Page 1

ILINDEN ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГОДИНА II

БРОЈ 12

Во овој број

Страница 2 Почивај во мир поп Тодор Плаушку!

Страница 3 Oбраќањето на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Свечената академија по повод 21 година независност 08 Септември 2012 година.

Страница 5 Од Скопје до Тирана мора да се остане горд македонец во Албанија

Страница 7 Школа за млади лидери 2012

Страница 8 Амбасадорот на Република Македонија г- дин Веле Трпевски на средба со албанскиот министер за здравтсво г-дин Ванѓел Таво Македонија учестуваше на второто издание на Balkan Film and Food Festival што се одржи од 3 септември до 9 септември 2012 година во Поградец, Република Албанија Потпишана декларација за воспоставување на прекуграничен Биосферен резерват Охрид-Преспа

Страница 9 Првиот Глобален инвестициски самит за Македонија 2012 Стерјо Спасе Албански писател и критичар од Македонско потекло

Страница 10 Велес

ТИРАНА - АЛБАНИЈА

www.ilinden-tirana.com

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

OKTOМВРИ 2012 Г.

ЗАПОЗНАЈ ГО СЕ ЛО ВРБНИК!!!


OKTOМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

ПОЧИВАЈ ВО МИР ПОП ТОДОР ПЛАУШКУ!

Обичен работен ден. Растргнат меѓу работните обврски кои се насобрале по годишниот одмор, преку еден телефонски разговор со мој пријател, добив една непријатна вест. Починал поп Тодор. На прв поглед тоа не треба да изненади никого, бидејќи поп Тодор беше во длабока старост и природно е еден ден, како секој човек што се родил на овој свет и да се упокои. Но за мене, смртта на поп Тодор не е обична загуба, бидејќи тој е свештеното лице кое ме има крстено. И не само мене, туку и цели генерации на православни христијани во Голо Брдо, Долни Дебар (Ербеле, Крчиште, Пешкопеја), Тирана, Драч, Елбасан и насекаде каде беа преселени православните Македонци од овие краишта. Гледајќи го ова од денешна перспектива, можеби и не е толку голема и значајна, ниту страшна и опасна работа, но имајќи го предвид времето на атеистичка енверова Албанија, каде беше забрането с# што беше во врска со Бога или со верски предзнак, тоа не беше едноставна работа. Се сеќавам дека како дете многу се плашев од изгледот на поп Тодор, но и од неговата облека, кога тајно извршуваше верски обреди во домашни услови. Тоа пред с# беше стравопочит, кон нешто што е законски забрането. С# уште пред очи ми стои неговиот лик, со малку подзатворени очи, со качкет (бидејќи му беше забрането да ја носи црковната облека), секогаш подготвен за да отпатува и во најдалечната дестинација со цел да придонесе за одржување на православната вера кај православното македонско население во Албанија. Имајќи предвид дека во комунистичката Албанија од 1967 г. с# до 1991 г. сите верски лица беа расчинети, прогонети и им беше забрането да ја проповедаат верата, тајното дејствување на поп Тодор, придонесе за тоа да се зачуваат христијанските православни обичаи кај македонското население во наведените области, а тоа беше од големо значење за нашата „атеистичка„ генерација. Моите контакти со поп Тодор беа чести и поради тоа што мојата покојна баба, Руска беше јатак на попот во селото Ербеле. Тој, при секое доаѓање во с. Ербеле за вршење на тајни верски обреди, ја посетуваше баба ми и тетин ми Јован, разговараа за различни теми, за тоа дека на оваа атеистичка ситуација ќе и дојде крајот, дека луѓето слободно ќе одат во црква, ќе се венчаваат и крштеваат како порано, дека Велигден и другите верски празници ќе се слават јавно, среде село итн. Сето тоа нам ни звучеше како утопија. Уште како дете кај мене се разви почит кон поп Тодор, особено поради фактот што тој беше најпочитуван гостин на моите најблиски. Секое негово доаѓање беше проследено со радост, но и со немир за неговата и нашата сигурност. Често дежурав надвор да не има некој да прислушкува под прозор, или да го следел гостинот до нашата куќа. Поп Тодор беше лице со широк спектар на знаења. Освен што беше одличен теолог, тој истовремено имаше познавања од многу области, од историја, географија, филозофија и др. Освен тоа, тој поседуваше и добра меморија. Како дете се сеќавам на една ситуација кога случајно налетав на него. Ме праша чиј син сум. Откако му кажав дека татко ми се вика Никола, тој веднаш се сети на моето име и ми објасни дека моето име Мануил на еврејски значи Бог е со нас. Нашиот поп беше свештено лице во вистинска смисла на зборот. За негокај духовното преовладуваше над материјалното, поради што треба да служи како пример на свештените лица кои својата професија ја подредиле на „бизнис„. Надоместокот што поп Тодор го добиваше за извршените обреди беше симболичен и често не ги покриваше ниту патните трошоци, но тоа не беше изговор да одбие нечие барање за верски обред. Секогаш беше готов да излезе во пресрет, дури и кога требаше да патува 50-100 км за да крсти некое дете. Ова го поткрепувам со фактот дека во 1987 г. тој патуваше 65 км од Клење до Елбасан за, во домашни услови, да ги крсти моите внуци Дина и Марио, и да не забораваме, дека с# се одвиваше во 2


VESNIK ILINDEN

OKTOМВРИ 2012 Г.

