Page 1

analiza Politi^kite partii za izborite potro[ija pove]e pari otkolku [to sobraa

eu diplomati: Za Albanija kandidatski status vo juni, za Makedonija - kriza!?

politika Koga odr@uvaweto na vlasta stanuva rutina

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

број 758 цена 100 ден. | 9 МАЈ, 2014, петок | година 15

www.kapital.mk

лканот а Б а н те ш и н а ст ри п ното Се приватизира најваж

45%

Makedonija pravi od prometot vo Solunsko pristani[te!

Kompaniite i dr@avata mora da vlezat vo over privatizacijata! cstory Hrvatska poka@uva deka e evropska dr@ava

Ден по објавување на аферата "Спачва", Линиќ надвор од владата!


Капитал Капитал број број 758 672 09.05.2014 12.09.2012

4 содржина 4 НАВИГАТОР 06 КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска Политичка одговорност. Што ли беше тоа?

14 cover story

Компаниите и државата мора да влезат во приватизацијата!

20 интервју

Илија Николов, директор на “Актива“ Соработката со белгиски “Ван Хол“ “роди“ нова фабрика од три милиони евра!

www.kapital.mk www.kapital.mk

Издвојуваме Солун може да биде наш!?

Ако близу половина од целиот транспорт преку Солунското пристаниште го прават македонски компании, тогаш логично е македоснките компании да истапат погласно во претстојната приватизација. Иако условите за приватизација за најважното за Македонија пристаниште во Солун се комплицирани, а конкуренцијата е голема експертите велат дека македонските компании во заеднички настап со државата би можеле на некој начин да се стекнат со дел од сопственоста на пристаништето или барем со еден негов закупен дел во рамките на најавената приватизација.

Таа дупка не е дупка

Неколку избори по ред практика е партиите да завршуваат со минус на своето салдо. Сметките за кампањата се затвараат по завршувањето на кампањата така што невозможно е партиите да ги вратат парите кои ги должат. Иако тоа е незаконски, веќе станува пракса и ревизорите и антикорупционерите и јавноста да не реагираат на тоа. Капитал ги анализира финансиските извештаи на политичките партии за последниве предвремени парламентарни и претседателски избори и колку се тие (не) реални? XX Стр. 28

XX Стр. 14

24 анализа

Политичките партии за изборите потрошија повеќе пари отколку што собраа Дупката може да се покрие само незаконски!

30 деловна сигурност

Во Македонија се уште се гине на работното место!

36 политика

Што ја чека Македонија после изборите? ЕУ дипломати за Капитал: За Албанија кандидатски статус во јуни, за Македонија - криза!?

42 политика

Кога одржувањето на власта станува рутина: Четворицата владетели на изборите

46 Балкан бизнис и политика

Хрватска покажува дека е европска држава Ден по објавување на аферата „Спачва“, Линиќ надвор од владата!

50 интервју

Кори Удовички, потпретседател на Владата на Србија Нема веќе да има заштитени

14

24

Bye bye Europe

Никакви очекувања за патот на Македонија кон Европската Унија немаат високите дипломати во Европската комисија. Извори за Капитал брифираат дека многу е веројатно Албанија да добие кандидатски статус во јуни, после што според нивните прогнози се стравува од криза во нашата држава. За Албанија се прогнозира многу скоро и датум за преговори. Со ова Македонија (заедно со Босна и Херцеговина) останува последна држава од регионот којашто наместо со суштински прашања и визија за својот развој, очигледно уште долго ќе се занимава со своето внатрешно постројување

На ручек со... Арсим Зеколи Секоја негова колумна е уметничко дело. И покрај тоа што кариерата ја градел прво како новинар, па потоа како еден од најуспешните македонски амбасадори. Емоција лебди низ воздухот кога разговарате со него, било за внатрешна или надворешна политика, било за меѓуетнички односи или култура. Тоа е Арсим Зеколи, аналитичар со став којшто треба да ги замисли сите актуелни актери на политичката сцена, а да ги мотивира сите оние општествено неактивни!

XX Стр. 36

52 маркетинг

XX Стр. 60

Во маркетиншката ера се е бренд менаџмент И државата е бренд кој се продава

58 интервју

Џефри Имелт шеф на Џенерал Електрик Сите се враќаат кон производството!

60 на ручек со...

Арсим Зеколи аналитичар Македонија е во внатрешна студена војна без прекин

64 туризам

Патувајте на Бали по цена како за Турција!

36

60


Капитал број 758 09.05.2014

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Политичка одговорност. Што ли беше тоа?

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Prv preduslov za da se izgradi pravna dr`ava e da postoi politi~ka volja da se izgradat instituciite i sudovite koi }e bidat nezavisni od pritisocite na vlasta i na drugite centri na mo}. Makedonija kako dr`ava dosega ne ja demonstrira{e taa volja. Dosega site politi~ki eliti poka`aa samo deka imaat volja da gi stavat pod svoja kontrola instituciite i sudovite koi treba da se borat so korupcijata.

Д

еновиве Хрватска уште еднаш покажа како една држава во која има систем и независни институции треба реагира кога ќе биде доведено во прашање работата на политичарите на власт заради сомнение за злоупотребата на државната функција. Имено, еден хрватски весник објави афера во која е наводно вмешан министерот за финансии Славко Линиќ, а кои упатуваат дека тој ја оштетил државата за 3,5 милиони евра. Се работи за афера која ја откри хрватски Јутарњи лист презентирајќи документи кои упатуваат на тоа дека Линиќ во претстечајна спогодба ја оштетил државата за 3,5 милиони евра (27 милиони куни), бидејќи лично потпишал даночниот долг на славонската фирма Спачва да се пребие со земјиште чија вредност е многукратно преценета. Уште истиот ден УСКОК, односно главната институција за сузбивање на корупција и организиран криминал во Хрватска ги побарала и ги проверила сите документи кои ги објави весникот. Следниот ден министерот за финансии веќе не беше министер за финансии. Хрватскиот премиер Милановиќ јавно му се заблагодари на министерот, но како што рече тој нема да може да продолжи да ја извршува министерската функција заради тоа што е нарушена неговата доверба и дека тој заради политичка одговорност мора да замине од владата. Ова беше експресна реакција на хрватскиот премиер во која некои аналитичари видоа само обид да го крене рејтингот за претстојните избори за пратеници во европскиот парламент. Дека сосема непотребно ги покажал мускулите на работа која може да ја наруши стабилноста на земјата. Дури и да е така. Оваа реакција покажува дека Хрватска како држава е веќе влезена во една сосема друга димензија. Во која зборот политичка одговорност има и тоа каква тежина. За разлика на пример од Македонија каде зборот политичка одговорност е веќе одамна заборавена. На пример, македонската јавност во изминативе години се изнаслуша еден куп афери во која беа вмешани актуелни министри. Ниту еден од нив не спомена

политичка одговорност, ниту некој од нив побара такво нешто. Не, пак, да поднесе оставка од функцијата. А ако веќе некој министер е ставен во афера во која тој намерно или ненамерно ја оштетил државата, тогаш прво што треба да се случи е тој да си поднесе оставка. Па потоа во соодветна процедура да докажува дали е виновен или невин. Но, не може од позиција на министер да докажува и да објаснува на долго и широко дека не знаел, дека бил разочаран или повреден од тоа што се случувало во неговиот ресор. Дури и да не бил директно вмешан, самиот факт и признание дека не знае што му се случува во ресорот зборува дека тој нема капацитет да биде министер и да управува со министерството. Она што е најстрашно е што македонската јавност веќе се навикна дека што и да се објави во медиумите ништо нема да се случи, дека нема да реагира ниту една надлежна институција и дека се ќе си продолжи исто и понатаму. Веќе станува сосема сеедно дали за некоја афера за корупција на функционер ќе се зборува јавно или не. Оти се знае дека ниту една институција нема да реагира. На пример, политичките партии објавуваат извештаи од финансирањето на изборите дека потрошиле повеќе пари отколку што собрале и никој не ги прашува од каде им се тие пари и како ќе ги враќаат. А сите знаат дека тоа е незаконски и дека за таквото работење некој треба да оди во затвор. Или, пак, ревизорите во своите извештаи објавуваат дека одредено министерство или јавно претпријатие работеле надвор од законот, дека со тоа го оштетиле буџетот и дека нивните извештаи не се реални и никој не бара ниту политичка, ниту кривична одговорност од директорот, ниту пак некој покажува нагон да ги испита тврдењата на ревизорите и да делува според нив. Ваквата ситуација во која се наоѓа Македонија покажува дека дека јавноста веќе се помирила со фактот дека институциите на системот не функционираат. Дека системот не препознава и не реагира на афери во кои се зборува за корупција, за злоупотреба на службена должност,


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

КапиталНО

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

7

...СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ НА МАГАЗИНОТ

www.kapital.mk петок 09/05/2014

календар

 16 мај ЕДИЦИЈА ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ

 23 мај Она што е најстрашно е што македонската јавност веќе се навикна дека што и да се објави во медиумите ништо нема да се случи, дека нема да реагира ниту една надлежна институција и дека се ќе си продолжи исто и понатаму. Веќе станува сосема сеедно дали за некоја афера за корупција на некој сегашен или поранешен функционер ќе се зборува јавно или не. Оти се знае дека ниту една институција нема да реагира, ниту да го санкционира тоа. за оштетување на државниот буџет, за работење спротивно на законите, за политичка одговорност...Објавената афера во Хрватска покажува дека и во земји кои се во ЕУ се случува корупција, како што се случува и во најразвиените и во правно најсредените држави. Да, се случуваат. Никој не е наивен да верува дека во Германија, Америка или некоја друга земја нема корупција или проневери со финансирање на избори. Напротив, неодамна беа објавени некои проценки дека корупцијата ја чини Европската унија стотици милијарди евра. Но, разликата е што системот во секоја нормална држава умее да ги препознае и да ги санкционира ваквите незаконски дела. Поранешниот Силвио Белрускони заврши на суд. Германскиот политичар Хелмут Кол мораше да поднесе оставка од партијата заради црните пари со кои се финансирала партијата. Поранешниот гувернер на сојузната американска држава Илиноис, Род Благојевиќ отслужува 14 годишна затворска казна за корупција. Да не одиме толку далеку. Поранешниот словенечки премиер за корупциска афера беше осуден на две години затвор, а во Босна и Херцеговина беше уапсен претседателот заради примање на мито. Поентата е дека една држава може да докаже дека има независни институции за борба против корупција и криминал само кога ќе почне да се занимава и со

корупцијата во власта. Се додека тие остануваат недопирливи за институциите таа држава не покажува нагон да се бори против корупцијата. Хрватска го покажува токму тоа. Дека има независни институции и судови кои не се плашат да испитаат постоење на корупција ниту кај актуелен министер, како што покажаа дека не се плашат да се зафатат со испитување на незаконско работење на ХДЗ, партија која тогаш беше на власт и со поранешниот премиер и лидер на таа партија Иво Санадер, кој неодамна беше осуден на 10 години затвор за корупција и злоупотреба на службената должност. Но, прв предуслов за тоа да постои е политичката волја да се изградат институциите и судовите кои ќе бидат независни од притисоците на власта и на другите центри на моќ. Македонија како држава досега не ја демонстрирала таа волја. Досега сите политички елити покажаа само дека имаат волја да ги стават под своја контрола институциите и судовите кои треба да се борат со корупцијата. Германскиот пратеник со хрватско потекло Јосип Јуратовиќ кој неодамна беше во Македонија тоа многу јасно го објасни. ...”Елитите на Западен Балкан, сите без исклучок, не сакаат во Европската Унија, бидејќи најмногу се плашат од синдромот Санадер и од независно судство. Хрватска не постигна многу од влезот во ЕУ, но едно постигна: конечно почнува да станува правна држава и тоа и отвора други можности”.

ДЕЦА ЗЕМЈА ПАРТНЕР НА МАКЕДОНИЈА: СРБИЈА

 30 мај КОЈ Е КОЈ: ФИНАНСИСКИ СЕКТОР

Повеќе информации во врска со прилозите и комерцијално претставување во истите можете да добиете на телефонскиот број: 02 3298 110 ЛИЦА ЗА КОНТАКТ:

АЛЕКСАНДРА СТОЈМЕНОВА aleksandra.stojmenova@kapital.mk САЊА САВОВСКА sanja.savovska@kapital.mk БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ boban.gjorgjievski@kapital.mk


Капитал број 758 09.05.2014

8

www.kapital.mk

...позицијата на капитал...

Македонија не смее да ја преспие приватизацијата на Солунското пристаниште

За жал ниту македонските компании ниту македонските власти не покажуваат никаков интерес за искористување на било каков начин на најавената приватизација на солунското пристаниште. Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

В

о Македонија ортачки не може да се изгради ниту нужник“. Е ова е најдиректниот и многу точен одговор кој го добивме на прашањето зошто македонските компании заедно со држава не можат да се договорат здружено да влезат во сопственоста на Солунското пристаниште. Искусниот стопанственик кој многу сликовито ни ги објасни и причините и последиците од ваквиот македонски синдром на неслога додаде уште дека откако сето ова ќе се заврши и друга кинеска или руска компанија ќе стане сопственик на пристаништето ќе кукаме дека тоа било најважниот инфраструктурен и стратешки објект за македонската економија и дека приликата која сега се нуди со неговата приватизација по никоја цена не сме смееле да ја испуштиме. За жал, ниту македонските

компании, ниту македонските власти не покажуваат никаков интерес за оваа повеќе од визионерска и трговски и економски гледано спасоносна идеја. За илустрација уште во минатиот век кралството Југославија и тогашниот крал Александар Караџорџевиќ биле големи визионери и откупиле дел од истото пристаниште на 50 години кое се користело дури до 1973 година. Иако во критичната 1932 Југославија имала излез барем на 100 пристаништа на илјада километарската обала од Улцињ се до Кварнер, тогашните власти биле доволно писмени и паметни да сфатат кое е значењето на Солун. Просто неверојатно звучи како денешниве политичари и бизнисмени во Македонија скоро цел век подоцна не можат да ги сфатат истите овие работи. Да сфатат дека во догледна иднина, колку нас тоа и да не ни се допаѓа, за Солун немаме ама баш никаква алтернатива. Да сфатат дека вложувањето во ова пристаниште е вложување во македонската трговска

и економска иднина. Од друга страна, ако македонските власти и бизнисмени не сакаат да ги сфатат советите на експертите, барем нека ги согледаат искуства од другите земји слични на нас. Унгарија, Чешка, Словачка, Швајцарија, Австрија, се само дел од економските успешни држави кои слично на Македонија немаат излез на море. Швајцарија се уште не е членка на ЕУ, а до скоро не беа и Чешка, Словачка и Унгарија, но сепак сиве овие земји имаат успешен извоз и надворешна трговска размена која се одвива по море. Значи откупувањето на дел од туѓите пристаништа, влез во меѓународните конзорциуми кои стопанисуваат со нив, изградба на целосно нови пристаништа на откупено или закупено крајбрежје, формирање на трговска флота под сопствено знаме се само дел од алатките кои со години успешно ги користат овие држави, а за кои веќе редно и крајно време е да почне да размислува и Македонија.

Винарниците докажаa дека можеме да извезуваме!

Што можат да научат останатите македонски извозно ориентирани компании од винарниците, кои системски, долгорочно и упорно работат на пласирање на Македонија на светската винска мапа? Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

М

акедонскиот синдром дека “странците секогаш знаат повеќе и умеат подобро“ дефинитивно треба да се напушти. Македонските извозни компании, особено оние од прехранбениот сегмент можат да научат многу лекции од нивните колегивинопроизводители. Кои се тие лекции? Прво, голем дел од најуспешните винарници континуирано инвестираат! И во нова технологија, и во нови лозови насади, во нови сорти на грозје, во стручен енолошки кадар... Кај нив инвестициите се бројат во милиони евра. На неколку години дел од винарниците влегуваат во нов инвестициски циклус, единствениот начин и пат да се остане во игра на висококонкурентен пазар каков што е винскиот! Заклучок- без инвестиции нема развој! Второ, македонските винарници со

силна извозна ориентација засега се единствените во Македонија кои се здружени во своите напори да освојуваат нови пазари и да го променат имиџот на македонското вино. Здружението “Вина од Македонија“ во кое членуваат десетина винарници кои реализираат високи 80% од извозот на вино е единственото кое под една капа обединува компании со силно изградени брендови, но и силна свест дека само со заеднички и здружен настап е можен задоволителен извозен резултат! Трето, винарниците се чини се едни од ретките во земјава кои правилно и навремено ја сфатија улогата и моќта на маркетингот. Со континуирана посветеност на промоција на македонското вино меѓу потрошувачите, со коренита промена на имиџот на виното на домашен терен, со модернизирање на амбалажата и целокупниот визуелен изглед и со континуирано носење на вински критичари, релевантни вински магазини и други “вински

адвокати“ во Македонија не само што ја менуваат светската перцепција за македонското вино, туку даваат импулс и кон подобрување на имиџот на целата земја! Ова се само неколку аргументи како една индустрија, доколку има доволно јасна визија и доволно акција кон нејзина реализација,може да направи сериозен исчекор. Факт е дека македонските винарници секоја година освојуваат нови пазари. Затоа, македонските преработувачи на овошје и зеленчук, македонските кондитори, македонските млекарници и сите останати би требало добро да го изанализираат механизмот за промоција на македонското вино на странски пазари. Да ги научат основните лекции и да почнат да ги применуваат во своите области. Континуирани инвестиции, силна меѓународна промоцијата и здружување на силите се добра комбинација на стратегии која доколку се примени не може да не даде резултати. Компаниите се на потег!


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

...позицијата на капитал...

9

Ахмети е прочитан...неколкупати

Ако Иванов не е консензуално прифатлив, од каде му е ставот на Али Ахмети дека Груевски е? Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

К

ога не би биле граѓанин на Република Македонија со постојано живеалиште во земјава, апсолутно би било забавно да се набљудуваат отстрана вратоломиите и разните акробатски вештини што лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги изведува во својот обид да биде, а да не биде, да влезе, а да не влезе, да остане, а да не остане дел од владејачката коалиција со премиерот Никола Груевски. „Внимателно, без еуфорија и со разум треба да се водат преговорите со ВМРОДПМНЕ за состав на новата влада, кои ќе одат тешко“ изјави тој за албанската телевизија „А1 Репорт“. Но, Ахмети и неговите сопартијци знаат дека „што се мора лесно е“, па во успехот од овие мачни преговори ретко кој се сомнева. Ахмети навистина не открива кои се неговите барања со кои сега излегува

прд премиерот Груевски, но ако се има предвид оти јасно посочи дека сакаат фокус да им бидат евроатлантските интеграции и економијата (а досега што им беше?), тогаш лесно може да се предвиди дека тој ќе ги бара МНР (партиски извори велат дека Бесими и ДУИ не биле задоволни со опсегот на надлежности што СЕП ги нуди во полето на надворешната политика), директорска фотелја во Царина или УЈП (вечно барање) и секако – спикер Албанец што ќе значи и промена на Деловникот за тој да може да ги води седниците на Парламентот на албански јазик. Се е ова политички легитимно, но Ахмети навистина треба да одговори на неколку прашања што сега се наметнуваат пред неговиот електорат, но и пред целата јавност, откако после цела кампања измината во напади за Груевски и борбата за консензуален кандидат, сега лаконски договара коалиција повторно со ВМРО – ДПМНЕ, држејќи пиштол над глава над истиот Груевски... Таман и се да договорат, таман и пазарот

да им излезе како што им двајцата имаат замислено и да тргнат заеднички во нов четиригодишен мандат, останува впечатокот дека тука се работи за една силна глума и вештачка коалиција која нема заедничка визија за развој на државата. Како Ахмети мисли да биде дел од коалиција, а да не го признава претседателот на државата којшто доаѓа од редовите на коалицискиот партнер? Ако ДУИ остане доследна, сосема логично се наметнува прашањето како Ахмети мисли да функционира во иднина? Што ако добие некој министерски ресор којшто е поврзан со шефот на државата, на пример министерството за одбрана, што досега беше токму во рацете на ДУИ? Дали овој тврд став за Иванов е само преговарачка техника на Ахмети, па кога тој ќе го добие тоа што го сака и Иванов ќе добие на својата консензуалност? ... Оти, ако Иванов не е консензуален, од каде пак ставот на Ахмети дека Груевски е?

Трајчевски со бројки ќе го мери тонот на известувањето во кампањата!?

Зоран Трајчевски најавува стручен извештај за известувањето на медиумите во кампањата, зашто оној на ОБСЕ бил политички - немал бројки. Но, веројатно не мисли дека тонот со кој се известуваше може да се мери во децибели Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Н

ема граѓанин на Македонија кој откако ќе одгледа барем едни вести на некој од домашните телевизиски канали не може да оцени кому е политички наклонет односниот медиум (чест на исклучоците што не се никому наклонети). Оваа оценка воопшто не зависи од тоа колку време во вестите на телевизијата се потрошило на власта или на опозицијата, зашто секому е јасно дека потрошеното време, на пример, за плукање по опозицијата, колку е поголемо, толку е подобро за власта. Но, и во вакви услови, претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, најави дека регулаторното тело со кое претседава ќе усвои извештај од мониторингот на електронските медиуми за известувањето во изборната кампања, кој ќе бил стручен, за разлика од извештајот на ОБСЕ/ ОДИХР, кој бил политичка оценка, зашто не содржел бројки и параметри. Трајчевски во интервјуто во кое го истакна овој став ни најмалку не остава

простор дека во ОБСЕ/ОДИХР можеби (логично) сметаат оти бројките се одвај површен метод за да се утврди колку одреден медиум го исполнува првиот и основниот член (75, став 1) од Изборниот законик на поглавјето за медиумско претставување на избори, кој вели: „Радиодифузерите што ги покриваат изборите се должни тоа да го прават на правичен, избалансиран и непристрасен начин во својата вкупна програма.“ Првиот човек на Агенцијата кој квантитативниот го смета за порелевантен и постручен од квалитативниот мониторинг (терминологија од извештајот на ОБСЕ), последниов (квалитативниот) го нарекува политичка оценка. Но, дури и така да се нарече не претставува никаков проблем (има разлика меѓу политичка и исполитизирана оценка), зашто како ако не според политичката обоеност да се оцени тонот со кој известуваат медиумите? Веројатно Трајчевски не мисли дека тоа може да се пресмета во бројки, со мерење на децибели, на пример. Да не заборавиме дека извештајот на ОБСЕ/ОДИХР кој Трајчевски го дисквалификува како политички (на седница на Агенцијата го нарече

и субјективен, односно збир на философски размислувања), ВМРОДПМНЕ (партијата за чие кадровско решение опозицијата го смета Трајчевски) го поздрави, истовремено „нотирајќи ги и адресирајќи ги сите видувања на ОБСЕ/ОДИХР кои се во насока на понатамошно унапредување на стандардите и критериумите на изборниот процес“. Но, така е тоа кога се има потреба да се биде „поголем вмровец од Груевски“, како во случајот кога Трајчевски побара извештајот на стручната служба на Агенцијата од мониторингот во предизборниот период да биде дополнет со оценка дека ТВ 24 Вести и ТВ Телма објавиле истражување на јавното мислење со кое ја манипулирале јавноста. И двата медиуми во соодветните извештаи секогаш се меѓу најизбалансираните и најнепристрасните, и како такви логично би било ВМРО-ДПМНЕ да ги користи како пример за постоење медиумски плурализам (на известувањето). Но, Трајчевски како да чита поинаква порака, дека за одреден медиум да биде безбеден од неговиот регулаторен радар, критичкото известување треба да го резервира само за активностите на опозицијата.


Капитал број 758 09.05.2014

10 НАВИГАТОР

www.kapital.mk

ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

7,3%

е зголемен бројот на работници во индустријата во март годинава во споредба со истиот период лани

Мануел Валс

премиер на Франција

победник на неделата

Нивото на еврото е превисоко. Потребна ни е голема промена која нашата монетарна политика ќе ја направи оружје за раст и создавање на нови работни места

Македонија 10 места погор

В

о најновиот извештај на Светскиот економски форум за информатичка технологија, Global Information Technology Report, Македонија бележи напредок од 10 места и е рангирана 57. место од 148 земји. Извештајот го покажува напредокот на земјите не само според развојот на информатички и комуникациски технологии, но и според економското и социјалното влијание, а посебен акцент е ставен на силните точки и слабостите со кои се соочува една земја. Во Извештајот се анализираат и

Најбогатиот човек во светот влегува во Македонија

Карлос Слим стана г Зоран Милановиќ

+

Дека Хрватска е држава во која функционираат институциите, покажа премиерот Зоран Милановиќ, откако за само 24 часа од објавувањето на аферата Спача во која е вплеткан министерот за финансии Славко Линиќ, донесе одлука дека Линиќ мора да ја напушти хрватската Влада. „Морав да го разрешам. Се работи за политичка одговорност. Вака не може да се работи. Доверба мора да има, а довербата е сериозно нарушена. Му благодарам на Линиќ за досегашната соработка. Изборите се важни, но чистите раце се поважни“ – изјави Милановиќ јасно оцртувајќи ја линијата по која решил да ја тера државата. Милановиќ очигледно добро знае дека политичката одговорност за која зборува е главен фактор во сите демократии, па оттука, без да чека судски исход за евентуална кривична одговорност, се повикува на овој политички институт. Експресната оставка која му ја врачи на еден од неговите најбитни, но и најпопуларни министри говори за високиот степен на свест и одговорност кај самиот премиер. Без воопшто да калкулира за влијанието на овој потег врз претходните избори, Милановиќ одлучи дека најважно од се е сепак достоинството и образот во една политичка битка. Овој потег него го сместува во модерните, европски лидери, кој точно знае какво општество сака да води, или евентуално да остави на неговите наследници.

