Page 1

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА КОМПАНИИ www.kapital.mk 03/10/2012 среда 03/10/20 01 0 12

ИНТЕРНЕТ&БАНКА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ БАРАЊАТА НА КОМПАНИИТЕ ПРЕТОЧЕНИ ВО НОВИ ПОНУДИ НА БАНКИТЕ И НА ОСИГУРИТЕЛИТЕ

АУТСОРСИНГОТ ЗЕМА ЗАМАВ

КОМПАНИИТЕ КОНЕЧНО РЕШИЈА ДА СЕ ПОСВЕТАТ НА ОСНОВНИОТ БИЗНИС! СЕ ДРУГО АУТСОРСИРААТ Ана Николовска-Ристовски

Петар Пета ар Неделковски

СО ПРОФЕСИОНАЛНА НАПЛАТА ДО ПОГОЛЕМА ЛИКВИДНОСТ

НАМ НАМЕСТО МЕСТО ЗА ЧЕТИРИ ЧАСА, ЧАС СА, ДОКУМЕНТОТ ГО ДОБИВАТЕ ДОБ БИВАТЕ ЗА 15 МИНУТИ

Главен оперативен директор на EOS Матрих Македонија

директор директо ор на Инбох


66

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА КОМПАНИИ

БРОЈ 675  03/10/2012 www.kapital.mk

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

А

ко порано бевме затрупани во купишта хартија и за да најдеме еден документ губевме по неколку часа, електронската архива што ја препуштивме на специјализирана компанија ни овозможува да ја добиеме потребната документација за неколку минути, коментира еден менаџер на голема компанија во земјава од текстилната индустрија кој сега е затрупан само во купишта текстил. Директор на фирма од прехранбената индустрија пак, вели дека дизајнот на производите, пакувањето и целата маркетингстратегија ја доверил на специјализирана агенција, со што неговите вработени целосно се посветиле на примарната дејност, односно производство на кондиторски производи. Новиот дизајн и агресивната промоција на производите кои за нив ги сработила агенцијата која ја ангажирале им донеле зголемена продажба од 10% само за една година. Освен тоа, транспортот на производите од погоните до пазарот, сметководството, наплатата на побарувањата с$ почесто домашните компании им ги препуштаат на специјализирани компании, со што тие добиваат премиум-услуги за помалку пари. Домашните компании наголемо го применуваат концептот на пренос на нестратешките дејности на надворешни фирми за да се концентрираат на развојот на нивната основна дејност, која им носи профит. Без разлика дали аутсорсингот се препознава или не од самите компании, него го има на сите функционални нивоа. Компаниите користат наједноставни аутсорсингуслуги како хигиенско-

АУТСОРСИНГОТ ЗЕМА ЗАМАВ

Компаниите ко к решија да се п на основниот СЕ ДРУГО АУТ

техничко одржување, книговодствени и правни услуги, па с$ до сложени функции како управување со кредитен ризик. Во време на општо штедење и контрола на трошоците, многу компании ја препуштаат

комплетната логистика на специјализирани логистички куќи. Со тој модел на работење компаниите добиваат интегрална услуга во сите логистички процеси од едно место. Доверувајќи го логистичкото работење на специјализираните куќи,

компаниите во потполност можат да се сконцентрираат на својата основна дејност, додека с$ што е поврзано со манипулацијата на стоката го препуштаат на аутсорсингот. На тој начин можат да ги инвестираат средствата во тековното работење наместо


конечно посветат бизнис! ТСОРСИРААТ

во товарни возила, градење и опремување складиштен простор, механизација... Модерните логистичари нудат цел спектар услуги од меѓународен транспорт за увоз и извоз, со сите видови превозни средства (патен, железнички, авионски,

поморски, речен) и царинско посредување на гранични премини, внатрешно-трговски консалтинг и пристанишни услуги, складирање и складишни манипулации со стоката во царински и во нецарински складишта со голем капацитет и

ладилници. Се проценува дека со аутсорсингот на складишното работење каде што се вршат сите манипулации со стоката, како и дополнителните услуги како етикетирање, комисионирање, сортирање и пакување на стоката се

