Page 1

Здравје www.kapital.mk четврток 24/01/2013

масажа и Парна бања за детоксикација и ослободување од стрес

Како да се одолее на искушенијата и да се заштити срцето? Поблиску до зелените Пазари, Подалеку од амбулантите


46

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ Како резултат на прекумерното внесување тешка и мрсна храна, доаѓа до пораст на нивото на мaснотии и шеќер во крвта. Многу често за време и по бројните празници во јануари се зголемува бројот на пациенти во здравствените установи како резултат на појава на акутни воспаленија на желудникот, потоа воспаление на панкреасот, покачени вредности на артерискиот крвен притисок, не ретко и т.н. хипертензивни кризи, кои можe да доведат до акутни мозочни или срцеви удари

ДЕмНАт ОПАСНОСtИ ОД ПРАзНИчНИтЕ

Како да се одолее на искушенијата и да се заштити

срцето?

Силвана Жежова

П

silvana.zezova@kapital.mk

ечено свинско, руска и француска салата, кифлички, пити, торти и колачи... Вака изгледа трпезата на поголемиот број македонски семејства за време на новогодишните и божиќните празници. Овој традиционален начин на исхрана подразбира приготвување храна која е висококалорична, мрсна и честопати пресолена. Кога ќе се земе предвид дека истата се консумира со поголема количина алкохол, сето тоа претставува сериозна закана за здравјето на луѓето. Ваквиот начин на исхрана е помалку штетен ако истиот се практикува само за празниците, а ризиците од различни заболувања се многу поголеми ако се консумира во континуитет. Во секој случај, бројни се последиците врз здравјето на луѓето од ваквиот начин на

исхрана. Лидија Паланова, специјалист по интерна медицина во РеМедика, вели дека многу често за време и по празниците се зголемува бројот на пациенти во дежурните амбуланти како резултат на појава на акутни воспаленија на желудникот, воспаление на панкреасот, покачени вредности на артерискиот крвен притисок, не така ретко и т.н. хипертензивни кризи, кои може да доведат до акутни мозочни или

срцеви удари. Ова особено се однесува на лица кои веќе имаат постоечки болести од типот на хипертензија или дијабетес. „Како резултат на прекумерното внесување тешка и мрсна храна, доаѓа до пораст на нивото на маснотии и шеќер во крвта. Срцевите болни треба особено да внимаваат и на внесувањето солена храна, а терапијата треба да ја земаат редовно и навреме. При појава на симптоми треба да се побара лекарска помош“,

вели Паланова. Таа советува дека најдобриот рецепт за превенција од компликациите кои може да се јават како резултат на мешањето храна и алкохол е умереноста, но и покрај традиционалноста во изборот и приготвувањето на македонската трпеза за време на новогодишните празници, последниве години радува свеста за менување на навиките. „Зголемениот општ калориски внес придонесува за зголемување на вкупниот и


Здравје

те менија

Лидија ПаЛанова

специјалист по интерна медицина во РеМедика

„Срцевите болни треба особено да внимаваат и на внесувањето солена храна, терапијата треба да ја земаат редовно и навреме.“

ЛДЛ („лошиот“) холестерол, а го намалува ХДЛ („добриот“) холестерол“, објаснува и доктор Горан Николов, специјалист интернист-кардиолог од Центарот за внатрешни болести – СРЦЕ. Холестеролот е клучна компонента во настанувањето на артеросклерозата, т.е. акумулација на масни наслаги во ѕидот на крвните садови. Најчесто, како резултат на тоа доаѓа до затнување на крвните садови на срцето (коронарна болест), зголемен

крвен притисок, зголемен ризик од мозочен удар и други болести на крвните садови“, објаснува Николов.

Освен храната, главна улога има и начинот на живот

Според лекарите, болестa на срцето претставува водечка причина за смрт во развиениот свет. Кардиологот Бојан Данаилов од ординацијата Д-р Данаилов објаснува дека начинот на исхрана во голема мера влијае на здравјето на

срцевиот мускул. „Докажано е дека срцевите болести најмногу зависат од видот и начинот на исхрана. Се знае дека брзата храна, храната богата со заситени масни киселини, адитиви, слатки е храна којашто ги оштетува крвните садови, односно целиот кардиоваскуларен систем. Ако ваквиот начин на исхрана се практикува само за време на празниците, не предизвикува никакво оштетување на телото, земјќи предвид дека нашиот

