Page 1

А

С ПИ

ГЕ

В

Г

Е Л И ЈА

ИГНУВА Њ Е

ИН

Н

Б

Ј

РАЦИ ИДЕ И П РА А ОСТ Н Ш Е С П ЛАД И НА


КУЛТУРАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА - Љубица и Ѓорге Улишеви негуватели на културата во Гевгелија КУЛТУРНИ ОБЕЛЕЖЈА ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ - Музички културен концерт - Четврта поетска вечер во кафе-барот “У” - Хуманитарен концерт - Голем концерт на групата Зијан - Концерт на камерно дуо - Месец на книгата - Саем на книга - Голем мултиетнички хепенинг под исто сонце ГЕВГЕЛИЈА: КРИТИКИ И НЕШТО ПЛУС - Мини културата во нашата гимназија - Репортажа за Гевгелија - Гевгелија - град на гостопримството РАЗБРКАНО - Општо за рубриката - Музика - Кратка историја на Soul музиката - Филмови СПОРТСКА РУБРИКА - Спортските услови во Гевгелија НИЕ И ВИЕ ЗА ЗАБАВА

04 06

10

12

15 16 19


Мал е бројот на млади кои размислуват за околината, за нејзините предности и недостатоци. Уште помал е бројот на млади кои преземаат нешто во врска со проблемите кои ги засегаат. Тоа е чудно и неприфатливо, бидејќи токму младите се оние кои треба да се најнепомирени со секој недостаток, неправда, неможност нешто да се стори. За среќа, во нашата Гевгелија се крена еден силен, способен, ефективен Бран Успешна Младина. Некаде во средината на 2008 год, беше формиран младинскиот клуб БУМ. Работата на БУМ ни најмалку не наликува на училиште, обврските кои ги имаат членовите се зададени исклучиво од нив самите; целта на дејствувањето е остварување на сопствените идеи, решавање на проблемите кои се однесуваат токму на нив. БУМ воопшто не губеше време! Уште во Јуни 2008 год. го оствари својот прв успешен проект, големиот настан преку кој го искажа своето незадоволство од (не)постоечките услови за спортување во нашиот град- “Исправи ја грешката“. Името на клубот кажува се за намерите на неговите членови, ја открива големината на визиите кои веќе започна да ги остварува и целите кои веќе започна да ги постигнува. Да се има свое мислење и свој став е бесцелно, ако нема кај да се искаже. За секој кој има нешто за кажување, докажување, изразување, постојат дебатите кои даваат можност да се искаже и прифати мислењето на секој поединец кој размислува со своја глава. Решенијата на проблемите кои се разглобуваат во текот на дебатите се остваруваат со ефикасно организирање на настани кои во еден град како нашиов можат да направат вистински БУМ. Засега, БУМ има околу 15 активни членови кои решиле корисно да го исполнат слободното време и да си скратат некој час од бесцелното седење или шетање, со тоа што редовно се собираат на состаноци. На овие состаноци ги соединуваат своите најкреативни замисли, кои конечно ја имат својата шанса да излезат на виделина. Со заеднички бури на идеи, на забавен начин ги подобруваат условите за живеење во нашата општина, грижејќи се да постои културен, забавен, спортски... со еден збор правилен начин на живот. БУМ е отворен за нови членови.Секој млад, креативен, одговорен човек, кој чувствува потреба за промена на нашата општина кон подобро,има можност да се зачлени во овој клуб. Зачленувањето може да се изврши со праќање на своето име,презиме и контакти (телефонски број, e-mail, Skype… ) на е-mail: bum_gevgelija@yahoo.com


KULTURATA VO GEVGELIJA Qubica i \orge Uli{evineguvateli na kulturata vo Gevgelija ^ o v e k o t j a s o z d a v a kulturata...Kulturata e ona {to go pravi ~ovekot - ~ovek. Sekoja ~ovekova kreativna sposobnost bi izblednala bez sorabotka so kulturata. Sekoe malo zrno na znaewe, na talent, na `elba i interes mo`e da prerasne na voshituva~ko nivo, da prerasne vo veli~estvenost. Kulturata vredi mnogu. Taa e ona {to nĂŽ pravi razli~ni od `ivotnite. Pa bi se zapra{ala... kolku nie samite ja neguvame kulturata vo Gevgelija? Odgovorot }e go preskoknam, veruvaj}i deka site go znaeme. Ako ja razgledame knigata za kulturata vo Gevgelija, nevozmo`no e na nejzinite stranici da ne gi pro~itame imiwata: Qubica i \orge Uli{evi.

ULI[EVA QUBICA -diplomiran Akademski muzi~ar, pijanist "Godinata 1963, be{e presudna za mojata profesionalna opredelba. Tokmu taa godina se otvori muzi~koto u~ili{te vo Ohrid. Mojot muzi~ki potencijal dojde do izraz u{te na prvite ~asovi so mojot profesor \orgi Ilievski. Sledea koncerti, priredbi... Iako mojata `elba be{e medicinata, sepak Ohridskoto leto izvr{i silno vlijanie vrz mojot detski intelekt." izjavuva Qubica Uli{eva, otkrivaj}i gi svoite po~etoci. Toa se prvite ~ekori koi ja vturnaa vo nezapirlivite vodi na muzikata, vodite koi se vlevaat vo okeanot Umetnost.

P o t r a g a t a p o imaginarnoto sonuvano sovr{enstvo, talentot, `elbata i ambicijata ja dovedoa na eden pat po koj ~ekore{e so golema nade`, verba i qubov...ja dovedoa v o G e v g e l i j a . Neskrotilivata svetlina {to ja nose{e vo sebe se razbira ne be{e vozmo`no da ne vlijae na lu|eto koi ja opkru`uvaat. Zaedno so svojot soprug g-din Uli{ev ja postavi osnovata na kulturata vo Gevgelija otvaraj}i go osnovnoto muzi~ko u~ili{te vo 1978 godina. Izme|u tie yidovi silno treperea neskrotlivite prsti na ne`nite race koi sozdavaat muzika, muzika koja ra|a ~uvstva i vo srcata koi ne sakaat da ~ujat nitu eden vol{eben ton. Pome|u tie yidovi strastveniot pijanist im go poka`a patot na golem broj u~enici, patot koj vodi kon poinakov, nadrealen svet, svet na muzikata, svetlinata, mo}ta.

