Issuu on Google+

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

a Na t a a g uloRuRgijNot hi etMa oM R N vo tKaRciKa j Na a do N

...ЗдРАвЈЕ

петок 25/10/2013 /www.kapital.mk

Kako sami da gi pregledate dojkite?

RaKot Na dojKata Kosi!

ti s e ^ Najlesti ta Bo dojKa Na

!

Nad 700 Novi o N [ i d o g i a ^ slu vo MaKedoNija


| Специјален прилог | Здравје

Rakot Na DoJkata kosi!

NaD 700 Novi slu^ai goDi[No vo MakeDoNiJa! Карциномот на дојка е еден најчестите кај жените. Лошата вест е што бројот на новодијагностицирани жени постојано расте, а добрата вест за сите жени е дека со силна информираност ивкучување во превентивните програми, ракот може да се открие во многу рана фаза кога степенот на излекуваност е високи 90%! Навременото откривање наракот е најдобриот “лек“! 58 | 25 октомври, 2013

четвртата деценија се почести “жртви“ на болеста. Иако свесноста за ризиците од verica.jordanova@kapital.mk болеста и превентивата во Македонија растат, земјата за жал не заостанува зад светските “црно статистики“кои акот на дојка зема се поголем покажуваат дека во светот годишно се замав и болеста погодува се откриваат 7,6 милиони нови случаи на повеќе жени од помладата малигнитет! популација. Пред десетина Ова воедно значи дека се години во Македонија уште има многу работа се откриваа 100-тина пред надлежните за случаи на рак на дојка, сегашната состојба од денес годишно оваа 700 новооткриени нови дијагноза ја добиваат случаи да се намали! 700 жени. И ако На неодамнешната порано најранлива Македонки го шно шеста Национална се возрасна категорија дијагностицираади т со рак на конференција за беа жените од дојка борба против ракот петтата и шестата на дојка, коај се деценија, сега одржува во месец жените од третата и октомври кој воедно

Верица Јорданова

Р

700


Специјален прилог | Здравје

Новини од Фондот за здравствено осигурување „ измени во правилникот за ортопедски помагала со кој се предвидува намалување на утврдениот рок на употреба на ортопедско помагало – вештачка дојка (силиконска) од 24 на 12 месеци. ова значи дека 820 жени сега бесплатно ќе добиваат ново помагало секоја година. „ година ќе се најавувам изработ план за условен буџет за клиниката за торакална и васкуларна хирургија за вградување на имплантант во еден акт за жените кај кои им се прави тотална мастектомија. во 2014 година со оваа метода кај нас ќе се оперираат 40 жени.

Ризик фактори за појава на карциномот на дојка „ ПрекумерНа телесНа тежиНа „ Физичката НеактивНост „ вНесувањето На токсиНи (пушење, брза храна) „ стрес „ уПотребата На хормоНски ПреПарати (контрацептивни таблети при лекувањето на стерилитет) на ПЕТ центар за третман на малигни заболувања, формирање на посебен комитет токму за оваа болест, но и зголемување на средствата наменети за превентива. Новина од Фондот за здравствено осигурување е што жените соостранета дојка, сега ќе добиваат бесплатно ортопетско помагало секоја година, а не како досега на 24 месеци. Се воведува и бесплатен преглед на дојките кај матичен лекар, како дел од мерките кои треба да ја зголемата стапката на откеривање нови случаи во рана фаза од развојот на болеста, што е клучно за нејзиното успешно лекување.

е и светски месец за борба против оваа болест, беше истакнат големиот напредок и позитивните фекти кои ги дават зголемиот број на превентивни прегледи кои се прават во земјава, а организацијата “Борка“ прави напори и иницијативи за зголемување на достапноста на превентивните прегледи до што повеќе жени во земјата. Алармантните податоци за бројот на жени кои заболуваат од рак на дојка и се пониската старосна граница, кај надлежните институции иницираа секоја 10-та жена им повеќе мерки како а шанси да добие малигном на што се набавка на дојка нови и современи мамографи, најавена изградба

10

Ниедна промена не смее да се занемарува

Дојките се орган кои се менуваат под дејство на

40%

од карциномит јка се палпабилни, сеечунавсдо твуваат на допир

женските полови хормони и претрпуваат промени во текот на целиот живот на жената, од пубертет до менопауза. Затоа, препорачуваат лекарите, промените не треба да се занемаруваат, туку со нив треба да се следат преку прегледи. Тие прегледи треба да започнат од помлада возраст, се препорачува редовно после 25 години, а понатаму по медицински прифатениот календар на редовни прегледи. Праксата покажува дека редовните прегледи на дојка со современите технологии и кај доброедуцирани радиолози, овозможуваат откривање на карцином во ран стадиум кога во над 90% од случаите се комплетно излечиви. Затоа, препораката до сите жени е што подетално и навреме да се едуцираат за оваа болест, за нејзините симптоми за влегување во редовна пракса на превентивните прегледи на кои не треба

