Page 1

Капитал анализа

Секоја втора компанија работи полошо од лани. кризата Се продлабочува!

луѓе и Компании

неликвидноСта најголем убиец на македонСките фирми

интервју: павле гацов

основач и директор на “про агенс”

неликвидноСта на компаниите ќе Се зголемува

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е капитал, сè друго е пари...

Cover story

оД нИв зАвИСИ СуДбИнАТА нА многу бИзнИСменИ

Кој седи во управните одбори на банКите?

exClusive

влоџимeш ЧимошевиЧ поранешен премиер на полска

да немате дилеми, влезот во еу е најголема економСка преродба! број 864 | цена 100 ден. 20 мај 2016 | петок | година 17

ИзборИ во САД: Дуел ХИлАрИ VS ТрАмп


3

Капитал број 864 20.05.2016

соДржИнА

14 04

profile

Јенс столтенберг

генерален секретар на НАТО

26 14

Да се повлече помилувањето!

06

нАВИгАтор 13 години во Македонија ПроКредит банка ја отвори новата енергетски ефикасна управна зграда АДорА ИнженерИнг добитник на The Bizz светска награда за иновативен стил во домувањето

08

Cover story од нив зависи судбината на многу бизнисмени Кој седи во управните одбори на банките?

20

КАпИтАл АнАлИзА

Како работеа приватните компании во првиот квартал?! Секоја втора компанија работи полошо од лани, кризата се продлабочува!

exClusive

38 38

сВет

42

бИзнИс еДУКАцИЈА

46

lifestyle

54

лИДер

ВлоџИМеш ЧИМошеВИЧ поранешен премиер на Полска

Да немате дилеми, влезот во еУ е најголема економска преродба!

26

лУѓе И КоМпАнИИ

32

iNtervieW

ликвидносниот ризик најголем убиец на македонските компании Заради загуба не се оди во стечај, но заради неликвидност, ДА! пАВле гАцоВ

основач и директор на “Про Агенс“

неликвидноста на компаниите ќе се зголемува наредниот период

Дуел Хилари – трамп За што ќе гласаат Американците? Универзитетот Американ колеџ - скопје стана член на престижна меѓународна бизнис мрежа Делта Му Делта доби прв огранок во Македонија и регионот најпознатиот американски бренд хотели пристигна и во Македонија Скопје го доби првиот Marriott хотел МАртИн сорел

основач и извршен директор на WPP

не можете да имате бренд без иновации

АКо по Утрото...

ЧИМошеВИЧ

ДАлИ сте лИКВИДнИ?

Секоја втора компанија во првите три месеци од годината произведувала и продавала помалку од лани, покажува анализата на финансиските извештаи на фирмите доставени до Берзата. Две третини од фирмите се соочуваат со намалување на продажбите на домашниот пазар, додека пак извозот е намален кај секоја трета компанија. И тоа во квартал кога политичката криза се’ уште немаше силен интензитет.

Поранешниот полски премиер, во чијшто мандат Полска стана дел од Европската Унија, вели дека покрај јасната демократизација на сите општествени сегменти, поголемите права и слободи, најголемата придобивка од влезот на која и да е држава во ЕУ е пред се подобрувањето на животниот стандард. „Евро - скептиците и нивната пропаганда тврдат дека ништо нема да се промени, јас ви велам - лажат, видете ја само Полска“, вели тој.

Неликвидноста во македонската економија нема да се ублажи во догледно време, напротив, ќе се зголеми, велат финансиските консултанти. Кризата и мерките на монетарната власт ќе го намалат оптекот на пари во бизнис секторот, а фирмите мора поагилно да ги менаџираат своите побарувања. Затоа што заради загуба не се оди во стечај, но заради неликвидност, ДА!.

XX Стр. 14

XX Стр. 20

XX Стр. 26

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 19.05.2016


www.kapital.mk

profile

Јенс Столтенберг генерален секретар на НАТО

Да се повлече помилувањето!

„Вратата на НАТО e сè уште отворена, но особено е важно лидерите во земјата да се справат со проблемот на владеењето на правото, а тука спаѓа и повлекувањето на неодамнешното помилување што го даде претседателот“, додавајќи дека е неопходно да се обезбедат минималните услови за нормален демократски, политички живот во земјата.

П

о повеќе од една година откако почна политичката криза во Македонија, првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг се јави со реакција на целата ситуација во која е заглавена земјата. Неговата порака е дека Македонија мора да ја укине амнестијата ако сака вратите од Алијансата да останат отворени. Пораката на Столтенберг е целосно усогласена со барањата за повлекување на амнестијата од страна на Амбасадата на САД и Европската Комисија.

„Вратата на НАТО e сè уште отворена, но особено е важно лидерите во земјата да се справат со проблемот на владеењето на правото, а тука спаѓа и повлекувањето на неодамнешното помилување што го даде претседателот“, додавајќи дека е неопходно да се обезбедат минималните услови за нормален демократски, политички живот во земјата. Претходно и Амбасадата на САД јавно повика на итно повлекување на одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги амнестира политичарите вмешани во изборен и други видови криминал. “Поништувањето на помилувањата од

12 април треба да се направи итно и на начин на кој ќе се зачува начелото на одговорност, ќе се избегне селективна примена на правдата и ќе се неутрализира сериозната загриженост во врска со неказнивоста. Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот. Политичките партии треба недвосмислено да го поддржат Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Непреченото работење на СЈО е клучно за да се утврди одговорноста за можни злоупотреби поврзани со прислушувањата и за надминување на сегашната криза”, велат од Амбасадата на САД. nnn

Столтенберг: Лидерите да се справат со проблемот на владеењето на правото


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

6 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

7%

е зголемен извозот на Витаминка во првите три месеци годинава

ГРАдежНИцИТе ГИ ГуБАТ

МАЈА КОцИЈАНчИч

Сметаме дека не се исполнети ниту минимум услови за овозможување веродостојни избори во Македонија на 5 јуни 2016, што би можело да бидат признаени од меѓународната заедница.

портпарол на Европската комисија

В

о првите три месеци годинава македонските градежи фирми во странство договориле градежни работи во странство од 41,4 милиони евра, што е пад од 18,2% во споредба со лани. Во истиот период, пак, градежните компании извршиле градежни работи во странство во вредност од само 2,4 милиони евра, што е пад од дури 66,2% во споредба со првото тромесечие од минатата 2015 година. Во истиот период е забележан зголемен

13 години Во Македонија

ПроКредит банКа ја отвори нов енергетсКи ефиКасна уПравна

С

о повеќе од 1.000 присутни гости, акционерите од ПроКредит Холдинг од Германија, претставници од дипломатскиот кор: Амбасадорот на САД Џес Бејли и амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер, менаџментот и вработените на ПроКредит Банките од Романија, Украина, Грузија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Бугарија, Албанија и Грција, клиенти, соработници и пријатели на банката, ПроКредит Македонија прослави 13 години успешно работење и свечено ја отвори новата Централна управна зграда. Ова е уште една значајна инвестиција од ПроКредит Банка, изградена според најсовремени енергетско ефикасни стандарди и изведена од македонски градежни компании и архитекти.

Гувернерот Димитар Богов со почесен збор прв се обрати на присутните, потенцирајќи дека ПроКредит отсекогаш била и останала 100% германска банка и досега има дадено значителен придонес кон модернизацијата и унапредувањето на банкарскиот сектор со позитивниот пример на 24/7 Зона. Богов ја потенцираше и улогата на НБРМ како конзервативен регулатор на банкарскиот систем во Македонија, во одржувањето на стабилен курс на денарот и чување на солидни девизни резерви. Германската Амбасадорка Кристине Алтхаузер ја спореди новата Централна управа со современите европски особено германски објекти градени по највисоки енергетски стандарди и го поддржа начинот на работење на банката преку автоматизирани зони кои нудат банкомати и за уплата и за исплата за пари – денари,

евра и кованици. Претседателот на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка Македонија и Член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг, Борислав Костадинов наведе дека ПроКредит Холдинг како 100% акционер на ПроКредит Банка ги поддржува заложбите на банката за одговорно банкарство, подобра и поквалитетна банкарска услуга за малите и средни претпријатија во Македонија, преку постојани инвестиции во кадарот и технологијата во експозитурите. Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка им посака успех и добра соработка на клиентите и на вработените во модерна и соверемена централна управа. Таа ги посочи сите предности кои македонските граѓани и бизнисмени имаат можност да ги користат: врвен кадар на професионалци кои


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

7

Т сТРансКиТе ПазаРи обем на извршените градежни работи во Албанија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Статистиката покажува дека забавува и градежната активност на домашниот пазар. Во март годинава во Македонија биле издадени 196 одобренија за градење, што е за 17,6% помалку во однос на истиот период лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите кои се планираат да се градат изнесува 2.925.448 илјади денари или 37,5 милион евра, што е за 23,8% помалку во однос на ланскиот март. Најголем дел од одобренијата за градење или 59,2% се за високоградба, 24,5% се одобренија за реконструкција, а 16,3% се за нискоградба.

лидери

Тим КуК

извршен директор на Apple Apple се најде на првото место на листата на Forbes како највреден бренд во светот за 2016 година. Со повеќе од 1.000 присутни гости, акционерите од ПроКредит Холдинг од Германија, претставници од дипломатскиот кор, ПроКредит Македонија прослави 13 години успешно работење и свечено ја отвори новата Централна управна зграда. Ова е уште една значајна инвестиција од ПроКредит Банка, изградена според најсовремени енергетско ефикасни стандарди и изведена од македонски градежни компании и архитекти.

вата а зграда

работат со најпродуктивниот се гме н т о д ма ке д о н с к и те претприемачи, широка мрежа на банки во регионот за брзи и најповолни трансфери, банка со најсовремена технологија за услуга 24/7, први на пазарот со банкомати за уплата и исплата на ЕУР и МКД готовина во секое време, дури и од штедна сметка. Зградата лоцирана на улицата Илинденска е со минимална емисија на CO2 и голем придонес за чиста животна средина. Зградата располага со 100 фотоволтаици кои произведуваат електрична енергија за сопствени потреби, има сопствени електрични станици за полнење на електричните возила, има зелени градини на терасите. nnn

аДОРа инженеРинГ

ДоБитник нА The Bizz-СветСкА нАгрАДА зА иновАтивен Стил во ДомувАњето

БаРаК ОБама

претседател на САД

Обама ќе биде првиот американски претседател што ќе ја посети Хирошима, градот што беше уништен во воздушен напад од страна на САД.

не им беше неделата

сунДаР Пичаи

извршен директор на Google Google се соочува со казна од околу 3 милијарди евра за злоупотреба на доминантна позиција на пазарот во ЕУ.

Дилма Русеф

претседател на Бразил

Поради буџетски малверзации Русеф е суспендирана од претседателската функција со цел да се соочи со судска постапка.

А

дора инженеринг ја доби наградата The BIZZ 2016 за иновативен стил во домувањето, во Монте Карло, од Светската бизнис конфедерација - една од најзначајните награди што им се доделува на водечките компании во развојот на бизнисот на национално и глобално ниво, како што велат во Адора. Менаџментот на Адора инженеринг наградата ја прими на 15-ти мај во Монако, за оригиналноста и иновативноста што во стилот на домувањето овој градежен бренд ги воведе во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden. “Креативниот дизајн на домовите за висок урбан стил на живеење, со акцент на внатрешното уредување на објектите со атриуми, изобилство на природна светлина и свеж воздух, многу зеленило со елементи од дрво и камен и осмислени заеднички содржини на станарите им нудат чувство на интимност и топлина“, вели генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, и додава дека “престижната награда The BIZZ 2016 е потврда дека, покрај домашната, и меѓународната бизнис заедница ги препознава и вреднува заложбите на Адора инженеринг, со примена на иновативни револуционерни решенија да создаде производи според потребите на купувачите, кои се издвојуваат на пазарот на недвижности по современиот стил и светските трендови за висококвалитетно домување, што оваа компанија ги воведува во Македонија и ги прави достапни на македонските граѓани.“ Наградата The BIZZ 2016 за иновативно домување е четврто меѓународно признание за Адора инженеринг и е мотив плус за вработените да продолжат и натаму да ја движат напред целата индустрија на високата градба во Македонија, каде таа е водечки бренд, велат во компанијата. nnn


8 cover story

Капитал број 864 20.05.2016

www.kapital.mk

cover story

Од нив зависи судбината на многу биз

Кој седи во управните одбори на банките?


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

9

знисмени

Управниот одбор во банките е еден од највисоките органи на управување. Праксата и искуството од развиените економии покажуваат дека лицата кои седат во управните одбори на банките мора да имаа големо искуство и знаење за банкарство, но и познавање за водење на бизнисите во реалниот живот, бидејќи тие се тие кои ја одлучуваат судбината на многу бизнисмени одлучувајќи дали да му одобрат кредит или не.

У пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Управниот одбор во банките е еден од највисоките органи на управување. Праксата и искуството од развиените економии покажуваат дека лицата кои седат во управните одбори на банките мора да имаа големо искуство и знаење за банкарство, но и познавање за водење на бизнисите во реалниот живот, бидејќи тие се тие кои ја одлучуваат судбината на многу бизнисмени одлучувајќи дали некому да му одобрат кредит или не. Во земјите со развиено корпоративно управување членовите во управните одбори се врвни менаџери кои им одговараат на надзорниот одбор и на акционерите. Лицата кои седат во управниот одбор во банките управуваат со секојдневните операции на банката, ја изготвуваат деловната политика и развојниот план на банката. Членовите во управниот одбор се задолжени да управуваат со сите ризици во банката, се грижат за адекватноста на капиталот, а одговараат и за точноста на финансиските извештаи кои се објавуваат во јавноста. За некој да биде член во Управниот одбор мора претходно да добие лиценца од Народната банка. Кога станува збор за некој поголем кредит, Управниот одбор е тој кој одлучува дали компанијата ќе го добие кредитот или не. Капитал анализира кој се луѓето кои седат во управните одбори на најголемите банки, какво образование поседуваат и каква е нивната кариера. Она што може да се забележи на прв поглед е дека во речиси сите банки со странска сопственост, на чело на управните одбори како претседатели седат странци. Но, задолжително покрај странците во одборите има и локали менаџери како директори на некои од секторите. Вообичаено, генералниот извршен директор е и претседател на управниот одбор во банката, а како членови во одборите најчесто се присутни и директорите на секторите за корпоративно кредитирање, банкарство на мало, како и директорите за управување со ризици и финансии. Најголемиот дел од членовите во управните одбори на македонските банки имаат економско образование и магистратура во областа на банкарството или монетарната економија. Во оваа анализа ги анализиравме управните одбори во осумте најголеми банки, поточно оние кои имаат актива над 10 милијарди денари или над 162 милиони евра.


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

10

cover story

Кој се луѓето кои ги водат банките?

