Page 1

Mакедонските компании немаат голем ќар од странските инвестиции n Македонија ќе гласа за председател, партиите ќе си мерат рејтинзи n Македонската храна се пробива на пазарот! И фали идентитет! n

број 731 цена 100 ден. | 1 ноември, 2013, петок | година 15

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

vo ovoj broj 67,6%

од вкупно одобрените нефинансиски субјекти кредити за се од четирите големи банки, што претставува огромна концентрација и мала конкуренци ја

специјален прилог БАНК ДИ ИТЕ Р ГААТ КО АЦЕ ОД НА КМПАНИИ ОИ Л ТЕ ИМ О ОШО ДИ!

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА КАПИТАЛ | БРОЈ 12 | НОЕМВРИ 2013

WWW.KAPITAL.MK

SLEDUVAAT BANKROTI!

Bankite godinava odobrile samo

MILIONI EVRA pove}e od lani 10,6krediti

KREDITNATA SU[A GI PRESU[I FIRMITE Rastat prihodite od bankarski nadomestoci i provizii

Zagubite od slaboto kreditirawe se pokrivaat so provizii?!

interview

GliGor Bi[ev pretsedatel na Upravniot odBor na [parkase Banka

Zavr[i vremeto na Bankarski oliGopoli vo makedonija! 20 str.


Капитал Капитал број број 731 672 01.11.2013 12.09.2012

4 сОдРжИНА 4 НАВИГАТОР 06 КапиталНО

БиљаНа ЗдравКОвсКа стОјчевсКа Надничарска економија

08 ПОЗИЦИЈАТА НА КАПИТАЛ 10 НАвИгАТОр 14 cover story

Mакедонските компании немаат голем ќар од странските инвестиции

20 ИНТервЈу

www.kapital.mk www.kapital.mk

ИздВОјуВАмЕ Ефекти од сдИ

Бројот на домашни компании кои соработуваат со странските инвеститори е се уште многу мал, иако државните институции тврдат дека нивниот број се зголемува. Заклучокот од целосното истражување на Капитал е дека домашните компании многу тешко стануваат соработници и добавувачи на големите светски компании кои влегоа во македонските зони. Зошто е тоа така, побаравме одговор од самите компании и експертската јавност.

ГлиГОр Бишев претседател на Управниот одбор на шпаркасе Банка Заврши времето на банкарски олигополи во Македонија!

XX Стр. 14

Глигор Бишев

Интервјуто со глигор Бишев го правиме неколку месеци после преземање на раководната функција во банката Шпаркасе Македонија, која денес, како што вели тој, е една од најздравите банки во Македонија, па и во регионот, односно банка во надоаѓање. Со Бишев разговаравме и за големата консолидација која следува во македонскиот банкарски систем, за условите во кои работат банките, за причините зошто кредитирањето на компаниите е многу ниско.. XX Стр. 20

27 СПеЦИЈАЛеН ПрИЛОг БаНКите & БиЗНисОт

46 ИНТервЈу

верица МилесКа стефаНОвсКа Претседател на Комората на република Македонија за приватно обезбедување Приватното обезбедување мора да се професионализира

50 ПОЛИТИКА

Претседателски избори 2014: Македонија ќе гласа за председател, партиите ќе си мерат рејтинзи

54 БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА 60 executive 68 НА руЧеК СО... ерИК НАЛдер

новинар и добитник на две Пулицер награди На секоја приказна и се посветував како да е најважна!

20

14 Провизии

Слабото кредитирање од една страна, но и падот на каматите на кредитите што го услови силната конкуренција во банкарскиот сектор од друга страна, ги зголемува некаматните приходи на банките. Анализата на податоците од Народната банка покажува дека банките лани наплатиле 61,6 милиони евра провизии и други надоместоци, што е 8,8% повеќе споредено со претходната година. годинава пак, за шест месеци, овие некаматни приходи се зголемиле за 6%.

72 реПОТАжА

Претседателски избори

во услови кога гласајќи за претседател избираме партија, прашањето „каков претседател & е потребен на Македонија?“, го поставува само опозицијата во надеж дека нејзиниот кандидат во случај на победа поволно ќе го обои лакмусот за односот на силите меѓу неа и власта. Од овој аспект кандидатите на претседателските избори во април имаат ограничено значење, освен во случај власта да н$ изненади со некое име чие влегување во изборната трка ќе значи многу повеќе од амбиција за вселување во вилата водно.

XX Стр. 42

Првиот македонски весник со голем јубилеј НОвА МАКедОНИЈА 69 години ризница на македонската историја!

XX Стр. 50

74 СПеЦИЈАЛеН ПрИЛОг вкусот на Македонија

82 СвеТОТ НА вИНОТО винскиот адвокат роберт Паркер

42

50


Капитал број 731 01.11.2013

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Kompaniite ve}e i samite priznavaat deka ne mo`at navreme da gi pla}aat dolgovite kon bankite, vo vreme koga izvozot im e namalen i neizvesen, vo vreme koga pa|aat proda`bite i na doma{en pazar, a se pote{ko mo`at da si go naplatat ona {to go srabotile. Mnogu kompanii stanuvaat seriozno nesolventni. I nemaat pari navreme da si gi pla}aat obvrskite. Toa nema vrska so nelikvidnost i finansiska nedisciplina. Tie ednostavno ja gubat kondicijata. A od niv bankite o~ekuvaat da ponudat novi, profitabilni i izvozno orientirani proekti. Kako? So koi pari da gi proizvedat novite proizvodi?

Надничарска економија

М

инатата недела Македонија ја посети шефот на ММФ за брзорастечки европски земји Бас Бекер. Тој презентираше еден прилично интересен извештај за тоа како да се зголеми потенцијалот за побрз и повисок економски раст во Централна, Источна и Југоисточна Македонија. И за разлика од она на што досега се навикнавме да го слушаме од ММФ, тој беше изненадувачки дециден и јасен во лоцирањето на економските проблеми на Македонија, кои истовремено се и причина за високата невработеност во Македонија. Без премногу макроекономски термини и изрази и многу просто ни кажа дека стапките на раст кои сега ги остварува Македонија од 1%, 2% или 3%, во услови кога економијата на ЕУ расте со стапка од 1% до 2% не не водат никаде. И нема никогаш да ја намалат невработеноста. “Потребен ви е многу побрз раст, но потребно е тој да биде одржлив и да има прилив на капитал. Се надевам дека во иднината растот ќе биде поголем бидејќи со низок раст многу тешко дека ќе се намали невработеноста и ќе се надмине прашањето со нефункционалните заеми кои се голем проблем, бидејќи го намалуваат кредитирањето”, рече Бакер. И посочи што треба да се направи за да се обезбедат услови за поголем раст. Да се подобри деловното окружување, економиите да станат поотворени и да се подобри нефункционалноста на пазарот на труд. Клучно е Владите на земјите во развој да ја подобрат инвестициската клима и да поттикнат отворање на што повеќе приватни бизниси. „Македонија има најголем проблем со невработеноста од сите земји во регионот и тоа не е поврзано само со актуелната криза. Дури и да претпоставиме дека постоечките фабрики би работеле со полн

капацитет, тоа нема да го реши овој проблем, бидејќи всушност вие имате премалку фабрики. Затоа е потребен многу побрз економски развој, воден пред се од приватниот сектор“. Е ова е вистинската дијагноза за економскиот неуспех на Македонија, кој со години не држи на дното. Имаме премалку фабрики! А само со нови фабрики може да се намали невработеноста! Државата колку и да сака не може сите да ги вработи во јавната администрација и на тој начин да ја намали невработеноста. Нејзината клучна улога треба да биде да создаде услови за да се отворат нови фабрики. За жал во Македонија се случуваат обратни процеси. Државата се почесто и се посилно влегува на пазарот и го зазема просторот на приватниот сектор. Резултатите се видливи. Економијата ја движат само градежните проекти кои ги финансира државата преку буџетот. Сите други клучни индустрии и компании се во криза. Точно е дека за тоа има вина и кризата во Европската унија и намалената побарувачка од овој наш најголем извозен пазар. Но, немото следење на ефектите што оваа криза го има врз приватните компании не не води никаде. Веќе почнаа да се гледаат резултатите од таквото однесување. Банките објавија дека дури 15% од кредити одобрени на компаниите се лоши и проблематични. Во некои банки овој процент е далеку поголем. Компаниите веќе и самите признаваат дека не можат навреме да ги плаќаат долговите кон банките, во време кога извозот им е намален и неизвесен, во време кога паѓаат продажбите и на домашен пазар, а се потешко можат да си го наплатат она што го сработиле. Многу компании стануваат сериозно несолвентни. И немаат пари навреме да си ги плаќаат обврските. Тоа нема врска со неликвидност


www.kapital.mk

Капитал број 731 01.11.2013

КапиталНО

7

Во нормална пазарна економија банкротите се нормачна работа. Но, Македонија е се уште од нормална пазарна економија, а пазарот е далеку од перфектен. Многу е веројатно дека ќе се случуваат банкроти. Но, исто така е поверојатно дека се поголем е бројот на бизнисмени кои ќе одлучат да излезат од бизнисот и да не се враќаат повеќе. Или да одлучат да го продолжат бизнисот со увоз и трговија, наместо со производство и извоз. А фабриките веројатно ќе чекаме да ни ги отворат странците. Од нив ќе чекаме да ни го зголемат извозот. Да ни отворат нови работни места. Банките ќе се тепаат на која од компаниите од Бунарџик да и понудат поповолен кредит. И така ќе ја завршиме трансформацијата на економијата која и онака предолго трае. И ќе добиеме нова структура на економијата. Во која најсилна страна ќе биде квалитетната надничарска работна сила! и финансиска недисциплина. Тие едноставно ја губат кондицијата. А од нив банките очекуваат да понудат нови, профитабилни и извозно ориентирани проекти. Како? Со кои пари да ги произведат новите производи? Кој ќе им верува дека знаат да водат бизнис, ако нивниот бизнис е во криза и не прави профит? Ако банките не им даваат кредити на оние фирми на кои лошо им оди, а клиентите не им платиле навреме, од каде да најдат пари навреме да исплатат плати, даноци, придонеси, рати за кредит, долгови на

добавувачите? Во нормална пазарна економија ваквите фирми би требало да прогласат банкрот. И без за тоа многу да се дига галама да почнат одново. Но, Македонија е се уште далеку од нормална пазарна економија, а пазарот е далеку од перфектен. Затоа веројатно дека ќе се случуваат банкроти, а уште поверојатно е дека се поголем ќе биде бројот на бизнисмени кои ќе одлучат да излезат од бизнисот и да не се враќаат повеќе. Или да одлучат да го продолжат бизнисот со увоз и трговија, наместо со производство и извоз. Или,

пак, за добра плата да се вработат во некоја друга добра странска компанија. А фабриките? Веројатно нив ќе чекаме да ни ги отворат странците. Од нив ќе чекаме да ни го зголемат извозот. Да ни отворат нови работни места. Банките ќе се тепаат на која од компаниите од Бунарџик да и понудат поповолен кредит. И така ќе ја завршиме трансформацијата на економијата која и онака предолго трае. И ќе добиеме нова структура на економијата.Во која најсилна страна ќе биде квалитетната надничарска работна сила!


Капитал број 731 01.11.2013

8

www.kapital.mk

...позицијата на капитал...

Совршено алиби

Главна економска вест неделава се лошите кредити од 14,9% што банките не можат да ги наплатат од фирмите. И како совршено алиби, овие податоци што ги објави Здружението на банкари доаѓаат токму кога Народната банка алармираше дека кредитирањето на приватни фирми годинава е целосно замрзнато. Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Г

лавна економска вест неделава се лошите кредити што банките не можат да ги наплатат од фирмите, кои достигнаа веќе сериозно високи 14,9% од целото кредитно портфолио. Во пари, тоа значи дека спорни за наплата се 318 милиони евра. И како совршено алиби, овие податоци што ги објави Здружението на банкари доаѓаат токму кога Советот на Народната банка констатираше дека кредитирањето на приватни фирми годинава е целосно замрзнато. За девет месеци, кредитниот раст во бизнис секторот е еднаков на 0,5%. Доволно јасно ни е на сите дека банките мора да се грижат за стабилноста бидејќи сепак работат со парите што кај нив ги депонираат во вид на влогови граѓаните и фирмите, колку што ни стана јасно и тоа дека ниту една од нив нема да пропадне. Токму поради тоа што применуваат строго конзервативни политики на работење, тие и во екот на

најголемата криза останаа здрави, а тоа го докажува и податокот за адекватноста на капиталот на ниво на банкарски сектор кој изнесува 17,3%, што е двојно повеќе од законски ограничениот лимит. Кај некои банки е дури и над 25%, што е свовиден апсурд кој кажува дека банките си ги чуваат парите кај себе, наместо да ја вршат основната функција заради која и постојат - ефикасно да ги алоцираат парите во функција на развој на економијата. Затоа, најблаго речено, кукавички звучат изјавите на банкарите дека е ризично да ги кредитираат компаниите во услови кога една милијарда евра имаат вложено само во државни хартии од вредност без никаков ризик, а не даваат кредитна поддршка за развој на економијата, плашејќи се дека ако преземат преголем ризик ќе си го нарушат својот комфор. Но, за да не биде гревот само на банкарите, во целата приказна се јавува и државата која најавува дека во следните три години уште повеќе планира да се задолжува кај банките. Според фискалната стратегија, државата ќе извлече нови 500 милиони евра од

банките преку издавање на записи. А не планира ни денар да одвои од буџетот за да им помогне, на пример, на фирмите преку гаранции полесно да добиваат кредити од банките во овие кризни времиња. Позната пракса е земјите барајќи начин како да обезбедат поволни кредити за финансирање развојни проекти и за поддршка на домашната индустрија, да формираат гарантни фондови со кои државите ќе застанат зад фирмите кои вработуваат илјадници луѓе, а се во опасност да банкротираат. Околу 40 земји во светот имаат и државни развојни банки, во вистинска смисла на зборот, кои даваат поволни и субвенционирани кредити за клучните проекти во економијата и за компаниите кои работат во клучните индустрии. И Македонија има развојна банка, МБПР. Но, капиталот од 30 милиони евра, во најмала рака го покажува само смешниот однос на државата кон развојот на економијата. Ако државата се однесува несериозно, како тогаш да очекуваме приватните странски банки да го поддржат развојот на економијата?

Новите пазари можат да се најдат и во Бунарџик

Македонските компании треба да се фокусираат да станат главни добавувачи на странските инвеститори по зоните што е многу поевтино и поедноставно од барање пазари во Западна Европа и Азија Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Џ

онсон Контролс, Ван Хул, Кромберф анд Шуберт, Дрекслермајер се само дел од долгата листа странски компании кои во последниве осум години влегоа во земјава. Станува збор за навистина големи производствени капацитети кои имаат потреба од широк спектар на производи и добавувачи но за жал како што досега стојат работите тие своите потреби за инпути во главно ги задоволуваат од странски добавувачи. Иако според официјалните податоци за една година тројно е зголемено присуството на македонските компании во зоните како добавувачи вкупната сума по овој основ е се уште многу мала и изнесува едвај 38 милиони евра. Овие факти и податоци навистина отвараат едно големо зошто? Зошто

инвеститорите да имаат добавувачи од Западна Европа и Азија? Зошто во исто време македонските компании кои објективно можат да покријат добар дел од потребите за инпути на новите странски инвеститори бараат пазари повторно во Западна Европа и Азија? Нели е поедноставно и економски поисплатливо македонското стопанство да се специјализира како логистика за новите големи производствени капацитети на странските инвеститори? Навистина држи и оправдувањето дека станува збор за големи светски ланци на компании кои веќе на корпоративно ниво имаат добавувачи кои им доставуваат големи количини на инпути по најниски можни цени. Но, никој не може да го побие фактот дека многу поедноставно, побрзо и нормално поевтино е домашна компанија од индустриската зона во Петровец да ги снабдува странските инвеститори во Бунарџик отколку тие истите да увезуваат инпути од Белгија,

Холандија или Балгладеш. И на крај повторно ќе ни испадне крива државата што не ги условила странските компании да мора да земаат делови од македонски добавувачи. Веројатно најдобар одговор на ова даваат самите странски инвеститори кои отворено кажуваат дека се спремни да соработуваат со секој македонски добавувач или бизнис партнер кој ќе понуди пониска и поконкурентска цена од нивните досегашни добавувачи. Тоа едноставно значи дека македонските компании мора да се посветат единствено на најпростиот можен начин за да се наметнат кај странските инвеститори. Односно да понудат најквалитетен можен производ по најниски можни цени. А државата во овој случај да ја остават да се концетрира на носење што е можно повеќе странски инвеститори кои природно значат што е можно поголем пазар за македонските компании добавувачи.


www.kapital.mk

Капитал број 731 01.11.2013

...позицијата на капитал...

9

Западно од Ченгду, источно од рајот...

Како фактот што претседателот Ѓорге Иванов беше единствен европски лидер кој минатата недела присуствуваше на Форум за меѓународна соработка во западниот дел на државата Ченгду ќе ни ги доближи македонските стратешки геополитички цели? Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

И

ванов беше дел од свеченото отворање на Форумот кој го организираат 12 провинции на Западна Кина и 12 министерства од Централната Влада, заедно со повеќе странски претставници и петмина шефови на држави. Единствен од Европа“ гордо соопштуваа од неговиот Кабинет. Несомнено е интересно да се посети Кина. Која и да е нејзина провинција... Во кој и да е географски дел... И источно и западно, сигурно е фасцинантна таа поинаква култура, природа, менталитет... Од друга страна, за економскиот капацитет на оваа „џин држава“ не мора да се трошат редови, па поентата на македонскиот претседател да се презентира нашата држава како инвестициски рај е сосема сфатена и на место. Таму, пред неговите колеги од истокот, тој говореше какви услови нуди Македонија за странските инвеститори, имаше средби со три компании кои биле заинтересирани за инвестиции кај нас, а потоа и

средба со кинескиот претседател Џинпинг Си кој порача дека Кина е подготвена да и пружи рака на Македонија, најави соработка во градежни и инфраструктурни проекти, во земјоделството, образованието, културата и кинеската традиционална медицина... Јасно е дека Македонија како млада демократија потребно е да шири една позитивна дипломатија, да стекнува пријатели насекаде низ светот и секако да има исклучително цврсти односи со големите светски сили... Кина е тука во приказната. Но, Македонија уште при своето формирање како детерминанти на својата надворешна политика, како главни цели кон кои се стреми, (понесена од внатрешни и регионални текови) ги има поставено Европската Унија и НАТО. Значи западната филозофија на живот! Западот треба да живее кај нас и во политиката и во економијата, па ако сакате и во медицината. Тука, Кина излегува од приказната... Македонската надворешна политика е благо хаотична. Никој не вели дека не треба да се одржуваат и унапредуваат односите со останатите земји од светот, ама во услови кога регионот несомнено и се посигурно чекори кон

ЕУ, а Македонија е соочена со тешки предизвици на тој пат, енергијата што се троши низ состаноците, роуд-шоуата и посетите на Индија, Виетнам, Кина, Малезија, Сингапур, Латинска Америка итн... треба да се насочи кон запад... Во тоа е суштината. Потребни се средби, контакти, лобирања, учество на форуми и самити со земјите членки на ЕУ и на НАТО. Од врата на врата да ја раскажуваме нашата вистина! Како инаку мислиме да победиме? Како очекуваме некој да не разбере ако демонстрираме апатија и дури повеќе – наводна алтернатива во нашиот курс? Настрана се што другите погрешно прават во однос на македонските евроатлантски аспирации, да се запрашаме што прави Македонија? И дали прави максимум? Ако не, зошто е тоа така и кој треба да понесе одговорност? Секако, има и друга варијанта... Тоа е дека ЕУ и НАТО веќе не се приоритети. Но, тоа никој јавно не го соопштил... а за волја на вистината, за таква политика никој не добил ни поддршка од граѓаните. Кога некоја партија ќе излезе на избори со програма во која ќе каже дека се фокусира на други цели и партнери на сметка на ЕУ и НАТО, па ќе успее да победи, во ред. Дотогаш, јавноста очекува да види што е сработено од она за што гласала...

Што вели апостол Павле за Фејсбук? Некои владици на МПЦ очигледно не сфаќаат дека се губи смислата на христијанството ако предизвикот на павловото „С$ ми е дозволено, но не ми е с$ полезно“, се реши со „Не ми е дозволено, за да не може да ми наштети“. Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Н

е верувам дека на свештенството и на монаштвото на Македонската православна црква особено ќе му недостасува Фејсбук ако прифати да ја спроведува одлуката на Синодот со која му се забрани користењето на најпознатата социјална мрежа. Но, не би смеело црковните реакции на оваа бизарна одлука (наметната од неколку владици) да се сведат на два-три осамени гласа на разумот - на владиката Пимен, на презвитерот Ивица Тодоров. Секако, предмет на одбрана не треба да биде правото на користење конкретно на Фејсбук, туку достоинството на свештенството, на духовништвото, кое никако не оди заедно со ваквото потценување на расудувањето на

свештениците и на монасите, односно со стратегијата што Синодот ја избра за да ги заштити од опасноста „темната страна“ да ги улови со мрежата на Цукенберг. Особено зашто не само клириците, туку и малку поискусните верници знаат дека „ако го бараш ѓаволот секаде можеш да го најдеш“, не само на Фејсбук, туку и преку телефон, на телевизија, во весник, што според логиката на Синодот би значело дека, на пример, за да се спречат свештениците да се јавуваат на хотлајн треба да им се забрани користењето телефон?! Па, дури и поконзервативната (во однос на православната) католичка црква во социјалните мрежи виде погодна алатка за да им се приближи на младите верници - Папата има 10 милиони следбеници на Твитер. За време на една моја посета на Света Гора атонска, која со векови е критериум за православие, од еден

тамошен старец ја слушнав следнава поука: „Ако доаѓаш на Света Гора за да сретнеш свети луѓе, монаси, ќе те води Светиот Дух, и ќе видиш зошто оваа гора е света. А ако доаѓаш за да видиш недостојни монаси и да се самооправдаш за личните духовни падови, тогаш ќе те води ѓаволот, и ќе ти го покаже токму тоа“. За верниците ова е единствениот духовен компас применлив во секоја животна ситуација за ориентирање меѓу доброто и злото - слободната волја да се користи имајќи ги предвид зборовите на апостолот Павле „С$ ми е дозволено, но не ми е с$ полезно“. А со забраната за користење Фејсбук Синодот испрати порака дека непримерното користење на социјалната мрежа од страна на свештенството е толку раширено, што Синодот немал друг избор освен овој, компромитирачкиот.


Капитал број 731 01.11.2013

10 НАВИГАТОР

www.kapital.mk

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

14,9% од кредитите одобрени на компаниите се нефункционални

Велика Британија треба да им каже „не“ на источноевропските работници за да ги натера младите способни Британци да се натпреваруваат со имигрантите. Ужасен е фактот дека една генерација млади Британци може да бидат "заборавени".

деЈдИд КАмеРОН

британски премиер

победник на неделата

75 милиони евра за енергетската ефикасност во Западен Балкан

Е

вропската банка за обнова и развој отвара нова финансиска рамка од 75 милиони евра за одржлива енергетска ефикасност на подрачјето на Западен Балкан. Финансиската рамка е дизајнирана да обезбеди кредитна линија за банките во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија за понатамошно

АпсуРд И пОКРАЈ пОмАлИТе плАТИ И НИсКИТе КА

Депозитите за една пораснале за 250 ми Реџеп ТАИп еРдОГАН

4.150

Босфор е премостен со подводен железнички тунел. Конечно се оствари грандиозниот проект на отоманските султани од 19 от век за подводно поврзување на Истанбул, градот кој е поделен помеѓу два континента. На овој начин се создаде нова врска меѓу азискиот и европскиот брег на Истанбул. За ова дефинитивно е најзаслужен турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кој уште од неговото доаѓање на власт го турка и се залага за овој проект. Сега кога тунелот е завршен, турската влада комотно може да се надева дека новата рута под Босфор на крајот ќе се развие во важен трговски пат, што ќе се протега од Кина се до западна Европа. Иако опозицијата во Турција проектите од типот: „најголем светски аеродром во Истанбул“ или „ископување на паралелен канал на Босфор“ ги карактеризира како „фараонски амбиции на Ердоган“, неговите замисли барем засега не само што се остваруваат туку даваат и конкретни економски резултати, како за домашната така и за светската економија. Интересно е што јапонската влада инвестираше 1 милијарда долари од вкупните трошоци од 4 милијарди долари, за тунелот од 1,4 км, проектиран да издржи најсилни земјотреси на кои е често подложен Босфорскиот регион. Доколку Ердоган навистина успее да одолее на притисоците на јавноста и да ги оствари сите замислени проекти, Истанбул кој важи за град со најдобра географска местоположба во светот повторно ќе го добие значењето како центар на целиот евроазиски копнен масив.

