Page 1

ILINDEN ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГОДИНА II

БРОЈ 14

Во овој број

ТИРАНА - АЛБАНИЈА

www.ilinden-tirana.com

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012/2013 Г.

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И СРЕЌЕН БОЖИЌ!

Страница 2 Не ги признаваме официјалните објавени резултати од пописот 2011 година во Албанија

Страница 3 Малцинствата во Албанија незадоволни од својата позиција во државата

Страница 4 Македонците во областа Голо Брдо блокирани од снег Излезе зборникот со Mакедонски песни од областа Гора

Страница 5 Предавање на министерот Попоски пред студентите од дијаспората кои студираат во Република Македонија

Страница 7 Пештерната црква Св. Богородица Туминец – Мала Преспа

Страница 8 Крушево

Почитувани Македонци во Република Албанија, Во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана и во лично име, Ви ја честитаме Новата Година 2013 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Исто така, го честитаме и големиот верски празник Божик, на сите христијански верници. Со почит Македонско друштво “Илинден” –Тирана Претседател: Никола Ѓурѓај


ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012-2013 Г.

VESNIK ILINDEN

Македонско Друштво “Илинден”- Тирана Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско Друштво “Илинден” огранок Голо Брдо изјавуваме пред албанската јавност и државните и меѓународните институции, дека не ги признаваме официјално објавените резултати од пописот на населението 2011 година во Република Албанија. Македонско Друштво “Илинден”-Тирана и Македонско Друштво “Илинден” огранок Голо Брдо сметаат дека процесот на попишување на населението се вршел на недемократски и нетранспарентен начин, со бројни прекршоци и со манипулирање на податоците. Затоа тврдиме дека добиените бројки за малцинствата не ја претставуваат реалноста во Република Албанија. Македонско Друштво “Илинден”-Тирана Македонско Друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо

НЕ ГИ ПРИЗНАВАМЕ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ПОПИСОТ 2011 ГОДИНА ВО АЛБАНИЈА На 14.12.2012 година во Тирана претставниците на македонското, грчкото, влашкото, ромското и српско-црногорското малцинство потпишаа Декларација против официјалните резултати од Пописот 2011 година и истата ја испратија до сите албански и меѓународни институции. После тоа одржаа и заедничка прес-конференција. Во Декларацијата се вели: “Ние претставниците на малцинствата во Република Албанија изјавуваме пред албанската јавност, државните и меѓународните институции, дека не ги признаваме официјално објавените резултати од пописот 2011 година. Ние ги сметаме нив за крунисување на сите спроведени активности на штета на малцинствата од страна на државните, политичките и медиумските претставници. Така како што предупредивме, така како што и Советодавниот комитет на Рамковната конвенција на Советот на Европа го третираше пописот, процесот на попишување на населението, собирањето на податоците за етничката и верската припадност како недемократски процес, нетранспарентен и противуставен, кој се спроведе со безбројни прекршоци, арбитрарни акции, и како што се гледа и податоците се манипулирани. Потврдуваме на категоричен начин, дека бројките објавени за малцинствата и верата, не ја претставуваат реалноста во Албанија. После една нетолерантна и напната клима од страна на мнозинството врз малцинствата, по бришењето на националноста од регистрите во матичната евиденција, по употребата во говор и поттикнување на омразата спрема малцинствата од страна на претставници од политиката и медиумите, и националистичките акции на штета на малцинствата, давањето на ваквите резултати е нелегално за авторите, и очекувано од наша страна. Но ние, не може да молчиме, затоа што овие манипулирани податоци претставуваат сериозна закана за пропаѓање на етничките и верските баланси, влијаат врз општествениот соживот, ги стопираат европските интеграци на Албанија, го влошуваат демократскиот изглед на општеството и не ги гарантираат основните права и слободи на државјаните на ова земја. Ние, Организациите на малцинствата во Албанија, не само што не ги признаваме и почитуваме податоците од овој коруптивен попис, но ќе се обратиме до сите внатрешни и меѓународни институции, да направат нешто, затоа што еден ваков став врз малцинствата, изграден врз основа на овие податоци, е кусоглед, провокативен и опасен за регионот и Европа”. Декларацијата ја потпишаа, Васил Стерјовски, од страна на македонското малцинство, Лигораќ Карамело од страна на грчкото малцинство, Танас Почи од страна на влашкото малцинство, Павло Јакоја од страна на српско-црногорското малцинство и Арбен 2 Костури од страна на ромското малцинство.


VESNIK ILINDEN

ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012-2013 Г.

