Page 1

број 50 декември

ТЕМА

магија

магија

LIFE МАГАЗИН


Не постои совршенство, сe` e живот

ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

Билјана Црвенковска

Атанас Кировски

Милан Кундера

АРТ ДИРЕКТОР

Кире Галевски

Тони Димков

РЕДАКЦИЈА

Силвана Жежова

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ life тема Лидија Димковска ЖИВОТОТ НОСИ МНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА Нашата позната поетеса Лидија Димковска, како наш гостин колумнист во овој број, поетски, емотивно, духовито пишува за LIFE темата

15

Марија Дивитарова Влатко Галевски Катарина Стојанова

27

Васко Марковски Игор Ивковиќ Петре Димитров

музика Александар Гавровски МУЗИЧКИ РЕЦЕНЗИИ / ТВ КОЛУМНА Нашиот музички соработник и „Дежурен ТВ-холичар“ имаше многу што да каже во овој број на „LIFE“. Проверете!

86

Роберт Смилески Анета Ивановска Марија Илиќ

70

Патриција Костовска Серјожа Неделкоски м-р Ангелина Јаневска ГРАФИЧКИ УРЕДНИК

Златко Пармаковски ФОТОГРАФИЈА

Ивана Кузмановска 62

ФОТОГРАФИЈА

ЛЕКТОР

Виолета Караџовска - Стојанова ИЗДАВАЧ НИД Форум плус ДООЕЛ Скопје „11 Октомври“ 33а 1000 Скопје Република Македонија Тел: +389 2 32 30 940 Факс: + 389 2 32 30 942 Маркетинг Александра Р. Евтимова marketing@forum.com.mk Администрација/финансии Јулија Петровска

Претплата: 828,00 денари годишна 414,00 денари шестмесечна Претплата на сметка: Форум Плус ДООЕЛ Скопје Република Македонија Тутунска банка АД Скопје Сметка бр. 210060041050180 Печати Дата Понс Скопје ISSN 1857-5005

113

брзина Кристијан Ивановски КИНЕСКИ ВИКИНГ Новиот Volvo S60 е првиот модел на шведската компанија произведен откако управувачкиот менаџерски тим се здоби со пасош од Народната Република фитнес Наташа Ангелевска ВИТА ЛИНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ Секоја година се прашувате кое е најдоброто решение за да одолеете на искушението наречено богата предновогодишна празнична трпеза? Видете што ви советува нашата редовна соработничка...

60

Андон Давчев

моменти со... Александар Ношпал МАГИЈАТА НА МОДНИТЕ ПИСТИ Модата е магична професија, дизајнерот магионичар. Но, дали е тоа така и кај нас? Прочитајте што има да каже уредникот на мода во „LIFE магазин“

здрава исхрана Душан Матиќ ПРИНЦИПИ ЗА ОПТИМАЛНО ЗДРАВЈЕ Нутриционистот Душан Матиќ во овој број на „LIFE“ ги образложува неколкуте принципи со кои ќе постигнете оптимално здравје. Не пропуштајте! Белешки на случајниот минувач Синиша Станковиќ УДРИ, БРУС ЛИ! Дневна доза кураж и верба во правдината, на расклатените столчиња во киното „Карпош“...


6 9 16 22

28

ЕДИТОРИЈАЛ:

МАГИЈА

Крик на слободниот дух Режисерот Слободан Унковски ги открива темелите на сопствената сигурност, разбирањето на светот и личниот концепт на времето и смислата...

10

life фокус: МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Жените го вртат светот - па и културата во Македонија Верувале или не, но културата и уметноста во Македонија зависат од нивното височество – дамите. Случајност, коинциденција или, пак, можеби, испланираност?

18

УБАВИНА

Студиото Panache во овој број ни открива како започнуваме со шминкањето – со основата, односно со соодветна нега на кожата на лицето и ставањето на подлогата

64

спорт: ЗАБАВЕН ПАРК „FERRARI WORLD“

Адреналински храм за обичните смртници Финалето на сезоната во Формула 1 во Абу Даби, на светот му го даде новиот шампион Себастијан Фетел, но воедно беше сцена и на „породувањето“ на првиот забавен тематски парк на „Ферари“

професии: АЛЕКСЕЈ ДУМА

ФОРЕНЗИКА МИТОВИ И ВИСТИНИ Дума за „LIFE“ ги раскажува убавите но и помалку розовите моменти на патот кој води до вистината, односно ни предочува кои се вистините, а кои митовите за форензиката

44

БИТОЛА НИЗ ОЧИТЕ НА ИВАН ЈЕРЧИЌ

Битола ја шетавме, дур’ да си пајтон најдиме Актерот Иван Јерчиќ не` прошета низ Битола, ја видовме низ негови очи и ја доживеавме на посебен начин, како што само може да се доживее Битола

54 57 58 74 80 88 90 92 93 95 96 98 102 110 112 114 116 118

48

музика: ЕКВИЛИБРИУМ КВАРТЕТ

патување надвор: АПИЈА, САМОА

Музика без хармонија не е возможна Четворицата професионални музичари сакаат да истражуваат во просторот на совршеноста на музиката, на хармонијата и звуците на новото време...

Кон запад утре, кон исток вчера Овојпат, нашиот патник Роберт Смилески ни раскажува прекрасна приказна за магичното место со магнетен шарм – сместено во синилото на Тихиот Океан

84

38 42

Во овој број на „LIFE“, по долго време, повторно ја гледаме во сосема магично светло легендата на македонската модна сцена, фотомоделот и манекенка Надица Георгиева. Надица одлучи, ексклузивно за „LIFE“, да позира пред нашите камери и да ви претстави креации од познати македонски дизајнери

o Кире Галевски

life портрет: СЛОБОДАН УНКОВСКИ

24

настани не-блог LIFE тема Од друга перспектива: Оливера Китанова Политикон: Злоупотреби на визната шанса Стил Креативци: Ненад Секирарски Жешка тема: Моника Белучи Шуш-буш Од А до Ш Технологија Пари: Што подаруваат бизнисмените за Нова година Антиквитети: Чајник Танц: Брејк а лег Галерија Дежурен ТВ-холичар Книга Календар Траги низ времето Патување дома: Штипинг Специјалитети Маса за двајца Панорама LIFE клуб картичка Таротскоп

106

77 ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ПРВ ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ


настани

„ФОТОМЕДИЈА 2010“ ВО МАЛА СТАНИЦА Меѓународното биенале на фотографија „Фотомедија“ секогаш во Скопје ги носело актуелните текови во современата фотоуметност. На 12-то издание на изложбата (која беше поставена во објектот Мала станица при Националната галерија на Македонија) беа изложени 190 фотографии од 119 автори, од вкупно пристигнатите 855 дела на 223 автори од 41 земја во светот. Биеналето се одржа во организација на фотоклубот „Елема“ од Скопје, под патронажа на Фотосојузот на Македонија и Светската асоцијација за фотографска уметност (ФИАП). Како гостин на отворањето на „Фотомедија 2010“ настапи Сашко Костов.

МИРОСЛАВ МАСИН ВО „ОКО“

6

LIFE Д Е К Е М В Р И

Ликовната изложба „Со челото на прст“ на уметникот Мирослав Масин, која беше поставена во галеријата „Око“, предизвика големо интересирање кај културната јавност. Со дваесетина цртежи Масин се врати на својата омилена тема – мајмуните. Интересен е фактот што новите ликовни мајмуни на Масин се врамени во стари рамки кои имаат своја историја, што и буквално и метафорички значи дека ја содржат патината на вредностите кои ги носи минатото.

„СИНЕДЕЈС“ - ФЕСТИВАЛ СО ЕВРОПСКО НИВО Со „Чувство на добар филм“, како мото на „Синедејс 2010“, Фестивалот на европскиот филм го доживеа своето 9-то издание. Во осум дена со шеесет филмови, фестивалот зазема цврст став во борбата против филмската дивиди-пиратерија, истовремено носејќи ги најзначајните и најквалитетни европски филмски наслови во Скопје. Од друга страна, скопската публика потврди дека е секогаш подготвена за прифаќање на европските културни вредности и традиции. Како посебен сегмент од „Синедејс“ се одржа и „Мобил фестивал“, прв меѓународен фестивал за филмови снимени со мобилен телефон.


Млекарница „Битола-БиМилк“ ја поддржа овогодишната Модна недела. Перспективните дизајнерки Елена Спасовска и Александра Митковска, благодарение на Млекарница „Битола-БиМилк“, креираа несекојдневни парчиња облека наменета за млади. Поддршката е во рамките на општествено одговорното работење и принципот на Битолската млекарница за потпомагање на уметноста и културата, како и желбата за охрабрување на младите талентирани уметници, да се поттикне креативноста кај младите дизајнери и да се обезбеди развој на македонската модна индустрија во целост. Соработката со талентирани млади автори ќе биде определба на Битолската мелкарница и во иднина, сметајќи дека на тој начин се придонесува кон афирмација и промоција на македонската култура во светот. Покрај финансиската поддршка, Млекарница „Битола-БиМилк“ им овозможи на сите учесници и гости да го дегустираат извонредното сирење “Пекорино”, доближувајќи им ја македонската традиција на производство на врвни млечни производи.

настани

МЛЕКАРНИЦА „БИТОЛА-БИМИЛК“ ГИ ПОДДРЖА МЛАДИТЕ ДИЗАЈНЕРИ

Модната куќа „Мона“ ја прикажа колекцијата „Царство“ на уметницата Олга Оља Ивањицки на Големата сцена на МОБ на 20 ноември. Инспирацијата за оваа колекција претставува видувањето на Оља за „Петтото царство“ за кое таа има кажано дека е умствено историско царство. Оваа колекција е инспирирана од сликата „Косовска битка“, а приказната е раскажана низ шест сегменти кои во единствена целина ги обединува вечниот антагонизам, борбата меѓу доброто и злото и светлината и темнината. Костимите на Оља го оживеаја духот на средновековниот двор на цар Душан и царица Јелена, како и цар Лазар, царица Милица и нивните наследници. Креаторката Кристина Гајиќ успеала достоинствено да ја реализира идејата за „Петтото царство“, а чантите ги изработи Ана Лековиќ. Големата уметница Ивањицки почина на 24 јуни 2009 година. УЛ. БЕЛ КАМЕН БР. 9, СКОПЈЕ / 02 3 177 160

7 LIFE Д Е К Е М В Р И

РЕВИЈАТА „ЦАРСТВО“ ВО МОБ


LIFE Д Е К Е М В Р И


некоја од цртаните на Дизни, претежно поновите. Но, сите оние книги со бајки кои прво ни биле читани а потоа сами сме ги читале, им се наполно непознати. Вистинскиот, тажен крај на Малата Сирена, Девојчето кое згазнало на лебот (бајка која толку остава белег во детското срце) и многу други бајки на Андерсен, Грим, руски бајки, африкански, јапонски и кинески. Се прашувам што ли ќе прават денешните деца кога ќе пораснат, па ќе станат, да речеме, писатели (или колумнисти), па ќе си играат со цитатност... или можеби нема да се знае веќе за цитатност, а богами нема да постојат ни писатели (уште помалку колумнисти, оти тешко дека ќе постојат весниците...). Како и да е, нужноста да се цитира и алудира, т.е. да се употребува магијата на суптилноста – „кој е умен ќе разбере“, е наследство од минатиот век, а „ние“ сме на изумирање. Нејсе, приказната која ја имам на ум додека го куцкам ова на мојот лаптоп е една од најпознатите бајки на светот – „Пинокио“ на Карло Колоди. Секако, не делот со носот кој му расте кога лаже (оваа приказна е повеќе за во некој политички неделник), туку онаа прекрасна приказна за земјата на неработниците, на мрзливците, пијачите на кафиња, дежурните мрчатори, семето на еден божемно напуштен менталитет, забушантите, фолирантите, плачковците, а секако и лажговците. Оние кои без да знаат, поради алчност, мрза и глупост почнуваат да се претвораат во магариња. Со други зборови, приказната за „Земјата на будалите“, или, како во рускиот цртан филм „Пинокио“ кој ние, децата на социјализмот, толку често го гледавме – „Страна дураков“. Магична приказна чија фасцинантност секојдневно ми се потврдува. Бидејќи, верувам дека жителите на оваа прекрасна земја успеваат на мистичен (и секако, волшебен) начин да преживеат. Кој им произведува храна? Ако ја увезуваат од некоја друга, помалку среќна земја, како ја плаќаат? Со што? Нели по цел ден пијат кафиња? Нели зјапаат во празно? Нели се среќни и весели до бесвест? Или можеби кај нив расте магичен грашок? Е, тоа веќе би било премногу! Се инспирирав да напишам приказна која, всушност, e обратна верзија на Барбарела. Таа, пристигајќи на една „примитивна“ планета, лудо се забавуваше. Немаше време да здивне, кутрата, од секс и од екстаза. Мојата верзија, за жал, ја има само примитивната, да не речам - магарешката страна. Ни „с“ од секс, ни „з“ од задоволство,

дури ни „п“ – од пари. Мојава Барбарела, бегајќи од нејзината строга, антиутопистичка и капиталистичка планета (кај што сите живеат по строго утврдена шема на будење-работа-алкохол-секс-спиење) слетува во една тампон-зона, планета-чистилиште настаната на транзитот од еден систем во друг, т.е. каде другде ако не во фамозната Страна дураков. Згора на сe`, ја дочекува и економска криза, иако тоа не е некој битен фактор. Она што е важно е дека секогаш кога правиме животен и „кариеристички“ потег, не умееме да ги процениме работите реално. Кај сме, кај живееме, што работиме и ако промениме – каде ќе отидеме и на што ќе налетаме. На која планета сме и на која ќе отпатуваме? Ќе има ли секс или ќе има разочарување? Доколку долго време функционирате и живеете во некоја гигантска, мрачна, капиталистичка (или глобалистичка) Замјатиновска констелација, не можете да согледате како стојат навистина работите во „магичниот“ универзум надвор од неа. Ако едната страна на медалот е голема корпорација, пристојна плата, работа од утро до мрак и сексот и градот, другата страна се неработниците и долгите носеви. Митот за „лицемерието на капитализмот “ и фактот за неуништливоста на социјалистичкиот менталитет звучат исто толку поразително како и сознанието дека децата ќе ни останат неписмени. Следствено, митот за „бедата на народот“ на волшебната земја, немањето пари, лошиот стандард итн., итн., е резултат само на неработењето (и на лажењето). Магијата, за жал, завршува со демитологизацијата. Дали се обидувам да дадам своевидна апологија на капитализмот, па дури и на оној „локалниот“ практикуван од големите корпорации кои решиле да се втурнат во авантурата на суптилно освојување на „Страна дураков“? Апсолутно! Бидејќи мојата Барбарела, поставена во еден антимагичен систем практично цел нејзин живот, сега, повторно фрлена на улиците на прекрасната земја на неработници со магарешки уши, ја доживува сосема обратната приказна од онаа на среќничката во филмот. „Барбарела во земјата на будалите“. Лош наслов. Неприфатлив. Исто како што можеби ви е неприфатливо, очекувајќи прекрасна приказна за волшепството и магијата, да ги читате овие редови. Но ова е Живот (LIFE), драги поклоници на вистината и неконвенционалното, и едноставно нема бегање. На вас е да одберете во кој правец ќе го терате: во една антиутопија (со шмекот и опиеноста на сексот и градот) или пак, во Страна дураков. Изборот е сe` само не лесен, а мојот личен избор е повеќе од очевиден.

не-блог

оразително е што д ецата во денешно време не знаат бајки. Освен оние од П цртаните на „Пиксар“, на пример. И по-

уредник на LIFE

LIFE Д Е К Е М В Р И

Mагична приказна од магичната земја

¢ Билјана Црвенковска

9

СТРАНА ДУРАКОВ


Ф ер и д Му х иќ life п о р т р е т

10

LIFE Д Е К Е М В Р И

РЕЖИСЕРОТ СЛОБОДАН УНКОВСКИ ГИ ОТКРИВА ТЕМЕЛИТЕ НА СОПСТВЕНАТА СИГУРНОСТ, РАЗБИРАЊЕТО НА СВЕТОТ И ЛИЧНИОТ КОНЦЕПТ НА ВРЕМЕТО И СМИСЛАТА


11 LIFE Д Е К Е М В Р И

life li fe п о р т р е т


life п о р т р е т

лободната мисла, и волја и дух на Слободан Унковски се основниот предуслов да бидат создадени стотина вредни театарски дела. Режисер и педагог, виртуоз во канализирањето на сценската интерпретација на зборот. Човек кој дури и со молчење умее да ги пренесе и суштината и С смислата. Рационално, практично и мигновено ја доловува магијата на театарот. И уште побитно, магијата на животот. Скромен како човек, брилијантен како режисер, извонреден како професор, чувствителен како татко. Во глобалниот хаос успева да стигне до точката на сопствениот внатрешен мир и да го пренесе на сите околу него. Со радост на мало детенце пристапува кон секоја следна претстава. Не се штеди себеси. Напротив, неговите искуства во животот и во театарот се достапни до сите кои имаат желба да ги откријат логиката на светот, магијата на театарот, радоста на создавањето и недофатливата нитка на целосното разбирање на животот.

12 LIFE Д Е К Е М В Р И

¢ Тони Димков o Кире Галевски Како да ја пронајдеме магијата на театарот во реалноста на животот? Може и обратно, како да ја пронајдеме магијата на животот во реалноста на театарот? Постојано се зборува за паралелата театар /живот и за нивната двонасочна врска. Магичноста е една од најважните работи на сцената. Магичноста е важен збор за опишување на животот. За жал, потрагата по магија не води до нејзиното пронаоѓање, туку повеќе, би рекол, магичноста се појавува самата водена од својата непредвидлива логика и со случаен распоред. И често видлива, ама недофатлива. Колку внатрешниот свет на уметникот успева низ уметничките креации да се појави на театарската сцена или во животот? Сe`што сум направил во театарот се потпира или било поттикнато од мојот внатрешен

свет. Но, претставите не се прост превод на тој живот, туку сложено толкување на драмата што ја имаме пред себе која како да се отсликува во внатрешниот свет. За тоа предавам на студиите, го нарекувам стратегија на медуза во режијата. Но, тоа е компликувана постапка за брза анализа во интервју.

Уметноста треба да го сочува светот од ретроградноста во која го турка конзервативниот, стиснат дух на заробениот човек Дали во себе чувате нешто што никому никогаш не би му го кажале? Во 1988 година, кога живеевме во Њујорк, се роди мојот трет син, Георги. Пет минути по раѓањето ми го дадоа в раце и ме оставија сам со него едно 45 минути. Тој беше завиткан во една голема памучна пелена.

Преку прозорците се гледаше вечерната силуета на зградите на Менхетен. Знаев дека имам една единствена можност и многу нежно со него ги споделив моите тајни и моите ставови за живот. Мислам дека нешто од тоа има запаметено. Од тој ден наваму се имаат пак насобрано разноразни работи, за кои и не се сеќавам точно што се, ама ги гледам натрупани и одвреме-навреме одам кај нив и се обидувам да се сетам на настани, луѓе, емоции, состојби, неправди, моменти на длабока исконска среќа. Тоа не се работи што кого било можат да загрозат, тоа е простор на приватност, својство, тајна за чување. Што е тоа што секогаш сте го нагласувале во животот, независно дали станува збор за предавање пред студентите, подготовка на претстава пред актерите, или со самата претстава пред публиката?


Историјата на светот како да е нераскажана приказна за траумите на светот и на нив, меѓу другото, се држат граничните точки на драматичните промени број комплементарни мислења, но не и неопходно да го менува светот. Толкувањето на светот не е ниту малку едноставна работа. Уметноста треба да го сочува светот од ретроградноста во која го турка конзервативниот, стиснат дух на заробениот човек.

Колку личните трауми што ги доживува еден човек, или во поширока смисла, една нација, се битни за постоењето на светот воопшто? Траумата е како длабока лузна во нашата емоционална меморија. Бегањето од неа, сокривањето, туркањето под ќилим, исто како и решавањето на трауматскиот проблем, го придвижуваат светот, но во различни насоки и со драматично различни перспективи како резултат на тоа. Парадоксалното искуство за нас, екс-Ју граѓаните, е во тоа дека видовме и доживеавме работи што се премногу и за три животи. Распаѓање, формирање, масакри, убиства без логика, етнички чистења, генски длабока омраза, најтемните страни на човекот. Не знам дали се траумите неопходни за постоењето на светот, ама се, секако, негов производ и знак, белег. Историјата на светот како да е нераскажана приказна

I

Верувате ли сe` уште во моќта на уметничката креација и дали таа може да го направи светот подобар од тој што сме го затекнале? Зошто би морале да се обидуваме да направиме нешто подобро ако е тоа речиси невозможно имајќи го предвид траењето на еден човечки живот и траењето на светот. Се разбира, верувам во индивидуална акција, ама со умерен капацитет. Можеби би биле во состојба да поправиме еден миг, или

life п о р т р е т

Живееме во ера пред и по падот на Берлинскиот ѕид, или во ера пред и по Интернет-револуцијата? Мислам дека живееме во ера на ново престројување на светските сили, и можеби овој период што доаѓа ќе го дефинираме како ера пред востановување на Кина како нов светски технолошки, економски, трговски, политички, па дури можеби и како воен, лидер. Значи пред и по падот на Америка, ера пред и по искачувањето на Кина. Пред повеќе децении кинеските комунисти говореа дека Америка е тигар од хартија. Не би рекол дека Америка е тигар од хартија, ама секако дека Кина станува полнокрвен бенгалски тигар. Убав и, се разбира, како сите тигри, опасен. Пионерите на Интернет-револуцијата сега можат од далеку да и` се восхитуваат на употребата на нивната сакана технологија, којашто стана како леб и сол во секојдневниот живот, со истата возбуда што ја имаме кога користиме сјај или ТВ.

LIFE Д Е К Е М В Р И

По повеќе од стотина претстави кои сте ги режирале низ целиот свет, остана ли нешто што сe` уште не сте успеале да го кажете, а силно сте сакале да го направите тоа? Сакам да ја направам вистинската приказна за Македонија, ама се плашам дека сe` уште не ја познавам доволно. Сакам да ја кажам својата приказна за Времето преку „Ајнштајновите соништа“ на Алан Лајтман. Сe`уште не сум нашол продуцент за овој мој проект кој започна во Америка, па преку Грција стигна во Скопје. Сакам да ја раскажам својата приказна за Скопје со адаптација на особените новели на Душко Родев од неговата трилогија за Дојрански. Сакам да направам претстава на македонски јазик во Скопје. Тоа во моментов ми е оневозможено.

подобро речено, да создадеме миг на среќа, на верба во подобро, на отворање простор за позитивно мислење. Уметничката креација може да го смени мислењето, да го освести примателот, да го заплисне со среќа или знаење што раздрмува, да собере значаен

13

Која е универзалната порака во вашето режисерско творештво? Ја немам дефинирано мојата порака. Не верувам во еднозначни пораки, не ме возбудува мислата дека претставата има идеја што го артикулира предметот на интерес или сл. Не мислам дека уметноста треба да има порака. Во своите претстави нудам простор за размислување, сложувалка за сложување, загатка за решавање, делам проблем и анализа на проблемот, собирам слушатели за мојот примален крик и гледачи за моето аутодафе. Мислам дека ни тоа не е малку.


life п о р т р е т

Цел живот сум се трудел да го разликувам важното од неважното, да го сочувам својот дух слободен, да не му направам некому нешто што не би сакал мене да ми се случи за траумите на светот и на нив, меѓу другото, се држат граничните точки на драматичните промени. Како лично го правите балансот меѓу „суровата реалност“ и внатрешните човекови потреби за правда, вистина, човечност, рамноправност, љубов? Простувам и заборавам.

14 LIFE Д Е К Е М В Р И

Луѓето отстрана ве доживуваат како скромна и мирна личност, врвен театарски режисер, извонреден професор, мудар човек со богато животно искуство. Како се доживувате самите себе? Толку прекрасен е вашиот опис, што не знам дали да одговорам вистинито на вашето прашање или да оставам ова ваше одредување да трае. Јас сум како еден вид недеклариран, неоформен, изгубен намќорeст будист во 21 век. Еден ден, ако имам можност да отпатувам на лице место, ќе се соочам со појавните и суштинските форми на будизмот, па ќе видиме што е каде, кој е кој. Цел живот сум се трудел да го разликувам важното од неважното, да го сочувам својот дух слободен, да не му направам некому нешто што не би сакал мене да ми се случи, и сум бил среќен дека сум можел да имам многу луѓе околу мене, а и среќен да си бидам во сопствениот реален или измислен свет интересен и можеби самиот себеси доволен. Во еден период од животот влеговте во политиката, а потоа брзо излеговте. Кои се поуките што ги извлековте од политичкото искуство? Мене ми се виде дека останав долго, речиси три години. Ги извлеков следниве поуки: Дека не треба да се влегува во политика ако не сакате да се дружите со ѓаволот. Дека ако веќе сте влегле по грешка, треба да излезете веднаш или најбргу што е можно. Дури и ако не сте влегле по грешка, треба веднаш да излезете. Дека ако ви е потребна колективна заштита, ако ви пречи сопственото мислење и

гледање на светот, ако сакате работите да ви одат мазно, едноставно, наизглед без голема секирација, таму ви е местото. Дека не знаеш ништо за функционирањето на светот наоколу, дури не ја разбереш од внатре политиката и системот како функционира. Дека политиката ти дава моќ и ја унапредува твојата волја за моќ. Колку повеќе си мивка, толку повеќе ти „прија“ да бидеш внатре за да бидеш марка. Дека во моментот кога ќе го изгубиш срамот, си спремен да останеш доживотно на политичка функција. И да бидеш успешен. Дека патриотите се малцинство во

политиката. Чесните се само едно делче од тоа малцинство. Целиот свет е дом за уметничкото дело. Сепак, во кој дом посигурно се чувствува уметникот Слободан Унковски, во кругот на семејството или во театарските кругови? Секој круг си има свои вредности и значења. Мојата сигурност се темели на моето набљудување и разбирање на светот, на мојот концепт на време и смисла, на радоста на творењето. На моето продолжено траење преку моите студенти. ¿


фати крај Вардар жаба; жива да се обеси за задните нозе над распламтен оган и да се почека дури не јагленоса. Потоа добро да се истолчи во аван и правта да се свитка во пергамент. Свитокот да се остави три дни да одлежи под црковен олтар, по можност во „Св. Димитрија“ во Солун, а потоа, кога ќе се појави ѕвездата Деница, да се отвори и со правта да се попрашат цвеќенцата околу црквата. Грција, бидејќи од памтивек знае што е убавина, сигурно ќе ги помириса и набрзо ќе се вљуби во Македонија. Па, на љубовта и омразата, како радикални состојби на духот и телото, тоа и им е единствена новогодишна желба. А убава љубов ќе биде тоа, полна со разбирање и почит (само жена може да разбере жена) и нормално, Грција ќе си ја вика саканата Македонија, па дури и нагалено, Македониичка, Македонијка, Маки. Оттука натаму не навлегуваме во нивната врска, нека прават што сакаат. Важно магијата да успее. Кога ми се роди Ема, мајка ми по телефон ми порача: „Под зглавјето да и` ставиш игла, конец и напрсток, уроци да не ја фаќаат!“ - „Да бе, да се боцне“, и` одговорив и во истиот миг, во љубљанското породилно, се фатив себеси со поинаква свест од децениите наназад, кога и јас, како и другите деца што ги чувале баби по македонските села, а потоа во приградските населби на Скопје растеле во згради со сосетки што се разбираат од магии, живеев во магискиот реализам на секојдневието без никакви потреби и уметнички да се онеобичува. Една од тие тетки едно утро пред нашата врата беше оставила саѓосано крпче, се` уште жешко од огнот што го поцрнел, а кое мајка ми, ни пет ни шест го грабна и го фрли пред вратата на сосетката што претпоставувавме дека го направила ова злодело. До ден-денес не знам кого го фати магијата, зашто сите несреќи, како и сите среќи во животот, доаѓаат или одозгора или одоздола, ретко од просекот на живејачката. Оттогаш, сепак, се` уште се прашувам: можеби магионичарот/маѓепсникот е само илузионист кој прави будали од нас? Еднаш му веруваш како на Бог (од немајкаде, со главата в ѕид), другпат се сомневаш во него зашто е (само) човек, а третпат не знаеш како да спасиш глава од контекстот во кој таа маса од боголуѓе те ставила без да те праша (дали сакаш да читаш, да родиш по трети

пат, да учиш, да славиш Божиќ или Нова година, да добиеш пакетче од „Европа“ или автомобил од Германија). Сепак, едно притискање на копчето и се исклучуваш од нивниот (кон)текст. Кога одам во Берлин секогаш дувка едно ветре што им ги искри очите на новите литературофили кои од својот џепарлак си купуваат влезници за поетски читања и таму, начичкани еден до друг, се опијануваат од стихови. Да ти е мерак да си поет. Македонски. Всушност, животот носи многу изненадувања и во тоа е неговата магија. Кој не сака изненадувања - сака да му гатаат. Да си знае човекот што го чека утре. За да биде подготвен, на се`. Кога бев помлада, знаев да гледам на кафе. Сигурно не сум заборавила, но добро што овде во Љубљана не знае никој за тоа. Инаку преку ноќ би добила хонорарна работа и пред врата би се ределе луѓе со секакви филџани за кафе во рацете. Или, пак, не. Денес се гата и по СМС, за една секунда добиваш 160 знаци животна прогноза. Се модернизираа и гатачките, не сакаат веќе средба со своите клиенти, да им гледаат в очи дур’ ги лажат. А земјава се` уште ги испраќа со авион своите водачи по европските салони и салончиња за гатање, и кај главните и кај споредните гатачи (во Европа гатањето стана машка професија, конечно). Оттаму се враќаат со најразлични навестувања на иднината. Не знае човек веќе на кој гатач да му верува. А тие, веќе стари познајници на нашите, почнаа дури и во живо на ТВ да даваат резимеа, прогнози и куси упатства/совети за тоа што би било најдобро за животот, за судбината, па и за смртта на Македонија. Ништо, магијата му е мајката! Од први јануари ќе започне курсот за смеење. Убаво ќе биде. Никој веќе нема да жали по старите добри времиња, по магијата на она што било, никој нема веќе да фаќа врски за здравје, работа, среќа, туку секој секого ќе сака и, нормално, ќе му подаде рака. Во таа бебешка состојба на невиност, сепак е добро да се има нешто што те штити од уроци. Игла. Да те боцне, но и ти да боцнеш, во волшебен занес. Или барем акупунктурно. Да ти се размрдаат низ дамарите црвчињата, пеперутките, пчелките. Да види светот дека не си паднат од небо, туку дека и ти имаш име и презиме. Земја, јазик, сепство, Нова година. Две, ако треба. Зашто единствениот сервис за поправки на животната магија е се` уште само во нас самите. И не затвора ни за празник ни за делник. Сам свој мајстор си. Па сега види си што и како.

life т е м а

о последниот петок од годинава, кога на небото ќе се појави Деница, а В сонцето се` уште не пуштило зракче, да се

¢ Лидија Димковска

15 LIFE Д Е К Е М В Р И

ЖИВОТОТ НОСИ МНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА


life т е м а

НИШТО БЕЗ

МАГИЈА

16

LIFE Д Е К Е М В Р И

ејзиното присуство најмногу се чувствува кога отсуствува. Токму таа, магијата, Н без која веројатно сe` би било бесмислено. Невидливо присутна и нечујно гласна ги прави моментите вредни за паметење. Има сила да ги поттикне сетилата и да потсети дека животот е колаж од магични и посебни мигови, драгоцени и бесценети. Моментите ги пакува во луксузна хартија, подарок кој вреди да се чува и да не се отвори за да не исчезне. Нејзината убавина лежи во едноставноста, ја има или ја нема, ја чувствуваш или не. Без неа, сe` се сведува на неподносливата леснотија на постоењето. Таа има едно лице, а различни опачини. Магија на убавиот збор, музиката, филмот, уметноста, сонцето, месечината, планината. Ја храни душата и го

¢ Силвана Жежова НЕ ПОСТОИ МАГИЧНА ФОРМУЛА ЗА ДА СЕ СОЗДАДЕ МАГИЈА. НЕОЧЕКУВАНО СЕ ПОЈАВУВА И ПОМАЛКУ ОЧЕКУВАНО ИСЧЕЗНУВА. СИТЕ ОБИДИ ЗА НЕЈЗИНО ЗАДРЖУВАЊЕ, ПРОДОЛЖУВАЊЕ ИЛИ, ПАК, СОЗДАВАЊЕ СЕ НЕУСПЕШНИ БИДЕЈЌИ ТАА Е ПРИЧИНА И ПОСЛЕДИЦА САМА ПО СЕБЕ

заздравува духот. Немаат цена емоциите кои се раѓаат дури се создава магичната поврзаност меѓу читателот и книгата, мајката и детето, вљубениот и вљубената. Или, пак, кога убавата музика создава кнедла во грлото. Како поинаку да се нарече погледот што се отвора од највисокиот планински врв. Природата и магијата се мајка и ќерка. Магичниот збор и железни врати отвора, изречен во вистинско време на вистински начин. Не постои магична формула за да се создаде магија. Неочекувано се појавува и помалку очекувано исчезнува. Сите обиди за нејзино задржување, продолжување или, пак, создавање се неуспешни бидејќи таа е причина и последица сама по себе. Единствено што останува е да се ужива во неа, треба да се препознае кога е меѓу нас,

во нас, околу нас. Најчесто се поистоветува со љубовта, животот, страста, професијата, но таа е сe` заедно и сe` посебно. Најважно е што ја има моќта да го направи човекот да се чувствува жив, да отвори нови видици, да даде нова димензија на работите. Магијата заслепува, најсилна е кога е невидлива, но прави другиот да ја види преку мирисот на саканата, сјајот во очите или допирот на дланката. Крцкањето на снегот под нозете, звукот на дождот на прозорецот или чаша добро вино се мали магични работи. За да се доживеат, треба да се умее. Новогодишните и божиќните празници исто така кријат одредена магија. Нејзината моќ успева да остане недопрена од кичот затоа што се сокрива зад светлината на светилките и меѓу гранките од новогодишната елка.


МАГИЈАТА НА ЗБОРОТ „Врската меѓу уметноста на зборот и магијата би можела да се бара, пред сe`, во вербата и во моќта на зборот. Затоа поетскиот говор неретко ги ползува подзаборавените, архаични, ’неизлитени’, загадочни, очудени зборови. Затоа поетите знаат дури и да измислат по некој нов збор, кој добро звучи, а никој не знае точно што значи. Според Платон, Музата преку поетите ја носи човековата душа кај што ќе посака, а Бодлер во една песна во проза вели дека поезијата има моќ да опива. Ако и ` се препуштиме, литературата или музиката може да нe` опие, да нe` маѓепса, да нe` обземе целосно: стиховите од некоја прочитана песна или мелодијата од некоја слушната песна понекогаш ни се вртат низ глава со денови, со години. Книжевните, музичките и уметничките дела воопшто можат дури и да ни го променат начинот на кој ги доживуваме нештата во и околу нас. Затворајќи ја корицата на книгата, имаме чувство дека не сме истите од пред да ја отвориме. А тоа е огромна магија. Секако, има нешто волшебно во чинот на пишување: со посредство на зборовите ни се достапни сите нешта, и оние што постоеле и постојат, но и оние кои се плод на имагинацијата. Една книга песни во проза на Анри Мишо е наречена Во земјата на магијата. Поетот-сликар одбрал одлична метафора како за чинот на пишување така и за чинот на читањето: и обата се еден вид патување во земјата на чудата“, вели музичарот и поет Владимир Мартиновски. За примабалерината Тања ВујисиќТодоровска балетот е живот. Одзема многу време и енергија, но притоа и ` враќа огромна љубов и магија што ја пренесува публиката. „Секогаш добриот резултат, покрај напорната работа претставува огромно задоволство. Сцената е магија. Kако да се живее во еден друг свет, во друго време. Носи свои убавини и предизвици и бара огромно и широко познавање од многу сфери. Секогаш е провокативно, со многу барања и истражувања, никогаш нема крај“. За мaгијата во љубовта, пријателството, односите, новинарката и фотограф Ивана Тасев вели: „Не мислам дека постои магија, езотерија и мистичен рецепт за љубовните, пријателски и професионални меѓучовечки односи. Ќе го употребам поимот ’инвестиција’ иако прозвучува многу остро, стручно и артифициелно. Сe` во животот е инвестиција. Ако чесно и од срце инвестираш, во превод даваш и сe` даваш онака

МАЛИ, НО ЗНАЧАЈНИ НЕШТА Ангелина Барбаровска e страстен вљубеник во планините. Има нешто што ја влече да излезе на чист воздух, да прошета во шумски предел или отворена рамница, да искачи некој планински врв или едноставно да ужива гледајќи го својот одраз во бистра езерска вода. Дали, сево ова е едноставно магија? „Според мене, тоа е онаа исконска човечка потреба, барем накратко да се сплотиме со природата, што некој ја опишува со единствениот збор - магија. Она што природата може да ни го пружи е незаменливо и за некој како мене неопходно. Никаде не можам да се опуштам толку темелно како пред живописен природен пејзаж, посебно ако ја имам честа да уживам во глетката од некој планински врв, на убав сончев ден, во пријатно друштво на моите другари од планина. Тогаш исчезнуваат сите негативни чувства, замор, незадоволства од самиот себе, разочарување и останува само восхит од она што Бог го создал за нас и благодатот на моментот што имаме можност да го искусиме преку сето срце и душа. Магијата на природата има моќ да нe` оттргне од она што го нарекуваме обичен приземен живот и барем за еден ден, час или момент да се почувствуваме најзначајни, најголеми, подобри и исполнети“. Магијата на телевизијата и радиото им е позната само на оние што ја знаат нивната моќ. Елена Стојановска шест години работи во овие медиуми и едноставно ја живее магијата која ја создава етерот. „Постојат вибрации, чудесна поврзаност со луѓето кои слушаат радио или гледаат телевизија. Тие се мои пријатели кои лично не ги познавам а ги чувствувам, заедно споделуваме едно убаво долго другарство и, ете пак, некоја невидлива но убава магија“.