4.100

+

(во милиони евра)

4.032 4.027

4.050 4.000

3.921

3.950 3.900 3.850

3.870

3.800 Септ. 2012

Окт. 2012

Ноем. 2012

3.972

Дек. 2012

пишува:

Александар Јанев

О

aleksandar.janev@kapital.mk

д ланскиот Ден на штедење до годинашниот, депозитите во банките се зголемиле за речиси 250 милиони евра, што е пораст на депозитната база од 6,4%, покажуваат податоците од Народната банка. Меѓутоа, растот на депозитите се случува во време кога реалната плата на граѓаните за седум месеци годинава се намалила за 2,1%, што значи дека куповната моќ опаѓа. Просечните камати за штедење во банките исто така бележат негативен тренд и во истиот период, од јануари до јули се намалиле од 1,5% на 1,1%. Имајќи ги предвид овие индикатори, порастот на депозитите делува како апсурд во економијата?! Банкарите објаснуваат дека позитивните трендови доаѓаат пред се од секторот население, а голем удел во салдото имаат и парите од иселениците.Меѓутоа, како ќе се одвива штедењето во следниот период кога банкарите најавуваат дека уште

3.922 Јан. 2013

Фев. 2013

Март 2013

Апр. 2013

3.956

Мај 2013

повеќе ќе ги намалат каматите?! Претседателот на Здружението на банкари, Ѓорѓи Јанчевски вели дека трендот на паѓање на пасивните камати ќе продолжи до крајот на годината, главно поради зголемената ликвидност на банките но и истовременото намалување на каматите на државните хартии од вредност и на благајничките записи на Народна банка во кои што банките вложуваат речиси една милијарда евра. Од аспект на валутната структура, денарските депозити се основниот двигател на годишниот раст на вкупните депозити, а причина за тоа се повисокоите камати за штедење во денари отколку во странска валута. Вкупната депозитна база до септември годинава достигна 4,1 милијарди евра, од кои над 2,3 милијарди евра се чуваат во домашна валута. Но, со депозитна база од 4,1 милијарди евра, Македонија, сепак, спаѓа во земјите каде што штедењето во банка е на ниско ниво. Македонците помалку орочуваат пари во банките во споредба со некои други земји. Анализата на депозитниот потенцијал на банкарските сектори, како удел

Ј 2


www.kapital.mk

Капитал број 731 01.11.2013

НАВИГАТОР

кредитирање на приватни и општински корисници на инвестиции во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Проектот моментално во неговата прва фаза е започнат во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија и го комбинира неопходното долгорочно финансирање и техничката експертиза. Новата финансиска рамка се надоврзува на успехот на првата програма во износ од 60 милиони евра кој ЕБРД го започна во 2009 година заедно со осум банки од регионот.

37,7% од средствата на Фондот за пензиско се префрлаат од буџетот

лидери

година илиони евра 4.103 4.118 4.016

Јуни 2013

Јули 2013

Авг. 2013

Септ. 2013

во вкупната економија, покажува дека нивото на штедење во земјава е три пати пониско од просекот во Европската унија. Уделот на депозитите во македонскиот бруто-домашен производ (БДП), според последните податоци на НБМ, изнесува 46,2%, додека во Словачка тој сооднос е 62,2%, во Бугарија 63,1%, во Чешка 67,3% и дури 330,5% во Кипар. И покрај тоа што штедењето во банките во последните неколку години постепено се зголемува во споредба со другите земји од регионот, ова е уште еден показател дека нашата економија е недоволно развиена. Економијата расте бавно, невработеноста е на високо ниво од околу 28%, а компаниите се соочуваат со голема неликвидност, така што капацитетот за штедење е далеку помал во споредба со останатите европски земји.

мисла на неделата

> БРОјКА

АмАТИ зА шТеДење

Од ланскиот Ден на штедење до годинашниот, депозитите во банките се зголемиле за 6,4%. Меѓутоа, растот на депозитите се случува во време кога реалната плата на граѓаните за седум месеци годинава се намалила за 2,1%, а просечните камати за штедење во банките исто така бележат негативен тренд и во истиот период, од јануари до јули се намалиле од 1,5% на 1,1%.

11

Вашите најнесреќни муштерии се исто така и Ваш најголем изВор на знаење

Бил Гејтс

основач и сопственик на Мајкрософт

губитник на неделата

ФАТмИР БесИмИ

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграциите ги призна пропустите кои ги наведува Извештајот и најави дека посветено ќе работи на слабостите посочени од Брисел

АлеКсАНДАР ВучИќ

Српскиот вицепремиер преговара со компанијата „Мубадала“ од Обединетите Aрапски Eмирати, за изградба на фабрика за авионски делови во Србија во која ќе се отворат 600 работни места

не им беше неделата

БеКИм НезИРИ

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се соочува со “дупка“ од 22% во буџетот за исплата на пензии. Ревизијата предупредува дека таа и понатаму ќе се продлабочува!

ТИм КуК

Првиот човек на „Епл“ прокнижа пад на годишниот нето-профит за 11%, на 37 милијарди долари за фискалната година која заврши во септември иако продаде 33,8 милиони „ајфони“

_

ИлИјА ДИмОВсКИ ВМРО-ДПМНЕ не дава поддршка за предлогот на СДСМ на дневен ред на собраниска седница да се стави одлуката за разрешување на Трајко Вељановски од функцијата Претседател на Собранието, што значи дека било какво постапување во таа насока би било само непотребно губење на време и создавање на дополнителни конфликти, ни порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, сведувајќи ја и онака ниската парламентарно-демократска култура во Македонија на чиста нула, односно, како што самиот вели „на губење време“. Со оваа изјава Димовски призна дека Собранието, односно своите колеги пратеници ги гледа само како гласачка машина, за кои во ваков случај - кога однапред се знае како ќе гласаат, нема воопшто потреба да се дебатира на седница. Главната поента на овој своевиден „импичмент“ на Вељановски што го предложи опозицијата секако не е поврзана со чинот на гласање (повеќе од јасно му е на СДСМ дека разрешувањето нема да се случи), туку со самата расправа во која опозицијата сака пред јавноста да ги изнесе своите ставови за тоа што му го става на товар на собранискиот спикер. На крајот на краиштата, ова е и деловничко право на опозицијата - на секоја втора седница да достави точка по свој избор на дневен ред. Според логиката на Димовски и законите кои не ги предлага власта, а против кои е ВМРО-ДПМНЕ, не треба воопшто да се најдат на дневен ред на седниците на Собранието, за да не се губи време, кога се знае дека на крај нема да поминат.


Капитал број 731 01.11.2013

12

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата...

Број на странски туристи во Скопје 15.784

извор: Државен завод за статистика

16.002

13.164

14.169

13.894

9.684

мар.13

апр.13

мај.13

јун.13

јул.13

авг.13

Се повеќе странци го посетуваат Скопје

В

о август годинава Скопје го посетиле 13.894 странски туристи, што е за 22,5% повеќе во споредба со истиот месец минатата 2012 година. ако се гледа од почетокот на годината, најмногу странци го посетиле Скопје во јуни 16 илјади, што е повеќе за 11,8% во споредба со бројот на странски туристи во јуни минатата година.

светот низ медиумите... The Moscow Times

Русија се надева на подобри односи со Грузија после завршувањето на претседателските избори во земјата. Според анализите на московските медиуми заминувањето на Сакашвили од функцијата неминовно ќе ги подобри односните помеѓу Кремљ и тбилиси. lll

Time

заборавениот принц Чарлс е на насловната страна на тајм магазинот. американските новинари навлегуваат длабоко во неговиот приватен живот и неговите вистински идни амбиции како прв по ранг наследник на тронот на неговата мајка елизабета II која круната ја носи веќе 61 година. lll

The Economist

The Economist Високите даноци и честите казни во Сад дефинитивно ја прават земјата помалку привлечна за водење бизнис од пред неколку години. економистите предупредуваат дека тотално погрешна е оваа економска политика на Белата Куќа. lll

Der Spiegel

дали индустријата на месо не прави болни? Ова е клучното прашање кое го поставува германскиот магазин преку својата насловна страна. Според нивната анализа се идеалната генетски модифицирана грана е се позастапена на рафтовите. lll

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

1

Влезот во ЕУ ќе значи крај за многу балкански лидери!

2 Бесими: Доволно зборувавме како Македонци и Албанци – време е да зборуваме како граѓани на Република Македонија

На Македонија и треба 3 ММФ: поголем раст од тој што го остварува

3 фаКти Кти за... К

30,90% 23,46% 66,65%

од потрошената струја во јули била од увоз

се зголемил увозот на природен гас во јули

од струјата се произведува во термоцентралите

ВеРуВале или Не

Во Македонија е полесн да се води бизнис одошто во половина ЕУ Според најновиот извештај Doing Business на Светската банка, македонската економија е рангирана на 25 место според леснотијата за водење бизнис од вкупно 189 земји. Извештајот мери каква регулатива донела една земја, а не и како таа реално се спроведува. Не ги зема предвид ниту квалитетот на фискалното управување, другите аспекти на макроеконом-ската стабил-ност, нивото на вештини на работната сила или отпорноста на финансиските системи пишува:

игор Петровски

М

igor.petrovski@kapital.mk

акедонија е повторно меѓу десетте економии што најмногу ја подобриле бизнис климата, покажува новиот извештај на Светска банка, Дуинг Бизнис (Doing Business), што го покрива периодот од јуни 2012 до јуни 2013 година. Ова е четврти пат земјава да биде признаена од страна на Светската банка за топ бизнис реформатор, а овој пат Македонија спровела шест регулаторни реформи што го олесниле водењето бизнис на локалните претприемачи. Годинава, Македонија е на 25 место на листата од 189 економии според леснотијата за водење бизнис, за разлика од лани кога била 23 место, но меѓу 184 рангирани економии. Најголем скок е направен во делот на добивањето електричен приклучок за компаниите (76 место, лани 101), со тоа што е скусено времето потребно за добивање нов приклучок и утврден е фиксен надоместок за приклучување по киловат (kW) за приклучоци што бараат

моќност до 400 kW. Во делот на заштитата на инвеститорите (16 место, лани 19) реформа е направена со тоа што им се овозможи на помалите акционери да бараат поништување на нефер трансакциите помеѓу поврзани субјекти и назначување ревизор да ги испита наводните нерегуларности во работењето на компанијата. Во добивањето градежни дозволи сме напреднале две места, (63, лани 65), a во пристапот кон кредити (3, лани 23). Области каде што сме направиле чекор назад во поглед на регулативата за водење бизнис се извршување на договорите (рангирани на 95 место, лани на 59) и прекуграничната трговија (89, 76). Инаку, Сингапур е на првото место во светското рангирање на леснотијата за водење бизнис. На листата од 10 најдобри економии со најдобри регулативи за водење бизнис се и Хонгконг, Кина, Нов Зеланд, САД, Данска, Малезија, Јужна Кореа, Грузија, Норвешка и Велика Британија. Интересно е што во ова рангирање подолу од Македонија се наоѓаат развиени земји како Јапонија (27 место), Холандија (28), Швајцарија (29), Австрија (30), Белгија (36), Франција (38),


МБИ10

2.900

МБИД

2.700 2.500

60 секунди брифинг

www.kapital.mk

2.300 2.100 1.900

прОЦенки... ОЛи рен

еврокомесар за економски и монетарни прашања

европската криза не е надмината

П

ремногу е рано да се објави дека европската криза веќе е надмината. Економските реформи во Еврозоната мора да продолжат за да обезбедат поголем економски раст

1.700 06/10

> брОЈка

У?! ОБЛАСТИ КАДЕ ШТО МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈГОЛЕМ НАПРЕДОК (според рангирањето на Дуинг Бизнис годинава и лани) 2013 2012 Добивање електричен приклучок 76 101 Добивање кредит 3 23 Решавање на несолвентноста 52 60 Заштита на инвеститори 16 19 Добивање градежни дозволи 63 65 ОБЛАСТИ КАДЕ ШТО БИЗНИС КЛИМАТА Е ВЛОШЕНА 2013 2012 Извршување на договори 95 59 Регистрација на имот 84 50 Прекугранична трговија 89 76

Луксембург (60), Италија (65), итн... “Анализите како Дуинг Бизнис земаат предвид конкретни донесени закони, мерки за либерализација и сл., по што можеби навистина ние сме едни од лидерите. Меѓутоа, постојат и многу други фактори од квалитативна природа, потоа мислења што јавно не се соопштуваат, а и донесените закони не значи дека се функционира според нив. Така, на пример, ако ние кажеме дека за отворање на фирма, според прописите, се чека 3 дена, треба да се помине низ системот за да се види дали тоа навистина функционира или тоа е само теоретско време, а реалноста е поинаква", смета универзитетскиот професор Сашо Арсов. Од земјите во регионов, Македонија е најдобро пласирана, пред Словенија (33), Црна Гора (44), Бугарија (58), Турција (69), Грција (72), Косово (86), Хрватска (89), Албанија (90), Србија (93) и Босна и Херцеговина (131). Дуинг Бизнис не ги мери сите аспекти на деловното опкружување што им се важни на фирмите и на инвеститорите. На пример, не го мери квалитетот на фискалното управување, другите аспекти на макроекономската стабилност, нивото на вештини на работната сила или отпорноста на финансиските системи.

05/11

10/11

03/12

09/12

берза

мби 10

80

милиони евра наплатиле извршителите во првите девет месеци годинава

3.000 2.800 2.600 2.400 2.200 2.000 МБИ 10 1.800 1.600 1.40010 МБИ

1.619,00

06/10 12/10 05/11 10/11 03/12 09/12 02/13 07/13

МБИ 10 2010/2012 МБИ 10

1.619,00 2010/2012 2010/2012 2010/2012

Max. Min.

2.827,62 1.808,47

Min.

1.808,47

1.619,00 1.619,00 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК

2010/2012 2010/2012 Max. 2.827,62 Max. 2.827,62 Македонски Телеком Конечно минимален раст на МБИ 10 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 2010/2012 Min. 1.808,47 Min.Во 1.808,47 индексот на Mакедонската берза.

475,00 475,00 1.619,00 1.619,00 1.619,00 1.619,00 +2.28% 2010/2012 2.827,62 2010/2012 Max. Max. 2.827,62 да2010/2012 видиме дали овој тренд одржи Min.ќе се 1.808,47 МБИ 10 Телеком МБИ Македонски МБИ 1010 изминатата МБИ 10 недела на тргување после

ТОп ВесТи...

но

12/10

македонија бара преферeнцијален статус за земјоделските производи во русија

Р

азвојот на економиите на Македонија и на Русија создаваат погодни предуслови за натамошно зајакнување на билатералните трговско-економски односи, а голем потенцијал има во енергетиката, земјоделството и образованието. Ова е заклучокот од седницата на Меѓувладината македонскоруска комисија за трговскоекономска и научно-техничка соработка на која коретседавачи од македонска страна се вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а од руска заменик-министерот за правда Максим Травников. Како што соопшти Министерството за финансии, од двете страни е истакнато дека постои напредок во соработката во областа на енергетиката, поздравувајќи го приклучувањето на Македонија кон проектот „Јужен тек“. Македонската страна ја истакна потребата од преференцијален статус за македонските земјоделски и индустриски производи кои би се извезувале без или со намалени царини на рускиот пазар, при што беше договорено да се работи на ова прашање. Во областа на образованието обезбедени се стипендии за студии и специјализации на македонски студенти во Русија, вклучително и во дефицитарните области како енергетиката. На меѓувладината комисија беа разгледани можностите за соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација во областа на индустријата, транспортот, регионалната соработка, туризмот и военотехничката соработка.

некелкумесечен континуиран +2.28% пад НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИКДОБИТНИК Македонската берза покажа знаци на МБИ 10 Македонски Македонски Телеком и Телеком 2010/2012 Max. 2.827,62 раздвижување заздравување. Останува ГУБИТНИК 2010/2012 2010/2012 2010/2012 1.619,00 иНАЈГОЛЕМ продолжи. 475,00 475,00 2010/2012 Макстил

Min. 1.808,47 Min.Max. 1.808,47 2.827,62 Min. 1.808,47 НАЈГОЛЕМ 2010/2012 НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ДОБИТНИК Max. 2.827,62 +2.28% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 Min. 1.808,47+2.28% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Макстил Македонски Телеком НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Македонски Телеком Македонски Телеком НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Македонски Телеком -6,25%

75,00

75,00 475,00 475,00 475,00 475,00

НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ГУБИТНИК Македонски Телеком Макстил Макстил

+2.28% -6,25%

475,00

JONES ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ 75,00DOW 75,00 DOW JONES Макстил

НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Макстил НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

75,00ГУБИТНИК Макстил НАЈГОЛЕМ

+2.28% +2.28% +2.28% +2.28%

-6,25%

75,00 75,00 75,00 75,00 Макстил Макстил

-6,25%

-6,25%

DOW JONES DOW JONES 16.000

-6,25%

16.000

-6,25%

15.000 DOW JONES

-6,25% -6,25%

15.000

14.000

14.000

DOW JONES

JONES DOW JONES

13.000

13.000 DOW

DOW DOWJONES JONES 12.000 12.000

16.000

16.000 11.000 11.000 16.000

15.000 14.000

15.000 10.000 10.000 15.000

07.11 07.11

14.000 14.000 16.000

11.11

03.12

07.12

11.12 11.12

03.13 03.13

07.13 07.13

13.000 16.000 13.000 15.000 16.000 16.000 12.000 15.000 14.000 12.000 12.000 15.000 15.000 11.000 14.000 13.000 11.000 11.000 14.000 14.000 10.000 13.000 12.000 07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 13.000 10.000 10.000 13.000 12.000 07.1111.000 11.11 07.11 03.12 11.11 07.12 03.12 11.12 07.12 03.13 11.12 07.13 03.13 12.000 12.000 11.000 10.000 11.000 07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 10.000 11.000 +64,15 +0,05%

13.000

15.568,00 15.568,00

07.11 +64,15 10.000

10.000

11.11

07.11 07.11

03.12

07.12

11.12

03.13 +0,05%

07.13

07.13

11.11 03.12 03.12 07.12 07.12 11.12 11.12 03.13 03.13 07.13 07.13 11.11

Стабилно високо ниво на ДРУГИ ПАЗАРИиндекси во САД берзанските 15.568,00 ДРУГИ ПАЗАРИ без поголеми шокови. Ова е FTSE 100 6.725,00 +64,15 најпрецизниот коментар за +0,05%+0.07% FTSE 100 6.725,00 Nikkei225 14.325,00 -0.49% тргувањето на берзите во САД +0.07% Nikkei225 14.325,00 -0.49% S&P 500 1.762,00 изминатава недела кој според +0.13% 15.568,00 +64,15 15.568,00 +64,15 ДРУГИ +0,05% +0,05% S&P 500 ПАЗАРИ 1.762,00 +0.13% Nasdaq 3.940,00 -0.08% експертите ќе продолжи и +64,15 +0,05% +64,15 +0,05% Nasdaq 3.940,00 -0.08% DAX 8.978,00 -0.08% понатаму. FTSE 100 6.725,00 +0.07% 15.568,00 15.568,00

15.568,00 15.568,00 TOPIX DAX Nikkei225

1.193,00 8.978,00 14.325,00

-0.41% -0.08% -0.49%

+64,15 +64,15 TOPIX ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ 1.193,00 S&P 500 1.762,00 ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ

+0,05% +0,05% -0.41% +0.13% други пазари Nasdaq 3.940,00 -0.08%

ВАЛУТИ FTSE 100FTSE FTSE 6.725,00 +0.07% DAX 8.978,00 -0.08% +0.07% FTSE 100100 6.725,00 6.725,00 +0.07% 100 6.725,00 +0.07% ДРУГИ ПАЗАРИ TOPIX 1.193,00 -0.41% Nikkei225 14.325,00 -0.49% -0.49% ДРУГИ ПАЗАРИ Nikkei225Nikkei225 Nikkei225 14.325,00 14.325,00 -0.49% 14.325,00 -0.49% ВАЛУТИ S&P 500500 1.762,00 +0.13% +0.13% евро долар 500 1.762,00 +0.13% Фунта евро 1.762,00 S&P 500 S&P S&P 1.762,00 +0.13% FTSE 100 6.725,00 +0.07% FTSE 100 6.725,00 +0.07% Nasdaq 3.940,00 -0.08% 3.940,00 -0.08% Nasdaq Nasdaq Nasdaq 3.940,00 -0.08% -0.08% Nikkei225 14.325,00 -0.49% евро долар СТАПКА СТАПКА Фунта евро 3.940,00 ВАЛУТИ DAX 8.978,00 -0.08% Nikkei225 14.325,00 -0.49% DAX 8.978,00 -0.08% DAX DAX500 8.978,00 8.978,00 -0.08% -0.08% S&P 1.762,00 +0.13% TOPIX 1.193,00 -0.41% S&P 500 1.762,00 1.3782 1.6102 СТАПКА TOPIX 1.193,00 СТАПКА -0.41%+0.13% Nasdaq -0.08% TOPIX ПРОМЕНА TOPIXевро 1.193,003.940,00 1.193,00 -0.41% -0.41% евро долар Фунта Nasdaq 3.940,00 -0.08% ПРОМЕНА

1.6102

ВАЛУТИ

DAX СТАПКА DAX -0.25% ВАЛУТИ TOPIX ПРОМЕНА ВАЛУТИ TOPIX 1.6102

ВаЛуТи ВАЛУТИ -0.25% ПРОМЕНА Фунта евро

£ €

Фунта евро -0.25% ФЈУЧЕРСИ ВАЛУТИ

Фунта евро Фунта евро СТАПКА СТАПКА ВАЛУТИ

СТАПКА

1.6102

+0.01% евро долар

ПРОМЕНА

$ € 1.3782 евро+0.01% долар

евро долар евро долар СТАПКА СТАПКА

ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Фунта СТАПКА евро 1.6102 ПРОМЕНА ФЈУЧЕРСИевро Фунта

евро долар СТАПКА СТАПКА ПРОМЕНА

-0.25% ЗЛАТО ПРОМЕНА 1.6102

ПРОМЕНА

ПРОМЕНА СТАПКА 1.6102 1.6102 -0.25% ЗЛАТО СТАПКА 1.353,00

ПРОМЕНА

1.3782

8.978,00 -0.08% СТАПКА 8.978,00 -0.08% +0.01%-0.41% 1.193,00 ПРОМЕНА 1.193,00 1.3782-0.41%

1.6102 -0.25% ФЈУЧЕРСИ Нафта Брент -0.25% ЗЛАТО

ПРОМЕНА -0.25%1.353,00 -0.25% ФЈУЧЕРСИ ПРОМЕНА 1.353,00

1.3782 евро долар

1.3782 1.3782 +0.01% СТАПКА

ПРОМЕНА СТАПКА

+0.01% ПРОМЕНА 1.3782

+0.08%

+0.01% +0.08% +0.08%+0.01%

109,00 фЈуЧерси

ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Нафта Брент Нафта Брент

ФЈУЧЕРСИ 1.353,00 ФЈУЧЕРСИ 109,00

-0.37%

109,00 ЗЛАТО 1.353,00 ЗЛАТО зЛаТО

+0.08% -0.37%

ЗЛАТО ЗЛАТОБрент Нафта

1.353,00 1.353,00 1.353,00 Нафта Брент 109,00

1.353,00

+0.08% -0.37%

+0.08% +0.08% +0.08%

109,00 Нафта Нафта Брент НафтаБрент Брент нафТа Нафта БрентбренТ 109,00 109,00 109,00

109,00

1.3782

ПРОМЕНА +0.01% +0.01% ПРОМЕНА

-0.37% +0.08%

-0.37%

-0.37% -0.37% -0.37% -0.37%

пОдаТОЦиТе се Од ден 29.10.2013 дО 15ч.

3.300 3.100 2.900 2.700 2.500 2.300 2.100 1.900 1.700 07/10 10/10 02


Капитал број 731 01.11.2013

www.kapital.mk

14 Cover story: Кој е ефеКтот од странсКите ин

Makedonskite k neMaat goleM ] stranskite inv 1,8

милијарди евра странски директни инвестиции се влезени во земјава од 2006 та досега

8.500

вработени е предвидено да отворат странските инвестиции кои влегоа во Македонија во 2012 та година

38

милиони евра производи и услуги продале македонските компании кон зоните во 2012 та година

20%

од вкупниот извоз на Македонија се создава во слободните економски зони


www.kapital.mk

нвестиции врз еКономијата?

koMpanii ]ar od vesticii

Капитал број 731 01.11.2013

B Бројот на домашни компании кои соработуваат со странските инвеститори е се уште многу мал, иако државните институции тврдат дека нивниот број се зголемува. Заклучокот од целосното истражување на Капитал е дека домашните компании многу тешко стануваат соработници и добавувачи на големите светски компании кои влегоа во македонските зони

15


Капитал број 731 01.11.2013

www.kapital.mk

16 Cover story Виктор Мизо

Кристијан Ковачевски

Н

оментално имаме преддоговор за соработка со Ван Хол во делот на производството на делови за автобусите. Нашиот дизајн во моментов е на тестирање во нивните фабрики во Белгија и очекуваме со почетокот на фабриката со производство да започне и испораката на наши делови. Значи ги имаме набавени и калапите и материјалот и спремни сме да почнеме со испорака.

директор на Дирекција за технолошко индустриски развојни зони

апролет се планира активност за вмрежување на домашните добавувачи и странските инвеститори каде ќе се седнат двете страни на една иста маса. Но, секако прво е многу важно домашните добавувачи да се стандардизираат и да ги задоволуваат сите пропишани светски стандарди во оваа индустрија.

директор на Унипласт

М

пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

О

д 2006 година па досега во Македонија вкупно влегле 1,8 милијарди евра странски инвестиции. Иако оваа сума изгледа многу мала во однос на вкупните странски директни инвестиции кај соседите (конкретно во Србија за 12 години влегле 15,96 милијарди),овие инвестиции и тоа како имаат голем ефект врз макроекономските показатели на земјава. Минатата година само компаниите во слободните зони создале скоро 20% од вкупниот извоз на Македонија. Во исто време само инвестициите кои започнаа со реализација во 2012 година предвидено е да отворат 8.500 работни места. Меѓутоа кога странските инвестиции ќе се анализираат на микроекономско или компаниско ниво ефектите се уште се мали. Имено, бројот на домашни компании кои соработуваат со странските инвеститори се уште е многу мал. Во текот на изминатата 2012 година, македонските компании продале производи и услуги кон слободните економски зони во вредност од околу 38 милиони евра, што е скоро троен раст во однос на 2011 година кога тој износ изнесувал 12 милиони евра. Иако бројките и државните институции посочуваат дека оваа категорија има нагорен тренд, заклучок од истражувањето на Капитал е дека домашните компании се уште многу тешко стануваат соработници и добавувачи на големите светски компании кои влегоа во македонските

слободни зони.

Кои се причините?

