Issuu on Google+

n НА БАЛКАНОТ НА ред е МАКедОНСКИОТ ПрОБЛеМ

Се стега обрачот околу спорот за името..............................................................................................................стр.32 n “СТАрТ АП“ Од ХрвАТСКА дОБИ ИНвеСТИцИјА Од МИЛИОН еврА. дали некој македонски „старт ап“ ќе добие ваква инјекција?!.................................................стр.26

број 716 цена 100 ден. | 19 јули, 2013, петок | година 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Subrata roj ќе донесе 20.000 крави во фарма во македонија?!

Pregolemo za da bide realno! str.

16


Капитал број 672 12.09.2012

4

 НА БАЛКАНОТ НА РЕД Е МАКЕДОНСКИОТ ПРОБЛЕМ

Се стега обрачот околу спорот за името..............................................................................................................стр.32  “СТАРТ АП“ ОД ХРВАТСКА ДОБИ ИНВЕСТИЦИЈА ОД МИЛИОН ЕВРА. Дали некој македонски „старт ап“ ќе добие ваква инјекција?!.................................................стр.26

БРОЈ 716 ЦЕНА 100 ДЕН. | 19 ЈУЛИ, 2013, ПЕТОК | ГОДИНА 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НАВИГАТОР

SUBRATA ROJ ЌЕ ДОНЕСЕ 20.000 КРАВИ ВО ФАРМА ВО МАКЕДОНИЈА?!

PREGOLEMO ZA DA BIDE REALNO! str.

16

сОдРжИНА 06 КапиталНО

БиљаНа ЗдравКОвсКа стОјчевсКа Лекцијата од Летонија

10 ПОЗИЦИЈАТА НА КАПИТАЛ 16 cover story

субрата рој ќе ја изгради најголемата европска фарма во Македонија?! Преголемо за да биде реално

22 фИЛАНТрОПИЈА

Капитал добитник на награда за филантропија „Донирањето н$ прави посреќни! Да донираме повеќе!“

ИздВОјуВАмЕ

www.kapital.mk www.kapital.mk

желби рој

Дваесет илјади крави, 80.000 литри млеко дневно, 75.000 тони сточна храна, 2.000 вработувања... Таргетите на индискиот инвеститор субрата рој во најава се преамбициозни, преголеми, нереални, тешко остварливи. вакви се коментарите и на експертите и на луѓето од Овчеполието, на коишто директно се однесува овој проект. Додека ги чекаме деталите од амбициозниот бизнис-план на рој, владините претставници уверуваат дека подготвителните активности веќе се во тек! XX стр. 16

26 ПреТПрИемНИшТвО И ИНвесТИЦИИ

„старт ап“ од Хрватска доби инвестиција од милион евра. Дали некој македонски „старт ап“ ќе добие ваква инјекција?!

32 ПОЛИТИКА

На Балканот на ред е македонскиот проблем се стега обрачот околу спорот за името

36 kОЛумНА

НеНО БОГдаН Зошто ја мразиме терапијата повеќе отколку што ја мразиме болеста?

38 бАЛКАН бИЗНИс ПОЛИТИКА

Панасоник влегува во Горење мал чекор за Јапонците, но голем за словенците!

42 свеТ

американскиот феномен нафта од шкрилци еве зошто сАД „растура“ со производство на нафта

47 фељТОН

Букурешки мировен договор 100 години потоа – 1 букурешкиот мировен договор беше само свршен чин на одамна завршената поделба на македонија

50 ПрОфИЛ

16 Име

разните предлози околу спорот за името, кои претходно можеа да се слушнат само низ кулоарите на упатени во преговарачкиот процес, сега станаа не само јавни, туку и директно соопштени од политичарите на власт (Али Ахмети). Анализирајќи ја ситуацијата се наметнува прашањето - ќе издржи ли премиерот Груевски да го дочека одговорот од својот грчки колега, или сепак, како и многу пати досега, излезот ќе го бара преку предвремени парламентарни избори?... со помош од ДуИ, секако. XX стр. 32

виНарНиЦа „ПОПОва КУЛа“ Пионерите на винскиот туризам

52 НА руЧеК сО...

даНиЛО КОЦевсКи, писател и хроничар на градот скопје „Горд сум што скопје го актуализирав како тема за авторите и за истражувачите“

58 свеТОТ НА вИНОТО РЕГИОНАЛНИ ПАРТНЕРИ НА КАПИТАЛ

виНсКи реГиОНи шатонеф ди пап (châteauneuf-du-Pape)

32


Капитал број 716 19.07.2013

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Letonija, koja pred ~etiri godini se nao|a{e pred bankrot, a od 1 januari 2014 godina vleguva vo evrozonata denovive se poso~uva kako primer deka visok ekonomski rast e mo`en i so stroga buxetska disciplina i uramnote`en buxet. Samo vo 2009 godina, platite vo javnata administracija bea namaleni za 30%, a dr`avnite tro{oci skrateni za 20%. Nevrabotenosta dostigna rekordno nivo. Objasnuvaweto na porane{niot minister za ekonomija na Letonija zo{to zemjata morala da pomine niz toa e deka ne mo`ele predolgo da `iveat nad mo`nostite. I bolnite reformi za vra}awe vo uramnote`en buxet morale da se napravat mnogu brzo koga stanalo jasno deka nikoj pove}e ne saka da im odobri krediti za da prodol`at da `iveat nad nivnite mo`nosti

Лекцијата од Летонија П

рвиот човек на Aмериканската централна банка (ФЕД), Бен Бернанке, ги стресе светските берзи со неговата изјава дека САД и понатаму ќе ја продолжат лабавата монетарна политика на евтини пари с$ додека невработеноста не се намали на посакуваното ниво. Инаку САД сега имаат стапка на невработеност од 7,6%, а за таа да продолжи да се намалува монетраната власт секој месец во економијата преку откуп на обврзници вбризгува 85 милијарди долари. Оваа изјава внесе доверба кај инвеститорите, па индексите на светските берзи достигнаа рекордни вредности. САД не се единствените што во време на криза ја поттикнуваат економијата. И европските економии водат слични политики на евтини пари. Каматните стапки во еврозоната се на историски најниско ниво од 0,5%, а неодамна Европската централна банка потврди дека лабавата монетрана политика ќе остане и во следниот период оти економските услови с$ уште се многу слаби. А инвеститорите покажуваат дека ваквите политики мора да продолжат за да дојде до заздравување на економиите, кое барем според последните проценки на ММФ нема да дојде толку брзо. Бидејќи аналитичарите на ММФ неодамна повторно ги намалија проценките за раст на светската економија. И Централната банка на Македонија одлучи да ја олабави монетарната политика. Референтната каматна стапка на благајничките записи сега е намалена на најниско ниво од 3,25%. Иако ова е историски најниско ниво за Македонија, овие камати с$ уште се многу повисоки од каматните стапки од 0,5% во еврозоната. Од Централната банка појаснија дека на овој начин му даваат дополнителна поддршка на економското заздравување, но појаснија дека не треба да се очекува

понатамошно намалување на каматите на благајничките записи. Со оглед на тоа дека каматната стапка на благајничките записи е како показател за каматните стапки на деловните банки, може да се очекува дека ќе почнат да се намалуваат и каматните стапки за кредитите кои ги користат компаниите. Гувернерот Богов и јавно ги повика банките да му дадат поголема кредитна поддршка на стопанството во овој критичен момент. Но, се чини дека и банките, како и гувернерот, не се на чисто дали најголемиот ризик за економијата ќе се намали. Гувернерот Богов прилично дипломатски, но доволно јасно го посочи тој ризик. Тоа е преголемото трошење на државата. Гувернерот порача дека фискалната политика, односно поголемото трошење на државата одиграло клучна улога и му даде поддршка на стопанството во време на криза. Но, дека буџетскиот дефицит мора да се намалува за да не биде доведена во прашање одржливоста на јавниот долг. Со други зборови, трошењата на државата кои се покриваат преку задолжувања треба да сопрат. Посебно тие кои се прават за непродуктивни цели и се покриваат со кредити од надвор. Според последните податоци од Министерството за финасии, јавниот долг на централната власт во мај се зголеми на 34,2% од БДП (Бруто-домашен производ). Тоа е највисоко ниво измерено во последните 7 години. И ММФ во последниот извештај порача дека е време за буџетски промени, односно за намалување на буџетскиот дефицит, со цел да се сопре растот на задолженоста кон странство. Оти постои ризик, поради слабата економија, земјата да не биде во можност да ги враќа долговите кон странство. За да не дојде до тој ризик земјата мора да има стратегија како веднаш да почне


www.kapital.mk

Капитал број 716 19.07.2013

КапиталНО

7

Народната банка на Македонија ги намали каматите на благајничките записи на историски најниско ниво од 3,25% и одлучи на тој начин да & даде поддршка на слабата економија побрзо да закрепне. Но, истовремено гувернерот Богов прилично дипломатски, но доволно јасно посочи дека за да може да се испорача политика на евтини пари, државата мора да престане да троши над нејзините можности и дека мора да го намали буџетскиот дефицит за да не се доведе во прашање одржливоста на јавниот долг кој достигна историски највисоки 32,4%. да го намалува буџетскиот дефицит од сегашните 3,5% на 2,4% од БДП. И ММФ и гувернерот, а и банките знаат дека со голем буџетски дефицит и задолжувања за да се покрие тој дефицит не може да има лабава монетарна политика. Односно, парите и понатаму ќе мора да бидат скапи, а компаниите нема да можат да ја добијат поддршката од банките којашто им е клучна во овој период. Затоа, за компаниите да имаат евтини пари, државата мора да штеди и помалку да троши. Но, што ќе се случува со економијата која во изминатите неколку години преживуваше главно од поголемите трошења на државата? Изминатите седум години владата покажа дека државата преку поголеми трошења може да ја поттикне економијата во време на криза преку поголеми јавни инвестиции. Дали ако владата почне да штеди и да ги крати овие трошења нема дополнително да ја забави македонската економија? И дали е можен висок економски раст со низок буџетски дефицит?

Деновиве светската економска јавност често ја споменуваше Летонија како пример како треба да се води економијата во време на криза и како пример како во практика функционира построгата буџетска дисциплина и економските реформи. Летонија од 1 јануари 2014 година ќе стане член на еврозоната. А само пред неполни четири години земјата беше пред банкрот и успеа да го избегне само благодарение на кредитите од Европската унија и од ��еѓународниот монетарен фонд. Летонија доби милијарди евра помош од странство, а владата предводена од премиерот Валдис Домбровски се обврза на тешки и болни структурни реформи и големи буџетски кратења. Само во 2009 година, платите во јавната администрација беа намалени за 30%, а државните трошоци скратени за 20%. Невработеноста достигна рекордно ниво. Објаснувањето на поранешниот министер за економија на Летонија зошто земјата морала да помине низ тоа е дека не можеле предолго да живеат над можностите. И болните реформи за

враќање во урамнотежен буџет морале да се направат многу брзо кога станало јасно дека никој повеќе не сака да им одобри кредити за да продолжат да живеат над нивните можности. Но, годинава Летонија има стапки на економски раст од 5%, а како главен носител на растот е извозот, што е и единствен здрав начин за раст на мала и отворена економија каква што е Летонија. Иако мораа да направат и да издржат многу болни реформи, летонските политичари, но и обичните граѓани се уверени дека сето тоа вредело да се направи. Во слична криза сега се наоѓаат и многу земји на југот од Европа. Примерот на Летонија покажува дека солидните и урамнотежени финансии не се непријател на економскиот раст, туку дека тој може да се постигне и ако државата им остави повеќе простор на компаниите. Но, сепак треба да се има на ум дека северот не е исто што и југот. А жителите на Балтикот немаат толку железна волја и истрајност да се штеди како жителите на Балканот.


Borut Pahor so Po

od Makedonija se Bara konkretna inicijativa za re[avawe na sPorot s


ogodok

So grcija

фото вест

S

Капитал број 716 19.07.2013

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, оваа недела беше во прва официјална посета на Македонија. Освен блокадата по скопските булевари, која ги направи нервозни возачите низ градов, со што силно го најави неговото пристигнување, Пахор донесе и совет до неговиот македонски колега, претседателот Ѓорге Иванов, во врска со името, со што ги заинтересира и грчките новинари, кои деневове наголемо пишуваат за неговата посета во Македонија. Имено, по средбата со македонскиот домаќин, Иванов, Пахор, кој доаѓа од држава која веќе речиси една деценија е внатре во Унијата, што претпоставува дека добро ги знае политиките и начинот на функционирање на Брисел, му го пренесе својот совет на претседателот Иванов и рече: „Македонија треба да понуди конкретна иницијатива за прашањето со името, која нема да ги остави рамнодушни претставниците од ЕУ и од меѓународната заедница. Ова е многу битно за паралелно да се решаваат членството на земјата во ЕУ и името. За кавга и соработка секогаш се потребни двајца. Потребно е многу храброст за водачите на двете страни да се одлучат за соработка“, рече Пахор. Му одговори и Иванов, кој рече дека Македонија покренува многу иницијативи, но постојано се соочува со немање соговорник. Ваквата изјава, барем засега без коментар, преку медиумите силно одекна и кај нашиот јужен сосед, Грција, од каде што пак, македонскиот државен врв го чека одговорот на писмото од премиерот Никола Груевски, кое содржи нов предлог за преговорите за името, кое веќе две недели се разгледува во грчкиот кабинет. Како и да е, според официјалните изјави, посетата на Пахор, барем како што тврди самиот тој, не е притисок за името, туку продлабочување на трајните пријателски односи меѓу Словенија и Македонија, како и потврда за словенечката поддршка за македонските евроатлантски интеграции.


Капитал број 716 19.07.2013

www.kapital.mk

10 ...позицијата на капитал...

Сакате ли војна? И бидејќи увозот на пченица и брашно најмногу доаѓа од Србија, соседот рече: „Сакаме војна“, и тоа трговска, односно се закани дека ќе воведе реципрочни мерки за македонскиот извоз... Игор Петровски igor.petrovski@kapital.mk

К

ако мали игравме една игра што се викаше „Сакате ли војна?“. Знаете, она кога се редат две групи од по 7- 8 деца едни наспроти други, фатени цврсто за раце и по еден член од секоја група се обидува да го раскине „синџирот“ на противникот откако претходно ќе земе залет затрчувајќи се. Е токму на „Сакате ли војна“ ми заличи македонската мерка да го заштити домашното производство на пченица и брашно со тоа што го ограничи увозот на овие производи со задолжителен откуп на два килограми домашна пченица за килограм увезена, а за секој купен килограм брашно од увоз да мора да се откупат пет килограми домашна пченица. Бидејќи увозот на пченица и на брашно најмногу доаѓа од Србија, соседот рече: „Сакаме војна“, и тоа трговска,

односно се закани дека ќе воведе реципрочни мерки за македонскиот извоз кон него, што најмногу ќе ги погодеше производителите на домати, грозје и на вино. Па, дојде нивниот министер за трговија во посета којашто неговиот домаќин, македонското Министерство за земјоделство, ја сокри од јавноста и се договорија да се укине ограничувањето за увоз на српска пченица и брашно, но не прецизираа кога ќе се случи тоа. Битно, „војна“ нема да има и на сите ни олесни. Нема да умреме за леб, ќе има доволно пченица, и домашна и увозна, а и Србите на раат ќе пијат „црно тиквешко“ и ќе се освежуваат со струмички домати. Но, проблемите за домашните производители не завршуваат тука. Дел од нив обвинуваат дека мелничарите им наметнуваат пониски цени за пченицата деновиве од оние 14-15 денари за килограм што ги договориле. Наводно, овие вторите купуваат време чекајќи да се укине

мерката за условен увоз, па да си увезат поевтина српска пченица колку што сакаат. И така, секоја година си водиме војни на земјоделскиот пазар во Македонија: производители на жито против мелничари, лозари против винари, тутунари против „монополи“, млекари против млекарници... Сите водат своја битка, штитејќи ги своите интереси – примарните производители да продадат што поскапо, преработувачите да откупат што поевтино. А кога ќе се вмешаат прекупци, накупци... кајмакот ќе го собере „зелената мафија“, а земјоделците ќе останат социјални случаи, наместо богати фармери. Без реформи во земјоделството, окрупнување на поседите, инвестиции во модерни агротехнички мерки, создавање силни фармери - ќе си останеме само евтина суровинска база за големите регионални преработувачи. Патем речено, што стана со проектот „Агроберза“?

Срам да н$ фати од нашата патна инфраструктура Како да се дојде до европските фондови наменети за инфраструктура треба да биде еден од главните фокуси на македонскиот естаблишмент. Со нив би можеле малку од малку да го фатиме темпото на соседите Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Б

угарскиот претседател Росен Плевнелиев деновиве го пушти во употреба автопатот Тракија во должина од 360 километри кој ја поврзува Софија со најголемото црноморско пристаниште Бургас. На свечениот чин Плевнелиев гордо најави дека Бугарија до 2020 година ќе има изградени цели седум автопатишта. Болката ќе е поголема ако се знае дека тоа е она истата Бугарија во која до скоро Дунав се поминуваше со помош на средновековно скеле, а на разрушените патишта полни со дупки владееја друмски разбојници. Со инфраструктурните зафати на соседна Грција вредни неколку стотици милиони евра не треба ни да се споредуваме за да не н$ фати некоја колективна

општонародна депресија, но и кога ќе се свртиме кон Албанија и тие преку ноќ станаа инфраструктурна Калифорнија во споредба со, за нив веќе заостанатиот источен сосед, Македонија. Прашањето е како соседите го направија сето тоа? Зошто ние толку многу заостанавме? Бугарија и Грција се членки на ЕУ, но тоа не е Албанија, а не беше ниту Хрватска кога речиси пред десет години преку седум брда и планини ги спои Загреб и Сплит со еден од најскапите автопатишта на Балканот. Значи не е с$ до членството во ЕУ, туку има и други начини за да се обезбедат средства за изградба, нормално ако приоритет на владата стане инфраструктурата. Самата ЕУ, а и други светски финансиски институции наголемо нудат средства за оваа намена кои покрај соседите ги користи и Македонија, но, за жал, само на микрониво. Од сето што го гледаме веројатно македонските челници стравуваат да не ни се повтори

енормното грчко задолжување или кршливата економска состојба во Хрватска која токму на самиот влез на земјата во ЕУ е најлоша од кога било претходно. Сепак повратот на средствата од инфраструктурата не може по ниедна формула да се пресмета однапред, бидејќи кој може да знае колку завршена пруга кон Бугарија ќе ја зголеми или дуплира трговската размена кон оваа земја или пак, колку еден супермодерен автопат кон Охрид ќе го зголеми бројот на туристи. Да резимираме, ниту Грција ниту Хрватска заглавија со долгови поради тоа што вложуваа наменски во инфраструктура, туку поради тоа што ненаменски купуваа социјален мир со позајмени пари. Некагаш се велело дека фокусираната волја на група луѓе може да премести и планина, а фокусот на сегашното или идно македонско водство треба да е токму кон обезбедување што повеќе средства за подобрување на инфраструктурата.


www.kapital.mk

Капитал број 716 19.07.2013

...позицијата на капитал...

11

Неподносливата леснотија на македонската интелигенција Која е таа држава што еден по еден си ги „беси“ сопствените академици на ваков левтерен начин? Каква е пораката што со ова се праќа до светот, до нашите соседи? Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

С

удирот на нелегитимниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев (човекот без мандат) со членот Чедо Дамјановски доби епска димензија со изјавата на вториов дека Аџиев му се заканил со бесење. Притоа, Дамјановски вели дека ова било пред еден месец. Цел еден месец Дамјановски молчел, (?) а и по ова тешко обвинување не видовме дека замина во знак на простест што некој му „спремал ортома“!? Од друга страна, Аџиев вели дека не рекол така, нему демек не му паѓало на памет да се занимава со некој како Дамјановски... Сега замислете – процесот на линчување македонски истакнати интелектуалци го менаџира една ваква комисија! Составена од вакви ликови, во која не се знае кој јаде, кој пие, а кој беси... А потоа треба да веруваме дека таа е кредибилна за да каже дека луѓе кои зад себе имаат огромен опус на македонско творештво, кои создале дела, втемелени во македонското образование, систем,

наука, култура, архитектура... кои се градители на стожерот околу кој со децении се плетела македонската приказна... Сите тие луѓе не биле вредни! Тие луѓе биле кодоши, а нивните дела, апропо тој факт, небитни. Па која е таа држава што еден по еден си ги „беси“ сопствените академици на ваков левтерен начин? Каква е пораката што со ова се праќа до светот, до нашите соседи? Дека Македонија нема академија? Дека никогаш немала култура? Дека немала историја? Дека С$ било фалсификувано? За какво единство тогаш можеме да зборуваме? За какво закопување на секирите и поглед кон иднината, ако упорно копаме по коските од минатото, со невидена глад за реваншизам... Преопасна ќе да е оваа игра. Оттука, веројатно, Аџиев е во право. Во фокусот на неговиот интерес за „бесење“ не се „таквите како Дамјановски“. Се поставува прашањето - каде е деновиве претседателот на МАНУ, Владо Камбовски? Мирно ли може да гледа што му се случува во институцијата што ја раководи? Процесот на лустрација, покрај сите придружни аномалии, го отслика и

функционирањето на македонските институции. И Комисијата, но очигледно и МАНУ, и универзитетите, и еснафските здруженија и сите државни институции (секако, вклучувајќи го и Парламентот, како стожер на демократијата демонстрираат една пластелинска градба, подложна на обликување по потреба. Македонската интелигенција низ годините, па и денеска, не е на нивото на својата задача. Ако некој е најмногу виновен за ерозијата на македонските институционални вредности, тоа е токму таа. Не политиката, не бизнисот. Нивните „нечесни“ намери преточени во обиди за контрола на с$ што битисува во оштеството се карактеристика за сите држави. Но, она што една држава ја прави држава – тоа е интелигенцијата, која во никој случај не смее да биде конформист. И токму таму е македонската болка. С$ додека со „став мирно“ се молчи (или се повлекува), таа не може да биде гаранција за ништо. Вперувањето на прстот во виновникот не е решение - тоа е детекција. Вперувањето на прстот во себе... е тоа веќе може да биде почеток на една интелектуална револуција.