25 октомври, 2013 |59


| Специјален прилог | Здравје

Др.Наде Петановска

Биба Додева

Комбинацијата на мамографија, ехо преглед и биопсија обезбедува точност на дијагнозата која е скоро 100%. Дијагнозата е брза и штеди драгоцено време, со можност за психолошка припрема на пациентката ако е потребна хируршка интервенција,а на хирургот му се даваат доволно податоци за планирање на видот на интервенцијата

Граѓаните на Република Македонија во последните неколку години покажаа сериозно зголемена свест во однос на ракот како болест особено кога станува збор за ракот на дојката. Зголемен е бројот на превентивните прегледи, интересот за едукација...Во текот на следните три месеци ќе се организираат предавања, трибини со цел потсетување на жените за грижата за сопственото здравје. Ќе реализираме т.н.розов караван на кој ќе ги запознаеме жените со симптомите, начините на лекување, терапиите, третманот во однос на ракот на дојка. Во тек е изработка на водич за пациенти со метастатски карцином

спец.радиодијагностичарРемедика

да одат само кога ќе се јават некои симптоми! Доктор Елизабета Бабушку од Ремедика на Шестата Национална конференција за борба против ракот на дојка потенцираше дека околу 40% од карциномите на дојка се палпабилни (грутка). Таа вели дека кај нас се повеќе се откриваат оние малигнитети кои се без симптоми, а се чести, заради зголемената превентива во земјата. Докотор Горан Кондов од Универзитетската клиника за тораковаскуларна хирургија во Скопје вели дека раното откривање е клучно во успехот на излекувани случаи, но дека

Борка

кај нас состојбата се уште е алармантна. “Жените со карцином на дојка кај нас доаѓаат кога туморот е поголем од 2-5 сантиметри. Во САД дури 80% од туморите се детектираат кога тој е помал од 2 сантиметри. Тоа значи дека имаме уште многу работа пред нас“, вели д-р Кондов. Зајакување на превентивата и системското зголемување на информираноста би требало и во иднина да бидат приоритети најмногу заради тоа што од оваа болест заболуваат се помлади жени поради што предизвикотрано откривање на болеста- станува уште поприоритетен!

80% 30%

од туморите во САД се откриваат кога се помали од 2 сантиметри

може да се намали смртноста од карцином со редовни мамографски прегледи


Специјален прилог | Здравје

Metodi na dijagnosticirawe

Д

ИГИТАЛНА МАМОГРАФИЈАТА е основната метода за дијагностика на карциномот на дојката.Таа претставува снимање на дојките на специјален апарат, мамограф,со употреба на рентгенски зраци и секоја дојка се снима во две проекции.Со неа се визуелизира патолошката промена, се одредуваат нејзините карактеристики, големина и локализација. Се препорачува мамографски преглед да се изведува од 40 до 50-тата година на секои две години, а над 50-тата година секоја година. Кај жени со позитивна фамилијарна анамнеза или други ризик фактори, прегледите започнуваат по 35-та год. Контролни мамографски прегледи кај оперирани пациенти се изведуваат на секоја година. Дијагностичката точност на оваа метода за откривање на канцер е 85-90%,а се смета дека со редовни мамографски прегледи може да се намали смртноста од карцином и до 30%. ЕХОТОМОГРАФИЈА(УЗ)-се изведува како дополнителна метода кај жени над 40годи како основна метода на преглед кај младите девојки и жени. УЗ е комплетно нештетна, безболна и брза метода и по некои автори со неа во 98% од случаите може да се издиференцира дали промената е бенигна или малигна. Опцијата за користење на колор доплерот,ни дава податоци за крвните садови во и околу промената кои се битни за одредување на нејзината малигност.

Дефинитивна дијагноза на туморската промена се поставува со БИОПСИЈА на ткивото и негова анализа.Препорачливо е биопсијата да се изведува под мамографска или ехо контрола, НЕ НА СЛЕПО, за да бидеме сигурни дека материјалот кој е земен е од видената промена.Биопсиите може да бидат тенкоиглени,кога се зема материјал за клеточно испитување и поопсежни,кор биосии,кога се зема парче од ткивото

за хистолошка анализа.Кај обата типа на биопсии не постојат скоро никакви компликациии пациентката уште веднаш може да продолжи со вообичаените активности.Исто така кај непалпабилни промени може да се направи предоперативно бележење со жица водич после што хирургот за вади маркираната промена со апсолутна точност и без поголем дефект на ткивото.


Специјален прилог | Здравје

Maslo od crn kim (nigella sativa) Маслото од црн ким се користи од дамнешни времиња во медицински намени и како додаток во исхраната. Легендата за исцелителната моќ на маслото од црн ким е стара илјадници години. Денеска модерната наука се повеќе го користи ова масло и некои други кои имаат слични својства како алтернатива на синтетичките лекови кои често имаат страшни негативни ефекти.

