Page 1

Cover story: Балканот се чисти од големите босови... стр.22 n Каде ќе се гради македонскиот Лас Вегас?... стр.36 n Македонците купуваат евтин бренд и не чекаат попуст... стр.44 n

exclusive

број 675 цена 100 ден. | 3 октомври, 2012, среда | година 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Иван Петков

амбасадор на бугарија

Историјата да се остави на историчарите, да не се користи за политика Фељтон:

interview

Зошто Карл Маркс беше во право?

Андреас Галатоулас Владата и банките треба да создадат услови за финансирање на бизнисот претседател на Управниот одбор на алфа лфа банка

СПЕЦИЈАЛНА ИСТРАГА НА КАПИТАЛ ВО БУГАРСКИОТ ГРАД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЗОРАН ДАНЕВСКИ “РАСТУРА” НА ИСТОК! ОТВОРА ФИРМИ ВО ГРАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!


Капитал број 672 12.09.2012

4

НАВИГАТОР

Cover story: Балканот се чисти од големите босови... стр.22  Каде ќе се гради македонскиот Лас Вегас?... стр.36  Македонците купуваат евтин бренд и не чекаат попуст... стр.44 

EXCLUSIVE

БРОЈ 675 ЦЕНА 100 ДЕН. | 3 ОКТОМВРИ, 2012, СРЕДА | ГОДИНА 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Иван Петков

амбасадор на Бугарија

Историјата да се остави на историчарите, да не се користи за политика Фељтон:

INTERVIEW

Зошто Карл Маркс беше во право?

Андреас Галатоулас Владата и банките треба да создадат услови за финансирање на бизнисот ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА АЛФА ЛФА БАНКА

СПЕЦИЈАЛНА ИСТРАГА НА КАПИТАЛ ВО БУГАРСКИОТ ГРАД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЗОРАН ДАНЕВСКИ “РАСТУРА” НА ИСТОК! ОТВОРА ФИРМИ ВО ГРАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Prviot broj na Kapital se pojavi na 24 septemvri 1999 godina. Izdava: KAPITAL MEDIA GROUP doo Skopje, ul. Dimitrie Tucovi} br 20, Skopje, p.fah: 503, Republika Makedonija; telefon: ++ 389 2 3298 110 faks: ++ 389 2 3298 111 direktor i glaven urednik: Qup~o Zikov izvr{en direktor (marketing i finansii): Gordana Mihajlovska grafi~ki i IT direktor: Nikolaj Toma{evski odgovoren urednik: Biqana Zdravkovska Stoj~evska pomo{nik na odgovorniot urednik: Igor Petrovski odgovoren urednik na specijalni dodatoci: Verica Jordanova odgovoren urednik na www.kapital.mk: Aleksandar Jan~evski grafi~ki prelom: Nade Toma{evska Igor Toma{evski Office manager i finansii: Aleksandra Nikolova; ++389 2 3298 110/ lok:101 aleksandra.nikolova@kapital.mk Pretplata na magazinot Kapital: Sawa Savovska ++ 389 2 3298 110/ lok.104 pretplata@kapital.mk Reklama i oglasi: Aleksandra Stojmenova ++389 2 3298 110/ lok.103 marketing@kapital.mk aleksandra.stojmenova@kapital.mk Specijalni prilozi: Gordana Mihajlovska gordana.mihajlovska@kapital.mk Ovlasten praven zastapnik: Sorabotnici: kolumnisti po dogovor Fotografija: Ivana Kuzmanovska Spored misleweto na Ministerstvoto za kultura za nedelnikot “Kapital” se pla}a povlastena dano~na stapka. РЕГИОНАЛНИ ПАРТНЕРИ НА кАПИТАЛ

сОдРжИНА 07 Навигатор 16 exclusive

Откако ги продаде државните резерви на жито, проневери милион ипол евра и избега од Македонија Зоран Даневски “растура” на исток - отвора фирми во градот гоце Делчев!

22 cover story

Регионот го тресат апсења на политичари и на бизнисмени. Зошто во Македонија нема истраги за криминал?

31 став

www.kapital.mk

ИздВОјуВАме Бегалец-бизнисмен

еден од најпознатите бегалци од македонските закони, Зоран Даневски, за кого е распишана потерница поради проневерени 1,5 милион евра со продажба на државните резерви на пченица и јачмен складирани во земјоделскиот комбинат Џумајлија, сега во стечај, во кој тој имаше околу 70%, пред еден месец регистрирал фирма во гоце Делчев. екипата на “Капитал“ отиде во Бугарија за на лице место да види каде и како живее Даневски, каков имиџ има стекнато во градот, со кого соработува и на кој начин работи... XX стр. 16

Петер Франкл, уредник и директор на словенечкиот бизнис-дневник „Финанце“ Кошмарот на словенечкиот Бојко Борисов

32 иНтервју

АндРеАс ГАлАтОулАс, претседател на управниот одбор на Алфа банка владата и банките треба да создадат услови за финансирање на бизнисот

36 На лице место

“Капитал“ на лице место на локацијата која му се понуди на индискиот милијардер субрата рој. Каде ќе се гради македонскиот лас вегас?

40 меНаЏер

За светски франшизи знаеме, но што е со франшизингот на домашните брендови?

44 истражуваЊе

Македонците купуваат евтин бренд и не чекаат попуст

48 иНтервју

МилицА ЧАПАРОвскА, директор на сектор за управување со производи во стопанска банка а.д. скопје со иновативни решенија ја одржуваме лидерската позиција на пазарот

50 Досие

каде да се бараат пазари за извоз? грузија агресивно бара нови трговски партнери во европа

16 Апсења на Балканот

апсењето на Зоран јанковиќ, актуелен градоначалник на Љубљана и несуден премиер на словенија, е последното од низата апсења на видни политичари и бизнисмени кои го потресуваат Балканот во изминатиов период. апсења на политичари и на бизнисмени за организиран криминал и корупција има и во Хрватска, во србија, се најавуваат и во грција... Дали на македонија с$ уште не & дојден редот или едноставно, не постои политичка волја за борба против организираниот криминал? XX стр. 22

53 политиКа Навигатор 56 exclusive

ивАн ПеткОв, амбасадор на Бугарија историјата да се остави на историчарите, да не се користи за политика

61 ФеЉтоН

Зошто Маркс бил во право економскиот Нострадамус

65 специјалеН прилог

ПРОиЗвОди и услуГи ЗА кОМПАнии

78 На руЧеК со...

МАјА ЧАнАЧевиќ, директор на Македонска филхармонија ако се сака нешто, успехот е неизбежен

22


...Навигатор... паѓаат произвоДството и проДажбата

Дали вратените Долгови ќе ја спасат инДустријата?!

-10,00%

apr. 2011

maj 2011

juni 2011

juli 2011

avg. 2011

sep. 2011

okt. 2011

dek. 2011

jan. 2012

fev. 2012

mart 2012

apr. 2012

maj 2012

juni 2012

juli 2012

-8,10%

-6,90%

-4,10%

-5,40%

-7,20%

-8,80%

-8,00%

-4,80%

-5,30%

-5,00%

-2,30%

-1,80%

0,00%

-3,80%

0,90%

5,00%

5,50%

6,90%

10,00%

индекс на индустриско производство (%) 11,80%

15,00%

avg. 2012

Извор: Државен завод за статистика

По пад на индустриското производство 12 месеци по ред, голема е веројатноста и во третиот квартал статистиката да прикаже пад на БДП. Значи, не се очекува брзо излегување од кризата. Дел од компаниите с$ уште најавуваат пад на производството. Очекуваат наплатата на побарувањата од државата да им помогне да вратат дел од производството и продажбата во живот

пишува:

Катерина попоска

katerina.poposka@kapital.mk

Фотографија

фотоархива на Капитал

В

о време кога економијата и статистички е во рецесија, кога индустриското производство паѓа цела година и од месец во месец се намалува бројот на вработените во производните компании, нема дилема дека бизнисот го очекува тежок четврти квартал и уште потурбулентна 2013 година. Последните статистички податоци покажаа дека бројот на вработените во индустријата се намали за 4,1% во август годинава во споредба со истиот месец лани. Во првите осум месеци намалувањето изнесува 2,1%. Ова е логична последица на намаленото производство и продажба во индустријата, што повлече и пад на целата економија. Падот на бруто-домашниот производ во вториот квартал изнесува 0,9% и ја однесе Македонија и официјално во рецесија. Економистите тврдат дека последните податоци за индустриското

производство ќе придонесат и во третиот квартал статистиката да прикаже пад на БДП, што значи дека не се очекува брзо излегување од кризата. Дека економијата ќе расте со забавено темпо призна и премиерот Никола Груевски, најавувајќи две сценарија на закрепнување на европската и на македонската економија. Првото сценарио предвидува бавно излегување на еврозоната од криза и ниски стапки на раст во следните неколку години. Второто сценарио се заснова на проекциите дека Европа ќе излезе од кризата кон средината на следната година. Во тој случај, се очекува и Македонија побрзо да закрепне поради зависност од извоз во еврозоната, а пред с$ во Германија. Единствен нов момент во целата работа, според бизнисмените, е што државата почна да го враќа задоцнетиот ДДВ и да ги плаќа другите натрупани обврски кон компаниите. Премиерот Груевски лично им вети на бизнисмените дека до февруари следната година Владата целосно ќе се раздолжи кон стопанството. Овие пари на компаниите ќе им помогнат полесно да го пребродат периодот што следува.


Капитал број 675 03.10.2012

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

8,1%

АлеКсАНдАР ВучИќ

потпретседател на владата на Србија

КАКО рАСтЕ УВОЗОт НА МлЕКО ВО ПрАВ? (милиони евра)

4,5

4 3,5 3 2,5

2,36

+

Вина од Македонија продолжува со агресивна и сериозна промоција на македонското вино. Првиот човек на здружението, Ѓорѓи Петрушев, со бројните и успешни промоции годинава амбициозно ја реализира целта и најголемиот предизвик на здружението – да се промени перцепцијата за македонското вино како квалитетно, но евтино. По големата промоција во САД и во Кина, овој месец 11 македонски винарници ќе се промовираат во Хаг и во Варшава. Холандскиот и полскиот пазар, покрај словенечкиот и швајцарскиот, се оценети како најперспективни од ЕУ за македонското вино, поради што промоцијата на најголемите македонски винарници на овие пазари е од исклучително големо значење. Вина од Македонија во големата акција за силна промоција на македонското вино низ светот и силната посветеност кон визијата за освојување нови пазари се здоби и со поддршка од владините институции, но и од бројни меѓународни организации, што му дава посебна тежина на овој проект. Покрај холандската Агенција за промоција на извозот (ЦБИ) и американската програма УСАИД, во реализацијата на овие активности се вклучени и странски амбасади и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Првите извезени количини во Кина и почнатите преговори за извоз во земјите каде што се презентираа вината е допонителен стимул за Петрушев да ја продолжи зацртаната мисија.

Фрапантен раст на у млеко во прав! Кој г домашните фармер 4,22

ЃОРЃИ ПеТРушеВ

В

о компаниите-загубари, каде што доминантен сопственик е државата, акционерските собранија не се одржуваат на почетокот од годината, како во сите нормални компании, туку на крајот. А, на акционерските собранија треба да се усвојат финансиските резултати за претходната година и да се донесат одлуки за идното работење. Зошто Владата, како главен акционер, не е заинтересирана акционерските собранија во претпријатијата-загубари

1,99

победник на неделата

Има ли контрола врз работењето на загубарите?

2 1,08

пад бележи индустриското производство во јули во споредба со истиот месец лани, што е надолен тренд во индустријата точно една година. Најголем пад има кај производството на електрична опрема и на тутунски производи, а во рафинеријата Окта тоа е целосно запрено.

Србија не е ајдучка држава во која на некој ќе му се суди без докази, иако се знае дека во Агробанка се случувала голема пљачка и законот е кршен на сите можни начини”, изјави Вучиќ, оставајќи простор дека “лоповите“, сепак, може да си останат на слобода.

8

www.kapital.mk

1,5 1

0,5 0

2009

2010

Извор: Државен завод за статистика

2011

2012 (седум месеци)

На што се должи рекордниот раст на увозот на млеко во прав во услови кога земјава има домашно производство на сурово млеко и субвенции за фармерите за поттикнување на производството на млеко? пишува:

спасијка Јованова

spasijka.jovanova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

е постои ниедна оправдана причина што во Македонија увозот на млеко во прав за четири години се зголеми за четири пати, бидејќи тоа значи уништување на домашните фармери. Официјалните статистички податоци покажуваат дека во 2009 година во земјава е увезено млеко во прав во вредност од 1.081.842 евра, а веќе во 2011 година увозот достигна 4.233.120 евра. Во

првите седум месеци од годинава увозот на млеко во прав достигна 2.355.939 евра, што значи дека за цела 2012 година ќе биде уште поголем отколку лани. На што се должи ваквиот фрапантен раст на увозот на млеко во прав во услови кога земјава има домашно производство на сурово млеко и субвенции за фармерите за поттикнување на производството на млеко? Фармерите обвинуваат дека увозот на млеко во прав им одговара на млекарниците, кои на тој начин го намалуваат откупот на домашно сурово млеко. Јетон Зекман, сопственик на фарма со стотина крави во Битолско, вели дека драстично е намалено производството на сурово млеко.


www.kapital.mk

да се одржат навреме, посебно затоа што тие прикажуваат огромни загуби и трупање долгови? Собрание на акционери во Охис е закажано за 2 октомври, во Тутунскиот комбинат Прилеп се одржало на 25 август, а во ЕМО на 28 септември. Менаџерите немаат никаков обид за решавање на финансиските проблеми, а Владата тоа го толерира и им ги простува загубите. Во ЕМО во влог ќе претвори долг на компанијата од 4,4 милиони евра. Минатата година ЕМО ја заврши со загуба од 284.901.929 денари. Во Тутунски комбинат Прилеп ќе има нов паричен влог на Владата од дури 32,6 милиони евра. Вкупна загуба за 2011 година на оваа компанија изнесува 284.957.000 денари.

Капитал број 675 03.10.2012

НАВИГАТОР

> БРОЈКА

150

жени од Македонија и од Грција заедно ќе се борат против невработеностa преку проект финансиран од ЕУ. Во програмата се вклучени жени од Лерин, Пела, Ресен, Битола, Демир Хисар и од Крушево, кои ќе бидат информирани за можности за вработување.

увозот на ги уништува ри? И

лидери

9

мисла на неделата ИновацИјата правИ разлИка помеѓу еден лИдер И еден следач

Стив Џобс основач на Apple

губитник на неделата

ЗлАТА НОВОВИќ

нвестицијата во нова фабрика за фармацевтски производи на компанијата Бионика е доказ дека кризата може да се искористи и градење нови бизниси

П

ЈОВАН МАџОсКИ

рограмата за менаџерски обуки на CEED Македонија даде не само поквалитетни менаџери, туку и она што најмногу му треба на бизнисот во земјава – нови работни места

не им беше неделата „Немаме пари за сточна храна, се намали сточниот фонд, а и млекарниците сé помалку откупуваат. Како тогаш се произведуваат млеко и млечни производи кога нема суровина на пазарот? Според моите информации, само во млекарниците во битолскиот регион неделно се носат по два камиони млеко во прав. Откупната цена на млекото неколку месеци стагнира, а според пазарни услови, ако е намалена понудата, треба да расте цената. Тоа не е така кај нас поради енормниот увоз. Ете како можеш да купиш килограм сирење за 85 денари кога еден килограм сурово млеко е 22-23 денари. Со што се произведува тоа сирење, со какво млеко?“, прашува Зекман. „Капитал“ во своите анализи одамна укажува дека на млечната индустрија во Македонија & се заканува колапс ако не се намали увозот и не се зголеми обемот и квалитетот на домашното производство. Иако субвенциите за произведен литар млеко секоја година растат, не даваат резултати затоа што приносот по грло паѓа, а увозот на млеко и млечни производи расте. Во последните три години се намалуваат количините и вкупната вредност на откупено кравјо млеко, а тоа се надоместува со зголемен увоз.

П

ИЗеТ ЗеќИРИ

ратеникот на НДП успеа со својата рекордна листа со прашања до Владата да ја блокира работата на Собранието, но и да им остави простор на министрите за фалење

Б

НОРБеРТ РАЈТхОфеР

МВ ги тера сопствениците да не ги возат новите возила “М5“ и “М6“, затоа што компанијата откри проблем со пумпата за гориво, па реши подобро да спречи отколку да лечи

_

ЗОРАН ЈАНКОВИќ Несудениот словенечки премиер веројатно ни во најцрните мисли не помислуваше дека многу брзо по Пировата победа на изборите ќе го снајде уште еден пораз - се најде на распит во полиција поради сомневање за криминал и корупција. Досега на лесен начин ги придобиваше симпатиите на луѓето, но сега се чини многу брзо почна да тоне. Зоран Јанковиќ, актуелен градоначалник на Љубљана и лидер на опозициската левица Позитивна Словенија, е во центарот на најголемата коруптивна истрага во земјата и се соочува со казна од најмалку осум години затвор. Спорните бизниси на љубљанскиот градоначалник и на уште петмина други луѓе, меѓу кои и двајцата негови синови, според досегашната истрага, водат и до фирми во Хрватска. На Јанковиќ му се стемни од изградбата на спортскиот центар Стожице, кој е повод за отворање на истрагата. Словенија истражува дали Јанковиќ го оштетил градскиот буџет за повеќе од десетина милиони евра. За спорните бизниси на Јанковиќ се зборува подолго време во Словенија. Иако засега не планира да се повлече од градоначалничката фунцкија, таа нема да му помогне за да остане на тронот. Ако криминалот се докаже, неговиот пад ќе биде уште поголем - и политички и личен. Тоа што и Брисел се интересира за оваа афера во Словенија, воопшто не му помага на Јанковиќ, туку може да биде мотив плус за откривање на скандалот до крај.


Капитал број 675 03.10.2012

10

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата...

3 фаКти Кти за... К

Каде најмногу пораснаа платите? Помошни услужни дејности во рударство

37,40%

Рибарство и аквакултура

28,20%

Стручни и научни дејности

Правни и сметководствени дејности

18,30%

Советување во врска со управувањето

16%

Производство на производи од гума

23,50%

Производство на хемикалии

Научно истражување и развој

20,10% 19,20%

П

14,70%

Филмска дејност

13,70%

Производство на електрична опрема

13,60%

росечната исплатена нето-плата во Македонија во првите седум месеци од годинава е поголема од таа во истиот период лани за само 0,2%, но во некои сектори платите отидоа драстично нагоре. „Капитал“ ви претставува топ 10 сектори со највисок раст на платите.

светот низ медиумите... El Pais

Шпанскиот весник се занимава со мерките и предвидувањата кои ги објави Владата за справување со кризата во 2013 година. Како што пишува весникот, исплатата на каматите за долгот ќе ги „изеде“ сите намалувања на трошоците. lll

5.820

станови се изградени во Македонија во 2007 година, што е најмногу во изминатите пет години

5.978

станови со вкупна површина од 493.459 метри квадратни се водат како незавршени во 2011 година

581

стан се изградени во Тетово лани, што е најмногу во споредба со сите други општини во Македонија

370 милиони евра од тите на банките во п

The Star

Јужна африка се соочува со постојани штрајкови и незадоволства. Владата мака мачи да го одржи социјалниот мир, која иако е со висока стапка на економски раст меѓукласните разлики се рапидни. lll

The Globe and Mail

Канадскиот весник го анализира обраќањето на израелските претставници на Генералното собрание на Обединетите нации. Според канадските експерти, многу веројатниот судир меѓу израел и иран лесно може да прерасне во судир од многу поголеми размери. lll

Капитал

Малите фармери во Бугарија веќе втора година се борат за да можат слободно да продаваат млеко на пазарот. Бугарскиот весник пишува дека интересите на бизнисмоќниците ја спречуваат либерализацијата на овој сектор. lll

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

1

Во Македонија има 35 мултимилионери, заедно имаат 4 милијарди долари!

2

Како ќе се смират Груевски и Ахмети? Гласаат ЗА избори во декември!

3 4

Оне со нов сопственик од октомври?! Владата не дозволува поголем бизнис со струја добиена од сонце?!

За една година вредноста на лошите кредити порасна за 14%, а македонските банки заклучно со август не можат да наплатат вкупно 370 милиони евра, што е околу 10% од вкупното кредитно портфолио. Неликвидноста на компаниите и намалениот обем на работа им создаваат проблеми на бизнисмените навреме да ги враќаат кредитите кон банките пишува:

александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Б

изнисот се соочува со тешки финансиски проблеми кои ги вознемируваат и банкарите бидејќи не можат да ги наплатат дадените кредити. За една година вредноста на лошите кредити порасна за 14%, а банките заклучно со август не можат да наплатат вкупно 370 милиони евра, што е околу 10% од вкупното кредитно портфолио. Неликвидноста на компаниите и намалениот обем на работа им создаваат проблеми на бизнисмените навреме да ги враќаат кредитите во банките, а како што се продлабочува кризата во економијата овој проблем станува сé поизразен. Бизнис-секторот е доминантен во проблематичното кредитно портфолио со над 260 милиони евра. Граѓаните не можат да вратат 108 милиони евра.

260 108

милиони евра кредити се спорни за наплата од компаниите во земјава

милиони евра од вкупните кредити не можат да ги вратат граѓаните Анализата на одделните индустриски сектори покажува дека најпроблематични должници се трговските компании, фирмите од прехранбената и металската индустрија, кои всушност и најсилно ги чувствуваат негативните ефекти од рецесијата. Според економистите, овој тренд е очекуван поради тешката криза што владее во домашната економија и неликвидноста на компаниите. „Бизнис-секторот се соочува со сериозни финансиски проблеми, компаниите го намалуваат производството, немаат доволно


МБИ10

3.000

МБИД

2.800 2.600 2.400

www.kapital.mk

2.000

прОЦенки...

ТОп весТи...

вработените во алкалоид донираа 425.500 денари за детската клиника

крис вилијамсОн

главен економист на британската фирма Маркит

рецесија во третиот квартал е неизбежна

И

В

ндустриската активност во еврозоната во јуни-септември го има најлошото тромесечје во изминатите три години, вели Крис Вилијамсон, главен економист на лондонската фирма Маркит. Тој смета дека индустријата ќе биде сериозен кочничар на економскиот раст, а лизгањето на регионот во нова рецесија е неизбежно.

4,1% д креди-

пламен

пари и поради тоа бараат кредити само за надминување на тековните ликвидносни проблеми. Сите кредити што се бараат во последно време се за рефинансирање. Земаат од една банка за да вратат кредит во друга и тоа ги одржува во живот, но нема инвестициски циклус кој може да обезбеди стабилен развој. Во такви услови кредитирањето мора да се одвива многу претпазливо. Главна причина што наплатата на кредитите оди тешко е што и самите компании не можат да си ги наплатат побарувањата“, оценуваат банкарите. Лошите кредити зафаќаат околу 10% од вкупното кредитно портфолио на банките. Меѓутоа, мрачното сценарио од стрес-тестовите на Народната банка, кое предвидува остварување на најцрните прогнози за банкрот на грчката економија и длабока рецесија во Европа, покажува дека банките во тој случај нема да можат да наплатат 27,6% од кредитите дадени на компаниите и 21,8% од кредитите што ги пласирале кај граѓаните. Во пари, тоа значи дека лошите кредити на ниво на цел банкарски систем ќе достигнат вредност од дури 850 милиони евра. Гувернерот уверува дека дури и во најцрните сценарија банките ќе останат стабилни. Додека растат лошите кредити, статистиката на НБРМ покажува пораст на вредноста и на активираните хипотеки, што претставува уште еден доказ дека економската криза воопшто не стивнува, туку напротив, се разгорува. Редицата компании чии имоти завршија неславно на продажба во каталозите на банките е долга. Заклучно со првата половина од оваа година, банкарите продаваат запленет имот од компании и граѓани во вредност од над 137 милиони евра. Тие признаваат дека продажбата на имотот запленет од хипотеки оди многу тешко.

60 секунди брифинг

2.200

е намален бројот на вработени во индустријата во август споредено со истиот месец лани. Во првите осум месеци во индустријата има пад на вработеноста од 2,1% во однос на истиот период лани. Најголемо намалување на бројот на работници има во тутунската и во хемиската индустрија.

работените во Алкалоид на хуманитарен пикник собраа половина милион денари кои ги донираа на Детската клиника во Скопје. Хуманитарниот пикник претставува и најава за поголем проект чиј иницијатор е директорката на Клиниката, доктор Аспазија Софијанова, а ќе биде поддржан од Бекутан и ќе се одржува под мотото „Заедно креираме поздрава иднина“. „Хуманоста е одлика на секој вработен во Алкалоид. На хуманитарниот пикник одржан по повод 75-годишнината на компанијата вработените ја покажаа својата хуманост на дело и само за ден и половина собраа 425.500 денари, кои беа искористени за набавка на медицинска опрема за Одделот за детска онкологија при Клиничкиот центар во Скопје, со што заеднички помогнавме и направивме напор за подобрување на условите за лекување на оваа деликатна категорија пацинети“, изјави главниот извршен директор на Алкалоид, Живко Мукаетов. Тој додаде дека хуманитарниот пикник на Алкалоид ќе прерасне во традиција.

