Page 1

ПИЈАЛAЦИ www.kapital.mk петок 07/06/2013

Kapital go analizira makedonskiot pazar na pijalaci

MaKedoncite pijat sè pove]e sè poneKvalitetni soKovi!


54

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ Домашните производители и увозници велат дека с$ повеќе се продаваат соковите со помал процент овошна содржина, коишто имаат пониска цена, но и послаб квалитет. Од друга страна, с$ помалку се пијат поскапите 100% сокови. Ниската куповна моќ наспроти повисоките цени на концентратите, рефлектирани со повисоки малопродажни цени, особено во првата половина на 2012 година, условија пад на соковите со овошна содржина Верица Јорданова

А

verica.jordanova@kapital.mk

мериканците од газирани сокови свртеа на вода. Кинезите го открија пивото и сериозно се „навлекоа” на овој вкусен пијалак. Африканскиот континент с$ повеќе консумира газирани пијалоци! Ова се некои генерални трендови за тоа кој, што и колку пие ширум светот. А што пијат Македонците? Од освежителните безалкохолни пијалаци, домашните потрошувачи најмногу консумираат газирани сокови и пакувана вода, при што доминираат овие првите со 40% пазарен удел, според податоците на глобалната компанија за истражување на пазарите на пијалаци Канадиан (Canadеan), која го анализира и македонскиот пазар. „Одличните временски прилики од април до доцна есен и силниот маркетинг за промоција на новите и на постоечките брендови го овозможија растот на газираните пијалаци и на ледениот чај. Газираните ќе продолжат со раст, а новите тенденции, како

kapital go analizira Maked

Makedonci pijat sè po sè ponekva sokovi! исфрлање вештачки бои или предупредувања на етикетата за негативните последици од нив, поради хармонизација со регулативите на ЕУ, додавање вистински сок, замена на шеќерот со поскапиот

природен засладувач стевија веќе навлегуваат и на овие простори“, вели Маја Герасимова–Порјазоска, консултант во Канадиан.

Поради нискиот стандард, с$ помалку се пијат 100% сокови Додека расте потрошувачката на газирани сокови и вода, с$ помалку се пијат соковите со 100% овошен концентрат, велат домашните производители и трговци. Истовремено, расте продажбата на сокови

со помал процент овошна содржина, коишто имаат пониска цена, но и послаб квалитет. Увозот пак, на овошни сокови и сокови од зеленчук, според државната статистика, е стабилен. Вредноста на увозот лани изнесувала 4,6 милиони евра, слично колку и во 2011 година. „При нашите контакти со купувачите сме утврдиле дека тие знаат што е добро за нивното здравје, но сепак, кога ќе го земат предвид семејниот


пијалaци

donskiot pazar na pijalaci

ite ove]e alitetni буџет, се одлучуваат да направат компромис во односот квалитет/цена при купувањето. Ако ги анализираме вкусовите, се покажа дека портокалот е најомилен освежителен вкус во Македонија“, вели Игор Ивановски, координатор на категоријата сокови во Млекара а.д. Битола, производител на линијата сокови Бифрут. Тој вели дека производството на Бифрут секоја година расте (во моментов е околу шест милиони литри сок годишно),

но компанијата, како и останатите производители, се соочува со раст на цената на суровините и на енергенсите. Со оглед на тоа дека куповната моќ на македонските потрошувачи паѓа, Млекара а.д. Битола се фокусира на зголемување на извозните количини сокови. На домашниот пазар, каде што засега е најголемиот пласман на Бифрут, Млекара а.д. Битола држи 40%-50% од сегментот 100% сокови, додека во категоријата нектари со 40%-50% овошна

„Кола“пијалаците најмалку популарни во Македонија

Резултатите на анализата на Институтот за истражување на пазарот и медиумите Медиана, спроведено во декември минатата година, покажуваат дека „кола“пијалaците меѓу младата популација (од 15 до 29 години) с$ уште се популарни. Меѓу четири држави во регионот (Хрватска, Србија, Словенија и Македонија) најпопуларни се во Хрватска, каде што 85% од младата популација минатата година консумирале „кола“пијалаци. Од четирите држави најмалку популарни се во Македонија. Интересна е и споредбата меѓу двата познати „кола“-пијалаци – „кокта“ и „кока-кола“. „Кокта“, очекувано, најчесто се избира во Словенија, каде што минатата година ја порачале или ја купиле 40% од младите. И уделот во Хрватска не е незначителен, а нешто помалку се пие во Србија и во Македонија. Во Србија и во Македонија „кока-кола“ е интересна за половина од младата популација.

