КАДЕ И КОЛКУ КУПУВААТ ОНЛАЈН МАКЕДОНЦИТЕ КАЈ СТРАНСКИ ТРГОВЦИ? НАЈМНОГУ ПАРИ СЕ ОСТАВААТ КАЈ AMAZON, BOOKING И WIZZ AIR
COVER STORY
СВЕТСКИ ПАЗАРИ НА СУРОВИНИ
КРИЗАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ БАНКИ И
ИНФЛАЦИЈАТА ГИ ТРЕСАТ БЕРЗИТЕ
проф. д-р ПРЕДРАГ ТРПЕСКИ
декан на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ
СО AACSBАКРЕДИТАЦИЈАТА ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕЛИТНА ГРУПА НА ПОМАЛКУ ОД 1.000 ФАКУЛТЕТИ ВО СВЕТОТ
ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
ЗА ПРВПАТ НАРОДНИ ОБВРЗНИЦИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФИНАНСИСКИ ПАЗАР
ДРЖАВАТА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖУВА ПОЕВТИНО КАЈ ГРАЃАНИТЕ
ЕУ ПРЕТПАЗЛИВА СО ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО БРИСЕЛ СЕ СПРЕМА РЕГУЛАТИВА ЗА ЧЕТБОТОВИТЕ
ОДИСЕЈАТА НИЗ ФИНАНСИСКИТЕ ПАЗАРИ НА НЕКОГАШНИОТ АГРОКОР, СЕГА ФОРТЕНОВА ХРВАТСКИОТ ГИГАНТ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ИСЧИСТИ „ОПАШКИТЕ“
ОД ИВИЦА ТОДОРИЌ
business magazine БРОЈ 1146 l 12 мај 2023 петок година 24 l цена 200 ден. INTERVIEW
КАПИТАЛ... 1146
COVER STORY
Светски пазари на суровини Кризата на американските банки
и инфлацијата ги тресат берзите
10 ИНТЕРВЈУ
Проф. д-р Предраг Трпески
декан на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ Со акредитацијата AACSB ќе влеземе во елитна група на помалку од 1.000 факултети во светот
22
Е-ТРГОВИЈА
Каде и колку купуваат онлајн Македонците кај странски трговци?
Најмногу пари се оставаат кај Amazon, Booking и Wizz Air
18
ЕКОНОМИЈА
За првпат народни обврзници на македонскиот финансиски пазар Државата ќе се задолжува поевтино кај граѓаните
ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
Не стивнува интересот
за странските акции и
обврзници
Македонците надвор инвестираат преку 60
милиони евра годишно
COVER STORY
Светски пазари на суровини................04
Кризата на американските банки и
инфлацијата ги тресат берзите
ИНТЕРВЈУ
Проф. д-р Предраг Трпески....................10
декан на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ
Со акредитацијата AACSB ќе влеземе во
елитна група на помалку од 1.000 факултети
во светот
ЕКОНОМИЈА
За првпат народни обврзници на
македонскиот финансиски пазар.....18
Државата ќе се задолжува поевтино кај граѓаните
30
БАЛКАН Одисејата низ финансиските
пазари на некогашниот Агрокор, сега Фортенова Хрватскиот гигант не може да ги исчисти „опашките“ од Ивица Тодориќ
Е-ТРГОВИЈА........................................................22 Каде и колку купуваат онлајн Македонците кај странски трговци?
Најмногу пари се оставаат кај Amazon, Booking и Wizz Air
ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Не стивнува интересот за странските акции и обврзници.........28 Македонците надвор инвестираат преку 60 милиони евра годишно
БАЛКАН
Одисејата низ финансиските пазари на некогашниот Агрокор, сега Фортенова................................................30
Хрватскиот гигант не може да ги исчисти „опашките“ од Ивица Тодориќ
36
ЕВРОПА
ЕУ претпазлива со вештачката интелигенција
Во Брисел се спрема регулатива за четботовите
ЕВРОПА ЕУ претпазлива со вештачката интелигенција....................................................36
Во Брисел се спрема регулатива за четботовите
СВЕТ Банкарската криза во
САД продолжува............................................40
Уште две банки под закана да ја доживеат
судбината на Silicon Valley, Signature и First Republic
МЕНАЏМЕНТ И КАРИЕРИ
Тим билдинг..........................................................42
Важноста на синергијата на вработените
за успех на компанијата
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 МАЈ 2023 3 Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 П. ФАХ 503, 1000 Скопје Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија Тираж: 3.000 примероци Датум на печатење: 11.05.2023 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
04
28
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 МАЈ 2023 4 COVER COVERSTORYSTORY
АМЕРИКАНСКИТЕ БАНКИ И ИНФЛАЦИЈАТА ГИ ТРЕСАТ БЕРЗИТЕ СВЕТСКИ ПАЗАРИ НА СУРОВИНИ
КРИЗАТА НА
Elegance is an attitude
LONGINES DOLCEVITA × YVY
Kate Winslet
Во моментов
имаме два важни
надворешни
фактори кои влијаат
на светските
пазари, а тоа се
американските
банки и
инфлацијата.
Пропаста на некои
банки е неизбежна
додека каматните
стапки не се
намалат драстично.
Ова е прилично
силен надолен
фактор на пазарот,
како што видовме
во падовите во
почетокот на март
и сега во втората
половина на април.
Зголемувањето на
каматните стапки ги
принудува банките
и фондовите да
продаваат средства
за да добијат
ликвидност, што
предизвикува
пад на цената на
берзанските стоки
и на финансиските
пазари воопшто.
Друг фактор е
инфлацијата, која
останува висока и
би можела повторно
да се зголеми во
2024 година, со
воведување на нови
дигитални валути.
рвата недела во мај започна со прилично „мечкино“ расположение за сите берзански производи, особено за енергијата поради негативните макроекономски вести и поврзаните очекувања за рецесија. Сепак, крајот на неделата доведе до пресврт кај металите и кај земјоделските производи, па тие успеаја да ја завршат неделата благо позитивно, за разлика од цената на енергијата, која и покрај закрепнувањето на крајот на неделата, сепак ја заврши неделата во црвено.
Во моментов имаме два важни надворешни фактори кои влијаат на светските пазари, а тоа се американските банки и инфлацијата. Пропаста на некои банки е неизбежна додека каматните стапки не се намалат драстично. Ова е прилично силен надолен фактор на пазарот, како што видовме во падовите во почетокот на март и сега во втората половина на април. Зголемувањето на каматните стапки ги принудува банките и фондовите да продаваат средства за да добијат ликвидност, што предизвикува пад на цената на берзанските стоки и на финансиските пазари воопшто. Друг фактор е инфлацијата, која останува висока и би можела повторно
да се зголеми во 2024 година, со воведување на нови дигитални валути.
Знаци за олабавување на монетарната политика Американските Федерални резерви минатата недела ги зголемија каматните стапки за 25 базични поени, што е десетто зголемување на стапката по ред. Но, она што е можеби поважно од тоа е пораката што беше испратена, а тоа е дека може да има пауза во процесот на заострување на монетарната политика додека не се видат досегашните ефекти од поскапувањето на парите. Клучниот збор е „можеби“, што пазарот не сакаше да го слушне, па инвеститорите беа разочарани од пораките дека циклусот на заострување на монетарната политика се уште не е завршен и дека толку брзо не може да се очекува намалување на каматите. Инфлацијата (таргетирана на два проценти) и натаму е приоритет.
ФЕД потврди дека растот на американската економија забавува, но и дека моментално
се чини поверојатно дека „нежно ќе слета“ отколку дека ќе западне
во рецесија. ФЕД пред две години
мислеше дека инфлацијата ќе биде само минлива, па еве каде сме денес.
Од другата страна на Атлантикот, според податоците на Евростат, инфлацијата во дваесет земјичленки на еврозоната во април порасна на седум отсто (од 6,9 отсто во март), но базичната инфлација падна на 7,3 отсто во истиот
период (од 7,5 отсто) и за прв пат во последните десет месеци. Иако овие податоци покажуваат значително забавување на инфлацијата во однос на двоцифрените бројки на крајот на минатата година, инфлацијата останува превисока, поради што ЕЦБ минатата недела повторно ги зголеми каматните стапки, овој пат за 25 базични поени. Златото повторно добива на значење Дали е можно САД да „банкротираат“ веќе на почетокот на јуни затоа што демократите, републиканците и Белата куќа не можат да постигнат договор за лимитот на задолжувањето? Евентуалниот default би довел до земјотрес на сите пазари со глобална финансиска криза како последица. Изгледа дека САД влегуваат во зона на фискален хаос и тоа е место кое не се напушта без тешки последици.
Истовремено, Кина го проширува своето влијание низ светот, со посебен акцент на Јужна Америка, Африка и Блискиот Исток. Така, Кина неодамна го купи својот прв удел во наоѓалиштето на гас во Катар, додека една кинеска компанија изјави дека е заинтересирана да инвестира 10 милијарди долари за искористување на огромните резерви на литиум во Авганистан. Најголемиот кинески производител на челик потпиша договор за изградба на фабрика за челик во Саудиска Арабија. Покрај тоа, минатиот месец Кина посредуваше за договор меѓу Иран и Саудиска Арабија за ставање крај на војната во Јемен. Постигнат е договор и со Бразил за користење локални валути наместо долари во трговијата.
За сето тоа се свесни во САД, па затоа не чуди изјавата на секретарката за финансии Џенет Јелен, која смета дека раздорот меѓу САД и Кина, би бил погубен за САД. Блумберг оценува дека земјите од групата БРИКС наскоро треба да ги надминат земјите од Г7 во очекувањата за економски раст. Според нивната анализа, додека земјите од Г7 и БРИКС подеднакво придонесоа за глобалниот економски раст во 2020
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 МАЈ 2023 6 COVER
STORY П
Во сегашните околности златото повторно добива на значење. Судан е десетти по големина производител на злато во светот и трет по големина на африканскиот континент, по Гана и Јужна Африка. Проценките се дека Судан оваа година би можел да произведе повеќе од 18 тони злато. Затоа, сегашните воено-политички превирања во Судан треба да се гледаат во овој контекст, но и во контекст на свртувањето на Судан кон Русија.
година, перформансите на блокот
предводен од Запад неодамна
се намалија. Се очекува до 2028
година Г7 да учествува со само
27,8 отсто од глобалната економија, додека БРИКС ќе учествува со 35 отсто. Блискиот исток произведува
околу една третина од светската
сурова нафта. Русија, Иран и
Катар сочинуваат нешто помалку
од 60 отсто од светските резерви
на гас. Деветнаесет земји изразија интерес да се приклучат на групата БРИКС и тие се главно земји чиишто
економии се темелат претежно на
извоз на суровини.
Во средата ги очекувавме (овој
текст поради динамиката на
печатење на магазинот е затворен во вторник, н.з.) податоците за инфлацијата во САД, кои ќе бидат
најважниот макроекономски
показател овој месец.
Инвеститорите и потрошувачите
сакаат да видат тренд на пониска инфлација, особено во услови на загриженост за билансите на регионалните банки во САД,
растечката перспектива за рецесија и претстојниот лимит на американскиот долг на 1 јуни. Пониската инфлација ќе доведе до полабава монетарна политика, што ќе резултира со пад на доларот, што пак ќе доведе до циклус на пораст на цените на суровините. Во сегашните околности златото повторно добива на значење. Судан е десетти по големина производител на злато во светот и трет по големина на африканскиот континент, по Гана и Јужна Африка. Проценките се дека Судан оваа година би можел да произведе повеќе од 18 тони злато. Затоа, сегашните воено-политички превирања во Судан треба да се гледаат во овој контекст, но и во контекст на свртувањето на Судан кон Русија. Имено, Русија треба да изгради поморска база во Црвеното Море. Златото е веќе моќен мотиватор за војна, а руската поморска база во Црвеното Море може да создаде големи проблеми за сообраќајот до Суецкиот канал,
бидејќи Суец е еден од најважните трговски рути на планетава. Најлошото од енергетската криза помина. Засега.
