Issuu on Google+

-n cnd

w w w .e d u по . д c C o C л m иц . ен m ц а k by

СВЕТОТ ДЕНЕС

Avtomobil za saharsko leto i ruska zima

Buba

60

февруари - март 2009

Бубата е најпродаваниот автомобил на сите времиња.


-n cnd

w w w .e d u по . д c C o C л m иц . ен m ц а k by Z

амислата за германскиот народен автомобил кој подоцна, по својот препознатлив облик, ќе стане познат како буба потекнува од Адолф Хитлер. Додека престојувал во затвор, по неуспешната минхенска револуција во 1924 година, дошол на идеја проблемот со невработеноста во Германија да се решава со големи проекти. Според неговата замисла, германската држава требало да финансира и изгради сообраќајници кои би ги поврзувале сите германски градови. Тие сообраќајници биле наменети исклучиво за автомобили, кои пак би требало масовно да се произведуваат за да бидат доволно евтини и достапни за секој. Така, идниот автомобил ќе го добие името фолксваген (герм. volkswagen), што во превод значи народен автомобил. Хитлеровата партија дошла на власт во 1933 година. Во летото истата таа година Фердинанд Порше (Ferdinand Porsche) е повикан во берлинскиот хотел Кајзерхоф (Kaiserhof ) на состанок со Хитлер. Порше бил познат конструктор на автомобили, бивш главен конструктор во Дајмлер-Бенц (Daimler-Benz) и Ауто-Унион (Auto-Union), а во тоа време бил сопственик на инженерско-консултантска компанија. Хитлер му ги изложил своите планови за новиот автомобил. Требало да биде мал, со издржлив мотор, со потрошувачка до седум литри бензин на сто километри и да постигнува брзина до 100 км/ч. Било замислено моторот да има воздушно ладење бидејќи повеќето Германци немале гаражи, па зимно време ладењето со вода би им создавало проблеми. Атрибутот фамилијарен требало да го оправда капацитетот на просторот во автомобилот доволен за две возрасни лица и три деца. По ова Порше прашал

За 77 години се произведени 22 милиони примероци од ова возило, но дури ни тоа не е доволно за конечно и неповратно да биде прегазен од времето. Во претпоследниот ден од јули 2003 година Фолксваген ( Volkswagen) ја затворил и последната фабрика за производство на овој автомобил, во мексиканскиот град Пуебло.

Едуком 2

61


СВЕТОТ ДЕНЕС

• Буба •

w w w .e d u по . д c C o C л m иц . ен m ц а k by

Во историјата на бубата ќе биде запишана со големи букви 1949 година, кога се случиле три важни работи: автомобилот бил првпат извезен во САД, каде постигнал култен статус и станал автомобил на хипи генерацијата. Таа година се произвеле 50 илјади буби, а во тоа време претставен е и моделот кабриолет. Во 1955 година бројот на произведени буби достигнал повеќе од милион. Токму десет години подоцна таа бројка се зголемила десеткратно. Во 1968 од производната лента излегла бубата со реден број 15 007 034, која по нешто била многу важна. Со таа буба, всушност, бил скршен рекордот на Форд Т, со што станува најпродаваниот автомобил на сите времиња. До 1955 година продадени се преку милион буби. Прв пат во европската историја овој автомобил ја надминува бројката од милион продадени примероци. Постојано се воведувале технолошки новини и секогаш револуционерни, но изворниот изглед на автомобилот на Порше не се менувал. Во 1953 во Бразил е воведен бразилскиот фолксваген, а во САД американскиот фолксваген. Во почетокот на 60-тите години се појавува и мексиканскиот фолксваген, а во 1966 отворена е фабрика во Јужноафриканската Република.

