Page 1

програма п р ог р ам а декември 2 0 1 6

декем ври

201 6


п р ог р ам а декември 2 0 1 6

АНИМАКС

1 декември (четврток) 20:00 ч. 2 декември (петок) 20:00 ч. 3 декември (сабота) 20:00 ч. 4 декември (недела) 20:00 ч. Кинотеката по вторпат соработува со Интернационалниот фестивал за анимирани филмови АНИМАКС кој го има своето веќе шесто издание пред љубетелите на анимацијата. Во овие четири денови публиката ќе има можност да се запознае со сѐ што е релевантно на полето на анимацијата во светот, со што Кинотеката пополнува една празнина во културната егзистенција на скопјани. Имено, овој фестивал што е со натпреварувачки карактер има за цел - подигање и градење на култура во поглед на изработка на анимирани филмови, за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот. Авторите на

овие филмови од секаде во светот, земаат учество на овој фестивал со испраќање на нивните анимирани филмови. На последната вечер на фестивалот, се доделуваат награди на најуспешните анимирани филмови кои поминале низ претходен круг на натпреварување и се наградени од страна на жири-комисијата. Главната награда на фестивалот е „Златна тула“. Селекцијата на филмовите трае сѐ уште и повеќе информации за програмата на фестивалот ќе добиете пред почетокот на фестивалот.

ДОКУКРОАТА

5 декември (понеделник) 20:00 ч. ДЕЦА НА ТРАНЗИЦИЈАТА (Djeca tranzicije) Документарен филм, Хрватска 2014 г., 81 мин., колор, ХД Режија: Матија Вукшиќ (Matija Vukšić) Сценарио: Матија Вукшиќ (Matija

Vukšić) ДЕЦА НА ТРАНЗИЦИЈАТА е филм кој го следи растењето на Давид, Наталија, Лана и Марта. По извонредниот настап пред скаутите на фудбалскиот клуб Барселона, осумгодишниот Давид, кој медиумите го нарекоа Меси од Славонски Брод, нестрпливо ја очекува поканата за Ла Масија. Околу тоа непостоечко парче хартија изградени се соништа за иднината на Давид, но и за целото негово петчлено семејство. Единаесетгодишната Наталија доаѓа од скромно опкружување, не поседува паметен телефон и други модерни предмети, па соучениците од училиштето ја малтретираат и таа е принудена да го промени училиштето. Шестгодишната Лана ги минува деновите во пресоблекување, шминкање, танцување и играње игри на мобилниот телефон. На петнаесетгодишната Марта тинејџерскиот период ѝ е исполнет со насилство од врсниците во училиштето и од социјалните мрежи кое станува неподносливо... Како изгледа среќно детство и здраво растење и дали се возможни во општество кое сѐ уште не зачекорило во сопствената зрелост? Ова е филм


6 декември (вторник) 19:00 ч. ОБЛАК (Oblak) Документарен филм, Хрватска 2011г., 88 мин. колор, ХД Режија: Мирослав Сикавица (Miroslav Sikavica) Сценарио: Мирослав Сикавица (Miroslav Sikavica) „Каде одам не знам, но би сакал, кога ќе умрам, да ме кремираат и да ме стават во некаков убав пепелник“ - запишал во својата потрага за смислата на животот, четиринаесетгодишниот Лука Риц. Веројатно ни во најлудите соништа не помислувал дека тоа ќе му се случи толку брзо. А му се случило неполни четири години потоа. Неговото претепување и последичната смрт во 2008 година како и повеќемесечната

потрага за извршителите на злосторството ја потресоа хрватската јавност и поттикнаа силна граѓанска кампања за отпор кон малолетничкото насилство. Ова е интимна приказна која се случува далеку од очите на јавноста. Документарецот за трауматичната загуба на синот единец, најдобриот пријател, момчето, кое во времетраење од година дена по смртта на Лука ги следи неговите најблиски, а претставува и приказна за потребата и важноста од граѓанска солидарност и активизам во денешното општество.

6 декември (вторник) 20:30 ч. ГОЛИ (Goli) Документарен филм, Хрватска 2014 г., 75 мин, колор, ХД Режија: Тиха К. Гудац (Tiha K.Gudac) Сценарио: Тиха К. Гудац (Tiha K. Gudac) Документарен филм за болната тајна

создадена пред шест децении на „островот на скршените души“ и за минатото кое полека се претвора во историја. Пред шеесетина години еден човек исчезнал и го немало четири години. Се вратил како некој друг, а со себе ја донел и болната тајна. Врз таа тајна за која се молчело, подоцна го изградил животот на своето семејство: разговор за минатото бил забранет. Прашањата почнала да си ги поставува неговата внука, режисерка на овој филм, која уште од детството сакала да разбере зошто нејзиниот дедо има белези по телото, но тој умрел без никому да ја раскаже целата приказна. Филмот ГОЛИ е истражување на урнатините на минатото, мозаик создаден од трагите – семејни фотографии и интимни сведоштва на група блиски луѓе кои ги обединило исто место – политичкиот логор „Голи оток“ познат и како остров на скршените души и последиците кои ги оставил врз три генерации. Воедно, тоа е фасцинантен приказ на моментот во кој едно минато конечно може да стане историја и храбро документарно спротивставување на молчењето и стравот.

