1135- Kapital magazin

Page 1

ПАДОТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ УДРИ ПО РАБОТЕЊЕТО РЕЧИСИ СИТЕ ДОМАШНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ СО НЕГАТИВНИ СТАПКИ НА ПРИНОС ГОДИНАВА

ИНТЕРВЈУ

business magazine

БРОЈ 1135 l 11 ноември 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ министер за земјоделство

КОНЕЧНО РЕФОРМА ВО СИСТЕМОТ НА СУБВЕНЦИИ ЗА ПОВЕЌЕ ХРАНА

COVER STORY ГЛОБАЛНАТА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА Е МНОГУ ЛОША СЕ ОЧЕКУВА НАТАМОШЕН РАСТ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ

КОЛУМНA

ЉУПЧО ЗИКОВ Капитал ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, МИЦКОВСКИ И МАКЕДОНИЈА...

INTERVIEW

ЈАНИС ЈАНОПУЛОС

ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ЕДС

ЕДНА ДЕЦЕНИЈА СМЕ СТАБИЛЕН СНАБДУВАЧ И СИГУРЕН ПАРТНЕР НА ПАЗАРОТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИНСАЈДЕР ИД – ПРЕФЕРИРАНИ ЛАНЦИ НА МАРКЕТИ ЗА 2022

ПО ИНВАЗИЈАТА ВРЗ УКРАИНА ЗАПАДНИТЕ КОМПАНИИ СИ ОТИДОА ОД РУСИЈА

КОЈ Е КОЈ СПОРЕД ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

КОЛКАВА Е ЦЕНАТА ЗА НАПУШТАЊЕТО НА 140 МИЛИОНСКИ ПАЗАР?



3

КАПИТАЛ... 1135 STAND BY

Љупчо Зиков Капитал

Дуалното образование, Мицковски и Македонија ...

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

14

08

04

11 НОЕ. 2022

COVER STORY

Глобалната финансиска состојба е многу лоша Се очекува натамошен раст на каматните стапки

ИНТЕРВЈУ

Љупчо Николовски

министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Конечно реформа во системот на субвенции за повеќе храна

24

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

Падот на светските берзи удри по работењето

Речиси сите домашни инвестициски фондови со негативни стапки на принос годинава

36

44

Јанис Јанопулос

По инвазијата врз Украина западните компании си отидоа од Русија

30

ИНТЕРВЈУ

ТРГОВИЈА

Истражување на Инсајдер ИД – Преферирани ланци на маркети за 2022 Кој е кој според потрошувачите во Македонија?

STAND BY Љупчо Зиков......................................................06 Дуалното образование, Мицковски и Македонија ... COVER STORY Глобалната финансиска состојба е многу лоша......................................................08 Се очекува натамошен раст на каматните стапки ИНТЕРВЈУ Љупчо Николовски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.............................................................14

Конечно реформа во системот на субвенции за повеќе храна

главен извршен директор на ЕДС

Една деценија сме стабилен снабдувач и сигурен партнер на пазарот за електрична енергија

ПАЗАР НА КАПИТАЛ Падот на светските берзи удри по работењето...............................................24 Речиси сите домашни инвестициски фондови со негативни стапки на принос годинава ТРГОВИЈА Истражување на Инсајдер ИД – Преферирани ланци на маркети за 2022 ..........................................30 Кој е кој според потрошувачите во Македонија? ИНТЕРВЈУ Јанис Јанопулос

главен извршен директор на ЕДС......................36

Една деценија сме стабилен снабдувач и сигурен партнер на пазарот за електрична енергија

СВЕТ

Колкава е цената за напуштањето на 140 милионски пазар?

LIFESTYLE Ист Гејт Мол прослави една година.....................................................42 СВЕТ По инвазијата врз Украина западните компании си отидоа од Русија............................................................44 Колкава е цената за напуштањето на 140 милионски пазар? ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС Закерберг најави најголеми отпуштања во 18-годишната историја на компанијата.....................................................48 На Meta (Facebook) не му цутат рози

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 09.11.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


11 НОЕ. 2022

4 ВО ФОКУС

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

НАЈГОЛЕМИОТ КОШМАР ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА ТЕСЛА: ДАЛИ ТВИТЕР ЌЕ БИДЕ НОВОТО МИЛЕНИЧЕ НА ИЛОН МАСК?