организам е способен да прима и неидеални прозводи, а притоа и самиот да се регенерира“, вели Данаилов. Тој додава дека не треба да ја осудуваме само мрсната исхрана како причина за промените и болестите на телото доколку е консумирана во краток временски интервал, како на пример, за празниците. Според него, најголемо влијание има и начинот на живеење, особено стресот, кој многукратно ја влошува здравствената состојба на луѓето. И лекарот по општа медицина Иванка Ивановска вели дека не секогаш мастите се покачуваат поради неправилна исхрана, бидејќи кај голем процент од населението има влијание генетскиот фактор и ред други причини. „Алармантно е тоа што с$ поголем број млади луѓе се соочуваат со проблемот хипертензија како резултат на прекумерната дебелина, с$ послабата физичка активност, неправилната исхрана. Младите луѓе имаат проблем и со импотенција како резултат на дебелината. Многу мрсната храна е голем непријател не само за празниците. Нашиот народ е навикнат да консумира таква храна во текот на целата година. Истата носи ризик од заболување на крвните садови, со самото тоа и ризик од ангина пекторис, висок крвен притисок, мозочен удар, срцеви заболувања и голем број други нарушувања кои се поврзани со крвотокот. Постои и тесна поврзаност на храната со многу масти

47


48

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ маснотиите се намалуваат, а поретко е и покачувањето на шеќерот. „Еден од најголемите проблеми што се појавува е покачувањето на крвниот притисок, поради посолената исхрана во тие периоди. Од моето искуство, се намалува проблемот со покачените маснотии во крвта затоа што с$ повеќе луѓе почнуваат да внимаваат на исхраната. Од друга страна, тука е и постоењето на повеќе лекови кои ги намалуваат маснотиите во крвта, нормално, по препорака на матичниот кардиолог, кој треба да постави точна индикација за примената на овој лек, бидејќи во спротивно, превентивното негово земање или неоправданото давање носи свои последици. Поретко е покачувањето на шеќерот во крвта, бидејки ако настане покачување и ние тоа го регистрираме со контролите, тогаш се работи за вид скриен шеќер, што почнува да се манифестира во период кога телото е оптоварено со мрсна и слатка храна“, објаснува Данаилов.

Медитеранската диета - златно правило за исхрана со чумата на денешницата - дијабетесот“, вели Ивановска. Данаилов смета дека оштетувањата и последиците од покачените маснотии во крвта се од типот на артеросклеротични промени, кои многу го загрозуваат

здравјето, но доколку овој начин на исхрана е хроничен. Практиката во неговото долгогодишно искуство како лекар покажала дека јануари е месец на покачен крвен притисок поради консумацијата на посолена храна. Проблемите со

Данаилов ја препорачува медитеранската храна како златен стандард на правилна исхрана за да се зачува здравјето на крвните садови, срцето, односно на целиот организам. Оваа препорака ја поткрепува и со фактот што кардиоваскулаторните болести биле многу поретки

БОЈАН ДАНАИЛОв

кардиолог ординација Д-р Данаилов

„Не треба да ја осудуваме само мрсната исхрана како причина за промените и болестите на телото доколку е консумирана во краток временски интервал, како на пример, за новогодишнобожиќните празници. Најголемо влијание има и начинот на живеење. Стресот многукратно ја влошува здравствената состојба на човекот, без разлика како се храни во тие неколку дена во годината.“

во деловите на Медитеранот каде што жителите се многу подолговечни во споредба со жителите од западната цивилизација. Медитеранската храна обезбедува внес на сложени јагленохидрати, витамини, минерали, омега 3 незаситени масни киселини. Со овој начин на исхрана се спречува настанувањето на хронични воспалителни дегенеративни промени. „Медитеранскиот начин на хранење не е никаков револуционерен моден тренд, ниту пак, нешто ново откриено во начинот на исхраната. Исхраната опфаќа рамнотежа на сите природни потребни хранливи материи. Тоа би значело секојдневно јадење житарки и нивни производи, тестенини или компир, редовно внесување мешункасти растенија, користење маслиново масло, домати или негов сос, овошје и зеленчук, најмалку еднаш неделно морска риба, консумирање обезмастено млеко, јогурт и млечни производи“, вели Данаилов и сугерира да се намали јадењето на месо, во просек до два пати неделно и да се консумираат најмногу до четири јајца неделно. Храната најдобро е да се внесува полека, со долго џвакање. По оброк препорачливо е одморање од 15 до 30 минути. „Треба секогаш да се потенцира и да се запамети дека без разлика дали срцето како мускул има сила за работа или не, на почетокот кога започнуваат оштетувањата и проблемите кои човекот не ги чувствува, а постојат, срцето ги задоволува потребите работејќи на своја штета. Значи, работи во корист на домаќинот, а на сопствена штета. Чувство на замор, немање сила, изнемоштеност, неволност и слично се првите симптоми на хроничен замор или почетна срцева слабост. Доколку не се дијагностицира проблемот и не се третира соодветно и навреме, доаѓа до трајно оштетување на срцевиот мускул. Еднаш оштетено срце само со соодветна терапија може да се одржува, но никогаш нема да се постигне неговата првобитна здрава состојба. Затоа, не се препорачува, туку е неопходно да се прават редовни и навремени прегледи за спречување на болеста, а да се избегне нејзиното лекување“, советува Данаилов.


