Issuu on Google+

LETO SO STIL

www.kapital.mk петок 05/07/2013

LETEn kuLTurEn vOdI^ 2013

kuLTurnI STanIcI na LETnITE paTE[ESTvIja


48

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Leten kuLturen vodi^ 2013

kuLturni stani Letnite pate[e За поголема прегледност на задоволствата од духовноинтелектуален вид што ги нуди ова лето, „Капитал“ ги мапираше поважните културни настани во Македонија и во регионот, ги обиколи книжарниците за да добиете информации и препораки за најпродаваните книги и за оние кои не се меѓу нив, а заслужуваат поголемо внимание, како и за филмовите кои се на кино-репертоарите и кои допрва чекаат премиерa

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

М

оре, плажа, удобна лежалка под чадор, коктел на дофат на раката е првата асоцијација за долго чеканата безгрижност на летниот одмор. Но, летото е долго и будењето без ѕвонење на алармот, одење на работа, носење на децата во училиште и трчање од состанок на состанок многумина го чекаат за да се посветат на себеси и да се деконтаминираат од стресот со читање на книгите и гледањето на филмовите претходно одложени поради временскиот теснец на деловно подинамичните годишни времиња. Сезоната на

одмори изобилува и со културни настани кои заинтересираните ги вклопуваат во својата летна агенда при планирањето на одморот и останатите патувања низ земјата и во регионот. За поголема прегледност на задоволствата од духовноинтелектуален вид што ги нуди ова лето, „Капитал“ ги мапираше поважните културни настани во Македонија и во регионот, ги обиколи книжарниците за да добиете информации и препораки за најпродаваните книги и за оние кои не се меѓу нив, а заслужуваат поголемо внимание, како и за филмовите кои се на кинорепертоарите и кои допрва чекаат премиери и ќе ве потсети на оние кои играле порано, но можеби сте ги пропуштиле, иако сте сакале да ги изгледате.


лето со стил

За Бонд ќе се бара карта повеќе на охридско лето

ici na estvija Културни настани во МаКедонија охридско лето „„ 12.07-20.08 Прегледот на културните настани во Македонија за ова лето го почнуваме со најзначајната музичкосценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“, коj ќе стартува на 12 јули. „Минатата година имавме успешно издание, а годинава најавуваме спектакуларно лето“, изјави директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска, најавувајќи ја програмата за ова 53-то издание на „Охридско лето“, кое ќе биде отворено со

Кшиштоф Пендерецки - најдобриот жив композитор според Гардијан гостува во охрид концерт на големата оперска ѕвезда Дмитри Хворостовски

во охридскиот Антички театар. Хворостовски ќе настапи заедно со светски познатиот диригент Константин Орбелиан и со оркестарот на Македонската опера и балет, а ќе изведе оперски арии од Белини, Бизе, Чајковски, Глинка, Хачатурјан, Рубинштајн, Верди и од Вагнер. Рускиот баритон Хворостовски настапувал на сцените на речиси сите големи светски оперски куќи, вклучувајќи ги Ројал опера хаус во Ковент гарден (Лондон), Метрополитен (Њујорк), миланската Скала, виенската и берлинската државна опера. Диригентот Орбелијан е Американец со ерменско-руско потекло, кој бил музички директор и на Руската филхармонија и на Државниот академски камерен оркестар на Русија, а во 2004 година стана првиот странски уметник кој ја доби наградата „Народен артист на Русија“. Современиот полски композитор и диригент Пендерецки е уште едно големо светско име на класичната музика што ќе настапи на „Охриско лето“ на 3 август, на концерт со Македонската филхармонија (Пендерецки ќе биде во улогата на диригент), на кој ќе бидат изведени неколку дела кои се пресек на досегашното негово творештво. За значењето на можноста да се види и да се чуе Пендерецки можеби најдобро сведочи титулата најголем жив композитор што му ја додели лондонски „Гардијан“. На почетокот предводник на европската музичка авангарда од шеесеттите години на минатиот век, Пендерецки во подоцнежното творештво избира да се сврти кон потрадиционалниот музички израз. За оние кои како мотив да го видат неговиот настап бараат референци од популарната култура,

