Issuu on Google+


Ова е настан од неживиот свет за две слободни индивидуи кои не присилени од никого и по свој избор и добра волја, одлучиле да стапат во заедница. Индивидуите се кислород и водород, а нивната заедница е – водата. Кога се самостојни, тие се Гасови. Птици шарени на гранка зелена. Слободно се движат, талкаат бесконечно. Ништо не ги ограничува. И одеднаш решиле да се откажат од својата слобода и да стапат во брак. И тогаш за прв пат е родена водата. Основата и постелката на целиот живот на Земјата. Не само што е основна компонента ( со 80,90 или 95 % ) во се живо што гледаме околу себе, туку што сето тоа бара постојано да се мие и да се залева. Одвнатре и однадвор. Од најситната клека до најкрупното животно или растение. Дури и мртвиот свет е исполнет со вода. Само слепиот неможе да го види бескрајното синило на океаните, белилото на снежните планини или половите, или непредвидливата менливост на облаците од водена пареа. И покрај тоа што животот го започнуваме со и во вода, а го минуваме со, покрај, на, до, во, и наполнети со вода, сепак многу малку знаеме за материјата наречена H2O. ( два атоми на водород- H и еден атом на кислород-О )


Кружно движење на водата Кружното движење на водата ги опишува постоењето и движењето на водата на, во и над Земјата. Водата на Земјата е постојано во движење и постојано ја менува формата, од Течност во пареа, во мраз и обратно. Кружното движење на водата функционира милијарди години и целокупниот живот на Земјата зависи од неа; Земјата би била прилично нездраво место за живот, доколку ја нема водата.

( цртеж за кратко објаснување за кружење на водата )


Испарување Испарувањето е процес со којшто водата ја менува својата форма од течност во гас или пареа .Испарувањето е примарниот пат по кој што водата се движи од течност назад во кружниот тек на водата како водена пареа во атмосферата. Бројни студии покажуваат дека океаните, морињата, езерата и реките обезбедуваат речиси од 90% од влажноста во нашата атмосфера преку испарување,а останатите 10 % доаѓаат од транспирација на растенијата. За одвивањето на испарувањето е неопходна топлина (енергија). Енергијата е потребна за разбивање на врските што ги држат молекулите на водата поврзани, поради што водата лесно испарува на точка на вриење 100̊ C. Но многу побавно испарува на точката на смрзнување. Кога релативната влажност на воздухот е 100%, што претставува состојба на заситеност, испарувањето неможе да продолжи. Процесот на испарување ја одзема топлината од животната средина, поради што испаарувањето на водата од вашата кожа ве разладува.


Кондензација Кондензацијата е процес со којшто водената пареа во воздухот се менува во течна вода. Кондензацијата е важна за кружниот тек на водата бидејќи формира облаци.Овие облаци можат да произведат врнежи,што претставува основен начин на враќање на водата на Земјата.Кондензацијата преставува обратен процес од испраувањето.Кондензацијата,исто така,е одговорна за маглата,затоа што вашите наочари се замрзнуваат кога одите од студена просторија надвор,во топол,влажен ден,за водата што капи по надворешната страна на вашата чаша со пијалок со пијалок и за водата на внатрешната страна на вашите прозорци во студен ден. Иако во кристално јасно сино небо воопшто нема облаци водата е сепак присутна во форма на водена пареа и капки,коишто се премногу ситни да се видат.Молекулите на водата се комбинираат со ситни честички од прашина,сол и чад во воздухот,па формираат облачни капки коишто растат и се развиваат во облаци.Со меѓусебно здружување на водените капки и со нивното растење,може да се развијат облаци и да дојде до врнежи. Во атмосферата се формираат облаци бидејќи воздухот што содржи водена пареа се крева нагоре и се лади.Важен дел на овој процес е што воздухот во близина на површината на Земјата се затоплува со сончевата радиација.Причина поради којашто атмосферата се лади над површината на Земјата е воздушниот притисок.Воздухот има тежина,а на морското ниво тежината на појас на воздух која притиска на твојата глава е околу 14 ½ фунти (32 килограми) на квадратен инч.


Што е извор? Изворот е резултат од водоносен карпест слој кој е исполнет до точка што водата Претекува на површината на земјата. Изворите се разликуваат според големината, од мали извори коишто течат само по обилни дождови, до големи базени од коишто што истекуваат стотици милиони литри дневно. Изворите можат да се формираат во секаков вид карпи, но најчесто се наоѓаат во варовник и доломит, коишто лесно се кршат и можат да се разложат со дождови што стануваат кисели. Со разложувањето и кршењето на карпата можат да се формираат отвори што овозможуваат водата да тече. Ако течението е хоризонтално, може да стаса до површината и да претставува извор. Водата од изворите, обично, е чиста, но може да биде и со боја на чај.

Слика од природен извор


Еко пораки за водата ! -Затворете ја чешмата кога не е во употреба. На пример: користете колку што е можно помалку вода додека ги четкате забите, ги миете рацете или додека се бричите итн. -Ако е возможно, за наводнување на растенијата користете вода што не е за пиење. -Во текот на летото наводнете ги растенијата навечер или рано наутро за да се намали испарувањето во текот на денот. -За време на летото не играјте си со водата. Таа е скапоцен ресурс – не трошете ја. -Додека се туширате, користете ја водата колку што е можно помалку. Намалете го времето за туширање за 2-3 минути, особено кога повеќе од една личност треба да ја користат топлата вода секој ден. -Користете ја машината за садови само кога е целосна полна. Во спротивно, измијте ги садовите на рака. -Користете тушеви, славини и тоалети со мал излив на вода. -Поправете сè што капе. Тоа е најлесниот начин да заштедите вода.


Изработено од: -Јована Димитриевска -Теодор Соколовски -Тони Анастасовски VII-4 одделение


Љубовна приказна за водата