М

аслото од црн ким содржи над 100 терапевтски активни компоненти. Билката Nigella sativa, од која се добива маслото, е високо ценета медицинска билка со потврдени својства во бројни клинички испитувања. Позитивниот ефект кај астмата, алергиите и бронхитисот се основа на бронходилататорното, антихистаминското и антивоспалителното дејство на маслото. Зголемената гликемија кај дијабетичарите ја регулира со стимулација на панкреасот и лачењето на инсулин. Научно е потврдено синергичното дејство со антидијабетиците и во случај на синдром на инсулинска резистенција. Корисните својства на маслото од црн ким се потврдени и кај хипертензија - вазодилататорен ефект, хиперхолестеролемија - го намалува вкупниот холестерол и го менува односот на LDL и HDL холестеролот во корист на HDL, ја стимулира коскената срж и производството на црвени и бели крвни зрнца...

Научно е докажано дека тимокинонот од црниот ким го запира растот на туморните клетки кај некои видови на рак, особено кај агресивните видови кои се шират со помош на туморска ангиогенеза и имаат тенденција на метастазирање. Nigella sativa е одобрена од страна на Администрацијата за храна и лекови во Америка и Велика Британија како помошно средство во спречување на растот на туморните клетки, превенција на несаканите ефекти од хемотерапијата, зајакнување на имунолошкиот систем, лечење на псоријаза, астма и вирусни инфекции.

Содржи тимокинон

Во 2003 година, доктори во Саудиска Арабија се обиделе да ги дефинираат фармаколошките и токсиколошките својства на маслото од црн ким. Тие успеале да докажат дека маслото од црн ким го намалува високиот крвен притисок, ја подобрува циркулацијата и го намалува

нивото на холестерол и шеќер во крвта. Тие утврдиле дека една од активните состојки во маслото од црн ким е тимокинон и дека семето и маслото имаат антивоспалително, антиалергиско, аналгетичко и антибактериско дејство. На Универзитетот Мисисипи во 2007 година, научниците го истражувале ефектот на тимокинонот (екстрахиран од семките од црн ким) врз клетките на канцер на црева. Тие покажале дека тимокинонот ги уништува клетките на рак така што влијае на функцијата на метаболизмот на клетките на ракот на ист начин како што тоа го прави хемотерапијата. Научниците дошле до заклучок дека природните состојки како што е маслото од црн ким нудат безбедна алтернатива во третманите против рак на цревата без несакани ефекти и оштетувања на здравите клетки (како со хемотерапијата). Истражувања во други земји покажуваат дека

Нарушувања за кои научно е докажано дека маслото од црн ким помага се следните:

n акни, болести на кожата (неуродерматитис, егземи), n разни алергии n астма, бронхитис n висок крвен притисок n импотенција, n настинка и кашлица n хемороиди n жолтица n главоболка n отежната концентрација n хронична поспаност n дијабетес n воспаление на зглобовите n го спречува размножувањето на клетките на ракот (со 50% успорување) n го поттикнува растот на клетките на коскената срж за 250%. Германскиот имунолог Dr.Peter Schleicher и египетскиот доктор Mohamed Saleh заедно напишале книга за црниот ким во која објаснуваат дека црниот ким помага за повеќето болести на тој начин што директно делува на стабилизирање на имунолошкиот систем кој во човечкиот организам е задолжен за одбрана од болести. Црниот ким го стабилизира имунолошкиот систем во толкава мера што тој станува способен да се одбрани или излечи сам од многу болести. Маслото од црн ким делува и на други начини, а не само на имунолошкиот систем. Затоа е разбирливо што народното име за ова семе во арапските земји е “благословено семе”. екстрактот од семки од црн ким може да биде безбедна и ефикасна алтернатива за инсулин во третманите кај дијабетичарите. Исцелителната моќ на црниот ким изгледа може да се употреби и на бубрезите. Се забележало дека маслото од црн ким ги одржува бубрезите активни и го спречува нивното стареење.

25 Октомври, 2013 |63


| Специјален прилог | Здравје

Ulogata na hirurgija vo tretmanot na karcinom na dojka пишуваат:

Професор д-р Андреја Арсовски и д-р.Лилјана Стојановска

М

алигномот на дојка е најчесто малигно заболување кај жената со застапеност од 25-75 случаи на 100 000 жени годишно, односно секоја 8 до 20 жена има шанса да добие рак на дојката во текот на животот. Ова заболување најчесто се јавува во постарата возраст меѓутоа може да се јави и кај млади пациентки. Главните симтоми се присуство на палпабилна грутка, најчесто без болка, исцедок или вовлекување на брадавицата, промени на кожата кај понапредната стадиуми и сл. Зголемени лимфни жлезди под пазувата најчесто значи напреднат стадиум но тоа не e правило, може да се работи само за реактивни лимфни жлезди. Дијагнозата се поставува со самопреглед, клинички преглед, ехо на дојки, мамографија и биопсија, најдобро со core игла. Со овие методи точна дијагноза се поставува во 99% од случаите. Понекогаш, кај