пишува:

К

Љупчо Златев

ljupco.zlatev@kapital.mk

омпанијата “Карсо Телеком“ фирма ќерка на “Америка Мовил“, компанија на мексиканскиот мултимилијардер Карлос Слим им најави на македонските власти дека го презема македонскиот телекомуникациски оператор ВИП. По преговорите со австриската Влада кои траеја неколку месеци, Слим успеа да ја купи компанијата

“Телеком Австрија“, на 27ми април и со тоа да ја прошири својата телекомуникациска империја во Европа. “Телеком Австрија“ е сопственик на македонскиот телекомуникациски оператор ВИП, па Слим го превзема и македонскиот телекомуникациски оператор. Во дописот што “Карсо Телеком“, чие седиште е во Амстердам, го испрати до македонските власти пишува дека компанијата се стекнала со контрола врз „Телеком Австрија Актиенгелесшафт“ со седиште во Виена, а со тоа контрола и врз македонскиот мобилен оператор ВИП. Преговорите што Слим ги водеше


www.kapital.mk

огоре за развојот на ИКТ предностите и ризиците од работење со големи податоци, како и користа која може да биде извлечена од јавноста и приватните организации. Од земјите од соседството, пред Македонија се наоаѓаат Хрватска на 46-то место и Црна Гора на 52-то место, додека после нас се Босна и Херцеговина (68), Бугарија (73), Грција (74), како и Србија (80). Од поранешните југословенски земји, Словенија се наоѓа најнапред во овој извештај, и тоа на 30-то место. На врвот на оваа листа, пак се наоѓаат Финска,Сингапур, Шведска, Холандија и Норвешка.

Капитал број 758 09.05.2014

НАВИГАТОР

мисла на неделата

> БРОЈКА

26,3

милиони евра странски директни инвестиции влегле во Македонија во февруари годинава

лидери

онија

газда на ВИП Компанијата “Америка Мовил“ на мексиканскиот мултимилијардер Карлос Слим влегува во Македонија. Слим го купи австрискиот телекомуникациски оператор Телеком Австрија, компанија сопственик на македонски ВИП. со австриската влада за преземање на “Телеком Австрија“ беа маратонски. Слим не ја криеше намерата својата империја да ја прошири својата империја во Европа, а по превземањето тој ја добива втората голема телекомуникациска компанија во Европа. По потпишувањето на договорот со австриската државна холдинг компанија, компанијата на Слим, „Америка Мовил“ соопшти дека за купување на преостанатиот удел во Телеком ќе понуди 7,15 евра по акција. За докапитализација на инвестицијата, Слим потпиша дека ќе вложи милијарда евра, соопштуваат од неговата компанија. Америка Мовил, компанија со седиште во Мексико Сити е четвртата најголема телекомуникациска компанија во светот и според извештајот од 2012 има 246 милиони мобилни корисници во целиот свет. Во јануари 2010 Америка Мовил ја превзема шпанската телекомуникациска компанија Карсо Телеком и стана главен конкурент на шпанската “Телефоника“, со тоа Слим го најави својот влез во Европа, и од тогаш своите бизниси полека ги шири низ Европа. Сега бизнисот на Слим се простира до Балкканот, освен во Македонија, ВИП е оператор во скоро сите Балкански Земји. Новиот сопственик на Телеком Австралија назначи и нов директор. Зигмунд Мајерхофер ќе биде извршен директор на „Телеком Австрија“ во наредната една година на местото на досегашниот Ханс Чуден. Договорот со претходниот директор е раскинат три години пред неговото истекување, а тој функцијата ќе ја напушти на крајот на овој месец.

11

Сите размислуваат да го променат светот, но никој не размислува да се промени самиот себе.

Лев Николаевич Толстој руски писател и филозоф

губитник на неделата

Александар Вучиќ

програмата на новата српска Влада ја оцени како импресивна еврокомесарот за проширување, Штефан Филе

Сусило Бамбанг Јудојоно

со БДП од 2.058 милијарди долари, според Светска банка, индонезиската економија влезе во десетте најголеми во светот

не им беше неделата

Славко Линиќ

Хрватскиот министер за финансии Линиќ се соочува со сериозно обвинување дека ја оштетил државата за 3,55 милиони евра

Адамантиос Василакис

Каков конструктивен дијалог бара Василакис, кога по секоја средба со медијаторот Метју Нимиц, вината за непостигнат напредок ја префрла врз Македонија

_

Аленка Братушек Откако загуби на внатрепартиските избори за лидер на партијата Позитивна Словенија, и тоа од позиција на премиер, се прости и со претседателствувањето со словенечката Влада. Премиерката во оставка, Аленка Братушек, иако неодамна изјави дека очекува оваа година во Словенија да дојде до закрепнување на економијата, остава таква ситуација во земјата што дури над една третина од Словенците сметаат оти следната година ќе им биде уште полоша од оваа. На ова се надоврзуваат проценките на словенечките аналитичари дека цената на падот на Братушек може да биде многу висока. Нејзината Влада ќе биде запаметена како „влада на пропуштени можности“, со оглед на тоа што во услови на притисок од Брисел и од финансиските центри на моќ (пазари) имаше премолчна согласност од граѓаните за спроведување на реформи, особено во делот што требаше да овозможи спасување на банките. Братушек најави формирање нова партија, а не преземајќи одговорност за промашувањата, вината за неуспесите на својата Влада индиректно ја префрли на крилото лојално на Зоран Јанковиќ.


Капитал број 758 09.05.2014

12

НАВИГАТОР

www.kapital.mk

график на неделата...

Извоз на овошје и зеленчук (во милиони УСД)

143.72

2007

165.75

2008

181.07

197.01

175.04

193.17

142.52

2009

2010

2011

2012

Расте извозот на овошје и зеленчук

2013

Извозот на овошје и зеленчук на крајот на 2013 година достигна 193 милиони долари, што е раст од 10,4% во споредба со претходната 2012 година, но се уште е понизок од рекордниот извоз на овошје и зеленчук во 2011 година кој изнесуваше 197,01 милиони долари. Извозот на овошје и зеленчук опфаќа 53% од вкупниот извоз на храна.

светот низ медиумите... The Wall Street Journal

Општество во страв-Латвија фрла претпазлив поглед кон Русија. Под овој наслов весникот се осврнува на последиците од кризата во Украина кон соседните земји кои во минато важеа за руски сателити lll

The Economist

3 факти за...

21,4% 18,5% 24,5%

е поголем извозот во март годинава во споредба со истиот период лани

е годишниот раст на увозот во март годинава

е намален извозот на пијалоци и тутун во март во споредба со лани

Го губиме косовскиот пазар

За една година пад 42% на извозот кон

Британскиот магазин прави анализа за ослабнатиот запад и за тоа за што би се борела Америка, алудирајќи на кризата во Украина која ја доведува во прашање меѓународната моќ на оваа суперсила lll

China Daily

„Патиштата се коренот за креација на вистинска благосостојба на нацијата“. Со ова ветување Кина стави потпис на договор со Етиопија да и помогне во изградбата на патишта и патна мрежа lll

El Economista

Овој мексикански весник ја анализира висината на буџетот за изградба на енергетската мрежа и плановите за евентуалното завршување на истата, кое според мнозинството ќе придонесе за подобрување на општата состојба во земјата lll

Македонските и косовските бизнисмени бараат владите да помогнат во стабилизирање на опаѓачкиот тренд на трговска размена. Тие предлагаат симнување на граничните бариерите односно нивно заедничко интегрирано менаџирање и подигнување на економската соработка на повисоко ниво преку поголема меѓусебна информираност, почести контакти, поголеми ангажмани во креирање на заеднички проекти и заеднички настап на трети пазари.

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

заедничко, бугарско1 Прво македонско честување на светите Кирил и Методиј

политички партии 2 Големите "украдоа" 6 пратеници поради изборниот модел!

воопшто се организираа 3 Зошто изборите?

пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Г

раничните бариери,недоволната меѓусебна информираност, немањето почести контакти меѓу бизнисмените, незадоволителните ангажманите во креирањето на заеднички проекти за настап пред европските фондови и слаби и ретки

иницијативите за заеднички настап на трети пазари“ се дел од причините кои ги наведоа македонските и косовските стопанственици за негативниот тренд на економска соработка кој резултира со цели 37,5% опадната трговската размена помеѓу Македонија и Косово во текот на последната година и дури 42% пад на македонскиот извоз. „Размената во последно време драматично опаѓа, иако меѓу Македонија и Косово има огромен потенцијал за


МБИ10

2,900

МБИД

2,700 2,500

60 секунди брифинг

www.kapital.mk

проценки... Јосип Јуратовиќ германски пратеник

Елитите на Западен Балкан, сите без исклучок, не сакаат во Европската Унија, бидејќи најмногу се плашат од синдромот 'Санадер' и од независно судство. Хрватска не постигна многу до влезот во ЕУ, но едно постигна: конечно почнува да станува правна држава и тоа и отвора други можности.

од Косово економска соработка, но владите и приватниот сектор мора да работат поинтензивно за да се подобрат билансите. Економската соработка меѓу Македонија и Косово треба да се подигне на повисоко ниво“, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија на средбата со делегација од Стопанската Комора на Косово која во петокот се одржа во Скопје. Минатата година размената меѓу двете земји достигнала вредност од 220 милиони евра. При тоа, остварен е извоз во вредност од 200 милиони евра, или пад од 41,9%, додека увозното салдо изнесува 21, милиони евра или зголемување од 3,9 % споредбено со 2012 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Косово, во 2013 година остварен е суфицит од 200 милиони евра. Иако наголемо се зборуваше дека падот се должи на неработењето на ОКТА податоците покажуваат дека освен кај нафтените деривати, опаѓање на извозот е забележано и во металната и во прехранбената индустрија. Според Сафет Герџалиу претседател на Стопанката комора на Косово во основа, немаме проблеми во меѓусебната размена, но немаме ниту причина за задоволство. „Приоритет над приоритетите треба да биде економската соработка, а за да се интензивира таа, потребно е да се симнат бариерите на границите, а двете влади да обезбедат нивно заедничко интегрирано менаџирање. Во оваа насока во иднина треба да се формира и деловен совет од претставници на двете комори“, вели Герџалиу. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово за првите 2 месеци во 2014 година достигна вредност од 24 милиони евра . При тоа, остварен е извоз во вредност од 21 милион евра додека пак увозното салдо изнесува 3 милиони евра . Во овој период Македонија бележи суфицит во однос на трговската размена со Република Косово во вредност од над 18 милиони евра. За подобрување на економската соработката Азески на средбата најави дека во иднина претставник на Стопанската комора на Македонија ќе присуствува во косовската деловна асоцијација и обратно, а тие ќе се обидат да им помогнат на компаниите во остварувањето на нивните бизнис- планови.

2,300 2,100 1,900

ТОП ВЕСТИ...

1,700 06/10

Адора продаде 120 стана во првиот квартал

05/11

10/11

03/12

09/12

берза

мби 10

В

о првото четиримесечје од годинава градежната компанија Адора Инженеринг продаде 120 елитни висококвалитетни станови во Скопје и Охрид, во просек по 1 стан днево и 30 продадени станови месечно, што е потврда дека прометот на недвижности не само што не опаѓа, туку дека лидерот во високоградбата во Македонија освари забележлив растечки тренд во однос на продажбата во првото четиримесечје во 2013 година. „Од почетокот на годинава до крајот на април Адора Инженеринг продаде 7081 м² станбен простор што значи дека купувачите го препознаваат повеќегодишното инвестирање во квалитетна градба со примена на европските стандарди, врвната геомеханичка стабилност и асеизмичност на објектите потврдена со вештачки земјотрес, вградувањето повеќе железо и бетон по м² во изградба на економични енергетски ефикасни објекти од А класа, кои се подготвени за енергетски пасош. На драстично зголемената продажба на станови во Адора Инженеринг влијаат и поволности што на купувачите им ги нуди компанијата заедно со прифатливите станбени кредити со банките, како и проектот „Купи куќа, купи стан“ и поволната бизнис клима во градежниот сектор во Македонија“, порачува проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг, кој потенцира дека темпото на продажба на компанијата го следи трендот на градбата, што наметнува зголемување на динамиката со нови инвестициони зафати и почеток на проекти за изградба на нови елитни станбено-деловни објекти на овој единствен градежен супербренд на атрактивни и ексклузивни локации во Скопје.

12/10

3,000 2,800 2,600 2,400 2,200 2,000 МБИ 10 1,800 1,600 МБИ 10 1,400

1,727.00

06/1012/1005/1110/1103/1209/1202/1307/1312/1306/1411/14

МБИ 10 2010/2012 МБИ 10

1,727.00 2010/2012 2010/2012 2010/2012

1,727.00 1,727.00 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК

Max. Min.

2,827.62 1,808.47

Max. Min.

2,827.62 1,808.47

2010/2012 2010/2012 Max. 2,827.62 Max. Цар Самоил АД Банско Конечно минимален раст на НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 2010/2012 Min. 1,808.47 Min. Македонската берза. Последнава

2,827.62 1,808.47

2,460.00 2,460.00 1,727.00 1,727.00 1,727.00 1,727.00 +884% 2010/2012 2010/2012 Max. Max. 2,827.62 нивните акции. Сега останува на 2,827.62 2010/2012 Min. 1,808.47 МБИ 10 АД Банско МБИ 10 Цар Самоил МБИ 10 недела беше продуктивна за МБИ 10 и профитабилна за дел од брокерите

НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК +884% компаниите коиДОБИТНИК остварија позитивни МБИ 10 резултати на раст вредноста на Цар Самоил Цар АДСамоил Банско АДнаБанско 2010/2012 Max. 2,827.62

НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 2010/2012 Min. 1,808.47 2010/2012 1,808.47 2010/2012 2,827.62 берзанските играчи даMin. се Max. надеваат 1,727.00 2,460.00 2,460.00 дека овој тренд ќе продолжи. 2010/2012 Min. 1,808.47 Топлификација

НАЈГОЛЕМ 2010/2012 НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ДОБИТНИК Max. 2,827.62 +884% +884% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Топлификација Цар Самоил АД Банско Min. 1,808.47 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Цар Самоил АД Банско Цар Самоил АД Банско НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Цар Самоил АД Банско -8.98%

720.00

720.00 2,460.00 2,460.00 2,460.00 2,460.00

НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ГУБИТНИК Цар Самоил АД Банско Топлификација Топлификација

+884% -8.98%

2,460.00

DOW JONES ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ 720.00 720.00 DOW JONES Топлификација

НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Топлификација НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

720.00 Топлификација НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

+884% +884% +884% +884%

-8.98%

720.00 720.00 720.00 720.00

Топлификација Топлификација

-8.98%

-8.98%

DOW JONES DOW JONES 17,000

-8.98%

17,000

-8.98%

16,000

-8.98% -8.98%

DOW JONES 16,000

15,000

15,000

14,000 DOW JONES

DOW JONES

14,000

13,000 DOW JONES 13,000

DOW DOWJONES JONES

12,000 12,000

17,000

17,000

11,000 17,000 11,000

16,000 15,000 14,000 13,000 12,000 11,000

16,000 16,000 10,000 10,000

07/11 03/13 07/13 07/13 11/13 11/13 03/14 03/14 07/11 11/11 03/12 07/12 11/12 03/13 15,000 15,000

17,000

14,000 14,000

16,000 17,000 17,000 13,000 13,000 17,000 16,000 15,000 12,000 16,000

16,000 12,000 15,000 14,000 11,000 15,000 15,000 14,000 11,000 13,000

10,000 14,00007/11 11/11 03/12 07/12 11/12 03/13 07/13 11/13 03/14 13,000 14,000 12,000 10,000 13,000 12,000 07/1111,000 11/11 03/12 07/11 07/12 11/11 11/12 03/12 03/13 07/12 07/13 11/12 11/13 03/13 03/14 07/13 11/13 03/14 13,000 12,000 11,000 12,000 10,000

10,000

16,401.00 16,401.00

07/11 11/11 03/12 07/12 11/12 03/13 07/13 11/13 03/14 10,000 11,000 11,000

-0.78% 07/11 11/11 03/12 07/12 11/12 03/13 07/13 11/13 03/14

-0.78%

10,000 10,000

07/11 11/11 11/11 03/12 03/1207/12 07/1211/12 11/1203/13 03/1307/13 07/1311/13 11/13 03/14 07/11 03/14 Dow Jones индексот на Њујоршката берза спушти на неколку десетици ДРУГИ се ПАЗАРИ 16,401.00 ДРУГИ ПАЗАРИ поени под новата психолошка граница од 16.500 поени, но-0.78% се уште FTSE 100 индексни 6,798.00 -0.35% FTSE 100 на многу14,033.00 6,798.00ниво во -2.93% -0.35% опстојува високо Nikkei225 однос на изминатиот период. Слична е Nikkei225 14,033.00 -2.93% S&P 500 1,867.00 -0.90% 16,401.00 16,401.00 состојбата и со останатите берзански ДРУГИ -0.78% -0.78% S&P 500 ПАЗАРИ 1,867.00 -0.90% Nasdaq 4,080.00 -1.38% -0.78% индекси во САД. -0.78% Nasdaq 4,080.00 -1.38% DAX 9,467.00 -0.65%

16,401.00 16,401.00

FTSE 100 6,798.00 16,401.00 16,401.00 1,152.00 9,467.00 14,033.00

TOPIX DAX Nikkei225

-0.35%

други пазари 4,080.00

TOPIX ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ 1,152.00 S&P 500 1,867.00 ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ

-2.58% -0.65% -2.93% -0.78% -0.78% -2.58% -0.90%

Nasdaq

-1.38%

ВАЛУТИ FTSE 100FTSE FTSE 6,798.00 -0.35% DAX 9,467.00 -0.65% FTSE 100100 6,798.00 6,798.00 -0.35% -0.35% 100 6,798.00 -0.35% ДРУГИ ПАЗАРИ TOPIX 1,152.00 -2.58% Nikkei225 14,033.00 -2.93% -2.93% ДРУГИ ПАЗАРИ Nikkei225Nikkei225 Nikkei225 14,033.00 14,033.00 -2.93% 14,033.00 -2.93% ВАЛУТИ S&P 500500 1,867.00 -0.90% -0.90% евро-0.90% долар 500 1,867.00 -0.90% Фунта евро 1,867.00 S&P 500 S&P S&P 1,867.00 FTSE 100 6,798.00 -0.35% FTSE 100 6,798.00 Nasdaq 4,080.00 -1.38%-0.35% 4,080.00 -1.38% Nasdaq Nasdaq Nasdaq 4,080.00 -1.38% -1.38% Nikkei225 14,033.00 -2.93% евро долар СТАПКА СТАПКА Фунта евро 4,080.00 ВАЛУТИ DAX 9,467.00 -0.65% Nikkei225 14,033.00 -2.93% DAX 9,467.00 -0.65% DAX DAX 9,467.00 9,467.00 -0.65% -0.65% S&P 1,867.00 -0.90% TOPIX 1,152.00 -2.58% S&P 500 500 1,867.00 -0.90% 1.3921 1.2195 СТАПКА СТАПКА TOPIX 1,152.00 -2.58% Nasdaq -1.38% TOPIX TOPIXевро 1,152.004,080.00 1,152.00 -2.58% -2.58% евро долар Фунта Nasdaq 4,080.00 -1.38% ПРОМЕНА

1.2195

ВАЛУТИ

DAX СТАПКА DAX +0.06% ВАЛУТИ TOPIX ВАЛУТИ TOPIX 1.2195

ВАЛУТИ ВАЛУТИ +0.06% Фунта евро

£ €

Фунта евро +0.06% ФЈУЧЕРСИ ВАЛУТИ

Фунта евро Фунта евро СТАПКА СТАПКА ВАЛУТИ

СТАПКА

1.3921

9,467.00 -0.65% СТАПКА 9,467.00 -0.65% -0.05%-2.58% 1,152.00 ПРОМЕНА 1,152.00 1.3921-2.58%

1.2195

-0.05% евро долар

ПРОМЕНА

$ € 1.3921 евро-0.05% долар

евро долар евро долар СТАПКА СТАПКА

ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Фунта СТАПКА евро 1.2195 ФЈУЧЕРСИевро Фунта

евро долар СТАПКА СТАПКА ПРОМЕНА

+0.06% ЗЛАТО 1.2195

ПРОМЕНА

СТАПКА 1.2195ЗЛАТО 1.2195 +0.06% СТАПКА 1,310.00

1.2195 +0.06% ФЈУЧЕРСИ Нафта Брент +0.06% ЗЛАТО

+0.06%1,310.00 +0.06% ФЈУЧЕРСИ 1,310.00

1.3921 евро долар

1.3921 1.3921 -0.05% СТАПКА

ПРОМЕНА СТАПКА

-0.05% ПРОМЕНА 1.3921

+0.14%

-0.05% +0.14% +0.14% -0.05%

107.32 ФЈУЧЕРСИ

ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Нафта Брент Нафта Брент

ФЈУЧЕРСИ 1,310.00 ФЈУЧЕРСИ 107.32

-0.37%

107.32 ЗЛАТО 1,310.00 ЗЛАТО ЗЛАТО

+0.14% -0.37%

ЗЛАТО ЗЛАТОБрент Нафта

1,310.00 1,310.00 1,310.00 Нафта Брент 107.32

1,310.00

+0.14% -0.37%

+0.14% +0.14% +0.14%

107.32 Нафта Нафта Брент НафтаБрент Брент НАФТА Нафта БрентБРЕНТ 107.32 107.32 107.32

107.32

1.3921

ПРОМЕНА -0.05% -0.05% ПРОМЕНА

-0.37% +0.14%

-0.37%

-0.37% -0.37% -0.37% -0.37%

ПОДАТОЦИТЕ СЕ ОД ДЕН 06.05.2014 ДО 15ч.

3,300 3,100 2,900 2,700 2,500 2,300 2,100 1,900 1,700 07/10 10/10 02/


Капитал број 758 09.05.2014

www.kapital.mk

14 Cover story: Се приватизира најважното пр

Makedonija pravi vo Solunsko prist

Компаниите и државата да

67%

од уделот на акциите на компанијата, која го стопанисува пристаништето „Тесалоники порт ауторити“ понуди грчката држава на продажба.

45%

од вкупниот товар кој поминува низ солунското пристаниште во последните неколку години го прават македонски компании

4,4 500 милиони тони обичен товар поминале низ солунското пристаниште минатата година

милиони евра е грубата проценка за вредноста на солунското пристаниште

пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Г

рчкиот Фонд за приватизација на државниот имот (ТАИПЕД) минатата недела понуди на продажба 67% од акциите на компанијата„Тесалоники порт ауторити“, која управува со пристаништето во Солун. Оваа вест повторно ја актуелизира идејата за влез на конзорциум од македонските компании во дел од сопственоста на пристаништето . Иако експертите се децидни дека македонската надворешна


www.kapital.mk

ристаниште на Балканот

Капитал број 758 09.05.2014

15

i 50% od prometot tani[te!

а влезат во приватизацијата! Иако условите се комплицирани и конкуренцијата е голема експертите велат дека под државна капа македонските компании би можеле на некој начин да се стекнат со дел од сопственоста на пристаништето или барем со еден негов закупен дел во рамките на најавената приватизација. Тоа според нив автоматски би значело препород за македонската надворешна трговија и следствено на тоа на целата екеномија. Сепак барем засега од македонска страна не се покажува никаква заинтересираност, а иницијативата на Стопанската Комора и Капитал од пред две години останува изолиран случај на размислување во вистинската насока.

трговија и целата економија ќе имаат многу голема корист од реализацијата на оваа идеја, засега ниту државата, компаниите не покажуваат никаква иницијатива за било каккво учество во приватизацијата во Солунското пристаниште.

Што предвидува приватизацијата на Солунското пристаниште? „Тесалоники порт ауторити“, фирма која е во сопственост на грчката држава, во 2001 година го доби правото да управува со пристаништето во Солун во период од 50 години. Но, само после 13 години Грција ги смени условите и најави

приватизација на „Тесалоники порт ауторити“. Како што беше официјално објавено заинтересираните фирми или конзорциумии за да учествуваат на тендерот за приватизација на пристаништето мора да имаат капитал од најмалку 150 милиони евра во последните три години. Уште поспецифичен услов е барањето заинтересираните фирми во последните три години да стопанисувале со најмалку два пристанишни терминала во најмалку две различни земји. Според некои проценки вкупната вредност на солунското пристаниште е 500 милиони евра, што значи дека ако некоја компанија

Југославија долго време имала слободна царинска зона во Солун од 94.000 м2, која е една од најстарите слободни зони на Балканот и која била основана на Конвенцијата потпишана помеѓу Кралството Србија и Кралството Грција во 1913 година. Ова и овозможило излез на Србија на Егејско море во време на царинските ограничувања кои на Србија и ги наметнувала Австроунгарија. Поради Првата светска војна Србија не била во можност да ја користи зоната, договорот е обновен во 1923 година со рок на траење од 50 години. Во Солун се наоѓала и југословенска царинарница, а робата до Југославија е превезува со железница под царинска –транзитна пломба на Југословенските и грчките царински власти. Оваа конвенција била на сила се до 1975 година.

или групација сака да поседува 51% од истото треба да исплати преку 250 милиони евра. Според условите кои Грција ги бара од идните газди може да се заклучи дека


Капитал број 758 09.05.2014

www.kapital.mk

16 Cover story:

пристаништето во Солун е преголем залак за Македонија и за македонските компании и дека во игра може да влезат само големи играчи со голема финансиска моќ. Од поодамна се шпекулира дека за Солунското пристаниште се заинтересирани најголемите светски оператори со пристаништа, како што се Хатчинсон груп од Хонг Конг, ПМА од Шангај, Дубаи порт и Маерск од Данска, а се посериозен играч кој се споменува се и руските Железници кои паралелно со пристаништето сакаат да купат и дел од грчките железници. Сепак вработените во Солунското пристаниште и локалните власти на Солун отворено не се согласуваат со идејата на државата целосно да го приватизира пристаништето. Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис и раководството на пристаништето предложија да не се продава целиот пакет акции во сопственост на државата, туку делови од пристаништето да им се дадат на користење на приватни компани за период од 20 до 40 години. Во оваа насока незадоволни од одлуката за приватизација, вработените минатата недела организираа генерален штрајк кој го подржа и солунскиот градоначалник Јанис Бутарис.

Може ли Солунското пристаниште да стане наше?