Здравје Го охрабрува фактот што голем број од луѓето се свесни за тоа која исхрана е здрава и доколку се во можност, ја применуваат. С$ повеќе на македонските трпези се наоѓаат рибата и зеленчукот. „Нашиот народ е многу побогат во душа отколку во џебот, и тоа во повеќе од 80% од случаите нас не н$ спречува да си дозволиме по некое ‘мевце’ за време на празниците. И сиромаштијата, од една страна, прави да се храниме поздраво и барем малку да ја избегнеме болеста на XXI век. За жал, порано рибата беше по достапна за разлика од денес, кога истата станува с$ поскап производ. Верувам дека ако може, секој би ја вклучил во својата редовна исхрана за сметка на месото. Но, и ако користиме месо подготвено на здрав начин, не значи дека ќе добиеме маснотии во крвта и дека веднаш ќе се оштетат крвните садови, по што следува коронарографија или евентуално, стентови. Со навремени прегледи, редовни контроли и консултации, многу разговори со матичниот кардиолог ќе се придонесе за поздрава популација, многу повеќе отколку неколку дена диета за време на празниците“, советува Данаилов.

Здравата храна е најдобрата превенција

Доктор Ивановска, исто така, смета дека превенцијата е во

примената на здравиот начин на исхрана. Истиот вклучува избегнување на мрсната храна, храната богати со шеќери, а зголемено внесување витамини и минерали. „Нашиот народ знае во кои производи ги има истите. Тука се пред с$, овошјето и зеленчукот. С$ поголемиот број пациенти кои имаат проблеми со крвоносниот систем и дебелината се доволен показател за културата во однос на исхраната, но и луѓето се доволно информирани за нусефектите од неправилната исхрана. Мислам дека сме и на добар пат да се подобри оценката. Треба да се подигне свеста на народот преку едукативни содржини, кампањи, предавања по училиштата и на тој начин ќе успееме барем да ги намалиме последиците. Навиките се стекнуваат од мали нозе, па препорака до сите родители е правилно хигиено-диететско воспитување на своите деца“, порачува Ивановска. Во зима правилна исхрана препорачува и д-р Николов, односно консумација на разновидни прехранбени продукти, усогласување на енергетскиот внес со личните прехранбени потреби и со телесната активност. „Потребно е секојдневно да се консумираат производи богати со житарки, овошје, зеленчук (најдобро свежи), консумирање кртина, живина и риба. Редовно треба да

се отстранува видливата маснотија од месото, како и кожата од живината. Рибата треба да се јаде барем еднаш неделно. Шеќерот,солта и алкохолот да се консумираат умерено. Како резултат на современиот стресен начин на живот, честопати не внимаваме на исхраната и уживаме во брзата храна, која е висококалорична, со

помалку хранливи состојки (витамини, минерали) и резултира со вишок килограми и веќе познатите заболувања“, вели Николов.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ јануари 2013

Иванка Ивановска

лекар по општа практика

„Превенцијата е во примената на здравиот начин на исхрана. Истиот вклучува избегнување мрсна храна, храна богати со шеќери, а зголемено внесување витамини и минерали. Навиките се стекнуваат од мали нозе, па препорака до сите родители е правилно хигиенодиететско воспитување на своите деца.“

Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо бул. Маркс и Енгелс бр.7 зграда 1, влез 1 стан 32 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова Автор на прилогот: Силвана Жежова Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски Фотографија: Ивана Кузмановска Фотоархива на Капитал Маркетинг: Александра Стојменова www.kapital.mk

49


50

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Поблиску до зелен подалеку од амбул Хаосот во организмот настанува кога се прејадуваме со храна од различно потекло, а не внесуваме доволно вода, свежо овошје и зеленчук. Ензимскиот фактор во организмот не може благовремено да ја разгради храната и она што е нутритивно вредно да биде исползувано, а другото да се исфрли. Прв знак дека нешто не е во ред е бавниот метаболизам, односно нередовната столица Силвана Жежова

