Issuu on Google+

cover story

maKedoncite Se pove]e pijat uvoZno mleKo! doma[noto poleKa go Snemuva!...str.14

politiKa ima li maKedonija Sredna KlaSa?...str.32

intervju

Sead Ko^an:

doprva Sleduva viStinSKi bum vo grade@ni[tvoto!...str.36

број 737 цена 100 ден. | 13 декември, 2013, петок | година 15

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

вО ОвОј БрОј

gazeli специјална едиција

компании кои растат и во време на криза

петок 13/12/2013 /www.kapital.mk

 Тајните на успехот на македонските газели

KOI SE NAJBRZORASTE^KITE GAZELI VO MAKEDONIJA?

interview

KriStofer ivon Za inveS inveStitorite inve Stitorite ne e bitna Samo eKonomSKata, tuKu i politi^Kata Klima! 22 ambaSador na veliKa britanija

str.


Капитал Капитал број број 737 672 13.12.2013 12.09.2012

4 сОдРжИНА 4 НАВИГАТОР 06 КапиталНО

БиљаНа ЗдравКОвсКа стОјчевсКа време е за раст!

08 ПОЗИЦИЈАТА НА КАПИТАЛ 10 НАвИгАТОр 14 cover story

Млечната индустрија во слободен пад Македонците се повеќе пијат увозно млеко! Домашното полека го снемува!

www.kapital.mk www.kapital.mk

ИздВОјуВАМе Млечната индустрија во слободен пад!

Сите параметри во македонската млекарска индустрија се со надолна тенденција. Бројките за производство и откуп на млеко паѓаат. Незадоволни се фармерите чија математика едвај е во плус, а незадоволни се млекарниците кои се помалку имаат домашна суровина. растечката потрошувачка на млеко се надопoлнува од увоз, што е единствена категорија во пораст! Покрај субвенциите кои се пет години се зголемиле за 234%.

22 ИНТервЈу

XX Стр. 14

КристОфер ивОН амбасадор на велика Британија За инвеститорите не е битна само економската, туку и политичката клима!

дипломатска бизнис лекција

Амбасадорот на Обединетото Кралство, Кристофер Ивон во интервју за Капитал зборува за амбиентот кој владее во Македонија во однос на странските инвестиции. Амбасадорот смета дека иако земјата е добро оценета во меѓународните извештаи, нереформираната администрација, судството, но и честите инспекции се главниот проблем на кој компаниите се жалат. Тој не коментира дали е во ред Буџетот да се троши на социјални мерки, но порачува дека вложувањата во капиталните инвестиции се тие кои генерираат развој и смета дека во следниот период владата ќе се зафати со такви проекти. XX Стр. 22

28 КОМПАНИИ И ПАЗАрИ

десет години фероинвест Анѓушев: Фероинвест е доказ дека се е можно ако се има добар план и идеја за бизнис!

32 ПОЛИТИКА

По транзицијата и глобалната економска криза ... Има ли Македонија средна класа?

36 ИНТервЈу

сеад КОчаН, сопственик и директор на трансмет, градежна компанија Допрва следува вистински бум во градежништвото!

40 ПОЛИТИКА

во четврток советот на еУ ќе ја повтори старата одлука Пет години статус –кво во политичките игри меѓу Скопје и Брисел!

44 БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

14

22

Лет во место

Прашањето за Македонија и на овој Самит на еу ќе биде уште еднаш префрлено за следниот Самит. Но според прогнозите на домашните аналитичари и дипломатите во Брисел, ништо пооптимистички очекувања не се полагаат и за следната година особено поради фактот што грција ќе го има претседателското место со еу во првото полугодие, и фактот што еу ќе оди на парламентарни избори, па прашањето за Македонија ќе биде далеку од фокусот на земјите членки.

50 executive

XX Стр. 40

Роден победник

ванчо чифлиганец и Адора Инжинеринг се две имиња или брендови кои секој нареден ден се попрепознатливи во Македонија. Покрај тоа што чифлиганец во последните 11 години има изградено преку 30 станбени објекти и продадено преку 1.500 станови, а неговата компанија е во топ 10 во Македонија тој има многу посодржајна кариера и поинтересен живот од она што го знае пошироката јавност. Токму тие интересни детали и анегдоти Капитал ќе се обиде да ви ги долови во рубрикта На ручек со.. XX Стр. 60

57 ФељТОН

Најпознатите светски говори- продолжение 2 НелсОН МаНдела, поранешен претседател на јужна африка и борец за човекови права

60 НА ручеК СО...

проф. д-р ванчо чифлиганец, oсновач и сопственик на адора инженеринг

66 СвеТОТ НА вИНОТО

виНсКи реГиОНи тОсКаНа Центар на добрата храна и вино

40

60


Капитал број 737 13.12.2013

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Od listata najbrzoraste~ki gazeli samo 104 firmi se zanimavaat so proizvodstvo, dodeka re~isi polovina od gazelite se zanimavaat so trgovija na golemo i trgovija na malo. Ova e porazitelen fakt koj samo go potvrduva ona {to Kapital go pi{uva ve}e podolgo vreme, a toa e deka vo Makedonija stanuva izvonredno te{ko da se bide proizvoditel i da se izvezuva. Za `al, ekonomija ne se gradi so trgovija, no realnosta e deka Makedonija poleka, no sigurno, ja gubi industrijata i se preorientira kon “piqarska” ekonomija.

Време е за раст! С

о овој број на магазинот Капитал ја издаваме и првата едиција посветена на малиот бизнис- Македонските Газели. Ова е прв ваков проект во Македонија, и магазинот Капитал, по примерот на многу светски бизнис магазини во регионот и светот, ја превзема лидерската позиција во обидат да се даде поголемо значење на сегментот на малиот бизнис, кој секаде во светот е носител на растот и на вработувањето. Првичната идеја ни беше на јавноста да и ги претставиме малите и динамични фирми во македонската економија, кои иако се бројчано доминантни, секогаш се далеку, не само од очите на јавноста и на медиумите, туку и од агендата на носителите на економските политики. Во фокусот и на политичарите и на медиумите во сиве овие изминати години и премногу често се наоѓа само големиот капитал. Точно е дека големиот капитал и големите компании се важни за економијата, па и за малите бизниси. Но, реалноста е сосема поинаква. Реалноста покажува дека македонската економија е микроекономија. Дури 91,6% од сите фирми во Македонија имаат од нула до 10 вработени, а дури 98% од сите фирми имаат до 50 вработени. Овие мали и микрофирми создаваат повеќе од 60% од Бруто-домашниот производ на Македонија. Одлучивме да тргнеме во потрага по македонските газели. Инаку, поимот газели е синоним за фирми кои имаат брз раст на приходите, на заработката и на вработувањето. Обично станува збор за мали и релативно нови фирми, кои можат да работат во било која дејност и кои важат за поиновативни во споредба со останатите фирми ... Во процесот на подготовка на

едицијата Газели и изборот на критериуми според кои е најдобро да се прави изборот на најбрзорастечките претпријатија во Македонија имавме повеќе дилеми. Првично поставените критериуми кои подразбираа за фирмите газели да се избираа од малите фирми (до 50 вработени) кои во изминатите четири години имале раст на приходите, на профитот и на вработувањето се покажаа како многу високи и дадоа разочарувачки резултати. Филтрирањето според овие критериуми покажа дека од вкупно 74.424 фирми во 2012 година, само 74 фирми ги задоволуваат поставените критериуми. Односно, само 74 мали фирми во изминатите четири години имале раст на приходите и добивката, и отворала нови работни места. Потоа се одлучивме да ги “олабавиме” критериумите. Па така фирмите газели тргнавме да ги бараме помеѓу фирмите кои имаат помеѓу 5 и 50 вработени, кои во изминатите четири години имале континуиран раст на приходите, и кои во сите четири години работеле со добивка. Според овие критериуми, базирани на растот на приходите на фирмите, добивме 687 фирма кои можат да ја носат титулата газели. Ги рангиравме според највисок раст на приходи во периодот од 2009 до 2012 година и добивме многу интересна листа, чија анализа на површина вади многу апсурди и дефекти на македонската економија. Обично во земјите кои го анализираат овој сегмент на брзорастечки компании, бројот на фирми газели се движи од 3% до 5% од вкупниот број на фирми. Во Македонија само 0,9% од сите фирми се брзорастечки, што е исклучително мал процент. Ако се знае дека овие фирми се најбрзорастечкиот сегмент од


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

КапиталНО

Во Македонија само 0,9% од сите фирми се брзорастечки, што е исклучително мал процент. Ако се знае дека овие фирми се најбрзорастечкиот сегмент од македонската економија, со исклучок на малите и средните фирми кои претставуваат само 2% од сите фирми, тогаш е сосема јасно зошто Македонија на економски план стагнира и се движи бавно.

7

македонската економија, со исклучок на малите и средните фирми кои претставуваат само 2% од сите фирми, тогаш е сосема јасно зошто Македонија на економски план стагнира и се движи бавно. Од листата најбрзорастечки газели само 104 фирми се занимаваат со производство, додека речиси половина од газелите се занимаваат со трговија на големо и трговија на мало. Ова е поразителен факт кој само го потврдува она што Капитал го пишува веќе подолго време, а тоа е дека во Македонија станува извонредно тешко да се биде производител и да се извезува. За жал економија не се гради со трговија, но реалноста е дека Македонија полека, но сигурно, ја губи индустријата и се преориентира кон “пиљарска” економија. Врвот на листата, на кој како најбрзорастечки компании се јавуваат компаниите за снабдување со топлинска енергија Снабдување Исток и Снабдување Центар, ќерки фирми на Топлификација, кои се формираа со поделбата во 2009 година, потврдува уште една парадигма типична за македонската економија, а тоа е дека најдобро во Македонија им оди на монополите. Но, најголемиот дел од компаниите кои се најдоа на листата Газели се фирми кои знаат како успешно да работат, да ги искористат шансите кои ги создава кризата, кои имаат визија и умешност да создаваат производи и услуги за кои има потреба на домашниот и на странскиот пазар. Меѓу газелите има многу перспективни фирми, кои имаат потенцијал да растат уште повеќе ако работат во нормални бизнис услови. Предизвикот е да се создадат тие услови во кои бројот на фирми газели уште повеќе ќе се зголеми, во кои тие ќе остваруваат поголеми приходи и профит , ќе инвестираат и ќе го зголемувааат бројот на нови работни места. Многу од фирмите кои се најдоа на оваа листа на најбрзорастечки газели при објаснувањето на нашата цел и причините заради кои го почнуваме овој проект, наместо да се радосни и горди што ќе се најдат на листата на брзорастечки газели, изјавија дека не е баш паметен потег да се објавуваат јавно и да “бодат” во очи со фактот дека добро им оди. Овие реакции зборуваат многу за условите и начинот на кои се води бизнис во Македонија. Оваа листа на брзорастечки фирми треба да им послужи на креаторите на економските политики да носат подобри одлуки за тоа во која насока ќе се развива Македонија. Но, оваа листа исто така мора да го запали црвеното светло дека е време да се смени насоката во која се движи економијата.


Капитал број 737 13.12.2013

8

www.kapital.mk

...позицијата на капитал...

Чуму субвенции за сточарство?

Субвенциите за сточарите за пет години пораснале фантастични 234%. Во тие пет години продукцијата на млеко и бројот на крави паднале за 8%! Растечката побарувачка на млеко се надополнува од увоз, а Македонија губи двојно – и по основ на девизен одлив и по основ на бадијала потрошени субвенции! Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

Б

арајќи во телефонскиот именик со контакти број од млекопроизводители, со кои сум контактирала, решив да побарам еден од Дуброво, село во близина на Неготино. Се јавив, но не го добив. Ми се јави друг машки глас кој ми кажа дека Ѓорѓи го “баталил бизнисот со крави“. Вели – замина во Англија, нешто друго да работи?! Овој случај на сточар кој од Македонија избегал во Англија најдобро ја отсликува тажната слика на македонското сточарство. Се повеќе штали се празни. Се помалку млеко се молзи. Од 130 илјади крави пред пет години, сега има 119 илјади. Полека, полека се напушта оваа гранка и се помалку луѓе сакаат да чуваат стока. Велат неисплатливо е. Трошоците за сточна храна, за ветеринарство, за осигурување и што уште не растат постојано, а откупната цена на млекото не сака да мрдне.

Е, како сега да се објасни следнава апсурдна ситуација- ако продукцијата на сурово млеко (кравјо, овчо и козјо) паднало за 8% во пет години, бројот на крави паднал исто така за 8%, а на кози буквално се преполовил, зошто растат субвенциите за поддршка на сточарството кои се исплаќаат по грло на добиток и по литар откупено млеко? Зошто од 11,3 милиони евра во 2008 година субвенциите лани пораснаа до ниво од безмалку 38 милиони евра? Зошто над 200% (!) е порасната поддршката за нешто што паѓа?! Логично прашање на кое надлежните институции никогаш не се расположени да навлезат во материјална расправа. За нив предмет на голема фалба се само големите бројки, но не и ефектите. Затоа јавноста од гранките не може да ја види шумата. Но, одговорот за улогата на субвенциите ни го дадоа самите сточари. Ако се ѕирне во нивната математика на трошоци и заработени денари од продаденото млеко кај преработувачите, лесно ќе се види дека есапот излегува во

плус единствено кога ќе се додадат субвенциите. Тие ја признаваат толку очигледната вистина- дека субвенциите ги одржуваат во живот, со што повторно се враќаме на веќе апсолвираната функција на субвенциите како социјална поддршка на земјоделците. За жал, и медицински и искуствено е докажано дека нешто што е на умирање, во живот може да се одржи само на краток рок. Инфузијата во форма на субвенции не е решение за големите наталожени проблеми во македонската млекарска индустрија оптоварена со големи трошоци, ниска конкурентност, голема конкуренција и ниска иновативност и технолошка опременост... Решението е во системскиот пристап на состојбата –правилно детектирање на критичните точки и коренита промена на системот на субвенционирање паралелно со воведување други мерки на поддршка кои ќе ги вратат во живот квалитетното млекопроизводство. Само тоа е спасот. Не само за сточарите, не само за млекарниците. Спасот сигирно не е во Англија!

Да не бидеме смачкани во кошкањето меѓу големите

Борбите за економско влијание не се ништо ново, само што како што обично бива, кога големите се туркаат, страдаат обично најслабите. Македонија во секој случај треба да покаже мудро однесување во новата тензична ситуација околу Јужниот поток и да се обиде да искористи што повеќе. Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

У

краинскиот премиер Микола Азаров си кажа јасно и гласно пред некој ден: На Украина и требаат околу 20 милијарди долари европска помош за да може да потпише спогодба за асоцијација со ЕУ. Со овие пари би се ограничиле последиците на тој договор по кревката украинска економија. Украина дури има и разбирање за Европа, па Азаров вели дека “не зборуваме за помош со пари од европскиот буџет, реални сме и на ЕУ и предлагаме учество во инвестиции и заеднички проекти што може да бидат обострано корисни“. Ете, Украина си ја кажа цената за да не шурува со Русија, т.е. да не се приклони кон економската унија што таа ја гради со Белорусија и Казахстан. Човек не мора да е аналитичар за гео-политика за да сфати

дека Украина, како голема земја по народ, но економски слаба, служи како тег за балансирање помеѓу половите на моќ – Русија, пребогата со енергенси од една страна, и ЕУ, зависна од тие енергенси, од друга. Токму таа зависност од руските енергенси, ЕУ гледа да ја намали колку што може, па не случајно сега ги оспори договорите што Русија ги има со земјите што ќе влегуваат во проектот Јужен поток, затоа што смета дека со нив се крши регулативата на ЕУ. А, меѓу овие земји има и членки на ЕУ, но и оние што таму сакаат да бидат, како Србија и Македонија. Ќе се користат сите средства, за да се уценува Русија и да и се даде до знаење дека ЕУ има и друга алтернатива за снабдување со гас, како што е проектот ТАП, кој што треба азербејџанскиот гас да го носи до западна Европа. Проект кој што исто така е актуелен во моментов,

а поддржан е со капитал од западни извори. Русија ја смирува топката и вели дека нема проблем да се разговара за спорните прашања околу билатералните договори за Јужен поток, но дека тоа не значи оти треба да се кочи неговата реализација. Можеме во трк да ги решаваме проблемите, велат Русите. Борбите за економско влијание не се ништо ново, само што како што обично бива, кога големите се туркаат, страдаат обично најслабите. Македонија во секој случај треба да покаже мудро однесување во вакви ситуации и да се обиде да искористи што повеќе. Иако користиме една капка во морето на енергенси што се трошат во Европа, ситни сме и безначајни во воено-политички контекст, тоа не значи дека треба да се препуштиме на стихијата и да чекаме.


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

...позицијата на капитал...

9

Инвеститорите не можат да ни донесат политичка култура

... Држава во која е замрен политичкиот дијалог, во која се нема доверба во судскиот систем, во која за да завршите административна работа (во потребниот рок) треба да си го одврзете кесето, сигурно не е пријатна за престој (дури ако целта е бизнис интерес). Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

И

нтересна порака прати британскиот амбасадор, Кристофер Ивон дека странските инвеститори кон кои нашата држава во последниот период е сосема насочена, освен за бизнис поволностите се заинтересирани и за политичкиот амбиент. Обидите да се тргнат настрана политичките случувања и притоа земјата да се презентира како инвестициски рај, раѓаат плод се додека инвеститорот не дојде кај нас. Со условите кои Македонија ги нуди (ниските даноци и фискални бенефиции, но пред и над се, за жал - евтината работна сила) многу лесно ги привлекува бизнисмените ширум светот кои бараат нови пазари. Не е лага дека Македонија е одлично место на кое некоја странска компанија ќе биде заинтересирана да отвори фабрика. Не е лага ниту дека странските

инвеститори се се поприсутни кај нас, некои де факто, за други има сериозни најави. Но, прашањето кое Ивон го отвора е - што кога тие ќе дојдат? „Покрај финансиските калкулации секогаш е битна и политичката клима, владеењето на правото и реформата на јавната администрација, судскиот систем. Затоа што, ако тие решат да инвестираат, тогаш стануваат корисници на услугите на земјата и тоа директно ги допира. Затоа мора да има своевиден баланс на она што го нуди економскиот аспект од една страна и практичкиот, административен од друга.“ Она што тој сака да каже е дека странците дојдени за бизнис ги мачи тоа што нештата не функционираат како во нивните земји. Се нервираат на македонските шалтери, се мачат како корисници на услугите на македонската администрација, се молат кога ќе посетат македонска болница, се колебаат дали воопшто вреди да се влезе во македонски судски лавиринт...

Од друга страна, македонските граѓани не знаат како функционираат нештата во странските земји. Не знаат како се живее со професионална администрација, независно судство, чиста пазарна игра во економијата, слободни медиуми... Оттука, навистина ни е жал за непријатностите кои ги чувствуваат бизнисмените дојдени оддалеку - веруваме дека нам како граѓани ни е сигурно полесно отколку на странците (нели најтешко е да имаш, па да немаш!). правилата во современите демократии. Држава во која е замрен политичкиот дијалог, во која се нема доверба во судскиот систем, во која за да завршите административна работа (во потребниот рок) треба да си го одврзете кесето, сигурно не е пријатна за престој (дури ако целта е бизнис интерес). Таа до душа, не е многу пријатна ни за живот (податоците за иселени Македонци во изминатава деценија се немилосрдни)... но, тоа нели, е друга тема.

И цар Душан ли одработи за ДУИ!?

Целото општество ја претрпе штетата во случајот „цар Душан“ што се чинеше ќе ја плати ДУИ, зашто спин-докторите на албанската владејачка партија успејаа со лавовска помош на (не)надлежните институции да го вратат ударот на начин што им ја наполни предизборната сметка Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

М

ногу поголем проблем од тоа дали треба или не во Скопје да има споменик на цар Душан е симптоматологијата на институционалниот хаос што настана по случајот - сите надлежни се оградуваат, никој официјално не го поставил споменикот - албанската владејачка партија му се нафрли на споменикот зашто го смета за „див“ штом не се знае кој го поставил, а истата причина не & пречеше на ВМРО-ДПМНЕ го осуди вандализмот на коалициските партнери (?!). Како нешто да знае се однесува само српскиот претставник во владината коалиција, Иван Стоилковиќ, кој тврди дека споменикот не е дивоградба, туку дел од „Скопје 2014“, но во ВМРО-ДПМНЕ веројатно веднаш помислија „аман, батко, не н$ брани“, ниту нас, ниту царот, кога ја слушнаа „одбраната“ што српскиот пратеник ја почна со зборовите - „дали и која институција учествувала во проектот и од која страна, тоа е

најмалку спорно“ (?!). Полицијата сеуште го чува споменикот од нови изливи на вандализам, иако официјално и таа не знае дали споменикот го поставил некој со потребните овластувања; и иако е чудно како цел половина час, колку што траела акцијата во која беше оштетен споменикот во центарот на градот, ниту еден полицаец не приметил ништо, во ситуација кога веднаш по веста за поставувањето почнаа жестоките реакции во албанскиот политички блок. Не помалку чудно е и целосното оградување на министерката за култура, Канческа-Милевска, која во април годинава, давајќи отчет за потрошеното во „Скопје 2014“, детално се осврна и на спомениците на мостот „Око“ каде што сега стои и царот Душан. Ако е така како што тврди министерката, без чие знаење не може да се направи ништо во склоп на „Скопје 2014“ (и во делот каде што таа не е формално надлежна), тогаш треба ли воопшто да размислуваат надлежните за отстранување на диво поставени објекти на јавни површини? А дури по отстранувањето да се отвори

јавна дебата на потребното ниво, по која траспарентно ќе се одлучи дали на споменикот на оваа историска личност местото му е покрај останатите што ги чествува „Скопје 2014“. По некоја логика и Србите треба да имаат нешто свое во проектот, кој, ако се заклучува по ветувањата за споменците на тројцата Албанци што ја задолжиле историјата, ја одразува рамковна Македонија. Вака испаѓа дека целото општество ја претрпе штетата што се чинеше дека ќе ја плати ДУИ, зашто спин-докторите на албанската владејачка партија успејаа со лавовска помош на (не)надлежните институции да го вратат ударот на начин што ја наполни само нивната предизборна сметка. Откако не им успеа нападот врз ДПА, изведен „на прва“, во цајтнотот веднаш по поставувањето на споменикот, во ДУИ одлучија вниманието на јавноста (албанската) да го насочат како што сакаат со тоа што испратија нивни високи претставници да присустуваат на инцидентот во кој беше оштетен споменикот, и истото дрско го признаа, враќајќи ја топката на теренот на институциите кои не знаат што да прават со неа.


Капитал број 737 13.12.2013

10 НАВИГАТОР

www.kapital.mk

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

107,2

милиони евра вреден имот имаат запленето банките заклучно со септември годинава, откриваат податоците од Народната банка. Во третиот квартал е забележано благо намалување на овој тренд.

ЈАНИс БуТАРИс

градоначалник на Солун:

победник на неделата

Соседните држави треба да живеат и соработуваат меѓусебно, проблеми постоеле и ќе постојат, но ако има добро расположение тие ќе се решат. Треба сите да ставиме вода во виното, инаку не се пие.

ПРОКРедИТ ПРОмОВИРАше мАКедОНсКИ КОмПАНИИ НА сАем ВО ГеРмАНИЈА

ПроКредит банка ги промовираше македонските органски производи на саемот за органски производи, кој се одржа на 29 ноември во Есен, Германија, на кој присуствуваа преку 170 учесници. Целта на учеството на саемот е поддршка и промоција на македонскиот агро бизнис сегмент, создавајќи можности за раст и

Kapital.mk со награда бизнис информативен

ПАПА ФРАНцИс

+

„Како да се практикува христијанската понизност на највозвишениот престол во светот?“, реторички прашува угледниот магазин „Тајм“ во текстот посветен на папата Францис, личноста на годината 2013 според изборот на њујоршкиот неделник. Она што „Тајм“ го заклучува образложувајќи ја одлуката, е дека папата иако ново лице на светската сцена, во рекорден рок од само девет месеци по востоличувањето, го придоби активното внимание на најширокиот можен светски аудиториум, вклучително дури и на атеистите и на верниците кои не се католици. Папата Францис зборува за проблемите на човештвото глобално, во духот на библиската приказна за добриот Самарјанин кој му помогнал на ранетиот туѓинец Евреин, кого претходно го одминале (не му помогнале) двајца сонародници. Го критикува незауздениот капитализам кој ги исклучува, или како што вели папата, ги убива најслабите членови на општеството, сиромашните, бегалците, бескуќниците. Папата Францис зборовите ги потврдува со дела, давајќи пример што значи да се живее скромно и сострадално, возејќи дваесет години старо „Рено 4“, и спуштајќи ја функцијата папа од недопирливоста, до местото кадешто треба да биде - меѓу народот. Францис е прв папа што не ги исклучува атеистите од божјата милост - смета дека нив треба да ги води совеста, ниту претставниците на LGBT заедницата од потрагата по Бога.