п р ог р ам а декември 2 0 1 6

за опкружувањето кое го создаваме за заедничка иднина. По филмот ќе има кратка дискусија.


п р ог р ам а апри л 2 0 1 6

ги надминуваат местата и локациите. По филмот ќе има кратка дискусија.

ДЕНОВИ НА СЛОВАЧКИ ФИЛМ 7 декември (среда) 20.00 ч. ТУРИЗАМ! (Turizam!) Документарен филм, Хрватска 2016г., 52 мин., колор, ХД Режија: Тончи Гачина (Tonći Gaćina) Сценарио: Тончи Гачина (Tonći Gaćina) Туризмот денес е главна стопанска гранка, а во Хрватска често изгледа и како единствена. Секое лето во местата на хрватското приморје се зголемува бројот на жители заради посетата на туристите од сите страни на светот. На Јадран никнуваат, понекогаш од ништо, разни содржини наменети за пополнување на т.н. туристичка понуда. Филмот ТУРИЗАМ ги следи фрагментите на различни приказни од хрватскиот Јадран. Додека некои ловат и одгледуваат риби, други ги подготвуваат, а трети ги забавуваат гостите... Животниот циклус како да не престанува; идентитетите, емоциите и резултатите

9 декември (петок) 20:00 ч. 10 декември (сабота) 17:00 ч. БОКСЕРОТ И СМРТТА (Boxer a smrť) Игран филм, Словачка 1963 г., 120 мин., црно-бел, блуреј Режија: Петер Солан (Peter Solan) Сценарио: Јозеф Хен (Józef Hen) Улоги: Стефан Квиетик, Манфред Круг, Валентина Тиелова (Stefan Kvietik, Manfred Krug, Valentina Thielová) Во нацистички логор, еден затвореник што се обидел да избега, чека егзекуција, но е поштеден кога командантот, поранешен боксерски шампион, открива дека затвореникот е боксер аматер. Командантот,

кој се досадува удирајќи само во боксерската вреќа, му дава шанса на затвореникот да биде негов спаринг партнер. На почетокот, затвореникот не може да издржи ниту една рунда, но тој започнува да добива поголеми и подобри и оброци станува сѐ посилен. Затвореникот тренира и постепено ги враќа своите вештини. На крајот тој може да издржи 10 рунди против командантот. Судбината на боксерот во логорот е искористена да се потенцираат злоделата што се случувале во концентрационите логори во Втората светска војна. Филмот се базира на животот на полскиот боксер Тадеуш Теди Пјетриковски (во филмот името на боксерот е Јан Коминек) и на новелата на Јозеф Хен. Во 1989 г. направен е холивудски римејк на овој филм, ПОБЕДАТА НА ДУХОТ (Triumph of the Spirit), во режија на Роберт М. Јанг, а со Вилијам Дафо и Едвард Џејмс Олмос во главните улоги. БОКСЕРОТ И СМРТТА и ден денес останува еден од најдобрите „боксерски“ филмови на сите времиња.


10 декември (сабота) 19:00 ч. ИГРА И СПАС (Play and Save) Краток игран филм, Македонија 2013 г., 15 мин., колор, ДСП Режија: Горан Тренчовски Сценарио: Васе Манчев Улоги: Коста Ангов, Зора Георгиева, Салаетин Билал, Мартина Тапарчевска, Дине Дрваров Глигор, навраќајќи се на драматичните сцени од своето минато, кога славата и возбудата биле едиствената поткрепа за верба во времето што наближува - од пукотливите игри за стрeлање птици, од нежните мигови со Марија, од туѓиот подбив и од бесмислените херојства - конечно на крајот излагува од тој апсурден обрач, како нов, пречистен и преобразен човек, посветен на родното огниште и

