Page 1

СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО CERTIFICATES OF ORIGIN

Лазо Ангелевски, проектен консултант


СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО CERTIFICATES OF ORIGIN

2012 година Скопје

2


ЦИП – Каталогизација во публикација Национална и униварзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје

СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО - CERTIFICATES OF ORIGIN Уредник Лазо Ангелевски, Скопје, Стопанска комора на Македонија, 2012 стр. 28 ISBN – 13 978-608-65096-5-1

а) СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО - CERTIFICATES OF ORIGIN

Сите права задржани

3


СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО CERTIFICATES OF ORIGIN Вовед Сертификатите за потекло се меѓународни трговски документи што се користат за да се одреди потеклото на стоките за службени, комерцијални и финансиски потреби и причини. Практично, секоја земја во светот го зема предвид потеклото на увезените стоки кога треба да се одреди какви должности и обврски произлегуваат од стоките или во некои случаи дали воопшто може легално да се увезат тие стоки. Сертификатите за потекло потврдуваат дека стоките во одредена пратка се целосно добиени, произведени, изработени и преработени во одредена земја, односно земја на потекло. Стопанската комора на Македонија има повеќедецениско искуство во издавањето на сите сертификати за потекло. Покрај другите меѓународни трговски докумeнти, Стопанската комора на Македонија сега ги издава комерцијалниот непреференцијален сертификат за потекло Certificate of origin и преференцијалниот сертификат за потекло FORM A. Со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европските заедници и нејзините земји-членки, издавањето на сертификатите ЕУР 1, премина во надлежност на Царинската управа на Република Македонија. Оваа постапка беше воведена и во сите други поранешни југословенски републики. Партнерството меѓу Светската стопанска комора (ICC WCF) со Светската царинска организација (WCO) датира од 1950-те и дополнително беше зајакнато со Меморандум за Разбирање (MOU), потпишан во јуни 1996 година во Хонг Конг. ICC тесно соработува со Царината преку трговските WCF олеснителни активности – АТА карнет, Сертификат за потекло (CO), како и Полисата ICC и работи за застапување на интелектуалната сопственост, фалсификување и пиратерија и даноци и прашања поврзани со транспортот. Сертификати за потекло во светот Во светот околу две илјади стопански комори доставуваат повеќе од 12 милиони сертификати за потекло годишно! Во 1898 година бил издаден првиот сертификат за потекло, а по потпишувањето на Женевската конвенција, коморите се признати од страна на владите и царините како надлежни органи за издавање на сертификати за потекло. Коморите играат значајна, важна улога како доверливи трети страни, кои носат сигурност, интегритет, неутралност и непристрасност во издавањето сертификати за потекло. Формата на сертификатите за потекло е иста во сите земји-членки на ЕУ, меѓутоа се разликува јазикот. На пример, Комората во Барселона треба да го обезбеди сертификатот (формата) на пет јазици, додека во Франција сертификатот (формата) е на два јазика. Сертификатите за потекло имаат различни цени, одредени од страна на секоја стопанска комора и се разликуваат од земја до земја. Прашањата за цените се опфатени во Светската коморска федерација WCF - Оддел за соработка за сертификати за потекло. На пример, во некои земји со јавно-правни комори, цените може да бидат значително помали отколку во приватно-правните 4


комори. Во одредени земји, царините ја имаат одредено правно цената што може да биде наплатена за сертификати за потекло. За одбележување се поединечните искуства при користењето сертификати за потекло. Во сертификатите за потекло треба да се наведе земјата каде што се произведени, а не од која земја потекнува оригиналниот бренд (марка). Нормалната постапка за издавање на документите е истиот ден. Но, услугите варираат во зависност од тоа дали комората го употребува ECOсистемот или дали документите се доставуваат до канцеларијата. Тоа зависи од методот на доставување на соодветните комори. Со електронските сертификати за потекло не се спречува верификација на сите документирани докази за потекло. Според Светското истражување за сертификати за потекло за 2009 година, тие се признати од страна на националните власти и странските органи на 19 земји (и одговорните комори). Електронските сертификати за потекло (ECOs) се` уште не се признати од сите царински органи. Секоја земја се справува со електронските сертификати на свој начин. Зависи од одлуката на земјата колку далеку сака да оди со електронскиот развој и со какво темпо. Преференцијалните сертификати за потекло им овозможуваат на производите намалување на тарифите или изземање кога тие се извезуваат во земји кои ги продолжуваат (прошируваат) овие привилегии (на пр: GSP и Комонвелт преференцијалниот сертификат). Италијанските правила не ја прифаќаат декларацијата за потекло како доказ за не-EУ потекло и само го признаваат не-EУ сертификатот за потекло (издаден од не-EУ организации) или царинење. Во врска со доказот за не-EУ потекло, во Велика Британија се прифаќа декларацијата за потекло на снабдувачот, во отсуство на не-EУ сертификат за потекло, но декларацијата треба да биде заверена од нотар или слично. За извоз на софтвер, обезбедениот документ е само патентна лиценца и компанијата сака да се изјасни за потеклото на софтверот. Стопанската комора го потврдува потеклото на производот базирано на доказот што го обезбедува извозникот. На производителите не им е дозволено да издаваат нивни сертификати за потекло. Одговорноста за издавање на сертификатот за потекло е ограничена на секоја организација која може да се класификува како „сигурен орган или агенција прописно овластена за таа цел од страна на земјата на издавање”. Оваа работа за сертификација е огромна одговорност која е овластена од владата. Доколку Комората има некакво сомневање во точноста на сертификатот за потекло, таа не е обврзана ниту должна да го издаде сертификатот. Доколку има некакви случаи на измама, треба да бидат известени соодветните органи. Бидејќи ова е сериозно прашање, одделот треба да го достави овој предмет до главниот извршен директор. Во овој случај мора да се следи насоката на Светската коморска федерација за сертификатите за потекло. Според Светското истражување за сертификатите за потекло за 2009 година, електронските сертификати за потекло се признати од страна на националните органи на 29 земји во Светот. Во Турција нема розева копија на сертификатите. Има трипликат од сертификати за потекло којшто се користи во Турција и на кој само првата страна е зелена, останатите се бели. Локалните комори во Турција бараат придружни документи, како што е извештајот за капацитетот на производителот за да се докаже дека производителот може да го произведе тој производ, ако увезат некои суровини или нешто друго во текот на производството. Придобивките од користењето на арапскиот аертификат се тие што сте сигурни дека ќе ги исполните сите барања за увоз на стоки. Здружените арапски сертификати се соодветни за секој извоз во земји од арапската лига, но ако барателот бара ЕУ-сертификат за извоз во арапска земја, барателот треба да 5