ULI[EV \ORGE -diplomiran Akademski muzi~ar, Prof. po solfe` i teorija na muzikata "Izli{no bi bilo, denes, da se doka`uva kakva e ulogata na muzikata vo `ivotot na sovremeniot ~ovek. Jasno e deka toj vol{eben svet na tonovi, toa skrivali{te na najgolemite umetnici i tvorci vo koe gi vnele svoite najvredni dela, ne smee da ostane tu| i nepoznat na mladata generacija {to doa|a. Bez muzika, bez nejzinite poznavawa i zanimawe so nea, tie bi bile posiroma{ni za edna ~ove~ka dimenzija, a ne samo za estetska kategorija, bi bile li{eni od edno najubavo do`ivuvawe vo svetot na umetnosta." - objasnuva \orge Uli{ev. Muzi~kata umetnost e univerzalna. Taa gi obedinuva vremiwata, kontinentite, lu|eto. Taa e i "vinovnikot" za obedinuvaweto na dve umetni~ki srca, za sredbata na \orge i Qubica Uli{evi. Najte{ki se prvite ~ekori, najte{ko e da sobere{ hrabrost da stepne{ na nepoznata podloga, da odbere{ pat koj ne go poznava{. ...Ona {to \orge Uli{ev go podari na Gevgelija e pove}e od prosvetluvawe.


Toj e osnovopolo`nik, inicijator i pokrenuva~ na muzi~kiot `ivot vo Gevgelija. Organizator na brojni koncerti na klasi~na muzika, muzi~ki pedagog, dirigent i afirmator na ubavata muzika. "Po~etokot be{e pove}e od skromen. Vo adaptirani prostorii bez nikakvi nagledni sredstva i pomagala, bez osnoven inventar, no so qubov i entuzijazam da se opravda i potvrdi doverbata za op{testvenata potreba od u~ili{te."-izjavuva toj. Vo 2000-ta godina e Pretsedatel na Muzi~kite i baletskite pedagozi na Makedonija i organizator na Dr`avniot natrevar za u~enici i studenti na Makedonija. Vo 2002 godina go organizira prviot me|unaroden natprevar za mladi muzi~ari Ohridski biseri koj od 2005 godina e ~lenka na EMSU (Evropska unija za nacionalni i internacionalni natprevari za mladi muzi~ari). Inspiriran od ubavinata na ubavoto, melodi~nosta na melodijata, zvu~nosta na zvukot \orge Uli{ev Ăą ovozmo`uva na Gevgelija da ja zapoznae magijata na muzikata.

Kontinuiran napredok na muzi~koto u~ili{te Dokazot za uspe{nosta na edno u~ili{te se nagradite od natprevari {to gi osvojuvaat u~enicite i motivacijata i znaewata {to gi poseduvaat i dobivaat u~enicite vo tekot na {koluvaweto. Gevgelija mo`e da bide gorda so faktot deka osnovnoto muzi~ko u~ili{te ne zasostanuva vo ova pole, tuku naprotiv mnogu mladi muzi~ki talenti od Gevgelija se potvrdeni so nagradi na dr`avni natprevari, no i na internacionalni. Profesorkata Qubica Uli{eva gi izdvojuva: Lucija Gramatikova, Bojan Aleksov, Ana Nikolovska, Mile Krantov, Aleksandar Stojanov, Mirjana Krsteva, Dimitar Duparov, Liljana Peceva, Ceca Maleva, Du{ica Dimitrovska, Velika Ablakova, Nako Kal~ev, Marija Uzunova, Gabriela Kartova, Nadja Petkova, Rumen~e Haxikoj~eva, Mihail Petkov, Ivan Gavrilovski, Ice Jovanov, Teodora Atanasova... @ivot. Umetnost. Vistina. Muzikata e neprekinat `iv dijalog, most me|u kulturi i civilizacii. Vo muzikata se otkirvaat tajnite na

Чovekovoto bitie, se osmisluva i rezimira edna humanisti~ka vizija `ivotot da bide poubav, povozvi{en i ~ovekovite vidici da bidat po{iroki. Qubica i \orge Uli{evi `iveat so muzikata, so veruvaweto deka so muzikata e vozmo`no traeweto, deka so muzikata se dobiva smislata na ~ovekovoto postoewe.

...SĂŽ dodeka eden narod `ivee so umetnosta i za umetnosta, }e `ivee i negoviot duh, a toj narod - ve~no }e postoi. Gospo|o i Gospodine Uli{evi, edno golemo VI BLAGODARIME.


На 10.11.2008 во хотел Аполонија се одржа концерт во чест 30-годишнина од музичката дејност на г. и г-ѓа Улишеви, а исто така и на постоењето на музичкото училиште „Васил Карајанов“. На концертот настапуваа деца од училиштето и познати македонски музичари. Беа исвирени познати класични дела (Свадбен марш, Санта Лучија итн). Покрај изведбите, се зборуваше за културно-музичката дејност која г. и г-ѓа Улишеви ја вршеа и се уште ја вршат во Гевгелија и нејзината околина.

ЧЕТВРТА ПОЕТСКА ВЕЧЕР ВО КАФЕ БАР “У“

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ

На 16 ноември во 22 часот во кафе бар „У“ се одржа поетска вечер на тема „И шо..?“ Имаше поезија од сите жанрови и цела вечер беше комична. Поемата „Шлајка“ од Стево Стефанов ја доби првата награда (пенкало и шампањско со чашка). Вечерта помина успешно, имаше голема посетеност и најавена е следна таква вечер за 3 месеци....

Нa 11- ti Noemvri vo sportskata sala “27 April” vo Gevgelija, se odr`a humanitaren koncert so moto “Dopri go srceto” koja go organizira{e nevladinata organizacija “Mojot glas”, so cel da se sobere dovolno pari~ni sredstva za lekuvawe na Nikita Svojata humanost u{te edna{ja poka`aa golem del od na{ite muzi~ari, a isto i mladite igraorci od KUD Negorci i KUD Bojmija.

Дел од тимот на БУМ исто така беше на самиот настан. =)

Тимот на ’Допри го срцето’


Eve {to imaa da ka`at дел од ѕвездите кои настапуваа нa ovoj humanitaren koncert: Bojana Atanasovska : Jas sum tuka pred se od humanitarni pri~ini. Mnogu mi e drago {to sum del od ovoj preubav koncert so koj {to mo`eme i morame da и pomogneme na malata Nikita koja {to boluva od tumor. Se nadevam deka so ovoj koncert }e gi sobereme potrebnite sredstva i }e i dademe dovolno energija za da uspee vo ovaa borba. Igor Uzunov: Poznavaj}i go toa od sopstveniot `ivot znam kolku e te{ko da se odi vo stranstvo da se le~i. Sobirame sredstva Nikita da bide del, isto kako nas. Mijata: Jas sum tuka po inicijativa na mojot drag prijatel Igor Uzunov koj {to re~e : Mijata kako {to na mene mi treba{e nekoga{ sega i treba{ na Nikita. Ti, tvojata pesna i verba treba da e tuka. Vlatko Lozanovski: Dojdov na ovoj humanitaren koncert da pomognam na edna draga li~nost i se nadevam deka kolku {to mo`eme site {to sme dojdeni tuka }e i pomogneme na nekoj na~in. Martina: Ve~erva sum ovde da pomognam na moj na~in... da peam za nekoj da bide zdrav i da `ivee dolg `ivot.

ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ГРУПАТА ЗИЈАН

НЕШТО ПЛУС ЗА ЗИЈАН:

На 7-ми Ноември, “Денот на ослободувањето на Гевгелија”, во 20:30 часот на градскиот плоштад беше одржан концерт на гевгелиската група, Зијан! Тие го одржаа овој концерт после многу години, и концертот побуди различни емоции. Концертот беше исполнет со големо воодушевување, радост и многу помешани чувства кои позитивно влијаеја врз групата. На овој концерт беа присутни многу Гевгеличани кои со голем аплауз ја наградуваа групата за прекрасните моменти кои им ги пружеше таа вечер. Публиката ги потпевнуваше песните и играјќи, ја чувствуваше музиката заедно со групата. Гевгелија се надева дека повторно ќе ја види групата на уште многу вакви концерти и дека сите заедно ке ги пеат уште многу пати нивните песни. Зијан несомнено ќе останат запамтени кај Гевгеличани со нивната љубов кон музиката и со нивните прекрасни песни.

Групата Зијан претставува најстарата рок група во Гевгелија. Групата е составена од 5 членови и тоа: Ацо Митров(вокал), Коце Динев (бас гитара), Ане Динев (тапан), Ице Ќорнаков (клавијатура) и Тони (електрична гитара). Оваа група веќе одамна се занимава со музика, со тоа што е формирана во 1982 година. Тие својот златен момент го имаа со освојувањето на првото место на Зајечарската гитаријада пред многу години. Но тоа беше само доказ за нивната одлична музика. По неколку години групата се распадна и паузираше некое време, но подоцна повторно се обединија и продолжија со тоа што за нив претставува живот и љубов, музиката. Нивни познати хитови се: „Стамена“, „Елизабет“, „Остани“, „Пушти коси“ , „Деца бевме“ и многу други.


КОНЦЕРТ НА КАМЕРНО ДУО На 18 ноември 2008 во хотел Аполонија се одржа уште еден концерт, но овој пат со изведуачкото дуо Љубиша и Маја Кировски (камерно дуо). Концертот немаше одреден повод, што можеби беше причина за малата публика што присуствуваше (или садењето дрва беше многу заморувачко). Љубиша и Маја свиреа на пијано и виолина, песните што ги изведуваа беа од познати светски композитори (М. Равел, Р. Кларк, Д. Темков и сл.). Изведбата беше одлична. MЕСЕЦ НА КНИГАТА По повод ‘’Месец на книгата 2008‘’оваа година Библиотеката Гоце Делчев распиша литературен награден конкурс за песна и есеј на тема 1. Кој чита е богат 2 . Библиотеката-отворен прозор кон нови сознанија 3.  Гевгелија – град на гостопримвството Напишаните дела беа проверувани од комисија во состав од: - за основци: Бети Инадеска-Ефремова Митко Велков Драган Бојмалиев -за гимназија: Даниела Џишева Бисерка Гунова Александра Ќаева Наградени на распишаниот конкурс беа: ООУ “Владо Кантарџиев”; Ивана Тошева Христина Ѓуровска; ООУ “Крсте Мисирков” ; Кристина Шалева ООУ Ристо Шуклев Ирена Костадиновска ООУ “Климент Охридски“ ; Кирил Танев СОУ “Јосиф Јосифовски“; прва награда Ангела Зумровска и останати наградени: Викторија Атанасовска Јован Узунов Марјан Мурџев Кристина Алексова Теодора Лазаревска


САЕМ НА КНИГАТА По третпат во Библиотеката Гоце Делчев во Гевгелија од 6 ноември 2008 година се организираше “Саем на книгата“. Повеќе издавачи од Републиката понудија изданија за широката читателска публика и тоа „Култура“, „Блесок“, „Наша култура“, „Феникс“, „Бест компјутери“, „Просветно дело“, „Детска радост. Граѓаните на Гевгелија уште еднаш го покажаа интересот за убавиот пишан збор со тоа што имаше голема посетеност. Во рамките на Саемот на книгата беа доделени и наградите за најредовните читатели и корисници на библиотечниот фонд. Добитници се: Томислав Ристовски, Пепа Јанева, Катерина Давалиева, Станка Зумровска и Магдалена Ташкова.

преостанати 30.000 садници кои и беа задолжени на нашата општина. Во акцијата Ден на дрвото, покрај вработените во државните и јавните установи и средношколците, се вклучија и учениците во основните училишта кои засадија дрва во училишните дворови. Општина Гевгелија, исто така, се вклучи во акцијата, а за непречено одвивање на акцијата организираше автобуски превоз. Исто така, беа обезбедени сендвичи и освежување за учесниците во акцијата. Политичари, админист ративци, директори, планинари, како и средношколци покажаа дека долгиот пат низ ридиштата не е пречка за да се „стигне“ до иднината.

ГОЛЕМ МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ ПОД ИСТО СОНЦЕ На 1 ноември 2008 год, во 10 часот на Скопски саем се одржа првиот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“. Хепенингот беше дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Посетителите имаа можност да се запознаат со културата и традицијата на различните заедници, односно беа претставени традиционални носии, ракотворби, кулинарски специјалитети и фолклорни игри од различни градови во Македонија. Од Гевгелија учествуваа Здружението на граѓани „ТеРа“ со проектот „Смоквијада“ и Здружението на Власи „Мегленија“ со носии и влашка баклава. Организатор и финансиска поддршка за учесниците од Гевгелија обезбеди Центарот за поддршка на НВО од Гевгелија.

