Issuu on Google+

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

o naa v t s n su Pritnerot eto, paroduvawE? porA ili N D

...ЗдРАвЈЕ

петок 27/12/2013 www.kapital.mk

I VODI^ ZA TRuDNIC

O N D E B Z E B O K A K E T E N I M O P I G A D E T I V I l D u B Z O V j A N 9 MESECI VO @IVOTOT?

Prof.d-r GlIGOR DIMITROV

BREMENOSTA SO VISOK RIZIK RE-MEDIKA SO GOlEMA uSPE[NOST IMA POTREBA OD IM POMAGA NA NEPlODNITE DVOjKI POSEBEN NADZOR

шЕф НА ОддЕЛОТ ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКушЕРСТвО вО РЕ-МЕдИКА


| Специјален прилог | ЗДравје

VODI^ ZA TRUDNICI

KAKO beZbeDNO DA gI pOmINeTe NAjVOZbUD 9 meseCI VO @IVOTO Верица Јорданова

П

verica.jordanova@kapital.mk

рвите три месеци од бременоста се многу важен период во развојот на плодот. Тоа е многу нестабилен период бидејќи е најголем ризикот од спонтани абортуси. Затоа и многу идни родители чекаат да помине овој период пред да ја објават радосната вест. Со стручна помош на д-р Александар Бојаџиев, гинеколог акушер во Аџибадем Систина ви даваме детален преглед

78 | 27 декември, 2013

на бременоста со укажување на сите потенцијални опасности. По првичниот период на фертилизација, односно оплодување и имплантација, односно прикрепување на новоформираната клетка на внатрешниот зид на матката, од петтата недела започнува ембрионалниот период во кој започнуваат да се формираат мозокот, рбетниот столб, срцето и останатите органи на ембрионот. Првите отчукувања на срцето на ембрионот се случуваат во оваа недела. Во овој период и уште пред зачнувањето, се препорачаува земање на фолна киселина, која помага рбетниот канал на вашето бебе правилно да се развие и

затвори, a со тоа се спречуваат 50-70% од аномалиите на невралната туба. Ова е периодот кога се појавуваат вообичаените симптоми: гадење, надуен стомак, повраќање, утринска мачнина. За да ги ублажите овие симптоми се препорачуваат пет или повеќе лесни оброци и многу течности. Важно е да се избегнува благо, тестенини и газирано. Нив заменете ги со супи, риба, добро сварено месо, добро измиен зеленчук, ѓумбир, чаеви и вода. „ 5-10 недела, ембрионален период и органогенеза Во овој период се развиваат виталните органи и затоа е најчувствителната фаза од развојот на плодот. Тоа подразбира


Специјален прилог | ЗДравје

Бременоста е еден од највозбудливите периоди во животот на секоја жена. Се очекува со нетрпение, се доживува емотивно, а се поминува со многу неизвесност, радост и страв истовремено. Бременоста во секој случај е прекрасен 9-месечен период, кој со помош на стручна лекарска поддршка ќе резултира со раѓање нов живот! Во периодот од 11 до 14 недела е особено важно вашето бебе да биде детелно прегледано на ултразвук. Тој преглед е со цел за навремено откривање на бебиња кои имаат зголемен ризик за хромозомски болести.

Што да очекувате во второто тромесечје?

Опасноста од спонтан абортус помина. Почнуваат да се чуствуваат движењата на бебето кое веќе има функционални органи, нерви и мускули. 13 до 17 недела, може да се види полот на бебето, вратот е добро развиен и главата веќе не лежи на градите на бебето. Мајката имате зголемено просечно 3,2 кг од почетокот на бременоста, а одредени делови од кожата можат да станат по темни, како што е кожата околу брадавиците, делови од лицето, како и линијата

на стомакот од папокот до карличната коска. Веќе во овие недели можат да се јават првите тешкотии при спиењето поради големината на стомакот. Може да забележите бел вагинален исцедок, но доколку тој е со непријатен мирис, зелен или жолтеникав или придружен со црвенило, чешање и иритација, тоа се знаци на вагинална инфекција, која е една од најчестите причини за предвременото пукање на воденикот и предвременото породувње. Во консултација со гинекологот треба да се направат микробиолошки брисеви. Во периодот од 19та до 21 недела се препорачува ултразвучен преглед при кој гинекологот покрај растот на плодот, детално ја прегледува анатомијата на плодот и поединечно неговите органи како срцето, мозокот,

i dlivite ot?

максимално избегнување на сите штетни фактори, почнувајќи од лекови, алкохол, цигари, хемикалии, вакцини, па се до инфекции со микроорганизми. Од осмата недела рацете и нозете на вашиот ембрион веќе се издолжуваат и стануваат се повеќе дефинирани, прстите започнале да се формираат. Очите на ембрионот се веќе видливи. 10 недела, ембрионот официјално станува фетус. Бебето голта течност и се движи. Виталните органи: бубрезите, цревата, мозокот и црниот дроб почнуваат да функционираат, иако својот развој ќе го продолжат со тек на бременоста. „„12 недела, крај на прв триместар Лицето на вашето бебе веќе добива човечки профил. Плацентата почнува да ја обавува својата функција и преку папчаникот носи до плодот хранливи материи потребни за раст и развој.

27 декември,2013 |79


| Специјален прилог | ЗДравје

белите дробови, желудникот бубрезите, половината и бешиката. Се прегледува и плацентата, плодовата вода, папчаникот, должината на грлото на матката. При тој преглед може да се забележат знаци на плодот кои би укажале на ризик од Даунов синдром или друга хромозомска абнормалност. Доколку постои одредено сомневање за зголемен ризик на плодот за хромозомска болест при ултразвучниот преглед или имате над 35 години или претходно дете со хромозомска болест или фамилијарно постоење на таква болест, вашиот гинеколог може да ви понуди Амниоцентеза. „„Од 20 недела- половина од бременоста помина Бебето добива влакненца, слуша и звукови од надвор, од 23 тата недела