Не сакам реализам. Сакам магија! Тенеси Вилијамс, „Трамвајот наречен желба“ Музиката е најсилната форма на магија Мерилин Менсон Без книгите, развојот на цивилизацијата ќе беше невозможен. Тие се мотори на промената, прозорци на светот, ‘Светилници’, како што рече поетот ‘издигнати во морето на времето’. Тие се придружници, учители, маѓепсници, банкари на богатството на умот. Книгите се човештвото во печат. Артур Шопенхауер Сексуалното задоволство кај жената е вид магија; бара комплетно препуштање; ако зборовите или движењата се спротивни на магијата на милувањата, волшепството е уништено. Симон де Бовуар Жените низ вековите служеа како огледала, кои ја имаат магијата и прекрасната моќ на одразување на фигурата на мажот, двојно поголема од нејзината природна големина. Вирџинија Вулф

Создавањето колекции, за модната креаторка Сека Радончиќ овозможува професионална реализација и апсолутна среќа. Оттука и започнува магијата за која нема правила, нема формула: „Сe` е една голема љубов, страст која никогаш не стивнува. Сe` е толку едноставно, а сепак комплицирано. Безрезервно им приоѓате на нештата, не постои време, простор и сe` може да ви биде инспиративно, дури и најбизарните работи. Постојано сте отворени кон случувањата, постојано и одново учите и сe` подлабоко копате. Никогаш не се знае! Не постои ништо освен бескрајните уметнички лавиринти по кои некогаш бесцелно скитате, а некогаш генијално функционирате и наоѓате дури и невозможни решенија. Премногу љубов, премногу труд - насекаде магија. Толку магична магија што ве облагородува во сите пориви“. Во фотографирањето, според Ива Димеска, магијата е чувство, духовна атмосфера, воздух. Невербализирани мисли и емоции, насетување на нешто недоискажано, нечие неопипливо присуство во самите нас. Сe` што ја соголува внатрешната природа на човекот, неговата душа. Таму е магијата. „Стилските изразни средства се формираат, техниката се учи, но магијата се раѓа онаму каде што фотографот и фотографираниот ќе се разоружат. Уметноста го рефлектира нашето секојдневие и го отсликува нашиот живот. Таа е нашето срцебиење и затоа кога сме искрени, пред сe` кон себеси, се создаваат магични и безвременски фотографии кои секогаш ќе имаат нешто заедничко со нас и во кои дури и да нема човечка фигура, се чувствува човечко присуство. Кога ќе погледнам наназад на фотографиите кои за мене се магични, тие имаат нешто заедничко. Во сите нив се насетува љубовта, во различни форми и облици, создавајќи хармонија која ниедно правило во оваа професија не може да ја создаде“, додава таа. ¿

life т е м а

до даска, тогаш си веќе на половина од целта. Нормално, нема логика ако тоа не е возвратено. Доколку нема фидбек, возвратен импулс, енергија, страст, нежност и, пред сe`, доверба, тогаш и да си сакал, ќе отсакаш. Не им верувам на луѓето кои се самоубедуваат и кои пропагираат летаргична утопија дека можат да љубат, а да не им биде возвратено, тоа не постои. Тука нешто смрди, таквите веруваат во математика, а не во љубов, или во љубов, ама со Ф на крајот. Ама верувам во луѓе кои немаат очекувања од другите и даваат, само ретките можат својата свесност да ја дотуркаат на тоа ниво, но тоа е друга тема. И во пријателските односи сe` е исто: или се сакате, почитувате, си верувате и не се лажете, или ’другарувате’ од користољубие. Професионалниот однос е нешто друго, не мора да се сакате, ама неопходно е да се почитувате. Мојата магија се луѓето кои прават да ми биде топло околу срцето. Оние со кои со поглед се разбирам, со кои можам да молчам со часови а притоа да не ми биде непријатно, оние на кои можам сe` да им кажам и на кои срцето можам да им го ставам на тацна“.

17 LIFE Д Е К Е М В Р И

Како што е невидлива, така е недефинирана. Секој ја пронаоѓа во професијата, љубовта и секојдневното битисување. Збор-два за неа напишаа неколку соговорници на „LIFE“ за кои музиката, пишаниот збор, креирањето, планината, телевизијата, балетот, фотографирањето... кријат некаква магија која тие на свој начин ја препознаваат.


life ф о к у с

o Ивана Кузмановска ¢ Игор Ивковиќ

ЖЕНИТЕ ГО ВРТАТ СВЕТОТ ПА И КУЛТУРАТА ВО МАКЕДОНИЈА

18

LIFE Д Е К Е М В Р И

ерувале или не, но културата и уметноста во Македонија зависат од нивното височеВ ство – дамите. Случајност, коинциденција или, пак, можеби испланираност. Министерството за култура е единствениот ресор во актуелната Влада на премиерот Груевски, каде со значајните функции во институцијата раководат жените. „Случајност е во прашање. Ништо не било испланирано. Сепак, станува збор за професионалци во својата област и жени со квалитети за задачите кои ги извршуваат“, вели министерката Елизабета Канческа-Милевска. Случајноста за која зборува министерката изгледа вака: Кога ќе влезете во зградата на Министерството за култура, ќе ве пречека една дама која работи во одделот за обезбедување. Таа ги има сите информации: дали некои од раководните лица се во зградата, дали имате навистина закажано состанок... едноставно, таа е жената која се грижи за сигурноста на сите други жени во Министерството. Откако ќе ве најави дека сте присутен, таа љубезно ќе ве испрати до посакуваната одредница. А таа одредница ве води до друга дама. Без разлика дали тоа ќе биде архиварка, портпаролка, шефица на кабинет, раководителка на сектор за која било дејност или благајна.

Секогаш, кога и да отидете во Министерството за култура, не само што ќе бидете пречекани со љубезност, гостопримство (затоа што повеќето се дами и тоа е својствено за нив), туку ќе добиете и експедитивен одговор на вашето барање. Така функционира Министерството во последниве две години. Екипата на „LIFE“ одлучи да помине еден работен ден со вработените од ова министерство и одблизу да види, дали толку многу жени на едно место навистина може да функционираат заедно. Најблиски соработнички на министерката за култура се две дами, Билјана Ќулавковска и Лидија Лазарова. Тие, според систематизацијата на Министерството, ја имаат улогата на шефици на кабинетот. Билјана и Лидија секогаш располагаат со потребните информации за успешно работење на Канческа-Милевска. Без нивниот параф не може да помине ниту едно писмо, решение, одлука или каков било акт. А се` што треба да биде соопштено во јавноста, се реализира преку Анита Јовановска и Татјана Блажевска, портпаролките на министерката за култура. Да биде ситуацијата уште поинтересна, министерката има и две секретарки кои се

грижат за нејзината агенда, додека, пак, за реализација на целата програма од културата во Македонија е задолжена Снежана Ристовска. ПОЛИФОНИЈА V.S. ДЕБАТА И нормално, секој би се запрашал дали е возможно толку многу жени на едно место да соработуваат и да создаваат квалитетни дела. Постојат бројни предрасуди дека толкава концентрација на понежниот пол продуцира полифонија од гласови и неможност да се искаже секоја од нив поединечно. Во вакви случаи важи поговорката дека кога ќе се зберат толку жени, не се знае ни кој јаде ни кој пие. Но, министерката е децидна и вели дека кај неа, во кабинетот, секогаш има ред и дисциплина: „На секој од колегиумите кои ги имаме разговараме за многу важни прашања врзани со дејноста за која работиме. Нормално е дека има мноштво од идеи од сите присутни, но не би кажала дека има недослушување“, вели министерката за култура Елизабета КанческаМилевска и додава дека се` зависи од тоа како ќе се постави лидерот: „Тоа е исто како и во семејството, така и во работата. Се` зависи од вашата позиција. Јас сакам ред и дисциплина и тоа го добивам. Нормално, не до тој степен


life ф о к у с

И - да, навистина било така. Недељковиќ и Стефановски, како единствените претставници на машкиот пол во најтесното опкружување на кабинетот на Канческа-Милевска, во неофицијалната комуникација се луѓето кои се репер за сите овие дами, дали тие се убаво облечени или не. „Јас сум им најдобар критичар. И на министерката и ` кажувам кога е убаво а кога не е убаво облечена. И секогаш ги прифаќа моите забелешки“, гордо изјавува заменик-министерот Драган Недељковиќ. „На секој маж му годи околу себе да има убаво облечени колешки. Секогаш им давам

ПРИВАТНО - НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛКИ Сепак, како и сите жени на овој свет, така и овие градат пријателство меѓу себе. За жените велат дека многу лесно се спријателуваат со друга жена затоа што ги врзува потребата од размена на мисли за добра козметика, фризура, гардероба. Така е и со овие дами. И тие знаат по работното време да отидат заедно на фризер, во шопинг или на кафе. „Кога работиме, треба да сме професионални. Пријателството не треба да се врзува со работата, но надвор од работните обврски знаеме да се дружиме... на родендени кај нашите деца, на некое попладневно кафе или, пак, кога сме на некое патување, ако имаме време може и да направиме мал шопинг, но тоа е се` помалку со оглед на обврските кои ги имаме“, вели Елизабета Канческа-Милевска. „Се` помалку имаме време да одиме на пазарување, но кога го правиме тоа, секогаш е со огромно задоволство. Како и сите други жени, така и ние ги следиме снижувањата. Тоа ни е повод да се дружиме и надвор од кабинетот, а секогаш поважно од тоа е и пиењето кафе во некои од скопските кафулиња и разговарање на теми од секојдневието“, вели Билјана Ќулафковска. И двете портпаролки се согласни во идејата дека работното време кое го поминуваат во канцелариите, неминовно доведува и до приватно зближување. „На колегиумите и средбите што редовно ги одржуваме, без лажна скромност, редовно се развива конструктивна дискусија за проектите и активностите што ги реализираме. Кога осум или повеќе часови поминувате на работното место и кога во работната средина има толку многу жени како што има во Министерството за култура, како теми

I

А ШОПИНГОТ??? Дали е возможно кога ќе се соберат толку многу жени на едно место, кои „бистрат политика“, да не споменат во ниту една секунда за некое парче облека, или за некаква шминка? „На колегиумите сме професионални. Не дозволувам да се разговара на такви теми, иако можеби постои порив кај секоја од колешките. Таквата комуникација ја оставам во неофи-

одлични комплименти, затоа што навистина моите колешки внимаваат на своето облекување. Можеби тоа е така затоа што тие, пак, имаат добар ментор за тоа. Нашата министерка секогаш внимава на својата облека и сите тие треба да учат од неа како треба да се облекува една жена на функција. Таа го прави тоа мошне добро и е вистински пример за квалитетно облекување“, вели Дарко Стефановски.

LIFE Д Е К Е М В Р И

МАЖИТЕ НЕ СЕ ДИСКРИМИНИРАНИ Од ова мноштво жени, само двајца припадници на посилниот пол се на раководни функции во Министерството. Тоа се државниот секретар Дарко Стефановски и заменикминистерот Драган Недељковиќ. На прашањето дали министерката врши дискриминација, таа едноставно само се насмеа и одговори дека нејзиниот кабинет не бил плански направен, туку случајно. Е сега, замислете како им е на овие двајца мажи да работат со толку многу жени, кои згора на тоа се и на раководни функции. „Јас се чувствувам одлично во друштво со толку многу убави жени кои воедно се и професионалци во својата работа. Чест ми е и задоволство затоа што со нив го спојуваме и забавното и корисното“, вели заменик-министерот Драган Недељковиќ. Државниот секретар, пак, додава дека не се чувствува дискриминиран, туку почестен што има можност да работи со толку многу жени, професионалци. „Почестен сум што сум дел од еден ваков кабинет. Учам многу од сите нив, а особено од министерката која е лидер во својата работа“, вели Дарко Стефановски. И двајцата додаваат дека имаат можност да дојдат до збор. За тоа била најзаслужна самата министерка која ги држи сите конци в раце и знае да воспостави ред доколку некоја од дамите избега од темата. „Мажите во нашиот кабинет доаѓаат до збор. Секогаш кога имаат што да кажат, ги сослушуваме“, вели Билјана Ќулафковска, шефица на кабинетот на министерката за култура.

цијалните средби, во канцелариите, или за време на паузите. Е, тогаш знаеме да размениме мислења за гардеробата, шминката и да си поделиме комплименти или сугестии за облекувањето. Жените секогаш си даваат сугестии една на друга. Но, нам ни помагаат и државниот секретар и заменик-министерот, кои често ни даваат и комплименти и коментари за нашето облекување“, вели Канческа-Милевска.

19

строго, но сепак во рамките на нормалата за да може Министерството да функционира“.


life ф о к у с

20

LIFE Д Е К Е М В Р И

неминовно се наметнуваат и купувањето и советите за добар изглед и за други ’женски работи’. А, дискусиите, секако, се добредојдени за секоја од нас“, велат Анита Јовановска и Татјана Блажевска, портпаролките во Министерството за култура.

За ова „женско“ министерство велат дека е единственото во Владата на Груевски кое е најпродуктивно, а во исто време и најрелаксирано за работа. Чест и задоволство било да работиш во вакви услови. Заслугата, велат моите анкетирани во Министерството, `и припаѓа на министерката Канческа-Милевска. „Вистина е дека во ова министерство владее хармонија и продуктивност во работата. Мојот работен ден секогаш почнува со изразување почит и разговор со луѓето од приемниот дел, вработените кои се грижат за хигиената во зградата, до најблиските мои соработници. Секогаш имам време да поразговарам со нив на општочовечки теми, да им кажам добро утро или довидување. Тоа го правам затоа што мојата функција – министер е менлива категорија, но јас како човек треба да имам секогаш добар однос со секого. Луѓе сме и како такви треба да се почитуваме и тоа го правам“, поентира Елизабета Канческа-Милевска. ¿


ЧОКОЛАДНА АУКЦИЈА

по сликарство. Им дадовме една предизвиВтората донаторска чоколадна аукција ќе се кувачка задача да изработат експонати од одржи на 5 декември во организација на здружението на граѓански права „Позитиво“ и фон- чоколада по нивна желба и креација. Првите дацијата „Т-Мобиле“ за Македонија, во фоајето три експонати кои ќе освојат најмногу гласови од публиката, од посетителите на веб-странина Македонската опера и балет со почеток цата и од нашето жири, ќе добијат подароци од од 19.30 часот. На манифестацијата ќе бидат нашите спонзори како награда за учеството во понудени 40-ина рачно изработени чоколадни нашата чоколадна аукција“, изјави претседаекспонати. Аукцијата ќе се одвива во два дела. телката на здружението на граѓански права Првиот дел е директна аукција каде ќе бидат „Позитиво“, Катерина Златановска-Попова. понудени експонати од 500 до 3.000 денари Таа додаде дека успеала да донесе мајстор при што заинтересираните ќе можат да ја дадат од Швајцарија кој ќе изработи специјално својата понуда. Во вториот дел ќе се одвива десет фигури по негов избор за чоколадната јавна аукција на која ќе бидат претставени 15 аукција. Интересно е што ќе има и шампањ експонати плус три, значи вкупно 18. потпишан од познати наши личности заедно со „Годинава одлучивме да го вклучиме Факулмал чоколаден шампањ и две чоколадни чаши. тетот за ликовни уметности од класата на проДонирани се и две бонбониери ексклузивно фесорот Антони Мазневски, тоа се 12 студенти

од Дубаи, егзотични пијалаци како на пример првиот македонски коњак, чоколадни масажи како и книги поврзани со чоколадата. Секоја година собраните парични средства се наменети за реализација на еден проект. Годинава тоа ќе биде Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје. Во договор со емисијата „Ајде дома“ која се занимава со декорирање и реновирање простори, ќе бидат уредени две простории наменети за рехабилитација на деца. „Минатата година чоколадната аукција успеа да собере 300 илјади денари, а со помош и на други директни донации и донатори стигнавме до осум илјади евра. Тоа нe` охрабри да продолжиме со истото темпо. Луѓето сакаат да донираат, да помагаат“, рече Попова.

21 LIFE Д Е К Е М В Р И

МАГИЧНИ ЕКСПОНАТИ И ХУМАНА АКЦИЈА


ОЛИВЕРА КИТАНОВА, ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ од друга перспектива

САКАВ ДА БИДАМ

НОВИНАР

ПРИЈАТНА И ОТВОРЕНА, ИАКО НЕЈЗИНАТА ПОЗИЦИЈА АСОЦИРА НА СТРОГОСТ. ТОА СИГУРНО ЌЕ ГО ЗАБЕЛЕЖИТЕ ДОКОЛКУ ЈА ЗАПОЗНАЕТЕ КИТАНОВА. ВО ОВОЈ БРОЈ НА „LIFE МАГАЗИН“ ИСКРЕНО ЗБОРУВА ЗА СВОЈАТА ПРИВАТНОСТ ` ГО И ЗА РАБОТИТЕ КОИ И ИСПОЛНУВААТ СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ И ЈА ПРАВАТ СРЕЌНА

¢ Петре Димитров

22 LIFE Д Е К Е М В Р И

o Ивана Кузмановска

Може ли еден државен правобранител да каже дека има слободно време. Како вие го искористувате слободното време? Немам многу слободно време. Позицијата и функцијата бараат целосен ангажман. Меѓутоа, во викендите користам прилика да излезам надвор од Скопје, со пријателите малку да прошетаме. Ги сакам ресторанчињата и рибарниците во близина на Куманово и Крива Паланка. Македонија е навистина убава земја. Охрид ми е исто така омилен. Често го посетувам. Ја сакам и Струмица, од каде потекнува мојот татко. Мислам дека во тој дел од земјава се живее убаво. Патувам многу често и во странство, но исто така многу сакам да ја дозапознам Македонија. Тоа ми е еден вид вентил од работата. Ги имам посетено сите поголеми европски градови, а посебен впечаток ми

оставија Будимпешта, Прага и Лондон. Се изненадив и од Барселона. Отидов со скепса, но видов дека е прекрасна. Многу сакам своето слободно време да го трошам на моите внуци од брат, Филип и Јован, кои веќе се големи момчиња, ама сакаат со тетата да прошетаат, да им се купи нешто... Имате ли време за читање некој друг вид литература која не е поврзана со вашата работа? Да, многу сакам да читам книги. Од постарата генерација автори омилен ми е Хемингвеј. Тој ми е за во секое време. Ги следам и новите автори. Повеќе сакам белетристика, но не ги занемарувам и книгите со филозофска подлога. Кога имаш напорен ден, поубаво е да се прочита нешто порелаксирачко.

А телевизија? Дали можеби следите ТВ-серии? Ретко имам време за телевизија. Најчесто ги следам информативните програми, во име на службата. А кога имам повеќе време, следам и серии. Моментално единствената серија која ја следам е „Кога лисјата паѓаат“. Серијата е многу блиска до нашиот менталитет. Семејна, а голем акцент е ставен на традиционалните вредности кои исчезнуваат поради новото, модерно време. Колку често одите в театар или кино? Во театар не одам многу често. Последната претстава која ја гледав беше поврзана со работата на Народниот правобранител, посветена на толеранција на различностите во Драмски театар. Ме покани колегата народен правобранител Мемети и ми се допадна


од друга перспектива НА ПАТУВАЊЕ ВО ПРАГА

СО ВНУКОТ

LIFE Д Е К Е М В Р И

СО ПРИЈАТЕЛИТЕ

23

Колку вашите пријатели или тие претставата. Сакам да појдам и на концерти, што сакаат да ви се доближат ја од класична до забавна музика, а исто така и в „злоупотребуваат“ вашата позиција кино. Го гледав „Мајки“ од Милчо Манчевски, за да завршат некоја работа? кој ми беше школски другар од гимназија. И Веќе четири и пол години сум на оваа позидвајцата завршивме во „Орце Николов“. Мило ми е што уште сме во контакт. Често се сретну- ција и успеав да си ги задржам вистинските пријатели. Се случува да се бараат одредеваме во кафеанчето „Наџак“ во Дебар маало. ни услуги, истото го барам и јас, но секако не дозволувам да дојде до злоупотреба на мојаВи се испреплетува ли приватното и та позиција и институцијата зад која стојам. службеното? Деловни вечери, коктели... Не се тоа не знам какви услуги. Не сум голем љубител на деловните вечери, но таму каде што се мора, почитувам. Повеќе Во правната фела доминираат мажите сакам неформални дружења. или жените? Имавте ли проблеми во вашата 24-годишна кариера бидејќи Вашата мајка е професорка по франсте жена? цуски и латински јазик, а вашиот татко Во оваа фела работат претежно жени. Јас, беше етнолог, а се занимаваше со турилично, никогаш не сум имала проблем по зам и менаџмент. Од каде желбата за полова основа. Почнав како приправник, право кај вас? па заменик-државен правобранител, Кога размислував за факултет, сакав да се па стигнав до втор мандат за државен запишам на новинарство затоа што отсеправобранител. Никогаш не почувствував когаш ме влечеше таа професија. Меѓутоа, дискриминација или деградација и мојот татко беше прагматичен човек, повеќе омаловажување поради мојот пол. Луѓето од мене, па ми велеше дека можам да бидам кои ме познаваат добро, велат дека им давам новинар со секаков факултет. Така го избрав верба на луѓето и таму каде што можам да правото и не се каам за тоа. Си најдов профепомогнам, помагам, без никакви предрасусијата која ја сакам, во тоа немам дилема. И ди. Сметам дека општо треба да има повеќе мислам дека ми лежи. Се` уште имам голем жени на повисоки позиции. Жената има респект за новинарската фела и имам добра соработка со новинарите, што го сметам како повеќе трпеливост и е повеќе посветена. Кога ќе се нафати за нешто, го истерува дел од мојата работа. до крај. Тоа и` е најголемата предност. А мажите си имаат други квалитети. Моментално се актуелни дебатите дека македонското новинарство го допира Имате ли време за готвење? Не знам дното. Уште почесто се напаѓа дали е тоа се` уште женска работа бидејќи и судството. Што мислите вие? Напад има врз секоја професија. Често велам се` повеќе мажи готват. дека работите не треба да се генерализираНемам многу време за тоа. Олеснителна ат. Има и вакви и такви. Јас тврдам дека само околност ми е што живеам со мајка ми која еден мал дел од нашите судии се корумпирана 77 години се` уште добро се држи, па тој ни, секако условно. Повеќето од моите колеги дел е нејзин. Но, понекогаш знам да поканам чесно си ја работат работата. Но, имам замерки пријатели на вечера која јас ја подготвувам. на целокупната судска фела што не собравме Особено морски специјалитети и италијанска храброст и сила да се наметнеме и да и` кажеме храна. Но, повеќе сакам некој да ми зготви. на јавноста дека не треба да не` ставаат сите во Голем гурман сум и љубител на добро вино. ист кош. Да се издвоиме од тие што ни ја сраПосебно на белите, сортата шардоне. Ги самотат професијата. Исто е и во новинарствокам македонските вина. Од секое патување, то. Условите за работа во судството полека се дома носам некое вино. подобруваат, но еден проблем се` уште не се третира сериозно. Физичката безбедност на Дали сте зависник од шопинг? судиите, правобранителите, обвинителите. Тие На што најмногу трошите од често работат на големи и сериозни случаи „женските“ работи? и повеќе од потребно им е физичка заштита. Во секој случај шопингот релаксира. НајчесНајголемата забелешка за новинарството ми е то купувам по малите места, додека патудека не може од се` да се прави сензација. И не вам службено или приватно. Има прекрасможеш да излезеш со податок кој не е доволно ни бутици, а и цените се пониски. Знам да проверен и со еден потег да уништиш нечиј купам нешто и надвор, но тоа е симболично. живот или кариера. На фризер поради работата одам двапати неделно, а исто многу сакам релаксирачВрши ли политиката притисок врз ки масажи. На козметика не трошам многу, вашата работа? најмногу на парфеми. И секако, многу често Има одредени влијанија. Ги имало и ќе ги купувам чизми, шалови, брошови и чанти. има. Многу поголемо е влијанието на бизнис- Како што вели мајка ми, можам да отворам интересите. Тоа е лошо. бутик за овие работи. ¿


¢ Марија Дивитарова

ГОДИНАТА БЕЗ ВИЗИ

ОТСЕГА ПА НАТАМУ УНИЈАТА ЌЕ НАБЉУДУВА КАКО БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ ГИ КОНТРОЛИРААТ ГРАНИЦИТЕ И БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА. ЌЕ СЕ КОНТРОЛИРА И БЕЗБЕДНОСТА НА БИОМЕТРИСКИТЕ ПАСОШИ, А БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА ЗАЈАКНАТ СВОЈАТА РАЗМЕНА НА РАЗУЗНАВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ СО ЗЕМЈИТЕЧЛЕНКИ НА УНИЈАТА

унајт Јуроп“ на Тото Котуњо звучеше моќЈ кога еуфоријата од падот на визниот режим

24 LIFE Д Е К Е М В Р И

„ но од скопскиот плоштад точно на полноќ

ги грееше луѓето во таа студена декемвриска ноќ. Беше тоа 19 декември минатата година кога толпа луѓе се собраа во центарот на градот за да го прослават падот на дводецениската шенгенска бариера. Тоа дојде нешто како пад на уште еден Берлински ѕид, како што се нарекуваше визниот режим за земјите од Балканот, воведен веднаш по распадот на заедничката држава. Луѓето го доживеаја тоа како враќање на некогашниот југословенски пасош, со кој границите се минуваа лесно, па одењето до Трст за да се купи чифт фармерки или до Лондон да се набават најновите музички плочи, не било никаква тешкотија. После дојдоа купишта документи, многу нерви и време поминато

во европските амбасади за да се добие виза, за на крај, Европа да ги укине визите и да дозволи слободно движење и за граѓаните од Македонија, Србија и Црна Гора. Побожните би рекле, свети Никола дошол на помош, бидејќи точно од денот кој му е посветен, македонскиот биометриски пасош добива поинаква вредност. Какво олеснување! Ова значеше збогум на сите бирократски процедури и добредојде за безвизното патување. Освен тоа, до обичните луѓе допре силна политичка порака од Европа дека местото на Западен Балкан е во Унијата. Но, една година подоцна истата таа Европска Унија рече дека безвизниот режим е злоупотребен и воведе механизам за негова контрола. Тоа значи дека од сега па натаму

Унијата ќе набљудува како балканските земји ги контролираат границите и борбата против корупцијата. Ќе се контролира и безбедноста на биометриските пасоши, а балканските земји ќе треба да ја зајакнат својата размена на разузнавачки информации со земјите-членки на Унијата. Силен мониторинг на безвизното патување, кој дојде откако редици азиланти од Македонија, Србија и Црна Гора навалија во европските земји, пред сe` во Белгија, Шведска и во Германија. Таму балканците, притиснати од сиромаштијата, масовно бараа економски азил, иако на почетокот не беа сосема сигурни дека ќе можат така едноставно да отпатуваат во Европа. Ги окупираа европските служби за азил, а единствената причина зошто го сакаат азилантскиот статус беше од чисто економска


природа иако првичните анализи беа дека падот на визите за мнозинството граѓани не значи ништо бидејќи за да се оди четири дена во Европа требаат пари колку и просечната месечна плата. Најмногу се стравуваше од одлив на мозоци, но испадна дека чаре надвор побара најниската класа. Европа беше шокирана. Балканскиот менталитет ги пеплоса надежите дека регионот е зрел да ги користи придобивките на Европската Унија. Неколкупати ги опомена владите во регионот дека мора да гарантираат оти патувањата без визи важат само за краток престој. Покрај зајакнатите контроли, Европската комисија ќе има обврска и секои шест месеци да објавува извештај за напредокот на визната либерализација. Ако една или повеќе земји-

членки се најдат соочени со бран економски азиланти, Комисијата ќе може да предложи привремени мерки во корист на нејзините членки што значи дека безвизното патување може да биде суспендирано. Но, македонските власти не мислат дека тоа може да се случи. Од Министерството за надворешни работи велат дека „изолираните случаи нема да ја загрозат примената на безвизниот режим“ и дека „според последните сознанија, бројот на баратели на азил од Македонија во земјите-членки на Унијата, во ноември е драстично опаднат во споредба со септември и октомври“. Ваквата тенденција, велат од МНР, очекуваат да продолжи и натаму. Укинувањето на слободното патување сигурно е најдрастичната мерка што можат да

ја воведат европските земји, но аналитичарите проценуваат дека воведувањето на контролните мерки повеќе треба да се сфати како предупредување до балканските влади дека, ако не преземат мерки да го спречат азилантскиот бран во Европа, може да има и построги последици. Од друга страна, контролата што ќе ја спроведува Унијата покажа и дека владите немаат капацитет да ги контролираат границите и да стават крај на патувањата во еден правец. Од МНР не се согласуваат дека се немоќни да се справат со злоупотреба на безвизниот режим. „Во рамките на механизмите утврдени во Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Македонија располага со применливи алатки за справување со различни видови злоупотреби на безвизниот режим. Тие алатки веќе се применуваат. Државните институции имаат блиска комуникација со ЕУ и со земјите-членки и во меѓусебна координација се работи на откривање и спречување на секој можен поединечен или групен обид да се злоупотреби оваа безвизна политика која е двострано постигнување и на Македонија и на Европската Унија“, велат од МНР. Градењето односи подразбира двонасочно давање и примање, што значи Унијата се согласи да ја промени визната политика кон Балканот, но тоа подразбира дека земјите од регионот мора да ги исполнат условите за таа политика да функционира. Досега Европа утврди два брана баратели на азил од Македонија и побара од властите да продолжат да им објаснуваат на граѓаните дека безвизниот режим значи тримесечен престој во земјите на шенген-зоната, но не и право да се бара азил, работа или да се прават обиди да се остане во Унијата. Дојде и овој Свети Никола, кога веќе една година може да се патува во Европа без визи. Но, луѓето сега не мислат ниту на Унијата, ниту на визите. Имаат поважна работа. Се подготвуваат за слава на светецот. Голем празник е, па трпезата ќе биде богата, ама посна. Грав, маслинки, посни сарми... Посен е и животот овде. Трпи, трпи, веќе не се трае за јадење, ќе ви речат луѓето. Посниот живот ги тера луѓето надвор, колку и да и ` звучи чудно на Унијата. Бидејќи овде, на Балканот, ништо не оди лесно, ниту процедурите, ниту визите, ниту животот. ¿

25 LIFE Д Е К Е М В Р И

Градењето односи подразбира двонасочно давање и примање, шт значи Унијата се согласи да ја промени визната политика кон Балканот, но тоа подразбира дека земјите од регионот мора да ги исполнат условите за таа политика да функционира


Модата е магична професија. Исполнета со раскош, гламур, луксуз, сјај и, пред се`, убавина. Магична убавина на моделите кои излегуваат од ателјеата на високата мода, но воедно магична убавина на девојките и момчињата кои истите ги презентираат. Убави, перфектно конструирани лица, кристално природна кожа, тела на газели и елеганција во движењето, кое секако ја изразува убавината на дизајнот. Верувајте, нема помагично доживување од она да седите во првите редови и директно во живо да ја следите магичната бајковита приказна која сака да ви ја раскаже главниот магионичар - дизајнерот. Но, дали оваа магија постои кај нас? И колкава е дозата на магија која ние може да ја добиеме тука, на нашите модни писти? Се сеќавам на мојата прва ревија пред точно 18 и пол години, во фоајето на тогашниот нов МНТ, а сегашниот МОБ. Магичен простор, магични години, магичен елан и полет. Магијата која ја пренесуваа тогашните македонски модни диви, облечени во темносини костими. Начинот на кој тие се движеа и како самовили се вплеткуваа и повторно се појавуваа од белиот свилено проѕирен облак на долгите шифонски шалови. Се сеќавам на првите ревии во Париз, на првото влегување во Каруселот на Лувр, средба со вистинскиот подиум, магичната слика на она што се нарекува светска модна писта. Магијата на светлата. Магијата на музиката. Магијата на модата, воопшто. Сето тоа изгледа толку одамна. Таа магија ја снема, иако често ја гледаме на модните ТВ-канали или на Интернет. Но, никако во живо кај нас. Сега имаме импровизирани модни настани, со организациски проблеми, сиромашни во својот изглед и содржина. Модни недели кои се скратуваат на модни викенди. Зошто? Нема како да се исполнат! Кај нас сите сакаат да ја видат и доживеат магијата на модната писта, но ретко кој сака да ја плати. И токму тука настанува најголемиот проблем. Имате македонски дизајнери кои некако се снаоѓаат да направат какви-такви колекции, но повеќето од нив не знаејќи ја вистинската суштина на зборот колекција, односно не знаејќи кому му се обраќаат и колку пропорционално би требало да содржи колекцијата продажни и презентативни парчиња. Потоа имате дизaјнери кои наликуваат едни на други, и тоа само зашто поимот дизајнер се поистоветува кај нас со нешто што е алтернативно, комплицирано во форма и во крајна линија помалку носливо. Повторно грешка. Постојат сегменти и потсегменти во модата, а најверојатно македонските магионичари во дизајнот тоа добро не го разработиле. А истите се жалат дека не продаваат, со ретки исклучоци. Па нормално, ако не продаваме, немаме финансиски можности да ја организираме целата магија. Потоа, имате проблем магијата да ја прикажете соодветно. Зошто? На пистите дефилираат секакви специмени од манекени и манекенки (повторно ќе нагласам, со ретки исклучоци) кои за првпат стапнуваат

на сцена и немаат никакво чувство што носат и како истото да го носат. Значи, во нашава мала бајка самовилите и волшебниците, односно главните протагонисти, се обични шумски ѕверки кои некако успеале да се преправат со помош на магионичарите-дизајнери во некакви надреални суштества, па ја згрешиле улогата бидејќи текстот не го научиле. Најверојатно никој не им го дал вистинскиот текст, или пак никој не им кажал и покажал како и што да глумат во бајката. И за секоја бајка или магија е потребен соодветен простор и сценографија. Драги мои читатели, како човек кој долги години работи во театар, сметам дека магијата најмногу се постигнува со помош на магичните ефекти на сцената. А сцената ја нема, зашто таа се одвива на мали несоодветни простори. И е иста за секоја бајка, а сите бајки се различни. Магионичарот-дизајнер нема доволно финансиски ѕвездички во своето волшебно стапче да го оствари тоа, а оние кои тоа го организираат, немаат доволно сила да најдат дополнување на волшебните стапчиња со некакви нови спонзорски магични средства. Или пак, тие што го организираат магичниот свет на модните писти, од некакви познато-непознати причини сметаат дека е доволно една бела писта, бел ѕид, бекстејџ (толку омилен збор во модата, зашто целата магија се подготвува токму таму) и неколку реда столчиња кои би ги пополниле познати фаци. Барем да им остават на дизајнерите-магионичари да си осмислат нешто, но тоа е невозможно бидејќи ревиите се одвиваат на иста писта со пауза од половина час, недоволен да се конструира соодветна сцена за една оригинална бајка. И ги спомнав столчињата, наменети за главните критичари, за публиката. А на нив може да видите се`, освен вистински луѓе. Некакви ликови кои се сметаат за главни градски фаци, па мора да бидат видени, седнати рамо до рамо со квазимодни критичари, кои ниту еднаш во својот живот не виделе вистинска магична модна приказна на писта (мислам на онаа во големите модни центри Париз, Милано, Лондон или Њујорк). Па истите тие некако после треба да дадат свое видување. А се сметаат на рангот на една Ана Винтур, Сузи Менкез или Ана Пјаџи. До нив сместени ликови кои незаинтересирано гледаат во моделите или, ајде да кажеме, не се заинтересирани за приказната, туку повеќе се интересираат за голотијата, нозете или задниците на манекенките и манекените. Драга моја публико, сте го згрешиле местото, ова не е еротика или порнографија, ова е (не)вистинска бајка и треба многу повеќе да ја разберете. Еве, предлагам да се измисли улога на церемонијал-мајстор кој истата ќе ви ја прераскаже пред вие самите да ја прочитате. И за крај, нормално, прашање: како да ја спасиме магијата на модните писти кај нас? Јас би одговорил вака: има начин, најверојатно мудар компромис сите карактери во бајката да бидат добро искоординирани, но ако ви откријам се` сега, тогаш нема да ви оставам простор да ја видите моќта на мојата магија. Како професор, како театарски костимограф и, пред се`, како дизајнер-магионичар.

м о м е н т и с о ...

Драги пријатели на убавото и стилот,

¢ Александар Ношпал

27 LIFE Д Е К Е М В Р И

МАГИЈАТА НА МОДНИТЕ ПИСТИ


Концепт и фотографија: Кире Галевски Стајлинг: Александар Ношпал и Елена Вангелова Модел: Надица Георгиева Сценографија: Илина Ангеловска Фризура: Фоте Ѓамовски (Panache) Асистент за фризура: Хамзиќ Адо (Panache) Шминка: Елена Арсовска (Panache) Асистент на фотографија: Благоја Бошковски – Буцко Локација: IN PLUS homestyle, ул. Бел Камен бр. 9, Скопје

28

LIFE Д Е К Е М В Р И

Женскиот принцип, сите негови светли и темни страни, секогаш е нераскинливо поврзан со магијата. Жената ја носи со себе магијата на животот и раѓањето, магијата на љубовта, како и онаа помрачната, заводливата страна поврзана со ноќта и со месечината. Тајните на ноќта и магијата на животот, отсликани во совршената убавина на Надица Георгиева.

корсет – Александар Ношпал; здолниште – Росица Мршиќ; накит - 4U Аccessories; чевли - Pura Lopez (VIA)


29

LIFE Д Е К Е М В Р И

МАГИЈА


LIFE Д Е К Е М В Р И

30

фустан Росица Мршиќ накит 4U Аccessories чевли Victor Chevignon


31 LIFE Д Е К Е М В Р И

фустан – Ненад Секирарски; накит - 4U Аccessories; чизми - Pura Lopez (VIA)


LIFE Д Е К Е М В Р И

33

фустан Ненад Секирарски накит 4U Аccessories чевли Victor Chevignon


34 LIFE Д Е К Е М В Р И

фустан Александар Ношпал ракавици VIA накит 4U Аccessories чевли Pura Lopez (VIA)


35 LIFE Д Е К Е М В Р И

фустан Ненад Секирарски накит 4U Аccessories чевли Victor Chevignon


36

LIFE Д Е К Е М В Р И

фустан Ненад Секирарски накит 4U Аccessories метален брош на глава Росица Мршиќ


37 LIFE Д Е К Е М В Р И

фустан Ненад Секирарски мантил Росица Мршиќ накит 4U Аccessories


стил

1

38

LIFE Д Е К Е М В Р И

2

3 MARC BY MARC JACOBSDior Есен-зима 2010/2011 есен/зима 2010-11


стил

4 1 » Панталони - CALLIOPE (1.599 ден) 2 » Чанта - MANGO (2,490 ден) 3 » Чизми - PURA LOPEZ -VIA (19.680 ден) 4 » Чизми - DEKY - VICTOR CHEVIGNON (7.990 ден) 5 » Чанта - SPRINGFIELD (1.490 ден) 6 » Кошула - KARA (1.690 ден)

5

39

Модел: Наташа Митевска (Моделс Ин) подготвиле: Андреј Ѓорѓиевски Ирина Михајлова

LIFE Д Е К Е М В Р И

6


стил

1

2

40

LIFE Д Е К Е М В Р И

3 Dolce & Gabbana Есен-зима 2010/2011


стил

4 1 » Пантaлони - TERANOVA (1.299 ден) 2 » Чизми Debut - VICTOR CHEVIGNON (9.990 ден.) 3 » Шал - TERRANOVA (799 ден) 4 » Блуза - TERRANOVA (1.299 ден) 5 » Чизми - ENRY. VI VICTOR CHEVIGNON (3.990 ден) 6 » Колан - SPRINGFIELD (1.990 ден)

5

модел: Никола Настески (Моделс Ин) подготвиле: Андреј Ѓорѓиевски Ирина Михајлова

41 LIFE Д Е К Е М В Р И

6


СИ ПОСТАВУВАМ ДОСТИЖНИ ЦЕЛИ И ГИ ОСТВАРУВАМ

НЕНАД СЕКИРАРСКИ

42 LIFE Д Е К Е М В Р И

Како би го дефинирале вашиот стил? За себе би рекол дека мојот стил на модно изразување е лежерно елегантен, но сепак тежнее и кон софистицираните норми на одевните кодови. Кое модно парче, според вас, е најтешко да го дизајнирате? Мислам дека капутот во ниеден момент не го привлекол доволно моето внимание за да навлезам подлабоко во проблематиката и сопствената визија од нови линии да ја изразам токму преку него. Кој или што претставува за вас главен извор на инспирација? Животот, креативноста, енергијата на заемната интеракција помеѓу луѓето е тоа што секогаш ќе го привлече моето внимание. Тоа е секогаш доволен импулс да ме натера да изразувам и барам, што и ме води кон една и единствена мисла, што на крајот е основната инспирација. Во која област од вашата работа најмногу уживате (Која област од вашата работа ви претставува најголемо задоволство)? Јас ја имам ретката среќа да уживам во работата што ја работам во секој нејзин сегмент, така што навистина не можам да издвојам, но можам да кажам дека не уживам во една единствена работа, а тоа е средувањето на сметките. Која е вашата икона на стил и добар вкус? Мислам дека долгите години во јавниот живот на Македонија една личност постојано е следена од својот професионализам и стил... тоа е Оливе-

ра Трајковска. Во многу од нејзините јавни појавувања гардеробата била резултат на заедничка соработка, но само гардеробата никогаш не е доволна ако не се знае нејзината вистинска вредност, употреба и порака, а Оливера сметам дека секогаш е свесна за тоа. Кое дело, автор или личност од областа на уметноста, литературата или архитектурата најмногу ве импресионира? Последно восхитување и инспирација ми е познатиот архитект Оскар Нимајер, идејниот творец на главниот град на Бразил, Бразилија, кој по толку години креативна работа, на свои 102 години промовира сопствена линија на накит. Но, покрај него и многу други луѓе како што е Заха Хадид, архитект чии морфни форми ги наоѓам многу блиски и топли. Тука е музиката на Лиза Жерар и ЕСПостхумус. Но, од друга страна, подеднакво ме поттикнува креативната енергија на млади неафирмирани уметници кај кои жарот за создавање е многу поголем од егото, па делото зрачи со многу чист импулс. Кои се вашите планови за иднината? Се трудам да си поставувам достижни цели и да ги остварувам, да поставувам перспективи на движењето, па така идниот план е колекција која ќе биде презентирана во април идната година, со која се надевам дека ќе успеам во доволна мера да прикажам некои свои размислувања и дека публиката навистина ќе ужива, а пред сe`, се разбира, клиентите без кои мојата работа би го изгубила своето значење.