Законот за банки пропишува дека Управниот одбор може да се состои од најмалку два, но не повеќе од седум члена. За некој да биде назначен за член во Управниот одбор на банка треба да има минимум шест години работно искуство од областа на финансиите или банкарството или три години работно искуство како лице со посебни права и одговорности во банка со активности соодветни на банката во која се именува. Најголемата банка во Македонија според актива, Комерцијална банка има тричлен управен одбор во кој членуваат локални македонски менаџери. Хари Костов кој е главен извршен директор и претседател на Управниот одбор, а членови и Илија Илоски, кој е главен оперативен директор и Маја Стевкова Штериева која е главен финансов директор во Банката. Хари Костов за прв пат е назначен за главен извршен директор во Комерцијална банка во 1996 година, и оттогаш со двегодишна пауза (од 2002 до 2004 година кога кратко ги извршуваше функциите министер за внатрешни работи и премиер на Македонија) за целиот период ја има раководната функција во Банката. Хари Костов има дипломирано на Економскиот факултет во Скопје, а својата кариера за започнал во Владата во 1983 година како советник на тогашниот претседател на владата Драгољуб Ставрев, во 1994 година бил назначен за заменик министер за финансии, а во 1995 година заминува во САД како помошник-извршен директор во Светска банка, од каде после една година се враќа на челната функција на Комерцијална банка. Илија Илоски е дипломиран економист на Економскиот факултет во Скопје, а во Комерцијална банка е речиси 10 години на извршни менаџерски функции. Илоски кариерата ја започнал во ЕМО Охрид во 1984 година, а во 1995 година од позицијата генерален директор на ЕМО е назначен за генерален директор на Царинската управа. Тој во својата кариера бил и пратеник во

Œ 



На чело на Управниот одбор на Охридска банка веќе една година е Бранка Павловиќ, која повеќе од 15 години извршува раководни позиции во Сосиете Женерал групацијата

Собранието и директор на државната Македонска банка за поддршка и развој. Маја Стефкова Штериева од почеток на кариерата е во Комерцијална банка од 1993 година, каде има извршувано повеќе функции. Од 2008 година е на позицијата Главен финансов директор и член во

Управниот одбор на Банката. Таа има дипломирано на Економскиот факултет, каде што има и магистерска и докторат. Стопанска банка Скопје е во доминантна сопственост на грчката банка National Bank of Greece од Атина, која поседува 93,40%. Управниот одбор на втората најголема


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

11

 ‘

банка во Македонија, е сочинет од четири лица. Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје е Диомидис Николетопулос. Тој на оваа функција е од 2013 година, а претходно од 2009 до 2013 година беше заменик директор за финансии и оперативни работи и банкарство на мало. Станува збор за економист кој високото образование го завршил на Универзитетот за бизнис и администрација во Атина, а магистерските студии по маркетинг менаџмент на Универзитетот Дерби во Англија. Тој својата кариера ја почнал како ревизор, по што извршувал повеќе високи менаџерски функции во неколку грчки банки, меѓу кои Лаики банка, Еуробанк и Аспис банка. Тони Стојановски е македонски кадар, кој високото образование и постдипломските по монетарна економија ги завршува на Економскиот факултет во Скопје, а кариерата во банкарскиот систем ја почнал во Народната банка на Македонија во Дирекцијата за супервизија, каде ја гради својата професионална кариера

Ž ’

и во 2009 година станува генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност во НБРМ. По оваа функција преминува во Стопанска банка Скопје, каде е одговорен за управувањето со ризиците на банката. Теодолус Скордис ја почнува својата банкарска кариера во Националната банка на Грција од 1984 година, а во Стопанската банка Скопје преминува во 2006 година, на почетокот како директор на Сектор за кредитирање, подоцна како директор на сектор за кредитен ризик, а од 2010 година како директор на Сектор за корпоративно кредитирањето. Тој е дипломиран економист на Аристотел Универзитетот, а магистерска од областа на применета економетрика завршил на лондонскиот Биркбек Колеџ. Милица Чапаровска Јовановска е во Стопанска банка Скопје од почетокот на својата банкарска кариера од 1988 година, извршувајќи различни функции, се до 2013 година кога станува генерален директор на банкарство на мало и член во Управниот

ŒХари Костов, првиот човек на Комерцијална банка е на чело на најголемата банка од 1996 година, со пауза од две години кога беше во политика На чело на НЛБ од почетокот на годинава е Антонио Аргир, кој целата кариера ја градеше во Банката, а заедно со него во управта се и Љубе Рајевски и Дамир Кудер ŽДиомидис Николетопулос е на чело на Стопанска банка Скопје е веќе три години, а претходно речиси пет години беше заменик директор. Со Шпаркасе банка, која е со мнозински австриски капитал, веќе три години управува Глигор Бишев, а во управниот одбор има и двајца странци ‘Коста Митровски, пред да застане на чело на УниБанка, кариерата ја градел во приватниот сектор ’ПроКредит Банка е единствена банка со три жени во Управниот одбор, а со неа управува Јованка ЈолескаПоповска која е во Банката од почетоците во 2003 година, а членови во Управниот одбор се и Емилија Спировска и Валентина Никовска

одбор на Банката. Таа има завршено Економски факултет во Скопје и МБА на Економскиот факултет во Љубљана. НЛБ Тутунска банка е трета по големина банка во Македонија, која е во мнозинска сопственост на NLB dd Ljubljana, која поседува 86,97% од Банката. Управниот одбор на НЛБ Тутунска го сочинуваат тројца членови, од кои двајца се локални менаџери, а еден е Словенец. Претседател е Антонио Аргир, кој е на оваа функција од почетокот на 2016 година, кога го наследи долгогодишниот директор Ѓорѓи Јанчески. Аргир е дипломиран економист на Економскиот факултет во Скопје, а својата професионална кариера ја почнува во Тутунска банка каде е вработен од 1999 година. Од 2007 година бил директор на Деловен сектор-деловна мрежа, а од 2009 година и член на Одборот за управување со ризици во НЛБ Тутунска банка. Љубе Раевски е веќе долги години во НЛБ Тутунска банка извршувајќи високи раководни функции. Од 1997 година е заменик генерален директор, а член на Управниот одбор на НЛБ Тутунска е од 2000 година. Дамир Кудер е член на управниот одбор на НЛБ Тутунска банка од 2011 година, а во Банката се вработува во 2006 година како советник на Управниот одбор. Тој кариерата ја почнува во министерството за економски односи и развој на Словенија, по што работел и во економската дипломатија на Словенија. Завршил економија на Економскиот факултет во Љубљана и магистерска на


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

12

cover story

Универзитетот во Марибор. Халк Банка или поранешна ИК Банка, која е во доминантна сопственост на турската Turkiye Halk Bankasi AS од Ankara, која поседува 98,78% од капиталот, четиричлен управен одбор, во кој двајца од членовите се локални менаџери, додека двајца се менаџери кои со себе ги донесе турскиот инвеститор. Халк Банка според последните информации заклучно со март 2016 година е четврта по големина банка, со актива од 513 милиони евра, која ја надмина активата на Охридска банка, која до неодамна беше четврто рангирана банка според големината на активата. На чело на Управниот одбор на Халк банка е Неџдет Палакчи, кој истовремено е и главен извршен директор. Тој има речиси три децениска кариера во банкарството, а на чело на Халк Банка дојде во 2012 година. Под негово водство се случи и преземањето на Зираат Банка од страна на Халк Банка, како и отварањето на претставништвото на Банката во Белград. Во Управниот одбор на Халк Банка седат и Букет Геречџи, која е директор на Секторот за човечки ресурси и организација, а која својата кариера ја градела повеќе финансиски институции во Турција. Томче Тасевски е член на Одборот како директор на Одборот за управување со ризици. Тој својата кариера ја градел во поранешната Љубљанска банка, во Алмако банка, штедилницата Можности, па во ИК банка денешна Халк банка. Во Управниот одбор на Халк Банк седи и Турхан Адеми, кој работел на почетокот во ИК банка, а подоцна бил и генерален директор во Зираат Банкаси, од каде при преземањето станува член во Управниот одбор на Халк Банка. Охридска банка, која е во доминантна сопственост на француската Societe Generale S.A. Paris, која поседува 70,2% од капиталот. Управниот одбор на Охридска банка брои четири члена. Претседател е Бранка Павловиќ, а членови се Мито Ѓорески, Стефан Туати и Билјана Андреевска. На чело на управата на Охридска банка е Бранка Павловиќ, која е на оваа функција од февруари 2015 година. Павловиќ дипломирала економија на Универзитетот во Белград. За време на изминатите 15 години таа извршувала бројни раководни позиции во рамките на Сосиете Женерал Групацијата, меѓу кои член на Извршниот одбор на Сосиете Женерал Србија, како

и главен извршен директор на Сосиете Женерал Монтенегро. Останатите членови во Управниот одбор на Охридска банка се секторски директори во банката. На пример, Стефан Туати е директор на секторот банкарство за население и маркетинг, а Мито Ѓорески е директор на сектор финансии и контролинг, а Биљана Андреевска директор на секторот за операции во Охридска банка. ПроКредит банка е единствена банка во Македонија чиј управен одбор го сочинуваат три жени. На чело на Управниот одбор е Јованка Јолеска Поповска, која е генерален директор на ПроКредит банката од 2009 година. Таа дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, а својата кариера ја почнува како ревизор, но во ПроКредит банка Македонија е од основањето во 2003 година. На почетокот била задолжена за Одделот за внатрешна ревизија, а после една година е назначена за заменик генерален директор во Банката. Членови во Управниот одбор на ПроКредит банка се и Емилија Спироска , која е директор на Секторот за управување со ризици и Валентина Никовска, која е финансов директор во ПроКредит Банка. Она што е интересно за ПроКредит банка е системот за напредување на вработените. За некој да дојде до нивото на висок менаџмент, мора да помине точно определена патека на напредувања и задолжителни обуки. Покрај техничкото знаење за банкарство, секој висок менаџер во ПроКредит банка мора има висок морал и длабоки познавања за општествените науки. Шпаркасе банка која е во сопственост Steiermarkische Bank und Sparkassen AG, која поседува 99,7% од капиталот на Банката, има тричлен управен одбор. Претседател на управниот одбор веќе три години е Глигор Бишев, кој зад себе има речиси 30 години кариера во банкарството и финансиите. Бишев е единствен локален менаџер до тричлениот управен одбор на Шпаркасе банка. Тој својата кариера ја започнал во Народната банка, а од 1997 до 2000 година беше заменик гувернер на НБМ. Од 2000 година Бишев премина на челната позиција на Стопанска банка Скопје, откако таа беше преземена од грчката НБГ и на оваа функција беше се до преминувањето во Шпаркасе. Тој исто така има и академска кариера како професор на редовни и постдипломски студии , а

специјализација има на Лондонската школа за економија. Во управниот одбор на Шпаркасе банка членува и Саша Боко, кој е генерален директор на С-Лизинг во Македонија во 2009 година, а до 2012 година е член во управниот одбор кој е надлежен за кредитирањето на правни лица. Тој својата кариера ја градел во Хрватска и Србија, а по преземањето на некогашната Инвест банка од страна на австриските сопственици доаѓа во Македонија. Дамир Иваштиновиќ е член во управниот одбор на Шпаркасе од јуни минатата година. Тој зад себе има речиси десетгодишна кариера во рамки на групацијата Steiermarkische Bank und Sparkassen работејќи на повеќе различни менаџерски, супервизорски и консултантски позиции во Австрија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, а како член во управниот одбор на Шпаркасе банка е надлежен за управување со ризици. УниБанка е осмата по големина банка во Македонија, во која како најголеми акционери се јавуваа две физички лица, бугарски државјани, Ивајло Мутавчиев и Цеко Минов, кои заедно поседуваат близу 73% од капиталот на Банката. УниБАнка има тричлен управен одбор во кој единствен локален менаџер е Коста Митров, кој е претседател на управниот одбор и генерален директор на Банката. Коста Митровски е еден од ретките директори на банки во Македонија кој нема класично банкарско образование и кариера. Тој својата кариера ја почнал и градел во Бетон, Фершпед, бил директор на неколку транспортно шпедитерски фирми како Кине Нагел и Транспортшпед. Во УниБанка се вработува во 2003 година како директор на мрежата на експозитури, а веќе следната година станува генерален директор на Банката. Покрај Митровски, во управниот одбор на УниБанка членуваат и Делчо Крстев, кој својата кариера ја почнал во бугарската Прва инвестициона банка, а од 2003 година се вработува во УниБанка како директор задолжен за корпоративното кредитирање, а од 2008 година е член во Управниот одбор. Третиот член Хаџидинев кариерата ја почнал како инвестициски советник во Лондон, а потоа во Прва инвестициона банка во Бугарија, од каде на почетокот на 2016 година е назначен за член во највисокото управно тело на УниБанка. nnn


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до 3. Пристап електронското издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ:  49 броја на редовното издание на Капитал  45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал  Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа  Платена поштарина  Вклучено ддв  Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


Капитал број 864 20.05.2016

14

www.kapital.mk

Капитал анализа

Како работеа приватните компании во првиот квартал?!

Секоја втора компанија работи полошо од лани, кризата се продлабочува! Секоја втора компанија во првите три месеци од годината произведувала и продавала помалку од лани, покажува анализата на финансиските извештаи на фирмите доставени до Берзата. Две третини од фирмите се соочуваат со намалување на продажбите на домашниот пазар, додека пак извозот е намален кај секоја трета компанија. Првичните податоци за работењето на компаниите во првиот квартал од годината додека политичката криза се уште немаше силен интензитет, навестуваат дека 2016 година ќе градира во најлоша економска година, а економистите не исклучуваат дека е можна и нова рецесија.