потпише писмо за обесштетување за комората (може да обезбеди текст, ако е потребно) пред да го употреби ЕУ-сертификатот. Перу, како корисник на Швајцарската шема на преференции, издава сертификат за потекло форма А за производи со потекло. Во графата 12 од Форм А се укажува на земјата (Перу) каде што производот бил произведен и тоа значи дека е во согласност со потеклото. Канада ја прифаќа извозната фактура, нормално, како доволен доказ за потекло. Извозната фактура е обезбедена од барателот, кој е нормално член на комората, исто така може да не биде член на комората, а ако не е, тогаш компанијата приложува повеќе податоци за неговата компанија, името на директорот и акредитивни писма пред да се прифати извозната фактура. Нормално, тоа е документ кој е вообичаен за да се утврди потеклото на стоките. Понекогаш ќе имаат посебна декларација за потекло обезбедена од компанијата и најавена од еден од потписниците. Но, во отсуство на извозната фактура се бара друг автентичен документ, како што е прекуокеанскиот (странски) сертификат за потекло од прекуокеанските (странските) стопански комори, каде што се произведени стоките. За земјите во кои сертификацијата на сертификатите за потекло не е регулирана од страна на владата, компаниите можат да се заштитат од одговорност со земање совети од своите правни советници и, можеби, во Комората некаква форма на професионален надоместок за осигурување. Овој вид на осигурување може да варира енормно, за што има примери, бидејќи секоја комора во Велика Британија треба да има политика на надомест на штета. Тие тоа го имаат за сите нивни вработени, но тоа е особено важно за оние кои работат со документацијата, бидејќи можеби од небрежност од нивна страна можат да имаат многу сериозни последици. Во досие се чува копија како доказ за сертификатите за потекло (која и да било розова копија, прикажани при претставувањето). Оригиналот се враќа на извозникот и тој, исто така, добива уште една копија за сопствена евиденција. Тоа се фајлови кои се предмет на ревизија кога доаѓа инспекција. Во некои земји не постои единствено и уникатно тело кое ги овластува стопанските комори за издавање сертификати за потекло. Може да биде организација со "одговорност за издавање на сертификати за потекло, што е ограничена на која било организација која може да биде класифицирана како доверлив орган или агенција прописно овластена за таа цел од земјата на издавање... Во прифаќањето на овластувањето за издавање на сертификати за потекло, се прифаќа одговорноста доверена од владата, како од организацијатаиздавач, така и од сите членови на персоналот кои се вклучени, со огромна одговорност. Во многу земји, особено од Блискиот Исток и од Азија, услов е да се има печат или знак за судски совет на документот, што влијае на кредибилитетот, автентичноста, или на веродостојноста на она што е наведено во документот. Овие земји постојано бараат печат од стопанска комора во земјата-извозник или поседување барања за влезни процедури. Сертификатите за потекло не треба да се мешаат со декларацијата за потекло. Го задржуваме терминот "сертификат за потекло" како официјален документ од страна на владата или од коморите во таа земја и никогаш не треба да се меша или да се користи како општа изјава за потекло. Сертификатите за потекло се чуваат најмалку две години од датумот на издавање, а потоа се уништуваат, а не се чува копија. Царинските органи бараат преферен-цијалните сертификати за потекло да се чуваат три години. Најголемиот дел од владите и владините агенции се потпираат на стручноста и мрежата на стопанските комори, а тоа е чест пример и со првиот Сертификат за потекло издаден уште во 1898 година. Од 1923 година Женевската конвенција, која предвидува дека владите може да го одобрат издавањето на сертификати за потекло на "надлежните органи", владите на 6


развиените и земјите во развој го имаат делегирано издавањето на сертификати за потекло на коморите, за кои се смета дека се соодветни организации, дека тие се сигурни и не би ги компромитирале интегритетот, неутралноста и непристрасноста во издавање, дали се работи за непрефернцијални сертификати или преференцијални сертификати. ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ ЗА ПОТЕКЛО Стандардните правила за употребата и процедурите на сертификатите за потекло и сертификација на меѓународните трговски документи се дизајнирани за да обезбедат едноставност, еднаквост и униформност на праксата, како и меѓу сите органи. За сертификатите за потекло  Тоа е потврда за потекло и мора да биде во официјална форма добиена од телото за издавање на сертификатот - стопанските комори. Секој сертификат, заверена копија и пријавата мора да е, во секој поглед, во согласност со барањата на органот од кој треба да биде издаден и мора да бидат подготвени во согласност со сите прописи, правила и инструкции од издавачот и сите упатства, правила или забелешки;  копија од фактура во однос на извозот на стоки, наведени во сертификатот за потекло мора да се приложи во сертификатот;  стоките мора да бидат опишани според нивниот комерцијален опис, мора да бидат исти како што се појавуваат во фактурата за извоз на стоките. Ако просторот во сертификатот е недоволен да се опишат стоките, тогаш мора или да се користат две или повеќе форми на сертификат во согласност со просторот кој се бара во овој случај, официјалниот број на вториот и секој натамошен сертификат што се користат мора да бидат отстранети, а бројот на првата форма која се користи мора да биде вметнат во своето место, секоја форма е одбележана со бројот на сертификатот кој се состои од вкупно сертификати за потекло (пр. "Страница 1 од 3 страници", "Страница 2 од 3 страници", и др.); или цврсто и трајно да се приложи копија од фактурата за извоз, сертификат за секоја копија на сертификатот и пријавата ....... општ опис на стоката, со зборовите "во согласност со приложената сметка бр ......." мора да се додаде во просторот за опис на стоката во секоја од формите. За извозна фактура и други документи  Барателот може да бара сертификација на фактури со лого на декларација за потекло или друга изјава, како што е наведено во условите и потребата на одредена држава. Други документи, како што се листи на пакување, извозна декларација и други документи поврзани со извозот, може да бидат проверени од стопанската комора.  Сите документи поднесени за сертификати мора да бидат потпишани во согласност со прописите.  Стопанските комори мора да ги потврдат автентичноста на потписите на документите презентирани за сертификација.  Копии од секој документ доставен до органот за издавање на сертификатот мора да бидат доставени и да содржат потпис на лицето кое се потпишало на изворниот исказ. 7


Второто правило се однесува на одговорноста на подносителот на барањето да се направи соодветна декларација за потекло на стоката и предмет на барањето за сертификат за потекло. Потеклото на стоките се утврдува во согласност со релевантните прописи на Европската заедница. Со цел да се обезбеди точноста на изјавата, мора да бидат исполнети следниве услови:  барателот да ги стави на располагање за проверка од страна издавачот на сертификатот, кога е потребно, неговите книги и записи. Издавачот на сертификатот има право да врши увид на стоките и какви и да било прашања од други компании или организации, специфицирани од страна на жалителот, кои биле вклучени во производството, примената на секој процес, обезбедувањето на стоките или дополнување. Издавачот на сертификатот ќе има право на пристап до сите дополнителни информации за кои смета дека се неопходни;  ако стоките кои се произведени или преработени од страна на барателот, мора да ги објават деталите на процесот изведен од него, на задниот дел на пријавата, во согласност со барањата на сертификатот;  ако стоките не се произведени од страна на барателот, името и адресата на производителот мора да бидат наведени на задната страна на пријавата со лого. На барање за издавачот, подносителот на барањето мора да достави копија на производите или на снабдувачите, според прописот потпишана изјава за потеклото на стоките;  во случај на повторен извоз, барателот мора да докаже дека идентификуваната стока повторно е извезена стоката претходно увезена, и поддршката на неговата декларација за потекло со производство на: сертификат за потекло од надлежниот орган во земјата на извоз или копија од фактура од страна на производителот или изјава на производителот или вистинските производители на стоки, или копија од увоз за влез против која стоките се избришани од приходите и Царината, или доказ за потекло како што се бара од издавач на сертификати;  подносителот на барањето мора да обезбеди дополнителни информации доколку издавачот смета дека е потребно. Правило 3. Сите апликации за сертификати за потекло, сите изјави кои се однесуваат на таквите апликации и сите изјави на фактури или други документи кои се потребни за сертификат мора да бидат потпишани од страна на директорите, имено:  во случај на директно барање, од страна на сопственикот;  во случај на партнерство, на партнерот на компанијата;  во случај на корпоративни тела, од страна на директорот или секретар на претпријатието. Алтернативно, декларациите и другите документи може да бидат потпишани од страна на овластено службено лице или претставник на фирма или компанија Правило 4. Во секое време, врз основа на која било изјава од страна на подносителот на барањето или на некој кој обезбедува докази за да се доведе во прашање од кое било лице или надлежен орган и барателот за веродостојноста на сертификатот, издавачот на сертификатот ќе комуницира за сите детали за случајот со надлежните служби. Правило 5. Стандардните правила може од време на време да се променат, изменат или да ги заменат новите правила одобрени од страна на националната стопанска комора. Секоја модификација, промена или замена, како и датумот, од кога тие се ефективни, ќе бидат познати за издавачот во писмена форма до реализација. 8