креативци

ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА: Својата прва модна ревија Ненад Секирарски ја претставува во 1993 година како студент на Универзитетот во Белград. Започнува со дизајнирање луксузни свечени и венчални фустани, со што всушност ја трасира својата професионална патека - моден дизајнер за дами. Во периодот на дизајнирање за различни модни куќи и брендови, Секирарски го отвора своето модно ателје „Секирарски“ во 2002 година. Тој експериментира со кројот кој ја следи линијата на силуетата правејќи ја „течна“ и „мека“, но нагласувајќи ја со вез, апликација со мониста и други техники на рачна изработка. Користењето на природните материјали, го дава финалниот став за облеката и нејзиниот рафиниран квалитет. Новите колекции ги претставува на бројни модни недели и настани во Македонија и многу други земји: Романија, Албанија, Србија и Италија. Учествува и на модни настани во САД и Велика Британија. Негови клиенти се жени со изграден моден вкус од Балканскиот регион, но и пошироко. Секирарски соработува и со медиумски јавни личности како консултант за нивниот стајлинг и изглед.

43

LIFE Д Е К Е М В Р И

НЕНАД СЕКИРАРСКИ


АЛЕКСЕЈ ДУМА, ИНСТИТУТ ЗА СУДСКА МЕДИЦИНА И КРИМИНАЛИСТИКА

44 LIFE Д Е К Е М В Р И

ФОРЕНЗИКА МИТОВИ И ВИСТИНИ


45 LIFE Д Е К Е М В Р И

професии


професии

¢ Марија Илиќ o Андон Давчев

46

LIFE Д Е К Е М В Р И

еријалите во кои главниот лик оди на местото на С злосторството и од капка крв, мало влакно, дамка или отпечаток прави цел ДНК-профил одамна се присутни и во нашиот медиумски простор. Можеби немаме форензичари со видно исончан тен кои шетаат по плажи, но имаме врвен тим форензичари предводен од првиот човек на Судска медицина, Алексеј Дума. На професорот Дума овие деликатни процеси му се реалност повеќе од четири децении. Тој е „виновен“ за огромниот број обдукции со кои се расветлени најпознатите злосторства во државата. Дума за „LIFE“ ги раскажува убавите но и помалку розoвите моменти на патот кој води до вистината. Во четириесет и петминутната сериска епизода ставена е цела приказна, која, како што вели Дума, во реалноста некогаш е многу долга и фрустрирачка бидејќи „случајот е книга којашто никогаш нема да ја прочитате“. За техниката која ја користат главните ликови на мегапопуларната серија „CSI“ („Истрага од

местото на злосторството“), тој вели дека е реална, но дека опремата е само помош за скратување на времето. Самата опрема не го прави форензичарот добар. „Добриот форензичар е оној кој во главата ја има возможноста за анализа и спојување на фактите и секако самиот увид на лице место. Го наоѓате телото како што било и почнувате да ги маркирате микротрагите. Внимавате како

Некој кој владее една форензичарска метода, не е форензичар. Форензиката е комплексна и се состои од повеќе елементи. Тродимензионалната (компјутерска) реконструкција која е многу популарна и често ја гледаме на малите екрани е добра, како што вели професорот, но за да направите рутинска реконструкција кога работите со живи луѓе. Според него, обдукцијата е незаменлива

Постои опасност да не забележите некоја трага доколку не сте доволно стручен и тоа да ве одведе во сосема погрешен правец ќе ја подигнете трагата бидејќи при подигнувањето можете да ја уништите, внимавате на деталите кои ќе ви помогнат полесно да ја склопите приказната. Постои опасност и да не забележите некоја трага доколку не сте доволно стручен. Тоа може да ве одведе во сосема погрешен правец“, објаснува Дума. Важно е да правиме разлика помеѓу лаборант и форензичар.

бидејќи тогаш ги внесувате сите сетила од кои особено е важен мирисот. Така, врз основа на мирисот, форензичарот може да ви каже, на пример, што точно пиел предметот на обдукција, па дури и точно каков вид алкохол. Е сега, оној момент кога во сериите гледаме дека форензичарот може да утврди точен час и минута кога нешто се случило, за жал е еден од нереалните. Тој може

врз основа на сите елементи од истрагата да дојде до приближното време кога нешто се случило, но не може да ја прецизира саатницата до минута. За да се направи обдукција, потребно е најмалку час и половина и е постојан предизвик бидејќи не постојат два исти случаи и секогаш се почнува од почеток. Дума вели дека тој предизвик, форензичарите ги прави адреналински зависници и предизвикува постојано сомневање во самите себеси. Сомневањето е дали форензичарот направил се` и дали видел се` како што треба. Во принцип кај нас, во лабораториите на Институтот, по двапати се прават анализите со две различни серии хемикалии за да се исклучи можноста за грешка. Во своето повеќедецениско искуство, професорот Дума раскажува дека се соочувал со најразлични случаи. Она што не го знаеме е онаа страна на приказната која кај форензичарот буди најдлабоки човечки чувства. „Се` уште се сеќавам на случајот со малата Билјана Србиновска


Институтот за судска медицина и криминалистика е формиран во 1952 година како дел од Медицинскиот факултет во Скопје, а денес е високонаучна и наставна институција која функционира независно, „работејќи обдукции по барање на истражни судии или здравствени институции, вештачења на токсиколошки, ДНК, криминалистички, хематолошки и други идентификациски тестови кои се потребни во процесот на истрагата и судењето“.

професии

„Толку ли бев глупав да не го видам ова на почетокот. Секогаш случајот завршува така“, вели Дума. Најпознатиот форензичар Дума нема време за хоби бидејќи времето кое го има не му стасува ни за да и ` се посвети на професијата. Но тој ужива да патува и тоа како што вели - чергарски. Кога бил помлад, со сопругата и децата, со малата приколка „Адрија“ го обиколиле светот. Тргнувале без план и по пат се договарале каде ќе одат. „Не ни беше цел да седнеме некаде и да испиеме кафе. Целта ни беше да видиме што повеќе. Имавме голема црвена патна торба која ја полневме со храна и со неа отидовме од Болоњската шума до Анталија. По цел месец се возевме со приколката, тоа ми беше невидено задоволство“. Саша, како што го нарекуваат најблиските, е „главниот виновник“ за разгалувањето на внуците. Низ смеа ни раскажа дека по викендите кои внучињата ќе ги поминат кај него на гости, задолжително учат некој „непримерен збор“ за кој знаат да си кажат кај родителите: „Дедо Сашо не` научи“. Како што вели, само тој може да ги разгали и да ги расипе. Кај овој суров професионалец кој секојдневно се соочува со разоткривање на најтемните и најскриени тајни на различни кривични дела, оваа необична професија придонела поинаку да гледа на животот. „Во нашата професија, за разлика од другите, многу е чудно сфаќањето за животот и пристапот кон животните задоволства. Радоста ја гледате поинаку затоа што гледате дека цената на животот е многу евтина, не вреди ништо и честопати не зависи од нас. Убавите работи треба што повеќе да ве радуваат, што повеќе да ви бидат блиски“, вели Дума и советува: „Треба да ги забележувате работите кои во секојдневниот живот поминуваат покрај вас. За убавината на нештата ќе сфатите тогаш кога ќе бидете несреќни. Но, тогаш е веќе доцна да ги менувате нештата“. ¿

47 LIFE Д Е К Е М В Р И

Моментот кога во сериите гледаме дека форензичарот може да утврди точен час и минута кога нешто се случило, за жал е еден од нереалните.

сиски средства. Но, можам да се која исчезна во 1988 година и по пофалам дека нашите резултати неколку месеци беше пронајдена се препознатливи и признаени во мртва во шахта. Тоа девојче го ЕУ“, вели Дума. работев од пет часот наутро со увид и обезбедување траги на СМЕТАМ ДЕКА МОЈ НАЈГОЛЕМ лице место. Плачев и ја работев. УСПЕХ Е ШТО ДОКАЖАВ Оперативците кои беа присутни не можеа да издржат и излегоа ДЕКА ЗНАМ ДА СОЗДАВАМ од салата. Мене ми беше посебен А НЕ ДА УРИВАМ инает и мотив таа болка што ја За свој најголем успех Дума го смечувствував. Тоа не беше субјекта тоа што во 1992 година успетивност туку мотивираност да ал да создаде Лекарска комора бидам што потежок професионана Македонија, во време кога и во лец“, вели Дума. Европа почнало морфолошкото раНи раскажуваше дека за време ботење. Како што вели, со колегите на воениот конфликт во 2001 гоуспеале да направат силна и автодина, тој и неговиот тим работеле ритативна комора која им се намет„под снајпери“ и дека само тој знае нала на сите политички структури што се` правел за да ги заштити во државата. На времето, со колегисвоите екипи. Жртвите од авионте работеле обдукции на камени маските несреќи на „Авиоимпекс“, си и со чекар ги кревале труповите, „Палер“, авионесреќата во Мостар, но успеале да ја добијат зградата на исто така се дел од неговата Институтот за судска медицина капрофесионална кариера. де што се изродиле резултати кои Кога ќе слушнете вакви приденес не се рецензираат во светот. казни, не можете а да не го запраНа тоа е особено горд, но шате дали некогаш зажалил што горчина му прави чувството дека ја одбрал токму оваа комплексна „луѓе кои седат во кафеана после и за многумина тешка професија. една чашка жесток пијалак носат Но, Дума вели дека не би можел да заклучоци и ставови за нечија раработи ништо друго и дека ништо бота и повеќе се почитува нивното не би му било интересно и важно мислење отколку мислењето на како форензиката. професионалците“. „Секоја грешка која ќе ја Професионалната стимулација, направите, неповратно ве урива според него, е пријатното чувство во меѓународните кругови и кога на крајот ќе сфатите дека сте многу е тешко да држите чекор многу успешен во она што го рабосо институциите кои потекнуваат тите. Сите оние фази низ коишто од богатите европски земји и кои проаѓате за да дојдете до крајот располагаат со огромни финанкога заклучокот е секогаш ист.


низ очите на... LIFE Д Е К Е М В Р И

48

ИВАН ЈЕРЧИЌ

БИТОЛА ЈА ШЕТАВМЕ, ДУР ДА СИ ПАЈТОН НАЈДИМЕ


¢ Силвана Жежова o Кире Галевски ОФИЦЕРСКИ ДОМ

СКИЦИ ЗА ПРВИТЕ ТЕАТАРСКИ ПРОЕКТИ Битола низ очите на Иван Јерчиќ почнавме да ја гледаме од пред Офицерскиот дом. Овој убав објект од неодамна е во сопственост на Општината, но е затворен, за голема жал на битолчани. „Домот на времето работеше како летна бавча со ресторан. Своевремено беше едно од култните места за излегување, како централна точка на ноќниот живот на Широк сокак. Место каде фамилиите доаѓаа на музика и вечера. Се сеќавам на времињата кога мајка ми и татко ми ме носеле како дете. Интересно место за мене е затоа што и во средношколските денови се собиравме со големо друштво. Навечер пиевме вино, фантазиравме за иднината и кроевме планови. Тука се создадоа скиците за првите театарски проекти бидејќи и како гимназијалци се занимававме со оваа уметност. Во тоа време ја формиравме драмската аматерска група ’Анимал’ заедно со Мартин Кочовски и Дејан Дамјановски. Тука исто така бркавме и женски, во близина се долниот парк и шеталиштето. Жал ми е што овој објект не проработи, иако се случуваат пријатни работи во времето на фестивалот ’Акто’ кога единствено се анимира местото. Домот може да биде едно од најинтересните културни точки, но не сум запознаен за одредена стратегија за негово заживување“.

низ очите на...

ГЛУМЕЦОТ ИВАН ЈЕРЧИЌ ПЛАНОВИТЕ ЗА ИДНИНАТА ГИ КРОЕЛ ЗАД ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА, А СОНОТ ГО ОСТВАРИЛ ВО БИТОЛСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР. КАКО И НА СЕКОЈ БИТОЛЧАНЕЦ, ЖИВОТОТ И СПОМЕНИТЕ МУ СЕ ВРЗАНИ ЗА ШИРОК СОКАК. СО ЗАДОВОЛСТВО СЕ СЕЌАВА НА ЌЕБАПЧИЊАТА ВО ТУТУРУТКА КАЈ АЦЕ ЌЕБАПЧИЈАТА, НО МУ ГИ ВРАТИВМЕ И СПОМЕНИТЕ ОД ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ КОГА ГО СЕДНАВМЕ ВО КЛУПА МЕЃУ ДЕЦАТА ВО ОУ„ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ухот на битолчани се чувствува на Широк сокак, улица која е главната Д артерија на битолскиот крвоток. Навистина

ШИРОК СОКАК

Животот и спомените на еден битолчанец не може а да не бидат врзани за Широк сокак или корзото. Тоа е местото каде љубовта и разочарувањето се шетаат рака под рака, а воздишките по убавите битолчанки се чувствуваат во пелистерскиот воздух. „Широк сокак е улица која живее брзо и темпераментно. Кој, каде и да работи, мора барем еднаш дневно да испие кафе или да помине од овде. Во летниот период е тешко да се најде место. Кафулиња никнуваат се` повеќе и морам да признаам дека дури и ми пречи што масите секојдневно се` повеќе го стеснуваат Широк сокак. На периоди изгледа како да си на панаѓур или летно, евтино излетничко, многу посетено место. Идеално е за таканаречените битолски каури, луѓе кои седат и ги набљудуваат девојките. Имав едни гости од Словенија кои само што ќе станеа од спиење, ми велеа: ’Ајде, одиме да гледаме фешн и да пиеме кафе’. И повозрасните луѓе со децата и внучињата имаат традиција на излегување на Широк сокак и прошетка по него. Култни места се ’Порта џез’, кафуле во кое од отворањето се слуша џез-музика и не се додворува на клиентелата сo евтина музика, и продавницата на ’Краш’, зборното место на битолчани. Католичката црква каде што се венчав исто има посебно значење за мене бидејќи тој ден навистина се чувствував поинаку“, вели Иван кој најчесто излегува во пицеријата „Метро“, крстена така по должината на пицата која се прави таму, а често излегува и во кафе-бавчата „Камарите“. „Откако бифето во театарот се затвори, театарското друштвото се растури. Но, се надевам дека овој број на ’LIFE’ ќе го читам во бифето на театарот што се очекува наскоро да се отвори, во друштво на Добре бифеџијата“, додава Јерчиќ.

LIFE Д Е К Е М В Р И

ШТО Е ПОПОЗНАТО: ШИРОК СОКАК ИЛИ БИТОЛА?

49

не знаете што е попознато, Широк сокак или Битола. Сепак, животот тече и низ другите сокачиња и познати маала. Во тоа се уверивме при прошетката со глумецот Иван Јерчиќ кој живее во центарот на Битола, во зграда во близина на улицата на ѕвончарите. Шмекот на Широк сокак отсекогаш се криел и во дотераните битолчанки кои ги привлекуваат погледите на битолските каури, односно љубопитните набљудувачи седнати во кафулињата.Некои од девојките, колку пати ќе поминат по улицата, толку пати и се пресоблекуваат. Тајната на заведувањето ја знаат само тие, а ако ви ја кажат, велат ќе мора да ве убијат. Возрасните господа и госпоѓи седнати заедно со младите во кафулињата е слика која, веројатно, само во Битола може да се види. Корзото, кое во другите градови е изумрено, овде живее. На него битолчани не се присетуваат само во спомените, туку едноставно го живеат. Се` уште зборното место им е пред „Краш“. Пајтоните сега се користат само за венчавки или се туристичка атракција, иако во минатото биле секојдневна слика по битолската калдрма, за која, пак, една горделива битолчанка ќе каже: „Секоја вистинска битолчанка калдрмата си ја носи во душа и под потпетици“. Битола е град кој е опеан во околу сто македонски народни песни кои се собрани во книгата „Битола, бабам Битола“. Во истоимената песна животот во минатото најубаво се опишува во стихот „Битола да ја шетаме, дур' да си пајтон најдиме“. Пајтон не најдовме, но затоа приказните за него, старите клавири, библиофилите, уметноста и се` друго што овој град го чини посебен, сигурно ќе бидат раскажани низ овие страници.


низ очите на...

С А АТ К УЛ АТА

ЌЕБАПИ ВО ТУТУРУТКА ОД КАЈ АЦО „Живеам во близината на Саат кулата, на старата автобуска станица, пазарот и Широк сокак. Како мал не одев во градинка, ме чуваа баба ми и дедо ми. Во близина е кафеаната на Ацо ќебапчијата од каде дедо ми ќе ми купеше по пет ќебапчиња во тутурутка кои ги јадев на клупите во паркот. Кафеаната с уште постои, Ацо е починат, а ХАСАП-системот не дозволува служење ќебапи во тутурутка. Во овој парк дедо ми си разговараше со пензионерите, а најдобро се сеќавам на еден човек кој изработуваше и продаваше кавали. Секој ден поминувам одовде и местото ми буди убави спомени. Градскиот саат никогаш не сум го доживувал како атракција. Постојано ми е пред очи, па можеби затоа и не го гледам како таков“, вели Иван.

УЛ И Ц АТА Н А Ѕ В О НЧ А Р И Т Е

50

LIFE Д Е К Е М В Р И

МИРИС НА ЛЕБЛЕБИЈА Највпечатливи зад зградата во која живее Иван се многуте гаражи пред кои како мал со другарите играл фудбал. Тука се палел и коледарскиот оган, а се одгледувале и гулаби кога било во мода. Во близина е Улицата на ѕвончарите која во 1988 година ја зафатил пожар, па останат е само еден дуќан за изработка на клопотарци за стока. Местото опива и од мирисот на печена леблебија. „Ова е интересно место, бидејќи е централно градско подрачје, а сепак е тивко“, додава Иван со кого оттаму се упативме кон неговото основно училиште „Св. Кирил и Методиј“. Станува збор за едно од најстарите училишта во Македонија, каде за снимањето на „LIFE“, Иван на негови 33 години повторно седна во клупите и се присети на тие денови. „Првиот ден на училиште заврши неславно бидејќи побегнав и си се вратив дома. А, овде ми се случи и првата љубов. Сега децата порано се вљубуваат, бидејќи не одев во градинка малку задоцнив. Имам и едно неубаво сеќавање кога еден другар со глава ме удри по вилицата, си го прегризав јазикот, па морав да одам на шиење“, раскажува Иван.


низ очите на... Н А Р О Д Е Н Т Е АТА Р БИ Т О Л А

Запрaшан за магијата на театарот, одговори: Сцената е местото каде што излегуваат сите негови фрустрации, љубови, желби и стравови и „Во денешно време се` повеќе разговараме за магијата на театарот, што таа значи и колку добиваат некаков облик. Откако ќе го види тој облик, се раѓаат нови стравови, љубови, желби. се цени или не се цени денес. Телевизијата е Во Народниот театар е 12 години, а последните зараза бидејќи слободното време кое луѓето се` помалку го имаат, го поминуваат пред телепет години е вработен. визор. Треба да се убедат дека ова што ќе го „Театарот е мојот прв, втор, трет дом, во видат во театарот имаат шанса да го видат само зависност од приоритетите. А во животот, вообичаено, приоритетите се променлива категорија. Овде се чувствувам најсигурно, го познавам секое ќоше и мирисот наоколу. Со луѓето кои ги сретнувам, се гледам многу често. Мојата прва претстава беше ’Декамерон’ на Александар Морфов. Не можам да одделам позначајни улоги, туку претстави кои ми се позначајни. Имав среќа да работам со многу познати имиња од Македонија и странство, прошетав многу со театарот каде учествувавме на многу релевантни светски таму, тогаш и никогаш повеќе. Да се убедат за фестивали. Освен првата претстава, драги да го изберат како приоритет, културно надграми се: ’Парите се отепувачка’, ’Тимон од Атина’, дување или храна за себе, срамота е луѓето да ’Животот на цезарите’, ’Женидба’, ’Слугинки’ која е моj прв обид за режија. Тешко е да се разгова- не одат во театар кога билетот чини колку едно кафе или сок“, додава Иван. ра за театарот во минато време бидејќи е жива Битолскиот народниот театар минатиот конкретна уметност, нешто што се случува само месец прослави 66 години постоење, па на сега и овде. Непријатно ми е кога разговарам како да се присеќавам за нештата бидејќи значи прашањето какви времиња преживеа оваа институција, Јерчиќ вели: дека на некој начин завршиле“, вели Иван.

„Нашата генерација беше сведок на некакви три фази на Народниот театар, иако можеби имал и повеќе. Првин го фативме зенитот, кога беше голем театар, не само на овие простори туку и надвор од Македонија и тој зенит траеше невообичаено долго. Потоа настапи период на тотално распаѓање, кога влегоа лоши луѓе кои го поставија на дисекциона маса како да е некоја жаба и го сецираа на многу парчиња. И сега, третата фаза е составување на таа жаба, па кој ќе преживее - ќе раскажува. Мислам дека во новото време на театарот владее убаво расположение. Почнувајќи со прославата на 66-годишнината, се надевам дека повторно се` ќе биде в ред. Што се однесува до независната уметност, треба да се работи на стратегија за да можат уметниците да се промовираат, да работат, да се покажат... Во околината на Битола има идеја за создавање филмски град иако мислам дека сме светлосни години назад. Општината треба да ги ослободи просторите за да можат младите уметници да влезат, да работат и да создаваат. Да не се гледа само на тоа, од секое архитектонско здание да се заработат пари, туку тие да се претворат во културни и спортски, а не бизнис-центри. Луѓето на власт треба да знаат дека никој тие простори нема да ги однесе со себе, тие пак ќе останат овде и ќе бидат во служба на битолчани“. ¿

51 LIFE Д Е К Е М В Р И

МЕСТО КАДЕ ЖИВЕАТ ДУХОВИТЕ НА ПРЕДЦИТЕ


52 LIFE Д Е К Е М В Р И


Во овој број на „LIFE магазин“ ви ја претставуваме 18-годишната Тања Петрова, манекенка и фотомодел на модното студио „Црнокрак“. Тања е гимназијалка во „Јосип Броз – Тито“ во Скопје, учествувала на повеќе ревии, фотосесии и избори, а на изборот за Мис летна убавица 2010 беше втора придружничка. Освен што се занимава со манекенство, Тања секојдневно вежба, а ја интересира и бокс.

53

LIFE Д Е К Е М В Р И

o Кире Галевски


жешка тема

54 LIFE Д Е К Е М В Р И

УБАВИНАТА ЈА КОРИСТИ ПАМЕТНО МАШКИТЕ СПИСАНИЈА РЕДОВНО ЈА СТАВААТ НА ВРВОТ НА СЕКОЈ ИЗБОР ЗА УБАВИНА И СЕКСАПИЛ. ВО АМЕРИКА ПОСТОИ И ЗДРУЖЕНИЕ НА МАЖИ КОИ СОБРАЛЕ ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ПОТПИСИ ЗА КЛОНИРАЊЕ НА ОВАА ЖЕНА, КАКО ЕДИНСТВЕНА И НЕПОВТОРЛИВА. НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТ ОД ИТАЛИЈАНЦИТЕ JA СМЕТААТ ЗА СЛАВНА ЛИЧНОСТ СО КОЈА НАЈМНОГУ МОЖАТ ДА СЕ ГОРДЕАТ ВО СВЕТОТ. ДО СЕГА СНИМИЛА 40 ФИЛМОВИ, А МИНАТАТА ГОДИНА ПРОСЛАВИ ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ФИЛМСКА КАРИЕРА. МОМЕНТНО СНИМА ФИЛМ СО РОБЕРТ ДЕ НИРО, „ЉУБОВЕН ПРИРАЧНИК“


зините фотографии што низ годините ги снимала со светски познати фотографи. Книгата излезе во продажба на 30 ноември. Сите приходи од продажбата ќе бидат наменети за фондови на две добротворни организации кои оваа филмска ѕвезда ги поддржува: Светската асоцијација на родители на деца заболени од рак и француското Друштво за заштита на жените во неволја. „Фотографирањето е начин на запознавање на самата себе. Јас умирам да дознаам која сум, за добро или лошо. Зад некои од портретите кои си го најдоа своето место во книгата, има и такви кои обележаа крајно тажни моменти во мојот живот. На нив изгледам задоволно, а токму тогаш се распаѓав на парчиња. На изборот на фотографиите кои влегоа во монографијата, влијаев сама. Не сакав во неа да се најдат оние од модните едиторијали или, пак, оние кои се изработени заради публицитет, туку да ја прикажам исконската експресија на телото. Никогаш немав тело на вистински фотомодел. Висока сум, но не премногу, отсекогаш имам изразени облини, но никогаш нема да држам диета“, изјавува Моника за својата книга. Белучи ќе остане запаметена по фамозната насловна страница за „Венити фер“ во 2004 година кога бремена позираше гола. Тоа го направи во знак на протест против строгите италијански закони кои забрануваат употреба на донирана сперма. Во текот на бременоста со второто дете, ќерката Леона, снимаше едиторијал во секси долна облека, а по породувањето повторно се соблече за „Венити фер“, кога ќеркичката имаше само три месеца. „Се чувствувам како зрела крушка. Совршено набрекната и зрела. Така слатка и сочна. Во состојба сум на вистинско блаженство“, изјавила на фотографирањето за магазинот.

I

ВО ВОЈНА СО АМЕРИКАНСКИТЕ РЕЖИСЕРИ Моника Белучи е родена на 30 септември 1964 година како единствена ќерка на сопственик

жешка тема

лавната италијанска глумица во Рим ја промовираше својата нова книга „Моника БеС лучи од Моника Белучи“, во која се собрани неј-

на транспортно претпријатие и сликарка. По завршувањето на средното образование се запишува на Правниот факултет на Универзитетот во Перуџа, но нема доволно пари за да си го плати образованието. Со манекенство се занимава од хоби од својата 14 година, но потоа работата ја користи за да го дополни студентскиот буџет. Поради бројните обврски кои и ` носат добра заработувачка се откажува од студиите, а преселбата во Милано и ` овозможува ангажмани за модните куќи од Париз и Њујорк. Во 1988 година се свршила со италијанскиот глумец Никола Фарона со кого останува во врска се` до средбата со нејзиниот сегашен сопруг, Венсан Касел. Својата прва улога ја добива во 1989 година. Во прво време режисерите ги интересира само нејзината убавина и се` до филмот „Апартман“ нејзините улоги поминуваат незабележано. За овој филм е номинирана за наградата „Цезар“ во категоријата надежни актерки. На светската јавност и ` стана позната по улогата во филмот „Доберман“ каде глуми со нејзиниот сопруг Касел. Заедно со него игра и во филмовите „Пакт со волците“, „Наопаку“, кој ја вознемири јавноста поради премногу насилство, „Таен агент“ и други. Белучи често во филмовите се појавува гола, а признава дека голотијата не и ` ретставува проблем и дека ќе се разголува се` дури публиката го бара тоа од неа. „Кога глумам, правам работи кои инаку не би ги правила. Пред камера, ги пуштам предрасудите да си заминат заедно со облеката што ја соблекувам. Тоа е некој вид транс. Не чувствувам умор, глад, па дури ни студ. Низ своите филмови можам да се истражувам себеси, понекогаш и другите. Секогаш се трудам да бидам во различни ситуации каде можам да се докажувам“, објаснува Моника. Светската слава ја стекна во филмот „Малена“ кој го сними во 2000 година. Две години подоцна се појави во комедијата „Астерикс и Обеликс: Мисија Клеопатра“. Во 2003 година Моника игра заедно Брус Вилис во филмот „Плачот на сонцето“, а истата година доби улога и во филмот „Матрикс: Револуции“. Посебно внимание привлече со толкување на ликот на Марија Магдалена во контроверзното филмско остварување на Мел Гибсон, „Страданието на Исус“. Бројните филмски

Белучи е заштитно лице на „Диор“, „Д&Г„ „Мартини“ и други светски брендови.

55 LIFE Д Е К Е М В Р И

подготвила: Силвана Жежова


жешка тема LIFE Д Е К Е М В Р И

56

критичари посебно ја истакнаа нејзината глума во сцените на арамејски јазик. Нејзините килограми и` предизвикуваат проблеми со американските режисери, со кои одлучи да не соработува. Разочарана е од начинот на кој се снимаат филмовите во Холивуд, како и потценувањето на актерите поради нивниот изглед, односно поради годините и килограмите. Инаку, самата Белучи повеќе сака да глуми во европски филмови бидејќи смета дека се уметнички. „Ја сакам енергијата која ја има Америка, но јас сум жена на која и` годи квалитетот на живот во Европа. Овде луѓето знаат да направат разлика меѓу глумец и личност, не се опседнати со годините ниту со тежината. Овде глумците работат и опстојуваат низ годините, што во Америка не е случај“, додава таа. ОДВОЕН ЖИВОТ СО СОПРУГОТ Моника и Венсан се венчаа во 1999 година и имаат две ќерки, Дева и Леона, кojа ја роди на 45 години. За животот со сопругот, вели: „Имаме одвоени животи, ние сме два различни света. Тој има негови пријатели, јас мои, тој има своја кариера, јас своја. Иако сме во брак, животите ни се различни. Повремено излегуваме од своите светови и се наоѓаме на одредено место. И двајцата сме независни личности и ни одговара таквиот стил на живот. Во нашите животи организиравме автономни простори во нашата куќа така што никој никого не оптоварува, но секогаш сме заедно кога сакаме. Дневната соба е на приземје и тука најчесто заедно уживаме во семејните моменти. Мојот простор е на првиот кат каде се наоѓа огромна соба за мојата гардероба и бања. Покрај мене се собите на децата и нивната дадилка која ги чува додека сум на снимање. Вeнсaн, пак, е на вториот кат каде покрај неговата соба има и сала за вежбање и гледање филмови. Бракот ни е успешен бидејќи сме често разделени“. Наспроти трендот на слаби девојки со ковчест изглед, Белучи покажа дека облините кај жените никогаш не излегуваат од мода и им се привлечни на мажите. Никогаш не се срамела да го покаже своето тело со пропорција 90-6090, а за диетите и храната вели: „Секако имам изразени италијански гени во љубовта кон храната. Јадам се`, но најмногу сакам италијански специјалитети. Мојата постара ќерка ја наследи од мене љубовта кон тестенините. Ако имам улога за која мора малку да ослабам, никогаш немам проблем со тоа. Јадам месо, риба, зеленчук и веднаш ја намалувам тежината“. Тајната на нејзината убавина ја гледа во грижливо избраната шминка која ги истакнува костенливите очи и полните усни. Оваа Италијанка практикува да се облекува во црно, а како едно од заштитните лица на Долче & Габана, остана верна на нивните креации. Сака да носи долги фустани, крзна, корсети и пар-

чиња гардероба кои ја нагласуваат нејзината силуета. Не е вљубеник во накитот, но убаво се чувствува кога со соодветен накит го надополнува фустанот. „Затоа што сум убава, сите мислат дека сум глупава. Знам дека секоја убавина предизвикува внимание. Оскар Вајлд рекол дека убавината го задржува вниманието само пет минути. Доколку не постои нешто друго со што би го задржале вниманието, популарноста ќе се сведе на пет минути слава. Не мислам дека кариерата се гради само поради убавината, режисерите ве повикуваат поради талентот. Убавината е хендикеп ако си глуп, а не ако си интелигентен и знаеш да ја искористиш. Се чувствувам пријатно во своето тело, но не само затоа што сум убава. Познавам многу убави луѓе на кои животите им се ужасни. Многу се несигурни во себе. Среќна сум што сум сакана и имам прекрасно семејство“, вели Моника за својот изглед и признава дека никогаш не вежба. За опуштање на телото најчесто плива, но важи за голема мрзливка и не се жртвува за изгледот. Се плаши и од пластичната хирургија. Оваа убавица освен италијански, течно зборува француски и англиски јазик. Важноста за познавање јазици и ` ја пренела и на нејзината постара ќерка Дева која на шест години исто така добро ги зборува овие јазици. „Имав среќа како манекенка да патувам во Франција, Велика Британија и Америка. Таму после ревиите не одев во дискотеки, туку добро ги запознавав нивните земји и сериозно се посветив да им го научам јазикот. Не претпоставував дека ќе станам глумица, но познавањето на јазиците навистина ми е драгоцено“, вели таа. Непријатно и` е кога ја прогласуваат најубава и најсексапилна и вели дека не треба да веруваат дека е толку убава, бидејќи така најчесто изгледа на фотографии. Од тие причини, за насловната страница на еден магазин се фотографира без шминка. „Мојот сопруг посебно ја сака мојата женственост и нежност, топлиот глас и тивкиот говор. Вели дека тоа е вродено и не старее“, одговара Моника на прашањето што нејзиниот сопруг најмногу сака кај неа. Како актерка ја почитува Софија Лорен, но и помалку славната Вирна Лизи, за која вели дека сака да донесе неколку одлуки во животот како што таа направила. „Беше многу убава, популарна и барана. Откако роди син, за да го сочува бракот се повлече од филмот и му се посвети на семејството. Кога синот порасна, полека и ` се врати на глумата и успеа после толку години да биде барана. Сакаше и убаво и природно да остари и да се покаже со сите брчки како вистинска зрела жена. Сега е многу ценета и непрекинато игра фантастични улоги на жена во нејзини години“, објаснува Моника која веројатно сака животот да и ` е одвива на сличен начин. ¿


Проблематичната пејачка Ејми Вајнхаус се враќа на сцената. На својата Интернет-страница објавила дека по две години музичка пауза, повторно ќе замине на турнеја која ќе започне во јануари во Бразил, каде ќе одржи четири концерти. Во последно време во медиумите се појавува само во контекст на љубовните случувања, како и проблеми со законите, алкохолот и дрогата. Последен пат настапи на промоцијата на модната марка „Фред Пери“ каде испеа четири песни. Ејми славата ја стекна во 2006 година снимајќи го првиот албум „Back to black“ за кој доби пет награди Греми, и во дури 16 земји тогаш беше на врвот на топ-листите. Креативноста во еден момент исчезна, а Ејми стана зависник од дрога. АЛЕКСИС ВО АКЦИЈА Џоан Колинс, попозната како злобната Алексис од серијата „Династија“, и во 78-мата година од животот не мирува. Иако подолго време ја нема во медиумите, ја истресе прашината од капутот, кажа „доста е“ и почна да работи. Ја прифати улогата во популарната хумористична американска серија „Правила за свршувачка“ каде толкува лик на богата мајка на главниот глумец. Но, тоа не и ` е главниот ангажман. Кон крајот на минатиот месец започна да снима ток-шоу во кое раскажува сочни приказни за легендарните холивудски актери како Ричард Бартон и Бети Дејвис. „Во секоја улога лежи и добар дел од личноста која ја игра, а јас секогаш преферирав ликови кои имаат мадиња“, изјавила неуморната Колинс.

КЕЈТ ВИНСЛЕТ ПОВТОРНО САМА Амор никако да ја усреќи актерката Кејт Винслет. По разводот од Сем Мендес со кого беше во брак седум години, љубовната среќа и ` се насмеа со моделот Луи Дулер. Но само накратко, бидејќи по четири месеци врска, му порачала дека и ` се потребни мир и самотија. Ваквиот развој на љубовната приказна ги зачудил нејзините блиски пријатели бидејќи и родителите ги запознала со новото момче само неколку дена по

започнувањето на врската. Луис на некој начин и ` помогнал да го преболи и заборави болниот развод со Сем. Винслет сепак се одлучила вниманието да го насочи кон нејзините деца, Џо (6) и Мија (10), од нејзиниот прв брак.

БРЕД ПИТ ОСТАНА БЕЗ ФОТОАПАРАТ Бред Пит се најде на мета на крадците на снимањето на филмот на Анџелина Џоли во Будимпешта. За да има што повеќе спомени од режисерското првенче на својата сакана, Пит на сетот на филмот, фотографирал со својот апарат. Момент на невнимание бил доволен фотоапаратот да исчезне. Бред Пит наводно полудел откако сфатил дека фото апаратот го нема, а во него имало и некои приватни скокотливи фотографии од него и неговата сопруга.

57 LIFE Д Е К Е М В Р И

Џенифер Анистон постојано бдее над својата пријателка Кортни Кокс која по 11 години брак се разведе од Дејвид Аркет. Џен, која е искусна во лечењето љубовни рани бидејќи многупати беше оставана, одлучила на пријателката да и ` ги открие сите трикови со кои ќе го преболи разводот. Затоа 41-годишната Џен и` препорачала на Кортни да побара помош кај нејзината инструкторка по јога Менди Ингбер, а и ` го позајмила и својот готвач кој Џенифер ја излечил со храна без шеќер со многу лук и чили.