Претседателот на Здружението на металурзи Митко Кочовски од компанијата Макстил вели дека македонските бизнисмени и држава треба што поскоро да седнат заедно на маса и да направат пресметка колку пари Македонија како земја троши за користење на услугите на Солунското пристаниште, што најдобро ќе им ги покаже идните насоки во кои треба да се делува. „Чуден е македонскиот менталитет. Иако Македонија е мала земја и сите се познаваме, кога е потребно никогаш да не може да се договориме и заеднички да настапиме. Очигледно е дека заеднички влез во сопственоста на Солунското пристаниште ќе донесе бенефит за целата економија. Иако лично сум скептик дека грчката држава ќе дозволи било каква македонска сопственост на солунското пристаниште, ние како бизнис заедница и како држава мора да се обидеме да направиме се што е во наша моќ за да си ја олесниме работата“, вели Кочовски. Предлогот на Кочовски е многу адекватен. Солунското пристаниште, кое е второ по големина во Грција, е убедливо најзначајно за македонските компании.

Митко Кочовски

претседател на Здружение на металурзи и директор за планирање на Макстил

Ч

уден е македонскиот менталитет иако сите се познаваме, кога е тоа потребно никогаш да не можеме да се договориме и да настапиме заеднички. Очигледно е дека заеднички влез во сопственоста на Солунското пристаниште ќе донесе бенефит за сите. Иако лично сум скептик дека грчката држава ќе дозволи било каква македонска сопственост на солунското пристаниште наше е да се обидеме на било каков начин да си ја олесниме работата.

Статистиката покажува дека според обемот на товар, по северна Грција, каде што оди најголем дел од стоката, илјади m2 простор е најголем број големо солунското клиенти има од пристаниште Македонија, по што следуваат Србија и Бугарија. Минатата година од вкупно 4,4 милиони тони обичен товар што транзитирал на пристаништето, метри е просечната дури 43,4% длабочина на е од или за пристаништето Македонија. Овој процент континуирано се зголемува од 2008 година, кога изнесувал 32,4%. За голем број македонски компании, особено на тие од металуршкиот сектор, ова пристаниште им е единствената алтернатива за транспорт на стоките кон европските земји. Поради сето ова во Македонија во последниве неколку години неофицијално се заговара идејата за влез на македонските компании, директно или индиректно, во сопственоста на овој витален инфраструктурен објект. Пред две години делегација на Стопанската комора на Македонија го посети пристаништето во Солун и оствари средба со менаџментот на која се разговарало за оваа идеја. Но, досега од таа иницијатива нема никакви конкретни резултати. Сепак, според мислењето на Кирил Црвенковски, поморски инженер и оперативен менаџер во шпедитерската компанија Блу бел никој во Македонија

620 12

засега нема реални и искрени амбиции да го купува солунското пристаниште. Според него, ако навистина македонските компании биле заинтересирани за влез во сопственоста на пристаништето тоа ќе го направеле и досега. „Ова не е прв обид за приватизација на пристаништето. Истото е акционерското друштво кое што котира на берза, што значи дека ако сакаа македонските компании веќе ќе беа дел од неговата сопственост. Според грубите проценки за 51% од акциите во пристаништето Солун се потребни над 200 милиони евра. Во Македонија нема никој кој е спремен да ја плати оваа сума”, вели Црвенковски. Црвенковски потенцира дека единствен начин македонските компании да влезат во сопственоста на Солунското пристаниште е преку конзорциум од фирми под капа на државата, во кој покрај поголемите македонски компании би влегле и меѓународни фирми кои ги задоволуваат условите кои ги пропишува тендерот. „Преку партнерство со некоја од големите светски оператори во трката може да влезат и македонски компании. За нас најдобар модел во таа насока би било државата да основа заедничко друштво со најголемите компании, како што се Макстил, Фени, Макпетрол, Фершпед и други, кои најмногу ги користат услугите на Солунското пристаниште и заедно да учествуваат на тендерот“, вели Црвенковски. Неговиот колега Стевица Чарапиќ, директор на бродската компанија МСЦ, смета дека евентуалниот влез на нашите компании во сопственичката структура може да се гледа од два аспекта и тоа за остварување на евентуален профит кои би го донеле купените акции, како и поради намалување на трошоците на работење при транзит на пратки од Македонија и македонските компании.


Капитал број 758 09.05.2014

17

Кирил Црвенковски

поморски инженер и оперативен менаџер во шпедитерската компанија Блу бел

П

реку партнерство со некоја од големите светски оператори во трката може да влезат и македонски компании. За нас најдобар модел во таа насока би било државата да основа заедничко друштво со најголемите компании, како што се Макстил, Фени, Макпетрол, Фершпед и други, кои најмногу ги користат услугите на Солунското пристаниште и заедно да учествуваат на тендерот.

„Од аспект на можен профит, купувањето акции е предмет на инвестициска анализа и проценка на можниот купувач, дали инвестицијата би се вратила и во кој рок како и какво би било движењето на вредноста на купените акции во иднина. Со оглед дека товарниот поморски транспорт бележи континуиран пораст на глобално ниво, како и проценките дека регионот економски треба допрва ќе зајакнува, евентуалното купување на акции во Солунско пристаниште веројатно е примамлива зделка. Но, евентуална инвестициска зделка во овој момент би била обременето и со актуелните политички релации помеѓу нашите земји “, вели Чорапиќ. Јане Адамчевски одговорен за транспорт во компанијата Макстил, кој е еден од најголемите корисници на Солунското пристаниште за Капитал објаснува дека групацијата Дуферко, во чии рамки спаѓа и Макстил, веќе користи закупена зона во самото пристаниште, што според досегашното искуство се покажува како исплатлив пример. „Дуферко преку пристанишен агент има своја зона во самото пристаниште која ја користи и Макстил. Мислам дека тоа е многу подобар начин како македонските компании можат подобро да го користат Солунското пристаниште, отколку преку влез во неговата сопственост. Значи, преку пристанишните агенти не само во Солун, туку во било кое пристаниште низ светот може да се закупи еден дел од кој несомнено ќе бенифицираат сите корисници од Македонија кои го користат пристаништето“.

Што ќе се смени со приватизацијата на Солунското пристаниште?

Покрај тоа што Солунското пристаниште е веројатно најважниот инфраструктурен објект за македонскиот извоз, тоа во последните неколку години претставува и еден од најголемите проблеми за извозниците. Пристаништето е постојано поврзувано со штрајкови, со прекини на работата и со загуби за неговите клиенти.

Стевица Чарапиќ

директор на бродската компанија МСЦ

Е

вентуалниот влез на нашите компании во сопственичката структура може да се гледа од два аспекта и тоа за остварување на евентуален профит кои би го донеле купените акции, како и поради намалување на трошоците на работење при транзит на пратки од Македонија и македонските компании.

Пред две години делегација на македонски стопанственици го посети солунското пристаниште и со тамошниот менаџмент разговараше за олеснување на процедурите за македонските компании и за евентуален влез на македонски капитал во сопственоста на пристаништето. „Со секој штрајк македонските компани се соочуваат со проблеми, од задржување и малтретирање по патиштата и границите, што резултира со неможност да ги испочитуваат роковите дадени на странските партнери..”, предупредува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Нивниот генерален став како бизнис заедница е дека преземањето на солунското пристаниште од некоја моќна компанија ќе влее сигурност кај потенцијалните инвеститори. „Со влегувањето на голем и искусен

светски оператор во Солунското пристаниште очекуваме дека ќе се надминат голем дел од сегашните проблеми предизвикани од честите штрајкови во Грција“, смета Азески. И Генералниот извршен директор на Фени Индустри Константинос Даскалакис ни ги потврди позитивните очекувања од приватизацијата на

Бранко Азески

претседател на Стопанска Комора на Македонија

С

о секој штрајк македонските компани се соочуваат со проблеми, од задржување и малтретирање по патиштата и границите, што резултира со неможност да ги испочитуваат роковите дадени на странските партнери. Со влегувањето на голем и искусен светски оператор во Солунското пристаниште очекуваме дека ќе се надминат голем дел од сегашните проблеми предизвикани од честите штрајкови во Грција.


18 Cover story:

Солунското пристаниште. „Очекуваме дополнително да се подобрат услугите и цените. Исто така и да се инвестира во пристанишна инфраструктура за пристап на поголеми бродови, како и подобрување на железничката инфраструктура на пристаништето, со што манипулацијата и трансфер на стоки преку спрегата пристаниште-железница ќе биде многу поефикасна и пообемна“ вели Даскалакис.

Македонија нема алтернатива за Солун

Уште од времето на затворената грчка граница на почетокот на 90 години од минатиот век, македонската држава и стопанственици бараат алтернатива на солунското пристаниште. Најблиските Драч и Бар, како и бугарските Бургас и Варна веројатно се најблиските и најлогични алтернативи, но од низа објективни и субјективни причини соработката со нив никако да заживее. Од компанијата Фени индустри не информираа дека за потребите на рекордно произведените 20.000т никел (односно 90.000т фероникел), преку солунското

Солунското пристаништето е со длабочина од 12 метри и со планови за нејзино зголемување или ископување на дното до 16 метри. Во моментов пристаништето располага со шест современи дока, како и со вкупно 620.000 метри квадратни простор, механичка опрема за утовар и истовар стока и посебен дел за контејнери. Нуди услуги за товарни бродови, крајбрежен превоз и крстарења, закотвување на бродовите, како и паркинг за автомобили и поврзување со патна и железничка мрежа. Пристаништето е опремено со самодвижечки кранови, дигалки и трактори.

пристаниште увезени се 1.6 милиони тони материјал ,а извезени околу 50% односно 45.000 тони фероникел кој се извезува преку солунското пристаниште. “За ФЕНИ солунското пристаниште останува најатрактивно затоа што има соодветна патна инфраструктура, но исто така ова пристаниште и понатаму е најдобро опремено. Далечински и пристаништето во Драч, Албанија е прифатливо за нас, меѓутоа за оваа опција се очекува дека наскоро ќе се воспостави соодветна патна поврзаност, со што и ова пристаниште ќе добие на конкурентност“ вели Константинос Даскалакис Генерален ивзршен директор на Фени Индустри. Кирил Црвенковски токму поради овие факти е дециден дека Солун бил и останува стратегиско пристаниште со стратегиска позиција особено кога се работи за македонската економија. „Драч како најблиска алтернатива е далеку од она како треба да изгледа едно вистинско пристаниште. Транспортот кон Бар и Бургас е скап и неисплатлив, што дополнително е условен со лошата алтернатива. Во догледна иднина нема алтернатива за македонскиот извоз, освен солунското пристаниште“, смета

Црвенковски. И според Стефица Чарапиќ, Солунското пристаниште има несомнено голема значење за македонската економија, како поради неговата близина, така и поради автопатната и железничката поврзаност. „Секако дека квалитетот на услугите на Солунското пристаниште се уште не е на оптимално ниво, пред се поради граничните бирократски процедури и поради целосната инфраструктурна неефикасност на Железницата од двете страни, а поради што транспортот на пратките е обременет и од временски и од трошковен аспект. Понатаму може да се очекува Варна и Бургас да се стекнат со извесна конкурентност, но дури по најавеното комплетирање на пругата кон Бугарија“. Според Чарапиќ ако државата сака да го олесни и поевтини вкупниот транспорт треба да инвестира во модернизирање на патната инфраструктура кон Грција, Албанија и Бугарија, да овозможи либерализација на товарниот транспорт, како и да се обиде преку билатерални договори да издејствува поедноставување на меѓуграничните процедури.


Капитал број 758 09.05.2014

20

www.kapital.mk

Интервју

Ilija Nikolov директор на “Актива“

Sorabotkata so belgisk "Van Hol" "rodi" nova fa od tri milioni evra! Разговарал:

Верица Јорданова

Е

verica.jordanova@kapital.mk

ден од косопствениците и директор на штипската градежна компанија со 15- годишна традиција, профилирана за производство на челични конструкции, Илија

Николов во интервју за “Капитал“ ги раскажува почетоците на соработката со белгиската компанија, за начините како доаѓа до нови клиенти од редот на странските инвеститори во земјава, како и за најновата инвестиција која засега е целосно во функција на производството на делови за белгиските автобуси. XX Како дојде до соработката со Ван Хол која деновиве добива сосема нова дизмензија?

Соработката со Ван Хол започна уште при самото нивно доаѓање во Македонија во 2011 година со изработка на делови за нивните шасии, а подоцна се интензивираше со наш ангажман за изградба на нивната фабрика, која се протега на 36.000 квадратни метри. Тоа за нас беше навистина голем предизвик затоа што истовремено ја започнувавме и градбата на погонот на “Џонсон Контролс“ во Штип.


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

Интервју

21

Штип станува значајна база за белгискиот производител на автобуси Ван Хол. Соработката меѓу двете фирми која скромно започна во 2011, продолжи со изграба на фабриката на белгискиот производител во Бунарџик од страна на штипската градежна компанија Актива, за да деновиве добие сосема нова димензија- изградба на нов производен капацитет во кој што “Актива“ комплетно ќе произведува делови за шасии за автобусите на “Ван Хол“ наменети за американскиот пазар. на инвеститорите дека го избрале вистинскиот партнер на македонскиот пазар. Мислам дека тој момент беше пресуден за врвното раководство на компанијата Ван Хол да не посети овде во Штип, да ги види нашите производни капацитети и потенцијали, по што соработката во поглед на производство на делови за шасии на автобусите се прошири. Како резултат на таа соработка ние денес имаме цела производна линија која ги задоволува потребите на скопската фабрика на Ван Хол, која во моментот автобусите ги испорачува на американскиот пазар. Токму вака зацврснатата соработка и желбата на Ван Хол истата да ја пошират, следуваше нашата одлука, базирана на добро осмислен бизнис план, да инвестирме во целосно нов производен капацитет во кој што ќе го префлиме производството наменето за белгиската компанија. XX Конкретно Вашата компанија може да се пофали со позитивен ефект од присуството на странски инвеститори во земјава, но такво искуство не делат многу македонски компании. Како би можела соработката на релација странски – домашни компании да се интензивира? Сметам дека овие странски инвеститори кои, сакал тоа некој да го оспори или, доаѓаат во нашата земја имаат влијание врз домашната економија. Неспосрно е и тоа дека една од причината зошто ја одбираат Македонија или земји како нашата е поевтината работна сила, односно пониските плати во споредба со европските. Но, од друга страна тоа им дава на домашните компании можност да го прошират својот капацитет и начин на работење. Да бидеме искрени, со чест на некои исклучоци, македонските компании и економијата вооппто не е во позиција да освојува нови пазари. Ние немаме голема моќ да извезуваме и затоа отварањето простор за соработка со инвеститорите за нас значи многу. Од друга страна, не може ни да да

очекуваме се да ни биде сервирано туку мора сами да си обезбедиме работа. Нашиот принцип на работа подразбира дека на секоја најава за нов инвеститор или нов градежен проект, добро се подготвуваме и пред потенцијалниот клиент истапуваме со конкретен предлог. Досега го работевме градежниот дел на Ван Хол во Бунарџик, како и Џонсон Контролс во Штип, кои и покрај тесните рокови и специфичните барања на инвеститорот успеавме да ги испочитуваме максимало во зададените рокови. Инаку, не сум поборник дека треба да се организираат големи конференции или настани на кои ќе се дебатира премногу на оваа тема.. Нашиот принцип на работа вклучлува многу и многу сериозна подготовка. Токму сега сме во една таква подготвителна фаза пред да настапипе кон еден клиент, кој има најава за изградба на производен капацитет во Македонија. XX За колкава инвестиција станува збор и како истата ќе ја исфинансирате? Целокупниот досегашен развој на нашата фирма се базира на добрата соработка со Комерцијална банка, филијалата од Штип и. Кога влеговме во оваа инвестиција и размислувавме дали да користиме средства од некои други извори, ние решивме тоа да го направиме со Комерцијална бана која е наш сигурен и стабилен партнер во сите изминати години. Се одлучивме кредитирањето на првата фаза од објектот, која ќе чини три милиони евра, да биде делумно со сопствени средства (околу еден милион евра) и со кредит од два милиони евра од оваа банка. Се надевам дека успешно ќе го завршиме овој проект со нив и ќе можеме фабриката да ја пуштиме во употреба во септември оваа година. Нашите планови за производство и нашите финансиски планови се поклопуваат со условите кои ни ги даде банката и мислам дека нема да биде големо оптоварување за нашето редовно производство.

Првата фаза од инвестицијата предвидува изградба на погон од 8.000 квадратни метри, кој ќе биде во функција веќе од септември оваа година, додека целокупниот инвестициски план на Актива е да изгради две фабрики од по 16.000 квадратни метри!

ki fabrika И за едната и за другата фабрика имавме релативно кратки рокови, но со максимален ангажман на сите сили во компанијата и добра организација успеавме првите делови од фабриката да ги завршиме уште во јуни и јули месец, иако рокот за завршување на целата фабрика беше септември. Секако доцнење немавме ни со изградба на штипската фабрика на Џонсон Контролс, со што ја оправдавме довербата


Капитал број 758 09.05.2014

22

www.kapital.mk

Интервју

Со првата фаза од новата инвестиција од околу 8.000 квадратни метри ќе се отворат околу 40-50 нови работни места, покрај постојните 50 вработени кои работат исклучиво за потребите на Ван Хол. Како ќе се развива фабриката, така и тие потреби ќе се зголемуваат. XX Кои фактори во моментов се најважни за да се поттикнат домашните инвестиции? Јас сум 30 години во бизнисот, и 15 години со сопствена фирма. Претходно работев како одговорно лице во градежната компанија Пелагонија. ИСкуството и тогаш и денес ми кажува едно - само развојот и инвестирањето се водилка за да бидеме една од поуспешните компании. Тоа важи и за останатите успешни компании во земјава- нивниот успех и континуиран расте е резултат на перманентното инвестирање во На неодамнешното ставање камен темелник на новата фабрика на Актива во Штип нови програми, нови технологии, присуствуваше сопственикот на белгиската компанија “Ван Хол“, Филип Ван Хол нови проектни задачи, во нов машински парк. Во моментот кога ќе престанете да инвестирате тогаш почнува пропаѓањето. Јас сум цврсто убеден во тоа. Падот е резултат на тоа што конкуренцијата не мирува. Кога вие ќе престанете да инвестирате и мислите дека капацитетите сокои располагате се доволно, извесно време ќе останете на едно исто ниво, но понатаму падот е неминовен затоа што конкуренцијата не мирува, туку се развива. Во нашата индустрија тоа најмногу го гледаме на големите технички саеми, на кои гледаме дека лидерите во индустријата на секои две години промовираат некој новитет, Ретко се случува пазарните лидери да не презентираат нови машини или нови функционалности. XX Има ли објективни пречки зошто компаниите многу малку влегуваат во нови инвестициски проекти - административни, финансиски, кадровски...? Она што е важно и што би бил мој совет до останатите компании е секогаш Сите тие работи се присутни кај на состаноците со нивните потенцијални клиенти да отидат подготвени, нас и се надевам дека ќе успееме да ги надминеме тие детски особено со техничи податоци кои им се многу важни на инвеститорите болести. Точно е дека имаме проблеми со банкарскиот систем Досега немаме некој посебен проблем. најдат некои алтернативни бизниси. за да дојдеме до пореални капатни Имаме предност која ќе ја искористиме, Така, многу од нив веќе инвестираат стапки во делот на финансирањето, а тоа е Универзиттеот Гоце Делчев во во друга дејност која не е во директна во делот на администрацијата многу чии рамки има и техничкки факултети од врска со тектилот и тоа е добро. дозволи и документи се уште треба да Голем инпут на градот му даде и кои наскоро ќе излезат и првите кадри се вадат иако постојано слушаме дека Универзитетот Гоце Делчев кој во градот од машинската и електро струката, со сетоа тоа може да се заврши за неколку кои се надеваме дека ќе ги надополниме донесе околу 20 илјади студенти што е дена. Има уште многу работа за да се значајно за градот Тоа повлече и други потребите за инженерски кадри. Што се остранат административните бариери за активности, како што е зголемената однесува до работната сила, користиме да можат што побргу секој потенцијален станбена активност која до пред 2-3 не само од Штип туку и од околните инвеститори, без разлика дали домашен години беше буквално мртва. Во секој општини. или странски, да ја реализира својата поглед има големо заживување на градот. X X Како ја оценувате моменталната идеја. На крај на ден, тоа значи Сметам дека технолошката индустриска економска слика во општина Штип? отварање на нови работни места. зона, во која се наоѓа Џонсон Контролс, Штип уште од 70-те години е познат како Инвеститорите немаат време за чекање има услови да прими нови странски град на текстилот. Но, како и секоја и тоа мора сите да го знаат. инвеститори. Во неколку наврати до ниско продуктивна гранка, и текстилот градското раководство сугерирав XX Имате ли проблем со обезбедување е ризична стопанска гранка во секоја да отвориме една зона за домашни стручен кадар, со оглед на економија. Затоа дел од сопствениците инвеститори, каква што денес е специфичното производство? на текстилни фабрики се обидуваат да


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

Интервју

индустриската зона “Запад“, каде Актива влегува како прв домашен инвеститор. Мислам дека овде се отвораат можности и други компании од општината кои сакаат да инвестираат, да им се овозможи таму да ги градат своите фабрики. Иако текстилот е носечка грана, се надевам дека по нашиот пример ќе тргнат и други фирми и ќе инвестираат во нови дејности за по неколку години да имаме подобра слика за економскиот развој на нашата општина. Јас се надевам да дојде уште некоја странска инвестиција што заедно со домашните компании ќе создаде еден посилен столб за економската иднина на градот. XX Какви бенефиции добивате во оваа индустриската зона? Многу многу пониска цена на комуналиите и на самото индустриско земјишто, кои можат да бидат стимул

и за други инвеститори. Ако пред неколку години за овој објект во кој што сме сега плаќавме околу 50 евра по метар квадратен за комунални давачки, сега плаќаме околу 2 евра со тоа што сами ќе го уредиме комуналиите, нема споредба. Мислам дека сегашните давачки се стимулативни за да инвестираме во посериозни објекти. Само со голрми објекти е имаме поголеми шанси да привлечеме некој д странските инвеститори и да рабитиме на поголеми проекти. Сметаме дека со објект од 20 или 50 квадратни метри не можеме да бидеме сериозен партнер на странските компании. Ако Ван Хол овде има фабрика од 36 илјади квадратни метри, не можам јас со фабрика од, пример 50 квадрати, да претенирам да бидам сериозен партнер. Мораме и ние самите да имаме соодветна инфраструктура и да одговориме на условите и стандардите кои се бараат

23

за нивното прозводство. Тоа ќе го обезбедиме само ако имаме поволни услови да иградиме нови капацитети. Се надевам дека се повеќе компании ќе ги користат овие бенефити за да може да се развива и домашното стопанство. Затоа што не е доволно општината еднократно да наплати поголема сума од комунални такси, а компанијата толку да осиримаши и да не може да го изгради објектот. Бенефитот лежи на друго местоприлив на повеќе даноци и поголеми вработувања во една општина, кои се можни единствено ако се отвараат нови компании. Само на тој начин општината ќе си ги надополни тие средства. Ако за планираните 16 илјади квадратни метри требаше да платиме по 50 евра комуналии требаше да платиме околу 900 илјади евра, што во самиот старт ќе ја исклучеше можноста да се реализира овој проект.


Капитал број 758 09.05.2014

24

www.kapital.mk

Анализа

Политичките партии за изборите потро

Dupkata mo@ pokrie samo


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

Анализа

25

ошија повеќе пари отколку што собраа

@e da se nezakonski! Парламентарни избори 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 ?

ВМРО-ДПМНЕ ДУИ СДСМ КПМ ВМРО - НП Коалиција ГРОМ НДМ НДП ДПА ПЕП 21 ПДП Достоинство ПЕИ СДПМ вкупно

приход €

расход €

1,441,815 502,208 136,458 110,552 58,798 16,098 8,550 7,287 6,222 992 976 0 0 ? 2,289,954

984,718 268,286 137,041 102,823 61,592 16,137 1,106 3,290 1,463 993 979 49 0 ? 1,578,477

краен биланс € -457,098 -233,922 583 -7,729 2,794 39 -7,444 -3,996 -4,758 1 3 49 0 ? -711,477

Претседателски избори 1 2 3 4

Ѓорге Иванов Стево Пендаровски Зоран Поповски Илијаз Халими вкупно:

приход € расход € биланс € 770,635 485,081 -285,554 152,717 160,661 7,944 13,496 13,496 0 8,280 3,252 -5,028 945,128 662,490 -282,638

пишувa:

Љупчо Златев

ljupco.zlatev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

етранспарентност, сива економија и корупција – ова се заклучоците кои се вртат околу сумите потрошени за кампањите на политичките партии на предвремените парламентарни и

редовните претседателски избори. Според извештаите кои беа поднесени до Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупција партиите заедно потрошиле вкупно 3,235,082 евра за кампањите. Пред изборите се создаде клима на агресивна кампања со високи очекување на сите. Но и покрај оваа атмосфера износот на потрошени пари во оваа кампања е значително помал во однос на парите потрошени во претходните

Неколку избори по ред практика е партиите да завршуваат со минус на своето салдо. Сметките за кампањата се затвараат по завршувањето на кампањата така што невозможно е партиите да ги вратат парите кои ги должат. Иако тоа е незаконски, веќе станува пракса и ревизорите и антикорупционерите и јавноста да не реагираат на тоа. Капитал ги анализира финансиските извештаи на политичките партии за последниве предвремени парламентарни и претседателски избори. Колку пари потрошија партиите? Реални ли се финансиските извештаи? Што се случува кога партијата завршува во минус? изборни циклуси. Експертите кои ги консултираше Капитал тврдат дека ова се должи на се поразвиените техники на партиите да ги заобиколуваат сметките па многу голем дел од парите се плаќаат на црно, но и цените за маркетиншки услуги на медиумите се значително паднати во споредба со минатото. ОБСЕ излезе со оценка дека извештаите не се доволно транспарентни, но за промени на регулативата во делот на образецот за извештаите потребна


Капитал број 757 758 02.04.2014 09.05.2014

26

www.kapital.mk

Анализа е политичка воља а неа ја нема. И овој пат дупката е огромна, потрошени се дури 994.115 евра повеќе од она што е прибрано за кампањите. Шест партии и двајца претседателски кандидати се во минус, а според Законот сметките се затвараат а услугите може да се платат само од нив. Капитал ги анализира финансиските извештаи на политичките партии и доаѓа до одговорите колку овие извештаи се реални.

