Issuu on Google+

COVER STORY: Владата се раздолжува со компаниите. На потег се бизнисмените!

број 674 цена 100 ден. | 26 септември, 2012, среда | година 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ВО ОВОј БрОј

специјален прилог

Банките и Бизнисот

медиумска м едиумска интеграција

interview

Почна со работа порталот Бизнис плус

Ендрју Пејкоф Постариот американски бизнисмен и член на Управниот одбор на македонија 2025

Ќе ги мотивираме македонските претприемачи да развијат успешни бизнис приказни


Капитал број 672 12.09.2012

4

НАВИГАТОР

COVER STORY: Владата се раздолжува со компаниите. На потег се бизнисмените!

БРОЈ 674 ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 СЕПТЕМВРИ, 2012, СРЕДА | ГОДИНА 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ВО ОВОЈ БРОЈ

Специјален прилог

Банките и Бизнисот

INTERVIEW

порталот Бизнис плус

Ендрју Пејкоф Постариот АМЕРИКАНСКИ БИЗНИСМЕН И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА МАКЕДОНИЈА 2025

Ќе ги мотивираме македонските претприемачи да развијат успешни бизнис приказни Prviot broj na Kapital se pojavi na 24 septemvri 1999 godina. Izdava: KAPITAL MEDIA GROUP doo Skopje, ul. Dimitrie Tucovi} br 20, Skopje, p.fah: 503, Republika Makedonija; telefon: ++ 389 2 3298 110 faks: ++ 389 2 3298 111 direktor i glaven urednik: Qup~o Zikov izvr{en direktor (marketing i finansii): Gordana Mihajlovska grafi~ki i IT direktor: Nikolaj Toma{evski odgovoren urednik: Biqana Zdravkovska Stoj~evska pomo{nik na odgovorniot urednik: Igor Petrovski odgovoren urednik na specijalni dodatoci: Verica Jordanova odgovoren urednik na www.kapital.mk: Aleksandar Jan~evski grafi~ki prelom: Nade Toma{evska Igor Toma{evski Office manager i finansii: Aleksandra Nikolova; ++389 2 3298 110/ lok:101 aleksandra.nikolova@kapital.mk Pretplata na magazinot Kapital: Sawa Savovska ++ 389 2 3298 110/ lok.104 pretplata@kapital.mk Reklama i oglasi: Aleksandra Stojmenova ++389 2 3298 110/ lok.103 marketing@kapital.mk aleksandra.stojmenova@kapital.mk Specijalni prilozi: Gordana Mihajlovska gordana.mihajlovska@kapital.mk Ovlasten praven zastapnik: Sorabotnici: kolumnisti po dogovor Fotografija: Ivana Kuzmanovska Spored misleweto na Ministerstvoto za kultura za nedelnikot “Kapital” se pla}a povlastena dano~na stapka. РЕГИОНАЛНИ ПАРТНЕРИ НА кАПИТАЛ

сОдРжИНА 07 Навигатор 14 cover story

Владата се раздолжува со компаниите. На потег се бизнисмените!

22 иНтервју

Ендрју Пејкоф постариот, американски бизнисмен и член на Управниот одбор на Македонија 2025 Ќе ги мотивираме македонските претприемачи да развијат успешни бизнис приказни

28 меНаџер

РобиН ШаРМа ги советуваше македонските бизнисмени како да бидат „лидери без титула“ Станувај рано, вежбај како мадона и инспирирај го својот тим!

www.kapital.mk

ИздВОјуВАме Раздолжување

премиерот Никола груевски пред околу 700 бизнисмени вети дека до крајот на февруари владата ќе ги врати сите долгови кон стопанството и дека нема повеќе да се доцни со враќањето на ддв. ова е прилично храбро ветување со конкретни рокови, какво што бизнисмените бараат и очекуваа. “капитал“ контактираше со повеќе менаџери и сопственици на фирми, со економски експерти, професори, политичари со цел да ги слушне нивните ставови за ветувањата и мерките кои ги соопшти премиерот. XX Стр. 14

32 доСие

Каде да се бараат нови пазари за извоз? Со локален партнер најлесно до извоз во азербејџан

36 24 ЧаСа

24 Часа со ивана и Петре Бразилки на циментото

41 политика Навигатор 44 политика

Како ќе се смират Груевски и ахмети? гласаат За избори во декември!

14

48 тркалеЗНа маСа

Тркалезна маса на „Капитал“ и филмскиот фестивал „браќа Манаки“: „Како до повеќе и поголеми спонзорства во културата?“ менаџерите од културата и од компаниите да изградат партнерски односи

51 иНтервју

Дарко Митревски, режисер, и Роберт Насков, продуцент На „трето полувреме“ му треба државна поддршка за „оскар“

54 медиуми

Почнува големата трансформација на државната телевизија информативната програма главен адут на мтв

Трето полувреме

по битолската премиера на последното филмско остварување на двоецот, дарко митревски и роберт Насков, „трето полувреме“ од денеска, во кино милениум се прикажува пред пошироката јавност. „од овој момент филмот повеќе не ни припаѓа нам, туку на публиката“, велат тие, веќе наголемо зафатени со предизвикот „трето полувреме“ да влезе меѓу петте филмови од неанглиско јазично подрачје кои ќе се борат за добивање на најпрестижната светска филмска награда – „оскар“! XX Стр. 51

56 На руЧек Со...

Д-р Димитар Ковачевски, извршен директор за комуникации на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија Среќен сум кога ќе видам млади успешни луѓе

59 СпецијалеН прилог ЗДРаВ ЖиВоТ

80 техНологии и БиЗНиС Нова мобилна ергела

82 техНологија

Дуна отвори нов продажен салон за Епл

51


...Навигатор... МедиуМска интеграција на Балканот

Почна со раБота Порталот Бизнис Плус

Интернет-порталот Бизнис плус е заеднички проект на шест балкански медиуми, кој на читателите на едно место ќе им ги понуди сите информации потребни за животот и за бизнисот во регионот. Капитал Медиа Гроуп заедно со редакциите на Business.hr - Хрватска, Finance - Словенија, Novi magazin – Србија, Oslobodjenje – Босна и Херцеговина и Vijesti – Црна Гора стои зад овој портал пишува:

Васе целеска

vase.celeska@kapital.mk

фотографија:

П

business.hr

рвиот ден од Викенд медиа фестивалот во Ровињ беше промовиран порталот Бизнис плус, нов информативен сервис, без кој, како што велат креаторите, нема да можете да си го замислите утрото. На читателите на едно место ќе им ги понуди сите информации кои се потребни за животот и за бизнисот во регионот. Секој работен ден наутро, претплатниците на Бизнис плус - сопственици на компании, нивните топ и средни менаџери и други заинтересирани во своето електронско сандаче ќе добијат свежи вести од регионот на Југоисточна Европа. Бизнис плус очекува во регионот да има повеќе илјади претплатници. „Утврдивме дека постои голема потреба кај сите бизнисмени во Југоисточна Европа да имаат интегрирани информации, статистички податоци и анализи за економските движења на Балканот. Оваа идеја ја разработувавме три години, за на крај да дојдеме до овој ден кога потпишавме договор меѓу шест медиуми на Балканот, кои ќе ги интегрираат сите бизнис-информации во една платформа во текот на

денот, кои се произведуваат во медиумите на овие простори. Сметаме дека ќе & помогнеме на бизнисјавноста од сите земји од кои доаѓаат нашите партнери и дека преку овие информации ќе помогнеме и за подобрување на економските текови и новите бизнисмоменти во овој дел од Европа“, изјави Љупчо Зиков, главен и одговорен уредник во Капитал Медиа Гроуп, еден од идејните креатори на Бизнис плус. За претплатниците ќе се собираат информации од шест држави. Медиумот кој има во една држава значајна и веродостојна улога ќе бара информации кои ќе бидат интересни за читателите во регионот и ќе ги запишува нив во облик на вести. Друг медиум кој учествува во овој проект тие вести ги прилагодува по мерка на своите читатели и во согласност со тоа ги сместува во случувањата во својата држава. Меѓутоа, читателите нема да ЉуПчо зикоВ добиваат само свежи вести, туку главен и одговорен уредник ќе имаат и пристап до последните во Капитал Медиа Гроуп и почесен претседател на статистички податоци и прогнози Бизнис плус од државите во регионот, а со “Сметаме дека ќе & тек на време Бизнис плус ќе помогнеме на бизнисјавноста од сите земји додаде и регионални анализи, од кои доаѓаат нашите коментари на експерти од партнери и дека преку овие информации ќе помогнеме различни подрачја, најави за и за подобрување на важни случувања... економските текови и новите бизнис-моменти во овој дел од Европа.“


Капитал број 674 26.09.2012

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

20%

од вкупниот број вработени работат во преработувачката индустрија, објави Државниот завод за статистика

Зоран Милановиќ

премиер на Хрватска

победник на неделата

Тим Кук

+

Американскиот технолошки гигант Епл и неговиот прв човек, Тим Кук, се доказ дека компаниите и во време на криза преку константни иновации и креирање производи какви што им се потребни на купувачите може да постигнат рекордни продажби. Епл е компанијата која докажува дека кризата е време за акција и остварување конкурентска предност на подолг рок. Факт е дека Ајфон на Епл претставува “трендсетер“ на пазарот на “паметни“ мобилни телефони веќе половина деценија и дека овој производ е виновен за успехот на компанијата, но она што го прави Епл посебен е неговата стратегија и начинот на којшто им влегува под кожа на потрошувачите, создавајќи фама за следното големо нешто на “јабокото“. Последниот производ на Епл, Ајфон 5, привлече најголемо внимание кај потрошувачите досега, а тоа ја вивна вредноста на акциите на компанијата на рекордно ниво, со што Епл сега е највредна компанија во историјата на берзите. Прогнозата која за многумина претставуваше илузија - продажба на 10 милиони примероци од Ајфон 5 до крајот на месецов (кој инаку, беше промовиран на 12 септмври) почнува да станува реалност. Реакцијата на купувачите е феноменална, а побарувачката ја надмина почетната понуда уште првата недела од промоцијата на производот.

Владата ќе ја преземе одговорноста за поскапувањето на греењето. Ова поскапување е неопходно и не сакаме одговорноста за него да ја префрламе на други.

8

www.kapital.mk

Нови 118 вработувања по Рамковен

Н

ови 118 службеници ќе се вработат во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Како што претходно објави „Капитал“, во петокот доцна попладнето, на интернет-страницата на Агенцијата за администрација е објавен оглас за нови 118 вработувања по Рамковен. Ваквиот оглас е дел од стратегијата на Секретаријатот за вработување на службеници со кои ќе се исполни утврдената квота од 25% вработени во администрацијата по етничка основа.

Turkmall ќе го гради Era City, кој словен го одложува четири

Иако пред четири години премиерот Никола Груевски заедно со тогашниот словенечки министер за надворешни работи, Димитар Рупел и претседателот на ЕРА, Гвидо Омладиќ, удрија камен-темелник за новиот проект Era City, до ден-денес на Скопскиот саем стои само една огромна дупка пишува:

Биљана Здравковска-Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

фотографија:

Т

фотоархива на Капитал урската компанија Туркмол (Turkmall) ќе го гради проектот Ера сити (Era City), кој словенечката компанија ЕРА, која е сопственик

на Скопски саем го најави уште пред четири години. Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопски саем, вели дека засега не може официјално да ја потврди оваа вест и дека многу скоро управата на пресконференција ќе ги соопшти сите детали за најавената инвестиција. Според првичните најави, трговско– деловниот простор требаше да се простира на површина од 140 илјади метри квадратни, а во неговите рамки е планирано да се


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

НАВИГАТОР

Притоа, ваквата одлука доаѓа во услови кога македонската економија и официјално влезе во рецесија. И додека државите од регионот со рецесијата се спревуваат преку отпуштање службеници од администрацијата, (конкретно Хрватска која најави отпуштање на 10.000 вработени, а претходно тоа го најавија и Србија и Словенија), министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски е дециден: „Не планираме отпуштања во администрацијата“, кратко одговори министерот Ивановски, одговорајќи на прашањето на „Капитал“ дали и земјава размислува за намалување на администрацијата како мерка за справување со кризата.

ди проектот нечка ЕРА ри години

изградат бизнис-зграда, повеќе деловни простории, кои ќе се издаваат на домашни и на странски компании, шопинг-центар, хипермаркет и уште многу други содржини. Туркмол, кој е лидер во регионот во изградбата на трговски центри, веќе има изградено или е во фаза на изградба на шопинг-центри во 17 земји од светот, меѓу кои Турција, Романија, Бугарија, Германија, Босна и Херцеговина, Албанија, Грузија, Русија, Кина, Либија, Мароко, Тунис и уште многу други земји. Словенечката компанија ЕРА го најави проектот “Град во град” уште во 2008 година, кога премирот Никола Груевски и претседателот на ЕРА, Гвид Омладиќ, и официјално го обележаа стартот на изградбата. Но, градежните работи веќе подолго време се стопирани, со објаснување дека глобалната криза го проблематизирала финансирањето на проектот.

ПОчИТувАНИ чИТАТЕЛИ, ве информираме дека поради службено патување на директорот и главен уредник Љупчо Зиков, нова колумна ќе објавиме во следниот број на Капитал! ве молиме за разбирање.

лидери

Суштината на работата е концентрираната енергија.

Валтер Беџхот

С

губитник на неделата

АлеКсАНДАР пАјКОВсКИ

о новата продавница за производите на Епл докажа дека и во Македонија за добар производ купувачите се подготвени да спијат пред вратите на продавница

Х

слАВКО лИНИќ

рватскиот министер за финансии ќе отпушти 20 илјади вработени во јавниот сектор, и донесе закон со кој државата мора да плаќа во рок од 30 дена

не им беше неделата

И

со суштински измени, Димовски не успеа да ги убеди пратениците од мнозинството да гласаат „за“ за предлог законот за земјоделство.

еста за влез на Туркмол ја отвори в можноста дека заедно со Турците на македонскиот пазар може да дојде и

шведскиот бренд за мебел ИКЕА. Туркмол е познат по тоа што во неколку свои трговски центри низ Европа ја внесува и ИКЕА, што беше доволна причина за во Македонија да почнат шпекулациите дека Македонците не мора да одат повеќе во странство за да купуваат евтин мебел од ИКЕА.

мисла на неделата

британски бизнисмен

ЉупчО ДИмОВсКИ

Дали со Туркмол ќе дојде и ИКеА?

9

T

мИТ РОмНИ

ајно снименото видеo во кое Ромни ги омаловажува гласачите на Обама, влијае ем на рејтингот на Ромни, ем на поддршката кај гласачите.

_

НИКОлА ТОДОРОВ Министерот за здравство, Никола Тодоров, освен што ќе остане запаметен како прв министер кој спречи одржување на штрајк, на него ќе се сеќаваме и како единствен министер кој успеа себеси да се издвои од функцијата којашто ја врши. во случајот со поднесувањето тужба против Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар во име на министерот за здравство кој раководи со Министерството, Тодоров не се препозна самиот себе. во изјавата со која министерот се обиде на јавноста да & прикаже дека не е тој оној којшто им забрани на лекарите да си го остварат своето уставно загарантирано право, Тодоров не заборави да се самопофали: “Јас сум семеен човек, воспитан во духот на семејните вредности и етичкото однесување и нема да дозволам кој било да го нарушува мојот личен интегритет и дигнитет како човек, пред сé“. Со ваквиот потег, на Тодоров не му требаат надворешни виновници за нарушувањето на неговиот углед. Откако е на чело на Министерството за здравство министерот собра голем круг од непријатели – преку неговите “упади“ во болниците, предлогот за дефибрилатори во поголемите компании, отказите на неколку директори на клиники, “фармацевтската мафија“, како што ја нарече, а не ја откри...


Капитал број 674 26.09.2012

10

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата... 0,50%

Балканските економии паѓаат

3 фаКти Кти за... К

0,50% Хрватска

Македонија -0,90%

-1,00%

-1,50%

С

-2,20%

-2,50%

Србија

ите економии на Балканот во вториот квартал бележат пад на економската активност и на брутодомашниот производ (БдП). единствено Бугарија успеа да одржи позитивен раст од 0,5%. Најголем пад има Словенија, 2,2%, додека најмал пад, 0,6%, има Србија. Многу земји од регионот со вториот негативен квартал влегуваат во рецесија, што е случај и со Македонија.

светот низ медиумите... Time

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е на насловната страница на њујоршкиот магазин Time. Популарноста на Клинтон повторно доживува раст lll

Die Welt

Грчката криза е во фокусот на германскиот магазин Die Welt. Магазинот пишува за состојбата во грчката економија и констатира дека на Грција & требаат уште пари. Според проценките на весникот, Грција е во “дупка“ од 20 милијарди евра. lll

Financial Review

Кина планира големи инвестиции во австралија. Бизнисмагазинот од Сиднеј анализира што на краток, а што на подолг рок би значело влез на позначителен кинески капитал на пазарот. lll

Бугарски Капитал се занимава со медиумската слобода во Бугарија. Според насловната страница на овој весник, европската унија е загрижена за медиумската слобода во Бугарија. lll

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

1

Владата почнала ревизија на Охридскиот рамковен договор

2

Триглав во Македонија загуби 2,3 милиони евра

3

„Шкода јети“ ќе ги заменат „крајслерите“

4

„Капитал“ открива - 200 нови вработувања во администрацијата?!

20% 28,3%

или најмогу од вкупно вработените во Македонија се во преработувачката индустрија од активното население има максимум основно образование

Виена иншуранс ќе има на од македонскиот осигурит

Со тоа што станаа сопственици на Кјуби Македонија, Виена иншуранс груп сега ќе избијат на првото место според големината на пазарниот колач, со оглед на тоа дека го поседуваат и Винер осигурување. Во врат ќе им дише “словенечкото лоби“, составено од Триглав, со 18,2%; Сава, со 11,3% пазарен удел, како и Еуролинк, со горе-долу ист процент како Сава

Пазар на концентрација на оси 18,50%

18,20%

пишува:

игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

Капитал

68,8%

Бугарија

-2,10%

-2,00%

Албанија

-0,60%

Словенија

-0,50%

-0,90%

0,00%

од активното население во земјава било со статус вработен во вториот квартал од 2012 година

П

фотоархива на Капитал

о аквизицијата на Кјуби Македонија од страна на австриската Виена иншуранс груп (ВИГ), се менуваат односите на македонскиот осигурителен пазар. ВИГ во земјава веќе ja поседува компанијата за неживотно осигурување Винер, која заедно со Кјуби ќе држи најголем дел од пазарниот колач или околу 19%. “Аквизицијата претставува понатамошен чекор на нашата стратегија за подлабок ангажман во регионот на Централна и Источна Европа и исцрпување на потенцијалите за раст во потполност“, вели Петер Хаген, генерален директор на Виена иншуранс груп. Од Винер во Скопје изјавија дека нема да има спојување со Кјуби, туку двете компании ќе продолжат да работат

6,70%

6,80% 7,80% 8,40%

10,90%

посебно на пазарот, како дел од иста групација. На осигурителниот пазар, кој во 2011 година вредел 110 милиони евра, Винер и Кјуби заедно имаат 21,2 милиони евра бруто-полисирана премија, вклучувајќи го и животното осигурување на втората компанија на ВИГ во Македонија, Винер лајф. Следува словенечки Триглав, со 18,2% учество на пазарот, односно бруто-полисирана премија од 20,2 милиони евра, Еуролинк и Сава со по 11,3%, Осигурителна полиса со 8,4% итн. Интересна ќе биде борбата за лидерство на осигурителниот пазар во иднина, со оглед на тоа што тесна е разликата меѓу пазарното учество на


МБИ10

3.000

МБИД

2.800 2.600 2.400

www.kapital.mk

2.000

прОЦенки...

ТОп весТи...

крисТин Лагард

директор на Меѓународен монетарен фонд

мби 10

П

родолжуваме со прогнозите за постепено стабилизирање на светската економија, но растот ќе биде помал отколку што очекувавме во јули годинава. Загрижуваат трајните белези оставени од безработицата, најмногу во Грција и во Шпанија, како и должничкиот товар, особено на европските држави што се без финансиска помош.

Еуролинк

11,40% 11,30%

Сава Кјуби Осигурителна полиса

Винер Уника Евроинс Останати

ВИГ сосе новата аквизиција и она на Триглав. Карактеристично е што Винер има забрзан раст на брутополисираната премија откако пред четири години е во сопственост на Австријците, и тоа 23,3% во 2010 година и 41% минатата година, а со тоа и пазарното учество од 5,81% во 2010 година на 8,4% лани. Кјуби има пад на пазарното учество од 12,73% во 2010 година на 11,8% лани, додека Триглав од 20,55% пред две години (под тогашното име Вардар осигурување) лани паднал на 19,7% удел во пазарниот колач.

2.800

2.400

МБИ 10

2.200

милиони евра ќе имаат македонските компании на располагање за иновации и за поголем раст преку регионалниот проект “Платформа за развој на компании и иновации“

Јанис буТарис

Триглав

3.000

2.600

145 ајголем дел

игурителите

1.800 06/10 10/10 02/11 05/11 09/11 12/11 04/12 08/12

берза

растот на светската економија ќе биде помал

телен колач

60 секунди брифинг

2.200

повеќе од 6 илјади грчки фирми се преселија во бугарија

Ј

анис Бутарис, градоначалникот на Солун, објави дека повеќе од шест илјади фирми со седиште во Солун и околината ги префрлиле своето работење во Бугарија. Причината за нивното заминување од Грција, според Бутарис, се ниските даноци и пониските плати во Бугарија. Очигледно Македонија и покрај тоа што има ниски даноци и ниски трошоци за плати не е интересна за грчките фирми, бидејќи засега нема тренд на преселба на грчки фирми во нашата земја.

капиТаЛ дОби прва награда за пОкриваЊе Теми Од ОбЛасТа на ОдрЖЛива енергиЈа

И

гор Петровски, уредник во Капитал Медиа Гроуп, ја доби првата награда за најдобро медиумско покривање во областа на енергетската ефикасност во рамки на Програмата на ЕБОР за финансирање на обновлива енергија во Западниот Балкан. Од мај годинава Фондот за одржлива енергија за Западен Балкан (WeBSEFF) објави конкурс за најдобра медиумска покриеност за енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Целта на натпреварот е да се подигне свеста и да се испровоцираат јавни дискусии на оваа тема. Според конкурсот, новинарските текстови треба да содржат релевантните политики и примената на обновливите извори на енергија во Западен Балкан, покривање на релевантна политика, технологии, случувања релевантни за енергетска ефикасност на комерцијалните институции и / или бизниси... “Особено ми е драго што оваа награда ја добивам на денот кога Капитал слави роденден, 13 години работа, а признанието може само да биде поголем поттик за мене и моите колеги, да продолжиме со покривање на теми кои што значат побрз економски развој за Македонија и подобар живот за сите нас“, изјави Петровски по повод наградата.

исправка

Во претходниот број на магазинот “Капитал“ објавено е интервју со професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Мирољуб Шукаров. Направена е ненамерна грешка во неговата функција и наместо проректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, професорот е потпишан како ректор. Им се извинуваме на читателите за направената грешка.