64| 25 Октомври, 2013

одредени случаи потребно е да се направи магнетна резонанса на дојка за уточнување на дијагнозата, но оваа метода не спаѓа во рутинските

иследувања. Познавајќи ја биологијата на малигните тумори, посебно малигномот на дојка, од моментот на поставување на дијагнозата треба


Специјален прилог | Здравје да се смета за системско заболување и како такво треба понатаму да се третира. Терапијата е комплексна и се состои од оперативен третман, системска хемотерапија, хормонска терапија, зрачење, имунотерапија, психосоцијална помош и сл.

Хируршката терапија е една од најзначајните алки во правилниот третман на карциномот на дојката

Основната цел на хируршката интервенција е локорегионална контрола на болеста, а потоа се продолжува со онколошки третман кој има системски ефект. Возраста не е контраиндикација за операција. Во минатото се работеле различни типови на операции при кои се отстранувала заболената дојка, мускулите под неа, а по некогаш и дел од ребрата на градниот кош. Интеревнциите биле многу мутиланти, оставале голем деформитет на градниот кош кој подоца лошо вилијаел не само на естетскиот туку и на нормалната функција на жената. Во 1964 година, Маден ја извршил првата операција која го добила името по него, и таа до ден денес претставува златен стандарт во хируршкиот третман кај карцином на дојка. Во пракса, денес се изведуваат најчесто две стандардни интервенции –радикална мастектомија по Маден и квадрантектомија со отстранување на лимфните жлезди. Радикална мастектомија по Маден претставува операција при која целосно се отстранува целата дојка преку еден елипсовиден рез заедно со лимфните жлезди под пазувата, при што се штедат мускулите под неа. При квадрантектомија се отстранува квадратнот, односно делот каде што е локализиран туморот (барем 3 сантиметри од околното ткиво на градата) заедно со лимфните жлезди под пазувата по што во онколошкиот третман мора да има и зрачна терапија. Со оваа операција естетскиот резултат е значително подобар во однос на радикалната мастектомија, особено кај големи дојки. Кај добро поставена индикација за изведување на квадаранетктомија, добро изведена операција во комбинација со зрачење, појавата на локално повторување на болеста е практично незначително поголемо. Ткивото кое се отстранува при операцијата се испраќа на детална патохистолошка анализа, имунохистохемиско и хормонално иследување кои ќе ни дадат одговор за стадиумот на болеста кој е битен во одредување на понатамошниот онколошки третман. По операцијата пациентките остануваат три дена во болница по што се враќаат во нормалните секојдневни активности. Кај пациентките со радикална мастектомија, по желба, може да се направи реконструкција на дојките. Интеревнцијата може да се изведе во ист акт или одложено, зависно од стадиумот на болеста во времето на операцијата.

Терапијата е комплексна и се состои од оперативен третман, системска хемотерапија, хормонска терапија, зрачење, имунотерапија, психосоцијална помош ...Притоа хируршката терапија е една од најзначајните алки во правилниот третман на карциномот на дојката редовни превентивни прегледи и кога ќе се забележи било каква промена, треба да се направат понатамошни иследувања бидејќи рано откриениот

кацином на дојка со денешните можности на терапија практично значи заболување кое може да се излекува.

Улогата на психолошката поддршка

Во склоп на комплетниот третман се препорачува и психолошко советување кое ќе им помогне на жените полесно да се вратат и вколпат во секојдневните активности. Детекцијата на карциномот на дојка во негова најрана фаза кога хирургијата претставува мошне успешно средство за лекување е сериозна и базична помош за заболените. Би требало да се направат сериозни напори во подигање на здравственото просветување кај жените. Таа треба да знае сама да се прегледува еднаш во месецот, да прави

25 Октомври, 2013 |65


| Специјален прилог | Здравје

NAJ^ESTI BOLESTI N Само 20% од опипаните грутки и болни состојби на дојката се карциноми. Остатокот од 80% се разни бенигни тумори, болни состојби и претканцерозни состојби. Kарциномот може да се открие и многу порано, неколку месеци или години пред да може да се почувствува на допир. Подготви:

Д-р Митко Караѓозов

тораковаскуларен хирург

Д-р Маја Чапова Стојчевска рендгенолог

В

о последните години многу се зборува за карциномот на дојката. Тој претставува најчесто малигно заболување кај жените. Во изминатиот период забележан е раст на неговата инциденца (честота), како и намалување на возраста

кога се појавува (во минатото се посочуваа 5. и 6. декада од животот како период на најчеста појава на карциномот, но денес тој период е спуштен за 10-15 год. порано). Сите овие податоци се важни за одредување на стратегиите за борба против карциномот

По секоја еднострана крвава или проѕирна секреција од дојката потребно е да се направат дијагностички испитувања. По поставување дијагноза папилом, се советува негово хируршко отстранување без разлика на неговата големина.