Минусот на партиската сметка за кампањата значи корупција На парламентарните и претседателските избори, сметките на шест политички партии и двајца претседателски кандидати завршија во минус. Разликата помеѓу собраните и потрошените средства е најголема кај ВМРОДПМНЕ и Ѓорге Иванов и заедно изнесува 742,652 евра. Вкупната дупка кај сите партии и коалиции заедно за парламентарните и претседателските избори изнесува близу еден милион евра. По завршувањето на кампањата сметките наменети за неа се затвараат, па оттука се поставува прашањето како партиите ги исплаќаат парите кои ги должат на доверителите? Според експертите практично е невозможно овие пари да се исплатат, затоа што Законот вели дека за услуги во кампањата може да се плаќа само од сметките наменети за кампањата, а овие сметки се веќе затворени. Бившиот антикорупционер Драган Малиновски, смета дека овие минуси се само сметковотствена категорија, и дека партиите всушност не должат туку плаќаат на поинаков начин. “Кога партијата завршува со минус на салтото тоа значи дека таа ги исплаќа парите на поинаков начин или пак по доаѓањето на власт го враќа долгот давајќи им погодности на доверителите. Во првиот случај се работи за сива економија а во вториот случај за корупција. И едното и другото е спротивно на законите.“, вели Малиновски. Според него, нетранспарентноста на сметките е генераторот на овој проблем и доколку е транспарентно објавено кому се должат партиите тогаш работите ќе бидат многу појасни.

Кој потроши најмногу?

Најголем дел од финансиите и овој пат се потрошија за маркетиншки услуги и пропаганден материјали, останатите пари се потрошени за изнајмување на објекти и слично, превоз и др. Од претседателските кандидати најголема сума според финансиските извештаи, потрошил Ѓорге Иванов кој од 1635 донатори собрал вкупно 485.081 евра а потрошил повеќе од она што собрал

Драган Малиновски поранешен антикорупционер

О

вие минуси се само

сметковотствена категорија, всушност на крај сепак се плаќаат но на сив начин. Кога партијата завршува со минус на салтото тоа значи дека таа ги исплаќа парите на поинаков начин или пак по доаѓањето на власт го враќа долгот давајќи им погодности на доверителите. Во првиот случај се работи за сива економија а во вториот случај за корупција. И едното и другото е спротивно на законите

Петар Арсовски комуниколог и политички стратег

И

звештаите на политичките партии не ја даваат реалната слика за тоа колку партиите потрошиле, но има подобрувања во транспарентноста во споредба со порано. “За да се направи една солидна кампања потребни се над 200,000 евра, кај нас има слика дека кампањите се поевтини, но тоа е поради нереалните извештаи кои ги предаваат партиите но и поради паднатата цена на секунда за рекламирање во медиумите односно 770.635 евра. Неговиот против кандидат Стево Пендаровски пријавил дека потрошил 5 пати помалку пари од Иванов, односно 152.717 евра и заштедил околу 8,000 евра од она што го собрал. Зоран Поповски од ГРОМ пријавил дека потрошил исто колку што прибрал односно 13.496 евра а Илијаз Халими потрошил најмалку 8280 евра и завршил во минус 5028 евра. Од партиите убедливо на првото место по потрошени пари се наоѓа ВМРО – ДПМНЕ. Победниците на парламентарните избори пријавиле дека потрошиле 1.441.815 евра а сите останати партии заедно вкупно пријавиле 848,139 евра. Во една Америка на пример важи правилото дека скоро секогаш победува оној што потрошил повеќе пари на изборите па доколку се земе соодносот ВМРО-ДПМНЕ наспроти останатите преку парите се објаснува нивната убедливата победа. На второто место после ВМРО-ДПМНЕ не се наоѓа СДСМ туку ДУИ кои


Капитал број 758 09.05.2014

28

www.kapital.mk

Анализа

потрошиле 502,207 евра а завршиле во минус од 233,921 евра. СДСМ се наоѓа на третото место со потрошени 135, 458 евра многу блиску до сумата која ја собрале за кампањата. На четвртото место на листата се наоѓа Коалицијата За Позитивна Македонија со потрошени 110,551 евра.

Извештаите не се рални

Според комуникологот Петар Арсовски, кој има професионално работено на повеќе кампањи за повеќе политички партии, извештаите на политичките партии не ја даваат реалната слика за тоа колку пари потрошиле партиите, но има подобрувања во транспарентноста во споредба со порано. “За да се направи една солидна кампања потребни се над 200,000 евра, кај нас има слика дека кампањите се поевтини, но тоа е поради нереалните извештаи кои ги предаваат партиите но и поради паднатата цена на секунда за рекламирање во медиумите.“, изјави Арсовски. Тој ни посочи дека за разлика од 2011 цената на секунда за реклама на телевизиите е намалена и за 100 пати. Односно, ако во 2011 една секунда на А1 телевизија чинеше 130 евра, во последната кампања секунда на сител чинеше 1,3 денари. Се поставува прашањето, дали цената на секундите

Фијат и Стојанче немале кампањи? СДПМ нема ни извештај!

Од Партијата за Европска Иднина на Фијат Цаноски во извештајот поднесен до Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија, пријавиле дека ниту прибрале ниту потрошиле пари од партиската сметка наменета за предизборната кампања. Како е можно една партија да учествува на избори а да не потроши ниту денар е прашањето кое се провлекува после еден ваков извештај? Иста е ситуацијата и кај Достоинство на Стојанче Ангелов, тие пријавиле дека прибрале 3.000 денари за кампањата а не потрошиле ништо. Оваа ситуација е доста интересна, знаејќи дека изборната индустрија сегде во светот па и кај нас чини многу. СДПМ на Бранко Јанески и покрај законската обврска не поднесе извештај за потрошените пари во првиот и вториот дел од кампањата на парламентарните избори. Партијата која пред неколку години ја брануваше јавноста со поставувањето на носители на листи на луѓе кои имаа слични имиња со носителите на СДСМ нема пратено никаков документ до ревизорите и антикорупционерите што фрла уште една сенка на овој процес.

паднала поради пазарните механизми? Или можеби паднала за да им се обезбеди поефтино рекламирање на симпатизираните партии? Најчудни се извештаите на ГРОМ и ДПА. И покрај интензивната ТВ кампања, коалицијата на Стевче Јакимовски потрошила само 16,097 евра што е неколку пати помалку од она што го потрошија партиите кои имаа кампања

со сличен интензитет на ГРОМ и Коалицијата. ДПА освои 7 пратеници а пријави 6,221 евра, а собрале само 1,463 евра, што ги прави најефективна партија на изборите (доколку извештајот е реален). За споредба дури 5 политички партии потрошиле повеќе пари од ДПА а освоиле помалку пратеници или не освоиле воопшто.


| Специјален прилог | деловна сигурност |

Vo Makedonija se u[t gine na rabotnoto me Пишува:

Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

В

о Македонија минатата година имало 98 несреќи на работно место, од кои 28 беа фатални. Со оваа статистика, која е подобра од претходната година, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 4,08

30 | 9 мај, 2014

Според стапката на смртност и повреди на работни места, Македонија се уште е далеку од европските стандарди. И покрај тоа што има извесно подобрување последниве неколку години, и покрај законските измени кои го стегаат обрачот околу компаниите, македонските компании генерално земено, не обезбедуваат доволно безбедни услови за своите вработени!

(на секои 100.000 вработени, загинуваат 4 вработени) која се намалила во споредба со 2012 година, кога изнесувала 6,8. Ова се податоците од најновиот годишен извештај

за несреќи на работно место кој што секоја година го изготвува Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР). Иако земјата бележи пад на стапката на

смртност доколку се спореди со Велика Британија, каде стапката изнесува само 0,5, констатацијата е дека Македонија се уште има висока стапка на фатални


Специјален прилог | деловна сигурност |

Факти за Македонија „„Скопје е град со најголем број на несреќи, по што следат Куманово и Тетово. Лани во Скопје се случија и најголемиот број на смртни случаи поврзани со работното место, вкупно 10 „„Во 2013 г. најмногу несреќи и несреќи со фатален крај имало во „Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби,” по што следи „Градежништво” „„Најмногу несреќи и повреди се случиле во мај

51%

од работницит во Ев ропа сметаат дека стреесо т поврзан со работата е вообич нивното работно меаестн на о

te se mesto! 4,08

изнесува стап смртни случаи пркаитарана во Македонија бота

несреќи при работа. Ако се анализираат повредите при работа, тогаш стапката

на повреди при работа за 2013 година изнесува 10,2, што исто така бележи подобрување во споредба со претходната година, кога таа стапката изнесувала 17,2. “Иако се забележува намалување на несреќите при работа, сепак нема простор за задоволство. Овогодинешните податоци само го потврдуваат фактот дека во Македонија сеуште се гине на работното место. Споредено со неколку земји од Западна Европа, во Македонија имате од 4 до 9 пати поголеми шанси да го загубите животот на работа отколку во анализираните земји“, вели Милан Петковски, претседател на МЗЗПР кој смета дека има уште многу активности кои треба да се реализираат за да се констатира дека работите се движат во саканата насока. “Причините за вака високата стапка на смртност

Милан Петковски

претседател на Македонско здружение за заштита при работа

овекот е најслабата карика во заштитата Ч при работа. Честопати ме вчудоневидува фактот дека денешниот човек се третира како ресурс кој природно е да се очекува да биде заменет кога ќе се потроши или расипе. И тука не правам разлика работодавач – работник. Едноставно луѓето почнуваат да бидат де-хуманизирани и се повеќе се статистички податок во некоја ексел табела која треба да се оптимизира. на работното место во Македонија можат да бидат наведени во една прилично долга листа. Листа која нема да ги изостави ниту работниците, ниту работодавачите, но секако ниту делот на државата. Но според почетните анализи, речиси со сигурност можам да кажам дека локомотивата на овие негативни трендови лежи во ниската култура на безбедно работење. Кога зборувам за култура, тука мислам на оној начин на однесување кон работата и кон работните задачи од сите аспекти и сите чинители. Доколку мотото на вашето работење е „јас цел живот вака работам и до сега ми се нема ништо случено”, веројатно шансата да го зголемите бројот на случени несреќи и смртни случаи во нашиот извештај е значително голема“, објаснува тој. Освен овие податоци со кои располагаме за повредите и несреќите кои се случуваат на самото работно место, во земјава, за жал, не постојат никакви податоци за состојбата со професионалните заболувања, што значи дека нема врз основа на што да се направат и соодветни стратегии за нивна навремена превенција. Тоа значи дека институциите задолжени за спроведување на концептот на превенција кој што го заговара Законот за безбедност и здравје при работа, немаат никаква слика за тоа колку професионално заболени лица има во земјава, од кои болести заболуваат и кои се критичните професии. Македонското здружение за заштита при работа во најновиот годишен извештај за несреќи при работа наведува дека за натамошно унапредување на безбедноста и заштитата на работните места, во сегашниот институционален

систем недостигаат: агенција за безбедност и здравје при работа, фонд за безбедност и здравје при работа, институт за безбедност и здравје при работа, стандардизација на пристапот за проценка на ризик, како и податоци за професионалните заболувања и аналитички центар за обработка на податоците кои се добиваат од несреќите на работа и професионалните заболувања. “Од моја временска дистанца и речиси дводецениско активно делување во оваа проблематика, можам да кажам дека заштитата при работа е честопати маргинализирана и несоодветно третирана од бројни социјални чинители. Едноставно, пристапот на поединците кои се донесувачи на одлуки речиси по дефиниција крајно површен и единствено во насока да ја задоволи минималната законска рамка. Инертноста и непознавањето на своите права и обврски само ја надополнува искривената слика за постоењето на добра заштита при работа“, вели првиот човек на Здрушението. Тој додава дека иако генералното мислење во јавноста е дека работодавачите се оние кои газат преку трупови за да акумулираат неброени богатства, тој досега немам сретнати такви. “Она што го препознавам кај македонскииот работодавач е дека реално на неговата днавна агенда не стои ставката безбедност и здравје при работа. Тоа се појавува како прашање единствено во случаите кога ќе дојде во посета државната трудова инспекција или кога ќе се случи несакана повреда на работа. Уште поинтересен феномен е тоа што честопати челните луѓе на компаниите се оние истите кои единствено преку своето лично искуство и своите (не)

9 мај, 2014 | 31


| Специјален прилог | деловна сигурност | успеси ја калат професијата менаџер. Честопати тие барањата за подобри работни услови од вработените ги гледаат како битка од првата светска војна каде што во едниот ров се тие, покрај другите сега се нападнати и од “своите” за кои ги прават сите работи“, објаснува тој.

Потребна е промена на постојниот систем

Сегашниот систем на заштита на безбедноста и здравјето при работа, регулиран со истоимениот Закон од 2007 година, кој претрпе неколку измени минатата година, според познавачите на состојбите, наместо да се насочи кон критичните области во поглед на безбедноста на работните места, непотребно ги шири обврските буквално на сите фирми. “Неопходно е да се промени целиот концепт во насока на многу поточно дефинирање на ингеренциите на државата, стручните лица и овластените фирми за проценка на ризик на работно место. Вака како што сега е поставен системот, Законот многу тешко се

4

од 10 работн и мисл ат дека во нивнатаиц ор низација не се справуваат га успешно со стресот

Ласло Андор

комесар за труд и социјални работи на ЕУ

аботните места не можат да си дозволат да го игнорираат Р стресот на работното место, кој го зголемува отсуството од работа и ја намалува продуктивноста. Стратешката рамка на ЕУ за здравјето и безбедноста при работа 2014-2020 ќе нагласува дека подобрата заштита на менталното здравје на работникот е клучен фактор за превенција на заболувањата поврзани со работата.

спроведува“, вели Борче Стојчевски од компанијата за проценка на ризик “Прориск“. Тој укажува на неколку “дупки“ во сегашниот систем: Пример, постои обврската да се испитува опремата за работа која се користи без точно дефинирање на која опрема се однесува ова, дали на алатот, машините или комјпутерите, и второ, не е прецизирано кој ќе ја прави контролата со оглед на тоа дека некои компании користат специфична опрема од реномирани производители и овластени сервисери, за која овде нема доволни познавања. “Поради големите пропусти и непознаници, на теренот се случува хаос, односно сите се борат само да дојдат до документ и да се задоволи законот. За жал, освен исклучоците, на теренот не можеме да зборуваме за безбеден амбиент“, тврди Стојчевски дециден дека ширењето на законските обврски всушност не ја подобри состојбата со безбедноста на работните места во земјава. Најавата дека со нови законски измени државата

сака да воведе и тарифник по кој што ќе работат компаниите лиценцирани за проценка на ризик и спроведување на програми, според него, само ќе биде крајно нерентабилно за компаниите кои сериозно се занимаваат со оваа работа. Сите компании ќе бидат под ист аршин, без разлика колку од нив инвестираат во обука на луѓе и соодветна опрема.

ЕУ покренува голема кампања за заштита на работниците од стрес

Минатот месец во Брисел беше означен стартот на кампањата „Здрави работни места - управување со стресот“ во организација на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) иницирана од сознанието за застрашувачки големите размери на стресот поврзан со работното место во Европа. Најновата паневропска анкета на EU-OSHA откри дека 51% од работниците сметаат дека стресот поврзан со работата е вообичаен на нивното работно место, а 4 од 10 работници мислат дека во нивната организација не се справуваат

Какви обврски имаат македонските компании?

С

огласно Законот за безбедност и здравје при работа секој работодавачот е должен да ја организира, уредува и обезбедува безбедноста и здравјето при работа. Без разлика на претежната дејност, секој работодавач согласно чл.17 од Законот, мора да ги обезбеди следниве мерки за безбедност и здравје при работа: „„да назначи едно или повеќе стручни лица за безбедност (интерно или надворешно); „„да изработи на проценка на ризик и изјава за безбедност на работните места; „„да донесување на безбедносни мерки против пожар во согласност со посебни прописи и мерки за прва помош и евакуација во случај на опасност (План за заштита од пожари, евакуација и спасување,на секое работно место и во работни простории во кои истовремено работат до 20 вработени најмалку по еден од нив мора да биде оспособен

32 | 9 мај, 2014

и одреден за давање на прва помош, гасење на пожар, евакуација и спасување, а над овој број на секои 20 вработени најмалку уште еден) „„да обезбеди обука на сите вработени за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма „„обука на претставници на работници за безбедност и здравје при работа доколку има над 10 вработени; „„да обезбеди опрема за лична заштита за вработените и нејзината употреба, доколку превземените безбедносни мерки во работната средина не се доволни; „„да врши повремени прегледи и испитување на работната средина и опрема (испитување на микроклима во летен и зимски период, осветление, бучава, прашина, заземјување „„да ја следи здравствената состојба на вработените

успешно со стресот. Оттука и оваа иницијатива чија крајна цел е европските претпријатија (приватни и јавни) да ја препознаат потребата за решавање на стресот поврзан со работата, како едиснтвен начин да го заштитат здравјето на своите вработени и продуктивноста на своите организации. “Работните места не можат да си дозволат да го игнорираат стресот на работното место, кој го зголемува отсуството од работа и ја намалува продуктивноста. Стратешката рамка на ЕУ за здравјето и безбедноста при работа 2014-2020 ќе нагласува дека подобрата заштита на менталното здравје на работникот е клучен фактор за превенција на заболувањата поврзани со работата. Во рамката ќе бидат предложени низа активности, како што е споделување на добрите практики за поттикнување на менталното здравје при работа. Позитивната работна средина е важна не само за подолг работен век на работниците, туку и да им овозможи на работниците, откако ќе се пензионираат, и понатаму да останат во добро здравје. Уверен сум дека новата кампања на EU-OSHA за стресот и психосоцијалните ризици при работа значително ќе придонесат во остварувањето на оваа цел“, истакна Ласло Андор, комесар за труд и социјални работи на ЕУ. Целта на оваа кампања е да се прикаже дека психосоцијалните ризици можат се решаваат на истиот систематски начин, како и секој друг ризик за безбедноста и здравјето при работа. Кампањата ќе се спроведува во повеќе од 30 европски земји, вклучително и Македонија, преку бројни активности како што се обуки, конференции и работилници, конкурси за постери, филмови и фотографии, квизови, предлог шеми, рекламни кампањи и прес конференции.


х. Александар Палас 16 Мај 2014, скопје

ПРОГРАМА

16 Мај, 2014 09:00 – 09:30

Регистрација на учесниците

09:30 – 10:00

Поздравни говори

Претставник на политичкиот естаблишмент на РМ М-р Елизабета Чингаровска

Претседател, Комисија за хартии од вредост на РМ

Иван Штериев

Главен извршен директор, Македонска берза АД Скопје

10:00 – 11:30

Панел I: Каде оди македонскиот пазар на хартии од вредност?

12:00 – 13:00

Презентации на тема:

Влијанието на одредени случувања на странските пазари на хартии од вредност и нивните рефлексии во Република Македонија "Имплементацијата на европската регулатива и хрватскиот пазар на хартии од вредност" Petar-Pierre Matek Претседател на Управниот одбор на ХАНФА, Хрватска

"Причини за интерното институционално реструктуирање на турскиот пазар на хартии од вредност" Cetin Ali Donmez

Заменик претседател на Истанбулска берза, Турција

Панелисти

Диомидис Николетопулос Драган Давитков

"Можноста за соработка на Deutsche Börse Group и регионот на Југоисточна Европа" Harry Hinkel

Кристина Тодоровиќ-Николиќ

13:00 – 14:00

Замир Дика

14:00 – 14:20

Горан Марковски

Гувернер на Народна Банка на РМ

Модератор

14:20 – 14:40

Извршен директор, Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје

14:40 – 15:00

Генерален извршен директор и Претседател на Управен одбор, Стопанска банка АД Скопје Менаџер, PricewaterhouseCoopers, Скопје Генерален извршен директор, Тинекс МТ Скопје Ректор, Универзитет Југоисточна Европа Главен извршен директор, КБ Публикум инвест АД Скопје

Елена Јакимовска Петровска 11:30 – 12:00

Пауза

Потпретстедател на Deutsche Börse, Германија

Пауза за ручек Специјален говор

М-р Димитар Богов

Презентација на претставник на американската комисија за хартии од вредност Презентација на Неоком АД Скопје 15:00 Доделување на награди "Кристално ѕвоно" за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2013 година

Награди за овластени учесници и овластени брокери на македонскиот пазар на хартии од вредност Котизација за учество

Котизација за учество изнесува 2.000,00 денари (со вклучен ДДВ) Детали за уплата:

Македонска берза АД Скопје Жиро сметка за уплата на котизацијата: 300-0000032408-06 Комерцијална банка АД Скопје; Организаторите го задржуваат правото на промена на програмата без најава.

Спонзори:

Главен медиумски покровител:


Капитал број 758 09.05.2014

34

www.kapital.mk

политика

ЕК: Постои континуирано зголемување на јавниот долг

В

о Македонија постои континуирано зголемување на јавниот долг. Ова е генералната забелешка на Европската комисија во пролетниот извештај за македонската економија. „Општиот владин буџетски дефицит во 2013 година се сведе на 4,1%. Ова беше малку повисоко од таргетираниот, кој беше ревидиран во пролетта

> БРОЈКИ

33%

од граѓаните сметаат дека најзастапен облик на корупција во земјава е злоупотреба на положба и овластувања

28,5%

од граѓаните сметаат дека тоа е примање мито

20,3%

од граѓаните сметаат дека давањето мито е најзастапен облик на корупција

33

општини беа дел од спроведување на оваа анкета која ја спроведе научно- истражувачкиот тим од Факултетот за безбедност -Скопје

facebook 1

Во Европската комисија веќе се подготвени апелите за прекин на огнот и за воздржување од секаков вид на насилство што ќе бидат објавени истиот момент кога во Македонија ќе пукне првата пушка Branko Trickovski

2

Стандардот у Македонија не само што расте, туку и се потежок ни е. Sasho Aleksov

3

Сонце, дожд, топло, ветар, сонце, ладно, дожд. Времево надвор само Боцевски може да го разбере. Vlatko Vasilj

од 3,6% на 3,9%. Во линија со својата среднорочна фискална стратегија, Владата се впушти во фискална консолидација базирана на трошоците во 2014. Таргетот за 2014 за општиот владин дефицит е определен за 3,5% и 3,2% за 2015 година“, стои во извештајот. Комисијата предупредува дека дефицитот би можел да се продлабочува ако продолжат трошоците по изборите.

Koga Grcija i Makedonija nemaat

Na Nimic mu ostanu apelira za pointen За нешто повеќе од еден месец медијаторот Нимиц на иста маса ги седна пореговарачите на Македонија и Грција. Оптимистичкиот речник од првата средба, по втората стана само апел преку кој побара од двете страни, по изборите, да ги искористат меѓународните случувања (алудирајќи на Украина) и да се посветат на проблемот пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

З

а нешто повеќе од еден месец, медијаторот Метју Нимиц два пати ги седна на иста маса преговарачите на двете страни, македонскиот Зоран Јолевски и грчкиот Адамантиос Василакис. Но и покрај ваквото интензивирање на преговорите, напредок не е на повидок. Дури и оптимистичкиот речник со кој претходно се обраќаше медјаторот Нимиц, особено по посетата на регионот минатата година, веќе полека исчезнува. Последната средба помина само преку упатениот апел на медијаторот, по изборите и во двете држави, да се посвети повеќе внимание за приближување на ставовите меѓу двете страни. Освен изборните процеси, меѓународните случувања, како што е кризата во Украина, даваат дополнителен мотив за побрзо решение на овој дводецениски спор, вели Нимиц. „Медијаторот може да направи нешто само до одредена точка, но на крајот на

краиштата ќе биде потребно лидерство од Атина и Скопје за да се реши овој проблем. Со оглед на ситуацијата во светот и загриженоста за безбедноста, мислам дека е погодно време лидерствата на двете страни сериозно да размислат дали има нови начини за решавање на овој проблем. Мислам дека по изборите двете влади треба да му дадат зголемено внимание на ова прашање што трае долго време. Има силни причини за да видиме дали можеме да направиме напредок и ќе работиме на тоа ова лето“, рече Нимиц. Медијаторот додаде дека за време на средбите не се разговарало за нови идеи и предлози, туку за евентуалните приближувања во однос на веќе досега


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

бум-трес Брисел прва дестинација на Иванов по инаугурацијата

Б

рисел, седиштето на Европската унија, ќе биде прва дестинација на претседателот Ѓорге Иванов во неговиот нов мандат. Според информациите од Кабинетот на претседателот, Иванов на 15 мај ќе се сретне со челниците на Европската унија во Брисел, каде ќе оствари средби со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, како и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Инаку, и по инаугурацијата за шеф на државата во првиот мандат, во 2009 година, прва дестинација на Иванов беше Брисел.

35

Ивица Дачиќ

МНР на Србија

„За шест месеци добро ќе го знам англискиот јазик за солидно да одговарам на новинарски прашања“... новиот шеф на српската дипломатија сфаќа дека не е доволно да говори српски за светот да го разбира

t aber za kompromis

nuva samo da nzivni pregovori!

Зоран Ставрески

вицепремиер и министер за финансии

„За приватниот сектор е најдобро кога има стабилни политики, а секогаш кога има избори и добро е што завршија изборите за да може да се вратиме на тековните активности“...