1.826,73

2.000

МБИ 10 1.800

06/10 10/10 02/11 05/11 09/11

2010/2012 Max. 2.827,62 МБИ10 10 2010/2012 Min. 1.847,52 МБИ МБИ 10 МБИ 10 2010/2012 Max. 2.827,62 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 Min. 1.847,52 КЈУБИ 2010/2012 Max. 2.827,62 2010/2012 Праволиниско движење Max. со мали2.827,62 МБИ 10 2010/2012 Max. 2.827,62 2010/2012наДОБИТНИК Min. имаше 1.847,52 Min. 1.847,52 амплитуди индексот МБИ-10 2010/2012 Max. 2.827,62 НАЈГОЛЕМ 2010/2012 Min. 1.847,52 последната недела на Македонската 2010/2012 Min. 1.847,52 КЈУБИпо лошата претходна берза, недела. +144,00 +9,94% НАЈГОЛЕМ10ДОБИТНИК ДОБИТНИК НАЈГОЛЕМ Најдобрите македонски компании, кои НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 Max. 2.827,62 инаку се и најтргувани на Берзата, го КЈУБИ НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК КЈУБИ КЈУБИ 2010/2012просекот на цените Min. без 1.847,52 одржуваат најави НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК +144,00 +9,94% заКЈУБИ некои посериозни скокови или падови. Тиквеш НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК +144,00 +9,94% +144,00 +9,94% НАЈГОЛЕМ КЈУБИ +144,00 ГУБИТНИК +9,94% +144,00 +9,94% Тиквеш -249,00 -16,06% НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Тиквеш ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ Тиквеш +144,00 +9,94% Тиквеш Тиквеш -249,00 -16,06% DOW JONES НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК -249,00 -16,06% -249,00 -16,06% Тиквеш -249,00 -16,06% DOW JONES -249,00 -16,06%

1.826,73 1.826,73 1.826,73 1.826,73 1.826,73 1.588,00 1.826,73 1.588,00 1.588,00 1.588,00 1.588,00 1.588,00 1.301,00 1.588,00 1.301,00 1.301,00 1.301,00 1.301,00 1.301,00 1.301,00

DOWJONES JONES DOW -249,00 DOW JONES

DOW JONES 13.500

-16,06%

13.000 12.500 13.500 12.000

DOW JONES

DOW JONES

13.000 11.500 12.500 13.500 13.500 11.000 13.500 12.000 13.000 13.000 13.500 10.500 13.000 11.500 12.500 12.500 13.000 10.000 12.50007/07 11.000 12.000 12.000 12.500 12.000 10.500 11.500 11.500 13.500 12.000 11.500 10.000 11.000 11.000 13.000 11.500 11.00007/07 10.500 10.500 12.500 11.000 10.500 10.000 10.000 12.000 10.500 10.00007/07 07/07 11.50007/07 10.000 07/07

11.000

21/08

05/10

19/11

03/01

17/02

21/08

05/10

19/11

03/01

17/02

21/08 05/10 05/10 19/11 19/11 03/01 03/01 17/02 17/02 21/08 21/08 05/10 19/11 03/01 17/02 21/08 05/10 19/11 03/01 17/02

13.579,50

10.500 10.000

07/07

21/08

05/10

19/11

-0,13% 03/01 17/02

Третата работна недела од месец септмеври донесе позитивен биланс на клучните берзански индекси-0,13% на ДРУГИ ПАЗАРИ берзите во САД. Трговците со хартии од вредност направија профит кој може да FTSE 100 5.822,68 -0,51% -0,13% -0,13% го покрие лошиот старт на месецов. -0,13%

13.579,50 13.579,50 13.579,50 13.579,50 13.579,50

Nikkei225 ДРУГИ ПАЗАРИ S&P 500 FTSE 100ПАЗАРИ Nasdaq ДРУГИ ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ Nikkei225 DAX ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ S&P 500 FTSE 100 FTSE 100 TOPIX100 FTSE Nasdaq Nikkei225 Nikkei225 FTSE 100 Nikkei225 DAX S&P500 500 S&P Nikkei225 ДРУГИ S&P 500ПАЗАРИ TOPIX Nasdaq Nasdaq S&P 500 ВАЛУТИ Nasdaq DAX 100 FTSE DAX Nasdaq DAX TOPIX Nikkei225 TOPIX DAX Фунта евро TOPIX ВАЛУТИ S&P 500 TOPIX СТАПКА Nasdaq ВАЛУТИ ВАЛУТИ DAX Фунта евро 1,2550 ВАЛУТИ ВАЛУТИ TOPIX ПРОМЕНА

9.069,29 -0,13% -0,45% 1.460,15 -0,01% 5.822,68 -0,51% 3.179,96 +0,13% 9.069,29 -0,45% 7.399,72 -0,13% -0,70% 1.460,15 -0,01% 5.822,68 -0,51% 5.822,68 -0,51% 753,58 -0,36% 5.822,68 -0,51% 3.179,96 +0,13% 9.069,29 -0,45% 9.069,29 -0,45% 5.822,68 -0,51% 9.069,29 -0,45% 7.399,72 -0,70% 1.460,15 -0,01% 1.460,15 -0,01% 9.069,29 -0,45% 1.460,15 -0,01% 753,58 -0,36% 3.179,96 +0,13% 3.179,96 +0,13% 1.460,15 -0,01% 3.179,96 +0,13% 7.399,72 -0,70% 5.822,68 -0,51% 7.399,72 -0,70% 3.179,96 +0,13% 7.399,72 -0,70% 753,58 -0,36% 9.069,29 -0,45% 753,58 -0,36% 7.399,72 -0,70% евро долар 753,58 -0,36% 1.460,15 -0,01% 753,58 -0,36% 3.179,96 СТАПКА +0,13% 7.399,72 -0,70% евро долар 1,2912 753,58 ПРОМЕНА -0,36%

13.579,50 други пазари

VALUTI

£ €

СТАПКА

Фунта евро евро Фунта +0,36% Фунта евро 1,2550 Фунта СТАПКА евро СТАПКА ВАЛУТИ ПРОМЕНА СТАПКА СТАПКА

1,2550 1,2550 +0,36% 1,2550 ФЈУЧЕРСИ ПРОМЕНА ПРОМЕНА 1,2550 Фунта евро ПРОМЕНА ПРОМЕНА +0,36% +0,36% СТАПКА +0,36% ЗЛАТО ФЈУЧЕРСИ +0,36% 1,2550

1.762,20 ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО FJU^ERSI ФЈУЧЕРСИ +0,36% ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО ЗЛАТО 1.762,20 ZLATO ЗЛАТО ЗЛАТО Нафта Брент ФЈУЧЕРСИ 1.762,20 1.762,20 1.762,20 110,16 1.762,20 Нафта Брент ПРОМЕНА

ЗЛАТО

110,16 1.762,20 110,16 110,16 110,16 110,16

€ $ СТАПКА

евро долар долар евро -0,53% евро долар 1,2912 евро долар СТАПКА СТАПКА ПРОМЕНА СТАПКА

СТАПКА 1,2912 1,2912 -0,53% 1,2912 ПРОМЕНА ПРОМЕНА 1,2912 евро долар ПРОМЕНА ПРОМЕНА -0,53% -0,53% СТАПКА -0,53% -0,53% 1,2912 ПРОМЕНА

-0,53% -0,89% -0,89% -0,89% -0,89% -0,89% -1,13% -0,89%

Нафта Брент Брент Нафта Нафта БрентBRENT NAFTA Нафта Брент -1,13% Нафта Брент

110,16

-0,89% -1,13% -1,13% -1,13% -1,13%

пОдаТОЦиТе се Од ден 24.09.2012 дО 15ч.

-1,13%

3.300 3.100 2.900 2.700 2.500 2.300 2.100 1.900 1.700 07/10 10/10 0


Капитал број 674 26.09.2012

12

www.kapital.mk

воведник

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Колку бизнисмените ја сфатија суштината на пораката за промени и иновации во своето работење? Колку навистина размислуваат да направат промени во менаџментот, колку размислуваат за нови производи, за нови извозни пазари, за додадена вредност, за нови и квалитетни луѓе, за едукација...? Многу од бизнисмените веќе коментираат дека премиерот си дал премногу право да ги кара како мали деца. Многу менаџери-газди кои се на чело на компаниите над 10, 15 години се уверени дека тие се најдобрите и дека го прават најдоброто за своите компании, а дека државата е таа којашто недоволно прави за компаниите. Токму затоа, економскиот неуспех на Македонија има и социолошки карактер и затоа, без промена на менталитетот, нема да има промена ниту на економски план

Владата направи потег. Ќе има ли акција од бизнисмените?

Б

изнисмените конечно го слушнаа она што сакаа да го слушнат од Владата. Премиерот прилично храбро и отворено им кажа дека планира во следните пет месеци или до крајот на февруари целосно да се раздолжи со компаниите и да продолжи навреме да ги плаќа обврските. Иако досега доцнењето со враќањето на ДДВ и задоцнетото плаќање на обврските на државата не се признаваше јавно и многу вешто се избегнуваше како проблем, Владата одеднаш реши да го смени курсот. Дали премиерот конечно сфати дека ова е проблемот на проблемите во македонската економија или притисокот на бизнисмените веќе е прилично силен? Или можеби полицајците на ММФ и Светската банка конечно побараа тајните долгови да станат јавни и видливи во буџетот? Како и да е, ова е потег со којшто бизнисмените би требало да бидат задоволни, ако навистина доцнењето на ДДВ и долговите од државните институции им било најголем проблем, како што тврдеа досега. Дилемата и недовербата која сега постои кај многумина од менаџерите и кај директорите на македонските компании е како и дали Владата навистина ќе го направи тоа. Иако буџетот се полни прилично тешко, а уште потешко е да се најдат пари од странство, премиерот рече дека парите веќе биле обезбедени. Владата планира да се раздолжува со компаниите така што ќе се задолжи во странство, и тоа по прилично ниска камата од 4,5%, за што веќе Светската банка се согласила да даде гаранција. Се чини дека тоа беше тоа што го бараа бизнисмените - да се стават свежи пари во економијата без да има поголеми кратења во буџетот или зголемување на даноците, кои во рецесија би делувале уште полошо врз економијата. Премиерот, барем засега, тоа изричито го отфрли. Нема да се зголеми ниту еден данок, нема да се забавуваат или да се одложуваат градежни инфраструктурни проекти и нема да има отпуштања во јавниот сектор или кратења на нивните плати, на пензиите и на социјалната помош. Напротив, тој најави интензивирање на изградбата на патишта, термоцентрали, рудници...

И претходно беше јасно дека ако долговите на државата се стават во буџетот, буџетскиот дефицит ќе биде поголем од досегашните 2,5% од бруто-домашниот производ. Сега дефицитот во буџетот ќе биде 3,5%, што и не е никаков проблем ако се обезбедат пари за негово покривање, како што премиерот веќе најави дека се обезбедени. Можеби рејтингот на Македонија потоа ќе се намали, но тоа полесно ќе го преживееме ако се знае дека со овој потег ќе се спасат многу фирми од банкрот и ќе се сочуваат многу работни места. И дефинитивно ќе се реши проблемот којшто им создаваше многу главоболки на бизнисмените. Еве, да земеме дека државата ќе се раздолжи со компаниите и нема веќе да должи со повратот на ДДВ. Што правиме со домашната задача на компаниите? Премиерот во своето завршно обраќање прилично јасно им стави на знаење на бизнисмените дека државата колку и да помага, ако не се случат потребните промени внатре во компаниите и ако менаџерите не бидат во чекор со времето и со конкуренцијата, сигурно ќе останеме сиромашни, неразвиени и неуспешни. Колку бизнисмените ја сфатија суштината на пораката за промени и иновации во своето работење? Колку навистина размислуваат да направат промени во менаџментот ако тој не раководи успешно со фирмата, колку размислуваат за нови производи, за нови извозни пазари, за додадена вредност, за нови и квалитетни луѓе, за едукација...? Многу од бизнисмените веќа коментираат дека премиерот си дал премногу право да ги кара како мали деца. Многу менаџери-газди кои се на чело компаниите над 10, 15 години се уверени дека тие се најдобрите и дека го прават најдоброто за своите компании, а дека државата е таа којашто недоволно прави за компаниите. Токму затоа, економскиот неуспех на Македонија има и социолошки карактер. Многупати досега се покажало дека не е с$ во парите. И затоа, без промена на менталитетот, нема да има промена ниту на економски план. И како што рече премиерот, државата ќе помага колку што може, но дали бизнисмените конечно ќе сфатат дека е потребна акција и од нивна страна? Оти едното без другото не носи успех.


Капитал број 674 26.09.2012

www.kapital.mk

story 14 cover cover story

Владата се раздолж

2011

Мај

6,4% -6,9%

-4,1%

-7,2%

-8,8%

-8,0%

-5,4%

-4,8%

-5,3%

-6,9%

-4,7%

-12,3%

-17,6%

-28,4%

-4,8%

-5,4%

-17,2%

-0,4%

п

Септ. Окт. Ноем. Дек. Јан. Фев. Март Апр.

-3,8%

Производството во индустријата паѓа веќе 11 месеци по ред -2,3%

0,9%

Извозот паѓа седум месеци континуирано

14,3%

23,0%

25,6%

на потег се бизнисм 1 кв.

Јуни Јули

2012

ремиерот никола Груевски пред околу 700 бизнисмени вети дека до крајот на февруари Владата ќе ги врати сите долгови кон стопанството и дека нема повеќе да се доцни со враќањето на ддВ. ова е прилично

авг.11 сеп.11 окт.11 ное.11 дек.11 јан.12 фев.12 мар.12 апр.12 мај.12

јун.12

јул.12

храбро ветување со конкретни рокови, какво што бизнисмените бараат и очекуваа. “капитал“ контактираше со повеќе менаџери и сопственици на фирми, со економски експерти, професори, политичари и со претставници на синдикати со цел да ги слушне нивните ставови за ветувањата и мерките кои ги соопшти премиерот, за


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

cover story

15

жуВа со компаниите.

мените! извор: државен завод за статистика

2011

4 кв.

-0,9%

3 кв.

-1,3%

0,9%

2 кв.

1,2%

3,7%

БдП во вториот квартал од 2012 падна 0,9%

1 кв.

2 кв. 2012

начинот на којшто Владата планира да се раздолжи со стопанството, за најавеното интензивирање на изградбата на инфраструктурните проекти и за пораките до бизнисмените да бидат похрабри и поиновативни во време на криза

Предизвици во 2013 година XX Да се вратат долговите на државата кон компаниите до крајот на февруари 2013 година; XX Да не се повтори во иднина проблемот со доцнење на повратот на ДДВ; XX Да се одржат здравите макроекономски политики и спроведување на реформите, одржување ниски стапки на даноци и придонеси; XX Засилено вложување во инфраструктурни проекти; XX Зголемување на пензиите и на социјалната помош за 5% почнувајќи од март 2013 година; XX Нема отпуштања во јавниот сектор; XX Зголемувањето на платите во јавната администрација се замрзнува една година; XX Денарот и банкарскиот систем ќе останат стабилни; XX Компаниите да бидат поиновативни и да бараат нови пазари за извоз; XX Демографијата и намалениот наталитет стануваат сериозен економски проблем.


Капитал број 674 26.09.2012

16

www.kapital.mk

cover story нашата перспектива е во луѓето, тоа значи работа, учење и одење напред.“

Бранко Азески

претседател на Стопанска комора на Македонија

“Голема доблест е човек да ги признае сопствените грешки и да понуди решение за нив. Претседателот на Владата со своето обраќање даде доза оптимизам за сите нас за наредната година. Од денешното негово излагање ќе ни останат во глава неколку работи, а тоа се изградба на автопатишта, модернизација на пругата, почнување нови хидроелектрични централи, гасификација на Македонија и расчистување на долговите на државата по основ на враќање на ДДВ и по основ на обврските на буџетските институции кон компаниите. Оптимизмот со овие стратешки определби за Македонија во услови на тешка криза, која се очекува и следната година, треба да биде силен мотивациски фактор за сите нас, дека можеме да & се спротивставиме на кризата.“

Мендерес Кучи

претседатател на Стопанска комора на Северозападна Македонија

“Максимално сме задоволни од настапот на премиерот, правилно се детектирани проблемите. Премиерот ни вети билатерални средби каде што ќе најдеме решение на конкретни проблеми. Единствено е симптоматично од каде би се нашле толку пари ако од една страна, се најавува покачување на пензиите и на субвенциите, а станува збор за пари кои во моментов недостигаат. Но, нема причина да не му веруваме на премиерот. Новина беше вистинската дикција на премиерот за наталитетот кој ни опаѓа низ годините. Навистина, пишува:

Катерина Попоска

katerina.poposka@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

Д

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

оцнењата во повратот на ДДВ и плаќањето на фактурите од буџетските институции постапно ќе се намалуваат, со цел до крајот на февруари 2013 година овој проблем целосно да се надмине. Нашата цел и ветувањето кое ви го давам денеска е до крајот на ноември да завршиме половина од оваа наша цел, а до крајот на февруари проблемот да биде целосно елиминиран. Средствата за реализација на ова ветување се обезбедени”, изјави

Константинос Даскалакис

генерален извршен директор на Фени индустри

“Целосната исплата на ДДВ е една од најбитните мерки што и е потребна на индустријата и од која сериозно зависи ликвидноста на целосно извозно ориентираните компании. Во кризни времиња најважно е да се преживее, а ликвидноста е клучот за суштински опстанок на компаниите. Имајќи предвид дека повеќето прогнози предвидуваат одолжување на кризата, на компаниите им преостанува и понатаму да наоѓаат решенија за понатамошно кратење на трошоците, зголемување на продуктивноста, но еднакво важно е во исто време државата да ја поддржи индустријата со подобрување на инфраструктурата, железничка и патна, со што ќе се намалат транспортните трошоци и за што, на наше задоволство, веќе има најава, а тука исто така ќе ја споменам и инцијативата што ја заговараме ние како индустрија како краткорочно решение, да се пролонгира воведувањето на часовното балансирање на електричната енергија, за што во моментов с$ уште не постојат услови, а сериозно ќе им ја отежне финансиската состојба на квалификуваните потрошувачи ако прерано се воведе.”

Антони Пешев

директор на Ултра компјутери

“Задоволни сме што Владата за прв пат проговори за проблемите кои се во реалниот сектор. Од премиерот беа понудени решенија кои значат мало задоцнување

премиерот Никола Груевски во своето обраќање за предизвиците во 2013 година пред речиси 700 бизнисмени од земјава, директори и сопственици на големи, средни и на мали фирми. Ова е прилично храбро ветување со конкретни рокови какво што бизнисмените бараат и очекуваа, коешто донесе оптимизам кај компаниите. Останува да видиме до кога ќе трае овој оптимизам, бидејќи само еден ден по најавите на премиерот бизнисмените веќе почнаа да се сомневаат дали ветувањето ќе биде остварено. “Капитал“ контактираше со повеќе менаџери и сопственици на фирми, со економски експерти, професори, политичари и со претставници на синдикати со цел да ги

во однос на законски одредените рокови, меѓутоа сепак, се благ сигнал дека на проблемот му се пристапува со конструктивност и се надеваме дека тоа ќе значи мало релаксирање на состојбата со неликвидноста во државата. Она што е важно е дека ова е добар сигнал за продолжување на проектите кои се во фаза на ревизија во однос на темпото со коешто ќе се реализираат, зашто оваа неликвидност која постоеше во државата се закануваше да ја намали вкупната економска активност. Без вакви мерки и без серија дополнителни, мислам дека тешко ќе бидат остварени таргетите за БДП над нулата.“

Шефки Идризи

сопственик и директор на Ренова

“Најавата за раздолжување со компаниите и елиминирање на доцнењето на ДДВ е промена која бизнисот долго ја очекува и која ќе придонесе за да се откочат многу процеси во економијата. Сега е голема криза и ненавременото враќање на ДДВ им создава многу проблеми на компаниите и ќе им помогне на компаниите да дојдат до пари, наместо да бараат кредити и да плаќаат камати, кои и така тешко се добиваат. Ако Владата навистина го направи она што го ветува, да се раздолжи со стопанството и да почне навреме да го враќа ДДВ, тоа многу ќе им помогне на компаниите. Но, останува да видиме дали навистина ќе биде така, зашто досега од политичарите се кажани многу работи кои не се оствариле. Во однос на пораките на премиерот дека компаниите треба да се насочат повеќе кон извоз и кон освојување нови пазари, јас можам да кажам дека Ренова веќе работи со таа филозофија. Се трудиме што повеќе да извезуваме и да станеме

слушне нивните ставови за ветувањата и мерките кои ги соопшти премиерот, за начинот на којшто Владата планира да се раздолжи со стопанството, за најавеното интензивирање на изградбата на инфраструктурни проекти и за пораките до бизнисмените да бидат похрабри и поиновативни во време на криза. Најголем дел од бизнисмените го одобруваат и го фалат она што го кажа премиерот во своето обраќање. За многумина ова е новата програма според која Владата треба да продолжи да работи. Велат дека ако Владата навистина го исполни ветувањето за раздолжување со компаниите, тоа ќе откочи многу процеси и ќе внесе свежи пари во економијата, што ќе им даде простор за полесно да се посветат на планирање на идните

активности. Повеќето бизнисмени позитивно ја оценија и најавата за нови 100 милиони евра кредит од Европската инвестициска банка, кои ќе бидат достапни веќе од следната година по субвенционирана каматна стапка од 5,5%. Ниту еден од бизнисмените не се залажува дека ова ќе биде решението на сите проблеми со коишто се соочуваат. Сите се свесни дека пред македонските компании стојат многу тешки предизвици и дека за нивно надминување ќе бидат потребни многу труд и големи промени во досегашното работење. Како и да е, ова е потег со којшто бизнисмените би требало да бидат задоволни, ако навистина доцнењето на ДДВ и на долговите од државните институции им биле најголем проблем, како


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

cover story посилна компанија, да извезуваме на што подалечни пазари.“

Максим Прохоров

директор за инвестиции во рудникот Саса

“Најавите од премиерот се позитивни и не само што очекувам дека ќе придонесат во финансиска смисла, туку тие и морално ги охрабрија компаните да вложуваат и во време на криза. Она што го слушнавме од премиерот дека треба да отвораме нови пазари, да го зголемуваме извозот, да инвестираме и во тешки времиња се поистоветува со начинот на којшто се работи во Саса. Ние и во време на криза не го намаливме производството, не ни се намали пласманот и не отпуштивме вработени. Навремениот поврат на ДДВ особено ќе ни олесни за понатаму, како да најдеме пари за да ги реализираме инвестициите. Во вакви кризни времиња говорот на премиерот, всушност, станува програма за работа на Владата во следниот период.“

Јован Дабевски

сопственик и директор на Млекарница Здравје Радово

“Се согласувам со анализата на состојбите во економијата од 2006 година до денеска која ја образложи премиерот. Во целата ситуација јас лично се пронаоѓам и напорите кои ги правам за раст на компанијата. Пред с$, тоа се нови инвестиции, зголемување и модернизација на производството и освојување нови пазари, како притисок за справување со кризата. Тоа е единствениот начин на којшто една компанија може да & се спротивстави на кризата, а не со жалење и со што тврдеа досега. Дилемата и недовербата која сега постои кај многумина од менаџерите и кај директорите на македонските компании е како и дали Владата навистина ќе го направи тоа, посебно имајќи ги на ум црните прогнози за европската економија, за кои зборуваше и самиот премиер. Иако буџетот се полни прилично тешко, а уште потешко е да се најдат пари од странство, премиерот рече дека парите веќе биле обезбедени. Според него, Владата планира да се раздолжува со компаниите така што ќе се задолжи во странство. Светската банка веќе се согласила да & помогне на Македонија со издавање специјална гаранција со којашто ќе може да се задолжи на меѓународниот пазар со релативно ниска камата од

17

неработење. Јас сум оптимист во врска со најавените мерки од страна на премиерот.“

извозот, да се промовираме на светските саемски манифестации...“

Драган Манаилов

директор на Раде Кончар ТЕП

управител на градежна компанија Синтек

“Мерките кои ги вети и ги најави премиерот се одлични. Сега останува да се реализираат. Ако се реализираат инвестициите во инфраструктурата и ако Владата, како што најави премиерот, го врати долгот кон стопанството, тоа ќе биде инјекција за целото стопанство, посебно за градежниот сектор, кој повлекува дури 70% од целата економија. Ваквите мерки даваат оптимизам кај компаниите и се надевам дека ќе се реализираат. Само на тој начин можеме да очекуваме раст на целата економија.“

Глигор Цветанов

извршен директор на Макпрогрес

“Сите најави од премиерот се позитивни. Ние сме компанија која е извозно ориентирана и побаруваме поврат на ДДВ за плаќањата кои ги имаме при увоз на репроматеријалите, стоките и на услугите. Со најавата за целосно враќање на долговите на државата кон компаниите до февруари полесно ќе можеме да размислуваме за ширење и инвестиции. На тој начин ќе се подобри и ликвидноста на компаниите. Одлична е и најавата за новиот кредит во висина од 100 милиони евра од ЕИБ за следната година. Иако ние досега не сме имале проблем со банките, овој кредит е одлична конкуренција за кредитите кои ги даваат комерцијалните банки. На компаниите им останува предизвикот да отвораме нови пазари, да го шириме

4,5%. За да не се случи повторно доцнење во исплатата и повратот на ДДВ, премиерот Груевски најави дека ќе бидат направени и измени во фискалната политика за 2013 година. “Наша цел е Македонија и понатаму да биде земја со низок буџетски дефицит, и покрај тоа што се предвидува мало зголемување на буџетскиот дефицит за околу 1% оваа година и за околу 1% следната година, што значи буџетски дефицит од 3,5% за 2012 и 2013 година, со тенденција за негово понатамошно намалување“, истакна Груевски. Премиерот признава дека овие измени можеби ќе го намалат рејтингот на Македонија, но она што е поважно во случајов е дека ќе го решат проблемот со доцнењето на плаќањето

Аце Антевски

“Како стопанственик, се надевам дека она што го вети премиерот во однос на навременото враќање на ДДВ ќе се исполни. На тој начин ќе можеме да се концентрираме на подобро работење во иднина, период кој нема да биде воопшто лесен. Најавениот кредит од ЕИБ од 100 милиони евра за следната година е одлична работа. Кредит со каматна стапка од 5,5% во време на криза тешко може да се најде. Особено е поволен ако се искористи за купување опрема, машини... Периодот што следува ќе биде тежок, но ние се бориме колку што можеме. Во вакви околности извозот оди потешко, но предизвикот е пред нас.“

Сашо Наумоски

генерален директор на Витаминка

“За поздравување е заложбата на Владата за навремено сервисирање на обврските. Ние последнава година и немавме некои доцнења на повратот на ДДВ, бидејќи с$ беше во граници на толерантност. Парите од повратот на ДДВ ни се планирани за плати, за придонеси, за тековно работење... Н$ очекува неизвесен период. Практички, последните 3-4 години ние постојано работиме во страв, без поголеми инвестиции. Државата треба да ни обезбеди добри услови на работа, а понатаму на нас, на менаџерите, останува да наоѓаме нови пазари, да смислуваме стратегии, да обезбедиме раст и развој, да бидеме конкурентни, да отвораме и нови бизниси... Никој

и повратот на ДДВ и ќе помогнат да се зачуваат многу работни места во земјава. Се чини тоа беше тоа што го бараа бизнисмените. Да се стават свежи пари во економијата без да има поголеми кратења во буџетот или зголемување на даноците, кои во рецесија би делувале уште полошо врз економијата. Премиерот тоа, барем засега, строго го отфрли. Нема да се зголеми ниту еден данок, нема да се забавуваат или да се одложуваат градежни инфраструктурни проекти и нема да има отпуштања во јавниот сектор или кратења на нивните плати, на пензиите и на социјалната помош. Напротив, се најави интензивирање на изградбата на патишта, термоцентрали, рудници...

