Page 1

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

петок 23/05/2014 www.kapital.mk

...деца

Forbs sovetuva:

Kako da odgledate milioner? Detska piramida na ishrana

ZDRAVI DECA SRE]NI RODITELI

Kako da izberete bezbedni detski igra^ki?


| Специјален прилог | деца |

Amerikanski Forbs sovetuva:

Kako da odgleda

Детството е најпрекрасниот и најбезгрижен период од животот! Заслугата за тоа дефинитивно ја имаат родителите кои од самото раѓање на детето деноноќно се грижат за неговото здравје, безбедност, воспитување, образование, финансиска благосостојба, за неговата што посигурна иднина... Во овој специјален додаток Ви пренесуваме корисни информации за сетот мерки и активности кои родителите можат да ги преземат за што подобра стартна финансиска позиција на своите деца! Како да им створите здрави прехранбени навики уште од мали нозе? Играчките се составен дел од секојдневието на децата, но проблемот лежи во нивната (не)безбедност и опасностите кои демнат од нив! Како најдобро да се заштитете од опасни играчки? Дали со зачувување матични клетки инвестирате во здрава иднина на Вашето поколение? Ова се дел од прашањата на кои ви нудиме одговор во овој специјален додаток!

10

корисни совети за т родителите кои сакака де и да бидат сигурн ат нивните деца ќе станни ил аб ст финансиски и добро ситуирани возрасни луѓе!

К

ако да се воспитуваат децата? Која стратегија да ја изберат родителите како гаранција дека она што во животот го правите за Вашите деца ќе биде добра инвестиција за нивниот натамошен живот?

Не вложувајте премногу во 1. образованието на децата

Високиот степен на академско образование што вашиот син или ќерка сака да го добие, не е нужно најдобрата животна инвестиција. Таа теза ја застапува економистот Лоренс Котликоф, стручнак за движење на личните приходи и потрошувачка од Универзитетот во

Бостон. Постдипломското образование носи подобра плата, но и поголеми трошоци. Котликоф докажува дека доктор по медицина неретко заработува незначително повеќе од водоинсталатер (во САД). Споредувајќи ги просеците во американските сојузни држави тој утврдил дека најголемата докторска плата изнесува 185.900 долари, а водоинсталатерската 71.700, но докторот многу троши за школување, отплата на студентски кредит и плаќање данок на доход. Во текот на работниот активен живот на водоинсталатерот му остануваат околу 33.200 долари да ги потроши како што сака, а на лекарот нешто повеќе - 33.700, со пресметана инфлација.

Совет: трошете на образование ако го цените знаењето. Не правете го тоа заради очекувана заработка!

Исплатливи студии 1. Нафтено инженерство – 120.000 долари 2. Фармација- 105.000 3.Математика и информатика- 98.000

Неисплатливи студии 1. Теологија- 38.000 2. Предшколско образование – 36.000 3. Психологија- 29.000

Наговорете ги децата на 2. поевтини студии

Слична е заблудата дека диплома од престижен факултет вреди повеќе. Вистината е дека луѓето со


Специјален прилог | деца |

ate milioner? паметен потег!

4.

Не охрабрувајте задолжување на картички

Погрижете се со зборови и дела вашето дете да сфати дека отворените кредити преку револвинг картички се лоша и опасна зависност! Просечниот износ на одложено плаќање во САД е 8.000 долари по картичка. Со каматна стапка од 15%, тоа на корисникот ќе му однесе 60 илјади долари на име на камата. Научете ги своите деца сметките секогаш во целост да си ги плаќаат. Ако тоа никако не можат да го прифатат, за нив подобра опција се дебитни картички без дозволено пречекорување.

Пазете каде штедите за 5. школување на децата Повеќето финансиски институции ги наговараат американските родители да отворат пензиско, таканаречено 529 штедење. Главниот адут е дека на добивката од тие депозити не се плаќа данок ако заштедата се потроши за плаќање на студии.

