Issuu on Google+

финансирање на компании и бизнис консалтинг www.kapital.mk петок 17/05/2013

Kapital” gi analizira efeKtite od zaostrenite uslovi za Kreditirawe!

Mnogu pari, MalKu Krediti intervju: Maja anteska najMo]en faKtor za transforMacija na biznisot e proMenata

ohridsKa banKa i ebor ]e Kofinansiraat MaKedonsKi KoMpanii


54

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

„Капитал“ ги анализира ефектите од заострените

Многу пари, малку Наместо финансиската индустрија да биде предводник на економската ренесанса во земјава, банкарскиот сектор докажа дека не чувствува ниту општествена, ниту морална одговорност да застане зад бизнисот со повеќе кредити. Кредитирањето во првиот квартал од годината споредено со истиот период лани е зголемено само за 4,3%, а банките одобруваат само по 20 милиони евра месечно за поддршка на приватните компании. Во ваков амбиент, се поставува прашањето како може да опстане и да се развива еден бизнис без за кредитната активност кредити?! Александар Јанев

Б

aleksandar.janev@kapital.mk

анкарите ги заоструваат условите за кредитирање на приватните компании. Ова не е само вообичаена изјава што најчесто ја слушате од устата не некој од бизнисмените што никако не можат да добијат кредит, туку и официјална потврда до која дојде Народната банка спроведувајќи анкета

меѓу банките. Наместо финансиската индустрија да биде предводник на економската ренесанса во земјава, банкарскиот сектор докажа дека не чувствува ниту општествена, ниту морална одговорност да застане зад бизнисот со повеќе кредити. Банките чуваат 290 милиони евра на сметки во Народната банка, уште 390 милиони евра врзани за благајнички записи и дури 490 милиони евра во државни хартии од вредност. Тоа значи дека најмалку 1,1 милијарда евра ликвидност претставува неискористен потенцијал за кредитирање. За споредба,

банките месечно одобруваат само по околу 20 милиони евра кредити за приватни компании. Нивното објаснување е дека ризикот во економијата е голем и поради тоа тие многу внимателно одлучуваат дали и кому ќе одобрат кредит. „Кредитниот ризик останува основната пречка за поекспанзивна кредитна политика. Во последните неколку години евидентно е зголемувањето на нивото на кредитен ризик кај компаниите, процес кој с$ уште е присутен и е ограничувачки фактор во процесот на одобрување на кредитните барања“, вели Маја Стевкова Штериева,

главен финансиски директор на Комерцијална банка. Според последните податоци од Народната банка, кредитирањето во првиот квартал од годината споредено со истиот период лани е зголемено само за 4,3%. Во ваков амбиент, се поставува прашањето како е можно да опстане еден бизнис, да се развива, без кредитна поддршка?! Бизнисмените велат дека единствен спас за домашните компании е зголемување на понудата на евтини кредити. „Процедурата да добиете кредит во Македонија е исклучително тешка. Банките се крајно селективни, бараат премногу за да одобрат и


финансирање на компании и бизнис консалтинг

е услови за Кредитирање!

у кредити

еден мал кредит. А нормално, без поддршка од банките, бизнисот не може да успее. Ние соработуваме со домашни банки, но сепак, тоа не е на ниво колку што има потреба компанијата, па затоа преговараме да добиеме кредит од странски банки“, вели Шефки Идризи, генерален директор на компанијата Ренова. Според него, нужно е банките да ги релаксираат условите за кредитирање на фирмите, особено за оние што бараат кредити за нови инвестиции. „Проблематично, на пример, е тоа што речиси сите банки одборуваат кредит на двојно помал износ од вредноста на хипотеката. Каматите исто

така се високи, така што на крај, кога ќе ги споредите со условите што може да ги добиете во странство, произлегува дека е многу понеисплатливо да земете кредит тука“, истакнува Идризи. Некои од бизнисмените пак, сметаат дека вината за слабата кредитна поддршка не е само кај банките, туку и кај менаџерите. „Јас не се согласувам дека банките не даваат кредити, бидејќи мислам дека наш главен проблем како стопанство е што не нудиме доволно солидни проекти. Тоа ги плаши банките, бидејќи ризикот е голем“, изјави генералниот директор на компанијата Феро инвест, Кочо Анѓушев. Оваа изјава е всушност заеднички именител на ставовите на речиси сите банкари кои постојано велат дека за добрите компании и проекти, кредити секогаш ќе има. „„ веројатно се прашувате што е тоа добар проект што може да добие зелено светло на кредитните одбори. еве како банкарите го објаснуваат: „Во поширока смисла, квалитетен проект подразбира добро етаблиран инвеститор, кој овозможува стабилен долгорочен развој на компанијата со зголемување на финансиските ефекти од работењето на компанијата на долг рок. Во потесна смисла, добар инвестициски проект е оној кој генерира доволно приходи за покривање на сите трошоци на проектот и остварува позитивен нетоготовински тек, односно прифатлива интерна стапка

преку задолжителна котација на берза до свеж капитал за фирмите?!

