Page 1

УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА* 1767 г. Co оваа моја доброволна и непринудна оставка долупотпишаниот јавувам дека поради тоа што не ми е возможно да ги уредам и поправам потребите на Охридската архиепископија, коишто се јавија една по друга пред нас и во наши дни и им дадоа не мал повод на злосторниците да го напаѓаат името на Архиепископијата и да ги оштетуваат и навредуваат потчинетите на Охридската архиепископија митрополити и нејзината бедна раја, и бидејќи не може инаку да се избави од нивните раце тамошната земја и сиот христијански род, освен преку уништувањето на Архиепископијата - поради тоа имено се откажувам од Охридската архиепископија, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија (којашто уште ја имам додека сум жив за своја прехрана и за задоволување на своите потреби). При таква согласност со моите собраќа свети архиереи се направи и оваа (моја) доброволна и непринудна оставка, којашто треба да се постави во светиот кодекс на Великата Христова црква (и во оној на блажениот ерусалимски патријарх г.Партениј) 1767 г.јануари 16. Охридски Арсениј ветува. *Укинувањето на Охридската архиепископија станало по отстранувањето на архиепископот Арсениј на 16 јануари 1767 г, кога тој бил принуден да даде отказ. Овде се дава во целост неговиот отказ од Архиепископијата.

КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ, ОД „ОГЛЕДАЛО" 1816 г. Ете тако се празнуат великиј ден, кој ест христианин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо. Ни христиани можем да ги наречем ни пак неверници. 5 5


Великиј петок и велика суббота јадат и пијат, и великиј пост хора игаат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветет, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причештиа чекаат. А попот узел, осом села попуат, каде по напред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатии тајн. А едни сиромаси христиани дури ги жалим зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј великиј ден гладнии стоат и чекаат попа да му донесет причесна и викаат:"Се забави попот, тоа му било она му било!" Другиј пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да се не забават!" А еднии, чорбаџие што сат, мало позенгини, како кметинке, пак тија велат: „He така. Да го тепамо, ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да потнесемо овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа, ако е подалеко со куќата." Пак другиј кмет велит за другото тамо! Обај поп се забават, ама бре помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а друиот поп со Турци си земат хекот, ако му не платиш,,. "Појавата на првите печатени книги на македонскиот јазик во почетокот на минатиот век е најважен настан во однос на остварувањето на стремежот да се постави писмениот јазик на народна основа. Тоа се текстовите на Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски. Огледало на К.Пејчиновиќ е печатено во Будим 1816 г. Тоа, како и другите негови книжевни дела, содржи се уште доста црковни елементи, но во основата на неговиот јазик е тетовскиот говор, измешан спорадично со елементи на централните говори. Оваа одломка е од „Поучение свакому христиану како подобает празновати празници господских и свјатих и како подобает причаститисја својатое причештение".

ОТВОРАЊЕ НА ПРВОТО СВЕТОВНО НАРОДНО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА* 1837 г. Јас во Велес отпрво деца кога заучив, почнав да ги учам: Буквар, св.Историја, Црквена Историја, Оглашение вери, Географија, Всеобштаја историја, Граматика со художнословие и дијалектика, Црквена оправа (?), Толкование все свеште6 6


ноописание, Митологија итн. со ред, т.е. формално и сложно, и почнаа нашите деца да напредуваат и плод да принесуваат и така мене сите наши граѓани ме извишија до небеси. *Во Велес во 1837 г, во маалото Прцорек, на левата страна на реката Вардар, Јордан Хаџи Константинов Џинот го отворил првото световно училиште во Македонија со настава на народен јазик.

ЗАПИС НА УЧИТЕЛОТ ЃОРЃИ МАКЕДОНСКИ ЗА СВОЕТО ПОТЕКЛО* 1846 г. Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како 7-мо дете од дванаесетте деца, пет машки и седум женски. Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стоиман, свјаштеник. И ја прекарот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме Славјани од Маќедонија. Ден Голема Богородица на 1846 година. Ѓорѓија Македонски. * Учителот Ѓ. Македонски, родум од с.Радибуш (Кривопаланечко), по повод на стапувањето на учителската должност во родното с.Радибуш, го оставил овој запис со фразата вообичаена за тоа време: „Да се знае" (Знано будет...)

ГРИГОР ПРЛИЧЕВ. ЗА УЧИТЕЛСТВУВАЊЕТО НА ДИМИТРИЈА МИЛАДИНОВ ВО ОХРИД (ОД „АВТОБИОГРАФИЈАТА")* 1848 г. Како за утеха на поминатите наши несреќи, Митре Миладинов дојде да учителствува во Охрид. Он се смести во дедова ми куќа заедно со својата млада невеста. Меѓу де7 7


сетте учители што се изменија през моето ученикување во Охрид, ниеден не им беше толку полезен на учениците колку Миладинов. Он во секоја постапка имаше нешто привлечно. Речта му течеше од устата како мед. Свештен оган му гореше во очите. Он знаеше дека треба да не учи на грчки, инаку не можеше ни да се мисли. Но т о ј е в е ка к о н е уче ше : до н е се мо да ******?Ф??????????итн. До негово време не знаевме речиси ништо од аритметика. По негов совет ние, постарите ученици, ги земавме огромните три тома од лексиконот на А.Гази, се собиравме дома и го преведувавме Плутарха на новогрчки. Боже мој! Колку широка беше тогаш нашата памет! Миладинов не запозна и со италијанскиот јазик. За шест месеци го преведовме целиот први том на Теламаха. Испитите станаа какви што не беа станувале. Насекаде се разнесе глас за цутењето на охридското училиште. Од многу градови и паланки на Македонија и од најзападниот дел на Албанија се стекоа ученици во Охрид да се учат при Миладинова... * Во оваа одломка од „Автобиографијата" Григор Прличев говори за учителствувањето на Димитрија Миладинов во Охрид во 1848 год.

ПИСМО ОД ДИМИТРИЈА МИЛАДИНОВ ДО КУКУШАНИ * 24 октомври 1857 г. Драги, Co задоволство го прочитав вашето пријателско писмо, и со голема радост разбрав за вашите благородни чувства кон Словенството и за образованието на нашиот народ. Јас скокам од радост кога го гледам вашиот стремеж и љубов спрема нашиот мајчин јазик, и особено заради тоа што мнозина од младинците и свештениците решиле сесрдно да го учат словенскиот јазик, та по неколку месеци да можат да ја служат и божествената служба на стариот наш праде8


довски јазик...Согласен сум со вашиот предлог и во скоро време ќе дојдам. * Уште додека бил учител во Прилеп, Димитрија Миладинов бил поканет од кукушките граѓани да дојде за учител во Кукуш. При ова кратко изложение присовокупуваме неколко народни песни на Македонското наречие, кои в много отношенија се љубопитни.

КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ ДО ГЕОРГИ С. РАКОВСКИ* 8 јануари 1859 г. Господине Г. С. Раковски! Ние Македончината, недавна овде дојдени, неожидано получихме Вашето писмо, полно от искрена и горешта љубов кон отечеството ни. Познакомството со Вас ја слагам (читам) голема за мене радост и счастие. Ја многу сум слушал за Вашето бестрашно стремление кон општата полза, за Вашите трудови, кои приносихте на жертвеникот от отечеството со драго срце. Узнаваештем Вашето жаление, за да се знакомите со мак(едонското) наречие. Ви пуштам другиј перевод от објавлението от „Парусат". Во „Болгарск. Книжици" ќе бидет напечатени собст(в)енни мои песни, можит да е и мало патешествие во нилова пустина. Тие можат да ги прочитате. Ја от Вашите сочиненија сум читал саде „Горскијт патник". Бидете така добри да ме позарадвите со некое Ваше сочинение, кога ќе издадите на печат; и ја от моја страна ќе се печаљам на општо можам да удовлетвора жалението Ви. Чух че имате големо собрание от народни песни. Зашто побрго не знакомите љубезнателите от нашата словеност? Песните се драгоцениј клад от народните чувства и вираженија, затоа секој Болгарин ќе Ви бидит сознателен (=признателен). И ја имам многу макед(онски) песни, кои сакам да ги издадам малко подоцкна, зашто сега не ми позвољават обстојатељствата. Останвам Ваш искрениј пријател: 9 9


1859 со ново счастие јануари(ја) 8 Москва К.Миладинов Сите Македончина на име Ви се кланает и Be благодарјат за љубовта Ви и попечението, кое имахте за них. Сите шест заедно седиме на едно место и над ним имам свевозможно попечение, за да успејат в науката поскоро. *Се однесува до бугарскиот преродбеник и револуционер-демократ Георги Стојков Раковски (1821-1867), познатиот автор на„Горски патник", кој со својот патриотски патос и револуционерна романтика извршил силно влијание врз македонските преродбеници, а во Русија водел грижа за младите Македонци што таму студирале.

ПРОТЕСТ НА ОХРИГАНИ ПРОТИВ ПОСТАВУВАЊЕ НА ГРЧКИ ВЛАДИКА ВО ОХРИД* 7 мај 1860 г. Кога се чу дека стигнал во епархијата на втор ден Велигден, стана едно општо собрание од сите охридски старешини и од блиските села по еден или двајца од секое, така што се наполни митрополијата. Во тоа собрание се реши што да направат корисно во моментот за да се сврши нивната борба, т.е. да го истераат од епархијата, но престижот на В. црква да не се навреди. Се реши, значи: прво да пратат во селото каде што застана еден човек од името на сите да му рече на Мелетија од општинската страна дека не смее да дојде во Охрид за да не настрада нешто ненадејно. Така се испрати старешината охридски и му рече се што требаше. Од тогаш Мелетија се запре дури до 9-ти овој месец; второ на собранието решија да протестираат против Мелетиевото испраќање. И пред сите еден протест. Се напиша и се потпишаа уште од епархијата и досега се потпишани 4000 или 5000 потписници, а бидејќи е епархијата растурена, до недела ќе се сврши и ќе се испрати во Цариград. Господин Константин Робев и Стефан поп Димитров, за10


едно со К. Манчев, порано големи непријатели, сега сложни и здружени, го зедоа в раце знамето и одат напред, а сите жители од епархијата охридска, мало и големо, повеќе селаните (зашто тие виделе и страдале повеќе маки од Мелетија кога беше протосингел и епископ на Дионисија) трчаа по нив со голема сесрдност како овците по својот угич, за да застанат под нивното знаме и оваа работа да се сврши. Сите им викаа сложно на гореспоменативе главатари: „Гледајте добро, ако не се сврши оваа работа, ако В. црква не ни го даде пастирот за кого пишавме во молбата, ние сите ќе полатиниме..." *Од 60-тите години наХ1Х век натаму во Македонија се крева силен бран од незадоволство на народните маси против фанариотските владици и грчката Патријаршија. Тој се изразува во општо барање за добивање наши владици, воведување словенска служба во црквите, народен јазик во училиштата и враќање на автокефалноста на Охридската архиепископија. Во првите редови на овие борби се наоѓал народниот трибун и пламенен патриод Димитрија Миладинов од Струга. Оваа статија е од него и е печатена во „Цариградски вестник".

ТОДОР КУСЕВ ЗА ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНИЈА" 28 јануари 1867 година Битола, 28.01.1867 г. Г-не Редакторе на „Македонија" Вашиот весник со самото име го зачудува секого во Македонија до таа мера, што секој трча да види што весник е што го носи името на нашата земја... Весникот кај Грците и гркоманите е дочекан со тага и бес, зашто тие секојпат воделе борба за погрчувањето на Македонците, уништувајќи ја и Охридската архиепископија - „Искрата на нашата иднина". Но и колку да се мачеа да не сопрат да одиме напред, не можеа да го скоренат чувството сосема Македонците да не бидат Македонци. Охрид само пред сто години беше столнина на Патријаршијата основана од Јустинијан, а едно време и светилник на просветување на словенскиот век, но пак не остана назад, 11


зашто не го изгубил семето на славните свои прадедовци. Досега тој ги испраќаше по цела Македонија, дури и во соседните земји најопитните но да учат на туѓ јазик и туѓа политика, а денеска не само што не престанува да праќа, туку праќа за просвета на своите еднородни браќа и да ја откриваат заблудата како едно време кога и самите тие паднаа под заблуда. Ете денеска со задоволство како едно време кога и самите тие паднаа под заблуда. Ете денеска со задоволство гледаме како тие досегашни грчки учители ја увиделе вистината и го просветуваат народот со голема усрдност и неуморна грижа на нивниот мајчин јазик. Денеска во Охрид заѕуни народниот глас во деновите на пресветлиот Цар Султан нашиот татко, А. Азис. Самите досегашни грчки учители, а особено г-дин Прличев, кој беше крунисан во Атина, проповедуваше во грчки училишта за досегашните наши заблуди. Секоја недела по црквите се пренесуваат трогателни говори за заблудата и досегашната болест под грцизмот и потребата таа сосема да се искорени за да се види бел ден. Но чунки и многу им пречи владиката и не ги остава да пеат на мајчин јазик и им ги затвора училиштата, што е против редот на високите царски фермани и ги гази сите нивни придобивки, гледајќи со четири очи, според заповедта на Портата да не го испуштат некако од своите раце и овој град, град што ги открива сите нивни мрачни дела по црковното прашање. Сите решија еднодушно, мало и големо, мажи и жени да ги испадат и да ги бараат своите права, зашто има испратени многу жалби во Цариград. He само во Охрид, денеска се разбудуваат и ги бараат своите права и од цела Македонија. Сите гледаат да си отвораат училишта, да се воведе служба во црквите на старословенски јазик, да не ги оставаа училиштата и народните работи во рацете на еден-двајца што дошле од друго место кои по секој начин гледаат да спречат се што е народно. Насекаде започнуваат да се воведуваат трговски книги не на грчки туку на мајчин јазик. Мало и големо се весели под големата сенка на нашиот просветител цар С.А. 12


Азис, и се насладуваат на тоа дека си ја осознале својата народност. Т. Ив. Кусев „Македони-fc" (Цариград), бр. 1 (28 И 1867 година).

Македонско (Кресненско) востание (1878/79 г.) ПРАВИЛА НА МАКЕДОНСКИОТ ВОСТАНИЧКИ КОМИТЕТ* 1878 г. Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили и е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Co нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: „Слобода или смрт!" Меѓутоа, поради настаните и ослободувањето на голем број села од нашите востаници и вопијуштите потреби да се воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востаниците, решивме да поднесеме едни правила од Македонскиот востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се управуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободиме целата наша татковина Македонија. Целта на востанието во Македонија 1.Востанието во Македонија, кое сега е уште локално, треба да се прошири низ цела Македонија. 2.Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија, кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на 13


својата татковина. З.Во востанието можат да учествуваат и сите македонски жители, без разлика на вера и народност, стига да ја сакаат слободата. 4.Сите доброжелатели на Македонците од соседните и подалечните земји можат да учествуваат во Македонското востание, ако му се покоруваат на Македонскиот востанички комитет и искрено се залагаат за ослободување на Македонија. 5.Им се дозволува на таканаречените Благотворителни комитети надвор од Македонија да го помагаат востанието, меѓутоа главен предмет и грижа да им биде: собирање на парични помошти, оружје со принадлежностите, облека од секаков род и вид и со готовност да ги испраќаат во однапред определени места, за да се доставуваат на востаничкиот терен; исто така и храната (да се доставува - б.р.) до востанатите места, ако тоа го бара нуждата, а посебно прехраната и облеката во оние места каде што селата и куќите се разорени ли ќе бидат разорени. б.Се повикуваат доброволците надвор од Македонија кој е вистински доброволец и вистински пожртвуван љубител на татковината и сочувственик на оние што страдаат, со својот труд и со својата пот, на сопствена издршка да дојде до местото каде што ќе се приклучи во редовите на востаниците и ќе му се даде оружје и се што е нужно. б.За мрзливците, крадците и арамолепците нема место меѓу македонските востаници, како што нема место на слични наемници, кои се покажаа силеџии рамни на турските башибозуци, од кои произлезе и произлегува големото беспокојство во народот. Такви доброволци не му се потребни на делото. Подобро е да си одат по своите места од каде што се дојдени и да си ги гледаат своите интереси. 7.Секој доброволец од каде и да е и каков и да е, нека си ги обуе опинците, да си оди мирно, спокојно, блародно и благодетно за насушниот леб што ќе му го дадат по патот до означеното место, и извршувајќи ги општите распоредби. 14


8.Нашата цел на Македонското востание не е никаква тајна. Таа е ослободувањето на Македонија, земјата на славните словенски просветители и учители св. Кирил и Методиј, која со векови страда под турското иго. Затоа секој што не се бори за нејзиното ослободување, туку си прави своја сметка - за него нема место во востанието. ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА (1880/1881) ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА - „ЕДИНСТВО"* 21 мај 1880 г. НоЗ 21 мај 1880 година Гремен теке До Неговото Превосходителство Серускиот генерален конзул Н. Улјанов во Солун Ваше Превосходителство, Од името на Привремената влада на Македонија Ви го испраќаме ова протоколно решение на Националното собрание на Македонија, со молба да го испратите до Н. В. Серускиот Император Александар II. Се надеваме дека руската влада ќе ги потпомогне праведните барања на македонскиот народ и ќе помогне да се здобие со правдини слични на останатите балкански народи. Привремена влада на Македонија Претседател: Васил Симон Членови: 1. Анастас Димитрович 2. Али Ефенди (Албанец) 15


МАНИФЕСТ НА ПРИВРЕМЕНАТА ВЛАДА HA МАКЕДОНИЈА* 23 март 1881 г. Македонци, Нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така, удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги и Аристотеловата просвета, ги цивилизирал човештвото и Азија. Но таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност која, светејќи со таков сјај, не може и нема никогаш да пропадне. Таа станала како некоја вдовица: толку грозно ја напуштиле нејзините синови. He го развева повеќе знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Таа е денес само географски поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да бидат покриени со покривот на заборавот. Гробот и го ископале нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата земја, и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина; тоа се, исто така, оние интриганти што бараат да ја издробат или поскоро да направат да влезат во неа победничките трупи на АвстроУнгарија. Co минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонија нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се работи за нејзиниот живот или смрт. Вистински Македонци, верни деца на татковината! Зар ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледајте ја како е покриена во ропство и со рани што и ги направиле околните народи. Погледајте ја и видете и ги нејзините тешки синџири што и ги произведува султанот. Наоѓајќи се во ваквата немоќ и гледајќи ја целата расплакана, наша мила Македонија, нашата драга татковина Be вика: вие 16


што сте мои верни деца; вие што по Аристотела и Александра Велики сте мои наследници; вие во чиишто жили тече македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете ми. Каква тажна глетка за вас, вистински Македонци, ќе биде ако станете очевидци на мојот погреб. He, не, еве ви ги моите крвави грозни рани, еве ви ги моите тешки синџири: скршете ги нив, излекувајте ми ги моите рани; направете се на знамето што ќе го кренам да биде напишано: единствена и обединета Македонија! Штом тоа ќе го сторите храбро, истерајте ги од вашата земја овие убијци, кои го држат во своите раце знамето на неслогата и внесуваат отцепувачки страсти, ве делат вас, мои деца, на безброј народности, потоа собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш единствен национален белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија! Постои гласот на нашата татковина, постои слободата, тоа скапо наследство на народите. Да ги прогласите овие зборови, тоа значи да ви ракоплескаат слободоумните луѓе, тоа значи да ги повикате благородните срца да побрзаат да дојдат да се бијат за да ви помогнат да ја добиете таа света слобода која од многу векови побегнала од нашата драга татковина. Македонци, сетете се за нашето потекло и немојте да го откажувате! Ќустендил, 11/23 март 1881 година. Верно на оригиналот. Доспат, 18/30 април 1881 г. Претседател, Васил Чомо* (Васил Чомо го среќаваме и како Васил Симон. Секретар, Никола Трајков

17


ПРОГЛАСОТ НА СИЛАГОСОТ „МАКЕДОНИЈА HA МАКЕДОНЦИТЕ"* 15 април 1891(?) До македонските народи! Нашата татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ ги турил првите темели на овената вештина. Co победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но таа некогаш толку славна татковина денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја, бараат да ја потчинат нашата голема народност, која во минатото во својата самостојност така светела. Вистински Македонци! Нашата татковина е станата сираче. Нејзиното победничко знаме од кое трепереше целиот свет, денеска веќе не постои како знаме на одделна народност. Денес се пишува во картата името на Македонија како некој спомен, а нејзините победнички гревови лежат во големите гробишта на заборавот, благодарејќи на разорните сплетки на оние што веќе неколку години крстосуваат низ нашата земја, засипувајќи го нашиот народ со раздор и отворени страсти. Овие органи се гробари на некогашната славна Македонија. Тие работат за нејзиното раздробување и со месните расправии готват терен за напливот на туѓа војска во нашата татковина. Настапија критични дни за опстанокот на Македонија. Се решава нејзиниот живот или смрт. Јунаци македонски! Зар ќе останете додека сте уште живи да се закопа вашата убава татковина? Погледнете ја разранета од отровните стрели на околните народи што сакаат меѓу себе да ја расчеречат. Во таквата очајна положба нашата драга мајка 18


Македонија гледа на нас со очи полни со солзи и ни вика: Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на македонската народност. He верувајте им веќе на интригите на соседните народи коишто работат само за мојата пропаст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски, грчки, бугарски, српски, романски, влашки или еврејски. Вие сте сите мои родени деца верувале вие во Мухамеда, Мојсеја или Исуса. Иако вие ги признавате за старешини едни папата, други шеих исламот, трети егзархот, четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ колнејќи ве да се смирите, да се сложите и да се побратимите. Зар не ќе се засрамите ако ве расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик но кои се мои непријатели? Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го вијат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата предедовска земја сите интриганти што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ! Од протоколот од последниот состанок на централниот силогос „Македонија на Македонците" на кој е решено да се отпечати овој проглас на сите јазици на Македонија. Во Цариград, 15.04.1891 год. Централен силогос В. Ѓорѓевиќ, Србија и Грчка. Београд, 1923, стр. 94-96.