бебето почнува да има поизразени движења на очите. Кај машките деца во овој период, тестисите се спуштаат од абдоменот. За девојчињата матката и јајниците се формирани, со комплетен број на јајце клетки за целиот живот. Мозочните клетки се развиваат многу брзо, особено оние одговорни за мислење, учење и паметење. Коските се многу поцврсти, а кожата станува подебела. До 34 тата недела волуменот на крва се зголемува за 45% повеќе од волуменот кој бил пред бременоста, што може да доведе до пад на вашиот крвен притисок, повремено слабост па дури и вртоглавици и тахикардија. Ако се појават вакви тегоби, пијте многу течности и станувајте полека, по лежење или седење. 24 недела, срцето на фетусот може да се чуе и со слушалка. Во овој период може да се појават контракции Braxton Hicks контракции, кои се во вид на стегање, притисок или тежина во долниот дел на стомакот. Тие обично се слаби и доаѓаат и исчезнуваат непредвидливо и не се регуларни. Доколку контракциите се чести, и се појавуваат на определени интервали или се појави и крварење, веднаш консултирајте го вашиот гинеколог, бидејќи може да се работи за предвремено породување. „„27 недела - вториот триместар завршува Белите дробови на бебето продолжуваат да созреваат, а исто така созрева и нервниот систем на бебето. Капаците на очите се толку развиени што бебето може да ги отвора очите, да гледа во матката, да приметува светлина низ слоевите на стомакот. Детето вежба голтање и го цица палецот. Некои мајки може да го осетат штуцањето на бебето, како ритмички трзаи на неговото тело. Сега доколку предвремено се роди има добри шанси да преживее.

ОДБРОЈУВАЊЕТО ЗАПОЧНА

Се ближи денот кога конечно по девет месеци за прв пат ќе го видите,и прегрнете вашето бебе. Кај некои

80| 27 декември, 2013

жени во овој период се јавуваат отоци, раздразливост, умор. За да ги намалите отоците одмарајте ги нозете во подигната положба, доколку можете пливајте и избегнувајте да стоите долго. Доколку отоците не се повлекуваат по одмор и спиење веднаш побарајте помош од вашиот гинеколог. Контролирајте го вашиот крвен притисок. 31-33 недела, созревање на белите дробови кај плодот. Ова е периодот кога бебето ја завзема конечната позиција (да се породи со главата веројатноста е 97% или со задникот 2,7%). По 34 недела па натаму можно е да сте уморни, да имате недостаток на здив, желудочни киселини, да имате болки во грбот и сето тоа ве прави нестрпливи да се породите! Како што матката расте, таа ја потиснува и дијафрагмата, што доведува до недостаток на здив. Симптомите исчезнуваат во последните недели на бременоста, кога бебето полека се спушта во вашата карлица. Во меѓувреме спијте со малку подигнат горен дел на телото, за да се олесни притисокот на белите дробови. 38- 40 недела: бебето е подготвено за раѓање. Во 40 тата недела вашето бебе може да тежи од 2.900 до над 4.000 грама. Големинината зависи од генетскиот потенцијал за раст на вашето бебе. Секако вашиот гинеколог во текот на бременоста ќе детектира одредени состојби кои можат да доведат до застој во растот на плодот, како и состојби кои доведуваат до негов зголемен раст. Не е потребно да се вознемирувате доколку терминот помине без да се појават контракции. Нормално е да родите неколку недели порано, па и една до две недели по терминот, исто како што е нормално да родите и на самиот ден на терминот. До вашиот термин вие ќе зголемите просечно 11 до 16 килограми. Од тие плодот просечно придонесува со 3 до 4 килограми, зголемени гради и матката со по 1 килограм, плодова вода 600мл, вашиот зголемен крвен волумен 3,5 кг и маснотии околу 3,5 кг.


Специјален прилог | ЗДравје

МаК НоВа дооел

ТД за трговија и услуги ЕКсКлуЗиВЕН уВоЗНиК

ул."Страшо Пинџур"бр.2 Виница 2310 Македонија тел/факс: 033/36 00 66

e-mail: mak_nova@t-home.mk contact@maknova.com.mk www.maknova.com.mk

Германскиот бренд BABY-NOVA во својата линија содржи производи кои им го олеснуваат на мајките периодот по породувањ��то. Карактеристика на овие производи е изработката од висококвалитетни материјали, обликувани во меки линии и форми кои овозможуваат лесна примена и пријатно чувство и кај мајката и кај бебето.

Широкиот асортиман вклучува цуцли за шишиња и цуцлилажливки, шишиња за хранење, производи за секојдневна употреба, креативни играчки со цел да обезбедат безгрижност и анимирање на детето при нивното користење.

Материјалите кои се користат за изработка на производите од брендот BABY-NOVA се висококвалитетни и се применуваат во согласност со сите европски нормативи кои се однесуваат на детски производи. Боите кои се употребуваат се безбедни и не се разградуваат и при присуство на плунка и пот,не се лупат и не избледнуваат во контакт со разни течности. Затоа, кога купувате производ од BABY-NOVA програмата, купувате безбеден и креативен производ со одличен дизајн, кој на Вашето дете му овозможува мирно, здраво и весело детство.

од програмата BABY-NOVA особено ја истакнуваме ДЕНТисТаР цуцла-лажливка, како прва во светот препорачана за бебиња. ДЕНТисТаР линијата е развиена во соработка водечки професионални стоматолози, д-р Брокхаус и д-р Хајнц, а во склад со најновите достигнувања во стоматологијата. она што ДЕНТисТаР цуцла-лажливка ја издвојува е нејзиниот посебен облик со што притисокот врз вилицата и врз забите е за 90 отсто намален споредено со вообичаените цуцли-лажливки. ДЕНТисТаР го поттикнува и го потпомага правилниот раст и развој на вилицата на детето елиминирајќи го нејзиното деформирање.

