Issuu on Google+

17 Причини за Детските Книги 1.Книгите не развеселуваат и восхитуваат. Тие знаат да не насмеат и да не расплачат,не утешуваат и не упатуваат на нови можности. 2.Книгите ни помагаат да го развиеме својот јазик и својот речник. 3.Книгите ја развиваат нашата фантазија.Не учат да се замислуваме длабоко. 4.Книгите будат во нас нови прашања и не тераат да размислуваме за нив. 5.Тие го развиваат нашето мислење,ни даваат нови идеи и предизвици.Ни ја шират свеста и сознанието за светот. 6.Книгите не запознаваат со други земји и обичаи,ни раскажуваат за природата,техниката, историјата...за се она за што сме љубопитни. 7.Книгите не учат да развиваме сочувство кон блиските.Ни даваат шанса да се ставиме на нивно место и да ги разбереме нивните емоции. 8.Не тераат да се замислиме што е добро или лошо,правилно или погрешно. 9.Тие ни го објаснуваат светот околу нас и смислата на нештата во него. 10.Можат да ни покажат дека не секогаш има само едно правилно решение на проблемот, дека на една иста работа може да се погледне од повеќе различни гледни точки. 11.Книгите ни помагаат да се разбереме себе си. Стануваме поуверени,кога знаеме дека постојат и други кои се осеќаат како нас. 12.Преку нив разбираме дека во секој од нас има нешто различно. Читањето на книги од автори кои живееле во различни времиња и култури ја зголемува нашата толеранција.Така чувствуваме помалку предрасуди. 13.Книгите ни прават друштво кога сме осамени.Лесно може да ги понесеме насекаде со нас,а може да ги позајмиме бесплатно и од библиотека. 14.Книгите се дел од нашето културно наследство. 15.Добра детска книга може да биде читана и на глас. На тој начин би уживале и младите и возрасните во неа.Таа е како линк меѓу генерациите. 16.Детските книги обезбедуваат работа за многу луѓе: автори, илустратори, уредници, графички дизајнери, лектори, фотографи, библиотекари, издавачи и други. Книгите за деца придонесуваат за побогат културен живот.Тие се важни културни извозни репрезенти на нашата држава,што ја прават позната во светот. 17.Книгите за деца се нашиот прв контакт со литературата, еден бескраен свет кој постои до крајот на нашите животи. Лазар Ѓорѓиевски Svenska Barnboksakademin www.barnboksakademin.com


17 причини да ги сакаме детските книги