Правило 6. Без разлика на сето она што е содржано во претходните Правила, издавачот на сертификатот го задржува правото во секое време и без изјава за видот на причината, да се одбие да се завери сертификатот за потекло или фактурата (или друг документ) кој може да биде презентиран за проверка или сертификација. Како да се пополни сертификат за движење EUR1 форма? Страница 1, Графа 1 - Мора да биде лице жител на земјата извозник или претставува фирма регистрирана во земјата извозник. Графа 2 – Да се внеси името на специфичната земја на дестинација. Графа 3 - Примач - се препорачува секогаш да се вметне називот на примачот, името и адресата. Графа 4 – Држава - Група земји или територија од кои се смета потеклото на производите. Графа 5 - Земја на дестинација – Се става име на лице од земјата на дестинација. Графа 6 - Транспорт – потребни се детали. Графа 7 – Забелешки – Да се стави една од следниве заверки, каде што е потребно. Инаку остави го празно. "Duplicate" - да се вметни ова ако се аплицира за дупликат сертификат за движење EUR1 , затоа што оригиналниот е изгубен, украден или уништен. Мора да се објасни причината зошто е потребен дупликат во писмена форма, каде и кога оригиналниот EUR1 е издаден. Да се обезбеди целосна примена форма EUR1 ознаката "Duplicate" во Графа 7 - да се внеси сериски број и датум на издавање на оригиналниот сертификат во ова поле. "Издаден дополнително" – да се внесат овие зборови, ако стоката ја напуштила земјата пред издавањето на EUR1. Исто така, се додава, на страница 4 од став 1 на пријавата, "и дека за овие стоки нема EUR1 претходно издаден". Графа 8 – Се става точка, броеви и идентификување на знаци и броеви во просторот на левата страна од кутијата. Ако се различни видови на стоки, кои се прикажани одделно на фактурата, покажуваат секој тип посебно на EUR1 и нив (1,2,3 итн.), се остава празно место меѓу различните ставки. За идентификување на знаци и броеви За стока во рефус, кои не се спакувани внесете "рефус". Прикажаните количества мора да бидат исти или блиски на количеството во фактурата за стоката. На пример, ако на фактурата само покажува 100 картони и овие се натоварени на 10 палети, да се наведи "картони не 100" 10 палети. Опис на стоката – да се идентификуваат стоките од страна на разумно целосен комерцијален опис, на пример, „фотокопири" или "машина", наместо "канцелариски машини". Меѓутоа, ако фактурата даде целосна идентификација и детали (која не мора нужно да вклучува и детали од знаци и броеви на пакетите), потребно е само општ опис. Во вакви случаи, мора да се пополни во полето 10, да се прикажат броевите и датумите на фактурите (или само датуми, ако не постојат броеви). Другите докази се состојат од следново: листи на пакување, белешки за пратката, копии од сметки на товар или слични комерцијални документи кои 9


покажуваат: идентификување на описи на стоки и детали кои ќе им дозволат да се идентификуваат во ваша евиденција. Покрај тоа, можеби ќе треба да се направат специјални соопштенија на пријавата или да се дадат повеќе докази да го поддржат барањето. Неискористен простор - се црта хоризонтална линија под единствената или последната точка во ова поле на неискористениот простор со "Zобликувана" линија. Графа 9 – Бруто-тежина или други мерки (на пример, тони, галони) ќе бидат прифатени, но на извозникот му се препорачува секогаш кога е можно залихите да се во метричка мерка. Графа 10 - Фактури - Секогаш кога е можно, се наведува бројот, а некогаш и датум на фактурата што се однесуваат на стоката произведена со EUR1. Графа 12 - Декларација од страна на извозникот - потписот не смее да се репродуцира или механички да се стави гумен печат. Со потпишувањето на формуларот, се декларира дека стоките се квалификувани како производи со потекло во согласност со одредбите на релевантните договори. Доколку се одлучи да се користи агент, ќе треба да му се дадат инструкции за секоја пратка и да се одреди јасно кои стоки ги исполнуваат условите. Сите измени, односно корекции мора да бидат пополнети и потпишани од страна на декларантот во Графа 12 и одобрени од Царина. Страница 2 – Се остава празна. Страница 3 – Се обезбедува комплетна копија на страница 1. Потребно е сепак да биде потпишано со ракопис. Страна 4 (пријавата), Мора да се пријави дека: стоките се производи со потекло како што е дефинирано од страна на правилата за известување 828 / 829, или 832 и дека има докази во една од формите прикажани во соодветна Изјава.

10


11


СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Процедури за издавање Сертификат за потекло на стоката "Origin" во Стопанска комора на Македонија За заверка на кој и да било документ, доколку барателот се јавува првпат, потребна е фотокопија од целосната регистрација и од картонот на депонирани потписи, а на увид се покажува оригиналната регистрација. За заверка на Сертификатот за потекло, ако стоката е 100% од македонско потекло, потребно е пополнет сертификат со печат и потпис и оригинал Изјава од производителот, потпишана од одговорно лице. Стопанската комора на Македонија може да издаде и повеќе копии од сертификатот за потекло, доколку тие се потребни. Доколку се работи за доработка, а се бара сертификат за потекло на стока "Оrigin", се доставуваат истите документи, плус се доставува и фотокопија од фактурата на увезениот материјал. Процедури при издавање Форма А во Стопанска комора на Македонија За заверка на кој и да било документ, доколку се појавува барателот прв пат, потребни се фотокопија на целосната регистрација и на картонот со депонирани потписи, а на увид се покажува оригиналната регистрација. За издавање сертификат за потекло ФОРМ А потребно е пополнет сертификат ФОРМ А и Изјава од производителот, потпишана од одговорно лице. На самиот сертификат на заднината на првата и на втората станица е објаснето како треба да се пополни и посебно е нагласено што треба да се напише во рубриката 8. Ако се работи за доработка, се става процентот на доработката и се доставува и фактура од увезениот материјал.