Маститис - воспаление на дојката

Маститис (воспаление на дојката) најчесто се случува во период поврзан со доењето. Дојката е поцрвенета, топла, отечена и болно осетлива. Понекогаш постојат и отечени лимфни јазли под пазувата. Добро реагира на антибиотска терапија, но понекогаш е потребен и хируршки третман за лекување. Во периодот на предменопауза се случуваат т.н. беспричински мастити кои имаат речиси иста клиничка слика како и претходно опишаниот. Во овој период потребно е да се исклучи постоење на маскиран карцином поради што вообичено веднаш по лекувањето на маститот се повторуваат одредени дијагностички постапки.

Предракови промени на дојката

Предракови промени претставуваат промени на ткивото со висок ризик и обично на радиолошка слика се слични со малигните тумори, поради што се потребни неколку тестови, вклучително и биопсија. Најчеста ваква состојба е фет некрозата, која настанува по траума на дојката (удар, хируршки зафат и сл).

66 | 25 Октомври, 2013

на дојка како што се неговото рано откривање и навременото правилно лекување.

Физиолошки промени во дојката

Дојката почнува да се развива околу 11. година од животот од мала зародишна

пупка (пиплива грутка) која е поставена веднаш зад брадавицата. Развојот на дојката поминува низ 4 фази (класификација по Тенар) од фаза 1 неразвиена дојка до фаза 4 целосно развиена дојка. Вообичаено во фаза 2 девојчињата почнуваат

Редовни превентивни прегледи

При дијагностиката на дојката и нејзините болести се употребуваат различни средства во зависност од возраста, структурата на ткивото и симптомите. Најчесто кај помладата популација се препорачува ултразвукот, по 36. година потребно е да се направи мамографија. Доколку има потреба за дополнителни испитувања, се прави магнетната резонанса и интервентните процедури како што се галактографија и биопсиите. За биопсиите од исклучителна важност е да се прават под визуелна контрола на апарат (најдобро оној на кој промената најлесно се гледа, ултразвук, мамографија или магнетна резонанса) бидејќи така со сигурност ќе се обезбеди материјал од сомнителната промена. Особено е важен тимскиот пристап во работата кој бара постојана комуникација меѓу радиологот, патологот и хирургот во донесувањето одлуки за евентуален понатамошен третман на дијагностицираните промени.


Специјален прилог | Здравје

NA DOJKATA

Мајки, доколку вашето девојче се пожали на болка во дојката и притоа сте напипале грутка, не паничете. Објаснете му дека сега дојките почнуваат да растат. Почекајте и ќе видите дека ќе се случат истите промени и на другата страна. Доколку не сте сигурни, посоветувајте се со вашиот педијатар или направете ехо (тоа е сосема безбедна метода која не употребува рендген зраци за добивање слика). Целосно развиената дојка (фаза 4) се формира по завршување на пубертетот. Ваквата дојка содржи најголем процент на жлездено и потпорно ткиво и многу мал процент на масно ткиво. да се жалат на болки во дојката. Овој процес секогаш почнува на едната страна и дури по неколку месеци се забележува истата болно осетлива грутка и во другата дојка. Поради ова честопати младите мајки, бомбардирани од информациите за карциномот на дојка, реагираат бурно и несоодветно.

Самопреглед на дојките по завршување на менструалниот циклус

Жлезденото ткиво е под директно влијание на сексуалните хормони (естроген и прогестерон) така што најголемиот дел од промените се случуваат поради дисбалансот на овие хормони. Во фазата на ПМС се намалува нивото на естроген, се покачува нивото на прогестерон, што предизвикува поголема задршка на течност во телото. Ова предизвикува зголемување на дојките и тие стануваат осетливи и болни, а неретко се формираат болни грутки кои исчезнуваат веднаш по добивањето на менструација. Поради ова се советуваат жените да прават самопреглед на дојките по завршување на менструалното крвавење. Ова е со цел да се избегнат лажните грутки

и непотребната паника кај жените.Опишаните симптоми се зголемуваат во период на предменопауза и менопауза поради намалување на нивото на естроген и доминирање на прогестеронот во телото. Во овој период од животот жлезденото ткиво атрофира поради падот на естроген, колагенот во сврзното ткиво дехидрира и доаѓа до доминација на масното ткиво. Дојките во сениумот (по 60 год. возраст) содржат 70 - 90% масно ткиво. Болест може да се развие во кој било сегмент на дојките, но најчесто жлезденото ткиво е тоа кое претрпува измени.