ДЕН НА ДРВОТО На 19 ноември, на стотина локации низ целата земја беше изведена акцијата „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“. 6 милиони садници беа посадени по повод овој ден, а заради поголема масовност, денот беше прогласен за неработен. Акцијата се спроведe на граѓанската иницијатива на неколкумина познати личности со поддршка на В л а д а т а , ко ј а г и о б е з б е д и с а д н и ц и т е . Втората по ред акција за пошумување “Ден на дрвото“ беше подржана од страна на граѓаните и во општина Гевгелија. Во пошумувањето на 30.000 садници во месноста Јаворица кај Ново Конско , како и на пределите во околината на Миравци учествуваа над 500 граѓани од општина Гевгелија. Поради лошите временски услови не беа засадени


МИНИ КУЛТУРАТА ВО НАШАТА ГИМНАЗИЈА Како што сите млади кои посетуваат настава во СОУ „Јосиф Јосифовски“ и професорите кои држат настава таму знаат, хигиената е најголем проблем. За да се реши било каков проблем мора да се знае неговата причина. Во овој случај, имавме WC-иња стари ’век ипол’ што не беа соодветно исчистени од времето на дедо Ное. Но, тие WC-иња сега се реновираат, и имаме нови во другата страна на зградата кои се употребуваат од почетокот на оваа учебна година. Уште во првиот месец WC-ињата на први кат беа демолирани, а сега се заклучени и надвор од употреба. Кој ги уништи? Професорите дефинитивно не, служителите не се доволно заинтересирани, остануваат учениците. Но не сите, само една мала група ’надарена’ за такви активности. И така помина првото тромесечје а тие WC-иња се сеуште ’аут оф ордер’. Кога ја прашавме директорката кога ке ги реновираат одговорот беше во стил ’немаме пари за да ги реновираме секој месец’. Значи финансиите им истекле во реновирање на старите WCиња, и така новите треба да ги чуваме. Но учениците не одат на училиште да ги чуваат новите скапоцени WC-иња, тоа е задача на служителите. Исто така обврска им е да ја чистат училишната спортска сала каде професорите по физичко седат 7 часа на ден, а за тоа време еден куп класови ги имаат своите часови. Така, се станува еден убав MASS MESS. Наместо да направат нешто, служителите се грижат за чистотата во училниците. Ги караат учениците што имат неотворени лименки и шишиња сок во ташните, ги тераат надвор од училница децата што јадат на страна, над корпите и сл. Значи за овој едноставен проблем причина ни се служителите и нивната макотрпна работа. Може ги нема доволно на број за да ги завршат сите работи. Можеби паузите им го одзимаат цело работно време (за тоа не можеме да ги обвиниме) или едноставно толкава им е платата. Значи, било која од овие причини да е вистинската, ние учениците не можеме да го поправиме ова, но можеме да се жалиме доволно долго се’ додека надлежните не сторат нешто.

Репортажа за Гевгелија Честопати во мислите ми доаѓа да го напуштам овој град, оваа мала Гевгелија но топла за многумина. Сепак, кога ќе помислам што се ќе изгубам ако си одам од овде се враќам во реалноста дека Гевгелија сепак е добро топло катче за оние кои се во неа. Слушајки ги дедо ми и баба ми како ми раскажуваат за многуте војни кои се случувале за нејзино ослободување, за она низ што се поминале нашите предци и колку бил мачен нивниот живот се откажувам од таа помисла. Сепак, и да не се земе предвид минатото а да се свртам на она што се денешните убавини на градот, тоа во мене буди убави чувства и ме премислува. Почнувајќи од Вардарски Рид, тој историски локалитет кој нуди археолошки ископини кои

се значаен белег како за градот така и за татковината.Слегувајќи се од таму влегуваме во градот и уште при првото влегување наидуваме на гостопримливиот и топол пречек на гевгеличани. Народ кој е секогаш расположен да му приреди топло добредојде на секој странец но и да му ги покаже убавините што ги нуди г р а д о т. Ге в г е л и ј а и м а многубројни историски споменици со статуи на нашите јунаци. Еден од таквите е споменикот на Сава Михајлов исправен како вистински железен столб. Токму до овој споменик е и нашиот театар кој иако не работи сепак е битен белег на градот. Во Гевгелија е и старата железничка станица како и првата локомотива кој сведочи за првото возење на Гевгеличани со воз.

Но не смее ни да се изостави познат ат а поплочена долга калдрма “Од станица до граница“.Се среќаваат многу објекти кои се од стара градба и кои се со закон заштитени како што е библиотекат а “Го це Делчев“.И “Динќут“ е место кое е добро уредено катче за одмор и рекреација како и за натпревари. Излетничкото место “Смрдлива вода“ исполнето со многу викендици е уште еден битен белег за Гевгелија кое е доста атрактивно место за љубителите на чистиот воздух. Овде се и “Негорски бањи“ кои се исто така полни со пријатен и чист воздух. И при помислата на тоа дека Гевгелија е полна со овие и уште многу интересни објекти за современиот човек дали би посакал да ја напуштиш кога ти го исполнува срцето???


Состав добитник на награда на наградниот конкурс на библиотеката „Гоце Делчев“ , ноември 2008

Гевгелија - град на гостопримството Таму на југот од библиската Македонија, таму кај што сонцето нештедливо ги истура своите зраци, се наоѓа топлата Гевгелија. Ова е местото каде што медитеранската и континталната клима прават чудесна симбиоза, местото каде што Господ ја благословил почвата со сласт и милост. Хоризонтот од нејзините рамнини прават спокој на секоја човечка душа, додека планините и ридовите - мерак за очите и хармонија во срцето. Живоста на овој крај ја даваат водите кои непресушно виорат низ долините. А постои и една стара поговорка која гласи: „Ем вода студена - вековита, ем изгор топла - лековита”. Секој град си има свој почеток односно раѓање, свое постоење низ вековите, свој пејзаж, народ, симбол, своја сегашност и своја иднина, но не секој град го има тој шарм кој царува само овде - гостопримливоста и срдечноста. Самото име ни појаснува за неговата добронамерна мисија, а тоа е „гел-герик” што на македонски би значело „дојди пак”. Големината на овој народ лежи во срдечноста, добрата мисла и топлата насмевка. Долгата и богата традиција ги краси оваа топла земја и овој топол народ. Никој којшто поминал овде не останал имун на вкусната храна што ја подготвувале нашите предци или, пак, на црвеното вино и ракија. Доживувањето во ова место е посебно, бидејќи во еден момент нé внесува во антиката, нé прошетува низ времето, ни дава надеж да ја градиме традицијата и културата, да го продолжиме аманетот од нашите предци, да го чуваме нашето родно место. Во овој народ тече врела крв, пренесувана со векови од времето на Александар Македонски па сé до ден-денес, и притоа гради еден храм чиј столбови се срдечноста, храброста, издржливоста, волјата и мноштвото од високи морални вредности. Гевгелија едноставно привлекувала и сé уште плени посетители, но што е тоа што привлекува? Дали е тоа некој осебен дух кој го има само овде или е, сепак, неограничената љубов која е присутна во секој човек, секој дом, улица, рид, долина... Доколку човек сака да почувствува богатство од традиција, историја, култура, ова мало место е вистинскиот избор, чии врати за секој и секогаш се отворени. Едноставно, Гевгелија со својата хармонија секогаш визуелно и духовно ги исполнува нашите сетила. Градот е како одблесок од светлината и претставува движечка сила на Татковината. Мирисот на срдечност, гостопримливост, широкоградост не те остава ни во еден момен осамен, напротив ни дава надеж да се вратиме во времето, сонот и сонувањето. Оваа специфична карактеристика - гостопримството претставува молитва на овој град и запалена светлина која никогаш нема да згасне. Марјан Мурџев IV-1


