Page 1

ILINDEN ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГОДИНА II

БРОЈ 19

Во овој број

Страница 2

ТИРАНА - АЛБАНИЈА

www.ilinden-tirana.com

ОКТОМВРИ 2013 Година

Н ТЕ ЛА ОК П Р С БЕ ИМЕ ПР

ЗАПОЗНАЈ ГО ГОЛО БРДО

Македонија слави 22 години самостојност

Страница 3 Новиот македонски амбасадор ги предаде акредитивните писма кај престседателот на Република Албанија Регионален претседателски самит Драч, Република Албанија

Страница 4 Средба Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и Претседателот Република Албанија, г-дин Бујар Нишани Средба на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и претседателот Република Црна Гора, г-дин Филип Вујановиќ

Мак. носија Клење

Село Големо Острени

Македонска носија, Голо Брдо

Св. Димитрија, Горно Крчиште

Средба на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и претседателот Република Косово, г-ѓа Атифете Јахјага

Страница 5 Средба Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов со албанскиот Премиер г-дин Еди Рама во Тирана на 18.09.2013 година

Илинден, Голо Брдо

Село Лејчан

Голо Брдо

Село Мал Остен

Село Стеблево

Страница 6 Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја поздрави средбата ИвановРама Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов на средба со претставниците на македонското национално малцинство во Тирана

Џамија, Село Трeбиште

Страница 7 26 –ти Интернационален Фолклорен Фестивал Латзен –Хановер Германија Албанија и Македонија ќе ја развиваат соработката преку спортот

Страница 8 Совети за забите

Страница 8 Општина Струга

Село Клење

Св. Ѓорѓија, Врница

Св. Никола, Ѓиновец

Св. Преображение, ЕрбелеМаќелара


ОКТОМВРИ 2013 Година

VESNIK ILINDEN

МАКЕДОНИЈА СЛАВИ 22 ГОДИНИ САМОСТОЈНОСТ Република Македонија на 8-ми септември 2013 год. одбележува 22 години од референдумот на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, над 95 проценти од граѓаните што излегоа на референдумот во 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на Уставот на 17 ноември 1991 година.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина. Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992 год., а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа македонското уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат. Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 170 држави во светот, а под уставното име е призната од 135, меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност на ОН САД, Русија и Кинa. Во изминатите 22 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Дваесет и вториот роденден од осамостојувањето Македонија го минува во очекување на новиот извештај од Брисел за напредокот на земјата на патот кон евроинтеграциите, како и во очекување на заслужениот датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Оваа година т.е. дваесет и двегодишнината од независноста се слави во знакот на спортот . Денот на независноста - 8 Септември, под мотото „Нашето единство, наша победа“, се одбележува со повеќе спортски, културни и музички настани. Од 31 август до 8 септември во рамките на седмицата на спортот, покрај редовните спортски активности, се организираа и ревијални настани со цел да се промовира спортот и што повеќе да се анимираат граѓаните во спортските активности.. Дел од активностите се одржуваа во главниот град, односно на борилиштата и на плоштадот „Македонија“, каде се организираа повеќе ревијални настани, а седмицата на спортот се спроведува и во останатите градови низ државата. Во пресрет на одбележувањето потпишан е Меморандум за соработка на Министерството за образование и наука со Факултетот за физичка култура за формирање Институт за спорт. Во рамки на одбележувањето ќе бидат доделени и наградите од областа на спортот. По повод Денот на независноста, беше одржана Свечена академија во Македонската опера и балет на која ќе говори претседателот на 2


VESNIK ILINDEN

ОКТОМВРИ 2013 Година

Република Македонија Ѓорге Иванов, а пригоден прием приредил и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Во рамки на Свечената академија, беше приреден гала оперски концерт со дела од Mакедонската и светската оперска литература. По повод Денот на независноста, претседателот Иванов и собраниска делегација предводена од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски положија цвеќе пред споменикот „Паднати херои за Македонија“ во паркот „ Жена Борец“ во Скопје. Во рамки на одбележувањето на националниот празник, во просториите на Владата на Република Македонија, пак, се одржа доделување на Државната награда за спорт „8 Септември“.

НОВИОТ МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОР ГИ ПРЕДАДЕ АКРЕДИТИВНИТЕ ПИСМА КАЈ ПРЕСТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Претседателот на Република Албанија г-дин Бујар Нишани го прими новонаименуваниот амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Република Албанија г-дин Стојан Карајанов кој ги предаде акредитивните писма.

РЕГИОНАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ САМИТ ДРАЧ, РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов од 16 -17 Септември 2013 престојуваше во Драч, Република Албанија, каде учествуваше и се обрати на 5-от Регионален претседателски самит на тема „Пристапи кон практична употреба на можностите за поефикасна регионална соработка“. На годинешниот Самит, чиј домаќин беше претседателот на Република Албанија, г-дин Бујар Нишани, покрај претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, учествува претседателот на Црна Гора, г-дин Филип Вујановиќ и претседателот на Република Косово, г-ѓа Атифете Јахјага. 3


ОКТОМВРИ 2013 Година

VESNIK ILINDEN

СРЕДБА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА, Г-ДИН БУЈАР НИШАНИ Двајцата соговорници констатираа дека евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност и развој, а во таа насока потребно е Европската Унија да наоѓа решенија и да го одржува кредибилитетот на проширувањето како нивна најуспешна политика.

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА, Г-ДИН ФИЛИП ВУЈАНОВИЌ Претседателот Иванов и претседателот Вујановиќ констатираа дека нема отворени прашања меѓу Република Македонија и Црна Гора, дека двете земји се фокусирани на идентични надворешнополитички приоритети и цели, членството во НАТО и ЕУ и интензивна регионална соработка, и констатираа дека се исполнети сите услови, за во наредниот период највисок приоритет да биде ставен на развојот на економската соработка.

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РЕПУБЛИКА КОСОВО, Г-ЃА АТИФЕТЕ ЈАХЈАГА На средбата со претседателот на Република Косово, г-ѓа Атифете Јахјага, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов нагласи дека Република Македонија опстојува на определбата за градење на добрососедски односи, сестрана соработка и се залага низ отворен дијалог, институционално да се надминуваат сите предизвици. Во таа смисла беше изразено задоволство од надминувањето на неодамнешниот проблем во трговската размена и беше изразена надеж дека во иднина нема да се повторат проблеми кои ја ограничуваат економската соработка меѓу двете земји.

4


VESNIK ILINDEN

ОКТОМВРИ 2013 Година

СРЕДБА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ СО АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР Г-ДИН ЕДИ РАМА ВО ТИРАНА НА 18.09.2013 ГОДИНА Европската унија е таа што може најмногу да му помогне на нашиот регион да добие нов амбиент. Затоа патот кон ЕУ е нешто што ја менува нашата реалност. Ова го заклучија на средба во Тирана, Република Албанија, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и претседателот на Владата на Република Албанија, г-дин Еди Рама. Знаеме какво минато сме имале сите ние што живееме на Балканот, но првпат се случува нешто што не обединува во иднина. Европската идеја е таа што од иднината, нас не обединува да работиме во сегашноста и да ги исполниме европските стандарди, принципи и критериуми. Така ќе се создава потесен простор за оние што не им мислат добро на луѓето на Балканот,

се разбира доколку ние сме доследни на европската агенда”, истакна претседателот Иванов. Претседателот Иванов и премиерот Рама на средбата разговарале за исполнувањето на обврските на двете земји кон своите малцинства. „Разговаравме за придонесот на Албанците што живеат во Македонија, но и за Македонците што живеат во Албанија и притоа констатиравме дека живееме во такво време во кое не можете комуникацијата на луѓето и нивниот интерес да ги блокирате”, рече македонскиот претседател.Во контекст на тоа додаде дека на генерацијата што доаѓа треба да и се понуди нова инфраструктура, нови патишта, коридори,оптички кабли, далеководи, гасоводи. „Тоа е она што и го должиме на генерацијата која доаѓа по нас. Ќе не паметат по она што денес ќе го направиме за нив”, подвлече претседателот Иванов. Албанскиот премиер истакна дека од исклучително значење е зајакнувањето на односите и соработката меѓу двете влади.Тој додаде дека разговарале околу почитувањето на механизмите кои се договорени и со меѓународниот партнер околу добриот соживот меѓу Македонците и Албанците во Македонија. „На средбата и претседателот на Република Македонија ја изрази својата загриженост и своето барање да се покаже поголемо внимание за македонското малцинство во Албанија. Јас оваа порака ја примив не само како обврска на Владата да се грижи за сите малцинства во Албанија, но и како израз на фактот дека неможе да бараме од некого нешто што самите не можеме да го исполниме и дадеме”, нагласи албанскиот премиер. Тој подвлече дека заеднички ќе се придонесе соработката да се унапреди што е можно побрзо и подобро. „Но истовремено тоа ќе биде направено строго спроведувајќи ги механизмите кои се во насока на обезбедување соживот меѓу Македонците и Албанците”, додаде Рама. 5