кредити за органско производство од прокредит банка

П

рокредит банка е првата банка во Македонија која понуди кредитна линија за органско производство. Како што информираат од банката, кредитот е денар-ски и може да ако резултат се користи за примарно органско на забавените земјо-делско производство и реформи за преработка, откуп и трговија во економијата, со органски производи според која се наоѓа во сертифицирани стандарди. пострецесиска Износите на кредитот се стагнација, светскиот движат до 15.000.000 денари, а финансиски систем каматните стапки се од 7%. Рокот сé уште е премногу на отплата е продолжен до 10 комплексен, години. предупреди „Ние сме банка која директно Меѓународниот работи за заштита на животната монетарен фонд. средина и подигнување на И покрај сите напори и свеста и инволвираноста критики, ММФ призна на македонските бизниси дека финансиските во енергетско ефикасни системи малку се бизнис-процеси. Органското променети пет години производство е токму тоа: по почетокот на здрава и сертифицирана хипотекарната криза храна која ја штити природата во САД, која ја турна и е резултат на енергетскосветската економија ефикасни процеси“, изјави во рецесија. Емилија Спировска, член на Едноставно, банките Управнот одбор на Прокредит сé уште не се сигурни. банка.

крисТин лагард

ммф сé уште стравува за банките

К

1.800 06/10 10/10 02/11 05/11 09/11 12/11 04/12 08/12

берза

мби 10

3.000 2.800 2.600 2.400

МБИ 10

2.200

1.825,06

2.000

МБИ 10 1.800

06/10 10/10 02/11 05/11 09/11

2010/2012 Max. 2.827,62 МБИ10 10 2010/2012 Min. 1.825,06 МБИ МБИ 10 МБИ 10 2010/2012 Max. 2.827,62 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 Min. 1.825,06 Алкалоид Берово 2010/2012 Max. 2.827,62 2.827,62 2010/2012 Max. МБИминатата 10 2010/2012 Max. индекс 2.827,62 Иако среда главниот 2010/2012 ДОБИТНИКMax. Min. 2.827,62 1.825,06 Min. 1.825,06 2010/2012 НАЈГОЛЕМ на Македонската берза, МБИ-10, 2010/2012 Min. 1.825,06 го2010/2012 достигна Берово највисокото Min. ниво во 1.825,06 Алкалоид септември, поени, сепак,+2,66% во +141,00 НАЈГОЛЕМ1.842 ДОБИТНИК НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК наредните денови повторно 2010/2012 Max.тргна 2.827,62 Алкалоид Берово НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Алкалоид Берово надолу и се спушти до минимум во Алкалоид 2010/2012 Берово 1.825,06 минатиот месец, 1.822,36Min. поени. Алкалоид Берово НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК +141,00 +2,66% Стопанска банка Битола НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК +141,00 +2,66% +141,00 +2,66% НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Алкалоид +141,00 Берово +2,66% +141,00 +2,66% Стопанска банка Битола -50,00 -2,98% НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Стопанскабанка банка Битола +2,66% НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Стопанска Битола +141,00 Стопанска банка Битола Стопанска -50,00 банка Битола -2,98% DOW JONES НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК -50,00 -2,98% -50,00 -2,98% Стопанска банка Битола -50,00 -2,98% DOW JONES -50,00 -2,98%

1.825,06 1.825,06 1.825,06 1.825,06 1.825,06 5.441,00 1.825,06 5.441,00 5.441,00 5.441,00 5.441,00 5.441,00 1.630,00 5.441,00 1.630,00 1.630,00 1.630,00 1.630,00 1.630,00 1.630,00

DOWJONES JONES DOW -50,00 DOW JONES

DOW JONES 13.500

-2,98%

13.000 12.500 13.500 12.000

DOW JONES

DOW JONES

13.000 11.500 12.500 13.500 13.500 11.000 13.500 12.000 13.000 13.000 13.500 10.500 13.000 11.500 12.500 12.500 13.000 10.000 12.50007/07 11.000 12.000 12.000 12.500 12.000 10.500 11.500 11.500 13.500 12.000 11.500 10.000 11.000 11.000 13.000 11.500 11.00007/07 10.500 10.500 12.500 11.000 10.500 10.000 10.000 12.000 10.500 10.00007/07 07/07 11.50007/07 10.000 07/07

11.000

21/08

05/10

19/11

03/01

17/02

21/08

05/10

19/11

03/01

17/02

21/08 05/10 05/10 19/11 19/11 03/01 03/01 17/02 17/02 21/08 21/08 05/10 19/11 03/01 17/02 21/08 05/10 19/11 03/01 17/02

13.547,65

10.500 10.000

07/07

21/08

05/10

13.547,65 13.547,65 13.547,65 13.547,65 13.547,65

19/11

+0.82% 03/01 17/02

Индексите на Волстрит ја започнаа неделата оптимистички, а заздравувањето +0.82% ДРУГИ на ценитеПАЗАРИ на акциите се очекува да биде уште поголемо ако најновиот извештај покаже раст на индустриската FTSE 100 5.812,63 активност +1,23% +0.82% +0.82% во САД воПАЗАРИ септември.8.796,51 +0.82% Nikkei225 -0,83% ДРУГИ S&P 500 FTSE 100ПАЗАРИ Nasdaq ДРУГИ ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ Nikkei225 DAX ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ S&P 500 FTSE 100 FTSE 100 TOPIX100 FTSE Nasdaq Nikkei225 Nikkei225 FTSE 100 Nikkei225 DAX S&P500 500 S&P Nikkei225 ДРУГИ S&P 500ПАЗАРИ TOPIX Nasdaq Nasdaq S&P 500 ВАЛУТИ Nasdaq DAX 100 FTSE DAX Nasdaq DAX TOPIX Nikkei225 TOPIX DAX Фунта евро TOPIX ВАЛУТИ S&P 500 TOPIX СТАПКА Nasdaq ВАЛУТИ ВАЛУТИ DAX Фунта евро 1,2527 ВАЛУТИ ВАЛУТИ TOPIX ПРОМЕНА

+0.82% +0,54% +1,23% +0,32% 8.796,51 -0,83% 7.301,58 +0.82% +1,18% 1.448,41 +0,54% 5.812,63 +1,23% 5.812,63 +1,23% 732,35 -0,69% 5.812,63 +1,23% 3.130,27 +0,32% 8.796,51 -0,83% 8.796,51 -0,83% 5.812,63 +1,23% 8.796,51 -0,83% 7.301,58 +1,18% 1.448,41 +0,54% 1.448,41 +0,54% 8.796,51 -0,83% 1.448,41 +0,54% 732,35 -0,69% 3.130,27 +0,32% 3.130,27 +0,32% 1.448,41 +0,54% 3.130,27 +0,32% 7.301,58 +1,18% 5.812,63 +1,23% 7.301,58 +1,18% 3.130,27 +0,32% 7.301,58 +1,18% 732,35 -0,69% 8.796,51 -0,83% 732,35 -0,69% 7.301,58 +1,18% евро долар 732,35 -0,69% 1.448,41 +0,54% 732,35 -0,69% 3.130,27 СТАПКА +0,32% 7.301,58 +1,18% евро долар 1,2877 732,35 ПРОМЕНА -0,69% 1.448,41

5.812,63 13.547,65 3.130,27 други пазари

VALUTI

£ €

СТАПКА

Фунта евро евро Фунта +0,0% Фунта евро 1,2527 Фунта СТАПКА евро СТАПКА ВАЛУТИ ПРОМЕНА СТАПКА СТАПКА

1,2527 1,2527 +0,0% 1,2527 ФЈУЧЕРСИ ПРОМЕНА ПРОМЕНА 1,2527 Фунта евро ПРОМЕНА ПРОМЕНА +0,0% +0,0% СТАПКА +0,0% ЗЛАТО ФЈУЧЕРСИ +0,0% 1,2527

1.790,80 ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО FJU^ERSI ФЈУЧЕРСИ +0,0% ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО ЗЛАТО 1.790,80 ZLATO ЗЛАТО ЗЛАТО Нафта Брент ФЈУЧЕРСИ 1.790,80 1.790,80 1.790,80 112,83 1.790,80 Нафта Брент ПРОМЕНА

ЗЛАТО

112,83 1.790,80 112,83 112,83 112,83 112,83

€ $ СТАПКА

евро долар долар евро -0,4% евро долар 1,2877 евро долар СТАПКА СТАПКА ПРОМЕНА СТАПКА СТАПКА

1,2877 1,2877 -0,4% 1,2877

ПРОМЕНА ПРОМЕНА 1,2877 евро долар ПРОМЕНА

-0,4% -0,4% -0,4% -0,4% 1,2877

ПРОМЕНА СТАПКА

ПРОМЕНА

-0,4% +0,95% +0,95% +0,95% +0,95% +0,95% +0,39% +0,95%

Нафта Брент Брент Нафта Нафта БрентBRENT NAFTA Нафта Брент +0,39% Нафта Брент

112,83

+0,95% +0,39% +0,39% +0,39% +0,39%

пОдаТОЦиТе се Од ден 02.10.2012 дО 15ч.

+0,39%

3.300 3.100 2.900 2.700 2.500 2.300 2.100 1.900 1.700 07/10 10/10 0


капитал медиа гроуп, капитал академија и месечникот “банките и бизнисот“ објавуваат...

прва годишна конференција за

“банките и бизнисот“

кого, што, како и колку банките Ќе кредитираат во 2013 година... l датум на одржување 8 ноември, 2012 l време за почеток 10 часот l место хотел ALEKSANDAR PALACE l град скопје

теми и прашања кои Ќе ги обработи оваа конференција... n Кратко резиме на актуелните економски состојби во Македонија. Проекции за макроекономските и за финансиските движења во 2013 година... n Финансиите и стопанството – перспективи за 2013 година... Постои потреба од преземање поголем ризик од страна на банките, нбрм и од Владата во кредитирањето на македонските компании од која било големина... n Колкав ќе биде растот на кредитите за македонските компании во 2013 година... n Колку кредити може да очекува индустријата, аграрот и агробизнисот, туризмот, проектите за енергетска ефикасност, проектите за заштита на околината... n Колкави ќе бидат субвенциите од страна на државата за аграрот за 2013 година... и на кој начин ќе се распределуваат... n Ќе порасне ли и за колку кредитирањето на населението од страна на банките... n Како се одобрува кредит - критериуми... Според тоа дали е добар проектот или според тоа колкава е компанијата од аспект на тоа колкава хипотека може да остави како залог... n Како се определуваат каматите, рокот на отплата и грејс-периодот... n Која е улогата и како работи секторот за кредитирање во банките... n Што решаваат и на кој начин одлучуваат членовите на кредитните одбори... n Гаранции! Колку е подготвена државата да преземе еден поголем дел од ризикот за банките да даваат повеќе кредити... n Постои ли претприемничко, инвестициско и проектно кредитирање во Македонија! Што е тоа... n Банките и претприемачите треба да имаат исти цели Што повеќе кредити за добри проекти и успешни и сериозни компании... Дали е така во Македонија... Кои се предизвиците овде... n Има ли доволно добри проекти кај компаниите, а имаат ли банките доволно добро обучени професионалци за да препознаат добри проекти... n Политики и мерки за поттикнување на претприемништвото И како да се оствари успешно целта за што поголема поддршка за претприемништвото, инвестиции во иновациите и инвестиции за зголемување на производството, продажбата и на извозот... n Политики и мерки за поддршка на малото стопанство и неговата конкурентност n Како до повеќе финансии и гаранции од страна на државата за претприемачите n Унапредување на претприемничката инфраструктура...


за кого е наменета конференцијата...

Оваа конференција е наменета за: основачи на компании, генерални директори, финансиски директори, претседатели на управни одбори, врвни директори од банките, директори и професионалци од секторите за кредитирање во банките, претседатели на кредитни одбори во банките, инвеститори, претприемачи, агроинвеститори, извозници, претприемачи и иноватори...

што добиваат учесниците на конференцијата...

Освежување на информациите пред претстојната нова буџетска година, информации за извесноста за кредитирањето на своите проекти во следната година, можност за директни контакти со претставниците на банките, како неформални, така и формални, бидејки обезбедивме посебен простор за директни средби меѓу банкарите и претприемачите и инвеститорите... Го добиваат месечникот "Банките и бизнисот" и еден прецизно организиран ден за деловни состаноци и време за опуштање...

како ќе се одвива конференцијата...

Капитал и месечникот "Банките и бизнисот" најавуваат дека конференцијата ќе се одржи во неколку панели во текот на денот, а за на крајот, во поопуштена атмосфера, на специјална вечера предвидуваме ексклузивно интервју и дебата на која своите искуства ќе ги пренесат успешни македонски инвеститори и претприемачи, како и успешни банкари кои успеале да остварат големи резултати во меѓусебната соработка... Тркалезната маса ќе биде посветена на прашањето како треба да се работи...

уште нешто...

Во наредните денови и недели Капитал Медиа Гроуп преку својот интернет-портал www.kapital. mk, како и преку своето неделно издание магазинот "Капитал" и преку редовните специјални додатоци детално ќе ве информира за распоредот на панелите, презентациите на поединечни банки и институции, како и распоредот на бизнис-средбите очи во очи...

повеќе информации ќе добиете на: akademija@kapital.com.mk l 02 3298 110 лица за контакт: Гордана Михајловска, Александра Стојменова, Бобан Ѓоргиевски


Капитал број 675 03.10.2012

14

www.kapital.mk

воведник

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Откако бизнисмените го испофалија премиерот оти одлучи да им ги врати нивните пари кои државата им ги должи со месеци, и премиерот излезе јавно да ги пофали бизнисмените. Ги пофали оти издржале, биле толерантни и покажале општествена одговорност. Да не биле толку издржливи, состојбата во државата ќе била подраматична, рече премиерот. Оние кои веќе отишле во банкрот и чиј имот банките сега го продаваат на лицитација, ќе можат да се утешат дека гордо и со чиста совест пропаднале. Не по нивна вина и не оти знаеле да работат, како што некои мислат. Пропаднале за доброто на државата. Спасувајќи ја да не банкротира. Во ненормални времиња и ова е успех, како што е успех некој да си го добие тоа што си го одработил

Ненормални времиња

О

ткако бизнисмените го испофалија премиерот оти одлучи да им ги врати нивните пари кои државата им ги должи со месеци. И премиерот излезе јавно да ги пофали бизнисмените. Ги пофали оти издржале, биле толерантни и покажале општествена одговорност. Да не биле толку издржливи, состојбата во државата ќе била подраматична, рече премиерот. Издржливоста на Македонецот е надалеку и нашироко позната особина. За тоа има и многу вицеви и досетки. Не за џабе името Трпе е едно од најчестите во Македнија. Но, сега не е време за шеги и вицеви. Сигурно и на бизнисмените не им е до шега и за некој да се подбива на сметка на нивната издржливост. Оние си знаат што с$ мораат да трпат. Но, ете решиле да бидат општествени одговорни субјекти. Да се социјализираат со кризата и празниот буџет. Тоа веќе добива аспект на патриотизам. Дали имале друг избор тоа е сосема друго прашање? Тие самите најдобро си знаат дека можело да биде и полошо од ова. Па затоа премиерот и јавно им порача дека е подобро со мало доцнење да си ги добијат парите, отколку воопшто да ги нема, во услови на светска криза, рецесија и европска должничка криза. Сега, откако се јавно пофалени за нивната трпеливост, бизнисмените можат да земат душа. Можат да ги исплатат заостанатите рати кон банките, да се раздолжат со компаниите на коишто им должат, да не доцнат толку со платите... По оваа операција сигурно и бројот на фирми со блокирани сметки, кои сега се половина од вкупниот број фирми, ќе почне да се намалува. Но, ова важи само за оние фирми кои успеале да преживеат. Оние кои веќе отишле во банкрот и чиј имот банките сега го продаваат на лицитација ќе можат да се утешат дека гордо и со чиста совест пропаднале. Не по нивна вина и не оти знаеле да работат, како што некои мислат. Пропаднале за доброто на државата. Спасувајќи ја

да не банкротира. Оти рецесијата е гадна работа. Шојиќ беше сосема во право кога изјави дека рецесијата е „гадна бољка која хара и разједа привреџавање“. И кога на своите вработени во една свечена пригода им призна: ...Не цвета цвеќе ни у наше предузеќе… и зато ми ни у овај велик свечани тренутак за наш колектив не смемо да се опуштамо, него да гледамо у будучност. Да хватамо корак с реформу... Да вачамо Европу... Да вачамо свет... Долази време реорганизације, трансформације и систематизације... И премиерот им го порача на бизнисмените буквално истото. Дека не смеат да се опуштаат и дека мора да фаќаат чекор со светот, да се реформираат и да се трансформираат. Инаку Шојиќ ова го кажуваше во филмот „Тесна кожа“ снимен на почетокот на 80-тите години. Но, еве по 20 години состојбата во Македонија и условите за бизнис се сосема исти. Светска криза и рецесија имало и тогаш, има и сега. За реформи се зборувало и тогаш во идно време, а реформите се во најава и денес. А кожата на бизнисмените им е тесна, потесна не може да биде. Да не беше трагично, ќе беше смешно. Но, како што вели премиерот ова се ненормални времиња. Да било нормално време, и враќањето на ДДВ би било нормална работа за која премиерот и Владата не би се фалеле. Во ненормално време, оваа операција на раздолжување со бизнисот била успех и изненадување. Да, има право премиерот, во ненормални услови важат други правила во бизнисот и во политиката. Проблемот е што во Македонија овие ненормални времиња траат премногу долго, а некои и тоа како се трудат тие да траат што подолго. Оти се најлесното оправдување зошто Македонија никако не може да стане нормална држава. Но, како што Иво Андриќ рекол изгледа дека дошло некое време „кад паметан зашути, будала проговори, а фукаре се обогате“.


Капитал број 675 03.10.2012

16

www.kapital.mk

ЕКСКЛУЗИВНО

ИСТРАЖУВАЊЕ: КАПИТАЛ ВО БУГАРСКИОТ ГРАД Откако ги продаде државните резерви на жито,

ЗОРАН ДАНЕВСКИ “Р ОТВОРА ФИРМИ ВО Г пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

За што се товари Зоран Даневски?

проневера на 1,5 милион евра преку незаконска продажба на државните резерви на жито во Џумајлија незаконско реиздавање државна земја на странски државјани измама на ситните акционериработници во Џумајлија избегнување на плаќање данок кон државата

З

оран Даневски, поранешниот управител и сопственик на околу 70% од агрокомбинатот Џумајлија, кој избега во Бугарија откако заработи кривична пријава за проневерени 1,5 милион евра државни пари со продажба на житото од државните резерви, отвори нова фирма во бугарскиот град Гоце Делчев! Бегалецот сега е газда на доо Уно пелети, регистрирана на 15 август со основачки капитал од 200 лева, а како косопственик се јавува Атанас Николов Узунов, помалиот син на бугарскиот бизнисмен, сопственик на бензински станици, Никола Узунов. Компанијата има неверојатно широк опис на дејност: купување и продажба на стока во земјата и во странство; трговско претставување и посредништво;, консигнациски, комисиони, шпедициски, превозни зделки; складишни и лиценцни з делки; з делки со интелект уа лна сопственост; хотелиерски, туристички, рекламни, информациски, програмски, продуцентски, сметководителски и други услуги; берење, откуп и продажба на диви овошки, билки, печурки; пчеларство, оранжериско производство; внатрешнотрговска дејност, увоз и извоз, реекспорт, менаџмент, маркетиншка и продукциска дејност; производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, трговија со нафта и нафтени деривати; трговија со природен гас; производство на вина, ракии и високоалкохолни пијалаци и трговија со нив во земјата и во странство.... На адресата на фирмата на Даневски под која е заведена во Централниот регистар, Попови ливади бр.1, има станбени објекти. За фирмата никој од неговите соседи и соседни згради с$ уште не чул. “Капитал“ во текстот понатаму објаснува, всушност, каде е проблемот на бизнис– амбициите на Даневски и зошто тој пред да се впушти во инвестиции, прво треба да одговори на неколку прашања пред судот во Македонија.

Гоце Делчев – толку блиску до границата, толку далеку од македонската власт

Случајот Даневски екипата на “Капитал“ го следи од самиот почеток на скандалот со Џумајлија. Нашите написи за проблемот со екстрадицијата предизвикаа бурни реакции кај источниот сосед, а особено коментарот дека Бугарија мора да престане да важи за Мексико на Балканот, држава во која


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

ЕКСКЛУЗИВНО

гОЦЕ дЕЛчЕВ

17

прОНЕВЕрИ мИЛИОН ИпОЛ ЕВра И ИЗбЕга Од маКЕдОНИја

“РАСТУРА” НА ИСТОК! ГРАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ! Еден од најпознатите бегалци од македонските закони, Зоран Даневски, за кого е распишана потерница поради проневерени 1,5 милион евра со продажба на државните резерви на пченица и јачмен складирани во земјоделскиот комбинат Џумајлија, сега во стечај, во кој тој имаше околу 70%, пред еден месец регистрирал фирма во Гоце Делчев. “Капитал“ открива дека новата фирма на Даневски се вика Уно пелети, а како негов содружник се јавува син на локалниот бизнис-моќник Никола Узунов, сопственик на синџир од бензински станици. Екипата на “Капитал“ отиде во Бугарија за на лице место да види каде и како живее Даневски, каков имиџ има стекнато во градот, со кого соработува и на кој начин работи... нашите криминалци откако ќе се огрешат пред законот, бегаат знаејќи дека доволно е само да кажат оти се бугарофили и им треба заштита од македонскиот судски систем и македонската држава кои ги репресира поради тоа што се чувствуваат како Бугари. По неколкумесечни истражувања, конечно дојдовме до опиплив податок - Даневски не само што живее во Гоце Делчев, уживајќи ги сите погодности на обичен граѓанин, туку таму е во длабоки релации со локалните политички и бизнис-моќници.

на даневски се наоѓа на десоети Зградата каде што живее таро сузн е Лук от. град на т цен од ње аче минути пеш ди, ери, домофони и високи огра уредена, има поставено кам Во на. рши пов та рна дво еда изгл о па не може да се види какб кој се вика панос, со затемнети сутерените има ноќен клу панија ересно е дека новата ком стакла. Она што е многу инт улица. та иста на а ран стри реги е , ети пел на даневски, Уно Информацијата дека Даневски отворил нова фирма н$ натера да отидеме до Гоце Делчев и да ја испитаме ситуацијата на терен. Гоце Делчев е мирен град со 20.000 жители на југозападот на Бугарија, на 18 километри од Грција, блиску до граничниот премин Ново Село, Струмица. Во градот каде што откако ЕУ-регулативата забрани производство на ориентален тутун, граѓаните се преориентирани главно кон сточарство и угостителство, има само една голема фабрика - претставништвото на Роман е една од најголемите инвестиции во бугарската текстилна индустрија, а тука се вработени 2.000 граѓани од Делчев и од регионот. Скромниот живот во спокојниот град, каде што просечната плата е 200 евра, одвреме-навреме е брануван од информации за нови компании и за интересни ликови во секојдневието. Македонецот Зоран Даневски е добро познат во градот.

Како живее Даневски откако ја “среди“ Џумајлија?

Откако стигнавме во Гоце Делчев, името

на Даневски го чувме уште при првото возење со такси. Таксистот многу децидно одговори на нашето прашање - дали познава Македонци во овој град? “Да, да, познавам, како не... Имам познаничка од кај вас... Соња Даневска (сопругата на Зоран н.з), ама вие сте новинари, подобро да не ви кажувам ништо за нив двајца. Дојдоа тука, се преселија. Таа е вмешана во политика, двајцата се впуштени во бизниси тука, не е паметно многу да ви зборувам, а и вие сигурно знаете кои се луѓето...” Секако, одговоривме: “Не, нивните имиња не ни се воопшто познати“... Дека не сме за верување, веројатно, таксистот сфати уште кога ја кажавме адресата на живеење на семејството Даневски, но се воздржа од коментари. Н$ остави на Попови ливади бр.2 и ние тргнавме во обиколка на околината. Според информациите на “Капитал“, не о фиција лно се пр о цен у в а дека апартманот во кој живее Даневски е вреден околу 100.000 евра. Квартот во којшто се наоѓа зградата е обичен станбен дел, иако


Капитал број 675 03.10.2012

18

www.kapital.mk

ЕКСКЛУЗИВНО

Според нашите информации, Даневски се преселил во градот Гоце Делчев пред една година, веднаш по скандалот со Џумајлија. На 22 февруари полиција од Банско го уапси поради поседување лажни документи за идентификација. Доби условна казна од една година и три месеци, но со оваа казна бугарската држава практички, му направи услуга, па сега тој додека не ја “одлежи“ не може да биде вратен дома. Екстрадицијата е одложена за потоа, но дотогаш тој може да добие бугарски документи! А ако се има предвид како завршуваат македонските бегалци со бугарски документи, сомневањата дали Даневски воопшто ќе биде екстрадиран во Македонија се основани. Зошто македонската држава молчи, каде се нашите институции? со името на таа улица, Попови ливади, има и цела елитна населба на 20 километри од Гоце Делчев. Дотаму семејството Даневски с$ уште не е стигнато. На фотографиите се гледа дека зградата е модерна, во сутерените има ноќен клуб Панос, а оградите се премногу високи за да може да се види дворот. Соседите не беа расположени за зборување, но други граѓани потврдија дека стоиме пред новиот дом на семејството Даневски, кој во тој момент личеше дека е празен. Откако неуспешно ни помина обидот да го видиме господинот Даневски како влегува или излегува од домот, се упативме на друга локација. Добивме информација дека речиси секоја вечер Даневски игра пинг-понг во еден хотел на влезот на градот. Но, немавме среќа - беше сабота вечер, а во хотелот имаше свадба. Единствениот ресторан беше зафатен, па девојката од рецепција љубезно ни кажа дека нема просторија каде што можеме да седнеме и да испиеме кафе (чекајќи го Даневски евентуално да се појави). Но, не се откажавме. Влеговме на свадбата, а многу набрзо успеавме да најдеме начин и да влеземе во подрумите каде што доаѓал Даневски. И на фотографиите се гледа дека се доста скромно уредени, со нетипичен изглед за хотелски пинг-понг центар. Сепак, со Даневски таа вечер не успеавме да стапиме во контакт.