отвора можност за заштеда и до 25% во однос на сопственото складиште. Освен тоа, користењето на услугите на палетна и пакетна дистрибуција, која функционира врз начелото на 24-часовна достава, може да се заштеди и до 20% во однос на сопствен возен парк со квалитетна услуга. “Порано транспортот на стоката го вршевме со сопствени камиони, но набрзо тоа се покажа како неисплатлива варијанта. Зошто? Кога праќаме производи за извоз до одредена земја камионот вози полн само во еден правец, а се враќа назад празен. Тоа е непотребен трошок. Кога ангажирате транспортна компанија да ја превезува стоката, го плаќате транспортот до дестинацијата, а притоа не ве интересира дали имало пратка за назад или не. Некогаш се случува да имаме потреба да закупиме само еден дел од камионот, така што си плаќаме само за тој простор. Од друга страна, транспортните компании гарантираат дека стоката што ја превезуваат ќе стигне безбедно и навреме до определената дестинација“, раскажува сопственикот на текстилната компанија Албатрос, Сашко Миладинов, за искуството со ангажирање транспортни компании за своите потреби. Миладинов ни објасни дека експерти од ИТ-областа ја уредуваат нивната интернет-страница за да може нивните клиенти од странство брзо и лесно да се снајдат пребарувајќи ја и истовремено да ги добијат сите податоци за компанијата. Миладинов вели дека вообичаено, пред секој поголем саем или меѓународно презентирање ангажираат маркетингагенција којашто ќе изработи квалитетни каталози и друг промотивен материјал во електронска форма, за да може нивните производи подобро да се промовираат пред потенцијалните клиенти. Генералниот директор на Европа, Савка Димитрова, вели дека с$ повеќе препуштаат дел од работите во рацете на надворешни компании. “Во нашата област особено е важно да имате добар дизајн и амбалажа на производите. За да можеме целосно да се фокусираме на

67


68

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА КОМПАНИИ

БРОЈ 675  03/10/2012 www.kapital.mk

квалитетот на производите, најчесто ангажираме компании однадвор да изработат добар дизајн. Тие ги следат светските трендови, ги испитуваат мислењата на повеќето потрошувачи и креираат соодветни решенија. Во делот на транспортот, исто така, направивме пресметки и одлучивме дека е поисплатливо да соработуваме со транспортни фирми. Во секој случај, имаме позитивно искуство и секаде каде што ќе утврдиме дека ќе заштедиме пари и време ќе практикуваме аутсорсинг-услуги“,

Домашните компании наголемо го применуваат концептот на пренос на нестратешките дејности на надворешни фирми за да се концентрираат на развојот на примарната дејност, која им носи профит. Се користат од наједноставни аутсорсинг-услуги како хигиенско-техничко одржување, книговодствени и правни услуги, па с$ до сложени функции како што е управување со кредитен ризик! коментира Димитрова. Компанијата Витаминка, иако настојува поголем дел од работењето да го има под

своја контрола, сепак, кога се работи за маркетинг-услугите, практикува да ангажира професионални агенции.

“Во делот на маректингот апсолутно е битно да имате експерти што ќе се грижат за добрата


69 промоција на компанијата и на производите. Склучувате договор со некоја агенција и таму точно е наведено какви ефекти сакате да постигнете. Ние имаме сосема позитивно искуство во тој дел и затоа, сметам дека тоа е подобра варијанта отколку самите да работите нешто што, сепак, не е примарна дејност на компанијата“, изјави Владимир Трпаноски, менаџер во Витаминка.

Аутсорсингот ја зголемува продуктивноста

Економистите коментираат дека освен тоа што аутсорсингот заштедува пари и време, ја зголемува и продуктивноста на компаниите. Препознавајќи ја зголемената потреба на компаниите од специјализирани услуги, на пазарот во последно време се појавија многу компании што нудат аутсорсинг-услуги. “Аутсорсингот не е секогаш прашање на пониски трошоци, туку на зголемување на ефикасноста и на ефективноста. Можеби дома ќе направите цртеж, домашно видео или неколку слики и ќе си ги наречете реклама. Ќе бидете горди на сработеното и на тоа колку пари сте заштедиле. Но, дали вашата реклама ќе ја оствари целта заради која е создадена? Дали и тие 10 минути време и 10 денари пари потрошени во создавањето на рекламата имале економска смисла? Тоа ќе го дознаете малку подоцна кога ќе се обидете да продадете, а пазарната економија брзо ќе ви одговори”, велат од EOS Matrix во Македонија, компанија којашто на македонскиот пазар, меѓу другото, нуди услуги на cаll центар за неколку македонски банки. Операторите во cаll центарот се јавуваат во име на банката да ги потсетат за заостанатите обврски. “За успешна и брза наплата, неопходно е да се воспостави систем. Градењето систем и спроведувањето систематски постапки за наплата бара знаење, соодветна технологија и обучен кадар, односно бара средства, а нивната набавка генерира трошоци. Овие трошоци компанијата, секако, ќе мора да ги покрие независно дали и колку е успешна во наплатата. Во случај на отстапување на наплатата, компанијата нема никакви

ЗОШТО МЕНАЏЕРИТЕ ОДЛУЧУВААТ ДА КОРИСТАТ АУТСОРСИНГ? 0%

20%

40%

60%

80%

Заштеда на трошоци Професионалност на услугите/квалитет Флексибилност Фокус на основната дејност Пристап до експерти од висок калибар Префрлање на ризикот Недостаток на експертиза внатре во фирмата Извор: Извештај на Роланд Бергер