Факт: Две третини од фирмите се соочуваат со на


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

15

КаКо работеа десетте најголеми Котирани Компании на берзата

55,9 55,9

ОКТА МАКПЕТРОЛ

40,3

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

34,5

АЛКАЛОИД

АРЦЕЛОР МИТТАЛ ЦРМ

19,0

ПЕКАБЕСКО

13,7 22% 12,6 -5% 12,4 42% 9,4 -18% 8,4 2%

МАКСТИЛ ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ ФЕРШПЕД ГРАНИТ

Приходи од продажба (милиони евра)

С

Годишна промена

пишува

александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Секоја втора компанија во првите три месеци од годината произведувала и продавала помалку од лани, покажува анализата на финансиските извештаи на фирмите доставени до Берзата. Две третини од фирмите се соочуваат со намалување на продажбите на домашниот пазар, додека пак извозот е намален кај секоја трета компанија. Првичните податоци за работењето на компаниите во првиот квартал од годината додека политичката криза се уште немаше силен интензитет, навестуваат дека 2016 година ќе градира во најлоша економска година, а економистите не исклучуваат дека е можна и нова рецесија. Меѓу најголемите десет котирани компании, пет прикажаа помали приходи од

-10% -20%

0%

2%

-18% КВАРТАЛНИ РЕЗУЛТАТИ НА БАНКИТЕ

Стопанска банка НЛБ Комерцијална банка Охридска банка Уни банка Стопанска банка Битола ТТК банка Централна Кооперативна банка

продажбата од лани, една има идентични приходи, додека четири продавале повеќе отколку во првите три месеци во 2015 година. Компанијата со најголеми приходи меѓу котираните на Берзата е ОКТА, со инкасирани 55,9 милиони евра. Меѓутоа, споредено со истиот период лани, ОКТА годинава продала 10% помалку нафта и нафтени деривати. Продажбата на домашниот пазар е намалена за дури 15%, додека пак извозот на странските пазари бележи зголемување од 20%. Макпетрол исто така инкасираше помалку пари од продажба на нафта после првите три месеци. Компанијата оствари приходи од 55,86 милиони евра, што е намалување од 20% на годишно ниво. Најголем дел од приходите на Макпетрол или дури 54,2 милиони евра се од продажба на домашен пазар, каде компанијата има пад на приходите од 17%, додека пак извозот во овој период се намалил за дури 57%, на околу 1,7 милиони евра. Од друга страна пак, на командитното друштво Оилко во кое Макпетрол поседува 35,16% од капиталот, во првите три месеци му одело подобро. Приходите од продажба изнесуваат 1,6 милиони евра и се зголемени за 2% во споредба со лани. Во металската индустрија, се чувствува најдлабока криза, барем ако се суди според резултатите на котираните компании. Производителот на челични производи Арцелор Миттал ЦРМ има намалени

Добивка/Загуба (милиони евра) 10,56 5,88 2,77 1,87 0,508 -0,56 -0,47 -0,31

Годишна промена 7,5% 56,8% / 28,5% 6051% / / /

приходи од продажба за 18% на речиси 19 милиони евра. Извозот кој што зафаќа најголем дел од продажбата, е намален за 19% од што се инкасирани 15,9 милиони евра, додека пак приходите од домашниот пазар изнесуваат 3,07 милиони евра, за 16% помалку од лани. Челичарницата Макстил исто така прикажа намалување на приходите од продажба за 5%, на 12,6 милиони евра. Извозот на Макстил во првиот квартал од годината е зголемен речиси тројно, но во исто време компанијата бележи намалување на приходите од домашниот пазар за 71%. Факом, како компанија во дејноста на повисока додадена вредност во металургијата, односно проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и производи, прикажа за 16% помали приходи во првите три месеци споредено со лани. Билансот на успех на Факом покажува дека вкупните приходи од продажба од јануари до март годинава изнесуваат 5,1 милиони евра. На странските пазари се забележува зголемен обем на работа и приходи од 4,3 милиони евра што е за 8% повеќе од истиот период лани, но на домашен терен, продажбата е намалена за 61%. Во фармацевтската индустрија, Алкалоид ја зголеми продажбата за 2% и инкасираше 34,5 милиони евра. Растот на приходите главно се должи на зголемениот извоз за 4% од што компанијата наплатила 21,5 милиони евра, додека пак во земјава, Алкалоид

амалување на проДажбите на Домашниот пазар


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

16

Капитал анализа

бележи намалување на продажбата за 1% од што се инкасирани речиси 13 милиони евра. Од останатите компании од оваа индустрија, Реплек оствари приходи од 2,8 милиони евра и се за 16% помали од лани. Од продажбата во домашните аптеки, компанијата инкасирала 19% помалку приходи од лани, односно 1,45 милиони евра, додека пак извозот се намалил за 12% на 1,3 милиони евра. Компаниите од градежниот сектор прикажаа променливи резултати од работењето. Најголемата компанија меѓу нив, Гранит, инкасираше 8,4 милиони евра од градежни работи во првите три месеци од годината што е 2% повеќе од лани. На домашниот пазар извршени се градежни работи во вредност од 7,9 милиони евра што е зголемување од 7% на годишно ниво, но резултатите покажуваат дека Гранит ги губи странските пазари со намалување на приходите за 41%. Скопски Бетон забележа 3% помали приходи од лани, односно инкасира 7,2 милиони евра, сите остварени на домашниот пазар. Бетон Штип, пак, прикажа за 74% повисоки приходи од 3,3 милиони евра. Од компаниите производители на градежни материјали, Цементарница Усје оствари приходи од 12,4 милиони евра и споредено со лани тие се зголемени за 42%. Мермерен Комбинат Прилеп инкасираше 2,8 милиони евра приходи што е за 17% помалку отколку лани и речиси сите приходи на компанијата доаѓаат од извоз. Уште една компанија од овој сектор, која што произведува градежни материјали, Адинг, ги зголеми приходите од работењето за 40%. Од извештајот на компанијата може да се види дека приходите во првото полугодие изнесуваат речиси 1 милион евра. Поголем дел од компаниите од прехранбената индустрија прикажаа поголеми продажби од лани. Меѓу нив, највисоки приходи оствари компанијата од месната индустрија Пекабеско, со 13,7 милиони евра што е 22% повеќе од лани. Од нив, дури 12,5 милиони евра доаѓаат од продажбите во домашните супермаркети.

Витаминка од Прилеп забележа пораст на приходите од 3% и после првите три месеци инкасираше 6,4 милиони евра. Извозот на производите на Витаминка е зголемен за 7%, додека пак на домашниот пазар продажбата стагнира. Компанијата која што исто така произведува кондиторски производи, Европа, продаде 5% помалку од лани и со тоа оствари приходи од 2,4 милиони евра. Извозот на компанијата е намален за 6% со што се наплатени вкупно 1,2 милиони евра. Исто толку приходи се инкасирани и на домашниот пазар, што во споредба со лани е 4% помалку. Жито Лукс од продажба на леб и бели печива оствари приходи од 4 милиони евра евра кои што се намалени за 10% во однос на лани. Од земјоделските комбинати, Пелагонија оствари приходи од 2,5 милиони кои што се зголемени за 38% на годишно ниво. Прилепска пиварница ги зголеми приходите од продажба за 17% во првиот квартал од годината и изнесуваат 4,4 милиони евра. Продажбата на домашниот пазар која што обезбедува најголем дел од приходите на компанијата, се зголемила за 16%, додека пак извозот во истиот период е зголемен за 83%. Пелистерка, пак, инкасираше 7% помалку приходи од продажба, односно 1,4 милиони евра. На домашниот пазар каде што доминираат производите на Пелистерка, продажбата се намалила за 8%, додека пак извозот е зголемен за 40%. Винарницата Тиквеш оствари приходи од 4,1 милиони евра, што е за 9% повеќе од лани.

Банкарските добивки растат

Банкарите во првите три месеци од годината остварија добивка од 24,6 милиони евра што е два и пол пати повеќе отколку во истиот период лани. Најновите податоци од Народната банка покажуваат дека профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот на банкарскиот сектор после првите три месеци годинава достигна 13% што е највисоко ниво од 2008 година наваму. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор во првата половина од годината е

направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 21,7 милиони евра. Средните банки заработија 4,2 милиони евра, а загубата на малите банки, се зголемила на 1,4 милиони евра. Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што во периодот од јануари до март годинава на нето основа инкасирале 61 милиони евра, што е за 11,4% повеќе отколку лани. Зголемени се и приходите од провизии и надоместоци при што се наплатени 16,9 милиони евра. По одделни банки, од оние што досега ги објавија кварталните финансиски извештаи, најголема добивка оствари Стопанска банка од околу 10,6 милиони евра, што е 7,5% повеќе отколку лани. Билансот на успех на НЛБ покажува добивка од 5,9 милиони евра што е 56,8% поголема од лани. Комерцијална банка прикажа профит од 2,8 милиони евра со што ја надмина загубата остварена во истиот период лани. Охридска банка Сосиете Женерал прикажа добивка од 1,9 милиони евра што е 28,5% повеќе од лани. Уни банка прикажа најголем раст на добивката, за дури 60 пати и изнесува нешто повеќе од половина милион евра. Од средните банки, Стопанска банка Битола прикажа загуба од 560 илјади евра, ТТК загуба од околу 470 илјади евра, и Централна Кооперативна банка минус од 310 илјади евра.

Политичката криза ќе кулминира во рецесија

Иако официјалните статистички податоци после првите три месеци од годината, покажаа зголемување на индустриското производство за 10,7% во однос на првиот квартал лани и раст на извозот од 5,9%, откако политичката криза се продлабочи и веќе е јасно дека ќе се пролонгира и до крајот на годината, економистите проценуваат дека економијата допрва ќе страда и не ја исклучуваат можноста од нова рецесија. Бизнисмените велат дека во последниот месец, буквално немаат нарачки ниту од странство, ниту пак на домашниот пазар. „Нашите партнери од регионот со кои што соработуваме подолг период сега

Бизнисмени: Немаме никакви нарачки во последниот месец


Здравата страна на слатките задоволства!


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

18

Капитал анализа

веќе изразуваат загриженост околу испораката на производите, особено во последниот месец откако политичката криза ескалираше. Неодамна на пример, нè исфрлија од игра од два тендери во Србија без некое логично објаснување. Во исто време нема побарувачка ниту на домашниот пазар, сите инвестиции се буквално стопирани така што ситуацијата е загрижувачка. Нè плаши наредниот период особено тоа што не очекуваме брзо разрешување на политичката криза“, оценува Горан Антески, генерален директор на Раде Кончар ТЕП. Претседателот на Одборот на директори на компанијата Брако од металската индустрија, Кочо Анѓушев, вели дека засега нема откажување на нарачките од постојните партнери, меѓутоа, до нови нарачки многу тешко се доаѓало. „Нашите партнери покажуваат загриженост за ситуацијата во Македонија и поради тоа сега трошиме многу време на објаснување што се случува овде, да ги увериме дека политичката криза нема да влијае на нашето работење, дека ќе го испорачаме договореното, дека цената ќе остане стабилна. Меѓутоа, и покрај тоа тие покажуваат одредена резервираност за понатамошната соработка и чувствуваме дека веќе си бараат алтернативи. Ако ситуацијата продолжи да се влошува, јасно е дека партнерите ќе ни избегаат. Од друга страна, многу тешко се доаѓа до нови договори за нови нарачки. Дури и да сме најконкурентни со цени, странските партнери предност им даваат на партнери од стабилни земји, без неизвесност“, вели Анѓушев. Главниот извршен директор на компанијата Макпрогрес, Глигор Цветанов, пак, вели дека продлабочувањето на политичката криза засега нема влијание на извозот и нема сигнали за откажување или редуцирање на нарачките од странство,

меѓутоа и тој потврдува дека странските партнери ги следат случувањата кај нас ги интересира дали ќе можат да ги испорачаат производите навремено. „Не очекувам политичката криза да има негативно влијание на нашиот извоз, но сум сигурен дека веќе има и ќе има негативно влијание врз потрошувачката на домашниот пазар“, вели Цветанов. И финансиските институции веќе почнаа да ги преиспитуваат своите проценки за економскиот раст годинава. Народната банка го објави своето најново сценарио за македонската економија според кое доколку политичката криза продолжи до крајот на годината што е засега најреално очекување, економскиот раст наместо 3,5%, ќе достигне најмногу 1,6%. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов изјави дека како што сега стојат работите, оваа проценка е најреална. Сценариото предвидува продлабочување на недовербата на граѓаните и како последица на тоа зголемена побарувачка за девизи, повлекување на депозитите од банките и намалена приватна потрошувачка. „Во исто време, според ова сценарио се очекува зголемување на недовербата и на инвеститорите, како на странските така и на домашните, што значи помал прилив на инвестиции бидејќи политичката нестабилност влијае на инвеститорите. Освен тоа, предвидуваме понеповолни движења на пазарот на труд како и зголемени ризици за финансирање на економијата. Сето тоа ќе доведе до забавена кредитна активност, помал извоз, намалување на девизните резерви и секако помал економски раст“, изјави гувернерот Богов. Меѓународните финансиски институции исто така веќе почнаа да ги калкулираат политичките ризици во своите најнови прогнози, меѓутоа, засега не се објавуваат ревидирани проценки.

Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Македонија, Патрик Житон, смета дека тензичната политичка состојба досега немала забележително негативно влијание врз економскиот раст базирано на достапните економски податоци. „Нашето предвидување за раст на БДП од 3,5% ги рефлектира случувањата до сега. Сепак, доколку се пролонгираат, политичките тензии најверојатно ќе влијаат врз одлуките на домашните и странските приватни инвеститори. Исто така, можно е да видиме намалување на обемот на кредитирањето на домаќинствата поради зголемената каматна стапка и намалената доверба. Сите овие случувања можно е да имаат негативно влијание врз нашите проекции во наредните месеци“, изјави Житон. Последната проценка на Светска банка за растот во Македонија исто така е направена во контекст на најновиот полугодишен извештај кој што беше објавен на почетокот на април и ги зема предвид случувањата само до март. „Оваа проценка не ги зема предвид најновите политички случувања и зголемените надолни ризици за економијата. Нашето искуство покажува дека пролонгираната политичка криза има тенденција да остави економски последици. Неизвесности околу политичките потези делуваат на довербата и очекувањата на сите економски субјекти и според тоа влијаат на потрошувачката и одлуките за инвестирање“, оценуваат од Светска банка и додаваат дека освен актуелната политичка криза, македонската економија оперира и во контекст на бавен раст во Европа и неизвесности што произлегуваат од глобалната економија. „Оттука, очекуваме дека надолните ризици за македонската економија се зголемени во последно време и негативно ќе влијаат на проценката за економски раст годинава“, изјавија од Светската банка. nnn

Реакција Повод да ви се обратам е анализа објавена во Капитал бр. 862 со наслов "Каматите се зголемуваат за да се одбрани денарот". На едно место, каде што ме спомнувате во својство на Министрер за финансии во владата на Република Македонија, тврдите дека, наводно, тогашниот гувернер, господинот Петар Гошев, ја зголемувал стапката на принос на благајничките записи „во обид да ги намали притисоците врз денарот кои доаѓаа заради преголемото трошење на фискалната политика, односно на државата ...“. Нема ништо подалеку од вистината. Се надевам дека не сте заборавиле дека зборувате за периодот на прелевање на светската финансиска и економска криза во македонската економија. Како резултат на тоа, извозот, кој е најголемиот извор на странски средства за плаќање, се намали за близу 40 % во многу краток временски период, што предизвика нерамнотежа на девизниот пазар. Ова ја наложи потребата од интервенција од страна на НБРМ од девизните резерви заради заштита на вредноста на националната валута, при што беа потрошени околу 600 милиони евра, или една третина од тогашните девизни резерви.