-n cnd

за цената, на што Хитлер одговорил со смеење: „Секоја цена господине Порше, секоја цена под 1.000 марки!” Порше пребледел. Дури и во шала, звучело како наредба, а знаел дека е невозможно да се направи автомобил за таа цена. Илјада германски марки во 1933 година биле околу 250 американски долари. Дури ни американскиот гигант Форд не можел да произведе автомобил за толку ниска цена. По состанокот, Порше предлогот на Хитлер го сметал само како диктаторски хир, но не знаел дека Хитлер сака Фолксвагенот да го користи како политичко средство со кое Германците ќе ги придобие на страната на неговиот режим.

Почнува конструирањето

Фабриката Фолксваген кон крајот на 90-тите почнала со производство на новата буба (New beetle), но продажбата на тој модел досега ги нема оправдано очекувањата. Вистинските поклоници на бубата велат дека овој модел не може да ја замени ниту да ја наследи легендата на тркала. Бубата достоинствено се повлекува од светската автомобилска сцена носејќи ја со себе титулата најдолговечен и најпродаван автомобил на сите времиња, која веројатно никогаш ниту еден автомобил нема да успее да и ја одземе. Меѓу многуте признанија, сосема заслужено, во 1993 година е прогласена за автомобил на 20 век.

62

февруари - март 2009

Но, само една година подоцна, на отворањето на Меѓународниот берлински саем на автомобили, Хитлер со страстен говор на германската јавност и ветил мал и евтин автомобил. Тогаш Порше примил службена наредба за десет месеци да подготви три прототипи. Хитлер самиот сметал дека автомобилот треба да наликува на бубачка бидејќи природата веќе одамна понудила решение за подобрување на аеродинамичноста, така што тој лично станал кум на обликот на каросеријата кој многумина го сметаат за еден од најшармантните во историјата на автомобилската индустрија. Хитлер ги организирал дури и другите германски производители од Друштвото на германските производители на автомобили да обезбедат делови. Всушност, ја вклучил целата германска индустрија во производството на неговиот автомобил. Сепак, еден дел од неговата замисла сè уште се чинел невозможен – цената, која не смеела да надмине 1.000 германски марки. Порше знаел дека автомобилите на најмасовниот производител на автомобили од тоа време, американскиот Форд (кој дотогаш продал речиси милион возила), чинат околу 2600 марки. Како и да било, никој не се осмелил да му се спротивстави на опасниот диктатор и работата почнала. Хитлер не знаел дека Порше веќе во 1932 година конструирал три возила слични на фолксваген. Моторот бил со мала зафатнина, со воздушно ладење и сместен одзади – токму она што го сакал и Хитлер. Порше дошол на истата таа идеја години порано, дури му имал дадено и слично име – фолксауто, но никогаш не успеал да ја достигне саканата производна цена, па проектот бил отфрлен – сè до појавата на Хитлеровата идеја, кога Порше повторно почнал да работи на истиот. Организирал работилница во сопствената гаража и педантен каков што бил, не брзал, а освен тоа, истовремено изработувал и тркачки авто-


w w w .e d u по . д c C o C л m иц . ен m ц а k by

ПО ВОЈНАТА Фабриката во Волфсбург, која се наоѓала во британска окупирана зона, служела за поправка на камиони. Стотини работници и бегалци доаѓале да бараат работа. Фабриката била под управителство на мајорот Хирст, кој ги пронашол нацртите за производство на бубата па набрзо го почнал и производството. Тоа се случило во 1946 година, тринаесет години по ветувањето дадено од Хитлер. Но овој пат автомобилот навистина им бил наменет и достапен на сите луѓе. Прво почнал да се продава во Германија, а потоа и во цела Европа. Првите модели на бубата можеле да се купат веќе следната година.