K

apital.mk освои второ место во категоријата “Најдобар бизнис информативен сајт за 2013” на прогласувањето на победниците на изборот “Сајт на годината“, кое се одржа по четврти пат во организација на компанијата Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk. “Ова признание за kapital.mk е уште поголем предизвик за сите вработени во Kapital Media Group да продолжат да ги информираат своите читатели со сопствени квалитетни текстови. Сите придонесуваме за kapital.mk. Секој вработен е kapital.mk. Во време на наплив на нови електронски медиуми, да добиете признание во категоријата за најдобар бизнис информативен сајт е признание за довербата што ви ја искажале читателите. Наша цел остануваат информации што ќе ги задоволат

потребите на фокусната група на читатели, бизнисмени, млади со претприемачки дух и интерес за економија“, вели Александар Јанчески, уредник на kapital.mk. Според податоците од сопствената анкета помеѓу читателите на kapital.mk, над 95% се изјазнија дека се задоволни од квалитетот на информациите и дизајнот на веб страницата. Така, еден наш читател просечно се задржува по 45 минути читајќи ги текстовите објавени на веб страницата. Во истата категорија прво место освои Vrabotuvanje.mk, а трето место Faкtor.mk. За најдобар сајт за 2013 година според жирито и гласовите беше прогласен Republika.mk, a за најдобар информативен сајт novatv.mk. Награди беа доделени и во уште 12


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

НАВИГАТОР

меѓународна соработка во Германија. ПроКредит банка презентираше 11 компании од Македонија од неколку сегменти: преработка на органско овошје и зеленчук, органски тестенини, сточарство, трговија со месо, трговија со овошје, зеленчук, печурки и други диви производи, кои поседуваат сертификати за органско производство и трговија со органски производи. „Преку промовирање на органските производи од различните региони каде работи ПроКредит банка, се развиваат можностите за трговска размена и извоз, како и за размена на технологии“, велат од банката.

за најдобар н сајт Kapital.mk освои второ место во категоријата “Најдобар бизнис информативен сајт за 2013” на прогласувањето на победниците на изборот “Сајт на годината“

мисла на неделата

> бРОјКА

2,02

милијарди евра изнесуваат девизните резерви на државата заклучно со ноември годинава, покажуваат податоците на Народната банка. На месечно ниво, девизните резерви се намалиле за 27,7 милиони евра.

лидери

Јас на компаниите гледам како на бизнис можности, а Вол стрит како кВартални резултати. според тоа ним им недостигаат многу информации кои Јас ги гледам Во различни ситоации и перспектиВи.

Карл Икан

американски бизнисмен

губитник на неделата

сЕРџО МАРКИОНЕ

Автомобилска корпорација Fiat SpA најави инвестиции од цели 9 милијарди евра во развој на нови модели со што планира да ги заживее и старите италијански фабрики за авотмобили

АјдОВАН АдЕМОсКИ

Познатиот скопски бизнисмен неделава го отвори новиот трговски и резеиденцијален комплекс „Капитол“ инвестиција вредна 30 милиони евра со која треба да се отвораат 500 нови работни места

не им беше неделата

ЕРМИРА МЕхМЕТИ

Чуди прашањето на Мехмети за тоа кој го постави поменикот на Цар Душан кога и таа е дел од Владата која ги носи одлуките за тоа што ќе се гради во Скопје

категории. Жирито ги оценуваше сајтовите според критериуми технички параметри, дизајн, функционалност/употребливост, содржина, интерактивност и иновативност/ креативност. Истото го сочинуваа: Алберт Муслиу – Претседател на жири комисијата, Гораст Цветковски, Кире Трајковски, Мики Стефаноски, Никола Анчевски.

11

бАРАК ОбАМА

Претседателот на САД ја разбранува светската јавноста со несериозноста за време на погребната комеморација на Нелсон Мандела по „селфи“ фото-графијата која ја направи од настанот.

_

ЕлИзАбЕТА КАНчЕсКА-МИлЕВсКА „Министерството за култура ниту е нарачател, ниту поставувач, ниту, пак, има ингеренции за изградба на споменици иницијативата не е доставена од Министерството“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, за поставувањето на споменикот на српскиот цар Душан на мостот „Око“. И с$ ќе беше во ред ако министерката веднаш ја спроведеше во дело пораката од вака јасната изјава која не може да значи ништо друго освен итно отстранување на диво поставениот споменик што се заканува да биде повод за нов „случај Кале“. Канческа-Милевска, во април годинава, заедно со поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, даде детален отчет за потрошеното во проектот „Скопје 2014“, вклучително и за спомениците на мостот „Око“, па логично е да се заклучи дека таа има увид и во оној дел од проектот за кој во цитираната изјава тврди дека Министерството нема ингеренции - изградбата на спомениците. Доколку поставувањето на споменикот на царот Душан било договорено (на каков и да е начин - макар и неформално, внатрекоалициски со српскиот претставник во коалицијата „За подобра Македонија“,Иван Стоилковиќ) во мандатот на Тодоровиќ, КанчевскаМилевска би требало да знае инаку како власта склона на отчети ќе го оправда потрошеното за споменикот кога за тоа ќе се појави потреба.


Капитал број 737 13.12.2013

12 25%

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата...

3 фаКти Кти за... К

извозот за десет месеци порасна 5,1%

20,9

20% 15% 10%

3,5

5% 0% -5%

мај

јун.

4,1 јул.

авг.

-7,5

1,1

септ.

7,4 окт.

Извор: Државен завод за статистика

-10%

извозот на македонски производи од земјава во последните пет месеци постојано се зголемува, откако во мај годинава е забележан последниот пад од 7,5%. Кумулативно од почетокот на годината до октомври, македонските компании извезле 5,1% повеќе стоки отколку во истиот период лани.

светот низ медиумите... Time

зошто дисперзијата на ризикот кој е основа на бизнис моделот на Карл икан и се покажа како супер успешен во услови на криза? Ова го анализира американскиот тајм магазин во неговата овонеделна бизнис статија. lll

The Times

Јужно афричките медиуми се преплавени со смртта на националната икона Нелсон Мандела и организацијата на неговиот погреб кој веќе е најавено дека ќе биде еден од најголемите во историјата воопшто. lll

19,3 3,9% 17,3%

милиони евра изнесува добивката на банките за девет месеци годинава изнесува стапката на поврат на капиталот (ROE) кај банките заклучно со третиот квартал годинава изнесува адекватноста на капиталот на банкарскиот сектор до септември годинава

УСлОВОт иСпОлНет: Над МилиОН патНици На аеР

ТАВ ќе плати три па концесија на држав

The Economist

лондонски економист права компаративна споредба на образовните системи во азија и европа гледано од призмата на примена на знаењето во бизност. Според нивниот заклучок азиското образование се покажува како се поконкурентно на западното. lll

Haaretz

израелската влада се поотворено негодува околу договорот помеѓу меѓународната заедница и официјален техеран околу иранската нуклеарна програма. Според израелските експерти тел авих ќе мора да го засили притисокот. lll

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

1 Доста е од деца во државнички фотелји – Алијансата нуди луѓе од кариера!

2 Не се каам што не бев како Груевски!

3 Мишковиќ: Ќе ги кажам сите имиња на политичари кои ги плаќав!

4 Кој ги убива берзата и акционерството?!

пишува:

александар Јанев

С

aleksandar.janev@kapital.mk

амо до ноември годинава, на двата аеродроми во земјава транзитирале над еден милион патници, што е прв пат во последните 13 години, покажуваат податоците што ги објави компанијата ТАВ. Тоа значи дека бројот на патници за 11 месеци се зголемил за 19% споредено со истиот период лани. Од осамостојувањето оваа бројка била надмината само за време на косовската криза во 2000 година. Во исто време, пораснал и бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид, и тоа за 11%. Меѓутоа, колку што овие податоци изгледаат охрабрувачки за нас, веројатно уште повеќе го радуваат менаџментот

на турскиот концесионер, бидејќи со тоа ТАВ всушност го исполни условот да добие намалување на концесијата што ја плаќа на државата. Според договорот на ТАВ со македонската Влада, во годината кога бројот на патници на аеродромите ќе надмине еден милион, концесијата од 15% од бруто-приходите треба да се намали на 2% до 4% од обртот. Тоа значи дека приходите во државниот буџет од концесијата на ТАВ, од 2,67 милиони евра лани, годинава ќе се намалат најмалку три пати, односно турската компанија ќе треба да плати меѓу 350.000 и 700.000 евра, под претпоставка дека брутоприходите на компанијата би биле слични како и лани. Да се зголеми бројот на патници за 19% годинава најмногу придонесе и воведувањето на евтините авио линии на нискобуџетната компанија Wizz air, кои всушност Владата ги субвенционираше


МБИ10

2.900

МБИД

2.700 2.500

60 секунди брифинг

www.kapital.mk

2.300 2.100 1.900

прОЦенки...

ТОп ВесТи...

1.700 06/10

крисТин Лагард

извршен директор на ММФ

Според договорот на ТАВ со македонската Влада, во годината кога бројот на патници на аеродромите ќе надмине еден милион, концесијата од 15% од бруто-приходите треба да се намали на 2% до 4% од обртот. Тоа значи дека приходите во државниот буџет од концесијата на ТАВ, од 2,67 милиони евра лани, годинава ќе се намалат најмалку три пати, односно турската компанија ќе треба да плати меѓу 350.000 и 700.000 евра со пет милиони евра за три години. Тоа значи дека владините субвенции се всушност поголеми отколку приходите од концесија што ќе ги добива државата ако бројот на патници на годишно ниво и понатаму надминува еден милион. Авиокомпанијата Wizz Air и официјално превезе најголем број патници во периодот од јануари до октомври, па следуваат Turkish Airlines, Austrian Airlines, Pegasus Airlines и Adria Airways, сите со зголемен број патници во споредба со лани. Истанбул останува најчестата дестинација за периодот од јануари до октомври, по што следуваат Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме. Турската компанија ТАВ доби концесија да управува со скопскиот аеродрoм 20 години. Целата инвестиција, вклучувајќи и модернизирање на охридскиот аеродром достигна околу 120 милиони евра. Според податоците од Централниот регистар за 2012 година, ТАВ остварил вкупно приходи од 18,4 милиони евра, но годината ја завршил со загуба од 10,3 милиони евра. Во компанијата работат 800 луѓе, но бројот на вработени за една година се намалил за педесетина, иако според договорот, турскиот инвеститор се обврза дека нема да го намалува бројот на вработени во првите седум години.

10/11

03/12

09/12

мби 10

3.000 2.800 2.600 2.400 2.200 2.000 МБИ 10 1.800 1.600 1.40010 МБИ

Можеме ли навистина да кажеме дека кризата е зад нас, кога 12% од работоспособното население нема работа? Нема причина да објавуваме победа. Мора да сториме повеќe. Има напредок во Европа од почетокот на кризата кој се изразува во зголемените изгледи за раст и намалување на невработеноста, но не треба да го забавуваме ритамот на реформите во еврозоната.

ати помала вата?!

05/11

берза

нема услови да се каже дека кризата е завршена

рОдрОмиТе на ТаВ гОдинаВа

12/10

1.583,00

06/10 12/10 05/11 10/11 03/12 09/12 02/13 07/13

МБИ 10 2010/2012 МБИ 10

1.583,00 2010/2012 2010/2012 2010/2012

Max. Min.

2.827,62 1.808,47

Min.

1.808,47

1.583,00 1.583,00 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК

2010/2012 2010/2012 Max. 2.827,62 Max. Агрострмош Пробиштип НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Индексите на Mакедонската берза 2010/2012 2010/2012 Min. 1.808,47 Min.

перминдекс групацијата лансира на пазарот нови млечни производи „галичник“ „Галичник“ е името на новите млечни производи на малопродажниот пазар. Овчо галичко сирење и овчи кашкавал во индивидуално пакување се двата нови производи од млекарницата Галичник, којашто е во сопственост на Перминдекс Групацијата. Млекарницата Галичник располага со сопствено стадо од околу 7000 овци од кои ја обезбедува целокупната суровина, млеко за потребите за производство на млечни преработки, сирење и кашкавал. Сите производи се произведени од 100% овчо млеко и се без вештачки додатоци и додадени растителни масти. „Самото производство, како сточарското, така и производството на млечните преработки се одвива на традиционален начин во еколошки чиста средина. Со вакви карактеристики сигурни сме во квалитетот на нашите производи кои уште од сам почеток се наметнаа како сериозна конкуренција на компетитивниот млечен пазар и веруваме дека тие ќе станат чест избор на купувачите“, изјави Никола Деребанов, директор на Перминдекс Групацијата. Од компанијата велат дека квалитетот на новите млечни производи е загарантиран од еколошки чистите пасишта на падините на планината Бистра, каде се сместени стадата. Новите млечни производи се веќе достапни во поголемите супермаркети. Од млекарницата најавуваат за скоро пласирање на нови производи под името „Галичник“ и зголемување на палетата традиционални галички млечни производи.

2.827,62 1.808,47

2.640,00 2.640,00 1.583,00 1.583,00 1.583,00 1.583,00 +20%2.827,62 Max. на2010/2012 берзата е паднат за Max. 48,7 % 2.827,62 за 2010/2012 2010/2012 Min. 1.808,47 МБИ 10 се Пробиштип МБИ Агрострмош МБИ 1010 стабилно држат на ниското ниво МБИ 10 без никакви најави за евентуален

НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК поголем раст воДОБИТНИК догледен период. +20% МБИ 10 веќе објави дека прометот Капитал Агрострмош Агрострмош ПробиштипПробиштип 2010/2012 Max. 2.827,62

една година. НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Min.Max. 2010/2012 Min. 1.808,47 2010/2012 1.808,47 2010/2012 2.827,62 1.583,00 2.640,00 2.640,00 2010/2012 Охридска банка АД Скопје Min. 1.808,47

НАЈГОЛЕМ 2010/2012 НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ДОБИТНИК Max. 2.827,62 +20% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 1.808,47+20% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Охридска банка АД СкопјеMin. Агрострмош Пробиштип НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Агрострмош Пробиштип Агрострмош Пробиштип НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Агрострмош Пробиштип -4,35%

1.100,00

1.100,00 2.640,00 2.640,00 2.640,00 2.640,00

НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ГУБИТНИК Агрострмош Пробиштип +20% -4,35% Охридска банка Охридска АД Скопје банка АД Скопје

2.640,00

+20%+20% +20%

DOW JONES ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ 1.100,00 1.100,00 DOW JONESбанка АД Скопје Охридска

+20%

НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Охридска банка АД Скопје НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

-4,35% 1.100,00 Охридска банка АД Скопје НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

1.100,00 1.100,00 1.100,00 1.100,00

Охридскабанка банка Скопје Охридска АДАД Скопје

-4,35%

-4,35%

DOW JONES DOW JONES 17.000

-4,35%

17.000

-4,35%

16.000

-4,35% -4,35%

DOW JONES 16.000

15.000

15.000

14.000 DOW JONES

DOW JONES

14.000

13.000 DOW JONES 13.000

DOW DOWJONES JONES

12.000 12.000

17.000

17.000

11.000 17.000 11.000

16.000 15.000 14.000 13.000 12.000 11.000

16.000 16.000 10.000 10.000

07.11 03.13 07.13 07.13 11.13 11.13 07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 15.000 15.000

17.000

14.000 14.000

16.000 17.000 17.000 13.000 13.000 17.000 16.000 15.000 12.000 16.000

16.000 12.000 15.000 14.000 11.000 15.000 15.000 14.000 11.000 13.000

10.000 14.00007.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 11.13 13.000 14.000 12.000 10.000 13.000 12.000 07.1111.000 11.11 03.12 07.11 07.12 11.11 11.12 03.12 03.13 07.12 07.13 11.12 11.13 03.13 07.13 13.000 12.000 11.000 12.000 10.000

10.000

16.025,00 16.025,00

11.13

07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 11.13 10.000 11.000 11.000 07.11

10.000 10.000

11.11

03.12

11.12 +0.03% 03.13 07.13

07.12

11.13

+0.03%

07.11 11.11 11.11 03.12 03.12 07.12 07.12 11.12 11.12 03.13 03.13 07.13 07.13 11.13 11.13 07.11

ИДРУГИ на берзите ПАЗАРИ во САД во изминатава 16.025,00 ДРУГИ ПАЗАРИ недела не се забележани поголеми поместувања на вредностите на +0.13% FTSE 100 6.568,00 +0.03% FTSE 100 индекси.15.611,00 6.568,00 клучните Но со оглед +0.13% Nikkei225 -0.25% на фактот дека нивната вредност Nikkei225 15.611,00 -0.25% S&P 500 1.808,00 +0.18 16.025,00 16.025,00 еS&P на500 историско ниво ДРУГИ ПАЗАРИ високи +0.03% +0.15% +0.03% 1.808,00 +0.18 Nasdaq 4.068,00 инвеститорите немаат забелешки. +0.03% +0.03% Nasdaq 4.068,00 +0.15% DAX 9.212,00 +0.18%

16.025,00 16.025,00

FTSE 100 6.568,00 16.025,00 16.025,00 1.256,00 9.212,00 15.611,00

TOPIX DAX Nikkei225

+0.13%

други пазари 4.068,00

TOPIX ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ 1.256,00 S&P 500 1.808,00 ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ

+0.08% +0.18% -0.25% +0.03% +0.03% +0.08% +0.18

Nasdaq

+0.15%

ВАЛУТИ FTSE 100FTSE FTSE 6.568,00 +0.13% DAX 9.212,00 +0.18% FTSE 100100 6.568,00 6.568,00 +0.13% +0.13% 100 6.568,00 +0.13% ДРУГИ ПАЗАРИ TOPIX 1.256,00 +0.08% Nikkei225 15.611,00 -0.25% -0.25% ДРУГИ ПАЗАРИ Nikkei225Nikkei225 Nikkei225 15.611,00 15.611,00 -0.25% 15.611,00 -0.25% ВАЛУТИ S&P 500500 1.808,00 +0.18 евро+0.18 долар 500 1.808,00 +0.18 Фунта евро 1.808,00 S&P 500 S&P S&P 1.808,00 +0.18 FTSE 100 6.568,00 +0.13% FTSE 100 6.568,00 +0.13% Nasdaq 4.068,00 +0.15% 4.068,00 +0.15% Nasdaq Nasdaq Nasdaq 4.068,00 +0.15% +0.15% Nikkei225 15.611,00 -0.25% евро долар СТАПКА СТАПКА Фунта евро 4.068,00 ВАЛУТИ DAX 9.212,00 +0.18% Nikkei225 15.611,00 -0.25% DAX 9.212,00 +0.18% DAX DAX 9.212,00 9.212,00 +0.18% +0.18% S&P 1.808,00 TOPIX 1.256,00 +0.08%+0.18 S&P 500 500 1.808,00 +0.18 1.3741 1.1970 СТАПКА СТАПКА TOPIX 1.256,00 +0.08% Nasdaq +0.15% TOPIX ПРОМЕНА TOPIXевро 1.256,004.068,00 1.256,00 +0.08% +0.08% евро долар Фунта Nasdaq 4.068,00 +0.15% ПРОМЕНА

1.1970

ВАЛУТИ

DAX СТАПКА DAX +0.10% ВАЛУТИ TOPIX ПРОМЕНА ВАЛУТИ TOPIX 1.1970

ВаЛуТи ВАЛУТИ +0.10% ПРОМЕНА Фунта евро

£ €

Фунта евро +0.10% ФЈУЧЕРСИ ВАЛУТИ

Фунта евро Фунта евро СТАПКА СТАПКА ВАЛУТИ

СТАПКА

1.1970

+0.01% евро долар

ПРОМЕНА

$ € 1.3741 евро+0.01% долар

евро долар евро долар СТАПКА СТАПКА

ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Фунта СТАПКА евро 1.1970 ПРОМЕНА ФЈУЧЕРСИевро Фунта

евро долар СТАПКА СТАПКА ПРОМЕНА

+0.10% ЗЛАТО ПРОМЕНА 1.1970

ПРОМЕНА

ПРОМЕНА СТАПКА 1.1970 1.1970 +0.10% ЗЛАТО СТАПКА 1.245,00

ПРОМЕНА

1.3741

9.212,00 +0.18% СТАПКА 9.212,00 +0.18% +0.01%+0.08% 1.256,00 ПРОМЕНА 1.256,00 1.3741+0.08%

1.1970 +0.10% ФЈУЧЕРСИ Нафта Брент +0.10% ЗЛАТО

ПРОМЕНА +0.10%1.245,00 +0.10% ФЈУЧЕРСИ ПРОМЕНА 1.245,00

1.3741 евро долар

1.3741 1.3741 +0.01% СТАПКА

ПРОМЕНА СТАПКА

+0.01% ПРОМЕНА 1.3741

+0.88%

+0.01% +0.88% +0.88%+0.01%

110,00 фЈуЧерси

ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Нафта Брент Нафта Брент

ФЈУЧЕРСИ 1.245,00 ФЈУЧЕРСИ 110,00

+0.76%

110,00 ЗЛАТО 1.245,00 ЗЛАТО зЛаТО

+0.88% +0.76%

ЗЛАТО ЗЛАТОБрент Нафта

1.245,00 1.245,00 1.245,00 Нафта Брент 110,00

1.245,00

+0.88% +0.76%

+0.88% +0.88% +0.88%

110,00 Нафта Нафта Брент НафтаБрент Брент нафТа Нафта БрентбренТ 110,00 110,00 110,00

110,00

1.3741

ПРОМЕНА +0.01% +0.01% ПРОМЕНА

+0.76% +0.88%

+0.76%

+0.76% +0.76% +0.76% +0.76%

пОдаТОЦиТе се Од ден 10.12.2013 дО 15ч.

3.300 3.100 2.900 2.700 2.500 2.300 2.100 1.900 1.700 07/10 10/10 02


Капитал број 737 13.12.2013

14 Cover story

www.kapital.mk

а Млечнајта во и индустрен пад слобод

Makedoncite pijat uvozno M doMa[noto poleka go sne


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

15

Сите параметри во македонската млекарска индустрија се со надолна тенденција. Бројките за производство и откуп на млеко паѓаат. Незадоволни се фармерите чија математика едвај е во плус, а незадоволни се млекарниците кои се помалку имаат домашна суровина. Растечката потрошувачка на млеко се надопoлнува од увоз, што е единствена категорија во пораст!

7,95%

паднало домашното производство на млеко за петгодишен период (2008-2012)

57%

е зголемена вредноста на увозеното млеко и млечни производи

se pove]e Mleko!

eMuva!

72,6%

е зголемена количината на увезено млеко и млечни производи


Капитал број 737 13.12.2013

www.kapital.mk

16 Cover story: Млечната индустрија во слобод

ИНДУСТРИСКО ПРОИЗВОДСТВО ВО НАТУРАЛНИ ПОКАЗАТЕЛИ (ВО ТОНИ) Млеко, пастеризирано, со масленост од 1% до 6%, неконцентрирано и незасладено, во пакувања до 2 литри Млеко, стерилизирано, со масленост од 1% до 6%, неконцентрирано и незасладено, во пакувања до 2 литри Павлака, со масленост од 6% до 21%, неконцентрирана и незасладена, во пакувања до 2 литри Путер со масленост до 85% Неферментирано свежо сирење и урда Меки сирења Тврди сирења (кашкавал, биено сирење и друго) Топено сирење, освен рендано или во прав Кисело млеко, јогурт и други ферментирани производи

2008

2009

2010

2011

2012

14.934

13.856

13.563

11.162

10.830

11.065

13.358

17.001

19.017

17.660

740

732

811

963

1.185

330 588 4.236 4.707 57 21.559

159 538 3.890 2.668 29 25.468

435 644 4.807 3.166 229 28.880

281 745 5.389 3.136 240 28.926

191 1.068 7.968 3.858 162 30.954

Извор: Државен завод за статистика (Публикации: "Индустрија, 2007-2012", "Индустрија, 2006 - 2011", "Индустрија, 2004 - 2009")

2008 22.830.283 6.205.799 1.513.682 3.131.415 649.797 3.198.986 8.130.604

УВОЗ НА МЛЕКО И ПРОИЗВОДИ ОД МЛЕКО (ВО ЕВРА) Млеко и павлака, неконцентрирани Млеко и павлака, концентрирани Маштеница, кисело млеко, павлака, јогурт, кефир Сурутка, концентрирана или некон-центрирана Путер и други маснотии и масла добиени од млеко Сирење и урда

пишува:

Верица Јорданова

Verica.jordanova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

М

лечната индустрија во Македонија е во слободен пад! Сите параметри измерени за период од пет години се во надолна линија. Паѓа производство на сурово млеко, паѓаат произведените количини на млечни производи, сточарството е сериозно загрозено заради континуираниот пад на бројот на крави, овци и кози во земјава. Единствено растат државните субвенции за поддршка на сточарството, кои очигледно не можат да го стопираат двоцифрените стапки на пораст на увозот на млеко и млечни производи. Во последните пет години, вредноста на увезеното млеко и млечни производи пораснал за 57%. Само минатата година за оваа намена биле потрошени 35,8 милиони евра. Увезените количини, пак, пораснале за фантастични 72,6%, од 19 илјади тони во 2008 година на 32,7 илјади тони увозно млеко и млечни производи во текот на минатата година!? Приказната која дава најреална слика зошто уделот на млекарството во вкупното земјоделско производство упорно паѓа и сега има удел од само 11%, оди вака: “Во средината на 90-те години откупната цена на млекото изнесуваше 19 денари. Тогаш една вреќа 18-протеински концентрат чинеше 450 денари, а цената на нафтата беше двојно поевтина од денешната. Денеска имаме иста откупна цена на млекото од околу 19 денари и сите останати трошоци двојно повисоки (вреќата концентрат сега е најмалку 900 денари), а имаме и големи дополнителни трошоци за различни и ново воведени ветеринарни услуги“, вели Севегин Лековиќ, фармер од село

2009 24.018.224 9.268.691 1.093.535 3.206.689 438.030 2.612.165 7.399.114

2010 27.424.009 9.410.500 2.336.952 2.945.974 804.331 3.152.852 8.773.400

2011 33.490.471 10.601.581 4.801.195 3.379.089 1.218.751 3.139.696 10.350.159

2012 35.850.866 11.531.990 6.020.125 3.284.211 1.343.033 3.459.575 10.211.932

Извор: Државен завод за статистика (Статистичка база на податоци - Стоковна размена според тарифи)

“Капитал“ анализира кои се причините за ваквите неповолни трендови во македонското сточарство? Зошто, и покрај големите државни субвенции производство на домашно млеко се доведува до работ на тивко одумирање? Зошто исчезнуваат сточарите?