авансни трошоци, а цената на услугата директно зависи од успехот во наплатата, бидејќи се пресметува како процент од наплатеното во одреден временски период. Покрај директниот импакт на кратењето на трошоците за наплата, со ангажирање на ЕОЅ како професионална компанија која секогаш обезбедува повисока и побрза наплата од таа што компанијата самостојно може да ја постигне, се постигнува и индиректно оптимизирање на процесите во компанијата“, вели оперативниот директор на EOS, Ана Николовска. Таа вели дека клиенти на ЕОЅ се компании кои одлучиле да имаат организиран пристап во наплатата на сопствените побарувања со цел да обезбедат нивно благовремено сервисирање, а истовремено да не избегаат од нивната примарна дејност. Банките, телекомкомпаниите и другите видови компании што работат со многу корисници се најголеми клиенти на ЕОЅ. Тие комплетно или во најголем дел од задоцнетите побарувања ги доверуваат за наплата. Покрај нив, голем интерес за наплата на побарувањата имало и од компании од реалниот сектор кои продаваат на домашниот или на странскиот пазар и имаат побарувања по тој основ. Во последно време с$ попопуларно, особено кај големите компании, е електронското архивирање на документите, што како услуга го нудат неколку компании на домашниот

НАЈЧЕСТА ПРИМЕНА НА АУТСОРСИНГ УСЛУГИ

Извор: Извештај на Роланд Бергер

НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ ПРИ АУТСОРСИНГ

Извор: Извештај на Роланд Бергер


70

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА КОМПАНИИ

БРОЈ 675  03/10/2012 www.kapital.mk

пазар. Генерално, тие ги растоваруваат корисниците од управување со документацијата, а истовремено добиваат брз и навремен пристап до кој било документ. Во практика, ако една компанија просечно троши четири часа во барање документ, со користењето на нашите услуги го добива во рок од 15 минути“, вели Петар Неделковски, директор на компанијата Inbox. Компаниите што се занимаваат со аутсорсинг-услуги велат дека стратешкото однесување на домашните компании се менува. Меѓутоа, признаваат дека полесно се воспоставува соработка со домашни

Зошто аутсорсинг?

 НАМАЛУВАЊЕ ТРОШОЦИ – наместо да имате вработени кои ефективно работат помалку од една недела во месецот и за тоа добиваат цела плата, добијте ја истата услуга од некоја друга компанија за многу помалку пари;  ФОКУСИРАЊЕ НА ПРВИЧНАТА БИЗНИСЗАМИСЛА – дозволете си време за да се посветите на првичната бизнисидеја и на нејзината реализација и пренесете ги сите сервиси што не се значајни за нејзиното извршување на третата странка;  ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ – остварувањето одредена функција ќе биде подобро кога е направено од фирма специјализирана за таа намена наместо од ваш вработен. Дополнително, во времето кога имате поголем обем на работа и вашето нормално производство е на максимално ниво ќе го задржите квалитетот само доколку го распределите товарот;  ПРИСТАП ДО ЗНАЕЊЕ – директно поврзување со луѓе со конкретно

компании чии менаџери имаат интернационално искуство и со странските компании присутни во земјава.

потребното знаење, кои имаат работно искуство во таа област. Овие професионалци се тука за да ви помогнат;  ДОГОВОР – давањето на услугите е регулирано со договор, со кој се наведени правните и финансиските обврски на двете страни. Бидејќи се обврзани, работата мора да се изврши во согласност со пропишаните услови. При вршењето на работата во вашата фирма се случува задолжениот за тоа да не успее да ја заврши работата, бидејќи не е доволно мотивиран или стимулиран за тоа;  ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРОМЕНА – кога би требало да креирате работна позиција за извршување на конкретната услуга, ќе треба да отворите работно место, да го вработите и да го обучите. Со тоа сте изгубиле драгоцено време и сте го забавиле нормалниот процес на работа. Додека пак, во случајот на аутсорсинг-компанија, од моментот на склучувањето на договорот работата почнува да тече.

С$ повеќе се “купуваат“ несуштинските дејности Заговорниците на аутсорсингот сметаат дека компаниите не само што ги избегнуваат слабостите на сопствените непроизводни служби и заштедуваат, туку тие со примената на аутсорсинг-услугите се пофлексибилни на пазарни промени. Така менаџерите кои имаат можност јасно во договорот да дефинираат какви услуги сакаат да добијат, со каков стандард и во голема мера, да ги измерат резултатите од сработеното на фирмите кои ги ангажирале, истиот подоцна многу лесно можат и да го раскинат. Се проценува дека аутсорсинг-пазарот во Германија надминува 15 милијарди евра, што претставува еден од најбрзорастечките делови од индустријата со просечен годишен раст од 10%. Германските компании с$ повеќе користат аутсорсингуслуги во земјите од регионот. Според одредени проценки, околу 30% од аутсорсинг-услугите кои ги користат германските компании се извршуваат на Балканот. Според истражувањето на американската консултантска компанија Толонс, најпознатите аутсорсингдестинации се Шангај, Буенос Аирес, Каиро, Пекинг, Сан Пауло, Калкута, а меѓу нив се најде и Краков, како