Пренесете ја на децата 6. оставнината од дедото

диплома од тие факултети успеваат во животот благодарение на тоа што се надарени и амбициозни, а не поради знаењата кои гие стекнале во училниците на тие универзитети. Ако вашата ќерка, на пример, може да се запише на престижен факултет без никакви финансиски стимулации или на помалку елитен факултет со стипендија, проверете дали добро ја разгледала вторава опција.

Уплатувајте 3. им средства за пензија

Договорете се со Вашите деца дека за секој долар кој сами ќе го заработат, ќе им уплатите долар на нивната сметка во некој од пензиските фондови, под услов да не допрат тој

фонд пред да наполнат 50 години. Оваа стратегија има три предности: позитивен стимул сами да заработуваат, даночни ослободувања кои се добиваат за пензиско штедење и можност за семејно здружување во заеднички интерес. Пример, ако некоја студентка во текот на летото заработи 5.000 долари работејќи како келнерка, тие пари ќе може да ги потроши за школарина или за нешто друго, а нејзините родители ќе уплатат 5.000 долари во фонд за пензиско осигурување. Таа уплата не овозможува даночни олеснувања за тековната година, но истата таа студентка нема да плати данок кога за неколку децении од истиот тој фонд ќе ја подигне својата пензиска заштеда со камати. Тоа е

Ако некој американски граѓанин наследил 100 илјади долари пензиска заштеда од својот татко, а тој е именуван за прв наследник, може да се одрече од овие средства во корист на своите малолетни деца. Преносот на заштедата

на следните генерации овозможува натамошно долгорочно одложување на даночните олеснувања, но и поголеми каматни стапки на заштедената сума. Тоа значи дека тие деца во иднина ќе можат да ги користат даночните поволности наследени од дедо им. Исто така имаат можност да вадат помали суми од тој фонд


| Специјален прилог | деца | и да ги ставаат на друга сметка, кои подоцна кога ќе станат полнолетни, ќе можат да ги користат. Но, ако родителите добро ги научиле на вредностите на штедење, тие нема да ги подигнат средствата од пензискиот фонд, туку ќе ги остават да се оплодуваат со текот на годините.

7.

Со пари о д мали нозе

“Една од најдобрите работи која може да ја направите за своето дете е отворено и искрено со него да разговарате за пари. Ги учиме децата да возат велосипед, да играат бејзбол, да возат автомобил, но за пари не разговараме“, Вилијам Хардекепф, шеф на lowcards.com. За располагање со пари и границите на трошење децата би требало да се учат уште од раното детство. Наместо мал џепарлак за кино и за ужинка доделете им поголем износ со услов со тие пари да си ја платат облеката и превозот. Тоа ќе ги научи на правење компромиси и каење поради

преголемо расипништво. За разлика од тоа, кога на студии ќе испратите дете кое претходно било поштедено од сите грижи за пари, тоа со сигурност после еден месец ќе Ви се јави да каже “Немам пари“, вели Дебора Кокс, советничка за семејни финансии во JP Morgan.

им учество за куќа 8.Поклонете

Поклонот кој ќе му овозможи на детето да се всели во својот прв стан или куќа, ќе создаде корисен ефект кој ќе се зголемува во следните децении. Во САД 37,9% од сопствениците на куќи се помлади од 35 години. Даночната политика во во САД во најголем дел го стимулира купувањето недвижности. Пример, ако одредена сума ја вложите во акции и обврзници, а приносот го искористите за плаќање на наемнина, на тој принос ќе платите данок на добивка, додека ако со истиот капитал купите куќа добивате целосно неоданочена “дивиденда“ во форма на животен простор.

ги во 9.Вработете својата компанија

Оние кои во САД поседуваа компанија, исплатливо им е да ги стават своите деца на платниот список. Секако, тие ќе мора многу да работат, и притоа да не добијат повисока плата од другите на тоа работно место. Ова има и друга корист. Со префрлање на приходите меѓу генерации може да се намали сојузниот данок на приход од 35% на 0%. Ова би можело добро да функционира и кај нас, не заради даночните олеснувања, колку заради тренинг на децата да научат дека мора да работат за да заработат!