Состојбата на девизниот пазар е тесно поврзана со домашниот пазар на пари, па оттаму основната причина за порастот на стапката на принос на благајничките записи е поврзан првенствено со последиците од финансиската и економската криза, а не, како што ви тврдите, преголемото трошење на државата. Фискалната политика, во рамките на фискалниот простор, користеше контрациклични мерки за ублажување на последиците од кризата и не беше причина за порастот на каматните стапки во тој период. Не само што е невозможно, туку и би било крајно неодговорно драстично приспособување на фискалната политика во услови на толку силни надворешни шокови. Уште истата, 2009 година, веднаш по емитирањето на втората Еврообврзница, се врати довербата во националната валута и се создадоа услови за постепено нормализирање на состојбите на девизниот пазар и на пазарот за пари. Сето друго е историја. Трајко Славески

професор на Економски факултет и поранешен министер за финансии


Капитал број 864 20.05.2016

20

www.kapital.mk

exclusive

Поранешниот полски премиер и министер за надворешни работи, во чијшто мандат Полска стана дел од Европската Унија, вели дека покрај јасната демократизација на сите општествени сегменти, поголемите права и слободи, најголемата придобивка од влезот на која и да е држава во ЕУ е пред се подобрувањето на животниот стандард. „Евроскептиците и нивната пропаганда тврдат дека ништо нема да се промени, јас ви велам - лажат, видете ја само Полска“, вели тој.

Влоџимеш ЧимошеВиЧ поранешен премиер на полска

Да немате Дилеми, влезот во еУ е најголема економска прероДба!

ЧимошЕвиЧ: РУската агРЕсија Е самоУбиствЕна


Капитал број 864 20.05.2016

21

С разговара:

Катерина Синадиновска katarina.sinadinovska@kapital.mk

Со поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Полска, Влоџимеш Чимошевич, имавме можност да се сретнеме во Варшава за време на пролетната школа за дипломати, којашто Европската Академија за дипломатија (ЕАД) традиционално ја организира секоја година. Во еден опуштен разговор за иднината на Европската Унија, за европските перспективи на земјите кандидати и претенденти за членство, за мигрантската криза и односите на ЕУ со Русија, ја отворивме темата и за Балканот и за Македонија. Тој е дециден дека властите во која било земја мора да бидат флексибилни и подготвени на „жртви“ кога се работи за влез во Унијата, оти како премиер којшто ја внесе Полска во европското семејство добро знае какви се придобивките за едно општество ако е огреано од „ѕвездата“. Но, дали се само државите и нивните власти одговорни или кога се работи за проширувањето, самата Унија треба да има поактивна улога во процесот на реформирање и менување на политичките и воопшто општествени матрици на земјите -кандидати (за)останати во некое друго време на едноумие и заробена економија ? Тој вели - второто, оти Унијата, според него, запостави дел од државите и со самото тоа што тие не станаа членки, во нивните општества се остави простор за силен подем на корумпирани политички елити. XX Господине Чимошевич, Вие сте министерот за надворешни работи во чијшто мандат Полска стана дел од европското семејство. Без разлика какви други успеси сте имале на таа функција, ова сигурно ви е најголемата сатисфакција, оти практично од тој момент започна трансформацијата на Полска во модерна западна демократија. Кажете ни како се одвиваше процесот? Со какви проблеми се соочувавте и кои беа најголемите придобивки за полското општество со влезот во ЕУ? Јас се занимавам со политика три децении и се уште се изненадувам како одредени групи на луѓе сосема ирационално реагираат во

Полска е на самиот врв во земјоделството во ЕУ, а стандардот на полскиот земјоделец е двојно зголемен, нивните приходи се двојно поголеми. Токму влезот во Европската унија и отворањето на фондовите, европската институционална и финансиска помош помогнаа за таа, би рекол, инстант-трансформација. И кој е сега најголем евро-оптимист? Фармерите. Тие што велеа „не“ за ЕУ, сфатија што се крие во интеграцијата и во приказната што ја овозможивме. дадени политички моменти и предизвици. Кога дојде редот за зачленување на Полска во ЕУ, верувајте дека најголема „опозиција“ беа фармерите. Тие се плашеа од конкуренција, мислеа дека кога ќе се отвори пазарот, ќе паднат цените, ќе останат гладни и без работа. Стравови коишто за секој што разбира економија и законска регулатива се апсолутно ирационални, но ете тие ги имаа, и водеа цели движења, помогнати и од политички фактори за да не спречат во нашата мисија. Како е денеска? Денеска тие се нашата најуспешна приказна. Полска е на самиот врв во земјоделството во ЕУ, а стандардот на полскиот земјоделец е двојно зголемен, нивните приходи се двојно поголеми. Одете во селата низ Полска да видите како се живее и за каква модернизација зборувам. Токму влезот во Европската унија и отворањето на фондовите, европската институционална и финансиска помош помогнаа за таа, би рекол, инстант-трансформација. И кој е сега најголем евро-оптимист? Фармерите. Тие што велеа „не“ за ЕУ, сфатија што се крие во интеграцијата и во приказната што ја овозможивме. XX Но, не би рекла дека е само економскиот интерес во прашање. Видете, јас пет пати ќе потенцирам економски интерес! Тоа е клучно. Да, тука се апсолутно и поголемите слободи, човекови права, демократизација на сите општествени сегменти, слобода за патување, поголем избор на работни места, отворени пазари, и секако, повторно - економскиот интерес (н.з, се смее). XX Македонија го доби својот кандидатски статус во 2005-тата и ова е единаесетта година како стои заглавена во својот пат. Како Вие од страна гледате на македонскиот случај? Јас ова и сум го кажал на неколку македонски политичари кога сум имал средби - кога би бил ваше место, би бил многу, многу пофлексибилен кога се работи за спорот за името со Грција, што се наведува како клучна препрека. Зошто? Затоа што според мене, нема таков проблем којшто не може да се реши со доволна посветеност на политичките елити, дополнително ако се знае што ќе се добие како награда. Да сте

Кој е Чимошевиќ?

Ч

имошевиќ е роден на 13 септември 1950 во Варшава, Полска. Од 1996 до 1997 година бил премиер на Полска, а од 2001 до 2004 година ја извршувал позицијата министер за надворешни работи на оваа држава, токму во моментот кога Полска влегуваше во Европската унија. Токму тој се смета за главниот политичар кој го поплочил патот на Полска до членство во ЕУ. Во 2007 година тој се враќа во политиката за време на парламентарните избори кога е избран за сенатор и тоа како независен кандидат. На оваа функција останува до 2015 година, кога е назначен за лидер на невладината организација „Агенција за модернизација на Украина“, каде е одговорен за борба со корупцијата. Инаку, оваа невладина организација има цел да поттикнува политичка стабилност и економски раст во Украина. свесни што значи за иднината на државата членството во ЕУ, а низ годините да го комплицирате, наместо да го решавате проблемот не е сфатливо и таа политика никако не може да се дефинира како политика на државен интерес. XX Каква е тука улогата на самата Европска унија? Не сметате ли дека низ годините и таа како да се дистанцира и недоволно активно ги следеше приликите кај нас? Секој е одговорен за сопствената иднина, но ние сведочиме за една конфузна политика и на самата Унија, пред се во врска со проширувањето како процес. Европските лидери веројатно се свесни за опасностите што неминовно се јавуваат кога недоволно демократски зрели држави се оставаат сами на себе, а се природно и географски дел од континентот.

а. И самите Руси ќе го разберат тоа еден ден


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

22

exclusive

Апсолутно сте во право и тоа не го негирам. Јас бев во Солун во 2003-та. Лично сведочев на „Солунската агенда“ и ветувањето дека овие држави ќе станат дел од европското семејство. ЕУ не остана доследна на своето ветување. Напротив, водеше една неконзистентна политика, со којашто само долеа масло на огнот на подрачја кои така запоставени се солидна почва за автократија и корупција. Лесно е да се одговори кој е интересот на државите кандидати да станат членки, но јас тврдам дека и самата Европска унија има интерес од проширувањето. Не бидете скромни. Да, вие едноставно имате право на членство. Вие сте Европа! Прво, кога се работи за вака мали држави, што губи Европа? Каква закана може да претставува една мала земја за Унијата? ЕУ лесно може да ве дозволи, тоа што сте мали е предност. Друго е со Турција, со нејзините милиони луѓе, фармери, работници и така натаму... Да, секако мора да се исполнети Копенхашките критериуми, тоа е факт, но дека имате право на ЕУ е исто така неоспорлив факт.

Да сте свесни што значи за иднината на државата членството во ЕУ, а низ годините да го комплицирате, наместо да го решавате проблемот не е сфатливо и таа политика никако не може да се дефинира како политика на државен интерес. Силна Германија е гаранција за ЕУ

XX Зошто Европа падна на тестот за мигрантската криза? Едноставно не беше подготвена и доцнеше со реакцијата. И покрај тоа што цело лето не преплавуваа фотографии од удавени бегалци и страшни сведоштва за милиони човечки приказни, Европскиот Совет првиот состанок го свика дури есента, и тоа откако Ангела Меркел му се јави на Доналд Туск да му каже - ало, фино што бевте по одмори до сега, ама време е да свикате состанок. Реакцијата на ЕУ беше задоцнета и недоволна. Требаше навреме да се реагира во менаџирањето на брановите бегалци. XX Колку е оваа криза закана за иднината на Унијата? Кризата изгледа страшно, но јас мислам дека таа е една од помалите закани. Оваа криза лесно се решава иако не изгледа така. Потребна е само една унифицирана политика и стратегија. Кога во Полска во 1997-та беше големата поплава, над 3500 километри квадратни беа под вода. За шест месеци државата успеа да се справи со кризата и да згрижи над 230 илјади раселени луѓе, да репарира инфраструктура и така натаму. Ако тоа го можеше Полска, сама, замислете што

можат европските држави заедно. Нас се што ни треба е заедничка политика. Едноставно, за иднината на ЕУ неопходно е јакнење на заедничките политики. Вака понатаму не бива. Единствено нешто за што европските држави имаат усогласена политика се климатските промени, и според мене, тоа е најголемиот проблем. Неопходна е изградба на заеднички позиција во политиката кон Русија, политиката кон Кина и слично. Од друга страна, ЕУ се уште го нема целосно реализирано својот економски потенцијал и на тоа исто така треба да се работи. Исто така, ние мораме да се спротивставиме на растечкиот антиевропски дух. Тука пред се мислам на лидерите на државите, не на граѓаните. На оние лидери коишто глумат патриоти дома зборувајќи против европската иднина. Ако тоа не се контролира и не им се покажат заби ним, тоа ќе не ослабне. Тоа се според мене, предизвиците на денешната Европа за коишто се потребни дебати, разговор, соработка. XX Како ја гледате улогата на Германија во ЕУ? Како на лидер. Природен лидер. Тој што има најголем потенцијал, треба да биде лидер, многу просто. Во моите очи Германија не е закана. Воопшто не. Напротив, јас

Русија ќе мора да се менува, ако не сака да пропадне XX Како гледате на обидите за руско влијание, не само во државите коишто се надвор од ЕУ, туку и во многу европски држави чии што лидери, отворено или не, флертуваат со рускиот систем на владеење, сосема спротивен од европските вредности? Руската агресија е самоубиствена. И самите Руси ќе го разберат тоа еден ден. Нештата се многу едноставни - ова е 21 век и држави со методи на владеење од 19-от не може да опстанат. Барем не долго и успешно. Русија мора да инвестира во модернизација на својата економија. Видете ја структурата на извозот на Русија, таа држава не извезува речиси ништо освен оружје. Само полските фармери од извоз на земјоделски производи добиваат двојно повеќе. Ова е време на компетитивност, иновации, технологија. Русија ќе мора да се менува. И кога ќе мора да се менува, од каде ќе ги зема технолошките иновации? Сета почит за Кина, но да се разбереме, западот е број еден во технологија. Оттука, ќе дојде време, на среден рок зборувам, кога Москва ќе сфати дека потребни и се подобри односи со Западот. Што се однесува до начинот на владеење, таа примена на сила, моќ, контрола, тоа е исто така нешто несфатливо за времето во коешто живееме. Нема успех во тоа. Сето тоа оди на нивна сопствена штета и времето ќе покаже колку сум во право. Кога Обама рече дека Русија е регионален лидер, Русите смртно се навредија, но само видете ги бројките, економските параметри и ќе ви биде јасно дека Барак бил во право.

Чимошевич: Вие едноставно имате право на членство. Вие сте Европа!


Капитал број 864 20.05.2016

24

www.kapital.mk

exclusive

мислам дека треба и мора да игра една уште посилна улога. Германија досега малку срамежливо, веројатно поради историското бреме, недоволно ја користеше својата моќ, но Берлин е природно лидер и околу таа позиција треба сите да се обединиме, за доброто на целата ЕУ. Јас сметам дека е време Германец да биде на чело на Европската комисија, затоа што тоа е логично, тие што имаат најголема потенција и моќ, треба да се на чело. Секоја чест за Јункер, но Луксембург? Не мислам дека тоа е решение. Нормално, не велам дека на Германија треба да и се дозволи се, но низ една процедура на „чек и баланс“ низ една транспарентност, Берлин не да треба, Берлин мора и да ја засили својата позиција. Јас како Полјак го зборувам ова. Кај нас поради историското наследство, само пред 20 години, 70 % од населението на сите анкети се изјаснуваше дека не и верува на Германија. Благодарение на отворањето на границите, патувањата, преплетот на културите, многуте иницијативи за помирување и соработка, денеска истиот процент граѓани на Полска веруваат во Берлин. Што требаше? Да се затвориме? Да живееме во минатото? Да пропаднеме? Не, ние одлучивме да им погледнеме на реалноста и на иднината во очи - Германија е наш силен сојузник. nnn

Германија досега малку срамежливо, веројатно поради историското бреме, недоволно ја користеше својата моќ, но Берлин е природно лидер и околу таа позиција треба сите да се обединиме, за доброто на целата ЕУ.


Капитал број 864 20.05.2016

26

www.kapital.mk

луѓе и компании

Ликвидносниот ризик најголем убиец на м

Заради загуба н оди во стечај, н неликвидност, ДА

Стапица: Борејќи се со неликвидноста, фирмите влегуваат во н


www.kapital.mk

македонските компании

не се но заради ДА!

Капитал број 864 20.05.2016

27 Работењето без добивка може да се толерира одреден период. Работењето пак, без потребната ликвидност, со која се исполнуваат дневните обврски за плаќање, не може да опстане. Управувањето со ликвидноста се сведува на управување со временското (не) усогласување на приходите и расходите, побарувањата и обврските. Меѓутоа, не секоја издадена фактура значи и приход, ниту пак предвидените трошоци се единствени што влегуваат во планирањето.

