Page 1

ПРОГРАМА

ФЕВРУАРИ 2017


Игран филм, Мексико, Франција 2015 г., 94 мин., колор, ХД Режија: Хонас Куарон (Jonás Cuarón) Сценарио: Хонас Куарон, Матео Гарсија (Jonás Cuarón, Mateo Garcia) Улоги: Гаел Гарсија Бернал, Џефри Дин Морган, Алондра Хидалго (Gael García Bernal, Jeffrey Dean Morgan, Alondra Hidalgo) Она што изгледаше како ветувачко патување за подобар живот станува мачна борба за опстанок, кога растроен, вооружен одмаздник започнува да ја „лови“ групата невооружени маж и жена, мигранти. Се наоѓаат на границата помеѓу САД и Мексико, каде што суровата и немилосрдна пустина станува главен непријател во борбата за опстанок. Шансите за спасување се сè помали, кога полека

откриваат дека немаат каде да се сокријат од немилосрдниот, упорниот и суров убиец. 2 февруари (четврток) 20:00 ч. 6 февруари (понеделник) 20:00 ч. БИТЛСИ: ОСУМ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА (The Beatles: Eight Days A Week The Touring Years)

Документарен филм, Велика Британија, САД 2016 г., 105 мин., колор, ХД Режија: Рон Хауард (Ron Howard) Сценарио: Марк Монро, П. Г. Морган (Mark Monroe, P.G. Morgan) Улоги: Пол Макартни, Ринго Стар, Џон Ленон, Џорџ Харисон (Paul McCartney, Ringo Starr, John Lennon, George Harrison) Рон Хауард, познат режисер и добитник на Оскар, го истражува неверојатното патување на познатиот бенд, во периодот од 1963-1966 година, период познат како Битлманија. На свој уникатен начин, Хауард одговара на прашањата како Битлси

успеале и како се носеле со славата и притисокот? Низ оригинални интервјуа, архивски снимки, неверојатни настапи во живо и во интимниот карактер на студиото, нè доведува во центарот на случувањата, давајќи одговор што сите сакаме да го слушнеме: како било да бидеш таму? СКОПЈЕ ОТВОРЕН ГРАД - ЗАГРЕВАЊЕ 3 февруари (петок) 20:00 ч. РОБЕРТ ПЛАНТ: ЈАС САМИОТ

(Robert Plant: By Myself) Документарен филм, Велика Британија 2010 г., 60 мин., колор, ХД Режија: Крис Родли (Chris Rodley) Роберт Плант зборува за своето музичко искуство, од Сторбриџ, преку британскиот блуз бум, ѕвездените моменти со „Лед цепелин“ во 70-тите, па сè до албумот „Бенд на радоста“ со „Бенд оф џој“. Исто така, тој фрла поглед на својата работа со „Ханидриперс“ како и со

февруари 2017

1 февруари (среда) 20:00 ч. ПУСТИНА (Desierto)


северноафриканските музичари, неговото повторно здружување со Џими Пејџ како и неговата соработка со кантри-пејачката Алисон Краус. Како еден од најголемите вокали на рокенролот, Плант објаснува како му било да го скрши клишето на рок-божество и да го најде својот звук со неговиот нов бенд во 80-тите и 90-тите. Филмот вклучува музички инсерти и ретки снимки и фотографии. 3 февруари (петок) 21:00 ч. ЛЕОНАРД КОЕН - ЈАС СУМ ТВОЈОТ ЧОВЕК (I’m Your Man - Leonard Cohen)

На концертот настапуваат Ник Кејв, Џарвис Кукер, „Хендсам фемили,“ Бет Ортон, Руфус Веjнрајт, Марта Веjнрајт, Теди Томпсон, Линда Томпсон, Ентони, Кејт и Ен Мекгригл. Крајот на филмот вклучува настап на Леонард Коен и „Ју ту,“ што не е снимен во живо, туку е снимен специјално за филмот во Њујорк. Филмот е премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Торонто. 4 февруари (сабота) 20:00 ч. ПРИКАЗНАТА ЗА ПИНК ФЛОЈД: КОЈ ОД ВАС Е ПИНК? (The Pink Floyd Story: Which One is Pink?)