12


13


14


ЗАБЕЛЕШКИ (2007) за Форма А I. Земји коишто ја имаат прифатено Форма А во однос на Општата шема на преференцијали (ОШП): Австралија* Белорусија Канада Јапонија Нов Зеланд ** Норвешка Руска Федерација Швајцарија вклучувајќи ја Лихтенштајн *** Турција Соединетите Американски Држави****

Европска унија: Австрија Белгија Бугарија Кипар Чешка Р. Данска

Финска Франција Унгарија Ирска Италија Латвија

Холандија Полска Португалија Романија Словачка Словенија

Естонија Германија

Литванија Луксембург

Шпанија Шведска

Грција

Малта

Велика Британија

Целосни детали за условите кои го опфаќаат пристапот кон ОШП во овие земји може да се добие од назначените власти во земјите кои добиваат извозни преференцијали или од царинските управи на земјите кои даваат преференцијали, а кои се наведени погоре. Информативна нота исто така може да се добие и од Секретаријатот на УНКТАД. II. Општи услови За да се квалификува за преференцијал, производот мора: (а) да потпадне во рамките на описот на производи подобни /прифатливи за преференцијали во земјата на дестинација. Описот којшто се става на формуларот мора да биде доволно детален за да може да им овозможи на производите да се идентификуваат од страна на цариникот кој што ги прегледува; (б) да е во согласност со правилата за потекло во земјата на дестинација. Секој артикал во пратката/испораката мора да се квалификува одделно според нивните сопствени права и (в) да е во согласност со условите на пратката специфицирани од земјата на дестинација. Општо, производите мора да бидат испратени директно од земјата на извезување во земјата на дестинација, но земјите кои даваат најмногу преференцијали прифаќаат премин преку посредни/централни земји кои се предмет на одредени услови (за Австралија, директен товарен лист не е потребен). III. Внесувања/записи што треба да се направат во преграда 8 Преференцијалните производи мора да бидат целосно добиени/набавени во согласност со правилата на земјата на дестинација или доволно изработени или преработени за да ги исполнат барањата на правилата за потекло на таа земја.

15


(а) Производи коишто се целосно добиени: за извоз во сите земји наведени во делот I, се внесува буква „P” во преградата 8 ) за Австралија и Нов Зеланд преградата 8 може да остане непополнета). (б) Производи доволно изработени или преработени: за извоз во земјите специфицирани подолу, записот во преграда 8 би требало да е следен: (1) Соединетите Американски Држави: за пратки во поединечна земја, внесете ја буквата „Y” во преградата 8, за пратки од признати асоцијации на земји, внесете ја буквата „Z”, по што ќе следи цената или вредноста на домашните материјали и директната цена на преработувањето изразено во проценти на цената франко-фабрика за извезените производи (на пример, „Y” 35% или „Z” 35%). (2) Канада: за производи кои ги задоволуваат критериумите за потекло за изработка или преработка во повеќе од една подобна најслабо развиена земја, внесете ја буква „G” во преградата 8; или пак „F”. (3) Европската унија, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, вклучувајќи ги Лихтенштајн и Турција: внесете ја буквата „W” во преградата 8, следејќи го хармонизираниот опис на стоката и системот за кодирање (хармонизиран систем), тарифен број од 4 цифри на извезениот производ (на пример, „W” 96.18). (4) Руска Федерација: за производи кои вклучуваат додадена вредност во извозот на земјата која добива преференцијали, внесете ја буквата „Y” во преградата 8, по што следи вредноста на увезените материјали и компоненти/делови изразени во проценти на цената франко-брод на извезените производи (на пример, „Y” 45%); за производи добиени од земји кои добиваат преференцијали и се изработени или преработени во една или повеќе такви земји, внесете „Pk”. (5) Австралија и Нов Зеланд: комплетирање на преградата 8 не се бара. Доволно е декларацијата да биде коректно направена во преграда 12.

____________________________ * За Австралија, главно барање е извозна декларација на стандардна комерцијална фактура. Форма А придружена со стандардна комерцијална фактура е прифатлива алтернатива, но официјална сертификација не е потребна. ** Официјална сертификација не е потребна. *** Кнежевството на Лихтенштајн формира, согласно Договорот од 29 март 1923 година, царинска унија со Швајцарија. **** Соединетите Американски Држави не бараат ОШП Форма А. Декларација во која се поставени сите релевантни детални информации за производството или изработката на стоката се смета за доволна, доколку не се бара од царинскиот службеник во соодветната област.

16


ЦЕФТА-ДОГОВОР Со Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ („Службен весник на РМ“ бр.39/2001 и „Службен весник на ЕЗ“ Л124/2001) во однос на трговијата се регулира десетгодишниот асоцијативен период и престанување на асиметричната трговска либерализација, од 2011 година. Тоа значи дека пазарот на Република Македонија целосно се либерализира за увоз на индустриски производи од ЕУ. Либерализацијата се однесува и на земјоделско-прехрамбени производи, со исклучок на најчувствителните прехранбени производи кои и натаму ќе бидат заштитени преку системот на квантитативно ограничување - квоти, или намалување на актуелната царинска стапка при увоз од Заедницата. Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), наречен ЦЕФТА 2006 е на сила oд 2007 година („Службен весник на РМ“ бр. 69/2007) и воспоставува зона на слободна трговија со индустриски производи, меѓу земјите-потписнички: Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија, Црна Гора и УНМИК за територијата на Косово, Албанија и Хрватска. Во рамките на ЦЕФТА во примена е и зоната на слободна трговија меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Турција и ЕУ. ЦЕФТА овозможува дијагонална кумулација на потекло меѓу земјите-потписнички на ЦЕФТА и ЕУ во рамките на обемот на либерализација на трговијата на секоја одделна земја со ЕУ. Со ова се отвора простор за зголемена соработка меѓу нејзините членки и во следниве области: трговија со услуги, јавни набавки, инвестиции и заштита на интелектуалната сопственост. Зона на слободна трговија со Република Турција - Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција се применува од 1 септември 2000 година („Службен весник на РМ“ бр. 83/99) и со оваа земја во примена е слободна трговија. Со Република Турција е во примена дијагонална кумулација на потеклото со ЕУ. Зона на слободна трговија со Украина - Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина претставува правна рамка со која се регулира билатералната трговска соработка меѓу двете земји, а се применува од септември 2001 година („Службен весник на РМ„ бр. 53/2001). Зона на слободна трговија со ЕФТА од 2012 година – Мултилатералниот договор склучен меѓу Република Македонија и Швајцарската конфедерација, Кралството Норвешка, Република Исланд и Кнежевството Лихтенштајн („Службен весник на РМ“ број 89/2001), а се применува од 1 мај 2002 година, обезбедува асиметричен пристап во одвивањето на трговијата со индустриските и земјоделско-прехранбените производи во полза на РМ. Со тоа, македонските индустриски производи се извезуваат слободно, без царина на пазарите на ЕФТА-државите. Во 10-та година од примената на Договорот, а тоа е 2012 година, размената во двете насоки ќе се одвива без царина. Земји-партнери во дијагоналната кумулација се: ЦЕФТА-земјите (Македонија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Молдавија и Косово), ЕУ, ЕФТА-земјите (Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн) и Турција.

