Issuu on Google+

n И ПОКрАј ИЗЛеГувАњеТО Од рецеСИјА

рано е да се крстиме во еврозоната за да н$ спаси од кризата.........................................................................стр.24

n ПеТОК ЗА ОБеЛувАње НА „црНИОТ“ ПОНедеЛНИК

Следува жешка есен - oд Брисел зависи дали ќе има прегревање!................................................................стр.30

број 721 цена 100 ден. | 23 август, 2013, петок | година 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Слободната трговија во ЦЕФта нЕ Е баш Слободна

Balkanot vleguva vo trgovSka vojna!? str.

16

egIpet gorI

str.

36

Se odlu~uva idninata na Bliskiot Istok


Капитал број 672 12.09.2012

4

 И ПОКРАЈ ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД РЕЦЕСИЈА

Рано е да се крстиме во еврозоната за да н$ спаси од кризата.........................................................................стр.24

НАВИГАТОР

 ПЕТОК ЗА ОБЕЛУВАЊЕ НА „ЦРНИОТ“ ПОНЕДЕЛНИК

Следува жешка есен - oд Брисел зависи дали ќе има прегревање!................................................................стр.30

БРОЈ 721 ЦЕНА 100 ДЕН. | 23 АВГУСТ, 2013, ПЕТОК | ГОДИНА 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

СЛОБОДНАТА ТРГОВИЈА ВО ЦЕФТА НЕ Е БАШ СЛОБОДНА

BALKANOT VLEGUVA VO TRGOVSKA VOJNA!? str.

16

EGIPET GORI

str.

36

Se odlu~uva idninata na Bliskiot Istok

сОдРжИНА 06 КапиталНО

БиљаНа ЗдравКОвсКа стОјчевсКа Чекајќи ја жешката есен

10 ПОЗИЦИЈАТА НА КАПИТАЛ 16 cover story

дали слободната трговија во регионот ЦеФта е слободна Балканот влегува во трговска војна!?

ИздВОјуВАмЕ

www.kapital.mk www.kapital.mk

Рано е за радост

добрите вести од еу за крај на рецесијата може да не значат ништо освен гола статистика, бидејќи дури и растот на Македонија годинава да биде поголем од планираните 2,2%, тоа нема да значи ништо ако не се зголемат инвестициите и не почнат да се отвораат повеќе работни места, што е најголем проблем на македонската економија. Затоа, оптимизмот од излегувањето на еврозоната од рецесија брзо ќе спласне ако не се направат сериозни потези за да се охрабрат компаниите, пред с$ домашните, да произведуваат за извоз и да наоѓаат нови пазари надвор од економски ослабената европска унија.

24 АНАЛИЗА

XX Стр. 24

и покрај излегувањето од рецесија Рано е да се крстиме во еврозоната за да н$ спаси од кризата

30 ПОЛИТИКА

Петок за обелување на „црниот“ понеделник СЛедувА жешКА еСеН Од Брисел зависи дали ќе има прегревање!

36 СвеТ

Уште една крвава арапска револуција егИПеТ гОРИ Се одлучува иднината на Блискиот Исток

43 ФељТОН

Букурешки мировен договор 100 години потоа – продолжение број 3 Како Албанија успева да се стекне со независност во Букурешт, а Македонија не?

46 НА РуЧеК СО...

ГУрам семвал, извршен директор на CEL Global Македонците се топли и гостопримливи исто како нас, Индијците

24 жешка есен ж

За бурна политичка есен, пожешка од претходните, барем според скицата на сценариото што главно ја прават потезите на дуИ поврзани со спорот со името и развојот на настаните со Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември, има реални предиспозиции. Но, важното прашање е дали драмата може да донесе нешто ново во услови кога нема можност да се види колку реално е силна вМРО-дПМНе по долгите, истоштувачки седум години континуирана власт под мотото 24/7, додека расте бројот на граѓаните кои благо кажано, ги преиспитуваат остварените резултати. XX Стр. 30

50 СвеТОТ НА вИНОТО виНсКи мајстОрии вински подрум

РЕГИОНАЛНИ ПАРТНЕРИ НА КАПИТАЛ

30


Капитал број 721 23.08.2013

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Za biznis-zaednicata sleduvaat ~etiri mnogu dramati~ni meseci. Ka`ano so voena terminologija, biznismenite vo ovie ~etiri meseci }e bidat na bri{an prostor. Sekako deka bi bilo dobro biznismenite kone~no da dignat glas i da pobaraat od kreatorite na ekonomskite politiki novi merki za izlez od krizata. No, toa e te{ko verojatno da se o~ekuva deka }e se slu~i. Golemite biznismeni, koi se glavni vo bizniskomorite od koi{to treba da dojdat barawata, imaat svoi prioriteti i viduvawa kako treba da pre`iveat vo ovoj period. Vo soglasnost so nivnite prioriteti, ne im pa|a nitu na pamet da se zameruvaat so politi~arite na vlast, koi se i taka mnogu nervozni od `e{koto vreme. A koga e mnogu toplo, lesno se posegnuva po pi{tol. Ona {to im preostanuva e da si go zemat u~kurot vo raka i da se fatat za rabota

Чекајќи ја жешката есен

К

ако што завршува летото, така стануваат с$ посилни очекувањата дека наесен ќе се случи нешто големо. Нешто што никако не можело да се случи од почетокот на годината. Таа надеж мора да е постара од човекот. А интересно е што претходните јули и август се некаков врв, кога зовриваат нервите. Па така, ако се направи мало истражување, може да се види дека повеќе од половина држави во светот денот на независноста го слават токму во овие два месеци. А независноста не се добива без бунт. И регионот и светот се во очекување дека оваа есен ќе биде жешка. Во Египет поднослив мир. Во Европската унија конечна потврда за излез од економската кризата. Хрватска и Србија се соочуваат со закани за еден куп штрајкови и протести. Надежите што ќе донесе оваа есен во Македонија се поголеми од вообичаено. Се очекува жешка политичка есен и волшебно надминување на конфликтите меѓу двете најголеми политички партии. Се очекува светот конечно да ја „притисне” Грција да се „опамети” и да престане да го блокира влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО. Се очекува засилување на економијата и поголем економски раст. Се очекува новиот буџет, кој треба без поголеми „дупки” да ги задоволи потребите на сите коишто зависат од државата. Добро е што конечно двајцата лидери на политичката сцена решија заедно да седнат на иста маса и машки да ги разрешат проблемите. Макар да е само глума, ова е начинот на којшто треба да се надминуваат проблемите. Оти секакви други комисии кои ќе бидат надгледувани од меѓународни фактори само ја носат земјата назад. А сега имаат шанса да покажат колку навистина и патриотски се грижат и мислат добро за Македонија. Многу е веројатно

дека со години најавуваната жешка политичка есен и годинава нема да се случи. За волја на вистината, според традиционалното годишно однесување, производителите на пченица бараат државата да ја откупи пченицата. Веројатно и лозарите ќе бараат повисока цена, можеби стечајците ќе организираат некој протест, сигурно новинарите ќе организираат штрајк барајќи слобода на медиумите, опозицијата ќе блокира уште некоја седница на собранието... Но, некое поголемо незадоволство и бунт против неефикасната администрација и политичката гарнитура на власт нема да има. Оти во јули и во август на никого не му зовре... Но, за бизнис-заедницата следуваат четири многу драматични месеци. Од мудроста на бизнисмените и на менаџерите ќе зависи кој во каква состојба ќе ја дочека 2014 година. Кажано со воена терминологија, бизнисмените во овие четири месеци ќе бидат на бришан простор. Секако дека би било добро бизнисмените конечно да дигнат глас и да побараат од креаторите на економските политики нови мерки за излез од кризата. Но, тоа е тешко веројатно да се очекува дека ќе се случи. Големите бизнисмени, кои се главни во бизнис-коморите од коишто треба да дојдат барањата, имаат свои приоритети и видувања како треба да преживеат во овој период. Во согласност со нивните приоритети, не им паѓа ниту на памет да се замеруваат со политичарите на власт, кои се и така многу нервозни од жешкото време. А кога е многу топло, лесно се посегнува по пиштол. Она што им преостанува е да си го земат учкурот во рака и да се фатат за работа. Оти не им се пишува арно. Ако се суди според изјавите на министерот за финансии и гувернерот, економијата засилено ќе расте во следниот период. Според изјавите


www.kapital.mk

Капитал број 721 23.07.2013

КапиталНО

7

На креаторите на економските политики и на буџетот нема да им биде лесно оваа есен. Оти ќе треба да го кратат буџетот, а сепак да најдат пари за вистински инфраструктурни проекти кои ќе го поттикнат економскиот раст и ќе ја извадат економијата од криза. А се посилни се притисоците за предвремени избори. Можеби сепак токму оваа есен ќе биде жешка. на овие исти два лика, кои се многу значајни во креирањето на економските политики, буџетскиот дефицит кој во изминатите неколку години постојано расте, треба да престане да се зголемува на товар на јавниот долг, што значи дека полека власта ќе треба да ја напушта политиката на големи трошења од буџетот во функција на поттикнување на економијата и остварување поголем економски раст. Оти тоа се покажува како неодржливо на долг рок. Компаниите треба многу внимателно да ги слушаат овие изјави, оти тие им се многу поважни отколку вестите за тоа дека еврозоната конечно излегла од шесте квартали рецесија. Заживувањето на германското градежништво, пролетната потрошувачка треска во Франција и растот на извозот на Португалија не ветуваат многу големи шанси за зголемување на македонскиот извоз. Но, сепак, шансите за извоз се многу поголеми отколку водењето бизнис на локален терен во услови кога драматично се намалува и потрошувачката на домашниот пазар. А

кога ќе ја нема и државната поддршка преку буџетските пари, тогаш условите за бизнис на домашниот пазар ќе бидат уште полоши. А тоа може да се случи многу скоро, бидејќи министерот за финансии самиот ја отвори дилемата за можен ребаланс. Иако ребалансот не е тема за којашто треба да се дебатира во јавноста. Дали ќе има ребаланс или не е само техничка операција која мора да се направи ако буџетот е лошо проектиран или кроен врз нереални очекувања и проценки. Тековните податоци покажуваат дека дефицитот во Буџетот за првата половина од годината достигна близу 225 милиони евра, а планирано било тој за цела година да изнесува 287 милиони евра. Тоа значи дека државата во првата година трошела многу повеќе отколку што прибирала приходи. Ако тоа е случај, тогаш е неминовно да се направи ребаланс и да се кратат некои трошења. И притоа да се објасни зошто се случило да има помалку приходи или зошто се трошело повеќе. Ако не се направи тоа, ќе треба буџетскиот дефицит да биде

многу поголем, што тешко дека ќе се случи, бидејќи поради брзиот раст на јавниот долг, Македонија може да има реални проблеми да се задолжи во странство за да го покрива тој дефицит. Веќе е запалено жолто светло за задолжување на земјата во странство. Останува опцијата да се задолжува на домашен пазар. А тука веќе свети црвеното светло, бидејќи компаниите се толку истоштени и без пари што се пред сериозен ризик да преживеат ако не им биде оставен поголем простор да се задолжуваат кај банките и ако државата продолжи да се задолжува на домашниот пазар како досега. Затоа, на креаторите на економските политики и на буџетот нема да им биде лесно оваа есен. Оти ќе треба да го кратат буџетот, а сепак, да најдат пари за вистински инфраструктурни проекти кои ќе го поттикнат економскиот раст и ќе ја извадат економијата од криза. А с$ посилни се притисоците за предвремени избори. Можеби сепак, токму оваа есен ќе биде жешка.


merkel i dragi ]e ja spasuvaat evrozonata kako xejms bond


фото вест

Капитал број 721 23.08.2013

G

Графит на кој што се претставени претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги и германскиот канцелар Ангела Меркел, во улога на Џејмс Бонд (Драги) и неговата „поубава половина“ (Меркел) го привлече вниманието на минувачите во Франкфурт. Тој не случајно е поставен токму на местото каде што се гради новото седиште на ЕЦБ, банката која ја има главната улога во спасување на презадолжените земји од еврозоната. Овој графит се појавува само неколку дена по објавувањето на веста дека еврозоната и официјално излезе од рецесија во која тонеше шест квартали, или од крајот на 2011 година. Иако станува збор за економски раст од само 0,3%, оваа вест внесува оптимизам дека еврозоната сепак ќе биде спасена. И тоа најмногу благодарение на германската економија која и по натаму останува локомотивата на европската економија. Но, растот на германската економија во вториот квартал од 0,7% е се уште премал за да ја спаси целата еврозона. Затоа многу аналитичари предупердуваат дека е премногу рано за некој да се радува дека ова е дефинитивен крај на кризата. Посебно заради тоа што бројот на невработени европјани се уште е рекордно висок.


Капитал број 721 23.08.2013

www.kapital.mk

10 ...позицијата на капитал...

Има ли кој да ги пополни 400-те празни фабрички хали? Домашните компании ниту најавиле ниту во блиска иднина планираат каква било инвестиција, главно концентрирани на задржување на постојниот обем на работа Верица Јорданова verica.jordanova@kapital.mk

Ф

абричка хала дефинитивно е најмалиот проблем и последен на листата со „главоболки“ на еден инвеститор кој планира нова инвестиција во производство. Најновиот владин проект за олеснување на бизнисот - 400 фабрички хали и објекти кои со мали интервенции може да се стават во функција, најверојатно ќе остане само „Шиндлерова листа“ на македонската неуспешна транзиција. Не затоа што намерите на Владата да ги пополни напуштените фабрики не се искрени, туку поради условите за водење бизнис во Македонија,

кои според многубројните изјави на домашните компании, се сведуваат на голо преживување. Од кои домашни компании да се очекува интерес за земање стари фабрички хали кои би ги претвориле во модерни погони за производство на висококвалитетни и конкурентни производи? Од истите компании кои веќе контуниурано пријавуваат пад на приходите и загуби, кои живеат на инфузија поради екстремно долгите рокови на плаќање коишто ликвидноста им ја сведуваат на нула, кои тешко доаѓаат до евтините кредити на ЕИБ и уште потешко до скапите банкарски заеми... Сопствениците на домашни компании кои со ретки исклучоци, со години не

најавиле, ниту пак, во блиска иднина планираат каква било инвестиција, главно велат дека се концентрирани на задржување на постојниот обем на работа и бројот на вработени. Притоа, проблем не им се административните постапки и процедури, кои сега навистина се скратени и поедноставени, туку непоповолниот амбиент кој воопшто не ги поттикнува домашните компании на инвестирање. Владиниот проект „400 фабрички хали“ само ќе го покаже лицето на неуспешноста на македонската економија во изминатите 20 години и на сите досегашни влади, кои не направија услови за фабриките да продолжат да живеат, туку да се претворат во грдосии кои сега без пари се даваат, а никој не ги сака!

Се подготвува буџет од три милијарди евра. Како ќе се троши?! Буџетот, како годишен план за финансирање на функциите и на обврските на државата, мора да биде развоен. Тоа е неговата првенствена суштинска задача. Која е оправданоста на неговото постоење ако не обезбедува подобро живеење на оние што го полнат?! Александар Јанев aleksandar.janev@kapital.mk

К

ако ќе се потроши секој денар што го собира државата од граѓаните и од компаниите е многу важно и треба да го интересира секој. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, веќе објави во јавноста дека тој и министрите забрзано работат на подготвување на новиот државен буџет за догодина. Иако засега не се откриваат никакви детали, според среднорочните проекции на Министерството за финансии, од Претпристапната економска програма Владата во 2014 година планира да потроши 2,99 милијарди евра. Речиси три милијарди евра!!! Приходите пак, се проектирани да изнесуваат 2,7 милијарди евра. Тоа значи дека и догодина (доколку владините проекции навистина се реализираат) ќе се појави дефицит во државната каса од околу 290 милиони евра. Ако економијата во 2014 година

земе залет како што се очекува, тогаш бројките се во ред. Што е проблематично?! Прво, што постои голема неизвесност дали економијата ќе земе залет и дали ќе се соберат потребните приходи. Второ, лошата поставеност на јавните расходи во буџетот, па тој наместо развоен, има доминантно социјален карактер. Според структурата на сите досегашни буџети, најголем дел од околу 85%-90% од парите се трошеа за тековни потреби, за плати на јавната администрација, пензии, социјални давачки, за стоки и услуги кои не овозможуваат економски развој. Сосема мал дел од државната каса се инвестираше во изградба на модерна патна, железничка, енергетска инфраструктура и поради тоа, земјата во тој домен сериозно заостанува зад сите други на Балканот. Буџетот, како годишен план за финансирање на функциите и обврските на државата, мора да биде развоен. Тоа е неговата првенствена суштинска задача. Која е оправданоста на неговото постоење, од одземањето на дел

од доходите и од трошењето на тие заеднички пари, доколку не обезбедува подобро живеење на оние што го полнат? Главното прашање (кое всушност, се поставува секоја година кога се дебатира за креирањето на државниот буџет) е како да се оствари тоа? Како што постојано сугерираат и бизнисмените, крајно време да се промени структурата на државниот буџет, да се реформира од социјален во развоен, како што со години од нас тоа го бараат ММФ и Светска банка. Нема дилеми дека развој се постигнува кога се инвестираат што повеќе пари во изградба на патишта, железнички пруги, енергетски капацитети, училишта. Капиталните инвестиции ја прават земјата поконкурентна, му овозможуваат на бизнисот подобри услови за работење, на граѓаните поквалитетен живот. Овие реченици можеби станаа клише, но веројатно ќе треба да се повторуваат с$ додека не се реализираат навистина клучните инфраструктурни проекти коишто треба да ја преродат нашата економија.


www.kapital.mk

Капитал број 721 23.08.2013

...позицијата на капитал...

11

Со препорака или без, тешка ни е судбината Ако Македонија се соочи со уште еден преседан и ни биде повлечена препораката, ќе биде ли доволна утехата на премиерот дадена во едно интервју: „Таква ми била судбината, да имам таков мандат“ Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

А

ко е точно тоа дека прашина се крева зад добриот коњ, тогаш с$ поизвесна е придавката која ќе ја опишува оценката за Македонија во овогодишниот извештај на Европската комисија. Тоа јасно ја покажува повлеченоста на ресорните министри задолжени за нашиот напредок кон евроинтеграциите, а богами и резервираноста на Брисел, кој откако максимално се посвети на земјата, по „црниот понеделник“ како да крена раце и немо ги следи случувањата во земјава. Уште пострашно, работите како да се дојдени до тоа дереџе што веќе сеедно е дали официјален Брисел ќе излезе со извештај или не. Оти состојбите во земјава се токолку комплицирани внатре

што навистина, ЕУ во моментов дури и за јавноста не е приоритет. Сиромаштија, економска криза, политички инает, општа депресија, гнев во најмала рака се симптомите со коишто се справува македонското општество доведено до ќор-сокак, а бриселската оценка и ака никогаш вистински не сме ја сфатиле. Таа секогаш беше изгубена во личните интерпретации на едната или на другата партија. Но, секако, нејзината вредност ќе биде многу посуштинска доколку се случи преседан и Брисел одлучи да ја повлече препораката, можност која во моментов е повеќе од реална. Во вакви услови, алибито на премиерот Никола Груевски дека неинтегрирањето на Македонија во ЕУ е резултат на немоќта на големите сили да ја убедат Грција паѓаат во вода. Политичкиот инает и неодлучноста на реформираната опозиција посилно да настапи на политичката сцена не

е проблем создаден од Брисел или од Грција, туку од личните и себични интереси на партиите во земјава. Ако Македонија се соочи со уште еден преседан и биде повлечена препораката, ќе биде ли доволна утехата на премиерот дадена во едно интервју: „Таква ми била судбината, да имам таков мандат“? Оти одземањето на препораката е предизвикана судбина, пред с$ создадена од нас самите, која не само што ќе ја продлабочи политичката криза, туку создава реална можност да доведе до општа државна криза и преиспитување на легитимитетот на дадениот мандат. Црвениот аларм веќе одамна е прегорен од пиштење. Крајно време е политичките партии да ја ресетираат политичката сцена и да се присетат на начелото за одговорно влaдеење во интерес на народот. Оти со препорака или без, едно е сигурно - вака земјата не оди напред.