еден од најголемите и најсаканите светски бендови на светот. Ова е одличен документарец од едноставна причина: раскажан е од самите „Пинк Флојд“. 4 февруари (сабота) 21:00 ч. ФАКТОРИ РЕКОРДС: ОД ЏОЈ ДИВИЖН ДО ЊУ ОРДЕР И ХЕПИ МАНДЕЈС (The Factory Records: From Joy Division to New Order and Happy Mondays)

февруари 2017

Документарен филм, Велика Британија 2007 г., 90 мин., колор, ХД Режија: Крис Родли (Chris Rodley) Документарен филм, САД 2005 г., 98 мин., колор, ХД Режија: Лиjан Лунсон (Lian Lunson)

Документарен филм, Велика Британија 2007 г., 60 мин., колор, ХД Режија: Крис Родли (Chris Rodley)

Фимот е посветен на животот и работата на Леонард Коен. Базиран е на концертот посветен на музиката на Леонард Коен кој се случил во 2005 г. во „Сиднејската опера“ наречен „Дотуркав дотука за убавината“.

Филмот е снимен по повод 40-годишнината од објавувањето на „Фрулаџијата пред портите на зората“, првиот албум на водечката британска „андерграунд“ група „Пинк Флојд“. „Пинк Флојд“ остануваат

Во еден темен, северен град во доцните 70-ти, петмина сонувачи создадоа дискографска куќа - „Фактори рекордс“. Создадоа и 3 класични музички групи - „Џој дивижн,“ „Њу ордер“ и „Хепи мандејс“ и првиот британски суперклуб - „Хациенда“. Водени од Тони Вилсон тие создадоа оригинална конфронтација помеѓу концептуалната уметност и уличната


7 февруари (вторник) 20:00 ч. 8 февруари (среда) 20:00 ч. ЗАШТИТНИК (Blood Father)

Игран филм, Франција 2016 г., 88 мин., колор, ХД Режија: Жан Франсоа Рише (Jean-François Richet) Сценарио: Питер Крег, Андреа Берлоф (Peter Craig, Andrea Berloff) Улоги: Мел Гибсон, Ерин Моријарти, Диего Луна (Mel Gibson, Erin Moriarty, Diego Luna) Дејството на филмот го следи поранешниот осуденик Џон Линк, чија шеснаесетгодишна

ќерка западнала во проблеми со насилни дилери на дрога. И покрај тоа што Џон донекаде се смирил и привремено се откажал од своите поранешни бурни активности, по игра на случајот, се враќа во „игра“ што е на работ на законот и разумот, сè со цел да ја заштити својата отуѓена ќерка и повторно да воспостави родителски однос со неа. По пауза од четири години, ова е прв филм во кој Мел Гибсон има главна улога. 9 февруари (четврток) 20:00 ч. 10 февруари (петок) 20:00 ч. ЈАС, ДАНИЕЛ БЛЕЈК (I, Daniel Blake)

Игран филм, Франција, Британија 2016 г., 101 мин., колор, ХД Режија: Кен Лоач (Ken Loach) Сценарио: Пол Лаверти (Paul Laverty) Улоги: Дејв Џонс, Хејли Скваерс, Шерон Перси (Dave Johns, Hayley Squires, Sharon Percy)

Даниел Блејк работел како столар поголемиот дел од неговиот живот во Њукасл. Сега, за првпат во животот, потребна му е помош од државата. Тој ја запознава самохраната мајка Кејти и нејзините две малечки деца, Дејзи и Дилан. Единствената шанса за Кејти да побегне од собата во хостел за бездомници во Лондон била да прифати стан во град што ѝ е непознат, на околу 480 км од дома. Даниел и Кејти се наоѓаат на непозната територија, заплеткани во бодликавата жица на бирократијата за социјална помош, затскриена зад реториката на „работници и безработници“ која е актуелна во денешна Британија. На Филмскиот фестивал во Кан, филмот е добитник на Златната палма за 2016 година. ДЕНОВИ НА КИНЕСКИ ФИЛМ 11 февруари (сабота) 20:00 ч. ЗАЛАК ОД КИНА: ПОДАРОКОТ ОД ПРИРОДАТА (A Bite of China: The Gift of Nature) Документарен филм, Кина 2012 г., 40 мин., колор, ХД Режија: Чен Сјаоќинг (Chen Xiaoqing) ЗАЛАК ОД КИНА е кинеска документарна серија чија тема е историјата на храната, јадењето и готвењето во Кина. Во

февруари 2017

музика. Ова е приказна за тоа како еден ТВ водител (Вилсон), невработен глумец (Алан Еразмус), студент на сликарство (Питер Савил), диџеј (Роб Гретон) и надежен музички продуцент (Мартин Ханет) станаа пионери на британската независна поп-култура, за тоа како осмислија нов Манчестер и изгореа купишта пари.