Околу оваа проблематика мислење побаравме од професорот Марјан Петрески од Американ Колеџ. Според него, странските инвеститори досега многу малку или воопшто не се врзуваат со локалната економија. „Голем дел, ако не и сите од нивните инпути во производниот процес се од увоз. Тоа значи дека додадената вредност што ја креираат се сведува само на вградената работна рака и отсуствува мултипликативен ефект “ вели Петрески. Голем дел од странските инвеститори во Македонија припаѓаат на индустријата за производство на автомобилски делови и компоненти. Од таа област од повеќе од 50 домашни компании кои

работат во таа област едвај најдовме пет кои соработуваат со странските инвеститори. „Треба да се знае дека странските инвеститори се големи компании кои веќе имаат свои добавувачи на ниво на корпорации со кои соработуваат со години. Исто така, процедурата да се стане добавувач и соработник на вака големи компании трае со месеци. Значи минимум пет, шест месеци се испитува производот пред да се одобри од централата на овие компании“, ја објаснуваат ваквата состојба од автомобилскиот кластер кој ги обединува македонските компании кои работат во автоиндустријата. Директорот на дирекцијата за развојни зони Виктор Мизо сепак е оптимист дека во иднина соработката се повеќе ќе се зголемува, а странските компании


www.kapital.mk

Капитал број 731 01.11.2013

Ѓорче Тодоровски

Марјан Петрески

амо ние компаниите можеме да ги убедиме странските инвеститори за соработка, нудејќи им поповолно и со ист или сличен квалитет производи или услуги во однос на странските добавувачи од кои се снабдувале или се снабдуваат. Ниедна институција тука не смее и не може да им се меша на странските инвеститори и да им кажува од каде тие ќе се снабдуваат. Улогата на институциите ја гледам во тоа да им овозможат на странските инвеститори доволно информации за потенцијалите на македонските компании добавувачи.

транските инвеститори досега многу малку или воопшто не се врзуваат со локалната економија. Голем дел, ако не и сите од нивните инпути во производниот процес се од увоз. Тоа значи дека додадената вредност што ја креираат се сведува само на вградената работна рака и отсуствува мултипликативен ефект.

сопственик и директор на ТеТе Пласт

С

професор на Американ Колеџ

С

Како Србија ја зголеми користа од странските инвестиции?

П

огоре спомената бројка од 15,96 милијарди евра странски директни инвестиции во Србија не е случајна. Таа во најголем дел се должи ни а договорите за слободна трговија кои Србија ги има со Русија, Белорусија и Казахстан, а кои се голема мамка за западните инвеститори. Марко Обрадовиќ од Стопанската Комора на Србија за Капитал објаснува дека последниве неколлку години има масовна изградба на производствени капацитети со намера да извезуваат во Русија. „Во моментов во Србија има преку 1.300 словенечки компании и околу

ќе имаат се повеќе македонските добавувачи и партнери. „Соработката помеѓу новите странски инвеститори и домашните компании дефинитивно расте. Точно е дека некои од производите се специфични и нашите компании не можат да ги задоволат барањата на странците, а за некои производи веќе имаат добавувачи од странство од многу поодамна, но сепак македонските компании се се поприсутни како добавувачи“ тврди Мизо.

Кои се компаниите кои соработуваат со странските инвеститори?

Капитал стапи во контакт со малкуте компании кои успеале да почнат и подолг период да имаат успешна соработка со странските инвеститори во земјава со цел нивните искуства да им ги пренесеме и на другите македонски компании. Богослав Ангеловски од Ариље Метал

Марко Обрадовиќ Стопанска комора на Србија

С

екој производ кој се извезува од Србија мора да има 51% домашни суровини во него. На тој начин странските инвеститори не ја искористуваат само Србија, туку и Србија и нејзиното стопанство бенeфицираат од странските инвестиции.

вели дека неговата компанија за производство на завртки ги осплужува сите странски инвестиции во Македонија. „Произведуваме специјални навојни производи кои што покрај на домашниот пазар ги пласираме и кај сите странски инвеститори кои што се присутни во Македонија. Тие што имаат потреба во нивните производствени процеси се обраќаат кај нас за помош да им се изработи одреден вид на производ и ние тоа го исполнуваме. Засега соработуваме со Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Кемет, Кромберт и Шуберт", раскажува Ангеловски и потенцира дека сепак засега соработката се одвива само со мали количини на производи. Од скопската компанија Тете Пласт која произведува делови од пластика, изработува алати и калапи за вбризгување на пластика и развој на производи за компаниите од автомобилската индустрија велат дека соработуваат во помал или поголем

500 од Хрватска. Исто така од Италија има масовнодоаѓање на инвеститори кои сакаат да извезуваат во Русија. Тие вложуваат во Србија и формираат заедничка италијанско-српска компанија која е регистрирана како српска и на тој начин извезуваат со 1% царина, наместо со 10% како што би се извезувало од Италија за Русија“, вели Обрадовиќ. Обрадовиќ објаснува дека секој производ кој се извезува од Србија мора да има 51% домашни суровини во него. "На тој начин странските инвеститори не ја искористуваат само Србија, туку и Србија и нејзиното стопанство бенефицираат од странските инвестиции“, вели Обрадовиќ. обем скоро со сите компании кои инвестираа во Македонија, независно дали се од автомобилскиот сектор или не. Според Тодоровски можно е да се почне соработка со странските компании под услов да се работи професионално и да се исполнуваат строгите критериуми и услови. Струшката компанија за преработка на полиестер Унипласт која подолго време работи и на странски пазари, активно е и во преговори за соработка со странските инвеститори. Сопственикот на Унипласт, Кристијан Ковачевски вели дека веќе имаат испратено нивни производи на тестирање во централата на Ван Хул во Белгија. „Моментално имаме преддоговор за соработка со Ван Хол во делот на производството на делови за автобусите. Конкретно соработката треба да се базира на сите полиестерски делови за нивните автобуси како што се: поклопец за мотор, предна маска, рамка за багаж, задна маска и слично. Нашиот дизајн


Капитал број 731 01.11.2013

18 Cover story

во моментов е на тестирање во нивните фабрики во Белгија и очекуваме со почетокот на фабриката со производство да започне и испораката на наши делови. Значи ги имаме набавени и калапите и материјалот и спремни сме да почнеме со испорака“ вели Ковачевски. И кочанската компанија Тинг веќе подолго време соработува со Џонсон Мети. Тие нивната производна палета базирана на инокс материјали ја нудат како на домашниот, така и на странските пазари и на новите странските

инвеститори во Македонија. Според сопственикот Славе Јорданов можно е да се влезе во соработка со секого, но треба да се нуди квалитет. “Во нашава работа не смее да има пропусти. Досега не сме загубиле клиент, бидејќи сè што имаме договорено имаме остварено и испорачано. Мора да се биде професионален и кога ќе сфатите по 20 и кусур години колкава доверба акумулирале клиентите во вас и со каква почит се однесуваат кон вашата компанија, тогаш ви се исплатува секој

www.kapital.mk

непроспиен час низ годините полни со бркање рокови, квалитети и норми“, вели Јорданов.

Како да се зголеми соработката?

Фактот дека многу полесно и поедноставно е да се соработува со големите компании, кои дел од своето производство веќе го лоцираа во Македонија, отколку истите тие да се бркаат во Западна Европа го отвара прашањето што треба да се направи за да зголеми оваа соработка. Од автомобилскиот кластер велат дека ќе иницираат средба помеѓу домашните и странските компании од автоиндустријата за да се поттикне соработката „Сепак нашите информации велат дека странските инвеститори се добро запознаени со можностите на македонската автоиндустрија и дека е потребно време за да се зголеми соработката. Инаку и во моментов преку кластерот секоја компанија може да се поврзе со новите инвеститори со кои имаме контакти“, од велат од автомобилскиот кластер. Виктор Мизо вели дека со царина веќе направиле измени за олеснување на влезот на македонските компании и производи во зоните за на тој начин да имаат одредена предност во однос на странските добавувачи. „Напролет се планира активност за вмрежување на домашните добавувачи и странските инвеститори каде ќе се седнат двете страни на една иста маса. Но секако прво е многу важно домашните добавувачи да се стандардизираат и да ги задоволуваат сите пропишани светски стандарди во оваа индустрија“, вели Мизо. Сепак дел од компаниите и бизнисмените се објективни и самокритични. „Само ние компаниите можеме да ги убедиме странските инвеститори за соработка, нудејќи им поповолно, со ист или сличен квалитет производи или услуги во однос на странските добавувачи од кои се снабдувале или се снабдуваат. Ниедна институција тука не смее и не може да им се меша на странските инвеститори и да им наложува од каде тие ќе се снабдуваат. Улогата на институциите ја гледам во тоа да им овозможат на странските инвеститори доволно информации за потенцијалите на македонските компании добавувачи“, вели Ѓорче Тодоровски од ТеТе Пласт.


20 Интервју БИшев ГлИГор Капитал број 730 731 25.10.2013 01.11.2013

www.kapital.mk

претседател на управнИот одБор на шпарКасе БанКа

Zavr[I vremeto na bankarskI olIgopolI vo makedonIja!

I

Интервјуто со Глигор Бишев го правиме неколку месеци после преземање на раководната функција во банката Шпаркасе Македонија, која денес, како што вели тој, е една од најздравите банки во Македонија, па и во регионот, односно банка во надоаѓање која има значителен капитал и големи планови за развој. Тој најавува многу новини во работењето на Шпаркасе, многу нови производи и услуги за населението и компаниите. Со Бишев разговаравме и за големата консолидација која следува во македонскиот банкарски сектор, за условите во кои работат банките, за причините зошто кредитирањето на компаниите е многу ниско и за потенцијалите за развој на македонската економија.


www.kapital.mk

Капитал број 731 01.11.2013

Интервју

21

пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

XX Шпаркасе банка ја презедовте пред неколку месеци. Во изминатиов период и пред Вие да дојдете на челната позиција банката помина низ една фаза на чистење и консолидација. Во каква состојба е сега Шпаркасе и колкав е нејзиниот потенцијал? Можам да кажам дека моментално Шпаркасе банка е најздравата банка, не само во Македонија, туку и во регионот. Можеби ќе се зачудите кога ќе кажам дека адекватноста на капиталот на Шпаркасе банка е 29%. Тоа е добро, но истовремено и многу скапо за банката. Бидејќи e голем трошок за банката да има толку голем капитал кој е неискористен. Меѓутоа, акционерите на банката сакаат да дадат сигнал дека имаат долгорочни планови, дека целосно стојат зад Шпаркасе и дека банката има доволно капитал за експанзија за наредниот период. Имајќи ја притоа во предвид големината на групацијата на која припаѓа Шпаркасе Македонија, тоа е Штаермаркише Шпаркасе и Ерсте групацијата, лимитите за поддршка на населението и на компаниите се неограничени. Таа поддршка не е само во форма на кредити. За прв пат во Македонија на 12 ноември, Ерсте групацијата ќе одржи инвестиционен форум и за прв пат Македонија е ставена во радарите на групацијата со цел да се обезбеди финансирање, не само по пат на кредити, туку и преку сите современи форми на финансирање. Исто така, Шпаркасе Македонија располага и со С лизинг во Македонија. Оттука, освен кредитната поддршка, на компаниите во Македонија ќе им бидат понудени сите современи начини на обезбедување на средства, како синдикализирани кредити, лизинг, емисија на хартии од вредност и инвестиционо банкарство... XX Шпаркасе неодамна најави нов модел на финансирање на граѓаните. За каков модел се работи и кои се очекувањата од неговото воведување? Иновацијата на производите ја започнавме уште на почетокот на годината. Последниот пакет на производи кој го понудивме беше С и М пакетот , во кој се вклучува трансакциона сметка со дебитна картичка со која може да се подига готовина од 11 до 14 илјади банкомати на групацијата Ерсте и Шпаркасе во 11 земји низ целиот свет и тоа без никаква провизија. Дозволено пречекорување на сметка и кредитна картичка со 6% каматна стапка за првите 6 месеци, интернет банкарство и сите други услуги кои постојат како станбени и потрошувачки кредити. Моделот кој ќе го користиме за утврдување на кредитната способност на населението е расположливиот доход. Тоа значи дека минималните трошоци за живеење прво ќе се одбиваат од приходите, и делот што ќе остане расположив за инвестирање или за штедење е основата според која ќе се


Капитал број 731 01.11.2013

22

Интервју

овозможи задолжување на населението. А не како што прават сите други банки во Македонија, задолжувањето да се ограничува до една третина или една половина од приходите на населението. Тоа значи дека нивото на задолжување ќе биде поврзано со реалниот капацитет за отплата на кредити. Оние граѓани кои ќе имаат поголем капацитет, ќе може повеќе да се задолжуваат. Исто така новина е и тоа што за ниту еден кредитен производ, посебно за станбените и хипотекарните кредити, нема да утврдуваме максимален износ. Максималниот износ ќе биде утврдуван одделно за секој клиент, според неговиот капацитет за отплата на кредитот. Ако некое лице има капацитет да позајми милион евра, ние ќе му одобриме милион евра. Ако има капацитет да позајми 10 илјади евра, ние ќе му го одобриме тој износ. Значи, ќе имаме и производи за масовни клиенти, но ќе имаме и производи за високодоходовните групи на граѓани, кои според вкупниот приход и расположив доход се на ниво на една мала или средна компанија. XX Колкав е реално тој таргет на високодоходовни граѓани во Македонија? Имаме три нивоа на доходовност кај населението во Македонија. Во едната група се граѓани со приходи од 9 до 13 илјади денари и оваа група опфаќа 20% од вкупното работоспособно население што прима плата. Втората група се граѓани со плата од 13 илјади до 24 илјади денари и тие опфаќаат 20% од вкупно вработените. Учеството на оние кои земаат плата од 24 илјади до 33 илјади денари изнесува 25% во вкупните вработени лица. Плата над 34 илјади денари земаат околу 20% од вработените, а оние кои имаат приходи од плата над 60 илјади денари имаат учество од 7% до 8%. Меѓутоа, тоа се приходи само по основ на плата. Во вкупниот приход ќе се земат во предвид и приходите кои граѓаните ги земаат по основ на земјоделска дејност, од дивиденди, кирии, надоместоци, авторски хонорари и врз основа на сето тоа се пресметува капацитетот за отплата на кредитите. Значи планираме сериозно да го развиваме и приватното банкарство за високодоходовното население и тоа ќе го правиме заедно со групацијата и планираме да нудиме не само производи за кредитирање, туку и производи за штедење и инвестирање. XX Споменавте дека Шпаркасе ќе почне да работи и инвестиционо банкарство. Тоа е за прв пат во Македонија некоја банка да го нуди. Што ќе опфаќа инвестиционото банкарство и зошто досега го немаше во Македонија? Инвестиционо банкарство можат да нудат и да работат само големите групации. Македонија сама по себе е мал пазар и не може да се прават производи само и специјално за Македонија. Шпаркасе банка тоа ќе го работи заедно со групацијата Ерсте. За големите компании, било да им е потребно да позајмат средства или да имаат вишок на средства ќе им понудиме различни можности. Истото ќе го нудиме и за финансиските институции, за пензиските фондови, за осигурителните компании...На пример, за некои компании кои влегуваат

www.kapital.mk

во големи инвестиции и им се потребни износи поголеми од 50-100 милиони евра ќе им обезбедуваме средства не само преку кредитирање, туку и преку различни други форми, преку емисија на обврзници, преку субординирани заеми или некои други форми на инвестирање. Добро е што кредитниот рејтинг на Македонија е прифатлив за светските инвеститори и ние заедно со Ерсте можеме да се јавиме како директен финансиер или како организатор на финансирањето или како комбинација на двете форми. Битно е дека за прв пат Македонија се става на радарот на една групација за таков вид на финансирање било да станува збор за финансирање на приватниот сектор или, пак, на јавниот сектор. XX Што станува со сегментот на кредитирање на компаниите? Како планирате тука да се позиционирате и дали ќе воведете некои нови и поповолни производи за компаниите? Кредитирањето на компаниите е редовна дејност на Шпаркасе банка. Во овој сегмент исто така воведовме нов модел, каде што банката изработува кредитен рејтинг на компанијата врз основа на нејзиниот готовински тек. Ограничувачки фактор е економската активност во Македонија. Помеѓу кредитирањето и економската активност секогаш постои нераскинлива врска и тоа е еден маѓепсан круг. Значи, не може банките да кредитираат ако економијата не расте, а економијата не може да расте ако банките не кредитираат. Клучно е дали приватниот сектор ќе излезе со нови и иновативни проекти за производство кое ќе биде ориентирано за извоз, бидејќи македонскиот пазар е мал и ограничен. Економската активност во Македонија во овој период претежно се базира на градежниот сектор, кој придонесува со 20% во економскиот раст. Тоа на некој начин ни покажува зошто кредитната активност е ниска. Од една страна, имаме засилена градежна активност, но од друга страна гледаме дека недвижностите и становите тешко се продаваат. Понатаму, градежната активност е пред се поддржана со проекти на државата, што во услови на економска стагнација е позитивно за економијата, но тоа значи исто така дека финансирањето не оди преку банките и приватниот сектор, туку преку државниот сектор. XX Планира ли Шпаркасе да влезе во кредитирање на градежните компании? Што мислите колку е одржлив овој економски раст кој е базиран на градежниот сектор и колку е можно да се случи пукање на тој балон кој се создаде во градежништвото? Обновата на економскиот раст покрај другото се заснова на градежниот сектор, на јавни инфраструктурни проекти и на приватни градежни проекти. Ние поддржуваме доста градежни компании, но она што се чувствува на пазарот е презаситеност со станбени и деловни објекти. Она што на некој начин зачудува во Македонија е тоа што градежната експанзија се должи пред се на новоизградени станови кои учествуваат со околу 80%. Во светски рамки 60% до 65% од експанзијата

на градежната индустрија се должи на обнова и реновирање на постојните згради и станови, а некаде околу 40% е новата станбена изградба. Она што најверојатно ќе следи е оваа рамнотежа да се воспостави на едно пооптимално ниво. Мислам дека во идниот период ќе бидеме сведоци повеќе на реновирање и обнова на постојните објекти, згради и станови, а помалку нова станбена изградба. Најверојатно и во Македонија ќе има приземјување на пазарот на недвижнини. Прашање е само дали тоа ќе биде меко приземјување или ќе биде со некој поголем потрес. Од друга страна, сведоци сме дека во сите земји кои добиваат датум за членство во Европската унија побарувачката за станови се зголемува, не само од страна на домашното население, туку и од страна на нерезидентите. Во Македонија, од една страна имаме зголемена понуда на недвижности, но исто така сите се некако во исчекување на добивање на датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Доколку овие процеси се совпаднат, може и рамнотежата да се воспостави на тој начин што значителен дел од побарувачката за станбен простор и недвижнини ќе дојде и од нерезидентите. Меѓутоа, доколку процесот за пристапување кон ЕУ се одложи, тогаш најверојатно ќе бидеме сведоци на меко приземјување во овој сектор. Тоа што е позитивно е што носителите на економските политики објавија три големи инфраструктурни проекти, автопатот Скопје-Штип, делницата од Кичево до Охрид и ревитализацијата на пругите, кои ќе отворат голем фронт за градежната индустрија и за сите други пропратни индустрии кои гравитираат кон градежната индустрија. XX Значи може да се заклучи дека градежниот сектор и во иднина ќе го носи економскиот раст на Македонија? Да, но не со сегашната структура на градежништвото. XX Како тогаш може да се зголеми кредитирањето на компаниите? Гувернерот и министерот за финансии не неколкупати во последниов период повторија дека тие направиле се што биле во нивна надлежност да се зголеми кредитирањето и дека сега банките се на ред да го зголемат кредитирањето на компании. Но, кредитирањето е се уште на многу ниски ниво...Дали формирањето на гарантни фондови или поактивно вклучување на Македонската банка за поддршка на развојот би помогнале да се разбие овој маѓепсан круг? Македонската економија главно ја движат три дејности. Металната индустрија, која во минатото учествуваше со една третина во македонскиот извоз, потоа текстилот со околу 20% од извозот, земјоделието со 10% и градежништвото со околу 20%. Во моментов, металната индустрија е во тешка состојба заради намалената побарувачка од странство и мислам дека овој сектор ќе мора да помине низ процес на преструктуирање за да се обнови конкурентноста и кредитната активност. Земјоделието стандардно добро работи. Најверојатно туризмот ќе почне да дава


www.kapital.mk

Капитал број 731 01.11.2013

Интервју

23

Банкротсвата се нормални во пазарна економија

Банкротствата на компании се нормална работа за секоја пазарна економија. Ако банкротствата се инструмент за да дојдете до поефикасна економија, тогаш тие не треба да не загрижуваат. Колку побрзо тие се случат, толку побрзо од пепелта на тие што пропаднале, ќе излезат нови компании што генерираат раст и вработување. Но, ако банкротствата по обем се големи, а истовремено од нив не изникнуваат здрави и динамични компании кои ќе генерираат нов раст и ќе отворат нови работни места, тогаш имаме проблем. И тогаш носителите на економските политики ќе мора да ги редизајнираат мерките за да се урамнотежи динамиката на компаниите што пропаѓаат и новосоздадените компании, за да не дојде до значително зголемување на невработеноста.

позначителен придонес. И она што јас лично очекувам дека ќе биде секторот што најмногу ќе ја влече македонската економија и во кој банките ќе почнат повеќе да кредитираат се компаниите кои инвестираа во слободните економски зони. Овие компании денеска учествуваат со 20% во македонскиот извоз. Меѓутоа, нивните првични инвестиции се направија со средства од нивните матични компании и нивните матични банки. На пример, Ван Хул објави дека покрај финансирањето од сопствени средства, планира да соработува и со македонските банки. Во овој сегмент, предност е да се биде дел од поголема групација. Мислам дека тоа ќе биде каналот преку кој ќе почне да расте кредитната активност во Македонија. Исто така, очекувам да растат малите и средните претпријатија, образованието, услугите и сервисниот сектор во областа на медицината. XX А зошто Ван Хул би земал кредит од некоја банка во Македонија, кога сигурно може да земе поевтин кредит од некоја друга европска банка? Колку македонските банки можат да бидат конкурентни во тој дел? Сепак треба да имаме во предвид дека Македонија има кредитен рејтинг ББ+, а Германија, на пример, има рејтинг ААА. Од тој аспект и кога матичната компанија дава кредит на својата компанија во Македонија, таа го прифаќа кредитниот ризик на земјата

и го вградува во цената на кредитот, што на крај го поскапува кредитирањето. Од друга страна, земањето на истиот кредит во Македонија прави подобра и пооптимална структура на билансот на компанијата мајка. Значи ако компанијата мајка се задолжи, тогаш таа превзема поголем долг во однос на својот капитал во матичната земја. Иако вложувањата во Македонија се мали, тие сакаат дел од вложувањето во одредена земја да биде пратено и со извори на финансирање од таа земја. Сведоци сме дека оние компании кои се подолгорочно присутни во Македонија, тоа веќе го прават. XX Што е со останатите компании надвор од зоните и на кои не им оди баш најдобро заради кризата? Од каде тие ќе најдат извори на финансирање? Тие ќе мора да се преструктуираат. Компанија што стагнира ја губи конкурентската предност, станува неодржлива и како таква ќе биде превземена од некоја друга компанија на која и оди подобро, или од некои инвеститори или акционери...Кога се користи зборот преструктуирање, тоа не значи уништување на дејноста, капацитетот или на производството, туку напротив тоа значи промена на начинот на работење, дали на постојните сопственици и инвеститори или на некои други инвеститори. Железарата е најдобар пример за преструктуирање. Таа Железара што постоеше пред 20 години пропадна. Меѓутоа, делови од Железара

беа преземени од Митал стил, Макстил, Скопски Легури и денес тие субјекти се успешни, профитабилни и извозно ориентирани компании. Не станува збор за пропаѓање на средствата, туку за пропаѓање на инвеститорите. Тоа е всушност и мотото на пазарната економија - средствата да дојдат во рацете на оние инвеститори кои ефикасно и рационално ќе ги користат. XX Во време кога на најголем дел од компаниите, па дури и на носечките компании, не им оди добро се подготвува и Законот за финансиска дисциплина. Колку е сериозен проблемот со неликвидноста или несолвентноста со која се соочуваат компаниите и што очекувате да подобри овој закон? На неколку пати досега имам потенцирано дека во Македонија нема никакви индикатори кои укажуваат дека има неликвидност во економијата. Основен индикатор за неликвидност е во економијата да има дефлација, односно да паѓаат цените како последица на тоа што нема доволно пари. Напротив, ние имаме пораст на цените, пораст на задолженоста и зголемување на лошите кредити. Зголемувањето на лошите кредити, иако пониско во споредба со нивото на лоши кредити во регионот, е сигнал дека кредитната способност е слаба. Од една страна, на пример: продажбите и извозот на металната индустрија се намалени, а велиме дека треба повеќе кредити. Кога продажбата ви опаѓа,


Капитал број 731 01.11.2013

24

Интервју

www.kapital.mk

воведуваме и инвестиционо банкарство

За прв пат во Македонија на 12 ноември, Ерсте групацијата ќе одржи инвестиционен форум и за прв пат Македонија е ставена во радарите на групацијата со цел да се обезбеди финансирање, не само по пат на кредити, туку и преку сите современи форми на финансирање.