Иако потрошувачката на пакувана вода ко нт расте, достапност инуирано за пиење со рела а на водата ти квалитет исто та вно добар што н$ оддалечу ка е фактор ва комерцијална ек од поголема сп водата во шишиња лоатација на , по на Турција или Бу примерот гарија

содржина уделот ни е нешто помал“, вели Ивановски. Во Фруктал Мак повеќе од половина од произведените количини се наменети за извоз. Од фабриката на Фруктал во Македонија велат дека нивниот пазарен удел на домашниот пазар изнесува 12%–15%. „Нашите очекувања беа поголеми, но со оглед на целокупната економска состојба, се надеваме дека оваа година производството

ќе ни се зголеми“, велат од Фруктал Мак во Скопје. Падот на соковите со овошна содржина го забележаа и аналитичарите од Канадиан. Ниската куповна моќ наспроти повисоките цени на концентратите, рефлектирани со повисоки малопродажни цени, особено во првата

55


56

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ половина на 2012 година условија пад на соковите со овошна содржина, велат оттаму. „Покачувања во продажбата се очекуваат кај негазираните пијалаци со ниска овошна содржина помала од 25%, поради подрастичните ценовни корекции направени кон крајот на минатата година и силните маркетингинвестиции на неколку постојни и нови брендови. Војната во Западна Европа против белиот шеќер, особено за најмладите потрошувачи, не се одразува кај вредностите на македонските семејства, па сокот со 100% овошје останува да се бори рамноправно со останатите засладени пијалаци. Поради крајно ценовно осетливиот пазар, а и широката распространетост на природното овошје и зеленчукот, малку е веројатно дека свежите сокови од цели овошја ќе навлезат во понудата на пазарот во скоро време“, објаснува нашата соговорничка од Канадиан, Маја Герасимова–Порјазоска.

Домашните производители господарат на пазарот за вода

Што се однесува на потрошувачката на пакувана вода во Македонија, ниските цени и многубројните

Македонците пијат само осум литри вино по жител

Главниот предизвик за македонските винарници е да направат што поголем извоз, и тоа на вино во шишиња. Домашниот пазар со проценета потрошувачка по жител од 7-8 литри е мног мал за да го апсорбира производството. Ако се земе предвид и домашното производство (се мисли на она вино кое потрошувачите го произведуваат сами дома), потрошувачката по жител достигнува 15 литри. Неофицијално, 56% од виното на домашниот пазар се продава преку off trade (најголем дел преку супер и хипермаректите). Останатите 54% се продаваат on trade (хотели, барови и ресторани) и овој продажен канал има тренд на константен пораст. промоции, особено по стабилизацијата на цените на енергенсите и на суровините, беа причина за раст на продажбата на пакуваните води до 10 литри. Светски популарниот тренд

Потрошувачка на безалкохолни пијалаци во Македонија 2011

2012

2013

ВКУПНО МИЛИОНИ ЛИТРИ

309,191

321,689

328,395

Газирани пијалоци

125,591

130,829

133,145

92,8

100,45

103,73

4,3

5,2

5,6

5,27

4,48

4,28

Нектари - над 25% овошје

26,72

24,23

23,9

Негазирани сокови до 25% овошје

26,25

25,71

25,94

Инстант напитоци во прав

10,74

12,64

13,23

Сирупи

17,52

18,15

18,57

Ледено кафе

0,19

0,16

0,17

Леден чај

4,86

6,205

6,88

0,4

0,375

0,35

0,61

0,7

0,78

Пакувана вода Вода над 10 литри (кулери) 100% сок

Спортски напитоци Енергетски пијалоци извор: Canadean

Трендови во потрошувачката на безалкохолни пијалаци во Македонија 2012 2011 ВКУПНО ПРОМЕНА, % 4,0