Жедни преку вода По секоја фаза на консултации со заинтересираните страни Владата објавува дека прифатила голем број предлози и ги вметнала во новата верзија на законот за медиуми, а останува чувството дека сме пренесени жедни преку вода Максим Ристески maksim.risteski@kapital.mk

Н

а прашањето каква законска регулатива & треба на медиумската сфера во Македонија одговорот треба да се бара во извештаите на Фридом хаус, Репортери без граници, Ирекс, Стејт департментот... , во коишто од година во година добиваме с$ пониски оценки за слободата на медиумите. Обидите овие извештаи да се релативизираат преку тезата дека се направени врз база на субјективни мислења на неколкумина новинарски „јаничари“, кои заслепени од омразата кон власта и поради желбата што повеќе да & наштетат на истата, ја предаваат и ја продаваат и Македонија, паѓаат во вода ако секој од нас се запраша како

тој би одговорил на анкетните прашања што ги поставуваат меѓународните организации пред да рангираат некоја земја според степенот на медиумски слободи. Владата, како предлагач на законот кратко наречен - за медиуми, кој во последниот, трет обид, е поделен на два дела, има и други, не помалку јасни, патокази кај треба да се движи со регулативата, како што се анализите на Советот на Европа и на ОБСЕ (иако, двете анализи беа малку контрадикторни) и забелешките/предлозите од двете домашни новинарски здруженија. Како тогаш по секоја фаза на консултации со заинтересираните страни, кога Владата ќе објави дека прифатила голем број нивни предлози и ги вметнала во новата верзија на текстот, сите остануваме со чувството дека сме пренесени жедни преку вода? Впечатокот е дека Владата првиот објавен нацрт предлог-закон го

направи комплексен и долг за да има со што да се пазари во преговорите, односно од што галантно да се одрекува во име на потрагата по најдобро решение. Но, токму тоа покажува дека под сите тие слоеви „фарба“ се крие делот од законот од кој Владата никако нема намера да се откаже - и како и секоја друга власт, во зависност од комоцијата на владеењето што & го дозволува состојбата на локалната демократија, со тој дел сака да си обезбеди услови за што поголема контрола на медиумскиот простор. Тој дел е оној што се однесува на Агенцијата во која ќе прерасне Советот за радиодифузија, и за која Владата предлага да остане единствен регулатор и покрај новата поделба на печатените и интернет-медиумите од една, и радиодифузерите од друга страна.


Капитал број 716 19.07.2013

12 НАВИГАТОР > БРОЈКА

www.kapital.mk

ИЗЈАВА НА неделата

6,6%

падна продажбата на автомобили во земјите од Европската унија во првата половина од оваа година во споредба со истиот период лани, објави Асоцијацијата на европски автомобилски производители

Владимир Путин

претседател на Русија

Кога станува збор за поранешниот соработник на ЦИА и НСА, Едвард Сноуден, з а Мо скв а дипломатските односи со САД се поважни од „активностите на тајните служби. Мое мислење е дека билатералните односи се многу поважни од несогласувањата за активностите на службите.

Македонските пушачи нека не патуваат ако не се снабдиле со цигари од дома

А

ко патувате во која и да е земја од регионот, а сте пушач, имате две опции за да не се почувствувате ограбени кога во трафика ќе треба да платите за кутија од вашите омилени цигари - или да си купите штека (или колку и да ви треба за патувањето) од Македонија, или да престанете да пушите. На пример, ако за кутија од француската марка Galuoises Blondes во Македонија плаќате 1,30 евра, како одите кон север таа

победник на неделата

Вилијам Хејг

+

Британскиот министер за надворешни работи упати силни пораки за отрезнување на растечкиот број евроскептици во Велика Британија кои с$ почесто и с$ погласно ја заговараат тезата за излегување на Велика Британија од ЕУ. Хејг, контра нив, потенцира дека еден ваков потег ќе му наштети на угледот на земјата, ќе ги избрка инвеститорите и ќе влијае на трговскиот биланс. Поаѓајќи од националните интереси, тој предупреди на штетните последици од излегувањето на Велика Британија од заедницата на 28 европски земји. „Некои велат дека штетата од грешките кои ги прави ЕУ се толку големи, а реформите тешки, поради што Британија едноставно треба да замине. Но, јас верувам дека реформите во ЕУ, под услов Велика Британија да сака да остане во неа, би биле најдобро решение и за нас и за Европа“, изјави Хејг, смирувајќи ја топката по изјавата на британскиот премиер, Дејвид Камерон, дека внимателно ќе ја разгледа 40-годишната врска на Британија со Унијата и дека ќе организира референдум по ова прашање.

Компјутер заработи повеќе од фонд-ме Инвеститорите коишто во хрватскиот инвестициски фонд US Algorithm вложиле во 2008 година и не ги чепкале своите позиции сега имаат поголем влог за речиси 50% пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Б

анкарските камати на кредитите паѓаат, но паѓаат и на штедењето, па можеби ќе им се посреќи на тие што нудат алтернативни начини за штедење, како што се инвестициските фондови. Иако, за волја на вистината, како што е моменталната ситуација, приносите на вложените пари во неколкуте домашни инвестициски фондови и не би можеле баш да бидат конкуренција на банкарските камати, колку и да се намалени. Само три од

десетината инвестициски фондови имаат позитивен принос изминатава година, од кои највисокиот е околу 5,5%, додека останатите се во загуба за истиот период - од -3,5%, па до речиси -11%, во зависност на кои пазари „играат“ фондовите. Но, во принцип, во фондови не се вложува само за една година, туку се оставаат парите да се повртат малку подолго. Иако, низ регионов има фондови коишто и од самиот почеток на годината имаат одличен принос за своите вложувачи. Како на пример, хрватскиот фонд Neta US Algorithm, којшто има принос од дури 22% од почетокот на годинава, пред второпласираниот фонд со 8,7%. Она по што овој фонд е специфичен во однос на останатите е фактот дека компјутер всушност, одредува кога да се купи или да се продаде која акција, пишува хрватскиот портал Poslovni.hr.


www.kapital.mk

ќе ве чини с$ поскапо - во Србија 1,57 евра, во Црна Гора 1,70, во Босна и Херцеговина 1,78, во Хрватска 2,89, а во Словенија дури 3,40 евра! За штека Galuoises Blondes во првата ексјугословенска членка на Европската унија ќе платите 34 евра, што е за цели 21 евро поскапо отколку во Македонија, односно кај нас за сумата што ќе ви ја побараат Словенците можете да купите безмалку три штеки. Слична е ситуацијата и со цигарите од повисоката класа, како Davidoff, кои се поевтини (во однос на Македонија) само во БиХ, каде што кутија се продава за 1,88 евра. Следат Македонија со цена од 2,11 евра, Србија со 2,27, Црна Гора 2,50, Хрватска 3,28 и Словенија со 3,80 евра.

Капитал број 716 19.07.2013

НАВИГАТОР

13

мисла на неделата

> БРОЈКА

13,5% падна прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај годинава во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика

лидери

„Не постои тајНа На успехот. тој е резултат На добра подготовка, макотрпНа работа и учење од грешките.“

Колин Пауел поранешен државен секретар на САД

губитник на неделата

ЕдВАРд сНОудЕН

Н

арекувајќи го потегот на Сноуден „херојски напор по голема лична цена“, угледен професор од Шведска го номинира овој Американец за Нобелова награда за мир

ил три пати енаџерите?!

Менаџерите на Neta користат специјален алгоритам што овозможува учество на најразвиениот пазар на акции во светот, американскиот, и тоа на начин што го елиминира носењето субјективни и следствено на тоа, слаби одлуки. Алгоритмот поаѓа од тезата дека инвеститорите во одредени околности се однесуваат ирационално, а според познавачите на психологијата на пазарот, предвидливо. Таквите аномалии се дефинираат со помош на математички модели и голем број параметри изведени од движењето на цените и волуменот на тргување. Таквите модели потоа ги „преведуваат“ во програмски код, кој тогаш сигнализира кога да се купи или да се продаде одредена акција. Колку е одличен досегашниот резултат на фондот покажува податокот дека минатата година остварил принос од само 0,3%, а една година претходно дури изгубил 18,4%. Но, инвеститорите коишто во овој фонд вложиле на самиот почеток од неговото работење, октомври 2008 година, и ако во меѓувреме не ги чепкале своите позиции, денеска би поседувал влог дури 47,8% поголем. Најголем фактор за успехот на фондот годинава се случувањата на берзите во САД, каде што се случи најголем раст меѓу пазарите од развиените земји, односно раст од 18% до 19% од почетокот на годината на индексот S&P 500, на пример.

ИВИцА дАчИќ

С

рбија наголемо се подготвува за почетокот на преговорите со Европската унија. Премиерот Дачиќ веќе ги разгледува опциите за тоа кој ќе биде лидерот во преговорите меѓу Србија и ЕУ

не им беше неделата

ТИТО ПЕТКОВсКИ

П

ретседателот на НСДП ќе треба да му плати 10.000 евра на премиерот Никола Груевски за нарушување на неговиот углед и за нарушување на честа

ПАсКО КузмАН

Д

иректорот на Управата за заштита на културното наследство се соочи со 30 дена куќен притвор поради злоупотреба на службената должност

_

АНдОНИс сАмАРАс Во Грција повторно генерален штрајк. Синдикатите во земјата од почетокот на неделава штрајкуваат против новите мерки со кои треба дополнително да се „затегне ременот“ на Грците, а нив пак им се приклучуваат с$ поголем број незадоволни граѓани. Од друга страна, стапката на невработеност во земјата „руши рекорди“ во Европа, а истата се проценува дека уште повеќе ќе се зголеми, поради одлуката за повторно отпуштање на дел од јавната администрација, поточно 15.000 луѓе. Имено, последната прогноза на ОЕЦД вели дека невработеноста во Грција до крајот на 2014 година ќе се зголеми од 26,8% на 28,2%. Тоа ќе биде најголемиот раст на невработеноста, со кој Грција ќе дојде на првото место, кое во моментов го зазема Шпанија. Додека константно се зголемуваат долговите и проблемите на Грција, премиерот Андонис Самарас и неговата влада се чини дека никако не можат да мрднат од мртва точка, иако константно добиваат поддршка од меѓународните кредитори, и покрај тоа што мерките кои ги спроведуваат, засега не вродиле плод. Меѓу другото, Самарас се чини дека не може да воспостави и ред меѓу своите, бидејќи донесувањето на законот за новите буџетски заштеди повторно предизвика несогласување во грчката владејачка коалиција.


Капитал број 716 19.07.2013

14

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата...

Каде најмногу се користи мобилното огласување? Пазарен удел (%) 40.2%

39.8%

Извор: IAB

16.9%

Г

3 фаКти Кти за... К

Азија-Пацифик

Северна Америка

Западна Европа

1.3% Средна Европа

0.6%

1.2% Среден Исток и Африка

Латинска Америка

лобалните приходи од огласување на мобилни уреди минатата година пораснаа за 82,2%, на 8,9 милијарди долари, од 5,3 милијарди долари во 2011 година, објави организацијата иаБ (Interactive Advertising Bureau). На графикот се прикажани најголемите пазари за мобилно огласување во светот. Причина за големиот раст на мобилното огласување е с$ поголемата популарност на „паметните“ мобилни телефони, поголемата достапност на 3G и 4G мрежи, како и подобро насочување на огласите.

светот низ медиумите... Gulf News

Штетите од големите поплави во индија ќе ги чувствува целиот регион. Ова е заклучокот од анализата на дубајскиот весник за големата природна непогода која ја зафати една од најголемите светски земји, чии последици допрва ќе се пресметуваат. lll

Time

Во египет постои судир на најдобрите светски демонстранти и на најлошите планетарни демократи. Ова го тврди американскиот магазин, кој потенцира дека падот на Морси нема да ги смири состојбите, како што првично што се очекуваше, и дека земјата останува поделена. lll

Der Spiegel

дали Сноуден навистина знае нешто толку значајно или хајката која ја прави Сад против него се должи чисто на желбата за зачувување на националната гордост? Ова се прашува германскиот магазин, кој најопширно од сите светски медиуми ги следи состојбите со пребеганиот шпион на Циа. lll

Economist

дали падот на Морси е пресвртната точка кон неуспех на арапската пролет? Оваа тема ја анализираат експертите на лондонскиот весник, според кои славата на турскиот премиер ердоган и неговиот проект за поддршка на исламистичките режими во регионот почнува да опаѓа. lll

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

1

Seavus го купи центарот за ИТ-едукација Александрија

2 Субрата Рој најави 200 милиони

евра инвестиции во АК “Џумајлија”

3 Капитал добитник на награда за филантропија

4 Има ли кој да купи 6.433 изградени станови?!

1,4%

2,4% 3,7%

изнесува падот на продажните цени на производителите на индустриски производи во мај оваа година, во споредба со претходниот месец паднаа цените на производителите на индустриски производи во мај 2013 година, во споредба со истиот период лани се пониски цените во секторот преработувачка индустрија во мај годинава, во споредба со истиот период претходната година

Дизелот најевтин во бензинот најскап во Држава Држава Словенија Словенија Црна Гора Црна Гора Хрватска Хрватска Македонија Македонија Србија Србија БиХ БиХ

БЕЗОЛОВЕН БЕНЗИН (95 ОКТАНИ) БЕЗОЛОВЕН БЕНЗИН (95 ОКТАНИ) Цена за литар во ЕУР Разлика за 50л од највисоката цена Цена за литар во ЕУР Разлика за 50л од највисоката цена 1,49 74,65 1,49 74,65 1,38 5,65 1,38 5,65 1,33 8,15 1,33 8,15 1,32 8,65 1,32 8,65 1,29 10,15 1,29 10,15 1,19 15,15 1,19 15,15 Извор - Бизнис плус Извор - Бизнис плус

Држава Држава Словенија Словенија Србија Србија Хрватска Хрватска Црна Гора Црна БиХ Гора БиХ Македонија Македонија

ДИЗЕЛ ДИЗЕЛ Цена за литар во ЕУР Разлика за 50л однајвисоката цена Цена за литар Разлика за 50л однајвисоката цена 1,38во ЕУР 68,80 1,38 68,80 1,31 3,30 1,31 3,30 1,26 5,80 1,26 5,80 1,24 6,80 1,24 6,80 1,19 9,30 1,19 9,30 1,14 11,80 1,14 11,80 Извор - Бизнис плус Извор - Бизнис плус

„Капитал“ ви дава споредбен преглед на цените на горивата во сите поранешни југословенски земји. Цените паѓаат како што се движите од север кон југ пишува:

Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

фотографија:

Поповски филип

А

ко летово го крстосувате Балканот, добро би било да знаете каде е најисплатливо да го наполните резервоарот за гориво на вашиот автомобил. Споредбената анализа која ја направи Бизнис плус за цената на безоловниот

бензин од 95 октани и на дизелгоривото покажува дека за 50 литри бензин во Словенија ќе платите нешто помалку од 75 евра, додека за истата количина гориво во Босна и Хецеговина сметката ќе ви биде за 15 евра помала. Во Србија за истата работа ќе заштедите 10 евра, а во Македонија и во Хрватска по нешто повеќе од осум евра. Најмала заштеда за точење бензин ќе имате во Црна Гора, каде што за 50 литри гориво ќе заштедите само 5,6 евра во однос на Словенија. Што се однесува на дизелот, и ова гориво е најскапо во Словенија

Galuoises Blondes (tvrde, crvene) Galuoises (tvrde, crvene) Država Blondes Cena za litar u EUR Razlika za box od najviše cene Država Cena za litar u EUR 3,40 Razlika za box od najviše cene Slovenija

34,00


МБИ10

2,900

МБИД

2,700 2,500 2,300

www.kapital.mk

60 секунди брифинг

2,100 1,900

прОЦенки...

ТОп ВесТи...

ВаљОн сараќини министер за економија

енергетската ефикасност ќе отвори нови работни места во градежништвото Во согласност со Законот за енергетика, во иднина нема да може да се изгради каков било објект без да потврдите дека ќе ги имплементирате мерките за енергетска ефикасност. Ова е нова фаза во градежниот сектор во Македонија, што ќе отвори нови работни места, соопшти министерот за економија, Ваљон Сараќини. Тој прецизира дека околу 40.000 работници моментално работат во градежниот сектор во земјава, а доколку се имплементираат сите мерки за енергетска ефикасност, до 2020 година ќе бидат потребни околу 10.000 нови работници.

во Македонија, о Словенија

1,700 06/10

Тим од американ колеџ доби јапонска награда за исклучително истражување

Т

12/10

05/11

10/11

03/12

09/12

берза

мби 10 2,900 2,700 2,500 2,300 2,100

МБИ 10

1,900 им од професори 1,700 МБИ 10 на Американ 1.702,46 колеџ, предводен 2010/2012 Max. 2,827.62 МБИ 10 1.702,46 МБИ 10 2010/2012 Min. 1,808.47 од професорот Марјан 2010/2012 Max. 2,827.62 Петрески, професорката 1.702,46 1.702,46 2010/2012 Min. 1,808.47 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Никица Мојсоска-Блажевски Индексот МБИ-10 на Македонската берза, 2,827.62 2010/2012 2010/2012 Max. Max. 2,827.62 Агро Тиквеш Кавадарци и Благица Петрески од НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК кој2010/2012 ги обединува десете 2010/2012 Min. најголеми Min. 1,808.47 1,808.47 МБИ 10 МБИ 10 компании, има изгубено 4% од вредноста Агро Тиквеш Кавадарци МБИ 10 Асоцијацијата за економско 123,00 во последната недела. Навидум, МБИ 10 истражување Finance ThinkНАЈГОЛЕМ бројките не изгледаат алармантни, но НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК ДОБИТНИК 123,00 +19,42% 1.702,46 1.702,46 1.702,46 МБИсе10знае дека станува збор за тренд ако Скопје, е добитник на Агро Тиквеш Агро Кавадарци Тиквеш Кавадарци 2010/2012 Max.месеци, 2,827.62 1.702,46 +19,42% кој се провлекува неколку 2010/2012 Max. 2,827.62 2010/2012 Max. 2,827.62 2010/2012 Min. 1,808.47 овогодишната награда на тогаш на Берзата дефинитивно НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 2010/2012 Min. работите 1,808.47 2010/2012 Min. 1,808.47 2010/2012 Max. 2,827.62 1.702,46 не123,00 одат според планираното. Глобалната мрежа за развој123,00 2010/2012 Min. 1,808.47 Топлификација НАЈГОЛЕМ 2010/2012 2,827.62 НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ДОБИТНИК Max. +19,42% +19,42% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 1,808.47 и Владата на Јапонија, НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Топлификација Агро Тиквеш Кавадарци Min. 1.180,00 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Агро Тиквеш Кавадарци Агро Тиквеш Кавадарци „Јапонска награда за 1.180,00 123,00 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Агро Тиквеш Кавадарци -9.00% исклучително истражувањеНАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ГУБИТНИК 123,00 Агро Тиквеш Кавадарци 123,00 +19,42% -9.00% Топлификација за развој“. Тимот ја доби Топлификација 123,00 +19,42% +19,42% 123,00 наградата во категоријата +19,42% DOW JONES ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ 1.180,00 1.180,00 +19,42% DOW JONES за предлог-проектно Топлификација НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК -9.00% -9.00% истражување на тема Топлификација НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 1.180,00 Топлификација НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК „ЕдПлаКо-Мк: Алатка за Топлификација Топлификација -9.00% 1.180,00 1.180,00 поголема родова еднаквостDOW JONES DOW JONES 1.180,00 16,000 1.180,00 -9.00% 16,000 во платите во Македонија“, -9.00% 15,000 DOW JONES -9.00% -9.00% 15,000 во конкуренција од 714 14,000 14,000 DOW JONES поднесоци ширум светот. 13,000 13,000 DOW JONES DOW DOW JONES JONES Целта на проектот е да DOW JONES 12,000 12,000 16,000 изгради веб поддржана 16,000 11,000 11,000 16,000 15,000 15,000 10,000 10,000 15,000 алатка која ќе придонесе за 07/11 10/11 10/11 01/12 01/1204/12 04/1207/12 07/1210/12 10/12 01/13 04/13 07/13 07/11 01/13 04/13 07/13 14,000 14,000 14,000 16,000 намалување на разликите 13,000 16,000 13,000 13,000 15,000 16,000 во платите меѓу мажите 16,000 12,000 15,000 14,000 12,000 15,000 15,000 и жените во Македонија, 12,000 13,000 11,000 14,000 11,000 11,000 14,000 14,000 10,000 13,000 со тоа што ќе промовира 12,000 13,000 10,000 10,000 13,000 12,000 компании кои се родово 07/1111,000 10/11 01/12 07/1104/12 10/1107/12 01/1210/12 04/1201/13 07/1204/13 10/12 07/13 01/13 04/13 07/13 12,000 12,000 11,000 15.451,85 10,000 15.451,85 неутрални во однос на 11,000 07/11 10/11 01/12 04/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13 10,000 11,000 -32,41% -0,21% -32,41% -0,21% системот на плаќање на 10,000 10,000 07/11 10/11 01/12 01/12 04/12 04/12 07/12 10/12 10/12 01/1304/13 04/1307/13 07/13 07/11 10/11 вработените. Американските берзи07/12 како да 01/13 не 06/10 12/10 05/11 10/11 03/12 09/12 02/13

07/11 10/11 01/12 04/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13

07/11 10/11 01/12 04/12 07/12 10/12 01/13 04/13 07/13

мелничарите со поддршка на мерката за ограничен увоз на пченица

(1,37 евра за литар), а дефинитивно, најевтино во Македонија, каде литар што дизел чини 1,14 евра. Слична е цената и во Босна и Херцеговина, со 1,19 евра за литар дизел и во Србија, каде што чини две евра. Така, полниот резервоар со дизел кој во Словенија ќе ве чини 68,80 евра, во Македонија ќе биде за околу 12 евра поевтин, додека во сите останати земји заштедата ќе биде помала од десет евра - во Босна 9,30, додека во Србија 3,30 евра во однос на словенечката највисока цена. Споредбата на малопродажните цени (кои беа на сила на 15 јули

во сите споредени земји) покажува дека Македонија и Босна и Херцеговина имаат најниски цени на горивата, додека Словенија е лидер и во двете споредувани категории - бензинот од 95 октани и дизелот. Во Македонија од почетокот на годината досега цените на горивата бележат пад. Ако за споредба се земат цените од првата одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 14 јануари, кога највисоката малопродажна цена на супер 95 била 82 денари, а на дизелот 72 денари, тие со последната одлука од оваа недела изнесуваат 81, односно 70 денари.

