕР (Сталкер) 07.12.2012 (петок) 20:00 часот АНДРЕЈ РУБЉОВ (Андрей Рублёв) 08.12.2012 (сабота) 20:00 часот ИВАНОВОТО ДЕТСТВО (Иваново детство) 09.12.2012 (недела) 20:00 часот ОГЛЕДАЛО (Зеркало)

10.12.2012 (понеделник) 20:00 часот ПЛЕВЕЛ (Les herbes folles) 11.12.2012 (вторник) 20:00 часот ПЛЕВЕЛ (Les herbes folles)

12.12.2012 (среда) 20:00 часот ЛУЃЕ И БОГОВИ (Des hommes et des dieux) 13.12.2012 (четврток) 20:00 часот ЛУЃЕ И БОГОВИ (Des hommes et des dieux) 15.12.2012 (сабота) 20:00 часот МАЛИ РЕЗОВИ (Petites coupures) 16.12.2012 (недела) 20:00 часот МАЛИ РЕЗОВИ (Petites coupures) 18.12.2012 (вторник) 20:00 часот НЕОБИЧНАТА СУДБИНА НА АМЕЛИ ПУЛЕН (Le fabuleux destin d’Amélie Poulain) 19.12.2012 (среда) 20:00 часот НЕОБИЧНАТА СУДБИНА НА АМЕЛИ ПУЛЕН (Le fabuleux destin d’Amélie Poulain)

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА ТРАЈЧЕ ПОПОВ

22.12.2012 (сабота)

11.01.2013 (петок)

18.01.2013 (петок)

26.01.2013 (сабота)

20.12.2012 (четврток)

20:00 часот ПРЕСУДА игран филм, Македонија

12:00 часот МАСАТА, МАГАРЕТО И СТАПОТ (Tischlein Deck Dich)

12:00 часот БРЕМЕНСКИТЕ МУЗИКАНТИ (Die Bremer stadmusikanten)

20:00 часот ЧУДО НЕВИДЕНО (Чудо невиђено)

23.12.2012 (недела)

12.01.2013 (сабота)

20.01.2013 (недела)

27.01.2013 (недела)

20:00 часот ПО ДОЛИНАТА НА РЕКАТА ВАРДАР документарен филм, Македонија

12:00 часот СНЕЖАНА (Schneewittchen)

12:00 часот ИСКУШЕНИЕ НА ЃАВОЛОТ (Искушавање ђавола)

20:00 часот ИСТОК-ЗАПАД (Est-Ouest)

14.01.2013 (понеделник)

22.01.2013 (вторник)

29.01.2013 (вторник)

12:00 часот СНЕЖАНА (Schneewittchen)

20:00 часот ИСКУШЕНИЕ НА ЃАВОЛОТ (Искушавање ђавола)

20:00 часот ИСТОК-ЗАПАД (Est-Ouest)

15.01.2013 (вторник)

23.01.2013 (среда)

30.01.2013 (среда)

12:00 часот ГОСПОЃА ХОЛЕ (Frau Holle)

20:00 часот ВО ИМЕТО НА НАРОДОТ (У име народа)

20:00 часот ПРЕВРТЕНО

16.01.2013 (среда)

24.01.2013 (четврток)

12:00 часот ГОСПОЃА ХОЛЕ (Frau Holle)

20:00 часот ВО ИМЕТО НА НАРОДОТ (У име народа)

17.01.2013 (четврток)

25.01.2013 (петок)

12:00 часот БРЕМЕНСКИТЕ МУЗИКАНТИ (Die Bremer stadmusikanten)

20:00 часот ЧУДО НЕВИДЕНО (Чудо невиђено)

19:00 часот Промоција на монографијата ТРАЈЧЕ ПОПОВ приредувач Илинденка Петрушева, издание на Кинотеката на Македонија 20:00 часот СВАДБА НА ШАРПЛАНИНЕЦОТ документарен филм ШАРПЛАНИНЕЦОТ МУРГОШ документарен филм ЛИКВИДАТОР документарен филм ЖИТО ЗА НАРОДОТ документарен филм РИТАМ И ЗВУК документарен филм ПТИЦИ И РИБИ документарен филм ДОВИКУВАЊЕ НА ПРОЛЕТТА документарен филм 21.12.2012 (петок) 20:00 часот МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА игран филм, Македонија