Николов Узунов, и во Уно пелети, Атанас во Таткото на ортакот на Даневск околината е и че грат ов. Узунов во ова оил, кои е бизнисменот Никола Узун Уно пи, пум ски зин бен од џир син на познат како сопственик ации се создадени за време на југоембаргото. според нашите информ

Градот кој еден наши те најпознати галци го ниште е на југозаод избра свое засолдот на Бугарија, мибе рен, чист, со прекза Граѓаните го знаатпаДа расна природа. не вск и ка ко пробуд и освестен Ма сфатил дека негов на кедонец, кој ционална свест еен голем бизнисмен, ата бу но жртва на “режимот на гарска. Се претставувал како премиерот Никола Груев ски“.

Даневски и останатите “бугарофили“ кои бегаат од македонските закони...

Инаку, според нашите информации, Даневски се преселил во Гоце Делчев пред една година, минатата есен, веднаш по скандалот со Џумајлија. Тој с$ уште нема бугарски пасош, ниту државјанство, но наводно, се “фалел“ дека до крајот на годината ќе добие. На 22 февруари полиција од Банско го уапси поради поседување лажни документи за идентификација. Доби условна казна од една година и три месеци, но со оваа казна бугарската држава практички, му направи услуга на Даневски,

па сега тој додека не ја “одлежи“ не може да биде вратен дома. Екстрадицијата е одложена за потоа, но дотогаш тој може да добие бугарски документи! А ако се има предвид како завршуваат македонските бегалци со бугарски документи, сомневањата дали воопшто ќе биде екстрадиран се основани. Оти, Даневски е само продолжение на сагата. “Вадејќи се“ на својот бугарски пасош, ексминистерот за здравство Владо Димов во Софија работи како хирург во приватна болница. Тој еднаш веќе избегна екстрадиција од Полска во Македонија и беше вратен во Бугарија. Оттогаш успешно


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

ЕКСКЛУЗИВНО

19

Иронија: Сега Даневски ќе ја тужи Македонија во Стразбур!? Нашите информации говорат дека во текот на минатиот месец во домот на Даневски во Гоце Делчев тој се сретнал со двајца адвокати, еден Македонец и еден Бугарин, со кои разгледувал стратегија за покренување тужба против македонската држава во Стразбур. Наводно, Даневски ќе бара по судски пат да му бидат вратен неговиот и имотот на Џумајлија, кој државата го конфискуваше. Според нашите информации, Даневски се подготвувал да купи уште еден имот во Гоце Делчев.

Во подрумите на хо телот Валентино им за пинг-понг (и а просторија која е како што вела наменета нашите информли т Бугарите, те ац ии , ре чи си секоја вечер Данис на маса). Според се опушти со по не не вс ко ки ја доаѓ тука за да партија. Екипата на овие подрум апитал“ успеал а да влезе во нетипичен изиглиедмора да признаеме дека се“Кдо ст за хотелски пинг-п онг центар. а скромно уредени, со

со тоа си обезбеди слобода и во Македонија - струмичкиот суд ја укина потерницата која беше распишана против него. Најпознатиот стечаен управник, Владислав Тамбурковски, со четири правосилни пресуди и осуда на 15 години затвор и парична казна од над еден милион евра, исто така, има сигурно засолниште во Бугарија. Сепак, договор за екстрадиција допрва ќе склучува со Бугарија, иако овие лица повеќе години ја избегнуваат правдата во земјава.

Сите гревови на Даневски!

Зоран Даневски како управител на Џумајлија најголемиот скандал го направи токму со продажбата на државното жито и фаќањето џаде за исток. Од Основниот суд Свети Николе доцна побараа да му се одземе пасошот, па Даневски, кој се товари дека проневерил 1,5 милион евра, лесно ја напушти државата и замина за Бугарија, а со него исчезнаа и фактурите за продаденото жито. Во кој град живее и работи сега до овој број на “Капитал“ не беше познато на јавноста. Против Даневски се покренати две обвиненија, едно во Основниот суд во Штип, каде што ако некогаш Даневски биде екстрадиран треба да се води прекршочна постапка за злоупотреба на државните

вата зграда е обиКвартот во кој се наоѓа него то на таа улица, име чен станбен дел, иако со а ели тна населба цел и има , ади лив Попови . Дотаму чев Дел Гоце од три на 20 киломе нато. семејството Даневски с$ уште не е стиг има контрола над својот случај. Иако истрагата за него овде во земјава с$ уште е во тек, случајот може да се води и во Бугарија, бидејќи делото за кое е обвинет е казнено и според бугарскиот кривичен закон. Па така, Димов даде исказ пред истражен судија во Софија и На овој документ се гледа дека Зоран Даневски во улога на заемодавец дал на АК Џумајлија а.д. Лозово прво во мај околу 14.000 евра, па потоа во јули околу 100.000 евра. Агрокомбинатот требало да ги врати овие средства на лицето Зоран Даневски, (кој истовремено бил управител) до јануари годинава.


Капитал број 675 03.10.2012

20

www.kapital.mk

ЕКСКЛУЗИВНО

резерви, а едно во Основниот суд во Свети Николе, каде што Даневски ќе се гони кривично за злоупотребите во Џумајлија. Но, информациите на “Капитал“ говорат дека државните силоси во агрокомбинатот Џумајлија досега неколкупати биле испразнети, а потоа повторно наполнети. Спротивно на Законот за стокови резерви, Даневски си го продавал житото коешто државата го чувала во агрокомбинатот, а потоа од сопственото производство ги враќал искористените количини. Друг скандал беа 1,3 милиони евра субвенции кои државата Македонија му ги исплатила на Зоран Даневски, односно на агрокомбинатот Џумајлија во последните три години за растително и за сточарско производство на земјиштето добиено под закуп. Но, вработени во комбинатот за “Капитал“ тврдеа дека Зоран Даневски земјата ја реиздавал на грчки државјани, кои на нивите саделе житни и градинарски култури, иако законски не смеел да го прави тоа. Криминалот со државното земјиште се случувал неколку години, но ниту една надлежна институција не излегла на терен за да го види тоа. Даневски беше вмешан и во скандал заедно со неговиот брат, поранешниот пратеник и градоначалник на Свети Николе, Слободан Даневски. На Слободан му се судеше за кривично дело злоупотреба на службена должност и затајување данок од 65.000 евра. Тој се товареше дека како претседател на Управниот одбор на Џумајлија издејствувал компанијата да даде заем од 100.000 евра на фирмата Зоки 28 (сопственост на Зоран Даневски). Според информациите од македонските судови, Слободан зел револвинг кредит од половина милион евра

во НЛБ Тутунска банка, за што под хипотека ги ставил винарската визба и мелницата на комбинатот. Иако кредитот бил наменски, за финансиска поддршка на активностите на Џумајлија, Слободан ургентно му префрлил на Зоран 100.000 евра, а тој пак, половина од таа сума ја трансферирал на штипската фирма Винекс за отплата на претходно земен заем од 200.000 евра. Во оваа трансакција, според обвинението, тој за себе незаконски прибавил 50–ина илјади евра. Беше обвинет дека измамил 300 работници на комбинатот, кои од

своите плати издвојувале пари за купување акции. Даневски не ги уплатил нивните пари во Агенцијата за приватизација, по што Агенцијата го раскинала договорот, за потоа овие акции да ги откупи братот Зоран. Даневски се товареше дека продал еден ипол тони јачмен вреден над 150.000 евра, но тоа производство не го прикажал во завршната сметка на комбинатот и избегнал да плати данок од 60-ина илјади евра. Иако за овие обвиненија доби ослободителна пресуда, за дел од нив с$ уште се водат поединечни судски постапки.

“Ланец“ Џумајлии... За што служела Џумајлија во Белград?

Д

оговорите до кои дојде “Капитал“ откриваат многу интересен податок - дека Џумајлија била распространета и на север. На улица Цар Урош 6 во Белград е регистрирана фирма Џумајлија доо Белград, со основачки капитал од 500 евра. На оваа фирма Даневски, наводно, & пренел дел од побарувањата кои како заемодавач ги имал кон Џумајлија во Македонија. Истиот потпис, истиот лик, Зоран Даневски, е и цесионар и цедент во овој договор. Податоците од Централниот регистар на Србија покажуваат дека српската фирма Џумајлија, која е регистрирана како доо за неспецијализирана трговија на големо со храна, пијалаци и тутун, има двајца сопственици Џумајлија лозово и Винојуг Белград. Како директор стои името на Петар Арсиќ. На оваа копија од договорите за цесија никој не е потпишан како застапник на српската Џумајлија. Според податоците од Регистарот, Џумалија Белград има 0 вработени и остварува неверојатни 0 приходи!


Капитал број 675 03.10.2012

22 COVER STORY

www.kapital.mk

регионот го тресат апсења на

Зошто во Маке неМа истраги

а

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mк

псењето на Зоран јанковиќ, актуелен градоначалник на Љубљана и несуден премиер на словенија, е последното од низата апсења на видни политичари и бизнисмени кои го потресуваат Балканот во изминатиов период. јанковиќ сега е под истрага за злоупотреба на државни пари, за перење на пари и корупција поврзаи со изградбата на спортскиот центар стожице, а текот на истрагата покажува дека во оваа афера биле вмешани многу блиски луѓе и соработници, неговите двајца синови и неколку словенечки бизнисмени. иако во словенечката јавност апсењето на јанковиќ се коментира и како можен конфликт со новата власт, најавите се дека истраги ќе


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

23

а Политичари и на биЗнисМени Против Кого се води истрага? Зоран ЈанКовиќ

градоначалник на Љубљана

иво санадер

поранешен премиер на Хрватска

душан антониќ

претседател на Управниот одбор на Агробанка

аКис ЦоКаЗоПулос

поранешен министер за одбрана на Грција и член на Пасок

ниКитас КаКламанис

поранешен градоначалник на Атина и член на Нова Демократија

едонија За криМинал? се отворат и врз многу сегашни и поранешни политичари и бизнисмени кои со неодговорното работење и криминал ја довеле словенија пред банкрот. апсења на политичари и бизнисмени за организиран криминал го тресат целиот регион. аферата санадер повторни ја бранува Хрватска со изјавата на санадер дека сите процеси против него се измислени и дека повторни ќе се врати на власт. По апсењата за аферата агробанка, во србија се најавуваат истраги и апсења за организиран криминал во уште десетина компании.

грчкиот премиер самарас отвори голема истрага против повеќе од 30 сегашни и поранешни функционери кои се збогатиле нелегално...само Македонија останува далеку од овие процеси, кои во регионот и тоа како се поддржани и од европската унија. и во Македонија има многу афери за злоупотреби и вмешаност на сегашни и поранешни политичари. но, тие барем засега не се отвараат. дали на Македонија се уште не и дојден редот или едноставно не постои политичка воља за борба против организираниот криминал?


Капитал број 675 03.10.2012

24

cover story

Двете лица на Зоран Јанковиќ градоначалник на Љубљана

Извонреден менаџер или обичен хохштаплер?!

О

ткако актуелниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, минатата недела беше уапсен поради сомневање за криминал и корупција и експресно пуштен на слобода уште истата вечер, во словенечката јавност веќе наголемо се плетат приказни зошто навистина е уапсен Јанковиќ. Шпекулациите за можните причини за најновата истрага која го потресе Балканот се уште погласни ако се знае дека Јанковиќ, покрај тоа што е актуелен градоначалник на Љубљана, е и победник на последните избори во Словенија, по кои откако не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот, не успеа да стане и премиер на Словенија, иако освои најмногу гласови. Аурата на извонреден градоначалник и претходно бизнисмен, а во меѓувреме и кандидат за премиер, може да се скрши на парчиња доколку се докаже дека Јанковиќ “мател“ нешто при изградбата на спортскотрговскиот комплекс Стожице, а притоа го оштетил буџетот на градот за повеќе од десет милиони евра. За ваков престап, како што пишуваат нашите колеги од љубљански “Финанце“, на Јанковиќ му се заканува казна и до осум години затвор.

За какви криминали станува збор?

Словенечката полиција минатиот четврток приведе шестмина, меѓу кои и градоначалникот Јанковиќ, а на подрачјето на љубљанската полициска управа се направени 23 куќни претреси, сето тоа поврзано со наводните криминални дејства на фирмата Електа (фирма основана од Зоран Јанковиќ, која подоцна, наводно, ја продал на своите синови) поврзани со препродажба на земјиште и изградба на спортскиот комплекс Стожице. Полицијата соопшти дека истрагата е дел од преткривичната постапка што ја води државното обвинителство специјализирано за стопански криминал, а покрената е пред година и половина од страна на даночната управа. Според словенечките медиуми, Јанковиќ се сомничи дека при градбата на Стожице, која се изведувала со јавно-приватно партнерство меѓу градот Љубљана и градежната компанија Греп, со незаконски трансакции се преточиле пари во приватни џепови и со тоа градската каса е оштетена за повеќе од 10 милиони евра. Во опсежната полициска истрага се вклучени и синовите на Јанковиќ, Јуре и Дамијан, коишто имаат компании

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

cover story Јанковиќ се поздравува со тогаш актуелниот премиер Борут Пахор откако победи на предвремените парламентарни избори лани во ноември

Човекот којшто два пати по ред освои градоначалничка фотелја во Љубљана со повеќе од 60% од гласовите и за малку не стана премиер на Словенија во моментов се сомничи за стопански криминал со којшто, наводно, го оштетил буџетот на градот за над десет милиони евра, а ги наполнил сметките на фирми блиски до него и неговите синови. Истражителите ја проширија истрагата и во Хрватска, а приврзаниците на Јанковиќ велат дека ова е политички притисок од страна на актуелниот премиер, Јанез Јанша

регистрирани на Кипар, за можни незаконски трансакции преку нив. Предмет на истрагата, според неофицијални извори во Словенија, се и бизниси поврзани со Јанковиќ за земјишта во сопственост на семејните фирми, коишто по купувањето добиле вредност со промена на градските урбанистички планови. Јанковиќ за апсењето на неговите синови (исто така пуштени од притвор веднаш по испитувањето) рече дека е притисок, тврдејќи дека тие немаат

25

Кој е Зоран Јанковиќ?

Преродител на Меркатор и несуден премиер

К

ој е Зоран Јанковиќ, љубљанскиот градоначалник, со несудена премиерска фотелја кој заврши во притвор? Кој е човекот кој наспроти сите очекувања, на последните парламентарни избори им го одзеде монополот над власта на двете големи словенечки партии и понуди можно решение против цементирањето на двопартискиот систем во Словенија, а една година подоцна е предмет на корупциски скандали и малверзации. Актуелниот градоначалник на Љубљана и сега експретседател на опозициската партија Позитивна Словенија, Зоран Јанковиќ, е роден во Србија, од татко Србин и мајка Словенка. Злобниците за време на изборите токму со овој факт сакаа да му ја намалат ефектноста на изборната победа, нагласувајќи дека Јанковиќ најизразена поддршка добил од гласачите каде што српското малцинство е побројно. Женет е со Мија, братучеда на словенечкиот политичар Грегор Вирант, кој до неодамна беше претседател на Собранието на Словенија. По образование е економист, а врв на неговата бизнис-кариера е застанувањето на чело на Меркатор во 1997 година, позиција на која останува до 2005 година. Се смета за најзаслужен за прераснувањето на Меркатор во најголема словенечка компанија. Неговиот успех во деловниот свет го потврдуваат дури 13 словенечки и меѓународни награди, меѓи кои посебно се издвојува изборот за менаџер на 2002 година. Во октомври 2006 година Јанковиќ е избран за градоначалник на Љубљана со дури 62,99% од гласовите, а колку бил успешен на позицијата од која покренал неколку големи инвестициски програми зборуваат локалните избори во 2010 година, кога тој повторно го добива мандатот, и тоа со уште поголема поддршка 69,1% од гласовите. Но, што е она што го прави Јанковиќ идеален кандидат за премиер, а истовремено и предмет на истрага? По заминувањето од Меркатор во 1988 година поради неговото неназначување за директор во компанијата тој работеше кратко како заменик-директор на Емона (словенечка фирма за производство

на храна), за потоа да ја формира својата фирма Електа, која ќе стана главен спонзор на словенечкиот ракометен клуб Крим, на чие чело во 1992 година ќе застане токму тој. Токму донациите во спортот и трансферот на пари во спортските клубови, но и изградбата на спортската сала во Љубљана се причината поради која денес Јанковиќ е предмет на сериозни истражувања. На чело на компанијата Електа, Јанковиќ седи од нејзиното отворање во 1990 до 1997 година, кога заминува на директорската позиција во Меркатор. Љубовта кон спортот и ракометот го мотивираат да се кандидира и за претседател на Европската ракометна федерација, каде што иако беше фаворит, тој се откажа по првиот круг избори. Во 2006 година Јанковиќ ја објави својата кандидатура за градоначалник на Љубљана и победи уште во првиот круг со 63% поддршка од граѓаните на словенечкиот главен град. За време на неговиот прв мандат како градоначалник преку словенечкиот весник “Финанце“, всушност, започнаа првите обвинувања на сметка на Јанковиќ. Овој реномиран весник тврдеше дека Јанковиќ ја злоупотребува градоначалничката функција за да создаде економски бенефиции за неговите синови. Пет години подоцна, во 2011 година, Јанковиќ се кандидира за премиер на Словенија и на изненадување на сите, иако без поддршката од двете најголеми партии, тој успеа да издвојува победа. Но, поради тоа што не успеа да се договори со ниту една од партиите за да создаде влада, премиерската фотелја остана само Пирова победа за Јанковиќ во која не успеа да седне. По ваквите резултати, тој повторно ја презеде градоначничката палка во Љубљана. Засега, нема никакви најави дали Јанковиќ повторно ќе се охрабри да игра за премиерската позиција на Словенија на следните парламентарни избори, веројатно поради тоа што истите ќе се случат дури за неколку години.

Од 1997 до 2005 година Јанковиќ беше на чело на Меркатор, словенечката корпорациска гордост, и е најзаслужен за нејзиното прераснување во најголема компанија во државата


Капитал број 675 03.10.2012

26

www.kapital.mk

cover story

врска со проектот Стожице. На прашањето дали би било соодветно заради истрагата да поднесе оставка на функцијата градоначалник, тој рече дека нема тоа да го стори и дека има поддршка од соработниците во општината и од членовите на партијата. “Верувам во правната држава и ќе докажам дека спортската сала во Стожице е од корист на Љубљана“, рече Јанковиќ.

Дали Јанша сака да го тргне од политиката својот конкурент Јанковиќ?

Министерот за внатрешни работи на Словенија, Винко Горенак, ја одби можноста истрагата против Јанковиќ да има политичка заднина и рече дека ќе следат и низа други постапки против одговорни за стопански криминал коишто ја довеле државата во тешка економска состојба. “Државата е искрадена, а јас сум политичар што е одговорен за тоа просеците што мора да се покренат и вистински да се покренат“, рече Горенак во емисија на Словенечката телевизија. Горенак, којшто е член на Словенечката демократска партија (СДС) на премиерот Јанез Јанша, истовремено ги отфрли алузиите дека истрагата против Јанковиќ, всушност, е обид да се тргне тој како политички конкурент на Јанша, затоа што Јанковиќ е претседател на најголемата опозициска партија. Горенак ја одби споредбата меѓу случајот на Јанша, којшто е еден од осомничените во корупциската афера Патриа, што с$ уште не доживеала судски епилог, и случајот на Јанковиќ. “Битна разлика е што во случајот на Јанковиќ се работи за сомнежи за примање големи суми пари, додека кај Јанша ниту обвинението не наведува дека навистина примил пари“, рече Горенак. Претседателот на партијата на Јанковиќ, Позитивна Словенија, Јани Модерндорфер, изјави дека истрагата е очекуван настан и потсети дека и самиот Јанковиќ, којшто тврди дека обвинувањата против него се политички мотивирани, ги повикал даночниците да ја проверат документацијата. Социологот Јоже Вогринц од Филозофскиот факултет во Љубљана, исто така, не е изненаден од актуелните настани, како што пишува “Јутарњи лист“. “Популарноста на владата паѓаше, а со оглед на тоа дека премиерот Јанша исто така е обвинет во корупциска афера, мислам дека многу силно се трудеа и очигледно, најдоа нешто поради кое може да го обвинат Јанковиќ, но мислам дека тоа е претежно метод на политичка борба. Дури и ако Јанковиќ навистина сторил нешто поради кое што може да оди во затвор, јасно е дека оваа влада со микроскоп и двоглед бара нешто што може да му налепи, па дури и со само одреден степен на веројатност. Јанковиќ имаше таква функција и се занимаваше со такви работи што е веројатно да се пронајде нешто поради кое може да се уапси. Но, дали тие обвинувања се основани?“, прашува Вогринц.

Јанковиќ беше приведен од полицијата во четвртокот рано наутро

Како и зошто е уа

Истражителите досега најголем доказ за малверзациите во градбата на Стожице најдоа кај Ана Кучан, ќерка на поранешниот словенечки претседател Милан Кучан и голема поборничка за Јанковиќ. Нејзината фирма АККА го работела хортикултурното уредување на спортскиот центар, а од тие документи, наводно, се гледа дека конзорциумот Греп ја добил работата уште пред да се распише тендер

П

ретресите и приведувањата се во рамките на истрагата за бизнисите на Зоран Јанковиќ, осомничен за злоупотреба на положбата, перење пари, фалсификување и уништување документи, кривични дела што, наводно, предизвикале штета поголема од 10 милиони евра. Како што пишуваат словенечките медиуми, познато е дека истражителите го разбудиле Јанковиќ во шест наутро во неговиот дом, направиле претрес и потоа го одвезле во градската управа во центарот на Љубљана, од каде што по неколку часа изнесле повеќе картонски кутии. Весникот “Дело“ објави дека градоначалникот потоа останал да работи, а дал изјава дека криминалистите својата работа ја завршиле коректно, дека од неговиот дом го однеле компјутерот на сопругата и неговиот iPad, а од градските канцеларии компјутерот на неговиот заменик и на две секретарки.

Синот на градоначалникот, Дамјан, доцна попладнето с$ уште се наоѓал во просториите на својата компанија Електа во центарот на Љубљана, каде што траел претресот. С$ уште не отишол во родилиштето, каде што истиот ден неговата девојка му родила ќерка. Другиот син на Зоран Јанковиќ, Јуре, полицајците го изнесле од станицата, го седнале во BMX X5 и го одвезле. Официјално, истрагата опфаќа “сомневања за злоупотреба на службена положба, измама на штета на ЕУ, уништување градба“, поврзано со градба на спортскиот центар Стожице. Дел од парите за коишто се оштетени јавните финансии доаѓал од ЕУ. Словенечките медиуми пишуваат дека се работи за истрага на парични текови благодарение на коишто околу половина милион евра кои Јанковиќ ги платил како градоначалник за градбата на Стожице завршиле на сметка на фирмата КЛМ Наложбе, во која и самиот е мнозински сопственик.


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

cover story

27

Зошто се под истрага Пет неразјаснети афери има поради кои истражителите го “прочешлаа“ работењето на Јанковиќ

1

СЛУЧАЈ СТОЖИЦЕ

Синовите на Зоран Јанковиќ, Дамијан и Јуре, осомничени дека со своите компании оставени од татко им правеле стопански криминал

Даночната управа смета дека околу 400 илјади евра кои градот Љубљана ги платил за изградба на спорскиот центар Стожице, со прелевање преку сметки на неколку компании завршиле на сметка на Јанковиќевата фирма КЛМ Наложбе, а уште 100 илјади евра во ракометниот клуб во којшто Јанковиќ е почесен претседател.

