Issuu on Google+

analiza zemjodelski suBvencii [to nudat mnogu pari i ekonomskite manipulacii, programi na partiite? za malku efekti!

feqton 60 godini BilderBer[ki zagovor gospodari na vojnata

број 755 цена 100 ден. | 18 април, 2014, петок | година 15

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

exclusive

david alBos регионален менаџер за извоз на групацијата Сеат

]e gi osvoime pazarite vo centralna i isto^na evropa


Капитал Капитал број број 755 672 18.04.2014 12.09.2012

4 сОдРжИНА 4 НАВИГАТОР 06 КапиталНО

БиљаНа ЗдравКОвсКа стОјчевсКа слободата има цена

14 cover story

економските мерки во фокусот на сите политички партии Изобилство од нови работни места, инвестиции, субвенции во предизборните програми. Како да се оствари?

22 Капитал истражува

На што владата трошеше најмногу пари во изминатиот мандат?

www.kapital.mk www.kapital.mk

ИздВОјуВАме економските мерки во фокусот на сите политички партии

Кога ветувањата од која било предизборна програма би биле реалност, несомнено граѓаните би имале подобар животен стандард, бидејќи економските мерки на сите политички партии се лајтмотивот во трката за освојување на гласовите на граѓаните. Изобилство од нови работни места, инвестиции, субвенции, нови километри автопати има во платформите на сите политички ривали. Дека платите на администрацијата и пензиите ќе се зголемуваат секоја година а државата ќе ви ги плаќа долговите за парно, струја или кредити, се дефинитивно ветувања што се „лепат за уво“ и осигуруваат власт. Капитал анализира што нудат политичките партии во изборните програми?! XX стр. 14

На што трошеше Владата најмногу во изминатиот мандат?

Балони, билети за претстави, огномети, косилка за трева, реклами, промотивни материјали. ова се само дел од набавките на кои владата потрошила илјадници евра од народните пари во изминатите три години. Меѓу нив впечатливи се податоците за потрошени 11,3 милиони евра за возила, над 800 илјада евра за канцелариски мебел, 15.300 евра од Министерството за економија за такси превоз на вработените. Интересен податок е и фактот што најголемите суми потрошени преку јавни набавки во последните три години владата и министерствата ги превеле преку договори склучени во „четири очи“ XX стр. 22

26 Интервју

давид алБОс, регионален менаџер за извоз на брендот сеат Ќе ги освоиме пазарите во Централна и Источна европа

33 спеЦИјален прИлог КОј е КОј Храна и пијалоци

52 полИтИКа

првиот круг наместо да го разниша го зацврсти Груевски вМро – ДпМне и ДуИ со заедничко сценарио за депласирање на сДсМ и на Дпа!

58 аналИза

Што предвидоа анкетите, а што се случи? на рејтинг агенциите (не) може да им се верува

62 БалКан БИзнИс И полИтИКа

Голем интересот за експлоатација на јадранскиот гас и нафта Хрватска ќе стане норвешка на Балканот?!

64 свет

светот влегува во нова поделба на блокови украина пред граѓанска војна

14

22

ВмРО – дПмНе и дуИ го остваруваат сценариото за депласирање на сдсм и на дПА

во услови во кои сДсМ не прифаќа дека резултатите од првиот круг гласање се реални, но не најавува бојкот, туку сосема нелогично (оти ако сега се нереални, како би биле на 27-ми?) победа во вториот круг за пендаровски, (но и на парламентарните избори), а вМро – ДпМне ја зацврстува својата реторика во која главната теза е дека мора да освои 62 пратеници за да стави крај на уцените на долгогодишниот коалициски побратим, ДуИ, Капитал анализира – какви можни сценарија не очекуваат, не само на вториот круг од претседателските, туку и на предвремените парламентарни избори!?

На ручек со... Рамадан Рамадани

Интересни погледи за позицијата на верските заедници во една секуларна држава, за улогата на верските водачи, за културната деградација и падот на моралните норми, за политиката во служба на поединци наместо на граѓаните, за поделбите по разни основи кои ни ја парчосуваат земјата споделува рамадан рамадани за читателите на Капитал. Како „старо скопско дете“ тој зборува и за своите спомени од школските и студентските денови и за едно поинакво скопје на кое сведочи неговата генерација

XX стр. 52

XX стр. 70

67 Фељтон

Фељтон - 60 години Билдербершки заговор трет дел господари на војната

70 на ручеК со...

рамадаН рамадаНи, аналитичар политичарите не делат за полесно да не контролираат!

52

70


Капитал број 755 18.04.2014

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Слободата има цена Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk Poentata e deka site politi~ki eliti, godinive nanazad, vo nemo} da sozdadat prosperitetna ekonomija koja }e otvora novi rabotni mesta i koja }e go podobruva `ivotniot standard na gra|anite, svesno pribegnuvaat kon kvazi ekonomsko- socijalni merki koi mnogu skapo ja ~inat ekonomijata i koi stanuvaat se pogolem tovar za kompaniite. Taa nemo} se odrazuva i vo programite na najgolemite politi~ki partii koi namesto so novi idei za pogolem ekonomski rast se natprevaruvaat koj najmnogu }e im ugodi na socijalcite i na drugite ranlivi kategorii. Koi na toj na~in ja gubat slobodata i stanuvaat zavisni od dr`avata ili od vlasta. No, dali se lu|eto nesvesni za ova? Ne, naprotiv mnogu se svesni i svesno go pravat izborot. Bidej}i slobodata ne mo`e da se odzeme ili dade. Sekoj sam odlu~uva kolku }e bide sloboden.

П

о минатоноделниот коментар, во кој мерката за отпис на долговите на социјалните категории ја опишав како неекономска и дискриминирирачка, стигна еден коментар од извесна госпоѓа, се надевам редовна читателка на Капитал, кој ми отвори некои други дилеми околу тоа како добар дел од македонските граѓани го прават изборот и колку се свесни и одговорни за изборот кој го прават. Коментарот гласеше дека во земјава има и луѓе кои сакаат да си ги плаќаат долговите и обврските, ама ете не можат оти немаат доволно приходи. Па следуваше прашање до мене дали јас сум живеела со месечни приходи од 100 евра за цело семејство? И уште едно прашање, веројатно до сите кои ја осудуваат оваа мерка, дали таквите социјално ранливи категории треба едноставно да се избришат за да можат вообразените, разгалените и цел живот научени на пари госпоѓи “слободно да си пешачат по тротоарите со нивните штикли од 100 евра”?! Еве да претпоставиме дека сите ќе се социјализираме со социјалните случаи во земјава и ќе се согласиме да им се отпишат долговите што ги имаат. Што тоа ќе смени ако тоа семејство и понатаму продолжи да живее со приходи од 100 евра месечно? Веројатно ништо. Оти и понатаму нема да може да си ги плаќа сметките, колку и да има добра волја, и пак ќе натрупа долгови за неплатени сметки. Па некоја следна власт ќе треба повторно да ги отпишува натрупаните долгови за да покаже колку е социјална одговорна и за да може да добие гласови на некој следни избори. И тоа ќе си трае, како што веќе трае со години, а ние ќе си продолжиме да глумиме дека сме богата социјална држава, која што може на грб да носи се поголема социјала. Вистината е дека Македонија е сиромашна држава во која има се повеќе социјални случаи. Но, поентата, која очигледно намерно не сака да се види, е дека најдобрата и најефикасната социјална политика е отворањето на нови работни места. Поентата е дека сите политички елити,

годиниве наназад, во немоќ да создадат просперитетна економија која ќе отвора нови работни места и која ќе го подобрува животниот стандард на граѓаните, свесно прибегнуваат кон квази економско- социјални мерки кои многу скапо ја чинат економијата и кои стануваат се поголем товар за компаниите. Па наместо компаниите и приватниот сектор да отвораат места, државата се наметнува како најголем вработувач. Таа немоќ се одразува и во програмите на најголемите политички партии кои наместо со нови идеи за поголем економски раст се натпреваруваат кој најмногу ќе им угоди на социјалците и на другите ранливи категории. Кои на тој начин ја губат слободата и стануваат зависни од државата или од власта. Стануваат уценети или притиснати да гласаат за оној кој ќе им вети дека повеќе ќе се грижи за нив. И така доаѓаме до ситуација во која се повеќе луѓе ја губат слободата, а се помал е бројот на оние на кои тоа им смета. Дали се луѓето несвесни за ова? Не, напротив многу се свесни. Бидејќи слободата не може да се одземе или даде. Секој сам одлучува колку ќе биде слободен. Кој би бил резултатот ако на народот му се даде свесно да избира дали сака да има повеќе или помалку слобода? Ако слободата во еден најтесен опис се сфати како имање избор, односно можност секој сам да избира, но и сам да ја сноси одговорноста за својот избор, тогаш сигурна сум дека многу луѓе свесно би прифатиле да имаат помала слобода, односно да имаат помал избор или друг да го прави изборот наместо нив, ама тие да немаат никаква одговорност за изборот. Да се биде слободен човек значи да се биде одговорен човек. Во Македонија се уште е многу голем бројот на луѓе кои би биле најсреќни некој друг се да им испланира, да им заповеда што и како треба да работат, тоа без поговор ќе го сработат, но за резултатите и за евентуалниот неуспех да обвинат некој друг.


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

КапиталНО

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

7

...СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ НА МАГАЗИНОТ

www.kapital.mk петок 18/04/2014

календар  25 април ЗДРАВЈЕ: СТОМАТОЛОГИЈА УБАВА НАСМЕВКА ЗЕМЈА ПАРТНЕР НА МАКЕДОНИЈА: СЛОВЕНИЈА Да, политичарите се виновни оти не успеале во сите овие години да создадат подобри економски услови за компаниите да отвораат нови работни места. Но, дел од вината ја носат и самите граѓани. Оти свесно се откажуваат од слободата и од одговорноста самите да направаат избор и да ја сносат одговорноста за тој избор. Што тие самите направиле за да им биде подобро и да бидат слободни и независни луѓе? Слободата има цена. Таа цена е иста за сите луѓе, ��а сите економии, за сите држави...Така е денес, така било отсекогаш. Секој избира толкаво ниво на одговорност која ќе му овозможи и соодветно ниво на слобода. Замислете каква би била реакцијата на социјалците, невработените или на оние кои имаат мали приходи, ако некој политичар во Македонија им каже дека самите се виновни и одговорни оти се невработени. Дека не можат да најдат работа заради тоа што тие немаат ниту знаење, ниту вештини заради кои некој би сакал да ги вработи. Дека сами се виновни и одговорни што работат работа која е толку малку платена. Дека во исто време во земјава има луѓе кои легално заработуваат и се платени повеќе од десет пати од нив и дека имаат право и слобода како сакаат да ги трошат своите заработени пари, па ако сакаат и на чевли не од 100, ами од 300 евра? Веројатно би реагирале многу бурно. Оти тоа ќе им звучи сурово капиталистички. Веројатно ќе ги обвинуваат политичарите и директорите дека ја украле државата и ги уништиле фирмите. Тоа е таа социјална хипокризија која го кочи напредокот на ова општество во секоја смисла. Општество во кое не се прифаќа дека некој може самиот да се вработи, добро да заработува, да биде богат, да биде независен од државата и да биде слободен и одговорен човек. Да, политичарите и државата се виновни оти не успеале во сите овие

години да создадат подобри економски услови за компаниите да отвораат нови работни места. Но, дел од вината ја носат и самите граѓани. Оти свесно се откажуваат од слободата и од одговорноста самите да направаат избор и да ја сносат одговорноста за тој избор. Што тие самите направиле за да им биде подобро и да бидат слободни и независни луѓе? Слободата има цена. Таа цена е иста за сите луѓе, за сите економии, за сите држави...Така е денес, така било отсекогаш. Многу мислители и филозофи уште од најраните антички времиња зборувале и пишувале за слободата. Според Аристотел слободен е само оној човек кој ќе ги надмине своите стравови. Дека само добар човек може да биде добар граѓанин, бидејќи тој, почитувајќи ја својата слобода ќе ја почитува и слободата на другите и нема да ја узурпира власта. Слободниот човек за Аристотел бил освестен човек, кој и кога е на власт се однесува исто кон другите, како и кога е под власт на другите, бидејќи слободата е таа што ги прави еднакви, без разлика на функцијата. Ваквата слобода, за која зборувал Аристотел, подразбира одговорност, бидејќи слободата е избор или можност која е во наша моќ и ние самите одлучуваме какви и колку слободни луѓе ќе бидеме. Толку точно и денес после толку многу време.

 2 мај ТРАНСПОРТ  9 мај B2B - ДЕЛОВНА СИГУРНОСТ 16 мај ЕДИЦИЈА ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ

Повеќе информации во врска со прилозите и комерцијално претставување во истите можете да добиете на телефонскиот број: 02 3298 110 ЛИЦА ЗА КОНТАКТ:

АЛЕКСАНДРА СТОЈМЕНОВА aleksandra.stojmenova@kapital.mk САЊА САВОВСКА sanja.savovska@kapital.mk БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ boban.gjorgjievski@kapital.mk


Капитал број 755 18.04.2014

8

www.kapital.mk

...позицијата на капитал...

До кога ќе бидеме евтина суровинска база на Балканот?!

Извозот на евтино свежо овошје и зеленчук упорно предничи пред извозот на ајвар, корнишони, мармалади и сокови! До кога? Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

З

а да се изанализира македонскиот извоз не треба да се потроши ниту многу време, ниту многу хартија. Во него доминираат суровини, рудни богатства, производите кои се прават во Бунарџик и претпоставуватесвежото овошје и зеленчук! Ни повеќе од две децении по осамостојувањето не успеваме драстично да ја промениме сликата за македонската економија, како суровинска база, особено за моќните производни компании на Балканот. И покрај стотиците фабрики и производни капацитети кои прават млеко, сирење, ајвар, колачиња,

овошни сокови.... Македонија останува најпосакуваниот и најевтин “зелен пазар“ на Балканот. Извозот на овошје и зеленчук кои подоцна препакувани и преработени ни се враќаат назад по многу поскапи цени и убаво брендирани е главната болка на македонската прехранбена индустрија, која никако да се помести погоре на листата на најизвезувани производи кои на економијата ќе и го донесат посакуваниот девизен прилив. Како ова да се промени? Прво, сериозно да се преиспита актуелната царинска политика, која дозволува извоз на нашите свежи производи без царина, а за увоз на суровини домашните производители плаќаат и до 50% царина?! Второ, половичната искористеност на домашните фабрики е резултат на хроничниот недостиг на суровини.

Неопходно е преку соработка со науката да се продолжи сезоната на преработувачите со тоа што земјоделците ќе воведат рани и доцни сорти на зеленчук и овошје. Трето, извозниците од терен предупредуваат дека и самиот извоз на свежо овошје и зеленчук со тек на време ќе станат дискутабилни затоа што не одговараат на барањата на увозниците од ЕУ! Странските малопродажни гиганти се повеќе наметнуваат прецизни стандарди во поглед на димензии, пакување и транспорт на производите, кои нашите производители во сегашните услови не можат да ги постигнат. Без итен системски и сериозен пристап Македонија со тек на време и приближување на Балканот кон Европа ќе ги загуби и тие извози позиции кои сега ги има!

Ветувања што граѓаните сакаат да ги слушнат

Дека платите на администрацијата и пензиите ќе се зголемуваат секоја година, ќе се отвораат десетици илјади нови работни места, а државата ќе ви ги плаќа долговите за парно, струја или кредити, се дефинитивно ветувања што се „лепат за уво“ и обезбедуваат власт. Но, може ли буџетот сето ова да го издржи? Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

А

ко некои зборови најчесто ги среќавате додека читате предизборна литература што деновиве партиските активисти ви ја доставиле на врата, тоа дефинитивно се инвестиции, субвенции, нови работни места, економски раст... Четиво токму како што би изгледала една современа бајка во политички жанр. Психологијата на Македонецот веќе им е добро позната на политичарите, па во борбата за глас повеќе, не штеделе на хартија за зголемување на платите на административците, пензиите, социјалната помош, па дури и покривање на долговите за струја, парно или кредитите во банка –

ветувања што би сакал да ги слушне секој граѓанин! Но, што ќе се случи кога овие граѓани што даваат власт навистина ќе побараат да им биде испорачано се што им е ветено?! Ќе има ли државата пари да овозможи се што е напишано да стане реалност?! Наместо вистински економски реформи и заложби согласно идеолошката припадност, во програмите се забележува комбинација од левичарски и десничарски политики и мерки според кои јасно е дека врвен приоритет на партиите им е социјалната грижа за граѓаните. Без оглед што ниту по 20 години и кусур самостојност, сиромаштијата и невработеноста се најголем проблем во домашната економија, тие се грижат само како да освојат повеќе поени кај народот. Од друга страна, постои консензус во експертската јавност дека

реализацијата на капиталните инвестиции навистина може да поттикне развој на економијата, меѓутоа, тие инвестиции мора да се пренасочат во изградба на автопати и железнички пруги што ќе обезбедат брз транспорт, хидроцентрали што ќе произведуваат евтина енергија, студентски домови што ќе им овозможат пристоен живот на студентите. Но, иако со години овие проекти имаат свое место во програмите на партиите, за нив има се помалку место во државниот буџет. Кога ветувањата од која било предизборна програма би станале реалност, несомнено граѓаните би имале подобар животен стандард и затоа нивна е одговорноста да препознаат кој политичар може да го испорача тоа што го ветил во замена за едно заокружување на гласачкото ливче.


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

...позицијата на капитал...

9

До пладне министер, попладне партиски активист

Партијата се изедначува со државата и со тоа нема фер натпревар– велат од ОБСЕ. Но, поголем проблем од нефер плејот е тоа што додека сите државни функционери се претворени во партиски лепачи на плакати и агитатори системот на државата е парализиран.

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

Ј

асната поддршка од Владата за актуелниот претседател и кандидат не ја испочитува во целост одвоеноста на партијата и државата. Кампањата беше активна и кандидатите се впуштија во динамична агенда на митинзите, но теренот за натпревар не беше рамноправен“ – рече амбасадорот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во земјава Герт Аренс, презентирајќи ја првичната анализа на текот на гласењето. Во забелешките понатаму стои дека има информации за притисок врз администрацијата за да присуствува на митинзи, понекогаш дури и во работното време, постои организирано гласање, недоверба во избирачкиот список, употреба на маркер за обележување на гласачите, што според нив е грешка и така натаму и така натаму... И од сите наведени аномалии , оние што

најмногу ги фрлаат во вода заложбите за изградба на една демократија се оние во кои јасно се потенцира релацијата на партијата со државата. Или, уште попрецизно – нивната симбиоза. Во Македонија многупати досега, и не само за време на избори оваа нераскинлива врска, ова претопување до непрепознавање што е партија, а што држава, е голем проблем, но во време на избори, овој проблем добива една поширока димензија. Во време на избори оваа навика на нашата власт има за резултат креирање на нефер плеј. Многумина ќе речат дека тоа не е голема работа, оти разликата во гласови помеѓу власта и опозицијата се мери во над 100 илјади. Но, тоа не е суштината на проблемот. Во Македонија е создаден еден систем во кој оваа воспоставена практика наместо да се искоренува, само бидува дополнета. Денеска е 100 илјади, но таман и утре или по некоја година разликата да е само 5 илјади или илјада, таа разлика ќе треба да се

брка во ваква нефер атмосфера... Тоа е проблемот - што се работи за начин на владеење или на борба за опстанок на власт далеку од европските и западните практики. Од друга страна, можеби и поголем проблем е нефункционирањето на институциите. Додека сите државни функционери се претворени во партиски лепачи на плакати, агитатори и одат од село до село, од врата до врата да бркаат гласови, државата, значи системот на државата е парализиран. Не може до пладне да сте министер, а од пладне партиски активист. Дополнително, кога одат на терен ја злоупотребуваат функцијата оти мешаат министерски со партиски проекти, министерски со партиски вокабулар, министерски со партиски став... и притоа отвораат сомнежи дали трошоците ги покрива партијата или државата. Во обата случаи, на крајот сметката сепак ја плаќаат граѓаните, на краток или на подолг рок.

Тајното пазарење за албанските гласови треба да стане јавно?! Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, водејќи кампања за консензуален кандидат за претседател, со тотално неконсензуална изборна понуда, односно, без консензуална програма, и воопшто реторика, покажува како ја гледа Македонија, се чини, веќе во блиска иднина Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Д

емократската унија за интеграција неодамна се пожали дека „некои аналитичари и публицисти, како и претседателски кандидати, имаат тенденција да ја замаглат благородната идеја на ДУИ за консензуален кандидат за претседател“, како што се изрази портпаролот на партијата, Бујар Османи, според кој наведените тоа го правеле „бидејќи не ја разбираат доволно оваа идеја, па дури некои од нив сакаат и да ја омаловажат“. А како поинаку да ја разберат или да се однесуваат кон „идејата“, која, на пример, се спроведува целосно контрадикторно во однос дури и на нејзиното најосновно значење? ДУИ инсистира на консензуален кандидат за претседател на државата, а по рекламните спотови за предвремените парламентарни избори на вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор,

Муса Џафери, и на донеодамнешната пратеничка, Ермира Мехмети, не може ниту да се препознае во која држава се кандидираат наведените - во нивните спотови се застанати под албанското и под знамето на Европската унија, а некаде во позадина се гледа и знаменце на НАТО. Државното знаме на Македонија никаде го нема, а камо ли, според Законот за употреба на знамињата, да се бара тоа да биде за третина поголемо од албанското, кое, пак, за да се истакне официјално (а ДУИ веројатно не смета дека кампањата не спаѓа во оваа категорија), мора да биде придружувано од македонското. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, инсистирајќи на консензуален кандидат за претседател, со тотално неконсензуална изборна понуда, односно, без консензуална програма, и воопшто реторика, покажува како ја гледа Македонија, се чини, веќе во блиска иднина. Наместо со подобрување на соживотот, Ахмети бара мирот во мултиетничката куќа да се гарантира така што партиите кои ќе победат во

македонскиот, односно во албанскиот политички блок, ќе се договорат во име на заедниците што ги претставуваат, и ете, ќе го добиеме консензуалниот претседател. Кој според начинот на кој ќе биде избран по ништо нема да се разликува од своите претходници, за кои, исто така, имало пазарење (само не јавно, како што сега предлага Ахмети) пред вториот круг (во кој по правило влегуваат само двајцата кандидати - владејачкиот и опозицискиот, од македонскиот блок) меѓу македонска и албанска партија, а за гласовите на Албанците. Веројатно и на Ахмети му е јасно колку е ова далеку од духот на Рамковниот, на кој толку се повикува, а кој, ако му се пристапи крајно искрено, бара евентуалниот консензуален кандидат да добие вакво својство дури откако ќе успее благодарение на личните капацитети, на личното залагање, и со одговорна поставеност на партиите што би го поддржале, да ги увери сите, не само Македонците и Албанците, дека ќе биде претседател на сите.


Капитал број 755 18.04.2014

10 НАВИГАТОР

www.kapital.mk

ИЗЈАВА НА неделата

Охридска банка со зголе

> БРОЈКА

6,8%

е зголемен бројот на работници во индустријата во првите два месеци, најмногу во текстилната индустрија

победник на неделата

Торбјорн Јагланд

Владеењето на правото во Европа се соочува со својата најсериозна криза од крајот на студената војна.