логично е дека и задолженоста треба да ви се намалува. XX Но, како тогаш компаниите ќе се преструктуираат без пари? Од каде да обезбедат средства ако банките не сакаат да ги кредитираат? Значи ли тоа дека тие се осудени да пропаднат, односно да бидат превземени од некои кои имаат повеќе пари или полесен пристап до кредити... Да, можеби ќе им бидат потребни средства за преструктуирање. Средства за да направат некој нов производ кој ќе го бара пазарот или да ги намалат трошоците на работење. Од тој аспект, мислам дека формирањето на одреден гарантен фонд би ја зголемил кредитната активност. Тоа значи дека државата, како што тоа го направија многу други земји во периодот од 2008 до 2010 година, кога кризата беше најинтензивна, треба да формира гарантен фонд. Да ги идентификува тие големи компании и дејности кои што се одржливи на долг рок, а на кои во моментот им треба преструктуирање. Државата би го поддржала процесот на преструктуирање, на тој начин што ќе издаде гаранции за да го олесни пристапот на тие компании до финансии. Тоа функционираше во одреден период кога кризата беше интензивна и кога државите увидоа дека бројот на компании кои би можеле да бидат затворени е преголем и дека невработеноста на тој начин ќе се зголеми. Па истите трошоци државата би ги имала за социјални расходи за оние кои ќе останат без работа. Меѓутоа, за Македонија е карактеристично тоа што ние поминавме низ многу блага рецесија. Економскиот пад не траеше многу долго и не беше толку голем и носителите на економските политика најверојатно оценија дека е подобро со фискалната и монетарната политика да го стимулираат целокупниот раст на приватниот сектор, отколку да прават селекција во стимулирањето преку гарантен фонд. XX Очекувате ли да има банкроти на компании, посебно по примената на Законот за финансиска дисциплина? Бидејќи многу компании отворено реагираат дека проблемот не е во тоа дека тие се недисциплиниран и намерно не сакаат да плаќаат, туку дека немаат пари за навреме да ги платат обврските... Банкротствата се нормална работа за секоја пазарна економија. Колку побрзо тие се случат, толку побрзо од пепелта на тие што пропаднале, ќе излезат нови компании што генерираат раст и вработување. Ако гледаме од таа перспектива, американската економија во периодот 2008 -2009 година беше економија со најмногу банкротства на компании. Беа затворени дури и 400 банки. Денес американската економија е најдинамична економија која отвара најмногу работни места. Ако банкротствата се инструмент за да дојдете до поефикасна економија, тогаш тие не треба да не загрижуваат. XX Што ако од пепелта на пропаднатите компании не излезат нови компании кои ќе отворат нови работни места? Ако банкротствата по обем се големи, а истовремено од нив не изникнуваат здрави и динамични компании кои ќе генерираат


www.kapital.mk

Капитал број 731 01.11.2013

Интервју нов раст и ќе отворат нови работни места, тогаш имаме проблем. И тогаш носителите на економските политики ќе мора да ги редизајнираат мерките за да се урамнотежи динамиката на компаниите што пропаѓаат и новосоздадените компании, за да не дојде до значително зголемување на невработеноста. XX Во каква состојба е банкарскиот систем во Македонија? Повторно се актуелизираат тезите дека бројот на банки во Македонија е преголем, за што се зборува веќе со години. Но, сепак не се случија преземања или спојувања... Македонија е се уште ниско доходна земја со осум и пол илјади евра БДП по жител, за разлика од високо развиените земји кои имаат околу 32 илјади евра БДП по глава на жител. Од друга страна, банката е компанија исто како и секоја друга компанија. И таа мора да има одреден обем на работење за да опстане на пазарот. Ќе ви кажам еден пример. Шпаркасе Словенија има вкупна актива од околу една милијарда евра и учествува со 3% во вкупната актива на словенечкиот банкарски систем. Шпаркасе Македонија со актива од 260 милиони евра, учествува со 5% во вкупната банкарска актива. Бројките се многу релативни. Во Македонија со вкупна актива на банкарскиот сектор од околу 5,5 милијарди евра, учество од 10% е 550 милиони евра. А во САД ако некоја банка има учество од 10% тогаш таа е најголема банка не само во САД, туку и во целиот свет. Инвестициите кои ќе се направат треба да генерираат одреден обем на работење. Оттука, произлегуваат и процените дека сегашниот број на банки е преголем. Втората клучна работа е што веќе 92% од македонскиот банкарски сектор е во странска сопственост. Ако порано за да бидете добар банкар проблем беше вашиот акционер да ви обезбеди капитал, сега веќе не е проблем на ниту една банка. XX Но, сепак најголемите банки во Македонија имаат проблематични акционери кои не можат баш така лесно да им обезбедат капитал... Добро да кажеме дека не е проблем на растечките банки или банките кои надоаѓаат. И во такви услови дистрибуцијата на активата и клиентите помеѓу банките ќе биде порамномерна. Нема да има толку голем јаз помеѓу големите и малите банки. Шпаркасе е петта по големина банка во Македонија, меѓутоа има наследено голема концентрација во банкарскиот сектор помеѓу трите наголеми банки. Таа разлика во иднина ќе се намалува. Консолидацијата во банкарскиот сектор ќе се одвива по неколку основи. Првата основа е што за да опстанете ќе морате да имате одредена големина на работење или економија на обем. Второ, веќе нема да постои олигополистичка позиција на две или три банки, туку ќе бидат четири, пет или шест банки. Кога ќе дојдеме до тоа ниво кога ќе има шест банки, меѓу кои ќе има порамномерна дистрибуција, логично се поставува прашањето колку останува за другите десет помали банки. И во таква ситуација ќе се наметне уште едно многу важно прашање, а тоа е како да се излезе надвор од македонскиот пазар, односно како да се има регионален

пристап. Затоа што, успешните компании го таргетираат регионот, не ја таргетираат само Македонија. Во такви услови, групациите ќе станат релевантни и многу значајни. Третата основа што се наметнува е дали банките кои имаат капитал и аспирации да се развиваат, ќе растат само органски или ќе се случуваат спојувања или преземања. XX Но, досега не се случуваа преземање и спојувања. Зошто би се случиле сега? Спојувања и преземања немаше затоа што малите банки не беа закана за големите и средните банки. Тоа не се случуваше затоа што големите банки на одреден начин го чуваа пазарот, а малите банки беа претежно во домашна сопственост и амбициите на нивните акционерите беа ограничени. Од тој аспект, на пазарот постоеше едно џентлменско правило - ние сме големите банки со нашиот пазар, вие сте малите со вашиот пазар. И конкуренцијата тука завршуваше. Сега конкуренцијата станува енормна и пазарот ќе си го каже своето. Не треба да бидеме нереални дека промените ќе се случат преку ноќ, тоа ќе биде подолгорочен процес. А и не би било добро промените да се случат преку ноќ, бидејќи ќе може да се поткопа финансиската стабилност. На сите нам, и на големите и на малите банки, и на Народната банка и на реалниот сектор, стабилноста на финансискиот сектор ни е најголем приоритет. Краткорочните погледи и интереси не треба да ја поткопаат таа света цел. Обврска на сите е да се брани и чува стабилноста на финансискиот сектор и работите да се одвиваат постепено, еволутивно и пазарните сили да функционираат. На крајот тоа е она што сите не мотивира да бидеме подобри, поуспешни, без оглед на тоа кој е сопственикот. XX Дали тоа значи дека на малите банки, ако не најдат поголеми сопственици, им претстои затворање? Па мислам дека нема да дојде баш така до механичко затворање на малите банки. Во принцип големите банкарски групации не сакаат да се истоштуваат и да почнуваат од почеток, да градат мрежа од експозитури... Тие по правило купуваат готова мрежа. XX На кој начин ќе се развива Шпаркасе, преку органски раст или преку преземање на некоја друга банка. Бидејќи впечатокот кој го има јавноста е дека Шпаркасе намерно не инвестира во ширење на мрежата, бидејќи е прашање на време кога ќе превземен некоја друга банка... Ние не фантазираме. Стратегијата ја градиме на реални основи. Шпаркасе не е мала банка и во моментот имаме околу 30 филијали, интернет банкарство кое ни овозможува во секој дом и на секое работно место да ги нудиме нашите услуги. Сега го менуваме и информациониот систем кој треба да ни овозможи голема конкурентска предност на пазарот. Зависно од потребите и можностите ќе ја профилираме и нашата стратегија. XX Дали под фантазија мислите на шпекулациите дека акционерите на Шпаркасе Македонија ќе ја купат

25

Стопанска банка од Национална банка на Грција? Одговорот ќе го повторам. Не фантазираме. Она што е суштински е што групацијата е високо капитализирана, има средства, има приоритети за работењето во Македонија, а стратегијата ќе ја градиме на база на реалните состојби и можности на пазарот. XX На среден рок каде би се позиционирала Шпаркасе Банка? Прво и основно е да останеме здрава и ефикасна банка, банка која ќе ги интегрира клиентите во своето работење, банка на која што може да се смета на долг рок, која ќе ги нуди сите производи и услуги, а големината ќе ја одреди пазарот. И како што и претходно споменав, мора да се има одредена економија на обем за да се биде ефикасен. XX Гледате ли знаци на економско заздравување и кои ќе бидат изворите на економски раст за следната 2014 година, во контекст и на ситуацијата во Европската унија? Очигледно, Европската унија бавно заздравува. Она што ги изненадува сите е тоа што брзо растечките земји не се веќе брзорастечки. Турција која имаше раст од 5% до 6% сега тој раст се движи околу 2%. Бразил има раст од околу 2% до 3%. Русија забавува. Единствено Кина останува побрзорастечка земја, но сепак забавува од раст од 12% на раст од околу 7%. Она што најверојатно ќе следи во наредните три до пет години е здрав раст базиран на квалитативни промени во националните економии. Од тој аспект, секој раст од 3% до 5% ќе се смета за задоволителен раст. Проблемот е што таков раст не е доволен и бавно ќе ја приближува Македонија до високо развиените земји. Оттука, Македонија ќе мора да направи квалитативни промени во структурата на националната економија. Ќе мора да има повеќе истражувања и иновации кои ќе бидат вградени во македонските компании. Ако ја анализираме денешната структура, таа се базира на производство со ниска додадена вредност. Некој исчекор напред се прави со странските инвестиции. Она што го очекувам е овие големи играчи да ја препорачаат Македонија како место за инвестирање и на нивните добавувачи. Искуството од другите земји покажува дека три или четири години пред вклучувањето во ЕУ, странските директни инвестиции се триплирале. Имајќи ја во предвид макроекономската и политичката стабилност и приближувањето кон ЕУ, нешто што сите го посакуваат и очекуваат, уште повеќе ќе ја зајакне перцепцијата за Македонија како стабилно место за инвестирање. Најголемиот економски раст очекувам да дојде по тој основ и тоа ќе ја смени и структурата на македонската економија. Ќе треба многу да се вложува во едукација и преобука на работната сила, бидејќи македонските работници имаат многу ниско ниво на вештини. Ќе треба да се направат реформи во образовниот систем, кои треба да генерираат нов профил на работна сила. Имајќи го сето ова во предвид, во оваа фаза на развојот на Македонија, мислам дека капиталот не е проблем. Проблем се идеите и едуцираната работна сила.


Energy delivery solutions

ENERGIZING YOU


Капитал број 727 04.10.2013 СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

MaKedonija ja odbele@a evropsKata nedela za bezbednost na rabota

KaKo do Kultura na bezbedno rabotewe? Неопходно е креирање на превентивна култура на безбедно работење базирана на богата меѓународна размена на искуства, за ефикасно да се заштити работникот - неговиот живот, и капиталот на компанијата во која работи, заклучија учесниците на настанот со кој во Македонија се одбележа Европската недела за безбедност и здравје при работа.

О

колу 2,34 милиони луѓе во светот умираат секоја година од несреќи на работното место и од професионални болести, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот. Притоа несреќите не се најчеста причина за поразителната статистика најголемиот дел од овие смртни случаи се последица на некоја од широкиот ранг болести поврзани со работата, односно 5.500 од вкупно 6.300 на дневна основа, а проценките се дека дури 160 милиони работници годишно добиваат дијагноза за некоја професионална болест. Поради несреќите, пак, на работните места, државите од своите буџети губат високи 4%. Да не останат овие податоци обична статистика, побараа и ветија дека ќе се заложат учесниците на конференцијата (одржана на 25 октомври) со која во Македонија се обележа Eвропската недела за безбедност и здравје при работа. На настанот свои обраќања имаа претставници на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU OSHA), на македонските организации од оваа област, како и на оние од земјите во регионот, на соодветните македонски државни институции, и претставник на норвешкиот инспекторат за труд. Говорејќи за тоа каде е Македонија во поглед на стандардите за безбедност на работното место, менаџерот на Европската агенција за безбедност и здравје за Македонија, Љупчо Кочовски, истакна дека „сме последни во Европа по степенот на информираност за ризикот на работното место, а само 25% од работниците во земјата сметаат дека работодавачот ќе го земе предвид посочениот безбедносен проблем од нивна страна“. Токму од овие причини на говорот на Кочовски се надоврза претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, Милан Петковски, со став дека “се среќаваме за да научиме, да не ги повторуваме грешките - своите и на другите земји“: „Целта е да креираме култура, превентивна, на безбедно работење. Не смееме да користиме затворени, национални анализи на овие несреќи, зашто тоа ќе значи недоволна

комуникација и слаба размена на искуства. Придобивките од подобрената комуникација се многукратни - ќе успееме да докажеме дека со превентива се штити човековиот живот и капиталот на компаниите“, истакна Петковски. Националниот координатор на Меѓународната организација на трудот, Емил Крстановски, порача дека за поставената цел - сензибилизирање на општеството за потребата од создавање превентивна култура за заштита при работа, очекува поголема поддршка од Државниот инспекторат за труд и од Министерството за труд и социјална политика. Во тој контекст рече дека е потребно подобрување на социјалниот дијалог со цел добивање соодветен институционален одговор на реалните предзивици од оваа област. Поранешниот претседавач на Европската агениција за безбедност и здравје на работа, Унгарецот Кароли Григори, говорејќи за тоа што треба да направи регионот за да ги подигне безбедносните услови во кои се работи, порача да се учи од најдобриот: „Секако дека е најдобро да се учи од најдобриот, но тоа за земјите од овој регион претставува само сон“, рече Унгарецот имајќи ги предвид разликите меѓу нивото на заштита при работа на Балканот и во европските земји што предничат на овој план - нордиските држави. Присутните на настанот го имаа задоволството да ги слушнат „најдобрите“ - норидиските земји, преку претставникот на норвешкиот трудов инспекторат, Уно Абрахамсен. „Безбедноста е добра за работодавачите зашто ја зголемува продуктивноста на работата. Во Норвешка постои национален политички консензус - сите партии, без разлика дали припаѓаат на левицата или десницата, даваат согласност за постојано засилување на стандардите за заштита при работа“, рече Абрахамсен, кој подвлече дека во неговата земја културата на заштита при работа е отидена дотаму, што скоро и да нема потреба да се регулира со закон - се предлага нова стратегија и таа по принцип на „бела книга“ веќе следниот ден се спроведува.

45

...СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ НА МАГАЗИНОТ

www.kapital.mk петок 18/10/2013

календар  8 ноември БИЗНИС ПОТЕНЦИЈАЛИ НА СЕВЕРО-ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА  15 ноември ЗИМСКИ ТУРИЗАМ  22 ноември КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ  29 ноември ЗДРАВЈЕ БИЗНИС СТИЛ  6 декември БРЕНДОВИ

Повеќе информации во врска со прилозите и комерцијално претставување во истите можете да добиете на телефонскиот број: 02 3298 110 ЛИЦА ЗА КОНТАКТ:

АЛЕКСАНДРА СТОЈМЕНОВА aleksandra.stojmenova@kapital.mk САЊА САВОВСКА sanja.savovska@kapital.mk БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ boban.gjorgjievski@kapital.mk


Капитал број 731 01.11.2013

46

www.kapital.mk

интервју

верицА МилесКА стефАновсКА ПретсеДАтел нА КоМорАтА нА реПублиКА

МАКеДонијА зА ПривАтно обезбеДувАње

Privatnoto obezbeduvawe mora da se Profesionalizira пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

XX Какви се вашите очекувања од новиот закон за приватно обезбедување? Со донесување на Законот за приватно обезбедување регулаторната рамка за дејноста е правилно и темелно поставена и на едно повисоко ниво, кое што кореспондира со денешните бизнис услови, со што очекуваме да придонесе во зголемување на стручноста, професионализацијата и стандардизацијата во дејноста приватно обезбедување. Со вака донесеното законско решение очекуваме поголем квалитет во услугата која ја даваат правните лица регистрирани

за вршење дејност приватно обезбедување во вид на давање на услуги и не помалку важни се и оние кои што вршат приватно обезбедување за сопствени потреби. Очекуваме поголема ефикасност во работењето, со тек на време и отстранување на нелојалната конкуренција и незаконското работење во сферата на приватното обезбедување. Со новиот Закон за приватно обезбедување вршителите на дејност од една страна добија поголеми овластувања, што значи дека освен досегашните овластувања за: проверка на идентитет, предупредување, преглед на лица, предмети, возила и багаж, како ново овластување дополнително имаме овластување за задржување на лице затечено во вршење на кривично дело што се гони по службена должност и кај употреба на средства за присилба, покрај физичка сила, огнено оружје и дресирано куче. Дополнително се овозможи примена на гумена палка, средства за врзување на лица и хемиски средства (спреј). Во исто време утврден е и прецизен начин

за нивна примена. XX Дали е реално да се очекува дека до 1 ви декември 2013 (од кога стапува на сила законот) сите субјекти ќе се прилагодат на неговите нови услови? Во рамките на своите надлежности, МВР досега издало 195 дозволи за правни лица кои вршат обезбедување во вид на давање на услуги, меѓутоа според сите податоци кои Комората ги добива од релевантни институции во РМ, активни се 116 правни лица (агенции за приватно обезбедување). За жал само 55 од нив работат исполнувајќи ги условите од Законот за приватно обезбедување, меѓу кои е и условот за најмалку 15 легитимации односно најмалку 15 вработени. МВР има издадено и 138 дозволи за вршење работи на приватно обезбедување за сопствени потреби, а од нив само 59 го организираат своето работење согласно Законскиот критериум минимум 10 легитимации, односно минимум 10


Капитал број 731 01.11.2013

интервју вработени. Дискутабилно е дали останатите компании се уште не го усогласиле своето работење со Законот, бидејќи имаат време до декември 2013, или пак тие престанале да се занимаваат со дејноста приватно обезбедување. Треба да оставиме ова да го констатираат соодветните надлежни институции во РМ. XX Каква е улогата на комората во овој дел. Што вие превземате за да им олесните на вашите членки? Од донесување на Законот за приватно обезбедување и подзаконските акти, произлезени од Законот, Комората презема бројни активности поради полесно имплементирање на Законот за приватно обезбедување од страна на вршителите на дејноста приватно обезбедување. Комората на повеќе пати организираше работилници, за правните лица кои вршат приватно обезбедување во вид на давање на услуги и за правните лица кои имаат обезбедување за сопствени потреби. И повторно со донесување на подзаконските акти, Комората организираше посебна работилница за своите членките. Во соработка со МВР , на овие работилници се дискутираше за донесените новини во ЗПО и нивна правилна имплементација. Истовремено, остваруваме и редовни годишни средби со претставници на Секторите за внатрешни работи, како и

професија XX Агенциите за обезбедување се многу напреднати во својот професионализам и имиџ во последните неколку години. Сепак секогаш има простор за повеќе. Што се прави и што треба да се направи во таа насока? Неоспорлив факт е дека вршителите на дејност ја надминаа потребата од утврдување на минималните, услови за работа. Сега тенденцијата е во дејноста и во општеството пошироко да создадеме клима во која реално ќе има повисока свест за нашата работа, за значењето и вредноста на нашата услуга. Дополнително, како резултат на економски, демографски промени во начинот и стилот на живеење и кај нас и во светот и ако се следат европските, па и светските трендови, оправдано е да се очекува развој на дејноста приватно обезбедување, а со тоа и побарувањето на услугите за приватно обезбедување неопходно ќе се зголемува. Со зголемувањето на потребата од услугите на приватното обезбедување, непосредно се зголемува и потребата за инвестирање во дополнително знаење, квалитет и модернизација. XX Кој е фокусот на идните планови на комората? Какви активности

47

натпревари каде што помеѓу останатото вршителите на дејноста ја препознаа можноста да се вклучиме со иницијатива за прецизирање и разграничување на надлежностите на редарите т.е. редарската служба од овластувањата на работниците за приватно обезбедување. Ова се само дел од нашите идни планови и активности, веќе учествуваме во определени работни групи при МВР и останува да видиме што ќе излезе како финален резултат. XX Комората и компаниите во неа се се поактивни на полето на општествената одговорност. Кажете ни нешто повеќе околу таа ваша активност? В р ш и тел и те н а д е ј н о с т п р и в ат н о обезбедување јасно ја препознаваат и прифаќаат одговорноста за своето работење пред се во управување со своите компании, пред граѓаните, пред институциите и пред целокупното општество. Како вршители на дејност, сериозно работиме, за јавноста да не прифати како рамноправен сегмент во сите сфери на живеење, заради тоа во тек на кампањата Денови на приватно обезбедување 2013, под мотото „Заедно сме сигурни - заедно сме едно“, која Комората на РМ за приватно обезбедување традиционално ја организира, поканивме експерти од различни дејности, кои што говореа од

Милеска Стефановска очекува зголемување на стручноста, професионализацијата и стандардизацијата во дејноста приватно обезбедување како првични ефекти од носењето на новиот закон кој треба да стапи на сила на 1 декември годинава. Според неа, Македонија не може да биде исклучок од светските процеси на се позасилена потреба од приватно обезбедување и поради тоа е важна целосната професионализација во овој сектор. средби со Комисијата за контрола и надзор над спроведување на Законот за приватно обезбедување, заради решавање на тековни прашања, со кои во секојдневното работење се соочуваат вршителите на дејноста приватно обезбедување и во исто време заради продлабочување на воспоставената позитивна соработка. И на крај, во правец на дос ледна имплементација на прописите пред десетина дена, т.е. на 21.10.2013 год. во соработка со МВР и ДЗЛП Комората организираше работилницата за техничко обезбедување, под мотото „Обезбеди ја мојата сигурност, заштити ја мојата приватност“. Речиси сите претходно споменати активности на Комората резултираа со соодветни публикации, Збирка прописи од областа на приватното обезбедување, џебно издание на Законот за приватно обезбедување, флаер за овластувањата на работниците за физичко обезбедување и флаер за техничко обезбедување и со помош на членовите на комисиите за оспособување имаме нови прирачници за оспособување и полагање на стручен испит за вршење на работи за физичко односно техничко обезбедување. Сите овие печатени изданија понатаму ќе служат за стручна, теоретска и практична употреба на сите вршители на дејноста и воопшто за потребите на пошироката јавност, за секој заинтересиран за нашата

и можеби конкретни резултати можеме да очекуваме од вашето делување во наредниот период? Морам да кажам дека членките на Комората со внимание ги следат сите промени во однос на законската регулатива во РМ и имаат предлози и иницијативи за измени и дополнувања на законската регулатива. Па така, како претставник на вршителите на дејност Комората до МВР поднесе иницијатива за измена и дополнување на Законот за безбедност на патниот сообраќај заради утврдување на постапка на запирање и начин на вршење на контрола на возила за транспорт на пари и други вредносни пратки, како и употреба на светлосна сигнализација само за ваквите возила. Проблематиката на транспортот на пари, како специфична дејност, која ги опфаќа интересите на компаниите но и јавниот интерес, има пошироко општествено значење, а овозможување на максимална заштита на животите на работниците за обезбедување, но и на пратката што се пренесува, како и зајакнување на безбедносните мерки кои се преземат при обезбедување на транспортот е суштествено. Неодамна Министерството за внатрешни работи излезе во јавноста со предлози за измена и дополнување на Законот за спречување на насилство на спортските

аспект на заштита на човекови права и основни слободи, за казнена одговорност на работниците за приватно обезбедување и за општествената одговорност на компаниите кои вршат приватно обезбедување. XX Каква е состојбата со приватното обезбедување во ЕУ? Дали новиот закон целосно ќе не усклади со нормативите во делот на обезбедување кои се користат во развиените земји? Во ЕУ регулативата која ја уредува дејноста приватно обезбедување не е унифицирана. Напротив во секоја земја членка има национално законодавство кое од една до друга држава се разликува. Но сепак, постојат утврдени Директиви од Европската комисија, кои се однесуваат и на дејноста приватно обезбедување. Во текот на работењето на Законот за приватно обезбедување работната група користеше вакви и други компаративни примери, но прилагодени на условите на живеење и работење во нашата држава. Комората е активна членка на CoECC (Confederation of European Security Services), која на ниво на ЕУ ги претставува и застапува интересите на дејноста приватно обезбедување, од каде што црпиме теоретски и практични искуства и ги применуваме во нашето работење, во случајот во формулирање на регулативата.


Капитал број 731 01.11.2013

48

www.kapital.mk

политика

Грците го билдаат национализмот!

Н

егативната кампања во Грција околу прашањето за името континуирано продолжува. На само неколку дена по разговорите во Њујорк помеѓу медијаторот Метју Нимиц и преговарачите, кога повторно се потврди дека преговорите се во ќорсокак, 23 грчки дипломати преку писмо упатија молба до Самарас. Во писмото тие го повикуваат премиерот да не се согласи ниту на име со географска одредница за севкупна употреба, оти како тоа велат тоа ќе им даде можност за фалсификување на историјата. „Секое прифаќање од наша

страна на сложено име со географска одредница за севкупна употреба, воопшто нема да ја спречи намерата на Скопје и нивните неисториски поткрепени ставови за македонски јазик, идентитет и нација, бидејќи вклучувањето на терминот Македонија во името на земјата им дава можност, не само да се придржуваат до фалсификување на историјата туку и да ги активираат барањата, базирани на нивната бесмислена теорија за обединување н поделената Македонија“, стои во писмото на амбасадорите до Самарас.

> БРОЈКИ

159

Помлади соработници ќе вработи Владата како државни службеници.

325

евра согласно огласот ќе изнесува почетната плата на овие новопечени државни службеници

80

милиони евра наплатиле извршителите во првите девет месеци од оваа година, објави Комората на извршители, што е намалување во споредба со лани кога биле наплатени 104 милиони евра.

Да се спроведуваа сам ќе ги истиснеа „црните пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

Фотоархива на Капитал

facebook bi bil prikljucen na poligraf 1 Koj Gjorgje Ivanov u momentot dur ja

izgovara recenicata“ Makedonskiot narod, mnogu go saka Kineskiot narod“, cela Kina bi ostanala bez struja. Mome Martinoski

2 Странски дипломатски речник за Македонија- „Будно ја следиме состојбата“=“Око не ни трепнуе“, „Многу сме загрижени“= “Многу ни чуе“ Aleksandar Manasiev

пет минути на својот фб 3 Пред профил, Исус го постираше

следниот статус: "Петре, бе, чедо мое, зошто, се глупираш"!!! Branko Trickovski

З

аконската рамка што треба да обезбеди транспарентно финансирање на политичките партии и на изборните кампањи постојано се засилува, односно се подобрува, но никако не успева да го спречи пробивањето на „црните“ пари. Повеќе од јасно е дека главниот проблем не е во регулативата, која и ваква каква што е, ако се спроведува доследно, не може да не даде резултати, туку во недостатокот на демократски амбиент што ќе ги натера партиите, или барем надлежните институции да ги почитуваат, односно спроведуваат законите. Ваквата ситуација остава мал простор за оптимизам дека и новите измени на Изборниот законик (веќе изготвени од работната група во Министерството за правда, и доставени до партиите) нешто суштински ќе променат.