тајност, за да не му се наштети нему и на родителите на децата. Тоа беше поп Тодор единствениот поп кој ја ставаше православната вера и нејзините верници над сопственото постоење. И затоа, веста за неговата смрт кај мене предизвика наплив на емоции и сеќавања за една маркантна личност вткаена во најинтимниот живот на православните Македонци кои живеат во централниот и североисточниот дел на Албанија. Почивај во мир и вечна Ти памет!

М-р Маноил Богдановски

Редакцијата на весникот „Илинден“ на сите Македонци ширум светот им го честита го честита државниот празник на Република Македонија 8 Септември, со желба за секојдневни лични и професионални успеси. Во чест на овој ден го пренесуваме обраќањето на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Свечената академија по повод 21 година независност 08 Септември 2012 година.

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 8 Септември е ден за сеќавање, ден за славење и ден за нови стремежи и визии. Минатиот 8 Септември, кога ја славевме 20-годишнината од нашиот трет Илинден се потсетивме и ги славевме сите оние кои ги дадоа своите животи и се вградија во слободна, независна и суверена Република Македонија. И сега со голем пиетет се сеќаваме на нив, но овој 8 Септември симболично е влез во третата деценија на нашата независност. Деценија во која треба да го живееме она што во минатите две децении беше вложувано. Деценија во која се реализираат нашите стратешки цели како држава. Деценија во која Македонија конечно го добива она што го заслужува. Деценија во која граѓаните ќе ги почувствуваат сите придобивки од жртвите и откажувањата во изминатите години. Затоа, овој 8 Септември, ова обраќање во најголем дел им го посветувам на генерациите родени во слобода. Генерациите родени во независна, суверена и самостојна Република Македонија. Тоа се генерации кои сами ја создаваат претставата за себе и за Македонија. Тоа се генерации кои веќе не робуваат на претставите за Македонија создавани од други. Генерацијата родена со раѓањето на независноста веќе е во факултетските аули и амфитеатри. Тоа сега се студенти желни за знаења и за живот. Тоа е генерација која е дел од единствениот европски образовен простор. Ним, а и на сите граѓани на Република Македонија, треба да им овозможиме живот со европски вредности, европски принципи и европски стандарди. Да им овозможиме натпревар на резултатите на нивниот ум и на нивниот труд. Нив мора да ги подготвиме да се соочат со предизвиците кои ги носи животот во 21 век. Сето она што е направено досега, сето она што сега се инвестира во образованието, во новите технологии, во реформите на нашите институции, во отворањето кон странските инвестиции, промените во сите сфери на секојдневниот живот, е вложување за сите граѓани на Република Македонија, а особено за овие млади луѓе. Вложување во нивната сегашност и вложување во нивната иднина. Тие веќе живеат во глобален свет во кој без проблеми комуницираат со своите врсници од сите делови на планетата. Новите технологии, новите медиуми ги прават глобални граѓани. Свесни и одговорни за тоа што ги очекува. Затоа сите реформи што ги правиме, сите промени што ги преземаме, не ги правиме за Брисел, ги правиме за нас и за генерациите по нас. Буквално не одиме ние во Европа, туку Европа ја создаваме тука кај нас. Почитувани, Живееме во време кога големите идеи, големите проекти, проаѓаат низ кризни периоди. Ни ние не сме имуни на сето она што се случува во светот и на економски, и на политички, и на безбедносен план. Нашите граѓани ги чувствуваат тие промени бидејќи сме сè повеќе поврзани со глобалниот свет, поинформирани за сите глобални настани. Кај некои, поради актуелните настани се јавуваат сомнежи и скептицизам, опседнатост со лошото и негативното. Меѓутоа, треба да знаеме дека секоја криза во исто време е и 3 голем предизвик, време на нови можности. Како во Европа, така и кај нас. Кризите


OKTOМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

се и време кога се бараат решенија. Време кога природно сме многу повеќе иновативни и креативни. Затоа, секој проблем ќе има решение доколку се фокусираме на решението, а не на проблемот. Сум кажал и повторно ќе кажам: Каква Македонија ќе создадеме, таква ќе ја имаме. Наша обврска е да го подготвуваме македонското општество за сè она што нè очекува. Тоа е наша одговорност. Одговорност од секој поединец, без разлика на неговата етничка, религиозна или која било припадност. Одговорност од секоја заедница, од секоја политичка партија. Одговорност од секоја институција, почнувајќи од мене како Претседател, од власта, опозицијата, судството, администрацијата, медиумите, цивилното општество. Едноставно, секој има свој влог и одговорност во реализацијата на стратешките цели. На тој пат, нема место за изговори и избегнување на обврските и одговорностите. Да ја создаваме Македонија како слободна и демократска земја. Држава која се грижи за интересите на своите граѓани. Држава која ги остварува европските вредности, стандарди и принципи во секојдневниот живот. Држава која одговорно ги исполнува своите меѓународно преземени обврски. Нашето одговорно однесување ни дава основа да бараме и другите да се однесуваат одговорно кон нас. Во тоа се состои секое наше барање за почитување на она што е свето за секој на овој свет, па и за народот на Република Македонија. Почитување на слободата, правдата и човечкото достоинство. Затоа е несфатливо и неприфатливо секое оспорување на овие општоприфатени вредности. Постојано апелирам и ќе продолжам да апелирам. Неопходно ни е единство. Неопходна ни е сплотеност за државните интереси, интереси на овие млади луѓе за кои зборувам. Различните интереси и различните претстави за сите прашања се потребни во секоја демократија. Но, разликите и поделбите не смеат да го одвлекуваат вниманието од државните интереси и од стратешките цели. Демократијата е систем во кој преку дијалог се доаѓа до решение. Почитувани сограѓани, Ме исполнува со лична радост секој контакт со наши успешни поединци кои ги среќавам, било во Македонија, било во странство. Ги имаме насекаде, на престижни универзитети, престижни компании, глобални медиуми. Нивно дело е што денес, цела планета знае за Македонија. Многу нивни вредности и доблести веќе ги имаат и ги постигнуваат младите луѓе тука, во Мак едонија. Имаме навистина голем потенцијал. Генерациите за кои зборуваме се токму тие, кои до крајот на оваа деценија, ќе почнат да ги заземаат клучните места во институциите, во политиката и во општеството. Во економијата, културата, науката, уметноста, спортот. Тие се идните претприемачи, иноватори, научници, политичари, уметници, спортисти. Тие се најсуштествениот симбол на нашата татковина, на нашата независност, на нашиот трет Илинден. Затоа, неизмерно се радуваме на секој поединечен успех. Се радуваме на секој постигнат резултат, на секој освоен медал, на секое освоено признание. Тоа е она што мотивира и поттикнува нови успеси. Ако минатата година најубавата честитка ја добивме од кошаркарската и ракометната репрезентација, оваа година нашите срца ги исполни успехот на г-ѓа Бикова, која ни ја даде најубавата честитка за празникот. Имаме илјадници вакви примери во сите сфери. Токму поради сето она што нив ги очекува треба да заборавиме на поделбите и конфронтирањата кои нè оддалечуваат од она што сме си го поставиле како цел. Генерациите кои доаѓаат немаат разбирање за трошењето време и енергија на она што нема да им помогне да се интегрираат во современиот свет. Почитувани граѓани на Република Македонија, Имавме многу пропуштени можности, многу неискористени шанси, неодлучни потези, 4


VESNIK ILINDEN

OKTOМВРИ 2012 Г.

неостварени соништа во минатото. Да го затвориме тоа поглавје. Сите оние кои ги пропуштале можностите и шансите, кои биле неодлучни, си ја носат својата одговорност. Подвлековме црта и решително чекориме напред, кон иднината. Третата деценија на независна Република Македонија мора да биде деценија на успеси. Деценија во која секој индивидуален успех ќе придонесе кон достигнување на заедничкиот успех на нашата Македонија. Деценија на генерациите родени во слобода кои преку својата работа, посветеност и оптимизам, треба да ја доживеат благосостојбата тука, во Македонија. За тоа е потребен живот во согласност со врвните етички вредности и принципи. Принципи кои се основа за градење интегритет, прифаќање на она што е добро. Интегритетот или отсуството на истиот, секогаш има последици. Луѓето кои имаат интегритет нема од што да се плашат. Нивните животи се како отворени книги. Имаат воспоставен систем на вредности врз кој ги носат сите одлуки во животот. Имаат самодоверба и почит од другите. Мора да се биде одговорен. Секое стекнато право подразбира и одговорност и, секој кој носи одлуки ќе преземе одговорност за своите чекори. Така се гради карактерот и иднината. Не смееме да заборавиме дека законите и правилата не се носат за да се кршат, туку да се почитуваат. Така, и новите генерации, за да имаат живот со ред и поредок, во кој ќе можат да имаат сигурност и извесност, треба да ги почитуваат законите и правилата. Никој и никогаш не смее да заборави дека нашата татковина треба да им создава еднакви услови на сите, и сите да бидат еднакви пред законите. Но, не само законите, треба да се почитуваат и правата на другите. Со трудољубивост да создаваме вредности. Да имаме чувство за се што сме стекнале и спечалиле. Да имаме чувство за одговорно и навремено извршување на задачите. Тоа се одлики на доблесни луѓе. Убеден сум дека иднината на Македонија е во квалитетот и во почитувањето на овие вредности. Иднината е во луѓето кои градат и физички, материјални и духовни добра. И сите заедно да го градиме најголемото добро: независна и просперитетна Македонија. Да ја градиме Македонија во височина. Да ги постигнуваме највисоките европски стандарди и вредности. Да создаваме млади за иднината и иднина за младите. Инвестирањето во идните генерации е една од најважните задачи на нашето општество. Среќен сум и како претседател на Република Македонија и како универзитетски професор, што создаваме генерации со отворен ум – храбри, интелигентни, со позитивен однос кон општеството. Сите имаме голема доверба и големи очекувања од младите генерации. Колку што имаме успешни луѓе, толку ќе имаме успешна Македонија. Почитувани сограѓани, Сè почнува од нас самите. Од секој од нас кој од своето раѓање го живее сонот на нашите предци - сонот за слобода, за остварени права и човечко достоинство. Затоа ни останува нам да го почитуваме она што ни е оставено во наследство – сплотеност, соживот и толеранција. Секој ден кој го живееме во независна Македонија е ден на независноста. Независност која ќе ја зачуваме, унапредиме и предадеме на поколенијата само ако не отстапуваме од темелните вредности на нашата заедничка татковина. Гордост и обврска е да се биде Македонец. Гордост е да живееш во Македонија, гордост и обврска е да си граѓанин на Република Македонија без разлика на етничка, религиозна или каква било припадност. Сите да не води добра мисла, да се натпреваруваме по добрина и успех. Колку повеќе ја сакаме и вложуваме во Македонија, таа, толку повеќе ќе ни возвраќа. Да живее Република Македонија! Да ни е вечна Македонија!