претседател на Советот на Европа

О

хридска банка покажа солидна отпорност во предизвикувачко пазарно опкружување лани и објави нето добивка од 153 милиони денари што е 20% повеќе од резултатот во 2012 година, потврдија акционерите на Годишното собрание на акционери на Охридска банка. „Во 2013 година, Охридска банка постигна нови остварувања во согласност со поставените стратешки цели, забележа

Путин ќе го сопре Европа!? Кој најмн

Лери Пејџ

+

Гугл уште еднаш го претрка Фејсбук и сите останати конкурентски компании и пред нос им го купи производителот на беспилотни летала Titan Aerospace. На овој начин на нивната веќе прилично бројна колекција на стартапи се додадоа и леталата кои можат континуирано да летаат до пет години и можат да обезбедат покривање со интернет насекаде во светот. Titan Aerospace ќе соработува и со тимот кој работи на Google Maps, па можеби во иднина ќе имаме пристап до подетално мапи од понедостапни предели. Со последниот бизнис потег и со низа претходни многу слични на него, компанија продолжува да расте со повеќе од забрзано темпо и се развива во области кои покрај прости профити се насочени кон практични корисни работи за општеството и човештвото. Гугл дефинитивно е пример кој докажува дека една компанија за да е бизнис успешна не мора да профитира од измами над клиенти, ниту од злоупотреба на вработените и коперантите туку истото тоа може да го постигне со визионерско и правилно насочено планирање. Практичните успеси од долгогодишното менаџирање на Лери Пејџ се најдобар доказ за тоа.

Доколку Москва или Киев го прекинат дотокот на руски гас до Европа, најмногу ќе загубат источните, балтичките и балканските држави, како Македонија, кои се 100% зависни од рускиот гас. Но, кризата со гас e голем удар и за Русија, која 60% од државните приходи ги обезбедува токму од продажбата на нафта и гас. пишува:

Деjан Азески

Е

dejan.azeski@kapital.mk

кономски катаклизмичните сценаријата за прекинување на дотокот на руски гас во Европа стануваат многу изгледни. Ова е особено реално по обзнанувањето на содржината на минатонеделното писмо кое рускиот претседател Владимир Путин го испрати до лидерите на Западна и Источна Европа. Имено, Путин најотворено ги предупреди европските лидери на можните потешкотии во испораката на рускиот гас поради кризата во Украина, повикувајќи ги сите страни на итни консултации за

украинската криза, како и на конкретни акции за стабилизирање на украинската економија. Писмото во кое рускиот претседател изрази длабока загриженост поради критичната ситуација и долговите кои Украина ги има кон руски „Гаспром“ и поради прашањето за испорака на рускиот гас, од повеќе западни медиуми беше протолкувано како индиректна па дури и директна закана до европските лидери. Веројатно стравувањата се оправдани ако се знае дека Путин за прв пат јавно ја споменува испораката на гас во време кога проруската Источна Украина е на раб на востание или на граѓанска војна. „Сметаме дека е неопходно веднаш да се одржат консултации на ниво на министрите за економија, финансии и


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

НАВИГАТОР

емеНА дОбИВКА Од 20% лАНИ пораст на бизнисот и ја одржа активната поддршка на клиентите наспроти отежнатата пазарна средина. Притоа постигна кредитен раст од 8,3%, средствата се зголемија за 4%, подобрување на коефициентот на трошоци на 65,7%“, објаснуваат од Охридска. “Убедена сум дека ќе ги задржиме успешните перформанси и во годината во која Сосиете Женерал прославува 150 години од постоењето”, истакна Јитка Пантучкова, претседател на Управен одбор на Охридска банка.

е гасот за ногу губи? енергија, за да се разработат конкретни акции за стабилизирање на украинската економија и за да се гарантира снабдувањето ни транзитот на рускиот природен гас во согласност со купопродажните договор склучен со Украина. Не смееме да губиме време и затоа на овој начин апелираме до нашите европски партнери", вели Путин. Сепак многумина наивно ја исклучуваат и втората можност, а тоа е Украина да е таа која ќе го прекине дотокот на руски гас кон Европа. Сценарио многу веројатно кое особено станува извесно при евентуално мешање на руската армија во немирите во Источна Украина. Со оглед на фактот дека околу 60% од руските државни приходи се од нафта, гас, и јаглен, а најголемиот дел од тие енергенски се продаваат во Европа, а се транспортираат токму преку Украина, ова за Русија би претставувало сериозен удар. Сепак, иако не е завршен гасоводот Јужен Тек, Москва поседува алтернативен пат до Западот преку Балтичкиот гасовод, кој не е со исти капацитет како Украинските но е доволен за да преброди евентуална криза, нормално ако таа не е предизвикана токму од Москва. Од 2006 година Русија на два пати ја прекина испораката на гас поради недоразбирања околу условите за транзит и цената, ситуација многу слична на денешната. И во двата случаи кои се разрешија релативно брзо наголемо се зборуваше за покачување на цената на гасот, но сепак светската економија успеа да го преброди тоа. Статистички гледано најголеми губитници од запирањето на рускиот гас ќе бидат земјите од Источна Европа. Ако Германија е 40% зависна од рускиот тогаш Балтичките, Балканските и централноисточните земји (Унгарија, Чешка, Словачка) во Европа се зависни и по 100% од рускиот гас. Таков е случајот и со Македонија, како и со Србија. Писмото на Путин е испратено до 16 челници на европските земји, меѓу кои и на Македонија, Франција, Германија, Австрија, Италија, Чешка, Словачка, Хрватска, Унгарија, Романија, Турција, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Молдавија.

11

мисла на неделата

> бРОЈКА

347

евра е просечната плата во Македонија во јануари годинава

лидери

ИндИвИдуалната слобода не може да постоИ без економска безбедност И незавИсност. луѓето коИ се гладнИ И невработенИ се матерИјалот од коИ се направенИ дИктатурИте.

Френклин Д. Рузвелт американски претседател

губитник на неделата

мАРК ЦуКеРбеРГ

Иако на компанијата која јан управува и оди одлично, одличи неговата плата да се намали на само 1 долар со цел да докаже дека верува во нејзиниот развој

мАРИО дРАГИ

Ниската инфлација не е добра за економијата, посебно за европската економија на која и треба побрз развој. Првиот човек на ЕЦБ ќе се бори против дефлацијата

не им беше неделата

ЗОРАН мИлАНОВИќ

Премиерот на Хрватска ќе мора да почне конкретни реформи откако земјата се најде на листата 10 најлоши економии во светот

АлеКсАНдАР ВучИќ

Наместо реформи, Вучиќ најави нов данок за високи функционери, со кој единствено што ќе добие се симпатии кај оссиромашениот народ

_

АлИ АхмеТИ На лидерот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве воопшто не му е лесно. Главната главоболка, поврзана со сочувувањето на неговиот образ, е што ќе прави ако Иванов, уверливиот победник во првиот круг од претседателските избори, добие втор мандат? Ако и Ахмети победи во албанскиот блок на предвремените парламентарни избори, ќе биде ставен во ситуација да влезе во влада најверојатно повторно со ВМРО-ДПМНЕ, која отворено бара најмалку 62 пратеници како штит токму од уцените на ДУИ. Иванов е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, кој Ахмети го смета за суштинска спротивност на идејата за консензуален претседател. Дури и ако лидерот на ДУИ си ја голтне гордоста и повторно влезе во владата, останува прашањето како ќе го реши проблемот што го најавува неговата изјава: „Од денот кога би се случил неговиот реизбор (на Иванов, н.з.), па с$ до истекот на неговиот мандат, ние ќе му го оспоруваме легитимитет.“ Настрана од ова, на Ахмети во меѓувреме му свртеа грб и оние од кои најмалку очекуваше - најавениот бојкот на претседателските избори Советот на Европа го оцени како неконструктивност. Згора на с$ Ахмети е силен дека ниту една сила нема да ја спречи неговата идеја за консензуален претседател. Па, уверува дека на државата нема ништо да и се случи ако со некоја нејзина институција раководи Албанец. А во исто време во предизборните спотови на ДУИ политичарите се појавуваат само на албански јазик и без ниту едно македонско знаме. За каква консензуалност зборува?


Капитал број 755 18.04.2014

12

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата...

Кој зема најголема плаТа?

Извор:Државен завод за статистика

38.961 34.781 25.167 17.723

15.883

Преработувачка индустрија

Финансиски дејности

Градежништво

21.261

15.683

Јавна управа

Земјоделство

Информации и комуникации

Образование

Преработувачка индустрија со најниски плати

Не е ни чудо што сите сакаат да работат во јавната управа и администрација, кога платите кои ги земаат вработените во овој сектор се за дури 60% од платите кои ги земаат вработените во преработувачка индустрија. Патем преработувачката индустрија создава над 80% од бруто домашниот производ во земјава, а работниците кои работат во оваа индустрија се меѓу најмалку платените.

светот низ медиумите... The Wall Street Journal

американскиот дбевен весник се занимава со кризата во Украина и новите настани во украинскиот град Слованск и влезот на вооружени лица во поциската станица во овој град lll

3 фаКти Кти за... К

35,7% 32,7% 13,5%

е зголемен извоозот на хемиски производи првите два месеци од 2014 во споредба со лани е намален извозот на пијалоци и тутун првите два месеци годинава во споредба со истиот период лани е намален извозот во Западен Балкан во првите две месеци годинава

Текстилците барат кредити за нова оп

The Economist

Под наслов „„историјата на финансиите во петте кризи“ угледниот британски магазин економист прави анализа на сите досегашни финансиски кризи и можноста како следната да биде спречена lll

Haaretz

Преку овој израелски весник израел испраќа порака до Сад дека спротивставувањето на Русија ќе ја загрози безбедноста на оваа држава lll

701

China Daily

Кинескиот весник ги анализира најавите за измени на законот за странски инвестиции со кои Кина сака да му даде ист третман на странските компании со домашните lll

милион американ ски долари достиг на извозот на текстилни пр оизводи во 2013 пишува:

Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

Иванов освои 51,63% од 1 ДИК: гласовите

2 Тешко до промени и нов почеток... Проверено

нови лаптопи! 3 300.000 Можно ли е?! стануваат побогати, 4 Богатите сиромашните посиромашни

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

ајголемиот предизвик пред кој е исправена текстилната индустрија е како да ја подобри својата конкурентска позиција преку набавка на посовремена опрема! Текстилците, кои се соочуваат со ниска продуктивност и одлив на клиенти кон некои од

соседните земји, бараат помош од државата во форма на поволни кредитни линии, субвенции и гарантни фондови за да можат да го автоматизираат производниот процес. Во моментов, ниската продуктивност на домашните текстилци, меѓу другото, се должи и на недоволната автоматизација на производството. Тоа на крај на ден, ги преориентира странските клиенти, најчесто европски, кон соседните земји. Како силна конкуренција на македонскиот текстил се повеќе се јавува Бугарија. “Бугарија има повисока продуктивност,


МБИ10

2.900

МБИД

2.700

2.500 2.300

60 секунди брифинг

www.kapital.mk

2.100 1.900

1.700 06/10

проценки... герТ аренс

амбасадор на ОБСЕ во Македонија:

В

черашните избори во принцип и главно се одвиваа професионално и администрацијата овозможи непречено одвивање на овој процес.Видовме случаи на организирано гласање, како и некои мали процедурални неправилности. Ова фрла сенка врз она што беше во голема мера добро спроведен процес на денот на изборите.

т евтини према

Текстилците, кои се соочуваат со ниска продуктивност и одлив на клиенти кон некои од соседните земји, бараат помош од државата во форма на поволни кредитни линии, субвенции и гарантни фондови за да можат да го автоматизираат производниот процес која се темели на повисока автоматизација на производството поради користење софистицирана опрема, автомати за кроење и шиење, а тоа се прави со поддршка на државата. Нашите компании, пак, & даваат предност на работната рака и употребуваат обични или полуавтоматски машини“, вели Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија. Освен оваа клучна мерка, текстилците кои минатата година ја завршија во позитива, бараат намалување на царините за увоз на репроматеријали од земјите надвор од ЕУ, од 10% на 7,5% со цел да се изедначи со стапката која важи за репроматеријалот кој доаѓа од Европската Унија. Со ваквата поддршка, текстилците очекуваат да ја подобрат својата позиција, која конечно почна да се подобрува. Минатата година производството на текстил порасна за 79,8%, и 13,7% во производството на облека. Извозот на текстилни производи достигна вредност од 701 милион американски долари, од кои 77,6 милиони отпаѓаат на текстилни ткаенини, а 624 милиони на готови производи. Позитивните трендови во текстилот, според Димитров, се резултат на заживувањето на економијата во Западна Европа, од каде во најголем дел доаѓаат зголемени нарачки. Позитивно влијание има и тоа што кај нас се прават се повисоки фази на доработка, и складирањето на репроматеријалите купени од Турција, со кое почнаа да се занимават некои домашни компании. Барањата од текстилците за автоматизација на производството е токму во насока на задржување на постојните и освојување нови клиенти.

> броЈка

12/10

05/11

10/11

03/12

09/12

берза

мби 10

212

одобренија за градба се издадени во февруари, што е пад од 3,23% во споредба со истиот месец лани

Топ ВесТи...

прва мерка за после избори големите фирми ќе плаќаат поголеми казни

В

исината на казните да зависи од големината на компаниите. Ова е една од првите мерки кои ги најави ВМРОДПМНЕ дека ќе почне да ги применува доколку ја добие довербата на граѓаните на предвремените парлемантарни избори. Како што објаснуваат од партијата, се предвидува помалите фирми да плаќаат пониски, а поголемите повисоки казни. Дополнително глобите за бизнисите ќе зависат од бројот на вработени, остварената добивка и проценка за предизвиканата штета. Измени во Законот за прекршоци ќе бидат предложени ако се обезбеди двотретинско мнозинство во законодавниот дом. Помалите компании кои би требало да плаќаат пониски казни ќе можат да аплицираат за евтините кредити од Европската инвестициска банка. Годинава ќе им бидат достапни нови 100 милиони евра и дополнителни 10 милиони преку докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот за извозниците и земјоделците. Четвртата транша треба да им биде достапна на фирмите по завршувањето на изборите.

3.000 2.800 2.600 2.400 2.200 2.000 1.800 1.60010 МБИ 1.400

06/1012/1005/1110/1103/1209/1202/1307/1312/1306/1411/14

МБИ 10 1.727,00

Max. Min.

МБИ 10 2010/2012 МБИ 10

1.727,00

2010/2012

2010/2012 2010/2012

1.727,00 1.727,00 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК

2.827,62 1.808,47

Max. Min.

2.827,62 1.808,47

2010/2012 2010/2012 Max. 2.827,62 Лирак АД Тетово Max. 2.827,62 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Македонската берза останува на ниско1.808,47 2010/2012 2010/2012 Min. 1.808,47 Min.

1.235,00 1.235,00 1.727,00 1.727,00 1.727,00 1.727,00 +23.5% на2010/2012 индексите во Македонија, бидејќи 2.827,62 2010/2012 Max. Max. 2.827,62 2010/2012 Min. 1.808,47 МБИ 10 никакви МБИ 10 ниво без Лирак АД Тетово најави или индикации МБИ 10 заМБИ раст10во скоро целиот изминат месец.

НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК ДОБИТНИК Останува нејасно дали, кога и+23.5% како некој МБИ 10 да влијае на раздвижувањето Лирак АДпланира Тетово Лирак АД Тетово Max. 2.827,62 2010/2012

досегашните реформи Min. дефинитивно не НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 2010/2012 Min. 1.808,47 2010/2012 1.808,47 2010/2012 Max. 2.827,62 1.727,00 1.235,00 1.235,00 дадоа резултат. 2010/2012 Min. 1.808,47 Фершпед

НАЈГОЛЕМ 2010/2012 НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ДОБИТНИК Max. 2.827,62 +23.5% НАЈГОЛЕМ 2010/2012 1.808,47+23.5% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИКMin. Фершпед Лирак АДДОБИТНИК Тетово НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Лирак АДАД Тетово Лирак Тетово НАЈГОЛЕМ Лирак АД ДОБИТНИК Тетово -7,57%

72.000,00

72.000,00 1.235,00 1.235,00 1.235,00 1.235,00

НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ГУБИТНИК Лирак АД Тетово Фершпед Фершпед

+23.5% -7,57%

1.235,00

DOW JONES ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ 72.000,00 72.000,00 DOW JONES Фершпед

НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Фершпед НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

72.000,00 Фершпед НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

+23.5% +23.5% +23.5% +23.5%

-7,57%

72.000,00 72.000,00 72.000,00 72.000,00 Фершпед Фершпед

-7,57%

-7,57%

DOW JONES DOW JONES 17.000

-7,57%

17.000

-7,57%

16.000

-7,57% -7,57%

DOW JONES 16.000

15.000

15.000

14.000 DOW JONES

DOW JONES

14.000

13.000 DOW JONES 13.000

DOW DOWJONES JONES

12.000 12.000

17.000

17.000

11.000 17.000 11.000

16.000 15.000 14.000 13.000 12.000 11.000

16.000 16.000 10.000 10.000

07.11 03.13 07.13 07.13 11.13 11.13 03.14 03.14 07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 15.000 15.000

17.000

14.000 14.000

16.000 17.000 17.000 13.000 13.000 17.000 16.000 15.000 12.000 16.000

16.000 12.000 15.000 14.000 11.000 15.000 15.000 14.000 11.000 13.000

10.000 14.00007.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 11.13 03.14 13.000 14.000 12.000 10.000 13.00003.12 12.000 07.1111.000 11.11 07.1107.12 11.1111.12 03.1203.13 07.1207.13 11.1211.13 03.1303.14 07.13 11.13 03.14 13.000 12.000 11.000 12.000 10.000

10.000

16.137,00 16.137,00

07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 11.13 03.14 10.000 11.000 11.000

+0.91% 07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 11.13 03.14

10.000 10.000

07.11 11.11 11.11 03.12 03.12 07.12 07.12 11.12 11.1203.13 03.1307.13 07.1311.13 11.1303.14 03.14 07.11

Зелената боја се враќа на ДРУГИ ПАЗАРИиндекси ширум САД. берзанските 16.137,00 ДРУГИ ПАЗАРИ По минатонеделниот минимален FTSE 100 пад на вредностите6.583,00 сега +0.91%+0.34% FTSE 100 6.583,00 +0.34% Nikkei225 13.996,00 повторно може да се забележи +0.62% Nikkei225 13.996,00 +0.62% S&P 500 1.830,00 +0.82% раздвижување на берзанското 16.137,00 16.137,00 ДРУГИ +0.91% +0.91% S&P 500 ПАЗАРИ 1.830,00 +0.82% Nasdaq 4.022,00 +0.57% тргување во најмоќната светска +0.91% +0.91%+0.26% Nasdaq 4.022,00 +0.57% DAX 9.339,00 економија. FTSE 100 6.583,00 +0.34% 16.137,00 16.137,00

16.137,00 16.137,00 TOPIX DAX Nikkei225

1.136,00 9.339,00 13.996,00

+0.29% +0.26% +0.62%

+0.91% +0.91% +0.29% +0.82% други пазари Nasdaq 4.022,00 +0.57%

TOPIX ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ 1.136,00 S&P 500 1.830,00 ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ

ВАЛУТИ FTSE 100FTSE FTSE 6.583,00 +0.34% DAX 9.339,00 +0.26% FTSE 100100 6.583,00 6.583,00 +0.34% +0.34% 100 6.583,00 +0.34% ДРУГИ ПАЗАРИ TOPIX 1.136,00 +0.29% Nikkei225 13.996,00 +0.62% +0.62% ДРУГИ ПАЗАРИ Nikkei225Nikkei225 Nikkei225 13.996,00 13.996,00 +0.62% 13.996,00 +0.62% ВАЛУТИ S&P 500500 1.830,00 +0.82% +0.82% евро долар 500 1.830,00 +0.82% Фунта евро 1.830,00 S&P 500 S&P S&P 1.830,00 +0.82% FTSE 6.583,00 +0.34% FTSE 100 100 6.583,00 +0.57% +0.34% Nasdaq 4.022,00 +0.57% 4.022,00 Nasdaq Nasdaq Nasdaq 4.022,00 +0.57% +0.57% Nikkei225 13.996,00 +0.62% евро долар СТАПКА СТАПКА Фунта евро 4.022,00 ВАЛУТИ DAX 9.339,00 +0.26% Nikkei225 13.996,00 +0.62% DAX 9.339,00 +0.26% DAX DAX 9.339,00 9.339,00 +0.26% +0.26% S&P 500 1.830,00 +0.82% TOPIX 1.136,00 +0.29% S&P 500 1.830,00 1.3814 1.2085 СТАПКА TOPIX 1.136,00 СТАПКА +0.29%+0.82% Nasdaq +0.57% TOPIX TOPIXевро 1.136,004.022,00 1.136,00 +0.29% +0.29% евро долар Фунта Nasdaq 4.022,00 +0.57% ПРОМЕНА

1.2085

ВАЛУТИ

DAX СТАПКА DAX -0.17% ВАЛУТИ TOPIX ВАЛУТИ TOPIX 1.2085

ВаЛуТи ВАЛУТИ -0.17% Фунта евро

£ €

Фунта евро -0.17% ФЈУЧЕРСИ ВАЛУТИ

Фунта евро Фунта евро СТАПКА СТАПКА ВАЛУТИ

СТАПКА

1.3814

9.339,00 +0.26% СТАПКА 9.339,00 +0.26% -0.05%+0.29% 1.136,00 ПРОМЕНА 1.136,00 1.3814+0.29%

1.2085

-0.05% евро долар

ПРОМЕНА

$ € 1.3814 евро-0.05% долар

евро долар евро долар СТАПКА СТАПКА

ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Фунта СТАПКА евро 1.2085 ФЈУЧЕРСИевро Фунта

евро долар СТАПКА СТАПКА ПРОМЕНА

-0.17% ЗЛАТО 1.2085

ПРОМЕНА

СТАПКА 1.2085ЗЛАТО 1.2085 -0.17% СТАПКА 1.315,00

1.2085 -0.17% ФЈУЧЕРСИ Нафта Брент -0.17% ЗЛАТО

-0.17%1.315,00 -0.17% ФЈУЧЕРСИ 1.315,00

1.3814 евро долар

1.3814 1.3814 -0.05% СТАПКА

ПРОМЕНА СТАПКА

-0.05% ПРОМЕНА 1.3814

-0.91%

-0.05% -0.91% -0.91% -0.05%

108,81 фЈуЧерси

ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Нафта Брент Нафта Брент

ФЈУЧЕРСИ 1.315,00 ФЈУЧЕРСИ 108,81

-0.11%

108,81 ЗЛАТО 1.315,00 ЗЛАТО зЛаТо

-0.91% -0.11%

ЗЛАТО ЗЛАТОБрент Нафта

1.315,00 1.315,00 1.315,00 Нафта Брент 108,81

1.315,00

-0.91% -0.11%

-0.91% -0.91% -0.91%

108,81 Нафта Нафта Брент НафтаБрент Брент нафТа Нафта БрентбренТ 108,81 108,81 108,81

108,81

1.3814

ПРОМЕНА -0.05% -0.05% ПРОМЕНА

-0.11% -0.91%

-0.11%

-0.11% -0.11% -0.11% -0.11%

подаТоциТе се од ден 18.04.2014 до 15ч.