Б

silvana.zezova@kapital.mk

алансираниот начин на исхрана подразбира храна што ќе го снабди организмот со сите потребни хранливи материи, ќе му даде енергија, ќе го зголеми имунитетот и ќе придонесе за ослободување од сите штетни материи. Иако сме поднебје кое изобилува со овошје и зеленчук, и тоа по поволни цени, сепак,

не важиме за нација која во исхраната вклучува многу овошје и зеленчук. А исто така, не ги знаеме ниту правилата на нивна употреба. Според нутриционистите, Македонците главно се „сирењарски народ“, односно народ кој многу консумира млеко и млечни производи, особено сирење. По празниците, нутриционистите препорачуваат да се јаде храна која ќе му помогне на организмот да се детоксицира. А тоа подразбира денови кога ќе се јаде само овошје и зеленчук во неограничени количини, а исто така и ќе се пијат доста течности, па во зависност од интоксицираноста, да се зема и витамин Ц.


ните пазари, улантите Нутриционистите потврдуваат дека во јануари посебно е зголемен бројот на кардиоваскуларни и хипертензични напади. Тие велат дека тоа е резултат на зголеменото количество мрсна храна која се внесува за време на празниците. „Ние по природа сме гурмански народ. Сакаме мрсна и пржена храна, месо и млечни производи, кои ги консумираме во континуитет. Месото содржи многу натриум, нитрати и нитрити, а со внесување зголемени количества месо за 35% се зголемува ризикот од инфаркт. Мрсната и пржена храна ги нарушува липидите во организмот и го покачува крвниот притисок. Вишокот масти, холестеролот го оштетуваат метаболизмот и придонесуваат за зголемен притисок, дијабетес, кардиоваскуларни нарушувања, автоимуни заболувања, канцерогени состојби на дебелото црево и нарушување на работата на тироидната жлезда“, вели Тања Турунџиева од Вита диет клуб. Според нутриционистот Цвете Динева од ЦД диет клуб,

Здравје

Тања Турунџиева

Вита диет клуб

Термички необработените јаткасти плодови, односно непечените бадеми и лешници се многу корисни за намалување на лошиот холестерол. Од друга страна пак, ако се печени и солени, тие го зголемуваат холестеролот. консумирањето различна храна во исто време, неправилното мешање на храната и на пијалаците предизвикуваат болести. „Хаосот во организмот настанува кога се прејадуваме со храна од различно потекло, имаме дефицит на вода, свежо овошје и зеленчук. Ензимскиот фактор во нашиот организам не може благовремено да ја разгради храната и она што е нутритивно вредно да биде исползувано, а она другото да се исфрли. Прв знак дека нешто не е во ред е бавниот метаболизам, односно нередовната столица“, вели Динева. Таа потенцираше дека за Нова година, освен што јадеме разновидна храна во голема количина, јадеме и во ноќните часови,

„ и за свежиот зеленчук и овошјето, исто така, има правила на консумирање, кои ако не се почитуваат, ќе направат штета. Овошјето и водата кога се на гладно се невиден лек што го држи нашиот имунитет. истите тие на полн желудник доведуваат до скапување на храната, што може да предизвика проблеми.“

кога организмот е во фаза на асимилација, односно преработка на целата храна. Телото се збунува, бидејќи е предозирано и храната наместо во енергија, се претвора во токсини. Според неа, руската и француската салата воопшто не се салати, туку бомби. Организмот не може да ја поднесе таа мешавина. „Нема момент кога му дозволуваме на организмот да се ослободи од отровите. Се стопира мокрењето, а кога сме прејадени, тешко дишеме, што значи дека и тој чистач е доведен во прашање. Нема движење и доволно кислород, што значи се прави вистинска интоксикација“, вели Динева.

„При нарушени липиди, пожелен е вегетаријанскиот начин на исхрана, односно исхрана во којашто ќе се елиминираат животинските протеини. Потребно е наутро да се консумира цитрусно овошје (портокал, мандарина, грејпфрут), потоа јаболка, круша, калинка, мушмула. Од зеленчук препорачливи се целер, бела трупка, ротквици, кромид, лук, карфиол, брокула, келеб, дакион.“

Многу овошје и зеленчук за детоксикација По празничните денови нутриционистите советуваат задолжителна детоксикација на организмот, што подразбира денови кога ќе се јаде само овошје и зеленчук во неограничени количини. Ги препорачуваат и традиционалните манџи и чорби, но да бидат без месо и млечни производи. „При нарушени липиди, пожелен е вегетаријанскиот начин на исхрана, односно исхрана во којашто ќе се елиминираат животинските протеини. Потребно е наутро да се консумира цитрусно овошје (портокал, мандарина, грејпфрут),