снимањето на серијата се користени искуствата на најдобрите кинески готвачи. Првиот вид на храна за која се зборува во оваа епизода се мацитаке - боровите иглички. Тоа е скапоцена габа што наоѓа само во одредени планински области без

февруари 2017

загадување и е многу ретка. Следуваат коцки од свеж зимски бамбус, солта од областа на планините Нуоденг што се користи за правење шунка. Влажната и топла клима, што исто така е подарок од природата помага во ферментирањето на шунката. Уште еден подарок од природата е рибата. Природата е дарежлива и ги наградува луѓето, а така треба и луѓето да се однесуваат со природата.

13 февруари (понеделник) 20:00 ч. РАВЕНКА ЗА ЉУБОВТА И СМРТТА (Li Mi de caixiang / The Equation of Love and Death)

14 февруари (вторник) 20:00 ч. МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН (Shou ji / Cell Phone)

Игран филм, Кина 2008 г., 96 мин., колор, ХД Режија: Баопинг Цао (Baoping Cao) Сценарио: Баопинг Цао (Baoping Cao) Улоги: Сјун Џоу, Чао Денг, Сјанју Џанг (Xun Zhou, Chao Deng, Hanyu Zhang) Една мистериозна смрт одеднаш поврзува петмина туѓинци. Откриен е шверц со дрога и преку пресвртите во истрагата се откриваат нивните приказни и, помеѓу овие пет туѓинци, се открива бизарна поврзаност. РАВЕНКА ЗА ЉУБОВТА И СМРТТА вплеткува три различни љубовни приказни и ги истражува различните емотивни судири низ кои поминуваат луѓето за време на болка и загуба и воедно ни покажува дека заборавот, можеби, е најтешкото нешто што може да се направи. Филмот е добитник на наградата за најдобар режисер дебитант на Фестивалот во Сан Себастијан.

Игран филм, Кина 2003 г., 107 мин., колор, ХД Режија: Сјаоганг Фенг (Xiaogang Feng) Сценарио: Џенјин Лиу (Zhenyun Liu) Улоги: Ју Ге, Бингбинг Фан, Тонгшенг Хан (You Ge, Bingbing Fan, Tongsheng Han) Филмот се врти околу двајца успешни мажи чии бракови ќе бидат уништени кога нивните жени ќе ги откријат нивните вонбрачни афери, преку трагите што останале на мобилните телефони. Генерално, филмот ја истражува улогата на мобилните телефони во интерперсоналниот комплекс на односите помеѓу мажите и жените во современа Кина, каде брзиот развој на информатичката технологија има огромно влијание врз начините на кои луѓето комуницираат. Јан е ТВ водител и има афера со Ву, млада атрактивна


15 февруари (среда) 20:00 ч. ДВАЈЦА СТАНУВААТ ЕДЕН (2 Become 1 / Tin sun yut dui)

Игран филм, Кина 2006 г., 98 мин., колор, ДВД Режија: Винг-чеонг Лоу (Wing-cheong Law) Сценарио: Ајви Хо, Чи Кенг Фунг (Ivy Ho, Chi Keung Fung ) Улоги: Миријам Чин Вах Јеунг, Ричие Џен, Јо Кук ( Miriam Chin Wah Yeung, Richie Jen, Jo Kuk) Обична чиновничка по име Бинг, води

безгрижен градски живот составен од грижа за растението во нејзината канцеларија, состаноци и озборувања со трите пријателки. Сепак, нејзиниот безгрижен живот наскоро се превртува наопаку кога ќе пронајде грутка во градата. Сè почнува да се распаѓа, додека таа се обидува да се справи со битката за женственоста, преку серија на горчливослатки настани. Со помош на доктор В и срамежливиот, но талентиран тинејџер Синг, Бинг наоѓа нови предизвици во животот и волја да се соочи со сопствените демони. 16 февруари (четврток) 20:00 ч. ЉУБОВЕН МИГ (A moment of love)

Игран филм, Кина 2013 г., 94 мин., колор, ХД Режија: Гавин Лин (Gavin Lin) Сценарио: Гавин Лин, Лунг Ши Лу (Gavin Lin, Lung Shi Lu) Улоги: Вик Чоу, Ши Ши Лиу, Јун Лиу (Vic Chou, Shi Shi Liu, Yun Liu)

