Page 1

длуки на Врховниот Суд на Р.М.

http://www.vsrm.mk/Odluki.aspx?odluka=3349 26.03.2013 ПСРРГ.бр.521/2012 ПСРРГ.бр.521/2012 ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, во совет составен од судиите: Дане Илиев - претседател на советот, Јово Вангеловски и Милка Стефкова - членови на советот, одлучувајќи по барањето на Ж.Г. од Б., изјавено преку полномошник Светозар Атанасовски, адвокат од Б., за заштита на правото на судење во разумен рок во постапка по предметот И.бр.2001/97 на Основниот суд Битола, на седницата одржана на ден 26.03.2013 година, согласно член 35, член 36 и член 36-а од Законот за судовите („Службен весник на РМ“ бр.58/06 и 35/08), донесе:

РЕШЕНИЕ Барањето на Ж.Г. од Б., изјавено преку полномошник Светозар Атанасовски, адвокат од Б., за заштита на правото на судење во разумен рок во постапка по предметот И.бр.2001/97 на Основниот суд Битола, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

Образложение

ПОСТАПКА: До Врховниот суд на Република Македонија на ден 12.10.2012 година, поднесено е барање од Ж.Г. од Б., изјавено преку полномошник Светозар Атанасовски, адвокат од Б., за заштита на правото на судење во разумен рок во постапка по предметот И.бр.2001/97 на Основниот суд Битола. Во барањето наведува дека постапката по предметот не е завршена во разумен временски период, поради што бара да се утврди повреда на правото на судење во разумен рок и да се досуди правичен надомест. Врховниот суд на Република Македонија, постапувајќи по барањето за заштита на правото на судење во разумен рок во смисла на член 35 и 36 од Законот за судовите („Службен весник на РМ" бр.58/06 и 35/08) и член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите и основните слободи, со писмо од 29.01.2013 година ги побара списите по предметот И.бр.2001/97 од Основниот суд Битола, кој со допис од 6.02.2013 година не извести дека предметот И.бр.2001/97 од 9.02.2012 година бил доставен на извршител Н.И. на понатамошно постапување. Со допис од 5.03.2013 година Врховниот суд на Република Македонија ги побара списите по предметот И.бр.2001/97 од извршител Н.И..

ФАКТИ: Врховниот суд на Република Македонија, врз основа на наводите во барањето и увидот во списите во предметот И.бр.2001/97 на Основниот суд Битола, утврди: На ден 19.02.1996 година, тужителот штедилница и менувачница Т. Б. поднел тужба против тужената, сега подносителка на барањето, која била заведена под П.бр.300/96. На 10.12.1996 година, Основниот суд Битола донел пресуда П.бр.300/96 со која подносителката ја задолжил да му исплати на доверителот главен долг во износ од 51.000,00 денари со камата сметано од 23.01.1995 година како и да му ги надомести процесните трошоци. На 5.5.1997 година доверителот поднел предлог за извршување врз основа на правосилната пресуда П.бр.300/96 од


10.12.1996 година на Основниот суд Битола заради наплата на 51.000,00 денари со камата. Основниот суд Битола на 5.5.1997 година донел решение за извршување И.бр.2001/97 со кое го дозволил извршувањето со предложено средство попис, процена и продажба на подвижни предмети на подносителката. Подносителката на барањето решението за извршување го примила на 30.05.1997 година, а на 11.6.1997 година поднела приговор против решението И.бр.2001/97 од 5.5.1997 година. На расправата од 17.11.1997 година присутен бил полномошникот на доверителот, додека пак должникот не бил уредно поканет со што судот расправата ја одложил за 17.12.1997 година.

