Page 1

КаКо да земете Кредит за рефинансирање?

БанКите &БИЗНИСОТ СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА КАПИТАЛ | БРОЈ 8 | СЕПТЕмвРИ 2012

WWW.KAPITAL.MK

СКИТЕ КОмПАНИИ ОН Ед АК м НА А ЛК БО А АТ Ем ОЛ ЈГ НА

за наплата на поБаруВање се чеКа поВеќе од три месеци!

КаКо да се наплати? Како се финансира откупот на грозје?

Винарниците тешКо до пари за отКуп, Бараат Кредити

Сашо Арсов

професор по финансиски менаџмент

Кризата поКажа деКа многу Бизниси се градени на ВрсКи и пријателстВа


БанКиТЕ & БиЗнисОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

НАјгоЛЕМАТА боЛКА НА МАКЕдоНСКИТЕ КоМПАНИИ

Градежништво

Недвижен имот и научни дејности

Индустрија

Земјоделство и шумарство

Транспорт

Трговија

92

2010

80

90

89

109

114

143

141

136

143

150

денови за наплата на побарувања по сектори 2011 145

183

218

Финансии

Хотели и ресторани

За наплата на побарување се чека повеќе од три месеци! КаКО да сЕ наплаТи? спасијка Јованова

Н

spasijka.jovanova@kapital.mk

ајголемото зло за ликвидноста на македонските компании во моментов е неможноста да наплатат

побарување. Овој проблем ескалира до граници кои бизнисмените пластично ги опишуваат како „никој на никого не плаќа“. Дали е навистина така и како во вакви услови опстанува бизнисот? Многу тешко. Податоците покажуваат дека во 2011 година се отвориле многу

Извор: НБРМ

помалку фирми отколку во 2010 година, а се затвориле многу повеќе. Последните анализи од Народната банка на Македонија, направени врз основа на завршните сметки на 52.242 претпријатија за 2011 година, покажуваат дека за наплата на побарување во

просек се чекало 120 дена. Тоа е еден ден повеќе отколку во 2010 година. Бројката за 2012 година, веројатно, е многу поголема, но таа ќе се знае дури идната година. Најмногу за наплата чекале фирмите од градежништвото, дури 183 дена, а најмалку рестораните и хотелите, 80 дена. Во однос

3


БанКиТЕ & БиЗнисОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

Извор: НБРМ

на големината на компанијата, најмногу за наплата чекале микрофирмите, дури 339 дена, па затоа и најлесно пропаѓаат. Најкратко за наплата чекале големите компании, 100 дена. Сега се поставува прашањето што прават бизнисмените и надлежните институции за да го прекинат овој вртлог на недисциплина и неможност за наплата, во кој се дават с$ повеќе фирми? Постои ли начин да се наплати побарување? Познавачите на финансискиот и на правниот систем велат дека клучно за навремена наплата е обезбедување на побарувањето за да може најбрзо и најлесно да се наплати преку факторинг-агенција, банка или извршител. Но, малку од должничко-доверителските односи меѓу македонските фирми се регулирани со некој друг документ (лична меница, осигурување на побарување, задолжница) освен со фактура. Втор проблем е што доверителот премногу долго чека за да побара начин за наплата на

Големи фирми

Средни фирми

побарувањето од страв да не си ја загрози продажбата или да си го наруши односот со деловниот партнер. И секако, трет проблем е што при склучувањето на договорот не се прави проценка на ризикот, односно не се проценува дали воопшто постојат шанси да се наплати од тој клиент. И секако најголем проблем е неможноста да се наплати од државата, но за овој проблем веќе има најави од Владата дека до февруари ќе биде решен. Сите соговорници во оваа анализа препорачуваат да се избегнува најлошата форма за наплата (рекет), бидејќи таа е премногу опасна за бизнисот.

Најголем проблем се достасаните ненаплатени побарувања

Бизнисмените велат дека се доведени во ситуација на изразена неликвидност, а не дека главната причина е недисциплината. Мирче Чекреџи, бизнисмен и заменикпретседател на Сојузот на

125

124

122

2010 119

Денови за наплата на побарувања

97

2011

273

339

Финансии

100

4

Мали фирми

Микро фирми

Што прават бизнисмените и надлежните институции за да го прекинат вртлогот на недисциплина и неможност за наплата, во кој се дават се повеќе фирми? Постои ли начин да се наплати побарување? Познавачите на финансискиот и правниот систем велат дека клучно за навремена наплата е обезбедување на побарувањето за да се наплати преку факторинг агенција, банка или извршител. Но, малку од должничко-доверителските односи меѓу фирмите се регулирани со некој друг документ (лична меница, осигурување на побарување, задолжница) освен со фактура. Бизнисмените велат дека се доведени во таква ситуација, а не дека се недисциплинирани. стопански комори, вели дека би биле среќни ако може да наплатат за 120 дена. „Ние подолго време укажуваме дека неликвидноста е еден од главните проблеми на стопанството и дека треба да се пуштат повеќе пари

во промет. За таа цел, треба да се либерализира монетарната политика и да се намалат каматните стапки на благајничките записи, да се намалат зафаќањата од фирмите, државата да биде подисциплинирана во


БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

Финансии

Стојче Тасков

Мирче Чекреџи

“Ако проблемот длабоко во срцевината лежи во вредносното разбирање на правниот систем, тогаш информацијата кој должи, на кого и колку мора да биде јавна, во регистар во кој секој ќе може да пристапи и да види дека должиш. Мора да сврти една генерација бизнисмени за да се сфати дека моралниот хазард ова општество не го крие. Кога те пишува во некој регистар, секој ќе отвори таму за да види кој на кого должи.“

“Би биле среќни ако може да наплатиме за 120 дена. Подолго време укажуваме дека неликвидноста е еден од главните проблеми на стопанството и дека треба да се пуштат повеќе пари во промет. За таа цел, треба да се либерализира монетарната политика и да се намалат каматните стапки на благајничките записи, да се намалат зафаќањата од фирмите, државата да биде подисциплинирана во плаќањето и повратот на ДДВ и да се воведе инструмент за навремено плаќање и на помали износи, бидејќи задолжницата е ефикасна само за поголеми износи.“

генерален менаџер на ЕОS Matrix Македонија

плаќањето и повратот на ДДВ и да се воведе инструмент за навремено плаќање и на помали износи, бидејќи задолжницата е ефикасна само за поголеми износи“, порачува Чекреџи. Според него, неликвидноста сега е во облик на концентрични кругови, во кој ако една фирма не плаќа, тоа се шири и на другите. „Не е тоа недисциплина и нечесност кај компаниите, барем кај доминантниот дел“, истакнува тој. Според Миле Бошков, претседател на Бизнисконфедерацијата на Македонија, рокот за наплата на побарувањата ако бил еден месец се одолжува на пет месеци. „Фирмите треба многу пореално да влегуваат во бизнис-зделка со друга фирма. Не прават доволно проценка на партнерот, дури одат и спротивно на тоа што им кажува интуицијата, с$ со цел да се ослободат од стоката. Пред

бизнисмен и заменик-претседател на Сојузот на стопански комори

да продадат мора да добијат гаранција за наплата. Тие што пливаат непроверено на пазарот нема да издржат уште долго“, истакнува Бошков. А кои инструменти им стојат на располагање на фирмите? Ако не е достасано побарувањето, може да се продаде на банка или на друга фирма со дисконт, кој зависи од квалитетот на должникот и на доверителот, од ризикот и од други фактори. Како функционира? Фирмата А побарува од фирмата Б. Фирмата А го продава побарувањето на банка со дисконт, а банката во зависност од квалитетот на должникот и доверителот го проценува ризикот. Банката го запишува побарувањето во заложен