Трговците во рецесија внимателно ја следат побарувачката на енергија бидејќи таа сепак е одличен показател за рецесиските движења, но и за трендовите на раст. Фјучерсите на суровата нафта „брент“ скокнаа на повеќе од 76 долари за барел во понеделникот, закрепнувајќи од 45-дневниот минимум од 71,28 долари, постигнат минатата недела во четвртокот. Пазарното расположение беше поттикнато од посилниот од очекуваниот раст на работните места во САД, намалувајќи ја загриженоста за можното економско забавување. Оваа позитивна економска перспектива, во комбинација со послаб американски долар и очекувањата за намалување на понудата на следниот состанок на ОПЕК, обезбеди одредена поддршка за цените на суровата нафта.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 МАЈ 2023 7
СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ МАЛКУ ИЗБРЗАА
Американските Федерални резерви минатата недела ги зголемија каматните стапки за 25 базични поени, што е
десетто зголемување на стапката по ред. Но, она што е можеби поважно од тоа е
пораката што беше испратена, а тоа е
дека може да има пауза во процесот на
заострување на монетарната политика
додека не се видат досегашните ефекти
од поскапувањето на парите. Клучниот
збор е „можеби“, што пазарот не сакаше
да го слушне, па инвеститорите беа
разочарани од пораките дека циклусот
на заострување на монетарната
политика се уште не е завршен и дека
толку брзо не може да се очекува
намалување на каматите.
Гледајќи напред, инвеститорите внимателно ќе го следат краткорочниот извештај на американската Администрација за енергетски информации во вторник и месечниот извештај за изгледите на ОПЕК во четврток за да добијат чувство за траекторијата на пазарот до крајот на годината. Дополнително, извештајот за заработката на Saudi Aramco ќе биде објавен оваа недела, бидејќи најголемиот светски производител на нафта дава дополнителен увид во перформансите на индустријата. Цените на фјучерсите на природниот гас во Европа паднаа на 36 евра/MWh, продолжувајќи го падот од 5,1 отсто во првата недела од месецот и достигнаа нивоа што не беа забележани од јули 2021 година, кога Русија првпат го прекина снабдувањето со електрична енергија во Европа. Цените на гасот паѓаат од средината на декември 2022 година, откако го достигнаа врвот на 339 евра/MWh во август, поради обилните резерви на втечнет гас - ЛНГ, помалата потрошувачка и благата зима. Индустриите и домаќинствата во Европската унија ја намалија потрошувачката на природен гас за 13,2 отсто во 2022 година. Во меѓувреме, рекордните испораки на ЛНГ од САД и зголемените испораки од Норвешка, Алжир и Катар во голема мера го заменија рускиот гас. Иако најлошото од енергетската криза засега е завршено, ризиците остануваат за следната зима, како што е жешкото лето кое може да го намали нивото на водата, студената зима и закрепнувањето на азиската побарувачка за ЛНГ.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 МАЈ 2023 8 COVER STORY RENEWABLE ENERGY www.res.mk +389 2 55 14 000 office@res.mk ECONOMICAL PRICES SAFE COOPERATION над 300 КОМПАНИИ, ИНСТИТУЦИИ И ЈАВНИ ПРЕТРИЈАТИЈА ЛИДЕР ВО СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 1 ГОДИНА RES НАД
ГОДИШНО СНАБДУВАЊЕ
400 GWH
INTERVIEW
ПРОФ. Д-Р ПРЕДРАГ ТРПЕСКИ
декан на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ
СО
AACSBАКРЕДИТАЦИЈАТА ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ
ВО ЕЛИТНА ГРУПА НА
ПОМАЛКУ ОД 1.000
ФАКУЛТЕТИ ВО СВЕТОТ
Знаењата и вештините што ги стекнуваат нашите студенти
ќе ги подготват успешно да се вклучат во национални и
меѓународни деловни практики. Оваа акредитација не
само што ќе го подобри угледот на Економскиот факултет
- Скопје, туку и ќе им обезбеди на нашите дипломирани
студенти конкурентна предност на глобалниот пазар.
Постигнувањето на AACSB акредитацијата е значајно, бидејќи ќе потврди дека ги исполнуваме нашите ветувања и се ставаме меѓу елитна група од помалку од 1.000 меѓународно акредитирани институции. Иако процесот на акредитација е предизвик и може да потрае и до 7 години, нашата крајна цел е да станеме подобар факултет со позитивно и значајно влијание во нашата земја и регионот.
автор:
ИГОР
ПЕТРОВСКИ
AACSB (Association to Advance Collegiate Schools of Business)
или Здружение
за унапредување
на високите
бизнис школи е едно од светски
најпознатите тела за акредитација
на наставните програми на
факултетите за бизнис и економија.
Формирана пред повеќе од
еден век, во 1916 година во САД, AACSB долго време акредитирала
исклучиво американски
универзитети и колеџи, додека
денес оваа акредитација ја имаат
нешто помалку од 1.000 бизнис
школи низ цел свет, од коишто на
Балканов само пет.
Економскиот факултет-Скопје
при Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“ во Скопје во моментов
е во процедура за добивање на
оваа престижна акредитација
и со деканот на факултетот
проф. д-р Предраг Трпески
разговаравме за тоа што ќе значи
AACSB акредитацијата за самата
институција и нејзините студенти, односно какви можности ќе отвори
пред нив во иднина. Со оглед дека во интервјуто се осврнавме и на
други аспекти околу визијата за развојот на Економскиот факултет и неговата актуелна позиција во македонското високо образование, во разговорот ни помогнаа и
неговите колеги, продеканот за наука и меѓународна соработка, проф. д-р Мијалче Санта, продеканот за настава, проф. д-р Љупчо Ефтимов и продеканот за финансии, проф. д-р Атанаско Атанасовски.
X Професоре Трпески, објаснете ни околу акредитацијата
AACSB која што е моментално во процедура. Што ќе значи
тоа за Економскиот факултет
и неговата атрактивност за избор меѓу идните студенти?
Претпоставувам дека со оваа акредитација ќе им се отворат
пошироко вратите на вашите дипломци за меѓународно
усовршување и кариера?
Економскиот факултет постојано се
стреми не само да биде најдобар
во нашата земја, туку и да биде во
првите редови на меѓународното
образование со исполнување на
светските стандарди. Во соработка
со Амбасадата на САД во Скопје
и нашите партнери од Kelly School of Business на Универзитетот во
Индијана, инициравме проект
за подобрување на нашите
образовни, истражувачки и административни капацитети.
Нашата цел е да добиеме
акредитација на AACSB и веќе
го направивме првиот чекор
со тоа што станавме членка на здружението AACSB.
Со почитување на критериумите и стандардите на AACSB, ние се фокусираме на иновациите
во стратегискиот менаџмент, мерилата и подобрувањето на нашето стратешко планирање. Ова вклучува оптимизирање
на нашите физички, дигитални и
финансиски ресурси и инвестирање во развојот на нашиот наставнонаучен и административен кадар. Во центарот на тоа е дека и ние му даваме приоритет на успехот на студентите преку подобрување
на нашата наставна програма, ефективноста на наставата и процесите на учење. Ова опфаќа прогресија на студентот и ангажман со деловната заедница и поширокото општество. Процесот на акредитација на AACSB го нагласува лидерството на мислата и општественото влијание, што нè тера да дадеме значаен
и препознатлив придонес во општеството преку нашиот научен, образовен и професионален ангажман. Со усвојување на
холистички пристап кон нашите студии и со станување членка на AACSB, веруваме дека можеме да се трансформираме во национален лидер со регионално влијание. Посветеноста на Факултетот за процесот на акредитација на AACSB се докажува со едногласната поддршка на Наставно-научниот совет на факултетот и посветените напори на бројни членови на факултетот кои ја анализираат моменталната состојба на Економскиот факултетСкопје и развиваат процеси за унапредување во насока на исполнување на стандардите на AACSB. Ние, исто така, активно се ангажираме со нашите партнери од деловната заедница и ги вклучуваме нивните повратни информации во нашите планови. Конкретно, ја цениме поддршката на УниБанка во овој процес. Како важни чинители и партнери, нашите студенти се исто така вклучени во процесот на акредитација.
Во изминатите неколку години ја потврдуваме нашата посветеност
за подобрување на условите
за студирање на студентите
со значајни инвестиции во
инфраструктурата на Економскиот
факултет - Скопје, бидејќи сметаме
дека оптималните услови за учење
треба да ги интегрираат напредните
информатички технологии во наставните практики. Реновиравме и надградивме лабораториска опрема, воспоставивме оптичка интернет конекција во рамките на Факултетот и воведовме сеопфатно Wi-Fi решение како дел од мрежата Едуроам. Ова овозможува беспрекорна соработка и поврзување за визитинг професори и студенти во нашата мрежа, но и нашите студенти и професори кога патуваат во странство може исклучиво брзо и лесно да се поврзат на нивните интернет мрежи.
Накратко, преземаме бројни чекори за да ги исполниме стандардите на AACSB, да ја зајакнеме регионалната соработка и да обезбедиме најсовремена инфраструктура за подобрување
на целокупното искуство на студентите на Економскиот факултет - Скопје.
Постигнувањето на акредитацијата на AACSB ќе покаже дека нашиот факултет се здобива со меѓународно признание за обезбедување висококвалитетно образование кое ги исполнува стандардите на оваа престижна институција. Како резултат на тоа, знаењата и вештините што ги стекнуваат нашите студенти ќе ги подготват успешно да се вклучат во националани и меѓународни деловни практики. Оваа акредитација не само што ќе го подобри угледот на Економскиот факултет - Скопје, туку и ќе им обезбеди на нашите дипломирани студенти конкурентна предност на глобалниот пазар.
Постигнувањето на AACSB акредитацијата е значајно, бидејќи ќе потврди дека ги исполнуваме нашите ветувања и се ставаме меѓу елитна група од помалку од 1.000 меѓународно акредитирани институции. Иако процесот на акредитација е предизвик и може да потрае и до 7 години, нашата крајна цел е да станеме подобар Факултет со позитивно и значајно влијание во нашата земја и регионот.
X Кои други активности ги преземате во меѓународни рамки за подобро етаблирање на Економскиот факултет- Скопје? Во оваа насока, надградувајќи го нашето национално искуство, ја поттикнуваме регионалната соработка преку активности кои ги зајакнуваат врските
со регионалните чинители и универзитети. Инициравме и водиме Еразмус+ проекти и
потпишавме многу програми за мобилност преку Ерзамус+
INTERVIEW KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 МАЈ 2023 12
Проф. д-р Предраг Трпески
декан на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ
програмата за да обезбедиме повеќе можности за студенти и професори кои посетуваат факултети во странство и професори и студенти од странство остварувајќи престој на нашиот факултет. Исто така, се приклучивме на две мрежи на CEEPUS програмата за да ја промовираме мобилноста на факултетите и студентите. Дополнително, создадовме две нови CEEPUS мрежи фокусирани на сајбер-безбедноста и форензичката ревизија, во партнерство со факултети од поширокиот регион
за да се решат овие критични прашања. Преку овие мрежи, научниците и студентите од земјите учеснички имаат можност да се вклучат и да придонесат во различни активности, вклучувајќи истражување и настава, на други универзитети. Овие мрежи се дизајнирани да поттикнуваат координирани истражувачки и наставни практики во две високо динамични полиња. Економскиот факултет-Скопје е координатор на овие мрежи, овозможувајќи беспрекорна соработка меѓу
Процесот
на акредитација
на AACSB го
нагласува
лидерството
на мислата и
општественото
влијание, што
нè тера да
дадеме значаен
и препознатлив
придонес во
општеството преку
нашиот научен, образовен и
професионален
ангажман. Со
усвојување
на холистички
пристап кон
нашите студии
и со станување
членка на AACSB,
веруваме дека
можеме да се
издигнеме во
национален лидер
со регионално
влијание.