Ји оди на службено патување во Јунан токму пред нејзината свадба. За време на нејзиниот престој во хотелот, таа ќе запознае едно младо момче, кое бара некоја стара дама, за која има само писма што неговиот дедо ги напишал пред тој да умре. Тие двајца тргнуваат заедно и патуваат низ Кина, во потрага по дамата од писмата. Патувањето ќе им донесе многу сознанија и, меѓу другото, ќе откријат што може да значи и што може да донесе љубовта. НЕДЕЛА НА ИРАНСКИ ФИЛМ 17 февруари (петок) 20:00 ч. 76 МИНУТИ И 15 СЕКУНДИ СО АБАС КИЈАРОСТАМИ (76 Minutes and 15 Seconds with Abbas Kiarostami)

Документарен филм, Иран 2016 г., 76 мин. 15 сек., колор, ХД Режија: Сејфула Самадијан (Seifollah Samadian)

февруари 2017

жена. Јан постојано ги брише трагите на мобилниот за неговата жена Ју да не го открие. Една вечер Јан ѝ кажува на Ју дека оди на состанок со Феи, а наместо тоа оди на рандеву со Ву и го исклучува мобилниот. Неговата жена го бара и откако не може да го добие , се јавува на Феи... Филмот станува најпродаваната кинеска стока за 2003 година и доживува огромен успех на киноблагајните.


Учествуваат: Абас Кијаростами, Жилиет Бинош, Масуд Кимијал, Али Реза Раисијан, Џафар Панахи, Тахер Ладанијан, Хамиде Разави (Abbas Kiarostami, Juliette Binoche, Massoud Kimiai, Jafar Panahi, Ali-Reza Raisian, Tahereh Ladanian, Hamideh Razavi)

февруари 2017

Ова е портрет на еден уметник чиј исклучителен пристап кон уметноста и животот го дефинираше како еден од најстрасните воодушевувачи од животот лично. Основната цел на овој документарец е да сподели 76 минути и 15 секунди на неоткриени моменти од животот и работата на Абас Кијаростами, во спомен на неговите 76 години и 15 денови креативно патување на Земјата. Кадрите на овој документарец се избрани од стотици часови снимки, снимени за време на 25-годишното другарување, во и надвор од Иран, во различни пригоди: филмски фестивали, фотографски изложби, фотосесии, уметнички настани, работилници и некои единствени моменти на неговиот катадневен живот.

18 февруари (сабота) 20:00 ч. РИБА И МАЧКА (Fish & Cat / Mahi Va Gorbeh)

Игран филм, Иран 2013 г., 134 мин., колор, ХД Режија: Шарам Мокри (Shahram Mokri) Сценарио: Шарам Мокри (Shahram Mokri) Улоги: Бабак Карими, Саид Ебрахимифар, Абед Абест, Ајназ Азархуш (Babak Karimi, Saeed Ebrahimifar, Abed Abest, Ainaz Azarhoush) Студенти патуваат во една оддалечена област, каде што планираат да кампуваат и да учествуваат во настан, во кој се пуштаат летала. Крај пустиот езерски брег, има ресторан каде тројца готвачи се однесуваат многу сомнително со студентите. Односот помеѓу студентите и готвачите со време станува сè почуден, додека, се чини, дека студентите се соочуваат со извесни проблеми од кои нема бегање. „РИБА И МАЧКА е филм за времето“, ќе изјави

режисерот Шарам Мокри и ќе продолжи: „Се работи за тоа како да создадеш гледиште во времето и да го поместиш времето. Она што ме мотивираше во правењето на овој филм е неговиот стил во реализацијата: инсистирање на наративна фикција во границите на еден единствен кадар и обидот да се создаде пукнатина во времето за време на тој еден кадар. Избрав да раскажам вистинска приказна, што сепак потсетува на кошмар“. 19 февруари (недела) 20:00 ч. МЕЛБУРН (Melbourne)

Игран филм, Иран 2014 г., 93 мин., колор, ХД Режија: Нима Џавиди (Nima Javidi) Сценарио: Нима Џавиди (Nima Javidi) Улоги: Пајман Мади, Негар Џавахеријан, Мани Аџиџи (Payman Maadi, Negar Javaherian, Mani Haghighi)


Gohari) Улоги: Таназ Табатабај, Сабер Абар, Саед Соели (Tannaz Tabatabayi, Saber Abar, Saed Soheili) Приказна за повеќе млади луѓе кои ќе се сретнат со помош на социјалните медиуми и бараат забава и пари, но ќе бидат принудени да соработуваат, кога ќе бидат заплеткани во едно злосторство. 21 февруари (вторник) 20:00 ч. ОДНЕСИ МЕ ДОМА (Take Me Home)