10.Дајте им акции

Лицата кои имаат големо портфолио на акции и обврзници, оние со висок принос е најдобро да им ги поклонат на своите деца. Ако лицето кое ги прима има ниски приходи, не подлежи на сојузниот данок на капитална добивка. Добивката е во тоа што децата во иднина неоданочените приходи можат да ги искористат за купување недвижност или да ги вложат во други хартии од вредност. Извор: Forbes

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ мај 2014 Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо бул. Маркс и Енгелс бр.7 зграда 1, влез 1 стан 31 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова Автор на прилогот: Верица Јорданова Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски Фотографија: Ивана Кузмановска Фотоархива на Капитал Маркетинг: Александра Стојменова Сања Савовска Бобан Ѓорѓиевски www.kapital.mk

Skopje City Mall Tel: 02/30 62 100


| Специјален прилог | деца |

Kako da izberete bezbedni detski igra^ki? Играчките се едно од најголемите задоволства за секое дете. Колку што за нив се извор на радост и предмет на игра, толку за родителите се ноќна мора поради стравот од опасни хемикалии и небезбедни делчиња!

В

о играчките кои се продаваат во македонските продавници Пазарниот инспекторат минатата година пронајде тешки метали, отровни материи, механички делови... Во седум типа играчки, како гумени топки, пластични камиончиња, кукли, багери и други се најдени овие опасности, а декларацијата сама по себе не е гаранција за нивниот квалитет, објаснија од инспекторатот, кој минатата година исконтролирале над 300 играчки. Анализите потврдиле дека дел од лабораториски испитаните играчките имаат отровна боја, формалдехид и олово над дозволената граница...

Препораката до сите кои купуваат играчки, за дасе намали ризикот децата да дојдат во контакт со вакви небезбедни играчки е, истите

да ги купуваат исклучиво во легални продавници, а не на зелените пазари. Внимателно да се прочита декларацијата и истата да има ознака „ЦЕ“

На што да обрнете внимание кога избирате играчка?

Големина

играчките за најмладите не треба да се разделуваат на поситни делови. Внимавајте дали на обвивката пишува забрането за деца под три годишна возраст. Доколку пишува, не ја купувајте затоа што веројатно содржи ситни делови кои малото дете може многу лесно да ги стави во уста и да се задуши. Воопшто не користете ситни играчки. Доколку имате повеќе деца на различна возраст, држете ги играчките одделно согласно со возраста, во посебни кутии.

Облик

Играчката не треба да има остри рабови за да не дојде до прободување. Особено одбегнувајте разни кученца, вовчиња и друго и слично. Избегнувајте да купувате играчки со јаженца во облик на јојо, а ако тоа не можете да го избегнете тоа, никако нему дозволувајте на вашето дете да спие со такви играчки.

Материјал

Материјалот треба да биде отпорен на удар. Играчката не треба лесно да се крши, што е посебно важно за детските тропалки. Треба да се одбегнуваат додатоците кои

62 | 23 мај, 2014

не се безбедно сошиени како нос и очи на мече, зајче, куче и сл. Материјалите не треба да содржат хемиски средства што би можеле да предизвикаат алергија и секако одбегнувајте влакнести ткаенини кои лесно паѓаат. Во овој правец внимавајте и на амбалажата која исто така може да предизвика несреќа. На пример, доколку е играчката спакувана во најлон кеса, која е поголема од главата на детето, тоа лесно би можело да се задуши.

ВНИМАВАЈТЕ

„„Петарди, пиштоли со зрна купени на пазар, разни цевчиња исполнети со флуоросцентни течности не се играчки! „„ Пред да ја купите играчката добро размислете дали одговара на возраст на детето. Не ја купувајте доколку нема упатство за употреба. Проверете дали е оштетена! „„Кога сте дома, од време на време прегледајте ги играчките и фрлете ги оштетените! (Извор- Брошура “безбедност на детските играчки“, издадена од Организацијата на потрошувачи на Македонија и GTZ)

што гарантира дека производот ги исполнува минимумот безбедносните стандарди предвидени во Правилникот за безбедност на детските играчки.