Најчести промени на дојките - цисти и фиброаденоми

Болестите на дојката се јавуваат во различни животни периоди. Во период на пубертет и веднаш по него во раната младост најчесто се сретнуваат промени како инклузиона циста, циста и фиброаденом. Сите овие промени може да се почувствуваат на допир (првите 2 се болно осетливи). Цистите најчесто поминуваат сами од себе по воспоставување на хормоналниот баланс. Фиброаденомите, пак, претставуваат бенигни тумори составени доминантно од сврзно ткиво. Во зависност

Аџибадем Систина – најсовремен центар за рано откривање на карцином на дојки Благодарение на компетентноста, долгогодишно искуство и тимски пристап, денес во „Аџибадем Систина“ се дијагностицираат и карциноми на дојка со пречник 3-4 мм. Откривањето на карциномот во оваа најрана фаза, дава гаранција за 99% излекување и водење квалитетен живот на пациентките. Моќта на „Аџибадем Систина“ е најсовремената дијагностичка технологија и присуството на медицински експерти со долгогодишно искуство, кои се компетентни да ги препознаат и најситните промени во дојките и да дадат вистинска насока за понатамошен третман кај овие пациентки. Тимската работа и максималната посветеност за прецизна дијагностика, правилен хируршки третман и препорака за онколошка терапија, се клучните чекори во борбата со ова малигно заболување. Со отворањето на првиот ПЕТ центар во Македонија и најсовремениот онколошки центар во новиот објект на „Аџибадем Систина“, ќе се заокружи целокупниот процес во третманот на болеста – дијагноза, хируршки третман и онкологија.

од нивната форма, големина, сооднос кон околината и прокрвеност се поставува индикација за нивна биопсија и евентуално отстранување. Ретко можат да претрпат посериозни измени (особено во период на бременост). Поради тоа се препорачува правилна процена на ризикот. Доколку фиброаденомот не ги исполнува критериумите за третман, препорачливо е негова контрола на секои 6 месеци. Мастопатијата е најчеста промена која се среќава кај возрасната група 30-50 години. Оваа промена во зависност од промените на ткивото може да биде фиброзна или цистична и ги опфаќа сите немалигни новосоздадени творби како хиперплазија, дуктектазија и бенигни цисти. Цистите понекогаш имаат драматична слика (нагла појава на грутка, болно осетлива). Но, димензиите и бројот

на цистите не се сериозни состојби. Исклучително ретко во цистите се случуваат промени како задебелување на ѕидот или интрацистични израстоци, кога се советува биопсија. Биопсија или празнење на цистите се советува и кај поголеми цисти со димензии над 3 см, за да се олеснат тегобите.

Бенигни тумори на дојките по 30-тата година

Најчести бенигни тумори во овој период од животот се: Липом (составен од масно ткиво) - не се потребни никакви третмани ниту дополнителни испитувања. Папилом (потекнува од жлезденото ткиво) - типичен за оваа возрасна група (ретко се среќава под 30. год). Овој тумор вообичаено се манифестира со присуство на спонтана секреција (исцедок) од дојката.

25 Октомври, 2013 | 67


| Специјален прилог | Здравје

Kako sami da gi pregledate dojkite? д-р Маја Стојчевска Чапова радиолог во Аџибадем Систина

З

а лесен и правилен самопреглед на дојките основни се два фактори:

Лекарите препорачуваат практикување на самопрегледот редовно од почетокот на 20 година. Целта на самопрегледот е навремено да се воочат промените на дојките, но и да се зголеми свеста за потребата од редовни стручни прегледи.

При разгледување потребно е да воочите присуство на симетрија, испакнувања или Правилно време – вдлабнување на кожата, самопрегледот треба како и промени на бо��ата и да се извршува два дена по завршување на менструалното структурата на кожата на крварење за жени со регуларен дојката. циклус. Жена која зема „„Обрнете внимание на контрацептиви прегледот го брадавките: дали се извршува со првата таблета од еднакви, вовлечени или новата кутија. Жена која е во навлажнети. менопауза самопрегледот го „„Никогаш не ги стискајте прави секој месец на ист датум. брадавките, присуството на исцедок анализирајте Правилна техника го на долната облека. – самопрегледот се состои од два дела : „„Разгледувањето направете разгледување и опипување. го застанати пред

1.

2.