ЕЈМИ ВАЈНХАУС СЕ ВРАЌА НА СЦЕНАТА

шуш-буш

ЏЕНИФЕР АНИСТОН ЈА ТЕШИ КОРТНИ КОКС


од а до ш

¢ Анета Ивановска

ПОСТАРИ СО ЖЕНИ ПОМЛАДИ МАЖИ

ГИ НАРЕКУВААТ „КУГАР-ДАМИ“ МИ“ ИЛИ „ЖЕНИ-ПУМИ“ КОИ ЗА З СВОИ ПАРТНЕРИ ИЗБИРААТ МНОГУ ПОМЛАДИ МАЖИ. ЗАБАВАТА И ЖЕСТОКИОТ МЛАДОСТА СЕ САМО НЕКОИ ОД ПРИЧИНИТЕ ШТО ОВОЈ ИОТ СЕКС, ИСКУСТВОТО И МЛАД ` ПОЧЕСТИ ТИП ВРСКИ СТАНУВААТ СЕ ОЧЕСТИ И ПОСАКУВАНИ

58

LIFE Д Е К Е М В Р И

ерминот „кугар“ со своето актуелно значење првпат бил употребен на канадската Т веб-страница Cougardate.com формирана

Наспроти тоа, појавата е многу повеќе позитивно прифатена и се разбира поддржана и промовирана во медиумите преку трендовите кои ги диктираат познатите личности. Меѓу 1999 година, со цел постарите жени да можат да се запознаваат со помлади мажи. Оттаму ќе водечките „шетачки“ на млади момчиња се Мадона и Деми Мур. Телевизискиот серијал биде прифатен како израз со кој се одредува „Кугар таун“ каде Кортни Кокс игра разведена еден конкретен тип жена. Тоа е жена над 35 жена која исклучиво ја интересираат далеку години која изгледа убаво, полна е со самодопомлади мажи, многу придонесе во популаверба и е заинтересирана за врска со помлад маж. Овие жени знаат што сакаат и не им треба ризацијата на овој тип врски. Феноменот не е ексклузивно присутен само на гламурозникој да им кажува како да го водат својот ната јавна сцена. Богати деловни жени, но и живот. Напротив. домаќинки желни за забава, самодокажување Според некои од дефинициите на урбаниот и поинакво доживување на љубовта, се` повеќе речник (urbandictionary.com), тоа е „привлепокажуваат страст кон помлади мажи. чна жена... која повторно е тргната во лов“ или „жена која се наоѓа во цутот на својата ЗОШТО ПОМЛАДИ МАЖИ? сексуалност и која претпочита да лови отколку Со годините и со низата остварени цели да биде ловена“. Во урбаните дефиниции на кариера, семејство, стабилност и материјална кугар-дамите постојат многу понижувачки и сигурност - неминовно настапува онаа фаза навредливи конотации во толкувањата. Не се ретки ни наслови од типот „Мајки, заклучете си кога се појавува ризик животот и се` во него да премине во една здодевна рутина. Најголем ги синовите, доаѓаат кугарките!“

дел од кугар-дамите се разведени и воопшто не ги интересира брак. Во недостаток на предизвици кои можат да донесат некаква возбуда, младите мажи се вистинскиот избор кој може да внесе свежа енергија. Нивната младост и ентузијазам ги мотивираат да се впуштат во нови и поинакви искуства. Покрај таков партнер и самите се чувствуваат повторно млади. Засиленото либидо кое е вообичаена биолошка појава кај жените во позрели години многу повеќе може да биде задоволено со помлад маж. Нивните партнери врсници тука ја губат битката, бидејќи биолошки кај мажите со стареењето опаѓа нивото на тестостерон. Засилениот сексуален нагон кај жената соодветствува со оној кај помладиот маж односно со неговото ниво на тестостерон. Според тврдењата на психотерапевтот Линда Банер, жената и мажот сексуално се компатибилни кога таа е во своите триесетти, а тој во своите дваесетти. „Кога ги напуштаат дваесетитте во кои се` уште биле несигурни, во триесетитте се


од а до ш СПОНЗОРКИ? Се чини дека е невозможно на кугаржените да не се гледа како на спонзорки со оглед на тоа дека спонзорството во обратната или „потрадиционалната“ верзија - постар маж со помлада жена - одамна е прифатено како норма дека парите (па и сексот) го вртат светот. Сепак, кугар-жените тешко дека влегуваат во оваа категорија. Тоа се жени кои напорно работеле, изградиле кариери и материјални ресурси, па сигурно поседуваат свест дека не би го растурале стекнатото туку-така. Како „шефици“ во врската, неретко умеат да бидат галантни и богато да ги даруваат своите млади партнери. Но, жените-пуми ги преземаат нештата во свои раце, знаат што сакаат и ако забележат спонзорче до себе, тие се оние кои ќе заминат од врската. Кугар-жените се топ-тема на денешницата, феномен за кој се дебатира и поради кој се редефинираат многу теории, се уриваат табуа, предизвикува контроверзни дилеми и отвора многу прашања кои допрва треба да бидат одговорени. Како и да е, спротивставените мислења не смеат да влијаат во потрагата по личната среќа. Нека им е успешен ловот на сите кои `и влегле во трага.

LIFE Д Е К Е М В Р И

постара жена се поинтересни и поинтелектуални. Сексот, се разбира, е многу битен фактор - една искусна партнерка многу подобро знае и умее како да го задоволи мажот. Постарите ЗОШТО МАЖИТЕ САКААТ ПОСТАРИ ЖЕНИ? жени не им вршат притисок за создавање Најчесто наоѓаат дека тие се многу забавни, семејство на младите мажи, што им овозможусексипилни и далеку поинтересни од нивните ва да ја задржат слободата и да имаат доволно врснички. Клучните особини кои ги привлевреме за стекнување искуства пред самите да куваат кај постарите жени се искуството, се решат за свивање брачно гнездо. едуцираноста и софистицираноста. Она е што На подлабоко ниво, млад маж кој е во врска им е најпривлечно од си ` е самостојноста. Една сака да се почувствува битен како личност. Тој самостојна жена има јасни цели и визии и остварува успех. Бидејќи ваквите жени најчесто посакува реална и стабилна врска која многу поефикасно може да ја оствари со постара жесе со силна и стабилна материјална заднина, за на отколку со врсничка. Многумина кои имале младите мажи е фактор на олеснување бидејќи врска со постари а повторно се обиделе да оваа жена нема потреба од него да очекува да воспоставаат релација со врсничка, останале биде успешен или амбициозен и тој да биде разочарани. Причини за тоа се недостатокот оној кој ќе се грижи за неа. Една од авторките на спонтаноста во заемниот однос, неодминна книгата „Постари жени, помлади мажи: ливите тактизирања и смислените игри. Со Нови можности за љубов и романса“, Фелиција зрела жена сите овие елементи изостануваат. Брингс, забележува дека помладите мажи Младите жени не можат да им понудат потполнемаат предрасуди од типот „жена ми мора да ност во врската. Дури и ако врската треба е дома и вечерата мора да е на маса“, напротив, да заврши, постарата дама сигурно нема да тие се привлечени токму од нивната надмоќ. направи непотребна драма или хаотични сцени, Зрелоста на постарата жена, исто бидејќи во својот живот минала низ низа претака е она што неодоливо ги привлекува. кини и раскинувања па знае како соодветно да Соочувањето со животните предизвици и стави крај на една врска. Постарите жени се како да се справат со нив многу поефикасно многу посмирени и благодарение на искуствоможат да го научат од постара партнерка. то делуваат стимулативно на младиот маж да Самодовербата која ја имаат изградено токму работи на сопствениот развој што придонесува поради своето искуство, создава порелаксисамиот тој да се чувствува поисполнет. ¿ рана атмосфера во врската. Разговорите со

59

чувствуваат многу подобро во својата кожа и наместо да се грижат како изгледаат за време на сексот, сега се концентрирани на самото задоволство“, вели таа. Збеснатите хормони на зрелата жена може да се задоволат со препуштање во најстраствени авантури, кои со млади мажи и тоа како можат да се остварат. Сексот со помлад маж на жената исто така и ` овозможува да дојде до израз како доминантна во креветот. Она што постариот маж од суета нема да и ` го дозволи, младиот ќе и ` го овозможи со голем ентузијазам. Тој од неа може многу да научи и учејќи, тој максимално се труди да ги задоволи нејзините апетити. Од социолошка гледна точка, улогите веќе одамна се далеку од традиционалните клишеа. Современите жени се помоќни и посамостојни и затоа претпочитаат да бидат во поопуштена врска во која ќе ги избегнат контролата и притисокот кои вообичаено се присутни со партнер на своја возраст. Помладите партнери се растоварени, флексибилни и полни со разбирање за нејзините лични приоритети кои најчесто се однесуваат на кариерата и животниот стил. Од друга страна, една од причините зошто изборот паѓа на помлад маж е и подигањето на егото. Младите мажи на своите постари дами им пристапуваат со фасцинација и ги креваат на пиедестал. Тој е импресиониран од нејзините достигнувања и квалитети, за разлика од постариот или врсникот кој секогаш е посклон да негодува. Исто така, да се победи помладата женска конкуренција во „фаќањето плен“, не може да не и ` годи на „пумата“.


ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ

ВИТА ЛИНИЈА И РАМЕН СТОМАК

фитнес LIFE Д Е К Е М В Р И

60

СО СИГУРНОСТ СЕКОЈА ГОДИНА СЕ ПРАШУВАТЕ КОЕ Е НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ КОЕ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА ОДОЛЕЕТЕ НА ИСКУШЕНИЕТО НАРЕЧЕНО „БОГАТИ ПРЕДНОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЧНИ ТРПЕЗИ“ - ГЛАВНИТЕ ВИНОВНИЦИ ЗА ШИРЕЊЕТО НА ВАШАТА ПОЛОВИНА И ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА

ден интересен податок! За време на предновогодишните Е празници, 40 отсто од луѓето кои признаваат дека претерале со консумирање храна и се прејадувале за време на празниците, добиваат околу 1 кг плус во својата тежина, додека 15 отсто од испитаниците добиваат дури 2,5 кг повеќе... И да биде уште поинтересно, луѓето кои имаат вишок килограми, за време на празниците (во текот на зимскиот период) повеќе се здебелуваат отколку витите луѓе. Некој ќе каже: па добро, што има толку страшно во вишок од еден или 2,5 кг? Страшен е фактот дека повеќето луѓе никогаш не се ослободуваат од тие килограми. Дури 80 отсто од испитаниците во ова истражување биле 2,5 кг потешки во истиот период од претходната година. Еве неколку предлози и мали тактики кои може да ви помогнат како да ги избегнете замките на празничните прослави. НЕМОЈТЕ ДА ОДИТЕ НА ЗАБАВА ИЛИ ПРОСЛАВА СО ПРАЗЕН СТОМАК Најдобро решение пред да одите на некоја прослава: напијте се чаша газирана вода и изедете сезонска салата или сезонско овошје! Ќе бидете делумно сити и поинаку ќе се размислувате околу изборот на храна. Така сигурно ќе заштедите екстра калории. ВНИМАВАЈТЕ НА ЗАМКАТА НАРЕЧЕНА КОКТЕЛ СО ШВЕДСКА МАСА! Ова е најтешка „форма“ за оние луѓе кои имаат проблем со самоконтролата бидејќи на овие настани никој нема да ви ги брои залаците ниту, пак, ви одредува што и колку сте изеле. Наместо цела вечер да се „залепите“ до масата, пробајте да се фокусирате на луѓето околу себе, пронајдете интересна личност со која ќе имате интересна тема за разговор и така ќе заборавите на


ВНИМАТЕЛНО СО АЛКОХОЛОТ! Секако дека освен богатата и калорична храна, за празниците е карактеристично и консумирање поголемо количество алкохолни пијалаци. Со оглед на тоа дека во текот на празниците речиси е невозможно да се апстинира од консумирање алкохол, барем потрудете се тоа да е „поздравата“ варијанта: црното вино и пивото секако се најдобрите опции бидејќи содржат корисни антиоксиданси. И се разбира, умерено во дозирањето! Чаша вино од 2 дл содржи 150 калории, додека вотка, џин или виски околу 200 калории. И уште една мала тајна: додека пиете алкохол, пијте многу вода. Истото направете го и пред легнување, и наутро кога ќе се разбудите. Тоа ќе му помогне на телото да ги надомести изгубените течности. ИЗБРОЈ ДВАПАТИ ПРЕД ДА БИДЕ ДОЦНА! Проста математика: пред да земете големо парче чоколадна торта, пресметајте колку калории ќе треба да согорите наредниот ден (пример, ова парче торта има можеби околу 400 калории, за нивно согорување потребни се отприлика околу 45 минути трчање на лента). Понекогаш оваа математика може да ви помогне околу одлуката - некогаш еден залак и не е толку вреден за трудот што подоцна би требало да го вложите, за да се ослободите од грижата на совест и секако вишокот килограми. КАКО ДО РАМЕН СТОМАК ДУРИ И ВО ЗИМА? Доколку имате желба да видите убави стомачни мускули на вашиот стомак, единствениот начин е

правилниот режим на исхрана, или популарно - диета. Многумина можеби ќе го оспорат ова, но, за жал, тоа е вистината. Никакви стомачни вежби со зголемен интензитет и број на повторувања нема да направат видливи стомачни мускули доколку немате правилен режим на исхрана. Со други зборови, за согорувањето на масните наслаги околу стомакот не се доволни само вежбите за стомак. Телото не функционира на тој начин. Доколку имате масни наслаги околу половината и стомакот, единствениот начин за нивно губење е соодветна диета проследена со добра програма на вежби. Немојте да се изненадите ако дознаете дека стомачните вежби не би требало да ги правите повеќе од три пати во неделата. „Стомачните“ се мускули како и сите други мускули на нашето тело. Но, без разлика колку пати е ова кажано, како едноставно да не допира до луѓето, па тие и натаму продолжуваат да ја бараат волшебната вежба што ќе им направи совршени стомачни мускули. Еве ја тајната: Стомачните се прават првенствено во кујна, а потоа во вежбална! ПРОГРАМА НА ВЕЖБИ (КОМБИНИРАЈТЕ АЕРОБЕН И ТЕЖИНСКИ ТРЕНИНГ) За забрзување на процесот на губење масти и зголемување на мускулното ткиво, неопходен е тежински тренинг. Придобивките од тежинскиот тренинг се незаменливи кога станува збор за зголемување на мускулната маса. Ова е неопходно и основно бидејќи мускулите трошат повеќе калории од масните наслаги, па така колку е поголем процентот на мускулна маса во вашето тело, толку ќе биде побрз и вашиот метаболизам. Тежинскиот тренинг воедно помага во подобрување на тонусот на постоечките мускули, придонесувајќи кон поубава силуета. А како дополнителен бонус, вежбањето помага во зајакнувањето на коските и тетивите што е од особено значење кога станува збор за спречување повреди.

ИСХРАНА За да се изгубат мастите, мора да се јаде, спротивно од верувањето дека треба да се гладува за да се ослаби. Никако изгладнување! Човечкото тело е дизајнирано по план за опстанок и дел од неговите механизми за опстанување вклучуваат депонирање масни наслаги како резерви во евентуалните моменти на глад. Значи, доколку се навикнете на нејадење или, пак, јадење мали количества калории дневно, вашето тело ќе помисли дека се наоѓате во ситуација на гладување и ќе ги активира системите за одбрана (опстанок) со максимално забавување на метаболизмот. Телото само ќе се обидува да сочува енергија (која се мери во калории) затоа што добива многу малку хранливи материи. Вашиот метаболизам ќе ја детерминира брзината на согорување на калориите, па доколку имате брз метаболизам, ќе согорувате повеќе калории со помал напор, но доколку имате бавен метаболизам, согорувањето на калориите ќе

стане проблем, особено калориите од масти (1г протеин = 4kcal = 1г ЈХ; 1г масти = 9kcal). ЈАДЕТЕ ПОМАЛКУ КАЛОРИИ Диетата треба да создаде мек калориски дефицит. Со други зборови, треба да согорувате повеќе калории отколку што внесувате. Откако вашето тело ќе ги искористи сите калории внесени преку храната, тоа би требало (теоретски) да почне да ги користи депонираните масти за енергетските потреби. Како и да е, без тежински тренинг за стимулација на мускулниот раст и манипулирање со диета за избегнување катаболизам, телото ќе почне да ги користи мускулните келии за енергија, наместо мастите! За да се изгубат телесните масти, минималниот калорискиот внес треба да е 15-20 пати од телесната тежина (тоа се 1500-2000 kcal за човек од 100 кг). Со консумирање 6 оброка дневно, тежински тренинг и кардио-тренинг ќе го забрзате метаболизмот и ќе го намалите обемот на вашата половина! ¿

НАРАЧАЈТЕ ПАМЕТНО И РАЦИОНАЛНО Карактеристично за предновогодишниот период е почестата посета на ресторани. Мала помош околу изборот на помалку „штетни“ верзии на омилената храна во рестораните ПИЦА

Капричиоза со печеница, средна величина - 1.000 калории ЗАМЕНА

Пица со истата величина со печурки и сезонски зеленчук - 700 0 калории; со замена на печеницата и изборот на зеленчук, вие сте заштедиле 300 калории МЕСО НА СКАРА СО ПРИЛОГ

Порција месо (200 гр р е стандардна порција која се служи во ресторан) со пржен компир (помфрит) и пржен зеленчук - околу 790 0 калории

ЗАМЕНА

Половина порција месо со варен компир и варен зеленчук (или на пареа) - околу 390 калории; со оваа поздрава варијанта вие сте заштедиле 400 0 калории ПРЖЕНА РИБА СО ПОМФРИТ

Похувана морска риба и голема порција помфрит околу 820 0 калории ЗАМЕНА

Риба приготвена на скара без додатно премачкување со путер или зејтин, со прилог варен зеленчук - околу 350 0 калории; со

паметна и многу поздрава варијанта заштедувате 470 калории ТЕСТЕНИНИ

Порција тестенини со крем карбонара сос - околу 1.000 калории ЗАМЕНА

Порција тестенини со доматно пире - околу 400 калории; сигурно не толку вкусна варијанта, но разликата од 600 калории е доволна мотивација за оние кои се грижат за својата линија, а сепак сакаат да уживаат во вкусот на италијанската кујна

61 LIFE Д Е К Е М В Р И

храната! Секако подобра опција е да се послужите и да го одберете она што реално мислите дека би можело да ве засити, не да ве прејаде! Најпаметно решение е три четвртини од изборот да бидат зеленчук и протеини, а една четвртина јаглехидрати. Правете компромиси во изборот: изедете едно калорично, па три нискокалорични јадења.

фитнес

¢ RАнгелевска Наташа o Љупчо Смоковски


здравје

¢ Душан Матиќ, дипломиран нутриционист ` НА ХРАНАТА ДА ВИ БИДЕ ЛЕК ДОЗВОЛЕТЕ И

ПРИНЦИПИ ЗА ОПТИМАЛНО ЗДРАВЈЕ

62 LIFE Д Е К Е М В Р И

овремениот начин на живот содржи многу опасности по здравјето, С долговечноста и квалитетот на живеењето, затоа на секое разумно битие треба да му биде обврска да го унапреди својот начин на живот. Познавањето на опасностите не е доволно да предизвика промена кај мнозинството луѓе. Меѓутоа, запознавањето со информациите најчесто придонесува некои од лошите навики да исчезнат или да ги поттикне луѓето да размислуваат за чекорите кои треба да ги преземат на тој план. Светската здравствена организација укажува на фактот дека од сегашен аспект, кардиоваскуларните заболувања и ракот се главни здравствени проблеми практично во секоја држава на светот во 21 век. Денес во развиените земји, па и кај нас, болестите поврзани со начинот на живот, вклучувајќи ја неправилната исхрана, консумирање поголеми количества алкохол, пушењето и недоволно физички активности, предизвикуваат најмногу страдања. Доколку човекот работи на јакнењето на својата волја, ќе може да направи големи позитивни промени во начинот на живот. Волјата е доминантна сила во човековата природа, сила на одлучување и избор. Се` во човековиот живот зависи од правилното функционирање на неговата волја. Користејќи ги аргументираните информации за правилната исхрана со кои можете да се запознаете на страниците на магазинот „LIFE“, болестите не само што ќе ве одминат, туку и ако сте болни, ќе можете да си го подобрите своето здравје. Огромен број научни истражувања јасно покажуваат дека нашите секојдневни избори влијаат на веројатноста да живееме долг и здрав живот. Многумина погрешно сметаат дека наследните карактеристики (генетски чинители) се основниот фактор што го одредува квалитетот на животот и долговечноста. За најголем број луѓе, здравјето првенствено зависи од два чинитела, и тоа: прво, од она што внесуваме во организмот; и второ, од она што правиме со нашето тело. Добра вест е што и покрај тоа што не можеме да ја промениме нашата генетика, можеме да го смениме нашиот начин на живеење.

Скусувањето на животот би било намалено дури ако само би го намалиле применувањето на штетните навики во исхраната. Истражувањата за човековата долговечност и квалитетот на живеењето во зависност од стилот на живеење, ги објавиле меѓу првите во светот докторите Недра Белок и Лестер Бреслоу од Калифорнија, САД. Во нивното класично истражување на околу 7.000 луѓе кои живеат во округот Аламеда во Калифорнија утврдиле дека постоеле седум фактори на животниот стил кои влијаеле на долговечноста кај луѓето.

1

На прво место д-р Белок и Бреслоу го ставиле сонот (спиењето) од 7 до 8 часа во текот на деноноќието, со тоа што спиењето мора да започне пред полноќ. На второ место е она за што веќе зборувавме во претходниот број на „LIFE“, да не се јаде ништо меѓу оброците. Оброците да бидат распоредени во текот на денот со растојание од 4 часа, со тоа што последниот оброк да не биде по 20 часот. Храната треба да се внесува во организмот 4 пати дневно: првиот оброк би бил во 8 часот; вториот во 12 часот; третиот во 16 часот, а последниот во 20 часот. Во текот на ноќта да не се внесува храна бидејќи панкреасот преку ноќта не лачи ензими. Во исклучителни случаи ако личноста од оправдани причини не спие во текот на ноќта после 23 часот, во организмот може да внесе исклучиво свежо овошје или овошна салата бидејќи свежото овошје ја содржи искрата на животот – ензимите, кои овозможуваат оптимално разложување на хранливите состојки во овошјето и нивно апсорбирање во организмот. Храна без ензими (варена, печена, пржена) ако се внесе во организмот во ноќни часови, не може оптимално да се апсорбира туку се претвора во токсичен отпад кој непотребно го закиселува организмот.

2

3 4 5 6 7

Редовно појадување! Одржување оптимална телесна тежина Редовна физичка активност (редовно вежбање) Умерена употреба или избегнување алкохол Да се избегнува пушењето или воопшто да не се пуши


2. Дали здравата исхрана влијае на генот? Каква храна треба да внесуваме да не го нарушиме генот? Само здравата односно правилната исхрана која ја користеле нашите предци позитивно влијае на човековите гени. 3. Каква исхрана препорачувате за крвната група нулта позитив и што треба да се одбегнува за да биде организмот здрав? Крвна група О позитив е наречена месојадачка крвна група. Напоменувам дека резус-факторот не е битен за начинот на исхраната. Луѓето од оваа крвна група треба да одбегнуваат прекумерно користење житарки и млечни производи. Житарките дошле последни во човековата еволуција така што организмите не се адаптирани без последици по здравјето да консумираат поголеми количества житарки (леб, печива и др. производи од брашно). Млекото и млечните производи, особено пресното млеко заради присуството на лактозата (млечниот шеќер), а недостигот на лактазата (ензим во цревниот тракт), предизвикуваат чести алергии кои се карактеризираат со чести дијареи. 4. За да се одбегне брзата храна, што препорачувате како ужина во текот на работниот ден? Ужините по секоја цена и во погрешно време можат да бидат штетни по здравјето. По правило внесување каква и да е храна во организмот пред 3 часа после внесување на претходната храна во желудникот предизвикува непотребно создавање токсичен отпад и зголемена киселост во организмот. Брзата храна која не содржи ензими не се препорачува за луѓе кои сакаат здраво да се хранат. Најдобро е човекот да ја внесува храната четири пати дневно со растојание од 4 часа меѓу оброците. 5. Колку долго може да издржи храната во фрижидер или во замрзнувач? Термички обработената храна во обичен ладилник на температура од 4 степени Целзиусови може да се чува до наредниот ден, но не се препорачува тоа да се прави често. Во замрзнувач на температура од -18 степени Целзиусови, во зависност од видот на храната може да се чува подолго време, но има некои произ-

води, како на пример мелено месо, за кои не се препорачува да се чуваат во замрзнувач. На оваа тема наскоро може да прочитате опширен напис во „LIFE“. 6. Каде е најзастапен витаминот А? Витаминот А се наоѓа во производите од животинско потекло. Во растителниот свет и растителните производи, витаминот А се наоѓа во вид на провитамин – бета-каротин. Го има најмногу во производи со портокалово-жолта боја, како што е морковот, тиквата и др. Во човековиот црн дроб се врши трансформација од бета-каротин во витамин А. 7. Колку здравата исхрана влијае на дијабетесот и каква храна се препорачува за оваа болест? На дијабетесот (шеќерната болест) влијае неконтролираната употреба на јаглехидрати со висок гликемиски индекс во подолг временски период (шеќер, компир, бел ориз, тестенини). Дијабетесот Тип 1 кој се карактеризира со уништена функција на панкреасот кој не е во состојба да лачи инсулин, најчесто претставува автоимуно заболување кога кај некои луѓе хиперактивниот имунитет ги уништува бета-клетките во панкреасот. Тоа не ретко се случува кај бебињата на кои наместо мајчино млеко, во првата година од животот им е давано непреработено кравјо млеко. Со правилна исхрана може не само да се спречи појавата на дијабетесот, туку може да се овозможи регенерација на оштетувањата во панкреасот. 8. Ако некоја храна предизвикува алергија, што треба да се преземе и поради кои фактори се јавува исфрлувањето по телото (алергија)? Алергиите обично настануваат како последица од оштетена цревна флора и поради појавениот синдром на пропустливо црево, кога некои компоненти од храната непотребно влегуваат во крвотокот и предизвикуваат алергиски реакции. Во првата фаза на лекувањето од алергии во нутриционизмот се препорачува обнова на цревната флора која често е оштетена од енормното користење антибиотици или од неправилна исхрана.

За соодветните начини на алкализирање на организмот и оптимална детоксикација на телото, можете подетално да се запознаете и во нутриционистичкото советувалиште „Нутривита“, каде стручниот тим ќе ви даде совети како на најдобар начин ќе ги надминете здравствените пореметувања или ќе си го сочувате здравјето на природен начин. Заинтересираните можат да закажат по телефон и да обезбедат термин. Советувањето може да се одвива во просториите на „Нутривита“ или по желба на заинтересираните и на друго место, а постои и можност советувањето да се одвива и во кругот на семејството.

Сите читатели на LIFE кои се заинтересирани да му постават прашања на оваа или некоја друга тема на нашиот стручен соработник Душан Матиќ, можат да испратат и-мејл на: life.magazin@yahoo.com и да очекуваат одговор во некое од следните изданија на LIFE.

LIFE Д Е К Е М В Р И

1. Дали водата помага при слабеењето? Водата е неопходна за човековиот организам (за човековите клетки). Сите биохемиски реакции на ниво на клетките се одвиваат во воден раствор. Без доволно вода, настанува дехидрирање на организмот кое е многу опасно за човековото здравје. Конкретно за симнување на прекумерните килограми се неопходни и диуретични средства (чаеви, природни сокови и др.), при што ќе се оптимализира детоксикацијата на организмот што е неопходно за симнување на прекумерното масно ткиво кое претставува токсичен отпад во организмот.

здравје

П&O: ДУШАН МАТИЌ ВИ ОДГОВАРА

63

НЕ ПРЕСКОКНУВАЈТЕ ГО ПОЈАДОКОТ Многу луѓе кои ги читаат резултатите од истражувањето во Аламеда се изненадени од фактот дека редовното појадување е вклучено во листата од 7 најзначајни фактори за долговечноста. Појадувањето (околу 8 часот) само по себе ја зголемува должината на животот. Во некои од првобитните податоци од истражувањето е утврдено дека на луѓето кои редовно појадувале и не јаделе меѓу оброците (не го дополнувале желудникот додека ја разложувал претходно внесената храна), за 50% им се намалил ризикот од предвремена смрт во однос на оние кои го прескокнувале појадокот и јаделе меѓу оброците. Истиот процент на ризик се јавува и кај повозрасните испитаници од 60 до 94 години кои нередовно појадувале. Интересно е што во оваа група возрасни лица, долгиот живот и квалитетот на живеењето подеднакво зависел од: редовно појадување, редовни физички активности, но и од воздржување од пушење. Многу луѓе наоѓаат многу причини да не појадуваат, односно да го прескокнат појадокот. Обично се оправдуваат со тоа дека не се гладни наутро, што е очекувана последица од преобилен оброк навечер. Лесна вечера може да биде решение на тој проблем, а друго решение може да биде еднонеделно невечерање. На крајот на неделата тие луѓе ќе посакаат добро да појадуваат. Консумирајќи лесна вечера, ќе откриете дека поцврсто спиете. Важно е да му овозможиме на нашето тело да се прилагоди на тој ритам. Редовното појадување помага да се спречи појавата на прекумерна тежина. Пред повеќе години д-р Чарлс Кап ја изложил тезата врз основа на неговата 70-годишна практика дека добивањето прекумерна тежина, меѓу другото, е резултат на несоодветен тајминг во консумирањето храна. На пациентите со прекумерна тежина им наложил да го сменат редоследот на оброците (обилните оброци и ужините во ноќни часови требало да се заменат со: обилен појадок, умерен ручек и лесна вечера, без ужини во текот на денот). Со редовно појадување се појавиле некои дополнителни корисни показатели. Имено, се подобрил хемоглобинот во крвта; се намалило нивото на шеќер во крвта и се подобрила функцијата на тироидната жлезда. Типовите храна кои обично се земаат за појадок придонесуваат за подобрување на здравјето и регулирање на телесната тежина. За појадок треба да се избегнуваат производи од животинско потекло. Се покажало дека со редовното појадување кај возрасните лица може значително да се намали ризикот од предвремено умирање (од срцев удар – инфаркт). Тромбоцитите стануваат „полепливи“ наутро пред појадокот, што ја зголемува тенденцијата да се појави евентуално згрутчување на крвта во текот на утринските часови. Појадокот може да помогне крвните плочки (тромбоцитите) да бидат помалку лепливи и на тој начин се намалува ризикот од утрински срцев удар. Уште една корист од редовното појадување е утврдена во 1995 година на Отсекот за педијатрија на Универзитетот Дејвис во Калифорнија, кога е одржан Собир на психолози, невролози, нутриционисти и физиолози. Заклучокот е дека редовното појадување е многу важно за квалитетно учење, меморија и физичка благосостојба на децата и возрасните. Лицата кои редовно појадуваат, покажуваат подобро расположение и подобрување на научните способности. Никогаш не е доцна да се започне со физички активности. Ако немате можност или време за вежбање, тогаш секојдневно треба да пешачите барем 20 минути. Тоа е минимумот за одржување на неопходниот тонус на срцето. Седумте здравствени принципи на Белокова и Бреслоу се мошне едноставни, но се особено делотворни и поефикасни од кој било медикамент за да се сочува и унапреди здравјето. Бидејќи имаме право на избор, нам ни останува да се определиме за правилната исхрана за одржување на здравјето.


64 LIFE Д Е К Е М В Р И

ОСНОВА Како и во секоја работа, така и во шминката, основата е најбитна. Под основа подразбираме соодветна нега на кожата на лицето и подлога. За секоја кожа се применува одреден тип нега и одржување. Некои лица бараат почесто чистење од други, но сите лица, без исклучок, бараат хидратација. Затоа, хидратизирајте многу, и однадвор и однатре! Како и негата, така и подлогата е индивидуална, различна за секој вид кожа. Сувата кожа бара похранлив крем за да се одбегне затегнување и истакнување на фините линии. Течната пудра треба да е потечна од вообича-

ено – хидратантна или витаминска и не мора да е многу покривна, затоа што сувото лице нема отворени пори и слични недостатоци. Мрсната кожа, пак, бара полесен хидратантен крем, дури и оние од типот гел-крем. Пред да почнете со шминкањето, почекајте додека кремот се впие па отстранете го вишокот маснотии со еднослојно хартиено шамиче. Течната пудра во овој случај треба да е малку посува и погуста за да ги покрие проблематичните делови од лицето и отворените пори. На овој тип кожа може да се нанесе и малку пудра во прав, но таа треба да биде многу фина (ситна).

На нормална кожа исто така се нанесуваат хидратантни течни пудри. За нормална и сува кожа може да се користат и тонирани кремови, кои не покриваат многу туку на лицето му даваат свежина и сјај. Коректор може да се достави на сите типови кожа, но само на одредени делови/регии, како што се подочниците, акните, црвенилата, видливи капилари и сл. Сепак, најбитно од се` е да се постигне природен изглед, без слоеви од (нанесени) производи. Co почит, Panache


65 LIFE Д Е К Е М В Р И


убавина

¢ Слаѓана Нешовиќ, бренд менаџер Aurie`ge – Paris, Македонија

МУЛТИВИТАМИНИ ЗА ЗДРАВА Д КОЖА СО БЕСПРЕКОРЕН СЈАЈ

66

LIFE Д Е К Е М В Р И

„AURIEGE – PARIS“ претставува професионален бренд за нега и разубавување на кожата со традиција од повеќе од 40 години. Денес оваа куќа е лидер во полето на естетската козметологија, а нивните формули претставуваат највисоко достигнување во полето на убавината. AURIEGE И ХРОНОБИОЛОГИЈАТА Хронобиологијата откри дека биолошките функции на секој жив организам се менуваат циклично во зависност од годишното време, температурата и наизменичниот модел на ден и ноќ. Aurie`ge ги истражуваше надворешните и внатрешните фактори одговорни за негативните промени на кожата и како експерт за хронобиологија понуди уникатен концепт од шест третмани „скроени по мерка“ со цел да се третираат сите несакани состојби на кожата. Овие третмани содржат производи со многу активни состојки, а се однесуваат на биолошкиот часовник, типот на кожата,

годишното време и возраста, овозможувајќи `и на кожата да ја одржи својата виталност, младоликост и убавина преку целата година. AURIEGE И ВИТАМИНИТЕ Како и целото човеково тело, така и епидермисот минува низ периоди на недостаток на витамини. Овој недостаток е причинет од замор, надворешни временски агресии, дури и поради стрес. Поради ова кожата станува опуштена и без сјај. Често е иритирана, па и покрај зголемената употреба на корективна козметика, сепак сјајот и свежината на лицето недостасуваат. Ниското ниво на активност, надворешните временски агресии од типот на ниски и високи температури, ветер, студ, периодите на стрес и замор или неправилна исхрана, можат да предизвикаат кожата да биде помалку сјајна и да девитализира поинтензивно. Од латинскиот „vita“ (живот), витамините се неопходни за човековиот организам,

претставуваат функционален елемент и овозможуваат голем број реакции кај метаболизмот на организмот. Тие имаат многу различни физиолошки функции и дејствуваат како катализатори. Се поврзуваат со протеините и формираат активни ензими кои ги причинуваат и забрзуваат хемиските реакции во организмот. Во отсуство на ензими, овие реакции се или забавени или невозможни. „Aurie`ge“ откри дека со помош на бетакаротен и витамините Ц, Е и А се забавува оксидацијата, се заштитуваат клетките и се спречува стареењето на кожата. Исто така, востанови дека витамините од групата Б се одговорни за хранењето на кожата и за одржување на хранливиот баланс. Тие имаат неспоредливи карактеристики и ги дополнуваат сите недостатоци на кожата што се појавуваат заради нездравиот начин на живот, како на пример несоодветните диети, поради замор или надворешни агресии.


убавина

Овие витамини `и обезбедуваат огромно количество „живот” на кожата и го зголемуваат нејзиниот имунитет. AURIEGE ТРЕТМАН СО МУЛТИВИТАМИНИ Линијата со мултивитамини од концептот на хронобиологија на „Aurie`ge“ претставува синергија од ултраефикасна комбинација која ги надополнува сите неопходни витамини на епидермисот. Акцијата на овој витамински комплекс овозможува: - Зголемување на отпорноста на епидермисот. - Хранење на кожата и зголемување на нејзиниот имунитет. - Заштита на клетките од стареењето на кожата. Целосното завршување на програмата со мултивитамини овозможува кожата да го надомести и избалансира сопствениот имунитет во насока да го обнови сјајот, цврстината и виталноста што секако ќе и ` овозможи и совршен изглед.

Auriе`ge, Научете ја убавината ЕКСКЛУЗИВНИ ПОДАРОЦИ ОД LIFE МАГАЗИН И AURIЕGE – PARIS!

Подарок - ексклузивни третмани од минатиот број на „LIFE магазин“ добија: Сузана Тодоровска Светлана Јанкуловска Александра Танева

ДЕРМАБЈУТИ Ексклузивен и генерален застапник за „AURIEGE – PARIS“ во Р. Македонија. ул. Христо Смирненски 54, Скопје www.auriege.com 02/3230.130

67 LIFE Д Е К Е М В Р И

„LIFE магазин“ и францускиот ексклузивен центар за убавина „AURIЕGE – PARIS“ подаруваат три ексклузивни третмани за лице и очи. Првите три читателки кои ќе испратат имејл со име, презиме и контакт-телефон на life.magazin@yahoo.com ќе добијат подарок од „LIFE“ и „AURIЕGE“ – три пакети од третмани: AURIЕGE PREMIUM третман и AURIЕGE YEUX LIFTING (очен лифтинг). Читателките кои ќе бидат најбрзи ќе бидат усно известени за подарокот и ќе бидат објавени со име и презиме во следниот број на „LIFE магазин“. Подарокот - вредносен ваучер за AURIЕGE третманите, читателките ќе можат да го подигнат во редакцијата на „LIFE магазин“, на улица 11 Октомври 33а, 1000 Скопје.


68

LIFE Д Е К Е М В Р И


LIFE Д Е К Е М В Р И

o Ивана Кузмановска

69

Бруно Панковски од Скопје има 18 години и е матурант во гимназијата „Никола Карев“. Тој свири електрична и акустична гитара, има настапувано со бендот на гимназијата, а во моментов нема бенд туку само ја усовршува гитарската техника. Слуша хипхоп и рок-музика, а најчесто свири рок. Вежба секојдневно во фитнес-центар, а е поборник на здравиот начин на живеење и преферира исклучиво здрава исхрана. Од неодамна е фотомодел и манекен во модната агенција „Моделс Ин“, каде што веќе започнува и со своите први ангажмани.


брзина

КИНЕСКИ ВИКИНГ

НОВИОТ „VOLVO S60“ Е ПРВИОТ МОДЕЛ НА ШВЕДСКАТА КОМПАНИЈА ПРОИЗВЕДЕН ОТКАКО УПРАВУВАЧКИОТ МЕНАЏЕРСКИ ТИМ СЕ ЗДОБИ СО ПАСОШ ОД НАРОДНАТА РЕПУБЛИКА

70

LIFE Д Е К Е М В Р И

али знаевте дека „Волво“ својот живот го започна под закрила на познатиД от шведски производител на лагери „SKF“ и тоа дури во 1915 година од минатиот век? Но, според челниците на погонот за производство за автомобили, појавувањето на „Volvo ÖV 4“, на 14 април 1927 година, го означува раѓањето на познатиот шведски бренд. Името потекнува од скратената форма на латинскиот збор „Volvere“, кој во превод значи „се тркала“, што, пак, очигледно ја отсликува поврзаноста на брендот со производителот на лагери „SKF“. Се надеваме дека Кинезите од корпорацијата „Geely“, која сега го поседува „Волво“, нема да „интервенираат“ во именувањето, па следните модели да го носат името „Volvo Geely Jian Xiao“ или нешто слично. Минатите модели на „Волво“, го следеа принципот на „функција, па форма“, со тоа

што опсесивната максимизација на функционалноста, практично ја занемаруваше формата. Затоа, автомобилите на „Волво“ во минатото беа именувани како „кутии на тркала“. За среќа, сето тоа почна да се менува, па сега можеме да забележиме дека максималната функционалност е сè уште присутна, но и визуелниот впечаток е исклучително моќен. Новиот „Ѕ60“, припаѓа во премиум миум класата на семејни лимузини, каде доминираат Германците. Но, за разлика злика од здодевниот изглед на претходната ната генерација, која не успеваше да заврти врти многу глави, овој модел просто ги хипнотизира пнотизира сите кои ќе го погледнат. Агресивниот дизајн ресивниот и динамичен динами кој беше навестен со феном феноменалниот „S60 Concept“, практично од логото на “, се протега прак маската најистакнатата точка на та па сè до најист

задницата. Ниската поставеност од патот, о, широките и моќни линии инии на предницата и на страните, и претопувањето топувањето на задниот носечки столб во вратата ратата од багажникот, несомнено го нагласуваат асуваат спортскиот потенцијал на овој автомобил. Претходниот втомобил.Претходни модел веројатно немаше да ви го привлече че вниманието дури и ако играше оро пред ед вас, но овој, нов „Ѕ60“, нема да дозволи оли да од него подолго време. ги тргнете очите о овреме. стилот при Олкав напредок во стил и промена на генерации возила не бил л забележан да се каже многу долго време. Дури може же д дека, ка, ако ги земеме предвид само мо стилот и атрактивноста, ста, Германците за нијанса нија јанс каскаат зад „Ѕ60“. Единствен вистински вистинск конкурент во битката на стиловите доаѓа во облик на „Алфа Ромео 159“, за која веќе знаеме дека изгледа фантастично. стично.