Б

изнисмените с$ уште се скептични во врска со финансирањето на своите компании преку издавање нови акции на берзата. Сопственикот на компанијата Брако, Кочо Анѓушев, изјави дека не е убеден дека треба да ја трансформира својата фирма од друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво, бидејќи смета дека таквиот потег нема да му донесе свеж капитал. „Сметам дека во опкружувањето нема инвеститори што ќе покажат интерес да ги купат нашите акции и со тоа да ни овозможат да се финансираме преку пазарот на капитал. Во земјава тие што имаат пари, попрво би купиле стан или би ги орочиле парите во банка отколку да купат акции. Треба сите да се запрашаме зошто с$ уште не е сигурно да се инвестира на берзата?! Во такви услови, кога нема интерес од инвеститорите, алетрантива за финансирање на бизнисот се банките преку кредити. Не се согласувам дека банките не даваат кредити, бидејќи наш главен проблем е што немаме солдини бизнис-проекти“, истакна Анѓушев. Од овој месец, државата се обие да натера уште стотина акционерски друштва задолжително да котираат на Берзата, меѓутоа, тоа не значи дека веднаш ќе издадат нови емисии на акции. Менаџерите на потенцијалните новокотирани друштва уште пред да се појават на пазарот на капитал, се скептични дека задолжителната котација ќе ја зголеми побарувачката за нивните акции. „Компанијата Европа и порано котираше на официјалниот пазар на Берзата, па потоа поради тоа што се намали бројот на акционери излеговме од тој сегмент. Сега со новите законски измени се наложува повторно задолжителна котација и ние тоа ќе го испочитуваме, меѓутоа не очекувам никакви промени во нашето работење. Побарувачката за нашите акции нема да се зголеми, бидејќи таква е состојбата на пазарот на капитал генерално“, изјави генералниот директор на Европа, којашто од мај официјално ќе котира на Берзата, Савка Димитрова. Слично размислува и директорот на текстилната компанија Мода од Свети Николе, Ангел Димитров. „Теоретски, сите можности што ги нуди котацијата на берзата за нашата фирма од зголемување на транспарентноста, па до алтернативата за финансирање преку пазарот на капитал се отворени. Меѓутоа, од процесот на трансформација на општествениот капитал во приватен од 1996 година, нема интерес за купување на нашите акции, така што не очекувам дека задолжителната котација ќе промени нешто значително. Ние и досега објавуваме финансиски извештаи и податоци за компанијата, бидејќи бевме во регистарот на Комисијата за хартии од вредност“, вели Димитров. Според него, останува отворена и можноста за емисија на нови акции и на тој начин обезбедување свеж капитал. „Прашање е дали воопшто ќе направиме таков потег во овие услови на работење. Од една страна кризата сериозно се одразува врз работењето на компанијата, нарачките не се стабилни и од тој аспект не можете да мислите на ширење на бизнисот. Дополнително негативно влијае и трендот на селење на текстилната индустрија во помалку развиените земји со поевтино производството“, истакна Димитров.

55


56

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ на рентабилност, измирување на тековните обврски на друштвото и редовна отплата на обврските кон банката кои се преземени за реализација на тој проект“, велат банкарите.

Нема барања за инвестициски кредити

Друга забелешка на банкарите што влијае на слабото кредитирање е доминантното барање кредити за надминување на тековните финансиски проблеми, но не за нови инвестиции. Меѓутоа, споредено со претходните две години, банкарите велат дека сега, иако срамежливо, веќе има и по некоја апликација за кредит за нова инвестиција. „Како што се чувствува благо подобрување на економската и финансиската клима на домашните и европските пазари паралелно со тоа во стопанството се зголемува капацитетот за инвестирање. Бизнисите прават планови за развој на бизнисот и унапредување во работата и процесите. Kако банка специјализирана за бизнисите ја имаме довербата за добивање кредитни линии од реномирани фондови. Продолжуваме со поддршката за бизнисите, како од средства од ЕИБ така и од сопствени средства, по поволни услови кои се наменети за поддршка на компаниите и стопанството, а од компаниите очекуваме поголем оптимизам за инвестиции“, изјави Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на Прокредит банка. Како последица од кризата која придонесе за влошување на квалитетот на кредитното портфолио на банките, се зголемија трошоците за обезбедување од потенцијалните загуби, што има влијание и на каматните стапки. Банките не планираат да ги намалуваат каматите, бидејќи според нив, тие реално го одразуваат степенот на ризик во економијата. „Каматните стапки на кредитите во моментов се пазарни, најниски во регионот и на историски гледано најниско ниво, под кое засега пазарно не би можеле да одат. Дополнително и неколку кредитни линии, како средствата од Европската инвестициска банка, кредитни линии за поддршка

Банките нудат и специјализирани кредитни линии!

В

о време кога компаниите не можат лесно да добијат кредити во банките, банкарите најавуваат нови кредитни линии за подобрување на ликвидноста во економијата. Охридска банка веќе трета година ја пласира кредитната линија од ЕБРД за подобрување на енергетската ефикасност на компаниите во износ од 5 милиони евра. Кредитната линија е наменета за инвестиции во опрема и недвижности, каде што може мерливо да се постигне заштеда на енергија. „Компаниите имат на располагање долгорочни кредити со рок до 7 години и можност за користење на грејс-период до 1 година. Преку инвестирањето во енергетска ефикасност, фирмите не само што директно заштедуваат на трошоци во работењето кои може да се движат и до 35% од вкупните оперативни трошоци во индустријата, туку преку оваа кредитна линија директно ја подобруваат конкурентноста на компанијата. Инвестирањето во енергетски ефикасна технолошка опрема директно ја подобрува конкурентноста преку подобрен квалитет на производот, намалување во прекини на работа, автоматизација и намалување на тесни грла“, објаснуваат од Охридска банка. Од банката велат дека поради стимулација за користење кредити за подобрување на енергетска ефикасност на кредитокорисниците им се доделува грантготовински поврат на средства во износ меѓу 15%-20% од износот на кредитот по успешно изведен проект. Прокредит банка нуди специјализирани кредитни линии за поддршка на на извозот и слични, се достапни на компаниите. Истите се исклучително поволни и претставуваат сериозна поддршка на развојот на бизнисите“, објаснуваат банкарите Податоците од Народната банка покажуваат дека за период од една година, просечната камата на кредитите е намалена само за 0,3 процентни поени. За споредба, пасивните камати за штедење за една година се намалија повеќе, за еден процентен поен.

Нема финансиска поддршка за старт ап бизниси!? Во Македонија банките во принцип не финансираат старт ап бизниси и

земјоделството, орагнското производство и енергетската ефикасност, а компаниите треба да ги исполнат минималните утврдени критериуми. „За кредитот за енергетска ефикасност потребно е инвестицијата да има ефект на заштеда на енергија од 20%. За кредит за земјоделско производство условот е основните приходи на клиентот да се од примарно земјоделство. Потребен услов за добивање кредит за органско производство е клиентот да поседува сертификат за органско производство и основните приходи да се од примарно земјоделство. Банката е активно насочена кон поддршка на енергетски ефикасни вложувања и кредити за земјоделство. Заинтересираните клиенти имаат можност за финансирање по многу поволни и флексибилни услови во однос на обезбедување, како и повластени каматни стапки“, објаснуваат од Прокредит банка. Комерцијална банка покрај стандардните кредити, краткорочни и долгорочни од сопствени средства, исто така нуди и голем број кредитни линии за специфични потреби и селектирани дејности. „Кредитната линија за кредитирање на земјоделските дејности е можеби најповолната линија на пазарот и постои голем интерес од страна на клиентите. Години наназад многу интензивно ја нудиме и оваа линија и планираме така да продолжиме и во иднина во рамките на расположливите средства. Исто така нудиме и кредитни линии кои покриваат поголем број дејности главно преку мали и средни претпријатија“, велат од Комерцијална банка.