доволно е да се спомене дека композиции на Пендерецки се искористени во редица култни филмови меѓу кои „Егзорцист“ (1973) на Вилијам Фридкин, „Сјаење“ (1980) на Стенли Кјубрик, „Диви во срцето“ (1990) и „Внатрешна империја“ (2006) на Дејвид Линч, „Затворениот остров“ (2010) на Мартин Скорсезе. Концертот од овогодишната програма на фестивалот за кој се очекува да се бара карта повеќе ќе се случи на 27 јули во Античкиот театар, кога ќе настапи светската атракција – женскиот гудачки квартет Бонд. Австралиско-британската група Бонд исполнува класична „кросовер“ музика (која некои ја нарекуваат компромис за спас на класичната музика) во која класиката се меша со поп, рок, џез, латино... „Охридско лето“ за овогодишната програма успеа да ги обезбеди четирите девојки од бендот по долги седумгодишни преговори, откри селекторот на музичката програма на фестивалот, Гордана Јосифова–Неделковска, што не треба да н$ зачудува ако се знае дека Бонд важи за најпродаван гудачки квартет на сите времиња со досега продадени над четири милиони носачи на звук. Во музичкиот дел публиката на овогодишното „Охридско лето“ ќе има можност, меѓу другите, да ги посети и концертите на пијано-дуото Корољов, кое на 14 јули ќе настапи во црквата Света Софија; на бразилскиот виолончелист Антонио Менезес, кој ќе настапи на 17 јули, исто така во Света Софија; на српскиот хор Вива Вокс (2 август во Античкиот театар), како и на српскиот виолинист Немања Радуловиќ, кого на пијано ќе го придружува Американката Сузан Маноф (19 август, Света Софија).

49


50

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ Во драмскиот дел на фестивалот предвидени се повеќе премиери, како што најави селекторот на овој дел од програмата, Ѓорѓи Јолевски. Драмскиот дел ќе го отвори премиерата на претставата „Мизантроп“ од Молиер (16 јули, Света Софија) во режија на Драгана Милошеска, во продукција на Народниот турски театар од Скопје. Ќе биде одиграна и политичко-сатиричната „Спортска претстава“ (24 јули во дворот на ОУ Свети Климент Охридски во Охрид)

од австриската авторка Елфриде Јелинек, во режија на Ванда Бутковиќ, во продукција на Just a Must Theatre од Лондон. Премиерата на претставата „Кавкаски круг со креда“ од Бертолд Брехт во режија на Златко Славенски, а во изведба на скопскиот Драмски театар ќе се одигра на 30 јули во Света Софија. Јолевски ја препорача и претставата „Браќа Карамазови“ од Фјодор Достоевски, закажана за затворањето на фестивалот (20 август,

Центар за култура Григор Прличев, Охрид, голема сцена), а во режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Марин Држиќ“ од Дубровник.

Скопско лето

„„ 21.06 – 31.07 Дури 2.000 учесници од над 20 земји се претставуваат низ 70 програмски содржини на овогодишното издание на „Скопско лето“. Манифестацијата пригодно беше отворена на светскиот

ден на музиката, кој е и прв ден од летото, 21 јуни, со изведба на „Деветтата симфонија“ од Лудвиг ван Бетовен. Од настаните на „Скопско лето“ кои претстојат го издвојуваме отворањето на летното кино (во соработка со Кинотеката на Македонија) во забавниот парк „Луна“ со филмот „Црниот лебед“ на Дарен Аронофски на 6 јули. На 9 јули во галериски простор на НЛБ Тутунска банка ќе биде отворена изложбата „Б-линии“ со цртежи и дела на хартија од