мобили, па бил повеќе загрижен за тоа како да ги победи италијанските производители од тоа како да го задоволи диктаторот. За Хитлер бубата не била хир затоа и вршел толкав притисок врз Порше и другите германски производители на автомобили. Тие не биле воодушевени од идејата да помагаат во производството на автомобил кој всушност ќе им претставува конкуренција. Фердинанд Порше пробал неколку мотори за новиот автомобил, но со ниту еден не можеле да се исполнат сите зададени услови. Конечно, во бубата е вграден четирицилиндричен мотор кој во последен момент, во 1935, за само два дена, го конструирал Австриецот Рајзоис (Reisoiess), еден од помладите инженери на Порше. Тој мотор бил едноставен и евтин, а за неговиот квалитет зборува и фактот дека сè до недамнешното престанување со производство на бубата бил единствениот мотор користен од овој модел на автомобили.

Прототипите се подготвени

Конечно во 1936 година биле завршени три прототипи. Порше бил задоволен од резултатите добиени од строгите тестирања и Хитлер следната година на Саемот за автомобили веќе го најавил почетокот на производството. Било договорено фабриката да се изгради во околината на дворецот Волфсбург (Wоlfsburg), на терен кој инаку му припаѓал на грофот Фон Шуленберг (Schulenberg). Имотот му бил одземен на 28 мај 1938 година. Набрзо потоа, за време на свечената церемонија, положен е камен-темелникот на фабриката Волфсбург, која ќе стане најголемата фабрика за автомобили на светот. Автомобилот бил официјално наречен КДФ-Ваген (KDF-Wagen). Трите букви се кратенка од полното име Крафт дурх Фројде (герм. Kraft durch Freude) или во превод – Моќ низ забава. Во околината на фабриката никнал нов истоимен град. Градот по војната наместо кратенката го добил вистинското име и оттогаш на мапите може да се најде

под името Волфсбург. Некако во исто време се губи и првобитното име на германскиот автомобил кој станува сè попознат како буба (Kafer, Bug, Beetle), иако официјално никогаш не се нарекувал така. На Порше името КДФ не му се допаднало, но бидејќи било дадено лично од Хитлер, прашањето воопшто и не можело ни да стане тема на расправа. Во 1939 во Берлин КДФВагенот бил и службено претставен. Бил толку модерен и револуционерен што целосно ги засенил соперниците. Тогашната програма на Фолксваген предвидувала производство на 450.000 автомобили во 1945 година. Втората светска војна почнала токму кога сè било подготвено за сериско производство. Воената индустрија имала предност, па до 1945 година се произвеле сасмо 630 буби. Состојбата со цивилното производство се сменила за време на војната. Од голема важност за иднината на бубата е тестот што го поминале автомобилите на Фолксваген во текот на војната, тест низ каков што ниту еден друг автомобил не поминал. Автомобилите се покажале извонредни, од песочната Африка до ледената Русија. Во тоа време се појавил и Кубелваген (Kübelwagen), воено возило креирано на основа на моделот на бубата, и Швимваген (Schwimmwagen), автомобилот кој можел да плива со брзина од 10 км/ч, а тогаш биле создадени и некои други воени модели. Во 1974, за првпат во својата историја, фабриката Фолксваген работи со загуба. Со текот на времето се смениле и сообраќајните потреби. Таа година е претставен голфот, кој полека ќе ја потисне бубата во втор план. Во 1978, по повеќе од 16 милиони произведени примероци, од германската фабрика излегува последната буба. Производството продолжило само во Мексико. Тука се произведени уште 1,7 милиони возила, но ниту шармот ниту симпатичниот изглед на овој автомобил не можеле да им конкурираат на модерните возила, кои биле побрзи, имале повеќе багажен простор и поудобна внатрешност.

-n cnd

Една година подоцна Британците за директор на Фолксваген го поставиле Хајнц Нордхоф (Heinz Nordhoff), поранешен конструктор на БMВ. Нордхоф останал на врвот и кога фабриката и била предадена на западногерманската влада. Производството ги надминало и најоптимистичките предвидувања. Од неколку стотини автомобили во 1946 година, производството во 1948 пораснало на 19.000, а една година потоа на дури 46.000. Причина за експанзијата е почетокот на извозот во голем број европски земји.

Едуком 2

63


buba