19


НАЦИОНАЛНО-ПОЛИТИЧКИ ПРОЈАВИ И БАРАЊА ЃОРЃИ ПУЛЕВСКИ, РЕЧНИК ОД ТРИ ЈАЗИКА (Извод)* 1875 г. С Македонски Пи. А славјанскијод јазик аљи је секаде еднаков, иљи не, кажи ми со ред? Од. Славјанскијод јазик имал пет разљики. Пи. Који се тије разљики, кажи ми со ред? Од. Тије се руски, хрватски, бошњачки, бугарски и македонски. Пи. Који јазици с наљик еден со другијод од напред речените? Од. Рускијод и бугарскијод наибљизу се. А хрватскијод и бошњачкијод и македонскијод наибљизу се. Пи. А македонскијод јазик, кога је бљизу со бошњачкијод, зашто се именувад с. македонски? - Дека с македонскијод јазик је најсроден со церквенославјанските књиги, и тоа је старославјенски. ИИ. Одг. Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајд народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија. Пи. 20


Што требувад за да се управувад и да се крепид еден народ? Од. Треба да имајед цар и управљеније царско. Речник од три језика. С македонски, арбански и турски. Књига II. Написао Ѓорѓе М. Пуљевски. У Београд,

РЕЧ НА ИСАИЈА РАДЕВ МАЖОВСКИ* 18 јули 1888 г. Реч одржана на 18 јули 1888 година на паробродот „Рицар" насред реката Днепар во градот Киев, Русија, од Исаија Радев Мажовски од село Лазарополе, Дебарско - Македонија. Многупочитувани господа и словенски браќа, Дознавме во нашиот крај во Македонија, во Дебар и Ки-чево, за големиот радосен настан - 900-годишнината од покрстувањето на братскиот руски народ од големиот руски кнез св. Владимир и се подготвивме неколкумина од нас да дојдеме во словенската голема Русија за да присуствуваме на овој свечен голем руски празник, но за голема жал не можеме да добиеме паспорти за Русија. Но јас се осмелив и решив да дојдам сам и народот ќе ме испрати со солзи на очи, сожалувајќи дека повеќе луѓе не можат да дојдат во Русија. Јас решив, повторувам, и тргнав ноќно време и цели 30 дена одев, криејќи се од прогонувањето на Турците, и најсетне успеав да дојдам во славна словенска голема Русија. И многу повидни од мене лица од словенска Македонија имаа желба да дојдат во голема братска Русија и да присуствуваат на свечениот празник на 900-годишнина од покрстувањето на рускиот голем братски народ, кој е надежта на сите поробени словенски народи, но не смееја и се плашеа да дојдат, зашто добро знаеја дека ќе бидат фатени и испратени во азиските пустињи. 21


Многупочитувани господа, Македонскиот старословенски народ уште пред 2.500 години е доведен во Македонија од цар Каран, кој како цар Филип и цар Александар бил чист Словен,* не повеќе од 500 години поминаа откако Македонија и македонскиот стар словенски народ се потиснати и се наоѓаат под тешкиот турски јарем. Ние, клетите Македонци, офкаме и плачеме, но никој не сака да не чуе, дури и самите наши браќа ни пречат. Браќа руски Словени, Ние кутрите турски робови, македонските Словени, деноноќно го молиме севишниот Господ и нашиот спасител Исус Христос да му даде здравје и долг живот на Негово величество рускиот император - единствениот силен заштитник на сите словенски народи, ние го молиме Бога да му даде здравје и долговечност на целото руско возвишено царско семејство, ние го молиме Бога да му даде живот и здравје на целиот руски православен народ, ние несреќните сакаме да задува рускиот силен ветар и да ги распрсне темните и мрачни облаци со кои е обвиена поробена Македонија. Ние го молиме Бога да им подари сила и крепкост на руските храбри орли, да летнат во воздух и ја покријат цела Македонија, да ги претераат лутите змии и беспоштедните ѕверови, за да ги скршат вековните тешки железни пранги, да ја ослободат вековната турска робинка Македонија. Да живее велика и силна Русија! Нека сјае руската златна круна како сонцето на небото во веки веков амин! КОСТА ШАХОВ „ПОКАНА" 21 октомври 1888 г. При се што сме 2.000.000 луѓе, пак немаме, барем овде, во слободна земја, еден каков и да е весник, кој ќе не држи во текот на работите што се случуваат околу нас и за нас; и 22


кој ке ни служи за да ги изразиме нашите народни искажувања и мисли... Денеска печатот е посилен од топот и со Hero се служат скоро сите народи на светот, освен нас. Co тоа ние самите се претставуваме пред очите на образованиот свет нешто како народ... На крајот, ние Македонците, како сме едни под двојно и тројно ропство, а други прснати по разни страни, сепак не смееме да си ја заборавиме татковината и сме должни да работиме за подобрување на нејзината положба; Зашто како народ ќе бидеме одговорни пред нашето потомство ако и при толку неволји во својот живот мине времето безработно, без борба за слободен живот, бидејќи нашите господари не сакаат да се грижат за олеснување на нашиот живот. Побудени од сето тоа, иако со слаби сили, го започнуваме издавањето на весникот „Македонија" со цел и барање да се подобри положбата на Македонија. Весников „Македонија" ќе биде далеку од секакви партиски интриги и ќе води независна политика по македонското прашање. Страниците ќе бидат слободни за секој родољубец само ако се пишувани во духот на времето и целта... Задачата на в. „Македонија" е да се бори за духовното и културното издигање на Македонците. „Македонии" Русе Ред. отг. К. Шахов, Год. 1, бр. 1, (21.10.1888 година)

МОЛБА НА ОХРИДСКОТО ГРАЃАНСТВО ЗА ОБНОВА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА* 1890 г. До Неговата Светост Великиот Патријарх во Цариград, Ние верните поданици на Неговото Величество царот Султан Абдул Хамид I од долго време немаме црковна слобода, а од 1872 година станавме уште повеќе заблудено стадо, зашто дојдовме под Бугарска егзархија, заблудени од бугарската пропаганда. Така и ние станавме шизматици. Ние, Словените од Македонија, од секогаш сме имале 23


своја црква, Охридска архиепископија, која имаше седиште во нашиот град. Денес ние би сакале одново да си ја вратиме и така живееме во слога со Великата црква. Бидејќи нам ни е потребно Вашето свето благоволение по однос на нашата словенска црква во Македонија, поради тоа Be молиме, макар и да сме измамени од страна на Бугарите, да ни простите, бидејќи сте благ Христов служител и да ни ја обновите нашата црква. Покрај тоа што Бугарите не измамија и излагаа, тие ни го отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат и нашите свети обичаи и ја менуваат и сета наша лика и прилика. Ние тоа не можеме повеќе да трпиме и не сакаме нашите деца да не колнат нас и гробовите на нашите предеди. Сега ние се одделивме од Бугарите и сами сочинуваме словенски општини во Македонија, и сочинуваме самостоен народ. Како такви, ние сакаме да имаме наша црква, наши училишта. Ние си најдовме и наши учители, кои ги плаќаме и издржуваме. Како такви, ние Be молиме, Ваша Светост, да бидете наш толкувач и пред Отоманската порта, да ни издејствувате како на Словени-православни секаква наклоност, како и дозвола за обнова на Охридската архиепископија, дозвола за наши училишта во кои нашите деца ќе учат на својот мајчин јазик и ќе се воспитуваат во духот на својата православна вера и црква. Ви ја целиваме Вашата св. Десница. Ваши духовни чеда. (Следуваат 120 потписи на охриѓани.) ДА ДСИП - Београд - ППО, Ф. 7, д. 6, п.бр. 962, 1890.

ПРОГРАМСКИ ПРИНЦИПИ НА МЛАДАТА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА* Јануари 1892 г. Поминаа цели 54 години откако покојниот Македонец Барон Костадин Бели го упатил од Виена горниот повик 24


„Кон своите еднородци Македонци" во кој е излеана сета негова душа, срце и нерви. Жално е дека неговите патриотски совети, засновани врз вечни вистински принципи досега не биле чуени од оние на кои им се тие упатени. Напишани на грчки јазик, тие можеле да се користат само од Грците. Но за тоа никој не смее да го обвинува покојниот Барон: тогаш нашата татковина беше покриена со дебел мрак, нашиот народен јазик задушен, во нашите училишта и цркви се читало и поело на грчки, - и Костадин Бели се служи со богат доминантен грчки јазик. Да, нашиот сонародник ни наспомнува за еден најсвет долг. И навистина, што е посреќно, што е поблагородно од тоа - да и служиш и да работиш за татковината, за општонародно добро, од кое зависи и личната наша среќа? Надвор од татковината, отфрлен од народот, човекот е најнесреќен, и тоа ако сака да биде облеан во злато. Народот, татковината, општеството се нешто, човекот е единица - ништо... Зборовите на нашиот сонародник се прекрасен доказ за тоа. Претрупан со богатства, кои му придобиле почести и баронска титула во престолнината на Австрија, нашиот сонародник се чувствува незадоволен, нему му недостига многу нешто. Но, и покрај ова незадоволство, тој не извикува како Соломон: „Суета на суетите!", ами вика од далечната туѓина: татковина, народе! Така човекот има потреба од татковината и од народот, но и татковината има потреба од човекот; денес татковината има потреба од нас. Само еден поглед е доволен за да се видат очајничките потреби на нашата татковина. Благодарение на последните политички настани на нашиот Полуостров и географската положба на Македонија, денеска таму се собрале севозможни надворешни елементи кои, воодушевени од своите за нашата иднина разурнувачки планови и интереси, сло25


бодно и со трескава енергија го засолуват антагонизмот, кој и без тоа постои во земјата. Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од грабливите посегнувања. Но, во денешнава состојба ние не можеме да извршиме слично дело; за тоа нам ни се потребни сили, а нашите се разнишани, раздробени. Значи, треба да се обединиме, да ги собереме во една општа, моќна сила - народна сила, ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој чувствителен Македонец, каде и да се наоѓа тој. Младата македонска книж.(овна) дружина ја има предвид токму оваа цел. Видно е дека таа претензија е многу голема. И навистина, таа многу ги надминува силите со кои засега располага Дружината. Но во истото време Дружината верува дека таа нема да биде за долго време изолирана од патриотите. За постигнување на таа цел "Дружината" ја издава својата "Лоза". Им остава на оние што се интересираат да се притечат со морална и материјална поддршка, со кое, меѓу другото, ќе поттикнат и еден книжевен зафат. ПЕТАР ПОПАРСОВ „СТАМБОЛОВШТИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ" (ИЗВОДИ)* 1894 г. ... Одземете му го на човека полето на дејствување - тој е веќе мртов: така и нашата "љубезна" Егзархија со своите два оддела, стремејќи се на нашите општини да им го одземе благородното поле за работа, преку својот авторитет, сака да ги умртви, да ги убие! ... На помош, сите чесни Македонци! Дојдете да ги спасиме умирачките општини во Македонија, со што сакаат да не претворат во мртов труп за да си играат со нас, како што сакаат божемните наши браќа!... Ох, грозно! ... Грозно е братоубиството! ... Нашите вековни господари никогаш не задирале во на26


шето општинско самоуправување: макар и под грчки владици, нашиот народ во општините бил слободен во издржувањето и уредувањето на училиштата, црквите, манастирите и други народно-општествени прашања; тука, во тоа свето гнездо, народот се воспитувал во општественост, во хуманизам и на својот дух му давал повозвишен елан, престанувајќи да се грижи само за својата лична егзистенција; тука, во тој единствен наш парламент, се чувал и зајакнувал стариот словенски демократски дух на нашиот народ - основата на патријархалниот словенски совет. И точно таа наша општина - единствена народна установа што ја зачувала нашата национална и човечка физиономија низ петстотинигодишниот период, Егзархијата со секакви средства сака да ја претвори во нула, да ја задуши, да го задуши народниот дух!!!... Може ли да има поголемо злосторство од тоа? - Кој ти ги извади очите? - Брати ми. - Затоа толку длабоко ти ги извртел! Токму таква е нашата положба: ни даваат пари за да не убијат... По врага со тие пари, ако убивајќи ги нашите општини ... им натрапуваат севозможни претседатели, директори, учители и други, за да ги контролирале (?!) сумите единствениот мотив на бугарската пропаганда!... Да, бугарската пропаганда! Најважните служби Егзархијата им ги доверува на Бугари: владици, архимандрити, директори, инспектори, учители, деловодители, редакори итн. итн., а од егзархиска служба ги отстранува совесните Македонци против кои се употребуваат сите дозволени и недозволени средства да бидат изгонети надвор од својата татковина... Co тоа „народната" Егзархија совршено смислено се стреми да го ликвидира, секое посамостојно движење кај нас, на Македонецот да му одземе секаква можност да се занимава со повозвишени општествени прашања; да не окове во синџири за да не разигрува како мечка и да не во27


ди таму од каде што ќе добие поголем бакшиш ... На секој чесен Македонец, девиза нека му биде пред се Мирскиот совет со чие формирање ќе се реши и прашањето за општинската самоуправа ... да се знае кој е кум а кој е старосват; што е Мирски совет, што Егзархија, што Синод, што Егзарх, што општина, епархијален совет, владика, општински претседател, пансионска комисија, и што е директор, инспектор, учител, гаваз, слуга; што е училишно и што црковно настојателство итн. итн. ... Имајќи ги предвид годинашниве башибозуци во училишното дело, општиот впечаток што го прави Училишниот оддел при Егзархијата е таков, што никогаш Одделот не се напинал до таков степен да се постави над волјата на општественото мислење како оваа година... предавниците, развратниците, шарлатаните, подлеците кон кои и нивните пријатели чувствуваат презир и одвратност, одделот ги задржа и ги унапреди во службата, додека претставниците на законитоста, правдата и слободата или беа принудени да си поднесат оставка, или беа онеправдани низ понижување и преместување, или пак беа изгонети од службата. Од Одрин до Скопје нема град каде што оваа година Одделот не извршил по неколку диви незаконитости. Солун. 1.11.94 г. Вардарски ПЕТАР ДРАГАНОВ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК* 1888 г. Самиот Востоков по прашањето за потеклото на староцрковно-словенскиот јазик се застапуваше за македонизмот, неговата татковина ја поставуваше во Македонија, и затоа тој, велеше Востоков, може да се нарече и македонски. Но Востоков никако не се застапуваше за бугаризмот на таа значајна научна поставка во тесното значење на тој збор , како што тврдеа некои негови противници; напротив, 28


што се однесува до сопственото бугарското наречје, тоа, според Востоков, можело од старо време да се разликува од првото (македонското) по многу важни признаци и, ќе забележиме од своја срна, како што и сега тоа се разликува од него. Би требало да се очекува дека порано или подоцна убедувањето на Востоков ќе се потврди со истражувања не само по историските споменици на јазикот ами и на современиот строј на словенските наречја и особено на словенските говори во претполаганата татковина на кирило-методиевскиот словенски јазик. ИВАН ХАЏИ НИКОЛОВ ЗА ОСНОВАЊЕ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА* 1892 г. Во јули 1892 година дојдов во Софија за да побарам преку Коста Шахов, кој издаваше македонски весник, едно авторитетно лице, Македонец, кој ќе дојде во Солун и ќе застане на чело на револуционерната организација за ослободување на Македонија. Откако ме ислуша, К. Шахов ми рече: разбрав што сакаш, но не можеш да го најдеш тука бараното лице. Тука сите се шмеќари, само зборуваат, а кога ќе дојде за работа, ги нема. Тука има само едно лице со кое можеш сериозно да зборуваш по македонското прашање. Тоа е јункерот Гоце Делчев... Се согласивме со Коста Шахов да му соопшти на Гоце дека сакам да се видам со него и в недела во два часот попладне да се сретнеме кај Шахов. Во определеното време јас отидов во печатницата на Коста Шахов и таму ги затеков двајцата. За да разговараме послободно, предложив да отидам во Борисовата градина и таму, во некој оддалечен крај, да разговараме. Планот на основање на револуционерната организација: 1. Организацијата да се основе во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Со29


фија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарската влада, ќе основаат и тие такви организации и од нашата организација нема да излезе ништо. При тоа таа треба да биде тајна. 2. Основачите да се Македонци, чесни, да имаат добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат и тие изложени на истата опасност на каква што ќе бидат изложени нивните следбеници, преку кое полесно ќе ја спечалат и довербата на населението. 3. Паролата треба да биде автономијата на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот договор, за да се надеваме на успех. Да постигнеме автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турците туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на автономна Македонија, Србите и Грците не ќе можат да бараат делови од неа, додека ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија, Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Нашата задача треба да биде да ја спасиме Македонија цела, а тоа може да стане преку автономна Македонија. 4. Организацијата треба да биде самостојна и независна, да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, зада не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади. 5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме морална и материјална поддршка, без при тоа да ни се мешаат во работата. По четиричасовно осудување К. Шахов и Г. Делчев го прифатија планот. Гоце рече: "Слушај, г. Хаџи Николов, толку време минало, нека мине уште една година. Јас в година го завршувам военото училиште и ќе ме произведат за офицер. Ќе подадам оставка на офицерството, ќе дојдам во Солун и ќе ја основаме револуционерната организација. Откако ќе почнеме да работиме, ние ќе спечалиме авторитет 30


и нема да има потреба да бараме друго авторитетно лице." Гоцев лист 1/1 (1933), 8; Гане Тодоровски, Формирањето на ВМРО според ракописните мемоари на Иван Хаџи Николов. - Разгледи XI/10 (1969), стр. 1072-1074.

ЛОЗА, 1894 г. Нам на Македонците, положбата во овие последни години уште повеќе ни се влоши. Од една страна, најинтелигентното и најбогатото население од Македонија чувствително се губи под неподносливиот поредок и него го голтаат соседните ослободени земји, од друга страна, секоја година со десетици илјади работни раце не се слободни да ги обработуваат своите земјишта, ги напуштаат своите домови, остават се пусто и заминуваат во странство, од каде што најмалку половината век не се враќаат по своите куќи; од трета, многубројни убиства речиси секој ден таму се извршуваат од своеволните разбојници. Додека, и самата турска влада, со својата присторена трпеливост, им дава полна слобода на разни пропаганди, кои го разделуваат христијанското население и го развратуват било преку големи поткупи, било преку внесување на заблуда, иако самата влада многу добро ја познава народноста и верата на тоа несреќно население и е должна да го заштитува од осквернување на неговите чувства и обичаи. Ако турската влада ги имала присрце вистинските интереси и христијанското население, пропагандите немаше така лошо да не распокинат, како што не смеат да го распокинат турското население. Ако се додаде кон ова и заселувањето на избеганите Турци черкези-маџири од ослободените земји, од кои мнозина сега им се одмаздуваат на христијаните за несреќите што им ги донесе војната и постојано и неказнето ги заграбуваат нивјето и ливадите од рајата, сето тоа е еден доста јасен портрет кој ни ја покажува безизлезната положба на нашата мила татковина - Македонија. Таква е иста положбата и во Одринскиот вилает. 31


Оваа ужасна положба на рајата во Турското царство најпосле го принудува секој малку поразбуден патриот да размислува и да направи можни усилби за да се апелира и кон своите браќа и кон потписниците на Берлинскиот договор и кон човекољубивите чувства на образованиот свет, за да се подобри оваа положба на намаченото христијанско население во Турско. Но нашиот долг кон татковината не се запира само до сувото апелирање. Ние треба да се нафатиме со една систематска борба и да објавиме војна против нашите тирани. Ние сме среќни дека, бидејќи го имаме за основа Берлинскиот договор, имаме на своја страна шест големи сили. Откако ќе се уверат дека при денешнава положба на работите во тие провинции од европска Турција не може да има спокојство, тие ќе го принудат Султанот најмалку да воведе реформи определени за тие наши места во член 23 од Берлинскиот договор. Според тоа, ние сме должни да започнеме систематска дејност која ќе ја покаже пред целиот надворешен свет нашата лоша положба и ќе го постави одново македонското прашање и прашањето за Одринскиот вилает на зелената маса. Но за една таква дејност е потребно групирање на сите Македонци: ние сите треба да се обединиме и дружно да дејствуваме. ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДО ЕФРЕМ КАРАНОВ* 17 октомври 1895 г. Господине Каранов, Пред неколку недели г. Чакаров се јавил со офицерска униформа (чин поручник) во Виница со намера да прогласи внатрешно востание! Благородна намера! Нема поспасоносен лек од оној со кој се зафатил Чакаров. Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се ла32


же и себеси и другите. Но кои се тие што ќе се кренат сега на востание? Г-н Чакаров ли? Ако востание може да се крене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка. Но бидејќи тоа е невозможно, а треба луѓе, тогаш што да прави? Треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон, којшто го направил Македонецот доста дебел во свеста за човечка правина. И тоа ако не целиот народ, тогаш барем еден дел од него, па тогаш, наместо г. Чакаров да бара 40 души, ќе го бараат него 400, за да застанат под неговото знаме. Ако не стане така и ако се прогласи востание, жално ќе биде за народот, а тешко и горко за виновникот. Жално е зашто залудно ќе се изгубат најмлади сили (едни по зандани, други по бесилки), ќе се остават невини Македонки на самоволието на скотските и жестоки страсти на дивјаците и најпосле ќе останат под јатаганот на Азиецот 5-годишни деца и 70-годишни старци и за сето тоа виновникот ќе биде одговорен и пред својата совест, и пред народот, и пред историјата. СРЕДБА И РАЗГОВОР НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ CO ГЕНЕРАЛОТ ДАНАИЛ НИКОЛАЕВ* Февруари 1896 г. /Генерал Николаев/ - „Значи вие, младичок, сметате дека македонското население е способно да се бори, да подига револуција? Детски работи прикажувате, вие, момек! Тоа е ропско население. Вашите планови јас не можам да ги прифатам, ниту сакам да ги слушам. Каква организација Вие сметате да создадете таму? Револуционерна? Внатрешна? Македонска? Глупости! Глупости! Глупости! Има само една организација - тоа е Врховниот комитет. Јас Ви гарантирам дека кога ќе му дојде времето, ќе поведам 20-30 илјади резервни војници. Co мене се официрите. И тогаш ќе подигнеме востание во Македонија и ќе ја ослободиме. A co селани, со селани ништо сериозно не може да се направи. Тие се

зз


робје..." /Гоце Делчев/ - „Беа робје, господине генерале но веќе не се. - Значи Вие откажувате каква и да е работа внатре? Според Вас..." /Генерал Николаев/ - „He, не откажувам, при извесни услови. Внатрешната работа е неопходна за нас, за Врховниот комитет. Преку неа ние ги заплашуваме политичарите во Бугарија и дипломатите во туѓина, секогаш кога ќе стане потреба. Затоа можеме да ви дадеме помош, но при услов: ќе не слушате и надвод од Турско нема да преземате ништо. Целокупната политика ќе ни ја оставите нам. А што се однесува до вашата работа внатре, ние ќе ви кажеме кога, каде и што ќе правите. Освен тоа кога треба да се подигне востание во Македонија, ќе решиме ние. Освен тоа... ние..." /Гоце Делчев/ - „Тоа нема да биде, господине генерале. Вие, како што разбирам, - тоа е Врховниот комитет и уште некој... He ние, ние не сме согласни со тоа, што го мислите Вие за Македонија. Ние, знаете кој сме ние: селаните, македонското население, народот.Ние не можеме да правиме политика, ниту пак ќе дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога ќе се подига востание, ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од овдека, за да не внесете, како што се обидовте лани, во Mrpa на востание. Сега една таква авантура може да биде страшна и крвава, зашто населението, народот е повеќе возбуден и делумно вооружен. Тој може да се предаде на измамата, а тоа ќе чини реки од крв и планини од трупови. Ние нема тоа да го дозволиме. He, крвта на народот е скапа и не сакаме трупови, туку сакаме ослободување, а живиот народ сака да живее и да расте. - Гледам дека Вие не ги познавате условите во Македонија и затоа кажете им на сите, кажете им да не се мешаат и да ја остават Внатрешната револуционерна организација да организира, да раководи, да решава. Ние сметаме дека 34


од Вас - од комитетот и од емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, a уште помалку господари." /Генерал Николаев/ - „Како смеете! Вие не знаете ништо за меѓународната ситуација. Јас имам писма од туѓина. Ние ќе решиме кога е моментот да се дејствува. Дали разбирате? Ние ќе го имаме врховниот збор, а ако сметате да ни пречите - а ако ни пречите, ќе ве парализираме. -" /Гоце Делчев/ - „Повелете - или вие нас ќе не парализирате, или ние вас!" УСТАВ НА ТАЈНАТА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА* 1896 г. Глава I Цел Чл. 1. Тајната македонско-одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, за извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области. Чл. 2. За постигање на таа цел организацијата се бори да ги премавне шовинистичките пропаганди и националните караници кои го расцепуваат и обессилуват македонското и одринското население во неговата борба против општиот непријател; дејствува за внесување на револуционерен дух и свест меѓу населението и ги употребува сите средства и усилби за поскорешното и своевремено вооружување на населението со се што е неопходно за едно општо и сеопшто востание. Глава II Состав и устројство Чл. 3. Тајната македонско-одринска револуционерна организација се состои од месни револуционерни организа35


ции (дружини), составени од членовите на секоја одделна месност (град или село). Чл. 4. Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да му биде полезен на револуционерното ослободително дело. Чл. 5. Секоја организација се раководи и управува од свој местен комитет (управно тело). Комитетите се делат на селски, околиски и окружни. Чл. 6. Секоја месна организација се дели на групи со по еден началник (десетник). Чл. 7. Селските комитети им се потчинети на околиските, околиските на окружните, а целата организација се раководи и управува од Централниот таен револуционерен македонско-одрински комитет. Чл. 8. Селските комитети (управни тела) се избираат од членовите на месните организации и се потврдуваат од околиските комитети (управни тела); последните се раководат од членовите на околиските центри и се потврдуваат од окружните со согласност на Цент. комитет; а окружните се назначуваат направо од последниот. Во извонредни случаи ЦК има право да го довери раководењето на работите во окрузите и околиите во рацете на едно од него избрано внатрешно или ополномоштено надворешно лице. Чл. 9. Членовите на Централниот комитет се избираат секоја година од околиските и окружните комитети по спогодба. Изборот станува по начин каков што околностите го диктираат. Местото и времето на избирањето се определува од ЦК. Чл. 10. При изборот на ЦК се определува местото на седиштето, кое што ќе им биде познато само на окружните и околиските комитети. Чл. 11. Секој околиски револуционерен реон си има своја чета, задачата на која се определува во специјален правилник. 36


Чл. 12. Секој член од комитетот носи псевдоним, кој му е даден од Центр. комитет. Чл. 13. ТЦМОРК има печат со амблем, знаме, сабји, пушки и бомба и со натпис: Македонско-одрински централен револуционерен комитет. Големината и особените знаци се определуваат од Центр. комитет и им се соопштуваат на окружните и околиските комитети со специјална окружница. Чл. 14. За поврзување со околните комитети секој окружен, околиски и селски комитет си има своја тајна пошта. Чл. 15. За следење на работата на надворешните и внатрешните непријатели и за претпазливост од нив, секој комитет си има своја тајна полиција. Чл. 16. Секој комитет го држи во тек на работите во својот реон погорниот од него комитет, а на крајот на секој месец му дава подробен извештај за сите свои работи во секој однос. Глава III Материјални средства на револуционерната организација Чл. 17. ТРО ќе се снабдува со пари: 1) од доброволни прилози; 2) од редовните членки влогови и 3) од пари, собрани на начин каков што ЦМОРК ќе го најде за уместен, или пак месниот со претходна согласност на Централниот. Глава IV Казни Чл. 18. Секој што ќе згреши по штета на делото, бил тој работник или не, се казнува. Казната му се определува од месниот комитет и се извршува со согласност на Централниот. Чл. 19. Врз основа на овој устав е изработен подробен внатрешен правилник. Крај

(1896) ПРО. - ФО 78/4951. Туркеѕ (Булгариа). Фром Еллиот. 1898: УСТАВ HA TMOPO.C.1.