2

ТЕРЕН ВО НИШ

Во фаза на формална кривична постапка е и истрагата против Јанковиќ за злоупотреба на положбата поврзана со купување локација за хипермаркет Меркатор во Ниш во 2006 година. Словенечките медиуми шпекулираа дека Јанковиќ се сомничи дека за таа работа добил провизија од 100 илјади евра.

Јанковиќ со бившиот претседател Кучан, чија ќерка, Ана Кучан, исто така е вмешана во корупциската афера

уапсен Јанковиќ? 3 Според неофицијалните информации, меѓу приведените се и службеници на фирми преку коишто парите, наводно, се префрлале. Покрај Јанковиќ и синовите, полицајците ги привеле и Јадранка Дакиќ, негова бивша соработничка од Меркатор, а сега заменик-градоначалник и косопственик на КЛМ Наложбе, како и челните луѓе на две компании во чија сопственост е фирмата Греп, којашто ја градела Стожице: претседателот на управниот одбор на компанијата Градиш, Урош Огрин и сопственикот на Ебергоплан, Златко Срака. Словенечките медиуми пишуваат дека полициската истрага се однесува на документите кои од даночната управа протекле во мај месец годинава, според кои градот Љубљана на градежната фирма Греп на 19 август 2011 за извршени работи на Стожице & исплатил 3,9 милиони евра. Греп по една недела половина милион евра префрлила на фирмата База Данте, а таа уште истиот ден речиси 400 илјади евра префрлила на Електа, во сопственост на синовите на Јанковиќ. Парите потоа се префрлени на КЛМ Наложби, фирма на градоначалникот. Уште околу 100 илјади евра База Данте уплатила на женскиот ракометен клуб Крим, каде што Јанковиќ е почесен претседател. Клучните трансакции ги направил Боштјан Стамејчиќ, сопственик и директор на База Данте и шеф на проекти во Електа, којшто

не беше приведен во истрагата на почетокот. Во База Данте тврдат дека на Електа & платиле за купување стан во населбата Сеножети и деловен простор во Толмин, но катастарските книги покажале дека двете парцели во Толмин на коишто, наводно, се наоѓа деловен објект, никогаш не биле во сопственост на ниту една од тие компании, но можно е да е пропупштено нивното впишување во книгите. Дел од истрагата, според словенечката полиција, се води и во Хрватска. Еден крак на истрагата за прелевањето на парите за Стожице води во Загреб, пишуваа веќе претходно словенечките медиуми. Се работи за 581.000 евра кои на Јанковиќ за ланската предизборна кампања му ги уплатила Електа, компанија основана од него, што сега ја води син му Дамијан. Јанковиќ тврди дека се работи за поврат на долгови – Електа им ја продал пред повеќе години на своите синови, а тие оттогаш милионскиот износ му го исплаќаат на рати – но даночната управа тврди дека не пронашла основани деловни причини за таа трансакција. Истиот ден кога Електа му ги уплатила парите на Јанковиќ на неа & легнале пари на сметка од Хрватска - 723 илјади евра им уплатила загрепската фирма Еградба, во која Дамијан Јанковиќ има пет, а Електа инженеринг 95%, исто така за враќање долг за којшто словенечките даночници немаат поим.

МЕРКАТОР И СИНОВИТЕ

Правосудните органи, наводно, ја истражуваат неправилноста во работењето на Меркатор со компаниите на синовите на Јанковиќ, за коишто порано се пишуваше дека добиле бројни зделки во обновата и опремувањето на продавници на Меркатор во Врхника, Подпеч и во Гросупље.

4

УПЛАТИТЕ НА ЕЛЕКТА

Даночниците истражуваат и зошто Јанковиќ на крајот на ноември лани од сметката на фирмата Електа, во сопственост на неговите синови, добил 550 илјади евра, а сомнителни се и други уплати на Електа, иако на компанијата сметката & е блокирана, на Јанковиќ му ги отплаќала долговите, а на другите доверители не.

5

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈИШТЕ

Парламентарната комисија утврдила дека постои основано сомнение дека Јанковиќ на своите синови им дал информации за планирани промени на урбанистичкиот план, па тие купиле земјиште на коешто по пренамената цената драстично му пораснала, според некои проценки за најмалку 5,6 милиони евра.


Капитал број 675 03.10.2012

www.kapital.mk

28 АферАтА САнАдер повторно јА брАнувА хрвАтСКАтА јАвно

Санадер: Мојот проблем е

што бев премоќен за Хрватска

Н

е сакав да се согласам со уцените од Словенија и некои од Европа. Не сакам да го попречувам влезот на Хрватска во ЕУ, но во мојата книга ќе кажам за кого станува збор. На тие уцени Јадранка Косор се согласи во договорот со словенечкиот премиер Борут Пaхор. Вака Санадер ги објасни причините за неговото заминување од власт во неговото прво интервју за хрватските медиуми откако е под истрага, потенцирајќи дека никогаш не би направил компромис на сметка на територијалниот интегритет на Хрватска. Очигледно е дека Санадер, како познат политички шоумен, ги вложува сите напори за да го зачува минималниот дигнитет, пред с$ како личност, а потоа и како поранешен премиер на Хрватска. Само неколку дена пред да се појави во интервју на ХРТ, во хрватскиот весник “Јутарњи лист“ излегоа делови од интервју кое Санадер го дал за белгиски новинар. “Повторно ќе ги водам владата во Хрватска и ХДЗ”, рекол Санадер. Но, само неколку дена подоцна Санадер демантираше дека го изјавил токму ова, објаснувајќи дека зборовите му биле извадени од контекст. Инаку, угледниот белгиски новинар со романско потекло, Ден Алекса, е

ангажиран да напише книга за побарал мито, ниту пак, зел. Санадер, а хрватскиот весник “Ова обвинение е фалсификат “Јутарњи лист“ ексклузивно на УСКОК и на државното пренесе само делови од книгата правобранителство, кои во не сакав да и од разговорите кои Санадер ги клучните документи не ги се согласам имал со овој новинар. вклучиле тие што се во моја со уцените Санадер е уверен дека во корист“, вели Санадер. од Словенија целиот тој процес ќе излезе За аферата за спорните и некои од победник. “Знам дека ќе договори направени меѓу европа. не победам во овој процес. Да, Хрватското електростопанство сакам да го медиумите се против мене, и Фабриката за лесни метали попречувам тука е Бајиќ (државниот во Шибеник (ХЕП-ТЛМ), со кои влезот на правобранител), кој ги користи Хрватското електростопанство хрватска новинарите против мене, но е оштетено со 87 милиони во еу, но во знаеме дека ќе победам. Знам евра, Санадер објаснува: мојата книга дека низ сето тоа ќе поминам “Кога бев јас премиер, ќе кажам за неповреден и дека еден хрватската држава презеде кого станува ден повторно ќе ги водам и 12% од акциите на Фабриката збор. на партијата и земјата. Го имам тоа за производство на лесни тие уцени во себе. Тоа е повик...“, тврди метали. Тоа беше пред јадранка Санадер. приватизацијата на фабриката. Косор се “Јутарњи лист“ ги објави Побарав од министерот за согласи во твдењата на Санадер за финансии и од министерот за договорот со Младен Бајиќ, државниот економија да подготват одлука словенечкиот правобранител на Хрватска, за за тоа како да го претвориме премиер нападот врз неговото семејство, долг кој го имаше борут пaхор. огромниот за аферата со Хипо банка, за оваа фабрика кон државата во случајот ХЕП-ТЛМ, за оставката акции и да проценат за колкав износ се работи. Проценката беше дека и за поранешниот премиер на Хрватска, станува збор за 12% од акциите. Имајќи Јадранка Косор. предвид дека фабриката Алумина во “На денот на мојата објава дека се враќам во политиката претседателството Мостар не плаќаше на фабриката во Шибеник, ние на тој начин дојдовме до на ХДЗ одлучи акции и во оваа мостарска фабрика“, да ме избрка од објасни Санадер. партијата. Истиот Прашан дали е тој ден, некаде приквечер, се случи разочаран од Јадранка Косор, средба меѓу Косор, Санадер вели: ”Таа Знам дека ќе Бајуќ и Карамарко беше мој заменик победам во (поранешен десет години, овој процес. да, министер за секогаш беше со медиумите се внатрешни работи мене, знаеше како против мене, и сегашен лидер на се води политика тука е бајиќ ХДЗ) и стана јасно и што треба да (државниот дека подготвуваат се прави. Беше правобранител), тужба против логичен избор. Со кој ги користи мене. И затоа ги ова искуство, кога новинарите измислија сите гледам наназад против мене, но тие случаи, за да гледам дека сум знаеме дека ќе ме уништат“, вели прогрешил и се победам. Знам Санадер, пренесува каам што сум го дека низ сето “Јутарњи лист“. направил тоа”. тоа ќе поминам Во однос на аферата “Мојот проблем неповреден со Хипо банка, со ова општество и дека еден во која е обвинет е затоа што бев ден повторно поради тоа што пресилен за нив, ќе ги водам во деведесеттите бев премоќен“, и партијата и години, како вели Санадер. земјата. заменик-министер Сите за надворешни криминални работи, во преговорите со Хипо гревови на Санадер Инаку, Санадер е обвинет за корупција банка си побарал и криминал по повеќе основи. За него провизија од 5% во Загреб во моментов се водат четири и се проценува судски постапки за милионска корупција. дека за себе зел Кога започна истрагата Санадер избега 3,6 милиони куни во Австрија, каде што беше и уапсен, (484.000 евра) од оваа банка, Санадер а потоа екстрадиран во Хрватска. Иако целата хрватска јавност е убедена тврди дека ниту


www.kapital.mk

оСт дека имало криминал, Санадер има статус на осомничен с$ додека не се докаже неговата вина. Aко се докажат обвиненијата на УСКОК, Санадер нема да излезе од затвор 20 години, бидејќи тој се товари за низа обвиненија за проневера на неколку милијарди евра државни пари, злосторничко здружување, злоупотреба на јавната функција и измами. За дебелината на неговото досие говори цел спис обвиненија покренати од УСКОК. Прва на листата и најголема е аферата “Фими медиа“, во која Санадер се товари за проневера на околу 10 милиони евра државни пари. Се сомничи и за примање мито од 10 милиони евра во случајот “Ина-МОЛ“, кои му ги исплатило раководството на унгарската нафтена компанија за преземање на дел од акциите на Ина. Се товари и за нелегална набавка на блиндиран автомобил од марката БМВ, исплата на провизии од Хипо банка, продажба на државно земјиште во сопственост на Диоки на ЈАНАФ и примање мито од бизнис-соработници на Хрватското електростопанство (ХЕП). Има обвинение и за перење пари преку изградба на автопатишта од страна на ХЕЦ (Хрватске аутоцесте). Од неодамна се шпекулира дека на дебелото досие ќе се додаде и проневера на партиски пари со неговите блиски сопартијци, наменети за финансирање на кампањите на ХДЗ. Според лондонски “Фајненшал тајмс“, оваа листа со обвиненија го направи Санадер еден од најголемите криминалци на Балканот.

Капитал број 675 03.10.2012

cover story

Иако Санадер, како познат политички шоумен, се труди да го сочува сопствениот углед, ако се докажат обвиненијата на уСКоК, тој нема да излезе од затвор 20 години. Санадер се товари за низа обвиненија за проневера на неколку милијарди евра државни пари, злосторничко здружување, злоупотреба на јавната функција и измами

29


Капитал број 675 03.10.2012

30

www.kapital.mk

cover story

Апсења и истраги за организиран криминал и во Србија

Н

овата власт во Србија уште на самиот почеток покажа дека е решена да се бори против организираниот криминал и високата корупција. На почетокот на август беше отворена истрага за аферата “Агробанка“, во која беа уапсени над 10 луѓе, а како што напредува истрагата, се вклучуваат и многу бизнисмени и

политичари. Постојат многу докази дека во аферата “Агробанка“ бил вмешан и државниот врв и дека управата и менаџментот на оваа банка со години наназад им удоволувале на апетитите на различни центри на моќ во Србија, истовремено користејќи ја нивната заштита за сопствени финансиски операции и кредитни малверзации. Во последните

Како што напредува истрагата за Агробанка, сe дознава дека биле замешани многу политичари и блиски луѓе на екс премиерот Мирко Цветковиќ четири години Агробанка на овој начин на подобни и политички аминувани компании им одобрила стотина милиони евра кредити, кои не биле враќани, што на крајот ја одвело банката во неликвидност и загуба од 300 милиони евра. Според потпретседателот на српската влада и претседател на владејачката Српска народна странка (СНС), Александар Вучиќ, “Агробанка“ е само почеток на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Некои аналлитичари во Србија веќе оценуваат дека се работи за конфликт во владата, со оглед на тоа што Вучиќ најавува истраги во фирми и апсења на луѓе кои се блиски на премиерот Ивица Дачиќ, кој е и претседател на владејачката Социјалистичка партија на Србија (СПС). Инаку, Дачиќ, кој сега е премиер, беше заменик-премиер и министер за внатрешни работи во поранешната влада, која ја предводеше премиерот Цветковиќ, од Демократската странка (ДС). Вучиќ најави дека по “Агробанка“ ќе следуваат истраги и во Галеника, Србијагас, државната ЕПС, кои ги раководат луѓе блиски на Дачиќ. Но, списокот ќе биде подолг ако се знае дека ЕУ побара ревизија на риватизацијата во 24 фирми поради постоење за висока корупција.


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

колумна

Голема истрага за нелегално збогатени сегашни и бивши политичари во Грција

Самарас: Истрагата за корумпирани политичари ќе се истера до крај

В

о петокот во Грција излезе список со имиња на над 30 сегашни и поранешни грчки политичари од власта и од опозицијата кои се под истрага на финансиската полиција под сомнение дека биле вклучени во корупција. Премиерот Самарас изјави дека целиот процес ќе се води транспарентно и отворено. “Ќе има целосна транспарентност околу с$ што се случува со процесот и целата вистина ќе биде откриена”, изјави премиерот Самарас за дневниот весник “То вима“. Меѓу имињата кои се наоѓаат на листата која во петокот беше објавена во грчките медиуми се наоѓаат Панос Каменос, лидер на десничарската политичка партија; Никитас Какламанис, поранешен градоначалник на Атина; Јанос Папантониу, поранешен министер за финанси, како и имиња на многу познати грчки политичари. Некои од политичарите кои се најдоа на листата веднаш изјавија дека станува збор за валкана политичка игра, но грчата финансиска полиција е децидна дека располагаат со сигурни докази дека голем број политичари во изминатиов период се збогатиле на нелегачлен начин преку купување големи имоти под пазарни цени и разни зделки преку офшор-компании. Истрагата во Грција се отвора откако земјата подолг период беше под силна критика од ЕУ дека избегнува да се избори со раширената даночна евазија, вклучително и перењето пари во земјата.

Ќе има целосна транспарентност околу с$ што се случува во истрагата и целата вистина ќе биде откриена.

Кошмарот на словенечкиот Бојко Борисов

31

К

ога во Словенија на државните избори минатата година победи градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, читателите на „Капитал“ ќе се присетат дека напишавме, дека во Словенија триумфираше Бојко Борисов. Контроверзниот градоначалник и некогашен шеф на Меркатор, којшто и покрај победата не беше кадарен да состави коалиција, имено, со бугарскиот премиер споделува премногу особини по коишто би можело да се заклучи дека, Зоран Јанковиќ – благо кажано – е чуден лик. Но, минатиот четврток, во рани зори, полицијата го уапси Зоран Јанковиќ поради сомневање дека неговите фирми, односно фирмите на неговите синови и тој самиот, се офајдиле од општинските, државните и европските пари преку трансакции поврзани со изградбата на љубљанскиот спортски центар Стожице. Градоначалникот сега е на слобода, за истрагата не е битно, ако до пресудата тој се шета наоколу. Но, нема многу недоумици, до судски процес ќе дојде и нема премногу изгледи некој во процесот да оцени дека Зоран Јанковиќ е невино јагне. Му се закануваат дури и до осум години затвор. Луѓето надвор од Словенија тешко веруваат дека нешто такво воопшто е можно. Како тоа, љубљанчаните редовно да го бираат за градоначалник, дури и за премиер, и покрај тоа, а не е никаква тајна, дека градоначалникот и „речиси премиер“ се бави со чудни работи? Тоа во Словенија и пошироко го знаат „сите“ и тоа веќе со години. Се гледа од авион. Прашањето е во суштина паметно, но воедно и глупаво. Па, зарем не е нормално луѓето на просторот на Југоисточна Европа за лидери да бираат ликови на коишто чесноста и не им е најголема доблест – напротив?! Па, зарем Словенија е исто така дел од таа Европа? Најдраги читатели од Македонија, можеби Словенија беше најнапредна, но сега е со двете нозе дел од Југоисточна Европа. Па и Италија со својот Берлускони личи на сите нас, Балканците. Апсењето на Зоран Јанковиќ за него беше кошмар. Како може ова мене да ми се случува, јас сум сепак градоначалник. Jас сум Зоран Јанковиќ! Јас го признавам само судот на љубљанчаните! Веројатно слично размислувал и Иво Санадер. И покрај тоа што политичките импликации не може да се одгатнат ниту во случајот на Санадер, па ни во Јанковиќевиот, една работа е помалку или повеќе јасна: Зоран Јанковиќ со големи стапки чекори на патот на паднатиот хрватски великан Иво. Зоран Јанковиќ сега е Бојко Санадер.

Петер Франкл

уредник и директор на словенечкиот бизнис-дневник „Финанце“

Апсењето на Зоран Јанковиќ за него беше кошмар. Како може ова мене да ми се случува, јас сум сепак градoначалник. Jас сум Зоран Јанковиќ! Јас го признавам само судот на љубљанчаните! Веројатно слично размислувал и Иво Санадер. И покрај тоа што политичките импликации не може да се одгатнат ниту во случајот на Санадер, па ни во Јанковиќевиот, една работа е помалку или повеќе јасна: Зоран Јанковиќ со големи стапки чекори на патот на паднатиот хрватски великан Иво. Сега Зоран Јанковиќ е Бојко Санадер


Капитал број 675 03.10.2012

32

www.kapital.mk

интервју

Андреас Галатоулас претседател на управниот одбор на алфа банКа

Владата и банките треба да создадат услови за финансирање на бизнисот


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

интервју

33

пишува:

Александар јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

XX Кои се најновите резултати од работењето на Алфа банка во земјава, дали сте задоволни од постигнатиот успех? Генерално јас сум задоволен со досегашните достигнувања на банката, но исто така убеден сум дека имаме потенцијал уште повеќе да ги подобриме резултатите. На пример, за да им излеземе во пресрет на потребите и барањата на заедницата со највисок степен на професионализам, мора да ги искористиме сите постоечки начини и да пронајдеме нови со цел уште повеќе да им се приближиме на граѓаните и на компаниите. Континуирано работиме да одржиме блиска соработка со бизнис-заедницата со цел да придонесеме за подобрување на состојбата на компаниите и економскиот развој на земјата. XX Како ги оценувате условите за водење бизнис во Македонија, кои се најголемите проблеми со коишто се соочувате? И покрај сериозната економска криза која влијаеше врз сите земји од ЕУ, резултатите од минатата година укажуваат на поволна стапка на раст, што ни дозволува да веруваме дека бизнис-климата с$ уште е позитивна и дека земјата се движи во позитивна насока. Многу важен елемент за рамнотежата на системот е секако стабилната монетарна политика и фиксниот девизен курс. Исто така, Владата и банките, под внимателна контрола на Народна банка, треба да создадат услови и да помогнат во финансирањето на бизнис-проектите. Искуството ни кажува дека земјата има голем потенцијал за развој. Бизнисзаедницата мора да извлече корист од овој потенцијал, преку создавање иновативни проекти и стекнување соодветни експертски знаења. XX Кои се предностите што ги има Алфа банка пред останатите банки во земјава, каква е вашата стратегија за освојување на клиентите? Алфа банка а.д. Скопје ја има предноста што е дел од меѓународната банкарска групација со значително искуство во работа на меѓународни пазари и исклучителен капацитет за прилагодување на специфичните потреби на домашните пазари. Ова претставува предност од огромно значење. Дополнително, како групација, наш главен приоритет ни е да дизајнираме нови производи и услуги, базирани на тоа што им е потребно на компаниите и на граѓаните во моментов. Сепак, наша најважна предност е тоа што ние одиме и над сето тоа. Ние се трудиме да ги предвидиме идните трендови и потреби, со цел да бидеме еден чекор пред конкуренцијата, и секогаш да обезбедиме иновативни финални производи. XX Има ли амбиција Алфа банка да заземе поголемо учество во банкарскиот систем, какви се

И покрај сериозната економска криза која влијаеше врз сите земји од ЕУ, резултатите од минатата година укажуваат на поволна стапка на раст, што ни дозволува да веруваме дека бизнис-климата с$ уште е позитивна и дека земјата се движи во позитивна насока. Многу важен елемент за рамнотежата на системот, секако, е стабилната монетарна политика и фиксниот девизен курс. Исто така, Владата и банките, под внимателна контрола на Народна банка, треба да создадат услови и да помогнат во финансирањето на бизнис-проектите, вели Галатоулас во интервјуто за „Капитал“ вашите идни планови и очекувања? Тековната мрежа на експозитури е доволно голема за да ни овозможи да соработуваме со голем број клиенти, но јас верувам дека ние имаме потенцијал да го зголемиме нашиот пазарен удел. Убеден сум дека во иднина ќе ги искористиме сите канали кои ни се достапни, за да им овозможиме на граѓаните и на компаниите уште побрза и попрофесионална услуга и производи кои се скроени да ги пресретнат нивните побарувања. XX Каква е побарувачката за кредити од страна на бизнис-секторот? Има ли интересни и добри проекти што чекаат финансиска помош? Со оглед на општата економска состојба, секојдневно банката има наплив на барања за финансирање. Најголем дел од нив се барања за обртни средства, што само го потврдува недостигот на ликвидност во бизнис-секторот. Вреди да се спомене и дека, во последно време Алфа банка прима с$ повеќе побарувања за поддршка на проекти кои се значајни

нема причини за страв дека ќе се прелее грчката криза XX Колку е опасна ситуацијата во Грција, каде што работи вашата матична банка? Постои ли опасност тие проблеми да ги почувствува и банката во Македонија? Не можеме да го избегнеме влијанието на економските состојби во соседните држави. Како и да е, јас сум сигурен дека исто така можеме и да извлечеме заемна корист од сето тоа. Важно е да се истакне дека Алфа банка а.д. Скопје е посебно правно лице и нема никаква причина за страв од прелевање на проблемите. Јас верувам дека целиот регион, во својата долга историја, успеал да надмине многу повеќе турбуленции и ќе излезе од оваа криза уште посилен.


Капитал број 675 03.10.2012

34

www.kapital.mk

интервју

Банкар е комплексна професија XX Каде е поголем предизвик да се биде банкар во моментов, во Грција или во Македонија? Професијата банкар е многу комплексна и деликатна. Во услови на економски просперитет, соработниците ни се наклонети. Од друга страна, во време на криза, н$ доживуваат како непријатели! Ова е дуалност што се трудиме да ја надминеме. Еден банкар треба да поседува висок степен социјална чувствителност и одговорност. За да ја извршувате оваа професија солидно, треба да бидете наполно посветен на задачите и секогаш да бидете подготвен за сите предизвици кои може да ги наметнат општеството и бизнис-светот. Професионалните банкари можат да ги извршуваат своите обврски насекаде, без оглед на географската одредница. Банкарот е секогаш должен да ги употреби најдобрите бизнис-практики за да постигне подеднакво добри резултати во какви било околности и да ја изврши својата работа со максимална употреба на сите свои потенцијали. долгорочни инвестиции. Сето тоа е, всушност, прилично охрабрувачко за нас. XX Се зголемуваат ли лошите кредити со оглед на тоа што компаниите се заглавени во ликвидносна криза, а домашната економија и официјално е во рецесија? Колку е голем овој проблем? Како што споменав претходно, бизнисите с$ повеќе бараат кредити за обртни средства, но ситуацијата с$ уште е под контрола и нема излезено надвор од границите на нормалата. Во последниве неколку години Алфа банка успешно управува со нефункционалните кредити. Ние постојано се стремиме да изградиме здраво портфолио преку спроведување претпазлива кредитна политика, што ни дозволува да ги сведеме ризиците на минимум. XX Планирате ли да воведете нови банкарски производи на пазарот? Алфа банка а.д. Скопје секогаш се труди да развие разновидни производи, соодветни на потребите на клиентите и засновани на квалитет. Во моментов, ми претставува задоволство да го најавам воведувањето на Алфа енергетскиот зелен кредит, за поголема енергетска ефикасност во овие турбулентни времиња. Исто така, банката планира да ја вклучи новата Американ експрес златна картичка во својата палета од производи, покрај редовната Американ експрес картичка, како и новите и подобрени услови за потрошувачки кредити под 10.000 евра; понатаму, новата сметка за студенти

Бизнисите с$ повеќе бараат кредити за обртни средства, но ситуацијата с$ уште е под контрола и нема излезено надвор од границите на нормалата. Во последниве неколку години Алфа банка успешно управува со нефункционалните кредити. Ние постојано се стремиме да изградиме здраво портфолио преку спроведување претпазлива кредитна политика, што ни дозволува да ги сведеме ризиците на минимум и хипотекарниот потрошувачки кредит. Покрај тоа, важно е да се спомене дека ние ги гледаме нашите клиенти како деловни партнери и секогаш сме подготвени да се прилагодиме на сите нивни барања и потреби. XX Кои се главните предности на Алфа енергетскиот зелен кредит и за што може да се користи тој? Во Алфа банка веруваме во екобизнисот и досега имаме развиено соодветни производи, како Алфа зелениот кредит, кој им дава можност и средства на клиентите профитабилно да инвестираат

Алфа зелениот кредит им нуди можност на клиентите полесно да инвестираат во нови и иновативни енергетски уреди кои ја подобруваат енергетската ефикасност во нивниот дом. Со овој кредит, не само што се заштедува на семејниот буџет, туку исто така и на скапоцените природни ресурси

заштедувајќи електрична енергија. Алфа зелениот кредит им нуди можност на клиентите полесно да инвестираат во нови и иновативни енергетски уреди кои ја подобруваат енергетската ефикасност во нивниот дом. Со овој кредит, не само што се заштедува на семејниот буџет, туку исто така и на скапоцените природни ресурси. Главните предности на Алфа зелениот кредит се дека нема трошоци за аплицирање и банкарска провизија, а со цел да се почувствуваат поволностите на инвестираните средства, банката дава можност за шест месеци грејс-период и фиксна каматна стапка за првата година од 4,40% за износи во евра.