регистар. Се потпишува договор со рок за плаќање на побарувањето и кога ќе достаса, парите од фирмата Б треба да легнат на сметка на фирмата А во банката, која има право веднаш да ги симне. „Една од работите кои најчесто ги бараат банките за дополнително обезбедување е полиса за осигурување на побарувањето во МБПР, која иако е дополнителна давачка за фирмата, сепак, го намалува ризикот на побарувањето и на тој начин се пребива трошокот“, велат експертите од оваа област. Друг начин за наплата е цесија, трипартитен договор или разни договорни обврски за пребивање, кои не се толку атрактивни и практикувани. Цесијата е договорна обврска и ако има интерес, ќе се направи. Банките ја избегнуваат бидејќи не е инструмент за обезбедување и плаќање. Трет начин е осигурување на побарувањето во МБПР и најнов инструмент е задолжницата, која на доброволна основа може да ја потпишат фирмата-купувач и фирмата-продавач, кој бара во утврден рок да се изврши наплата на побарувањето. Во спротивно, задолжницата ќе се активира. „Најголем проблем се достасаните неплатени побарувања. Во овој момент и тие што имаат да платат не плаќаат. Со тоа се симнуваат маргините на профитабилност и на најуспешните фирми. Маргините на профитабилност кај некои компании се толку спуштени што не трпат никакво задолжување“, велат експертите. Во Македонската банка за поддршка на развојот објаснуваат дека трговските друштва кои извезуваат или продаваат на домашен пазар може да ги осигураат своите побарувања (до 90%) од краткорочни комерцијални и политички ризици. Рокот на плаќање не треба да биде подолг од 180 дена. При осигурување на побарувањето се проверува кредитоспособноста на купувачот, се обезбедува колатерал (полисата) за кредит од банка за тековно работење, се превенира и се контролира ризикот. И факторингот на МБПР бара одложено плаќање пократко од 180 дена. МБПР

Причини за отежната наплата

XX малку од должничкодоверителските односи меѓу македонските фирми се регулирани со некој друг документ освен со фактура XX доверителот премногу долго чека за да побара начин за наплата на побарувањето од страв да не си ја загрози продажбата или да си го наруши односот со деловниот партнер XX при склучувањето на договорот не се прави проценка на ризикот, односно не се проценува дали воопшто постојат шанси да се наплати од тој клиент откупува побарувања и исплаќа аванс на доставена осигурана фактура во износ од 80%. „Во секоја трговска зделка каде што условите на плаќање предвидуваат одложена наплата за доверителот/ продавачот постои ризик од потенцијална финансиска штета поради неплаќање, особено во време кога е с$ поизразен проблемот со ликвидноста. За да им помогне на компаниите, МБПР го воведе трговското кредитно осигурување за наплата на побарувања. Сепак, МБПР има поддржано помалку од 1% од извозот преку осигурување на извозот. Споредено со регионот, околу 20% од словенечкиот извоз компаниите го осигуруваат во СИД, околу 13% од хрватскиот извоз е осигуран во ХБОР и околу 4% од српскиот извоз е осигуран во АОФИ. Тоа укажува дека македонските извозници с$ уште малку го применуваат овој современ инструмент. Прашање е дали се соочуваат со помали ризици при наплатата на своите побарувања“, истакнуваат од МБПР. МБПР во 2011 година има склучено полиси за осигурување на побарувањата со околу 50 компании и осигурано побарувања од 350 купувачи

5


6

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

Финансии од 25 земји. Осигурениците се од кондиторската, месната, винската, текстилната, автомобилската, металната, фармацевтската индустрија... Лани МБПР го воведе и извозниот факторинг како алтернативен инструмент за финансирање на обртниот капитал. МБПР врши факторинг со право на регрес на извозни побарувања, а најавува и факторинг на домашни побарувања со право на регрес. Околу 20 компании од различни дејности го користат факторингот. Направен е факторинг за купувачи во Србија, Босна, Хрватска, Словенија, Германија, Франција, Романија, Полска, Русија и во Косово.

Инструменти има, интерес нема?!

Според Стојче Тасков, генерален директор на ЕОS Matrix Македонија, системот за наплата во Македонија е добро поставен и го штити доверителот. Но, само ако тој прави с$ за да си го заштити бизнисот. „Системот е добар и треба да се користи. Но, пред да почнете да се жалите, да провериме колку побарувања се до 90 дена, колку се од 90 до 360 дена, а колку над 360 дена. Сега да видиме колку од нив се утужени. Ниедно! Од малите и од средните претпријатија најмалку 50% воопшто не знаат дека им треба организациски систем, правник, протоколи. Вториот проблем е парадигмата на водење бизнис – мора да продадам. Една од работите што ја прават тогаш е да ја спуштат цената, но тоа не можат да го прават до бескрај. Потоа, толерираат неплаќање. Но, во такви услови мора да се обезбедат. Не може да не проверат кој е купувач. Мора да ги бираат партнерите со коишто работат. Ако промашат, ќе имаат проблем со наплатата и тука бог не може да им помогне“, смета Тасков. Според него, со задолжницата нема да се постигне многу, бидејќи големите компании нема да прифаќаат задолжница кон малите доставувачи. „За малите фирми има други инструменти. Натерајте го партнерот да потпише лична меница. Директорот колку што бил подготвен вчера да потпише лична меница, толку ќе биде подготвен утре

Азески: Државата да издаде обврзница, а банките да ги преземат нејзините долгови кон фирмите

В

о Стопанската комора на Македонија предлагаат неликвидноста на компаниите предизвикана од доцнењето со плаќање од страна на државата, да се реши преку обврзница што таа ќе ја издаде, банките ќе ја откупат, и потоа тие ќе ја преземат обврската на исплата кон компаниите. “Досега во Комората интерно разговаравме за тоа како да се подобри моментната ликвидност што е нарушена и како да се преземат мерки да не дојде до понатамошно нејзино влошување. За предлогот со обврзницата јавноста веќе слушна, но с$ уште ја анализираме оваа можност, односно, ја споредуваме со искуства на други земји, за да предложиме најдобра варијанта“, рече претседателот Комората, Бранко Азески . Со цел да не дојде до нарушување во наредниот период, додаде тој, ќе се бара примена на директивите на ЕУ од јуни 2000 година во кои што се санкционира секакво неплаќање односно неизвршување на должничко-доверителските обврски што ги склучуваат компаниите меѓусебе, како и профункцинирањето на задолжницата во овој момент.

120

дена во просек се чекало за наплата во 2011 година, покажуваат последните анализи од НБРМ, направени врз основа на завршните сметки на 52.242 претпријатија

183

дена чекале за наплата фирмите од градежништвото, што е најдолг рок во споредба со другите сектори

339 1%

дена чекале за наплата микро правните лица, па затоа и најлесно пропаѓаат

од македонскиот извоз е осигуран во МБПР; во Словенија 20% од извозот е осигуран во СИД, 13% од хрватскиот извоз е осигуран во ХБОР, а околу 4% од српскиот извоз е осигуран во АОФИ

50

компании во 2011 година имаат склучено полиси за осигурување на побарувањата со МБПР, а осигурани се побарувања од 350 купувачи во 25 земји

да потпише задолжница“, истакнува Тасков. Зошто фирмите не се обезбедуваат и не ги користат инструментите за наплата? „Од надеж дека работите ќе се подобрат. Јас работам наплата. Има луѓе кои ми велат имам побарување старо една година, дали може да ми помогнеш? Но, јас го прашувам зошто на 15-тиот ден, кога истече рокот на фактурата, не дојде кај мене? Луѓето не сакаат да си го нарушат деловниот однос со партнерите за да не им се намали продажбата. Тоа е многу погрешно. Должникот треба да оди на суд досека е уште свеж, тазе и ликвиден“, советува Тасков. Тој предлага информацијата дека една фирма & должи на друга да биде јавна. Според него, Словенија е најнапред во овој поглед, а Македонија две скалила подолу, но е уверен дека должниците во земјава

не се лагодни. Но, проблемот го лоцира во тоа што системот работи постериоре. „Ако проблемот длабоко во срцевината лежи во вредносното разбирање на правниот систем, тогаш информацијата кој должи, на кого и колку мора да биде јавна, во регистар во кој секој ќе може да пристапи и да види дека должиш. Мора да сврти една генерација бизнисмени за да се сфати дека моралниот хазард ова општество не го крие. Кога те пишува во некој регистар, секој ќе отвори таму за да види кој на кого должи. Првиот проблем на тој што должи пари е што се крие. Затоа треба да биде напишан во електронски регистар“, смета Тасков. Како треба да изгледа системот според него? Меѓу две фирми постои рок на плаќање. Кога ќе настане „точка на деликвенција“,

20

компании од почетокот на годината го користат факторингот на МБПР како иструмент за финансирање на тековното работење

односно поминување на рокот за наплата на фактурата, побарувањето мора да оди во агенција за наплата и да седи таму три месеци. Агенцијата тогаш им дава еден месец на двете фирми за да преговараат. Ако не успеат, агенцијата мора да преземе три дејства – обид за наоѓање на должникот, телефонски разговор и најмалку еден писмен повик за уплата. Ова се вика „професионални дејства за наплата“. На 121-от ден агенцијата мора да го пријави должникот во биро на должници. Од тој момент, доверителот може да тужи. Дури и ако се изврши наплата, во системот ќе стои податок за колкав рок е платено (еден месец, три месеци, една година).


БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

Финансии

Банките резервирани за откуп на побарувања

В

о банките секојдневно се соочуваат со проблемот на компаниите за наплата на побарувањата, но се прилично резервирани за откуп на побарувања поради изразените ризци. Во Комерцијална банка велат дека поради општото ниво на влошена ликвидност, банките се рестриктивни во употребата на овој производ, бидејќи наплатата на побарувањето е поврзана со висок ризик и можни загуби за банката. Во Комерцијална банка забележуваат зголемен интерес кај компаниите за продажба на побарувањата, но се соочуваат со еден проблем: банката врши откуп на недостасани побарувања, односно побарувања за кои очекува дека ќе се наплатат во рокот на нивно достасување, а најголем дел од барањата за откуп се однесувале на достасани ненаплатени побарувања. „Ако едно побарување не е наплатено во рокот на достасување, тоа е сигурен знак за негова ризичност и отежната наплата. Банката бара и соодветен документ со кој двете страни ќе го потврдат побарувањето (покрај стандардните документи како договор, фактура) и договорот за откуп да биде потпишан од должникот, што во определени случаи може да претставува проблем, односно должникот да не го потврди износот на долгот или да не го потпише договорот“, објаснуваат од Комерцијална банка. Банката врши и откуп на побарувања на домашните компании од купувачи во странство. Станува збор за инструментот форфетирање, со којшто се финансираат побарувањата со клаузула за одложено плаќање од македонските извозници кои ги обезбедиле своите побарувања со акредитив или девизна гаранција. Во Комерцијална банка укажуваат дека и пред кризата просечниот период за наплата во Македонија бил над просекот во развиените земји. „Досегашната работа на компаниите многу ретко вклучуваше обезбедување на побарувањата преку меница, гаранција или друг вид материјално обезбедување (залог, хипотека). Наплатата беше оставена на доверба и добри деловни односи на партнерите. Едно од решенијата е почеста употреба на инструменти за обезбедување меѓу самите компании (задолжница, меница), брза и ефикасна реализација на истите и подигање на општото ниво на „култура на плаќање“. Вообичаено, генератори на неликвидност се најголемите компании и државата и на нив треба да се стави посебен акцент, бидејки тие соработуваат со голема мрежа од мали и средни компании кај кои се пренесува проблемот“, велат во Комерцијална банка.

Прокредит банка нуди откуп на побарувања, а фокусот го става на малите и на средните бизниси. „Сосема очекувано, тие фирми се повеќе фокусирани на тековните бизнисактивности, а помалку кон финансискиот менаџмент. Оттука, не би рекле да оваа услуга се вбројува во основните за кои претпријатијата се обраќаат кај нас“, велат во Прокредит банка. Услугата за откуп на побарувања е достапна за сите претпријатија, без разлика на големината и обемот на работење. Во моментот кога е склучен договорот меѓу договорните страни, со откупот на побарувањата од банката претпријатието кое ја испорачува стоката или услугата, иако чека на своите побарувања одреден рок, добива ликвидни средства за да може да ги извршува тековните операции или да ги намени во инвестициски проект. Од Прокредит банка ги советуваат претпријатијата дека навремениот и соодветен избор на извор на финансирање игра клучна улога. Уште при првите знаци на ликвидносни проблеми да користат инструменти за финансирање на тековните обврски, како што се кредитните линии, кои овозможуваат да се надмине јазот меѓу побарувањата и тековните трошоци. „Она што е особено важно за откупот на побарувања и сличните инструменти да функционираат се здравите односи меѓу фирмите. Неопходна е детална анализа на поставеноста на бизнисодносите. Тоа подразбира анализа на финансиската состојба на бизнисот и неговата способност во целост и со гарантиран квалитет да ја исполни услугата или да ги испорача стоките, како и дека другата бизнис-страна е

финансиски способна во договорениот рок да ги изврши плаќањата кои се залог на самиот откуп на побарувањата. Без тоа не би имало никаква промена во општата задолженост“, истакнуваат во Прокредит банка. Јанко Лосев од Дирекцијата за работа со правни лица во Шпаркасе банка смета дека проблемот со наплатата на побарувањата не може комплетно да се реши преку откупот на побарувања, но сепак, со користење на овој продукт се подобрува ликвидноста на компаниите. Според него, искористеноста на овој продукт не е на завидно ниво. „Интересот за користење на овој продукт оваа година не е зголемен, и покрај кулминацијата на должничката криза. Погодностите од користењето на овој продукт за компаниите се повеќекратни: преку продажба на побарувањата компанијата фактички, врши наплата веднаш по испораката на производот или услугата и може на својот клиент да му понуди подолг рок на одложено плаќање. Максималниот износ кој може да го користат компаниите зависи од висината на побарувањата. Одобрувањето на овој продукт во најголема мера зависи од бонитетот на компанијатадолжник“, објаснува Лосев. Тој очекува задолжницата да ја подобри состојбата со наплатата на побарувањата. Охридска банка не врши откуп на побарувања на принцип на факторинг и форфетинг и смета дека овие финансиски инструменти во Македонија с$ уште не се применуваат масовно. Во изолирани случаи користи побарувања од државни институции како обезбедување за финансирање приватни деловни субјекти.

7


8

БанКиТЕ & БизниСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

анализа

КаКО да зЕмЕТЕ КрЕдиТ за рЕфинанСирањЕ?

Во време кога домашните компании немаат доволно пари за навреме да ги плаќаат своите обврски кон банките, интересот за кредитите за рефинансирање расте. Тоа се кредити што подразбираат замена на постоечкиот долг кон банката со нов кредит, вообичаено на ист износ и со исти средства за обезбедување, меѓутоа под различни услови (пониска каматна стапка, подолг рок на отплата, грејс период). Банкарите велат дека во услови на голема неликвидност во економијата, има јагма за кредити за рефинансирање.

В

александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk о време кога домашните компании немаат доволно пари навреме да ги плаќаат своите обврски кон банките, интересот за кредитите за рефинансирање расте. Тоа се кредити што подразбираат замена на постоечкиот долг кон банката со нов кредит, вообичаено на ист износ и со исти средства за обезбедување, меѓутоа под различни услови (пониска каматна стапка, подолг рок на отплата, грејс период). Освен тоа, кредитите за рефинансирање се интересни во случаи кога бизнисот сака да го фокусира

целото работење само преку една банка со што би добил поголеми поволности и би ги намалил административните процедури од работењето со повеќе банки или пак во случаи кога ќе увиди дека постоекиот извор на финансирање што го користи не е соодветен на динамиката на бизнис тековите. Во тој случај банката му исплаќа нов кредит со одредени услови со кој го затвара претходниот долг. Затоа и на овој вид на кредит се гледа како нов кредит за кој се потребни сите анализи кои ја покажуваат кредитосособноста на апликантот. Кредит за рефинансирање едно претпријатие може да добие со стандардна процедура на апликација. „Кредитите за рефинансирање се

честа активност на банките, посебно во последните неколку години во кои економската криза доведе до нарушување на тековната ликвидност на претпријатијата но и на очекуваните приходи од редовното работење и планираниот пораст на работењето. Секоја фирма која е во тек на одреден кредитен циклус од поодамна и е затекната со ануитети на отплата кои во моментот дополнително ја отежнуваат нејзината ликвидност, можат да аплицираат и да бидат рефинансирани под кредитни услови кои се актуелни во моментот и под услови кои ќе го надминат тој нејзин проблем“, објаснува директорот на одделот за корпоративно кредитирање од Уни банка, Виктор