Во игра се две сценарија

Премиерот Груевски потенцираше дека Македонија нема да може да ги избегне во целост негативните влијанија од европската економска криза и дека ризиците ќе продолжат и во следната 2013 година. “Слабостите на европската економија и во следниот период ќе влијаат негативно врз извозот и врз растот на македонската економија. Во услови на неповолно влијание на европската криза, позитивно е што македонската економија не��а дебаланси какви што има во други земји, како превисок буџетски дефицит и јавен долг, висок дефицит на тековната сметка на платниот биланс”, изјави Груевски и потенцираше дека во игра се две сценарија за излез од кризата. Првото


Капитал број 674 26.09.2012

18

www.kapital.mk

cover story

не бара и не очекува Владата да ја врши работата за којашто се одговорни менаџерите.“

Виктор Петков

сопственик и директор на Випро

“Повратот на ДДВ беше рак–рана за сите компании и за целата економија, а најавата дека ќе бидат исплатени сите долгови на стопанството по овој основ дефинитивно ќе ја дигне домашната економија. Иако малку е задоцнета одлуката, бидејќи голем дел од компаниите поради недостиг од обртни средства драстично го намалија производството и со тоа се направи голема штета на целото стопанство, сметам дека резултатите ќе можеме да ги видиме на почетокот на следната година. Она што ни беше скратено со повратот на ДДВ, односно развојот на компаниите преку намалувањето на обртните средства, сега повторно како свежи пари ќе влезе во стопанството и тековите повторно ќе се нормализираат. Инвестиции во инфраструктурата секако се најнеопходни, но овие најави ги слушаме со години, а реализација нема.“

Данило Николовски

сопственик на Ролопласт

„Достапноста до средства е дефинитивно најголем проблем на компаниите, и ако тие ги добијат и преку повратот на ДДВ, тоа би предизвикало раздвижување на економијата. Тој процес е веќе почнат, бидејќи сите на кои ни е вратен барем дел од ДДВ знаеме каков стимул веднаш дават тие, условно речено нови пари. Не сум оптимист дека баш сите компании ќе ја пребродат кризата и покрај мерките на Владата. сценарио предвидува бавно излегување од кризата на еврозоната и остварување ниски стапки на раст во следните неколку години. Во ова сценарио, рече Груевски, македонската економија ќе оствари нешто подобри резултати од просекот на европските земји, но стапките на раст на БДП

Некој едноставно не е роден за бизнис и ако крпел во нормални услови, во малку покомплицирана ситуација веднаш ќе се изгуби.“

Борис Маџунков

генерален директор на Конти хидропласт

“Конти хидропласт е сериозно засегната со проблемот на доцнење на повратот на ДДВ, бидејќи недостигот од овие средства го наруши нормалниот тек на функционирање на бизнисот. Ликвидноста на компанијата опадна и бевме принудени да работиме со многу мала добивка. Не се сомневам дека ветувањата на премиерот ќе бидат реализирани, иако мора да признаам дека бев пријатно изненаден што премиерот отворено разговараше за оваа тема. Досегашната практика покажува дека Владата досега успешно се справува со проблемите, затоа сум сигурен дека и ова ќе се реши. Но, сметам дека од клучна важност е донесеното решение да биде трајно.“

Момчило Ивановски

сопственик и директор на Бонум

“Кризата во Европа не влијае врз Бонум и ние немаме намалени нарачки од странство, туку напротив, имаме зголемена побарувачка. Проблемот за Бонум не е во пласманот, туку во обртните средства. Ние сме извозници, а основните суровини ги набавуваме со 18% стапка на ДДВ, додека на домашниот пазар продаваме со стапка на ДДВ од 5%, а на странскиот со 13%. Парите за поврат на ДДВ ги чекаме по неколку месеци, што е голем проблем за реализирање на тековното производство. Ако навреме се сервисираат долговите на државата,

оваа и следната година ќе се движат меѓу 1% и 2%, што е помалку од потенцијалниот раст на економијата. Второто сценарио пак, се заснова на проекциите дека Европа ќе излезе од кризата кон средината на следната година. Во тој случај земјава ќе може посериозно да ги почувствува резултатите од

како што вети премиерот, тоа ќе биде за нас една многу добра инјекција. Иако февруари како рок е малку доцна, дотогаш има шест месеци, бидејќи нам во моментов ни се потребни свежи пари. Конзервната индустрија еднаш годишно прави обрт на парите, односно токму сега ни се потребни пари за набавка на суровина и за производство.“

Ѓорче Тодоровски

сопственик на ТТ Пласт

“За поздравување е ветувањето на премиерот дека државата редовно ќе ги сервисира своите обврски по основ на невратен ДДВ, неплатени фактури кон фирмите и сл. Битно е да не се продолжи во иднина со политиката на нередовно враќање на ДДВ, бидејки од една страна, кај компаниите иритира што мора редовно да си ги плаќаат своите обврски кон државата, а од друга страна, стојат побарувања за ДДВ заробени со месеци, па компаниите за да си ги платат обврските кон државата и другите, посегаат по скапи кредити од банките. Се надевам дека Владата и понатаму ќе продолжи со зголемување на мерките за стимулирање на стопанството, односно кај компаниите ќе создаде оптимизам за преземање чекори во контекст на подобрување на конкурентноста и поактивен извоз на пазарите во Европа и надвор.“

Слободан Кутревски

сопственик на Пекабеско

“Многу позитивно ја оценувам најавата на премиерот Груевски дека државата ќе се раздолжи кон фирмите во следните шест месеци. Мислам дека штом го кажал тоа пред 700 луѓе од бизнис-секторот, мора да е сигурен во себе дека Владата и навистина ќе го стори тоа. Сега е битно државата да се погрижи во иднина да не дојде до таква ситуација повторно, да се најдат начини

реформите за подобрување на бизнис-климата и на конкурентноста на економијата, рече премиерот.

Нема да има повисоки даноци, пензиите и социјалата се зголемуваат за 5% Според Груевски, во овој момент особено е важно

Македонија да продолжи со реформите и со одржување здрави макроекономски политики, кои вклучуваат ниски стапки на даноци и придонеси. “Ќе го одржиме ветувањето дадено на бизнисмените и на граѓаните. Владата нема да зголеми ниту еден данок. И покрај сериозните

Крупни инфраструктурни проекти најавени за 2013 година

Г

руевски на бизнисмените им вети дека веќе од следната година ќе се интензивира реализацијата на неколку клучни инфраструктурни проекти.Владата веќе планира да даде под концесија два помали патни правци за автопатишта, како Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце, а за останатите да обезбедат кредит и други начини на финансирање, со што веќе од

2013 година дел од автопатиштата да почнат да се градат. Од следниот месец, најави Груевски, ќе започне реконструкцијата на железницата на Коридорот 10 во должина од 54 километри, проект вреден 17 милиони евра. Во првите три месеци од 2013 година Владата ќе склучи договор за рехабилитирање на пругата кон Бугарија, проект вреден 46 милиони евра.

Според Груевски 2013 година ќе биде година за инвестиции во енергетиката - почеток на изградба на националниот гасификациски систем, подобрување на енергетската преносна мрежа, старт на изградбата на хидроцентралите Бошков мост и Луково Поле и на ветерниот парк во Богданци, како и инвестиции на државната ЕЛЕМ.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

cover story нејзините обврски кон фирмите да се регулираат без поголем застој. Инаку, сметам дека откако ќе се врати оваа ликвидност во економијата, многу полесно ќе се преброди рецесијата. Јас знам дека кога на мојата компанија би & го исплатиле повратот на ДДВ, сеедно утре или во март, многу добро би ми дошле тие пари. Нивното вбризгување во економијата може да донесе само позитивни ефекти.“

Ангел Димитров

сопственик на текстилна компанија Мода

“Најавата за целосно раздолжување на државата кон стопанството е одлична, затоа што досега беше многу голем проблем и редно време беше нешто да се направи. Но, останува отворено прашањето дали ќе се испочитуваат роковите кои ги даде премиерот. Факт е дека н$ очекува тежок период. Премиерот во своето обраќање посочи дека компаниите треба да го зголемат извозот, да работат на нови стратегии и производи... Сето тоа звучи убаво теоретски, но на терен воопшто не е лесно. Станува збор за ризици кои треба да се осетат на своја кожа. Само видете колкав имот како хипотеки секојдневно продаваат банките, ќе сфатите дека почнувањето бизнис и успешното работење воопшто не е лесно и едноставно.“

Коста Јанкоглу

директор на Југохром Фероалојс

“Она што го слушнавме од премиерот ден по обраќањеето за Југохром Фероалојс стана стана реалност. Пријатно се изненадивме кога на жиросметката на нашата компанија веќе во

понеделникот ни беше префлен долгот за ДДВ од страна на државата за мај, со што се уверивме дека она што го кажа не се само ветувања. Желбите на компаните секогаш ќе бидат големи и најразлични, но навремениот поврат на ДДВ, нешто што долго време ни претставуваше рак-рана, почнува да се исполнува. Ако нас како голема компанија од металуршката индустрија ова н$ израдува, можам да замислам што ќе значи тоа за малите и за средните компании.“

Зоран Јовановски

потпретседател на СДСМ

“Обраќањето на премиерот Груевски пред стопанствениците е задоцнето, контрадикторно и неискрено. Повеќе од две ипол години опозицијата, коморите, стопанствениците му укажуваа на премиерот дека Владата е премногу недисциплинирана во исплатата на своите обврски кон фирмите и јавно го предупредуваа дека тоа се претвора во главен создавач на неликвидноста и во извор на проблемите во македонската економија. Она што до пред само една-две недели претставуваше мало задоцнување кое редовно се сервисира наеднаш се претвори во толку голем долг за кој ќе бидат потребни шест месеци за да се санира и внимавајте, не со заштедени пари во буџетот, туку со нови задолжувања во странство. Тој е свесен дека Македонија е во рецесија, не поради нешто друго, туку поради неговите економски политики на агресивно, непродуктивно трошење и безмилосно луксузирање.“

предизвици со коишто се соочуваме, Владата ќе го реализира ветеното зголемување на пензиите и на социјалната помош од 5% почнувајки од март следната година, додека реализацијата на зголемувањето на платите во јавниот сектор ќе го одложи за една година поради кризата. Дополнително, пензиите ќе пораснат за уште околу 2% поради законските усогласувања со растот на трошоците за живот и со платите, што заедно ќе биде 7% зголемување“, изјави Груевски. Иако признава дека н$ чекаат тешки кризни времиња, Груевски е дециден дека нема да има отпуштања во јавниот сектор за да се остварат заштеди во буџетот, а планираното зголемување на платите на обемната администрација ќе се одложи за една година.

Сашо Арсов

универзитетски професор

“Позитивен ќе биде ефектот ако парите се вратат во економијата. Но, генерално, сметам дека мерките се изгубени. Владата го призна она што долго време го негираше - дека должи кон стопанството. Сега ќе ги враќа долговите, а за тоа ќе се задолжува. Владата ќе се задолжува во услови кога буџетот е исцрпен, наместо парите од споменици и од фонтани да се наосочуваа кон квалитетни инфраструктурни проекти. Дел од мерките ми делуваат популистички, особено што ќе се покачуваат пензии непосредно пред избори.“

Трајко Славески

професор на Економски факултет, Скопје

“Признавањето на долгот на Владата кон стопанството, всушност, е официјализирање на една состојба што беше општо позната, но премиерот покажа храброст и се соочи со доверителите и понуди некакво решение. За економијата и за компаниите ова е добра вест, бидејќи ликвидноста ќе се зголеми. Меѓутоа, треба да видиме каков ќе биде ефектот од тоа задолжување врз долгот на државата. За две години буџетскиот дефицит, всушност, ќе се зголеми за два процентни поени како удел во БДП, а тоа значи дека јавниот долг ќе надмине 30% од БДП и се доближува до границата од 40% од БДП, што за земја како Македонија се смета за опасно ниво. Сметам дека треба да оставиме простор за амортизирање и на други шокови коишто може да ни се случат доколку глобалната економија продолжи да стагнира. Дали можело поинаку нема да

Следната година нови 100 милиони евра од ЕИБ за компаниите

Б

19

изнисмените добија ветување и дека денарот и банкарскиот систем ќе останат стабилни. Во насока на полесен пристап до свежи пари за компаните, премиерот најави дека и следната година ќе бидат достапни нови 100 милиони евра со камата од 5,5%, пари кои компаниите ќе ги добијат од Европската инвестициска банка (ЕИБ) преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР).


Капитал број 674 26.09.2012

20

www.kapital.mk

cover story

коментирам, бидејќи сепак, политичка одлука е дали ќе реализирате проекти како што е “Скопје 2014“.“

АбдулменАф беџети

професор и економски аналитичар

“Добро е што Владата се освести за реалните состојби во економијата. Но, кога веќе го призна проблемот со постоењето на долгот, треба и реално да ги прикаже економските параметри и тоа веднаш, без да купува време. Според мене, проекците за раст од 1% до 2% не

се реални. Ако завршиме на позитивна нула ќе биде успех. Затоа буџетскиот дефицит може да биде поголем од 3,5%. Сепак, планот Владата целосно да го врати долгот по основ на ДДВ кон компаниите до февруари е многу амбициозно. Не сакам да верувам дека тоа е поврзано со некои идни политички циклуси во државава.“

мАрјАн ПетресКи

професор на Американ колеџ

“Решението на проблемот е проблематично, затоа што обидот да се подобри ликвидноста и да им се помогне на фирмите да ја пребродат

рецесијата не се прави за сметка на други помалку продуктивни трошења, туку со зголемување на буџетскиот дефицит, а со тоа и со нови задолжувања кои ќе паднат на товар на идните генерации. Според тоа, оправдувањата од типот дека сме нискозадолжена земја и дека буџетскиот дефицит е низок се депласирани, затоа што во претходниот период не го зголемивме капацитетот за отплата на долговите, бидејќи инвестиравме во административни и украсни капацитети.“

ГруевсКи: бидете ПОхрАбри и ПОинОвАтивни

И

додека поголем дел од обраќањето на премиерот беше посветен на тоа што прави државата и што може да прави за бизнисот, крајот го посвети на бизнисмените или што може да направи бизнисот за бизнисот. Свесен дека може да биде погрешно сфатен дека им држи лекции или ги учи да водат бизнис, Груевски беше прилично директен и јасен во пораките до бизнисмените што не прават, а што треба да прават. Тој ги повика бизнисмените во време на криза да бидат похрабри и повеќе да преземаат ризици, а кризата да ја гледаат како шанса. “Многу компании кризите и тешкотиите на фирмите во нивниот сектор или воопшто, ги гледале и како своја шанса и момент кога можат да “заземат“, во економска смисла, туѓа територија на пазарот преку зајакнување на својата конкурентност, меѓу останатото преку иноваторски активности, преземање ризик итн. Ова е време додека многумина се “дават“ во проблеми во вашата бранша насекаде низ Европа и низ светот, секој да размисли каква новина може да направи и да ја искористи моменталната криза, да излеземе посилни и поконкурентни. Ова е време за акција. Акција не само за преживување, туку за раст и продор, базирани на зголемување на конкурентноста на сопствениот производ, подобрување на квалитетот, намалување на трошоците, привлекување на што подобар човечки ресурс, иновативни идеи, создавање нов понапреден производ со којшто ќе стекнете предност на подолг рок”, им порача Груевски на бизнисмените. Тој ги посоветува бизнисмените повеќе да веруваат во себе и

помалку за своите слабости да бараат вина кај другите, кај банките, кај државата, кај партиите или кај конуреницијата. “Овој наш менталитет мора да го менуваме. Мора многу повеќе да се бориме и непрекинато да се обидуваме да успеваме”, посочи премиерот. Ако не им оди со некој производ или со фирмата, премиерот ги повика да размислат и да сменат нешто, да се реорганизираат, да постават подобар менаџмент, да донесат нови креативни луѓе во тимот, да осмислат нов производ, да го редизајнираат постоечкиот, да направат нешто ново во маркетингот... “Да делуваме! Да бидеме иновативни, креативни, агресивни на пазарот низ Европа и во светот. Домашниот пазар е многу мал, регионалниот сиромашен, ние треба да бараме што повеќе партнери во Европа и надвор од неа, мора да излеземе подалеку од бившата СФРЈ”, им порача Груевски на бизнисмените, охрабрувајќи ги дека ова е време кога треба да се барат за нови пазари. “Како што ние во Владата тргнавме од земја во земја, од град во град, од фирма до фирма во ова тешко време, кога има помали можности за нови инвестиции, така треба и секој бизнисмен. Не чекајте, барајте извозни пазари, но претходно смислете нешто што ќе биде додатна вредност за вашата фирма и производ кој ќе го понудите”, рече премиерот. “Државата ќе помага колку што може, но вие мора да сте постојано во чекор со времето и чекор пред конкуренцијата и да размислувате и да делувате глобално, а не локално, како што многумина од вас веќе прават. Само така ќе растат вашите бизниси на стабилни темели”, изјави премиерот.

филозофија на сиромашните Јас знам дека еден дел, потенцирам еден дел, а не сите, од Вас размислуваат вака: имам доволно пари настрана за мене и за семејството ако дојде најлошото, фирмата ми е во тешкотии... ОК, ако мора, ќе отпуштам дел од вработените, ќе намалам плати и други трошоци и веројатно, ќе ја пребродам кризата, па кога кризата ќе помине и пазарот во Европа во мојот сектор ќе почне да расте, ќе падне некоја нарачка повеќе и ќе се вратам. Тоа е филозофија на сиромашните, план за штедење без план за раст и развој. Филозофијата на богатите не е само како да заштедам, туку многу повеќе како да заработам повеќе, во секоја ситуација, и без криза и во криза.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

cover story Минчо Јорданов

претседател на Бордот на директори на Макстил

П

роблемот кој што беше мултиплициран со доцнењето на ДДВ-то и доцнењето со исплатата на одредени обврски на државата предзивикани од намалувањето на приходите во Буџетот, пред с$ заради намалената активност и рецесијата во Македонија, како последица на економската криза на нашиот најголем партнер Европа, сега се решава и тоа на начин кој е многу добро избран за условите во кои се наоѓа екномијата. Македонија како земја подолго време водеше рестриктивна и строга монетарна и фискална политика со ниски буџетски дефицити или во некои периоди дури и суфицит, а со овој потег се оди кон привремено зголемување на буџетскиот дефицит од 2,5% на 3,5%, со што во следните две години ќе се обезбедат нови средства во компаниите. Со ова решение, кое е веќе применето во праксата на други економии, се овозможува избегнување на зголемувањето на давачките и даноците во рецесија и истовремено се избегнуваат поголеми кратења во буџетот, кои за последица би имале намалување на потрошувачката и влез во уште поголема рецесија и дополнително

намалување на економската активност. Тоа е клучниот позитивен аспект на ова решение. Бидејќи искуството на многу земји, а и на Македонија од минатото, покажува дека преголемото штедење дополнително лошо влијае на економијата која е во проблеми. Но, истовремено прашањето на штедењето не смее да се заборави и власта мора да продолжи контролирано да ги крати сите нерационални трошења. Исто така сакам да потенцирам дека мора да се обезбедат потребните средства и следната година да започнат најавените градежни и инфраструтурни проекти, што покрај враќањето на ДДВ-то, ќе биде дополнителен стимул врз економијата. Во однос на пораките на премиерот кон бизнисмените да се зголеми иновативноста, да се насочат кон промени и реструктуирање со цел зголемување на конкурентноста на компаниите, сите тие се базираат врз можноста за нивно финасирање со евтини пари. Затоа една од многу важните задачи на Владата и монетарните власти е што поскоро да превземат нови мерки за дополнително зголемување на

21

ликвидноста и намалување на цената на финансирање. Скапите пари се една од најголемите пречки, кои не само во рецесија, туку и во добри времиња, ги блокираат инвестициите и претставува сериозен проблем за развојот на компаниите и економијата.