Ад хок комисијата „вин-вин“ за Брисел Kомисијата за 24 декември за првпат му даде можност на Брисел јасно да ја пренесе пораката до Македонија – дека и првообвинетите и второобвинетите за ситуацијата во земјата се одовде, не од југ, а уште помалку од северозапад Максим Ристески maksim.risteski@kapital.mk

С

е чини дека Европската унија со Комисијата за расветлување на настаните од 24 декември конечно го најде долгобараниот бришан простор за соочување со македонската Влада. Притисокот од Брисел што досега доаѓаше во врска со спорот за името беше компромитиран со очигледноста на онеправданоста на Македонија и најчесто оставаше простор Владата релативно лесно да се ослободува од него вперувајќи го прстот кон Атина. Инсистирањето на реформи исто така се покажа како неефикасно средство за јасно пренесување на европската порака до Македонија, зашто Владата макар во последен момент ќе направаше по нешто под ставката реформи, доволно за од Унијата да не можат да речат

дека не се прави ништо. Формулациите што оставаат многу простор за интерпретации, а со кои во извештаите на Европската комисија се опишува напредокот на Македонија како „мал видлив“, „ограничен“, „умерен“ или „одреден“, & даваа право на опозицијата да тврди дека нема вистински реформи, но и на власта да н$ уверува оти штом нема назадување, мора да има прогрес. Играјќи на картата која деновиве ја опиша поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, со изјавата дека „настаните од 24 декември беа трагичен потсетник на континуираниот неуспех на гарнитурата на Никола Груевски, која не е способна да води дијалог и дебата со сите партии“, Унијата уште на 1 март, со договорот со којшто се стави крај на политичката криза пред локалните избори, го инсталираше средството на притисок кое знаеше дека нема да потфрли, односно дека иако е само врвот на сантата мраз,

недвосмислено ќе покаже до каде паднало нивото на водењето политички дијалог во Македонија, јасно означувајќи ги и првообвинетите и второобвинетите за ситуацијата - сите одовде, никој од југ, а уште помалку од северозапад. Обидот на премиерот и тој да заигра на (досега) сигурната карта „Бранко е крив“ и за блокирањето на Комисијата непосредно пред носењето на нејзиниот извештај овојпат не проработи – остана заканата дека Македонија поради неисполнувањето на првомартовскиот договор, може да ја загуби препораката за почеток на преговорите со Унијата. Денеска е последен ден Комисијата, за која не важи Черчиловото „ако не сакаш да решиш некоја работа, формирај комисија“, да си ја заврши работата – ако не успее, голема е можноста да ја изгубиме препораката. А ако успее, жртвите на двете страни – и кај власта и кај опозицијата - би требало да бидат доволно големи, како што вели народот, „за памет“ за понатаму.


Капитал број 721 23.08.2013

www.kapital.mk

12 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеДелАТА

се намалиле парите што ги праќаат иселениците од дијаспората во Македонија за првите пет месеци од годината, покажуваат последните податоци на Народната банка. Заклучно со мај, на контото дознаки од странство се евидентирани 607,4 милиони евра

На Македонија & се потрeбни луѓе кои знаат да предводат и да водат и во сегашноста, но и во иднината. Ни требаат лидери не само во политиката, туку и во економијата, културата, ЃОРГе ИВАНОВ бизнисот, претседател на Македонија спортот...

> БРОЈКА

9,1%

победник на неделата

ДАНИел СеРВеР

+

Истакнатиот американски професор и експерт за Балканот, Даниел Сервер ги повика Обединетите нации да се повлечат од процесот на решавање на спорот за името меѓу Скопје и Атина и на тој начин да ги поттикнат двете страни на директни преговори, кои би дале подобри резултати. Овој став на Сервер е практички афирмација на она што и македонската Влада го бара во своите последни официјални настапи. Сервер мошне умешно ја анализира проблематиката на спорот, ценејќи дека време е да се постави дилемата дали подготвеноста на меѓународната заедница да посредува помага или само одмага на процесот. „Дали меѓународната заедница воопшто има интерес да посредува толку долго за решавање на спорот, имајќи предвид дека не постои закана од вооружен конфликт околу него?“, со право прашува Сервер. Многу аналитичари и дома, но и надвор го делат мислењето дека директните преговори (на кои грчката страна никако не се согласува) би го олесниле решението - би се подобрила комуникацијата, би се интензивирал дијалогот, би се отвориле можности за да се чуе соговорникот. Добро е што Сервер ја промовира оваа идеја во меѓународните кругови, давајќи & гласност и отворајќи ги опциите и самата ООН да размисли за ваквата можност, со што Атина би морала да се согласи на вистински разговор.

Врвни светски директори доаѓаат од 8 до 10 октомври на самитот македонија 2025 во Охрид

Г

лобалниот инвестициски самит Македонија 2025 годинава ќе се одржи од 8 до 10 октомври во Охрид, а врвни директори од најпознатите светски корпорации како што се Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер веќе го потврдија своето присуство. Од организацијата на самитот велат дека очекуваат голема посетеност на овој самит, како можност домашните бизнисмени да остварат контакти со

НА 5,6 И 7 СепТемВРИ ВО СКОпЈе

Бизнис плус органи регионален бизнис Одбележувањето на првата годишнина од постоењето на регионалниот бизнис-портал Бизнис плус ќе се заокружи со промовирање на Бизнис клуб, во кој ќе членуваат голем број компании од сите земји во регионот. Крајната цел е поголема економска синергија, заеднички настап на трети пазари, искористување на големите шанси кои се пред нив! пишува:

Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Р

егионалниот проект Бизнис плус, кој го издава истоимениот интернет-портал со бизнисинформации од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Словенија на 5,6 и 7 септември во Скопје организира голем бизнис-форум. За време на форумот официјално ќе биде промовиран и првиот регионален бизнисклуб во кој ќе членуваат многу познати и големи компании во регионот. На бизнис-форумот ќе присуствуваат повеќе уредници на регионални медиуми, повеќе од 30 компании од Македонија, како и многу компании од регионот, амбасадори и владини претставници, кои во неколку сесии ќе дебатираат на теми кои се важни за зголемување на економската соработка во регионот. „Каде во регионот можат да се најдат синергии и како да се иницира заеднички настап на компаниите на трети пазари” е една од темите на сесиите на која ќе дебатираат економски експерти од Македонија, претставници од Стопанската

комора на Македонија, Министерството за економија и на македонската Влада. Друга тема за дебата во која меѓу другите, ќе се вклучат и амбасадорите на сите земји од регионот во Македонија ќе бидат шансите за синергија и соработка – кои можности досега биле искористени, каде се тие шанси и како и кога тие да се искористат? Инаку, бизнис-порталот Бизнис плус (www.biznis-plus.com), кој постои веќе една година, секојдневно објавува актуелни, важни и корисни бизнис-информации од сите земји. Ексклузивните и важните информации на Бизнис плус се тимска работа на редакции на медиуми кои имаат важна улога во своите држави: босанско-херцеговскиот дневен весник „Ослобоѓење“, црногорскиот дневен весник „Вијести“, хрватскиот бизнисдневник Business.hr и неделникот „Актуал“; македонскиот „Капитал“, словенечкиот бизнис-дневник „Финанце“ и српскиот неделник „Нови магазин“.


www.kapital.mk

познати менаџери од најуспешните светски компании, како и да ги слушнат нивните размислувања, искуства и бизнис-модели кои ги довеле нивните компании на врвот. „Eдна од главните цели е да ги привлечеме странските инвеститори да дојдат во Македонија“, велат организаторите на Глобалниот инвестициски самит Македонија 2025. Организаторите очекуваат голем број бизнисмени од Македонија, дијаспората и други заинтересирани интернационални инвеститори. Како говорници се најавени Сенди Ог, еден од главните партнери во Блекстоун; Крис Галвин, поранешен прв човек на Моторола; Златко Тодорчевски, главен финансиски директор во Брамблс; Ален Мидлтон, извршен директор на Шулих школата за бизниси, Џон Кол од Бомбардиер.

изира голем с-форум

Капитал број 721 23.08.2013

> БРОЈКА

1,07

милијарди евра изнесуваат вкупните јавни приходи за првата половина од годината, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Резултатите до август ќе покажат дали ќе има потреба да се прави ребаланс или не.

лидери

НАВИГАТОР

13

мисла на неделата

Понекогаш кога иновирате Правите и грешки. најдобро е да ги Признаете и да Продолжите да ги Подобрувате вашите иновации.

Стив Џобс основач на Епл

губитник на неделата

ВАљОН сАРАќИНИ

М

инистерот за економија одлучи да се отвори кон бизнисот и секој прв понеделник во месецот да се среќава со компании. Треба само добро да слуша и да делува

ЖИВКО МуКАеТОВ

П

рвиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов, за неговите досегашни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност годинава е добитник на наградата „Мајка Тереза“

не им беше неделата

БОЖИдАР дИМИТРОВ

Б

угарскиот историјант повторно ниско лета. Изброил 120 илјади Бугари во Македонија, а пет илјади Македонци во Бугарија. Кој идиот ли кажал дека македонското малцинство не се признава во Бугарија?

ИВО ИВАНОВсКИ

З

а министерот што бараше крај за турското ропство во Македонија, односно намалување на застапеноста на турските серии сега нема проблем и турските серии да се сметаат за македонски аудио или аудиовизуелни дела

_

МОхАМед МОРсИ Воената власт во Каиро му го продолжи притворот на неодамна соборениот од власт египетски претседател Мохамед Морси за уште 15 дена. Сепак, ова е само формална одлука, бидејќи сите знаат дека Морси ќе остане во притвор уште многу долго, односно додека војската ги држи главните конци во Египет. А што толку згреши Морси, па него да го прогонува целата египетска армија и половина од неговиот народ? Неговата најголема грешка е што ги издаде принципите поради кои ја доби поддршката од народот и поради кои дојде на власт. Да потсетиме, народот се одлучи за Морси поради ветувањата дека ќе го реформира Египет по падот на Мубарак во современа и слободна земја. Наместо тоа, Морси целосно се посвети на исламизација на државата и враќање на истата во мрачната доба на владеење на шеријатското право. Тоа не му беше доволно на Морси, па успеа да направи и регионални проблеми отворено посегајки по израелските територии во регионот и поддржувајки ја исламистичката опозиција во Сирија. На крај успее да стана жртва на оние коишто го донесоа на власт. Отворената или затскриена поддршка на Западот за власта на Морси се претвори во исто таква премолчена поддршка за воениот удар на египетската армија, која го собори од власта. За трагедијата да биде уште поголема, истиот тој соборен Морси наместо да ги смирува тензиите во Египет, очекува и бара да се врати на власт преку улична демократија, која само досега резултира со илјадници мртви и ја продолжи веќе неколкугодишната безбедноснополитичка агонија на Египет.


Капитал број 721 23.08.2013

14

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата...

3 фаКти Кти за... К

19,1%

Македонските пензии најниски на Балканот Просечни примања (евра)

278 171

144

310

219

Македонија

Босна и Србија Црна Гора Хрватска Херцеговина о државите на Балканот просечните примања на пензионерите се значително пониски од и така ниските просечни примања на останатите граѓани. На графикот може да се види дека македонските пензионери имаат просечно најниски пензии во споредба со своите соседи, додека хрватските убедливо водат со највисоки просечнии пензии во износ од 310 евра.

В

светот низ медиумите... Time

америка одбележува годишнина од легендарниот говор на Мартин лутер Кинг во кој отворено зборуваше за дискриминацијата на афроамериканците во С а Сад. Магазинот потенцира дека америка толку созреа за пет децении што денешниот американски претседател е токму афроамериканец. lll

10,6% 9,8%

е падот на трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во јуни годинава е намален прометот на мало со непрехранбени производи, освен горива

е зголемен прометот со автомобилски горива во споредба со лани

изВештајОт На ОН Нé зацВРСти На дНОтО

Македонија со најма странски инвестици

The Economist

лондонскиот магазин ја анализира катастрофалната состојба во египет. земјата е буквално растргната меѓу двете фракции кои се борат за и против исламизација на државното уредување. исходот с$ уште е неизвесен. lll

Словенија

145

милиони долари

Хрватска

1,25

милијарди долари

Der Spiegel

Германскиот магазин анализира еден од најголемите социолошки проблеми на денешницата, односно меѓу современите родители и нивните напредни деца. експертите кои ги консултира магазинот предупредуваат дека е потребен сосема нов пристап во воспитувањето на младите. lll

Србија

352

милиони долари

БиХ

633

милиони долари

Haaretz

израел стравува од прелевање на египетскиот конфликт на палестинските територии кои се под контрола на израел. Безбедносните експерти велат дека израел отворено треба да го помогне воениот режим во Каиро како долготрајна гаранција за мир во регионот. lll

Косово Црна Гора

609

298

милиони долари

милиони долари

Македонија

132

милиони долари

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

1

Богов: Економскиот раст од 2,2 проценти ќе се оствари

2 „Кјуби Македонија“ се ребрендира во „Осигурување Македонија“

3 Стотици загинати во судирите во Египет

4 Српската пченка евтина поради лошиот квалитет

пишува:

александар јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

С

транските директни инвестиции во Југоисточна Европа лани се намалиле за 41,2%, а голем негативен придонес во овој резултат има и Македонија, покажа последниот извештај на Агенцијата за трговија и развој на ОН. Како


МБИ10

2,900

МБИД

2,700 2,500 2,300

60 секунди брифинг

www.kapital.mk

2,100 1,900

прОЦенки...

ТОп ВесТи...

ВОЛфганг ШОЈбЛе

министер за финансии на Германија

на грција ќе & треба трет пакет-помош

„Грција и во 2014 година ќе има потреба од помош од меѓународните партнери“, прогнозира германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле. Тој наведе дека веднаш ќе побара да има програма за помош за Грција, притоа додавајќи дека најверојатно нема да има ново простување на грчкиот долг. Ова е првпат Шојбле да признае дека на Грција и понатаму ќе & треба финансиска помош.

алку ии на Балканот Сите земји на Балканот лани привлекле повеќе странски инвестиции отколку Македонија. Така, на врвот на листата е Хрватска, со евидентиран најголем прилив на странски инвестиции во вредност од 1,25 милијарди долари, а на дното е Македонија, со 132 милиони долари што е познато, салдото на странски инвестиции лани изнесуваше само 132 милиони долари, што е најлош резултат споредено со другите балкански земји. Сите земји од на Балканот во текот на минатата година привлекле повеќе странски инвестиции отколку Македонија. Така, лани во Хрватска е евидентиран најголем прилив на странски инвестиции во вредност од 1,25 милијарди долари, во Албанија 957 милиони долари, во Црна Гора 609 милиони долари, во Босна и Херцеговина 633 милиони долари, во Србија 352 милиони долари, во Косово 298 милиони долари и во Словенија 145 милиони долари. Дното на листата е веќе познато. Изминатиот период Владата преземаше многу активности за привлекување странски директни инвестиции поради очекуваниот позитивен ефект врз

1,700 06/10

домашната економија, но извештајот на ОН покажа дека кризата значително се одразила врз намалувањето на странските директни инвестиции. Владините делегации ја превртеа километражата до двата краја на светот во потрага по странски инвеститори, но салдото минатата година почесто беше во минус отколку во плус. Милиони евра се одлеаја од земјава бидејќи странските компании што работат во земјава во време на голема криза во Европа ги финансираа своите матични фирми. Според проценките на Народната банка, кога би немало одливи, приливот на странски инвестиции лани би бил околу 200 милиони евра. Економистите коментираат дека дел од причините за одливот на капитал од странските компании коишто работат овде може да се лоцира и во условите за водење бизнис.

над 400 празни хали ќе се нудат на инвеститори

12/10

05/11

10/11

03/12

09/12

берза

мби 10

О

2,900

д средината на 2,700 идниот месец ќе биде 2,500 отворена интернет2,300 страница со детални 2,100 МБИ 10 1,900 информации за најмалку 1,700 400 неискористени хали МБИ 10 1.617,01 и објекти во Македонија 2010/2012 Max. 2,827.62 МБИ 10 1.617,01 МБИ 10 кои наскоро ќе бидат 2010/2012 Min. 1,808.47 2010/2012 Max. 2,827.62 ставени во функција и ќе 1.617,01 1.617,01 2010/2012 Min. 1,808.47 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК им бидат на располагање Главниот Македонската 2010/2012 2010/2012 Max. Max. 2,827.62 2,827.62 УНИ Банкаиндекс на на потенцијалните НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК берза, МБИ-10, доживува 2010/2012 2010/2012 Min. целомесечен Min. 1,808.47 1,808.47 МБИ 10 инвеститори. МБИ 10 континуиран пад на вредноста која за УНИ Банка МБИ 10 961,00 истиот МБИ 10период е намалена за повеќе Како што соопшти од 5%. Барем засега не се чувствуваат НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК ДОБИТНИК 961,00 +19,98% 1.617,01 1.617,01 1.617,01 премиерот Никола Груевски,УНИ Банка МБИ 10 ефекти од долго и помпезно никакви УНИ Банка 2010/2012 Max. на+19,98% 2,827.62 1.617,01 најавуваното раздвижување 2010/2012 Max. 2,827.62 2010/2012 Max. 2,827.62 станува збор за проект 2010/2012 Min. 1,808.47 берзата, коешто требаше да го донесе НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 2010/2012 Min. 1,808.47 2010/2012 Min. 1,808.47 2010/2012 Max. 2,827.62 1.617,01 961,00 кој Владата го подготвува 961,00 задолжителната котација на компаниите. 2010/2012 Min. 1,808.47 Комерцијална банка АД Скопје НАЈГОЛЕМ 2010/2012 2,827.62 НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ДОБИТНИК Max. неколку месеци, а целта +19,98% +19,98% НАЈГОЛЕМ 2010/2012 Min. 1,808.47 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Комерцијална банка АД Скопје УНИ БанкаДОБИТНИК 1.974,00 е да им се овозможат НАЈГОЛЕМ УНИ Банка УНИ Банка ДОБИТНИК 1.974,00 961,00 НАЈГОЛЕМ УНИ Банка ДОБИТНИК на инвеститорите -1.00% НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ГУБИТНИК 961,00 УНИ Банка 961,00 +19,98% комплетни податоци за Комерцијална Комерцијална банка АД Скопје банка АД Скопје-1.00% 961,00 +19,98% +19,98% 961,00 расположливите капацитети +19,98% DOW JONES ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ 1.974,00 веднаш, на едно место, без 1.974,00 +19,98% DOW JONES Комерцијална банка АД Скопје НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК да талкаат по шалтери и -1.00% Комерцијална банка АД Скопје -1.00% НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 1.974,00 Комерцијална банка АД Скопје НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК најразлични служби. Комерцијална банка АД Скопје 06/10 12/10 05/11 10/11 03/12 09/12 02/13 07/13