БанКиТЕ & БизниСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

анализа Филиповски. Условите за одобрување на кредитите за рефинансирање се разликуваат од банка до банка, меѓутоа, во вакви услови во економијата, тие несомнено може да им помогнат на компаниите полесно да ги надминат финансиските проблеми. „Клиентот кој има барање за рефинансирање секако не треба да има критична кредитна историја, да има потенцијал за враќање на средствата и причината за која го рефинансира долгот да има развојна конотација, да го унапредива тековното бизнис работење или да носи долгорочни пазарни можности. Новиот кредит треба да донесе поголем потенцијал во услови кога пазарните услови се промениле, бизнис тековите се промениле или бизнисот увидел потешкотии во досегашнотот финансиско работење поради несоодветно претходно финансирање. Доколку финансиските проблеми се хронични, финансирањето ја загрозува стабилноста и ликвидноста на бизнисот, во тој случај треба многу претпазливо и одговорно да се игра со новите услови на кредитот. Целта на рефинансирањето не е да се оди во затворен круг во кој само ќе се менуваат условите и ќе се оди во бесконечност со кредит на кредит. Тука голема е и банкарската одговорност во целиот процес и советодавната улога која ја има кон клиентот во насока да не го води кон презадолжување“, коментираат од Прокредит банка. Со кредит за рефинансирање може да се изврши предвремена отплата на постоечки кредит, да се подмират обврските од кредитните картички, обврските по основ на искористени пречекорувања на тековните сметки, да се изврши предвремена отплата на преостанатите рати за лизинг. Банкарите велат дека рефинансирањето е вистинско решение за финансиските проблеми на компаниите , но само на солвентните фирми кои реално имаат проблеми со нарушениот cashflow, односно нарушената динамика на наплата на побарувањата и притоа наплата на своите тековни обврски. Банкарите објаснуваат дека според законските прописи и стандардите на Народната банка, не е дозволено одобрување на кредит за исплата на обврски по друг кредит во иста банка. „Ова е единствено возможно доколку со одобрен кредит од една банка се затвараат обврски во друга банка и најчесто се практикува при превземање на клиент од друга банка. Поради моменталната економска криза банките поретко се одлучуваат за превземање на нови клиенти а повеќе се насочени кон задоволување на потребите на постојните клиенти и успешно менаџирање на моменталното

на што да внимавате пред да земете кредит за рефинансирање? X Споредете понуди од различни банки, под кои услови ви ја нудат банките оваа можност (висина на номиналната камата, и што е уште поважно, висината на ефективната камата, рок на отплатат, висина на месечната рата, како и средствата за обезбедување што ги барат банките) X Дали кредитот е врзан со девизна клаузула, за која валута и колку тоа влијае врз месечната рата за тој кредит; X По кој курс (куповен, среден или продажен) се одобрува и се сиплатува кредитот; X Дали каматата е фиксна или променлива и кога може да се менува, од кои причини и колку често; X Дали е кредитот со учество или со депозит и на колкав дел од висината на одобрениот кредит; X Дали имате право кредитот да го отплатите пред рокот и под кои услови; X Дали банката го задржува правото без ваша согласност да ги промени условите (каматната стапка, рокот на отплате, валутна клаузула и сл.);

портфолио. Единствен инструмент со кој се менуваат условите на постојна изложеност е преку пролонгирање или реструктуирање на долгот на клиентот кон банката. При пролонгацијата вообичаено се менува само рокот и динамиката на отплата додека при реструктуирање целата изложеност се заменува со една нова партија под услови за кои се проценува дека ќе бидат соодветни на состојбата

на кредитобарателот и неговата способност за редовно сервисирање на обврските“, објаснуваат од Комерцијална банка. Рефинансирање на кредит е исплатливо само доколку условите под кои се зема новиот кредит ја намалуваат вкупната цена на чинење на стариот кредит. „Рефинансирање на обврски по кредит за компаниите е можно во случаи кога рефинансирањето претставува соодветен прифатлив ризик за банката, а олеснување на обврските за отплата на кредитот за компанијата. Рефинансирање можат да користат компании кои имаат добра кредитна историја и редовност во отплатата на кредитот. Поголема е побарувачката за кредити за репрограмирање и реструктуирање, што не треба да се поистоветува со рефинансирањето на кредити“, велат од Охридска банка. Економистите велат дека кредитот за рефинансирање е добро решение тогаш кога каматната стапка е доволно пониска од постоечката камата за да обезбеди вкупно пониска цена на новиот кредит. Ваквите кредити овозможуваат значително намалување на вкупните трошоци за отплата на земениот кредит. „Доколку размислувате да земете кредит за рефинансирање, најпрво првоерете ја исплатливоста на тој потег. Иако пониска каматна стапка на прв поглед моѓе да ви се чини како поисплатлива варијанта, тоа во пракса не мора да е случај. Важно е да се знае дека вообиачено, во првите неколку години од отплатата на долгорочните кредити, месечниот ануитет се состои од поголем дел од камат и помал дел од главницата, поради што е многу битно да процените дали е поволно да се изврши рефинансирање“, коментираат финансиските аналитичари. Банкарите потврдуваат дека најголем интерес од фирмите има за кредитите за рењфинсиарње или репрограмирање, за обртен капитал, додека пак барања за инвестициски кредити има сосема малку. Освен компаниите, голем интерес за кредитите за рефинансирање има и од граѓаните. „За да го ублажат притисокот кој го чувствуваат од многубројните и високи месечни рати од разните видови кредити и кредитни картички кои ги користат, граѓаните многу често се интересираат за кредитите за рефинансирање. Тоа е една од опциите со која може да се надмине тој проблем, бидејќи овозможува консолидирање на сите нивни изложености, преку што се доаѓа до една релаксирана месечна рата“, оценува Александра Керметчиева, директор на дирекцијата за кредитирање на мало во Уни банка.

9


10

банКиТЕ & бизнисоТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

агробизнис

КаКо сЕ финансира оТКупоТ на грозјЕ?

Винарниците тешко за откуп, бараат кре Повисоката откупна цена на грозјето, сушата, намалените приноси и зголемената побарувачка од странство им зададоа големи проблеми и на винарниците и на откупувачите оваа сезона. Како резултат на зголемените трошоци за откуп и поголемата конкуренција, се отвора клучното прашање - како да го финансираат откупот? александра спасевска

Б

aleksandra.spasevska@kapital.mk

ербата и откупот на грозје и годинава не поминаа без проблеми. Повисоката откупна цена за два денари, сушата, намалените приноси и зголемената побарувачка од странство им зададоа

проблеми и на винарниците и на откупувачите, бидејќи им ги зголемија трошоците, а пари за откуп тешко се обезбедуваат. Во услови на криза и голема неликвидност на компаниите, проблемот со финансирањето на откупот претставува голема главоболка во винската индустрија. Иако годинава Владата со евтина кредитна линија од 11 милиони евра понуди

поддршка за откупувачите и за винарниците, сепак, останува отворено прашањето дали откупувачите ќе имаат доволно пари. Дел од винарските визби во Македонија кои ги консултираше “Капитал“ велат дека поради лошата наплата и во државата и на странските пазари, пред с$ во Србија, имаат проблем со средства за финансирање на откупот. Голем дел од нив веќе побарале од евтините кредити од Македонската банка за поддршка на развојот, а останатиот дел од парите за откупеното грозје ќе се обидат да го обезбедат преку кредити од комерцијалните банки. Марија Митева, директор на винарската визба Сковин, вели дека тие секогаш први ги сервисираат обврските кон лозарите, но оваа година побарале поддршка од државата.