2013 2012 2,1

Газирани пијалоци

4,2

1,8

Пакувана вода

8,2

3,3

Вода над 10 литри (кулери)

20,9

7,7

-15,0

-4,5

Нектари - над 25% овошје

-9,3

-1,4

Негазирани сокови до 25% овошје

-2,1

0,9

Инстант напитоци во прав

17,7

4,7

100% сок

Сирупи

3,6

2,3

-15,8

6,3

Леден чај

27,7

10,9

Спортски напитоци

-6,3

-6,7

Енергетски пијалоци

14,8

11,4

Ледено кафе

извор: Canadean

PET light-weighting, односно намалување на тежината на епруветите за шишиња и капачињата со цел да се намали амбалажниот отпад и да се дојде до заштеди, во Македонија с$ уште е во зародиш, велат нашите соговорници, познавачи

Производството на вода и пиво во земјава се речиси изедначени. Лани домашните производители произвеле 668 милиони литри вода и 633 милиони литри пиво!

на пазарот. Потенцијалот пак, за влез во домовите на пакувањата вода на апарати с$ уште не е искористен, претежно поради дистрибуциските специфики и недоволната мотивираност на производителите на вода. Дека трендот на пиење газирана и негазирана вода постојано е во нагорна линија потврдува и сопственикот на производителот на води Кожувчанка, Митко Јанчев. Тој вели дека побарувачката за газирана вода е на високо ниво, а негазираната вода доживува благ пораст на пазарот. „Производителите на вода во Македонија заземаат околу 85% од домашното производство, но трендот на пораст на увозот на вода е еден голем пропуст на државата, односно на Министерството за економија, затоа што на странските производители им се дозволува на многу лесен начин да влегуваат на македонскиот пазар, што не е случај при нивниот настап на пазарите во другите земји”, вели Јанчев. Според официјалните статистички податоци, минатата година во земјава е увезена вода (природна и вештачка, минерална и газирана) во вредност од 2,22 милиони евра. Во 2010 година вредноста на увозот била 2,17 милиони евра, што укажува дека зголемената


58

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ УВОЗ НА ПИЈАЛОЦИ Тарифа Опис Овошни сокови (вклучувајќи шира од грозје) и сокови од зеленчук, 2009 неферментирани и без додаток на алкохол, со додаток или без додаток на шеќер или други средства за засладување: Вода, вклучувајќи природна или вештачка минерална вода и газирана 2201 вода, без додаток на шеќер или на други средства за засладување или ароматизација; мраз и снег: Вода, вклучувајќи минерална вода и газирана вода, со додаток на шеќер или други средства за засладување или ароматизација, и други 2202 безалкохолни пијалаци, освен сокови од овошје или зеленчук што се распоредуваат во тар. број 2009 2203 Пиво добиено од слад

2010

2011

2012

ВКУПНО

4.791.730

4.648.120

4.608.571

14.048.421

2.177.474

2.161.780

2.229.948

6.569.202

13.841.303

15.768.084

16.775.332

46.384.719

3.748.880

4.074.773

4.256.692

12.080.345

Извор: Државен завод за статистика

побарувачка за овој пијалак на македонскиот пазар се надоместува од домашните производители. Тоа го потврдуваат и статистичките податоци, според кои од 2010 до 2012 година прозводството на вода пораснало за 26,2%. Во 2010 година домашните производители произвеле 529 милиони литри минерална и газирана вода, а во 2012 година 668 милиони литри!

Пиварниците незадоволни од најавеното зголемување на акцизите Пивото дефинитивно е еден од производите чија побарувачка и консумација постојано расте. Лани домашните производители произвеле 633 милиони литри пиво. Задоволни се од побарувачката, но незадоволни се од најавеното зголемување на акцизите за алкохол со последните измени во Законот за акцизи.