партнерските универзитети. X Периодов одбележувате значаен јубилеј – 20 години од формирањето на Катедрата за е-бизнис. Каков беше досега придонесот на оваа наставна насока во креирањето на кадри спремни за новото дигитално време?
E-бизнис департманот е формиран
пред 20 години, во период на брза дигитализација што продолжи и во следните децении. Во тоа
време, широко распространетата
интеграција на дигиталните
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 МАЈ 2023 13
Проф. д-р Предраг Трпески
декан на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ
ПРОФ. Д-Р МИЈАЛЧЕ
САНТА
продекан за наука и меѓународна соработка
Надградувајќи го
нашето национално искуство, ја поттикнуваме
регионалната соработка преку
активности кои ги зајакнуваат врските
со регионалните чинители и универзитети.
страни за да се создадат добро заокружени, дипломирани студенти кои можат да се вработат. За таа цел, склучуваме договори за соработка со различни институции
и бизнис заедницата. Неодамна, исто така, почнавме да нудиме кратки семинари отворени за сите студенти и бизнис заедницата, а се однесуваат на актуелните деловни и економски прашања. Овој пристап ги изложува студентите на предизвиците со кои се соочуваат компаниите и решенијата што тие ги бараат.
Во нашиот процес на акредитација, имаме за цел да ја зајакнеме нашата соработка со бизнисите
ПРОФ. Д-Р ЉУПЧО ЕФТИМОВ продекан за настава Во нашиот процес на акредитација, имаме за цел да ја зајакнеме нашата соработка со бизнисите за да ги подготвиме не само студентите што им се потребни сега, туку и оние што ќе им требаат во следните 10 години.
за да ги подготвиме не само студентите што им се потребни сега, туку и оние што ќе им требаат во следните 10 години. За понатамошно унапредување на соработката, истражуваме опции за обезбедување кратки курсеви за деловната заедница, овозможувајќи им да го освежат своето знаење и да се вклучат во доживотното учење.
X Колку се сменети нештата во самиот пристап на професорите при наставата, со оглед дека сега е време на т.н. Generation Z, децата се раѓаат и растат со дигиталните алатки и уреди,
продекан за финансии Со комбинирање на владиното
финансирање
за капитални проекти со средства од меѓународни донатори и
програми, имаме за цел да создадеме одржлив процес за перманентно подобрување на нашата дејност, особено
во делот на наставата и научното истражување.
многу услови се сменети од времето кога студирала Вашата (и моја) генерација? Како им се задржува вниманието денес, како им се дава предизвик да истражуваат, а не само да повторуваат она што им е предадено како содржина (одлика на стариот наставен концепт којшто е дефинитивно застарен)?
Економскиот факултет - Скопје
презема стратешки пристап кон интегрирање на новите технологии и подобрување на
наставните практики, со фокус на
поттикнување подобро образовно
искуство за нашите студенти. Оваа
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 МАЈ 2023 15
ПРОФ. Д-Р АТАНАСКО АТАНАСОВСКИ
12 МАЈ 2023 16
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146
визија ги водеше нашите постапки
на повеќе нивоа.
Прво, направивме значителни
подобрувања на инфраструктурата
што се користи за предавање.
Надоврзувајќи се на научените
лекции од кризата со КОВИД, инвестиравме во обезбедување
повеќеканална комуникација
со студентите. Ова вклучува
опремување на нашите
лаборатории со повеќе од 200
компјутери, овозможувајќи им
на студентите да работат на
софтверски решенија за време
на нивните предавања. Ги
надградивме и нашите можности
за интернет со оптички влакна и ги
поврзавме студентите со мрежата
на Едуроам.
Второ, стратешки се ангажиравме
да понудиме дополнителни
софтверски алатки за студентите
да ги користат за време на
предавањата. Овој напор вклучува
соработка со водечки продавачи
на софтвер за да ги интегрираат
нивните наставни програми и
алатки во нашите курсеви.
Понатаму, инвестиравме во
развојот на факултетот, фокусирајќи
се на усвојување на нови
методологии за настава, како
што е blended learning. Ова е
поддржано од проект финансиран од Амбасадата на САД и нашите партнери од Универзитетот во Индијана, кој се концентрира на подобрување на комуникацијата
со студентите и воведување нови
техники за настава, евалуација и
испорака на материјал.
Нашата посветеност на
инклузивноста е очигледна во
нашето учество во проектот
Еразмус+ БЕНЕФИТ, кој има за
цел да ги поддржи учениците со
попреченост преку технологијата.
Како водечка институција во
овој проект, ние соработуваме
со европски партнери за да го
постигнеме тоа.
Дополнителен аспект што го
имплементираме на сите предмети
е учењето базирано на проекти, овозможувајќи им на студентите
да дадат практичен придонес
за прашања од реалниот свет.
На пример, не само во работата
на курсевите, нашиот факултет
организира хакатони каде
студентите работат на практични
проблеми за компаниите, развивајќи решенија во текот на
два дена.
Севкупно, преминуваме кон
поинтерактивни предавања и
им овозможуваме на студентите
директна изложеност на практични апликации, подобро подготвувајќи ги за нивните идни кариери.
Иако сè уште има простор за подобрување, ние сме водени од стандардите за акредитација на AACSB, континуирано стремејќи
се да воведеме нови методологии
и да останеме во првите редови на светските трендови во образованието.
Во државното високо образование отсекогаш проблем се капиталните инвестиции, па каква е ситуацијата на Вашиот факултет, дали се планираат позначајни вложувања во опрема, технологија и сл.? Да, ние сме државен факултет и се гордееме со тоа. Секогаш има дебата и дискусија околу потребата од дополнително владино финансирање во високото образование, и овие аргументи се валидни. Постојано се ангажираме со владата, нашите партнерски универзитети и други факултети
за да истражуваме начини за зголемување на финансирањето. И покрај овие ограничувања, Економскиот факултет-Скопје препознава дека и меѓународните фондови се достапни за поддршка
на наставни, истражувачки и инфраструктурни проекти. На пример, нашата одлична соработка со Амбасадата на САД на еден неодамнешен проект ни овозможи да обезбедиме средства за подобрување на технологијата и опремата во рамките на Економскиот факултет. Ова финансирање ни овозможува и пристап до базите на податоци и материјали од нашите партнери и го подобрува нашиот капацитет да обезбедиме висококвалитетно образование преку насочена обука. Дополнително низ истиот проект, во процес сме на целосна дигитализација на интерните административни процеси на факултет. Тоа ќе овозможи поголема ефикасност на комуникацијата и движењето на документацијата.
Дополнително, ги користиме и
средствата достапни од Европската Унија со активно аплицирање и предлагање проекти финансирани
од програми како што се Хоризонт и Еразмус плус. Овие програми ги поддржуваат нашите активности и иницијативи. Понатаму, ние се стремиме да ја зајакнеме нашата способност да добиеме финансиска поддршка за инфраструктурни проекти од владата и другите институции кои се подготвени да ги поддржат нашите проекти. Со комбинирање на владиното финансирање за капитални проекти со средства од меѓународни донатори и програми, имаме за цел да создадеме
Уверени сме
дека иднината на Економскиот факултетСкопје е светла. Со подобрување на
нашата наставна програма и
ангажирање со националната
деловна и алумни заедница, ќе
обезбедиме
навремена, национално
фокусирана
експертиза со глобална
перспектива. Нашиот
факултет има за цел да биде конзистентен и влијателен партнер
за бизнисите и
општеството, а ние сме посветени да го постигнеме тоа.
одржлив процес за подобрување, особено во научното истражување. Нашата стратешка насока се фокусира на диверзификација на нашите финансиски приливи и зголемување на приходите од различни институции и програми за финансирање капитални инвестиции во рамките на Економскиот факултет.
Кои се стратешките правци за идниот развој на Економскиот факултет-Скопје?
Економскиот факултет е
посветен на подобрување на својот придонес кон бизнисите, институциите и општеството во целина. Како државен универзитет, нашиот примарен фокус е подготовка на студентите да ги исполнат барањата на бизнисите и владиниот сектор.
INTERVIEW
Проф. д-р Предраг Трпески
декан на Економскиот факултет – Скопје
Но, ја препознаваме и важноста на регионалната експертиза и глобалните делувања за да ги
опремиме нашите дипломци за
успех.
Главни стратегиски правци на
факултетот се следниве:
l
Квалитетно образование и
создавање на компетентни
високо-стручни кадри, а
за реализирање на истиот, дефиниравме неколку цели:
креирање и акредитација на
наставни програми од областа
на економијата и бизнисот кои
по својот квалитет содејствуваат
со наставните програми на реномирани и афирмирани
Универзитети во светот, понатаму, Дигитализација на наставнообразовниот процес, преку користење на софтверска
поддршка во реализација на наставата и унапредување на методите на настава. l Подобрување на соработката со јавниот и приватниот сектор во земјата, кој ќе се реализира преку зголемен број на аплицирани и реализирани заеднички проекти, истражувања, стратегии, анализи, практична настава, стипендии, обуки, тренинзи и други видови на соработка со јавниот и приватниот сектор.
l Зајакнување на меѓународната соработка преку поголема интегрираност во Европскиот простор за високо образование
и соработка со реномирани Универзитети, каде би истакнал дека веќе имаме соработка со реномираниот Indiana University, Kelley School of Business.
Уверени сме дека иднината на Економскиот факултет-Скопје е светла. Со подобрување на нашата наставна програма и ангажирање со националната деловна
заедница и алумни, ќе обезбедиме навремена, национално фокусирана експертиза со глобална перспектива. Нашиот факултет има за цел да биде конзистентен и влијателен партнер за бизнисите и општеството, а ние сме посветени
да го постигнеме тоа. За да ја продолжиме нашата мисија, ќе го започнеме процесот на акредитација и ќе ја зајакнеме
нашата соработка со бизнис и алумни заедницата. Ова ќе ни овозможи подобро да ги разбереме нивните потреби и да ги испорачаме знаењата, вештините и алатките потребни за успех во нивните области. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 МАЈ 2023 17
при УКИМ
ЗА ПРВПАТ НАРОДНИ ОБВРЗНИЦИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФИНАНСИСКИ ПАЗАР
ДРЖАВАТА ЌЕ СЕ
ЗАДОЛЖУВА ПОЕВТИНО КАЈ ГРАЃАНИТЕ
Од Министерството за финансии деновиве најавија издавање на т.н. народна
или граѓанска обврзница, наменета исклучиво за физички лица, коишто за тоа
ќе добијат камата. Најверојатно ќе биде двегодишна обврзница, а најмалиот
износ кој ќе може да се уплати е 10 илјади денари, како и за постојните обврзници и записи.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 18
ЕКОНОМИЈА
аскоро и граѓаните
во Македонија
ќе можат да
инвестираат во
таканаречени
граѓански или народни обврзници што ќе ги издаде Министерството за финансии и за тоа да добијат соодветен надомест, односно камата. Оваа новина пред хрватските инвеститори пред неколку денови ја најавија од Министерството за финансии, во рамки на настанот „Денови на македонскиот пазар на капитал“ во организација на Македонска берза и Загрепска берза, кој примарно беше наменет за хрватските инвеститори и финансиски посредници кои доаѓаат во Скопје. „Планираме да издадеме она што Хрватска веќе го направи, граѓанска обврзница. Нашата намера е тоа најверојатно да биде пред летните одмори. Ќе се
обидеме да ги убедиме нашите граѓани да имаат доверба во државата и инвестираат во
Директорката на Загрепската берза Ивана Гажиќ (на фотосот втора од десно) во интервју за МИА ги сподели позитивните искуства во Хрватска со овој инструмент, истакнувајќи дека повеќе од 43 000 луѓе, односно повеќе од еден процент од целокупната популација, инвестирале во народната обврзница.