ОД СКОПЈЕ ДО ТИРАНА МОРА ДА СЕ ОСТАНЕ ГОРД МАКЕДОНЕЦ ВО АЛБАНИЈА Во врелиот августовски ден и африканските горештини, тргнавме по западната македонска магистрала од Скопје, преку Струга и Елбасан за Тирана. Набргу ги премостуваме изворите вардарски кај Вруток и веќе накачуваме кон високиот превој Стража пред Кичево, уживајќи во убавините на нашата татковина, што ја красат извонредни панорами на шумните гори, раскошното зеленило, бистри води и кривулестите патни делници. По околу два часа возење, ја поминуваме Струга и крајбрежјето на Охридското Езеро и стасуваме на граничниот премин Ќафасан. Пасошките 5


OKTOМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

и царински контроли траеја релативно кусо време со некои прашања и одговори и ние влегуваме во Албанија, продолжувајќи кон Елбасан, отаде границата. Со сопатниците ги коментираме бункерите крај патот, кои стојат и денес цели или искршени. Сепак, тие се сведоштво за едни чудни минати времиња, многу потрошени пари и за намена-без намена во децениите од владеењето на Енвер Хоџа. Некои од луѓето кои ги сретнавме се шегуваа на таа тема за фрлените пари за бункерите. Повеќето случајни минувачи беа Македонци, кои искрено се израдуваа за нашата посета, а особено за можноста да разменат, па макар и само по некој забор, ама по наше да е, како што со желба велеа овие наши добродушни сонародници. Нас нe чека уште долг и тежок пат преку високите планини , кој треба да го поминеме за да дојдеме до Тирана, на средбата со нашите домаќини од Македонското Друштво ,,Илинден,,-Тирана. Станува напорно возењето при искачувањето на серпентините, бидејќи има сообрајќајна врвулица, патот е тесен, а височините сe поголеми. Од двете страни стрмолии се спуштаат до длабоките кањони, па било какво невнимание или грешка би било кобно, би било прва и последна на ваквиот опасен терен. Некои од нашите колеги речиси и да не сакаа да погледнат низ прозорците од возилото кон стотиците метри провалии, бидејќи им се мелеше умот од тоа што го имавме од левата и десната страна. Патот не е и добро обележан, како ни заштитата доволна на критичните места и опасните кривини. Затоа човек мора да отвори очи за да стигне без проблем таму каде што наумил да појде. Не застануваме никаде ниту да здивнеме. На патот постојано се разминуваме со многу луксузни возила. Речиси и да немаше друг автомобил освен мерцедеси, ауди, волксфагени и по некоја заталкана фијатка, тојота. Човек да не може да се изначуди од каде таква ергела на луксузни коли, во така сиромашна земја. Најпосле, кога се симнавме во низинскиот дел и брзаме денски да стасаме во Тирана, се олабавивме малку од преголемата концентрација на тешките планински километри и конечно сме во центарот на Тирана. Веднаш погледот ни го привлекува новата голема православна црква, за чија градба, дел од нашите соговорници имаа само пофалби, велејќи дека со изградбата на овој христијански храм среде главниот град, најпосле била исправена една долга неправда кон многубројните верници што живеат во него. А се смета дека во Албанија има меѓу триста и петстотини илјади Македонци во многу делови, но најголемата концентрација е во Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, Корча, Билишта, Врбник Елбасан, Поградец, Драч и Тирана. Меѓутоа, само во Мала Преспа имаат образование на македонски јазик до основно училиште, а во повисокото образование и за македонските деца наставата се одвива на албански јазик. Уште и на неодамнешниот попис, не им беше дозволено на нашите сонародници да се изјаснат како Македонци, што е скандалозно и спротивно на сите меѓународни норми и правила. Веднаш правиме паралела што се имаат Албанците во Македонија. Права над сите европски стандарди. Со образование на сите степени, со два универзитети, македонскиот јазик не го учат од прво одделение, со многу-многу други погодности и услови. Наспроти правата во Република Македонија, во Албанија, малцинствата се речиси маргинализирани. Многу топла, срдечна, искрена и братска беше средбата со нашите Македонци во Тирана. Видовме стари познаници и нови пријатели. Нашите домаќини од Македонско Друштвото ,,Илинден“ – Тирана кои беа и организаторите на промоцијата на мојата книга ,,Македонците во Викторија“, сторија максимум, оваа промоција да биде навистина на високо ниво, и да биде дел од календарот на првото одбележување на националниот празник Илинден во Тирана. Најангажираниот организатор и член на друштвото Ариана Шутку, беше многу пријатна, разговорлива и непосредна госпоѓа, па вели, дека е среќна што се одржа ваква промоција на ,,Македонците во Викторија“, како и на уште една книга за Македонците во Гора „Борје и Борјани“ од Елмаз Докле, точно по повод илинденските свечености. На ден пладне, салата во Домот на армијата во Тирана, веќе беше исполнета до последното место. Дојдоа наши браќа и сестри од повеќе краеви на таа земја, потоа конзулот на Македонската Амбасада во Тирана Република Албанија , г-дин Горан Бојковски и повеќе албански медиуми. Конзулот, во името на Амбасадорот на Република Македонија во Тирана г-дин Веле Трпевски, кој е веќе назначен за нов амбасадор во Австралија и ги почнува подготовките, информираше 6 дека амбасадорот е отсутен бидејќи е надвор од Тирана, ангажиран околу подготовките