37,991 милиони евра биле одвоени за субвенции во сточарството во 2012

234% 75% 1% 8% 13%

се зголемени субвенциите во сточарствто за пет години

од македонските фарми се микро со 1-3 крави

од фармерите имаат над 50 грла

паднал бројот на молзни крави

паднал бројот на овци

Оризари, Велешко. Само во ова село, вели тој, во 90те имаше 3.300 крави, а денеска едвај 300. Друг проблем кој тој го потенцира е млечноста на кравите , која сега во просек изнесува 25 литри, а пред неколку години била поголема. “За еден фармер ��а купи нова, висококвалитетна крава цената со сите трошоци за нејзино осигурување чини околу 5.000 евра, што од старт го прави невозможен процесот на сериозно обновување на сточниот фонд, кој секако има влијание и врз добиените количини и врз квалитетот на млекото“, објаснува тој и смета дека помошта од државата освен со субвенции, ќе даде големи ефекти доколку се насочи и во поддршка за набавка на квалитетни крави. “Во услови на зголемени трошоци, а забетонирана откупна цена на млекото, во живот не оддржуваат единствено субвенциите. Без нив, сигурно ќе пропаднеме“, вели Лековиќ кој заедно со неговиот брат одгледуваат 73 крави. Инаку, минатата година од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството беа одделени рекордни 37,9 милиони евра, што во однос на 11,3 милиони евра во 2008 година е пораст од фантастични 234%! Иако субвенциите за сточарството растат, тие не ги даваат посакуваните ефекти, односно не ја остваруваат функцијата за зголемување на домашното производство и зголемување на неговиот квалитет. Сосема спротивно. И покрај растот на субвенциите, во истиот период има 8% пад и на бројот на квави и производството на млеко!

Млекарниците се “борат“ за секој млекопроозводител

Во млекарницата Идеал Шипка, која е дел од меѓународната групација Лакталис, велат дека моменталната понуда на квалитетна млечна суровина на пазарот не може да ги покрие потребите на домашните производствени капацитети. За остварување на стратегијата “на одржлив развој на континуирани инвестиции во проширување и модернизација на производството на квалитетни, вкусни и пред се препознатливи млечни производи според најсовремените и најстрогите светски


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

17

ден пад

анализата на “Капитал“ покажа дека клучниот проблем во овој бизнис сега е недостигот на суровина. Количините измолзено млеко од година во година паѓаат и за пет години се намалиле за 8%. домашните млекарници се потешко наоѓаат кооперанти за откуп на млеко што влијае и врз искористеноста на нивните капацитети!

Македонските сточари молзат се помалку млеко! Количините измолзено млеко и бројот на молзни крави се намалуваат! Сточарството дефинитивно го губи своето место во земјоделското производство. Ако неговиот удел во 2008 изнесувал 17,6% во вкупното земјоделско производство, тоа сега е само 11%! Многу штали изградени пред десетина години сега се празни! Никој нема намера ни да ги наполни со стока. Сточарите се децидни – зголемените трошоци во услови на непроменета откупна цена на млекото, не можеме да ги покриеме дури ни со државните субвенции. Засега само тие не одржуваат во живот! Во што е спасот за македонското фармерство и домашната млечна индустрија? стандарди за квалитет“, во Идеал Шипка велат дека ќе продолжат со политиката на обезбедување квалитетна суровина “преку развој и негување на цврсто и долготрајно партнерство со домашните фармери“. За разлика од поголемите млекарници кои на различни начини и со инвестиции ги градат односите со фармерите од кои им зависи квалитетната суровина, помалите млекарници уште пожестоко се соочуваат со се помалиот број на фармери од кои можат да откупуваат млеко. Недостигот на суровина, односно неможноста Штипската млекарница да

откупи поголеми количини од сегашните 10 тони месечно го натера нејзиниот менаџмент да ја одложи планираната инвестиција во нова технолошка линија за производство на овошни јогурти. Наместо воведување нов производ, оваа млекарница реши во 2014 година да инвестира во краварска фарма, односно во обезбедување сопствена суровина. “Многу тешко се дооаѓа до суровина. И покрај тоа што цената од 18 денари за литар порасна на 20,21 денар нема од кого да откупуваме. На пазарот се наоѓа се помалку млеко поради што користиме една третина од нашиот капацитет. Иако можеме да произведуваме 30 тони

млеко и друга течна програма, нашето дневно производство изнесува 10 тони“, објаснува директорот Горан Улански, кој излезот од ваквата ситуација го гледа единствено во враќање на што повеќе луѓе кон примарно производство на млеко, кое според него може да биде исплатлив бизнис единствено ако се работи за фарма од 10-15 крави и сопствено производство на сточна храна. Финансиската конструкција за инвестицијата во краварска фарма, Улански ја потпира на банкарски кредит, а планира да се јават и на следниот повик на ИПАРД. Добар познавач на состојбите,


Капитал број 737 13.12.2013

www.kapital.mk

18 Cover story:

сопственик на помала млекарница кој сака да остане анонимен, надолниот тренд во производството на сурово млеко го гледа во лошо поставениот систем на распределба на државната земја. “Луѓето се почесто се откажуваат од гледање стока поради тоа што немаат земја за да одгледуваат сточна храна, чија што цена од година во година расте. За еден сточар да има рентабилен бизнис нему му се потребни минимум 20 крави и 20 хектари земја за да ги прехрани истите. За жал, кај нас во најголем број случаи земјата, особено земјата која е под вода, е дадена под закуп на луѓе кои не се занимаваат со фармерство и затоа нема никакви ефекти. На терен целосно се разидуваме сите. Ние бараме квалитетна суровина, тие бараат земјиште и поволна цена. Земјата е во трети раце и затоа сега состојбата е таква каква што е – крајно неповолна“, објаснува тој. Голем дел од млекарниците потврдуваат дека на пазарот има побарувачка за домашните млечни производи, но недостигот на суровина не им дозволува да ги зголемат производствените капацитети. Предлагаат да се искористат огромните површини необработена земја во Македонија, да се дадат на фармерите паралелно со поволни програми за инвестирање во поголеми и современи фарми. Иако неповолните трендови во млекарската индустрија траат подолго од една деценија, засега никој не го пали црвеното светло. Ниту од државата, а ниту од млекарниците, односно преработувачите кои моменталните недостатоци ги надополнуваат со увоз на концентрирано млеко, но на долг рок недостигот на домашна квалитетна суровина дефинитивно и сериозно ќе го загрози нивниот бизнис!

Увозот секоја година расте!

Увозот на млеко и млечни производи од година во година расте. И тоа воопшто не е за изненадување ако повторно се вратиме на статистиката. Ако во петгодишниот период кој го анализираме, потрошувачката на млеко во тетрапак во домаќинствата пораснала за цели 30,2%, а на јогурт за 12,7%, паралелно со пад на домашното производство на пастеризирано млеко за 27,4%, тогаш е логичен заклучокот дека најголем дел од растечките потреби од млеко и млечни производи Македонците ги задоволуваат од увоз . Во приказната за големиот раст на увозот на млечни производи свој удел има и големата консолидација која се случува на регионалниот пазар и окрупнување на дел од играчите во овој бизнис, со што и нивната позиција на пазарот станува се поголема. Последен пример за тоа е неодамнешното (во средината на октомври) преземање на млекарницата Суботица од страна на Имлек, со што сега и двете српски млекарници стануват дел од Денјуб Фудс групацијата,

Паѓа млечната индустрија во целиот регион!

А

ко се погледне и регионалниот контекс, лесно може да се заклучи дека млекарската индустрија е сериозно загрозена. Во Хрватска таа доживува и драматични моменти. Само во последните две години бројот на фарми е преполовен, а откупените количини на млеко годинава во однос на лани се помали за 20%. Само во првите шест месеци статистика бележи пад на производството на млеко за 19,4%. Во моментот во земјата има 10.500 производители кои млекото го предаваат во млекарници. Во последните десет години трендовите беа позитивни, но од 2009 година започна пад. Познавачите на хрватските прилики објаснуваат дека со европските поволни кредити во Хрватска се изградија многу современи фарми, но со бизнис план направен со откупна цена на млекото од 50 евроценти. Последниве години, особено од 2009 откупната цена на млекото се преполови, па фармерите и дел од помалите млекарници во неможност да ги отплатат кредитите почнаа да ги затвораат фармите и погоните. За само две години се изгубије 37 илјади крави! Слично како и кај нас, и таму во насока на стопирање на ова драматично рушење на млечниот сектор, се бара итна легализација на фармите како услов за користење на европските фондови и праведна распределба на државното земјиште, Производителите алармираат дека без помош од државата за набавка на репроматеријали и подобрување на конкурентноста нема да опстанат на пазарот соочени со силната европската конкуренција. Додека ја чекаат државната помош, дел од млекарниците прават сопствени програми. Пример, млекарницата Виндија самостојно обезбеди 800 ијади евра за своите кооперанти како помош за набавка на што поевтини репроматеријали, затоа што за нив банкарските кредити се уште се неповолни. Најголеми откупувачи на хрватскиот пазар се токму Виндија и Дукат, кои заеднички откупуваат 70% од хрватското млеко. Предупредување минатата недела стигна и од малите млекарници во соседна Србија дека нема да опстанат во наредниот период, затоа што немаат економска можност да го ускладат своето работење според станда��дите на ЕУ. Во земјата во која годишно се произведуваат околу 1,5 милијади литри млеко (98% кравјо), млекарската индустрија зазема лидерско место во прехрамбената индустрија иако производните капацитети работат со половина од капацитетите, а сточарството веќе неколку децении има надолна тенденција, со годишен пад од по 2-3% годишно. Очигледно домашното производство на храна како во Македонија, така и во сите земји од регионот е пред голем предизвик да ја преживее битката со се поголеммите трошоци за производство, од една страна, и се поголемите притисоци од евтиниот увоз, од друга страна.

кои имаат шест производни погони, со околу 1.500 вработени, во Србија, БиХ и Македонија. Директорот на Имлек, Слободан Петровиќ изјави дека овој потег е направен со цел да се консолидира компанијата, да се намалат трошоците за работа и заради подобро пазарно позиционирање! Друга таква регионално

позиционирана групација е Лакатлис, која има 14 производни погони во Хрватска, БиХ, Словенија, Србија, Македонија и Романија. Во Идеал Шипка која е нејзин дел велат дека фактот што се под капата на „Лакталис“ “им овозможува пристап до ресурси, знаење, висока технологија и врвни стандарди што ја зголемува нивната конкурентна позиција“.


Капитал број 737 13.12.2013

20

анализа

Кои Компании добиваат државна помош и за што?!

Vladata subVencionira i 50% od platite na stranskite kompanii Vo zonite?!

пишува:

александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

С

амо за изградба на фабриката во Штип, Владата одобрила половина милион евра за компанијата Џонсон Контролс, открива Финансискиот план за работа за годинава на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот објавен на веб страната www.edemokratija.mk. Ако на тоа се додадат и сумите од уште половина милион евра за обука и усовршување на вработените и 784.000 евра за социјални придонеси за вработените што ги добиваат како субвенции од државата, се доаѓа до сума од околу 1,8 милиони евра со кои Владата го поддржала отварањето само на оваа фабрика. Финансискиот план на Агенцијата открива дека годинава државна помош од околу 640.000 евра добила и фабриката на Џонсон Контролс во Бунарџик, за покривање на половина од трошоците за плата на вработените. Американската компанија Кемет добила околу 311.000 евра за отварање на нови работни места, а италијанската фирма Технохозе околу 50.000 евра за покривање на трошоци за обука и усовршување на вработените. Интересно е тоа што и во планот за 2013 година,

стои дека индиската фирма Мадерсон која се уште нема инвестирано во зејава иако најави дека ќе гради фабрика за ретровизори, требало да добие околу 183.000 евра како поддршка за инвестицијата. Тоа значи дека Владата за годинава вкупно одвоила околу 3 милиони евра од државниот буџет за да ги стимулира странските компании што работат во технолошко - индустриските зони.

За шест години 68 милиони евра државна помош

Државата во последните шест години, од 2007 до 2012 година, одвоила најмалку 68 милиони евра од народните пари како државна помош за странските инвеститори, но и за поддршка на туризмот, реализација на програмата за самовработување, за зголемување на конкурентноста на економијата, па до заштита на животната средина. Сумата веројатно надминува 68 милиони евра, затоа што годишните извештаи на Комисијата за заштита на конкуренцијата не ги откриваат сумите што државата им ги префрлила Владата од буџетот на повеќето странски инвеститори што во последните години одлучија да отворат фабрики во земјава. Меѓутоа, ако решенијата за доделување државна помош на Џонсон Контролс, Ван Хоол, Дрекслмајер се тајни, извештаите откриваат дека државата со 2 милиони евра го субвенционирала доаѓањето во Бунарџик на американската компанија Кемет, која досега инвестираше околу 15 милиони евра и отвори околу 120 нови

работни места. И во овие извештаи се појавува индиската фирма Мадерсон која во 2011 година постави камен темелник во Бунарџик за изградба на два производствени погона во кои ќе се произведуваат делови за ретровизори. Беше најавено дека целата инвестиција ќе достигне 12 милиони евра и дека ќе отвори 140 нови работни места. Меѓутоа, ниту по 2 години, индијците не ги реализираа дадените ветувања. Владата донела одлука да и додели државна помош од 2,8 милиони евра и логично се наметнува дилемата – што се случило со одобрената државна помош?! „Решението што го донесе Владата за доделување државна помош за Мадерсон Груп не значи дека парите се испатени. Странскиот инвеститор мора прво да ги реализира своите обврски од договорот, да почне да ја гради фабриката, а помошта се добива потоа. Според потпишаниот договор, индијците имаат уште малку време да почнат да градат“, објаснува Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони. Колку пари од државниот буџет добиле останатите странски инвеститори не се знае, освен што се објавија детали од фамозниот договор на Џонсон Контролс со Владата со кој на британскиот инвеститор му била одобрена државна помош од 8,5 милиони евра. Економистите велат дека транспарентноста при доделувањето на државна помош воопшто не треба да се дискутира. „Ако веќе зборуваме за државна помош,


Капитал број 737 13.12.2013

транспарентноста мислам дека се подразбира. Таа идеја мора да биде на ниво на политика, еднакви услови како за странските така и за домашните инвеститори. Во некои случаи можеби ќе се случи помошта од државата да биде тајна, како што се примерите со некои странски компании што работат во индустриските зони, меѓутоа, тие мора да бидат исклучок“, вели професорот од Економскиот факултет, Методија Несторовски. Дури и државни функционери се согласуваат дека е нужно да се знае во јавноста кои фирми колкава помош добиваат, па дури и прецизно со бројки до четири децимали како што е случај во Чешка, меѓутоа, признаваат дека се прават исклучоци од преговарачки аспект, за да не се стави Владата во позиција да мора да им нуди на сите еднаква помош за да дојдат да инвестираат во Македонија. Во листата на примачи на државна помош има и една индустриска зона. Станува збор за зоната Жабени во Битола, која добила непозната сума од општина Битола со намена за подобрување на условите за инвестиции. Освен за странските инвеститори, околу 15 милиони евра од државната помош завршиле за реализација на програмата за самовработување. Според информациите од Агенцијата

центрите, бизнис-инкубаторите, коишто реализираат разни обуки и тренинзи за старт ап бизниси. „Секогаш постои простор за повеќе, особено што отварањето на стартап бизнисите во Македонија бележи позитивен тренд. Тука треба да се земе предвид и новиот фонд за иновации и технолошки развој, со кој ќе се креира посебна платформа за старт ап компаниите во Македонија, преку техничка и финансиска поддршка за нив“, одговорија од Министерството за економија. За вработување на инвалидни луѓе, во анализираниот период биле одобрени 7,3 милиони луѓе, за заштита на животна средина 4,4 милиони евра, регионална помош околу 9 милиони евра.

Мали бројки

Со малку пари не може да му се помогне на стопанството, вели заменик претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Мирче Чекреџи. Домашните бизнисмени бараат Владата еднакво да ги третира со странските инвеститори и да одвои многу повеќе пари од буџетот за поддршка на реалниот сектор, како што е случајот со субвенционирањето на земјоделството. „Мислам дека помошта од државата за компаниите стана неопходен услов ако сакаме да оствариме било каков исчекор напред. До сега реалниот сектор воопшто не бил субвенциониран

анализа 21

на инвестициска премија, односно директно помагање на компаниите од реалниот сектор со буџетски пари за да го поттикне реалниот сектор побрзо да се развива. Формите може да бидат различни, од помош при изградба на објектите за производство, набавки на опрема, па до индиректна помош преку намалување на некои даноци и давачки. Како држава немаме воспоставено силна политика за развој на реалниот сектор, како што е на пример случај со субвенционирањето на земјоделството. Тоа е тоа што ни недостига“, вели Несторовски. „Инвестициската премија“ се јавува како метод на привлекување на инвеститори, прво, преку намалување на инвестицискиот трошок поврзан со обезбедување на инфраструктурни услови за производството и на трошокот за обезбедување на градежно земјиште - (токму тоа се буџетските интервенции во индустриските зони и во други простори надвор од нив), и второ, преку намалување на долг рок, на некои системски трошоци во оперативниот период на капацитетот. На таков начин, се влијае врз проектираните готовински текови, а тоа во оцената на ефикасноста на проектот, да покаже на повисоко ниво на ефикасност што ќе предизвика интерес за инвестирање, токму поради влијанието на таа т.н. „премија“.

Само за изградба на фабриката во Штип, Владата одобрила половина милион евра за компанијата Џонсон Контролс, открива Финансискиот план за работа за годинава на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Државата им одобрила на странските инвеститори и субвенции за обука и усовршувањ�� на вработените и покрива половина од трошоците за плати и придонеси. На списокот се појавува и индиската фирма Мадерсон која иако најави инвестиција, ниту по две години не ја изгради фабриката. Се на се, за годинава биле одвоени 3 милиони евра. Во претходните шест години, од 2007 до 2012 година, државната помош изнесуваше 68 милиони евра. за вработување, во Македонија од 2007 година наваму со државна помош од 3 илјади евра по човек, сопствен бизнис отвориле или се самовработиле 4.840 луѓе. За тековната 2013 година беше објавен оглас за самовработување на нови 930 невработени луѓе. Анализата на мерката за самовработување во изминатите шест години покажала дека 77,2% од досега финансираните бизниси по тој основ опстојуваат с$ уште и се успешни. Граѓаните што аплицираат за почнување бизнис од државата добиваат 3 илјади евра како неповратни средства за набавка на опрема и репроматеријали и 260 евра за основни обуки за водење бизнис и регистрација. За подобрување на конкурентноста, иновации и претприемништво, државната помош за 7 години изнесува околу 750.000 евра. Тоа значи дека просечно годишно за поддршка на нови бизниси Министерството за економија, преку Програмата за развој на претприемништвото издвојува по околу 100.000 евра, но тој буџет не е наменет за директна поддршка на старт ап бизниси, туку се поддржуваат проекти на институции за поддршка на мали и средни компании, како што се бизнис-

со буџетски пари како што на пример се помага земјоделството. Владата мора да размислува во таа насока, да дефинира критериуми и да ги помага сите компании подеднакво. Јас сум противник на доделување на државна помош поединечно за секоја компанија и сметам дека сите треба да имаат ист третман. На пример, добро би било државата да субвенционира со 50% купување на нови машини и опрема за производство. Воведување на нови модерни технологии кои што значително ќе ја подобрат конкурентноста на економијата. Тоа го прават Холандија и Турција, кои истурија милијарди евра од своите државни буџети за да им помогнат на фирмите“, вели Чекреџи. Тој е свесен дела македонскиот буџет не дозволува да се размислува за поддршка на стопанството во милијарди евра, меѓутоа, сугерира да се направат поголеми заштеди на непродуктивни трошоци, а парите да се насочат за развој на економијата. Професорот Методија Несторовски исто така е заговорник на идејата да се поттикне домашната економија со поголема буџетска поддршка. „Јас веќе подолго време сугерирам државата да го форсира моделот

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Мизо, објаснува дека инвестиционата политика на Македонија се темели на еднаков третман на странските и на домашните инвеститори и додава дека државната помош се доделува на компаниите во зоните зависно и согласно од тоа дали се исполнети законските услови, а доделувањето е независно од потеклото на капиталот. „Од аспект на директна помош државата може да учествува во трошоците за градба на инвеститорите во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ), а висината на помошта зависи од висината на инвестицијата и бројот на креирани работни места за македонски државјани затоа што крајната цел на капацитетите во секоја од зоните е економски да се развие регионот кај што се лоцирани. Понатаму, царинските и даночните ослободувања и олеснувања во ТИРЗ како слободни зони, можната помош за обука и за креирање на работни места има голема улога во привлекување на инвестиции и тоа во извозно ориентирани преработувачки капацитети. Овие поволности во пракса имаат рефлексија во гринфилд инвестиции во ТИРЗ и тоа на големи мултинационални компании“, вели Мизо.


Капитал број 737 13.12.2013

22

www.kapital.mk

интервју

Kristofer Ivon амбасадор на Велика Британија

Za investitorite ne e bitna samo ekonomskata, tuku i politi^kata klima! Амбасадорот на Обединетото Кралство, Кристофер Ивон во интервју за Капитал зборува за амбиентот кој владее во Македонија во однос на странските инвестиции. Амбасадорот смета дека иако земјата е добро оценета во меѓународните извештаи, нереформираната администрација, судството, но и честите инспекции се главниот проблем на кој компаниите се жалат. Тој не коментира дали е во ред Буџетот да се троши на социјални мерки, но порачува дека вложувањата во капиталните инвестиции се тие кои генерираат развој


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

интервју

23

пишува:

Катерина синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

Г

осподине Амбасадоре, интервјуто го правиме неколку дена пред одржувањето на Самитот на ЕУ. Македонската Влада не штедеше на искреност во најавите дека и оваа година земјата нема што да очекува во однос на придвижување на европските интеграции. Вината за тоа повторно се гледа Грција и нејзината непопустливост. Како Вие гледате на блокираниот македонски пат? Прво, Ви благодарам за Вашата покана за ова интервју. Во однос на декемврискиот Самит на ЕУ, дискусиите се уште се одвиваат, во моментов, па не би можел да шпекулирам кој би бил исходот, но ако ги погледнете заклучоците од минатогодишниот Самит во однос на тоа што беше побарано, акцентот беше ставен на реформите во склоп на Високиот дијалог, добрососедските односи и чекорите направени за надминување на спорот со името. Тоа беше заклучокот од минатата година. Со Пролетниот Извештај и дискусиите од јуни, јасно е дека не се работи само за спорот за името. Јасно е дека исто така се работи и за процесот на реформите и за подобрување на добрососедските односи. Тоа би биле темите на кои земјите-членки би дискутирале кога е во прашање напредокот на Македонија. Минатата година беше тешка во неколку аспекти. Политичкиот дијалог беше нарушен со тоа што го видовме на 24 декември. Големи предизвици беа ставени пред македонските политички лидери и чекорите кои беа преземени за надминување на тие состојби не се доволни, работата продолжува и треба уште да се работи на тоа поле. И сметам дека земјите-членки ќе го имаат тоа предвид, па ќе се повторам дека сепак, не е само до спорот за името.