сигурни хартии од вредност и за тоа да добијат сигурен прилив“, рече Дејан Николовски, првиот човек во одделот за јавен долг во Министерството за финансии.
Тој додаде дека тоа ќе биде најверојатно двегодишна обврзница, а најмалиот износ кој
ќе може да се уплати е 10 илјади денари, како и за постојните обврзници и запис, додека обврзницата ќе биде наменета само за индивидуи, односно за граѓаните.
До крајот на годинава и проектна обврзница, а во најава и зелени обврзници Инаку, Хрватска во почетокот на годинава издаде граѓански обврзници кои на тамошниот пазар на капитал се покажаа многу успешни, надминувајќи го повеќе од двојно планот државата на овој начин да се задолжи за околу 500 милиони евра, односно, граѓаните во Хрватска запишаа државни обврзници во вредност од над милијарда евра. Средствата собрани со издавањето на оваа обврзница, како што изјавија хрватски официјални лица, во најголема мера ќе се искористат за прилагодување на структурата на јавниот долг со цел, долгорочна одржливост на долгот, но исто така и за минимизирање
на долгорочните трошоци за задолжување. Поконкретно, со тој износ Хрватска ќе ги рефинансира долговите кои доспеваат годинава. Таму минималниот депозит за граѓаните беше 500 евра, минималната каматна стапка е 3,25 отсто годишно, а рокот на достасување на обврзницата е 2025 година. Од Министерството за финансии не прецизираа колкава ќе биде емисијата на македонската граѓанска обврзница, односно
колку пари планира државата да собере од граѓаните, како и која ќе биде каматата.
Зборувајќи за каматните стапки за другите видови државни записи и обврзници кои што се издадени, Николовски од Министерството
рече дека каматата за 12 месечните краткорочни хартии од вредност е 4 отсто годишно, а за оние на 15 години е 5,9 отсто. За другите, каматите се помеѓу овие две вредности. Македонија во почетокот на март се задолжи на меѓународниот финансиски пазар со издавање на еврообврзница, деветта по ред до сега, во износ од 500 милиони евра со купонска каматна стапка од 6,96 отсто. Со другите трошоци, фактички каматата е 7,25 отсто. Рокот на отплата е четири години.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 19
Н
„За другите инвеститори
планираме до крајот на годинава
на домашниот пазар да воведеме
проектна обврзница, која ќе многу
атрактивна, а за прв пат исто
така планираме да почнеме и со
подготовки за издавање на зелени
обврзници“, рече Николовски.
Тој посочи дека зелените обврзници
се тренд кон кој што треба да
се вклучиме и ние. За таа цел
потребни се одредени подготовки
за издавање на зелени обврзници
кој трае шест до осум месеци.
Николовски исто така додаде дека
кај инвеститорите веќе постои
заинтересираност за ваков вид
хартија од вредност и очекуваат
што побрзо нашата држава да
се појави на пазарот и со ваква
обврзница.
Една од новините е и промена
на платформата за издавање
на примарни државни записи и
обврзници, односно премин кон
платформата на Блумберг, така што
се планира наредните издавања на
хартии од вредност на примарниот
пазар да биде преку оваа платформа.
Во Хрватска еден процент
од жителите веќе купиле
народни обврзници
Во интервју за МИА, пак,
директорката на Загрепска
берза, Ивана Гажиќ, вели дека
издавањето народни обврзници
би бил добар тест за пазарот,
да се испита како размислуваат
граѓаните и инвеститорите, да се
задолжи државата на домашен
терен, да се испита колкава
доверба имаат граѓаните во
државата, а верува дека ќе има
интерес.
Гажиќ ги споделува позитивните
искуства во Хрватска со овој
инструмент, истакнувајќи дека
повеќе од 43 000 луѓе, односно
повеќе од еден процент од целокупната популација, инвестирале во народната обврзница.
пред неколку денови беа претставени на настанот „Денови на македонскиот пазар на капитал“ во организација на Македонската и Загрепската берза, при што на едно место беа собрани преку 50 претставници на хрватските и македонските брокерски куќи и банки, инвестициски
и пензиски фондови, котирани компании, регулатори, депозитари и други учесници на пазарот.
„Прогнозите беа дека интересот на јавноста ќе биде околу 500 милиони евра, додека остатокот од една милијарда евра беше планиран за институционални инвеститори. Она што се случи при самото запишување ги изненади сите. Имено, само граѓаните запишаа 1,35 милијарди евра, а фондовите запишаа дополнителни 500 милиони евра. Најмладиот инвеститор има 19 години, а најстариот 99 години“, објаснува Гажиќ.
Една од важните цели за државата
во оваа проблематика бил секако приносот да остане кај хрватските инвеститори кои може дополнително да го инвестираат или да го потрошат во својата татковина, додава директорката Гажиќ, при што истовремено на државата и стои на располагање стабилна инвестициска база на која може да смета.
„Во Хрватска веќе е најавено дека вакви емисии ќе продолжат да се издаваат и во иднина, а ние со нетрпение го очекуваме тоа.“
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 20 ЕКОНОМИЈА
Народните обврзници
Како до повеќе инвеститори
од странство на
домашната берза
Инаку, настанот „Денови
на македонскиот пазар на
капитал“ во организација на
Македонската и Загрепската
берза на едно место собра преку
50 претставници на хрватските и
македонските брокерски куќи и
банки, инвестициски и пензиски
фондови, котирани компании, регулатори, депозитари и други
учесници на пазарот.
Со оглед на сопственичката
поврзаност на Македонската
и Загрепската берза (берзата
од Хрватска има 30% удел
во Македонската берза) и
интенцијата за продлабочување
на билатералната стратешка
соработка, примарната цел на
настанот беше учесниците на
хрватскиот пазар на капитал
детално да се запознаат со
македонскиот пазар, со што ќе
се олесни нивниот пристап до
македонскиот пазар. Настанот со воведни обраќања го отворија претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити, претседателката на Управниот одбор на Загрепска берза, Ивана Гажиќ и главниот извршен директор на Македонска берза Иван Штериев.
„Свесни сме дека меѓусебното информирање за двата пазара моравме да го подигнеме на едно повисоко ниво затоа што ако сакаме да се вратат повеќе странски портфолио инвеститори мора тие да се запознаат со нашите продукти, со нашата инфраструктура и да најдат бизнис интерес и можности за инвестиции на нашиот пазар. Изминатите години имавме неколку добри години, но сепак основен двигател на пазарот се македонските инвеститори и во добар дел македонските физички лица. Тоа е добро и посакувано,
но не е идеална структура на
прометот. Ние би сакале да
имаме повеќе инвеститори од
странство, тие да донесат и нов
промет и нови практики“, изјави
главниот извршен директор
на Македонската берза, Иван
Штериев.
„Македонскиот пазар нуди
исклучително интересни
можности за инвестирање и
преку овој настан сакавме да
ги доближиме уште повеќе до
учесниците на хрватскиот пазар
на капитал. Имаме долга историја
на висококвалитетна соработка
со Македонската берза. Со оглед
на сопственичката поврзаност, сакаме да ја продлабочиме
оваа соработка на обострано
задоволство со цел да
обезбедиме поголема видливост
на регионалниот пазар и на сите
наши компании на глобалната
инвестициска карта“, истакна
Ивана Гажиќ.
НОВ КРЕДИТ за НОВ ДОМ!
Една година без грижи
и со Мајстор Дома –ORYX Assistance
oд 3,90% фиксна за првите 10 години, рок на отплата до дури 35 години!
Повеќе информации на www.unibank.mk
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 21
НАЈМНОГУ ПАРИ СЕ
социјацијата за е-трговија на Македонија - АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната банка, од каде што може да се увиди
дека Македонците за купување
производи и услуги со платежни
картички кон странски е-трговци
во 2022 година потрошиле 156.2
милиони евра што претставува
пораст од 46.31% во однос на
минатата година и учество од 28%
од вредноста на вкупните онлајн
трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите
кон странските земји, посебно
поврзани со патувања и
ОСТАВААТ КАЈ AMAZON, BOOKING И WIZZ AIR А
трансакции за авионски билети и резервации на хотели онлајн. Покрај вредноста, расте и бројот на е-трансакции кои ги направиле
Македонците купувајќи онлајн во странство кој изнесува 3.66 милиони во 2022, што преставува пораст од 21.1% во однос на 2021 година. Поради поголемиот пораст на вредноста на направените
трансакции во однос на бројот на направени трансакции во странство во 2022 година се зголемува износот на просечната онлајн трансакција, која од 35.3 евра се зголемува на 42.65 евра во 2022 година. Кај бројот на остварени онлајн трансакции физичките лица учествуваат дури со 89% во вкупниот број и имаат просечна вредност по остварена трансакција од 32.4 евра наспроти 124.1 евра остварена од правните лица.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 22 Е-ТРГОВИЈА
КАДЕ И КОЛКУ КУПУВААТ ОНЛАЈН
МАКЕДОНЦИТЕ КАЈ СТРАНСКИ ТРГОВЦИ?
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 23
поврзани со пандемијата секако се одрази
кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авионски билети и резервации на хотели онлајн.
Ослободувањето на мерките
на е-трансакциите
Најмногу се плаќало онлајн кон В. Британија, Унгарија и
Холандија
Со македонски платежни картички најмногу се плаќало онлајн кон Велика Британија, Унгарија и Холандија.
„Очекувано е и понатаму да
продолжи растот на вредноста и бројот на реализирани онлајн трансакции од Македонците кон странски е-трговци, особено за патувања, што се гледа од растот
остварен во 2022 година во однос на минатата година кон Холандија (114%) и Унгарија (82.4%). Зголемено
е и учеството на вредноста на е-купувањата во странство од 24% во 2021 година на 28% во 2022 година во вкупно остварената
вредност на е-трансакции направена со домашни и странски платежни картички кон домашни и странски е-трговци.“, вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, д-р
Нина Ангеловска.
Секој пораст на е-трансакциите е важен за развојот на македонската е-трговија, додава таа. Важно е да се менуваат навиките и сè повеќе граѓаните да ги користат картичките за онлајн плаќања и купувања, бидејќи кога тоа го прават за купување билети, резервации на хотели и порачки на производи од странски е-трговци сè повеќе ќе се навикнуваат да го прават и од домашните.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 24 Е-ТРГОВИЈА МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД OFFICE@GREENMACHINES.COM WWW.GREENMACHINES.COM OFF WW OM M ЗА ЧИСТА
И
ПРВО ВОЗИЛО ЗА ГРАДСКА ХИГИЕНА НА ВОДОРОД ВО СВЕТОТ
ОПШТИНА
ОКОЛИНА
претседателка
Е-ТРГОВИЈА
Важно е да се менуваат навиките и сè повеќе граѓаните да ги користат картичките за онлајн плаќања и купувања, бидејќи кога тоа го прават за купување билети, резервации на
хотели и порачки на производи од странски е-трговци сè повеќе ќе
се навикнуваат да го прават и од домашните.
„А кога има поголема побарувачка, тоа ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите" , заклучува Ангеловска. Две третини, или 67% од вкупната вредност на е-трансакциите (156.2 милиони евра) кои Македонците во текот на 2022 година ги потрошиле онлајн за пазарење во странство и 78% од вкупниот број на направените трансакции (3.66 милиони) се реализирале во корист на 7 земји: Велика Британија, Унгарија, Холандија, Ирска, САД, Луксембург и Германија. При тоа, од вкупно остварената вредност на онлајн трансакции, 14% е направена во Велика Британија, 13% во Холандија и во Унгарија. Кои се
трговцинеприкосновените за Македонците?