Капитал број 674 26.09.2012

22

www.kapital.mk

интервју

Ендрју Пејкоф Постарио америКансКи бизнисмен и член на управниот одбор на маКедонија 2025

Ќе ги мотивираме македонските претприемачи да развија успешни бизнис при


www.kapital.mk

иот

ат иказни

Капитал број 674 26.09.2012

интервју

23

Мојата улога во Македонија 2025, пред с$, e менторска. Успешен бизнисмен може да сподели искуство за тоа како да се развијат победнички бизнис-потфати. Моето искуство во бизнисот е комбинација од многу години обиди и грешки, учење чекор по чекор и работење вредно и доволно долго за да излеземе помоќни како компанија од сите наши грешки. На претстојниот Глобален инвестициски самит во Охрид ќе се обидам да им пренесам дел од моето знаење на младите македонски претприемачи пишува:

игор петровски

З

igor.petrovski@kapital.mk

а Ендрју Пејкоф постариот заработувањето за живот не било непознато уште од мали нозе. Своите први пари ги добивал чистејќи чевли по локалните барови во Бафало, во државата Њујорк, каде што е роден пред 73 години, како наследник на генерација македонски иселеници во САД. Неговата прва “вистинска“ работа била шалтерски службеник во банка на 17-годишна возраст. Потоа се преселил во Калифорнија, каде што работел како доставувач на млеко до продавници и супермаркети. Во 1963 година ја основал Нијагара ботлинг (Niagara Bottling), компанија за пакување и достава на вода во шишиња, која денес е најголемиот независен производител (семејна компанија) за производство на вода во шишиња на американскиот пазар и меѓу најголемите на западната хемисфера, воопшто. Пред десет години Пејкоф ја предаде управувачката палка во Нијагара на својот син, Ендрју Пејкоф помладиот, којшто успешно го продолжи успешниот развој на фирмата, забележувајќи двоцифрени стапки на раст и во време кога економијата ја погоди страшна криза. Пејкоф постариот во моментов е советник на своите наследници во бизнисот, а активно е вклучен и во активностите на македонската бизнисдијаспора. Член е на Одборот на директори на организацијата Македонија 2025, којашто го организира претстојниот Глобален инвестициски самит во Охрид, на којшто Пејкоф ќе зборува за својот полувековен бизнис-потфат, споделувајќи ги своите искуства со присутните бизнисмени од земјава и пошироко. XX Г. Пејкоф, како дојдовте до идејата да почнете бизнис со вода пред речиси 50 години? Разни помали компании, независни од големите производители, доставуваа вода до супермаркетите во исто време кога јас доставував млеко и тие ми кажаа за можноста подобро да се заработи. XX Како се развиваше вашата компанија низ годините? Почнавме со достава на стаклени шишиња од половина галон (1 галон = 3,79 литри) вода до продавниците, потоа исто толкави шишиња почнавме да испорачуваме до домовите, за следно

да биде домашна испорака на туби од пет галони и таа понуда ја задржавме 25 години. Потоа почнавме испорака на туби од еден и 2,5 галони за продавници, за да воведеме и нови различни големини. XX Кои беа клучните моменти на патот до успехот на Нијагара ботлинг? Наша главна карактеристика што ни помогна да успееме е способноста да најдеме трајно решение за тешките проблеми. Има многу примери за вакви моменти што го одбележаа развојот на компанијата: од пластични садови за вода преминавме кон целосно глазирани глинени садови, од мали глинени садови кон големи целосно глазирани садови, потоа развивме и подобривме дизајн на диспензери за вода направени од галванизиран челик за да се спречи ‘рѓосување. Исто така, воведовме и иновативен и поекономичен процес за пакување во 5-галонски туби, влеговме во бизниспотфат со големопродажба на вода спакувана во шишиња од еден и 2,5 галони од полиетилен со голема густина, а можеби најзначајната поединечна промена во нашето работење беше купувањето на нашиот прв калап за дување пластични туби од еден галон. Потоа ја купивме првата во светот целосно интегрирана линија за пакување вода во шишиња, каде што почнувате од пластичен гранулат и завршувате со спакувани палети со вода во шишиња. Во клучните моменти влегуваат и отворањето на нашата прва мегафабрика, вработувањето најспособни и мотивирани членови во нашиот тим, експанзијата на североистокот од САД и секако, континуираните иновации што доведоа до нешта претходно незамислени во индустријата за флаширана вода, како што се: шишиња со мала тежина и капачиња со одлични перформанси, специфични пакувања на шишињата без употреба на картонските подметнувачи, дури и поголема брзина на производната линија со помалку употреба на човечкиот труд и електрична енергија, како и многу други иновации што допрва ќе ги објавиме. XX Што е Нијагара ботлинг денес? Нијагара полни различни големини на ПЕТ (полиетиленски) шишиња со негазирана вода, а произведуваме и ароматизирани пијалаци со процесот на т.н. топло полнење. На почетокот на следната година ќе ја стартуваме и производната линија за газирани сокови. XX Колкав е пазарниот удел на Нијагара


Капитал број 674 26.09.2012

24

www.kapital.mk

интервју

Како компанијата на Пејкоф, Нијагара ботлинг, стана вториот по големина производител на вода во шишиња во САД? Работна етика, филозофија на штедење, интегритет, завршување на работата, правење на нештата на исправниот начин, пронаоѓање подобар начин за работите да се завршат, почит кон другите и инсистирање на резултати - тоа е рецептот на Ендрју Пејкоф за успех ботлинг во моментов? Целокупниот американски пазар е над 30 милијарди шишиња годишно, а Нијагара држи околу една третина од сето тоа. XX Како успеа вашата семејна компанија да се натпреварува со Нестле, Кока-Кола, Пепси и со останатите меѓународни корпорации што произведуваат вода во шишиња? Ние сме поиновативни и технолошки понапредни. Се стремиме да го одржиме нашиот квалитет на повисоко ниво и вкупните трошоци пониски во однос на нашата конкуренција. Нашите постројки за пакување во шишиња се апсолутно воодушевувачки и имаат најголеми брзини, најефективни и најавтоматизирани производни линии на светот. Ние сме втората најголема компанија за вода во шишиња во САД и растеме со голема брзина. Нестле е најголема со околу 50% пазарен удел, а Кока-Кола, Пепси и останатите имаат околу 1/6 од пазарот сите заедно. XX Кои беа најтешките моменти што сте ги доживеале водејќи ја компанијата и кои тешки одлуки сте морале да ги донесете за да ги совладате тие предизвици? Во 1975 година имавме обид за синдикализација и синдикалните агенти им ветуваа на нашите возачи повеќе заработка отколку што беше брутоприходот од нивните дневни рути. Тоа беше обид да се растури нашата мала компанија за да се привлече вниманието на големите играчи во обидите да се синдикализираат. Синдикалните адвокати н$ малтретираа повеќе од една година и нашата компанија мораше

да го намали својот обем за време на таа битка за спасување на сопствениот бизнис. Во 1979 година компанијата за електрична енергија ни рече да ја поместиме нашата нова зграда за 30 степени, што беше невозможно. Тие за малку ќе го уништеа сиот мој дотогашен труд. На крајот надвладеа здравиот разум, но откако имавме долг и емотивно исцрпувачки состанок со нив. Во 2001 година преговаравме со градот Санта Ана во Калифорнија за изградба на нова и поголема зграда на нашиот тамошен капацитет и по месеци преговарање сфативме дека градското ракоодство не е пробизнис ориентирано, па го свртевме нашиот фокус кон друг град 60-ина километри подалеку за да продолжиме со раст на нашиот бизнис. Пред девет години го сменивме нашиот снабдувач на линии за пакување во шишиња, светски лидер во таа област,

но со слаба услуга, и му дадовме шанса на нов производител. XX Вашиот син, Енди Пејкоф помладиот, го презеде раководењето на компанијата во 2002 година. Кои беа најважните вредности на коишто се обидовте да го научите, а и останатите ваши деца вклучени во бизнисот (Пејкоф има осум сина, од кои неколкумина работат во семејниот бизнис, н.з.)? Работна етика, филозофија на штедење, интегритет, завршување на работата, правење на нештата на исправниот начин, пронаоѓање подобар начин за да се завршат работите, почит кон другите и инсистирање на резултати. Тоа се главните нешта коишто им ги пренесував на своите наследници, а и на сите вработени во компанијата. И секако, да учат од грешките. XX Како оди работата на Нијагара откако следната генерација

Македонија треба да го негува американскиот начин на капитализам и слободен пазар XX Што мислите за потенцијалот што го има македонската дијаспора за помош на економскиот развој на татковината? Постојат многу можности, вклучувајќи го менувањето на менталниот склоп во Македонија со цел да се негува американскиот начин на капитализам и слободниот пазар и збогување со остатоците на комунизмот и социјализмот. Дијаспората може да покаже како се креираат работни места и материјални добра во самата земја од страна на Македонците, преку постојните можности што не се искористени.... Има многу примери. Исто така, менторството на македонските претприемачи од страна на успешни бизнисмени од дијаспората е огромна можност што треба да се искористи.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

интервју

25

нијагара ботлинг патот до успехот

Н има владина поддршка во с$ и бизнисот да функционира Една работа е да ја привилегирано, без конкуренција, видиш можноста, претприемачки дух и работна етика. но сосема друго XXМакедонија е нешто е да ја позната по своите претвориш таа резерви на вода за шанса во успешен пиење, па дали сте бизнис што креира размислувале некогаш да инвестирате во нови работни бизнис со вода во места, профит шишиња во земјата? Сум разговарал за овој и плаќа даноци. бизнис многу пати досега Старата бизниссо заинтересирани гарнитура во Македонци што веќе се во други бизниси. Македонија е Бизнисот со вода навикната да има буди голем интерес, владина поддршка но претприемачите во процесот на во с$ и бизнисот размислување испуштаат да функционира неколку поенти, како на привилегирано, пример, ја потценуваат количината на напорот без конкуренција, треба да се вложи, претприемачки дух што не веруваат дека и работна етика. предизвиците од страна Можам да на конкуренцијата ги едуцирам неизбежно ќе растат, младите ја потценуваат потребата да се почне македонски претприемачи со ефикасна, технолошки супериорна XX Имате ли блиски контакти со производна линија што ќе се развива, ќе Македонија денес? еволуира и ќе “експлодира“ на пазарот. Ја посетувам татковината два пати XX Кој е вашиот ангажман во годишно. Македонија 2025, конкретно, како XX Што мислите за можностите за член на Управниот одбор? инвестирање во Македонија? Мојата улога е пред с$, менторска. Можности за вложување во Македонија Успешен бизнисмен може да понуди има на сите полиња и сите тие се знаења за тоа како да се развијат проблематични, затоа што една работа е победнички бизнис-потфати. Моето да ја видиш можноста, но сосема друго искуство во бизнисот е комбинација од нешто е да ја претвориш таа шанса многу години обиди и грешки, учење во успешен бизнис што креира нови чекор по чекор и работење вредно и работни места, профит и плаќа даноци. доволно долго за да излеземе помоќни Старата бизнис-гарнитура е навикната да како компанија од сите наши грешки. Пејкоф го презеде кормилото? Годишните стапки на раст се импресивни, можам да кажам. XX Што ги советувате во ова време на турбуленции, кога бизнисите се соочуваат со можеби најголемите предизвици уште од времето на Големата депресија? Им велам да најдат начини да го подобрат работењето: подобар квалитет, подобра услуга, поголема ефикасност, помали трошоци. Да бидат најдобриот снабдувач на клиентите и да продолжат со инвестиции во истражување и развој, технологија, нови фабрики и опрема, за да продолжи развојот на компанијата.

ијагара ботлинг (Niagara Bottling) е најголемата приватна компанија за вода во шишиња на западната хемисфера, којашто не е котирана на берза. Семејна компанија основана во 1963 година од Енди Пејкоф постариот, којшто почнал со испорака на висококвалитетна, евтина вода во пет галонски стаклени контејнери до фирми и домови, користејќи ја својата гаража како складиште. Во 1967 година Нијагара ја отвора својата прва фабрика за пакување вода. Во 1988 година компанијата почнала со пакување вода во едногалонски шишиња, а во 1994 година го купиле својот прв калап за дувана пластика за правење шишиња од полиетилен. Во 1998 година стана предводник на технолошката револуција во индустријата за вода преку големи инвестиции во вбризгување и дување пластика во калап, со што го создаде најлесното ПЕТ-шише во Северна Америка. По речиси 50 години, со производен капацитет од над 21 милијарда шишиња вода годишно и девет географски диверзифицирани фабрики што го опслужуваат речиси секој голем трговски синџир во САД, Нијагара е индустриски лидер во брзата автоматизација и технологијата на пластика која брзо се развива. Според пазарниот удел на американскиот пазар, Нијагара ботлинг е втора, зад Нестле, а пред Кока-Кола и останатите производители. Нијагара ботлинг ја доби наградата за најдобро иновативно решенија во ПЕТтехнологијата, конкретно за дизајнот за шишето Есо3, којшто е препознаен како најнапредно технолошко достигнување во индустријата за полиетиленски амбалажи (ПЕТ). Нијагара неодамна ја прими наградата за најдобра одржлива иницијатива (2011 Sustainability Initiative Award) за претставувањето на специјалното пакување на шишињата на Глобалниот конгрес за вода во шишиња. Нивниот дизајн на шише Есо-Air IV беше признаено како најдобро ново шише во ПЕТамбалажа.


Капитал број 674 26.09.2012

26

www.kapital.mk

интервју

Имаме сеопфатно бизнис-знаење и можеме да ги едуцираме младите македонски претприемачи. Се надевам дека нема да ги направат истите грешки што ние ги направивме. XX Според вас, кој е најдобриот начин на којшто може да придонесете за постигнување на целите на Македонија 2025? Да ги мотивирам младите македонски претприемачи да ги прифатат американските капиталистички практики за слободен пазар во својата земја со цел да се развие економијата, работните места, профитите и да се плаќаат повеќе даноци. Истовремено, да ја мотивирам македонската влада на највисоки нивоа за доволно да ги охрабри и даги поддржи овие млади претприемачи. XX Кои се вашите очекувања од претстојниот Глобален инвестициски самит во Охрид? Планирате ли да се сретнете со некои компании од Македонија и да разговарате за евентуална соработка? Ќе видиме како ќе се одвиваат настаните, состаноците, како ќе се развиваат ситуациите и контактите. Можно е да има повеќе можности за средби со македонски претприемачи, компании и владини претставници. Најголемиот предизвик ќе биде волјата да се учи и да се прифатат докажани успешни бизнис-методи.

Нашите постројки за пакување се апсолутно воодушевувачки и имаат најголеми брзини, најефективни и најавтоматизирани производни линии на светот. Ние сме втората најголема компанија за вода во шишиња во САД и растеме со голема брзина. Нестле е најголема, со околу 50% пазарен удел, а Кока-Кола, Пепси и останатите имаат околу 1/6 од пазарот сите заедно.

тренинГ ЦентАр нА МАКеДОнСКА БерЗА Проект реализиран во соработка со конзорциумот на Виенската берза со поддршка на Европската банка за обнова и развој

Основната мисија на Тренинг центарот е овозможување на континуирана и висококвалитетна едукација на сите пазарни учесници

ПрвА ОБуКА

„ПринЦиПи нА ПАЗАрите нА КАПитАЛ„ започнува на 18.10.2012 година

За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.mse.mk или пратете порака на: treningcentar@mse.org.mk


Капитал број 674 26.09.2012

28

www.kapital.mk

менаџер

КаПИтал еКсКлузИвно робИн Шарма во сКоПје-КаКо да се бИде „лИдер без тИтула“

Станувај рано, вежбај како Мадона инспирирај го својо пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

О

на што ве плаши, тоа ве движи напред. Ако преземете барем по една ризична работа во текот на неделата, за еден месец вие ќе бидете подобар менаџер, подобар лидер, подобар инспиратор за другите, им порача Робин Шарма, светскиот гуру за мотивација и лидерство, на македонските менаџери минатата недела. „Треба да се плашите, стравот е добар. Како што рече поранешниот директор и основач на Интел, Енди

Гроув, само параноичните преживуваат во овој свет што се менува од ден на ден, од час во час, од минута во минута. Ако не се плашите од вашата конкуренција, ако не сте загрижени за тоа дали вашиот производ е подобар од другите, дали им дава дополнителна вредност на купувачите, дали може да биде подобар – тогаш ќе влезете во опасната зона на комфор“, рече Шарма на своето предавање во преполната сала на Александар Палас, насловено „Како да бидете лидер без титула“. Шарма во Скопје го донесе Вип оператор, по повод пет години од својата работа во Македонија, како подарок-изненадување за своите деловни партнери и пријатели. Човекот кој во ��ветот се прослави со своите книги „Калуѓерот што го продаде своето Ферари“, „Лидер без титула“ и уште десетина дела посветени на лидерството, успехот

Човекот кој во светот се прослави со своите книги „Калуѓерот што го продаде своето Ферари“, „Лидер без титула“ и уште десетина дела посветени на лидерството, успехот и мотивацијата, ги посоветува македонските деловни луѓе како да станат подобри менаџери, односно подобри лидери во работата и животот. Шарма беше гостин на Вип оператор, по повод петгодишнината од нивното почнување со работа


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

менаџер

29

робин Шарма му пишува посвета на една од своите книги на никола Љушев, главниот извршен директор на Вип оператор. Примерот со ФренК синатра и младиот холиВудсКи менаџер

Бидете упорни и малку повеќе од она што го сметате за пристојно!

аи от тим! и мотивацијата, на македонските слушатели, претежно луѓе од деловниот свет, со своите совети се обиде да им помогне како да станат подобри менаџери, односно подобри лидери во работата и животот. Основната порака на неговата презентација беше дека не е битно каква титула е напишана на нашите визит-картички, туку битно е она што го оставаме зад себе како лидери во својата организација, семејство или поширока заедница, колку други „мали лидери“ ќе успееме да создадеме од нашите соработници, пријатели и најблиски. „Неколку работи го исполнуваат човека со радост, меѓу кои и добро завршената работа. За да бидете успешни лидери, мора прво својата работа да ја завршите на најдобар можен начин, да бидете посветени како никој пред вас што ја вршел истата таа работа. Пренесете ги идеите на својот тим, колку и

З

а тоа колку упорноста е битна за да се успее во животот, Шарма истакна преку примерот на легендарниот холивудски менаџер Свифти Лазар, којшто застапувал многу славни актери и режисери. Своевремено, како млад агент почетник, седел во еден познат ресторан во друштво на една млада и надежна актерка, обидувајќи се да ја натера да го прифати за нејзин застапник. Таа не била нешто воодушевена од идејата, затоа што Лазар не бил с$ уште познат во Холивуд. Кога отишол до тоалетот, таму имал што да види: на еден од мијалниците стоел никој друг, туку славниот Френк Синатра. Лазар му пришол велејќи му колку е воодушевен од неговата работа, и го замолил да помине покрај неговата маса и да ги поздрави додека овој е во друштво со актерката. Синатра го одбил, а овој пак, го замолил да одвои само една минутка и да застане да поразговара со него. „Тргни ми се човеку, не те ни позанавам!“, грубо му вратил славниот актер и пејач. Тогаш Лазар, упорен до бескрај, уште еднаш го замолил: „Ама, само едно мавтање со раката, вам ќе ви одземе само две секунди г. Синатра, ништо повеќе“. И Синатра, конечно, се согласил. И тогаш што се случило: на пат кон своето место, Синатра кон кого биле вперени сите погледи во ресторанот, поминал крај масата на Лазар, му мафнал и рекол „Здраво Свифти“, а младиот агент дрско одмавнал, „Не сега Френк, зафатен сум!“. Можете да замислите каков впечаток оставило тоа на младата старлета, која веднаш утредента потпишала договор со Свифти Лазар. „Ако сакате да успеете, секогаш со упорноста одете еден чекор над тоа што го сметате за пристојно“, & препорача Шарма на македонската публика. да изгледаат дека се без врска на почетокот. Ако другите се смеат на вашите визии, тоа значи дека се плашат од промени и сакаат ситуацијата да остане статус кво, а вие со своите идеи им носите разбуричкување на барата во која тие удобно се чувствуваат“, истакна Робин Шарма.

Мотивирај, не глуми жртва! Робин Шарма на гостите на неговата презентација им остави концепт од неколку основни работи што треба да ги направат за да бидат успешни

лидери. Победата ја креирате од самиот почеток, затоа фатете го денот рано и станувајте во пет часот, препорача Шарма. „Големите лидери ја добиваат битката рано наутро, кога тие се на нозе, се подготвуваат за денот што е пред нив, вежбаат јога, трчаат, читаат весници, проучуваат бизнис-извештаи, размислуваат како може да бидат подобри од конкуренцијата – додека таа тоа време уште слатко спие во својот кревет“, рече Шарма. „Кога ќе дојдете на работа, ќе бидете фокусирани на ва-


Капитал број 674 26.09.2012

30

менаџер

Стресот е најголемиот непријател

С

www.kapital.mk

екој ден треба да се трудиме да направиме нешто подобро од претходниот, да направиме еден мал, но скапоцен придонес кон подобрување на својата работа и работата на организацијата во која работиме, а со тоа и кон подобрување на нашиот човечки капацитет и личност. А, тоа го забораваме затоа што сме под постојан стрес, „зафатени со тоа да бидеме зафатени“, рече Шарма на предавањето. Како интересна илустрација на „стрес-менаџмент“ ситуација тој раскажа една анегдота. „Пред некој ден во продавница се разминав со млада жена која држеше мало дете, а тоа не престануваше да вреска. Жената постојано повторуваше со мирен тон во гласот, ’Смири се Џенифер, не плачи Џенифер, с$ е во ред Џенифер‘, a јас се восхитив на нејзината смиреност со која се справуваше со напорното дете. ’Се извинувам млада дамо, ви завидувам како можете вака благо и без нервоза да ја смирувате малата Џенифер‘, & се обратив на жената. ’Ах, таа не е Џенифер, јас сум Џенифер‘, ми одговори младата мајка“.

Светски гуру за лидерство и мотивација

Р

обин Шарма е советник за лидерство, од личен и организациски тип, со светски глас. Основач е на Sharma Leadership International Inc., фирма за глобален консталтинг која им помага на организациите своите да ги наведат да станат водачи без титула. Негови клиенти се компании од листата „Форчн 100“, како што се Мајкрософт, Најки, Федекс, Унилевер, Крафт... Шарма, исто така, е основач на 960vets.com, онлајнизвор за помош на американските ветерани кои сакаат да се приспособат на цивилниот живот. Автор е на десетина бестселери за лидерството, вклучувајќи ги и книгите „Пат кон величественоста“ и „Калуѓерот што го продаде своето Ферари“, а неговите книги се продадени во милионски примероци во околу 60 земји и преведени се на околу 75 јазици, што го прави еден од најчитаните автори во светот.

шата мисија и вредности, и занимавајте се со работи што се битни, а не оние што само го одвлекуваат непотребно вашето внимание. Првите 90 минути на работа пробајте да ги поминете само со активности што може, најгрубо кажано, да донесат пари“, додаде тој. Внимавајте како разговарате со луѓето што гледаат лидер во вас, не глумете жртва одговарајќи на прашањата од типот „Како сте?“, со “Еве, с$ уште сум жив, сум бил и подобро“ и сл. Одбирајте зборови што зрачат со мотивација, што

инспирираат, а не коишто ве прават вас како жртва. И бидете фит како Мадона, рече исто така Шарма, што предизвика насмевки во публиката. „Мора да вежбате постојано, не само поради физичката кондиција, туку да ги тренирате и своите лидерски вештини, да се полните со нови знаења, да го вежбате својот лидерски дух. Мудрите воини од Далечниот Исток не попусто рекле дека оној што повеќе се поти додека вежба, помалку крвари во борба“, истакна Шарма.


