Page 1

ILINDEN ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГОДИНА II

БРОЈ 9

ТИРАНА - АЛБАНИЈА

www.ilinden-tirana.com

Бесплатен примерок

АВГУСТ 2012 Г.

Во овој број

ЧЕС ТИТ ИЛИНДЕН! Страница 2 Г-н Бујар Нишани е новиот претседател на Република Албанија На 13.07.2012 година во Охрид , Македонија Македонско Друштво „Илинден“ од Тирана, Република Албанија потпиша Меморандум за соработка со Македонски Клуб “Илинден” од Лацен -Хановер, Република Германија

Страница 3 Македонско Друштво “Илинден”- Тирана

Страница 4 Сабота по Спасов ден, ден за паметење

Страница 5 Монографија “Борје и Борјаните”

Страница 6 Велосипедисти од Македонија и Албанија го одбележаа денот на Охридското езеро со кружна трка околу езерото

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија! Во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана и во свое име, Ви го честитаме најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 – та. Македонско друштво “Илинден” –Тирана Претседател: Никола Ѓурѓај

Страница 7 Конференција „Европски Вредности во Културното Наследство“

Страница 8 Mакедонско студентско друштво на владини стипендисти

Страница 9 Замба Македонскиот учесник на изборот за Песна на Евровизија 2012

Страница 9 Прилеп и неговата околина

Илинденски излет на Македонците во Тирана во 1937 година


АВГУСТ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

Г-Н БУЈАР НИШАНИ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Албанскиот парламент го избра министерот за внатрешни работи г-н Бујар Нишани за нов претседател на Република Албанија, по три неуспешни гласања, во кои парламентарните партии не успеаја да постигнат консензус по тоа прашање. Нишани претседателскиот мандат го наследи од Бамир Топи, чиј петгодишен ангажман истекува во јули 2012 год. Тој беше единствениот кандидат кој бил именуван од владеачката коалиција предводена од Демократската партија на премиерот Сали Бериша. Сепак, владеачката коалиција прво го именуваше економистот Артан Хоџа за претседателски кандидат, но тој во последен момент се повлекол без објаснување. На изборот на Нишани му претходеле бурни расправи. Опозиционите социјалисти постојано го бојкотирале гласањето, но во четвртата рунда, за коректност на гласањето било доволно просто мнозинство од 71 пратеник во парламентот од 140 места, за разлика од три петтини потребни гласови во претходните гласања. При гласањето учествувале 76 пратеници, од кои 73 гласале за Бујар Нишани, еден против, а два гласа биле неважечки. Албанија е парламентарна демократија во која институционалната власт има премиер, но претседателот има важна улога како шеф на државата и командат на оружените сили.

На 13.07.2012 година во Охрид , Македонија Македонско Друштво „Илинден“ од Тирана, Република Албанија потпиша Меморандум за соработка со Македонски Клуб “Илинден” од Лацен -Хановер, Република Германија

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Република Албанија и Македонскиот клуб “Илинден” од Лацен (Хановер), Сојузна Република Германија, на 13.07.2012 година, во Охрид, потпишаа Меморандум за соработка, водејќи се од желбата за меѓусебно поврзување, како асоцијации на Македонци, кои симболично имат исто име – „Илинден“. Според документот, договорена е имплементација на програмските цели на двете организации, односно изготвување на заеднички проекти од образовен, едукативен и друг карактер.Централно место во соработката зазема размената

2


VESNIK ILINDEN

АВГУСТ 2012 Г.

искуства во областа на заштитата на човековите права. За двете организации, исто така, од исклучително значење е употребата и заштита на националните обележја, како и почитувањето и развивањето на традициите. Значајно место во активностите за остварување на соработката зазема и идно организирање трибини, прослави и свечености со учество на културно-уметнички друштва од двете земји, потоа активирањето едукативни центри, ангажирањето на високостручен кадар во образовниот систем, културата, спортот и друго. Размената, пак, на кадри во едукативните процеси, размената на деца и младинци, како учесници во разни манифестации и работилници, исто така, имаат клучно место во соработката. Двете организации се согласија да реализираат и разни акции од хуманитарен карактер.