ЗЛАТНА ПЕТОРКА (Golden Five) Игран филм, Македонија 2016 г., 83 мин., колор, ДСП Режија: Горан Тренчовски Сценарио: по мотиви на Братислав Ташковски Улоги: Славко Штимац, Петре Арсовски, Љупка Џундева, Ненад Милосавлевиќ, Игор Ангелов, Јана Стојановска, Александар Ристовски Ова е игран филм за визиите и ретроспекциите на пет невини студенти кои мистериозно исчезнуваат во вителот на една од најапсурдните комунистички ликвидации на југот од Балканот во 1951-та. Сведоците и најблиските уште ја чуваат тајната за чистотата и за евроатлантската ориентираност на нивните “златни” млади души, додека модерното време на новиот милениум промовира некои нови ликови со

сомнителни квалитети. Сеќавањата за идеалот и правичноста на “невината петорка” побудуваат низа секвенци со драматични и интимистички настани кои ја артикулираат состојбата на прогресивниот дух наспроти ерозијата на моралните вредности. Но духовното помирување и современата голгота не се секогаш единствената замена за казната поради пролеаната крв. Децениското проклетство од грешката за направениот злостор, најпосле раѓа нови љубови, нови предизвици. Генерациите зацртале нови патеки за изодување... Сѐ додека не се дојде до филмската вистина.

11 декември (недела) 20:00 ч. СОНЦЕ ВО МРЕЖА (Slnko v sieti) Игран филм, Словачка 1962 г., 90 мин., црно-бел, блуреј Режија: Штефан Ухер (Štefan Uher) Сценарио: Алфонз Беднар (Alfonz Bednár) Улоги: Маријан Бијалик, Јана

п р ог р ам а декември 2 0 1 6

на Божјото спасение.

25 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО НА ГОРАН ТРЕНЧОВСКИ


п р ог р ам а декември 2 0 1 6

Белакова, Олга Салагова (Marián Bielik, Jana Beláková, Olga Salagová) Олдрих Фајоло Фајтак, студент што вербално ја малтретира својата девојка Бела, оди во доброволен летен работен камп на фарма каде се запознава со нејзиниот дедо. СОНЦЕ ВО МРЕЖА е клучен филм во развојот на словачката и чехословачката кинематографија од советски соцреализам кон новиот бран на социјално критички и експериментални филмови што во 60тите се појавуваат во Чехословачка, главно, поради релаксација на комунистичката контрола. Филмот воведува многу дотогаш неприфатливи социјални и политички теми: родители што не се грижат за децата, мажи кои имаат љубовници, тинејџери што менуваат партнери, обид за самоубиство, бедни и лошо организирани колективизирани фарми, презирот на младите кон „доброволните“ работни кампови... Сето тоа е прикажано низ приказна што е реализирана во реалистичен манир и во урбана сценографија. Меѓу другото, режисерот е инспириран и од италијанскиот неореализам, од синемаверите, дијалозите се егзистенцијалистички... СОНЦЕ ВО МРЕЖА се стекнува со култен

статус во богатата чехословачка кинематографија и во анкетата спроведена помеѓу чешките и словачките критичари во доцните 90-ти години, СОНЦЕ ВО МРЕЖА е на листата од десетте најдобри филмови.

12 декември (понеделник) 20:00 ч. ПТИЦИ, СИРАЦИ И БУДАЛИ (Vtáčkovia, siroty a blázni) Игран филм, Словачка 2069 г., 78 мин., колор, блуреј Режија: Јурај Јакубишко (Juraj Jakubisko) Сценарио: Јурај Јакубишко (Juraj Jakubisko) Улоги: Филипе Аврон, Јиржи Сикора, Магда Васарјова (Philippe Avron, Jirí Sýkora, Magda Vásáryová) ПТИЦИ, СИРАЦИ И БУДАЛИ е филм за тројца млади кои се сираци поради политичко насилство. Филмот е сместен во неопределено време и место, и преставува парабола за тројца луѓе, соочени со тежок,

насилен свет коишто преживуваат воспоставувајќи детска филозофија на живот и живеење на глупаво и безгрижно одбивање на реалноста. Јорик, Марта и Ондреј стануваат сираци по Прашката пролет во 1968 година. Тројцата млади наоѓаат засолниште во бомбардирана црква и тука воспоставуваат еден надреалистичен и архаичен живот, базиран на филозофијата на неприфаќање на животните околности и безгрижна игра, со цел да се преправаат дека уживаат во слободата што ја немаат. Секој лик поминува низ процес на растење, откако Јорик и Ондреј се натпреваруваат да воспостават однос со Марта, клучниот заплет во филмот, што на крајот ескалира во непредвидливи последици. Поради негативната, безнадежна и несоцијалистичка содржина, филмот бил забранет веднаш по кратката дистрибуција. Забраната е симната во 1990 година, кога започнува неговото успешно прикажување по фестивалите.