МАЛЦИНСТВАТА ВО АЛБАНИЈА НЕЗАДОВОЛНИ ОД СВОЈАТА ПОЗИЦИЈА ВО ДРЖАВАТА „Европската интеграција и правата на малцинствата” беше темата на конференцијата што Партијата за човекови права (партијата на грчкото малцинство во Албанија) ја организираше во Тирана по повод Меѓународниот ден за човекови права. На конференцијата учествуваа претставници на македонското, грчкото, српскоцрногорското, ромското, влашко и египетското малцинство. За правата на малцинствата во Албанија зборуваше и министерката за интеграција Мајлинда Брегу чие излагање не наиде на одобрување на претставниците на малцинствата. Според министерката Брегу, Албанија ги почитува правата на малцинствата, државата е потписник на Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата и овие права се гарантирани со Уставот на Република Албанија, а и повеќе закони одат во прилог на заштита на малцинствата. Во своето излагање Васил Стерјовски, претставник од македонското малцинство изјави дека Европската комисија трета година по ред на Албанија и поставува услов за добивање на кандидатски статус за членство во Европската унија преку исполнување на 12 препораки, меѓу кои една е и за заштитата на човековите права и малцинствата. „Во текот на овој период од една година, не само што оваа препорака не е исполнета, и правата на малцинствата не се подобрени, туку гледаме како во нашата држава се уназадува почитувањето на правата. Начинот на кој лани се одржа пописот и како се попишуваа податоците за етничката припадност е спроведен со голем број прекршувања во текот на процесот. Државната пописна комисија не прифати ниту едно барање на малцинствата. Промените во Законот за попис беа осудени и од Советот на Европа преку третиот извештај за Албанија и за спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Со отстранувањето на можноста за идентификација на припадниците на малцинствата преку државните документи, за да ги добијат правата што им следат, се врши класична нивна асимилација. Македонското малцинство се признава само во областа на Преспа, но не се признава во областите Гора и Голо Брдо, како и во градовите во Албанија. Истата состојба е и со другите малцинства. Признавањето на малцинствата се врши на незаконски начин, нејасни и неточни законски критериуми“, рече Стерјовски. Тој потсети и на дискриминацијата на малцинствата и со новиот Изборен законик и на порастот на национализмот во Албанија. „Доаѓаат тешки денови за малцинствата во Албанија“, заклучи Стерјовски. И претставникот на опозицијата Димитир Бушати, претседател на парламентарна комисија за интеграција, рече дека Албанија се наоѓа во своевиден коруптивен национализам и е закана не само за почитувањето на правата на малцинствата, туку и на соживотот меѓу албанскиот народ и малцинствата. „Почитувањето на правата на малцинствата е еден од условите на Албанија за членство во ЕУ. И нашето побрзо зачленување во ЕУ ќе зависи и од исполнувањето на правата на малцинствата. Ние како Социјалистичка партија во нашата политичка програма предлагаме склучување на регионален договор за заштита на малцинствата на целиот простор на Балканот“, истакна Бушати. 3


ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012-2013 Г.

VESNIK ILINDEN

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОБЛАСТА ГОЛО БРДО БЛОКИРАНИ ОД СНЕГ Репортажа на Албанската телевизија Визон – Плус за лошата ситуација во областа Голо Брдо. Голо Брдо е една од најоддалечените области во дебарско Поле. Во зимно време станува дури и заборавена област, каде сиромаштијата се чувствува во секое домаќинство. Жителите на село Клење и Острени, можат да преживеат само со помош на добитокот и храна, обезбедени за време на летото. Половина од годината тука поминува во изолацијата на жителите. Во такви услови, тие бараат од централната власт да ги одржува барем патишта отворени, особено поради здравствени итни случаи. Во текот на овие дни снегот се топи, а жителите се обидуваат да ги завршат заостанатите работи, додека не бидат опфатени со обилните снежни врнежи и блокирање на патиштата. Затоа пак, на македонското малцинствo, властите се присетуваат само за време на кампањи пред избори, кога ветувањата се неброени. Дел од училиштето во село Клење е срушен, а половина од него е без покрив. Но, сето тоа нема кого да вознемири, освен населението кое очекува голема зима и изолација во Острени и во Голо Брдо. Поради проблемите кои се појавуваат секоја година во овој дел на албанската држава, жителите поднесоа жалба до локалните и централните власти. Но, за нивната „гража“, во моментов говорат и патиштата за поврзување меѓу селата со општинскиот центар,кои се крајно проблематични и под мраз и снег.