М

ДРУГИ ПАЗАРИ знаат за доста. Dow Jones со своите

15.451,85

ДРУГИ ПАЗАРИ 15.400 индексни поени е показател

FTSE 100-32,41% -0,45% дека во период од6.556,65 една година-0,21%

15.451,85 15.451,85

FTSE 100 6.556,65 -0,45% Nikkei225 +0,11% брокерите во САД14.615,04 на своите клиенти Nikkei225 14.615,04 +0,11% направија профити кои не можеа S&Pим 500 1.676,26 -0,37% -32,41% -32,41% ДРУГИ ПАЗАРИ -0,21% -0,25% -0,21% S&P 500 да 1.676,26 -0,37% ниту ги сонуваат. Nasdaq 3.598,50 -32,41% -0,21%-0,25% -32,41% Nasdaq 3.598,50 -0,21% DAX 8.201,05 -0,41% FTSE 100 6.556,65 -0,45% TOPIX 1.213,24 +0,22% DAX 8.201,05 -0,41% Nikkei225 14.615,04 +0,11% -0,21% -32,41% -0,21% TOPIX 1.213,24 +0,22% ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ 1.676,26 S&P 500 -0,37% ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ

15.451,85 15.451,85 15.451,85 други пазари Nasdaq 3.598,50

-0,25%

FTSE 100 ВАЛУТИ FTSE 6.556,65 -0,45% DAX 8.201,05 -0,41% FTSE 100100 6.556,65 6.556,65 -0,45% FTSE 100 6.556,65 -0,45% -0,45% ДРУГИ ПАЗАРИ TOPIX 1.213,24 +0,22% Nikkei225 14.615,04 +0,11% ДРУГИ ПАЗАРИ Nikkei225ВАЛУТИ Nikkei225 14.615,04 14.615,04 +0,11% Nikkei225 14.615,04 +0,11% +0,11% S&P 500500 1.676,26 -0,37% евро долар 500 1.676,26 -0,37% Фунта евро 1.676,26 S&P 500 S&P S&P 1.676,26 -0,37% -0,37% FTSE 100 6.556,65 -0,45% FTSE 100 6.556,65 -0,45% Nasdaq 3.598,50 -0,25% Nasdaq 3.598,50 -0,25% Nasdaq Фунта Nasdaq 3.598,50 -0,25% -0,25% Nikkei225 14.615,04 +0,11% евро долар СТАПКА СТАПКА евро 3.598,50 ВАЛУТИ DAX 8.201,05 -0,41% Nikkei225 14.615,04 +0,11% DAX 8.201,05 -0,41% DAX DAX 8.201,05 8.201,05 -0,41% -0,41% S&P 500 1.676,26 -0,37% TOPIX 1.213,24 +0,22% S&P 500 1.676,26 СТАПКА -0,37% 0,7614 1,1488 СТАПКА TOPIX 1.213,24 +0,22% Nasdaq -0,25% TOPIX ПРОМЕНА TOPIXевро 1.213,243.598,50 1.213,24 +0,22% +0,22% евро долар Фунта Nasdaq 3.598,50 -0,25% ПРОМЕНА

акедонските мелничари „ја поддржуваат одлуката на Владата за 0,7614 1,1488 DAX 8.201,05 -0,41% СТАПКА СТАПКА DAX 8.201,05 -0,41% заштита на домашниот -0,17% -0,26% ВАЛУТИ TOPIX 1.213,24 ПРОМЕНА +0,22% ПРОМЕНА ВАЛУТИ TOPIX 1.213,24 0,7614 +0,22% 1,1488 пазар за пченица и брашноВАЛУТИ ВаЛуТи ВАЛУТИ -0,17% -0,26% ПРОМЕНА ПРОМЕНА евро долар Фунта евро со врзувањето на увозот и евро долар Фунта евро -0,17% -0,26% ФЈУЧЕРСИ ВАЛУТИ СТАПКА СТАПКА ВАЛУТИ евро долар евро долар Фунта евро откупот на увозно брашно Фунта евро СТАПКА СТАПКА 0,7614 1,1488 со домашна меркантилна СТАПКА ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО евро долар Фунта евро СТАПКА СТАПКА СТАПКА 0,7614 1,1488 ПРОМЕНА ПРОМЕНА евро долар ФЈУЧЕРСИ Фунта евро ПРОМЕНА ПРОМЕНА пченица“. Ова на пресСТАПКА СТАПКА 0,7614 1,1488 1,1488 -0,17%0,7614 -0,26% ЗЛАТО СТАПКА СТАПКА 1.289,50 конференција во средата го -0,26% ПРОМЕНА ЗЛАТО ПРОМЕНА ПРОМЕНА -0,17% ПРОМЕНА 0,7614 1,1488 -0,19% 0,7614 1,1488 соопшти Васко Ристовски од -0,26% ПРОМЕНА ПРОМЕНА -0,17% -0,17% -0,26% 1.289,50 ФЈУЧЕРСИ ПРОМЕНА ПРОМЕНА 1.289,50 Групацијата на мелничко-0,17% -0,26% -0,19% ФЈУЧЕРСИ Нафта Брент -0,19% -0,17% -0,26% пекарската индустрија при ЗЛАТО 107,74 ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ Стопанската комора на ЗЛАТО Нафта Брент фЈуЧерси Нафта Брент ФЈУЧЕРСИ 1.289,50 -0,37% Македонија (СКМ). ФЈУЧЕРСИ 107,74 -0,19% 1.289,50 ЗЛАТО 107,74 ЗЛАТО зЛаТО „Откупот тече во согласност ЗЛАТО -0,37% -0,19% -0,37% ЗЛАТО со препорачаните цени Нафта Брент 1.289,50 1.289,50 1.289,50 без никакви проблеми, Нафта Брент 107,74 1.289,50 -0,19%-0,19%-0,19% иако имаше негодувања од -0,37% -0,19% 107,74 помалите производители Нафта Брент Нафта Брент Нафта Брент -0,37% на пченица. Врз основа на нафТа бренТ Нафта Брент ова, апелираме мерката 107,74 107,74 107,74 107,74 да остане на сила во оној -0,37%-0,37%-0,37% временски интервал што -0,37% беше договорен. пОдаТОЦиТе се Од ден 17.07.2013 дО 15ч.

£ €

€ $

3,300 3,100 2,900 2,700 2,500 2,300 2,100 1,900 1,700 07/10 10/10 02


Капитал број 716 715 19.07.2013 12.07.2013

www.kapital.mk

16 cover story

20.000 80.000 75.000 крави планира да огледува Субрата Рој во Овчеполието, со што бројот на молзни крави во Макеоднија ќе се зголеми за 17%, на околу 140.000 крави вкупно

литри млеко на ден е планираното производство на Субрата Рој, што доколку се оствари, ќе го зголеми производството на млеко за над 8%

тони годишно сточна храна се планира да се произведува на површина од 5.353 хектари земјиште за кое Рој ќе плаќа годишен закуп од 121.000 евра

Субрата рој овде ќе ја изгради најголема

Pregolemo

realno!

z


www.kapital.mk

Капитал број 715 716 12.07.2013 19.07.2013

2.000 200 работници се обврзал да ангажира Рој во рок од три години

милиони евра најмалку треба да инвестира Рој за три години, од кои најмалку 60 милиони евра во првите 18 месеци, 70 милиони до истекот на 27 месеци и 70 милиони до истекот на 36 месеци.

ата фарма во цела европа?!

a da bide дилеми и недоумици оКолу инвеСтицијата на Субрата рој!

од дгго овво ор ри и на овие прашање очекувам од претставницитее на sahara Pure eatables corporat ion Limited во Скопје

XX Дали постои конкретен бизнис-план за инвестицијата на Субрата Рој во Џумајлија? XX Каква е структурата на инвестицијата? Кои, колку и какви преработувачки капацитети ќе се градат и во кои рокови? XX Дали за кравите кои ќе се набават ќе се градат штали или истите ќе бидат дадени на чување? XX Дали млекарницата ќе биде наменета само за пастеризирање млеко или и за преработка во млечни производи? Колкав ќе биде капацитетот на млекарницата? Каде ќе се пласираат производите?

T

17

Таргетите на Таргетите индискиот инвеститор во најава се преамбициозни, преголеми, нереални, тешко остварливи. Вакви се коментарите и на експертите и на луѓето од Овчеполието, на коишто директно се о��несува овој проект. Додека ги чекаме деталите од амбициозниот бизнис-план на Субрата Рој, владините претставници уверуваат дека подготвителните активности веќе се во тек!


Капитал број 715 12.07.2013

www.kapital.mk

18 cover story пишува:

Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива Капитал

Н

е кој било, туку Субрата Рој пред македонската јавност вети дека токму овде, во земјата на Мајка Тереза, ќе ја изгради најголемата краварска фарма во Европа! Како што веќе е познато, контроверзниот индиски милијардер стави потпис на договор со Владата со кој се обврза во рок од три години да донесе дури 20.000 крави, кои ќе даваат 80 илјади литри млеко на ден! Во едно интервју тој изјави дека би можел да одгледува дури 160.000 крави, но поради несериозноста на изјавата на инвеститорот, ќе се задржиме само на бројките од договорот. Додека ова стане реалност, приматот најголема сточарска фарма во Источна Европа го држи фармата на групацијата Бонафарм, отворена лани есента во Унгарија. Фармата вредна 12 милиони евра е опремена со најмодерна технологија и во неа се чуваат до 2.500 млечни крави кои даваат повеќе од 20 милиони литри млеко годишно! Фармата на Рој е проектирана да биде осум пати поголема од унгарската, што покажува колку е мегаломански овој проект и создава доза недоверба во целата приказна?! Амбициите на познатиот индиски милијардер да влезе во млечната индустрија не се новост, бидејќи лани тој најави дека во неговата родна земја, каде што кравата е свето животно, ќе ја изгради најголемата млекарница во светот. Мастер-планот што го објави Рој за Индија вклучува фарма со 2,5 милиони крави и производство на 2.100 тони млеко дневно! Според најавите, млекарницата требаше да биде отворена на 1 април годинава, меѓутоа случајно или не, симболиката на овој датум му пресуди на проектот. Откако Рој замина од земјава, а ги

Субрата Рој со амбиции безброј

О

свен најавената инвестиција од 200 милиони евра во земјоделството, индискиот милијардер во последните две години, колку што доаѓа во Македонија, најави инвестиции во многу проекти. Најграндиозен е луксусниот хотелски комплекс на Охридското Езеро кај селото Љубаништа. Инвестицијата тешка неколку десетици милиони евра, за кој проектот го направи британската компанија Аткинс, предвидува изградба на туристичко-станбен комплекс, кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа-центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода. Тој најави и инвестиции во производствени капацитети за храна, хотели и во Преспа и во Дојран и изградба на грандиозен споменик на Мајка Тереза на плоштадот во Скопје.

остави претставниците на групацијата Сахара да го подготвуваат теренот за оваа инвестиција, вредна 200 милиони евра, во јавноста останаа отворени многу дилеми. Анализирајќи ги бројките, прво се поставува прашањето колку е навистина остварлив овој проект и што би значела неговата реализација за млекарскиот бизнис во Македонија? Ќе се формира ли монопол на пазарот со оглед на тоа дека во Македонија најголемите фармери поединечно имаат најмногу до 1.000 крави? Колку од млекото ќе се извезува или ќе направи голем притисок врз понудата на домашниот пазар, што може да донесе реприза на времињата кога млекото се

истураше по улиците? Ако детално се разгледа договорот за закуп на земјоделско земјиште, потпишан минатиот викенд, ќе се види дека закупувачот (Sahara Pure Eatables Corporation Limited doo ) всушност, си обезбедува заокружен систем за инвестицијата во млекарскиот бизнис. Имено, тој се обврзува на површина од 5.353 хектари годишно да произведува до 75 илјади тони сточни храна, кои всушност, ќе се користат за исхрана на 20 илјади крави, колку што треба да има за три години отсега, па логично произлегува заклучокот дека сточната храна ќе ја користи за свои потреби, а добиеното млеко ќе го преработува во

12 милиони евра чини најголемата фа

И

нвестицијата од 12 милиони евра во сточарската фарма лоцирана во Чипотелек во Унгарија & го донесе епитетот најголема во Централна и во Источна Европа на компанијата Боли зрт (Bóly Zrt), дел од групацијата Бонафарм (Bonafarm Group). Фармата, опремена со најмодерна технологија, има капацитет до 2.500 млечни крави и 170 стелни јуници. Таму годишно ќе се произведуваат повеќе од 20 милиони литри млеко кое целосно се продава на Соле-мизо зрт (Sole-Mizo Zrt), компанија којашто се занимава со производство и продажба на млечни производи, исто


www.kapital.mk

млекарница, која исто така најави дека ќе ја гради. А како поттик од државата, доколку се држи до планот, Рој ќе може да добива најмалку 1,9 милиони евра годишно од земјоделските субвенции. И бидејќи роковите веќе го притискаат инвеститорот, кој во првата година и половина мора да изгради фарми за 8.000 крави, претставници на Владата информираат дека секојдневно се среќаваат со Индијците за да може с$ да оди според планот. „Во моментов се вршат геодетски снимања на земјиштето, по што површината ќе се даде во владение на инвеститорот. Потоа треба да почне изградбата на штали, кои ќе бидат лоцирани на закупената површина, по што треба да се добие дозвола за увоз на кравите. Се разгледуваат сите детали за да може с$ да се одвива според планот, без проблеми. Засега е битно да се создадат услови за увоз на 8.000 крави, колку што е предвидено со договорот за првите 18 месеци“, изјави Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Тој за „Капитал“ потврдува дека фармите ќе се градат на земјоделското земјиште кое Рој го доби под закуп, што ја отвора дилемата дали обработлива земја треба да се пренамени во градежна парцела? Заменик-директорот на Агенцијата за ветеринарство и храна, Абдулезел Догани, потврди дека ги запознале претставниците од индиската компанија со сите услови и стандарди што мора да ги исполнат за да се одобри увозот на животните. „Засега нема најави кога да се очекува увозот на кравите, бидејќи најпрвин инвеститорот мора да обезбеди сместувачки капацитети, односно фарми со точно утврдени услови за одгледување на животните кои се дефинирани со нашите правилници. Исто така, ги запознавме и од кои земји е дозволен увоз на крави, кои гаранции ни требаат од земјата-извозник и како ќе се врши испитувањето на секое животно. Ние имаме капацитет за да извршиме проверка и анализа на 20.000 крави, меѓутоа динамиката на увозот ќе зависи од остварувањето на планот на инвеститорот“, дециден е Догани.

Капитал број 715 12.07.2013

19

Зошто кравите се свети животни во Индија?

И

ндија има 30% од вкупниот број говеда во светот. Постојат 26 различни сорти крави во Индија. Таму кравите се насекаде. Бидејќи се почитувани како свети животни, може да се шетаат слободни и се навикнати на градскиот метеж и на тамошното темпо на живот. Може да се видат по улиците во градовите како брестат трева или се насладуваат со зеленчукот којшто изобилува кај уличните продавачи. Кравите-скитници исто така ги згрижуваат во храмовите, особено во Јужна Индија. За разлика од Западот, каде што кравите се сметаат за „хамбургери со нозе“, во Индија кравите се сметаат за симбол на земјата, затоа што даваат толку многу, а не бараат ништо за возврат. Тие се олицетворение на жртва, даваат млеко, урда, путер... Тие се сметаат за сурогат-мајки затоа што на луѓето им даваат млеко во текот на целиот живот. Иако кравите се свети животни за Хиндусите, не се обожувани како божество. И покрај статусот на свето животно, кравите не се толку згрижени во Индија. Посетителите честопати се чудат кога ќе видат крави како лутаат по улиците и се хранат од корпи за ѓубре или од канализација.

(Не)изводлива идеја?!

Домашните експерти се скептични дека овој проект може да се изведе така како што е замислен. Според нив, бројките од договорот се мегаломански и тешко остварливи, бидејќи условите во Овчеполието, каде што се лоцира Рој, не се соодветни за реализирање на оваа идеја. „Клучно е дали желбите се усогласени со природните услови за производство на 75.000 тони сточна храна и одгледување на 20.000 крави. Ми се чини дека проектот е пренадуен. Прво, таа земја е многу сува и нема ниту услови за наводнување на голем дел од

површините, така што е дискутабилно какви ќе бидат приносите, односно дали ќе може воопшто да се произведува пченка, а приносите на јачмен не би биле поголеми од три тони по хектар“, вели професорот Борис Анакиев. Тој укажува и на фактот дека климата во Овчеполието е претопла и несоодветна за одгледување на високопродуктивни раси крави од Германија или од Холандија. „На инвеститорот сигурно ќе му биде потребно двојно повеќе време за да се изгради потребната инфраструктура и да ги изгради сите штали во коишто ќе одгледуваат 20.000 грла крави. Камо

фарма во Централна и Источна Европа така дел од групацијата Бонафарм. Сандор Цани, сопственик на Бонафарм, потенцираше дека приходите од посевите и субвенциите од ЕУ не се вадат надвор од компанијата, туку се инвестираат во понатамошно осовременување или во други земјоделски бизниси. Неколкуте агробизниси со коишто се занимава фармата резултирале со приходи од 82 милиони евра, од кои приближно 51 милион евра се инвестирани во одгледувањето на животните. Вели дека ултрамодерната авангардна технологија не само што е гаранција за квалитетот, туку значи и дека фармата е висококонкурентна според интернационалните стандарди.


Капитал број 715 12.07.2013

www.kapital.mk

20 cover story

среќа да се остварат најавите за оваа мегаломанска инвестиција, но според мене, тоа е тешко остварливо“, вели тој. Големо неверување владее и во Овчеполието, каде што главен извор на информации за тоа што планира индискиот инвеститор со плодното земјиште, каде што со децении агрокомбинатот Џумајлија одгледуваше пченица, сончоглед и сточни култури, се телевизиските вести. Тие со неверување коментираат дека „и да видат со свои очи, пак нема да веруваат“. Не затоа што станува збор за непознат инвеститор, не затоа што не го посакуваат тоа, туку поради, како што велат, нереалната големина на проектот. „Прво и основно, се чудиме каде ќе се сместат тие крави, потоа дали ќе има доволно вода за нив, со оглед на тоа дека една крава пие и до 100 литри вода, а нашиот регион е познат по недостигот од вода. Второ, од тие 5.353 хектари земја кои ги добива на закуп, само 2.500 се под вода, а знаеме дека луцерката како сточна храна бара многу вода. Трето, проекот за вработување е пренадуен, затоа што реално, и с$ од ветеното да се исполни, нема простор за 2.000 вработувања“, вели Трајче Ѓорѓивески, акционер во поранешниот агрокомбинат Џумајлија, кој не верува дека овој проект воопшто ќе почне да се реализира, но искрено, посакува времето да го демантира. Со оглед на тоа дека Џумајлија не работи веќе две години, плодните ниви исто толку долго не се обработувани и се во многу лоша состојба, суви и обраснати со висока трева. Во најоптимистично сценарио, за да може наесен да се засеат првите култури и догодина да се ожнеат првите количини сточна храна, подготовката на теренот мора да започне веднаш. „На овие 5.000 хектари кои беа под закуп на агрокомбинатот Џумајлија со децении се садеше пченица, сончоглед, јачмен и други култури, а веќе две години ништо не е посеано. Тие парцели сега се суви и покриени со висока трева. Потребно е да се донесе многу механизација, најмалку две орања откако ќе се расчисти теренот и да наврнат многу дождови за да може воопшто нешто да се посее наесен“, вели Кузман Маџов, акционер во поранешниот агрокомбинат Џумајлија од село Дурфулија. Уверен дека „нема шанси нешто да биде“, вели дека општина Лозово би била била задоволна кај новиот закупец да се вработат макар само 200 луѓе, со оглед на тоа дека во овој реон не остана ниту еден голем земјоделски комбинат и само еден преработувачки капацитет за градежни материјали, кој слабо работи. Луѓето со коишто разговаравме, главно поранешни вработени во АК Џумајлија,

МлеКарница – неостварена Желба

И

зградбата на млекарница е неостварена амбиција на Субрата Рој. Ројтерс пренесува дека тој во јуни минатата година најавил дека на 1 април годинава ќе ја отвори најголемата млекарница во светот! Со оглед на тоа што и по 1 април млекарницата во Индија не е отворена, можеби идејата за влегување во млечниот бизнис ќе започне да се реализира токму од Македонија?! Сахара Индија паривар (Sahara India Pariwar), компанијата на Субрата Рој, е активна во повеќе бизниси: финансиски услуги, осигурување, инфраструктура, туризам, медиуми, здравство, спорт, ИТ и друго.