Напредокот на Србија треба да биде мотив, а не ризик од дестабилизација на вашата земја XX Во еден регионален контекст, ако се има превид напредокот на соседите, пред се на Србија после Договорот за нормализација на односите со Косово, колку е опасен застојот за Македонија? Има ли закана за дестабилизација на земјата, ако се има предвид фактот дека Македонија во ЕУ и во НАТО е една, надвор од нив сосема друга приказна... Не мислам дека тоа е дестабилизирачки процес, напротив, тоа би требало да биде охрабрување. Свесен сум дека луѓето велат – кредибилитетот на ЕУ е под ризик да биде нарушен оти Македонија не успеа да ги започне пристапните преговори, но ако ги


Капитал број 737 13.12.2013

24

www.kapital.mk

интервју

прашате граѓаните на Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, мислам дека тие го гледаат кредибилитетот на Унијата и на европскиот пат. Или ако ги прашате во Хрватска за процесот за проширување. Затоа, особено овој голем чекор напред којшто го направи Србија треба да биде охрабрување. Затоа се надевам дека ова ќе биде мотивациска сила за македонските политичари. Се надевам дека ова мотивира и инспирира во изнаоѓањето на нови начини за удвојување на напорите. XX Но, зборуваме за многу години во кои Македонија е без прогрес. Кандидатскиот статус го добивме во 2005-та, па оттогаш немаме никакво придвижување. Прашањето сепак, повеќе ми беше во контекст на албанското малцинство. И лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но и известувачот за Македонија во ЕП, г. Ричард Ховит го потенцираа незадоволството и разочараноста на македонските Албанци. Мојата земја сака да отпочнат преговорите и ние тоа го повторуваме неколку години. Македонија го доби кандидатскиот статус во 2005-та, кога токму Велика Британија беше претседавач со Унијата. Дали оттогаш има напредок? Па, да, затоа што во 2009-та земјата доби препорака од Европската Комисија за одредување на датум за почеток на преговори. Дали оттогаш е нешто направено? Погледнете го Извештајот за напредокот. Ако воопшто нема никаков напредок, тогаш тоа ќе биде јасно кажано, на крајот на денот, нема ниту да се нарече Извештај за напредок. Има многу работа пред земјите кои се кандидати за членки којашто треба да се сработи пред тие да бидат примени и има многу нешта кои земјите може да ги направат за да покажат напредок. Без разлика во која фаза од процесот се наоѓате, реформите мора да течат, оти тоа е добро за самите граѓани и подобрување на нивниот живот. XX Извештајот за напредокот на Македонија од оваа година презентираше неколку клучни проблеми, кои во јавноста поминаа прилично тивко. Забелешки за недостиг од политички дијалог, немање на капацитет на некои клучни институции, партизација во судството и администрацијата, загрозена медиумска слобода... Како Вие ги цените политичките процеси во Македонија? Не би ги тргнал од вид и оние позитивни забелешки. Кога се зборува за која било земја и за Извештајот за напредокот, не може тој да биде стопроцентно позитивен, ниту стопроцентно негативен. Секогаш има области во кои не е забележан напредок. Не би требало да го гледаме како документ полн со критики, туку како еден одговор на о��а што Македонија го сторила во изминатата година. Ова е важна поента. Што се однесува до областите каде што има проблеми, тоа секако би бил политичкиот дијалог кој јасно беше нарушен на 24 декември и тоа многу

влијаеше на Извештајот. Има проблем и со јавната доверба и мислење во однос на владеењето на правото. Исто така со слободата на медиумите и потребата од зајакнување на дијалогот помеѓу новинарите и владата. Ова се областите на кои Македонија ќе мора да се фокусира за да ги задоволи критериумите на Меѓународната заедница и кои треба да добијат третман каков што заслужуваат заедно со областите кои добија позитивна оценка. XX Еден од клучните проблеми за кои Македонија е на тапет на меѓународна сцена е состојбата со медиумите. Колку нарушената слобода на говор го руши демократскиот имиџ на земјата пред светот? Би кажал две работи. Прво, и во Британија имаме интензивна дебата во однос на состојбата со медиумите и медиумската етика. Има предизвици во секоја земја во насока на постигнување на вистинскиот баланс помеѓу слободата, обврските и одговорностите. Тоа е секогаш тешко. Не треба никако да се гледа како „црно и бело“. Друго на коешто би обрнал внимание на позицијата на Македонија се извештаите кои се однесуваат на медиумската состојба. Тоа ја нарушува јавната доверба и загрижен сум дека тоа праќа лоша порака надвор. Кога гледате некој меѓународен извештај за слободата на медиумите и ја видите Македонија, тоа дава слика за земјата. И ако ги прашате луѓето надвор како гледаат на тоа, тие ќе дадат договор базиран на тие извештаи. Тоа е навистина предизвик, да се менаџира меѓународната позиција на земјата. XX А случајот со Кежаровски? Информациите се дека имаше голем меѓународен притисок за тој да биде пуштен во домашен притвор? Не можам да коментирам поединечен случај, се разбира не сум доволно запознаен со случајот. Кога имате еден поединечен случај кој ги осветлува принципите и предизвиците со кои се соочуваат сите и особено со случаи од „висок профил“, како и ние кога сме имале дебати во Британија јасно е дека ќе ескалира јавното мислење. Важно е секој случај да се третира фер и транспарентно.

односите со сите земји. И Британија го прави тоа. Имаше дебати дали Британија треба да биде свртена кон САД или кон ЕУ. Сметам дека тоа е многу погрешен избор. Имаме фантастично партнерство со САД и една привилегирана врска, но секако ЕУ е наш национален интерес. Би било чудно Македонија да ја троши целата своја енергија на зближување со еден дел од светот, а воопшто да не се осврне на другиот. XX Секако, но ова е интензивно исклучиво во последните години, затоа прашуваме... Македонија е независна земја само 20 години и таа се уште ја гради својата дипломатска мрежа. Токму Велика Британија минатата недела држеше тренинзи во македонското МНР, па секоја држава којашто ја развива својата дипломатска мрежа треба да гради односи со сите. Во последните 4 години Британија е фокусирана на пример на Латинска Америка и ги разгледуваме сите можности за искористување на тие пазари. Земјата треба да одлучи која дипломатска мрежа може да и даде најголема економска корист. XX Токму економијата е во фокусот на тие посети кои всушност се дел од главната економска активност на Владата во последните години во однос на привлекувањето на странскиот капитал - т.н „роуд шоуа“... Колку овие патувања се реално корисни за македонската економија? Кој е Вашиот впечаток, дозна ли светот повеќе за македонските услови за странските инвеститори? Токму минатата недела во Британија бев со вашиот тим и мислам дека во Британија нема доволно познавање за условите кои Македонија ги нуди како инвестициска дестинација. Ако сакате да привлечете британски инвестиции мора да се потенцираат поволностите на македонскиот пазар и економија и бизнис услови. Еден начин секако се овие „роуд шоуа“ за на публиката таму, составена од бизнисмени да се презентира земјата. Поразговарав со некои од бизнисмените кои беа таму и после интерактивните презентации ним им беше појасно што нуди Македонија за инвестирање.

Роуд шоуата се одличен начин за да се презентираат македонските инвестициски потенцијали

Британски компании се заинтересирани за инвестиции во рударството и ИТ индуструјата

XX Како вие гледате на коментарите дека во својата надворешна политика Македонија е благо залутана... Интензивирањето на контактите со Кина и Турција, но и енергијата која се троши на посети на Индија, Виетнам, Малезија, Сингапур на сметка на западните центри за многумина е сигнал дека Македонија се оддалечува од Западот како нејзина стратешка определба Мислам дека останува на политичарите и економистите да донесат одлука за тоа на домашен терен. Не мислам дека има нешто лошо во зајакнување на

XX Може ли да се очекува британските инвеститори да покажат поголем интерес за инвестиции во Македонија во следниот период? Се надевам, но сепак ќе треба да ги прашате инвеститорите како тие гледаат на ова, затоа што тие две работи гледаат. Прво, кој пазар им е најдобар, најконкурентен споредено со другите пазари, а второ, покрај финансиските калкулации секогаш е битна и политичката клима, владеењето на правото и реформата на јавната администрација, судскиот систем. Затоа што, ако тие решат да инвестираат, тогаш стануваат корисници на услугите


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

интервју

25

Не ја спориме слободата на движење, но отвораме дебата за природата на миграцијата во Британија XX Постои впечаток (особено на Балканот) дека Британија е многу затворена за странци. Тешки процедури за вадење на виза, но и актуелната отворена „анти - кампања“ против Бугарија и Романија, поточно против доселениците оттаму само го зголемува тој имиџ. На што се должи таа политика? Прво, ние одобруваме околу 90 % од сите апликации за виза, па не можам да се согласам дека тешко се добива виза. Граѓаните може да ни помогнат со аплицирање што е можно порано. Имаме рок од 15 работни дена, а често и ги издаваме визите порано, но би ги охрабрил луѓето да аплицираат што е можно порано. Можете да аплицирате преку интернет, да платите преку интернет и тоа одлично функционира. Претпоставувам дека луѓето доживуваат дека е тешко, само затоа што визата воопшто е потребна. Секако дека штом има каква и да е процедура е потешко, отколку воопшто да не се бара виза. Но, ако барањето е прифатено ние сме максимално професионални и брзи и такви ќе останеме. Што се однесува до вториот дел од Вашето прашање, има дебата во моментот во Британија за степенот на миграција и за нејзината природа. Мојот премиер напиша текст во кој внимателно и одблизу го разгледа прашањето со слободата на движење на луѓето во овој контекст. Целта е да придонесеме на општата дебата. Да ја иницираме дебатата за природата на движењето на луѓето. Тие доаѓаат во Британија да работат и тоа влијае на економијата. Не треба да се гледа само краткотрајно, туку и треба да се гледа на долги патеки, дали тоа право на движење може некако да биде злоупотребено. Исто така тука е прашањето за тоа како идното проширување на Унијата може да влијае на овој проблем. Мојата Влада потполно го почитува едно од основните начела на ЕУ – правото и слободата на движење. Па немаме проблем со тоа прашање или принцип. Но, дефиницијата на слободата на движење е тема. И ова е иницирање на таа тема. Не сакаме граѓаните да престанат да го поддржуваат проширувањето од страв како тоа би се одразило виза ви оваа тема. Затоа, ние го поддржуваме проширувањето и пораката до Македонија би била – сакаме да ве видиме во ЕУ и вашите граѓани да се европски граѓани. на земјата и тоа директно ги допира. Затоа мора да има своевиден баланс на она што го нуди економскиот аспект од една страна и практичкиот, административен од друга. XX Како Вие ја оценувате македонската бизнис клима во тој случај? Според сите Извештаи, (Дуинг Бизнис, Стартинг-уп бизнис), Македонија е атрактивна. Значи, има опкружување во кое многу инвеститори гледаат добра

прилика да работат. Што се однесува до новите инвеститори, тие гледаат и другите компании кои се веќе присутни како се снаоѓаат тука. Најголемиот британски инвеститор тука, Џонсон Мети одржа една презентација за да демонстрира како тие работат и кои поволности ги уживаат. XX Се жалат ли на некакви проблеми? Со какви забелешки најчесто ви доаѓаат компаниите?

Има полиња во кои бизнис климата би можела да биде подобрена и компаниите би сакале да ја видат подобрена. Фер е тоа да го кажеме. Компаниите би сакале да видат олеснета процедура за добивање работни дозволи, дозвола за престој и слично. Но, исто така тука е и прашањето со инспекциите. Компаниите често пати инспекциите ги доживуваат како проблем во работата и одвлекување на нивното внимание


Капитал број 737 13.12.2013

26

www.kapital.mk

интервју

Одлични две децении на билатерална соработка! XX Кои се генералните заклучоци за односите на двете земји во изминатите две децении? На крај на годината сме во која прославуваме 20 години од воспоставувањето на дипломатски односи на нашите две држави. Овој момент го одбележавме во текот на целата година преку низа настани и активности, ја промовиравме британската храна, игравме фудбал, имавме гости

од британскиот парламент кои зборуваа тука, сето тоа под чадорот на одбележувањето на овој јубилеј. Низ изминатите години имавме многу посети, многу размени на искуства, Британија секогаш била силен поддржувач на ЕУ и НАТО перспективите на Македонија. Имавме одлична соработка низ изминатите дваесет години и со нетрпение ги очекувам следните дваесет.

и енергија од бизнисот. Пред извесно време организирав форум на кој бизнисмените овие забелешки му ги предочија на министерот за економија Ваљон Сарачини и морам да кажам дека тој беше навистина проактивен во сослушувањето на нивните проблеми и демонстрирањето на подготвеност да се излезе во пресрет. Тоа ме охрабри дека Владата сака да смени нешто. XX Некои конкретни компании кои би можеле да ги најавите? Преферирам ова да го соопшти бизнисот. Можам да кажам дека има компании кои се заинтересирани за инвестиции во областа на ИТ индустријата и рударството. Има фирми кои се заинтересирани и улога во тоа секако има и посетата на принцот Мајкл од Кент минатата година кога тој ја посети земјата заедно со група од

бизнисмени. Сепак, самите компании, а не амбасадорот треба да го изберат тајмингот кога е добро да се соопшти во јавноста нивното доаѓање.

Инвестициите во инфраструктурата генерираат развој XX Како ја оценувате моменталната економска соработка на Велика Британија и Македонија? Самиот факт што принцот ја посети земјата заедно со бизнис делегација, но и соработките низ минатото на стопанските комори, потоа „роуд шоута“ во Британија, потоа Џонсон Мети како најголем, но и многу други помали инвеститори кои одлично работат зборува за нивото на соработка. Но, јас секогаш велам – може подобро и сакам да видам повеќе.

XX Дали доволно се вложува во развојот на земјата? Најголем дел од Буџетот се троши за тековни ставки со кои се обезбедува социјален мир (плати, пензии), но не и за капитални инвестиции. Како Вие гледате на тоа? Не е мое да коментирам како го трошите Буџетот. Тоа е привилегија на властите. Ниту би можел да делам совети. Повеќе можам да зборувам за нештата кои би требало да бидат направени. Кризата се уште има свој импакт. Потребни се одлуки во насока на зголемување на продуктивноста и привлекување на нови инвеститори. Инфраструктурата секогаш генерира поголем развој и поголема економска активност. Ова веројатно ќе биде фокус на Владата во следниот период. Моето разбирање оди во таа насока, дека Владата тоа го планира наскоро.

Битанија во ЕУ – интерес и на Кралството и на Унијата! XX Кое е Вашето видување за моменталната позиција на Велика Британија во рамките на ЕУ Национален интерес е на Обединетото Кралство да биде во Европската Унија, и верувам дека е во интерес на ЕУ да ја има нашата земја како членка. XX А за состојбата во самата Унија? Мислам дека се уште има предизвици за ЕУ. На пример мора да се подобри нејзината конкурентност. Би дополнил дека кратењето на бирократијата ќе помогне исто така, потоа договорите за соработка кои ни требаат со земјите низ светот... Некои од одлуките се враќаат назад во државните парламенти, па тука се отвора прашањето за демократијата. Значи предизвиците пред ЕУ не се само од економска природа. XX Во време на вакви предизвици што можеме да очекуваме во врска со политиката на проширување? Британија е шампион на проширувањето и ние сакаме да видиме тоа да продолжи. Сметаме дека секоја земја која има аспирации да стане членка и која ги задоволува потребните критериуми треба да биде примена. Тоа се однесува и на Западниот Балкан и на самата Македонија. Ние ќе продолжиме да бидеме шампион на проширувањето.


Капитал број 737 13.12.2013

28

www.kapital.mk

Компании и пазари

Deset goDini Feroinvest

An\u[ev: Feroinvest e DokAz D se e mo@no Ako se imA plAn i iDejA zA bizni

М

акедонската компанија Фероинвест на 4 декември одбележа децениски јубилеј- десет години постење на македонскиот пазар. Во биографијата

на оваа реномирана компанија се впишуваат многу проекти кои сведочат за огромниот успех препознатлив за Фероинвест. Генералниот менаџер на компанијата, професор Кочо Анѓушев по овој повод

рече дека Феоринвест е доказ дека кога се има добар план и добра идеја за бизнис се е можно. „Фероинвест е доказ дека се е можно ако се има добар план и идеја за бизнис. Патот е лесен ако сакате да успеете, а


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

Компании и пазари

DekA A DobAr is! ако не сакате секако ќе ви биде тежок. Зад историјата на Фероинвест стои посветеност и иновативност, затоа што сме први во многу сегменти во кои делуваме, а кога сте први вие ги поставувате стандардите“, изјави Анѓушев. Инаку, Фероинвест е препознатилив по тоа што е меѓу првите компании што отвори македонска компанија

600 90% 14

вработени брои денес Фероинвест

од производството е наменето за извоз

комплетно изградени мали хидроцентрали во Макеоднија

29

На 4 декември македонската компанија Фероинвест прослави децениски јубилеј постоење на македонскиот пазар. Во биографијата на оваа нашироко препознатлива компанија се впишуваат многу успеси, а тоа, според генералниот менаџер на оваа компанија, Кочо Анѓушев пред се се должи на долгорочната посветеност и иновативност на компанијата

проекти по кои е препознатлив Фероинвест п

Фероинвест зад себе има успешна реализација на преку 100 проекти во делот на обновливи извори на енергија, производство на електрична енергија, изградба на првите мали хидроцентрали во Македонија, од кои комплетно се завршени 14, а во тек е изградбата на останатите 5 хидроелектрани, за 12 пати зголемен бројот на вработени во компанијата, 4 пати поголемо производство на жичани производи и метални конструкции, над 90 проценти од производство наменето за извоз.

за продажба на електрична енергија користејќи ги бенефитите од обновливите извори на енергија и формирајќи балансна група на потрошувачи што ќе и овозможи по либерализација на пазарот на струја да понуди најприфатлива цена за македонските компании. Компанијата е прва во изградба на малите хидроцентрали, со што стана единствена во Македонија со знаење и искуство во овој домен. Брако како дел од групацијата е една од ретките успешни приказни во Македонија, каде компанија во стечај по продажбата стана една од најдобрите 100 компании и најголемите извозници во земјава. Како модерна бизнис групација оваа компанија е организирана врз принципот на самостојно пазарно дејствување на членките и интегриран менаџмент за заеднички потреби и интереси. Секоја компанија или организационен субјект на Фероинвест делува правно и економско независно. Со секоја компанија раководи посебен управен одбор. Управните одбори на сите членки се состојат од искусни луѓе во бизнисот,

дизајнери и инженери, кои се дел од една мотивирана, ефикасна и иновативна корпоративна култура. „Клучот на успехот е еден – создадете тим што дава резултати. Тимот на Фероинвест дава резултати, а тоа е најголемото богатство на оваа компанија“, вели Анѓушев. Фероинвест како групација ја сочинуваат компаниите Брако, Аквават, Мали хидро електрани, Езеро МХЕ, ДруговоСтуденица, Хидро Осогово, Еnergy maintenance solutions и Energy delivery solution. Групацијата е формирана во 2003 година и има околу 600 вработени. Компаниите делуваат во областа на металопреработувачката индустрија, на обновливи извори на енергија и на трговија со електрична енергија. Компаниите на Фероинвест се раководат од највисоките стандарди за одговорно управување со дел од ресурсите на општеството. За остварување на својата општествена мисија, овие компании ги поддржуваат иницијативите за општествени активности на локалните заедници во кои се наоѓаат нивните простројки.


ЕдноднЕвна обука l 24 декември 2013 година,

10.00-17.00 часот Капитал Академија, Скопје

МАРКЕТИНГ СО МАЛ БУЏЕТ

(обука наМЕнЕта За ситЕ МаркЕтинГ профЕсионаЛци и/иЛи МаЛи работни тиМови) Традиционалниот начин на рекламирање чини многу пари. Буџетите на малите и средни компании не се ни од далеку во можност да ги поднесат трошоците за рекламирање во традиционалните канали. Многу компании се откажуваат од било какви маркетинг активности уште на самиот почеток, бидејќи мислат дека се потребни огромни средства за рекламирање! Како да го развиете вашиот маркетинг и да извадите максимум со скромниот маркетинг буџет? Во програмата „МАРКЕТИНГ СО МАЛКУ ПАРИ“ ќе научите како да најдете нови клиенти или зголемите рентабилноста од вашите постоечки клиенти. Ќе научите како да го препознаете кој е вашиот купувач и како да допрете до него. Со оваа програма ќе научите како да го направите вашиот бизнис уште поуспешен.

За коГо Е наМЕнЕта обуката:

Што ќЕ научитЕ:

обучувач: Петар Лазаров

l Маркетинг професионалци l Сопственици на мали компании l Бизнис професионалци кои сакаат да се запознаат со маркетингот и неговото значење и важност l Вработени кои се одговорни за маркетингот во малите компании l Маркетинг почетници и ентузијасти

l Важноста и функцијата на маркетингот во малите компании l Бренд и брендирање l Како да составите Маркетинг стратегија и важноста на истата за компанијата l Што е истражување на пазарот и како да се напра��и со минимални средства l Како да го направите вашиот потенцијален купувач во потрошувач l Ефикасни активности и концепти за рекламирање со малку пари

ко-сопственик на Macedonia Export Consulting, компанија специјализирана за промоција и трговија со македонски производи на меѓународен и локален пазар, која нуди консултантски услуги за маркетинг, продажба и извоз. Лазаров е еден од креаторите на брендовите MAMA’s и TIP OF THE WEEK и има повеќе од 12 години практично и теоретско искуство во маркетинг, брендирање и продажба.

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 22 декември 2013 година.

l лицe за контакт: Гордана Михајловска и Ленче Зикова l е-маил: akademija@kapital.com.mk l 02 3280 911

специјален прилог

ДЕЛОВНА

27

декември 2013

повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: boban.gjorgjievski@kapital.mk телефонскиот број: 02 3298 110/ 070 262 288 I лице за контакт: бОбАн ѓОрГИевсКИ

2014

0 1 4

n Дали македонската економија во 2014 година ќе направи поголем исчекор? Прогнозите се дека економски раст на земјата следната година ќе изнесува од 3,2%! Што треба да се склучи за оваа прогноза да стане реалност? Што тоа конкретно ќе значи за македонските компании и граѓаните воопшто? n Дел од странските инвеститори во земјава најавија ширење на своите капацитети и нови инвестиции. Колку инвестиции, странски и домашни, ќе прокнижи македонската економија во следната година? Кои ќе бидат најголемите предизвици за инвеститорите? n 2014 е годината кога е најавен старт на неколку клучни инфраструктурни проекти. Анализираме кој ќе биде ефектот врз домашната економија од повеќето инфраструктурни проекти зацртани за календарот во 2014 година? n Извозот и во годината што доаѓа останува врвен приоритет на компаниите. Отварањето нови пазари и освојувањето нови потрошувачи е високо на агендата на повеќето компаниите. Ги прашуваме: кои ќе бидат новите извозни дестинации на македонското вино, конзервни производи, македонските земјоделски производи, кондиторијата, компонентите за автомобилската индустрија, македонските лекови... Кои ќе бидат извозните лидери во годината што доаѓа? n Kакви кредитни и каматни политики ќе скројат за 2014 година и колку ќе бидат расположени банките да ги поддржат инвестициските и бизнис планови на деловниот сектор? Ќе се отворат ли конечно банкарите кон потребите на менаџерите и претприемачите? Какви нови банкарски продукти се подготвуваат? Ќе понуди ли нешто ново Македонската банка за поддршка на развојот?

КАКвА ГОДИнА ДОАѓА И нАјвАжнО ОД сe:

ДАлИ нОсИ нОвИ И ПОГОлеМИ бИзнИс МОжнОстИ?!

КАПИтАл вО нОвОГОДИШнИОт брОј вИ ГИ ДОнесувА ДетАлИ зА “ДелОвнА 2014“


Energy delivery solutions

ENERGIZING YOU


капитал број 737 13.12.2013

32

политика

Po tranzicijata i globalnata ekonom

ima li makedo sredna klasa? пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

Л

ичното достоинство на мнозинството македонски граѓани не им дозволува да се одречат од припадноста на средната класа, иако можеби според повеќето параметри и не се дел од неа. Опозицијата, пак, која веќе осма

година не учествува во креирањето на економските политики, уверува дека средната класа во Македонија е критично загрозен вид, и предлага мерки за нејзино враќање. За власта, средната класа е тука (не отишла никаде), и според тоа тезата за нејзино враќање е вештачки наметната од опозицијата како де факто средство за политичка борба, само спакувано во пакет економски мерки. Како своевиден компромис меѓу овие спротиставени позиции звучи ставот на оној дел од повозрасните генерации кој смета дека сеуште

одржува чекор со средната класа, но со носталгија се сеќава на времето (од поранешната бескласна држава) кога од плата можело „квалитетно да се најадеш и да се облечеш, да одиш на годишен одмор и да бидеш релаксиран во однос на политичките и на економски проблеми“. Последниов опис е најблиску до дефиницијата за средната класа чија основна карактеристика е поседувањето на некое „пристојно“ количество редовен доход, што треба да & овозможи да не живее од денес до утре, од работа до работа, од сезона до сезона, како што тоа го прави класата подолу -


капитал број 737 13.12.2013

политика 33

mska kriza ...

onija ?

сиромашните. Средната класа треба со сопствените приходи да може да си дозволи квалитетен живот - стандард на живеење приближен до оној на високата класа, без луксузите резервирани за најбогатите. Но, универзален критериум според кој во секое општество би можело точно да се одреди средната класа не постои, поради разликите во нивото на економски развој меѓу државите, поради нивните културни и останати специфики. За илустрација, целосно е неприменлив за македонски услови критериумот на Светската банка, според кој денешниот претставник на глобалната средна класа има високо образование, заработува најмалку 2.700 евра месечно, поседува недвижен имот(и) и располага со банкарска заштеда. Истражувањата на ниво на Европската унија покажуваат дека таму самец со месечна плата од 1.500 евра или четворочлено семејство со примања од околу 6.000 евра, припаѓа на средната класа. Во Македонија не е лесно да се примени (во смисла на искрено себепрепознавање на голем дел од граѓаните кои се доживуваат како средна класа) и општата дефиниција (и за неа сепак нема стручен консензус) која не оперира со конкретни суми, а под средна класа подразбира широка општествена група, чии припадници имаат приходи што влегуваат во одреден распон - делат заеднички животен стандард и најчесто слични општествени и културни вредности; на кои треба да им биде задоволена субјективната перцепција за тоа колку и

Предизвиканата од глобалната економска криза редистрибуција на капиталот најсериозно ја погоди средната класа, создавајќи светска тенденција на нејзино намалување. Кај нас, покрај кризата, граѓаните на своите плеќи ја износеа и транзицијата, а да не зборуваме дека висината на нивниот доход ни од далеку ја нема амортизационата моќ во однос на ваквите шокови, на кoja се потпираат припадниците на средните слоеви во поразвиените земји. Во Македонија, сепак, мнозинството од населението сеуште себе си се смета за средна класа, иако статистиката воопшто не му дава за право. како (во квантитативна и квалитативна смисла) успеваат да си ги остварат животните потреби како здравствената заштита, станбеното прашање, можноста за образование на децата, за патување (летен, зимски, викенд одмор), за култура (театар, кино, изложби ...). Во овој контекст социолозите потенцираат дека треба да се внимава да не се мешаат псевдо и вистинските припадници на одредена класа, зашто понекогаш општествените класификации се само перцепирани, зависат од аспирациите на поединците, од нивното однесување и „глумење улога“ на припадност на посакуваниот статус (класа).