Капитал број 675 03.10.2012

36

www.kapital.mk

на лице место

Панорама од сел Љубаниште, во чиј атар се дел од земјиштетото наоѓа голем о каде треба да ни кне новиот "лас Ве гас"

Влезот на манасти т св .наум, крајната точка на која е понудена наро локацијата индијците

“КаПитал“ на лице место на лоКацијата Која му се ПонуДи на

Каде ќе се град маКедонсКиот додека медиумите шпекулираа дали милијардерот субрата рој го купил или не охридскиот хотел славија, “Капитал“ реши на терен да ја посети понудената локација за туристичкиот центар кој сака да го гради индиецот и разговараше со сите инволвирани страни во големиот проект

пишува:

Петре Димитров

petre.dimitrov@kapital.mk

фотографија:

ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

на лице место

37

автокампот Љу ништа, почетна локација понудеба на на субрата ројточка од атрактивната

а индисКиот милијардер субрата рој

ди т лас вегас? Е

ве тука, на напуштеното, целото во земја, игралише пред некое време слетаа Индијците со хеликоптер. Жена му на индискиот богаташ прва излезе и по неа еден куп деца. Не знам како ги собра сите во хеликоптерот. А нашиве дотерани во костуми, испрчени... Па една прашина ко се дигна... Лудило...,раскажува Жики, неготинец кој секоја година доаѓа на привремена работа

како келнер во кафулињата покрај манастирот Свети Наум, крајната точка на земјиштето кое му е понудено на индискиот милијардер Субрата Рој, кој сака да гради нов Лас Вегас на охридското крајбрежје. “Добро е тоа. Преведено, значи повеќе работа за сите, па можеби и целосно ќе се преселам во Охрид...“, прокоментира Жики. Во муабетот со екипата на “Капитал“,

која отиде на терен за да ги провери сите нишани на големиот проект кој се најавува, се вклучи и наплаќачот на рампата кај Свети Наум, чичко Стојан: “Ако треба и црвени точки (н.з. бинди) ќе ставиме на чело. Само нека дојдат. На народот му треба работа. Би било супер да го изградат тоа што го најавуваат. Убаво е тоа, но жално е што с$ странците ги чекаме за да ни ги раздвижат работите. Еве, во Љубаништа


Капитал број 675 03.10.2012

38

www.kapital.mk

на лице место

Што сакаат да градат Индијците?

П

ланот конкретно што сака да гради индискиот милијардер Субрата Рој треба да биде познат до крајот на месецот или на почетокот на октомври,- вели за “Капитал“, Виктор Мизо. Рој пак, неодамна најави дека планира да изгради туристички центар, односно град како Лас Вегас во Охрид, во кој ќе се изградат повеќе казина, хотели, центри за забава и жичарница. Според неговите најави, концептот треба да биде готов уште во септември, а изградбата на туристичкиот комплекс, според најавите, треба да почне за една ипол години. Покрај туризмот, индискиот магнат пројави интерес за инвестирање и во млекарството и во рударството. имаме златна плажа, ама никаков ќар од неа, па мора некој друг да ни ја земе за да ја разработи“. Со раширени раце најавената инвестиција на Индијците ја чекаат и жителите на Љубаништа, почетната точка на земјиштето за македонско-индиската верзија на Лас Вегас. Тоа што не бидна ништо со најавената инвестиција на рускиот тајкун Роман Абрамовиќ, кој исто така овде пред неколку години требаше да гради исто така хотелски комплекс, не ги обесхрабува. Веќе си направиле и математика. “Јас имам околу 6.000 квадрати. Ако ги продадам по 50 евра од квадрат, на колку моментално ми го проценуваат земјиштето, ќе заработам 300 илјади евра. Тоа се минимум шест стана во Охрид. Ете ми нов бизнис. Ќе влезам во туризам. А земјата и така не ја обработувам“, вели земјоделецот Трајан. Моменталната цена, во зависност од близината до Охридското Езеро, на земјиштето каде што сакаат да градат Индијците, се движи од 30 до 100 евра по квадрат. Последната инвестиција во ова прекрасно охридско село, како што раскажуваат жителите, е во далечната 1972 година, кога бил изграден воениот камп за летување.

МПЦ поседува најголем дел од атрактивната локација Земјиштето кое им беше понудено на Индијците пред неколку месеци е во сопственост на Македонската

Остана мистерија дали се продаде или не хотелот Славија православна црква (МПЦ), хотелската економска состојба во земјата. Во таа групација Охридтурист и жители на смисла, можни се повеќе опции, кои Љубаништа. Најголем дел поседува вклучуваат, меѓу другото, и заеднички МПЦ, а најмал дел Охридтурист. вложувања со други домашни или Во разговор со “Капитал“, митрополитот странски инвеститори. Ние ја следиме дебарско-кичевски, г. Тимотеј, активноста на господин Субрата Рој портпарол на Синодот на МПЦ, вели преку информациите достапни во дека слушнале медиумите, но не за идејата на сме запознаени Индијците, но дека постои вели дека досега конкретен интерес нив никој не ги од негова страна контактирал. за купување “Да, слушнав дека на автокампот хектари е површината на која Индијци сакале Љубаништа. Таква се протега земјиштето за кое да инвестираат информација до покажал интерес индискиот милијардер на охридското нас нема стигнато Субрата Рој крајбрежје, но ниту од господин МПЦ досега не ја Рој, ниту од контактирале ни релевантните Индијците, ни некој државни институции од Владата“, вели кои работат на тој, дообјаснувајќи проблематиката дека доколку дојде на странските евра за квадрат е до такво барање, директни моменталната цена на земјиштето одлуката дали инвестиции“, велат каде што сакаат да градат Индијците, зависно од близината до МПЦ ќе го продаде за “Капитал“ од М6. Охридското Езеро својот дел од Охридтурист земјиштето ќе ја неодамна го издвои разгледува Синодот хотелот Славија и органите на МПЦ. (за кој наголемо се пишуваше дека веќе Досега не се контактирани и групацијата е купен од Субрата Рој, наводно, за да М6, мнозинскиот акционер во му служи како канцеларија од каде ќе Охридтурист, сопственик на кампот ги кординира работите за големиот Љубаништа, кој е дел од атрактивната проект) од сопственоста локација. во друштвото. “Како групација, ние секако сме Според објавата во заинтересирани за развој на Централен регистар, компанијата, а секако и за развојот со промената на на туристичката дејност и за општата сопственоста и

200 30-100

Бранко Арнаудов

раководител на Секторот за урбанизам во општина Охрид

И

јас, како претставник на општината, бев на првиот состанок со Индијците. Мислам дека им се допадна локацијата. Ја прелетаа со хеликоптер. Ме прашаа што би сакал јас да се изгради таму, а јас им одговорив да направат содржини што постојат и содржини што не постојат никаде во светот.

Виктор Мизо

директор на Дирекцијата за технололошки индустриски развојни зони

П

ланот конкретно што сака да гради индискиот милијардер Субрата Рој треба да биде познат до крајот на месецот или на почетокот на октомври.


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

на лице место

39

Кој е Субрата Рој?

И

Една од најатрактивните плажи на охридското крајбрежје, дел од понудената локација

Охриѓани исплашени да не бидат индуизирани

О

хриѓани се радуваат на најавената инвестиција, но се плашат да не бидат индуизирани. “Ако навистина се гради овој комплекс, Индијците сигурно ќе си донесат своја оператива за градење. Искуството на повеќето странски инвеститори во земјава покажа дека тие не ангажираат наши фирми. Прашање е и дали ние имаме капацитет за да изградиме такво нешто, како што најавува индискиот милијардер. Тоа значи дека ќе ни се населат илјадници Индијци. Охрид со векови успевал да се одбрани од разни мешања и си ја зачувал својата етничка чистота“, коментираат охриѓани.

80% 4,5

ндискиот мултимилијардер, основач и сопственик на компанијата Сахара Индија Паривар, Субрата Рој, е прогласен за еден од највлијателните луѓе и најголем приватен работодавец во Индија. Ваботува околу два милиони луѓе, има капитал од приближно 65 милијарди долари и работи во голем број бизниси, како во финансиите, осигурувањето, градежништвото, изградбата на болници, универзитети. Субрата Рој неодамна отвори своја фирма во Македонија, Сахара глобал ком, со основачки капитал од 5.000 евра, која ќе ја управуваат Субрата Рој и неговиот најмлад син, Сееманто Рој. Според податоците од Централниот регистар, основната дејност на македонската фирма на индискиот милијардер е изградба на станбени и нестанбени згради.

издвојувањето, хострански инвестиции телот на охридското реагираше и Виктор крајбрежје ќе функМизо, директор ционира како посена Дирекцијата бен субјект со ново за технололошки име, Славија 2012. индустриски од земјиштето кое е понудено на Според објавата, развојни зони, кој Индијците е неурбанизирано Охридтурист на 28 изјави дека како јули одлучила да го најинволвиран што постојат и содржини што не постојат издвои хотелот во плановите на никаде во светот“, вели Арнаудов. Славија од групацисемејството Рој, Околу 80% од земјиште не е опфатено јата, при што по нема информации со планска документација, односно одобрување од Собдека Индијците не е урбанизирано и се води како ранието на акциокупиле хотел во километри е должината на земјоделско. една од најубавите и најголеми нери на 15 август Македонија. “Тоа што овој простор не е урбанизиран песочни плажи во Охрид, сместена во донесена е одлука Групацијата не е проблем. Доколку од општината Љубаниште, која е дел од земјиштето за основање ново Охридтурист е биде побарано тоа да се направи, ќе кое им е понудено на Индијците трговско друштво во сопственост го направиме. Досега никој од нас не со назив Друштво на групацијата побарал такво нешто“, вели тој. со ограничена М6 и на неколку Во процесот на урбанизација на одговорност за хотелско-угостителска фирми од Охрид, а удел од 4% имаат и земјиштето државата ќе направи дејност Славија 2012 доо Охрид. Новото вработените. Освен хотелот Славија, експропирација на земјиштето од јавен друштво е основано со непаричен влог во состав на Охридтурист се и хотелите интерес и на жителите на Љубаништа и од 762.697 евра, а негови сопственици Палас, кој не работи и Десарет, на други индвидуални лица треба да им сега се трговското друштво Колески автокампот Љубаништа и рестораните понуди пазарна цена по која ќе го купи. Ќире Екстра-Скопско од Охрид и Летница и Билјанините Извори. “Во целиот тој процес Трговското друштво М-6 Светлана и треба да се почитува Земјиштето треба останати од Скопје. За управител на хоправото на сопственост, да се урбанизира телот Славија 2012 година е назначена кое е уставно Понудената локација, која почнува Снежана Славкова од Скопје. загарантирано. од кампот Љубаништа до манастирот Информацијата за продажбата на СлавиДоколку Свети Наум, се протега на 200 хектари, ја ја соопшти директорот на Агенцијата индвидуалните вели за “Капитал“, Бранко Арнаудов, за странски инвестиции, Висар Фида, а сопственици не се раководител на Секторот за урбанизам ја демантираше управителот на хотелот согласуваат со цената во општината Охрид. Славија, Владо Рувинов, кој за “Капитал“ која ќе им ја понуди “И јас, како претставник на општината, изјави дека ниту го продал хотелот, ниту Министерството за некој го купил. Коментар за продажба на бев на првиот состанок со Индијците. финансии, на суд Мислам дека им се допадна локацијата. Славија немаат ни од М6. можат да побараат Ја прелетаа со хеликоптер. Ме прашаа “Досега не сме имале контакти повисока цена“, што би сакал јас да се изгради таму, а со господин Рој, ниту некој се објаснува Арнаудов. јас им одговорив да направат содржини има обратено до Охридтурист во негово име, па не би можеле да го коментираме митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј портпарол на Синодот на МПЦ за продажбата на хотелот Славија“, велат од М6. а, слушнав дека Индијци сакале да инвестираат На информацијата на охридското крајбрежје, но МПЦ досега не ја од Агенцијата за контактирале ни Индијците, ни некој од Владата.

Д


Капитал број 675 03.10.2012

www.kapital.mk

40

и бензинските пумп Поголем дел од Ко и атн ив пр со се на оКтА и на лу диил , но зи ши ан Фр на газ ци сопствени ании со странски сепак, тоа се комп ава капитал, активни во земј

За светски франшиз но што е со франши на домашните бренд пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Д

еновиве во Скопје се отвори првата пицерија од светски познатиот синџир Доминос пица (Domino's pizza) во земјава, којашто станува дел од семејството на повеќе од 10.000 ресторани во 73 земји. Менаџерите што ја зеле франшизата на овој бренд, кој потекнува од САД, најавуваат отворање на уште четири ресторани, три во Скопје и еден во Охрид. Тие се придружија на групата македонски бизнисмени што решија да донесат светски бренд по принципот на франшизинг - досега ги имаме Мекдоналдс, Форнети, неколку текстилни брендови, кафетерии...

Веќе неколку децении светски тренд е меѓународна компанија која брзо се шири да не ги поседува сите ресторани, продавници или производствени капацитети, туку тоа да се пренесе на друг сопственик со специјален договор - франшиза. Меѓутоа, македонските компании, особено во областа на трговијата, угостителството, туризмот, текстилот, не се доволно свесни дека

можат и сопствениот развој да го темелат врз принципот на франшиза, отстапувајќи го брендот и на други да го работат, ширејќи се така локално, но и регионално. Ваквиот начин на работа, според експертите, носи побрз развој,

ВАлентин ПеПељугоВсКи експерт за интелектуална сопственост

Ние прво треба да создадеме квалитетни домашни брендови, за да можеме потоа да ги дадеме на некого или да ги отстапиме. Значи, пречката не е ниту законска, ниту психолошка, туку с$ уште не сме стасани до таа фаза како општество или како компании. Нашите компании не се стасани до тој степен за менаџментот, кој веќе ги согледува предностите од франшизингот, тоа да може да го примени и во практика.


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

менаџер

41

Македонија има релативно малку домашни брендови, а и тие се плашат да влегуваат во некакви за нив ризични договори кои би можеле да му наштетат на брендот. Домашните фирми кои работат со франшиза се бројат на прсти, а според експертите, бизнис-свеста уште долго ќе се развива за да дојдеме на некое франшизинг ниво блиску на она од Западна Европа и САД. Синџирот од продавници Сара Фешн е еден тките примери на маке однсре ка компанија од сектдо орот на мали и средни комп ании која го шири својо бр енд по принципот на франт ши зинг

зи знаеме, изингот 37.335 ндови? 57 ресторани Сабвеј има во светот

поголем профит и загризување поголем пазарен колач. Но, домашните бизнисмени не размислуваат така кога станува збор за нивните брендови. За поголем дел од нив, да се отстапи она што го граделе со години на одговорноста на друг е нешто што не се исплаќа со ниедни пари. На прсти може да се избројат компаниите и бизнисмените кои воопшто размислуваат на оваа тема. Деновиве разбрав, неофицијално, дека и сопствениците на синџирот продавници за скара Вили почнале да отстапуваат франшиза на други претприемачи што продаваат скара под нивниот бренд. Го побаравме Владимир Ракичевиќ, косопственик на синџирот Вили, којшто ни потврди дека размислува својот бизнис да го шири во таа насока. Но, барем засега, како што вели, сите објекти се во негова лична сопственост или во сопственост на семејството. “Дефинитивно размислуваме да се

години Мекдоналдс ја продава својата франшиза

развиваме преку франшизи и да ги прифатиме светските искуства за побрз развој. Би ја продавале франшизата и името Вили, но засега с$ уште сме претпазливи и донекаде несигурни во однос на одговорноста на потенцијалните партнери. Ние сме свесни дека с$ е регулирано со договор, но знаеме и дека Македонија не е Германија во поглед на бизнис-етиката, па многу лесно еден погрешно избран партнер може да го уништи сето тоа што ние го градевме со години. Ќе одиме во франшизинг, но кога ќе сметаме дека ќе се создадат адекватни услови за таква работа во земјава“, вели Ракичевиќ. На сличен став е и Николовски Стефан, менаџер од синџирот супермаркети Рептил. Според него, сета идеја за

преносливоста на брендот е одлична, но најпрвин треба да создадеш бренд, што е многу потешко. “Не ја отфрламе идејата за франшизинг, но засега сме концентрирани на создавањето на брендот. Таргетираме локации коишто не се покриени од локални маркети и планираме да им конкурираме на големите на тој начин што ќе останеме мали. Во услови на криза, мислам дека нашата математика ќе испадне посиплатлива“, вели Николовски. Експертите имаат по малку поразлично мислење од бизнисмените. Според нив, Македонија поседува законска регулатива којашто може да го заштити и брендот и оној кој го презема, но за менаџментот на повеќето домашни компании оваа област е непозната. Валентин Пепељуговски, експерт за интелектуална сопственост, потврдува дека дел од неговите клиентибизнисмени кои биле заинтересирани за развој во овој правец многу брзо се откажале. “Ние прво треба да создадеме брендови, да создадеме квалитетни производи коишто ќе ги знаеме по кои стандарди се произведуваат за да можеме потоа да ги дадеме на некого или да ги отстапиме. Прво некој треба да биде заинтересиран, па потоа да ги земе тие производи. Значи, пречката не е ниту законска, ниту психолошка, туку с$ уште не сме стасани до таа фаза како општество или како компании. Значи, нашите компании не се стасани до тој степен за менаџментот, кој веќе ги согледува предностите од франшизингот, тоа да може да го примени и во практика“, тврди Пепељуговски.

Предностите на преносливоста на брендот

Како и сите права коишто се од интелектуална сопственост, една од карактеристиките на брендот е прометливоста или преносливоста, тој може да се пренесе и целосно како сопственост, што многу ретко се прави ако се работи за добар бренд, а може да се даде лиценца или да се даде т.н. франшиза. Законски, преку


Капитал број 675 03.10.2012

42

www.kapital.mk

менаџер

тие два договори, најчесто договор за лиценца или договор за франшизинг или франшиза, се дава брендот на користење. Според економските учебници, кон оваа постапка најчесто се преминува за носителот да добие поголеми приходи, а да го намали ризикот којшто може да го има на непознатиот пазар. Валентин Пепељуговски, повикувајќи се на светските искуства, вели дека оваа правно-економска алатка досега се покажала како многу практична, доходовна и учинковита, но според него, многу прецизно и ригорозно

се определени условите за ваквата постапка. “Кога се работи за франшизингот, не се работи само за гол пренос на бренд, туку тука се пренесува начинот на уредување на ентериерот, начинот на пакување на производот, бојата со којашто се бојадисуваат ѕидовите се опфаќа. Начинот на подготовка на храната, потеклото на храната, бројот на калориите, како ќе ни се обрати персоналот, кодот на облекување во секој случај. Речиси не остава ништо на случајноста или се остава многу малку, што може да биде специфично

за одредена држава или за одреден регион“, тврди Пепељуговски. Но, и според Пепељуговски и според ретките примери на успешен франшизинг кои успеавме да ги консултираме во Македонија, во 90% од случаите ваквата практика носи профит и развој. Окта и Лукоил во земјава важат за пример на успешна соработка меѓу носителот и корисникот на франшизата. Нивните корисници, иако ги кријат деталните услови на договорот, се фалат во врска со начинот на работа. Но, сепак, станува збор за компании со доминантен

Најпознати и на примери на фра

XX Subway – моментално најголем синџир од ресторани во светот, го премина Mcdonalds пред нецела година. Според официјалната статистика, има 37.335 ресторани Subway во светот;

XX McDonald`s – повеќе од неколку децении беше самоуверено прв на листата. Првиот ресторан за брза храна во светот, кој е основан уште во 1955 година, претставува пример за франшизинг на кој се темели целата подоцнежна работа од оваа област. McDonald`s денес има 33.520 ресторани речиси во секоја земја во светот;

XX KFC - американски бренд за пилешка храна, основан уште


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

менаџер странски капитал, иако официјално се регистрирани во Македонија. Љупчо Којчиновски, сопственик на бензинска пумпа во Охрид, која е брендирана како Окта, вели дека искуството му покажало дека овој начин на работа е многу поучинковит и од аспект на Окта и од аспект на бензинските пумпи. “Јас сум работел и со и без франшиза. Овој начин ти дава финансиски привилегии, ти дава и бренд кој застанува зад тебе. Точно е дека предусловите се ригорозни, но мислам дека на крај се исплаќа. Според моето искуство, ваквиот начин на работа

ајголеми светски аншизинг во 1939 година, кој со франшизинг почнал да се занимава од 1952 година. Денеска има околу 16.850 продавници на KFC во светот;

XX 7 eleven - најголемата мрежа од мали продавнички во светот. Првата е основана уште во 1927 година во Далас. Од 1964 година преминуваат на нов начин на ширење на бизнисот и да го препродаваат својот бренд преку франшиза. Денес, по речиси 50 години, малата продавничка е прерасната во синџир од 44.700 такви ширум светот;

XX Hertz - најголемиот рентакар-синџир во светот. На повеќе од 8.500 аеродроми во светот може да изнајмите кола од Hertz, а да ја вратите во кое било нивно претставништво во светот. Hertz работи на овој принцип уште од 1925 година.

би бил добар и за останати бизниси. Впрочем, ако цел свет работи така, сигурно е профитабилно“, вели Којчиновски. Сара Фешн, синџир за производство и продажба на чорапи, е еден од ретките примери на мала компанија со домашен капитал која успеала да го примени принципот на франшиза. Компанијата веќе поседува 20 продавници и сите работат по овој принцип со потпишан договор со строго утврдени норми. Управителот Дејан Спасовски вели дека придобивките се истите кои ги има и Сабвеј (Subway) и Бургер кинг (Burger King), но дека македонските

43

бизнис-навики се малку поинакви од западноевропските. “Придобивки има многу, мрежата ја проширивме многу побрзо, а и работата ја контролираме со многу помалку луѓе, но ние сме далеку од Америка и затоа е тешко да се копира Мекдоналдс (McDonald`s). Луѓето си имаат свои навики и свој начин на работа. Тие сакаат да влезат во вакво партнерство, но само да ги користат бенeфитите, а по можност да ги избегнат обрврските. Тоа може целосно да му наштети на брендот, но ние сме оптимисти и сметаме дека ќе успееме во оваа наша заложба“, вели Спасовски.