Никола Ѓурѓај

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО “ИЛИНДЕН”- ТИРАНА

Македонско Друштво “Илинден”- Тирана и Огранокот Голо Брдо на Македонско Друштво “Илинден”Тирана се поставени во списокот на Државна агенција за поддршка на граѓанското општество на сите организации во Република Албанија. AMSHC е централно јавно тело, а оперативниот буџет за исполнување на мисијата и своите цели во согласност со применливиот закон. Статутот на Агенцијата е одобрен од страна на Владата на Република Албанија. Мисијата на Агенцијата за поддршка на граѓанското општество е да се охрабрат сите организации, преку финансиска помош, одржлив развој на граѓанското општество и создавање на поволни услови за граѓански иницијативи и јавниот интерес. Исто така, дел од нивната заедничка цел е унапредување на соработката со невладините организации, кои се занимаваат, покрај другото, и со надгледување на борбата против корупцијата, борбата против трговијата со луѓе и лекување на неговите жртви, семејно насилство и насилство врз децата. Во нивните цели се застапени и поттикнувањата на граѓаните во разни активности, нивното вклучување и учество за развој на заедницата, создавањето и консолидацијата на граѓанското општество вештини, развој на меѓу-ресорна соработка и соработка помеѓу организациите на граѓанското општество. Линк: Македонско Друштво “Илинден”- Тирана број 138 http://www.amshc.gov.al/ojf/Qarku-Tirane. htmМакедонско Друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо број 3 http://www.amshc.gov. 3 al/ojf/Qarku-Diber.htm


АВГУСТ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

САБОТА ПО СПАСОВ ДЕН, ДЕН ЗА ПАМЕТЕЊЕ На 26 јуни 2012 год. во село Горно Крчишта, Република Албанија беше одржана четвртата традиционална средба на Македонците од ова село. Имено, пред четири години беше осветена возобновената црква Св. Спас во истото село, по што организаторите на ова духовна свеченост го востановија датумот на нивната средба во селото, т.е. првата сабота после Спасовден. Од тогаш до сега се одржаа повеќе средби, а бројот на Македонци присутни на нив се зголемува. При тоа, значајно е да се спомне дека покрај македонските жители иселени со децении од селото, на овој ден во Горно Крчиште одат и Македонци кои немаат потекло од ова село. Нивниот интерес е побуден од амбициозноста и ентузијазмот на Македонците од селото, кои во изминативе четири години, покрај обновувањето на црквата Св. Спас, вложиле огромни напори во заживување и на соборната црква Св. Димитрија. Така, оваа година литургијата во чест на селскиот црковен празник се одржа во неа. Забележително беше задоволството на организаторите на овој собир од подготвеноста на соборната црква за прием на бројните гости, кои беа позитивно изненадени од новопоставениот олтар збогатен со малубројни, но за православието, најзначајни икони. Литургијата ги разбуди светите чувства на православните Македонци, некогашни жители на Горно Крчиште. Веднаш потоа, и покрај поројниот дожд, беа посетени православните гробишта со што им беше оддадена должна почит на упокоените предци. И како и секоја година, средбата продолжи со заедничка веселба на домаќините, и се побројните гости, со чашка домашна ракија, сезонска салата... и се разбира, многубројни македонски песни од дебарскиот крај. Заминавме, од Горно Крчишта, исто како и што дојдовме, со комбе. До гранчниот албанско-македонски премин, заедно со дел од Македонците од Горно Крчишта, застанавме да го погледнеме и Макеларе, центарот на овој округ. Од година во година, се забележува голема позитивна промена во развојот на ова населено место, а ние посакавме и догодина да се сретнеме со новини во него и повторно од фурната да купиме, миризлив и мек, штотуку печен леб. Последната мисла, што во овој момент ни доаѓа на ум е искрената желба, идната ПЕТТА по ред средба на Македонците и гостите во Горно Крчиште да биде уште помасовна, со цел ЗАБОРАВОТ да не биде судбина на македонските предци и македонската православна историја во дебарскиот крај, од албанската страна на границата.

4

Проф. д-р Маргарита Пешевска


VESNIK ILINDEN

АВГУСТ 2012 Г.