И

лон Маск, од неодамна нов сопственик на Твитер, продал акции од Тесла, компанијата што ја основаше и чијшто е директор, за четири милијарди долари. Околу 19,5 милиони акции има продадено од минатиот петок до вторникот оваа недела, според поднесоците што ги објави американската Комисија за хартии од вредност. Уделот на Маск во Тесла сега изнесува 14%, а нејзините акции годинава се паднати за преку 50%, заедно со многу други акции од технолошкиот сектор. Но, вредноста на Тесла е исто така одраз и на низа претходни продажби со коишто Маск го финансираше всушност преземањето на Твитер вредно 44 милијарди долари. Тоа ги наведе акционерите дека Тесла би можела да излезе од фокусот на својот извршен директор, сега кога има други преокупации. Како на пример, реорганизацијата на Твитер, каде што веднаш почна да дели откази, најавувајќи дека бројката од 7.500 вработени ќе ја преполови. nnn


Elegance is an attitude Kate Winslet

THE LONGINES MASTER COLLECTION


КОЛУМНА / STAND BY / /

ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, МИЦКОВСКИ И МАКЕДОНИЈА...

Ќ

е искоментирам две работи од неделава: првата е навидум неважна, а всушност многу важна. Втората е навидум многу важна, а всушност небитна работа. Прво. Деновиве напишав фејсбук статус. Да посочам дека не е само партиската политика темата на денот која треба да го окупира и совладува ова наше општество по долината на Вардар. Клучни паралелни и суштински процеси ни бегаат од раце. На пример, секојдневно се прашуваме зошто млади луѓе образовани во Македонија бегаат во огромна бројка, порачувајќи дека нема иднина овде во општество на корупција, без адекватен правен систем, без здравство и образование, девастирани компании од транзицијата, без истражувачки центри и наука, фабрики кои кубурат и на чии сопственици ни на крај памет не им е да ангажираат млади луѓе... и ред така... Но, ова ни се теми кои ние како папагали ги рецитираме како цитати од политичари кои ги кажале на прес конференции. Никој од нас не навлегува подлабоко, дури и самите не се слушаме на кој начин ние разговараме и промислуваме за овие теми. Зарем треба политичарите од власта и опозицијата, Македонци и Албанци да ни кажуваат што се случува!? Кој им дозволил узурпација на јавниот простор јавно да ја промовираат својата мрзливост и некомпетенција. Кои се, на пример, таквите уредници 6

КАПИТАЛ

11 I 11 I 2022

Љупчо Зиков

Паметните рекле дека „здравјето на еден човек влегува преку устата“. Здравјето на нацијата во основа влегува преку образованието, па потоа преку медиумите (секојдневно ги консумираме). Секако, и преку здрава и демократска политичка сцена која знае низ вистински суштински реформи каде ја движи земјата. Во сите случаи овде фали визија... и новинари ... било на кој медиум!?

Не може со примитивни народни приказни да одиме напред Значи на утринска програма на Македонското радио (прва програма) оди емисија со вакви поенти: Тема одлично одбрана. Дуално образование. Многу важна тема, иако се сомневам дека и уредништвото на радиото и водителката суштински ја разбираат... Некој им ја наметнал сигурно. На темата интелигентна млада девојка

средношколка зборува за тоа како, по прв пат, по долго време, се организирале средношколци со иницијатива да поканат производствени фирми (фабрики) со цел да одржат обуки, пошироки едукации... за одблиску дечкиве да научат како се работи во струката. Поканиле дури и еден рудник во иницијативата. Менаџерите од компанијата која го работи рудникот позитивно одговориле ... Средношколката, девојче полна со енергија, жива во објаснување, полна со ентузијазам, раскажува за оваа иницијатива, која,