Што означува ознаката CE на некои играчки?

Знакот CE не е знак за квалитет ниту гаранција за безбедноста на играчките. Оваа ознака е воведена од страна на ЕУ и значи дека играчката е произведена според добро дефинирани стандарди за намалување на физичките, хемиските, електричните и здравствените ризици. Оваа ознака само применува некои безбедносни аспекти во врска со нормалната употреба и ракување со играчката и не претставува индикатор за квалитет!


| Специјален прилог | деца |

Detska piramida na ishrana

А

ко постојат какви било дилеми во врска со исхраната на децата, основното правило е дека децата задолжително мора да имаат три главни оброци – појадок, ручек и вечера и два помали меѓуоброци, односно ужинки. Избегнувајте поголеми количини на благи работи, благи и газирани пијалоци, чипс и бомбони затоа што содржат многу калории, а недоволно хранливи состојки. Основна препорака од нутриционистите е за децата со нормална телесна тежина и зголемена телесна активност може да им се понуди умерена количина благи работи, но такви кои се нутритивно богати, како пудинг, колач од интегрално брашно со овошје и слично.

Секојдневно детето треба да се поттикне да: „„јаде разновидна храна „„да не прескокнува појадок (влијае на успехот во училиште) „„да јаде на секои 4 до 6 часа (за деца до 10 години) односно да има три главни и два меѓуоброци „„да се урамнотежи внесувањето на храна и физичката активност „„во исхраната да се вклучат доволно житараки, кои се основен извор на енергија, овошје и зеленчук (базата на пирамидата и вториот ред од пирамидата) „„избегнувајте мрсна, солена и премногу блага храна (врвот на пирамидата)

Зошто е важно ова да се знае и применува?

Со правилна исхрана можат да се спречат многу болести, на пример дебелина, дијабетес, остеопороза, алергија.... и да

осигурате целосен физички и психички развој на детето, а добрите прехранбени навики кои детето ќе ги стекне во текот на детството ќе ги постави основите на неговата правилна исхрана во понатамошниот живот. И не заборавајте – вие сте најдобриот или најлошиот пример за своето дете, затоа усвојувањето и применувањето на здравите навики во исхраната треба да бидат секојдневен дел од животот на вашето семејство.

на пирамидата – 1.База житарки

Леб, житарки, ориз и тестенини. Се преорачуваат 6 порции дневно. Оваа група е особено важна затоа што од неа организмот добива енергија за раст, игра и учење, како и важните витамини од групата на Б. Овие намирници содржат и многу прехранбени влакна важни за работата на цревата. „„Една порција вклучува 1 парче леб (препораката е да биде од целозрнесто брашно),половина шоља варени тестенини, ориз, пченица или пченка, 3 шољички пуканки, 30 грама житни снегулки (корнфлекс, мусли).

Втор ред од 2. пирамидата овошје и зеленчук

Се препорачуваат 3 порции дневно Зеленчукот содржи многу витамини и минерали важни за детскиот развој. Зеленчукот содржи многу витамин А, важен за добриот вид и за здрава кожа. Една порција вклучува 1 шоља лиснат зеленчук или половина шоља насецкан суров зеленчук (краставица, пиперка, морков, патлиџан), една и половина шоља варен морков, половина варен компир, 2 варени брокули, половина шоља варен кељ, блитва, зелка или спанаќ, половина шоља салата од компир и грашок. „„Овошје- се препорачуваат 2 порции на ден Овошјето е десерт од природата, многу е здраво и има многу витамин Ц кој помага за раст на клетките. Една порција вклучува 100% овошен сок, 1 парче овошје (киви, банана, јаболко, крушка...), половина шоља исецкана диња или четвртина шоља насецкано суво овошје, или пак половина шоља

64| 23 мај, 2014

боровинки, малини, капини или друго.