Македонците во 2022 година потрошиле најмногу пари во Велика Британија (21.8 милиони евра), додека во Луксембург направиле најголем број на трансакции (865.9 илјади). Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија односно 142.5 евра, додека во Луксембург Македонците направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 11.2 евра.
Најголемата вредност реализирана од Македонците кон Велика Британија, Унгарија и Холандија е очекувана ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Велика Британија), WizzAir (Унгарија) и Booking.com (Холандија). Ако се има предвид дека во Луксембург се регистрирани европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија, очекуван е и најголем бројот на направените трансакции во Луксембург со најмала просечна вредност.
Реализираните трансакции со повисока просечна вредност најверојатно се должат на уплата на авионски карти во Унгарија (седиштето на Wizzair), резервирање хотелски услуги во Холандија (пр. Booking.com) и сл. Ако се анализира пак порастот на направените е-трансакции од страна на Македонците во странство може да се забележи дека најголем пораст во 2022 година е остварен во Холандија, како на вредноста така и на бројот на направените онлајн трансакции.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 26
ОД ИДЕЈА ДО ЧИСТА ЕНЕРГИЈА ФОТОВОЛТАИЦИ ХИДРО ЕЛЕКТРАНИ БИО ГАСНИ
ТРАНСФОРМАТОРИ + 3 8 9 2 5 5 1 4 0 0 0 +389 2 5514 000 i n f o @ f e r o i n v e s t . m k info@feroinvest.mk w w w . f e r o i n v e s t . m k www.feroinvest.mk П Р О Е К Т И Р А Њ E , И З В Е Д Б А , ПРОЕКТИРАЊE, ИЗВЕДБА, У П Р А В У В А Њ Е И О Д Р Ж У В А Њ Е УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ 2 0 Г О Д И Н И 20 ГОДИНИ
ЕЛЕКТРАНИ
д-р НИНА АНГЕЛОВСКА
на АЕТМ
ИНВЕСТИРААТ ПРЕКУ 60
МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО
Во првите три месеци годинава македонските
физички и правни лица
направиле помал промет на странските
берзи одошто
истиот период лани, покажуваат
податоците на Комисијата за хартии
од вредност. Прометот на странски
пазари изнесува 12,25 милиони
евра, што во однос на истиот
период во 2022 е намалување за
околу 5 милиони евра, или околу
30%. Во првиот квартал од 2023
тргувањето со акции учествува со
81% во вкупниот промет на странски
пазари, а по него следува прометот
со обврзници со учество од 15%.
Но, сепак прометот на странски
пазари расте од месец во месец, односно од 3,6 милиони евра во
јануари пораснал на 4,15 милиони
евра во февруари, за март да
заврши со 4,5 милиони евра. Во
јануари пак бил за 22,5% поголем
во однос на декември 2022.
На домашната берза падот
на прометот многу поголем
одошто на странските пазари Изминативе неколку години откако
македонските граѓани и компании добија можност да тргуваат на странските пазари на капитал, не стивнува интересот за купување на акции или обврзници на берзите во САД, Западна Европа, Азија, итн. Во 2020 година вкупниот промет на странските пазари изнесувал околу 57 милиони евра, следната година 65 милиони евра, а лани, 2022 година, сумата е 64 милиони евра. Трендот на намалување на прометот на годишно ниво во однос на 2021 е присутен и на домашниот пазар, односно лани многу поголем пад на прометот има на домашниот, цели 42%, додека на странските пазари намалувањето е незначителни 2,47%. Како резултат на ваквите бројки на прометот во 2022 година соодносот на тргување
на странски пазари на годишно
ниво спрема прометот реализиран
на домашен пазар е 34,53%
наспроти 65,47%.
Во четвртиот квартал од 2022
година тргувањето со акции
учествува со 65,06% во вкупниот
промет на странски пазари,
наспрема 90% во 2021 година.
Изминативе неколку години откако македонските граѓани и компании добија можност да тргуваат на странските пазари на капитал, не стивнува интересот за купување на акции или обврзници на берзите во САД, Западна Европа, Азија, итн. Во 2020 година вкупниот промет на странските пазари изнесувал околу 57 милиони евра, следната година 65 милиони евра, а лани, 2022 година, сумата е 64 милиони евра.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 28 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
НЕ СТИВНУВА ИНТЕРЕСОТ ЗА СТРАНСКИТЕ АКЦИИ И ОБВРЗНИЦИ
МАКЕДОНЦИТЕ НАДВОР
Покрај тргувањето со акции во 2022 година, 22,45% е промет со
други хартии од вредност, а 12,49%
е реализиран промет со обврзници
на странски пазари.
Македонските граѓани и компании
на странските берзи тргуваат
преку овластените учесници на
пазарот на капитал, и тоа три банки (Комерцијална, Шпаркасе и НЛБ банка), и една брокерска куќа (Инвестброкер).
На годишно ниво, најголемо учество во прометот на странски берзи има убедливо Шпаркасе банка, односно 65% во 2022 година, пред Комерцијална банка со 19%, НЛБ Банка со 12% и Инвестброкер со 4%. Во текот на 2022 година, Шпаркасе Банка АД Скопје првенстевно била насочена кон тргување на странските пазари, па така оваа банка на годишна основа 89% од промет го реализирала на странски
пазари. НЛБ Банка АД Скопје, 58% од остварениот промет го има направено на странски пазари, додека кај Комерцијална Банка АД Скопје и Инвестброкер АД Скопје, овие бројки се пониски односно првенствено се насочени кон тргување на домашниот пазар, па така кај Комерцијална Банка АД Скопје 33% и кај Инвестброкер АД Скопје 23% од остварениот промет е на странски пазари. nnn
Извор: Комисија за хартии од вредност ПРОМЕТ
Извор: Комисија за хартии од вредност
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 29
РЕАЛИЗИРАН НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ И НА ДОМАШЕН ПАЗАР
НА
Поранешната империја на некогаш најмоќното семејство во Хрватска, Тодориќ, сега е во рацете на кредиторите, со владин повереник на чело на компанијата. Менаџментот на Фортенова бара модел како да ги исплати руските банки коишто поседуваат половина од капиталот, а се под санкции. Следно е излегување на компанијата на берза.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 30 БАЛКАН
ХРВАТСКИОТ
ГИГАНТ НЕ МОЖЕ
ДА ГИ ИСЧИСТИ
„ОПАШКИТЕ“ ОД
ИВИЦА ТОДОРИЌ
ОДИСЕЈАТА НИЗ ФИНАНСИСКИТЕ ПАЗАРИ
НЕКОГАШНИОТ АГРОКОР, СЕГА ФОРТЕНОВА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 31
Откако во јануари 2017 година
стана јасно дека
презадолжениот
хрватски гигант
Агрокор повеќе
не може да опстои без голема
финансиска инјекција, започна
одисејата низ светските финансиски
пазари. Првиот капетан на
пловидбата, која веќе влезе во
шестата година, исто толку бурна
и неизвесна како и на почетокот,
беше Ивица Тодориќ. „Газдата“
се обиде, но залудно, во неколку
месеци пред државата да го донесе
лекс специјалис (специјалниот
закон) за Агрокор - во која било
банка и под какви било услови - да
позајми околу 350 милиони евра, за
кои сметаше дека ќе бидат доволни
за да се избегне банкрот.
Само неколку месеци подоцна, следниот капетан, Анте Рамљак, стана првиот владин повереник
за Агрокор, инаку сплиќанец по
потекло, консултант со искуство во
меѓународни проекти за спојувања
и преземања.
Тој пресмета дека за опстанок
на мега-компанијата, пред сè за
покривање на долговите, и требаат
најмалку три пати повеќе пари, па
со поддршка на доверителите на
Агрокор го потпиша Договорот за
најстариот заем во износ од 1,06
милијарди евра.
Многу дилеми и сомнежи во врска
со овој т.н. со roll-up кредит беа
изречени во тоа време (скоро сите
подоцна се покажаа оправдани),
пишува хрватскиот магазин
Лидер медиа. Од првиот момент се знаеше дека овој финансиски
аранжман е крајно неповолен, но
немаше избор. Намерата беше
да се обезбеди ликвидност и да
се спаси најголемата регионална
компанија, да се спасат работните
места, да се смират добавувачите и
другите доверители, да се подготви спогодба за доверителите под
повеќе или помалку нормални
деловни услови, да се обезбеди
опстанок на владата на Пленковиќ
и слично. Заемот е потпишан на
рок од само 15 месеци, со четири
отсто годишна камата. Во него
учествуваа 33 кредитори, од кои
најголем беше инвестицискиот фонд
Knighthead Capital Management.
Кредитите поскапуваат
Рамљак, на позицијата владин
повереник, не издржа до
крајниот рок во кој требаше да
се исплати roll-up кредитот. Пет
месеци претходно на неговата
позиција беше назначен Фабрис
Перушко, дотогаш ангажиран за
реструктурирање на Тисак, една од
компаниите во состав на Агрокор,
Фабрис Перушко, искусен финансиски експерт, актуелен шеф на Фортенова, заедно со својот тим бараат модел како на прифатлив и легален (со оглед на санкциите) да ги преземат акциите на двете руски банки што поседуваат половина од капиталот на компанијата.
човек со меѓународно искуство во проекти за реструктурирање во различни индустрии.
Перушко многу брзо сфати дека рокот за отплата на кредитот ќе
дојде многу пред тој и неговиот тим да можат да најдат нов доверител на светскиот финансиски пазар кој
ќе биде подготвен да му позајми на Агрокор најмалку една милијарда
евра со кои ќе се рефинансираат
обврските од Договорот за најстариот заем.
Одисејата на капетанот Перушко започна уште во пролетта 2018 година и таа фаза, обележана
со најлошите стравови дека никогаш нема да заврши, траеше до почетокот на септември 2019 година. Во меѓувреме, согласно одредбите во случај заемот да не биде отплатен во договорениот рок, цената на заемот се зголемуваше прилично. Кога групацијата Фортенова го презеде работењето на Агрокор, каматната стапка веќе достигна 11,5 отсто.
Кога на почетокот на септември 2019 година, по долги преговори за ново задолжување, Фортенова ја издаде првата транша (транша А) од приватно
пласираните обврзници во износ од 1,157 милијарди евра со кои го рефинансираше roll-up кредитот, каматната стапка на стариот заем веќе изнесуваше 14 проценти, а ефективно 18 проценти. Во овие околности, заем на рок од четири години, договорен со
американскиот фонд HPS Investment Partners и руската банка VTB, со камата од 7,3 отсто плус ЕУРИБОР со долна граница од еден отсто (иако Еурибор тогаш беше 0,46 отсто) изгледаше како остварен сон. Дотолку повеќе што беше договорено каматната стапка сукцесивно да се намалува како што Фортенова ќе го намалува односот помеѓу долгот и добивката од оперативниот бизнис (што беше постигнато затоа што на крајот на септември минатата година тој сооднос беше 3,6 пати, а во време на основањето на Фортенова беше 7,2 пати), а на таа камата позитивно ќе влијае и предвремената отплата на дел од долгот, што исто така беше остварено.
Повторно на почетокот Со продажба на сегментот замрзната храна за 615 милиони евра, Фортенова можеше да ја исплати целата транша Ц од обврзниците во износ од 385 милиони евра во септември 2021 година (договорена во меѓувреме со измени и дополни на Договорот за упис на обврзници со HPS и VTB, што го искористи за преземање на Меркатор) и 116 милиони евра од траншата А. Така компанијата успеа да ја спушти каматната стапка на заемот под седум отсто, но Еурибор во меѓувреме порасна. Сега е 3,05 отсто, па кредитот е поскап отколку на почетокот. А на почетокот повторно е и Фортенова. Повторно не може да
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 32 БАЛКАН
Постоеше модел според кој фирмата требаше
да ја докапитализираат
задолжителните приватни пензиски фондови и
хрватскиот „крал на гасот“ Павао Вујновац (на фотосот), сопственик на
ППД, најголемиот снабдувач
со гас во Хрватска, како
и низа други бизниси во секторот енергетика, малопродажба, итн. Но, тој првичен план пропадна.