МОНОГРАФИЈА “БОРЈЕ И БОРЈАНИТЕ” Во правец на популаризирање на културната мисла на Македонците од Албанија, овој пат ја претставуваме монографијата “Борје и Борјаните” од авторот Ељмаз Докле, книга која заправо го опишува животот на горанските села. Борје е eдно од деветте Горански села во Албанија. Се наоѓа на надморска висина од 1250 метри. Гораните живеат во селата Оргоста, Црнолево, Ново Село, Шиштавец, Оршек, Запот, Кошаришта, Пакишта, Борје. Доволно би било во книгата да прочитате делови каде што ги опишува свабдите и би дознале колку оптеретен е нивниот живот. Она е тоа што тие метафорично го нарекуваат “Муке миле”, - пишува во рецензијата Намик Докле, кое го пренесува во целосност. Намик Докле: “Прозорчич душе“. Нема место во преговорот од една книга пишана за едно горанско село да збориме за целата носија, но вредноста на книгата “Борје и Борјаните” е токму тука: “Пишујеци за Борје, написуаф за цела Гора, пишујеци за Бројани напишав за сви Горани. Они израсле во иста планина, се раниле со исто сиромаштво, патиле остајене во исти сомност, зивот им го скратила иста далечина„. Исто така за неговото родно место напишал и еден друг Горанин, Садик Идризи. Гора таке била од памти век, далечна и сама. Забраена и од Бога! Една стара легенда зборува за Борје, можеби и за цела Гора. Според неа кога Бог делел убавини од овој свет, Гораните бидејќи биле далеку, отишол најпосле Бог, кога не останало ништо да им даде. “Молим те, мене не врачај празне рака Сајбији Богу“, му рекол еден Горанин на Бог. Богот го послушал со милост, немал што да му даде друго, зел еден камен од земја и му рекол “Сакаш Камен” и така останал овој живот таму. Иако најширомашна, Гора има бескрајна љубов од своите синови, една тага што не се кажува, една надеж што не гасне и го прави животот поубав и полесен. Ова е најголемиот дух што се наоѓа во книгата “Борје и Борјаните” . Според начинот како е замислена, таа е едноставна, но нуди голема информација и е напишана со голем мерк и љубов за родниот крај. Книгата зборува за љубовта на сите жители од Гора, за сите ливаѓе и секоја нивна тревка, за свекој жител кој можел и успеал да подигне од место, барем еден камен на корист на своето село. Книгата е полна со прикажувања и детаљи кои го ценат животот. Нема трагедии или причини за трагичности. Не споменува други блиски села, но шири рака многу подалеку. Нема претензии за кнжевеноста, но суровиот и тешкиот живот го воодушевиле за да го напише и објаве ова живописно и вредно дело. Горани се напатени, но никаде не се пожалиле и за работа не се фалат. Тие можеле да ги сакаат своите села и никогаш не го пцујат другиот. Знаат да плачат и да се смеат за својот живот, да ги почитуваат другите и почитта да им се врати. Доволно би било во книгата да прочитате делови кои говорат за свадбите и би сте дознале колку се тие оптеретени од својот живот и нивните маки. Таква е и следната песна која е една од најстарите горански народни песни:

5


АВГУСТ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

Ка фукнаха Фатима Дорија Вреча козинава Врзаха Фатима Дори ја Рацесо све очи. Со таква вековна драма срадале Борјани, но со надеж да се ослободат и да гледаат напред и далеку. За да го постигнат сето тоа, тие стално го пратиле својот живот со храброст и смелост. Во делото се наоѓа горанската душа, се отвори една светлост и можност да се пронајдат сите Горани во книгата “Борје и Борјаните” . Книгата е на албански јазик, но за да биде и на македонски јазик, потребни се донации. За ова ги молам сите да помогнат за да не остане конзервирана само овде, оваа книга со неизмерни вредоности за културата и обичаите на селото Борје, кои се најубави, но да се отпечати и на македонски јазик. Елмаз Ќемај Докле

ВЕЛОСИПЕДИСТИ ОД МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО СО КРУЖНА ТРКА ОКОЛУ ЕЗЕРОТО Осумдесет велосипедисти од Македонија и Албанија на 24.06.2012 година го заобиколија Охридското езеро. Тргнаа од машка плажа Струга, поминаа Ќафасан, Лин, Подградец, Свети Наум и Охрид, вкупно 120 километри. На овој начин Македонија и Албанија го одбележаа денот на Охридското езеро. Го прославија езерото, го славиме оној заеднички дух на сите општини кои лежат на Охридското езеро. Рампите на Ќафасан и Свети Наум денеска беа отворени за натпреварувачите во знак на добрососедските односи и денот на езерото. Отворена ќе биде границата за нас. Синоќа на состанокот се договоривме така да со кодовите на УЦИ дозволено ни е да ја минуваме границата. Има некои процедури, но границата ни е дозволено да ја минеме така, вели Сотир Атанасоски судија. Велосипедистите се натпреваруваа по стандардите на Светската велосипедска асоцијација. Ова е прва меѓународна трка околу Охридското езеро во организација на велосипедските клубови од Охрид, Струга и Подградец подржана од Германската амбасада. 6


VESNIK ILINDEN

АВГУСТ 2012 Г.