единствен европски град. Најбарани аутсорсингуслуги биле изработка на софтвер, бизнис-анализи и испитувања, управување со човечки ресурси, мултинационални контактцентри, книговодствени услуги и јазични бироа. Меѓу корисниците на овие аутсорсинг-услуги се ИБМ, Конверџис, Генпакт, Филип Морис интернешнал и други мултинационални компании.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ октомври 2012 Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо ул. Димитрие Туцовиќ бр 20, 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова Автори на прилогот: Верица Јорданова Дејан Азески Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски Фотографија: Фотоархива на Капитал Маркетинг: Александра Стојменова www.kapital.mk


72

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА КОМПАНИИ

АНА НИКОЛОВСКА-РИСТОВСКИ Главен оперативен директор на EOS Матрих Македонија

БРОЈ 675  03/10/2012 www.kapital.mk

К

ако компанија специјализирана за наплата на побарувања, објаснете ни колку е значајна таа за работењето на една фирма, особено во услови на криза? Наплатата на побарувањата ја обезбедува тековната ликвидност на компаниите. Ако компанијата не си ги наплати побарувањата, тогаш ќе нема средства да ги финансира тековните деловни операции и со тоа ќе го загрози и сопственото егзистирање. Во услови на криза, кога ликвидноста претставува скапоцено добро, наплатата на побарувањата добива уште повеќе на значење. Тогаш, само ако компанијата воспостави систем на активности кој ќе обезбеди активен однос кон нејзините побарувања, односно систем на активности за наплата, може да очекува и нивно наплаќање. Во спротивно, проблемот со наплатата ќе биде неминовен.  Што значи да се има активен однос кон сопствените побарувања? Активен однос кон сопствените побарувања, независно дали се од земјата или од странство, значи градење систематски постапки во процесот на нивна наплата уште од првиот момент на нивното влегување во задоцнување заради обезбедување континуитет и конзистентност во контактите со должниците, што претставува начин долгот да се издигне на повисоко ниво на нивен приоритет. Без активен однос кон побарувањата, прашање е кога ќе се даде приоритет на долгот од страна на должникот за негово плаќање и со тоа неизвесно е времето на неговото сервисирање. Ние, како компанија специјализирана за наплата

„Со професионал до поголема лик со долгогодишно искуство, создаваме различни системи за наплата за своите клиенти, прилагодени на специфичностите на нивните различни портфолија од побарувања, што гарантира професионално третирање на должниците на потребното ниво на активен однос. Потребното ниво е релативна категорија, но нашата практика и искуство во најголема мера ни помагаат во неговото дефинирање. Така ја надминуваме опасноста од претерано “настојчиво“ контактирање на должниците, што може да доведе до контраефекти.  За кои компании аутсорсирањето на наплатата на побарувања е подобра опција отколку самите да го прават тоа? Кога станува збор за наплата на побарувања на домашниот пазар, компаниите кои имаат мал број месечни побарувања, самостојно може да си ги наплаќаат без некој посебен организиран пристап. Меѓутоа, потребно е секоја компанија со значаен број месечни побарувања да изгради систем за наплата. Градењето систем и спроведувањето организирани постапки за наплата бара знаење, соодветна технологија и обучен кадар. Кога трошоците што компанијата би ги имала за организирање и спроведување систем за наплата станат повисоки од провизијата што би требало ја плати на надворешна компанија за таа услуга, тогаш нема дилема која е подобра опција. Ако бројот на месечни побарувања

влијаат на одлуката дали компанијата да организира внатрешен систем за наплата или истиот да го отстапи на надворешна куќа, во меѓународната наплата тоа не игра улога. За меѓународна наплата на побарувањата секогаш е подобро да се ангажира надворешна професионална компанија со развиена мрежа на свои филијали и партнерски канцеларии за наплата во различни земји. На тој начин, секоја страна од должничко-доверителскиот однос комуницира со локален партнер, при што комуникацијата се олеснува, а наплатата забрзува. При изборот на надворешна компанија за наплата, треба се води сметка за реномето и искуството што таа го поседува. Изборот никако не смее да го решава само

прашањето на кратење на трошоците, туку мора да биде оправдан и со зачувување на добрите деловни односи на компанијата со сопствените комитенти. Избраната надворешна компанија за наплата треба да ги има истите вредности, како и да ги применува добрите деловни практики, како и и самата компанија која решила да и ја довери наплатата. Само во тој случај, одлуката за отстапување на наплатата ќе биде комплетно оправдана.  Дали физички лица може да побараат услуга од EOS доколку имаат проблем со наплатата на некоја услуга од компанија, државна институција и сл. или пак, побарување по некој друг основ (исплаќање отштета и сл.)?


