Page 1

ILINDEN ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА

Јас го разбирам светот единстевено како поле за културен натпревар меѓу народите ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГОДИНА I

Во овој број

Страница 2

БРОЈ 1

ТИРАНА - АЛБАНИЈА

МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

Среќни велигденски празници!

Македонската партија со кандидат за градоначалник на Требиште - Голо Брдо на локалните избори 2011

Сре�ен Велигден! На сите Македонци во Република Албанија и во целиот свет, во името на Македонското друштво „Илинден“ Тирана и во свое име, ви го честитам Велигден. Господ да ви ги исполни сите желби!

Македонската партија со кандидат за градоначалник на Пустец - Мала Преспа на локалните избори 2011

Страница 3 Бамир Топи: Македонското малцинство ќе може непречено да се изјасни на пописот

Страница 4 Пописот на населението во Албанија одложен за ноември Ново Голо Брдо во Тирана

Страница 5 Дионисови Слави Врбник: Село во Албанија - Костурско

Страница 6

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов Официјална посета на Република Албанија

Страница 7 Глас за македонците, глас за иднината на Македонците во Албанија

Страница 8 Mакедонците муслимани не се Торбеши, туку само Македонци!

Христос воскресе...

Македонско друштво „Илинден“ Тирана

Претседател: Никола Ѓурѓај


МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

VESNIK ILINDEN

МАКЕДОНСКАТА ПАРТИЈА СО КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ТРЕБИШТЕ - ГОЛО БРДО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2011

Општинската организација Голо Bрдо на македонската партија во Албанија, Македонска aлијанса за eвропска интеграција, викендов одржа конвенција за утврдување кандидат за градоначаник на општина Требиште, областа Голо Брдо за претстојните локални избори во Албанија, кoи треба да се одржат на 8 мај годинава. Врз основа на поднесените кандидатури, со тајно гласање, делегатите од

општина Требиште, областа Голо Брдо, кандидат за градоначалник на општина Требиште го избраа Едмонд Османи, досегашиот потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција и претседател на регионалниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција за областа Голо Брдо. Македонската Aлијанса за првпат ќе настапи со кандидат за градоначалник во општина Требиште, областа Голо Bрдо.

2

МАКЕДОНСКАТА ПАРТИЈА СО КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПУСТЕЦ МАЛА ПРЕСПА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2011

Општинската организација на македонскатa партија во Албанија, викендов одржа конвенција за утврдување кандидат за градоначалник на општина Пустец, за претстојните локални избори во Албанија, кoи треба да се одржат на 8 мај годинава. Врз основа на поднесените кандидатури, со тајно гласање, делегатите од Горна Горица, Туминец, Долна Горица, Глобочeни, Шулин, Леска, Пустец, Зрноско и Церје кaкo кандидат за градоначалник на општина Пустец го утврдија досегашниот градоначалник Едмонд Темелко. Извршниот одбор на општинската организација дополнително ќе ги евидентира 13-те кандидати за советници во Советот на општина Пустец. И на овие локални избори, Македонска алијанса за европска интеграција, ќе коалицира со Демократскатa партија, на актуелниот премиер Сали Бериша, со која Македонската партија коалицираше и на последните парламентарни избори во 2009 г.


МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

VESNIK ILINDEN

БАМИР ТОПИ: МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ЌЕ МОЖЕ НЕПРЕЧЕНО ДА СЕ ИЗЈАСНИ НА ПОПИСОТ

Албанскиот претседател Бамир Топи, гарантира дека никој не може да го попречи македонското малцинство да се изјасни на престојниот попис, но не одговара зошто државата не обезбедила посебна графа-Македонец во пописните формулари. Топи се повикува на Уставот, меѓународните конвенции и европските стандарди, и вели дека Македонците во Албанија немаат потреба да стравуваат за својата етничка припадност, затоа што зад тоа не стои државата, туку малкумина ултранационалисти. Албанскиот народ и институциите се целосно претпазливи и внимателни во овој процес и ќе ги охрабрат луѓето слободно да се изјаснат. Нема да дозволиме ниеден ултранационалист од каде и да доаѓа, да го деформира овој процес, вели Топи. Иванов и Топи, во Тирана голем дел од разговорите ги посветиле токму на етничките и добрососедските односи. Македонскиот претседател, нагласува дека етничките малцинства треба да бидат мост за поврзување помеѓу двете држави. Но за непопречена комуникација, потребни се и повеќе инфраструктурни капацитети. Граничниот премин кај Голо Брдо со години се најавува, но никако да профункционира. Претседателот Иванов вели дека Македонија е подготвена, останува