27 декември,2013 | 81


| Специјален прилог | ЗДравје

prof. d-r

gligoR diMitRov шеф на одделот за гинекологија и акушерство во ре-Медика

Re-Medika so goleMa uspe[nost iM poMaga na neplodnite dvojki

П

рофесоре, во овој специјален прилог зборуваме за следење на бременост, но за жал во Македонија со неплодност се сочуваат се повеќе парови. Колку овој проблем е навистина голем? Не само во Македонија, и во светот е во пораст неплодноста кај брачните бројки. Според некои статистики 12-15% од сите брачни двојки во репродуктивен период имаат проблем со зачнување. Така е сигурно и во Македонија. Работејќи долги години во оваа област, свесни сме дека таа бројка се повеќе расте. Причините за тоа се многу. Основно е дека брачните двојки стапуваат во брак се подоцна и се подоцна се одлучуваат за потомство поради што во последно време работиме претежно со жени на возраст од над 30 години. Порано било сосема поинаку, жените до 25 или 27 години имале барем по едно дете. Има и други фактори од околината, како и стресот. Квалитетот на сперматозоидите постепено, но сигурно опаѓа. Границата на нормален квалитет на сперма според Светската здравствена организација сега е спуштена за повеќе од 30%. Сега нормален квалитет на спермограм сега се 20 милиони на милилитар, а порано

82 | 27 декември, 2013

биле 60 милиони. Поодминатата возраст и кај мажите и кај жените носи зголемен ризик од појава на некои болести, како што се ендометриоза, миоми и полипи на матка... Друг тренд кој што го забележуваме е што се почесто ни се јавуваат пациентки со ослабната функција на овариумите, дури и кај млади жени односно резервите на јајни клетки се драстично намалени. Тоа води кон појава на предвремен климакс. Со сето тоа ние треба да се избориме, но сепак најважен параметар при лекувањето на неплодноста е возраста на жената и оваријалните резерви. Се друго е релативно полесно решливо. Оттука мора да кажам дека во последниве пет години во Македонија е на сила Законот за био-медицинско потпомогнато оплодување, популарно познат како закон за ин-витро со кој што се овозможува третман на најразлични состојби на неплодност. Неодамна нашето Здружение имаше состанок на кое ги увидовме позитивните страни од примената, но и предлози за менување во делот на пациентките кои имаат ослабена функција на јајчниците. Тоа се однесува на измени во делот донација на јаце-клетки кое сега е дозволено

само ако е на доброволна основа. Ретки се таквите случаи кај нас, па заради тоа имаме и релативно мал број донатори. Увозот на јајце-клетки е многу скап па затоа би било најпаметно тоа да биде дорегулирано и да се олесни постапката да се дојде до ваков материјал од домашни донатори. Наша проценка е дека 100-150 жени годишно имаат потреба од јајце-клетки. „ Колку расте потребата на македонските двојки кои имаат потреба од ваква потпомогната фертилизација? Работа на нас докторите е добро да процениме и дијагностицираме во што е проблемот и кон каков тип на постапка треба да пристапиме, затоа што не секогаш веднаш се оди кон ин-витро. Тоа е динамична процедура на која не треба да се губи време. Границите на женската плодност се јасно дефинирани, затоа што јајните клетки губат на квантитет и квалитет со одминување на возраста. По една година незачнување треба да се направат првите испитувања за веќе во втората година да имаме комплетна дијагностика и терапија и по можност резултат. Ин-витро постапката ја сфаќаме како последна во редот на тие методи, но


Специјален прилог | ЗДравје исклучително важна за тоа што порано не ни постоела. „„Колкав е процентот на успешност во примената на оваа постапка во Ре-Медика? Имавме среќа уште од самото стартување со работа на Ре-Медика да ја применуваме оваа постапка и тоа благодарение на поддршката не само на инвеститорите кои ни обезбедија опрема каква што човек може само да посака, туку и благодарение на странските консултанти. Затоа уште од старт почнавме да работиме квалитетно. Во изминатите години се поминати над 4000 циклуси на ин-витро. Средната стапка на успешност во последните неколку години на клиничка бременост се движи измеѓу 40-45%што е извонредно голем процент и за што добивме признание директно од Фондот за здравствено осигурување кој што голем дел од овие циклуси ги плаќа. Од тој аспект сум многу задоволен со работата на ин-витро центарот. Во просек правиме 600 циклуси на ин-витро годишно. Се надевам дека наскоро ќе добиеме поголем центар, а подготовките се во тек. Ќе добиеме, во регионални рамки, еден супер модерен центар. „„Имате ли пациенти од странство? Да, главно од соседните држави, но и многу наши кои живеат и работат во странство, а овде доаѓаат да ја извршат оваа постапка. Има и такви кои имаат се повеќе доверба во нашата стручност. Во поголемите светски центри е многу тешко да добиете индивидуален третман, а овде знаат дека добиваат конкретен човек и се чувствуваат послободни. „„Со оглед на бројот на трудници кои зачнале благодарение на некоја од овие постапки, има ли разлика во следењето и мерките на претпазливост во однос на обичната бременост? Генерално самата постапка носи можни компликации, иако се мали и се сметаат во промили. Кога ќе настапи забременување, до 14тата гастациска недела овие бремености се сметат за поризични и процентот на компликации кај бремености со ин-витро е поголем од нормалните. Почести се и спонтаните абортуси и други компликации. По формирањето на плодот, односно по 12та недела се смета дека и двата типови на бременост се исти. Затоа е добро што жените со ваква бременост, законски се ослободени од работа во овој критичен период. „„Кои се клучни фактори за една бременост нормално да тече и да заврши успешно, со здрав пород? Независно дали планираат бременост и како таа ќе се случи, жените треба да се придржуваат до некои генерални правила. Она што ќе го најдат на Интернет, главно се однесува на некои специфични работи и на ризични бремености. Она што треба да знаат, ако жената е во нормално здравје, дека треба нормално да се хранат не само во текот на бременоста туку и за поттикнување на самата бременост. Светски истражувања покажаа дека