Капитал број 674 26.09.2012

www.kapital.mk

32 Каде да Се бараат пазари за извоз?

dossier

ропа а криза во Ев Економскатш досега ја наметна га ко ви како ни од наоѓање но потребаталемата каде да пазари и диновите пазарни се бараат ли. Македонија е потенција сна од извоз во земјите високозави та унија, особено од Европскаа, што многу ги во Германиј шните извозници кои погоди домасоочија со намалени годинава сеЕУ. „Капитал” во нарачки од период ќе ги анализира наредниотлните пазари кои потенција ба да ги освојуваат може и тре те компании. македонски

Со локален партнер најлесно до извоз во

Aзербејџан пишува:

Спасијка Јованова

spasijka.jovanova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

А

ко сакате вашите производи да стигнат на пазарот во Азербејџан, една од најбрзорастечките економии во светот, треба да си најдете локален дистрибутер. Барем тоа го кажува досегашното искуство на две македонски компании, Реплек и Макпрогрес, кои веќе неколку години извезуваат во оваа поранешна советска република. И во двете компании се

многу задоволни од продажбата во Азербејџан и очекуваат таа да расте, бидејќи оваа земји бележи голем економски напредок, а со тоа расте и куповната моќ на населението. Македонија во првата половина од оваа година бележи извоз во Азербејџан во вредност од само 252.276 евра, што е повеќе отколку за цела 2011 година, кога изнесуваше 166.271 евро. Во извозот доминираат кондиторски производи и лекови. “Пазарот во Азербејџан с$ уште го немаме добро развиено. Работиме таму веќе 3-4 години со локален дистрибутер и засега сме задоволни од соработката. Сега се вратив од саем во Турција, каде што дистрибутерот од Азербејџан ми најави подобро работење во иднина,

бидејќи куповната моќ на луѓето е с$ поголема и доста се инвестира. Има голем економски напредок во оваа земја. Затоа, нашиот дистрибутер ни даде нова поголема нарачка, а само што ја затворивме претходната. Сега ќе го шириме асортиманот на производи што ги извезуваме и за наредната година очекувам раст од 50% на извозот во оваа земја“, вели Глигор Цветанов, главен извршен директор на фабриката за кондиторски производи Макпрогрес. Оваа фирма работи со дистрибутер од Баку, кој работи и за неколку турски фирми. Го покрива целиот пазар, освен областа Нахчиван, која е во близина на Сирија. “Како стигнавме до Азербејџан? Имавме многу контакти од саеми со тамошни


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

досие

33

реплек и Макпрогрес, кои веќе неколку години извезуваат во оваа поранешна советска република, се многу задоволни од продажбата во Азербејџан и очекуваат таа да расте, бидејќи оваа земји бележи голем економски напредок, а со тоа расте и куповната моќ на населението фирми и на нас беше да избереме со кого ќе соработуваме. Секогаш избираме помоќен дистрибутер. Бевме многу стрпливи бидејќи ниеден пазар не е лесен за освојување. На дистрибутерот му дадовме време (6-12 месеци), односно тест-период и значајна поддршка за да се пробие. Му даваме пари за маркетинг, штандови и производи за дегустација, спроведуваме акциски кампањи“, објаснува Цветанов. Тој го препорачува Азербејџан за извоз бидејќи е пазар во раст. И Иван Туџаров, главен извршен директор на фабриката за лекови Реплек, ги советува македонските извозници да се насочат кон Азербејџан и да ги “заборават пазарите во Европската унија“. “Новите пазари се азиските и поранешните советски држави и на Блискиот Исток. Во голема рецесија е Индија и затоа, може да ги искористиме нивните проблеми за да влеземе на тој пазар. Ако побарате партнери од овие земји и ако ги поканите да ве видат, ќе видат дека Македонија е многу добра. Само треба еднаш да направите трошок и да ги поканите. Верувајте дека сите ќе ве прифатат. Само треба да се создадат добри односи, да се најде партнер, да се разговара, да се дадат добри цени. За шест месеци до една година може да се воспостават добри деловни односи. Не знам зошто фирмите за производство на храна не го прават тоа, храната е уште побарана од лековите. Воопшто не треба да трошиме енергија на Европската унија, која во моментов е тотално затворена“, истакнува Туџаров.

Гради и економска и политичка моќ

252.276

евра е вредноста на македонскиот извоз во Азербејџан во првите шест месеци од годинава, во кој доминираат лековите со 154.049 евра

166.271 евро изнесуваше извозот на македонски производи во Азербејџан во 2011 година

Азербејџан е најголемата земја во Кавказ, лоцирана на крстопатот меѓу Западна Азија и Источна Европа. Во изминатите 20 години оваа земја обезбеди високо ниво на човечки и економски развој и ниска стапка на невработеност. Земјата е членка на ММФ, Светската банка, ЕБРД, Исламската банка за развој и на Азиската развојна банка. Две третини од земјата се богати со нафта и со природен гас, а располага и со огромни резерви на злато, сребро, железо, бакар, титаниум, хром, магнезиум, кобалт, молибден... Во 1994 година Државната нафтена компанија потпиша 30-годишен договор за соработка со 13 нафтени компании, меѓу кои и Амоко, БП, Ексонмибил, Лукоил и Статоил. Државниот фонд за нафта е формиран за да обезбеди екстрабуџетски средства за макроекономска стабилност, транспарентност во управувањето со приходите од нафта и за обезбедување пари за идните генерации. Азериказ е дел од нафтената

Колку чини извозот?

С

поред извештајот “Дуинг бизнис“ на Светска банка, за увоз во Азербејџан се потребни 10 документи (Источна Европа осум), трошоците изнесуваат 3.405 долари по контејнер (Источна Европа - 1.990 долари). При увоз, подготовката на документите ќе ве чини 27.230 долари, царинската и техничката контрола 3.275 долари, пристанишните и терминалните услуги 2.300 долари, транспортот низ земјата 102.600 долари.

Што увезува Азербејџан? XX машини и опрема XX храна XX нафтени производи XX метали XX хемикалии. компанија која треба да обезбеди целосна гасификација на земјата до 2021 година. Азербејџан сака да се наметне како политичка сила на глобално ниво, а демонстрира и финансиска моќ. Во таа функција, претседателот Илхам Алијев одлучи да & позајми на Србија 300 милиони евра со камата од 4% за изградба на 40 километри долг автопат од Романија до Црна Гора. Ова не е првпат Азербејџан финансиски да го поддржува нашиот северен сосед. Претходно Баку & позајми 755 милиони долари и на Грузија за изградба на железница. Растот на БДП во изминатите години го направи Азербејџан една од земјите со најбрзорастечка економија во светот. Но, слабоста на земјата е банкарскиот сектор, кој е премногу мал за да може да ја следи економијата. Растот на депозитната база придонесува за поголема финансиска моќ на банките, но и сведочи за побогати граѓани. Во Азербејџан има 9.165.000 жители, од кои 52% се урбано население, а 51% од целата популација се жени. Најголеми градови се Баку (два милиони жители), Гања (314.600) и Сумгаит (312.000). Околу 95% од населението се Муслимани. Официјален јазик е азербејџанскиот, кој припаѓа на турската јазична група. Релативно висок процент од населението има некој вид високо образование, особено од научна и од техничка


Капитал број 674 26.09.2012

34

www.kapital.mk

досие Глигор Цветанов

Иван Туџаров

главен извршен директор на Макпрогрес

главен извршен директор на Реплек

Како стигнавме до Азербејџан? Имавме многу контакти од саеми со тамошни фирми и на нас беше да избереме со кого ќе соработуваме. Бевме многу стрпливи, бидејќи ниеден пазар не е лесен за освојување. На дистрибутерот му дадовме време (6-12 месеци), односно тест-период и значајна поддршка за да се пробие. Му даваме пари за маркетинг, штандови и производи за дегустација, спроведуваме акциски кампањи.

Новите пазари не се во ЕУ, тие земји треба да ги заборавиме. Новите пазари се азиските и поранешните советски држави и на Блискиот Исток. Во голема рецесија е Индија и затоа, може да ги искористиме нивните проблеми за да влеземе на тој пазар. Ако побарате партнери од овие земји и ако ги поканите да ве видат, ќе видат дека Македонија е многу добра. Само треба еднаш да направите трошок и да ги поканите. Верувајте дека сите ќе ве прифатат.

Бизнис-правила

И

ако е лесно да се воспостави директна комуникација со луѓето во Азербејџан, мора да се биде многу внимателен и информацијата да се презентира на дипломатски начин. Кога ќе се воспостави и ќе се развие извесно ниво на отвореност, можен е подиректен однос. Нема формален ритуал за размена на бизнис-картички. Земајте и давајте бизнискартичка со десната рака. За да се договори состанок во Азербејџан по писмен пат, треба да се наведат профилот на вашата компанија, историјата и причината за посетата. Секогаш е добра идеја да ја имате преведено кореспонденцијата на азербејџански јазик, за да се осигурате дека ја разбираат. На луѓето во оваа земја многу им значат статусот, титулата, кој прв седнува, кој прв влегува во просторијата... Најдобро е да се следи главниот. Љубезноста е важна и е дел од градењето на односот. Вообичаено, разговорите почнуваат бавно со чај, при што главната тема за дискусијата може да биде неважна, така што на вас останува да ја наметнете. Секогаш држете го контактот со очите додека зборувате со Азербејџанец, затоа што тоа се смета за искреност. Одлуките се носат бавно и затоа, никогаш не вршите притисок за забрзување на процесот. Азербејџанците се тешки преговарачи. природа. Околу 38% од населението зборува руски јазик. Позицијата на Азербејџан на крстосницата на најголемите меѓународни сообраќајни артерии, како Патот на свилата и коридорот Југ-север, ја истакнува стратешки важната улога на транспортниот сектор во земјата. Тој вклучува патишта, железница, авиосообраќај и бродски транспорт. Низ земјата поминуваат и неколку од главните нафтоводи и гасоводи од Истокот кон Западот. Годинава се гради железницата Карс-Тбилиси-Баку, која ќе ги поврзе Кина и Казахстан на исток со Турција и со европската железница на запад. Новите нафтени и гасни полиња & помагаат на земјата да ја подобри состојбата во научниот и во технолошкиот сектор, а владата наметна кампања за модернизација и иновација. Земјата направи голем напредок и во развојот на телекомуникацискиот сектор. Азербејџан планира да лансира и свој сателит АзерСат 1 во вселенета, кој ќе емитува сигнали за ТВ, радио и Интернет. Економскиот раст на Азербејџан, особено во периодот 2006-2008 година,

беше резултат на големиот извоз на нафта, но и некои неизвозни сектори го дуплираа растот, како што се градежништвото и недвижностите. Во 2011 година економскиот раст забави, најмногу поради тоа што производството на нафта го достигна плафонот, поради што Азербејџан е принуден како никогаш досега да работи на диверзифицирање на економијата. Се смета дека земјата с$ уште прави малку за спроведување на пазарните економски реформи. Главни пречки на долг рок се корупцијата и економската неефикасност, особено за неенергетскиот сектор. Трговијата со Русија и со поранешните советски републики се намалува, а со Турција и со европските земји расте. БДП на земјата во 2011 година изнесуваше 62,32 милијарди долари. Учеството на индустријата е 62,1%, а на услугите 32,4%. БДП по жител лани изнесуваше 10.300 долари. Работоспособното население се состои од 6.119.000 жители. Најголем дел работат во земјоделството (38,3%), а 12,1% се во индуструјата и дури 49,6% во услужниот сектор. Стапката на невработеност изнесува само 1%, што се смета за нереална,

Корисни линкови: http://www.axtaraq.biz/directory/ (бизнис-директориум) http://azpromo.az/default. html (агенција за инвестиции) но тоа е официјалната бројка. Само 11% од населението живее под прагот на сиромаштија. Најсиромашните 10% располагаат со 3,4% од приходите, а најбогатите 10% со 27,4% од приходите. Покрај нафтената, другите индустрии се за опрема за нафтена индустрија, челик, железо, цемент, хемиски и петрохемиски производи и текстил. Азербејџан е на 22 место во светот според дневното производство на нафта. Азербејџан увезува машини и опрема, нафтени продукти, храна, метали и хемикалии. Високите стапки на економски раст се должат на брзиот раст на енергетскиот сектор, што резултира со повисоки стапки на инфлација. Национална валута е манат, која е врзана за доларот. Во 2008 година Азербејџан беше прогласен за еден од топ 10 реформатори во извештајот “Дуинг бизнис“ на Светска банка. Ова се должи на тоа што земјата подобри седум од десетте индикатори за регулаторни реформи. Функционира едношалтерски систем од 2008 година, кој ги преполови трошоците, времето и бројот на процедури потребни за почнување бизнис. Тоа резултираше со раст на бизнис-регистрацијата за 40% во првите шест месеци. Даноците може да се плаќаат онлајн. Во Глобалниот извештај за конкурентност за 2010-2011 година Азербејџан е рангиран на 57-то место, за 2011-2012 година на 47-то, а веќе во последниот за 2012-2013 година се искачија на 46-то место. Клучни предизвици за диверзификација на економијата и на извозот на Азербејџан се подобрување на бизнис-климата, охрабрување на конкуренцијата, привлекување повеќе странски инвеститори и конкуренција во банкарскиот сектор, каде што доминира една државна банка. На владата & стои и обврската за фискална реформа за државниот буџет да не зависи премногу од приходите од нафта, кои сега учествуваат со над 50%.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

35

Прокредит банка активно ги подджува органските производители во Македонија пишува:

Александар Мирчов кредитен координатор Прокредит банка, Штип

Текстот е анализиран во соработка со Прокредит банка

Е

кстензивно земјоделско производство, погодни еколошки предуслови, стручен кадар и акаредитирани тела за контрола и сертификација на ораганско производство се дел од поволните услови за органско производство во Македонија. Побарувачка постои, а на европските пазари се јавува дури и недостиг од понуда на вакви производи. Дополнителна бизнис-можност е поголемата маржа на заработка. Органските производи продадени како готов производ се продаваат за 30% поскапо во однос на конвенционалните земјоделски производи.

Што значи во Македонија сертифицирано органско производство?

За да се призведува органска храна, произведувачот мора да се здобие со посебен сертификат за органско производство со кој би ги пласирал своите производи на домашните и странски пазари како „органски“. Во Македонија постојат две сертификациски тела за вршење стручна контрола во органското производство (Балкан Биосерт и ПроСерт).

Поддршка на органските производители

Иако органското производство во Македонија во својот зародиш, сепак бројот на сертифицирани производители и хектари засадена површина од почетокот на 2005 годна до денес бележат пораст. Според последните податоци, во 2010 година во Македонија имало 5.228 хектари површина под сертификувано земјоделско производство и 562 сертифицирани производители. Прокредит банка, како банка која уште од самите почетоци активно ги поддржува земјоделците заинтересирани за органско производство, нуди едноставни банкарски

производи, адаптирани на бизнистековите во органското производство. Кредитот за органски производители има повластени услови, намалени каматни стапки од 7%, продолжен рок на отплата до 10 години и истиот се исплаќа во денари. Кредитот за органско производство не е наменет само за сертифицираните земјоделци кои се занимаваат со примарно земјоделство, туку и за правни лица кои на органски начин ги преработуваат производите и за трговците кои вршат откуп и продажба на истите. Дел од останатите предности за клиентите-поризводители на органски земјоделски производи се минимални барања во однос на документацијата за аплицирање, брзина во процесирање на кредитната апликација и донесување одлука, флексибилност во однос на обезбедувањето.


4 236 часа со Ивана И Петре

www.kapital.mk

За втор предизвик каде да поминеме овојпат две деноноќија со Ивана се одлучивме за Кавадарци. Грозје, вино, ж’та, Бразилки, моторџии, журка... Три дена исполнети со фотографирање, импровизации, животни приказни, локални проблеми...

Бразилки на циментото пишува:

Петре Димитров

petre.dimitrov@kapital.mk

фитографија:

Ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

В

лезот на Скопје од страната на патот за Тетово. Девет часот наутро. Седми септември. Јас и Ивана, со Четкар во спиечка положба на задното седиште се врајќаме од Охрид... Во позадина свири Харем, кои дефинитивно би ги препорачал за убаво будење после квалитетна пијанка со музичари. Четкар го носиме до Скопје, од каде што за накај Кавадарци треба ги собереме нашата многу драга колешка Алекс, Влатче, дечкото на Кристина, кај чијшто дедо ќе престојуваме додека сме во Кавадарци и секако нивното куче од расата џуџест пинч, Шелдон. Одиме на познатиот тиквешки гроздобер, кој од 1964 година го слави грозјето и симболично го означува стартот на бербата. Оваа година додуша, бербата поради сушата, која го намали родот за 30%, веќе беше во полн ек, но тоа не н$ предомисли со Ивана токму во Кавадарци да поминеме, 48 часа и да го славиме грозјето, ослободувањето на Кавадарци (7 септември) и Денот на независноста на нашата Македонија.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

37

Соживот на кавадаречки начин

Некаде околу единаесет часот, по неколку минутното дешифрирање на кавадаречките улици и улички, стигнавме во дворот на мојот имењак, дедо Перо, бивш автомеханичар, лозар и експерт за трактори (баш пред да дојдеме го поправал тракторот на телохранителот на градоначалникот), кој не ја криеше големата радост дека неговата внука конечно дошла да го види. Уште беше под импресии од претходните гости: „Еве баш тука пред некој ден седев со Гордан и Цветанка од СДСМ. Нели они сега слегнаа на земјата и почнаа да одат по куќи. Ми раскажуваа приказни како тие со Колозов. Што знаат политичарите за земјоделство?! Мислат ќе гласам за нив. Проблемот е што јас за никој не гласам. Не можам, а и не сакам. Се водам на три адреси, а живеам на четврта...“. Н$ пречека со ракија, задолжителен детаљ на секоја куќа во Тиквешијата и Маџун, или гроздов мед, кој се прави од жолта земја, сода бикарбона и шира. Додека се прави не смее да се зборува, посебно не да се вика. Сакаше да почасти за парите од бербата од пред три години, кои веќе ги отпишал, а ги добил ден пред да стигнеме: „Постојано се доцни со наплатата. Никој не ти го вреднува трудот. Затоа јас не прашувам за цена. Битно ми е да го продадам грозјето. Тоа што ќе остане си го правам ракија... Да, се живее од земјоделство, ама ако с$ е нормално. Ама во оваа држава ништо не е нормално. Лозарите секако се изиграни. И од политичарите кои многу лажат и крадат и од откупувачите кои ја местат вагата и ги крадат на тежина и шеќерност на грозјето и од винарниците кои не им го откупуваат грозјето, а имат договор“. Ама и лозарите не се покуси: „Има и такви што предвреме го созреваат грозјето. Добива убава црна

Целото грозје отиде за странство

опладнево се упативме во Сопот, село П оддалечено 4 километри од Кавадарци во откупниот центар Винорај. Таму

налетавме на товарање грозје за извоз во Босна, каде што отиде дел од тиквешкото грозје, кое годинава (посебно белото и поквалитетните сорти) многу се бараше и во Хрватска, Србија и Црна Гора, а помали количини откупија и домашните винарници. Возбудата дека случајно наидовме на ваква сцена, ја снема кога се појавија Босанците и транспортерот Стојан. „Престани да сликаш жено божија“, викаше Босанецот по Ивана, која му се радуваше на убавото светло и комбинацијата на бои, идеални за добра „фотка“ и не го перципираше. „Од која партија сте? Што сакате да пишувате?“, ни се обрати и Стојан. По неколку минутно објаснување и убедување дека ние сме објективен медиум и дека немаме никакви лоши намери како некои од нашите колеги, се појави и газдата, па ни беше дозволено детално да го проучиме целиот процес на откуп на грозје. Додека Алекс,

боја, но внатре не е зрело. Нема сласт. Грозјето е најдобро да здрее природно. А, да, порано имаше и такви шо грозјето го мешаа со вода за да тежи повеќе тракторот ко ќе го мерат. Сега веќе не можат. Да не ти кажувам пак дека некои у ракијата ставаат Билјана прашок, за да пени. Само таа шо пени е добра...“. Дваесет и две години живее сам, но не се жали: „По дома сум и маж и жена. Така ми било пишано. Но, не сум сам. Нонстоп сум со некој. Не се живее без луѓе“. Друштво во дворот му праваат и шеесетина гулаби (дедо Перо вели дека не им го знае бројот, бидејќи ако си ги броел, некој од нив ќе умрел), шест зајаци (слика од зајакот Каја има како дисплејот на мобилниот), две кучиња и мачка, кои се навикнале еден на друг и не се напаѓаат: „Ете гледате дека е можен соживот. Ко се сака с$ се може. Ако не, ќе игра лопата... Гулабите ги спремам за да ги пратам у Скопје. Да се сунчат на плажата на Коце...“. Има и коза, Гоца, крстена по министерката. Неа ја чува другар му Панче кој има викендичка на Тиквешко езеро, а друштво на Гоца таму & прават и козите на Панче, исто така крстени по политичарки: Доста, Бонева, Шеќеринска и Шапуриќ.

дефинитивно најдобриот новинар од областа на земједолството во земјава со газдата „разглабаше“ за бизнисот со грозје, јас следев како се мери грозјето и како се одредува нивото на шеќер. А тракторите се редеа еден по друг на вагата. Прво натоварени со грозјето, а потоа празни. Така се утврдуваше тежината на грозјето. Откако ќе се спроведе таа процедура, на сцена стапува чичко Трајан, кој го мери нивото на шеќер, чиј процент ја одредува цената по која ќе биде откупено грозјето. Ако е под 17 малигани му го враќаат. Ние, за жал, бевме сведоци токму на таков случај. Грозјето отиде за ракија.


4 238 часа со иВана и петре

www.kapital.mk

n Ж’та seе одnsСопatотio свративме на

а вра ад. А таму кавадаречкиот плошт Н ера. Сите осф атм веќе фестивалска ќањ

возбудени, дотерани, растрчани, торџиите, Мо ... ани пиј , насмеани рели, главни. то ско вал дел од фести оките цени Вис . Цело време брмчат леда не им беа изг с$ по ите зин бен на види кој има проблем. Битно да се . тор најголем. Мо народ се вратиме По кратко мешање во е н$ чекаше за кај дедо Перо. Тој веќ малиот парк во ра ска на и да н$ нос ница. Таму беше ста та ска спроти полици шемата. нешто како Атмосферата во паркот Пиво нема. о. вин со о ам , пивофест спушти Јадењето малку ни го жеше од утрото, адреналинот кој н$ дви е дека по вм па едногласно одлучи тинско време да прекрасниот ручек е вис се испружиме малку. сет часот веќе бевме спремни за Така и бидна. Во единае адуваме. Одиме на журка. Love мл нови победи. Ќе се под от дел. Се случува на споменсни sensation. И најинтере . Во големиот парк. дот костурницата над гра понудата на фестивалот. Секоја чест од ме нав ѕир о одн етх ј, па полека Пр е, али не беа наш бро на Галија и на останатит та. тргнавме накај журка трезни, за меѓу првите. Целосно го полнеа Стигнавме, нормално, ека пол кои ери ејџ тин о разлика од мнозинствот а или бонбона. Хормони пукаа на ж’т местото и беа на вино, сите страни. verick Германскиот DJ Kurd Ma

Во Кавадарци хит полските кражби

рославата на независноста ја почнавме со добар туш П и појадок на плоштад. Се почастивме со познатите кавадаречки ѓевреци. Со зденка.

Некаде околу десет часот пред Алекс и Ивана да отидат до Градско, ја посетивме изложбата на стари автомобили,

добро ва. Ивана, си ја одработи работа аиграа. Најголемо внимание изн се екс Ал и ина ист о за него. Кр е се интересираа сам сепак доби Шелдон. Сит от и нешто се вративме дома час Некаде околу четири е дека се се тушира. Не знаевм а, со распоред кој прв ќе вод на ја кци три рес а им а враќаме во време ког . Следната вечер имавме па никој не се истушира Денот на независноста и по и поголема среќа. Порад полноќ имаше вода.