Никола Рилковски

претседател на ДИК

„Не може неправилностите во Избирачкиот список да и се препишуваат на ДИК, кога ние сме само сервис за таа работа“. Аха... Штом не се надлежни за избирачкиот список, ДИК сигурно се надлежни на глобалното затоплување...

twitter предложените. „Позициите на двете влади се искажани. Имам дадено многу предлози. Некои области во аспектите што јас ги сугерирав не им се допаднаа на владите. Би сакал да најдам решенија за тие области, како да и да видам дали има нови размислувања и начини да се пријде на проблемот за да се постигне решение“, рече тој По изборите, кон крајот на јуни, Нимиц најави дека ќе го посети повторно регионот и уште еднаш ќе ги испита позициите на двете страни и можноста за евентуален напредок. По средбата, преговарачите не се обратија. Но, како што пренесуваат грчките медиумите, преговарачот од грчка страна,

Василакис за грчките медиуми вината за закочените преговори ја префрла врз Македонија, тврдејќи дека Македонија нема волја за напредок, и дека останува на истата позиција од 1995 година и нема направено ништо оттогаш. Инаку, средбата на медијаторот со преговарачите, доаѓа непосредно пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балакан во Солун, кој го организира Грција како претседавач со Унијата. Според она што досега го пишуваа грчките медиуми, Самитот ќе помине само како про-форма, и од истиот не се очекуваат конкретни решенија или временски рамки за тоа кога државите од овој регион ќе се приклучат кон Унијата.

1

Рубин@rubinbt1h

2

Cene@ce_ne3h

3

Ленка@e_soleva4h

Во полициска држава, секој ден е ден на полицијата.

Можда Македонците се осум пати помалку платени од Европејците, али затоа се Вечни!

Ставриќ уапсен за операција пред две години. И му нашле обележани банкноти! Виите домаќин-чоек, како си штеди!


Капитал број 758 09.05.2014

36

www.kapital.mk

политика

o [t ka e ija ^ a j don ke sle ? a M po te i or b z i

EU diplomati za Kap Za Albanija kandida vo juni, za Makedoni пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Д

одека целото македонско општество месеци наназад се занимава прво со можноста за распишување на предвремени парламентарни избори, потоа со нивното организирање, одржување, резултати и пост- изборни математики, а сега со пазарот на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ околу формирањето на новата

Влада, лоши вести пристигнуваат од Брисел. Високи дипломатски извори за „Капитал“ велат дека приказната со Македонија е голем неуспех и за Македонија и за Европската Унија и дека за жал, не може да се очекува оти наскоро можно е некакво придвижување на тој пат: „Нема очекувања. Шансите на Македонија за напредок кон ЕУ се 0,0000 %! Многу пречки се исправени на патот, а не гледаме дека во вашата држава има волја за нивно надминување. Она што нас не загрижува особено, е што според сите прогнози, Албанија на јунскиот самит ќе добие кандидатски статус. Од таа точка натаму, сосема е извесен нејзиниот брз напредок, ако се

има посветеност и волја кај албанските власти. Во таков случај, за Македонија се стравува дека ќе следи криза. Кандидатскиот статус и евентуалното брзо почнување на преговори со ЕУ потоа, за албанското население во Македонија ќе биде искра која може да запали незадоволство. Дополнителен проблем е што властите во Македонија и воопшто политичките лидери сосема се свесни за овој момент, а повторно не гледаме дека има посветеност за да се работи на деблокирање на европските интеграции. Наместо тоа, во Македонија повторно главна тема се некакви домашни политички калкулации, од кои нема корист општеството. Голем тест е исправен пред вашата земја


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

политика

37

Никакви очекувања за патот на Македонија кон Европската Унија немаат високите дипломати во Европската комисија. Извори за Капитал брифираат дека многу е веројатно Албанија да добие кандидатски статус во јуни, после што според нивните прогнози се стравува од криза во нашата држава. За Албанија се прогнозира многу скоро и датум за преговори. Со ова Македонија (заедно со Босна и Херцеговина) останува последна држава од регионот којашто наместо со суштински прашања и визија за својот развој, очигледно уште долго ќе се занимава со своето внатрешно постројување

pital: atski status ija - kriza!? и она што јас го очекувам е дека во следниот период, особено после изборите во ЕУ и инсталирањето на новата европска администрација, се зачестени и интензивни посети на ЕУ претставници во Скопје. Не верувам дека Македонија може и понатаму да опстане вон регионалниот тек на европско приклучување“ вели извор од Европската Комисија за Капитал. Тој не сака да зборува во врска со внатрешните македонски преокупации, ниту со последните случувања коишто се однесуваат на мноштвото афери за наводен криминал директно во македонската Влада, коишто ги отвори опозицијата. Вели дека Македонија се декларира за независна држава, со

свој систем и свои институции кои се надлежни да ги санкционираат и следат ваквите процеси. „Тоа што ние го мислиме за функционирањето на македонските институции, пак, го кажуваме секоја година во Извештајот за напредокот на земјата“ вели тој. На прашањето дали е можно да се одземе кандидатскиот статус на Македонија тој вели: „Кандидатскиот статус не е даден еднаш за секогаш. Она што нас не загрижува е што нема напредок. А кога нема напредок тоа значи дека се стои во место. Ако се стои во место, во суштина се оди назад. Сите останати држави напредуваа многу побрзо, а Македонија

своевремено беше предводник на балканското оро кон Брисел. Сега што се случува? Во Македонија на повидок е политичка криза. Опозицијата нема да се врати во Парламентот, изборите коишто поминаа според нив не се ниту легитимни, ниту легални. Претседател којшто не е признат од најголемата партија во албанскиот блок. Раздор и внатрешни проблеми на сите страни. Како во вакви услови да се очекува дека фокусот ќе биде ставен кон ЕУ? Битно е, исклучително е битно целата енергија да се насочи кон воспоставување на силен дијалог и итно преземање на чекори за да се одмрзне оваа ситуација“.

Лицемерна кампања води до лицемерна коалиција

Но дали е тоа можно? Во моментов СДСМ нема никакви изгледи да се врати во Парламентот. Ако се тргне настрана очигледната пропаганда на медиумите блиски до власта, никој што е добро информиран за случувањата во таа партија нема да се осмели да прогнозира дека Зоран Заев може да очекува неколкумина пратеници (тие што имаат добиено мандат) да се откажат од партиската одлука и да го напуштат бојкотот. Јасно е дека на овој чекор Заев одамна и добро се подготвил уште кога реши да состави такви пратенички листи. Одлуката за бојкот, од оваа временска дистанца гледано, сосема е јасно дека била донесена уште пред изборите. Но, дилемите за ефектите од овој чекор секако дека се отворени. Заев ќе треба покрај ова да има смислено и добра


Капитал број 758 09.05.2014

38

www.kapital.mk

политика

... Ако ДУИ остане доследна, сосема логично се наметнува прашањето како Ахмети мисли да функционира во иднина? Како ќе биде дел од Коалиција со ВМРО – ДПМНЕ, без да го признае претседателот на државата од нивните редови? Што ако добие некој министерски ресор којшто е поврзан со шефот на државата, на пример министерството за одбрана, што досега беше токму во рацете на ДУИ? Дали овој тврд став за Иванов е само преговарачка техника на Ахмети, па кога тој ќе го добие тоа што го сака и Иванов ќе добие на својата консензуалност? ... Оти, ако Иванов не е консензуален, од каде пак ставот на Ахмети дека Груевски е? стратегија со која би требало да знае каде сака да стаса. Незадоволството кај дел од својата партија кој смета дека со овој потег СДСМ само ќе обезбеди глатко владеење за Груевски и 4 години вонинституционално дејствување за себе, Заев ќе треба да го стиши и демантира. Како и дали ќе успее ќе остане да се види, оти тешко е од оваа точка да се прогнозира колку Парламентот без СДСМ ќе биде извор на тектонско потресување на политичката сцена (особено ако се има предвид дека странците не се воодушевени од овој чекор, па не може да смета на нивната поддршка). Значи, оваа строга позиција на СДСМ оди во прилог на тезата дека тешко може да се очекува да се оствари она на што повикува дипломатот од текстот погоре. Но, тоа не е се. Друг проблем којшто и тоа како постои е односот на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ. Во минатиот број пишавме дека големо лицемерие има кај двете партии кои клучен дел од своите кампањи посветија во меѓусебни обвинувања дека едниот го уценува другиот и дека токму заради заштита на етничките интереси на групата којашто едниот или другиот ја претставуваат во Владата, налага тие да се спасат еден од друг само преку освојување на што поголем број мандати, а сега разговараат за нов мандат. Оваа националистичка реторика, се покажа дека е одличен начин за поттикнување на гласачкото тело да излезе на гласање и да гласа само за да се спаси од „Македончиштата“ или „Шиптарите“. Двете партии тука си ја завршија работата. Но, зошто нивниот

национализам, па дури и национализмот на оние коишто ги гласаат само заради национализам е лажен? Зарем вистински националист после таква реторика, после кампања посветена на плукање на довчерашниот коалициски партнер, би седнал со него на маса за партнерски да гради коалиција?Или, ако се анализираат гласачите... Во првиот момент кога би била евентуална повторно заедничка коалиција на Ахмети и на Груевски, нивните гласачи би требало да се чувствуваат изневерени, оти излегле и гласале за заштита од, а не за партнерство со „уценувачите“. Тоа не го гледаме, што значи дека и Груевски и Ахмети добро си го познаваат електоратот и знаат дека тој стои зад нив, без разлика на нелогичноста во одредени потези. Во секој случај, интересно е сега што двете партии се сепак внимателни. Тивко и зад затворени врати – вака се одвиваат преговорите за формирање на нова владина коалиција. Во услови кои ги опишавме, а во кои двете партии излегоа како победнички во своите етнички блокови после една исклучително остра и националистички обоена кампања, во којашто главно се препукуваа една со друга, двајцата лидери Никола Груевски и Али Ахмети се чини дека се максимално внимателни во однос на коалицискиот пазар којшто следува. Ниту во едната, ниту во другата партија не сакаат официјално да го коментираат процесот на преговарање за состав на новата Влада, ниту евентуалните барања кои се ставени на маса од која и да е страна. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за албанската телевизија „А1 Репорт“,

изјави дека им претстојат тешки и исцрпувачки преговори за соочување на платформите на двете партии. „Сите страни би требало да се согласат една од највисоките функции во државата, премиер, Претседател на државата или претседател на Собранието да биде Албанец. ДУИ исто така нема да отстапи и од идејата во иднина да се смени начинот на кој се избира шефот на државата.Внимателно, без еуфорија и со разум треба да се водат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за состав на новата влада, кои ќе одат тешко.... Сакаме да се фокусираме на деблокирање на евроатлантските интеграции и на економијата“ изјави Ахмети. Не мора да се отворени партиските извори за да се сфати дека самата изјава на Ахмети ги отсликува во голема мерка и барањата кои тој ги става на маса во пазарот со Груевски: спикер во Собранието (што со себе носи и промена на Деловникот за идниот претседател да ги води седниците на албански јазик), МНР (оти вели дека ќе се фокусира на деблокирање на евроатлантскиот интегративен процес, а партиски извори брифираат дека ниту Бесими, ниту тие биле задоволни од просторот што за оваа цел го дава Секратаријатот за европски прашања) и секако, барањата коишто одамна му лежат на срце на Ахмети, а тоа се директорските позиции во Царина или УЈП. Таман се да им оди потаман на коалициските партнери, таман глатко да ги испеглаат сите разлики и да се договорат за нова коалиција, тоа не значи крај за главоболките на едниот или (од) другиот. Најдоцна до овој


Капитал број 758 09.05.2014

40

www.kapital.mk

политика

понеделник (12 мај) кога истекува претходниот претседателски мандат, треба да се одржи собраниската седница за инаугурацијата на Иванов за неговиот втор мандат. Веќе е извесно дека на тој свечен чин нема да присуствуваат 34-те пратеници на коалицијата на СДСМ , но прашањето е дали ќе дојдат тие на ДУИ? Ахмети и неговите пратеници не го признаваат легитимитетот на претседателот, а при доделувањето на уверението од ДИК, не присуствуваше заменикотпретседател на Комисијата од редовите на ДУИ, Субхи Јакупи, што говори дека тешко е да се очекува оти ДУИ би ја фрлила во пепел целата своја изборна стратегија и би се појавила на инаугурацијата. Но, ако ДУИ остане доследна, сосема логично се наметнува прашањето како Ахмети мисли да функционира во иднина? Како ќе биде дел од Коалиција со ВМРО – ДПМНЕ, без да го признае претседателот на државата од нивните редови? Што ако добие некој министерски ресор којшто е поврзан со шефот на државата, на пример министерството за одбрана, што досега беше токму во рацете на ДУИ? Дали овој тврд став за Иванов е само преговарачка техника на Ахмети, па кога ќе добие тоа што го сака и Иванов ќе добие на својата консензуалност? ... Оти, ако Иванов не е консензуален, од каде пак ставот на Ахмети дека Груевски е?

специјален прилог

Кога најдоцна може да се очекува новата Влада?

С

поред член 81 од Уставот на Република Македонија, новоизбраниот претседател на државата Ѓорге Иванов треба да го почне новиот мандат најдоцна до 12 мај 2014 година, со давање свечена изјава пред Собранието, со која се обврзува на почитување на Уставот и законите. Новиот собраниски состав, пак, согласно Уставот, треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржаните избори, односно до 17 мај 2014 година. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите, односно на 18 мај 2014 година. Седницата во таков случај ја свикува најстариот по години избран пратеник, а доколку и тој одбие да ја свика, тоа право преминува редоследно на наредниот по години избран пратеник, се до избраниот пратеник што ќе се согласи да ја свика првата седница. Мандатот на новоизбраните пратеници почнува да тече од конститутивната седница на Собранието.

Откако ќе се утврди кворумот, се избираат претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието на РМ. Мандатот на пратениците Собранието го верифицикува на конститутивната седница, по предлог од Верификациската комисија. Собранието може да ја одложи верификацијата на мандатот на пратеник и со заклучок да побара Државната изборна комисија да ги изврши потребните согледувања, заради проверка на законитоста и правилноста на спроведениот избор, и во рок од 30 дена за тоа да го извести Собранието. Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за формирање Влада, односно најдоцна до 27 мај 2014. Мандатарот од партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, треба да биде избрана во Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, најдоцна до 16 јуни 2014 година.

30 KOJ E KOJ: ФИНАНСИСКИ СЕКТОР MAJ 2014

Капитал во ова издание на “КОЈ Е КОЈ: Финансиски сектор“ ги рангира играчите во овој сектор и анализира:

 Кои македонски банки остварија

најголем профит минатата година? Сите банки заедно во првите девет месеци од 2013 оствариле вкупен профит од 19,3 милиони евра, наспроти 10,5 милиони во истиот период минатата година. Каква 2014 година очекуваат банкарите?  Што за компаниите и граѓаните значи фактор дека во првите три квартали минатата година македонскиот банкарски сектор речиси ја дуплираше вкупната добивка во однос на истиот период лани? Дали тие може да очекуваат подобри услови, пониски камати, пониски банкарски провизии...?

Повеќе информации во врска со прилогот и комерцијално претставување во истиот можете да добиете на е-маил boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3298 110.

 Се подготвуваат ли некои нови,

иновативни производи кои ќе бидат во функција на полесно водење на бизнисот?

 Кои компании го предводат

македонскиот осигурителен пазар? Во неживотното осигурување доминираат Триглав и Еуролинк, во животното Кроација и Граве! Што ново ќе извадат како осигурителна понуда на пазарот во следниот период?

 Ќе се разбудат ли од долгиот

зимски сон лизинг компаниите? Зошто лизингот никако да заживее на македонскиот пазар?

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ: БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ


Капитал број 758 09.05.2014

42

www.kapital.mk

политика

Koga odr@uvaweto na vlasta stanuva

^etvoricata vlade На прашањето како победуваат на избори Орбан, Вучиќ, Груевски или Ердоган, многумина хорски ќе одговорат - со колку што можат поголема злоупотреба на власта, односно со контрола на медиумите и на институциите, со прилагодување на изборните правила ... Но, покрај фактот што четворицата добро ја владеат технологијата на задржување на власта, останува прашањето дали тоа е доволно за да си обезбедуваат толку уверлива поддршка? Најдрастичен пример, што не може никако да се објасни со мешањето на картите пред изборниот натпревар од страна на власта, е победата на Вучиќ изразена со 48,35%, наспроти најдобриот резултат на опозицијата од 6,03%. Ова го наметнува како посуштествено прашањето „зошто“ победуваат, кое заслужува стручна експертиза можеби помалку од политички и од економски аналитичари, а повеќе од социолози, културолози, психолози...

пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Л

инијата на уверливи изборни победи, освоени во помали или поголеми серии, од Унгарија, преку Србија, се спушта до Македонија, за на исток да прекине во Бугарија, пред да продолжи во Турција. Фидес на Виктор Орбан по


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

политика

43

rutina:

eteli na izborite вторпат освои двотретинско мнозинство во Парламентот на Унгарија, Српската напредна странка на Александар Вучиќ, исто така, со втора победа по ред доби неверојатни 158 места од вкупно 250 во „Скупштината“ на Србија, ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски не знае за изборен пораз од 2006 досега - во неделата освои само еден пратеник помалку од потребното за да има апсолутно мнозинство, а Партијата на правдата и развојот на Реџеп Таип Ердоган своето дванаесетгодишно владеење го потврди и со последната победа на локалните избори во Турција. Споредбите се наметнуваат сами по себе - сите наброени партии се конзервативни, во политичкиот спектар поставени меѓу десниот центар и десницата, и сите,

помалку или повеќе, пред последните избори - одржани годинава во четирите држави, имаа големи проблеми поради што аналитичарите беа затечени од уверливоста на победите, во одредени случаи и од самите победи. Четирите години од претходниот мандат на Орбан не изгледаат блескаво на фонот на неможноста да ја исполни својата главна цел - намалувањето на задолженоста на Унгарија, и на тврдоглавоста со која невработеноста во земјата остануваше висока. Вучиќ, пак, влезе во изборната трка откако две години беше вицепремиер во земја со многу лоша економска ситуација, што го принуди да ветува болни, непопуларни реформи, што, логично, требаше да ги подуплашат

Србите. Кулминацијата на проблемите за Груевски дојде на само десетина дена пред предвремените парламентарни избори, веднаш по првиот круг од претседателските, со аудио записот што го објави опозицијата, а на кој, наводно, има докази дека премиерот примил 1,5 милиони евра кеш во случајот „Македонска банка“. Најнеповолни околности пред изборите, сепак, имаше Ердоган, со честите протести кои почнаа уште минатото лето, а во меѓувреме се појави и најголемиот предизвик во долгогодишното владеење на турскиот премиер, во лицето на Фетулах Ѓулен и неговото движење Хизмет, зачинет со аудио-снимките со наводните компромитирачки (корупциски) разговори


Капитал број 758 09.05.2014

44

www.kapital.mk

политика

меѓу таткото и синот Ердоган. Секако, наброеното не покажува зошто и како четворицата лидери добиваат поддршка од гласачите во континуитет, а токму тоа е темата на овој текст. На прашањето „како“, многумина хорски ќе одговорат со колку што можат поголема злоупотреба на власта, односно со контрола на медиумите и на институциите, со прилагодување на изборните правила, со бескруполозен популизам ... Но, покрај фактот што Орбан, Вучиќ, Груевски и Ердоган добро ја владеат технологијата на задржување на власта, останува прашањето дали тоа е доволно за да се обезбеди толку уверлива поддршка? Најдрастичен пример, што не може никако да се објасни со мешањето на картите пред изборниот натпревар од страна на власта, е победата на Вучиќ изразена со 48,35%, наспроти најдобриот резултат на опозицијата од 6,03%. Приговорите за слабата излезност помалку го поткопуваат легитимитетот на новата српска Влада, а повеќе го потцртуваат неуспехот на опозицијата, односно на нејзината понуда (програмска, и особено кадровска - за второво, иако на Вучиќ најмногу му се забележува дека нема кадровски капацитет за соодветно да ја покрие власта што ја освои, се покажа дека во опозицијата доминираат ликови кои веќе ја потрошиле својата шанса без да ја искористат) да ги мотивира своите целни групи да излезат да гласаат. Прашањето „зошто“ заслужува стручна експертиза помалку од политички и од економски аналитичари, а повеќе од социолози, културолози, психолози, но најопштиот одговор веројатно би тргнал некаде од последиците на светската економска криза, која во свеста и потсвеста на граѓаните се поврзува со епицентри во западната, развиена хемисфера, па следствено (во четирите земји од нашиот контекст) се преферираат политичари кои се евроскептици - отворени, прикриени, со потенцијал да бидат такви зашто порано биле, сеедно ... За илустрација на ова можно влијание од кризата врз гласот на народот ќе земеме пример од Македонија, каде власта на ВМРО-ДПМНЕ која почна две години пред Големата рецесија, потенцира дека до светската криза „се остварени историски највисоките стапки на раст на БДП од 6,1% во 2007 и 5% во 2008“, кои беа преполовени по кризата, на 2,9% во 2010 и 3% во 2011, што некој може да го прочита како - растот на ниту кривата, ниту должната Македонија, е пресечен. од финансиската елита. Втората компонента на одговорот на прашањето „зошто“, ја прави с$ поизразената геополитичка нестабилност неочекувано издраматизирана од украинската криза, која државите, особено некои од наброените, ги става во тешка дилема, во одредени случаи и културно-идентитетска, која, можеби само потсвесно, бара лидери со „цврста рака“, кои апсат и толку крупни ѕверки што во народот се сметале за недопирливи.

„Виктатор“

При прегледот на случувањата од последните избори одржани во предметните земји, човек тешко може да се оттргне од впечатокот дека сличностите овде не се ниту случајни, а многу веројатно, ниту ненамерни. Некои од нив ги потенцираме, а некои сами се наметнуваат. Последната победа на Фидес на

Орбан се противи на ЕУ-санкциите кон Русија - нормално, кога подобро се разбира со Путин, кој му одобри кредит од 10 милијарди евра за проширување на нуклеарна централа во членката на ЕУ - Унгарија Виктор Орбан значајно е помогната од двотретинско мнозинство во унгарскиот Парламент што партијата го имаше и претходно, по изборите во 2010 година. Со вакво мнозинство Фидес можеше да го менува уставот (во Унгарија се вика основен закон), и тоа го правеше дури и за дневно-политички цели: „Кога Уставниот суд ќе утврдеше дека некој закон е неуставен, Фидес го менуваше уставот, а не законот - ова се случи пет пати за три години“, вели дописникот за југоисточна Европа на унгарскиот седмичник Figyelо, Иштван Секереш. Орбан без поддршка од опозицијата го смени и Изборниот законик, на начин што значајно ги зголеми шансите на Фидес за реизбор. На пример, банално го поедностави пријавувањето кандидати на национално ниво, што придонесе 18 партии, од кои повеќето ад хок формирани пред изборите, да имаат свои листи. Некои од овие партии имаат имиња толку слични на опозициските конкуренти на Фидес, што последниве трошеле драгоцено време и пари во кампањата за да им објаснат на своите гласачи кое е вистинското квадратче што треба да го штиклираат на гласањето, како што вели професорката на унгарскиот Централно европски универзитет, Агнес Батори. Изборните единици биле така прекроени, што опозицијата морала да добие 6% до 8% повеќе гласови од Фидес за да освои ист број пратеници - партијата на Орбан со 44,5% освоени гласови доби 66,8% од местата во Парламентот. Дека Орбан владее со изборната математика јасно е од овој резултат, остварен при пад од цели 23% на гласачите што го поддржале во 2010 (сега тој освои 133 од вкупно 199 мандати, и повторно си обезбеди двотретинско мнозинство). И тоа во ситуација на околу третина од населението под прагот на сиромаштијата (овој процент е зголемен под власта на Фидес), несмалена невработеност и 500.000 млади Унгарци на печалба во странство (вкупното население на земјата е 9,8 милиони). Извештајот за изборите на ОБСЕ вели дека владејачката партија „уживала нерегуларна предност поради рестриктивните прописи за водење на кампањата, пристрасните медиуми и предзиборните активности што ја замаглиле разликата помеѓу партијата и државата.“ Според податоците, пак, на

Транспаренси интернешнл, расходите на Фидес за рекламирање на партијата и на Владата биле барем двојно повисоки од со закон дозволените. Но, очигледно таму нема институции што ќе го спроведуваат законот, зашто и регулаторот во делот на медиумите не го санкционирал тоа што на јавниот сервис (и на најпопуларните комерцијални ТВ-канали) доминирале реклами за Фидес, неретко маскирани во официјални вести, како што пишува професорката Батори. Но, и во вакви услови, опозицијата носи одговорност за уверливоста на победата на Орбан, смета професорката, аргументирајќи дека лево-либералните партии во Унгарија претходните четири опозициски години во Парламентот повеќе време потрошиле на меѓусебни пресметки, отколку на фокусирана борба против Фидес. Во вакви околности формалниот опозициски сојуз е склопен одвај неколку месеци пред изборите, а добриот технолог на изборите, Орбан, домашната задача си ја завршил долго пред тоа. Опозицијата во кампањата даваше нереални ветувања, за разлика од најпопуларната мерка на Фидес - намалување на сметките за комуналии (интересно е што во Македонија слични мерки предлагаше и опозицијата - ефтина тарифа, односно струја, цел викенд, наместо само во недела, како и закон за заштита од енергетска сиромаштија). Комоцијата со која Орбан влегува во изборните трки се огледа и во тоа што не дал никакви поконкретни информации за споменатата мерка, врз база на кои аналитичарите би можеле да го проценат трошокот (исплатливоста, односно смислата) на ветувањето. Како и во тоа што лидерот на Фидес мазно го одби предлогот на опозициските партии да учествува во јавна дебата на партиските лидери. Но, затоа Орбан ја „фати“ опозицијата со два корупциски скандали - жртва на едниот беше заменик-претседател на опозициска партија кој имал непријавени банкарски сметки, а другиот на власта & го сервираше поранешен влијателен член на актуелната опозиција, кој штом излезе од затвор, објави книга за матните работи на неговата поранешна партија. Очигледно без ефект и опозицијата пукаше со истите куршуми


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

политика

На Ердоган не му се по волја Твитер и Јутјуб, ама нема ништо против холографијата - не можеше да дојде на партиски состанок во Измир, а сепак таму одржа говор, во вид на холограм висок три метри - обвинуваше за непријавен имот од страна на координаторот на пратеничката група на Фидес, а уште повеќе за таканаречениот „пакт Орбан-Путин“ (се мисли на договорот меѓу Унгарија и Русија кој предвидува Москва да ја кредитира изградбата на нуклеарниот реактор Пакс 2) за кој тврдеше дека крие корупција од огромен обем. Според унгарските аналитичари, Орбан значаен дел на популарноста освојува и со евроскептицизмот, односно со изјави како следнава: „Владата четири години се бори со банките, мултинационалните компании и империјалните бирократи во Брисел“, следени од отворено кокетирање со истокот, односно со Русија. Како и да е, опозицијата во Унгарија уверливата победа на Фидес ја објаснува исто како и овдешната (опозиција) - со необјаснива поддршка на народот за орбановата „антидемократска политика“, и тврди дека (членката на ЕУ) Унгарија веќе не е демократска држава во која постои владеење на правото.

