Issuu on Google+

Ноември – Јануари 2012 година

2012

ИНФОРМАТОР

Локална агенција за развој


Младите стружани ја запознаваат нивната Општина Во рамките на проектот “Струга – запознај ја својата Општина”, ЛАР Струга одржа неколку работилници на теми поврзани со работата на Општината. Преку работилниците учесниците добија директен увид за тоа како е структурирана Општината и како таа функционира однатре во сите оддели. Научија за предизвиците со кои се соочуваат во процесот на децентрализација и како изгледаат средбите на Градскиот совет .

информации за одлуките кои се донесуваат на локално ниво, како се прави буџетот, во кои процеси можат да учествуваат граѓаните и како да се информираат. Учесниците беа активни и мотивирани да ги изразат своите мислења и ставови.

Во следната фаза на проектот, учесниците ќе работат повеќе на промовирање на работата на Општината кај јавноста со цел да се постигне поголемо влијание на повеќе граѓани. Фотографии од обуките видете тука.

Учесници на работилниците беа запознаени со процесот на донесување одлуки преку присуство на состаноците на Градскиот совет . Претставниците на политичките партии за прв пат беа запознаени со општинската структура и што значи тоа да се биде транспарентен, зошто тоа е толку важно, и како и каде да најдат

ЛАР Струга ги претстави резултатите од проектот “Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Република Македонија” ЛАР, како локален координатор во рамките на овој проект организираше 16 работилници на теми поврзани со меѓукултурниот дијалог преку кои учесниците учеа како да ги надминат разликите кои постојат помеѓу луѓето од различна етничка припадност, како

да соработуваат помеѓу себе и да градат соживот. Завршниот настан беше во СОУ “ Д-р Ибрахим Темо” Струга. На настанот беа присутни учесниците во проектот, претставници од двете средни училишта “Д-р Ибрахим Темо” и “Нико Нестор”, ученици, како и претставници од локалните медиуми. Присутните беа запознаени со целта на проектот и главните активности кои беа реализирани во периодот од август до декември. Проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“, е дел од годишната програма на Коалиција „СЕГА“ Прилеп за 2012 година, финансирана со програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC. Фотографии од работилниците видете тука.


ЛАР ги подигнува и зајакнува капацитетите на граѓанските организации ЛАР Струга како ментор организација преку подучување , консултантска поддршка, работилници и обуки придонесе до развој на капацитетите на четири граѓански организации. Активностите се дел од програмата на ТАКСО – градење капацитети на граѓанското општество во ИПА земјите –фаза II. ЛАР - Струга преку програмата на ТАКСО – Градење капацитет на граѓанското општество во ИПА земјите –фаза II, е Ментор организација и преку подучување, консултантска поддршка, работилници и обуки ги развиваа капацитетите на четири граѓански организации:

Центар за помош и интегрирање на недоволно развиените и развиените подрачја во граѓанското општество, Кичево Во првата фаза ЛАР Струга на избраните организации им ја понуди својата менторска поддршка при процесот на спроведување организациска самопроценка.

ЛАР Струга, како членка на Коалиција

Во периодот од септември до декември 2012 менторска поддршка се состоеше во реализација на Планот за градење капацитети преку семинари,обуки и подучување. Фотографии од обуките видете тука.

• ЗГ Центар за развој и унапредување на јавниот живот,Тетово • Стопанска комора на Македонија Регионална комора, Охрид • Здружение на граѓани за заштита на културниот идентитет на египќаните ИЗИДА 41/21,Ресен

година. Во мај 2011 година беше потпишан договор за спроведување на првата фаза на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето (КПД) во Македонија“.

„Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ Коалицијата на младински организации СЕГА ја продолжи соработката со Детската фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation) и во периодот помеѓу 2011 – 2013

СЕГА, дејствуваше како локален координатор за спроведување на активностите предвидени за период помеѓу јуни – декември 2012 година, во Струга. Проектот опфаќа спроведување на процес на мониторинг и евалуација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија, во полето на учество на децата и младите во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво. Процесот на мониторинг и евалуација ќе продуцира периодични и годишни извештаи. Со овој проект директно се делува кон заштита на детските права во основните и средните училишта, преку воспоставување на дете


правобранител. Исто така, се делува кон подобрување на функционирањето на училишните организации, како и процесите на избори на претседатели во училиштата. Проектот се спроведува во 13 градови во Република Македонија: Прилеп, Кавадарци, Битола, Скопје, Куманово, Дебар, Гостивар, Тетово, Охрид, Ресен, Штип, Гевгелија и Виница.

поврзани со екологијата. Овие активности се дел од проектот “Посвојте парк”.

Фотографии од обуките видете тука.

Средношколците од Струга учествуваа на обуките од „Зелената Академија“ Во периодот помеѓу октомври - декември 2012 година се организираа 15 работилници на теми

Како дел од академијата беа организирани и студиски посети на неколку различни локации низ Македонија. Средношколците имааа можност да научат што е енергетска ефикасност, како рационално да ја користат енергијата, да дознаат што е пермакултура и аквапоника, а воедно ги посетија енергетски ефикасната куќа во Битола, компанијата за хортикултурно уредување “Хорти експерт” во Скопје, како и продавницата за органска храна „Биокулт“ во Скопје.

Следна активност е доделување на сертификати на учесниците во проектот. Фотографии од обуките видете тука.


Локална агенција за развој Струга Ул."Владо Малески" бб 6330 Струга

Тел +389 46 784 151

contact@ldastruga.org

Фах +389 46 784 152

Моб +389 78 212 327

Find Us on Facebook | Follow Us on Twitter | Check Our Website


Информатор бр.3