ОКТОМВРИ 2013 Година

VESNIK ILINDEN

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“-ТИРАНА ЈА ПОЗДРАВИ СРЕДБАТА ИВАНОВ-РАМА Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува средбата меѓу претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и премиерот на Република Албанија, г-дин Еди Рама. Изјавата на премиерот на Република Албанија, г-дин Еди Рама дека ке обрне внимавање за македонското национално малциство во Република Албанија дава надеж дека новата влада на Албанија и лично, премиерот Рама, ќе продолжат со демократските процеси и ќе ги подобрат правата на македонското национално малциство во Република Албанија. Средбата меѓу Иванов и Рама покажа уште еднаш дека Република Македонија и Република Албанија се пријателски земји. Македонското друштво “Илинден”-Тирана верува дека ќе продолжат вакви средби во корист на двете земји. Балканот треба да се одлепи од историјата на омразата и војните меѓу народите. Македонско друштво “Илинден”-Тирана Претседател Никола Ѓурѓај

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО ТИРАНА Во просторите на Македонската Амбасада во Тирана, Република Албанија на 17. 09. 2013 година, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов оствари средба со претставниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Присутни на средбата беа преставници на Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Тирана, Врник, а на средбата учествуваше и новоименуваниот македонски амбасадор во Тирана, г-дин Стојан Карајанов.

6


VESNIK ILINDEN

ОКТОМВРИ 2013 Година

26 –ТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ЛАТЗЕН – ХАНОВЕР ГЕРМАНИЈА

Македонско друштво “Илинден”- Тирана со делегација предводена од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, а во која ќе партиципираат и потпретседателот г-дин Незир Меча и претседател на Македонско друштво “Илинден”- Тирана Огранок- Голо Брдо г-дин Ули Халилај и г-дин Едмонд Османи активист на Македонците во Голо Брдо ќе го посетат Лаатцен –Хановер, Сојузна Република Германија каде ќе учестуваат со фоклорната група ” Орeшек “ од Областа Гора на 26 –ти Интернационален Фолклорен Фестивал Латзен –Хановер Германија. Оваа година Македонски клуб Илинден – Латзен Хановер Германија по 26-ти пат организира интернационален фолклорен фестивал, кој преставува една од познатите манифестации на клубот и градот Лаатцен. На фестивалот ќе земат учество повеќе меѓународни фолклорни групи кои преставуват културни групи во СР Германија. Покрај тоа ќе бидат преставени македонската култура, полската, португалската и српската култура, со повеќе фолклорни групи. Македонско Друштво „Илинден“-Тирана и Македонски Клуб “Илинден”- Латзен-Хановер пред една година потпишаа договор за соработка, а една од точките во Меморандумот за соработка беше и соработка на културен план.

АЛБАНИЈА И МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА РАЗВИВААТ СОРАБОТКАТА ПРЕКУ СПОРТОТ Новиот пливачки маратон организиран заеднички од страна на Македонија и Албанија ќе биде еден од најголемите балкански спортски настани и се очекува да привлече туристи и истовремено да ги подобри односите меѓу двете земји. Македонските спортски власти предложија и предвидоа маратонот да биде 40-километарска трка од Поградец,Република Албанија, до Охрид, Република Македонија, и очекуваат учество на некои од најдобрите пливачи од регионот и од светот. „Спортот може да биде најдобар амбасадор на целиот регион. Преку заедничката организација на еден ваков маратон сите заедно ќе дадеме свој придонес во подобрување на односите меѓу двете земји и намалување на тензиите во регионот“, изјави Никола Маленко, секретар на пливачкиот клуб „Охридски бранови“ во Охрид. Маленко рече дека албанските спортисти изразиле голем интерес за реализација на овој маратон, бидејќи во Албанија нема пливачки маратон. „Овој настан ќе привлече и многу гости, а би бил нешто ново и за сите нас кои живееме околу езерото, особено за граѓаните 7