ИЗЛЕЗЕ ЗБОРНИКОТ СО MАКЕДОНСКИ ПЕСНИ ОД ОБЛАСТА ГОРА Во издание на „Бата прес“ во едицијата „Народни умотворби“ излезе од печат втората книга „Зборник: Mакедонски горански песни“ што ги собра г-дин Мехмет Хоџа, Македонец од Гора, Република Албанија, писател и новинар. Двата тома, од кои првата книга излезе во 2011 година, што ги уредил и лекторирал проф. д-р Васил Дрвошанов, содржат 514 народни песни на Гораните од Албанија, Косово и Македонија. Двете изданија се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија, во рамките на Националната програма за култура за 2011 и 2012 година. 4 - „Да се истражува, да се собира, да се идентификува, внимателно да се бележи говорењето


VESNIK ILINDEN

ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012-2013 Г.

и пеењето на стиховите на овој дел од нашите сонародници во Република Албанија и во Република Косово во текот на повеќе од половина век и грижливо да се чува народната песна во неблагопријатни услови како дел од македонското духовно културно наследство, за да се дочува за идните поколенија е вистински подвиг...“ пишува во предговорот на втората книга д-р Васил Дрвошанов. Зборникот во првите месеци на идната година ќе биде промовиран во Република Албанија, а веќе го има во централните библиотеки во Република Македонија.

ПРЕДАВАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ ПРЕД СТУДЕНТИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА КОИ СТУДИРААТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА На 29.11.2012 година во просториите на Министерството за надворешни работи, министерот г-дин Никола Попоски одржа предавање пред студентите од дијаспората кои студираат во Република Македонија. Министерот Попоски, им посака добредојде на младите студенти и изрази задоволство од нивниот интерес да го стекнат своето високо образование на некои од факултетите во Република Македонија. „Убеден сум дека студирањето на македонските универзитети претставува неограничена прилика за младите студенти од дијаспората да бидат отворени и да ги истражуваат можностите за професионално и академско усовршување во земјата од која потекнуваат, да воспостават директни контакти и да работат заеднички во креирањето на посилна македонска нација.“- пренесе министерот. Попоски пред студентите нагласи дека преку нивното студирање во Македонија се овозможува тие директно да допрат до начинот на живот, размислување и работење во државата и подлабоко да ги осознаат вредностите на нашата земја. Со тоа ќе се развие и свеста за нашето постоење и ќе се помогне во градењето на националниот и културниот просперитет во земјите од соседството. Предавањето беше организирано во рамките на проектот на Владата на Република Македонија која обезбедува стипендии за студенти од македонското национално малцинство (МНМ) за студирање на факултетите во Македонија. 5


ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012-2013 Г.

VESNIK ILINDEN

ПЕШТЕРНАТА ЦРКВА СВ. БОГОРОДИЦА ТУМИНЕЦ – МАЛА ПРЕСПА Педесетина минути, источно од с. Туминец, во пазувите на карпестиот предел Орлов Рид, само на десетина метри од македонската граница, се наоѓа овој пештерен храм. Пештерскиот храм кај мештаните е познат под името Св. Марина кај Глобоко, бидејќи се наоѓа само на стотина метри, источно од манастирскиот комплекс посветен на оваа великомаченица, целосно обновен во 1888 година. Пештерната црква Св. Богородица се наоѓа на височина од десетина метри, а монашкото живеалиште на околу триесетина метри над водите од Преспанското Езеро. Пред главниот влез во една полукружна ниша, орнаментирана флорално и глави на два лава, е насликана една од најубавите и импресивни претстави на Св. Богородица со малиот Христос од типот Умиление. Внатрешноста изобилува со насликани композиции на Големите Празници и Светителски ликови. Од сочуваните натписи дознаваме дека зограф на ова сликарство бил сликарот Алексиј, ученик на Јован зограф, во времето на игуменувањето на јеромонахот Пајсиј кој бил воедно и ктитор. Теофан Попа ова сликарство го датира кон крајот на XIII и почетокот на XIV век.

6

Сл. Пештерната црква Св. Богородица, с. Туминец – Република Албанија, Св. Александар


VESNIK ILINDEN

ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012-2013 Г.