Трет ред од 3. пирамидата млеко, месо, риба

Млеко, јогурт, сирење... - се препорачуваат 2 порции на ден Главната состојка која ја добиваме од овој тип производи е калциумот кој е неопходен за силни коски и заби. Една порција вклучува 1 шоља млеко, соино млеко, јогурт, свежо кравјо сирење, сладолед или пудинг, 40 грама тврдо сирење „„Месо, риба, јајца, грав, леќа, соја, ореви, лешници, бадеми, кикирики- 2 порции дневно Од оваа група производи најмногу се добиваат белковини, неопходни за зајакнување на мускулатурата и железо, клучно за одвивање на сите важни процеси во организмот. Оревите, бадемите и слично се многу здрави грицки и воедно многу хранливи. Една порција од ова група вклучува од 55 до 85 грама месо, риба, месо од живина, лосос или туна од конзерва, половина шоља грав или други мешункасти производи. 30 грама месо можат да се заменат со едно јајце.

на пирамидата – 4.Врв масти и благо

Што помалку благо, мрсна и солена храна. Овие производи треба да се јадат во што помала количина. Храната со многу масти, шеќер и сол не обезбедува доволно основни хранливи материи. Благите производи имаат многу калории, а малку хранлива вредност поради што мора да се избегнува бел шеќер, газирани пијалоци, премногу мед и друго. Што се однесува со мастите тие меѓусебно се разликуваат па е важно кој тип на масти го внесуваме. Избегнувајте масти од месо и од млечни производи. Околу 5 годишна возраст детето може постепено да премине кон полномасно млеко, а кога подготвувате јадење користете маслиново и друг тип на растителни масла. На помали деца, од 2 до 3 години, му се потребни ист број порции како и на поголемо дете но со намалени порции. Ниту еден ден не заборавајтеважно е да изберете здрава храна секој ден!


| Специјален прилог | деца |

ZDRAVI DECA SRE]NI Децата се најголемо богатство, а нивните насмевки го прават секој дом исполнет и среќен. Но, во детската возраст, кога децата се развиваат и имаат менлив имунитет, често знаат да се појават проблеми со нивното здравје. Родителите се загрижени и ќе сторат с$ само да не го гледаат своето дете болно и тажно. Токму затоа има голема вистина во поговорката „здрави деца – среќни родители“. Стручните лица од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ви препорачуваат неколку задолжителни прегледи за вашето малечко да биде здраво, среќно и насмеано. Настинка, алергија или алергиска астма

Во текот на целата година дечињата се соочуваат со тешкотии, од кои некои се предизвикани од вдишувачките алергени. Симптомите на алергиска осетливост на дишното стебло се манифестираат со кашлици, кои можат да имаат различен тоналитет, го прекинуваат квалитетот на детскиот сон или кашлици кои траат повеќе од 15 дена. Придружно на тоа може да се појави свирење во градите, како при мирување така и при активност, потоа отежнато дишење и глад за воздух. Симптомите на почетокот се манифестираат со тешкотии од лигавицата на носот, бистра, воденикава носна секреција, може да има чешање на носот, кивање во салви и затнат нос. Третманот е насочен кон разрешување на посочените потешкотии, детекција на причините за кашлицата и внесување лекови со цел да се намали алергиско-воспалителната компонента. Честа појава е и продолжување на овој проблем и развој на алергиската астма, која се јавува кај младите лица поради генетска предиспозиција кон развој на алергија од домашен прав, мувли или други алергени кои ги имаме во домовите. Кај секое дете кое во првите 7 години од животот, како и подоцна има чести горнореспираторни потешкотии (носна лигавица, нос и кашлици) повеќе од 4-5 пати во тек на една година задолжително треба да се направи испитување од страна на педијатар-пулмоалерголог – советува проф. д-р Гордана Маческа- Баџакова педијатар-пулмоалерголог.