самo уште еден мал дел, да се доизгради инфраструктурата. Иако од албанскатa страна има многу за работа на терен, за Топи тоа е само техничко прашање. Албанија и Македонија во процесот на приближување кон Брисел, ќе треба да поработаaт и на европскиот однос, на политичките играчи. Македонскиот и албанскиот претседател, апелираат на европско, а не на балканско однесување на политичарите од двете земји. Би се радувал ако принципите од Рамковниот договор се почитуваат во сите земји од нашиот регион. Сите претендираме кон Европа, но Европа треба да ја создадеме кај нас, рече Иванов, порачувајќи ги политичарите да се однесуваат европски, а не балкански. Нашите две земји, оваа 2011 година, ги очекува пописот на населението. Верувам дека има една исклучително значајна придобивка, од оваа важна статистичка операција. Колку подобро и попрецизно да се спроведат пописите, толку подобро и попрецизно ќе можеме да го проектираме развојот на економските и стопанските гранки во нашите земји. Развој од кој зависи благосостојбата на нашите граѓани. Притоа, тој попис ќе претставува особена можност и за македонското национално малцинство во Република Албанија, за прв пат да ја изјасни својата национална, верска и јазична припадност, рече Претседателот Иванов пред албанските пратеници. Марјан Николовски

3


МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

VESNIK ILINDEN

ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО АЛБАНИЈА ОДЛОЖЕН ЗА НОЕМВРИ

Пописот на населението во Албанија, кој требаше да се одржи во април, одложен е за ноември, соопшти денеска албанското Министерство за иновации и информатичка технологија, наведувајќи ги како причина локалните избори на 8 мај. Според извори од ова Министерство, попишувањето на граѓаните во периодот непосредно пред и за време на изборите, би можело да биде непрецизно. На проектот за попис на населението, вреден 15 милиони евра, се противставуваат претставници на малцинствата и на верските заедници, организации на цивилното општество, оспорувајќи го прашалникот со над сто прашања, кој секој граѓанин треба да го пополни. Никола Ѓурѓај

НОВО ГОЛО БРДО ВО ТИРАНА

Во едно општество кое со текот на времето станува себично, постојат здруженија на луѓе, кои се трудат да бидат што подалеку од тој ефект што ги оддалекува еден од друг. Еден таков пример постои. Една група на луѓе успеаја да го зачуваат селото од каде потекнуваат и да го реконструираат блиску до центарот на Тирана. Населбата каде малцинство Македонци од Голо

4

Брдо ги имаат одново изградено нивните родни села, се нарекува Кодра е Прифтит (Поповиот Рид). Секоја населба го носи името на родното село. Хамди Курти, жител на една од населбите, не упатува во Ново Голо Брдо.Тој ни кажува дека оваа е населбата Стеблево, според името на селото од каде се и самите жители. “Тука има околу 20 куќи, без никакво мешање, сите се од Стеблево”, - потврдува Хамдиу. Стеблево е една од населбите-село што голоборѓани ја имаат создадено во Тирана. Хамдиу не придружува до населбата-село Острен, тој ни кажува дека во оваа населба има околу 15 куќи, кои се од истото село без никакво помешување. Само овие две села се немешани, постои и изпомешано Голо Брдо. Во овие населби голоборѓани, го имаат зачувано македонскиот дијалект. Но како успеале овие луѓе да се заедно, дури ни соседот што го имале во селото не го смениле? “Тоа е поврзано со слогата помеѓу селаните, со фактот што немало непријателство. Успеавме да го зачуваме пријателството и не мешајќи се со другите”,- ни кажува Илјаз Тамизи. Голоборѓани од Тирана се луѓе што не сакаат да се мешаат со другите групи од населението, но сепак тие се препознаваат како мирни луѓе. Извор: Тop-channel.tv Преведе: Ернеста Дука


МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

VESNIK ILINDEN

ДИОНИСОВИ СЛАВИ

Фолклорното друштво „Илинден“Тирана од 25.02.2011 до 26.02.2011 во градската библиотека во Скопје, Македонија нè покани во Културниот центар „Скрб и Утеха“ – Тиха, кој беше дел од културната манифестација Дионисови Слави со претставник на Фолклорното друштво „Илинден“-Тирана, Флоренц Садику со изворни песни. Настап имаа Фолклорното друштво од Офчарани –Егејско, „Лешничани“ од Тирана и „Никола Јонков Вапцаров“ од Гоце Делчев – Бугарија. Никола Ѓурѓај