20 февруари (понеделник) 20:00 ч. ПОЛУДЕНИОТ ТОП (Rokhe Divaneh)

Игран филм, Иран 2015 г., 115 мин., колор, ХД Режија: Аболхасан Даводи (Abolhassan Davoodi) Сценарио: Аболхасан Даводи, Мохамад Реза Гоари (Abolhassan Davood, Mohammad Reza

Документарен филм, Иран 2016 г., 16 мин., црно-бел, ХД Режија: Абас Кијаростами (Abbas Kiarostami) Сценарио: Абас Кијаростами (Abbas Kiarostami) Абас Кијаростами ја носи својата камера во Јужна Италија и ни покажува прекрасно и разиграно видео од тамошните дворови и скалила. Филмот ја имаше премиерата

на фестивалот во Венеција. Сниман во црно-бела техника, на југот на Италија, последниот филм на Абас Кијаростами го покрива внимателно конструираниот наратив, што ги подвлекува „измамничката“ природа на неговиот филмски стил и неговата вешта манипулација со времето и просторот. 21 февруари (вторник) 20:20 ч. ДЕНЕСКА (Emrouz / Today) Игран филм, Иран 2014 г., 90 мин., колор, ХД Режија: Реза Миркарими (Reza Mirkarimi) Сценарио: Реза Миркарими, Шадмер Растин (Reza Mirkarimi, Shadmehr Rastin) Улоги: Парвиз Парастуи, Сохеила Голестани, Шабнам Могадами (Parviz Parastui, Soheila Golestani, Shabnam Moghaddami) Реза Миркарими ги испитува социјалните прашања преку една воздржана, цврсто фокусирана карактерна драма. ДЕНЕСКА е негов трет игран филм што ја преставуваа иранската кинематографија во изборот за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје. Следејќи таксист кој сретнува една млада вознемирена жена за време на еден негов работен ден, филмот претставува одличен приказ на

февруари 2017

Амир и Сара се млад пар што оди во Мелбурн за да продолжи со студиите. Сепак, само неколку часа пред да пристигне нивниот авион, тие се сосема случајно инволвирани во еден трагичен настан! Нима Џавиди, режисерот на филмот, дипломира на машинско инженерство и започнува да снима кратки филмови уште во 1999 г. Веќе има снимени 6 кратки филмови, 2 документарни и повеќе од 30 реклами. МЕЛБУРН е неговиот прв игран филм со кој победува на Фестивалот во Каиро, а успешно е прикажан на многу фестивали.


пристојноста и пожртвуваноста. Јонуз, таксистот, е принципиелен и молчалив карактер. Тоа е јасно од самиот почеток кога од таксито ќе исфрли бизнисмен што се заканува некому по телефон. Во неговото такси влегува трудна жена која бара да ја однесе во болница, но не ја знае адресата на болницата...

февруари 2017

МЕСЕЧНА ДОЗА ШВЕДСКИ ФИЛМ 22 февруари (среда) 20:00 ч. 23 февруари (четврток) 20:00 ч. АУТСАЈДЕРКА (Svenskjävel)

Игран филм, Шведска 2014 г., 97 мин., колор, ХД Режија: Рони Сандал (Ronnie Sandahl) Сценарио: Рони Сандал (Ronnie Sandahl) Улоги: Бјанка Кронлоф, Хенрик Рафаелсен, Мона Кристијансен (Bianca Kronlöf, Henrik Rafaelsen, Mona Kristiansen) 23-годишната Дино (Бјанка Кронлоф) сонува поинаков живот. Како и многумината

Швеѓани на нејзина возраст, таа бега од големата невработеност во нејзината татковина во потрага по подобра егзистенција во новопеченото богаташко Осло. Но нејзиниот нов живот е фатен во ќорсокак - Дино се наоѓа себеси заглавена во деструктивен круг на привремени вработувања, финансиски проблеми и тешки лумпувања. Кршењето на раката инцидентно ја води до позиција на домаќинка во еден норвешки дом од средната класа. Дино е фрлена во реалност што е многу оддалечена од нејзината. За време на неколку тешки, топли и лепливи летни недели, таа завршува во центарот на еден чуден љубовен триаголник, во една непредвидлива борба за љубов, но и за доминација. АУТСАЈДЕРКА е нежна и искрена приказна за привилегиите и копнежите, но сепак е полна со хумор и немилосрдна опсервација на дисбалансот на моќта помеѓу Шведска и Норвешка реалност во која Швеѓаните им стануваат слуги на Норвежаните. ФРАНЦУСКИ КИНОКЛУБ 24 февруари (петок) 20:00 ч. ПЕСНИ НА ЉУБОВТА (Les chansons d'amour) Игран филм, Франција 2007 г., 91 мин., колор, ХД