ХРвАтСкА

посетат летово во Загреб е и „Лето на Штрос“, кое се одржува во еден од најромантичните делови од рватската престолнина изобилува со културни настани, загрепскиот горен град – шеталиштето Штросмаер. особено во текот на летото, а поради краткото време „Лето на Штрос“ секој ден до 29 септември на што останува до завршувањето на една изложба посетителите им нуди бесплатни концерти со каква што ретко може да се види на овие простори, етно, џез, соул, рок-музика, а во рамките на прегледот го почнуваме со неа за да ја „фатите“ ако манифестацијата се одржува и ликовна колонија. деновиве патувате кон Загреб. Традиционален дел од програмата се и изборот на најубаво куче од „„ Уште само неколку мешана раса, како и модната ревија дена остануваат за на учениците од загрепските школи заинтерсираните да за текстил и дизајн. ја видат изложбата „ До 1 август во Загреб се одржува „Ремек-дела од и традиционалната музичка музејот Пикасо“, која манифестација „Вечери на Грич“, во Загреб донесе 56 со програма од тринаесет врвни слики и скулптури од концерти во распон од класика, преку најпознатиот уметник џез и различна забавна музика до на XX век. Во рамките „world“ музика, кои се одржуваат на на изложбата, која атрактивни локации во загрепскиот се затвора на 7 јули горен град. Фестивалот на 2 јули го (беше отворена на 23 отвори Габи Новак со триото Матеја март), поместени се Пикасо уште само неколку дена во Загреб Дедиќ, кое на 9 јули ќе ја придружува и стотина документи и француската виолинистка Фиона за хронолошка ориентација во развојот на креативниот гениј Пикасо. Монбет. На „Вечери на Грич“ ќе настапат и музичари од Шпанија, Холандија и од Финска. „„ До 31 август во Музејот за уметност во Загреб „„ Манифестацијата „Макарско лето“, која како што се одржува изложбата „Со Караваџо во Европа“, кажува името, се одржува во приморскиот град на којашто мо��е да се види славната слика на Макарска, трае до 15 септември и нуди програма италијанскиот зачетник на барокот, „Вечерата во составена од поп-рок и класични концерти, настапи Емаус“. Се работи за највредната слика кога било на далматински „клапи“ и фолклорни ансамбли и изложена во Хрватска. театарски претстави. Во состав на „Макарско лето“ „„ Меѓу многубројните манифестации што може да се

Х

СРбИЈА

П

од слоганот „Диши. Не диши“ на 21 јуни почна 22 „Белградски летен фестивал – БЕЛЕФ“, 2013, кој ќе трае до 15 јули. Фестивалот и годинава понуди 10 подфестивали и фестивалски продукции, опфаќајќи четири уметнички целини: музика, филм, танц и визуелна уметност. Покрај случувањата на отворено, новост на „БЕЛЕФ 2013“ е фестивалската сцена поставена во дворот на Петтата белградска гимназија, на која ќе се одржи поголем дел од програмата, која во целост е бесплатна за посетителите. Од содржините кои се во тек ги издвојуваме фестивалот „Блинк“ (отворен до 15 јули) на нови комуникации, чиј предмет на интерес се движи од корпоративните комуникации до уметничките „street art“ експресии; филмската смотра

„Седумтемина величествени“ (до 12 јули), на која ќе бидат претставени европски долгометражни документарци, и проектот „Тераторија“ (до 15 јули), во чии рамки ќе бидат поместени склуптури на неколку локации во градот во близина на фонтани, кои во концептот на проектот се доживеани како органски поврзани со скулпторските решенија. „„ „Да живее животот“ пак, е интересна меѓународна изложба што ќе биде отворена до 31 јули во Белград, осмислена така за да покаже како изгледал животот во поранешна Југославија меѓу 1950 и 1990 година. Изложбата е поставена во стоковната куќа Белград на улицата


лето со стил

Младинскиот оркестар на европската унија финале на програмата на скопско лето 15 уметници кои работат во Берлин (оттука потекнува „Б“

во името на изложбата), чија ориентација е реалистично-

Дубровнички летни игри

вообичаено влегуваат и рибарски вечери, летен карневал и фестивал на „клапи“ со мандолини и гитари. „„ „Задарското театарско лето“ пак, завршува на 2 август и е драмска, музичка и танцувачка сценска манифестација. Претставите и концертите се одигруваат во културно-историските амбиенти на градот Задар. Составен дел на манифестацијата е и „Фестивалот на современа музика“. „„ Овогодишните „Дубровнички летни игри“, кои ќе се одржат по 64-ти пат во непрекинат континуитет, покрај вообичаената врвна селекција на хрватски и светски културни сценски настани, воведуваат новитет – филмска програма во чиј состав ќе бидат прикажани 25 филмови по избор на директорот на реномираниот филмски фестивал што се одржува во Пула. „Дубровничките летни игри“ почнуваат на 10 јули и завршуваат на 25 август, а во својот музички дел се под влијание на јубилеите 200 години Верди и Вагнер.