замислете им успеала бе ... Се радува детето... И сега погледнете водителката на утринската програма што прави...!? Таа, онака, откинато од прва и вели - и ние кога бевме како вас вака се мачевме ... Многу се мачевме. Одевме на пракса и тогаш, кога видовме што не’ чека во животот, јас и сите ние решивме да се запишеме на факултет ...!?!?! Оваа неинтелигентна водителка го остави без зборови девојчето ... го пресече ... и разговорот за три секунди заврши. Тоа е тој заостанат памет, деструктивна мисла и менталитет со кој сме опкружени овде. И како да се оди напред, да се излезе од оваа чаура со „шушумига“ која го лапнала микрофонот рано по сабајле и тресе зелени. Оттука, мора да се внимава и кого ангажираме за модератори и водители на утрински програми и воопшто радио и видео проекти. Суштински важно за јавниот став или ставови е процесот како тие ставови се генерираат. Низ каков процес на дебата или едукација и образование се креираат ставови. Медиумите имаат клучно значење. Оти не може со примитивни утрински програми на телевизија и радио, поспани и неподготвени водители (секоја чест на малиот број убави случаи), не може со јавувањата во живо на пензионери гласачи на политички партии, притоа кои не читаат и живеат од едно јавување до друго јавување во програма во живо, не бива со нив да се гради јавно мислење. Секоја чест на годините но, не бива тие да се генератори на рејтинг на партиите. ljupco.zikov@kapital.mk


КОЛУМНА / STAND BY / / Не бива со примитивни „македонски народни приказни“ кои одат на сите важни телевизии и тоа половина ден, да се движиме напред. Во нив македонскиот човек е прикажан како сиромашен, необразован селанец кој моли за леб, и пошто нема за јадење од сиромаштија оди на печалба, научил итроштини (Итар Пејо синдром кај сценаристите). Произведуваме неспособни губитнички нови генерации. Или такви ни требаат за по митинзи. Паметните рекле дека „здравјето на еден човек влегува преку устата“. Здравјето на нацијата во основа влегува преку образованието, па потоа преку медиумите (секојдневно ги консумираме). Секако, и преку здрава и демократска политичка сцена која знае низ вистински суштински реформи каде ја движи земјата. Во сите случаи овде фали визија ... Свесно ги поврзав овде медиумите и политиката затоа што тие две сфери рака под рака го движат општеството. Затоа МРТВ тргнете ги од програма овие што времето ги згазило, а дигестивниот тракт на политичката сцена треба истото да го стори со политичарите кои дневно калкулираат за рејтинг кој треба да им го направат таргетите од народ кои ги опишав погоре. Кои гледаат глупави утрински програми, ги интересира ставот на пензионерите на телефон и уживаат во примитивните македонски приказни. Ах заборавив и документарците за Александар Македонски снимени до 2015 година...

Свесно промашена тема Второ. Лидерската средба на претседателите на сите парламентарни партии одржана пред два, три facebook.com/ljupco.zikov

дена во собранието. Ништо спектакуларно не се случи ни на едната ниту на другата страна. Овде само кратко ќе потенцирам едно мое размислување, со напомена дека подготвувам поголем текст на темава. ВМРО ДПМНЕ преку својот лидер Христијан Мицковски порача да не го викаат повеќе на вакви средби се додека реципрочно Бугарија не ги признае правата на Македонците таму (отприлика парафразиран неговиот став по состанокот на лидерите). Нема да навлегувам во суштината на ова барање иако тоа си има свои фалинки поради не објавувањето на тоа – кои се тие права за Македонците таму, а за Бугарите овде (ова е повеќе лансирана флоскула на опозицијата на која треба да се налепат националистички таргети, да се „драпа“ темата и понатаму до нивните замислени ако може предвремени избори)!? Некако станува нормално во последно време и Павле Трајанов да се залепи за ставот на Мицковски... и така. Левица и Беса кокетираа со проблемот. Ништо ново. Сакам да порачам дека опозицијата свесно ја промашува темата, затоа што темата не е нечии права, туку македонските преговори со ЕУ за наше полноправно членство во Унијата. На тој пат на преговори, за да слободно ги водиме преговорите без пречки, ние сме договориле Бугарите да ги запишеме во македонскиот устав (заедно со Хрватите, Црногорците, Евреите, и веројатно Египќаните). Мислам дека се им е јасно во опозицијата. Само кокетираат со овој проблем, затоа што во блиското минато (летово кога сето