Некои имаат неоправдан страв и од тоа, ако една жена со нормална тежина но во Ре-Медика 90% од породувањата, се стави на диета од која целосно се и природни и царски резови, одат исфрлат брашното и производите од со регионална анестезија (спинална брашно, имаат многу поголем успех во и епидурална), а компликациите се зачнување. Земањето фолна киселина екстремно ретки. Со тек се препорачува уште на време компликациите пред самото зачнување. од породувања со царски Зголемената телесна маса рез се ретки, но сепак исто така е ризик фактор. ризикот е поголем за Зачувувањето на јајце мајката отколку кај клетки е исто така Од Министерството нормалните породувања. релативно нова метода Некогаш непотребно која им овозможува добивме пациентките инсистираат на жените да си го акредитација на царски рез и затоа е продолжат својот за гинекологија многу важна соработката репродуктивен век, и односот на доверба со односно да си обезбедат и акушерство лекарот. материјал за подоцнежна и за анестезија бременост, доколку за тоа „„ Како ја оценувате да извршуваме има медицинска или друга состојбата на ниво на причина. Сега методите специјализација држава, во поглед на се толку усовршени заштита на трудниците? за лекари. што овозможува повеќе Од она што знам е дека Универзитетот години да се чуваат со бројот на раѓања на ГАК огромен процент на Гоце Делчев веќе е повисок од кога било. преживување. Ние сме Работев таму 23 години ни додели девет првата клиника која има и никогаш немало по специјализанти успешна бременост со 6.000 породувања на оваа одмрзната јајце клетка. што значи дека клиника, колку што има „„Самиот чин на сега. Мислам дека добар во следните породување за дел од нив можат да се пет години ќе секоја жена е доста извршат во регионалните имаме и сериозна центри. Иднината е да се стресен. Имате ли совет како најдобро отворат родилни центри едукативна да се подготват за каде ќе има оспособен функција! породување? кадар 24-часа да може Сакам на сите да им да ги врши неризичните кажам е дека кај редовно породувања. Централната контролирана бременост изненадувањата клиника мора да се растовари и да се се мали. Кога се ближи породувањето занимава многу повеќе со други работи. важно е да знаат дека како што Пример, да биде центар за пренатална наближува терминот, контролите се се дијагностика, центар за згрижување почести. Второ, да не се плашат од акт на на предвремено родени бебиња,многу природно породување затоа што поради повеќе да се работи ин-витро, најголем употребата на регионална аналгезија и број од операциите да се вршат по анестезија не е како што било порано. ендоскопски пат итн...

27 декември,2013 |83


| Специјален прилог | ЗДравје

Бременоста и раѓањето на дете се најубави моменти во едно семејство. Но, иако е тоа природен процес понекогаш може и да се искомплицира. Повеќето од тие компликации можат да се предвидат и избегнат

Zadol@itelni pregledi vo bremenosta

З

а успешна бременоста, која вообичаено трае 40 недели, важно е уште од самиот почеток да се преземат сите неопходни мерки на претпазливост. Уште на првиот преглед треба да се направи ПАП текст доколку поминала една година од претходниот, како и вагинален преглед за да се утврди положбата на матката. Вообичаено се прави и ултразвучен преглед за да се утврди дали кај плодот има срцева акција.

Трудницата во овој почетен период треба да направи уште неколку анализи, како што се крвна слика, крвна група и Rh фактор а може и тестови за хепатитис и сифилис. Може да се препорача и стоматолошки преглед. По добивањето на сите овие резултати, лекарот може да утврди дали станува збор за ризична бременост, а може да даде и поточни препораки за исхраната

Pe[a^eweto e najdobrata fizi^ka aktivnost vo bremenosta

М

ногу важно е да се избере соодветна облека, удобни обувки, добар градник. Пешачењето треба да се прави во посвежиот дел од денот, и тоа во парк, во природа и во помалку прометни улици. Да се избегнуваат стази и опасни терени кои можат да го отежнат движењето и да го зголемат ризикот од пад и губење на рамнотежата. Секогаш носете вода со себе, мобилен телефон и пожелно е да не пешачите сами. Кога има сонце задолжително нанесете крем за сончање и капа. Пешачењето е важно и корисно затоа што тоа ја зголемува количината на хемоглобин кој циркулираво крвта, а со тоа и бебето добива повеќе кислород и бебето добива кислородна инјекција. Пешачењето ја поттикнува циркулацијата што ги намалува отоците во нозете. На почеток треба да пешачите најмалку 3 пати неделнопо 20 минути, со цел да дојдете шест прошетки неделно. Не пешачете подолго од 45 - до најмногу 60 минути.

Ако сте здрава трудница и нема пречки за нивна физичка активност, пред да тргнете во секојдневната прошетка треба да прочитате неколку совети. 84| 27 декември, 2013

и начинот на живот на трудницата. Доколку станува збор за нормална бременост, редовните прегледи најчесто ќе се закажуваат на четири недели до 28та недела, на три недели до 36-та недела и потоа на две недели до породување, што значи вкупно околу девет ултразвучни прегледи. Првиот скрининг задолжително треба да се направи меѓу 12 и 15 недела од пременоста кога се прави детален преглед на сите внатрешни органи со цел да се утврди евентуално хромозомски аномалии. Преку крвна анализа (Приска) со која врз база на нивото на некои хормони кои ги произведува постелката се одредува ризикот на детето за некоја хромозомска аномалија. Секако дека ниедна од овие анализи не може со сигурност да утврди дали детето е здраво или болно, туку само дали има зголемен ризик за хромозмска болест и дали треба да се спроведат дополнителни детални прегледи за точно детектирање на проблемот. Околу 20-та недела од бременоста кога се потврдува нормалната градба на плодот, траењето на на бременоста, состојбата на постелката и количината на плодова вода. Овие параметри се мерат и понатаму во бременоста вклучително и големината на бебето и неговата динамика после 34-та недела. Во средината на бременоста треба да се направи и тест за шеќер (oGTT), но повеќето лекари ја прават само кога има посебна причина за тоа (шеќерна болест во семејството, прекомерен раст на тежината и др. По потреба се прават бактериолошки преглед на урина (уринокултура) и грлото на матката (цервикални брисеви).


| Специјален прилог | ЗДравје

Poroduvaweto po^nuva - bez panika!

Т

ерминско породување може да се случи по 37-мата недела од бременоста. Почетокот е означен со појава на контракции или прскање на воденикот. Многу често се случува трудниците да дојдат во болница поради т.н. припремни или лажни болки, кои се кратки и нерегуларни. Вистинските болки траат најмалку една минута и се јавуваат во правилни и се почести временски интервали. На почетокот се на 15 до 30 минути, а потоа се почести. Воденикот може да прсне пред појава на контракциите, но и откако тие ќе се појават. Доколку воденикот е прснат, тоа е знак дека веднаш треба да се јавите во болница.

Колку трае породувањето? Времетраењето на нормалното породување зависи дали се работи за прва бременост или трудница која претходно има родено деца. Прворотките раѓаат за 12 до 18 часа, а повеќе ротките за пократкок период. Процесот на породувањето е поделен во 4 родилни времиња. Првото родилно време претставува скратување на должината и

целосно отварање на грлото на матката и трае 8 до 10 часа. Второто родилно време е означено со спуштањето и експулзијата на плодот, кај прворотки 1 до 2 часа, кај повеќеротки 30 минути. Трето родилно време ја означува експулзијата на плацентата и трае 30 минути. Четврто родилно време време е време за опоравување и следење на родилката и трае 2 часа. Таа е во родилниот бокс за следење бидејќи најопасните компликации се случуваат токму во овој период..