17


1. Извозник (име, полна адреса, земја) 3. Prima~ (ime, polna adresa, zemja) (Nezadol`itelno)

6. Poedinosti za transport (Nezadol`itelno)

EUR.1 Br. A 000000 Pred da se popolni vidi gi napomenite podolu 2. Uverenieto se primenuva vo preferencijalnata trgovija me|u __________________________________________ i __________________________________________ (navedi gi soodvetnite zemji, grupi zemji ili teritorii) 4. Zemja, grupa 5. Zemja, grupa zemji ili teritorija na zemji ili odredi{te teritorija od koja proizvodite se smetaat deka se so poteklo 7. Zabele{ki  Cumulation applied with ……. ………………(ime na zemja(i) ili teritorija(i))  No cumulation applied (vnesi H vo sodvetnoto kvadrat~e)

8. Reden broj; Oznaki i broevi; 9.Bruto 10.Fakturi Broj i vid na pakuvawa1; opis na masa (kg) (Nezadol`itelno) stoka ili druga merka (litri, m3, itn.) 11.SE POPOLNUVA OD CARINATA Se potvrduva deklaracijata Izvozen dokument 2: Formular _____ br. _______ Carinarnica: ____________ Zemja ili teritorija na izdavawe: _______________ _________________________ _________________________ Mesto i datum: __________________ Pe~at _______________________ (potpis)

12.IZJAVA NA IZVOZNIKOT Jas, dolupotpi{aniot, izjavuvam deka stokite opi{ani pogore gi zadovoluvaat potrebite za izdavawe na ova uverenie ______________________________ (Mesto i datum:) _______________________ (poptpis)

18


ЗАБЕЛЕШКИ 1.

Сертификатот не смее да се пречкртува или да содржи зборови напишани еден врз друг. Секоја измена мора да се направи со бришење на неточните поединости и додавање на потребни корекции. Ваквите измени треба да ги прави лице кое го пополнило сертификатот и да бидат потврдени од царинските органи на земјата или територијата што го издаваат.

2.

Меѓу ставките наведени во сертификатот не смее да се остава простор и пред секоја мора да стои бројот на ставката. Веднаш под последната ставка мора да се повлече хоризонтална линија. Секој неискористен простор мора да се пречкрта за да се оневозможат секакви подоцнежни додавања.

3.

Стоката мора да се опише согласно трговската практика и со доволно детали да се овозможи нејзина идентификација.

За остварување на целите на овој договор, следниве производи се сметаат дека потекнуваат од некоја договорна страна: производи целосно добиени во договорната страна според член 5 и производи добиени во договорната страна кои вклучуваат материјали кои не се целосно добиени таму, под услов таквите материјали да биле доволно обработени или преработени во договорната страна според член 6. ЦЕФТА - кумулативност на потекло 1. Без да е во спротивност со одредбите од член 2, производите се сметаат дека потекнуваат од некоја договорна страна доколку тие производи се добиени таму, вклучувајќи материјали со потекло од која било друга договорна страна во согласност со одредбите на овој протокол, доколку со обработката или преработката извршена во договорната страна се надминати операциите наведени во член 7. Таквите материјали не мора да бидат доволно обработени или преработени. 2. Без да е во спротивност со одредбите од член 2, производите се сметаат дека потекнуваат од една договорна страна доколку тие производи се добиени таму, вклучувајќи материјали со потекло од Европската заедница, Исланд, Норвешка, Швајцарија (вклучувајќи го и Лихтенштајн) и Турција во согласност со одредбите на Протоколот за правилата за потекло, кој е анекс на договорите меѓу договорната страна и секоја од овие земји, доколку со обработката или преработката извршена во оваа договорна страна се надминати операциите наведени во член 7. Таквите материјали не мораат да бидат доволно обработени или преработени. 3. Доколку обработката или преработката извршена од договорната страна не ги надминува операциите наведени во член 7, добиениот производ се смета дека потекнува од оваа договорна страна единствено доколку додадената вредност таму е поголема од вредноста на употребените материјали со потекло од која било друга договорна страна, Европската заедница или која било земја наведена во став 2. Доколку тоа не е случај, добиениот производ се смета дека потекнува од договорната страна, Европската заедница или една од земјите наведени во став 2, чии материјали со потекло употребени во производството во оваа договорна страна имаат најголема вредност. 4. Производите со потекло од една договорна страна, Европската заедница или од една од земјите наведени во став 2, кои во која и да било 19


договорна страна не биле предмет на каква било обработка или преработка, го задржуваат своето потекло при извоз во друга договорна страна. 5. Кумулацијата предвидена со став 2 може да се примени само доколку: меѓу државите или териториите кои се вклучени во стекнувањето на статусот на потекло и договорната страна на дестинација, се применува преференцијален трговски договор, во согласност со член XXIV од Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ); потоа, материјалите и производите имаат стекнато статус на потекло со примена на правила за потекло идентични на овие кои се наведени во овој протокол; или известувањата кои го означуваат исполнувањето на потребните услови за примена на кумулацијата се објавени во договорните страни во согласност со нивните процедури. Договорните страни ги доставуваат меѓусебно и на Заедничкиот комитет поединостите за сите договори, вклучувајќи ги датумите на влегување во сила и соодветните правила за утврдување на потекло на стоки во нив, кои се применуваат со Европската заедница и останатите земји наведени во став 2. Во член 4 е дефиниран поимот Кумулативност на потекло во согласност со процесот на стабилизација и асоцијација. При тоа е прецизирано дека без да е во спротивност со одредбите од член 2, производите се сметаат дека потекнуваат од Заедницата или од која било друга договорна страна која учествува или е поврзана со процесот за стабилизација и асоцијација (во понатамошниот текст: ПСА-страна) ако тие производи се добиени таму, вклучувајќи материјали со потекло од која било ПСА-страна или од Европската заедница, доколку со обработката или преработката извршена во ПСА-страната се надминати операциите наведени во член 7. Таквите материјали не мораат да бидат доволно обработени или преработени. 2. Доколку обработката или преработката извршена во една ПСАстрана не ги надминува операциите наведени во член 7, добиениот производ се смета дека потекнува од ПСА-страната единствено ако додадената вредност во таа ПСА-страна е поголема од вредноста на употребените материјали со потекло од која било друга ПСА-страна или од Европската заедница. Доколку тоа не е случај, добиениот производ се смета дека потекнува од ПСА-страната или од Европската Заедница чии материјали со потекло употребени во производството во оваа ПСА-страна имаат најголема вредност. 3. Производите со потекло од една ПСА-страна или од Европската заедница, кои во ПСА-страната не биле предмет на каква било обработка или преработка, го задржуваат своето потекло при извоз во една од овие ПСАстрани. 4. Кумулацијата предвидена со овој член може да се примени само доколку: меѓу Европската заедница, која било ПСА-страна вклучена во стекнувањето на статусот на потекло и ПСА-страната на дестинација, се применува преференцијален трговски договор во согласност со член XXIV од Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ); материјалите и производите имаат стекнато статус на потекло со примена на правила за потекло идентични на овие наведени во овој протокол; или известувањата кои го означуваат исполнувањето на потребните услови за примена на кумулацијата се објавени во „Службен весник на Европската унија“ (серија C) и во ПСА-страната наведена во став 1 во согласност со нивните процедури. Кумулацијата предвидена со овој член се применува од датумот наведен во известувањето објавено во „Службен весник на Европската унија“ (серија C). За целосно добиени производи се сметаат доколку во некоја од договорните страни се: минерални производи извлечени од нивната почва или 20