Што е влезниот билет за во македонската средна класа?

Академикот - професор по економски науки, Абдулменаф Беџети, вели дека во научните кругови доминира критериумот за утврдување припадност на средниот слој што како основа ги зема приходите на едно семејство и релативните цени (куповната моќ) кои се упросечуваат, и како средна класа ги третира сите семејства кои спаѓаат во интервалот на медианата од 75% (најниска граница) до 125% (највисока граница): „Кога трошоците за живот мерени преку индексот на потрошувачката кошница се движат во рамките на конзистентните приходи на едно семејство, тоа се смета за средна класа. Пак и тука има разлики во зависност од степенот на развој на една земја. Ако ова би се свело во условите на Македонија каде потрошувачката кошница изнесува околу 33-34.000 денари, сите семејства (од четири члена) кои имаат стабилни примања од околу 35.000 денари месечно би се сметале како средна класа. Во Македонија, според официјалните статистики, од вкупно вработените 650.000 граѓани, само 20.300 примаат над 30.000 денари (или поточно околу 11.300 вработени примаат од 30-40.000 денари, додека само околу 9.000 вработени примаат над 40.000 денари месечно). Тогаш би се сметало (статистички) дека само овој слој е средна класа“, изјави Беџети за „Капитал“, соочувајќи н$ со статистичката вистина дека само околу 20.300 од вкупно 564.296 домаќинства (попис 2002) со сигурност го исполнуваат условот за припадност на средната класа (секако, останува можноста во домаќинствата со двајца вработени и ако едниот нема месечни приходи од

Милева Ѓуровска Професор

Според едно истражување во Македонија значителен број на граѓани се вброиле себе си во средните слоеви (45%). Во нашите анализи се обидувавме да одговориме на прашањето зошто сеуште луѓето се гледаат како припадници на средната класа, а само 2,6% од нив имаат доход над 30.000 денари? над 30.000 денари, двајцата заедно да стигнуваат до оваа сума). Беџети потенцира дека не треба да се изуми и неформалната економија или сектор, која според некои оценки се движи помеѓу 25-30%: „Од с$ наведено честопати произлегува и мојот заклучок дека во Македонија постепено, но сигурно се случува „топење“ на средната класа со тенденција на осиромашување. И фрагментирање на еден многу мал слој кој оди во богата класа (има и такви индивидуалци кои остваруваат и над 10.000 евра нето ме��ечна плата)“, вели академикот. Професорот на Економскиот фактултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", и поранешен министер за финансии, Трајко Славески, се сложува дека и транзицијата, и глобалната економска криза сериозно ја погодиле средната класа, но смета оти таа во Македонија сеуште не е критично загрозена: „Тезата за "враќање" на средната класа е апсурдна и вештачки наметната од политички субјекти чиишто претходници во минатиот политички и економски систем декларираа дека градат бескласно општество. Доколку, сепак, ја прифатиме оваа проблематична теза, треба веднаш и да ја оспориме затоа што во Македонија постои средна класа“, изјави Славески за „Капитал“, притоа осврнувајќи се и на мерките што опозицијата ги предлага за спас на


Капитал број 737 13.12.2013

34

www.kapital.mk

политика Абдулменаф Беџети

Трајко Славески

Во Македонија, според официјалните статистики, од вкупно вработените 650.000 граѓани, само 20.300 примаат над 30.000 денари (или поточно околу 11.300 вработени примаат од 30-40.000 денари, додека само околу 9.000 вработени примаат над 40.000 денари месечно). Тогаш би се сметало (статистички) дека само овој слој е средна класа.

Тезата за "враќање" на средната класа е апсурдна и вештачки наметната од политички субјекти чиишто претходници во минатиот политички и економски систем декларираа дека градат бескласно општество. Доколку, сепак, ја прифатиме оваа проблематична теза, треба веднаш и да ја оспориме затоа што во Македонија постои средна класа.

Академик

средната класа: „Како што покажа и поновата економска историја, нема замена за економскиот раст и развој во однос на зголемувањето на обемот и животниот стандард на сите слоеви во општеството, вклучително и на средната класа. Потпирањето на фискални мерки за редистрибуција на доходот може да доведе до зголемување на еднаквоста во општеството, но постои голем ризик од наштетување на економскиот раст. Оттука, предлозите на СДСМ за измени во даночниот систем се од политичка природа par excellance, а од економска гледна точка се од козметичка природа“, смета Славески, чија дефиниција за средната класа, освен статистичкиот поим од аспект на дистрибуцијата на доходите, треба да го земе предвид и стилот на живот на нејзините припадници: „Припадниците на средната класа уживаат економска и социјална сигурност над минимумот за задоволување на основните потреби од материјален и духовен карактер. Тие се во состојба да обезбедат сопствено живеалиште и да уживаат во слободното време (посета на спортски и културни настани, рекреација, годишни одмори...). Се борат за квалитетно образование на своите деца, а идеал им е нивните деца да обезбедат поквалитетен живот од нивниот“, вели Славески. Според него средната класа во Македонија во еден дел е сочинета од слоеви кои ги задржаа или ги подобрија своите позиции во општеството што и претходно ги имаа - функционери и други лица со раководни позиции од времето на социјализмот, вработени во државните органи и во други институции од областа на здравството, образованието, правосудниот систем. Тука тој ги вбројува и таканаречените слободни професии - адвокати, лекари, сметководители ..., и занаетчиите и угостителите кои ги развиле своите бизниси по промената на системот. Понатаму, сопствениците на мали и на средни претпријатија, како и

Професор

акционерите во покрупните компании. На крај, смета Славески, средната класа ја чинат и земјоделските производители што се занимаваат со поинтензивно земјоделство, како и вработените во јавната и државната администрација. Поблиску до Беџети отколку до Славески е анализата на ситуацијата со средната класа во Македонија што ја прави професорот на Инситутот за социологија при Филозофскиот факултет, Милева Ѓуровска: „Според едно истражување во Македонија значителен број на граѓани се вброиле себе си во средните слоеви (45%). Во нашите анализи се обидувавме да одговориме на прашањето зошто сеуште луѓето се гледаат како припадници на средната класа, а само 2,6% од нив имаат доход над 30.000 денари? Според податоците од истото истражување, експертите, менаџерите, судиите, адвокатите, универзитетските професори и сродните кадри, учествуваат со 10% во вкупно проучуваната популација. Значи приходите се многу мали за тие 45% вистински да припаѓаат на границата меѓу ниските слоеви и високите слоеви. Би рекле дека го споделуваат секојдневието на ниските слоеви“, изјави Ѓуровска за „Капитал“. Професорката проблем во однос на ширењето на средната класа кај нас гледа во фактот што граѓаните повеќе сакаат да работат во јавната админстрација (за разлика од поразвиените земји), отколку во приватниот сектор: „Во многу земји луѓето не сакаат да се вработат во државните служби бидејќи таму платите се ниски. Доколку сакаат да припаднат во средните слоеви тогаш се обидуваат да се вработат во приватниот сектор. Меѓутоа, кај нас приватниот сектор не ги стимулира младите луѓе таму да се вработуваат бидејќи платите се подеднакво ниски, а работните места се несигурни. Значи се надува на ограничувања, пред с$

од економска природа, а потоа и од стаусна природа, кои ја оневозможуваат експанзијата на средните слоеви во Македонија“, вели Ѓуровска, изразувајќи загриженост од ваквата ситуација при фактот што средните слоеви се групите кои го водат развојот и го стабилизираат општеството. Социолози од светски ранг констатирале дека кога средната класа располага со богатства, тогаш е богато целото општество, подвлекува професорката, а говорејќи за политичкото значење на средната класа, таа смета дека е неопходно подржувањето на нејзиниот висок статус, бидејќи таа е чувар на поредокот како лојална на капиталот и на државата од кадешто потекнува нејзиниот стаус (економската моќ и угледот), а воедно припадниците на средната класа ги пренесуваат и основните вредности на владеачките елити - се смета дека средните слоеви се релаксирачкиот сегмент на општеството кој ги амортизира спротиставеностите меѓу високата класа и ниските слоеви, намалувајќи го ризикот од конфликти. Без разлика што (особено) развиените демократии - држави, свесни за наведеното, водат политики за одржување на животниот стандард на средната класа, Ѓуровска смета дека постои општа тенденција во светот на намалување на бројот на припадниците на средните слоеви: „Тоа се должи на порастот на социјалните нееднаквости, на прогресивното намалување на приходите и намалувањето на стандардот на живеење кој е поблизок до оној на ниските слоеви. Тоа значи дека не е во прашање само транзицијата која навистина придонесе за губење на основната функција на средните слоеви, туку за глобална тенденција која се поврзува со редистрибутивната политика која станува многу штедлива во однос на овие категории, како што станува штедлива и во однос на платите на пониските слоеви“, вели Ѓуровска.


Капитал број 737 736 13.12.2013

36

www.kapital.mk

интервју

СеАД КочАн соПствениК и диреКтор на трансмет, градежна КомПанија

Doprva sleDuva vistinski bum vo graDe@ni[tvoto! пишува:

игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

ивана Кузмановска

С

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

еад Кочан, наследувајќи го семејниот бизнис почнат од неговиот татко уште пред повеќе од 20 години, го продолжи успешниот пробив на Трансмет меѓу врвните градежни компании во Македонија. Специјалисти за нискоградбени инфраструктурни проекти и рударски површински ископи, како што фелата ги препознава, Трансмет подготвено влегуваат во големите проекти што допрва следат во земјава. Токму за тоа што го очекува градежништвото следниве години разговаравме со г. Кочан, кој како бизнисмен, но и претседател на Комората за градежништво при Сојузот на стопански комори, најавува вистинска градежна експанзија во Македонија. XX Растот на БДП последниве неколку квартали се должеше пред се на експанзијата на градежништвото, силно поткрепена од владино финансираните проекти. Што кога тие ќе завршат, што очекувате

следниот период, како ќе се развива градежништвото? Се крена многу прашина околу трошењето владини пари за градежни проекти, особено околу “Скопје 2014“. Јас не навлегувам во вкусови, но ќе го кажам следново: против криза не може да се борите со штедење, туку со планирано трошење и стимулирање на побарувачка, особено во градежниот сектор, кој што со себе повлекува уште 30-тина други гранки. Критичарите на овие проекти тврдеа дека парите попрво требало да се потрошат за автопатишта и сл., но сепак добро би било да размислуваме малку и во следниот правец: со 200 милиони евра не можете да изградите којзнае колку километри автопатишта, а и не можете да ангажирате којзнае колку фирми. На “Скопје 2014“, но и на сите пропратни проекти, беа ангажирани многу повеќе фирми по разни основи. Освен тоа, да не ја заборавиме и главната причина за изградбата на повеќето објекти на државните институции во рамки на овој проект. Тие досега беа закупци кај други организации, повеќето приватни, и големи пари се одлеваа годишно по тој основ, што значи на долг рок ова ќе донесе големи заштеди во буџетот. Да резимирам: кризата бараше брза реакција, брзо впумпување на буџетските пари во економијата, т.е. “гасење на

пожарот”, за да може градежништвото, а и сите пропратни гранки да преживеат. XX А, што на долг рок, што ќе биде носител на растот на градежништвото? Доаѓаат нови проекти. Од кинескиот план за инвестиции од 10 милијарди евра во регионов, Македонија веќе искористи околу 600 милиони евра, за два автопата, проектите се веќе подготвени и следната година ќе почнат со реализација. Владата успеа да се договори со Кинезите, најмалку 50% од работата да биде спроведена од македонски компании и тоа е одлично. Да не го заборавиме и проектот Демир Капија - Смоквица, вреден 300 милиони евра, што значи дека околу една милијарда евра во следниов период како сектор треба да се заработат. Половина од тоа да остане во земјава, знаете ли што значи тоа за економијата? А, кога ќе дојдат на ред и енергетските проекти Чебрен и Галиште, гасификацијата, итн., ќе има уште многу работа, обезбедена на среден и долг рок. Со еден збор, допрва следи најголемата експанзија во градежништвото во Македонија! XX Колку можете вие како Комора, но и Владата, да издејствува поголемо учество на македонски фирми и домашни градежни материјали во проектите што се финансирани од надворешни кредитори?


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

интервју Знаете како е, оној што ги дава парите, ги одредува правилата на игра. Тоа сe е политика, штитење на сопствените компании, тешки преговори... За волја на вистината, сега ние се соочуваме и со следниов проблем: ние објективно немаме повеќе од 4-5 домашни компании што може да одговорат на големи инфраструктурни проекти. Сега некои од поголемите фирми се вратија на странските пазари, што значи нивната оператива е ангажирана и таму, па искрено се плашам и дали ќе можеме како домашни фирми се да постигнеме на проектите што следат. XX Како планирате како фела да го решите проблемот со недостаток на кадри? Градежништвото само минатата година вработи 11.000 нови луѓе. Но, загрижувачки е што просечната возраст на градежен работник е близу 60 години, а нови работници не се продуцираат. Големите градежни фирми од времето на социјализмот се бледа сенка на она што беа, добар дел и пропаднаа во транзицијата, а тие беа креатори на кадар за своите потреби. Со нивното паѓање, падна и продукцијата на кадри. Ние како Комора правиме напори во соработка со Министерството за образование, да се обрне поголемо внимание на стручните средни училишта од оваа област. Градежништвото е тешка област за работа, но исплатлива. Никогаш нема да останете без работа, кај и да отидете во светот. Ова е занает. Сега и цената на градежните работници ќе се зголеми, затоа што ќе порасне и побарувачката за нив.

“Физичките лица што градат згради го пореметуваат пазарот“ XX Г. Кочан, последниве години како дел од градежната експанзија е и изградбата на станови и деловен простор. Се доби впечаток дека кој стигне гради згради, па некои градежни претприемачи веќе заглавија кај банките. Има ли опасност од презаситување и крах на пазарот за недвижности, како што тоа се случи во Бугарија и Хрватска? Мислам дека не постои таква опасност, становите се уште се продаваат добро, впрочем може да видите и од цените на пазарот, а тие немаат значителен пад, иако во јавноста постојано се создава некаква атмосфера дека тие треба да се намалат и дека се нереално високи. Ние сме пазарна економија и понудата и побарувачката ја одредуваат цената, и никој не смее да влијае на тоа. Било какво промовирање на паѓањето на цените, може да го одведе градежниот сектор во големи проблеми, затоа што тогаш пазарот ќе се закочи, никој нема да купува, сите ќе чекаат. А, за тоа зошто цените на станбениот квадрат се релативно високи, најголем виновник е скапото земјиште. До пред 3-4 години, земјиштето влегуваше со 20-25% во нето цената на изградбата на една зграда, а сега дури и до 35%. XX Зошто се случи тоа?

37

“Речиси една милијарда евра вредни проекти се работат и допрва ќе почне да се работат во Македонија. Најмалку половина од тие пари остануваат во земјава, што ќе биде огромен импулс за развој на градежниот сектор и за останатите 30-тина бизнис дејности кои градежниот сектор ги повлекува со себе“, вели Сеад Кочан, првиот човек на градежната компанија Трансмет, една од најбрзо растечките македонски фирми последниве неколку години. Затоа што секое физичко лицеинвеститор кое има 150 илјади евра да плати за комуналии во општината, може да се договори со сопственик на земјиште и да изгради зграда. Практиката покажува дека ваквите инвеститори – физички лица вршат компензација со сопствениците на земјиштето и подизведувачите со дел од становите, а со продажба на првите станови ги враќаат средствата дадени за комуналии и на крај се со чиста добивка, на пример, од 2 стана. Самата конкуренција помеѓу ваквите инвеститори - физички лица придонесува да се зголеми процентот што се дава на сопствениците на градежното земјиште, а тоа индиректно придонесува до зголемување на цената на становите. Соочени со ваков проблем, преку Комората предложивме да се намали стапката на ДДВ на становите, од 18% на 5%, со што очекувавме крајниот купувач да добие поевтин стан, односно овие физички лица да ги доведеме до некое конкурентно ниво со градежните фирми. Но, што се случи? Разликата од 13% ниту ја добија фирмите, ниту крајните купувачи, туку сопствениците на земјиштето. Како резултат на тоа, им предложивме на државните институции да не носат регулативи кои би биле на штета на градежните фирми, туку на оние кои го нарушуваат пазарниот механизам, т.е. на сопствениците на земјиштата. Затоа државата почна да дава на лицитација слободно државно земјиште и со тоа да ги стимулира градежните фирми да градат повеќе станови, со што во крајна линија би се придонело до намалување на нивната цена. XX Која е причината зашто Трансмет не се вклучи во високоградбата, туку останува фокусирана на инфраструктурни проекти финансирани од државата? Точно е дека изградбата на станбени и деловни згради прилично порасна изминатиов период, но експанзија имаше и во нискоградбата, многу инфраструктурни проекти се реализираа, некои се уште се во тек, а некои допрва треба да се реализираат. Што значи, работа во нискоградбата ќе има. Истовремено, ние како компанија решивме да продолжиме во област која најдобро ја познаваме и таму да инвестираме во обнова на опремата и механизацијата. Учествуваме во големи проекти, каде што имате дефинирани рокови, одговорноста е голема, но и заработката е подобра. Но, тоа не значи дека воопшто не учествуваме во

Ако сте неквалитетни, пазарот самиот ќе ве исфрли XX Со оглед дека речиси целиот бизнис на Трансмет е поврзан со проекти финансирани од државата или општините, се плашите ли дека може да дојде до пад на нарачките во време на некоја друга политичка гарнитура? Ние сме фирма која постои преку 20 години, постојано вложуваме во најсовремена механизација и се трудиме да имаме квалитетен и професионален кадар кој најодговорно ќе ја заврши работата. Никој не може да ви помогне ако сте неквалитетни, пазарот самиот ќе ве исфрли. Во нашиот развој како компанија, постоел помал или поголем пораст, никогаш пад, а се менувале влади и градоначалници, но никогаш не се менувала нашата политика на квалитет. Трансмет силно расте од година в година со своите приходи и добивка. Оваа година најверојатно ќе ја завршиме и со двојно поголем обрт од лани. изградба на објекти од високоградба. Неодамна потпишавме договор за јавно-приватно партнерство со општина Ѓорче Петров, според кој треба да изградиме деловно-административен објект, а општината, т.е. државата го отстапува земјиштето. Решивме, дека ако влегуваме во високоградба, тоа ќе биде само од овој тип, нешто големо, по кое што ќе не препознаваат. XX Објаснете ни малку подетално за овој концепт на јавно-приватно партнерство, со оглед дека неговите поволности сe уште не се доволно познати и искористени. Државата го отстапува земјиштето на општината, во овој случај општината Ѓорче Петров, а таа го дава на јавна лицитација со барање за учество во градбата. Општината влегува со 24% во бруто изградената површина, во случајов 15.000 м2, а останатиот дел ќе и припадне на Трансмет како компанија што ќе го гради објектот. Процедурата не е едноставна, многу работа има додека се усогласат сите елементи на овој договор со законската регулатива, особено што ова е прв договор од овој вид во Македонија.Сето ова е причина плус да сме посебно горди на овој проект.


Капитал број 737 13.12.2013

38

политика

www.kapital.mk

Кекеноски официјално „повлече нога“ кон Вилата Водно

П

рофесорот Јове Кекеновски денеска и официјално ќе ја објави својата номинација за претседателски кандидат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, за избор на кандидат за претседател на Република Македонија. Додека сите други уште калкулираат, Кекеновски смета дека е доцна за тоа, па кандидатурата симболично ќе ја соопшти не во „5 до 12“, туку во 12 часот и 5 минути. Ова е прва официјална кандидатура

> БРОЈКИ

700

лица се веќе превземени од другите државни органи од вкупно 1.600 лица кои се примија на работа преку огласот што неодамна го објави ЈП „Македонски шуми“

11

национални пензии додели Министерството за култура и со ова досега ваква пензија добиле 59 уметници и автори од земјава. Износот на пензијата се пресметува од разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Македонија

357

e бројот на приведени од припадниците на Единицата за борба против криминалот „Алфа“ во текот на минатиот месец, а легитимирани се 1.061 лице

за претседателските избори што ќе се одржат во март 2014 година. Неофицијално, ВМРО-ДПМНЕ се мисли дали да оди со свој или со заеднички кандидат поддржан и од коалициската ДУИ. СДСМ соопшти дека својот кандидат ќе го избере до втората половина на декември. Од ГРОМ со име ќе излезат на 15 јануари, кога се очекува и одлуката на „Алијансата за позитивна Македонија“. Своја кандидатура најави и лидерот на „Достонство“, Стојанче Ангелов.

Prilepski Komunalec nara^al opr

Oprema od 22 evra stoi na Опремата за селекција на отпад вредна околу 227 илјади евра, што хрватски „Техникс“ му ја испорачал на прилепски „Комуналец“, во градот под Маркови кули оставена е на терминал, зашто халата каде што треба да биде инсталирана не само што се уште не е изградена, туку допрва чека на градежна дозвола пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

facebook познавачите на 1 Меѓу состојбите се шпекулира дека напаѓачите на Цар Душан са Чаирски пирати кои што преку ден се крија у некои од галиете на Вардар. Damir Neziri

2 Ја не знам зошто да се бутка

споменикот на Цар Душан, коа може само капата да му ја симнат, мустаќот да му го скратат, елече да му облечат и ќе личи на Субрата Рој. Сите среќни! Vlatko Vasilj

3 Пред да го реформираат

здравството у болница лечеа луѓе. Srgjan Stojancov

фотографија:

Фотоархива на Капитал

А

ко досега мислевме дека сепак има работи кои дури и во Македонија не се можни, стигна демант од општина Прилеп, по кој е јасно дека во Македонија навистина с$ е можно. Имено, во градот под Маркови кули деновиве пристигнала од Хрватска линија за селекција на отпад вредна 14 милиони 690 денари (околу 227 илјади евра), што е убава вест сама по себе. Но, проблемот е што наместо да почне работи, скапата опрема е сместена на платото на прилепскиот терминал, иако за неа се спроведени сите царински постапки и линијата во своја сопственост веќе ја

примило Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, како што информираат од општината. Опремата ќе „дреме“ на терминалот неодредно долго време зашто не само што не е изградена халата во која треба да се инсталира, туку сеуште се чека градежна дозвола?! Во државата кадешто централната власт е на ВМРОДПМНЕ, во градот кадешто локалната власт - градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, е од ВМРО-ДПМНЕ, а мнозинството во Советот на општината, исто така, е на ВМРО-ДПМНЕ (16:11 во однос на опозицијата), не само што не е изградена халата што е неопходна за линијата за селекција на отпад да почне со работа веднаш по испораката (без да се амортизира по разни терминали), туку досега не е обезбедена ниту градежна дозвола?! Секоја му чест на директорот на прилепското Јавно комунално претпријатие


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

бум-треС вмро-ДПмне ќе ја бутка лустрацијата и покрај бојкотот на СДСм

В

МРО-ДПМНЕ не се откажува од лустрацијата, и ќе се обиде да ги заобиколи опструкциите на процесот што ги најавува СДСМ, чиј лидер, Зоран Заев, рече дека нивни членови нема да партиципираат во новиот состав на комисијата за лустрација. Деновиве се очекува претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да даде зелено светло за да почне (со конкурс) изборот на новиот состав на Kомисијата, бидејќи

мандатот на актуелната истекува на 15 јануари. Собранието конечно ги прифати оставките на опозициските членови на Комисијата, Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски, кои свите оставки ги депонираа по „црниот понеделник“. Сценариото за продолжување на лустрацијата во услови на бојкот на СДСМ, владејачката партија ќе го продложи нудејќи им ги местата во Комисијата на другите опозициски партии.

rema koja nema kade da ja smesti

27 iljadi a terminal!

39

Иван СтоИлКовИќ

лидер на ДПС

Не ви одговарам ништо, вие сте фашисти и талибанци - лидерот прилично нервозно разговарал со новинарите кои имале логично прашање – зошто коалицискиот партнер ВМРО – ДПМНЕ не одговара како е можно преку ноќ во Скопје да никне споменик на цар Душан.

Изет меџИтИ

градоначалник на Чаир:

За цар Душан ќе заседава врвот на ДУИ, ќе го „однесеме“ и на владина седница - Меџити е дециден – и Душан има да влезе во Владата ако треба, само за тие да не излезат надвор!