Капитал број 675 03.10.2012

44

www.kapital.mk

истражување

Македонците купуваат евтин бренд и не чекаат попуст пишува:

силвана жежова

silvana.zezova@kapital.mk

Ш фотографија:

фотоархива на Капитал

опинг-навиките на македонските граѓани, прилагодени на животниот стандард, но и на понудата на домашниот пазар, сега се пред предизвикот да одговорат на доаѓањето на неколку нови брендови на пазарот, кои влегуваат во категоријата поскапи. Како потрошувачите ќе ги прифатат новата понуда и новите цени, кои доаѓаат пред с$ со отворањето на новиот шопингцентар Скопје сити мол? Треба да се има предвид и фактот дека се очекува влез и на други брендови во Скопје затоа што, според сите анализи на регионалните и на меѓународните агенции, на пазарот во земјава има простор за нова понуда и за изградба на нови трговски центри. Според електронската анкета што на својот портал ја спроведе „Капитал“, може да се направи актуелната слика на македонскиот потрошувач. Тој најчесто

троши до 3.000 денари по шопинг, а најчесто купува евтина или no name гардероба. Мал дел од анкетираните купуваат скапи брендови (13,25%). При изборот на гардеробата одлучувачки фактор е цената (62,96%). Најчесто купува кога има потреба (68,93%), а пред да купи нешто што му се допаѓа добро размислува дали тоа парче гардероба му треба. Нема нови парчиња гардероба кои никогаш не ги облекол. Старата гардероба најчесто ја поклонува или ја чува. Што велат трговците? Колку се задоволни тие од домашните потрошувачи? Генералниот менаџер на Итали нова, Искра Ивановска, потврдува дел од навиките. Таа вели дека во Теранова и во Калиопе главно се купува кога е попуст и по потреба. Најчесто се купуваат џинс, џемпери, маички. „Немаме правено некои истражувања, но при изборот преовладува цената, а не квалитетот, што се потврдило и со тоа дека и за 10 денари ни враќале парчиња гардероба“, вели Ивановска. Таа, лично, најчесто купува по потреба. Кога е работно во странство, времето го користи и за шопинг. „Купувањето е индивидуална работа, а с$ зависи и од стилот на жената. Некои може да имаа еден куп парчиња, па да

Сцените од „Сексот и градот“ како Сара Џесика Паркер се враќа од шопинг со полни кеси брендирана гардероба и чевли „маноло бланик“ станаа покултни од самата серија. Рај за очи за секоја „шопингхоличарка“. Но, далеку е Њујорк, а уште подалечни стандардот и навиките на македонските потрошувачи. Според анкетата на „Капитал“ за шопинг-навиките на граѓаните во земјава, тие изгледаат приближно вака: одат на шопинг еднаш до два пати годишно, купуваат евтино, по потреба и на попуст, одлучувачка е цената, размислуваат пред да купат, вишокот гардероба ја подаруваат и речиси немаат ново парче облека што никогаш не го облекле. Колку им оди ова во прилог на трговците?


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

истражување пати 1Колку годишно одите на шопинг?

25% 14%

секоја недела секој месец на секои три месеци двапати годишно еднаш годишно

26%

7%

28%

2% 5% 2% 5%

23%

18%

најчесто 2Што купувате на шопинг? обувки маички фустани здолништа пантолони костуми кошули

39%

3%

просечно 3Колку трошите на шопинг?

10% 8% 7%

3000 денари 6000 денари 10000 денари 15000 денари повеќе

62%

13%

38%

49%

купувате 4Дали брендирана или no name гардероба?

А

мериканската новинарка Елизабет Клајн во 2009 година направи истражување за навиките на американските потрошувачи и нивниот однос кон „брзата мода“ - светски тренд на опсесивно производство и купување модерна и евтина гардероба. Нејзиното тригодишно истражување резултираше со завршената книга „Премногу облечени: Шокантно висока цена на евтината гардероба“. Таа откри дека Американците годишно купуваат 20 милијарди парчиња гардероба, 64 парчиња по човек, и без разлика на тоа колку и да ја подаруваат, сепак ја фрлаат во голема количина, бидејќи е со лош квалитет и не е за носење. Но, затрупаноста со гардероба не е само тренд во Америка. Британската новинарка Луси Сиегл открила дека просечната жена во својот гардеробер има најмалку 10 парчиња гардероба кои никогаш не ги облекла, а во однос на 80-тите години, поседува дури четири пати повеќе. Според пишувањата на магазинот „Стилист“, просечно хрватско семејство троши 930 евра на гардероба, што е повеќе од Словаците, Чесите и Полјаците, кои издвојуваат 520 евра. Хрватиците гардероба купуваат еднаш месечно или почесто. Околу една третина месечно трошат 67 евра. Дури 17,4% од нив секој месец купуваат гардероба во вредност од 134 до 200 евра, а 15,5% месечно трошат од 200 до 268 евра. не знаат да искомбинираат,

некои и со малку имаат сенс а нитата је се за комбинирање. Лично и М нке ед “ и знам што ми треба и што а ров тал од сакам, па ќе го земам сп апи еше ња Дали пред тоа парче што ми се „К сто аша со да купите, со 0 пр ани т и бендисува“, објаснува 1 оврз нго на е Ивановска. размислувате п опи ите скит дали тоа парче Поинакво искуство ш авик дон гардероба ви е имаат н аке ачи потребно? Магнетик м упув к клуб, застапници за Што брендовите Лакост, Пол&шарк, преовладува Баслер, Гант, Томи Хилфигер, при изборот на гардероба? Гери вебер, Марела. Тие велат дека обемот на нивната Колку нови работа и бројот на купувачи парчиња се зголемувал. Клиентите гардероба имате што ги привлекувале со богат никогаш не сте асортиман, купување по ги облекле? нарачка и цени еднакви на

5

не 15%

да 85% квалитет 37%

47%

6 цена 63%

44%

7

немам малку

9%

многу

2% 69% 29%

најчесто 8Кога купувате? кога има попусти

кога пристигнуваат нови колекции по потреба

39% 54%

и правите 9Што на старата гардероба? ја фрлам ја чувам

7%

ја поклонувам

парчиња гардероба и 10Колку чевли имате во гардероберот? 21%

29%

13% 8%

“Премногу облечени: Шокантно висока цена на евтината гардероба“

евтин бренд скап бренд no name гардероба

13%

15% 14%

помалку од 5 околу 10 околу 20 околу 30 околу 50 повеќе

45

регионалните. Сметаат дека потрошувачите веќе имаат друга култура, па кога се во странство времето го поминуваат поквалитетно отколку на шопинг. Според Тања Антиќ, сопственик на Фешн груп, застапник на Манго, Мис сиксти, Енерџи, Бата, Спрингфилд и други брендови, навиките на потрошувачите се менуваат. „Нашите анализи говорат дека најмногу се купува во сезона. Потрошувачите стануваат пребирливи и сакаат да го купат најубавото. Најдобрите работи не ги дочекуваат попустите. Кога се работи за fast fashion, некои парчиња гардероба многу бргу се трошат“, вели Антиќ. Според неа, зависно од брендот се трошат и различни парчиња гардероба, но во

последните 2-3 години преовладува кежуал гардеробата. Со отворањето на Сити мол, Антиќ очекува да се сменат навиките на луѓето во купувањето. Огромната понуда, различните и целодневни содржини, според неа, ќе направат тектонски промени на пазарот.


Капитал број 675 03.10.2012

46

www.kapital.mk

истражување

Постои ли терминот „премногу шопинг“?

Некои потрошувачи се задоволни од понудата што ја има во Скопје, некои пак сметаат дека во странство се прави подобар шопинг. За истите пари надвор добивале многу повеќе. Лејла Сабит, новинар, вели дека на шопинг со намера оди само во странство. Во Скопје ретко купува поради слабиот избор, слабиот квалитет и високите цени. „Во странство знам да купам и поскапо парче, ама кое со својата уникатност вреди за цената. Во Скопје можат да ви продадат „брендирано“ парче за висока цена, а според квалитетот да не ви трае ни една година. Градот одамна не е

мерило за избор, квалитет и уникатност на гардеробата“, смета Сабит. Таа додава дека во странство ја интересираат новите колекции, а во Скопје чека енормното скапо парче да почне да се продава на попуст и тогаш да го купи по вистинската цена. „Кај нас никој не гледа, најверојатно поради стандардот и модната освестеност дали некое парче е од новата колекција или е старо 2-3 сезони. Во светот најскапа е новата колекција, а старо парче Армани можете да го купите и за 20 евра. Кај нас и старите колекции сакаат да ви ги продадат по цена на новите. Не знам дали станува збор за алчност или потценување на купувачите?!“, вели Сабит, која на три

години прави чистење на гардероберот па вишокот парчиња, кои потоа ги подарува. Маја Б. Талевска, ПР-менаџер, вели дека важи за зависничка од шопинг. Сега е во фазата „шопингхоличарка во апстиненција“ и оди на шопинг максимум еднаш месечно. Како што вели, како и со секој „рековалесцент“ никогаш не се знае. „Тоа беше така поради еден подолг период кога моќта да им кажам не на искушенијата што ме демнеа од излозите не беше меѓу моите доблести. Едноставно го почитував т.н. закон ’не постои такво нешто како премногу шопинг‘. Тогаш се случуваше да одам во шопинг поради шопинг, а не зашто навистина ми треба нешто да купам и тоа се случуваше повеќе пати месечно“, вели Талевска. Брендот, според неа, треба да значи квалитет, но не и на македонскиот пазар. „Лошото искуство со неколку скапи брендови придонесе да не се оптоварувам премногу дали е нешто бренд или не е, туку дали ми се допаѓа, дали е мој стил и што е најважно дали вреди за парите“, додава Талевска.

Во Скопје ќе има повеќе од 20 деловно-трговски објекти

За две години во Скопје најверојатно ќе има повеќе од 20 деловно-трговски објекти затоа што трендот на нивна изградба, кој интензивно почна во последните неколку години, продолжува. Во моментов како трговски центри Скопје ги има Соравија, Сити галери, Рамстор, Веро, ГТЦ... Отворањето на еден од најголемите по површина трговски центри на Балканот, Скопје сити мол, е закажано за 4 октомври. Во делот на модните брендови во Македонија за првпат ќе дојдат Зара, Бершка, Масимо Дути, Страдивариус. „Белград има 100 метри квадратни модерен трговски простор на 1.000 жители, Софија има 140 метри квадратни, Загреб 500 метри квадратни, Будимпешта 1.150 метри квадратни, аа Скопје само 50 метри квадратни продажен простор кој треба да ги задоволи побарувањата на домашните и на интернационалните трговски синџири“, велат во Балфин МК, инвеститори во Скопје сити мол. Во Скопје, според последната анализа на агенцијата Фортон МКА, вкупната површина на деловно-трговскиот простор изнесува повеќе од 92.000 метри квадратни.


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

комерцијална објава

47

Новиот кредит на Алфа банка штеди и пари и енергија

Н

асочена кон иновативни производи и во тек со последните трендови на светскиот банкарски пазар, Алфа банка од 1 октомври нуди нов производ. Станува збор за Алфа зелен кредит, кој им нуди можност на клиентите да инвестираат во нови и иновативни енергетски уреди кои ја подобруваат енергетската ефикасност во домовите. Кредитот нуди можност за инвестирање во соларни системи, нови врати и прозорци со топлинска изолација, иновативни системи за греење и ладење, покривна изолација и во други системи кои ќе гарантираат заштеда на енергијата. Без трошоци за апликација, без банкарска провизија, банката го нуди овој кредит со шест месеци грејс-период и фиксна каматна стапка за првата година од 4,4% за износи во евра и 7% за денарски износи, што се применува од првата исплата. „Чувството за еколошка свест од ден во ден расте во сите нас и денес тоа е наша заедничка одговорност и обврска, па решивме да го докажеме преку понуда

Без трошоци за апликација, без банкарска провизија, банката го нуди овој кредит со шест месеци грејспериод и фиксна каматна стапка за првата година од 4,4% за износи во евра и 7% за денарски износи, што се применува од првата исплата на конкретни банкарски производи. Ние во Алфа банка веруваме во зелениот бизнис и за таа намена, развиваме конкретни банкарски производи, како што е Алфа зелен кредит, кој нуди можност и средства за клиентите да направат профитабилни инвестиции, со цел да се заштеди електрична енергија и енергетска ефикасност“, изјави главниот извршен директор на Алфа банка, Андреас Галатоулас. Министерот за економија, Ваљон Сараќини, порача дека и граѓаните и инвеститорите треба што помасовно да ги применуваат мерките на енергетска ефикасност, со што на подолг рок инвестираат во екологијата, а и рационално ја користат енергијата.

„Во време кога производството на електрична енергија е с$ поскапо, нејзината рационална и ефикасна употреба има големо значење не само за човекот, туку и за неговата животна околина. Досегашните искуства на домаќинствата кои имаат соларни термални системи покажуваат дека еден ваков систем заштедува и до 2.400 киловат-часови струја, под претпоставка дека колекторот се користи осум месеци. Имајќи ја предвид најновата цена на струјата, годишните заштеди за домаќинствата изнесуваат и до 13.000 денари“, истакна Сараќини. Алфа банка е водечка банка во Југоисточна Европа, со банкарско искуство од 130 години.


Капитал број 675 03.10.2012

48

www.kapital.mk

интервју пишува:

игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

Фотоархива на Капитал

Б Милица Чапаровска

директор на Сектор за управување со производи во Стопанска банка а.д. Скопје

Со иновативни решенија ја одржуваме лидерската позиција на пазарот

анкарството на мало или retail banking, како што е познато во западната терминологија, ги опфаќа сите банкарски производи наменети првенствено за корисниците-физички лица, како што се картичките, кредитите, штедењето, трансакциските сметки... Со Милица Чапаровска, одговорна во секторот што е задолжен токму за овие производи и услуги во Стопанска банка а.д. Скопје, разговаравме за тоа какви с$ иновативни решенија нуди банката со цел да ја задржи лидерската позиција на пазарот во работа со население. XX Стопанска банка направи вистински „бум“ со потрошувачките кредити за население, некаде пред 5-6 години... Каква е ситуацијата со динамиката на потрошувачките кредити во периодот откако кризата почна да се чувствува во Македонија? Кризата донекаде го забави, но не го прекина кредитирањето на населението во целиот банкарски сектор во Македонија. Граѓаните се рационални и претпазливи кога е во прашање користењето финансиски средства, како кредити од банките, посебно контролирајќи го износот, рокот и цената на чинење. Стопанска банка а.д. Скопје и во вакви услови продолжи да ги подобрува кредитните производи, да креира промотивни понуди и програми за поттикнување и да им овозможува на граѓаните пристап до средствата што им се потребни. Каматните стапки на потрошувачките кредити се значително намалени со што кредитите станаа поприфатливи и подостапни на граѓаните како опција за финансирање на сопствените потреби и планови. Стопанска банка со години отвора нови можности преку понуда на финансиски производи и услуги кои соодветствуваат на промените карактеристични за модерното окружување. Токму од повеќекратната понуда произлегоа производите кои клиентите масовно ги прифатија – потрошувачкиот кредит без обезбедување со брза и едноставна процедура, ОК отворениот кредит со флексибилност во користењето, односно можност за повлекување на средства во зависност од потребата на клиентите и отплата на средства зависно од можностите, но најмалку пресметаниот месечен минимум, хипотекарните потрошувачки кредити со поголеми износи и рокови на отплата за поголеми инвестирања


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

Со иновациите им овозможуваме на клиентите да се ослободат од непотребни трошоци, но и ги поттикнуваме да ги прифатат новитетите и со тоа да ја намалат потребата да доаѓаат во филијали особено за реализирање на основни трансакции за банкарски производи и услуги и сл. XX Кои се најновите понуди во делот на потрошувачките кредити за население? За каков тип потрошувачки кредити граѓаните се најзаинтересирани во моментов? Граѓаните во континуитет се заинтерсирани за потрошувачките кредити кои се ненаменски производи, а причините за нивно користење од страна на клиентите се многубројни. Кредитите ги користат за практични причини – за школување на своите деца, за уредување на домот или негово реновирање, за самостојно водење на својот бизнис, за венчавки и свадби, набавка на половен автомобил, рефинансирање на други помалку поволни кредити од други банки и сл. Уверени дека нашите производи задоволуваат реални потреби и им помагаат на клиентите да ги реализираат своите планови и амбиции, банката и оваа година промовираше потрошувачки кредити со повластени каматни стапки на трајна основа за сите клиенти кои платата ја примаат преку Стопанска банка со што овозможува значително олеснување како награда за лојалноста која ја покажуваат кон банката. XX Од друга страна што се случува со понудата на депозитни производи? Паралелно со растот на кредитното портфолио, банката го збогатува и депозитното портфолио со производи кои им помагаат на клиентите кои сакаат да почнат да креираат заштеда, но и за оние кои бараат најдобро место за раст на својата постојна заштеда. Банката со својата понуда на денарски и девизни депозити ги следи светските трендови во оваа категорија на производи со можност за месечна исплата на камата или на крајот на рокот на орочување, со или без капитализација, исплата на камата однапред, со орочување на средствата или пак по истекот на рокот на орочување. Депозитното портфолио го следи порастот на депозити на пазарот, односно вкупниот банкарски сектор, а преку заштедите клиентите креираат фонд за идна потрошувачка, но и ги оплодуваат своите слободни средства во недостиг од стабилни инвестиции, а пораст во штедењето е најбезбедна форма за стекнување приход од постојна заштеда. XX Кои се најновите понуди на Стопанска во делот на картичното работење? Какви иновативни продукти спреми банката во картичната понуда? Како пионер во воведување платежни картички на територијата на Македонија, Стопанска банка а.д. Скопје продолжува со развој и иновации кај овие производи како

најдинамична категорија. Од 01.06 сите дебитни и кредитни картички се овозможени за онлајн-купување на македонски интернет-страници кои нудат електронска трговија. За онлајнкупување во странство граѓаните може да ја користат Visa интернет-картичката која е специјален производ за безбедно онлајн-купување насекаде во светот и истата е поврзана со денарска сметка и лесно се управува преку e-banking сервисот на банката. Дополнително, банката во неколку наврати понуди специјални услови за клиентите корисници на кредитни картички, како наградни игри, попуст на редовната каматна стапка, намален процент на минимална месечна отплата и сл. Исклучително е висок порастот на корисници на програмот за купување на рати без камата што банката го воведе пред повеќе години во соработка со своите партнери во трговската мрежа. Истиот денес е достапен низ цела Македонија на над 1.000 продажни локации на кои клиентите можат да купуваат на рати без камата што како практика на работење беше широко прифатена што овозможи поттикнување на продажбата. XX Граѓаните често се жалат дека банките им пресметуваат провизии за с$ и сешто, за кои сметаат дека често се и превисоки. Дали се согласувате со тоа и каква е политиката на Стопанска банка во тој поглед, односно кои сек, пак, привилегиите и бенефициите што корисниците ги имаат ако уредно работат со своите картички, сметки и сл.? Провизиите за банкарските услуги се во функција на покривање на дел од трошоците кои банките ги имаат поврзани со испораката на одредени услуги. Разновидноста на понудените услуги повлекува и соодветно дефинирани цени на чинење на секоја од услугите. Со менување на потребите и барањата на клиентите заедно со технолошките иновации се зголемува и прифатеноста на алтернативните канали што од своја страна доведе до рационализација на трошоците со повеќекратни ефекти на заштеди. Со воведувањето на алтернативните канали банката не само што им ги намали провизиите на клиентите туку им овозможи да заштедат на транспорт (бензин, паркинг, автобуски трошоци) за посета на филијалите како и заштеда на време. С$ што треба клиентите да направат е да ги користат алтернативните канали кои се достапни преку телефон, Интернет, банкомат, а многу скоро и преку мобилен телефон. Стопанска банка со

интервју

49

иновациите овозможува клиентите да се ослободат од непотребни трошоци, но и ги поттикнуваме да ги прифатат новитетите и со тоа да ја намалат потребата да доаѓаат во филијали особено за реализирање на основни трансакции за банкарски производи и услуги. Во заеднички интерес е да се мигрираат клиентите од канали со високи трошоци на работење на оние со пониски трошоци со цел да се инвестира во нови технологии кои овозможуваат подобар сервис и поевтино работење. Клиентите кои регуларно ги сервисираат своите обврски спрема банката немаат никакви дополнителни трошоци за ненавремено плаќање, за разлика од оние клиенти кои не се редовни во отплатата на кредитните производи и ги зголемуваат трошоците на работење, а банката истите делумно ги субвенционира, а за остатокот наплатува трошоци за задоцнето плаќање. XX Какви с$ иновативни решенија во работата со население понуди Стопанска банка изминатиов период (работа со сметки, трансфер на средства..)? Имајќи предвид дека клиентите се стекнуваат со с$ поголеми сознанија и информации и секогаш со поголеми потреби и очекувања, а воедно стануваат и пребирливи, разбирливо е дека за да се задржи лидерската позиција на пазарот, потребни се постојани вложувања во иновативни производи и услуги за да се задоволат таквите нивни потреби. Располагањето со точна и навремена информација за клиентите и сегментираниот пристап во сервисирањето придонесува за испорака на производи и услуги целосно ориентирани кон потребите на клиентот. Оваа година воведовме плаќање преку Интернет од девизни сметки за правни и физички лица, напредни пребарувања по налозите реализирани преку e-banking сервисот, увид во депозитни и кредитни производи преку истиот сервис, орочен депозит на шест месеци со гарантирана каматна стапка во денари, потрошувачки необезбеден кредит со девизна клаузула, електронска достава на месечни извештаи, најевтина опција за плаќање на радиодифузна такса и сл. Годишниот пораст од над 50% што го бележат телефонското банкарство, e-banking сервисот и плаќањата преку банкомат и електронската трговија потврдува дека континуираното инвестирање на банката во едукација на своите клиенти е оправдано и с$ поголем број од нив ги прифаќаат алтернативните канали како најсоодветно решение. Со зголемено маркетинг-присуство онлајн и преку социјалните мрежи, банката успешно ги интегрира во алтернативните канали, чиј потенцијал на идно користење заедно со понудата на производи ветува постојни и нови задоволни и лојални клиенти на банката.


Капитал број 675 03.10.2012

www.kapital.mk

50 Каде да Се бараат пазари за извоз?

dossier

ата , економсктребата гаш досега етна по ата м на Како никоЕв ја па ро лем криза во е нови пазари и ди зарни од наоѓањ бараат новите па сокозави се е а да иј он каде Европскали. Македм од е т ји потенција воз во зе Германија, што и, висна од из зниц особено во ните извоени та унија,по годи домаш мал многу гинава се соочија со на наредникои годи од ЕУ. “Капитал“ во тенцинарачки ќе ги анализира по е и треба ож м от период и ко зари ите јалните пајуваат македонскеч ки пазари да ги осво се брзораст , а То и. -ц ни тен ијал а по и компа ск ом он внат со голем оексе зголемува купопа ри за каде шт аѓаните. На овие минорен. моќ на гр иот извоз сега е македонск

Грузија

агресивно бара нови трговски партнери во пишува:

Спасијка Јованова

spasijka.jovanova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

В

истинска одисеја беше да се најде која фирма од Македонија годинава го направи пионерскиот обид за извоз на пазарот во Грузија. Тргнувајќи од официјалниот статистички податок дека во првите седум месеци од 2012 година во Грузија се извезени “полнила за молеро-фарбарски работи“ во вредност од 83.483 евра, работата беше да се дознае која е фирмата. Тоа е охридската фирма Импреза ебиле, но повеќе за нејзиното работење нема информации. Прашањето е зошто оваа фирма е единствениот извозник на пазарот во Грузи-

ја, кој нуди голем потенцијал затоа што бара нови трговски партнери во Европа. На грузиската економија & требаат материјали за градеж-на индустрија, машини и опрема, храна, фармацевтски производи..., а тоа може да го понуди Македонија. За жал, повеќето фирми од градежната индустрија со кои контактираше “Капитал“ на самото споменување на можноста за извоз во Грузија беа изненадени. “Извоз во Грузија!!!. Не, никако, не сме тоа ние.“ Приближно вака звучеа одговорите од повеќето компании за производство на градежни материјали. Во струмичката фирма Неметали Огражден објаснуваат дека поради насочувањето на финансиите и на вниманието кон нови инвестиции во земјава, не ги анализираат пазарите во поранешните советски републики. “Извезуваме градежни материјали во регионот, Романија, Унгарија...

“извоз во Грузија!!!. Не, никако, не сме тоа ние.“ Приближно вака звучеа одговорите од повеќето компании за производство на градежни материјали кои “Капитал“ ги праша дали тие се извозникот кој за првпат годинава направил пробив на пазарот во оваа поранешна советска република. зошто е толку чудно за македонските бизнисмени да се почне со извоз во Грузија, која е една од најбрзо-растечките економии во источна Европа?


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

досие

51

раст На БдП 7,00%

6,00%

7% 6,30%

6%

5,00%

5,50%

5,50%

5,50%

5,50%

5,50%

2013

2014

2015

2016

2017

4,00%

3,00%

2010

2011

2012

извор: ММф

о Европа Најбавно оди склучувањето договор

Ч

етири пати годишно се плаќаат даноците, данокот на профит изнесува 14,3%, ДДВ изнесува 18%, а персоналниот данок 20%. За увоз во земјата се потребни четири документи и 13 дена, а трошокот е 1.715 долари за контејнер. Процедурата од подготовка на документите за увоз до испораката на стоката трае 13 дена. Од документи се потребни фактура, сертификат за потекло, комерцијален договор и увозна царинска декларација. Најтешко и најбавно оди склучувањето договор за бизнис со Грузија, што според “Дуинг бизнис“, трае 285 дена и бара да се завршат 36 процедури.

Но, во подалечните источни земји не извезуваме бидејќи во последните две години инвестираме во нова фабрика“, изјавија од Неметали Огражден. Зошто е толку чудно да се почне со извоз во Грузија, која е една од најбрзорастечките економии во Источна Европа? Водејќи се од статистичките податоци, може да се заклучи дека неколку македонски компании годинава направиле обид за извоз на грузискиот пазар на разни делови за машини (вентили, прекинувачи за струјни кола, релеи, апарати за мерење гасови), но според сумата, веројатно, тоа се само саемски експонати.

Најмногу се инвестира во инфраструктура

Грузија била значаен трговски партнер на многу земји уште од стари векови благодарение на тоа што излегува на Црното Море и низ неа поминувал Патот на свилата. Оваа земја е богата со злато, сребро, бакар и железо, а производство-

Што увезува Грузија? XX природен гас XX нафтени деривати XX машини и делови XX материјали за градежна индустрија XX транспортна опрема XX турбини за хидроцентрали XX возила XX храна XX фармацевтски производи.