На расправата од 17.12.1997 година присутни биле полномошникот на доверителот и подносителката. Подносителката предложила расправата да се одложи заради ангажираност на нејзиниот полномошник во друг предмет. Судот расправата ја одложил за 13.1.1998 година. На расправата од 13.1.1998 година присуствувале полномошниците на доверителот и подносителката. По предлог на полномошникот на доверителот судот донел решение со кое го прифатил предлогот предметот да се отстапи на службено лице кое требало да изврши попис на подвижните предмети на должникот, односно на подносителката. На 28.04.2011 година, Основиот суд Битола донел решение И.бр.2001/97 со кое приговорот против решението И.бр.2001/97 од 5.5.1997 година го отфрлил како ненавремен. Решението полномошникот на подносителката го примил на 3.05.2011 година, а полномошникот на доверителот на 29.04.2011 година. На 22.12.2011 година доверителот доставил до судот изјава со која побарал од судот согласно измените на Законот за извршување да донесе заклучок за доставување на предметот до извршител Н.И. на понатамошно постапување со оглед на фактот дека долгот се уште не бил намирен од страна на подносителката на барањето. На 25.1.2012 година Основниот суд Битола ставил потврда за правосилност и извршност на решението И.бр.2001/97 од 5.5.1997 година. На 30.01.2012 година Основниот суд Битола донел заклучок врз основа на што извршните списи по предметот И.бр.2001/97 на Основниот суд Битола биле доставени до извршител Н.И.. Барањето за заштита на правото на судење во разумен рок поднесено е до овој суд на ден 12.10.2012 година. ДОПУШТЕНОСТ И ОСНОВАНОСТ: Врховниот суд на Република Македонија врз основа на утврдените факти, наводите во барањето и списите во предметот, најде: Барањето за заштита на правото на судење во разумен рок е навремено, дозволено меѓутоа е неосновано. Согласно одредбите од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи како и одредбите од Законот за судовите, Врховниот суд на Република Македонија најде дека не постои повреда на член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи и член 35 и член 36 од Законот за судовите.

ПРАВО: Според член 35 став 1 точка 6 од Законот за судовите (“Службен весник на РМ“ бр.58/2006 и бр.35/2008), Врховниот суд на Република Македонија е надлежен да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за заштита на човекови права и основни слободи и тргнувајќи од Судската пракса на Европскиот суд за човекови права и основните слободи. Според член 36 став 1 точка 4 од истиот закон, Врховниот суд на Република Македонија постапува по барањето кое ги исполнува критериумите утврдени во ставот 2 и 3 на овој член во рок од 6-шест месеци сметано од неговото поднесување и одлучува дали пониските судови го повредиле правото на судење во разумен рок, а притоа имајќи ги во предвид правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, а особено сложеноста на предметот, однесувањето на странките во постапката и однесувањето на судот кој постапувал. Според член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, секој при определување на неговите граѓански права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен тирбунал основан со законот.


ОЦЕНКА НА СУДОТ ЗА РАЗУМНОСТА НА РОКОТ: Врховниот суд на Република Македонија утврди дека постапката по конкретниот предмет започнала со поднесување на предлогот за извршување од страна на доверителот на ден 5.5.1997 година до Основниот суд Битола, па до поднесување на барањето за заштита на правото на судење во разумен рок на 12.10.2012 година, траела 15 години, 5 месеци и 7 дена. При утврдување за оценката за разумноста на траењето на постапката, Врховниот суд на Република Македонија ги имаше во предвид правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, како и критериумите предвидени со Законот за судовите: сложеност на предметот, однесувањето на странките во постапката, нивниот статус и влог како и однесувањето на судот кој постапувал по предметот.

ОСНОВАНОСТ НА БАРАЊЕТО: Врховниот суд на Република Македонија утврди дека постапката по конкретниот предмет, започнала со поднесување на предлог за извршување на ден 5.5.1997 година од страна на доверителот, при што на истиот датум е донесено и решението за извршување И.бр.2001/97. Подносителката на барањето во постапката има својство на должник. Врховниот суд на Република Македонија, при оценка на разумноста на периодот на траењето на постапка ги имаше предвид сложеноста на предметот, однесувањето на подносителката во постапката како и однесувањето на судот, па оттука ценејки го и статусот на подносителката како должник во постапката и долгот кој и бил познат, оцени: барањето за заштита на правото на судење во разумен рок на подносителката е неосновано. Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека во конкретниот случај не станува збор за сложен предмет. Однесувањето на подносителката како должник има најголем придонес за целокупното водење и траење на постапката. Имено, подносителката имала склучено договор за позајмица со доверителот, но бидејќи како должник не го намирила долгот иако согласно договорот знаела и била во обврска истиот да го врати, доверителот повел извршна постапка за наплата на долг во износ од 51.000,00 денари со камата. Во текот на извршната постапка, подносителката на барањето со своето однесување делумно придонела за долгото траење на постапката, така што по нејзина вина одложени се расправите од 17.11.1997 година и 17.12.1997 година. Исто така, од поведувањето на извршната постапка, подносителката како должник воопшто не покажала никаков интерес и активност за плаќање на долгот што упатува на заклучок дека нејзиното пасивно однесување не го прави оправдано и основано барањето за заштита на правото на судење во разумен рок, бидејќи токму нејзиното однесување било главна причина за поведувањето на конкретната постапка. Оттука произлегува дека подносителката како должник не можела да биде во заблуда во однос на тоа дека долгот навистина постои како и обврската за негово намирување при што со подмирување на истиот таа можела во секое време да ја заврши постапката и да го скрати нејзиното времетраење.