претприемачите мора да се снајдат за почетокот, а тоа е, всушност, најтешкиот дел од секоја бизнис-приказна. Доколку не се снајдат со заем од своето семејство или пријателите, оние што сакаат да „се осмелат“ немаат многу алтернативни извори на финансирање. Банкарите објаснуваат дека применуваат рестриктивна политика за финансирање на

нови бизниси, бидејќи немаат доволно индикатори за да направат кредитна анализа. „За да се увидат можностите за финансирање потребно е да се анализираат приходите, обврските, условите на пазарот на функционирање, а во старт ап бизнисите овие податоци недостасуваат и потешко е да се предвидат идните остварувања. Овие бизниси имаат можност за пристап до странски фондови, кои нудат специјализирано финансирање по многу поволни услови прилагодени на работењето на старт ап бизнисите“, велат од Прокредит банка.

ШЕфкИ ИдРИзИ

генерален директор на Ренова

„Процедурата да добиете кредит во Македонија е исклучително тешка. Банките се крајно селективни, бараат премногу за да одобрат и еден мал кредит. А нормално, без поддршка од банките, бизнисот не може да успее. Ние соработуваме со домашни банки, но сепак, тоа не е на ниво колку што имаме потреба, па затоа преговараме за кредит од странски банки.“


58

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ МАЈА СтЕвкОвА ШтЕРИЕвА

главен финансиски директор на Комерцијална банка

„Кредитниот ризик останува основната пречка за поекспанзивна кредитна политика. Во последните неколку години евидентно е зголемувањето на нивото на кредитен ризик кај компаниите, процес кој с$ уште е присутен и е ограничувачки фактор во процесот на одобрување на кредитните барања.“ Од Комерцијална банка истакнаа дека кризата дополнително го отежнува финансирањето на нови компании без бонитет и историја во работењето. „За жал, искуството покажува дека токму кај овие компании е и најголем ризикот, така што банката применува рестриктивна политика преку детална анализа на издржаноста на проектот и

барање на поголем колатерал од вообичаеното“, објаснуваат од Комерцијална банка. Политиката на Охридска банка е да ги финансира веќе етаблираните и успешни бизниси со потенцијал за раст. „Во специфични ситуации може да поддржи и нов бизнис доколку се работи за веќе познат сопственик на банката со кого има изградено

ЈОвАНкА ЈОЛЕСкА ПОПОвСкА

генерален директор на Прокредит банка

„Како што се чувствува благо подобрување на економската и на финансиската клима на домашните и на европските пазари паралелно со тоа во стопанството се зголемува капацитетот за инвестирање. Бизнисите прават планови за развој на бизнисот и унапредување во работата и процесите. Продолжуваме со поддршката за бизнисите по поволни услови, а од компаниите очекуваме поголем оптимизам за инвестиции.“

претходни деловни односи и доколку станува збор за профитабилен проект. Услов е фирмата да достави бизнисплан со финансиски проекции и соодветно обезбедување“, објаснуваат од Охридска банка.

Кои се алтернативите?!

Во најголемиот број случаи, оние со претприемачки амбиции се млади луѓе во своите 20-ти или 30ти години, така што мала е веројатноста да имаат заштедено некоја позначајна сума сопствени пари коишто може да ги вложат во својата идеја. Во земјава има само неколку мали фондови основани од странски владини проекти кои финансираат бизниси во зачеток. Тоа се фондови во рамки на бизнисинкубаторите во Скопје и во Битола, како и во Центарот за развој на нови бизниси на Машинскиот факултет. Во Македонија нема т.н. венчр (venture) капитал фондови, коишто во поразвиените економии се тие што, всушност, финансираат добри бизнисидеи кои, секако, носат и поголем ризик, но од нив подоцна може да се развијат и мултимилионски бизниси. Нема ниту државни фондови специјализирани за финансирање нови бизниси. Министерството за економија, преку Програмата за развој на претприемништвото, на годишно ниво издвојува 100-150 илјади евра, но тој буџет не е наменет за директна поддршка на старт ап бизниси, туку се поддржуваат проекти на институции за поддршка на мали и средни компании, како што се бизнис-центрите, бизнис-инкубаторите, коишто реализираат разни обуки и тренинзи за старт ап бизниси. Минатата година пак,

во Македонија почна да функционира и мрежата на бизнис-ангели, во рамки на Центарот за иновации, при Проектот на УСАИД за конкурентност, којашто спаѓа во неформалните начини на финансирање бизниси. Во моментов во мрежата има 15 инвеститори-ангели, пред коишто македонските претприемачи ги презентираат своите идеи. „За да си ја обезбеди својата инвестиција, ангелинвеститорот најчесто инсистира на малцински удел во фирмата. Имавме случаи и каде што бизнис-ангелите сакаат повеќе од 50% удел, за да може да ја контролираат работата на фирмата, но сепак претприемачот е тој што е носител на идејата, таа е негово чедо што се вели, па бизнис-ангелите во принцип имаат влог под 50%. Постојат начини како да ги заштитат своите права“, објаснуваат од Центарот за иновации. Според генерализирани и неофицијални проценки, 70%-80% од новоформираните фирми пропаѓаат во првите две-три години од своето постоење. Токму неможноста да дојдат до капитал за финансирање на својот развој, е една од главните причини поради која голем број од бизнис-идеите остануваат само во главите на несудените претприемачи. Професорот Радмил Поленаковиќ од Центарот за развој на нови бизниси на Машинскиот факултет вели дека од досегашното пет-шестгодишно искуство во поддршката и развојот на старт ап бизнисите, се докажало дека покрај тоа што генерално финансирањето е проблем за сите категории претприемачи, сепак, најголем проблем е финансирањето бизнис-идеи за производство.