37


ПЕТАР МАНЏУКОВ ДО КОСТАДИН КИРКОВ* 1898 г. Драги Костадине, Ропството наше можеби немаше да биде толку тешко ако во нашите работи не се заплеткаа секакви пропаганди, кои под името на „браќа" и „доброжелатели" го разединуваат брат од брат и ги предизвикуваат Турците да вршат најголеми злосторства. Тие наши „браќа" прават се да го оневозможат единството на нашите слободољубиви сили. И што стана од сите такви пропаганди: дури и вистинските синови на нашата земја, оние што навистина не ги жалат животите да ги приложат на олтарот на Татковината, често погрешно мислат дека ослободувањето на Македонија не може да се замисли без замешувањето на оваа или онаа држава. Тие се определуваат за овој или оној народ, а го забораваат својот. Наместо да ги здружат силите во корист на својот народ и заеднички да се борат да го ослободат од ропство, тие не можат да се спогодат на кого треба да му служат. Ние знаеме, драги Костадине, дека нашата татковина се разликува по населението од една Бугарија, Грција или Србија, кои се еднонародни земји. Кај нас се настанети повеќе народности и вери. Кај нас има Македонци, Грци, Власи, Турци, Евреи, Албанци, па и по некој Ерменец, а за Циганите да не зборуваме. Затоа ние ќе мораме да водиме сметка за тој факт и нашата борба да ја усогласиме со интересите на сите тие народности. Тоа можеме да го постигнеме само тогаш кога сите тие народности ќе разберат дека слободата не е во тоа како државата се именува, туку кој ја држи власта во неа. Тогаш и нашите муслимани ќе разберат дека не се слободни во турската држава, како што не се слободни Македонците. Во турската држава владеат беговите и агите муслимани, заедно со македонските чорбаџии, на кои исто така им е добро во турската држава како и не беговите, па меѓусебно се почитуваат и ги гонат бедните луѓе. Драги Костадине, 38


Јас сметам дека македонскиот народ во ваквата сегашна положба не може да се ослободи за едно востание, кога се знае дека против себе ќе ја има не само Турција туку и Европа, а да не зборуваме за балканските држави. Јас, а и другарите од МТРК не сме против востание, како што тоа го мислат лето од Внатрешноста. Ние сме за востание, но кога ќе бидеме убедени дека тоа ќе успее, а не само да го изложуваме целиот наш народ на една кланица. Ние сакаме да ги жртвуваме своите сопствени, а не народни животи за создавање на услови за едно широко востание и ослободување на нашиот народ. Ние сакаме повремено да предизвикуваме судир со турските башибозуци и со нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатиите на „човекољубивата" Европа и да ја придобиеме во едно наше востание ако не помага, барем да не биде против нас. И така, македонското прашање ќе може најдобро и најскоро да се реши само ако ние предците Македонци се кренеме и постојано предизвикуваме безредија. Впрочем, нашиот спас е во револуцијата! Затоа запознај ги нашите другари со ставот на нашиот МТРК и шри ја неговата идеја. Кога јас ќе си дојдам, ќе имаме можност да зборуваме поопширно и да те запознам со напредните идеи на Европа. Ќе донесам со себе доста материјали, кои го објавуваме или сметаме да ги објавиме во интерес на нашата татковина. А сега, до скоро видување. Примете срдечни поздрави ти и нашите другари од мене, вашиот искрен другар и пријател. Петар Манџуков ЦДИА (Софи-fc, ф. 70, о., АЕ 70-74; - Разгледи, Х/7 (1968), стр. 847-851.

СЛАВЕ МЕРЏАНОВ ДО ДИМИТАР МЕЧЕВ* 23 јуни 1898 г. Берн, 23јуни 1898 г. Драги мој Димче, Ми пишуваш дека Русија е таа што ќе ни помогне да се ослободиме. А знаеш ли ти дека таа не може никому да по39


дари слобода, зашто и самата ја нема. Како во Турција, така и во Русија царува апсолутна монархија. Кога Русија би ја истерала Турција од Македонија, би воспоставила своја власт во неа. А за каква власт би станало збор, може да ти го рече тоа рускиот мужик. За развиток на еден народ е неопходна слобода, а слободата не е производ само на силата туку и на нуждата и на свеста. А таква свест може да му вдахне на народот само една авангардна револуционерна организација каква што е нашата. Дали треба да чекаме помош од нашите соседи: Ние ги познаваме нивните волчји апетити. Нивните шовинистички аспирации и завојувачките стремежи се толку погубни за нас. Сити сме од разните покровителства и милости што не вредат ништо. Бидејќи досега дадовме доста жртви за туѓинските интереси, сметам дека треба да се престане со секакво кокетирање со кој било сосед. ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ, ПРЕДГОВОР КОН „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА" Декември, 1900 г. Што напишав јас? - Ништо не напишав. Јас го препишав од се уште ненапишаната крвава историја на Македонија она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на Македонките да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста на Македонецот јуначки да им одмаздува на оние крвници што ја извалкаа или ќе се обидат да ја извалкаат неговата семејна чест - ете, во тоа главно се состои содржината на пиесата. Успеав ли? Дали точно препишав? - не знам; за тоа нека се искажат г-дата критичари. Ако сум успеал, се радувам, ако пак не, сиот грев го фрлам на оние што можат поубаво да ја извршат оваа работа, која мене не ми беше по силите. 40


Пред себе сум оправдан, зашто не мислев да бидам писател ниту мислам, ниту ќе мислам со тоа да го исплаќам долгот кон мојата поробена татковина. Г-дата критичари, читателите и гледачите, кога ќе ги имаат предвид горните околности, верувам дека ќе бидат снисходливи кои мојот скромен труд, а поспособните наши писатели ќе се зафатат да напишат нешто за нашиот многустрадален живот и ќе ги раздвижат спокојните, лабави струни на македонскиот роб! Софија, декември 1900 г. В. Чернодрински ДИМО ХАЏИ ДИМОВ ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ*

1901 г. ... Ослободувањето на Македонија не може да биде друго освен предмет на најгрубо и надмено бесчестие од страна на дипломатскиот свет, зашто тука се истакнуваат најјарко аспирациите и мечтите на големите сили. Односите на последниве кон несреќите на македонскиот роб, какви и да стануваат во текот на времето, не можат да бидат добродетелни и хумани. И нека изјавиме уште отсега дека ако на Македонија и е пишано да се ослободува исклучиво по дипломатски ред, без активното учество на самите Македонци, кое е мошне неверојатно, тогаш овој „Хуман", како што ќе го наречат, акт ќе биде продукт на грубо материјални и спекулативни сообразувања. Впрочем, за ова не треба да зборуваме, зашто одбегнатата рамнотежа помеѓу државите старателки, докажано е, не се нарушува без сериозни бунтови и безредици. Овдека исто така нека изјавиме дека не би постоело никакво источно прашање ако не беше таа фатална тактика на големите држави да прават најчудовишни злосторства за задоволување а својата незаситена дрчност. Одамна ќе изгрееше во Македонија, како и насекаде каде што има потреба, сонцето на слободата, ако само чо41


векољубивост ја движеше дипломатијата! Бидејќи одамна и мошне одамна постојат условите и потребните мотиви за една таква патриотска постапка од страна на силите. Зарем не гледаат тие дека од векови се измачува безбожно еден кроток народ, осквернувајќи му ги светите чувства, мисли и желби? Тие го гледаат, но за несреќа пасивно ропско негодување не е доволно да ја предизвика нивната благородна интервенција: тие само го унесреќуваат уште повеќе и без тоа злосреќниот народ, како во непомирливата омраза и нетрпеливост, што ги чувствуваат меѓу себе, се заборават и се подбиваат со патилата на оние што во еден миг, без капка крв би можеле да се престорат во слободни граѓани. НИКОЛА КАРЕВ ДО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ* 1902 г. Драги Г(оце) Моите извештаи стануваат се повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува. Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот. Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. He треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција". Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам. Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат. 42


Н(икола) „Сами ние да се бориме за наша Македонија", (Необјавено писмо на Никола Карев до Гоце Делчев) - Нова Македонија (Скопје) г. XXIV бр. 7744 (5 мај 1968) стр. 8. ВИЛИЈАМ ГЛЕДСТОН ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ* 19 јануари 1897 г. Тврдината Хаварден, Честер, 19јануари 1897. Драги Господине, Безнадежноста на турската управа ќе ме натера да станам со задоволство сведок на нејзиното истерување од земјите што ги потчинила: и тоа без да се знаат изворите што се готови да го поддржат бунтот. Јас лично не се осмелувам да преземам на себе одговорност за каква било негова поддршка. Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојните држави за присвојување на туѓи територии. А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите? Иако се тие сите мали и слаби, нека се остават да се поврзат меѓусебно за одрана, така што не ќе можат да бидат голтнати од другите, било големи или мали, кое веројатно ќе дојде како последица од нивните меѓусебни караници. Ваш многу искрен В.Е. Гледстон The Times (London), 6.II.1897, r. 12.

43


АПЕЛ НА „МАКЕДОНСКИОТ КОНГРЕС" BO ЖЕНЕВА* 12 јануари 1899 г. МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ВО ЖЕНЕВА АПЕЛ До заштитниците на човечката совест, правдата, мирот и човечноста Имајќи ги предвид несреќите што ги поднесува народот во Македонија и Одринско со отоманското ропство, кое ги притиска повеќе од петстотини години; споменувајќи си ги ужасните сцени од Виница, ужасните пискоти на нашите живо горени браќа, на силуваните девици и на децата истргнати од прегратките на нивните мајки; имајќи ги предвид сите грозотии, Централниот македонски комитет се зафати со тешката задача да биде заштитена на македонскиот народ со овој Апел до благородните луѓе ги изразува само своите оправдани стремежи. ЦЕНТРАЛНИОТ МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ свикува за следниот 3 март конгрес во Женева. Овој конгрес има за цел да ги изрази јавно оправданите желби и политичките барања на Македонците; откако ќе се задоволат тие барања, пак ќе завладее на Балканскиот Полуостров мир и правда. *** Како што произлегува од претходното излагање, каузата на ослободувањето на Македонија се заснова врз законитоста и врз јавниот морал. ЦЕНТРАЛНИОТ МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ бара поддршка од членовите на Конгресот за подобрување на судбината на Македонците. Тој предлага да се организира постојан комитет, кој би бил задолжен да ги претставува интересите на Македонија пред европските сили. Централниот македонски комитет ќе се договори со претставниците на Конгресот во врска со мерките што не44


посредно ке се наложат за смирување на земјата. Тој ќе достави на Конгресот мемоар, кој со исклучок на измените што самиот Конгрес би можел да ги внесе, ќе биде доставен до европските сили, потпишан од членовите на Конгресот. Женева 12 јануари 1899 година За централниот македонски комитет, Ѓорѓи Ив. Капчев Главен уредник на весникот „Macedoine" Public Record Office (London) FO 78/5061, (Turkey) / Bulgaria/ (Diplomatic). From Fiiot, January - May 1899.

ГОВОР HA АНАТОЛ ФРАНС ЗА МАКЕДОНИЈА И ЕРМЕНИЈА 17 март 1903 r. Граѓани, По наредба на Црвениот Султан, паднаа триста илјади Ерменци. Од врвовите на Таурус до високорамнините на Арарат, еден народ сиракживее под нож. Во Македонија, не неколку часа од Будимпешта и Виена, турските војници и функционери ги колат селаните, на кои им ги силувале ќерките и жените. Овие злосторства се направени за срам на Европа. Европа мора нив да ги спречи. Човештвото ја задолжува со тоа, а Берлинскиот договор и дава за тоа сигурно право. Франција испрати свои оклопни кораби да бараат од Портата, преку топовските отвори исплаќање на Лорандо и Тубини. Нашите оклопници, дали се единствено во служба на Турбини и Лорандо? Султанот, предавајќи им ги Ерменија и Македонија на крвниците, нели се изложи на некаков приговор од страна на силите? Германија, Англија и Франција, неговите старателки, ќе му речат ли: „Можеш да убиваш, само ако платиш?" 45


Ако им се верува на умешните луѓе, постојат две политики. Една што се раководи од претпазливоста, и нашата. Ние одговараме дека пред злосторството има само една политика: човечност. Се вели дека нам ни недостигнуваат водржаност и претпазливост. He. Предвидувајќи ги колежите, што по неколку дена ќе ја окрвават Македонија, и викајќи му на секој оној што може да не чуе дека турската сабја постојано е крената над Ерменија, нам не ни недостигнува ниту претпазливост, ниту разумност. Претпазливоста не се состои во тоа да се премолчуваат и негираат колежите. He e претпазливост одобрувањето на злосторството со едно страшливо премолчување. Страшливоста никогаш не е разумна. Каква е таа разумност да се молчи кога крвта на жртвите повикува? Единствено нашата политика е разумна, бидејќи е отворена и искрена, и бидејќи надвор од правите патишта постојат само изненадување и опасности. Единствено нашата политика е мирољубива, бидејќи се засновува врз народното чувство кај цивилизираните нации, а народот насекаде ја мрази војната. Граѓани, Интересирајќи се за судбината на Ерменците и на Македонците, не затоа што се христијани, ами затоа што се луѓе, ние бараме, како гаранција за нивната благосостојба, и за зацврстување на општиот мир, полно и целосно извршување на Берлинскиот договор, што се однесува за Ерменија и Македонија. Братски поздрав /Анатол Франс/ Anatole France, Vers les tmps melleurs. Paris 1906, I-III; Claude Aveline, Vers Les temps meilleurs. Trente ans de vie sociale. Paris 1949, 1953, vol. I, p. 138-139.

46


ГОРЧЕ ПЕТРОВ, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ПЕРЕ ТОШЕВ ЗА РЕШЕНИЈАТА НА СОЛУНСКИОТ КОНГРЕС НА ВНАТРЕШНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА* Јануари 1903 г. ... За да дискутираме по предлогот на ЦК се собравме овде во Софија на заседание околу 20 души видни организациски сили. Учествуваа: Матов, Татарчев, Пере, Борис Сарафов, Славчо Ковачев, Давидов, Делчев, Силјанов, Герџиков, В'лчо Андонов од Охридско, Сава Михаилов, Пушкаров, Хаџи Николов и др. Се збиравме на неколку пати од 16 до 24 души. Матов и Татарчев го прочитаа писмото и брзо ја искажаа својата согласност. Големото мнозинство од собранието ја поткрепуваше идејата за востание... Против востанието категорично станавме само јас и Делчев. Пере не се искажа извинувајќи се дека е нов, дојден од затвор, дека не е добро информиран за вистинската положба овде и внатре, a интимната мисла му била против востанието. Делчев се обиде да ги урне мислењата, тој немаше дар за зборување, се искажа дека е категоричен противник на такво востание како што проектираа, a e за востание какво што бевме планирале јас и тој. Делчев се запали, се испоти, се расфучи. Јас станав и држев реч тогаш, што траеше шест часа. Како што ми признаа тие, ја разбив увереноста на оние што беа се изјасниле за востание и мнозина од нив станаа (Силјанов, Герџиков и др.) и ми признаа: „Ти си несоборлив во твоето мислење". Јас ги разоткрив вештачките пристапи за кревање на востанието. Матов, Татарчев протестираа. Фактите што ги приведуваа тие дека ќе имало избувнување на населението, еден по еден ги урнав по признавањето на оние што биле во тие места. На пр. фактот дека селаните излегле со оружје в шума не е уште знак за востание, туку само да избегнат за да не им го земат оружјето Турците и да не настрадаат лично... Точките по однос на опасноста 47


дека ќе пропадне оружјето ги побивав исто така: опасноста не е толку голема; го уверував собранието дека не треба никогаш да се плашиме дека една околија што е подготвена за востание ќе го предаде своето оружје, ами напротив ако е едно население готово да го предаде своето оружје, тогаш тоа не е подготвено за востание. По однос на фактичката подготвеност со сигурни податоци, што мене ми беа познати повеќе одошто на самиот ЦК, им докажав дека можеме да ги сметаме за што-годе подготвени само седум околии: Костурската, Леринската, Битолската, Демир-Хисарската, Кичевската - Битолско; во Солунско само Кукушката и тоа доста слабо; во Струмичко само Струмичката околија и тоа со незгодни пушки кримки и во Скопско само Штипската околија, со кримки и со мартинки... Го уверував собранието: ако го прогласиме ова востание, ќе ја подбиеме идејата за сенародно востание за долго време, зашто ќе се кренат само во неколку околии. Уверував дека е сега невозможно сенародно востание, зашто уште нема подготовки, ниту нужни материјали. За одоваде Вардарскиот дел им претскажував дека ние ќе работиме против сами себеси, зашто ќе ја повториме 1895 година - востание само со чети од Бугарија што ќе биде против основните задачи на Организацијата како што ги разбиравме тогаш. Како резултат на сето тоа апсолутното мнозинство реши да им се соопшти во Солун од името на сите присутни дека сме против земеното решение за востание. Борис и Славчо (Ковачев - б.р.) навидум се согласија (гласаа против). Останаа само Матов, Татарчев, Хаџи Николов и уште еден двајца што гласаа за востание. бевме натоварени јас и Матов да го пишуваме писмото. Јас побарав тој и јас да го составиме поодделно проектот за одговор. Во собранието мојата редакција, поотворена и порешителна се прими и се испрати во Солун како мислење на овдешните претставници на Организацијата. За забележување е дека најмногу беа за востание оние што не мислеа да земат и не зедоа учество 48


во востанието. И во Солунскиот конгрес беа за востание најмногу оние околии што подоцна не зедоа учество, Солунската на пример, макар што во Солун се изигра најважната улога за прогласување на востанието. Спомени на ГИорчо Петров, стр. 154-157. РЕШЕНИЈАТА НА СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС НА ВНАТРЕШНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА* 2-7 мај 1903 г. Решенија од првото заседание Денеска, 19 април (стар стил - б.р.) илјада и деветстотини и третата година, дванаесет часот по турски утрината, по покана на раководителите од Вториот македонско-одрински округ, се собравме во местото определено од него - село Смилево, Битолско - окружните раководители на Битола: Анастас Лозанчев, Георги Поп Христов, Георги Пешков. Делегатите од Централниот комитет: Даме Груев, Борис Сарафов, Димитар Дечев; Делегатите од подвижните горски раководни тела: (и неподвижните градски) на Битолско-Пелистерскиот дел ... Потоа се пристапи кон разгледување на прашањата предложени од окружните раководители. Откако се кажа целта на Конгресот и се прочитаа земените решенија во минатите заседанија со кои наполно се согласија пристигнатите, се пристапи кон дневниот ред: Определување на времето за востание. Се реши: донесените одлуки на Конгресот по однос на подготвувањето и распределувањето на сите да се приведат што поскоро во исполнување и реоните да бидат готови за востание не подоцна од крајот на месец мај. Датумот на востанието да го определат претставниците на штабот, сообразно со гореизложените услови. При тоа се задолжуваат реонските началници да ја соопштат навреме застрашувачката положба на нивните реони. На крајот се прочита дисциплинарниот устав 49


и се прими наполно... За верноста на гореизложеното следуваат потписите на претставниците. Оригиналните протоколи от Смиленскис конгрес. СИобЕава Скендер - бе"Б. ИлОстраци-fc Илинден бр. 87 (1937), стр. 7-12.

ЦИРКУЛАР CO КОЈ СЕ ОБЈАВИ ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ* 15 (28 јули по нов стил) 1903 г. Главен штаб на II македонски револуционен округ Врф „Победоносец" 15 јули, 1903 г. До центровите и селските началници и народот Браќа, Најсетне дојде веќе денот шчо толку многу го чекафне, за да се распрајме со вековниот наш душман! Крфта на загинатите от турската тиранија на првина наши браќа високо викат да си платиме! Згазената чес на нашите мајки и сестри сакат да си дојт на место! Доста толку маки, доста толку страм! Хилјади пати поарно смрт отколку страмен и скотски живот! Определениот ден, кога народот от цела Македонија ќе требит да излезит јавно со оражие в раце спроти душманот, јет Илигден - 20 јули, 1903 г. Во тој ден тргнете, браќа, по вашите началници и зберете се пот бајракот на слободата! Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само воопорита и долготрајна борба јет нашето спасение! Долу Турција! Долу тиранијата! Смрт на душманите! Да јет жиф народот! Да јет жива слободата! Ура! Be целиваме братски Штабот Н.К. МаЅски, Илинден. Драма в пет деЅстви"ѓ> 1923, стр. 49.

50


ШТАБОТ НА КРУШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ГО ОБЈАВУВА ВОСТАНИЕТО* 20 јули (2 август по нов стил) 1903 г. Слобода или смрт! Штаб на крушевските востаници

Но1219 Гората, 1903 година До раководителот на Крушевскиот околиски револуционерен комитет и до началниците на грчките, влашките и албанските групи Браќа, Брзаме да ви го честитаме востанието! Денеска цела Крушевска околија заедно со цела Македонија крена востание и вика: Долу тиранијата! Да живее слободата и равноправноста меѓу македонските народности! Камбаните насекаде бијат, народот со чудесна радост се прибра под знамето на слободата. Момите и невестите ги китат со цвеќиња главите и пушките на востаниците! До што Турчин се најде по патиштата и селата, се фати и е прибран како пленик и залог. Насекаде пеење, радост и веселба. Гориме од нетрпеливост и чекаме ноќ, за да дојдеме и да го заземеме Крушево, та заедно со целиот народ да го извикаме победоносното македонско ура! Бог и правото се со нас! Да живее Македонија! Потпишале: Питу Гули, Иван Алабак, Андреја Димов, Ѓурчин Наумов и Ташко Карев. Штаб: Никола Карев, Томо Никлев, Тодор Христов, Антиноген Хаџов Ангел Динев. Илинденска enonet. TOM. 1. Софи"ѓ>, 1945, стр. 317

51


КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ* 2-Завгуст 1903 г. Слобода или смрт Штаб на крушоските востаници Илинден 1903 г. Прокламација до турскиот народ во Крушоската Револуциона Околија Браќа земљаци и мили комшии! Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници отхубавото Крушево и от неговите китни села без разлика на вера, народност, пол и убежденија, неможејќи веќе да трпиме иранијата на жедните за крф и гладните за човечко мо муртати шчо гледаат и нас и вас, да дотераат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мисла и богата земја Македонија да заприлаегат на пуста пустина, денеска дигнафне глава решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода. Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си кладофне главата в торба, за да заживјеме чоечки или пак да умриме јуначки! Бидејќи от дело - предело си живејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои. Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирниот, трудољубивиот и чесниот турски нарот шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брати и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуаме и да бесчестиме вашите мајки и сестри, жени и ќерки: требит да знајте оти вашиот имот, вашиот живот, вашат вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет, скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имотот, животот, 52


верата и честа, ние сне зеле пушка. Ние не сне муртати на сфојата земја шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството; ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите ијанкесеџиите, протиф насилниците на нашата чес и на лумќарите и јанкесеџиите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатираат нашиот труд. От нас, и от нашите села да не се плашите никому зијан не ќа сториме. Ние не само ве имеме како сфои браќа туку и ве жалиме како сфои браќа, бидејќи разбираме, оти и вие сте робје како нас, робје на царот, и на царските бегој, ефендии и паши, ројбе на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината от четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас, да дојдите заедно да водиме борба! Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме против вашите и наши душмани! Елате пот бајракот на „Афтономна Македонија"! Македонија е заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи! Елате при нас браќа, да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуват!... Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскиот бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќе се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајракот за нашата и ваша 53


слобода и за нашето и ваше право. „Слобода или смрт" јет писано на нашите чела и на нашиот крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немаат враќање. Ако и вие не имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте сонас, како што сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со еднонешчо - а тоа јет голема помош: да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села! Нека Госпот Бог да блослојт светата борба за правото и слободата! Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој! Ура! За „Афтономна Македонија"! Н.К. Мајски, Илинден, стр. 36-38.

„РЕФОРМИ" ЗА БОРБАТА ВО МАКЕДОНИЈА 16август 1903 г. Борбата во Македонија предизвика такво воодушевување во срцата на многумина младичи во странство, што некои од нив решиле да ги остават и коските за слободата на херојските Македонци. Такви борци се јавиле од Чешка, од Одеса и други места. Дури и еден потпоручник од српската армија, родум Македонец, ја напуштил војската и влегол во редовите на македонските востаници. Јавуваат од Италија дека некои од италијанските гарибалдинци се готвеле да се борат за слободата на Македонија. „Реформи" (Софи-fc) 36 (16.ВИИ 1903); Странскиот печат за Илинденското востание. Скопје 1953, стр. 72.