ифЦ и Охридска банка се здружија за поддршка на трговците во македонија

Комерцијална банка АД Скопје 1.974,00 1.974,00 1.974,00 1.974,00

DOW JONES DOW JONES 16,000

16,000 15,000 14,000

И

16,000

15,000 DOW JONES 15,000

14,000

-1.00%

-1.00%

-1.00%

-1.00% -1.00%

14,000

DOW JONES

JONES JONES DOW

13,000

13,000 DOW

DOW JONES JONES DOW 12,000 12,000 16,000 11,000 11,000 16,000 15,000 10,000 10,000 15,000

07/11 10/11 10/1101/12 01/1204/12 04/1207/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13 07/11 10/12 01/13 04/13 07/13

14,000 14,000 16,000

13,000 16,000 13,000 15,000 16,000 16,000 12,000 15,000 14,000 12,000 12,000 15,000 15,000 11,000 14,000 13,000 11,000 11,000 14,000 14,000 10,000 13,000 12,000 07/11 10/11 01/12 04/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13 13,000 10,000 10,000 13,000 12,000 07/1111,000 10/11 01/12 07/11 04/12 10/11 07/12 01/12 10/12 04/12 01/13 07/12 04/13 10/12 07/13 01/13 04/13 07/13 12,000 12,000 11,000 10,000 11,000 07/11 10/11 01/12 04/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13 10,000 11,000 -70,73 -0,47%

13,000

ФЦ, членка на групацијата на 15.010,74 Светска банка, и 15.010,74 Охридска банка влегоа -70,73 -0,47% 10,000 10,000 07/11 10/11 01/12 04/12 07/12 10/1201/13 01/1304/13 04/1307/13 07/13 Индексот Dow01/12 Jones на07/12 Њујоршката во партнерство со цел да 07/11 10/11 04/12 10/12 берза веќе две недели има надолен го зголемат пристапот до ДРУГИ ПАЗАРИ тренд и неодамна ја допре психолошката 15.010,74 ДРУГИ ПАЗАРИ вредност од 15.000 индексни финансии и да ја поттикнат FTSE 100 -70,73 6.428,82 поени, -0,57% која100 ја проби за прв13.396,38 и6.428,82 историски-0,47% пат.-2,63% По FTSE -0,57% Nikkei225 меѓународната трговија на 15.010,74 15.010,74 речиси целогодишен13.396,38 континуиран раст Nikkei225 -2,63% S&P 500 1.646,06 -0,59% 15.010,74 на берзата, ова е прв негативен сигнал малите претпријатија во 15.010,74 -70,73 -70,73 3.589,09 ДРУГИ ПАЗАРИ -0,47% -0,38% -0,47% S&P 500 1.646,06 Nasdaq дека се-70,73 можни и поголеми загуби за -0,59% -0,47% -70,73 -0,47% Македонија. Nasdaq 3.589,09 -0,38% DAX 8.293,77 -0,87% инвеститорите. FTSE 100 6.428,82 -0,57% 15.010,74 TOPIX 1.125,27 -2,08% DAX 8.293,77 -0,87% ИФЦ и додели на Охридска Nikkei225 13.396,38 -2,63% -70,73 -0,47% -0,47% TOPIX 1.125,27 -2,08% ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ S&P 500 1.646,06 -0,59% други пазари ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ банка кредитна линија од 10 Nasdaq 3.589,09 -0,38% милиони долари во рамкитеFTSE 100 ВАЛУТИ FTSE 100 6.428,82 6.428,82 -0,57% DAX 8.293,77 -0,87% FTSE 100 6.428,82 -0,57% FTSE 100 6.428,82 -0,57% -0,57% ДРУГИ ПАЗАРИ TOPIX 1.125,27 -2,08% Nikkei225 13.396,38 -2,63% ДРУГИ ПАЗАРИ Nikkei225 13.396,38 13.396,38 -2,63% Nikkei225 13.396,38 -2,63% -2,63% на Глобалната програма за Nikkei225ВАЛУТИ S&P 500500 1.646,06 -0,59% евро долар 500 1.646,06 -0,59% Фунта евро 1.646,06 S&P 1.646,06 -0,59% -0,59% FTSE 100 6.428,82 -0,57% финансирање на трговскотоS&P 500 S&P FTSE 100 6.428,82 -0,57% Nasdaq 3.589,09 -0,38% Nasdaq 3.589,09 -0,38% Nasdaq Фунта Nasdaq 3.589,09 -0,38% -0,38% Nikkei225 13.396,38 -2,63% евро долар СТАПКА СТАПКА евро 3.589,09 ВАЛУТИ DAX 8.293,77 -0,87% Nikkei225 13.396,38 -2,63% работење (GTFP). DAX 8.293,77 -0,87% DAX DAX 8.293,77 8.293,77 -0,87% -0,87% S&P 500 1.646,06 -0,59% TOPIX 1.125,27 -2,08% S&P 500 1.646,06 СТАПКА -0,59% 1.3384 1,1705 СТАПКА TOPIX 1.125,27 -2,08% GTFP го поддржува Nasdaq -0,38% TOPIX ПРОМЕНА TOPIXевро 1.125,273.589,09 1.125,27 -2,08% -2,08% евро долар Фунта Nasdaq 3.589,09 -0,38% ПРОМЕНА 1.3384 1,1705 DAX 8.293,77 -0,87% трговското работење на СТАПКА СТАПКА DAX 8.293,77 -0,87% -0,17% -0,15% ВАЛУТИ TOPIX 1.125,27 ПРОМЕНА -2,08% ПРОМЕНА ВАЛУТИ растечките пазари преку TOPIX 1.125,27 1.3384 -2,08% 1,1705 ВАЛУТИ ВаЛуТи ВАЛУТИ -0,17% -0,15% ПРОМЕНА ПРОМЕНА обезбедување делумни евро долар Фунта евро евро долар Фунта евро -0,17% -0,15% ФЈУЧЕРСИ ВАЛУТИ или целосни гаранции за Фунта евро СТАПКА СТАПКА ВАЛУТИ евро долар евро долар Фунта евро СТАПКА СТАПКА индивидуални трговски 1.3384 1,1705 ФЈУЧЕРСИ евро долар Фунта евро СТАПКА ЗЛАТО СТАПКА СТАПКА СТАПКА 1.3384 1,1705 ПРОМЕНА ПРОМЕНА трансакции што имаат евро долар ФЈУЧЕРСИ Фунта евро ПРОМЕНА ПРОМЕНА СТАПКА СТАПКА 1.3384 1,1705 -0,17%1.3384 -0,15% кредитен рејтинг „ААА„ од 1,1705 ЗЛАТО СТАПКА СТАПКА 1.364,40 -0,15% ПРОМЕНА ЗЛАТО ПРОМЕНА ПРОМЕНА -0,17% ПРОМЕНА 1.3384 1,1705 ИФЦ. -0,10% 1.3384 1,1705 ПРОМЕНА ПРОМЕНА -0,17% -0,17% -0,15% -0,15% 1.364,40 Со поддршката од ИФЦ, ФЈУЧЕРСИ ПРОМЕНА ПРОМЕНА 1.364,40 -0,17% -0,15% -0,10% ФЈУЧЕРСИ Нафта Брент -0,10% Охридска банка ќе биде -0,17% -0,15% ЗЛАТО во можност да обезбеди ФЈУЧЕРСИ109,44 ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Нафта Брент фЈуЧерси Нафта Брент ФЈУЧЕРСИ дополнително финансирање 1.364,40 -0,42% ФЈУЧЕРСИ 109,44 за своите трговски клиенти,ЗЛАТО 109,44 -0,10% 1.364,40 ЗЛАТО зЛаТО ЗЛАТО -0,42% особено за малите и -0,10% -0,42% ЗЛАТО Нафта Брент средни претпријатија со 1.364,40 1.364,40 1.364,40 Нафта Брент 109,44 потенцијал за раст кои се 1.364,40 -0,10%-0,10%-0,10% -0,42% активни во енергетскиот, -0,10% 109,44 металуршкиот, Нафта Брент Нафта Брент Нафта Брент -0,42% нафТа бренТ Нафта Брент рударскиот, текстилниот, 109,44 109,44 109,44 прехранбениот, 109,44 -0,42%-0,42%-0,42% индустрискиот и -0,42% транспортниот сектор. 07/11 10/11 01/12 04/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13

£ €

€ $

пОдаТОЦиТе се Од ден 10.07.2013 дО 15ч.

3,300 3,100 2,900 2,700 2,500 2,300 2,100 1,900 1,700 07/10 10/10 02


Капитал број 721 23.08.2013

16 cover story: Дали слобоДната трговија во р

Balkanot vleguva vo trgovska vojna!?

6,1%

e намалена тр вијат а на Македонија го со ФТА земјите во првиЦЕ 4 месеци годинате ва

229,6

милиони долари е ув озот во Македонија ФТА земјите во првитеод4ЦЕ сеци (10,9% од вкупниот ме увоз)

87,3

милиони дола е из возот на Македонија ри во Косово во првите 4 месеци , во рамки на ЦЕФТАназејголем мјите

155,8

милиони долари е ув озот на Македонија од бија во првите 4 месеци, Ср на лем од ЦЕФТА земјитјго е


www.kapital.mk

Капитал број 721 23.08.2013

17

регИонот ЦеФта е слобоДна пишува:

Македонија и Србија „водат војна“ за условениот увоз на српска пченица и брашно, Хрватска, довчерашната членка на ЦЕФТА, сега на ЕУ, има проблем при извозот на месни преработки од триесетина нејзини фабрики во БиХ, додека оваа последната пак, најавува нова акцизна политика за пивото, што ќе ги погоди пиварниците од Србија кои таму имаат голем извоз. Ова се најактуелните проблеми меѓу членките на ЦЕФТА во меѓусебната трговија, коишто се закануваат да прераснат во трговски војни, а с$ поради штитењето на сопствените производители. Македонските бизнис-комори сметаат дека ситуацијата не е драматична и с$ ќе се среди. Ги повикуваат своите членки да работат на зголемување на својата конкурентност, затоа што на долг рок заштитата од државата не е одржлива. Тоа е така само во теоријата. Во практика, секоја земја бара секаков начин за да ги заштити домашните економии и да го поттикне извозот

аКтуелнИ ПроблемИ во рамКИте на ЦеФта

256,2

милиони долари е из возот на Македонија ФТА земјите во првитево4ЦЕ месеци (19,5% од вкупниот из воз)

XX Проблем со условениот увоз на пченица и на брашно од Србија во Македонија, кој почна на 1 јули XX Босна и Херцеговина забрани увоз на месо и на месни преработки од педесетина хрватски производители коишто немаат европски извозен број XX Босна и Херцеговина најави нови акцизи на пивото, што ќе ги погоди српските пиварници-извознички на тој пазар XX Косово не дозволува увоз на масло за јадење од Србија

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Ц

фотографија:

фотоархива на Капитал

аринска војна против Србија“, „БиХ воведува акцизи за српското пиво“, „Соседите с$ почесто ни го ограничуваат извозот“, „Сакаат преку леб погача“... Ова се само дел од насловите коишто последниве неколку дена можевме да ги видиме на балканските интернет-страници, а се однесуваат на сопките што си ги прават меѓусебе земјите-членки на ЦЕФТА (Централноевропскиот договор за слободна трговија, моментални членки се: Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Молдавија) при протокот на стока меѓу нив. Најнов пример е најавата на Босна и Херцеговина дека ќе воведе акцизи за пивото од Србија, односно ќе го менува начинот на пресметување на акцизите, со што оваа давачка ќе биде повисока за извозниците од Србија и тие индиректно ќе бидат дискриминирани. Белград веќе ја алармираше Европската унија за оваа намера на своите соседи и српската власт вели дека на овој начин се крши договорот ЦЕФТА, затоа што постои забрана за фискална дискриминација меѓу домашните и странските производители. „БиХ на овој начин сака да ги заштити домашните помали производители, постигнувајќи пониска цена на нивното пиво од конкуренцијата на штета на големите производители од Србија коишто на пазарот на БиХ извезуваат завидни количини пиво“, изјавија од српското Министерство за трговија. Стручната јавност во Србија смета дека тоа што Србија ја алармирала ЕУ не значи многу, затоа што таа не е нејзина членка, но олеснителна околност е што големите пиварници во Србија се дел од мултинационалните компании коишто сигурно ќе се обидат да го решат тој проблем. Случај којшто почна пред овој со српското пиво и Босна, а с$ уште е актуелен, е со српските протести поради условениот увоз на пченица и брашно во Македонија – мерка којашто почна да се спроведува од 1 јули годинава. Веќе четврта година по ред Македонија го ограничува српскиот извоз на брашно и пченица. Причина е што српското брашно чини 210 евра по тон, додека македонското е 225 евра. На тој начин Македонија ги штити домашните производители, за што Србија обвини дека земјава го прекршува договорот ЦЕФТА, додека од македонската Влада одговорија дека земјава според меѓународните норми има право да реагира во случај кога е можно сериозно и нарушување на пазарот. „Србија е пријателска земја со којашто имаме одлична трговска соработка и очекуваме да ги разберат нашите аргументи во случајов“, изјави кон средината на јули портпаролот на македонската Влада, Александар Ѓорѓиев. Веднаш потоа во Скопје се сретнаа македонска и српска владина делегација за да го решат проблемот. Од македонска страна заклучокот беше дека државата е подготвена за евентуална измена на времената мерка за условен увоз на пченица и брашно по надминувањето на нарушувањето на пазарот. Но, српските медиуми пренесоа за македонско ветување дека мерката за ограничен увоз на пченица ќе се укине до 15 август, а за брашното до 1 септември. Сепак, од македонска страна најновата информација е дека засега нема повлекување на одлуката, односно додека не заврши откупот на домашна пченица. Србија


Капитал број 721 23.08.2013

18 cover story: Дали слобоДната трговија во р сава Димитрова

ЉубиЦа нури

о моментов немаме поголеми опструкции, проблеми и сл. при извозот во земјите од ЦЕФТА. Ако зборуваме за минатото, сме се соочувале со многу пречки, како блокиран извоз за Косово со денови, пресложени царински процедури и контроли кон Србија и банални прописи кои целосно го кочеа извозот во Словенија. Со текот на годините сите тие бариери се надминаа.

ажно прашање е колку има политичка волја кај државите потписнички на ЦЕФТА за тоа колку тие навистина сакаат слободна трговија. Речиси сите влади сакаат со разни мерки да го штитат домашното производство, но тоа е погрешно, затоа што на тој начин на долг рок се намалува конкурентноста на компаниите. Многу од тие мерки се во полза на индивидуални компаниски или други интереси, но тоа не е одржливо. Колку повеќе се доближуваме до ЕУ, ќе се намалат шансите за таков вид бариери.

Стопанска комора на Македонија

фабрика Европа

В

етикетите како ‘Македонско бело’ или ‘Македонско црвено’, дури и слоганот на една од винарниците беше доведен во прашање бидејќи ја содржи придавката ‘Македонско’“, објаснува Петрушев. Според него, она што во моментов

пак, с$ уште калкулира, односно стои заканата дека ќе воведе реципрочни мерки за увоз на македонски производи на нејзина територија, при што најзагрозени се македонското вино и доматите.

Хрватите (беа) најумешни во поставувањето нецарински бариери?

В

Ова се само најсвежите примери на ситуации кога се заканува трговска војна меѓу државите-членки на ЦЕФТА поради (наводно) прекршување на договорот за слободна трговија. Проблеми при извозот во некоја од земјите од ЦЕФТА имале и имаат и македонските компании. Особено се засегнати извозниците на земјоделски производи, вино и преработени прехранбени производи. Ѓорѓи Петрушев, директор на здружението Вина од Македонија, вели дека проблемите со коишто се соочуваат извозниците на вино во вид на нетарифни бариери најчесто се следниве: бавно или одложено спроведување на административните процедури на граница, барање за издавање разни согласности, непризнавање на сертификатите за квалитет и на техничките стандарди издадени од Македонија итн. „Еден од проблемите со коишто се соочуваа македонските винарници пред влезот на Хрватска во ЕУ беше распределбата на квотите бесцарински увоз на македонско вино од страна на надлежните органи во Хрватска. Со влезот на оваа земја во ЕУ проблемот е надминат. Друг проблем кој беше актуелен на почетокот на оваа година е забраната за увоз на македонско вино во Србија доколку истото е обележано на

претставува потенцијална опасност се реципрочните мерки коишто ги најави Србија како одговор на условениот увоз на пченица и брашно во Македонија, кој с$ уште е на сила. “Доколку Србија ги оствари овие најави,

Додека гледаме на исток, го губиме регионот

П

одатоците за трговската размена на Македонија покажуваат дека македонските компании се недоволно позиционирани на пазарите во регионот. Иако со сите земји од регионот Македонија има договори за слободна трговија и бесцарински извоз, eдвај 20% од вкупниот извоз на македонските компании завршува на регионалните пазари. Последните податоци покажуваат дека во првите три месеци од годинава дури 72,4% од вкупниот извоз на земјава завршил на пазарите од Европската унија, а само 18,8% во балканските земји. Должничката криза во Европа, која ја намали побарувачката на западните пазари, не ги натера компаниите поагресивно да се насочат кон освојување на земјите од Балканот. Напротив, податоците покажуваат дека извозот во регионот во првите три месеци од годинава е помал за 15,6% во споредба со извозот во регионот во првите три месеци лани. Ако порано околу 30% од вкупниот извоз се пласираше во земјите од регионот, сега едвај 20% од вкупно извезените производи се продаваат во регионот. Доколку се анализира трговската размена по држави, ќе се види дека Македонија бележи огромен трговски дефицит со сите земји од регионот, освен со Косово. Србија, Словенија, Бугарија и Грција многу полесно го освојуваат македонскиот пазар отколку што македонските компании ги освојуваат нивните купувачи. За ваквиот негативен тренд најчесто причините се бараат во административните бариери кои произлегуваат од непочитување на бесцаринските договори, иако овие држави се членки на ЦЕФТА, како и во силната конкуренција од трети држави кои извезуваат во регионот, а имаат субвенциониран извоз. Од друга страна, експертите, но и самите бизнисмени сметаат дека потенцијалот за поголем извоз во земјите од регионот е огромен поради близината, добрите транспортни врски, кои овозможуваат обезбедување нарачки за брзо време, но и поради менталитетот, кој е сличен на македонскиот. Зошто досега овие поволности не се докрај искористени?! Некои бизнисмени тврдат дека конкуренцијата на овие пазари е с$ поголема и тие тешко се пробиваат. Други пак, сметаат дека проблемот е во тоа што производите коишто доаѓаат од Македонија не се доволно квалитетни за да бидат конкурентни.

ИЗВОЗ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (2008-2012) ВО УСД 2009 83.972.415

2010 72.384.494

2011 87.052.371

Хрватска

152.738.803

123.729.310

139.622.339

98.499.711

-35,51%

Србија

337.811.431

271.817.297

333.365.855

295.271.995

-12,59%

24.881.686

27.435.015

34.240.323

31.378.586

26,11%

314.589.811

437.911.303

34.240.323

392.352.577

24,72%

Црна Гора Косово Босна и Херцеговина Западен Балкан, Тотал Извор: Државен завод за статистика

2012 75.639.267

Промена (2008-2012) -9,92%

Земја Албанија

86.724.302

84.951.484

93.091.857

84.542.371

-2,52%

1.000.718.447

1.018.228.903

1.228.225.301

977.684.507

-2,30%


www.kapital.mk

регионот ЦеФта е слобоДна мирче чеКреџи

19

ЃорЃи Петрушев

сојуз на стопански комори

Ц

вина од Македонија

В

елата фама околу евентуална трговска војна меѓу членките на ЦЕФТА е медиумски надуен проблем, кој брзо ќе се реши во сестран интерес на сите земји во рамките на оваа групација. Тоа го потврдуваат и реакциите на нашите членки, кои засега немаат пријавено никаков поголем проблем при извозот во регионот што излегува од секојдневните помали проблеми кои се случува и досега.