ВРБНИК: СЕЛО ВО АЛБАНИЈА-КОСТУРСКО

Врбник се наоѓа во јужна Албанија, 4 километри од градот БилиштаДевол. Селото е населено со чисто етнички македонци. Некогаш се наоѓаше во Eгејска Mакедонија, а по поставувањето на границите, негде во 1924 година со размена на териториите, им припадна на Албанија. Врбник (Vrnik) е единственото егејско село во Албанија и има околу 85 куќи, а некогаш имаше 370 жители. Името го добило од врби (вид на дрво) кои се израснати околу селото a пoслужиле како засолниште и спас на нашиот народ, за време на турското ропство. A убавата вода, за која постарите луѓе кажувaат дека таа ги држела во живот, допринела да се населат тука и да ги изградат нивните куќи. Кога ќе пристигнеш во селото, неможеш да останеш рамнодушен на свежиот

воздух, убавата глетка на природата и околината, а погледот застанувa до куќите постари од еден век, кои се правилно поставени една позади друга, идентични но различни, како куќaта нa Димитровци, Камбуровци, Шемколари, Поповци, Пашаловци, Лоровци итн...., ред по ред убаво наредени. До нив води калдрмата која е толку внимателно поставена и тоа камче по камче, цели патеки кои стојат како патоказ а на неа се гледа целото минато. Можеш да погледнеш во историјата на селото, животот на селаните и тоа навистина тежок живот. Но не само тоа, на неа уште можеш да ги осетиш чекорите на веселите свадбари (бракари), адетите на земање на невестата, на зетот, сред село играње, веселење, смеа и убавите свадбарски песни. “Кој ти купи широк фустан, калунгрице калунгра...”. Не знам дали негде, на друго место, можеш Врбник

да сретнеш толку весел народ, срце му затреперува штом слушне да се засвири и ајде, сите на оро. Има многу за пишување и раскажување за културата, традициите, песните, ората и народ за кој вреди да се пишува, но ќe завршам тука, за да продолжам во наредната прилика, оставајќи ве да ja погледнете сликата на селото и барем малку да почувствувате како било. Алдана Лоровска

5


МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

VESNIK ILINDEN

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ OФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов престојува во дводневна официјална посета на Република Албанија, на покана на албанскиот претседател Бамир Топи. Добрите политички односи помеѓу Македонија и Албанија треба да бидат проследени и со поинтензивна соработка на економски план, која засега заостанува. Искористувањето на потенцијалите се иден приоритет, а предуслов за тоа е добрата инфраструктура што ќе овозможи слободно движење на луѓе, стоки и услуги, оценија денеска во Тирана Претседателот Иванов и Претседателот Топи. Во контекст на инфраструктурата беше потенцирано значењето на Коридорот 8 и потребата за повеќе работа на тој план. За граничниот премин кај Голо Брдо, Претседателот Иванов, истакна дека од македонска страна, обврската е завршена, додека за доцнењето од страна на Република Албанија, каде што патот не е асфалтиран 20 км до граница, Претседателот Топи изјави дека прашањето е само техничко. Двајцата претседатели разговараа и за прашањето за малцинствата и добрососедските односи. Претседателот Топи, изјави дека македонското малцинство во Албанија се смета за интегрирано и ги ужива сите права, според Уставот и меѓународните конвенции и дека

6

земјата е позитивно оценета од Советот на Европа. Албанскиот народ и институциите се целосно претпазливи во овој процес и ќе ги охрабрат луѓето слободно да се изјаснат. Нема да дозволиме ниеден ултранационалист од каде и да доаѓа, да го деформира овој процес, - изјави Претседателот Топи. Претседателот Иванов, истакна дека заедниците од двете земји треба да бидат мост на поврзување и дека Македонија е исклучителен пример за почитување на правата на етничките заедници во регионот. Би се радувал ако принципите од Рамковниот договор се почитуваат во сите земји од нашиот регион. Сите претендираме кон Европа, но Европа треба да ја создадеме кај нас, рече Претседателот Иванов, порачувајќи ги политичарите да се однесуваат европски, а не балкански. Во врска со унапредувањето на правата на малцинствата, Претседателот Иванов го отвори прашањето нa Лекторатот по македонски јазик да прерасне во Катедра за македонски јазик при Тиранскиот универзитет. Претседателите Иванов и Топи ги нагласија и заедничките интереси за ЕУ и НАТО интеграцијата. Претседателот Иванов им се заблагодари на Албанија, која е членка на Алијансата за заложбите и Македонија да ја оствари таа цел. За соработка и поддршка на патот кон


МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

VESNIK ILINDEN

ЕУ, двете земји денеска потпишаа и спогодба. Претседателот Иванов оствари средба и со премиерот на Rепублика Албанија, Сали Бериша, на која беа констатирани добрите политички односи и потребата за интензивирање на економските прашања.