пишува:

П Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Проблемот на неликвидноста е еден од клучните за македонските компании, особено во услови на повеќегодишна криза. Неговите корени се само делумно економски, велат нашите соговорници на оваа тема, а во значајна мера се социолошки и рефлектираат ниско ниво на етика во работењето. Фирмите не си плаќаат меѓу себе, ликвидноста е загрозена. Кога почна всушност таа “култура на неплаќање“? “Праксата на неплаќање си ја почна самиот бизнис, поточно големите фирми, уште пред 17-18 години“, вели Горан Рафајловски, директор на “Рафајловски консалтинг.“ “На почетокот од транзицијата, до кај 93-94 година практично и немаше кредитирање, банките не функционираа, па ние компаниите се кредитиравме меѓу себе, со позајмици. И постоеше етика, ретко кој не ги враќаше зајмените пари. И мене ми помогнале бизнис партнери и пријатели и јас сум помогнал на други. Таму некаде 1996-97 година, одеднаш почна ‘спортот на неплаќање’ и за кусо време веќе имаше сериозни неплаќачи.

неконтролирани продажби и промена на деловните политики


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

28

луѓе и компании

неликвидноста во македонската економија нема да се ублажи во догледно време, напротив, ќе се зголеми, велат финансиските консултанти. кризата и мерките на монетарната власт ќе го намалат оптекот на пари во бизнис секторот, а фирмите мора поагилно да ги менаџираат своите побарувања. Кога почнаа сопствениците - директори да го вадат капиталот од фирмите добиени за без пари во приватизацијата, затоа што добар дел од нив не знаеја како да ги водат фирмите, па гледаат да зграбат сè што може да се зграби – е тогаш се загуби системот на вредности и сè се преврти наопаку. Подоцна во ‘маѓепсаниот круг’ на неликвидноста се вклучи и државата, која исто така почна да доцни со своите исплати кон фирмите што работеа со неа и оттогаш, повеќе од 15 години, се вртиме во тој круг.“, рече Рафајловски во неговото

последно интервју во Капитал. А, проблемот со неликвидноста нема да се реши во догледно време. Напротив, допрва ќе се влошува. Како што вели Павле Гацов, финансиски консултант, во интервјуто што го објавуваме овој број, цената на парите (каматата) ќе расте наредниот период, а ќе се намалува побарувачката на добра и услуги, ќе се влоши кредитната позиција на компаниите и сето тоа ќе ја влоши вкупната ликвидност во економијата. “Заради политичката криза и зголемувањето на каматната стапка на благајничките записи

Со Секое чекање на наплатата вие ги кредитирате Своите купувачи Фирмите мора да научат да пресметаат во кој момент е точката каде што мора да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно продавање стока или услуга што ја наплаќаат по извесен временски период

Ф

ирмите мора да сфатат дека кога продаваат стока или услуга некому, а наплатата не се врши во истиот момент, тоа е всушност трговско кредитирање. ако направиме една паралела со банкарското кредитирање, да се прашаме: дали банките ќе ви одобрат кредит без да ви направат скенирање на финансиската состојба, вашите биланси, или ако сте нивни комитенти, без да проверат што се случува со парите што доаѓаат на вашата сметка? Се разбира дека не. компаниите несвесни дека ги кредитираат компаниите што купуваат производ или услуга од нив, влегуваат во тие зделки без да видат каква е всушност кредитната способност на другата страна. тука почнува коренот на проблемот со неликвидност. Фирмите мора да научат да пресметаат во кој момент е точката каде што мора да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно продавање стока или услуга што ја наплаќаат по извесен временски период, велат финансиските консултанти. треба да знаат кој е обртот на нивните побарувања и како со него да управуваат. Зголемената продажба може да има негативни капитални последици по компанијата. таа може да рече, имам побарувања, па ќе земам кредит за во меѓувреме да се исфинансирам, на крај ќе ми платат и ќе биде сè во ред. но, што ако земете кредит, значи дополнително се задолжите, а побарувањата не ги наплатите. Фирмите одат пребргу со продажбата, мислат дека ако сè продадат, го решиле проблемот. а, доколку немате наплата, тогаш немате пари да ги платите своите вработени, за маркетинг, за истражување и развој, значи станувате неконкурентни и едноставно пропаѓате.


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

30

луѓе и компании

прашања што мора да си ги постави секоја компанија XX каде се нашите пари? XX каде се изворите на (не)ликвидноста? XX дали е проблемот само во недоволната продажба или има и други причини? XX дали недостатокот на готовина се решава само со намалување на трошоците на работење? XX дали неликвидноста се лечи со земање на краткорочни кредити (макар и со ниски каматни стапки) или со кредити за рефинансирање или тоа претставува лечење на срцеви проблеми со помош на “шумливи таблети“?

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

како реакција на тоа, како и зголемувањето на стапката на задолжителна резерва на банките со валутна клаузула, ќе се намалат парите во оптек, односно ќе се затегне кредитирањето на бизнисите. Како форма на одбрана од овие надворешни негативни фактори што влијаат на ликвидноста, фирмите ќе се обидат да ги задржат своите парични средства подолго кај себе, што значи ќе ги одложуваат плаќањата, ќе гледаат да ги намалуваат трошоците, да штедат и кај што не може да се штеди, итн.“, објаснува Гацов.

не секоја издадена фактура значи приход

Гацов вели дека вистинското решение за неликвидноста бара релаксирана монетарна политика, пораст на кредитирањето на реалниот сектор, но и зауздување на инвестициите кои се ефектуираат во само неколку гранки кои работат под “државна ладовина“, а остварените профити не ги враќаат редовно во економијата. Но, во меѓувреме фирмите мора да преживеат. Пронаоѓањето на начини за подобрување на ликвидноста не е едноставно. Продажбата застанала, неликвидноста расте, нервите се сè потенки, а сонот на бизнисмените сè пократок. Бизнисмените во такви ситуации реактивно се изложуваат на неконтролирана продажба, брзоплета промена на деловните политики и однесување кон купувачите, и со тоа ги зголемуваат ризиците за синергиските ефекти на ненаплатливост на побарувањата и/или пад на лојалноста на купувачите. Управувањето со ликвидноста се сведува на управување со временското (не)усогласување на приходите и расходите, побарувањата и обврските. Меѓутоа, не секоја издадена фактура значи и приход, ниту пак предвидените трошоци се единствени што влегуваат во планирањето. Секако, предвид треба да се земе и одредена мерка на несигурност, веројатност за неплаќање од другата страна, како и веројатноста за настанување на непланирани расходи како последица на оперативниот и пазарниот ризик. Управувањето со ризикот на ликвидноста се сведува на две прашања, велат финанси-ските експерти: може ли компанијата доволно брзо да собере

(наплати побарувања, зголеми продажба...) готовина во согласност со динамиката на доспеаните обврски за да ги плати на време; и колку брзо може да го продаде својот помалку ликвиден имот? Ликвидноста на имотот во билансите на компаниите е различна, парите се секако најликвидниот имот, а останатиот финансиски имот исто така се смета за релативно ликвиден; залихите се средно ликвиден имот, додека материјалниот имот (недвижнини и земјиште) се најмалку ликвидни.

пример од праксата

Да погледнеме три компании што имаат еднаков показател на ликвидноста мерен со односот на активата и краткорочните обврски, во случајов 10:1. Компанијата А има актива од 10 милиони, како и 1 милион краткорочни обврски (што доспеваат до една година). Нејзиниот имот се состои од три милиони единици готови пари на сметка, 0,2 милиони во залихи, како и 6,8 милиони во недвижнини. Компанијата Б исто така има актива од 10 милиони, но со поинаква структура: 0,5 милиони во готовина, 5,5 милиони во залихи и 4 милиони во недвижнини. Компанијата Ц има еднаков износ на вкупна актива, но само 0,1 милиони во готовина, 0,1 милиони во залихи и 9,8 милиони во недвижнини. Иако сите три имаат имот што е значително поголем од нивните обврски (10:1), компанијата А нема никакви проблеми со ликвидноста затоа што е во состојба веднаш да ги подмири сите свои краткорочни обврски. Компанијата Б веќе има проблем со ликвидноста затоа што мора 0,9 милиони да собере со продажба на своите залихи пред да доспејат обврските, а компанијата Ц има најголем ликвидносен ризик, затоа што нејзиниот краткорочен имот (готовина + залихи) е само 20% од краткорочните обврски, а остатокот ќе мора да го собере од продажба на недвижнини. Примеров укажува на потребата од активно управување со ризиците од сите видови, затоа што ризикот преоѓа од еден во друг облик, а ликвидносниот ризик е главен и најопасен убиец на компаниите, затоа што заради неможноста за подмирување на своите обврски тие одат во стечај, а неретко потоа и во ликвидација, со што исчезнуваат од пазарот. nnn


Капитал број 864 20.05.2016

www.kapital.mk

32 Интервју interview

Павле Гацов

основач и директор на “Про агенс“

НеликвидНоста На компаНиите ќе се зголемува НаредНиот период

БИрократИја: Државната аДмИнИстрацИја не е во с


Капитал број 864 20.05.2016

33

И разговара:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Искусен сметководител и даночен советник, преку 25 години е консултант на голем број македонски и странски компании и организации. Од 1995 година основач и директор на агенцијата за економско - правна поддршка и процена „Про Агенс“, Павле Гацов е еден од најпознатите домашни експерти за даноци, предавач на голем број обуки за даночната регулатива и финансиите и креатор на бројни прирачници од овие области. Монетарната економија и банкарството особено го интересираат, како што вели, па оттаму и неговата магистратура и докторат се од овие сфери. Гацов е исклучително квалитетен соговорник за многу прашања од економијата, па ова интервју го почнуваме со она што е најактуелно во моментов – политичките турбуленции и нивното влијание врз бизнисот. XX Г-не Гацов, колку е засегнат бизнис секторот од продлабочената политичка криза во земјава, какви се вашите процени, колку ќе настрадаат приватните фирми во овие околности? Бизнисот има допирна точка со сите општествено - економски состојби и трендови во земјата. Тој учествува на креирањето на состојбите и трендовите во економијата, но во актуелната ситуација трпи негативно влијание од кризното политичко окружување. Политичката криза влијае на имобилизација на планираните деловни активности и на порастот на песимизмот кај бизнисмените. Реализацијата на деловните активности е во статус на исчекување. Компаниите кои работат под закрила на државната “ладовина“ се посебно погодени од политичката неизвесност. Секнуваат парите од буџетот, а ребалансот не е ниту на повидок. Овие компании постојано добиваат вести дека налозите за плаќање за сработеното се доставени до трезорот, ама, ете, трезорот не плаќал. Наместо да се проектираше поголем (реален) буџетски дефицит, се разбира со соодветни извори на финансирање, се прифати политика на одлагање на плаќањето на буџетските обврски додека не се приберат пари. Трендот го гледаме сите, буџетските трошења се превисоки - ќе

Неликвидноста во наредниот период ќе се зголемува, затоа што цената на парите ќе расте - каматите се цена на позајмените пари. Намалувањето на побарувачката на добра и услуги, доцнењето на наплатата, влошената кредитна позиција на компаниите поради претстојното зголемување на активните каматни стапки на банките – сето тоа ќе влијае негативно на вкупната компаниска ликвидност. мора да се штеди. Освен психолошката димензија на кризата која влијае на претпазливоста на бизнисмените, истата испорачува и реални финансиски ризици и загуби преку намалена побарувачка заради порастот на песимизмот и чувањето пари за лоши денови, турбуленциите со девизниот курс, извесното покачување на каматните стапки на банките, влошување на наплатата и падот на ликвидноста, влошување на деловниот имиџ пред странските партнери,... Поради зголемениот политички ризик ќе следи откажување и условување на странските нарачки, потоа барања за авансно плаќање на целокупниот увоз на добра и услуги, целосно авансно плаќање на туристичките аранжмани во странство, откажување на планиран влез на странски инвеститори, итн... Ова ќе доведе и до пад на профитабилноста на домашните компании. Намалената профитабилност ќе го забави и предвидениот раст на бруто домашниот производ, главно заради намалената побарувачката, но исто така и заради пониските бруто инвестиции. Влошувањето на ликвидноста и профитабилноста на компаниите ќе влијае на пад на прометот во трговијата, а ова пак ќе има влијание врз намалената наплата на јавните давачки (ќе трпи посебно планираната наплата на данок на додадена вредност)... Ќе спласнат почетните добри резултати со наплатата на ДДВ во 2016 година, кои произлегоа главно од воведувањето во овој даночен режим на оние граѓани кои издавале деловен простор под закуп на правни лица за годишен промет над 1 милион денари. Со еден збор кризата има сериозно влијание врз влошувањето на деловните активности на компаниите и мултиплицирани негативни ефекти врз целата економија. Ваквите состојби ќе потраат и после политичката разрешница. Финансиските извештаи ќе ја квантифицираат поединечната загуба на компаниите, а на ниво на државата ефектот ќе се покаже во неостварувањето на планираниот раст на бруто домашниот производ. Од друга страна, евентуалните меѓународни мерки на казнување на Македонија, значително ќе влијаат на

влошување на состојбите. Државата ќе биде вратена со години назад. Политичарите мора да преземат одговорност за состојбите во својата држава. Сега е време за тоа, утре ќе биде предоцна. XX Податоците покажуваат дека се повеќе компании имаат блокирани сметки. Колку е загрижувачка неликвидноста во бизнис секторот? За што најчесто се блокираат сметките на фирмите? Блокираните сметки го покажуваат неуспехот на економските субјекти навремено да одговорат на создадените обврски во работењето. Често пати за ова постојат и оправдани причини, понекогаш блокадите се краткотрајни, но сепак појавата на зголемување на бројот на субјекти со блокирани сметки покажуваат тенденција на влошување на позициите на бизнис секторот. Немањето пари за плаќање на обврските е првиот сигнал дека овие компании се во сериозни проблеми. Евентуалното нивно пропаѓање ќе ја влоши позицијата и на нивните доверители, како и на доверителите на нивните доверители. Со еден збор ваквиот чин ќе има соодветно макроекономско влијание на сите субјекти во земјата. Инаку, фирмите најчесто се блокираат заради неплатени комуналии, комунални такси и различни јавни давачки, вклучувајќи ги овде и трошоците на процесирање, односно извршување и камати. Со оглед на тоа дека голем дел од блокираните фирми со мала помош можат да ја избегнат ваквата непријатна економска состојба, потребно е нивните доверители да ги користат механизмите на порамнување, односно одлагање на обврските за плаќање, плаќањето на рати, процентуално намалување на долгот и сл. механизми. На пример, јавните комунални претпријатија особено може да го користат механизмот на наплата на побарувањата на рати, отпишување на дел од долговите, отпишување на каматите и сл. XX Како според вас може да се надмине проблемот со неликвидноста во економијата? Неликвидноста во наредниот период ќе се зголемува, затоа што цената на