тоа ќе има многу негативен одраз врз продажбата на македонското вино. Ова особено се однесува на флашираното брендирано вино за кое Србија е клучен извозен пазар, за кој не може да се најде соодветна замена на краток и среден рок“, вели Петрушев. Како „најагилен“ креатор на нетарифни бариери кон останатите членки на ЦЕФТА, додека и самата беше членка на оваа организација (пред да влезе во ЕУ на 1 јули годинава), од страна на македонските компании беше посочувана Хрватска, за што дури и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, му напиша писмо на својот хрватски колега Надан Видошевиќ. „Бизнис-заедницата на Република Македонија одамна ја постави тезата дека Владата на Република Хрватска е најумешна од сите влади на земјитечленки на ЦЕФТА во поставувањето на нетарифните бариери во функција на заштитата на домашните производители. Во согласност со обврската за почитување на одредбите на договорот ЦЕФТА, целосно ја оспорував истата, но воведувањето на дополнителната давачка при увозот на македонскиот производ ‘цевитана’, спротивно на одредбите на ЦЕФТА, ја оспорува доследноста на хрватската страна“, реагираше Азески минатата година. Да појасниме, се работеше за воведената дополнителна давачка, таканаречена „трошарина“ од околу 0,7 евра/кг на македонскиот производ „цевитана“, со што стана понеконкурентна на хрватскиот пазар од нивната „цедевита“. Тоа се случи кога наведениот производ има најголема потрошувачка во текот на годината, па укинувањето на истата по завршувањето на летниот период во Витаминка го сметаа како дел од сценариото на наведената бариера.

Капитал број 721 23.08.2013

о моментов потенцијална опасност се реципрочните мерки кои ги најави Србија како одговор на условениот увоз на пченица и брашно во Македонија, кој с$ уште е на сила. ��околку Србија ги оствари овие најави, тоа ќе има многу негативен одраз врз продажбата на македонското вино. Ова особено се однесува на брендираното вино во шишиња, за кое Србија е клучен извозен пазар, за којшто не може да се најде соодветна замена на краток и на среден рок.

Хрватска ја наПушти ЦеФта KаКо ќе тргуваме со нив сега

С

о членството на Хрватска во ЕУ економската и трговската соработка со Македонија продолжува во согласност со одредбите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ. Тоа значи дека освен во делот на индустрискиот сектор, каде што веќе имаме целосна либерализиција и со ЕУ и со Хрватска, се отвораат нови поголеми шанси за македонските земјоделски производи. Од една страна, оние производи за кои досега важеа квоти сега слободно ќе се извезуват, а од друга стана, многу хрватски прехранбени производи кои досега се пласираа без царина на нашиот пазар сега ќе бидат оптоварени со царина. Поради тоа, Министерството за економија очекува до крајот на годинава македонскиот извоз во Хрватска да се зголеми за околу 2%! Притоа, растот на извозот на македонските земјоделски производи во Хрватска се очекува да биде околу 20%!

Потсетување: КаКо настана ЦеФта

П

рвобитниот договор ЦЕФТА (Central European Free Trade Agreement) беше потпишан од т.н. Вишеградска група земји (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка) кон крајот на 1992 година. Стапи на сила во 1994 година. Преку ЦЕФТА, овие земји ги мобилизираа своите напори за интегрирање во ЕУ, а подоцна кон ЦЕФТА се приклучија Словенија (1996), Романија (1997), Бугарија (1999) и Хрватска (2003) и Македонија (2006). Сите членки на првобитниот ЕФТА договор станаа членки на ЕУ и ја напуштија ЦЕФТА. Затоа беше одлучено ЦЕФТА да се прошири и да ги опфати остатокот од балкански држави, кои што ја имаа комплетирано матрицата на билатерални договори за слободна трговија во рамки на Пактот за стабилност на југоисточна Европа. На 6 април 2006 година, на Самитот на премиери на југоисточна Европа беше потпишана заедничка декларација за проширување на ЦЕФТА со Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија, Црна Гора и Унмик во име на Косово. Договор за ново проширување беше инициран во ноември истата година во Брисел и потпишан еден месец потоа. Спогодбата стапи во сила во јули 2007 за Албанија, Косово, Македонија, Молдавија и Црна Гора, во август за Хрватска, во октомври за Србија и во ноември за Босна и Херцеговина. Хрватска со влегувањето во ЕУ на први јули годинава, ја напушти ЦЕФТА.

ССК: Наводната трговска војна во рамките на ЦЕФТА е надуен медиумски балон Од Стопанската комора инаку, велат

дека нецарински бариери во трговијата меѓу членките на ЦЕФТА имало и ќе има и дека некои се пријавуваат од компаниите, некои не.


Капитал број 721 23.08.2013

20 cover story

„За мене важно прашање е колку има политичка волја кај државите потписнички на ЦЕФТА за тоа колку тие навистина сакаат слободна трговија. Речиси сите влади сакаат со разни мерки да го штитат домашното производство, но тоа е погрешно, затоа што на тој начин на долг рок се намалува конкурентноста на компаниите. Многу од тие мерки се во полза на индивидуални компаниски или други интереси, но тоа не е одржливо. Колку повеќе се доближуваме до ЕУ, ќе се намалат шансите за таков вид бариери“, смета Љубица Нури, виш советник на Управниот одмор на Стопанската комора. Од Комората сметаат дека еден од примерите на непродуктивна заштита на домашните производители е токму со македонската пченица и брашно. „Ние испративме неколку писма до Владата, каде што

www.kapital.mk

се залагаме дека еднаш мора да се направи рез и да се работи на зголемувањето на конкурентноста на домашните производители на пченица (преку современи агротехнички мерки, окрупнување на земјоделските површини, осигурување на посевите итн.), а не да се заштитуваат со тоа што домашните мелничари секоја година ќе бидат присилени да купуваат поскапа пченица од нив. Не можеме со принос од 2-3 тони по хектар наспрема 6-7 од Србија и од Хрватска да бидеме конкурентни со цените на пченицата“, сметаат во Стопанската комора. И останатите претставници на бизнис-секторот со коишто контактиравме сметаат дека нема потреба да се драматизира поради актуелните проблеми меѓу одделни членки на ЦЕФТА. Мирче Чекреџи, заменик-претседател на Сојузот на стопански комори, смета дека целата фама околу евентуална трговска војна меѓу членките на ЦЕФТА е „медиумски надуен проблем кој брзо ќе се реши во сестран интерес на сите земји во рамките на оваа групација“. „Тоа го потврдуваат и реакциите на нашите членки, кои засега немаат пријавено никаков поголем проблем при извозот во регионот што излегува од секојдневните помали проблеми кои се случува и досега. Комитетот на ЦЕФТА во целата историја на договорот секогаш наоѓал начини да ги реши сите проблеми и не гледам зошто сега тоа не би било случај. Треба да се знае дека регионалната соработка има традиции многу постари и од ЦЕФТА и дека ваквите договори за слободна трговија се апсолутно во сечиј интерес и не верувам дека некој од земјите-членки ќе дозволи работата да оди дотаму, па да се руши целиот договор и целата слободна трговија“, смета Чекреџи. Од скопската кондиторска фабрика Европа ни рекоа пак, дека пред неколку години имале повеќе проблеми на балканските граници отколку сега. „Треба да се сфати дека ЦЕФТА не е некогашна Југославија и дека не може како некогаш - наутро да се товари камиот, а вечерта тој да е во Загреб. Сепак, станува збор за различни држави, царински институции и сл. Во моментов немаме поголеми опструкции, проблеми и слично. Ако зборуваме за минатото, сме се соочувале со многу пречки како блокиран извоз за Косово со денови, пресложени царински процедури и контроли кон Србија и банални прописи кои целосно го кочеа извозот во Словенија. Со текот на годините сиве овие бариери се надминаа и во моментов немаме ниту еден посериозен проблем вреден за споменување“, вели Сава Димитрова, генерален директор на Европа-Скопје.


годишна специјалнa едиција на kapital media group n септември 2013 n www.kapital.mk

ЛИДЕРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Почитувани читатели, Капитал Медиа Гроуп ја подотвува годишната едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето профит остварени во 2012 година. Покрај главните рангирања компаниите ќе бидат анализирани и рангирани според повеќе различни показатели и индикатори за ефикасноста и упешноста во работењето. Сите рангирања ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбзедени од официјални институции. Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со лидерите во секоја индустрија како и следните анализи : XX Најголемите предизвици и потенцијали за компаниите во 2014 година XX Кои се индустриите кои ќе го носат економскиот развој на Македонија во следните 20 години? XX Како да се зголемат домашните инвестиции? XX Како и каде може да се отворат 100 илјади нови работни места XX Тајните на лидерите во производството на храна Во рамки на едицијата во посебни текстови ќе бидат анализирани најуспешните компании во следниве сектори: XX Енергетика, нафта и гас XX Прехранбена индустрија XX Металопреработувачка индустрија XX Телекомуникации XX Градежна индустрија и индустрија за градежни материјали XX Трговија Се надеваме дека едицијата Капитал 200 најголеми и најуспешни ќе им биде корисна и на компаниите, на банките, на маркетинг агенциите, на медиумите и на странските компании заинтерсирани за влез на македонскиот пазар со цел да носат подобри бизнис одлуки во ова неизвесно време. Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: aleksandra.stojmenova@kapital.mk boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 103 и 105

ЛИцА зА КОНТАКТ: АлексАндрА стојменовА бобАн ѓорѓиевски


Капитал број 721 23.08.2013

22

www.kapital.mk

АнАлизА

I pokraj Izleguvaweto od recesIja

rano e da se krstI vo evrozonata za da nè spasI od krIzata

пишува:

Биљана здравковска-Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

фотографија:

М

фотоархива на Капитал акедонското стопанство може да смета дека ќе има зголемена побарувачка од земјите во еврозоната, но тоа нема да се случи нагло, односно ќе има уште

предизвици. Треба сите заеднички да продолжиме со напорите, со динамиката на реформи, со подобрувањето на бизнис-климата, со обезбедувањето евтини кредити. Да останеме активни и ние како влада, а и компаниите, бидејќи нема простор за преголемо олабавување. Но, треба да се биде малку поголем оптимист со оглед на позитивните резултати во европската економија, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески, по објавувањето на веста дека еврозоната и официјално излезе од рецесијата, во

којашто тонеше цели шест квартали или од крајот на 2011 година. Гувернерот Димитар Богов е уште поголем оптимист. Според него, излегувањето на еврозоната од рецесија дава сигнали дека економскиот раст на Македонија годинава ќе биде повисок од проектираниот од 2,2%. „Конечно по шест квартали негативна економска активност во Европската унија, имаме до��ри охрабрувачки вести. Очекувањата се дека и третиот квартал во еврозоната и во ЕУ ќе има позитивен економски раст, што значи


www.kapital.mk

Капитал број 721 23.08.2013

АнАлизА

Ime

23

Добрите вести од ЕУ за крај на рецесијата може да не значат ништо освен гола статистика, бидејќи дури и растот на Македонија годинава да биде поголем од планираните 2,2%, тоа нема да значи ништо ако не се зголемат инвестициите и не почнат да се отвораат повеќе работни места, што е најголем проблем на македонската економија. Затоа, оптимизмот од излегувањето на еврозоната од рецесија брзо ќе спласне ако не се направат сериозни потези за да се охрабрат компаниите, пред с$ домашните, да произв-едуваат за извоз и да наоѓаат нови пазари надвор од економски ослабената Европска унија зорАн СтАвреСКи министер за финансии

„Македонското стопанство може да смета дека ќе има зголемена побарувачка од земјите во еврозоната, но тоа нема да се случи нагло, односно ќе има уште предизвици. Треба сите заеднички да продолжиме со напорите, со динамиката на реформи, со подобрувањето на бизнис-климата, со обезбедувањето евтини кредити. Да останеме активни и ние како влада, а и компаниите, бидејќи нема простор за преголемо олабавување. Но, треба да се биде малку поголем оптимист со оглед на позитивните резултати во европската економија."

дека еврозоната конечно излегува од рецесија. Имајќи предвид дека македонската економија е поврзана со европската економија, односно 90% од нашиот извоз директно или индиректно е ориентиран кон еврозоната и кон ЕУ, тоа значи дека и во втората половина од годината можеме да очекуваме подобри резултати и кај македонскиот економски раст”, вели гувернерот Богов. И Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори, смета дека ова е позитивен сигнал, кој дава надеж дека Македонија ќе го оствари планираниот економски раст за

годинава. „Европската унија, каде што се остваруваат 60% од извозот и 50% од македонскиот увоз е наш најголем трговски партнер. Ова е позитивен сигнал и за нашата економија и доколку не се случат некои непредвидени екстерни и интерни шокови, ќе бидеме во состојба да го оствариме планираниот раст на бруто домашниот производ”, вели Алексов. Иако Македонија, како мала и отворена економија, две третини од извозот и повеќе од половина од увозот го прави со ЕУ и е целосно зависна од европските пазари, засега македонските бизнисмени не гледаат причина за оптимизам во последните добри вести за излегување од рецесија на еврозоната. И не треба да ги обвинуваме дека се кусогледи, бидејќи тие поаѓаат од состојбата во којашто се наоѓаат. А таа во моментов е прилично црна. Голем дел од македонските компании минатата 2012 година и во првата половина од 2013 година бележат намалување на приходите и на добивките. Извозните компании се особено погодени од рецесијата во еврозоната и кај нив има најголем пад на приходите. Договорите склучени минатата година веќе се истечени, нема нови на повидок, а не се решени ниту проблемите со транспортните трошоци или бројните дозволи и сертификати коишто се бараат од производителите и од извозниците. Токму затоа, според бизнисмените, ако се почуствуваат позитивните сигнали,

тоа ќе биде најрано следната, 2014, година. Засега на повеќе нарачки од странство се надеваат металуршката и текстилната индустрија, коишто создаваат речиси половина од македонскиот извоз. Бизнисмените особено се радуваат на веста за растот на економијата на Германија, која е наш најголем трговски партнер и со која Македонија прави 30% од својата трговска размена. Со оглед на фактот што растот во еврозоната е поради заживувањето на германската градежна индустрија, се очекува дека металопреработувачките компании први ќе го почувствуваат позитивните сигнали од ЕУ. Засега, металурзите сметаат дека излегувањето од рецесија на еврозоната не може да се прогласи за драматично и за финално, особено не за металургијата, која беше меѓу најпогодените од кризата, што влијаеше и врз вкупниот извоз на Македонија. Македонија во првиот квартал од годинава имаше економски раст од 2,9%, а гувернерот Богов неодамна најави дека сличен раст економијата бележи и во вториот квартал. „Индикаторите коишто ги имаме досега се охрабрувачки и во вториот квартал ќе имаме солиден економски раст, блиску до оној регистриран во првиот квартал, а овие најнови податоци за еврозоната укажуваат дека овој позитивен тренд на македонската економија ќе продолжи и во втората половина, со што растот од 2,2% кој ние го предвидуваме за целава


Капитал број 721 23.08.2013

24

www.kapital.mk

АнАлизА

Бројките на Евростат покажуваат дека рецесијата во еврозоната е завршена. Економијата на 17 земји коишто го користат еврото во вториот квартал од годинава порасна за скромни 0,3% во споредба со првиот квартал. Но, дали кризата навистина е готова? Според многу аналитичари, премногу е рано за радување, особено ако се анализираат подетално причините коишто доведоа до економски раст на еврозоната оваа година дефинитивно ќе се оствари, а може да биде дури и нешто над тоа”, потенцира Богов. Но, на крајот, овие вести може да не значат ништо освен гола статистика, бидејќи дури и растот на Македонија годинава да биде поголем од планираните 2,2%, тоа нема да значи ништо ако не се зголемат инвестициите и не почнат да се отвораат повеќе работни места, што е најголем проблем на македонската економија. Затоа, оптимизмот од излегувањето на еврозоната од рецесија брзо ќе спласне ако не се направат сериозни потези за да се охрабрат компаниите, пред с$ домашните, да произведуваат за извоз и да наоѓаат нови пазари надвор од економски ослабената Европска унија.

Рано е за радување

Додека во Македонија политичарите со брзање излегоа да ја коментираат веста за завршувањето на рецесијата во еврозоната, светските берзи прилично рамнодушно ја испратија веста дека еврозоната излезе од најдолгата рецесија во последните 40 години. Вредноста на еврото не се зголеми, додека акциите на некои европски компании само незначително поскапеа по веста дека е зголемено производството во еврозоната, иако овој раст на производството е прв по третиот квартал од 2011 година. Бројките на Евростат покажуваат дека рецесијата во еврозоната е завршена.

ДимитАр Богов

гувернер на Народна банка на Република Македонија

„Конечно по шест квартали негативна економска активност во Европската унија, имаме добри охрабрувачки вести. Очекувањата се дека и третиот квартал во еврозоната и во ЕУ ќе има позитивен економски раст, што значи дека еврозоната конечно излегува од рецесија. Имајќи предвид дека македонската економија е поврзана со европската економија, односно 90% од нашиот извоз директно или индиректно е ориентиран кон еврозоната и кон ЕУ, тоа значи дека и во втората половина од годината можеме да очекуваме подобри резултати и кај македонскиот економски раст.“ Економијата на 17 земји коишто го користат еврото во вториот квартал од годинава порасна за скромни 0,3% во споредба со првиот квартал. Но, дали кризата навистина е готова? Според многу аналитичари, премногу е рано за радување, особено ако се анализираат подетално причините коишто доведоа до економски раст на еврозоната. Заживувањето на германското градежништво по исклучително студената зима, пролетната потрошувачка грозница во Франција и растот на извозот на Португалија се клучните фактори кои ја извадија еврозоната од шест последователни квартали рецесија. Овие фактори за

многу експерти се само моментални и не ветуваат поголемо заживување на останатите економии на другите земји. Затоа, повеќето економски експерти се претпазливи со оптимизмот, бидејќи успехот на овие три европски држави не ја отсликува економската, ниту финансиската ситуација во еврозоната, ниту пак, може да ги реши структурните проблеми на Европската унија кои ги извади на површина тековната должничка криза. Вкупниот долг на членките на еврозоната во текот на кризата, и покрај стегањето на каишот, е во постојан пораст и сега достигнува 92% од БДП. Има многу дилеми за тоа дали

Балканот повторно се здружува Информациите кои Ви се потребни за подобро работење во балканскиот регион секој работен ден, наутро, Ви ги испраќаме на e-mail или прочитајте ги на www.biznis-plus.com Нарачка и повеќе информации на: pretplata-mk@biznis-plus.com или на телефон: +389 2 3298 110

1

месец бесплатно!


www.kapital.mk

Капитал број 721 23.08.2013

Анализа

25

Орелот едвај го спасува тонењето на еврото

Е

вропската унија, која веќе пет години се соочува со економскo забавување, се соочува со дилемата дали е подобро да се штеди и државните финансии да се доведат во ред или пак, државите треба повеќе да инвестираат и да ја поттикнат економијата и економскиот раст. Никој не се сомнева дека долгот на еврозоната од 92% од БДП е преголем и дека мора да се доведат во ред државните финансии на европските земји, но сега можеби поважни од с$ се државните ивестиции. Колку за споредба, во Германија, каде што може да се позајмува многу евтино, државните инвестиции се на најниско ниво и сега сите притискаат Германија да почне повеќе да троши и на тој начин да ја повлече еврозоната напред. Германската економија и понатаму останува локомотива на европската економија. Но, економскиот раст на Германија с$ уште е многу низок за да може да ги повлече и другите земји од еврозоната. Во последните три месеци германската економија растеше со стапка од 0,7%, што е резултат на зголемениот извоз на автомобили и на индустриски производи во САД и во Кина, како и на силниот приватен сектор, кој не зависи од државните финансии. Имено, Германија има над три милиони мали компании, од кои најголем дел работат на межународни пазари, а половина од нив очекуваат раст на инвестициите и на извозот за годинава и за следната година. Ретко која друга европска економија може да се пофали со ваква економија. Освен Германија и Франција, кои во првиот квартал имаа раст од 0,7% и 0,5%, останатите поголеми европски економии с$ уште се во рецесија. Италија и понатаму е во рецесија, со пад на БДП во вториот квартал од 0,2%. Падот на економијата во Шпанија во првиот квартал изнесуваше 0,1%. Според економистите, поголеми и стабилни стапки на економски раст на европските економии може да се еврозоната конечно се спаси од рецесија. Дали европската монетарна унија продолжува по патот на пораст на производтсвото, економско заживување и заживување на пазарот на трудот или ова е само случаен раст? Дали темпото на раст на производтсвото ќе биде доволно за да им обезбеди работа на милионите невработени Европејци? Конечно, дали антикризниот рецепт на Брисел, заснован на буџетски кратења на јавната потрошувачка, заштита на банкарскиот сектор и намалување на цената на човечкиот труд, конечно се

очекуваат дури при крајот на 2014 и во 2015 година. Но, најголемиот предизвик кој останува пред сите земји, влучително и Германија, е вистинското спроведување структурни реформи кои ќе отворат нови работни места, со оглед на тоа дека бројот на невработени во ЕУ останува рекордно висок. Од тие причини, с$ поприсутни се стравувањата дека нерамномерниот економски раст уште повеќе ќе ги продлабочи проблемите коишто постојат меѓу југот и северот на Европа.