2013 КИНО УТРО: ВОЛШЕБНИОТ СВЕТ НА БРАЌАТА ГРИМ 08.01.2013 (вторник) 12:00 часот ПЕПЕЛАШКА (Aschenputtel) 09.01.2013 (среда) 12:00 часот ПЕПЕЛАШКА (Aschenputtel) 10.01.2013 (четврток) 12:00 часот МАСАТА, МАГАРЕТО И СТАПОТ (Tischlein Deck Dich)

31.01.2013 (четврток) 20:00 часот ПРЕВРТЕНО

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

ФИЛМСКА ПРОГРАМА ЗА ДЕКЕМВРИ 2012 – ЈАНУАРИ 2013


20:00 часот СВАДБА НА ШАРПЛАНИНЕЦОТ документарен филм, Македонија 1970, 15 мин., колор, 35 мм. режија и сценарио: Трајче Попов Парењето на познатите кучиња шарпланинци се претвора во вистинска борба на живот и смрт. Само најсилните опстојуваат во таа борба и успеваат да го продолжат родот.

ШАРПЛАНИНЕЦОТ МУРГОШ документарен филм, Македонија 1960, 15 мин., колор, 35 мм. режија: Трајче Попов сценарио: Киро Билбиловски, Ото Денеш, Драгош Стевановиќ

ЛИКВИДАТОР документарен филм, Македонија 1983, 15 мин., црно-бел, 35 мм. режија и сценарио: Трајче Попов Работите во врска со ликвидацијата на рудникот за азбест „Богословец“, во истоименото село, му се доверени на еден човек кој таа работа ја врши седумнаесет години. Објектите на рудникот и машините што пропаѓаат, самите зборуваат за апсурдноста на целата постапка.

година, на 22 март, тие го изведуваат ритуалот на „довикување на пролетта.“

ЖИТО ЗА НАРОДОТ документарен филм, Македонија 1947, 10 мин., црно-бел, 35 мм. снимател: Трајче Попов сценарио: Јован Бошковски Прикажан е откупот на житото од реколтата во 1947 година и е даден приказ на постигувањата во другите области на стопанството во НР Македонија.

РИТАМ И ЗВУК документарен филм, Македонија 1955, 21 мин., колор, 35 мм. режија и сцнеарио: Трајче Попов Народни игри од Македонија во изведба на КУД „Танец“ од Скопје.

ПТИЦИ И РИБИ документарен филм, Македонија 1961, 15 мин., колор, 35 мм. режија: Трајче Попов сценарио: Јово Камберски Приказ на прастариот (и единствениот во светот) начин на риболов со помош на птици на Дојранското Езеро.

ДОВИКУВАЊЕ НА ПРОЛЕТТА документарен филм, Македонија 1968, 14 мин., црно-бел, 35 мм. режија и сценарио: Трајче Попов Според дервишите од Призрен, новата година започнува со доаѓањето на пролетта. Секоја

21.12.2012 (петок), 20:00 часот МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА игран филм, Македонија 1967, 102 мин., колор, 35 мм. режија: Трајче Попов сценарио: Славко Јаневски улоги: Ристо Шишков, Васил Хаџиманов, Вера Чукиќ, Драги Костовски, Драгомир Фелба За време на жетвата, бегот гони еден Турчин кој поради своите прогресивни идеи мора да биде казнет. Во бегството му помага овчарот Спасе. Трагата по избеганиот Турчин го доведува аскерот до жетварите што работат на имотот на бегот. Меѓу нив е и Цвета, чија убавина не може да остане незабележана. Бегот ја грабнува девојката, ја носи во својот сарај, но ветувањата за лесен живот не се доволни да ја убедат Цвета да ја промени верата и да се откаже од своите. Нејзините соселани предводени од попот и од овчарот Спасе, го бараат нејзиното

ослободување. Во случајот се ангажираат и дипломатските претставници на големите сили со седиште во Битола и девојката е ослободена. Но, на денот на нејзината свадба доаѓа бегот со својата вооружена придружба...