ГЛАС ЗА МАКЕДОНЦИТЕ, ГЛАС ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА Македонската партија на Македонците во Албанија, Македонска aлијанса за eвропска интеграција, на претстојните локални избори, кои треба да се одржат во мај годинава, ќе излезe со два кандидати за градоначалници и со советнички листoви во општините ПустецПреспа, Требиште-Голо Bрдо, Гора, градовите Корча, Елбасан, Билишта, Подградец и Тирана. Kандидат за градоначалник на општина Пустец е реизбран актуелниот градоначалник Едмон Темелко, а пак кандидат за градоначалник во општина Требиште е избран Едмонд Османи, актуелниот потпретседател на Македонска aлијанса за eвроспка интеграција. “Ние Македонците, обединети во македонска партија, успеавме да го кренеме гласот за нашите права и слободи, за подобрување на нашата положба во

Албанија. Се разбира, сведоци сме на агресијата која се врши врз нас од сите страни, за наша елиминација на претстојниот попис на населението. Но, ние, Македонците, можеме само да потврдиме, дека немаме вечни пријатели и вечни непријатели. Ние Македонците во Албанија имаме вечни интереси! Тие интереси ќе ги реализираме со сите во власта. Затоа што Албанија не е само албанска, Албанија е и македонска држава“, - истакна Едмон Темелко пред присутните делегати во Пустец на изборот за кандидат за градоначалник. Според Едмонд Османи, кандидатот за градоначалник на општина Требиште, иако Македoнците во Голо Bрдо не се признати од Албанија како малцинство, тој ќе се обиде да победи на овие локални избори за да докаже дека овде населението е македонско. “Oва е уште една тешка битка за мене. Битка за којa ќе дадам сè од себе, за македoнците во Албанија да добијат градоначалник Mакедонец, кој ќе се бори за основните човекови права. А тие права ги немаaт Mакедонците во Албанија“, - изјави Османи. И на овие локални избори, Македонска aлијанса за eвропска интеграција ќе коалицира со Демократскатa партија на актуелниот премиер Сали Бериша, со која Македонската партија коалицираше и на последните парламентарни избори во 2009 година. Ѓорѓи Тeрпо

7


МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

VESNIK ILINDEN

МАКЕДОНЦИТЕ МУСЛИМАНИ НЕ СЕ ТОРБЕШИ, ТУКУ САМО МАКЕДОНЦИ! На иницијатива на Сојузот на Македонците со исламска религија, на 15 февруари 2011 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, се одржа јавна трибина „Македонците со исламска вероисповед - меѓу националната и религиската припадност. Трибината ја организираа Институтот за национална историја, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за фолклор „Марко Цепенков”, Институтот за македонска литература, Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, Институтот за старословенска култура и Македонското етнолошко друштво. Пред стотина присутни, воведни излагања на трибината имаа проф. д-р Мирјана Мирчевска, раководител на Институтот за етнологија и антропологија, м-р Страшко Стојановски, асистент на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Денис Аџија, магистрант при Институтот за национална историја. Упатени сме на демистификација на најновите турбуленции предизвикани со проблематизирањето на етничкиот идентитет на Македонците муслимани, наспроти Македонците

8

православни и Македонците католици. Соочени сме со постојани притисоци и обиди за асимилација и денационализација на Македонците муслимани во етнички Бугари, Албанци, Турци и Бошњаци, и што уште не, само не тоа што се - Македонци. Загрижува тенденцијата од определени центри кои Македонците муслимани ги декларираат за посебна етничка група, надвор од македонската национална целост. Таа пропаганда доаѓа интензивно од пратеникот Фијат Цаноски и неговата политичка партија, Партија за европска интеграција (ПЕИ) и Здружението Румелија, на таканаречениот „Торбешки Форум“ одржан на 2 јануари годинава во Струга, каде што е донесена таканаречената „Торбешка декларација“ и утврдено е барање за промена на Уставот на Република Македонија. Имено, во преамбулата на Уставот на Република Македонија, муслиманското население со мајчин македонски јазик, да влезе како посебна етничка група „Торбеши“. Ова е втор обид за денационализација на Македонците муслимани, после узурпацијата на парламентарната говорница од пратеникот Фијат Цаноски со барање за посебна етничка група