Режија: Кристоф Оноре (Christophe Honoré) Сценарио: Кристоф Оноре (Christophe Honoré) Улоги: Лудвин Сање, Луј Гарел, Клотилд Есме (Ludivine Sagnier, Louis Garrel, Clotilde Hesme)

Филмот е поделен на три дела: Заминување, Отсуство и Враќање. Исмаел, дечкото на Џули, живее заедно со неа. Наместо да се грижи за тоа како го поминува времето со неговата колешка Алис, Џули ја поканува Алис да им се придружи. Тие тројца шетаат по улиците на Париз, лумпуваат, читаат и спијат заедно. Понекогаш се безгрижни, понекогаш се љубоморни. Потоа доаѓа смртта. На различни начини, тие што ќе останат мора да се справат со заминувањето и отсутноста на саканиот: покажувајќи загриженост, јадејќи заедно, воспоставувајќи нови врски, обидувајќи се да им помогнат на другите. Потоа, се враќа духот и можни се нови врски. Романтичните елементи на музичката комедија е во


Америка. За жал, Америка не е она за што се издава преку рекламите и поп-културата. ЌОРСОКАК е болно размислување за бегството и за разочарувањето, а исто така е и политичка истрага за она што значи живот во капиталистичка земја. По проекцијата следува разговор со авторот.

РЕТРОСПЕКТИВА НА ЕРМЕНСКИОТ РЕЖИСЕР ХАРУТЈАН ХАЧАТРИЈАН 25 февруари (сабота) 20:00 ч. ЌОРСОКАК (Deadlock)

26 февруари (недела) 20:00 ч. ВРАЌАЊЕ НА ПОЕТОТ (Return of The Poet )

Документарен филм, Ерменија, 2015 г., 115 мин., колор, ДСП Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan) Ова е втората приказна на документарната серија од пет филмови на режисерот Харутјан Хачатријан кој ќе биде присутен на проекцијата. Серијата е посветена на ерменската дијаспора. Откако добива зелена карта за САД, Левон заминува за

Документарен филм, Ерменија 2005 г., 88 мин., колор, ДСП Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan) Харутјан Хачатријан го избира Ашуг Џивани, поет од 19-тиот век, за централна фигура на својот нов филм. Силата на овој поет лежи во неговата чиста мисла, филозофската перспектива, желбата беспрекорно да го завети следниот ден на генерациите и во идејата човекот да биде ослободен од

сложеноста и формалноста. Авторот во исто време се спротивставува на културата, но и на самиот себе, со огромна доза на хумор и сарказам. Филмот претставува документарна студија за создавањето на споменикот на Џивани и транспортот на споменикот од Ереван, главниот град на Ерменија, до Џавак, родниот град на поетот. Оттаму, главен херој на филмот не е човекот, туку споменикот што патува. Патувањето како најсакана и најприродна средина на филмот и непредвидливоста на развивањето на филмскиот заплет се основните принципи на режисерскиот концепт што го прави филмот свеж и низ сето тоа се раѓа драмската композиција. 27 февруари (понеделник) 20:00 ч. ГРАНИЦА (Border) Игран филм, Ерменија 2009 г., 88 мин., колор, ДСП Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan) Сценарио: Харутјан Хачатријан, Микаил Стамболтсјан (Harutyun Khachatryan,Mikayel Stamboltsyan) Улоги: Липарит Липаритијан, Манвел Микитарјан, Давит Гаспарјан (Liparit Liparitian, Manvel Mkhitaryan, Davit Gasparyan )

февруари 2017

контраст со неодреденоста на стиховите и приказната. Филмот е победник на Интернационалниот фестивал за геј и лезбијски филмови во Торино 2008 година и е убава можност повторно да го видиме Луј Гарел, актерот што се прослави во СОНУВАЧИ на Бертолучи.