фигуративниот ликовен израз. Куратор е Јован Балов, чии дела ќе бидат изложени заедно со оние на Гениа Чеф, Арчи Галенц, Нина и Торстен Роемер, Ловро Артуковиќ, Кавата Мбити, Мартин Јуеф. Следниот ден на малата сцена на Универзалната сала ќе биде изведена претставата на Бертолт Брехт, „Малограѓанска свадба“ во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на охридскиот Народен театар. Во соработка со Фото сојузот на Македонија на 16

јули, односно на 17 јули ќе се одржат две фотографски изложби – најпрвин „Денови на македонската фотографија“ (Мала станица), а потоа и „Бисери на српската фотографија“ (галерија Остен). На 23 јули на платото пред Универзалната сала заинтересираните ќе можат да ја проследат ревијата на наградени филмови „Астерфест'“. Во пресрет на јубилејот 50 години од скопскиот земјотрес, на 25 јули во салонот на МОБ ќе настапи деведесетчлениот

Роби Вилијамс се чека во хрватската престолнина

„„ Од концертите летово на големи светски музички имиња во Хрватска ги издвојуваме настапот на мексиканскиот гитарист Карлос Сантана во Задар (29 јули), на англискиот пејач Роби Вилијамс во Загреб (13 август) и на француската пејачка Заз во Пула (14 август).

„Кнез Михајлова“, а на посетителите им овозможува споменатиот период да го доживеат со сите сетила преку уникатни експонати, аудио и видеоинсталации, 3Д-проекции, како и соодветни сценографии. „„ „Новосадско музичко лето“ почнува во јули и трае до 20 август, со програма со попопуларен карактер – настапуваат квалитетни музичари, кои сепак, не се во тесна врска со класичната музика, велат организаторите – Музичката младина на Нови Сад. Концертите се бесплатни. „„ Српската престолнина летово ќе биде домаќин на неколку големи светски музички ѕвезди, како американскиот џез-гитарист со освоени десет награди „Греми“, Џорџ Бенсон (7 јули), потоа на вокалистот на легендарниот бенд од шеесеттите години The Animals, Ерик Бурдон (15 јули) и секако, на најпознатиот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, кој на 1 септември на белградско Ушче ќе настапи со едно од најголемите дела во историјата на рок-музиката, „The Wall“. На 12 јули во Нови Сад во рамките на фестивалот „EXIT“ ќе настапи британскиот

Роџер Вотерс во Белград ќе го постави легендарниот The Wall електронски бенд Продиџи. Ден претходно на главната сцена на „EXIT“ ќе може да се види и да се чуе американскиот рапер Снуп Дог, овојпат под името Снуп Лајон (Snoop Lion), а ден подоцна (на истата сцена) ќе свират кралот на алтернативниот рок, Ник Кејв и неговата група „Бед сидс“.

51


52

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ оркестар на Централниот конзерваториум на Кина под диригентската палка на Ванг Фуџијан. На 31 јули пак, по повод јубилејот 50 години Музичка младина на Македонија, во Сули ан во Старата скопска чаршија ќе се одржи и концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина, „Jeunesses moving orchestra“, со кој ќе диригира Саша Николовски Ѓумар, а како солист ќе настапи

флејтистката Катерина Бачевска. Како посебна ексклузива организаторите го најавуваат настанот што на 20 август ќе се случи надвор од редовната програма, на кој на кејот под Камениот мост ќе настапи Младинскиот оркестар на Европската унија, составен од 125 музичари од сите земјичленки на Унијата, кои ќе изведат дела од Карл Марија Вебер, Леонард Бернштајн и од Игор Стравински.