Број на молзни крави Просек по молзна крава, литри Производство на млеко, '000 литри

велат дека обезбедувањето работници во земјоделството е голем проблем, а ќе биде и за инвеститорот со големи амбиции. Потенцираат дека луѓето не се подготвени да работат за минимални плати од 100-ина евра и ако Рој настапи со такви плати, нема воопшто да најде луѓе за работа. „Да не се лажеме, ако ни речеа дека ќе се прави фарма со 2.000 или 5.000 крави, може и ќе ја голтневме приказнава, но 20.000 крави, кои само ако се наредат една по друга, ќе бидат од Велес до Штип, е преголема и премногу нереална приказна, во која никој не верува“, вели Ѓорѓиевски.

Македонските фирми аутсајдери?!

Дека добивањето државно земјиште под закуп за сточна храна е клучниот фактор за создавање успешен бизнис во млечната индустрија потврдува и Јован Дабевски, сопственик на млекарницата Здравје Радово, кој минатата година во јуни ја купи краварската фарма од агрокомбинатот Џумајлија. Тој тогаш потврди дека аплицирале на огласот на Министерството за земјоделство за закуп на земјиштето што порано го имаше Џумајлија, но земја под закуп не добија. Станува збор за истата земја која сега ја доби Субрата Рој. „Ја купивме краварската фарма од

2009

2010

2011

2012

114.043

124.553

131.275

119.453

3.004

2.787

2.866

2.928

342.622

347.103

376.290

349.769

Џумајлија и планираме сериозни инвестиции во нови штали и систем за молзење, а ќе набавиме и 2.000 до 3.000 крави, но потребно ни е земјиште за да го заокружиме процесот на производство. Се надевам дека Министерството ќе н$ цени сериозно и ќе ни додели дел од земјиштето“, изјави лани Дабевски. Сега Дабевски вели дека исходот од овој тендер ги натерал да го реализираат планот Б. „Понатамошните инвестиции во неа зависеа од тоа дали државата ќе ни даде под закуп земја на која ќе произведуваме добиточна храна. Бидејќи не успеавме да добиеме земјоделско земјиште под закуп, немаме услови да одгледуваме 3.000 крави, како што планиравме, и сега најверојатно, во фармата ќе одгледуваме овци“, вели Дабевски. Освен Здравје Радово, според информациите што ги даде министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, интерес за закуп на земјиштето од 5.353 хектари покажале дури 30 фирми. Но, од Министерството за земјоделство не одговорија точно колку фирми се пријавиле на тендерот за закуп на ова земјоделско земјиште, кои услови не ги исполнија домашните фирми за на крај државата да му го додели на инвеститор од Индија.


годишна специјалнa едиција на kapital media group n септември 2013 n www.kapital.mk

ЛИДЕРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Почитувани читатели, Капитал Медиа Гроуп ја подотвува годишната едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето профит остварени во 2012 година. Покрај главните рангирања компаниите ќе бидат анализирани и рангирани според повеќе различни показатели и индикатори за ефикасноста и упешноста во работењето. Сите рангирања ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбзедени од официјални институции. Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со лидерите во секоја индустрија како и следните анализи : XX Најголемите предизвици и потенцијали за компаниите во 2014 година XX Кои се индустриите кои ќе го носат економскиот развој на Македонија во следните 20 години? XX Како да се зголемат домашните инвестиции? XX Како и каде може да се отворат 100 илјади нови работни места XX Тајните на лидерите во производството на храна Во рамки на едицијата во посебни текстови ќе бидат анализирани најуспешните компании во следниве сектори: XX Енергетика, нафта и гас XX Прехранбена индустрија XX Металопреработувачка индустрија XX Телекомуникации XX Градежна индустрија и индустрија за градежни материјали XX Трговија Се надеваме дека едицијата Капитал 200 најголеми и најуспешни ќе им биде корисна и на компаниите, на банките, на маркетинг агенциите, на медиумите и на странските компании заинтерсирани за влез на македонскиот пазар со цел да носат подобри бизнис одлуки во ова неизвесно време. Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: aleksandra.stojmenova@kapital.mk boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 103 и 105

ЛИцА зА КОНТАКТ: АлексАндрА стојменовА бобАн ѓорѓиевски


Капитал број 716 19.07.2013

22

www.kapital.mk

Капитал добитниК на награда за филантропија

”Doniraweto nè pra Da Donirame pove]e

49,5% од граѓаните донирале изминатата година

Во организација на Центарот за институционален развој - ЦИРа во хотелот Александар Палас на свечена церемонија беа доделени наградите за филантропија и општествена одговорност за 2012 година. Меѓу 14 добитници се најде и Капитал, награден за развој на филантропски практики за медиуми

пишува:

габриела делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

К

ако единствениот печатен медиум во Македонија којшто стратешки се посветува кон промовирањето на општествено одговорните практики како концепт на работење во Македонија, Капитал Медиа Гроуп е добитник на Награда за развој на филантропски практики за медиуми за 2012 година во рамките на наградите за филантропија и општествена одговороност за 2012 година којшто ги доделува Центарот за институционален развој - ЦИРа. Капитал оваа награда ја доби за објавување на специјалниот прилог „Корпоративна општествена одговорност“, за промовирање

на најуспешните компании коишто негуваат општествена одговорност во својата работа, за претставени клучните поддржувачи и спречувачки фактори за развојот на општествената одговорност во Македонија, како и за даден одличен пример на други претставници од бизнис-секторот и на пошироката јавност за улогата на концептот на општествена одговорност. На овој шестти јубилее�� настан на ЦИРа беа доделени вкупно 14 награди на компании, граѓански здруженија и индивидуалци, а меѓу наградените се и Шпаркасе банка, Алкалоид, Раде Кончар - Сервис, Раде Кончар ТЕП, Тинекс, Емса Реџепова, Адора инженеринг ДООЕЛ експорт-импорт и други. Наградата за Капитал Медиа Гроуп ја подигна извршниот директор, Гордана Михајловска, која заблагодарувајќи се рече: „Им благодарам на ЦИРа за наградата. Се надевам дека ќе има с$ повеќе медиуми коишто ќе бидат поддржувачи на општествената одговорност и на личното донирање. Неодамна прочитав еден текст


www.kapital.mk

Капитал број 716 19.07.2013

23

avi posre]ni! e!”

Кристина Депо

директор на Секторот за маркетинг и комуникации во Шпаркасе банка:

Целта е да дадеме на вработените комплетен придонес во делокругот на нашето работење, бидејќи пресвртница во главните бизнис-активности се развојните пазари, новите технологии, експертизата и идеите на вработените во банката. Она што го движи целиот свет е она што ја движи иновацијата.

ВиКтор стојчеВсКи Ви

финансиски директор на Алкалоид:

Оваа престижна награда се однесува на севкупна посветеност на компанијата кон општествената одговорност, една од ретките од овој тип за нас. Таа го валоризира интегрираниот напор на компанијата кон општествената одговорност. Од тој аспект ни е посебно драга и во секој случај оваа награда за нас претставува потврда за нашите активности, како и поттик за понатамошни активности на полето на општествената одговорност.

стеВчо јаКимоВсКи

градоначалник на општина Карпош

кој се темели на научно истражување на светски реномиран универзитет во којшто се вели дека донирањето н$ прави посреќни. Па, во контекст на вечерашните награди ги повикувам сите повеќе да донираат.“ Извршниот директор на ЦИРа, Зоран Стојковски, нарекувајќи го настанот „Настан на благодарноста“ рече дека за овогодишните награди на адресата на ЦИРа пристигнале 42 апликации. „Уверен сум дека сите 42 апликанти коишто ги испратија своите апликации заслужуваат награда и сакам да изразам искрена благодарност до нив што прават нешто за другите“, рече Стојковски.

Половина од населението воопшто не донира

Според анкетата којашто ја спровел Центарот за институционален развој на репрезентативен примерок од 1162 граѓани, 150 компании и 91 здружение, податоците покажуваат дека 49,5% од анкетираните рекле дека донирале во текот на изминатата година, додека

50,5% воопшто не донирале. „Споредено со 2006 година, лицата кои донирале се за 25% помалку и ова како бројка е фрапантна. Но, споредено со другите држави, имајќи го предвид податокот дека 50% од населението во Македонија донира, тоа е добар показател“, рече Стојковски. Од лицата коишто одговориле дека воопшто не дале донација, 75% рекле дека немаат средства, 14% од нив рекле дека немаат доверба дека донираните средства ќе завршат на вистинска адреса, 9% не биле информирани за такви активности, а 4% рекле дека никој од нив не побарал донација. Оние, пак, што спаѓаат во групата компании, иднивидуалци и здруженија коишто донираат, велат дека донирањето поминало во практика и среќни се што можат да направат промена преку воспоставување позитивен пример за општествена одговорност во земјава. Финансискиот директор и член на Управниот одбор на Алкалоид, Виктор

Кога зборуваме за хуманоста, донирањето, филантропијата, би го повторил само накратко тоа што мудриот народ го рекол одамна: Рака што дава, никогаш не се суши.

ГорДана михајлоВсКа

извршен директор на Капитал Медиа Гроуп

Се надевам дека ќе има с$ повеќе медиуми коишто ќе бидат поддржувачи на општествената одговорност и на личното донирање. Неодамна прочитав еден текст кој се темели на научно истражување на светски реномиран универзитет во којшто се вели дека донирањето н$ прави посреќни. Па, во контекст на вечерашните награди ги повикувам сите повеќе да донираат.


Капитал број 716 19.07.2013

24

www.kapital.mk

Капитал добитни добитниК на награда за филантропија о се овогодишните ова добитници на наградата за филантропија: XX Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

Награда за претпријатие за одговорен однос кон вработени;

XX Раде Кончар - Сервис

-

Награда за претпријатие за одговорен однос кон животната средина;

XX Адора инженеринг ДООЕЛ експорт-импорт

Награда за корпоративна филантропија за мало и за средно претпријатие;

XX Тинекс МТ ДООЕЛ експорт- импорт

Награда за корпоративна филантропија за големо претпријатие;

гордана МихајловсКа

извршен директор на Капитал Медиа Гроуп

XX Алкалоид АД Скопје

Стојчевски, компанијата којашто оваа идеи“ е дел од CSR каде што основна година беше наградена за интегриран цел е поттикнување на иновативноста на пристап кон општествената одговорст за вработените во Шпаркасе банка. Ние, како големо претпријатие, вели дека Алкалоид банка препознаваме дека инвестирањето многу време и средства вложува во ова во континуираната иновација и во процесот поле, а наградата ја сметаат за мотивација и во крајниот производ, е предуслов за плус и понатаму да останат активни на да ги исполниме барањата на клиентот. полето на општествената одговорност и Целта е да им дадеме на вработените филантропија. комплетен придонес во делокругот на „Алкалоид е компанија којашто е сериозно нашето работење, бидејќи пресвртница во посветена на општествената одговорност. главните бизнис-активности се развојните Многу време и средства вложуваме на тоа пазари, новите технологии, експертизата и поле. Оваа престижна награда се однесува идеите на вработените во банката. Она што на севкупната посветеност на го движи целиот свет е она што ја движи компанијата кон општествената иновацијата“, вели Депо. одговорност, една од Меѓу нагредените филантропи ретките од овој тип за беше и нашиот културен нас. Таа го валоризира уметник Есма Реџепова, интегрираниот напор како и градоначалникот на на компанијата кон општина Карпош, Стевче помалку граѓани дони општествената Јакимовски. ра во текот на 2012 годи ле одговорност. Од тој Во име на Есма наградата споредено со 2006, сп на аспект ни е посебно ја подигна директорката драга и во секој случај на хуманитарното истражувањата на ЦИоред Ра оваа награда за нас здружение „Кралицата претставува потврда за Есма и Стево Теодосиевски“. нашите активности, како Заблагадорувајќи се за и поттик за понатамошни наградата, таа ја пренесе активности на полето пораката од Есма: на општествената одговорност“, вели „Есма денеска е отсутна затоа што има Стојчевски концерт. Но, сега пред неколку минути Директорот на Секторот за маркетинг и добивме нејзина порака во која вели: комуникации на Шпаркасе банка, Кристина ’Почестена сум и задовлна што ги Депо, од банката којашто беше наградена забележувате добрите луѓе. Благодарност во категоријата одговорен однос кон за доделената награда. Таа е и награда на вработени, за „Капитал“ вели: хуманитраното здружение ’Кралицата Есма „Шпаркасе банка Македонија се залага и Стево Теодосиевски‘ која е доследна на за фер и транспарентен однос помеѓу нашето лого ’Ако имаш две, подари едно‘. сите вработени и на кој било начин ги Следете н$ сите нас зашто заедно сите сме мотивира да ја покажат својата креативност подобри.“ за кој било дел од работењето, посебно Градоначалникот на општина Карпош, со овој проект Берза за идеи. Така ќе Стевче Јакимовски, пак, накратко истакна: продолжиме и понатаму. „Берза на „Рака што дава никогаш не се суши“.

25%

Награда за претпијатие за интегриран пристап кон општствена одговорност за големо претпријатие;

XX Раде Коначар ТЕП

Награда за претпријатие за интегриран пристап кон општествена одговорност за мало претпријатие;

XX Здружение на граѓани „Хуманост без граници“

Специјална награда за иновативен пристап во промовирањето на филантропијата и поддршката на локалното донирање;

XX ДАНУ Филантропија ЈИЕ

Награда за развој на филантропски практики за здружение на награди;

XX Капитал Медиа Гроуп

Награда за развој на филантропски практики за медиуми;

XX Магдалена Манева

Награда за индивидуален филантроп од Македонија;

XX Ило Тодев

Награда за индивидуален филанторп од дијаспората;

XX Есма Реџепова

Награда за животна посветеност на филантропското делување.

Балканот повторно се здружува Информациите кои Ви се потребни за подобро работење во балканскиот регион секој работен ден, наутро, Ви ги испраќаме на e-mail или прочитајте ги на www.biznis-plus.com Нарачка и повеќе информации на: pretplata-mk@biznis-plus.com или на телефон: +389 2 3298 110

1

месец бесплатно!


Капитал број 716 19.07.2013

www.kapital.mk

26

пишува:

Васе Целеска

vase.celeska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Д

”Start ap” od HrvatSka dobi inveSticija od milion evra.

dali nekoj makedonski ”start ap” }e dobie vakva injekcija?!

ека млади и иновативни компании ширум светот добиваат инвестициска инјекција слушаме речиси секоја недела, но ретко кога во регионот се случува некој инвестициски фонд да инвестира милионска сума во компанија која е на пазарот само четири години. Така, минатата недела загрепската компанија iStudio, позната како една од најуспешните агенции за маркетинг на социјални медиуми во регионот, доби милион евра инвестиција од словенечкиот инвестициски фонд РСГ капитал. Во Македо��ија пак, с$ уште нема некој пример на „старт ап“ компанија која добила инвестиција вредна милион евра, целосно од некој странски инвестициски фонд. Од инкубаторот PSM YES, каде што македонските „старт ап“ компании најчесто ги прават првите чекори, велат дека моментално една ИТ-компанија преговара за ваква инвестициска инјекција, но прогнозираат дека сумата ќе изнесува неколку стотини илјади евра. Единствената слична инвестиција на оваа која ја доби загрепското iStudio, на македонскиот пазар се случи на крајот од април, кога компанијата Solaborate, социјална мрежна платформа наменета за професионалците, нивните компании, производи и услуги од областа на технологиите, доби инвестиција од милион долари (околу 770.000 евра) од бизнис-ангели и поединечни инвеститори. Но, тука станува збор за компанија чие седиште е во Лос Анџелес, САД, а чиј производ е создаден тука во Македонија во соработка со ИТкомпанијата Семос.

Малку и мали македонски примери

Не може точно да се одговори на прашањето зошто странски инвестициски фондови не инвестираат во македонски „старт ап“ компании, бидејќи тука пред с$, треба да се земе предвид и нивото на претприемничкиот дух во земјава, можноста за градење бизнис, идеите и креативноста на претприемачите, како и интересот на странските фондови да инвестираат во „старт-ап“ од Македонија, велат познавачите на состојбите меѓу „старт ап“ компаниите. А ако ги прашате оние коишто го презеле ризикот да започнат нешто свое


www.kapital.mk

Капитал број 716 19.07.2013

ПретПриемништво и инвестиции

Минатата недела словенечкиот инвестициски фонд РСГ Капитал вложи милион евра во хрватскиот „старт ап“ iStudio. Оваа сума за македонските „старт ап“ компании с$ уште претставува научна фантастика, но на нашиот пазар полека се појавуваат млади компании кои се интересни за инвестирање. Тие најчесто доаѓаат од ИТ-индустријата, а некои од нив веќе имаат канцеларии во странство... последниве години, во време на криза, ќе ви објаснат дека за да направите таков „дил“, потребна е макотрпна работа и долги преговори, но на крај ќе пресуди одлучноста на инвестицискиот фонд да вложи во идејата на еден „старт ап“ од Македонија, бидејќи повеќето од нив гледаат на нашиот пазар како ризичен за инвестирање. Општо е познато дека македонските „старт-ап“ компании, особено оние кои работат во делот на ИТ-индустријата, најчесто учествуваат на натпревари и на тој начин ги добиваат дополнителните финансии и се надеваат дека некој инвеститор ќе ги забележи. Во оваа насока, позитивен е примерот на „старт-ап“ компанијата X3M Games од Битола, којашто креира компјутерски и мобилни игри. Имено, оваа компанија во декември 2012 учествуваше на MobileAppCamp SEE и доби награда од компанијата GameFounders, со што станаа дел од нивниот инкубатор во Талин, Естонија. Слично на нив, компанијата Tesseract Interactive од Скопје, која исто така работи на создавање компјутерски игри, во февруари годинава доби инвестиција од LAUNChub акцелераторот од Софија во вредност од 30.000 евра, во нивната игра Excubitor, со што и официјално станаа дел од овој акцелератор.

четири години, а за тоа време разви низа проекти, меѓу кои Media toolkit, Social numbers, Social puzzle, со коишто се прошири и на меѓународниот пазар. Откако РСГ капитал преку својот newsletter ја објави веста, соосновачот на iStudio, Даниел Акерман, ја потврди веста дека инвестицијата ја опфаќа целата компанија, која веќе има свои канцеларии на пазарите во БиХ и во Србија, а не само поединечни проекти. Фондот РСГ капитал веќе има инвестирано во Хрватска. Пред само три години вложи 1,2 милиони долари (околу 930.000 евра) во компанијата ShoutEm, која потоа се прошири во Велика Британија и во САД. Инвестицијата во iStudio е втора најголема инвестиција во некој хрватски „старт ап“ досега. Најголема инвестиција во хрватски „старт-ап“ досега направија бостонскиот фонд за ризичен капитал NextView Ventures и фондот SoftTech од Силиконската Долина во ИТ-компанијата Фармерон од Осијек, во износ од 1,4 милиони долари (1,08 милиони евра). Следуваат двете инвестиции на РСГ во iStudio во износ од милион евра (1,3 милиони долари) и ShoutEm во износ од 1,2 милиони долари. Потоа следува и инвестицијата на фондот Потез во пребарувачот за недвижности GoHome во износ од 850.000 евра (1,1 милион долари).

Хрватските „старт-ап“ компании интересни за словенечките фондови

Што вели iStudio за инвестицијата на РСГ капитал?

Ситуацијата со „старт-ап“ компаниите во регионот е нешто поразлична. Имено, компанијата iStudio, која минатата недела објави дека прими инвестиција од милион евра од словенечкиот фонд РСГ капитал, е основана пред само

Од компанијата iStudio велат дека за инвестицијата со РСГ капитал преговарале последните шест месеци. „Ќе ни овозможи уште побрз раст и развој“, напиша соосновачот Даниел Акерман на блогот на iStudio. Тој наведе дека оваа инвестиција

27

Даниел аКерман iStudio

И

нвестицијата од милион евра на РСГ капитал ќе ни овозможи услугите и производите кои досега ги нудевме да ги понудиме со далеку поголемо ниво на квалитет, но и капацитет. Ќе порасне квалитетот на испорачување, па така и резултатите. Ќе бидеме побрзи и поефикасни. Со излегувањето на нови пазари ќе можеме уште многу да направиме и да го пренесеме стекнатото знаење.

елена трајКовсКа Solaborate

S

olaborate започна да функционира како посебна компанија во Скопје, Македонија, во февруари годинава. На денот на лансирањето на нашата мрежа, 30 април, успеа да добие милион долари инвестиции од ангели и од индивидуални инвеститори. во првата фаза најмногу ќе биде искористена за зголемување на тимот, што ќе значи дополнително зголемување на квалитетот и на капацитетот. „Во план ни е да вработиме 10-20 нови луѓе до крајот на годината. Паралелно започнуваме подготовки за отворање нови канцеларии, и тоа овојпат не регионални, туку во Западна Европа. Наша цел е во следните 12 месеци да отвориме 1-3 нови канцеларии“, наведува Акерман. За РСГ вели дека е водечки регионален venture capital фонд специјализиран за

Како почна приказната на iStudio?

П

риказната на хрватската компанија iStudio започнува во јуни 2009 година, кога официјално била основана од Даниел Акерман и Томислав Грубишиќ во Загреб. Дигиталниот маркетинг во Хрватска во тоа време веќе им бил познат на компаниите, но социјалните медиуми воопшто не. Во тоа време Хрватите на Фејсбук гледале како на приватна социјална мрежа за поминување време со пријателите и играње игри, а не како алатка за професионален маркетинг. Томислав и Даниел имале свој интернет-проект кој сакале да го промовираат, па пробале многу различни начини како со летоци, маици, настани... но единствениот начин на којшто успеале да предизвикаат интерес бил преку Фејсбук. Кога го пушиле „линкот“ до нивната интернет-страница преку приватна порака до сите што ги познавале, тогаш тие ја сфатиле моќта на социјалниот маркетинг. Сообраќајот на нивната интернет-страница пораснал за 1.000%, а промоцијата која ја добиле била бесплатна.