ЉубомИр ФрчКовСКИ

професор

Странците да помогнат да се формира техничка влада - Како поранешен министер за надворешни работи, Фрчкоски би требало подобро да се разбира во меѓународните односи, па да знае кога ваквите можности се реалност, а кога „пуста желба“. „Комуналец“, Златко Ристески, штом може вака се утеши во оваа апсурдна ситуација: „Иако не е изградена халата за која сеуште се чека градежната дозвола, сепак, според договорот кој е потпишан со хрватската фирма „Техникс“ , линијата е испорачана според договорот“. Коментар не е потребен. Инаку, кинијата што ќе се инсталира е со капацитет да селектира 150 тони отпад за 24 часа, а во моментов во општина Прилеп се собираат околу 90 до 100 тони отпад дневно. Остатокот ќе се надополнува со селкција на отпад од депонијата Алинци . Се планира за 3-4 години да се исчисти и практично да не постои сегашната депонија. ЈКП „Комуналец“ халата кадешто ќе биде сместена линијата ќе ја гради во непосредна близина на депонијата, за што со одлука на Управниот одбор беше решено да се докупи

приватното земјиште околу депонијата. Покрај халата ќе се гради и големо плато за сместување на рециклирачките материјали. Ако дозволуваат финасиите „комуналците“ имаат идеја да се гради фабрика од помал обем за рециклирање на хартија, и фабрика за рециклирање на отпад од градежни материјали. Со вака поставениот модел на управување со отпад, Прилеп ќе депонира само 15 до 20 % отпад што не може да се преработува. Од градот тврдат дека и за ова имаат решение - или ќе се гради санитарна депонија од помал обем за потребите на општината или овој отпад ќе се депонира во најблиската санитарна депонија, која е предвидено да се гради во Пелагонискиот плански регион, за што, комуналното претпријатие согласно европските нормативи, ќе си плаќа надоместок за депонирање.

twitter 1

sead933@sead93326m

2

Lena Petroff@l_petroff2h

3

Vanco Ordanoski@ordanoskiv25m

Изет Меџити: Бевме присутни кога се уриваше споменикот на Цар Душан...Нова реклама за Стоби флипс?

И вистинскиот Душан немал толкаво обезбедување. Некад стварно више вредиш мртов, него жив

Чекан-демократија на ДУИ


капитал број 737 13.12.2013

40

www.kapital.mk

политика

Vo ^etVrtok SoVetot na eU ]e ja poVto

pet godini Stat Vo politi^kite me\U Skopje i Br пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

В

о четврток, кога се одржува ЕУ Самитот во Брисел, Македонија уште еднаш ќе се најде на агендата на земјите - членки на ЕУ, кои петти пат по ред ќе ја повторат истата порака- без решение за спорот за името Македонија не може да ги почне преговорите со Унијата. Во Скопје претстојниот Самит на ЕУ, за

Прашањето за Македонија и на овој Самит на ЕУ ќе биде уште еднаш префрлено за следниот Самит. Но според прогнозите на домашните аналитичари и дипломатите во Брисел, ништо пооптимистички очекувања не се полагаат и за следната година особено поради фактот што Грција ќе го има претседателското место со ЕУ во првото полугодие, и фактот што ЕУ ќе оди на парламентарни избори, па прашањето за Македонија ќе биде далеку од фокусот на земјите членки кој претходно на големо се пишуваше и анализираше, се одржуваа брифинзи и прес-конференции, веќе не се ни зборува.

Очекувања за некакво изненадување воопшто и не постојат. Тоа го потврди и еврокомесарот Штефан Филе, кој


www.kapital.mk

капитал број 737 13.12.2013

политика

41

ori Starata odlUka

tUS –kVo igri riSel! на почеток од овој месец, исходот за било каков напредок за Македонија на претстојниот Самит го оцени како матен.

Штефан филе

еврокомесар за проширување

Загрижен сум за домашната политичка ситуација, тензиите помеѓу владата и опозицијата. Нема позначајни резултатите ниту за прашање околу името во рамки на процесот во ООН. Комисијата препорача отворање на преговорите по петти пат. Перспективите за декемврискиот Самит се матни

„Перспективите за декемврискиот Совет се матни“, рече Филе накратко коментирајќи ја петтата препорака за почеток за преговори која Комисијата ја даде и оваа година. Ништо поохрабрувачка порака не стигна ниту од неформалниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј со кој минатата недела премиерот Никола Груевски имаше тет-а-тет средба, на барање на нашиот премиер. Иако од Кабинетот на Ван Ромпуј немаше никакво соопштение после средбата, ниту пак лична изјава од самиот Ромпуј по средбата, самата порака која ја пренесе премиерот по средбата дека без консензус не може да се почнат


капитал број 737 13.12.2013

42

www.kapital.mk

политика

преговорите, е јасен сигнал дека на Самитот следната недела работите остануваат исти. Така, во духот на изјавата на претседателот Ѓорѓе Иванов дека – „после декември, доаѓа јануари“, веќе сите погледи дека нешто може да се промени се свртени кон следните месеци се до јуни, кога вообичаено се раѓа нова искра надеж дека работите можат да се променат. Но со претстојните претседателски избори кај нас и парламентарните во ЕУ, и очекувањата во јуни веќе стојат на стаклено тло. Аналитичарите во земјава но и дипломатите во Брисел посочуваат дека наредната година може да биде изгубена година, поради тоа што фокусот на земјите членки на ќе им бидат изборите во Брисел и борбата ќе се води за седишта во Европскиот парламент и за претседател и еврокомесари, избори кои се закажани на крајот од мај, на само месец пред јунскиот ЕУ Самит. Во такви услови, коментираат тие, проширувањето ќе биде далеку од агендите на европските челници. Дополнително, фактот што Грција од јануари до јуни е следен претседавач со Унијата, исто така не оди во прилог Македонија да се надева на било каков исчекор до јуни. Според неодамнешната оценка на шведскиот шеф на дипломатијата Карл Билт, нема позитивни очекувања ниту меѓу официјалните претставници на државите членки на ЕУ, дека Грција ќе направи гест во однос на Македонија и ќе и дозволи на Македонија почеток за преговори.

Направивме ли се?

Орото напред -назад кое постојано го играат Скопје и Брисел веќе досади. Дури и еврокомесарот Штефан Филе со доза на иронија побара од земјите членки да кажат тие што понатаму со Македонија, за да покаже дека морковите што и тој и Комисијата ги имаше во својот ракав се потрошија со што топката за Македонија им ја префрли на земјите- членки на ЕУ. Од друга страна пак, македонските владини претставници задоволни од изговорот дека Атина и нерешениот спор со името се единствената пречка за почеток на преговори, во заден план ги ставија европските реформи. Наместо тоа, челните владини претставници лежерно се упатија на прошетки по големите метрополи на ЕУ . Притоа,

премиерот Никола Груевски наместо да се посвети на реформите дома, побара тет-а-тет средба со претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј на кој од прва рака сакаше да му ја пренесе вистинската слика за напорите кои ги прави Македонија на патот кон ЕУ. Дополнително, премиерот во Брисел одржа средба и со амбасадорите на земјите членки во ЕУ кои ги потсети на пресудата од Хаг и на европските принцип на „владеење на правото“ освен министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот Фатмир Бесими, во мисијата за лобирање кај државите членки на ЕУ, се приклучија и премиерот Никола Груевски како и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Премиерот Никола Груевски минатата недела на своја иницијатива договори и тет-а-тет средба со неформалниот претседател на ЕУ, Херман Ван Ромпуј преку која сакал лично да му ја пренесе вистинската слика за Македонија. „ Средбата со претседателот на Европскиот совет ја договоривме пред околу 10-15 дена и беше на наше барање. Ние сакавме да ги презентираме нашите аргументи во однос на нашиот напредок што го очекуваме во иднина. Мислам дека господинот Ван Ромпуј директно од нас доби вистинска слика за она што се случува во Македонија оти кај секој политичар овде пристигнуваат различни информации од различни страни. Ценевме дека е добро да ја слушне нашата страна, да му ги презентираме нашите аргументи, тоа го направивме, како во делот на реформите, но и во сите други области што се значајни и за кои тој пројави интерес“, рече Груевски.

И додека високите владини претставници датумот за преговори го гледаат само преку прошетки и лобирање кај земјите членки, официјалните претставници на ЕУ предупредуваат дека реформите дома заостануваат, потенцирајќи ги пред се принципот на владеење на правото, слободата на медиумите, корупцијата. На реформите кои треба да се спроведат дома посочија и од Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел во која се полагаат сите надежи за некаков исход околу решението за името, откако на изненадување и на Скопје и на Атина, имаше во Берлин средба со медијаторот Метју Нимиц. Аналитичарите во земјава велат дека во услови на ваква неизлезност во напредокот кон ЕУ, се додека се чека на решение со Атина, Македонија треба да се посвети на реформскиот процес и да создаде кристално чисто досие. Откако го пропуштивме возот со Црна Гора и Србија да водиме преговори со ЕУ, ќе биде ли Македонија следната земја која ќе застане на брзата лента за членство кон ЕУ, или сепак, Босна, Албанија и Косово ќе бидат земјите со кои ќе се бодриме на патот до ЕУ.


BIZNIS I POLITIKA

44

BIZNIS I POLITIKA

КаКо изгледа балКансКиот пазар на т

SO re^eNIcA Od TIP “BArAm rABOTA” mO@e I dA jA ZAguBI POTeNcIjALNATA rA


труд

pot

ite abota

Бизнис плус анализираше како се доаѓа до работа во регионов, како да станете видлив за оние што бараат кадар (хедхантери) и какви личности бараат регионалните агенции за вработување Редакција на Бизнис плус

Н

а регионалните портали со огласи за вработување има малку огласи за кандидатите од други земји. Инаку, те бараат хедхантери, особено кога се работи за раководни позиции. Мојца Крижнар од словенечката кадровска агенција Hill International потврдува дека расте побарувачката за работа во странство. Освен барање работа вон границите на Словенија заради стекнување нови искуства, за растечката побарувачка виновна е и желбата да се напушти земјата во која што оние што бараат работа се незадоволни. “Најмногу имаме огласи од околните земји, а се бара познавање на локалните карактеристики, финансискиот сектор, се разбира, зависно од работното место“, додава Крижнар. “На годишно ниво странски огласи, односно меѓународната побарувачка е околу 10%, но како и насекаде во светот, работодавците од поранешна Југославија не бараат работници само преку огласи“, објаснува Горазд Прах од порталот MojeDelo.com.

На хедхантерите за менаџери им помага LinkedIn

Кога се работи за потрага по стручен кадар и личности за менаџерски позиции вон границите на земјата, компаниите користат хедхнатинг, односно таргетирана побарувачка, објаснува Матиц Вошњак, директор на агенцијата за вработување Competo. “Хедхантерите често користат електронски облици на истражување и кадарот го бараат во други компании, вклучително и конкурентните. Како средство за пребарување во Словенија и Хрватска воглавно користат LinkdIn, затоа е важно да имате добро креиран профил, оние слабите не ги интересираат хедхантерите“, предупредува Вошњак. “Треба да внимавате, затоа што со реченицата од типот ‘барам работа’, потенцијалната работа може и да ја загубите. Facebook и сл., не доаѓа предвид за барање раководни кадри“, додава.

Запишете се во базата на потенцијални кандидати

“Кандидатот може да ја контактира агенцијата и самиот и да се претстави ако сака таму да го забележат, па така да влезе во базата на податоци за потенцијалните кандидати“, вели Вошњак и објаснува како друга алатка за истражување може да биде и интернет страницата на компанијата,

45

а кандидатите понекогаш и се јавуваат во компанијата. Додека тој бара воглавно стручњаци и раководни кадри, порталите за работа најчесто се наменети за наоѓање кандидати за пониски работни позиции.

Малку огласи за работа во странство на регионалните портали за вработување

“Се уште не сме имале случај клиент да инсистирал на тоа кандидатот да доаѓа од одредена земја. Партнери сме на порталот Posao.ba и кога бараме кандидати за водечки позиции надвор од Црна Гора, огласот го објавуваме токму на овој портал“, вели Жељка Обрадовиќ од црногорската агенција за вработување Careerteam. Додава дека во Црна Гора постапката за вработување странци е поедноставена и кога кандидатот од друга држава добива работа, не му е тешко да добие работна дозвола. Причини за барање кандидати од странство може да бидат специфични работни места за кои што има премалку кандидати во некоја земја, вели Обрадовиќ. “Најчесто ни се обраќаат кога бараат кандидати за среден и виш менаџмент, но не затоа што ние би биле специјализирани во тоа подрачје, туку заради тоа што такви професионалци е многу тешко да се најде по пат на огласи на порталите“, објаснува Домагој Беденковиќ од хрватската агенција Lugera. Сите соговорници истакнуваат дека се уште има малку такви побарувања. “Посредуваме за огласи на странски работодавци и агенции за вработување, но помалку за работа во регионот и најмногу во Германија, Австрија, Чешка“, вели Горан Трлин од порталот Jabihposao.com од БиХ. И од хрватскиот Moj-posao.com го велат истото. “Огласи за Србија и Бих како странство има навистина малку“. “Колку такви огласи има е тешко да се каже, затоа што, меѓу другото, нудиме услуги да може секој работодавец бесплатно да објави оглас, затоа таа евиденција тешко ја следиме и оценуваме. Странските огласи или домашните за странски работници не се чести, но најмногу ги имаме во врска со Косово и Црна Гора“, велат во македонската агенција Vrabotuvanje.com. “Во потрага по работници од други земји огласите ги проследуваме на својата локална подружница“, вели Романа Шерцељ од Manpower, каде што бараат првенствено раководни личности за работни места во земјите од регионот, особено за подрачјата на инженерингот и фармацијата, и затоа не покриваат помалку квалификувани работни места.


46

BIZNIS I POLITIKA

судењето на најбогатиот српски моќник ги открива врските помеѓу политиката и биЗнисот (3)

MILKA FOrcAN ]e B SvedOK PrOTIv MI[ Деновиве се поактуелно станува сценариото дека слободата на Мишковиќ ќе ја загрози токму неговата десна рака, поранешниот прв соработник на Мишковиќ и бивш потпретседател на Делта Холдинг, Милка Форцан. Форцан, како што пренесуваат добро информирани српски медиуми извори, ќе биде клучниот сведок на судењето на Мирослав Мишковиќ. Високо позиционирани соговорници од тужителството не сакаа да откријат за кој предмет конкретно се работи, но нагласија дека „госпоѓа Форцан има особено важни информации кои би можеле да бидат од пресудно значење во барем два процеса“.

Д

одека се очекува следното рочиште од судењето на Мирослав Мишковиќ, најбогатиот српски бизнисмен, кое е закажано за 26 декември, во српската јавност се плетат сценарија за тоа како власта ќе се обиде да го стави Мишковиќ зад решетки. Деновиве се поактуелно станува сценариото дека слободата на Мишковиќ ќе ја загрози токму неговата десна рака, поранешниот прв соработник на Мишковиќ и бивш потпретседател на Делта Холдинг, Милка Форцан. Форцан, како што пренесуваат добро информирани српски медиуми извори, ќе биде клучниот сведок на судењето на Мирослав Мишковиќ. Високо позиционирани соговорници од тужителството не сакаа да откријат за кој предмет конкретно се работи, но нагласија дека „госпоѓа Форцан има особено важни информации кои би можеле да бидат од пресудно значење во барем два процеса“. „Таа му беше десна рака на Мишковиќ од 1992 до 2010 година и знае многу работи што би можеле да бидат многу корисни за дознавање на целата вистина“, вели еден од изворите за српски Курир. На прашањето зошто Форцан воопшто се согласила да биде сведок тој одговара: „Па, во некои од сомнителните работи и госпоѓа Форца беше директно или

индиректно вмешана...“ ако што се дознава, Милка Форцан на соработката со обвинителството се согласила под притисок на доказите од кривичните пријави во кои против нејзе уште во 2010 година ги поднел претседателот на „Делта“. Во таа пријава Мишковиќ ја обвинува својата соработничка за милионски затаени даноци. „Милка не крие дека е бесна на Мишковиќ за таа пријава, но и поради фактот што нејзиниот маж Бранко и таа не добија ниту евро од продажбата на „Макси“ на белгиската компанија „Делез“... Соработката со обвинителството за неа е и прашање на лична сигурност, оти би имала многу проблеми ако до крајот обвинителството истражи дека некои од наводите од кривичните пријави на Мишковиќ против нејзе се точни“, вели еден од нејзините блиски соработници. Како што велат во обвинителството, постои можност со екс соработничката на Мишковиќ да се постигне договор за таканаречен опортунитет, според кој државата би и ги простила гревовите, а таа за возврат би помогнала Мишковиќ да биде осуден. „Мислам дека никој освен Мишковиќ и неговите соработници не би имале ништо против таквиот договор“, вели извор од обвинителството.


47

bide klu^en [kovi]?! Милка Форцан инаку веќе долго време е под истрага на Управата на криминалистичката полиција, на основа на пријавите кои во 2010 година ги поднесе сопственикот на „Делта“. Мишковиќ во пријавата наведе дека Форцан во повеќе трансакации избегнала да плати данок на државата. „Не можам сега да ги откријам сите детали, но станува збор за некои нивни меѓусебни договори и промет за имот вреден милиони, за кој никогаш не е платен данок“, рече уште летото еден од нависоките функционери на српската полиција. Официјално никој од обвинителството не сакаше да ги коментира овие сознанија. Од друга страна, Милка Форцан остро ги демантира овие наводи. „Тоа не е точно, не сум била на никакви преговори“, кратко порача Форцан. Адвокатот Тома Фила вели дека најважно е да се утврди со кои информации таа располага. „Ако таа има некои нови информации, тоа би можело да влијае на целиот процес. Јас, меѓутоа, не сум сигурен што таа има да понуди. Затоа, има доста факти поради кои би можело да се побие кредибилитет на нејзиното сведочење“, вели тој, истакнувајќи дека може да преставува проблем тоа што Форцан долго време работела за Мишковиќ и

што сега се скарани. Професорот Чедомир Чупиќ од друга страна смета дека ако се има во вид дека со години таа му била најблиска соработничка на Мишковиќ, Форцан може да изнесе многу работи. „Знаејќи дека долго работела со него, мислам дека таа најдобро може да сведочи на кој начин се работело. Штом ќе се откријат начините, тоа дополнително ќе го отвори прашањето кој се во тоа учествувал“, вели Чупиќ.

Мишковиќ повторно зад решетки до Нова година?

Мирослав Мишковиќ со години ги финансираше политичарите и беше блиску поврзан со најмоќните луѓе во Србија. Сепак, сега е препуштен на својата судбина, коментира Зидојче Цајтунг. Угледниот германски дневен весник Зидојче Цајтунг пишува дека постои можност Мишковиќ повторно да се најде зад решетки, можеби и пред крајот на годината: „Судејќи по српските власти, таа процедура треба да го означи почетокот на новата ера во борба против корупцијата и криминалот”. Истовремено, во коментарот се потсетува дека Мирослав Мишковиќ веќе повеќе од две децении блиско соработува со влијателните српски

политичари. Овој весник го истакнува примерот со продажбата на Ц-маркет, за што Мишковиќ наводно задкулисно се договорил со тогашниот премиер Воислав Коштуница: „Тоа беше секојдневна појава во Србија, кога не само политичката, туку и економската моќ честопати се делеше на основа на договор“, пишува Зидојче Цајтунг и додава: Мишковиќ беше премногу моќен, а политичарите беа премногу зависни од неговите пари. И Томислав Николиќ, претседател на Србија од мај 2012 година, призна дека Мишковиќ финансиски му ја помагал неговата почетна, неуспешна кампања во текот на изборите во 2008 година. Опозициските политичари тврдат дека Мишковиќ во таа кампања инвестирал пет милиони евра. Сепак, ниту тоа не беше гаранција за трајна недостижност. Откако Николиќ се всели во претседателската палата, српската националистичка партија го превзема главниот збор во власта. Новиот преседател на СНС и потпретседател на Владата Александар Вучиќ одлучи дека е време од Мишковиќ кој е омразен кај народот да се направи пример. Вучиќкој е преседател на доминантната партија, вицепремиер и координатор на работата на тајните служби, па со тоа веројатно и најмоќен човек во Србија- тврдеше дека тајкунот на политичарите им плаќал до 50.000 евра месечно. Но, со апсењето на Мишковиќ, според неговите зборови „две работи во Србија се докажани: прво, дека никој не е недостижен и второ, дека државата е појака од било кој поединец“. „Во октомври од кругови во истражители во медиумите се појави информација дека Мишковиќ или неговиот син, кој исто така е тужен, испрале милион евра за фирма на Дарко Шариќ, кој е наводно најголем нарко бос на Балканот. Адвокатот на Мишковиќ ги демантира ваквите обвинувања. Останува нејасно дали наводното перење пари е откриено во подготовките за судскиот процес или во прашање е чекор со кој јавноста треба да се сврти против Мишковиќ. Но, ниту овој олигарх, на кој му се заканува затворска казна од десет години, не е неспосебен во односите со јавноста. На неговата интернет-страница поставена е разубавена биографија која го претставува како великодушен добротворец, а фирмата за односи со јавноста од Вашингтон, „Подеста Груп“, треба да го обезбеди меѓунардото внимание во текот на целиот процес“. Зидојче потсетува дека властите и понатаму имаат полно работа: „Судејќи по вицепремиерот Вучиќ, Србија наскоро ќе се спротивстави и на други видни тајкуни. Всушност, досега нема најава дека ќе има истрага во еден друг случај: уште во февруари 2013 во јавноста се појавија информации дека премиерот Ивица Дачиќ неколку пати се сретна со еден од бараните мафијаши“, заклучува овој германски весник.


48

BIZNIS I POLITIKA Да не дојдеше до криза на Балканот немаше да се случи тој бран на апсења на најјаките бизнисмени и политичари во регионотвели за „Блиц“ Јоже Менцингер, словенечки економист, прв министер за финансии на независна словенија и ректор на Универзитетот во Љубљана. нашиот соговорник вели дека по негово мислење се работи за завршување на една фаза на „примарна акумулација на капиталот“, како што би рекол Маркс, фаза што уште би траела да не дојдеше економската криза.

Проф.

Јоже Менцингер

Поранешен Министер за финансии на словениЈа

Krizata na Balkanot donese apsewa na politi~ari i tajkuni

Б

изнисмените и политичарите кои во Словенија сега се појавија или ќе се појават пред судовите во главно повеќе или помалку работеле пред очите на целото друштво и важеа за големи бизнис ѕвезди. Да не дојдеше до криза, тоа и ќе останеа- проценува овој професор Општествените протести кои ја дрмаат Словенија, според Менцигер нема да се прошират. „Тие ќе престанат зошто не се добро организирани, не е јасно што се бара преку нив, а до сега беа доста насилни оти реакциите на полицијата беа погрешни“, вели Менцингер. XX Верувате ли дека во Србија, Хрватска и Словенија после апсењата на одредени „бизнисмени“ конечно се воспоставува принципот на владеење на правото или станува збор за политички пресметки? Во нашите земји се работи за комбинација од пол��тички пресметки и воспоставување на „владеење на правото“. Без политички промени, луѓето на власт, независно од кој партија се, не може да дојде до воспоставување на владеење на правото. XX Дали овие акции и започнатите процеси против најјаките „играчи“ ќе донесат до создавање на функционален економски пазар, дали регионот ќе биде ослободен од монополите?

Зошто? Мислите дека пазарната економија за запад функционира како што пишува во економските учебници, со конкуренција на многу трговци и многу купувачи? На производната страна концентрациската и монополската моќ е се поголема, таа ги поминува границите на поедини земји. XX Кои земји од западен Балкан имаат најмалку изгледи во догледно време да заздрави од кризата и се најблиску до банкрот? На ова прашање не знам да одговорам. Ако гледате преку индикаторите кои обично се користат за опис на состојбата како што се економски раст, инфлација, буџетски дефицит и јавен долг, земјите од Балканот не се во полоша состојба од земјите во Еврозоната. Но ако ја додадете невработеноста, а особено билансот на плаќање, ситуацијата е поинаква, се гледа дека овие земји живеат на сметка на странските заштеди и од продажбата на своите економски капацитети. А што кога се ќе продадете? XX Кој е клучниот предуслов економијата на овој регион да заздрави? За жал, се повеќе сум сигурен дека кризата ќе потрае додека не се навикнеме на неа како на нормална работа. XX Дали земјите од Балканот своето економско заздравување треба да го базираат на заштеда или на потрошувачка?