54


АПЕЛ НА „МАКЕДОНСКИТЕ КОМИТЕТИ" ОД ЊУЈОРК И ФИЛАДЕЛФИЈА* Септември 1903 г. Плач од Македонија Она што Павле го виде во духот, визијата на човекот од Македонија, кој го повикуваше него да му помогне на неговата земја, ние сега тоа го имаме пред нас. Од болките и од сиромаштијата резултираше востанието во Македонија, тоа беше крајност. Четириесет илјади Македонци беа принудени да ја преминат границата за во Бугарија. По извесно време во Македонија останаа бездомници, нивните добици и посеви се уништени, упропастени од гладот и студот. Секој еден од блиските сакаше да помогне во состојбата што ги надвладеа во оваа несреќна земја во последните две години и повеќе. Активната агитација на македонските револуционери крена на востание дел од македонскиот народ. Турските власти се обидоа да ја задушат револуцијата со крајна жестокост на надмоќните сили. За правата и неправдите на Македонците ние сега не сме заинтересирани, но ние не можеме да не бидеме заинтересирани да им помогнеме на тие човечки суштества и сродни христијани, на невините жени и деца, што гинат по стотици и ќе гинат на илјади, најсвирепо, ако не е христијанска Европа и христијанска Америка да ги спаси. Комитет во Њујорк. Комитет во Филаделфија. G.N. Chakaloff and S.J. Shoomkoff. The Macedonian Problem. Philadelphia 1904, p. 108-109

55


ПОСЕБНОСТИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ МЕМОРАНДУМ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК* 12 ноември 1902 г. .. На ова и на другите прашања може да се одговори само потврдно. Нема сомнение дека особеностите на кој и да е говор, а камоли наречје, можат да бидат воведени во сеопшта потреба во писменоста на определена земја, на определен литературен или научен кружок или дури и во писменоста на одреден народ. Тоа може да се направи несвесно или свесно. Историјата на јазикот ни покажува дека јазикот на спомениците пишувани во различно време, или во едно и исто време, но во различни краишта на една јазична територија не е еднакво, а тоа е затоа што секој писател или пишувач на споменикот несвесно внесе во него особености од својот говор и од своето време. Во овој случај ние гледаме несвесно внесување особености од определен говор во јазикот на писменоста. Понатаму, спомениците од разни краишта од една и иста епоха ги одразуваат во себе говорите на тие краишта. И од тоа произлегува дека одделните личности од одделните краишта, занимавајќи се со литературна работа, ги внесувале во писмениот јазик особеностите во своите говори. Влијанието на говорите врз литературниот јазик се ограничува само кога по извесни причини некој говор или некое наречје ќе преовлада во литературата на определен народ или земја. Издигнувањето на определен говор на степен на литературен јазик по извесни причини покажува дека свесно може да му се даде општа литературна употреба на кој и да е говор, ако за тоа постојат достатни услови. Сега се поставува прашањето: потребно ли е да се создава посебен македонски литературен јазик при постоењето на српскиот и бугарскиот литературен јазик? Причините за образувањето на мак.лит. јазик се две: 1. при образувањето на српскиот јазик - литературниот - на почетокот на XIX век не 56


им било обрнато внимание на говорите на Ист. Србија, Зап. Бугарија и Македонија, па затоа, со примањето на херцеговскиот говор како литературен јазик, не биле задоволени потребите на Ист. Србија, Зап. Бугарија и Македонија. При образувањето на бугарскиот литературен јазик, со примањето на источнобугарскиот литературен јазик, со примањето на источнобугарското наречје за општа литературна употреба, исто така им било обрнато малку внимание на источносрпското, зап. бугарското и на сите македонски наречја. Едностраноста при образувањето на бугарскиот и српскиот литературен јазик само го помогна расцепкувањето на Словените на Балканскиот Полуостров на 2 лагера што се непријателски помеѓу себе и се борат врз почвата на наречјата што ги соединуваат особеностите како на бугарскиот, така и на српскиот јазик. Меѓутоа, ако при образувањето на едниот или на другиот литературен јазик беше издигнат на степен на литературен јазик еден од централните говори на Балканскиот Полуостров, тогаш со самото тоа ќе беше можно да се избегне антагонизмот меѓу Словените од разните краишта на Балканскиот Полуостров и да се обединат во една национално-културна целост. Ние сметаме дека македонските наречја, кои Бугарите исцело ги признаваат за бугарски, Србите за српски, всушност ја претставуваат средината помеѓу говорите на денешна Бугарија и Србија, но не и другите српски области, и како такви, во случај еден од нив да се издигне на степен на литературен јазик, можат да послужат како соединителна алка помеѓу сега непријателските Бугарија и Србија. Втората причина за издигање на едно од мак. наречја на степен на литературен јазик е неопходноста за отстранување на претензиите на Србија и на Бугарија за Македонија, отстранување на националните пропаганди што го деморализираа мак. население, обединување на словенскиот елемент во Македонија за да се зачува неговото преовладувачко значење за судбината на Македонија... ДимитријаЧуповски. том I. Скопје, 1978, стр. 180-189. (приредил: Блаже Ристовски)

57


КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ, „НЕКОЛКУ ЗБОРОИ ЗА МАКЕДОНЦКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК"* 1903 г. Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено изменуајње на досегашниот процес на нашето дуовно развијајње, како и на тоа, да мојите возгледи во тој случај не сет нешчо ноо и безосновно, а сет само чекор напред во досегашното развијајње на нашето национално самосознајње и да сет затоа сосем природни и осноатељни. Се разбират, оти во једна мала книга, како шчо је ова мојата, не се можат подробно да се разгледаат сите задирнати прашања. За секоје од ниф би се можела да напишит по једна цела книга. Но сега за сега от таквија подробни разгледуајња за задирнатите питајња се немат ушче голема и неотложна нужда; за тоа требаше за сите од ниф да се кажит по неколку зборои за својевременоста на книгата и нашиот литературен јазик. Откако се изберит наречијето, кое имат да бидит македонцки литературен јазик, ќе требит да се разгледат и прашајњето за македонцкиот праопис. За праописот као и за праецот на нашето културно развијајње ке требит тука да се напраит неколку забелешки. Праописот на једен јазик, као и изработуајњето на једен литературен јазик можит да идит постепено и полусознатељно. Једен чоек од једен народ, шчо немат писменост, можит да изучит азбуката од једен народ по културен од негоијот. Тој чоек можит да употребуат туѓата азбука и за гласои од негоијот јазик, или да изложит својите мисли со помоќта на туѓа азбука. Но ако во неговијот јазик се имаат гласои, кои е немаат во јазикот, от кој шчо е позајмуат азбуката, тогаш позамуачот на туѓата азбука ке напраит некоји изменејња и дополнејња во еја, со који ке бидат означена разликата во гласоите меѓу двта јазика. Таја позајмена и преработена азбука се предаат от колено на колено и со предјадењето се 58


се изменуат и се дотеруат до својствата на јазикот на позајмуачите. Така постпено и неосетно се изработуваат азбуките у по некултурнитенароди од додир со по културни народи. Но таква постепеност имат место, ако два саседни народи сет во не једнакви политички прилики, ке се речит, једнијот, т.е. по културнијот народ господаруат, а другијот, по некултурнијот народ јет заробен, или нај малу немат полна политичка слободија. Но инак одат работите, ако двата народи имаат своји држаи. Во таков случај озајмуајњата, особено културните, биваат по сознатељно и по скоро. Така рисјанството и писменоста кај нас македонците с имат зафатено нај рано от сите словенцки народи. Они се распространуват со векови и идеа одоздолу на горе. За тоа воисторијата ништо не се зборуат за покрстуајњеетона нашиот народ. Но со поркстуајњето секој пат имат идено и писменоста. Co замолчуајњето на нашето покрстуајње се замолчуат и процесот на образуајњето на нашата писменост. И така нашето дуовно препородуајње и просветејњето кај нас, па и изработуајњето на нашата писменост, заради географцките и историјцките прилики, имаат земено во првата иљадогодишнина no P. Хр. инаков ход, a y друзите праославни словени инаков. Кај нас то се извршуат постепено и незабележо, кај ниф брзо и со извесна тенденција. От турцкото завојуајње на Балканцкијот полуостров стана једна премена. Турцкото госпотство ни прсечи сите врски сонашата старина. Нај тешко се отрази оно на Македонија, као централна провинција, па затоа во тоа време, кога у дуризте праославни словени постепено се изработуаше писменијот јазик и праописот, није се поеке се обезличаафме и готоо сосем се откажафме од нашиот јазик, као орган на литературна реча. Од време на време во течејње на цел XIX век немаа за жалост таков значај, да задобијат последуачи, затоа, ако и сега во XX век видиме некоји опитуачки да се пишат на македонцки, то тоа се не праит сознатељно и од некакви патриотични влеченија и цели, а само за забаа. 59


Bo тоа се состоит разликата во нашето, т.е. македонцкото дуовно-национално возродуајње, от тоа на друзите праославни словенцки народи, со друзи зборои: као шчо по напред није постпено и први се просветуафме со рисјанствои со писмо, а друзите словени - после нас и на брзо, така пак сега, во тоа време, кога сите праославни словени постепено си изрботија своји литературни јазици, своји богати литератури и постпено изработени праописи, није остааме назад от сите туку речи, без литературни традицији, не зато, шчо и немаме, а зашчо заборааме својето, изучаајки туѓето. Није сега со брзина ке требит да разработиме нашијот литературен јазик, д аустаноиме нашиот праопис и да содадиме једна наша литература, која ќе одгоарат на сите наши нужди. Co нашето сегашно национално взродуајње није се протиостааме на друзите праославни словени, као шчо се протиостаафме и напред: тогаш бефме први во дуовното препородуајње, које кај нас беше бавно, а кај ниф скоро, сега наопако; тогај они нас сакаа да не достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку. Во зависност от тоа, како се имат развијано једен народ инегоијот јазик и праописот можит да бдит различен. Ако једеннарод само постепено си изработуат својето писмо и него го преработуат и при тоа во негоата историја се намат таквија собитија, шчо ја преполоуваат и праат цела пропаст меѓу једната, т.е. старата и другат аили ноата нејна полоина, - писменијот јазик и праописот содржаат во себе мнго таквија особини, који немаат реална вредност во гласоите на сегашното стајње на јазикот. Но, ако во историјата на културното развијајње на једен народ се имат два периода, меѓу који се имаат једен, као треки, но кој шчо јет период од застој и јет као непрелазна стена меѓу ниф, - тогај воновиот период на развијајњето на националното самосознаајње имаме препоодуајње на народнијот дух, кје стаат вистина на стара осноа, но во него визаат много нои начела, согласно со дуот на времето и со псецијалните потреби на народнијот жиот и негоите пројауајња. тоа препородуајње се одбе60


лежуат и во книжниот јазик и праописот: како једнијот, така и другијот сет горе долу слободни од некоји традицији, који не сет согласни со современото стајње на разгоорнијот јазик. И така историјата на културното развијајње на народите, согласно сонејниот ход, содејствуват: или на чисто етимологијцки или историјцки праопис, или на бркан - етимологијцко - фонетичен или историјцко - фонетичен, или нај после на чисто фонетичен праопис. Трите вида от праопис зависат од по големата или по малата приврзаност констарото или ноото стајње на једен разгоорен или литературен јазик. Једејњот от трите праописа се усвојуат за једен литературен јазик у једен народ, шчо се возродуат, главно во зависност от та тенденција, шчо госпотствуваат при народното возродуајње. Једно јет така, то и нашиот праопис и праецот на нашијот литературен јазик ќе требит да бидат во полна зависност од та теднденција, која ќе не раководит нас при нашето национално возродуајње. Каква можит да бидит таја тенденцја е видит от таја книга. Но јас ќе си довољам да поворам. Она јет: прво, Македонија да е наутралисат за Бугарија и Србија и да се оддалечит еднакво од двете држаи и друго, она требит да се објединит на јазична основа. Тије принципи ќе ракоодат изработуботуајњето на литературнијот наш јазик; они ќе ракоодат и праописот. На тије два принципа одгоарат: 1. Прилепцко-Битољцкото наречије за литературен јазик, као једнакво далеко и от србцкијот и бугарцкијот јазици, и централно во Македонија. 2. фонетичнијот праопис со употребените во таја книга писмени знакои и сомали отстапки на етимологијата и 3. речничнијот материјал да јет собрајње от сите македонцки наречија. Крсте П. Мисирков, За Македонцките работи (Дототипно издание), (Уредил, Тодор Димитровски). Скопје, „Кочо Рацин" 1953, стр. 132-145.

61


МАНИФЕСТ НА ЈАНЕ САНДАНСКИ ДО СИТЕ НАРОДНОСТИ ВО ОСМАНСКАТА ИМПЕРИЈА* 31 јули 1908 г. Драги сотатковници, Толку долго чеканиот зрак на слободата изгреа. Нашата измачена татковина се прероди. Срамниот апсолутизам е во агонија. Против него стана целиот народ во лицето на сите нации што го составуваат. Револуционерниот повик на нашата братска Младотурска револуционерна организација се намери на радостен одѕив во душата на толку измачениот народ. И народот - роб стана господар. Неговата света пресуда е: Смрт на апсолутизмот! Смрт на угнетувачите! Драги сотатковници, Денешниот момент е голем. Во него ќе се реши големото прашање: да биде или да не биде нашиот народ? Кој ќе биде победник - тоа зависи исклучиво од вас, од вашата волја и готовност да умирате за слободата. И зарем вие, граѓани, што веќе вкусивте од слатките плодови на слободата, ќе се поколебате да ја исполните својата пресуда и да не го закопате злосторничкиот апсолутизам? Сотатковници Турци, Вие го составувате големото мнозинство од народот, но заедно со тоа вие најмногу ги почувствувавте сите злосторства на нашите заеднички непријатели. Во своето турско царство, вие не бевте помалку робје од вашите сотатовници, христијаните. Нашите управници лажеа досега дека христијаните биле ваши непријатели. Сега вие разбирате кои е ваши браќа, а кои ви се непријатели. Вие први излеговте во борбата за слобода и рамноправност. заедно со вас се сите. Вашиот проглас: „Народите се браќа и како браќа треба да живеат" - ги загреа срцата на христијанското население и го олесни во мачното прашање: по кој пат може 62


да стигне до слободата. Затоа: да живее започнатата борба против тиранијата за да заживее целокупниот народ? Драги сотатковници христијани, И вие бевте не помалку заблудувани и верувавте дека вашите маки произлегуваат од тиранијата на целиот турски народ. И таа заблуда падна. Сега вие си подавате братски раце и само со тој сојуз вие ќе ја извојувате толку досега саканата и скапо платена слобода. Зацврстувајте го тој сојуз. ДА ги закопаме заедно со апсолутизмот и создаваните од него национални самоистребувачки борби. Сонародници, Вие, кои дадовте толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Era вие не сте сами (и) ете зошто вашата борба станува уште понадежна и полесна. Co заедничките усилби на сите народности ние ќе ја извојуваме нашата полна слобода. He подавајте им се на престапните агитации кои можеби ќе се поведат од официјалните власти во Бугарија против нашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода. Драги сотатковници, Ждрепката е веќе фрлена. Враќање назад нема, а и кој од вас би посакал да се врати повторно кон смрдливата атмосфера на неправдата и развратот на бившата тиранија? Да си дадеме сите збор дека ја претпочитаме смртта на светата слобода пред гнасниот јарем на ропскиот живот. Смрт на тиранијата - да живее народот! Да живее слободата! да живее солидарноста меѓу народите! Да живее големата народна борба! Да живее народот! Солун, 18јули 1908 год. Сандански Павел Делирадев. не Сандански. Софи-fc 1946, стр. 30-32.

63


ГОВОР НА ДИМИТАР ВЛАХОВ BO ОТОМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ* Парламентарни заседанија, 1910 г. Овој закон го сметам за привремен и површен; мерките што овде ќе бидат прифатени ги сметам недоволни. Сакаме да ги стимулираме нашите земјоделци и нашата индустрија. Меѓутоа, по каков пат ќе ги стимулираме? Во тоа е прашањето. Што е потребно за стимулирање на нашата индустрија? Најпрвин се потребни капиталот и капиталистите. На второ пак место - работниците. На трето место, нужен е пазар за индустриските производи. Од која и да било нација и земја да доаѓа, нашата земја не ќе има загуба од капиталот... Претпријатијата можат да бидат странски и домашни, бидејќи и во нашата земја има богаташи. Меѓутоа, тие своите кредиторски пари ги кријат во касите, кесињата, a најмногу ги вложуваат во банките на другите земји. Кога овие луѓе ќе забележат напредок на претпријатијата создадени со странски капитал, ќе ги извадат и ќе им ги дадат сопствените пари на тие претпријатија... Во нашата земја има многу работници. Се оплакуваме дека за работниците нема доволно работа. Вистина е, нема опитни работници. Но зарем не можат и нашите работници да станат опитни? Ќе станат. Нашите работници што одат во Америка, Бразил, се квалификуваат и работат за напредокот на тие земји. Ако отвориме индустриски училишта, и ние ќе имаме опитни работници. За да се покрие дефицитот, треба да го зголемиме доходот. за да се зголеми доходот, треба да ги измениме даночните закони, треба да спроведеме финансиски реформи; и пред се, треба да работиме за прифаќање на прогресивно-пропорционалниот даночен систем и за зголемување на економската моќ на народот. Пред се, треба да ги измениме непосредните давачки. Најпрвин таа реформа треба да ја оствариме. Тоа не одговара на приходот на населението. Поради тоа сме принудени да направиме да се зголеми економската моќ на населението. 64


Гледате дека нашиот буџет е многу тежок за населението. За да се зголеми приходот, нужно е да се зголеми економската моќ. Ако не ја зголемиме неа, постојано ќе има дефицит и населението ќе ги смета даноците за товар. Co еден збор, да се изменат даноците, да се изврши финансиска реформа, да се примени прогресивно-пропорционалниот систем, да и се даде предност на економската моќ на населението. Така да се следи една финансиска и економска политика. (Продолжителни аплаузи). А. Стојановски, Еден говор на Димитар Влахов во Турскиот парламент. Историја (Скопје) ВИ, 2 (1970) стр. 240-247. Според А. Церрахоглу, Туркиѕеде Сосѕализм (1848-1925). Истанбул 1968, с. 72-84).

ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ „МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ"* /„Македонискија Голос", 1913 гУ Во време на турското господство македонските Словени за сето време не престанува да водат свесна и упорна борба, отпрвин за својата независност, а откако конечно биле покорени од Турците, за своето ослободување од турскиот јарем. Тие кревале многубројни востанија, често ги поразувале Турците.но, се разбира, на крајот од краиштата, востанијата секогаш биле задушувани во потоци од македонска крв... Тие земале учество и во ослободителната борба на своите соседи - Србите, Грците и Бугарите - чијашто слобода била извојувана со усилбите и со помошта и од Македонците. Така, во време на Руско-турската војна 1877-78 г. 2/3 од доброволците од балканските Словени биле Македонци. Имињата на Ѓорѓи Пулевски, Стојан Везенковски, Попот Буфски и на цела плејада други што зеле учество во херојската борба на крстот, со полумесецот, многу им зборуваа, а и сега уште им зборуваат, на срцата на Јужните Словени. И ако Македонија, и по за неа несреќниот Берлински конгрес мораше да остане под господството на Турците, 65


тоа е само затоа што таа се наоѓаше поблиску од сите други Словени до административните центри на Отоманската империја, како што е Цариград, Одрин, Солун, Македонија можеше да се ослободи само заедно со конечното пропаѓање на Турција во Европа. Берлинскиот конгрес кој го предаде македонскиот народ во жртва на одмаздата на разбиените Турци, кои знаеја каква улога игра македонските одреди во за нив несреќната војна, предизвика експлозија на очајот и негодување по цела Македонија. Целиот народ, како еден човек, се крена и започна несрамна борба против Турците за своето ослободување. Востанието траеше повеќе од една година и заврши, се разбира, со победа на озлобените Турци, кои најпосле, ја разурнаа таа несреќна земја. Многу села, па дури и градови, беа изгорени, многу народ беше исклан, а македонската интелигенција беше делум истребена, делум најде спас во бегството во слободните држави. Без оглед на ваквото крваво задушување на востанието, ослободителната идеја не ги напушти Македонците. Сите 35 години, колку што изминаа од Берлинскиот конгрес, па се до сегашната војна, се една крвава страница на непрекината гигантска борба на македонскиот народ за своето ослободување... Стотици илјади жртви што тој ги принесе на олтарот на татковината го искупија правото на Македонија на слобода... Само за едно петлетје - од 1898 до 1903 година - имаше повеќе од 400 судири меѓу Македонците и Турците. Упорната востаничка борба против Турците се раководеше од таканаречената Внатрешна организација, која во текот на 10 години (до познатото востание во 1903 година), изврши чудесно дело: дотогаш неорганизираните, проникнати само со дух на протест и востание, елементи таа ги претвори во дисциплинирана силна војска, која беше во состојба да им дава отпор на насилниците. Највидните дејци на таа организација беа Гоце Делчев и Дамјан Груев... „Македонски глас", Институт за национална историја

66


МЕМОРАНДУМ НА МАКЕДОНЦИТЕ* 7 јуни 1913 г. До владите и до општественото мнение на сојузните балкански држави Македонците постојано, во текот на вековите востануваа и се бореа за независност и слобода, и со својата упорна борба го помогнаа ослободувањето на Србија, Грција и Бугарија. Кога, по големата ослободителна војна во 1878 година., Македонија одново остана во дотогашната своја неволја, таа со уште поголем самопрегор почна да се бори за својата независност. Само во периодот од 1878 год. до сегашната од илјада судири и борби со Турците, борејќи се за својата „ослободителна" војна, македонските востаници имаа повеќе слобода. Воените успеси што сојузниците ги постигнаа во сегашната кампања се во значителна мерка заслуга и на македонските ополченски и четнички дружини, оформирани од Внатрешната организација и 27-те македонски братства. Повеќе од сто илјади македонски четници и ополченци се бореа рамо до рамо со сојузничките армии. Цела Македонија беше освоена со огромното учество на македонските вооружени сили. При заземањето на многу градови и утврдени места Македонците пројавуваа храброст и самопрегор. Во битките кај Куманово, Црни Врв, Скопје, Велес, Прилеп, Битола, Ресен, Костур, Крџали, Мустенли, Џумаја, Фере, Серес, Солун, Струмица учествуваа македонски ополченски дружини. Кај Булаир, Шар-Кој, Родосто, Кирклисе, Лулебургас, Чаталџа и Одрин не малку благородни македонски синови ги положија своите животи за општото сојузничко дело. Непристапните кресенски и многу други планински пооди во Македонија се наоѓаа, долго пред да ја објават војната сојузниците, во рацете на македонските четници, од каде што тие непрекинато вршеа напади на непријателот и со тоа му ја деморализираа војската. Таквата положба, кога целиот народ како еден човек се бореше заедно со сојузничките војски, за Турската војска 67


создаде вонредно тешки услови и со тоа ја помогна нејзината брза капитулација. Како најдобар доказ за тоа служи предавањето на единаесетилјадната турска војска на Јавер-паша, која им се предаде единствено и само на македонските ополченци. Co своите акции во спомнатата војна Македонците го потврдија своето природно, општочовечко право на слободно независно постоење и се здобија со цврсти историски аргументи за својата слобода. Но се случи неочекуваната, историска неправда. Наместо Македонија, прославена од Александар Македонски, осветена од апостол Павле, облагородена од дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, обединета од славниот цар Самуил, бранета од храбриот Добромир Стрез, обесмртена од Марко Крале, облеана од крвта на милиони маченици за слобода, наместо Македонија единствена, целокупна, слободна, европската дипломатија, a co неа и вие, наши браќа - сојузници и ослободители, не раскинувате на парчиња и ги газите нашите свети идеали. Зошто? Затоа ли што, наоѓајќи се под многувековен јарем, ние сепак успеавме да ја зачуваме својата националност и пламен стремеж кон независност? За тоа ли што ние му поверувавме на вашиот повик за заедничка борба за слобода? Целиот свет ни е сведок дека вие, објавувајќи ја војната, свечено ја изјавивте, во манифестите и во прогласите до македонскиот народ, својата некористољубивост, дека вие одите да ослободите а не да поробувате, раскинувајќи го на парчиња живиот народен организам. Сетете се, браќа Бугари, Срби и Грци, дека вие сте се преродиле за нов живот дури по 14 крвави војни на Русија со Отоманската империја и дека вие, со својот сегашен подвиг, сте и вратиле на својата благородна покровителка само дел од историскиот долг. Сетете се и тргнете по примерот на велика Русија, која ви обезбеди независен живот. Сетете се дека раскинатата Македонија ќе биде меѓу вас вечно јаболко на раздор. Сетете се дека и во минатите ис68


ториски времиња гинеле една по друга држави во борбата за Македонија и не продолжувајте го крвавивиот синодик во сегашново време. За подолгото постоење на Балканскиот сојуз и на добрососедските односи на државите што влегуваат во неговиот состав, неопходно е да се отстрани секакво заемно соперништво поради Македонците, како самостојна и рамноправна држава, доброволно да влезат во општиот сојуз. Внатрешните раздори на словенството и со него историски и културно сврзаното единство се поопасни, отколку сплетките на многубројните надворешни непријатели. Принципот на сојузништво нека биде основа на целиот наш иден културен прогрес. Разделувањето на Македонија ќе создаде за нас нова зависност и јаремот на родниот брат не ќе може да ни ја замени слободата. Во името на природното право, во името на историјата, во името на практичната целесообразност ние ве молиме, браќа, да го примите на знаење следново: 1. Македонија е населена со еднородно словенско племе, кое има своја историја, свој начин на живеење, своја некогашна државност, свои идеали, па поради тоа, и свое право на самоопределување. 2. Македонија треба да биде, во своите етнографски, географски и културно-историски граници, самостојна држава, со влада која е одговорна пред народното собрание. 3. Македонската држава треба да биде одделна рамноправна единица на Балканскиот сојуз при општи царински граници. 4. Во црковен однос е неопходно во Македонија да се воспостави древната Охридска автокефална црква, која ќе се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви: грчката, руската, бугарската, српската, романската и сириско-арапската. 5. За подробно разработување на внатрешно устројство на македонската држава треба во најскоро време под покровителство на државите да се свика народно претстав69


ничко тело (национално уставотворно собрание) во градот Солун, избрано по пат на општо гласање. Браќа сојузници-ослободители! Ние се надеваме дека нашите зборови ќе стигнат до вашите срца и разум и дека вие, по примерот на великодушна Русија, во интерес на вашата иднина, ќе помогнете веднаш да се создаде независна македонска држава и со тоа ќе ги зачувате меѓусебниот мир и слога. Колку поскоро, толку подобро за сите нас. Таквото решение произлегува од оживотворувањето на големата словенско-елинска сојузничка идеја на Балканот, и ова од вас го бараат интересите на културата и правдата на целиот свет. С. Петербург, на ден 7 јуни 1913 г. Потпишале полномошници: Димитрија Д. Чуповски, Георги А. Георгиев, Д-р Г.К. Константиновиќ, Наце Д.Димов, Инж. тех. И.Г. Георгов. Македонски глас, стр. 52-55.