Неделава (во контекст на измените) се одржа и дводневна конференција организирана од Државната комисија за спречување на корупцијата, а поддржана од ОБСЕ, на која домашни и странски експерти презентираа добри практики за финансирањето на политичките партии и изборните кампањи. Во воведните обраќања првите луѓе на двете најповикани државни институции за темата - ДКСК и Државниот завод за ревизија, наспроти погоре изнесената теза, уверуваа дека преземаат континуирани мерки и прават с$ што е во нивна надлежност за да обезбедат транспарентост на парите во политиката, што е насушна потреба за едно општество да може да се нарече демократско. Но, последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија вели нешто друго: „Спроведувањето на правната рамка за финансирање на политичките партии и понатаму има недостатоци. Недостатокот на транспарентност и отчетност на политичките партии за прекршување на законодавството за финансирање на политички партии претставува предмет на загриженост. И покрај измените во законодавството, преземени се ограничени активности во однос на мерките


www.kapital.mk

Капитал број 731 01.11.2013

бум-тРес груевски води на Фејсбук

49

Т

рката за поголем рејтинг на политичарите во земјава освен преку анкетите на разноразните агенции, се почесто се води и преку лајковите и фановите на социјалните мрежи, првенствено Фејсбук. Така, оваа недела премиерот Никола Груевски ја достигна бројката од 100.000 фанови и за ваквото “водство“ тој им се заблагодари на поддржувачите. Втор на листата од политичарите со најмногу фанови е екс лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски со околу 49.000 фанови, а трет е неговиот заменик, односно актуелниот лидер на опозицијата, Зоран Заев со нешто повеќе од 38.000 фанови.

РичаРд Ховит

известувач за Македонија во ЕП

Не само соседите, туку и дел од членките на ЕУ не се убедени дека Македонија ги исполнува копенхашките критериуми. Прашање е како да се убедат – европскиот пратеник како да не е свесен колкав број не само од соседите, туку и од земјите членки се внатре, а не исполнуваат критериуми!

НиКола тодоРов

министер за здравство

Не смееме да дозволиме кој ќе стигне да не труе – со оваа голема жестина што ја демонстрира министерот прво нека го провери воздухот на пример во општина Новаци...

ми, законите и досега е“ пари од политиката

Регулативата може во недоглед да се менува, но с$ додека институциите надлежни за „чешлање“ на парите во македонската политика уверуваат дека неуморно работат на оваа света задача за демократијата, а во извештаите за напредокот на земјата директно се прозвани како недоволно активни и видливи, не можеме да очекуваме од борбата за власт да ги снема „црните“ пари

за информирање на политичките партии за нивните обврски за известување, а потребен е и систем за порационален и проактивен надзор и изрекување санкции. ОБСЕ/ОДИХР извести за зголемен број обвинувања за злоупотреба на државни ресурси за време на Локалните избори во 2013 година, а неуспехот на релевантните институции да ги негираат истите предизвика сериозна загриженост“, пишува во извештајот, пришто се бара “Органите со посебни овластувања и надзорните тела да бидат повидливи и проактивни, а посебно внимание да обрнат на корупцијата во јавните набавки и на транспарентноста на финансирањето на политичките партии“. Истата порака на македонските институции (и партии) им ја

пренесоа меѓународните претставници на конференцијата, но во завиткана форма соодветна за еден настан чија цел е да охрабри: „Довербата во институциите е од витално значење за успешни избори. Со транспарентно финансирање и партиите добиваат поголема доверба, односно легитимитет кога ќе ја добијат власта. Ако се постигне транспарентност во финансирањето ќе има независност на институциите од партиите, зашто транспарентното финансирање значи дека институциите доследно ги спроведуваат законите без политички притисок“, изјави раководителот на политичкиот оддел на делегацијата на ЕУ во Македонија, Роберт Лидл.

дРагаН Павловиќ латас

новинар

Од сите новинари на протестот за Кежаровски, а беа едвај десетина, имам поголем стаж, поголем рејтинг и углед, повеќе школо и повеќе години зад себе... За годините и стажот Латас можеби и не лаже

twitter 1

Vane Trajkov@vantra722h

2

Мр Моџо Килингтон@mojokilington20m

Би протестирале административците, ама кратка им е паузата. @i999y

"А шо само славјанско албанска?" - другите малцинства.

3

Проданов@bprodanov12m

Се вози ли безбедно по автопат во Македонија ? правото прашање е: КОЈ АВТОПАТ?


Капитал број 731 01.11.2013

50

www.kapital.mk

политиКа

Pretsedatelski izbori 2014:

Makedonija ]e gla Predsedatel, Part ]e si Merat rejtin пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

Д

фотоархива на Капитал

ека во Македонија кога гласаме за претседател на државата всушност избираме партија е повеќе од јасно - причината е во позицијата на претседателот во нашиот политички систем, но уште повеќе во широчината и длабочината на партизираноста на општеството. Впрочем, за личности не гласаме ниту на парламентарни избори, поради затворените кандидатски листи (за пратеници) на кои имињата ги избира и ги реди партискиот лидер (во најдобар случај партиската врхушка) според дискреционо право, а врз база на лојалност кон него, такашто веројатно никој од нас не ги чита кандидатите кога на избори зад

параванот го заокружува редниот број пред подносителот на листата. Од овие причини прашањето пред секои претседателски избори (а следните се веќе во април) „Каков претседател $ е потребен на Македонија?“, го поставува само опозицијата, надевајќи се, како што напиша професорот Ѓорѓи Спасов во една неодамнешна колумна, дека таа „ќе понуди кандидат кој со евентуална победа ќе го најави политичкиот пресврт во земјата“. Со други зборови, победата на претседателските избори се книжи како лакмус за односот на силите меѓу власта и опозицијата. Дури и во иницијативата на претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, за уставни измени со кои се предлагаше изборот на претседателот на Републиката да се врши на посреден начин, во Собранието, со цел подобро позиционирање на шефот на државата, се крие деградирачкиот одраз на политичката реалност - меѓу причините кои Величковски ги наведе во прилог на иницијативата стои и „намалување на трошоците за избор на шефот на државата“. Во овој контекст Спасов во споменатата колумна пишува

дека кај нас победата на претседателските избори може да има две значења - и двете обесхрабрувачки: ако победи кандидатот на опозицијата, тој и да е „човек со политички авторитет и углед кој го надвисува угледот и авторитетот на партиските лидери во земјата, како што беше случајот со Киро Глигоров, тогаш таа функција се претвора во позиција на „немоќен опозиционер“; а ако победи власта, пишува Спасов, „човекот кој ја извршува функцијата претседател на земјата се доживува само како уште еден портпарол на Владата и непотребен трошок за државата, како што е тоа случај со сегашниот претседател Ѓорге Иванов“. Потребна е многу повисока политичко-демократска култура за лидерот на партијата која во моментот е најсилна да предложи кандидат за шеф на државата со таков вид на интегритет што ќе подразбира и опасност за истргнување од партиската контрола во тек на претседателски мандат. За ваквата ситуација свесни


капитал број 731 01.11.2013

политика

asa za tiite nzi

се и граѓаните поради чија демотивираност да излезат на избори за претседател на државата беа усвоени и измени на Уставот (во јануари 2009 година) според кои условот за успешност на изборите во однос на излезноста во вториот круг на гласањето беше намалена од 50 на 40 проценти. Уставните измени беа направени навреме, зашто излезноста на гласачите во вториот круг кога беше избран актуелниот претседател (на 5 април 2009 година) беше одвај 42,63% малку недостасуваше да не биде исполнет законскиот минимум. Некои аналитичари деновиве излегова со став дека и евентуалните предвремени парламентарни избори во истовреме со претсед а т е л с к и т е, м е ѓ у другото би послужиле за спас на цензусот за избор на новиот (или останување на

51

Во услови кога гласајќи за претседател избираме партија, прашањето „каков претседател & е потребен на Македонија?“, го поставува само опозицијата во надеж дека нејзиниот кандидат во случај на победа поволно ќе го обои лакмусот за односот на силите меѓу неа и власта во очекување на изборите со кои се добива правото да се состави Влада. Од овој аспект кандидатите кои ќе истрчаат на претседателските избори во април имаат ограничено значење, освен во случај власта да н$ изненади со некое име чие влегување во изборната трка ќе значи многу повеќе од амбиција за вселување во Вилата Водно стариот) домаќин во Вилата Водно. На власта и на опозицијата освен тоа што победата на претседателските избори им значи како показател на предност пред главната битка - онаа на парламентарните избори, кога се освојува Владата, важно им е да биде избран претседател на државата од нивните редови и поради некои од функциите што тој ги има - на пример, претседателот ги потпишува указите за прогласување на законите што ги донесува Собранието, односно може да стави вето на истите. Ѓорѓе Иванов досега одби неколку барања од опозицијата да го искористи ова право, а кога претседател беше Бранко Црвенковски (истовремено со ВМРО-ДПМНЕ во Владата) законите што брзо поминуваа низ Собранието (во отсуство на опозицијата) заглавуваа во претседателскиот кабинет. Црвенковски го искористи и правото на аболиција кога во случајот со струмички „Глобал“ го ослободи од кривичен прогон Зоран Заев.

Власта која ништо не препушта на случајот - сеуште молчи

Во услови кога на само шест месеци до претседателските избори актуелниот претседател сеуште не се изјаснил дали сака да трча за нов петгодишен мандат

- ја чека ВМРО-ДПМНЕ која засега молчи по прашањето, во јавноста циркулираат неколк у други имиња за мож ниот кандидат на власта. Меѓу нив дури и она на премиерот, Никола Груевски, кое заедно со можноста министерот за финансии, Зоран Ставрески, да се кандидира за претседател, во своето шоу ги спомена и Миленко Неделковски - ако за некого ова значи некаква индикација. Но, бидејќи отворањето на Уставот (засега) се покажа прескапо поради барањата на Албанците, варијантата Груевски за претседател се чини отпаѓа, бидејќи тој без измени на Уставот за зголемување на надлежностите на шефот на државата тешко би ја прифатил извршна инфериорност во однос на новиот прв човек на Илинденска. Иако, рејтингот и реалната моќ на Груевски дозволуваат да се земе предвид и можноста тој да се кандидира за нова функција - шеф на државата, без опасност да биде засенет од оној што ќе го замени во Владата и во партијата - како во ситуацијата во Русија кога Путин беше премиер, а Медведев претседател (Русија има претседателски систем). Шпекулацијата дека ВМРОДПМНЕ за претседател на државата ќе го кандидира министерот за финансии,


Капитал број 731 01.11.2013

52

www.kapital.mk

политика

пак, се појави откако „Утрински“ објави дека владејачката партија спроведувала анкета со цел да ја измери популарноста и мислењето на граѓаните за Ставрески. Во ВМРО-ДПМНЕ негирааа дека партијата спроведувала телефонска анкета за можен кандидат за претседателските избори иако од партијата која ништо не остава на случајот токму тоа би се очекувало ... барем на неколку месеци пред изборите. Името на Срѓан Керим, пак, се јавува како џокер во новинарските текстови во фаза на шпекулации за можни кандидати за претседател предложени од власта, особено поради тоа што во 2009 година имаше обид тој да биде заеднички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ како симбол на обединувањето околу националните приоритети. Керим како поранешен амбасадор, министер за надворешни работи и претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, секако би можел да очекува поддршка од јавноста. Неодамна како услов за да се кандидира го постави воздржувањето на Иванов од барање втор мандат. Професорот Јове Кекеновски е единствен што досега јавно обелодени амбиција да се кандидира за претседател на Македонија. Уште во февруари тој изјави дека верува во поддршката на членството на ВМРО-ДПМНЕ за неговата кандидатура. Опцијата владејачката партија да застане и зад втор мандат на Ѓорѓе Иванов се чини с$ помалку веројатна, но одредени потези на актуелниот претседател покажуваат дека тој би бил заинтересиран за ваков развој на настаните. Кабинетот на Иванов неодамна порача Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) да спроведе анкета, на која речиси 60 отсто од испитаниците одговориле дека македонскиот претседател води добра политика и работи во поглед на разрешувањето на спорот за уставното име. Ваквиот анкетен резултат би можел да биде аргумент на Иванов пред ВМРОДПМНЕ. Периодов видлива е и засилена активност на претседателот која се движи од учество на Регионалниот претседателски Самит во Драч, па с$ до присуство заедно со сопругата Маја во неговото родно Валандово на „Денот на калинката“.

Опозицијата бара надпартиски кандидат

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, соопшти дека во „Сојузот за иднината“ изградиле став оти ќе излезат со надпартиски кандидат „кој ќе го предизвика вниманието на целата македонска јавност без разлика на политичката, етничката или друга определба, со крајна цел Македонија да добие претседател каков што заслужува како земја аспирант за влез во ЕУ и во НАТО“. Согласност за истакнување заеднички надпартиски кандидат дадоа коалициските партнери на СДСМ - ВМРО Народна партија и Обединети за Македонија, за разлика од „Достоинство“ која го напушти „Сојузот“, а чиј лидер, Стојанче Ангелов, изјави дека сериозно размислува да влезе во претседателската трка. Се шпекулира дека постои договор меѓу СДСМ и „Достоинство“ Ангелов да настапи на изборите надвор од „Сојузот на иднината“ со цел полесно да освои гласови од десницата, односно да украде дел од поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Ангелов, кој самиот рече дека ќе смета

Најголема шпекулација: Ахмети кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Извлечена од архивите, изјавата на кандидатот на ДУИ на претседателските избори во 2009 година, Агрон Буџаку, дека „за наредните избори за шеф на државата кои ќе се одржат во април 2014, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи кандидат од редовите на ДУИ“ (за да врати за поддршката што Иванов во 2009 ја добил од Мала Речица) предизвика шпекулации кој би можел да биде ваквиот заеднички кандидат на македонско-албанската владејачка коалиција. Најинтересна теза изнесе порталот Centarnews.net, според која ВМРО-ДПМНЕ по своите општински комитети наводно го подготвува на гласовите на граѓаните незадоволни од случувањата во изминативе 20 години, кандидатурата ќе ја обезбедува со собирање потписи на 100.000 на избирачи. Најкрупното име кое се врти во јавноста во контекст на опозициската кандидатура за претседател на државата е она на поранешниот гувернер на Народната банка на Македонија, Петар Гошев. Да биде земен предвид од страна на новото раководство на СДСМ (со екслидерот Црвенковски немаше добри релации) Гошев придонесе со критиките до Владата, со кои почна набрзо по смената од функцијата, иако подолгиот дел од гувернерскиот мандат го одработуваше во време на премиерот Никола Груевски и како носител на монетарната власт беше дел од економската политика на неговата Влада. Гошев посредно проговори за својата можна кандидатура во емисијата „Патот Кон“ на Алсат-М, кога на прашањето дали ќе се кандидира за претседател на државата одговори дека не можел да остане рамнодушен на сето она што се случувало во државата и затоа ќе бил гласен. Како можен кандидат на опозицијата се споменува и членот на дипломатскиот совет на СДСМ, Стево Пендаровски, кој го исполнува критериумот „надпартиски“ - тврди дека не е дел од партискиот апарат на СДСМ и видливо е дистанциран од дневната политика, а се експонира како аналитичар во делот на надворешнополитичките и безбедносните политики. Адут на Пендаровски е неговиот практичен увид во работата на претседателскиот кабинет

теренот за да го кандидира лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за претседател на Македонија. Варијантата ВМРО-ДПМНЕ да застане зад Ахмети, или зад кој и да е друг Албанец како кандидат за претседател на Македонија, сепак ќе остане на ниво на кафеанско „бајрамење со паметот“ во услови кога влијанието на гласовите од македонска и од албанска страна на претседателските избори не остава никаков простор за ваков пазар, и се сведува на договор за албанска поддршка на македонски кандидат во вториот круг, за кој Албанците секако испорачуваат фактури. - им беше советник на двајца поранешни претседатели - Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. На поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, кој, исто така, се смета за можен опозициски кандидат за претседател на државата, како и на Пендаровски, „фах“ му се анализите на надворешната политика, а особено за спорот со името. Во случај да биде кандидат, Малески лесно би станал мета на негативна кампања од власта поради неговата колеблива вера во можноста за независност на Македонија по одвојувањето од СФРЈ, или поради неодамна изнесениот став дека како Македонци треба да заборавиме на национална историја пред 19 век. Како можен кандидат се споменува и потпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, но ако Заев се држи до ставот дека бара надпартиски кандидат оваа опција отпаѓа. Тезата за кандидатурата на Шекеринска е поттикната од потребата да добиеме претседател изверзиран во меѓународните односи во фаза кога бркаме датум за преговори решавајќи го спорот за името, односно од искуството на потпретседателот на СДСМ во оваа област таа беше вицепремиер за евроинтеграции, како и потпретседател на Социјалистичката интернационала. Надвор од опозицијата врзана со СДСМ, свој кандидат на претседателските избори најави и партијата „ГРОМ“ на Стевче Јакимовски, кој изјави дека предложениот „ќе биде докажан и успешен функционер, без црна дамка во кариерата“.


balkan biznis i politika

54

СтудентИте во СофИја го оКуПИраа реКторатот

Капитал број 729 18.10.2013

Пораката од насловот беше една од неколкуте истакнати на зградата од Софискиот универзитет, откако започна студентската окупација минатата недела. Студентите бараат распуштање на парламентот и предвремени избори, со образложение дека не може повеќе да трпат владеење на мафија, корупција и ниски морални вредности во Бугарија.

“Bugarija e vo remont. izvinete za neprijat пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

С

тудентите го “окупираа“ Ректоратот на Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски“, најстариот и најголем универзитет во Бугарија, барајќи да биде распуштено Народното собрание и да бидат распишани предвремени парламентарни избори. Студентите, кои што се поддржани и од дел од професорите, бараат да се сопре беззаконието во највисоките нивоа на власта, Бугарија да стане цивилизирана, правна држава и правдата и знаењето да се утврдат како високи општествени вредности. Како што пренесува бугарски “Дневник“, студентите сметаат дека лидерите на власта во Бугарија се

поврзани со сомнителни бизнисмени и се незадоволни од с$ пораширената корупција во државата. Акцијата на окупација на Ректоратот почна на 23 октомври за време на предавањето на професорот Димитар Токушев, инаку судија на Уставниот суд, кого што го сметаат за одговорен за враќањето на пратеничкиот мандат на Дељан Пеевски, контроверзен бизнисмен и медиумски магнат. Тој претходно се беше откажал од пратеничкиот мандат за да биде избран за директор на Бугарската државна безбедност. Пеевски под притисокот на јавноста се откажа од оваа функција и си го побара назад пратеничкиот мандат, со оглед дека беше избран за народен пратеник од листата на партијата на бугарскитеТурци – Движење за право и слобода. Целосна окупација на Ректоратот почна во неделата вечер, откако студентите ги затворија сите шест влезови во зградата и не пуштаат никого внатре, освен оние со специјални дозволи.

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски рече дека ја поддржува секоја демократска форма на протест, но ги повика студентите да одат до крајности, односно, да не им пречат на останатите студенти во наставата. “Протест што не пречи на никого не е никаков протест. Нам секако дека не ни е најпријатно да не спиеме по цели ноќи и да престојуваме во Универзитетот. Ние го правиме ова за да го привлечеме вниманието на народот“, рече студентот Александар Витанов од Математичкиот факултет при Софискиот универзитет. Тој додаде дека студентите што го окупираа Ректоратот се против обидите на некои политички партии да ја искористат оваа акција за подигање на своите рејтинзи.

“Во ненормална држава не е можно нормално образование“

На студентите од Софискиот универзитет поддршка им дадоа и неколку десетини нивни професори,


55 Реакции по повод окупацијата

пламен оРешаРски премиер на Бугарија

може да направиме добар дијалог со студентите

Постојат многу работи кои студентите треба да ми ги кажат и јас да им ги кажам! Ми изгледа дека може да направиме добар дијалог со нив. Тие имаат право да протестираат, се разбира, но треба да ги избираме формите на протест, за да не им пречиме на другите.

и дел од професорите го поддржуваат протестот на студентите

t. tnosta” но и колеги од други универзитети, како Националната академија за театар и филм, Универзитетот во Велико Трново (чиј што ректор сепак не ги оправдува докрај протестите), Новиот бугарски универзитет и др. Александар Ќосев, културолог и еден од универзитетските професори поддржувачи на окупацијата, смета дека “не е возможно да има нормален образовен процес во една држава, што не е нормална“. “Институциите во Бугарија не работат нормално и против таа состојба е насочен протестот. Бугарското општество гледа дека се избираат политичари, зад кои што има сомнителни интереси и дека политичките договори се темелат на лага. Така повеќе не може“, вели Ќосев.

Контрапротести

За окупацијата се изјасни и Академскиот совет, составен од сите факултетски декани на Универзитетот. Советот рече дека ги разбира мотивите на студентскиот протест, но ги повика организаторите

да најдат други форми да го искажат своето незадоволство, без притоа да го прекинуваат процесот на настава. Неофицијално, само двајца декани се залагале Советот да даде целосна поддршка на окупацијата. Ректорот Иван Илчев не сакал да открие кои се тие декани, но студентите тврдат дека се од факултетите за историја и филозофија. Инаку, пред зградата на Ректоратот се појавија и противници на протестот, група од неколку десетини студенти кои што бараат окупацијата да престане и наставата нормално да продолжи. “Политиката надвор од универзитетот!“, беше нивната порака. Тие дојдоа пред оградата на Универзитетот и се обидоа насилно да влезат , по што интервенираше полицијата. Извикуваа пцости кон студентите во универзитетот дека се проститутки на Бојко Борисов. Во моментот на затворање на овој текст (вторник), поддршката на “окупаторите“ во Софија земаше с$ поголем замав, а со декларација за поддршка излегоа и универзитетски професори, потпишана од 90-мина од нив. Поддршка до своите колеги во татковината, дадоа и бугарски студенти во Виена, кои што изјавија: “Ние бугарските студенти во Виена сме со граѓански став, наполно еднаков со тој на колегите од Софија“. Студентите во Софија не се откажуваат од своите намери, да седат затворени во Ректоратот, с$ додека не се исполнат нивните барања.

иван илчев

ректор на Софискиот универзитет

студентите се интелигентни, нека смислат друг начин на протест Јас не сум Ванѓа, па да знам уште колку денови Ректоратот ќе биде затворен. Можат уште вечерва да се откажат од таа крајна форма на протест, која е и незаконска.

александаР Ќосев универзитетски професор

протестот е насочен кон ненормалната состојба во Бугарија Институциите во Бугарија не функционираат нормално и кон тоа е насочен протестот. Живееме во една вонредна состојба и оставката на парламернтот ќе биде знак дека така повеќе не може.


balkan biznis i politika

56

Капитал број 731 01.11.2013

Дејан ИЛИќ ФонД за ИноватИвна Дејност на срБИја

Se u{te ne znae {to e vistinsk konkurencija Мијат Лакиќевиќ Миша Бркиќ

М

ожеме да зборуваме дека парите не се најважната работа, но секогаш е важно кога човек има добри идеи, да има и пари. Што ќе му е идејата, ако нема 100.000 евра да купи една машина, вели Дејан Илиќ, еден од најуспешните Срби во светот,

иноватор, татко на „сувите“ батерии за мобилните уреди, оскаровец, генерален директор на германската компанија ARRI и претседател на Фондот за иновативна дејност во Србија, поради што последните години живее на релација Минхен- Београд. XX Живеете и работите во две држави. Може ли да ја споредите состојбата во Германија и Србија? Тоа не може да се спореди. XX Зошто? Германците поинаку живеат, поинаку

работат, имаат поинаков однос кон средствата. Моите вработени во Германија никогаш не би дозволиле нешто да се уништи или украде, бидејќи знаат дека ако фирмата слабее, тогаш слабеат и тие и дека на тој начин самите си го загрозуваат работното место. А најголемата мотивацијата за еден Германец е работното место. Нивната идентификација со компанијата е огромна. Работникот во Германија вели „одам да ја одржувам својата машина“, не велат „машината на газдата“. Во Германија свеста на работниците е таква


интервју

57

Србија е мека оти нема конкуренција. Во Србија обемот на работа е фантастично мал, а да не зборуваме за квалитетот. Мораме да ја менуваме нашата свест, а тоа трае помеѓу 20 и 60 години, и мораме да ја менуваме работната свест- таа побрзо се менува. Не може се одеднаш, мора чекор по чекор, но мора брзо да се трча

eme ka што тие не бараат 13 или 14 плата кога гледаат дека компанијата не е во добра состојба. XX Може ли тоа некако да се пренесе во Србија? Може секако, но не одеднаш,туку постепено. Веќе постојат такви примери. Но, во СРбија се е поинаку. Имав мала фирма за маркетинг во Србија, купив најдобри фотељи, маси, опрема... да ги мотивирам да работат што повеќе и поефикасно, а тие целата опрема ја соголија, скршија и искинаа. Тоа во Германија никогаш не би се случило.