Врховниот суд на Република Македонија смета дека статусот жртва поради долгото траење на извршната постапка во никој случај не може да се прифати за должниците кои свесно не преземаат дејствија со што се избегнува исполнување на договорната обврска кон доверителите. Поради наведеното, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека барањето за заштита на правото на судење во разумен рок е неосновано и следуваше да се одлучи како во изреката на решението, согласно член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи и член 35 и член 36 од Законот за судовите. Решено во Врховниот суд на Република Македонија на ден 26.03.2013 година под ПСРРГ.бр. 521/2012. Претседател на советот - судија Дане Илиев с.р.

За точоста на отправокот- т в р д и:секретар, ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се поднесе жалба до Врховниот суд на Република Македонија во рок од 8 дена од денот на приемот на решението до советот на Врховниот суд на Република Македонија кој одлучува во втор степен против одлуката ДН: - на полномошникот на подносителот


длуки на Врховниот Суд на Р.М.

http://www.vsrm.mk/Odluki.aspx?odluka=3465

02.04.2013 ПСРРГ.бр.586/2012 ПСРРГ.бр.586/2012 ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, во совет составен од судиите: Дане Илиев - претседател на советот, Јово Вангеловски и Милка Стефкова - членови на советот, одлучувајќи по барањето на Н.П. од С., за заштита на правото на судење во разумен рок во постапка по предметот И.бр.36/96 на Основниот суд Скопје II Скопје нов И.бр.521/12 заведен кај Извршител З.П. од С., на седницата одржана на ден 02.04.2013 година, согласно член 35, член 36 и член 36-а од Законот за судовите (“Службен весник на РМ“ бр.58/06 и 35/08), донесе:

РЕШЕНИЕ Барањето на Н.П. од С., за заштита на правото на судење во разумен рок во постапка по предметот И.бр.36/96 на Основниот суд Скопје II Скопје нов И.бр.521/12 заведен кај Извршител З.П. од С., СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

Образложение

ПОСТАПКА: До Врховниот суд на Република Македонија на ден 28.12.2012 година, поднесено е барање од Н.П. од С., за заштита на правото на судење во разумен рок во постапка по предметот И.бр.36/96 на Основниот суд Скопје II Скопје нов И.бр.521/12 презаведен кај Извршител З.П. од С.. Во барањето наведува дека постапката по предметот не била завршена во разумен временски период, поради што смета дека е повредено правото на судење во разумен рок и притоа истакна барање за правичен надоместок. Врховниот суд на Република Македонија, постапувајќи по барањето за заштита на правото на судење во разумен рок во смисла на член 35 и 36 од Законот за судовите ("Службен весник на РМ" бр.58/06 и 35/08) и член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите и основните слободи, со писма од 05.02.2013 година ги побара списите по предметот И.бр.36/96 на Основниот суд Скопје II Скопје и предметот И.бр.521/12 на извршител З.П. од С..

ФАКТИ: Врховниот суд на Република Македонија, врз основа на наводите во барањето и списите во предметот, ги утврди следните факти и околности релевантни за оцена на повредата на правото на подносителот загарантирани со член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи: На ден 12.07.1996 година, доверителот С.Б. АД С., до Основниот суд Скопје II Скопје поднел предлот за извршување против должникот Н.П. од С., за наплата на долг од тековна сметка во износ од 37.944,50 денари, по што бил оформен предметот И.бр.36/96. Кон предлогот бил приложен извод од тековна сметка за должникот. Судот донел решение за извршување на 03.09.1996 година. Предлогот односно решението за извршување и покана од судот, биле доставени на должникот на 24.10.1996 година. Доверителот на ден 26.12.2011 година, до судот доставил изјава извршниот предмет да се предаде кај извршител З.П. од С. заради превземање на понатамошни извршни дејстивија. Судот со заклучок од 26.12.2012 година, го доставил извршниот предмет И.бр.36/96 на извршителот З.П. од С. заради понатамошно постапување по истиот. Извршителот со известување И.бр.521/12-1 од 16.03.2012 година, го известил должникот дека во понатамошното постапување


