Kapital magazin 737

Page 48

48

BIZNIS I POLITIKA Да не дојдеше до криза на Балканот немаше да се случи тој бран на апсења на најјаките бизнисмени и политичари во регионотвели за „Блиц“ Јоже Менцингер, словенечки економист, прв министер за финансии на независна словенија и ректор на Универзитетот во Љубљана. нашиот соговорник вели дека по негово мислење се работи за завршување на една фаза на „примарна акумулација на капиталот“, како што би рекол Маркс, фаза што уште би траела да не дојдеше економската криза.

Проф.

Јоже Менцингер

Поранешен Министер за финансии на словениЈа

Krizata na Balkanot donese apsewa na politi~ari i tajkuni

Б

изнисмените и политичарите кои во Словенија сега се појавија или ќе се појават пред судовите во главно повеќе или помалку работеле пред очите на целото друштво и важеа за големи бизнис ѕвезди. Да не дојдеше до криза, тоа и ќе останеа- проценува овој професор Општествените протести кои ја дрмаат Словенија, според Менцигер нема да се прошират. „Тие ќе престанат зошто не се добро организирани, не е јасно што се бара преку нив, а до сега беа доста насилни оти реакциите на полицијата беа погрешни“, вели Менцингер. XX Верувате ли дека во Србија, Хрватска и Словенија после апсењата на одредени „бизнисмени“ конечно се воспоставува принципот на владеење на правото или станува збор за политички пресметки? Во нашите земји се работи за комбинација од политички пресметки и воспоставување на „владеење на правото“. Без политички промени, луѓето на власт, независно од кој партија се, не може да дојде до воспоставување на владеење на правото. XX Дали овие акции и започнатите процеси против најјаките „играчи“ ќе донесат до создавање на функционален економски пазар, дали регионот ќе биде ослободен од монополите?

Зошто? Мислите дека пазарната економија за запад функционира како што пишува во економските учебници, со конкуренција на многу трговци и многу купувачи? На производната страна концентрациската и монополската моќ е се поголема, таа ги поминува границите на поедини земји. XX Кои земји од западен Балкан имаат најмалку изгледи во догледно време да заздрави од кризата и се најблиску до банкрот? На ова прашање не знам да одговорам. Ако гледате преку индикаторите кои обично се користат за опис на состојбата како што се економски раст, инфлација, буџетски дефицит и јавен долг, земјите од Балканот не се во полоша состојба од земјите во Еврозоната. Но ако ја додадете невработеноста, а особено билансот на плаќање, ситуацијата е поинаква, се гледа дека овие земји живеат на сметка на странските заштеди и од продажбата на своите економски капацитети. А што кога се ќе продадете? XX Кој е клучниот предуслов економијата на овој регион да заздрави? За жал, се повеќе сум сигурен дека кризата ќе потрае додека не се навикнеме на неа како на нормална работа. XX Дали земјите од Балканот своето економско заздравување треба да го базираат на заштеда или на потрошувачка?

Уште нема лек за спас на еврото XX Мислите ли дека мерките кои до сега се превземаа успеаа да ја консолидираат ЕУ, да го спасат еврото? Не, се работи на уште едно одложување. Сега се покажува дека еврото од самиот почеток е политичка идеја која се базира на илизуи, нешто за што до кризата беше непристојно да се зборува. Сега е сигурно дека еврото е терет кој секој се плаши да го отфрли. Излегувањето од еврото е всушност излегување во некаков хаос. И тука ЕУ е многу слична со некогашната Југославија. Одговорот не е едноставен, но сигурно е дека потрошувачката на краток рок ја одредува аткивноста на економијата. Колку е таа помала, толку повеќе економски субјекти пропаѓаат и се зголемува невработеноста; сите одат надолу, додека се не запре, а штедење во тие услови и нема. Луѓето кои немаат ништо, немаат што да штедат. Но, во таа замка влегува и Европската унија. Тоа што не чини во дилемата да се штеди или да се троши е преминувањето од една екстремност во друга. (Интервјуто е објавено во српскиот дневен весник Блиц)


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.