„Со овие закански промени воопшто не може да стане збор за очекуван раст на потрошувачката на пиво, туку напротив, за пад“, велат во Прилепска пиварница. Благ пораст во оваа компанија очекуваат во сегментот газирани пијалаци, како и кај овошните сокови. „Анализирајќи ги последните трендови во светот, точно е дека потрошувачите ја наметнуваат потребата од здрави производи, но сепак,

сето тоа е поврзано со стандардот на потрошувачите и нивните навики за купување. Ако се погледнат податоците во државите од нашето опкружување, се забележува дека менталитетот и навиките за купување на пијалаците како категорија се приближно слични. Но, едно треба да се сфати - консумацијата на пиво апсолутно не е нездрава навика. Се разбира, доколку се консумира во

нормални количини“, велат од Прилепска пиварница, од каде што потенцират дека е погрешно третирањето на пивото од страна на законодавецот како алкохолен пијалак на кој треба да се плаќа „огромна акциза, за да се ‘спречи’ неговата консумација“. Велат дека ваквиот третман е нелогичен и апелират да се работи на подобрување на навиките за консумација во здрави количини.

Пазарот за овошни сокови во Србија „тежи“ 350 милиони евра

П

рофесорот на Земјоделскиот факултет во Земун, Миладин Шеварлиќ, тврди дека индустријата на овошни сокови, која во Србија се проценува на 350 милиони евра, придонесува за подобрување на надворешно-трговскиот биланс на српското земјоделство и прехранбената индустрија. Српските производители извезуваат овошен сок на пазарите на земјите на ЦЕФТА и во ЕУ по просечна цена од 2,72 долари за литар. Вели дека и покрај незначителниот пад на потрошувачката на овошни сокови поради економската криза, пазарот закрепнува и повторно го достигнува нивото на производство од 300 милиони литри на годишно ниво.

Професорот Шеварлиќ апелираше до Министерството за земјоделство и трговија да & излезе во пресрет на индустријата на овошни сокови и предложи царинската стапка на увоз на концентриран овошен сок од агруми, како суровина, пред с$ од портокал, да биде намалена од 20% на 5%, колку што е во сите соседни земји. Анализите на овој пазар покажуваат дека 16% од потрошувачите во Србија пијат овошни сокови секој ден, 14% четири до шест пати неделно и 36% два до три пати неделно, што значи дека во структурата на исхраната на српското население значително учествуваат и овошните сокови.

Потрошувачка на безалкохолни пијалоци во Македонија во 2012 година (во милиони литри) Газирани пијалоци

Вода над 10 литри (кулери) Пакувана вода

АнкетА:

е во лето? Што нАјчесто Пиет

Вода во шише Негазирани сокови Газирани сокови Ладен чај Пиво Вино Друго Вкупно гласале

86 10 20 10 37 7 9 179

48% 6% 11% 6% 21% 4% 5% 100%

100% сок

Нектари - над 25% овошје Негазирани сокови до 25% овошје Ледено кафе Леден чај Спортски напитоци

Инстант напитоци во прав Сирупи Енергетски пијалоци


60

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

СвЕтСкИОт ПАзАР НА ПИЈАЛАЦИ Ст

Кина и индија ја движат светсКата потрошувачКа на пи

С

ветскиот пазар на пијалаци во 2013 година ќе остане речиси непроменет! Според анализите на Canadean, глобална компанија специјализирана за анализи на пазарот на пијалаци, глобалната побарувачка за пијалаци годинава ќе оствари само благ, минимален раст од 3,5%. Посилно забрзување на побарувачката не може да се очекува затоа што глобалните играчи на овој пазар, производителите се борат да ги балансираат

турбуленциите во растот на цените на суровините и енергенсите паралелно со променливата побарувачката на производите која е многу чувствителна на растот на цените. Ова се случува во едно неизвесно опкружување за производителите, потенцираат од Canadean, особено што многу држави ги зголемуваат даноците, а стапките на невработеност не се намалуваат. Токму овие два фактори имаат клучна улога за нивото на побарувачка и консумација на пијалаци. Она што е извесно, според

предвидувањата, е дека главната движечка сила во светската консумација на пијалаци ќе ја има Азија, каде што Кина и Индија (двете најбројни земји на светот) креираат 70% од волуменот на консумација. Од другите континенти, Бразил се наметнува како нова движечка сила во овој пазарен сегмент, додека состојбите во Европа и во Северна Америка не се розови. На овие пазари, само на неколку пазари се очекува раст на побарувачката и потрошувачката. Ваквото заостанување на европскиот