51


52

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ потоа јаболкото, крушата, калинката, мушмулата. Од зеленчук препорачливо е целер, бела трупка, ротквици, кромид, лук, карфиол, брокула. При акутна состојба на нарушени липиди препорачливи се свежо цедените сокови, но не концентрирани, туку разредени со вода. Ако термички обработените јаткасти овошја, односно печени бадеми и лешници, го зголемуваат холестеролот, тогаш суровите, односно непечените го подобруваат холестеролот, посебно лошиот холестерол, кој ги затнува крвните садови“, објаснува Турунџиева. Во ваква состојба, според Турунџиева, не се препорачуваат напорни физички активности, за да не дојде до дополнително покачување на притисокот. Се препорачува пешачење, пливање, возење велосипед, скијање, планинарење, спортови во природа. „Сауната го детоксицира организмот, но оние со висок крвен притисок треба да го ограничат присуството за да не дојде до уште поголемо качување на притисокот. При физичките активности се елиминираат токсините и се обезмастува организмот.

Рачната антистрес масажа изведена од професионален физиотерапевт и лимфната дренажа го елиминираат вишокот токсини во организмот“, објаснува Турунџиева. Повеќе овошје и зеленчук за детоксикација препорачува и Динева. Утрото треба да започне со вода и овошје, кое се консумира до 13 часот. За ручек да се јаде посна манџа, како грав, леќа, боранија, зелка, ориз со многу свежа салата. Навечер се препорачува храна без сол, тиква, пуканки без сол, костен. „Еден ден да се издржи на свежо овошје, свеж зеленчук, јаткасти плодови и суво овошје. Тоа е исто како да сте примиле силна инфузија за детоксикација. Супите од зеленчук со исцеден ѓумбир и лимон се феноменален детксикатор. Задолжително да се консумираат и цедените лимони, а за оние кои се многу интоксицирани да пијат и Ц витамин како таков два до трипати дневно по 1.000 мг. Препорачлив е и расолот, ако не е премногу солен, бидејќи е полн со витамин Ц и има млечни киселини. Каков било чај со додавање лимон и ѓумбир е нешто што е повеќе од добредојдено. Препорачливо е и јаткастото

ЦвЕтЕ дИНЕвА

ЦД диет клуб

За детоксикација на организмот, потребно е да се издржи на свежо овошје, свеж зеленчук, јаткасти плодови и суво овошје. Тоа е исто како да сте примиле силна инфузија за детоксикација. Супите од зеленчук со исцеден ѓумбир и лимон се феноменален детоксикатор. овошје, чија количина за човек со нормална телесна тежина е 50 грама. Да се консумираат семките од тиква, сончолед, ленено семе. Ако во салата се додадат неколку семки, не мора да јадете ништо повеќе, се добива комплетен оброк“,

вели Динева. Лененото масло е многу добро за симнување на липидите, посебно во утринските часови на гладно. За лицата со покачен холестерол не се препорачува консумирање рибино масло.

БИзНИСмЕНИтЕ дЕНОт дА ГО зАПОчНАт СО вИСОкОЕНЕРГЕтСкА хРАНА

Н

утриционистите ги советуваат бизнисмените дека е потребен редовен режим на исхрана, кој вклучува три оброци дневно. Најчесто, нивниот динамичен живот ја исклучува храната до 17 часот, а дотогаш се консумираат само кафе, цигари без течности и најчесто, по 17 часот се јаде с$ и сешто, бидејќи паднал шеќерот во организмот. „Појадокот треба да биде со сезонско овошје, колку поразновидно, толку подобро. Ручекот треба да се состои од јаглехидрати и протеини во комбинација со салати, но никако да се мешаат. Вечерата пак, треба да биде умерена, да не се претерува. Може да биде некоја чорба, салата која ја немало за ручек или пак, да биде печена риба. Салатите да бидат зачинети со маслиново масло, лимон, магдонос, копар, оригано“, вели Турунџиева. Според неа, оние кои имаат континуиран стрес месото треба да го заменат со морска риба, која изобилува со омега 3 киселини. Наместо алкохол, да се пие црвено вино, кое се смета за еликсир. Турунџиева смета дека бизнисмените треба да научат да живеат со стресот и оттука, за разлика од порано, кога не се внимавало многу на исхраната или пак, се внимавало кога ќе настане некој здравствен проблем, денес повеќе се води сметка.