14 декември (среда) 20:00 ч. ЈАС ЉУБАМ, ТИ ЉУБИШ (Ja milujem, ty miluješ) Игран филм, Словачка 1989 г., 95 мин., колор, блуреј Режија: Душан Ханак (Dusan Hanák) Сценарио: Душан Ханак (Dusan Hanák) Улоги: Роман Клосовски, Ива Јанзурова, Милан Јелиќ (Roman Klosowski, Iva Janzurová, Milan Jelic) Писта е осамен ерген, работи во пошта, пие за да ги надмине комплексите од неговиот мал раст

и грозен изглед. Безнадежно е вљубен во својата колешка Вјера, која, пак, е безнадежно вљубена во Винко, пријателот на Писта. Режисерот Ханак се интересира за обичниот човек и преку него ги бара вистинските вредности, хуманоста, градејќи трагикомична атмосфера на руралната средина. За да ја изгради својата поетика, тој бира актери што изгледаат многу обично и со ништо не се истакнуваат од толпата. Типови што обично ги сретнуваме на улица. И затоа тој за овој филм избрал непознати актери како Полјакот Роман Клосовски или Србинот Милан Јелиќ. Филмот е добитник на Сребрена мечка на Фестивалот во Берлин.

15 декември (четврток) 20:00 ч. 20 декември (вторник) 20:00 ч. ХАМЛЕТ (Gamlet) Игран филм, Советски Сојуз 1964 г., 140 мин., црно-бел, 35 мм Режија: Григори Козинцев (Grigori

п р ог р ам а декември 2 0 1 6

13 декември (вторник) 20:00 ч. ПАТ ПРЕКУ ДУНАВ (Chodník cez Dunaj) Игран филм, Словачка 1989 г., 90 мин., колор, блуреј Режија: Мирослав Лутер (Miloslav Luther) Сценарио: Владимир Корнер, Мирослав Лутер (Vladimír Körner, Miloslav Luther) Улоги: Роман Лукнар, Владимир Хајду, Георгијана Тарјан (Roman Luknár, Vladimír Hajdu, Georgiana Tarjan) Трагична приказна што прикажува двајца млади пријатели во периодот на Втората светска војната кога е воспоставено постоењето на Словачката Држава и протекторат на Бохемија и Моравија. Еден вработен во Словачката железница, Виктор Леса, Словак, редовно испорачува пратки на железничката станица во пограничниот град Лудендорф (Брецлав). Младешката импулсивност е причина намерно да преупати важна поштенска пратка. Откако

Гестапо се појавува во градот, тој е обвинет за саботажа и е принуден да побегне преку границата заедно со неговиот чешки колега и еврејски поштенски службеник Франтишек Тихачек. Филмот е победник на 30-тиот меѓународен телевизиски фестивал во Монте Карло. И покрај тоа што филмот има многу акција, смеа и возбудливи ситуации, преку живописните ликови опишана е трагедијата на едно време.


ФИЛМСКА ПРОГРАМА ЗА ДЕКЕМВРИ 2016 1 декември (четврток)

5 декември (понеделник)

12 декември (понеделник)

20:00 ч. АНИМАКС

20:00 ч. ДЕЦА НА ТРАНЗИЦИЈАТА

20:00 ч. ПТИЦИ, СИРАЦИ И БУДАЛИ

2 декември (петок)

6 декември (вторник)

13 декември (вторник)

20:00 ч. АНИМАКС

19:00 ч. ОБЛАК

20:00 ч. ПАТ ПРЕКУ ДУНАВ

3 декември (сабота)

20:30 ч. ГОЛИ

14 декември (среда)

20:00 ч. АНИМАКС 4 декември (недела) 20:00 ч. АНИМАКС

7 декември (среда) 20.00 ч. ТУРИЗАМ! 9 декември (петок) 20:00 ч. БОКСЕРОТ И СМРТТА 10 декември (сабота) 17:00 ч. БОКСЕРОТ И СМРТТА 19:00 ч. ИГРА И СПАС (Play and Save) 19:20 ч. ЗЛАТНА ПЕТОРКА 11 декември (недела) 20:00 ч. СОНЦЕ ВО МРЕЖА

20:00 ч. ЈАС ЉУБАМ, ТИ ЉУБИШ 15 декември (четврток) 20:00 ч. ХАМЛЕТ 16 декември (петок) 20:00 ч. ПРЕТСТАВУВАЈЌИ ЈА ПРИНСЕС ШО 17 декември (сабота) 20:00 ч. ОДЕЊЕ ПО ВОДА 18 декември (недела) 20:00 ч. СРУГИМ 21:00 ч. КАФУЛЕ НАГЛЕР