организирана од кавадарчанецот Митко, страстен колекционер на стари автомобили, кој се претстави со „махиндра“, произведена во 1970 година во Бомбај. Најстариот автомобил, пак, беше американски. Од 1945 година, популарниот „џип вајлис МБ“. По изложбата со Кристина и Влатче се вратиме кај дедо Перо. Да правиме пинџур. При спремањето на ова јадење не се ќути, па дедо Перо си ја отвори душата: „Пред некое време некој ми ја украде кажи-речи целата ракија. Знам кој е, но немам доказ...“. Па со „муабетот“ н$ врати во партизанското време: „Не ми се верува дека некои земаат пензија затоа што го држеле магарето на командантот... А зошто во музејот у Скопје ги нема децата што ги стрелаа во Ваташа?...“. Па ни раскажа за проблемот со наводнувањето: „Тоа е катастрофа. Среќа јас имам приватна линија. На грозјето не му треба многу вода, но тоа не значи ич да нема. Страшна суша оваа година...“. Во Кавадарци не се краде само ракија. Верувале или не, во последните 11 месеци во овој крај се случиле околу две илјади полски кражби. Најчесто се крадат дрвените и железните лозови колци. Првите за огрев, а вторите за старо железо. Само бетонските не се крадат. „Не крадат веќе старо железо само Ромите. Пред некој ден двајца наши фатија. Ги крадат дури и хидрантите. Ги сечат со бонсог...“, ни дообјасни дедо Перо.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

39

Спорт, музика и секс

П

о попладневната дремка дојде време малку и за природа: Тиквешко езеро, најголемото вештачко езеро во Македонија. Патот малку го утнавме и случајно го откривме најпопуларното место за „онаа работа“, но за среќа налетавме на љубезниот чувар во хидроцентралата Тиквеш и со негови инструкции за некое време стигнавме и до езерото. И како порачани, ги сретнавме Аце и Миле, рибочувари на езерото, кои прифатија да н$ повозат по езерото. „Сте дошле во најубавото време. Сега цветат алгите. Богати се со јод. Многу се лековити... Најдлабоката точка на езерото е 140 метри... Добра плата земаме, е сега и ти...“, ни објасни Аце, велешанец кој веќе пет години го чува езерото. Рибочувар, како што ни објасни, се станува со лиценца за обезбедување и испит за рибочувар. Свртивме кругче и околу островчето Градот на кој има остатоци од стар антички град. Интересен податок за езерото е што никогаш не замрзнало.Околу седум

часот, пред да се стемни тргнавме накај градот, возбудени дека ќе ги гледаме Бразилките, дојдени специјално за тиквешкиот фестивал како претставнички на карневалот од Рио де Женеиро. А лозарите уште работеа. За нив немаше празник. Грозјето мора да се предаде. Пред конечно да се вратиме дома и да се раскомотиме пред новата журка, со Алекс свратиме до штандот на Стоби, главниот покровител на фестивалот. Таму н$ забавуваше и целосно н$ опушти Никола, кој работи како обезбедување, но за фестивалот му се дала можност да заработи и како келнер: „Јас сум ти друже спорт, музика и секс. Имам и жена и швалерка. Пиши слободно... Весници не читам, а вести не гледам од ко ја затворија А1, с$ друго е монтирано... Бразилките мислам дека се накај 8.30... Баш сакам да ги видам... Многу слаба организација годинава, ништо не е навреме... Викаш Бразилките у 10 се, а?......“. По испиеното шише вино со Алекс решивме конечно и ние да се напиеме како луѓе и во друштво со Влатче продолживме со дегустација на вината на Стоби и кај дедо Перо. Да се спремиме за журка како што треба.

Неготинци ќе станат кавадарчани

осле дест часот веќе бевме повторно назад на плоштад. А П таму мнозинството како што велат кавадарчани „нацицано“ со „манато“ по некоја, чека да се појават Бразилките. И одеднаш на циментото пред општината се прави круг од луѓе. Бразилките почнуваат! Масата од луѓе останува вџашена. Наместо на огромната бина, поставена на другата страна од општинската зграда од која секој ќе можеше да ги види, организаторот предвидел тие да играат на циментото, па многу малку од гостите на фестивалот имаа можност да уживаат во нивните благодети. Немаше време за организирање протести, па реагиравме инстинктивно и за миг со Ивана и Кристина се избуткавме напред. Бразилките лудило. Насмеани, секси, шармантни... Мажите во публиката здрвени. Ама и жените: „Значи стварно е згодна. Ама многу црна...“. Бразилките целосно н$ просветлија, ѕирнавме троа од концертот на Ван Гог и продолживме на втора тура Love sensation. Овојпат на Ageent Greg, по истата шема како и претходната вечер. И пак Шелдеон главен. Нас никој н$ не „ферма“. Утрото пред заминување назад во Скопјево го поминавме со другарите на дедо Перо, со кои дента беше на гроздобер. Требаше да гледаме трка на магариња, но се појавија само две и немаше трка, па решивме да се дружиме со нив. Видно под гас уште од наутро, секој дојден со шише ракија од сопствено производство, беа ептен расположени за

муабет. Ги ’рчнав за ривалството со неготинци. Едвај чекаа да одговорат: „Немаме ривалство. Неготино е село. Сите неготинци и така за брзо време ќе станат кавадарчани. Им го затворија породилното. Па по десет години ќе ги снема. Сите ќе се раѓаат во Кавадарци...“.. Откако научивме неколку нови пцовки (како што ви е познато во овој крај многу се користи зборот е...) и убаво се изнасмеавме со луѓево, точно напладне го фативме патот под рака и правец Скопје, каде како што велат кавадарчани, врбите растат и во река...

П.С. Следните „24 часа со Ивана и Петре“ ќе ги читате кон крајот

на октомври.


...Политика... Како ќе се смират ГруевсКи и Ахмети?

ГлАсААт ЗА иЗбори во деКември! пишува:

Катерина синадиновска

А

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Ако двајцата изгласаат “за“, ќе заборават да одговорат на прашањето која е потребата во време кога економските параметри се поразителни, индустриското производство драматично се намалува 11 месеци по ред, извозот на македонски производи исто така континуирано паѓа, а дури половина од компаниите имаат блокирани сметки, целиот свој арсенал повторно да го користат во битката за власта. “Капитал“ пред неколку недели праша - која е цената овој пат? Ниту од власта, ниту од опозицијата не добивме одговор продолжува на стр.44


Капитал број 674 26.09.2012

42

www.kapital.mk

политика

Попоски и Аврамопулос конечно се сретнаа, но дали се разбраа?

М

инистерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, во Њујорк конечно ја имаше својата прва билатерална средба со неговиот грчки колега, Димитрис Аврамопулос. Како што соопштија двете страни, оваа средба имаше за цел лично да се запознаат двајцата соговорници и да ги разменат своите ставови за прашањето за името. И штотуку се чинеше дека односите тргнаа да се затоплуваат, час по средбата пристигна остра реакција од Атина за

> БРОЈКИ

5

членови на Судскиот совет на кои до крајот на оваа година им истекува мандатот ќе бидат заменети со нови судии. За очекување е “драма“, ако се има предвид фактот дека ни претседател не може да се избере

14

нови градинки ќе отвора Владата во селата. Од прва, може да се помисли дека се работи за грешка - демографијата вели дека подобро да се отвораат старечки домови. Владата прво треба да смисли како младата популација ќе се врати во руралните средини.

6

милиони евра од европските фондови наменети за прекугранична соработка користат 30 општини од Македонија и Бугарија. Додека политичките препукувања растат, на двете држави не им е проблем да користат европските пари.

соопштението објавено од македонското Министерство за надворешни работи. Имено, по средбата беше пренесено дека и Попоски и Аврамопулос се согласиле дека Македонија не претставува закана за стабилноста на Балканот и дека нема територијални претензии кон Грција. Ваквата констатација веднаш ја демантираа од грчкото МНР, истакнувајќи дека оваа вест пренесена од македонските медиуми е тактика за внатрешна употреба и не покажува расположение за решение.

О

д матичната партија на премиерот Никола Груевски, ВМРОДПМНЕ, нарачале изработка на негов портрет. Уметникот кој го изработил делото им го продал со попуст за само 300 евра, иако вообичаено портретите ги изработувал за 500 евра. Партијата нарачала уште еден, но откако потоа не го зела, вториот портрет од премиерот го купила некоја новоотворена компанија.

Македонска верзија на примена на законите

За Ѕинго поважен е Сител од пратеничката функција.. Како ќе одигра Стојменов? Само Ѕинго поднесе оставка на пратеничката функција за да не стои меѓу Сител и Законот. Другите медиуми кои имаат противзаконска сопственичка структура до последен момент ги калкулираат опциите кои се само две – оставка на инволвираните функционери или продажба на медиумот пишуваат:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

Фотоархива на Капитал

Н

а само неколку дена пред истекот на рокот (30 септември) во кој радиодифузерите кои имаат недозволена сопственичка структура треба да се прилагодат на Законот за радиодифузна дејност, извесно е дека проблемот го реши само телевизијата Сител со оставката од пратеничката функција на Љубисав Иванов – Ѕинго. Барањето на сопственикот на радиото Канал 77, Горан Гаврилов, медиумот да се префрли на име на неговиот син во обид сопственоста да

facebook 1

Груевски во масло на платно за (само) 300 евра!

влезе во законските рамки, Советот за радиодифузија го одби. До затворањето на овој број на „Капитал“ во регулаторното тело немаше стигнато известување за оставка, ниту барање за промена на сопственоста од другите медиуми засегнати од членот 11 од Законот за радиодифузна дејност, кој забранува јавни функционери или членови на нивните семејства да учествуваат во сопственичката структура на медиум. Најзвучното име меѓу нив е секако Канал 5. Пред Борис Стојменов, чиј син, Емил Стојменов, е стопроцентен сопственик на Канал 5, остануваат две опции – да го следи примерот на Ѕинго или да ја продаде телевизијата. „На 1 октомври Советот за радиодифузија ќе одржи седница на која ќе ги разгледа случаите што нема да бидат разрешени до 30 септември и ќе започне постапка за одземање на дозволите на овие медиуми. Постапката за одземање трае 15

Слободно може да се зафркавате на моја сметка, блокирана ми е! Влатко Васиљ

2

...Едните ги упропастија 90-тите, другите 2000-те... Саша Павловиќ

3

Латас, 1963: Скопје утрово го погоди позитивен земјотрес Сашо Кокаланов

Ѕинго го напушта Собранието за да ја задржи ТВ Сител.

На Борис Стојменов с$ уште не му се станува од пратеничкото столче.


..

www.kapital.mk

две држави, еден проблем - медиумите!

П

о барање на новинарите, Брисел ја прати Нели Круз, заменик-претседател на ЕК во мониторинг во Бугарија. Таа порача дека мора да се знае кој е сопственик на медиумот и да постои транспарентност во тоа каде и колку пари од буџетот се даваат за реклами: „Да се знае како се трошат парите на даночните обврзници“. Слушајќи ја Круз може сосема да се изгубите и да не знаете дали зборува за Бугарија или за Македонија. За рекламите се знае, а уште неколку дена остануваат за покрај Сител, и Канал 5 да се „откачи“ од својот газда - јавен функционер.

сандРа ХРваТин: за вакво изигрување на закон во словенија „се лежи“ 15 години!

К

ога консултантот на Советот за радиодифузија од Европска комисија, Сандра Башиќ Хрватин (поранешна претседателка на регулаторно тело за радиодифузија во Словенија), ги видела изјавите со кои на медиумите со очигледно незаконска сопственост во 2007 година концесиите им биле заменети со дозволи, изјавила дека „поради таква изјава во Словенија човек би бил осуден на 15 години затвор“. „Целиот состав на Советот за радиодифузија кој гласал за промена на концесиите во дозволи во 2007 година треба да поднесе кривична одговорност. Тие мислеле дека елегантно го изиграле Законот со изјавите со кои сопствениците на медиуми кажале дека го разбираат (Законот) и дека преземаат одговорност во овој контекст. Но, вистината е дека Законот јасно бара од Советот како услов за дозвола за работа да го постави или поднесувањето оставка на функционерот кој е предмет на спорот или промената на сопственоста, што тогаш не било направено“, вели извор од регулаторното тело.

дена – рок што функционерите поради кои се спори сопственоста на овие медиуми ќе имаат можност да го искористат за да поднесат оставки или за да се продадат компаниите“, велат од Советот. За телевизиите во сопственост на акционерски друштва – Алфа, Телма и Ирис (Штип), кои, исто така, ги „фаќа“ членот 11 доколку меѓу нивните акционери има јавни функционери, рокот за прилагодување не важи. Од Советот за радиодифузија велат дека во никаков случај нема да има консеквенции кон овие медиуми, зашто не постои можност медиумот да спречи некој да купи акции од компанијата што го поседува. Проблемот со незаконската сопственост на одредени медиуми законски е санкциониран уште во 2005 година, но досегашните состави на Советот за радиодифузија досега ја игнорираа обврската да го спроведуваат Законот.

Капитал број 674 26.09.2012

буМ-ТРес

КоМенТаР

43

ТеуТа аРифи

вицепремиер

В

о САД брифирав за Дијалогот со ЕУ и американската администрација искажа задоволство од резултатите“ Покрај посетите на САД или Катар, подобро Арифи да се фокусира на Европа. За останатото плаќаме нејзини колеги.

Максим Ристески maksim.risteski@kapital.mk

Што дека Ѕинго си поднесе оставка?

Ќ Љупчо аРнаудов

претседател на здружението Богојавление од Охрид

В

о името на здружението Богојавление и во мое лично име, ве поканувам да бидете кум за Водици“ во Охрид му пишува Арнаудов на рускиот претседател Владимир Путин. На поканата за кум, од Путин уште нема ни “да“ ни “њет“

ШТефан филе

еврокомесар

Б

и било наивно да се верува дека може да се добие датум за преговори без решен спор за името“ вели Филе. Излегува дека залудни беа неговите фалби за постигнатото во пристапниот дијалог со ЕУ... Или можеби не - ништо чудно токму заради овој факт тој да се фокусира на „морков дипломатија“

twitter 1

herealpsmst @therealpsmst

2

Damir Neziri @toVornottoV

3

BobiYo @bobanj

Талат џафери е редок пример собранието да ја држи под контрола владата Унија на ТВИТОВИ млади сили!

Втевме втевме то реформите едно 6-7 години и #рецесија ми се падна #Ж

е поминe 30 септември и евентуалните постапки за одземање дозволи, и првпат во независна Македонија на хартија сите медиуми ќе имаат законски чиста сопственост. Формата ќе биде задоволена – функционери или нивни блиски роднини нема да може да се прочитаат како сопственици на медиум во податоците на Централниот регистар. Но, и ако човек не знае да чита меѓу редови, ситуацијата е толку јасна што не може да не сфати дека суштински ништо нема да се смени, односно проблемот со погубното политичко влијание врз медиумите ќе остане ист како до пред 30 септември. Да го земеме само првиот законски усогласен случај: Љубисав Иванов – Ѕинго нема да биде пратеник, но ќе остане коалиционен партнер во Владата, лидер на партија. Има ли јунак што ќе се осмели да тврди дека со ова ќе се случи суштинска промена што би требало да го убеди ОБСЕ/ ОДИХР на следните избори да не ни ја повтори препораката „да се преземат чекори за разрешување на конфликтите на интерес во врска со контролата врз приватните радиодифузери од страна на лица кои се вклучени во политиката“? И препораката на меѓународната организација крие содржина меѓу редовите која лесно се чита – Сител, А1, и Канал 5 беа најголеми донатори во изборната кампања лани, бидејќи понудија несфатливо поволни попусти за рекламирање на партиите. ОБСЕ, нормално, се прашува што добиваат овие медиуми за возврат, особено тие чиј влог се покажал како победнички, и како тоа влијае на општата медиумска клима во државата?


капитал број 674 26.09.2012

44

www.kapital.mk

политика

како ќе Се Смират ГруевСки и ахмети?

Гласаат ЗА избори во декември! пишува:

катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

Д

УИ ќе бара избори во декември ако Македонија не добие датум за преговори есенва. Овој партиски став за “Капитал“ го презентира функционер и близок човек на лидерот Али Ахмети, кој појаснува дека за ваквата опција веќе се информирани и коалиционите партнери, ВМРО-ДПМНЕ. “Премиерот Никола Груевски кажа дека ако ДУИ сака, ќе има избори. Интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури секогаш била приоритет за нашата партија, па оттаму, одговорноста што ја имаме на тоа поле не ни дозволува да излеземе со вакво барање с$ додека е отворена можноста да се добие датум за преговори есенва. Оваа порака ја имаме примено и од дипломатскиот кор во земјава, кој не е воодушевен од кризата што владее во коалицијата, а уште помалку

“Капитал“ презентира идеја на ДУИ за предвремени парламентарни избори во декември заедно со локалните, кои иако ќе се поместат три месеци пред дадениот рок, повторно би се сметале како редовни, запазувајќи го законскиот услов. Од владејачката ДУИ брифираат дека единственото нешто што може да ја спречи оваа идеја е сигнал од Брисел дека ќе добиеме датум за преговори, што би ја ставило државата во сосема друга матрица, која не вклучува гласање. Но, ако се има предвид дека овој епилог е невозможен без решен спор за името, а спорот од друга страна, е заглавен, изборите пред Нова Година изгледа се повеќе од веројатни од можноста да се зборува за избори додека Европската комисија го подготвува Извештајот за напредокот на државата. Но, ако позитивните тонови од Брисел завршат на препорака за членство, тогаш ништо нема да н$ сопре во барањето да се гласа предвреме“, вели тој за “Капитал“. Истиот извор објаснува дека овој став во партијата го зазеле по неколку состаноци на партискиот врв, а особено откако и по двете средби на лидерите (Никола Груевски и али

Ахмети) по настанот во Слупчане ставовите за законот за бранители, кој е заглавен во Собранието, и за толкувањата за Слупчане не успеале да ги усогласат. “Многумина веруваат дека се работи за договор меѓу двете владејачки партии. Не е така. Можеби повеќе се работи за сопствен партиски интерес, поточно за обврските кои ги имаме преземено пред нашиот електорат. Разликите кои ги имаме со коалициониот партнер за овие


www.kapital.mk

капитал број 674 26.09.2012

политика прашања се апсолутно непремостиви. Во моментов не гледаме како тие би се надминале, освен да побараме повторно соочување на силите на терен преку гласање. Некои партиски функционери и од ВМРО–ДПМНЕ и од ДУИ мислат дека во текот на расправата во Собранието ќе се доближат и ќе се надминат разликите, но да бидеме реални, тоа не може да се случи. Ова е досега најкрупен проблем со којшто сме се соочиле, од едноставна причина што нема кој да попушти. Се фативме на орото и двете партии, нема назад“, вели тој. Во ДУИ сметаат дека нивно легитимно право е да бараат избори ако мислат дека во дадената рамка како влада не успеваат да одговорат на задачите што ги презеле. На прашањето што би се смениле тие избори кога ако им се верува на анкетите, повторно ќе треба да прават коалиција со Груевски, велат: “Да, ама нема да биде исто. Нова коалиција знач и нов меѓусебен договор. Во тој договор ќе бараме конкретни рокови за заедничките проекти. Нови избори се нов пазар“, вели нашиот извор. Идејата на ДУИ е изборите во декември да се распишат заедно со локалните, кои би го запазиле условот да бидат три месеци пред или по дадениот рок, за да бидат редовни.

ВМРО–ДПМНЕ: Ако се неопходни избори, декември не е проблем

Во меѓувреме, во другата владејачка партија, ВМРО–ДПМНЕ, стојат на ставот дека што се однесува до нив, подготвени се за избори во секое време, иако во моментов не биле фокусирани на таква можност. “ВМРО–ДПМНЕ е подготвено за избори, иако порачавме дека тоа не ни е фокус во моментов. Имаме цели пред себе за остварување, ама ако изборите се неопходни, тогаш ние сме подготвени. Затоа што освен целите за коишто зборуваме, наша одговорност е да ги артикулираме интересите на граѓаните и да ги почитуваме“, вели директорот на Центарот за комуникации на партијата, Илија Димовски, за “Капитал“. Партиски извори пак, за “Капитал“ брифираат дека се запознаени со идејата на ДУИ за ваков расплет на настаните, но и тие негираат дека се работи за усогласена игра со која двете партии би обезбедиле уште еден мандат. “Од законот за бранители нема да се откажеме, а во врска со изборите, нека биде што ќе биде. ДУИ имаат право да побараат избори и ние немаме проблем да се справиме со нашиот политички противник на терен. Она што е политички нелегитимно и некоректно кон граѓаните е идејата на СДСМ дека може да се “протне“ во некаква широка влада или да се дограба до власта на каков и да е начин“, велат во ВМРО–ДПМНЕ.

Со избори или без, Рамковниот договор нема да се чепка!

Во меѓувреме, она што покрај изборите е н ајак т уел на п ол итичка тем а се шпекулациите за можната ревизија на Охридскиот рамковен договор. Откако на идеите на партиите на албанскиот политички блок, кои не се нови, а бараат нов договор или ревизија на постоечкиот,

45

Дуи си подготвува нова македонска химна!

И

додека од ДУИ велат дека во Охридскиот договор нема да се менува ништо, но ќе се бара негова доследна имплементација, тоа не важи и за химната. “Ние спориме за текстот на македонската химна, во кој Албанците воопшто не се споменати, но ја почитуваме и с$ дури е официјална химна, ќе ја интонираме. Во меѓувреме, работиме химната на Македонија да ја рефлектира мултиетничноста“, вели портпаролот Бујар Османи.

почна да се приклучува и ДУИ, темата доби сериозни елементи. Дополнително, за прв пат, со барање за ревизија на договорот се јави и една македонска организација - Обединетата македонска дијаспора, на чело со Мето Колоски. Претставникот на Македонците иселени во САД вели дека Охридскиот рамковен договор е извор на проблеми во македонското општество, како што е сегрегацијата во училиштата. Иако нивното барање се заснова на обвинувања за албанскиот радикализам, па оди во насока дека таа ревизија би требало да биде, условно кажано, во корист на македонскиот етникум, самите заложби за отворање на Договорот пробудија многу дилеми. Ситуацијата дополнително ја “запржи“ несреќниот превод во “Дневник“ на заедничката колумна на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во која наместо “Владата почна преглед на Охридскиот договор“, како што од Владата тврдат дека стоело во оригиналната верзија на колумната на англиски, преведувачот во “Дневник“ напиша “Владата почна ревизија на Охридскиот договор“, грешка што во моментот на запалени страсти на оваа тема значи многу. Опозицијата од албанскиот блок стои на ставот дека за Македонија потребен е нов договор. “Никаква ревизија на Охридскиот договор нема да помогне. Неопходен е нов договор, за што најдобар доказ се последниве препукувања во Владата меѓу ВМРОДПМНЕ и ДУИ. Ние ова го бараме од 2009 година, зашто Албанците не се чувствуваат задоволни во Македонија. Пратеници со албанска националност не може да бидат повеќе од триесет во Собранието, но тоа не значи дека некој може со надгласување да се чука во гради дека донел патриотски закон. За да нема ваква дискриминација, неопходно е спокојно да се дебатира за нов договор, кој ќе вклучува дводомен парламент каде што ќе постои горен дом, без чија согласност нема да може да се усвои одлука на долниот дом. Во горниот дом ќе функционира принципот на консензуално одлучување. Сега има премногу важни прашања за Албанците за кои со надгласување Македонците одлучуваат сами“, вели пратеникот на ДПА задолжен за односи со јавноста, Зиадин Села. Во партијата на Руфи Османи, НДП, се уште порадикални во осудата на Охридскиот договор (тука најверојатно игра

илија Димовски

ВМРО-ДПМНЕ

"ВМРО–ДПМНЕ е подготвено за избори, иако порачавме дека тоа не ни е фокус во моментов. Имаме цели пред себе за остварување, ама ако изборите се неопходни, тогаш сме подготвени. Затоа што освен целите, наша одговорност е да ги артикулираме интeресите на граѓаните и да ги почитуваме."

ермира мехмети

ДУИ

"Кога ДУИ гласа против закони на владата во која седиме, СДСМ ем прави кворум, ем гласа за законите. Што беше СДСМ минатата недела, помошен член на Владата, коалициски партнер или заменик коалициски пар-тнер? За оваа дилема СДСМ треба да одговори пред сопствените гласачи и поддржувачи". Со оваа порака Мехмети по којзнае кој пат даде до знаење дека редно време е Бранко Црвенковски да престане да сонува дека Ахмети ќе му ја заврши работата.