3.300 3.100 2.900 2.700 2.500 2.300 2.100 1.900 1.700 07/10 10/10 02/11


Капитал број 755 18.04.2014

www.kapital.mk

14 Cover story: Капитал ги анализира еКономсК

eKonomsKIte merKI vo foKuso

IzobIlstvo od novI InvestIcII, subven nIte programI. KaK Кога ветувањата од која било предизборна програма би биле реалност, несомнено граѓаните би имале подобар животен стандард, бидејќи економските мерки на сите политички партии се лајтмотивот во трката за освојување на гласовите на граѓаните. Изобилство од нови работни места, инвестиции, субвенции, нови километри автопатишта има во платформите на сите политички ривали. Капитал анализира што нудат политичките партии во изборните програми

сДсм l Повеќе даноци за богатите за враќање на средна класа l Враќање на 15% од платен ДДВ на секој граѓанин l Намалување на казните за фирми до 50% l Стоп за непродуктивните трошења на народните пари l Поддршка на извозниците за настапи на саеми, промоција


www.kapital.mk

Ките програми

Капитал број 755 18.04.2014

15

ot na sIte polItI^KI partII

I rabotnI mesta, ncII vo predIzborKo da se ostvarI? Коалиција за позитивна маКедонија l Економски бум со отворање на нови 100.000 работни места l Реинвестирање на земјоделски субвенции за поголемо производство l Зголемување на кредитниот потенцијал на МБПР до 3 милијарди евра l Поддршка на претприемачите по 5.000 евра за секое ново работно место l Плаќање ДДВ по наплатена фактура l Формирање државна компанија за извоз (Македонски GENEX)

вмро - дпмне l Економски раст до 6% во 2018 година l Отворање на нови 64.000 работни места l Повисоки плати и пензии по 5% годишно l Отпишување на долгови за парно, струја и кредити l Нови 100 милиони евра од ЕИБ


Капитал број 755 18.04.2014

www.kapital.mk

16 Cover story: Капитал ги анализира економск

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

К

ога ветувањата од која било предизборна програма би биле реалност, несомнено граѓаните би имале подобар животен стандард, бидејќи економските мерки на сите политички партии се лајтмотивот во трката за освојување на гласовите на граѓаните. Изобилство од нови работни места, инвестиции, субвенции, нови километри автопатишта во платформите на сите политички ривали. Партијата на Никола Груевски, во својата изборна програма детално образложена на 380 страници како стратегиски приоритети ги наведува зголемување на економскиот раст до 6% до 2018 година и оваа цел се провејува во речиси сите претходни програми на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија наведува дека приоритет и се и „пораст на вработеноста, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, интеграција на земјата во ЕУ и НАТО“. Најголемата опозициска партија предводена од Зоран Заев, СДСМ, својата економска програма ја темели на политики за враќање на средната класа во земјава, која според нив е искоренета. Според нивниот пристап, поголема еднаквост меѓу граѓаните би се постигнала со „забрзан развој на приватните фирми за тие да станат способни да вработуваат повеќе луѓе и да им исплаќаат повисоки плати и реформирање на даночниот систем така што побогатите ќе плаќаат повисок данок отколку посиромашните“. Овие идеологии на најголемите политички ривали се познати веќе подолго време, а програмите се одраз на политиките што ги застапуваат

партиите. Експертите оценуваат дека партиите во поголем дел од своите програми го искористиле принципот copy – paste од претходниот изборен циклус. Професорот Абдулменаф Беџети вели дека во програмите изостануваат клучни реформски проекти за сметка на популистички мерки со кои партиите се обидуваат да им се доближат на гласачите. „Нереални се според мене проценките на партиите дека може да се очекува економски раст и до 7%, како што проценува на пример ДУИ, или дека странските инвестиции ќе се зголемат толку рапидно. Во предизборниот период се расфрлаат со популистички ветувања за повисоки плати, пензии, заборавајќи дека е тоа неодржливо“, вели Беџети. Тој коментира дека различните дан��чни концепти на двете најголеми партии се одраз на нивните идеологии, меѓутоа, според него нема голема разлика во крајниот ефект за полнењето на буџетот. Професорот Марјан Петрески оценува дека политичките партии вложиле значаен напор за подготовка на нивните економски програми. „Во техничка смисла, програмата на ВМРО-ДПМНЕ е пообемна, поостварлива, со конкретни рокови и носители на активностите, што не е за изненадување, со оглед на тоа што оваа партија е на власт и има прецизна слика за потребите, приоритетите, можностите за реализација. Било која опозиција не може да достигне такво ниво на аналитика во својата програма, со оглед што нема пристап до многу потребни информации. Но, поважна е суштинската смисла на програмите, кадешто повторно програмата на владејачката партија е супериорна, со оглед дека се потпира на три концепти за развој на економијата: странските директни инвестиции и градежништвото како носители на

растот, и потхранувањето на социјалата, пензионерите и јавната администрација. Наспроти тоа, иако врзувачката тема кај СДСМ е ставено да биде враќањето на средната класа, што е добро, концептот како тоа ќе се оствари останува нејасен во нивната програма“, оценува Петрески.

Како до економски раст од 6%?

Партијата која што ја предводи власта во последните осум години, очекува дека економскиот раст до 2018 година ќе се интензивира доколку не се случи нова економска криза. Според образложението на партијата, тоа може да се постигне преку „понатамошно зголемување на странските и домашните инвестиции, нови инфраструктурни проекти кои создаваат работа за домашните фирми, со мерки за вработување преку Агенцијата за вработување, силна поддршка на земјоделството“. Според проценките на ВМРО-ДПМНЕ, невработеноста во следните четири години би се намалила на ниво од 22%, што значи дека би се отвориле најмалку 64.000 нови работни места. СДСМ во својата програма не лицитира со бројки за стапките на економски раст, меѓутоа, наведува дека ќе се залага приватниот сектор односно компаниите да бидат главните носители на развојот, а „државата наместо тутор, да претставува партнер на бизнисите и целиот деловен сектор“. СДСМ наведува дека посебен акцент во својата економска политика ќе стави врз поттикнување на развојот на микро, малите и средните претпријатија како најголеми апсорбирачи на невработените луѓе. Кога станува збор за отварањето нови работни места, најголемо ветување во својата програма даде Алијансата за позитивна Македонија која со своите политики и мерки планира да реализира проект за 100.000 нови вработувања, во сосема нови фирми за период од четири години. Само за една година, Алијансата


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

17

ките програми

Земјоделските субвенции во сите партиски програми

С

ите политички партии што се натпреваруваат за власт голем дел од својата програма посветуваат на земјоделството како гранка и поттикнувањето на земјоделското производство со субвенции. ВМРО – ДПМНЕ предвидува по 150 милиони евра субвенции годишно, а парите „ќе се доделуваат за конкурентните извозни култури како тутунот, грозјето, овошјето и зеленчукот, овчарството, говедарството, производството на млеко, полјоделски, индустриски и фуражни култури, и истите ќе бидат насочени кон зголемување на производството и уште поголем извоз“. СДСМ во својата програма наведува дека ќе ја „продолжи политиката на субвенционирање на земјоделството со ист интензитет како досега, па дури и повеќе“, меѓутоа, СДСМ се залага за промена на моделот на субвенционирање за да може тие пари да дадат позитивни ефекти во оваа гранка. „Ќе субвенционираме согласно моделот во ЕУ – по грло добиток и по единица површина и секоја година покрај основната субвенција, ќе субвенционираме 20% повеќе за додадена единица површина и 30% за секое додадено грло добиток“, пишува СДСМ за моделот на развојни субвенции. Алијансата за позитивна Македонија смета дека субвенционирањето треба да се преструктуира со оглед на тоа што „до сега не ги даде посакуваните ефекти“ така што се залага за развојна компонента преку воспоставување на контролни механизми на ефектот од субвенционирањето, како и задолжително реинвестирање на субвенциите во земјоделско производство.

ветува отварање на 30.000 нови работни места. Во своите стратегиски приоритети, оваа партија се залага невработеноста да падне под 10% а Македонија од земја извозник на работна сила, да стане увозник на работници. Оваа партија предводена од лидерот Љупчо Зиков, се залага за повеќе државност, а помалку држава во економијата и општеството. Партијата на Стевчо Јакимовски, ГРОМ, претставувајќи ја сопствената економска програма истакна дека „стратешки цели од 2014-2018 година се БДП по жител да биде на ниво од 43% од европскиот просек или да изнесува над 35.000 евра, зголемување на надворешно-трговската размена над 15 милијарди евра годишно,

надворешно-трговскиот дефицит да се спушти на 17%, да се зголеми трговската размена со земјите од Југоисточна Европа, бруто домашни и странски инвестиции над 2 милијарди евра, флексибилна економија со годишно формирани над 10.000 претпријатија".

Поддршка на бизнисот

ВМРО – ДПМНЕ ветува и понатамошна поддршка за бизнисите со кредитна линија повлечена од ЕИБ во вредност од 100 милиони евра. Проектите на партијата за поддршка на малите и средни претпријатија вклучуваат издавање на сите нефункционални објекти во државна сопственост, ангажирање на странски експерти во македонски компании. За вработувања на младите, ВМРО –

ДПМНЕ предвидува по 7.000 евра за сопствено вработување, а може да вработи уште четири лица во истата фирма кои ќе добијат по 4.000 евра. Тоа значи дека се планираат по 23.000 евра финансиска поддршка за самовработување и средствата се даваат на вкупно седум години од кои една и пол година е грејс-период и пет и пол години рок на враќање. СДСМ со проектот „Инвестиции сега“ се планира да одвои 20 милиони евра годишно за да ги субвенционира каматите за кредити за нови инвестиции. Дополнително уште 15 милиони евра од буџетот да бидат гарантен фонд со кој ќе гарантираат банките да им даваат повеќе кредити на фирмите. Партијата што се залага за промени и нов почеток планираат да ја зголемат поддршката на државата за извозниците преку поголема промоција што подразбира споделување на трошоците за презентација, настапи на саеми па дури и изработка на промотивен материјал. Во однос на казнената политика, СДСМ се залага за превентивна наместо репресивна казнена политика, што значи, прво опомена за сторен прекршок, намалување на казните за 50%. Програмата предвидува разгледување на можноста од скалесто казнување што значи помалите фирми да плаќаат помали казни. Истиот проект го има и во програмата на ВМРО – ДПМНЕ наведувајќи дека „доколку се обезбеди 2/3 мнозинство во Собранието, ќе се предложат измени на Законот за прекршоци со кој ќе се предвиди правна основа за прекршочни санкции согласно економската моќ на субјектите“. Алијансата за позитивна Македонија планира донесување на Закон за претприемништво, микробизниси и занаети со кој ќе се овозможи поддршка од 2.000 до 5.000 евра за секое


Капитал број 755 18.04.2014

www.kapital.mk

18 Cover story: Капитал ги анализира економск

новоотворено работно место во малите фирми до 50 вработени, обезбедување неповратни средства до 35% од вредноста на инвестицијата за почетници во бизнисот.

Различни даночни политики

Двете најголеми политички партии можеби најмногу се разликуваат во концептите за спроведувањето на даночната политика. ВМРО-ДПМНЕ веќе осум години спроведува политика на рамен данок, додека пак СДСМ застапува воведување на прогресивен данок, односно повисок данок за побогатите отколку за посиромашните како еден од клучните чекори за намалување на нееднаквоста меѓу граѓаните според доходот. Концептот на СДСМ предвидува две даночни стапки за плаќање на персоналниот данок, од 9% и 18%, кој предвидува и враќање на платениот персонален данок за граѓаните кои имаат многу ниски месечни доходи. Граѓаните со годишни приходи до 720.000 денари би плаќале персонален данок на доход од 9%, додека пак оние со примања повисоки од оваа граница, би плаќале данок од 18%. Со тоа, партијата смета дека ќе се изврши праведна распределба на доходот со цел враќање на средната класа на граѓани. Во однос на даночната политика, СДСМ предвидува ослободување од данок за приходите од земјоделска дејност. Данокот на добивка според ветувањата на СДСМ нема да се промени и ќе изнесува 10% со сите олеснувања кои важат за инвестирање во технолошко индустриските развојни зони што ги ава и ВМРО-ДПМНЕ, со забелешка дека доколку тие дојдат на власт, истите бенефиции ќе важат и за домашните инвеститори. Оваа партија предвидува целосно ослободување од данок на добивка за фирмите што ќе го зголемат извозот за над 20% и за оние што ќе инвестираат во недоволно развиените региони во земјава. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ја задржи

истата даночна политика на ниски даноци, при што реинвестираната добивка и понатаму нема да се оданочува. Како новост се наведува намалување на стапките на ДДВ за добито��на храна и жив добиток и намалување на стапката на ДДВ за училишен прибор и бебешки производи. Алијансата за позитивна Македонија се залага малите и средните претпријатија да плаќаат ДДВ откако ќе наплатат, а не во моментот кога фактурираат, да се подигне цензусот за влегување на малите и средни претпријатија во системот на ДДВ, да се скрати рокот за поврат на ДДВ кај претежни извозници на 7 дена, а за сите останати на 30 дена, да се воведат пенали за државата ако доцни со враќање на ДДВ кон стопанствениците, а во градежната индустрија, ДДВ да плаќа инвеститорот а не изведувачот на проектот.

Парите од даноци за инфраструктура... барем на хартија

Буџетската политика што планира да ја води ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон „умерен буџетски дефицит поврзан со високите капитални инвестиции за инфраструктурни проекти“. Програмата на партијата предвидува до 2016 година да заврши изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, а до 2018 година да бидат готови и автопатите Скопје – Штип и Кичево – Охрид што се градат со заем од Кинеската развојна банка. Се предвидува изградба на автопат од Гостивар до Кичево и автопатска делница Скопје – Блаце. ВМРО – ДПМНЕ планира и рехабилитација на делови до Коридорот 10 што поминува низ Македонија и изградба и рехабилитација на повеќе магистрални, регионални и локални патишта. Во железничкиот сообраќај се планира изградба на пругата кон Бугарија, како и железничко поврзување со Албанија. СДСМ во својата програма се обврзува на постепено менување на структурата на буџетските расходи кон пораст на

капиталните инвестиции, а буџетскиот дефицит да остане до најмногу 3% од БДП. Оваа партија се залага за одговорна и транспарентна фискална политика и поради тоа предлага формирање на фискален совет кој ќе треба да воведе објективност во планирањето и во извршувањето на буџетските приходи и расходи и да ја зголеми одговорноста на владата при трошењето на народните пари. Во насока на зголемени капитални инвестиции од државниот Буџет, СДСМ исто така планира изградба на автопат од Скопје до Блаце, изградба на автопат Велес – Прилеп – Битола, изградба на други експресни патишта како и проширување и рехабилитација на постојните. Во програмата се спомнува и проект „Македонија без кал“ кој што предвидува изградба на 1.500 километри локални патишта. СДСМ најавува и дека „ќе престане безумното трошење на буџетски пари за медиумски кампањи“.

Платите на административците ќе растат

ВМРО ДПМНЕ предвидува зголемување на платите во јавниот сектор по 5% годишно во следните четири години. СДСМ пак, порастот на платите во јавната администрација го поврзува со порастот на економијата, односно административците ќе добијат за половина повисоки плати од остварениот реален пораст на БДП претходната година. На пример, ако економскиот раст изнесувал 6%, административците од владата на СДСМ би добиле повисока плата за 3%. Партијата во својата програма наведува и низа мерки во насока на професионализација и департизација на јавната администрација, подобрување на условите за работа со цел граѓаните да добиваат поквалитетни услуги од нив. Алијансата за позитивна Македонија се залага за идејата „вистински луѓе на вистински места“ во администрацијата со цел успешно реформирање според


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

19

ките програми

Посилна државна развојна банка

М

акедонската банка за поддршка на развојот е дел од програмите на сите политички партии, меѓутоа, најамбициозни планови за државната развојна банка најавува Алијансата за позитивна Македонија. Според најавите од нивната програма, кредитниот потенцијал на МБПР ќе се зголеми на 900 милиони евра во првата година, на 1,5 милијарди евра во втората година и на 3 милијарди евра кредитен потенцијал во третата година. Партијата се залага со МБПР да управува менаџер со најсилни банкарски перформанси, избран на меѓународен конкурс, а се предвидуваат и нови задачи на банката за да се зајакне нејзината улога во економијата. Алијансата најавува зголемување на поддршката за извозниците преку одобрување кредити со повластени камати, не повисоки од 3,9%, гаранции за учество на меѓународни тендери како и формирање фонд во рамките на МБПР со гаранција и до 100% од инвестицијата, најмногу до 300.000 евра за нови проекти. ВМРО – ДПМНЕ во својата програма пишува дека ќе ја докапитализира МБПР со 10 милиони евра за 4 години, односно по 2,5 милиони евра годишно, за две намени – финансирање на производството наменето за извоз и финансирање на земјоделското производство, откуп и извоз на земјоделски производи. Зголемувањето на улогата на МБПР во економијата предлага и СДСМ преку повеќе заеми, гаранции за малите и средни претпријатија и гарантен фонд во висина од 15 милиони евра како гаранција за кредити од комерцијалните банки.

европските принципи за работа во јавната администрација. Алијансата оценува дека лошото работење или корупција во администрацијата треба да се санкционира, кадрите во администрацијата да не смеат да се занимаваат со политика со цел деполитизација а обврските и надлежностите да се извршуваат во предвидените законски рокови и

максимално ефикасно. Пензионерите исто така имаат значајно место во програмите на партиите, како на пример преку зголемување на пензиите, разни бесплатни рекреативни аранжмани па до гратис лекови до дома.

Популистички мерки насочени кон социјално загрозените Програмите на политичките партии во

пресрет на предвремените парламентарни избори изобилуваат и со популистички мерки обидувајќи се на тој начин да им се умилкуваат на граѓаните, особено на оние што важат за социјално најзагрозени категории. ВМРО ДПМНЕ објави дека еднократно ќе ги отпишува долговите на најранливите категории граѓани за струја, парно, долговите кон банките од кредитни картички, потрошувачки кредити и минуси на тековните сметки и долговите за радиодифузна такса. Според програмата на ВМРО-ДПМНЕ, со овој проект ќе бидат опфатени сите социјални случаи, примателите на социјална помош, семејствата каде што има двајца невработени или пак ако е еден невработен и живее сам и нема дополнителни приходи поголеми од минималната плата и ако во семејството се случила смрт или тешка болест која што ги оневозможила луѓето понатаму да ги плаќаат обврските. СДСМ пак, објави проект за враќање на 15% од платениот ДДВ на секој граѓанин. Според анализите на партијата, со реализација на овој проект кај граѓаните би се вратиле околу 130 милиони евра годишно. Во програмата на партијата е предвиден и проект „ДДВ викенд“ кој подразбира дека еден викенд во годината, на почетокот на септември, за сите купувања на облека, покуќнина, училишен прибор нема да се плаќа ДДВ. СДСМ планира да одвои 3 милиони евра од буџетот за субвенционирање на каматите на потрошувачките кредити за граѓаните.


9. ПриоритЕтитЕ на алијансата за Позитивна МакЕдонија

þ Екомонски развоен бум

1 00.000 нови работни места во реалниот сектор

þ интезивни рурални политики македонскиот аграр најголема фабрика под отворено небо

þ стоП за белата чума

намалување на иселувањето од државата

þ зајакнување на мулткултурното

општество и интер-културализмот различностите се наше богатство

þ владеење на правото неселективна правда за сите

þ Целосна слобода на изразувањето и слобода на медиумите

правото на информирање е основно човеково право

þ Целосно комплектирање на нато и ЕУ интерграциите на Македонија македонија во нато и еУ

Odlu^i


POzitivnO


Капитал број 755 18.04.2014

22

www.kapital.mk

Капитал истражува

Na [to Vladata tr pari vo izminati пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

О

гномети, балони, кампањи и реклами, авионски билети, билети за театарски претстави. Ова се само дел од јавните набавки кои најмногу паѓаат во очи, а кои биле спроведени во изминатите три години колку што трае и мандатот на претходната влада. Капитал анализира на што владата трошела народни пари во изминатиот мандат преку јавните набавки, притоа не земајќи ги предвид парите потрошени за доградба и реконструкција на школи и болници и други јавни институции сметајќи ги како инвестиции од општ интерес, но и парите потрошени за проектот „Скопје 2014“, чија сума е веќе позната, а истата според официјалните податоци изнесува 208 милиони евра. Така, според нашата анализа, во изминатите три години најмногу средства се потрошени на гориво, за дополнителни и непредвидени работи, за моторни возила и за храна и пијалаци. Изразено во бројки, за три години Владата и министерствата потрошиле 14,2 милиони евра на гориво, 11,4 милиони евра за дополнителни и непредвидени работи, 11,3 милиони евра за моторни возила, а 10,2 милиони евра за храна и пијалаци. Притоа, најмногу гориво потрошило Министерството за одбрана, кое издвоило речиси 5 милиони евра од својот буџет за оваа намена, додека, пак, за моторни возила, најмногу потрошило Министерството за внатрешни работи, односно 6 милиони евра, во кои спаѓаат двата тендери за набавка на возила за обновување на возниот парк на

2000

евра за Ipone4 и Ipad 2

Балони, огномети, билети за претстави, реклами, промотивни материјали, косилка за трева. Ова се само дел од набавките на кои Владата потрошила илјадници евра од народните пари во изминатите три години. Меѓу нив впечатливи се податоците за потрошени 11,3 милиони евра за возила, над 800 илјада евра за канцелариски мебел, 15.300 евра од Министерството за економија за такси превоз на вработените. Интересен податок е и фактот што најголемите суми потрошени преку јавни набавки во последните три години Владата и министерствата ги превеле преку договори склучени во „четири очи“

3.550

Најголемите суми договорени во четири очи

О

свен „интересните“ набавки кои се кријат во евиденцијата на Бирото за јавни набавки, друг карактеристичен феномен е и фактот што најголемите потрошени суми од буџетот се договорени во постапки без претходно објавени огласи. Такви се набавките за дополнителни и непредвидени работи кои сите до една, без исклучок се склучени во постапки без претходно објавен оглас, а за што во последните три години се потрошени 11,4 милиони евра. Слично е и со набавката на храна и пијалаци. Иако овде дел од набавките се во отворени постапки, сепак, голем дел од нив исто така се склучени во постапки без претходно објавување на оглас. Слично е и кај набавките на гориво. Само за потсетување, токму ваквите набавки не само домашните, туку и странските експерти ги проценуваат како набавки во кои најмногу се крие корупција и апелираат за поголема транспарентноста од страна на институциите. Последна ваква забелешка стигна од Вук Марш, прв човек на невладината МАНС од Црна Гора, која направи истражувања во четири земји од Западен Балкан меѓу кои и Македонија. „Податоците покажуваат дека 18% од парите што се вртат преку јавните набавки завршуваат во „бунар“, вели тој. Анкетите во земјава пак, покажуваат дека граѓаните најмногу корупција гледаат во администрацијата, додека фирмите во тендерите. Така дури 72,5% од вработени во приватниот сектор се изјасниле дека постои корупција во државните тендери, покажа истражувањето на агенцијата „Рејтинг“ спроведено во мај изминатата година.

евра за црвена стаза за прием на делегација

284.362 евра за привремени вработувања

809.142 евра за канцелариски мебел


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

23

ro[e[e najmnogu iot mandat? Набавка

евра

Гориво Дополнителни и непредвидени работи Моторни возила Храна и пијалоци Комјутери, таблети, опрема, телефони вкупно Промотивен и репрезентативен материјал и печатење Кампањи и реклами Канцелариски материјал Канцелариски мебел Хотелски и кетеринг услуги Сувенири и пригодни подароци Привремени вработувања Цветни аранжмани Авио билети огномети вино, пиво, ракија, жестоки пијалоци Таблети Такси превоз за вработени во економија одржување на фонтани и базени привезоци Косилки за трева и делови за косачки Црвена стаза за прием на делегација набавка на чадори за заштита од сонце балони Iphone 4s I Ipad 2 билети за театри музеи Домашно кино Министерството за внатрешни работи. Во категоријата храна и пијалаци води Министерство за одбрана со 6,5 милиони евра потрошени за оваа намена, а за дополнителни и непредвидени работи пак, најмногу потрошило Министерството за култура кое издвоило 7,1 милион евра.