Културни настани во Битола, Штип, Струмица, Прилеп, Вевчани...

„БитФест“

Во Битола во тек е фестивалот за современа музика и уметност „БитФест“, оваа година со рекорден број настани (244) коишто се одржуваат на разни локации во градот на Широк сокак. Фестивалот на 25 јуни беше отворен со концерт на познатиот актер, поет и шансониер Раде Шербеџија и составот „Западни колодвор бенд“ на античкиот локалитет Хераклеја. Битолското културно лето, што всушност, претставува „БитФест“, изобилува со концерти на класична, поп, рок-музика, филмски проекции, театарски претстави, различни книжевни настани, музичко-сценски перформанси, изложби, а ќе трае до затворањето на 24 август со фреквенција од дури четири настани дневно. Годинава во рамките на фестивалските активности за првпат ќе се одржи „Шекспиров театарски фестивал“, на кој почнувајќи од 20 јули ќе бидат одиграни шест претстави на големиот англиски драматург во изведба на гости од Србија, САД, Холандија, Албанија, Германија, а најавено е гостување на Националниот театар од Пекинг со претставата „Ричард Трети“. Речиси сите настани публиката има можност да ги следи бесплатно, а за оние за коишто треба да се купат влезници тие се продаваат по симболична цена.

„Штипско културно лето" „„ 24.6-2.8 Во најголемиот град во источна Македонија по 28-ми пат се одржува „Штипско културно лето", кое почна на 24 јуни, а ќе трае до 2 август. За манифестацијата се селектирани над 30 настани, кои[to вклучуваат промоции на книги, концерти, фолклорни изведби, театарски претстави, рецитали, ликовни изложби. На отворањето на „Штипското културно лето" настапи српскиот изведувач на православна духовна музика Павле Аксентијевиќ. Како еден од поголемите настани од програмата се издвојува целовечерниот концерт на Македонската филхармонија закажан за 23 јули, а настап со своите студенти ќе има и


лето со стил БитФест

„Прилепско културно лето“

„„ 20.6-8.7 Ќе трае до 8 јули, а на 20 јуни беше отворено со премиерата на комедијата „Три варијации на една тема“ по текст и режија на Коле Ангеловски, а во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“. Настан од оваа манифестација кој с$ уште е во тек е ликовната колонија „Дрен“ што се одржува во манастирот Свети Илија

во село Дрен, која ќе биде затворена на 7 јули.

„Вевчански видувања“ На 26 јуни во Вевчани почна Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ (се организира по четврти пат), на којашто учествуваат над 25 еминентни ликовни уметници од Македонија, Грција, Русија, Србија, Бугарија, Франција, Црна Гора и од Албанија. За

заинтересираните да ги посетат уметниците во фаза на креација под инспирација од живописното Вевчани, информација дека колонијата трае до 10 јули. Причина повеќе да се посети Вевчани се неговите извори - споменици на природата, потоа 19-те цркви, манастири и параклиси, меѓу кои и црквата Свети Никола со иконостас изработен од прочуениот Дичо Зограф и неговата тајфа.

53

познатиот оперски пејач Борис Трајанов со вечер на арии.

"Струмица опен фестивал"

„„ 10.8-20.8 Почнува на 10 август и ќе трае во наредните 10 дена, со програма која вклучува концерти, промоции на книги, ликовна колонија и трка на келнери. Најавени учесници во музичкиот дел се Кирил Џајковски, Жељко Самарџиќ, Северина, Ален Исламовиќ и Рибља чорба. Сликите што ќе ги испродуцира ликовната колонија ќе се продаваат со хуманитарна цел. Организаторот најави дека на овогодишното издание на „Струмица опен фестивал" ќе настапат и 500 играорци за да го заиграат најмасовното оро на Балканот.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ јули 2013 Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо бул. Маркс и Енгелс бр.7 зграда 1, влез 1 стан 32 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова Автор на прилогот: Максим Ристески Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски Фотографија: Фотоархива на Капитал Маркетинг: Александра Стојменова Сања Савовска www.kapital.mk медиумски покровител


54

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ „Капитал“ ги обиколи книжарниците и состави листа со најпродавани наслови, како и препораки за книги кои може да бидат вистинско летно освежување за љубителите на добриот пишан збор