73

лна наплата квидност“ При изборот на надворешна компанија за наплата треба се води сметка за реномето и за искуството што го поседува. Изборот никако не смее да го решава само прашањето на кратење на трошоците, туку мора да биде оправдан и со зачувување на добрите деловни односи на компанијата со сопствените комитенти. Избраната надворешна компанија за наплата треба да ги има истите вредности, како и да ги применува добрите деловни практики како и самата компанија која решила да & ја довери наплатата Физичките лица може да побараат услуга од ЕОЅ доколку имаат проблем со наплата на правно основано побарување.  Со оглед на тоа дека EOS е меѓународна компанија, каква е можноста македонски компании да ја ангажираат при наплатата на свои побарувања од странски земји? ЕОЅ е меѓународна компанија со развиена мрежа сопствени филијали и партнерски канцеларии во многу земји во светот кои работат на иста софтверска платформа и по исти стандарди и вредности, и многу тесно соработуваат кога станува збор за меѓународна наплата на побарувања. Сите македонски компании кои имаат проблем со наплата на побарувањата при извозни активности советуваме да се јават во локалната канцеларија на ЕОЅ во Македонија. Условите на соработката ги договараат локално. Потоа, ЕОЅ Матрих во соработка со релевантна сестринска или партнерска компанија ја спроведува наплатата, при што должникот е контактиран од ЕОЅ или партнерска компанија со домицил како и самиот должник. На тој начин се надминуваат сите економски и културни бариери во комуникацијата,

се решаваат евентуалните спорови и конечно, се забрзува наплатата.  Каков е трендот на ангажирање надворешна фирма за наплата во земјите на западна и источна Европа, споредено со праксата во Македонија? Праксите во Западна и Источна Европа во врска со отстапувањето на наплатата на побарувањата на надворешни професионални компании покажуваат зголемувачки тренд. Во Западна Европа, 60,9% од анкетираните компании се потпираат на поддршката од надворешни компании за наплата, во споредба со 46,2% во Источна Европа. Но, источно-европските компании с$ повеќе ги користат овие услуги споредено по години – такашто ако во 2011 овој процент бил 42,6%, во 2012 истиот пораснал на 46,2%. Овој тренд го забележуваме и во Македонија. Од ден на ден, ЕОЅ Матрих ужива доверба кај с$ поголем број клиенти. Компаниите с$ повеќе се одлучуваат за професионален однос и третман на нивните побарувања, и истиот го отстапуваат на ЕОЅ Матрих, бидејќи ЕОЅ истовремено гарантира квантитет и квалитет во реализацијата на услугата.


74

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА КОМПАНИИ

БРОЈ 675  03/10/2012 www.kapital.mk

Банките оваа есен се фокусирани на креирање нови кредитни линии специјално за бизнис-секторот. Повеќето од нив склучија договори со меѓународни кредитори како Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Светската банка за користење на поволни заеми што ќе ги пласираат кај компаниите Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

С

ледејќи ги потребите на бизнисот, банките, осигурителните компании, телекомуникациските оператори понудија нови услуги за своите клиенти, со цел да ги задоволат и нивните најспецифични барања. Банките оваа есен се фокусирани на креирање нови кредитни линии специјално за бизнис-секторот, па повеќето од нив склучија договори со меѓународни кредитори како Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Светската банка за користење на поволни заеми што ќе ги пласираат кај компаниите. Прокредит банка недоамна промовираше нов кредит наменет за инвестиции во органско производство. За сите органски производители на располагање е кредитот со повластени услови, со цел да се стимулира оваа гранка која има висок потенцијал за развој. Кредитот е денарски, што на клиентите им овозможува да го избегнат ризикот од курсни разлики, може да се користи не само за примарно органско

Барањата на компаниите преточени во нови понуди на банките и на осигурителите земјоделско производство, туку и за преработка на органски производи или откуп и трговија со органски производи, според сертифицирани стандарди за органско производство. Износите на кредитот се движат до 15 милиони денари, а каматата изнесува 7%. Од банката велат дека ги намалиле каматите и за кредитите з а еко кр едитите, со цел да се стимулираат ваквите инвестиции. „Отсега претпријатијата ќе можат да инвестираат во проекти со кои се заштедува енергија, се зголемува енергетската ефикасност и се редуцира емисијата на јаглер оден диоксид по нови повластени услови на ЕКО кредититите. Каматната стапка е фиксна 6,85% за износи над 300.000 евра и 7% фиксна каматна стапка за инвестиции помали од 300.000 евра. Рокот на отплата на кредитот е до 84 месеци“, објаснуваат од Прокредит. Охридска банка пак, наскоро планира да воведе краткоро ч е н р е в о л в и н г к р ед и т. Станува збор за специјално дизајниран производ кој е наменет за компаниите кои имаат краткорочна потреба од дополнителни обртни средства