3,5 милиони евра за компјутери, 1,7 милиони евра за кампањи! Од набавките до 5 милиони евра, пак, најмногу средства се потрошени на компјутери, таблети, компјутерска и информатичка опрема. Во изминатите три години Владата на набавка на компјутери и

14.129.613 11.436.101 11.254.252 10.227.453 3.409.566 1.722.185 1.294.596 1.245.058 809.142 536.687 329.989 284.362 221.118 186.829 53.008 30.805 21.202 15.284 11.707 5.900 4.689 3.548 2.601 2.110 1.931 1.653 308

компјутерски компоненти “фрлила“ 3,5 милиони евра. Меѓу нив е и набавката на Iphone 4s и Ipad 2 за потребите на Министерството за внатрешни работи, за што се потрошени 2.000 евра. Во оваа категорија е и трошокот за печатење на промотивен и репрезентативен материјал за што се потрошени 1,7 милиони евра. Тука лидер е Министерството за транспорт и врски кое потрошило 250.000 евра за оваа намена. За кампањи, пак, се потрошени 1,3 милиони евра, додека за реклами се потрошени 900.000 евра. Притоа за кампањи најмногу потрошило Министерството за финансии кое издвоило 306.000 евра за кампањи, а


Капитал број 755 18.04.2014

24

Најголеми “трошачи“ во изминатиот мандат Министерство

Категорија

Сума

Министерство за одбрана МВР Министерство за одбрана Министерство за култура Министерство за транспорт и врски Министерство за финансии Министерство за транспорт и врски Министерство за одбрана Министерство за земјоделство МНР Министерство за економија МВР

гориво моторни возила храна и пијалоци непредвидени работи промотивен материјал кампањи реклами канцелариски мебел привремени вработувања цветни аранжмани такси превоз за вработени косилка за трева

5 милиони евра 6 милиони евра 6,5 милиони евра 7,1 милион евра 250.000 евра 306.000 евра 900.000 евра 500.000 евра 112.000 евра 54.000 евра 15.300 евра 4.400 евра

Кои компании најмногу се јавуваат при набавките?

При набавката на исти артикли, владините тела како и министерствата набавувле од исти компании. Така на пример за користење на такси превоз најмногу се користеле услугите на ИН Такси. Најмногу реклами се објавени во медиумите на „Медиа принт Македонија“, за што се потрошени 260.000 евра. Во изработка на кампањи најмногу се користеле услугите на „Република“ на чија сметка легнале 306.000 евра. За привремени вработувања, најмногу се користеле услугите на „Контакт-Бизнис“ за услуги во износ од 116.000 евра. Во набавката на компјутери и информатичка опрема најприсутни се компаниите МП компјутери, Дуна компјутери, АНХОЧ, НЕОКОМ и АМЦ компјутери. Во набавката на храна и пијалаци најчесто се набавувало од компаниите Вивкас Ристо, МИК Свети Николе, Компанија Поповски Ивица и Горан ДОО, Млекара Битола и Кожувчанка. Авионски билети владата набавувала од БТ Македонија и од Орфеј, додека цвеќе најмногу се набавувале од ФЛОРАСТ и БЛУМЕН Гартен. Горива најмногу се полнеле од Лукоил, Макпетрол и Пуцко Петрол. Министерството за транспорт и врски потрошило 640.000 евра за реклами. Можеби најинтересните набавки сепак се кријат во набавките до 1 милиони евра. Тука најмногу средства се потрошени во набавка на канцелариски мебел за што во овие три години се потрошиле 809.000 евра. Најмногу канцелариски мебел набавило Министерството за одбрана кое за мебел потрошило преку 500.000 евра. За привремени вработувања се потрошени 290.000 евра, а најмногу од министерствата за ова трошело Министерството за земјоделство кое потрошило 112.000 евра за оваа намена. Тука се и ситните набавки како цвеќе, црвени стази за делегации, билети за театар и музеи. Така , дури 220.000 евра Владата потрошила на цвеќе, а најмногу за цветни аранжмани од својот буџет издвоило Министерството за надворешни работи, кое потрошило вкупно 54.000 евра за оваа намена. За авио-билети за патувањата на службените патувања, пак, во изминатите три години се потрошени 190.000 евра, додека 500 евра се потрошени за билети за театри и музеи. За привезоци се потрошени 6.000 евра, за косилки за трева 4.700 евра, за балони 2000 евра, за црвена стаза за прием на делегации 3.600 евра. Интересен податок во овие набавки е и платениот такси превоз за вработите во Министерството за економија што Министерството

им го обезбедувало две години по ред на своите вработени, а за што се потрошени вкупно 15.300 евра народни пари. Како интересен податок, кој се крие меѓу јавните набавки, а кој веројатно јавноста не го знае е и осигурувањето на имотот на Владата и на владиниот авион. Така според податоците на јавните набавки годишното осигурување на имотот на Владата за овие три години чини 21.202 евра, додека за осигурувањето на владиниот авион во изминатиот мандат се потрошени 40.000 евра.


Капитал број 755 18.04.2014

интервју 26 INTERvIEw

www.kapital.mk

DaviD albOs регионален менаџер за извоз на брендот Сеат

]e gi OsvOime pazarite vO Centralna i istO^na evrOpa


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

интервју разговарал:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

П

орше Македонија“ и официјално е нов, ексклузивен дистрибутер на шпанскиот автомобилски бренд СЕАТ. Со ова компанијата која ги обединуваше брендовите Фолксваген, Ауди, Шкода и Порше и досега контролираше 35% од пазарот на нови автомобили во Македонија во своето портфолио додава уште еден познат светски бренд. Брендот СEAT досега во Македонија беше застапуван од компанијата „Кадис“ која го имаше ова ексклузивно право уште од 1999 година. Во изминатата година во Македонија биле продадени вкупно 111 СEAT возила или 2,51% од вкупниот пазар на нови возила во земјава. На официјалната промоција на „Порше Македонија“ во нов ексклузивен дилер на СEAT за Македонскиот пазар беше присутен и Давид Албос претставник на брендот СEAT од Шпанија. Тој лично ги изрази големите очекувања од новата соработка со Порше Македонија и ги најави проекциите за зголемување на пазарниот удел на СЕАТ во Македонија.

ќе биде одлична, со оглед на нашето искуство со останатите компании на „Порше Холдинг“. XX Каков е досегашниот пазарен удел на СЕАТ во Македонија и какви се очекувањата од новиот дистрибутер? Нашиот пазарен удел на македонскиот пазар во моментов е под 3%, со што не сме најзадоволни, затоа нашиот таргет е да достигнеме најмалку 5% пазарно учество со новиот дистрибутер. Но, тоа е нашиот план за ов��а година. Нашата долгорочна цел во иднина е да ги надминеме тие 5% и да постигнеме што е можно повеќе со нашите сегашни и идни „СЕАТ“ модели. XX Какви се вашите проекции за 2014 година? Во однос на продажбата, очекуваме да ја надминеме бројката од 150 автомобили оваа година, која беше да кажам прилично тешка година поради сите овие промени, но секако како што веќе напоменав, во иднина, во зависност од развојот на пазарот, очекуваме да надминеме 5% пазарен удел. XX Какво е влијанието на кризата на светските и европските пазари во споредба со македонскиот пазар? Можам да кажам дека сите пазари

27

удел беше до некаде и непријатно изненадување. Секако ние очекувавме негативен тренд, но не на ова ниско ниво. Би рекол дека ние имавме лоши бројки, бидејќи немавме доволно ресурси во тој период, но навистина се надеваме дека со „Порше Македонија“ ќе ја повратиме позицијата која „СЕАТ“ ја заслужува и ќе го промениме негативниот тренд од претходната година. XX Дали може да очекуваме некоја нова стратегија и развојни планови за да се надмине ваквата состојба на македонскиот пазар? Да, за почеток тоа е соработката со вистинскиот партнер како „Порше Македонија“, но исто така лансирање на вистинските производи, како целото семејство „Леон“, вклучувајќи го и „Леон СТ“. Убеден сум дека овој нов модел ќе ни донесе нови клиенти и средства кои ќе ни помогнат да ја надминеме стагнацијата. Згора на тоа, исто така инвестираме во други канали и производи, како инвестиции во СУВ сегментот, каде не сме присутни во моментов. Тоа е еден сегмент кој расте генерално последниве години, и моментално е во фокусот на повеќето производители во автомобилската индустрија. Ние, исто така би сакале да

На официјалната промоција на „Порше Македонија“ во нов ексклузивен дилер на Сеат за Македонскиот пазар беше присутен и Давид Албос регионален менаџер за извоз на брендот СЕАТ. Тој лично ги изрази големите очекувања од новата соработка со Порше Македонија и ги најави проекциите за зголемување на пазарниот удел на Сеат во Македонија. Капитал од друга страна ја имаше ексклузивната можноста од еден голем познавач на состојбите во автомобилската индустрија да добие одговори на низа прашања кои ја таргетираат една од најмоќните светски индустрии. Капитал од друга страна ја имаше ексклузивната можноста од еден голем познавач на состојбите во автомобилската индустрија да добие одговори на низа прашања кои ја таргетираат една од најмоќните светски индустрии. XX СЕАТ е повеќе години присутен на македонскиот пазар, но сега е актуелно тоа што го избра Порше Македонија за нов ексклузивен дистрибутер за Македонија. Зошто е донесена таквата одлука и како дојде до промената? Генерално на сите наши пазари, дистрибутери на СЕАТ се компаниите кои се под закрила на „Порше Холдинг“, кој пак, како и СЕАТ е во 100% сопственост на концернот Фолксваген. Одлуката за Македонија беше донесена во рамките на таа глобална пазарна политика, и како резултат на фактот сме задоволни од работата на “Порше Холдинг”. Како одговорен за пазарите во Централна и Источна Европа, можам да кажам дека тие се одлични партнери за нашиот бренд, затоа и донесовме одлука да соработуваме со „Порше Македонија“. Нашиот договор со предходниот увозник заврши, ние имавме одлична соработка, но и сега повеќе од сигурни сме дека соработката со „Порше Македонија“

помалку или повеќе беа зафатени од економската криза, особено пазарите во Јужна Европа како Шпанија, Италија и Франција. Во Централна и Источна Европа би рекол дека кризата можеби не е целосно надмината, но имам впечаток дека овие пазари се во период на рехабилитација, особено тоа е видливо кај повеќето пазари од Централна Европа, како Република Чешка и Унгарија. Се надевам дека овој тренд ќе и се случи и на Македонија, што оди во прилог на нашата позиција и цел, односно за нас ќе биде многу полесно да убедиме повеќе клиенти да купат „СЕАТ“ автомобил. XX Mинатата година не беше идеална за македонските импортери на возила, негативен тренд кој се повторува неколку претходни последователни години. Дали може да ни кажете како СЕАТ ја помина изминатата 2013 година во Македонија? Неповолната економска клима предизвика големи борби со конкуренцијата, во обид да се придобијат што е можно повеќе од малкуте купувачи и секако послабите увозници страдаа повеќе во таа битка. Оваа ситуација беше секако драматична и за нас, падот на нашиот пазарен

се обидеме во тој сегмент. XX Кажете нешто повеќе околу вашиот потрошувач. Дали тој и дава предност на цената во однос на технологијата или на дизајнот во однос на функцијата? Дали прави компромиси само за да добие пониска цена? На крајот на денот, нашите автомобили се дизајнирани да бидат продадени по вистинската, објективна цена. Ние немаме намера да учествуваме во ценовната трка, каде многу брендови се обидуваат да им понудат попусти на клиентите и да произведат ефтини возила. Нашите автомобили не треба да бидат евтини. На пример, новиот „СЕАТ Леон“ не е најевтиниот автомобил што постои, но е еден од најуспешните модели во претходната година. На пример, ланската година имавме успешни 75 тестови од 92, што е одличен резултат, а неговата цена не е најниска. „Леон“ е поскап од конкурентските автомобили од неговата класа, но сепак ја имаме битката. Затоа би сакале, нашите клиенти да преферираат технологија наспроти цена или дизјан наспроти функционалност, бидејќи таква е реалноста и тоа е она што им треба на


Капитал број 755 18.04.2014

28

www.kapital.mk

интервју

нашите клиенти. XX Каде се лоцирани фабриките на „СЕАТ“ во моментов и каквa технологија е имплементирана во производството на овој познат шпански бренд? Фабриките на „СЕАТ“ се лоцирани во Шпанија, во градот Марторел, кој е на оддалеченост на само 35 километри од Барселона, а имплементираната технологија во производството е идентична со онаа на брендот „Фолксваген“. Тоа се потполно истите машини, кои „Фолксваген“ ги има во Германија или Млада Болеслав во Република Чешка. „СЕАТ“ ја има истата технологија и стандарди за квалитет, како и „Фолксваген“. XX Кои се насоките за развој на брендот и што можеме да очекуваме од СЕАТ во иднина? Нашата аспирација за „СЕАТ“ е се повеќе да го подигнеме имиџот на брендот и свесноста за нашите производи. Нашите производи треба да бидат нашата лична карта која ќе не претставува пред публиката, и ќе зборува гласно и убедливо за нашето присуство на пазарот и за тоа дека ние не сме некој обичен и ефтин шпански бренд. Ние сме истовремено шпански и германски бренд, што им додава кредибилност на нашите производи , кои се навистина фокусирани на дизајнот и нудат одлично искуство при возењето. XX Дали може да ни дадете некој

ексклузивна најава за нов дизајн, ново лого или некој вон начин на претставување на брендот СЕАТ во јавноста? Како новост, која веќе ја спомнав е информацијата дека работиме на нашиот нов СУВ сегмент, и нашиот прв СУВ модел кој ќе биде лансиран во наредните години, со што ќе се претставиме со трет столб на брендот. Засега ги имаме Ибица, Леон и би сакале да имаме трет столб и тоа во СУВ сегментот. XX Покрај на домашниот пазар во Шпанија каде се е застапен брендот СЕАТ и кои се најголемите пазари на истиот? Присутни сме во 77 пазари, што е значајно. Нашиот главен бизнис е во Европа, особено во Западна Европа, каде имаме значителна позиција особено во Германија, Италија, Франција, кои се нашите главни пазари. Секако и во другите пазари имаме одлично удел, на пример во Австрија имаме 5%. Од друга страна, доста растеме во Северна

Африка, само во Алжир имаме 6% пазарен удел. Сега нашите планови се фокусирани да гo зајакнеме нашиот бренд во Централна и Источна Европа, што е да речеме мој личен главен таргет и се надевам дека тоа ќе го постигнеме. Во иднина би сакале да се прошириме на повеќе пазари, бидејќи секако нашиот поход не е завршен и планираме да продолжиме да освојуваме. XX Дали вие лично имате омилен „СЕАТ“ модел? Да, мојот омилен модел е „СЕАТ Леон“. Јас сум навистина вљубен во овој автомобил.


Академија за контролинг

“Ниво 1 – Контролинг систем”

23-25 април 2014, Капитал Академија, Скопје

Капитал Академија во соработка со МЦБ едукација од Белград, организира Академија за контролинг која е направена по лиценца на германската Controlling Akademie Munich. Таа e соодветна на нивната “Диплома програма”, која е стандардна за германскиот контролинг. Академијата за контролинг се состои од 5 сесии (тренинзи) по 3 дена:

Техника во контролингот

+ Ниво 1 – Контролинг систем + Ниво 2 - Контролинг алатки + Ниво 3 - Контролинг планирање

Луѓето во контролингот

+ Ниво 4 - Психологија во контролингот и известување + Ниво 5 - Тимска работа, анализа на проблемот и презентација Првото ниво (Контролинг систем) ќе се реализира во периодот од 23-25 април 2014, во просториите нa Капитал академија во Скопје. Следните нивоа (2,3,4, и 5) ќе се реализираат во периодот од мај до октомври 2014 година. НАЧИН НА РАБОТА НА AКАДЕМИЈАТА ЗА КОНТРОЛИНГ + Академијата за Контролинг е соодветна на Controlling Akademie Munich. Сите материјали се преведени на српски јазик и адаптирани на домашната терминологија и окружување. Начинот на работа и методологијата е 100% идентична како и во Минхен. + Ниво 1, 2 и 3 се занимаваат со техничките алатки на контролингот (управувачко сметководство), додека нивоата од 4 и 5 се занимаваат со луѓето во контролингот. + Можно е одделно да се посетува техничкиот дел (Ниво 1, 2, 3) и делот околу луѓето во контролингот (Ниво 4, 5). + Работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност. + Специфика на Академијата е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно црта и визуелизира. Овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето. + Академијата за контролинг е исклучително практична со што, покрај цртањето, на тренингот ќе имате прилика да видите и многу ефектни контролинг извештаи изработени во Excel (Ниво 4 -Психологија во контролингот и известувањето).

Controller Akademie Munich (CA) Controller Akademie Munich (CA) е основана 1971 година и е најголемата светска компанија специјализирана за обуки за контролинг. CA има повеќе од 50 различни тренинзи за контролинг, а најпозната е по “Диплома програмата“ од 5 нивоа. На CA обуките поминаа повеќе од 50.000 контролери и CA е синоним за “Контролинг на германски начин”. “Диплома програмата” е општ прифатен стандард за контролери во германските компании. http://www.controllerakademie.de

За кого е наменета академијата? Академијата е наменета за сите професионалци во контролингот и финансиите: контролерите, шефовите за контролинг, план и анализа, репортинг, економика, перформанс менаџмент, известување, аналитика, буџетирање, sales controlling, CAPEX controlling, фабрички контролери, IT controlling, business inteligence аналитичари, претпријатија кои го имаат имплементирано SAP стандардот и сл.


Академија за контролинг

made in germany

Ниво 1 - контролинг систем + Контролинг системот • Поставување на цели, планирање и навигација • Принципи на контролингот • Холистички пристап на контролингот • Утврдување на ROI таргетот • Однос помеѓу менаџерите и контролерите + Управувачко сметководство • Контролерска коцка на трошоци • Full costing (DM, DL, MOH) или marginal costing (VT, FT). • Планирање на трошоците за кост центрите • Цена на чинење (product costing) • Contribution 1 i contribucioni P&L + Донесување на одлуки во контролингот • Микс на производите • Рабат- колку дополнителни количини се потребни? • Одредување на BEP Break Even Point • Анализа на варијансата + Корпоративно планирање • Стратешко, оперативно и реактивно планирање • BCG матрица • Quo vadis матрица • PLC Product Life Cycle • SWOT анализа • Конкурентен профил • Стратешки план за 1 А4 страница + Улогата на контролерите • Контролерот како бизнис партнер на менаџерот • Организација на секторот за контролинг Ниво 2 - Алатки на контролингот +Цена на чиниње • Формирање на цената на чинење • Да се купи или произведе • Target costing • Target contribution • KANO model • Value и Cost drivers • 4K за одредување на продажните цени + CAPEX controlling • NPV, IRR, Payback, DPP, PI • Анализа на чувствителноста и примена во Excel • 10 заповеди за Business case + Контролинг на фиксните трошоци • ABC Activity Based Costing • ZBB Zero Based Budgeting • Совети за контрола на фиксните трошоци + Продажни контролинг алатки • Портфолио на купувачите • ABC/1-2-3 матрица

• Продажна платформа • Коефициенти на трансформација • Customer P&L • Холистички пристап на продажните менаџери + Финансиски контролинг • 3 финансиски извештаи (BU, BS, CF) • 3 видови на Биланси на успех (cost summary, cost of sales, contribucioni P&L) • Меѓусебна поврзаност на извештаите • Финансиски триаголник (ликвидност, профитабилност, задолженост) + Value based controlling • EVA Economic Value Added • EV Enterprise Value Ниво 3 - Контролинг планирање + SOF анализа на компанијата • Стратегија • Оператива (controlling) • Финансии + Припрема за буџет • Дизајн оквир за буџет • Клучни елементи на бизнис планот • Риск менаџмент • Формирање на цени на чинење • Анализа на претходните резултати + Подготовка на буџет (буџетирање) • Планиран MRA Management Result Account • Планиран Биланс на успех по две методи (cost summary i cost of sales) • Плански биланс на состојба, cash flow и рацио анализа • Организирање на состаноци за буџет • Финансиска анализа + Трендови во контролингот • Beyond budgeting • Контролинг како агент на промени + Контролинг на контролерите • SWOT за контролерите • Конкурентен профил • BSC Ниво 4 – Психологија во контролингот и известување + Холистичко размислување и делување во контролингот • MOVE модел + Психологија во контролингот • Комуникација, тимска работа и лидерство • Меѓучовечки односи • Лични фактори кои влијаат на односите • Упатство за ефектен feedback менаџер • Планирање на промените на однесување • Водење на записник од состаноците + Известување во контролингот • Визуелизација во известувањето

• SUCCESS® правила • Контролерско известување и тимска работа • 10 правила за контролерски извештаи Ниво 5 –Тимска работа, анализа на проблемите и презентација + Тимска работа и решавање на комплексни проблеми во тимот • Карактеристики на високо квалитетните тимови • Фази на развој на тимови • Насока за успешна тимска работа • KPI за натпреварување или соработка во тимовите + Анализа на проблемите • Препознавање на структурата на проблемите • Видови на проблеми во компанијата • Гледање на проблемите и влијание на резултатот +Презентација и модерација • Улогата на презентерите и улогата на модераторите • Подготовка на презентации • Техники на визуелизација • Техники на уверување и анализа на публиката • Техники на поставување на прашања и коориентација • Препознавање, идентификација и управување со групни процеси • Претставување пред публика во мали групи и на пленарни собири Предавач: Бојан Шчепановиќ е еден од најискусните професионални тренери во Србија од областа на менаџмент, финансии и контролинг, со повеќе од 12 годишно искуство како тренер и над 950 одржани тренинзи. Тој има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќи како сметководител, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 15-20 различни тренинзи од областа на контролингот, финансиите и менаџментот. Претседател е на Клубот на контролинг професионалци во Србија. Од февруари 2002 е Генерален менаџер на MCB – Menadzment Centar Beograd, специјализирана компанија за едукација на менаџери и личен развој. Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 15 април 2014 година. Работен јазик е српски.

За сите дополнителни информации во врска со академијата слободно контактирајте со:

l лицe за контакт: Гордана Михајловска и Ленче Зикова l е-маил: akademija@kapital.com.mk l 02 3280 911


специјален прилог

ЗДРАВЈЕ

25 СТОМАТОЛОГИЈА АПРИЛ 2014

ЗДРАВЈЕТО НА ЗАБИТЕ Е ОДРАЗ НА ОДНОСОТ НА ЕДЕН ЧОВЕК КОН СОПСТВЕНОТО ЗДРАВЈЕ. НО, ОСВЕН ГОЛЕМАТА УЛОГА НА ЗАБИТЕ ВРЗ ЦЕЛОКУПНАТА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА НА ЧОВЕКОТ, ТИЕ ИМААТ И ГОЛЕМА И МНОГУ ВАЖНА ЕСТЕТСКА УЛОГА. ТЕХНИКАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ПОСТАПКИТЕ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО СТОМАТОЛОГИЈАТА ДЕНЕСКА СЕ НА ЕДНО НАВИСТИНА ВРВНО НИВО. ИНТЕРЕСОТ ЗА НОВИТЕ СТОМАТОЛОШКИ И ПРОТЕТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗНАЧИТЕЛНО Е ПОРАСНАТА И ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ

“УБАВА НАСМЕВКА“ “КАПИТАЛ“ ВЕ ИНФОРМИРА: Колку Македонците се грижат за здравјето и изгледот на своите заби?  Стоматолошките ординации во земјава се повеќе добиват “светски лик“ кои, опремени со најсовремена опрема, ги нудат сите нови методи во областа на стоматологијата: импланти, најнови протези, белење на заби и многу други...  Кои се најбарани услуги во стоматолошките ординации?  Стоматолозите советуваат; како да го одржите здравјето на своите заби и природната убавина на насмевката? 

Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3280 910

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ: САЊА САВОВСКА


Капитал број 755 18.04.2014

50

www.kapital.mk

политика

ЦИКП ќе истражува корупција на локално ниво

Ц

ентарот за истражување и креирање политики во рамки на проектот „Размена на најдобри практики од ЕУ во следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“ започна со подготовките за спроведување на истражувања за транспарентноста, отчетноста и партиципативноста на локалните самоуправи. Со истражувањата ќе бидат опфатени повеќе од 40 општини од Македонија. Истражувањето

> БРОЈКИ

41.373

предмети решиле апелациските судови од вкупно 46.371 во 2013 година, покажува Извештајот за работата на судовите за 2013 година

22

вработени во Министерство за внатрешни работи добиле дисциплински мерки минатата години поради сторени повреди во работењето, соопшти МВР

150

студенти од техничките и економските факултети ќе се натпреваруваат во изработка на бизнис планови кои содржат елементи на енергетска ефикасност

facebook 1

Што толку врева се крена околу починатите лица кои гласале! Па тоа се добри вести! Мртвите се непоткупливи. Јас да сум мртов би гласал за листата на мртвите идеали или за некоја друга мртва работа, за Македонија, да речеме. Да живеат мртвите! Branko Trickovski

2

Освен мрсната храна и стресот, во Македонија штетни се и изборите. Sasho Aleksov

3

Не очајувајте. За 15 години јас ќе го победам Иванов. Нека биде запишано. Vlatko Vasilj

ќе се спроведува во партнерство со шест други невладини организации од Македонија, а стратешки партнери се Министерството за локална самоуправа и Државната комисија за спречување на корупцијата. Партнер на проектот, кој е финансиран од ЕУ со вредност од 160.000 евра, е и хрватската невладина организација „Гонг“ која веќе го има спроведено во Хрватска овој проект.

И Европа во предизборна кампања

Radikalnite levi dobivaat se pove]e Македонија без полноправно членство нема право на глас на претстојните избори во ЕУ, но исходот од истите и тоа како е важен за нас како земја чија стратешка цел е полноправно членство во ЕУ. Во зависност од партиите кои ќе ја понесат победата, меѓу другото ќе зависи и секако најважното прашање за нас- како понатаму ќе се одвива проширувањето и секако со оглед на финансиската криза, ќе постои ли намалување на средствата кои Брисел ги издвојува за земјите кандидати за членство пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

И

ако Македонија се уште не е дел од Европската унија и без полноправно членство нема право на глас на претстојните избори закажани за 22 мај, сепак исходот од истите и тоа како се значајни за нас, особено ако се знае дека, барем според реториката и на партиите во предизборната трка, Европската унија останува да биде стратешка цел и дека барем засега не постои друга алтернатива за Македонија. Но, она што е многу карактеристично за овие избори во Унијата, е податокот, кој се повеќе го покажуваат и анкетите кои предизборно го мерат рејтингот на партиите, дека радикалните партиитебез разлика десни или леви, се оние кои од анкета во анкета добиваат се повеќе поддршка. Друг интересен податок, што ги плаши политичарите во ЕУ е и апатијата на гласачите и нивната незаинтересираност да гласат на овие избори.

Секако, ваквото расположение можеби и не е некакво изненадување, особено ако се има предвид економската криза и неспособноста, како на самите земји членки така и на европската институции да се справат со ваквиот удар. Кризата не само што донесе армија од невработени, туку ја засили недовербата во европскиот проект, која и претходно беше присутна, но без позначајна поддршка. Така, со оглед на расположението на електоратот, повеќе од јасно е дека во оваа изборна трка политиката на проширување воопшто нема да биде приоритет. А тоа веќе сериозно се насетува и од реториката на партиите кои се борат за пратеничко место во Европскиот парламент, но и од изјавите на кандидатите кои аспирираат за претседателското столче во Комисијата. Справување со невработеноста, подобрување на економската состојба, спречување на следна финансиска криза овој пат ќе бидат прашањата околу кои најмногу ќе се кршат копјата во овој изборен циклус. Всушност, ова и не е некое особено изненадување за земјите аспиранти кои го чекаат својот ред да се протнат низ европската порта и да станат дел од ЕУ. Слична реторика упатуваа и челниците на


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

бум-трес Ѓукановиќ демонстрира зошто црна Гора веќе преговара за влез во еу

Ц

рногорскиот премиер, Мило Ѓукановиќ, покажа што значи кога се има јасна цел, односно конзистентност на политиките, кои, во случајот, резултираа со преговори за членство во Европската унија и со изгледна можност за влез на Црна Гора во НАТО веќе на следниот самит. Ѓукановиќ покажа и дека е подготвен да ја плати цената на изборот, па на Русија, од чии туристи и тоа како е зависна економијата на Црна Гора, а која ги оцени како непријателските изјавите на Ѓукановиќ

дадени во тек на неговата посета на САД, & одговори: „С$ што изнесов јавно, во разговор со американските официјални лица, е во согласност со националните интереси на Црна Гора и со нејзините надворешно политички определувања за членство во НАТО и во ЕУ, и не е антируско интонирано.“ Црногоскиот премиер во добар дипломатски манир изрази и уверување дека односите меѓу Црна Гора и Русија ќе продолжат да се развиваат во духот на повеќевековната традиција.

i desni paRtii e poddR[ka vo eU

51

Лесја ОрОбец

пратеник во Украина

Ова се добри вести. Барем десет непријатели се убиени денес. Пратеничката од партијата на Јулија Тимошенко слави на фејсбук за смртта на десет луѓе во Доњецк. Колумина требало да загинат за добрите вести да станат одлични, не е јасно.

НиКОЛа спасОв

агенција Рејтинг

Со последната прогноза за претседателските избори се покажа дека нашата методологија, која досега беше репер, потребно e да се корегира... Откако ќе утнеш едно 100 илјади гласа, се што преостанува е корекција

меНдух тачи

лидер на ДПА

Нашата програма е Македонија да има дводомен парламент. Токму тоа и фалеше на Македонија... откако се друго е решено во државата

twitter

државите членки во годините наназад, особено по ескалацијата на финансиската криза. Но секако е обезхрабрувачка порака за земјите аспиранти- меѓу кои и Македонија, , каде поддршката за членство во ЕУ од година во година опаѓа и каде со години владее статус кво состојба. Секако, никој децидно не вели дека ЕУ ќе се откаже од проширувањето, но станува јасно дека дури и да се започнат преговорите, преговарачкиот процес ќе трае многу подолго од досега

воспоставениот, а кој вообичаено траеше од шест до осум години. Инаку, парламентарните избори во ЕУ ќе се одржат во 28 земји од 22-25 мај на кои глас ќе имаат преку 400 милиони луѓе кои ќе избираат 751 претставници во Европскиот парламент. Изборите се одржуваат на секои пет години, а најголемите политички партии се Европската народна партија односно ЕПП, партијата на Социјалистите и демократите, партијата на Либералите, партијата на Зелените и европската левица.

1

Ф као Фреш@exfreshco3h

2

Meadow @medodimoski15m

3

Кинез@poremeten3h

Država: Makedonija. Mesto: Skopje. Vreme: zastanalo

За џоинт и за избори секогаш треба да има втор круг.

Продавам бубрег....... ИТНО!!! Поради заминување во странство !!!!


Капитал број 755 18.04.2014

52

www.kapital.mk

политиКа

VMRO-DPMNE i DUi sO zaEDNi^kO scENaRiO za DEPlasiRawE Na sDsM i Na DPa!

првиот Круг намеСто да го разниша го зацврСти груевСКи

Во услови во кои СДСМ не прифаќа дека резултатите од првиот круг гласање се реални, но не најавува бојкот, туку сосема нелогично (оти ако сега се нереални, како би биле на 27-ми?) победа во вториот круг за Пендаровски, (но и на парламентарните избори), а ВМРО – ДПМНЕ ја зацврстува својата реторика во која главната теза е дека мора да освои 62 пратеници за да стави крај на уцените на долгогодишниот коалициски побратим, ДУИ, Капитал анализира – какви можни сценарија не очекуваат, не само на вториот круг од претседателските, туку и на предвремените парламентарни избори!?

868.797

избирачи (48,87 %) гласаа на првиот круг од изборите

449.068 326.133 31.363 38.965 гласови освои Иванов

е резултатот на Пендаровски

23.674

дури толкав е бројот на неважечки ливчиња

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

Б

освои Попоски

фотоархива на Капитал

ројките обично бараат толкување, но честопати умеат да зборуваат и сами за себе. Резултатите од првиот круг на претседателските избори се повеќе од јасни и ја позиционираа опозицијата далеку од можноста или

барем од очекувањата дека ќе го загрози комодитетот на премиерот Никола Груевски и неговото ВМРО–ДПМНЕ, на предвремените парламентарните избори кои следуваат. Разликата од неверојатни 122.935 илјади гласови (според последните податоци од Државната изборна комисија) со кои „Тимот Македонија“ составен од владејачката коалиција, предводена од ВМРО – ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски и нивниот кандидат за претседател Ѓорге Иванов води пред опозициската коалиција здружена околу СДСМ и кандидатот Стево Пендаровски, го потврдија фактот дека комодитетот на власта никако не е загрозен.

за кандидатот Халими

Настрана сите обвинувања за изборен фалсификат, за закани и притисоци и (не)суптилно купување гласови, јасно е дека станува збор за голема разлика којашто многумина ја толкуваат како сигнал дека наместо власта да станува лесен залак за опозицијата имајќи ги предвид многуте нереализирани стратешки државни цели, во Македонија има обратен феномен – опозицијата слабее. Пендаровски, којшто за волја на вистината се обиде максимално да се дистанцира од партијата и да се наметне како кандидат што утре би бил натпартиски претседател, својата


www.kapital.mk

капитал број 755 18.04.2014

политика никола Груевски лидер на ВМРО – ДПМНЕ

Г

лавната порака на Груевски е– “ми (ни) требаат 62 пратеници за да ги сопреме заканите и уцените од ДУИ“ или во превод кај обичниот македонски граѓанин – изборот ви е „слобода, демократија, право на говор...се саде „нереални и материјално неопипливи“ вредности што ви ги нуди СДСМ или ослободување од канџите на Албанците (оти тие сакаат претседател Албанец, спикер Албанец, буџет по етнички клуч, двојазичност на целата територија на земјата итн)... Ако е искрен, дури и да освои 62 пратеници, како е можно во неговата нова влада да најде место Ахмети заради коишто Груевски и распиша избори и бара такво мнозинство!?

али ахмети лидер на ДУИ

З

арем можно беше Ахмети да повика на глас за Иванов, кога контра него го има ем “европски“, ем “проалбански“ ориентираниот Пендаровски!? Зар можно беше да повика на глас за Пендаровски кога идејата му е повторно да влезе во Влада, а знае дека Заев нема биде мандатарот. Како да изигра Ахмети, а да не му се налути Груевски со кого што утре пак ќе треба д�� прави коалиција? Играта на картата на бојкот за Ахмети е нешто како глас „воздржано“ во собрание кога се носи некој недемократски закон без ѕвездичка.

Зоран Заев лидер на СДСМ

Н

есфатлив е ставот на СДСМ дека изборите се нелегитимни и не ја одразуваат волјата на граѓаните. Ако СДСМ смета дека ова е вака, како е можно тогаш да учествува во вториот круг и воопшто на парламентарни избори, па уште и да најавува победа!? Со години СДСМ е загубена во меѓупросторот на оценките дека ова е диктатура и режим, и сопственото учество во таа „диктатура и режим“ со легитимирање на сите избори и институции... Уште еден потег што изгледа неискрено пред електоратот.

53

мендух тачи лидер на ДПА

К

аква ќе биде позицијата на ДПА и на Мендух Тачи, ако се покаже дека бил само искористен како алатка во рацете на Груевски за зголемување на заканите кон Ахмети? Ситуација во која има само еден кандидат за претседател кај албанскиот блок, а во која се освоени само 39 илјади гласа, говори за фактот дека ДУИ и тоа како држи го “под конец“ мнозинство од албанското население во земјава, кое строго ја следело партиската директива дека не смее да гласа (дури ни за Албанец)...


Капитал број 755 18.04.2014

политика

Центар

Кисела Вода

-419

Аеродром

Ѓорче Петров

1.541

741

925

424 Карпош

ВМРО ДПМНЕ СДСМ

1.737 1.963

2.540

2.604

3.621

4.085

54

www.kapital.mk

37 Гази Баба

Бутел

-187

Чаир

-378

-1.298 -2.102 Неколку примери за гласањето на овие избори се доста симптоматични. Во Скопје, поточно во сите скопски општини евидентен е раст на поддршката за СДСМ. ВМРО – ДПМНЕ во Аеродром, Кисела Вода, Бутел општини коишто важат за „нивни“ бележат намалување на своите гласови. Тука СДСМ секаде има по 1000 до 3000 гласови повеќе од минатите избори. Во Центар и во Карпош исто така, но тука очекувано има зголемување на гласовите на СДСМ. Со ова разликата помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во главниот град намалена е за цели 20 илјади и 586 гласови. Во другите градови, ВМРО - ДПМНЕ добива силно упориште во Велес –таму освоиле 2373 гласови повеќе од лани, а СДСМ дури 3122 помалку. Интересен е феноменот во Струмица – и едната и другата партија таму се „паднати“ со по околу 3000 помалку. (споредбите ги правиме на бројот на освоени гласови сега и бројот на освоени гласови на советничките листи на изборите лани)

кампања ја темелеше врз податоци дека граѓаните не се задоволни од општата состојба во државата, безработицата, селективната правда, партизираноста на институциите, загрозените демократски права и низата притисоци. Врз основа на тоа, главната порака му беше дека кандидат поддржан од структура којашто го произвела сето ова, но и кандидат којшто немо го набљудувал ваквото тонење на државата и институциите, не може да биде (и никако не по втор пат) претседател на државата. На сметка на тоа, себеси се претстави како еден современ, речит, смирен и благ во настапот, нов политичар којшто ќе внесе свежина на политичката сцена. Голем дел од својот влог тој стави на страната на гласачите од албанскиот блок, но резултатите покажаа дека за него не е проблем само тоа што тие не излегоа на гласање, оти неговиот резултат е првенствено слаб кај македонската заедница. Затоа, после дебаклот на првиот круг од изборите, во штабот на најголемата опозициска партија евидентно беше дека и самите се шокирани од резултатите, но што е поважно дека тие немаат никаква стратегија – што понатаму. „Не е можно! Гласовите се украдени, купени... Како ова им успева? На сите анкети водеше Пендаровски! Ова е сосема сомнително“ се коментираше во просториите на главниот штаб на партијата вечерта после гласањето. Во противничкиот штаб, се славеше на само еден час по затворањето на гласачките кутии, кога почнаа да пристигнуваат и првите резултати. Разликата помеѓу нивниот кандидат, Иванов и Пендаровски се зголемуваше од час во час, па некаде околу полноќ, кога и ДИК излезе со првични податоци дека разликата изнесува повеќе од 100 илјади гласови, пред присутните се обратија и премиерот Никола Груевски и претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов. „Денеска Македонија покажа дека има разлика и дека нашиот народ точно ја препознава таа разлика. Ова

е недвосмислено изразена волја на граѓаните која јасно покажува какви вредности поддржуваат“ порача премиерот. Малку подоцна пред јавноста се обрати и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со оценка дека резултатот е неочекуван и несоодветен на волјата и расположението на граѓаните. „ВМРО-ДПМНЕ исплашени од губењето на власта преку системска кражба на гласови во деновите пред и на денот на изборите ја спречи волјата на граѓаните. Крајниот резултат е нов удар врз кревката демократија во Македонија“ кажа тој. Двете пораки се сосема различни и двете оценки на текот на гласањето исто така. Во услови во кои СДСМ не прифаќа дека резултатите од првиот круг гласање се реални, но не најавува бојкот, туку сосема нелогично (оти ако сега се нереални, како би биле на 27-ми?) победа во вториот круг за Пендаровски, (но и на парламентарните избори), а ВМРО – ДПМНЕ ја зацврстува својата реторика во која главната теза е дека мора да освои 62 пратеници за да стави крај на уцените на долгогодишниот коалициски побратим, ДУИ, Капитал анализира – какви можни сценарија не очекуваат!? Ако победи Иванов, што тоа ќе значи за односите на Груевски со Ахмети? Како Ахмети, ако победи на парламентарните во албанскиот блок, планира да влезе во Влада со премиер чијшто кандидат за претседател не го поддржува и не го признава? Можно ли е да освои Груевски 62 пратеници? Поважно, ако навистина освои, како тоа ќе влијае врз коалицијата? Како ДУИ и Али Ахмети мисли после овие избори, во кои очигледно се демаскира целата нивна наводна посветеност на евроатлантските интеграции и соживотот, да продолжи на политичката сцена претставувајќи се за борец за демократија, додека свесно креира договор со ВМРО – ДПМНЕ за взаемна помош во останувањето на власт? Каква ќе биде позицијата на ДПА и на Мендух Тачи, ако наскоро, (како што покажуваат резултатите, уште на гласањето на 27-ми)

се покаже дека бил само искористен како алатка во рацете на Груевски за зголемување на заканите кон Ахмети? Каде е СДСМ во целата приказна? Како и дали оваа партија ќе го преживее поразот што и виси над глава? СДСМ упорно ја повторува приказната дека народот не се осмелува да ги поддржи. Едно е јасно – СДСМ народ не може да увезе, па очигледно е дека ќе мора да го приспособи своето највисоко раководство, програма и потези согласно со потребите на овој народ... Но, ова е лекција којашто партијата требаше да ја совлада во осумте години поминати во опозиција... Дали е сега предоцна и дали на повидок се нови внатрепартиски поделби? Како ќе се позиционираат помалите политички партии? Сите овие прашања се наметнуваат и заслужуваат сериозна анализа, и покрај фактот дека во македонската политика, анализите се менуваат на дневна основа согласно константното пазарење помеѓу политичките субјекти.

Демаскирање на ДУИ!

Овие избори, особено резултатите од првиот круг отсликаа еден непобитен факт – дека ВМРО – ДПМНЕ и коалицискиот партнер ДУИ се во многу постабилна релација од што мислат многумина аналитичари, дипломати, новинари и домашни политичари. За разлика од претходните години, кога договорите коишто паѓале на коалициската маса беа премногу очигледни, овој пат, мора да се признае дека двете партии презентираа(т) еден совршено суптилен метод на взаемно помагање во битката да останат на власт што подолго. Прво, ако се анализира самата идеја за распишување на предвремени парламентарни избори – таа е креација токму на двете партии и ниедна од нив не се противстави на ова апсолутно непотребно трошење на државни пари со една цел – продолжување на сопствениот мандат. Главната теза и порака која ја презентира


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

политика премиерот Груевски на овие избори е една – „ми (ни) требаат 62 пратеници за да ги сопреме заканите, притисоците и уцените од ДУИ“ или во превод кај обичниот македонски граѓанин – изборот ви е „слобода, демократија, право на говор...се саде „нереални и материјално неопипливи“ вредности што ви ги нуди остатокот од „режимот на Црвенковски“ во СДСМ или ослободување од канџите на Албанците, земање на државата во наши раце, рацете на мнозинството и крај за нивните уцени (оти тие сакаат претседател Албанец, спикер Албанец, буџет по етнички клуч, двојазичност на целата територија на земјата итн)...“ Резултатите покажаа колку оваа теза во облик на заплашување со будење на етничките духови е ефикасна. Од друга страна се ДУИ. Сосема остра реторика на сметка на коалицискиот партнер, но и сосема иста суштина во настапот. Ахмети вели – не гласајте, бојкотирате, нема во овие кандидати избор за консензуален претседател! А што друго би соопштил лидерот на Демократската унија која интеграцијата ја има во своето име!? Зарем можно беше Ахмети да повика на глас за Иванов, кога контра него го има ем „европски“, ем „проалбански“ ориентираниот Пендаровски!? Зар можно беше да повика на глас за Пендаровски кога идејата му е пак да влезе во Влада, а знае дека Заев нема да му биде „содружникот“ Како да изигра Ахмети, а да не му се налути Груевски со кого што утре пак ќе треба да прави коалиција? Играта на картата на бојкот за Ахмети е нешто како глас „воздржано“ во собрание кога се носи некој недемократски закон! Што се однесува до парламентарните избори, пораката е сосема иста – гласајте за нас, за да освоиме над 25 пратеници и да не зависиме од уцените на ВМРО – ДПМНЕ! Само во Македонија, како што стојат работите, ќе можеме многу скоро да сведочиме како партии коишто користат вакви квалификации една за друга, утре ќе бидат главните сочинители на владината коалиција. Погледнете ги програмите – ВМРО – ДПМНЕ бара претседател избран од мнозинството граѓани, ДУИ бара тој да биде прифатен и од малцинството, ВМРО – ДПМНЕ бара двојазичност во општините каде што тоа ја рефлектира реалната ситуација на терен, ДУИ бара албанскиот да се користи во целата држава (и во Берово или Кавадарци на пример), ВМРО – ДПМНЕ бара што повеќе странски инвеститори, ДУИ ќе се залагале за подобар третман на домашните, ВМРО – ДПМНЕ јасно порачува дека нема промена на уставното име во спорот со Грција, ДУИ бараат влез на Македонија во ЕУ и во НАТО и поскоро решение на спорот (не е наведено како)... итн. итн... Ако разликите помеѓу нивните клучни концепти се олку големи, зарем не е логично ДУИ да го поддржеше Пендаровски во првиот круг и да прати јасен сигнал околу својата позиција во вториот !? Инсистирањето на „мајскиот договор“ во вакви услови е сосема нелегитимно, оти се сведува на форма и празни бројки и се наметнува прашањето, дури и да освои Груевски навистина 62 пратеници, како е можно во неговата нова влада да најде место партијата и лидерот Ахмети заради

55

МОСТ: Чудно голема бројка на тие што гласаат ден порано, прерано почната кампања, политички говори на членови на ДИК

П

релиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека гласањето на 13-ти април помина во мирна атмосфера со изолирани тензични ситуации и релативно висока излезност на граѓаните, имајќи го предвид фактот дека една политичка партија водеше кампања за бојкот на претседателските избори. Но, оттаму потенцираа дека фактот што видливото мастило лесно се отстрануваше беше причина за поголем број издржани реакции од страна на јавноста и гласачите. Според МОСТ ваквата појава несомнено имаше влијание врз довербата на гласачите во изборниот процес. „И на овие избори беше присутна практиката избирачките одбори на глас да ги читаат имињата на гласачите, и покрај тоа што на обуките за изборната администрација беше нагласено дека ваквата практика е неприфатлива. Иако ова не претставува прекршување на законот, сепак оваа практика е форма на индиректен притисок врз гласачите. Пред објектите на одреден број од гласачките места беа забележани лица кои ги евидентираа граѓаните кои гласаа. Ова исто така претставува еден вид на притисок врз гласачите“, стои во прелиминарната изјава на набљудувачите. Во однос на предвременото гласање спроведено пред денот на изборите, од МОСТ велат дека годинава бројот на лица кои се пријавиле за овој вид гласање изнесува 7.386, што претставува намалување во однос на претходните изборни процеси. „Сепак, имајќи го во предвид упатството на ДИК1 за овој вид гласање, оваа бројка се уште е нереално висока. Останува да се надеваме дека оваа бројка нема драстично да се зголеми за парламентарните избори. Што се однесува до текот на овој вид гласање, генералната забелешка е дека во поголемиот дел од случаите не била почитувана тајноста на гласањето и ИО не ја познавале доволно процедурата за спроведување на ова гласање“ Граѓанската асоцијација потсетува дека повторно бевме сведоци и на предвремено започнување на кампањата од страна на кандидатите.

коишто Груевски и распиша избори (оти нели уцените станале неиздржливи) и со коишто никако не може да се разбере околу клучните државни цели!? Од друга страна, резултатите на ДПА не отвораат некоја можност дека Тачи маестрално би се вратил на политичката сцена. Ситуација во која има само еден кандидат за претседател кај албанскиот блок, да се освојат само 39 илјади гласа, говори за фактот дека ДУИ и тоа како држи „под конец“ мнозинство од албанското население во земјава, кое строго ја следело партиската директива дека не смее да гласа (дури ни за Албанец)... Ахмети вака покажа дека тој е се уште газда во куќа од „Групчин натаму“ и дека „ваков или таков“ Груевски ќе мора да го земе предвид во секоја коалициска математика. Ахмети е сосема свесен дека

идејата за неуспешни претседателски избори никако не може да му успее, се додека СДСМ излегува на гласање, но оваа игра (освен првата поента со дистанцирањето додека “Македонците си вадат очи“) секако има цел да си ја измери силата во својот блок. Анализирајќи ги состојбите од оваа гледна точка, максимално е нереално да се очекува дека доколку ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ би однеле нова победа на изборите на 27 тие не би правеле Влада само заради различните визии за земјата... Се појасно е дека тие во тие различни визии владеат со години и дека овој пат истите ги искористија само во агитација и подбуцнување на своите електорати за што поголема поддршка. И за по кој знае кој пат влепување на нова шлаканица на опозицијата (и СДСМ и ДПА) и обид за нивно срамнување со земја...


