Page 1

ILINDEN ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГОДИНА II

БРОЈ 13

Во овој број

Страница 2 Потпишани договори меѓу Република Албанија и Република Македонија Албански националисти малтретирале Македонци во Пустец, Мала Преспа

Страница 3 Иднината на Македонија и на Албанија е во ЕУ

Страница 5 Почесен граѓанин на Општина Билиште Глобален инвестициски самит за Македонија 2012 Да се афирмира новата реалност на соработка во регионот

Страница 8 Амбасадорот на Република Македонија г- дин Веле Трпевски на средба со албанскиот министер за здравтсво г-дин Ванѓел Таво Македонија учестуваше на второто издание на Balkan Film and Food Festival што се одржи од 3 септември до 9 септември 2012 година во Поградец, Република Албанија Потпишана декларација за воспоставување на прекуграничен Биосферен резерват Охрид-Преспа

Страница 7 Makedonska goranska nosija

Страница 8 Професорка по македонски јазик во вашиот дом

Страница 9 Куманово

ТИРАНА - АЛБАНИЈА

www.ilinden-tirana.com

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

НОЕМВРИ 2012 Г.

ЗАПОЗНАЈ ЈА ОБЛАС ТА МА ЛА ПРЕСПА!


НОЕМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

Македонско Друштво “Илинден”- Тирана Македонското Друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува палењето на македонското државно знаме и нецивилизираниот нападот врз премиерот на Република Македонија, г-дин Никола Груевски за време на неговата официјална посета во Тирана од 23.11.2012 година. Згрозени сме од овој вандалски чин кој не доликува на декларираните добрососедски односи, но нема ниту место на тлото на Европа. Лесно и непромислено е да се запали знамето на соседот, но треба труд и храброст да се изградат искрени и пријателски односи помеѓу Република Албанија и Република Македонија.

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ МЕЃУ РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА На 24.11.2012 година во Тирана премиерите на Република Македонија, г-дин Никола Груески и на Република Алабнија, г-дин Сали Бериша потпишаа два меѓудржавни договора. Првиот е за конечно отворање на граничниот премин Џепиште – Требиште кој ќе биде од голема корист за населението во пограничните области, меѓу кои и за Македонците од областа Голо Брдо во Република Албанија. Со вториот, двете земји се однесува на меѓусебно признавање на возачките дозволи, што значи дека македонските граѓани што имаат престој во Албанија, и обратно, ќе можат да управуваат моторни возила со дозволата од матичната држава.

АЛБАНСКИ НАЦИОНАЛИСТИ МАЛТРЕТИРАЛЕ МАКЕДОНЦИ ВО ПУСТЕЦ, МАЛА ПРЕСПА Беше страшно. Навистина се исплашивме. Многу лесно можеше да дојде до посериозен инцидент. Полицијата, иако ја повикавме, не дојде. Вака жителите на Пустец, македонско село во Албанија, го опишуваат инцидентот со триесетината припадници на ултранационалистичката партија „Црвеноцрна алијанса“, кои ненајавено влегле во селото и барале секоја куќа да го истакне знамето на Албанија. Она што, исто така, беше индикативно е фактот дека црвено-црните беа следени со повеќе 2


VESNIK ILINDEN

НОЕМВРИ 2012 Г.