огледало во три позиции: со рацете подигнати над главата, рацете спуштени до телото и рацете на колкови со половината лесно наведната кон напред. Се погледнувате од напред и од обете страни. „„При опипувањето, важно е да го правите тоа во легната позиција, тогаш дојките се рамномерно распоредени, достапни. Ја поставувате под глава раката од страна на онаа дојка која ја прегледувате. Со врвовите од прстите на

другата рака(никако меѓу два прста) прегледувате. Истражувате дали постои тврдина која ја немало минатиот месец и се разликува од другите делови на дојките. Го истражувате подрачјето од клучната коска до линијата под дојката, од градната коска до пазувата вклучувајќи ја и неа. „„Доколку почувствувате промена, не анализирајте ја сами, појдете на лекар и дозволете тој да ги направи потребните анализи.


| Специјален прилог | Здравје

KARCINOM NA DOJKA

Mr.pharm Ловорка Лола Николовска

Р

акот на дојката (Ca mammae ) e најчесто малигно заболување и еден од водечките причинители за предвремена смртност кај жените во светот. Секоја година се регистрираат повеќе од еден милион ново заболени пациентки од оваа подмолна болест. Најчесто се јавува кај жени на возраст од 55 до 70 години, но во последниве години старосната граница е драстично поместена, па овој тип на малигна болест се дијагностицира и кај помладата популација.Од карцином на дојка можат да заболат и мажи, но тој процент е далеку помал во однос на жените. Етиологијата на ракот на дојката не е позната но постојат неколку фактори за кои е докажано дека директно ја условуваат појавата на овој тип на малигна болест: „„немањето потомство или раѓање на дете по 35 година, „„рана менструална активност (менструален циклус пред 12-тата година од животот), „„индивидуи со генетска предиспозиција да заболат од рак на дојката (одговорни се два наследни гена BRCA1, BRCA2 кои се пренесуваат од родители на деца), „„кај жени со бенигни пролиферативни промени на дојките. Во фактори на ризик спаѓаат и прекумерната телесна тежина, исхрана богата со протеини од животинско потекло (месо, сувомеснати и конзервирани производи), алкохол, пушење, стресни

70 | 25 Октомври, 2013

Карциномот на дојката најчесто се открива сосема случајно како јазол или грутка во дојката која при допир е тврда, безболна, неподвижна, фиксирана за околното ткиво и со неправилна форма. Затоа редовните самопрегледи се прв чекор во насока на рано откривање на карциномот на дојка состојби, јонизирачки зрачења и други штетни влијанија од надворешната средина. Ракот на дојката во почетната фаза е безболен и асимптоматичен. Најчесто самите пациентки откриваат грутка во дојката која при допир е тврда, неподвижна, со неправилна форма а честопати се јавуваат и промени на кожата (набрана како кора од портокал), нагласени вени, промена на формата и големината на дојката, појава на исцедок и вовлеченост на пупката. Дијагностички методи кои се користат за точно дијагностицирање на болеста се мамографијата и ултразвучниот преглед на дојката, а кај суспектни наоди дијагностиката се проширува со аспирација и цитолошка анализа на аспирираната течност, како и биопсија. Лекувањето на ракот на дојката се одредува врз основа на добиените наоди и зависи од тоа колку е напредната болеста и дали е проширена во лимфните јазли и околните ткива и органи. За таа цел пред да се започне со терапевтски третман се прави класификација според TNM (tumor, limfni jazli, metastazi) со која се одредува стадиумот

на болеста на секоја болна индивидуа. При одредување на терапијата важна е возраста на пациентката и менструалниот циклус, типот на малигни клетки и нивната чувствителност на хормони, како и и општата здравствена состојба на пациентката. Кај 60-70% дијагностицирани случаи на карцином на дојка е докажано присуство на естроген и прогестерон – рецептори, што укажува дека станува збор за хормонално зависни карциноми, кои добро реагираат на хормонска терапија со антиестрогени и инхибитори на ароматаза. Покрај хируршкото отстранување на дојката во современиот онколошки третман се користи хемотерапија, радиотерапија, хормонско лекување и имунотерапија. Имунотерапијата е начин на лекување при која сопствениот имунолошки систем се користи во борбата со ракот и тоа самостојно или во комбинација со класичните терапии со цел да ја зголеми нивната ефикасност. Со имунотерапијата имаме современ пристап во лекувањето и борбата со малигните болести, бидејќи имунитетот е директно одговорен за сето она што

се случува на клеточно ниво. За квалитативно и квантитативно зајакнување на имунолошкиот систем и обезбедување на клинички добар имунолошки одговор се препорачуваат високо квалитетни суплементи чиј имуностимулативен потенцијал е научно докажан и прифатен од стручните медицински кругови во светот. Како и кај сите други видови на рак, и кај ракот на дојката најважна е превенцијата. Редовните самоконтроли на дојките и превентивните прегледи со ехо и мамографија, овозможуваат дијагностицирање на ракот во неговата рана фаза, што е од суштинско значење за натамошната борба со него. Раното откривање на ракот на дојката обезбедува добра прогноза и реални шанси за преживување на болната индивидуа. Само со добра информираност и самосвесност кај жените за значењето на превенцијата и стекнување навики за редовни лекарски контроли, ќе обезбедиме навремено откривање и дијагностицирање на ракот на дојката, со што во голем процент ќе се намали смртноста од оваа подмолна болест.