„Брзиот начин на живот, подложноста на стресни ситуации бараат да се внимава, бидејќи ако не сте здрав, не можете ниту да ги исполните работните ангажмани. Треба да се научи да се живее со стресот, бидејќи колку и да се внимава на исхраната, потребна е и физичка активност за да се елиминира. Освен редовноста во исхраната, важна е и физичката активност.“ Динева смета дека најважно е од с$ е почетокот на денот да биде високоенергетски, како ментално, така и физички. „Задолжително е свежо цеденото, како

и сувото и јаткастото овошје, пред с$ за организмот да го обезбеди телото со с$ што е потребно од аминокиселни, шеќери за енергии, витамини, минерали, ензими. Со таков старт позитивно се влијае на лачењето на хормоните и се влегува во добар физички статус. Ручекот во кафеана да биде сведен на свежа салата, некое парче квалитетно месо, но најмногу риба, печурки, пекарски компир. Црвеното вино е пијалак кој се смета и за лек. Кога патуваат, перлите омега 3 се потребни за работа на мозокот и чистење на крвта“, вели Динева.


54

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Пилатес, пешачење, џогинг, планинарање, односно повеќе време во природа, тоа е она што стручњаците го препорачуваат кога организмот треба да си дојде при себе, после пренатрупаноста со храна и физичката неактивност. Масажата, сауната, парната бања, џакузи само ќе го зголемат ефектот Силвана Жежова

У

silvana.zezova@kapital.mk

мерената физичка активност, масажите, сауната, парната бања се идеални за детоксикација на организмот. Заедно со правилниот начин на исхрана овие практики освен што ќе го исчистат организмот од токсините, ќе ги релаксираат мускулите и ќе ослободат од стрес.

Масажа и па за детоксика ослободувањ Пилатес, пешачење, џогинг, планинарање, односно повеќе време во природа, тоа е она што стручњаците го препорачуваат кога организмот треба да си дојде при себе, по пренатрупаноста со храна и физичката неактивност. Според инструкторката Ана Ковачиќ Цоковска, пилатесот ја смирува стресната состојба и вознемиреност и со тоа доведува до намалување на крвниот притисок, холестеролот и вишокот масти во крвта. Според неа, која било физичка активност, дури и пешачењето е добра за здравјето, без разлика за која болест станува збор. „Во секојдневниот живот секој од нас може многу да

направи во борбата против болестите и зачувувањето на здравјето. Правилата се многу едноставни, разновидна и квалитетна исхрана и редовна физичка активност. За да се сочува здравиот организам се препорачуваат трипати неделно пилатес-вежби, доколку времето не го дозволува тоа може да се вежба и двапати неделно. За видот на физичките активности с$ зависи од физичката спремност на човекот, но сепак би препорачала оптимална физичка активност“, вели Ковачиќ Цоковска. Според неа, пилатесот е ефикасен, а воедно лесен тренинг, кој нуди

можност да се зајакне и оформи телото, како и да се истегне и опушти. За кратко време можат да се поправат неправилностите во одржувањето и да се подигне свесноста за своето тело. Паралелно со вежбањето и исхраната има големо влијание и според Ковачиќ Цоковска, има некои основни правила кои треба да се почитуваат. „Внесување доволна количина вода, смалување на количината масти во исхраната (пожелно е да се ограничи внесување целулозни влакна во исхраната), смалување на количината сол и шеќер во исхраната. На многумина ќе им биде тешко


Здравје

арна бања ација и ње од стрес да ги прифатат и да се придржуваат на овие правила во секојдневниот живот. Наградата за нивниот труд е да имаат добро здравје, ја намалува опасноста од заболување и му овозможува на човекот да се чувствува среќен и задоволен“, порачува таа. Освен умерените физички вежби и правилната исхрана, организмот може да се детоксицира и преку масажи, сауна, парни бањи. Најголем ефект се постигнува преку сауната и парната бања, кои го потат организмот и на тој начин се исфрлуваат отровите. Но, треба да се напомене дека лицата со висок крвен притисок не треба да посетуваат

сауни и парни бањи или нивното присуство да го ограничат на минимум. Во однос на масажите, нема ограничување, нив може да

ги практикува секој. „Најбарани и најдобри се масажите за релаксација на духот и телото. Тие се добри и за луѓето

Наташа Кирјазовска

Асеана ројал спа

„Како масажи за детоксикација ги имаме рефлексологија на стапала, акопресурна масажа на стапала, таи, масажата шијатсу со топли вулкански камења. Зимската програма пак опфаќа аромотерапија и традиционална бања. Важно е да се напомене дека третманите ги прават Азијатки, кои се донесени од Индонезија, за автентично да ги пренесат нивните техники и методи на масирање, како и правење третмани за разубавување.“