служба на бизнисот – тој се моли пред шалтерите


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

34

Интервју

парите ќе расте - каматите се цена на позајмените пари. Намалувањето на побарувачката на добра и услуги, доцнењето на наплатата, влошената кредитна позиција на компаниите поради претстојното зголемување на активните каматни стапки на банките – сето тоа ќе влијае негативно на вкупната компаниска ликвидност. Како форма на одбрана од овие надворешни негативни фактори што влијаат на ликвидноста, фирмите ќе се обидат да ги задржат поседуваните парични средства подолго во свој посед, повторно со истите механизми на одлагање на плаќањето, намалување на трошоците, заштеди и во сегменти во кои не треба да се штеди итн. Во наредниот период лошо на ликвидноста ќе влијае и рестриктивноста на монетарна политика - зголемувањето за 23% на каматната стапка на благајничките записи, како и мерката на зголемување на стапката на задолжителната резерва со валутна клаузула, од 20% на 50%. И двете мерки ќе влијаат на намалување на парите во оптек, односно на затегнување на кредитирањето на реалниот сектор. Подигањето на депозитите од банките дополнително ќе ја намали кредитната основа на банките и кредитниот мултипликатор, како можност за кредитирање на бизнисот. П о д о б ру в а њ е то н а л и к в и д н о с та бара исполнување на определени макроекономски услови. Се покажа дека Законот за финансиска дисциплина не го реши проблемот со неликвидноста. Од кабинетите на предлагачите на законот се објаснуваше дека фирмите не плаќаат зашто не сакаат, а не дека немаат ликвидни средства. Вистинското решение бара релаксирана монетарна политика, пораст на кредитирањето на реалниот сектор, но и зауздување на инвестициите кои се ефектуираат во само неколку гранки кои работат под државна ладовина, а остварените профити ги имобилизираат (редовно не ги враќаат во бизнисот). XX Како го оценувате пристапот до кредити во земјава? Колку е тоа причина за неликвидноста на фирмите? Се разбра дека кредитната политика на банките влијае врз ликвидносната позиција на компаниите. Дури и после засилувањето на политичката криза, актуелните повлекувања на дел од депозитите, ликвидноста на банкарскиот сектор е висока. Но, банките не сакаат ризични пласмани, дури и по цена на пониска профитабилност. Ваквата позиција на нашите банки своевремено ги заштити од ефектите на финансиската криза што беснееше во Европа, но од друга страна тоа влијае на пониските економски перформанси во однос на оние што можат да ги остварат. Не секој барател заслужува да добие кредит, но многумина се одбиени само заради немањето соодветна хипотека или заради лошиот менаџмент.

Во наредниот период пристапот до кредити ќе се влоши, а згора на тоа и каматните стапки на кредитните пласмани ќе бидат повисоки. Сепак да не се заборават рекордните профити на домашните банки што ги остварија во 2015 година, пред с$ благодарејќи на високите кредитни маргини. Депозитните камати беа во слободен пад, а кредитните камати забавено одеа надолу.

Банките треба да го засилат партнерскиот однос со компаниите XX Често знаете да ги искритикувате банките заради нивното преголемо “зихераштво“ и комоција во бизнис моделот, како што велите. Како банките навистина прават толкави добивки? Во која насока би требало тие да се развиваат за да бидат вистински партнер на бизнисите? Трендот започна со политиката на Европската централна банка која никако не успеваше да ја придвижи заспаната европска економија. Сè уште секој месец се испорачуваат по 80 милијарди евра во европската економија „од ништо“ (емисија на пари) со намера за заживување на побарувачката. Европската банка „измисли“ негативни каматни стапки за депозитите на краток рок, а каматните стапки на долгорочните депозити сосема ги намали. Се дестимулира чувањето пари во банките, со јасна насока истите да се претворат во комерцијална или инвестициона побарувачка за добра и услуги. Македонските банки иако не работат во истото економско окружување - растот на македонската економија сепак не беше негативен - ја копираа политиката на Европската Централна банка, но само во делот на стрмоглавиот пад на депозитните камати. Активните камати сè уште не се европски. Токму ваквата политика резултираше со бум на профитабилноста на домашните банки. Банките треба да го засилат партнерскиот однос со компаниите, да вклучуваат свои експерти во работењето на компаниите кредитобаратели, но и во оние компании кои заглавиле со позајмувањето. Повремено да ги повикува на нетворкинг средби своите деловни клиенти и на тие средби да се дискутира за економски, односно банкарски теми, како и за теми од областа на финансискиот менаџмент, да се објаснуваат политиките и можностите на банката, да се даваат привилегии за неликвидните бизниси кои имаат иднина, пред се заради заштита на добрите клиенти на банката... XX Голем број бизнисмени се критични кон банките заради отсуството на проектното

финансирање, споделување на поголем ризик заедно со бизнисите, итн. Што треба според вас да се направи за да се создадат поголеми извори за финансирање на иновативни проекти на фирми кои што немаат кредитна историја? Потребно е да се формира специјализиран б анкар ски кадар за с ледењ е на иновативните бизниси (екологија, софтвер, енергија, логистика, ...) и да се обезбеди фонд за финансирање на стартапи и иновативни бизниси. Овој банкарски кадар освен банкарски знаења треба да поседува и специфични знаења од соодветната област. Поради ризичноста треба да се разгледа и опцијата за учество во капиталот, како и учество во управувањето. Со ваквите механизми ќе се намали ризикот кој произлегува од немањето на кредитна историја. Се разбира за ова се потребни и соодветни процедурални предуслови. XX Кај добар дел компании што котираат на берза ланските резултати покажаа исти или намалени приходи, но зголемени добивки заради финансиските и останатите приходи. Од што тоа печалат домашните фирми кога продажбата не расте или паѓа? Единствен параметар кој покажува стабилно работење и успех од вршењето на основната дејност е остварената оперативна добивка. Влошувањето на овој параметар на среден и долг рок ќе ја влоши вкупната позиција на компанијата. Финансиските приходи пак, покажуваат ефект од минати настани (заработени пари во минатото). Заработените пари во минатото носат приходи од камати кои учествуваат во формирањето на тековната добивка. И категоријата на останати приходи не произлегува од основната дејност на компанијата туку е ефект на нередовни (случајни) настани и затоа не претставува основа за компаниски оптимизам. XX Како менаџираат со трошоците домашните компании, има ли простор воопшто да кратат понатаму после толку години на рационирање со расходите заради кризата? Кратењето на трошоците има свои лимити. Првата е главно нејзината краткорочност, а втората е лимитираноста од објективната потреба за некои трошења. На пример, кратењето на платите не е долгорочна опција и не може да се оди прениско со платите. Демотивацијата на вработените води кон сигурно влошување на позицијата на компанијата. Замената на деловите на опремата исто така не трпи одлагање без соодветни последици... “Убијците“ на трошоците понекогаш претеруваат со остварување на планираните намалувања на трошоците без да се има предвид големата компаниска слика.

Комфор: Банките да излезат од удобната зона и


Капитал број 864 20.05.2016

35

Македонија нема простор за ново задолжување или речиси нема. Ќе следи период на нето враќање на позајменото, односно период на отрезнување на “маѓепсаниот“ народ. Магијата всушност беше во лесното задолжување.

Вис т ин ска полит ика на штед ењ е всушност треба да се води во деновите на добро работење. Заштедите треба да се користат за надминување на проблемот на недоволно остварените приходи за покривање на оправданото трошење во услови на неликвидност на компанијата.

Се задолжувавме евтино, следи отрезнување XX Компаниите се жалат дека иако Македонија им рамен данок и релативно ниски даночни стапки, постојат голем број давачки на кои што се изложени што им ги зголемуваат трошоците на работење. Кои се парафискалните давачки со кои што се оптоварени фирмите? Не е доволно плаќањето да не се нарекува данок за бизнисот да не го сфаќа како скриена даночна давачка. Суштината е пред формата. Ќе споменеме само некои од ваквите парафискални давачки: годишно плаќање на одржување на фискалните апарати, разни такси, плаќањето за разни дозволи и лиценци, надоместоци за регулаторни тела, премногу чести задолжителни прегледи на вработените, набавки на дефибрилатори и кај што не

треба, опрема за електронска евиденција на вработените и кај што не треба, еколошки обврски, плаќање за управување со отпад, итн. За илустрација да ја избереме дејноста на издавачите на книги со две специфики. Прво, задолжително ангажирање (плаќање) на лектори кои најчесто не се вработени кај издавачите, и второ, достава на задолжителни 5 примероци од секое издание до Народната и универзитетска библиотека за кое никој не плаќа (а според Законот за задолжителен примерок - мора). Вакви специфики има во секоја дејност. XX На што најчесто се жалат фирмите, вашите клиенти, во поглед на административни, законски и останати бирократски пречки што им го комплицираат водењето на бизнисот? Да дадеме некој примери од праксата... Државната администрација не е во служба на бизнисот. Напротив бизнисот е тој што се моли пред шалтерите на државата за остварување на некакви права. Пример за тоа има безброј. Вадењето на дозволи за градење и понатаму оди бавно и компликувано, истото се однесува на остварувањето на права од пензиското и здравственото осигурување, потоа

вадењето на лиценци од областа на екологијата на пример ...Во праксата не заживеа квази проектот „нема затворена врата“ или квази проектот за хиерархиска одговорност за неажурноста на државната администрација. Ќе илустрирам со пример на една компанија која неколку пати во судска постапка добива пресуда со која му се налага на државниот орган што погрешил да ги врати неправилно одземените пари, а органот постојано носи решение со иста содржина без да ја прифати јасната мериторна судска пресуда. Вртењето во круг не го санкционира никој, а клиентот трпи материјална штета и тормозење без граници. XX Да преминеме на темата на задолженост на државата... Актуелен е бројчаникот што го мери јавниот долг во секој момент... Уште колку може државата да се задолжува? Колкава е опасноста да не може да се исплаќаат плати на администрација, пензии, да им се плати на фирмите добавувачи, итн.? Македонија простор за ново задолжување нема или речиси нема. Ќе следи период

ДА СтАНАт виСтиНСКи пАртНери НА БизНиСот


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

36

Интервју

на нето враќање на позајменото, односно период на отрезнување на носителите на економските политики и“маѓепсаниот“ народ. Магијата всушност беше во лесното задолжување. Ако не создаваме нова вредност (која ќе донесе повеќе буџетски приходи), долговите ќе мора да се враќаат од редовните буџетски приходи. Откако ќе го вратиме позајменото и ќе ја платиме каматата малку ќе остане за социјалата, а за инвестиции уште помалку. Тоа ќе нè отрезни. Ваквото сценарио може да се одложи, но само за кратко. Ќе следи барање за одлагање на враќањето на долговите заради консолидација на јавните финансии. Но, ова ќе биде во зоната на добрата волја на нашите странски доверители и по соодветна цена. Домашното задолжување на државата исто така влегува во зоната на влошување, заради повисоката цена (камата), намалените можности на банките предизвикани од кризата и мерките на монетарната политика, и поради лошиот ефект што го има ваквото задолжување врз домашните економски субјекти кои државата ги истиснува од пазарот на позајмувачи на пари. Ако се случи ваквото, би рекол, основно сценарио - ќе следи стегање на ременот, намалување на платите и пензиите и останатите јавни трошења и зголемување на јавните давачки. Инфлацијата и девалвацијата се исто така непосакувана опција. Со внимателни чекори и со поддршка на меѓународните финансиски институции ваквото сценарио може да се избегне, односно да се релативизира. XX Дупката во буџетот на Фондот за ПИОМ укажува на тоа дека пензискиот систем не е одржлив на долг рок. Што треба да се направи? Состојбата со државниот пензиски фонд е неодржлива. Можни се три разрешници, првата, зголемување на стапката на придонесот за пензиско осигурување, втората е намалување на пензиите и третата е зголемување на работниот век. Се разбира во предвид доаѓа и

Се покажа дека Законот за финансиска дисциплина не го реши проблемот со неликвидноста. Вистинското решение бара релаксирана монетарна политика, пораст на кредитирањето на реалниот сектор, но и зауздување на инвестициите кои се ефектуираат во само неколку гранки кои работат под државна ладовина.

микс на овие мерки. Нови зголемувања на пензиите се целосно неоправдани. Приливот на пензиски придонес во Фондот за ПИОМ по основ на нови вработувања е недоволен да се подобри ситуацијата. За жал голем дел од новите вработувања беа со субвенционирани придонеси од страна на државата. Овие работници не алиментираат во Фондот за ПИОМ со придонеси, но пензија секако ќе добијат и за овој работен период. Поради влошените финансии на државниот пензиски фонд, бевме сведоци на незаконско одлагање на уплатата на делот од пензискиот придонес од овој Фонд во приватните пензиски фондови. Оштетени се приватните пензиски осигуреници. Треба да се бара одговорност за ваквата

„финансиска алхемија“. Главна улога во апострофирањето на овие негативни појави треба да има Државниот завод за ревизија, а потоа и надлежните органи. Да потсетиме дека после речиси две декади, редот за пензионирање ќе им дојде на сегашните членови на приватните пензиски фондови со што притисокот врз државниот пензиски фонд ќе намали. Но, ефектите од тоа олабавување ќе бидат многу помали во однос на дефицитите што сега се покриваат од буџетот на РМ. Демографските состојби дополнително влијаат врз лошата состојба на пензискиот фонд. Младите што треба да алиментираат во Фондот се иселуваат, а старите кои остануваат во земјата очекуваат исплати од Фондот. Ефектите се јасни. nnn


27

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

мај

Брендови

2016

Брендовите и социјалните медиуми Социјалните медиуми им овозможуваат на бизнисите да ги заобиколат традиционалните медиуми и да изградат директна релација со своите потрошувачи. Многу компании во светот инвестираа милијарди долари за да ја исполнат оваа мисија, но малку се брендовите, како што пишува Harvard Business Review во своето најново издание, кои што креираа значителен интерес кај интернет заедницата. Каде е проблемот? Во специјалниот прилог “Брендовите и социјалните медиуми“ ќе анализираме што треба да се направи за успешна промоција на брендот на социјалните мрежи и што можат македонските компании да научат од светските искуства на оваа тема. Ќе споделиме светски примери на успешни стратегии за брендирање во време на социјалните мрежи и дигиталните медиуми, а со домашните компании и експерти за дигитален маркетинг разговараме за искуствата на домашните брендови. Во специјалниот прилог што ќе излезе на 27.05. 2016 меѓу другото ќе може да прочитате:

l Кои се најдобрите начини за создавање верна група следбеници на брендот со помош на социјалните медиуми? l Какви ефекти даваат брендираната содржина и спонзорствата? l Успешни македонски примери на брендирање преку социјалните мрежи l Капитал на Бренд Форумот во Загреб: Не купуваме производи, туку брендови! l Интервјуа со македонски бизнисмени и експерти на темата брендирање во дигиталното време l Правиме преглед на најмоќните светски и регионални брендови Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

38

Свет бизнис и политика

Дуел Хилари – Трамп

За што ќе гласаат Американците ?