РАЗБРКАНООО.... ОПШТО ЗА РУБРИКАТА… Пред да почнат да се трупаат теми за пишување, малку појаснување на што се однесува оваа таканаречена рубрика. Гвг, како што си ја викаме нашата Гевгелија ни цути од железничка до Динќут. Колку и да го сметате градот за мал, тој е прилично интересен град (пред се, ако шетате и надовор од него и потоа се враќате назад) ... Како и во секое друго место на светот и тука можат да се сретнат најразлични луѓе, па и места, па и некои други слични занимливи нешта. Ако е мало место, сепак сврзано е со светот и сепак да, малку отсеченки, ама и на заводливо место... Па, сега извинете за мојот либерте вовед, ама најтешко е со воведите па без замерки ве молам. Разбрканава рубрика како што ја нарековме (бар привремено) содржи и ќе содржи секакви занимливости кои не нашле начин да допрат во другите рубрики... Па, како е Гвг конектирана со светот.. како светот допира до ова местенце, па потоа новини од светот и занимливости; тука има да најдете се, само од другото не...

Па.. што правите во Гевгелија кога сте заглавени во неа со недели? Освен на школо преку ден, и на вечер ако се соберете некаде, нема шо друго; некои трчат по курсови, некои не знам шо; па ако иде лето па ејваа... три месеца да пукниш и цркниш... Општа среќа ги фаќе на сите ка ќе дојде петок и с`бута, ама што прајме ка ќе дојде недела? Сите испоцркнават по дома, оти недела не била за излевање; абе смешки- излевајте кога сакте да излеавте... Сите имат скајпаве, да! Ааа, сега не беге и Hi5... ипак, тоа е тоа, па сеа... занимливо...

НЕШТО ОД/ЗА МУЗИКАААА... Сеа знамјме оти сите се летнани повеќе по трансаве, па знајте и тоа турбофолкот, паа после некои шмизларски македонски хитчиња, па рокерто си ги гугат рок-песничките и уствари сите со нијнте омилани. Наште локални локалчиња не задоволават којзнае колко вкусаве, ама пак добри се ај. Си имме ретро забави и секакви други диџеи, рок свиркички, чат пат реге, паа са живее некак; са ваѓе викенд со викенд, ама за тоа ќе мојште повеќе да си прочитте во други рубрики... Как и да е, сеа малце крш на дијалектот оти доста му беше ии некој добар збор за добри светски изведувачи...


COLDPLAY Влегов во маркет пред некое време ии нивниот милозвучен звук се лееше онака меѓу тие рафтовите( а баш са бех најдел меѓу Јафа сокаве и детергенти или така нешто) ии свирше Viva la vida. Новиот албум им е стварно закон! Песната што ме удри во глава така изненадно (оти често пати со народно та удират во глава ка ќе влезиш негде) се смета меѓу најдобрите за годинава... Што да се каже за КолдплеЈ? За разлика од галени американски бендови, они си се супер. Фронтмен: Крис Мартин! Забелешка: чат пат ги иритире на луѓето,ама не е битно? Концерт во Гевгелија: за 150 години некој 3D може да им падне ако постојме до тогаш...

THE FRAY Ова е исто така добар бенд. Машки е пак... The Fray имате прилика да ги видете по VH1 (освен ако не преферирате други алтернативи). Тие што учат во СОУ Јосиф Јосифовски имат прилика годинава да ја слушат “How to save a life“ по училишните одмори и освен ако не правите тест матетматика трети час и веќе е крај на часот, нема да си ја пеете во главата како „How to save my maths grade?”

ЕNIGMA Со посебни симпатии Енигма се ставени тука; Енигма не е група, туку проект од неколку европејци кои си шеткале низ светот 10 години и собирале секакви најразлични звуци од ширум светот. Музиката што подоцна ја креиараат е посебна и ќе биде основа за нов музички правец или the new age music. Се прославуваат изненадувачки брзо кон почетокот на 90-те. Несомнено, најпрепознатливи се по Return to innocence. Песната и да не ја слушате, сепак ја знаете. Со текот на времето, станаа помалку комерцијални, но тоа значи и зголемување на квалитетот на нивната музика. КРАТКА ИСТОРИЈА НА SOUL МУЗИКАТА Музиката можеме да ја дефинираме на повеќе начини. Несомнено, една од поубавите дефиниции е да кажеме дека е како вид магија што покосува се друго. Низ музичката историја на човекот се креирани многу стилови на музика и секако сите со различна интезивност се шират низ светот. Еден од најценетите, најдобрите, највредните стилови на музика во кои луѓето најдобро можат да ги и з р а з ат с в о и т е ч у в с т в а е несомнено соул музиката. Иако настанал во Америка (едно добро

нешто и од нив), сепак верна публика наоѓа ширум сиот свет. Несомнено, не ја избегнал и Гевгелија, а?Па, еве вака, корените на овој стил доаѓаат од госпелот, и r’n’b-то. Мнозинството смета дека Афро-американците го креираат овој стил на музика во северните американски земји. Како прв центар се смета Чикаго, а по него други градови креираат свои различни стилови на соул. Некои од првите соул претставници се Sam Cooke, Nina Simone, Etta James, Jackie Wilson итн. Како инвентор на соул музиката, многумина го сметаат Ray Charles, но самиот тој своевремено се

Нарекува rock ‘n’ roll изведувач исто како и James Brown, Fats Domino и некои други. (И сеа, банално е знам да продолжум со дрдорење околу воа, па затоа кој саке ќе оде на wikipedia и ќе си пручите. Ипак, има уште некои работички шо може да на занимат повеќето од нас во врска со воа стил...). Значи, соул-музиката не е само куп непознати музичари (за повеќето од нас), туку напротив многу светски супер-хитови оригинално потекнуваат од соул изведувачи. А, многу и од нив самите покрај сите непознати,


не толку комерцијални хитови бар во овие простори имале по некој бум хит. На пример, тука е James Brown со “I feel good”. За класифицирање на една песна како соул, не постои еден критериум. Една песна може и да ги нема специфичните соул инструменти, а пак да биде соул песна, зошто изведувачот во неа внел премногу од својата душевна песна. Со соул може да се достигне најдоброто празнење на енергија преку музика. Понекогаш и не е добро да се слуша постојано... За оние кои ги интересира електронската музика, а пред се стиловите како House, Drum ‘n’ Bass, UK Garage и слично, треба да се каже дека многу од нивните музички претставници се инспирирани од соул музиката. Денес, а и од секогаш имаме секако и покомерцијален соул. Пример за тоа: Duffy и Amy Winehouse. Jackson 5, фамилијарната група на Мајкл Џексон своевремено се јавува исто како познат соул бенд. Други попознати имиња кои се вбројуваат во овој стил на музика се и: Layrin Hill, Alicia Keys, Lionel Richi, Joss Stone, Tina Turner, Ike Turner, Stevie Wonder, Barry White, Prince, Aretha Franklin’, Janis Joplin ии ај достаа се толко...