VESNIK ILINDEN

МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

Бога. Апелирам до Собранието, „Торбеши“. Жалиме што пратеникот Претседателот и Владата на Цаноски заборави дека пред да Република Македонија, апелирам влезе во Собранието се декларираше до Македонската Православна за Македонец, а со верификацијата Црква, до медиумите и јавноста, на мандатот заборави тоа што е. да запаметат и никогаш да не Жалиме што човек кој е сопственик забораваат дека Македонците не на приватен универзитет, кој се само православни и католици, претставува храм на знаењето, Македонците не се само христијани, спротивно на историјата и Македонците се и муслимани. науката, промовира нова етничка И Мохамед и Исус се пророци група која никогаш и никаде на мирот и љубовта, а не на ја нема. Жалиме што верската омразата и војната, - рече во своето припадност и по дваесет години од воведно излагање претседателот осамостојувањето на Македонија на Сојузот на Македонците со се злоупотребува од политички исламска религија, Исмаил Бојда. побуди, во обидите за деетнизација Трибината беше проследена со на Македонците муслимани кои големо внимание и интерес од се неотуѓив и нераскинлив дел присутните, покажа дека постои од македонскиот народ, заедно цврсто единство за Македонците со со Македонците православни и исламска религија како неотуѓив и Македонците католици. Точно нераскинлив дел од македонскиот е дека Македонците муслимани народ, заедно со Македонците не се правично и соодветно православни и Македонците застапени во институциите на католици. власта, но тоа не може да биде мотив за нивна денационализација. Исмаил Бојда Право е да бараме, власта да обезбеди правична и соодветна застапеност на Македонците муслимани во сите институции на власта и во локалната самоуправа. Но, денационализацијата на Македонците муслимани претставува геноцид врз македонскиот народ. Асимилацијата на Македонците муслимани претставува наци-фашизам. Никогаш не смееме да заборавиме дека Исламот е подеднаков за Македонци муслимани сликани во сите и сите се еднакви пред манастирот Св. Јован Бигорски - Дебар

9


МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

VESNIK ILINDEN

Претседателот Бамир Топи при презентација на амбасадорот на Р. Македонија, во Тирана Веле Трпевски. Presidenti Bamir Topi pret Ambasadorin e ri të Maqedonisë, Vele Trpevski me rastin e paraqitjes së Letrave Kredenciale.

Бамир Топи и Веле Трпевски

Света Петка на Горна

За Македонија!!!

Не знам дали порта отвора, години има оглувена, половина Век поплукана. Ретко те посетувам често те мислам, со песна ти пеам, на соне те гледам. Со сè душа те барам, од сè срце те сакам, како сираче без мајка, глава држиш на страна.

Еднаш една убава света земја се разделила, на сите страни по еднo парче земја оставила, секое парче, секоја грутка се оплодиле, горди македончиња на сите страни се родиле.

Ариана Шутку

Негде во далечината нивниот копнеж се шири, за qубовта кон нашите браќа и сестри мили. Распарчени, оставени на различни страни, во далечини, но со душите и срцата споени. Нашето свето име и нашиот јазик не обединува, нашето духовно наследство и традиција не спојува. Тоа е нашата желба кон својата земја, кон своето парче, и надежта за една споена Македонија, со секое делче. Секогаш кога сонцето силно наутро блеснува, секое македонче за својата земја воздивнува. Воздишка која го ослободува, и го исполнува, силниот копнежот за својата земја го искажува.

Sveta Petka - Klewe Golo Бrdo

10

Живееме гордо, со главата горе одиме, и за нашата Македонија чесно постоиме. Македонија вечно, во срцата ја носиме, и сите заедно еден ден ќе се обединиме. В.Симон


МАРТ/АПРИЛ 2011 Г.

VESNIK ILINDEN

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – Тирана Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај Заменик на главен и одговорен уредник: Ерлин Мазнику Лектура: Валентина Нестор Компјутерска обработка: Тримакс - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “-Тирана и редакцијата Редакција: 1. Ариана Шутку – Тирана 2. Ернеста Дука – Драч 3. Ули Халилај – Голо Брдо 4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште 5. Алдана Лоровска – Врбник 6. Бесим Мемишај – Гора 7. Ѓорѓи Тeрпо - Мала Преспа Печати: ДСИ - Тирана Контакт: 0692401778 АЛ 0038971946391 МК е-mail: drustvo.ilinden.tirana@live.com Web: www.ilinden-tirana.com

Банка: Национална Комерциална Банка - Тирана IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK SWIFT:NCBAALTX020 IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR SWIFT:NCBAALTX

11


МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА SHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{ MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

••

“ „

www.ilinden-tirana.com drustvo.ilinden.tirana@live.com


Vesnik "Ilinden" br1  

Makedonski vesnik vo Tirana

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you