покажа како успешен? Ова економско воскреснување е само дел од драматичната битка со должничката криза и с$ подлабокиот егзистенцијален јаз меѓу северот и југот на ЕУ, а решавањето на вистинските проблеми на ЕУ зависи од многу политички и општествени ризици. Европската комисија предвидува следната година економски раст од 1,2% во еврозоната. Но, с$ уште има многу дилеми. Еден од поголемите ризици се изборите во Германија, кои може да донесат

ProPay трансфери

Брзи и евтини трансфери со земјите од регионот

П

роКредит Банка преку услугата ProPay трансфери нуди одлична можност за меѓународен трансфер на пари на своите клиенти. Преку ProPay услугата клиентите имаат можност за најбрзи и најефтини трансфери со бизнис партнерите од различните земји од регинот. Преку ProPay трансферите се овозможува извршување на меѓународна платежната трансакција за време од три работни часа, по провизија од 0,15% од сумата која се трансферира. Единствен услов за користење на ProPay услугата е компаниите меѓу кои се врши трансферот да имаат трансакциска сметка во мрежата на ПроКредит Банка. ProPay трансферите можат да се вршат во мрежата на ПроКредит Банките во: Албанија, Косово, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Украина, Молдавија и Ерменија. За приливите кои клиентите ги очекуваат од соработниците, преку ProPay трансферите, се наплаќа провизија од 0,05% од примената сума. Преку ProPay услугата ПроКредит Банка ја потврдува постојаната поддршка кон бизнисите и дополнителни го поддржува извозот и увозот на стоки и разни услуги.

нестабилност во најсилната европска економија и во целата еврозона. Постојат дилеми дали Ангела Меркел, која важи за противник на отпишувањето на грчките долгови, ќе победи на изборите во Германија, коишто ќе се одржат на 22 септември. Дали Унгарија, на која неодамна ЕУ & ги скрати речиси сите развојни програми, ќе биде во состојба да ги исплаќа долговите? Дали и како Европската централна банка ќе успее да го наговори банкарскиот сектор да ги олесни условите за кредитирање на економијата и на потрошувачите?


Капитал број 721 23.08.2013

www.kapital.mk

26 ЕВропсКитЕ зЕмји Коишто ја прЕжиВЕаја Кр 15%

раст на БДп во Естонија (2002-2012)

10%

8,2%

-3,6% 5%

9,1%

6,7%

10,3%

8,3%

7,7%

3,3%

3,4%

0%

2002 -5%

-10%

-15%

2003

2004

2005

2006

2007

Најголеми трговски партнери на Естонија (2012) Земја

Извоз

Увоз

Шведска

15,90%

10,20%

Финска

14,50%

14,40%

Русија

12,10%

6,80%

Латвија

8,70%

9,60%

Литванија

5,40%

8,60%

Германија

4,50%

10,60%

2011

-4,0%

-14%

Kako Estonija izleze od kriz пишува:

Васе Целеска

vase.celeska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Д

одека поголемиот број европски земји претрпеа голема штета поради економската криза, Естонија, една од новите и најмлади членки на Европската унија (ЕУ), остварува одлични економски резултати. Естонија, која во декември 1991 година стана меѓународно призната держава, а на 1 мај 2004 година со уште девет претежно источноевропски земји и се приклучи на ЕУ, успеа наместо некогашната планска, да изгради

пазарна економија, со економски раст кој далеку го надминува просекот на нејзините партнери во ЕУ. Судбината на малата балтичка земја, сместена на работ од Северна Европа, е во потполна спротивност со судбината на земјите на југот, во кои невработеноста порасна на рекодно ниво, а рецесијата пушти корени. Естонскиот министер за финансии, Јурген Лиги, за Си-Ен-Ен вели дека Грција, како најзадолжена земја од еврозоната, претставува „рај“ во споредба со она низ што помина неговата земја после распадот на Советскиот сојуз. Лиги вели дека влезот на Естонија во еврозоната бил „природен избор“ за една „мала и отворена економија“, како и тоа што земјата која има само 1,3 милиони жители одсекогаш во голема мера се поткрепувала на еврозоната, па сега учествува и влијае

на донесувањето одлуки. „Влезот на Естонија во еврозоната и овозможи на земјата стабилна валута, што влијаеше на растот на довербата на ивнеститорите, истовремено поттикнувајќи ја солидарноста и политичката соработка“, додава Лиги. Естонија во 2009 година помина преку остри буџетски кратења, намалување ан платите на државните службеници и замрзнување на пензиите, после „пукање на балонот“ на пазарот на недвижности во земјата. Оваа програма меѓутоа и помогна на Естонија да ги одржи критериумите неопходни за влез во еврозоната.

Слободен пазар за висок економски раст

Просечниот раст на оваа балтичка земја во во периодот од 2003 до 2007 година изнесуваше 8%, после што Естонија


www.kapital.mk

ризата dossесiтоeнrија

ФаКти за независност:

Обновена 90 година XX 20 август 19 : Популацијаители XX 1.286.450 ж 45.227 km2 Површина: XX : 2) БДП (201 јарди долари XX 21,863 мили ел (2012): БДП на житри XX 16.319 дола т: 10% вработенос Стапка на не XX лг јавен до Учество на,1% XX во БДП: 10

Капитал број 721 23.08.2013

досие

Додека државите на југот на Европа се борат за економско преживување, малата балтичка земја на североистокот на Европската унија постојано бележи одлични резултати - економски раст и минимален државен долг. Каде лежи тајната на естонскиот успех? што исто така е помалку од просекот во еврозоната кој изнесува 24,4%. За економскиот раст на оваа поранешна советска членка најмногу помогна слободниот пазар, високо образованите луѓе и силната телекомуникациска индустрија. Во Естонија исто така се наоѓа и седиштето на Скајп, најпознатата компанија која нуди евтино телефонирање по пат на Интернет. Лиги вели дека Естонија ја нема заборавено кризата која настапи после стекнувањето на независнст, кога инфлацијата достигна 1.000%. „Донесовме правилни и одржливи одлуки, па не е ни чудо што Естонија се развива побрзо од останатите земји“, заклучува Лиги.

Првак во Европа во штедење

zata? во 2008 година падна во рецесија, а нејзиниот бруто-домашен производ (БДП) потона за 14,3% во 2009 година. Меѓутоа, Естонија од тогаш почна да се опоравува, а според зборовите на Лиги, реалниот БДП следната година ќе расте по стапка која беше забележана пред избивањето на кризата. Учеството на јавниот долг на Естонија во БДП и понатаму е значително понизок од останатите европски земји, бидејќи изнесува 10,1%, во споредба со грчкиот изнесува 156,9% и 127% во Италија. Извозно ориентираната економија на Естонија, меѓудругото има јаки врски со скандинавските земји како Финска и Шведска, а нејзината и понатаму висока невработеност од 10% е сепак значително пониска од остатокот од земјите од еврозоната, каде просекот изнесува 12,2%. Невработеноста помеѓу младите во Естонија е на ниво од 23%,

27

Иако асоцијација за компанија која потекнува од Естонија е сервисот за интернет комуникација и телефонија Скајп (која минатата година ја купи Мајкрософт), во оваа балтичка земја не цвета само секторот за информатичка технологија и телекомуникации. И на многу други полиња Естонија е пример во Европската унија. Според најновите податоци на Статистчката канцеларија на Европската унија (Евростат), Естонија минатата година забележала најмала стапка на нови задолжувања од стие земји-членки на Унијата: 0,3% од БДП. Зад неа се Шведска, Бугарија и Луксембург. На последното место на тој список се наоѓа Шпанија со 10,6%. И според нивото на здолжување Естонија е меѓу најдобрите: 10,1% од БДП. Колку за споредување, дозволената граница за буџетскиот дефицит според тн. Мастришки критериуми за еврозоната изнесува 3%, а за нивото на задолжување – 60% од БДП. Во 2011 година Брисел тие напори ги награди со приемот на Естонија во еврозоната – неполни седум години по нејзиниот влез во ЕУ.

Не профитираа сите

Оваа поранешна советска република ги импресионираше економските експерти уште на крајот на 90-тите години, кога со години остваруваше економски раст и до 13%. Естонскиот аналитичар Рајнер Кател смета дека еден од одлучувачките фактори за постигнувањето таков успех е географската положба на нејзината територија: „Ние сме во близина на Шведска и на Финска. Тоа нам не ни носи само туристи, туку пред се, технологија и инвестиции“. За големиот економски раст најмногу е заслужен извозот во тие две земји. „Всушност, тоа и не е вистински извоз. Нивните сопствени фирми произведуваат во Естонија и потоа оттука извезуваат речиси готови производи. Естонија наскоро би можеле да ја сметаат како

јурген Лиги

министер за финансии на Естонија

Она што го доживува Грција е ’рај’ во споредба со тоа низ што помина Естонија по распаѓањето на Советскиот Сојуз.

јухан партс

министер за економија на Естонија

Сите знаеме дека еврото не е совршено. Ние влеговме во еврозоната за да ја зголемиме довербата којашто ни ја укажуваат нашите трговски партнери. Не е лесно за толку мала економија како нашата да испраќа јасни сигнали. дел од Шведска и од Финска“, вели Кател. И Естонците сами за својата земја велат дека таа е „петтата скандинавска земја“. Нивниот јазик и нивната култура се многу блиски со Финска. Но, овој успех има и своја негативна страна. Не профитираа сите од него: 17% од жителите живеат пред егзистенцијален минимум. Меѓу нив има и многу граѓани, околу 300.000, со руско потекло кои немаат пасоши, па така немаат ниту, на пример, избирачко право. Голема е разликата и меѓу платите на мажите и на жените. Мажите просечно заработуваат 28% повеќе – ова е најголемата разлика во Европа. „На една мала група луѓе и е добро, но на останатите не им е. Можеби едноставно пребрзо се развивме“, вели Кател. Многу Естонци во меѓувреме се одлучија да заминат од својата татковина, повеќето во Финска и во Шведска. Политичарите многу малку се интересираат за социјалните проблеми, смета Кател и вели дека повеќе сакаат да ги истакнуваат економските успеси. Последиците од таквата политика уште сега се очигледни, предупредува аналитичарот: „Сигурно дека многу луѓе ги губат илузиите и се оттргнуваат од политиката“. Сепак, тие коишто имаат многу и сакаат да бираат очигледно имаат надеж во неолибералната политика на владата на премиерот Андрус Ансипи. Тој во 2011 година повторно е избран на четири години. Затоа, ниту неговиот министер за економија, Партс, не сака да се откаже од својата рестриктивна политика на штедење: „Тоа би било на сметка на идните генерации. Задолжувањето секогаш е ризик“.


Капитал број 721 23.08.2013

28

www.kapital.mk

политика

„Ден Д“ за комисијата

Д

енеска истекува рокот за наоѓање компромисно решение за настаните од 24 декември, рок кој во понеделникот си го поставија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по тет-а-тет средбата во Владата. По тој повод, во вторникот и самите учествуваа на седницата на комисијата, на која покрај учесниците на комисијата, присутни беа и Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, како и Радмила Шеќеринска, заменик-претседател на СДСМ. Очите на јавноста се вперени во исходот од комисијата, кој се смета дека ќе биде пресуден во одлуката на Брисел дали оваа година ќе ни даде преодна оцена во извештајот за напредокот на земјата или ќе направи преседан и ќе ни ја одземе препораката.

> БРОЈКИ

85%

е искористеноста на средствата од европските пари наменети за образование кои ги распределува Националната агенција за европски образовни програми и мобилности. Оваа година за вакви програми се достапни 1,77 милиони евра, соопшти министерот Спиро Ристовски

10

лица добија кривична пријава во врска со кражбата во Македонски пошти откако за тоа МВР обезбеди докази, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска

58

милиони евра незаконски префрлила Владата на сметка на општина Центар за иградба на споменици, обвинуваат од општината по направениот ревизорски извештај за финансирањето на целиот проект „Скопје 2014“

facebook 1 Немам Твитер па одам ваму-та-

му и објавувам со мегафон што сум правел денес. За сега само тројца ме следат и мислам дека се полицајци.- Dragan Spasov-Dac MAJKA TI I TATKO TI

2 И вас ли кога ја гледате

модерна Македонија ви текнува на претставата "Лет во место"? И мене. Саша Павлович

3 Ми идат да организирам

Контра-мис на Македонија каде што сите ние ќе шетаме со хартиени ќеси на глава бидејќи убавината е во внатрешноста. Бетмен велит

Брз закон медиу Она што боде очи во целава оваа врева околу новата регулатива што ја предлага Владата за медиумската сфера е инсистирањето таа да се донесе што побрзо, и тоа во околности кои недвосмислено упатуваат на потребата од уште време, за многу дебати, анализи, консултации со засегнатите страни, барем додека кај поголемиот дел од нив не се создаде минимална доверба во процесот


www.kapital.mk

Капитал број 721 23.08.2013

Грчка пратеничка бара одговорност за уништените автомобили!

Д

одека грчката влада молчи за случајот со уништените автомобили на македонските државјани коишто летуваа во Грција, пратеничката од Демократската левица, Мариа Јанакаки, преку писмо упатено до власта бара одговорност за ваквото дивеење. Јанакаки, како што пренесува Канал 5, вината за ваквите инциденти ја гледа во активностите на како што вели, „неонацистичката партија“ Златна зора, која на минатогодишните избори си обезбеди пратенички места во грчкото Собрание.

Според неа, ваквите инциденти создаваат лоша клима меѓу двете земји и побара власта да не ги игнорира активностите на „златнозорците“.

максим ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

О

д министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, досега не сме ја чуле причината за итноста со којашто се турка носењето на регулативата за една од најчувствителните сфери во секое општество - медиумската. Од неговата изјава дадена по поделбата на законот за медиуми на два дела се гледа дека нему толку му се брза што побара да се дебатира и за време на летните одмори, за веднаш по нив законите да може да влезат во втората, амандманска фаза. „Имајќи предвид дека Собранието во август нема да работи поради летните одмори, се отвора можност за најмалку четири дополнителни недели за расправи и дискусии пред да се одржи второто читање на законот“, рече Ивановски. Околностите во кои Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги деновиве влезе во второ читање - последно пред усвојувањето, се следниве: законот за медиуми за само неколку месеци од првата нацрт-верзија се смени неколку пати во нови нацрти, за на крајот да биде поделен на два дела (закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и закон за медиуми); претставникот за медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, десет дена по поделбата на законот порача дека дури и кога законите во основа се добри, „секогаш се потребни доработки и треба да се следи процесот и да се види кои се следните предлози“; ставот на Здружението на новинари на Македонија јасно го изрази претседателот Насер Селмани (на денот кога почна амандаманската расправа), кој гледајќи ја

29

Спиро риСтовСКи

министер за образование

З

умски мрак раѓа! пишува:

бум-треС

намерата на Владата да го донесе законот за медиуми по секоја цена, поднесе само еден амандман - примената на законот за медиуми да почне кога ќе влеземе во ЕУ; новинарскиот синдикат и МИМ целосно се повлекоа од дебатата; од ОБСЕ изразија загриженост дека со оглед на моменталната состојба со слободата на медиумите во земјата (потврдена во сите извештаи на соодветните меѓународни организации), „ова законодавство би можело да биде употребено за да се замолчат критичките ставови и да се ограничи слободата на говорот“. Кога се знае дека (особено кај нас) потезите на власта секогаш имаат изборна логика, објаснувањето зошто во вакви околности се брза со носењето регулатива за една од најчувствителните сфери во секое општество би требало да биде јасно. На следните избори (најдоцна во април, кога според сите показатели заедно со претседателските ќе има и предвремени парламентарни избори) власта ќе биде посигурна ако го стави под контрола и последниот пристап на опозицијата до јавноста, што досега го овозможуваа интернет медиумите. Сосем доволно за оваа цел ќе биде, на пример, да го окарактеризира појавувањето на политичари на интернет медиумите за време на избори како политичко рекламирање. Ваквата програма на избори партиите ја плаќаат, па интернет медиумите би биле принудени (според Изборниот законик) да истакнат ценовник за платено политичко рекламирање. Односно, каква што е практиката во Македонија, да се појават како спонзори на опозицијата (давајќи и 99% попуст) со што СДСМ повеќе н��ма да може толку лесно да обвинува, како што знае да каже Јани Макрадули, дека постои маѓепсан корумпиран круг Влада одредени медиуми, кој фукнционира по приниципот - Владата дава милионски суми за да се рекламира (кај одредените медиуми), а тие на избори ја враќаат сумата, јавувајќи се како спонзори во кампањата.

а седум месеци се искористени 85% од европските пари наменети за образование, што е зголемување од 18% во однос на лани.“ Ваквата изјава на министерот Ристовски и не е некоја пофалба ако се знае дека осумнаесет месеци овие пари ни беа блокирани од Брисел поради непотизам во Националната агенција за европски образовни програми.

вацлав КлауС

поранешен претседател на Чешка

В

легувањето на Чешка во Европската унија во голем дел беше чекор назад“, им порачал поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, на учесниците на Летната школа во Охрид во организација на претседателот Ѓорге Иванов. Вечниот евроскептик си најде погодно тло, место каде што ќе биде разбран за своите изјави.

реџаил иСмаили

претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија

З

а амандманите за коишто нема да има време за образложение само ќе гласаме“ – помалото прекршување на Деловникот, Исмаили предложи да се реши со поголемо кршење.

twitter 1 Tom is Love@tomislavnaskov

Најголем фамилијарен бизнис во земјава? Влада.