Уште нема лек за спас на еврото XX Мислите ли дека мерките кои до сега се превземаа успеаа да ја консолидираат ЕУ, да го спасат еврото? Не, се работи на уште едно одложување. Сега се покажува дека еврото од самиот почеток е политичка идеја која се базира на илизуи, нешто за што до кризата беше непристојно да се зборува. Сега е сигурно дека еврото е терет кој секој се плаши да го отфрли. Излегувањето од еврото е всушност излегување во некаков хаос. И тука ЕУ е многу слична со некогашната Југославија. Одговорот не е едноставен, но сигурно е дека потрошувачката на краток рок ја одредува аткивноста на економијата. Колку е таа помала, толку повеќе економски субјекти пропаѓаат и се зголемува невработеноста; сите одат надолу, додека се не запре, а штедење во тие услови и нема. Луѓето кои немаат ништо, немаат што да штедат. Но, во таа замка влегува и Европската унија. Тоа што не чини во дилемата да се штеди или да се троши е преминувањето од една екстремност во друга. (Интервјуто е објавено во српскиот дневен весник Блиц)


50

www.kapital.mk

ИзвознИцИте И еКономсКата ДИпло

Menaxerite ba pro-biznis aM

“Не бараме тие да ги склучуваат договорите за нас, да ја одработат нашата работа, но добро би било ако може да ни понудат логистичка поддршка“, е пораката од менаџерите на домашните извозни компании до амбасадорите и македонските промотери

пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

И

покрај удвоената работа на амбасадорите и промоторите, кои како една од задачите ја имаат промоцијата на извозот, извозните компании се уште не виделе ниту една понуда, или иницијатива за договор. Иако велат дека се забележува одредено раздвижување, кое најмногу се сведува на телефонски разговори, сепак конкретни иницијативи и предлози барем засега нема. Тие се децидни- „не бараме тие да ги склучуваат договорите за нас, да ја одработат нашата работа, но добро би било ако може да ни понудат логистичка поддршка“, велат тие. Генералниот менаџер на Раде Кончар ТЕП, Горан Антевски вели дека и покрај остварената средба со двајца наши амбасадори од кои побарале помош за

остварување контакт со компании во земјите во кои тие се акредитирани, конкретна иницијатива или повратен одговор нема. „Со нашите активности и нашите интереси ги запознаваме двајца наши амбасадори и побаравме да ни помогнат да оствариме контакти со фирми каде тие амбасадоруваат. Меѓутоа до сега без успех. Од ниту една амбасада или амбасадори не сме добиле контакти од компании кои би биле наши потенцијални партнери. Повеќе активности гледаме од тукашните амбасадори. Тие се поажурни во економските активности. Средби сме имале со турското економско аташе, со хрватското...“, вели Антевски. И директорот на „Европа“ Савка Димитрова со сличен одговор. „До сега се уште се нема почувствувано посебен ефект од оваа нова задача на амбасадите. Остварени се контакти, меѓутоа конкретни резултати нема“, вели таа. Извозниот менаџер на „Тиквеш“, Катерина Костовска вели за да се почувствуваат придобивките од ваквата аткивноста на дипломатија е потребно


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

оматија

baraat Mbasadori

менаџмент

51

Кочо анѓушев Брако

Би била добра идеја кога амбасадорите ќе се соберат на крајот на година, да се сретнат со македонските фирми кои извезуваат надвор и да размениме искуства. Ние со задоволство ќе го прифатиме тој разговор, еве јас ја давам инцијативата, ако има кој да ја слушне

Горан антевсКи Раде Кончар ТЕП

време. „Се разбира, за ефективноста на оваа политика, неопходно е да помине одредено време за оставрувањето на целите кои секако доаѓаат и треба да дојдат од бизнис секторот, пред се со големите извозници на македонските производи со додадена вредност ( бренд), бидејќи ние одлично го познаваме потенцијалот на одредени пазари и оттаму можеме да придонесеме кон креирањето на соодветна стратегија за промоција“, вели Костовска Единствен позитивен пример, имал само сопственикот на „Брако“, Кочо Анѓушев со амбасадата во Шведска. Но вели, отсуствува контактот од другите амбасади. „Освен со амбасадата во Шведска, со другите амбасади не сме имале ниту соработка, ниту било каква поддршка и оттука не може да кажам ниту негативно, ниту нешто позитивно. Немало никаква иницијатива од нивна страна, но за волја на вистината ниту ние не сме ги контактирале за нешто да ни помогнат. Пред се се потпираме на сопствените можности и гледаме сами да си го најдеме патот на пазарот“, вели

Анѓушев.

Наоѓањето контакти главно е задача на промотерот

Инаку, амбасадорите веќе петта година по ред како обврска ја имаат и економската дипломатија која предвидува мерки за привлекување на странски директни инвестиции и зголемување на извозот во други земји со цел намалување на стапката на невработеноста, сиромаштијата и подобрување на бизнис климата во земјава. Слична е и обврската која ја имаат и економските промотори кои ги испраќа Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Од Министерството за надворешни работи ја разграничуваат работата на промоторите и амбасадорите. „Обврската на амбасадорите не е само економската дипломатија. Затоа, прво промоторот е тој што ги остварува првичните контакти. Ако постои посериозна заинтересираност тогаш се вклучува и самата амбасада. Меѓутоа изнаоѓањето на контактите е главно задача на промоторот“, велат од МНР. Иако засега конкретен пример за

Со нашите активности и нашите интереси ги запознаваме двајца наши амбасадори и побаравме да ни помогнат да оствариме контакти со фирми во земјите каде тие се назначени. Меѓутоа до сега без успех. Од ниту една амбасада или амбасадор не сме добиле контакти од компании кои би биле наши потенцијални партнери. Повеќе активности гледаме од тукашните амбасадори. Тие се поажурни во економските активности. Средби сме имале со турското економско аташе, со хрватското...

савКа Димитрова Европа

Директните контакти за самиот бизнис се најважни. И тука самите компании можат најмногу да си помогнат сами. Од амбасадите очекуваме логистичка поддршка во вид на обезбедување контакти, обезбедување учество на саеми и други слични настани на кои можат да се промовираат самите компании


Капитал број 737 13.12.2013

www.kapital.mk

52

Амбасадорот и промотерот во Шведска позитивен пример!

Е

Кире Илиоски амбасадор во Шведска

Останатите амбасадори од регионот не практикуваат поголемиот дел од своето време да го поминуваат на „терен“ надвор од главните градови каде се акредитирани. Само со ваков „офанзивен пристап“ на земја „мала“ како Македонија може да се предизвика интерес за Македонија и се најде на нивните бизнис и туристички мапи

динствен позитивен пример кој беше посочен во анкетата што ја направи „Капитал“ меѓу поголемите извозни компании е иницијативноста и ангажираноста на амбасадорот и промоторот во Шведска, Кире Илиоски и промоторот Катерина Оровчанец. Оваа соработка ја посочи директорот на „Брако“, Кочо Анѓушев кој вели: „ Ние не сме имале контакт со голем број на амбасади во делот на извозот, иако „Брако“ е извозно ориентирана компанија, меѓутоа осетно беше интересирањето на амбасадата во Шведска, односно на амбасадорот Кире Илиоски и нашиот економски промотор Катерина Оровчанец. Можам да кажам дека тие сериозно се заложија ние да воспостави соработка во Шведска. Станува збор за нови соработки, различни од тие ние што ги имаме. Тие ние што ги имаме сами сме ги направиле, но амбасадорот и промоторот се потрудија да направат некои нови контакти со други компании и ние во моментот сме во фаза на преговори со тие компа��ии и се надевам дека ќе успееме да стигнеме до целта, да склучиме договор“, вели Анѓушев . Амбасадорот во Шведска, Кире Илиоски за „Капитал“ вели дека проактивното претставување на Македонија и излегувањето на терен се клучни за една мала земја како Македонија да предизвика интерес и да се најде на бизнис и туристичките мапи на земјите од Скандинавијата. „За време на моето амбасадорување во Шведска и Финска остварува работни посети на скоро сите регионот во Шведска и Финска, остварувајќи средби со гувернерите на регионот, пратениците во Парламентот, градоначалниците на општините и секако со претставници на бизнис секторот. Овој мој концепт на претставување беше постојано поздравуван поради фактот што останатите амбасадори не практикуваат поголемиот дел од своето време да го поминуваат на „терен“ надвор од главните градови каде се акредитирани. Само со ваков „офанзивен пристап“ на „мала“ земја како што е Македонија може да се предизвика интерес за Македонија да се најде на нивните бизнис и туристички мапи“, вели Илиоски. Дополнително, додава амбасадорот, тимската работа со економскиот промотор и секојдневната комуникација со компаниите, меѓусебна размена на идеи и заедничка организација на настани, претставуваат основа за успешно претставување на економските потенцијали на земјата.


Капитал број 737 13.12.2013

54

остварен договор меѓу две компании преку посредништво на активностите на амбасадата од МНР не посочуваат, тврдат дека и промоторите и амбасадорите се доста активни во изнаоѓање контакти во државите во кои не претставуваат. Притоа, додаваат дека пример за интензивирање на соработка со компаниите се и средбите кои Министерството ги имаше со стопанските комори во земјава, од кои сега очекуваат извештај што ќе ги сондира интересите, искуствата на компаниите и што мислењата за тоа што очекуваат компаниите од амбасадите. Во таа насока, велат оттаму се разговарало најмногу за поголема промоција на извозот и промоција на туризмот. „Ние сакаме да обезбедиме потесна соработка со компаниите и да им ја овозможиме потребната логистика“, велат од Министерството. Ако се суди пак според извештајот за економската дипломатија објавен на интернет страницата на Министерството за надворешни работи, економската дипломатија во овие пет години најмногу се базира на Road Show во повеќе земји, презентација на поволностите кои ги нуди Македонија, организирање на бизнис форуми и учества во работни групи. „Организирани се Road Show во повеќе земји: Турција, Индија, Кралството Малезија, Катар, Кина,

специјален прилог

www.kapital.mk

Хонг Конг, Италија, Шведска, Финска, Норвешка, Канада и Соединетите Американски Држави; организација на бизнис форум Македонија-Естонија, македонско-индонезиски бизнис форум во Скопје; активности во странство околу промоција и пласман на македонски производи особено на виното во Соединетите Американски Држави, Кина, Русија, Холандија, Финска; активности за промоција на извозните капацитети од Македонија пред дипломатскиот кор присутен во Македонија се со цел понатамошно зголемување на нашиот извоз; како и учество во бројни работни групи (пр. договори за избегнување на двојно оданочување, договори за заштита на инвестиции, туризам, странски директни инвестиции итн.)“, стои во известувањето на МНР.

Што очекуваат компаниите од амбасадорите?

Компаниите велат дека бизнисот можат најдобро да си го завршат сами. Меѓутоа, веќе кога земјава има свои претставници токму за промоција на извозот на македонските компании, од нив очекуваат логистичка поддршка. „Директните контакти за самиот бизнис се најважни. И тука самите компании можат најмногу да си помогнат сами. Од амбасадите очекуваме логистичка поддршка во вид на обезбедување контакти, обезбедување учество на саеми и други слични настани на

20

ДеКември 2013

мобилни уреди 2014 година е уште една година во која со нетрпение се очекуваат најновите модели на паметни телефони и други мобилни уреди. Годината која доаѓа носи многу нови изненадувања! Капитал прв ви Ги презентира новитетите за 2014: n во 2014 бројот на мобилни уреди ќе го надмине бројот на десктоп и лаптоп компјутери! n Windows 8 е „аут“, Android, iOS, Windows Phone 8 се „IN“ n Бројот на претплати за мобилни телефони во 2014 ќе надмине седум милијарди - во моментов бројката е 6,8 милијарди! n Догодина очекувајте ги: HTC M8 (One 2), Sony Xperia Z2/Avatar, Nokia Lumia 929, Samsung Galaxy S5 и смартфоните со Ubuntu OS n Кои новитети може да ги очекуваат македонските корисници од домашните оператори? Кои се новите услуги кои се “крчкаат“ за новата година? Кога светските новитети во мобилната телефонија и најновите уреди ќе стигнат пред македонските корисници? Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-маил marketing@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3280 910

кои можат да се промовираат самите компании“, вели Димитрова од Европа. Сличен е одговорот и на Антевски од Раде Кончар ТЕП кој вели дека амбасадорите очекуваат контакти и остварување на средби со компаниите во земјите во кои тие се назначени. Конкретна иницијатива нуди сопственикот на „Брако“, Анѓушев кој бара директна средба меѓу амбасадорите и извозните компании каде можат да ги разменат искуствата. „ Мислам дека е добро амбасадите да направат листа на најголемите македонски извозни компании. Тоа не се тешки статистики, ги има и во вашиот весник. Можат да ги видат кои се овие компании, да направат соработка со нив и пред се да направат испитувањасе знаат кои се артиклите кои се извезуваат од земјава и да видиме колку тие можат да се пробијат на тие пазари каде што имаме амбасадори. После тоа може да се направи некаква средба на најголемите извозници во моментот кога тука ќе бидат сите дипломатски претставници, а колку што знам јас тоа е на крајот од годината, и да направиме еден заеднички состанок и да кажеме кои пазари се за нас атрактивни, едноставно да ги размениме информациите што тие би можеле да направат за нас, а што ние имаме потреба од нив, па да видиме дали може да се најдеме на средина“, вели Анѓушев.


www.kapital.mk

Лидерство и стратегии совети за животот од најБогатите Луѓе во историјата

Mark Cukerberg основач и директор на Facebook

Бизнис

Мислам дека едноставно правило во бизнисот е, ако прво ги правиш полесните работи, тогаш може да направиш голем напредок

раБота

Завршено е подобро од перфектно

време

Прашањето што си го поставувам секој ден е, ‘Ја правам ли најважната работа што би можел да ја правам?’… Освен ако не се чувствувам дека работам на најважниот проблем со кој може да се соочам, тогаш нема да се чувствувам добро околу тоа како го трошам своето време

Пари

55

Едноставно кажано: ние не креираме услуги за да правиме пари; ние правиме пари за да креираме подобри услуги

раст

Од аспект на работата, учењето и развојот како личност, едноставно повеќе растете кога земате предвид повеќе мислења на различни луѓе

ризик

Најголемиот ризик е да не се презема никаков ризик... Во свет кој се менува пребрзо, единствената стратегија што гарантирано носи неуспех е да не преземаш ризици


специјален прилог Годинава поминува во знакот на подобрување на банкарските условите за купување на недвижности. во услови на континуирано голема понуда на нови станови, куќи, трговски и деловен простор новите можности се добра прилика инвестирање.

20 Кредитирање на недвижности

декември 2013

“кАпитАл“ АнАлизирА: n Банките во акција да им помогнат на граѓаните полесно да купат стан. само за девет месеци годинава, станбеното кредитирање пораснало за 7,6%! какви се проекциите за раст на станбеното кредитирање следната година? n Бранот намалувања на каматите на станбените кредити дополнително ја поттикна побарувачката за купување станови. се нудат кредити со историски најниска камата од 2,5%!

Повеќе информации во врска со прилогот и комерцијално претставување во истиот можете да добиете на е-маил aleksandra.stojmenova@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110

n какви се прогнозите на банките? Ќе реласираат ли и некои други услови при набавка на недвижности? n како зголеменото кредитирање ќе се одрази врз пазарот на недвижности? Ќе порасне ли побарувачката? стан, дуќан или канцелариски простор – што ќе биде најатрактивна инвестиција во следната година? n Градежниците годинава изградиле помалку станови, но понудата на пазарот е огромна. се очекува зголемена продажба, но дали може да дојде до намалување на цените на станбениот метар квадратен?!

Лицe за контакт: АлексАндрА стојменовА


...Фељтон... НАЈпозНАтите сВетсКи гоВори

НелсоН МаНдела

br.

2

поранешен претседател на Јужна Африка и борец за човекови права

BorBata za ^ovekovi prava e ideal za koj vredi da se @ivee i da se umre Фељтон на КапиталНајпознатите светски говори. изборот е направен според говорите кои оставиле најголем впечаток и кој најмногу мотивирале, и кои станале запаметени низ историјата. ги објавуваме во надеж дека истите ќе ги зголемат лидерските капацитети во бизнисот и политиката.

Н

На 5 декември светот остана без уште еден великан на борбата за човекови прави. Во Јоханезбург Јужна Африка, почина Нелсон Мандела великанот на борбата за правата на црнците и човеко�� кој помина 27 години во затвор поради своите идеали и верувања. Капитал поради таа причина врши промена во редоследот на Фељтоните и ви го претставува најпознатиот говор на Нелсон Мандела кој е одржан на 11 февруари 1990 година, односно денот на неговото пуштање од затвор.


Капитал број 733 15.11.2013

Народот мора да биде консултиран во врска со прашањето кој ќе преговара во нивно име. Преговорите не смеат да се одвиваат ниту над главите ниту зад грбот на нашиот народ.

58

Нашиот марш кон слободата е во еден правец. Ние не смееме да дозволите стравот да застане на нашиот пат. Унифицираното право за глас во идната обединета и расно неподелена Јужна Африка е единствениот пат кон мир и расна хармонија. пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

П

ријатели, другари и браќа Јужно Африканци. Ве поздравувам сите вас во името на мирот, демократијата и слободата. Стојам овде пред вас не како пророк туку како понизен ваш слуга. Вашата неуморна и херојска жртва ја создаде можност јас да бидам тука денеска. Затоа ги ставам преостанатите години од мојот живот во ваши раце. На овој ден на моето ослободување, ја изразувам мојата најискрена и најтопла благодарност на милиони мои истомисленици на секој кош на глобусот кој неуморно се залагаа за моето ослободување. Испраќам посебна благодарност до граѓаните на Кејп Таун, овој град кој беше мој дом цели три децении. Вашите постојани и масовни маршеви и останати видови на борба служеа како постојан извор на сила и воља на сите политички затвореници. Му одавам почит и на Африканскиот Национален Конгрес кој ги надмина сите наши очекување во неговата лидерска улога на големиот марш кон слободата. Ја поздравувам Јужно Африканската Комунистичка Партија за нејзиниот огромен придонес во борбата за демократија. Вие преживеавте 40 години невидени репресии и прогонства. Сеќавањата на големите комунисти како

Мосес Котане, Јусуф Дадо, Брам Фишер и Мосес Мабида ќе бидат пример и за генерациите кои доаѓаат. Високото ниво на масовна мобилизација во последните неколку години е еден од клучните фактори кој водеше кон отварање на последното поглавје од нашата борба. Ги проширувам моите поздрави до работничката класа на нашата земја. Вашата организирани сила е гордоста на нашето движење. Вие останавте најпостојано сила во борбата за крај на екслатацијата и понижувањето. Одавам почит на многуте религиски заедници кои ја носеа кампањата за правда напред кога органзиацијата на нашите луѓе беше немоќна. Ги поздравувам традиционалните лидери на нашата земји- многумина од вас продолжија да одат по стапките на големите херои како Хинтса и Секуне. Одавам почит на бескрајниот хероизам на младината, на вас млади лавови. Вие млади лавови и дадовте енергија на целата наша борба. Одавам почит и на мајките, жените и сестрите на нашата нација.Вие сте тврдиот постамент на нашата борба. Аперхејдот претрпе повеќе болка од вас отколку од било кој друг. Во оваа прилика и се заблагодаруваме на меѓународната заедница за нејзиниот голем допринос во борбата против апархејдот. Без вашата подршка нашата борба немаше никогаш да ја достигне оваа напред фаза. Жртвата на оние земји кои застанаа во првите редови ќе биде запаметена од Јужно Африканциоте засекогаш. Моите поздрави не ќе се комплетни без да ја изразам мојата длабојка почит и благодарност за силата која ми ја

дадоа за време на долгите и осамени затворски денови мојата сакана сопруга и фамилија. Јас сум убеден дека вашата болка и страдање беше поголема отколку мојата. Пред да продолжамм понатаму сакам да најавам дека во овој момент ќе кажам само неколку кратки коментари, а за официјалните политички изјави прво ќе се консултирам со моите другари. Денеска мнозинството Јужно Африканци бели или црни без разлика препознаваат дека апергејдот нема никаква иднина. Мора да биде завршен со наша одлучна масовна акција со цел да се изгради мир и стабилност. Масовните кампањи на јавен притисок на нашата организација и на луѓето можат само да го кулминираат процесот на воспоставување на демократијата. Уништувањата кои ги шпредизвика аперхејдот во нашата подсвест се мерливи и видливи. Милиони во нашата земја се без покрив над главата и невработени. Нашата економија лежи во рушевини и нашите луѓе се инволвирани во политичка борба во која гледаат единствени излез. Нашето пристапување кон оружена борба во 60 те со формирањето на военото крило на Африканскиот Национален Конгрес, Умкохо ве Сизве, беше чисто одбрабена акција против насилствата на аперхејдот. Факторите кои ја предизвикаа таа вооружена борба сеуште постојат денеска. Ние немаме опција сем да продолжиме понатаму. Се надеваме дека клима за мирни преговори ќе биде создадена наскоро за да нема и понатаму потреба од вооружена борба. Јас сум лојален и дисциплиниран член на Африканскиот Национален Конгрес. Поради тоа сум целосно согласен со сите


Кој беше Нелсон Мандела?

Н

Нашата обврска како лидери е да ги изложиме нашите погледи пред нашата организација и да дозволиме нејзината демократска структура сама да одлучи. негови објективи, стратегии и тактики. Потребата да се обединат луѓето од нашата земја во моментов е важна задача како што била и секогаш. Ниеден индивидуален лидер не е во можност самостојно да ја изврши тешката задача. Нашата обврска како лидери е да ги изложиме нашите погледи пред нашата организација и да дозволиме нејзината демократска структура сама да одлучи. Кога сме кај прашањето на демократската практика, ја чувствува должноста да ја истакнам поентата, дека лидер на движење може да биде само човек кој е демократски избрна на национална конференција. Ова е принцип кој мора да биде испочитуван без никакви исклучоци. Денеска сакам да ве известам дека моите разговори со владата се насочени кон нормализацијата на политичката ситоација во земјата. Сеуште не сме почнале да ги дискутираме основните барања на нашата борба. Сакам да потенцирам дека јас лично во ниту еден момент не сум влегол во никакви преговори за иднината на нашата земја освен во поглед на инсистирање за состонот помеѓу Африканскиот Национален Конгрес и Владата. Господинот Де Клерк отиде многу понапред од кој било претходно националистички претседател во превземање на вистински чекори за нормализирање на ситоцијата. Сепак постојат уште многу предуслови содрани во Харарската Декларација кои мора да се исполнат пред да започнат преговори за основните барања на нашите луѓе. Го нагласувавм нашиот повик за ставање крај на воената состојба и ослободување на сите, а не само на

Чекавме предолго за нашата слобода и не можеме повеќе да го правиме тоа. Сега е времето да се интензивира борбата на сите фронтови. Да се опуштиме во овој момент би претставувало грешка која генерациите после нас нема да ни ја опростат. одредени политички затовоеници. Само таква нормализирана состојтојба, која ќе дозволи слободни политички активности ќе ни дозволи да се консултираме со луѓето со цел да го задржиме нашиот кредибилитет. Народот мора да биде консултиран во врска со прашањето кој ќе преговара во нивно име. Преговорите не смеат да се одвиваат ниту над главите ниту зад грбот на нашиот народ. Ние веруваме дека иднината на нашата земја може да биде одлучена само од демократско избрано тело кое ќе има надрасен карактер.Преговорите за ставање на конечен крај на апархејдот ќе мора да се водат според барањата на мнозинството од нашиот народ за за демократска, расно неподелена и унитарна Јужна Африка. Едноставно мора да се стави крај на белиот монопол на политичката сила и фундаментално да се реструктуира нашиот политички и економски систем за да се осигура дека нееднаквостите од аперхејдот ќе се решат со демократизацијата на земјата. Мора да се додаде дека самиот господин Де Клер е човек кој е свесен за опасноста од непочитувањето на овие наши барања. Но ние како организација ќе продолжиме да ја базираме нашата политика и стратегија на суровата реалност со која сме соочени. Таа реалност е дека ние сеуште страдаме од политиката на Националистичката влада. Нашата борба достигна одлучувачки момент. Ги повикуваме нашите луѓе да го искористат овој момент за одлучен рапиден скок кон процесот на демократизација. Чекавме предолго за нашата слобода и не можеме повеќе да го правиме тоа. Сега е

елсон Мандела е првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската република. Тој бил познат борец против апартхејдот во Јужна Африка и светски познат како борец за слобода. Роден е во селото Тембу на 18 јули 1918 како син на поглавар. Во 1942 Мандела се приклучил на Африканскиот национален конгрес (АНК), а по две години, заедно со Валтер Сисулу, Оливер Тамбо и некои други, го основале неговиот Младински сојуз. На почетокот Мандела се залагал за ненасилен отпор, но по масакрот во Шарпенсвил од март 1960, придружен со забрана на АНК и на другите анти- апартхејдски групи, Мандела и неговите соработници се одлучиле за вооружено делување со цел да се извојуваат промени. На 5 август 1962 бил уапсен и осуден на пет години затвор. По две години, при судскиот процес против многу истакнати водачи на АНК, при што речиси сите, а вклучително и Мандела, биле осудени на доживотен затвор. Во годините што следеле, неговото затворање предизвикувало многу меѓународни осуди до апартхејдската влада во Јужна Африка, а неговиот углед постојано растел. На крајот, на 11 февруари 1990 претседателот на Јужна Африка, Фредерик де Клерк, наредил негово ослободување и тргање на забраната за делување на АНК. Во 1993, Мандела и Де Клерк заедно ја добиле Нобеловата награда за мир. Во 1994 Мандела бил избран за прв црнечки претседател на Јужна Африка. Де Клерк бил назначен за заменикпретседател во Владата на национално единство. Мандела останал на чело на државата до 1999, по што станал претставник на многу организации за заштита на човековите права.