од нивното морско дно; растителни производи набрани таму; живи животни родени и одгледани таму; производи од живи животни одгледани таму; производи добиени од лов или риболов извршен таму; производи од морски риболов и други производи извадени од морето, надвор од територијалните води на договорната страна со нивни пловни објекти; производи направени на бродовите-фабрики, таму собрани користени предмети, погодни само за рециклирање на суровини, вклучувајќи користени гуми што можат да се употребат само за вулканизација или како отпаден материјал; отпаден материјал и остатоци од производните операции извршени таму; производи извлечени од морско тло или тлото под него надвор од нивните територијални води, под услов тие да имаат ексклузивни права на искористување на морското тло или тлото под него. Производите кои не се целосно добиени (во земјата извозник) се сметаат за доволно обработени или преработени кога се исполнети условите наведени во списокот во Анекс II. Условите наведени погоре, за сите производи опфатени со Договорот, ја наведуваат обработкаta или преработкаta што мора да се изврши врз материјалите без потекло користени во производството и се однесуваат само за таквите материјали. Од ова произлегува дека, доколку производот што се стекнал со статус на производ со потекло преку исполнување на условите утврдени во списокот се користи за производство на друг производ, условите не се применуваат на производот во кој тој е вграден и нема да се земат предвид материјалите без потекло кои можеле да бидат користени за неговото производство. Покрај претходните забелешки, материјалите без потекло, кои според условите утврдени во Анекс II не треба да се користат во производството на производ, сепак може да се користат само доколку: нивната вкупна вредност не надминува 10% од цената франко-фабрика на производот и со примена на овој став, не е надминат кој било од процентите наведени во списокот како максимална вредност на материјалите без потекло. ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО Производите со потекло од една договорна страна при увозот во друга договорна страна, може да ги користат погодностите од Договорот доколку е поднесен еден од следниве документи: уверение за движење ЕУР. 1, чиј образец е даден подолу; или изјава, понатаму наведена како: "изјава во фактура" изготвена од извозникот на фактура, испратница или некој друг трговски документ во којшто детално се опишуваат производите за да се овозможи нивна идентификација. Текстот на изјавата во фактура е даден во Анекс IV. Постапка за издавање уверение за движење ЕУР. 1 Уверението за движење ЕУР.1 го издаваат царинските органи на договорната страна - извозник на приложено барање во писмена форма од страна на извозникот или, со овластување на извозникот, од страна на неговиот овластен застапник. За оваа цел извозникот или неговиот овластен застапник ги пополнува уверението за движење ЕУР.1 и барањето за издавање, чии обрасци се дадени во Анекс III. Овие обрасци се пополнуваат на еден од јазиците на договорните страни или на англиски и во согласност со одредбите на домашното законодавство на договорната страна - извозник. Доколку обрасците се пополнети рачно, тие се пополнуваат со мастило и со печатни букви. Описот на производите мора да биде наведен во рубриката резервирана за таа цел без да 21


се оставаат празни редови. Кога рубриката не е целосно пополнета, под последниот ред од описот мора да се повлече хоризонтална линија и празниот простор да се прецрта. Извозникот кој поднесува барање за издавање уверение за движење ЕУР.1, треба да е подготвен во секое време, на барање на царинските органи на договорната страна - извозник каде што се издава уверението за движење ЕУР.1, да ги поднесе сите потребни документи со кои се докажува статусот на потекло на предметните производи, како и дека ги исполнуваат другите услови пропишани со овој протокол. Уверението за движење ЕУР.1 го издаваат царинските органи на договорната страна ако може да се смета дека предметните производи потекнуваат од договорната страна, Европската заедница или од една од земјите наведени во член 3 и ги исполнуваат другите услови од овој протокол. Царинските органи што го издаваат уверението за движење ЕУР. 1 ги преземаат сите потребни чекори за проверка на потеклото на производите и исполнувањето на другите услови од овој протокол. За таа цел тие имаат право да ги побараат сите докази и да извршат секаква контрола на книговодството на извозникот или која било друга проверка кои тие ја сметаат за потребна. Тие исто така мора да осигураат дека обрасците наведени во став 2 се правилно пополнети. Тие посебно проверуваат дали просторот резервиран за описот на производите е пополнет на таков начин кој исклучува можност за неовластени дополнувања. Во уверението за движење ЕУР.1 во рубриката 7 мора да биде пополнета следнава изјава на англиски: - доколку потеклото се стекнува со примена на кумулација со материјали што потекнуваат од една договорна страна, од Европската заедница или од некоја од земјите наведени во член 3 : „CUMULATION APPLIED WITH .......................“ (име на земја(и) или територија(и); - доколку потеклото се стекнува без примена на кумулација со материјали што потекнуваат од една договорна страна, од Европската заедница или од некоја од земјите наведени во член 3 : „NO CUMULATION APPLIED WITH“. Датумот на издавањето на уверението за движење ЕУР.1 е назначен во рубриката 11 од уверението. Уверението за движење ЕУР.1 треба да биде издадено од страна на царинските органи и да му биде ставено на располагање на извозникот откако извозот е подготвен или извршен. Дополнително издадени уверенија за движење ЕУР. 1 Уверението за движење ЕУР.1 може, во исклучителни случаи, да биде издадено по извршениот извоз на производите на кои се однесува доколку: тоа не било издадено за време на извозот, поради грешки или ненамерни пропусти, или посебни околности; или ако на царинските органи им се докаже дека уверението за движење ЕУР.1 било издадено, но при увозот не било прифатено од технички причини. Во своето барање извозникот мора да ги наведе местото и датумот на извозот на производите на кои се однесува уверението за движење ЕУР.1 и да ги наведе причините за негово барање. Царинските органи може дополнително да издадат уверение за движење ЕУР.1 само откако ќе утврдат дека податоците наведени во барањето на извозникот се совпаѓаат со податоците од соодветната документација.