новинари од албанските медиуми. Оваа партија неодамна ја објави својата иницијатива секоја куќа во Албанија да го закачи албанското знаме по повод 100-годишнината на албанската држава. Најстрашно беше кога влегоа во гимназијата, на час и пред децата на таблата ги лепеа налепниците на кои пишуваше „Ова е Албанија“, „Ова е Aлбанска земја“, „Надвор од Албанија“… Својот марш, на Светскиот ден на толеранцијата 16 ноември, црвено-црните ултранационалисти го продолжиле и во уште неколку села на Мала Преспа. Цел на албанските неофашисти биле и сообраќајните знаци и уличните информативни табли, врз кои лепеле налепници „Ова е албанска земја“. Поради воздржаноста на Македонците од овие села, биле избегнати физички пресметки. „Најостро го осудуваме упадот на ултранационалистите од „Црвено-црната алијанса“ во Албанија во општината Пустец и областа Мала Преспа, чија цел на демонстрација беше јавен притисок и психички терор врз Македонците со навредливи националистички пароли. Најстрашното е што беа добро организирани, заедно дојдени, со речиси дваесетина медиуми со камери, кои ги придружуваа во овој вандализам. Сметаме дека и присуството на албанските медиуми е дел од овој организиран упад во Мала Преспа. Има индиции дека оваа демонстрација е организирана од државата заради притисок врз македонското население и институциите на општината Пустец. Ги известивме канцеларијата на ОБСЕ во Тирана, Државната комисија за антидискриминација и комесарот за антидискриминација. Ова е вторпат како се обраќаме до Државната комисија за антидискриминација. Првиот пат беше во врска со еден напис во медиумите против Македонците во Албанија, меѓутоа вчерашната демонстрација е сериозен упад врз правата и слободите на граѓаните на Албанија и малцинските права на Македонците“, изјави градоначалникот на општина Пустец, Мала Преспа, Едмонд Темелко. Интересно е и тоа што во денешните изданија на албанските весници, чии новинари ја следеле оваа насилничка манифестација на нетолеранција и ултранационализам, погрешно известиле дека сите улични табли и сообраќајни знаци во Мала Преспа биле испишани само на македонски јазик. „Тоа е очигледна лага, видно е дека сите знаци се напишани и на албански и на македонски јазик, со претходна дозвола од надлежните власти“, вели Темелко. Од албанските власти бараме казна за сторителите на овој вандализам на ултранационалистите од Двојазични знаци во Мала Преспa „Црвено-црната алијанса“, кои ги осквернавија информативните табли во средното училиште, болницата и по улиците, како и сообраќајните знаци во општина Пустец.

ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА И НА АЛБАНИЈА Е ВО ЕУ Македонците во Албанија и Албанците во Македонија да бидат искористени како кооперативна предност за продлабочување на врските меѓу двете земји, порачаа премиерите на двете земји г-дин Никола Груевски и г-дин Сали Бериша на средба одржана на 24.11.2012 во Тирана, Република Албанија. - Албанската заедница во

3


НОЕМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

Македонија има значајна позиција и внимание, и претставува значаен дел од македонското општество. Согледувајќи ја таа ситуација, го истакнав интересот за унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија, со очекување дека и Македонците од Голо Брдо, Гора, како и од градовите Билишта, Корча, Подградец, Елбасан, Берат, Драч, Тирана и Кукс етнички ќе бидат признати и ќе им биде овозможена настава на македонски јазик, согласно со високите европски стандарди, изјави Никола Груевски на заедничката прес-конференција по средбата. Неговиот албански колега го уверил, како што рече, дека во Република Албанија граѓаните имаат право да се изјаснуваат за нивната етничка припадност и потекло. Албанија направила и се уште прави добро за да ги воспостави во оваа земја најдобрите копенхагенски стандарди за правата и слободите на малцинствата. Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Груевски рече дека реформите што ги спроведе Владата резултираа со четврт по ред позитивен извештај за Република Македонија од страна на Европската унија и четврта по ред препорака за почеток на преговорите. - Очекуваме во декември да го добиеме она што го имаме заслужено, а тоа е почеток на преговорите. Посакувам и сметам дека навистина е заслужено оваа препорака на Комисијата да биде вреднувана на Европскиот совет и да добиеме датум за почеток на преговорите, подвлече премиерот Груевс ки. - За таа цел и во насока на унапредување на добрососедските односи, Република Македонија, заради градење доверба и унапредување на дијалогот, иницираше конкретни активности со јужниот сосед, со предлози за одржување средби на различни нивоа, како и реализација на бројни билатерални проекти. Во тој поглед, верувам и се надевам дека започнатите разговори неодамна во Њујорк ќе добијат силна динамика во идниот период, посочи Груевски. Тој уште еднаш напомна дека иднината на регионот на ЈИЕ е во интеграцијата во Европската унија и НАТО. - Ние сме посветени на тој процес и ќе продолжиме да бидеме посветени. Но, во декември очекуваме Грција да го почитува меѓународното право, а да не се доведува во непријатна ситуација и Европската унија во однос на почитувањето на меѓународното право и да партиципира во креирањето подобра атмосфера за решавање на овој проблем и за реализација на нивната заложба од Солунскиот самит за внесување на целиот регион во Европската унија, рече Груевски. Според него, не е прашање дали нешто ќе се попушти, туку со добра волја да се почитува меѓународното право и на тој начин што побрзо да се најде решение прифатливо за двата народа. Македонија, рече албанскиот премиер Бериша, направи голем прогрес и го доби статусот земја кандидат за членство пред неколку го дини. - Убедени сме дека заслужува почнување на преговорите и оценување на заслужениот прогрес. Мирот, стабилноста и унапредувањето на Македонија, нивниот придонес во овој правец го гледам со голема заинтересираност. Прогресот на оваа земја и на мултиетничкиот живот како единствен случај, како одличен пример на Балканот, рече Бериша. Албанија, додаде, ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и смета дека нашата земја заслужува да ги почне преговорите за членство. Како што нагласи, Албанија го поддржува и членството на Македонија во НАТО. Иако официјално се уште не е членка, Македoнија, рече, де факто е дел од Алијансата. Двајцата премиери разговараа и за економската соработка, за Коридорот 8, како и за можностите за инфраструктурно поврзување - енергетско, железничко и со автопат. Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски се сретна и со претставниците на македонското национално малциство во Република Албанија.