Сценарио: Харутјан Хачатријан, Микаил Стамболтсјан, Валери Гаспарјан (Harutyun Khachatryan, Mikayel Stamboltsyan, Valeri Gasparyan)

Раскажана од перспектива на едно спасено бафало, ова е приказна на еден мал град што се бара себеси по ерменскоазербејџанскиот конфликт. Прифаќањето на бафалото од страна на другите животни во фармата полна со животни, фармери и бегалци, го отсликува раширеното сомневање во земјите од постсоветскиот свет.

февруари 2017

28 февруари (вторник) 20:00 ч. ДОКУМЕНТАРИСТ (Documentarist)

Документарен филм, Ерменија 2003 г., 60 мин., црно-бел, ДСП Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan)

Главен протагонист на филмот е режисер на документарни филмови што со својата екипа снима различни субјекти. Навидум неповрзаните теми се ставени една до друга за да го создадат мозаикот на Ерменија во 90-тите: деца питачи, осакатени деца напуштени од своите родители, новороденчиња, бегалци, бездомни кучиња, виновни и невини затвореници... Трагедијата на општеството во транзиција... И надежта, родена од екстремниот очај. 28 февруари (вторник) 21:00 ч. БЕЛ ГРАД (White Town) Документарен филм, Ерменија 1988 г., 30 мин., црно-бел, ДСП Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan) Сценарио: Харутјан Хачатријан, Микаил Стамболтсјан (Harutyun Khachatryan,Mikayel Stamboltsyan) Акалкалаки, град во Грузија населен со Ерменци, е прикажан како бурлеска и во исто време трагичен модел на советски

град. Филмот е снимен во 1988 г., само неколку години пред колапсот на СССР и како да ги предвидува, од една страна, националните конфликти што следуваат, а од друга страна, растот на националните движења. 28 февруари (вторник) 21:30 ч. КОНД (Kond)

Документарен филм, Ерменија 1987 г., 34 мин., колор, ДСП Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan) Сценарио: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan) Документарец за секојдневниот живот и сериозните социјални проблеми во Конд, едно од најстарите маала во Ереван. Конд и неговите жители стануваат објекти на долгорочно набљудување. Утро, ден, квечерина, ноќ, будење, дневни обврски,


1 март (среда) 20:00 ч. БЕСКРАЈНО БЕГСТВО, ВЕЧНО ВРАЌАЊЕ (Endless Escape Eternal Return) Документарен филм, Ерменија

2014 г., 90 мин., колор, ДСП Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan) Сценарио: Харутјан Хачатријан, Микаил Стамболтсјан (Harutyun Khachatryan,Mikayel Stamboltsyan) Актери: Хајук Хачатријан, Рубен Хаквердијан, Георг Агекијан (Hayk Khachatryan, Ruben Hakhverdyan, Gevorg Aghekyan)

Помеѓу 1988 г. и 90-тите, три настани ја шокираат Ерменија: страшен земјотрес, војната во Нагорно-Карабах и распадот на СССР. Како резултат на тоа, некои луѓе избираат бегство. Режисерот ја следи смелата судбина на оние што решиле да ја напуштат својата татковина и создава епски, трогателен портрет на неуморен наратор. Во 1988 Хачатријан го започнува болното истражување на отуѓувањето и бездомништвото помеѓу ерменските бегалци. Ова е првиот дел од петте дела, што треба да ги прикажат приказните на неколку ерменски уметници. „Луѓе, нација, бегство, враќање. Зошто луѓето бегаат од нивните корени?“ - се прашува Хачатријан. 2 март (четврток) 20:00 ч. ВРАЌАЊЕ ВО ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА (Return to The Promised Land)

Документарен филм, Ерменија 1991 г., 87 мин., колор, ДСП Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan) Сценарио: Харутјан Хачатријан, Микаил Стамболтсјан (Harutyun Khachatryan, Mikayel Stamboltsyan) Улоги: Размик Асатријан, Маријам Бозојан, Сурик Зурнахјан (Razmik Asatryan, Mariam Bozoyan, Surik Zurnachyan) ВРАЌАЊЕ ВО ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА следи едно младо ерменско семејство што се враќа во нивниот уништен дом и фарма по големиот земјотрес, деструктивната сила што може да се види насекаде и по распадот на Советската империја, еден далечен настан невидлив во реалноста. Семејството е вистинско, снимено е од почетокот на зимата до крајот на пролетта, но режисерот го структурира филмот како приказна на нем филм. Многу години ерменската нација, бидејќи немала држава, ги концентрира националните вредности во семејството како центар на националниот дух. Главните ликови во приказната доаѓаат во Северна Ерменија. Тие се бегалци кои избегале од насилство. Жената е бремена. Тие создаваат свет околу себе и така се создаваат себеси.