КОНФЕРЕНЦИЈА „ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ ВО КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО“ Регионалната завршна конференција и работилница која се одржа во Ѓирокастра, Република Албанија на 17 и 18 Мај 2012 год. Темата на конференцијата беше: „Историски градови – Наше заедничко културно наследство“ во склоп на проектот за подигање на свеста на Западен Балкан, организирано од конзорциумот на невладини организации EVAH Европски Вредности во Културата. Конференцијата се состоеше од два дела и тоа: Прв ден работен дел на тема “План за управување и интегрирани метододологии во заштитата на културното наследство“. Беа презентирани искуства од градовите учеснички во проектот Охрид - Македонија, Призрен -Косово, Ѓирокастра – Албанија и Јанина- Грција. Како претставник од Охридскиот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид и како активен учесник при реализацијата на нацрт -планот за управување со светското културно наследство на Охридскиот регион го презентирав истиот во кратки црти со прикладна видео презентација од околу 20 мин. Целта беше запознавање и размена на искуства во однос на менаџирањето со историските градови. Исто така, беше изведена интерактивна вежба со која се дефинираа можните учесници во интегрираната група за реализација на планот за управување и интегрална заштита. Вториот ден беше свечен дел на завршни заклучоци за целиот проект. Свое учество со презентација за Охридската чаршија и занаетите имаше архитект Горан Патчев и Оливера Мишева, етнолог од Н.У. Завод и Музеј Охрид. Беше потенцирана важноста од учество на пошироката јавност со свои реални потреби и барања во одреден стадиум на планирање. На крај беше презентирана завршната резолуција на проектот со универзални пораки.

7


АВГУСТ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

МАКЕДОНСКО СТУДЕНТСКО ДРУШТВО НА ВЛАДИНИ СТИПЕНДИСТИ На 22 мај 2012 година во Скопје, Македонија во организација на Светскиот Македонски Конгрес, Македонското студентско друштво во кое членуваат студентите Македонци, владини стипендисти запишани на универзитетите во Македонија. Изборното собрание на Македонското студентско друштво изврши избор на претседателство и надзорен одбор за мандатниот период 2012-2014 година, како и координатори за активите на студентите во Охрид, Битола, Прилеп и Штип. За претседател на Македонското студентско друштво е избран Јани Пејкофски, редовен студент на Факултетот за безбедност при универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. За членови на претседателството на Друштвото се избрани: Јани Пејкофски претседател, Иван Величковски од Србија и Дејан Никола од Албанија потпретседатели, Јани Ѓорѓи секретар, Панди Симоновски благајник, Ефтин Тане координатор на активот во Охрид, Радоје Јовановски координатор на активот во Битола, Наумче Павловски координатор на активот во Прилеп, Владо Крстевски координатор на активот во Штип, Александар Бандили координатор за настава, Елена Митревска координатор за сместување, Ирена Митре координатор за култура, Дејан Нестор координатор за спорт и Мирче Дине координатор за соработка и информирање. За членови на надзорниот одбор на друштото се избрани: Тони Дума претседател, Цветан Богдановски член и Наум Апостол член. Студентите побараа прием кај министерот за образование во врска со нивниот статус, стипендиите, приемот на факултетите и распроведувањето по студентските домови. На Собранието присуствуваше и ги поздрави студентите градоначалникот на општина Пустец Мала Преспа, Едмонд Темелко и претседател на Македонската партија во Албанија. По одржувањето на изборното собрание, студентите со градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко, претседателот на Унијата на млади сили на Македонската партија во Албанија Васил Стерјовски и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров го посетија Музејот на Македонската револуционерна борба и Македонската црква “Свети Димитрија“.