22.12.2012 (сабота), 20:00 часот ПРЕСУДА игран филм, Македонија 1977, 95 мин., колор, 35 мм. режија: Трајче Попов сценарио: Јово Камберски улоги: Жарко Радиќ, Петар Арсовски, Мето Јовановски, Благоја Чоревски, Данчо Чеврески Во судирот со непријателот, во една однапред изгубена битка со наполно извесен крај, за да не загине залудно, партизанот Ангелов го напушта боиштето качувајќи се на воз и оди да ја види својата мајка, тукушто вратена од интернација. Поради тоа, тој е прогласен за дезертер, па кога тој се врати во бригадата, го разоружуваат и голорак го испраќаат во борба, за да се избори за ново оружје. Во поставената заседа за

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

Преку приказната за кучето Мургош, кое £ припаѓа на познатата раса шарпланинци, прикажани се сите благородни особини: силата, храброста и верноста на оваа во светот позната раса.


23.12.2012 (недела), 20:00 часот ПО ДОЛИНАТА НА РЕКАТА ВАРДАР документарен филм, Македонија 1950, 43 мин., црно-бел, 35 мм. режија: Трајче Попов сценарио: Јово Камберски Филмот претставува сестран приказ на развојот на регионот по течението на реката Вардар, и го опфаќа неговиот индустриски развој, развојот на земјоделието, културните придобивки на новото социјалистичко општество, културните и етнолошките особености на жителите, археолошките и историските карактеристики, а последната секвенца е посветена на егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија.

КИНО УТРО: ВОЛШЕБНИОТ СВЕТ НА БРАЌАТА ГРИМ

08.01.2013 (вторник), 12:00 часот 09.01.2013 (среда), 12:00 часот ПЕПЕЛАШКА (Aschenputtel) игран филм, Германија 2011, 58 мин., колор, ДВД режија: Уве Јансон (Uwe Janson) сценарио: Давид Унграјт, според приказна на Јакоб и Вилхелм Грим (David Ungureit, Jacob & Wilhelm Grimm) улоги: Ајлин Тецел, Барбара Ауер, Фелине Роган (Aylin Tezel, Barbara Auer, Pheline Roggan) По смртта на својата сопруга, со која има благородна и добродушна ќерка, богатиот вдовец повторно ќе се ожени. Во куќата доаѓаат маќеата и нејзините две убави, но зли и завидливи ќерки, кои ќе го загорчуваат животот на ќерката на богаташот, ќе £ ги одземат сите

фустани, погрдно ќе ја наречат „Пепелашка“ и ќе ја испратат во кујната да работи и да им слугува. Пепелашка е огорчена и секој ден оди на гробот на мајка си, да се исплаче и да се помоли за подобра судбина. Кога кралот ќе ги повика сите млади девојки од кралството да присуствуваат на трите бала што ќе се одржат во кралската палата, со цел принцот да си избере невеста, Пепелашка ќе се понадева дека и таа ќе може да биде присутна...

10.01.2013 (четврток), 12:00 часот 11.01.2013 (петок), 12:00 часот МАСАТА, МАГАРЕТО И СТАПОТ (Tischlein Deck Dich) игран филм, Германија 2008, 58 мин., колор, ДВД режија: Улрих Кониг (Urlich König) сценарио: Давид Унграјт, според приказна на Јакоб и Вилхелм Грим (David Ungureit, Jacob & Wilhelm Grimm) улоги: Ремо Шулце, Лин Сара Ројзе, Кристине Нојбауер (Remo Schulze, Linn Sara Reusse, Christine

