Page 1

Micro and Small Enterprises Project

УСАИД ПРОЕКТ ЗА МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА Проектот за Микро и Мали Претпријатија на УСАИД го поддржува растот на претприемачите и нивните микро и мали претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извозот и инвестиции. Што претставува УСАИД Проектот за Микро и Мали Претпријатија и зошто да се учествува? ПММП е проект наменет за перспективни менаџери и претприемачи – сопственици на микро и мали бизниси, со цел да им се овозможи пристап до нови знаења, експертиза и алатки за успех во бизнисот. Проектот ќе се спроведува низ три компоненти:  Компонента # I –Програми за Претприемачи  Компонента # II – Услуги за Бизнис Поддршка  Компонента # III – Приватен Капитал, Квази Капитал и Бизнис Ангели

Кој може да аплицира? Перспективни Претприемачи/Менаџери кои водат микро и мали претпријатија што имаат:  До 10 вработени  Годишни Приходи до ЕУР 500.000  Мнозинска сопственост од Македонски граѓани  Компании кои не се вклучени во некои од индустриите што УСАИД не ги подржува1  Среден до висок потенцијал за раст

    

Способен и амбициозен Менаџерски тим Подготвеност финансиски да партиципираат за учество во програмата Минато успешно работење Желба и отвореност за нови знаења и идеи Отварање минимум 1 работно место

Кога?

Компоненета I – ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧИ

Програмата ќе се спроведува во периодот: Јануари 2012 – Мај 2012.

ШТО ВКЛУЧУВА ПРОГРАМАТА I. РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА И НАЈДОБРИ ПРАКСИ Шест (6), петчасовни попладневни тренинзи, во период од четири месеци. Тренинзите ќе бидат организирани секоја трета недела, почнувајќи од 15 до 20 часот. Тренинзите се практични и се базираат на размена на искуства, знаења и идеи, помеѓу учесниците и гостите говорници (успешни претприемачи и менаџери) по пат на отворени дискусии, учејќи преку успехот или грешките на другите.

Теми Тим Билдинг и Претприемничко Лидерство Бизнис Планирање и Буџетирање Финансии за Претприемачи

Пристап до Финансии Продажба и Извоз Маркетинг, Промоција и

Цел Да се запознаете со останатите учесници во програмата и да научите да бидете подобри лидери Да ги користите Бизнис Планот и Буџетот како корисни Менаџерски алатки Подобро разбирање и подобра употреба на финансиите, подобрување на финансиските операции во фирмата и зголемување на нејзината вредност Да се запознаете со различни извори на финансирање и обезбедување на капитал за раст и развој Да ги подобрите продажните техники и извозните стратегии Подобро да го научите пазарот, како да го користите маркетингот ефикасно, да ги запознаете луѓето со Вашиот производ и да ги

1

Производство на Оружје; Воени активности; Производство на тутунски производи и жестоки алкохоли; Казино или други игри на среќа; Клиники за Абортус.

1


Анализа на Пазарот

мотивирате да го купат

II. NETWORKING И НАСТАНИ ЗА УЧЕЊЕ Месечни, тричасовни тематски настани за воспоставување на деловна соработка, со цел дружење и networking со други локални и регионални компании, институции, потенцијални клиенти, партнери, со цел воспоставување бизнис контакти и бизнис соработка. Покрај тоа, учесниците ќе разменуваат искуства и пракса на темите предмет на дискусија, и ќе се стекнат со нови знаења и идеи за тоа како сето тоа да го имплементираат во своите компании.

Теми Како да се поврзувате (networking)

Цел Да научите како да воспоставите нови деловни контакти на networking настаните Networking и размена на искуства за развој на успешен тим, ориентиран кон постигнување резултати со останатите учесници Networking и размена на искуства и мислења на актуелни бизнис теми Церемонија за доделување на Сертификати

Човечки Ресурси

Тематски Networking Настани Свечена Церемонија

III. МЕНТОРСКА ПРОГРАМА

ШТО ВКЛУЧУВА: Овозможување на Микро и Малите претпријатијата кои се вклучени во Програмата за Претприемачи (Компонента I) да се прошират на регионалните и странски пазари Вид на услуга

Цел

Пристап до Нови Пазари Пристап до нашите Центри во Косово, Албанија и Србија

Проширување на регионални и странски пазари

Интервенции во самата компанија/Техничка помош Финансиска и пазарна експертиза Техничка помош од индустрискиспецијализирани консултанти (локални или меѓународни експерти и консултанти)

Компонента III – КАПИТАЛ, КВАЗИ КАПИТАЛ И БИЗНИС АНГЕЛИ

Компонента II - УСЛУГИ ЗА БИЗНИС ПОДДРШКА

Секој млад претприемач вклучен во програмата ќе добие по дваjца ментори, со кои поединечно ќе се сретне најмалку еднаш. Менторите и учесниците се одбираат врз основ на нивните бизнис предизвици и полиња на интерес.

Подобрување на вашиот бизнис и започнување и/или зголемување на вашите извозни активности Подобрување и адаптирање на вашите производи и услуги за регионално ширење

ШТО ВКЛУЧУВА: Обезбедување на потребниот капитал за раст на Микро и Малите претпријатија вклучени во Програмата за Претприемачи (Компонента I) и кои користеле услуги за бизнис подршка (Компонента II) покажувајќи способност за ширење на локалните и регионални пазари Вид на услуга Цел Финансирање Капитал во најсоодветната форма (Приватен Капитал, Квази Капитал и Бизнис ангели)

Следни две нивоа на програмата: Менаџерите и претприемачите кои ќе ја комплетираат оваа програма, ќе се квалификуваат да учествуваат во следното ниво на програмата “Програма за Меки Вештини”. Оваа програма се фокусира на меките вештини кои се неопходни за секој перспективен менаџер или претприемач кој треба да ја унапредува компанијата и да постигнува високи резултати и брз развој. На учесниците во програмата и понатаму ќе им бидат достапни услугите од Компонентата II и Компонентата III.


По комплетирањето на второто ниво од програмата, менаџерите и претприемачите ќе се квалификуваат за учество во “Програма за Финансии за Микро Претпријатија”. Тоа е интензивна, практична и пред се превентивна програма, со основна цел за подобрување на искористувањето на финансиите, подобри финансиски операции на компанијата и зголемување на нејзината вредност. Програмата ќе се реализира од страна на консултанти/бизнисмени/експерти од Р.Македонија по пат на размена на бизнис искуства со и помеѓу учесниците. На учесниците во програмата и понатаму ќе им бидат достапни услугите од Компонентата II и Компонентата III.

Како да се пријавите? Сите заинтересирани учесници за програмата треба да пополнат формулар за пријавување и да го испратат на следните адреси: gnovacevski@ceed-macedonia.org или bmitreva@ceed-macedonia.org.

Бројот на учесници е лимитиран!

Краен рок за пријавување: 16 Јануари 2012

Лице за контакт: Билјана Митрева или Гоце Новачевски (за Скопскиот Регион) Тел: 02/3079 611 Факс: 02/3079 612

Concept paper msep programa za pretpriemaci mk final draft v1  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you