Zdravje dekemvri 2013

Page 6

| Специјален прилог | ЗДравје

prof. d-r

gligoR diMitRov шеф на одделот за гинекологија и акушерство во ре-Медика

Re-Medika so goleMa uspe[nost iM poMaga na neplodnite dvojki

П

рофесоре, во овој специјален прилог зборуваме за следење на бременост, но за жал во Македонија со неплодност се сочуваат се повеќе парови. Колку овој проблем е навистина голем? Не само во Македонија, и во светот е во пораст неплодноста кај брачните бројки. Според некои статистики 12-15% од сите брачни двојки во репродуктивен период имаат проблем со зачнување. Така е сигурно и во Македонија. Работејќи долги години во оваа област, свесни сме дека таа бројка се повеќе расте. Причините за тоа се многу. Основно е дека брачните двојки стапуваат во брак се подоцна и се подоцна се одлучуваат за потомство поради што во последно време работиме претежно со жени на возраст од над 30 години. Порано било сосема поинаку, жените до 25 или 27 години имале барем по едно дете. Има и други фактори од околината, како и стресот. Квалитетот на сперматозоидите постепено, но сигурно опаѓа. Границата на нормален квалитет на сперма според Светската здравствена организација сега е спуштена за повеќе од 30%. Сега нормален квалитет на спермограм сега се 20 милиони на милилитар, а порано

82 | 27 декември, 2013

биле 60 милиони. Поодминатата возраст и кај мажите и кај жените носи зголемен ризик од појава на некои болести, како што се ендометриоза, миоми и полипи на матка... Друг тренд кој што го забележуваме е што се почесто ни се јавуваат пациентки со ослабната функција на овариумите, дури и кај млади жени односно резервите на јајни клетки се драстично намалени. Тоа води кон појава на предвремен климакс. Со сето тоа ние треба да се избориме, но сепак најважен параметар при лекувањето на неплодноста е возраста на жената и оваријалните резерви. Се друго е релативно полесно решливо. Оттука мора да кажам дека во последниве пет години во Македонија е на сила Законот за био-медицинско потпомогнато оплодување, популарно познат како закон за ин-витро со кој што се овозможува третман на најразлични состојби на неплодност. Неодамна нашето Здружение имаше состанок на кое ги увидовме позитивните страни од примената, но и предлози за менување во делот на пациентките кои имаат ослабена функција на јајчниците. Тоа се однесува на измени во делот донација на јаце-клетки кое сега е дозволено

само ако е на доброволна основа. Ретки се таквите случаи кај нас, па заради тоа имаме и релативно мал број донатори. Увозот на јајце-клетки е многу скап па затоа би било најпаметно тоа да биде дорегулирано и да се олесни постапката да се дојде до ваков материјал од домашни донатори. Наша проценка е дека 100-150 жени годишно имаат потреба од јајце-клетки. Колку расте потребата на македонските двојки кои имаат потреба од ваква потпомогната фертилизација? Работа на нас докторите е добро да процениме и дијагностицираме во што е проблемот и кон каков тип на постапка треба да пристапиме, затоа што не секогаш веднаш се оди кон ин-витро. Тоа е динамична процедура на која не треба да се губи време. Границите на женската плодност се јасно дефинирани, затоа што јајните клетки губат на квантитет и квалитет со одминување на возраста. По една година незачнување треба да се направат првите испитувања за веќе во втората година да имаме комплетна дијагностика и терапија и по можност резултат. Ин-витро постапката ја сфаќаме како последна во редот на тие методи, но


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.