4


VESNIK ILINDEN

НОЕМВРИ 2012 Г.

ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА ОПШТИНА БИЛИШТЕ Советот на општина Билиште на 04 Август 2012 година едногласно на г-дин Славко Кристо Калфа, докторот по радиологија, му додели призание почесен граѓанин на општина Билиште. Признанието го доби како резултет на посветеност, хуманоста што ја има покажано во изминатиов период. Во својот говор, др. Славко Кристо Калфа рече: „Признанието не е само за мене туку и за Г-дин Славко Калфа и г-дин Валтер Миза Градоначалник Македонците од село Врбник“. на Општина Билиште Редакцијата на весникот „Илинден“ на д-р Калфа искрено му честита за ова високо и угледно признание.

ГЛОБАЛЕН ИНВЕСТИЦИСКИ САМИТ ЗА МАКЕДОНИЈА 2012 Претседателот на Македонско Друштво” Илинден” Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај учествуваше на првиот ГЛОБАЛЕН ИНВЕСТИЦИСКИ САМИТ ЗА МАКЕДОНИЈА 2012 организиран од „Македонија 2025“ кој се одржа од 18 до 21 октомври 2012 во Охрид, Македонија . За време на самитот претседателот на Македонско друштво” Илинден” Тирана оствари средби со претставници на македонската дијаспора, со претседателот на Македонски клуб “Илинден” – Лазен, Хановер Германија, г-дин Живко Лазаров, со градоначалникот на Општина Воден Грција, г-дин Панајотис Анастасиадис и г-дин Димитриос Ионну, главен уредник на весникот на Македонците во Грција „Нова Зора“, како и претставници на Македонската дијаспора Америка, Канада, Луксембург. Главна цел на Самитот беше да се презентираат македонските инвестициски и извозни можности пред претставниците на македонската дијаспора и останати потенцијални инвеститори. „Македонија 2025“ преку своите економски програми е посветена на позиционирање на Македонија како посакувана дестинација за директни странски инвестиции, како и промоција на конкурентните македонски индустрии на глобалните пазари. Сметаме дека овој настан ќе биде значаен чекор кон зајакнување на врските меѓу дијаспората со македонската бизнис заедница, co цел стимулирање на трговијата, инвестициите и економскиот развој.

ДА СЕ АФИРМИРА НОВАТА РЕАЛНОСТ НА СОРАБОТКА ВО РЕГИОНОТ Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на 14 Септември 2012 во „Вилата Билјана“ во Охрид, Република Македонија оствари средба со Претседателот на Република Албанија, г-дин Бујар Нишани. Ова е прва неформална средба на двајцата претседатели, а во функција на одржување на претходно воспоставената динамика меѓу Македонија и Албанија за редовни средби на највисоко ниво. Во фокусот на разговорите меѓу претседателот Иванов и претседателот Нишани беа досегашните билатерални односи и областите во кои постои неискористен потенцијал за зајакнување на соработката. Заемна констатација беше дека политичките односи меѓу двете земји се на ниво кое овозможува целокупната 5


НОЕМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

енергија и капацитети во иднина да бидат фокусирани на развојот на економската соработка, инфраструктурното и енергетското поврзување, прекуграничната соработка, развој на туризмот, соработка во борбата против организираниот криминал, во сферата на културата и заштитата на културното наследство, како и во сферата на заштита на животната средина. Претседателот Иванов ја потврди заложбата на Република Македонија за продолжување и натамошно развивање на добрососедските односи по пат на отворен дијалог. Во однос на заедничката стратешка цел членство во Европската Унија, двајцата претседатели се согласија дека евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност и развој, и ја потврдија заемната поддршка на овој план. Во таа насока беше разменето мислење за реформите кои двете држави ги спроведуваат, како и за очекувањата во претстојниот период. Претседателот Иванов, изрази благодарност за досегашната поддршка за членството на Македонија во НАТО, како и очекување истата да продолжи и во иднина. Двајцата претседатели на средбата разменија мислења и за актуелните прашања во регионот, споделувајќи го ставот дека сите спорни и отворени прашања треба да се решаваат преку дијалог и меѓусебно почитување. Унапредувањето на билатералната и интензивирањето на регионалната соработка, треба да бидат алатки со кои ќе се афирмира новата реалност во регионот, наспроти перцепциите востановени во минатото, нагласи претседателот Иванов. Тоа значи негување на добрососедски односи, соработка и заемна поддршка во евроатлантските интеграциски процеси и јакнење на сферите на соработка од кои конкретна корист ќе имаат граѓаните на сите земји во регионот. Македонскиот и aлбанскиот претседател се заложија за натамошна соработка и поддршка и на мултилатерален план. Претседателот Иванов ја прифати поканата за посета на Република Албанија во блиска иднина, која воедно ќе овозможи поврзување на бизнис заедниците од двете земји. И двајцата претседатели изразија задоволство од првата средба, оценувајќи ја како успешна, со заедничка заложба и натаму заедно и посветено да работат на зајакнување на врските помеѓу граѓаните на Република Македонија и Република Албанија и на заедничката иднина во рамките на Европа.

6


VESNIK ILINDEN

НОЕМВРИ 2012 Г.

МАКЕДОНСКА ГОРАНСКА НОСИЈА Ova e edna od najubavite narodni nosii vo Evropa. Ostanala izvorna otkako se napravila i po pravo e goransko kulturno avtenti~no bogatstvo. Nejzinata vrednost se sostoi vo toa {to ovaa nosija e celosno ra~no izrabotka. Kako {to mo`e da vidite od slikate, postoi ma{ka i `enska narodna nosija. Nejzinata ubavina ja prestavuvaat ubavite Goranki i Gorani koi so golem merak ja ~uvaat. Ve povikuvame site Vas koi se nao|ate niz svetot, dojdete vo oblasta Gora i promenete se so makedonsko goransko Makedonska devojka vo narodna nosija od selo Borje, oblast tradicionalno ruvo.

Gora vo Albanija

Makedonska nosija narodna nosija od selo Borje, oblast Gora vo Albanija

Makedosko nevestinsko oro od selo Borje, oblast Gora vo Albanija

Makedonsko mominsko oro so dajre i harmonika selo Borje, oblast Gora vo Albanija 7


НОЕМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

Makedonska ma{ka narodna nosija od selo Borje, oblast Gora vo Albanija Елмаз Ќемај Докле

ПРОФЕСОРКА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ВАШИОТ ДОМ

„Учи македонски -online” започнува онлајн настава за Македонците кои живеат во Албанија Наставата ќе започне во текот на октомври месец.

Упис: Уписот за следење онлајн настава е едноставен, потребно е да ја посетите веб страната http://makedonskijazik-online.org/ и да го исполните формуларот за упис кој е на почетната страна или пак да ни ги испратите вашите лични податоци на електронската адреса: makedonskijazik-online@makedonskijazikonline.org. За три до пет дена од добивањето на вашиот допис ќе ви одговориме. Притоа ученикот добива професорка, термин и паралелка, лозинка за влез во мултимедијалната училница, библиотеката, календарот со распоред на часовите. Онлајн курсeвите „Учи 24/7“ Од први јануари 2013 година ќе биде овозможено учениците да го учат македонскиот јазик и преку онлајн курсeвите поставени во Е-Learning софтверот интегриран на платформата на „Учи македонскионлајн“, во кој учениците можат да го учат македонскиот јазик самостојно во било кое време. Како функционира наставата преку „Учи македонски -online”? Учењето е едноставно и притоа времето се поминува пред компјутерот корисно и забавно. Потребни алатки за да се учи успешно македонскиот јазик се компјутер и стандардна интернет врска. Притоа секој ученик ја следи наставата од својот дом во време кога него ќе му одговара, без притоа да мора да патува надвор од својот дом.

8


VESNIK ILINDEN

НОЕМВРИ 2012 Г.

Часови во мултимедијална училница; Професорката и учениците имаат: ► аудио и видео контакт; ► интерактивна комуникација; Професорката: ► има целосна контрола врз текот на одвивањето на часот; ► им овозможува на учениците да разговараат и поставуваат прашања; ► пишува на дигиталната табла (која е дел од мултимедијалната училница); ► ги прикажува презентациите на дигиталната табла; Учениците: ► разговараат со професорката; ► преку кликање на копче означуваат кревање на рака; ► на мониторот од својот компјутер пишуваат на дигиталната табла; ► ги прикажуваат изработените домашни задачи; Влез на ученикот во мултимедијалната училница: ► со лозинката се најавува во копчето „училницата“; ► оди во календарот со закажани часови; ► со еден клик врз „Влези во часот“, ќе биде во училницата; Наставната програма се заснова на важечките наставни учебници и помагала, наменети за изучување македонски јазик и писмо за децата во дијаспората, издадени од надлежните органи на Република Македонија.