Neubauer) Јокел, Емил и Макс се браќа кои живеат со својот татко. Макс е најмалиот син, но секогаш влегува во неволји. Кога таткото ќе ги испрати двата постари браќа во белиот свет да научат некој занает и да се вратат како зрели мажи, и Макс ќе замине и да се докаже како човек. Сите тројца ќе најдат работа како чираци – Јокел ќе биде дрводелец, Емил мелничар, а Макс кројач. Кога ќе ги научат занаетите, секој од нив ќе си замине дома со подарок од својот мајстор-учител. Јокел ќе добие волшебна маса која сервира јадење по желба, Емил ќе добие магаре што исфрла пари, а Макс ќе добие волшебен стап кој го штити од разбојници. Но, патот до дома е долг и исполнет со опасности...

12.01.2013 (сабота), 12:00 часот 14.01.2013 (понеделник), 12:00 часот СНЕЖАНА (Schneewittchen) игран филм, Германија 2009, 58 мин., колор, ДВД

режија: Томас Фројнднер (Thomas Freundner) сценарио: Андреас Кнауп, според приказна на Јакоб и Вилхелм Грим (Andreas Knaup, Jacob & Wilhelm Grimm) улоги: Соња Кирхбергер, Лаура Берлин, Николас Артајо-Квашњевски (Sonja Kirchberger, Laura Berlin, Nicolás Artajo-Kwasniewski Стравувајќи дека малата принцеза ќе ја надмине во својата убавина, лошата кралица ќе му нареди на ловецот да ја однесе Снежана во шумата и да ја убие. Ловецот ќе се сожали врз убавата Снежана и ќе £ го поштеди животот, но таа е сега осудена на живее во прогонство, далеку од дворецот на својот татко. Во шумата ја пронаоѓа куќичката на седумте џуџиња и тие £ дозволуваат на Снежана да живее со нив, доколку им помага во одржувањето на домаќинството. Сепак, ја предупредуваат, во нивно отусуство вратата да не ја отвора никому. Злобната кралицата од своето волшебно огледало дознава дека Снежана е сè уште жива и прави планови како да ја убие...

15.01.2013 (вторник), 12:00 часот 16.01.2013 (среда), 12:00 часот ГОСПОЃА ХОЛЕ (Frau Holle) игран филм, Германија 2008, 58 мин., колор, ДВД режија: Бодо Фурнајзен (Bodo Fürneisen) сценарио: Марлис Евалд, според приказна на Јакоб и Вилхелм Грим (Marlies Ewald, Jacob & Wilhelm Grimm) улоги: Маријане Зигебрихт, Херберт Фојерштајн, Јохана Гастдорф (Marianne Sägebrecht, Herbert Feuerstein, Johanna Gastdorf) Една мајка има две ќерки: постарата е разгалена и мрзелива, а помладата е вредна, но никој не го вреднува нејзиниот труд. Еден ден, откако ќе се боцне на иглата од вретеното, помладата ќерка ќе се обиде да ја измие крвта со вода, но вретеното ќе £ падне во бунарот. Девојката ќе скокне во бунарот по вретеното и ќе се најде во „оностраниот“ свет, каде што живее госпоѓа Холе. Госпоѓата ќе ја вработи девојката како домашна

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

германската колона, голоракиот Митко Ангелов убива еден германски војник и со неговото оружје сам пука во колоната камиони, бидејќи сите партизани од патролата се убиени. Кога ќе се врати во бригадата, никој не му верува дека тој е единствениот преживеан од воената акција.


17.01.2013 (четврток), 12:00 часот 18.01.2013 (петок), 12:00 часот БРЕМЕНСКИТЕ МУЗИКАНТИ (Die Bremer stadmusikanten) игран филм, Германија 2009, 58 мин., колор, ДВД режија: Дирк Регел (Dirk Regel) сценарио: Давид Унграјт, според приказна на Јакоб и Вилхелм Грим (David Ungureit, Jacob & Wilhelm Grimm) улоги: Петер Штрибек, Харалд Шмит, Ханелоре Елзнер (Peter Striebeck, Harald Schmidt, Hannelore Elsner) Магарето, песот, мачката и петелот решаваат да си ја земат судбината во раце и бегаат од имотите на своите лоши стопани. Планираат да отидат во градот Бремен, каде што ќе живеат слободни