финансирање на компании и бизнис консалтинг МБПР во јуни повлекува нова транша од ЕИБ

М

акедонските компании досега искористиле 44 милиони евра од последната кредитна линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони евра. Од Македонската банка за поддршка и развој (МБПР) најавуваат дека веќе се подготвува повлекување на уште една транша во јуни. Според информациите од МБПР, најголем дел од овие кредити се земаат за инвестициски проекти и се проценува дека со нивна реализација, ќе се отворат над 1.000 нови работни места. Банкарите, пак, велат дека сепак доминираат барања за кредити за обртен капитал. „Интересот за кредитните линии од ЕИБ е голем. Ова се однесува за потенцијалните нови проекти,

„Сума од 5-6 илјади евра е доволна за почнување бизнис во услужниот сектор, значи ИТ-фирма, консалтинг, дизајн и слично. Меѓутоа, доколку станува збор за

но и за рефинансирање на веќе завршени проекти, што значи обезбедување поевтин извор на финансирање. Секоја нова транша е добродојдена во овие влошени услови на економска активност, иако евидентен е трендот на намалување на бројот на барања за нови инвестициски проекти. Новите барања во најголем дел се за обртни средства и за рефинансирање на завршена инвестиција. Факт е дека постои тенденција на намалување на каматните стапки на пазарот, што во некој дел ја намалува корисноста од оваа линија, кај која главна предност е ниската каматна стапка од 5,5%“, објаснуваат од Комерцијална банка. МБПР досега има искористено во целост две кредитни линии од 100 и од 50 милиони евра од ЕИБ.

некој вид производство или трговија од поголем обем, тогаш потребни се средства во десетици илјади евра, па и повеќе. Е, тука веќе се јавуваат проблемите со

финансирањето. Банките, колку и да се рекламираат дека се блиски до стопанството не сакаат да преземат ризик и да влезат во финансирање почетни

бизниси. Речиси нема банка која нема да бара минимум 6-месечна историја и некаква хипотека или посериозно покритие за кредитот“, потенцира Поленаковиќ.

59


60

Интервју

МАјА АНтеСКА национален менаџер на програмата БАС за поддршка на мали бизниси

Најмоќен фактор за трансформација на бизнисот е промената! верица јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

О

на што е специфично за програмата БАС е директна работа со компании. Опишете ни на кој начин им помагате на компаниите? Она што ние го правиме е промовирање и поттикнување на користењето консултантски услуги од страна на бизнис-секторот во Македонија со цел надминување на проблемите со коишто се соочуваат фирмите и маскимално искористување на нивниот развоен и пазарен потенцијал. Со нашето делување фирмите се учат да користат бизнис-консултанти, гледаат конкретни резултати од консултантските проекти, се случуваат вистински промени во нивното работење, а консултантите пак, ги развиваат своите вештини и знаења преку практичен ангажман. Во голема мера нашите активности се сведуваат на посети на бизниси, фабрики, разговор со менаџерите и сопствениците, дискусии за нивното досегашно работење, пазарите на коишто делуваат, начинот на интерна организација, идните планови и

секако, главниот фокус на тие наши блиски средби е точно дефинирање на проблемите за коишто им е потребна стручна консултантска експертиза. Разбирањето на проблемот и неговото дефинирање е најбитниот момент за нас. Тогаш се пристапува кон дефинирање на потребната интервенција и активностите коишто треба да се преземат, што помага да се селектираат најсоодветни консултанти со потребното искуство и експертиза за да се надмине проблемот. Ние знаеме како да ги споиме фирмите со соодветни консултанти за да постигнеме максимален ефект за фирмата и притоа кофинансираме дел од трошоците коишто истата ги има за користење на консултантите. Идеална фирма за поддршка на БАС е мала фирма со потенцијал за раст, без претходно искуство во користењето бизнисконсултанти, лоцирана надвор од градот Скопје. Има случаи кога работиме со поголеми фирми и притоа имаме потреба да ангажираме странска индустриска експертиза преку ЕГП, но во поголемиот број случаи проектите може да ги изведуваат локални професионални консултанти. Дополнително, бидејќи сме дел од една меѓународна финансиска инситуција, во можност сме и да ги посоветуваме нашите клиенти на тема финансирање и кредитирање

тимот за поддршка на мали бизниси во рамките на европската банка за обнова и развој (EБОр) работи директно со мали и средни претпријатија од различни индустрии во повеќе од 20 земји на еБОр и оперира преку програмата БАС и програмата за раст на претпријатија - еГП. Македонија е меѓу првите земји каде што беа лансирани ваквите програми во далечната 2002 година, што го прави тимот еден од најискусните и најуспешните. Првиот човек на овој проект во Македонија, Маја Антеска, прецизира дека досега во Македонија се поддржани повеќе од 550 фирми и најголемиот дел од проектите имале за цел подобрување на нивните пазарни перформанси! ја радува тоа што бизнис-секторот покажува зголемена свесност за потребата од континуирани напори и ангажирање стручни консултанти за да се подобри нивната продажба и извозот! инвестициски проекти. „„ Кои се проблемите кои вообичаено ги детектирате во македонските компании и на чие решавање се посветувате? Кои се крајните цели коишто сакаат да ги постигнат компаниите што користат стручна помош со ваше посредство? Различни се проблемите со коишто се соочуваат фирмите. Има фирми со недоволен пласман и неискористеност на капацитетот. Истите тие имаат одлична и најсовремена технологија и квалитет на производот, но нивните познавања на потенцијалните пазари се недоволни и нивните напори несистематски. Има фирми кои со голем ентузијазам воведуваат нови производи, но немаат експертиза да го лансираат стратешки производот. Има фирми кои немаат информација за реалната профитабилност на нивниот бизнис во целина, но и по единица производ, што во голема мера го отежнува донесувањето одлуки. Има фирми коишто работат на меѓународни пазари и од нив се бара континуирана инвестиција во квалитетот на производите и постоење на систем на следење од влезот на суровината до крајниот производ. Има претприемачи со инвестициски идеи, но потребна им е поддршка на нивната