Дисциплина. Германците имаат фантастична дисциплина, тоа оди со воспитувањето и образованието. И јас самиот за еден ден во Германија работам десет проекти, а кога ќе дојдам во Белград, не можам да направам три. Тука се е далеку, не може да се најде, оној доцни, оној не дошол на работа, на третиот му умрела мајката... Ужас! Во Германија го нема тоа, имам термин и тоа е тоа, не е важно дали бабата ја скршила ногата или не. Кај нас во преговорите „се се може“, „ајде брат во кафана, нема проблем“, а кога инвеститорот ќе дојде во Србија, тогаш ништо не може и има сешто, а после нема ништо. Малку карикирам, но така е. Но, младите веќе учат како треба да разговараат и тие сосема поинаку се однесуваат. Тоа е промена на културата. Потоа, обемот на работа. Во Србија обемот на работа е фантастично мал. Квантитативно, а да не зборуваме за квалитет. Моите работници во Германија доаѓаат на работа во осум саат и пред 17:30 не одат дома. Точно е дека имаат повеќе паузи, пет по пет минути, но машината не смее да застане, тие се менуваат и имаат ручек од 45 минути. Законот предвидува да работаат 35 часа неделно, но тие се главно 40 часа аткивно на работа. Ние тоа го плаќаме. Бидејќи за Варта или ARRI би било катастрофа да не се работи во три смени. А мојот директор да отиде дома пред 17:30 часот, тоа би било крај на светот, нема шанса. XX Наведовте многу аргументи инвеститорите да не вложуваат во Србија? И покрај се Србија е мека, бидејќи нема конкуренција. Никој во Србија всушност не знае што е вистинска конкуренција. Знаат само тие што извезуваат. Ти да одиш во светот да продадеш нешто, а пред тоа да не си направил договори и да не знаеш каде ќе одиш и за која цена ќе продаваштоа никаде го нема. Ние мораме допрва да учиме каде е тој пазар, која цена се плаќа, па потоа да се вратиме во Србија и да произведуваме. XX Гледате ли воопшто некакви промени? Оди бавно. Мораме да бидеме свесни дека ќе има “царски резови”. Ќе боли, ќе има страдање, ќе трае долго, но друг пат нема. И другите земји поминаа по сличен пат. Гледаме дека ние сме многу побогати од земјите кои ги посетував. Кога ќе се сетам каква беше Јужна Кореа, тоа не можам да ви го опишам. Ние имаме се уште што да јадеме, да се облечеме, кога ќе погледнам, луѓето што одат по Белград

Фонд за иновативна дејност

Во Фондот сум од неговото основање од пред нешто повеќе од две години. Во Европа такви институции постојат одамна. ЕУ дава пари, а Светска банка го води тој фонд. Нивна првенствена цел е да ги гледаат малите компании кои не се постари од две години и да имаат одредена поврзаност со науката. Светска банка редовно надгледува како се трошат средствата од Фондот. Системот за работа е таков што се распишува конкурс на кој се јавуваат мали и средни фирми, особено од софтверската, но и од металската и други индустрии. Грантовите се од осумдесет до неколку стотина илјади евра. Мора да се поднесе бизнис план, иако се во суштина тоа неповратни пари. Тоа е фантастична работа затоа и прифатив да бидам претседател. До сега добивме околу 10 милиони евра, а наскоро доаѓаат нови средства. Со ЕУ и Светска банка преговараме новата транша да биде 48 милиони евра. се исти како во Лондон. Не знам од каде, веројатно се е од кредити. Кога ќе погледнам во јужна Србија, се гледа дека платите се мали, но ние не сме на работ на пропаста како некои земји кои од тоа се извлекоа. А како се извлекоа? Мораме да ја менуваме свеста, а тоа трае од 20 до 60 години. Мораме да ја менуваме работната свест, а таа нешто побрзо се менува. Мораме повеќе да ја користиме главата, повеќе да ги користиме талентите кои ги имаме... Гледам многу таленти, не само во интелектуална смисла, туку и оние со „две десни раце“. На тие луѓе малку им треба да ги поттикнеме, малку поповолна атмосфера, малку капитал и така се почнува. XX На конференцијата “Квантен скок” зборувавте дека Србија не ја разбира разликата помеѓу стратешкиот план и целите? Не можем овде на никој да му објаснам што значи стратешки развоен план. На моите директори им велам - мора да ми одговорите како ќе изгледа чип во 2020 година, какви ќе бидат перформансите и на основа на тоа направете ми виртуелна батерија. Тоа е стратешки план. И веќе сега почнувам да инвестирам, кога ќе дојде 2018 година веќе ќе имам производни капацитети за таа батерија, во 2019 година ќе ги дадам тие батерии на


balkan biznis i politika

58

Капитал број 731 01.11.2013

Кариера

Д

ејан Илиќ (Селевац, кај Смедеревска Паланка, 1957) професионалната кариера ја започна 1987 во компанијата Варта. Како шеф на развојно-истражувачкиот тим работи на развој на нови батерии за полнење. На основа на неговите истражувања на универзитетите во Дрезден и Грац за реакцијата помеѓу литиум металот и метал оксидите, неговиот развоен тим во Варта го развива револуционерниот систем на микробатерии кој денеска се користи во скоро сите мобилни телефони, лаптоп компјутери, таблети... Во 2002 година станува професор на Универзитетот во Грац. Илиќ во 2006 година доаѓа на чело на фирмата ARRI, лидер во производството на филмска и телевизиска опрема. Компанијата ARRI ја презема на повик на германскиот министер за стопанство Михаел Глос поради добрите бизнис и иноваторски резултати во компанијата Варта микробатерии.

тестирање, а во 2020 година ќе започнам со производство. Може сето тоа да биде грешка, ќе ја превземам одговорноста, но не смеам да работам без стратешки план. На поинаков начин не можам да опстанам. А во Србија сите се концентирани само на целите. XX Во врска со тоа, велите дека кај нас премалку се води сметка за примената на науката? Јас велам дека се почнува од науката. Таа мора да одреди три-четири приоритети, но само тоа што му треба на српското стопанство, а не да се занимава со соларна енергија. Србија има само 105 милиони евра во буџетот за наука и од тоа 90% оди за плати, струја и греење. Ние немаме електронски микроскоп, а Академијата на науки има 70 луѓе кои работаат на нанотехнологија. Па, како да ја видат таа нанотехнологија кога немаат микроскоп? Еј, народе, каде сме? Го купивме тој микроскоп кој чини милион евра. Но, кога јас тоа ќе им го кажам тогаш научниците се лутат. XX Нашите научници велат дека всушност стопанствениците не се заинтересирани. Само неспособните научници велат дека немаат повратни информации од стопанството и дека на нив никој не им вели што ќе ни биде потребно. Кој мене на светскиот пазар ми кажува која батерија ќе ми ја бараат, туку одам, искршив и нозе и рбет по светот гледајќи што се случува во микроелектрониката за да направам соодветна батерија за секој нов чип. Јас морам секогаш да знам каде сум. Морам не само да следам, туку и да создавам пазарна потреба. Во Србија и не се знае што е создавање на пазарни потреби. Науката дава правци, потенцијалните стопанственици тоа го слушаат и размислуваат. Сега ја нема таа алка кој ќе ги одреди приоритетите во науката, ниту еден министер ништо не знае за тоа. Од друга страна, потенцијалните стопанственици се загушени, уплашени и

деморализирани. И оние кои би презеле ризик немаат каде да се обратат затоа што нема развојна банка која конкретно би помогнала со капитал. Додека државата во овој кризен период не застане позади стопанството ништо нема да се случи. А државата сега не стои позади ништо, тие само стојат позади политичките промени и апсења. И јас почнав како млад, ја презедов компанијата Варта која беше во зауба. Во време на криза освен иновации нема ништо друго. Кај нас ништо не оди, ние на тоа се навикнавме. А без мобилизација на умовите нема ништо. Се наежувам кога ќе слушнам некој во Србија кога вели “државата треба да ми даде”. Мене никој ништо не ми даде во Варта. XX Споменавте “создавање пазарни потреби”. Во Србија под тоа вообичаено се подразбира некое подметнување? Еве како некои паметни “деца” од Сингапур создадоа потреби за Варта. Кај првите лаптоп компјутери кога батеријата ќе се испразнеше паѓаше цел систем и постоеше опасност сите податоци да се изгубат. Тие млади “деца” од Сингапур измислија посебна батерија која овозможува дополнителни 10 минути работа, што овозможува компјутерот да се приклучи на струја и батериите повторно да се наполнат. Со таа батерија јас отидов кај Стив Џобс, кој само што беше вратен во Епл и предложив да ја вгради во својот производ со слоган “нашиот компјутер никогаш не се исклучува”. Џобс идејата ја прифати, а ние не можевме да произведеме батерии колку што беше побарувачката. Сетот од три батерии кој го произведувавме во Германија, а составувавме во Малезија ме чинеше 56 центи, а Варта го продаваше за три долари. “Штанцав” пари. Тоа беше фантастичен успех на Епл на пазарот и Џобс тоа никогаш не ми го заборави. (Интервјуто е објавено на регионалниот портал Бизнис плус)


Обука на тема: l 15 ноември 2013 година (петок), од 10:00-16:00 часот Капитал Академија, Скопје

ФинансискО мОделирање вО ExcEl – разрабОтени примери на пОзнати теОриски кОнцепти Од Областа на Финансиите, банкарствОтО и пазарОт на капитал цели на Обуката:

Оваа обука има за цел, преку практични разработени примери на познати теориски концепти од областа на финансиите, банкарството и пазарот на капитал, да ги претстави неискористените можности на Microsoft Excel. Обуката ќе ви ги презентира методите кои најчесто се користат во бизнис праксата и ќе ви ја покаже насоката во која ќе треба да ги развивате сопствените вештини. Форматот на обуката е структуриран така што се почнува со одредена важна финансиска теорија за која се презентира соодветен пример или модел во Excel. Со помош на новостекнатите вештини, професионалците ќе можат да го скратат потребното време за извршување на секојдневните деловни обврски и пресметки.

учесниците ќе се запОзнаат сО следните метОди вО ExcEl:

l функции во Excel (финансиски, статистички, условни) l употреба на алатките "Regresion analysis", "Pivot Table" и др.. l употреба на “што-ако” алатки ("Solver", "Data Table", “Goal

Seek”,анализа на сценарија)

l работа со графикони, матрици, симулации и др.

за кОГО е наменета Обуката:

За широк спектар на корисници (бизнис професионалци од областа на бизнис администрацијата, финансиите, банкарски служненици и студенти на студии по финансии и/или економија)

предавач: м-р Александар Петрески

Обуката би пОмОГнала:

l да се разбере концептот на вреднувањето

на финансиските инструменти,

l да се појасни начинот на вршење на анализа

на финансиските извештаи, l во процесот на креирање на финансиски планови, l при истражување на пазарот на капитал, l во надминување на практични проблеми во банкарското работење.

раководител на дирекција за управување со ризици во поштенска банка ад скопје и член на совет на експерти во агенција за супервизија на осигурување. има практично познавање од областа на управувањето со ризици, банкарство, финансиски пазари и осигурување. претходно има работено во министерство за финансии, EBRD – лондон и комисија за хартии од вредност.

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 12-ти ноември 2013 година.

l лицe за контакт: Гордана михајловска и м-р ленче зикова l е-маил: akademija@kapital.com.mk l 02 3280 911

специјален прилог

и

8

ноеМври 2013

БИЗНИС ПОТЕНЦИЈАЛИ НА СЕВЕРО - ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

нвестицискиот бум кој ја зафати северозападна Македонија не стивнува. напротив! се повеќе компании, домашни инвеститори решаваат своите бизнис проекти да ги реализираат во овој дел од земјава. Тоа е проследено и со соодветен градежен бум и сериозна извозна активност на компаниите.

Мапирајќи го конкреТно овој реон, “капиТал“ анализира:

n зошто околината на тетово и Гостивар е една од најатрактивните инвестициски дестинации за инвеститорите? n индустријата на градежни материјали и мебел се едни од најразвиените индустрии во овој дел од земјата. кои се другите атрактивни индустрии и дејности кои овде се развиваат? n “капитал“ од терен, од лице место ги пренесува барањата и препораките од бизнисмените кои промени се неопходни за уште посилен натамошен раст на бизнисот?

Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 / 070 262 288

n инвестицискиот бум во Северозападна Македонија е проследен со соодветна градежна експанзија. освен во нови станбени објекти, градежните инвестиции се проширија и во изградба на нови трговски и деловни објекти! n кои се извозните лидери од Северозападна Македонија? n Финансиската поддршка е клучна карика за секој бизнис. каква поддршка имаат, а каква бараат инвеститорите?

Лицe за контакт: БоБан ЃорЃиевски


Капитал број 730 1.11.2013

60

start up

www.kapital.mk

Во отсуство на домашни фондови

Makedonskite

start up koMpanii sre]ata si ja baraat vo bugarija!

Во Македонија start up компаниите во моментот немаат никаква финансиска поддршка. Најавениот државен фонд за иновации и технолошки развој од 24 милиони евра се уште не е стартуван, а банкарските кредити во ниеден случај не се опција за претприемачите кои почнуваат од нула. Со еден збор, фали клучната алка за start-up ите од идеја и визија да преминат кон реализација. Бугарија, пак, деновиве ја доживува својата ренесанса во оваа област, а бугарската “силиконска долина“ вистински цути. пишува:

Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

Л

окациски базиран потсетник за iPhone, видео-конференциски систем за експерти, блог агрегатор, решение за резервации во ресторани... се само дел од бизнис идеите што креативни млади луѓе од Македонија деновиве ги претставија пред искусни претприемачи и експерти кои што треба да им помогнат како овие идеи да ги “продадат“ на луѓе кои што би вложиле

во нив. “Капитал“ присуствуваше на презентациите, што се случија во просториите на SuperFounders, организирана мрежа за поддршка на start-up компании (понатаму стартапи), кои што се наоѓаат во својата најрана фаза. “Целта на SuperFounders е да стимулира создавање клима и соодветна инфраструктура за развој на стартап компании во Македонија“, објаснува Александар Тасев, иницијаторот на мрежата, зад која стои и Balkan Unlimited фондацијата. Пријавените девет компаниии на првиот објавен повик минатата недела ги презентираа своите идеи за start up

бизниси, сите од ИТ секторот. Иако тоа можеби е недостаток засега, за старт е и предност затоа што самите иницијатори на оваа идеја се од оваа индустрија. Носителите на овие идеи стартуваа едномесечна програма која се состои од неколку работилници чија што цел е да им се помогне идејата која ја имаат, а која сама по себе не е доволна за да се излезе пред потенцијалните инвеститори, да се дотера до фаза на таканаречен mvp (minimum viable product) – стратегија која се користи за брзо и квантитавно тестирање на производ или негова карактериситка. Тоа подразбира дека замисленото треба да се провери


Капитал број 730 1.11.2013

start up

61

SuperFounders, мрежа за поддршка на стартапи, почна со своите работилници. На првата група селектирани млади претприемачи од земјава, веќе им помага да направат бизнис план што би поминал кај потенцијалните инвеститори. И сето тоа според филозофијата на LEAN STARTUP, новата бизнис стратегија создадена во Силиконската долина во Калифорнија. АлеКсАндАрТАсев SuperFounders

Г

о формиравме SuperFounders како мрежа за поддршка на стартапи во нивната најрана фаза, и се обидуваме на ефикасен начин да ги споиме капиталот и ресурсите за поддршка на иновативни стартапи. Оваа платформа ја градиме регионално, а се базира на пет столба: меѓународна менторска мрежа, мрежа за бизнис развој, мрежа на инвеститори, регионален инвестициски фонд и локална програма со сите пропратни активности.

ГлиГор дАчевсКи дали е product fit и customer fit, односно дали одговара на потребите на пазарот, односно потрошувачите. Овој процес е дел од т.н. lean startup концепт, промовиран од Ерик Рајс, претприемач од Силиконската долина во САД. Lean startup филозофијата подразбира дека стартап компаниите ги алоцираат своите ресурси колку што е можно поефикасно, без непотребно губење на време, пари, итн. “Кога ќе го поминат овој многу важен пат на филтрирање на идејата и нејзино пакување во конкретен продукт или услуга ќе преминеме кон презентирање пред можни инвеститори“, вели Глигор Дачевски, еден од основачите на Superfounders. Тој самиот е успешен претприемач, основач на компанијата Creation Pal, позната по апликацијата Sporty Pal, вградена во одредена количина телефони на Сони, а неменета за спортисти со тоа што ги мери нивните перформанси. Оваа мултиплатформна апликација е симната повеќе од 7,5 милиони пати. “Сакаме да формираме клуб на инвеститори затоа што веруваме дека во Македонија има компании, но и

поединци кои имат слободни средства кои би можеле да го пласираат во стартапи – доколку најдат заеднички интерес. Засега сме во контакт бугарскиот фонд Lаunchub кој веќе има назначено човек кој што ќе работи со нас, што значи дека компаниите со кои сега работиме најпрвин ќе бидат презентирани пред овој фонд“, вели Дачевски и додава дека сите заинтересирани можат да дојдат во SuperFounders да се запознаат со идеите и тимовите кои работат на нивен развој.

Стартап од Србија веќе “растура“ во САД!

Клучно за успехот на еден стартап е да се најде соодветниот инвеститор, кој мора да се најде во таа приказна и да стекне доверба во тимот. Таков е примерот на Vet Cloud, стартап од Србија кој разви апликација за ветеринарни станици при што податоците за секое животно поединечно се наоѓаат на cloud, а до истите може лесно да се пристапи од која било ветеринарна станица која ја има купено оваа апликација без разлика каде се наоѓа. Нејзиниот основач имал среќа бргу да најде инвеститор во

SuperFounders

С

акаме да формираме клуб на инвеститори затоа што веруваме дека во Македонија има компании, но и поединци кои имат слободни пари што би можеле да ги пласираат во sturt up – доколку најдат заеднички интерес. Засега сме во контакт со бугарскиот фонд Lаunch Hub кој веќе има назначено човек кој што ќе работи со нас, што значи дека компаниите со кои сега работиме најпрвин ќе бидат презентирани пред овој фонд.

Бугарија, кој пак на првата презентација во САД успеал да предизвика голем интерес со апликацијата, која сега е една од најкористените во ветеринарните станици во Калифорнија. “Не знам колку бргу кај нас ќе се создаде поволна клима и најважно фондови за финансирање на стартапи, но мојата цел е да им помогнам на


Капитал број 730 1.11.2013

62

www.kapital.mk

start up

младите стартапи полесно да го поминат паток кој што јас тешко го минував. И кога ќе се формира заедница на стартап компании самата идеја полено ќе се шири,ќе се отворат нови можности за соработка и развој на нови идеи“, вели Дачевски. Сите иницијативи за поддршка на иновативни идеи и старт ап компании во Македонија досега главно се сведуваат на зборување. Се уште нема ниту еден фонд преку кој ќе се финансираат ваквите проекти. Владата уште пред една година најави формирање на Фонд за иновации и технолошки развој со кој, меѓу другото, ќе се финансираат и стартапи. Неодамна премиерот обелодени дека од Светска банка

Како тоа го прават Бугарите?

E

leven и Launchub се двата инвестициски фондови во Бугарија кои се акцелератори за старт ап компании во Бугарија. Нивното едногодишно функциорање на иницијатива на Министертвото за економија а под професионална закрила на Европскиот инвестициски фонд на дело докажа парите се најголем проблем за успешно преминување од идеја во конкретен бизнис. Овие два фонда имаат заеднички капитал од 21 милион евра кој треба да го распределат до 2015 година. Во нивното портфолиот веќе има

проекти на двата фонда кои “заразуваат“ уште повеќе луѓе кои имаат идеи. “Не очекувавме дека фондовите за ризичен капитал и домашни и странски бизнис ангели ќе бидат спремни да вложат макар илјада евра во домашни компании пред првата година на програмата. Со оглед на тоа дека ги добиваме и првите поголеми инвестиции од навистина големи инвеститори на стартапи во САД и Велика Британија можам слободно да кажам дела тоа е многу, многу ветувачки за Бугарија“, вели Петар Столовски, регионален менаџер на Европскиот Инвестициски Фонд. Тој исто така додава дека фондот од 21 милион евра кој Бугарија ги одвои за развој на стартап сцената е најголем од таков тип во континентална Европа. Сите анализи се дека овие два фонда сериозно го променија претприемничкиот лик на Бугарија и ги прват првите, но многу големи чекори кон преобликување на бугарската економија и нејзино отварање кон иновациите. Информациите за успешните акцелерации на стартап компании финансирани од двата бугарски фонда, на нивна адреса почнаа да пристигнуваат апликации од Македонија, Србија, Хрватска и од Романија! Отсуството на домашни фондови за оваа намена, но и желбата да се соработува со успешните се клучните причини што бугарските Eleven i Launchub се магнет за најкреативните идеи во регионот! Бугарија нема да застена на ова ниво. Позитивните ефекти од овој проект кој е во својот зародиш веќе иницира формирање на venture capital fond (фонд кој финансира бизниси во зародиш или со кратка историја кои не се финансираат од конвенционални инвеститори) - NEVEQ II со 21 милион евра (30% приватен капитал) кој ќе финансира иновативен бизнис со малку подолга историја. Со средината на идната година ќе профункционираат една или две коинвестициски шеми со 20 милиони евра за инвестирање исто така во позрели компании. Кога ќе се земе предвид и иницијативата “Тех парк Софија“, Бугарија дефинитивно ќе се позиционира како регионален центар за иновации, а иновативните и креативни компании веќе имаат трасирана магистрала по која брзо ќе стигнат пари и ќе ја подигнат економијата на едно повисоко ниво.

Младите македонски претприемачи ги презентираат своите бизнис идеи пред жирито на SuperFounders веќе се обезбедени 24 милиони евра за оваа намена во следните три години, но и покрај ветувањето дека во најскоро време ќе се знае која институција ќе менаџира со фондот, се уште е неизвесно кога ќе се објави првиот оглас за нивно користење. Бизнис ангели како проект на УСАИД исто така беше иницијатива за поврзување на иновативни идеи со инвеститори, но и тој заврши без формирање конкретен фонд, кој што е клучен за овој бизнис концепт да профункционира. Засега, единствено Yes инкубаторот дава поддршка (преку евтин простор и промоција ) на стартап бизниси основани од млади луѓе во секторот на информациска и комуникациска технологија. Ова дефинитивно не е доволно, а доказ дека единствено со системски организирана поддршка на иновативни идеи и старт ап компании може да се очекува испех е Бугарија која изминатава година успеа високо да се позиционира на листата земји со најдобра поддршка за стартапи!

56 компании во кои се вложени оклу 4,3 милиони евра. Тие не само што успеваат да инвестираат во успешни проекти, туку веќе и го привлекоа вниманието на надворешен приватен капитал, вклучително и од Силиконската долина. Пример за успешен стартап е компанијата iMediashare од портфолиото на Launchub веќе го има за инвеститор Тим Дрејпер (еден од инвеститорите во раните фази од развој на Скајп), една од легендите на Силиконската долина од кого доби инвестиција тешка 2 милиони евра и нејзината вредност веќе се искачи на 10 милиони. Според проценките на двата фонда, компаните од нивните портфолија веќе се во разговори за ново надворешно финансирање од околу 3,6 милиони евра, а сумата од 21 милион евра делува како магнет занови претприемачи и за нови надворешни инвеститори со голем капитал. Целиот интерес се мултиплицирање и од успешните


Капитал број 731 01.11.2013

63

Кој е Publix?

27,5

милијарди долари годишен приход

100-130 илјади долари изнесува годишната плата

лидери

159.000 80% вработени

од компанијата е во сопственост на вработените. Нивниот удел вреди 16,6 милијарди долари

Publix - место Каде грижата за потрошувачите е беспреКорна

Lanecot koj go porazi Volmart! “В еруваме дека постојат три фактори по кои може да се разликувате од другите: услужност, квалитет и цена. Во два мора да бидете добри, а во еден најдобар. За нас на прво место е услугата, потоа доаѓа квалитетот и на крај цената“, вели Тод Џонс, претседател на трговскиот ланец Publix од Флорида, кој својата кариера ја започнал како полнач на кесите на потрошувачите. Со двојно повеќе продавници од најблискиот конкурент, Publix цврсто го држи приматот на богатиот пазар на Флорида. Со 755 продавници од вкупно 1073, Publix го држи приматот, но таа слика сега се менува затоа што американскиот гигант Волмарт веќе тргна во освојување на Флорида со слоганот “Секогаш ниски цени“. На овој пазар веќе има 239 продажни центри, а Publix возврати со контраофанзива напаѓајќи го Волмарт дури и преку билборди покрај патиштата. “Луѓето велат дека ѓаволот не треба да се предизвикува. Јас велам зошто да не? Ајде да го предизвикаме“, вели Џон одговарајќи на провокациите од Волмарт кои снимија и почнаа да прикажуваат ТВ реклама на која споредбено се даваат две сметки со исти продукти од Публикс и од Волмарт, при што таа на Волмарт е за 16% пониска. Иако жестоко одговорија, во Публикс

Во американската војна на супермаркети, грижата за купувачите и донесе голема предност на Publix, компанија од Флорида која е во доминантна сопственост на вработените. Нејзината позиција сега се обидува да ја загрози и преземе најголемиот американски трговец Волмарт. сепак остануваат на ставот дека споредбата на цените не е мерило за тоа кој е кој на пазарот. “Ние не можеме да имаме ниски цени затоа што кај нас за муштериите се грижат способни вработени, во чист и сигурен простор. Ние на муштериите не им ветуваме дека нашите цени се најниски, туку им гарантираме заштеда на целата набавка“, објаснува Џонс. Токму на квалитетот на услугата која вклучува помош околу полнењето на кесите и нивно носење до автомобилот, со децении ја градат својата уникатност. “Луѓето се најважни“, оваа формула на основачот Џорџ Јенкис се уште дава позитивни резултати. Ако се суди според бројките и се уште непореметените пазарни позиции на Publix, се чини дека тој е победник на овој престижен пазар. Publix е најпрофитабилен трговски ланец во САД со нето профитна маржа од 5,6% во 2012 година кој далеку ги надминува 3,8% на Волмарт и на останатата конкуренција. Добрите

бројки произлегуваат и од уште еден неприкосновен факт дека со годишен приход од 27,5 милијарди долари е седма по големина приватна компанија во САД и една од најмалку познатите благодарение на деценискиот медиумски молк на компанијата. Она што го прави Publix уникатен е и фактот дека е најголема американска компанија во сопственост на вработените. Полни 83 години компанијата просперира благодарение на врвната услуга претворајќи ги своите месари, пекари, касиери и останати вработени во најголеми колективни акционери. Сите вработени кои во компанијата ќе вложат илјада работни часа и една година верност добиваат 8,5% додаток на едногодишни примања во облик на акции од Publix. Иако компанијата не е на Берза, нејзиниот одбор секоја година ги одредува цените на акциите врз база не независни проценки. Мнозински сопственици на Publix се вработените со 80% удел вреден 16,6 милијарди долари.


executive 64

Капитал број 731 01.11.2013

Четврта Конференција за поддршКа за жените Чи претриема

@enite se novata si i energija na ekonom пишува:

Габриела делова

gabrieladelova@kapital.mk

С

тереотипите дека примарната улога на жената е да се грижи за домашните обврски и децата, или, пак, дека како бизнис жена може да биде успешна само како сопственик на салони за убавина, ги демантираа преку 150-те учеснички на 4-та конференција на програмата за поддршка на жените „Инвестирај за иднината“ што се одржа во Струга од 17 до 19 октомври. Нивниот позитивен дух, способност и издржливост јасно покажа дека жените се новата сила и енергија на економијата „Жените можат да бидат одлични претприемачи, одлични лидери на компании. Жената носи нов квалитет во бизнисот, но и во политиката и тоа треба да се искористи. Жените со својата упорност, толеранција, способноста за лесно да склопуваат пријателства и нови познанства можат да бидат нова сила и нова енергија која ќе направи поместување во стопанството“, се согласија учесничките.