2

денари повисоки откупн а цена на грозјето предложи Вла а годинава и тоа 10 денари за смедат деревка и 12 денари за вранец

“Оваа година аплициравме за кредитната линија од МБПР наменета за агробизнисот, а со тоа и за откуп на грозје. С$ уште чекаме одговор на нашето барање. Во меѓувреме, имаме поддршка од банките“, потенцира Митева. Според неа, во моментов најголем проблем им е наплатата, посебно на српскиот пазар, што претставува тешкотија да ги сервисираат и нивните обврски, но вели дека иако е криза и во Европа, немаат проблеми со наплата на


банКиТЕ & бизнисоТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

агробизнис

о до пари едити

Повлечени 2,7 милиони евра од кредитната линија за агробизнисот

З

аклучно со минатата недела, земјоделските претпријатија повлекле само 2,7 милиони евра од кредитната линија од 11 милиони евра наменета за агробизнисот, а во тој дел и за откуп на грозје. Според информациите од Владата, кредити обезбедиле осум земјоделски претпријатија. Со ова е повлечена една четвртина од предвидените пари. Според информациите, до крајот на неделата кредити треба да добијат уште пет земјоделски претпријатија. Според условите, на кредитната линија за агробизнисот се пласираат кредити до 300.000 евра за основни средства, со рок на враќање од пет години и грејс-период од една година и за обртен капитал до 300.000 евра, со 18 месеци рок на отплата и три месеци грејс-период. Ќе се даваат и кредити за купување машини за ладење и калибрирање, изградба, реконструкција и модернизација на постоечки објекти за постбербени активности и за откуп на земјоделски производи.

Услови за кредит од кредитната линија за агробизнисот европските пазари.

Грозјето за извоз се плаќа за максимум 10 дена

Ангел Филипов, сопственик на откупниот центар Вино рај од кавадаречкото село Сопот, вели дека не е информиран за кредитната линија од МБПР, ниту пак, аплицирал за кредит, бидејќи голем дел од грозјето коешто тој го откупува од лозарите е наменето за извоз, а странските откупувачи и винарски визби ја плаќале фактурата за максимум 10 дена. “Немам проблем со финансирање на откупот на грозје бидејќи работиме со однапред склучени договори и со лозарите, и со откупувачите и со винарските визби. Најбрза е наплатата на грозјето за извоз“, вели Филипов. Според него, со оглед на намалените приноси годинава поради сушата и зголемената

230 -250

илјади тони е просечнот о производство на грозје годишно, а год инава се очекува 30% помали при носи

побарувачка на белите сорти грозје, и дел од домашните винарници го исплаќаат грозјето за неколку дена. За црните сорти пак, парите се чекаат до максимум 180 дена. “Како што нас ни префрлаат пари, така ние ги исплаќаме лозарите. Имаме склучени договори коишто ги почитуваме“, вели Филипов.

Лозарите чекаат пари по шест месеци

Перо Манчев, лозар од Кавадарци, вели дека за

X може да аплицираат само мали и средни претпријатија (од 10 до 250 вработени и годишен обрт од 10 до 50 милиони евра); X учество од најмалку 20%; X задоволителна ликвидност и способност за сервисирање на долгот; X позитивен финансиски резултат во последната фискална година; X без достасани несервисирани обврски за даноци и за придонеси; X хипотека од прв ред, најмалку во однос 2:1 од износот на кредитот или банкарска гаранција во износ на одобрениот кредит.

разлика од минатите години, во последно време поредовна е исплатата на грозјето и од откупувачите и од винарниците. Тој вели дека парите најбрзо ги добива ако го предаде грозјето на откупен центар за извоз, додека од домашните винарници чека по неколку месеци. “Во март ми беа исплатени пари за грозје предадено во

домашна винарница од бербата 2009 година. Сега според законот, парите за предаденото грозје треба да ни бидат исплатени до крајот на април. Ставен е ред и добиваме пари“, вели Манчев. Потенцира дека наместо да ги чекаат сите пари, да ги добиваат барем на неколку рати во предвидениот рок од 180 дена.

11


12

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

интервју

Сашо Арсов

професор по финансиски менаџмент на Економскиот факултет во Скопје

Кризата покажа дека многу бизниси се градени на врски и пријателства За дел од компаниите проблемите се ограничуваат во недостиг од готовина, што може да се надмине со обезбедување краткорочни кредити, со кои би се премостил периодот на намален пласман. Кај други проблемите се посериозни и со оглед на тоа што кризата трае веќе подолго време, потребен е одреден вид преструктурирање. Оние што нема да се приспособат, дефинитивно пропаѓаат, ама тоа е бизнисот – тоа им се случува и на една Нокиа или Сааб Спасијка Јованова

Н

spasijka.jovanova@kapital.mk

ема менаџер во моментов кој не се прашува која е исправната деловна стратегија која ќе помогне за да се спаси бизнисот и да се преживее актуелната финансиска криза. Го прашавме професорот Сашо Арсов кои се досегашните правила што ги познава менаџментот за поефикасно и полесно решавање на проблемите на компаниите во Македонија. П: Науката повторно е исправена пред предизвикот да даде корисни совети и модели кои ќе може да функционираат за државите и компаниите полесно да се справат и да ја преживеат актуелната

финансиска криза? Што е досега понудено од научната сфера? Кои се размислувањата во оваа насока и колку овие совети се разнолични или се движат во иста насока? -Може да се каже, целосно самокритично, дека економската наука значително потфрли во детектирањето на оваа криза, во проценката на нејзиниот тек, а особено во поглед на понудата на решенија за излез од кризата. Економската наука не е егзактна и поради тоа, не е изненадување што се појавуваат бројни и разновидни предлози од разни страни. Во основа, копјата се кршат околу потребата од штедење, што е и нормална човекова реакција во услови на презадолженост и потребата да се стимулира дополнителна побарувачка преку зголемување на потрошувачката. Похрабрите

економисти, меѓу кои има и звучни имиња, истакнуваат дека во ваква ситуација владите не треба да ги намалуваат буџетските дефицити, бидејќи со тоа директно ги дестимулираат производството и инвестициите. Тоа може да се прифати, но само за оние земји кај кои јавната потрошувачка и воопшто, побарувачката, доминантно се задоволуваат од домашната економија. За останатите, меѓу кои спаѓа и Македонија, дополнителната потрошувачка значи и директен одлив на пари од земјата во странство. Други пак, се залагаат за понатамошно штедење, со што би се создале вишоци средства со кои би се враќале насобраните долгови. Оваа струја во моментов преовладува, посебно кај ММФ и ЕЦБ, кои од државите на кои им помагаат бараат спроведување ригорозни програми на штедење.

XX Сега кога е криза многу менаџери и акционери се повеќе од свесни дека во периодот на подем и изобилие премногу се опуштиле и заборавиле на основните постулати на менаџирањето – дека е потребна строга контрола на приходите и расходите, ризиците, паричниот тек, задолженоста... Колку е ова изразено кај македонските компании? Во услови на економски просперитет, особено кога тој има интензитет како оној

од средината на минатата деценија, луѓето лесно влегуваат во ризици, се намалува претпазливоста и контролата, растат трошоците итн. Тука би направил разлика меѓу поголемите компании, претежно акционерски друштва, и помалите, помлади компании кај нас. Кај акционерските друштва имаме случаи и на превработеност, одржување непродуктивни делови, неефикасно инвестирање и сл., што е последица на дефектите во корпоративното управување во услови кога нема јасна раздвоеност меѓу сопственоста и управувањето. Кај помалите и помлади компании пак, се чини дека е поизразен проблемот на големата задолженост кон банките, која во услови на криза се претвора во несолвентност и еден маѓепсан круг на постојано рефинансирање на старите долгови со нови. Како извор на проблеми и за едните и за другите би го истакнал однесувањето на менаџерите кое е типично за една мала средина, каде што голем дел од работите се завршуваат врз основа на пријателства, врски и други неформални релации, што го намалило и степенот на внимателност и чувството на потреба да се применуваат современи принципи на менаџирање, пред с$, со финансиите. Во услови на криза, кога овие


БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

интервју релации не помагаат (бидејќи и другите имаат свои проблеми), круговите на помагање се раскинуваат и се претвораат во надолна спирала, чие дно тешко се наѕира.

XX Кои се основните чекори што треба да ги преземат менаџерите во земјава за да водат ефикасно “антикризно“ сценарио во однос на финансиското и на целокупното работење на компанијата?

Тоа зависи од степенот до кој компанијата е погодена од кризата. За дел од компаниите проблемите се ограничуваат во недостиг од готовина, што може да се надмине со обезбедување краткорочни кредити, со кои би се премостил периодот на намален пласман. Кај други пак, проблемите се посериозни и со оглед на тоа што кризата трае веќе подолго време, потребен е одреден вид преструктурирање. Тоа може да биде намалување на бројот на вработени, воведување нови методи на работа со кои би се намалиле трошоците (на пример, користење Интернет како орудие), работење со минимална маржа во еден период, затворање на неефикасните сегменти, воведување нови производи или подобрување на постојните, освојување нови пазари и сл. Познати се примерите на некои големи компании, како Волво, Сименс, Сони, кои во екот на кризата отпуштаа по илјадници вработени. Звучи непријатно, но од тие примери може да се учи. Оние што нема да се приспособат, дефинитивно пропаѓаат, ама тоа е бизнисот – тоа им се случува и на една Нокиа или Сааб.