ФИЛМОВИ Да не останат покусо филмовите, еве да спомнеме нешто во врска и со нив. Оваа есен, или поточно овој ноември ни донесе нови филмски хитови кои сите ги чекавме помалку или повеќе со нетрпение. Филмови кои влегуваат во топ 5 листата за овој ноември се: 1. 2. 3. 4. 5.

Twilight Madagascar: Escape 2 Africa House Transporter 3 Four Christmases

TWILIGHT Еден од најочекуваните филмови овој месец е Twilight (Самрак), бестселерот на New York Times, а воедно и најголемо книжевно достигнување на американската писателка Stephanie Meyer. Meyer тврди дека идејата за книгата ја добила на сон (02 Јуни 2003). Филмот претставува спој на тинејџерска романса и акција, исполнет со возбудливи сцени од кои ке останете без здив. =) Во главните улоги се јавуваат младата Isabella Swan (Kristen Stewart) и неодоливиот вампир Edward Cullen (Robert Pattinson). Bella од секогаш била малку поразлична од останатите тинејџери, тешко се прилагодувала во училиштето во Phoenix, Arizona. Кога нејзината мајка повторно се мажи и одлучува да се пресели во Флорида, Бела одлучува да оди да живее со својот татко Чарли во малото врнежливо гратче Форкс, од кое не очекува некои големи промени во нејзиниот живот. Но, таму го среќава мистериозниот и остроумен Едвард, кој е побрз од било кој леопард, може да застане автомобил во движење со сопствените раце..и најважно тој е вампир. Како и сите вампири тој е бесмртен. За Едвард, Бела е нешто што тој го чекаше 90 години – a soul mate. Но, што ќе прават кога ке се појават James, Laurent и Victoria, група вампири кои не се многу пријателски настроени, а James ќе ги насочи своите сетила кон Бела? Дали вистинската љубов ќе победи кога Едвард ќе биде принуден да и го спаси животот на Бела и да ја победи својата жед? Вистинското прашање е, кога би можел да живееш вечно, за што живееш? Како продуцент на филмот се јавува Catherine Hardwicke а промоцијата се одржа на 21 Ноември. Содржината на овој филм звучи доста привлечно, па дa се надеваме дека за некои 3-4 години ке го видиме и во нашето Гевгелиско ”кино” =).


СПОРТСКИТЕ УСЛОВИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Како голем обожавател на спортот воопшто би сакал да го искоментирам спортот во мојот град, поточно условите во кои се спортува. За почеток ќе ја наведам само едната спортска сала во Гевгелија која со цените кои ги поставува за 1 час спортување веднаш им го мени мислењето за спортот кај оние кај кои можеби посакале да спортуваат. Потоа следуваат игралиштата во основните училишта кои се полу-функционални и дефинитивно нефункционалното игралиште на средното училиште, кои можат да се користат само преку летото, т.е ги одвраќаат младите од спортот. Развојот на техниката (главно компјутерската) се повеќе ги задржува децата дома отколку на спортските терени. Тоа се факти и препреки кои несомнено ќе ни треба долго време да го надминеме, ако успееме воопшто. Младинскиот клуб БУМ посвети внимание на овој проблем за кој одржа настан со цел да се изгради Спортска сала која ќе може донекаде да ги задоволи потребите на спортистите, а притоа и оддржа дебата на која се дебатираше на тоа дека во Гевгелија има доволно услови за спортување. Настанот привлече доста внимание и се надеваме дека ќе ги натера одговорните да размислат дали има доволно услови за спортување во нашиот град.


Дефинитивно е многу тешко да почнеш да пишуваш нешто! Посебно пак кога тоа нешто сакаш да изгледа интересно и убаво средено. И по многу истуткани листови хартија, решив да започнам вака: Драги читатели, Уште кога се јави првата мисла воопшто да се основа еден информатор од ваков вид, кај мене се роди идејата некако барем мааалку да ги олесниме оние ваши и наши уууужасни дилемички, проблемчиња и сè она што умее да нè извади од такт! Сето ова за кое што брмборам, имам намера да ви го п р е т с т а ва м н а ед е н ма л ку поинаков начин. На пример, сето она што нè интересира, загрижува или по малку и плаши...ќе го погледнеме од наш аспект. Никому не му е јасно што зборувам? Епа, СУПЕР!!!

Кој кого (не) разбира??? А...Д...О...Л...Е...С...Ц...Е...Н...Ц...И...Ј...А...!

Да, да...токму тоа е изворот на сите наши проблемчиња, причината за сите наши караници (со родителите нормално), за секоја главоболка од целодневните предавања и дискусии на тема училиште, излегувања, џепарлак и слично.

Адолесценцијата е она што нè и з л уд у в а н а с м л а д и т е , а истовремено и нашите родители кои никако да си допуштат уживање и да кренат малку раце од нас.

Ова е период каде ние се обидуваме да изле земе од фигурата на дете и да се претставиме самите како доволно зрели за да го достигнеме она ниво на возрасен. Во текот на адолесценцијата, да бидеме искрени, ние ни самите не можеме да се разбереме, а камо ли да не разбере некој друг (целам на нашите родители). Често знаеме да кажеме што е она што не сакаме, а уште почесто свесни сме и дека не знаеме што сакаме! Можеби токму во ова се крие причината зошто возрасните не нè сваќаат доволно сериозно? Не е лесно да бидеш адолесцент, но сепак возрасните на моменти навистина изгледа како да го заборавиле тоа чуство на страв, заробеност и онаа дооолга борба со самите себеси и со нашата околина за да се докажеме и да се избориме за заслужено место на масата каде што седат возрасните. Анализирајќи малку од страна, многупати пробуваме да пораснеме на погрешен начин следејќи погрешни примери. Се оддаваме на алкохолот...па возрасните пијат!

