494-26.03.2012

Page 12

КАПИТАЛ ПОНЕДЕЛНИК 26.03.2012

WWW.KAPITAL.MK

12 INTERVIEW

Само нови преработувачки капацитети ќе го зголемат земјоделското производство Само отворањето нови производствени капацитети може да поттикне зголемување на земјоделското производство. Наместо државата да привлекува капитал во откупни центри, треба да се насочи кон компаниите, бидејќи само со извоз на производи со додадена вредност може да се намали трговскиот дефицит, посочува професорот Анакиев INTERVIEW Александра Спасевска spasevska@kapital.com.mk

З

а 20 години драстично се намалени обработливото земјоделско земјиште, производството на некои од главните земјоделски култури, а с$ повеќе се зголемува увозот на храна. Ова се главните забелешки во анализата за состојбите во македонскиот аграр во последните 20 години, која ја изработи професорот Анакиев. Според него, на земјоделството итно му треба нова стратегија за развој, од која ќе произлезат конкретни мерки и чекори за подобрување на поразителните податоци. Работите на анализа за состојбите во аграрот во последните 20 години. Што покажуваат бројките, во која насока се движи македонското земјоделство? Во изминатите 20 години вкупната економија многу лошо се менаџираше и Македонија не успеа да се снајде во новиот систем. Дваесет години не е мал период, но не е ни долг и затоа, за овој период не може категорично да се каже дека македонското земјоделство не се развило. Има раст, но не колку што треба. Ако се водеше соодветна аграрна политика за овие 20 години, резултатите ќе беа далеку подобри. Анализата на состојбите покажува дека ние во изминатите 20 години сме изгубиле 155.000 хектари обработлива површина. Тоа значи дека секоја година трајно се пренаменуваат и се губат 7.750 хектари обработлива површина. Тоа се трајно изградени објекти, кои се неповратни за земјоделството. Обработливите површини се намалени од 664.000 хектари во 1991 година на 509.000 хектари до 2010 година. Грлата добиток се намалени од 325.000 на 278.000 во 2010 година. Единствено е зголемен бројот на трактори, од 46.000 на 69.000. Зголемен е бројот на производните субјекти, односно на земјоделските претпријатија. Во 1991 година постоеја големи земјоделски комбинати, кои сега се раситнија на 192 земјоделски претпријатија, а зголемен е бројот на индивидуални земјоделци, што значи дека има тренд на раситнување на земјоделските стопанства. Пред 20 години биле регистрирани 28.000 работници во земјоделството, а сега се 3.387. Обработливата површина по субјект била 4,1 хектар, а сега е 2,6 хектари. Земјоделската површина по жител била 0,65 хектари, сега е 0,54

хектари, а обработливата површина од 0,33 се намали на 0,25 хектари. Влошена е и структурата на обработливите површини, освен што е намалена на 76,7%. Ораниците се намалени на 75%, овошните градини на 60%, лозјата на 60%, ливадите исто. Ова се податоците кои реално и точно покажуваат во која насока се движи македонското земјоделство во последните 20 години. Во последните пет години Владата дава субвенции за поддршка во земјоделството. Според Вашата анализа, дали има ефекти од исплатената поддршка и кои се тие? Прво мора да се направи разграничување. Тоа не се субвенции, туку е финансиска поддршка во земјоделството. Тоа е модел на Европската унија, ние сме го прифатиле. Тие средства не се наменети исклучиво за земјоделско производство. Има посебни средства кои се наменети за инвестиции, за купување насади, трактори итн. Тоа е финансиска поддршка за доходот на земјоделците да се доближи до просечниот доход на градската класа. Периодот од 4-5 години не е доволен за да се видат структурни промени. На ЕУ & требаа 30 години за да стане сериозен играч на пазарот на храна. Ние треба да бидеме благодарни што нашата сиромашна земја дава и толку за земјоделците, при што земјоделецот тука има право да ги троши на што сака, односно дали да си купи кола, да оди на одмор или нешто друго. Во последните неколку години драстично се намалува земјоделското производство во сите гранки, освен кај зеленчукот и кај овошјето, што е алармантно. Како може да се запре негативниот тренд? Според мојата анализа и според официјалните статистички податоци, производството на пченица во последните 20 години е намалено од 293.000 тони на 243.000 тони, на пченка од 141.000 на 127.000 тони. Намалување на производството има и кај другите индустриски култури. Има експанзија кај тутунот и кај градинарството. Производството на домати е зголемено од 142.000 на 168.000 тони, на пиперки од 141.000 на 168.000 тони, на јаболка од 96.000 во 2006 година на 121.000 тони во 2010 година. Опаѓање има кај крушите, праските, грозјето. Зголемено е производството на млеко од 235 на 347 милиони литри, а на сите видови месо е намалено од 28.000 на 25.000 тони. Производството