ОКТОМВРИ 2013 Година

VESNIK ILINDEN

на Албанија“, додаде тој. Идејата се роди од сличниот ваков маратон околу островот Хвар во Хрватска, рече Кочо Паскали, претседател на „Охридски бранови“. „Следно ќе формираме инцијативен одбор со Поградец и Струга за следното лето да го организираме како меѓународен маратон, во кој би учествувале сите градови кои се наоѓаат околу Охридското Езеро. Со ова сакаме да упатиме силна порака за пријателство и соработка, но и да се слушне гласот за нашиот регион“, рече Паскали. Паскали рече дека контактите се веќе воспоставени и дека подготовките ќе започнат оваа зима. „Сакаме маратонот да се одржи во јуни, кога Македонија и Албанија ќе го означат почетокот на туристичката сезона“, рече Сашо Точков, маратонец од Охрид. Пливачите ќе пливаат од Охрид преку Струга и Лин до Поградец или обратно“, рече Маленко. „Тоа ќе биде нешто ново и за двете држави и нов начин да се поврзат градовите околу Охридското Езеро. Овој маратон би бил предизвик и за нас пливачите, бидејќи Охридското Езеро е непредвидливо и е тешко за пливање“, рече заSETimes маратонецот Никола Кутановски. Заеднички спортски активности не се организирани досега во регионот, што претставува уште една причина за поддршка на овој маратон, рече Стојанка Палко од Поградец Република Албанија, член на Македонско друштво “Илинден” – Тирана. „Тоа ќе биде од корист за двете држави и трите града околу Охридското Езеро, бидејќи на овој начин ќе се зацврсти и интеркултурната соработка“, рече Палко за SETimes.

SOVETI ZA ZABITE

Д-р Стојанка Палко Доктор по Стоматологија

Va{eto dete }e u`iva da jade so semejstvoto i da go deli semejniot obrok. Ograni~ete gi slatkite leplivi u`inki kako {to se stap~iwata od ovo{je/`ita, slatkite, biskviti, bonbonite, ~okoladata i ovo{nite lenti. Nudete zdravi u`inki me|u obrocite, kako sve`i par~iwa ovo{je i jogurt, sirewe i suvi biskviti, se~kan zelen~uki sendvi~i.

Dobar pijalok Posle 12 meseci {i{eto ne e potrebno. Va{eto dete treba da pie od ~a{a (davajte mu na va{eto dete samo obi~no polnomasno mleko ili voda). Pottiknete go va{eto dete da pie voda od ~e{ma sekoj den (na ovoj na~in od nekoi vodovodi se dobiva i korisniot fluorid). Ograni~ete gi slatkite pijaloci, vklu~uvaj}i i ovo{ni sokovi/pijaloci, gazirani pijalocii sokovi na rastvorawa (doma{ni ili kupe~ki).

8


VESNIK ILINDEN

ОКТОМВРИ 2013 Година

Dobro~istewe Po~nete da gi ~etkate zabite na deteto, koristej}i meka detska ~etka za zabi.Namokrete ja ~etkata samo so voda. Is~etkajte gi zabite najmalku dva pati sekoj den, po obrocite i predspiewe. Koristete pasta za zabi so niska sodr`ina na fluorid na vozrast od dve do {est godini, osven ako zabolekarot ne vi prepora~a poinaku. Se prepora~uvaat proverki na ustata pri zdravstvenite ocenuvawa {to se vr{at na vozrast od 18-21 mesecii 2 godini kaj medicinskata sestra za zdravjeto na majkite i decata. Se prepora~uva pregledite na zabite da po~nat od mala vozrast. Sovetuvajte se so va{iot zabolekar, so medicinskata sestra za zdravjeto na majkite i decata, so semejniot lekar ili so pedijatar za natamo{ni informacii.

Cicawe na prstite Cicaweto na prstite ili na igra~ki e zdravo i normalno kaj bebiwata. Pove} eto deca sami od sebe prestanuvaat da cicaat na vozrast me|u dve i ~etiri godini. Cicaweto na prstite posle navr{eni 4 godini mo`e da vlijae na izgledot na deteto, na govorot i na sposobnosta za grizewe. Koga po~nuvaat da niknuvaat trajnite zabi (6-7godini), poradi cicaweto na prsti ili na cucli mo`e zabite da rastat krivo. Soveti Pottiknete go va{eto dete da ne si gi cica prstite. Poddr`ete go va{eto dete vo negovata odluka da prestane da si gi cica prstite. Nagradete go va{eto dete so gu{kawe ili so pofalba za da ja zasilite negovata re{enost da prestane so navikata. Koristete lepenki ili yvezdi nakalendarot za sekoj period vo koj deteto ne si gi cica prstite. Pouspe{niot period, nagradete go deteto so nekoe iznenaduvawe, na primer izleguvawe, igra~ka ili ne{to specijalno. Pottiknete povrzanost so negovata omilena igra~ka. Zavitkajte gi prstite vo pamuk (naprimer, vo ~isto {ami~e) pred spiewe za da go potsetite deteto da ne gi cica. Vnimavajte da ne gi zavitkate premnogu cvrsto i osigurajte se deka ne visat konci. Dajte mu na deteto da nosi rakavici za da se potsetuva deka ne treba da cica.