по предметот И.бр.36/96, ќе постапува тој и истиот предмет ќе биде воден под И.бр.521/12. Извршителот на ден 18.07.2012 година, издал налог за извршување врз побарување по сметка кај банка под И.бр.521/12-2, преку К.Б. АД С.. Известувањето и налогот на извршителот биле доставени на должникот на 31.08.2012 година. Должникот на ден 06.09.2012 година доставил приговор против налогот за извршување, до Основен суд Скопје II Скопје заведен под П.П.Н.И.бр.755/12. Одговор на приговор бил поднесен до судот на ден 11.09.2012 година. Претседателот на Основниот суд Скопје II Скопје со Решение ППНИ-775/12 од 12.09.2012 година, го одбил приговорот на должникот како ненавремен. Должникот преку полномошник, на 14.09.2012 поднел жалба до повисокиот суд против решението ППНИ-775/12 од 12.09.2012 година на Основниот суд Скопје II Скопје, во кое е наведено дека истата да се смета и како предлог за враќање во поранешна состојба. Претседателот на Основен суд Скопје II Скопје со решение ППНИ-755/12 од 24.10.2012 година го отфрлил како недозволен предлогот за враќање во поранешна состојба поради пропуштање на рокот за поднесување на приговор против налогот за извршување. Незадоволна од ваквата одлука, должникот – подносителот поднела жалба до Апелациониот суд Скопје. Апелациониот суд Скопје со решение ГЖ.бр.4735/12 од 22.11.2012 година, ги одбил жалбите на должникот како неосновани и ги потврдил решенијата на Претседателот на Основен суд Скопје II Скопје ППНИ.бр.755/12 од 12.09.2012 година и од 24.10.2012 година. Ова решение било доставено до должникот на ден 15.02.2013 година. Барањето за заштита на правото на судење во разумен рок поднесено е до овој суд на ден 28.12.2012 година. ДОПУШТЕНОСТ И ОСНОВАНОСТ Врховниот суд на Република Македонија врз основа на утврдените факти, наводите во барањето и списите во предметот, најде: Барањето за заштита на правото на судење во разумен рок е неосновано. Согласно одредбите од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи како и одредбите од Законот за судовите, Врховниот суд на Република Македонија најде дека не постои повреда на член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи и член 35 и член 36 од Законот за судовите.

ПРАВО: Според член 35 став 1 точка 5 од Законот за судовите (“Службен весник на РМ“ бр.58/2006 и бр.35/2008), Врховниот суд на Република Македонија е надлежен да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за заштита на човекови права и основни слободи и тргнувајќи од Судската пракса на Европскиот суд за човекови права и основните слободи. Според член 36 став 4 од истиот закон, Врховниот суд на Република Македонија постапува по барањето кое ги исполнува критериумите утврдени во ставот 2 и 3 на овој член во рок од 6-шест месеци сметано од неговото поднесување и одлучува дали пониските судови го повредиле правото на судење во разумен рок, а притоа имајќи ги во предвид правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, а особено сложеноста на предметот, однесувањето на странките во постапката и однесувањето на судот кој постапувал. Според член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, секој при определување на неговите граѓански права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен тирбунал основан со законот.

ОСНОВАНОСТ НА БАРАЊЕТО: Врховниот суд на Република Македонија утврди дека постапката по конкретниот предмет, започнала со поднесување на предлог за извршување на ден 12.07.1996 година. Подносителот на барањето во постапката се јавува како должник. За предлогот за извршување И.бр.36/96 од 12.07.1996 година подносителот бил известен од судот на ден 24.10.1996 година а потоа истиот бил известен преку извршителот З.П. од С. на 31.08.2012 година. Врховниот суд на Република Македонија, при оценка на разумноста на периодот на траењето на постапка ги имаше во предвид сложеноста на предметот, однесувањето на подносителот во постапката, како и однесувањето на судот, па оттука ценејки го и статусот на подносителот како должник во постапката и долгот кој му бил познат а се однесува за долг од тековна сметка од С.Б. АД С., оцени: барањето за заштита на правото на судење во разумен рок на подносителот е неосновано. Врховниот суд на Република Македонија, оцени дека барателот со статус на должник во смисла на член 6 од Европската