БУКУРЕШКИ МИРОВЕН ДОГОВОР* 10август 1913 г. Член 1 Од денот кога ќе се сменат ратификационите документи на овој договор ќе завладее мир и пријателство меѓу Н.В. кралот на Романија, Н. В. кралот на Бугарите, Н.В. кралот на Елините, Н.В. кралот на Црна Гора и Н.В. кралот на Србија, како и меѓу нивните наследници и следбеници на нивните држави и поданици; Член 2 Меѓу кралството Бугарија и кралството Романија... Член 3 70


Меѓу кралството Бугарија и кралството Србија границата ќе врви, согласно со протоколот на воените делегати, приклучен кон протоколот број 9 од 25 јуни 1913 г. на Букурешката конференција, по оваа траса: Граничната линија ќе трга од врвот Патерица на старата граница, ќе врви по старата турско-бугарска граница и по вододелницата меѓу Вардар и Струма, со исклучок на горниот дел од Струмичкиот дел, кој ќе остане на српска територија; ќе излезе на планината Беласица, каде што ќе се поврзе со грчко-бугарската граница. Деталниот опис на оваа граница како и нејзината траса на картата 1:200000 на австрискиот генералштаб се додадени кон овој член; На една мешана комисија, составена од претставници на двете високи договорни страни, во еднакво број од едните и другите ќе и биде поставена задача во рок од 15 дена по потпишувањето на овој договор да ја повлече на теренот трасата на новата граница сообразно со горните одредби. Оваа комисија ќе претседава при поделбата на неподвижните имоти и капитали што досега им припаѓаа на околиите, општините или на здруженијата на жителите, а кои се разделени со новава граница. Во случај на недоразбирање на трасата и на замерките при спроведувањето, двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат до третата пријателска влада со молба таа да се определи арбитар, чиешто решение за спорните прашања ќе се смета за дефинитивно. Член 4 Прашањата што се однесуваат на старата српско-бугарска граница ќе бидат уредени според спогодбата постигната меѓу двете високи страни договорнички и потврдена во протоколот приклучен кон овој член. Член 5

Меѓу кралството Грција и кралството Бугарија... Член 6 Врховните команди на војските ќе бидат веднаш известени за попишувањето на овој договор. И утредента по до71


биениот извештај бугарската влада ќе биде задолжена да ја доведе својата војска во мирновремена состојба. Таа ќе ги испрати трупите во нивните гарнизони, каде во најкраток рок ќе се пристапи кон распуштање на разни резерви по нивните куќи. Трупи чијшто гарнизон би се нашол во зоната на воената окупација на една од високите договорни страни ќе бидат испратени во некое друго место од старата бугарска територија и ќе можат да се вратат во своите редовни гарнизони дури по евакуирањето на окупационата зона за која стана збор погоре; Член 7 Евакуирањето на бугарската територија, на старата и на новата, ќе почне веднаш по демобилизацијата на бугарската војска и ќе се заврши најдоцна за 15 дена... Член 8 За време на окупацијата на бугарските територии по некоја од војските ќе го задржи правото на реквизиција плаќајќи со пари во готово. Тие ќе можат на тие територии да се служат слободно со железниците за транспортирање на трупите и за снабдување од секаков ви, а локалните власти не ќе имаат право на надомест. Болните и ранетите на тие територии ќе бидат под заштита на тие војски; Член 9 По изменувањето ратификациите на овој договор, што е можно поскоро ќе се изменат меѓу себе и воените заробеници. Сите заробеници што се наоѓаат во рацете на една влада ќе му бидат предадени на делегатот од оваа влада на која им припаѓаат или на нејзин ополномоштен застапник, на она место што ќе го определат заинтересираните страни. Владите на големите страни договорнички ќе си поднесат една на друга, а што е можно поскоро по предавањето на воените заробеници, сметка за непосредните издатоци што ги имале околу издршката и грижата на заробениците, од денот на заробувањето или предавањето до денот на 72


смртта или враќањето. Од сумата што би и ја должела Бугарија на едната од високите страни договорнички ќе се одбие сумата што би и ја должела оваа на Бугарија, а разликата ќе и биде исплатена на владата доверителка што поскоро по сменувањето на гореспоменатите сметки за издатоците; Член 10 Овој договор ќе биде ратификуван и ратификацијата ќе биде разменета во Букурешт во рок од 15 дена или порано, ако е тоа возможно. За доказ на тоа полномошниците го потпишаа и ги ставија на него своите печати. Ѓорѓе Јелениќ, Нова Србија и Југославија. Београд 1923, стр. 312-314.

ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ, „БАЛКАНСКА ФЕДЕРАТИВНА ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА"* 18 јуни 1917 г. Балканот за балканските народи, Полно самоопределување на секоја нација. Сегашнава светска војна на многу поробени народи им носи слобода и самоопределување. Македонија со векови се борела и леела потоци крв за оваа слобода и независност, но та предавнички, неправедно беше раскината од злосторниот шовинизам и од алчноста на крвавите династии на државите што ја опкружуваат. Резултатите од овој беспримерен грабеж во историјата предизвикаа не само заемно истребување на балканските народи, но потоа и досега невидената светска војна. Сега, кога големиот дел од Балканскиот Полуостров е во урнатини, а остатоците од неговите народи се наоѓаат под тешкото австро-германско ропство, ние, Македонците, настрадани повеќе од кој и да е друг, ве повикуваме сите вас, балкански народи, да ги за73


боравите минатите расправии, да се обедините и да се приклучите кон нашата општобалканска револуционерна програма за заедничка упорна борба и за создавање Балканска Федеративна Демократска Република. Програмата на нашиот Револуционерен комитет се состои од следниве основни пунктови: 1. Сите балкански народи се должни да ги урнат постојните династии и да воведат кај себе републикански начин на управување. 2. Секоја балканска република во својот внатрешен живот треба да биде наполно самостојна. 3. Сите балкански републики составуваат една општа Балканска Федеративна Демократска Република. 4. Во составот на Балканската Федеративна Демократска Република влегуваат следниве републики: Македонската, Албанската, Црногорската, Грчката, Српската, Бугарската, Хрватската, Босанско-Херцеговинската, Словенечката и Тракиската. 5. Самостојни републики на Балканот се признаваат не само едноплеменските држави, туку и оние области, со мешано население, чиишто животни интереси тесно се поврзани со географските, историските, политичките и културно-економските услови. 6. Во републиките со мешано население можат да се образуваат автономни окрузи и општини, каде што секоја народност ќе има полна слобода на родниот јазик, верата и обичаите. 7. Официјален јазик на секоја одделна република е јазикот на мнозинството. 8. Секоја одделна република испраќа свои ополномоштени народни пратеници во општиот Сојузен парламент на Балканската Федеративна Демократска Република. 9. Од составот на ополномоштените народни пратеници се формира Сојузна влада и Совет што го заменува претседателот на Федеративната Република. 10. Во составот на Сојузната влада и во Советот влегу74


ваат еднаков број лица од секоја република-федерација. 11. Федеративната влада и Советот ги раководат сите општофедеративни внатрешни и надворешни меѓународни работи на Балканската Република.

18.04.1917 г. Македонски револуционерен комитет Д. Павле-Чуповски Б. Ристовски, Димитрија Чуповски, II, стр. 266-269.

АПЕЛ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД* 9 март 1919 г. 1. Македонското население, без разлика на народност и вера, по се што проживеа има цврста и свесна желба неговата земја да се запази цела и неразделна како самостојна политичка единица на Балканот во нејзините природни балкански граници врз базата: Солун како општ центар, Вардарска долина, Скопје и Битола со нивната стопанска и економска заднина. Овој свој стремеж да заживее мирно и слободно македонско население е готово да го подвлече и отворено преку еден плебисцит кога ќе се отстранат заинтересираните администрации. 2. На вака создадената држава да и се даде самоуправа со полна рамноправност и еднакви права на сите народи без разлика на бројност и при отсуство на секакви духовни или политички установи кои би и дале предност на која и да било од нив или би побудиле сомневање или страв од зародување на сепаратистички стремежи и аспирации. 3. Додека се организира и зацврсти внатрешно и до целосно изживување на тукушто стивнатите расправии и страсти меѓу разните народности, кои ги имаат сите природни услови да заживеат во мир и братство, само да се ослободат од надворешното влијание, идната самостојна Ма75


кедонија да добие солидни меѓународни гаранции за својата постојана неутралност и да биде под меѓународна заштита против секаквите завојувачки стремежи однадвор, за да може при така гарантирано постоење да го заземе своето скромно место, штом и биде такво определено во идното семејство на народите. 4. Поддржувајќи ги горните барања, македонското население не се раководи од чувството на непријателство, туку од желбата за живот и мир. Кристализирани одамна во својата национална физиономија, никоја од народностите во Македонија не сака туѓо политичко господство ниту раскинување на една земја која, по одделувањето на соседните балкански држави од Турција, издигна внатрешни трговски центри како Скопје и Битола, кои што им отстапуваа само на нивните престолнини. Притоа македонското население во својата целоста стана жртва на една балканска политика која надворешно имаше извесна национална оправданост, но која фактички поради географската положба на Македонија, која што и даваше цена само како на цела, се изрази во стремежи за насилни завојувања, кои го фрлија целото население заедно со неговите балкански браќа во катастрофално самоистребување и сега, искрвавено, разорено и ги преживеало на два пати ужасите на таква бесплодна политика, е исправено пред неопходноста да ликвидира еднаш засекогаш со неа и да живее самостојно, само за себеси и во братски односи со сродните балкански народи, доколку нивните влади ќе ја почитуваат Македонија како постојан и рамноправен фактор на Балканот. Ако овие барања се навистина барања на нашите сонародници таму и овде, ако се тие идеалите како на населението во Македонија, така и на емиграцијата во Бугарија и ако ние, потписниците на овој апел, подавајќи си ја братски раката од името на еден народен идеал и решени да врвиме заедно до крај, ги имаме квалитетите да ја претставуваме бившата револуционерна организација и да и служиме верно, дајте ни ја довербата, дајте ни ја поткрепата. Ние ќе 76


се помачиме оваа организација со сите нејзини зачувани сили да стане повторно на своите нозе. Помогнете и бидете готови да ја поткрепите секој момент, особено кога ќе и се наложи да даде соодветна форма на нерасипаните народни сили, за да ги упати кон задачите и потребите на иднината, каква и да биде таа. 9 март 1919 год. Потпишале: Ѓ. Петров, П. Ацев, Т. Делииванов, М. Ив. Герџиков, Таско Спасов Серски, А. Лозанчев, Д. X. Димов, Д. Икономов, Хр. Јанков, Кр. Љондев, Н. Пушкаров, Протојереј Томо Николов, Чуд. Кантарџиев, Р. Ризов, Г. Скрижевски, П. П. Арсов, Пав. Христов, Лука Џеров, М. Шкартов, Ар. Ма-ев, Ст. - В. и др. Архив Војноисторијског института ЈНА, (Београд) Операцијски дневник оперативног одељења Врховне команде. Кут. 27, бр. 2, кн. 40, 1919, 596. Апел кг>м македонско население и кг>м емиграци"кта в БИлгари"ѓ>.

АПЕЛ ПРОТИВ ТЕРОРОТ ВО МАКЕДОНИЈА 1 февруари 1928 г. Толготата на македонскиот народ. Македонија обвинува. Апел,,* Тоа што им се има случено во последно време во Македонија и тоа што сега се случува не принуди да Ви се обрнеме и да Ви го упатиме овој апел, очекувајќи дека ќе преземете нешто за спасувањето на македонското население од денешните ужаси. Македонија страда. Тоа што во неа сега се случува повеќе не може да се поднесе. Дојде такво време, што ние овде не знаеме дали ќе осамнеме ако сме замркнале, ниту дали ќе замркнеме до колку сме осамнале. Овде народот се наоѓа во очајна состојба. Од една страна, 77


Протогеров ги испраќа своите чети за да прават атентати од кои скоро секојпат страдаат и невини Македонци. Од друга страна, денешниот режим секој таков обид за атентат без оглед дали успеал или не го користи за да воведува овде се посилен терор којшто само води кон зло. И така, преку нашата кожа се води спор чија е Македонија, a од тоа пресметување само Македонците страдаат, иако не соучествуваат во тоа и ја осудуваат и едната и другата страна. Долго молчевме и трпевме. Се надевавме дека владите што една по друга се менуваат ќе обрнат внимание на оваа запустена и разорена област, но попусто. Од ден на ден е се полошо. Веројатно се што е од луѓето најлошо овде се праќа чија единствена грижа е на сметка на веќе оголените Македонци да се збогатат. Секоја чест на исклучоците, но многу се ретки. Годинава што доаѓа не ни носи ништо подобро. Бидејќи наместо во буџетот (да се предвиди) тоа што е вистински потребно за Македонија, се предвидува огромно зголемување на давачките за таканаречената јавна безбедност на Југот, т.е. за полицијата и жандармеријата, иако е сега бројот на жандармите во Македонија многу голем: по зборовите на г. Прибичевиќ од 15.000, колку што сега ги има, на Македонија отпаѓаат 10.000. Ние изгубивме секоја надеж дека владата и сама ќе се сети да и се помогне на Македонија, бидејќи се што е правено досега секојпат беше на наша штета. Вистина во некои весници често се пишува дека во Македонија е се добро. Меѓутоа, тие статии секогаш доаѓаат од луѓе кои се блиску до владата и до режимот и на кои навистина им е добро. Дали некогаш се појавила статија од овдешните луѓе кои би ја фалеле положбата овде на Југот? Ние нема да ги бараме виновниците, никого нема да обвинуваме. Ние само сакаме за судбината на оваа несреќна покраина да се заинтересираат сите напредни елементи. Зашто овде систематски се спроведува злото. Луѓето што се добри спрема граѓаните веднаш се преместуваат, a ce доведуваат други кои во слепата желба да му угодат на денешниот режим се готови на се. Можеби ќе се бара да се наведат таквите: невозможно е бидејќи ги има многу, би можело да се наведат само исклучоците. Нај78


големата несреќа доаѓа од полицијата и жандармеријата. Жандармите понекогаш се посилни од поглаварот, поголеми дури и од самиот жупан. Тие за своите дела на никого не му одговараат, така што се добива впечаток дека од самите виши органи добиле одобрување за својата крвава работа. Македонски граѓани *Овој апел бил упатен до редакциите на повеќе весници: "Новости,, "Рад„ "Одјек,, "Реч„ "Политика,, во Белград, "Борба,, "Дом„ "Обзор,, и "Ријеч,, во Загреб итн. Потоа, до редакциите на списанијата,, "Књижевни гласник,, "Мисао,, "Будучност,, во Белград; "Нова Европа,, и "Књижевна република,, во Загреб. Исто така апелот бил упатен до ректорите на универзитетите во Белград, Загреби Љубљана; до клубовите на народните пратеници, до истакнати политички, јавни и културни работници како што биле Светозар Прибиќевиќ, Стјепан Радиќ, Љуба Давидовиќ, Слободан Јовановиќ, Драгољуб Јовановиќ, Јаша Проданови, Мирослав Крлежа, Анте Трумбиќ и др. Апелот го објавил само весникот "Борба,,

СУДСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗБОРУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО КРАЛСТВОТО ГРЦИЈА 24 април 1939 г. Јавниот обвинител во село Долно Котори во врска со членовите 143-145 од Кривичниот закон го повикува Георги И. Митри, жител на село Нерет, лично да се јави во судот на 15 мај 1939 година, понеделник, во 9 часот пред пладне да му се суди како обвинет, затоа што на 19 февруари оваа година во селото Нерет бил фатен од органите на полицијата да зборува со други лица на јазик што останатите не го познаваат (словенски) и да пеел на истиот јазик. Бидејќи е повреден чл. 697 од Кривичниот закон и согласно со полициската наредба 15/36, ако истиот лично не се јави, ќе му се суди во отсуство. Нерет 24, IV 1939 год, Јавен обвинител 79


ПЕТИЦИЈА НА БАЛКАНСКИОТ КОМИТЕТ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ДРУШТВОТО НА НАРОДИТЕ ЗА ЖЕЛБИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КРАЛСТВОТО HA CXC 10 јули 1928 г. Балканскиот комитет, вдахнат со непристрасен интерес за доброто на балканските држави, учтиво му обрнува внимание на Советот на Друштвото на народите на извесна желба на македонското население од оној дел на Македонија и пограничната територија која се наоѓа под суверенитетот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. ...Фактите зборуваат дека жалбите на македонските Словени и на другите малцинства што живеат на тој дел на територијата се сосема основани поради што ние го молиме Советот на Друштвото на народите под закрилата на Друштвото на народите да формира една Анкетна комисија која ќе ги испита условите под кои македонските Словени и останатите малцинства се принудени да живеат, жалбите што тие ги изразуваат како и правата стекнати врз основа на Договорот за малцинствата потпишан од Југославија и главните Сојузнички сили на 10 септември 1919 година. Ние би сакале исто така Анкетната комисија на Друштвото на народите да се повика да предложи мерки што би можеле да се преземат заради примената на погоре споменатите договори, особено во поглед на поставувањето на народни учители во училиштата и народни свештеници во црквите, со што вистински би се отстраниле жалбите што се чувствуваат на оваа територија, a што во исто време би било од голема полза за југословенската држава, бидејќи на тој начин би се отстранил најхроничниот извор на судирања во нејзината администрација. Приклучените изводи (1-5) покажуваат дека најмалку 5 од најважните одредби од гореспоменатиот Малцински договор не биле почитувани од државата на CXC. Co желба да придонесеме за искрена соработка меѓу балканските народи, со доверба се обраќаме кон Советот на Друштвото на народите да обрне искре80


но и благонаклонето внимание на оваа петиција што имаме чест да му ја поднесеме. Потпишани: Ноел Бакстон, претседател; Едвард Боил, претседател; Хенри В. Невинсон,потпретседател, Ајрин Тувеј, секретар. ФРАНЦУСКИОТ СЛАВИСТ АНДРЕ ВАЈАН ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК 1938 г. ...Поимот на „словенскиот македонски" е нејасен само за оној што тоа го сака. Словенскиот македонски претставува реалност во таква мера што во XIX век суштествувал еден македонски литературен јазик, јазик на сосема мала учена литература, но на обилна народна литература; и не се работи само за документи на фолклорот какви што можат да се соберат сегде: лирската македонска песна, многу ценета во Србија и во Бугарија, претставува еден автентичен литературен жанр, со реална вредност. Овој литературен јазик, базиран врз говори што природно се разликуваат малку меѓу себе, немаше време да се унифицира. Меѓутоа негови центри беа Скопје, Тетово, Охрид, Битола (Манастир), Воден, итн. A.Vaillarrr, Le probleme du slave macedonien-BulleTin de la socieie de NnguisTique de Paris, T.39, 2 (Numero 116), Paris 1938, p. 195

МАНИФЕСТ HA ВНАТРЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (ОБЕДИНЕТА) бмај 1924 г. МАНИФЕСТ кон македонскиот народ, кон организираното револуционер-но население во Македонија и кон македонските револуционери Браќа Македонци! Македонија во своите природни географски граници меѓу ре-

81


ката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охридско Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Mope, со едно пространство од 65.000 кв. километри, пресечена од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарено со најразнообразни природни богатства и благопријатни климатски услови: со своето население од 2.302.000 души, разнообразно по својот етнографски состав, со својата централна економска и стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Дунав, Егејското и Јадранското Mope ги има сите услови и права за самостојно политичко постоење како независна држава којашто се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, политичка и економска алка меѓу народите и државите на Балканскиот Полуостров. Вековните борби на македонското население против господството над неговата територија од страна на едно племе и тиранијата спроведувана спрема другите племиња што ја населуваат Македонија; отпорот го покажа тоа спрема денационализаторската политика на државите што ја владееле Македонија или граничеле со неа; учеството на македонското население во сите востанија и револуционерни движења; содејството што непрекинливо, во сите војни на Балканот, им го даваше на земјите што се јавуваа да се борат во името на ослободувањето и самоопределувањето на балканските народи, е најочигледниот доказ за правата и свеста на македонскиот народ да биде една самостојна политичка единица на Балканот. Тргнувајќи од таа свест и опирајќи се врз неа, Внатрешната македонска револуционерна организација, ВМРО, во текот на цели десетлетија, води најрешителна револуционерна борба за ослободувањето на Македонија. Таа борба, во зависност од соодносот на факторите во меѓународната и балканската политика и етнографскиот состав што преовладува во организацијата, поставуваше различни тактички задачи и користеше различни средства. Долго време македонскиот народ, верувајќи во ослободителните стремежи на великите европски сили и малите балкански држави спрема Македонија, беше ги управил своите погледи кон нив и го очекуваше своето ослободување преку нивна интеграци82


ја. Сообразно со тоа, ВМРО ја беше насочила целата своја дејност да го издигне гласот на страдалниот македонски роб до ушите на идните свои ослободители, да го привлече нивното внимание, да го предизвика нивното мешање, да го искористи натпреварувањето на нивната политика и по тој начин да ја истргне слободата на Македонија. Примерот со создавањето на слободна Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија беше привлечен и охрабрувачки. Сообразно со таа тактичка задача на македонската револуционерна борба беа и нејзините средства, во прв ред единичните и делумните удари, било против владејачката власт, било против туѓите интереси врзани со Македонија. Дури ни Илинденското востание, најголемото и најмасовно движење, не можеше да смета дека само ќе извојува слобода на Македонија, туку имаше цел да му го наложи на општоевропското јавно мислење и на меѓународната дипломатија разрешувањето на македонското прашање. За една вистинска револуционерна акција во голем масовен македонски или балкански размер којашто би сметала на себе за извојувањето на македонската слобода ни збор не можеше да стане. Резултатите од европската интервенција по Илинденското востание, изразени во лицемерните реформи, насочени повеќе да го заздрават и закрепнат турското владеење на Македонија отколку да ја родат нејзината слобода, го разочараа македонскиот народ. Тоа разочарување ја засили струјата во редовите на ВМРО којашто, сметајќи на ослободителната мисија на младите балкански држави, ги насочуваше своите усилби да предизвика нивна воена интервенција. Балканската војна, која заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 год., a no неа и општоевропската војна, со нејзините Париски договори кои го раскинаа живото тело на Македонија и го поделија меѓу балканските држави што ја опкружуваа, дефинитивно ја убија верата на македонскиот народ во ослободителната мисија на интервенционистичката политика на големите европски и малите балкански држави. Берлинскиот (1878. г.), Букурешкиот (1913 г.) и Париските мировни договори од 1919 год. го убедија и најпоследниот неверен Тома дека како 83


големите, така и малите европски држави спроведуваат своја егоистичка политика, поради што слободата и постоењето на Македонија може да биде само разменска монета. Од тоа произлегува дека од тие држави, додека се раководени од влади што ја поддржуваат завојувачката и империјалистичката политика на тие договори или, со други зборови, додека кај нив не се установат влади што ја базираат својата надворешна и внатрешна политика врз вистинското самоуправување на народите, македонскиот народ не може да очекува никаква поткрепа за својата слобода. Проценувајќи го основно тој историски опит, ВМРО доаѓа до цврстиот и конечен заклучок дека во својата револуционерна борба за слободата на Македонија, таа може да смета само на крајно прогресивно-револуционерните движења во Европа, кои се борат против империјалистичката политика на своите влади, против постојните мировни договори и за вистинско самоопределување на своите и туѓи народи. Ете зошто ВМРО изјавува дека во интерес на македонската слобода ќе им ја даде сета своја поткрепа само на оние што на балканска почва се борат против завојувачката политика на европскиот империјализам, спроведувана било директно било преку владите на балканските држави. Но, владите на балканските држави не се само орудија на европскиот империјализам; тие спроведуваат и своја сопствена националистичка, завојувачка политика. Благодарејќи на таа општоевропска империјалистичка и општобалканска националистичка завојувачка политика, Македонија, истоштена од петвековното ропство, разурната од три војни, денес одново е поробена и разделена помеѓу трите балкански држави: Србија, Грција и Бугарија. Ниедна од владите на балканските држави не мисли за ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица; ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде правата предвидени во договорите што им го осигуруваат култур84