најважна е самодовоербата

Една жена да започне свој бизнис и да биде успешна во тоа, најважна пред се е нејзината самодоверба, тврди Агниска Белинска од Витал Воисес од Полска, инаку организација основа од Хилари Клинтон и Медлин Олбрајт во САД. „Моето искуство од работа со жени е дека најважната работа за една жена да отвори свој бизнис е самодовербата. Дури и во Полска, каде ситуацијата за жените е добра, сеуште има многу од нив кои немаат доволно самодоверба. Затоа пред се е потребна самодоверба, потоа добра идеја и хрaброст. Акo успееш да ја подобриш самодовербата и имаш добра идеја за бизнис тогаш светот е твој“, вели таа. Нејзиниот совет е ако сакате да бидете добар женски претприемач тогаш треба да имате пријателска бизнис околина, која зависи од политиката, социјалната ситуација и од достапните фондови. „Затоа ако сте доволно паметни треба да направите да имате повеќе жени во политиката, во даночниот сектор, па дури и во медиумите кои ќе им помогнат на жените претриемачи. Топло ви препорачувам тоа да го направите“, советува Белинска. Но, иако економската криза не е момент кога може значајно да се зајакне улогата на жената претприемач, сепак е повод жените да извлечат максимум од себе, тврдат учесничките на Конференцијата. „Доколку го искористат тоа мислам дека ќе дојде до експанзија бидејќи во тешките моменти испливуваат добрите работи на површина, ако успееме вистински да ги канализираме“,вели

Снежана Јаница, пратеник во Парламентот на Црна Гора и учесник на Конференција. Така, во услови кога економската криза се уште е присутна на овие простори, она што може во моментот да се прави, да ги поттикне жените да размислуваат креативно и да се охрабрат да отворат свој бизнис е преку нивно вмрежување, обуки за лидерството, за тоа како да се


претприемништво

65

10%

од жените на светско раководители на компниво се или сопственици анија

На Балканот е тешко жена да води бизнис!

Но, и покрај ваквите квалитети на жените, барем кога станува збор за регионот, не се прави доволно за поактивно вклучување на жената, не само во од малите и средните политиката, туку и во претпријатија се воде ни бизнис секторот. Иако, од жени. последните анализи покажуваат дека жените се повеќе се вклучени во бизнис секторот, сепак само 10% од жените на светско ниво се раководители на компанија или сопственици, наспроти мажите кои полесно доаѓаат до челните позиции во комапниите. Напротив, велат дел од жените кои почнале свој бизнис, државите создаваат услови за жените само како привид, само да се пофалат дека прават нешто, но на крај, честопати со ваквите олеснувања се случуваат злоупотреби. „Мислам дека воопштво не постојат услови за една жена да започне свој отвори бизнис, споделување на добри бизнис и тоа што сега го правиме практики и примери. за создавање услови е повеќе Токму тоа е и идејата на последната привид владите да се пофалат дека Конференција која се одржа во Струга. работат нешто на таа тема. Факт е Славица Николовска, координатор на дека во сите држави се зборува за „Инвестирај за иднината“ во Македонија финансиски олеснувања за жените во вели дека иако истражувањата претприемништвото, но тие средства покажуваат дека се повеќе жени се ги искористуваат мажите на тој начин вклучени во бизнис секторот, сепак, што своите фирми ги отвараат на име потребни се се уште конференции на своите жени за да ги искористат тие каде ќе се споделува искуството и каде средства. Овој факт зборува за тоа дека жените можат да видат дека навистина и се уште никој сериозно не пристапил тие можат да успеат. со намера на жените вистински да им „Ваквите обуки им помагаат да научат овозможи да ги користат тие олеснувања, како се води бизнис, како се прави туку истите се воспоставуваат туку така“, бизнис план, кои се најповолните вели Јаница. кредите, како се аплицира за кредит. Со сличен став е и д-р Јасмина Ние им помагаме како да започнат бизнис, да видат кои се нивните таленти, Кнежевиќ, директор и сопственик на општата болница Велмеди во Белград. дали е тоа услуга или производ, како „Секако не е лесно да се успее во да се промовираат. Во последните тоа. На нашиот простор многу е тешко 2-3 години има зголемен интерес. да се води бизнис оти законите се Жените навистина сакаат да излезат од менуваат, нема стабилност, неможете да стереотипите“, вели Николовска. планирате, и тоа е она што ве става под Таа додава дека истражвањата голем притисок и стрес.Од друга страна, покажуваат дека во економска криза ако успеете дури и во такви услови се најдобро работат малите и средните чуствуват особено горди бидејќи сте претпријатија, а 90% од нив се водени успеале во тежок амбиент во кој сте од жени. „Мислам дека токму овие морале да бидете иновативни и упорни претпријатија можат да ја опорават за да успеете“, вели д-р Кнежевиќ. економијата“, вели таа.

90%

ila mijata!

Славица николовСка

координатор на „Инвестирај за иднината“ во Македонија:

Истражувањата покажуваат дека во економска криза најдобро работат малите и средните претпријатија, а 90% од нив се водени од жени. Мислам дека токму овие претпријатија можат и тоа како да ја опорават економијата

агниСка БелинСка Витал Воисес, Полска

Моето искуство од работа со жени е дека најважната работа за една жена да отвори свој бизнис е самодовербата. Ако успееш да ја подобриш самодовербата и имаш добра идеја за бизнис тогаш светот е твој

тина ли одинСки-Зек коориднатор на „Инвестирај за иднината“ за Балканот

Многу ми се допаѓа атмосферата овде. Она што го учиме е дека за се што сакаме да имаме или купиме, како овој ѓердан на пример, потребни се пари, а тие треба да се заработат. Идеите за бизнис се секаде, тие може да потекнуваат од талентите кои ги имаме. Токму и темата на оваа конференција е „Талент-мој, твој, наш“.


executive 66

Капитал број 731 01.11.2013 25.10.2013

Дина Бенет

Консултант за претприемништво

@enite ne se dobri samo za menaxirawe saloni za ubavina Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

З

а успешноста на жените како претприемачи и нивното влијание во растот на економијата и отворање на нови работни места, разговараме со Дина Бенет, едукатор од Велика Британија, консултант и катализатор на претприемништвото и развојот на претприемачкиот дух. Бенет го поддржува женското претприемништво повеќе од 25 години, а себе си се нарекува „пракадемик“ односно практичен академик кој успеа да ја спроведе теоријата во пракса како никој до сега. Таа е добитник на неколку вредни награди, меѓу кои и индивидуалната Кралска награда за промоција на претприемништвото во 2005 година, а во 2007 година ја доби британската награда од Конфедерацијата за Британска индустрија за нејзината значајна поддршка на жените претприемачи. XX Каква е состојбата со женското претприемништво на глобално ниво, какви се вашите сознанија? Во последните години имаше многу

коментари за големото значење на жените на глобалниот пазар и дека зголемување на економската активност на жените и нивното генерално ниво на активност во економијата може значително да влијае на успехот или падот на секое долгорочно економско здравје на една држава. Всушност, често се тврди дека жените се производителите, добавувачите и клиентите на иднината. Нивото на претприемништвото во општеството долго време беше препознаено како предуслов и корисен индикатор за здравјето на економијата. Иако односите помеѓу претприемачкиот и економскиот раст се комплексни, сепак последните меѓународни економски извештаи, како што е пример Глобалниот извештај за претприемништво (Global Entrepreneurship Monitor Reports (GEM), јасно ги исткануваат позитивните релации помеѓу економскиот раст и претприемништвото и во последно време ја истакнуваат улогата на женското претпиемаштво. Сега е прифатено дека „зголемувањето на вклученотст на жените во претприемништвото е клучно на долг рок за економскиот раст во секоја економија“. Женското претприемништво е клучен пат за зголемување на компетитивноста на

економските податоци за добар квалитет на женското претприемништво, но сепак денес има малку информации за искуството на жените кои водат свои бизниси во повеќето земји, кои би помогнале да се разберат факторите што ги поткрепуваат женските ставови и искуства за започнување на сопствен бизнис. XX Како жените се однесуваат како претприемачи? Покрај охрабрувачкиот прогрес, во ЕУ и во многу други земји се уште се потребни дополнителни значајни мерки за да се искористи целиот потенцијал на претпријатијата, особено на малите и средни претпријатија во сопственост на жените. Жените честопати се невидливи во бизнис секторот- во медиумите, во репрезентативните бизнис организации, па дури и во влијателните политики. Постои родова нееднаквост во претприемништвото, што преведено значи помалку женски претприемачи. Денес жените претприемачи во Европа сочинуваат околу 30% од вкупната бројка на претприемачи. Ова е резултат на неискористениот потенцијал за економски развој. Во 2013 година улогата на бизнисите во сопственост на жените е поважна од било кога, постојат бизнис во


ПретПриемништво сопственост на жени кои оперираат низ цела Европа и на Балканот, во секој сектор, и нивната улога за растот на економија, креирање и создавање на нови работни места е круцијална за заздравување на економијата и за економскиот раст. Најзагрижувачки е тоа што во време кога владиното финансирање на нови бизниси е намалено во многу земји, и кога многу комапнии се борат да преживаат и да растат, политиките за поддршка на компании во сопственост на жени се наоѓаат многу доле на агендата, и покај фалењата. Компаниите водени од жени се можност за “повеќе милијарди евра“ заработка кои мора да бидат препознаени, а не скратени. XX Лесно ли е за една жена да започне свој бизнис? Понекогаш жените се соочуваат со потешкотии да започнат бизнис поради нивните многубројни обврски вклучувајќи ја негата и домашните обврски кои обезбедувачите на бизнис поддршка честопати не ја препознаваат. Понекогаш мерките за поддршка на бизнисот не се дизајнирани според потребите на жените. На пример, не се води сметка за времето, локацијата, недостатокот на институции за грижа на децата. XX Кои се проблемите со кои се соочуваат жените денес? Кои слабости постојат за започнување на бизнис? Бариерите најчесто се следните: Нивната двојна улога и домашните обврски; Ниското ниво на самодоверба;

специјален прилог

67

Многу жени го започнуваат својот бизнис во она што е детерминирано како „сервисни услуги за жени како за здравје и убавина“, но со вистинска поддршка и вистински модели јас верувам дека жената може да успее во било кој сектор. Недостаток на социјализација на претприемништвото во нивните домови, училиште и општество; Исклучување од традиционачните бизнис мрежи и недоволен пристап до информации; Дискриминацискиот однос од кредиторите, родовите стереотипи и очекувања кои ги етикетираат жените претриемачи како “аматери“, “хобисти“ или само како бизнисмени кои се занимаваат со животниот стил. XX Што совет би им дале на жените кои сакаат да започнат свој бизнис? Обидете се и најдете ментор кој веќе започнал свој бизнис - без разлика дали е маж или жена и исто така побарајте помош од било која организација која нуди бизнис поддршка. Направете соодветно истражување на пазарот пред да започнете со својот бизнис. XX Во кои сектори би требало жените да гледаат кога размислуваат да започнат свој бизнис? Многу жени го започнуваат својот бизнис во она што е детерминирано како „сервисни услуги за жени како за здравје и убавина“, но со вистинска поддршка и вистински модели јас верувам дека жената може да успее во било кој сектор.

XX Како треба општеството да го помогне женското претприемништво? Би сакала да ја истакнам вредноста на неколку работи за секоја економија која сериозно размислува да им помогне на жените претрпиемачи да започнат и да го прошират својот бизнис. Политичката и бизнис поддршка мора да одговара и да ги разбира потребите на хетерогениот пазар на жени кога станува збор за развој и обезбедување на поддршка. Мора да се направи сеопфатно истражувања и мора да постои база со потадоци. Соодветна промоција и достапни примери на модели за женски бизниси од различни видови, позадини и сектори треба да се прави преку различните медиумски додатоци, на настани и преку специјализирани публикации кои се важни за едукација и отворање на преспективите како за мажите така и за жените, но најважно е истите да и овозможат на жената да биде видена како жена која може да ги води сите видови на бизниси. Ако ваквите мерки се вистински, поддржувањето на женското преприемаштво ќе придонесе да гледаме растечки пазари и економии.

КорПоративна 22 Кор

ноеМВри 2013

КапитаЛ Во оВа а издание на специјаЛниот приЛог “КорпоратиВна опШтестВена одгоВорност“ анаЛизира и уКажуВа: n Кои се клучните недостатоци на Законот за донации и спонзорства со кој се уредува процесот на спонзорирање и доделување на донации од страна на компаниите? n Кои сегменти се најатрактивни за спонзорирање? n Што предлагаат компаниите како да се надминат сегашните законски пречки и проблеми за да се зголеми нивото на спонзорски активности во различни полиња од општествениот живот? n Доделувањето на спонзорства и донации не смее и не треба да биде оставено на случајност и стихијност. Овие активности мора да бидат составен дел од годишната програма на активности и буџет на компаниите. Ви помагаме како да направите сопствена програма за спонзорирање и донации? n Како да ги изберете областите во кои е најсоодветно да донирате, а тоа да биде усогласено со корпоративната култура? n Какви се досегашните ефекти од корпоративните донации?

оПштествена одговорност оП

повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail:

boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110/ 070 262 288 лице за контакт: БоБан ЃоргиеВсКи


капитал број 731 01.11.2013

68

www.kapital.mk

на руЧек со...

Ерик НалдЕр новинар и добитник на две Пулицер награди

Na sekoja prika i se posvetuva kako da e Najva


www.kapital.mk

azNa av a@Na!

Капитал број 731 01.11.2013

на руЧеК со...

69

И покрај солидните услови како дете на дипломати, новинарот Ерик Налдер секогаш се чувствувал поудобно додека го делел својот оброк со послугата. Добитникот на две Пулицер награди како свое најголемо достигнување го смета бракот со неговата сопруга Џен. Пред да заплива во водите на новинарството, Налдер живеел неколку месеци на фарма како одгледувач на свињи. Вака на кратко може да се опише неверојатно интересниот живот на овој новинар, кој воодушевува со својата скромност и својот интелект пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Г

олемината на еден човек, на едно име позади кое стои светска слава, најдобро се гледа преку скромноста која ја покажува. Не, онаа лажна скромност за себе која е лесно да ја препознаете, туку онаа вистинската која покажува дека и покрај големите признанија што ги добил во животот, човек може да остане „нормален“, приземјен, доблестен и љубезен. Токму оваа карактеристика е онаа што најдобро го опишува нашиот денешен гостин во рубриката „На ручек со ...“, добитникот на две пулицер награди, новинарот Ерик Налдер. Со господинот Налдер разговаравме цели два часа, после речиси едно неделно дружење на семинарот за Истражувачко новинарство во Блед. Уште по првото предавање успеа да ги добие симпатиите на сите присутни и на едноставен и интересен начин, во опуштена атмосфера, не внесуваше во дел од неговите техники во новинарството. Многумина од нас побаравме дури и дополнителни предавања со Налдер, бидејќи можеше многу да се научи од неговите примери и совети.

Иако е добитник на две Пулицер награди, Налдер вели дека неговото најголемо достигнување во животот, неговиот најголем успех е фактот што успеал да се ожени со својата сопруга Џен.

Дете на дипломати кое цел живот се чувствува како фармер

Првите години од својот живот ги поминува како дете на фармер. Токму таквиот живот останува засекогаш врежан во него. Подоцна неговиот татко станува дипломат. Пораснат во дипломатско семејство Налдер никогаш не уживал во таквиот статус. Вели дека воопшто не бил фан на отмените вечери кои неговата мајка ги организирала како жена на дипломат, па секогаш за време на таквите случувања времето го поминувал со помошниците во кујната со кој и го делел својот оброк. „Никогаш не ми се допаѓаа таквите работи. Јас себе си се сметам за фармер, така и сум одраснат. Поубаво ми беше да ручам и вечерам со послугата“, вели Налдер. Како дете бил доста темпераментен. Со пријателите кои ги стекнувал во различните држави каде престојувал како син на дипломат, најмногу уживал во освојувањето на територијата, трчајќи по планините и долините во градовите во кои живеел со своите родители. Честопати организирал и екскурзии до


капитал број 731 01.11.2013

70

www.kapital.mk

на руЧек со...

државите во соседството и подалеку, кои понекогаш траеле и со недели. Додека татко му ја вршел дипломатската должност во Авганистан, тој со пријатели организирал екскурзија со воз чија крајна дестинација бил Египет во Африка. Вели токму таквото однесување била причината поради која неговите родители одлучиле да го запишат во военото училиште во кое најчесто учеле деца на дипломати во Париз, Франција. Студиите ги завршува на Универзитетот во Вашингтон во САД. Вели случајно завршил на студии во новинарство. Неговиот главен предмет првенствено бил Прослава во политички науки на насоката редакција откако комуникации и вели дека на било соопштено оваа насока завршил после на радио дека разговор со „погрешен налдер и академски консултант“. Во неговите колеги првата година за време на се добитници на студиите покажал поголема работата и местото за кое втора Пулицер заинтересираност за тестовите работи, покажал дека не награда“ со отворени прашања, во се доволен услов за да биде кои се барало пишување, поткуплив од страна на газдите објаснување, наспроти тестовите кои и дека тогаш кога не се согласува со биле со заокружување. Тогаш еден од дел од политиките на сопствениците на професорите го советувал дека штом весникот, што било доста често, гласно сакал да пишува, тогаш новинарството и бурно реагирал. би било одлична професија за него. Така за време на една финансиска Токму така завршил на новинарство. По криза, кога голем дел од вработените завршувањето на студиите вели: во весникот биле пуштени на принуден „Се уште не бев новинар кога одмор, тој се приклучил на протести дипломирав, но бев подготвен да станам кои ги организирале неговите колеги новинар“, вели Налдер. од весникот, против нивниот газда, кој За време на студиите се во Вашингтон воедно му бил и куќен пријател. се случува и најубавиот момент од „Овој штрајк немаше никаква врска неговиот живот, кој Надлер милува да со новинарството. Беше поради го означи како најголемо достигнување незадоволството од платите и во неговиот живот. Токму на кампусот на однесувањето на луѓето од маркетингот. Универзитетот се сретнал со девојката Нашиот газда знаеше дека ќе бидам која денес му е сопруга за што е особено дел од протестите бидејќи сум дел од горд. синдикатот. Или требаше да го знае тоа. „Се случуваше улична пролетна игранка Но од она што го разбрав од другите, северно од кампусот. За време на кога видел дека сум дел од протестите игранката мојот пријател ме предизвика му се скршило срцето “, вели Надлер. да танцувам со девојка која беше Но вели дека и претходно влегувал премногу атрактивна и надвор од мојата во конфликти со својот газда. Пред лига. Но, кога таа прифати, се промени да се случи штрајкот, реагирал за целиот мој живот. Таа беше сосема ново отпуштањето на негов колега. Во тој искуство за мене. Беше интелигентна, момент покренал петиција против тивка, активист против војните, личност газдата со барање да го врати од сосема различна позадина од отпуштениот колега назад. „Му создадов онаа што ја претставувам јас и моето проблеми, но ете не ме отпушти“, вели семејство. Моментот кога ја сретнав и Налдер. станав нејзин партнер беше почетокот Но после штрајкот работите стануваа на најдоброто едукативно патување. поинакви за него. Кризата низ која Џен се уште е моја сопруга, фала Богу“, поминува нивниот весник, го остава раскажува Налдер. на улица и во потрага по нова работа. По завршувањето на студиите, Налдер „Не знаев каква ми е иднината. Се почнува да си го бара своето место случија две работи речиси спонтано. во дел од американските медиуми. „LA Times” ми понуди работа од една Како свој втор дом за него претставува страна, а потоа мојот пријател ми понуди весникот „Сиетл Тајмс“ (Seattle Times) работа во „San Jose Mercury News“во каде поминува најголем дел од својата Калифорнија. Во меѓувреме повторно кариера и како новинар и како уредник. се отвори Сиетл Тајмс, штрајкот заврши. Во овој весник работел од 1983 до Луѓето оттаму почнаа да ме бараат 2001. Токму сториите за кои е награден повторно да се вратам да работам за со двете Пулицер награди се дел од нив. Но понудата не ми одговараше, многуте што ги напишал во овој весник. па ја прифатив онаа од Калифорнија. Таму навистина ме третираа добро. “Му го скршив срцето Направивме многу добри приказни. Од на мојот газда, воедно 2004 до 2009 работев во „Seattle Postи куќен пријател“ Intelligencer“, кога решија весникот да Но неговата љубов и преданост во

Хипи искуство во норвешка

Пред сериозно да заплива во водите во новинарството, некоја годинa откако се сретнал со својата девојка, сега сопруга Џен, тој и Џен заедно со уште еден пар, решиле да го пробаат животот на фарма. Како најинтересна опција му се гледала фрамата за одгледување свињи во Норвешка. „Нашата единствена обврска на фармата беше да се грижими за свињите. Целта беше да го искусиме хипи животот и да видиме како е да се живее без пари, како е сам да го подготвуваш својот оброк“. На фармата во Норвешка останале неколку месеци, по што се вратиле во САД. го направат само портал. Така повторно останав без работа. Но бев среќен“, вели Налдер. Инаку, во 2009 ја добил „Џорџ Полк“ наградата која е втора по значење после Пулицер наградата. Сега Ерик Налдер е пензиониран новинар, после неколку обиди да го направи тоа. Во 2012 конечно се пензионирал. Кога ја соопштил одлука за пензионирање вели неговите газди направиле се за да му го сменат мислењето- „ми дадоа 9 месеци да размислам, но овој пат одлуката беше конечна“, вели тој. Во моментот тврди дека живее среќно со својата сопруга и со нивното куче. Заедно со неговата жена работат на книга, чиј наслов не сакаше да го открие. За „Капитал“ само откри дека ќе се однесува за „правилно пишување“ . „Во моментот навистина се трудам да бидам пензионер. Сакам да пишувам. Мислам пишувам како новинар цел живот. Но сега имам желба да напишам книга“, вели Налдер. Горд е на сите стории кои ги напшиал и вели дека не може да одлучи на која сторија најмногу му значи. Прашан дали сега кога ќе се врати наназад, би


www.kapital.mk

променил дел од работите што ги направил, рече „Се би направил поинаку. Никогаш не сум задоволен. Кога ќе прочитам некоја моја сторија секогаш гледам дека истата можела да биде напишана подобра“, вели тој. Кога станува збор пак за приватниот живот, вели дека сигурно би бил подобар сопуг и подобар татко. Вели дека исклучително е горд на својата ќерка која работи за Бинг и има успешна кариера. „Со новинарството не можев доволно да му се посветам на моето семејство. Сигурно би ги поддржувал повеќе и би им помогнал повеќе“.

Наградите ми го променија животот

Разговарајќи за неговиот живот, дојдовме и до моментот кога се случува правата Пулицер награда. Низ насмевка ме праша: „Навистина сакаш да знаеш што мислам за наградите? Па, нема многу што да се зборува за тоа“, рече Налдер. И навистина, кога потврдно му одоворив на прашањето, не зборуваше многу за наградата. Повеќе сакаше да ја сподели атмосферата и среќата која ја споделиле со него, неговото семејство и неговите пријатели и колеги. „Првата награда воопшто не ја очекував, иако ни беше јавено дека нашиот весник се наоѓа меѓу финалистите за наградата. Бев среде приказна, работев на сторија која ја сметав за многу важна. Во тој момент на радиото ги соопштуваа добитниците. Во еден момент го спомнаа моето име. Одеднаш започна општо извикување и славење во канцерацијата во која работев. Луѓето почнаа да ми чеституваат, а јас не знаев што да правам па им реков, но имам многу работа, морам да работам на мојата приказна“, вели тој. Се надевал дека еуфоријата за наградата ќе заврши за една недела и дека потоа ќе може да се врати на своите стории. „Дојдов дома и ми честитаа ќерката и жена ми. Но јас се чувствував многу чудно. Јас сум дете од село. Јас сум работничка класа. Не сум “фенси“, не

Капитал број 731 01.11.2013

71

работам во главниот град Вашингтон. Ова беше чудно за мене. Секако беше кул и се чувствував страшно почестен. Мислев дека сето тоа ќе заврши за една недела, потоа луѓето ќе заборават и ќе продолжам нормално да си работам. Но всушност ова стана награда за цел живот“, вели Надлер. Вели оттогаш ми се промени целиот живот. Луѓето почнале да го Налдер препознаваат Се би направил поинаку. во својата Никогаш не сум задоволен да му нудат Кога ќе прочитам некоја моја сториј канцеларија а секогаш гледам. дек а истата можела да најразлични бид е напишана подобр каде напишал а за многубројни истра- понуди соработка. жувачки стории за „Добивав кои вели дека дури и понуди сите му се за работа еднакво во угледни драги весници надвор од државата во која работев. Почнаа да ме канат на разни конференции и настани. По наградата добив и понуда да напишам книга, а темата на книгата е сторијата за која ја добив наградата“, вели тој. Иако прифатил дел од наградите, сите понуди за работа ги одбил бидејќи неговиот услов за ново работно место бил да остане да живее во Сиетл покрај своето семејство. Иако наградата ја гледа само како потврда на својот труд, сепак вели дека и двете награди му се особено драги пред се поради неговата сопруга и неговата ќерка. За втората награда вели дека се чувствувал поинаку. Било сосема различно искуство за него. Дури пред соопштувањето на победниците, . Си Втората награда ми беше шок. Навистина не ја очекував неговата колешка Деби со која работел мислев луѓето како мене не добиваат две Пулицер награди на приказната, веќе знаела дека се добитници. Вели тоа било позитивно изненадување за сите нив. Бидејќи весникот Сиетл тајмс е по втор пат добитник на оваа престижна награда. „Втората награда ми беше шок. Навистина не ја очекував. Си мислев луѓето како мене не добиваат две Пулицер награди. Но ми беше многу мило за колегите Деби и Алекс и трудот кој го вложија на оваа сторија“, вели тој. Заблагодарувајќи ми за интервјуто и фактот што преку ова интервју му овозможивме да се сети на моментите од неговиот живот на кои одамна не се навратил, се разделивме со порака за добро здравје, успех и секако совет за новинарите. „Мојот совет за новинарите би бил никогаш да не ги кршат законите и никогаш да не лажат. Оти ние сме во бизнисот на вистината. Друг совет е секој ден да учат нешто ново. Пишувајте секој ден и развивајте ја таа вештина секој ден. Исто така треба да се грижиме за сите Јас и господинот Налдер во Блед Словен од кад околу нас. Цинизмот нема место во упати совет до нов е рите: „Мојот советија би бил никогаш даина новинарството“. за новинарите не ги кршат

не лажат. Оти ние сме во

законите и никогаш да бизнисот на вистин ата“


Капитал број 731 01.11.2013

72

www.kapital.mk

рЕПОрТАЖА Prviot makedonski vesnik so golem jubilej

nova makedonija

69 Н

godini riznica na makedonskata istorija!