Отсекогаш сум мислела дека работата со деца е напорна и тешка работа, која може многу да те замори, но само после неколку месеци го сменив моето мислење. Да другаруваш со деца е една од најубавите работи на светот. Имав можност да работам, да се дружам и заедно да учиме подобро да о зборуваме македонскиот јазик, заедно да учиме да пишуваме со децата од Билишта. Тоа беше група од 15 деца од различна возраст, кои ми овозможија големо задоволство. Од повозрасните научив по нешто и јас , разговараме на различни теми од секојдневието, за училиштето, традицијата, културата, а раскажувавме и различни приказни слушнати од постарите. Со помладите се радувавме заедно на секоја научена буква и прочитана реченица. Во нашата училница секогаш преовладува смеата, како и желбата преку дружба да учиме. Предвидените 60 минути никогаш не ни беа доволни штом ќе почнеше нашето другарување. Како што велеа децата, стрелките од часовникот се движеа многу брзо. Последниот час што го одржавме јули месец си дадовме задача секој да напише по нешто на тема која сами ќе ја одбериме. Ете што ние напишавме: 1. “Врбник” Има едно село мало и таму цело човештво се збрало, куќичките се сите бели, а луѓето весели, патчињата се малечки и тесни, а камчињата од калдрмата наредени како песни.

Неда Пандовски

2. “Живот” Животот е како море, кое нема крај, еднаш е мирно, а некогаш разбеснето, на неговата површина има милиони бродови. Овие бродови ги преставуваат срцата на секој од нас, кои многу често исплашени се настрануваат но никогаш не престануват со нивнта работа. Човекот на ова патување фаќа различни правци, кој е слободен сам да ги избира. Баш овие правци се тие кои кријат неочекувани изненадувања на секое патување. Тешко е да се најде вистинскиот пат. Доволно е да го избереш тој што е најдобар за сите, тој кој не те носи до судир со другите бродови, но кој ти го покажува синиот хоризонт пред тебе. И на крај доѓа тишина. Зависи од тоа твое патување и од правецот што ти го избираш дали ова тишина ќе биде конечна или почеток за нешто. Бродот твој можеби нема да заплови прв, но разумот, душата и почитот твој ќе останат вечни.

“АЗБУКА” А, б, в, г, д... азбуката ја научив и веднаш се разучив. А за мене јас сум Анастаси З за моето презиме кое заркадха гласи и тетратката ја краси. Буквите ги сакам и поздрави дома на македонски праќам

Илиана Фило

7


ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012-2013 Г.

VESNIK ILINDEN

читанката ми е другарче право од неа научив да кажувам “здраво”

Анастас Заркадха

“Нова година” Се приближува Нова година, сите луѓе се среќни и чекаат да дојде Новата година. Снегулките паѓаа како мали ѕвездички, а градот блеска. Децата среќни си играт со снегот. Утре е Нова година, ноќта се распосла, а јас, јас сум многу среќна. Утре е Нова година размислувам стоејќи до прозорецот. Воодушевена сум од убавината на овие мали ѕвездички, кои нишајќи се паѓаат од небото на земајата. Дојде утрото, а однадвор ечи среќата на децата. Патиштата се преполни со луѓе, кои во раце држат подароци. Среќата се гледа насекаде.

Дона Превенда

“ Книга” Книгата ми е пријателче мало во неа цело знаење се збрало. Сакам да другарувам со неа и нови авантури да доживеам.Снежана, џуџињата и волкот -херои се мои а со нив уживам во приказни со различни бои.

Синди Николовски

“Есен” Летото си замина и полека –полека местото и го остави на сестра си, есен. Поминаа топлите и распеани денови на летото. Топлината на кои бевме навикнати, ја замени ветерот кој лесно дува и ни ги гали косите како да сака да не помилува. Изгледаше како да сум разбудена од сон. Започна и новата училишна година. Златните лисја полека паѓаа и ги покриваа патиштата. Тишината владееше во ова мало мое градче. Ги немаше повеќе врапчињата и славејчињата да ме будат со нивната песна. Изгледа како градот да замрзна во овој ден на ова време.

Кристина Пандовски

“Драги дедо Мраз” Јас сум Емилија Синчо од Билишта, Албанија. Ова година ти пишувам на македонски да видиш дека навистина сум била вредна и сум научила да пишувам на јазикот на кој ние дома си зборуваме од баба и дедо до мене. Да ти кажам дека азбуката ја научив цела и тоа ме прави весела. Дедо Мраз моја желба ова година е да ми донесиш многу вреќи со среќа, а децата да бидат весели како цвеќиња. Те сака, Еми

8

Емилија Синчо Алдана Лоровска


VESNIK ILINDEN

ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012-2013 Г.