2 Æлена@ellenadsk

Кога се случува 60000 македонци да бидат едногласни? -Кога треба заедно со Северина да ја испеат “Тарапана“.

3 Тошо@toshovski

- Син ти магистер или министер е? - Пратеник е, нема уште факултет завршено


капитал апитал број 721 23.08.2013

30

www.kapital.mk

политика

петок за обелување на „цРниот“ понеДелник

Sleduva @e[ka eSe Od Brisel zavisi dali }e ima pregrev пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

Фотоархива на капитал

Н

ајавите дека н$ чека жешка политичка есен во Македонија не изостанале со години, но досега септемвриските политички вриежи не донесоа ништо ново – опозицијата секогаш остануваше изгорена, со заверена потврда на честите изборни соочувања, почнувајќи од оние во 2006 година, кога власта првпат ја освои новата ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски. Крајот на ова лето пак, најавува есен која навистина може да испадне пожешка од претходните, овојпат за власта, барем според скицата на сценариото што главно ја прават потезите на ДУИ поврзани со спорот за името што го имаме со Грција и развојот на настаните со Комисијата

за расчистување на настаните од 24 декември, која ако евентуално не успее да усвои извештај, Македонија може да ја изгуби препораката за почеток на преговори со Европската унија. Во однос на првото, никој од политичарите и аналитичарите што ги консултираше „Капитал“ во оваа анализа не смета дека албанската партија во Владата е подготвена да употреби вистински ефикасни средства за притисок врз партнерот со чија политика во однос на евроатлантските интеграции одлучно не се согласува – ДУИ нема да излезе од Владата е едногласниот заклучок. Но, во овој контекст, остана прашањето за што точно н$ подготви премиерот со драматичната најава од говорот на Илинден дека „следуваат моменти во кои сите ние ќе бидеме соочени со бројни предизвици“. „Тие предизвици ќе имаат за цел да го раздвојат македонското национално ткиво по неколку линии, внесувајќи немир, вознемиреност, можеби и фрустрација и чувство на девалвација кај Македонците. Моменти на провокација од разни структури, домашни и однадвор, на разбивање на кохезијата на македонскиот народ, на

повторно етикетирање и стимулирање на вештачки подвојувања, и тоа ќе бидат обиди во насока да се компромитираат македонските државни и национални интереси, кои се длабоко исправни и реални“, порача Груевски од Мечкин камен. Некои аналитичари, повикувајќи се на следната реченица од неговиот говор, дека „ние ќе одговориме заедно со нашиот најсилен сојузник - народот“, препознаа најава за реализација на идејата на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за консултативен референдум, на кој не би било поставено предлог-име, туку граѓаните само би се изјасниле дали воопшто се за компромисно решение. Не е потребно ниту да се објаснува каква политичка жештина би предизикал ваквиот развој на настаните и во меѓународни рамки. Аналитичарите во провокациите од домашните структури за коишто зборуваше Груевски ги препознаваат потезите на ДУИ, чиј лидер, Али Ахмети, веќе ден по Илинден се сретна со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при што главна тема на разговор им бил токму спорот за името. Што се однесува на комисијата за 24 декември, се чини дека преземањето


www.kapital.mk

капитал број 721 23.08.2013

политика

к

en

evawe! на работите од страна на лидерите, Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, значајно ги зголеми шансите за позитивен исход, кој сам по себе најавува идни компликации со релативно големите жртви што би ги подразбирал и за двете страни – СДСМ обвинува за прекршување на Уставот при отстранувањето на пратениците и новинарите во Парламентот, а ВМРОДПМНЕ пак, бара кривична одговорност за опозициските пратеници што го нарушиле редот и ја попречиле работата на службените лица пред и во Собранието. Друг извор на есенска политичка жештина може да биде внатрепартиската ситуација во СДСМ. Аналитичарите препознаваат симптоми на незадоволство од кадровските и од програмските промени што ги прави и ќе ги прави новото раководство, коишто би можеле да ескалираат во наредниот период. Ваквата ситуација во најголемата опозициска партија не дава можност за вистински да се види колку е силна ВМРО-ДПМНЕ по долгите, истоштувачки седум години континуирана власт под мотото 24/7, додека расте бројот на граѓаните кои благо кажано, ги преиспитуваат остварените резултати. Секако, за ова се свесни

За бурна политичка есен, пожешка од претходните, зашто овојпат најизложена би била власта, барем според скицата на сценариото што главно ја прават потезите на ДУИ поврзани со спорот со името и развојот на настаните со Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември, има реални предиспозиции. Но, важното прашање е дали драмата може да донесе нешто ново во услови кога пред с$ поради недостигот од респектабилна конкуренција, нема можност да се види колку реално е силна ВМРО-ДПМНЕ по долгите, истоштувачки седум години континуирана власт под мотото 24/7, додека расте бројот на граѓаните кои благо кажано, ги преиспитуваат остварените резултати и ќе се обидат да го искористат новите политички субјекти за што подобро позиционирање пред следните избори во април догодина – претседателски, но што е поважно, најверојатно и предвремени парламентарни.

ДУИ: Не излегуваме од Влада

Во ВМРО-ДПМНЕ есенва очекуваат вонредни активности за спорот за името и во тој контекст, интензивирање на притисокот од албанскиот партнер, но сметаат дека ДУИ треба да ја има предвид и можната реакција од другата страна (ВМРО-ДПМНЕ), без да прецизираат што подразбира таквата реакција. „ Не очекувам интензитетот на политичката тензичност оваа есен да биде различен од ситуацијата што ја имавме во истиот период лани. Можни се осцилации во спорот за името и есенскиот извештај на Европската комисија кои би се одразиле и на внатрешен план, но мислам дека ќе нема некои посебни турбуленции, зашто односот меѓу политичките партии е заемно условен - што значи дека кога се во прашање односите во владината коалиција, ДУИ со чекорите што ги

31

презема, пред с$ поврзани со спорот за името, ја зема предвид и можната реакција на партнерите. Пред секој следен чекор ДУИ добро ќе размисли и сметам дека во овој контекст, ќе го избере интересот на државата пред останатите интереси“, изјави за „Капитал“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски. Во ДУИ пак, на прашањето дали ќе останат во Владата ако се оствари дури и најпесимистичкото сценарио, во кое спорот за името ниту есенва нема значајно да се придвижи, а Македонија (поради евентуалниот неуспех на комисијата за 24 декември) ќе ја изгуби и препораката за почеток на преговори, одговараат одлучно „да“. „Секоја политичка криза досега водеше до нови избори, кои секогаш завршуваа со ист резултат. Затоа, не гледаме решение во нови предвремени избори. Ништо нема да се постигне со предизвикување нова криза“, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој од друга страна, ултимативно го поставува наоѓањето решение за спорот за името до крајот на годинава. „ДУИ никогаш не е дел од кризите, туку од решенијата. Прв приоритет е спорот за името, за што есенва мора да се интензивира најширока дебата и да се најде решение до крајот на годината. Ако има дебата, нема да има жешка есен“, изјави Османи. Во меѓувреме и аналитичарите велат дека мала е веројатноста ДУИ да ја напуштат Владата. „Проблемот со ДУИ е што не можат да го сменат својот фокус на дејстување - го остварија она за што главно се залагаа, правата на Албанците, и сега тешко им оди менувањето на курсот од тесно етничка во граѓанска партија. Впечаток е дека и нивната силна заложба за ЕУ и за НАТО е покритие за немањето економска програма. Затоа, сметам дека каков и да биде извештајот на Европската комисија, ДУИ нема д�� ја напушти владината коалиција, зашто во ДУИ не сакаат избори“ изјави аналитичарот Владо Божиновски за „Капитал“, според кој наредниот период ќе го обележат и внатрешните случувања на поранешна Бихаќка. И професорот Јове Кекеновски смета дека Македонија нема да влезе во владина криза предизвикана од притисокот на ДУИ за брзо решавање на спорот со името, пред с$ поради како што вели, прагмата којашто преовладува во досегашното однесување на најголемата албанска партија. Најавата за активно враќање на СДСМ во работата на Собранието според него, е резултат на очекувањата во партијата дека ќе издејствува (преку ад-хок комисијата) официјална потврда оти со бркањето на пратениците и на новинарите во Парламентот на 24 декември е прекршен Уставот. „Мислам дека таа ќе се обиде да биде конструктивна и истовремено да ја истурка својата заложба и став дека со случувањата од 24 декември е повреден Уставот на Македонија и да ја прифати заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за кривична одговорност на сите коишто биле директно вмешани во она што


Капитал број 721 23.08.2013

32

www.kapital.mk

политика

Александар Спасеновски ВМРО-ДПМНЕ

О

дносот меѓу политичките партии е заемно условен - што значи дека кога се во прашање односите во владината коалиција, ДУИ со чекорите што ги презема, пред с$ поврзани со спорот за името, ја зема предвид и можната реакција на партнерите. Пред секој следен чекор ДУИ добро ќе размисли и сметам дека во овој контекст, ќе го избере интересот на државата пред останатите интереси.

Бујар Османи ДУИ

С

екоја политичка криза досега водеше до нови избори, кои секогаш завршуваа со ист резултат. Затоа, не гледаме решение во нови предвремени избори. Ништо нема да се постигне со предизвикување нова криза.

Денко Малески професор

З

ад нас е периодот кога опозицијата се обидуваше преку улица да ја

се случуваше во Собранието на тој ден“, вели Кекеновски, кој смета дека ситуацијата во СДСМ е добар предуслов за успешен почеток на новите политички субјекти, но стравува дека интересот за нив ќе спласнува со секој следен консолидирачки чекор на најголемата опозициска партија. „Секако дека најавата за нови политички партии кои ќе се позиционираат лево или блиску до центарот во едни вакви крајно поларизирани услови и во услови кога најголемата опозициска партија е во фаза на таканаречена реконструкција им остава доволно простор за дејствување на новите политички субјекти. Меѓутоа, јас се плашам дека како што ќе поминува времето, така интересот за нив ќе биде с$ помал, без разлика дали тие директно

сруши власта и виде дека таквите активности немаат поддршка од меѓународната заедница. Сега на ред е да се покаже и власта, поведението за настаните од 24 декември да го земе и на себе. Да се репарира целиот демократски процес преку дијалог и преземање одговорност. Тоа ќе н$ постави на почист пат.

да издејствува одземање на препораката за Македонија. Така, ЕУ ќе се ослободи од одговорноста што на една земја на која со години по ред & дава препораки за почеток на преговори & се блокирани евроинтеграциите поради злоупотреба на членството од страна на една нејзина членка.

Јове Кекеновски

Ким Мехмети

е ја исклучувам можноста во владината коалиција да се случи нешто и непредвидливо доцна есенва, меѓутоа ако ги следиме активностите на ДУИ, сепак, мислам дека најреална е опцијата да има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во првиот квартал на наредната година.

а Македонија не & недостигаат партии, туку вистински партии. Македонија има партиски секти кои ги претворија државните институции во слуги на партиите. С$ додека имаме силни партии на ваков начин, нема да излеземе од ќорсокакот.

професор

Н

Владимир Божиновски аналитичар

М

оже да се случи некој бирократ во ЕУ да се повика на евентуалниот неуспех на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември и или индиректно, тајно или јавно се потпомагани и стимулирани од страна на позициските партии. Ова што сега се случува во левицата и лево од центарот му се случуваше на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 до 1997 година, од која партијата излезе уште појака. Чинам дека ќе имаме реприза на истите случувања“, смета Кекеновски. Според аналитичарот Ким Мехмети, Македонија во моментов е без опција за излез од ќор-сокакот во кој, смета тој, ја довеле партиите кои доминираат во политичкиот живот од стекнувањето на независноста. „Сите политички опции се наоѓаат во ќор-сокак. Сите нивни најави за промени оваа есен само ја одразуваат нивната неспособоност да најдат излез

аналитичар

Н

Малинка Ристеска аналитичар

П

остои реална закана за одземање на препораката. Ако с$ се тера на инает, заканата е реална. Првиот елемент за таква одлука е блокираната комисија за настаните од 24 декември, вториот Законот за медиуми. Тоа само покажува дека работите дома се тераат на инает.

од кризата. Македонија ќе остане едно мочуриште, бара додека не се најде излез од ваквиот ќор-сокак. На Македонија не & недостигаат партии, туку вистински партии. Македонија има партиски секти кои ги претворија државните институции во слуги на партиите. С$ додека имаме силни партии на ваков начин, нема да излеземе од ќор-сокакот“, вели Мехмети.

Свесни ли сме за опасноста од одземена препорака? И додека во политичката јавност наголемо се калкулира и се шпекулира за датумот за следните превремени парламентарни избори, на другата страна од мечот постои реална закана, која барем засега наголемо се игнорира


Energy delivery solutions

ENERGIZING YOU


Капитал број 721 23.08.2013

34

www.kapital.mk

политика Оливер Спасовски СДСМ

П

олитички жешка есен е очекувана единствено поради проблемите кои натежнаа над Македонија и нејзините граѓани а за кои власта нема решение. По седум години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ државата, фирмите, граѓаните, семејствата економски се клекнати на колена. Македонија е изолирана земја, со уништени права и слободи на граѓаните, поданичко судство и угушена слободата на медиумите. Стандардот на граѓаните е опаднат, земјата е задолжена, стопанството е задолжено, а највеќе се задолжени граѓаните.

- евроатлантската иднина за Македонија. Зад параванот наречен проблемот со Грција со името во земјата полека еродира не само политичкиот дијалог, медиумите, туку и функционирањето на демократските начела. Ако до пред некоја година на голема врата го чекавме Годишниот извештај на Европската комисија, броејќи ги успесите каде сме напреднале, сега годишната оценка од Брисел не само што не се споменува, туку целосно се игнорира. Откако успехот постигнат со високиот дијалог, кој даде силен ветар во евроинтегративните процеси во земјата, беше засенет од „црниот понеделник“, се чини, работите на релација СкопјеБрисел одат само во надолна линија. Секако, свесни за тоа, преку различни внатрешни процеси (лустрација, измислување владина криза, кадровски промени) политичарите се трудат целосно да го свртат вниманието внатре во земјава, заборавајќи дека и Брисел како механизам освен морковот, во своите раце с$ уште го има и стапот. Поставеноста на политичката сцена, особено неможноста да се деблокира Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември (и покрај овонеделните обиди да се надмине кризата) срамежливо најавува дека доколку не се поправат работите, Брисел и тоа како има повод да направи преседан и по прв пат во историјата на постоењето на Унијата да ја одземе препораката за Македонија, земјакандидат веќе осум години, што пак, ќе доведе до продлабочување на политичката криза до размери кои во моментов може само да се замислат. Но, дури и да се постигне договор и да се одмине таквото сценарио (можност која с$ уште постои ако се земе предвид оптимизмот за решение на премиерот Никола Груевски и претседателот во оставка на ад хок комисијата, Борче Давитковски), јасно е дека по Извештајот ќе нема причини за пофалба. Дека состојбите на терен навистина се влезени во алертна фаза потврдува и изјавата на премиерот Никола Груевски, кој рече дека доколку не се дојде до решение, постои реална опасност Македонија наесен да добие негативен извештај. „Извештајот на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември 2012 година беше речиси готов и пред објавување, но се искомплицира со враќањето од одмор на Бранко Црвенковски, кој испорача нови барања. Тој е главниот виновник за блокадата, којашто може негативно да се одрази на претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република

Македонија“, рече Груевски. Црвениот аларм го вклучуваат и аналитичарите во земјава, кои предупредуваат дека доколку не се променат состојбите, Брисел ќе го санкционира македонскиот инает. „Постои реална закана за одземање на препораката. Првиот елемент за таква одлука е блокираната комисија за настаните од 24 декември, вториот Законот за медиуми. Тоа само покажува дека работите дома се тераат на инает. Доколку се случи тоа, сметам дека ќе биде лошо за Македонија“, вели аналитичарот Малинка Ристеска. Сличен е ставот и на универзитетскиот професор Јове Кекеновски: „Доколку не се усвои овој извештај, тоа ќе се одрази мошне негативно врз нашата понатамошна позиција. Ќе & укажеме на меѓународната заедница дека не сме способни сами да си ги решаваме внатрепартиските недоразбирања и дека имаме уназадување на демократските процеси и самото тоа ќе доведе до негативен извештај на ЕК на крајот од годинава и можност да ја изгубиме препораката за добивање датум за почнување на преговорите“. Нешто поразличен е ставот само на аналитичарот Божиновски. „Може да се случи некој бирократ во ЕУ да се повика на евентуалниот неуспех на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември и да издејствува одземање на препораката за Македонија. Така, ЕУ ќе се ослободи од одговорноста што на една земја на која со години по ред & дава препораки за почеток на преговори & се блокирани евроинтеграциите поради злоупотреба на членството од страна на една нејзина членка. Голем товар за ЕУ е со години да ни дава препорака во вакви околности“. Универзитетските професор Денко Малески и Ким Мехмети пак, одат уште подалеку. „Ситуацијата е доведена дотаму што веќе не е битно каква препорака ќе добиеме, позитивна или негативна, оти напредокот е врзан со друго прашање. Без оглед колку ќе бидат добри нашите перформанси, нема да можеме да го направиме чекорот напред без решавање на тоа прашање. Нам ни треба ЕУ за да ја подобриме демократијата дома, а тој чекор никако не можеме да го направиме.“, вели Малески. Уште покатегоричен е аналитичарот Ким Мехмети: „Во врска со извештајот од ЕУ, мислам дека е јасно. Никој не е заинтересиран за НАТО и за ЕУ. Партиите повеќе се грижат за самите себе отколку за државата“, дециден е Мехмети.


Капитал број 721 23.08.2013

www.kapital.mk

36 СветеДнА КрвАвА АрАпСКА револУцијА Уште

EgipEt gori Se odlu~uva idninata na Bliskiot istok Краткотрајното владеење на Муслиманското братство и на претседателот Морси во Египет се покажа како крајно опасно и погубно не само за земјата, туку и за целиот регион. Од друга страна, контраударот на армијата сруши легално избран претседател, кого с$ уште го поддржува мнозинството од населението. Како последица на овие две случувања, Египет во моментов е целосно поделена земја во која човечкиот живот не вреди ни пет пари, а евентуалната граѓанска војна би можела да го завојува целиот регион. Најстрашно од с$ е што меѓународната заедница с$ уште има недефиниран и поделен став за египетската катастрофа пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

Фотоархива на Капитал

П

овеќе од илјада загинати луѓе за една недела и неколку десетина илјади повредени. Ова е билансот од судирите меѓу муслиманското братство и египетската армија во последната

недела во Египет. Милиони разуздани толпи по улиците на најголемите египетски градови никако да се помират со воениот удар од 3 јули и насилниот пад на легално и мнозински избраниот египетски претседател Мохамед Морси. Светската јавност поради сета таа кататрофа која & се случува на најстарата и најголемата африканска земја логично поставува три прашања: до кога ќе трае овој крвав конфликт, како да се разреши и кои се или кои ќе бидат локалните и регионални последици од него?