пазар, аналитичарите од оваа куќа го објаснуваат со длабоката европската криза која остави сериозни и длабоки последици врз овие производи. Притоа, најмалку погодени и натаму ќе бидат ладните безалкохолни пијалоци, кои и натаму ќе бидат главни двигатели на потрошувачката. На зголемената глобална побарувачка големо влијание ќе има и зголемената побарувачка на вода (во големи пакувања) особено во Кина, Индија и Индонезија. Една од категориите во пијалаците, која и натаму ќе


пијалaци Предвидувања за 2013 Регион Сите Западна Европа Источна Европа Русија Азија Кина Австралија Африка ЛатинскаАмерика Среден Исток и Северна Африка (МЕНА) Северна Америка

2013-2012 % промена +3,5 -0,3 +0,7 +0,7 +6,2 +8,6 -0,9 +4,2 +2,7 +4,0 +0,8

Извор - Canadean

Глобалните производители на сокови, вода и пиво се пред сериозни предизвици. Како да ја зголемат побарувачката за своите производи во услови на растечки цени на суровините и на енергенсите и побарувачка чувствителна дури и на најмали ценовни промени. Експертите советуваат: само со иновации во производите долгорочно ќе го спасите пазарот на пијалаци!

тагнира

До 2018 година, на аззи ијјаа ќе от дне 50% од глобалпа ната комерцијална потрошувачка на пијалаци

ијАлАци! расте со двоцифрени стапки на раст, се енергетските пијалаци. Сепак, и тој раст се очекува да забави поради тоа што на с$ повеќе пазари се воведуваат регулативи за овој тип пијалаци. Долгорочната проекција на Canadean покажува дека глобалниот пазар на пијалаци до 2018 година ќе расте со стабилни годишни стапки од околу 4%. До 2018 година на Азија ќе отпаѓа половина (50%) од глобалната консумација на пијалаци, што пак, е раст од 10 процентни поени за една деценија. Околу 40% од газираните

пијалаци и пиво до 2018 година ќе се консумираат токму на овој континент. Во ваква ситуација, главните светски производители ќе се фокусираат на искористување и освојување на пазарите во развој и инвестирање во нови супбрендови. Во светот полн со економска неизвесност и проблеми за обезбедување евтини ресурси и репроматеријали, стратешкото освојување на ресурсите, како и инвестиции во иновации ќе биде единствената формула да се одржи и поттикне

натамошниот раст на глобалната косумација на пијалаци, заклучува Canadean.

Американците најмногу пијат вода?!

По две децении доминација на газираните пијалаци во САД, водата повторно се искачи на врвот на листата со пијалаци коишто најмногу ги консумираат Американците. Претходните години засладените пијалаци се сметаа за најчести виновници за дебелината на Американците, што покрена и низа мерки за одредена забрана или ограничување на таквите пијалаци. Газираните сокови повеќе од две децении беа пијалак број еден во САД, а најголема потрошувачка на сокови е забележана во 1998 година, кога според податоците на компанијата Бевериџ дижест, Американците во просек пиеле по 200 литри сок годишно. Истовремено, Американците пиеле само 159 литри вода годишно. Бидејќи консумацијата на сокови го достигнала врвот кон крајот на 90-тите години, нивната популарност почнала

да опаѓа, а биле заменети од водата во шише, за што придонело и појавувањето на малите шишиња погодни за носење. Водата во шише и водата од чешма од 2008 година повторно ја презеде првата позиција, а аналитичарите проценуваат дека таквиот тренд ќе продолжи и во наредната деценија, освен ако не биде стопиран од загриженоста за животната средина поради создавањето премногу пластичен отпад.

Кинезите го открија пивото и станаа негови страсни фанови!