26 декември (понеделник)

20:00 ч. ИЛАЈ И БЕН

20:00 ч. ДОН КИХОТ ДЕ ЛА МАНЧА 1

20 декември (вторник)

27 декември (вторник)

20:00 ч. ХАМЛЕТ

20:00 ч. ДОН КИХОТ ДЕ ЛА МАНЧА 2

21 декември (среда) 20:00 ч. ДОЛУ ОД РАЈОТ 20:30 ч. САМО ЗА ГУБИТНИЦИ 22 декември (четврток) 20:00 ч. КРАТКИ ФИЛМОВИ НА РЕЖИСЕРОТ АНТОНИО МИТРИЌЕСКИ 20:45 ч. ЉУБОВТА НА КОЧО ТОПЕНЧАРОВ 23 декември (петок) 20:00 ч. СЕРАФИН 24 декември (сабота) 20:00 ч. ПРЕКУ ЕЗЕРОТО

п р ог р ам а декември 2 0 1 6

19 декември (понеделник)


п р ог р ам а декември 2 0 1 6

Kozintsev) Сценарио: Григори Козинцев, Борис Пастернак, Вилијам Шекспир (Grigori Kozintsev, Boris Pasternak, William Shakespeare) Улоги: Инокентиј Смоктуновски, Михаил Названов, Елза Раѕина (Innokentiy Smoktunovskiy, Mikhail Nazvanov, Elza Radzina) Со проекцијата на ХАМЛЕТ на Григори Козинцев Кинотека на Македонија се придружува кон чествувањето на 400-годишнината од смртта на најголемиот драматург на светот Вилијам Шекспир. Хамлет, принцот од Данска, се враќа дома и открива дека татко му е убиен од чичко му Клавдиј, кој го презел тронот и се оженил со мајка му. Хамлет е вознемирен, го прогонуваат духови и е крајно нестабилен. Григори Козинцев бил член на руската авангардна група „Фабрика на ексцентрични актери“, која била блиска со дадаизмот и футуризмот. Во 1923 г. требало да ја изведат пантомимата „Хамлет“, но не успеале во тоа и Козинцев се насочил кон кинематографијата. Сепак, се навраќа кон театарот и во 1941 го поставува „Кралот Лир“, а во 1954 „Хамлет“. Посветеноста на Козинцев кон Шекспир се гледа и во тоа што напишал книга на таа тема:

„Шекспир, време и совест“. Уште при самото појавување, филмот се стекнува со големи пофалби и на Исток и на Запад. Западњаците ја подвлекуваат музиката на Шостакович како алтернатива на фактот дека филмот е снимен според рускиот превод на Пастернак и на руски јазик, а и славниот Питер Брук има главно поволни мислења за филмот и ја истакнува потрагата на Козинцев кон суштината на пиесата. Филмот има освоено Специјална награда во Венеција.

НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН ИЗРАЕЛСКИ ФИЛМ

16 декември (петок) 20:00 ч. ПРЕТСТАВУВАЈЌИ ЈА ПРИНСЕС ШО (Presenting Princess Shaw) Документарен филм, Израел 2015 г., 83 мин., колор, блуреј Режија: Идо Хар (Ido Haar)

Сценарио: Идо Хар (Ido Haar) Настапуваат: Офир Кутиел, Саманта Монтгомери (Ophir Kutiel, Samantha Montgomery) Во секое катче на светот, во секој миг, се постираат лични онлајнвидеоклипови. Тоа се „пораки во шише“ фрлени во бескрајното море на Интернетот. Повеќето такви објави се заплеткуваат во тажниот заборав на индиферентноста и анонимноста – освен ако не станува збор за клип што го поставила Принсес Шо. Саманта Монтгомери, триесет и осумгодишна, живее сама во едно од најсуровите предградија на Њу Орлеанс. Дење работи како негувателка на возрасни лица; ноќе, пак, се трансформира во Принсес Шо, на сет глас пее оригинални тажни соул песни, настапувајќи на слабо посетените ноќни дебитантски настапи и постира а капела-клипови на Јутјуб, најчесто одвај за грст гледачи. По некоја случајност, еден од нејзините следбеници е Кутиман, односно Офир Кутиел, израелски музичар од еден кибуц надвор од Тел Авив, кој создава нови музички дела, комбинирајќи парчиња видеоматеријали од Јутјуб. Принсес Шо нема поим дека тој ги пронашол нејзините клипови. ПРЕТСТАВУВАЈЌИ ЈА ПРИНСЕС ШО е