Тотална поделеност меѓу

населението води до долготраен конфликт

Уште од јануари 2011 година улиците на Египет постојано се полни со демонстранти. Тогаш во содејство со револуционерните движења во целиот регион на Блискиот Исток и Северна Африка под популарното име Арапска пролет и во Египет опозицијата се крена за да го сруши режимот на Мубарак, кој траеше скоро 40 години. Најголемата трагедија на новата египетска историја е токму во тоа што истата група луѓе која во 2011 година славно го рушеше Мубарак и делумно (или барем така изгледаше) успеа да се избори за


www.kapital.mk

Капитал број 721 23.08.2013

Свет

демократија денеска е поделена на два спротивставени и крајно закрвавени табори. Поделбата настана како последица на големото разочарување на оние слободни демократи кои беа навистина излезени на улиците за да му ја донесат демократијата на Египет, а не за да ја вратат земјата во канџите на шеријатското право и исламскиот фундаментализам кој функционирал во Каиро до пред 80 години. Сепак, демократските сили и слободоумно настроените револуционери доцна се сетија и кога тие алармираа дека земјата се исламизира, веќе беше донесен

Мохамед Морси на власт. Станува збор за поранешен политички затвореник поради неговите отворени врски со Муслиманското братство, кое работеше во илегала долги години. И самата негова појава како член на една од најстарите и најмоќни муслимански организации во светот и неговите постапки како претседател преку кои отворено се пропагираше исламистички начин на раководење со државата. За Морси „слободата на изразување доаѓа заедно со големи одговорности, особено кога има големи импликации за мирот“, што значи дека тој никогаш не се залагал за целосна слобода на

37

изразување на народот, што беше искористено против него во заговарањето и извршувањето на воениот удар. „Револуциите од Арапската пролет се случија бидејќи луѓето конечно сфатија дека токму тие се моќта и никој друг“ е познатиот став на Морси, кој не се штедеше да го повторува секој ден и на кое било место или меѓународен собир. Непосредно пред и за време на воениот удар во Египет од 3 јули и војската ја засили реториката во однос на Морси и на целата организација на Муслиманското братство, кое буквално го држи Египет во заложништво од


Капитал број 721 23.08.2013

38

www.kapital.mk

Свет

Економијата и стандардот на населението трпат огромни удари

М

алку е познато дека египетската економија растеше во просек по 7% три години по ред пред светската економска криза во 2008 година. Веќе до 2012 година оваа бројка се намали на 2,5%, што е раст кој го има економијата на земјата и во 2013 година. Странските директни инвестиции за истиот период се паднати од 10 милијарди долари годишно на 1,3 милијарди за изминатива година. Државата веќе зеде заем од ММФ во износ од 4,8 милијарди долари, што во никој случај не може да ги покрие с$ поголемите побарувања на земјата. Државните резерви од 38 милијарди долари во 2010 година денеска се паднати на 19 милијарди долари, што ја прави земјата неспособна да обезбеди храна и бензин. Египет произведуваше и повеќе од 700.000 барели нафта на ден во 2011 година и беше нето-извозник. Државата исто така извезуваше и 20% од ископаните резерви на природен гас. Иако официјални податоци не постојат како што пишуваат медиумите во услови на вака тензична ситуација, каде што власта не контролира цели делови од територија, тешко дека ќе се одржат овие бројки на производство кои важеа пред кризата. Египет годишно заработува и околу 10 милијарди долари од туризмот, што оваа година е ставено под знак прашалник.

тензии уште од 1924 година. Началникот на Египетскиот генеранлштаб и водач на воениот удар, генерал Фатах Абдел ел Сиси, од поодамна потенцира дека веќе нема да ги задржува и да ги спречува неговите сили од борба со оние коишто сакаат да го уништат Египет, неговиот модерен пат и демократијата. „Нашето воздржување од акција нема да продолжи. Ние веќе нема да прифатиме никакви напади и ќе возвратиме со целосните наши сили“, дециден е генерал Фатах Абдел ел Сиси. Покрај сета таа тензична атмосфера и последната вест која стигна од Каиро пред затворањето на овој број на „Капитал“ за апсењето на водачот на Муслиманското братство, 70-годишниот Мухамед Бади, тешко е да се очекува смирување на состојбата во земјата во скоро време. „Капитал“ консултираше и повеќе експерти за тоа каква е иднината на Египет и на Блискиот Исток по минатонеделните крвави случувања. Бошко Јакшиќ, уредник на надворешнополитичката редакција на белградска „Политика“ и еден од најголемите познавачи на оваа проблематика во регионот, во ексклузивниот разговор за „Капитал“ вели дека овонеделните масакри на улиците на Египет до таа мера ги оддалечиле двата пола во египетската политика и ги вкопале на линијата на фронтот што сосема е нереално да се очекува дека Египќаните сами од себе ќе воспостават реален и искрен меѓусебен дијалог. „Само Вашингтон во овој момент може

да ги седне закрвавените страни на маса, и тоа под услов итно да ги притисне генералите во Каиро. Време е за брз компромис. Во спротивно, нема долго да чекаме на насилен одговор на Муслиманското братство“, вели Јакшиќ, кој е дециден дека доколку Египет потоне во граѓанска војна, тоа ќе биде катаклизма од невидени размери, која ќе ја одреди судбината на целиот Близок Исток. Но, барем засега САД е одлучна да не се меша во случувањата во Египет. „Способноста на САД да влијае врз случувањата во Египет е ограничена. Времената египетска влада треба да вложи поголеми напори за помирување, земајќи ги предвид интересите на различните страни во кризата. Египетскиот народ има одговорност да ја реши таа ситуација“, изјави министерот за одбрана на САД, Чак Хејгл. Во врска со ваквата тензична состојба во Египет став побаравме и од македонскиот амбасадор во Каиро, Миле Манолев. Тој смета дека состојбата во Египет оди кон помирување. „Ситуацијата беше тензична, но состојбите се смируваат. Со задоволоство можам да го констатирам тоа и да изразам надеж дека во наредниот период земјата целосно ќе се с��абилизира“, вели Манолев и додава дека засега до амбасадата нема стигнато никаква поплака од ниту еден македонски граѓанин кој бил затекнат или оштетен од состојбите во Египет.

Меѓународната заедница против египетскиот народ

„Меѓународната заедница против египетскиот народ.“ Вака некако Муслиманското братство се обидува да ја отслика состојбата во Египет деновиве. Тие постојано потенцираат дека со воениот удар на египетските генерали, кој беше отворено поддржан и од Европа и од САД, беше срушен легално избран египетски претседател, кој

Бошко Јакшиќ

уредник на надворешнополитичката редакција на белградска „Политика“

С

амо Вашингтон во овој момент може да ги седна закрвавените страни на маса, и тоа под услов итно да ги притисне генералите во Каиро. Време е за брз компромис. Во спротивно, нема долго да чекаме на насилен одговор на Муслиманското братство.

Генерал Фатах Абдел ел Сиси министер за одбрана на Египет и водач на воениот удар

Н

ашето воздржување од акција нема да продолжи. Ние веќе нема да прифатиме никакви напади и ќе возвратиме со сите наши сили.

Мохамед Морси

поранешен претседател на Египет

Р

еволуциите од Арапската пролет се случија бидејќи луѓето конечно сфатија дека токму тие се моќта и никој друг.

Реџеп Таип Ердоган актуелен турски премиер

В

о Египет на сцена е државниот тероризам. Меѓу генералот Фатах Абдел ел Сиси и Башар ал Асад нема разлика. Советот за безбедност на ООН и ЕУ се посрамотија бидејќи не го осудија она што се случува во Египет.

Чак Хегел

министер за одбрана на САД

С

пособноста на САД да влијае врз случувањата во Египет е ограничена. Времената египетска влада треба да вложи поголеми напори за помирување, земајќи ги предвид интересите на различните страни во кризата. Египетскиот народ има одговорност да ја реши таа ситуација.

Миле Манолев

амбасадор на Македонија во Египет

С

о задоволоство можам да го констатирам тоа и да изразам надеж дека во наредниот период земјата целосно ќе се стабилизира. Засега до амбасадата нема стигнато никаква поплака од ниту еден македонски граѓанин кој бил затекнат или оштетен од состојбите во Египет.


www.kapital.mk

Капитал број 721 23.08.2013

Свет победи на минатогодишните избори со апсолутно мнозинство. Во одбрана на столицата на Морси како една од најголемите придобивки од целата Арапска пролет нормално, прв застана турскиот премиер и за многумина идеен водач на носењето на исламистичките режими во арапскиот свет, Реџеп Таип Ердоган. „Во Египет на сцена е државниот тероризам. Меѓу генералот Фатах Абдел ел Сиси и Башар ал Асад нема разлика. Советот за безбедност на ООН и ЕУ се посрамотија бидејќи не го осудија она што се случува во Египет“, изјави Ердоган. Ваквата поделеност на ставовите на меѓународната заедница за Бошко Јакшиќ е доказ дека е направена огромна грешка во ставот на Западот за поддршка на воениот удар во Египет. „Западот направи огромна грешка со тоа што го поддржа воениот удар на генералите во Египет, што истовремено претставува удар на сите демократски вредности со кои тој ист Запад се гордее. Наместо да го поддржи вклучувањето на исламистите во тековите на современата политика, бидејќи радикализмот се маргинализира кога политиката е посилна, Западот уште првите денови застана на страната на генералите“, вели Јакшиќ. Само за потсетување, Арапската пролет како движење беше претпазливо поддржувано од западните земји

специјален прилог

како големо будење на Арапите кое се споредуваше со случувањата во Источна Европа во 90-тите години и на кое се надеваа дека ќе воспостави демократски режими по нивни терк. Сепак, промените коишто настанаа во Тунис, Либија и во Египет го покажаа спротивното. На виделина излезе фактот дека Муслиманското братство и сличните движења на него само ги искористија турбуленциите за да дојдат на власт и да почнат да ги моделираат општествено-политичките системи на Блискиот Исток по шеријатски ков. Токму како одговор на тоа, Западот ја поддржа контрареволуцијата реинкарнирана во египетскиот воен удар од 3 јули. Но, дали тоа го направи навреме или со задоцнување останува да видиме.

Опасност да експлодира целиот регион

Убиството на 24 египетски полицијаци на Синајскиот Полуостров во градот Рафах на самата граница со Палестина е силен индикатор дека египетскиот проблем многу лесно може да стане регионален. Станува збор за специфичен регион за кој Израел и Египет веќе имаат водено неколку војни. Токму Синајскиот Полуостров беше причината за масовниот судир меѓу Израел, од една страна и Египет, Јордан и Сирија од друга во 1967 година, попознат како Шестдневна војна. „Јерусалим пост“ деновиве

39

За што се бори и се залага Муслиманското братство?

О

рганизацијата на Муслиманските браќа или Муслиманското братство е една од најстарите, најголемите и највлијателните арапски организации во светот. Основано е во 1928 година во Египет како панисламистички, религиозно, политичко и социјално движење и ден-денес е најголема политичка опозиција во речиси сите арапски држави. До крајот на Втората светска војна има повеќе од два милиони членови. Главната цел на братството од неговото основање е да воспостави сунитски ислам според Куранот, кој ќе го регулира животот на населението од единката, преку семејството, па с$ до целата држава. Братството е познато по вклученоста во политичко насилство во бројни случаи, преземање одговорност за инсталирањето на Хамас. Долга е листата и со политички атентати кои ги има извршено братството.

20

СЕПТЕМВРИ 2013

МОБИЛЕН СВЕТ

КАПИТАЛ ВО ОВА ИЗДАНИЕ НА СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРИЛОГ “МОБИЛЕН СВЕТ” ВЕ ИНФОРМИРА

Повеќе информации во врска со прилогот и комерцијално претставување во истиот можете да добиете на е-маил boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 105

 Четврта генерација на мобилни комуникациски услуги (4G)  Трите мобилни оператори добија одобренија за користење радиофреквенции од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги. Што тоа конкретно ќе значи за македонските корисници?  Мобилно плаќање во Македонија. Капитал прави анализа на пазарот, и како функционира засега. Кои и каква услуги, пакети, производи и уреди можат да очекуваат македонските корисници?  Кои и какви клауд реченија и услуги веќе се присутни и на нашиот пазар? Како нивната примена може да го подобри вашиот бизнис?

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ


Капитал број 721 23.08.2013

40

www.kapital.mk

Свет

Коптите во египет на удар пред гневот на муслиманите

Н

ајголемата христијанска религиска група во Египет и во целиот муслимански свет, Копти, која брои 15 милиони луѓе, се наоѓа во можеби најтешката состојба во нивната понова историја. По речиси осумдецениско тактизирање со нивните права од страна на власта, со доаѓањето на Мохамед Морси и неговото Муслиманско братство на власт стана цел на мнозинското муслиманско опкружување во регионот. Коптите всушност, се остаток од оригиналните египетски староседелци кои не подлегнале на насилната исламизација за време на арапското ширење по VII век и се единствена ваква поголема христијанска група од Блискиот Исток с$ до Гибралтар.

пренесе изјава на анонимен израелски функционер кој бара да се поддржат египетските војници во борбата против Муслиманското братство, што го става Израел во групата поддржувачи на воениот удар против исламизацијата на Египет. Дека на Блискиот Исток, односно во сите арапски држави во моментов се води војна на два сосема различни концепти доказ е и неодамна објавената вест дека штабот на

специјален прилог

сириската опозиција се преместува од Египет во Турција. Имено, сириската опозиција е дел од движењето Арапска пролет за исламизација на регионот под патронат на турскиот премиер и на Муслиманското братство. Со оглед на тоа дека исламистите барем на краток рок ги изгубија позициите во Египет, логично е да пребегнат во Турција, каде што и покрај уличните судири, благо исламистичкиот режим сепак преживеа.

Ослободувањето на Мубарак можна каписла за граѓанска војна

Д

одека на улиците на Египет се лее крв како последици на немирите кои започнаа со падот на Хосни Мубарак, поранешниот египетски претседател очекува да биде пуштен на слобода. Адвокатот на Мубарак веќе најави дека неговиот клиент ќе биде ослободен од затвор откако обвинителот го ослободил од обвиненијата за корупција. Мубарак с$ уште се соочува со повторно судење за обвиненијата за учество во убиство на демонстрантите од немирите во 2011 година, а дел од аналитичарите и социолозите во Египет прогнозираат дека евентуалното негово ослободување би значело дотурање гориво на огнот кој и така го голта Египет.

6

СЕПТЕМВРИ 2013

EVENT MANAGEMENT КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА:  Кои се најновите светски концепти во организирање настани од најразличен тип, вклучително и конференции и саеми?  Новини во концепирањето на самите настани од аспект на соодветно осветлување, озвучување, примена на нови технологии и соодветен мебел за оваа намена!  Какви се трендовите со менаџирање настани на македонскиот пазар? Колку македонските компании од оваа индустрија држат темпо со светските новитети?  Еvent management експертите Ве советуваат како да организирате бизнис настан кој долго се памети!

Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 102

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

САЊА САВОВСКА


специјален прилог

13

СЕПТЕМВРИ 2013

НОВИ m

КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА:  Oваа есен Македонија ќе добие нови шопинг центри! Во најава е отварање на два трговски центри во Тетово, а од минатата година значително е зголемен и шопинг просторот во Скопје. Што значи тоа? Колкава е искористеноста на капацитете? Кои се новите трговци и брендови на пазарот? Што добија/ќе добијат македонските потрошувачи?

Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: aleksandra.stojmenova@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 103

2

 Изградбата на станови годинава порасна за 22,4%! И кредитниот раст држи темпо и изнесува 11%!  Какви се проценките за понудата и побарувачката до крајот на годината – ќе се апсорбираат ли новоизградените станови, главно во Скопје?  Може ли да се очекува натамошен пад на каматните стапки на станбените кредити?  Приказ на понудата на полуксузни резиденцијални објекти!

ЛИЦА ЗА КОНТАКТ: АЛЕКСАНДРА СТОЈМЕНОВА


...Фељтон...

Букурешки мировен договор 100 години потоа

br.

3

KaKo albanija uspeva da se steKne so nezavisnost vo buKure[t, a MaKedonija ne?

М

акедонија ја одбележува 100-годишнината од најголемата национална трагедија - распарчувањето на нејзиниот народ на три одделни единки, кои ни 100 години подоцна не можат да помислат на какво било обединување. Ова е исходот од средбата на 18 делегати претставници на пет балкански земји кои на 10 август 1913 година во Букурешт ја запечатиле судбината на македонскиот народ, кој засекогаш ќе остане поделен поради овој договор. „Капитал“ ќе го покрие одбележувањето на 100-годишнината од Букурешкиот мировен договор со фељтон во пет продолженија, во кои ќе се обидеме да ви ја доловиме состојбата пред, за време на и по Букурешкиот мировен договор.

пишува:

дејан азески

dejan.azeski @kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

П

о Руско-турската војна во 1878 година, која се завршува со Берлинскиот мировен договор, во составот на

турската империја од балканските територии остануваат само уште Македонија и Албанија. Станува збор за два народи коишто никогаш низ историјата (со исклучок на спорадични востанија) немале своја независност, но дефинитивно имале национална посебност од останатите балкански народи. Најголемата, веројатно и единствена придобивка за Македонците и за Албанците од Берлинскиот конгрес е токму признавањето на таа национална посебност. Значи, од 1878 година

Македонците и Албанците паралелно ја тераат својата борба за национално осамостојување чии последиците ќе се почувствуваат во критичниот период 1912-1913 година.

Албанците едноставно знаеле што сакаат

Уште од формирањето на Албански комитет во Јанина во мај 1877 година и Централен комитет за заштита на правата на албанскиот народ заедно со Призренска лига, а по нејзиното распуштање во 1899


Капитал број 721 23.08.2013

44

www.kapital.mk

Фељтон

Декларацијата за независност на Албанија била издадена на 28 ноември 1912 година според која била прогласена независноста на Албанија од Османлиската империја. Независноста се прогласила од Големото народно собрание во Валона, а била потврдена со Лондонскиот договор со којшто била завршена Првата балканска војна во 1913 година. Истата одлука беше преповторена до Букурешт. Македонија независност доби дури во 1991 година, а нејзиното етничко обединување од границите од 1913 година никогаш не е завршено

Хасан Приштина издејствува автономија во турскиот Парламент, Јане Сандански не успеа

С Блаже Ристевски

академик

Б

укурешкиот договор е еден комплот против постоењето на тогашната Македонија како самостојна држава иако, како што рече, во тоа време сите се надевале дека Македонија ќе добие независност пред Албанија, што не се случило благодарение на некои големи сили.

Исмаил Ќемали

татко на Албанија

Е

динствен начин да се спречи поделбата на територијата на Албанија меѓу балканските сојузници е таа да се коснтитуира како независна држава со одвојување од Османлиското Царство.

$ до септември 1912 година, Отоманската влада намерно ги држи Албанците разделени во четири етнички хетерогени вилаети за да спречи Албанско национално обединување. Реформите на младотурците ќе испровоцираат револт меѓу Албанците, што ќе резултира со немири помеѓу јануари и август 1912 година. Хасан Приштина, пратеник во отоманскиот Парламент, јавно ја предупредува власта во Истанбул, дека младотурските реформи водат кон востание во Албанија. До август 1912 година Албанците успеваат да го дестабилизираат целиот косовски вилает, вклучувајки ги Нови Пазар, Сјеница, Приштина, па дури и Скопје. Немирите во Албанија завршуваат на 4 семптември 1912 кога младотурската власт ќе прогласи обединување на четирите албански вилаети.