времето да се интензивира борбата на сите фронтови. Да се опутиме во овој момент би претставувало грешка која генерациите после нас нема да ни ја опростат. Сликата на слободата која веќе ја гледаме на хоризонтот треба да претставува дополнителен мотив за нас да ги удвоиме нашите напори. Само преку дисциплинирана масовна акција нашата победа може да биде осигурана. Ги повикуваме и нашите бели истомисленици да ни се придружат во создавањето на новата Јужна Африка. Движењето за слобода е политички дом како за нас така и за вас. Го повикуваме и интернационалниот комитет да ја продолжи кампањата за изолирање на режимот на аперхејдиот. Да се подигнат санкците во овој момент ќе значи влегување во ризик да се отповика целосно процесот кон конечно и комплетно рушење на аперхејдот. Нашиот марш кон слободата е во еден правец. Ние не смееме да дозволите стравот да застане на нашиот пат. Унивфицираното право за глас во идната обединета и расно неподелена Јужна Африка е единствениот пат кон мир и расна хармонија. Како заклучок сакам да ги повторам моите зборови од судењето во 1964 та година кои се вистина денеска како што беа и тогаш: „Јас се борев притив белата доминација како што се борев и против црната. Јас бев воден од идеалите за демократско и слободно општество во кое сите луѓе ќе живеат заеднички во хармонија и со еднакви можности. Тоа е идеал за кој вреди да се живее за да се постигне. Но ако е потребно тоа е идеал за кој сум подготвен да умрам“


капитал број 737 13.12.2013

60

www.kapital.mk

на руЧек со...

проф. д-р

Ванчо чифлиганец oсноваЧ и сопственик на адора инженеринг

Brzo spijam, so @elBa da stanam i da ja zavr uspe[no utre[nata ra


www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

61

нА ш ето м ен И од богатото мени на Арабеска избравме мешана даска со посни и а мрсни предјадењ

porano r[am aBota

Она што е специфично за чифлиганец е фактот дека за разлика од многу негови успешни колеги, тој немал поткрепа од богато семејство ниту привилегија со помош на врски да се пробива низ животот. Сè што успеал да направи во неговата навистина импресивна академска, раководна, политичка и бизнис кариера е плод на неговите лични залагања и квалитети. Веројатно од таму произлегува и неговата огромна посветеност на општествената одговорност за добробитот на заедницата. пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

В

анчо Чифлиганец и Адора Инжинеринг се две имиња или брендови кои секој нареден ден се попрепознатливи во Македонија. Покрај тоа што Чифлиганец во последните 11 години има изградено преку 30 станбени објекти и продадено преку 1.500 станови, а неговата компанија е во топ 12 во Македонија, тој има многу посодржајна кариера и поинтересен живот од она што го знае пошироката јавност. Токму тие интересни детали и анегдоти Капитал ќе се обиде да Ви ги долови. Она што е специфично за Чифлиганец е фактот дека за разлика од многу негови успешни колеги тој немал поткрепа од богато семејство ниту привилегија со помош на врски да се пробива низ животот. С$ што успеал да направи во неговата навистина импресивна академска, раководна, политичка и бизнис кариера е плод на неговите лични залагања и квалитети. Веројатно од таму произлегува и неговата огромна посветеност на општествената одговорност и добробитот на заедницата.

Омилена детска игра ми беше градење куќички од кал Кога на самиот почеток на разговорот слушнавме дека Чифлиганец потекнува од седумчлено, земјоделско и

работничко семејство од село Раклиш, Радовиш, не можете, а да не помислите колку с$ може да направи и да напредне една личност во само неколку децении. Чифлиганец е благодарен бидејќи од родителите му се пренесени фундаменталните човечки, морални и етички вредности. За себеси вели дека уште од најмлади години го одликувала: љубопитност и истражувачки дух за откривање на с$ што е ново, непознато, карактерни особини кои се специфични за Чифлиганец и ден денешен. „Мојот татко имаше проблем со мене, како дете јас постојано во дворот градев куќички од кал. Татко ми сакаше да ги руши, а јас не дозволував бидејќи во нив навистина многу вложував. Тогаш немаше струја, а јас на тие куќички ставав и жици за струја и импровизирани ќерамиди и с$ останато што според мене беше потребно за една куќа. Татко ми беше варџија и преку неговата струка дојдев во контакт со минералите. Значи, од мал имав афинитет кон две професии - градежништвото и рударството, што ќе ми биде професија во целиот нареден период“ Основно училиште Чифлиганец го завршува во Радовиш. Од школските денови ни раскажа една случка која уште од најмлади денови го карактеризирала неговиот претприемачки дух. „Бидејќи потекнувам од земјоделско сиромашно семејство, првата учителка ме носеше мене бесплатно на екскурзија до Скопје. Во автобусот позајмив два динари од една другарка и по патот си направив трговија. Купив едно, продадов друго. И кога се вратив дома, не само што ги вратив тие два динари, туку донесов и профит од уште два динари и имав купено „кукличка“ на мојата


капитал број 737 13.12.2013

62

www.kapital.mk

на руЧек со... помлада сестричка Стојка.“ Ванчо Чифлиганец во овој период го започнува и неговото другарување со боречкиот спорт, каде што започнува да се бори со своите 27 кг. Настапува на натпревари: пионерски, јуниорски и сениорски, а успева да се закини и со титулата младински шампион во борењеслободен стил на Македонија и тогашна Југославија. Исто така за време на средношколските денови е и активен младинец, а стигнува и до претседател на младината на Радовиш. Според него искуството кое го нудела некогашната младинска организација, а особено младинските акции е она што им фали на младите денеска. „Во времето во кое живеевме, акциите беа и од економски аспект корисни, а исто така беа корисни и од аспект на дружење. Југословенската федерација спојуваше многу националности и вери, а една од убавите работи и придобивка од акциите е и нивното сплотување. Братството и единството преку акциите најмногу се изразуваа. И ефектите беа големи, сите знаеме колку пруги беа преку акциите изградени“ Чифлиганец и ден денеска се сеќава на една писмена задача на тема „Што сакам да бидам во животот?“. „Јас напишав две работи на кои сите ми се смееја. Дека сакам да бидам најмлад доктор на геолошки науки и дека сакам мојот боречки клуб Бучим да стане европски и светски првак во борење. “

Бучим ми беше најголемата животна школа

Што прави Чифлиганец во слободното време?

Собирање, колекционирање на старини, антиквитети коишто го потсетуваат на детството и на младоста е една од главните опсесии на Ванчо Чифлиганец. Покрај тоа тој ужива и во хортикултурно оплеменување на средината во која живее и работи, особено околу објектите коишто ги гради. Вели дека с$ што прави деловно и приватно, прави со голема почит и љубов. Во поглед на кујната и јадењето не е пребирлив но ги преферира традиционалните македонски јадења направени од домашни продукти. „Сите јадења од пиперки, пржени, печени, свежи, пинџури, ајвари, направени по старите традиционални македонски рецепти се моја омилена храна. Сакам да каснам и свежа охридска риба, но по можност тоа да е во охридските ресторани, покрај езеро. Омилен пијалок ми е пивото и особено ми е слатко кога ќе се почестам заедно со градежните работници, вредните мајстори после добро завршена работа, со кои заедно јадеме ќебапи со пиво. Најслатко сепак ми е да ја делам храната и трпезата со други луѓе и поради тоа никогаш не јадам сам“.

И навистина сонот на Чифлиганец се остварува. Се запишува во Белград на Рударско- геолошкиот факултет, каде дипломирал во рекорден рок, а многу скоро потоа станува најмлад магистер и најмлад доктор на науки на нецели 32 години. Квалитетите на Чифлиганец не остануваат незабележани во компанијата во рудникот Бучим каде што работи и тој таму постојано напредува. Менува 11 работни места, за на 33 години конечно да стане генерален директор на Рудникот. „За мене школата во рудникот Бучим, во којшто бев 25 години и сменив 11 работни места, е најголемиот универзитет и академија што сум ја завршил. Кога станав директор на 33 години во Бучим, бев многу замислен дали може да успеам, пред с$ поради тоа што рудникот работеше десет години со загуба. Кога во првата година успеав да направам профит со фирмата и да поделам 13 плати на рударите бев најсреќниот човек на светот. Успехот на Адора И��жинеринг во голем дел е заслуга на моето искуство во Бучим“, Во оваа многу успешна фаза од неговиот живот, на Чифлиганец му се остварува и вториот младински сон. Тој како претседател на боречкиот клуб БучимЈака и како главен спонзор успева да го донесе неговиот клуб од младоста до толку посакуваните титули на европски и светски првак. „Моите најсреќни моменти од животот беа кога за рекордно време, од неполни 4 години дипломирав на Рударскогеолошкиот факултет во Белрад, каде потоа магистрирав и докторирав,

кога првата завршна сметка на рудникот Бучим, под мое раководство беше позитивна и кога сум делел по 13 плати на работниците. Но сепак радоста да бидеш прв клупски европски и светски шампион во спорт кој е стар повеќе од државите и границите и во Македонија , беше радост која не може да се опише. Кога во 1996 та година ги победивме американците во борбата за светската титула и кога го видов нивното разочарување, сфатив што навистина сме направиле .“ Чифлиганец вели дека и ден денеска знае да погреши и за неговата фирма да речи Бучим наместо Адора. Чифлиганец-шампион на „Во најдобрите Македонија -Југославија времиња кога во борење-1971/1972/197 с$ сум паметел и учел, сум бил во директен контакт со рударството и геологијата. Тоа е мојата прва љубов, втората љубов ми е Адора Инжинеринг, а трета ми е семејството. На 14 години сум почнал да учам рударство. Тоа е навистина долго време што сум го посветил на оваа професија. Првиот мирис во јамата во злетовскиот рудник , првата рударска паштета, долгото другарување со рударите под земја, тоа се спомени кои не се бришат лесно од нечиво сеќање“.

Од првиот ден знаев дека Адора ќе биде помеѓу топ 15 компании во државава

Квалитетите на Чифлиганец се препознаени и од пошироките народни маси во тој период па тој е избран на два пати за пратеник во македонското собрание. Во периодот 1994-та-2002-ра година Ванчо Чифлиганец е еден од најагилните народни застапници кој неуморно се бори за развој на малите градови и инфраструктурата во Македонија. Тој за овој период од неговиот живот едноставно вели „нема што да се фалам самиот себеси, кој сака нека ги види стенограмите и видео снимките од тој период и ќе сфати како Чифлиганец ја заслужуваше довербата што му ја дале гласачите.“ Сепак, кога условно речено неговата партија доаѓа на власт во 2002 ра година тој прави за многумина нелогичен потег и ја напушта политика за да се занимава со приватен бизнис.


73

www.kapital.mk

Капитал број 737 13.12.2013

63

Семејството Чифлиганец

Сите елитни објекти на ра Инжинеринг се изградени и осветениАдо со благослов на МПЦ

Чифлиганец во друштво со колега од Афричкиот континент „Кога ја формирав мојата фирма пред 11 години им реков на оние кои што се сомневаа во мојата вредност дека ќе направам компанија меѓу првите 12 во Македонија. Многумина ми се смееја и се сомневаа во мене бидејќи ме сметаат за социјалистички директор кој знае да раководи само со државен капитал. Поради тоа, лани, кога се објавија резултатите каде Адора беше на 12 место по обрт во Македонија го дочекав како одново да се раѓам . Едноставно на сите им ја докажав мојата теорема дека човек ако е способен, може да успее и во политика и во бизнис и во социјализам и во капитализам.“ Чифлиганец со минимален капитал

Помеѓу работниците со кои вели дека најсладко му оди пивото после добро завршена работа

Од соништа до реалност - 1974 год. - студенски денови - Белград започнува со компанијата Адора Инженеринг во 2002-та година. „Видов дека многу градежни компании во Македонија се многу успешни без некоја поголема професионалност и си реков, со мојата енергија, динамика и залагање можам и тоа како да успеам. Јас анализирав дека има премногу простор да ги подигнеш стандардите во градежништвото. Почувствував дека со поголем креативен и стручен пристап може да се направи многу и да станеш носечки во таа бранша. Нашите купувачи не се наивни, тие многу добро знаат што е квалитет, а што не. Првата зграда ја

направив во 2003 -а година и од тогаш имам направено 30 објекти и продадени повеќе од 1500 елити станови. Едноставно градежништвото најмногу ми лежи бидејќи во него нема простор некој да те кочи или турка, туку си оставен на пазарот, односно на сопствениот квалитет“ Адора Инжинеринг десет години подоцна навистина ќе успее да ги подигне стандардите во Македонското градежништво. Компанијата е позната поради фактот дека

Децата ми ги оборија рекордите

Ванчо Чифлиганец со сопругата Данка е од студентските денови. Едноставно вели дека ја посакувал, бил упорен и ја добил. Имаат три деца, две ќерки Евангелина и Драгана, најмладиот- син Душко и внукот од најстарата ќерка Јован. „Ќерката Драгана која работи кај мене, ми го обори рекордот и докторира на 29 години. Синот Душко до лани беше единствениот македонец кој студира на престижниот Европски универзитет во Дубаи. Едноставно, од семејството сум многу задоволен и не можам да им најдам ниедна забелешка. Сепак, јас не сум домашар и не сакам да сум затворен само во семејството. Не се согласувам со тезата дека семејството треба да е пред с$ останато. Јас сум отворен кон сите луѓе околу мене, кон сите мои искрени пријатели, а конкретно компанијата Адора Инжинеринг ја сметам за сопственост на сите вработени“

д-р Ванчо и д-р Драгана Чифлигане Виена со европск награди за најдоцбрво претпријатие и наијдо бар менаџер во 20о12


капитал број 737 13.12.2013

64

www.kapital.mk

на руЧек со... од Белград ми останаа боемските навики о

Чифлиганец на студентските денови и на Белград како град, има само најдобри спомени. Се сеќава дека живеел меѓу 15.000 студенти во студентскиот град и дека бил чест посетител на боемската четврт Скадарлија и на прочуениот Далматински подрум. „Во Белград не ја стекнав само дипломата. Таму запознав многу луѓе, различни култури и научив да почитувам различни мислења и пошироко да гледам на работите. Од таму ми останаа боемските навики .“ Според Чифлиганец и по неколку децении од младинските години, не му се изгубени социјализаторските навики. „Имам традиција новогодишните и прославите на другите убави празници, поводи и годишнини, да ги поминувам со колегите, роднините, вистинските пријатели од детството и други добронамерници, со кои другарувам цел живот. Јас секогаш сум иницијатор за заеднички прослави со другарите од школските денови. Едноставно, сакам да споделувам и не сакам сам да уживам во убавините на животот, туку да ги делам среќните моменти со другите.

Филозофијата на Чифлиганец е фрли зад себе за да најдиш пред себе

Јас сум почувствувал на своја кожа што значи некој да ти помогне кога ти е тешко и затоа секогаш сакам да помагам

Боречкиот клуб Бучим Јака европски и светски шампион 1995/1996 год.

не прави компромис во цената кога станува збор за квалитетот и дека работи со минимална заработувачка. Нашето логично прашање на сето ова до Чифлиганец беше дали е сето тоа исплатливо. „Земјотресот во 1963 та година го осетив кога нижев тутун и од тогаш во потсвеста ми е земјотресот. Планетата е постојано жива. Затоа јас како доктор на геолошки науки максимално посветувам внимание на безбедноста на градбите. Плус, градам енергетски ефикасни станови кои за голем процент ја намалуваат потрошувачката на енергијата за греење. Многумина ми викаат дека премногу вложувам во становите и дека тоа не може да е исплатливо. А јас сум застапник на тезата дека не мора да има премногу висока заработувачка, но треба да се продадат повеќе станови. Обртот е најбитен. Филозофијата моја е фрли си зад себе, за да си најдеш пред себе. Тој што ќе биде многу добронамерен и искрен и што ќе направи квалитетен производ, ќе биде сигурен за купувачите и ќе остане долго на овој пазар“ Компанијата на Чифлиганец и тој лично се препознатливи и по огромните вложувања во енергетска ефикасност. Нема општина каде што гради Адора, а да нема направено нешто плус за граѓаните бесплатно. „Јас сум растен во еден работнички и земјоделски слој и знам што значи да ти помогнат. Мене системот и општеството ми помагале и знам колку сум бил благодарен за тоа кога земав стипендија. Како директор на Бучим давав по 150 стипендии за децата на вработените, а со Адора продолжив по истиот пат на општествената одговорност. Во секоја општина каде што градиме не сме останале без донација. Благодарен сум што господ ме чува да сум толку психички и физички хиперактивен на оваа возраст и затоа тоа што го имам, сакам да го споделам со заедницата. Не сум голем верник и не го правам тоа од суеверие, туку сум свесен дека на никого не треба да му се прави лошо, а ако е можно, добро е да се помогне. Едноставно, мојата животна девиза е дека дека човек е богат онолку колку што може да и даде на заедницата“. За неговите идни планови и за понатамошниот развој на Адора Инжинеринг, Чифлиганец ни најави дека размислува за миграција на бизнисот,

од кога се фрлам по крстот во охрид ги остварив најголемите успеси

Чифлиганец многумина во Охрид веќе го сметаат и за нивни сограѓанин. Тој е првиот „неохридски“ кум за празникот Водици, а по светиот крст се фрла веќе три години по ред. Самиот вели дека со Охрид има посебна емотивна врска и дека таму ги поминува сите слободни најубави моменти. „Мојот дом е во триаголникот Радовиш, Скопје и Охрид. И на пола сат да одам во Охрид тоа ми дава енергија за цела наредна недела. Таму ми се и некои од најдобрите пријатели. Гледајќи на телевизија што значат религиозните обичаи за Водици, ми беше многу симпатично уште како мало дете кога во Радовиш се фрлаше крстот и тоа ме поттикна пред четири години да се фрлам во водите на Охридското Езеро. Иако имав 54 години и знаев дека нема да го фатам крстот при толку помлади од мене, решив тоа да го направам за здравје. Не знам дали е случајност или нешто друго, но токму таа година ми беше најуспешна во бизнисот“. Покрај тоа што Чифлиганец пред две години беше кум за водици тој и понатаму останува во здружението Богојавление каде што е активно вклучен во неговата работа. Исто така има воведено традиција и на групно капење на вработените од компанијата Адора во осветените води на Охридското Езеро. Чифлиганец ни најави и донација на ново спомен обележје посветено на Водици, што ќе биде поставено кај градското пристаниште, во центарот на Охрид. за насочување кон друга дејност и за отворање нови работни можности. „Имам желба во Радовиш да инвестирам и да направам некое производство во градот кое ќе е супституција на увозот на нешто што може да се прави во Македонија, а без никаква логика и потреба се увезува од странство. Јас сум сега во зрелиот стадиум од бизнисот што треба да го искористам за да направам еден џиновски радикален чекор, кој мислам дека ќе биде во следните години.“


еднодневна обука: l 26 декември 2013 година, 9.30-16.00 часот

Капитал академија, Скопје

КАНЦЕЛАРИСКОTO И АРХИВСКОTO РАБОТЕЊЕ, ПРЕДИЗВИК НА МОДЕРНОТО АДМИНИСТРАТИВНО И ЕЛЕКТРОНСКО РАБОТЕЊЕ

(Обуката е наменета за стопанските субјекти и јавните установи) На обуката ќе се презентираат и предлог-Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење; Правилникот за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри и Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Агенда:

Закон за архивски материјал l Предмет, цел и содржина на Законот за архивски материјал l Електронски архивски и документарен материјал l Јавен архивски и документарен материјал l Приватен архивски и документарен материјал l Надзор l Прекршочни одредби Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 24 декември 2013 година.

Предлог-Уредба за канцелариско и архивско работење l Предмет, цел и содржина на предлог-Уредбата за канцелариско и архивско работење l Чување и заштита на конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал l Запознавање со предлог-Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење l Софтерски пакет l Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри и l Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење

Предавачи: М-р Љупчо Фармакоски Д-р Иван Алексов

l лицe за контакт: Гордана Михајловска и Ленче Зикова l е-маил: akademija@kapital.com.mk l 02 3280 911


66

Капитал број 737 13.12.2013

www.kapital.mk

светот на виното

винсКи РеГиони - тосКана

Centar na dobrata hrana i vino

А

ко избирате нешто што би било особено, нешто посебно, каде што сите сетила можат да ви работат со полн интензитет, тоа е секако Тоскана, област во Италија каде што се слеале сите дарби и плодови што можат да се замислат. Во винска и кулинарска смисла, Тоскана е веројатно најбогатото подрачје во светот. Тука, покрај кривата кула во Пиза можe да ја видите единствената Фиренца, делата на Микеланџело и да пробате навистина ретко добри вина. Не се знае што е првото кое ја направило Тоскана мека на сладокусците, но сеедно, кога се зборува и за храната и за виното, Тоскана е нешто посебно. Ова е само мал дел од вината на Тоскана: Кјанти. На времето пред три четириесет години ова беше нешто како добро трпезно и народно вино, за подоцна да стане вино со највисоки дострели. Има седум региони во тосканската област Кјанти кои произведуваат вино под ова име. Најпознатата област е онаа во која се прави Кајнти класико и е срцето на Кјанти областа. Овде не боледуваат од вообразеност, ова вино е и најдостапното и го има низ цел свет. Веднаш до оваа област е и Кјанти руфина. Вината од Кјанти се разликуваат од регион до регион особено по стилот и начинот на кој се одлежани. Оние со ознака ризерва се вина одгледани во француски буриња и се пуштаат на пазар после најмалку две или повеќе години од бербата. Вината од Кјанти немаат единствена база. Тие се разликуваат и по тоа од кои сорти грозје се направени. Најважната е сортата “санџовезе” која во некоја рака има допирни точки со нашиот “вранец”. Кјанти е изразито суво вино, одлично оди со многу видови храна. Кај него се посебно ценети аромите од цреши, малини и вишни. Подобрите вина можат да се чуваат и десеттина години после бербата. Има барем 40-50 добри производители на кјанти од неколкуте илјади винарници во Тоскана. И да не се збуните, нема бело вино со името кјанти. Брунело ди Монталчино. Тоскана

не би била тоа што е ако нема таква разновидност па да ви биде неопходен посебен водич. Под областа Кјанти се наоѓа градот Брунело ди Монталчино според кој вината од тоа опкружување го носат името. Тука вино почнало да се прави малку доцна, дури во 19 век и било локално вино се до пред четириесетина години. Виното во Монталчино исто така се добива од сортата “санџовезе”, како и виното Кјанти, но се работи за посебен клон. Виното од Брунело ди Монталчино е силно вино, танинско. Одлежувањето кај ова вино е неопходно и може да отстои и по дваесеттина години. Всушност и успехот на вината од Брунело ди Монталчино започнува од моментот кога едно семејство, производители на вино во седумдесеттите, ја извадило својата винска архива на суд на јавноста. Во седумдесеттите вината од 1888 година се уште биле питки! После повеќе од 80 години! Сега цената на овие вина се качува и до сто евра за шише. Тоскана не би била Тоскана ако се задоволи со два извонредни реони. Тука се и “вино нобиле” ди Монтепулчано и Кармињано, како и “вернјача” ди Сан Димињано. Италијаните се познати и по експериментирањето со сортите, па така овие вина се добиени од сорти блиски до сортата “санџовезе”, но со посебности кои ги издвојуваат. Тоа се сортата “пруњоло џентиле”, но и “каберне совињонот” кој се смета за сорта соодветна на овие региони. Интересно е дека Италија со долгата

Во Тоскана, централниот дел на Италија е сконцентрирано неверојатно богатство. Тука има историја и историски споменици, прекрасни насади лозја, светско вино и една од најдобрите кујни на светот традиција која ја има во производството на вино, дури пред 40-50 години се пробива во врвот на винското производство, во време кога се засилува туризмот и кога започнуваат виното да го третираат како софистициран производ, а не како традиционален производ и обична храна. Денес Италија го дели првото место во светот по производство на вино со Франција. Како резултат на тоа во Тоскана постои цела низа врвни вина, неверојатно успешни асамблажи. Заедничко на сите им е тоа што се добри и скапи! Освен тоа што се разновидни како типови и стилови на вино, Тоскана е рековме, мошне разновидна самата по себе. Најголемиот погодок на вината од Тоскана е токму нивното сложување со тестенини, пршута, сирење, пилешко, месо од гулаби, јагнешко и други видови месо, кои локално се произведуваат. Тоскана рековме е земја со една од најбогатите кујни во светот. Но тоа е сосема друга приказна.

ВИНСКИ МАНИРИ

Дамите избираат подобро

Иако најчесто мажите се тие кои избираат вино, никако не треба да се занемари женскиот дел, зашто тие, тоа е докажано, имаат и почувствителен нос и непце. Има и други причини зошто е добро изборот на вино да им се препушти на жените. Прво, затоа што тие се најчесто организатори на оброците, имаат увид во редоследот на служењето на јадењата и тоа е докажано, а по правило имаат и подобро чувство за мирис и почувствителни непца. Меѓу најдобрите сомелијеа на светот има многу жени. Освен тоа жените сакаат квалитетно вино. Едно од објаснувањата е дека тие пијат помалку, па затоа и сакаат да пијат подобро. Затоа треба да знаат некои основни правила за избор. Ако веќе жените главно го прават изборот на јадења, тогаш и виното треба да им се остави ним.


62 за продажба 72 станови локали за издавање

1

ГОДИНА

ГРАТИС камата

1

ГОДИНА

ГРЕЈС период

бул. Јане Сандански Населба Аеродром, Скопје


Kapital magazin 737