17 декември (сабота) 20:00 ч. ОДЕЊЕ ПО ВОДА (Lalechet al hamaim) Игран филм, Израел 2004 г., 103 мин., колор, блуреј Режија: Ејтан Фокс (Eytan Fox) Сценарио: Гал Уховски (Gal Uchovsky) Улоги: Лиор Ашкенази, Кнут Бергер, Каролин Питерс (Lior Ashkenazi, Knut Berger, Caroline Peters) Ејал, агент на израелскиот Мосад, добива задача да го пронајде и да го убие старецот Алфред Химелман, поранешен нацистички офицер, кој е можеби сѐ уште жив. Преправајќи се во туристички водич, тој го придружува неговиот внук Аксел, дојден во Израел во посета на сестра си Пиа. Тие тргнуваат на турнеја

низ земјата и за тоа време Аксел ги доведува во прашање вредносните сфаќања на Ејал.

18 декември (недела) 20:00 ч. СРУГИМ (Srugim) Играна серија, Израел 2008 г., 2 х 30 мин., колор, блуреј Режија: Елиезер Шапиро (Eliezer Shapiro) Автори: Хава Дивон, Елиезер Шапиро (Hava Deevon, Eliezer Shapiro) Улоги: Ран Леви, Јара Пелциг, Офер Рутенберг (Ran Levy, Yaara Pelzig, Ofer Ruthenberg) Појдовна точка на СРУГИМ е генерацијата модерни ортодоксни Евреи кои се едновремено и крајно претпазливи, но и автентично современи. (Насловот значи: испреплетен, и е поврзан со плетенката како стилски облик на јармулката, но и со целосната интеграција на ликовите во израелското општество). Серијата почнува со вообичаена низа лоши средби – средби на слепо, куси наизменични средби со повеќемина,

средба што завршува со кавга поради платите – шаблони на кои, како на сѐ друго во врска со СРУГИМ, религијата одново дискретно им вдахнува нов живот. Случајот со плакарот, спиењето со поранешниот, губењето на невиноста, обидот за напредување во кариерата, неделните вечери со пријателите – сите овие препознатливи ситуации СРУГИМ ги сместува во нов културолошки контекст. Јифат, Одаја, Нати, Амир и Реут живеат во предградие на Ерусалим, подбивно наречено Катамонскa бара, поради мочуриштето - животниот амбиент на ергените. Тие носат конфекциска облека, бркаат кариера, сакаат да стапат во брак од љубов, но исто така се и набожни, консумираат кошер храна, лојално го слават Шабат и пред венчавката не допираат никого од спротивниот пол. Сите, освен еднаш веќе женетиот Амир, се невини. Одвишно е да се каже, нивните љубовни состаноци изгледаат наврапито. Но да се објасни тоа само како резултат на сексуална фрустрација, е изопачување на нивните уверувања. Родителите, браќата, сестрите, и веќе венчаните самобендисаници, не се единствените во СРУГИМ што сакаат протагонистите

п р ог р ам а декември 2 0 1 6

моќен, мегапопуларен документарец за една осуетена кантавторка и за еден таинствен обожавател на нејзината вештина.Филмот ги истражува осаменоста, анонимноста и заемната поврзаност во ерата на интернетот, во која најистрајните борци се само на еден клик од успехот во шоу-бизнисот.


п р ог р ам а декември 2 0 1 6

да заживеат во двојка и да создадат потомство – и Господ го сака тоа.

18 декември (недела) 21:00 ч. КАФУЛЕ НАГЛЕР (Café Nagler) Документарен филм, Израел, Германија 2015 г., 59 мин., колор, блуреј Режија: Мор Каплански (Mor Kaplansky) Во дваесеттите години на минатиот век, кафулето Наглер било најжешкото место во Берлин. Мор, режисерката на филмов, тргнува на патување за да открие што останало од легендарното кафуле на нејзиното семејство. Нејзината баба со големи очекувања го следи снимањето на филмот. Кога ќе ја разоткрие вистинската приказна за кафулето, Мор не може да и` го скрши срцето на баба си и бара некакво креативно решение. КАФУЛЕ НАГЛЕР е филм за сеќавањето, за нашата потреба од семејни митови и за копнежот за поинакво минато.