ниот развиток како национални малцинства. Поради тоа ВМРО е принудена да изјави дека политиката на сите балкански влади е непријателска за слободното и самостојно политичко постоење на Македонија и дека таа најрешително и со сите средства на револуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ. За да се избегне секакво недоразбирање и нејасност, ВМРО изјавува исто така дека таа не може да се дезинтересира за внатрешната и надворешната политика на балканските држави и особено на Србија, Грција и Бугарија, кои владеат цели делови од територијата на населението на Македонија. По однос на Грција ВМРО ќе се бори против секој обид за враќање на монархијата-најјаркиот израз на ултраимперијалистичката грчка политика - и против секоја грчка влада која ја поддржува денешната делба на Македонија, го денационализира населението во грчка Македонија и насилно го изменува неговиот етнографски состав, протерувајќи го домородното население и заменувајќи го со грчки преселеници од Мала Азија и Тракија. По однос на Југославија ВМРО најрешително ќе се бори против сите, без разлика на партија, белградски влади, кои ја крепат денешната српска политика на насилнички централизам, денационализација и угнетување не само на македонскиот народ туку и на народите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Војводина, Словенија и Далмација; уште повеќе затоа што таа политика, поткрепена од некои европски држави, е насочена кон нови заграбувања на туѓи територии за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. ВМРО изјавува дека во внатрешните национални борби во Југославија таа решително застанува на страната на сите угнетени народности што ќе се борат против белградските влади за демократска децентрализација и федеративна реорганизација на Југославија. По однос на Бугарија ВМРО изјавува дека, и покрај сите жртви што бугарскиот народ ги давал е и готов да ги даде за слободата и независноста на Македонија, денешната бугарска влада на Цанков, во расчекор со чувствата и интересите на својот народ, води една политика јавно антимакедонска и антибугарска, една 85


политика јавно србофилска, која не само што ја овековечува делбата на Македонија туку подготвува нови територијални прекројувања на Балканот за сметка на Македонија. ВМРО ги предупредува народите на Македонија, Југославија, Грција и Тракија, дека бугарската држава, опрена врз своите договори со некои европски држави за делбата на Хрватска, Албанија и Грција, се готви да ја рашири својата завојувачка политика накај Солун, терајќи ја софиската влада кон Кавала, заплашувајќи ја дека во противен случај ќе ги окупира бугарските градови Перник и Ќустендил. И владата на Цанков е, изгледа, соблазнета од тие империјалистички перспективи, потшепнувани од белградските сирени. Таа се зафатила да ја уништи Внатрешната македонска револуционерна организација и македонското револуционерно движење, кои се најсериозна пречка за остварувањето на тие престапни намери. Додека белградската влада ја подготвува и раздувува граѓанската војна во Албанија, софиската влада на Цанков се зафатила со уништувањето на ВМРО. Затворањето на неколку стотини Македонци во Бугарија, под сомневање дека учествувале или соучествувале во македонското ослободително движење; забранувањето на сите легални печатни органи на македонската емиграција во Бугарија кои го бранат ослободителното дело на Македонија; готовноста на софиската влада да посегне и по највидните дејци на македонското ослободително движење за да ги затвори и предаде на Србија, очевидно како искупителна жртва на новиот курс на српската и бугарската завојувачка политика, се најпоследните и силни докази за престапната политика на софиската влада. ...Зацврстувајќи го во општи линии својот однос кон државните фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО изјавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револуционерната борба: 1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни географски и етнографски граници; 2. За демократизирањето на соседните на Македонија балкан86


ски држави и нивното сојузување во една балканска федерација, која единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи; да ги задоволи економските и културните интереси на сите балкански народи, сврзани со излегувањето на трите балкански мориња; да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и империјалистичките стремежи на големите европски држави; а исто така да го гарантира правилното разрешување на сите национални спорови, осигурувајќи го културниот развиток на сите етнички малцинства. ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македонија и Балканска федерација смета, пред се, на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна соработка со револуционерните сили на трудбеничките маси во другите балкански држави. Доколку пак успехот на нејзината ослободителна револуционерна борба зависи од меѓународната положба, ВМРО смета, пред се, на моралната и материјалната поткрепа од прогресивнореволуционерните движења во европските држави, кои се борат против империјалистичката политика на нивните влади, против создадените империјалистички мировни договори и за полното и вистинското самоуправување на народите. На таков начин ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската федерација преку интервенција на балканските шовинистички и европски империјалистички влади. Таа изјавува дека оние држави и влади можат да претендираат да бидат искрени пријатели на македонската слобода и на балканските народи кои со својата сопствена политика даваат доволно докази дека го следат и на дело го реализираат принципот за слободно самоуправување на народите. Сите други се непријатели на македонската слобода и против нивната политика на Балканот ВМРО ќе води најрешителна борба. ВМРО е свесна за релативната слабост на своите сили, но таа исто така добро знае дека цела Европа е минирана од противречја многу подлабоки и понепомирливи отколку оние што ја предиз87


викаа општоевропската војна во 1914 година. Една нова балканска и општоевропска војна или меѓународна граѓанска револуционерна борба за ослободување и самоуправување на народите е неминовна. Нешто повеќе, таа тропа веќе на портите на сите држави. ВМРО ја сфаќа многу добро големата и решителна улога која Балканот ја изигра во избувнувањето на општоевропската војна во 1914-1918 година. Таа им обрнува внимание на сите Македонци и балкански револуционери дека и во идните борби, кои бргу се приближуваат, Балканот може да изигра уште поголема и порешителна улога, доволно е само револуционерните усилби на сите угнетени балкански народи да бидат сплотени и обединети под знамето на македонската слобода и независност, под знамето на својата сопствена слобода и независност и најпосле под знамето на Балканската федерација. И затоа ВМРО апелира кон сите свесни борци за слободата и независноста на балканските народи да ги сплотат своите сили за брзото формирање на еден единствен македонски револуционерен фронт кој ќе послужи за образувањето на единствен балкански револуционерен фронт против сите шовинисти, против сите анексионисти и империјалисти, против сите угнетувачи на своите и туѓи народи. За да ги даде сите докази дека ја насочува својата дејност по тој пат, ВМРО изјавува најсвечено дека ги прекинува сите потери и ги укинува сите егзекутивни мерки и наредби против одделните македонски дејци, групи, организации и струи, штом тие искрено ќе застанат врз базата на вистинската револуционерна борба, во духот на овој манифест и ќе подадат рака за општа борба под знамето на слободна и независна Македонија, под знамето на Балканската федерација. Co тоа ВМРО го прави првиот и најрешителен чекор за создавањето на неопходната поволна атмосфера за свикување во скоро време на еден обединувачки конгрес на целото македонско револуционерно движење на кој, со усилбите на сите искрени македонски револуционери, ќе се создаде единствениот македонски револуционерен фронт кој, опирајќи се врз единствениот бал88


кански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прогресивнореволуционерни движења на Балканот и во Европа, ќе ја извојува слободата и независноста на Македонија, ќе го наложи создавањето на Балканската федерација, ќе го осигури мирот на Балканот за да го потпомогне воспоставувањето на мирот во цела Европа. Сите напред во редовите на револуционерната македонска борба! Да живее единствениот македонски револуционерен фронт! Да живее единствениот балкански револуционерен фронт! Да живее обединета и независна Македонија! Да живее Балканската федерација! Виена, 6 мај 1924 година За ВМРО Централен комитет А. Протогеров РЧаулев За Т.Александров и по негово полномошно потпишувале: П.Чаулев А.Протогеров

БИСТРИШКИ, "30ШТ0 НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СМЕ ОДДЕЛНА НАЦИЈА,, Декември 1934 г. * Одговорот на тоа прашање е пред се од огромно политичко значење. Познато е дека како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. Според првиот, Македонците се "најдобриот дел од бугарската нација,, Според вториот, Македонците се "чисти Срби,, a според третиот, Македонците се "словеногласни Елини,, Така, секој од тие наши поробувачи го "оправдува,, задржувањето под свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела Македонија. За да ги разобличиме тие маневри на поробувачите и да пока89


жеме дека тие немаат никакво право над Македонија, да ја попречиме нивната асимилаторска политика и да водиме доследна борба за извојување на правото на самоопределување на македонскиот народ до неговото издвојување од бугарската, српската и грчката империјалистичка држава и неговото обединување во самостојна независна република на работниот македонски народ, ние Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку сме одделна македонска нација која се бори за своето национално ослабодување и одделување на своја македонска држава, Се разбира, тоа не треба да го правиме само од политички причини. До колку македонската нација не би постоела, не би можеле да говориме за таква. Меѓутоа, таа е на лице и нејзиното постоење треба да им се предочи на сите. Na таков начин до голем степен тоа ќе ја олесни нашата националноослободителна борба. Во Македонија постојат сите елементи на една самостојна македонска нација, со своја територија и економска целост, со свој јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја. 1. Територијата на Македонците е одделна од територијата на грчката, српската и бугарската нација. Таа има утврдени географски етнографски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, планината Грамос, реката Бистра и Егејско Mope co пространство од 65 илјади кв. километри. Тоа што денеска Македонија е распарчена - тоа е резултат на империјалистичките мировни договори. „Раскинувањето на единствената македонска територија на делови и нивното приклучување кон териториите на бугарската, српската и грчката држава е насилно. 2, Економски Македонија претставува една целина одделена од државите што ја владеат, Уште под власта на Турската империја Македонија тргна по патот на својот самостоен развиток подоцна, но независно од Србија, Бугарија и Грција. Ниту една од последниве немаше тесни економски врски и општи трговски патишта со Македонија, иако се наоѓаа заедно со неа, во рамките на една и иста држава - Турција. А, со појавата на капиталистичкото стопанство и во Македонија овде се создадоа внатрешни тр90


говски патишта и пазари со еден општ и главен центар - Солун, a не Белград, Софија или Атна. Насилното распарчување на стопанската целина на Македонија на три дела и нивното присоединување кон три туѓи економски единици - Србија, Бугарија и Грција - се одрази катастрофално врз стопанството на Македонија. Катастрофален пример за тоа претставува и денешната положба на Солун, којшто, откако беше откинат од својата природна економска заднина источна и централна Македонија, сосема опадна, и од првостепено пристаниште на Егејско Mope ce претвори во жалосен спомен на богат неодамнешен трговски центар. Денеска веќе Солун се наоѓа на трето место во споредба со Атина и Пиреја. Истата судбина ја имаат доживеано и Битола, Охрид и сите други градови во централна и југозападна Македонија, кои, откинати од природниот солунски пазар, се принудени да се служат со за нив неприродниот трговски пат кон Белград. Во иста положба е и Македонија под бугарско ропство, стопанскиот просперитет на која е тесно поврзан со трговските патишта кон Серес, Драма, Кавала, Солун и Струмица, а не со Софија-Видин и Пловдив-Бургас. 3, Јазикот на луѓето што ја сочинуваат македонската нација е словенски, со особен дијалект - македонски. Тој јазик е заеднички за нив. Различните провинцијални (т.е. дијалектни - б.р.) нијанси во македонскиот јазик се резултат на неизживеаните остатоци од некогашната родовска и феудална распокинатост на Македонија. Меѓутоа, провинцијализмот на овој јазик се покрива со еден општ македонски словенски дијалект по кој секој го разликува Македонецот од Србинот, од Бугаринот, од Русинот и од секој човек од која и да е друга словенска нација. Провинцијалните нијанси во јазикот уште не се ликвидирани дури ни кај најразвиените нации а не кај македонската нација којашто е национално поробена, не е организирана во своја национална држава и уште не изградила литературен јазик. Освен по дијалектот (т.е. по своите особености -б.р.), македонскиот јазик се разликува од српскиот и бугарскиот и по тоа што во него старословенскиот елемент е многу позачуван и содржи повеќе зборови што ги нема во јазиците на соседните и на 91


другите словенски нации, Бугарските и српските великодржавни шовинисти ја користат блискоста на македонскиот јазик со јазиците на нивните нации за да тврдат дека Македонците се „дел од бугарската нација" или „чисти Срби". А ние Македонците не сме ниту едното, ниту другото. Ние не сме „тесто од кое сешто може да се измеси", како што беше изјавил Цвииќ, еден од агентите-историчари на српската завојувачка политика. Ние сме одделна нација. Сличноста на нашиот јазик со бугарскиот и српскиот е обична сличност меѓу јазици на блиски, но самостојно развиени нации, Таква сличност на јазиците постои помеѓу Русите, Украинците и Белорусите како и помеѓу Хрватите, Црногорците и Србите, но наспроти тоа тие претставуваат одделни нации. Великобугарските шовинисти особено спекулираат со фактот дека македонскиот јазик е поблизок до бугарскиот отколку до српскиот и тоа им служи како аргумент во нивните тврдења дека Македонците се дел од бугарската нација. Аргументот им е крајно неоснован, зашто и Хрватите по јазик се многу поблиски до српската отколку до чешката нација. При тоа се знае дека не е само јазикот што ја определува нацијата, Дури и еднаков да биде јазикот на Македонците со овој на Бугарите тоа уште не значи дека ние Македонците сме „дел од бугарската нација", кога живееме со поколенија на друга територија, претставуваме одделна стопанска целина, имаме своја историја, специфични нарави, обичаи и така натаму. Англичаните, Ирците и Американците од Соединетите Американски Држави на Северна Америка говорат на еден и ист јазик, но се одделни нации. 4. Четвртата по ред заедничка особина за луѓето што сочинуваат одделна нација е националниот карактер, во тој број и македонската нација. Еднакви се нивните нарави, обичаи, игри, песни, ора и другите народни умотворби коишто повеќе или помалку се разликуваат од (оние на) српската, бугарската и другите словенски нации. Елементите на самостојниот национален карактер на Македонците се толку силни, што наспроти националното угнетување во Македонија тие никогаш не престанале да се пројавува92


ат. По вечеринки, свадби, имендени итн. тие постојано се пројавуваат и среде емигрантско-бегалските маси во Бугарија, Америка и секаде каде што има такви. Сите тие елементи, земени заедно, ја составуваат македонската нација. Тие се непобитен доказ за тоа дека ние, Македонците, не им припаѓаме ниту на српската, ниту на бугарската, ниту на грчката нација, туку сме одделна нација. 5, Нациите не се племиња, Како и другите нации, така и македонската нација не се создала од едно племе, туку од неколку различни племиња или, поточно, од делови на неколку различни племиња: Илири, Словени, Бугари, Срби и други. Основниот елемент е словенскиот, Старите Илири се претопија меѓу подоцна дојдените Словени во Македонија. Бугарскиот и српскиот елемент во македонската нација се резултат на тоа што уште пред турското ропство Македонија потпаѓаше ту под болјарска Бугарија, ту под жупанска Србија. Безначајниот бугарски и уште побезначајниот српски елемент во македонската нација е остаток од некогашните воени завојувачи, претежно од болјари и жупани, коишто со текот на времето исто така се претопија среде Македонските Словени. Според бугарските буржоаски историчари, бугарската нација потекнува уште од времето на цар Аспарух, откако бугарското татарско племе ги потчини Словените што го населуваа североисточниот дел на Балканскиот Полуостров, се претопи меѓу тие Словени, но им наложи да се нарекуваат Бугари, кога се создаде првото бугарско царство. Според овие историчари Македонските Словени исто и на ист начин се влеале во „единственото бугарско национално цело" потчинети на бугарското племе. Се разбира, историски тоа не е точно. Во тоа време недостигнуваа условите за една бугарска нација поради што недостигнуваше и самата нација. Според тоа, не може да се мисли дека оттогаш Македонските Словени се дел од „една единствена бугарска национална целост". Тогашната бугарска држава беше разделена на одделни болјарства, строго затворени во себе со мали потцарства, со свои граници и царинарници, без економско, културно и др. заедниш93


тво. Населенијата од тие болјарства влегуваа меѓу себе во допир само на бојното none, во војните помеѓу различните болјарства или во војните со Византија и другите држави, а пак одделни болјари во Бугарија се обединуваа (не сите и не секогаш) околу најсилниот од нив - царот. Во такви услови не можеше да се оформи бугарската нација и уште помалку во неа да се вклучат Македонските Словени, зашто населенијата од различните болјарства во феудална Бугарија не беа обединети ниту во една заедничка територија, ниту во една стопанска целост, што претставуваше пречка за изградување на еден општ јазик и општ национален карактер на населенијата од различните болјарства. Освен тоа, историски факт е дека Македонските Словени не секогаш беа потчинети под тогашна Бугарија и тогашна Србија. Државата на богомилскиот цар Самуил не беше втора бугарска држава како што сакаат да ја претстават бугарските буржоаски историчари, туку таа беше држава на Македонските Словени што постоеше паралелно со бугарското царство и српското кралство, Таа македонска словенска држава дури подоцна ги беше завладеала Бугарија и Србија. Великобугарските шовинисти многу сакаат да зборуваат за „единствено бугарско племе", идентификувајќи го со бугарската нација. Тие го кријат историскиот факт дека последната се создаде без оној мал дел Бугари што останаа во Македонија и без Македонските Словени. Бугарската нација се создаде во границите на денешната централна и северна Бугарија, источна Румелија и Добруџа. Главната причина за тоа лежи во стопанството. Како што веќе рековме, во Македонија капитализмот се појави и се разви подоцна независно од капитализмот во Бугарија без да има солидни економски врски меѓу тие две земји, Бугарското национално револуционерно движење, кое се бореше за ослободувањето на бугарскиот народ од ропството на апсолутистичката и беговска Турција, не ја вклучуваше Македонија како објект на својата револуционерна дејност, Тоа доволно покажува дека создавањето на бугарската нација и нејзиното разбудување за самостоен државен живот се изврши без Македонските Словени, Таква состојба имаме и со српската нација, која исто така се 94


создаде без Македонските Словени и без оној безначаен дел на Срби што останаа во Македонија уште пред таа да падне под турско ропство, Но и грчките државни шовинисти, за да го оправдаат господството на грчкиот империјализам врз од него завладеаниот дел од Македонија бараат племенска врска меѓу грчката нација и Македонците. Тие препредени шовинисти ја фалсификуваат историјата прогласувајќи го племето на старите Македоно-Илири заедно со водачите на тоа племе - Македон, Филип Македонски и Александар Велики како составен дел од старите Грци. При тоа тие свесно премолчуваат таков еден настан каков што беше населувањето на Македонија со огромна маса Словени за кои им е сосема незгодно да тврдат дека се Грци. 6. Македонската нација има своја историја на културно и политичко пројавување. Браќата Миладиновци се првите македонски просветители Тие први ги посветија своите сили за разбудување самостојно национално чувство на македонскиот роб, Тие ги опеаја Охрид и Македонија како своја татковина на чисто македонскословенски дијалект, Тие не го учеа македонскиот народ ниту на српски, ниту на бугарски, туку го учеа на родниот македонски јазик. Иако, наспроти тоа, тие македонски просветители зборуваа за бугарштина во Македонија, тоа стануваше под влијание на старото минато кога Македонија со векови се наоѓаше под феудална Бугарија. Поради тоа и борбите за самостојни училишта и цркви против асимилаторската напаст на грчката патријаршија се водеа под формата на бугарштината. Во тоа време македонската нација уште беше во зародување, таа не беше се оформила и, што е најглавно, нејзините економски и политички интереси се уште не беа се судриле со завојувачките стремежи на подоцна создадената држава на бугарската нација. Денеска поимот бугарштина во Македонија, како и србизам и елинизам, е синоним на национално и економско ропство применувано врз македонските народни маси од поробувачите-империјалисти. По браќата Миладиновци доаѓаат многу други народни учители и духовни будители како охридскиот епископ Теодосиј и група95


та околу в. „Лоза", под редакторство на Петар Арсов, кои еднакво се бореа против Грчката патријаршија, Бугарската егзархија и Српската патријаршија, за самостојни македонски училишта и цркви, Тие таканаречени македонски сепаратисти укажуваа на постоењето на одделна македонска нација и пледираа за самостоен државен живот на таа држава, Од истите средини произлезе Внатрешната македонска револуционерна организација. Петар Арсов влезе во првиот ЦК на таа Организација, а Ѓорче Петров, кој произлегува исто така од тие средини, стана идеолог на Организацијата. Тој уште на времето во духот на сепаратистичката идеја ја напиша книгата еГеографијата на Македонија". Меѓутоа, притисокот на великобугарската пропаганда - Егзархијата и врховистите - се покажа толку силен, што го задуши прашањето за самостојна нација и успеа да внесе во свеста на многу Македонци убедување дека се тие Бугари. Тоа беше спроведено со запирањето на в. „Лоза", којшто излегуваше во Софија, со прогонувањето од Македонија на епископот Теодосиј и на народните учители коишто не се потчинија на Егзархијата, со забраната на книгата на Ѓорче Петров, која и денес се наоѓа во ракопис во архивата на бугарското воено министерство. Но наспроти тоа, македонскиот народ со долги и упорни борби за економско ослободување и самостоен државен живот си создаде своја историја. Тие борби во минатото се разгрнаа под раководството на старата Гоце Делчева ВМРО против ропството на турските султани и бегови, како и против аспирациите на балканските држави. Македонскиот народ со сопствената крв во својата историја ја запиша првата македонска револуција - Илинденското востание, чијшто венец е првата македонска народно-револуционерна република во Крушево. Откако ВМРО беше врховизирана и претворена во машина на бугарскиот империјализам, ослободителната борба на македонскиот народ не запре туку се подзеде од следбениците централисти-сепаратисти, левицата на ВМРО, на чело со Ѓорче Петров, 96


Петар Арсов, Сандански, Димо X. Димов и Чернопеев. Денес во новите услови борбата на македонскиот народ против новите поробувачи - српскиот, бугарскиот и грчкиот империјализам за национално, политичко и економско ослободување се води со уште поголема упорност и доследност под раководството на ВМРО (Обединета). Целата таа македонска историја не е само пројава на македонската нација, не е само нејзин стремеж кон своја национална држава, туку таа, македонската историја, во исто време е елемент што го дооформува и доопределува самостојниот карактер на македонската нација, Се разбира, освен македонската нација, во Македонија имаме и други инородни националности: Власи, Евреи, Турци, Грци, Албанци, Срби, Роми. Иако се наоѓаат на една територија со македонската нација, иако нивниот економски живот непосредно е поврзан со последната, тие националности не влегуваат во македонската нација бидејќи секоја од нив си има специфичен карактер. Инородните националности во Македонија активно учествуваат во македонското ослободително движење бидејќи и тие се заинтересирани за создавањето на независна македонска република на трудбениците, за да добијат национална рамноправност и економско ослободување, за да живеат во мир и заедно со македонската нација да го подигнат својот и општиот културен и економски живот на македонскиот работен народ. Бистришки Четвртиа конгрес на Македонскиа народен сојуз в Америка. Резолуции, изложенија. Детроит, Мицх. (1934), стр. 42-55.

*Оваа статија е објавена од Македонскиот народен сојуз во Америка, како авторска на "Бистришки,, (зад тој псевдоним се крие името на познатиот македонски публицист Васил Ивановски).