Се оддаваме на цигарите... па возрасните пушат!

Се оддаваме на цигарите... па возрасните пушат! Се поставуваме насилно спрема нашите сокласници или спрема некои други деца кои едвај ги познаваме. Сакаме да се направиме големи...возрасните Се големи!

Сè што правиме, свесно или несвесно, е барање начин да пораснеме. Тоа е факт, без разлика колку би го негирале! Само...нашите драги возрасни не го толкуваат тоа така. Сметаат дека сме незрели и невоспитани деца кои не знаат што да направат од многу галење. А не знаат дека со тоа всушност нè повредуваат. Секое дете има потреба да биде поткрепено со подршката на родителите. Без разлика дали тоа дете има 3, 17, 33 или 47 години. И родителите всушност треба да се тие кои би застанале порзади секоја наша зрела одлука.Што се работи до она кој кого (не) разбира, мислам дека...и покрај оној минимален труд од двете страни што постои кај поголемиот број од семејствата и понатаму останува вистински проблем


да се разберат тинејџерите, или пак, да се разберат родителите. Како родителите ја преживуваат нашата адолесценција? Како за нас, така и за нашите родители е тежок периодот на транзиција на нивните деца од дете во возрасен. На родителите посебно им е тешко да се справат со нашата потреба за поголем слободен простор и нашата желба за побргу да пораснеме. Нив им е страв од она што би можеле да го искусиме во овој период од животот, а што можеби негативно ќе ни се одразува во нашиот живот понатаму. Тие прават сè што мислат дека е правилно да се направи за да нè заштитат. Овде спаѓаат секојдневните предавања од нивна страна, ограничувањето на времето кое го поминуваме надвор, па дури и казнувањата. Ние мораме да се потрудиме да ја сфатиме и нивната положба, заради тоа што тие се одговори за нас...па нивни сме, нели? Но понекогаш и тие умеат да згрешат. Иако ретки се оние родители кои го признаваат тоа. Според мене, би било многу полесно и за нив, а и за нас, кога тие би ги прифатиле нашите потреби што се потенцираат во овој период и кога би се обиделе да се однесуваат како нас, како наши другари, а не како редовни и жестоки критичари. Верувам дека и покрај нивните сериозни секојдневни обврски, нашите родители се грижат за нас и за тоа во какви личности ќе израснеме ние. Сепак, тоа не е изговор за онаа паничарење за било што, понекогаш навистина би можеле да нè пуштат самите да направиме грешка за да научиме нешто, заради тоа што човекот си учи од своите грешки. Не можат од нас да очекуваат да бидеме совршении. Ни тие не биле. Би требало да ни дозволат самите да бидеме одговорни за своите постапки, инаку како би научиле да бидеме одговорни? Исто така, и од она ,,солење памет” навистина нема потреба. Доколку ни треба помош или с о в е т , р о д и т е л и , в е р у в а ј т е с а м и ќ е в и п о б а р а м е . Кој кого (не) разбира??? ...Eдноставно, никој никого. 

ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО Сигурно многупати сте се запрашале дали некој навистина го мисли тоа што го зборува. За повеќето од нас, е навистина тешко да го најдеме одговорот на прашањево, но за среќа постои начин да се одговори. Скоро секој има слушнато за говорот на телото. Говорот на телото го користи секој од нас. Повеќето несвесно, а помалкуте свесно. Кога зборуваме, паралелно го зборуваме и овој говор. Некогаш, за умешниот читател на овој говор, не е ни потребно да зборуваме нешто за да свати каков всушност став имаме ние. Но, да не должиме многу! Во наредните неколку броја, ќе ви бидат претставени начините на кои комуницираат деловите на нашето тело заедно со некои вежби и експерименти кои би ви биле од голема корист доколку се решите да го подобрите Вашиот говор на телото.

Контакт со очи Очите се најмоќното средство за комуникација што го поседуваме, по зборовите. Оваа моќ на очите е најголема кога двајца се гледаат очи во очи. Не е јасно зошто контактот со очи е толку моќен, но има неколку широко прифатени шпекулации во врска со ова. Какви и да се причините за тоа, моќта на контактот со очи во комуникацијата е непобитна. Кога луѓето разговараат, се гледаат меѓусебно во серија испрекинати погледи. Единствено оние што водат интимни, лични разговори се гледаат подолго и повеќе од другите. Кај контактот со очи постојат и некои непишани правила во зависност од тоа за каков контакт со очи зборуваме (директен или индеректен, долготраен или краткотраен, испрекинат или непрекинат - зјапање). Главните правила се: 1. Премногу контакти со очите обично се смета за комунициурање со супериорност, недостиг на почит, закана или заканувачки став, и желба да се навреди. 2. Премалку контакти со очите се интерпретира како недостиг на внимание, непристојност, неискреност, нечесност, срамежливост. 3. Повлекување на контактот со очите така што ќе се спушти погледот обично се толкува како сигнал на подреденост. Kонтактот со очите може да ни овозможи добивање на информации кои се состојат од нешта како што се назнаки дали некој ја зборува или не вистината; дали некому му се допаѓаме или не; дали другата личност ни


обрнува внимание или не. Штом погледнеме некого, јасно им е дека го здобиле нашето внимание. Ако ги гледаме повеќе од две секунди, ќе заклучат дека го здобиле и нашиот интере с исто т ака. Погледот значи и повик за комуникација, која доколку се случи, нејзиното траење и природа ќе бидат контролирани од контактот со очи. Можеби не сте забележале, но ако обрнете внимание наредниот пат кога п о зд р а ву ват е н е ко го , ќ е з а б е л е ж и т е д е к а : ко г а с е поздравуваме со луѓето, освен што ги погледнуваме, ние брзо ги креваме и спуштаме вегите. Кога ќе се научи контактот со очи, на виделина излегува друга шема. Дали сте знаеле дека постојат докази во корист на теоријата која вели дека оние луѓе кои кога ќе го одвратат погледот погледнувајќи лево од говорникот, студирале уметност или општествени науки, к а ко и д е к а и м а а т с и л н а способност за визуелизација и силна фантазија. Додека, оние луѓе кои го одвраќаат својот поглед десно од говорникот, тежнеат по природните науки и имаат послаба визуелна фантазија.

Нашите зеници Во текот на изминативе години откриени се два интригантни податока за однесувањето на нашите очи. Еден е дека кога ќе видиме нешто интере сно, зениците ни се шират. Другиот е дека повеќе ни се допаѓаат луѓе со проширени отколку со стеснети зеници. Она што е навистина интересно е дека зениците не се под контрола на нашата свест и тие се н а ј с и г у р н и от п о ка з ат е л н а и н т е р е с и , п р и в л еч н о с т и и многубројни други ставови. Повеќето луѓе сметаат дека она лице на левата страна е ладно. Што мислите вие?