се соочи со неправда, корупција и симулирање. Ќе мора да си оформи сопствени принципи и да се придржува кон нив. Одејќи по тој пат, тој повторно ќе го пронајде татка си и ќе ја почувствува горчливата острина на првата љубов. 19 декември (понеделник) 20:00 ч. ИЛАЈ И БЕН (Ilaj ve Ben) Игран филм, Израел 2008 г., 91 мин., колор, блуреј Режија: Ори Равид (Ori Ravid) Сценарио: Ори Равид (Ori Ravid) Улоги: Лиор Ашкенази, Јувал Шевах, Цахи Град, Нисан Натив (Lior Ashkenazi, Yuval Shevach, Tsahi Grad, Nissan Nativ) Илај е дванаесетгодишно момче, чиј свет се превртува наопаку кога татко му, градскиот архитект на Херцелија, ќе биде обвинет за примање поткуп. Таткото го носат во притвор пред негови очи, а новоста стреловито се шири низ весниците и низ училишните ходници. Илај е убеден дека е татко му невин и има намера до крај да ги впрегне својата невиност и детските ѓаволштини за да постигне татко му да биде ослободен. Но тоа нема да биде лесно. И кај децата и кај возрасните, Илај ќе мора да

21 декември (среда) 20:00 ч. ДОЛУ ОД РАЈОТ (Down from Heaven) Краток игран филм, Македонија 2015 г., 20 мин., колор, ДСП Режија: Саша Станишиќ Сценарио: Кристина ХристоваНиколова Улоги: Ана Ошавкова, Зоран Бојаровски, Кристина ХристоваНиколова, Соња Ошавкова Ана, девојче од петнаесет години, ја заменува својата СИМ-картичка од телефонот со онаа на нејзиниот починат дедо. Почнува да се мајтапи со членовите на семејството - испраќa пораки од телефонот на дедо си, претставувајќи се во негово име.


САМО ЗА ГУБИТНИЦИ (For Losers Only) Краток игран филм, Македонија 2013 г., 20 мин., колор Режија: Иво Трајков Сценарио: Верица Недевска Улоги: Сашко Коцев, Петар Мирчевски, Викторија Мироваја, Верица Недевска Филмот за кој сценариото Трајков го пишуваат заедно со неговата сопруга Верица Недевска, а музиката е на Тони Китановски е 32 минути интересна приказна – Мистериозна Русинка пристигнува во мал град со една единствена цел – да изврши самоубиство на најромантичен начин. Но, работите не се одвиваат по планот и наеднаш таа се наоѓа во невозможна врска со еден локален тип. Двајцата ќе мора да сфатат дека некои работи во животот… се само за лузери.

22 декември (четврток) 20:00 ч. КРАТКИ ФИЛМОВИ НА РЕЖИСЕРОТ АНТОНИО МИТРИЌЕСКИ Краток игран филм, Полска 1980-1987 г., 45 мин., црно-бел, колор, 35 мм Режија: Антонио Митриќески Сценарио: Антонио Митриќески ДУЕЛ, ДЕН, ВРЕМЕ и ЕХО се студентските филмови на Антонио Митриќески снимени за време на неговите стидии на Универзитетот во Лоѓ, Полска. Овие кратки филмови учествувале на повеќе светски филмски фестивали како на оној во Оберхаузен или во Карлови Вари, Краков... ДЕН и ДУЕЛ ја добиваат втората награда од градот Лоѓ, Полска.

ЉУБОВТА НА КОЧО ТОПЕНЧАРОВ Документарен филм, Македонија 1991 г., 13 мин., колор, 35 мм Режија: Антонио Митриќески Сценарио: Антонио Митриќески Филмот е вистинска приказна за животот на Кочо Топенчаров, кој по 40 години поминати во Албанија, со жената и децата се враќа во својата татковина, Македонија. Една вечер во Охрид Кочо Топенчаров се вљубува во Марија. Таа живее во Албанија и по извесно време се враќа дома. Во 1950 година Кочо илегално ја минува границата со Албанија и оди кај девојката што ја сака, за да ја земе и да се врати назад. Но грубоста на државата и на политиката ја одредува нивната судбина. Филмот ја прикажува љубовта која е единствена одбрана на човекот во овој суров свет. На ФЈДКФ, Белград 1991 г., филмот е добитник на Златен медал „Београд“ за документарен филм.

п р ог р ам а декември 2 0 1 6

Ситуацијата станува сериозна, кога една од пораките станува реалност.