конвенција за заштита на човековите права и основните слободи во предметниот случај со неподмирување на долгот кон доверителот ја предизвикал извршната постапка и во времето на траење на истата на презел никакви дејства како должник го плати долгот и постапката да се заврши. Тврдењето на подносителот во барањето дека доколку судот постапел кон извршување на предметот непосредно по донесувањето на решението, истиот благовремено би го надоместил, е ирелевантно. Точно е дека судот по подолг период го доставил предметот на понатамошно постапување и извршување кај извршителот, но тоа не е причина која треба да се зема како релевантна за долгото траење на постапката. Подносителот како должник не можел да биде во заблуда во однос на тоа дека долгот навистина постои како и обврската за негово намирување, односно имајќи во предвид дека во секое време имал можност да ја следи состојбата на тековната сметка, бил свесен за неговиот долг и со подмирување на истиот, подносителот можел во секое време да ја заврши постапката и да го скрати времетраењето на истата. Од наведените причини, следуваше да се одлучи како во изреката на решението согласно член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи и член 35 и член 36 став 4 од Законот за судовите. Решено во Врховниот суд на Република Македонија на ден 02.04.2013 година под ПСРРГ.бр. 586/2012. Претседател на совет-судија Дане Илиев с.р.

За точноста на отправокот - т в р д и: секретар ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се поднесе жалба до Врховниот суд на Република Македонија во рок од 8 дена од денот на приемот на решението до советот на Врховниот суд на Република Македонија кој одлучува во втор степен против одлуката. ДН: - на подносителот

Одлуки на Врховниот Суд на Р.М.

http://www.vsrm.mk/Odluki.aspx?odluka=3313

05.03.2013 ПСРРГ.бр.532/2011 ПСРРГ.бр.532/2011

ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, во совет составен од судиите: Дане Илиев - претседател на советот, Јово Вангеловски и Милка Стефкова - членови на советот, постапувајќи по барањето на подносителите Љ.К., З.С., Б.С., Ч.В., Д.С. и С.С. сите од К., изјавено преку полномошник Момчило Доцевски, адвокат од К., за заштита на правото на судење во разумен рок во постапката по предметот И.бр.1736/05 на Основен суд Куманово, на седницата одржана на ден 05.03.2013 година, донесе:

РЕШЕНИЕ

Барањето на подносителите Љ.К., З.С., Б.С., Ч.В., Д.С. и С.С. сите од К., изјавено преку полномошник Момчило Доцевски, адвокат од К., за заштита на правото на судење во разумен рок во постапката по предметот И.бр.1736/05 на Основен суд Куманово, СЕ ОТФРЛА.