Специјален прилог | Здравје

BIOVITA LOLA ImmunoAHCC, najefikasen priroden imunostimulator

I

mmunoAHCC е додаток во исхраната и е единствен официјално признат суплемент од страна на Јапонското лекарско друштво, како најефикасен природен имуностимулатор кој го зајакнува имунитетот по сосема природен пат. ImmunoAHCC е природна дополнителна имуно-терапија на класичните методи на лекување на ракот и е подеднакво ефикасна кај разните видови на малигни заболувања. Со повеке од 80 клинички студии е докажано дека комбинираната употреба на Immuno-AHCC со хемотерапевтици, обезбедува поголема ефикасност на самата хемотерапија и радиотерапија (околу 30%) во уништување на примарниот тумор, но и квалитетно и темелно уништување на евентуално присутните микрометастази. Резултатите се рангираат од вистинска редукција на туморската маса, запирање на растот на туморот и успорување на процесот на пролиферација, спречување и запирање на ширењето на метастази и продолжено време на ремисија на болеста. Кај веќе дијагностициран карцином многукратно се зголемуваат шансите за надминување на болеста, а ризикот од рецидивни форми на болеста и појава на метастази по неколку месеци или години, се сведува на минимум. ImmunoAHCC го зголемува бројот и активноста на Т и Б лимфоцитите, на НК (natural killer cells) клетките, го зголемува производството TNF-(tumor necroze fac-tor),

специјален прилог

И

gama interferon, интерлеукини IL-2, IL-12. ImmunoAHCC го стимулира создавањето на матичните клетки на коскената срцевина и ја забрзува продукцијата на леукоцитите, еритроцитите и тромбоцитите, ја спречува и ублажува миелосупресијата на коскената срцевина и ја негува белата крвна лоза. Токму затоа ImmunoAHCC е вистинско решение кое хемотерапијата ја прави полесно поднослива, поефикасна и помалку штетна за самите пациенти заболени од малигна болест. ImmunoAHCC обезбедува поквалитетен живот (QOL-quality of life) на болниот, несаканите нус-ефекти - гадење, повраќање, намален апетит, паѓање на косата, премаленост, болки - ги сведува на минимум и ја подобрува општата здравствена состојба на пациентот. Тоа е особена важност при лекувањето бидејќи пациентот ќе може полесно да ја поднесе хемотерапијата со помалку нус појави и во целост ќе биде спроведена - од почеток до крај како што е планирано, без прекини, одложувања или принудно откажување од програмот на лекување. Практичните искуства при имунотерапијата на карцином на дојка со препаратот ImmunoAHCC се повеќе од оптимистични, согласно на добиените резултати од контролните прегледи на пациентките кориснички на овој препарат. Одличното поднесување на самите терапевтски третмани – хемотерапија и

зрачење, добрата општа здравствена состојба, квалитетниот сон, добриот апетит со висок степен на виталност и работоспособност, контро-лирани вредности на туморските маркери (CA 15-3, CEA) во граници на нормала, отсуство на појава на рецидиви и метастатски промени и по неколку години по завршување на лекувањето, дава за право да веруваме дека ImmunoAHCC е препарат од прв избор кај индивидуите кои се соочуваат со оваа дијагноза и вистинско оружје за борба со чумата на новото време.

БиоВита-Лола дооел советувалиште со бесплатни консултации ул.Франклин Рузвелт бр.70-1/2 Скопје тел: 02/3 222-484 моб: 076 44 89 39

8

НОЕМВРИ 2013

БИЗНИС ПОТЕНЦИЈАЛИ НА СЕВЕРО - ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

нвестицискиот бум кој ја зафати северозападна Македонија не стивнува. Напротив! Се повеќе компании, домашни инвеститори решаваат своите бизнис проекти да ги реализираат во овој дел од земјава. Тоа е проследено и со соодветен градежен бум и сериозна извозна активност на компаниите.

МАПИРАЈЌИ ГО КОНКРЕТНО ОВОЈ РЕОН, “КАПИТАЛ“ АНАЛИЗИРА:

 Зошто околината на Тетово и Гостивар е една од најатрактивните инвестициски дестинации за инвеститорите?  Индустријата на градежни материјали и мебел се едни од најразвиените индустрии во овој дел од земјата. Кои се другите атрактивни индустрии и дејности кои овде се развиваат?  “Капитал“ од терен, од лице место ги пренесува барањата и препораките од бизнисмените кои промени се неопходни за уште посилен натамошен раст на бизнисот?

Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 / 070 262 288

 Инвестицискиот бум во Северозападна Македонија е проследен со соодветна градежна експанзија. Освен во нови станбени објекти, градежните инвестиции се проширија и во изградба на нови трговски и деловни објекти!  Кои се извозните лидери од Северозападна Македонија?  Финансиската поддршка е клучна карика за секој бизнис. Каква поддршка имаат, а каква бараат инвеститорите?

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ: БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ



Zdravje oktomvri 2103