Капитал број 755 18.04.2014

56

www.kapital.mk

политиКа в австралија иванов во освои фантастични над 90,95% од гласовите

Дијаспората битно „не го Дава името“!

И

покрај неговите јасни залагања за европскиот курс на земјата, Пендаровски не поминал добро кај нашинците во Европа во изборната единица 7 (Европа и Африка) од вкупно излезените 1859 гласачи (што е нешто над 30 % Новата коалиција како и да е, секако се очекува да биде составена од истите политички партии

Нејасна и непродуктивна стратегија на СДСМ Што прави во меѓувреме

излезност), тој освоил само 274 гласа. Најмногу избирачи гласале за Иванов – 1540. Кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски освоил 17 гласа, а оној на ДПА, Иљаз Халими само 4. Во изборната единица 8 (Австралија и Азија) гласале 45 % од избирачите

СДСМ? Како да се одговори на ова прашање, кога се посилен е впечатокот дека ни во највисокото партиско раководство не би знаеле искрено да кажат. Изборите кои се организираат речиси секоја година како да не оставаат простор за

или 453 гласачи. Иванов тука освоил фантастични над 90 % од гласовите или во бројка вкупно 412 иселеници на овие далечни континенти сметаат дека тој заслужува втор мандат. Пендаровски освоил само 18 гласа, Попоски 2, а Халими ниту еден. Иванов кај нашинците во Австралија очигледно останува една од омилените политички фигури. Што се однесува до американскиот континент (Северна и Јужна Америка, или изборна единица број 9) излезноста таму е најмала – само 23 %, или 340 гласачи. И тука убедливо води Иванов со 292 гласа, на сметка на освоените 43 од страна на Пендаровски. За Халими преку Атлантикот гласал само еден иселеник, а за Попоски гласале тројца.

опозицијата да застане на нозе, да ги консолидира своите редови и потоа со една трезвена стратегија да настапи пред електоратот и да побара поддршка од гласачите. Од страна гледано, ова наликува на бокс – натпревар

во којшто поразениот таман и едвај што успева воопшто да се исправи, добива нов нок-даун, после којшто и оние што најсилно навивале за него се прашуваат дали е можеби време да најдат нов играч на кого би се обложиле! Секако, се наметнува и


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

политика

57

ОБСЕ и ОДИХР: Организирано гласање, пристрасно медиумско известување и неразграничување помеѓу државните и партиски активности

О

рганизираното гласање во Шуто Оризари, пристрасното и неизбалансирано медиумско известување и неразграничувањето помеѓу државните и партиски активности, се дел од забелешките на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во земјава. - Државната изборна комисија главно функционираше ефикасно, иако одредени нејзини членови даваа партиски изјави. Јавниот радиодифузер не успеа да обезбеди избалансирано покривање на изборите. Не е демократски да се апелира за бојкот на изборите, како што се случуваше, има недоворба во Избирачкиот список и грешка беше што се користеше маркерот, наместо невидливото мастило. Јасната поддршка од Владата за актуелниот претседател и кандидат не ја испочитува во целост одвоеноста на партијата и државата. Кампањата беше активна и кандидатите се впуштија во динамична агенда на митинзите, меѓутоа теренот за натпревар не беше рамноправен – рече амбасадорот Герт Аренс. Во извештајот е наведено и дека набљудувачите добиле информации и обвинувања за притисок врз администрацијата за да присуствува на митинзи, понекогаш дури и во работното време, притисок да не се излегува на митинзите на противниците, ветувања или закани за вработување и губење на работно место во администрацијата, социјални бенефиции како стимулација за гласање, и барање листи со лица кои би гласале за владејачката партија. На прашањето дека на прес-конференцијата воопшто не се слушналo фер и демократски избори, Аренс одговори дека не ги оценуваат изборите по принципот бело и црно и оти конечната оценка на изборите ќе ја дадат по завршувањето на вт��риот круг.

дилемата за капацитетот на оваа партија и на нејзиниот кадар да се износат со темпото, динамиката и политичката тактика на Груевски, која секој пат ги изненадува, ги фрапира и ги остава во позиција на општа парализа. СДСМ го смени своето раководство. СДСМ го смени и начинот на дејствување. СДСМ дури го смени и начинот на подготовка на пратеничките листи. Единствено нешто што останува непроменето во СДСМ во последните осум години се поразите, од коишто СДСМ и нејзините поранешни и сегашни челници не учат ништо. Неколку потези на СДСМ за време на кампањата, но и вечерта кога резултатите од првиот круг станаа познати се сосема нелогични. Прво, ако клучната теза во овие парламентарни избори се насетуваше дека ќе биде таа за наводниот криминал и корупција во владејачката партија, нејасни се изјавите: „ќе објавиме бомба документи за криминал,кога ќе дојдеме на власт“!? додека сите до една опозиции во светот работат по обратен редослед – презентираат докази за злоупотреба на власта од страна на државните функционери, па со помош на тие афери и докази доаѓаат на власт. Како мислат во СДСМ да добијат гласови на „жими мајка“ и на најави за „досега невидени“, „силни“, „непобитни“, „бомба докази“ кога истите (ако ги имаат) не

ги презентираат тогаш кога е најпотребно! Лидерот Заев токму на денот на затворањето на овој број на Капитал излезе со силно обвинување дека наводно премиерот Никола Груевски како претседател на ВМРО - ДПМНЕ земал 1,5 милиони евра „кеш“ од некој познат бизнисмен, пари за кои Заев ја отвори дилемата дали биле искористени во изборната кампања... Но, многумина сметаат дека овие прес -конференции нема многу да помогнат помеѓу двата изборни циклуса и дека ако се одело на тактита на силни напади, тоа требало да почне порано и поважно без секојдневни најави кои на противникот и тоа како му даваат простор да спремат „одбрана“ „Кога во некого сакаш да пукаш, не му велиш да внимава“ вели еден англиски мудрец. Во СДСМ веројатно не ја чуле изреката... Во секој случај, ќе видиме како ќе тече кампањата и какви се обвинувања ќе презентира опозицијата. Друг потег којшто е несфатлив е ставот дека изборите се нелегитимни и не ја одразуваат волјата на граѓаните. Ако СДСМ смета дека ова е вака, како е можно тогаш да учествува во вториот круг и воопшто на парламентарни избори, па уште и да најавува победа!? Со години СДСМ е загубена во меѓупросторот на оценките дека ова е диктатура и режим, и сопственото учество во таа „диктатура и режим“ со

легитимирање на сите избори и институции...Уште еден потег што изгледа неискрено пред електоратот. СДСМ мора да знае дека си има работа со машинерија којашто добро знае што е реална политика, кој е психо –социолошкиот профил на македонскиот граѓанин, кои се неговите базични потреби и да сфати дека за евентуална победа потребно е многу повеќе од бомбастични прес конференции на новата „ѕвезда“ Петре Шилегов. Жалбите дека методите кои власта ги користи за да победи на изборите се невидени (прво не се точни, оти се видени во многу држави во регионот и пошироко, дел од нив и кај нас за време токму на нивното владеење), дека нема медиуми (кој ги спречува

нивните симпатизери да извадат 3-4 милиони евра и да направат една телевизија на пример), дека има притисок и слично зрачат немоќ. Од сите овие „карактеристики“ на владеењето на Груевски СДСМ треба да научи на профитира, а не да паѓа се подолу. Освен ова, доволен е мал контакт со партијата за да се заклучи дека внатрешните поделби се и тоа како присутни, што за Заев е дополнителен проблем. Вечерта после гласањето, во штабот на СДСМ освен најтесното партиско раководство, едвај можеше да се види по некој пратеник или истакнат партиски функционер или коалициски партнер... Партијата и тоа како е пред силни внатрешни реформи. Или барем, треба да биде.

АПЕЛ ЗА ПОМОШ Драги пријатели, да бидеме хумани и да му помогнеме на едно мало детенце да ги види сите убавини на овој свет, да ги види насмеаните лица на мама, тато и сите кои неизмерно го сакаат. Малиот Максим Стојановски е роден пред една и пол година и има проблеми со видот. По долгите испитувања утврдено е дека тука во нашава земја нема решение за лекување на Максим и потребно е да се изврши операција во странство. Клиниката е веќе пронајдена, но сумата која се побарува е навистина голема. Затоа, Мама и Тато на Максим не замолуваат сите нас да помогнеме.

ДА ПОМОГНЕМЕ МАКСИМ ДА ИМА ПРЕКРАСНО ДЕТСТВО ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИЈА:

ЖИРО СМЕТКА ЗА ДОНАЦИЈА:

• T-Mobile 070 143 123 • ONE 075 143 171 • VIP 077 143 773

НЛБ Тутунска банка АД Скопје жиро с-ка бр.: 210 7000006132 73 цел на дознака: донација за лекување во странство

(Со секој повик се донираат 100 денари)


Капитал број 755 18.04.2014

58

www.kapital.mk

аналиЗа

Што предвидоа анКетите, а Што се случи?

Na rejtiNg ageNcii (Ne) mo@e da im se v пишувa:

Љупчо Златев

ljupco.zlatev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

М

ногу често на предизборните собири и митинзи политичарите знаат да кажат „водиме на сите анкети“. Според експертите, анкетите освен што ја покажуваат сликата на изборите, служат и за куражење на партиските активисти кои работат за изборите, но и за манипулација со јавноста. Во Македонија постојат дваесетина агенции за истражување на јавното мислење, а нема детални законски одредби за тоа кој може да спроведува анкети за истражување на јавното мислење. Па така јавното мислење може да го сондираат и агенции и здруженија, а законските одредби важат само за медиумите кои не смеат да објавуваат анкети последните седум дена пред денот на изборите и имаат посебен правилник за објавување на резултатите.

Кој ги погоди резултатите на првиот круг на претседателските избори?

Пред првиот круг од претседателските избори најпрецизна анкета објави Институтот за Политички Истражувања – Скопје (ИПИС). Околу еден месец пред првиот круг на претседателските избори ИПИС предвиде дека Ѓорге Иванов ќе има гласачко тело кое би се движело од 24% до 29% од вкупниот број на гласачи, а Стево Пендаровски би имал од 17,4% до 19,4%, на Зоран Поповски од ИПИС му дадоа 1,5% а за Илијаз Халими ИПИС сондираше од 3,9% до 6,1%. Генерално, ИПИС ги погоди резултатите со маргинална грешка, Иванов доби 25,9% од запишаните на избирачки список, а Пендаровски 18,32%. Нешто поголема беше грешката кај Халими кој освои само 2,19%, а најмала беше кај Зоран Поповски, кој освои 1,72% од запишаните во избирачкиот список. Ако се собере резултатот на сите кандидати отстапувањето не беше поголемо од 3%. Во претходните изборни циклуси, рамо до рамо со ИПИС и ИДСЦС, во прецизноста се истакна и агенцијата „Рејтинг“. Во првиот круг на претседателските избори „Рејтинг“ промаши кај Иванов за огромни 16,5% (тие предвидоа околу 35%, Иванов освои 51,65% од оние кои излегоа да гласаат),

но затоа рејтингот на Пендаровски го погодија со отстапување од само 1,5%. Кај Поповски, „Рејтинг“ утна само со 0,4%, а кај Илијаз Халими отстапката им беше околу 5%. Центарот за истражување и Анализа ЦИА, промаши за околу 8%, тие му дадоа 8% поголема разлика во полза на Иванов во споредба со Пендаровски. Павел Шатев промаши во разликата Иванов - Пендаровски за само 1%, Институтот Димитрија Чуповски исто како и Павел Шатев беше блиску во предвидувањето. Но, нивната методологија само детално ја предвиде разликата, а не деталната слика, затоа што процентите беа поинаку изразени. Пред овие избори се појави извесна агенција „ЦИГ“, која предвиде двојна предност на Пендаровски, што се покажа како сосем спротивно од резултатот на првиот круг. Во медиумите оваа агенција се претстави како светски позната, за подоцна експертите јавно коментираат дека таква агенција не постои и дека се работи само за конструкција на медиумите.

Зошто се објавуваат анкети со лажирани резултати?

Многу често во јавноста се појавуваат мерења на рејтингот кои по изборите се покажуваат како неточни. Овие


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

анализа

59

Многу често во јавноста се појавуваат мерења на рејтингот кои по изборите се покажуваат како неточни. Овие анкети често имаат дијаметрално спротивни резултати една со друга. Експертите се категорични дека многу ретко се работи во методолошка грешка, туку за лажирани анкети со цел да се галванизира јавноста. „Капитал“ истражува кој ги погоди резултатите на првиот круг на претседателските избори? Зошто се објавуваат анкети со лажирани резултати? Кој беше најблиску на претходните изборни циклуси? Зошто агенциите често не ги објавуваат вистинските резултати?

ite veruva анкети често имаат дијаметрално спротивни резултати една со друга. Според експертската јавност целта на политичките партии е со овие лажирани сондажи да ја стават јавноста во заблуда и да ги насочат граѓаните за кого да гласаат. Според комуникологот Петар Арсовски, лажираните анкети се користат како алатка за политички маркетинг. Според него, неточните анкети многу ретко се со неточен резултат поради погрешна методологија или погрешен примерок, туку скоро секогаш се манипулација, во обид да се претстават резултатите кон кои подоцна гласачите би требало да се приклонат. “Гласачите често се приклонуваат кон победникот, калкулираат со својот глас. Така, ако подолго време на анкети

извесна партија е прикажана како фаворит, таквите анкети влијаат кај оние гласачи кои се авторитарни, кои сакаат да се приклонат кон победникот. Сепак, за голем дел од електортот, анкетите имаат површно и транзиторно влијание, а нивните лични политички убедувања го имаат последниот збор“, вели Арсовски. Координаторот на Институтот за политички истражувања, Владимир Божиновски има поинаков став. "Влијанието на лажираните анкети во менување на јавното мислење е занемарливо мало и може да користи само за мобилизација на базата на партиите.Многу почесто неточните анкети се обид за манипулација со јавноста отколку методолошка грешка или грешка во примерокот", вели Божинвски. Многу често за големите отстапки кои ги имаат, агенциите како оправдување го земаат феноменот спирала на молкот. Спирала на молкот, настанува кога граѓаните поради страв дека нивното мислење е различно од она на мнозинството решаваат да не одговорат на анкетите. Во светот многу ретко се случува овој феномен, а во Македонија според експертите се случил единствено во 2011 година. Сепак, постојат агенции кои традиционално во предвидувањата се блиску до изборните резултати, а кога е присутна спиралата на молкот, таа важи за сите.

Кој беше најблиску со предвидувањата на претходните изборни циклуси?

Најголемо промашување за на локалните избори во 2013 имаше „Прогрес“ Институтот за социјална демократија, кој важи за истражувачки и образовен идеолошки близок со СДСМ. Прогрес за локалните избори прогнозираше победа на кандидатите за градоначалници и листите на СДСМ во град Скопје и општините: Аеродром, Ѓорче Петров, Прилеп, Кисела Вода, Кочани, Карпош,

репрезентативен примерок

П

римарната задача на анкетите е да го истражуваат, а не да го креираат јавното мислење. Во сите западни држави постојат релевантни агенции кои со најмала грешка ги предвидуваат изборите. Анкетите кои се објавуваат агенциите ги плаќаат со свои пари, затоа што ретко кој од нарачателите дозволува анкетата да му се објави. Многу е важно агенциите да ги објавуваат резултатите пред избори, затоа што со тоа тие стекнуваат кредибилитет со кој понатаму се наметнуваат на пазарот за истражување на рејтингот и истражувањата на пазарот. Точниот демографски репрезентативен примерок е многу поважен за анкетите од бројот на испитаниците. Американската агенција „Галуп“ прва со огромна точност ги предвиде резултатите на изборите во 1935 година, кога за разлика од другите агенции со мал репрезентативен примерок „Галуп“ прецизно успеа да ја погоди победата на Франклин Рузвелт. Охрид, Битола, Велес. Погоди само за Центар, Куманово и Струмица. Агенцијата „Рејтинг“ на Никола Спасов за локалните избори во јавноста објави анкета само за општина Центар. Рејтинг сондираше дека во вториот круг 52.5% од гласачите кои ќе излезат ќе гласаат за Андреј Жерновски, а 46.7% за Владимир Тодоровиќ. На изборите ова истражување се покажа како точно, Жерновски имаше 54.28% а Тодоровиќ 43.29%. За разликата помеѓу советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Центар, „Рејтинг“ имаше отстапка од само 0.5% „Институтот за политички истражувања“

Владимир БожиноВсКи

Петар арсоВсКи

Влијанието на лажираните анкети во менување на јавното мислење е занемарливо мало и може да користи само за мобилизација на базата на партиите.Многу почесто неточните анкети се обид за манипулација со јавноста отколку методолошка грешка или грешка во примерокот

Гласачите често се приклонуваат кон победникот, калкулираат со својот глас. Така, ако подолго време на анкети извесна партија е прикажана како фаворит, таквите анкети влијаат кај оние гласачи кои се авторитарни, кои сакаат да се приклонат кон победникот. Сепак, за голем дел од електортот, анкетите имаат површно и транзиторно влијание, а нивните лични политички убедувања го имаат последниот збор

координатор на Институтот за политички истражувања

комуниколог


Капитал број 755 18.04.2014

60

www.kapital.mk

анализа

– Скопје (ИПИС), не објави анкета со која прогнозираше кои градоначалници ќе победат. Од ИПИС се повикуваат на анкета која ја спроведоа кон крајот на 2012 година. Оваа анкета го погоди рејтингот на советничките листи на ниво на цела Македонија со огромна прецизност со само 0.4% грешка за ВМРО-ДПМНЕ и 0.1% грешка за СДСМ . На овие избори со заеднички проект настапија „Институтот за Демократија Социетис Цивилис – Скопје“ (ИДСЦС) и „Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка“ (МЦМС). ИДСЦС и МЦМС ја погодија излезноста на овие избори на државно ниво со отстапка од само 2%, кај советничките листи тие погрешија за само еден процент повеќе кај ВМРО – ДПМНЕ, 4.5% помалку кај СДСМ, 2% повеќе кај ДУИ, 0.5% повеќе кај ДПА и 5.2% кај другите партии. Кај градоначалниците, ИДСЦС и МЦМС имаа предвидување за 11 општини и град Скопје. Анкетата на двете организации секаде го предвиде победникот со помало или поголемо отстапување. На ланските локални избори исто така прецизни беа институтите „Павел Шатев“ и „Димитрија Чуповски“ кои важат за институти блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Овие два институти на парламентарните избори 2011 ги погрешија резултатите кога предвидоа значително поголема разлика пратеници за ВМРО-ДПМНЕ. Во овој период се појави и „Центарот за истражување и анализа“ (ЦИА). Оваа агенција со своите први анкети предвидуваше огромна предност на СДСМ пред ВМРО – ДПМНЕ, за само неколку месеци ги смени процентите па поддршката според ЦИА се префрли на другата страна. На предвремените парламентарни избори во 2011 година скоро сите агенции не го погодија прецизно процентот на освоени гласови на партиите со отстапување помало од 3%, колку што претставува маргината на отстапување на едно истражување на јавното мислење. Бројот на освоени пратеници од страна на партиите,исто така не беше прецизно прогнозиран. Експертите за истражување на јавното мислење се едногласни во тврдењето дека ова се случило најмногу поради тоа што тие не го погодиле процентот на излезност, од кој многу зависи резултатот на изборите. Сепак, приближно најпрецизни беа Институтите ИПИС и ИДСЦС. ИПИС само за еден пратеник го утна резултатот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, ги погоди осумте пратеници на ДПА, но промаши кај СДСМ

Малку се агенциите кои имаат точни прогнози

П

олитикологот и бивш вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски, е еден од пионерите во методологијата на политичките истражувања во Македонија. Боцевски вели дека во Македонија институтите блиски до партиите прават најголеми промашувања, но во светот тоа не е така. Според неговите анализи на изборните предвидувања, досега најголеми промашувања на изборите направил „Прогрес Институтот“. “Во Америка постојат агенции што се блиски до политичките партии, но тие не си играат ивица БоцевсКи со својот интегритет“, вели Боцевски за политиколог релевантноста на македонските агенции за Во Македонија институтите истражување на јавното мислење. Пред овие избори се појави агенција со име блиски до партиите прават најголеми промашувања, но во ЦИГ која предвиде огромна победа на еден светот тоа не е така. И во Америка од претседателските кандидати. Боцевски постојат агенции што се блиски истражувал и открил дека ваква агенција до политичките партии, но тие не не ни постои и дека тоа веројатно било си играат со својот интегритет само медиумска конструкција.

за 8 пратеници помалку и им даде повеќе шанси на помалите партии на кои им предвиде 12 пратеници, а освоија само 2. ИДСЦС на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ им даде помалку пратеници за 5 на првите и 4 на вторите, на ДУИ и ДПА им предвиде по еден пратеник повеќе, кај помалите партии Институтот за Демократија утна за 8 пратеници. Институтите „Прогрес“, „Павел Шатев“ и „Димитрија Чуповски“ пред овие избори настапија од позиција на цврсти прогнозери во корист на СДСМ односно на ВМРО-ДПМНЕ. На овие избори за последен пат анкета објави „Брима Галуп“, но и оваа агенција, како и останатите ги промаши изборните резултати поради погрешно утврдената излезност. Во 2011 година со анкета излезе и „Институтот за социолошки, правни и политички истражувања (ИСППИ)“, кој е дел од државниот Универзитет св. Кирил и Методиј. ИСППИ предвиде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 4 пратеници повеќе од СДСМ, а на изборите ВМРО – ДПМНЕ освои 11 пратеници повеќе од најголемата опозициона партија. На Парламентарните парламентарни избори 2008 година најпрецизен беше „Рејтинг“, кој ги погоди изборите со грешка од само 0.5%. Веднаш зад „Рејтинг“ во прогнозите погодија „ИДСЦС“. Истражувачкиот центар на „ИДСЦС“ тогаш предводен од Владимир Божиновски кој подоцна ја формираше

„ИПИС“, ја предвиде победата од 3 спрема 1 на ВМРО – ДПМНЕ. На претседателските избори 2009 година „ИДСЦС“ го погоди победникот, но направи грешка од околу 10%.

Зошто агенциите често не ги објавуваат сите анкети?

Многу често агенциите прават само истражувања на јавното мислење кои се интерни и се користат само за потребите на партиите кои ги порачуваат. Ова може да создаде слика дека во јавноста се појавуваат само лажирани или нарачани анкети за партиска пропаганда, а ��очните бројки се наменети само за мал круг на луѓе кои ги подготвуваат кампањските стратегии. Владимир Божиновски од „Институтот за политички истражувања“ смета дека е многу важно агенциите да ги објавуваат точните резултати за со тоа да се наметнат како кредибилни за истражување на јавното мислење и истражувања на пазарот. “За една агенција да стане кредибилна треба да објавува истражувања пред масовните изјаснувања како избори или референдуми. Со точноста на овие анкети агенциите се наметнуваат на пазарот и добиваат кредибилитет за да бидат ангажирани за интерни истражувања од компаниите или партиите“, изјави Божиновски.


