Issuu on Google+

ПОСТОПЕРАТИВНИ УПАТСТВА

ЗОШТО ДА ПОСТАВАМ ИМПЛАНТ? Надоместување на еден заб, без стружење на соседните како при изработка на мост.

На денот на операцијата и два дена потоа: не пушете

НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ЗАБИ

не конзумирајте алкохол јадете мека и пасирана храна по оброк, исплакнете ја устата не дразнејќи ја раната одржувајте нормална хигиена со забна четка на преостанатите заби не користете дополнителни лекарства или средства кои не се препорачани од Вашиот или друг доктор

Поставување на неколку поединечни импланти.

Поставување на 2 импланти како носачи.

ТОТАЛНА БЕЗЗАБОСТ

не се изложувајте на физички напор До 6 недели по операцијата избегнувајте: џвакање во предел на поставените импланти јак физички напор за секоја промена на состојбата (оток, црвенило,болка и гноење ) информирајте го и по потреба одете на контролен преглед кај одговорниот доктор УС ЛОВИ ЗА УСПЕХ

Мобилнo - фиксна конструкција, тотална протеза фиксирана за импланти.

Фиксна конструкција преку импланти.

Информативна брошура за дентални импланти за пациенти

ЕКСКЛУЗИВЕН ЗАСТАПНИК И ДИСТРИБУТЕР ЗА Р. МАКЕДОНИЈА

редовни контролни прегледи трајна дентална хигиена на усната шуплина која се спроведува по секој оброк е неизбежен и задолжителен услов за поголема трајност на имплантите.

тел: + 389 2 3248 400 www.promedika.com.mk • dental@promedika.com.mk ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50, п.фах 122, 1000 Скопје, Р. Македонија

www.promedika.com.mk


НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО ПОСТАВУВАЊЕТО НА ДЕНТАЛНИТЕ ИМПЛАНТИ I ФАЗА - хируршка

II ФАЗА - протетска (после три месеци од зараснувањето)

Дали ќе чувствувам болка по интервенцијата или би имал било какви тегоби? Можно e да имате оток, но со соодветна терапија истиот би се анулирал. Доколку пак Ви се јави евентуална болка слободно земете аналгетик. Дали постојат разлики помеѓу квалитетот на имплантите?

Дали поставата на импланти е контраиндицирана на постара возраст?

Дали ќе можам да јадам нормално после имплантирањето?

Процедурата е со низок ризик така што може да се примени и кај пациенти на возраст од 70, 80 па и до 90 години, зависно од здравствената состојба, што значи нема горна возрасна граница.

Во првиот период веднаш после интервенцијата препорачливо е да се јаде мека и течна храна на страната на имплантираните заби, додека после периодот на заздравување ќе бидете во можност да се храните нормално.

Дали е можна алергија на денталните импланти? Титаниумските импланти се на пазарот повеќе од 40 години и се уште не е откриена никаква алергија кон нив. Дали имплантите може да влијаат на срцевите пејсмејкери?

Дали имплантите ќе ги чувствувам  како страно тело? Нема да чувствувате никаква разлика. Нив ќе ги чувствувате сосема нормално кога се смеете, јадете, зборувате итн.

Не, имплантите немаат електромагнетен ефект.

Дали ќе може веднаш да ми се постави имплант после вадењето на забот?

Како да се подготвам за консултација со доктор?

Да тоа е релативно честа постапка денеска, меѓутоа за истата ќе се консултирате со Вашиот стоматолог.

Прашајте го стоматологот пред да започнете со имплантирањето за сé она што Ве интересира во врска со процедурата, но исто така многу е важно да го информирате за било кои заболувања или лекови кои ги примате редовно. Колку долго трае процедурата на имплантирање? Поставувањето на еден имплант одзема просечно 20 минути. Ако сум дијабетичар дали може да поставам импланти? Да можно е, доколку ви е контролиран дијабетот. Кој е животниот век на имплантот? После фазата на заздравување, доколку е коректно и квалитетно поставен имплантот тој ќе биде поотпорен на многу влијанија отколку природниот корен на забот. Со постојана орална хигиена и со соодветна нега имплантите може да траат доживотно.