Интервју генијална идеја и правилен избор на извори за нејзино финансирање. Има фирми коишто се соочуваат со големи трошоци за енергија, кои ги прават помалку конкурентни и бараат излез во користење алтернативни извори на енергија и преземење мерки за зголемена енергетска ефикасност. Во сите тие случаи ангажирањето професионални стручни консултанти е неминовно. Ние веруваме во тоа и тоа го промовираме. Консултантите предлагаат промени, а ние веруваме дека промените се потребни и се неопходни за здрава фирма со потенцијал за раст. Промените единствено имаат моќ да ја трансформираат фирмата од локална во интернационална. „„ Колку македонски компании досега се поддржани и која е структурата на досегашните проекти? Досега имаме поддржано повеќе од 550 фирми од различни индустрии. Во изминатата година најголем дел од проектите имаа за цел подобрување на пазарните перформанси на фирмите. Овој податок н$ радува зашто покажува зголемена свесност кај бизнисите за потребата од континуирани напори и ангажирање стручни консултанти за да се подобри нивната продажба и извоз, без разлика дали станува збор за зајакнување на постојната пазарна позиција или освојување нови пазари. Без добар маркетинг нема добар бизнис. Како на пример, беа поддржани ребрендирања, истражувања на домашен пазар во земјата, но и во регионот (Бугарија, Албанија, Косово, Србија), беа направени интернетплатформи кои таргетираат регионални и светски пазари, беа поддржани проекти за идентификување странски бизнис-партнери (на пример, во Франција за фирма од метална индустрија и во Америка за фирма од информатичката индустрија) итн. На второ место се проекти од областа на подобрување на менаџмент-ефективност, односно дизајнирање и имплементирање менаџмент информативни системи и иновативни софтверски решенија на пример за фирми од преработувачка и услужна индустрија, проекти за управување со човечки ресурси кои беа иницирани од фирми од текстилната индустрија, трговија и производство на медицинска опрема, проекти т.н ЕРП системи потребни за современо хотелско работење итн. Проектите од областа на енергетската ефикасност ис��о така се застапени и со нагорен тренд. Проектите од типот воведување системи за контрола на квалитетот се застапени со значителен помал процент во споредба од пред 2011 година од неколку причини. БАС го следи случувањето на пазарот и сметаме дека и на страната на побарувачката за вакви проекти и на страната на понудата не е потребна голема интервенција од БАС, зашто постои солидна, доволна и прифатлива понуда на вакви услуги, како на пример за воведување на стандардот ИСО 9001, а од друга страна, фирмите се подготвени да платат, т.е цената е прифатлива. Имплементацијата на стандарди потребни во информатичката индустрија како што е ИСО 27001 и ИСО 20000 и имплементацијата на International Food Standard–IFS во прехранбената индустрија

се услуги коишто се бараат во последно време. „„ Од кои области, дејности најчесто се компаниите што ги користат услугите? Работиме со речиси сите индустрии. Мора да кажам дека прехранбената индустрија покажува подготвеност за иновации, бара совети, воведува нови производи и е подготвена за промени. 70% од фирмите кои со помош на БАС за првпат користеле консултанти , се одлучуваат повторно да ангажираат консултанти на база на 100% финансирање од нивна страна. „„ Што значат активностите на Тимот за поддршка на мали бизниси на ЕБОР за развојот на консултантскиот бизнис во Македонија? Со поддршка на фирмите и кофинасирањето консултански проекти освен што ги решаваме проблемите на фирмите и придонесуваме за нивен развој, придонесуваме за развој на консултантскиот сектор, од причина што консултантите имаат можност да работат на конкретни проекти и на таков начин ги развиваат своите капацитети и стануваат поискусни и повешти и вистински професионалци. Преку БАС локалните консултанти работат за бизнисите во земјата и за зголемување на конкурентноста на домашната економија. Нашата интервенција во однос на консултантскиот сектор не застанува тука. Континуиран развој на вештините на локалните консултанти и развој на нови способности и експертизи е нашата стратешка определба, с$ со цел да се одговори на промените и идните потреби на фирмите. Имаме организирано повеќе од 20 обуки за консултанти на специфични теми, како на пример заштита на животната средина, сертифицирање менаџмент-консултанти (што како ефект имаше значително институционално зајакнување на MCA 2000), менаџмент во туризам, енергетска ефикасност во згради итн. Во ова пригода би сакала да ги најавам обуките на тема бизнис-дијагноза и маркетинг на консултанстки услуги, кои се планирани за втората половина на 2013 година, како една инјекција за понатамошен развој на консултансткиот сектор во Македонија. Тимот за поддршка на мали бизниси гради релации со сите институции кои работат на развој на приватниот сектор и домашната економија. Во базата на БАС постојат 230 квалификувани консалтингфирми кои барем еднаш работеле на проект на БАС. Напорите на тимот на БАС е да им се овозможи на што поголем број консултанти да се вклучат во БАС. Нема вистински напредок без здрава конкуренција, а една од нашите цели е одржлив консултански сектор, што значи постоење на соодветна и квалитетна понуда. „„ Кои се вашите видувања за консултанскиот сектор во Македонија? Консултанскиот сектор во Македонија с$ уште се соочува со предизвици како резултат на транзицијата. Консултантите нудат еден широк спектар на услуги и консултанскиот сектор покажува знаци на зрелост, но сепак, побарувачката од страна на приватниот сектор е недоволна, што е причина голем дел од

консултантите да се насочат на ангажман на проекти наменети за локални или за меѓународни институции. Оттаму, улогата на програмите за поддршка на бизнисите на ЕБОР е клучна и интервенцијата е повеќе од потребна, пред с$ во охрабрување и поттикнување на нашите фирми да користат стручни консултанти и со нивна помош да го подобрат работењето. Успешните приказни како што се намалени трошоци или зголемување на продажбата и извозот како резултат на користењето стручни лица се најдобар начин за промовирање на консултантството и стекнување доверба од страна на менаџерите. Секако, паралелно треба да се работи на континуирано подобрување на стручноста на домашните консултанти, следење на светските трендови, но и поголемо познавање на странските пазари и економии, кои значат потенцијал за растот на нашите фирми. Секоја година БАС прави истражување со цел утврдување на трендовите и детектирање на промените за правилно да ги насочи своите активности. Во октомври минатата година беа интервјуирани 86 консултантски фирми. Најголем дел од консултантите се специјализирани за системи за менаџирање и контрола на квалитет, проекти од област на маркетинг, брендирање и потребна е една експертиза за финансики менаџмент и утврдување на контролата на трошоци и познавање на странските пазари. Најголем дел од конуслтантите се лоцирани во урбани средини, односно во Скопје, а информацијата за постојните консултанти тешко доаѓа до руралните средини. Постои благо зголемување на приходите на консултанските фирми, како и на бројот на нивните вработени. 75% од консултантите изјавиле дека ги подобриле своите вештини преку работа на проекти на БАС, а 65% одговориле дека преку БАС имале можност да работат на пософистицирани проекти. „„ Кои се вашите идни планови? Ние продолжуваме понатаму и с$ повеќе се оддалечуваме од стандардните консултански проекти, а се фокусираме на софистицирани консултантски проекти, иновации, промовирање на извозот, зголемена менаџментефективност, инвестициски проекти, енергетска ефикасност и стратешко планирање. Како посебна иницијатива ќе ја споменам Програмата за поддршка на женското претприемништво, којашто треба да биде оперативна до крајот на 2013 година. На среден рок нашите напори ќе бидат насочени кон помош на Агенцијата за поддршка на претприемништвото преку споделување на нашето искуство со цел создавање на една одржлива и здрава инфраструктура за понатамошен развој на конкурентноста на нашата економија и консултантскиот сектор. „„ Што би им препорачале на компаниите коишто знаат што сакаат, но не знаат како да го реализираат тоа? Одговорот е едноставен. Побарајте стручна помош, побарајте бизнисконсултант и советник! Нивното знаење ви е потребно вам! Искористете го! И секако, контактирајте н$!