Како да си го олесните породувањето?

Раѓањето е природен чин стар колку и човештвото. Пријатен амбиент, смирена атмосфера, грижлив персонал, присуство на сопругот, ја мотивираат трудницата да ги издржи сите напори. Бидејќи породувањето е природен чин, при самото водење на породувањето медицинскиот тим ќе настојува со постојано следење,трпение и минимално учество во процесот да постигне породувањето да биде најубав и незаборавен момент во животот на жената и семејството.

MO]TA NA OVESOT PRETO^ENA VO GO NUTRI LINIJATA NA VITALIA

В

о периодот на бременост еден од проблемите кој се јавува почесто е и опстипацијата. Оваа состојба за време на бременоста најчесто се јавува како резултат на хормоните, кои подготвувајќи ги мускулите на пелвисот за породување, може да ја успорат дигестијата.Во текот на првото тримесечје настанува и бавно варење на храната. Затоа, за време на бременоста исхраната мора да биде разновидна, урамнотежена и богата со растителни влакна. Најбогат извор на растителни влакна се интегралните житарки, од кои најмногу се истакнува овесот. Токму затоа основна препорака за трудниците, но и на сите кои сакаат да ги елиминираат овие потенцијални проблеми, е редовното консумирање на продукти со богата содржина на овесни снегулки, и тоа минимум еднаш дневно. За оброкот да ви биде повкусен, а сепак богат со здравје Виталиа ви ја подготви новата линија на овесни продукти Go Nutri со богата нутритивна содржина и додадена вредност. Започнете го денот со Go Nutri овесни каши со малина или чоколадо. Претставуваат балансиран микс од меки овесни снегулки, пченични нукулци, чоколадо со лешници или малина, засладени со Stevia или фруктоза. Go Nutri овесните каши се посен инстант оброк

богат со диетални влакна. Лесни се за подготовка и може да се консумираат како здрав појадок или лесна вечера. Една кесичка е доволна за еден оброк. Само потопете ја содржината во 150мл топла вода или млеко и препуштете се на здравиот и нутритивен оброк со незаборавен вкус. За љубителите на класичниот вкус тука се Go Nutri овесните снегулки. Меки интегрални овесни снегулки кои во комбинација со јогурт или млеко се одличен здрав оброк. Претставуваат извор на растителни влакна кои позитивно влијаат за надминување на опстипација. Додадете свежо или сушено овошје, јаткасти плодови или семиња (лен, сончоголед, интегрален сусам или тиква) и надополнете ја нутритивната вредност на вашиот појадок или вечера. А за оние пак кои сакаат да вкусат нутритивна и крцкава солена ужинка ги подготвивме Go Nutri овесните солени крекери, здрава замена за високо калоричните грицки. Оригинална и неодолива фузија од 41% овесни снегулки во комбинација со интегрални жита - пченица, пченка и ориз. Go Nutri

Д-р НЕЛА ДЕСПОТОВСКА

нутриционист од компанијата за здрава храна Виталиа

тел: 02/3217-177 contact@vitalia.com.mk www.vitalia.com.mk

овесните солени крекери на Виталиа се направени со канола масло - извор на Омега-3 незаситени масни киселини, а во својот состав со��ржат и Калиумова сол – здрава замена за готварската сол. Овие 100% природни крцкави крекери, кои се богат извор на диетални влакна и не содржат транс масти, се достапни во две варијанти: со семиња од лен, сусам и оригано и со мешан зеленчук и семки од тиква. Може да ги консумирате како крцкава ужина или пак да подготвите здрави канапеи во различни комбинации. Внесувањето на повеќе течности (2,5 - 3 л. течност дневно) како вода, свежо цеден сок и супа дополнитено придонесува за омекнување на столицата и нормализирање на подвижноста на цревата. Практикувањето на дневни прошетки, посетувањето на часови по јога и лесен аеробик за трудници се одлични активности кои дополнително влијаат на подобрување на целокупната состојба на организмот и здрава бременост.


| Специјален прилог | ЗДравје

BREMENOSTA SO VISOK IMA POTREBA OD POSEB Д-р Гордана Петровска

В

гинеколог- акушер/перинатолог

исоко ризична бременост е онаа бременост каде постои зголемен ризик по здравјето на мајката или плодот за време на бременоста, породувањето или непосредно по породувањето. Бројот на високо ризичните бремености за жал е во пораст и на светско ниво е застапено со повеќе од 20% од вкупниот број на бремености.

Состојби кои се причини за високо ризична бременост:

Возраст: трудници постари од 35 години и помлади од 18 години Животни навики: зависиници од дроги, алкохол и цигари Акушерска историја: претходно породување со царски рез,аномалии на матката и тумори на матката, предвремено породување, плод со аномалии или хромозомопатии, рана неонатална смрт, предвремено одлепување на плацентата, висок крвен притисок со развој на прееклампсија или еклампсија. Здравствена кондиција: хронични болести како дијабет, висок крвен притисок, кардиоваскуларни болести, тромбози, обезитед, бубрежни болести, системски и автоимуни заболувања како лупус, реуматоиден артритис, склероза мултиплекс, инфекции, ХИВ, Хепатит Ц , токсоплазма, циомегаловирус, рубеола, сифилис, невролошки заболувањаепилепсија, болести на тироидна жлезда, карцином, терапија со лекови за разни психијатриски состојби итн.

Сосотојби кои се јавуваат во тек на бременоста и истата станува високо ризична:

Повеќе плодова бременост, неправилна поставеност на плацентата, слабост на цервиксот (грлото на матката), крварење, зголемена или намалена количина на околу плодова вода, застој во растот на плодот, аномалии на плодот, развој на RH сензибилизација, развој на прееклампсија или еклампсија и др.