Кога ја виделе моќта на Фејсбук како маркетинг-канал, тие решиле да почнат да нудат услуга за менаџирање страници на социјалните мрежи за хрватските брендови и да започнат компанија од нивната дневна соба. iStudio денес е една од најголемите агенции за маркетинг на социјални медиуми во Балканскиот регион со канцеларии во Хрватска и во БиХ и 30-ина вработени.

тимот на iStudio по доби а инвестиција план да се зголеми за 10-20 нови луѓе и да отвоенат ри 1-3 нови канцеларииира во Западна европа


Капитал број 716 19.07.2013

28

www.kapital.mk

ПретПриемништво и инвестиции

Solaborate - успешен „старт ап“ пример на нашиот пазар

Е

ден од посвежите примери на успешна „старт ап“ компанија е оној на Solaborate, социјална мрежна платформа наменета за професионалците, нивните компании, производи и услуги од областа на технологиите. „Приказната за Solaborate започна пред две години, кога г. Лабинот Битучи (млад ИТ-професионалец по потекло од Косово кој живее во САД, а својата кариера почнал да ја гради во гигантот SAP) одлучи да ја развива својата идеја во Македонија во соработка со компанијата Семос, денес наши партнери. Седиштето на компанијата Solaborate се наоѓа во Лос Анџелес, а во февруари 2013 година Битучи, како основач и извршен директор, отвора претставништво и во Скопје, со што Solaborate започнува да функционира како посебна компанија. На денот на лансирањето на нашата мрежа, 30 април, Solaborate успеа да добие милион долари инвестиции од ангели и индивидуални инвеститори“, раскажува Елена Трајковска, задолжена за инвестиции во ИТ-компании. „Во РСГ пронајдовме одличен партнер, не само во финансиска смисла, туку и советодавно. РСГ е фонд кој веќе направи многу успешни инвестиции, а има и искуство во слични производи и интернационална експанзија. Веруваме дека со помош на РСГ е дека ќе можеме многу подобро да го насочиме понатамошниот развој на компанијата и да оствариме поголем интернационален раст“, наведува Акерман. Главните прозиводи со коишто планира да се шири iStudio се Mediatoolkit и

маркетинг и проверка на квалитетот во Solaborate. Неодамнешното лансирање на социјалната мрежа Solaborate, наменета исклучиво за ИТ-професионалци, меѓу другото отвoра ново поглавје на глобалниот интернет-пазар и секако, нов сегмент во развојот на социјални��е мрежи. Планот на Битучи е оваа социјална мрежа да земе глобален замав во рок од една година.

Socialpuzzle, кои наоѓаат примена на Фејсбук. „По повеќе години развој Mediatoolkit започна да покажува резултати, па има с$ повеќе задоволни клиенти кои секојдневно го користат. Инвестицијата ќе ни помогне да го зголемиме тимот со цел побрзо да ја унапредиме алатката, да можеме повеќе да вложиме во маркетинг и да дојдеме до поголем број купувачи. Од друга страна, Socialpuzzle е алатка која ужасно брзо се развива и има с$ подобри резултати. Како што расте бројот на корисници и на

партнери, се забележува поголема потреба од нови можности кои моментално не стигнуваме да ги имплементираме. Инвестицијата ќе ја искористиме и за зголемување на бројот на членови на тимот, со цел побрзо да го развиеме самиот производ, а и за самиот маркетинг и за продажбата“, појаснува Акерман. Евидентно е дека покрај вработените, најголема корист од инвестицијата ќе имаат клиентите на компанија.


Капитал број 716 19.07.2013

30

политика

Општините трошат од 2 до 400 евра по жител на јавни набавки

С

поредбената анализа на јавните набавки во општините низ Македонија, која ја направи Центарот за граѓански комуникации во шестмесечниот период од октомври 2012 до март 2013 година, отсликува огрмони разлики меѓу општините не само според вкупниот износ на парите коишто се трошат преку јавни набавки, туку и според потрошените пари за јавни набавки по жител. Ваквата анализа на Центарот за граѓански комуникации покажува дека потрошените пари по јавни набавки по жител се движат од 2 евра во Шуто Оризари до 400 евра во Центар. Во извештајот исто така се констатирани и

одредени нелогичности во спроведување на набавките, барање од фирмите да исполнуваат одредени специфични услови со што се ограничува конкуренцијата, неодржување на аукциите поради тоа што имало еден или ниту еден понудувач, но и поништување на постапките за јавните набавки. Ваквите недоследности, сметаат од Центарот, ја отвора дилемата дали јавните набавки се спроведуваат само за да се запази форма, што ја наменува потребата од воведување контролни механизми за спречување на злоупотреби и прекршувања во сите фази од јавните набавки.

10.000 Два закони - еде > БРОЈКИ

евра ќе му плати лидерот на НСДП, Тито Петковски, на премиерот Никола Груевски поради клевета и нарушување на угледот и честа

19.500

контрола врз сит

евра е оштетено Министерството за внатрешни работи преку издавање противзаконска документација од страна на директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман

700

апликации пристигнале на адресата на Владата по објавениот втор конкурс за избор на раководни позиции во домен на државната управа

36

апликации, што воедно е и најмногу, пристигнале само за раководна позиција во МЕПСО

facebook 1 Една од подобрите работе да

живиш у Македонија, е тоа што непогрешливо знаеш когај почнуе сезона на годишни одмори.Поскупуе горивото. Моме Мартиновски

2 Не му верувам на иселеник

кој нема прстен со ѕвездата од Вергина. Филип Черноземски

3 МАНУ многу порано требаше

да ја напуштат правите интелектуалци.Немаше да биди штета оти од САНУ чекаат во резерва да бидат во МАНУ... Даме Чкатроски

Министерот Иво Ивановски и со третата верзија од законот за медиуми не ги успокои барателите на медиумски слободи. пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

П

арцијални решенија кои суштински не ги решаваат проблемите - прифатени се предлози кои немаат смисла ако не се промени целиот контекст на кој се

однесуваат - ова е заклучокот што може да се извлече по поделбата на она што досега беше закон за медиуми, на два закони - еден за медиуми, а друг за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Двата ја поминаа владината процедура и му се доставени на Собранието. Од нив уште на прв поглед е јасно дека не го решаваат главниот проблем - лошата состојба со медиумските слободи во Македонија, што без исклучок ја детектираат сите меѓународни организации. Поради приговорот (и од овде, и од странство) дека спецификите


www.kapital.mk

Капитал број 716 19.07.2013

Лустрацијата топ болна тема изминатава недела

П

о јавното повлекување од МАНУ и друштвото на писатели на академикот Божин Павловски и објавувањето за смртните закани врз членот на комисијата за верификација на фактитите, Чедомир Дамјановски, може да се каже дека изминатава недела беше една од најдинамичните поврзани со ова болно прашање за македонското општество. Првиот лустратор Томе Аџиев, кој од лустрирањето на покојниот академик Славко Јаневски не е тргнат од

насловните страници на медиумите во нивниот критички дел, цврсто останува на својот став и ја продолжува политиката на изолација од јавноста и на слепо следење на директивите на илјадапати оспоруваниот закон. Токму Томе Аџиев беше посочен од страна на Чедомир Дамјановски дека на самите седници на комисијата упатил директни смртни закани кон него. Лустрацијата продолжува и понатаму, а јавноста чека кој е следен на бескрајниот список на Аџиев.

ен центар за те медиуми?! Која е смислата законот за медиуми да се подели на два дела - еден за печатот и интернет-медиумите, а друг за радиодифузерите, ако оној што ќе ја регулира нивната работа остане еден - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги?! на печатот и електронските публикации не дозволуваат да ги регулира ист закон, како и радиодифузерите, Владата, односно Министерството за информатичко општество и администрација, го поделија законот на два дела - еден поопшт, што се однесува општо на медиумите, и другиот специфичен за радиодифузерите - телевизиите и радиостаниците. Но, што менува оваа поделба кога надлежното тело за регулација остана исто за сите медиуми? Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и понатаму ќе ги регулира и печатот и интернетмедиумите, иако во новиот предлог тие се одвоени во друг закон! Центарот на моќта во медумската сфера останува еден и како таков многу полесен за освојување од факторите на влијание. Ако се следи логиката на поделбата би требало двата закони (раздвоени главно по препорака на Советот на Европа) да значат и две регулаторни тела: едното за радиодифузерите, другото за печатот и интернет-медиумите (ако веќе не може да профункционира саморегулацијата и се инсистира на цврсто законско регулирање). Во овој контекст и специјалниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, иако претходно (по средбата со министерот за информатичко општество и

администрација, Иво Ивановски) изрази оптимизам дека новото решение е на пат да ги затвори сите проблематични прашања, два дена подоцна како одговор на новинарско прашање од „Дневник“ упатила на нејзина изјава дадена на 30 мај во Будимпешта (пред новото двозаконско решение): „Има голем број загрижувачки прашања во сегашниот нацрт-закон како што е ризикот за преголемо регулирање и непотребни рестрикции што ќе се применат и за онлајн и за офлајнмедиумите. Ако се имплементира, овој закон би можел да ја ограничи слободата на медиумите во земјата“. Како позитивна страна во функција на намалување на можноста за злоупотреба на Агенцијата, Ивановски го потенцираше намалувањето на мандатот на членовите во Советот на Агенцијата од 9 на 7 години (препораката од Советот на Европа и од ОБСЕ), како и на мандатот на директорот на Агенцијата од 8 на 7 години. Со измените во однос на институциите кои ќе номинираат членови во Советот на Агенцијата, се очекува да се добијат повеќе членови од цивилното општество, а намален е бројот на претставниците од Собранието и од ЗЕЛС. Според новиот текст, покрај претставник од ЗНМ, по еден член ќе предлагаат и Адвокатската комора и Интеруниверзитетската конференција. Собранието и ЗЕЛС предлагаат по двајца членови.

бум-Трес

31

ТиТо ПеТКовсКи

лидер на НСДП

С

порот немаше да го изгубам ако се применуваа законските акти. Овој судија се потресе кога го виде премиерот, односно тој што тужи“. Петковски смета дека потресениот судија е виневен што мора да плати 10 000 евра за нанесена душевна болка на неговиот некогашен коалиционен партнер, сегашен премиер Никола Груевски.

Чедо дамјановсКи

член на Комисијата за лустрација

Д

обивав директни закани по животот и семејството од претседателот Томе Аџиев, дека „ќе ме обеси по завршување на мандатот“. Нејасно е како Дамјановски ако ова е вистина, се уште е член на таа Комисија.

Томе аџиев

претседател на Комисија за лустрација

Т

оа не е вистина, нема врска, не ми паѓа на памет да се занимавам со него (Дамјановски, н.з),“. Претседателот без мандат на ова квази тело вели дека не се занимава со закани за бесење... тој се занимава само со, или веќе починати или со исклучително внимателно избрани.

twitter 1 Горан@goran_man

Друже Влатко, Шутка и Топаана немаат веќе мана, им дојде Индија.

2 Профилот на Твитер@profilot

И за нас трпението има граница, после неа одиме во странство

3 Ljubiša@sulimanovic

Сонот на Александар остварен по 23 века!! Синот на најбогатиот индиец стана македонец!!


Капитал број 716 19.07.2013

32

www.kapital.mk

политиКа

На БалКаНот На реД е маКеДоНсКиот проБлем

Se Stega obra^ot okolu Sporot za imeto

Како што полека отчукува часовникот на грчкиот премиер Андонис Самарас за одговор на писмото од Никола Груевски, се чини повеќе паника се создава во земјава, отколку кај нашиот јужен сосед. Разните предлози околу спорот за името, кои претходно можеа да се слушнат само низ кулоарите на упатени во преговарачкиот процес, сега станаа не само јавни, туку и директно соопштени од политичарите на власт (Али Ахмети). Анализирајќи ја ситуацијата се наметнува прашањето - ќе издржи ли премиерот Груевски да го дочека одговорот од својот грчки колега, или сепак, како и многу пати досега, излезот ќе го бара преку предвремени парламентарни избори?... Со помош од ДУИ, секако пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

Фотоархива на Капитал

Д

ве недели откако премиерот Никола Груевски го испрати писмото до грчкиот колега Андонис Самарас, во кое предлага директни преговори

меѓу двете страни, од Грција нема ниту одговор ниту, пак, каква било шпекулација за евентуалниот став на грчкиот премиер во однос на македонскиот предлог. Нејасно е дали Атина тактизира со ваквото однесување или Самарас се најде изненаден од (пре) позитивната инцијатива од македонска страна. Но, како што полека отчукува часовникот на Самарас, се чини повеќе паника се создава во земјава, отколку кај нашиот јужен сосед. Разните предлози околу името, кои претходно можеа

да се слушнат само низ кулоарите на упатени во преговарачкиот процес, сега станаа не само јавни, туку и директно соопштени од политичарите на власт. Така, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, од среде Софија најотворено соопшти дека новиот предлог на медијаторот Метју Нимиц е Горна Република Македонија, предлог кој од официјалната прес-служба на Владата ниту го дементираа, ниту пак го потврдија. Заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, пак,


www.kapital.mk

капитал број 716 19.07.2013

политика покажа документ со потпис на сега ексминистерот за надворешни работи, Анотнио Милошоски, дека во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ всушност прифатил промена на името, предлог кој гласеше Република Македонија (Скопје). Во отуство на одговорот од Самарас, а под засилениот притисок од меѓународната заедница и од својот коалициски партнер ДУИ, премиерот Никола Груевски ги собра своите коалицискии партнери на средба, на која, меѓу другото, беше разгледана и опцијата за предвремени парламентарни избори виза ви прашањето за спорот со Грција. Се наметнува дилемата ќе издржи

ли премиерот Груевски да го дочека одговорот од својот грчки колега Андонис Самарас за неговиот предлог за директни преговори во процесот за името, или сепак, како и многу пати досега, излезот да го одложи притисокот за изнаоѓање решение, ќе го најде преку предвремени парламентарни избори? Тој самиот проценува дека среќата и на евентулани предвремени избори наесен, би била на негова страна, но дотогаш многу фактори можат да имаат влијание врз остварувањето на оваа проекција.

Фингирана ли е кризата во владината коалиција? И додека премиерот се

33

чини сериозно ја разгледува опцијата за нови предвремени парламентарни избори, неговиот коалициски партнер ДУИ повикува - не е време за предвремени избори, време е за решение на името. „Сега не е време за избори, туку време е да се реши спорот за името“, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Според него, една од причините поради кои ДУИ смета дека не е врема за избори е фактот што не очекуваат промена во изборните резултати. Доколку, пак, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите партии се сложни да одат на избори, Османи вели дека ДУИ нема да ја поддржи таквата иницијатива. Ваквата „криза“меѓу ДУИ и


Капитал број 716 19.07.2013

34

www.kapital.mk

политиКа

Ѓорге иванов

Борут пахор

додека Пахор бара конкретна иницијатива, македонскиот претседател Ѓорге Иванов и средбата со колегата ја искористи да се пожали дека ние сме проиницијативни, ама соседите не се. Поплаката на Иванов е дека нашите заложби никако не наидуваат на фидбек: Постојано се соочуваме со ситуација на немање соговорник. Сите наши иницијативи се отфрлаат, не се прифаќаат, а ние сакаме решение“, вели шефот на македонската држава.

акедонија да понуди конкретна иницијатива за прашањето со името која нема да ги остави рамнодушни претставниците од ЕУ и меѓународната заедница. Ова е многу битно за паралелно да се решаваат членството на земјата во ЕУ и името. За кавга и соработка секогаш се потребни двајца. Потребно е многу храброст водачите на двете страни да се одлучат за соработка. Оваа порака на словенечкиот претседател Борут Пахор, којшто неделава престојуваше во официјална посета на Македонија, треба да го замисли македонскиот државен врв.

претседател на Р.Македонија

И

претседател на Р. Словенија

М

ВМРО-ДПМНЕ е веќе позната стратегија. И овојпат, иако премиерот Груевски експлицитно изјави дека односите со ДУИ се заострени, тешко е, велат тие,

ниКола груевсКи премиер на Р. Македонија

С

ега притисокот врз нас во спорот со Грција е во друга форма и се манифестира преку различни негативни извештаи за Македонија, што истовремено е и обид за изнаоѓање алиби зошто Македонија не влегува во ЕУ и во НАТО. Поточно, тоа е алиби за нивната немоќ и за немањето волја и интерес на големите сили да ја разрешат оваа неправда којашто ни ја прави Грција. Треба да најдат виновник за тоа“ – во своето последно интервју премиерот зборува дека е под силен притисок, па дури кажа и дека странците му го притискаат коалицискиот партнер да ја растури Владата.

да се поверува дека станува збор за вистинска криза во коалицијата. Ова, согласни се тие, повеќе личи на поставување на сцента за предвремени

али ахмети лидер на ДУИ

С

порот за името меѓу Македонија и Грција не е потежок од спорот меѓу Косово и Србија. Проблемот за името е многу емоционален, а таму каде што има емоции нема рационалност. Сосем нормално е, како трета страна посредник, да биде меѓународната заедница која треба на некаков начин да ги смири тие емоции – во својата последна изјава којашто ја даде од Софија, лидерот на ДУИ само го повтори ставот дека време е за компромис.

избори, отколку придвижување кон решение за името. Партиски извори од ДУИ за „Капитал“ велат дека зад кулисите има засилена активност во однос на процесот на преговорите: „Ситуацијата особено во последниот период (со влезот на Хрватска во ЕУ, но пред с$ со договорот на Србија и на Косово) пластично кажано личи на обрач кој се стега околу нас. Притисокот од големите сили се засилува. Ним им е несфатливо како тоа Белград и Приштина успеаја да најдат заеднички јазик, за прашање кое директно засегна територијален интегритет на една држава, а Скопје и Атина не можат за нешто што е емотивно, но е нематеријална категорија. За с$ има начин. Секој проблем има свое решение. Ние не сакаме да ја продадеме ниту државата, ниту името, но мора да покажеме иницијатива. Затоа, добро е што премиерот во последниот период покажува таква активност.“ За ставот на Меѓународната заедница за македонско-грчкиот проблем „Капитал“ пишуваше со директен брифинг во кабинетите на германскиот канцелар, Ангела Меркел, и шефот на германската дипломатија, Гидо Вестервеле: „Македонија долго време стои надвор од ЕУ. И што е пофрустрирачки, долго време никако не може да помине на следното ниво. Не можете да правите компарации и да се споредувате со другите држави од регионот. Вие како новинар секако, можете, тоа е ваша работа, да анализирате, да компарирате, која држава, каде и како стигнала, која со какви пречки се соочила, која изодела потежок пат. Но, ЕУ и нејзините институции не функционираат така. Секоја држава ние ја гледаме одделно, како посебна единка. И да, не е фер, ама тоа што важи за една, не важи за друга. Оти таква е логиката. Не може исти критериуми да има за сите земји, кога сите имаат сопствени специфични проблеми. Вие велите вашиот проблем со Грција за името бил специфичен. Во ред, јас отстрана

Зоран Заев лидер на СДСМ

Н

ие излеговме со општ став дека ќе поддржиме компромисно решение, што покажува дека ние сметаме дека во моментов за Македонија компромис е подобар и за нејзината национална посебност и за нејзината иднина и за интеграциите и граѓаните на земјата. Но, тоа решение не смее да го загрози националниот идентитет и интереси и убедени сме дека со политичка волја може да се дојде до такво решение, но не сме ние на преговарачката маса“. СДСМ с$ уште кога зборува за името, зборува во завиена форма, без конкретни термини, црвени линии или предлози.


www.kapital.mk

Капитал број 716 19.07.2013

политика И Нимиц без одоговор на новиот предлог од Груевски

О

свен грчкиот премиер Самарас, по последниот предлог на премиерот Никола Груевски, молчи и олеснувачот во преговорите, медијаторот Метју Нимиц. Иако писмото не е директно адресирано до него, очекувано е и тој како посредник да даде свое мислење за најновиот предлог од македонска страна. Вашингтон и Брисел веќе го направија тоа. И САД и Европската унија дадоа поддршка на предлогот на премиерот, и повикаа што побрзо решавање на прашањето околу името. Поддршка даде и мнозинството аналитичари и експерти во земјава кои ваквата иницијатива ја оценика како позитивна и како голем исчекор напред во преговорите со Грција. Предлогот го поздрави и лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, кој истакна дека очекува ова да послужи како чекор напред кон решавање на долготрајните разлики околу името. И додека во Македонија постои јавен консензус по последниот предлог на премиерот, словенечкиот премиер Борут Пахор, кој неделава беше во прва официјална посета на земјава, побара уште поголема иницијативност од нас, која освен Атина ќе ги воодушеви и претставниците на ЕУ и целата меѓународна заедница. „Македонија да понуди конкретна иницијатива за прашањето со името која нема да ги остави рамнодушни претставниците од ЕУ и меѓународната заедница. Ова е многу битно за паралелно да се решаваат членството на земјата во ЕУ и името. За кавга и соработка секогаш се потребни двајца. Потребно е многу храброст водачите на двете страни да се одлучат за соработка“, рече Пахор. На тоа возврати претседателот Ѓорге Иванов, кој реплицираше: „Постојано се соочуваме со ситуација на немање соговорник. Сите наши иницијативи се отфрлаат, не се прифаќаат, а ние сакаме решение“, вели шефот на македонската држава.

гледано ќе ве прашам – зарем тој на Србија не е? Сметате дека косовското прашање не е специфично? Лесно е кога проблемите не се ваши, секогаш сопствените проблеми ни изгледаат најтешко. ЕУ го почитува ставот што го има Македонија во однос на проблемот со Грција. Но, ЕУ работи на принцип на консензус. Тука нема помош, освен решение на проблемите. Да, за тоа се потребни две страни и е неопходен разумен однос од Грција, ама ним не им се брза никаде“, велат германските дипломати за „Капитал“.