До почетокот на 20-тиот век кога Германците ги отворија првите пиварници во Кина, Кинезите практично дотогаш и не знаеја за овој пијалак. Денес состојбите се драстично променети и мултинационалните компании кои се пробиваат на овој огромен пазар веќе ги градат и своите пиварници. Интересно за овој пијалак е што во време на рецесија и криза кога речиси сите потрошувачки категории беа во пад, е единствен кој цели 26 години постојано расте. Во светот има само неколку земји во кои потрошувачката на пиво надминува 100 литри по жител и тоа без

61


62

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ Клучните трендови во светската потрошувачка на пијалаци: „„ Безалкохолните пијалаци се на врвот, со годишна стапка на раст од 4% „„ Азија ќе зафати 50% од глобалната комерцијална потрошувачка на пијалаци до 2018 година „„ Расте побарувачката на пијалаци во Латинска Америка, со тоа што големите компании го развиваат потенцијалот на регионалните пазари „„ Потрошувачката во Западна Европа е на слаби нозе, оптоварена од економската непредвидливост „„ Египет е главниот двигател на растот на газираните пијалаци на Средниот Исток и во Северна Африка „„ Растот на потрошувачката на вода во шишиња го поткрепува вкупниот пазар на САД

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ јуни 2013 Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо бул. Маркс и Енгелс бр.7 зграда 1, влез 1 стан 32 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова

Извор – Canadean

конкуренција е Чешка со 160 литри! Чешкиот завод за статистика објави дека годишната потрошувачка по жител изнесува околу 290 шишиња! Ирците пијат околу 130 литри, а Германците 120 литри по жител. Јапонскиот институт за храна и животен стил, пак, објави дека во 2011 година во Јапонија било испиено за 3,8% повеќе пиво отколку

претходната година и дека со таа количина би можел да се наполни токискиот главен безбол стадион и тоа 152 пати. Зголемената консумација на пиво се должи на наглиот раст на потрошувачката во оние светски економии кои се во развој, како Кина и Бразил. Притоа Кина веќе девет години по ред е земја со најголем пораст на

потрошувачката од над 10%. Во Кина се пие четвртина од светската потрошувачка. САД се на второ место, а следат Бразил и Русија. Иако во САД и во Европа паѓа потрошувачката на пиво, светскиот раст во најголема мера го креира и „билда“ Кина. Оваа земја со најмногу население, иако доцна го откри овој пијалак, сега наголемо го консумира.

Автори на прилогот: Верица Јорданова Игор Петровски Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски Фотографија: Фотоархива на Капитал Маркетинг: Александра Стојменова www.kapital.mk

ПОКАНА ЗА ОБУКА НА ТЕМА:  15 јуни 2013 година, од 10.00 – 14:00 часот Клуб на новинари, Скопје

У ОГЛАСУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ПОСТОЈНИТЕ ЗДРАВС УС СТВЕНИ УСТАНОВИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА

“КАКО ДА ЈА ОБНОВИТЕ ВАШАТА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА?” (Обуката е наменета за здравствени установи – аптеки)

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА: ОБ

Запознавање апознавање со обврските кои произлегуваат од новиот Закон акон за здравствената заштита, што треба да се направи за да ја обнови дозволата, како ќе се работи до обновувањето на дозволата за работа, како ќе се добие лиценца за работа во мрежата на здравствени установи и сл.

OБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:

Постојните здравствени установи – аптеки, и тоа за управителите, извршните директори, правниците и др.

ЗА ВРЕМЕ НА ОБУКАТА ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ СЛЕДНИВЕ ЛЕДНИВЕ ТЕМИ:

 Закон акон за здравствената заштита и обврската за обновување

на дозволата за работа;

 Вршење на здравствена дејност во мрежа и надвор од

мрежа на здравствени установи;

 Услови кои треба да ги исполните за да ја обновите дозволата;  Содржина на дозволата за работа согласно ЗЗЗ;  Лиценца за работа во мрежа на здравствени установи;  Обврски на носителот на лиценцата за работа;  Содржина на елаборат за основање на здравствената установа

надвор од мрежата на здравствени установи.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница може да се пријават најдоцна до 12.06.2013 година.

ПРЕДАВАЧИ: РЕДАВАЧИ: Ангелина Бачановиќ

магистер по јавно здравство, дипломиран правник со долгогодишно искуство во областа на здравствената заштита

Дејан Николовски

дипломиран правник со искуство во областа на задравствената заштита

ихајловска и Ленче Зикова  лица за контакт: Гордана Михајловска  е-маил: akademija@kapital.com.mk  02 3280 911


Pijalaci juni 2013  

Pijalaci juni 2013

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you