кои во предизборието ja „сардисаа“ опозицијата, од една страна изведувајќи „црна“ кампања против неа, а од друга „билдајќи“ го имиџот на тогашниот прв потпретседател на Владата без „усул“, како во случајот со спасувањето на завејаното дете. Друг момент што упатува на изнесените констатации е што Вучиќ (како и Груевски за предвремените парламентарни избори) побара уверливо мнозинство за да владее без опасност од уцени. А на дело демонстрираше „цврста рака“ (според ветената беспоштедна борба со корупцијата) - си ја крена популарноста со апсењето на Мирослав Мишковиќ, а на Србите им се заблагодари за конкретизирањето на истата во големата изборна победа, испорачувајќи го пред лицето на правдата наркобосот Дарко Шариќ. Новиот српски премиер добро игра (во контекст на избори) и на

Вучиќ, или волкот влакното го менува, но ...

Кога е во прашање Србија и нејзиниот изборен херој, Александар Вучиќ, љубљанско „Дело“ не му дава време (Вучиќ тукушто ја формираше првата Влада во која е премиер) да го докаже спротивното во однос на следново гледиште: „Вучиќ се инспирира од лидери како Владимир Путин, Виктор Орбан, Реџеп Таип Ердоган или Никола Груевски. Му се допаѓа системот со моќен водач зад кој стамено стои неговата партија, во која никој не се истакнува, така што секој може да биде заменет.“ Во истиот контекст, професорот на белградскиот Факултет за политички науки, Јован Теокаревиќ, се прашува што ќе направи Вучиќ со толку многу власт, и одговара дека „лошите примери се блиску - Србија граничи со авторитарните режими на Орбан во Унгарија и на Груевски во Македонија.“ Стравувањата дека новиот српски премиер има амбиции да воспостави целосна контрола, според аналитичарите се поттикнати од доминацијата на Вучиќ со медиумите во земјата,

Времето ќе покаже дали Вучиќ ќе ја употреби уверливата победа само за „со сета сила во реформи“

45

меѓународен план. Во јануари Србија ги почна преговорите со ЕУ, а Вучиќ доби потврда дека е проевропски лидер, кој оваа титула ја одработи (товарот мудро делејќи го со Ивица Дачиќ) со историската спогодба за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Е сега, и оттука се очекуваат следни искушенија за српскиот премиер. Зашто Србите (мнозинството од нив) длабоко ќе се разочараат ако про-ЕУ политиката значи вртење грб на Русија. Вучиќ засега добро балансира меѓу интересите на Брисел и на Москва, но со отворањето на секое следно поглавје од преговорите со ЕУ, Србија ќе мора с$ појасно и поуверливо да ја усогласува својата надворешна политика со западната, што нема да биде лесно не само поради нејзините сериозни економски интереси поврзани со Москва, туку и со изборното значење на фактот што Путин, според одредени анкети, е најпопуларен странски лидер во Србија. Инаку, пред да ги стекне симпатиите на Европејците, Вучиќ беше еден од најгласните шешељовци, и од тоа време му ја паметат изјавата дадена во контекст на Сребреница дека „за убиството на еден Србин, ние ќе убиеме сто Бошњаци.“

Империјата на Ердоган

Случајот, пак, на Реџеп Таип Ердоган, се одвојува од останатите, пред с$, поради фактот што тој е најзначаен лидер во модерна Турција - земја која единствена од четирите што ни се предмет на интерес, е влијателна далеку преку своите граници. Ердоган ја презема власта во далечната 2002 година и успеа да ја одржи досега со неверојатниот подвиг - поразувањето на ататурковите чувари на секуларноста: во прв ред моќната турска армија, но и голем дел од администрацијата, судството, медиумите ... кои по кратка постапка ги симнуваа од власт неговите претходници во првиот миг кога ќе скршнеа од начелата на „таткото на Турците“. Турскиот премиер, како што можевме да видиме на неодамнешните локални избори во земјата, не само што го преживеа, туку излезе уверлив победник во тешката битка со довчерашниот клучен партнер во замената на секуларните со исламските вредности во турското општество, Фетулах Ѓулен. Неспорни се и неговите економски успеси - значајно го подобри животниот стандард на Турците, десетпати го зголеми извозот, го врати долгот кон ММФ ... Но, неспорно е и дека Ердоган е можеби најпознат пример за злоупотреба на демократијата како тиранија на мнозинството, уште еден лидер кој при слаба опозиција доволно долго владее во кревка демократија користејќи ги слабостите на турското општество (при алиби дека се наследени) за зацврстување на својата власт, не чувстувајќи во доволно блиска перспектива закана да се пресели во опозиција. Владеењето со сурова политичка сила базирана на култ на личноста и на соодветните популарност и лојалност во име на евидентните резултати, во случајов, на економски план, уште еднаш се покажа дека не може да ги компензира очекувањата на граѓаните за демократизација на општеството. Турците денес, а во името на изборниот инженеринг на Ердоган, се соочуваат со нечуени за земја што претендира на членство во ЕУ, а во НАТО е од 1952, обиди за забрана на Твитер и на Јутјуб.


BIZNIS I POLITIKA

www.kapital.mk

Зоран Милановиќ премиер на Хрватска

Линиќ дојде кај мене во Владата. Му реков дека повеќе не ја ужива мојата доверба и затоа не гледам можност за наша соработка. За негов наследник ќе предложам човек кој е упатен во с$, младиот експерт, Борис Лаловец. Му благодарам на Линиќ на соработката. Изборите се важни, но чистите раце се поважни.

Хрватска покажува дека е европска држава

Den po objavuv na aferata "Spa

Lini] nadvor od vladata

А

ко до пред само недела, најголемата грижа на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ беа економските проблеми и лошата рејтинзи на хрватската економијарт, сега Милановиќ се наоѓа пред можеби најголемата афера која сериозно се заканува да го наруши кредибилитетот и довербата на граѓаните во владата под чија палка Хрватска стана

полноправен член на Европската унија. Најпопуларниот министер во владата на Милановиќ, министерот за финансии Славко Линиќ, деновиве се најде на сериозни обвинувања од страна на хрватските медиуми, дека ја оштетил државата за 3,5 милиони евра. Само ден по објавата во Јутарњи лист, Милановиќ експресно го смени Линиќ, соопштувајќи дека сега веќе поранешниот министер за финансии не

ја ужива неговата доверба. Неколку часа по објавувањето на аферата во медиумите, пак, веднаш се огласи и антикорупциското тело УСКОК кое самоиницијативно побара да се достават сите документи за да се испита целиот случај. Во предвечерието, пак, непосредно пред неговото разрешување, Линиќ се огласи преку соопштение објавено на веб-страната на Министерството за


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

47

Хрватска влада деновиве се соочува со можеби најголемата афера од доажањето на власт, по онаа со екс-премиерот Санадер. Само еден ден по медиумските објави дека најпопуларниот политичар, министерот за финансии Славко Линиќ го оштетил буџетот за 3,5 милиони евра (за земјиште во вредност од 790 илјади евра, платил 4,4 милиони евра), премиерот Милановиќ експресно го смени од функција. Дали брзата смена на Линиќ, ќе ја поштеди владата на Милановиќ од аферата и последиците од истата, допрва ќе се види. Првиот тест се изборите за европратеници, каде коалицијата на Милановиќ се прогнозира дека ќе биде победник

Славко Линиќ

министер за финансии на Хрватска

Ја прифаќам одлуката на претседателот на Владата. На својата партија, на која припаѓам повеќе од дваесет години, не сакам со моите изјави на било кој начин да и ги загрозам шансите на изборите за ЕУ парламент. За се други ќе зборувам по 25 мај. Сакам да му заблагодарам на моите соработници во министеството, како и на минстрите во Владата со кои соработував изминатите две и пол години

vawe pa^va"

ladata! финансии преку кое вината за случајот ја префрли врз неодманешната директорка на Даночната управа Нада Чавловиќ Смијанец.

Аферата која го сруши хрватскиот министер за финансии?

Според пишувањето по хрватските медиуми, целиот случај почнува многу наивно. Имено, Дарио Пуљиз,

моќен славонски стопанственик, кој патем е и сопственик на Спачва, некогаш многу моќна компанија во дрво-преработувачката индустрија, западнала во проблеми. Две години се размислувало како да се спаси фирмата и што да се прави со големите долгови, се додека не се смислил план. Во декември 2012 година била побарана предстечајна постапка. Спачва долго не плаќала данок, а даночните обврски на фирмата стигнале до 3,5 милиони евра, а во евиденцијата на Даночната управа не постоело ниту едно барање, ниту еден предлог за блокада или присилна наплата на долгот кој оваа фирма го имала спрема државата. Целиот случај започнува во 2012 година кога сопственикот на „Спачва“ дошол со предлог до Министерството за финансии. Притоа, како што пишуваат медиумите, во тој момент, министерот Линиќ место да се интересира зошто оваа компанија не плаќала данок, приоритет дал на спасување на работните места во оваа компанија. Со оглед на тоа дека од интерес на Пуљиз, сопственикот на Спачва, му било само да се реши од долгот, пред министерот Линиќ предложил државата да купи земјиште од неговата фирма и со тоа да се реши долгот кој го има спрема државата. Според информациите во медиумите, кои се повикуваат на официјални документи, вредноста за земјиштето кое Пуљиз му го предложил на министерот Линиќ била повеќекратно преценета. Истите медиуми објавуваат дека првично ваквиот предлог на Пуљиз паднал и дека Министерството за финансии го одбил планот за купување на земјиште од Спачва. Но, во следните 30 дена ситуацијата драматично се променила. Од непознати причини, барем како што наведуваат хрватските медиуми, Советодавното собрание на Министерството месец дена по првата одлука, му предлага на министерот да се прифати планот за реструктурирање на Спачва, по што Линиќ ја потпишал таа одлука. „Зошто е промената одлуката, засега нема одговор. Сопственикот на Спачва го проценил своето земјиште на 643 куни по метар квадратен, а толку не вреди ниту градежно земјиште во центарот на Вуковар“, заклучуваат

медиумите во Хрватска. Но, до откривањето на целиот случај доаѓа, откако директората на Даночната управа, Нада Чавловиќ Смијанец, врз кој Линиќ денес ја префрла целата вина за аферата, ја воочува сумата која Министерството ја плаќа за купување на ова земјиште и бара повторна проценка за вредноста на земјиштето. Она што е интересно, е дека Линиќ бил во постојан судир со Чавловиќ Смијанец која пак важела за човек од доверба на премиерот Милановиќ. Инаку Чавловиќ Смијанец минатата недела си поднесе оставка под обвинение дека го штитела даночниот должник Жељко Билош, непосредно пред тоа побарала повторна проценка за земјиштето во Спачва. Новите проценки покажале дека земјиштетот на Спачва вредело максимално 15 евра по метар квадратен. Значи вкупно 790 илјади евра, за кои Линиќ дал 4,4 милиони евра, за земја која според медиумите се наоѓа отпад, односно депонијата од дрвениот отпад на Спачва. По таквите наоди Милановиќ веднаш отпочнал интерна истрага, а неколку дена подоцна аферата ја објавуваат и хрватските медиуми.

Линиќ ја префрла вината

Откако премиерот Милановиќ соопшти дека Линиќ е разрешен, неколку часа подоцна одржа прес-конференција и самиот Линиќ. Пред медиумите тој рече дека за аферата ќе зборува дури по ЕУ изборите, оти не сакал со своите изјави


www.kapital.mk

BIZNIS I POLITIKA

Кој е Линиќ?

И

наку, Линиќ е дипломиран економист кој додека го отслужувал воениот рок станал член на Сојузот на комунисти. Со години не извршувал партиски функции, оти сакал да се посвети на професионалната кариера. Работел на бродоградилиште, а потоа преминал во Градшпед. Работел во Кварнертранс па во Рафинеријата за нафта Ина. Токму во оваа рафинерија се врзува и првиот скандал за него. Додека работел во Ина склучил договор со Фикред Абдиќ и преку пристаништетот во Ријека извезувал стока од Агроморец и така собирал

девизи со кои потоа купувал нафта за Рафинеријата. Се проценува дека заработил преку ваквиот бизнис стотици милиони долари за Рафинеријата. Иако договорот на крајот пропаднал, покрената е полициска истрага која завршила со одлука Линиќ да се избрка од Советот за комунисти, но тоа не се случило. По скандалот се преселил во Љубљана каде работел во банка за плата од 7000 марки (денес 3500 евра). Поради носталгија се вратил во Ријка. По парламентарните избори во 1990 е избран за претседател на општинскиот Извршен совет. Во градската управа веднаш отпуштил 30% од вработените. Неговото име како член на градската управа се врзува и за афера за купување на оружје од Словенија, за која никогаш не е докажана неговата вмешаност. Во времето додека е уште во градската управа завојувал и со претседателот на општинското собрание а во 1993 година стана градоначалник на Ријека. Од овој трон се обиделе да го спушат во

1995 година, но успеале само на три дена, по што пак се вратил во градоначалничката фотелја. Во 2000 година станува потпретседател на Владата во Хрватска. Но, по враќањето на власт на ХДЗ, Линиќ ја извршуваше функцијата пратеник во собранието. Со доаѓањето на власт на Кукурику коалицијата, Линиќ станува министер за финансии. Во однос на приватниот живот се зборува дека вешто го крие. Од првата сопруга се развел уште во деведесетите. Сега е оженет, но повеќе детали за неговиот приватен живо нема. Но она што е најинтересно за оваа контроверзна политичка фигура е дека, и покрај аферите и скандалите кои се врзуваат за него поради честите караници со сите, сепак со својата преданост во работата, дури и кога и кога имаше отпор за воведување некои мерки (како фискализацијата) заработи голема почит меѓу граѓаните кои во анкетите го наведуваат како еден од најпопуларните хрватски политичари.

Линиќ платил 4,4 милиони евра за откуп на земјиште чија проценета вредност е 790 илјади евра, со што се смета дека ја оштетил државата за 3,5 милиони евра, пишуваат хрватските медиуми. Линиќ, пак, кој се обрати преку соопштение, непосредно пред да биде разрешен, вината ја префрли врз недоамнешната директорка на Даночната управа Нада Чавловиќ Смијанец да и штети на партијата од која доаѓа. „Ја прифаќам одлуката на претседателот на Владата. На својата партија, на која припаѓам повеќе од дваесет години, не сакам со моите изјави на било кој начин да и ги загрозам шансите на изборите за ЕУ парламент. За се други ќе зборувам по 25 мај. Сакам да му заблагодарам на моите соработници во министеството, како и на минстрите во Владата со кои соработував изминатите две и пол години“, рече тој. Но,ден претходно, кога медиумите ја објавија оваа голема афера, Линиќ се огласи преку соопштение кое го објави на страницата на Министерството за финансии, за што премиерот Милановиќ сериозно му забележа. Според она што го напиша во соопштението, Линиќ тврди дека нема незаконитости околу Спачва и вината ја префлри врз донеодамнешната директорка на Даночната управа Нада Чавловиќ Смијанец, за која тој тврди дека незаконски постапувала. Според него, спротивно на законот таа наредила уште еднаш да се процени вредноста на земјиштето и дека проценката е направена на нејзино усно барање. Таа, во мај оваа година побарала нова проценка која покажа дека земјиштетот вреди 790 илјади евра, а не 4,4

милиони евра колку е проценето во претстечајната постапка. Линиќ тврди дека станува збор за проценка која не е спроведена на основа на законските прописи, дека не е сочинета од користените податоци кои веќе биле на располагање во вуковарската Даночна управа и дека не се земени во предвид претходните проценки кои ги спровеле овластените судски вештаци. Тој заклучува дека проценката е неоснована и направена наспроти правилата на занимањето, оти не се правела според успоредените цени и табличните показатели. Но, по неговото писмено обраќање, медиумите објавија хронолошки редослед на настаните, по кој вината повторно ја враќаат на Линиќ. Имено, медиумите објавија дека во настаните поврзани со случајот Спачва, Линиќ заборавил да спомене дека и проценителите од Ерсте недвижности спорното земјиште во 2011 го процениле на 830 илјади евра, речиси исто како и даночната управа од која проценка побарала Чавловиќ Смијанец. Од Спачва пак ја негираат аферата. Директорот Пуљиз накратко соопштил: „За проценката на земјиштето не знам ништо. Ни подметнуваат нас афера оти некои други се во проблеми“, вели Пуљиз.


специјален прилог

23 MAJ 2014

ЗЕМЈА- ПАРТНЕР НА МАКЕДОНИЈА:

SRBIJA

ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ ГО ПОСВЕТУВАМЕ НА СРБИЈА И АНАЛИЗИРАМЕ:

“КАПИТАЛ“ СТАРТУВАШЕ СЕРИЈАЛ НА СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА ПОСВЕТЕНИ НА РАЗЛИЧНИ ЗЕМЈИ СО КОИ МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА И ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРОЕКТИ

Како да се зголеми економската, трговска и инвестициска соработка со соседна Србија? Кои се во моментот областите со најголем потенцијал за натамошно продлабочување на економската соработка?  Српските компании, особено оние од производите наменети за широка потрошувачка, се доста силно застапени на македонскиот пазар. Какви се нивните планови за нашиот пазар? 

Повеќе информации во врска со прилогот и комерцијално претставување во истиот можете да добиете на е-маил sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3280 910.

специјален прилог

DECA

 Ги прашуваме македонските извозно

ориентирани компании и стопанските комори како да го засилиме присуството на македонските производи на српскиот пазар? Кои индустрии, односно кои производи имаат најголеми перспективи за пласман на овој пазар?  Српските туристи се едни од најмногубројните на охридската ривиера. Што прават македонските хотелиери и туристички здруженија за поголемо анимирање на туристи од оваа земја и презентирање на македонските туристички потенцијали пред српските тур-оператори? ЛИЦE ЗА КОНТАКТ: САЊА САВОВСКА

23 МАЈ 2014

 ДЕТСКИ ГРАДИНКИ И ИГРОТЕКИ  ВИТАМИНИ, ВОДА, ИСХРАНА  БЕБЕШКА ХРАНА  ДУШЕЦИ, ПОСТЕЛНИНИ  ПЕДИЈАТРИСКИ И СТОМАТОЛОШКИ

ОРДИНАЦИИ И ПОЛИКЛИНИКИ  ДЕТСКА И БЕБЕШКА ОБЛЕКА, ОБУВКИ И ОПРЕМА  ИГРАЧКИ  УЧИЛИШТА ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И СПОРТСКИ КЛУБОВИ  МАТИЧНИ КЛЕТКИ  ДЕТСКО ШТЕДЕЊE Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: aleksandra.stojmenova@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ: АЛЕКСАНДРА СТОЈМЕНОВА


Капитал број 758 09.05.2014

50

Интервју

Kori Udovi^ki потпретседател на Владата на Србија

Nema ve]e da ima za[titeni

www.kapital.mk

У

довички, на местото министер за државна управа и локална самоуправа, ја чека нималку лесна работа: да ги утврди недостатоците, да ги одреди приоритетите, да предложи прописи. Наједноставно кажано - да ја уреди државата. Разговорот за „Блиц“ е воден петтиот работен ден во Владата и Удовички веќе знае кои & се првите потези. „До крајот на годината ќе почнеме со платните класи. Сега имаме нетранспарентност, нејаснотија околу тоа кој, колку и за што прима одредена плата. Прво, работите мора да се постават на јасен, праведен и реален начин, и мораме да знаеме што е тоа што може да се плати, а што не. Досегашниот вид на криење на заработувачката во шума од основици, надомести, коефициенти, буквално придонесе да се скрие податокот колку луѓе работат, каде и како. Не смееме да ја криеме вистината сами од себе“, смета Кори Удовички. XX Дали тоа значи дека ќе има промени во висината на платите? „Во моментов имаме неправда, бидејќи вработени на едно работно место заработуваат многу повеќе од некој на друго работно место, кој врши иста работа. Тоа не само што е неправедно, туку и скапо чини. На пример, нема причина возач во министерство и возач во агенција во Белград да примаат различни плати, бидејќи работат во исти услови. Но, има логика возач во Белград и возач во јужна општина различно да заработуваат бидејќи трошоците за живот се различни. Како што е правилно врвен искусен лекар да заработува поинаку од некој на почетокот на кариерата. Ќе се воведат низа критериуми и тие ќе бидат јасни. Немојте тоа веднаш да го гледате само низ призмата дали некому ќе му биде намалена платата, туку оти со тоа ќе се стави ред. Разликите во примањата мораат да бидат логични и праведни, за на крајот да произведеме држава каква што ни треба. Моментално сме држава која прави с$ никому да не му пречи на местото на кое што е. Но, на сите ни е лошо поради тоа.“ XX Дали веќе сте ги увиделе основните проблеми? Често се наведува дека апаратот е гломазен. „Професионализацијата на државната управа мора секаде да се спроведе, по целата вертикала. Се работи на измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа и ќе почне работата на законот за вработените, како и на целиот пакет закони за фискална децентрализација, односно за начинот на финансирање и за надлежностите на локалните самоуправи. Со тие закони мора да се разработи подобар и поусогласен систем на стимулација и помош. Генерално, улогата на државата е во градењето на капацитетите, за да можат локалните самоуправи себе си да се подигнат на потребното ниво, да бидат подготвени за впивање на средствата од фондовите на ЕУ и за служење на потребите на граѓаните на


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

Интервју функционален начин.“ XX Законот за вработување на локално ниво ќе го регулира бројот на вработени, нивните примања и обврски? „Овој закон е многу важен и проценката е дека ќе се работи до крајот на годината. Ќе се регулираат примањата. Без сомнеж, јавниот сектор на Србија има вишок на луѓе кои не се директно во претприемништвото во споредба со оние кои се и кои овие другите ги издржуваат. Некаде ќе има вишок вработени, некаде недостаток на професионални кадри. Меѓутоа, ајде да се вратиме на улогата и потребата од реформите. Ќе се воведе електронска управа, со тоа услугите за граѓаните ќе бидат побрзи, поблиски и поедноставни. Да, со тоа добиваме вишок во некои служби, но и можност граѓаните повеќе да не одат на пет места за да завршат една работа. Јасни правила за менување на прописите ќе бидат дефинирани во првите 100 дена од Владата.“

51

Влијанието на таткото и вујкото XX Малку е познато дека вашиот татко бил борец и дипломат, а вујко ви претседател на Боливија. Кој од нив ви е поголем пример и зошто? „Целото мое семејство дели посветеност на јавните интереси. Татко ми и вујко ми се сосема различни луѓе и примери. Татко ми, пред с$, с$ постигнуваше преку скромност, вложување на голема енергија и помалку наивен идеализам. Вујко ми е една од најинтелигентните и најдуховитите личности кои сум ги запознала. Тие својата посветеност кон државата ја остваруваат на различни методи. Учев и од едниот и од другиот.“ XX Можете ли да процените колку време ќе ви биде потребно за реформи? „ЕУ е подготвена веднаш да помогне. Но, клучните дилеми и регулативи чекаат да бидат решени и донесени. До крајот на годината очекувам да се заврши работата околу платите и како да се носат јавни политики, односно различни стратегии и мерки, а не како досега да имаме шума од прописи кои се често неусогласени и без јасно одредени приоритети. Дел од останатите неопходни прописи за реформи, каква држава сакаме и како да ја организираме, ќе бидат ставени на подетално анализирање и размислување со цел во текот на 2015 да можеме да започнеме со спроведување.“ XX Најчеста критика досега беше дека кадрите се вработуваат со партиска книшка. „Кога станува збор за вработување во јавната управа добар дел од регулативите е усвоен или речиси при крај на усвојување. Но, оставени се некои нејасни работи што беше можно во текот на изминатите влади таквата пракса некаде и да продолжи. Тие правни „дупки“ ќе ги затвориме. Но, уште поважно и најдобар начин за борба со партиските вработување е појасно дефинирање што е работата на јавната управа. Ако на некој јасно му ја

Потпретседателот на српската Влада, за „Блиц“ најавува дека со детална анализа на јавниот сектор ќе се покаже дека некаде има вишок, а некаде недостасуваат вработени, и открива оти ќе се менува начинот на одредување на платата: Целта на оваа Влада, и моја цел, е државата преку реформа да стане сервис на граѓаните и на стопанството. Сега тоа не е - почесто е кочница, отколку сервис. Тоа мора да се промени. одредиме задачата, па тоа го мериме и наградуваме според тоа колку добро работи, тогаш тој нема да вработи било кој, туку ќе го вработи оној кој знае како задачата да биде најдобро завршена.“ XX Дали тоа значи дека може да очекуваме и нови критериуми и вреднувања на вработените? „Кај нас во прописите често има некои „кваки“ кои прават с$ да остане помалку обврзувачки. Мораме да го зацврстиме целиот систем на планирања, координација, доделени задачи, наградување по заслуги. Знаете, проблемот не е само во тоа како луѓето се вработуваат, туку што вие немате начин да кажете „таа задача добро сте ја завршиле“. Мораме да поставиме мерила со цел да знаеме дали некој одговара за задачата на работното место. Сакам да го средиме системот така што ќе биде навистина праведен и оние кои во него работат тоа да можат и да го препознаат. Веќе нема да има заштитени лица.“ XX Ќе воведете ли систем на наградување на вработените во јавниот сектор? „Мојата намера е, и ова го зборувам

засега во мое име, оти договор се постигнува на ниво на Влада, да постои можност за наградување. На почетокот на целиот овој процес, поради ограничени буџетски ресурси и потреби, најмалку ќе бидат платени службениците и нивниот стандард на заштита, заработката ќе биде многу стегната. Ќе почнат од нешто што повеќе ќе личи на порамнување. Но, токму преку тој систем на стимулирање треба да ја развиеме можноста тие луѓе кои имаат особен придонес за тоа да бидат наградени и истакнати.“ XX Бевте министер во време на владата на Зоран Ѓинѓиќ. Кога и да сакавте нешто да направите, имаше штрајкови. Дали и сега ги очекувате? „Многу е важно сите да разбереме дека секој ќе мора нешто да даде со цел на крајот од овој процес сите да имаме повеќе, а особено нашите деца и внуци. Дури и ако тоа сите го разбираат и ако ние праведно работиме, ќе има многу отпор кој ќе мора да го омекнеме. Ќе разговараме и веруваме дека с$ ќе можеме да направиме преку дијалог, а не штрајкови.“


Капитал број 758 09.05.2014

52

www.kapital.mk

маркетинг

i dr@avata e bren VO

-

ERA MARKETIN [KATA E BREND ENT SE XM MENA

топ брендови држави според Анхолт и ГФК: XX САД XX Германија XX Велика Британија XX Франција XX Канада XX Јапонија XX Италија XX Швајцарија XX Австрија XX Шветска

ПР индустријата се повеќе ни ја креира сликата за се околу нас. Мислењето се повеќе се креира под влијание на ПР кујните, а сликата која ја имаме за одредена држава не е отстапка. И во бизнисот и во политиката важи дека колку повеќе пари фрлате за маркетинг толку сте поуспешни. Па така, државите денес прераснуваат во брендови кои се повеќе внимаваат на својот имиџ.