Капитал број 675 03.10.2012

52

www.kapital.mk

досие

Каде е главниот бизнис?

С

поред Американската стопанска комора, главниот бизнис во Грузија треба да се гледа во изградбата на патишта, енергетска дистрибутивна мрежа, водоводни системи, хотели и деловен простор, што доживува “бум“. Информатичката технологија, системите и софтверот се потребни за да го поддржат новиот раст на бизнисот. Поврзување со добар локален претставник е најуспешен начин за да се влезе на пазарот во Грузија. Се препорачува прво да се посети земјата пред да се потпише договор за бизнис. Нема многу директориуми, каталози или комерцијални центри кои нудат корисни информации за локални дистрибутери и продавачи. Англискиот јазик с$ повеќе се користи во деловната заедница. Комуникациските и маркетинг-вештините с$ уште се развиваат, така што за добра и успешна зделка с$ уште се многу важни личните познанства. За да се отвори канцеларија во Грузија, треба да се регистрира во администрацијата на локалниот даночен дистрикт. Трошоците за регистрација се минимални, а процедурата трае само 2-3 дена. Сепак, компаниите треба да се консултираат со адвокати и со сметководители пред да отворат бизнис во Грузија. Дистрибутивните сервиси с$ уште не се многу развиени, па компаниите најчесто си имаат своја дистрибуција. Турските трговски компании многу добро работат во Грузија, па може да се искористи нивната мрежа. Поради ограничената куповна моќ на населението, цената е одлучувачки фактор.

92.528

то на вино е многу за грузиското вино. стара традиција. Грузија станува с$ Земјата има поинтегрирана во и значителен глобалната трговхидропотенцијал ска мрежа. Главниза производство на те производи кои евра изнесува македонскиот извоз струја. ги увезува се приво Грузија во првите Од почетокот на роден гас, нафтеседум месеци од 2012 година 21 век Грузија ни деривати, машибележи значителен ни и делови, трансекономски развој. портна опрема, туВо 2007 година рбини за хидроценБДП порасна за трали, материјали 12%, со што таа за градежна индусстана една од трија, возила, храевра е извозот од Македонија во најбрзорастечките на и фармацевтски Грузија во 2011 година, економии во производи. што покажува дека срамежлив обид Источна Европа. Главниот увоз за влез на овој пазар е Светската банка ја го врши од направен дури годинава пофали Грузија и Турција, Украина, поради значајни Азербејџан, Кина економски реформи, кои за една година и Германија. Поради проблемите со ја искачија на скалата на “Дуинг бизнис“ Русија, Грузија се обидува да најде нови од 112-то на 16-то место. Најдобро е трговски партнери во Европа, Северна рангирана во однос на параметрите Америка и во Азија. за почнување бизнис, обезбедување Грузија е дел од меѓународните градежни дозволи, регистрирање транспортни коридори преку сопственост и земање кредит. Стапката пристаништата Батуми и Поти, на невработеност во Грузија изнесува нафтоводот Баку-Тбилиси-Чејхан и 16% и се смета за висока. Сиромаштијата гасоводот Јужен Кавказ. Локалниот во земјата е намалена од над 50% на транспорт се врши преку железница, под 10%. Грузија има околу 4,4 милиони патишта, бродски и со авион. Грузија жители, од кои над 84% се ортодоксни е клучна земја за извоз на енергија христијани. од Азербејџан кон Европската унија, Русија беше еден од најголемите Украина и кон Турција. Во последните трговски партнери на Грузија, но години земјата вложи многу во односите им се влошија откако во 2007 модернизација на транспортната мрежа. година Москва воведе трговско ембарго Приоритет е изградбата на автопатишта

923

Корисни линкови http://www.tbsc.ge, Tbilisi Business Service Center http://www.gorbi.com, Georgian Opinion Research Business International (GORBI) http://www.amcham.ge, American Chamber of Commerce in Georgia http://www.gcci.ge, Georgian Chamber of Industry and Trade кои водат кон главниот град Тбилиси (1,2 милиони жители), додека во останатиот дел патиштата се полоши. Затоа пак, железницата е важна транспортна артерија, а товарниот железнички сообраќај е даден под концесија на повеќе оператори. На агендата се и инвестиции во железничката инфраструктура. Авионскиот и бродскиот сообраќај помалку се користат за транспорт на стоки. Главниот аеродром е во Тбилиси и тој е поврзан со повеќе европски градови. Изградбата на нафтоводот БакуТбилси-Чејхан, на гасоводот БакуТбилиси-Ерзерум и на железницата Карс-Акалкалаки треба да ја направат Грузија крстосница меѓу Европа и Азија. Високите стапки на економски раст во Грузија се должат на големиот обем на странските инвестиции и на огромните владини трошења. Актуелната економска криза го забави растот на грузиската економија и приливот на странски капитал. Сепак, во 2010-2011 година Грузија бележи стапки на раст од околу 6%. БДП по жител во 2011 година изнесуваше 5.600 долари. Владата планира да го обнови растот преку понатамошна либерализација на економијата со намалување на регулативите, даноците и на корупцијата, со цел да привлече странски инвестиции, особено во хидроенергетскиот сектор, земјоделството, туризмот и во текстилниата индустрија. Во структурата на БДП индустријата учествува со 22,7%, а услужниот сектор со 68,5%. Инвестициите зафаќаат 31,2% од БДП. Стапката на инфлација минатата година изнесуваше 8,5%. Националната валута се вика лари, која е апресирана во однос на доларот.


...Политика...

ИнТервју

Иван Петков

амбасадор на Бугарија

ИсторИјата да се оставИ на ИсторИчарИте, да не се корИстИ за ПолИтИка Амбасадорот Иван Петков го скрши молкот од пет години на бугарската амбасада за македонските медиуми – во ексклузивно интервју за “Капитал“ тој зборува дека заострувањето на релациите Скопје-Софија, за што се пишуваше во медиумите во последниот период, не е во билатерален интерес и е поттикнато од непотребно толкување

на историјата. Трговската размена е одлична, инфраструктурното поврзување преку новата пруга се подобрува, културните контакти се продлабочуваат, па затоа, коментарите на одредени личности, кои понекогаш се и намерни, не смеат да бидат во центарот на вниманието, вели тој продолжува на стр.44


Капитал број 675 03.10.2012

54

www.kapital.mk

политика

Интерпелација на Владата „политички блеф“ за „крај на лакрдијата“

Л

идерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, иницира фиктивна интепрелација на Владата, за која, како што самиот рече, не треба ниту да се има илузија дека ќе ја собори гарнитурата од Илинденска број 2. За Црвенковски е доволно тоа што ќе ги натера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои жестоко го нападнаа министерот за одбрана, Фатмир Бесими, поради компромитирањето на АРМ во Слупчане, сега да гласаат за тој да си остане во министерската

> БРОЈКИ

28,1% не знаат за која партија би гласале доколку утре се одржат избори, покажува најновата анкета на Институтот Павел Шатев. Очигледно граѓаните бараат излез од црнобелото!

28

фотелја. Или, пак, пратениците на ДУИ да бараат во ресорот образование да остане Панче Кралев кој го спори преименувањето на училиштата во Чаир. Ова е начинот на Црвенковски „да ја прекине лакрдијата на владините партнери“, кој во ВМРО-ДПМНЕ го сметаат за неаргументиран политички блеф. Ако работите се одвиваат според динамиката што ја замислија во СДСМ, расправата за (не)доверба во оваа Влада на премиерот Никола Груевски треба да почне овој петок.

Изгубени во простор и во време

К

онтрапротестите кои станаа одлика за земјава кулминираа минатитот четврток пред Собранието, додека траеше седницата за пратенички прашања. Собраните „контрапротестанти“ се изгубија во поентата на нивното присуство таму, па на бисерите им немаше крај додека бараа одговорност од Владата на Бранко Црвенковски(?). Потоа нека не н$ чудат пораките и од соседите кои велат дека оваа држава е изгубена во просторот, времето и во минатото . И подалечно и поблиско.

Мисли ли Петров дека помага со ширењето радикализам?

препораки содржи извештајот на ОБСЕ/ОДИХР во однос на Изборниот законик. Една од главните забелешки е повредата на слободата на избирачите.

50

милиони евра ќе позајми јавното претпријатие Македонски Железници Транспорт од Европската банка за обнова и развој за шест нови патнички возови и 150 вагони. Ајде да видиме како конечно земјава ќе се ослободи од „праисторискиот“ возен парк.

пишуваат:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

facebook 1

Да се биде пензионер или бизнисмен, до март.... PRICELESS Среќко Поповски

2

Тодор Петров е тоа што никој не треба да биде! Влатко Васлиј

3

На повидок нова политичка партија Национална унија на гласност. Претседател – Талат Џафери, ген. секретар Тодоракис Петров, а портпарол кој ако не Фатмирчо О’ Бесими Горан Момировски

фотографија:

Фотоархива на Капитал

И

нформација која лично ја пренесе претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, дека македонски граѓанин бил убен во Грција од припадниците на грчката радикална политичка партија Златна зора, а засега ниту една институција официјално не ја потврди, поттикна анализа на „Капитал“ - како работи оваа организација? Најмногу во очи, секако, паѓаат радикалните ставови кои постојано се артикулирани од страна на Светскиот македонски конгрес со седиште во Скопје, кој пак во обратна насока, од земјава им се обраќа на сите Македонци во светот. Притоа, секако најгласни се во коментарите

Последната изјава на Петров во која тој лаконски излезе и небаре е полициски портпарол соопшти дека фашистичката партија Златна Зора до смрт претепала Македонец, не поттикна на анализа - колку опасни можат да бидат пораките од надвор? за прашањето за името и политичките провокации на релација Македонија и некој од нејзините соседи. Повиците за војна со Грција, прекинување на разговорите за името, ревизија на Охридскиот договор, се само дел од лепезата на радикалните изјави кои директно доаѓаат од нашинците во Америка, Канада, Австралија, најчесто артикулирани и во ставовите на СМК. Но, последната изјава на Петров ја премина границата. Без нималку да размисли какви последици може да има шпекулирањето


www.kapital.mk

Канал 77 (ќе) го извлече најдебелиот крај

С

оветот за радиодифузија во понеделникот донесе одлука да почне постапка за одземање на дозволата на радиото Канал 77 поради неисполнување на обврската најдоцна до 30 септември да ја промени сопственичката структура на радиото. Се чини, Канал 77 го извлече најдебелиот крај од оваа постапка, откако Гаврилог ја префрли сопственоста на својот син, одлука која на минатонеделната седница на СРД беше толкувана како исполнување на членот 11 од Законот за радиодифузија, за во понеделникот да биде толкувана како спротивна на законот. Канал 5 и Сител се снајдоа и си го применија законот на свој начин.

Капитал број 675 03.10.2012

буМ-трес

Т

со вести од тој тип, тој лаконски излезе и небаре е полициски портпарол соопшти дека фашистичката партија Златна Зора до смрт претепала Македонец. Веста дополнително ја „засили“ и професионализмот на јавниот сервис, кој без да провери се впушти во безусловна доверба на зборовите на овој човек. А нему, пак, шпекулирањето не му беше доволно. Прати и закани: „ Грција или да се пресмета со фашизмот или нема да ја биде. За Македонија смртта за Самарџиев е закана за војна“ изјави тој. Познавачите редовно тврдат дека најлесно е да даваат ставови за Македонија кога си надвор од неа. Нивното личното не доживување на проблемите со кои директно се соочени македонските граѓани во земјава, ги прави лесен плен за политички влијанија и политички провокации, велат тие. Ваквите провокации, велат тие, се само на штета на земјава особено во услови кога тензиите околу билатерланите спорови со соседните земји добиваат на интензитет. Нереагирањето по радикалните ставови на ваквите партии и организации, остава простор да се смета дека политичките гарнитури во земјава со сложуваат со нивните изложени ставови. Тоа, велат тие, ја прави неединствена и необединета Македонија по однос на прашањата кои се од посебен интерес. А тоа секако не помага на малцинствата ни во Грција, ни во која и да е земја, па нивните вистински проблеми остануваат во дефокус.

55

Јани МаКраДули

пратеник на СДСМ

М

ислите случајно покачувањето на пензиите и социјалните трансфери е во март 2013-та. Ниту декември, ниту јануари, токму март, кога е кампањата" – пратеникот знае дека ништо на овој свет не е случајно, а најмалку плодовите на популизмот.

Габриела Делова gabriela.delova@kapital.mk

Одговорност! Што беше тоа?

И

Кој е тодор Петров?

одор Петров е македонски политичар од Гевгелија и актуелен претседавач со Светскиот македонски конгрес (СМК). На јавноста & е познат по неговите радикални ставови нејчесто во врска со името. Освен како претседател на СМК, Петров е познат и по фактот што во 2009 година, иако не е член на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со актуелниот претседател Ѓогре Иванов, учествуваше во кандидатската трка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија, но не ја доби кадидатурата. Светскиот македонски конгрес пак, е национална македонска организација со седиште во Скопје, која се залага и бори за правата на Македониците во целиот свет. СМК се смета за неформален светски парламент на сите Македонци.

КОМентар

силвана бОнева

пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Д

а престанеме за време на избори да ги третираме граѓаните како стока што се купува“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева за време на расправата за новите измени на Изборниот законик... Фројдовско признание или несмасна грешка?

фатМир бесиМи

министер за одбрана

Н

а државно ниво е потребно да работите на подобрување на стандардот и имиџот на воените лица“, им порача министерот за одбрана, Фатмир Басими, на питомците на Воената академија, ама зборуваше на албански јазик па не го разбраа.

twitter 1

Kobayagi @imanolev

2

Damir Neziri @toVornottoV

3

feata mushutica @AveCeaser

шо го праевме сити мол ако го освојваме солун бе... ви реков неплански се работи у државава Многу е битно у време на економска криза да градиш битни работa, како на пример стаза за Ф1 или споменици!#ИстиСм оСиСеЗаслужуемо работа по струка is not available in your country

нформацијата која ја пренесе претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, која молскавично се најде на насловните страници на сите медиуми во земјава, уште еднаш покажува до кое дереџе е стигнато новинарството во земјава. Во трка по ексклузивна информација, веќе никој не си го дозволува луксузот да потроши време и да ја провери точноста на истата, тука веднаш ја презентираат како ударна и ексклузивна. Што стана со новинарската етика, но и со секоја друга етика, воопшто? Зашеметени од секојдневните партиски обвинувања, притиснати до коска од една или од друга политичка партија, обвиени во цензура и автоцензура, веќе се заборави која информација како и на кој начин треба да се пласира во јавноста. Се заборави на чувствата и хаосот кој може да го предизвика само еден изречен или напишан збор. Водени од помислата - еден збор железни врати отвора, забораваме на неговата тежина и на негативниот контекст кој еден збор го носи во себе. А одговорноста веќе и не постои. Научени од (не)одговорноста која ја носат политичарите и другите јавни функционери, кои треба да служат како пример за останатите, изгубивме допир со реалноста и заборавивме што беше тоа одговорност. Веќе ниту ја бараме, ниту ја практикуваме. Не за џабе рекле, прво ние си ги водиме навиките, а потоа навиките н$ водат нас. Но, ваквата пијана и зашеметена фаза, која ги измести сите вредности меѓу нас, мора да престане. Редно време е ние самите од себе да почнеме да ги менуваме нештата, што сакаме да ги видме променети. За вест во која се тврди убиство, а убиството не се случило, се бара одговорност, се бара и санкција. Не поради личноста која ја дала и ја пренесла информацијата, туку поради чувствата, емоциите и штетата која ја предизвикала истата. Не само во земјава, туку и надвор од неа.


Капитал број 675 03.10.2012

56

www.kapital.mk

exclusive

Иван Петков амбасадор на бугарија

Историјата да се остави на историчарите, да не се користи за политика Амбасадорот Иван Петков го скрши молкот од пет години на бугарската амбасада за македонските медиуми – во ексклузивно интервју за “Капитал“ тој зборува дека заострувањето на релациите СкопјеСофија, за што се пишуваше во медиумите во последниот период, не е реално и е поттикнато од непотребно толкување на историјата. Трговската размена е одлична, инфраструктурното поврзување преку новата пруга се подобрува, културните контакти се продлабочуваат, па затоа, коментарите на одредени личности, кои понекогаш се и намерни, не смеат да бидат во центарот на вниманието, вели тој

контекст на интеграцијата во НАТО и во ЕУ. Потенцијалот е голем и јас сум оптимист гласот на народот ќе ги промени нештата Катерина синадиновска кон подобро. katerina.sinadinovska@kapital.mk XX За какви црвени линии зборува фотографија: шефот на бугарската дипломатија, Николај Младенов, во однос на ивана Кузмановска интеграцијата на Македонија во ЕУ? ivana.kuzmanovska@kapital.mk Министерот Николај Младенов почна отворена и сеопфатна дебата во однос на XX Амбасадоре, го делите ли иднината на Западен Балкан и можностите впечатокот дека во последно време за уште поактивна улога на Република има заладување на односите меѓу Бугарија во процесот на интеграции Софија и Скопје? на државите од регионот во НАТО и во Создавањето на независна Република ЕУ. Дискусијата започна со тридневна Македонија на 8 септември 1991 година конференција на бугарските амбасадори беше пречекано со радост и ентузијазам во во Југоисточна Европа и на раководството Бугарија. Оттогаш до денес билатералните на Министерството за надворешни работи. односи претрпеа значителен развој во сите Беа спроведени и средби со претседателот области – политички, меѓународноправни, на Република Бугарија, со пратеници во воени, економски, културни и така натаму. Народното собрание, со невладиниот Во 2011 година 400 илјади граѓани на сектор, со новинари и така натаму. Целта е Република Македонија ја посетиле да се анализира ситуацијата на Западниот Република Бугарија и 300 илајди бугарски Балкан и да се прецизира бугарската граѓани ја посетиле Република Македонија. политика кон сите држави од регионот. Како Трговската размена достигна рекордно дел од Балканот, Бугарија е заинтересирана ниво од речиси една милијарда долари. тие да бидат стабилни, демократски и Расте културната размена, се случуваат напредни. Затоа бараме конструктивен голем број прекугранични проекти. Луѓето приод кон разрешувањето на постоечките од двете страни на границата одржуваат прашања. Дебатата продолжува. одлични односи. Во исто време, има области во кои може да се постигне и Историјата не смее да ја повеќе, како на пример, во градењето интерпретираат политичари искрени односи на доверба на политичко XX Зошто мислите дека Македонија ја рамниште. Ова е исклучително важно и во краде бугарската историја? Со какви пишува:


www.kapital.mk

Капитал број 675 03.10.2012

exclusive

50.000 Македонци имаат бугарски пасоши XX Како ја коментирате целокупната ситуација со издавањето бугарски пасоши на македонски граѓани? Располага ли амбасадата со статистика за колкав број граѓани станува збор? Дозволете да внесам едно уточнување во терминологијата. Станува збор не за бугарски пасош, но за бугарско државјанство, кое им дава права и задолженија на лицата што го поседуваат. Процедурата за добивање е доброволна и се потпира на јасни законски барања. Граѓани на Република Македонија имаат двојно државјанство и на други држави. Од друга страна, интерес за добивање бугарско државјанство има и кај луѓе од редица други држави. Амбасадата не води статистика во однос на бројот на граѓаните на Република Македонија кои добиле бугарско државјанство, но мислам дека досега тие се околу 50 илјади души. конкретни активности и како? Историјата е наука. Таа има свои извори и правила за работа со нив. Интерпретациите со политичка цел, фалсификувањето и премолчувањето добро познати факти е

целосно недодозволено ако зборуваме за објективна научна работа. За жал, историјата понекогаш е ставена во служба на социјалното инженерство и намерно се изопачува за да се постигнат одредени политички цели. Историјата на бугарскиот народ и на бугарската држава, исто така, беа жртва на таков пристап во поранешна Југославија. Меѓутоа, такво нешто е анахронизам во современа Европа и е неразбирливо за претставниците на демократските општества. Крајно време е ненаучниот и политизиран пристап кон историјата да биде надминат и во еден европски дух, кон историјата да се приоѓа како кон наука, а не како кон политичка пропаганда. Токму поради тоа, претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, ја поздрави изјавата на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, дека историјата треба да им биде оставена на историчарите и повика на конкретни чекори во тој правец. XX Многу македонски аналитичари оценуваат дека Атина и Софија имаат усогласен пристап пред меѓународната заедница кога станува збор за блокирање на патот на земјата кон ЕУ. Заедно со Грција, при последната резолуција на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Хаувит, Бугарија имаше 164 амандмани кои беа забелешки на политиката на Македонија кон соседите. Зошто? Не е неопходно да ги коментираме позициите на одделни личности изнесени во медиумите, кои се хипотетички, спорни, па дури и намерни. Во текот на последните 20 години вложивме не мал напор за надминување на идеолошки застарените стереотипи и предрасуди кои создаваат конфронтации. Нивното повторување (репродуцирање) денес е нелогично и противречи на вредносниот систем на европското семејство. Во таа смисла, да се измислуваат нови причини за оттргнување на вниманието од постоечките проблеми и за неуспехот да се дојде до нивно разрешување ќе биде исклучително неуспешен пристап. ЕУ јасно ги има дефинирано и утврдено со консензус критериумите и стандардите според кои ги оценува земјите-кандидати. Тие не се цел самите за себе. Критериумите се јасно оправдани и се однесуваат еднакво за сите земји-кандидати. Исполнувајќи ги, идните членки се подготвуваат да го примат вредносниот систем на семејството кон кое сакаат да се прикчлучат. XX Од друга страна, министерот Никола Попоски тврди дека соседите се тие кои испраќаат негативна енергија. Коментар? Не можам да зборувам во името на другите, но за Република Бугарија можам да тврдам со сигурност дека нашата држава секогаш укажувала помош и поддршка за стабилноста на Република Македонија, вклучително по линија на нејзината европска и евроатлантска интеграција. Во текот на последните 20 години од објавувањето на независноста Бугарија во тешки моменти & подавала рака на Република Македонија – преку овозможувањето транспортен коридор, преку неповратната воена

57

помош за безбедноста на Република Македонија, преку логистичката соработка за справување со бегалските потоци и така натаму. Не треба да го забораваме фактот дека Република Бугарија беше првата држава која ја призна Република Македонија, и тоа со нејзиното уставно име, на 15 јануари 1992 година, како и успешното лобирање тоа да го направат и други држави. За нас е важно добрите гестови и поддршката да бидат истакнати во преден план и да го определат развојот на билатералните односи.

Да се надмине стереотипот на отфрлање с$ што е бугарско XX Се зборува за говор на омразата во македонските медиуми. Каква е ситуацијата во Бугарија и тамошните медиуми? Во Бугарија има зголемена општествена чувствителност кон појавите на говор на омраза во јавниот простор во Република Македонија, што не ја вклучува само реториката во медиумите, но и учебниците, масовната уметност и изјавите на влијателни личности. Говорот на омраза е многу опасен, особено кога е намерен и има за цел предизвикување соодветна емотивна реакција. Секое намерно создавање конфронтациски расположенија крие ризици за добронамерниот тон во билатералните односи. Многу е важно да се надмине стереотипот на отфрлање, всадуван со десетлетија кон с$ што е бугарско. Клучно е да се фокусираме на позитивните аспекти во контактите меѓу двете држави и врз тоа што н$ зближува и н$ обединува. Така ќе создадеме погодна атмосфера за понатамошен развој на врските. XX Една од главните забелешки на бугарската власт, всушност, претставува обвинувањето дека Македонија врши репресија кон Бугарите. Како македонските институции ја вршат таа репресија и како се одразува таа? Република Македонија е суверена држава. По силата на меѓународното право, таа има обврска да ги заштитува човековите права на сите свои граѓани, вклучително и на оние со бугарска самосвест. Доаѓаат поплаки, како од невладиниот сектор во Република Македонија, така и од одделни граѓани, за проблеми во оваа насока. Темата беше опфатена и во резолуцијата на Европскиот парламент. Исто така, заштитата на човековите права е суштински дел и од критериумите за влегување во ЕУ, поради што е нормално Република Бугарија да се интересира за оваа тема.