година и Пеќката лига, албанската интелигенција и родовски првенци работи на обезбедување што помирна транзиција од турската империја кон некоја блага автономија и незавиност на земјата. Разликата во пристапот на албанските дејци за независност и на Македонците е во тоа што Албанците не се гледале во ниедна друга држава по распадот на Османлиската империја. За жал, тоа не било случај и со најголем дел од македонските граѓани. Кон почетокот на 20 век со поголем интензитет продолжиле конфликтите за добивање независност на земјата. Последниот се случил во 1912 година и во историјата е познато како Албанско востание по кое бил отворен патот за прогласување независност. Според академик Блаже Ристевски, треба да се знае дека Букурешкиот договор е еден комплот против постоењето на тогашната Македонија како самостојна држава иако, како што

рече, во тоа време сите се надевале дека Македонија ќе добие независност пред Албанија, што не се случило благодарение на некои големи сили. „Македонија во тоа време во своите етногеографски граници не беше помала од Грција и од Србија. Грција успеа благодарение на односот со Србија да присвои над 50% и сега токму таа се појавува како земја што го одрекува нашето постоење како Македонија и Македонци со свој идентитет и ги имаме проблемите кои ги знае целиот свет“, посочи академик Ристовски. Декларацијата за независност на Албанија била издадена на 28 ноември 1912 година според која била прогласена независноста на Албанија од Османлиската империја. Независноста се прогласила од Големото народно собрание во Валона, а била потврдена со Лондонскиот договор со којшто била завршена Првата балканска војна во 1913 година.


www.kapital.mk

Капитал број 721 23.08.2013

Фељтон

45

И Албанија беше првично распарчена исто како Македонија

К

ралската српска војска на 29 ноември 1912 година веднаш по прогласувањето на независноста без борба го зазема Драч и воспоставува Драчки округ со четири засебни области: Драч, Леш. Елбасан и Тирана. Новата српска власт се соочува со големи тешкотии во управувањето со новиот округ, бидејќи сите помали групи на српската војска во околината на Драч веднаш биле уништетни. Јанина на 6 март е заземена од грчката војска. Истовремено во Призрен на Косово е убиена група од 200 српски војници како освета за воената управа во Албанија. Во април 1913 година српската војска се повлекува од Драч, но останува во другите делови на Албанија. Црна Гора на 23 април 1913 година успева да го заземе Скадар по шестмесечна опсада. Но, по завршетокот на војната големите сили ја присилуваат Црна Гора да се повлече од Скадар во мај 1913 година.

Да беа Македонците обединети како Албанците во 1912 и ние ќе славеме 100 години независност

Истата одлука беше преповторена до Букурешт. Македонија независност доби дури во 1991 година, а нејзиното етничко обединување од границите од 1913 година никогаш не е завршено.

Додека Македонците крвареа за туѓи интереси, Албанците создаваа државни институции Албанската интелегенција во очи на Балканските војни станува свесна дека без легитимна страна за преговори со големите сили, Албанија е само уште една територија предодредена за разграбување помеѓу соседите. За таа намена, Исмаил Ќемали ги повикува сите албански првенци од различните делови на Албанскиот вилает да дојдат на Свеалбанскиот конгрес кој се одржа во Валона на 28 ноевмри 1912 година. На почетокот на заседавањето, Исмаил Ќемали истакнал дека правата на Албанците освоени во текот на неодамнешните албански побуни се загрозени и им објаснил на учесниците

Македонците за време на Балканските војни се бореа за сите само не за себе на конгресот дека би требало да се направи с$ што е во нивна моќ за да се спаси Албанија од распарчување. Во своето воведно обраќање Исмаил Ќемали истакнува дека единствен начин да се спречи поделбата на територијата на Албанија меѓу Балканските сојузници е таа да се коснтитуира како независна држава со одвојување од Османлиското Царство. Предлогот на Ќемали е едногласно усвоен и одлучено е да се потпише

декларација за независност на Албанија во име на конституираното собрание во Влаона чии членови се претставниц�� на сите подрачја на Албанија. Со декларацијата за независност на Албанија, собранието во Валона се отфрла автономијата која на Албанскиот вилает му ја доделило Османлиското Царство од пред неколку месеци порано и постигнат е консензус за потполна независност.


капитал број 721 23.08.2013

46

www.kapital.mk

на руЧек со...

Гарав Семвал извршен директор на CEL GLobaL

Makedoncite se topli i GostopriMlivi isto kako nas, indijcite


www.kapital.mk

капитал број 721 23.08.2013

на руЧек со...

Ја обожавам својата работа

и можностите за запознава

Од консултантство во енергетскиот сектор, нашиот овонеделен соговорник се префрлил во секторот образование и угостителски менаџмент, и тоа од родната Индија во македонија. Гарав Семвал е директор на компанијата што стои зад првата приватна градинка во земјава што ќе работи по методот монтесори, а пред неколку месеци го отворија и својот прв ресторан во македонија, Peacock. Исто така, неговата компанија е советник на македонската влада во проектот Универзитетски центар во велес пишува:

Игор петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

Ивана кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

лична архива на Гарав семвал

П

аунот е митска птица, значајна во многу култури и религии во светот, особено во источните, како што е Индија. Во Индија паунот е н национална ационална птица на државата, а во нивната митологија паунот всушност, е претставен како тронот на богот на

47

војната Картикеја. Не случајно и пред неколку месеци отворениот индиски ресторан во Скопје се вика Peacock, што на англиски всушност, значи паун. Сопственик на Peacock е компанијата CEL Global регистрирана во земјава, којашто е компанија-ќерка на индиската CEL Pvt.Ltd., а директор на CEL е Гарав Семвал, кој што беше и наш домаќин во индискиот ресторан, каде што го направивме разговорот за овонеделниот “На ручек со...“. Peacock e мошне пријатно место, лоцирано непосредно до Градски парк и веднаш н$ освои мене и фотографот Ивана со својата нетипична ресторантска атмосфера – повеќе се чувствувате како да сте во некој модерно наместен дом каде што доминира тонот и

ње нови места и луѓе

орнаментиката на Индија. За индиската кујна не знаев многу, само дека е исклучително зачинета и дека за нечиј вкус тоа може да е пресилно. „Не грижете се“, ни рече со широка насмевка г. Семвал, „го прилагодуваме зачинувањето кон локалните навики и вкусови. Сега првпат сте ни гости и добредојдовте во благата варијанта на зачинувањето. Следниот пат ќе прејдете на следното, повисоко ниво“. Неговата прељубезна сопруга Сонали го води ресторанот и се грижи на гостите да не им недостига ништо. Со нејзина помош Гарав почна да ни ги објаснува специјалетите коишто почнаа да пристигнуваат на масата: „тандури“, „џира алу“, „самуса“... Прво дојдоа предјадењата, се разбира, кои во суштина, се јадења од пилешко и компири, но традиционалниот начин на подготовка во комбинација со ориенталните зачини прави гастрономска рапсодија за нашите сетила и мора да признаам дека с$ што изнесоа на маса нашите домаќини, иако со невообичаени ароми, беше исклучитечно вкусно. Сосе јогуртот од манго, кој традиционално во Индија оди со оброците како освежителен пијалак. „Ова е можеби нашиот најпродаван производ во ресторанов, Македонците едноставно се луди по него“, вели Гарав.

Градинката е старт на нашите инвестиции во образованието во македонија

Гарав Семвал е во Македонија од почетокот на годинава, дојден на покана од неговиот зет за сестра, Амриш Чандра, кој пак, е потпретседател на CEL Pvt.Ltd, компанија од Индија чии бизнисинтереси се на полето на едукацијата и угостителството. CEL Pvt. Ltd. отвори своја фирма во Македонија, CEL Global Dooel, чиј главен извршен директор е Семвал и тој го менаџира отворањето градинка и средно училиште во Скопје. Градинката беше свечено отворена пред околу еден месец во населбата


капитал број 721 23.08.2013

48

на руЧек со...

Планираме да отвориме уште неколку ресторани и lounge барови во Македонија

среќни сме што преку кон султантскиот Ltd. & помагаме на на CEL Pvt. кедонската Влададел универзитетски ценма во проектот тар-Велес

Паунот е националната птица на Индија, не случајно ресторанот што го отворивме се вика Peacock (паун)

www.kapital.mk

Во сан

диего, Тафталиџе и таму децата калифорнија, ќе може да ги добиваат со поранешните предучилишните знаења колеги од Priceна англиски јазик, според WaterHouse познатиот метод Монтесори, Coopers развиен од италијанската докторка и едукатор Марија Монтесори. Овој систем на учење е познат по тоа што се фокусира врз независноста, слободата и респектот за детскиот природен психолошки, физички и социјален развој. „Главен јазик ќе биде англискиот, но дечињата ќе имаат можност да научат да читаат и да пишуваат и на македонски. Немаме посебно таргетирани групи посетители на оваа градинка. Тоа може да бидат сите локални дечиња, како и децата центар на на странците што престојуваат во полето на Македонија по која било основа. високото Во моментов привршуваме со образование подготовките и селекцијата на за целиот наставен кадар и со почетокот на учебната година стартуваме и ние“, Балкански регион“, објаснува Семвал. објасни Компанијата за која работи тој Семвал. има големо искуство во Индија и во уште неколку земји, во Догодина концептуализирање на едукативните не ја проекти до нивно финално пропуштам спроведување и работење. Нивната Галичката следна цел е отворање средно свадба училиште, за што подготовките Го прашавме се во тек, избрана е локација, се Гарав како прибираат потребните дозволи и му се допаѓа на бизниснаскоро треба да почне изградбата. животот во конференција „Низ годините CEL ги помина Македонија, во Индија, интернационалните граници и се привикнал како еден од компанијата беше успешна во ли веќе, говорниците одржувањето силни контакти со кои нешта странските клиенти во рамките на му оставаат едукативната индустрија. Досега најголем компанијата има имплементирано впечаток... Вели дека успешни проекти во Велика земјава е преубава, со прекрасни Британија, Канада, САД, како и во пејзажи и многу пријатни луѓе. неколку азиски земји“, вели Семвал. „Ние Индијците исто така сме CEL исто така има договор со познати како топли и гостопримливи македонската влада за консултантски луѓе и по тоа сме слични со услуги при формирањето Македонците. Кај нас универзитетски кампус во Велес, гостинот се третира како каде што свои претставништва треба божество. Ако треба, на да отворат угледни универзитети од домаќинот нема да нијагарините светот. јаде, само да го нагости Водопади во Во вторникот Семвал и неговите гостинот. Квалитетот на канада колеги од CEL ја презентираа животот во Македонија физибилити-студијата за ми се допаѓа, луѓето се едукативниот центар, кој ќе биде единствен од ваков тип во регионот. На презентацијата присуствуваа владини претставници, Форумот за инвестирање од Британија, DTZреномирана компанија, консултант во изработката на проектот, како и претставници на Бизнис-школата Ашриџ (Ashridge Business School). „Овој универзитетски кампус ќе биде место на повеќе универзитети кои ќе нудат квалитетно образование по пристапни цени за студентите од Македонија и од регионот. Проектот за едукативниот кампус во Велес ќе го подобри и ќе го зголеми квалитетот на канпур, високонаставните образовни родниот програми во земјата и ќе град на прерасне како врвен регионален Гарав семвал


е

www.kapital.mk

капитал број 721 23.08.2013

на руЧек со...

49

вредни, но сакаат и да се опуштат и да уживаат. Во Индија има многу народ, конкуренцијата е огромна. Секогаш може да дојде некој подобар да ви ја земе работата, притисокот во кариерата е преголем... Овде гледам дека луѓето уживаат во храната, што мене ми одговара, хаха. И јас сум голем гурман. Веќе ги засакав тавче-гравчето, турлитавата и останатите специјалитети.“ Со оглед на тоа дека Индија е огромна земја, со многу различни етнички групи, јазици, обичаи, вкусови, го прашав како всушност, е формирана некоја карактеристична индиска кујна, односно храната што се нуди во индиските ресторани некаде во светот. „Секоја сојузна држава во Индија има различна храна и начин на приготвување. Ова што го гледаме како понуда во индискиов ресторан повеќе е наследство од владејачите со Индија, империјата Мугал, во предбританската доба. Таа храна повеќе е популарна во северните делови, од семвал каде што потекнувам јас. Во јужните со сопругата делови повеќе доминира оризот, а сонали и карактеристично за нив е лепчето во ќеркичките вид на палачинка, кое се прави со ајана и брашно од ориз. Во западниот дел пак, амаира има држава каде што претпочитаат многу слатка храна. Тие ставаат шеќер во с$, нивните главни јадења за нас останатите би биле десерт, хаха“, вели Семвал. Во Македонија досега Гарав успеал да ги посети Охрид, Берово, Маврово и Галичник и секако Велес, каде што треба да се изгради универзитетскиот центар. Вели дека за малку ја пропуштил Галичката свадба, но следната година планира задолжително да присуствува на оваа манифестација. Вели дека обожава да искусува различни обичаи и традиции и затоа му е особено мило што Македонија има особено богато културно и фолклорно наследство. „Ја сакам својата работа, особено што вклучува доста патување, ��а така со колеги во запознавам нови места и луѓе. Секој слободен момент го поминувам со ратнагири, западноиндиско моето семејство, а особено уживам пристаниште, за грижејќи се за своите ќеркички. да организираат Она што особено ме релаксира е индиската музика, и тоа онаа работилница понежната, потивката музика, којашто ја пуштаме и тука во ресторанот.“

роден сум во „индискиот манЧестер“

Гарав Семвал е роден во градот Канпур, најголемиот индустриски центар на северната индиска држава Утар Прадеш. Во најдобрите времиња овој град бил познат како Манчестер на Истокот, затоа што таму била силно развиена текстилната индустрија. „Сега не е како некогаш. Сјајот на индустрискиот подем е избледен поради силната конкуренција од останатите азиски земји. Јас се школував во родниот град, стекнав и сертификат за овластен сметководител во 2002 година и на почетокот работев во една градежна компанија која беше одговорна за голем проект за изградба на брана. Потоа магистрирав на полето енергетски менаџмент и се вработив во филијалата на меѓународната ревизорско-консултантска куќа PriceWaterHouse Coopers, PwC, во Индија, каде што бев од 2005 година, па с$ до преминувањето во CEL Global во декември 2012 година. PwC самово Индија има 6.000 вработени и покрива со консултантски услуги повеќе индустриски сектори, а јас работев во секторот енергетика. Моето консултантско искуство опфаќа советување големи компании за корпоративните стратегии, проект-менаџмент, стратегија за влегување на пазарот, финансиски конструкции на проектите, итн.“


50

Капитал број 721 23.08.2013

www.kapital.mk

светот на виното

винсКи МаЈстоРии

Vinski podrum Веројатно секој љубител на вино сонува да има вински подрум. Тој треба да биде студен, темен, доволно влажен... Се чини комплицирано

В

иното се чува во подрум ископан во земја на идеална температура од 12 до 15 степени Целзиусови. Во подрумот секогаш треба да има константна влажност, подот треба да биде земјен, ѕидовите пожелно е да се од камен или опека, далеку од апарати кои вибрираат, далеку од сообраќајници, подалеку од зеленчук каков што е кромидот... Сево ова се чини недофатливо за оние коишто живеат во урбани средини, во поголемите градови. Идеалното е ретко остварливо, но затоа има различни можности соодветно да ги сочувате вината коишто мислите дека вредат и дека со години ќе бидат уште подобри. Но, затоа постојат и други места каде што може да се чува винска колекција, колку и да е мала. Ако имате педесетина шишиња добри вина, веќе може да се сметате за колекционер. А тоа бара исполнување на некои услови. Тие може да се чуваат во некој мирен дел од станот, подалеку од грејните инсталации и надворешните влијанија. Тоа може да биде простор под скалила или во изолиран шпајз, но и во оние специјални вински фрижидери каде што има разни нивоа на разладување. Некои се снаоѓаат така што вината ги закопуваат во земја во бетонирани простори. Некои ги користат подземните скривници. Најважно за сочувување на виното е температурата. Таа овозможува виното

да еволуира и во одреден момент да го даде најдоброто. Колку повеќе расте температурата, толку побрзо виното ќе старее и... побрзо ќе се расипува. Особено доколку има чести варијации на температурата. Одлично е ако во винското катче постигнете температура која никогаш не ќе надмине 18 степени Целзиусови, ниту пак, да падне на помалку од 5 степени Целзиусови. Идеални се 12 степени Целзиусови, но тоа е доста тешко остварливо. Влажноста на местото на коешто се чуваат вината исто така е многу важна. Не треба да паѓа под 70%, зашто тогаш почнуваат да се сушат тапите, виното може да испари или да прими воздух и да се расипе. Затоа, во близина на вината имајте хигрометар. При падот на влажноста со просто полевање на подот на подрумот ќе ја постигнте влажноста. Но, внимавајте, зашто и претераната влажност може да развие габи кои не влијаат позитивно на виното. Освен тоа, големата влажност ги скапува етикетите, што секако, не е убаво да се види. Светлоста е мошне битна. Секоја светлина, и електричната, е убиствена за виното. Неонските светилки особено. Почувствителни на светлост се вината во проѕирни стаклени шишиња, од оние во боја. Вообичаено е во винскиот подрум да се користат слаби светилки.

Тешко дека кој било поединец ќе може да си дозволи подрум како нашата најголема винарница Тиквеш, осум метри под земја, со „барик авенијата“, огромните дрвени буриња, тоталната изолираност од надворешни влијанија. Ако не можете да си го дозволите луксузот да имате подрум со сите услови коишто ги наброивме, тогаш набавете си фрижидер или специјални „подрумплакари” за во стан кои можете да ги сместите каде што ќе посакате. Тие ја регулираат и температурата, и влажноста и светлината. Кога се пијат вината од еден подрум каде што стоеле во колку-толку добри услови? Во крајна линија, тоа зависи од вината кои ги колекционирате. Некои производители назначуваат дека се работи за вино кое може да се чува подолго. Повеќето ја немаат оваа назнака. Низ годините се потврдило дека големите вина, познатите марки траат подолго. Десетина години за едно добро и добро чувано вино се сосема нормално стареење. Притоа, не заборавајте - белите вина траат доста пократко. Исклучок се десертните и ликерските вина, кои може да траат многу долго. Има еден куриозитет - подобро ќе се сочуваат вината во големи шишиња од оние во помали. Магнум-пакувањата траат подолго.

ВИНСКИ РЕЧНИК X МАЦерАЦИјА - процес на потопување на кожинките на црното грозје во неговиот гроздов сок за танините, бојата и другите супстанции да преминат од кожинките во сокот X МАлОлАКТИчКА (МАлОлАКТОЗНА) ферМеНТАЦИјА природно пренесување на острата јаболкова киселина во поблага, млечна киселина, со што се ублажува вкупната киселост на виното; опционен процес во производството на белите вина. X МеКО - опишува вино со текстура во која алкохолот и шеќерот доминираат над киселините и танинот и со тоа даваат вино на кое му недостига тврдост и грубост. X МлИТАВО - колоквијален израз за вина кои се премногу меки X МеСНАТО - со овој термин се опишува впечатокот за текстурата кај некои вина X МИНерАлНО - вино кое по аромите потсетува на минерали. Се мисли на тоа дека виното потсетува на ароми како камен,

челик, железо или креда X НАгОреНО - вино каде што аромите и вкусовите потсетуваат на нагорено дрво X НАПАД - првиот впечаток кој го прави виното при дегустацијата во предниот дел на устата. Најчесто на врвот на јазикот. Се вели: „добар напад” или „слаб напад” X НеПЦе - овој термин дегустаторите го користат како синоним за уста X НИшКА ОД ДАб - особини на виното коишто доаѓаат од дабот со кој било во контакт (вкус на потпечено, на чад, на загорено дрво, арома на ванила или пак, поголема концентрација на танини од вообичаеното). Овие особини се добиваат додека виното стои во дабовото буре. Вакви вкусови се додаваат во многу евтини вина, но вештачки X НОВ ДАб - термин за нови дабови буриња или за буриња кои се користат само три пати.



Kapital magazin 721