п р ог р ам а декември 2 0 1 6

ФРАНЦУСКИ КИНОКЛУБ

23 декември (петок) 20:00 ч. СЕРАФИН (Séraphine) Игран филм, Франција, Белгија 2008 г., 125 мин., колор, блуреј Режија: Мартин Провост (Martin Provost) Сценарио: Марк Абделнур, Мартин Провост (Marc Abdelnour, Martin Provost) Улоги: Јоланд Моро, Улрих Тукур, Ен Бенент (Yolande Moreau, Ulrich Tukur, Anne Bennent) Во 1914 година, Вилхелм Уде, славен германски колекционер на уметнички дела, изнајмува апартман во градот Сенил, четириесет километри од Париз, за да пишува и да се одмори од исполнетиот и брз живот кој се живеел во главниот град. Чистачката е, би се рекло, нерафинирана и проста

четириесетгодишна жена, на која сите ѝ се потсмеваат. Еден ден, Вилхелм, кој е поканет од газдарицата на апартманот, забележува мала слика во нејзината дневна соба. Запрепастен е кога дознава дека уметникот е никој друг туку чистачката Серафин. Тој ја охрабрува да почне да се занимава само со сликање, но поради Првата светска војна Вилхелм мора да се врати во Германија. Во 1927 повторно се сретнуваат и Вилхелм започнува да ги купува и да ги продава нејзините слики... Филмот е приказна за последните години од животот на самоуката сликарка Серафин Луи и има освоено седум награди Цезар.

Вагнер, Љупчо Бреслиски, Екрем Ахмети, Бедија Беговска Младиот охриѓанец Константин се вљубува во Елена, Македонка што живее во Корча, Албанија. Во 1948 г., кога регионот станува политички не­стабилен, нивната љубов е однапред осудена на пропаст. Константин мечтае по Елена, која е преку езерото и се решава со кајче да довесла до неа – пат од кој нема да се врати во следните чети­ри децении. Филмот е инспириран од вистинска љубовна приказна за која претходно режисерот Митриќески го има снимено документарниот филм ЉУБОВТА НА КОЧО ТОПЕНЧАРОВ.

24 декември (сабота) 20:00 ч. ПРЕКУ ЕЗЕРОТО (Poprzez jezioro/Across the Lake) Игран филм, Македонија, Полска 1997 г., 83 мин., колор, 35 мм Режија: Антонио Митриќески Сценарио: Ташко Георгиевски, Антонио Митриќески Улоги: Никола Ристановски, Агњешка

26 декември (понеделник) 20:00 ч. ДОН КИХОТ ДЕ ЛА МАНЧА 1 (Don Quijote de la Mancha I) Анимиран филм, Шпанија 1978 г., 90 мин., колор, блуреј Режија: Круз Делгадо, Хозе Ромагоса (Cruz Delgado, José Romagosa)


27 декември (вторник) 20:00 ч. ДОН КИХОТ ДЕ ЛА МАНЧА 2 (Don Quijote de la Mancha II) Анимиран филм, Шпанија 1978 г., 90 мин., колор, блуреј Режија: Круз Делгадо, Хозе Ромагоса (Cruz Delgado, José Romagosa) Сценарио: Мигел де Сервантес (Miguel de Cervantes) Улоги: Фернандо Фернан Гомез, Антонио Ферандис, Рафаел де Пенагос (Fernando Fernán Gómez, Antonio Ferrandis, Rafael de Penagos)

Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814 + 389 2 3065 968 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com За издавачот: Бошко Грујовски Филмската програма ја уреди: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Виолета Петрушевска М-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Соња Неделковска Лектура: Снежана Петрова-Џамбазова Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Бранко Гапо ДООЕЛ – Скопје

Програмата е реализирана во соработка со: Француски институт Амбасада на Шпанија Еврејска заедница Амбасада на Израел Заедница на Хрвати во РМ Амбасада на Словачка

Телефон за информации: + 389 2 307 1814 Телефон за резервации: + 389 2 3065 968 Резервираните билети се подигаат најдоцна 30 минути пред претставата. Проектот го помогна: Министерство за култура на Република Македонија

п р ог р ам а декември 2 0 1 6

Сценарио: Мигел де Сервантес (Miguel de Cervantes) Улоги: Фернандо Фернан Гомез, Антонио Ферандис, Рафаел де Пенагос (Fernando Fernán Gómez, Antonio Ferrandis, Rafael de Penagos) Прекрасна анимирана телевизиска серија базирана врз една од најпознатите книги на светот, ДОН КИХОТ на Мигел де Сервантес. Иако серијата била многу популарна кај децата во периодот на нејзината продукција, ова не е едноставна и евтина верзија на популарната приказна. Напротив, ова е серија во која сѐ уште може да уживаат, и уживаат, возрасните. За дигиталната едиција на оваа серија, епизодите се поврзани во две целини, кои верно ги следат авантурите на Дон Кихот и Санчо Панса раскажани од Сервантес во неговите две книги „Досетливиот благородник Дон Кихот де ла Манча“. Оваа серија секако претставува една од најубавите реконструкции на филм на ова генијално дело и е прекрасна можност да се одбележи 400 годишнина од смртта на Сервантес.


www.maccinema.com

п р ог р ам а декември 2 0 1 6

Програма декември 2016/Program December 2016  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you