се најде нов кредитор со милијарда евра за подмирување на долгот, па на пазарот се истражува дали компанијата може да се продаде. Тешко. Многу е поверојатно одисејата да заврши со тоа што компанијата целосно ќе биде во
сопственост на кредиторите, кои се подготвени да го пролонгираат своето побарување до крајот на следната година. И што ќе прават тие со неа? Познато е: да се продаде на делови. Тоа можеше да се направи во 2017 година, но
намерата тогаш беше поинаква.
Сега проблем е што руската VTB
банка е под санкции поради
инвазијата на Путин врз Украина, а таа е сопственик на 7,5% акции во Фортенова, коишто исто така се замрзнати, како и оние на Sberbank, исто така од Русија, којашто е уште еден доверител на Фортенова.
Како да се рефинансира долгот на Фортенова, односно со некој нов кредит да се исплатат HPS и VTB, ако руската банка е под санкции?
Директна трансакција кон руската банка не е можна, затоа што така би се кршеле санкциите наметнати
кон Русија.
Од друга страна, пред извесно
време во Хрватска се појавија
шпекулации дека Фортенова
наводно не ги плаќа редовно
каматите на обврзниците (што
потоа беше демантирано од компанијата), па издавачите HPS
и VTB имаат право да побараат
наплата на целиот долг. Но,и тука санкциите се проблем. Додека американскиот фонд HPS тоа и
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 33
може да го стори, руската VTB
поради санкциите не може затоа
што целиот имот надвор од Русија
ѝ е замрзнат и нема никакви
права. Затоа на менаџментот на
Фортенова му претстои прилично
неблагодарна задача да пронајде
дупка во санкциите и некако
да го реши големиот долг што
доспева во септември. Проблем
е и рефинансирањето затоа што
каматните стапки растат. Ако
Фортенова во време на ниски
каматни стапки и море од достапен
капитал успеала да добие камата
од 7,3% плус Еурибор, што ли може
да очекува денес?
Секако повисоки
стапки, а тоа е веќе сериозен ризик
за опстанок на целиот систем. Дали Фортенова ќе се продава дел по дел?
Актуелниот шеф на Фортенова, т.е.
владиниот повереник Ферушко, ветуваше дека до летово ќе ја исчисти целата сопственичка структура на компанијата.
Не е познато како тоа ќе го стори. Постоеше модел според кој фирмата требаше да ја докапитализираат задолжителните приватни пензиски фондови и хрватскиот „крал на гасот“ Павао Вујновац, сопственик на ППД, најголемиот снабдувач со гас во Хрватска, како и низа други бизниси во секторот енергетика, малопродажба, итн. Но, тој првичен план пропадна. Кој ќе биде сега во игра за преземање на Фортенова? Хрватските медиуми шпекулираат дека Војновац останува во игра, а тој пак најавил продажба на малопродажниот синџир Певекс, но сепак ќе нема доволно капитал за оваа обемна трансакција и му
Концернот
Агрокор на чело
со основачот
Ивица Тодориќ
беше до
2017 година
најголемата
компанија во
Хрватска и една
од најголемите
во регионот, со вкупен годишен
приход од околу 7,5 милијарди
евра и преку 60
илјади вработени
требаат партнери. За партнерите одлучува и премиерот Андреј Пленковиќ.
Во бизнис круговите се спомнуваат разни комбинации – од нова зделка со некои пензиски фондови до наводното влегување на Хрватската поштенска банка и други фирми и фондови што ги контролира државата. Но, тоа е крупен и многу ризичен залак поради што сите сте исклучително внимателни. Како и да се сврти, за Фортенова следат денови на одлука што може да донесат целосна промена на сопственичката структура, но и нова распродажба на вредни компании од портфолиото, како Јамница, Белје, Звијезда, а можеби и целокупниот малопродажен сегмент.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 34 БАЛКАН Печат за успех +389 43 212 560 office@brako.com.mk www.brako.com.mk 20 ГОДИНИ
ЕУ ПРЕТПАЗЛИВА СО ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
ВО БРИСЕЛ СЕ
СПРЕМА РЕГУЛАТИВА
ЗА ЧЕТБОТОВИТЕ
Додека поборниците на вештачката интелигенција предвидуваат брз раст на иновациите, а критичарите стравуваат од непредвидливите негативни ефекти врз општеството, законодавците во ЕУ бараат некаква средина.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023
ЕВРОПА
36
Европа се движи
кон регулирање
на вештачката
интелигенција (ВИ)
со заострување
на безбедносните
стандарди за четботови и
наметнување регулаторна рамка
за програмерите и производителите
кои сакаат да работат на нејзиниот
пазар, но ЕУ тргнува и во предизвик
на глобалниот пазар каде што САД и Кина дозволија технолошкиот напредок да се движи слободно, пишува European Newsroom.
Четботови, препознавање лица и автономни возила - вештачката интелигенција нуди безброј можности, се вели во анализата во која соработуваа автори од Хина, АФП, АНСА, БТА, ЕФЕ, ФЕНА и ДПА. Додека поборниците на вештачката интелигенција предвидуваат брз раст на иновациите, а критичарите стравуваат од непредвидливите негативни ефекти врз општеството, законодавците во ЕУ бараат некаква средина, се вели во извештајот.
28 април, политичките групи во Европскиот парламент постигнаа привремен договор за правилникот на ЕУ за вештачка интелигенција, која главно се фокусира на таканаречените
„фундаментални модели“, основните градбени блокови на знаење кои служат како темел за технологиите на вештачката интелигенција.
Пред две години, Европската
комисија предложи нов сет на правила - Закон за вештачка интелигенција, за кој моментално се преговара во Брисел и треба да биде првата правна рамка за регулатива за вештачка интелигенција.
На 28 април, политичките групи во Европскиот парламент постигнаа привремен договор за правилникот на ЕУ за вештачка интелигенција, која главно се фокусира на таканаречените „фундаментални модели“, основните градбени блокови на знаење кои служат како темел за технологиите на вештачката интелигенција. Пратениците на ЕУ сакаат овие елементи да бидат ригорозно дизајнирани и развиени во согласност со правото на ЕУ и основните права, вклучително и слободата на изразување. Текстот заснован на неформалниот договор мора да биде изгласан од парламентарната комисија за внатрешен пазар на 11 мај. Европскиот парламент треба да ја усвои својата преговарачка позиција на пленарната седница во јуни, по што ќе следат преговори со Советот на ЕУ за конечниот текст на законот.
Во ЕУ бараат глобален самит за опасностите од вештачката интелигенција
Менаџерот за човечки ресурси на германската софтверска компанија SAP, Сабине Бендиек, проценува дека вештачката интелигенција може енормно да ја подобри продуктивноста и да биде поддршка за луѓето. На пример, исклучително монотоните и повторувачки задачи може да ги преземе вештачката интелигенција.
„Нашите вработени тогаш навистина можат да се фокусираат
на она во што се силни луѓето: креативноста и способноста да се проценат резултатите од друга перспектива и соодветно да се имплементираат“, вели таа. Но, што е со сегашниот и идниот развој што се темели на алгоритми и вештачка интелигенција? Што е со ChatGTP и автономните
автомобили? Конечно, што е со ризикот дека вештачката
интелигенција може да се користи за ширење дезинформации? Некои во ЕУ бараат глобален самит за опасностите од вештачката интелигенција. Минатиот месец, германскиот министер за дигитална инфраструктура Фолкер Висинг повика на брзо создавање на
европска правна рамка за
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 37
На
вештачката интелигенција.
„Мора да реагираме мудро
и разумно да ја регулираме
вештачката интелигенција, пред
да биде предоцна. Ова не смее да
трае со години“, изјави Висинг за
германскиот Bild am Sonntag.
Портпаролката на германското
Министерство за внатрешни работи
изјави за весникот „Handelsblatt“
дека „од клучно значење е да
се постигне рамнотежа помеѓу
отвореноста кон иновациите и
јасната правна рамка што ги
дефинира стандардите за сигурна
вештачка интелигенција“.
Може да ја придвижи целата
планета, но и да ја уништи
„Регулацијата на вештачката
интелигенција е на многу ниско
ниво и нејзиното забрзување
мора да се максимизира“, изјави
Доброслав Димитров, претседател
на Бугарската асоцијација на
софтверски компании и Бугарската
асоцијација на работодавачи за
иновативни технологии. Според
него, иницијативата дефинитивно
доцни.
Тој ја спореди вештачката
интелигенција со нуклеарната енергија.
„Може да ја придвижи целата
планета, но може и да ја уништи
доколку се користи за деструктивни
цели. Истото важи и за вештачката
интелигенција“, рече тој.
Италијанскиот министер за
економски развој Адолфо Урсо
изјави дека треба да се развијат
нови регулативи за подобро да
се дефинира односот меѓу луѓето
и машините, бидејќи се чини дека машините за првпат добиваат
предност.
Италија го забрани, па го врати ChatGPT
Потсетувајќи се на случајот со
четботот ChatGPT, кој Италија
привремено го забрани во март и го направи повторно достапен на
крајот на април, Урсо нагласи дека „тој покажал извесни стапици во секторот на кој сè уште му треба строга регулација“.
Тој додаде дека привременото
ограничување на ChatGPT
„поттикнало повисоки нивоа на
заштита за корисниците“.
На почетокот на минатиот
месец, францускиот министер за дигитална транзиција Жан-Ноел
Баро рече дека ChatGPT не е во
согласност со Општата директива
за заштита на податоците на ЕУ (GDPR), но дека е подобро да се
„стави во рамка“ отколку да се забрани. Во средината на април, француската Национална комисија
за информатика и слобода (CNIL)
Што е со сегашниот и идниот развој што се темели на алгоритми и вештачка интелигенција? Што е со ChatGTP и автономните автомобили? Конечно, што е со ризикот дека вештачката интелигенција може да се користи за ширење дезинформации? Некои во ЕУ бараат глобален самит за опасностите од вештачката интелигенција.
одлучи да започне истрага за пет жалби против четботови.
Европскиот одбор за заштита на податоци, кој е еквивалент на CNIL
на европско ниво во различни
земји - членки и е одговорен за координација на надлежните тела, најави формирање на работна
група за унапредување на европската соработка на оваа тема.
Користење на вештачката интелигенција во некои членки на ЕУ Италијанскиот министер Урсо неодамна изјави дека секторот за вештачка интелигенција во Италија, на пример, пораснал за 32 отсто за само една година, на вкупна вредност од 500 милиони евра.
Овој сектор „сега е централен за развојните програми на компании од сите големини кои инвестираат во интелигентна обработка на податоци, лингвистичка вештачка интелигенција и компјутерска визија“, рече тој.
Во Шпанија вештачката интелигенција се користи во осум проценти од компаниите со повеќе од 10 вработени. Според податоците за 2021 година објавени од Заводот за статистика на ЕУ Евростат, оваа бројка одговара на европскиот просек.
Според студијата од 2022 година на шпанската мултинационална финансиска компанија Banco Bilbao Vizcaya Argentaria (BBVA),
производните процеси, стратегиите за маркетинг и продажба, сајбер безбедноста и организацијата
на процесите на управување се главните примени на вештачката интелигенција во шпанските компании.
Европски форум за вештачка интелигенција Хрватската асоцијација за вештачка интелигенција (CroAI) е основана во декември 2019 година. CroAI наведува дека се стреми да ја позиционира Хрватска како земја со единствени можности за развој на вештачка интелигенција насочена кон човекот преку култура на дијалог меѓу претприемачите и носителите на одлуки во на национално и европско ниво.