Образложение


Подносителите на барањето Љ.К., З.С., Б.С., Ч.В., Д.С. и С.С. сите од К., до Врховниот суд на Република Македонија на ден 28.09.2011 година, преку полномошник Момчило Доцевски, адвокат од К., поднеле барање за заштита на правото на судење во разумен рок во постапката по предметот И.бр.1736/05 на Основен суд Куманово. Постапувајќи по поднесеното барање, Врховниот суд на Република Македонија со писмено барање од 26.10.2011 година побара препис од списите по предметот И.бр.1736/05 од Основниот суд Куманово, при што на ден 02.03.2012 година е добиено известување од судот во кое е наведено дека по предметот на И.бр.1736/05 на Основниот суд Куманово не се совпаѓаат странките наведени во барањето. Од овие причини, Врховниот суд на Република Македонија со писмени поднесоци од 06.03.2012 година и 24.04.2012 година побара од полномошникот на подносителите да го уреди барањето на начин да ги достави точните податоци за предметот и постапката во која подносителите на барањето биле странки и во која сметаат дека е повредено правото на судење во разумен рок. Во поднесоците за уредување на полномошникот на подносителите од 19.04.2012 година и 23.06.2012 година, е наведено дека постапката е водена пред Основниот суд Куманово е заведена под И.бр.1736/05 и продолжила кај Извршител Ј.А. од К.. Во прилог достави предлог за извршување од подносителите во фотокопија . Врховниот суд на Република Македонија постапувајќи по напатствијата во поднесоците за уредување на полномошникот на подносителите, со писмено барање од 03.07.2012 година ги побара списите по предметот И.бр.1736/05 на Основен суд Куманово од Извршителот Ј.А. од К., при што во писменото известување на извршителот од 06.08.2012 година е наведено дека не бил пристигнат предмет за спроведување на извршување заведен под И.бр.1736/05 на Основен суд Куманово во кој како подносители се јавуваат барателите. Имајќи го ова во предвид, Врховниот суд на Република Македонија повторно со писмено барање од 04.09.2012 година ги побара списите по предметот И.бр.1736/05 од Основниот суд Куманово, при што во применото известување Су.бр.1520/12 од 03.10.2012 година на судот, е наведено дека во уписниците и електронскиот попис на извршните предмети како доверител во предметот И.бр.1736/05 е ЕВН М. а должник е лицето В.А. од К.. Од овие причини, Врховниот суд на Република Македонија повторно со писмен поднесок од 09.10.2012 година побара од полномошникот на подносителите да го уреди барањето во рок од 8 дена од приемот на дописот, на начин што ќе го достави предлогот за извршување на подносителите во оригинал или пак заверен препис на оригиналот, а во спротивно судот со решение ќе го отфрли барањето како неуредно. Видно од доставницата, поднесокот за уредување на барањето од 09.10.2012 година, било примено од полномошникот на подносителите на ден 06.11.2012 година. Согласно член 35 од Европската Конвенција за човекови права и основните слободи, изменета со Протоколот број 11 и член 36 од Законот за судовите (Службен весник на Република Македонија број 58/06 и 35/08), Врховниот суд на Република Македонија постапува по барање кое ги исполнува следните критериуми: -да се наведени податоци за подносителот од кои се утврдува идентитетот на подносителот, а доколку има полномошник, лични податоци за идентителот ( податоците треба да содржат име, презиме, државјанство, занимање, место и датум на раѓање, адреса на постојано живеалиште); -да има приложено уредно полномошно за полномошникот за водење на постапката за заштита на правото на судење во разумен рок; -податоци за предметот и постапката за која странката смета дека е повредено правото на судење во разумен рок и тоа: број на судски предмет, основ на тужба, странки и учесници во постапката, превземени редовни и вонредни правни средства; -образложение на причините за наводно сторена повреда на правото за судење во разумен рок, со јасен и концизен приказ на предметот на барањето, хронолошки приказ со точни датуми на процесни дејствија кои траеле неразумно долго; -изјава за побарување паричен надоместок, висина како и други предлози допуштени со законот; - со едно барање за заштита на правото на судење во разумен рок може да се бара или утврдува повреда само во еден судски предмет; - потпис на барателот; Со оглед да не е постапено по задолжението на судот во определениот рок од 8 дена од приемот на барањето за уредување, односно барањето за заштита на правото на судење во разумен рок не е уредено во смисла на член 36 став 3 од Законот за судовите и член 35 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, следуваше Врховниот суд на Република Македонија да го отфрли барањето за заштита на правото на судење во разумен рок како неуредно. Решено во Врховниот суд на Република Македонија на ден 05.03.2013 година под ПСРРГ.бр.532/2011. Претседател на советот - Судија Дане Илиев с.р.

За точноста на отправокот - т в р д и: секретар ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се поднесе жалба во рок од 8 дена од денот на приемот на решението до советот на Врховниот суд на Република Македонија кој одлучува во втор степен против одлуките на првостепениот совет Д.Н. - на полномошникот на подносителите на барањето


http://www.vsrm.mk/Odluki.aspx?odluka=3485 Одлуки на Врховниот Суд на Р.М.

23.04.2013 ПСРРГ.бр.52/2013 ПСРРГ.бр.52/2013

ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, во совет составен од судиите: Дане Илиев - претседател на советот, Јово Вангеловски и Милка Стефкова - членови на советот, постапувајки по барањето на подносителот Д.М. од К., поднесено преку полномошник Момчило Доцевски, адвокат од К., за заштита на правото на судење во разумен рок во постапката по предметот ПЛ1.бр. 98/12 на Основниот суд Куманово (претходо заведен под И.бр. 474/02), на седницата одржана на ден 23.04.2013 година, донесе:

РЕШЕНИЕ

Барањето на подносителот Д.М. од К., поднесено преку полномошник Момчило Доцевски, адвокат од К., за заштита на правото на судење во разумен рок во постапката по предметот ПЛ1.бр. 98/12 на Основниот суд Куманово ( претходо заведен под Ибр. 474/02), СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

Образложение ПОСТАПКА: Подносителот Д.М. од К., преку полномошник Момчило Доцевски, адвокат од К., на ден 07.03.2013 година, поднесе барање за заштита на правото на судење во разумен рок во постапката по предметот ПЛ1.бр. 98/12 на Основниот суд Куманово ( претходо заведен под Ибр. 474/02). Истакнато е барање за правичен надомест во износ од 300.000,00 денари. Врховниот суд на Република Македонија, постапувајки по барањето за заштита на правото на судење во разумен рок во смисла на член 35 и член 36 од Законот за судовите ( „Службен весник на РМ“ бр. 58/06 и 35/08) и член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи со писмо од 19.03.2013 година се обрати до барателот со барање за уредување на барањето, додека со писмо од 09.04.2013 ги побара списите по предметот ПЛ1.бр. 98/12 на Основниот суд Куманово.