Секој случај за екстрадиција се разгледува поединечно XX Обвинувате и за репресија во судскиот систем. Но, покрај случајот со Спаска Митрова, овие обвинувања се однесуваат и на лица на кои македонскиот суд им утврдил вина за престапи вредни милиони, а тие, користејќи го бугарскиот пасош, си заминале во Бугарија и таму се стационирале. Судскиот систем во Република Македонија е независен. Истовремено, меѓународните норми имаат приоритет пред националното законодавство. Со жалење констатиравме


Капитал број 675 03.10.2012

58

www.kapital.mk

exclusive Во однос на екстрадицијата на македонските граѓани кои обвинети за криминал избегаа во Бугарија (Владо Димов, Владислав Тамбурковски, Зоран Даневски) амбасадорот вели дека и Македонија и Бугарија се држави од Европската конвенција за екстрадиција, па тоа е документот по кој моментално се регулирале прашањата од оваа област. Во однос на потпишување на билатерален договор за екстрадиција, Петков вели: „Потпишувањето на нов договор помеѓу двете држави би требало да биде резултат на длабока анализа во однос на неговата додадена вредност“

неколку случаи во кои на бугарскиот конзул не му беше дозволено присуството на јавни судски процеси на бугарски граѓани, што е противречно со нормите на меѓународното право. Би сакал да потцртам дека прашањата за судскиот систем и внатрешните работи се исклучително важни за ЕУ. Бугарските граѓани се заштитени од државата со силата на бугарското и на меѓународното право. Тоа се меѓународно признати норми кои важат за сите држави во светот. Сакам да ве уверам дека секој одделен случај се разгледува само и единствено во согласност со барањата на правото. XX Зошто уште не е потпишан договор за екстрадиција? Заедно со Бугарија, Република Македонија е држава од Европската конвенција за екстрадиција. Тоа е документ по кој моментално ефективно се регулираат прашањата од оваа област меѓу двете земји. Во случај на неопходност, би можело да се разгледа можноста и за склучување билатерална спогодба за екстрадиција. XX Што се случи со договорот со добрососедство меѓу двете држави? Каде застана? Темата за склучување нормативен документ што ќе го исцрта опфатот на добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија периодично се појавува во дневниот ред на нашите односи. Кога зборуваме за потпишувањето нови документи, најпрвин треба да оцениме дали постоечките се веќе исполнети и исцрпени од содржини. Да се потсетиме дека како резултат на залагањата на двете држави во 1999 година, беше потпишана една Декларација за добрососедство и пријателство, која и понатаму е на сила. Таа беше резултат на добрата волја на Софија и на Скопје во однос на чувствителните прашања и го отвори патот за бурен развој на билатералните односи. Потпишани беа над 50 двострани договори, отворени беа

културни центри во главните градови на двете земји, уредени беа економските односи. Исполнувајќи го договореното, Бугарија обезбеди олеснето и бесплатно издавање визи на граѓаните на Република Македонија и активно ја поддржа визната либерализација. Меѓутоа, не е исполнето с$ од договореното во Декларацијата. Има уште што да се бара во однос на преземените ангажмани за запирање на непријателската пропаганда, која им штети на билатералните односи. Неопходни се, исто така, усогласени напори и реални проекти за изградба на Коридорот 8, за раст на инвестициите, за засилена комуникација меѓу граѓанскиот сектор, за слободно движење на информациите. Потпишувањето нов договор меѓу двете држави би требало да биде резултат на длабока анализа во однос на неговата додадена вредност. XX Според вас, како може да се развиваат односите? Сложените односи меѓу нас се директно наследство од комунизмот и од него всадуваното оддалечување и недоверба. Честопати се изненадувам колку малку се знае во Република Македонија за соседна Република Бугарија, за нејзиниот европски развој, за можностите, кои значат и помош што може да биде укажана. Идната состојба на односите е директно зависна од способноста да ги надминеме предрасудите од минатото. Тука има големо значење културната размена – на пример, непречениот пристап до бугарските медиуми или заедничкото чествување настани значајни и за двете држави. На таа основа, на постепеното градење на довербата, ќе биде многу полесно да ја засилиме и економската соработка. Тука е клучна улогата на политичките лидери, кои се должни да го водат овој процес на зближување. Од наша страна, од Софија, имате подадена рака на пријателство и подготвеност за соработка.

Пругата многу ќе помогне за економските релации XX Како ја оценувате економската соработка? Економската соработка меѓу Република М акедо нија и Реп у бл ика Бу гар ија последниве години е на добро ниво. За 2011 година Република Бугарија е четврт најголем трговски партнер на Република Македонија. Растот на стоковата размена во однос на 2010 година е 25%. Трговскоекономската соработка има потенцијал за многу поголем развој во иднина. XX Неодамна Македонија доби 46 милиони евра од ЕБОР за изградба на делот Куманово-Бељаковце од пругата кон Бугарија. Што е неопходно за да се подобрат инфраструктурните врски меѓу двете држави? Во моментов транспортната инфраструктура меѓу Република Бугарија и Република Македонија е многу слабо развиена; на пример, нема железничка врска меѓу двете држави. Добиените 46 милиони евра од ЕБОР ќе придонесат за реализација на првиот дел од страна на Република Македонија за изградба на железничката рута кон Република Бугарија, како дел од Коридорот 8. Допрва е неопходно да се обезбеди и финансирањето на потешките делови за изградба: Бељаковце-Крива Паланка и Крива Паланка-Деве Баир. Бугарската страна ја има полесната задача - да ги изгради останатите околу два километри железничка линија од Ѓуешево до границата со Република Македонија. Подобрувањето на транспортната инфраструктура меѓу двете држави ќе доведе до зголемување на трговијата и на инвестициите и ќе ги олесни контактите на луѓето. Тоа се претпоставки под услов на целосно користење на потенцијалот на билатералните врски и на зголемувањето на стабилноста и на напредокот на регионот како целина.


...Фељтон... Зошто маркс аркс бил во право

Економскиот нострадамус

бр:

1

“Капиталот“ на Маркс во услови на криза станува економска библија. Што е она што 20 години по официјалниот крах на комунизмот го прави Маркс толку актуелен и дали генијалниот филозоф навистина можел да ја предвиди економската иднина на истиот начин како што Нострадамус ја предвидел политичката? пишува:

дејан азески

dejan.azeski @kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

“К

апитал“ во десет продолженија ќе го анализира “Капиталот“ на Карл Маркс. Ова е една идеја која на Запад наголемо се применува веќе неколку години, а кај нас никој с$ уште не собрал храброст да ја отвори и да ја истражи. Бидејќи веќе сме познати “деструктивци“ на табу-теми, сметаме дека токму на “Капитал“, како најстручен македонски весник, му припаѓа задачата да го објасни овој

феномен на Марксовата економска визија. Сметаме дека една од трите највлијателни и најпродавани книги во светската историја (заедно со Библијата и “Мојата борба“ на Адолф Хитлер), која по првичниот удар на светската економска криза во 2008 година руши рекорди на продаваност и чии идеи и визионерски предвидувања се остваруваат по 150 години од нејзиното пишување, треба уште еднаш стручно да се проанализира, но овој пат од објективна идеолошка дистанца и точка на гледање. За денешни пригоди во Македонија крајно досаден си ако пишуваш дека општеството еволуира како природата. Крајно “аут“ си ако ги потенцираш и ако ги анализираш развојните фази почнувајќи од првобитното општество, преку робовладетелското и феудализмот, преку актуелново

политичко-општествено уредување – капитализам, за да се дојде до бескласно општество... без разлика како да се вика тоа. Нешто “погрдно“ си или “комуњар“ си ако тврдиш дека мајмунот не може предолго да остане мајмун и на крај ќе еволуира во човек. Но, еве, Маркс, кој ова го предвидел пред 150 години, повторно е цитиран и уважуван. По скоро три децении “демарксација“ на општеството доаѓаме во состојба пораките за воскреснување на она што ние с$ уште живо го закопуваме да доаѓаат токму од Западот, во чие име се крстевме. Значи, од истиот оној Запад од каде што ни доаѓаа јуришните пораки за расчистување со Маркс денеска ни доаѓаат книги насловени како “Зошто Маркс беше во право?“. Не може да не се наметне прашањето со каква ли пепел сега ќе се посипуваат нашите


62

www.kapital.mk

фељтон Контунуитетот на Класната борба не запира

самонаречени експерти што веќе 20 години потрошија во лижење на она што претходните 30 години го плукале? Растот на продажбата на “Капиталот“ (клучното дело на Маркс) од 300% во 2008 година на невиден начин дотогаш го шокира светот. Книгата на која & беа доделени сатанистички стереотипи и на која & беа припишувани 100 милиони жртви на комунизмот руши рекорди на продажба во Германија, САД и во Англија, земјите во кои официјално беше најомразен? За оние со малку подобро помнење, ова не е ништо ново, бидејќи до пред само 20 години дури 82 светски земји, кои по бројот на жители зафаќаа добра четвртина од светската популација, своето општествено-политичко уредување го темелеа токму на основите на оваа книга. Но, 20 години по официјалниот крах на комунизмот, на кој се работеше во последните 94 години да се бара спас во Маркс, е навистина интересно. Очигледно, потомокот на богатата индустриска еврејска фамилија, кој инаку, заедно со Огист Конт и Макс Вебер им припаѓа на најгенијалните филозофи на современото време, пред точно 150 години (1867 година), кога е напишан “Капиталот“, ја предвидел денешната реалност. Неговата визија за економијата, според голем број економски експерти, може да се мери само со неоспорната вградена дарба за предвидување на иднината на Нострадамус. Низ овој циклус фељтони ќе се обидеме да ви одговориме што е она што Маркс го предвидел за да биде актуелен и интересен за читање и за анализирање век и половина потоа.

Економската генијалност на Маркс е вонвременска

“Неодржливоста на капитализмот поради самоништувачкиот ген кон основните клетки од кои е формиран т.е. луѓето“ е основната Марксова теорија, на која се базира најголем дел од неговата работа. Долго време се мислеше дека станува збор за идеолошки обоена и пристрасна теза која не соодветствува со реалноста, но последните случувања, особено оние свежите од првичниот удар на светската економска криза од 2008 година досега го зборуваат токму спротивното. Сега дефинитивно е јасно дека акумулацијата на профитот во капиталот на големите компании за сметка на работниците ја намалува куповната моќ на вторите, што потоа како бумеранг им се враќа на оние првите. Ако ниската и средната класа, кои претставуваат 90% од светското население, немаат доволно куповна моќ, што претходно им ја скратиле големите компании, тоа автоматски ќе значи смрт и за тие големи компании. Создаден е маѓепсан круг од кој нема излез. Ова го потврдува и Нуриел Рубини, еден од најголемите економски авторитети во светот. Човекот кој ја предвиде светската економска криза во 2008 година и кој и ден-денес, четири години подоцна, смета дека светското стопанство не може да излезе од кризата и живее само на респиратори. “Сепак, Карл Маркс беше во право. Во некоја одредена точка капитализмот може да се самоуништи. Не можете да продолжите да пренесувате приходи од трудот на капиталот без да се поседува соодветна акумулациска моќ на издувни

тери иглтон

еден од највлијателните живи литературни критичари во светот, автор на книгата “Зошто Маркс беше во право?“

Капитализмот ќе се однесува антисоцијално ако е профитабилно да се однесува така. Тоа ќе значи човеково уништување на невидено ниво. Тоа што некогаш беше апокалиптична фантазија денеска не е ништо друго освен сурова реалност.

300%

порасна продажбата на “Капиталот“ во западна Европа веднаш по почетокот на светската економска криза во 2008 година вентили. Токму тоа се случува. Ние мислевме дека слободните пазари функционираат. Тие не функционираат. Индивидуалецот може да биде рационален. За да преживее и за да се развива, компанијата ќе ја снижува цената на трудот с$ пониско и пониско, но цената на трудот е нечиј приход и нечија куповна моќ. Затоа, станува збор за самоуништувачки процес“, вели Рубини.

Винстон ЧерЧил

британски државник

Капитализмот е најлош облик на економско управување освен оние новите, кои човештвото одвреме-навреме ги испробувало.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

фељтон

63

Актуелни економски процеси што ги предвиде Маркс. “Капитал“ ќе ги анализира секоја одделно во посебен фељтон

Нориел Рубини

врвен светски признат економист, човекот што ја предвиде светската економска криза во 2008 година

“Сепак, Карл Маркс беше во право. Во некоја одредена точка капитализмот може да се самоуништи. Не можете да продолжите да пренесувате приходи од трудот на “Капиталот“ без да се поседува соодветна акумулациска моќ на издувни вентили. Токму тоа се случува. Ние мислевме дека слободните пазари функционираат. Тие не функционираат. Индивидуалецот може да биде рационален. За да преживее и за да се развива, компанијата ќе ја снижува цената на трудот с$ пониско и пониско, но цената на трудот е нечиј приход и куповна моќ. Затоа, станува збор за самоуништувачки процес.“

82

Дека Рубини е во право да се однесува така. покажуваат и фактичките Тоа ќе значи човеково бројки. За спас на уништување на невидено економијата онаква ниво. Тоа што некогаш каква што ја познаваме беше апокалиптична земји од светот до од 2008 година досега се фантазија денеска не е пред само 20 години вложени повеќе трилиони ништо друго освен сурова своето општественодолари, кои барем засега, реалност“, вели Иглтон политичко уредување во своето бестселер-дело не покажуваат никаков го темелеа токму ефект. Ако некој се напишано пред нецела врз Маркс сеќава на митската сцена година, што се нарекува кога советските трупи “Зошто Маркс беше во се обидуваа јадрото на право?“. Чернобил да го закопаат Иглтон го објаснува фактот во песок, што не даваше дека капитализмот не го никаков ефект, состојбата уништува ниту слабата место на листата со на светската економија визија на менаџерот најпродавани книги, моментално е таква. Без на компанијата, кој по Библијата, го држи ги прави работниците разлика колку бајпаси “Капиталот“ од Маркс куповно неспособни, да претрпи срцето на капитализмот, тоа е туѓо ниту неговата мала тело што неприродно желба за добросостојба раководи со светскиот економски на неговите вработени, туку трката за крвоток. Системот сам по себе е профит. Истата таа трка која го тера и неодржлив бидејќи е самоуништувачки. менаџерот од конкурентската компанија Во најновото дело на светски да го прави тоа. На овој начин, според познатиот професор од универзитетот Иглтон, економијата која е програмирана во Ланкастер, Тери Иглтон, инаку да расте несвесно си го јаде своето највлијателен литературен критичар на сопствено тело, што не може да е денешницата, го пишува токму тоа. составено од ништо друго освен од “Капитализмот ќе се однесува основната градбена клетка - човекот и антисоцијално ако е профитабилно неговата куповна моќ.

2

поголема 1С$концентрација на капиталот од 2 Важноста стимулацијата на работникот поагресивна 3 С$империјалистичка политика (Косово, Ирак, Либија, Сирија)

4 Експлозивни бизнис-циклуси 5 Глобализација Пазарот се 6 саморегулира, но само на сметка на купувачите

7 Заблудата за пазарната економија 8 Бездржавност како 9 Профитот единствен приоритет и 10 Хумани нехумани општества


Влезете во простор каде што преовладуваат мирот и хармонијата. Место каде што границите на Истокот и Западот се спојуваат во совршена хармонија. Вашите сетила се стимулираат од природните материјали од камен, дрво и памук. Луксузот ве опкружува, времето застанува и ве обзема чувството на длабока релаксација.

АМАМ И сАунА само мигови од вашата соба... ијлада година назад во времето... е нашиот амам и парна бања. Турската бања од легендите. Опуштете се, затворете ги очите и препуштете се на бескрајните сензации кои призлегуваат од водата и сапуницата...

КЛАсИчнА МАсАжА Изберете од повеќето типови на масажи вклучувајќи класична релаксирачка масажа, спортска масажа, третмани на тело со мед, чоколадо, ароматерапија и пилинг.

ТреТМАнИ ЗА убАВИнА уживајте во различните третмани за лице и тело, прилагодени на типот на вашата кожа. Преку нашите екслузивни третмани за лице и тело вашата кожа ќе биде сјајна, телото подмладено, со енергија потебна за секојдневните активнссти.

хотел Александар Палас

бул. Октомвриска револуција бр.15, скопје тeл: +389 2 3092 190 фaкс: +389 2 3092 152 info@aleksandarpalace.com.mk www.aleksandarpalace.com.mk


капитал број 675 674 03.10.2012 26.09.2012

78

на руЧек со...

www.kapital.mk

Маја Чанаќевиќ

Ако се са нешто, у е неизбе ДИректор на МакеДонска фИлхарМонИја

Со нејзиното доаѓање на челната позиција на Македонската филхармонија институцијата ја живее својата ренесанса. Целиот живот го посветила на музиката и образованието, со цел како што вели, да стане комплетна личност, што значително го олеснува чекорењето нагоре во кариерата пишува:

Петре Димитров

petre.dimitrov@kapital.mk

фотографија:

Ивана кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

Р

астела како дете кое не е лесно да се убеди во нешто што се косело со нејзините ставови. “Важев за многу живо и темпера ментно дете, со точно определени ставови. Со текот на годините

темпераментот успеав да го насочам во друга насока. Како и денес, бев многу љубопитна, желна за знаење, а музиката како активен слушател ја засакав уште од времето кога не бев свесна за себе...“, раскажува Чанаќевиќ. Нејзините родители ја препознале нејзината љубов кон музиката и дале целосна поддршка, па на шестгодишна возраст почнува да свири пијано. “Живеев со сонот дa се занимавам со уметност, особено со музика. Сакав многу и да цртам. Имав бујна фантазија и се обидував да ја пресликам. Во тој период во мене тлееше дилемата дали еден ден ќе бидам музички или ликовен уметник.“ На крај победува музиката и образо-

н а ш ето М ен И иќ од со Чаначев и ен м то то бога о ан р то на рес се т арабеска е за одлучивм е паста “пен фтиња броколии“,чкќо и од тикв уколиа“. салата “р

ванието, во кое секогаш в л ож у в а л а многу, го продолжува во средно музичко училиште, каде што се запознава со новата пасија, обоата. “Она што секогаш ќе ми остане во добро сеќавање се средношколските денови и особено дружењето во училишето. Имав среќа да учам со деца од цела Македонија, па во класот ги имавме сите можни дијалекти од богатата македонска ризница. Во средно го имав и првиот контакт со инструментот обоа, кој беше многу поразличен од пијаното, на кое вежбав неколку години.“ Веќе навикната на секојдневно неколку-


www.kapital.mk

капитал број 674 675 26.09.2012 03.10.2012

на руЧек со...

ќ

ака успехот ежен

часовно свирење, со добра организација, успеала да се справи со обврските кои ги донела новата школска средина. “Понекогаш се случуваше да вежбам на обоата и по 4-5 часа секој ден. Дури и со добра организација беше тешко да се усогласат сите работи. Гледајќи на тој период од денешна перспектива, можам да кажам дека на своја кожа се уверив дека ако се сака нешто, успехот е неизбежен. Музиката е една од реткитепрофесии која бара навистина огромна посветеност уште од најрана возраст. Помеѓу излегувањата со пријателите и концертите јас ги одбирав концертите. Кога си окупиран со нешто, не можеш да правиш повеќе работи истовремено. Се сеќавам дека со децата од класот се молевме да одиме на проби во филхармонија, опера за да видиме како изгледа сето тоа, за разлика од новите генерации, на кои с$ им е достапно и дозволено, но не покажуваат никаков интерес...“ Обра зованието го на дгра дува на Факултетот за музичка уметност, на

семејството и обра зованието се мног за развој на ли у важни чноста

79


капитал број 674 26.09.2012

80

www.kapital.mk

на руЧек со...

работам на себе цел живот

Добро е да сону ва и да се има голе Тоа те води се ми амбиции. напред

секој менаџер, пред с$, треба да биде добар стратег

отсекот за обоа, а како студент на втора година за прв пат добива ангажман за да биде соработник на оркестарот при Македонската филхармонија, каде што останува до денес. Паралелно, во тој период станува дел и од здружението Музичка младина на Македонија, меѓународна организација која ги помага младите музичари. “Таму почнав да учам нешто ново, несвесно дека еден ден тоа ќе ми стане втора професија. За прв пат можев да видам како изгледа да се менаџира со културни манифестации.“ Дел од своето време троши и на усовршување на неколку светски јазици, а не ја заборава и ликовната уметност. “Добро е човек да сонува и да има големи амбиции. Тоа те води напред. Се разбира, не мислам на болна амбиција, кога не се бираат средства за да се успее. Сакав да бидам вистински интелектуалец, да бидам цела приказна и не се штедев. Работам на себе цел живот.“ Важен дел од нејзиниот живот се и патувањата. “Не патување само заради тоа да се отиде некаде. Преку патувањата и посетите на различни земји, всушност ги запознаваме нивните традиции, култура и се она за што сме читале... Патувањатапо светот, особено во земјите со богата традиција (ликовна и музичка) како Германија, Холандија, Италија, Австрија, а во понево време и САД, за кои сонував уште како дете, оставија значаен белег врз мојата личност. Тоа што како мала го читав во енциклопедии веќе по дваесеттата година имав можност да го видам во живо и чувството е неописливо.“ По дипломирањето посет ува многубројни семинари и обуки, каде што остварува значајни контакти од светот на уметноста, кои подоцна многу ќе се најдат, а образованието го заокружува со постдипломски студии по културен менаџмент. “Менаџирањето со работите ме интересираше отсекогаш. Постдипломските студии ми беа идеална инвестиција. Научив многу работи и имав среќа да имам прекрасни професори од Arizona State University“. Во 2007 година добива голем предизвик. Да раководи со институцијата Македонска филхармонија, во која го има првиот професионален ангажман. Претходно има и искуство со менаџирање на неколку камерни оркестри, како и ансамблот за современа музика Свeта Софија. “Неколку години пред да дојдам на оваа функција

имаше с$ помалку публика во филхармонијата. Тоа како уметник сериозно ме загрижи, па уште пред да станам директор веќе размислував кои би биле можните решенија за филхармонијата да си го добие заслуженото место. Не беше лесно да се направи потребниот пресврт на нештата. Секоја реформа е тешка и бара многу заложби. Стартував со мал тим, па поголемиот дел од работите ги правев сама, па работата почнав да си ја носам дома. Следев што е актуелно во музиката во светски рамки, без ограничувања, а многу ми помогнаа и контактите со потребните луѓе. Тоа што со години бев дел од Македонската филхармонија и што ги знаев сите доблести и проблеми ми помогна исто така и веќе следната сезона промените во филхармонијата станаа видливи.“ Вели дека нејзиниот успех се должи на добрата стратегија, информираноста и на иновативноста. “Секој менаџер, пред с$, треба да биде добар стратег. Да знае да го зголеми квалитетот со малку пари па дури и во несоодветни услови. Треба да се биде инвентивен и добро информиран, што многу помага, конкретно во мојот случај во правањето добра програма, која ќе биде привлечна за различна публика. Треба да се знае да се препознае што е добро и што ќе биде добро, особено младите и надежни уметници и да им се даде простор за делување“. Со нетрпение го очекува завршувањето на новата са ла на Македонската филхармонија, која ќе донесе нови, подобри услови за работа и подобар квалитет за публиката. “Тогаш публиката ќе има можност да го чуе нашиот оркестар со целата негова убавина“. Со обоата , а се повеќе и со другиот инструмент-англискиот рог с$ уште се најголеми пријатели, па и покрај многубројните обврски, ја користи секоја можност за да свири. “Пропуштив многу малку концерти во текот на овие шест концертни сезони откако сум директор. Не можам да замислам да не свирам.“ Како што вели, има голема среќа што нејзиниот сопруг Златко, кој раководи со Младинскиот културен центар, е со слична професија, па не само што има доволно љубов и разбирање, туку има и компетентен партнер за дебатирање и за професионалниот живот, но и за добар концерт, слика, книга... “Имаме слични вкусови и иста пасија кон уметноста во која било форма, патувањата, книгите... што веројатно е реткост, но јас ги сметам за привилегија“. Голем љубител е и на скијањето и природата, а убава обврска и е и куќниот љубимец, шарпланинецот Клит, кој го носи името на еден од војсководците на Александар Македонски.


На 10 октомври 2012 во магазиНот “капитал” читајте

Специјален прилог

млечна индУСтрија Во оВој прилог анализираме: „„ Каква ќе биде понудата на пазарот на млеко и млечни производи по влезот на Суташ? „„ Како стартувањето на Суташ и на другите млекарници во најава ќе се одрази врз сточниот фонд во земјава? „„ Какви производи ќе произведува и пласира Суташ, дали ќе се зголеми обемот и асортиманот на домашни млечни производи? „„ Колку млеко ќе откупува, од кои региони и сточари, по која цена и дали и како тоа ќе се рефлектира на откупните цени во земјата? „„ Стандардите по кои ќе се преработува млекото и дали тоа ќе го подигне нивото на квалитет на македонското млеко? „„ понудата на млеко и млечни производи на македонскиот пазар – домашни VS (наспроти) странски производи. „„ анализа: Кој е Кој во млечната индустрија во македонија, што се произведува, што се увезува? „„ зошто домашните производители немаат поголем асортиман во нови производи и која е причината за тоа? „„ Како да се супституира големиот увоз на млечни производи? „„ Што ќе се случи по укинувањето на квотите за производство на млеко во еУ во 2015 година? има ли стратегија на национално ниво за заштита од напливот на европските млечни производи? „„ Кои се најголемите играчи во млечниот бизнис на Балканот?

за Сето оВа отВорено ќе читате Во Специјалниот прилог млечна индУСтрија

повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-маил prilozi@kapital.com.mk или на телефонскиот број 02 3298 110 локал 104 лица за контакт: гордана михајловска - бобан Ѓоргиевски


675- Kapital magazin  

675- Kapital magazin

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you