CroAI е еден од коорганизаторите и коосновачите на Европскиот форум за вештачка интелигенција, иницијатива која беше лансирана во јуни 2020 година, последниот ден од хрватското претседателство со Советот на Европската унија. Европскиот форум за вештачка интелигенција се претвори во мрежа на здруженија кои сакаат да се погрижат стартапите и иноваторите во земјите -членки да имаат глас кога станува збор за градење на регулаторната рамка за вештачката интелигенција.
CroAI опфаќа водечки компании и стартапи во областа на вештачката интелигенција во Хрватска.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 38 ЕВРОПА
Според податоците на тоа
здружение, заклучно со 2022 година повеќе од 130 стартапи во Хрватска се развиваат и бараат примена на вештачка интелигенција.
Овие стартапи ја претставуваат
првата група компании кои
директно се занимаваат со вештачка интелигенција или имаат посебни одделенија за неа. Во втората група се т.н. „раните усвојувачи“, односно традиционалните компании како што се телекомуникациите, банките или адвокатските канцеларии, маркетинг агенциите, а сè повеќе има и такви кои некако применуваат вештачка интелигенција во својата работа. Третата група е еден вид екосистем, односно факултети, универзитети, медиуми, коишто сите на некој начин придонесуваат во сознанијата за вештачката интелигенција.
Во неодамнешното интервју за „Нови лист“ од Риека, извршната
директорка на CroAI, Мартина Силов, рече дека пред три години во Хрватска имало 220 компании во сите три категории, а според последните податоци од октомври минатата година, таа бројка пораснала на околу 440.
„Ова се многу добри бројки кои ја позиционираат Хрватска како добро место за развој на решенија за вештачка интелигенција. Можеме подиректно да кажеме: Хрватска е релевантна на европската сцена за вештачка интелигенција“, рече Силов.
И додека хрватскиот екосистем се развива без мешање на државата, сè уште нема видлив напредок во дефинирањето и усвојувањето на квалитетна стратегија и политика за развој на вештачката интелигенција во Хрватска.
Може ли Европа да се носи со САД и Јапонија?
Бугарскиот привремен министер за економија и иновации, Александар Пулев, неодамна
истакна дека Бугарија може да стане регионален центар за проток на дигитални информации од Азија.
Понатаму, тој рече дека Бугарија и
американската влада потпишале декларација со цел подобрување на квалитетот на бугарската
дигитална инфраструктура со
акцент на сајбер безбедноста. Претседателот на фондацијата
„Општество на заеднички
вредности“ во БиХ, Златко
Лагумџија, укажа на важноста од интегрирање на дигиталната трансформација на ЕУ, која не треба да се ограничи само на
земјите - членки на ЕУ, туку треба
да ги вклучи на исти принципи и проекти и соседните земји, како
оние од Западен Балкан. Говорејќи на конференција во
Кембриџ, Англија, Лагумџија
истакна дека само на тој начин
ЕУ може да покаже дека има
капацитет да води такви процеси
на глобално ниво, заедно со земјите како САД и Јапонија. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 39
УШТЕ ДВЕ БАНКИ ПОД ЗАКАНА ДА ЈА
ДОЖИВЕАТ СУДБИНАТА НА SILICON
Април се чинеше за релативно мирен период во американскиот банкарски сектор, по пропаѓањето на Silicon Valley и Signature во март. Меѓутоа, падот на цените на акциите на повеќе регионални банки, вклучително и падот на PacWest за преку 50 отсто во само еден ден и падот на Western Aliance за речиси една третина, само го нагласи фактот колку инвеститорите и понатаму не се убедени дека состојбата на регионалните е добра, и покрај напорите на регулаторите да стават крај на банкарската криза.
егионалната
американска банка PacWest Bancorp
VALLEY, SIGNATURE И FIRST REPUBLIC Р
со седиште во Лос Анџелес разгледува стратешки опции, вклучително и потенцијална
продажба или докапитализација, со
надеж дека ќе ја избегне судбината
на другите банки кои веќе под
своја ингеренција ги презедоа
регулаторите, изјави добро
информиран извор за CNBC.
Банката се надева дека ќе
ја избегне судбината на
другите банки преземени од американските регулатори, со проактивно изнаоѓање решенија за зајакнување на нејзините
финансии, рече изворот, кој сакаше да остане анонимен поради доверливата природа на работите. Тие напори уследија откако банката прибра 1,4 милијарди долари од инвестициската фирма Atlas SP Partners кон крајот на март. PacWest е една од водечките 100 банки во САД и има филијали во Калифорнија, како и во Дурам, Северна Каролина и Денвер, Колорадо. Според минатонеделното објавување на резултатите од првиот квартал, нејзините депозити се стабилизирале откако некои клиенти ги повлекле своите пари.
Последните најави од PacWest, сепак, поттикнаа остар пад на цената на нејзините акции и
на неколку други американски регионални банки во тргувањето на американските берзи деновиве. Регионалната банка Western Alliance Bancorp минатата недела се обиде да ги поттикне пазарите, велејќи дека не бележи невообичаени движења поврзани со депозитите и дека нејзината ликвидност е задоволителна. Регионалниот заемодавач со седиште во Феникс рече дека „ја потврдува својата финансиска сила, како и насоките за раст на депозитите како одговор на неодамнешните случувања во банкарската индустрија“. Портпаролот на PacWest одби да коментира.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 40 СВЕТ
БАНКАРСКАТА КРИЗА ВО САД ПРОДОЛЖУВА
Инвеститорите не се
убедени дека регионалните
банки се во добра состојба
Падот на цените на акциите на банките, вклучително и падот
на PacWest за преку 50 отсто
на 3 мај и падот на Western Aliance за речиси една третина, само го нагласи фактот колку
инвеститорите и понатаму не
се убедени дека состојбата на
регионалните е добра, и покрај
напорите на регулаторите да
стават крај на банкарската
криза која започна со колапсот
на банките Silicon Valley и Signature во март.
Превирањата во банкарскиот
сектор доаѓаат по релативно
мирен период и би можеле
да ја намалат достапноста на
кредити низ Америка и да му
наштетат на економскиот раст.
„Довербата во некоја
финансиска институција се
гради со децении, а се уништува
за неколку дена. Како и со
секој домино ефект, следната
најслаба банка почнува да се тетерави“, напиша инвеститорот
Бил Акман во својот твит. Тој
ги повика регулаторите да
воведат широка гаранција за депозитите.
Акциите на PacWest изгубија
речиси 80 отсто од нивната вредност од почетокот на
регионалната банкарска криза на 8 март.
Другите регионални кредитори, чии акции беа под притисок оваа недела, исто така забележаа пад на нивните цени, при што акциите на Zion Bancorp, First Horizon и Comerica паднаа за повеќе од седум проценти, а SPDR S&P Regional Banking ETF паднаа за пет проценти.
Хеџ-фондовите се
обложуваат дека следат
нови пропаѓања на банки
Кризата во американските
регионални банки започна
во март, кога напливот на
клиенти во Silicon Valley банката
поттикнат од социјалните мрежи
доведе до нејзино ненадејно
затворање и ги поттикна
штедачите низ регионалните банки да побараат безбедност
во највисоките институции.
Овие проблеми ги принудија
регулаторите да воведат итни
мерки. Ситуацијата на пазарот
се чинеше дека се смири на крајот на минатиот месец.
Меѓутоа, пред десетина дена, First Republic Bank доживеа колапс по масовното повлекување на депозитите
Pacific Western е една од водечките 100 банки во САД и има филијали во Калифорнија, како и во Дурам, Северна Каролина и Денвер, Колорадо. Според минатонеделното објавување на резултатите од првиот квартал, нејзините депозити се стабилизирале откако некои клиенти ги повлекле своите пари. Последните најави од PacWest, сепак, поттикнаа остар пад на цената на нејзините акции и на неколку други американски регионални банки во тргувањето на американските берзи деновиве.
Кризата во американските регионални банки започна во март, кога напливот на клиенти во Silicon Valley банката поттикнат од социјалните мрежи доведе до нејзино ненадејно затворање
и ги поттикна штедачите низ регионалните банки да побараат
безбедност во највисоките институции.
и беше продадена на JPMorgan Chase & Co на аукција одржана од Федералната агенција за осигурување на депозити (FDIC) во текот на викендот. Иако First Republic, која беше банка за побогати клиенти со седиште во Калифорнија, беше третата банка што пропадна од март, регулаторите се надеваа дека
нејзината продажба на JPMorgan ќе стави крај на кризата. Наместо тоа, трансакцијата ги обнови стравувањата на пазарот. Некои инвеститори предупредија
дека кризата не е завршена, а хеџфондовите се обложуваат дека и други банки би можеле да го следат примерот. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 41
ВАЖНОСТА НА СИНЕРГИЈАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА УСПЕХ НА КОМПАНИЈАТА
Тим билдинг активностите се совршен „изговор“ за да се прошета некаде
каде што не сте биле, да истражите места кои не сте помислиле дека е вредно
да се истражат или да направите нешто од општа корист за да и вратите на заедницата. Преку нив се зајакнува тимскиот дух, се создава синергија, се зголемува мотивираноста на вработените.
è поважен дел од работната средина
и компаниската
култура се т.н. „тим билдинг (team building) активности“, чија
цел е да се организираат забавни
активности за вработените за тие
да можат да се запознаат и да
се поврзат надвор од работната
средина. Накратко кажано, тим
билдинзите се активности преку кои
група на индивидуалци се претвора во тим.
Во последните години тим билдингот
зазема различна форма: некогаш
е еднодневен и фокусиран на
физички активности, а некогаш е
повеќедневен и испланиран околу релаксација и одмор. Тим билдинг активностите се совршен „изговор“
за да се прошета некаде каде што
не сте биле, да истражите места
кои не сте помислиле дека е вредно
да се истражат или да направите нешто од општа корист за да ѝ вратите на заедницата. Преку нив се зајакнува тимскиот дух, се создава синергија, се зголемува мотивираноста на вработените.
Победата не е најважното нешто
Сè почесто, компаниите се решаваат организираниот тим билдинг да има ефект кон повеќе од само вработените, туку истиот
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 42 МЕНАЏМЕНТ И
ТИМ БИЛДИНГ
КАРИЕРИ
С
да е фокусиран на природата, околината и заедницата. Токму затоа овој тип на активности ги доверуваат на веќе докажани професионалци, кои според нивните очекувања ќе организираат автентичен тим билдинг.
Една од тие компании е Балкан Прајм Турс (Balkan Prime Tours)
која за различни групи организира прилагодени тим билдинг активности според желбите и очекувањата. Во разговор со своите клиенти се дефинира концептот, бројот на денови и каква програма ќе се договори.
Може да се одбере една од руралните локации во земјава со богата природа, како што е Смоларскиот водопад, и во текот на еден викенд сите вработени да ја истражат природата заедно со колегите од работа. Активностите на отворено ќе им понудат бегство од секојдневието, барем
на еден викенд, а истовремено ќе имаат можност и да ги запознаат своите колеги во едно поинакво опкружување, далеку од работните простории.
Според Влатко Сулев, оперативен директор на Балкан Прајм Турс структурата на вработените, и очекувањата на компанијата влијаат на самата програма. Колку повеќе млади луѓе се дел од една компанија, толку повеќе се наметнува
потребата од Активен тим билдинг. Организирање на игри во кои вработените се натпреваруваат едни против други што може да има големи придобивки за компанијата... сè додека сите сфаќаат дека победата НЕ Е најважното нешто. Компетитивноста може да "отклучи" нови страни кај вработените, кои ретко можат да се забележат во исклучително работна околина, а кои се многу важни за да се разбере карактерот и тенденциите на вработениот. На пример, фина идеја е да ги соберете вработените, да ги поделите во два тима и да организирате влечење јаже (или трка со велосипеди...), во кој победникот добива некаков подарок или бенефит од компанијата. Верувајте, искуството е неспоредливо, истакнува Сулев Преку тимска работа до враќање назад кон заедницата Секоја компанија има одговорност да врати кон заедницата во која постои и работи. Затоа и секогаш е добра идеја тим билдингот да се поврзе со некоја општествено корисна активност и да се покаже вистинската моќ на тимската работа. Дали ќе биде тоа чистење на некоја запуштена област, садење на дрвја и растенија, подготовка на подароци за луѓе
на кои им се потребни или пак создавање на уметничко дело од рециклирани материјали... поентата е тоа да биде активност која ќе биде корисна за околината, а која можете да ја правите како тим.