ФАКТИ: Од приложените списи и наводите истакнати во барањето за заштита на правото на судење во разумен рок, Врховниот суд на Република Македонија, утврди: На ден 20.12.2001 година, доверителот ЦКБ АД поднел предлог за извршување против должниците З.Ѓ. - главен должник и М.Ѓ. и Д.М. - жиранти на главниот должник кој бил корисник на тековна сметка, за наплата на долг во износ од 14.128,00 денари, по кој во Основниот суд Куманово бил оформен предметот И.бр. 474/02. Со решение И.бр. 474/02 од 18.02.2002 година, судот го дозволил предложеното извршување. Судот во неколку наврати се обидел да изврши уредна достава на наведеното решение. Со заклучок И.бр. 474/02 од 30.11.2011 година, предметот бил доставен на постапување на нотар Ј.М. од К.. На ден 03.04. 2012 година, барателот изјавил приговор против решението И.бр. 474/02 од 18.02.2002 година.


Судот закажал расправа за ден 11.06.2012 година, која како и расправите од 17.09.2012 година, 29.10.2012 година биле одложени бидејки прво и второтужените не биле уредно повикани. На расправата од 10.12.2012 година, судот констатирал дека првотужениот бил иселен во странство, а второтужениот бил починат, па бидејки било потребно да се постави привремен старател на првотужениот, расправата била одложена. На расправата од 29.01.2013 година, биле изнесени наводи по однос на тужбеното барање и судот донел решение за прекин на постапката према второтужениот . Со поднесок од 01.03.2013 година, тужителот извршил прецизирање на тужбеното барање. На расправата од 04.03.2013 година, било одржано поготвително рочиште на кое биле изнесени наводи по однос на тужбеното барање и судот закажал главна расправа за 25.03.2013 година на која по изведување на предложените докази и дадени завршни зборови на странките, расправата била заклучена. Со пресуда ПЛ1.бр. 98/12 од 02.04.2013 година, тужбеното барање на тужителот било усвоено. Против наведената пресуда жалба изјавил сега барателот на ден 09.04.2013 година. Барањето за заштита на правото на судење во разумен рок, доставено е до Врховниот суд на Република Македонија на ден 07.03.2013 година.

ДОПУШТЕНОСТ И ОСНОВАНОСТ: Врховниот суд на Република Македонија врз основа на утврдените факти, наводите во барањето, списите во предметот, најде: Барањето за заштита на правото за судење во разумен рок е навремено, дозволено, но е неосновано. Согласно одредбите од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и одредбите од Законот за судовите, Врховниот суд на Република Македонија најде дека не постои повреда на член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи член 35 и член 36 од Законот за судовите.

ПРАВО: Според член 35 став 1 точка 6 од Законот за судовите (“Службен весник на РМ“ бр.58/2006 и бр.35/2008), Врховниот суд на Република Македонија е надлежен да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за заштита на човекови права и основни слободи и тргнувајќи од Судската пракса на Европскиот суд за човекови права и основните слободи. Според член 36 став 1 точка 4 од истиот закон, Врховниот суд постапува по барањето кое ги исполнува критериумите утврдени во ставот 2 и 3 на овој член во рок од 6-шест месеци од неговото поднесување и одлучува дали пониските судови го повредиле правото на судење во разумен рок, а притоа имајќи ги во предвид правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, а особено сложеноста на предметот, однесувањето на странките во постапката и однесувањето на судот кој постапувал. Според член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, секој при определување на неговите граѓански права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен тирбунал основан со законот.