61


62

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

АнАЛизА нА КонсуЛтАнстВото Во МАКеДонијА:

Компаниите имаат потреба од консулта проблем им се пари ултанти Македонските конс аат со деновиве се соочув е новости, дв ам им – ситуација ата е добра. едната е лоша, друг ст е дека Која прва? Лошатаатвепа ри за компаниите немаплатат а на консултанти и на у тешк о! услугите оди многнечно Добрата е дека ко компаниите помина фазата на џери да им и на нивните мена се потребни објаснуваат зоштолуим ги! Вака консултантски уссост бата во денеска изгледа нсулој тантство. македонското ко Што понатаму?

Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

К

онсултантските компании ја споделуваат судбината на повеќето македонски компании – тешка наплата, нелојална конкуренција, ограничен пазар... Сериозно погодени од намалената побарувачка на консултантски услуги од корпоративниот сектор, дел од нив оптимистички предвидуваат годинава конечно да започне нова фаза од развојот на консултанството поттикнато од како што велат, зголемената свесност на менаџерите дека без сериозна и стручна консултантска поддршка не можат да направат крупен чекор

во своите бизнис-амбиции! Анкетата која во октомври минатата година ја спроведе програмата БАС на 86 консултантски фирми, покажа благо зголемување и на приходите и на бројот на нивните вработени. Ова е прв сигнал дека состојбите во консултантството се придвижуваат од мртва точка. Анкетата покажува и дека најголем дел од консултантите се специјализирани за системи за менаџирање и контрола на квалитет, за проекти од областа маркетинг и брендирање, а се детектира потреба од експертиза за финансиски менаџмент и утврдување на контролата на трошоци и познавање странски пазари. „Побарувачката главно зависи од расположливиот буџет кој го имаат планирано фирмите


финансирање на компании и бизнис консалтинг Јасмина траЈковски

факти за менаџментконсалтинг во македонија

Trajkovski & Partners Consulting

„ИТ-консалтингот во Македонија најмногу се реализира како услуга на продажба на хардвер и софтвер. Најприсутен е како дел од покомплексни проекти финансирани од надворешни извори на финансирање. Се спроведува од странски ИТ-фирми или консултантски фирми, но во негова реализација почнуват да се вклучуваат и македонските ИТконсултанти.“

анти, ите! за консултантски услуги. Во последната година истиот значително е намален и фирмите ангажираат консултанти само ако навистина немаат друг избор“, вели Јасмина Трајковски, директор на ТTrajkovski & Partners Consulting, која главно работи ИТ-консалтинг. Со оглед на тоа дека еден од нејзините таргети се малите и средните

претпријатија коишто се соочуваат со бројни проблеми, Трајковски вели дека кризата не го намали нивниот интерес, туку го намали нивниот капацитет за плаќање. „С$ почесто имаме барања директно врзан�� за наоѓање извор на финансирање, односно некој фонд кој ќе ги кофинансира тие услуги“, вели Трајковски. Ова го потврдува и Маја Антеска од програмата БАС за мали и средни бизниси. Според неа, иако консултанскиот сектор покажува знаци на зрелост, побарувачката од страна на приватниот сектор е недоволна, што е причина за голем дел од консултантите да се насочат на ангажман на проекти наменети за локални или за меѓународни институции. „Затоа, улогата на програмите за поддршка на бизнисите на ЕБОР е клучна и интервенцијата е повеќе од потребна, пред с$ во охрабрување и поттикнување на нашите фирми да користат стручни консултанти и со нивна помош да го подобрат работењето. Успешните приказни, како што се намалени трошоци или зголемување на продажбата и извозот како резултат на користење стручни лица, се најдобар начин за промовирање на консултантството и стекнување доверба од страна на менаџерите. Секако, паралелно треба да се работи на континуирано подобрување на стручноста на домашните консултанти, следење на светските трендови, но и поголемо познавање на странските пазари и економии, кои значат потенцијал за растот на нашите фирми“, препорачува Антеска. Лидија Нануш од Делоит, пак, детектира дека кризата

најмногу го намалила интересот на компаниите за покомплексните консултантските услуги, како што се подобрување бизнис процесите, интерните контроли, управувањето со ризик, ИТ безбедноста, ревизија на информациони системи и друго. “Соочени со намалени ресурси за развој, законските усогласености се сведуваат на нужно зло, а ниската цена е пресуден фактор“, вели Нануш. Потребата на претпријатијата од консултантски услуги, но и неможноста истите да ги платат, според дел од консултантите, честопати е проследено или со намалување на пазарната цена на консултантот или со земање викенд-консултант со несоодветни компетенции. „Постоењето ‘викендконсултанти’ создава нелојална конкуренција и несоодветни услуги кон претпријатијата, создавајќи лош глас за консултантските услуги. ‘Викенд-консултанти’ не се само од универзитетската фела, туку пред с$, лица кои се консултанти ‘во слободно време’, притоа вработени во други организации, кои не поседуваат одговорност за услугите и не се надградуваат постојанo, како што е случајот со професионалните консултанти“, вели Васко Карангелески од КА групација консалтинг.

Кризата во консултантството с$ уште не е помината

И други консултанти оценуваат дека кризата, рефлектирана во обемот и наплатата на побарувања на консултантски услуги, с$ уште не е минато! „Лично очекував зголемување на побарувачката за време на кризата. Аргументот ми беше дека во криза претпријатијата

„„ Околу 200 регистрирани претпријатија, 58 од нив со приход на 100.000 евра. На овој број треба да се додадат уште 400 индивидуални консултанти. „„ Проценката на учеството на менаџментконсалтингот и корпоративните обуки (заедно) во БДП на Македонија во 2011 година изнесува 0,056%. „„ Моменталната вкупна големина на секторот на менаџмент-консалтинг и корпоративни обуки во земјава е проценета на околу пет милиони евра (не се вклучени странските менаџмент консалтинг-компании кои немаат претставништва во Македонија и индивидуалните консултанти). „„ Кумулативните податоци од претпријатијата покажуваат тренд на зголемување на секторот во изминатите години, иако е видлив пад на вкупниот обем на работење во 2011 во однос на 2010 година. „„ Во вкупните приходи на консалтингпретпријатијата 70% се од менаџмент-консалтинг услуги и 30% од обуки.