8


АВГУСТ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

ЗАМБА Меѓународната заедница не треба да го ограничи просторот на влијание на Охридскиот рамковен договор, ако е вистински добронамерен со својата содржина и доколку се добронамерни нејзините институции кон Македонија и Македонскиот народ. Веќе 11 години само нашата држава и Македонците сме под рамковен мониторинг. Само врз нашиот народ и држава се спроведува дефокузација од суптилното размакедончување. Додуша, другите и не ги интересира македонската етногенетска судбина. А доколку овој документ влијание и врз соседните држави, потоа на целиот Балкан и врз Европа, па и пошироко, ќе ја потврди својата вредносна суштина – закон за остварување на човечките права на малцинствата во целиот свет. Само така ќе се одлепи од дефиницијата антимакедонски памфлет. Меѓутоа, продолжуваат рамковните деградации на Македонија и на Македонците од страна на Меѓународната заедница Тирана, Атина, Софија и Беград токму тоа се обидуваат да го искористат и сакаат да ни удрат – замба! Сите четири главни метрополи на соседните држави тежнеат со крвавото замбино крукче да го покријат македонскиот идентитет на нашите чела и во срцата. Едни го негираат етникумот, други Црквата, трети го замбуваат вистинското (уставното) име Република Македонија. Најбесрамно се обидуваат да не посочуваат како виновници за големиот неред особено на Балканот. Само затоа што нашата татковина со столетија е Македонија, а сме опстојале како Македонски народ, кој сега, во целиот свет, а тоа значи и во соседните држави Република Албанија, Република Грција, Република Бугарија и Република Србија се бори да не биде променето уставното име на нашата матична, етничка држава Република Македонија. Очигледно е: сите соседи, на еден или друг начин, сакаат да не снема како Македонци, да исчезне името Македонија. Всушност, немаме никаква вина. И единствениот нивен „адут“ нашиот идентитет им паѓа од рацете. Ниту се откажуваме од него, ниту од Македонија. Тие сакаат да ги сокријат сопствените вини, кои ги гледаме ние, Македонците, за да ги посочиме во името на нашиот опстој. Јакнењето на нашето единство врз духовно-етнички, културни и секакви други етички основи веќе нема ниту време, ниту алтернатива. Сеедно каде живееме Македонците во светот, ние сме браќа и сестри по дух и крв и целта на нашето семакедонско обединување се две судбински нешта: заштита на името на нашата единствена татковина Македонија и на нашиот македонски духовно-национален идентитет. Да си помогнеме самите за да им замилееме на другите... *ЗАМБА – метална направа со крукче на едниот крај, со што домаќинките во минатото ги бележеле своите пајки, гуски итн.

Мирослав Спироски

Новинар-Аналитичар

МАКЕДОНСКИОТ УЧЕСНИК НА ИЗБОРОТ ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА 2012 Македонија учестуваше на годинешната манифестација “Песна на Евровизија 2012” што се одржи во Баку, Азербејџан, од 24 - 26.05.2012 година. Република Македонија се претстави од вокалниот претставник Калиопи со песната “Црно и бело”. Република Македонија се пласира во финалната вечер.