97


АПЕЛ НА ВНАТРЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (ОБЕДИНЕТА) КОН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОД ГРЧКО РОПСТВО* Мај 1935 г. Браќа Македонци! Антинародната воено-монархистичка влада на Цалдарис-Кондилис веќе ја објави датата за изборите за „народни" претставници. Откако им ги одзеде сите граѓански и политички права на народните маси, откако им одзеде секаква легална можност да ги бранат своите најживотни интереси, народните џелати сакаат да си поиграат и со „парламентаризам". Тие со оган и железо ќе се помачат да ги истргнат гласовите на оние што на 9 јуни оваа година „слободно" ќе гласаат, за потоа, потпомогнати од послушните „народни" избраници, да ги озаконат правените беззаконија. Во таа изборна борба ние Македонците не можеме и не треба да останеме неми набљудувачи. Меѓутоа, нашиот глас во никој случај не треба да отиде за сметка на нашите тирани, во корист на антинародната влада. Нашето место во таа борба е и треба да биде само на страна на нашите браќа, по положба само на страната на грчките работници и селани, кои исто така страдаат од воено-фашистичкиот терор на грчката империјалистичка буржоазија, кои и единствено најискрено се борат за нашето национално ослободување. Ете зошто апелираме кон сите Македонци: Ниту еден глас за владата на воено-фашистичкиот терор и национално потисништво! Застанете масовно на страната на ширењето на антифашистичкиот фронт, земете најживо учество во неговите секојдневни борби за заштита погазените народни слободи! Сите до еден гласајте за листата на антифашистичкиот работничко-селански блок. Таму каде што воено-фашистичкиот терор нема да го допушти тоа, гласајте со паролите: „Да живее ВМРО (Обединета)". „За национално самоопределување на македонскиот народ" „Македонија на македонските работни маси" 98


„Сите енергично во борба! Македонија, мај 1935 Централен комитет на ВМРО (Обединета) * Апелот е растурен во врска со закажаните парламентарни избори во Грција на 9 јуни 1935 година

„НИЕ ОСТАНУВАМЕ САМО МАКЕДОНЦИ" 31 октомври 1927 г. Писмо на Министерството на војската и на морнарицата на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците до Министерството на просветата Пов, бр, 2510 Командантот на III армиска област, со дов. Ѓ. 06. бр. 3711 од 28 тек. месец, го достави следниов извештај на Великиот жупан на Битолската област. „По патот од Скопје до Велес, а во разговор за македонското прашање, Глигорие Поповиќ од Прилеп, студент на Белградскиот медицински факултет, го рекол ова: „Нас студентите од Македонија во Белград не следат тајни агенти, бидејќи не ни веруваат, меѓутоа тие можат да прават што сакаат, ние остануваме само Македонци. Македонија е ружа којашто најмногу се расцутува, а нејзиното прашање е дело на Европа, а не на Србија. Србите во Воената академија им прават на Македонците се што можат и не можат, само да ги приврзат за себе, меѓутоа тие остануваат само Македонци, па макар што Србите да им прават или да не им прават. Студентот Поповиќ итно замина за Прилеп." Чест ми е предното да Ви го доставам на знаење. My издадов потребна наредба на Околискиот поглавар во Прилеп. Co молба за увид. Белград, 31 октомври 1927 год. По заповед на Министерот, Началник, бригаден генерал, Мил, Вотгровиќ 99


ЈОСИП БРОЗ ТИТО, ПИСМО ЗА СРБИЈА 2 ноември 1936 г. ...Мислам дека треба да се истакне барање власта да и се предаде на влада што ќе ја ужива народната доверба од составот на сегашната вонпарламентарна опозиција, во која ќе биде достојно застапувана работничката класа. Таквата влада би имала задача да спроведе избори врз основа на тајно и пропорционално право на глас со покраински листи. И тоа за да можат Хрватите, Словенците, Србите, Македонците, Црногорците, па и Војводина и Босна и Херцеговина да формираат свои национални собранија (собори), кои суверено би решавале за своите национални и регионални барања за државното уредување. He e при тоа важно дали тоа ќе бидат избори за обично собрание кое би се претворило во уставотворно или кое би распишало нови избори за уставотворно собрание, а кое подоцна би се претворило во обично законодавно собрание. Тези за проект-платформата за широкиот НФ

...Во платформата мора јасно и недвосмислено да дојде до из-раз решеноста дека правото на самоопределување на сите наро-ди ќе се почитува, т.е. не само правото на Србите, Хрватите и Словенците туку и на Македонците и Црногорците, а исто така и правото на народот во Војводина, Босна и Херцеговина да реши за тоа дали да ја зачува својата регионална самостојност во федеративната држава. Исто така треба да се истакнат правата на народните малцинства: на Германците, Унгарците и Албанците на рамноправност. Се разбира во самиот НФС (не мора така да се вика) треба да има единственост на погледите врз овие две основни прашања: 1. федеративна држава; 2. колку федеративни единици (мислам седум). Јосип Броз Тито, Собрани дела. Том трети (март 1 935 - ноември 1937). Скопје 1978, стр. 46-48.

100


КОЧО РАЦИН, „БОГОМИЛИТЕ - КРАТКА РАСПРАВИА ОД ИСТОРИЈАТА МАКЕДОНСКА" 1940 г. Ќе се зачуди ли некој кога ќе чуе како кај нас у X век живеале и држале пламени проповеди таквиа лугје, кои со своите идеи биле како претечи на општествените просветители от XVII в.? Заре во класичната земја на царските манастири и лаври, земјата на чииот јазик Славјаните за прв пат чуле за христианство и толку време на тој јазик ја слушале кротката христианска проповед за помирение со сичко - заре таја земја, уште у некое време на европејскиот Среден век, да даде претечи на оние бунтовници од XVII век, за равноправие на сичките лујге, и сакале, „бездржавно" уредение на светов?... И ете зошто богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историа. Да се гордеат нашите Македонци со тиа свои славни лугје! Оти противно от науката на државното христианство, внесено во народот одозгора, от самите државни главатари и принесено от Византиа, идејно да го закрепи славјанскиот феодализам - противно от се това, богомилството никна во самиот народ, ги повлече широките народни маси и во верско опозициона форма го организира народниот отпор против феодалите. И така, от чисто верска секта, богомилството стана широко народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го промени социјалниот живот. A no тиа свои особености това многу си личи на денешниот социализам, иако тој денеска стои на научна, а богомилството си стоеше на религиозна основа. Кочо Рацин, Стихови и проза. Уредил Александар Спасов. Скопје, Култура 1966, стр. 180-182.

101


ПОВИК ПО ПОВОД HA ИЛИНДЕНСКИТЕ ДЕМОНСТРАЦИИ* Јули 1940 г. На работниот народ во Македонија Работнио народ во Македонија достојно го прослави годинава Илинденското востание и споменот на народните борци од 1903 год. Во Прилеп се вивна со незодржима силина борбениот пламен на нашио народ. Илјада мажи и жени стари и млади смело се кренаа да го кажа своето големо недоволствие со ова тешко положение со ова ненародно управление и да ја кажа својата спремнос да се од него ослободи. Илинденските демонстранти во Прилеп се покажа достојни синој и кјерки на своите големи татковци от Илинден 1903 г. Прослава на Илинденското востание во Македонија и големите демонстрации во Прилеп докажа оти работнио народ во Македонија нејќи да трпи, туку е готов да се бори за својте права. Нејќи да трпи арамилок и пљачка која над него ја врши противнароднава влада, разни капиталисти и воени шпекуланти, смалувајќи ги работничките надници и цената на тутуно, афионо, кожурците и други селски производства, а поскапувајќи го сето она што му је на народо требно и товарејќи му на народо на грбо се поголеми порези и други дажбини. Нејки појке да тројт со политичко бесправие, насилие и национална потиснатос од големосрпските империјалисти, нити од ма кој други империјалисти. Нејки појке да трпи неизвеснос и дволична политика на неутралност од ненароднава влада Цветковиќ - Мачек која спроводи мобилизација не да ги запази народите во Југославија од војна и да им обезбеди мир, ами да ги воведи во војна. Работнио народ во Македонија сака поарен и поубав живот. Тој сака да има длжности али и права. Тој сака да биди слободен на својата земја и равноправен во братска заедница со другите народи во Југославија. Македонците сака да бида коачи на своата садба и сака права народна влада. Македонците се за мир и сака споразум за взаимна помош со Совјетскио Сојуз, едината земја во свето која го брани миро и ги штити малите народи. Работнио народ во Македонија сака леп, мир и слобода.

102


Апсење на десетина луѓе и жени од редоите на народните борци во демонстрациите во Прилеп и другите места не можи да ја запри правдивата борба на македонците. Нашите тирани вејке со години гуша со терор секое недовлсвие на народо и неговата борба за слобода, равноправие и поарен живот. Илинденските демонстрации, а нарочно во Прилеп, ги собра во борбените редој сите искрени македонци, верни синој на својо народ и приврженици за македонската работа без обзир на нивното убејќење. На сите нас денеска није јасно да без озбилна, упорна, чврста и непрекидна борба од работнио народ од градо и селото нема успех. Ра ботниот народ во Македонија ке дојди до победа само со единствена борба. Низ пламено на Илинденските демонстрации се обистини единството на народите во Македонија. Работниците, селаните и грајганите си скоја сојуз на работнио народ во Македонија за натамошна борба, Да ги оцврстиме нашите редој, да го ојакниме се појке нашио сојуз на работнио народ во Македонија и уште поупорно и поодлучно поведеме во борба за народни права и народни слободи, за слободна Македонија и поарен живот СЛАВА НА ИЛИНДЕНСКИТЕ ЖРТВИ! ДА ЖИВЕИ ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И КРУШОВСКАТА НАРОДНА РЕПУБЛИКА! ДОЛУ ВОЈНА! ДА ЖИВЕИ СОЈУЗО CO CCCP! ДОЛУ СКАПОТИЈАТА И ВОЕНИТЕ ШПЕКУЛАНТИ! ЗА ДА ГО НЕМА МОНОПОЛО! ПОМОШ НА ВЕЖБАРИТЕ И НИВНИТЕ ФАМИЛИИ! ДОЛУ НАСИЛИЕТО! ДОЛУ КОНЦЕНТРАЦИОНИТЕ ЛАГЕРИ! САКАМЕ ЛЕП, МИР И СЛОБОДА! ДА ЖИВЕИ СОЈУЗО НА РАБОТНИО НАРОД ВО МАКЕДОНИЈА! ДА ЖИВЕИ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА! јул 1940 Илинденските демонстранти, * Повик упатен до македонскиот народ по изведените илинденски демонстрации на Илинден 1940 година во некои градови во Македонија (Прилеп, Скопје,) по повод на годишнината од Илинденското востание. Текстот се објавува без измени.

103


МИХАИЛ СМАТРАКАЛЕВ (АНГЕЛ ЖАРОВ) ЗА ОСНОВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК ВО СОФИЈА* 1938 г. Во 1938 година се замисли формирањето на „Македонскиот литературен кружок". Во врска со тоа имав неколку средби со Вапцаров и Антон Попов. Нашите разговори беа се околу нашите македонски работи и кружокот. За кратко време ние толку многу се спријателивме, та започнавме да се среќаваме секоја вечер. Се запознав и со творештвото на двајцата. Во нивното лице видов прекрасни луѓе - со талент, срдечни, ентузијазирани. Моето другарување со нив ме правеше среќен. Ние меѓусебно се ентузијазиравме. Јас им раскажував за борбите на Македонците во Софија, за ВМРО (Обединета), во која работев до нејзиното растурање, за „Македонската студентска група" итн. Сакавме што поскоро да го образуваме кружокот, мечтаевме за идната работа, кроевме планови, набележувавме кадри, горевме од желба поскоро да почнеме. Есента 1938 година се собравме на улица „Љулин", во куќата на Асен Ведров (Шурдов) на основачко собрание. Беа присутни околу 12 души, меѓу кои Антон Попов, Никола Вапцаров, Ангел Жаров, Васил Александров, Георги Деспотов, Иван Керезиев, Антон Великов и други. Референт беше Вапцаров. Рефератот беше извонредно интересен. Од корен се разликуваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири, конференции и заседанија. Својата работа Вапцаров беше ја напишал оригинално, со душа, со мајсторство. Тоа не беше обичен реферат, ами една искрена исповед, една другарска покана за исполнување на светиот долг кон нашиот народ. Напишан речовито, сликовито, рефератот веднаш се „фати" за срце. Кољовиот глас звучеше топло и уверливо во задимената соба. „Треба да се собереме, да се организираме, да ги дадеме своите сили за слободата на нашиот измачен македонски народ. Нашата македонска историја е полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни настани, легендарни борци; нашата народна песна е чудно мелодична и возбудлива. Но сето тоа уште не го нашло својот одраз во литература-

104


та. Богатите сижети за поети и за белетристи стојат недопрени. Се пројавија млади поети. Треба да го стимулираме тој почеток, да ги организираме одделните усилби, да запнеме, да го совладаме мајсторството, подлабоко да ги запознаеме темите, да создадеме вистински уметнички дела. Нашата работа е благодатна. Ние треба да влијаеме врз нашиот народ, да ја пројаснуваме неговата национална свест, да ја разгоруваме неговата борба за национална слобода и за социјална правда. Нема ништо поголемо од тоа да се бориме за новиот прекрасен строј на социјализмот што доаѓа, кој ќе му донесе среќа и на нашиот измачен народ." Тоа беа, накратко, предадени, мислите што ги разви Вапцаров во својот реферат. Подоцна тој ја напиша стихотворбата „Доклад" (т.е. реферат) во која овие основни идеи беа изразени во прекрасна уметничка форма. Неговите зборови воздејствуваа со roneMa сила. Огнот беше запален во нашите души. Внатрешен длабок ентузијазам гореше во нашите срца. Искажувањата на другите другари во врска со рефератот и за идната работа на кружокот беа полни восхит. Таа вечер ние го образувавме кружокот. Кон полноќ излеговме од задимената соба. Молчаливиот и мрачен град ни изгледаше светол и убав... Никола Вапцаров, Спомени. Писма. Документи. Софија, БАН 1953, стр. 159 - 160 *Ангел Жаров, односно Михаил Сматракалев, е познат македонски општественик и поет меѓу двете светски војни во Бугарија. Член е на ВМРО (06). Истакнат соработник на прогресивните македонски весници: „Знаме", „Македонски вести" и др. Учесник во отпорот против фашизмот за време на Втората светска војна. По 9.IX 1944 година се наоѓа на должност член на Советот за законодавство при Министерството на правосудството на владата на HP Бугарија. Co промената на политиката на бугарската влада спрема македонскиот народ положбата на М. Сматракалев е чувствително влошена поради неговата македонска национална определеност.

ДИМО ХАЏИ ДИМОВ, „ВО СПОМЕН НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" 1922 г. ...Гоце Делчев, може да се каже, е единствениот меѓу водачите на македонското ослободително дело кој се издига над си-

105


те, како no своите револуционерни разбирања, така и по својата практична работа во делото на Организацијата, со која тој за секогаш го поврза своето име. Гоце Делчев е најпопуларниот македонски револуционер, и тоа се должи не на напишаното за Hero no неговата смрт од негови случајни соработници, кои преку него сакаат главно да се рекламираат себеси, туку се должи на една дејност долготрајна, упорна и распространета речиси на целата македонска територија. Таа дејност предизвикуваше необично силен впечаток меѓу најшироките народни маси што беа опфатени во Организацијата, а исто така, таа дејност будеше прикриено или отворено восхитување во средината на целата македонска интелигенција. Ако денес сосема простиот и неписмен македонски селанец, кој учествува во револуционерните борби и востанија, се обзема од едно особено чувство кога ќе се спомене името на Гоцета, макар што не прочитал и не знае ништо од пишуваното за него, тоа не означува ништо друго освен дека Гоце Делчев во душата и свеста на македонското население го зазема она место што го има кај бугарскиот народ револуционерот од предослободителната епоха, Васил Левски. Ние Гоцета Делчев можеме смело да го наречеме македонски Левски. И ако денес ние македонските емигранти-комунисти, како и нашите другари во Македонија, имаме потреба да го поврзуваме нашето дело во сегашната со револуционерните борби во минатото, тоа е името на Гоце Делчев, кое може најдостојно да ни ја даде таа историска врска во сета нејзина широчина и длабочина... Гоце Делчев се до својата смрт беше убеден противник на сите обиди што преку прочуените „врховни македонски комитети" бугарската патриотска буржоазија ги правеше за да ја наметне својата узда врз вратот на Внатрешната револуционерна организација, за да ја постави во служба на едно грабачко и погромничко дело. И тука треба да забележиме дека, додека кон сите револуционерни дејци, кои ја бранеа независноста на својата организација, се упатува цели купишта гнаснотии за да ги компромитираат, Гоце Делчев си остана моќна фигура кон која клеветниците не смееја да посегнат по истиот начин, зашто чувствуваа дека тој е олицетворение на сите лични и боречки добродетели на

106


внатрешното македонско револуционерно движење. Ете до тој степен овој човек беше поврзан со Македонија, со македонското население и со Внатрешната организација. Тој ниту примаше, ниту правеше посети на какви и да било официјални лица, кон кои, како и кон сиот оној џган од македонски и други „општествени" величија, чувствуваше длабока омраза поради нивниот фалшив и продажен „патриотизам". Но и таквиот негов однос кон односниот џган не и дозволи на последната да го потура и со помија на свесно клеветништво, зашто да го клеветиш и срамотиш Гоцета Делчев во она време би значело да ја клеветиш и срамотиш цела Македонија. Гоце Делчев беше единствениот меѓу неколкутемина предани водачи на македонската револуционерна организација, кој благодарејќи на својата широка популарност, уживаше голем авторитет меѓу сите струи во оваа Организација и го овозможуваше зближувањето пред се на издигнатите револуционерни дејци од западна и источна Македонија, кои остро се разликуваа од останатите, како што тоа и го докажа подоцна предавството на последните, кога тие отстапија под притисокот на освојувачкиот бугарски врховизам. Околу Гоцета Делчев секогаш меѓу себе си се разбираа и од него секогаш наоѓаа сочувство и поткрепа, како „крајните" македонски револуционери-социјалисти, како Никола Карев, Веле Марков и други, така и бојната фаланга на серските револуционери околу Јане Сандански, кои најнеотстапно ја водеа започнатата борба со врховистичките башибозуци. И кога поради таа своја борба споменативе револуционери почнаа да им стануваат омразни на оние внатрешни дејци кои веќе беа расколебани и се готвеа да го извршат предавството, Гоце Делчев си остана нивни искрен покровител и најдобро се чувствуваше токму во нивната средина, во средината на борците против секое надворешно државно и политичко мешање во делото на ослободителната борба. Гоце Делчев никогаш не ја земаше страната на онаа струја што ги поддржуваше изолираните терористички акции како главно средство на борбата и која најмногу послужи за вовлекување на Внатрешната организација во потоците на завојувачкиот наци-

107


онализам. Во сите спорови околу карактерот на револуционерните борби, тој неотстапно го исповедаше убедувањето и идејата на масовно револуционерно востание. Гоце Делчев не познаваше и не чувствуваше, а камоли да проповедаше некаква племенска омраза кон соседните народи, каква што постојано проповедаат и денес патриотарите националисти во Бугарија, Грција и Србија. Тој мечтаеше за братско федерирање на тие народи против монархизмот и во името на Балканската демократска република. Тие негови идеи и разбирања, со кои неговата пословична скромност никогаш не му дозволи да парадира, му беа секогаш раководни принципи и во просветната дејност во организацијата и во неговата практична работа како апостол на македонската револуција меѓу сите угнетени и обесхрабрени македонски народности. Во текот на 1902 година кога борбите меѓу врховистите и централистите беа во својот разгор и кога се подготвуваше теренот на онаа престапна провокација што тогаш ја нарекоа „Џумајско востание" и преку која провокација монархизмот и буржоазијата во Бугарија на дело пристапија кон уништување на Внатрешната организација и на нејзиното дело, ние, една група другари, кои сакавме да започнеме една отворена борба во нејзина заштита се јавивме кај Гоцета Делчев. На нашето прашање како треба да реагираме против бесната клеветничка кампања, започната од Фердинандовите генерали против Внатрешната организација, тој ни презентира множество факти за дејноста на навлезените во Македонија комитски банди, коишто факти не потресоа. При тоа ни дозволи заедно со нив јавно да ја објавиме следнава кратка но значајна декларација: „Комитетот во Бугарија" ви говори дека сме ние убијци, разбојници, па дури и развратници. Ова нас никако не не чуди, бидејќи никој во Бугарија не ги знае така добро аспирациите на Комитетот како нас, кои непосредно ги чувствуваме тие аспирации и никој, според тоа, во Бугарија, не може да ги смета комитските клевети за толку природни, како што ги сметаме ние, и да гледа на нив така спокојно, како што гледаме ние. Меѓутоа, нам дури ни на ум не ни доаѓа да се оправдуваме пред бугарското опште-

108


ство, зашто сме цврсто убедени дека не е само Врховниот комитет тој што ќе ја пишува историјата на револуционерното движење во Македонија. На вас, чијашто совест е вознемирена поради обвинувањата што се фрлат врз нас, ќе ви го кажеме само следново. Ние сме „убијци" зашто ги осудуваме на смрт и ги ликвидираме сите предавници и докажани пакосници на револуционерното дело; зашто земаме доброволно или насила пари од оние што се должни да дадат и можат да дадат за да ја подготвуваме револуцијата. Така не учи историјата, така не учи големиот апостол на слободата Васил Левски. Но ние не сме развратници! Развратници се оние што се служат со презрени и од нас осудени предавници и блудници кои тука ги прогласуваат за претставници на кнезот и на рускиот император. Тоа е нашиот одговор. Ние не мислиме за Бугарија, но ќе си ја чуваме Македонија ;не мислете и вие за Македонија, но чувајте си ја Бугарија" Оваа декларација беше публикувана, но малкумина се сеќаваат за неа по толку години, а таа зборува доволно убедливо за револуционерните идеи на Гоце Делчев, којшто никогаш не беше буржоаски националист, а уште помалку патриотар. Некое време по оние денови, кога овде, во Бугарија, се одвиваа големите комитски игри и провокации, завршени со срамниот „Џумајски престап", Гоце Делчев исчезна од Бугарија со клетвата да не се врати веќе жив во неа, која клетва тој и ја исполни. Среќен од средбата со него, по неколкумесечното бродење низ Македонија, јас ја имав таа несреќа да присуствувам и на неговата херојска смрт. Тој загина во разгорот на најголемата тревога за делото на Организацијата, што престапната џумајска провокација веќе ја имаше поставено пред дилемата: или да го прогласи веднаш готвеното за сосема друго време сенародно востание, или да ги поднесува спокојно страшните удари што и се нанесуваа, како од турската власт, така и од настапувачките и на сцената од генералите на Фердинанда повикани српски и грчки врховисти од сите страни. Гоце Делчев иташе да се сретне со серските револуционери и со нив да размисли за таа страшна дилема која „по принцип" веќе беше разрешена од Централниот комитет на Организацијата, 109


но за која никој од оние што беа гласале за Илинденското востание (затоа што имаше решителни гласови и против тоа востание), немал предвид друго освен сообразувањето дека „и така и така ние сме загубени". Co ненадејното загинување на Делчев загина фатално и проблеснатата надеж кај нас, затоа што од сето она што можевме да размениме меѓу себеси во текот на двата дена пред неговата смрт, стана наполно јасно дека едно ново разгледување на положбата можеше да го одложи погибелниот чекор на Организацијата, и да загине таа ако е нужно и неопходно, но да не загине како орудие и продолжувач на една политика, како „Џумајската", која јавно ја осудуваше Македонија на национално и политичко погребување, а како борец за независниот македонски ослободителен идеал, за кој Гоце Делчев апсолутно никогаш не зборувал двосмислено нити како националист бугарски, нити како македонски. Таа надежумре заедно со него, зашто немаше кој друг, со неговиот авторитет, да го продолжи она што тој го имаше започнато. Таков беше во општи црти, во сосема општи црти, Гоце Делчев. Многу нешто може да се каже за него надвор од она што загадочни „историчари" го кажаа. За епохата во која тој живееше и се бореше, неговата фигура е целосна... И токму затоа што тој е познат како таков, македонските чорбаџии, и патриотари, кои денес многу грижливо организираат утра, панахиди и комеморативни свечености за разни други, блиски до нивното срце и разбирања бивши дејци, сосема безволно се однесуваат кон споменот на Гоце Делчев... Токму затоа, другари, со сочувство ја прифаќам вашата идеја да ја одбележиме неговата годишнина и со особена радост ги напишав горниве неколку редови за него, т.е. за човекот когошто лично и од близу го познавав и со кого сме се разбирале секогаш, и кој во многу работи мене и на моите другари ни беше учител и инспиратор. Димо Хаџи Димов „Освобождение" орган на Емигранскија коминистически сојуз

110


за македонските, тракијските и добруджанските комунистически групи в Блгарија, НО 9-10 (1922), стр, 2-3 Димо Хаџи Димов ги напишува овие спомени за Гоце Делчев по барање од Македонското друштво од Варна по повод на свечената академија посветена на 19-годишнината на Гоцевото загинување (1922 г.).

ПРОГЛАС НА ПОКРАИНСКИОТ КОМИТЕТ НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА ДО НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА* Октомври 1941 г. До македонскиот народ Вејке скоро 4 месеца се бие најтешката, и најкрвава битка во историјата на светот. Дивите фашиски бандити нападнаја ненадејно мкло на големата и миролубива држава на работници и селани - на СССР. Нападнаја на земњата на правда, на човечност и благостање, на сиот работен народ. Овај нов злочин на фашиските убијци и наплнил со страшно огорчение не само срцата на рускиот и останалите народи на земњата на социјализмот, ами и срцата на сите славјани и на работнијот народ од целиот свет. Од како пролија потоци крв и ја завија во црно цела Европа и ги поробија незините народи, германските фашиски бандити на чело со лудако Хитлер, ги натераја своите крвави орди над цветјашта совјетска градина да го рушат она што со џиновски усилија го правеле народите на Сов(јетски) Сојуз. Ама овој пат многу се излагаја. Немат они сега против себе си слабите европејски држави, водени од народни предатели плни со петоколонаши, ами имат против себе слободен и снажен 200 милионски народ на големиот Сов(јетски) Сојуз, собран околу херојската партија на болшевиките и околу својот голем и мудар водач Сталин. Они имаат против себе херојската и не победива Црвена армија. Они го имаат против себе работниот народ и национално потиснатите народи од целиот свет. Това е денеска таја сила која не само што ке им скршит забите на крвожедните фашиски дзверови, ами и

111


до краЈ ке ja уништожат Taja дзвер, Koja сакат да го загади целијот свет. *Во акциите на активноста за поведување вооружена борба против окупаторот новиот Покраински комитет на КПЈ за Македонија во почетокот на октомври 1941 година го упати овој проглас, прв од ваков вид, со кој се повикува народот во Македонија на вооружена борба.