Кабината на „Ѕ60“ плени со својата префинетост, елеганција, квалитетна изработка и амбиент кој би ве натерал да живеете тука. Сите контроли се правилно распоредени и лесно достапни, додека благата наклонетост на средишната конзола кон возачот, го гали неговото его. Безбедноста отсекогаш била вродена во генот на „Волво“, па затоа и овој автомобил има неверојатно цврста структура и едно чудо електронски безбедносни помагала, од кои ќе го издвоиме „Pedestrian detection with full auto brake“. Овој систем е уникатен и е дело на инженерите на „Волво“. Тој има за задача да ја надгледува околината пред автомобилот, и доколку забележи пешак, комплетно да го запре возилото ако возачот не изреагира на време. Понудата на погонски агрегати се состои од четири бензински и два дизел-мотори,

чија моќност се движи од 150 КС за „најслабиот“, до 304 КС за најмоќниот мотор. Сите мотори успешно го поминаа курсот за чување на природата и развивање еколошка свест, но тоа воопшто не зачудува бидејќи токму „Волво“ е еден од еколошки најсвесните производители на автомобили. Со огромно задоволство можеме да кажеме дека „Волво“ се враќа во елитата. Уште повеќе радува фактот што враќањето се остварува со еден убав, атрактивен, безбеден, практичен и динамичен автомобил. Цената на „Volvo S60“ на нашиот пазар почнува нешто над 30.000 евра и се искачува дури до двојно од таа сума, во зависност од погонот и опремата. Германци, подгответе се, бидејќи Швеѓаните напаѓаат и имаат огромна поддршка од многубројните, мали, жолти човечиња од Народната Република! ¿

брзина

71 LIFE Д Е К Е М В Р И

¢ Кристијан Ивановски


брзина

ХОНДА CIVIC „TYPE R“

72 LIFE Д Е К Е М В Р И

В

аквата вест силно одекна кај автомобилската јавност, но најголем удар нанесе врз страсните љубители на јапонските автомобили. Наставката „Type R“, комплетно ја менува перцепцијата за кој било модел на Хонда, бидејќи претставува симбол за јапонска технологија и инженерство во најдобра можна форма. Самата помисла дека целиот „Type R момент“ ќе го снема, предизвикува огромна болка. Јапонците се одлучија на ваков потег поради новите регулативи за издувни гасови, Euro 5, кои стапуваат на сила во јануари 2011 година. Поради тоа што автомобилот не ги исполнува овие критериуми, продажбата во поголемиот број европски држави, односно државите во кои безусловно ќе стапат на сила овие правила, ќе биде прекината. Во моментов не се знае дали ќе биде направена ревизија на погонот, во согласност со новите норми, или, пак, Јапонците ќе го претстават новиот „Type R“ кога ќе се појави новата генерација на „Civic“. Втората варијанта може да се протолкува како меч со две острици, бидејќи, доколку повторно се користи „нервозен“ и моќен бензинец, радоста на страсните автомобилџии ќе биде неопислива. Но, поради еко-манијата, која почна да управува со производството на автомобили, сосема е можно следниот „Civic Type R“ да биде изработен со хибриден погон. Недоволно уверливите динамички карактеристи-

ПРИСИЛЕНО ПЕНЗИОНИРАЊЕ

¢ Кристијан Ивановски ЧЕЛНИЦИТЕ НА ХОНДА НЕОДАМНА ОБЈАВИЈА КРАЈ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА „ЛУТАТА“ ВЕРЗИЈА НА „CIVIC“, МОДЕЛОТ „TYPE R“

ки на новото спортско купе на Хонда, моделот „CR-Z“, кој користи хибриден погон, не влеваат баш голема сигурност во срцата на вистинските љубители на „култот на Type R“. Со цел да се задоволат сечии критериуми, друштва, одбори и слично, почнува да се губи поентата на спортскиот автомобил и да се анулираат желбите на искрените автомобилџии, поради ускратувањето на задоволството и уживањето во возењето. За да нема забуни, немаме ништо против развивањето еколошка свест и го поддржуваме секој чекор кој помага во реализацијата на тој план, меѓутоа сметаме дека не е фер само автомобилите да бидат „црната овца“ во глобалното општество. Со оглед на тоа што кај нас нивото на еколошка свест е закотвено на драстично ниско скалило и се дозволува увоз на возила кои не би исполниле ниту хипотетичка „Euro -2“ норма, прекинот на продажбата на „Civic Type R“ во државите каде што ќе „царува“ нормата Euro 5, не го засега нашиот пазар. Дури и се надеваме дека овој автомобил, кој ја исполнува нормата Euro 4, ќе се продаде во што поголем број и со тоа ќе придонесе кон своевидно „прочистување“ на воздухот кој го дишеме, бидејќи во некои населби од нашиот ни главен град, голема е веројатноста тоа што излегува од издувните цевки на еден ваков автомобил, да е помалку загадено од она што влегува во моторот. ¿


технологија

BLACKBERRY TORCH

9800 Блекбери овојпат го возвраќа ударот, по многубројните „удари“ од iPhone и Андроид гигантите. Бидејќи, покрај тоа што до сега беше неуништив на полето на електронската пошта, Блекбери не можеше да го

држи темпото со конкуренцијата. Но, Torch ја смени играта во корист на Блекбери. Тој е прв кој има LCD-екран на допир (multi-touch опција), 5 мегапиксели камера со LED-блиц и автофокус, 4GB внатрешна меморија,

тастатура на лизгање QWERTY, како и оптички „трекпад“ за подобро „сурфање“. Како цреша на шлагот доаѓа најновата верзија на OS BlackBerry 6.

NOKIA

E7

74 LIFE Д Е К Е М В Р И

Нокиа Ноки веќе некое време го најавува најав врвниот „умен телефон“ лефо во бизнис-класата, фамозниот Е7. Овој убавец фамо има 4-инчен AMOLED-ек4 ран на н допир (multi-touch опција), опци тастатура QWERTY, 8 мегапиксели камера ме со двоен LED-блиц (и дв секундарна VGA-камера), секу 720p HD видеоснимање, 16 GB в внатрешна меморија... Екранот Екра на E7 користи технологија „ClearBlack“, техн која ветува потемна црна боја, поголема видливост сонце и помала потрона со шувачка на енергија. Иако шува е прилично голем, дизајнот на овој телефон е неодолив, како што, впрочем, можете и да забележите.

7

LG OPTIMUS Еден од телефоните Windows 7 кои направија бум на европските пазари е LG Оptimus 7. LG направиле напор да испорачаат навистина квалитетен телефон, и покрај стро-

гите хардверски ограничувања од страна на Мајкрософт. Optimus 7 има TFT-екран на допир, 5 мегапиксели камера со LED-блиц и автофокус, 720p видеоснимање и 16 GB внатре-

шна меморија. Секако, телефон кој вреди да се провери, особено ако ви се допаѓа она што до сега го видовте и прочитавте за мобилната варијанта на Windows 7 OS.


Како и сите други, и Блекбери го презентираше својот нов таблет-компјутер – Блекбери плејбук. Големината му е иста како онаа на Samsung Galaxy Tab (половина од iPad), ја има совршеноста на телефоните Блекбери кога зборуваме за технологијата „push“, одличен екран на допир со multi-touch, две видеокамери (5 мегапиксели HD назад и 3 мегапиксели HD напред), 1080p HD видеоснимање... Покрај тоа, овој мини-компјутер има 1GHz dual-core процесор и 1GB RAM-меморија. Единственото прашање е дали ќе може да исплива во морето на таблет-компјутери, со кое веќе владее iPad.

FABLE III (Xbox 360)

технологија

BLACKBERRY PLAYBOOK

Fable III го има шармот на својата претходничка, но, да не се лажеме, со многу усовршени моменти и феноменална графика. Приказната се случува половина век по настаните во Fable II. Во Албион доаѓа индустриското време, а со него и опресијата, очајот и гладот, наметнати од новиот крал на Албион. Како брат или сестра на кралот-деспот, треба да соберете војска и да го ослободите Албион. Fable III е RPG со која одлично ќе се забавувате.

SMURFS (iPhone app) Една од најсимнуваните, бесплатни апликации од продавницата на „Епл“ е Штрумфови (Smurfs), игра со одлична графика – имате чувство како цртаниот филм да се случува пред вас. Задачата е да го изградите одново штрумфовското село и да собирате искуство од ниво во ниво. Нешто како Фармвил на „Зинга“, но многу посимпатично.

Koostik e неелектронска алтернатива за конвенционалните звучни лежишта за iPhone. Рачно е изработен од дрво, нема кабли, а го зголемува капацитетот на звучниците на Вашиот iPhone до четири пати. Секако, она што го слушате звучи наполно а-кустично.

IHOME IP39 iHOME iP39 е две во едно: часовник со тајмер за во кујна како и радио со звучници за iPhone и iPod. Освен што „вади“ добар звук додека готвите, има и магнетен далечински управувач како и USB-порт.

DEATHSPANK: THONGS OF VIRTUE (PS 3, Xbox 360, сега и на PC) Кон крајот на септември корисниците на PlayStation 3 и Xbox 360 можеа да уживаат во второто поглавје на симпатичната RPG-авантура DeathSpank - Thongs of Virtue. Сега, веќе и корисниците на персоналните компјутери имаат шанса да се „заборават“ од играње, особено затоа што второто поглавје има: повеќе оружја, повеќе непријатели, подобра графика.

75 LIFE Д Е К Е М В Р И

KOOSTIK ЗА IPHONE


популарна наука

ОГНОМЕТ ОД ЅВЕЗДИ ВО РАЃАЊЕ Оваа спирална галаксија (NGC 3982) е неверојатно впечатлива поради многубројните ѕвезди кои се раѓаат во неа, а долгите „раце“ кои се испружени од неа претставуваат региони од светлечки водород во кои се формираат ѕвезди, во кои се сместени јата од новородени ѕвезди, како и темни делови од ѕвездена прашина кои се, всушност, материјал за идните генерации ѕвезди. Светлото јадро е дом на една постара популација ѕвезди, кои се сè погусти кон центарот. NGC 3982 се наоѓа во соѕвездието Голема мечка, 68 милиони светлосни години од Земјата.

76

LIFE Д Е К Е М В Р И

СУПЕР-ПОДВИЖНА ПРОТЕТИЧКА РАКА Уште едно од достигнувањата на роботиката, поточно на фирмата Touch Bionics, е ProDigits протетската рака која на луѓето со делумна ампутација може да им замени од еден до пет прсти на раката. Предноста е што со оваа рака тие ќе можат совршено да подигаат работи, да фрлаат топка, да покажуваат со прст, да јадат со вилушка, со други зборови да ракуваат практично со сè.

ВРАЌ АЊЕ НА ВИДОТ СО ПОМОШ НА ИМПЛАНТИ!? Тим на научници од универзитетот во Тубинген, Германија, тестирале електронски импланти кај пациенти со ретинална дистрофија. Оваа состојба е наследна или поврзана со староста, а предизвикува дегенерација на фоторецепторите (келиите во ретината кои се осетливи на светлост) и завршува со слепило. Од ретинална дистрофија се оболени 15 милиони луѓе во светот. Научниците од Тубинген развиле микрочип кој содржи 1500 фотосензитивни диоди, кој легнува во ретината таму каде што нормално би требало да се наоѓаат фоторецепторите. Диодите реагираат на светло, и ако се стимулираат со надворешен извор на енергија поврзан со окото, ги стимулираат нервите, „глумејќи“ здрави фоторецептори. Научниците велат дека е ова само прв чекор законечно победување на слепилото и потврдуваат дека сите тројца доброволци на кои се тестирани имплантите успеале да видат светли објекти, а еден гледал и нормални објекти како и големи букви.


спорт лавниот град на Обединетите Арапски Емирати се обидува да им се доближи на Г белосветските трагачи по авантури на мошне префинет начин, постојано нагласувајќи го високиот стил и престижот како една од главните одлики на својата понуда. Островот Јас, еден од поголемите во архипелагот покрај брегот на Персискиот Залив, иако с уште се гради и облагородува, веќе претставува дестинација од соништата. Таму локалната власт форсира многу интересен концепт во којшто како предводник

ЗАБАВЕН ПАРК „FERRARI WORLD“

АДРЕНАЛИНСКИ ХРАМ ЗА ОБИЧНИТЕ СМРТНИЦИ ¢ Александар Табаковски

на зафатите се јавува марината, која де факто ги носи „проектите“ на островот со идеја да ги привлече туристите кои, пак, можат да го користат пристаништето или блиските ексклузивни хотели. Оттука, немојте да се изненадите дека и автодромот каде што се вози трката на Формула 1, но и се` останато, во своето име првенствено ја содржи „географската одредница“ – Јас Марина. Меѓу ретките исклучоци, можеби и единствен засега, е токму „Ferrari World“ – најновата забавна атракција, чие име е поврзано со

еден од најпрестижните брендови на светско ниво. Од друга страна, зарем може да се понуди нешто помалку за оние кои располагаат со јахти до 150 метри должина и за нивното вкотвување и одржување плаќаат 100.000 долари за една седмица во текот на гран-при викендот? Во ред, примерот се однесува за јахтата на владетелот на Бахреин, кој оваа година беше дојден на трката во Абу Даби, па можеби не претставува просек туку го нагласува „повисокиот крај“ на гостите, но дефинитивно може да ви помогне да си

77 LIFE Д Е К Е М В Р И

ФИНАЛЕТО НА НАЈНЕИЗВЕСНАТА СЕЗОНА ВО ФОРМУЛА 1 КОЕ СЕ СЛУЧИ ВО АБУ ДАБИ, НА СВЕТОТ МУ ГО ДАДЕ НОВИОТ ШАМПИОН СЕБАСТИЈАН ФЕТЕЛ, НО ВОЕДНО БЕШЕ СЦЕНА И НА „ПОРОДУВАЊЕТО“ НА ПРВИОТ ЗАБАВЕН ТЕМАТСКИ ПАРК НА „ФЕРАРИ“. АДРЕНАЛИН ПО КОЈ ВРЕДИ ДА ОТПАТУВАТЕ „НА ИЗВОРОТ“!


78

LIFE Д Е К Е М В Р И

спорт

за разлика од Европа и популарните марини во Медитеранот, и тоа од септември до мај, бидејќи во средината на летото жештините се навистина големи. Ние сакаме да ги привлечеме луѓето тука и да им понудиме добра забава“, објасни Пол Лејн, генерален менаџер на марината, на конференција за печатот пред годинешнава трка. Но, марината нема да стопанисува директно со забавниот парк на „Ферари“. „Алдар“ е името на инвестициската компанија која работи за шеикот од Абу Даби, а која ја поседува марината. Оваа компанија е една од двете која се јавува како основач на новата заедничка фирма за стопанисување со светот на Ферари, заедно со групацијата „ПроФан“ со седиште во Калифорнија, која декларира дека поседува 250-годишно искуство во менаџмент на забавни паркови! Двете фирми заедно на островот ќе изградат уште два забавни гиганта: тематски парк на филмската компанија „Ворнер“, како и парк на вода. Каде е тука „Ферари“? Италијанската компанија се јавува како позајмувач на лиценцата за користење на името, како носител на дел од активностите во рамките на самиот парк, но индиректно и како уживател на бенефитот од туристите кои купуваат секаков тип брендирани сувенири.

создадете претстава како работи пристаништето. Дали тогаш звучи за ронка пологичен податокот дека и во автодромот и во забавниот парк се инвестирани одделно стотици милиони долари? „Не може да се утврди дефинитивната вредност, Јас Марина е нешто што се` уште се гради. Наскоро ќе имаме уште една марина која ќе биде од спротивната страна на островот и ќе има поголем капацитет, но и самата ќе биде наменета за помалите пловни објекти кои таму ќе можат да ги добијат сите потребни услуги. Овде сезоната трае девет месеци,

АТРАКЦИИ ОД КОИ БОЛИ – ЏЕБОТ Содржината на самиот парк е уникатна, во тоа нема сомнеж. Но, пред да стигнеме до нив, треба да се застане пред билетарницата. До неа ќе мора да дојдете пеш покрај платото со фонтани, кое следи по излезот од повеќекатниот паркинг, каде што над секое паркинг место има светилка што со црвена или зелена боја оддалеку им дојавува на посетителите дали е тоа вистинската уличка од лавиринтот. Паркот работи шест дена во неделата, секој ден освен понеделник. Бидејќи петок и сабота се неработни за доминантната популација на Арабискиот Полуостров, почнувајќи од претходниот ден (четврток) паркот работи од 12 до 24 часот, додека во недела, вторник и среда од 12 до 22 часот. Не постои старосна граница за цената на посетителите кога се во прашање билетите, туку тие се делат за луѓе со висина поголема или помала од 1,5 метри! Ова е направено со идеја дека дел од атракциите им се забранети на малолетниците, но влезот за нив секако не е бесплатен, цената е 33 евра (за пониските) односно 45 евра (за повисоките). Втора специфика е „премиум влезницата“ која чини отприлика 60% повеќе во двете категории (54/75 евра), а со која се добива една од најзначајните привилегии: заштеда на времето за чекање во редица! Неупатените мошне доцна ќе откријат дека кај сите атракции постојат два влеза, за оние со ВИП-карти и за оние со „поевтини“ влезници, што во некои екстремни случаи значи чекање од најмалку два часа и повторно доаѓање за да се надополни испуштеното. Како и поголемиот број забавни паркови, бројот на местата кои треба да се поминат и онака е преголем за еден ден, освен ако не се дојде од отворање и се остане до фајронт. Но, во таков случај е неминовно да се посетат придружните објекти за исхрана и за шопинг на сувенири. Нормално, духот на „Ферари“ и Италија преовладува и во овој сегмент, па понудата на паста и еспресо е загарантирана. Но, за поупатените познавачи, имињата на рестораните „Мама Росела“ и „Кавалино“ се дел од историјата на фабриката: и двата денес постојат во Маранело, седиштето на „Ферари“, при што првиот е познат како современо сврталиште на менаџментот и возачите, додека вториот е оној омилениот на основачот Енцо Ферари. Отворањето на забавниот парк беше планирано на 28 октомври 2010 година, но беше поместено поради смртта на еден од шеиците од „збратимениот“ емират. Сепак, во периодот на гран-при викендот веќе се` одеше уиграно, па дури и во прес-соопштенијата на „Ферари“ беа напомнати интересни детали за почетокот на работата. Продавницата со брендирани сувенири од „Ферари“ го соборила рекордот во рамките на својот синџир, воедно обезбедувајќи 40% поголем промет од дотогаш најдобрата продавница во светот. Од аспект на забавните паркови, заработката која останува таинствена како цифра, описно е дефинирана и како „двојно поголема од она што една продавница во забавен парк вообичаено го регистрира“.


спорт LIFE Д Е К Е М В Р И

79

парира на Алонсо и Маса. Тоа можеби звучи „детски“, но воопшто не спаѓа ШИНСКИ ГАЛОП НА „ГОРДОТО КОЊЧЕ“ во јуниор-сегментот на атракциите, кои, рака на срце, ги има неколку. „Formula Rossa“ е името на првата атракција од листата која содржи 19 Имињата не кажуваат многу, но една од нив, „Брзина на магијата“, ветува занимливи содржини за секој посетител (невклучувајќи ги продавниците и рестораните). Таканаречената „луда железница“ или „ролеркостер“ овде фантастично доживување во 4-Д?! Од официјалната програма може да се дознае само дека претставува патување на младо момче низ калее испорачана со атрибутот „најбрза во светот“. Рекламата вели дека се идоскопски сон, проаѓајќи низ природа со исклучителни пејзажи, зелени постигнува брзина од 240 километри на час, а возењето од една минута џунгли и замрзнати пештери. Тоа е во склоп со генералната дефиниција симулира маршрута која во себе вклучува некои од најпознатите свиоци од легендарните автодроми. Меѓу првите патници на болидот по шини, беа дека искуството во забавниот парк на „Ферари“ ги активира сите сетила со единствена цел да се наполни душата со безвременски убавини и токму актуелните пилоти на „Ферари“, Фернандо Алонсо и Фелипе Маса. „Во Формула 1 најголемото влијание на гравитациските сили го чувству- спомени. Но, има уште најмалку две добри занимации за децата: возење со далечински контролирани автомобили по затворена патека, како и за ваме при сопирањето, а тоа изнесува околу 4,5G. Забрзувањето не е такво, отприлика е трипати помало. Но, овде ’ролеркостерот’ постигнува 4,5G при најмладите „педалинки“ низ импровизиран парк. Стандардната вртелешка со возила е старомодна во вакво друштво, но ја надополнува понудата. забрзување и тоа е уникатно искуство и за нас“, објасни Бразилецот Маса. За оние повозрасните кои сакаат полесен ритам, има различни типоОд стартот до финишот, мојот часовник измери 65 секунди, наспроти ви проекции. Така, на пример, „тркачките легенди“ на „Ферари“ можете да чекањето од 30 минути во редот за „премиум“ корисници, благодарение ги запознаете возејќи се во вагон и гледајќи материјали од архивата, што на љубезноста на персоналот кон акредитираните новинари за трката на пример би можело да се спореди како тура со возење низ „тунел на во Абу Даби. Не постои можност за споредба со претходните искуства стравот и ужасот“ во регуларните забавни паркови. Исто така, меѓу проод Еуро Дизни во Париз или Мирабиландија крај Равена, бидејќи секое возење одново и одново ве враќа на почетната точка, тоа е нешто на што грамата од проекциите е „Произведено во Маранело“, или виртуелна тура низ фабриката којашто ја добиле мал број среќници кои купиле авточовек едноставно тешко може да се „навикне“. Во програмата најдов мобил од италијанската фабрика, па добиле можност да бидат прошетани податок дека во рамки на центарот има и „Кула на брзината“, каде што низ погоните. Има и посебна галерија за поставки од типот „ гаража Ф1“ посетителите се катапултираат до највисоката точка на целиот остров или „команден ѕид Ф1“ кои исто така можат да се видат во галеријата во за потоа да потонат надолу, но изостана „тест-возењето“. Железницата Маранело, каде што има и поголем број болиди од историјата на фирмата, е единствената атракција којашто се одвива надвор, иако стартот е но убаво е што во овој парк има „Убава Италија“ или минијатури од најпод покривот на центарот. Сите останати се сместени под покривот од 200.000 метри квадратни, што го велича овој забавен парк како најголем познатите знаменитости на оваа земја во смален размер и претставува уште една добра причина за прошетка. Целиот објект и онака е збогатен во светот. Тоа е направено смислено, бидејќи жешкото време и високите со изложени модели на „Ферари“ и претставува своевиден салон на нови температури се постојано присутни во Абу Даби, особено меѓу јуни и или историски модели, без оглед дали се на хоризонтална основа, вертиавгуст кога стануваат „елементарна непогода“ со температури далеку кално, или на некој иновативен постамент. над 40 степени Целзиусови. На овој начин обезбеден е „живот“ за посеТркачките фанови конечно добија своја „црква“ во која ќе можат да ги тителите и вработените внатре, но мора да се признае дека својствено се пронајдат убавините за кои мечтаеле, и тоа токму со посредство на „горпотрудиле и да го облагородат просторот со зеленило, па стотина палми дото коњче“ на „Ферари“. Во паркот продефилираа едно чудо познати лии други видови дрвја се вклопени во ентериерот. ца од светот на Формула 1 користејќи ги слободните мигови во Абу Даби, Сепак, „црвената формула“ не е единственото нешто во овој забавен но беа најавени и специјални гости како рускиот премиер Владимир Путин. парк кое нуди возење како примарен извор на задоволство. Во ред, моУбавината е заедничка за с што може да се види, а возбудата за она што жеби не со истата брзина и адреналин, но симулаторот на „патнички“ болид Ф1, во кој се возите на платформа која потскокнува и се занесува како може да се доживее. Една од ретките забелешки која обичен посетител може да ја изрече во оваа прилика, би гласела дека покрај болидите и брда сте на задното седиште од некоја формула, исто така е искуство кое зите автомобили сме научени да гледаме и преубави хостеси, а нив ги нетопло го препорачувам. Вистинско возење на ГТ-автомобил но со брзини маше. Дури и оние кои беа на трката покрај болидите, беа облечени пракдо 95 километри на час е исто така можно како двобој на двајца возачи. тично „до гуша“ во костимите за стјуардеси на главниот спонзор на трката, „Ферари“ дури и организираше натпревар на една од другите атракции, „Етихад ервејс“. Големите мешаници би ги припишал на фактот дека ова каде што овојпат возачот е сам во фиксно спортско седиште, а симулае нов центар кој сега е во фокусот на интересот кај локалното население, торот е возачки ориентиран со три екрана пред себе. Акредитираните бидејќи дефинитивно сите запалени сетила брзо се ладат ако треба да се новинари имаа најпрвин „елиминации“ меѓу себе, а најдобрите излегоа чека во ред цели два часа. Но, кога ќе се отворат и следните два забавни на мегдан со возачите кои користат слични симулатори за своите подгопарка (претходно спомнатиот „акваленд“ и оној на филмската компанија товки пред некоја трка. Во такви моменти човек жали што не посветил доволно време на различните видеоигри кои се достапни во официјални „Ворнер“), туристите во Абу Даби ќе имаат и подобра понуда, и подобра алокација на мешаниците, за поголемо задоволство. ¿ и неофицијални верзии, но не верувам дека некој сепак ќе можеше да им


пари

¢ Петре Димитров o Ивана Кузмановска ШТО ПОДАРУВААТ БИЗНИСМЕНИТЕ ЗА НОВА ГОДИНА

НОТЕСИТЕ

ПОЛЕКА ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА Македонските бизнисмени почнаа да „бегаат“ од стандардните „нотес“ подароци и се` почесто подаруваат креативни и оригинални новогодишни подароци. Сепак, се` уште се главни вечните пенкала, запалки и роковници. Она што охрабрува е што сите се трудат подароците да бидат од македонско производство

80

LIFE Д Е К Е М В Р И

ечиси нема компанија или институција која на своите Р партнери, клиенти, колеги и соработници не им посакува најубави желби за Новата година. Тоа е прекрасен знак со кој покажувате дека мислите на нив. Прескапите подароци кои обврзуваат, премногу евтините купени во огромни количества, како и оние кои се чисто исполнување на формата, треба да се избегнуваат, велат од агенциите за односи со јавноста. Според нив, се` повеќе на цена се оригиналноста, креативноста и личниот пристап, а тоа што треба да се избегнува се вечните пенкала, запалки и роковници, кои генерално се најчестиот подарок кој го подаруваат нашите бизнисмени. „Нашите клиенти ги советуваме дека корпоративните подароци, меѓу другото, се уште еден многу ефикасен канал за комуникација со целните групи и израз на корпоративна култура. Без разлика за кој повод станува збор: јубилеј, роденден, забава, интерна прослава, како агенција со односи со јавност секогаш сугерираме нашите клиенти при изборот да не се водат од цената или природата на подарокот,

туку од асоцијацијата на компанијата со тој подарок, односно пораката што тој подарок ќе ја пренесе. Општ заклучок е дека и кај нас во последно време ’се бега‘ од стандардните ’нотес‘ подароци, а се` повеќе се подаруваат креативни и несекојдневни нешта“, вели Мими Шејкероска, извршен директор на „Пристоп МК“. КРЕАТИВНОСТ И ОРИГИНАЛНОСТ Во „ПроКредит банка“ сметаат дека корпоративниот подарок треба да го одразува идентитетот на компанијата. „Со подарокот го покажуваме степенот на почит и благодарност за довербата на клиентите, соработниците и пријателите. Истиот ја нагласува врската и долгорочната соработка помеѓу институцијата и нејзините клиенти. Тргнуваме од идентитетот на ’ПроКредит банка‘, како топла и отворена банка за сите, банка од соседството, блиска

до луѓето, но и од нејзината стратешка ориентација за развој на приватниот бизнис-сектор. Оттука, подароците треба да исполнат неколку критериуми: да имаат симболика на идентитетот на институцијата, да не се увозни туку да бидат од изворно производство, да се употребат македонски ресурси, вештина и ракотворство. Дополнително внимаваме подароците да бидат креативен уникат, нешто што не се наоѓа во слободна продажба или во промо-каталозите“, вели Билјана Северинова, директор на маркетингсекторот во банката. Помеѓу корпоративните подароци на банката се наоѓаат: теракотна репродукција на една од најрано пронајдените фигурини од матријархатот на едно македонско археолошко наоѓалиште, симболика на плодност и бериќет; теракотен сад како штедна касичка полнет со македонски мед; везено торбе со македонски чај; мала лупа со симболика за поголема транспарентност... Традицијата на дарување во маркетинг-агенцијата „Њу момент“ е на неколку нивоа: „Кон нашите бизнис-партнери и соработници, кон нашите вработени и кон дечињата на луѓето кои работат во нашата компанија и чиј број, на наша голема среќа, се зголемува секоја година. Заштитниот знак на нашата агенција се неконвенционални новогодишни картички, специјално изработени само за празниците, духовити, визуелно богати и креативни. Се трудиме подароците да бидат од македонско производство, уметнички слики, скулптури, музејски репродукции. Честопати ангажираме македонски уметници специјално да креираат за нас и нашите бизнис-партнери. Детали кои истовремено не` унифицираат, но и го зацврстуваат тимскиот дух се најчесто подароци за вработените, лаптоп чанти, ранци, брендирани дуксери, маички, аксесоари и, се разбира, забава, на која најкреативните можат да бидат


МИМИ ШЕЈКЕРОСКА

пари

ЛУКРЕЦИЈА МАЉКОВИЌ-АТАНАСОВСКА

БИЛЈАНА СЕВЕРИНОВА

секоја компанија треба да има деловна политика за давање и примање новогодишн и честитки и подароци

диџеи. На дечињата, пак, стандардно Дедо Мраз им закажува посета и им носи големо пакетче со чоколади, а секому според возраста му дава специјален подарок“, вели Ели Пешева, директор за комуникации во агенцијата. Посебно внимание на овие подароци посветуваат и во „АВОН“, па подароците се избираат според строга деловна етика. „Давање подароци на бизнис-партнери е работа која во ’АВОН’ се спроведува според строго определена деловна етика која наложува да не се подаруваат ниту примаат скапи подароци, т.е. подароци чија вредност би надминала 50 долари. Подарувањето е главно поврзано со поводи како што е Нова година и Денот на жената и подароците се производи кои се дел од нашиот асортиман, како што се нашите најбарани парфеми ’Little Black Dress‘ за понежниот пол, и ’Black Suede Touch‘ за посилниот пол“, вели Ивица Јовановски, национален менаџер за продажба во „АВОН Македонија“. ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЧЕСТИТКА ПРЕД ЕЛЕКТРОНСКАТА И покрај сите можности на електронската пошта, традиционална честитка е ненадми-

ЕЛИ ПЕШЕВА

човек што не е веќе на таа позиција или е ната. „Отворањето на ковертот и читањето починат. Базата на подароци ќе ви помогне на пораката ве исполнува со радост која ниту и да не ги повторувате подароците“, вели еден имејл не може да ја замени. Честитката Маљковиќ-Атанасовска. е огледало на вашиот деловен имиџ. Лошо Честитките кои ќе ги изберете треба избраната честитка испраќа негативна порака да се соодветни и да делуваат деловно. до примателот: не ви е грижа што испраќате!“, „Избегнувајте Снешко, Дедо Мраз, детски објаснува Лукреција Маљковиќ-Атанасовска мотиви, премногу златни и светликави детали. од Академијата за протокол. Според неа, Доколку желбите на честитката се испечатени секоја компанија треба да има деловна однапред, задолжително допишете и ваша личполитика за давање и примање новогодишни на желба со ваш ракопис. Непотпишана чесчеститки и подароци. „Според модерниот титка делува студено и неемотивно. Во никој деловен протокол, честитките се испраќаат со желби за претстојната година и се избегнуваат случај не испраќајте честитки на кои само сте се потпишале! Не можете да очекувате другите честитки на кои се честитаат религиозни да го препознаат вашиот потпис. Недозволиво празници. Најдобро е да испратите честитка со ’Среќни празници‘ (’Happy Holidays‘, ’Season’s е на честитката да удрите факсимил или печат на фирмата. И секако, внимавајте на правопиGreetings‘), наместо со ’Среќен Божик и Нова сот. За честитка не се заблагодарува, туку се година‘. На тој начин ги навредувате оние што возвраќа со иста. не се од христијанска вероисповед“, вели таа. Доколку сакате да испратите и подарок Маљковиќ-Атанасовска советува секоја како вино, кошница овошје или друго, фирма да води детална листа на честитки и задолжително вметнете и лична порака со подароци што ги примила и секогаш треба да најубави желби. Секогаш имајте подароци од возврати на истите. различна вредност - вашите поважни клиенти „Секогаш имајте ажурирана протоколарна заслужуваат поскап подарок“, советува база на податоци. Во никој случај не сакаМаљковиќ-Атанасовска. ¿ те да испратите новогодишна честитка на

81 LIFE Д Е К Е М В Р И

ИВИЦА ЈОВАНОВСКИ


филм

ако мене ме прашате...

САБРИНА

остарата генерација љубители на филмот сигурно ќе се сетат на „И коњите ги убиваП ат, зарем не?“, филм од далечната 1969 година на култниот режисер Сидни Полак. Доволно е да се набројат барем неколку наслови, па да стане јасно за каков калибар од режисер станува збор: „Џеремаја Џонсон“, „Трите дена на кондорот“, „Тутси“, „Моја Африка“, „Хавана“, „Фирма“... или да се спомнат неколку имиња на најславните светски глумци кои Полак ги

промовирал или со нив соработувал: Џејн Фонда, Роберт Редфорд, Барбара Стрејсенд, Берт Ланкастер, Пол Њумен, Мерил Стрип... Полак е сопственик на статуетката Оскар за режија на „Моја Африка“ во 1985 година, а истата награда ја доби и филмот. Во 1954 година, според новелата на Семјуел Тејлор, режисерот Били Вајлдер за првпат ја екранизираше „Сабрина“ со Хемфри Богард и Одри Хепберн. Триесет години подоцна Полак ја сни-

ма својата верзија со Харисон Форд и Џулија Ормонд во главните улоги. Препораката за гледање, всушност се однесува и на двете верзии. Првата е црно-бела и трае помалку од 2 часа... но доколку имате прилика да го ископате од некоја дивидитека, сигурен сум дека ќе се забавувате споредувајќи ги овие два филма. „Сабрина“ е романтична приказна, современа „Пепелашка“ со многу суптилни елементи на комедија. Овој филм како да не` враќа во вре-

82 LIFE Д Е К Е М В Р И

НОВИ ФИЛМОВИ

„НЕЗАПИРЛИВИОТ“ (UNSTOPPABLE) Филмот „Незапирливиот“ е драматична приказна за воз кој пренесува токсични хемикалии. Еден инженер и неговиот кондуктер се во трка со времето. Тие го бркаат возот во одделна локомотива и мора да го доведат под контрола пред да биде исфрлен од шините и да го поплави целиот град со токсична материја.

„НЕБЕСНА ЛИНИЈА“ (SKYLINE) Чудните светла кои се спуштаат над Лос Анџелес го привлекуваат вниманието на луѓето. Вонземна сила се заканува дека ќе го проголта целото човештво.

„ХАРИ ПОТЕР И РЕЛИКВИИТЕ НА СМРТТА: ПРВ ДЕЛ“ (HARRY POTTER AND THE DEATHLY HALLOWS: PART 1) Моќта на Волдемор се` повеќе расте. Сега, тој има контрола врз министерството за магија и Хогвортс. Харс, Рон и Хермиони одлучуваат да ја завршат работата на Дамбелдор и да го најдат остатокот од Хоркруксес со што би го победиле Темниот Господар. Малку надеж остана за триото, па и за другите магионичари. Да се надеваме дека се` ќе оди по планот.


филм

¢ Влатко Галевски

ако мене ме прашате...

и Сабрина

„НАПРАВЕНО ВО ДАГЕНХАМ“ (MADE IN DAGENHAM) Филмска адаптација на штрајкот од 1968 година, во фабриката за автомобили „Форд Дагенхам“, протест во кој жените-работнички протестираат против сексуалната дискриминација.

која веќе била обработена од исто така големите Вајлдер, Богард и Хепберн. Ако мене ме прашате, препораката е „Сабрина“ да се гледа и во двете верзии, во камерен состав, значи сопружничка двојка со пристоен брачен стаж, и верувам дека по филмот, голем дел барем од дневно акумулираната негативна енергија неповратно ќе исчезне. Можам да претпоставам дека и оној потиснат романтичен дух повторно ќе ве посети. ¿

LIFE Д Е К Е М В Р И

„БЕЛ МАТЕРИЈАЛ“ (WHITE MATERIAL) Денис повторно ја посетува Африка, но овојпат за да ги истражи граѓанските и расните конфликти. Една француска фамилија која е протерана од својот дом и се обидува да ја спаси плантажата со кафе се поврзува со црниот херој кој е вмешан во целиот тој хаос. Нивниот свет се урива и секој се бори за да преживее.

во толкување на лик на деловен богат човек, со бескраен, ненаместен шарм; Џулија Ормонд, како прекрасна, скромна и интелигентна девојка, мила и на моменти неодоливо привлечна (како Ингрид Бергман од најдобрите времиња)... и конечно, блескавиот, дотогаш речиси анонимен глумец Грег Кинер, како помлад и разгален брат на Харисон Форд. Само големите режисери како Полак, полни со самодоверба и визија, можат да си дозволат да се соочат со филмска материја

83

мињата кога доброто воспитување и односите во семејството беа столбови на општеството, кога добрите не беа патетични а лошите не беа злосторници. Оваа, на прв поглед едноставна приказна, неверојатно лесно ќе ве држи приковани во вашата фотелја, а потем со право ќе се запрашате: на што се должи тоа? Бргу ќе сфатите дека најголемиот магнет во филмот се ликовите, односно брилијантниот избор на глумците. Харисон Форд во неприкосновено и ненаметли-


МУЗИКА

¢ Катарина Стојанова o Кире Галевски

ЕКВИЛИБРИУМ МУЗИКА БЕЗ ХАРМОНИЈА НЕ Е ВОЗМОЖНА удачкиот квартет „Еквилибриум“ е составен од истакнати музички уметници: Јане Бакевски (виолина), Г Горан Муратовски (виолина), Александар Стојчески (ви-

84 LIFE Д Е К Е М В Р И

ола) и Кирил Јосифов (виолончело), кои настојуваат да внесат нов звук на музичката сцена. „Еквилибриум“ означува рамнотежа, хармонија.