со висок крвен притисок и оние кои имаат проблем со срцето. Препорачуваме масажа двапати неделно во комбинација со сауна, парна бања и џакузи со масажа. Луѓето полека ги сфаќаат бенефитите од спа и велнесуслугите и полека навиките за посета се менуваат. Целта е овие услуги од луксуз да преминат во рутина“, вели Јована Смилевска менаџер во велнес и спа-центар ДД Диор. Таа ги препорачува и поспецифичните масажи кои се наменети за отворање на т.н. чакри за ослободување и протекување на енергијата низ телото, потоа масажата пенлив сон која се изведува во парната бања, како и тибетска или индиска масажа кои се прават со специфични движења. „Преку масажите се подобрува крвотокот, циркулацијата, се опушта

55


56

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ телото и се влијае на елиминирање на стресот. Пенлив сон, на пример, е добра за релаксирање на мускулите како и за пилинг на кожата кој се прави со специјални средства за масажа. Парната бања е добра за дишните патишта, благотворно дејствува на кожата, а многу од нив и ги лечи. Добра е и за превенција од сезонски настинки и грип“, објаснува Смилевска и додава дека во ова динамично време кога се живее под стрес, најдобар начин за да се ослободите од него е да се побегне во спа или во велнес-центар каде што ќе се ослободат сетилата, а стресот ќе исчезне.

Какви масажи можете да добиете во Македонија?

Преку релаксацијата на телото, се стимулираат добрите хормони, се ослободува негативната енергија, се подобрува циркулацијата, смета Наташа Кирјазовска сопственичка на традиционалниот азиски спацентар Асеана ројал спа. Во овој спа-центар, кој е единствен во Македонија, се нудат голем број традиционални азиски масажи преку кои се постигнува баланс на телото и умот, но добар дел од нив се наменети токму за детоксикација на организмот. Важно е да се потенцира дека масажите ги изведуваат Азијатки кои се донесени од Индонезија и прават различни типови масажи, третмани за разубавување кои се типични за источната цивилизација. Од големиот број понуди, значителен дел заземаат и оние кои се за детоксикација на организмот. „Таков тип масажи се рефлексологија на стапала, акопресурна масажа на стапала, таи, масажата шијатсу со топли вулкански камења. Преку овие масажи се подобрува циркулацијата, се зголемуваат енергијата и имунитетот. Преку посебни техники на притисок, стречинг, масирање се прави лимфна дренажа која придонесува за ослободување на токсините и болките“, вели Кирјазовска. Има и посебни зимски програми за детоксикација кои исто така се препорачливи и многу барани во овој период. Истите вклучуваат концентрација на арома есенцијалните масла (оригано, лаванда) кои се ставаат во врела вода и дејствуваат при инхалација додека трае масажата.

u Пилатесот, пешачењето, пла

арењето, пливањето о и други умерени физички вежби се препорачлнин иви за детоксикација на как организмот при покачен холестерол, масти во крвта, висок притисок.

„Ароматерапијата е масажа со врело масло. Ароматичното масло содржи есенција од билки, а неговиот ароматичен ефект спречува, но и лечи болести. Делува стимулативно поради употребата на холистички масла, додека аромотерапевтската топлина и инхалацијата за време на третманот помага за целосна релаксација, подобрена циркулација и дава чувство на топлина по целото тело. Топлината и масажата преку лимфната дренажа и инхалација ги лечат главоболките. Традиционалната бања и купка се прави со тревки кои можат да бидат различни како лимон, ружа, приз и се многу добри за ослободување од стресот“, објаснува Кирјазовска. Друга програма којашто соодветствува на периодот за детоксикација е традиционалната бања која започнува во сауна и се завршува со масажа Целиот процес трае околу два ипол часа. Во рамките на овој третман вклучен е и пилингот со природни есенцијални масла. Според Кирјазовска, навиките кај нас веќе се менуваат во однос на користењето на овие услуги. Луѓето наместо да заминуваат во спа-центрите во соседството, ги користат услугите овде. А, с$ повеќе компании за

ија се постигнува преку сауната и парната бања, кои ин исфлување на отровите. на организмот и на тој нач а лицата со висок крвен дек не оме Но, треба да се нап сауни и парни бањи аат етув притисок не треба да пос ат на минимум. или нивното присуство да го огранич

u Најголем ефект за детоксикац предизвикуваат потење

тим-билдинг на вработените, мотивација, награди купуваат ваучери за користење на услугите од овој традиционален азиски спацентар. „Многу често, бизнисмените своите деловни партнери

ги носат на релаксација овде. Најчесто инсистираа тоа да го направат по ручек во кафеана, но по наша сугестија навиката ја променија па доаѓаат пред да заминат на деловен ручек“, додава Кирјазовска.