пишува:

Љупчо Златев

ljupco.zlatev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

С

помнете име за некоја држава и веднаш луѓето имаат слика за неа. Некои сакаат маркетингот и комуникациите да ги прикажат во негативно светлно, но сликата е важна за брендовите, за луѓето, за земјите.“, тврди Алистер Кембел, ПР мастермајндот на бившиот британски премиер Тони Блер. Кога за една земја во светот е проектирана лоша слика, многу е тешко таа слика да се измени. А доколку не се измени, државата трпи социјални, културни, политички и пред се

економски реперкусии. На пример, и покрај тоа што во реалноста работите се имаат во голема мера сменето, помеѓу луѓето се уште има предрасуди кон квалитетот на кинеските производи или на турскиот текстил. Многумина не патуваат во одредена земја само затоа што сметаат дека таму не е безбедно, се краде и сл. Важат и спротивните примери, кога купуваме производи кои потекнуваат од некоја држава, само затоа што ни е наметната слика дека производите кои потекнуваат од таму се најквалитетни.

Сликата е најважна, но не секогаш вистинита

Градењето на репутација на една држава и менаџирањето со таа репутација се нарекува национално брендирање. Целта на ова брендирање е да се создаде одредена слика за една држава и уште поважно - државата да


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

маркетинг

53

nd koj se prodava Топ 10 највредно проценети држави брендови според Brand Finance

САД

17,990

милијарди долари

Кина

6,109

милијарди долари

Германија

4,000

милијарди долари

Велика Британија

2,354

милијарди долари

Јапонија

2,264

милијарди долари

Франција

1,938

милијарди долари

Канада

1,836

милијарди долари

Бразил

1,478

милијарди долари

Индија

1,366

милијарди долари

Австралија

1,257

милијарди долари

Еди Рама со меѓународен конкурс ја брендира "Албанија на идните генерации"

Албанскиот Премиер Еди Рама, преку социјалната мрежа Twitter стартуваше глобален натпревар за брендирање на Албанија. Конкурсот на албанската влада кој се вика „Албанија на идните генерации“ ги повика ПР компаниите од целиот свет на сајтот nextgenerationalbania.info да понудат маркетиншки решенија за ребрендирање на Албанија. Според Рама, кога пред странците ќе се спомне Албанија веднаш добиваат асоцијација на бивша комунистичка земја во која царуваат корупцијата и организираниот криминал. Токму затоа неговата влада решила да го распише овој конкурс на кој компаниите од Албанија и од светот ќе се натпреваруваат со идејни решенија за промена на меѓународниот имиџ за Албанија. “Знам дека за промените треба да бидат реални за се ова да успее, нашиот имиџ нема да се менува само преку маркетнишка кампања, туку и преку реални промени.“, изјави Рама и додаде дека главната цел на оваа меѓународна кампања е да ја претстави Албанија како одлична дестинација за туризам и сигурно место за инвестирање. На конкурсот се пријавија компании од целиот свет меѓу кои и познати компании од Велика Британија, Шпанија, Хонг Конг. оствари профит од креираната слика. Освен за привлекување на туристи и привлекување на странските инвестиции, важно е државата да ви биде бренд и за да се зголеми продажбата на националните производи на светските пазари, односно националните компании да станат поконкурентни и пореспектирани на глобалните пазари. При креирањето на сликата за одредена држава, експертите кои работат на нејзиниот имиџ ги земаат во предвид сегментите: владеењето (политички систем), културата, луѓето што живеат, туризмот, инвестициите и имиграцијата. Целта на нивните комуникациски стратегии е да во сите овие параметри да прикажат што е можно подобра слика преку најразлични кампањи и перманентна работа на имиџот на државата. Многу често светски познатите медиуми како CNN, BBC, The Economist, Guardian, Time и др. објавуваат промотивни вести и кампањи за државите. Овие вести, спотови и текстови се наплаќаат многу скапо од државите. Рекламирањето на овие медиуми е само еден од методите за подобрување на државниот имиџ, и најчесто не е доволно ефикасен. Според експертите, најчесто оваа промоција служи само да се креира слика, и се следи девизата “Не е битно како е, битно е како изгледа.“. Па така во светските медиуми многу често некои држави ни се претставуваат како инвистициски оази но во реалноста не се. Кај туристичките промоции е уште подраматично па така според британски Гардијан - Скопје е најатрактивен град за посета на Балканот. Овие кампањи краткорочно и немаат

некој поголем ефект, покрај тоа што се фрлаат огромни пари земјите кои најмалку се рекламираат не можат да им парираат на веќе докажаните, но долгорочно се забележуваат промени ако ја набљудуваме една Малезија на пример, која секога година се искачува по неколку места на ранг листите за брендови држави.

Америка убедливо највреден бренд

Претставата која луѓето ја имаат за земјите, се мери секоја година преку глобални истражувања. Според истражувањата на агенцијата GROWTH FROM KNOWLEDGE (GLK) на нобеловецот Самуел Анхолт, кои ја сондираат перцепцијата на луѓето за државите на глобално, Соединетите Американски Држави се најголем бренд во очите на светот. Веднаш зад САД се наоѓаат Германија, Велика Британија, Франција и Канада. Агенцијата Brand Finance во долари ја проценува вредноста на државите како брендови. За нив САД како бренд вреди неверојатни 17,990 милијарди долари. На второто место се наоѓа Кина која вреди околу 10,000 милијарди помалку од САД, а во првата петорка на САД и Кина друштво им прават Германија, Велика Британија и Јапонија. Кон Кина денес се гледа многу поразлично, таа денес е многу попочитуван бренд од пред неколку години. Целиот исток доживува голем напредок во вредноста на државниот бренд, па така според Brand Finance, Малезија, Шри Ланка и Тајланд бележат огромен напредок во вредноста на нивниот бренд.


Капитал број 753 04.04.2014

54

свет

Гугл наметнува нова култура во грижата за

Zo[to sekoj sa da raboti vo G Пет години по ред компанијата Гугл се наоаѓа на врвното место во рејтинг листата на угледниот магазин Fortune, кој секоја година прави рангирање за тоа која компанија на светско ниво е најдобра компанија во која секој сака да работи. На кратко успешната филозофија која се крие позади оваа светски позната компанија е речиси многу едноставаколку по задоволни вработени, толку поуспешни резултати

пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

М

ожете ли да замислите компанија која не само што им дава високи плати и мотивирачки бонуси за вработените, туку се грижи за нивното емоционално здравје, им нуди часови по танцување, возење ролери, масажи, посета на салони за разубавување. Секако, ваквиот опис на компанија е ресиси незамислив особено на ова наше поднебје. Но, верувале или не, во светот веќе од поодамна функцинира таквата компнанија а истата и тоа како ни е позната на секој од нас. Гугл веќе петта година по ред се наоѓа се наоѓа на врвот на листата на угледниот магазин Fortune како компанија во која секој би сакал да работи. За тоа кој е Гугл и што претставува и нема потреба особено да се објаснува. Синонимот за оваа компанија веќе со години е пребарувачот Гугл кој зазема

голем дел од секојдневието на секој човек. Оттука и фразата ако не знаеш нешто “изгуглај го“. Секако, пребарувачот е само една од алатките кои ги нуди оваа мега компанија. Тука се и Гугл Транслејт, Гугл Букс, Гугл очилата, Гугл Плус, АдМоб ... Но, се чини, помалку познат факт е дека Гугл не е тренсетер само во однос на достигнувањата во сферата на информатичката-технологија, туку со самиот факт што пет години по ред са наоѓа како најдобра компанија за работа, наметнува и нови вредноста и бизнис култура за тоа како една компанија треба да се грижи за своите вработени и докажау дека таквата формула носи не само бенефициите за вработените, туку и за самата компанија. Во Гугл во моментот има над 47.756 вработени. На годишно ниво за работа во оваа компанија аплицираат неколку милиони кандидати, од кои според последните статистики само 0.4-0.5% добиваат работно место.

Зошто е Гугл најдобар?

Високите плати и бенефициите што ги нуди компанијата како платено породилно отсуство, здравствено осигурување се само едната страна од тоа што ја прави оваа компанија особено привлечна за вработување. Работната околина и грижата спрема


свет

а вработените

aka Gugl? вработените во Гугл подразбира многу повеќе од плата и здравствени бенефиции. Менаџерите на оваа компанија силно веруваат дека среќата и продуктивност не само што се поврзани, туку практично се нераздвоиви. Според нив, фактот што најголем број од времето вработените го поминуваат на работа, ја прави логична потребата условите каде што се работи да бидат најдобри. И додека другите поголеми компании, кои се во постојано трка со Гугл сметаат дека дел од мерките што ги презема оваа компанија се дури повеќе и од апсурдни, за топ менаџметот мотото „среќни вработени- успешна компанија“ е најважно и според нив не постои апсурден чекор во насока на подобрување на расположението на вработените додека се на работното место. Така во широката лепеза која оваа компанија им ја нуди на вработени освен гурмнаската кујна, е и секојдневен здрав оброк. Еднаш неделно вработените имаат право да си го донесат своето милениче на работа, имаат право на бесплатно користење на масажа, рааговори со психолози, бесплатно коритење на велосипеди, тренинг програми за подобрување на емотивната интелегенција на самите вработени. И не само тоа. Во рамките на самата

55

Дел од мерките на Гугл за вработените: XX високи плати XX мотивирачки бонуси XX ден во кој ги носат своите миленици на работа XX можност за работа на проекти кои не се во опис на работното место на вработените а на кои тие сакаат да работат XX можност за хуманитарна работа и донирања XX секој петок менаџментот одговара на топ 20 прашања кои ги имаат вработените XX фризерски салони и салони за разубавување во рамки на кампусот XX часови по танц за после работа компанија има часови за танц за после работа, компанијата се грижи за вработени кои се разведуваат или раскинуваат на тој начин што им нуди фризерски услуги во салоните кои работат во рамките на самата компанија, организира возење ролери со дел од вработените после работа и што уште не. Освен можноста за слободни активности, Гугл исто така им дава можност на вработени да се ангажираат 20% за време на работната недела на проекти кои тие ги сакаат, а не се во рамки на нивните работни обврски. Исто така секој петок без исклучок, менаџментот на компанијата одговара на 20-те најчесто прашувани прашања од страна на вработените. На крајот од денот, велат експертите за човечки ресурси, целата стретегија на Гугл се сведува на тоа да им се даде глас на вработени, да бидат целосно вклучени во стратегијата на компанијата и тоа што компанијата го прави. Ваквиот пример кој го поставува оваа успешна компанија каде

XX бесплатно возење велосипеди и ролери XX програми за развој на емоционалното здравје на вработените XX разговор со прихолози XX бесплатна гурманска кујна

вработените и нивната среќа се меѓу првите приоритети на компанија, воспоставуваат нова култура која ја препознаваат и самите работи, па така оние компании кои не се грижат за добрата состојба на вработените се почесто ќе губат млади таленти во декадите што доаѓаат, заклучуваат експертите.

Како Гугл стигна до ваквата „титула“?

Но, како всушсност Гугл стигна до оваа позиција? Во изминатите години оваа компанија ангажира научници да ја студираат целата организација. Научниците направија повеќе експерименти со вработените со цел научно да одговорат на прашањата за тоа кои се најдобрите начин да се менаџира голема компанија. Големите пронаоѓања на експертите по човекови ресурси кои работеа на ова истражуваат вклучуваат разгледување на стратегии со кои се бараше како да им се даде повеќе пари на вработените,


Капитал број 753 04.04.2014

56

свет

а истовремено тие да можат да го дадат својот максимум. За да научи топ менаџментот на Гугл како вработените сакаат да ја добијат платата, експертите изработија анализа во која ги праша вработените да одберат меѓу различниците опции за плата. На пример, дали вработените во Гугл порадо би земале 1000 долари повеќе како плата или 2.000 долари како бонус? Откако увидоа дека вработените го сакаат својот екстра кеш во основната плата, компанија објави дека сите вработени во Гугл ќе добијат 10% повисока плата. На прашањето, пак, како компанијата треба да ги мотивира вработените да го дадат својот максимум, експертите дојдоа до закчучок дека најдобро е да им праќате на вработените многу потсетници и да барате „агресивни“ и амбициозни цели од нив преку кои тие ќе размислуваат за можни решенија кои истовремено ќе и нудат на компанијата и заштеда. Гугл барал од експертите да се испитаат и многу други работи кои за многу други бизнисмени се апсурдни. Само како пример, во анализата Гугл вклучил и прашања за вработените за тоа каква кафетерија преферираат. Резултатите од истата покажале дека линијата во

која се наоѓа храната вработените сакаат да биде три до четири минути долга- така што ќе биде доволно кратка да не се губи многу време при избор на храна, а истовремено доволно долга за да можат да се запознаат со новите вработени. Желба на вработените била масите да бидат долги за вработените кои не се познаваат на некој начин да се присилени да разговараат. „Срекните вработени, споредени со нивните помалку среќни колеги, трошат 40% повеќе време фокусирани на обврските и се чуствуваат со 65% повеќе енергија“, покажува анализата на Гугл. Она што дополнително ја прави Гугл компанија со најперфектна работна околина е и филантропската мисија на самата компанија. Не само што самата компанија донира средства за најразлични проекти, компанија дури таквата култура ја развива и меѓу вработени. Сите вработени кои сакаат да бидат хумани, преку пет часа волонтерска работа донираат 50 долари, а од неодмна започна и нова програма преку која испраќа свои вработени во Индија и Гана каде работат на прокети на заедницата. Аналитичарите од оваа област велат дека ваквото свртување кон добробитот и среќата на вработени не е случајна,

туку искалкулирана менаџмент одлука, на која Гугл троши десетици милиони долари секоја година. Според Гугл колку повеќе вработените си ја сакаат работат, толку поуспешни ќе бидат, а со тоа и компанијата ќе биде поуспешна. „Не станува збор за аспирацијата да се биде број еден во светот, туку повеќе дека сакаме нашите вработени и идни вработени да го сакаат работното место, бидејќи тоа ќе на направи нас многу поуспшени“, вели Карен Меј вработен во Гугл во секторот за развој на кариерата на вработените. Ваквата детална анлиза која пред неколку години ја спроведе Гугл, компанијата не ја користи само за внатрешни цели, туку и им ја нуди на секторите за човечки ресурси и на другите компании. Самото списание кое ги рангира компаниите во оваа категорија, Fortune, тврди дека компаниите кои се на врвот на листата не се грижат само за растечкиот профит, туку се посветени да им помогнат и на нивните вработените да живеат здраво. Компаниите се свесни дека здрави и добри работници можат многу повеќе да придонесат за компанијата, заклучува списанието.


ОБУКА НА ТЕМА:

НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА И НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД УПОТРЕБА НА МОТОРНО ВОЗИЛО  21 Мај 2014 година, 10.00 - 16.00 часот

Капитал академија, Скопје

АГЕНДА: 1. ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА:  Што треба да содржи тужбата и одговорот на тужбата  Достава  Докази и изведување на докази  Решенија кои судот ги донесува надвор од рочиште за главна расправа а кои на главна расправа 2. ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА:  Вештачење  Увид  Записник во тонска форма 3. НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД УПОТРЕБА НА МОТОРНО ВОЗИЛО  Каков вид на штета може да се побарува  Што треба да содржи тужбата за надомест на штета од употреба на моторно возило  Како се поставува тужбеното барање по вредност кога има придонес на страната на тужителот  Во кои случаи може да има придонес на страната на тужителот  Придонес во случај кога тужителот е трето лице и кога истиот има својство на трето лице

4. РЕГРЕСНО ПОБАРУВАЊЕ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ДРУШТВО ПРЕМА СТОРИТЕЛОТ НА ШТЕТАТА:  Кога може да се поднесе ваква тужба  Кои приговори може да ги истакне тужениот  Застареност на побарувањето  Течење на камата

ПРЕДАВАЧ: Судија Антоанета Димовска

Судија во Основниот суд Скопје 2, во одделот за имотни спорови, а истовремено е едукатор во Академијата за судии и обвинители. Сите заинтересирани за учество во оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 19 мај 2014 година.

 лицe за контакт: Гордана Михајловска и Ленче Зикова  е-маил: akademija@kapital.com.mk  02 3280 911


Капитал број 758 757 09.05.2014 02.05.2014

58

www.kapital.mk

Интервју

Кога цените на нафтата почнаа да растат на времето, Саудијците испокупуваа апартмани низ Париз. Сега, тие реинвенстираат во својата земја. Индустриската способност стана главната карта на која играат речиси сите земји денес.

Xefri Imelt шеф на Џенерал Електрик

Site se vra]aat kon proizvodstvoto!

Џ

ефри Имелт ја води Џенерал Електрик (ЏЕ) повеќе од 12 години, станувајќи шеф на компанијата само четири дена пред терористичкиот напад од 11 Септември, а подоцна преживувајќи уште неколку потреси, со с$ двете рецесии. Имелт дојде од одделот на ЏЕ задолжен за технологија поврзана со здравствената заштита, и потоа ја преобликува компанијата фокусирајќи се на енергетиката, здравството и транспортот, продавајќи неколку сектори наследени од ерата на Џек Велч – како пластичните маси, осигурителниот бизнис и медиумскиот огранoк NBC Universal Media – што своевремено носеа вкупно 40% од продажбата. Имелт форсираше експанзија, што сега значи дека 65% од приходите на ЏЕ доаѓаат надвор од САД, за разлика од 30-те проценти кога тој го презеде кормилото. По Боинг, ЏЕ е најголемата компанија извозник од САД. Имелт исто така,

“Не така одамна, суровините беа евтини, а работната сила скапа. Денес важи обратното, па затоа има смисла да се врати производството назад во САД, во многу сектори. Нема шанси да се постигне благосостојба во една држава без да се изградат повеќе работни места за средната класа во производството“, вели главниот извршен директор на Џенерал Електрик, Џефри Имелт за американскиот магазин Chief Executive. тројно ги зголеми издвојувањата за истражување и развој, а нареди купување на нови компании во износ од 115 милијарди долари, додека фирмата доби седум милијарди долари од своите бизниси што ги продаде. Во интервјуто за Chief Executive, Имелт зборува за некои од стратешките промени што ги иницираше, вклучутелно и враќањето на некои производни погони назад во САД, во согласност со променетиот економски тренд на производството и

иновативноста. XX На почетокот бевте често споредувани со својот претходник Велч. Сега, откако значително ја променивте компанијата, дали с$ уште ве споредуваат, и дали ви е воопшто грижа за тоа? Ме прашале за наследувањето на Џек веројатно на околу 120 јазици и илјадници различни начини. Но, јас секогаш го давам горе-долу истиот одговор. Лидерството е како драма со еден чин во бизнисот и потребно е да ги направите вистинските чекори


www.kapital.mk

во ерата во која раководите. Она што барам во луѓето што работат за мене е да бидат свои и комфорни во лидерската улога. Полесно е да се смени некој лош директор одошто добар; но понекогаш го немаш тој избор. И кога ќе замениш некој добар, треба да ги движиш промените секојдневно, но да се правиш дека ништо не било погрешно претходно. Не се осврнувам назад, но ги движам нештата кои мислам дека се најважни за компанијата за да таа оди напред во ерата во периодов што го живееме. XX Ги зголемивте силно приходите од производството на ЏЕ. Со оглед на тоа што земјата очајнички има потреба од заживување на домашното производство и работните места што доаѓаат со тоа, кажете ни што конкретно прави ЏЕ за да го зголеми своето производство, а што е потребно за државата во целина да стори за истата цел? Нашите најдобри бизниси се оние со силен конкурентски предзнак – не само од гледна точка на технологијата и инженерството, туку и од аспект на производниот процес. Ова не е романтичниот поглед на производството што е толку модерен денес. Повеќе се работи за конкурентноста и конкурентнската предност. Во 1980те, американската работна сила беше скапа, а суровините беа евтини. Така беше во првите 20-тина години од моето работење во ЏЕ, каде што сум повеќе од 31 година. Ова во глобала не придонесе за добри односи на релација работници – менаџмент. Како резултат, повеќето од нас највисоките менаџери си зедовме за задача да го аутсорсиаме производството, да го преместиме во земји со поевтина работна сила. Ова продолжи низ 1990-те и во раните 2000-ти. Денес, суровините се скапи, а работната сила релативно евтина. Денес, производот е самиот процес, помалку или повеќе. А, трудот е многу пофлексибилен. На пример, во авионскиот мотор, уделот на труд е помалку од 5%. Имаме два часа труд во еден фрижидер. Па така, навистина не е важно дали ќе го произведете во Мексико, САД или Кина. Денес, се работи за глобализацијата, не за аутсорсингот; прашањето е како да ги освојам пазарите побрзо од мојата конкуренција? XX Како се промени природата на самото производство? Погледнете ги големите мотори што ги произведува ЏЕ, кои што се големи, технички чуда сами по себе. Ние го создаваме и процесот и производот во исто време. Веројатно последната генерација на, да речеме, G-90, кој што го движи Боинг 777 ќе биде 50% содржина на ЏЕ, 50% аутсорсинг. Следната генерација мотори, која што се вика G9X, веројатно ќе биде 70% сопствена содржина и 30% аутсорсинг. Затоа што го создаваме процесот

Капитал број 758 09.05.2014

Интервју

59

додека го создаваме И секоја земја го разбира производот, имаме силна тоа. конкурентска предност да Уште еден голем тренд произведуваме дома, и за кого што луѓето не сметам дека тоа ќе биде с$ зборуваат баш многу е Во авионскиот поизразено во иднина. еволуцијата на земјите Сега, како човек што мотор, уделот на богати со ресурси патува многу, кога одам производители труд е помалку од во Кина, Германија, исклучиво на ресурси од 5%. Имаме Русија или Бразил, таму во индустријализирани два часа труд во економии. Тука се не велат “Еј Џеф, кажи ми за вашиот бизнис со еден фрижидер. Латинска Америка, финансиски услуги“. Туку Африка, Русија, Средниот Па така, денес велат, “Кажи ми за твојот исток, Канада, Австралија навистина не е индустриски бизнис и и Азија. Кога цените на како да пренесеме повеќе важно дали ќе нафтата почнаа да растат производство овде“. Тоа е го произведете на времето, Саудијците начинот на кој што земјите во Мексико, САД испокупуваа апартмани ја сфаќаат конкурентноста или Кина. низ Париз. Сега, тие сега. Нема шанси да се реинвенстираат во својата постигне благосостојба во земја. Ова го гледаме една држава без да се изградат повеќе насекаде. Индустриската способност работни места за средната класа во стана главната карта на која играат производството. речиси сите земји денес.

Конкурентноста ја прават образованието, инфраструктурата, развојот на малите бизниси и регулацијата XX Потрошивте доста време и во Вашингтон, во претседателскиот Совет за работни места и конкурентност, од 2011 до 2013-та. Кажете ми, што треба САД да направат за да обезбедат здрава платформа за раст на производството? Секогаш го почнувам одгоровот на ова прашање со: јас сум републиканец. Бев и тогаш, и сега сум. Го велам ова за да не си мислат луѓето дека сето ова е дел од некаква инсајдерска вашингтонска шема на големи директори. Кога од владата ќе ве замолат да сторите нешто, вие би требало да одговорите потврдно. Она што го научив во Советот е дека четири нешта ја прават конкурентноста на САД. А тоа важи и за секоја земја во која сум бил досега службено. С$ почнува со образованието. Ни требаат повеќе инженери, но и повеќе заварувачи. Инженерите креираат работни места, тие креираат компании. Во напредното производство, заварувачите креираат продуктивност и нам ни требаат и двете работи. Во Виетнам, владата обезбедува по 5000 луѓе со заварувачки дипломи секоја година. Може да одите во Виетнам и да изградите фабрика што ќе биде конкурентнба уште веднаш благодарание на тоа што го направила државата. Втората работа е инфраструктурата. Околу ова имам несогласици со многу републиканци: треба да ја подобриме инфраструктурата на САД. Многумина велат, дека на пример, аеродромот во Пекинг е научна фантастика за њујоршкиот ЏФК. Третата работа е фокус кон малите и средни бизниси, што е неверојатен генератор на раст. Во оваа криза тие беа многу погодени. На секое работно место во ЏЕ, доаѓаат осум во синџирот на снабдување. Треба да се грижиме за овие осум работни места, како тие се снаоѓаат. И четвртата работа е регулацијата. Ако сакаме нови работни места, мора да ја намалиме регулацијата. Таа порасна по геометриска прогресија изминативе 20 години. А, тоа важи за секаде во светот.