9


АВГУСТ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

ПРИЛЕП И НЕГОВАТА ОКОЛИНА

Општина Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепското поле кое го сочинува северниот дел од најголемата котлина во Македонија, Пелагонија. Градот Прилеп се наоѓа на надморска височина од 620-650 метри, а на ридестите падини и до 680 метри. Во историските извори Прилеп за прв пат се споменува во 1014 година.Територијата на градот и неговата околина претставувале едно од најважните стратешко-политички и воени подрачја на овој дел од Балканот.Во пелагонискиот дел се наоѓале мошне важни крстосници на патишта од правецот на Егејското и Јадранското море.Важните антички магистрали Виа Игнација и Виа Милитарис својата најприродна врска ја имале преку Прилеп. Исто така преку Прилеп врвел и најкусиот трговскокаравански пат по кој од правецот на Јадранското море венецијанските и дубровничките трговци и курири поаѓале кон Солун.Низ вековите,на овој простор се среќавале и се судирале хеленската,римската,визан тиската и словенската култура. Најрепрезентативните споменични комплекси од античкиот период се наоѓаат на локалитетите “Бедем” во с. Чепигово, “Безистен” меѓу селата Прилепец и Волково,како и во самиот град. На неколку локалитети се утврдени и остатоци од античките градови Стибера,Алкомена,Керамија и Колобанса. Според застапеноста на културно-историските споменици, ништо помалку значаен не е ниту периодот на средниот век.Тука спаѓаат црквите Св.Никола, која датира од 13 век,Св.Успение на Богородица во манастирот на Трескавец со репрезентативни фрески од 15,16 и 19 век, како и манастирот со црквата Св.Преображение која се наоѓа над селото Зрзе. Најзначајниот комплекс од културно-историски споменици се наоѓа во самиот град ,кој бил центар на пошироката политичкотериторијална организација и значајно политичко и воено Старата чаршија и саат престојалиште на Македонскиот цар Самуил. Комплексот споменици кулата на средновековниот Прилеп го зафаќа просторот на стеновитото возвишение Маркови Кули и околните простори со локалитететите Поткули,Варош и Заград. На возвишението Маркови Кули се наоѓа една од петте најголеми балкански тврдини, составена од три одбрамбени појаси и повеќе кули и порти. Прилеп е познат светски центар за производство на квалитетен тутун од типот “Прилеп” кој е особено баран на светскиот Пазар. Прилеп е и град во кој се наоѓаат рудниците на еден од најквалитетните мермери во светот. Прилеп е град на тутунот и мермерот, на богато културно наследство и историја,на националната гордост и отвореност кон светот, град херој. Постојат неколку антички знаменитости во Прилеп, вклучувајќи една кај Маркови Кули, Манастирот со црквата црквата “Св.Никола“ од XIII век, црквата “Св. Св.Преображение селото Зрзе Успение Богородично“ (“Трескавец“), црквата “Св.

10


АВГУСТ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

Преображение“ и “Могилата на Непобедените“, споменик во чест на жртвите од фашизмот кој се наоѓа во централниот парк на Прилеп. Познато е дека постои голем римски некрополис и каде се најдени голем број на ѕидини. Римски рушевини се наоѓаат и блиску до Варошкиот Манастир, изграден во стрмните падини на ридот, каде подоцна е населена средновековна заедница. Голем број на рано римски гробници, некои со скулптурни релјефи на починатите или од “тракијскиот јавач“ и други споменици од официјална природа, се наоѓаат во двориштето на црквата под јужната падина на Варош. Некои од

Манастир “Св. Успение Богородично“ - Трескавец

најголемите споменици биле изградени во ѕидовите на црквата.Најважниот антички споменик е стариот град Стибера ситуриран во ридот Бедем близу Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.Манастирот Трескавец, е изграден во XII век во планините на 10км северно од Прилеп, под Златоврв, на работ на мала висорамнина околу 1100 метри надморска висина. Други инскрипции во Трескавец вклучуваат неколку римски творби од I век посветени на Аполон. Старата тврдина била користена од Римјаните, а подоцна Византијците. Во средновековието, Крале Марко ја обновил цитаделата, правејќи ја важна воена тврдина. Дури и Цар Самуил дошол таму по поразот на Беласица во 1014 година.

Qupka Naumoska i Andrea Veleska Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: drustvo.ilinden.tirana@live.com

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – Тирана Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај Заменик на главен и одговорен уредник: Ерлин Мазнику Лектура: Валентина Нестор Компјутерска обработка: Тримакс - Тирана Печати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “-Тирана и редакцијата Редакција: 1. Ариана Шутку – Тирана

5. Алдана Лоровска – Врбник

2. Ернеста Дука – Драч

6. Бесим Мемишај – Гора

Банка: Национална Комерциална Банка - Тирана

3. Ули Халилај – Голо Брдо

7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа

4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште

8. Брунилда Абдиај - Елбасан

IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK

Контакт: 0692401778 АЛ 0038971946391 МК Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанија е-mail: drustvo.ilinden.tirana@live.com Web: www.ilinden-tirana.com

SWIFT:NCBAALTX020 IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR SWIFT:NCBAALTX


МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА SHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{ MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

Компјутерска обработка: Тримакс Картографија Bul. K.J. Pitu 15/6, Skopje tel: ++389(0)2/2401 280 faks:++389(0)2/2401 282 www.trimaks.com.mk

sh.p.k. Trimaks - Tiran[ cel: ++355(0)69/3861-502 tel/fax: ++355(0)4/2268-489 Rr. Alipash Guxia No 35 Tiran[ e-mail: 3maks@3maks.com

Vesnik br10  

Vesnik br10

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you