Книгата е „задолж реКвизит за на пл

К

ога одиме на одмор освен соодветниот заштитен фактор против силното сонце, ни треба и добра книга за ослободување од стресот насобран во текот на работната година од читањето деловни извештаи и останати документи поврзани со секојдневните обврски. Вкусовите се различни – за некои плажата и „тешкото“ четиво што бара концентрација не одат заедно, за други пак, напротив – токму летото е период за надоместување на пропуштеното во интелектуалната надградба и најголемиот компромис што ќе си го дозволат е некој наслов што се чита во еден здив, но не е ниту „лесен“, ниту „евтин“. „Капитал“ ги посети најпознатите книжарници кај нас за да состави листа со најпродавани наслови, а од тамошниот персонал побара и препораки за книги кои публиката не ги препознава доволно, а може да бидат вистинско откровение за оние што ќе одлучат да ги прочитаат.

ФИЛМ:

(„300“). Еден од продуцентите е Во кината е и новиот филм на Гор познатиот режисер Кристофер Нолан Вербински („Пиратите од Карибите“), агрозените љубители на Холивуд („Мементо“, „Несоница“, „Темниот „Осамениот ренџер“, во кој секако, сигурно со големо нетрпение го витез“, „Почеток“). игра омилениот очекуваат летото и веќе неколку Се прикажува и актер на Вербински, пати ги изгледале „трејлерите“ третото продолжение Џони Деп, како за филмовите кои најголемата филмска од хитот „Мамурлук“, и Хелена Бонам индустрија вообичаено ги пласира најавено како крај Картер („Говорот на во кината токму во оваа сезона, која на комичната сага кралот“, „Боречки најмногу ги полни кино-благајните. Во за четворицата клуб“, „Свини Тод“). нашите кина веќе може да се погледнат пријатели на кои На репертоарот е некои од најочекуваните летни хитови работите повторно и филмот што кај за 2013 година, а до крајот на сезоната им тргнуваат во нас го преведуваат Осамениот ренџер следува и останатиот дел. Во моментов неочекуван правец, како „Со пот до на репертоарот е „Човекот од челик“, но овојпат дејството пари“ („Pain & Gain“), филмот со кој е обновена една од не се врти околу венчавката и ергенската режиран од Мајкл Беј („Трансформери“, најстарите суперхерој-франшизи за вечер на Даг. Режијата е на Тод Филипс, „Армагедон“, „Лоши момчиња“), со Криптонецот со а во главните улоги се Марк Волберг („Борецот“, „Три крала“, вистинско име Бредли Купер, Ед Хелмс, „Италијанска работа“) и Ед Харис Кал-Ел, чиј таен Зак Галифијаникис... („Прекрасен ум“) во главните улоги. идентитет на Љубителите на научната Друг филм кој од неодамна може да се Земјата го крие фантастика сигурно погледне, а е потпишан од режисерска новинарот Кларк најмногу му се радуваат суперѕвезда, е „Нуспојави“ на Стивен Кент, а за доброто на вториот дел од Содерберг („Ерин Брокович“, „Патишта на човештвото „Ѕвездени патеки“ на дрогата“), во кој играат Џад Ло по потреба потпишан од Џеј Џеј („Талентираниот господин Рипли“) се претвора Абрамс („Изгубени“), и Кетрин Зита-Џонс. Се прикажува и Човекот од челик во Супермен. „Ѕвездени патеки: Во шестото продолжение од „Брзи и бесни“ Во улогата на мрак“, во кој играат на режисерот Џастин Лин со Вин Дизел и најпознатиот суперхерој овојпат е Захари Квинто („Херои“), Зои Салдана Пол Вокер во главните улоги. актерот Хенри Кавил („Тудори“), а („Аватар“), Бенедикт Камбербач На репертоарот е и новата екранизација режијата му е доверена на Зак Снајдер („Шерлок“), Карл Урбан („Дред“). на романот на Скот Фицџералд,

З


жителен“ лажа!