ПОКАНА На 12 јуни 2014 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 13. сесија на Клубот на истражувачите. Ве молиме доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, да н$ известите најдоцна до 22 мај 2014 година (четврток). Се надеваме дека ќе побудиме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите да го потврдите најдоцна до 5 јуни 2014 година на тел. +389 2 3298110; електронска пошта: kontakt@kapital.com.mk Клубот на истражувачите е формиран во јули 2011 година, во рамки на активностите за поддршка на развојот на истражувачката и аналитичката работа. Овој клуб е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Согласно со досегашната практика, сесиите на Клубот се одржуваат на тримесечна основа, во март, јуни, септември и во декември. Народната банка има отворен повик до истражувачите за поднесување сопствен труд до Клубот, вклучително и на оние што се во работна верзија. Заради понатамошно промовирање на Клубот на истражувачите и проширување на составот на учесниците, објавуваме покана до сите аналитичари и истражувачи од научно-образовните институции, финансискиот и нефинансискиот сектор, за редовно учество на неговите следни сесии, како дискутанти или како слушатели. На овој начин се овозможува квалитетна и отворена дискусија меѓу истражувачите, носителите на политиките, аналитичарите од финансиските институции и другите учесници. Исто така, преку размената на мислења се обезбедува унапредување на научно-истражувачката работа во земјата. Зачленувањето во клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.


www.kapital.mk

Biznis i politika

Golem interesot za eksploatacija na ja

dali navistina Hrv stane norve[ka na

И покрај бомбастичните најави на Владата во Загреб дека Јадранот спие на нафта и гас и дека овој факт преку ноќ ќе ја препороди земјата, експертите предупредуваат на умереност во проценките и на трпение. Според нив, и да се докаже дека Јадранот е исплатлива дестинација за експлоатација на нафта и гас сепак станува збор за ограничени количини на овие енергенси. Покрај тоа објективните проценки се дека експлоатацијата на овие енергетски ресурси не може да започне порано од 2022 година. пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Х

рватската влада минатата недела го отвори првиот тендер за истражување на наоѓалишта на нафта и гас на хрватскиот дел на Јадранот. Иако првично се искажуваше голема скепса во јавноста за исплатливоста на овој проект, ако се погледне листата на компании кои најавија учество на тендерот може да се констатира едно, на дното на Јадранот дефинитивно има нешто големо. Ексон, Газпром, Лукоил, Тотал, Ина, РВЕ, Едисон, Туркиш Петролеум, Хеленик Петролеум, Петролетик, Хунт Оил, ЈП Ниппон се само дел од добро познатите светски гиганти од енергетската област кои се заинтересирани за експлоатација на гас од Јадранот. Ваквите тенденции ги потврди и министерот за стопанство на Хрватска, Иван Врдољак кој изјави дека очекува голем интерес на енергетските компании за учество на тендерот. Тој

Ексон, Газпром, Лукоил, Тотал, Ина, РВЕ, Едисон, Туркиш Петролеум, Хеленик Петролеум, Петролетик, Хунт Оил, ЈП Ниппон се само дел од добро познатите светски гиганти од енергетската област кои се заинтересирани за експлоатација на гас од Јадранот. ги кажа и очекувањата од ефектот на самиот тендер. „Со почетокот на експлоатацијата од јадранските наоѓалишта Хрватска ќе стане енергетски јазол на овој дел од Европа, со најсигурно снабдување со енергенси и најевтин можен гас за граѓаните и индустријата.По истекот на тендерот Комисијата за оценка на понудата ќе го направи својот дел од работата за два месеци, а потоа следуваат преговори околу договорот кој

првично би требало да биде потпишан во пролета 2015 година“, смета Врдољак. Истражувањето и експлоатацијата на нафта и гас на хрватското крајбрежје е приоритет на Владата на Милановиќ од нејзиното формирање. Пред официјалното објавување на тендерот официјален Загреб изгуби цела една година во подготовка на законските акти. Во меѓувреме беше потпишан договор со норвешката компанија „Спектрум Гео“ за изработка на 2Д сеизмички планови


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

adranskiot Gas i nafta

vatska ]e Balkanot?!

акумулација на нафта и гас. Останува прашање колкави се тие резерви од што од нив може да биде економски исплатливо за експлоатација. Одговор на ова прашање според хрватските медиуми нема да добиеме до 2019 година, а доколку јадранските резерви се покажат исплатливи за експлоатација тогаш таа треба да започне на почетокот на наредната деценија. Експертите за нафта и гас од регионот ја поздравија иницијативата на Владата во Загреб но сепак предупредија дека треба да се биде претпазлив во давање на било какви прогнози. Според изјавата на поранешниот раководител во ИНА Мирко Желиќ за Хрватските медиуми најавите на Хрватските милиони тони еквивал министри дека Хрватска ен тна нафта (гас и нафта), лежа ќе биде регионален и на хрватскиот дел на т на дното европски енергетски џин, Јад според првичните пр ранот се преоптимистички и оценки бомбастични. „Реалноста е малку поинаква. Дај Боже да се покажат точни барем поранешните поскромни проценки на нашите геолози. И тоа би претставувало полни раце богатство. Според истражувањата на ИНА во подморјето има околу 400 милиони тони потенцијални резерви на еквивалентна нафта (2,8 милијарди барели нафта и гас). Нормално, тоа не се целосно искористливи од гасот и 54% од нафт количини. Општопознато ата експлоатира ќе доби која ќе се правило е дека обично се ва Хрватска користат 20% до 40% од потенцијалните резерви, што значи дека во најдобар случај од дното на Јадранот би можеле да се исцрпат околу 160 милиони тони еквивалентна нафта или околу 1,2 за хрватското крајбрежје. Владата милијарди барели. Тоа не многу ако се истовремено претстави и финансиски знае дека во последните 60 години ИНА модел кој предвидува исплаќање веќе експлоатирала од други наоѓалишта на годишни концесии и делење на околу 184 милиони тони еквивалентна профитот. Според овој модел државата нафта“ вели Желиќ. Хрватска треба да добива 60% од гасот и Од друга страна професорот на Рударско 54% од нафтата. Тендерот се однесува на геолошкиот и нафтен факултет во 29 истражни подрачја од 1.000 до 1.600 Загреб, Игор Деканиќ најавува дека и квадратни километри. На северен Јадран се да оди во најдобар ред, Хрватска има осум, а на среден и јужен 21. Според бенефитите од ваквата експлоатација ќе познавачи на состојбите хрватските ги види после цела деценија. депозити на нафта и гас би требало да ги „Истражувањата на Спектрум секако надминат оние од италијанскиот дел на даваат надеж и поттик да се продолжи. Јадранот. Но треба да се знае дека на „нафташите“ ќе им бидат потребни уште три до пет Експертите повикуваат на истражување и после тоа уште претпазливост и воздржаност години толку за припрема на „бушотините“. И Истражувањата на норвешки Спектрум ако се биде според планот ќе поминат го потврдија она што и претходно осум до десет години до почетокот на се се знаеше- дека во јадранскиот производството“ смета Деканиќ кој басен се наоѓаат погодни структури за

400

60%

63

Какво геополитичко значење има хрватскиот гас?

Б

омбастичните најави за експлоатација на големи количини на нафта и гас во Јадранот доаѓаат во многу специфично време за меѓународниот пазар на овие два витални енергетски ресурси. Имено со самото отпочнување на немирите во Украина пред неколку месеци започнаа шпекулациите дека Русија како најголем светски снабдувач со гас и нафта и Украина како земја преку која поминуваат клучните руски гасоводи и нафтоводи многу лесно можат да влијаат на рапидно зголемување на цената на гасот и нафтата. Овие сценарија стануваат уште пореални после руската анексија на Крим и најавите на ЕУ и САД дека ќе одговорат со економски санкции кон Москва. Според многумина логичен след на околности е дека Кремљ ќе возврати со намалување или целосно прекинување на дотокот на нафта и гас во Европа што неминовно би ја зголемило нивната цена. Поради тоа скоро сите западни во земји во обид психолошки да влијаат на Москва дадоа најави за експлоатација на гас од шкрилци што досега с�� сметаше за неисплатливо. Некои геополитички анализи велат дека масовното промовирање во јавноста на евентуалните хрватски резерви на нафта и гас е индиректен обид да се изврши притисок на Москва и на тамошните властодршци да им се покаже дека ЕУ не е зависна од рускиот гас. За разлика од нив експертите од научната сфера се децидни дека „доволни количини европски гас кои би го замениле рускиот не можат да се најдат преку ноќ, а уште помалку да почнат да се експлоатираат и адекватно да се искористат.“ додава и дека самото истражување и експлоатација во меѓувреме ќе значи бенефит за хрватските пристаништа, аеродром, патишта, хотели, ресторани и се останато.


Капитал број 755 18.04.2014

64

www.kapital.mk

свет

svetot vleguva vo nova podelba na bl

ukraina pred gra\anska vojn пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

Т

фотоархива на Капитал

риесетте илјади војници од руските специјални сили кои во фазата пред „референдумското“ анектирање на Крим ги зазедоа сите клучни точки на полусторовот, „преку ноќ“ ја

соборија преоптимистичката стратешка концепција на НАТО според која Европа веќе не е под закана од традиционална војна. Донеодамна Североатланската алијанса (барем официјално) ја сметаше Русија за партнер во глобалната борба против безбедносните закани на дваесет и првиот век. Од радарот на западните влади, армии, па дури и разузнавачки служби, ја снема Русија, односно опасноста од конфронтација со неа, и се сметаше дека по 11 септември 2001 година најголемите закани доаѓаат од радикалниот исламизам или, на пример, од економскиот подем на Кина. Но, сега (особено што Украина

не е прв случај - & претходеше Грузија, во 2008 година) дефинитивно е јасно дека рускиот претседател, Владимир Путин, на ширењето на НАТО кон исток, односно с$ поблиску до Москва, нема да се спротиставува само со дипломатска „мека“ сила, со с$ што тоа (ќе) значи. Испаѓа дека западните аналитичари наивно го протолкувале 30-отстотното зголемување на рускиот воен буџет до 68 милијарди долари по војната во Грузија (според SIPRI, Стокхолмскиот институт за мир, сумата е дури 90,7 милијарди) и соодветното преструктуирање и модернизација на руските вооружени сили. Ова се надоврзува на впечатокот


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

свет

Ниту нова воена агресија на Русија во Украина нема да повлече реципрочен западен одговор, потврдува и генералниот секретар на НАТО, Расмусен, „миејќи ги рацете“ за разузнавачките превиди што овозможија лесно препуштање на Крим на судбината, со изјавата дека „на полуостровот не станувало збор за напад на сојузничка држава во НАТО“. Но, колку и НАТО да се измачува барајќи адекватен одговор за размавнатата руска воинственост (фатен во расчекор меѓу безбедносните приоритети што ги наметна 11 септември и оние од кои Украина ја избриша прашината), евентуален напад врз земјачленка би бил пресретнат од „разработени планови за обезбедување ефективна заштита и одбрана“, уверува генералниот секретар. Русија ја чита оваа порака, и мала е можноста дека ќе ја проверува точноста на девизата на Алијансата (која важи само за членките) - „еден за сите, сите за еден“. Проценките се дека Путин многу ќе згреши и ако продолжи да покажува сила на не-НАТО територија, потценувајќи ги сериозните санкции кои Западот ги најавува за целосна меѓународна изолација на Русија во случај таа да продолжи да провоцира до граѓанска војна и распаѓање на Украина.

lokovi

na дека НАТО се измачува во обид да даде адекватен одговор на обновениот руски милитаризам. Наспроти очекувањата изградени на претставата на обичниот човек дека Западот, односно НАТОчленките, се воено далеку посупериорни од Русија, стои податокот дека во Европа прогресивно се намалуваат буџетите за одбраната (иако вкупните воени буџети на НАТО-членките од Европа трикратно го надминуваат рускиот). А најголем дел од одвоените средства на Европјаните за целта, се трошат на плати и на пензии, наместо за ново оружје и опрема, или за развој на борбените и на теренските способности. Оттука јасно е зошто

65

погледите, односно очекувањата, се свртени кон САД, која поднесува цели 73% од расходите на НАТО. Со други зборови, кај официјален Вашингтон е жешкиот костен на сочувувањето на кредибилитетот на НАТО - најотворени стравувања во овој контекст слушна американскиот секретар за одбрана, Чак Хејгел, за време на неодамнешната посета на Азија. Јапонија и Јужна Кореја, на пример, побараа аргументи дека по ситуацијата во Украина (и по начинот на кој Америка засега реагира) с$ уште можат да се потпрат на гаранциите на САД за безбедноста и со неа поврзаните интереси на нивните

држави. Но, засега одговорот на САД е само закана дека доколку не се смират тензиите во Украина и руската војска не се повлече од границата на земјата, Москва ќе се соочи со строги санкции. Ниту збор, освен одвај некоја слаба асоцијација, дека може да се одговори и со воена сила. Така што, прашањето дали светот оди кон нова голема војна, е сведено на тоа дали САД, односно НАТО, се подготвени да дејствуваат доколку Русија територијално се полакоми (нели, повикувајќи се на своето толкување на правото на заштита на руското население) во однос на некоја членка на Алијансата - Украина тоа не


Капитал број 755 18.04.2014

66

www.kapital.mk

свет

НАтО ќе ја спасува европа од "агрeсијата" на Путин е, а се чини нема и да биде. Зашто, со руската инвазија на Крим (што ќе остане политички отворено прашање - за експлоатација по потреба, иако е јасно дека тука работата е завршена) можностите на Украина да стане дел од НАТО не се веќе ниту во сферите на теоретското, зашто Алијансата нема да ризикува со прием на земја со запалив територијален спор да се најде во ситуација да мора да одговори според членот 5 од својот основачки договор (во случај на руска агресија врз Украина како евентуална членка на НАТО), кој вели дека напад против еден од сојузниците се смета за напад против сите. Западот, особено европскиот (чии економски и енергетски интереси така инспирираат), ја отфрлаат можноста Русија да се дрзне да нападне НАТО држава, но оваа комоција не можат (а и не сакаат) да си ја дозволат Литванија, Естонија, Полска, Чешка ... Чешкиот претседател, Милош Земан, е меѓу оние што отворено побараа соодветен одговор на руската воинственост, преку „ефикасни, многу одлучни, превентивни акции“, предизвикувајќи ги Европската унија и НАТО со изјавата дека „верува оти тие ќе најдат смелост за она што понекогаш се нарекува заплашување“: „Не сакам да изгледам како воен подбуцнувач, но ако руските трупи влезат во Украина и ја окупираат, да речеме, Одеса, инвазијата би можела да продолжи со заземање на Приднестровие, па дури и на Молдавија“, вели Земан, кој во манир на политички реалист дополнува дека „Крим, кој никогаш не & припаѓал на Украина, е веќе изгубен, но мора да се спречи верижна реакција што би настанала во случај Русија да одлучи да го анектира и истокот на Украина“. Утешителна околност за НАТО би била доколку Русија и покрај реториката која порачува „не се плашиме од никого“, својата агресија ја задржи надвор од териториите на земјите-членки на Алијансата,

што би било извесно признание за смислата на приклучувањето, односно на зачленувањето на земјите во Североатланскиот сојуз, сметаат дури и одредени западни аналитичари. Многу од одговорите на прашањата што ги поставува оваа тема може да се најдат во интервјуто за софиски Капитал на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, кој деновиве одвај се закани (по антитерористичката операција на украинските сили предизвикана од преземањето згради на институции од страна на проруските демонстранти на истокот од Украина, при што имаше и жртви) дека „секоја понатамошна воена интервенција на Русија, под каков и да е изговор, само ќе ја продлабочи меѓународната изолација на Москва“: „Многу сум загрижен поради понатамошната ескалација на тензиите во источна Украина. Ние гледаме дека проруските сепаратисти спроведуваат орекстрирана кампања на насилство, чија цел е дестабилизација на Украина како суверена држава“, изјави Расмусен, барајќи Русија да ги повлече своите војници од областите околу украинската граница. Во споменатото интервју, а на прашањето „Како ќе реагира НАТО ако Русија навлезе во источна Украина?“, Расмусен одговара дека организацијата што ја предводи не разгледува воени опции: „Тоа ќе има многу тешки последици за односите Русија-западен свет. Не разгледуваме воени опции. Но, ако Русија пак навлезе во Украина, немам сомнежи дека меѓународната заедница ќе & наложи сурови економски санкции“. Некаква најава дека НАТО, доколку се јави потреба, ќе преземе освен економско-политичките и воени мерки, Расмусен дава заклучувајќи дека руската агресија во Украина драматично ја менува целата ситуација со безбедноста во Европа, и оти затоа веќе европскиот мир не може да се смета за гарантиран, на што Алијансата

ќе треба да се адаптира. „Нашата основна задача е да обезбедиме ефективна одбрана и заштита на нашите сојузници, а во голема мерка станува збор за зглемување на воената готовност. Треба да сме подготвени да реагираме многу побрзо, зашто видовме дека Русит�� можат молскавично да дејствуваат. Подобра воена готовност вклучува и „географско“ присуство“, вели генералниот секретар на НАТО. Ако се заклучува по неговите зборови, Украина не може да се надева на воено спротиставување на НАТО во случај на нова руска агресија врз земјата: „Има јасна разлика дали една земја е членка на НАТО или не. Членките се покриени од колективната одбрана, која не е применлива за земји кои не се во НАТО“, вели Расмусен, кој не признава грешки на западното разувавање како причина да не може да се даде соодветен одговор на руската операција на Крим. Неговото „миење на рацете“ за препуштањето на овој неодамнешен дел на Украина оди вака: „На Крим не стануваше збор за напад на сојузничка држава во НАТО“, за разлика од заштитата на земјите-членки за која уверува дека „се разработени сите планови за обезбедување нивна ефективна заштита и одбрана од каква и да е закана“. Како и да е, евентуалното, под какви и да се околности, ново навлегување на руски трупи во Украина, покрај суровите санкции, може нема да значи нова Студена војна, но секако ќе повлече мраз-студен однос на меѓународната заедница кон Русија. А тоа ќе ја заболи последната повеќе од што се чини при фактот дека Путин би можел да ги искористи БРИКС земјите за ублажување на изолацијата. Зашто помина времето на Советскиот Сојуз, кога во екот на идеолошката битка комунизмот изгледаше привлечно за некои од сиромашните држави, кои така застануваа на страната на Москва, давајќи & го потребниот маневарски простор.


...Фељтон... 60 ГОДИНИ БИлДЕРБЕРшКИ зАГОВОР

br.

3

Gospodari na vojnata Фељтонот се занимава со групата Билдерберг, на чии конференции доаѓаат најмоќните луѓе на светот, а оттаму не излегува ниту една официјална информација, иако се расправа за прашања кои и тоа како го тангираат човештвото, што во најмала рака остава многу простор за конспиративни теории

n

ајголема пречка за мазно остварување на Големиот Проект на Билдерберг, чиј најгруб сегмент го одработува НАТО, е рускиот претседател Владимир Путин, вели теоријата на заговор чии бранители веруваат дека Путин искрено, односно доследно, се противи на западните намери и планови, на пример, за Сирија и за Иран, а со проектот „Јужен тек“ не дозволува ЕУ и САД, односно нивното „конечно решение“ за ослободување од зависноста од рускиот гас (Набуко и ТАП), на Русија да & го одземат едно од главните средства за одржување на браната што го штити светот од Билдерберг потопот


Капитал број 733 15.11.2013

68

Плакат на Occupy Bilderberg, една од најактивните и најдобро организираните групи за мобилизирање критична антиБилдерберг маса Транспарент каков што може да се види насекоја Билдерберг конференција во рацете на групите што протестираат Пол Волфовиц, поранешниот директор на Светска банка, во 1991 година, кога бил во американскиот Секретаријат за одбрана, наводно го осмислил дваесет годишниот план за промена на режимите во земјите кои биле на другата страна во тек на Студената војна

пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

А

фотоархива на Капитал

ко му се верува на новинарот Даниел Естулин, од кој потекнуваат најголем дел од информациите што ја создаваат конспиративната слика за Билдерберг групата, токму овој елитен клуб на светски моќници стои и зад НАТО, со сите последици што ги наметнува ваквиот агол на гледање на дејствувањето на Северноатланската Алијанса низ историјата (секако, под услов да е точно тврдењето на Естулин). Хронолошкото несовпаѓање што НАТО е основана во 1949 година (со потпишувањето на Североатланскиот договор во Вашингтон), а Билдерберг во 1954 година, не треба да збунува, велат теоретичарите на заговорот, зашто под „стоење зад НАТО“ се подразбира преземање на Алијансата (по основањето на Билдергберг). Или се тврди дека иницијаторите за создавање на најголемата меѓународна безбедносна организација се истите кои подоцна ја формираат и Билдерберг групата - НАТО е акроним од Северноатланска договорна организација, а на официјалната веб-страница на Билдерберг стои дека „пионерскиот состанок на групата (во 1954) произлегол од загриженоста искажана од страна на водечките луѓе од двете страни на Атлантикот, дека западна Европа и Северна Америка не соработувале толку блиску колку што би требало во однос на заедничките проблеми од критично значење“.