Естетска корекција на клемпави уши

Корекцијата на ушите е хируршка интервенција со која се коригира положбата и обликот на ушните школки кои се премногу испакнати и одвоени од главата. Освен големината и положбата

66 | 23 мај, 2014

на ушињата, тие може и целосно да се моделираат. Се препорачува да се направи откако детето ќе наполни 6 години, кога ’рскавицата на школката е помека и полесна за обликување. Резот се прави зад ушињата и се моделира ’рскавицата, големината и формата. Интервенцијата трае од 1 до 2 часа, а добра околност е што лузната зараснува за кратко време. Се прави во општа или локална анестезија, па нема место за

за децата уште од најмала возраст. Влошките даваат анатомска потпора на сводот на стапалото со заштита во пределот на глуждот. Доколку станува збор за посложен проблем, може да се реши и хируршки со мекоткивна или коскена интервенција. Д-р Маја Каличанин, ортопед, вели дека родителите треба да се придржуваат до задолжителните ортопедски контроли на 18 месеци, 3 и 5 години.

паника и страв, вашето дете воопшто нема да ја почувствува болката – вели д-р Илија Мостров, специјалист по пластична и естетска хирургија.

Со вежби до правилен развој на ’рбетниот столб

Деформитети на стапалото

Најчест проблем кај децата се рамните или искривување на стапалата навнатре, деформитети кои се јавуваат поради одење по рамни и тврди подлоги и намалена физичка активност. Овој вид деформитет може да се коригира со вежби за стапала или носење анатомски влошки и чевли, кои се препорачуваат

Коскено-мускулниот систем кај децата во развој под влијание на внатрешни и надворешни фактори е подложен на различни деформации. Наследниот фактор, лошото држење на телото, претешки училишни торби, долготрајно седење пред компјутер или недоволна физичка активност можат да доведат до нарушување на статиката на ’рбетниот столб и до појава на кифоза и сколиоза. Раното детектирање е предуслов за


Специјален прилог | деца |

RODITELI

негово успешно лекување и зависно од степенот се користат корективни вежби и помагала за корекција, индивидуално изработена програма со тераписки вежби адаптирани за секое дете. Само добро одработена и во целост применета кинезитерапевтска програма од медицински лица може да доведе до стопирање на развојот на деформитетот и целосна корекција – советува д-р Аница Хаџи Петрушева Јанакијевиќ.

Вродени генитални проблеми кај децата

Еден од најчестите проблеми кај машките новороденчиња е хипоспадијата, каде отворот на уринарниот канал се развива абнормално. Полесните проксимални форми на хипоспадии, каде отворот е на врвот на главата или средишниот дел од телото на пенисот, се оперираат меѓу 12 и 18-месечна возраст. Дисталните форми на хипоспадија се чести и се придружени со искривување на пенисот и неспуштени тестиси. Во соработка со светски познатиот проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се решаваат сите вродени аномалии на урогениталниот систем кај децата.

чоколади,газирани напитоци).За појадок и ручек енергетски богата храна (леб, сирење, јајца, месо, зеленчук), за вечера полесна храна, најчесто млеко со житарки, кои даваат чувство на ситост и спокоен сон. Храната која децата ја конзумираат треба да е со сочувана биолошка и хранлива вредност, здравствено безбедна, хигиенски исправна и со добри органолептички карактеристики (вкус, мирис, боја), што е од посебно значење за децата – советува д-р Симонида Спасевска, педијатар.

Здрави детски заби, убава и неодолива насмевка

Родителите треба да почнат со орална хигиена веднаш по раѓањето на детето с$ до оној момент додека децата не стекнат навика сами. Првата посета на стоматолог треба да биде околу првата година, односно шест месеци по никнување на првото запче. Оваа посета е многу битна за да се едуцираат родителите како да ја одржуваат оралната хигиена на своето дете и

да го превенираат циркуларниот кариес. Најголема предност е што на детето му се создава навика за посета на стоматолог, што придонесува во иднина посетите да бидат без стрес и анксиозност. Децата до три години може да седат заедно со родителот на стоматолошката столица или да ги држат за рака. Предност е, доколку детето го дозволува тоа, родителот да остане во чекалница, за да се изгради подобар однос со докторот. Во зависност од возраста се прави рутински преглед на: непцата, загризот, запчињата и усните. За време на стоматолошкиот преглед се чистат меките наслаги, се едуцираат децата како правилно да ги четкаат забите, се залеваат фисурите, се прават снимки и други неинванзивни третмани – советува д-р Гордан Лазаревски, стоматолог.