анДреј петров

СДСМ

За избори наголемо се подготвува и СДСМ, која по “Работното лето“, влезе во нова акција, “Отвори врата за иднината“, во рамките на која тимови од партијата ќе одат од врата на врата и ќе бараат од граѓаните помош во креирањето на изборната програма. “На крајот на овој проект секој граѓанин ќе може да се препознае во поединечните програми на СДСМ“, вели Петров. улога и тоа што досега не биле на власт). Сметаат дека ДУИ ги лаже Албанците кога ги уверува дека Договорот содржи гаранција за сите нивни права. “Ние сакаме да им се разјасни на Албанците содржината на Рамковниот договор, кои досега слушаа само празни фрази. Со Договорот се зголеми волуменот на правата на Албанците, но тој не е тоа што го претставува ДУИ, зашто не ја менува правната состојба на Албанците. Според


Капитал број 674 26.09.2012

46

www.kapital.mk

политика

“Од врата на врата“, СДСМ се изгуби

О

на што СДСМ го најави минатата недела како нова стратегија во политичката борба остави многу прашалници во јавноста за целисходноста на нивниот труд што планираат да го вложат. Имено, тимови на СДСМ ќе одат од врата на врата во домовите на граѓаните и од нив ќе бараат насоки за партиската програма со којашто ќе настапат на локалните избори. До оваа идеја дошле челниците на СДСМ на состанок на Централниот одбор на партијата, а на проектот му дале и име, “Отвори врата за иднината“. “Тоа е продолжение на “Работното лето“ со кое СДСМ одржа серија митинзи на кои промовираше дел од кандидатите за градоначалници за локалните избори што ќе се одржат во март наредната година. Програмите на СДСМ ќе бидат заедничко дело на партијата со граѓаните и тие во себе ќе ги содржат предлозите на самите граѓани, тоа што го сакаат за себе и за својата општина. На крајот на овој проект секој граѓанин ќе може да се препознае во поединечните програми на СДСМ“, рече секретарот на СДСМ, Андреј Петров. Но, оваа акција останува нејасна ако се

има предвид дека и “Работното лето“ кое го имаше сличниот “меинстрим“ не ги даде очекуваните резултати. Рејтингот спектакуларно не порасна, а впечатокот дека СДСМ останува без конкретни идеи за надминување на клучните општествени прашања с$ уште е присутен. Затоа, нејасно е зошто му се лутат на нивниот поранешен лидер Владо Бучковски кога вели дека редно време е Бранко Црвенковски и неговите луѓе да сфатат дека наместо копирање на популизмот и политиките на ВМРО– ДПМНЕ, треба да ја вратат оригиналната форма на партијата. “Ако политиките на ВМРО–ДПМНЕ се штетни и погрешни, какви што и се, што може да добие СДСМ со нивно копирање?“, вели Бучковски.

Рамковниот договор, Албанците не се државотворен народ, туку малцинство. Дури и правата на Албанците што им ги дава Договорот не се спроведуваат во целост - не е решен проблемот со употребата на јазикот, употребата на Бадинтер не важи за буџетот и така натаму“, смета портпаролот на НДП, Артан Дика. Но, ваквите идеи на овие “радикали“ немаат реална основа за реализација с$ додека од ДУИ се децидни. “Изјавите за ревизија на Договорот се користат дури и од нас за дневно– политички поени, но не е време за тој да се отвора“, велат во ДУИ. Од разбирливи причини, владејачката ДУИ не пропушта можност да ја пофали имплементацијата на Охрискиот договор, но сега посредно се повикува на меѓународната заедница, сакајќи да изврши притисок врз македонскиот партнер (во Владата) поради запнувањето за правото преку АРМ да им се оддава почит на загинатите борци на ОНА, општината Чаир сама да ги менува имињата на своите училишта или албанската химна да се интонира наместо државната во официјални пригоди. Она што го тврдат од најголемата албанска партија е дека целата актуелна политичка криза не е во насока на промена на Договорот, како што многумина во јавноста толкуваа. Оттука, сценариото сепак е едно – одиме на гласање!


Капитал број 674 26.09.2012

48

www.kapital.mk

трКалезна маса на „КаПИтал“ И фИлмсКИот фестИвал

КаКо До Повеќе И ПоголемИ сПонзорства во Културата?

Менаџерите од култура од компаниите да изгра партнерски односи пишуваат:

Петре Димитров

petre.dimitrov@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

З

а тоа колку е развиено едно општество најдобро покажува податокот колку му е развиена културата. Поради кризата, компаниите, најголемите поддржувачи на настани од јавен карактер во последниве неколку години континуирано ги намалуваат буџетите за поддршка на културата во Македонија, иако расте нивниот интерес за спонзорирање. Она што недостига е поголем интерес кај граѓаните и кај државата. Проблем се и административните процедури за донаторите, но и односот меѓу спонзорите и примателите на спонзорствата, кој

Поради кризата, и покрај континуираното намалување на буџетите за поддршка на културата, во Македонија расте интересот за спонзорирање од страна на компаниите, но недостига поголем интерес кај граѓаните и кај државата најчесто е инцидентен, а не партнерски. Ова се дел од заклучоците на тракалезната маса која ја организираше неделникот „Капитал“, заедно со филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола на тема: „Како до повеќе и поголеми спонзорства во културата?“, а чија цел беше да се поттикне спонзорирањето во културата.

Средствата за поддршка на културата се намалуваат

Рисима Рисимкин, која стои зад културната манифестација „Денс фест“, констатираше дека средствата за поддршка на културата во последните неколку години се драстично намалени, па спасот го гледа во градење партнерски однос со донаторите и во

Даночните олеснувања не се важни за компаниите

Д

аночните олеснувања, предвидени со Законот за спонзорирање на јавни настапи, не играат голема улога во донесувањето на одлуката дали некоја компанија ќе застане зад некој културен настан. „Даночните олеснувања не влијаат многу на одлуката дали некоја компанија ќе донира или не“, потенцира Јончевска.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

49

л „Браќа МанаКи“ Македонските продуценти не користат европски пари

Д

арко Башески од Филмскиот фонд, која е една од институциите што го помагаат филмот, нагласи дека домашните продуценти, но и другите лица кои творат и создаваат културни вредности повеќе да аплицираат за пари од многубројните европски фондови за таа намена. „Нашите продуценти многу ретко аплицираат за пари од европските фондови“, смета Башевски.

ата и радат развој на креативна индустрија, која сама ќе прави профит. „Најуспешни културни манифестации се тие што имаат стабилни партнери. Јас сум присутна во културата повеќе од 20 години и, за жал, морам да констатирам осетно намалување на поддршка на културата. Кај нас с$ зависи од личните афинитети на менаџерите, а многу мал број компании се свесни за нивната улога за општествена одговорност“, вели

Рисимкин. Потврда за намалување на буџетите даде и Радмила Јончевска, од Е-фондација од Македонски Телеком, компанија која важи за еден од најголемите поддржувачи на настани од јавен карактер. „Средствата за поддршка на настани од јавен карактер се намалуваат. Не треба да се чека само на компаниите“, вели Јончевска. Горан Тозија од Друштвото на филмски професионалци напомена дека освен компаниите, во поддршката на културата повеќе да се вклучи и државата. „Бидејќи една од улогите на државата е и да воспитува, едуцира и да се грижи за развојот на граѓаните. Спонзорствата од компаниите се добредојдени, но тоа не е замена за нивната општествена одговорност“, смета Тозија. Никица Кусеникова од невладината организација Конект повика на поголемо индивидуално вклучување во помагањето на културата од страна на граѓаните, посочувајќи дека кај компаниите постои с$ поголем интерес за помагање на културата.

Градењето партнерски однос успешен модел

Компаниското искуство на Вип оператор, кој последниве неколку години стана еден од најголемите поддржувачи на спортот и клутурата во земјава, го пренесе Никола Љушев, извршен директор на Вип, кој е официјален партнер на „Браќа Манаки“. Тој објасни дека секоја од македонските компании компанија во се подготвени долгорочно да бидат донесувањето на спонзори на настани од јавен карактер одлуката дали ќе спонзорира нешто или не, тргнува од вредностите што ги промовира манифестацијата и дека Вип не милијарди долари имаат донирано во хуманитарни цели, најбогатите луѓе на е заложник на светот, Бил Гејтс и Ворен Бафет стеротипниот начин на спонзорирање, кој е типичен за македонски услови. „Мора да се има заеднички интерес и партнерски однос. милион евра спонзорства добила Тајната на нашиот културата во Македонија во 2009 г. успех како спонзор

15% 45,5 1

ниКола Љушев

извршен директор на вип оператор

Мора да се има заеднички интерес и партнерски однос. Тајната на нашиот успех како спонзор и донатор е во тоа што ние не правиме обично канализирање на парите, туку градиме модел на партнерство.

лаБина МиТевсКа

директор на „Браќа Манаки“

Проблемот не е само во компаниите, туку и кај организаторите на културните манифестации и нивниот пристап кон донаторите.

Горан Тозија

друштво на филМски професионалци

Освен компаниите, во поддршката на културата повеќе да се вклучи и државата, бидејќи една од нејзините улоги е и да воспитува, едуцира и да се грижи за развојот на граѓаните.

саша БоКо

шпаркасе Банка

Компаниите можат да направат многу за едно општество да биде културно богато и среќно. Формулата е едноставна. Треба повеќе давање, отколку земање. и донатор е во тоа што ние не правиме обично канализирање на парите, туку градиме модел на партнерство. Најуспешни фестивали се тие што имаат стабилен партнер“, посочи Љушев. Саша Боко од Шпаркасе банка, генерален спонзор на фестивалот „Браќа Манаки“ и на филмот „Трето полувреме“, смета дека компаниите можат да направат многу за едно општество да биде културно богато и среќно. „Формулата е едноставна. Треба повеќе давање, отколку земање“, вели Боко, констатирајќи како и другите соговорни-


Капитал број 674 26.09.2012

www.kapital.mk

50

Нема пари од продажба на карти

И

покрај тоа што културните, спортските и другите настани од јавен карактер обично кај нас се нудат со прилично евтини билети за европски пригоди, од продажбата на билети не се заработува речиси ништо. И за билети од симболични 50 денари, кај нас се бараат карти гратис, посочија учесниците на тркалезната маса. ци дека формулата на успех лежи во градењето партнерски однос на спонзорите и примателите на парите. Тоа го потврди и Лабина Митевска, директор на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. „Моето искуство со менаџирање на фестивалот покажа дека проблемот не е само во компаниите, туку и кај организаторите на културните манифестации и нивниот пристап кон донаторите. Мора да се гради партнерски однос, да не се сведе работава само на давање пари“, вели Митевска.

Рисима Рисимкин

Денс фест

Најуспешни културни манифестации се тие што имаат стабилни партнери.

Радмила Јончевска

Е-фондација, Македонски Телеком

Средствата за поддршка на настани од јавен карактер се намалуваат. Не треба да се чека само на компаниите.

Да се намалат административните процедури, за компаниите да донираат повеќе

Според истражувањето на невладината организација Конект, во земјава на годишно ниво за спонзорирање или донирање во настани од јавен карактер се вложуваат од 6 до 8 милиони евра, од кои за културата одат околу 1 милион евра. Според Кусеникова од Конект, даночните олеснување за донаторите, на што и работи оваа невладина организација, но и намалувањето на административните процедури кои ги оптоваруваат донаторите, а не тие што ги добиваат парите, ќе придонесе за уште поголемо донирање и спонзорство во делот на јавните настани. „Не може донататорите да одговараат за парите кои ги троши некој друг. Редно време е да се тргне стереотипот дека ако некој донира или спонзорира нешто тоа да се поврзува со сомнителни пари“, вели Кусеникова. Она што според неа разочарува е дека, според нивните истражувања, само 15% од компаниите во земјава се расположени за долгорочна поддршка на настани од јавен карактер.

Дарко Башески

Филмски фонд на македонија

Домашните продуценти, но и другите лица кои творат и создаваат културни вредности повеќе да аплицираат за пари од многубројните европски фондови за таа намена.

Никица Кусеникова

Конект

Расте интересот на компаниите за помагање на настани од јавен карактер.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

интервју

Дарко Митревски режисер

51

Роберт Насков продуцент

На „Трето полувреме“ му треба државна поддршка за „Оскар“ пишува:

верица јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

Петре Димитров

petre.dimitrov@kapital.mk

фотографија:

ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

“В

о Битола ставивме крај на една долга трка, маратон кој го трчавме 12 години. Од една страна е еуфорично затоа што стигнавме до целта, а од друга страна е меланхолично затоа што се простуваме од трката. Со самата премиера филмот престанува да ти припаѓа, и од тој ден & припаѓа на публиката. Се трудиме таа меланхолија да ја излечиме со тоа што веднаш се фативме да правиме нов филм. Веќе работиме на сценарио, буџети и бргу ќе се вратиме во форма“, вели Митревски кој ексклузивно за „Капитал“ открива дека грабнувањето на Мис Стон е темата на следниот проект, а информацијата дека Анџелина Џоли ќе ја глуми главната улога е само виц! XX „Трето полувреме“ базира на вистинска приказна од пред Втората светска војна. Новиот проект исто

По битолската премиера на последното филмско остварување на двоецот, Дарко Митревски и Роберт Насков, „Трето полувреме“ од денеска, во кино Милениум се прикажува пред пошироката јавност. „Од овој момент филмот повеќе не ни припаѓа нам, туку на публиката“, велат тие веќе наголемо зафатени со предизвикот „Трето полувреме“ да влезе меѓу петте филмови од неанглиско јазично подрачје кои ќе се борат за добивање на најпрестижната светска филмска награда – „Оскар“! така се инспирира од македонската историја. Дали е случајност или македонската историја Ви е навистина толку инспиративна тема? Живеејќи во Лос Анџелес сосема случајно налетав на репортажи од почетокот на 20-тиот век, објавувани во американскиот печат и ми беше многу интересно зошто тогаш воопшто се интересирале за нас. Што е тоа што ги инспирирало да праќаат извештаи за Македонија. Целиот нивен интерес за Македонија е базиран на Мис Стон која во нивниот печат има објавено повеќе за Македонија отколку сите бугарски автори во изминатите 70 години. Многу е интересно за овој скандал, грабнувањето на Мис Стон да читаш од американска перспектива. Затоа, филмот ќе биде направен од американска перспектива,

на англиски јазик за разлика од филмот снимен во 50-тите години кој нештата ги гледа од македонски агол. Мисионерката Мис Стон работела на еманципација на чорбаџиските ќерки во тоа време, дошла во една земја за која не знае да ја покаже ни на мапа со мисија во која навистина верува. Во осум месеци колку што траела кризата со грабнувањето и таа и тие го менуваат мислењето едни за други. Кога ќе биде ослободена таа станува најголем амбасадор на Македонија. XX Сите историски настани поврзани со Македонија кога се раскажуваат макар и со временска дистанца од половина век, предизвикуваат бурни реакции. Такви реакции предизвика и „Трето полувреме“ кај дел од бугарската јавност. Дали со


Капитал број 674 26.09.2012

52

www.kapital.mk

интервју

изборот на темата и начинот на кој е раскажана, всушност сакавте да провоцирате? Што и да направиш на тема Македонија, сигурно ќе испровоцираш некого. Каква и да е приказната. Кога ми беше преку глава од балканскиве мешаници и кога се отселив во САД каде што решив да почнам од почеток, првата холивудска журка на која присуствував беше роденден на Раде Шербеџија, каде што свиреа свирачи од Војводина. Кога ја засвиреа „Ајде слушај, слушај Калеш бе Анѓо“ еден бугарски актер кој стоеше позади мене & рече на една Американка: Oва е наша песна. Јас избегав 10.000 километри за пак да го слушнам тоа. Значи, од своја кожа не се бега. Што и да направиш поврзано со Македонија и со македонската историја сигурно ќе се замериш со некого затоа што таква е историјата. XX Дали пред 12 години кога ја слушна приказната која е мотив за „Трето Полувреме“ и додека го снимавте филмот, очекувавте дека филмот денес ќе биде тема во Европскиот парламент и кај еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле? Не! Ако ги погледнете бугарските медиуми деновиве, ќе видите дека тие се речиси хистерични затоа што европските институции не сакаат да застанат на нивна страна. Тие тоа го сметаат за предавство од Унијата. Инаку, сигурно дека не сум очекувал вакви реакции кои се случуваат. Сами да сакавме да испровоцираме вакви реакции, па и да платиме, немаше да успееме во тоа. Ваков маркетинг немаше да успееме да платиме, но мене тоа не ме радува затоа што „Трето полувреме“ ќе беше гледан и вака и онака. Филмот сам ќе си го најдеше својот пат и без политичката фама која го следи. Фамата и кампањата не ме радуваат од две причини. Прво, затоа што многу ме исцрпи да бијам битка која не е моја и второ, затоа што мислам дека се отиде предалеку. Се влошија односите меѓу луѓето, а тоа тешко се лекува.

Дарко Митревски Сакам филмовите кои ги работам да имаат пазарна вредност. Мислам дека филм треба да има своја вредност. Тврдам, со години наназад, дека филм се прави за публика – не за фестивали и за награди. Ако филмот не го гледаат луѓе е исто како да не си нашол купувачи за стоката што си ја произвел. XX Очекувате ли откако ќе започне да се прикажува дека филмот ќе ја исполнува вашата замисла – да биде љубовен филм? Или ќе му остане етикетата којашто сега ја доби, на националистички и провоцирачки? Кај нас, за жал, ќе му остане етикетата која ја доби. Сите ќе го гледаат низ таа призма. Во странство не. На мојот агент и на мојот адвокат во ЛА, сето ова воопшто не им е јасно. Како може некој да негира нешто што за секунда може да се провери на Интернет, како што е Холокаустот. Тие на тоа гледаат како на наше балканско лудило и воопшто не ги интересира. Го прашав нашиот ПР-агент кој треба да ја води нашата оскаровска кампања, дали и колку ова ни штети или користи и тој ми одговори – не ни е гајле за тоа! Мислам дека надвор од Балканот, овој филм ќе биде гледан со многу понормални очи, што ми е криво. XX Како на автор и продуцент, што значи филмот кој сте го создавале да се најде на една ваква престижна листа, како што е кандидатската за Окскар?

XX Зошто компаниите не вложувале во филмот досега? Јас би рекол дека за тоа се виновни моите колеги кои филмот не го третираат како производ со свои специфики. „Бал-канкан“ докажа дека луѓето сакаат да гледаат македонски филмови и дека филмот можете да го третирате како производ. Само со таков став и силна дистрибуција, може да ги убедите компаниите дека можат да најдат свој интерес воспоставувајќи партнерски односи со филмот. XXКако планирате да обезбедите поддршка и за номинацијата и за идната дистрибуција на „Трето полувреме“, кој сакате да го види цела Македонија? Конкретно со трката за „Оскар“, имаме интерсна ситуација.

Насков: За нас значи многу. Тоа e работа со која мораме веднаш сериозно да се зафатиме, а на филмот му носи дополнителен публицитет кој ако добро се искористи може да ни донесе добри резултати онаму каде што треба да го пласираме. Кога создавате некој филм целите кон тоа што е најдобро за филмот. За нас најважно е што ја добивме поддршката од нашите колеги. Сега ни треба поддршката од државата затоа што во светот никој нема да крене слушалка за вас доколку за тоа не добие пари. Патот до „Оскар“ и до номинацијата ние сами не можеме да го изодиме. Тоа е еден сосема друг свет, во кој има професионалци кои го работат тоа. За да ги ангажираме да работат на нашата номинација потребни се многу финансии. Се надевам дека државата и сите оние кои се финансиски моќни ќе застанат зад нас. XX Филмотот се снимаше со буџет поголем од 2 милиони евра? Насков: Ние успеавме да се спакуваме во буџет од 2,4 милиони евра. Да се снима во која било друга европска земја ќе чини најмалку четири пати повеќе. Тоа значи

Американската компанија со која работиме ни вели дека не е доволно да се прават само проекции, туку луѓето да се задржат и по проекцијата. Најдобар начин за тоа е да се направи дегустација на вино и храна и од Македонија. Гарантирам дека нема релевантен фактор во Лос Анџелес кој нема да дојде на ваква промоција. Но, засега немаме ниедна винарница која ќе застане зад нас. Со поддршката на „Трето полувреме“, таа компанија влегува директно на американскиот пазар. Инаку, спонзори за дистрибуција ни се потребни затоа што во Македонија нема пари, нема сали, нема технички капацитети. Имаме само едно кино, технички супериорно, а ние ветивме дека ќе се потрудиме секаде каде што ќе бидеме поканети да го прикажеме филмот. Тој што ќе застане со нас во оваа дистрибутерска трка и ќе ни помогне да стигнеме низ сите места во Македонија, си го наоѓа најевтиниот пат до потенцијалниот купувач.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

интервју голем напор на наша страна, од целата екипа, кратење или модификација на дел од идеите. XX Имаше ли многу измени од првичната идеја за филмот до крајната верзија? Насков: Не, суштинска не. Од идејата за снимање љубовен филм во предвоено Скопје ништо не е променето. Најмногу се менувани ликовите на фудбалерите. XX Во рамки на „Браќа Манаки“, „Капитал“ иницираше дебата за тоа како да се поттикнат компаниите повеќе да спонзорираат културни проекти? Како да се зајакне партнерскиот однос меѓу двете страни? Какво е Вашето искуство? Насков: Еден од начините да се финансира снимањето филмови во Македонија е да се користат средства од Филмскиот фонд, но тие не се доволни. Во Европа системот функционира на копродукции, а во САД компаниите директно ги финансираат своите филмови. Македонија како мала земја е принудена да копродуцира, но, за жал, понекогаш сме ставени во ситуација нашите пари помалку да се вреднуваат, што не е добро. З а мене како пр оду цент, главната придобивка на „Трето полувреме“ е што докажавме дека во Македонија можат да се снимаат сериозни филмови. Вакви дискусии се многу важни затоа што дел од финансиите мора да доаѓаат од приватни компании, но државата мора да го најде соодветниот модел кој го поддржува и стимулира тоа. Генералното спонзорство на Шпаркасе во „Трето полувреме“ е издвоен модел. Нас банката н$ следеше во секој чекор од снимањето на филмот. Тоа е многу важно, затоа што ако снимањето застане еден ден, секое идно покренување чини многу. Шпаркасе ни ги покриваше секојдневните п о т р е б и, з а т о а ш т о п а к другите финансиски средства од фондовите и државата стигнуваат со друга динамика. Затоа сметам дека фирмите треба да размислуваат за партнерства, а не за инстантно давање пари. XX Кога беше потешко, кога баравте пари или кога започна снимањето на филмот? Тешко прашање. Ние тргнавме со снимање и немавме доволно пари, тргнавме во постпродукција и немаме доволно пари. Тргаме во трка за „Оскар“ и немаме доволно пари. Од авторска гледна точка, сакам филмовите кои ги работам да имаат пазарна вредност. Мислам дека филм треба да има своја вредност. Тврдам,

со години наназад, дека филм се прави за публика – не за фестивали и за награди. Ако филмот не го гледаат луѓе е исто како да не си нашол купувачи за стоката којашто си ја произвел. Филм е за публика притоа не велам дека најгледаните филмови секогаш се и најдобрите. Кај нас тоа никогаш не беше поставено на здрави нозе, дека филмот меѓу другото, треба да биде стока која треба да се изложи на тезга. „Бал-канкан“ 120 илјади гледачи и 20 илјади легално продадени ДВД копии, најгледан филм во историјата на македонскиот филм. Тврдам дека „Трето полувреме“ ќе ја надмине рекордната гледаност на „Бал-кан-кан“.

53

Ако во Македонија ве видат 120 или 150 илјади гледачи, тоа е како гласачко тело на една политичка партија. Тоа е таргет група купувачи на која било компанија која продава некој производ или услуга. Оној кој би ја поддржал дистрибуцијата на „Трето полувреме“, иако досега не се нашол таков, тој има директен контакт со потенцијални 150 илјади или 200 илјади купувачи. Ние сме израснати со филозофијата дека освен мајка ти и татко ти никој не те чести ручек. Работите мора да се постават на win-win основа, и ние да снимиме филм, и поддржувачите да заработат пари!