63


64

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ имаа помалку можност, односно менаџментот немаше доволно време, а некогаш и знаење самиот навреме да реагира на сите промени предизвикани од кризата. Насочувањето кон намалување на трошоците на работење, односно зголемување на ефикасноста на претпријатијата очекував да ја зголеми побарувачката од консултантски услуги, но изгледа, тоа не се случи“, вели Карангелески. Тој смета дека во македонското консултанство недостигаат иновативни консултантски услуги затоа што значаен дел од консултантите с$ уште се комотни во работењето со донатори и со јавниот сектор. Иако држи оправдувањето дека приватниот сектор с$ уште нема доволно голема побарувачка која ќе поттикне развој на разновидни услуги, Карангелески смета дека ова не треба да се користи како оправдување. Александра Марковска, сопственик на Фуд консалтинг, консултантска компанија која главно работи на имплементирање стандарди во прехранбената индустрија, смета дека првичната фаза на објаснување што работaт консултантите и која е користа за фирмите е помината. „Сега консултантството се наоѓа во фаза кога веќе е поставено како професија, постои реална потреба од консултанти и знаат за што точно можат да го најмат консултантот. Тоа креира ситуација да има премногу барани консултанти кои компаниите ги доживуват како корисни и помалку потребни, кои имаат с$ помала желба да се занимаваат со консултантство“, вели Марковска, потенцирајќи дека зафатеноста на консултантот е мерка за тоа дали е професионален или не. Нејзиното искуство покажува дека соработката со странски компании и учеството на тендери наметнаа тренд меѓу домашните компании за воведување на четирите,

Европскиот пазар на менаџмент-консалтинг низ бројки

Вкупниот европски сектор за менаџмент-консалтинг во 2010 во однос на 2009 година остварил годишен пораст од 2,9%, а изнесувал 86,2 милијарди евра. Според FEACO, Survey of the European Management Consultancy, распределбата на менаџмент-консалтингот по сегменти во 2010 година е следната: „„ 50% бизнис-консалтинг „„ 19% развој и интеграција „„ 15% ИТ-консалтинг „„ 12% аутсорсинг Доминантни корисници и во 2010 година се банките и осигурителните компании, следени од приватниот сектор, па на крајот јавниот сектор. Консалтингот во 2010 година како процент во европскиот БДП изнесувал 0,68%. најексплоатирани стандарди во светот - ИСО 9001, ИСО 14001, ОХСАС 18001 и Социјална одговорност (ИСО 2600 или СА 8000). „Бројката на клиенти постојано се зголемува. Има тренд на воведување нови стандарди кај компании кои веќе претходно имаат воведено стандарди“, вели Марковска, која во следниот период очекува поголема побарувачка од стандарди кои компаниите ќе ги користат за зголемување на своите перформанси, но и поголем професионализам на полето на консулантството.

Доаѓање до финансии и имплементација на стандарди се најбарани услуги

„Во последните три години најбарани се консалтингуслугите за воведување систем за квалитет, изработка на бизнис-планови за аплицирање за кредит, изработка на апликации за програмата ИПАРД, ИТ-консалтинг, изработка на маркетинг-стратегии и планови, градење капацитет на вработените (обуки) и изработка на апликации за кредитни линии од ЕБРД и од другите меѓународни банки“, вели Ристо Иванов, претседател на Здружението на бизниси и консултанти Креација, кој на компаниите им препорачува досегашниот пристап на краткорочни решенија и барање обртни средства да го заменат со градење капацитети за

АЛЕкСАНдРА МАРкОвСкА

Фуд консалтинг

„Може да се каже дека тендерите и соработката со странски компании наметнаа еден тренд на воведување на четирите, најексплоатирани стандарди во светот - ИСО 9001, ИСО 14001, ОХСАС 18001, Социјална одговорност (ИСО 2600 или СА 8000).“

остварување развојни цели, а не само краткорочни цели. „Економската криза треба да ја пресретнат со значителни промени за иновирање на работењето. Ваквиот пристап ќе им отвори врата до различни извори на финансирање“, вели Иванов, кој детектира недостиг во градењето партнерства (особено за ЕУ-проектите) и вмрежувањето, кое овозможува размена на добри практики и привлекување инвеститори. На национално ниво препорачува обезбедување консалтингуслуги за отворање нови пазари и формирање бизнис-мрежи коишто ќе ја зголемат атрактивноста за инвестирање во малите и во средните претпријатија. Јасмина Трајковски вели дека нивните клиенти најчесто бараат услуги за заштита на лични податоци, како и воведување на меѓународни стандарди во полето на ИТ услуги и безбедност на информации Карангелески од КА групација пак, сумира дека лани имале најмногу клиенти за изработка на деловни стратегии за развој, проследени со бизниспланирање, кои не биле наменети за финансиските институции, туку за потребите на претпријатијата. „Бевме среќни што работевме и на неколку интервенции за организациска промена во изминатите години, затоа што ефектот од тие промени на среден рок е многу позначаен

отколку поддршката до обезбедување финансии. Организациските промени секогаш се тешки, но кога се направени соодветно, може значајно да придонесат за организацијата на среден рок“, вели Карангелески. Во однос на консултантските услуги за пристап до финансии, тој вели дека постојат очигледни промени од минатите години, особено во однос на 2008 и 2009 година. Во периодот „пред кризата” повеќето претпријатија беа насочени кон пристап на корпоративни финансии насочени кон деловна експанзија. Претпријатијата бараа инвестиции во нови пазари и нови капацитети, додека освен кон заеми, пристапот кон корпоративни финансии беше насочен и кон стратешки капитални партнери, односно кон инвестициски фондови. Во изминатите две години домашните претпријатија најчесто бараат финансии за преживување или одржување на позицијата или стабилноста на претпријатието. Затоа, најчесто бараа заеми и за работниот капитал, како одговор на неликвидноста на пазарот, вели тој. Зголемениот интерес за користење на ИПАРД програмата ја зголеми и побарувачката на консултанстки услуги, особено во подготовка наделовни планови. Марија Васкова од МС Консалтинг вели дека компаниите кои бараат финасиски средства

ЛИдИЈА НАНуш

Делоит

“Изминатите две години постои тренд на намалување на побарувачката за консултантски услуги каде кризата остави свој белег а компаниите оптоварени со неизвесноста кои таа ги носи, издвојуваа помалку средства за вложување во know-how.