Состојби кои се јавуваат во претходно нормална бременост а може да се знак за развој на ризична бременост и бараат итна посета на лекар:

Вагинално крварење во било која недела од бременоста, чести повраќања после првиот триместар од бременоста, повторувачка главоболка, проблеми со видот, јака болка во стомак, истекување на плодова вода, регуларни или чести контракции, болки и проблеми при

88| 27 декември, 2013

мокрење, намалување на движењата на плодот. Набројав доста состојби, кои можат да ја попречат радоста која секое семејство ја очекува со најсветиот чин, доаѓањето на нов член, но факт е дека медицината и техниката доста брзо напредуваат и со правилно и совесно планирање и водење на истата, голем број од ризиците можат навремено да се детектираат, дел од нив да се спречат и бременоста успешно да се заврши што е можно поблиску до очекуваниот термин за породување. За добар исход потребна е блиска соработка помеѓу трудницата и лекарот.

Чекори за безбедна бременост 1. Сите пациентки без разлика во која група спаѓаат потребно е пред да планираат бременост, да го посетат својот гинеколог кој ќе им даде совети и ќе ги направи потребните испитувања пред бременоста. Во интерес на својата и безбедноста на своето дете пациентката

треба целосно да ја каже својата здравствена историја . 2. Доколку има потреба од потпомогнато оплодување со асиситирана репродуктивна техника, од вашиот доктор ќе ги добиете потребните информации за повеќе плодова бременост. 3. Доколку вашата бременост спаѓа во групата на високо ризична бременост потребно е да одберете гинеколог, поточно акушерперинатолог со поголемо искуство во водење на истата.

Тимски пристап во водење на високоризична бременост

Најчесто овие бремености се водат мултидисциплинарно што значи дека зависно од состојбата заедно со гинекологот во водењето на бременоста ќе бидат вклучени и консултативни прегледи од доктори од други специјалности. Често овие бремености имаат потреба да се завршат пред


Специјален прилог | ЗДравје

K RIZIK BEN NADZOR

очекуваниот термин, што значи дека е добро да ја контролирате вашата бременост во болница во која има развиен центар за интензива нега на новороденото. Кај трудниците со ризична бременост, бројот на контролни прегледи и ултразвучни прегледи е значително поголем од другите. Исто така и бројот на лабораториски анализи како и испитувањата на биофизичкиот профил на фетусот се прават почесто. Ако станува збор за фактор ризик- возраст или претходни бремености каде фетусот или новороденото имале хромозомски или генетски абнормалости ќе ви бидат предложени инвазивни техники на иследување како амниоцентеза, хорион биопсија или кордоцентеза. Бидејќи бројот на состојби кои можат да развијат проблеми во бременост е многуброен, не може да се напишат унифицирани типови и број на прегледи. Тие се различни за секоја состојба и за секоја пациентка. За нив ќе добиете препорака

од вашиот доктор. Сепак најголем бој од бременостите се нормални, а и останатите ако се следат со соодветни контроли и препораки кои им се даваат, успешно завршуваат.

Совети за сигурна бременост

Темата нема за цел да се исплашат идните мајки, туку напротив да им се даде совет и енергија на сите оние кои се соочуваат со некои од горе наведените проблеми, за успешно да се соочат и справат со истите. Во интерес на сите нас е да имаме здраво поколение. Постојат основи правила во однесувањето во тек на бременоста, надвор од лекарските ординации: 1. Секоја трудница треба да внимава на здравиот живот. Тука спаѓаат: правилна исхрана, внес на течности,

внимавање на телесната тежина (не треба да се зголеми повеќе од 11- 16 кг) во тек на цела бременост. 2. Прошетки на чист воздух и вежби за подобрување на психофизичкта сосотојба. Избегнување на дружба со повеќе луѓе во затворена просторија. 3. Често слушање на тивка релаксирачка музика. 4. Навремено реагирање на секоја промена на состојбата. Ги поздравувам сите сегашни и идни мајки и им препорачувам да ги следат основните правила за здраво и безбедно потомство. Така ќе ги уживаат благодетите на самата бременост, чинот на породување и одгледувањето на своето дете.

27 декември,2013 |89


| Специјален прилог | ЗДравје

[to treba da napravite pred da zabremenite? Желбата за потомство е најнормална желба, која се јавува во даден момент кај секоја жена и кај секоја двојка. Зачнувањето на бебето претставува значаен пресврт во животот на жената, а стравот и неизвесноста дали и кога тоа ќе се случи се сесема нормални појави

П

ред зачнувањето се препорачува да се направат одредени подготовки со цел да се има побезбедна и полесна бременост и краен резултат -здраво бебе. Кога ќе решите да забремените, пожелно е да направите некои рутински анализи и проверки, кои ќе Ви обезбедат посигурна и поздрава бременост. Се препорачува најмалку три месеци пред планираната бременост да се пијат таблети фолна киселина (400 микрограми дневно), за правилно формирање на невралната цевка кај плодот. И во ситуации кога немате здравствени проблеми, пожелно е да отидете на

лекарски преглед пред да забремените. Тој преглед би требало да утврди евентуално присуство на некоја сексуално пренослива инфекција како HPV инфекција, кламидија, трихомонијаза, генитален херпес, Хепатит Б, сифилис или гонореа и други. Забременување во услови на некоја од овие инфекции носи голем ризик за плодот и затоа е најдобро да се елиминираат тие можности. За лекарот да може да ви помогне и правилно да ве насочи како полесно да

Подготовките за бременост вклучуваат: „„посета на лекар „„информирање „„намалување на стресот и раздвоеноста од партнерот „„решете ги помалите здравствени проблеми (пример, поправка на заби) „„регулирајте за телесната тежина „„хранете се здраво „„вежбајте умерено „„откажете се од пушење зачнете, пожелно е тој да ја знае вашата лична и семејна медицинска историја, лековите кои ги земате, присуство на хронични болести, претходни бремености, начинот на исхрана, дали пиете и пушите и слично. Доколку жената боледува од астма, длабока венска тромбоза, депресија, дијабет, епилепсија, срцево заболување, зголемен крвен притисок, бубрежно пореметување, пореметување на тироидната функција, автоимуни заболувања (системски лупус, ревматоиден артрит) и други – таа може да забремени, но мора да се преземат сериозни, дополнителни мерки на претпазливост.