„Еквилибриум“ – совршенство, хармонија, баланс. Како едуцирани и искусни музичари, а пред сe` уметници, што е за вас совршенство, каде го гледате совршенството во музиката? Јане: Совршенството е во душата, дефинитивно. Во она во кое вашата емоција ќе каже дека е вистинското. За мене тоа е совршенство и тоа е најреалната интерпретација на едно дело. Тоа е субјективно, меѓутоа и авторитативно. Според мене, тука е добитната комбинација. Горан: Според светските музиколози, како највисока форма на музицирање, формата гудачки квартет е совршенство, бидејќи тоа значи четворица да се најдат на иста бранова должина, да размислуваат исто и да битисуваат заедно. Тука не се само пробите за делото, ние живееме со нашиот квартет. Постои ли хармонија во музиката, особено во звуците на новото време? Јане: Секое време си носи свои читања, свои гледања на класиката и на тие модерни читања. И тука, во суштина, е убавината на

Четворицата професионални музичари сакаат да истражуваат во просторот на совршеноста на музиката, хармонијата и звуците на новото време. Со нивната интерпретација на дела од класичната музика и ` се обраќаат на публиката со една мисла и порака – совршеноста на музиката.

уметноста, што и покрај строгите рамки му дозволува на музичарот да дојде до свој израз, да остави свој печат на одредени дела. Горан: И самата музика како таква е хармонија. Музика, хармонија тоа е едно исто. Музика без хармонија не е возможна. Од што се состои вашиот репертоар, чии дела изведувате. Дали внесувате ваши замисли и елементи во делата кои ги свирите или се држите цврсто до нотите на готовите композиции? Александар: Изведуваме дела од светската класика, од Клод Дебиси, Морис Равел, Бетовен и наши композитори. Ова е стандарден опус што се состои во секој професионален гудачки квартет. Јане: Во секоја изведба на едно дело е многу битно тоа што го има напишано композиторот, меѓутоа отсекогаш во класичната музика разликата од добро, многу добро и фантастично е во тоа како, во суштина, секој уметник посебно ја доживува материјата којашто е напишана од тие великани на класичната музика. Тука сме на иста бранова должина. Целиот наш

уметнички капацитет сакаме преку наше индивидуално гледање на тие дела, со отворена душа, со една чиста емоција да ги приближиме кон публиката. Освен тоа што се придржуваме до текстот што е напишан, ние даваме и наш осврт како ги доживуваме и како ги гледаме работите во самата композиција. Како дојде до формирање на квартетот и што е за вас потврда за успех? Александар: Формирани сме пред три и пол години. Досега сме имале повеќе од четириесетина настапи во Македонија и во странство. Сме настапиле на сите поголеми музички фестивали и буквално во сите градови во државава. Како позначајни настапи би ги издвоил отворањето на салата „Империјал“ во Македонската опера и балет, настап на „Струшките вечери на поезијата“, настап во Њујорк во Културно-информативниот центар, во Дубровник, редовно настапуваме со целовечерен концерт на „Денови на македонска музика“, „Културно лето“. Единствено сe` уште немаме настап на „Охридско лето“, но се надеваме дека и тоа ќе се случи во блиска


музика зитор кој ни посвети едно дело кое ние, откако ќе го снимиме, ќе оди на неговото ново цеде, во коешто се изведуваат негови композиции од 13 различни состави од целиот свет. Кирил: Во Македонија е многу тешко да го изработите маркетингот сами, особено во нашата професија. Нема менаџери во сферата на класичната музика. Квартет „Еквилибриум“ прв во Македонија ги донесе стандардите на рекламирање на составот, како што се веб-страница, професионални фотографии. Дека тоа ни е успешен потег, покажува и тоа што другите македонски состави го прифатија тој тренд. Што има на вашата агенда во следниов период? Александар: Можам да најавам дека следен концерт што ќе ни биде во Скопје ќе биде преку Културно-информативниот центар што треба да се случи на почетокот на следната година. Пред тоа влегуваме во студио и го снимаме третото цеде, но прво официјално на кое ќе бидат снимени дела од Клод Дебиси, двете дела Луминисенс и Дикантино посветени од Антонио Феранте и Лари Груп

и квартелот од Благој Цанев. Цедето ќе биде испратено до менаџерската куќа каде ќе биде промовирана и македонска современа класична музика. Во летниот период ќе имаме неколку концерти во Хрватска заедно со еминентната обоистка Тања КараскаковскаПетрушевска. Имаме најави за еден концерт во Осло и во САД. Каква порака сакате да и ` пренесете на публиката, за што размислувате пред настап? Која публика најдобро ве наградила? Кирил: Пред настап не размислуваме за публиката, бидејќи тоа ни ги одвлекува мислите од она што треба да и ` го покажеме на таа публика, така што повеќе размислуваме на концептот, како сме ги вежбале делата, како сме се договарале за изведбата. Александар: Најголем аплауз имавме на нашето деби во Дубровник. Тоа беше за нас огромен поттик за да продолжиме понатаму напорно како што работиме сега. Исто, во Скопје имавме огромен аплауз на нашето деби во Македонија во салата „Империјал“ во МОБ. ¿

85 LIFE Д Е К Е М В Р И

иднина. Имаме отсвирено повеќе од 15 квартели од светската литература, и она што е многу значајно за нас, што си земавме како морална обврска да изведуваме и македонски автори. Досега сме извеле повеќе од десетина квартели од македонски автори, меѓу кои квартелите на Стојан Стојков и Благој Цанев. Едниот не беше свирен триесет години, а другиот четириесет години. Јане: Она што сакам да нагласам е дека квартетот „Еквилибриум“ е член на менаџерската куќа „Прајс енд Рубин“ со седиште во Феникс, Аризона. Во неа членуваат врвни уметници од целиот свет како што се Лало Шифрин, Салваторе Акардо - еден од најголемите виолинисти на 20 век, Ирина Муресану. Од пред година и пол оваа куќа се грижи и за нашата кариера надвор од Македонија. Тоа за нас е огромна чест и можност и доказ за нашиот квалитет. Слушајќи нe` преку таа менаџерска куќа, многу композитори стапија во контакт со нас и неколку композитори напишаа дела специјално за нашиот квартет. Станува збор за Лари Груп - еден од десетте најбарани холивудски композитори за филмска музика, Антонио Феранте – италијански компо-


¢ Александар Гавровски

музика

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО РЕАЛНОСТА A REАLITY TOUR (LIVE IN DUBLIN) David Bowie, (Sony 2010) Дејвид Боуви е најголемото име во светот на современата музика. Роден во далечната 1946-та, неговата долга музичка карира се протега низ два века, неколку декади и безброј музички стилови. Нешто што е заедничко за разните периоди од животот на Боуви е квалитетот на музиката. Од самиот почетокот на неговата кариера, преку „мејнстрим“ фазата од осумдесеттите, до албумите „Reality“ и „Heathen“од 21 век. Цел еден куп квалитетни попкомпозиции. Одличен предуслов за добар концерт. Турнејата Reality сега-засега е последната светска турнеjа на Боуви. За жал, истата не е довршена поради здравствени причини. Боуви доживува срцев удар и оттогаш неговите ангажмани во музичкиот свет се минимални. Шансите за уште една светска турнеја не се баш големи. Во 2004 година во продажба се појавува „A Reality Tour DVD“, извонреден видеодокумент за последната турнеја на Боуви, додека годинава во продажба се појави и аудиоцеде од истиот концерт со плус неколку бонус песни кои ги нема на дивиди-изданието. Да се задржиме на концертот. Фасцинацијата доаѓа од повеќе страни:

86

LIFE Д Е К Е М В Р И

NY A.M. Duke B.

е приказна сама за себе. Некои познати класики на Боуви звучат подобро од кога и да е („Loving The Alien“, „Life On Mars“, „Changes“, „Ashes To Ashes“...) Нови аранжмани, нова димензија. Бендот на Дејвид Боуви делува како најдобриот бенд на светот. Новите песни на Боуви (земени од последните негови албуми „Heathen“ и „Reality“) му даваат на овој концерт врска со новото време, и отсвирени во овој контекст, помеѓу сите тие класики звучат вонвременски. Обрнете внимание на „Reality“, „Heathen“, „New Killer Star“ и „Never Get Old“. Нови изненадувања за новите генерации. Без разлика на фактот како понатаму ќе се развива кариерата на Боуви, овој негов концерт претставува фантастичен документ за најинтересната музичка кариера на нашето време. Неговиот глас, изглед, став и енергија тераат на повторно преслушување. Моето омилено музичко четиво за оваа година. Кон крајот, „Ziggy Stardust“ звучи како најдобрата песна на сите времиња за да концертот заврши со проклето добра изведба на „China Girl“. Концерт важен за неколку генерации вљубеници во музиката. Купи! Купи! Купи!

3

1

Должината на концертот - 33 композиции поместени на два компакт-диска со времетраење од околу два и пол часа. Ова е тоа што луѓето го нарекуваат „концерт за паметење“. Бендот. И самиот Боуви во еден момент на концертот е изненаден од луѓето околу себе. Инспиративно. Изведбата на песните

2

ROCK E.P. / TURBO VÖLK E.P. Kanton 6

(PMG recordings 2010)

(PMG recordings 2010)

Новиот албум на Дуке Бојаџиев, „New York A.M.“, во издание на домашната ПМГ Рекордингс. Станува збор за еден од најистакнатите македонски музичари на новото време. Живее и работи во Њујорк. Издава музика релативно често (ова е неговиот шести албум), а во неговото творештво покрај современите музички влијанија, можат да се забележат и влијанија од македонското музичко наследство. „New York A.M.“ претставува колекција од 12 композиции, жанровски различни, кои според авторот се блиски до атмосфeрата во ноќните њујоршки часови. Ако мораме да посочиме една, тоа дефинитивно ќе биде „Факт“, композиција направена заедно со „Bernays Propaganda“.

„Kanton 6“ се Синиша Ефтимов (театарски режисер, гитарист во ПМГ Колектив) и Мирко Попов (диск-џокеј, радиоводител, вокалист во ПМГ Колектив). Нивната работа со „Кантон 6“ датира од 2000 година, но овој проект ретко кога претставувал главна преокупација во нивната заедничка работа. Еден типичен сајд-проект. Изданието „Rock“, всушност се селектирани три композиции направени во 2001 година од кои две за првпат се достапни на пошироката јавност. Ова издание ги содржи „Grapes“ и „Plastika“, техно продуцирани композиции како и легендарната игра со препознатливите семплови од светското

музичко наследство на „хитот“ Rockaroundtheclock. „Turbo Volk“ е пресек на новата работа на бендот, всушност најава за деби-албумот со работен наслов „The Year Acid House Broke“ кој треба да се појави во скоро време. Две прекрасни есид-хаус композиции („Fake & Gay“ и „Havin' It Large“) изградени врз најдобрите моменти од вонвременската есид-хаус култура. На моменти како да слушате некоја стара класика од овој жанр. Се` додека употребата на македонскиот јазик не ве потсети каде се наоѓате. Едноставното е генијално.


За јазикот. Ќе започнам со единственото нешто што би морало да остане недопрено и неизвалкано. Освен тоа, јазикот употребуван во најмоќниот од сите медиуми би морало да служи за пример. Ете конфликт на самиот почеток. Ниту една ТВ-станица нема вработено лектор. Тука не зборуваме за филтрирање на јазикот користен во разните ток-шоуа, туку на чист, литературен јазик во вестите, документарните програми и титловите со превод на филмовите. Не. Освен што нема правилен македонски, секојдневно се судираме со недозволиви грешки (лошо акцентирање, грешни конструкции, дијалекти, па дури и неправилно користење одредени зборови). Секојдневно! На вести, на сите телевизии! Најмоќниот медиум сосема опуштено и без престан користи неправилен јазик. Грешки од секаков тип кои често на дадената тема `и даваат димензија на бурлеска. Од друга страна, пак, сите пишани медиуми мора да имаат вработен лектор, и на крајот на денот јас тука не смеам да се служам со јазикот присутен на ТВ-станиците. А баш би сакал. Би сакал да им се обратам на нивниот јазик. За естетиката. Не би можел да го заобиколам „Миленко Неделковски шоу“. Шоу. Тоа е убав збор. Сценографијата во студиото, пак, не е убава. Не е убаво патика да биде дел од сценографија. Не е убаво кога водителот нон-стоп погледнува кон мониторот и си ја подместува фризурата. Не е убаво кога се седи свртен кон камерата ноншаланто завален во столчето. Не е убаво да се зборува убаво за себе. И неговиот колега од истата фреквенција, симболот на невкусот кај нас, господинот Драган Вучиќ. Неговото ново шоу визуелно изгледа исто како и тоа пред него, и тоа пред него... Не е убаво. Музички е многу појако. Пред некој ден емисијата беше отворена со најавната тема од серијата "Династија" отсвирена во живо. Бесценето. Гостин, покрај бугарската пејачка, Панки - вокалистот на „Куку-леле“. Истиот тој што пред некое време беше уапсен во Италија за злоупотреба на кредитни картички, зборува за професионалните (пејачки) ангажмани. Не е убаво, нели? Кога сме кај естетиката, би ја споменал и емисијата „Нешто убаво“. Тоа беше моето омилено ТВ-шоу. Водителката и нејзиниот „сајдкик“ готвач успеваа да допрат до некои неистражени подрачја. Како кулинарски, така и општествени. Потоа исчезнаа. Беа заменети со тим нималку забавен како нивниот. Разочарувањето коешто беше огромно, за среќа заврши доста брзо со нивната миграција на Канал 5 во шоуто „Заеднички ручек“. Да, животот е убав... Се надевам дека гледате „Браво шоу“. Тоа е најдоброто македонско ендемско ТВ-шоу во моментов. Се емитува на А1 и сигурен сум ќе биде предмет на поширока анализа во еден од следните броеви

на „LIFE“. Водителското трио Сузана Турунџиева - Жанко З’ш - Ранко Рангелов успева секоја наредна епизода да изненади со широка палета нови естетски вредности. Згора на тоа, нивните обиди за хумор се навистина забавни. Едно комплетно македонско ТВ-шоу. За вредностите. Гостувањето на господинот осуден за злоупотреба на кредитни картички ме натера да размислувам на темата. Кога тоа кај нас вредностите добија нови толкувања? Кога тоа криминалот стана кул? Прво нешто на што ми текнува е Велибор Џаровски - Џаро и неговите бескрајни приказни за случките кога со „итрина“ и „заобиколување на законот“ уште „на времето“ во Југославија успевал да стигне до посакуваниот резултат. Џаро беше првиот. Сето тоа „во живо“ на вашата омилена ТВ-станица. Кога сме кај Џаро, не можам да ја изоставам најавната/ одјавна шпица за неговото ново шоу на Канал 5 наречено „Џаро плац“. Зборовите се недоволни да се долови аматеризмот, невкусот и плиткоста на овој ТВ-џингл. Ремек-дело или ако сакате прво место во категоријата „македонски ендемски ТВ-џингл“. Да се вратиме на вредностите. Џаро беше првиот. По него само се редеа нови, нови и нови. Нови играчи кои преку ТВ-станиците ги извртуваа вредностите пред очите на аудиториумот. Телевизијата некогаш е проклета работа. Знаете, таму често може да се види одреден господин како се колне во едно а потоа прави друго. Покрај другото, телевизијата е сведок. Таа сведочи како еден наш водител, на пример, на почетокот на својата кариера имаше ужасно расипани заби. Потоа забите се поправија. Често ваквите примери се однесуваат на ставови кои со текот на времето се менуваат и, обратно од забите на симпатичниот ТВ водител - се расипуваат. За „Еднооки“. Сатирата е одлично средство за изразување. Овозможува директни коментари на конкретни работи. Ќе се сложите, нешто што одговара на нашето плодно поднебје. „Еднооки“ следејќи ја карикатурата како жанр успеваат успешно да коментираат одредени општествени појави и жално е што ова е единственото такво ТВ-шоу кај нас. Јофе и Весна Бејби би можеле на ист начин да стигнат до поентата. Но, прво би требало да запишат краток курс по цинизам па потоа повторно да се обидат. Некои директни коментари, надополнети со доза здрав хумор го издигнуваат „Еднооки“ на врвот на домашната ТВ-продукција. Иако во последно време може да се насети наклонување кон одредена политичка опција, „Еднооки“ претставува единственото домашно ТВ-шоу кое држи до себе и успева на навистина кул начин да го коментира општеството, често директно стигајќи до самата поента. Пример: во една постара епизода (во времето кога на власт беше СДСМ), Јани Макрадули се труди да објасни дека тој е на власт. На ова негово „крекање“ се одѕива Штерјо Наков кој со багер го прегазува и го тера у... Е, тоа е смешно. Во исто време, ја кажува вистината. Нешто што Џаро никогаш нема да го направи...

87 LIFE Д Е К Е М В Р И

Овој текст ќе понуди некои размислувања околу телевизијата кај нас и колку таа придонесе да се изместат вредностите во нашата бескрајна транзиција. Пар белешки како некои вредности добија нови толкувања

¢ Александар Гавровски тв-холичар

МАКЕДОЛАМБАДА


антиквитети LIFE Д Е К Е М В Р И

88

риказната за чајот започнала во античка Кина пред 5.000 години. Според леП гендата, тогашниот владетел, кој бил научник и патрон на уметноста, знаел дека заради хигиенски причини, водата треба да се вари. Со случајното паѓање на сувите лисја од блиските растенија во таа вода, произлегла нова, интересна, освежувачка течност. Така бил создаден чајот. Мисионерите на Зен будизмот и нивната филозофија извршиле големо влијание врз јапонската култура каде што чајната церемонија добила форма на уметност. Актот на претставата при служењето на чајот во јапонската култура бил грациозно движење, шармантно служење, перфектни чекори, љубезно однесување итн. Домаќинките во Јапонија, подоцна и гејшите, се специјализирале во служењето при оваа церемонија. Овој чин бил особено присутен кај богатата класа. Додека чајот бил широко прифатен во Кина и Јапонија, информацијата за него во Европа пристигнала со помош на португалскиот карван во 1560 година. Неговото пристигнување во Европа е во периодот кога Елизабета Прва владеела со Англија, а Рембрант имал само шест години. Во 17 век, кога чајот бил увезуван од Кина во Европа, меѓу луксузните предмети и егзотичните зачини, контејнерите носеле и порцелански чајници. Поголемиот број од нив биле обоени во бело-сина боја. Најпосакуван предмет во тоа време бил чајникот, кој се` уште не се произведувал во Европа. Онака како што ориенталните добра ги заземале местата на европскиот пазар, така чајот станал дел од начинот на социјалниот живот. Се споменува дека за првпат маркизот Севен во 1680 година во чајот додавал млеко. Во тоа време чоколадата и егзотичното кафе,

Чаjник исто така како ориентален производ го нашле своето место во холандските таверни. Кралот Чарлс Втори, додека бил во прогонство, се оженил за Катерина Браганза (португалска благородничка). Таа со повторното доаѓање на монархијата на престолот во Англија ги донела правилата за пиење чај. Пред да дојде чајот на британскиот пазар, Англичаните имале две главни јадења, појадок и вечера. Служењето чај во Англија се одвивало во попладневните часови, со мали сендвичи и торта како дел од социјалното дружење и време за убивање на гладот. Практиката да се канат пријателите на попладневен чај станала вообичаен начин на дружба. Првиот и поголем чајник се затоплувал во кујната и врз него се ставал вториот кој ја задржувал топлината од пареата. Се верува дека дизајнот за чајникот има два извора на влијание. Во средината на 1600 година исламскиот чајник бил многу популарен во кафе-куќите во Англија. Во тоа време не правеле разлика помеѓу чајниците за кафе или за чај. Второто влијание е од кинеските садови внесени во Англија. Примарното производство на англиските чајници било во Стратфорд, идниот центар за англиски порцелан. Ако чајот потекнува од Кина, дизајнот на чајникот, кој го познаваме и денес, потекнува од Европа. Различните форми во раниот период ни кажуваат дека тој бил октогонален, односно во форма на лубеница, растение или

¢ м-р Ангелина Јаневска животно. Таквите форми на чајници во форма на зајак, камила, мајмун итн. се` уште биле со лош квалитет. Во почетокот на 18 век, источноиндиска компанија препознавајќи ја големата потреба за чајници вовела карго-сервис кој посредувал помеѓу кинеските уметници и англискиот пазар. Кинезите дизајнирале чајници според барањата на англискиот пазар и тоа претежно мотиви од европските литографии. Со пронаоѓањето на порцеланот во Мајсен, Германија, во 1710 година до Дрезден се отворила најпознатата фабрика за производство на порцелански производи. Чајниците биле во форма на змеј или друго животно со свиткани рачки. Во исто време, во Англија Џош Виџвуд со растењето на средната класа и ритуалот на пиење чај, како и потребата на пазарот, ја основал фабриката позната по производство на порцелански предмети. Првата британска порцеланска фабрика сакала да го имитира ориенталниот порцелан, но не знаела како е направен. Т.н. мека паста за производство била порозна за разлика од ориенталната т.н. тврда паста. Во тоа време британските фабрики морале да ги продаваат евтино своите производи за да можат да опстанат. Дизајнот на чајникот ги следел трендовите и стиловите низ историјата. Со почетокот на 20 век чајникот добива едноставна и функционална форма особено под влијание на дизајнерот Курбизие. Собирањето на уникатни чајници е хоби од големо задоволство. Независно колку е уникатен или редок чајникот, за него нема трага колку навистина чини. Треба да се проверува вратот, капакот, продолжетокот од каде што истекува чајот и најважен е знакот на опачината од него. Колекционерите најчесто купуваат парчиња што ним им се допаѓаат.


89

LIFE Д Е К Е М В Р И

галерија „Безистен“ адреса: ул.Вељко Влаховиќ бр.3, Скопје (на Рекорд) e-mail: pieta@unet .com.mk тел: 02 3 117 150


танц

ХИПХОП ДЕНС

90

LIFE Д Е К Е М В Р И

ПРЕОКУПАЦИЈА

¢ Патриција Костовска o Ивана Кузмановска


„На Светското првенство првпат имаше диџеј кој во живо ги миксаше песните. Важно е да се запази темпото на музиката од 104 до 120 бита во минута и на тоа одредено темпо ја вежбаме кореографијата. Ние настапивме во хипхоп, мали групи, за возрасни од три до седум членови, каде два различни тима се натпреваруваат истовремено на сцената. Диџејот пушта песна која не ја знаеме, фаќаме ритам, такт и почнуваме со кореографијата. Финалето е различно, тука нe` претставија под името „Team Macedonia“, каде групата сама танцува на терен“, рече Иван. Кореографијата, ритмиката и техниката се клучните елементи за оценување при секој натпревар. Постојат правила за кореографија, која според Светската танцова федерација не смее да биде подолга од две минути за група и за формација (играч на сопствен лик со песни) од две и пол до три минути. Во

рањето, секако дека постојат интересни моменти. Иван ни раскажа за еден од нив:

улогата на кореографи се јавуваат танчарите од студиото. „Лично јас, за кореографија црпам идеи од сите шоуа за танц што ги има во Америка, „So you think you can dance“ и „American best dance crew“. Обично самата песна ме инспирира да направам нешто повеќе. Дали ќе биде тоа поопуштена кореографија во однос на играњето или поцврста, сe` во зависност од тоа колку ми се допаѓа песната и колку може да ме поттикне да почнам да правам кореографија. На Светското првенство не си ограничен во кореографијата, дозволено е мешање стилови. Доколку сакаш да вметнеш електрик буги, брејкденс, можеш слободно да го направиш тоа, ама да не биде многу застапено, на пример осум такта, но не повеќе“, вели Иван.

„Пред две години, кога групата прв пат настапуваше во Црна Гора, мене, како капитен на екипата, ме фати паника пред да излезам на сцената. Имаше момент кога ја заборавив кореографијата и не можев да фатам ритам, да се вклопам во музиката што ја пуштаа таму. Се случува паѓање, заборавање на кореографијата, меѓутоа тоа е професионалноста - да продолжиш во истиот момент“. Во студиото се застапени различни танцови дисциплини: брејкденс, електрик буги и вејвинг. Иван Ангелковски, член на групата „Брејк а лег“, професионално се занимава со танци 17 години и е првак на Македонија од 2005 до 2010 година во латиноамерикански танци заедно со партнерката Ивана Тaрчуловска. Годинава како новитет на студиото се токму латиноамериканските танци кои, се разбира, ги држи Иван. Меѓутоа, хипхопот е главната преокупација на групата и, се разбира, на студиото. Следната година повторно ќе учествуваат на Светското првенство за танци. Дотогаш им посакуваме успеси во и надвор од нашата земја. ¿

Диџејот пушта песна која не ја знаеме, фаќаш ритам, такт и почнуваш со кореографијата Успехот што го постигнаа на натпреварот е резултат на секојдневните проби, двапати дневно по неколку часа. Хипхоп играњето бара многу енергија и кондиција, како и правилна исхрана. На меѓународниот натпревар Скопје опен, студиото „Брејк а лег“ има освоено осум златни медали по хипхоп танци во различни дисциплини. Додека, на Балканот, во Јагодина (Србија) во 2008 година, со претходната постава групата освои второ место. Истата година во Црна Гора освојуваат златен медал за група, а во 2009 година, повторно во Црна Гора, се враќаат со победничко прво место за формација. Кога станува збор за иг-

91 LIFE Д Е К Е М В Р И

ипхоп денс-групата „Брејк а лег“ под името „Team Macedonia“ го освои петтото место на Светското првенство во хипхоп танци, во Бохум, Германија. Овој спектакл се одржува помеѓу 29 септември и 3 октомври, во салата на конгресниот центар Рур, каде што се претставија 47 екипи од 30 земји во светот. Како членка на Светската танцова федерација (IDO) од годинава, Македонија првпат ја исполни нормата за учество на хипхоп натпреварот. Студиото за модерни танци „Брејк а лег“ кое постои две години ги испрати своите најдобри танчари, формираната петчлена група: Ивана Балабанова, Ивона Попчевска, Иван Ангелковски, Марко Пешиќ, Горјан Гилевски и како резерва - Александар Неделковски. „Брејк а лег“ ни се познати по многубројните настапи со Тони Зен, Слаткар, Елена Петреска..., додека активни настапи имаат и во балканските земји - Србија, Црна Гора, Албанија и Бугарија. Нашиот соговорник и капитен на групата, Иван, ни раскажа за доживувањата и искуството од светскиот натпревар во хипхоп танци.

танц

Х


галерија

ГАЛЕРИЈА

92 LIFE Д Е К Е М В Р И

Овие метални инсекти и животни се плод на макотрпната работа на францускиот скулптор Едуар Мартине. Материјалите кои ги користи се огромно множество од кујнски прибор до за’рѓани автомобилски делови.

Оваа кампања е посветена на обичајот секој ноември (или Моември) да се пуштаат мустаќи во поддршка на здравјето на мажите, особено во поддршка на истражувањата за ракот на простатата. Кампањата го става во фокус т.н. „симбол на машкоста“ – мустаќите, прикажувајќи познати „фаци“ како би изгледале без мустаќи. Пораката е едноставна: „Донирајте, пуштете мустаќи, станете по-фаци!“

iPLUNGE е хумористично решение за потпирање на вашиот „Ајфон“. Иако е првично создаден за „Ајфон“, без проблем би се закачил за секој уред со мазна површина.


BlockDock е уште еден од морето држачи за таблет-компјутер. Неговата изработка го прави доволно практичен и елегантен.

галерија

¢ Златко Пармаковски

Борбата против видовите парализа е навистина тешка. Шпанската рекламна агенција „Басат Огилви“ на креативен начин ја поттикнува свеста кај луѓето за овие заболувања.

93

И бабите можат да бидат суперхерои, односно супербабички. Ова го докажува фотографот Саша Голдбергер, кој решил да ја израдува својата 91-годишна баба, подарувајќи и` цел сет од фотографии. Бабичката од почетокот била уморна, но потоа се „отвoра“ и, производот е едноставно генијален!

LIFE Д Е К Е М В Р И

Дизајнерите на мебел инспирирани од графичкиот дизајн неретко смислуваат типографски решенија за вашиот простор. Иако непрактичен избор за полици, овој гломазен производ од финското студио за дизајн „Каиуа“, може да ви заврши огромна работа како преграда за поголема просторија.


галерија

ДУХОВНО ПАТУВАЊЕ

УБАВИНАТА ¢

НА ЕДНОСТАВНИТЕ ФОРМИ

94 LIFE Д Е К Е М В Р И

ртежот се враќа во изложбените салони. Или, можеби, попрецизно ќе биде ако Ц нагласиме дека основата на секое ликовно дело, конечно, се предава во нејзината изворна форма. Таква асоцијација побуди изложбата на цртежи на Илија Прокопиев, која беше поставена во Отвореното графичко студио при Музејот на Град Скопје. Откако во 2008 година ја постави изложбата „На истото место“ во Културниот центар ЦК, потоа продолжи со „Во потрага по ново место“ во рамките на проектот „Скопје – Фрајбург 009“, годинава, со третата самостојна изложба, Илија Прокопиев првпат се претстави со основата на ликовната уметност – цртежот. „Практикувањето на цртежот, а со тоа и самиот цртеж, за мене претставува основниот или главниот медиум во кој пробувам да решам или да поставам одредени проблеми, мисли и идеи. Некогаш, дел од тие цртежи се претвораат во други медиуми, а некои од нив остануваат доволни како цртежи зашто така најдобро се претставуваат моите намери. Работењето на цртежот е особено возбудливо. Цртежот дава можност да се биде искрен и многу директен. Претставува еден огромен простор во кој може да се експериментира и истражува. Со

Тони Димков

o Ивана Кузмановска

ТРЕТАТА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ИЛИЈА ПРОКОПИЕВ БЕШЕ НЕГОВОТО ПРВО ЛИКОВНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ СО ОСНОВАТА НА ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ – ЦРТЕЖОТ изложбата сакав да претставам еден мој подолг цртачки период и една можна насока на моите истражувања во ликовното. Притоа можеа да се проследат варијации на одредени теми и идеи, но и варијации на технички решенија, како и на самата техника – молив, во која се изработени сите цртежи“. Убавината на едноставните форми се наоѓа насекаде околу нас, само треба да ја забележиме. Уметникот Илија Прокопиев оди малку понапред и успева да ја препознае како предизвик за нов ликовен мотив. „Тоа се ’дневни‘ или ’секојдневни‘ цртежи кои ги имам создавано за време на мирни утра и попладниња. Со директна опсервација, или од фотографија, или едноставно од сеќавање на одредени ситуации, сцени, глетки. Целиот тој процес е посебно инспиративен и забавен, како и самиот цртеж. Веројатно во целиот процес, кој трае, се чувствувам многу сигурно и пријатно“, објасни Прокопиев. Цртежите на Илија Прокопиев досега го пронајдоа своето место на групната изложба на цртежи „Индипендент дровинг гиг хп.4“ и како илустрации во книгата „Нови антиупатства за лична употреба“ на Александар Прокопиев.

Изложбата „Македонија: културна разновидност“, која беше поставена во Американското катче во Скопје, покажува дека младите вљубеници во фотоуметноста на вистински начин ги употребуваат придобивките на дигиталното доба. Таков е случајот со Ана Котевска, ученичка во интернационалната гимназија НОВА, која со својот фотоапарат успеа да ја долови културната разновидност на својата држава. Нејзината прва изложба е фотоистражување низ културните, духовните и религиозните слоеви на Македонија, претставено во една заедничка спојувачка целина.

ПОЧИТ ЗА ДОАЈЕНОТ Јубилејната изложба по повод Сто години од раѓањето на Димо Тодоровски е убава можност одново да се согледаат сите аспекти во творештвото на еден од основоположниците на македонската модерна уметност. Доајенот Димо Тодоровски (1910-1983) е прв образован скулптор, еден од основачите на Уметничката школа и на Уметничката галерија во Скопје. Делата на Тодоровски се сочувани во НГМ, во Музејот на современата уметност, во МАНУ, а дел од нив се монументални споменици низ целата држава.


книга

¢ Тони Димков

o Ивана Кузмановска

НЕСКРОТЛИВА ЉУБОПИТНОСТ ЗА ОПИТ ИЛИ, ШТО Е ГЛАВНИОТ ДВИГАТЕЛ НА СУПЕРАКТИВНАТА МАРТА МАРКОСКА?

Плус, магистрант на Интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска книжевност. Минатата година ја објави стихозбирката „Сите притоки се слеваат во моето корито“. Годинава се појави збирката раскази „Вител во Витлеем“. И двете во издание на „Темплум“. Покрај книжевноста, сe занимава и со музика (Josephine's suspenders) и со сликање и со пишување рецензии за филмови и објавување текстови од областа на културата за повеќе Интернет-портали. Повеќе таленти во едно, но во последниов период акцентот на своите активности Маркоска, сепак, го стави на книжевниот израз. Зошто го одбравте пишаниот збор како изразно средство на чувствата и искуствата што ги носите во себе? Па, ако се навратам многу години наназад, кога првпат почнав да ги пренесувам мо„ВРЕМЕ НА ЛАГИ“ СИБИЛА ПЕТЛЕВСКИ („БЛЕСОК“) Како тринаесетти наслов во едицијата „с.р.“ (современ роман / своерачно), „Блесок“ го објави романот „Време на лаги“ на Сибила Петлевски. Во превод од хрватски јазик на Игор Исаковски, романот е објавен со поддршка на Министерството за култура на Република Хрватска. „Време на лаги“ е прв том од трилогијата „Табу“, која им е посветена на храбрите луѓе кои не прифаќаат да живеат во време на лаги и на луѓе кои не се плашат од слободата.

ите лични сознанија на хартија, изгледа се работеше за огромно љубопитство да се пробува, да се испитува и истражува нова територија. Никогаш не го правев тоа со амбиција да го прочитам некому, туку само да го видам на хартија, онака од дистанца, да му дадам облик, да стане дофатно, опипливо. Клише е да се каже дека пишувањето е еден начин на психотерапија, но една мисла, доживување, впечаток, вообличени во текст значи истите да можеш да ги погледнеш од страна, да ги видиш поинаку, од дистанца и да им се навратиш онолку пати колку ти што сакаш. Како се случи преминот од стих во проза? Спонтано. Искрено не би рекла дека станува збор за премин во онаа смисла на зборот што подразбира заземање страни или, пак, заземање за едното, а напуштање на другото, туку за моментални менталнодуховни состојби. „БОГ И БЕТОН“ РИЧАРД МИЛОШЕВСКИ („ИЛИ-ИЛИ“) Издавачката куќа „Или-или“ го објави книжевното деби „Бог и бетон“ на Ричард Милошевски, кој на луциден начин раскажува за своето созревање во Скопје. Низ препознатливите места и локации, но и ликови во кои многумина ќе се препознаат, авторот успеал да создаде еден свет во кој се судираат желбата за експеримент и потрагата по духовното. Или, како што нагласува поднасловот на романот, тоа е „приказна за растењето низ животот... и низ смртта“.

Зошто збирката раскази е посветена на Вуди Ален? Станува збор за една невидена страст и сласт кон неговото дело: филмот, но и пишаниот опус. Впрочем, се работи за една платонска љубов кон делото на некој уметник, во случајов Вуди. Неговиот раскажувачко-опишувачки сензибилитет и едновремената способност да ме насмее секогаш, без исклучок, ме направија страстен обожувач на неговото творештво. Постои ли личен заеднички именител за сите уметности со кои се занимавате и што е тоа што постојано ве гони да создавате нешто ново? Изгледа си барам беља. Љубопитството е опасна работа, сигурно ја знаете поговорката: Curiosity killed the cat. И навистина не знам кои други зборови би биле посоодветен заеднички именител од: нескротлива љубопитност за опит... „ЛУЃЕТО БЕЗ ИДНИНА ГИ ЉУБАТ ЛУЃЕТО БЕЗ МИНАТО“ ЈЕХУДА АМИХАЈ („МАКАВЕЈ“) Поетското дело на големиот еврејски поет Јехуда Амихај, кој во 1995 година беше добитник на Златен венец на СВП, во издание на „Макавеј“ доживеа нова објава со наслов „Луѓето без иднина ги љубат луѓето без минато“. Поетскиот избор го приреди и од англиски јазик го препеа поетот Никола Маџиров. Збирката содржи стотина песни од сите фази на Амихај и, по книгата која излезе на СВП, претставува второ, ново презентирање на неговата поезија пред македонските читатели.

95 LIFE Д Е К Е М В Р И

едофатлива е креативната енергија на Марта Маркоска. Поетеса, перкусионист Н и активен учесник во градските случувања.


календар

03

04

декември

декември

Национална галерија на Македонија ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА НА СКУЛПТОРОТ ДИМО ТОДОРОВСКИ

Метрополис арена ФЕСТИВАЛ „ТАКСИРАТ“

Младински културен центар HANDSOME FURS “, ПЛУС ДЕВОЈКА

Метрополис арена

Дванаесеттото издание на фестивалот „Таксират“ во својата завршна фаза ги носи групите „Вајт лајс“, „Парадајс лост“, „Дубиоза колектив“, „Џентлмен енд ди еволушн“, „Оникс“, „Пекиншка патка“ и „Ману чао ла вентура“. V 19 ч.

Младинскиот културен центар и музичкото радио Канал 103 го организираат концертот на електронското инди-рок дуо „Handsome furs“, кое доаѓа од Монтреал, Канада. Едновремено, пред македонската јавност првпат ќе се претстави Девојка, псевдоним зад кој стои младата и талентирана Билјана Мирковски, која живее, сонува и создава на релација Скопје – Калифорнија. V 21 ч.

Најпознатиот македонскиот пијанист, Симон Трпчески, заедно со Лондонскиот филхармониски оркестар и диригентот на Рускиот национален оркестар, Владимир Јуровски, на 10 декември ќе настапи пред македонската публика. По концертите низ целиот свет, големиот маестро прави вистински гест на почит кон сопствената држава. V 20 ч. ПИЈАНО-КОНЦЕРТ БР. 3, ОД ПРОКОФЈЕВ

12-30 06

декември Културен центар ЦК ПОЕТРИ-СЛЕМ

LIFE Д Е К Е М В Р И

10

декември

Националната галерија во декември го претставува творечкиот и педагошки пат на еден од основоположниците на македонската модерна уметност. Изложбата со наслов „Сто години од раѓањето на Димо Тодоровски“ има јубилеен и ретроспективен карактер. Во објектот „Мала станица“ при НГМ до 12 декември ќе може да се посети изложбата на ликовната уметница Лулзиме Лека-Мулаку од Тетово. V 12 ч. Даут-пашин амам ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА НА СКУЛПТОРОТ ДИМО ТОДОРОВСКИ

96

06

декември

Еден автор, еден микрофон и петминутна песна или текст што треба да се интерпретира пред публиката. Тоа се условите за сите кои ќе настапат на поетскиот слем-натпревар во ЦК. Обврска на публиката е внимателно да ги следи настапите на натпреварувачите и да им додели од нула до десет бодови за секој поединечно.

декември

Македонски народен театар Вистинска театарска офанзива ќе се случува во Македонскиот народен театар во текот на декември. Три премиери, три експлозивни текстови во режија на тројца креативни режисери. V 8.12. „НЕМОЈ ТИ МЕНЕ ФАУСТ!“ (Don't you Faust me!), во режија на Срѓан Јаниќиевиќ V 18.12. „ТЕМПИРАНА ОПЕРА“, во режија на Васил Христов V 25.12. „ТАКА БИЛО ПИШАНО“, во режија на Синиша Евтимов, по текст на Сашко Насев


календар

16-27

декември

декември

Кинотека на Македонија

Македонска филхармонија

17

декември

Клуб „Кастро“ „CONQUERING LION“ Омиленото место на скопските ска-рок-панк-реге и хипхоп клабери, во декември ќе ја понуди својата гостопримливост и на тетовската група „Conqueringlion“. V 21 ч.