февруари 2017

работа, јадење, спиење. Но и свадби и погреби, пожари и раѓање на деца целиот циклус на човековото постоење. А оваа шема е пополнета со фрагменти од вистинскиот живот што се покажува пред гледачот од најразлични аспекти.


ПРОГРАМА ФЕВРУАРИ 2017

1 февруари (среда) 20:00 ч. ПУСТИНА 2 февруари (четврток) 20:00 ч. БИТЛСИ: ОСУМ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА 3 февруари (петок) 20:00 ч. РОБЕРТ ПЛАНТ: ЈАС САМИОТ 3 февруари (петок) 21:00 ч. ЛЕОНАРД КОЕН – ЈАС СУМ ТВОЈОТ ЧОВЕК 4 февруари (сабота) 20:00 ч. ПРИКАЗНАТА ЗА ПИНК ФЛОЈД: КОЈ ОД ВАС Е ПИНК? 4 февруари (сабота) 21:00 ч. ФАКТОРИ РЕКОРДС: ОД ЏОЈ ДИВИЖН ДО ЊУ ОРДЕР И ХЕПИ МАНДЕЈС

9 февруари (четврток) 20:00 ч. ЈАС, ДАНИЕЛ БЛЕЈК

21 февруари (вторник) 20:20 ч. ДЕНЕСКА

10 февруари (петок) 20:00 ч. ЈАС, ДАНИЕЛ БЛЕЈК

22 февруари (среда) 20:00 ч. АУТСАЈДЕРКА

11 февруари (сабота) 20:00 ч. ЗАЛАК ОД КИНА: ПОДАРОКОТ ОД ПРИРОДАТА

23 февруари (четврток) 20:00 ч. АУТСАЈДЕРКА

13 февруари (понеделник) 20:00 ч. РАВЕНКА ЗА ЉУБОВТА И СМРТТА 14 февруари (вторник) 20:00 ч. МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН 15 февруари (среда) 20:00 ч. ДВАЈЦА СТАНУВААТ ЕДЕН 16 февруари (четврток) 20:00 ч. ЉУБОВЕН МИГ 17 февруари (петок) 20:00 ч. 76 МИНУТИ И 15 СЕКУНДИ СО АБАС КИЈАРОСТАМИ 18 февруари (сабота) 20:00 ч. РИБА И МАЧКА

6 февруари (понеделник) 20:00 ч. БИТЛСИ: ОСУМ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА

19 февруари (недела) 20:00 ч. МЕЛБУРН

7 февруари (вторник) 20:00 ч. ЗАШТИТНИК

20 февруари (понеделник) 20:00 ч. ПОЛУДЕНИОТ ТОП

8 февруари (среда) 20:00 ч. ЗАШТИТНИК

21 февруари (вторник) 20:00 ч. ОДНЕСИ МЕ ДОМА

24 февруари (петок) 20:00 ч. ПЕСНИ НА ЉУБОВТА 25 февруари (сабота) 20:00 ч. ЌОРСОКАК 26 февруари (недела) 20:00 ч. ВРАЌАЊЕ НА ПОЕТОТ 27 февруари (понеделник) 20:00 ч. ГРАНИЦА 28 февруари (вторник) 20:00 ч. ДОКУМЕНТАРИСТ 28 февруари (вторник) 21:00 ч. БЕЛ ГРАД 28 февруари (вторник) 21:30 ч. КОНД 1 март (среда) 20:00 ч. БЕСКРАЈНО БЕГСТВО, ВЕЧНО ВРАЌАЊЕ 2 март (четврток) 20:00 ч. ВРАЌАЊЕ ВО ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА


Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814 + 389 2 3065 968 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com За издавачот: Бошко Грујовски Филмската програма ја уреди: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Виолета Петрушевска М-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Соња Неделковска Програмата е реализирана во соработка со: Француски институт Амбасада на Шведска Амбасада на Иран Агенција за филм на Македонија Проектот го помогна: Министерство за култура на Република Македонија

Лектура: Снежана Петрова-Џамбазова Дизајн: OVATIONBBDO Печати: Бранко Гапо ДООЕЛ – Скопје Телефон за информации: + 389 2 307 1814 Телефон за резервации: + 389 2 3065 968 Резервираните билети се подигаат најдоцна 30 минути пред претставата.


www.maccinema.com

Програма февруари 2017 / Program February 2017  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you