VESNIK ILINDEN

OKTOМВРИ 2012 Г.

за прославата на Илинден која се одржа утредента во Голо Брдо кај Дебар, на албанска територија. Но, испраќа желби за успешен културен настан во очи големиот национален ден. И навистина беше прекрасен културен настан. Беше средба за паметење. Така е, кога ќе се седнати едни крај други браќа по род кои ги разделуваат граници и територии. Јас ја истакнав неопходноста од слога и обединување на нашите Македонци во Албанија, бидејќи само обединети можат да бидат силно јадро за да ги бараат и да се изборат за своите права таму. Особено укажав на неопходноста да сторат сe за да ги зачуваат, афирмираат и да ги пренесуваат на идните потомци македонскиот јазик, обичаи, традиција, култура, идентитет и вистина. Ваквиот апел, желба и укажување беа примени позитивно, со видлив емоционален набој. Во неколку часовната промоција имаше голем интерес за многу прашања, предлози и состојби, за животот и бројноста на Македонците, за образованието и цел корпус прашања поврзани со нашите во Албанија, но и во Мелбурн, Викторија и Австралија. Повеќемина присутни од кои, дел професори, писатели и новинари искажаа комплименти за книгата и воопшто за Македонците на петтиот континент, укажувајќи посебно на потребата за почести вакви и слични други заеднички средби и видувања, по различни поводи и настани, бидејќи се тие прекупотребни и незаменливи наши изворишта. И после промоцијата останавме долго да си поприкажеме, да се фотографираме, да размениме мислења меѓу себе. Тогаш многумина душа отворија кажувајќи си ги маките, зборувајки за уцените и притисоците, за проблемите и тегобите што ги имаат во Албанија. Останувајќи со искра надеж во нив, дека овие се други времиња, па ако ја водат битката заедно и со помош на татковината и иселениците од светот, тогаш се надеваат дека ќе им се отвораат затворените врати и ќе почнат едно по едно да ги добиваат правата кои сега се само мислена именка. Иако, Европа тоа го знае и го констатирала, но состојбата на теренот е поинаква. Сепак, се надеваат Македонците од Албанија дека ќе дојдат еден ден и за нив подобри денови.