ајстариот дневен весник во земјава Нова Македонија одбележа 69 години постоење. На 29 ти октомври 1944 та во село Горно Врановци, Велешко бил испечатен првиот број на овој весник кој од тогаш до денес излегува непрестанато. По тој повод селото и печатницата Гоце Делчев ја посетија бројни актуелни и поранешни новинари и уредници на Нова Македонија како и претставници на останатите медиуми од земјава. Според историчарот Дејан Азески кој оваа година го држеше традиционалниот историски час во Горно Врановци , Нова Македонија е многу повеќе од само обичен дневен весник и тој слободно може да се третира како ризница на македонската историја, најголема архива на македонската култура и најревносен борец Селото Горно Врановци, Велешко и печатницата Гоце Делчев каде што за македонската национална иднина. е испечатен првиот број на Нова Македонија на 29 ти октомври 1944 та, „Улогата која Нова Македонија ја викендов го посетија бројни актуелни и поранешни новинари и уредници на има не е привилегија туку обврска. Нова Македонија, како и претставници на останатите медиуми од земјава. Обврска на актуелниот главен уредник кон оставштината на сите претходни уредници. Обврска кон принципите неменливо востановени тука во Горно Врановци пред скоро седум децении. Принципи на објективност, правдо и слободољубовост, принципи на вистинитост и што е најбитно принципи на непокорност без разлика на сложеноста на ситоацијата“ рече Азески. Главниот уредник на Нова Македонија, Зоран Димитровски најави дека весникот активно се подготвува за одбележувањето на седумдесет годишнината од постоењето. „За наредната година е планирана голема прослава за одбележување седум децении Нова Македонија. По тој повод ќе биде издадена и еден вид книга или монографија која ќе ги содржи сите историски факти и сите анегдоти за нашиот весник“ најави Димитровски. Покрај печатницата Гоце Делчев гостите во Горно Врановци имаат можност да го посетат и спомен музејот на Президиумот Гостите ги разгледаат оригиналните печатарски машини на АСНОМ каде во еден период се наоѓала и канцеларијата на на кои е иштампан првиот број на Нова Македонија „првиот македонски претседал“ Методија Андонов Ченто.


| СпецијалеН прилог |вкусот на македонија

Makedonskata hrana se probiva na pazarot! i fali identitet! Верица Јорданова

Г

verica.jordanova@kapital.mk

олемиот потенцијал на Македонија за производство на храна е неспорен. Поволно поднебје, изобилство на сончеви денови, традиција, доволно обработливо земјиште... Сите овие фактори кои се неопходни за добар развој на прехранбената индустрија во една земја се споени во Македонија. Иако ефектите барем засега се позитивни што се однесува до растот и развојот на компаниите кои произведуваат храна, тие не се доволни за Македонија да изгради јасно дефиниран идентитет на странските пазари што се однесува до храната!

74 | 1 Ноември, 2013

Овој проблем го имаат и другите балкански земји, секоја од нив со свои специфични производи по кои се разликуваат од другите, но се многу сличности кои со едно има можат да се наречат “балканска кујна“. Една неодамнешна анкета која Капитал ја спроведе меѓу соработниците во балканскиот веб портал Бизнис Плус покажа дека од Македонија најпознати “брендови“ во другите балкански земји се пиперките, ајварот, овошјето и другата, претежно свежа

60%

од овошните др Македонија се јабваолво ка

храна која кај нив доаѓа од “југот“. За жал, не можеме да се пофалиме со голема препознатливост на самите производители и нивните брендови иако дел од нив прават навистина големи напори за пробив на пазарот. Дел од нив во своето производно портфолио се враќаат и кон традиционалните рецепти од македонската кујна. Една таква компанија е Еко Груп, во чие портфолио има повеќе преработки на зеленчук и овошје, меѓу кои и многу органски произведени. Една третина од нивните производи се традиционални. “Ние сме горди да се навраќаме на нашите корени и од традиционалната кујна да црпиме мотивација во развојот на производи. Сепак во модерниот начин на живеење иновацијата има исто така голема

важност па затоа подеднакво инвестираме во развојот како на традиционалните производи, така и во воведување на иновирани производи, но и во воведување на иновации во производните методи на традиционалните производи. Нашата цел е преку овие иновации да се зголеми употребната вредност на традиционалните производи, да се подобри квалитетот и да се овозможи производство и понуда на производи со

55%

од македонскиот изво храна е свежо овошјез на и зеленчук


Специјален прилог | вкусот на македонија најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот“, вели Аница Андреева од компанијата Еко Груп. Искуството на оваа компанија покажува дека за одредени производи традиционалниот предзнак на производите е адут плус како на домашниот, така и на странските пазари, но во многу случаи традиционалниот предзнак нема никакво значење ако не е во склоп со барањата на пазарот и очекувањата на потрошувачите во поглед на вкусот, квалитетот и цената на производите. “Во светот има многу примери каде што традиционалните производи се издигнати на многу повисоко ниво од она на кое се наоѓаат нашите традиционални производи. Честопати тие производи ни од далеку не можат да се споредуваат по вкус со нашите традиционални производи, но сепак истите се издигнати на ниво на култ во исхраната и во туристичката понуда. Македонија треба уште многу да работи на координација и заеднички настап на туристичката и прехранбената индустрија и секако соодветна промоција

Македонија има вкусна храна! Тоа е факт исто како и искреното воодушевување од истата кај сите странци кои имале шанса да ја вкусат. Залеана со македонското вино се создава магија! Но, за овој “вкус на Македонија“ да стане препознатлив и баран и на други пазари потребно е многу повеќе од магија. Потребни се инвестиции во квалитетот на производите, заеднички и континуирани напори на компаниите и државата за нејзино добро осмислено и таргетирано презентирање на странски пазари... Македонија има уште долг пат и многу работа за координација и заеднички настап на туристичката и прехранбената индустрија. Со соодветна промоција резултатите нема да изостанат! резултатите нема да изостанат“. Од компанијата “Тргопродукт“ од Струмица кои го произведуваат МАМА’с ајварот велат дека веќе присутен во поголемите ланци на маркети низ Македонија и светот. “Фактот дека веќе сме присутни на голем број на традиционални, но и нетрадиционални пазари, тоа ни дава за право да потврдиме

дека конзументите се повеќе се враќаат кон традицинонални начин на производство, и пред се, производи декларирани како домашен производ, велат оттаму.

Патот на традиционалните производи оди преку дијаспората

Патот до извозни пазари за ваков тип на производи кои го

54

илјади тони пр зводи произведе прерабои прехранбена индустротијаувачката минатата година и оствари реко рд

0,5

милион хектари обра ботливо земјиште има Македо нија

отсликуваат вкусот на некое поднебје оди дефинитивно преку дијаспората. Истото се случува и со сите балкански земји. Колку поголема дијаспора, толку поголеми шанси за влез на тој пазар. Ова непишано правило го потврдува и искуството на Випро. “Првата фаза на освојувањето на странските пазари за ваков тип производи секогаш е

1 ноември, 2013 | 75


| СпецијалеН прилог |вкусот на македонија

Балканската храна единствено на пазарот во Дубаи

Македонскиот ајвар, лутеницата, пинџурот и корнишоните го направија својот прв пробив на пазарот во Обединетите Арапски Емирати преку неодамна отворената продавница во Дубаи за балканска храна. На рафтовите освен најпознатите брендови од регионот, како Аргета, Бајадера, Плазма, Гранд кафе се најдоа и 15-тина македонски производи, главно традиционални преработки од зеленчук. Веќе во следната пратка за Дубаи, македонскиот асортиман ќе се прошири за уште десетина артикли од оваа палета на производи, а се прават контакти и за пласман на македонскиот мед во продавницата на “Euro Balkan Shop”.

преку дијаспората, а ние имавме среќа, на производите преку подобрување на што на американскиот, канадскиот квалитетот во секој аспект. или австралискиот пазар има огромна Најновата едицијата на Капитал “ТОП дијаспора од целиот Балкан кои ги 200 најголеми и најуспешни“ покажа познаваат етничките производи. Ако дека позитивниот тренд на пораст на не беше така, немаше можеби ниту да приходите и добивките на компаниите влеземе на тие пазари, или ќе требаше од прехранбениот сектор од минатата да потрошиме огромни средства за година ќе продолжи и годинава. маркетинг, што ние ги немавме“, вели Вкупните приходи на 24-те компании од Виктор Петков, сопственик на Випро. оваа индустрија кои се најдоа на листата Педесетината домашни преработувачи ТОП 200 лани оствариле приход од 517,6 на зеленчук и овошје во голем дел милиони евра што е за 9,3% повеќе од (60%) произведуваат за приватни 2011 година. Добивката пак лани им марки на големите трговски ланци, изнесувала 20,5 милиони евра, што во а помал дел како свопствен бренд го однос на 12-те милиони остварени во пласират на домашниот и на странските 2011 година е пораст за 70,8%! пазари. Она што е евидентни, велат Сите тие потврдуваат дека најголем тие, е зголемената побарувачки на предизвик за нив е обезбедувањето нивните производи на домашниот пазар финансии за тековни инвестиции, како поради што се повеќе се свртуваат кон и пласманот на производите преку задоволување на потребите и вкусовите отварање на нови пазари. на оваа целна група потрошувачи. Во овој контекст кондиторските компании Македонските производители на храна, од државата бараат помош преку особено онаа која е препознатлива подобрување на економските односи со за нашето поднебје, сметаат дека земјите од Блискиот Исток, Обединетите фокусот треба повеќе треба да се стави Арапски Емирати, Магреб, каде што на квалитет одошто на квантитет. Со гледаат добри извозни можности. оглед на тоа дека како мала земја Кондиторите предлагаат и стимулации не можеме успешно да за извозно ориентираните се натпреваруваме со компании, олеснување големите економии на процедурите за увоз во понудата на на суровини како и големи количини субвенционирање на евтини производи, саемски настапи на Македонија треба производителите од најголемите и најус да изнајде начин на национални компании во прехранбпешни за искористување штандови со цел да индустрија се оние од ената месната и на своите се подигне свесноста кондиторската индуст рија, предности и на странските пазари “Топ 200 најголеми и најуспешни“ притоа максимално за идентитетот на да додаде вредност македонската храна.

40%

76 | 1 Ноември, 2013


Здравствени придобивки

Jadete crno ^okolado za zdravJe e i sre]a

Р

ечиси и да нема човек што не обожава чоколадо. Сладок, вкусен или накратко– совршен десерт, кој на сите им мами насмевка на лицето. Ова особено се однесува на црното чоколадо, кое освен неодолив вкус, има и здравствени придобивки. Добрата вест за сите е што желбата за слатко може да ја задоволите на здрав начин со неколку коцки вкусно темно чоколадо. За да уживате во здравствените бенефити на чоколадото, неопходно е во неговиот состав да има минимум 70 отсто какао. Темното чоколадо се прави од зрна што растат на дрвото какао, кое за првпат било откриено во амазонските дождовни шуми од мезоамериканските Индијанци кои консумирале чоколадо како пенест пијалак. Оваа какао-фантазија се сметала за деликатес и била резервирана за владејачките класи на Маите и на Ацтеките. Таа уште е позната и како „храна на боговите“ бидејќи помага за одржување на здравјето. Иако црното чоколадо е секогаш подобар избор од белото, мора да се знае дека само во 100 грама чоколадо има 550

калории и мора да се јаде во ограничени количества.

ЗОШТО Е ДОБРО ЗА ЗДРАВЈЕТО? Време е да се вратиме на „магичната моќ“ што ја има црната чоколада. Според истражувањата, луѓето што консумираат повеќе темно чоколадо, ги намалуваат шансите за кардиоваскуларни болести за дури 37 отсто и шансите за срцев удар за 29 отсто во споредба со оние луѓе кои малку консумираат чоколадо. Тоа е добро за кардиоваскуларниот систем и за мозокот бидејќи антиоксидантите што ги има во него го намалуваат ризикот од срцев и од мозочен удар. Потоа помага при намалувањето на „лошиот“ холестерол, а го зголемува „добриот“ холестерол. Секојдневното консумирање мали количества темно чоколадо може минимално да го намали високиот крвен притисок. Германско истражување

покажало дека внесувањето на 30 калории дневно од темно чоколадо го намалува систолниот притисок со 3 mmHg, а дијастолниот со 2 mmHg. Истражувачите веруваат дека тоа намалување се должи на супстанциите флаваноли што ги има во какаото. Ова не се единствените здравствени придобивки од темната чоколада. Кога кашлицата не ве остава да здивнете, обидете се да ја ублажите со темно чоколадо. Неколку медицински истражувања покажале дека теоброминот што го има во темното чоколадо помага за

смирување на кашлицата. Темното чоколадо изобилува со антиоксиданси. Тие му се потребни на организмот затоа што успешно се борат против слободните радикали во телото и помагаат во заштитата од рак и од кардиоваскуларни заболувања. Истовремено и го забавуваат процесот на стареење. Какаото не е само вкусно и добро, тоа прави и да изгледате поубаво. Консумирањето црно чоколадо, кое е богато со витамини, антиоксиданти и со минерали е добро за вашата кожа. Темната чоколада содржи серотонин, кој дејствува против депресијата, и ендорфин, кој дава чувство на задоволство. С$ на с$, секој ден по неколку коцки темно чоколадо ќе ви овозможат здрав живот.


Специјален прилог | вкусот на македонија

Umetnosta na sparuvaweto na

vinoto i hranata

У

метноста на спарување или на храната и виното кои може да бидат најголема винарница „Тиквеш“ која на соодветно комбинирање на контрастни или комплементарни. Оттаму својата веб страница во делот за винска виното со храната, на сите при спарувањето исто така во предвид едукација преку соодветна апликација оние кои ја познаваат им може да се земат шеќерот, киселината, им овозможува на консументите да го овозможува едно поинакво алкохолот и танините на виното и како одберат соодветното вино за одреден тип искуство, многу повеќе од само тие да се истакнат или минимизираат на храна. Така на пример ако од менито обедување. Секако индивидуалниот со изборот на соодветни типови на на понудени видови храна одберете вкус е клучен за тоа како ќе се доживее храна. И ова веќе станува помалку сирење, па понатаму конкретизирате на одредена комбинација на вино и храна, комплицирано и може да обесхрабри овчо сирење и кашкавал, ќе ви бидат но сепак постојат одредени правила многу од оние кои имале амбиција да ја понудени неколку видови на соодветни кој овозможуваат до израз да дојдат совладаат оваа „уметност“ но едноставно вина за оваа храна меѓу кои и црвеното соодветните вкусови и карактеристики не се толку упорни. Но и тие можат да вино „Бела Вода“. на виното и храната кои се консумираат уживаат во добрата комбинација на вино Инаку оваа модерна уметност е заедно. И слободно може да се каже и храна со користење на едноставни релативно нов феномен кој поттикнува дека изборот на виното, како за ниту готови решенија како она на нашата соодветна реакција во многу други еден друг пијалак, зависи индустрии. Во делот на од храната. Но и обратно, издаваштвото се побројни се од изборот на виното може книгите на тема спарување да ја детерминира и храната на вино со храна, нешто која ќе се консумира. слично е и во делот Од бројните насоки за тоа на медиумите особено како меѓусебно треба да интернет порталите кои се бидат усогласени виното и специјализираат за оваа храната, експертите за вино тема. Во ресторанскиот и гастрономите сметаат дека бизнис, насекаде во основно е познавањето на светот станува стандард балансот помеѓу „тежината“ присуството на сомелиери на храната и „тежината“ чија цел е на гостите да им (телото) на виното. Така дадат соодветни препораки на пример полни, робусни за комбинирањето на вина како Вранец може виното и храната. И во овој да ги надвладеат и да сегмент нашата најголема ги преклопат вкусовите винарница е предводник на лесни, деликатесни на промените во насока на јадења какo пастрмка, унапредување на домашната или пак вината со лесно винска култура. Имено од тело како Совињон блан почетокот на 2007 година до може да бидат преклопени денес „Тиквеш“, во рамките Персоналот од винскиот ресторан на „Тиквеш“ во од „тешки“ јадења како на своите сомелиерски Кавадарци е обучен да понуди совршено доживување колбаси или бифтек. академии обучи над 600 преку соодветно спарување на храната со вино. За Освен „телото“ на виното, лица од повеќе од 350 незаборавно искуство на посетителите придонесува и значајни се вкусовите и угостителски објекти ширум автентичниот простор кој се наоѓа 8 метри под земја. текстурните карактеристики Македонија.

1 ноември, 2013 |79


| Специјален прилог | вкусот на македонија

Pall

svetski xin vo bezbednata filtracija na Makedonskiot pazar

а

мериканската компанија “Pall” веќе подолго време се наоѓа помеѓу 500-те најсупешни на Њујоршката берза. Станува збор за гигант со вкупен годишен обрт од 2,7 милијарди долари и преку 11.0000 вработени. Pall е компанија специјализирани за филтрација, во медицинската, фармацеутската, прехранбената и во целата индустриска област. Пјетро Ферара претставник на компанијата во Милано, вели дека во секоја индустрија се потребни чистите течности, а Pall токму тоа им го нуди на своите клиенти. „Сето искуство кое го имаме во секторот ќе биде корисно за сите во Македонија, Pall е голема компанија која има што да понуди пред македонските купувачи“ вели Ферара. Според него компанијата е доста задоволна од соработката во Екотип и

како моментално се застапени. „Многу сме активни во Македонија. Секоја година во Македонија продаваме роба во износ од 500 илјади долари во винарии како тиквеш, Стоби, Пивара Скопје, Пивара Прилеп. Во моментов имаме доста добар маркетшер, но Македонија е земја во развој што значи дека ќе растат и компаниите во неа и ќе има повеќе флаширано вино и повеќе флаширана вода едноставно ќе расте целиот сегмент на продукти со висок квалитет. значи, ние предвидуваме секоја година од 5% до 10% раст во Македонија што е максимум во една Европска земја“ вели Ферара. Pall е застапен со свои производи во цела Јужна и Југоисточна Европа. Вкупниот обрт кој компанијата го прави во овој регион изнесува 40 милиони американски долари, а половина од тоа отпаѓа на заштита на храната.

Пјетро Ферара

претставник на Pall во Милано

специјален прилог

ECOTIP д.о.о. Скопје Бул. Партизански одреди 62/2-39 1000 Скопје Македонија +389 2 3176 907 +389 2 3176 920 e-mail: info@ecotip.com.mk

не застануваме тука...

29

Business Style НоемВри 2013

Капитал во новото издание на “Бизнис Стил“ Ви донесува:

n Посетата и учество на саеми, конференции,семинари, бизнис приеми се многу важни активности во градење на имиџот на луѓето од бизнис светот. Зошто е важно да се биде на вакви настани? Кој стил на облекување е препорачлив за вакотв тип на ивенти? Кои се настаните кои не смеете да ги пропуштите? n Најдолгите и најсвечени празници во годината наближуваат! Сите се возбудени околу новогодишнобожиќните празници чии што составен и неизбежен дел се подароците. Со каков подарок годинава да ги импресионирате вашите пријатели и соработници? n Каде оваа зима ќе патуваат македонските бизнисмени? Каде ќе скијаат? Кои се нивните најомилени градови за посета? n After 5: како да го направите најдобриот избор на книги и филмови за квалитетно пополнување на слободното време? Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: aleksandra.stojmenova@kapital.mk sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 Лица за контакт: АлеКСАНдрА СтојмеНоВА, САњА САВоВСКА


82

Капитал број 731 01.11.2013

www.kapital.mk

светот на виното

вино

Vinskiot advokat Robert Parker За Роберт Паркер кај нас се чу откако оцени едно наше вино од “Тиквеш” со многу висока оценка. Инаку се работи за неспорен авторитет кој во светот е ценет како квалификуван оценувач на вина со врвен квалитет

З

а Роберт Паркер во винскиот свет се пишува многу. Неретко тој е и жестоко напаѓан. Но, останува фактот дека во последниве дваесет-триесет години тој е неспорниот авторитет во оценката и проценката на виното во светот. Го нарекуваат “вински адвокат”. Паркер бил и навистина адвокат. Кариерата ја започнал во една адвокатска фирма и постигнал завиден успех, но ја напуштил кога започнал да се занимава со вино. Неговата страст за вино се родила кога престојувал извесно време во Франција во посета на својата девојка која подоцна му станува сопруга. Паркер вели дека дегустира илјадници вина и тврди дека се сеќава на секое вино кое го пробал во последните триесет години. Тој има утврдено своја скала на оценка на вината од 50 до 100 поени. Оние со оценка од 50 до 59 се безмалку безвредни. Од 60 до 69 се потпросечните вина. Од 70 до 79 се сосема просечните вина со малку идентитет. Од 80 до 89 се вина кои се издвојуваат од просекот и достигнуваат завиден квалитет. Од 90 до 95 поени веќе се работи за извонредни вина со слоевити квалитети. А оние кои ќе добијат од 96 до 100 поени се исклучително добри вина со исклучителни особености и траен квалитет и посебност. На неговите

листи се појавуваат и вина кои не се скапи и ексклузивни, од некои познати производители или фирми. Во 32 годишното оценување, значи за 32 берби Паркер со стотка оценил околу 250 вина од кои близу 200 се црвени. Неговите водичи се своевидна света книга за страствениците на виното, а паркеровата оценка за некои вина значи и излегување од анонимноста и фантастична побарувачка на пазарот. Неговите оценки предизвикуваат честопати бес кај производителите, па не се ретки и анонимните закани за него и семејството. Неговите ставови предизвикуваат револт и кај цели земји производители. Така, на пример, пред неколку години Роберт Паркер во едно интервју го оценува развојот на винарството во светот и вели дека сега засега во светот вино прават во Франција, дека Италија и Шпанија набргу ќе ја досегнат Франција, а дека сите други нив ќе ги имитираат! Ова, особено кај земјите од Новиот вински свет, разбирливо предизвика невидено негодување. Но Паркер опстојува како неприкосновен маг на виното и покрај повеќе обиди да биде корумпиран и наведен да даде добра оценка за некои вина. А таа оценка според

сирење и вино - совршен спој

З

а виното и сирењето и песни се испеани. Велат дека се работи за совршен “брак” кој постојано се надополнува. И тука има правила зашто секое вино и не оди со секое сирење. Генерално, колку се сирењата бели и посвежи, виното треба да има овошни ароми. Масните сирења се спојуваат со вина од сортата шардоне или со розеата. Кога сирењето е тврдо и масно, тогаш виното треба да биде и појако, со побогати вкусови. Најголемиот дел на таканаречени сини сирења (со мувла), како рокфорот или горгонзолата, одлично се вклопуваат со послатки, па дури и слатки вина. Многу ароматични црвени вина се пресилни

некои проценки може да значи и значајна заработка за производителот. Пресметано во пари разликата во побарувачката и цената за едно вино кое ќе добие десеттина поени повеќе, може да изнесува и повеќе милиони долари, на пример. Не случајно Роберт Паркер е одликуван со најголеми државни признанија и ордени во Франција, Италија и Шпанија. Минатата година Паркер, кој предвидува што ќе се случува во иднина со виното, го продаде своето списание “Вински адвокат” на една финансиска групација од Сингапур. Но, и натаму останува неговиот углед и “печат”. Кај нас Паркер е познат по тоа што на две вина на “Тиквеш” (“Бела вода” и на “Вранец спешл селекшн”) им додели извонредни 94 и 90 поени. Ова беше прва врвна оценка за некое вино од пошироката регија на Балканот.

за сирењето. Вина со многу танини ги неутрализираaт вкусовите на сирењето и затоа не се препорачуваат. Единствено со сортата црн пино. Сепак држете се главно до белите вина кои дозволуваат и сирењето и виното да дојдат до полн израз. Нашите бели сирења ако се млади и се уште недозреани, надополнете ги со вино од сортата бел совињон. За другите бели сирења шардонето е најдобра варијанта. Со кашкавалите, зависно од тврдоста и силината, можете да пиете и лесни вина од сортата мерло, а колку се потврди одат и со каберне совињон, шираз. Најсилните можат да легнат и со послатки вина.


731 kapital magazin  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you