КРУШЕВО На изгрејсонце Крушево здогледано од подножјето на Баба Планина, блескоти како бисерче тукушто извадено од вода. Од најстари времиња Прилеп му бил единствената врска со светот. А од подножјето има уште пет до шест километри. Град меѓу повисоките во светот, највисок на Балканот. Овој сегашниов, модерен асфалтиран и широк

пат, е покус за километар-два од дамнешниот турски, најпрвин макадам а потоа во коцки, но тесен, за да не можат да се разминат две возила, ако оној што доаѓал одозгора не подзастанел на некоја ширинка. Овде онде и денес се гледаат трагите од кривулестите серпентини. За нив пак останала легендата дека настанале за тоа што градителот бил пазарен за секој километар да добие товар злато. Алчен по златото тој го направил ем невидено тесен ем кривулест. Градот е поставен во пазувите на Баба

Планина, токму како некакво бабино милениче, затскриено од ветриштата, од лошите погледи и натрапници. Под градот - полегнати облаци ,,Пелагониско море,,. Крушево е мало гратче, што по својата положба, физиономија и културно-историско значење е мошне интересна и атрактивна населба. Во зимските месеци во Крушево и околината

9


ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012-2013 Г.

VESNIK ILINDEN

паѓа значително количество снег. Првиот снег паѓа во почетокот на Ноември, а понекогаш и во првата половина на Октомври и се задржува честопати до половината на Март. Релативно долгиот зимски и снежен период, климатските прилики и географската положба овозможуваат развиток на зимски туризам, по што Крушево се стекнало со значителна афирмација. Крушево

постанало во 1467 година во почетокот населено само од Македонци. Првите Власи се доселиле во 1769 г. Градот растел и се развивал, неговиот златен период бил на крајот на 19 век. Во 1883 г. Крушево имало 1650 куќи и броело 12000 жители, бил трговски, занаетчиски и културно доста развиен град. Поради заедничкиот живот и меѓусебното влијание на Македонците и Власите, Крушево уште од првата половина на 19 век бил билингвистички град каде што главно се зборувало на влашки и Mакедонски, а и едните и другите ги знаеле двата

јазика и тоа се зачувало и до денес. Населбата има типична амфитеатрална положба, отворена кон северо-исток. Градежно-архитектонско обележје на гратчето е што личи на лепеза. Блескавите фасади на старите куќи и со специфичната староградска архитектура создаваат панорама на Крушево, кое наликува на една интегрална, голема фасада со безброј прозорци, балкони и кровови. Во средиштето на градот е чаршијата. Во неа и кон неа од сите страни се слеваат стрмни, тесни маалски сокаци. Градот Крушево е богат со стари сакрални објекти меѓу кои се: црквите св. Никола (1832) св. Богородица (1867) св. Јован (1905) манастирите св. Спас (1836); св. Василиј; св. Преображдение и т.н. Таму се наоѓаат исклучително ретки иконостаси, дрворези, фрески и икони. Бројните музеи, галерии и споменици од Крушевпо прават Град-Музеј, а Крушевската Република (2-12 Август 1903 г.) го 10


ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ 2012-2013 Г.

VESNIK ILINDEN

прави Град-Востаник, бидејќи тоа е најважниот момент на историското минато на Македонија. Културни случувања: Десет Дена Крушевска Република од 1966 година и Спомен Куќа на Тоше Проески. Многубројните блиски излетнички места пленуваат со својата убавина, подеднакво во сите годишни времиња. Географската положба, надморската височина, климатските услови, културните знаменитости, специфичната архитектура, богатата традиција се специфичното обележје за Крушево, се надеваме дека се доволно причини за да го посетите. Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: drustvo.ilinden.tirana@live.com

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – Тирана Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај Заменик на главен и одговорен уредник: Ерлин Мазнику Лектура: Валентина Нестор Компјутерска обработка: Тримакс - Тирана Печати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “-Тирана и редакцијата Редакција: 1. Ариана Шутку – Тирана

5. Алдана Лоровска – Врбник

2. Ернеста Дука – Драч

6. Бесим Мемишај – Гора

3. Ули Халилај – Голо Брдо

7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа 4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште 8. Брунилда Абдиај - Елбасан Контакт: 0692401778 АЛ 0038971946391 МК Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанија е-mail: drustvo.ilinden.tirana@live.com Web: www.ilinden-tirana.com

Банка: Национална Комерциална Банка - Тирана IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK SWIFT:NCBAALTX020 IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR SWIFT:NCBAALTX


МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА SHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{ MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

Sh.p.k. Trimaks - Tiran[, Kartografi Trimaks cel: ++355(0)69/3861-502 tel/fax: ++355(0)4/2268-489 Rr. Alipash Guxia No 35 Tiran[ e-mail: 3maks@3maks.com

makedonski_vesnik_ilinden_broj__14  

makedonski_vesnik_ilinden_broj__14

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you