Ицо Најдовски

ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ 2012 Членовите на Македонското Друштво “Илинден”- Тирана Стојанка Полко од Поградец и Естела Ѓурѓај од Тирана како претставници на Македонците од Република Албанија имаа чест да се учесници на третата „Школа за Млади Лидери“ 2012 и се дел од „Иванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација (ИСЛАА)“. Естела Ѓурѓај и Стојанка Полко со Претседателот на Школата за Млади Лидери е проект на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, за прв пат иницирана уште во неговата изборна програма, следејќи ја неговата идеја и визија да им се овозможи на талентираните и амбициозни младите младинци да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. Мисијата на школата, е да ги стимулира позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници, но и да го развие нивниот капацитет за справување со предизвиците на глобалната технологија, меѓународната конкуренција, и културната и религиска диверзификација. Програмата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, политичари и парламентарци од европски земји, амбасадори, министри, претседатели на успешни компании и бизнис групации. Учесниците во школата добиваат можност не само да ги чујат нивните излагања и предавања, туку и да разговараат со нив, да дискутираат на многу теми, да ја предизвикуваат сопствената мисла насочувајќи ја напред. Велат „..општеството е како брод и во секое време треба да постојат луѓе кои ќе бидат подготвени да го преземат кормилото“. За идните кормилари да бидат подготвени да го преземат кормилото мора постојано да се инвестира во нивниот развој и наобразба. 7


OKTOМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

Амбасадорот на Република Македонија г- дин Веле Трпевски на средба со Aлбанскиот министер за здравтсво г-дин Ванѓел Таво Македонија и Албанија ќе ја прошират соработката во областа на здравството преку неколку договори кои набрзо ќе ги потпишат, беше речено на средбата на македонскиот амбасадор во Тирана Веле Трпевски и албанскиот министер за здравство, Ванѓел Таво. Во текот на разговорите Таво му се заблагодарил на Трпевски за помошта што Македонија и ја даде на Албанија за третирање на пациетите за дијализа во Центарот во Струга. Тој рекол дека инситуцијата со која раковоиди е отворена и за неа е добредојдена секоја соработка меѓу двете земји во областа на здравството. Амбасадорот Трпевски односите со албанската држава ги оценил како едни од најдобрите во регинот, нагласувајќи дека тоа го потврдува и големиот број Македонски туристи кои во летниот период престојуваат на Албанското крајбрежје.

Македонија учестуваше на второто издание на Balkan Film and Food Festival што се одржи од 3 септември до 9 септември 2012 година во Поградец, Република Албанија

Македонија учестуваше на Balkan Food and Film Festival со прикажани долгометражниот филм „Војната заврши” во режија на Митко Панов, докуметарниот „Македонците во Истанбул” во режија на Елизабета Конеска, како и кратки филмови „Митот за Сара” во режија на Саша Станишиќ и „Девојчето со кибритчињата” во режија на Филип Матевски. Во рамки на фестивалот беше прикажан и анимираниот филм „Народен фронт 12” во режија на Иван Ивановски. Сите филмови кои се прикажува на фестивалот се подржани од страна на Филмскиот фонд на Република Македонија. Balkan Амбасадорот на Република Food and Film Festival оваа година има богата филмска програма од земјите од регионот, каде покрај со проекциите на филмовите, Македонија во Тирана, земјите од регионот се претставени и со традиционални кулинарски Албанија Г-дин Веле специјалитети. Фестивалот има за цел да прерасне во збирна точка Трпевски со Македонските на филмските љубители, љубителите на уметноста, традицијата и претставници на фестивалот културата на балканските народи. Македонските артисти ги посети и Амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија Г-дин Веле Трпевски и претставници на Македонската Заедница во Република Албанија.

Потпишана декларација за воспоставување на прекуграничен Биосферен резерват Охрид-Преспа На 02.10.2012 година во седиштето на Националниот парк Преспа, во Горица, Мала Преспа, Република Албанија министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија г-дин Абдилаќим Адеми и министерот за животна средина, шумарство и водостопанство на Република Албанија г-дин Фатмир Медиу потпиша Декларација за посветеност за воспоставување на прекуграничен биосферен резерват Охрид – Преспа според UNESCO програмата. На настанот присуствува македонскиот амбасадор во Република Албанија, г-дин Веле Трпевски и германскиот амбасадор во Албанија, г-ѓа Карол Мулер - Холткемпер, претставникот на UNESCO Марија Прчалова, претставници на делегацијата на ЕУ во Република Албанија, претставникот на Меѓународната унија за заштита на природата Нејиб Бенесаја, како и претставници на Германската банка за реконструкција. 8


VESNIK ILINDEN

OKTOМВРИ 2012 Г.

Првиот Глобален инвестициски самит за Македонија 2012

Македонија 2025 во соработка со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како локален партнер, го организираат првиот ГЛОБАЛЕН ИНВЕСТИЦИСКИ САМИТ ЗА МАКЕДОНИЈА 2012 кој ќе се оддржи од 18 до 21 октомври, 2012 во Охрид, на овој самит ќе присуствуваат и Македонци бизнесмени од Република Албанија. Главна цел на Самитот е да ги презентира Македонските инвестициски и извозни можности пред претставниците на македонската дијаспора и останати потенцијални инвеститори. Учествуваат видни бизнис лидери од дијаспората, врвни професионалци од глобални корпорации, министри и претставници на Владата на Република Македонија, како и успешни Македонски бизнисмени. Самитот претставува уникална можност за поврзување и стимулирање на соработката меѓу македонските компании кои имаат развојни проекти и извозни капацитети со компании од странство, со цел остварување заеднички напредок и успех. Македонија 2025 преку своите економски програми е посветена на позиционирање на Македонија како посакувана дестинација за странски директни инвестиции, како и промоција на конкурентните македонски индустрии на глобалните пазари. Сметаме дека овој настан ќе биде значаен чекор кон зајакнување на врската меѓу дијаспората со Македонската бизнис заедница co цел стимулирање на трговијата, инвестициите и економскиот развој.