и подобрување на тековната ликвидност. Охридска банка нуди и кредити во соработка со ЕБОР, ИФЦ и ЕИБ за обртен капитал, но и инвестициски заеми со повластени каматни стапки. Комерцијална банка, освен тоа што се вклучи во програмата за финансирање на мали и средни фирми со линијата од ЕИБ од 100 милиони евра, поголем дел од својата нова понуда ја фокусира за граѓаните. „Со цел да се приближиме кон помладата популација од населението градејќи ја долгор очната опр еделба со нив, воведен е Пакет за млади. Пакетот за студенти и постдипломци е наменет за студенти и постдипломци од 18 до 25 години, кои с$ уште се невработени. Пакетот се состои од три задолжителни производи: трансакциска тековна сметка, дебитна картичка Maestro или Visa Electron и увид и плаќање преку интернет-банка со листа на кодови. Пакетот содржи и бесплатна трансакциска тековна сметка, VISA Study & go картичка којашто официјално с$ уште не е промовирана“, велат од Комерцијална. Од банката велат дека поради општата економска ситуа-

Бизнис понуда на телекомите

Телекомуникациските оператори пак, не откриваат какви пакети ќе понудат оваа есен за бизнис-корисниците, меѓутоа, велат дека компаниите имаат привилегиран третман кај нив. „За бизнис-корисниците не е доволно само да им дадете ниски цени за национални разговори. Ние разбираме дека може да го придобиеме и задржиме бизнис-сегментот единствено ако испорачаме комплетна понуда на одлични цени за разговори, пораки и Интернет во Македонија, кон странство и во роаминг. Освен тоа, потребно е да понудите повеќе отколку само тарифи – бизнис-корисниците очекуваат најнови телефони под поволни услови; премиум услуга од страна на продажните агенти и Центарот за грижа за корисници и иновативни услуги кои заштедуваат време и ја зголемуваат продуктивноста. Нашите корисници ќе добијат подобар квалитет на говорни услуги, далеку побрз Интернет и подобро покривање во затворени простории“, велат од Вип оператор.

ција и намаленото ниво на потрошувачка на населението, овозможија плаќање на 3, 6 или 12 рати со дебитни картички без камата за клиентот. Во доменот на кредитирање на население понудени се неколку нови можности кај наменските и ненаменските кредити. Овозможено е користење на станбен кредит и хипотекарен ненаменски кредит со евроклаузула, кој е наменет исклучиво за прифатливи клиенти кои ја примаат платата преку трансакциска сметка во банката, со поволна променлива каматна стапка од 6,85% годишно за станбениот кредит, односно 7,5% годишно за хипотекарниот ненаменски кредит, и рокови на отплата до 30 години за станбениот кредит и до 18 години за хипотекарниот ненаменски кредит. Осигурителните компании исто така се фокусирани на своите бизнис-клиенти и нудат специјални пакети коишто ќе ги опфатат сите можни ризици со кои се соочуваат компаниите. „Она што е најактуелно во моментов е осигурувањето од професионална одговорност. Овој тип осиг урување го штити клиентот од штетите кои може да ги нанесе на трето лице при извршување на својата професионална дејност, поради пропуст или грешка. Осигурувањето од професионална одговорност веќе стана законски задолжително за голем дел професии, а оваа листа сигурно уште ќе се проширува, по пример на развиените општества каде што речиси секој вработен, независно од фелата мора да биде осигуран од професионална одговорност. Токму затоа, но и поради фактот што Винер е една од малкуте компании кои го нудат осигурувањето од професионална одговорност како продукт, ова осигурување е мошне актуелно и барано“, велат од Винер осигурување.


75

ИНТЕРВЈУ

ПЕТАР НЕДЕЛКОВСКИ директор на Инбох

Наместо за четири часа, документот го добивате за 15 минути “Позитивно сме изненадени од брзината со која менаџерите на македонските компании ги препознаа придобивките од користењето на нашите услуги и н$ наградија со нивната доверба“, вели првиот човек на Инбох, компанија која нуди комплетна услуга за архивирање и менаџирање документи