М-р Митко Јованов

КУМАНОВО Првите факти за населената област Куманово датираат од 1519 година, а изворот на информации потекнува од архивите во

Истанбул, Турција. Најдеталните податоци се од Евлија Челебија, кој патувал во регионот и кој го забележал следново: „Населената област Куманово се наоѓа натериторијата на санџакот Скопје. Градот има многу реки и околу 600 куќи покриени со покривни плочки. Џамијата, која

9


НОЕМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

се наоѓа во трговската област, е прекрасна и има училште (медреса), амам, трговски центар, додека климата во градот е блага. Постојат многу лозови полиња и земјиште каде се насадени различни видови овошја.“ Куманово станува урбано подрачје со административен центар, Нахијат, во доцниот XVI или во почетокот на XVII век. По Карпошовото востание во 1689, Куманово влегува во период на стагнација и до крајот на XVIII век претставува турска касаба (мал град). Кон крајот на XIX век, градот доживува економски подем (земјоделство, занаетчиство и трговија), но нема некој позначаен индустриски развој до крајот на Втората светска војна. По 1945 година, Куманово доживува брз економски, административен и културен развој. Денес, тој е модерен град со повеќе од 105.484 жители. Како резултат на богатата историја и на опкружувањето, на територијата на градот и во околината се

наоѓаат голем број историски и културни знаменитости, кои датираат од предисториско време до денес. Најстари локалитети се: Костоперска карпа, Градиште кај селото Пелинце, неолитскиот локалитет кај селото Долно Нагоричане. Црквата Св.Ѓорѓи (Старо Нагоричане) изградена во 1071, реконструирана во 1318 и црквата Св. Богородица (село Матејче) од 1350 се најпознати културни и религиозни објекти од оваа епоха. Од XVII век се останати следниве обележја во Куманово: црквата Св. Петка во селото Старо Нагоричане, Џамијата Екси, црквата Св.Никола, како и манастирот во селото Градиште. Куманово, градот на испреплетени култури, религии и традиции, спомени и соживот. Градот во кој ќе прошетате по Уќумат-сокаги, една од најстарите улици (сегашна ул.

10


НОЕМВРИ 2012 Г.

VESNIK ILINDEN

11 Октомври), ќе се сретнете со многу стари занаети, ќе пробате вкусна храна, ќе чуете многу легенди. Овде песната и шегата ќе ве пречекаат на секој чекор.

Градот на познатиот шегобиец Батко Ѓорѓија, за кого ќе чуете од секого по нешто. Сместено во североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, Куманово е лоцирано на самата раскрсница на двата најзначајни коридори во земјата ( Коридор 8 – Коридор 10). По број на население, Куманово е најголема општина во Македонија зафаќајќи површина од 509,48 км2. Одликите на умерено-континенталната клима преовладуваат низ сите годишни времиња. Градот на непокорот и револуцијата.

Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: drustvo.ilinden.tirana@live.com

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – Тирана Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај Заменик на главен и одговорен уредник: Ерлин Мазнику Лектура: Валентина Нестор Компјутерска обработка: Тримакс - Тирана Печати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “-Тирана и редакцијата Редакција: 1. Ариана Шутку – Тирана

5. Алдана Лоровска – Врбник

2. Ернеста Дука – Драч

6. Бесим Мемишај – Гора

3. Ули Халилај – Голо Брдо

7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа 4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште 8. Брунилда Абдиај - Елбасан Контакт: 0692401778 АЛ 0038971946391 МК Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанија е-mail: drustvo.ilinden.tirana@live.com Web: www.ilinden-tirana.com

Банка: Национална Комерциална Банка - Тирана IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK SWIFT:NCBAALTX020 IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR SWIFT:NCBAALTX


МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА SHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{ MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

Sh.p.k. Trimaks - Tiran[, Kartografi Trimaks cel: ++355(0)69/3861-502 tel/fax: ++355(0)4/2268-489 Rr. Alipash Guxia No 35 Tiran[ e-mail: 3maks@3maks.com

makedonski_vesnik_ilinden__br_13  

makedonski_vesnik_ilinden__br_13

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you