Стерјо Спасе Албански писател и критичар од Македонско потекло

Стерјо Спасе (14. VIII 1914 - 12. XI 1989) - албански писател и критичар од Македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици. Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Мала Преспа, Република Албанија. Основно училиште завршил на албански и на грчки јазик во родното место и во Корча. Образованието го продолжил во Корча и во Елбасан, каде завршува Педагошка гимназија. Работел како учител во Дервичане, село во округот на Ѓирокастро, а подоцна предавал во Воскополе, Корча и Тирана. Пред Втората светска војна бил соработник на познатите списанија во Тирана и во Романија, како што се „АБЦ“, „АBС“, „Бота е Ре“ („Нов свет“) и др. Во овој период книжевната дејност на Стерјо Спасе е особено плодна. Тој интензивно творел и создава неколку значајни дела меѓу кои романите „Pse“ („Зошто“ - 1935), “Afërdita” („Венера“ - 1944), збирките раскази „Kurorë rinie“ („Младински венец” - 1934), „Во прегратките на една жена“ (1934), „Невеста без превез“ (1944) и др. Во 1935 година во Корча го издава својот прв роман „Nga jeta në jetë. (“ Од живот во живот - зошто”. Во романот наречен едноставно “Зошто” (Pse), ремекдело на неговото творештво, тој ја опишува историјата на млад интелектуалец, кој се вратил во своето родно село по завршување на обуката и за судирот со традиционалното, кој го води до самоубиство. Меѓутоа, набрзо по излегувањето, актуелната власт ќе го забрани романот „Зошто!?“ (Pse). Изразувајќи го својот македонски културен идентитет, во периодот пред Втората светска војна, кога Албанија води силна асимилаторска политика, Стерјо Спасе станува непожелен за албанските власти во Тирана. Иако романот „Зошто“ (Pse), всушност е прв роман отпечатен во Албанија, албанските власти го забрануваат заради македонското потекло на авторот. По ослободувањето, кога во Албанија попушта асимилаторската политика кон малцинствата, Стерјо Спасе околу 50 – тите години се сели во Тирана. Во еден период бил просветен инспектор, уредник на „Litaratura jone“ („Наша литература“), „Nëntori“ („Ноември“), „Shkolla e Re “ („Ново училиште“) и др. Во 1960 година, тој завршил висок курс за книжевност во Институтот за јазик и книжевност „Максим Горки“. Својата наобразба ја довршил во Фиренца, Италија и во Москва, Русија. Книжевноста на Стерјо Спасе по Втората светска војна е разновидна. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Напишал образовни дела, се занимавал со преводи, статии, монографии и сл. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици.Стерјо Спасе е автор на десетина романи. По ослободувањето, во 1952 година, тој го издава романот „Тие не беа сами“ (Ata nuk ishin vetëm, roman), во кој ја опишува борбата на албанскиот селенац против беговите. Три години потоа, во 1955 година, го издава и романот „Венера повторно во селото“ (Afërdita përsëri në fshat). Романите „Огнот” („Zjarre“ -1972), “Смрт или слобода” („Ja vdekje, ja liri“ - 1978), “Бунтовниците” („Kryengritësit“ - 1983) и други, имаат историска тематика, во кои Стерјо Спасе ја опишува борбата на населението во Албанија против Отоманската империја. Во меѓувреме, Спасе пишува и за најмладите. Во 1966 година издава адаптацијата на епски 9


OKTOМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

песни за деца „Соколица“ (Sokolesha), а две години потоа, во 1968 година и приказни за деца „Поздрави од селото“ (Të fala nga fshati). Стерјо Спасе ги забележува македонските народни песни од Преспанскиот регион, со што зазема значајно место меѓу собирачите на македонски народни умотворби. По неговата смрт во 1989 година, како дел од македонското културно наследство, под наслов „Македонски народни песни од Мала Преспа“, во 1992 година овие песни за печат ги подготвува Благоја Стојчевски. Стерјо Спасе се упокоил во Тирана на 12 ноември 1989 година. Неговото дело го продолжува неговиот син Илинден Стерјо Спасе, педагог и писател, кој од 1964 год., повремено пишува проза на албански и на македонски јазик, а ја има објавено и книгата „Мојот татко Стерјо“.