Американците кои бараат промени, на изборите за претседател на нивната држава ќе гласаат за непопуларни кандидати, покажуваат анкетите. Доналд Трамп ветува промени, но, тие се, најблаго кажано, ризични, а со Хилари Клинтон се добива статус кво. На прашањето - како токму овие кандидати се наметнаа за можни наследници на Барак Обама, експертот од универзитетот Колумбија, Роберт Шапиро, вели дека „тоа се должи на начинот на кој се избираат кандидатите на прелиминарните, внатрепартиските избори - одат да гласаат само активисти и екстремисти, а тоа не се обичните Американци“. Во 2012 година на прелиминарните избори на кои се избираат републиканскиот и демократскиот кандидат гласале само околу 16% од Американците со право на глас

Аналитичари: Имало по еден непопуларен кандидат, но сега се двајца


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

39 Физички пресметки меѓу негови приврзаници и противници, ксенофобични и машкошовинистички изјави, обвинение за менаџерот на неговата кампања за напад на новинарка ... сето ова е дел од милјето на кампањата на Трамп за првичните избори што ги остава настрана обичните Американци, а ги привлекува екстремистите

И пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Изборите на кои Доналд Трамп и Хилари Клинтон безмалку сигурно ќе бидат двојката што ќе се трка за Белата куќа, ќе ги натераат Американците парадоксално да гласаат за кандидати, кои, како што покажуваат анкетите, всушност се непопуларни. Скоро две третини од гласачите (65%) имаат негативно мислење на (нај)веројатниот републикански кандидат, милијардерот Доналд Трамп, а одвај четвртина од нив (24%) за него се изјасниле позитивно на анкетата на The Wall Street Journal и NBC. Кај Хилари Клинтон бројките на непопуларноста се нешто помали, но слични со оние на Трамп - за неа 56% од анкетираните се изјасниле негативно, наспроти 32% кои ја доживуваат како позитивен лик.

Дека не се работи за изолиран случај на анкета, покажа и истражувањето на CNN, според кое републиканецот има ниво на непопуларност од 56%, а Клинтон од 49%. „Никогаш во историјата немало вакво нешто“, пренесе AFP изјава на политички експерт од САД, кој вели дека „да има еден непопуларен кандидат е едно, но, оти сега и двајцата се такви“. За Трамп е јасно дека голем дел од својата непопуларност ја заслужи со изјавите за жените, за Мексиканците, за муслиманите ... Клинтон, пак, остава впечаток на искусен,

префриган кандидат, кој сака да придобие широка доверба, а гласачите не можат да се идентификуваат со неа, зашто таа само се прави/преправа како „еден од нив“. Прашањето на кое ваквите анкети бараат одговор е - како токму Трамп и Клинтон станаа/ќе станат кандидати на републиканците, односно на демократите, за претседател на САД? „Тоа се должи на начинот на кој се избираат кандидатите - одат да гласаат само активисти и екстремисти, а тоа не се обичните Американци“, смета експертот од


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

40

Свет бизнис и политика

универзитетот Колумбија, Роберт Шапиро. Во 2012 година на прелиминарните, внатрепартиските избори, на кои се избираат републиканскиот и демократскиот кандидат, гласале само околу 16% од Американците со право на глас. Како и да е, непопуларноста на Клинтон и на Трамп нема да има големо значење на денот на изборите, поради природата на противкандидатите, зашто истражување на CNN покажува дека 51% од демократите ќе гласаат за Клинтон за да го спречат Трамп, а само 45% затоа што им е по волја кандидатката. Кај републиканците дури 57% ќе гласаат за Трамп за да не дозволат Клинтон да стане претседател, односно, да не добијат демократите и трет мандат во Белата куќа, а 43% ќе гласаат директно зашто го поддржуваат Трамп. Хилари Клинтон, која претендира да биде прва жена претседател на САД учествува во јавниот политички живот на државата над 20 години: како прва дама - претседателот Бил Клинтон и беше сопруг (1993-2001), како сенатор од Њујорк (2001-2009), како државен секретар (2009-2013). Во контекст на погоре кажаното, кога таа би излегла на избори со нејзиниот ривал во трката кај демократите, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, а на кои би гласала поширока американска популација, тешко би можела да го добие. За разлика од Сандерс, кој нуди социјална заштита, економска и образовна шанса за секого во САД, со што ги доби симпатиите на најмладите гласачи, Клинтон не нуди промени. Таа ветува продолжување на политиката на интервенции низ светот, континуитет и во внатрешната политика и во економијата, против што се повеќето Американци, со што, пак, во извесна мера се објаснува и успехот на Трамп. Во поттекстот на кампањата на милијардерот, зад сите негови контроверзни изјави со кои привлекува внимание, гласачите гледаат повик Америка да се сврти кон себе, да се посвети на својата економија, а за да не биде попречувана во тоа, да преземе подрастични мерки за заштита од тероризам. Според аналитичарите, Хилари Клинтон во делот на економијата не испорачала некоја издржана идеја, и се занимава само со надворешната

политика. Колку и да се, или да не се во право, Трамп, и Сандерс (за вториот ако зборуваме како за конкурент на Клинтон во демократскиот кампус), им нудат толкувања на Американците како државата им стигнала до ваква економска, социјална и безбедносна ситуација. Во случајот на Трамп клучен поим во објаснувањето се мигрантите, а Сандерс го обвинува Волстрит. За Клинтон и американскиот политички магазин Politico напиша дека ако победи таа ќе биде „претседателка на статус квото“ во земјата што бара промени. Во анализата насловена „Како Хилари Клинтон би можела да победи на изборите и да ја загуби земјата“, Politico ја смета поранешната државна секретарка како безмалку сигурен демократски кандидат за претседател на САД, и оценува дека таа би можела уверливо да го победи републиканецот кој ќе и застане на патот што преку изборите води до Белата куќа. Во оваа анализа се вели дека Клинтон, за жал, може да ги добие изборите и без некоја нова, инспиративна идеја, во време кога избирачите се толку незадоволни од понудата и на двете партии (Републиканската и Демократската), што некритички гледаат/ прифаќаат и многу лоши идеи, само ако нудат нови алтернативи. За демократите би бил многу голем проблем претседателски мандат на некогашната прва дама, ако таа не успее да наметне свежа тема што ќе ветува фундаментални промени - Клинтон во друг случај уште од првите денови во Белата куќа против себе ќе ги има републиканците со силно аргументирани критички позиции, а поради тоа и сопствените демократи. Хилари засега не ветува/не дава најави во кампањата дека ја измерила тежината/ големината на проблемите за кои Американците очекуваат решенија. Таа се залага за зачувување на политичкото наследство на Барак Обама и на нејзиниот сопруг (Бил), вклучувајќи ја туку здравствената реформа, продолжувањето на демократската политика кон имигрантите, поддршката за мајките, поевтиното студирање, прагматичната надворешна политика ... , а сето ова звучи недоволно, споредено со големината на проблемите, длабочината на незадоволството,

Contact: 022/401-985 | 070/380-755

на гневот на Американците што избликнува „лево“ кај Сандерс или „десно“ кај Трамп. Сепак, во случај за Белата куќа да се борат Трамп и Клинтон, аналитичарите повеќе шанси и даваат на демократката, зашто милијардерот е неприфатлив за афроамериканската популација и малцинствата поради радикалните идеи за заштита на границите на САД. Републиканскиот аналитичар, Вит Ајрес, за Politico вака ја објаснува ситуацијата: „Може да имате прилично негативен рејтинг, но ако вашиот противник има уште понегативен (рејтинг), вие сте победник“. Трамп засега има големи проблеми и со своите републиканци кои тешко се помируваат со тоа што не се остварија прогнозите на многу медиуми и експерти дека тој нема да стигне до финалната етапа од првичните избори и оти кампањата ќе му се самоуништи поради неговите агресивни пораки. Меѓу републиканците се разгледува и опцијата ако веќе не може да се најде друг републикански кандидат кој ќе го запре Трамп, или барем кандидат на трета партија (или независен) кој би застапувал републикански позиции, тогаш да се остави да победи Хилари Клинтон, зашто сметаат дека поголем ризик за нив би било владеењето на непредвидливиот милијардер. „За некои републиканци перспективата да биде претседател Клинтон изгледа поприфатлива не зашто им се допаѓа, туку зашто тоа би значело водење битки со неа на попознат терен, наместо да гледаат како непредвидливиот Трамп ја користи власта во Белата куќа за да ја промени од корен Републиканската партија“, напиша Washington Post. Но, републиканците, и особено демократите, ќе треба добро да размислат ако продолжи трендот од последните анкети, според кои поддршката за Трамп откако тој ги натера Круз и Кејсик да се откажат, е скоро еднаква со онаа што ја ужива Хилари Клинтон. Последната анкета, спроведена од Reuters/ Ipsos, вели дека 41% од Американците кои најверојатно ќе гласаат ја поддржуваат Клинтон, а оти 40% го поддржуваат Трамп. Како неодлучни анкетата ги препознала 19% од испитаниците, а нејзината статистичка грешка е пресметана на до 3%. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

42

Бизнис едукација 

Œ

ŒСвечената промоција на првите членови на Делта Му Делта – Пи Алфа се случи на УАКС на 11 мај годинава. доц. д-р Елена Бундалеска, академски советник во огранокот Делта Му Делта – Пи Алфа: “Преку членството во оваа престижна организација, студентите имаат можност за вмрежување со околу 160,000 членови кои ја делат истата страст за постојано надградување.“

Универзитетот Американ колеџ - Скопје стана член на престижна меѓународна бизнис мрежа

Делта Му Делта доби прв огранок во Македонија и регионот Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) стана член на меѓународната бизнис мрежа Делта Му Делта – ΔΜΔ, која што поттикнува и оддава признание на значајни академски достигнувања. Врз основа на ова членство, УАКС се стекна со право да основа огранок на Делта Му Делта во Македонија под назив Делта Му Делта – Пи Алфа. Што значи оваа мрежа на меѓународно ниво, односно каква привилегија е тоа за нејзините членови ни објасни доц. д-р Елена Бундалеска, професор на УАКС и академски советник во огранокот Делта Му Делта – Пи Алфа. разговара:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

XX Проф. Бундалеска, како одговорна за водењето на Делта Му Делта (ДМД) во Македонија, објаснете ни што претставува оваа организација и како УАКС го доби членството во неа? Делта Му Делта претставува меѓународна бизнис мрежа во која членуваат студенти на бизнис студии кои покажале забележителни резултати во студиите, како и професионалци со значителен успех во

кариерата, кои имаат личен интегритет и се носители на промени во општествата во кои дејствуваат. Делта Му Делта е основана во 1913-та година од страна на претставници на трите најпрестижни универзитети во САД: деканот на Универзитетот Харвард и четири професори од Универзитетот Јејл и Универзитетот Њујорк. Во моментов, организацијата е присутна на 240 кампуси во светот и има повеќе од 160,000 членови кои живеат во повеќе од 175 држави во светот. Универзитетот се здоби со правото да основа огранок на Делта Му Делта во Македонија, под назив Делта Му Делта – Пи Алфа, благодарение на меѓународната

акредитација на бизнис програмите на УАКС од Советот за акредитација на бизнис факултети и програми од САД (АЦБСП), а по исполнување на строги критериуми за членство. На 11 мај (среда), 2016 година во просториите на УАКС се одржа официјалната церемонија за основање на огранокот Делта Му Делта – Пи Алфа. Дваесет и три од најдобрите студенти на бизнис студии на УАКС и шест истакнати бизнис лидери, кои имаат дадено огромен придонес за Универзитетот и општествената заедница во целост, беа наградени со академски почести и се стекнаа со доживотно членство во оваа меѓународна бизнис мрежа. Членството во

Престиж: Во Европа, Делта Му Делта е заста


Капитал број 864 20.05.2016

43 Делта Му Делта претставува признание за високите стандарди на работа во текот на десетгодишното постоење на Универзитетот и ја симболизира нашата подготвеност да понудиме висококвалитетно образование за нашите студенти. Покрај во Македонија, преку Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Делта Му Делта е застапена во само уште две држави во Европа: Франција и Швајцарија. Истото потврдува дека при приемот на нови членови, Делта Му Делта врши внимателна селекција, заснована на строги критериуми. XX Кој може да биде член на ДМД и што значи ова членство за студентите на УАКС – дали тие ќе имаат полесен пристап до меѓународната размена на знаења и идеи, можност за стипендии на некои од универзитетите членки на ДМД и сл.? Членството во Делта Му Делта им е достапно само на одбрани поединци. Право на членство имаат само студентите на бизнис студии акредитирани од страна на АЦБСП, кои покрај постигнување на значителни резултати во учењето, во текот на студиите, докажале дека имаат капацитет и ентузијазам во иднина да постигнат забележителни успеси, како и личен интегритет да бидат носители на промени во општествата во кои дејствуваат. Преку членството во оваа престижна организација, студентите имаат можност да користат повеќе поволности, меѓу кои, вмрежување со околу 160,000 членови кои ја делат истата страст за постојано надградување. Преку оваа мрежа, студентите имаат можност да разменуваат идеи и да се надградуваат себеси на личен и професионален план. Потоа, програмата за стипендирање на Делта Му Делта може

д-р Живко Груевски

прв претседател на Деловниот совет на УАКС

XX Како прв претседател на Деловниот совет на УАКС и професор, како би го опишале начинот на студирање на овој универзитет, односно по што се издвојува од останатите академски организации во Македонија? Она што го издвојува УАКС од останатите високообразовни институции во Македонија и регионот е меѓународната акредитација од Советот за акредитација за бизнис факултети и програми (АЦСБП) од САД. Преку примена на најсовремените европски и американски образовни стандарди, студентите имаат можност да студираат на универзитет кој работи врз основа на 3-М принципи и тоа: - меѓународна акредитација и меѓународно признати наставни програми; - меѓународни професори, како и меѓународна активност на нашите професори; - меѓународни студенти. Она што е значајно за потенцијалните работодавци е дека наставните програми на УАКС се приспособени на потребите на компаниите во деловното опкружување и пазарот на труд. Исто така, покрај со теоретско знаење, Универзитетот особено внимание посветува студентите во текот на своите додипломски и постдипломски студии да се стекнат со практично знаење и меки вештини. Во текот на своите студии, студентите имаат можност да вршат практична работа во повеќе од 150 најуспешни македонски компании, и институции, членки на Деловниот совет на УАКС. Трета, но не и последна карактеристика која го издвојува УАКС од останатите високообразовни институции е наставниот и административниот кадар. Професорите на УАКС имаат практично искуство и бројни домашни и меѓународни признанија за својата работа и посветеност на професијата. XX Какви перспективи се отвораат за студентите на УАКС, сега, по зачленувањето во ДМД? Со членството во огранокот Делта Му Делта – Пи Алфа студентите ќе имаат можност да бидат дел од меѓународна мрежа која што ќе им овозможи поврзување со други членови ширум светот, воспоставување на деловни контакти и надградување на личен и професионален план. Програмата за стипендирање на ДМД им овозможува да аплицираат за студии на бројни универзитети во светот, што ќе им овозможи на студентите на УАКС размена на знаења, искуства, култури, традиции, меки вештини, и слично. Сето погоре наведено ќе ги направи студентите на УАКС поконкурентни на пазарот на трудот. Самото членство во оваа мрежа во САД ги издвојува нејзините членови и им дава приорите при вработување. Со тек на време очекувам истото да биде случај и во Македонија.