Д

али сметате дека аутсорсингот на услугите е важен за развојот на една компанија и за оптимизирање на процесите? Развојот на секоја компанија се базира на два главни фактори: развојот на индустријата во која делува компанијата и позиционирањето на компанијата наспроти конкуренцијата. Ау тсор сингот о б езб еду в а поддршка и за двата фактори. Од една страна, овозможува креирање на нови решенија во рамките на индустријата во која делува компанијата и со тоа овозможува побрз раст на целата индустрија, а од друга страна, компанијата стекнува конкурентна предност фокусирајќи се на својата основна дејност, а за оптимизацијата на процесите се грижат надворешните аутсорсингексперти, чија главна дејност е токму тоа.  Како го оптимизираат работењето на компаниите услугите на Инбох? Услугите за физичко и електронско архивирање на Инбох о в оз м ож у в аат ко м п л етн о решение за управување со деловната документација. Корисниците на нашите услуги комплетно се растоварени

од управувањето со документацијата, а во исто време добиваат брз и навремен пристап до кој било документ. Во попрактична смисла, ако една компанија просечно троши четири часа во барање документ, со користењето на нашите услуги го добива во рок од 15 минути.  Каков е интересот на компаниите во Македонија за користење на услугите кои ги нудите? Иако Инбох е доста млада компанија која постои нешто помалку од две години, за тој

милиони документи, а до крајот на годината со реализација на склучените договори во нашата архива ќе се чуваат повеќе од 60 милиони документи. Највисоките светски стандарди кои се имплементирани во нашето секојдневно работење ги импресионираат сите наши клиенти и потенцијални партнери. Позитивните реакции почнуваат од моментот кога за прв пат ќе се сретнат со можноста за аутсорсинг на документарното работење и продолжуваат со начинот на кој е организирано нашето работење и технолошките иновации кои се имплементирани во Инбох. Она на што сме особено горди се позитивните реакции што ги добиваме откако клиентот ќе почне да ги користи нашите услуги и ќе се увери во висок-

Во овој момент во архивата на Инбох се чуваат повеќе од 25 милиони документи, а до крајот на годината со реализација на склучените договори во нашата архива ќе се чуваат повеќе од 60 милиони документи. период успеавме да го стекнеме и пренесеме знаењето од светската архивска организација и да го имплементираме во голем број на македонски компании. Позитивно сме изненадени од брзината со која менаџерите на македонски компании ги препознаа придобивките од користењето на нашите услуги и не наградија со нивната доверба. Само како дополнителен податок, во овој момент во архивата на Инбох се чуваат повеќе од 25

ото ниво на посветеност и организираност.  Кои компании, реално, имаат најголема потреба од услугите на Инбох? Нашите клиенти се компании кои рангираат од неколку вработени и само десетина регистратори со документација до големи корпорации со неколку десетици илјади регистратори. Нашите услуги се дизајнирани за да им овозможат и на најмалите компании оле сн у в ањ е в о

работењето преку знаењето кое им го пренесуваме, па с$ до големите компании, каде што придонесуваме за зголемување на ефикасноста во работењето и безбедноста на документацијата.  Како компанија, Инбох нуди аутсорсинг-услуга за други компании, но дали Вие користите аутсорсинг и кои се бенефитите од тоа? Аутсорсингот е составен дел и од нашето секојдневно работење, бидејќи само на тој начин можеме да го постигнеме врвното ниво на ефикасност кое ни овозможува брз раст и ни обезбедува деловен континуитет. Нашите аутсорсингпартнери ни овозможуваат брз прис тап до знаењ е и ресурси, што ни обезбедува комплетен фокус на нашата основна дејност. Ефикасноста и заштедите кои ги постигнуваме со користење аутсорсинг веднаш ги пренесуваме на нашите клиенти. Дел од активностите коишто ги аутсорсираме се професионална служба за чистење, професионален тим за безбедност, сметководствени, финансиски, правни и маркетингуслуги. Придобивките од овој начин на функционирање се од една страна, преку намалување на трошоците, а од друга страна, преку брз пристап до експертиза и знаење од областите кои не се наша основна дејност. Само така го постигнуваме врвното ниво на ефикасност, од кое најголема придобивка имаат нашите клиенти.


76

PR

„Не опстанува најсилниот од видовите ниту, пак, најинтелигентниот, туку оној што најдобро ќе се прилагоди на промените.“ Leon C. Megginson

К

ористењето на Интернет б а н к а р с т в о т о в е ќе одамна не е прашање на моден тренд, имиџ или на престиж туку неопходност за една компанија да биде успешна. Во продолжение ќе ве запознаеме со можностите и новите услуги на Интернет банката за правни лица на Комерцијална банка, с$ со цел да ги претставиме можните начини за намалување на трошоците на компаниите, забрзување и оптимизирање на деловните процеси во секоја компанија, како и можностите за намалување на времето на ангажираност на работната сила за секојдневно користење на услугите на Банката.