ПРОГЛАС НА ЦЕНТРАЛНИОТ КОМИТЕТ НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА ДО НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА* Јуни 1943 г. Маквдонски народе! Македонци и Македонки, работници, селани, граѓани и младино! Трета е година от како германските, талијанските и бугарските окупатори со помошта на разнородни слуги и издајници ја распарчаја нашатататковина и бездушно плачкат и жарат по неа. Еве, веке е трета година на фашиското ропство, плачкање и убивање по нашио вековно напатен и измачен народ. Ама и покрај сите маки и страданија низ који помина целијо наш народ за овоа време под фашистка окупација, се појака и појака е верата во победата над фашиските банди и нивните слуги, се појака и појака е решеноста во борбата за остварување на вековните идеали на македонскиот народ: национална слобода, равноправиост и братска соработувачка со сите балкански народи. После сјајните победи на Црвената армија во течение на миналото зимо кај Сталинград, на Кавказ, при Дон и Донец, кај Смоленск, Илменското езеро и Ленинград, после сјајната победа на англо-американската војска во Африка и сегашното стално и се појако бомбардиране от страна на сојузничкото воздухопловство, фашистките сили претрпујат сериозна криза и се навоѓат пред катастрофа. А снагите на англо-совјетска-американска коалиција от ден на ден се се појаки, посплотени и цврсто решени да им зададат брз и последен смртен удар на фашиските дзверови. Воздушната војна, со сета своја разорна дејност, се пренесе

112


во самата Германија и Италија, а англо-американските трупи веке се навоѓат пред вратите на самата Италија, пред вратите на Балканскиот Полуостров и западна Европа. Фашиските разбојници веке треперат пред последните ударенија кој им престојат от исток, и от запад, и от југ. Никакво лајене и ѓурултији на Гебелс, Мусолини и нивните чираци за „тотална мобилизација" и „верата во победа", за „болшевичка опасност" и пропаста на европејската цивилизација", не може даја скрие пропаста и заслуженото наказание које ги чека фашистките грабачи и нивните слуги. Co ce појакото ударение на сојузничкото оружје по така изреченото „европејско кале", расте вулканот и у самото „кале", расте геројскиот отпор и борбата на поробените, ама не и покорените европејски народи. Се урнисујат веке испуканите зидови на фашискиот „нов поредок", со кој фашистките грабачи мислеја да ги за во навек оковајат во ропски синџири европејските народи. Оганот на народно-ослободителната борба на поробените европејски народи највише се разгореја на Балканот, во Југославија, Албанија и Грција, во непосредна близкост на нашата татковина. Братските народноослободителни војски на Југославија, Албанија и Грција не само што им задават се потешки и се посериозни ударенија на фашиските окупатори, ами секој ден се повише ги прошируваат своите ослободени територији и ја чистат својата татковина от фашистките банди. А братскиот бугарски народ веке се навоѓа пред непосредна одлучна борба против германските окупатори и нивните понемчено бугарски слуги. Денот на слободата и еден поарен живот, макар уште колку жертва и самопрегори да сака, е сосем близок! * Ова е прв проглас издаден од ЦК КПМГ има изиграно значајна улога во мобилизирањето на народот во текот на НОБ.

113


ЗАПИСНИК ОД ПРВАТА СЕДНИЦА НА ПРОШИРЕНИОТ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ HA ACHOM* 30 април 1944 г. ЗАПИСНИК Составен на првото заседание на проширениот Иницијативен одбор за свикување на македонското народно собрание, одржано на 30 април 1944 година. Заседанието го отвори командантот на Главниот штаб на Македонија, генерал Михаил Апостолски. Присаствуваја членовите на Иницијативниот одбор - 15 делегати од Македонија. Генерал Апостолски даде преглед на досегашната работа на Иницијативниот одбор за свикување на македонското народно собрание и го предложи следниот дневен ред: 1. Проширение на Иницијативниот одбор: 2. Одобрение на земените до сега решенија од Главниот штаб и Иницијативниот одбор и дадените согласија пред АВНОЈ; 3. Предложение, Методи Андонов - Ченто, претседател на Иницијативниот одбор, за свикување на македонското народно собрание да отиде како претставител на Иницијативниот одбор при Врховниот штаб на Југославија и АВНОЈ; 4. Прашање за македонската емиграција во Бугарија. По првата точка на дневниот ред генерал Апостолски ја предложи следната листа на проширениот Иницијативен одбор за свикување на македонското народно собрание и за работното тело на Иницијативниот одбор, која ќе биде едногласно одобрена: Претседател: Методи Андонов - Ченто, од Прилеп, Потпретседатели: 1) Мане Чучков, директор на гимназија од Штип, 2) Бане Андрејев; јавни работник од Велес, Секретари: 1) д-р Кирил Миљовски, ветеринарен лекар од Битола, 2) Кирил Григоров, адвокат од Штип. Членови: 1) Генерал Михаил Апостолски, од Штип, 2) Цветко Узуновски, политички комесар на Главниот штаб на Македонија, од Ресен,

114


3) Кирил Петрушев, типограф од с. Богданци - Гевгелиско, 4) Епаминонда поп-Антонов, професор, од Струмица, 5) Страхил Гигов, заменик политички комесар на Главниот штаб на Македонија, од Велес, 6) Никола Минчев, учител од Кавадарци, 7) Петре Пирузе, адвокат од Охрид, 8) Мара Нацева, работничка од Куманово, 9) Благој хаџи-Панзов, адвокат од Велес, 10) Д-р Владо Полежина, правник од Кичево, 11) Ристо Бојалцалиев, приватен чиновник од Гевгелија, 12) Борко Темелков, работник од Прилеп, 13) Тодор Пецов - Циповски, 14) Панко Брашнаров, од Велес, 15) Тодор Звездин, од Скопје, 16) Генадија Лешко, од Бродско, 17) Милан Стефанов, од Прилеп. Работно тело на Иницијативниот одбор: Претседател: Методи Андонов - Ченто, Потпретседател: Мане Чучков, Секретар: Кирил Григоров, Членови: 1) Кирил Петрушев, 2) Страхил Гигов, 3) Мара Нацева, 4) Епаминонда поп-Антонов. По второто прашање, за одобрение на земените до сега решенија од Главниот штаб на Македонија и досегашниот Иницијативен одбор и дадените согласија пред АВНОЈ, генерал Апостолски и Методи Андонов - Ченто, објасниха оти Главниот штаб и Иницијативниот одбор са биле принудени да земат важни решенија поради нуждата која се налагаше од развојот на меѓународното положение и развојот на собитијата во Југославија, да се определи положението на Македонија во денешната борба, без да може да се чека формирањето на едно редовно народно собрание. Тие решенија са следните: Македонија денеска се бори рамо до рамо со сите југословенски народи за една нова демократска и федера-

115


тивна Југославија, во која Македонија ќе биде една од шесте федеративни, равноправни единици. Таја воља Главниот штаб на Македонија е прокламира преку својте делегати пред АВНОЈ. Исто така, тој делегира свој преставители во пленумот на АВНОЈ и президиумот на АВНОЈ. Co земањето на тија решенија се определује наполно положението на Македонија во денешната борба. Това се изјаснува исто така и со издавањето на манифестот од Главниот штаб кој ги прокламира сите тија принципи. Членовите на проширениот Иницијативен одбор ги одобрават земените решенија и се согласјават со досегашната работа на Главниот штаб и Иницијативниот одбор. По предложението, Методи Андонов - Ченто да отиде како претставител на Иницијативниот одбор при АВНОЈ и Врховниот штаб на нова Федеративна Југославија, сите членови се согласија да се земе това решение, имајќи предвид оти присуството на Ченто ќе даде возможност да имаме непосреден и близок контакт со одговорните тела на Федеративна Југославија, за да се изнесе правото положение на Македонија од нејн одговорен претставител. По прашањето за македонската емиграција во Бугарија, Бане Андрејев предлага, и след поопширна дискусија со приема, да се направат следните дејствија: а) да се испрати едне општ позив до целата емиграција во Бугарија и да се покани да се приклучи на борбата на македонскиот народ; б) да се испратат лични писма до видни Македонци од емиграцијата и да се поканат да вземат учестие во борбата што е води денеска целиот македонски народ, в) да се испратат писма до сите македонски братства во Бугарија, во кои да им се објасни линијата на нашата борба и да се поканат да извршат мобилизација на сите свои сили. На крајот, след исчерпувањето на дневниот ред, Страхил Гигов предложи да се испратат поздравни телеграми до: Тито, АВНОЈ и Димитар Влахов. Предложението се прие еднодушно След това, заседанието ја прикључи својата работа. Секретар: Претседател:

116


(п) К. Глигоров Членови: (п) Генерал М. Апостолски (п) М. Р. Чучков (п) Еп. Антонов (п) Б. X. Панзов (п) Страхил Гигов (п) Мара Нацева (п) Бано Андрејев (п) Кирил Петрушев

(п) М. А. Ченто

36. АСНОМ, стр. 112-115. *Седницата се одржа во селото Стајовце, на слободната територија во Кумановско.

ОТВОРАЊЕ НА ЗАСЕДАНИЕТО 2 август 1944 г. Точно во 5,15 часот поручок, при полна тишина најстариот по години член на Иницијативниот одбор Панко Брашнаров, учител од Велес, со тих и дрхтав глас, го отвора заседанието со следните думи: „Другарки и другари народни претставители, Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински" и на овој историски ден -ИЛИНДЕН-, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава. Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите Илинденци - на

117


Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединена Македонија. Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчание). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија! Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена -1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илинденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но, разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија Крушовската република, го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство. Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба, на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал. И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби. Да е жива нашата мила македонска федерална држава! Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!"

118


След речта на другарот Панко Брашнаров, четат се следните поздравни телеграми испратени до Првото заседание на АСНОМ (Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија): Прво заседање на Антифашиското собрание на Народното Ослободујенје на Македонија. Илинден 2 август 1944, стр.,4-5. (Скратено: Прво заседање).

ДЕКЛАРАЦИЈА ДОНЕСЕНА НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА 2 август 1944 г. ДЕКЛАРАЦИЈА на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија 1. Сите граѓани на федералната македонска држава се еднакви и равноправни пред законите, не гледајќи (на) нивната народност, пол, раса и вероисповеданије. 2. На националните малцинства на Македонија се осигурават сите права на слободен национален живот. 3. На секој граѓанин му е гарантирана сигурноста за личноста и имотот, загарантирано е правото на сопственост и часната иницијатива во стопанскиот живот. 4. На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и слободата на савеста. 5. На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на дружението. 6. Изборното право на демократска Македонија го вршат избирачите со тајно гласуване на основание на општото, еднаквото, непосредното и личното изборно право. 7. Правото да избируат и да бидат избирани во сите изборни тела во народната власт (го) имајат секој граѓанин и секоја граѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје престапление. До дека траје народноослободителната војна, по решение на АСНОМ, може да се отстапи от принципите на тајното и непосредното гласуване. 119


Малоумните лица, како и лицата кој со провинет по отношение на интересите на народно-ослободителната војна, се лишават от правата по точка 5 и 6 на оваја декларација. 8. Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без разлика на народност и вера, да учествуе како војник во редовите на народно-ослободителната војска и партизанските одреди. 9. Се забранува и прогонуваат сите фашиски и профашиски дејствија, оти се против слободата и независноста На братската заедница на народите во Југославија. 10. На секој граѓанин му е загарантирано правото на жалба против решениата на органите на власта по начин предвиден во законот. Секој граѓанин има право на молба и поплака кај сите државни власти. 11. Народната власт се старае да (ја) отстрани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура безплатна просвета. Во манастирот „Св. Прохор Пчински" на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година. За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Макеоднија. Секретар: Претседател: Љупчо Д. Арсов Методи Андонов - Ченто Љ.Арсов, с.р. М.А.Ченто, с.р. ИНИ.-Инв.бр. 2841

РЕШЕНИЕ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА 2 август 1944 г. РЕШЕНИЕ на Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија за заведуене на македонскиот јазик како службен ја-

120


зик во македонската држава Член 1 Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик. Член 2 Ова решение влегуе веднага во сила. Во манастирот „Св. отец Прохор Пчински", на ИЛИНДЕН 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија. Секретар: Претседател: Љупчо Д. Арсов, ср. Методи Андонов- Ченто, с.р. AM. - Фонд АСНОМ, 1 944 г.

РЕШЕНИЕ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ HA ACHOM ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН - 2 АВГУСТ - ЗА НАРОДЕН ДРЖАВЕН ПРАЗНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА РЕШЕНИЕ на Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија за прогласуене на Илинден - 2 август - за народен државен празник на македонската држава Чл. 1 Илинден - 2 август - се прогласуе за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото коначно ослободуене от вековното ропство и (за) создаване на слободната и суверена Федерална македонска држава. Чл.2 Ова решение влегуе веднага во сила. Во манастирот „Св. отец Прохор Пчински", на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија

121


Секретар Љупчо Д. Арсов, с.р.

Претседател: Методи Андонов-Ченто, с.р,

AM. - Фонд АСНОМ 1944 г.

АПЕЛ КОН МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА* Септември 1944 г. Драги сонародници, Македонскиот народ има водено и води епски борби за своето национално ослободување. Неговите најсмели и самопрегорни синови непрестајно ја напаѓаа со јуриш турската тврдина на феудализмот и деспотизмот. Ентузијазмот и самопожртвувањето на Македонците ја создадоа херојската епопеја меѓу револуционерните борби на македонскиот народ - Илинденското востание во 1903 година. Водени смело од идеолозите на македонската ослободителна борба: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Јане Сандански, Димо X. Димов и плејада други борци, илинденците ја обесмртија таа борба и го запишаа на страниците на национал-револуционерните движења најголемиот херојски подвиг. Ситуацијата во која беше подготвена, организирана и спроведена национално-револуционерната борба бараше цврста увереност и фанатична смелост. Турската власт, иако и со очевидните знаци на деморализација, беше се уште силна за да се пресметува со македонските борби. Тогаш постојните влади на Срби, Грци и Бугари, спроводници на хегемонистичката политика на Балканот, ги вкрстуваа своите аспирации за присвојување и разделување на македонската земја, за поробување и асимилирање на македонскиот народ. За да се отстрани оваа опасност, македонскиот народ мораше да ја води борбата самостојно, со сопствени сили и средства, против глутница шовинисти и завојувачи, управници во балканските држави. Меѓутоа, наспроти неблагопријатните услови револуционерната енергија на поробените Македонци секогаш беше во бојна готовност. Од времето на турското господство до наши дни македонскиот народ бил непрестајно во ропство и постојано во борба за своето ослободување. Земајќи го предвид делото на македон-

122


ската ослободителна борба во минатото, којашто најде херојски пример во Илинденското востание, ние Македонците сме пред настани судбоносни и големи. Македонскиот народ преживеа тешки години на национален гнет. По започнувањето на сегашната војна крвавиот фашизам во лицето на хитлеровска Германија, вооружена до заби, со тајното и јавно содејство на бугарските и македонските фашисти, стрмоглаво се насочи и кон Балканот, a co тоа навлезе и во нашата татковина Македонија и се наложи со својот воен и полициски апарат. Македонскиот народ се најде во едно уште пострашно економско и национално ропство. Македонскиот народ беше газен, онеправдан и жестоко експлоатиран. Тој беше ставен во нечуен мрак, насилство и потисништво. Народната мисла беше окована во железните вериги на најцрно мрачништво, а нејзините носители убивани на најнечовечен начин или апсени, фрлани во затворите или испраќани во концентрациони логори. Се гореше имотот и покуќнината на населението, се применуваа воопшто инквизиторски средства пострашни од оние во средновековјето. Така во Македонија од 1941 година изникна како решителна сила Македонската народноослободителна војска, којашто славно ги продолжува традиционалните и историски борби на македонскиот народ против завојувачката политика на Балканот и во тесен сојуз со движењето на маршал Тито да ја гради слободата на Македонија и нејзиното федерирање со сите демократски сили на Балканот. Во таа ситуација во нашата татковина се создаде АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија) како институт од највисока револуционерна и политичка вредност прокламирајќи го основниот закон на Македонија, a имено: полно самоопределување на македонскиот народ, Денеска во Македонија е установена револуционерна народноослободителна власт, која функционира преку свои органи - Комитет на Народноослободителниот фронт,

Македонската емиграција во Бугарија водеше упорна и крвава борба против агентите на фашистичката завојувачка политика во нејзината средина. Co неа, со таа борба, таа се наредуваше во борбата на бугарскиот народ против фашизмот и завојувачката

123


политика и посредно ги потпомагаше борбите на македонскиот народ за слободата, којашто е невозможна без уништувањето на фашистичките клики на Балканот, сплотени во последно време зад хитлеровска Германија. *Апелот е упатен до македонската емиграција во Бугарија од страна на видни општествени македонски дејци. Апелот е упатен веднаш по конституирањето на АСНОМ.

МИХАИЛ СМАТРАКАЛЕВ, „МАКЕДОНСКА КНИГА"* 1 јануари 1948 г. „Македонска книга" - за нас тоа звучи непринудено гордо. До вчера нашата нација не беше признавана. Нашиот јазик беше сметан за дијалект, а нашата култура ја присвојуваа други. Македонските ѕвонливи песни, убави народни ора се сметаа српски или бугарски. Нашиот национален дух се потиснуваше од српските и бугарските шовинисти. ... Сега поголемиот дел од Македонија е слободен и среќен. Тој во ред со другите југословенски народи стапи тврдо по патот на прогресот на социјализмот. Ние имаме своја Народна Република Македонија во рамките на Титова Југославија, своја народна власт, свој национален јазик, свој театар, свои училишта, свој универзитет, своја литература... Сега, под топлото крило на легендарниот Тито, цути македонската литература. Македонската книга слободно се шири низ земјата на Климента Охридски. Македонската книга навлегува во селските и градските куќи. Сега имаме свој буквар, своја граматика, свои читанки, свои весници, списанија, учебници. На македонска книга учат нашите деца. На македонски јазик се преведува науката на напредните народи. Маркс, Енгелс, Горки, Шолохов, се учат на македонски јазик во нашата татковина. Нашиот јазик се обогатува, развива, израснува. Толку многу години ропство и застој - сега со брзи и големи чекори напред! Но таа светла и прогресивна книга не стои само во HP Македонија. Таа книга е за сите Македонци од Егеј до Шар од Охрид до Места. Во Пиринска Македонија македонската книга навлегува веќе со својата висока мисија: да ги сврзува здраво пиринците со вардар-

124


ците, да го сплотува единствениот народ. Новата книга грее во македонските книжарници во Џумаја, Петрич, Неврокоп. Се лее звучниот македонски јазик по училишните соби. Македонската книга ги збратимува долго разделените со телени мрежи. Таа ги руши граничните столбови? Таа ги сврзува Пирин со Бабуна, Шар со Егеј. Таа ја зацврстува македонската нација. Налива гордо национално чувство во пиринците. Го закрилува ентусијазмот на младинците - вдахнува вера во скорешното полно обединување на Македонците..." Пиринско дело, год, IV, бр, 1 ( 1 јануари 1948 година), * За популаризирање на македонската книга во Пиринска Македонија на крајот на декември 1947 година се организира „Недела на македонската книга". По градовите и селата беа организирани изложби на книги и се одржуваа предавања за значењето на книгата во развитокот на македонската национална култура. По тој повод весникот „Пиринско дело" го објавува написот „Македонска книга" на македонски јазик.

ПРОГЛАС НА ВРЕМЕНАТА ПОЛИТИЧКА КОМИСИЈА НА МАКЕДОНИЈА ПОД ГРЦИЈА* 12 ноември 1944 г. До македонскиот народ под Грција Браќа Македонци Еден од најизмачените народи во светот е нашиот. Шес векои чекаме да си сдобиеме слободата, шес векои со пушката во рака участвуваме во сите војни или заедно со други поробени народи или сами, за да скиниме синџирите на робијата ни, и да скршиме тешките пранги шо не остават да станиме и ние като сиот друг свет да си развиеме културата ни и да продолжиме старата ни славна историја. Народот ни шо даде писмото и културата на триста милиони Славјани, беше осуден да тлее и да угасне, беше казнат да спие робскиот сон долги години без да има право да види белиот ден на слободата, като да не заслужаваме да живиме и ние слободно, како да сме вечно казнати да бидиме јаболката на раздорот от старо време, и нашата земја, богатата и убава Македонија, да

125


се дава како дар от големите сили на империјалистичките држави на Балканот. Зато во секоја војна шо се водеше во Балканот, Македонија не верваше дека ке можи да се ослободи, знаеше оти постоеше само за туѓи интереси. Турското ропство иконимически, културно и социјално имаше осакатено нашата мила земја. Нашите дедои, за да земат судбината на нашата татковина во своите раци, 1903 година со една полна волја и надежда оти ке можат да успеат, зедоа пушката во рака, за да остварат тој стар наш идеал, и да истерат петвековните поробители. Како брилјант светат имината на геројте ИЛИНДЕНЦИ. Добро, ама империјалистите на Балканот угаснаја со крв востанието. Дојде балканската војна и во Версај не разделија меѓу великобугарите и великосрбите и великогрците. Немаше кој да ни поможи и да ни ослужи. Црниот јарем на грцкио фашизам беше оште потежок и от турцкиот. Многу коски на наши браќа посипаја грцките острови. Умре Метаксас и со олекната душа чекафме побели дни, ама хитлеристите окупатори попалија нашите села и градој. Требаше да се бориме за слободата ни или да не постоиме во овој свет. Co полна вера и надежда оти не ке не остават другарите ни Грци от ЕЛАС да се слизниме пак во старата робска келија, влеговме во борбата и три години водевме заедничка борба за истата кауза - да истераме окупаторот и да добиеме правото на самоопределение согласно Атланската карта. После тригодишната борба не само не ни се даде правото да приказваме за самоопределение, ами бојните ни другари от ЕЛАС сакаја да не нападнат и да не безоружат, не објавија како автономисти и фашисти и не ни позволија после успехите шо постигнавме да приказваме на вас оти имаме право на самоопределение како шо каза генерал ТЕМПО, преставителот на Маршал ТИТО во говорот му на народниот митинг во гр. Битола на 7. 11. 44 год. по случај прославата на големата руска револуција, оти МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМА ПРАВО КАКО СЕКОЈ ДРУГ НАРОД НА СВОЕТО САМООПРЕДЕЛЕНИЕ. НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА МУ ПРЕЧИ НА ТОА И ДА ГО ДЕЛИ БЕЗ НЕГОВАТА ВОЛЈА. НИЕ ГО ЗАСЛУЖИВМЕ ТОА ПРАВО CO ТРИГОДИШНАТА ВОЈНА, НИЕ ГО ИЗВОЈУВАВМЕ НАШЕТО ПРАВО. Ние, браќа Македонци, не бараме појке от колку заслуживме.

126


Сакаме сами да си ја решиме судбината и да пожнееме плодојте што ги посеавме, со нашите успехи и што ги повадивме со нашата крв. Смрт на фашизмот - Слобода на народот 12. II 1944год. Од времената политичка, комисија на Македонците под Грција AM. - Збирка „Егејска Македонија во НОБ". АЕ: 271. *Во прогласот е изнесен неправилниот став на грчкото раководство на отпорот спрема желбите и стремежите на македонскиот народ; поради тоа дојде до отцепување на македонскиот баталјон од ЕЛАС до формирањето на Комисијата.

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СУВЕРЕНОСТ 1991 г. На 25 јануари 1991 новото, повеќепартиско Собрание на Република Македонија, ја усвои Декларацијата за сувереност на Република Македонија, во која, меѓу другото, Република Македонија е дефинирана како суверена држава, која во согласност со своите интереси независно одлучува за своите идни односи со државите на другите народи од Југославија. РЕФЕРЕНДУМ 1991 г. На референдумот, одржан на 8 септември 1991 година, граѓаните на Република Македонија по пат на плебисцит, со 95,09 отсто гласале за суверена и независна Република Македонија. На гласачките ливчиња за непосредно и тајно изјаснување стоеше: „Дали сте за самостојна и суверена држава Македонија" со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија?! ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НЕЗАВИСНОСТ 1991 г. Врз основа на резултатите од Референдумот, Собранието на

127


РМ на седницата одржана на 17 септември 1991 ја усвои Декларацијата за независност. Повикувајќи се на волјата на сите граѓани изразена на Референдумот, Декларацијата изразува дека Република Македонија како суверена и независна држава ќе се придржува кон генерално прифатените принципи во меѓународните односи, содржани во Повелбата и во другите документи на ООН, Финалниот документ на КЕБС, Париската повелба на КЕБС и тоа ќе биде основа за нејзините активности во меѓународните односи. На 19 декември 1991 година Собранието на Република Македонија ја усвои Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава. АРБИТРАЖНА КОМИСИЈА НА ЕЗ Арбитражната комисија на Европската Заедница Што ја раководеше Робер Бадентер во извештајот од 11 јануари 1992 год., меѓу другото констатира дека „Република Македонија ги задоволува условите предвидени со насоките што се однесуваат на признавањето на нови држави во Источна Европа и во Советскиот Сојуз, како и со Декларацијата за Југославија, што Министерскиот совет на ЕЗ ја усвои на 16.12.1991 година. ПРИЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА BO OOH Собранието на Република Македонија на 29 јули 1992 година ја изгласа Одлуката за прием на Република Македонија во ООН како суверена и независна држава. Набргу потоа претседателот на државата поднесе формална апликација за признавање на Република Македонија како членка на ООН. Република Македонија е примена за членка на ООН на 8 април 1993 година. Република Македонија ги прифати Декларацијата и другите документи на ООН, принципите на современите меѓународни односи и постојните стандарди во меѓународното право.

128

Македониум  

- антологија на македонската политичка мисла

Македониум  

- антологија на македонската политичка мисла

Advertisement