Не е чудно што токму од овој податок (дека Билдерберг стои зад НАТО) од книгата на новинарот од Канада, „Тајните на Билдерберг клубот“, особено бил фасциниран поранешниот претседател на Куба, и водач на кубанската револуција, Фидел Кастро, заколнатиот идеолошки непријател на САД. Кастро во гласникот на Комунистичката партија на Куба, „Гранма“, во 2010 година (со делото на Естулин објавено во 2006 година се запознал со задоцнување) употреби дури три од вкупно осумте страници на весникот, за текст во кој обилно ја цитира споменатата книга, опишувајќи го нејзиниот автор како „чесен и добро информиран“. Во „Тајните на Билдерберг клубот“ се вели дека моќниците кои во групата доаѓаат главно од Европа и од САД, работат на постигнување консензус по нивна волја, за владеење со светот на полето на политиката и на економијата. „НАТО е проектирана како огранизација која ќе ја дава клучната гаранција на оваа програма, обезбедувајќи континуитет на војните, под притисок на атомска закана, која, во краен случај би се употребила, без разлика на последиците“, смело тврди Естулин, дополнувајќи дека „последната станица на овој план е владеење со светот преку инструментите на премоќно богатство и воена сила, со задушување уште во колевката на секој сериозен предизвик за Големиот Проект“. Угледниот британски политички економист, поранешен главен уредник на лондонски Обсервер, Вил Хатон, бил гостин на годишната конференција на Билдерберг во 1997 во Атланта, Џорџија (САД). Впечатоците ги сумираше во анализата „„Измазнети“ капиталисти со очила Армани“, објавена во Обсервер. Билдерберг конференциите се најважен годишен собир во светот, тврди Хатон, и консензусот што таму се постигнува служи како подлога на која се

гради светската политика. А најгрубиот нејзин дел, воениот, го спроведува НАТО, би рекол Естулин: „Билдерберг во основа е НАТО Алијансата. Иако, може да се каже дека така почнало да биде од 1954 година. До денес во групата се вклучени и поранешни држави од Варшавскиот пакт, но и понатаму доминираат главно земји од западна Европа и САД. Секој претседател и премиер на земјите од Европската унија е член на Билдерберг, а овде, пред с$, мислам на оние од западна Европа“, изјави новинарот во едно интервју во кое се споменува и како агендата на Билдерберг ја допира Македонија: „Во 1996 година точно известив дека Билдерберг групата подготвува војна на Косово во 1999 година. По годишната конференција од 1996 година (Торонто, Канада) предупредував дека „билдербергерите“ имаат план да го искористат Косово како жариште со кое ќе се потпали регионален конфликт што ќе ги вклучи Југославија (тогашната Сојузна Република), Босна, Русија, Грција, Турција, Албанија, Македонија, западноевропските сили, САД, и дополнително, како сојузници на Турција и Грција - Израел и Сирија“, вели Естулин, и реторички прашува дали прогнозата се покажала како точна. Според него, најголема пречка за мазно остварување на Големиот Проект е рускиот претседател, Владимир Путин (на Билдерберг конференциите имало неколку гости од Русија, но секогаш ликови со опозициска, антипутиновска репутација, како шаховскиот велемајстор, Гари Каспаров, кој во 2012 година беше поканет како претседател на организацијата Обединет граѓански фронт, или Анатолиј Чубајс, творецот на руската приватизација од ерата на Борис Елцин). Тезата се базира на верувањето дека Путин искрено, односно доследно,


Поранешниот генерален секретар на НАТО (и член на Билдерберг), Вили Клас, за белгиско радио изјавил дека од секој Билдербергер се очекува да ги користи насоките (дадени на годишните конференции) во креирањето на новите политики во средината кадешто има влијание се противи на западните намери и планови за Сирија и за Иран (на пример), кои новинарот ги нарекува „хуманитарни бомбардирања“ или „јасно обоени револуции“. „Од особено значење за Билдерберг е инсистирањето на Русија да си го сочува државниот суверенитет „недопрен“ (ова звучи интересно во новиот, украински контекст, н.з.), односно решавањето на проблемот со руската „воинственост“, што се гледа од американските бази што ја обиколуваат Русија и од американскиот антиракетен одбранбен систем чии боеви глави се свртени кон Москва. Ќе видиме дали „можеме да направиме Путин да трепне“, како што се изрази еден од американските билдерберговци“, вели Естулин во едно друго интервју. Повторно во актуелен контекст тој споменува дека во Билдерберг се особено загрижени за проектот „Јужен тек“, кој доколку успее би значел голема руска победа над ЕУ и САД, односно над нивното

Рускиот претседател, Владимир Путин, претставува најголема главоболка за Билдербергерите, сметаат теоретичарите на заговор, кои неговата геополитичка моќ ја сметаат како последна брана пред целосната реализација на Големиот Проект

„конечно решение“ (Набуко и ТАП) за ослободување од зависноста од рускиот гас. „Но, од далеку најголемо значење за Билдерберг се обидите на Путин да ја интегрира Азија во еден кохерентен блок предводен од Русија. Билдербергерите се уверени дека Русија и Кина ќе ги осуетуваат сите нивни обиди за мешање; Пакистан и Иран би станале полноправни членови на Шангајската организација за соработка; „Последиците би биле несогледливи“, изјави еден европски билдербершки експерт за безбедност“, вели Естулин. За НАТО ролјата во планот за западна стерилизација на посткомунистичкиот свет (дефинирањето на односот кон комунизмот и кон Советскиот сојуз е една од главните точки на првиот Билдерберг состанок во 1954 година), новинарот се повикува на книга од американскиот генерал Весли Кларк (командуваше со НАТО операцијата за време на косовскиот конфликт) во која споменатиот се осврнува на разговор со Пол Волфовиц (поранешниот директор

на Светска банка) од 1991 година. Естулин реконструирајќи го тајмингот на овој разговор потенцира дека Кларк тогаш бил генерал со една ѕвездичка, а Волфовиц потсекретар за политичко планирање под Секретарот за одбрана, Дик Чејни. „Волфовиц го повикал Кларк и му рекол дека имаат дваесет години да изведат промена на режимот во земјите кои се наоѓале на другата страна во тек на Студената војна. Тогаш му дал листа од седум земји на која се наоѓале Сирија, Ирак, Иран, Јемен, Сомалија, Либија, Либан и Југославија, потенцирајќи дека мора да се уриваат владите во секоја од нив која ќе поддржува создавање нова глобална воена моќ која би била предизвик на нашата хегомонија. Ако погледнете на случувањата од минатите децении ќе ви биде јасна причината за случувањата која не била во настаните од теренот, туку во плановите спроведувани од деведесеттите години до денес“, заклучува Естулин. Продолжува ...


капитал број 755 18.04.2014

70

www.kapital.mk

на руЧек со...

Рамадан Рамадани аналитиЧар

Politi^arite nè delat za Polesno da nè kontroliraat!


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

на руЧеК К со... Интересни погледи за позицијата на верските заедници во една секуларна држава, за улогата на верските водачи, за културната деградација и падот на моралните норми, за политиката во служба на поединци наместо на граѓаните, за поделбите по разни основи кои ни ја парчосуваат земјата споделува Рамадан Рамадани за читателите на Капитал. Како „старо скопско дете“ тој зборува и за своите спомени од школските и студентските денови и за едно поинакво Скопје на кое сведочи неговата генерација

на ш ето м ен и од богатото мени на арабеска се одлучивме за пица со четири видови на сирење и салата „сан драј“. За десерт одбравме панакота пишува:

Катерина синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

Р

оден сум во Скопје на улица Кримска. Тоа се старите маала во Скопје, порано беше општина Центар, а сега е општина Чаир, со новата територијална

поделба. Ние го викавме маало Серава, веднаш до Гинеколошката болница во Чаир. Таму живеев 30 години, а сега повторно живеам таму блиску и цело време, освен времето поминато на студии, сум бил во Скопје, тука завршив и основно и средно образование“. Со овие реченици со започнуваме разговорот со Рамадан Рамадани, за многумина познат во јавноста како истакнат аналитичар за битни општествени теми од областа на религијата, домашната политика, меѓуетничките односи и филозофијата на животот. Рамадани можеби својата популарност најмногу ја стекна кога како оџа во Иса бег Џамијата во Скопје покрена иницијатива за смена на Реисот Сулејман Реџепи од позицијата поглавар на ИВЗ, кога беше соочен со синхронизирани и политички инструирани напади од страна на раководството на оваа институција, а денеска после 4 години, тој вели дека се уште стои на ставот оти на сметка на големиот број образован и способен верски кадар, ИВЗ е составена од луѓе кои немаат многу допирни точки со духовноста... Во разговорот со „Капитал“ тој споделува свои размисли за позицијата на верските заедници во една секуларна држава, но и за улогата на верските водачи, за културната деградација и падот на моралните норми, за политиката во служба на поединци наместо на граѓаните и за поделбите по разни основи кои ни ја парчосуваат земјата.

Маалата во Скопје беа полни со луѓе, сега луѓето се затворија дома

„Факултетот го завршив во Истанбул, студирав исламска теологија. Истанбул е еден прекрасен град, град во кој секогаш наоѓаш по еден друг град во него. Ние бевме сиромашни студенти, но сепак секој ден имавме нешто да правиме, одевме на театар, на рок свирки, на посета на некое историско место... Тоа е прекрасна цивилизација, и среќен сум што имавме време за студирање, но и за излегување и истражување на градот“ вели Рамадани. Тој ги завршил студиите во 1997 -мата после што се вратил во Македонија и се занимавал со издавање на книги се до 2004-та: „ Имав мала издавачка куќа, којашто

71

се уште опстојува, но сега други ја водат. Освен верска литература, сакавме да издаваме и некои други книги за традицијата, но и за модерната литература. После јас се оддалечив од овој бизнис и се вработив како оџа во една од најстарите џамии во Скопје и таму бев до 2010-та година“ вели Рамадани. Ќе се вратиме на ова поново време, но како се сеќавате на Скопје во тие денови од Вашето детство? – го прашувам. „Ако споредиме градот сега прво ми паѓа на памет дека е побучен. Поизграден во смисла на модерното, но уништен во смисла на старото. Тоа што се гради сега како да го разобличува Скопје или да го затскрива тоа Скопје на кое многумина од нас се сеќаваат. Не сакам да мислам дека имам некоја носталгија за тоа Скопје, колку што мислам дека имам носталгија за тие години. Знаете на секој човек му фали младоста каде и да била помината“ низ смеа вели Рамадани и додава: „ А има и еден друг аспект. Скопје за мене е единствениот град за којшто никогаш не можам докрај да се определам, секогаш имам субјективен однос кон него, како кон мајка, човек си ја сака својата мајка, убава му е и не може ниту да ја нацрта со зборови или да ја оцени. Така е и мојот однос со Скопје. Се сеќавам на нашите маала, кои тогаш можеби не беа толку бучни, но беа полни со луѓе. Дали луѓето сега се затворија по своите домови не знам, но се сеќавам дека во моето маало везден или 24 саати имаше деца, млади, стари... сега некако не е тоа така, во сите тие маала во Скопје.“ вели Рамадани. Тој ни открива за своите омилени игри како дете: „Друго на што се сеќавам, оти јас често одев на гости кај дедовците, кои пак беа уште поблиску до Центар, на скопски Битпазар, се игрите на скопското Кале. Тие игри беа многу интересни, ние си имавме легенди за Кале, па си викавме дека ако влезеш во некој отвор или премин кај камењата ќе излезеш во Тетово или Косово. Тоа беа се урбани приказни и нам како деца на десет години тоа ни беше мошне интересно...“ се смее тој.

Секогаш опкружен со книги

Неодамна заврши Саемот на книги во Скопје, па од една од издавачките куќи излегоа со податок дека во Македонија се читаат 0,9 страници дневно. Со Рамадани ја отвораме и темата за читателските навики на нашите граѓани:


капитал број 755 18.04.2014

72

на руЧек со...

сметам дека ИВЗ не е реформирана за потребите на денешното време, но и за автентичноста на македонските прилики и состојби

www.kapital.mk

„Не знам колку оваа статистика отстапува од светската, особено во ова време на интернет сега, немам такви податоци, но можам да кажам за издаваштвото. Основа на издавачкиот пазар е читателската публика, а таа кај нас не постои. Нема бројки кои гарантираат самоиздржување. И тие малкуте луѓе кои читаат кај нас, еве не знаеме број, ама да речеме дека се малку, не се доволни, оти има и друг хендикеп за издавачите – многу се блиску соседните држави, тие се понапредни во издаваштвото, а јазиците ни се на сите познати...Нашиот читателски пазар се состои од два милиони, па и тој е внатрешно поделен и по јазична основа. Гледам дека сега има некои обиди за кревање на таа култура, има повеќе книжарници и издавачки куќи, па и подобар маркетинг, но ова е издаваштво во една нездрава околина, како што ние го нарекувавме тогаш.“ вели тој. На клише прашањето дали книга или филм, Рамадани одговара: „Јас двете ги сакам, но сега во последно време определен сум за книгата. Не се одвојувам од книгите, а кај филмовите имам дупки или прекини во следењето. Со книгите сум во тек. Во мое време називот „бескнижен“ (ние го кажувавме на турски) беше навредлив. Тој термин означува човек без книга, односно човек без почит за книгата, така што секогаш книгите биле околу мене и сум ги сакал. Библофил сум и се уште сите мои пријатели се консултираат со мене кои книги би биле добри за издавање, иако веќе не сум во тој бизнис.

Дури и највозвишените идеи кога ќе паднат во рацете на човекот се смалуваат

Тука ние имаме една Македонија, ама всушност две... Затоа промоцијата на целовитоста на земјата е неопходна.

најлошо е кој било општествен слој да се поистовети со земјата. Тоа не може да си го дозволат ниту интелектуалците, а камоли политичарите

Рамадани вели дека времето поминато како оџа му е едно од најплодните животни доба: „Бев церемонијал предавач во петоците, а долго време и редовен вршител на обредите и тоа ми е едно од најплодните животни доба. Се чувствував во големо заедништво со луѓето и плус, тоа е мојата животна професија и вокација. Се гордеам со тоа и тоа го истакнувам..“ вели тој. Зборуваме и за надежта како основен или „лајт мотив“ кај луѓето во нивната верба: „Основата на надежта е метафизичка. Надежта не е нешто коешто е предмет, секогаш е нешто што лебди и ние треба да го фатиме. Затоа сите очи се вперени во филозофијата или во случајов религијата како основа за таа надеж. Луѓето тоа го препознаваат и се трудат да ја одржат нивната директна врска со Создателот или Бог.“ Неминовна е темата за превирањата во ИВЗ и неговите несогласувања со врвот на институцијата: „Јас тогаш имав и се уште имам проблем со раководството на ИВЗ. Сметам дека таа организација не е реформирана за потребите на денешното време, но и за автентичноста на македонските прилики и состојби. Македонија има многу подобар и поквалитетен образован верски кадар, но тоа за жал не се

пресликува во овие институции.“ - Луѓето можеби не ја губат вербата во Бог, но секако ја губат во неговите официјални претставници на Земјата, му велам јас со коментар дека многуте афери во МПЦ и во ИВЗ како две најголеми верски заедници не оставаат простор за доверба. Рамадани одговара: „Германскиот филозоф Емануел Кант има една реченица, којашто мене ми е водилка за да не се зачудам од лошотијата на луѓето, а таа е: Дури и највозвишените идеи кога ќе паднат во рацете на човекот се смалуваат. И навистина е така, погледнете ги само идеите за правдина, за слобода, за права, разно-разни филозофии сите тие коишто доаѓаат до нивно администрирање како да се смалуваат и да стануваат земни, па фаќаат прашина. Таа прашина, ако има луѓе кои се свесни за тоа и бдеат над тие процеси, ќе ја исчистат. Но, ако останат тоа станува како една куќа којашто не е прочистена. За жал, нам тоа ни се случува во двете најголеми верски заедници кои мора да бидат поавтономни и да ја сочуваат својата духовност за никако да не се извалкаат во земноста на процесите.“ вели Рамадани. Тука неминовно се поставува прашањето, како овие пораки од духовните водачи (Ефенди Сулејман Реџепи неодамна предизвика силни реакции со повикот за смртна казна од Алах за градоначалникот на Прилеп, но и г.г.Стефан не се воздржува од националистички пораки) дејствуваат врз верниците? „Сфаќаат верниците. Сфаќаат дека ова е нивен обид за истакнување во јавноста, но самиот обид за такво истакнување е јасен дека немаат врска со ништо духовно. Тоа не е небески нагон, за да те има во јавноста, да си присутен и мислам дека така и се перципира од верниците.“

Неопходна е промоција на целовитоста на државата

Но, ако од една страна верските лидери промовираат поделба, а од друга исто така и политичките, колку тоа може да биде опасно во една држава како нашава? „Јас токму затоа и во последните години го формирав и работам во Институтот Нисма, чијашто примарна цел е промоцијата на кохезијата, а притоа се мисли на ова што неретко го спомнувам – не се проблем поделбите и тие што работат на поделбите, колку проблем е што никој не работи на заедништвото, но не во насока на приближување или взаемно запознавање, туку промоција на неопходноста од целовитоста на државата, но исто така и во културен и во јавен аспект. Кај нас и јавноста е длабоко и структурно поделена. Човек тоа не го забележува во секојдневниот живот, но на среден рок и во функционирањето како целина не прави многу ранливи, во смисла тука ние имаме една Македонија, ама всушност две, па две третини, па две четвртини и се е тоа како некој лошо исечен бурек, еднаш исечен, па исечен погрешно,


www.kapital.mk

Капитал број 755 18.04.2014

73

Рамадани со Oмер Kалеши во Скопје

Рамадани на еден од многуте јавни настапи

Рамадани во пустина

Има ли опасност од ширење на радикалниот ислам?

Во Македонија нема опасност од ширење на радикален ислам, а нема ни погодно тло за такви екстремни идеи и дејствија. Тоа е пред се заради тоа што исламското образование кај нас немало прекини. Тоа исто важи и за христијанското и се дури имаме добри оџи и попови, кои можат да ги разобличат овие појави нема опасност. па пак исечен и се тоа не е како што треба, дури ни деловите не се правилни. Затоа промоцијата на целовитоста е неопходна.“ Се наметнуваат разговорите за се поголемите делби не само по етничка линија, туку и по партиска: „ Да, и партиски делби, па делби прозапад, про – исток, па рурално –урбани поделби, па поделби помеѓу соседни села и градови... Смешно. Само на политиката ова и оди во прилог, само на политичките структури, кои потоа врз основа врз ова си создаваат свои механизми за контрола на луѓето и на институциите. Ние другите немаме никакво фајде. Ова нема да ја унапреди Македонија. На пример, имаме успеси на луѓе од Македонија за кои никој не знаеме. На пример една девојка од Шипковица во неделата стана првак во џудо и никој за тоа не јави. Рене Реџепи насекаде ја промовираше Македонија, беше на насловна на „Тајм“ и до пред две години никој не знаеше дека тој е наш, од тука. Има разни такви примери и меѓу Македонците и Албанците“ Видете г. Рамадан, на девојката никој не и е виновен што освоила награда кога кај нас имаше гласање. Знаете, тука партизираноста и политизираноста се просто сеприсутни – му велам јас. „Врз ова има влијание и осиромашеноста на јавноста. Немаме ние богат спортски или културен живот, па политиката го зазеде тој простор, но и сеприсутноста на државата во институциите.“ Да, кај нас на отворањето на Манаки фестивалот на пример, главни ѕвезди не

На една меѓународнa дебата се актерите, режисерите, продуцентите, туку се политичарите. Така е со сите манифестации.. - заклучувам „Апсолутно, па уште кога ќе видите дека тоа е финансирано сето од Министерството за култура, јасно ви е се.“ вели тој.

Кај нас секој мисли дека може да работи се

Рамадани оценува дека лошата политика создава и лоши идеали: „Хендикеп за една здрава политика е што со поставувањето на несоодветни кадри на високи функции кај сите се јавува мислата – штом може тој можам и јас. Се создава и фрустрација кога имате ваква јавност или ваква средина во која сите врати, било да напредок, кариера, вработување, школување се отвораат со партиски клуч, па луѓето се принудени сакајќи или не да затропаат на тие врати.“ вели тој. Тој смета дека не е проблем што се поставуваат млади кадри на битни државни функции тоа не е проблем, оти вели дека тоа на некој начин е и расчистувањето со комунистичкиот систем, но: „Ако сме имале до вчера научници со плагијати станале академици, мора да има ваков шок за да се преброди тој шок, но главно е да се сочува „усулот“ најдолната линија до каде може да се оди, а тоа се прави само со критична јавност. Секој не може да работи се. На пример јас можам да станам ова и ова, но не можам да бидам ветеринар. Јас можам да имам 5-6 професии, ама болна крава не можам да излечам. Ние мора да признаеме дека интелектуалната сила кај нас падна на испитот и на партиските притисоци. Јас можам да почувствувам

Посета на Каиро, блиску до плоштадот Тахир

и кај една постара генерација од мене, што ја фати паника во налетот на политичките замави и таа паника комбинирана со староста направи луѓе на над 55,56 години што си велат ништо не направив за мене и за моите деца, да се приклучат кон власта и партиите.“ вели тој.

Не може партијата или политичарот да се поистовети со Македонија

Со Рамадани ја отворивме и темата за недостигот на критичка мисла „И недостатокот на соочување, да Ве дополнам. Стигматизирање на секое различно мислење и етикетирање, но тоа е поистоветувањето на себеси со Македонија во суштина. Најлошо што може да и се случи на една земја е кој било општествен слој да се поистовети со земјата. Тоа е опасно. Тоа не може да си го дозволат ниту интелектуалците, а камоли политичарите. А тоа кај нас се прави три пати на ден. Значи три пати на ден кај нас некој излегува и вели – јас Македонија! Таа Македонија како да стана гума за џвакање кој си ја моделира секој во својата уста како што му одговара.“ вели Рамадани. Тој потенцира дека особено е видлива ерозијата на судството. „Порано и покрај сите комунистички маани кои се наследија имаше линија под која сите знаеја дека судиите нема да одат. Сега нема. Дури мислам дека ако некој земе да одвои која е најапсурдна литература кај нас тоа се судските пресуди, навистина има смешни примери, не само јуридистички туку и во стил и формулација. Некои работи кои ги знаевме само од вицеви, нас ни се случија во реалноста – на пример самоубиството во кофа“ вели тој.


74

Капитал број 755 18.04.2014

светот на виното

вино и ХРистиЈанство

Spoj koj trae dvaeSet vekovi

И

сус Христос доживува своевидна јавна промоција кога водата ја претворил во вино. Приказната за тоа чудо се пренесува и трае еве веќе дваесет векови. Чудото на Исус, виното, ја добива симболиката на неговата крв и тоа станува задолжителната напивка за причест. Останува отворено прашањето зошто е виното избрано како симболика на Исусовата крв. Тоа можело да биде и водата како симбол на животот и симболиката би била исто толку силна. Но сепак е избрано виното. Некои религиозни теоретичари дури спорат со тоа дека Адам и Ева заради јаболкото биле изгонети од рајот и сметаат дека попрво се работи за грозје. Во христијанството виното ја има симболиката на крвта на Исус, а нафората на неговото тело. Виното за причест по правило треба да биде природно. Најчесто се работи за црвено вино, но се причестува и со бело. Сеедно е дали е виното суво или слатко. Не постои правило за тоа колку треба да биде силно со алкохол, но по правило станува збор за послаби вина. Обичаите во разни земји на христијанството се посебни. Во Канада и САД виното најчесто е бело и слатко. Во Европа има различности. Долго време црвеното било задолжително, но уште во 1215 година, на Концилот во Латран, донесено е компромисно решение за тоа дека и белото е дозволено, особено затоа што не остава дамки на белите

КошеР вино

В

одори на свештениците и причестените. Но, долго време вино за причест било црвеното. Кога се избира бело тогаш се работи за послатко вино кое е попријатно затоа што по правило виното за причест се меша со малку вода. Ова доаѓа пред се заради потребата за рационализација, но и заради оние што не поднесуваат алкохол, а особено заради децата кои се причестуваат. По правило виното, веќе помешано, се осветува, па така не се доведува во прашање ниту светоста ниту пак чистотата на виното. Се тежнее кон тоа вината за причест да бидат подобри, зашто лошото вино уште и помешано со вода би било блуткава течност која нема да биде соодветна на свеченоста на причестувањето. Културата на вино за причест особено ја негува Ватикан. Папата и неговата капела се снабдуваат со вино од областа Кјанти во Тоскана. Виното за папата го донираат самите производители. Секако тука има и маркетиншки елемент, зашто сепак не е сеедно со чие вино се причестува во папскиот дворец. Англиканската протестантска црква е либерална во поглед на виното кое се служи за причест. Во оваа црква се служат секакви вина се до оние зајакнати, како “порто” и “мадеира”. Во англиканската црква се троши доста вино, а нивните собраќа во Канада и произведуваат свое вино. Ваквите свети или осветени вина имаат и своја посебна цена, а се пијат не само за причест. Главно кај вината за причест и нема

о еврејската религија нема богослужение како во христијанството, но пиењето вино е дел од религиозните обреди и обичаи, особено за време на празникот Пасха. Виното кое Евреите го пијат за овие прилики мора да биде кошер вино, односно вино направено според религиозни правила. Овластен рабин мора да го контролира целиот процес на изработка на виното за религиозна употреба. Контролата започнува од садењето на лозите па се до ставањето во шише. Сите активности мора да ги извршуваат правоверни Евреи односно оние кои ја почитуваат церемонијата на сабах. Доколку само еден неверник, односно неевреин, го пипне грозјето, работата се урнисува. За кошер виното може да се користи само грозје од посебни лозја, кои на седум години род мора да одморат една година и да не се берат, а секоја година одреден процент од родот мора да се фрли во присуство на рабин. На крајот рабинот става свое обележје на шишето за да ја потврди автентичноста на виното. Овие правила не се толку строги за Евреите во Европа.

Малку е да се каже дека виното и христијанството се неразделни. Не само како материјален показ на религиозните збиднувања, туку и со сета симболика која овој спој ја создава правила, некаде се служи обичен сок од грозје, неферментиран и без алкохол. Некаде се оди дотаму што се служи она што се има. Во Нова Каледонија, на пример, се служи сок и млеко од кокосов орев! Православието како дел од христијанството има слична пракса со виното. Кај нас главно се служи црвено вино и се настојува тоа да биде добро. Некои производители имаат и наменски вина, правени токму за причест. Во Грција строго се држат до правилото и служат црвено вино. Во најголемата православна земја Русија обичајот во црквите да се служи добро вино го зацврстил уште Петар Велики во 18 век кој наредил за причест да се користи некое добро вино од Бордо. Овој обичај се почитувал се до болшевичката револуција кога престанало да се увезува француско вино, а се појавило домашно со исто име.



755 kapital magazin