9


ОКТОМВРИ 2013 Година

VESNIK ILINDEN

Nekade na svetot postoi edno mesto {to se vika Golobrdo, kade {to ima mnogu pametni lu|e koi nivniot maj~in jazik im go nau~ile i na nivnite deca. Golobrdo, ti za nas si golema majka, tvojot jazik }e go pametime i nikoga{ nema da go zaboravime duri da sme `ivi, ti vo tvoite pregratki ~uva{ mnogu mladi. Ima{ pametni dedovci, koi tvoeto ime sekoga{ }e go spomenat i ~uvaat vo nivnite srca, ti za nas si skapocen kamen.

Fidana ]ulhandziu

OПШТИНА СТРУГА Струга е град во југозападниот дел на Република Македонија и центар на Општина Струга. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското Езеро. Од Скопје е оддалечена 171 км, а од Охрид 15 км. Античкото име на градот е Енхалон, од старогрчкиот збор што во превод значи јагула, која

Црква Св: Никола Дримени

10

Црква Св. Ѓорѓи


VESNIK ILINDEN

ОКТОМВРИ 2013 Година

тогаш била мала населба. Подоцна населбата го добива името Струга. Црквата посветена на Великомаченикот Свети Ѓорѓија во Струга е единствена соборна црква во градот. Нејзиниот патронен празник е вториот ден од Ѓурѓовден и таа е најстарото литургиско седиште во градот во кое редовно се одржува црковна богослужба. Црквата Свети Никола Дримени се наоѓа на левата страна на реката Црни Дрим. При ѕидањето на црквата се откриени темелите на старата црква, но не се зачувани податоци за нејзината форма. Нејзиниот патронен празник е 19 декември кога редовно се изведува црковна богослужба. Се претпоставува дека првата црква Св. Никола Дримени била изградена во стара Струга, која ја покажуваат 15 мин одење југозападно од денешната крај Езерото, каде што постоел некаков вид на параклис. Џамија ” Муста Челеби” во центарот на Струга. Ова џамија е местото каде припадниците на Џамија ” Муста Челеби” исламската вероисповед се собираат да ги прослават своите верски празници Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам. РЕКЛАМНИ ЦЕНИ ЗА МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК ИЛИНДЕН Задна страна (целосна) – 200 evra Внатрешна страна (целосна) – 150 evra Било која целосна страница Внатре – 100 evra 1/2 страница (Верикално/хоризонтално) – 50 evra 1/4 страница (Верикално/хоризонтално) – 30 evra Ве молиме контактирајте, ќе ни биде задоволство да организираме прифатлив рекламен пакет за вашите потреби. Сите реклами се предмет на одобрување од страна на редакцијата на Македонски Весник Илинден, кој го задржува правото да ja одбие или да го откажете било која реклама во секое време. Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: drustvo.ilinden.tirana@live.com

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – Тирана Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај Заменик на главен и одговорен уредник: Ерлин Мазнику Лектура: Валентина Нестор Компјутерска обработка: Тримакс - Тирана Печати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “- Тирана и редакцијата Редакција: 1. Ариана Шутку – Тирана 2. Ернеста Дука – Драч 3. Ули Халилај – Голо Брдо 4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште

5. Алдана Лоровска – Врбник 6. Бесим Мемишај – Гора 7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа 8. Брунилда Абдиај - Елбасан 9. Стојанка Палко - Поградец

Контакт: 0692401778 АЛ 0038971946391 МК Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанија е-mail: drustvo.ilinden.tirana@live.com Web: www.ilinden-tirana.com

Банка: Национална Комерциална Банка - Тирана IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK SWIFT:NCBAALTX020 IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR SWIFT:NCBAALTX


МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА SHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{ MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

Отсега можете да нè следите на интернет порталот www.ilinden-tirana.com

Makedonski vesnik ilinden br 19  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you