578-16.08.2012-kor

Page 13

WWW.KAPITAL.MK

КАПИТАЛ ЧЕТВРТОК 16.08.2012

БАЛКАН 13

Дали Агрокор ќе успее да го купи Меркатор овој пат?! Сопствениците на најголемиот словенечки трговски синџир, Меркатор, кои минатата година имаа неуспешен обид да ја продадат компанијата на хрватскиот концерн Агрокор, се подготвуваат за нов круг на продажба. Агрокор, секако, останува во игра Васе Целеска vase.celeska@kapital.mk

С

опствениците на најголемиот словенечки трговски синџир, Меркатор, подготвуваат меѓусебен конзорциумски договор со цел повторно да се обидат да го продадат мнозинскиот пакет-акции. Повикувајќи се на неофицијални информации, Словенечката новинска агенција (СТА) наведува дека е готов нацрт-договорот, според кој ќе се распише нов меѓународен тендер за собирање необврзувачки понуди, а ќе го потпишат актерите од минатата есен, кога се случи последниот обид за продажба на оваа компанија. Пивоварна Лашко, која има 23,34% од акциите на

Меркатор, веќе се согласи со нацрт-конзорциумскиот договор, со кој треба да се продадат 60% од Меркатор. Се очекува кон овој договор да пристапат и останатите големи акционери, како Нова Љубљанска банка (НЛБ), Банка Целје, Абанка Вип, Банка Копер, Горењска банка, Хипо Алпе-Адриа банка, Нова Кредитна банка Марибор и фондовите НФД 1 и НФД холдинг. Станува збор за истите актери кои своите акции ги продаваа и минатата година, за кои најголема необврзувачка понуда од 221 евро по акција понуди најголемиот хрватски концерн, Агрокор, во сопственост на Ивица Тодориќ, кој не успеа да го финишира договорот поради

NA 19 SEPTEMVRI VO “KAPITAL” ^ITAJTE

SPECIJALEN PRILOG

AVTO “VISOKI OKTANI NA MAKEDONSKITE PATIШTA” Vo ovoj specijalen dodatok “Kapital” vi gi pretstavuva najbaranite marki na avtomobili od visoka klasa na makedonskiot pazar. Koi se najprodavani “delovni avtomobili” vo Makedonija? Kakvi avtomobili vozat makedonskite menaxeri? Kolkav del od proda`bata na novi avtomobili otpa|a na ovaa kategorija vozila? [to naj~esto baraat klientite vo ovoj pazaren segment? Koi se svetskite noviteti vo tehnologijata {to gi pravat avtomobilite poednostavni za koristewe, posigurni i poekonomi~ni? Koi novi modeli na avtomobili }e bidat prezentirani ovaa esen? ZA POVE]E INFORMACII VO VRSKA SO PRILOGOT I ZA KOMERCIJALNO PRETSTAVUVAWE VO ISTIOT OBRATETE SE NA DO MARKETING SEKTOROT NA E-MAIL prilozi@kapital.com.mk TELEFON 02 3298 110 LICA ZA KONTAKT: GORDANA MIHAJLOVSKA I BOBAN \ORGIEVSKI

221

евро за акција од Меркатор лани понуди Ивица Тодориќ, сопственикот на Агрокор несогласувања со поранешната раководна структура на Меркатор и со поранешната словенечка влада. Словенечките медиуми наведуваат дека сегашната влада на Словенија, предводена од Јанез Јанша, повеќе е наклонета кон странски инвестиции од минатата, но сепак, с$ уште има тешкотии со формирањето на стратегијата за управување со државниот имот. Новиот директор на Меркатор, Тони Балажиќ, и новиот претседател на Надзорниот одбор, Матеј Лаховник, начелно, повеќе се наклонети кон продажба на мнозинскиот дел од капиталот отколку минатата управа, предводена од Жига Дебељак, која им се спротивставуваше на преговорите со Агрокор, тврдејќи дека станува збор за желба на хрватскиот концерн да го преземе словенечкиот регионален конкурент. Агрокор тогаш нудеше 221 евро за акција на Меркатор, иако компанијата на Љубљанската берза котираше по цена од околу 160 евра за акција. Новата цена во моментов изнесува околу 120 евра за акција. Словенечкиот весник „Дело“ наведува дека во новиот круг од продажбата може да се повтори приказната од лани. Весникот смета дека Агрокор овој пат нема да понуди 221 евро за

170

евра за акција од Меркатор се претпоставува дека овој пат ќе понуди Тодориќ акција на Меркатор, додека хрватските медиуми тврдат дека новата понуда ќе биде за 50 евра повисока од моменталната цена на акциите на Меркатор на берза.

Продажбата зависи од понудената цена Претседателот на Надзорниот одбор на Меркатор, Матеј Лаховник, изјави дека продажбата најмногу зависи од сопствениците на овој трговски синџир, но и од понудената цена. „Одлуката за продажба на Меркатор ќе ја донесат сопствениците, но не е тајна дека поголем дел од нив веќе долго време не се препознаваат во улогата на долгорочни сопственици и дека сакаат да ги продадат акциите. Дали ќе дојде до продажба на компанијата или не, секако, зависи од понудената цена“, вели Лаховник, истакнувајќи дека очекува да се појави некој кредибилен купувач со повеќе пари. Словенечките медиуми предупредуваат дека засега с$ останува исто, само што некои од околностите се променети - вредноста на акциите на Меркатор падна, а финансиската криза се продлабочи.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.