19-27

ноем. / дек. Драмски театар Во текот на ноември во Драмски театар премиерно беше изведена претставата „Нирвана“ од Константин Илиев во режија на Јани Бојаџи, „Хамлет“ по турнејата се врати на матичната сцена, а за декември препорачуваме претстави од редовниот репертоар. V 19.12., 18 ч. „ИСТИ НА РАЗЛИЧЕН НАЧИН“ по текст на Венко Андоновски во режија на Наташа Поплавска V 24.12., 20 часот, „СПИНОЗА“ од Гоце Смилевски во режија на Зоја Бузалковска V 25.12. и 27.12., 20 часот, „НОРВЕШКА ДЕНЕС“ од Игор Бауерсима во режија на Оливер Мицевски

Пет филмски циклуси ја сочинуваат декемвриската програма на Кинотеката на Македонија. На почетокот се филмовите на Вим Вендерс, на крајот е циклусот со македонски филмови снимени во текот на 2010 година. Малата киносала во Кинотека, едноставно, пука од активности. V 1-6.12., ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА ВИМ ВЕНДЕРС V 9-15.12., РОМАНСКИ СОВРЕМЕНИ ФИЛМОВИ V 16-17.12., ИНДИСКИ СОВРЕМЕНИ ФИЛМОВИ V 18-22.12., ЧЕШКИ СОВРЕМЕНИ ФИЛМОВИ V 23-29.12., МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ 2010 КИНО „МИЛЕНИУМ“: „МАЈКИ“

декември

КА-ДИС Во текот на декември „КА-ДИС Сеат Македонија“ слави 20 години од своето постоење. Увозникот на автомобилите Сеат во Македонија, со повеќе пригодни настани ќе го обележи својот роденден.

За оние кои се` уште не го гледале филмот на Милчо Манчевски, сигурната можност да го сторат тоа ќе ја имаат до 15 декември, во стандардните термини во 17.30, 20.00 и 22.30 часот. режија: Милчо Манчевски, улоги: Ана Стојановска, Владимир Јачев, Димитар Ѓеорѓиевски

97 LIFE Д Е К Е М В Р И

Откако прослави 66 години од своето основање, Македонската филхармонија продолжува со редовниот репертоар во кој, кон крајот на месецот, акцентот е ставен на претстојните празници. V 16.12., 20 ч. Симфониски концерт, диригент – Јануш Пшибилски, солист на пијано – Пјотр Палечни од Полска V 25.12., 12 ч. Новогодишен концерт за деца V 27.12., 20 ч. Гала новогодишен концерт со диригентот Борјан Цанев


траги низ времето LIFE Д Е К Е М В Р И

98

НОВА ГОДИНА И ДЕДО МРАЗ НИЗ ИСТОРИЈАТА ¢ Катарина Стојанова

НОВОГОДИШНИ ОБИЧАИ ВО СВЕТОТ Симболично Нова година претставува обновување на животот, а обичаите поврзани за тој ден влечат корени од многу одамна. Славењето на заминувањето на старата и доаѓањето на новата година е стар религиски, социолошки и културен елемент во речиси сите делови на светот. Историјата на прославата на Нова година не е точно утврдена, но се смета дека Вавилонците тоа го правеле пред 4.000 години. Римјаните исто така славеле Нова година, но нивниот календар се менувал со секој нов владетел, се` додека Римскиот сенат во 153 година пред новата ера не го „востоличи“ први јануари за почеток на новата година. Според едно од низата толкувања, Германците први во 16 век го воведоа обичајот китење елка. Легендата вели дека китењето го започнал основоположникот на протестантизмот, Мартин

Лутер. Шетајќи низ шумата, Лутер се одушевил од илјадниците ѕвезди како светкаат низ гранките на елките. Толку бил обземен од глетката, што исекол едно мало дрвце и го однел дома кај семејството. За да ја оживее истата убавина која ја видел во шумата, закачил и мали свеќички на гранките. Во Европа и Америка китењето елка станува популарно во 18 век. И денес во целиот свет со голема помпа, врева, размена на подароци и огномет се прославува годината што доаѓа. Некои новогодишни симболи опстанале низ сите цивилизациски мени. Еден од најатрактивните симболи е новогодишната парада, вообичаена кај многу народи. Создавањето придушена врева која доаѓа од ритуалите за истерување зли духови, исто така се задржало во многу краеви на светот – но денес тоа значи удирање во тенџериња и тави, наздравување со чаши, ѕвонење на ѕвончиња,

тапани, сирени и музика. Иако многумина мислат дека новогодишните заколнувања се од понов датум, традицијата ја започнаа уште Вавилонците кои ветувале враќање на позајменото орудие за работа. Модерните заколнувања најчесто се однесуваат на држење диети, здрав начин на живот, откажување од цигари, штедење, повеќе учење, верност... Новата година традиционално е време за собирање – семејно и со пријателите, на организирани прослави, свечено со посебно внимание за изгледот, украсување на ентериерот и екстериерот. СЕКОЈА ЗЕМЈА СО СВОЈА ОСОБЕНОСТ Во Грција прославата за Нова година се поклопува со прославата на Свети Василиј, еден од основачите на Православната црква. Тогаш се сервира василопита или торта „Свети Василиј“,


траги низ времето џуџиња подготвуваат божиќни и новогодишни подароци за деца. Приказната натаму раскажува дека Дедо Мраз секој ден доаѓа во своето село Напари, кое се наоѓа точно на магичниот Поларен круг, оддалечено околу осум километри од провинциската престолнина Ровениемеи. Се` во Ровениемеи е посветено на ликот и делото на Дедо Мраз. Локалниот аеродром е прогласен за службено воздушно пристаниште на Дедо Мраз. Во средината на минатиот век група фински бизнисмени осмислија проект – село на Дедо Мраз. Финската пошта го предвиде промотивниот капацитет на оваа идеја земајќи ги предвид дотогашните детски писма испратени до Дедо Мраз во Финска, Норвешка, Шведска, Канада, дури до Ескимите на Гренланд. Овој проблем го решија така што Финската пошта отвори мала филијала на Поларниот круг, каде работеа млади службеници кои почнаа да одговараат на писмата упатени до даровитиот старец. Дедо Мраз од 1985 година до денес примил речиси 11,1 милион писма. Околу поларната пошта изникна цело село, кое набрзо стана туристичка атракција. Во деновите пред Божиќ на аеродромот на Дедо Мраз слетуваат и по 400 чартер-авиони со 70 илјади посетители кои доаѓаат од сите краишта на светот за да го видат Дедо Мраз и да поразговараат со него. Туристичката индустрија наречена Дедо Мраз денес им обезбедува работа на стотина Лапонци и остварува годишен профит од 500 милиони евра. Комерцијален или не, во западната цивилизација и натаму опстанува митот според кој децата кои ќе бидат добри во текот на годината ќе добијат подарок од стариот дедо, кој во домот се провлекува низ оџак. Оваа идеја неминовно носи профит на индустријата за играчки и други детски предмети, но и само на неколку дена во годината им создава слика на децата дека светот е навистина магично место.

LIFE Д Е К Е М В Р И

МАГИЈА ОД СЕВЕРНИОТ ПОЛ - СИТЕ ЛИЦА НА ДЕДО МРАЗ Во Бразил го викаат Вово Индо, во Финска - Јоулупуки, во Бугарија - Дјадо Коледа, во Естонија - Јоулуван, на Хаваи - Канакалока, во Шпанија - Лос Рејес Магос... Секоја година во светот се обновува дилемата дали Дедо Мраз е универзален детски празничен симбол кој ја разубавува Нова година и Божиќ или комерцијална измислица која служи за претерано трошење. Вистината како и обично е во средина: потеклото на Дедо Мраз има длабоки религиозни корени, а денес овој митолошки лик стана спој помеѓу духовноста и комерцијалната култура. Дедо Мраз каков што го познаваме денес претставува спој на низа

легенди, митологија, обичаи и народни сеќавања во Северната хемисфера. Современиот Дедо Мраз е спој од автентични легенди, верски преданија и комерцијална култура. Се роди од холандскиот „Синтерклас“ - Дедо Мраз во различни култури се одомаќини како Санта Клаус, Сеинт Николас, Крис Крингл... Во западна Европа, свети Никола или Синтерклас е заштитник на децата, кој ги посетува на 5 и 6 декември и им носи подароци. Свети Никола (Николас) потекнува од ранохристијанскиот период и настанал по ликот на свештеникот Николас кој во 4 век живеел на територијата на денешна Турција. Во православната култура свети Никола претставува светец заштитник на морнарите, стрелците, трговците, студентите и децата. Во двете култури поради овие дела се поврзува со тајното оставање подароци и затоа често се поистоветува со Дедо Мраз. Традицијата на денешниот Дедо Мраз се поврзува и за германското паганско верување во богот Один, кој го јавал Слипнир - летачкиот коњ со осум нозе, а чија паралела денес е со познатите ирваси на Дедо Мраз. Один меѓу народот се сметал за „светец пријател“ и се верувало дека го измислил старото писмо руне. Во тоа време во 13 век, децата во чизмите покрај оџакот оставале слатки, моркови или слама, за да го наранат Одиновиот летачки коњ. Основата за христијанската верзија на Дедо Мраз се поврзува за свети Никола, бискуп од Смирна кој живеел во 4 век. Свети Никола бил многу богат и познат по својата дарежливост кон децата и сиромашните. Во англиската верзија свети Никола се претворил во Дедо Божиќ. Неговото потекло датира од 17 век, а на портретите зачувани од тој период, тој бил крупен човек, добро нахранет, со долга побелена брада, облечен во зелен фустан порабен со крзно. Свети Никола заедно со холандските иселеници стигнал во Новиот свет, каде го добил името Дедо Мраз (Санта Клоз), кое потекнува од холандскиот збор „синтерклас“. Митот за Дедо Мраз во Америка е популаризиран на почетокот на 19 век во поемата „Клемета Мура“ - „Посетата на свети Никола“. Карикатуристот Томас Наст ја разработи американската слика за Дедо Мраз кон крајот на 19 век, објавувајќи серија илустрации во магазинот „Харпер викли“. Наст ги додаде деталите како што се работилницата на Северниот Пол, список на добри и непослушни деца... Дедо Мраз се појавува во облека во различни бои, за црвената конечно да биде прифатена, кога така облечен се појави на божиќните честитки во 1885 година. Легендата вели дека Дедо Мраз отсекогаш живеел на крајниот север на Финска. Неговиот дом е во Лапонија, најголемата и најмалку населена финска провинција со два житела на метар квадратен, во планината Корвтунтури, што во буквален превод значи „паднато уво“ од каде ги наслушнува детските желби. Таму со со својата жена Мразица ја надгледува работилницата во која неговите

99

во која се става сребрена или златна паричка. Кој ќе ја пронајде паричката, се верува дека ќе биде среќен во годината што претстои. Во новогодишната ноќ Данците влегуваат со многу скршени чинии пред куќниот праг. Старите чинии се чуваат цела година и на полноќ се фрлаат пред вратата на пријателот. Големиот број искршени чинии симболизира богатство од пријатели. Јапонците цел декември одржуваат забави наречени Боненкаи, со цел да се остават лошите работи зад себе и да се подготват за нов почеток. Ѕвоната на будистичките храмови ѕвонат 108 пати за ги избркаат 108-те човечки слабости, а потоа сите се смеат истерувајќи ги на тој начин лошите духови. Кубанската традиција наложува на полноќ да се изедат 12 цитрони кои ги симболизираат месеците во годината, а почитувањето на тој обичај треба да донесе среќа. Австријците на Нова година, како десерт со свечениот ручек подготвуваат сладолед од ментол во облик на детелина со четири листа. Стариот сицилијански обичај вели дека среќата ќе им дојде на оние кои на Нова година ќе јадат лазањи. Кога ќе отчука полноќ, Шпанците мора да изедат 12 зрна грозје, по едно за секој месец. Норвежаните се честат со пудинг од ориз каде е скриено едно зрно бадем. Оној кој ќе го пронајде бадемот, се верува дека ќе го следи среќа. Во Бразил постои обичај на новогодишната ноќ да се носи бела облека за среќа и мир во годината која следи. Холанѓаните за дочекот печат крофни бидејќи веруваат дека тоа носи среќа. Населението на цела Латинска Америка пред Нова година бара долна облека со одредена боја, во зависност од земја до земја – црвена, розова или жолта. Во некои земји обичаите наложуваат долната облека да се облекува превртена. Италијанците најбучно ја прославуваат Нова година, со верување дека колку поголема врева, лошото побрзо ќе побегне. Од домот исфрлаат непотребни работи, мебел, облека, и тоа низ прозорец. Кај речиси сите народи полноќта се дочекува со делење најубави желби и бакнежи, кои не се само размена на моменти на еуфорија, туку и завет на блискост во следните 12 месеци.


траги низ времето

И ДЕДО МРАЗ ИМА СВОЈА ЦЕНА Ако вашето дете или вие се затекнете во близина на Северниот Пол и посакате да се сликате со Дедо Мраз, тоа задоволство ќе ве чини 35 евра. Ако ова познанство сакате да го засилите со допишување, мора да издвоите уште десет евра по писмо. ВРСКАТА СО СЛОВЕНСКАТА МИТОЛОГИЈА Рускиот Дедо Мраз едвај го крие своето паганско потекло кое води до древните словенски митови, во кои се персонифицираат годишните времиња и нивната смена. Рускиот Дедо Мраз секогаш е во друштво на внуката Снегурочка, весело девојче кое му помага на Дедо Мраз во подготовката на новогодишната забава со подароци за децата. Дедо Мраз е облечен во крзнена наметка прекриена со црвена или сина ткаенина. Современиот Дедо Мраз живее во градот Устјуг во западниот дел на Русија, од каде секоја година ги започнува своите патувања низ Русија и светот во кочија која ја влечат бели коњи. „КОКА-КОЛА“ НЕ ГО СОЗДАДЕ ДЕДО МРАЗ Популарниот мит за Дедо Мраз вели дека неговиот денешен „дизајн“, кој подразбира носење црвена облека со бело крзно, е всушност вешт маркетиншки трик на компанијата „Кока-кола“, која сакала имиџот трајно да го

100

LIFE Д Е К Е М В Р И

СВЕТИ НИКОЛАЈ МИРЛИКИСКИ ЧУДОТВОРЕЦ Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со многу обичаи, жртви и обредни лебови го празнуваат неговиот ден. Иако повеќе се празнува денот на неговата смрт 19(6) декември познат како зимски Св. Никола, сепак внимание му се посветува и на денот на пренесувањето на моштите на свети Никола од Мира во Бари на 22(9) мај, празник меѓу народот познат како летен Св. Никола. Овој важен лик од христијанската религија потекнува од областа Мира во Ликија. Роден е кон крајот на 3 век, учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, каде што удираjќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие кој се одделил од христијанството и проповедал друго верување. Доживеал длабока старост и умрел во 343 година. Бил погребан во Мира, а подоцна пред налетот на исламот со многу свечености неговите мошти биле пренесени во Бари во Италија во 1087 година, поради што и овој датум се смета за празник на свети Никола. Култот на свети Никола е познат од 6 век, а најстарото житие за него потекнува од 9 век. Важел за заштитник на целото население, поради што високо го ценат не само православните туку и католиците. Во минатото го почитувале и Турците, кои, како што стои во некои записи, го викале „Ад ’рбаба“.

поврзе со ликот на дедото од Северниот Пол. Вистината е нешто поинаква: Дедо Мраз стана црвено-бел кон крајот на 19 век, што може да се види на честитките од тоа време кога „Кока-кола“ не ни постоела. Митот сепак има малку вистина. Во 1930 година компанијата сакала да ја зголеми продажбата во теСе верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, им помагал на сиромашните, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените. Сепак, во народното предание најмногу е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и како заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Според верувањата, тој вечно се наоѓа во вода и ги држи клучевите од седумте извори за да не се потопат луѓето. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат на вода. Во преданието се раскажува дека еднаш, кога патувал по вода, бродот потонал а тој шест недели поминал на штица. Цело време му се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и бидејќи го молел, го назначил за заштитник на морепловците. На Дојранското Езеро на овој ден рибарите не влегувале во чуновите, а и во Солунскиот Залив престанувал сообраќајот. Во македонските народни песни свети Никола е опејан како „стар свети Никола“, кој може да го одмрзне и замрзнатото море, но и кој гради цркви и манастири. „Цркви гради стар свети Никола, градил ги од злато и сребро“. Стиховите, пак, од оваа песна со кои свети Никола `и се обраќа на златната рипка од дното на морето „сребро злато, цркви ќе дограда/ бесцен камен у олтар ќе става/ тебе рипке курбан ќе те колам“, се поврзани со традицијата да се јаде риба на празникот (особено на зимскиот празник кој паѓа на

кот на зимскиот период, за што го ангажирала скандинавскиот цртач Хадон Сунблом да направи лик кој познатиот напиток некако го поврзал за зимските празници. Сунблом го нацрта Дедо Мраз во црвена бела облека како пие „кока-кола“, а ликот имал толкава визуелна сила што и до денес се задржал.. ¿

божиќните пости), како и обичајот во некои места за курбан да се готви риба – крап. Во народните песни свети Никола настапува заедно со света Богородица и некои други светци, на пример света Недела, која правејќи свадба заборавила да го покани. Во песните тој е опеан како најстар брат меѓу светците. Иконата на свети Никола се верува дека е чудотворна. Меѓу другото, се верува дека таа ги штити верниците од кражби. Тој на крадците им се јавува на сон и ги принудува украдените работи да им ги вратат на сопствениците.


патување дома

¢ Васко Марковски o Ивана Кузмановска

ШТИПИНГ

ШТИП ЌЕ ВИ ДАДЕ МНОГУ ПРИЧИНИ ДА ГО ПОСЕТИТЕ - БОГАТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, РЕСТОРАНИ СО ШТИПСКА ПАСТРМАЛИЈА И ЛУЃЕ ШТО ЗНААТ ОД СРЦЕ ДА ВЕ ПРЕЧЕКААТ. НО, ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА НА ` ПОВЕЌЕ СТАНУВА ПРЕПОЗНАТЛИВ КАКО ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА. ГРАДОТ ГО МЕНУВА КУРСОТ. ГРАДОТ СЕ ОВОЈПАТ ВЕ ВОДИМЕ НА „ШТИПИНГ“ - ШОПИНГ ВО ШТИП

102 LIFE Д Е К Е М В Р И

ела Македонија се доселува во Скопје. Што би барал јас да одам таму, во градот од каде што заминале соседите што неодамна се Ц доселија, од каде што дошле родителите на другарчето на син ми - ќерка ми од одделението? Да. Сум бил едно десетина-петнаесет пати во тој град, но што интересно има таму да се види? Ќе го спомнат одвременавреме на телевизија, за некакви превирања во ограноците на некои политички партии; кога ќе се случи некоја сериозна сообраќајна несреќа; кога ќе се испотепаат некои криминалци или кога некои стечајци повторно ќе се сетат дека им била направена неправда, дека им ги зеле фабриките од раце и останале без работа. Има, што е за право, и убави вести понекогаш: некој нешто инвестирал, некој пресекол лента на

нешто; одвреме-навреме градот ќе се преполни од луѓе за некој концерт, фестивал, прослава. И, толку. До следната година, до идниот бран убави вести, повторно истото: сообраќајка, телевизиски стории за социјално загрозени семејства, превирања во локалната политика. Одамна одлагавме да отидеме во Штип. Останале само бледи спомени од некогашните убави денови поминати таму, на гости кај пријатели, дружејќи се по непознати маала, непознати улички со деца од нашата возраст - основно, средно - додека родителите ја користеле приликата да се изнамуабетат. Додека годините поминуваат одложувајќи, споменот колку-толку го освежува сликата што ќе ви ја прикаже градската камера на сервисниот канал на кабелскиот оператор. Се обидувате да го препознаете


патување дома LIFE Д Е К Е М В Р И

но-реалистичните раскази на Михаил Ренџов: градот на Петре Великанов кој ископал дупка до другиот крај на Земјата, во Нов Зеланд, копнеејќи да си ги види децата и внучињата; низ кој тече Брегалница, реката во чии вители се изгубил силниот бик кој побегнал од колење во кланицата под Исарот, кој две години подоцна се појавил во темните бунари во Кападокија. Вторник. Заминуваме од Овче Поле. По десетина-двеесет минути возење пред вас се појавува клучката на која секогаш сте се чуделе каде треба да продолжите. Нека не ве чуди ако и овојпат згрешите кога ќе се обидете да го одберете вистинскиот пат до Штип. Важно, држете го на око откако ќе го здогледате, колку да имате ориентација накај каде треба да се вратите, ако залутате. Повторно згрешивме. Иако теренот ни е познат и добро се ориентираме. Забавено возиме низ индустриската зона што се протега од автопатот до последните куќи во градот. Тука некаде треба да се продавниците и магацините на некогашните текстилни и кожарски индустриски гиганти, „Астибо“, „Баргала“, „Македонка“, за кои се` почесто слушаме дека им дале повод на некои пријатели или познајници да поминат еден ден од викендот во Штип.

103

местото што го гледате во кадарот; која би можела да биде зградата на која е поставена камерата; каде е малата рекичка што тече како поток низ амбициозно уреденото, широко корито; или, каде се мистичните стари згради во кои некогаш сте преноќиле, скриени во бршлени и зеленило, од кои некогаш блескал градски стил. Хмм... каде е хотелот кој некогаш сте го доживувале како социјалистички облакодер, во кој бил ресторанот во кој како дете ве однеле на свадба? Каде е одовде крстосницата со грандиозната црква Свети Никола, од која некогаш, по богослужбите, ќе даде изјава Брегалничкиот митрополит, ако случајно видиме прилог од Штип во вестите; или, каде е шарената, артистички боена зграда на Штипскиот театар, што одвреме-навреме ќе ја видиме во прилогот за најновата премиера? И, пак одложуваме. Но, неправедно сме го заборавале. Неправедно сме оставале да ни бледнеат спомените на градот што го паметиме како еден од ретките во кои лесно ќе ја почувствувате градската атмосфера, градските манири на луѓето што некогаш ве пречекувале таму. Забораваме дека тоа е се` уште истиот град кој некогаш не` пленел, низ кој сме шетале читајќи ги мистич-


патување дома

104 LIFE Д Е К Е М В Р И

На крајот од широката двонасочна улица го здогледавме местото што го бараме. Пространата тераса одлево, веднаш зад последниот блок индустриски хали, беше сигурен знак дека тоа е ресторанот во кој требаше да се најдеме со нашиот водич низ Штип. „Добра ви е идејата, ама сте го згрешиле денот. За таа работа треба да дојдете во сабота. Ем да отидете во фабриките, ем да прошетате, ем да седнете на пастрмалија“, ни рече дамнешната пријателка, штипска госпоѓа, Катерина Иванова, додека се договаравме не „што“, туку „каква пастрмалија“ ќе јадеме. Вели, таков бил редот кога ќе се дојде во Штип - да не си заминеш без да јадеш пастрмалија - а, пред нас е долг ден - којзнае дали подоцна ќе имаме време за вкусната пита што мора да се проба во Штип. Разговорот со неа и со луѓето со кои имавме прилика да помуабетиме ни ги потврди како исправни многу од впечатоците што ги имавме за животот во Штип во последните две децении, на кои не` упатува скопското секојдневие. Откако пропаднале големите индустриски гиганти, младите се` повеќе се иселуваат, животниот стандард стагнирал или се влошувал. Мал позитивен импулс било отворањето на Универзитетот „Гоце Делчев“, што ги намалило трошоците за студирање на младите од Штип и од околните општини и, трендот кој речиси секој го забележува - доаѓањето во Штип на шопинг. „Во сабота знае да се наполни со луѓе од Скопје и од другите градови. Семејства со деца, минибуси што носат организирано луѓе на шопинг - ќе дојдат, ќе поминат по фабриките, по бутиците, ќе си купат облека, чевли, ќе седнат на ручек во некој од рестораните - ќе поминат еден ден од викендот и ќе заштедат“, ни раскажа тетка Кети. Одберете кој и да е штипјанец - ќе ви го каже истото. Во погоните на некогашните штипски фабрики се произведуваат квалитетни чевли, кошули, машки и женски одела, капути - за

атрактивни светски брендови. Нека не ве изненади ако нешто што сте го купиле во стоковните куќи во Холандија, Англија или во Германија, било произведено во некој од погоните во Штип, ако повторно го вратиле дома, во земјата каде што било произведено. И навистина. Лесно ќе го забележите квалитетот и во неколкуте продавници во центарот на градот (во улицата од сервисниот канал на кабелскиот оператор, ја препознавме!) но, како што не` подучија домаќините, изборот е, сепак, многу поголем во фабриките, во саботите. Одисејата по штипските продавници би можела да трае подолго од убавото сонце што нема да го остави мирен некого што дошол во градот со фотоапарат. Штип не е само „Астибо“ и „Баргала“ - Штип е и Астибо и Баргала - развиена и богата градска населба, во историските документи првпат спомната во 4 век, како прва станица на патот за Пауталија и Сердика - денешни Ќустендил и Софија, во денешна Бугарија. На 14 километри од Штип се остатоците од Баргала, доцноантичкиот град кој бил подигнат по разурнувањето на Астибо од Готите. Штип е и Стипион, како што бил познат во времето на Византија, и Штип - градот од времето на Цар Самоил, и градот со 2.250 куќи запишан во тефтерите на славниот османлиски патописец Евлија Челеби. Се качуваме на Исарот, тврдината над Штип, топонимот што се спомнува во еден од синонимите на градот. Искачувањето може да биде малку напорно за луѓе што се навикнати да пешачат од седиштето во автомобилот до столчето пред компјутерот и фотелјата пред телевизорот, но вреди да се помачите. Исарот ќе ви раскаже се`. Оттаму најлесно ќе ја научите и историјата и географијата на градот. Пред вас се културното наследство, географските карактеристики и мозаикот од местата што ви останале во спомените - деновите што некогаш сте ги поминале таму, сликите што сте ги виделе на телевизија. Таму најлесно ќе сфатите колку неправедно сте го запоставувале Штип. ¿


105 LIFE Д Е К Е М В Р И


АПИЈА, САМОА

КОН ЗАПАД УТРЕ, КОН ИСТОК ВЧЕРА СРЕЌНО ИЗГУБЕН ВО ДАТУМСКИОТ ПРЕМИН арем само еднаш сме посакале да имаме барем уште еден ден за да завршиме нешто за кое ни требало повеќе време или да доуживаме драгоцени мигови некаде со некого? Или ни се случило нешто непријатно и сме посакале тој ден едноставно да не се случеше? З Ќе ви раскажам вистинска приказна, речиси бајка, за еден ден кој во мојот животен календар никогаш не беше заокружен како минато ниту како

106

LIFE Д Е К Е М В Р И

иднина. Тоа е сказна за деновите пред и после 19 октомври 2006 година, за местата и луѓето кои живеат на островите Самоа во Пацификот. Таа приказна, всушност, е ин мемориам за еден обичен ден кој ќе остане запаметен во мојот живот како денот кој никогаш не ми осамна. Мистеријата секогаш ќе ме прогонува: дали во тој 19 октомври нешто пропуштив или од нешто се спасив? Тоа веројатно нема никогаш да го дознаам, но сепак ќе запаметам дека таму некаде, близу меѓународната временска линија, близу Самоа, на полноќ на денот 18 октомври преминав движејќи се во насока запад директно на 20 октомври! Далеку, многу далеку од дома, на Самоанските острови, тие мали зелени точки во атласот расеани во огромното синило на Тихиот Океан, скриени од лошите сили и злонамерни мисли на Омнипотентните, таму открив луѓе и места кои никогаш нема да ги заборавам. МАГНЕТЕН ШАРМ Некои патувања не се само задоволство и храна за човечката љубопитност туку навистина остварување на некои дамнешни мечти, желби и имагинации. Мене обично не ме возбудуваат местата кои како да се создадени по пример на разгледниците од тропските краишта, со сино море, долги песочни плажи и навалени палми. Таквата идила не ми била блиска на мојот карактер. Сум имал впечаток дека во таквите тропски Аркадии ништо не се случува и дека кога би

живеел таму, брзо би ми здодеал животот. Всушност, отсекогаш повеќе сум сакал предизвици, возбуди, непремостливи реки, дива топографија и адреналински коктели зачинети со историја и егзотични мирудии. Во исто време, во мојот дом, еден магнет со репродукција на Гоген залепен на мојот ладилник во кујната, никогаш не ми даваше мир. На него се две девојки од Полинезија, не толку класично убави колку што се фатално шармантни. Толку време магнетот стои залепен таму, а сепак се` уште чудесно успева да ми го привлече вниманието

и ден-денес. Еден украден поглед и со мислите за миг сум некаде далеку, пловејќи по Јужните Мориња. Не знаев во што лежи причината за овој магнетен шарм: боите ли се, нивните погледи ли се, не знам, но таа мистерија ме следеше долго време. Се` до еден ден кога повеќе судбински отколку намерно, можев да го пронајдам одговорот на тој мој неразрешен ребус. Го пронајдов одговорот на островот Самоа. Некогаш навистина ние не ги избираме патувањата, туку тие не` избираат нас. Чудни се патиштата Господови.


на почетокот и на крајот на светот: западно од овие рајски острови во Пацификот почнува одбројувањето на времето, според усвоениот меѓународен договор за сметање на календарот. Таму се наоѓа IDL, Меѓународната датумска линија, од каде западно почнуваат да се простираат и нижат временските зони. Ако се отиде на најзападната плажа на најзападниот

остров на Самоа, и се гледа на запад, всушност се гледа во следниот ден, во новата надеж за подобро утре. Ако се погледне на исток, освен бесконечниот Тивок Океан кој се простира речиси на половина планета Земја, се гледа и кон сите временски зони од застарениот ден, од минатото, од сите нешта кои се поминати, неповторливи и непоправливи. ИДИЛИЧНОТО ЗНАЧИ ОБИЧНО ВО РАЈОТ Утрото во Апија, на север од островот Уполу во Самоа почнува мрзливо и без големи ветувања за големи вести и возбудувања. Сонцето ја заменува утринската маглина распослана над Апија како износена свилена ношница. Ветерот менува правец. Сенките се раѓаат долги и искршени крај брегот од каде доаѓа свежината. Празните сокаци се потсетуваат себеси зошто тие, всушност, беа создадени – по нив зачекоруваат првите жители на Aпија во наметки налик на фустани, бавно, неправолиниски и по случајна траекторија диктирана од свежите сенки на палмите и од расплетот во последниот сон вечерта. „Талофа, талофа“, одекнува од дворовите и по сокаците. Денот ќе е убав, како и повеќето денови во овие краишта на светот. Температурата ќе биде нешто под 30-ката, како и останатите 364 дена. Тој октомвриски ден во Апија ќе биде запаметен само по неколкуте заскитани и љубопитни посетители. А можеби

107 LIFE Д Е К Е М В Р И

ТИШИНА НА КРАЈОТ НА СВЕТОТ Кога ќе стапнете на почвата на Самоа, се навикнувате на посебна категорија на тишина. Не дека таму нема врева, детски џагор, виење на ветерот, шушкање на палмите, но сепак, тишината на Самоа има уникатна сепија нијанса која првпат ја почувствував токму таму. Тоа е тишина која сака да ве потсети дека се наоѓате

патување надвор

¢ o Роберт Смилески


патување надвор LIFE Д Е К Е М В Р И

108

и нема да биде запаметен по ништо. Обичен еден ден за обични нешта во обичниот идиличен тропски град со име Апија. ФА’А САМОА Самоа не е сиромашна и бедна држава. Далеку се од врвот на листата на најбогатите, можеби се всушност и прилично ниско на најновите измислени листи на болно педантните Супер Цивилизирани, но сепак, мислам дека навистина таму луѓето имаат се` што им треба, освен модерноцивилизациски возбуди и разочарувања на дваесет и првиот век. Откако одамна Роберт Луис Стивенсон се населил на Самоа, Западот научи за овој затскриен дел од светот. Оттогаш поимот Самоа стана симбол за рајот на земјата. Луѓето таму не носат часовници, автобусите – стари комбиња украсени со цветови во весели бои, возат без возен ред се` додека шасиите сосема не се разградат од тропската влага. Самоанците се убави и здрави луѓе – со прекрасни црни очи, со крупни и мускулести тела и густи црни коси. Тие се хранат добро и јадат риба, овошје и се` што плодната почва и морето околу нив несебично им подариле. На гости бев кај едно прекрасно семејство надвор од градот. Тие ме изнапрашаа за моето

семејство, за Македонија, какви дрвја имаме, дали имаме снег и дали сум видел црвени лисја кои паѓаат и после неколку месеци пак растат нови (фантастично!). Сите села во Самоа чиниш се наредени крај брегот, со куќи покрај плажите. Гробовите на најблиските починати се секогаш во дворот, обоени и со форма на пресечена пирамида на неколку ката. На нив се седи, се одмора, си играат децата, се сушат мокри алишта. Повеќето од жителите имаат и мал „депанданс“ навнатре во морето каде одат да се освежуваат на ветрот во деновите кога тој ќе престане да дува на брегот. Навечер на тие колиби сте оставени сами со себе или со својата љубена, без човечки извор на светлина, на рандеву со ѕвездите и на страстен валцер под Млечниот пат. Така изгледа легендарната Фа’а Самоа, или самоанската леснотија и уметност на живеење. АПИЈА ИНК Зборот тетоважа или tattoo потекнува од самоанскиот збор татау којшто некои Англичани одамна погрешно го изговарале и така настанал денешниот збор. Тетоважата во Самоа е силна врска со традицијата стара повеќе од 2.000 години. Геометриските форми на нивните тето-

важи не се случаен избор туку тие се вкоренети во прастари дизајни кои симболизирале ранг, статус, достигнување во животот, област каде се родени и слично. Во 19 век некои христијански мисионери забележале дека не постоел маж на Самоа без тетоважа! Тетоважите церемонијално ги добивале момчињата на возраст кога се сметало дека тие престанувале да растат, така што шарите кои биле вцртани во нивните кожи немало да се растегнуваат и да изгубат од убавината. Гледајќи ги овдешните луѓе со прекрасни тетоважи, човек има чувство дека тие припаѓаат само таму, каде тоа не е само моден тренд туку дел од нивниот идентитет. Ако се загледаш подолго во цртите на мазните кожи на Самоанците, може да се поврзеш со своевидни мапи од некој друг свет, свет којшто тие го носат како светост. Во тој свет живеат нивните предци и ги чуваат тајните за спокоен и убав живот. По тој живот многу луѓе од целиот свет трагаат и чезнеат, а не знаат дека тоа и не се некои тајни на Самоа. Среќата таму од дамнина се криела во едноставниот и скромен живот. БЕГСТВО ОД ЗАПАДНАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА Нема да сум прв кој помислил на такво нешто, тоа е сигурно. Да се избега од стегите на


СО АМЕЛИЈА ПРОТИВ ЦЕЛИОТ СВЕТ Таму, среде никаде во Пацификот, спротивно на моите првични замисли, сепак се случувале прилично многу настани. Амелија Ерхарт, првата жена-пилот која го обиколила светот, исчезнала пред седумдесетина години некаде на овие координати. Нејзиниот авион „Локхид Електра“ го снемало од радарите и повеќе никогаш ниту авионот ниту нејзиното тело не биле откриени. Гледајќи во тиркизниот бескрај пред мене и пиејќи ладно кокосово млеко со цевче, низ главата ми се вртат теории на заговор: Амелија против светот! Знаејќи дека таа била жена пред своето време, можеби таа, всушност, не загинала туку била доволно паметна да „исчезне“ и да го одбере своето совршено вечно скривалиште и почивалиште!?

патување надвор

КАКО КАКАО И денес многу лесно можам да се префрлам во некоја друга меѓудимензија на светата земја на Самоанците, во тивкиот измислен рај од некогашните рекламни постери за филмовите „Кодак“ за фотоапарати или од сликите на Гоген. Ненамерно, кога ми треба млеко, или намерно, кога ми треба мир во душата, само еден поглед кон моите две Полинезијки од магнетот на мојот ладилник, или поглед кон корицата на албумот на Леб и сол - Како Какао и ете ги, тие егзотични жени пак прават чуда! Се прашувам тогаш, зошто ли философијата Фа’а Самоа не завладеала во целиот свет? Веројатно можеше така да биде секаде, да не беше човечката алчност, си помислив. Замислете сите: шанса да допливаме до вчера или утре по желба, и тоа веднаш! Замислете можност за уште една шанса! Замислете целиот свет да е џиновски остров Самоа и да имаме можност да почнеме да го создаваме одново? Колку поубав нов свет би можел тоа да биде... убав како светот на Самоа. ¿

LIFE Д Е К Е М В Р И

Самоа. На моменти помислив дека можеби и мене островиве ми се судени!?

109

модерното динамичко и се` полицемерно општество кое се храни со нас самите. Да се биде дел од една друга, посреќна проекција на живеењето е одамна испробан концепт. Магијата на островите во Полинезија ја открил Гоген, кому му било доста од депресиите на Ван Гог и на европската цивилизација од крајот на 19 век. Да живее од риба и овошје сонувал и шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон, кој си го остварил својот сон доселувајќи се на Самоа каде останал се` до смртта. Во зоната на преминот помеѓу двата датума се сместени и ликовите на Умберто Еко во неговиот Остров од претходниот ден. И таму еден Роберт (дела Грива), великодостојник од 17 век, е заглавен бродоломец на мистериозен брод со митско име „Дафне“, во залив без ветер и без можност да доплива до спасот, бидејќи не знаел да плива. Ова со имево Роберт мора да има некоја симболика: премногу Робертовци за еден мал рај како


специјалитети

ПРАЗНИЧНИТЕ ТРПЕЗИ НИЗ СВЕТОТ ИТАЛИЈА: ГОЗБА НА СЕДУМ РИБИ

Италијанската божиќна вечер – светата вечер на бдеење и пост (La Viglia di Natale) е проследена со можеби најпрочуената божиќна гозба, т.н. Гозба на седум риби (Festa dei Sette Pesci). Овој обичај на постење или неконсумирање месо во пресрет на Божиќ, иако веќе напуштен во повеќето католички и протестантски земји, се` уште се практикува во повеќето региони во Италија. Потекнувајќи од јужна Италија и Сицилија, Гозбата на седумте риби се разликува во видовите јадења од село до село и од регион до регион, но она што е заедничко е дека се приготвуваат седум различни јадења со риба и

морски плодови. Она што е речиси неизбежно е едно од главните јадења да биде со бакалар (во која било форма), а второто да бидат мали слатководни рипчиња (плашици или нивички по нашки). Другите јадења варираат, односно речиси секое јадење со риба може да биде дел од Гозбата на седумте риби: ливорнска туна, пржени лигњи, варени ракчиња, шкампи, чаден лосос, пастрмка, јастози, школки од сите видови, салата од октопод, салата од морски плодови... Она што е најважно е дека јадењата се служат едно по едно, со долги паузи меѓу нив, за гостите да можат долго да пијат вино и да разговараат. ПЛАШИЦИ ИЛИ НИВИЧКИ ПЕЧЕНИ ВО ТИГАН (6 порции како предјадење) Состојки: половина килограм исчистени плашици; 1 филџан брашно; 3 лажици путер; 2 лажици маслиново масло; една лажица свежо оригано (или 2 лажици сушено); 3 чешниња лук, здробен; сол и бибер по вкус; 1/2 филџан бело вино; сок од половина лимон; 2 лажици исечкан магдонос. Загрејте ги маслото и путерот на средна температура во голем тиган, а рибата извал-

БОЖИЌЕН БАКАЛАР

110

LIFE Д Е К Е М В Р И

(12 порции) Ова јадење е типично италијанско традиционално божиќно јадење, чиј рецепт се пренесува од колено на колено. Подготовката на ова јадење трае четири дена, односно бакаларот треба да кисне во вода два дена, а јадењето е најдобро да го направите два дена пред да го послужите. Состојки: килограм бакалар, исечен на парчиња; 2 средни главици кромид, исечкани; 2 лажици маслиново масло; неколку излупени и исечкани домати или домати од конзерва; доматно пире; 5 средни компири, сварени и исечкани; магдонос, исечкан; сода бикарбона; сол и бибер по вкус. Киснете го бакаларот во вода два дена, во фрижидер, менувајќи ја водата барем

двапати дневно. Откако ќе искисне, исцедете го добро. Во длабока тава пропржете го кромидот во маслиново масло, на среден оган, мешајќи го одвреме-навреме, се` додека не се зарумени. Додајте ги доматите, доматното пире, компирите, сода бикарбона и рибата и динстајте го јадењето 20ина минути. Не ги додавајте зачините во овој момент, туку оставете го јадењето во фрижидер два дена, мешајќи го одвреме-навреме. Кога треба да го послужите, загрејте го на тивок оган и додајте ги зачините. Божиќниот бакалар се служи во длабоки чинии.