Илијанчо Гаговски

претседател на Деловниот совет на УАКС (2009-2013)

XX Што значи за Вас почеста што ја добивте од УАКС, да бидете избран за член на ДМД? Особено сум почестен што бев избран за еден од почесните членови на огранокот Делта Му Делта – Пи Алфа при УАКС. Ми претставува огромно задоволство да бидам дел од високообразовна институција која одбележува декада на врвно образование и која го наградува трудот на своите студенти и членовите на деловната заедница преку оваа меѓународна бизнис мрежа. Почеста која ми беше доделена со избор во почесен член на огранокот ме поттикнува уште повеќе да вложувам во развојот на идните професионалци и да им го пренесувам своето знаење и вештини, со цел тие да се изградат во подобри личности и лидери. Она што можам да го напомнам е дека мојата долгогодишна соработка со УАКС, преку Деловниот совет и како алумни, ќе продолжи и во иднина, при што сум особено благодарен за можноста да придонесам во развојот на идните лидери и нивно подготвување за предизвиците во деловната заедница. XX Долго време бевте директор на американска компанија во Македонија, сте патувале во САД и

сте се запознале со нивниот високообразовен систем. Какво е Вашето мислење за „почесните друштва“ на нивните универзитети, кои се многу популарни? Колку може оваа традиција да се преслика и во Македонија? „Почесните друштва“ кои се основани на универзитетите во САД се особено активни и влијателни. Членовите имаат воспоставено одлични платформи за делување. Од менторирање на студенти со послаб успех во текот на студиите, лично надградување, поддршка, соработка, до едноставна забава. Во овие мрежи владее атмосфера на збратименост, разбирање и лојалност, што ги прави да се разликуваат од останатите. Искрено се надевам дека преку основањето на Делта Му Делта – Пи Алфа во Македонија, и тоа на универзитет кој применува американски образовни стандарди, студентите на УАКС ќе препознаат можност за личен и професионален развој и ќе ги искористат сите можности кои им ги нуди оваа меѓународна бизнис мрежа.

апена само уште во Швајцарија и Франција


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

44 да им помогне на да го продолжат своето образование и да стекнат искуства и вештини преку студии на универзитети во Европа, САД и пошироко. Интересен факт е тоа што новите членови во мрежата добиваат едногодишна претплата на списанието „Блумберг бизнисвик“ (Bloomberg Businessweek) и бројни поволности за претплати во понатамошните години. За крај, членството во оваа мрежа ги издвојува нејзините членови и ги прави уникатни во процесот на вработување. XX За почеток, огранокот Делта Му Делта Пи Алфа ќе се состои од 23 студенти членови и шест почесни членови, професионалци. Кои беа критериумите за членство? Еден од критериумите за избор на нови членови на огранокот Делта Му Делта – Пи Алфа (ДМД Пи Алфа) е студентите да имаат постигнато просек 9 во текот на тригодишните додипломски студии или во текот на двегодишните постдипломски студии на акредитираните бизнис програми од АЦБСП на УАКС. Дополнителен критериум е студентите да се меѓу најдобрите 20% во својата генерација. Меѓутоа, она што можам да го истакнам е дека успехот не беше пресуден за нивното членство во оваа организација. Овие студенти се постојано активни во наставните и воннаставните активности на УАКС, преку учество во проекти од хуманитарен, социјален и образовен карактер. nnn

Антони Пешев

актуелен претседател на Деловниот совет на УАКС

XX Како бизнисмен и претседател на Деловниот совет на УАКС, како го доживувате неговото зачленување во ДМД, што ќе значи тоа за репутацијата и имиџот на Универзитетот? Најпрво морам да напомнам дека се радувам дека конечно и во Македонија студентите ќе имаат можност да почувствуваат како е да се биде дел од „почесно друштво“ и да ги искористат поволностите кои го следат членството. Понатаму, членството во ДМД претставува потврда на фактот дека УАКС е Универзитет кој нуди висококвалитетно образование за своите студенти и кој настојува да го пружи најдоброто за нив и за општествената заедница. Истото ги отвора портите кон повеќе знаење, лично и професионално надградување и создавање на мрежа на доживотни пријателства. Притоа, УАКС стекнува уште поголема репутација на високообразовна институција која се грижи за своите студенти и нивниот успех не само во текот на студирањето, туку воопшто. Можам да кажам дека ми е многу драго што УАКС е единствен универзитет на Балканот и петти универзитет во Европа на кој е основан огранок на ДМД и дека со ова Универзитетот влегува во друштво со универзитетите Харвард, Јејл, Њујорк... XX Како може бизнис секторот да ги валоризира достигнувањата на студентите што ќе станат членови на ДМД, во смисла на поддршка во вид на стипендии, вработувања за најдобрите студенти и сл.? Студентите на УАКС кои ќе станат членови во „почесното друштво“ ДМД, имаат можност да го применат стекнатото знаење во пракса, преку практичната работа и отворените работни позиции на компаниите- членки на Деловниот совет на УАКС. Преку синтеза на теоријата и праксата, вложување труд, чесност и постојаност, тие можат да прераснат во професионалци во својата област, кои ќе го пренесуваат своето искуство на идните генерации. Членувањето во Делта Му Делта – Пи Алфа на студентите на УАКС им нуди шанса да прераснат во млади лидери, кои ќе бидат двигатели на општествените промени.


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

46

Lifestyle

Најпознатиот американски бренд хотели пристигна и во Македонија

Скопје го доби првиот Marriott хотел

Мериот Хотели, брендот со потпис на Marriott International, го отвори својот прв хотел во Македонија, Skopje Marriott Hotel. Лоциран на плоштадот Македонија, во срцето на деловниот и културен центар на градот, новиот хотел е експертски дизајниран, со цел да го понуди најдоброто од комфорот и стилот.

Н

а девет ката, со 143 соби и 21 апартмани, Marriott International ја започнува својата приказната во Скопје, Македонија. Инвестицијата „тежи“ 37 милиони евра, а ги опфаќа најновите стандарди кои Marriot International ги воведе во последните неколку години. Станува збор за низа иновативни содржини и дизајнерски карактеристики, како што се големото лоби на Мериот, кое нуди отворена и флексибилна лаунџ просторија, за гостите да се релаксираат, работат или се социјализираат, како и ресторан и два барови, кои овозможуваат фантастична

Александар Иванов

сопственик на Дивелот груп и инвеститор на Мериот

Со овој хотел влеговме на хотелската мапа на светот. Во изградбата вложивме многу труд, љубов и финансии, а целиот објект го градеа компании од Македонија со техничка поддршка до брендот Мериот.

Мериот Скопје: Хотелот нуди одлични простории за бизнис па


Капитал број 864 20.05.2016

47 Што сè нуди Мериот Скопје? задоволството, во кој се нуди прекрасен избор на локални вина и премиум коктели. • Лаунџ бар – поинтимно место, во кое се нуди избор од премиум алкохолни пијалаци.

XX УСЛУГИ ЗА ГОСТИТЕ

XX СМЕСТУВАЊЕ

Колку чини сместување во хотелот? Цените за изнајмување соба во скопски хотел „Мериот“ се од 128 евра до 176 евра за една ноќ, во зависност од типот на собата. Хотелот располага и со претседателски апартман, а една вечер во овој апартман ќе чини повеќе од 500 евра. Инаку, собите во овој хотел се распоредени по категории „де лукс“ и „егзекјутив“, а апартманите се поделени по категориите „јуниор“, „егзекјутив“, „премиер“. Во просек, на секој спрат од овој хотел има од 35-40 соби.

164 убаво опремени гостински соби, кои вклучуваат 108 Deluxe соби, 35 Executive соби, 6 Junior апартмани, 5 Executive апартмани, 8 Premier апартмани, 1 апартман за заменик-претседател и 1 претседателски апартман. Сите соби се опремени со пристап до брз интернет, луксузна постелнина со јоргани и памучни чаршави и перници, индивидуална контрола на системот за климатизација, ТВ со рамен екран 48”, канали со филмови со доплата, просторна работна маса и удобна бања. Политика на хотелот е дека пушењето е забрането. Секоја од 164-те прекрасно поставени гостински соби и апартмани, вклучувајќи го и луксузниот претседателски апартман, нудат комбинација на традиционална архитектура и модерен дизајн на ентериерот. Освен мобилното пријавување и одјавување во хотелот, информирање за подготвеноста на собата и мобилните барања, Мериот Хотелите се први кои развиваат систем за отклучување на собите преку мобилен уред, во својот хотел Marriott Waterfront во Балтимор, САД.

XX ПРОСТОРИИ ЗА РЕКРЕАЦИЈА

Покриен базен со машина за пливање во место • Џакузи • Голем број простории за релаксација • Теретана & Фитнес центар • Спа центар со голем избор на професионални третмани • 4 типа на сауна • Третмани за убавина и третмани за коса. Спа центарот на хотелот нуди низа третмани за релаксација, вклучувајќи го заштитниот интензивен третман на лице против стареење, како и пилинг за тело со зелен чај и краставица, користејќи June Jacobs производи, познати по својот микс од природни ботанички состојки и патентирани антиоксиданси.

XX СОСТАНОЦИ И КОНФЕРЕНЦИИ

XX РЕСТОРАНИ & ЛАУНЏ БАР

селекција на локални вина и уникатни премиум коктели. Ентериерот на целиот е хотел е спој на потребите на новите генерации познати како „милениумци“(родени после 1981 година), но и на традиционалните барања на генерациите познати како „Х“ и „У“ (родените пред 1980-тите). „Со овој хотел влеговме на хотелската мапа на светот. Во изградбата вложивме многу труд, љубов и финансии, а целиот објект го градеа компании од Македонија со техничка поддршка до брендот Мериот“, изјави инвеститорот Александар Иванов, сопственик на Дивелот груп. nnn

Брз безжичен интернет во јавните простории • Бизнис центар отворен 24 часа • Ексклузивен лаунџ бар • Услуги за перење и хемиско чистење во истиот ден • Сефови • Опрема за пеглање • Уреди за бесплатен чај и кафе.

Хотелскиот ресторан, Distrikt Bar & Kitchen, го презема спојот на различните култури на градот и најдобрите локални производи ги комбинира со источноевропски и медитерански влијанија. Најдоброто од кулинарските дела вклучуваат свежа риба и Џоспер скара на јаглен, која дава уникатен вкус на селекцијата на стекови од зреено месо во понудата. Главен ресторан „DistriktBar&Kitchen“, со дизајн на отворена кујна, ќе ви понуди невообичаено искуство со вкусно мени и пријателска услуга. Ресторанот е со пристап од улица • „DistriktBar“ е местото каде се спојуваат работата и

Хотелот нуди одлични простории за бизнис патниците, со флексибилни и стилски простории за состаноци, вклучувајќи седум посебни сали за настани, од кои најголемата има капацитет до 600 луѓе, заедно со мултифункционален простор за отворени дискусии, работилници и приватни состаноци. Executive собите, како и Executive Lounge нудат дополнителен комфор и стил. Платформата на Мериот Meetings Imagined дава нови можности и инспирација за организатори на настани и состаноци, заедно со онлајн сервис кој им овозможува на гостите да се во контакт 24/7 со менаџерите за односи со клиентите.

XX ЛОКАЦИЈА

Хотелот е лоциран до најпознатите градски атракции, вклучувајќи го Камениот мост, неверојатната статуа на Александар Македонски, „Воин на коњ”, како и богат избор на театри, музеи, барови и ресторани.

атниците, со флексибилни и стилски простории за состаноци


ЕдноднЕвна обука на тЕма:

Данок на Добивка l ЗаДржан Данок l Персонален Данок на ДохоД l 26.05.2016 l 09:00-16:00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје Цел на обуката: Целта на обуката е да обезбеди знаење и разбирање на законските обврски и нивен правилен третман. обуката опфаќа вовед во дaнок на добивка, даночна основа, непризнаени даночни расходи, намалување на даночна основа, предмет на оданочување и плаќање на задржаниот данок, како да се плати помалку задржан данок врз основа на важечките законски прописи, административни обврски и прекршочни одредби. вториот дел од обуката ќе биде посветен на Персонален данок на доход, приходи кои подлежат на Пдд, приходи кои не подлежат на Пдд, даночен обврзник, даночна основа, поднесување на годишна даночна пријава.

Рок за пРијавување: 23 мАј 2016

соДржина на обуката:

l данок на добивка l Задржан данок l Персонален данок на доход

ПреДавачи: Марија сиМоски линин

менаџер за даноци и аутсорсинг Грант торнтон македонија

светлана јосифоска

Сениор за даноци Грант торнтон македонија

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


www.kapital.mk

Капитал број 864 20.05.2016

50

лидери

Мартин Сорел оСновач и извршен директор на WPP

не Можете да иМате бренд без иновации

М

артин Сорел е извршен директор на WPP, најпознатата компанија во светот за мултинационален маркетинг и односи со јавност. Во 2015 година тој се најдете на високата 5-та позиција на листата на најдобрите извршни

Јас имам емотивно посветување: ако успееме да добиеме нешто тоа го сфаќам лично, ако изгубиме нешто, исто така тоа го сфаќам лично, ако некој ни се придружи и тоа го сфаќам лично исто како што сфаќам лично кога некој не напушта. Тоа е нешто повеќе од само работа

Најважно е како се справувате со тешките работи во животот

директори во светот што секоја година ја прави Harvard Business Review. .Неговата компанија вработува 190.000 луѓе ширум светот, a има 3.000 канцеларија во 112 земји. WPP изминатата 2015 година ја заврши со вкупно приходи од 12, 235 милиони фунти, а нето добивката изнесуваше 1,245 милиони фунти.

„Во ера на транспарентност, може да имате иновација без бренд, но никако не можете да имате бренд без иновација“

Маркетингот веќе не е уметност. Тоа е наука. Верувам дека податоците носат голема креативност

Маркетингот е инвестиција, а не трошок Успехот се мери кога вашите конкуренти се грчат

Она што најмногу ме загрижува за оваа 2016 година е неуспехот на компаниите во кои сакаме да инвестираме


864 kapital magazin  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you