Согласно политиката на редакцијата на весникот „Илинден“ а запознавање на Македонските градови и нивните историски, културни и природни убавини, во овој број за нашите читатели ја донесуваме приказната за Велес.

Велес Центар на Општината Велес е градот Велес сместен во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар на надморска висина од 206 м. Велес е шести град според бројот на жители во Македонија со вкупно население од 43.716 жители. Тој претставува значаен сообраќаен јазол каде што се вкрстуваат најважните патни и железнички сообраќајни правци на меѓународниот сообраќаен коридор, кој ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Северна Африка.

Храмот Свети великомаченик Пантелејмон, се смета за еден од бисерите на сакралната архитектура на Балканот. Во 1840, под ридот Вршник, ја изградил големиот градител Андреја Дамјанов со своите браќа. Црквата е трибродна базилика со големи димензии и пространа галерија од сите страни на катот. Дел од декоративните елементи се изработени во византиски стил, а дел имаат обележје на барок. Црквата е позната по прекрасната акустика добиена како резултат на вградувањето на грнчарски производи во ѕидовите како и користење на лушпи од јајца во малтерот. Од 2009 година Свети Пантелејмон е прогласен за светец заштитник на градот Велес. Црквата Свети Никола Малата црквичка Свети Никола е доградена на околу стотина метри јужно од манастирот Свети Димитрија, надвисната над самиот пат. Набљудуван од надворешна страна, овој храм повеќе наликува на одбранбена тврдина отколку на сакрален објект. Според фреските на ѕидовите, се претпоставува дека црквата потекнува од 14 век. Спомен куќа на Кочо Рацин Куќата на еден од најголемите поети во периодот помеѓу двете светски војни Коста Солев Рацин во 1962 година е целосно реставрирана. Приземјето е изградено од камен, на катот доминира фасада со бела боја, а покривот е висок и покриен со ќерамиди. Двокрилна порта од дрво води во тремот решен како мал простор кој ги спојува катот, фурната, чардаците и грнчарската работилница. Работилницата има голема површина, а во нејзинот под има мала 10


OKTOМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

скривница. Чардакот на куќата е споен со фурната. На спротивниот крај чардакот со скали води кон повисок чардак. Во спомен-куќата на Рацин денес се наоѓаат негови оригинални ракописи и голем број други спомени за неговиот живот и дело. Велешки специјалитети Пастрмајлијата, по велешки пита, е јадење од меко печено тесто посипано со парчиња свинско месо, зачинето со пастрма и залеано со јајце. Пастрмата порано се подготвувала околу Митровден, кога се колеле овци и кози. Поради немањето современи уреди за одржување на храната, месото се ставало во каче (буренце) со солило, каде што стоело со месеци. Пред правењето на питите се миело со вода (се отсолува) и се редело на греди над огништето за да се суши. Тајната на тестото, велат гастрономите, е во начинот на печењето: се пече во фурна, на многу висока температура, кратко време. Спаѓа во богатите зимски јадења и затоа порано било достапно само во зимскиот период. Бидејќи сега е туристичка атракција на градот, можете да ја добиете во рестораните во секое време. Во чест на пастрмајлијата секоја година во организација на локалната самоуправа од Велес се одржува традиционалната манифестација „Велешка питијада”, на која можат да се дегустираат пити, вино и разни пекарски производи. Ѓозлеме Стариот велешки специјалитет - ѓозлеме е уникатен и се подготвува во зима, бидејќи изобилува со повеќе калории. Тоа се кори прошарани само со свинско месо. Со него се пие црвено вино или јогурт.

Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: drustvo.ilinden.tirana@live.com

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – Тирана Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај Заменик на главен и одговорен уредник: Ерлин Мазнику Лектура: Валентина Нестор Компјутерска обработка: Тримакс - Тирана Печати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “-Тирана и редакцијата Редакција: 1. Ариана Шутку – Тирана

5. Алдана Лоровска – Врбник

2. Ернеста Дука – Драч

6. Бесим Мемишај – Гора

Банка: Национална Комерциална Банка - Тирана

3. Ули Халилај – Голо Брдо

7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа

4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште

8. Брунилда Абдиај - Елбасан

IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK

Контакт: 0692401778 АЛ 0038971946391 МК Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанија е-mail: drustvo.ilinden.tirana@live.com Web: www.ilinden-tirana.com

SWIFT:NCBAALTX020 IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR SWIFT:NCBAALTX


МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА SHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{ MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

Компјутерска обработка: Тримакс Картографија Bul. K.J. Pitu 15/6, Skopje tel: ++389(0)2/2401 280 faks:++389(0)2/2401 282 www.trimaks.com.mk

Sh.p.k. Trimaks - Tiran[, Kartografi Trimaks cel: ++355(0)69/3861-502 tel/fax: ++355(0)4/2268-489 Rr. Alipash Guxia No 35 Tiran[ e-mail: 3maks@3maks.com

vesnik_ilinden_br_12__2_  

vesnik_ilinden_br_12__2_

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you