35

Она што загрижува е дека само петнаесетина дена подоцна, и покрај јавните и официјални заложби на македонската влада за поинтензивна комуникација со официјална Атина, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски среде Скопје, говорејќи за влезот на Хрватска во ЕУ, прозвучи крајно европесимистички со ставот дека приемот во Унијата не значи „мед и млеко“. Ваквата непостојаност на македонската надворешна политика се чини дека само дополнително ги комплицира нештата.


Капитал број 716 19.07.2013

36 Колумна

пишува:

Нено БОГДАН

blogatash.wordpress.com

Dokolku poradi pojavata na novite partii na makedonskata politi~ka scena, na SDSM mu se namali rejtingot, dali treba SDSM da zapo~ne borba protiv novite partii koi mu nanesuvaat bolka ili ba{ naprotiv, treba da im ka`e edno glasno „blagodaram”, oti tie se samo signalot koj ka`uva deka ne{to seriozno ne ~ini vo pristapot na SDSM kon gra|anite i deka taa bolest kone~no treba da po~ne da se lekuva?

www.kapital.mk

Зошто ја мразим повеќе отколку мразиме болест

Г

олемиот теоретичар на прагматизимот во политиката и во дипломатијата Николо Макијавели грешките коишто луѓето вообичаено ги прават во тие клучни сфери ги споредил со начинот на којшто се развива туберкулозата. Имено, додека таа болест с$ уште може да се излечи (во рана фаза), болните не се ни свесни дека се болни, ама откако ќе сфатат дека имаат туберкулоза, веќе е предоцна за да се излечи болеста. Уште во шестиот век пред новата ера пак, кинескиот мислител и основач на таозимот, Лао Це, во сличен дух ги советувал своите ученици да не им веруваат на луѓето кои постојано им даваат комплименти и кои никогаш не им упатуваат критики, бидејќи според него: „Тие кои ни даваат мудри совети речиси никогаш не ги слушаме, а тие кои ги слушаме речиси никогаш не ни даваат мудри совети“. Војсководецот и освојувач Тимур имал обичај пред почетокот на секоја војна на своите непријатели да им испрати по едно писмо во кое пишувало: „Не плашете се од мојата сила, туку плашете се од вашата слабост“. По секоја победа пак, на преживеаните поразени заробеници им објаснувал дека тој е само „божја казна“ за нивните гревови и дека да немале направено гревови, Бог немало да им одреди казнувач. Се разбира, во очите на воинствениот Тимур најголем грев била слабоста, т.е. неподготвеноста за војна! Но, каква врска имаат мудростите на Макијавели, Лао Це и на Тимур со актуелните состојби во македонската политика, економија и општество?

Не ја мрази болката, мрази ја болеста!

Веќе седум години и којзнае колку изборни циклуси по ред СДСМ не успева да го порази Никола Груевски и за сето тоа време во редовите на опозицијата неколкуте (ретки) аналитичари кои советуваат дека најпрвин опозицијата треба да се реформира темелно, па дури тогаш да тргне во успешна борба со власта, се шиканирани, маргинализирани и прогласувани редовно за предавници и платеници на „режимот“. Во исто време, најпочитувани аналитичарски

ѕвезди кај опозиционерите редовно се оние експерти, активисти и новинари кои повикуваат да се продолжи со истите методи на делување, да се практикуваат истите техники на промовирање на истите ставови по клучните прашања, кои ете, седма година веќе не даваат никаков позитивен резултат за опозициските партии. Луѓето коишто велат дека тоа можеби е погрешниот пристап сe до тој степен отфрлени од антивладиниот табор што мораа неодамна да пристапат кон формирање свои партии, кои пак, моментално беа прогласени за сателити на Груевски и марионети во рацете на неговата тајна полиција. Но, еве го проблемот што со основната логика го имаат тврдокорните сдсмовци. Партијата која благодарение на својата неспособност да го собори од власт Груевски му овозможи веќе седма година да владее, тврди дека таа е вистинскиот кошмар што не му дава сон на „диктаторот“, но истовремено, новите партии чие основање е базирано на идејата дека досегашните методи и стратегии за смена на власта не даваат резултат и дека затоа треба да се проба поинаку се означени од СДСМ како слуги на власта! Приоритет на Груевски е да остане несоборен од властa, а откако по еден куп обиди СДСМ не успеа го собори од власт, факт е дека на Груевски му одговара СДСМ токму таков каков што е – арогантен, самобендисан и убеден дека знае с$. Според принципот „тимот што победува не се менува“ (или во случајов „тимот што не победува“), зошто Груевски би имал потреба да формира преку своите служби нови партии кои би биле дополнителен мотив за СДСМ да се реформира? Постои една теорија која вели дека болката е корисна, оти појавата на болка ни кажува дека сме болни од некоја болест. И дека болката е само сигнал кој ни кажува дека треба да започнеме со лекувањето на болеста пред таа да стане неизлечлива. Значи, болката е првиот чекор кон терапијата, кон излекувањето, кон враќањето на здравјето. И дека затоа не треба да ја мразиме болката, туку треба да ја мразиме болеста!


www.kapital.mk

Капитал број 715 12.07.2013

ме терапијата што ја та? Доколку поради појавата на новите партии на македонската политичка сцена на СДСМ му се намали рејтингот, дали треба СДСМ да започне борба против новите партии кои му нанесуваат болка или баш напротив, треба да им каже едно гласно „благодарам“, оти тие се само сигналот кој кажува дека нешто сериозно не чини во пристапот на СДСМ кон граѓаните и дека таа болест конечно треба да почне да се лекува? Има една изрека која вели: „Гласот на народот е глас божји“ и ако ја комбинираме неа со логиката на Тимур од почетокот на колумнава, тогаш ќе заклучиме дека СДСМ не треба да го обвинува Груевски за своите порази, оти успехот на Груевски, како и оној на Тимур е само божја (т.е. народна) казна за „гревовите“ на социјалдемократите. Да не правеа тие гревови, немаше народот да има потреба да одреди некој што ќе ги казнува. Постои и изрека која советува дека умот е како падобран, бидејќи ако не е отворен, тогаш е бескорисен. Во комбинација со мудроста на Лао Це и очигледната неподготвеност на раководството и на членството на СДСМ да ги прифатат добронамерните критики и совети, се чини дека слободниот пад во којшто се наоѓаат социјалдемократите веќе седма година нема да заврши добро – штом упорно одбиваат да го отворат падобранот.

Рихард Бучковски и Стевчо Зорге

Еден од најголемите парадокси на сталинизмот е односот што го манифестирал Сталин кон најуспешниот советски шпион во редовите на нацистичка Германија, новинарот и дипломат Рихард Зорге. Овој човек бил убеден комунист, искрен следбеник на марксистичколенинистичката идеологија и бил потполно лојален кон СССР, но бидејќи бил на одлична позиција во хиерархијата на германската дипломатија, од Москва уште пред почетокот на Втората светска војна правилно процениле дека најкорисен за интересите на комунизмот ќе биде тој ако служи како шпион, како крт, како тројански коњ во

непријателските редови, кој ќе пронаоѓа доверливи информации што ќе ги доставува благовремено до советското разузнавање. Тој тоа го направил и за неговото име е врзана речиси уникатната дистинкција дека токму тој ги предупредил Русите за точниот датум за почетокот на нападот на Германија врз СССР – 22 јуни 1941 година! Се разбира, Сталин, убеден дека успеал да го надмудри Хитлер во нивните меѓусебни дипломатски договарања и прекројувања на картите на светот, не сакал да верува дека фирерот му подготвува ненадеен напад и затоа, решително одбил да ги послуша предупредувањата за инвазијата, грешка која Советскиот Сојуз ќе го чини неколку милиони животи плус, кои немало да бидат загубени да биле извршени потребните подготовки за војната навреме. Според советот на Макијавели, кога Сталин можел да ја подготви земјата за војна со Хитлер – тој не сакал да верува дека до таква војна може да дојде, но кога веќе дошло до војна – веќе било предоцна да се подготвува земјата за одбрана, па колосалните загуби на чове Значи, според една логика, Рихард Зорге за својата точна и навреме доставена информација до Советите требало да биде прогласен од Сталин за најголем херој, така? Е па, не било така! Кога кон крајот на војната во Јапонија (каде што во германската амбасада бил службеник Зорге) тамошната власт го уапсила него и им го понудила на Русите во замена за некои јапонски офицери во руско заробеништво, овие одбиле да му го спасат животот на човекот што верно им служел и тој потоа бил егзекутиран. Според една анализа на патолошкиот карактер на режимот на Сталин, било сосема логично тогашната советска власт да одбиет Зорге да биде спасен и префрлен на територијата на СССР, затоа што така тој би станал многу непријатен сведок за стратегиското слепило на Сталин (кој според култот граден за него, требало да биде безгрешен), кој иако предупреден навреме за германските подготовки за инвазија, ништо не направил за да ја подготви одбраната на СС.

Колумна

37


Капитал број 716 19.07.2013

38

www.kapital.mk

балКан бизнис политиКа

панасониК ВлегуВа Во горење

Mal ~ekor za Japo no golem za Slove Словенечката групација Горење и јапонскиот гигант Панасоник потпишаа договор за долгорочно стратешко партнерство, кое ќе се заснова на конкурентните предности и потенцијали на двете компании. Поврзувањето на компаниите ќе резултира со поголема профитабилност и конкурентност на двата партнери на европскиот и на рускиот пазар на апарати за домаќинство

пишува:

Васе Целеска

vase.celeska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Г

рупацијата Горење и Панасоник на почетокот од овој месец го објавија стартот на долгорочното стратешко партнерство, за коешто сметаат дека ќе ги зајакне заедничките можности и ќе ги направи компаниите посилни играчи на пазарот. Јапонскиот производител на електроника Панасоник ќе учествува во докапитализцијата на словенечкиот концерн Горење со 10 милиони евра, со што ќе стане сопственик на 13%

удел во компанијата, односно еден од мнозинските сопственици, втор по големина по словенечката влада. Како што информираат од двете компании, стратешкото партнерство на Горење и на Панасоник ќе се заснова на следните начела: заеднички инвестиции во иновации и истражување, како и размена на одредени производни платформи за одбрани категории производи (машини за перење алишта, фрижидери и вградени шпорети); потоа тука е и продажната мрежа и know–how маркетингот за дистрибуција на европскиот пазар. Освен тие основни начела, партнерството ќе овозможи креирање на флексибилна база со којашто двете компании добиваат можност да истражат и некои други области за понатамошно продлабочување на меѓусебната соработка.


www.kapital.mk

капитал апитал број 716 19.07.2013

39

извршните директори Горење и на панасо , лорент абади и Фрањона бобинац, го прославувник потпишувањето на догово рот за соработка аат

Горење и србија ќе инвестираат заедно

В

ладата на Србија и словенечката компанија Горење минатата недела склучија преддоговор за нови инвестиции на компанијата во Србија преку заедничко вложување. Се очекува овој договор да донесе вработување на 700 нови работници во наредните три години, да го зголеми производството и извозот. Србија и Горење заедно ќе вложат во проширување на производството на апарати за домаќинство во Србија, во фабриките во милиони евра Зајечар, Ваљево и во Стара ќе инвестира Панасо Пазова. ник во Горење Министерот за финансии и економија на Србија, Млаѓан Динкиќ, изјави дека според податоците од првите шест месеци од годинава, компанијата Горење е седма на листата со најголеми извозници од Србија. До крајот на годината се очекува извозот да достигне ќе изнесува уделот на 130 до 140 милиони евра, а со Пан асо ник во Горење, со можнос новите инвестиции оваа бројка т да се зголеми во наредните години ќе изнесува повеќе од 200 милиони евра, прецизираше Динкиќ. Владата на Србија ќе учествува во докапитализација на сите фабрики на Горење на територијата на Србија со 15 милиони евра во наредните две години, па владата ќе добие малцинска милиони евра ќе изн сопственост во нив, а целата есу ва финансискиот ефект добивка ќе се распределува на вле зот на Панасоник во Горење до 2018 година во согласност со сопственоста на акциите. Претставниците на Горење се обврзаа голем број од компонентите да ги купуваат од 50-ина компании од Србија, со цел повеќето делови коишто се вградуваат во апаратите за домаќинство да бидат од српско потекло. Горење денес остварува 1,4 милијарди евра милијарди евра промет, при што втора најважна промет оствари Горењ е локација за производство е минатата година Србија.

10

oncite, encite! Од Панасоник порачуваат дека ќе им овозможат на постојните и на новите потенцијални акционери да профитираат од партнерството, што ќе доведе до пораст на капиталот и двократно котирање на Горење.

Европскиот и рускиот пазар во фокусот

„Поради стратешкото партнерство, Панасоник и Горење ќе можат подобро да ги опслужуваат своите потрошувачи, креирајќи синергија којашто ќе ја зајакне конкурентската предност на двете компании“, истакнуваат од Панасоник. Фрањо Бобинац, претседател на управата и главен извршен директор на Горење, вели дека потпишувањето стратешко партнерство со компанија со репутација како Панасоник е историски пресврт за Горење и важен чекор кон остварувањето на стратешката

политика. „Панасоник е глобален лидер со речиси стогодишна традиција и со голема преданост на инвестирањето во еколошки иновации. Од друга страна, Горење и понатаму се придржува до единствената долгорочна визија, има огромно познавање за европскиот пазар и

13% 80

1,4


Капитал број 716 19.07.2013

40

www.kapital.mk

балкан бизнис политика

Како се реконструираше Горење?

Г

орење од почетокот на овој месец направи два големи чекори. Потпиша прелиминарен договор со српската влада за заедничко вложување во тамошните производни капацитети, низ следните две години со вкупна вредност од околу 22 милиони евра, а само неколку дена претходно создаде стратешко партнерство со Панасоник преку докапитализација од 10 милиони евра. Но, да се вратиме наназад. По влезот на ИФЦ и аквизицијата на Аско, во Горење дојде до пад на профитабилноста, и тоа во време на тешка економска ситуација во Словенија и во регионот, со што во компанијата дојде до потреба за зголемување на ефикасноста. Компанијата во наредниот период, односно во периодот за време на најголемата финансиска криза во Европа, направи значајни чекори за стратешко, финансиско и оперативно реконструирање преку рефинансирање на долгорочниот долг, рационализација и преместување на производните капацитети, дивестирање на имотот кој не е од најголема важност за главната дејност на компанијата, за на крај да воведе стратешки партнер како Панасоник во сопственичката структура. Овие активности треба во доволна мера да влијаат за зголемување на приходите и ограничување на трошоците, со цел до 2015 година да се остварат стратешките цели на компанијата.

Фрањо Бобинац

претседател на управата на Горење и главен извршен директор

С

инергијата во дизајнот, производството и во продажбата ќе донесе бенефит и за двете компании и на крајот на денот, позитивните ефекти ќе ги почувствуваат крајните корисници, како и акционерите. Партнерството ќе резултира со бројни можности за двете корпорации и сигурно ќе отвори простор за да се развива и во иднина.

Лорент Абади

претседател на управата и главен извршен директор на Панасоник за Европа

К

омбинирајќи ги нашите дополнителни комплементарни производи од производната технологија, нашите канали за продажба и маркетиншката сила, во годините што следуваат се радуваме на создавањето напредни, „паметни“ и еколошки одговорни уреди за потрошувачите ширум Европа, вклучувајќи го и рускиот пазар.

за неговите консументи и е фокусиран пред с$ на дизајнот, иновативноста и на квалитетот. Синергијата во дизајнот, производството и во продажбата ќе донесе бенефит и за двете компании и на крајот на денот, позитивните ефекти ќе ги почувствуваат крајните корисници, како и акционерите. Партнерството ќе резултира со бројни можности за двете корпорации и сигурно ќе отвори простор за да се развива и во иднина. Му се радуваме на овој договор со Панасоник“, објаснува Бобинац. Претседателот на управата и главен извршен директор на Панасоник за Европа, Лорент Абади, вели дека посветеноста на Горење на развојот на иновативни производи со ултимативен дизајн и врвен квалитет го прават идеален партнер за Панасоник. „Се радуваме на заедничката соработка и создавањето цврсти и долгорочни платформи за континуиран заеднички раст, којшто ќе ги поттикне двете организации кон ново зајакнување внатре на европскиот пазар за апарати за домаќинство. Комбинирајќи ги нашите дополнителни комплементарни производи од производната технологија, нашите канали за продажба и маркетиншката сила, во годините што следуваат се радуваме на создавањето напредни, „паметни“ и еколошки одговорни уреди за потрошувачите ширум Европа, вклучувајќи го и рускиот пазар“, вели Абади.

Што подразбира партнерството?

Партнерството на Горење и на Панасоник

го опфаќа подрачјето на иновации и истражување, производството и продажбата, со почетен акцент на заедничкиот развој на новата генерација машини за перење наменети за пазарот на ЕУ, производството на фрижидери од брендот Панасоник, којшто ќе биде дистрибуиран преку Горење на пазарите на ЕУ, Русија и на пазарот на Заедницата на независни држави (ЗНД), како и заеднички дистрибутивен потенцијал за одредени вградени кујнски апарати од брендот Панасоник во Европа и производство на вградени шпорети од марката Горење. Оваа вест за стратешкото партнерство предизвика позитивна промена на Љубљанската берза. Во договорот за партнерството пишува дека јапонската мултинационална компанија во почетната фаза ќе инвестира 10 милиони евра во малцински удел од Горење, а Панасоник исто така се обврзува во текот на следните пет години да не го зголеми уделот во Горење над 13% без претходна согласност од Управата на компанијата од Велење. Тоа ја оценува вредноста на финансискиот ефект на влезот на јапонскиот партнер на околу 80 милиони евра до 2018 година, па на шега од Горење додаваат дека во прашање е „мал чекор за Јапонците, но голем за Велење“.


Капитал број 716 19.07.2013

42

www.kapital.mk

свет

АмериКАнсКиот феномен - нАфтА о

Eve zo{to SAD „ra so proizvodstvo n пишува:

васе Целеска

vase.celeska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

А

мериканците ќе станат најголеми производители на нафта од шкрилци (или shale oil) до 2017 година благодарение на новите револуционерни методи на ископување на црното злато, кои пак создадоа нова нафтена треска, посебно во Северна Дакота и во Тексас. Ако продолжат да ги користат новите и револуционерни методи, Американците воопшто нема да зависат од увоз на нафта и ќе станат лидери на нафтениот пазар, под услов

цената на суровата нафта да остане над 75 долари за барел во следните две години. Барем вака прогнозираат истражувачите од Универзитетот Харвард предводени од Леонардо Маугери, поранешен прв стратег на италијанскиот нафтен гигант Ени. Тој е истражувач во ценатрот за проучување на природни ресурси „Харвард-Кенеди“, а изминатиов период ја проучуваше работата на 4.000 американски бунари со нафтени шкрилци, како и работата на 100 компании инволвирани во производството на нафта од шкрилци. Во своето истражување тој истакнува дека уникатните карактеристики на производството на нафта од шкрилци се идеални за САД, и дека тешко веројатно е истата метода да се примени каде било во светот. Во позитивните фактори за ваквиот начин на ископување на нафта тој ја

вклучува достапноста на дупчалките за нафта, како и претприемничката природа на Американската индустрија за експлоатација на нафта, за која најкритични се илијадниците „бунари“ со нафта на американско тло. Маугери во своето истражување вели дека повеќето бунари со нафтени шкрилци во Северна Дакота и во Тексас може да се размножат од моменталните 10.000 на повеќе од 100.000 до 2030 година. Тој смета дека постојаните подобрувања во технологијата, како и намалувањето на трошоците може уште повеќе да влијаат врз зголемување на растот на индустријата за производство на нафта од шкрилци. Маугери во своето истражување расправа дека растот на глобалното производство на нафта го достигна својот врв и дека производството на нафта од шкрилци ќе биде главниот


www.kapital.mk

Капитал број 716 19.07.2013

свет

од шКрилци

astura” na nafta двигател во нафтената индустрија во иднина. Поради предноста стекната со овој вид производство досега, САД ќе станат лидери во производството на нафта воопшто, а ако цените на суровата нафта останат стабилни, тогаш

Америка е на пат да стекне енергетска независност и за четири години да го преземе водството над Саудиска Арабија и да стане најголем произведувач на нафта во светот. Хидрауличното кршење на шкрилци со мешавина од хемикалии и вода ја воскресна нафтената индустрија во САД и создаде многу нови мултимилионери особено во пределот на Северна Дакота и Тексас, а влијае и на намалување на невработеноста во САД, главниот показател дека земјата излегува од криза

американското производство може да порасне од 11,3 милиони барели дневно на 16 милиони барели во 2017 година.

Зошто нафта од шкрилци? Главната дистинкција меѓу

43

12 нови милионери неделно од нафтени шкрилци

В

о Тексас, Вајоминг, Монтана и Охајо завладеа вистински нафтен „бум“, па прв пат по 20 години производството на нафта во САД надмина седум барели дневно. Северна Дакота зафаќа површина од 518.000 километри квадратни и содржи огромни резерви на нафта. Благодарение на компаниите коишто купуваат лиценца за експлоатација на минерали под земја, која со генерации им припаѓа на фармерските семејства, во овој дел на САД секоја недела се појавуваат по 12 нови милионери. Градовите Вилистон и Стенли меѓусебно се оддалечени околу 120 километри, се наоѓаат во епицентарот на овој „бум“. Блумберг пишува дека редици камиони се движат кон нафтените полиња натоварени со вода, хемикалии, песок и резерви на храна, а се враќаат натоварени со нафта. Немаме невработени, економијата ни цвета и ние придонесуваме САД да стане енергетски независна земја, вели Арден Томпсон, еден од новопечените нафташи во Северна Дакота. Просечниот нафтен извор донесува заработка од 50.000 до 100.000 долари месечно од лиценцата за експлоатација на нафтата. Ширум Северна Дакота има 9.000 нафтени извори, а се очекува оваа година да има уште 2.300 нови.