Здрава исхрана здраво дете

Исхраната на децата е клучен фактор во растот на секое дете и влијае на правилниот психофизички, социјален и менталниот развој. Во насока на градење правилен став кон храната, најголема улога има семејството и семејните навики на исхрана. Родителите во голема мера можат да влијаат врз тоа дали детето ќе им биде пребирливо во исхраната, па често прават грешки - го пуштаат детето да јаде што сака, кога сака и колку сака. Оброците треба да се јасно дефинирани како по калорискиот внес така и по времето во кое се конзумираат, три глави оброци и две ужинки, без земање храна во меѓувреме (грицки,

23 мај, 2014 | 67


Cryo-Save е водечка меѓународна компанија за криопрезервација и најголема европска семејна банка за матични клетки, која достигна рекорд од зачувани над 250 000 примероци од нејзиното основање во 2000 година. Тоа значи дека над 50 % од родителите во Европа кои зачувале матични клетки, довербата ја дадоа на Cryo-Save. CryoSave e присутна во повеќе од 70 земји на 6 континенти, со ултра модерни капацитети за обработка и сторирање во Белгија, Германија, Дубаи, Индија и Јужна Африка.

Cryo-Save стабилен партнер за сигурна иднина

C

ryo-Save е првата банка за матични клетки во Македонија која веќе осма година им нуди можност на македонските семејства да ги зачуваат матичните клетки од папочната врвца на нивното новородено во најголемата европска банка со лабораторија вово Ниел, Белгија. Со оглед на важноста на брзиот и навремен транспорт на материјалот до лабораторија, не случајно е избрана локацијата во срцето на Европа која има одлична конекција со сите делови на континентот како воздушна така и копнена. За секој пристигнат примерок, Cryo-Save спроведува модел на двојно зачувување на материјалот. Тоа значи дека матичните клетки од секој клиент се чуваат во два физички одделни компартмана за дополнителна сигурност. Лабораторијата на Cryo-Save во Белгија е опремена со ултрамодерна технологија и работи со најнова генерација на Biosafe

апарати и Sepax метода (врвна технологија во областа на обработка на матични клекти) со што се постигнува најдобра успешност на примерокот по одмрзнување. Целиот процес од собирање на примерокот, транспорт, обработка, складирање и ослободување на промероците за терапија е целосно мониториран и контролиран. Официјално акредитирани како ткивна и органска банка, Cryo-Save е носител на ISO, AABB, FAGG, GMP и FACT акредитациите. Она што несомнено ја прави оваа банка единствена, е прифаќањето на зачуваниот материјал од страна на сите медицински центри ширум светот, како безбеден извор на матични клетки за терапија. Постапката за колекција на основен материјал од кој понатаму во лабораторија ќе се издвојат матични клетки се изведува во секое раѓалиште во Македонија во специјален сет за таа намена кој клиентите го добиваат со потпишување

Cryo-Save е водечка меѓународна компанија за криопрезервација и најголема европска семејна банка за матични клетки, која достигна рекорд од зачувани над 250 000 примероци од нејзиното основање во 2000 година. Тоа значи дека над 50 % од родителите во Европа кои зачувале матични клетки, довербата ја дадоа на CryoSave. Cryo-Save e присутна во повеќе од 70 земји на 6 континенти, со ултра модерни капацитети за обработка и сторирање во Белгија, Германија, Дубаи, Индија и Јужна Африка. на договорот диретно со Cryo-Save, унифициран во сите европски земји. Бидејќи финансиската стабилност на институцијата е исто така еден од клучните фактори за сигурноста, Cryo-Save е јавно излистана компанија на Amsterdam stock exchange и годишните финансиски извештаи на компанијата се достапни и транспарентни за сите клиенти. Би-МЕК како локален партнер на Cryo-Save за Македонија е ISO 9001:2008 сертифицирна компанија како центар за набавка на услуги за криопрезервација на матични клетки од папочна врвца и е единствена сертифицирана компанија од ваков тип во државата.

Deca maj 2014