22


Уверението за движење ЕУР.1 издадено дополнително мора да биде пополнето со следниот текст на англиски: „ISSUED RETROSPECTIVELY“. Дополнувањето се запишува во рубриката 7 на уверението за движење ЕУР.1. Издавање дупликат уверение за движење ЕУР. 1 Во случај на кражба, губење или уништување на уверението за движење ЕУР.1, извозникот може до царинските органи што го издале да поднесе барање за издавање на дупликат врз основа на извозните документи што ги поседува. Вака издадениот дупликат мора да биде дополнет со следниот текст на англиски: „DUPLICATE“. Дополнувањето наведено во став 2 се запишува во рубриката 7 на дупликатот уверение за движење ЕУР1. Дупликатот, кој како датум на издавање мора да го носи датумот на издавање на оригиналното уверение за движење ЕУР.1, е со важност од тој датум. Услови за изготвување изјава во фактура Изјавата спомената во член 16, став 1, алинеја (б), може да биде изготвена: од страна на одобрен извозник во смисла на член 23, или од страна на кој било извозник за која било пратка, што се состои од еден или повеќе пакети со производи со потекло, чија вкупна вредност не надминува 6000 евра. Изјава во фактурата може да се изготви ако предметните производи може да се сметаат дека потекнуваат од една договорна страна, од Европската заедница или од една од земјите наведени во член 3 и ги исполнуваат другите услови од овој протокол. Изјавата во фактурата мора да содржи една од следниве изјави на англиски: доколку потеклото се стекнува со примена на кумулација со материјали што потекнуваат од една договорна страна, од Европската заедница или од некоја од земјите наведени во член 3: „CUMULATION APPLIED WITH...“ (име на земја(и) или територија(и) доколку потеклото се стекнува без примена на кумулација со материјали што потекнуваат од една договорна страна, од Европската заедница или од некоја од земјите наведени во член 3: „NO CUMULATION APPLIED WITH“ Извозникот кој ја изготвува изјавата во фактурата мора да биде подготвен во секое време, на барање на царинските органи на договорната страна извозник, да ги поднесе сите потребни документи со кои се докажува статусот на потекло на предметните производи, како и дека ги исполнуваат другите услови пропишани со овој протокол. Одобрен извозник Царинските органи на договорната страна - извозник може да му одобрат на кој и да било извозник (во натамошниот текст “одобрен извозник”) што има чести пратки на производи, опфатени со овој договор, да изготвува изјави во фактури без оглед на вредноста на предметните производи. Извозникот кој бара такво одобрение мора на царинските органи да им ги понуди сите потребни гаранции за проверка на статусот на производите со потекло, како и дека ги исполнуваат другите услови од овој протокол. Царинските органи можат да одобрат статус на одобрен извозник според условите кои тие ги сметаат за соодветни. Царинските органи му доделуваат на одобрениот извозник број на царинско одобрение кој се наведува во изјавата во фактура. Царинските органи ја надгледуваат употребата на одобрението од страна на одобрениот извозник. Царинските органи можат во секое време да го повлечат одобрението. 23


Доказот за потекло важи четири месеци од датумот на неговото издавање во договорната страна - извозник и во тој рок мора да биде поднесен до царинските органи на договорната страна - увозник. Доказите за потекло поднесени до царинските органи на договорната страна - увозник по истек на рокот за поднесување определен во став 1, можат да бидат прифатени за примена на преференцијален третман, во случај кога неподнесувањето на уверението пред истекот на крајниот рок е предизвикано од вонредни околности. Производи кои приватни лица како мали пакети ги испраќаат на приватни лица или кои претставуваат дел од личниот багаж на патникот се прифаќаат како производи со потекло без да се бара поднесување на доказ за потекло, под услов таквите производи да не се увезени за трговски цели и да се декларирани како производи кои ги задоволуваат условите од овој протокол и каде што нема сомневање во веродостојноста на таквото декларирање. Во случаи на производи пратени по пошта оваа изјава мора да биде изготвена на царинската декларација CN22/CN23 или на лист хартија приложен кон тој документ. Повремените увози кои се состојат единствено од производи за лична употреба на примателите, патниците или нивните семејства нема да се сметаат за трговски увози ако од природата и количината на производите е очигледно дека тие не се наменети за комерцијални цели. Вкупната вредност на тие производи не смее да биде поголема од 500 евра во случај на мали пакети или не смее да надминува 1200 евра во случај на производи што се дел од личниот багаж на патникот. Извозникот што поднесува барање за издавање уверение за движење ЕУР.1 мора да ги чува најмалку три години документите. Царинските органи на договорната страна - увозник мора да ги чуваат најмалку три години уверенијата за движење ЕУР.1 и изјавите во фактурите што им се поднесени. Износите во сертификатите се во евра. Дополнителните проверки на доказите за потекло се извршуваат без одреден распоред или во кој било момент кога царинските органи на договорната страна - увозник имаат основано сомнение околу автентичноста на таквите документи за статусот на потеклото на соодветните производи или за исполнувањето на другите услови содржани во овој протокол. За таа цел, царинските органи имаат право да побараат какви било докази и да го контролираат сметководството на извозникот или каква било друга проверка која се смета за потребна.

24


БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА ДВИЖЕЊЕ 1. Извозник (име, адреса, земја)

3. Примач (име, (Незадолжително)

адреса,

ЕУР.1 Бр. А 000000

земја)

Пред да се пополни види ги напомените подолу 2. Барањето за сертификат се применува во преференцијалната трговија меѓу ____________________________________ ______ и ____________________________________ ______ (наведи ги соодветните земји, групи земји или територии) 4. Земја, група 5. Земја, група земји земји или или територија на територија одредиште од која производите се сметаат дека се со потекло

6. Поединости за транспорт (Незадолжително)

7. Забелешки  Cumulation applied with ……. ……………… (име на земја(и) или територија(и))  No cumulation applied

(внеси Х во содветното квадратче) 8. Реден број; ознаки и броеви; број и вид на 9. Бруто 10.Фактури пакувања1; опис на стока маса (Незадолжително) (кг) или друга мерка (литри, 3 м , итн.)

25


ИЗЈАВА ОД ИЗВОЗНИКОТ Јас, долупотпишаниот, извозник на стоката опишана на претходниот лист, ИЗЈАВУВАМ дека стоката ги задоволува условите неопходни за издавање на приложениот сертификат. ГИ НАВЕДУВАМ како што следува околностите кои овозможиле оваа стока да ги задоволи горенаведените услови: ____________________________________________________________________ ____________________________________________________________________ ______________________________ ГИ ДОСТАВУВАМ следниве документи како доказ (1) ____________________________________________________________________ ____________________________________________________________________ ______________________________ СЕ ОБВРЗУВАМ да ги доставам на барање на соодветните органи, сите потребни документи кои може да ги побараат овие органи со цел да се издаде приложениот сертификат, и се обврзувам ако е потребно, да прифатам инспекција на моите сметки и проверка на процесите за производство на горенаведената стока, што ќе го извршат горенаведените органи. БАРАМ издавање на приложениот сертификат за таа стока.