Интернет банка за правни лица – намалување на трошоците за банкарски услуги

Еден од начините да се намалат расходите е да се намалат тр о ш о ц ите з а б ан кар ски услуги за секоја компанија. На сликата е даден графички приказ на процентуалната заштеда остварена со намалените провизии за налозите во домашниот платен промет проследени преку Интернет банката споредено со провизиите за вредносни налози доставени на шалтер. Како што може да се види од графикот, во зависност од износот и видот на налогот, намалувањата на трошоците на компанијата по основ на надоместоци за платниот промет во земјата се движат од 60% до 65% доколку истата ги користи услугите на Интернет банка на Комерцијална банка. Интернет банката на Комерцијална банка, е целосно прилагодена на потребите на компаниите. Дадената можност во најголем дел да се

Интернет банка на Комерцијална банка AД Скопје

п р е с л и каат п о с то е ч ки от работен тек и политиката на секоја компанија за потпишување хартиени налози од платниот промет во земјата и платниот промет со странство е вистинско рационализирање и олеснување на секојдневното работење. Компанијата и нејзиниот партнер можат да се наоѓаат на различни страни од светот а непречено да ги вршат плаќањата и да ги потпишуваат налозите во согласност со однапред договорената политика на потпишување. За поголема ефикасност на работните процеси, Интернет банката нуди брза и едноставна интеграција со информатичкиот с и с т е м (к н и г о в о д с т в е н и апликации, најразлични ERP системи – Enterprise resource planning) на компаниите, по пат на извезување (export) и увезувaње (import) на податоците од и во информатичкиот систем. Тоа се врши со размена на

п о д ато ч н и д о к ум е н т и в о однапред пропишани формати чии технички детали за имплементација се јавно објавени на сајтот на Интернет банката на Комерција лна банка. Со едно кликнување во апликацијата можат да се извезуваат инструкциите за плаќање во странство или во земјата и истите да се вчитуваат во Интернет банката. Наредниот ден со преземањето на изводот на компаниската с метка, ставките од изводот можат автоматски да се синхронизираат со книговодството на секоја компанија. Дополнително, за изводите на сметките во домашниот платен промет на располагање е и можноста за директно поврзување на апликациите кои ги поседува компанијата со веб-сервисите на Интернет банката. В о текот н а 2012 год и н а Комерцијална банка отпочна

„Кликни, скокни го редот и заштеди“ Во добри и во тешки времиња, моќта да создадете повеќе со помалку секогаш ќе биде на дофат на вашите прсти. Интернет банката е посигурна и поефикасна алтернатива на повеќето услуги кои традиционално се вршат на шалтерите на банките и истата ја користат повеќе од 68 илјади корисници. Во моментот 46% од безготовинскиот платен промет во земјата, во поглед на вкупниот износ на плаќања, поминува преку Интернет банката или, со други зборови, наскоро секој втор денар ќе поминува низ Интернет банката. Независно дали истата се користи од физичко или од правно лице, Интернет банката нуди

можности за заштеда на голем дел од нашето скапоцено време и пари. Со неколку кликнувања, удобно сместени во домовите и канцелариите, можеме да ги платиме сметките, да извршиме трансфер на друга сметка, да ја надополниме платежната картичка или да извршиме купопродажба на странски платежни средства. На крајот, но не помалку значајно, речиси миговно сме информирани за сите позначајни случувања поврзани за нашата платежна картичка или девизна сметка по пат на SMS или електронска пошта.

со понуда на нови интернет услуги. Доколку на компаниите им е потребна купопродажба на странски платежни средства согласно на потребите, веќе нема ограничувања, како, на пример, со поволните курсеви кои треба да ги договарате телефонски со дилерите на Банката. Доколку се наоѓате во друга земја, лаптопот, интернетпристапот и сигурносниот USB токен се доволни за во реално време да се договори поволниот курс со дилерите на Комерцијална банка и така да се избегнат трошоците за роаминг мобилните услуги. Со цел да им се овозможи подобра контрола над трошењето на средствата на компаниите, Интернет банката во месец јуни оваа година стартуваше со нова услуга за увид и промена на дневните и месечните лимити за деловни платежни картички, со која се овозможува во секој миг, согласно на потребите на компаниите, да се менуваат лимитите за трошење на деловните платежни картички издадени на вработените. Со почетокот на 2012 година Комерцијална банка отпочна со електронско издавање на гаранции со цел на своите корисници да им го олесни учеството во јавните набавки и користењето на електронскиот систем за јавни набавки. Постоечките услуги за известување по пат на електронска пошта, кои веќе подолго време функционираат во делот на известувањата за одливи и приливи во платниот промет со странство, во најскоро време ќе бидат надградени со можноста за проследување изводи за сметките во домашниот платен промет. За повеќе информации за услугите и новините поврзани за користењето на Интернет банката и другите алтернативни канали, посетете ги следните линкови: https://www.banka.com.mk http://www.kb.com.mk


proizvodi_i_uslugi_-_prilog  

proizvodi_i_uslugi_-_prilog

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you