Капитал број 758 09.05.2014

60

www.kapital.mk

на руЧек со...

Арсим Зеколи аналитичар И порАНЕШЕН АМБАСАДОР

Makedonija e vo vnatre[na stude vojna bez prekin


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

на руЧек со... Секоја негова колумна е уметничко дело, во кое стилот на пишување и поентите танцуваат креирајќи чувство дека читате уметничка слика или гледате поезија. Токму затоа, и покрај тоа што неговата кариера ја градеше прво како новинар, па потоа како еден од најуспешните македонски амбасадори (беше амбасадор на Р.Македонија во Мисијата на ОБСЕ во Виена, но и амбасадор на ОБСЕ во Туркменистан), не изненадува фактот што има завршено – историја на уметноста. Емоција лебди низ воздухот кога разговарате со него, било за внатрешна или надворешна политика, било за меѓуетнички односи или култура. Тоа е Арсим Зеколи, аналитичар со став којшто треба да ги замисли сите актуелни актери на политичката сцена, а да ги мотивира сите оние општествено неактивни!

На ш ето м ен и Од богатото мени на ресторанот Арабеска избравме салата “сан дреј”, a десерт панакота и чизкејк

ena n

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

Р

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

оден сум во Косово, но на пет-шест годишна возраст сум дојден во Скопје и од тогаш живеам тука. Детството го поминав во Карпош или подобро кажано во градскиот парк. Тогаш се уште езерцата беа чисти, па се сеќавам како пливавме, се капевме во нив и после бегавме од полицијата кога не бркаше. Прекрасни години, прекрасни... иако нема да ви кажам кои години беа, тоа не е важно, оти ќе се открие мојата возраст“ вака низ смеа го почнуваме разговорот со господинот Арсим Зеколи, дипломиран историчар на уметноста, поранешен амбасадор на Македонија во Мисијата на ОБСЕ во Виена, но и единствен македонски дипломат којшто бил шеф на Мисија на некоја Меѓународна организација – Зеколи беше амбасадор на ОБСЕ во Туркменистан цели две години. „Што е господине Зеколи? Зарем и џентлмените не се прашуваат за години?“ со смеа му возвраќам јас, на што добивам многу луциден одговор: „Џентлмените се прашуваат, но ергените не“. Откако Зеколи ни го раскажа неговиот животен пат низ младоста, многуте лудории низ скопските улици, коишто како што вели, го претвориле во типично скопско дете, кому летувањата на село во Косово му се гледале исклучително досадни оти го оттргнувале од урбаниот живот, раскажа за првите вљубувања и разочарувања, за студиите по историја на уметноста (сакал да спои ем историја како општествен феномен, ем уметност како емоција), тој сподели со нас една интересна случка. „Како студент - апсолвент многу сакав да одам на археолошки ископувања, да имам пракса. Пратив писмо до четириесет факултети и молев некаде да ме примат, добив одговор од 30, само еден беше потврден и така заминав за Швајцарија и тоа беше неверојатно искуство за мене, оти знаете - едно

61

е кога слушате дека ќе ископате скелет, а друго е кога ќе ископате скелет и немате поим што понатаму со него“ раскажува тој низ смеа.

Од држава жртва станавме држава провокатор, а таа улога не ни прилега

Но, Зеколи многу набрзо сфаќа дека има други предизвици на кои сака да се посвети. Работел како новинар во радио (во неговата емисија има правено интервјуа со сите релевантни политичари од албанскиот политички корупус), ги памети заканите и притисоците од тоа време, но од новинарството заминува набрзо, оти како што вели: „новинарството е само чекор кон нешто поголемо во животот“. Ако денеска разговарате со многумина македонски истакнати дипломати, но и поранешни министри за надворешни работи ќе сфатите дека ретко кој нема да каже оти Арсим Зеколи се вбројува во најдобрите дипломати што земјава ги имала. Зборува перфкетен англиски, албански, српски и македонски, па не му треба многу за брзо да стане ѕвезда во Мисијата на ОБСЕ во Виена, каде што во 2006 оди како амбасадор на Македонија, а само за шест месеци на изненадување дури и на нашето МНР, тој станува претседавач со Комитетот за економски прашања и за заштита на животната средина Многу искрено зборува за неговите почетоци во дипломатијата и тремата која ја имал, сфаќајќи ја тежината на новиот предизвик пред него. Годините поминати во Виена ги памети по многу настани, контакти, средби, но пред се, по силната поддршка која тогаш ја уживала Македонија во очите на светот: „Не ме разбирајте погрешно, не беше тоа заради мене, едноставно Македонија беше ѕвезда. Странците гледаа во нас исклучок од балканскиот начин на работа, според кој кога ќе се даде ветување, тоа се исполнува на Куково лето. Ние исполнувавме ветувања и поддршката на ЕУ, на САД и на земјите поединечно беше сосема видлива. Следуваше шлаканица на Самитот на НАТО во Букурешт, после што сите ми се извинуваа, велеа дека им е жал, но дека се тука. Ќе бидат зад нас и ќе мора да се впрегнат сите општествени напори за да се искористи неверојатната поддршка од администрацијата на претседателот


Капитал број 758 09.05.2014

62

www.kapital.mk

на руЧек со...

Џорџ Буш. Тоа не се случи, оти како што знаеме сите ние тогаш распишавме предвремени парламентарни избори, па енергијата се насочи кон друго.“ вели Зеколи. Едно од најтешките прашања што требало да ги одговори тој во неговата кариера како амбасадор било токму тоа – „Зошто сега распишувате избори? Не губете време, искористете го моментот!“ „Што да им одговорам? Неверојатна умешност треба да најдете одговор во тие околности, како амбасадор да стоите зад политика која не е јасна. Но, тој чекор можеби и ќе ни се простеше. Знаете ние на неправеден начин бевме блокирани и сосема е логично нашата власт да биде лута. Но, чекорите кои следеа подоцна, провокациите и заострената реакција, Скопје 2014-та и другите спорни потези, тешко се објаснуваат. Ние имавме огромен капитал во очите на странците. Од земја жртва кон која сите симпатии беа свртени, станавме земја провокатор, што не ни прилега во овој случај, оти кај нас е правдината, ама не силата. Ако сте лути, тоа ви оправдува еден потег, но никако не серија потези кои веќе ве влечат во друг правец“.

Странците ќе имаат дел од одговорноста ако не стигнеме во Европа или ако стигнеме како скелет

Зеколи тука воопшто не ја амнестира улогата на странците, оти според него, ние имаме трипартидна влада, составена од три коалициски партнери ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и Меѓународната Заедница, која според него потфрлува кога е во прашање Македонија. „Меѓинародната Заедница поради својата големина и важност пропушта да види дека Македонија е во константна внатрешна студена војна без прекин. Знаете што им кажав кога си одев од ОБСЕ во својот проштален говор? Дека како последна желба би сакал во таа сала да има фотографија од „фаундинг фадрс“ за да знаеме од каде сме тргнале, но и каде треба да стасаме. Оти клучната грешка што странците ја прават е што мислат дека се е завршено и дека сега треба само да берат плодови од нивниот труд. Глупости. Затоа им реков дека треба да отворат уште една Мисија. „Каде“? - ме прашаа. „Имаме 19 мисии низ светот“. „Тука, во Виена. Мисија на ОБСЕ во ОБСЕ за да го следи вашето работење“ им одговорив. Она што многу пречи кога е

Македонија стана држава – спонзоруша!

„Не верувам дека има опасност со евентуалниот кандидатски статус за Албанија. Не за друго, Албанија нема да дозволи да има. Ако досега ние се плашевме дали ќе има прелевање на криза од Косово или од Албанија кај нас, сега тие се плашат од такво прелевање од наша страна. Максимум во своето мешање Албанија би одела со барање за да има албанска партија во Владата и толку. Натаму е ваша работа, не ни бидете товар на вратот - тоа е пораката од официјална Тирана за нашите Албанци. Ако е Албанија паметна, сега ќе го зграпчи моментот и ќе галопира. Друг момент е оној со стравувањето дека сега масовно ќе се земаат албански пасоши. Но, она што од сето ова, мене во суштина ме загрижува е што ние останавме во овој регион сами. Заедно со БиХ и со Косово, ќе речете. Знаете што е суштината? Не е најстрашно што овие две држави се потенцијални кризни жаришта и извори на тензии – страшно е што се држави протекторати, држави спонзоруши што јас ги викам. Македонија тоа не беше и не смееше да стане. Можеби мислите дека има одредена предност да сте држава – спозноруша. Верувајте, мааните се далеку поголеми. Македонија доби огромна шанса да се изгради и устоличи. Ние што направивме? Устоличувавме власти. Власта не е државата и не смее да биде. Власта е само шофер. Но, шоферот џабе седи напред ако не вози. Меѓународната заедница во прашање, според него е постојаниот нечесен однос кога се во прашање меѓуетничките односи: „Тие велат Албанците во Македонија, сметајќи не за една маса. Не сакам да бидам маса. Извинете, но не ме изедначувајте со Ахмети на пример. Јас и Ахмети немаме исти заслуги за оваа земја, ни за лошо ни за добро. Тие не поделија во две племиња. Не! Кажете со име и со презиме кој и кој за што е одговорен или заслужен. Мене ме учеа – не зборувај за Србија, зборувај за режимот. Така е и тука. Не сакам да се зборува за две племиња. Тоа го очекувам од Стојанче Ангелов или од Исни Шаќири, но не од тие кои треба да се во обратна мисија. Странците наместо да помогнат да се стопат, ги потенцираат тие поделби. А знаете, тоа е баш комунистичка матрица – кој е виновен?

- сите! Кој ќе преземе одговорност? – Никој! Така не е во нивните држави“ вели Зеколи. Тој е сосема директен и во критиките кон амбасадорите на ЕУ и на САД во земјава. „Кога отидов во Туркменистан прво реков дека ќе бидам среќен ако успеам да научам барем 10 % за нивната земја. Нивниот министер се налути прво, но потоа сфати дека поентата ми беше дека таа е толку богата култура и традиција што нема шанса да научам се. Странците кога ќе дојдат тука, мислат дека знаат се за нас. Не потценуваат. Извинете, но господинот Орав за две години нема соблечено салонски чевли. Не излегол на терен. Господинот Волерс којшто е 6 години во земјава нема дадено ниту едно интервју за критички настроен или независен медиум каде што би одговарал на секакви прашања (освен


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

63

Библофил и филмофил што обожава патувања

Кога го прашувам што сака да прави во слободно време вели: „Порано деновите ми почнуваа со будилник, а сега секое утро во 6 часот ме буди плачот на бебето на соседот и нема поубаво будење од тоа. Што сакам да правам? Се, само време има се помалку. Обожавам да читам, но обожавам и филмови. Во последно време сум посветен на азиската кинематографија. Знаете кога гледате корејски филм, никогаш не можете да го предвидите крајот“ вели тој. Зеколи вели и дека обожава да патува, оти Скопје веќе ја има изгубено својата мистика. Затоа најбрзо ќе „скокне“ до Истанбул за да наполни батерии, но и како што вели, да добие инспирација за своето хоби – фотографијата. интервјуата за Радио Слободна Европа). Нивната одговорност не може да се амнестира. Ние ќе стигнеме во Европа подоцна или порано, но што е поентата ако стигнеме како скелет?“ вели тој.

И децата знаат дека каде што има бензин, не се пали шкорче!

Со Зеколи го отворивме и прашањето за засилувањето на европската десница и стравот од радикализам во ЕУ. Тој за тоа прстот го вперува и кај левицата: „За танго се потребни двајца. Ако левицата прва заигра, со серија погрешни политики пред се во економијата, десницата само го презеде чекорот и го надгради и го прошири. Ова е токму она што денеска го гледаме и во Македонија, во однос на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ. Истото е и со ДУИ и ДПА.“ Го прекинувам: „Да, но за разлика од европскиот нели нашиот национализам е лажен? Немате ли такво чувство? Замислете ако Груевски и Ахмети беа вистински националисти.... Па видете ја кампањата. Наводно се препукуваа меѓу себе, ги палеа гласачите да гласаат што помасовно за нив за да не зависат од другиот, а сега самите си трчаат во прегратка... заборавајќи што кажале еден за друг, заборавајќи дека се националисти. Што е посмешно, и оние кои ги гласале само заради заштита од „шиптарите“ или „македончиштата“ забораваат за што гласале, па сега нема никакво незадоволство кај гласачите додека се најавува нова коалиција. Во земја со вистински национализам, сега ќе имаше револуција на улица“ велам. „Да“ одговара Зеколи. „Во право сте, лажен е. Оти ова што сега го гледаме е повторување на историјата. А историјата кога се повторува знаете што станува? Станува фарса. Затоа ова не е национализам, туку опортунизам. Во минатото национализмот ја имаше онаа позната карактеристика – силна љубов кон сопствениот народ. Опортунизмот има презир, не љубов. Што мислите, дека Груевски ги презира само Албанците? Не! Исто ги презира и оние кои не мислат како него, па без разлика што националност се. Исто е и со

Ахмети. И да не заборавиме, овој квази-национализам влече корени од времето на СДСМ. Ова како што кажав е само надградба и проширување, и затоа е олку страшно, тој се рефлектира врз обичниот народ оти е гол опортунизам, интерес“. Зеколи особено ја потенцира улогата на Ахмети. Многумина кои ја критикуваат власта, се фокусирани на ВМРО – ДМПНЕ. „Тоа не е во ред. Видете го однесувањето на Ахмети. Еве на пример последнава кампања. Видете, немам јас ништо против идејата за таканаречениот консензуален кандидат, но знаете, и најбрилијантната идеја ви пропаѓа ако не успеете да ја образложите. Ахмети не ме убеди во искреноста на неговата идеја. Прво не одговори чиј ќе биде тој консензуален претседател? Консензус меѓу кого? Него и Груевски? Тогаш тоа е коалициски, не консензуален, ако не е прашано цело општество. Второ, во кампањата се виде дебаклот на нивните политики во полето на ЕУ и НАТО интеграциите, дебаклот од сите тие дипломатски мисии и секако економскиот крах. Како партијата што ја има интеграцијата во своето име, ќе објасни што во прва прилика се врти кон национализам? Тоа доликува на ДПА можеби, но никако не на ДУИ. Како сега Ахмети ќе се покаже пред неговиот пријател Волерс и ќе зборува за интеграција, ако цела кампања ја водеше со етнички меч во рацете„ Зеколи вели дека многу интересно ќе биде да се види кој ќе биде албанскиот Црвенковски. „Многу е веројатно тоа да биде Тачи, како што сега стојат работите, но со цела резерва за неговите политики, Тачи е единствениот политичар што преживува 20 години на политичката сцена. Преживеа две војни, разни кризи... Тоа не им успеа ниту на Георгиевски, ниту на Црвенковски, ниту на Бучковски... Се гледа дека на Балканот тврдоглавите успеваат“ се смее Зеколи.

Дипломатијата во суштина е многу валкана. Носат бели ракавици за да не извалкаат се што допираат...

20 години седиме во старо фиќо и 4 партии ни го клатат за да мислиме дека се возиме. Па барем во мерцедес да седевме

Мислите дека е страшно што останавме со БиХ и со Косово оти тоа се кризни региони, кризни држави? Не, страшно е што тие се држави спонзоруши!


Капитал број 758 09.05.2014

www.kapital.mk

64

Излез од монотоната понуда за туристи

Patuvajte na Bal po cena kako za T пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Е

дноликоста која веќе со години е карактеристики за понудите кои најголем дел од туристички агенции им ги сервираат на македонските граѓани, на голема врата ја руши тур- операторот „Караџи Турс Балкан“ кој веќе трета година е присутен на македонскиот пазар. Но она што ја прави оваа компанија поразлична и поспецифична од другите, не е само широката понуда на аранжмани и можности за патувања до посакуваните дестинации, туку, можеби она најважното, цената по која може да си го пружите таквото задоволство. Егзотичниот Исток, Сингапур, Тајланд,

Бали, Доминиканска Република се честопати патувања кои веројатно само малцинството во земјава имаат задоволство да си го пружат, на сметка на мнозинство за кое овие дестинации се задоволство кое може само да го сонуваат. Оттука, се раѓа идејата на Караџи, преку испитување на сите можности и алтернативи, да се најде успешен начин, ваквите патувања да станат подостапни и за еден македонски граѓани. „Се одлучивме за овие далечни дестинации зошто на македонскиот пазар има презаситеност од аранжмани за Турција и Грција. Затоа наша цел е да понудиме по специфични дестинации, поинтересни и поубави понуди за истите пари, со цел да им понудиме поголем асортиман на македонските граѓани. Ова почнавме да го работиме оваа година. Еден аранжман ако чини 700-800 евра за Турција, толку ќе чини и седум дена за Тајланд или Сингапур. Исто и за Бали и за Доминикана“, објаснува за Капитал, директор на Караџи, Аккан Махмут.

Тој додава, дека она што ги прави овие дестинации поинтересни, е и фактот што кај нив сезоната е отворена цела година, со што на македонските граѓани им се дава флексибилност при изборот на тоа во кој дел од годината сакаат да патуваат. Од местата кои Махмут успеал да ги види, островот Фифи на Тајланд е првата дестинација која ја препорачува за македонските граѓани.

Наша цел е клиентот да биде задоволен за време на целото патување!

Но, освен ексклузивните дестинации кои ги нуди тур-операторот Караџи, она што преставува основна и првична дејност на нивната компанија е инкоминг туризмот во Македонија, односно „продавање“ на земјата како атрактивна туристичка дестинација во странство. „ Годишно има околу 13-14 илјади туристи од Турција, Нов Зеланд и Австралија. Станува збор за посета на туристи од овие земји во земјите од регионот- Македонија, Србија, Хрватска,


www.kapital.mk

Капитал број 758 09.05.2014

65

ички патувања

li Turcija! Словенија, Црна Гора, БиХ, Грција и Албанија. Тоа ни е основната дејност и ова го работиме уште откако постои фирмата во Турција. Нудиме најразлични тури, во зависност од барањето на клиентот, од посета на само една земја, до екскурзии во неколку држави од регионот“, вели Махмут. Најбројни туристи во Македонија, вели Махмут и понатаму остануваат Холанѓаните, како резултат на субвенционираните летови кои владата ги има со оваа земја, мерка што од Караџи ја поздравуваат. „Несомнено е дека со проектот за субвенционирани летови кои владата ги прави со повеќе земји, туризмот во земјава е значително подобрен. Ова е многу поволно и од голема помош и за нашата компанија. Само со ефтини цени може да се пробие македонскиот пазар и Македонија како дестинација да стане атрактивна за странските туристи“, вели тој. Инаку, компанијата „Караџи“ освен во Македонија, веќе шест години постои и функционира во Истанбул. Пред две

години агенцијата отвори експозитура во Дубровник, а пред четири години и во Бугарија. Основа дејност им е инкоминг туризам што подразбира посета на туристи од Турција, Нов Зеланд, Австралија, Кина, Јапоанија по целиот Балкан. Нивните идни планови се преку инкоминг туризмот да донесат што е можно повеќе туристи во Македонија, но и да ја зголемат понудат за патувања кои ќе бидат од интерес за македонските граѓани. „Нашата визија за понатаму е преку инкоминг туризмот да придонесеме што е можно повеќе туристи во Македонија. Втора работа, е секој ден да ја зголемува понудата за патувања кои ќе бидат интересни и достапни за нашите граѓани. Да понудиме дестинации кои претходно не биле достапни за нашите граѓани. Наша цел е нашиот гостин кога ќе го земеме од Македонија, па се до неговото враќање назад да биде цело

Аккан Махмут директор на Караџи

време под наш “надзор“ и цело време да има некој кој ќе се грижи за него со цел да биде задоволен од патувањата и можностите кои им ги пружиме. Да знаат дека парите кои ги потрошиле биле вистински потрошени“, вели Махмут. Според него, за подобрување и зголемување на туризмот во земјава, пред се потребно е стандардизација на рејтингот на хотелите, зошто, како што вели тој, четирите ѕвездички на хотелите во Македонија, се еквивалентни на две ѕвездички на хотелите во странство, нешто на што се жалат и дел од туристите кои доаѓаат во Македонија.


66

Капитал број 758 09.05.2014

светот на виното

ВИНСКИ ФИНЕСИ

@aburkawe ili xvakawe?

Н

е е утврдено кога настанал обичајот виното да се жабурка при дегустацијата ниту од кои причини е тоа сторено. Но, најголемиот дел професионални дегустатори се така научени и така го прават тоа. Инаку, како и секоја храна виното секогаш се џвакало. Жабуркањето подразбира, виното да допре до секој рецептор за вкус во устата. Освен контактот на виното со непцата треба да помине и покрај површината на јазикот, каде што има илјадници папили во три различни форми што се одговорни за различни основни вкусови во виното (благо, кисело, солено, луто, горчливо). Исто така со жабуркањето и со дополнителното внесување на воздух се зголемува притисокот на устата, со што се дозволува потискање на аромите на виното и по ретроактивен пат пристигнуваат до сензорите во носната празнина за детектирање на вкусовата арома на виното. Така во устата создаваат своевидна ароматска експлозија. Така виното ја добива таа ароматската експресија. Докажано е дека најголемиот број професионалци главно го жабуркаат виното во устата, а не го џвакаат. Во последно време работите се менуваат. Во некои дамнешни времиња виното по правило се џвакало како секоја друга храна, на пример како месото. На тој начин плунката доаѓа во контакт со производот и ги покажува сите квалитети. Плунката содржи во својот состав протеини кои овозможуваат да ги ослободат танинските молекули на виното што се фиксирани на сензорните површини пред се на јазикот. Така, со џвакањето се потенцираат определени вкусови на продуктот. Така е и со виното. Џвакањето е познато во дегустацијата уште од одамна, така што реафирмирањето на овој вид дегустирање е сосема природно. Станува збор не за оригинална туку за оригинерна метода. Виното треба да се внесе и распореди низ целата уста. Кога ќе ја затворите устата џвакајте така што виното ќе пропатува низ целата усна шуплина, но полека. Дишејќи преку нос создавате мост меѓу носот и устата. Плунката врзувајќи се со виното, ги акцентира вкусовите разнесувајќи го виното низ усната шуплина загревајќи го во исто време. Сите тактилни впечатоци, мирисни или густативни ќе се дисперзираат во целината на устата и ароматичните молекули ќе се одвојат кон назалните празнини. Сите молекули на виното стануваат мирисни и густативни и се фиксираат под образите. Обидот треба да трае десет до 15 секунди. Ќе бидете изненадени од капацитетот на виното кое се отвора во устата и дека, особено добрите вина, даваат впечаток на ширење,

Расправата околу тоа дали виното при дегустација се жабурка или се џвака трае одамна. Целта е да се види со која постапка подобро се чувствува виното. енергија, долги послевкусови, рефлектирани со трансформација на различни ароми . Џвакањето исто така може да открие некои недостатоци, зашто така се овозможува да се допре до срцето на виното. Вака испробано виното не лаже. И кога ќе го исфрлите виното од устата мошне бргу констатирате до кој степен е постојаноста на едно вино и колку може да биде впечатлива. Молекулите на виното се развиваат со сета сила, еден дел од нив останува во усната празнина ист како и во почеток, други полека исчезнуваат, а трети молекули добиваат развој на вкусови и се мултиплицира нивната јачина. А тоа е суштината на проценката на виното. Ако виното е кратко во устата, а веќе се чини натежнато, носи доста лимитирано уживање, но затоа е опстојно вино, енергично, силно во раскош на ароми, кое произведува лачење на плунка, создавање на желба за повторување и огромно хедонистичко задоволство. За џвакањето треба повеќе време, но тоа е начин да дегустирате вино на посебен поприроден пат, за разлика од обичното жабуркање. Дека џвакањето е природна метода покажува и практичното искуство. Специјалистите забележале дека близу половината луѓе кои испробуваат вино и не се професионалци, се определуваат за метод на џвакање. Заговорниците на џвакањето претендираат дека се работи за метода која не е научена туку е природна и изворна. Кај постарите луѓе кои паметат повеќе најнормално ќе видите дека џвакаат, а не жабуркаат. Овој приод се препорачува како начин за подобро доживување на виното и за поголемо задоволство.

Шпанија - најголем производител на вино

С

о тек на годините работите се менуваат, па така Шпанија во 2013 година се искачи на првото место на земји вински производители. Со своите преку милон хектари лозови насади, Шпанија се наметнува како главен играч во винската индустрија. Заради слабите приноси во конкурентските,Франција и Италија, Шпанија минатата година имаше историска берба. Заради климатските погодности, зголемувањето во некои региони одат и преку 60% во споредба со 2012 година. На врвот се наоѓа областа Ла Манча која бележи рекорд од 61% поголемо производство. Според првичните податоци, Шпанија произвела преку 50 милиони хектолитри вино во 2013 година и за првпат се случува Шпанија да биде првата земја производител на вино. Истовремено Франција и Италија, главните конкуренти, направиле 47, односно 42 милиони хектолитри. Ова рековме, е резултат пред се на климатските услови, но и заради структурните фактори во шпанското винарство зашто во последниве години се направени низа напори за да се подобрат лозјата. Биле ископачени најстарите и најмалку продуктивните лозја, направени се насади кои се поефикасни, каде што може да се работи со механизација, а не рачно. Затоа и продуктивноста на лозјата е забележителна. До пред 25 години лозјата во Шпанија зафаќале и еден и пол милион хектари и произведувале само 25 милиони хектолитри или 12-17 хектолитри по хектар. Денес на хектар се добиваат околу 50 хектолитри. Шпанија извезува многу вино, а во последниве години тој извоз рапидно се зголемува. Сега 86% од виното оди за извоз, а пред десет години се извезувале само 20 проценти од произведеното.


758 kapital magazin  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you