„Големиот Гетсби“, за кој режијата ја потпишува Баз Лурман, а актерската екипа ја предводи Леонардо ди Каприо. Уште еден летен хит е „Железниот човек“ во своето трето издание, режиран од Шејн Блек, со Роберт Дауни Јуниор како „железниот човек“ и Гај Пирс, Гвинет Полтроу и Бен Кингсли во другите улоги. Деновиве може да се погледне и филмот „Земја: Нов почеток“ со Вил Смит во главната улога, а режиран од Најт Шиамалан („Шесто сетило“, „Знаци“). Меѓу филмовите што летово чекаат свои македонски премиери најочекувани се научно-фантастичниот филм „Пацифик Рим“, на големиот мексикански режисер Гилермо дел Торо („Пановиот лавиринт“, „Ѓаволовиот рбет“), кој ќе може да се погледне на 11 јули. Во филмот игра релативно непозната актерска екипа, од која се издвојува Рон Перлман („Хелбој“). На 18 јули ќе почне да се Пацифик Рим прикажува и новиот филм на Софија Копола („Изгубени во преводот“), „Блинг Ринг“, со Ема Вотсон („Хари Потер“) како

лето со стил „„ Во книжарницата „Култура“ летен хит е романот на Елизабет Адлер, „Лето во Тоскана“, заедно со „Адвокатот од Линколн“ (кој актерот Метју Мекконахи го донесе на филмското платно во истоимениот холивудски хит од 2011 година) на познатиот автор на детективски романи Мајкл Конели. Во „Култура“ летово добро се продаваат и „Војна за Константинопол“ од Бајазит Акман, „Градината на лагите“ од Ејлин Гоуџ и секако, „Загубениот симбол“ од Ден Браун. „Култура“ во текот на летото ќе го објави и последниот роман од авторот на бестселерот „Кодот на Да Винчи“, „Инферно“, чие дејство се темели на „Пеколот“ од „Божествената комедија“ на Данте Алигиери. Од книжарницата топло го препорачуваат романот „Катедралата на морето“ од шпанскиот писател Илдефонсо Фалконес, објавен во повеќе од 40 земји и добитник на многу книжевни награди, од кои најпрестижна е италијанската „Џовани Бокачо“ за најдобар странски роман во 2007 година. „„ Во книжарницата „Три“ најпродаваните три наслови се од македонски автори: „Понекогаш доаѓа среќа“ од Винка Саздова, „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров (и двете веќе се во втори изданија, иако се издадени неодамна) и „Приказни од Мјаукедонија“ од Игор Џамбазов. Добро се продаваат и крими-трилерите од скандинавските автори Камила Лекберг, Ју Несбе и Хенинг Манкел (чија популарност ја зголемија филмовите снимени по романите на Стиг Ларсон од трилогијата „Милениум“). Од „Три“ ги препорачуваат „Птиците од ланските гнезда“ од Митко Маџунков (романот е добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“), „Беатриче и Вергилиј“ од Јан Мартел, „Самарканд“ од либанскиот писател Амин Маалуф, а за љубителите на расказот „Антологијата на бразилскиот расказ“, која на македонски е преведена од оригиналниот португалски јазик. „„ Читателите од понудата на „Матица“ за хит на летото го избраа романот „И планините одекнаа“