и ќе градат музичка кариера. Попат, доаѓаат до една колиба и преку прозорецот забележуваат дека внатре се кријат четворица разбојници, кои што си го делат пленот стекнат со кражба. Идните музичари ќе се обидат со песна да ги импресионираат разбојниците, надевајќи се дека така ќе заработат парче леб, но разбојниците толку ќе се исплашат од звукот што ќе го слушнат, што ќе избегаат како разулавени. Но, набргу ќе се обидат да се вратат во колибата...

од најинтимните, до оние семејните и традиционални, ја става под сомнеж смислата на сопствениот и на туѓиот живот. Двете сиромашни семејства, Змајевиќ и Крстовиќ, живеат едни до други, а се испокарани до смрт. Во полусрушената кула околу која се караат, живеат Крстовиќ, но Змајевиќ се надеваат дека синот што по повеќегодишно отсуство ќе се врати од Америка, ќе им ја спаси и кулата и одземената чест, но и дека ќе се ожени со девојката што му ја избрале. 20.01.2013 (недела), 20:00 часот 22.01.2013 (вторник), 20:00 часот ИСКУШЕНИЕ НА ЃАВОЛОТ (Искушавање ђавола) игран филм, СФРЈ 1989, 117 мин., колор, 35 мм. режија: Живко Николиќ (Живко Николић) сценарио: Драган Николиќ, Живко Николиќ (Драган Николић, Живко Николић) улоги: Алан Нури, Драгана Мркиќ, Боро Беговиќ, Хусеин Чокиќ, Љиљана Крстиќ (Alain Noury, Драгана Мркић, Боро Беговић, Хусеин Чокић, Љиљана Крстић) Во срушената кула се развиваат паралелни приказни од кои произлегуваат двете теми на филмот: љубовта и слепото почитување на традицијата. Искушението ги проткајува и двете, навлегува во односите меѓу луѓето,

23.01.2013 (среда), 20:00 часот 24.01.2013 (четврток), 20:00 часот ВО ИМЕТО НА НАРОДОТ (У име народа) игран филм, СФРЈ 1987, 112 мин., колор, 35 мм. режија: Живко Николиќ (Живко Николић) сценарио: Драган Николиќ, Живко Николиќ (Драган Николић, Живко Николић) улоги: Миодраг Кривокапиќ, Петар Божовиќ, Савина Гершак, Богдан Диклиќ (Миодраг

Кривокапић, Петар Божовић, Богдан Диклић) Во едно индустриско гратче во 1966 год., едно претпријатие одлично работи благодарение на досетливиот и способен директор Тодор. Во целиот тој крај се надеваат на некаков напредок, па Тодор меѓу жителите се стекнува со сè поголем авторитет. Но, таквото реноме донесува не само искрена почит, туку предизвикува и завист. Возачот на директорот, Милан, чесен но наивен во проценувањето на туѓите карактери, ќе влезе во апсурдни ситуации од кои тешко ќе се извлече – сè заради својата лојалност кон директорот Тодор. ВО ИМЕТО НА НАРОДОТ е првото реализирано заедничко сценарио на браќата Николиќ – режисерот Живко и актерот Драган, по кое ги пишуваат и сценаријата за ИСКУШЕНИЕ НА ЃАВОЛОТ (1989) и ПРОКОЛНАТИОТ БРОД (1990).