Дали ќе може веднаш да го оптоварувам имплантот? Зависи од состојбата на Вашата вилица и позицијата на имплантите. Како и да е и за ова ќе се консултирате исто така со Вашиот стоматолог. Од што се направени имплантите? Ankylos имплантите се од 99 % чист титаниум. Титаниумот сеуште е златен стандард како материјал за импланти. Постојат ли некои интеракции доколку земам некои лекови пред и по имплантацијата ? Кортизонот и антикоагулансите имаат влијание врз процесот на имплантирање и постоперативниот период на заздравување. Во секој случај, информирајте го стоматологот за било кои медикаменти кои ги земате во периодот на имплантирање или потоа.

Да, постојат круцијални разлики помеѓу формата и површината на имплантите. Површината на имплантот е еден од најважните критериуми при избор на импланти. Зошто можам да и верувам на Dentsply Implants, фирмата производител на Ankylos имплантите? Имплантите од Dentsply Implants од Германија се на пазарот од 1987, а дизајнот е базиран на декади од истражување, развој и документирани клинички искуства. Започнувајќи од производство па до дистрибуцијата, процесот е контролиран и регулиран преку екстремно ригидни сертифицирани стандарди. Dentsply Implants исто така нуди беспрекорни естетски протетски решенија . Дали ќе бидам без заби за време на периодот на заздравување? Постои можност да Ви се изработат привремени мобилни протези или привремени коронки. За ова исто така консултирајте се со Вашиот стоматолог кој ќе Ви препорача дали ситуацијата наложува изработка на привремена конструкција. Колку посети се потребни за успешност на целиот третман? Ова е индивидуално и зависи од типот и опсежноста на третманот. Првата посета е обично консултативна каде со стоматологот ќе ги разгледате сите опции околу (не)можностите за имплантирање кај Вас. Следната сеанса е обично наменета за прелиминарни испитувања и планирање на третманот. Потоа следува поставата на имплантот. После неколку дена следи проверка на местото на имплантирање, а по 7-10 дена се вадат и конците. После период од 3 месеци следи зараснување на имплантот за коската за подоцна да се продолжи со наредните фази на изработка на дефинитивната протетска изработка.


Зошто пациентите трeба да ги изберат премиум имплантите од Dentsply Implants? ГОЛЕМО ИСКУСТВО Повеќе од 1000 научни студии и 7 000 000 поставени импланти се доволна гаранција за оралните имплантолози и пациентите дека навистина траат цел живот. БРЗА ОСЕОИНТЕГРАЦИЈА (заздравување на имплантот) Иновативната технологија употребена за изработка на површината на имплантот овозможуваат сигурно и забрзано осеоинтегрирање на имплантот (врзување на имплантот за коската) , а со тоа и пократко време на третманот. ПРЕДВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ Најновата технологија како што е компјутерски-навигираната имплантологија овозможува доколку е потребно, детален преглед на анатомијата на виличните коски со што имплантолошките процедури стануваат предвидливи. РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ Имплантолошки систем кој со својот дизајн и различни дијаметри, должини и геометрија на имплантите нуди соодветно решение за секаков недостаток на заби. ПРЕЦИЗНО ПАСУВАЊЕ Прецизноста на протетиката поради префабрикуваните и индивидуалните CAD/CAM компоненти овозможува естетски решенија кои што прецизно пасуваат кај секој пациент. ПРОИЗВЕДЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА Фактот дека се изработуваат во Германија , укажува на тоа дека имплантите подлежат на многу ригорозни контролни процеси кои овозможуваат сигурност на самата финална изработка. На тој начин Dentsply Implants ни нуди постојан квалитет на имплантите. МАТЕРИЈАЛ СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ Внимателно избраните материјали со врвен квалитет обезбедуваат оптимална биокомпатибилност, што е предуслов за долгорочни резултати. НА РАСПОЛАГАЊЕ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ Глобалнaта достапност на имплантните системи на Dentsply Implants гарантира оптимална реставрација во било кое време!

Bidej}i sekoj zadovolen pacient e najdobrata biznis karti~ka!


Брошура за пациенти за денталните импланти Ankylos од Dentsply Implants