Капитал број 674 26.09.2012

54

www.kapital.mk

медиуми

ПочнуВа голеМаТа ТРансфоРМаЦ

Информативната програма главен адут на МТВ пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

М

акедонската телевизија се враќа во живот. Во време кога најголем дел од телевизиите имаат лоша понуда, која изобилува со турски сапуници и неквалитетна домашна продукција, јавниот сервис решил да наметне современи стандарди креирајќи квалитетна информативна, спортска, филмска програма што ќе им го окупира времето на гледачите. Всушност, тоа е визијата на извршниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, кој вели дека гледачите допрва, во следните 6-7 месеци ќе бидат сведоци на трансформацијата на МТВ во вистински национален сервис на сите граѓани. “Ние мора да понудиме квалитетна програма за сите гледачи и да ги оправдаме парите што ги одвојуваат тие за радиодифузната такса. Со години во оваа куќа не се вложувало ништо, но решивме да го подобриме имиџот на јавниот сервис и убедени сме дека сме на вистинскиот пат. Вложуваме многу енергија за да го вратиме стариот сјај на МРТ“, изјави за “Капитал“, Цветковски. За почеток, негов адут е информативната програма. Од неделата МТВ почна да емитува дневник од ново модерно студио, а на чело на информативната редакција застана Горан Петрески, како главен уредник. Дневникот го отворија легендите на македонското спикерство, Бранка Станковска и Благоја Крстевски. Иако во јавноста и по социјалните мрежи

Во време кога најголем дел од телевизиите имаат лоша понуда, која изобилува со турски сапуници и неквалитетна домашна продукција, јавниот сервис решил да наметне современи стандарди креирајќи квалитетна информативна, спортска, филмска програма што ќе им го окупира времето на гледачите. Всушност, тоа е визијата на извршниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, кој вели дека со многу работа ќе го врати стариот сјај на оваа телевизиска куќа коментарите беа поделени, Цветковски вели дека е задоволен. На прашањето на “Капитал“ дали МТВ ќе успее да го симне превезот на гласило на Владата, создавајќи објективна информативна програма, директорот вели дека одговорноста за тоа ја имаат уредниците. “Секако дека на некој начин, и јас сум одговорен за уредувачката политика, бидејќи јас ги назначувам главните уредници, но никако нема да се мешам во нивната работа. Единствената порака до нив е секогаш да ги застапуваат државните интереси и да се надмине синдромот на автоцензура, кој со години постоел во оваа куќа. Јас мислам дека веќе во првите неколку изданија на дневникот се виде промената во информирањето на граѓаните“, вели Цветковски. Освен дневникот, што се емитува два пати дневно, како дел од информативната програма од неделава почна да се емитува утринска програма, но и попладневна со директни јавувања од повеќе градови во земјава. Исто така, спортот ќе изобилува на програмата на МТВ. Годинава на првиот канал ќе се емитуваат натпреварите од Лигата на шампионите, а телевизијата ќе врши и директни преноси од сите

натпревари од македонската прва лига. Дербито во колото ќе се емитува целосно, додека пак, со повремени вклучувања гледачите ќе ги следат најинтересните моменти од останатите натп��евари. МТВ најавува дека ќе емитува и забавни емисии и играни серии од домашна продукција. Игор Џамбазов се враќа на ТВ-екранот со свое ново шоу, коешто интензивно се подготвува, а истовремено, ќе почнат да се прикажуваат и повеќе музички емисии. МТВ ја откупила лиценцата од Би-би-си за снимање на мегапопуларното шоу “Танц со ѕвездите“ (Dance with the stars), во кое познатите јавни личности со свои партнери што ќе се пријават на конкурс ќе се натпреваруваат во танцување. Меѓутоа, ова шоу ќе се емитува од Нова година, додека не бидат исполнети сите услови што се бараат од Би-би-си. Се планира да се снима квалитетна играна серија, меѓутоа засега, не се откриваат повеќе детали. Диреткорот Цветковски вели дека од идната пролет македонската серија ќе биде дел од програмата. Наскоро повторно ќе се снимаат и нови епизоди од македонските народни приказни. Од странската продуцкија МТВ откупила неколку популарни серии, како “Истрага на местото на злосторството“, “Озборувачка“, “Натприродно“, “Менталист“, “Фринџ“.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

медиуми

55

ацИја на држаВнаТа ТелеВИзИја секое утро на МТВ се емитува утринската програма Македонија наутро секој ден има попладневна програма со вклучување во живо од повеќе градови МТВ почнува да снима нови епизоди од македонските народни приказни и квалитетна дневнико т на мтв ќе се емитува три играна серија ти дневно, во 17, 19.30 и вестите ги презенти раат познатите тв па 23 часот. ли трендафилова, Горан ви, душко арсовски, Би Петрески, и Љупчоко секоја среда ќе се лјана Цветановски емитуваат натпреварите од лигата на шампиони, додека пак во недела, ќе има пренос на сите натпревари од македонската прва лига Директорот Цветковски вели дека креирајќи ја програмата, МТВ морала да мисли на сите граѓани и притоа, да обезбеди интересни содржини и за најмладите, но и за пензионерите. Тој вели дека нема да се тркаат со рејтинзите на останатите телевизии со програми за широки маси, туку нивниот фокус ќе биде квалитетна програма за селектирани групи луѓе. Интересни се и најновите податоци за финансиското работење на МРТ како јавно претпријатие. Според финансиските извештаи, МРТ лани прикажа 20 пати поголема добивка од 2010 година. Меѓутоа, независната ревизија на финансиските извештаи појасни дека всушност, добивката од 8,3 милиони евра е само книговодствена (на хартија), бидејќи како приходи се книжеле сите издадени (меѓу кои и ненаплатените) решенија за радиодифузна такса. Поради тоа, приходите на МРТ лани се зголемиле за дури 80%. Цветковски вели дека оваа одлука за книжење на фактурираните суми за радиодифузна такса дошла по препорака на Државниот завод за ревизија. Инаку, МРТ наплаќа само околу 32% од целата радиодифузна такса, што значи дека реалната добивка на ова јавно претпријатие е многу помала. Директорот вели дека во моментов трае процесот на прочистување на базите на податоци за наплаќањето на радиодифузната такса, за да се исчистат од листата починатите и сите коишто се отселиле од земјата и немаат веќе обврска да плаќаат. Во оваа фаза веќе се размислува како да се креира буџетот на МРТ за идната година. Цветковски вели дека дефинитивно ќе се скратат многу непродуктивни трошоци, а најголем дел од парите ќе се вложат во модернизирање на телевизијата и на програмата.

новото студио од каде што се емитува дневникот на мтв направено според светски стандарди

марјан ЦветКовсКи, извршен директор на МРТ во следните 6-7 месеци глед те ќе бидат сведоци на трансформација на мтв во вистински национачи та ален сервис на сите граѓани.


капитал број 674 26.09.2012

56

www.kapital.mk

на руЧек со...

Д-р

Димитар Ков

Извршен ДИректор за комунИкацИИ на макеДонскИ

Среќен с ќе видам успешни

Ковачевски е дел од групата нови македонски менаџери кој благодарение на континуираното вложување во образованието и посветеноста на кариерата, стана еден од најдобрите кадри од областа на комуникациите, за што минатата година ја доби и престижната PRO PR Award пишува:

Петре Димитров

petre.dimitrov@kapital.mk

фотографија:

Ивана кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

В

ели дека растел во семејство во кое се почитуваат семејните вредности и дека имал нормално дество, во кое секогаш ја имал поддршката

од неговите родители и од помалата сестра. Тоа што повеќето членови на неговата поширока фамилија биле успешни доктори, политичари, архитекти го мотивирало и го инспирирало и тој еден ден да биде како нив и да има своја канцеларија. “Уште од мал сакав да тргнам по нивниот пат и еден ден јас да управувам со работите“, раскажува Ковачевски. Слободното време, како и повеќето деца од неговото маало во родното Куманово, го поминувал во игра на улица, а покажувал голем интерес и за кошарка. “За разлика од денешните деца, ние игравме џамлии на улица, а сега нема ни

н а ш ето м ен И чевски со ковато то га о б од естомени нарраб еска а т рано чивм се одлу ели есо за таљата. ракчињ каде да ги купиш. Бев мајстор за змаеви, кои ги правев од различни материјали и уживав во нивното летање.“ Во тинејџерскиот период, кога запишал средно училиште-општа гимназија, на економската насока го има првиот контакт со поимите менаџмент и маркетинг, кои подоцна ќе му станаат и професија. “Беше тоа време на промена од еден во друг систем и с$ беше ново и непознато. С$ беше во зародиш. Тогаш се појавија и првите посериозни рекламни кампањи во поранешна Југославија и почна да се зборува за истражување на пазарот... Наставната програма по поголемиот број


www.kapital.mk

капитал број 674 26.09.2012

на руЧек со...

вачевски

и телеком и т-мобиле македонија

сум кога м млади и луѓе

економски предмети, поради немањето книги, ја пишувавме на раце, па често знам на шега да кажам дека ние сме една од наједуцираните генерации економисти, бидејќи освен што го читавме материјалот, моравме и да го пишуваме.“ Во текот на четвртата година со програмата за размена на студенти добива одлична можност средното образование да го заврши во Минеаполис во САД. “Бев позитивно шокиран кога во САД видов толку многу млади успешни луѓе. Тоа кај нас го немаше, бизнисот с$ уште се водеше според социјалистичките норми. А и тоа време во САД, за разлика од денес, беше благодет да се живее.“ По враќањето во Македонија се запишува на Економскиот факултет во Скопје, на насоката менаџмент. По завршувањето на факултетот магистрирал на маркетинг на тема

за разлика од не шните деца, ние иг а сега нема ниде равме џамлии на ул каде да ги купи ица, ш.

57


капитал број 674 26.09.2012

58

www.kapital.mk

на руЧек со...

уште од мал сакам да управувам со работите.

За човек да биде ус пешен, не треба да би де поткован само со туку и со лидерс ки и со менаџерскиобразование, способности.

ент. успеав да воспоставам фантастичен временски менаџм тим мојот со е трудим се и осум пред работа на доаѓам обично време. ото работн на е рамкит во ме заврши работите да ги

“Политика на цени“, а подоцна докторирал на Економскиот факултет во Подгорица на тема “Информациски системи и интеграција на деловни процеси“. Пред почетокот на студиите го има првото работно искуство во кугланата на некогашниот хотел Европа во Отешево, а по завршувањето се вработува во една кумановска фирма која се занимава со продажба и производство на градежни материјали и изведување. Оттаму на крајот на 1998 година преминува во новоформираната служба за маркетинг на Телеком, кој во тоа време наголемо се подготвува за претстојната приватизација. “Во текот на мојата досегашна кариера ја имав можноста да научам многу работи, пред с$ поради кружниот пат кој го поминав во различните функционални области. Од маркетинг, преку сметководство, финансиска контрола, повторно до маркетинг и комуникации. Видов и дека за човек да биде успешен, не треба да биде поткован само со образование, туку и со лидерски и со менаџерски способности и пред с$, да има разбирање за луѓето околу него.“ Тој е дел и од тимот кој го реализираше ребрендирањето на Македонски Телекомуникации, кое во централата на Дојче телеком, сопственикот на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, беше оценето како едно од најуспешните ребрендирања. Исто така, има работено и на развој на неколку интерни системи и програми на компанијата, како што е системот за вреднување корисници и програмата за лојалност на корисниците, кои во компанијата се употребуваат и денес. Со образованието не застанува и по докторирањето, станува доцент по маркетинг и организациски науки на некогашниот Универзитет Њујорк, на кој работи како професор по маркетинг и однесување на потрошувачите, а моментално предава на Универзитетот Американ колеџ на постдипломските студии по предметот Бренд-менаџмент и на школата на Македонскиот институт за медиуми, каде што предава Репутациски менаџмент. Образованието го дополнува и со специјализација и

сертификат за дигитален маркетинг на престижниот Универзитет Харвард во САД. “Се трудам сите тие знаења да ги пренесам на студентите. Престојот на Харвард беше исклучително корисно искуство од повеќе аспекти, а пред с$, поради знаењето, теориско и практично, но и поради големиот број пријателства со колеги од буквално целиот свет со кои сме континуирано во ко��такт.“ Моментално раководи со областа за комуникации на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија. Член е и на Меѓународниот одбор за комуникации на Дојче телеком. “Да се работи во една голема компанија е непроценливо искуство. Многу сум среќен кога сум опкружен и кога запознавам млади и успешни луѓе. Тоа ми дава надеж дека има перспектива.“ Од пред десет години е во брак со Елена, дипломиран правник и магистер по европски интеграции. Татко е на две деца - ќерката Тамара, која има седум години и синот Лука, кој има 2,5 години. “Ние сме семејство во кое има големо разбирање и меѓусебна поддршка меѓу сите нас, семејство кое многу сака да се дружи и да патува и кое има голема смисла за хумор. Ќерка ми Тамара веќе е сигурна дека кога ќе порасне сака да биде директорка, а Лука се мисли помеѓу Спајдермен и доктор.“ Многубројните обврски, како што вели, не му влијаат на квалитетот на приватниот живот. “Успеав да воспоставам фантастичен временски менаџмент. Обично доаѓам на работа пред осум и гледам со мојот тим работите да ги завршиме во рамките на работното време. Впрочем, тоа е и најпродуктивниот дел од денот и не верувам дека некој може да биде продуктивен на работното место во седум или во осум навечер.“ Слободното време, освен за вежбање фитнес, трчање и за дружење со семејството, најчесто го користи за патување по земјава. “Често одиме кај моите во Куманово или пак, во куќата која мојата сопруга ја има во Крушево. Речиси секој викенд ја посетуваме зоолошката градина во Скопје.“ Она што исто така е типично за Ковачевски е што многу внимава и на исхраната и се труди да води здрав живот и на ова поле.


На 03 октомври 2012 во магазиНот “капитал” читајте

Специјален прилог

Производи и услуги за комПании во овој сПецијален Прилог ќе Прочитате: „„ како да ги скратите трошоците и да ги оптимизирате процесите преку аутсорсирање на одредени дејности? „„ како преку електронското архивирање, користење на document management услугите, брзата пошта и други аутсорсинг услуги значително ќе го олесните бизнисот? „„ како да ги користите интернет-базираните производи и услуги за да го олесните бизнисот ? „„ кои се најновите понуди на банкарски, осигурителни, лизинг и логистички услуги за македонските компании? „„ Франшинзинг! колку тој е развиен на македонскиот пазар, кои се неговите предности и неискористени можности и каква е процедурата за земање или давање на франшиза „„ ориентираноста и адаптибилноста на телеком операторите кон бизнис секторот. Што уште може да се очекува во овој сегмент до крајот на годината? За повеќе информации во врска со прилогот и За комерцијално претставување во истиот обратете се на е-маил prilozi@kapital.com.mk или на телефонскиот број 02 3298 110 локал 104 лица За контакт: гордана михајловска - бобан Ѓоргиевски


Капитал број 674 26.09.2012

80

www.kapital.mk

технологии и бизнис

Нова мобилн

П

оследните неколку години сме сведоци на вечната битка меѓу Епл и Гугл за тоа кој ќе објави подобар и побрз оперативен систем, за кој систем има повеќе апликации и колку телефони ќе се продадат и ќе го користат нивниот OS. И додека двајца се натпреваруваат, најчесто секогаш постои трет кој од сенка макотрпно работи и кога ќе се почувствува подготвен, излегува на пазар и ги “поматува“ сметките на првите два. Таков е случајот со Мајкрософт. Иако постојат нешто помалку од 40 години, сепак, мобилните уреди и мобилните оперативни системи не беа на врвот на нивната агенда с$ до пред неколку години, кога за првпат почнаа јавно и гласно да го промовираат оперативниот систем Windows Phone 7, како и неговите наследници, кои почнаа “срамежливо“ да се појавуваат на мобилните уреди од различни производители и да земаат дел од колачот наречен мобилни оперативни системи на пазарот кој секојдневно расте. Но, последната година работите се сменија. Од Редмонд наголемо се подготвуваат и официјално да претстават еден од најдобри мобилни оперативни системи кои некогаш се појавиле, Windows Phone 8, а паралелно со тоа секој ден сме сведоци на појавување на нови уреди од најпознатите светски производители на мобилни телефони коишто имаат договор да го дистрибуираат овој OS на своите уреди. Овој тренд го започна Нокиа, која уште пред една година се откажа од стариот оперативен систем за целосно да се посвети на тогаш с$ уште новиот концепт наречен оперативни системи Windows Phone. Овој потег се исплати бидејќи во меѓувреме, како што се појавуваа, прво контурите, а потоа и целиот оперативен систем Windows Phone 8, с$ повеќе компании пројавуваа интерес и сакаа да го имаат во своите телефони. Токму последните неколку недели сме сведоци на с$ позачестеното претставување на нови телефони опремени со Windows Phone 8, чија намера е подготвени да го дочекаат неговото официјално претставување кое се очекува да биде до крајот на октомври. Во продолжение ќе ви ги претставиме оние за кои се крена најмногу прашина во медиумите и секако, интернет-просторот.

HTC Windows Phone 8X и HTC Windows Phone 8S

H

TC, компанијата којашто е позната по своите Android базирани телефони, неодамна претстави два телефони базирани на Windows Phone 8, со што најдобро ги илустрираше зборовите на нивниот менаџмент дека планираат наголемо да се впуштат во креирањето и презентацијата на уреди кои ќе бидат “придвижувани“ од овој оперативен систем. Помоќниот, 8X, има димензија на S-LCD2 екран од 4,3 инчи, двојадрен процесор со работен такт од 1,5 GHz и 1GB работна меморија. Поседува дури две камери кои снимаат во висока резолуција и тоа примарна на задната страна со чип од осум мегапиксели и можеби една од најнапредните секундарни камери со 2,1 мегапиксели резолуција, која се користи за видеоразговори и самофотографирање. Другиот пак, наречен 8S, поседува 4-инчен екран, има половина работна меморија помалку и 5-мегапикселна камера, додека процесорот работи на 1 GHz, што не е воопшто за потценување, посебно ако се знае дека е сместен во пониска ценовна класа.


www.kapital.mk

Капитал број 674 26.09.2012

технологии и бизнис

на ергела

Huawei

П

81

оследната компанија во низата која склучи договор со Мајкрософт и се обврза до крајот на годината да произведе најмалку еден модел со оперативниот систем Windows Phone 8 е кинеската мултинационална компанија Huawei, кај нас веќе позната по своите моќни уреди по многу пристапни цени. Со овој потег Мајкрософт покажа дека е отворен за соработка со сите, с$ со цел луѓето од сите земји и со различна куповна моќ да можат да ги почувствуваат благодетите на оперативниот систем Windows Phone 8. За крај можеме да кажеме – и Мајкрософт има коњи за трка, конкуренцијо внимавајте, а ние корисниците ќе уживаме во изборот и во растечкиот квалитет на сметка на пониските цени.

Nokia Lumia 920 и 820

Н

а почетокот на септември Нокиа и официјално ги претстави своите два нови модели, и тоа Nokia Lumia 920 како “знаменосец“ и нивен моментално најдобар претставник, но и Nokia Lumia 820, “паметен“ телефон кој иако тие го третираат како средна класа, сепак, има низа супериорни карактеристики и во никој случај не е медиокритетен. Се разбира и двата телефони работат на оперативниот систем Windows Phone 8, а и хардверски гледано, можат слободно да се носат со конкуренцијата денес и да ги задоволат потребите на корисниците, како деловни, така и приватни. Во прекрасно дизајнираното (и убаво обоено) поликарбонатно куќиште на Lumia 920, со дебелина од 10 милиметри, се наоѓа моќна хардверска инфраструктура предводена од двојадредниот процесор со работен такт од 1,5 GHz и работна меморија од 1GB. Тоа комбинирано со 32GB, колку што има внатрешна меморија, овозможуваат брзо работење и моментален одговор на командите зададени преку системот или некоја апликација. Но, она што навистина импресионира е екранот, кого од Нокиа го етикетираат како Pure-

Motion HD+. На површина од 4,5 инчи по дијагонала се распоредени вкупно 768х1280 пиксели или околу 332 пиксели на секој инч. Сликата на овој екран е совршена. Богата со бои (ги распознава вкупно 16 милиони), со одличен контраст и интелигентни сензори и алгоритами, кои прикажуваат сосема јасна слика при секаква надворешна осветленост, дури и при директна изложеност на сонце. Од многуте опции (ги има буквално стотина) ќе ја издвоиме само уште камерата или поточно кажано, камерите на Lumia 920. Главната камера има осум мегапиксели и е сместена на задниот дел од телефонот. Снима видео во висока резолуција, а за одлични фотографии тука се и блицот, стабилизаторот на сликата, можноста за “геотагирање“ и моментално споделување на снименото преку сите познати и најчесто користени канали. Nokia 820 е вториот новитет којшто има нешто послаби перформанси, но далеку од тоа да е слаб или недоволно опремен телефон. Процесорот и работната меморија се исти, екранот е нешто помал и не е од најновата серија како кај моделот 920, но останатите перформанси се тука некаде. И Lumia 820 ги поддржува сите познати протоколи за комуникација и пренос на податоци, како 4G мрежите, на пример.


Капитал број 674 26.09.2012

82

www.kapital.mk

НАВИГАТОР

Дуна отвори нов продажен салон за Епл

Д

уна компјутери го отвори новиот салон за производите на Епл. На површина од 85 m2, македонските граѓани ќе имаат исклучителна можност да ги погледнат и да ги тестираат големиот избор на производи на Епл, вклучувајќи ги сите модели на Mac, iPad, iPod и iPhone. На денот на отворањето на новиот салон еден од сопствениците на Дуна компјутери, Александар Пајковски, рече дека е задоволен што Епл и понатаму ја препознава Дуна како сериозен и рамноправен партнер. “Денес го отвораме новиот Duna iStore продажен салон на Епл. Дали се наоѓате во оваа продавница или каде било во светот, ова е Епл дуќанот. Среќни сме и задоволни, дури и горди што Епл и понатаму ја препознава Дуна како

сериозен и рамноправен партнер во развивањето на Епл бизнисот низ светот. Ние сме и се надевам и понатаму ќе бидеме лидери во новата иновативна технологија во Македонија и се надевам и понатаму на нови дуќани. Благодарам многу и на поддршката од министерот од нашиот ресор, кој н$ поддржува во сите вакви активности и се надевам дека и понатаму ќе работиме успешно“, изјави Пајковски. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој присуствуваше на отворањето на овој салон, честитајќи им на сопствениците на Дуна, истакна дека ова е местото каде што граѓаните на Македонија ќе можат да ги набават последните уреди што ги произведува компанијата Епл.

За еден месец iPhone 5 и во Македонија

Н

ајновото достигнување на Епл, долгоочекуваниот наследник на “четворката“, iPhone 5, за еден месец ќе биде достапен и во земјава токму во новиот салон на Дуна компјутери, најави на отворањето министерот Ивановски. “Наскоро ќе пристигне и iPhone 5 во Македонија. Се надевам дека за еден месец ќе бидат и тие уреди пристапни токму на ова место каде што сме денес“, најави Ивановски.

И во Македонија се “кампуваше“ за нови производи на Епл

Д

еноноќното чекање пред продавниците на Епл, што досега беше својствено да се гледа само во САД и во поголемите европски држави, стана реалност и во Македонија. Откако Дуна компјутери со отворањето на новиот салон најави дека првите десет посетители ќе можат да го купат новиот iPad за половина цена, ден пред главниот настан најхрабрите десетмина “кампуваа“ речиси 12 часа пред вратите на Дуна компјутери. Ваквата несекојдневна ситуација со огромно задоволство ја прокоментира и еден од првите луѓе на Дуна компјутери. “Денес имавме голема гужва, несекојдневна. Го користевме пак рецептот на Епл. Најавивме 50% попуст за iPad за првите десет купувачи. Најверните и најлојални купувачи “кампираа“ тука уште од вчера вечерта. Сега веќе се среќни и се дома со тие iPad“, рече Пајковски и најави вакви активности секој ден, секако, доколку продавницата може да го издржи тоа.



674-Kapital Magazin 1