производството на нафта од шкрилци и стандардното ископување нафта е во интензитетот на ископувањето потребен за да се стигне до нафтените шкрилци. Интензитетот на ископување нафта од шкрилци го ограничува производството,


Капитал број 716 19.07.2013

44

www.kapital.mk

свет

Леонардо Маугери

истражувач на Харвард, поранешен прв стратег на италијанскиот нафтен гигант ЕНИ

П

оради предноста стекната со производството на нафта од шкрилци досега, САД ќе станат лидери во производството на нафта воопшто, а ако цените на суровата нафта останат стабилни, тогаш американското производство може да порасне од 11,3 милиони барели дневно на 16 милиони барели во 2017 година. особено во густо населените предели, Исто така, важен е и контрастот кој се како на пример во Европа. Маугери создава од финансирањето на бунарите истакнува дека во Бекен три форкс од нафтени шкрилци и стандардните регионот во Северна Дакота се создаваат бунари со нафта. Ископувањето на нафта 90 нови бунари месечно со цел да се од шкрилци е многу поевтин зафат, па одржи производството на 770.000 барели математиката покажува дека повеќе се днево нафта од шкрилци. Бунарите со исплатува да се зголеми ископувањето нафта од шкрилци дури и во време имаат мал кога цените на капацитет, па затоа нафтата на берза го достигнуваат се високи, но врвот многу исто така поради брзо, па затоа механизацијата константно има полесно е да бунари со нафта и гас биле откриени потреба од нови се намали во 2012 година во САД бунари. производството Повеќето експерти кога цените на од нафтената берза паѓаат. индустрија Промените на сметаат дека за пазарот бунари со нафта и гас биле откриени Американските носат ризици во 2012 година во остатокот од светот нафташи се Како резултат на способни за новата нафтена толку голем треска, нафтената интензитет на идустрија во САД ископување. Само повторно заживеа во 2012 година, од активните дупчалки за нафта и поврзаната опрема и порасна речиси американските со нив е во сопственост на американски компании за половина компании за од нејзината ископување на најниска точка нафта целосно во 2009 година, искористиле предизвикана 45.468 бунари со поради од активните дупчалки за нафта во САД имаат нафта и гас, а економската опција и за хоризонтално ископување, што заедно откриле 28.354. криза. Но, со хидрауличното фрактурирање е неопходно за Во остатокот иднината на овој експлоатирање нафта од шкрилци од светот „бум“ е ранлива, биле целосно најмногу пореди искористени само промените коишто 3.291 бунари. настануваат на Американците глобалниот пазар, поседуваат милиони барели сурова нафта дневно ќе изнесува како остриот повеќе од 60% производството на САД во 2017 година раст на нафтено од активните производство и дупчалки за нафта потрошувачка, но и поврзаната опрема со нив, а 95% од нив имаат опција и ненадејните падови на побарувачката. Пионерите во ископувањето нафта од и за хоризонтално ископување, што шкрилци во САД се најчесто средни заедно со хидрауличното фрактурирање независни компании, меѓу кои Contiе неопходно за експлоатирање на нафта nental Resources, Whiting Resources, EOG од шкрилци.

28.354 3.291 60% 95% 16

Резервите на шкрилците се неограничени, но негативниот еколошки ефект е голем?!

П

оранешниот шеф на Бритиш петролеум, лордот Џон Браун, смета дека Американците до 2030 година би можеле да бидат целосно независни од увозот на нафта, бидејќи резервите во шкрилците се „практично неограничени“, пренесува Би-би-си. Методата на извлекување на нафта и гас од нафтените шкрилци е позната со децении но, то��ку траат и контроверзите околу нејзината употреба заради исклучително негативниот еколошки ефект. Сепак, тоа што Браун заговара експлоатација не зачудува, бидејќи тој сега е директор на една од компаниите коишто се занимваат со ископување нафта од шкрилци, Квадрил. Процесот на екстракција на нафта од шкрилци е забранет во Франција и во Швајцарија, дозволен е во Велика Британија под строги услови, но затоа е раширен во САД и покрај тоа што постои голем ризик од загадување на резервите на вода. Resources и Chesapeake Energy, но и некои поголеми групации како ConocoPhillips, ExxonMobil и норвешката Statoil исто така имаат позиции на пазарот со нафтени шкрилци. Критичен фактор за работа на овие компании во иднина ќе биде можноста истите да ги редуцираат своите трошоци. Маугери очекува дека трошоците на овие компании ќе се намалуваат за 8% до 10% годишно, како што компаниите со помош на технологијата учат како побрзо и поефикасно да ископуваат нафта. Некои аналитичари се скептични дали ќе биде возможно намалувањето на трошоците. Бернстајн рисрч груп на почетокот од минатиот месец објави дека трошоците по барел нафта ќе растат, најмногу поради тоа што продуктивноста на бунарите со нафта опаѓа како што операторите/ ископувачите на нафта се селат на с$ помалку продуктивни басени, бидејќи примарните локации за нафта веќе се искористени.


Energy delivery solutions

ENERGIZING YOU


...Фељтон...

Букурешки мировен договор 100 години потоа

br.

1

Bukure[kiot miroven dogovor Be[e samo svr[en ^in na odamna zavr[enata podelBa na makedonija како „Kапитал“ ќе го анализира Букурешкиот мировен договор

прОпаганди 1.СтранСКите КаКО ОСнОва за БуКурешКиОт МирОвен дОгОвОр Каде Беа МаКедОнците 2.БалКанСКите вО периОдОт на вОјни? алБанСКата незавиСнОСт 3.МаКедОнСКОтО вО 1912 и СличнОСтите СО прашање СтавОт на гОлеМите Сили 4.за МаКедОнија 5.пОСледиците и ден-денеС

М

територијата на македонија пред и по Букурешкиот мировен договор

акедонија ја одбележува 100-годишнината од најголемата национална трагедија распарчувањето на нејзиниот народ на три одделни единки, кои ни 100 години подоцна не можат да помислат на какво било обединување. Ова е исходот од средбата на 18 делегати претставници на пет балкански земји кои на 10 август 1913 година во Букурешт ја запечатиле судбината на македонскиот народ, кој засекогаш ќе остане поделен поради овој договор. „Капитал“ ќе го покрие одбележувањето на 100-годишнината од Букурешкиот мировен договор со фељтон во пет продолженија, во кои ќе се обидеме да ви ја доловиме состојбата пред, за време на и по Букурешкиот мировен договор.


Капитал број 716 19.07.2013

48

www.kapital.mk

Фељтон

т Факсимил од Букурешкио мировен договор

Во научните кругови с$ повеќе се пласира тезата дека Букурешкиот мировен договор е само свршен чин на речиси целовековна претходна пропаганда на соседните народи кои многу пред Македонија се стекнуваат со незавиност. На тој начин систематски е посеано семето на раздорот меѓу Македонците, чии плодови ги жнееме и ден-денес пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski @kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

В

ечно пласираниот факт во македонската историографија дека на 10 август 1913 година со Букурешкиот мировен договор Македонија од единствена територија преку ноќ ненадејно се распарчи почнува да ја губи веродостојноста. Во научните кругови с$ повеќе се пласира тезата дека Букурешкиот мировен договор е само свршен чин на речиси целовековна претходна пропаганда на соседните народи кои многу пред Македонија се стекнуваат со незавиност. На тој начин систематски е посеано семето на раздорот меѓу Македонците чии плодови ги жнееме и ден-денес, век и половина подоцна.

Пропагандите на соседите го посеаја семето на раздорот

МегАли иДејАтА зА голеМА грцијА нА Венизелос

Укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година од страна на турскиот султан, а под „кумство на грчките моќници“ во Истанбул, го остава македонското население на овие простори ранливо за туѓите пропаганди. Народот го изгубил единственото сврзно ткиво со некакво национално единство коешто воопшто го имал и само прашање на време било кога тоа ќе се одрази на националното чувство во полза на соседите на Македонија. Тоа дошло веќе во наредниот 19 век кога од Турската империја автономија добиваат првите балкански држави Во Македонија активно дејствувале повеќе пропаганди, како што се грчката, бугарската, српската, католичката и протестантската пропаганда. Главни задачи на бугарската, грчката и српската пропаганда во Македонија биле да се придобијат што повеќе т.н. „национални приврзаници“ кои би се искористиле како „внатрешни сојузници“ и оправдувачки фактор за територијалните претензии на балканските држави кои ги имале кон Македонија. Овие пропаганди главно дејствувале преку црквата училиштата и хуманитарните институции. Оваа теза ја потврдува и црковниот историчар Јован Белчовски. Според него, пропагандите на идните разграбувачи на Македонија имале цел еден век да го подготват теренот за ваквата катастрофа за македонскиот народ. „Букурешкиот мировен договор е само крајот на катастрофите. Формирањето на егзархијата е најголемата поделба на Македонија. Пртеходно, укинувањето на Охридската архиепископија отвора

простор за да може да се сее семето на пропагандите“, вели Белчевски.

Различни пристапи со иста цел

На 28 февруари 1870 година со султански ферман се формира Бугарската егзархија или афтокефална бугарска национална црква. Нејзината основна задача во дејствувањето кон Македонија била националната бугарска пропаганда со крајна цел, вметнување трајно бугарско чувство кај македонското население. Основите на бугарската државна пропаганда во Македонија ги поставил бугарскиот политичар Константин Стоилов. Тој подготвил специјален проект за идно дејствување во Македонија и таквиот програмски документ во јануари 1883 година го претставил пред бугарскиот кнез Александар I Батенберг. Во овој документ биле утврдени односите меѓу егзархијата и владата, како и модалитетите за идната црковнопросветна дејност на егзархијата, а притоа било истакнато дека самата егзархија својата дејност мора да ја врши под контрола на бугарската влада. Столилов во својот документ на егзархијата & препорачал: „Да се спроведе еднообразност во организирањето на црковно-училишните општини во Македонија и преку нив да ја изведува својата активност.“ И да се постигне состојба во која: „Секој Македонец да е вдахновен со мислата дека во Софија се грижат за неговата судбина, за неговата сегашност и за неговата иднина.“ Српската пропаганда има многу поразличен пристап од бугарската. Бидејќи поголем дел од населението веќе се поистуветувало со новата


www.kapital.mk

капитал број 716 19.07.2013

Фељтон

49

Јован Белчевски

црковен историчар

Б

укурешкиот мировен договор е само крајот на катастрофите. Формирањето на егзархијата е најголемата поделба на Македонија. Пртеходно укинувањето на Охридската архиепископија отвора простор за да може да се сее семето на пропагандите.

териториите кон кои претендира србија според планот “начертание“ на илија Гарашанин

Македонија с$ уште наголемо ги живее последиците од Букурешкиот мировен договор

ванчо ЃорЃиев в

универзитетски професор по историја

И

ако земјава одбележува 100-годишнина од нејзината најголема историска поделба, Букурешкиот мировен договор, за многумина неговите последици с$ уште наголемо се чувствуваат во внатрешниот и во надворешниот политички живот во земјава. Проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев смета дека Македонија с$ уште ги живее и секојдневно ги доживува последиците од Букурешкиот договор и сета политика пред, за време на и по Балканските војни. „Тоа што ни се случува на политички план во сите сфери е последица токму на она што се случи во 1912 и 1913 година. Поучени од она што е реалност, дека Србија го загуби својот дел од пленот од Балканските војни, нашите соседи од југ и од исток поставуваат разни услови и прашања со кои сакаат да ги попречат сите наши настојувања за целосно интегрирање во меѓународните институции, плашејќи се дека со отворањето на границите ќе дојде до културно и духовно обединување на македонскиот народ“, вели Ѓорѓиев. бугарска држава во формирање, во првиот период од своето делување српската пропаганда има отворен македонистички настап, отворено се поддржуваат македонските асоцијации и друштва со цел на тој начин да се ослабне бугарската пропаганда. Затскриениот македонски карактер

на српската пропаганда се гледа во поддршката на разни македонски асоцијации како што е Тајниот македонски комитет или Друштвото Србомакедонци. Секако, целата на српската пропаганда не е да се заштити македонскиот национален индивидуалитет, туку тоа е правено од

Т

оа што ни се случува на политички план во сите сфери е последица токму на она што се случи во 1912 и 1913 година. Поучени од она што е реалност, дека Србија го загуби својот дел од пленот од Балканските војни, нашите соседи од југ и од исток поставуваат разни услови и прашања со кои сакаат да ги попречат сите наши настојувања за целосно интегрирање во меѓународните институции, плашејќи се дека со отворањето на границите ќе дојде до култу��но и духовно обединување на македонскиот народ. дневнополитички интерси со што се внесувал дополнителен антагонизам во Македонија. По создавањето на егзархијата, една од главните задачи на грчката пропаганда е да се спречи понатамошното преминување на Македонците под духовна јурисдикција на егзархијата. Со таа цел, од разни извори грчката пропаганда добила големи финансиски средства за зацврстување на своите позиции. Како што се зголемувале средствата така се зголемувал и бројот на грчките училишта во Македонија со текот на годините. Ако грчката пропаганда во 1877 година имала 256 училишта и 10.968 ученици веќе во 1886 година имала 836 грчки училишта. На тој начин во 1896 година во Македонија егзистирале 970 грчки училишта со 53.633 ученици.


Капитал број 716 19.07.2013

50

www.kapital.mk

Profile

ВИНАРНИЦА „ПОПОВА КУЛА“

Pionerite na vinskiot turizam пишува:

Александар Шољаковски

С

екоја винарница безмалку има своја оригиналност. Тоа не е само поради промоција на темата за неопходноста од винска приказна. Тоа е попрвин во оној дел што се однесува на пристапот кон винарството, концепцијата на развој, филозофијата на винарството или пак, придружните елементи коишто одат со винарството како неопходни гранки кои во иднина ќе мора да се развиваат и негуваат. Меѓутоа, во „Попова кула“ не чекаа да дојде тоа време, не чекаа на некоја одлука, декрет, план или стратегија. Тие започнаа сами, како тотална гринфилдинвестиција и ја изградија впечатливата кула во непосредна близина на Демир Капија. Беа оригинални и по тоа што проектот, барем во еден дел, го финансираа и со понуда на акции на Берзата. Сега има барем седумосумстотини акционери. „Попова кула“ е пионерот на винскиот туризам. Се зборуваше за „вински патишта“, „вински тури“, има(ше) големи планови и проекти. Додека главно на збор сите ја поддржуваат ова мошне специфична (и доходовна?) гранка,

Попова кула од почетокот на постоењето побуди интерес. Први го споија туризмот и виното и создадоа место каде што треба да се оди за да се види синергијата меѓу природата, раскошниот поглед, чистиот воздух, богатите лозја, добрата храна и вино ретко кој се впуштил во авантурата да развива нешто што ќе биде прво и сврзано со сите неизвесности на почетокот на нешто ново. „Попова кула“ е добар пример дека можеби треба да се ризикува и дека храбрите успеваат. Почнувајќи како винарница со сегмент на туризмот, „Попова кула“ станува водечка винска туристичка дестинација, со очигледен нагласок на туризмот. А и заслужува, зашто „Попова кула“ станува репер за овој вид дејност. „Попова кула“ е сместена на место коешто воодушевува со убавината и богатството на природата. На Велико Брдо над градот Демир Капија погледот од „Попова кула“ доминира до клисурата Демир Капија, до падините на масивот Кожуф Планина... Местото очигледно не е случајно избрано. Тука постоел објект уште во римско време, потоа за време на османлиската власт била место за наплата на патарини. Кулата ја наследил некој свештеник, но во 1931 година од силен земјотрес кулата паднала с$

додека не дошле новите сопственици коишто изградиле прекрасен објект за нивната намена - винарство и туризам. Кулата сега е висока 15 метри (старата била висока 7 метри). На врвот се качува со лифт, а таму е салата за дегустации со поглед од сите четири страни и оттука видикот е импресивен, а кога ќе се искомбинира со дегустација на вино, доживувањето е неспоредливо. Хотелот со 11 соби и апартмани е навистина одличен. Прекрасно опремен со висок стандард, не случајно постојано има гости. Две третини од нив се странци. Тие доаѓаат поради извонредната местоположба, прекрасниот воздух и добрата храна и вино. Очигледно поттинати од овој интерес се градат уште 20 нови соби. „Попова кула“ станува пријатно место и за бизнис средби, за свадби и веселби. Има и сала за деловни состаноци. Од ресторанот се пружа исто така раскошна глетка. Во „Попова кула“ не се останува само на кревет и храна. Се организираат проштеки по прекрасната околина и


www.kapital.mk

Капитал број 716 19.07.2013

Profile

51

НАЈДОБРИТЕ ВИНА ОД МАКЕДОНИЈА

ВИНО КОЕ ИсПОлНуВА жЕлБИ

chardonnay barique, суво бело, 14,5% алкохол, Винарница „Стоби“, Градско, Тиквешки регион, берба 2012, цена: 550 денари

На своите 21 хектар и дополнително земјиште од кооперанти, „Попова кула“ се труди да ги негува автохтоните и по малку заборавени сорти винско грозје

Во рамки на винарницата има хотел и ресторан, со што „Попова кула“ се зачетниците на винскиот туризам во Македонија до некои сосема напуштени села. Возењето велосипед по околината е веќе позната атракција на „Попова кула“. Тука можете да станете и набљудувачи на птици (bird watching). Но, тука не запираат амбициите на акционерското друштво „Попова кула“. Во фаза на подготовка е изградбата на спа-центар со базен и сите придружни содржини кои од ова место ќе направат вистинска туристичко-рекреативна дестинација за сите сезони во годината. Виното е зародишот на идејата и тоа привлекува. Зашто, кога виното се пие „на изворот“ доживувањето е посебно. Местото каде што се наоѓа „Попова кула“ со нивните лозови насади се смета за идеално место за одгледување вински сорти грозје. Овде сонцето грее триста дена годишно, а ветрот дува 330 дена. Има струења коишто доаѓаат од сите страни, па и од Медитеранот директно преку клисурата. На своите 21 хектар и дополнително земјиште од кооперанти, „Попова кула“ се труди да ги негува автохтоните и по малку заборавени сорти винско грозје Се одгледува „станушина“ сорта којашто на нашите простори била присутна одамна. Сега се посебно горди што помагаат да не исчезне една толку

значајна сорта. Се разбира, тука е и „вранецот“, но и „прокупец“ (уште една од сортите која била нашироко присутна на нашиве простори),„жилавка“,„мускат хамбург“, „мускат отонел“ како и интернационалните, „каберне совињон“, „совињон блан“, „мерло“, „шардоне“. Сите овие вина можат да се купат во продавницата на „Попова кула“, на самото место, што би се рекло. И по мошне поволни цени. Деловите од современата винарница, сега во мирување, паѓаат во очи по извонредната хигиена и спастреност, што во винарството се смета за основен предуслов за добро вино. „Попова кула“ има одредена насока. Како што во туристичкиот дел се обидува да ја даде сета разновидност, истото се случува и со винската понуда. Се обидуваат да понудат вина речиси во сите нивоа и со различноста на винската понуда да го прикажат сето винско богатство на овој крај. Можноста пак, посетителите на самото место да добијат одмор, вино, чист воздух добра храна и вино го прават ова место незаменлива дестинација на љубителите на убавото.

К

ога пишував за „шардоне“ на „Стоби“, она првото од 2009 година, му предвидов добра иднина. Во смисла на тоа дека во „Стоби“ се обиделе да направат нешто поинаку, нешто подобро, во веќе развиениот натпревар на македонски „шардонеа“. Сега со новото „шардоне“ овојпат созреано во даб, имаме вино со исклучителни перформанси. Тоа е стилски развиено „шардоне“ кое може да се вреднува во врвот на ароматски особените вина, со силно тело, но и богата содржина на вксуови и ароми. Треба ли да се каже дека ова вино е нешто сосема друго, посебно. Виното ве освојува на прв поглед со својата боја која ги има сите нијанси од постоечките описи на овој вид вино. Потоа аромите, тоа е чудесното. Во носот ќе ви продефилираат безброј нијанси на костенести плодови, орев и чудесна, изразита арома на лешник. Да не зборуваме за гамата јужни овошја, за багремот, препечениот леб... Ова е од оние ретки вина, вина кои исполнуваат желби. Што и да помислите, некоја назнака ќе најдете. Вкусот е полн, мек, ништо не штрчи, а има с$. Како со која храна го јадете ќе разбирате што значи комплементарноста, колку е важна рамнотежата. Иако силно со алкохол (14,5%) тоа нема да ви се наметне зашто има оправдување и во аромите и во киселините. Како е добиено ова вино? Се работи за род од лозјата на „Стоби“ во месноста Ило Виларов. Оваа сорта која се распостила на 17 хектари со селекција не преминува род од 7.000 килограми на еден хектар. По пресувањето и статичкото бистрење на гроздовиот сок, се врши инокулација на сокот со посебно селекционирани квасци за овој вид вина. По завршувањето на ферментацијата, се извршува јаболчно млечната ферментација. Во тој процес се истакнуваат аромите, се добиваат ефекти кои потоа резултираат во ова вино... Ова е само површен опис на повеќеслојната елаборација. Виното зрее 8 масеци, пред да премине во слабо нагорен барик... Потоа с$ добивате во чаша. Ако добро се излади на десетина степени, на вас е да го употребите што е можно посоодветно. Предлагаме да го користите како ексклузивно вино за аперитив. Тука нема да згрешите зашто ќе ве натера и понатаму да го пиете, односно тешко ќе се одвоите од него. Доколку го послужите со апетисани (лешник, орев), ќе постигнете извонреден ефект. Ова вино може да се пие со многу видови храна. Настрана класичните препораки (морска храна, бело месо), би ве упатиле да експериментирате со домашни јадења, како на пример, летните тави со многу зеленчук, со полнети пиперки, со мусака од тиквички, со зеленчук печен на скара, со сирења (��е многу солени). Веројатно ако почнете да размислувате ќе наидете на низа јадења кои дотогаш не сте ги спојувале со некое конкретно вино. И на крајот, можете да го пиете со не многу слатки десерти, суви колачи, со падобранци, орасници. Како и да е, пробајте и уверете се сами. А.Ш


капитал број 716 19.07.2013

52

www.kapital.mk

на руЧек со...