финансирање на компании и бизнис консалтинг и технолошки прилагодувања. Сметаат дека им се отвора и огромен простор за работа во процесот на законско усогласување со ЕУ и во делот на користење на ИПАгрантовите поврзани со ИПА и останатите ЕУ-фондови, што ќе го зголеми бројот на консултанти кои нудат услуги за развој на проекти, но и зголемена конкуренција од европските консултантски фирми. , скоро секогаш бараат консултантска помош бидејки за апликација за кредитните линии е потребен бизнис план или инвестициона програма во зависност од тоа дали се работи за искористување на средства за обртни средства или вложување во основни средства. Повеќето од компаниите немаат кадар кој би го изработил проектот па затоа бараат консалтинг услуги. Најголем дел од консултантите со коишто разговаравме имаат оптимистичка перспектива за развојот на консултантството. Очекуваат зголемен интерес од страна на компаниите кои сакаат да освојуваат нови пазари и да креираат нови производи, што е поврзано со детални пазарни истражувања, со имплементација на стандарди и организизациски

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ мај 2013 Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо бул. Маркс и Енгелс бр.7 зграда 1, влез 1 стан 32 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова Автори на прилогот: Александар Јанев Верица Јорданова Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски Фотографија: Ивана Кузмановска Фотоархива на Капитал Маркетинг: Александра Стојменова www.kapital.mk

Васко карангелески

КА групација консалтинг

„Консултантите се фокусирани кон донаторите и кон јавниот сектор, како примарни клиенти. Билатералните донатори полека си заминуваат, оставаат на ЕУподдршката. Јавниот сектор преку јавните набавки оценувани исклучиво по критериумот ‘најниска цена’ врши удар врз цените и врз приходите во секторот.“

65


66

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Охридска банка и ЕБОР ќе кофинансираат македонски компании

Н

еодамна Охридска банка и Европската банка за обнова и развој склучија договор за заедничко учество на стопански кредити на износ од пет милиони евра. Овој заеднички настап на Охридска банка и ЕБОР е наменет пред сé, за инвестициско финансирање на производствени, извозно ориентирани претпријатија во сопственост на македонските граѓани. Ова претставува петти договор по ред што го склучуваат Охридска банка и ЕБОР од 2009 година досега. „Благодарение на поддршката на ЕБОР, досега исплативме околу 15 милиони евра кредити со исклучително поволни услови на стопански субјекти во Македонија, вклучително и кредити за унапредување на енергетската ефикасност проследени со грантови за крајните корисници”, вели Филип Котора, член на Управниот одбор на Охридска банка. Во декември 2012 година Охридска банка и ЕБОР склучија два нови договори за кредитирање мали и средни претпријатија, вклучително и кредитната линија за поддршка на конкурентноста на македонското стопанство, придружена со кеш-грантови за набавка на современа опрема и други деловни потфати кои ги следат современите стандарди на Европската унија. Последниот договор за заедничко учество на стопански кредити е сосема нова форма на финансирање на македонскиот банкарски пазар. „Заедно со ЕБОР го правиме овој потег во пресрет на одминувањето на неповолните ефекти

од европската криза, кои во изминатиот период натежнуваа врз бизнисамбиентот. Според скорешниот извештај на Европската комисија, на Република Македонија и претстои период на забрзан економски раст, кој ќе го надмине растот на економиите во еврозоната. Оваа можност не смееме да ја пропуштиме!”, истакнува Котора. Во последните три години кризните премрежjа дојдени однадвор се одразија со забавувачка тенденција врз кредитирањето во Република Македонија, но сите банки не потпаднаа под песимистички сценарија. На самиот почеток во 2010 година Охридска банка одлучи дека ќе и се спротивстави на кризата со зајакнување на кредитната поддршка за успешни стопански субјекти и за нови издржани деловни потфати. Според Котора: „Во ова кризно време го трасиравме патот за надеж, за развој и за одржлив раст. Во секоја од изминатите три години пласманите на Охридска банка растеа со стапка барем два или три пати побрзо од просекот на банкарскиот пазар во Македонија”. Минатата

година, кога банкарското кредитирање забележа само 6,5% годишен раст, кредитите кај претпријатија во Охридска банка пораснаа за 17%. Охридска банка ги постигна овие резултати со јасна визија за банкарското работење. „Банката мора да работи во служба на клиентите. Во обратна насока не може да се изгради доверба и траен партнерски однос. Ова не значи дека по автоматизам ќе го прифатиме секое клиентско барање, но повратниот одговор - без разлика дали е позитивен или негативен – клиентот мора да го добие брзо. Клиентот не смее да се остави во неизвесност. Кога станува збор за барањата на нашите клиенти, банката не смее да си дозволи да делува тромаво – никогаш!”, подвлекува Котора. Охридска банка врши темелна и строга проверка на кредитната способност на секој кредитобарател, но само на почетокот, односно еднаш годишно. „Ако еднаш успешно е помината таа процедура, кредитите во рамките на одобрените лимити им се ставаат на располагање на комитентите веднаш, како што налага нивната потреба без неосновано одолжување. Овие не ги сметаме за излитени фрази, туку за основни начела и заложби на секојдневното работење на банката”, додава тој. Овој посткризен период може да доведе

до пресвртна точка кај македонските претпријатија. Се појавуваат нови можности, но и нови предизвици. Македонските извозно ориентирани претпријатија не може повеќе да се потпираат само на соседните земји, туку мора да се пробијат на подалечени пазари. Но, ваквиот пробив бара покрупни инвестиции во производствени капацитети со коишто ќе се испорачуваат поголеми количини во странство. На поразвиените банкарски пазари крупните инвестиции се решаваат со синдицирано финансирање, што се доделува здружено од изворите на повеќе банки, но ваквата практика ретко се применува на банкарскиот пазар во Македонија. „Токму затоа се нафативме заедно со ЕБОР со склучувањето на договорот за заедничко учество на стопанско кредитирање да пробиеме нов пат во македонското банкарство и да придонесеме за градење амбиент во кој банките соработуваат и не се двоумат здружено да ги финансираат претпријатијата. Ние сме убедени дека со овој потег понатамошниот развој на стопанскотото финансирање во Македонија ќе достигне досега незабележан домет. Искрено се надеваме дека нашите колеги-банкари наскоро ќе ни се придружат”, изјавува Филип Котора.


prilog_konsalting_maj_2013