55

најпознато име во актерскиот тим. На ќе стартува и прикажувањето на истиот датум веќе ќе може да се погледне второто продолжение на акционата и новиот спектакл на Роланд Емерих комедија „Ред“ со Брус Вилис, Џон („2012“, „Денот Малкович, Кетрин Зета на независноста“, Џонс. На 15 август пак, „Годзила“), „Падот ќе биде премиерата на Белата куќа“, во на анимираниот филм кој резиденцијата на чиј примарен таргет се претседателот на САД децата, „Штрумфови е под закана од моќна 2“, за кој гласовите ги парамилитаристичка позајмуваат Кристина група. Во главните Ричи („Заспаната улоги се Ченинг Татум долина“), пејачката Падот на Белата куќа („Магичниот Мајк“), Кејти Пери, раперот Лил Џејми Фокс („Реј“), Вејн. Меги Џиленхол („Дони Од филмовите кои Дарко“). Секако, еден од најочекувате веќе не се на репертоарот, а кои можеби филмови ова лето сте ги пропуштиле поради обврските од е продолжението минатото лето досега, ви препорачуваме на серијата за да ги погледнете: „Хобит“ од Питер Марвеловите стрипЏексон, „Прометеј“ од Ридли Скот, јунаци од тимот „Враќањето на темниот витез“ од мутанти – „Икс-мен“, Кристофер Нолан, „Чудесниот човековојпат наречено пајак“ од Марк Веб, „Ослободениот Џанго“ по најпознатиот од од Квентин Тарантино, новиот Бонд нив – „Вулверин“, кој „Скајфол“ од Сем Мендес, „Темни сенки“ го игра Хју Џекмен. од Тим Бартон, „Линколн“ од Стивен Режијата е на Џејмс Спилберг, „Дивјаци“ од Оливер Стоун, Манголд („Одење по „Космополис“ од Дејвид Кроненберг, работ“, биографскиот „Атласот на облаците“ од Том Тиквер и филм за Џони Кеш), а кај нас ќе почне братот и сестрата Вашовски, „Учителот“ да се прикажува на 25 јули. Истиот ден од Пол Томас Андерсон...


56

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ од авганистанскиот книжевник и лекар, емигрант во САД, Халед Хусеини, кај нас објавен само една недела по светската премиера. Во книжарницата се многу барани и две дела на Стефани Дреј („Кринот од Нил“ и „Песната на Нил“), која пишува историска фикција концентрирана околу жени кои ги обележале своите епохи, како и дебитантскиот роман на Стивен Вотсон, трилерот „Пред да заспијам“, првпат објавен во 2011 година. Препорака од „Матица“ се неколку наслови кои ќе бидат издадени деновиве: „Страв од најлошото" од Линвуд Баркли, „На бал со кралот" од Розалинд Лејкер и „Принц на бел коњ“ од Џуд Деверо. „„ Во книжарницата „Или-или“ летово најпродавани се „Волшебникот“, инстант-бестселер (првпат издаден во 1966 година), и покрај неговите скоро 800 страници, од англискиот писател Џон Фаулс, потоа „Жената на францускиот поручник" од истиот автор (по која е снимен истоимениот филм од 1981 година со Мерил Стрип и Џереми Ајронс во главните улоги), „Викенд“ од германскиот книжевник Бернхард Шлинк, најпознат по романот „Читачот“ (филмуван под истото име во 2008 година со Ралф Фајнс и Кејт Винслет во главните улоги), како и збирката раскази „Чиста анархија“ напишани од славниот синеаст Вуди Ален. Од „Или-или“ го препорачуваат романот „Малку“ на новата турска книжевна ѕвезда Хакан Ѓундај. „Малку“ е книга на 2011 година во Турција.

„„ Во „Икона“ раст на продажбата поврзан со летните одмори бележат насловите „Пред да заспијам“ од Стивен Вотсон, заедно со „На дното и отфрлен во Париз и Лондон“ од Џорџ Орвел, чии добро познати дела „1984“ и „Животинска фарма“ исто така добро се продаваат. „„ Родителите за своите деца во оваа книжарница најмногу ги бараат „Норвешките приказни и бајки“ од Петер Кристен Асбјорнсен, а тинејџерките на одмор сакаат да ги читаат „Вљубените девојки“ и „Расплаканите девојки“ од Џеклин Вилсон. Препорака од „Икона“ добива книгата на Наоми Клеин, „Шок доктрина“, во која авторката ја обвинува недемократската примена на либералните економски теории за растот на невработеноста, за контрастирањето на социјалните разлики и општото осиромашување на најширокиот дел од човештвото. Ги препорачуваат и автобиографскиот роман на Норвежанецот Карл Ове Кнаусгард, „Мојата борба“, кој ја испровоцира јавноста меѓу другото и со својот наслов кој личи како да е позајмен од оној на хитлеровата наци-библија, како и книгата „Менаџирање на иднината“ од американскиот автор Питер Дракер, консултант, едукатор и автор од областа на менаџментот.


Leto so stil juli 2013