Данило КоцевсКи писател и хрониЧар на градот скопје

”Gord sum [to s skopje kopje Go napraviv tema za avtorite i za istra@uva^ite”


www.kapital.mk

капитал број 716 19.07.2013

на руЧек со...

53

Данило Коцевски е човекот кој од скопјани е прифатен како официјален и единствен признат хроничар на градот, кој мора да знае апсолутно с$ за минатото на македонската метропола. сепак, Данило Коцевски е многу повеќе од тоа. Тој е врвен интелектуалец, семеен човек и заљубеник во животот, кој како што и сам милува да каже, благодарение на работата, во животот имал можност да види многу места и да запознае многу луѓе, што го смета за своето најголемо богатство

нашето менИ во алаДИн: салати: • тебуле и фетуш предјадења: • хумус, • баба ганум, • фелафел главно јадење: • даска јасмин (тике, шиш таук, шиш ќебап, диџаџ, патата и ориз басмати) • арапско лепче од фурна Десерт: • баклава пишува:

Дејан азески

dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

Ивана кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

лична архива на Данило коцевски

Н

ема поголем настан поврзан со минатото и историјата на Скопје, а таму да не е присутен еден елегантен господин со снежно бела брада, брада, жолтеникав шешир и елегантна облека. Данило Коцевски е човекот

кој од скопјани е прифатен како официјален и единствен признат хроничар на Скопје, кој мора да знае апсолутно с$ за минатото на македонската метропола. Сепак, Данило Коцевски е многу повеќе од тоа. Тој е врвен интелектуалец, семеен човек и заљубеник во животот, кој како што и сам милува да каже, благодарение на работата, во животот имал можност да види многу места и да запознае многу луѓе, што го смета за своето најголемо богатство. „Капитал“ во очи одбележувањето на 50-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес на ручек го покани Коцевски, за преку неговиот богат животен тек да ви го долови старото Скопје во неговата

најоригинална форма.

„Уште од првите детски спомени чаршијата ми е во душата“

Данило Коцевски е израснат во самото срце на Скопје, односно во Старата скопска чаршија. Со голема доза носталгија се сеќава на деновите кога заедно со другарите го спечалил првиот џепарлак берејќи егзотични и лековити тревки под Скопското кале. „Во чаршијата с$ уште постои зградата на претпријатието Билка, веројатно претставништво на Алкалоид, коешто се занимаваше со откуп на суви цветови за чаеви и лекување - камилица, слез,


капитал број 716 19.07.2013

54

www.kapital.mk

на руЧек со...

смил, жалфија, петопрст, ајдучка трева. Цветовите ги беревме под калето, ги носевме дома и ги сушевме на душеме. Така, тие стануваа многу лесни при мерењето, и требаше да набереш многу од нив за да добиеш пари. Сепак, можеби еднакво значајно за нас децата покрај парите, беше опојниот мирис на тие суви цветови кога ќе се влезеше во магацинот на тогашна Билка. Тоа чувство не може да го опише ни Марсел Пруст, ни Данило Киш, толку силни мириси имаше во таа просторија. Киш има една проза во која вели: може да се опијаниш од таквите мириси, да ја загубиш свеста. Таа поетика на мирисите ние буквално ја доживеавме во Чаршијата. А во познатиот дуќан за музички инструменти на мојот другар Љубе, го слушавме и го игравме првиот рокенрол.“ Убавото скопско детство и раната младост Коцевски ја памети по многубројните скопски кина и по плажите на Вардар, кои со ништо не можат да се споредат. Коцевски смета дека овие две скопски атракции имале некоја посебна магичност. „Али Баба и четириесетте разбојници“ со Фернандел, „Херкулес“ со Стив Ривс, индискиот филм „Мангала“, каубојските филмови со Гари Купер и Џон Вејн, филмовите на Хичкок и новиот италијански реализам, францускиот нов бран, се уметнички достигнувања на големото платно кои Коцевски и по половина век не ги заборавил. „Кај поранешното кино ’Младина‘, кое се наоѓаше кај новата зграда на денешен Телеком во центарот, имаше многу ’шиткачи‘ кои препродаваа карти за повисоки цени. Нас како деца н$ тераа да одиме и да купуваме по десетина билети за нив. Тие наместо да ни дадат пари, во една бурекџилница кај киното, ќе ни нарачаа трошки од бурек кои се продаваа завиткани во фишек. И кога така ќе ни ги завиткаа трошките, бевме пресреќни. Тоа беше специјалитет којшто не се заборава.“ Коцевски се сеќава и на црвеното кадифе во стариот Скопски театар, каде што вели дека владеела вистинска велелепна атмосфера. За двете генерации глумци кои владееле со „штиците што живот значат“ во 50-тите години вели дека биле најголеми ѕвезди во цело Скопје. „Петре Прличко, Тодорче Николовски, Драги Костовски, Вукан Диневски, Дарко Дамевски, Ацо Снагата, Љупка Џундева, Мери Бошкова, беа во Скопје поим во тоа време. ‘Парадоксот на Диоген’ и ‘Чорбаџи Теодос’ беа две од многуте претстави на кои никогаш не можеше да се најде слободно место. Толку беа популарни глумците, особено овие од втората генерација, така што се обложуваа кој е најпопуларен меѓу нив. Постои анегдота која зборува дека начинот на мерење на популарноста им бил одморот меѓу часовите во женската гимназија „Јосип Броз Тито“. Кога сите девојки биле на прозорците, тие еден по еден поминувале пред гимназијата. По кого најмногу ќе викале и аплаудирале, тој требало да ја понесе титулата најубав и најпопуларен. Но, и тогаш никако не можеле да се договорат.“

Прослава со друштвото во прочуениот ресторан во паркот сарај

Плаја Виста, комплексот базени под скопско кале

„Кариерата ја градев токму во времето на најголемиот културен подем на Скопје“

По навистина убавото детство, во кое Скопје и реката Вардар потсетуваат на романите од Марк Твен и гратчињата по течението на реката Мисисипи, Коцевски уште од најмлади години започнал со пишувањето. Вели дека средношколските списанија, „Бранувања“, во гимназијата „Цветан Димов“, и посебно детската рубрика на „Нова Македонија“ („Колибри“), се основата врз која се изградила плејадата од македонски писатели, новинари и уметници. За свој прв ментор во професионалниот живот го смета Бранко Варошлија, авангарден писател и боем кој во тој период работи во Млад борец. Но, и афирманите писатели од тоа време, кои биле уредници и директори, Димитар Солев, Матеја Матевски, Благоја Иванов, Милан Ѓурчинов, Александар Спасов, Петар Т. Бошковски, Чедо Јакимовски. За Коцевски, Варошлија е првиот кој го насетил неговиот талент и кој директно, по завршување на гимназијата го примил како професионален новинар во Млад борец. Тој за прв пат ќе го однесе и во култната кафеана „Јоле“, (Друштвото на уметниците), каде што ќе помине добар

ни

класичен скопски излет од 70-тите годи


www.kapital.mk

капитал број 716 19.07.2013

на руЧек со...

55

со колегите уметници и писатели

“Данило коцевски оцевски – Човекот кој скопје копје го направи славно“ на местото каде што сега е реизгран дена црквата „св. Богородица“, заштитничка на градот скопје

Данило коцевски како ученик

една од многуте посети на катланово

С

о Коцевски конечно дојдовме до најинтересната тема, а тоа е неговата пасионирана потреба да истражува за историјата на градот Скопје. Желбата ја добил при првото подолго отсуство од градот и од државата, кога напливот на емоции му ја исфрлил на површина потребата да го истражува саканиот град. „Кога една универзитетска година бев во Франција на студиски престој, во градовите Париз и Бордо, ме фати невидена носталгија, особено за Скопската чаршија. Дури во некои интимни моменти помислував дека може нешто да ми се случи и да не се вратам назад. Тогаш прв пат почнав да пишувам за Скопје, да забележував с$ за градот. Тие текстови коишто ги пишував во 80-тите години не ги објавував веднаш, и дури кон крајот на таа деценија, 1989 година ги објавив во книгата „Патување за Аркашон“. Вториот повод да започнам да пишувам за Скопје е внатрешната потреба да ги откријам објектите покрај кои сум израснал и покрај кои сум поминувал целиот живот: како се викаа и како настанале амамите, џамиите, ановите, црквите, пазариштата, зошто во нашите животи толку важни беа кината, театрите, корзото? Сепак, Коцевски вели дека никогаш не ни помислил дека тоа пишување за Скопје ќе стане толку популарно и дека од с$ што направил во плодната кариера, токму по тоа ќе биде најпрепознатлив. „Се разбира, јас не сум првиот кој пишувал за Скопје. Но, во еден период постоеше еден inter regnum во кој како да го подзаборавиме на градот. Јас настојував Скопје да биде не само тема, туку и главна тема. Скопје беше главен град, метропола, но сепак не беше главна тема во литературата. Во Македонија во повоениот период претежно беше застапена руралната тема, што беше добро и природно. Пишуваше една плејада плодни и квалитетни автори кои живееја во Скопје, но Скопје не им беше тема, со чесни исклучоци, се разбира. Нашата литература беше препознатлива главно по руралните мотиви. Нешто слично се случуваше и во публицистиката. Многу ми е драго ако барем малку сум успеал да извршам влијание и да придонесам младите автори својата инспирација да ја наоѓаат и во Скопје, тоа да им биде во центарот на вниманието.“ За скопјани вели дека го сакаат својот град бескрајно и дека за тоа имаат вистински причини и дека Скопје го заслужува тоа. „Луѓето бескрајно го сакаат овој град, бидејќи еднаш го изгубија и знаат што значи тоа. Да изгубиш другар, пријател, роднина е многу болно, но да изгубиш еден цел град е трагедија и катастрофа од најголеми размери, што и се случи со скопскиот земјотрес од 1963 година. Скопјани го загубија токму тоа, изгубија еден цел град. Неверојатно е колку луѓе ми се јавуваат, колку приказни ми раскажуваат, а тоа го прават токму поради големата љубов кон градот. Она што ќе го напишам често пати е мотив за многу луѓе да тргнат низ градот, и да го бараат местото, објектот, улицата, коишто сум ги опишал во приказната. Тоа ми е најубавата награда за сиот мој труд.“ Данило Коцевски со насмевка и со задоволство се присетува на една средба со академик Ѓорѓи Старделов, покрај кога тој спонтано го ословил вовчето со зборовите: „Данило „Ќиро“, еден од Коцевски - човекот кој симболите на Скопје го направи славно“. повоено

скопје и Македонија


капитал број 716 19.07.2013

56

www.kapital.mk

на руЧек со...

коцевски почнал да пишува за скопје првиот пат кога го напуштил градот на подолго време при студискиот престој во Франција

Фактот дека пор ал во старата неизоставен деласн од неговото срцескопска чаршија ја прави

коцевски смета дека скопјани бескрајно го сакаат својот град, бидејќи еднаш го изгубиле и убаво знаат што с$ може да значи тоа

дел од слободното време во целата своја кариера. „Само што завршив гимназија, ме примија како професионален новинар. Истовремено студирав и дипломирав филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во тоа време започнав да ги пишувам и првите книжевни рецензии и критики кои беа доста остри и бескомпромисни, и според кои станав препознатлив во јавноста. А во новинарството имаш можност да се сретнеш, да се запознаеш и да се спријателиш со луѓе кои можеби никогаш не би ги ни сретнал. Второ, одев да пишувам репортажи низ цела Македонија, и на тој начин ја запознав најубаво државава. Нема подобра професија за млад човек од новинарството. Тој период од мојата кариера едноставно никогаш нема да го заборавам.“ Коцевски вели дека имал среќа кариерата да ја започне и да ја гради парале паралелно со плејада од истакнати македонски дејци од културниот живот, за кои смета дека донеле една мини културна ренесанса во текот на 70-тите и 80тите години во Скопје. „Така се случи, во културата заедно да започнеме со една славна генерација, како што беа режисерите Унковски, Милчин, Димитар Станковски-Дебелото, со артистите Чоревски, Мето Јовановски, Емил Рубен. Во литературата со Атанас Вангелов, Тодор Чаловски, Димитар Башевски, Катица Ќулавкова, Алдо Климан, Санде Стојчевски, Васе Манчев, Ефтим Клетников, Ри Ристо Лазаров, Веле Смилевски, Раде Силјан Токму Кирил Ценевски тогаш ги снимаше своите најдобри филмови. Едноставно, имаше богата атмосфера за културно творење. Многу рано започнав да пишувам колумни кога уште не беше фреквентен самиот тој термин „колумна“. Луѓето с$ уште ме паметат по написите на културни теми во колумната ’Сепак се движи‘ во ’Нова Македонија‘“. Во периодот во осумдесеттите години Коцевски ги држел и вежбите по практика на новинарството на Правниот факултет во Скопје. „Таму имав можност, како многу млади, да ги запознам сите денешни познати новинари и уредници - Горан Михајловски, Зоран Димитровски, Сафет Бишевац, Марина Костова, Санта Аргирова, Катерина Богоева, Гордана Дувњак, Југослав Костовски, Катерина Блажевска, Искра Новаковска, и многу други. Од нив произлегоа многу талентирани генерации новинари.“ Коцевски во седумдесеттите години ќе склопи брак со Мира Коцевска и ќе оформи семејство. Интересно е дека двете деца наследиле по една од неговите професии. Во 1977 година ќе им се роди ќерката Јана која денеска работи како новинар, по стапките на татко &, а во 1983

година му се раѓа синот Огнен, кој е теоретичар и се занимава со етичките и филозофските погледи и истражувања.

„Од најмлади години ја имав честа да се дружам со скопските боеми“

Спомените од култната скопска кафеана „Јоле“ и отменото друштво кое со децении се собирало таму, според неговите детални кажувања, трајно се врежани во неговиот живот. Тој за луѓето кои доаѓале таму вели дека имале нешто по што најмногу се одликувале, а тоа се чесноста, држењето на еднаш дадениот збор, вистинољубивоста и праведноста. „Јоле дојде од Крушево кон крајот на 60-тите години и го презеде Клубот на уметници. Таму претходно имаше други газди, како на пример Сута, кој се пресели во Кучевиште и таму отвори отмена кафеана. Јоле и Почу најпрвин имаа кафеана во Крушево и таму беа успешни. Едноставно, некој е роден да седи во кафеана, а некој да прави кафеана, како Јоле.“ Листата со имиња кои ги наведува Коцевски дека редовно седеле или привремено навраќале кај Јоле е навистина импресивна, како да се зборува за некоја светска академија на науки. „Таму прв пат го видов и го запознав Петре М. Андреевски, кој имаше околу 35 години, кој беше убав и строен човек, дружељубив и кавалер. Во бавчата кај Јоле често или редовно седеа и Гане Тодоровски, Димитар Солев, Анте Поповски, Јован Котески, Слободан Мицковиќ, композиторот Ристо Аврамовски, сликарот Глигор Чемерски. Гане беше голем авторитет и како историчар на литературата, и како поет, и како боем. Таму доаѓаше уште еден човек, невропсихијатарот Миодраг Мицев. Тој ја објави книгата „Интимно за мажот“ којашто стана бестселер. Сите тие знаеја да седат со часови во заедничко друштво. Понекогаш знаеше да падне и понекоја кавга, да летне некоја маса или чаша. Имав среќа да се дружам со тоа познато друштво на писатели и уметници. Боемите не може да се „рангираат“, но Бранко Заревски, новинар во ’Нова Македонија‘ и писател, во секој случај беше број еден. Со него најчесто седеа и Бане Ковач, Варошлија, Цветко Мартиновски, Гешо, Ацо Снагата, Чауле... Сите тие беа врвни интелектуалци. Коцевски има убави спомени и на можеби најпознатиот гостин кој ноќите и деновите ги спојувал кај Јоле, долгогодишниот македонски премиер Благој Попов. „Благој Попов исто така често седеше тука. Тој беше многу познат политичар, но и боем. Некако се изделуваше од конвенционалниот имиџ на политичар. Непосредно комуницираше со луѓето околу себе, сакаше секого да го разбере и да помогне. Нам, тогаш млади занесеници во уметноста, тој стил на однесување особено ни се допаѓаше.“


58

Капитал број 716 19.07.2013

www.kapital.mk

светот на виното

винсКи РеГиони

[atonef di pap

(Châteauneuf-du-PaPe)

Е

ден од најинтересните вински региони во огромниот број региони и подрегиони во Франција е секако Шатонеф ди пап. Се наоѓа во јужна Франција на левиот брег на Рона и има извонредно богата и интересна историја. Освен тоа, во последниве децении вината од овој регион редовно се во најтесните листи на најдобрите вина во светот. Дури и кај оние од само десет рангирани, виното од Шатонеф ди пап редовно е тука, а често и победува. Историјата на овој регион е приказна за себе. Овде лозата и виното се одгледувале уште во римскиот период на Галија. Но, во 14 век се случува еден значаен историски настан кога францускиот крал Филип Убавиот го префрла папското седиште од Рим во францускиот град Авињон, во јужна Франција, на реката Рона. Ова прогонство на папите од Рим траело од 1309 до 1378 година. Првиот од седумте авињонски папи, Климент Петти, инаку по потекло од Бордо, садел лозја околу блиското село подоцна наречено Шатонеф ди пап. Виното кое се добивало од овие лозја станува вино на папата, а со тоа и напорите на папскиот дворец да се направи најдоброто вино се уште поголеми. Наследникот на Климент, папата Јован 22, ја прави и првата заштита на едно вино или деноминација на едно виногорје, нарекувајќи го виното и официјално „папско“ и како такво е познато с$ додека подоцна не се одомаќинил називот на регионот Шатонеф

ди пап. Папата имал крај себе и врвни стручњаци од тоа време. Истиот папа изградил и еден монументален замок во Шатонеф ди пап чии остатоци и денденес се сочувани. Тоа била и летната резиденција на авињонските папи. Уште во времето по 1.500 година вината од Шатонеф ди пап биле многу познати. Се носеле во Авињон и во Оранж и оттаму се дистрибуирале во други земји, особено во Италија, с$ до Рим. За ова во своите списи сведочел и пророкот Нострадамус. Подоцна, во 18 век од Шатонеф ди пап се извезува вино во цела Франција, Германија, Велика Британија, с$ до Бостон и Филаделфија во САД, каде што вината биле многу популарни кај тогашните американски високи кругови. Виното било опеано од многу познати поети и писатели од старите времиња. Подоцната историја на Шатонеф се свртувала на различни начини. Имало војни, епидемии, разурнувања. Но, винарството се одржало и овој крај просперирал с$ до наездата на филоксерата кон крајот на 19 век. За сортите кои се негувале во времето на папите и пред 18 век, не се знае многу, но подоцна овде се садат повеќе сорти и виден е напорот да се најдат најдобрите, а и доста се експериментирало. Овде не се решиле за некои одредени, две-три сорти, како што е случај во другите француски региони, туку секогаш постоеле повеќе различни. Денес во Шатонеф ди пап се одгледуваат дури тринаесет сорти, осум

ВИНСКА ЕТИКЕЦИЈa

КолКу се полни винсКата чаша?

Нивото на полнењето на чашата е дел од винската етикеција. Има прaвило кое вели дека ниту една чаша не смее да се преполнува, па колкава и да е. Но, основното правило кога станува збор за нормални чаши (не се говори за овие огромни балони кои можат да соберат и литар вино) е дека црвеното вино се сипува најмногу до половината на чашата. Се разбира, кога станува збор за помали чаши. Белото вино пак, се сипува до половината, но ако чашата е поголема тогаш нивото се намалува. Во огромните чаши се сипува само на дното во висина од сантиметар до сантиметар и половина. Единствено чашата за пенливи вина (наречена флаута) се полни до две третини или три четвртини од волуменот. На тој начин пенливото вино подолго ги задржува меурчињата.

Овој регион има неверојатна историја, неверојатни вина кои се наградувани со највисоки признанија во светот. Се наоѓаат на листите на најдобрите вина и во најстрогите селекции

за црвените вина и пет за белите. Но, сето тоа е резултат на внимателна селекција на повеќе генерации лозари кои постојано биле во потрага по квалитет. Денес виното од Шатонеф ди пап се добива од просторите на само четири комуни. Се работи за 320 имоти на површина од 3.200 хектари. Од хектар се добиваат околу 3.500 литри вино. Годишно се произведуваат околу 110.000 хектолитри. Црвените вина од Шатонеф ди пап имаат неспоредлива снажност, со комплексни ароми на црвени плодови, со мошне значајни зачински примеси, со мирис на тартуфи... и безброј други комплименти кои се кажани на сметка на овие вина. Ова се вина кои можат долго да отстојуваат, да стареат и да бидат с$ подобри. Големи пофалби добиваат и белите вина кои се истакнуваат со цветни ароми. Едно од најценетите и најдобрите (меѓу многубројните добри) е Le Clos de Papes, вино кое победува секаде каде што ќе се појави. Неколку години по ред е прогласувано за најдоброто вино на светот, увозниците на вино во светот се „тепаат“ да го обезбедат виното, па тоа се продава уште пред да се стави во шише. Нивното вино се препорачува дека може да се чува барем 15 години. Потекнува од лозја стари меѓу 50 и 60 години, а некои од лозниците имаат и по 80. Родот е слаб, некаде се добива едвај 21 хектолитар од хектар, а просекот не е поголем од 35 хектолитри од хектар. Имотот од каде што се добива ова вино постои од 16 век.



Kapital magazin 716