БОРИС АНАКИЕВ

универзитетски професор

на јајца бележи раст од 330.000 на 336.000. Меѓутоа, вкупното земјоделско производство бележи пад, пред с$ од 2006 година, од кога почнаа да се делат субвенции, бројки коишто не може да се оправдаат лесно. За да се промени состојбата, неопходно е да се донесе нова стратегија за развој на земјоделството, бидејќи оваа што сега ја имаме не е планирана врз база на реалните капацитети и можности, односно содржи само искажани желби, без некаков конкретен план како може да се реализираат. Конкретно, кои мерки треба да се преземат и во која насока треба да се изработи новата стратегија? Има многу работи што треба да се променат. Мора да се заштити земјоделското обработливо земјиште, да се најдат механизми за да нема толку големо опаѓање и да се спречи раситнувањето на земјоделските површини. Окрупнувањето мора да се поттикнува со создавање задруги и кооперативи, меѓутоа малку погрешен тек имаат кооперативите, кои се оформуваат само за набавка на репроматеријали и положба. Треба да се стимулира интеграција на површините. Создавањето задруги веќе е невозможно, тоа е

минат процес. Овие задруги сега се на доброволна основа. Државата да најде механизми да ги стимулира создавањето и кооперативите. Мислите дека може да се реализира проектот на Министерството за земјоделство за окрупнување на земјоделското земјиште? Се работи за процес на комасација, стабилизирање на состојбите. Значи, ги имате сите површини на сите земјоделци во селото по класи и треба да се групираат во една целина. Но, проблемот е тоа што при размена на земјиштето некој мора да ја плати разликата во цената, според бонитетот на земјиштето. Без конкретен паричен надомест никој нема да сака да го применува моделот и затоа, сметам дека без тоа нема да биде успешен. Но, перспективата на окрупнување на земјиштето и правење задруги е единствен начин за заживување на земјоделството. С$ повеќе се зголемува и дефицитот во трговската размена со храна. С$ повеќе увезуваме прехранбени производи. Што треба да се направи за да се промени овој тренд? Наместо да привлекува капитал за откупни центри, државата треба да почне да привлекува капитал за прехранбената индустрија. Развиената прехранбена индустрија ќе си го развие и примарното производство, бидејќи & треба суровина. Тука се отвора и прашањето со Агрокор. Ние стимулираме еден монопол на откуп од соседна земја која бара евтина суровина. Неговиот интерес во тоа е очигледен, меѓутоа нашиот не. Тука еден човек диктира една цена и монополски услови на пазарот. Затоа, потребно да се стимулира влегување на капитал во прехранбената индустрија, бидејќи тоа е единствениот начин да се развие земјоделството. Имаме погрешна политика со градењето откупни центри. Податоците се поразителни. Храната во извозот на Македонија во 1991 година учествувала со 48%, а во 2010 година со 59,6%, додека во увозот во 1991 година учествувала со 68,8%, а во 2010 година со 81,7%. Тутунот во 1991 година учествувал со 45% во извозот, а во 2010 година со 22,4%, а во увозот од 16,3% во 1991 година паднал на 3,6% во 2010 година. Извезени живи животни има 18,6% во 1991 година, а во 2010 година само 1,2%. Кај житото и преработките од жито сме извезувале 2,8%, а сега 14,6% од вкупната храна. Овошје, зеленчук и нивни преработки во 1991 година сме извезле 36,4% како учество во храната, а во 2010 година 55,1%. Кај увозот во 1991 година 51,7% сме увезле овошје и зеленчук, а сега 12,2%. Наскоро се очекува повторно рестартирање на Сведмилк, за кој е заинтересиран турски и домашен инвеститор, а холандскогерманската групација Фрисланд Кампина ја купува ИМБ Млекара Битола. Како ќе влијае сето тоа врз млечната индустрија? Првата опасност од ваквите промени е да се зголеми увозот на сурово млеко. Кај нас има големи капацитети за производство на млеко, но имаме недостиг од суровина за преработка. Во 2010 година сме произвеле 347 милиони литри млеко, што е помалку од вкупните капацитети во Македонија за производство на млеко. Постои опасност оние капацитети што тие ќе ги изградат да произведуваат со увезено млеко, што од друга страна, и не е толку страшно, бидејќи тоа на крајот ќе бидат производи од Македонија. Иако најавуваат и инвестиции во фарми, не знам со што ќе ја хранат стоката, бидејќи кај нас сточната храна е скапа. Ширењето на краварските фарми е строго поврзано со обработлива површина. Влезот на инвеститорите може да поттикне зголемување на производството на сурово млеко, но во ограничена количина. Мора да се зголеми приносот по крава. Иако е зголемен на 2.800 литри од 1.300 литри по крава во 1991 година, сепак, не е доволно. Во годинашната програма за субвенционирање зголемена е поддршката за сточарството и за градинарството. Дали сметате дека поддршката е зголемена во вистинска насока и кои гранки треба повеќе да се субвенционираат? Повеќе треба да се субвенционираат оние гранки кои може да ги искористат природните предности на Македонија. Тоа се градинарство, лозарство, овоштарство, ситно сточарство, овчарство и донекаде краварство. Минимална поддршка би дал за живинарството и за свињарството, бидејќи тоа се шпекулативни гранки, зависи каква е цената на пазарот. Ним не им е потребна земја и доволно е за нашиот пазар да може да се произведе. За жал, ние увезуваме многу големи количини месо од живина. Проблем е кај нас што Владата нема анализа за ефектите кои досега ги дале субвенциите и врз база на таа анализа да се дадат насоки и да се прават споредби.

WWW.KAPITAL.MK


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.