фото: Ивана Кузмановска

XX Дали моделот е ист за големите и за средните и малите компании? Секако дека не. Големите компании имаат повеќе човечки и материјални ресурси кои можат да ги рекомбинираат. Малите пак, имаат поголема флексибилност да го менуваат тежиштето на својот бизнис. За големите компании мора да препорачам промени во правец на децентрализација на одговорноста и примена на современи принципи на

работењето. Овие компании кај нас се препознаваат по една личност – нивниот директор, односно доминантен сопственик. Ним им е потребно да примат или да создадат лица кои се експерти во своите области – финансии, маркетинг, технологија и сл., кои ќе донесат додадена вредност за самата компанија. Кога во гигантите Дел и Епл нивните основачи биле сменети од раководните позиции, ако тоа било во интерес на компаниите, тоа значи дека никој не е семоќен и незаменлив. На малите и на средните компании, исто така, би им препорачал многу учење. Покрај тоа, тие мора да бараат пазарни сегменти на кои би можеле да пласираат некои модифицирани варијанти на своите производи, бидејќи нивната флексибилност тоа често им го овозможува.

XX Каде треба да се насочат потенцијалите, во сведување на расходите и на активностите на минимум или пак, во освојување нови предизвици и пазари?

Веќе споменав нешто за однесувањето во услови на криза. Двата правци што ги споменувате се потребни и корисни, во зависност од конкретната ситуација. Голем хендикеп на нашите компании е тоа што имаат мали капацитети за да опслужат големи пазари, како рускиот или кинескиот. Сепак, мислам дека на страната на маркетингот – нови производи и нови пазари (на пример, во Источна Европа) - може многу да се постигне. Нашите извозни производи претежно се со ниска додадена вредност – производи од металургијата и од текстилот, со лон-систем на производство. Таквите производи се први на удар на секоја криза, купувачите лесно се откажуваат од нив. Друга е приказната со производите со висок степен на обработка. Не мора тоа да бидат електроника и автомобили, доволно е ајварот да го спакувате во полуксузно пакување и да им го понудите на поексклузивни купувачи, цената веднаш му се зголемува неколкукратно. Тука би ги истакнал и примерите на некои македонски компании, без да споменувам имиња, кои се претежно од прехранбената, преработувачката и од

13


14

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

интервју

фармацевтската индустрија, кои континуирано вршат иновирање на сопствените производи. Тие компании постојано зборуваат за своите успеси на пазарот.

XX Еден од најголемите проблеми на компаниите е неможноста да ги наплатат побарувањата, што предизвика општа должничка криза во земјава. Како да се реши овој проблем, бидејќи без пари, реалниот сектор уште долго не ќе може да исплива од кризата? Како да се реши оваа недисциплина?

За проблемите со наплатата и неликвидноста јас слушам веќе петнаесетина години, односно одамна пред оваа криза. Кризата само ги засили таквите состојби. Лично, мислам дека точно погодувате дека се работи за една недисциплина вградена во системот, односно работење кое не е засновано на реална проценка на сопствените можности. Лошо е тоа што таквото однесување ги погодува и другите, недолжни субјекти и таквата состојба се шири како болест на економијата. Мора да се спомене дека стопанствениците се жалат и на долговите на државата, која дополнително придонесува

за тоа. Од друга страна, компаниите мора да научат да користат и современи форми на управување со својата готовина, од планирањето на готовинските текови, преку употребата на факторингот, организациите за наплата, револвинг-кредитите, а отсега веќе и задолжницата како инструмент.

XX Годинава кулминираше тензијата меѓу компаниите и банките во однос на дефицитарната кредитна поддршка на стопанството? Зошто бизнисмените и банкарите во Македонија не можат да најдат заеднички јазик? Треба да се има предвид дека и банките и претпријатијата се деловни субјекти кои се трудат да ја максимизираат својата добивка. Тука нема емоции, туку интерес. Банките имаат голем финансиски потенцијал на располагање, депозитите континуирано растат, но банките не се широкогради во одобрувањето кредити. Ако се спореди ова со ситуацијата пред 2008 година, ќе видиме дека во голема мера разликата се состои во перцепцијата на ризикот. Денес банките се мошне претпазливи, а тоа пак, е последица на

општата економска ситуација, неликвидноста, опасностите во еврозоната и сл. Во таква ситуација, нормално е банките да го подигнуваат нивото на премијата за ризик што ја бараат, а тоа има за последица повисоки каматни стапки и повисоки барања за хипотеки. Кога ризиците ќе се намалат и банките поинаку ќе се однесуваат. Ако на ова се додаде фактот дека банките можат без ризик да вложуваат во државни и во благајнички записи со каматни стапки од околу 4%, станува јасно зошто тие немаат потреба да се впуштаат во поголем ризик.

XX Како може компаниите да ги натераат банките да им даваат повеќе кредити? Што е тоа добар бизнис-проект, за кој банкарите велат дека отсуствува во понудата од бизнисот, а што е клучно за да се обезбеди финансиска поддршка? Дефинитивно, банките сакаат добри проекти, добро елаборирани и перспективни. За ниту еден проект не може да се знае со сигурност колкава профитабилност ќе донесе, но банките со своите служби се трудат да проценат за кој од предложените проекти постои поголема

веројатност да биде успешен, со тоа што сега филтрите се многу стеснети во однос на порано. Тоа треба да биде иновативен проект кој ќе понуди нови решенија, нови производи или пазари, односно нешто што ќе го направи поконкурентен во однос на останатите. Покрај самиот проект, важна е и репутацијата на компанијата–инвеститор, но и квалитетот на презентацијата на проектот.

XX Голема дебата се води сега дали е исправна политиката (што е и потреба) на компаниите од земање нови кредити за враќање на старите. Дали тоа е начин за да се решат финансиските проблеми или пак, значи уште поголемо тонење? Станува збор за рефинансирање, што е сосема вообичаена операција доколку една компанија добива кредит по поповолни услови, со кој го враќа стариот, понеповолен кредит. Кај нас пак, тоа најчесто се сведува на едноставно префрлање на обврската од една во друга банка. Само по себе, тоа не носи некои негативни последици, бидејќи вкупната задолженост на стопанството не се менува.


БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

интервју

Голем хендикеп на нашите компании е тоа што имаат мали капацитети за да опслужат големи пазари, како рускиот или кинескиот. Сепак, мислам дека на страната на маркетингот – нови производи и нови пазари (на пример, во Источна Европа) - може многу да се постигне. Нашите извозни производи претежно се со ниска додадена вредност – производи од металургијата и од текстилот, со лон-систем на производство. Таквите производи се први на удар на секоја криза, купувачите лесно се откажуваат од нив. Друга е приказната со производите со висок степен на обработка. Не мора тоа да бидат електроника и автомобили, доволно е ајварот да го спакувате во полуксузно пакување и да им го понудите на поексклузивни купувачи, цената веднаш му се зголемува неколкукратно Она што е проблематично претставува евиденцијата на кредитите, кои наместо да бидат класифицирани како нефункционални, застарени, сега добиваат нов датум. Така добиваме претстава

дека во Македонија стапката на нефункционални кредити стагнира, што можеби е само привид. Тоа ги залажува банките, но и НБРМ, која треба да ја знае вистинската ситуација за да преземе соодветни мерки. Според тоа, проблемот не е толку во самата операција на рефинансирање, туку во информативните проблеми што ги создава.

XX Кои се главните проблеми во управувањето со компаниите во земјава? Дали менаџерите имаат погрешни стратегии или воопшто немаат стратегии?