кајте ја во брашното. Во маслото ставете ги лукот и ориганото, а потоа и рибата. Гответе додека не зарумени, околу 90 секунди од секоја страна. Додајте сол и бибер, истурете го виното и покријте ја тавата, готвејќи на средна температура околу 6 минути (по 3 минути превртете ги рибите од другата страна). Кога ќе биде рибата готова, исцедете лимон врз неа и декорирајте ја со магдонос.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ИРСКА: МИСИРКА И БОЖИЌЕН ПУДИНГ

Во Велика Британија и Ирска, божиќната вечера се јаде напладне, и она што се смета за традиционално јадење најчесто се состои од печена мисирка гарнирана со печен компир и зеленчук (многу често прокељ), а како десерт фамозниот божиќен пудинг. Во елизабетанска Англија, наместо мисирка, во богатите домаќинства се служеле печени лебеди или пауни, а во 19 век - глава од дива свиња или гуска. Но со тек на време, мисирката станала најтрадиционалното божиќно јадење на „островот“. Божиќниот пудинг, јадење кое датира од 15 век, се приготвува со долго варење на состојките: брашно, суво овошје (сливи, суво грозје), лешници, бадеми, цимет и животинска маст. Има многу темна боја, речиси црна – резултат на темниот шеќер кој се става во него. Покрај тоа, внатре се додава бренди или друг тип алкохол, а обичај во поново време е и да се фламбира.


ФРАНЦИЈА: ПОЛНЕТА ГУСКА И ТОРТА-ПЕНУШКА

Во Франција, гозбата или „долгата вечера“ во ноќта на бдеењето при Христовото раѓање се вика Rе´veillon (од зборот rе´veil или бдеење). Јадењата кои најчесто се приготвуваат за француската „долга вечера“ се: чаден лосос, школки или паштета од паткин или гускин џигер како предјадење, полнета гуска, патка или мисирка како главно јадење, и како

ПОЛНЕТА ГУСКА Рецептот кој ви го предлагаме е традиционалниот француски божиќен рецепт за полнета гуска, вистински деликатес за сите сладокусци. Состојки: една гуска (околу 6-7 кг, со срце и џигер), малку свежо сено (околу 150 грама), 50 гр гускина маст, морска сол и свежо мелен бибер. За полнењето: срце и џигер од гуската, ситно сечкани; 100 гр пилешки џигер; 200 гр шампињони, исечкани; 3 лажици Армањак, 150 гр компот од црвен кромид (рецептот подолу), 125 гр месо за колбаси или мелено месо, 100 гр суви црни сливи, сечкани; 100 гр стар леб (багет), исечкан на коцки; 125 гр варени костени, исечкани; 100 гр гускина паштета (foie gras). Загрејте ја рерната на 180 степени. Наполнете ја гуската со сеното (колку што можете повеќе), ставете ја во голема тава заедно со гускината маст, зачинете ја со морска сол и бибер и печете ја 40-ина минути. Потоа намалете ја рерната на 160-170 степени и печете ја гуската долго време (30 минути за секој килограм гуска), преливајќи ја до два пати со маста. Кога ќе биде готова, извадете ја надвор и подгответе го полнењето. Тргнете ја настрана маста од тавата, додека не остане во неа само сокот од месото. Потоа ставете ја

тавата со сокот на рингла и додајте 150 мл вода. Зовријте ја и тргнете ја настрана. За полнењето, во голем тиган запржете ги срцето и џигерот, пилешкиот џигер и печурките, во претходно сочуваната маст. Пржете околу 5 минути, потоа додајте Армањак и мешајте една до две минути. Додајте го сокот од месото, компотот од црвен кромид и месото за колбаси. Мешајте уште 5 минути или додека месото не е готово. Додајте ги сливите, лебот и костените, загрејте на најјако и гответе уште 5 минути. Потоа вмешајте ја гускината паштета и зачинете по желба. Извадете го сеното од гуската и наполнете ја. При служење, на секој гостин дајте му подеднаква порција од црното и од белото месо и од полнењето. Компот од црвен кромид: 2 големи главици црвен кромид, 40 гр путер, 1 лажица шеќер, една лажица мед, свежо мелен бибер, 2 лажички лимонов сок, 2 лажички Армањак. Гответе го кромидот во мало тавче со путерот, шеќерот и 150 мл вода, околу 30 минути, или додека сосем не омекне. Вмешајте го медот, биберот и сокот од лимон и гответе додека течноста не испари. Тргнете го од оган, додајте Армањак и оставете го да се излади.

вен акцент на печено јагне, јаре, мисирка, патка или гуска. Во овој број ви пренесуваме само дел од јадењата кои се приготвуваат во некои земји во Европа, а нови празнични трпези ќе ви претставиме во следниот број на LIFE магазин.

десерт познатата торта-пенушка (La Buche de Noёl или Yule Log) – колач со крем во форма на пенушка. Уште една традиција која се практикува во Прованса е т.н. обичај на 13 десерти кои се служат по главното јадење, а ги симболизираат Исус и дванаесетте апостоли. Традиционалниот пијалак на Французите за Божиќ е, што друго ако не - шампањот. ТОРТА-ПЕНУШКА Состојки: Состојки: 5 јајца (одделени жолчките од белките); 1 филџан шеќер; 1/2 филџан брашно; 14 филџан какао, малку сол, малку оцет. За мока-филот: 1 филџан слатка павлака; 1/2 филџан шеќер во прав; 1 и 1/2 филџан инстант кафе. За мока-глазурата: 1/3 филџан путер, омекнат; 1/3 филџан какао; 2 филџана шеќер во прав; ванилин шеќер; 1 лажица сварено кафе (филтер кафе, еспресо...); 2 лажици млеко. За декорацијата: 1/8 филџан шеќер во прав; 250 гр марципан; прехранбени бои. Ставете во тава хартија за печење и замастете ја. Одвојте ги белките од јајцата во сад за матење и оставете ги на собна температура 30-ина минути. Во друг сад изматете ги жолчките, а потоа постепено додавајте 1/2 филџан шеќер, континуирано матејќи. Додајте ги брашното, какаото и солта и матете додека не добиете изедначена смеса. Матете ги белките додека не добиете пена, додајте малку

оцет и матете додека не стане цврсто. Постепено додавајте го преостанатиот шеќер. Кога ќе биде готово, полека вмешајте ги белките во претходно подготвениот фил од жолчки и какао. Мешајте рачно (без миксер) додека не добиете изедначена смеса. Ставете ја смесата во тавата и печете 15-ина минути на 180 степени. Изладете го малку тестото (околу 5 минути) и ставете го врз крпа посипана со шеќер во прав, комплетно покривајќи го од сите страни. Во меѓувреме, изматете го мока-филот (слатката павлака, шеќерот и кафето), отворете го тестото и исфилувајте го. Потоа направете голем ролат во форма на пенушка. Во друг сад матете ги сите состојки потребни за мока-глазурата и потоа распределете ја врз ролатот. Со виљушка направете линии за да личи на дрво. На подлога посипана со шеќер во прав измесете го марципанот заедно со прехранбените бои (зелена за лисјата и црвена за бобинките). Со нож обликувајте ги лисјата, а со раце бобинките.

специјалитети

православниот Бадник и Божиќ. Во различни земји, покрај тоа што постојат различни обичаи околу прославувањето на овој праз-

ник, постојат и различни начини на кои се подготвува божиќната односно празничната трпеза. Некаде трпезата е посна и е претежно сочинета од риба, рибина чорба, морски плодови или печен крап, а на други места е богата со секакви јадења и десерти, со гла-

111 LIFE Д Е К Е М В Р И

ериодот кога поголемиот дел од светот го прославува Божиќ и се подготвуП ва за Нова година е пред нас, а се ближат и


маса за двајца

112 LIFE Д Е К Е М В Р И

ште не сте биле во Шпанија? Не мора ни да брзате. Една од големите причини У поради која вреди да ја посетите, веќе ја имате

¢ Васко Марковски

АЗАФРАН

дома, во Скопје: шпанската храна, ресторан во кој се готват шпански јадења за кои вреди да појдете до Шпанија. TОПЛИНА, СРДЕЧНИ ДОМАЌИНИ, Ресторанот „Азафран“ е токму такво место. Место со модерен ентериер, пријатен амбиент и ВКУСНА ХРАНА, ПРИЈАТЕН, добри домаќини, на неколку минути од „строгиот“ СОВРЕМЕН ЕНТЕРИЕР. ОВА центар на Скопје. Постои само неколку месеци, а МОЖЕБИ ЌЕ ГО НАЈДЕТЕ И НА веќе е на добар глас, и една награда во неговото ДРУГИ МЕСТА, НО ТУКА ИМА портфолио: „Најдобар угостителски објект во Скопје“. Во неколку месеци, веќе трети-четврти НЕШТО СОСЕМ РАЗЛИЧНО. НА пат сме таму. Место што ќе ве повикува назад МНОГУ МЕСТА ЌЕ НАЈДЕТЕ секогаш кога ќе посакате нов импулс за убаво ПИЛЕШКО И БИФТЕК, НО РЕЧИСИ расположение: по работа, по фламенко концерт СЕКАДЕ ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКААТ ИСТИТЕ на некој од скопските фестивали, годишнина од некој убав момент или, на мезе - кога имате потВКУСОВИ. ОВДЕ ЌЕ НАЈДЕТЕ реба накусо да побегнете од стресот на работа. ВКУСОВИ ОД КОИ НЕМА ДА Петок навечер. Менито ни е веќе колку-толку МОЖЕТЕ ДА СЕ РАЗДЕЛИТЕ познато. Почнуваме со две салати и порција „тапас“ - шпански мезенца. Додека да ни ги донесат, кува поделени мислења на масата - некому ќе пиеме сангрија уживајќи во овошната свежина му се допадне, некому ќе му пречи благиот тон. што ни ја дава лесно црвено вино, помешано со Многу полесно ќе ја прифатите втората, која сок од портокал, овошје и мраз. Пристигнуваат крие комбинации од изненадувања според тоа салатите. Во едната чинија, салата со козјо сикаква комбинација ќе ви се погоди да боцнете со рење, рукола, марула, семки од сончоглед, ореви виљушката. Мезињата ќе бидат вистински вовед и суво грозје, во сос од балсамико оцет и мед, со мармалад од црвена блага пиперка врз сирењето. во тоа што претстои - три куси лекции по „Вовед во вкусовите на Шпанија“. И, повторно поделени Во другата - „салата со пршута“ - марула, шпанмислења: некому ќе му се допадне сланината со ска пршута, кашкавал, пармезан, чери-домати и јајца, со дресинг од мајонез; сервирано со потпе- урми, некому „крајно неочекуваната комбинација“ од диња и пршута. Но, лесно ќе се согласите чено лепче со лук и маслиново масло. Веднаш за лепчињата со пате од сирење и „необичниот“ до нив е и порцијата со три вида тапас: лепчиња сос од блага пиперка: „Има уште?“ со пате од сирење и сос од блага пиперка; урми Сe` што пробавме до главното јадење, со сланина; и диња со пршута. Салатата со козјо ветуваше финале што ќе го паметиме. Така и сирење е малку повеќе необична, па предизви-

беше. Пред нас е бифтекот - дисциплина за која поголемиот дел од сериозните кулинари ќе се согласат дека е тест на зрелоста на ресторанот. Пред нас е телешки бифтек со фуа (паста) од мисирка, во сос од благо шпанско вино „Педро Хименес“. Речиси несвесно се фаќате во разговор со себеси или со човекот на вашата маса: „Е, од ова се откачува!“ Внимавате на секој залак. Сакате колку што е можно повеќе да ја одложите разделбата. Меко и вкусно, неповторливо. „Да, овој ресторан е различен!“, ќе се согласите со зборовите на домаќинот Луис, Шпанецот што му го даде „Азафран“ на Скопје. Десерт? Хмм... Лесно ќе решите да го прескокнете, колку и да се предизвикувачки десертите на куќата: крем карамел, чоколаден мус со сос од портокал, торта со сирење, торта од три вида чоколада... Заминуваме одушевени од бифтекот и задоволни од сметката. За 1.500 денари ќе најдете милион комбинации за двајца, а сепак да пробате многу. Сакате да ја импресионирате вашата сопруга или девојка, да надминете некаква напнатост, да се искупите за некоја грешка, или - барате начин да и се приближите на некоја жена што ви се допаѓа? „Азафран“ има доволно шарм да `и припише на вашата личност! Адреса: Ленинова, бр. 33-а, Скопје. Работно време: 9:00-24:00 (нед-чет), 9:00-1:00 (пет-саб). Резервации: тел. 02 / 3221 907. Електронска пошта: azafransk@gmail.com Картички: Visa, Master Card, Maestro, Diners, American Express. Пристап за луѓе во количка: една скала на влезот и љубезен персонал да помогне (надворешни рампи меѓу катовите) Повеќе ин о: www.azafranmk.com; FB: Azafran Bar-Restaurante Espanol


на претставите на Драмскиот театар, заминувајќи си, во зависност од строгоста на родителите, на паузата или на крајот на претставата, но сеедно, опиени од магијата на Играта. Од желбата да се ѕирне во дупките на сцената, длабоко зад завесата, во гремијорните... Избезумени од радост поради дофатените сништа, од шансата која широкоградо ни ја даваше чичкото Портир - барем привремено да бидеме дел од Бајката. За потоа, со денови во маалото, дел од нашиот секојдневен речник да бидат видоизменетите фрази и репликите на актерите кои тогаш, за нас беа безмалу божества, вешти магионичари кои од дупнатата шапка катадневно ни вадеа сe` понови изненадувања, богатејќи ни го духот и крепејќи ни ја душата. Па, дури и со години, со децении подоцна, кога во театарското бифе одблизу ги запознаваме без костими, некогашната детска опчинетост ги спречуваше дури и циниците од мојата генерација - да им ја симнат шминката на актерите, за да не им се размачкаат сопствените спомени. Сепак, со сигурност знам дека магијата на движењето на бесмртниот Брус Ли, единствениот кој можеше кога и како сака да го онади оној сега интергалактички популарен Чак Норис, не е прашање само на мојата жал за младост, туку, нешто што на генерации од моето маало им вбризгуваше оптимизам. Дневна доза кураж и верба во правдината, на расклатените столчиња во киното „Карпош“! Нормално, оние од прочуениот 14-ти ред, кај преминот меѓу двата дела од киното, кои дозволуваа да се доживее вистинската атмосфера на филмот и да се реплицираат движењата на Брус Ли, уште за време на проекцијата. Доволно простор за mae geri за замислен противник. Со сета омраза кон неговите бројни непријатели. Ма, каков Чак... Брус Ли беше поезија! „Плачат гледачите, солзи леат / Жал им е за оние кои Брус Ли ги уби / Доста Брус Ли, брату мил / имај душа ти / остај ни барем еден за следниот филм!“ Еден против сите, плус правдата е ем брза како молња, ем секогаш има и морална поука. Еуфорија! А кога сестра ми, преку една од тогашните „акции за вработување“, стана лекар во едно скопско село и ги доби за пациенти бебињата-близнаци Брусли и Тарзан (не се сеќавам дали татко им беше Бенквик или Сандокан, или тоа подо-

б е л е ш к и н а с л у ч а ј н и о т м и н у в ач

имските вечери голем дел копиљаците од маалото во кое често сакав З бргу да пораснам, најчесто ги минуваа

цна, некако ми се „налепило“ врз спомените), едноставно збрлавев. Од поплавата на чувства. Какво социолошко објаснување на феноменот на магијата. А бе, Брус Ли, наш, не беше филм. Тој си беше магија... Сe` почесто, обично во моментите кога син ми ќе ме стутка во клинч, со некое од стотиците прашања на кои сe` потешко изнаоѓам одговори, ми доаѓа пред очи сликата на стариот мој, како вешто успева да ја смени темата и наместо конкретно да му одговори на здодевниот наследник, да ме замае со приказните од минатото, со магијата на старите добри времиња. И, иако не знам колку пати сум ја цитирал изреката на некој умен човек дека „кога конечно ќе му станат дел од минатото, сите времиња се добри“, се нешто се фаќам себеси како расцимолкано евоцирам спомени од далеку поубавото вчера, и се обидувам како знам и умеам, втренчените, љубопитни очи на мојот наследник да ги обојам со нежните бои на минатото. Најчесто, низ шега на сопствена сметка, глорифицирајќи ги седумдесеттите, па и првата половина од осумдесеттите години од минатиот век, во кои сепак, имаше некаков ред на нештата, постоеја рамки со кои се вкалапуваа чувствата за фер-плеј и за одговорност и работите поради кои вредеше да се ризикува ќотек во маалото, казна од родителите, прекори во училиштето... Одамна, пред сe` да се срчоса. А тој, наследникот ми љубопитен, неретко и сосема нормално, очекува јас - како со волшебно стапче - да му ги решам проблемите при израснувањето. (Јас, пак, не сум ни магионичар, оти и за триковите треба многу вежба, а јас сакав и сакам само да им се воодушевувам и да им ракоплескам. Не сум сигурно ни волшебник... Единствено што можам е да се надевам дека ќе ја открие својата магија што ќе го куражи, осамен пред компјутерскиот екран...) Копиљаците од моето маало, маѓепсани од убавината на Играта, го изиграа детството до балчак, а кога, некако и премногу брзо ми се оствари желбата (што најчесто ја имав додека главно заслужено, јадев „ластици“&„чакмаци“ од некој поголем&посилен кој претходно се нашол на удар на мојот остар јазик) да пораснам, некако, тоа не беше веќе тоа. И покрај магијата која со себе како ореол ја носеа наследничките на Ева, и која, треснувајќи ме од земја - од светогледот ми ги истресе сите детски палавости, некако веднаш почнав да го доживувам цитатот на Селимовиќ: „Беше тоа некогаш, одамна, во животот сe` уште убав. Можеби ми се чинеше тежок тогаш, но кога мислам за него од ова место, би сакал да ми се врати“. И, ден-денес си го преживувам. Премногу рано станав носталгичар...

LIFE Д Е К Е М В Р И

Дневна доза кураж и верба во правдината, на расклатените столчиња во киното „Карпош“

¢ Синиша Станковиќ

113

УДРИ, БРУС ЛИ!


панорама

ПАНО РИБИНА ЧОРБА, ПА СЕКОЈ ВОДИ СВОЈА БОРБА

Гостилница „Дукат“, на аголот на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Рузвелтова Специјалитет на куќата е рибината чорба која со гордост им ја нудат на новите гости, а гостопримливите домаќини се пофалија и со новоотворената фурна во која се пече филе и коленици. Од менито ни ја издвоија скарата и бројните салати, а велат дека се најпознати по македонската салата. Град Скопје неодамна `и додели признание за најдобра гостилница за 2010 година. Признанието го добија врз основа на неколку критериуми, а најпресудни беа квалитетот на храната и услугата која ја нудат.

УНИКАТЕН АМБИЕНТ И МАКЕДОНСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ Ресторан „Стара градска куќа“, спроти МОБ, на почетокот на адвокатската уличка Старите скопјани ја знаат куќата на вулканизерот, а денес таа е најпознатата „Стара градска куќа“. Куќата датира од 1836 година, ја градел скопјанецот Кочо Јовановиќ и денес се води како културно наследство. Според наследникот од шестата генерација Димитрие Јовановиќ, куќата важи за најстара функционална куќа во Македонија, постара од куќата на Робевци во Охрид. Градена е во мешан стил: австроунгарски, турски и македонски. Нуди македонска кујна по бабини рецепти, пити под вршник, зелници од фурна, јагнешко печено, свински ребра, пастрмалија, леб од фурна – сомун, овчо сирење, пинџур, ајвар, лутеница, полнети пиперки, сарма од лозов лист, грнето „стара куќа“, турли-тава и таан алва. Ресторанот доби признаница од Град Скопје за најдобар ресторан за оваа година.

114 LIFE Д Е К Е М В Р И

ПО НАШ ВКУС, ЗА СЕЧИЈ ЏЕБ Место: ЌЕБАПЧИЛНИЦА „СТАРА ЧЕШМА“ адреса: ул. Иван Козарев бб буџет: 400 денари за двајца Останаа малку места со автентична приказна во градов. Локацијата „Стара чешма“ е една од ретките која под истото име е позната уште од турско време. За постарите жители од тој крај, тоа е центарот на населбата Кисела Вода. За помладите генерации ориентир е близината на старата рампа. Токму тоа е суштината на автентичните локации.

Околу нив секогаш имало многу приказни. Такси-возачите честопати се вистинскиот репер колку еден ресторан е познат во градот. Кога ќе им кажете да ве однесат до „Стара чешма“, бидете сигурни дека ниту еден од нив нема да ве препраша - каде е тоа? Главниот специјалитет во „Стара чешма“ се ќебапите. Со нив ја остваривме првата гурманска средба со ресторанот. Веднаш сфативме дека тука не важи правилото „десетка со кромид“. Љубезните домаќини веднаш не` предупредија дека нивните ќебапи се по 50 грама и дека за

стандардна порција и пет ќебапи ќе ни бидат сосема доволни за добро да се заситиме. Секако, во „Стара чешма“ има и друга скара – ражени, кременадли, плескавици. Има и чорби, и салати. И кафе – македонско! Така ја разбравме симболиката на амбиентот. Во ресторанот има и традиција и историја, и душа и топлина. Домаќински! Токму затоа старите жители на Кисела Вода тука се собираат за попладневните и вечерните муабети. Без обврска, без договор, релаксирано и со нешто ситно во џебот, во „Стара


панорама

РАМА ПРЕФИНЕТОСТ, ГУРМАНСКО УЖИВАЊЕ И ЗАБАВА НА ЕДНО МЕСТО

Ресторан и кафе-бар „Дежа ви“, Т.Ц. Рамстор, први кат „Дежа ви“ е отмен, префинет ресторан со гурманска храна од целиот свет. Специјалитетите кои се главна одлика на местото се достапни по прифатлива цена така што секој може да си дозволи да ги вкуси оригиналните состојки на француската, италијанската, хрватската кујна. Во ентериерот преовладува црвената боја. Двата аквариума со голем број риби се специфичен украс, допадлив на прв поглед. Столовите изработени од италијански штоф, црвено-црните сепариња и декорираните маси му даваат елеганција на самиот простор. Кафулето е резервирано за љубителите на добро кафе и муабет. За обожавателите на електронската, диско и хаус-музика на вечерните забави настапуваат диџеи, а мали концерти одржуваат и македонските поп-ѕвезди. НЕОДОЛИВ МИРИС НА ВКУСНИ ПИЦИ

чешма“ може да се помине пријатна вечер. Маалските приказни ја даваат духовната димензија на ресторанот. Некогаш немаат ниту почеток, ниту крај. Најбитно е да се биде присутен, да се фати вистинската поента и да се почувствува духот на амбиентот. Автентичноста не инсистира на препознавање. Едноставно, се чувствува со сите сетила и на телото и на душата. Тоа е најважниот специјалитет во „Стара чешма“.

115 LIFE Д Е К Е М В Р И

Пицерија „Метро“, ул. Лазо Трповски бр.1 - Битола На само два метра од елитниот Широк сокак, битолчани ги привлекува неодоливиот мирис кој се шири од пицеријата „Метро’’. Ентериерот е уреден со маси и столови од масивно дрво и ѕидови од тули кои потсетуваат на стара Битола. Амбиентот е топол, исполнет во жолта-окер боја. Пастелно зелените везови на сепарињата го откриваат домашниот амбиент, а придушената светлина која ѕирка од фенерите изработени од ковано железо го надополнуваат модерниот стил обезбедувајќи комфор и сигурност. Во таков стил е и кујната. Различните италијански и македонски пици, салати со преливи, разните мезиња го прават ова место посебно. А, битолските муабети без крај се засладуваат со кафе и чоколадна коцка. Во пицеријата „Метро“ секако ќе сакате да појдете пак.


ЕКСКЛУЗИВНИ ПОПУСТИ СО LIFE КЛУБ КАРТИЧКА !!! Почитувани читатели, Во овој број на „LIFE магазин“ ви ја подаруваме LIFE клуб картичката, која ќе можете отсега да ја користите во повеќе места низ Македонија: јавни институции, ресторани, бутици, продавници за чевли, фитнес-центри, козметички салони, книжарници... Овие наши партнери во „LIFE клубот“, доделуваат одредени попусти на производите и услугите кои ги нудат, специјално за вас – читателите на „LIFE“. Отсега ќе можете во „LIFE магазин“ да ја проверувате листата на места каде што имате попусти, а ние ќе

ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР - 25% попуст на билети бул. Св. Климент Охридски б.б., Скопје

ДРАМСКИ ТЕАТАР – 25% попуст на билети; попустот не важи за премиери и специјални гостувања Шекспирова 15, Скопје

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА - 20% попуст на билети Македонија б.б., Дом на АРМ, Скопје

ФИТНЕС-ЦЕНТРИ

116

LIFE Д Е К Е М В Р И

TCC PLAZA WELLNESS CENTAR – 25% попуст на месечниот полн пакет (неограничено користење фитнес-сала, базен и сауна) Васил Главинов 12, Скопје тел. (02) 3 111 807 MAGNUS FITNESS CENTAR - 10% попуст Ул. Огњан Прица б.б., лок., Скопје Тел: 072 222 222 www.magnus.com.mk

КОЗМЕТИЧКИ И ФРИЗЕРСКИ САЛОНИ

СТУДИО MAJA - 20% попуст на сите услуги бул. Климент Охридски бр. 17, Скопје тел. (02) 3 214 082

ACID WEAR – 10% попуст Токсик - ГТЦ 1 кат позади Југотон и Acid Store - спроти Рамстор - Скопје www.acidwear.com.mk

AURIЕGE – PARIS (ДЕРМАБЈУТИ) - 10% на која било индивидуална услуга и 10% попуст на секој индивидуален производ Ул. Христо Смирненски 54, Скопје tел: (02) 3 230 130 www.auriege.com

ПРОДАВНИЦИ ЗА ОБЛЕКА И ЧЕВЛИ, БУТИЦИ, АСЕСОАРИ, НАКИТ

ЛУКАС ММ, БИТОЛА - 20% попуст на сите артикли коишто се по редовни цени Продавница за спортска опрема Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 12, Битола Продавница за чевли Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 12, Битола Продавница за спортска опрема Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 3, Битола

SILHOUETTE – 10% попуст на сите услуги Silhouette Скопје Ул. „Васил Главинов“ бр. 7б, Скопје Тел: (02) 3223 355 ; (02) 313 13 13 Silhouette Битола ул. „Пелагонка“ бр. 2, Битола тел: (047) 60 99 99 Silhouette Охрид ул.„Туристичка“ бр. 49a, Охрид тел: (046) 257 789 FASHION LOOK - ФРИЗЕРСКО И КОЗМЕТИЧКО СТУДИО, НАДГРАДБА НА НОКТИ И ШМИНКА – 10% попуст на сите услуги ул. Васко Карајанов бр.5, Скопје тел: 02 32 32 682 моб: 071 248 518 моб: 070 222 517 e-mail: feshion.look@gmail.com CUT & CUT - HAIR STYLING STUDIO – 10-20% попуст, во зависност од услугата ул. Наум Наумовски Борче бр. 87, Скопје тел: (02) 3120 235 / моб: 070 600 183 www.cut-cut.com.mk e-mail: dimitar.dimovski@cut-cut.com.mk AURA - 20% попуст на сите услуги Пелагонка 2, ламела 2/4 кат, Битола тел. (047) 202 231 www.aura.com.mk e-mail: aura@aura.com.mk

SPRINGFIELD - 10% попуст ТЦ Рамстор и ГТЦ – Скопје; Гоце Делчев 25 - Куманово.

BATA - 10% попуст ТЦ Рамстор и ТЦ Соравија – Скопје.

GEOX - 10% попуст ГТЦ, Скопје

УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА И АНТИКВАРНИЦА БЕЗИСТЕН - 10% попуст за целокупниот асортиман на галеријата кој е со редовна цена ул. Вељко Влаховиќ 3 (на „Рекорд“), Скопје, тел/факс: (02) 3 117 150 www.artgallerybezisten.com.mk e-mail: pieta@unet.com.mk ACCESSORIES - 15% попуст; не важи за артиклите кои се веќе на попуст Ramstore, тел: (02) 3 228 024, Скопје ГТЦ, тел: (02) 3 121 705, Скопје

КНИЖАРНИЦИ MISS SIXSTY, ENERGY, KILLAH - 10% попуст ТЦ Соравија, Скопје FANI PRIMO – 20% попуст ул. Анкарска бр. 29, Скопје

BABETTE – 10% попуст на артикли кои не се на попуст ГТЦ, I кат (спроти Mango, веднаш до Oxette), Скопје

* Листата на попусти се менува секој месец. LIFE магазин не одговара за промените направени од страна на партнерите во тековниот месец

КАФЕ-КНИЖАРНИЦА ТРИ - 10% попуст ГТЦ I кат, Скопје, Тел: (02) 32 38 722 Моб: 071 268 402 www.kniga.com.mk e-mail: knizarnica@kniga.com.mk


се погрижиме секој месец да ве изненадуваме со нови партнери и нови попусти. За да можете да ја користите вашата LIFE картичка, единствено што треба да направите е да отидете на адресата: www.makfax.com.mk/ lifeklubkartichka и да го оставите вашето име и презиме, како и бројот на картичката која се наоѓа во вашиот примерок на „LIFE магазин“. Подолу можете да ја најдете целосната листа на партнерски места и попусти за овој месец, но не заборавајте да ја проверите новата листа следниот месец! Ваш, LIFE магазин

ОРДИНАЦИИ PROTETICS S&S - 15% попуст ПРОТЕТИКА С и С, д-р Борис Станков, ул. Даме Груев, Градски ѕид б.б. (во просториите на ЈЗУ „Железничар“), Скопје тел: (02) 5 210 846 (02) 3 134 444, лок. 112 Моб: 070 234 445

ОРДИНАЦИИ ПАШОСКИ, ОРДИНАЦИИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА И СТОМАТОЛОГИЈА - 20% попуст за приватно лекување Ул. 50 Дивизија број 34, Скопје Тел: 02 3179 805 (општа медицина) Тел: 02 3179 893 (стоматологија) Работиме со сини картони www.pasoski.com.mk e-mail: info@pasoski.com.mk ДР. ХАЏИЕВСКА – 20% попуст за приватни прегледи Поликлиника Идадија, ул. Иво Лола Рибар бб, Скопје тел. (02) 3 231 419 ГИНЕКОМЕДИКА - 10% попуст на сите услуги. Ул. Народен Фронт бр. 9/1, Скопје тел: (02) 3 220 800 тел: (02) 3 111 392 www.ginekomedika.com.mk

РЕСТОРАНИ NOBU SUSHI & BAR - 15% попуст на целото мени ул. Ленинова 29, Скопје тел. (02) 31 21 123 nobu.restaurants.com.mk LA LUNA – 20% попуст на целото мени Ramstore, прв кат, Скопје Тел: (02) 312 12 14 www.laluna.com.mk e-mail:laluna@laluna.com.mk DALMA - 10% попуст Ресторан Далма, Петар Поп-Арсов 22, Скопје Тел: (02) 3 246 616 www.dalma.com.mk e-mail: contact@dalma.com.mk

БЕЛА ТЕХНИКА И КОМПЈУТЕРИ МИГОР – ДЕЛ СТОР - 5% попуст ТЦ „Беверли Хилс“ ниско приземје, лок. 55, Скопје

ХОТЕЛИ ХОТЕЛ АМБАСАДОР, БИТОЛА - 30% попуст ул. Београдска 2а, Битола тел. (047) 225 623 ХОТЕЛ МИЛЕНИУМ, БИТОЛА – 10% попуст ул. Маршал Тито 78, Битола тел: (047) 241 001

АКТИВИРАЈТЕ ЈА КАРТИЧКАТА НА: www.makfax.com.mk/lifeklubkartichka

117 LIFE Д Е К Е М В Р И

МАТИЦА МАКЕДОНСКА - 10% попуст бул. Св. Климент Охридски 23, Скопје тел: (02) 3 22 11 38; 3 23 03 58; 3 22 42 65, факс: (02) 32 17 139 е-mail:contact@matica.com.mk www.matica.com.mk

КОЗМЕТИКА И ДРОГЕРИИ НУТРИВИТА – за природна козметика Olivela –10% попуст, за додатоци во исхрана GE 132, Symbiotics, Stevia и алги –10% попуст и за Lansinoh колекција за трудници и доилки – 10% попуст 29-ти Ноември бр.15-3, Скопје Тел: (02) 3230 777 Факс: (02) 3230 777 www.nutrivita.mk


ТАРОТСКОП ДЕКЕМВРИ 2010

118

LIFE Д Е К Е М В Р И

¢ Мадам Шехерезада

ОВЕН ШЕСТ НА ПАРИТЕ

БИК КРАЛИЦА НА ПАРИТЕ

БЛИЗНАЦИ БОРБЕНА КОЛА

РАК ОСУМКА НА МЕЧОВИТЕ

ЛАВ ВИТЕЗ НА МЕЧОВИТЕ

ДЕВИЦА ШЕСТ НА СТАПОВИТЕ

Кон крајот на годината – крај и на проблемите. Во овој период на подароци и убави желби, најверојатно и вас ќе ве посети Дедо Мраз, односно може да добиете унапредување, бонус или шанса за работа во странство. На емотивен план, хармонични односи со партнерот, а за оние кои не се во врска – неочекувано вљубување. За вас, цеден сок од портокал, зачинет со љубов!

Убавото е што конечно ги земате работите во свои раце. Овој месец треба вие да владеете со ситуацијата, само вие и никој друг. Колку ќе организирате, толку ќе се реализира, и тоа на сите полиња. Ѕвездите во комбинација со оваа карта укажуваат и на многу страст во љубовта: разгорување на страстите во старата врска или нова романса. Излегувајте во природа, јадете костени, очекувајте снег.

Борбената кола е карта која означува борба, освојување и изборување за работите кои ги сакате. Меѓутоа, без разлика што оваа карта ви кажува дека ќе го остварите тоа што сте го замислиле, патот нема да биде нималку лесен (имајте на ум дека во борбата сте сами). Сепак, во љубовта, нема да ви штети мало придвижување - напротив! Патување за новогодишните празници? Задолжително!

Најверојатно ви се чини како годинава нема никогаш да заврши: периодот ви е ни ваму – ни таму, смачено ви е од сопки и озборувања, а финансиската ситуација уште толку ве доведува во ќор-сокак? Поуката од оваа не многу пријатна карта е дека мора да се издржи уште само малку – до почетокот на новата година. И не плашете се, љубовта ве грее. Печена тиква и чајче за вас – и една добра книга.

Лавови, ѕвездите за овој месец ви се „разбудени“ на лева нога, а со нив и вие. Немојте да претерувате со критики, забелешки и кавги, бидејќи тоа ќе ве доведе во конфликт со фамилијата, пријателите и љубената личност. На работа, не претерувајте со авторитативност, некој може да се пожали на вашето однесување. Месојаден период за вас, сепак, избегнувајте да јадете живи луѓе :).

Убав, успешен, победнички период за вас. Ќе си ја завршите работата навреме, ќе потврдите дека сте миленик/чка на колегите на работното место, ќе освоите доволно срца, ќе ви цути во љубовта... Немојте само премногу да се вообразите, имајте на ум дека картите се вртат барем еднаш во месецот :). Бидете добри, купете подароци за сите најблиски, помачете се и пригответе богата вечера.

ВАГА КРАЛ НА СТАПОВИТЕ

СКОРПИЈА МАЃЕПСНИК

СТРЕЛЕЦ ВИСОКА СВЕШТЕНИЧКА

ЈАРЕЦ ТРOJKA НА ПАРИТЕ

ВОДОЛИЈА ПРАВДА

РИБИ СОНЦЕ

Оваа карта е сосема во склад со харизматичната природа на вагите, дури и ја множи со три пати. Овој декември, како и сe` околу вас – блескате, шармирате и засенувате. Но внимавајте, бидејќи љубомората и озборувањата се многу блиску до вас, да не речам – зад вас. Прашајте се кому навистина можете да му верувате и не подлегнувајте на ласкања! Воздржете се од мрсна храна и алкохол.

Прекрасен, комуникативен, лежерен период им претстои на сите скорпии. Многу дружби, излегувања, кафиња и коктели после работа, како и ситни љубовни авантури и флертувања. Сосема пригодно за новогодишниот период, и сосема својствено за скорпиите :). А впрочем, магијата е сосема на ваша страна, или уште повеќе, во ваши раце. Пијте коктелчиња, уживајте во забавата!

Несвојствено за периодот (а и за стрелците), декември ќе ви се одвива во знакот на самотијата и тишината. Конечно, по долго време, ќе успеете да се посветите на себе и на семејството. На повидок е одмор во некоја викендичка во планина, без Интернет и мобилен телефон, а со добра книга. Слободните стрелци за првпат наполно ќе уживаат во самотијата. Ракија, мезе, печка на дрва... што повеќе?

Во предновогодишната еуфорија, мислите само на работа и заработувачка, не одвојувајќи време за себе и за најблиските? Запрете малку, вратете се чекор назад. Амбицијата не секогаш е позитивна работа, особено ако се одрази на здравјето и ако ви создаде проблеми со семејството. А, и некој од вашите колеги нешто ви има забележано? Забавете, одморете се, толерирајте!

Оваа карта во комбинација со каприциозните водолии претскажува бројни конфликти - на работното место и во емотивниот живот. Иако сте во право, претераната потреба за истерување правда и недовербата која ја покажувате кон сите околу вас, па и кон партнерот, може да ви се врати како бумеранг. Земете здив и размислете дали проблемите не лежат на некое друго место. Предлог: редовна исхрана и повеќе време за одмор!

Еден прекрасен сончев декември за сите риби. Хармонични семејни односи, љубов и пријателство, како што прилега пред Нова година. Магијата е веќе во вашиот дом, а надежта ви тропа на врата. Ќе бидете исполнети, весели, раздвижени и ќе си потпевнувате. Секако, покрај љубовта и пријателството, следи и решавање на финансиските проблеми, па можете слободно да одите во шопинг!


број 50 декември

ТЕМА

магија

магија

LIFE МАГАЗИН


Life_201012  

магија ТЕМА ЖИВОТОТ НОСИ МНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА Нашата позната поетеса Лидија Димковска, како наш гостин колумнист во овој број, поетски, емотив...

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you