Специјален прилог | ЗДравје

Najgolemi opasnosti vo bremenosta

1.Цигари

Општо познати се негативните и опасни последици од пушењето, но оваа навика доколку се практикува во бременоста е екстремно штетна на плодот во развој. Никотинот преку крвта делува на плацентата и го намалува крвниот протокот низ неа, со што бебето помалку кислород и хранливи материи и побавно се развива. Ова се однесува и на активнотои на пасивното пушење.

2.Алкохол

Најдобро е жената воопшто да не пие алкохол во периодот кога планира да забремени. Алкохолот го забавува развој на нервниот систем, што може да резултира со појава на фетален алкохолен синдром кај новороденото.

3.Контакт со мачки.

Опасност од можна инфекција со токсоплазма. Тоа е еден вид паразит чиј домаќин е мачката, а многу штетен за фетусот.

и со луѓе заболени од рубеола 4.Контакт

Рубеолата е една од вирусните инфекции која вообичаено предизвикува сипаници кај децата. Рубеолата има многу штетно дејство врз фетусот и може да предизвика оштетување на срцето, нервниот систем, видни и слушни дефекти. Во околу 20% од случаите на инфекција со рубеола доаѓа до спонтан абортус.

5.Лековите и наркот-ичните средства

Лековите, кои во нормални услови се безопасни, во бременоста може да предизвикаат многу голема штета. И лековите за кои не е потребен рецепт од доктор може да бидат штетни. Затоа во текот на бременоста сами не смеете да внесувате никакви лекови. Доколку имате проблеми со здравјето, неопходно е да се консултирате со доктор и тој да ви одреди соодветна терапија која е безбедна во бременоста.


Специјален прилог | ЗДравје

Trudnicata definitivno ne treba da jade za dvajca

И

зреката “бремена си- јади за двајца“ е одамна надмината заблуда. Преголемото здебелување во текот на бременоста е опасно и по мајката и по бебето, затоа што истата води до покачен крвен притисок и можна појава на дијабет. Но, тоа од друга страна не значи дека трудницата треба да се стави на диета затоа што пак тие носат опасност од исхраната да се исфрлат хранливи состојки неопходни за бременоста. Затоа се препорачува исхраната на трудницата да содржи помалку масти и повеќе влакна. Од месо треба да се избере риба и живина,потоа цели житарки и многу вода. Треба да јадат 4 до 5 порции варен ориз или интегрален леб на ден. Од млечни производи, помалку масно млеко, јогурт или тврдо сирење може да консумираат три до четири порции на ден. Протеините од месото, рибата,

гравот или јајцата треба да се консумираат три до четири порции. Зеленчукот, како што се брокулата, морковите, грашокот и доматот, мора да се консумира три до пет порции. Овошјето е препорачливо во две до четири порции. (Но вреди да се напомене што навистина значи една порција: едно парче леб, половина шоља варен ориз, една шоља млеко или јогурт, половина шоља варен зеленчук и една банана или јаболка.) Дефинитивно треба да се одбегнуваат слабо вареното месо или морска риба кои можат да бидат богати со жива. Исто така, не смеат да јадат многу производи од непастеризирано млеко, како што е фета сирењето, поради тоа што во нив може да има бактерии кои можат да предизвикуваат прерано раѓање на детето.

Жена со нормална телесна тежина е дозволено да ја зголеми својата телесна маса во бременоста за 13 килограми


| Специјален прилог | ЗДравје

Prisustvo na partnerot na poroduvaweto, DA ili NE? Ова веќе не претставува табу тема, а ние се почесто се соочуваме со желбата на идниот татко да биде присутен на чинот на породувањето. Во нашата средина, се уште постојат различни ставови,но сепак мора да укажеме на заклучоците од бројни медицински релевантни студии кои се направени, а кои ја разрешуваат оваа дилема.

Прим.Др.Марина Поп-Лазарова Ре-Медика Скопје

Т

реба да потсетиме дека чинот на породувањето е придружено со присутно чувство на болка кај жената, а секоја жена индивидуално е осетлива во тој однос. Некои жени се потолерантни и поиздржливи на болка и токму поради тоа, искуствата од породувањето се различни и многу индивидуални. Болката во текот на породувањето е секогаш застапена,но индивидуалното чувство е секогаш различно и тоа е докажано дека зависи од многу социјални, психолошкоемотивни и физички фактори кои интерферираат меѓу себе. Должината (времетраењето) на породувањето е исто така различна, медицински се очекува подолго да трае кај прворотки отколку кај повеќеротки, но во просек изнесува 15-20 часа. Во првата фаза на породувањето болката е предизвикана од контракциите (стегањето) на матката, почетокот на отворањето на грлото на матката и растегнувањето на нејзиниот долен дел. Оваа фаза е најдолга и како што веќе споменавме, никогаш не може да се предвиди како секоја жена ќе го толерира овој период.Покрај методите за обезболување, кои секако имаат свое место во оваа фаза (епидуралната анестезија пред се) особено важна е и психолошката поддршка што породилката ја добива во овој период. Конфорното удобно сместување, опкружувањето, амбиентот,

94| 27 декември, 2013

а пред се присуството на нејзините најблиски (партнерот) имаат изразено релаксирачко влијание на породилката. Студиите покажуваат дека од тоа зависи и должината на оваа фаза на породувањето,која сигнификантно се скратува во тие околности. Во нашата болница, во Ре Медика,на задоволство на пациентките, им нудиме можност овој период да го поминат во конфорни апартмани, заедно со партнерот или и други членови од семејството, а истовремено пациентката да биде под целосен медицински и стручен надзор. Во втората фаза на породувањето, доаѓа до комплетно ширење на грлото на матката, растегнување на вагиналниот прегиб и постепено спуштање на бебето низ родилниот канал, период кога болката се интензивира и го

менува својот карактер. За среќа, оваа фаза е многу пократка, но поинтензивна и завршува со породување на повеќемесечно очекуваното дете. Присуството на партнерот во оваа фаза е пожелно, но не е задолжително и обврзувачко. Претставува личен избор на парот и тој навистина е индивидуален, а е условен од многу фактори (предрасуди, можност за претходна поготовка за породување,лична психолошка подготвеност, компензирање на емотивното доживување), фактори кои секако меѓу себе се условуваат. Од нашето досегашно искуство морам да кажам,дека помладите парови се поспремни за оваа ситуација и ја доживуваат многу природно и позитивно. Имаме често случаи каде имало двоумење, но со поддршка на медицинската екипа ,партнерот “влегол”