Тешко е однапред да се каже дали некој има погрешна стратегија, меѓутоа многу лесно може да се види кои компании воопшто немаат стратегија или не зборуваат јавно за неа. Поставувањето на стратегијата, макар и “погрешна“, овозможува да се дознаат целите на менаџментот, да се следи нивното остварување или евентуално, да се предложат корекции. Непостоењето стратегија оневозможува да се мери успехот на менаџментот, тоа наметнува ад хок однесување, а понекогаш може и да е параван за да се прикријат слабостите на управата.

XX Во многу анализи и извештаи се посочува дека на граѓаните во земјава им недостига претприемачки дух и потреба сами да отвораат бизнис, а не да чекаат работа од државата. Зошто е тоа така и што треба да се направи за да се променат работите?

Не би се сложил со првичната констатација. Во Македонија функционираат околу 50.000 компании. Сметам дека тоа воопшто не е лош резултат. Нашите луѓе, веројатно, се слични како и сите други, но за да се започне нов бизнис, потребно е да се има добра идеја, некоја компаративна предност и почетен капитал. Треба да се има предвид дека на помал пазар потешко се остварува исплатливост на идеите, затоа што потребната опрема, машини, возила се исти како и за бизнисите во друга, поголема земја. Ако на тоа се додаде неповолноста на економските услови поради кризата, отежнатите услови на кредитирање и други фактори, сосема е разбирливо

Најголемите кредити се доделуваат преку лични познанства меѓу менаџерите и банкарите

М

ногумина од македонските менаџери признаваат дека им недостига знаење, искуство и претприемачки дух до организација и кадри. Прашањето е зошто по толку време пазарна економија с$ уште се мачиме со старите болки. Арсов е дециден дека македонските компании мора да ги напуштат досегашните “маалски“ практики на водење бизнис. “Најголемите кредити се доделуваат врз основа на лични познанства меѓу менаџерите и банкарите. Спрегата со власта с$ уште e присутна. С$ додека не се изготвуваат физибилити-студии, планови на готовината, финансиски анализи, анализи на сценарија и сл., менаџирањето ќе се базира на интуиција и искуство, наместо на нови знаења и експертиза. Погледнете ги нивните интернет-страници и прочитајте ги нивните извештаи, ако ги има, и веднаш ќе сфатите како се менаџираат тие компании.“

Економиите на голем број земји прегреаја

Г

лобалната економска и финансиска криза, која трае подолго од сите песимистички очекувања, ги извади на виделина сите пропусти во досегашните економски и деловни политики. Може ли да се даде единствен заклучок каде се направени клучните грешки и кои се проблемите што економијата не може да излезе од кризата?

Се чини дека и економските и деловните политики кои ги споменувате подолго време живееја во еден “транс“, кој се хранеше со релативниот економски просперитет во неколку децении. Во таква ситуација, и на менаџерите и на политичарите им се чини дека ништо не може да тргне значајно во лоша насока, односно дека самиот економски раст ќе ги решава проблемите ако се појават. Тоа и се случуваше подолго време затоа што во периоди на криза во една земја помагаа побарувачката и вишокот слободни средства од други земји. Таквиот однос ги потхрануваше јавниот и надворешниот долг во повеќе земји (не само европските). Кон тоа придонесе и напуштањето на т.н. “златен стандард“ во почетокот на 70-тите години, со што сите влади добија можност да печатат пари по потреба. Сега, кога стана јасно дека економиите на поголем број земји “прегреале“ и дека треба да настане нивно “ладење“, сите одеднаш стануваат премногу претпазливи, отсуствуваат инвестициите, се ограничува кредитирањето, растат каматните стапки и како што истакнуваат повеќемина познати економисти, светот прави нова грешка – наместо да се стимулира, растот се задушува. Во услови на зголемена невработеност, високи буџетски дефицити, отсуство на побарувачка и слично, излез се бара во т.н. брзорастечки економии, кои се очекува да повлечат напред. Но, бидејќи светската економија е глобализирана, по принципот на врзани садови, кризата се пренесува и кај нив и станува јасно дека таа ќе потрае и дека ќе бидат потребни значајни, не само национални, туку и меѓународни преструктурирања, за да се најде излез. тоа што немаме наплив на нови деловни проекти. Како можни мерки на ова поле се јавуваат бизнис-инкубаторите, поволните кредитни линии за нови и иновативни бизниси,

поедноставените процедури за основање компании, помошта за изработка на проектни документи и студии, користењето на европските фондови и др.

15


16

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

pr

КАПИТАЛ

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЕНЕРГИЈА И ТРОШОЦИТЕ

Каматните стапки за ЕКО кредити од ПроКредит Банка за претпријатија намалени до 6,85%

ПроКредит Банка во согласност со својата стратешка ориентација за здрава животна средина и подобри услови на живеење, Ви предлага: X Минимум 20% нa електрична енергија и пари можете да заштедите со подобра изолација на фасадата, ѕидовите и таванскиот простор/ поткровје во Вашиот склад или продажен објект. X 35% на трошоци и помало загадување на воздухот ќе Ви донесат инвестициите за поефикасен систем за затоплување и ладење. X 50%-75% заштеда на електрична енергија Ви носат енергетско ефикасните системи за осветлување.

Како можете да заштедите енергија?

С

В

о последните 20 години, користењето на енергијата во објектите е во значителен пораст. Во многу претпријатија енергијата се користи нерационално, а месечните трошоци се непотребно високи. Годишниот пораст на потрошувачката на енергија изнесува над 6,64%, а и цените на електрична енергија постојано растат. Знаете ли дека можете сами да го регулирате нивото на потрошувачка на енергија, доколку користите апарати, опрема и градежни материјали кои се енергетско ефикасни и со тоа да ги намалите месечните трошоци? Размислете и направете анализа за тоа каде најмногу се троши енергија! Искуствата на нашите клиенти говорат за големи заштеди на енергија и висока исплатливост на Ваквите инвестиции.

о ЕКО кредитот од ПроКредит Банка можете да инвестирате во проекти за изградба и реновирање на деловни или производни објекти, опрема, апарати и возила кои користат помалку енергија и го намалуваат загадувањето на околината.

Што претставува ЕКО кредитот?

Можност со исклучително поволна и фиксна каматна стапка да финансирате енергетско ефикасни инвестиции со кои ќе придонесете за зачувување на животната средина, ќе ги намалите трошоците и ќе ја зголемите ефикасноста на процесите. X Фиксна каматна стапка од 6,85% за инвестиции над 300.000 евра X Фиксна каматна стапка од 7% за инвестиции до 300.000 евра X Рок на отплата 84 месеци

Еве неколку примери:

Семејство од Струмица произведува зеленчук. Стаклениците и пластениците мора да се загреваат во зима (јануари-април). Топлата вода и просторот се загрева со котли на дрва, кое можат да бидат заменети со енергетско ефикасни котли. Замената на стариот систем за греење со нов ефикасен систем на дрва им донесе заштеда на енергија и намалување на трошоците за снабдување со енергија од 35%. Хотел од Охрид со просечна потрошувачка на вода од 40 литри по човек и огромна количина на потрошена струја за загревање на водата, воочи дека 90% од енергијата потребна за топлење вода може да се обезбеди од светлосна енергија. Поставувањето на сончеви колектори и ситем за топла вода им обезбеди годишна заштеда од 1.432 евра.


БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

колумна

ЕУ фондови:

Јитка Пантучкова

претседател на Управен одбор на Охридска банка

Предлог на Европската комисија за регулирање во периодот 2014–2020 година

З

Предлогот за регулирање за наредниот период ја содржи во себе визијата за кохезиона политика на Европската комисија, која во наредниот период треба да биде уште повеќе фокусирана на европските економски приоритети за да го демонстрира својот успех и во иднина

а голем број брзорастечки земји кохезионата политика во текот на последната деценија претставуваше значаен фактор за стимулирање, што придонесуваше за раст на стапката на БДП од околу еден процентен поен годишно. На овој начин, таа стана фактор кој придонесува значително за процесот на реална конвергенција, особено во земјите од Централна и Источна Европа, во кои значително го забрза нивниот потенцијал за раст. Директните ефекти на кохезионата политика во изминатата деценија, исто така, се наоѓаат во создавањето повеќе од еден милион работни места, подобрување на вештините и можностите за вработување за повеќе од 10 милиони луѓе, поддршка за основање на повеќе од 800.000 мали и средни претпријатија и изградба на повеќе од 2.000 километри автопат и 4.000 километри железница. Предлогот за регулирање за наредниот период ја содржи во себе визијата за кохезиона политика на Европската комисија, која во наредниот период треба да биде уште повеќе

фокусирана на европските економски приоритети за да го демонстрира својот успех и во иднина. Токму поради оваа причина содржината на предлогот за регулирање е фокусирана на мерките за раст и создавање работни места во согласност со стратегијата „Европа 2020“. Последователен чекор ќе биде донесување на конечните верзии на предлогот за регулирање по дискусиите на ниво на земјите-членки и на Европскиот парламент, а потоа врз основа на познавање на конечните правила и услови, ќе започне процесот на преговори за договори за партнерство, согласно кои интервенциите во рамките на кохезионата политика ќе бидат насочени на неколку приоритетни области дефинирани во согласност со горенаведените цели. На овој начин, земјите-членки на ЕУ ќе дефинираат јасно формулирани и мерливи цели. Во исто време, предлогот предвидува барање кое е контроверзно за многу земји-членки за создавање резерва од која регионите со најдобри резултати во однос на целите на кохезионата политика ќе бидат

наградени. За да се осигура дека интервенциите и инвестициите се направени во одговорна и транспарентна средина, предлогот е наменет за поедноставување и усогласување на правилата на соодветните фондови, вклучувајќи го и руралниот развој и поморските и рибарски фондови. Пет фондови треба да бидат управувани од единствен сет од правила. Овој интегриран пристап треба да обезбеди меѓусебна поврзаност и меѓузависност на интервенции на ниво на региони за да се осигура дека е постигната синергија меѓу нив и дека интервенциите не претставуваат меѓусебно изолирани проекти. Само под овие услови може да се постигне засилување на влијанието и на ефектите на поддржаните проекти. Наредниот период, исто така, треба да се стави силен акцент на инвестициите и интервенциите во социјалната сфера, во духот на стратегијата „Европа 2020“, т.е. главно преку решавање социјални проблеми преку активен едукативен пристап и амбиции за вработување

17


18

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ 26 СЕПТЕМВРИ 2012

КАПИТАЛ

колумна на пазарот на трудот. Европскиот социјален фонд на тој начин треба да биде надополнет од Европскиот фонд за прилагодување на глобализацијата и новата иницијатива – Програма за социјална промена и иновација, чија цел е да им понуди на граѓаните на ЕУ алатка за забрзување за подобро да се справат со новите предизвици во пронаоѓањето соодветни позиции и вработување на пазарот на трудот. Кохезионата политика треба да биде прилагодена на потребите на првата половина од 21 век и во прилог на исполнување на својата примарна улога – надминување на значителните социоекономски и територијални разлики меѓу земјите-членки и нивните региони. Исто така, треба имплицитно да содржи динамичен развоен елемент, кој придонесува за напредокот на ЕУ. Во случај кога елиминирањето на нееднаквостите е насочено кон најсиромашните и најмалку развиените земји-членки и региони, ќе има приближување, но во сосема непожелна насока. Затоа е потребно преку кохезионата политика да се забрза економската способност на помалку развиените региони на ЕУ, така што би имале подеднакво корист од опкружувањето на Единствениот внатрешен пазар во најшироките замислени економски односи со најнапредните региони. Поради оваа причина, треба да се стави силен акцент кај поддржани области што ќе осигураат дека кохезионата политика би претставувала значаен акцелератор на растот и на конкурентноста (што во однос на обемот никогаш не може да се мери во однос на релевантноста на инвестициите што доаѓаат од приватни извори, па дури ни со инвестициите од национални јавни извори, што сепак во наредниот период на слаб економски раст и радикална национална фискална консолидација во многу

земји-членки ќе се најде под значителен притисок, но кој може да прерасне во широко познат акцелератор што ќе ги испровоцира приватните и национални јавни фондови во значајна мера). Дури и во оваа ориентација на раст и конкурентност, идните поволни бенефити на ЕУ-фондовите треба посилно да се наметнат. Нивното влијание треба да биде засилено со ориентацијата на инструментите на политиката на кохезија, кои се во согласност со нејзината намена и, во исто време, имаат силен ефект врз економскиот развој - на мали и на средни претпријатија, иновација и енергетска ефикасност. Во овој поглед, во кој се истакнува не само социоекономскиот, туку колку што е можно и финансискиот поврат, може да видиме поедноставување и модернизација на кохезионата политика и создавање услови за подобро мерење на перформансите и резултатите, како и стимулирање на иницијативи за оние кои успешно се справуваат со нејзиното управување. Социјалната димензија на кохезионата политика е проширена: предлогот го утврдува минималниот дел од Европскиот социјален фонд и го зголемува уделот на Европскиот фонд за прилагодување на глобализацијата. Во обид да се надмине долгорочната манифестација на кризата, силен нагласок е ставен на човечкиот фактор. Овој пристап се базира на претпоставката дека во духот на оваа стратегија инвестираните средства се префрлаат во реалниот живот, така што кога ќе се постигне економско закрепнување, ќе бидат создадени значителен број работни места, дури и во териториите кои сега се силно погодени од структурна невработеност и милиони граѓани ќе добијат можност за вработување. Бидејќи ЕУ има дефинирано нови долгорочни цели

за раст и работни места во стратегијата „Европа 2020“, постои потреба за подобро усогласување на кохезионата политика за да се направи покомпатибилна и да се насочи кон постигнување на договорените цели на „Европа 2020“ за вработувањето, образованието, намалување на сиромаштијата, иновации, истражување и развој и клима (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и емисија на јаглеород диоксид). Ова е тесно поврзано со влијанијата од глобалната – или подобро кажано пан-атлантската - економска криза, невработеноста, сиромаштијата, климатските промени и други предизвици кои влијаат врз сите региони на ЕУ. Со оглед на нивниот удел во целокупната потрошувачка на буџетот на Унијата, инструментите на кохезионата политика се клучен фактор во поттикнување на економската конкурентност на Европа, на социјалната кохезија и на создавање повеќе и подобри работни места. Европската комисија предложи бројни важни промени во врска со формата и механизмот за спроведување на кохезионата политика. Вреди да се забележат следниве: XXКонцентрирање на приоритетите од стратегијата „Европа 2020“ на мудар, одржлив и инклузивен раст; XXПодобрување на координацијата на различни видови на ЕУакции со кохезионата политика; XXНаградување на перформансите во рамките на кохезионата политика; XXПоддршка на интегрирано програмирање; XXПоголем квалитет на резултатите во форма на испорачување на договорените цели за квалитет и нивно систематско следење и евалуација;

XXЦврста макроекономска и фискална средина; XXЗајакнување на територијалната соработка; XXТериторијална кохезија; XXНатамошно поедноставување на процесите поврзани со спроведување на кохезионата политика.

Предлогот за општата регулатива е поделен на два дела. Првиот дел содржи серија заеднички одредби за пет фондови со дефинирани структурни цели опфатени со Заедничка стратешка рамка на комисијата. Таа ги опфаќа заедничките елементи за стратешко планирање и програмирање; тематските цели поврзани со „Европа 2020“, кои ќе бидат основа за фондовите; и одредбите за Заедничка стратешка рамка и за следните договори за партнерство, кои ќе бидат склучени со секоја земја-членка. Заедничките правила, исто така, ги опфаќаат квалификуваноста, финансиските инструменти и принципите на управување и контрола. Во вториот дел од предлогот се поставени специфични одредби за ЕФРР (Европски фонд за регионален развој), ЕСФ (Европски социјален фонд) и Кохезиониот фонд. Тие се фокусираат на мисијата и целите на кохезионата политика, на финансиската рамка, специфичните договори за програмирање и известување, клучните проекти и заедничките акциони планови. Предлозите ги утврдуваат и деталните барања за управување и контрола според кохезионата политика и специфичните барања за финансиско управување. Специфичните регулативи на Фондот, или поточно предлозите за нив, вклучуваат специфични одредби за секој фонд (ЕФРР, ЕСФ и Кохезиониот фонд), вклучувајќи ги и нивниот обем, инвестициски приоритети и индикатори.

(продолжува)


FINO AMEX .52

FINO AMEX .52


Bankite i biznisot 08  

Bankite i biznisot 08

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you