MANAGER.MK
COVER STORY: ПАНДЕМИЈАТА САМО ЈА ВЛОШИ МАЧНИНАТА MANAGER
БР ОЈ 7 I ЈУНИ I 202 1
COVER S TORY
6
МЕНАЏМЕНТОТ ВО КРИЗА НА СРЕДОВЕЧНОСТА КАПИТАЛИЗМОТ НА ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА РАСКРСНИЦА Непријатноста што многумина ја чувствуваат на работа изминативе недели и месеци, па и години, а најмногу сега, среде глобалната здравствена, економска и општествена криза, не е поради неспособноста на менаџерите да ја подготват организацијата за иднината. Туку е поради неволноста на менаџерите да размислуваат за немањето на своја сопствена иднина, што станува се’ поочигледно. Немањето на иднина коешто го засега менаџментот како идеја и како пракса, а не само како судбина на индивидуалните менаџери. Вакво негирање на реалноста, се’ уште присутно во многу организации, е опасно и несреќно. Mенаџментот ја доживува својата „криза на средовечноста“ веќе некое време. Бидејќи капитализмот – светогледот што повеќето менаџмент теории и алатки веќе долго време го поддржуваат и унапредуваат – е на егзистенцијална раскрсница во моментов. Повеќе не се прашуваме само како да направиме нештата да функционираат. Сега многумина се прашуваат зошто (и за кого) постои капитализмот. Некои пак, се прашуваат и дали е одржлив понатаму.