во родилната сала и бил присутен на овој уникатен чин и имал неповторливо доживување. Имено,тоа се и зборовите со кои ги мотивираме да бидат присутни на ова ексклузивно случување, кое има животно значење и смисол, а се случува толку ретко во животот. Првиот плач, контакт со нивното заедничко дете има навистина посебна емотивна енергија и возбуда која ја чувствуваме сите ние кои професионално сме ангажирани и присутни на овој чин. Првите честитки, бакнежи, направени фотографии се незаменливи впечатоци кои го прават заедничкиот живот да биде емотивно побогат, а семејните односи посилни. Како заклучок, би ги охрабрила идните татковци да размислуваат во оваа насока и да бидат во поголем број присутни во родилните сали, покрај своите сопруги како би им дале поддршка, а истовремено би го споделиле овој незаборавен радосен момент во животот. Ние, како медицинска екипа во Ре Медика , сме спремни максимално да ги поддржиме во реализацијата на оваа одлука, која е во интерес на идните мајки, новородените деца и секако целото семејство. Нашиот одговор на оваа дилема е ДА!


Специјален прилог | ЗДравје

Tajnata sostojka na kokosovoto maslo

О

кулу 50% од составот на масните киселини во кокосовото масло е масна киселина која ретко се сретнува во природата наречена лауринска киселина. Лауринската киселина е волшебна состојка поради нејзините уникатни способности за подобрување на здравјето. Вашето тело ја претвора лауринската киселина во монолаурин, кој има антивоспатилетно, антибактериско и антигабично дејство. Монолауринот е состојка која се наоѓа во мајчиното млеко кое го подобрува имунитетот на бебето. Монолауринот е моноглицерид кој може да ги уништува липидно обложените вируси како: ХИВ - Херпес HSV-1 - Сипаници - Грип - Различни патогени бактерии - Габи како giardia lamblia и Candida. Лауринската киселина е моќен уништувач на вируси и грам-негативни бактерии, а кокосовото масло содржи најмногу лауринска кислеина од било која друга супстанца во светот. Капринова масна киселина киселина, друга кокосова масна киселина која се содржи во помала количина, е исто така додадена во листата на антимикробни состојки. Ова е една од главните причини поради која треба да консумирате кокосово масло, бидејќи нема многу извори на монолаурин во нашата исхрана. Но, здравствените предности на кокосовото масло не запираат тука.

и брчките преку помагање во одржување на сврзните ткива силни и еластични и помага во ексфолијација на површинскиот слој на мртви клетки на кожата, правејќи ја кожата мека.

Кокосовото масло на вашата кожа

Зошто?

Кокосовото масло е идеално за нега на кожата. Помага во заштита на кожата од ефектите на стареење поради слободните радикали, и може да помогне во подобрување на изгледот на кожата. Кокосовото масло се смета за антиоксидант, поради неговата стабилност и отпорност на оксидација и на формации на слободните радикали. Ја намалува и потребата за андиоксидативна заштита на витаминот Е. Многу експерти сметаат дека кокосовото масло може да помогне во о��новување на младоликата кожа. Кога кокосовото масло се апсорбира во вашата кожа и сврзното ткиво, помага во редуцирање на линиите

Кокосовото масло во вашата кујна

Секогаш кога готвите преземате ризик од оштетување предизвикано од топлина. Да претпоставиме дека постои вид на масло кое е доволно стабилно да биде отпорно против оштетувања предизвикани од топлина и толку корисно што ви помага да ослабете, го подобрува здравјето на срцето и помага во одржување на нормално ниво на холестерол. Дали би одбрале да го коростите ова масло? Ако вашиот одговор е да, тогаш треба да почнете со користење на кокосово масло уште денес. Секако при избирање на масло со кое готвите, сакате масло кое нема да биде оштетено од високите температури. Ова масло е скоро комплетно заситено, што значи дека е многу помалку подложно на оштетување кога е загреано. Полинезаситените масти кои ги вклучуваат растителните масла како пченкарно, соино, масло од шафран, сончоглед и репка се апсолутно најлошите масла што може да се користат при готвењето. Овие омега-6 масла се многу подложни на оштетувања од температура поради нивните двојни врски. Подобро е да ги складирате овие масла во фиока.

3.

Растителните масла придонесуваат до преголемо изобилство на оштетени омега-6 во вашата исхрана, што предизвикува дисбаланс во односот омега-3/омега-6. Сите тие се високо преработени и се консумираат во мерки кои се над 100 пати повеќе отколку што биле користени од нашите предци пред еден век. Ова предизвикува да се изобличи чувствителната омега-6/омега-3 врска која регулира многу деликатни биохемиски патишта што резултира со забрзување на многу хронични дегенеративни болести. Постои само едно масло кое е доволно стабилно да биде отпорно на температура, а во исто време помага при подобрување на срцевото здравје и го помага слабеењето и тироидната функција - кокосовото масло. Според тоа, кога и да ви треба масло за готвење, користете го кокосовото масло наместо

Препорака за употреба:

Се консумира на почеток по една лажичка дневно првата недела до две, а потоа зголемувате по една лажичка секоја наредна недела се додека не достигнете до 4 лажички на ден. Нема никакви негативни влијанија врз организмот ниту контра индикации. Кокосовото масло можете да го користите и за готвење и за правење десерти. При готвење не смеете да дозволите маслото да чади. Ако дојде до чадење отстранете го од изворот на топлина, намалете ја температурата на готвење. Може да се користи за хидратација на кожата и за маски за коса.

путер, маслиново масло, растителни масла, маргарин или било кое масло наведено во рецептите.

1.

Повеќе луѓе веруваат дека пржењето создава транс-масти. Тоа не е најбитниот проблем. Има многу потоксични хемикалии кои се произведуваат со пржење на омега-6 отколку транс-мастите. Пржењето ги уништува антиоксидантите и како резултат на тоа го оксидира маслото. Ова предизвикува преминување на двојните врски, фрагментација и полимеризација на маслата кои предизвикуваат далеку поголема штета отколку транс-мастите. Повеќето растителни масла се генетски модифицирани. Ова вклучува 90% од соиното, пченкарното и маслото од репка.

2.

27 декември,2013 |95



Zdravje dekemvri 2013