58

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ОТСТРАНУВАЊЕ НА КОЖНИ ИЗРАСТОЦИ Д-р Анета Петрушевска Кокалевска

Спец. Дерматолог Дерматолошко естетска ординација Д-р Анчевски

Секој кој има или имал некој кожен израсток си поставувал бројни прашања, како на пример: n Дали е тоа безбедно да се отстрани? n Како можам да бидам сигурен дека не е бенка? n Дали да посетам дерматолог или пластичен хирург? n Дали ќе ми остане лузна после отстранувањето? Повеќето од луѓето во минатото, па и сега, при израстоци на кожата се обраќале кај надрилекари, каде што кожните промени ги гореле или ги премачкувале со некоја течност, по која тие паѓале. Ако промената била бенка и не била препознаена во дадениот момент, таа по некое време и со лошо третирање ќе премине во малигнен карцином на кожата, меланом. Всушност, тоа е коренот на митот кој владее меѓу луѓето, дека не треба да се отстрануваат израстоците на кожата. КАКО Е НАЈБЕЗБЕДНО ДА СЕ ОТСТРАНАТ ИЗРАСТОЦИТЕ НА КОЖАТА? Кога ќе решиме да отстраниме некој израсток на кожата, најважно е прво да посетите дерматолог. Да се направи преглед, да се процени израстокот, да се анализира и фотодокументира со компјутерска дерматоскопија. На крај извадениот материјал се анализира под микроскоп, хистопатолошки. На овој начин се запазени сите критериуми за безбедност и вашето здравје не е загрозено. ДАЛИ ДА ПОСЕТАМ ДЕРМАТОЛОГ ИЛИ ПЛАСТИЧЕН ХИРУРГ? Израстоците на кожата не треба секогаш да се отстрануваат длабоко и потоа да се шијат со хируршки конец, тоа значи дека не ни е потребен пластичен хирург секогаш. Една од водечките технологии за отстранување на кожни израстоци е радиобранова технологија, која во последните неколку години зазема водечко место во корективната дерматологија. Со радиобрановата технологија се отстрануваат промени како: папиломи, себореични кератози, вирусни брадавици, враснати влакна и генитални брадавици. КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНААМ КОЖНИТЕ ИЗРАСТОЦИ? n Папиломите или во народот познати како диви мевца, обично растат на петелка, светли се по боја и се наоѓаат под пазуви, гради или препони, како и на други делови на трупот. СОВЕТ: При какви било кожни промени или израстоци на кожата, секогаш прво обратете се кај дерматолог, кој на најпрофесионален начин ќе се погрижи израстокот на кожата со најсоодветната техника да биде безбедно отстранет и без никакви последици по вашето здравје.

n Себореични кератози, сончеви или старечки кератози

наликуваат на брадавици, по боја се кафеави, меки се и лесно се ронат. Најчесто се лоцирани на лицето, скалпот кај мажите, вратот, но и на други делови од телото. n Генитални брадавици се меки брадавичести израстоци околу гениталната регија, и кај машките и кај женските генитални органи. Типично за нив е дека се шират и размножуваат, а одредени типови даваат ризик на генитален карцином и затоа се препорачува да се третираат. n Вирусните брадавици се најчесто лоцирани околу вратот, деколтето, под градите, но и на рацете и на нозете, односно табаните. Често на табаните не се препознаваат и се сфаќаат како жуљеви. Истите се шират и се спојуваат, а со тоа се отежнува процесот на отстранување. Поради нивното ширење и можноста за пренос на други лица, се препорачува да се отстранат навреме. КОЈ Е ПРОЦЕСОТ НА РАДИОБРАНОВА ТЕХНОЛОГИЈА? Радиобрановата технологија е постапка со која ткивото се отстранува или уништува со генерирање на топлина, со помош на енергија од радиобранови. Резултат од ова е во исто време сечење и коагулирање на ткивото, па затоа при оваа метода не е потребно да се употреби хируршки конец за да се затвори раната. Естетскиот резултат, степенот на болка и брзината на заздравување се многу подобри во однос на постарите методи, односно користење скалпел или силни хемикалии за уништување на одредени лезии. ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ЛУЗНА ПОСЛЕ ОТСРАНУВАЊЕТО? Бидејќи процесот на отстранување не е многу длабок, вообичаено не останува лузна на третираното место. Но, лицата кои се склони кон создавање келоиди или груби лузни имаат поголем ризик да им остане лузна, значи с$ зависи од природниот ген кој го носиме.


zdravje_2013  

zdravje_2013

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you