Шест начини да ги подобрите вашите вештини на контактот со очи 1. Зборување во група Кога зборувате во група, би било одлично да во спо ст авувате контакт со очите со секој еден слушател. Кога би зборувале фокусирани на едно лице, ризикувате да другите лица ја изгубат заинтересираноста за она што го зборувате. Затоа, најдобро е да вежбате да се фокусирате на различно лице секој пат кога почнувате нова реченица. Така не би го загубиле вниманието на вашите слушатели. 2. Зборување со друго лице Кога зборуваме со друго лице, важно е да го одржиме контактот со очи, но треба да внимаваме контактот со очи да не премине во непрекинато зјапање кое би придонело нашиот соговорник да се чувствува непријатно. За да го спречите ова, обидете се да го испрекинувате вашиот поглед на секои 5 секунди, меѓутоа не го спуштајте вашиот поглед надолу. Пробајте да погледнете нагоре и да делувате како да се обидувате да се сетите на нешто, или пак едноставно свртете го погледот за кратко лево или де сно од соговорникот. Вака, не би се ставиле во непријатна ситуација, а и би го здобиле целосното внимание на вашиот соговорник.

1. Слушање некого Кога слушате некого, исто така е непријатно непрекинато да зјапате во него. Една од поуспешните техники за да бидете добар слушател е следнава техника н а р еч е н а , , Тр и ј а гол н и к ” . Техниката се состои од 5 секундно гледање во левото око на оној што ни зборува, потоа 5 секундно гледање во десното око на оној што ни зборува и за крај 5 секундно гледање во устата на оној што ни зборува. Оваа техника дополнета со кимање на главата, навремени потврдни зборчиња како ,,Да’’ или ,,аха’’ или ,,ммм’’ е одличен начин да го охрабрите оној што ви зборува да продолжи со зборувањето. 2. Карање Кога се работи за караниците, најефективен начин да се победи во нив е да се возврати на зјапањето на соговорникот, со што би го збуниле. Молчењето и упорното зјапање во оној кој се обидува да те налути е исто така доста ефикасен метод за да се победи во караница без да се каже ни збор. 3. Привлекување некого Кога сакате да привлечете некого, или да покажете дека сте заинтересирани за личноста, тогаш треба внимателно да слушате, и со очите и со ушите, што зборува другата личност. Повремено смешкање, движење на погледот врз лицето на соговорникот, би требало да му даде до знаење дека сте заинтересирани за него. 4 . С а к а њ е н е к о г о Кога сакате некого, важни се оние моменти на тишината кои ви дозволуваат да се гледате очи во очи. Додека ја гледате личноста која ја сакате, вашите зеници стануваат поголеми и попријатни. Ова доведува до создавање на цврста взаемна врска помеѓу вашите очи. Исто како да тонете во очите на вашиот сакан...


АФОРИЗМИ

малку поинаков речник ... А:

1. Некогаш бев неодлучен! А можеби и не бев. 2. Нашите пратеници имаат имунитет, имуни се на страдањата на народот. 3. Мажите на кои жената им е Господ, 8-ми март им е верски празник. 4. Задникот има челични нерви. Замисли како би ти било на тебе некој да седи цел живот. 5. Ако немате пари за телевизор, купете си постер. Поевтин е, само слабо се слуша. 6. Дом за старци - Младост 7. Културно рекреативен центар – Хитлер 8. Имам сида, ја добив од мама. 9. Мајсторе, заковај уште една, се лизгам! – Исус 10. Најмногу на светот мразам расизам и црнци

AДВОКАТ - Личност која е школувана за пронаоѓање дупки во законот.

КЛЕТВА НА МЕСЕЦОТ: Да даде Господ да имаш деца со железни уши, да ги собираш со магнет, да играат школка на минско поле, да се фрлаат во бунар за среќа, Зегин менза да им биде и да ги собираат со кутлача од Вардар.

Цитати: 1. “Демократијата е направа која обезбедува дека ние ќе бидеме управувани не подобро отколку што заслужуваме” - Џорџ Бернард Шо. 2. “Секој човек е мудар кога ќе се соочи со лудо куче, повеќето се мудри кога се прогонувани од луда жена, но само најмудрите преживуваат кога ќе бидат нападнати од луда идеја.” – Робертсон Дејвис.

АГРЕСИВНОСТ - Една од често употребуваните алтернативи за пронаоѓање на разбирање. АЛИМЕНТАЦИЈА - Систем во кој двајца возрасни ќе направат грешка, па едниот продолжува да плаќа за неа. АНАТОМИЈА - Нешто кое го поседува секој човек, но изгледа поубаво кај жените. АРХИТЕКТУРА - Уметност која објаснува зошто живееме во неубави згради, а други луѓе во убави. АСТРОНАУТ - Човек кој ја изгубил подлогата под нозете.

Работи за размислување: 1. Ако целиот свет е бина, тогаш каде седи публиката? 2. Зошто кога се јавуваш кај пророк ти го бараат бројот од кредитната картичка? Нели треба да го знаат? 3. Што ќе правиш ако здогледаш загрозено животно што јаде загрозено растение? 4. Ако некоја личност си го убие својот клон, дали тоа се смета за убиство или самоубиство? 5. Ако универзумот е сè, и научниците велат дека тој се шири, во што се шири тој? 6. Зошто кога ке му кажеш на човек дека на небото има 400 билиони ѕвезди ќе ти поверува, а ако му кажеш дека клупата е свежо бојадисана, ќе ја допре да се увери?

Един виц: Жена влегува во Пошта да купи поштенски марки за нејзините Божиќни честитки. “Која деноминација* (Од кои сакате?)”- прашува продавачот. “Ох Боже мој, зарем дојдовме и до тоа?”-рече жената. “Добро, тогаш дајте ми 50 Баптистички, 50 Католички и една Методистичка.”

* Буквално значи црква-заб.на прев.


Главен Уредник Стефан Алиевиќ

INTROOO Ивана Цимешиќ

НАСТАНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Татјана Чавдарова Кристијан Божиновски Маја Дукова Кристина Поцкова Наталија Тошева

РАЗБРКАНО Стефан Алиевиќ Јулија Миова

НИЕ И ВИЕ Кикии Попова

СПОРТ Никола Аризанов

ЗА ЗАБАВА Владимир Ничовски Маја Дукова

ЛОГО Кристијан Божиновски

ДИЗАЈН Ѓорге Каракабаков

BUM  

Bran Uspeshna Mladina, BUM

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you