25.01.2013 (петок), 20:00 часот 26.01.2013 (сабота), 20:00 часот ЧУДО НЕВИДЕНО (Чудо невиђено) игран филм, СФРЈ 1984, 92 мин., колор, 35 мм. режија: Живко Николиќ (Живко Николић) сценарио: Живко Николиќ, Љиљана Павиќ, (Живко Николић, Љиљана Павић,) улоги: Савина Гершак, Драган Николиќ, Боро Беговиќ, Петар Божовиќ, Ташко Начиќ (Драган Николић, Боро Беговић, Петар Божовић, Ташко Начић) Во мало рибарско село крај езерото, жените ги собираат рибарските мрежи додека нивните мажи времето го минуваат во локалната кафеана, флертуваат со келнерките и фантазираат да заминат во Америка. Еден од нив предлага да ископаат тунел низ планината, за езерото да се одлее во морето и да остави зад себе плодна почва за обработување. Набргу потоа кај нив пристигнува млада Американка,

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

помошничка и после неколку недели, задоволна од нејзината работа, ќе ја прати назад во семејството со скутник полн со злато. Надевајќи се на уште повеќе злато, мајката ќе ја натера и постарата, мрзелива ќерка да скокне во бунарот.


27.01.2013 (недела), 20:00 часот 29.01.2013 (вторник), 20:00 часот ИСТОК-ЗАПАД (Est-Ouest) игран филм, Франција / Русија / Украина / Бугарија / Шпанија 1999, 121 мин., колор, 35 мм. режија: Режис Варние (Régis Wargnier) сценарио: Рустам Ибрагимбеков, Сергеј Бодров, Луј Гардел, Режис Варние (Rustam Ibragimbekov, Sergey Bodrov, Louis Gardel, Régis Wargnier) улоги: Олег Меншиков, Сандрин Бонер, Катрин Денев, Сергеј Бодров (Oleg Menshikov, Sandrine Bonnaire, Catherine Deneuve, Sergey Bodrov) Во јуни 1946 година, Сталин ги повикува руските емигранти да се вратат во татковината.

Тоа ќе биде стапица за нив, бидејќи веднаш по пристигнувањето, тие се или убивани или затворани. Докторот Алексеј Головин пристигнува со својата сопруга Мари, и веднаш е испратен во Киев. Мари веднаш сака да се врати во Франција, а тој знае дека сега се затвореници, дека никогаш нема да си заминат и дека треба да внимаваат на секој свој чекор. Во меѓувреме, Мари се запознава со француската актерка Габриел која е на турнеја во Советскиот Сојуз и од неа бара помош. Трпението, самоконтролата на Алексеј и добриот изглед на Мари се нивните единствени адути во борбата за бегство од режимот.

улоги: Милан Тоцинoвски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Ѓорѓи Јолевски Темни агли во градот, архитектура без трага од софистицираност и хуманост, депресивни затворени простои – ова е амбиентот во кој се одвива тажната животна драма на Јан Лудвик. Самиот Јан се сеќава на одвоени поглавја од својот живот, како ретроспективи, додека патува со воз којшто клопотари низ тмурниот пејзаж, во друштво на случајна сопатничка чиј мизерен надворешен изглед ја прави олицетворување на најмрачните судбини. Јан бил надарен студент, а по некоја случајност и талентиран цирскуски актер. Но светот во кој живее го води само кон самоуништувачки дела...

Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814, локал 111 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

атрактивна русокоса, чиј татко потекнува од нивното село. Кога таа ќе разбере дека напуштената куќа на татко £ е претворена во селска кафеана, ќе се обиде да им се одмазди на селаните, манипулирајќи ги нивните страсти и поигрувајќи се со нивните интереси.

За издавачот: м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска Уредник на филмската програма: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Александра Младеновиќ Виолета Петрушевска м-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Лектура: Снежана Петрова-Џамбазова

30.01.2013 (среда), 20:00 часот 31.01.2013 (четврток), 20:00 часот ПРЕВРТЕНО игран филм, Република Македонија 2007, 105 мин., колор, 35 мм. режија: Игор Иванов-Изи сценарио: Игор Иванов-Изи, Венко Андоновски, по мотиви од роман на Венко Андоновски

Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Софија – Богданци

Проектот го помогна:

Министерство за култура на Република Македонија


www.maccinema.com

п р ог р ам а декем вр и 2012 - ј а нуари 2 0 1 3

Catalog 12.2012  

Catalog December 2012 - January 2013