ОЦЕНА НА СУДОТ ЗА ДОЛЖИНАТА НА ПОСТАПКАТА: Врховниот суд на Република Македонија утврди дека постапката била поведена со поднесување на предлогот за извршување на ден 20.12.2001 година, меѓутоа правно релевантен период за оценка на разумноста на рокот е сметано од денот кога постапката започнала за барателот, а тоа е 03.04. 2012 година, кога изјавил приговор против решението И.бр. 474/02 од 18.02.2002 година, па сметано до 07.03.2013 година- денот на поднесување на барањето за заштита на правото на судење во разумен рок, постапката трае 11 месеци и 4 дена. Врховниот суд на Република Македонија при оценката на разумноста на траењето на постапката по предметот, ги имаше во предвид следниве критериуми: сложеноста на предметот, однесувањето и влогот на странката во постапката и однесувањето на судот кој постапувал.

СЛОЖЕНОСТ НА ПРЕДМЕТОТ: Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека во конкретниот случај не се работи за предмет кој е од сложена


правна природа.

ОДНЕСУВАЊЕ НА ПОДНОСИТЕЛОТ: Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека однесувањето на подносителот која во конкретната постапка има својство на тужен односно солидарен должник има најголем придонес за целокупното водење и траење на постапката. Во случајов постапката била поведена со предлог за извршување, за наплата на долг од тековна сметка против должникот З.Ѓ. како главен должник и М.Ѓ. и Д.М. во својсво на жиранти. Иако барателот уредно го примил платниот налог, не доставил доказ дека превземал дејствија во насока да докаже дека долгот евентуално бил платен, ниту пак воопшто не покажал никаков интерес и активност за плаќање на долгот према доверителот иако како должник знаел дека има обврска да го намири долгот што упатува на заклучок дека пасивното однесување на барателот како должник за обврската која ја има према доверителот, не го прави оправдано и основано барањето за заштита на правото на судење во разумен рок, бидејки токму неговото однесување било главна причина за поведувањето на конкретната постапка.

ОДНЕСУВАЊЕ НА СУДОТ: Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека однесувањето на судот во конкретниот предмет не допринело за одолговлекување на постапката. Во правно релевнатниот период судот бил активен, закажувал расправи во разумен рок и превземал дејствија согласно законските прописи. Со оглед да главниот должник бил иселен во странство, судот превземал дејствија во насока на поставување на негов привремен застапник и во текот на постапката судот донел решение за прекин на постапката поради смрт на второтужениот. Точно е дека од поднесувањето на предлогот за извршување поминал подолг временски период, меѓутоа Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека за крајниот исход на постапката, овој период неможе да се препише на вина на судот бидејки пасивното однесување на барателот која како должник знаел дека треба да го намири својот долг предизвикало да тужителот ја поведе конкретната постапка. Неприфатливо е тврдењето на барателот дека со траењето на постапката повеќе од 12 години, се стекнал со статус на „жртва“ во конкретната постапка, а тоа од причина што од самиот почеток тој знаел за долгот према тужителот и со ниеден гест или дејствие не се обидел односно не покажал интерес за намирување на долгот. Дотолку повеќе што во текот на постапката со пресудата на Основниот суд Куманово ПЛ1.бр.98/12 од 02.04.2013 година, утврдена е основаноста на тужбеното барање односно барателот како солидарен должник е задолжен да го намири предметниот долг.

ОЦЕНКА НА СУДОТ ЗА РАЗУМНОСТА НА РОКОТ: Врховниот суд на Република Македонија утврди дека во случајот постапувајки по конкретното барање на подносителот за заштита на правото на судење во разумен рок неможе да се утврди и да се прифати дека има повреда на правото на судење во разумен рок во смисла на член 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и член 35 и член 36 од Законот за судовите, бидејки пасивното однесување на барателот кој не превземал дејствија во насока на исплата на долгот иако знаел дека е во обврска тоа да го стори била основна причина за поведувањето и за траење на конкретната постапка. Од наведените причини, следуваше да се одлучи како во изреката на решението согласно член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи и член 35 и член 36 од Законот за судовите. Решено во Врховниот суд на Република Македонија на ден 23.04.2013 година под ПСРРГ.бр.52/2013. Претседател на советот - судија Дане Илиев с.р.

За точноста на отправокот - т в р д и: секретар ПРАВНА ПОУКА: Незадоволната странка има право на жалба во рок од 8 дена од денот на приемот на решението до советот на Врховниот суд на Република Македонија кој одлучува во втор степен по барањата за заштита на правото на судење во разумен рок -ДН: на подносителот на барањето на Основен суд Куманово, по правосилноста на решението

Решенија на врховен суд на рм  
Решенија на врховен суд на рм  
Advertisement