Сите овие начини на организација
на активностите се само насоки за тоа како би можел да се одвива тим билдингот, кој е исклучително важен за компаниската култура и за синергијата помеѓу вработените.
Често се вели дека помалку способен тим кој има јасна насока секогаш ќе има подобри резултати од поспособен тим кој едноставно не е насочен. Последните трендови во HR практиките дури ја потенцираат важноста на организирање на тим билдинг активности што почесто и на што поразнолик начин, за вработените да можат да опуштат и да се запознаат меѓусебно во различни атмосфери надвор од работното опкружување.
Луѓето преферираат автентични доживувања, искреност и оригиналност. Сакаат обични работи, лични доживувања, уникатно Тим Билдинг искуство. Тоа не секогаш е поврзано со скапи хотели или ресторани, со преголеми трошоци, туку е повеќе работа на инспирација и креативност. Едноставните работи допираат до срцето на луѓето, категорични се од Балкан Прајм Турс. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023 43
44 МЕНАЏМЕНТ И КАРИЕРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023
ИМПОСТЕР VS. ДАНИНГ – КРУГЕРОВ СИНДРОМ
А НЕСПОСОБНИОТ
ДЕКА Е УСПЕШЕН
КОГА УСПЕШНИОТ СЕ СОМНЕВА ВО СЕБЕ,
МИСЛИ
Користетепаметно! го
времето
паметно.
Посветете го времето на
убави нешта, останатото
препуштете ни го нам.
Преземете ја мобилната
апликација Триглав
Пријава и пријавете штета
по каско осигурување
брзо, едноставно и
ефикасно.
Размислувај зелено, одбери
Триглав Пријава
С
è ќе биде во ред. triglav.mk
Триглав Пријава
46 МЕНАЏМЕНТ И КАРИЕРИ
Едноставно кажано, „синдромот на измамник“ им ја одзема шансата на многумина
да блеснат, додека господата Данинг и Кругер ќе „дозволат“ погрешни луѓе да бидат во центарот на нашето внимание. Да си ги преценуваш своите способности
не е во ред, но ако некој мисли дека е недостоен на својот успех, уште полошо.
Вработените треба
да се запознаат и
разберат. Не се вели попусто да пробаме
да живееме со некого
за да сфатиме кој и
што е таа личност. Во деловното
опкружување е малку потешко.
Денес многу се пишува за т.н.
“quiet quitting”, но никој не пишува
премногу за причините за „тивкото
откажување“ (овој феномен не
значи буквално давање отказ, туку
кога вработениот го прави само
она што мора и ништо повеќе, н.з.).
Дали се работи само за финансиски
аспект, немотивираност, недостиг
на поддршка, безнадежност
на поединецот, недостаток на
предизвик, лоша корпоративна
култура или нешто сосема друго?
Честопати сме забележале дека
некој е перфекционист, а тоа може
да биде и комплимент. За некого
ќе кажеме и ќе видиме дека има
тенденција на микроменаџирање.
Од друга страна, ќе ги учиме
поединците како да делегираат.
Сигурно имаме вработени во околу
нас кои се трудат натпросечно, се
докажуваат, кои сакаат апсолутна
контрола над се’ и сешто. Дали
имаат т.н. синдром на измамник?
Недостојни за успехот
Imposter синдром или синдром на
измамник е психолошки феномен
при што личноста има постојано
чувство дека, од некоја за неа
непозната причина, не е достојна
за своите достигнувања и дека
не го заслужува успехот што го
постигнала (и дека наскоро ќе биде
откриена како измамник). Лицето со
синдром на измамник често мисли
дека кај и да е ќе биде прогласено
за неискрено или некомпетентно.
И сето тоа се случува без ниту една
конкретна причина.
Оваа состојба обично ги погодува
луѓето кои постигнале значителен
успех во споредба со другите. Без
разлика на нивните конкретни
успеси, луѓето со синдром на
измамник имаат постојано чувство
дека само имале среќа и дека
другите успешни луѓе се далеку
подобри од нив.
Импостер синдромот може да
биде многу деструктивен и може
да влијае на личното задоволство,
кариерата и животниот успех.
Позадината на синдромот на измамник може да биде поврзана
со различни фактори, како на пример изложеност на чести критики во детството, како и различни социо-културни фактори. Токму затоа, синдромот на измамник често ги остава вистинските луѓе на погрешни места. Нивното знаење и стручност нема да бидат препознаени, па затоа ниту соодветно платени, ниту наградени. Меѓутоа, од друга страна, оние кои бараат брзи и едноставни решенија, па ако се случи грешка, и не било толку страшно, може да се препознаат
како агилни.
Но, што ако пак тие, од друга страна, имаат проблеми со ДанингКругеровиот синдром?
Неспособност да се процени
својата компетенција
Синдромот Данинг-Кругер е целосна спротивност на синдромот на измамник. Овој психолошки феномен ја опишува тенденцијата
на некои луѓе да ги преценуваат сопствените способности и знаење, а истовремено да ги потценуваат способностите и знаењето на другите луѓе. Овие луѓе веруваат
дека се многу компетентни во области каде што всушност се слабо информирани или неискусни, а во исто време не се во состојба да ги препознаат своите недостатоци или слабости.
Но, дали е тешко да се убеди таквата личност во погрешноста на нивните ставови, дури и кога му се обезбедени јасни и недвосмислени причини и докази против нивното мислење? Таквите луѓе се прилично отпорни на учење и личен развој. Синдромот Данинг-Кругер е именуван по психолозите Дејвид Данинг и Џастин Кругер, кои првпат го опишале во нивната позната статија од 1999 година. Тие спровеле серија експерименти кои покажле дека луѓето со ДанингКругер синдром имаат тенденција да бидат помалку кадарни да ги проценат сопствените способности
и да се потпираат на несигурни извори на информации, што доведува до погрешни заклучоци и одлуки.
Во нивната статија со наслов ‘Unskilled and Unaware of It: How Difficulties in Recognizing One‘s
Own Incompetence Lead to Inflated Self-Assessments‘, Данинг и Кругер опишуваат серија студии што ги спровеле за да ги истражат разликите во способноста за самооценување помеѓу поединци кои биле експерти во одредена област и оние кои не биле.
Резултатите од студијата покажале дека неискусните поединци често ги преценуваат своите способности и ги потценуваат способностите
на другите, додека искусните поединци биле посклони реално да ги проценат своите способности и способностите на другите. Данинг и Кругер го објаснија овој феномен сугерирајќи дека на неискусните поединци им недостасуваат знаења и вештини потребни за да ги проценат своите и способностите на другите. Ова значи дека неискусните поединци се помалку свесни за своите недостатоци и ограничувања, што доведува до преценување на нивните способности.
Тие исто така откриле дека неискусните поединци се помалку склони да бараат повратна информација за нивната работа или да ги развијат своите вештини, што дополнително ќе ја влоши нивната неможност да ги препознаат сопствените недостатоци.
Самата статија укажува на многу повеќе, бидејќи ја истакнува важноста на критичкото размислување, самосвесноста и развојот на сопствените способности, како во приватно време, така и во деловно опкружување. Тоа директно ја нагласува важноста на учењето и развојот на вработените. Едноставно кажано, синдромот на измамник им ја одзема шансата на многумина да блеснат, додека господата Данинг и Кругер ќе „дозволат“ погрешни луѓе да бидат во центарот на нашето внимание. Да се биде измамник не е во ред, но ако некој мисли дека е измамник, уште полошо.
Затоа, ако мислиме дека во нашата компанија има луѓе кои се водат од принципите на 'тивко откажување’, да размислиме од кои принципи ние како менаџери сме се откажале. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1146 12 MAJ 2023
МОДЕРНО ДОМУВАЊЕ
ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ
Голем интерес за становите во првата зграда од комплексот „Гранд Скопје“
Имајте го Скопје на дланка“ –грандиозниот објект „Гранд Ривер“ кој се гради во рамките на комплексот „Гранд Скопје“ овозможува уникатно искуство за идните корисници на модерниот
станбено-деловен објект лоциран спроти хотелот
„Холидеј Ин“.
Со отворањето на продажниот салон на комплексот
„Гранд Скопје“ започна и продажбата на станбен
и деловен простор во објектот „Гранд Ривер“, кој
е прв од трите објекти кои се предвидени да се
градат во рамки на комплексот позициониран на најатрактивната локација во главниот град и веќе во првата недела од отпочнувањето на продажбата, интересот за станови е навистина голем.
Но, што сè всушност нуди овој објект за своите идни станари?
Живот покрај река во јадрото на Скопје
Станбено-деловниот објект „Гранд Ривер“ нуди единствено искуство и можност за живот и работа во срцето на градот, со многубројни квалитетни
содржини на чекор до вас. Објектот кој никнува во непосредна близина на реката Вардар, која воедно е инспирација за дизајнот за уникатниот изглед на „Гранд Ривер“, се наоѓа во близина на живописното шеталиште на кејот на најголемата река во земјата, овозможувајќи бројни активности кои влијаат на унапредување на квалитетот на живот.
Модерен станбено деловен објект по светски стандарди „Гранд Ривер“ претставува модерен станбеноделовен објект кој содржи три нивоа под земја, приземје и дваесет ката, а се гради согласно највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти. Објектот претставува инвестиција во квалитет со применет комбиниран конструктивен систем за поголема
стабилност и сеизмичка отпорност, интегрирани
високо безбедносни системи, противпожарни
системи, спринклер систем и лифтови креирани за висококатници кои обезбедуваат сигурност, брзина и напредни стандарди на одржливост.
Место дизајнирано за слобода и
индивидуалност
Модерниот станбено-деловен објект „Гранд Ривер“
е местото каде што ќе ја пронајдете слободата и
индивидуалноста. Секој стан поседува сопствена
тераса што овозможува целосно искористување
на природната светлина и можност за уживање во погледот на најатрактивната локација во градот.
Воедно, објектот е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници, како и целосно искористување на погледот и природната светлина, како кон реката Вардар, така и кон планината Водно.
„Гранд Ривер“ како дел од комплексот „Гранд Скопје“ нуди уникатна можност за неговите идни
станари, како близина на модерна шопинг галерија во централниот дел на комплексот, но и простор за одмор и релаксација во строгиот центар на градот, кој го обезбедува софистицираниот урбан парк кој ќе биде составен дел од комплексот.
Домување за урбани луѓе и модерни семејства Современите станови и урбаното домување во
„Гранд Ривер“ се наменети за урбани луѓе кои живеат енергично, модерни семејства кои преферираат градска динамична средина и луѓе кои претпочитаат хибриден работен живот, на единствена локација во срцето на градот. Од страна на инвеститорот МГ ФЕШН во рамки на комплексот предвидена е и капитална инвестиција за уредување на јавната површина од близу 7.500 м2 со разновидно парковско зеленило, налик на светските урбани паркови и простори облагородени со современа фонтана и урбана опрема.
Објектот „Гранд Ривер“ со својот современ
архитектонски израз и силуета го има целиот потенцијал да прерасне во ново обележје на Скопје. Звучи сè ова примамливо?
Доколку и вие сте заинтересирани за домување
по највисоки стандарди, може да добиете
персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да контактираат со тимот за продажба на телефонскиот број: 070 233 055 и на e-mail: info@grandskopje.mk.
„ГРАНД РИВЕР“ НУДИ