_______________________________ (место и датум) ______________________________ (потпис) (1) На пример: увозни документи, сертификати за движење, фактури, декларации на производителот итн., кои се однесуваат на производите употребени за производство или за стоката повторно извезена во истата состојба. ТЕКСТ НА ИЗЈАВАТА ВО ФАКТУРА Албанска верзија: Eksportuesi i produkteve të mbuluara nga ky dokument (autorizim doganor Nr. ..............(1)) deklaron që përveç rasteve kur tregohet qartësisht ndryshe, këto produkte janë me origjine preferenciale. .............. (2) - cumulation applied with .... (name of the country(s) or territory(s)) - no cumulation applied (3) Германска верзија: Der Ausführer (Ermächtigter Ausführer; Bewilligungs-Nr. ..........(1)) der Waren, auf die 26


sich dieses handelspapier bezieht, erklärt, dass diese Waren, soweit nicht anderes angegeben, präferenzbegünstigte ..........(2) Ursprungswaren sind. - cumulation applied with .... (name of the country(s) or territory(s) - no cumulation applied (3) Француска верзија: L'exportateur des produits couverts par le présent document (autorisation douanière no. ..........(1)) déclare que, sauf indication claire du contraire, ces produits ont l'origine préférentielle ..........(2). - cumulation applied with .... (name of the country(s) or territory(s) - no cumulation applied (3) Англиска верзија: The exporter of the products covered by this document (customs authorization No ..........(1)) declares that, except where otherwise clearly indicated, these products are of .......... (2) preferential origin. - cumulation applied with .... (name of the country(s) or territory(s) - no cumulation applied (3) Македонска верзија: Извозникот на производите што ги покрива овоj документ (царинскo одобрение бр. …… (1)) изjавува дека, освен ако тоа не е jасно поинаку назначено, овие производи се со .........………….(2) преференциjaлно потекло. - cumulation applied with .... (name of the country(s) or territory(s) - no cumulation applied (3)

ПАН-ЕВРО-МЕДИТЕРАНСКИ ПРАВИЛА ЗА ПОТЕКЛО Со потпишувањето на Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло (24 и 25 април 2011 година) се остварува конкретна економска вредност, бидејќи се воспоставува преференцијални царински стапки за земјите од јужен Медитеран. Со конвенцијата, ќе се надминат тешкотиите во менаџирањето на мрежата од 60 билатерални протоколи за правилата за потекло меѓу земјите и териториите на евро-медитеранската зона. Договорни страни во конвенцијата се: ЕУ, Фарските Острови, земјите на ЕФТА, југоисточно-медитеранските партнери – учесници во Барцелонскиот процес, потоа Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, ПЛО во полза на палестинските власти на Западниот Брег и Појасот Газа, Сирија, Тунис и Турција и земјите од Западен Балкан (Албанија, Б и Х, Хрватска, Македонија, Србија и Косово, согласно Резолуцијата 1244 на ОН). Советот на ЕУ повика на брзо напредување во развој на нови партнерства со регионите, засновани на подлабока економска интеграција, прекуграничен пристап на пазарите и потесна политичка соработка. Конвенцијата овозможува дијагонална кумулација на потеклото меѓу медитеранските земји кои не се членки на ЕУ со ЕУ и земјите-потписнички на ЦЕФТА, освен Молдавија. За да се користи конвенцијата, договорните страни меѓусебно треба да имаат билатерални договори за слободна трговија. Република Македонија најбргу ќе оствари имплементација на дијагоналната кумулација за потекло со ЕФТА и ЕУ, со оглед дека веќе имаме Договор за 27


слободна трговија со ЕФТА-земјите (Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка и Исланд), веќе користиме дијагонална кумулација со Турција, Србија, Црна Гора и ЕУ, а со земјите од југоисточен Медитеран и ЕУ - кога ќе склучиме билатерални договори за слободна трговија. Регионална конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло Со Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло се поврзуваат југоисточниот Медитеран со Западен Балкан преку дијагоналната кумулација на потеклото со ЕУ и ЕФТА во преференцијалната зона на трговија. Европската унија има преференцијални трговски договори со неколку југоисточно медитерански земји, со Западен Балкан и со ЕФТА. За да може производот да има бенефит од преференцијалната царинска стапка, тој мора да има потекло од една од тие земји, подразбирајќи дека во процесот на производство, во земјата на потеклото, мора да се постигне одреден степен на додадената вредност. Досегашните правила на потекло не дозволуваа да се произведе додадената вредност во повеќето земји од горе спомнатите региони. Сега, Регионалната конвенција тоа ќе го овозможи без оглед дали одреден производ е сообразен на преференцијалниот третман или не. Конвенцијата ќе ги замени сите досегашни билатерални протоколи за потекло. За да се утврди методот на ревизија на правилата за потекло во Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло, формирана е Пан-евро-медитеранската работна група, со четири подработни групи. Република Македонија е во групата земји од Западен Балкан. Предлозите за изменување на правилата за потекло ќе се разгледаат во рамките на работните групи, а Регионалната конвенција треба да се применува од 2012 година. Но, без билатералните договори за слободна трговија со земјите од југоисточен Медитеран, Република Македонија нема да може да ја имплементира Регионалната конвенција за пан-евро-медитеранско потекло. Сега, тоа е можно со Турција, Србија, Црна Гора и ЕУ, како и со ЕФТА. Во целиот овој процес, најважни се транспарентноста и навремената информираност на бизнис-секторот, како и јасната стратегија во однос на индустрискиот и регионалниот развој. Менувањето на правилата на потеклото, во смисла на нивна либерализација, може да има директно влијание врз згаснување или поттикнување на одредени индустрии или некои нивни производни фази. Со предлозите за изменување на правилата треба да сме внимателни, особено во секторот земјоделие и преработки, со цел од производители да не станеме само потрошувачи. Разликата во концептот на правилата на потекло меѓу Генералниот систем на потекло (ФОРМ А) и правилата на потекло кои ги промовираше ЕУ (ЕУР 1) е дека европските правила, кои беа со низа барања и ја следеа индустриската развиеност на своите земји, истовремено влијаеја на развојот на индустриите во партнерските земји и градењето на нивните индустриски капацитети. Новите либерални правила за потекло особено ќе влијаат врз можноста капиталот од Европската унија, но и од други подрачја од светот, да влезе во зоната на пан-евро-медитеранската дијагонална кумулација и да го забрза протокот на стоки и услуги.

28


Европски иинформативен и иновативен центар во Македонија СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Бранко Азески, член на Конзорциумот и претседател на Стопанската комора на Македонија Брошурата ја подготви: Лазо Ангелевски, проектен консултант Лектура: Станка Дамјановска Дизајн и подготовка: Стево Серафимовски Печат: Тираж: 500 примероци Контакт:

ЕИИЦМ Стопанска Комора на Македонија Ул. Димитрие Чуповски бр. 13 1000 Скопје, Република Македонија Тел. (02) 32 44 090 laze@mchamber.mk www.een.mk www.mchamber.mk

29


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Европски информативен и иновативен центар во Македонија, како дел од Европската мрежа на претпријатијата (Enterprise Europe Network EEN)

Сертификатите за потекло се меѓународни трговски документи што се користат за да се одреди потеклото на стоките за службени, комерцијални и финансиски потреби и причини. Практично, секоја земја во светот го зема предвид потеклото на увезените стоки кога треба да се одреди какви должности и обврски произлегуваат од стоките или во некои случаи дали воопшто може легално да се увезат тие стоки. Сертификатите за потекло потврдуваат дека стоките во одредена пратка се целосно добиени, произведени, изработени и преработени во одредена земја, односно земја на потекло. Стопанската комора на Македонија има повеќедецениско искуство во издавањето на сите сертификати за потекло. Покрај другите меѓународни трговски докумeнти, Стопанската комора на Македонија сега ги издава комерцијалниот непреференцијален сертификат за потекло Certificate of origin и преференцијалниот сертификат за потекло FORM A.

30

Брошура СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО  

Брошура СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО CERTIFICATES OF ORIGIN

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you