Политиката на ВМРО ДПМНЕ, Левица, Трајанов, укажува на тоа дека овие субјекти не ги интересира европската иднина на Македонија и преговорите со ЕУ. Нив ги интересира да се избилда национализам кој на изборите ќе тежи 61 пратеник и плус ... Да не зависат многу од албански коалиционен фактор (тука мислам суштински ја промашуваат темата) и од било кој друг политички фактор. Но, проблемот на Мицковски е што само и тоа му останува како варијанта за доаѓање на власт на ВМРО ДПМНЕ и за задржување на лидерската позиција во партијата. И само тоа. Тенко...

ова се договараше) отидоа предалеку со национализмот по ова прашање, кокетираа и со некои екстремни бугарски провокатори за нечии туѓи агенди од север и краен север, ставајќи се во „подредена позиција на алатка во рацете на туги интереси за дестабилизација„. И пред се играат на факторот време до избори. Им требаат брзи предвремени избори затоа што секој поминат ден трошат националистичко гориво кое е многу скапо. Како, на друг начин да се толкува и објасни ваква нелогична и деструктивна политика на опозицијата, уште зачинета со отворена порака дека, внимавајте ЕУ не мора да е единствениот пат. Има и други опции!? Хм. Од кој дел од српската политичка сцена овие добиваат брифинзи? Всушност, оваа политика на ВМРО ДПМНЕ, Левица, Трајанов, укажува на тоа дека овие субјекти не ги интересира европската иднина на Македонија и

преговорите со ЕУ. Нив ги интересира исходот од изборите. Да се избилда национализам кој на изборите ќе тежи 61 пратеник и плус на тоа... Да не зависат многу од албански коалиционен фактор (тука мислам суштински ја промашуваат темата) и од било кој друг политички фактор. Но, проблемот на Мицковски е што само и тоа му останува како варијанта за доаѓање на власт на ВМРО ДПМНЕ и за задржување на лидерската позиција во партијата. Мислам дека влогот во оваа партија покер му е преголем. И крупието нема можност да го изменаџира како тој сака. Не е исклучено пензионерите кои гледаат утрински програми на национални фреквенции и се јавуваат во живо со кукање дека ништо не чини, и оние што се потонати во македонските приказни додека децата им заминуваат на гурбет во ЕУ, а родителите им се против Западот и навиваат за Русија во оваа војна, ... е не е исклучено тие да се целта на Мицковски на следните избори. Легитимно секако... Но, јас велам само тие... Мицковски секако не може да го закочи патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ. Таман и античките Македонци да му дадат 61 пратеник, без партнерство со широката македонска интелигенција и без албански коалиционен партнер пак нема игра... Едноставно нема влада. Античките Македонци ќе останат покрај телевизорите да гледаат народни прикаски, додека „Александар д грејт“ залегнат во спалните низ Будимпешта ќе моли бога Мицковски да остане уште малку лидер на ВМРО ДПМНЕ во опозиција, затоа што едноставно така треба.



КАПИТАЛ

11 I 11 I 2022

7


8 COVER STORY 11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

COVER STORY


ГЛОБАЛНАТА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА 9 Е МНОГУ ЛОША

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

СЕ ОЧЕКУВА НАТАМОШЕН РАСТ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ ФЕД веројатно сака или треба целосно да ја сузбие инфлацијата бидејќи најлошото нешто би било да се види дека инфлацијата повторно се искачува на двоцифрена бројка поради прерана одлука. Од другата страна на Атлантикот, Кристин Лагард од Европската централна банка најави ново зголемување на каматните стапки во Европа и покрај растечките рецесиски ризици. Пазарот е убеден дека ЕЦБ на следниот состанок повторно ќе ги зголеми каматните стапки за 75 базични поени.


11 НОЕ. 2022

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Државниот завод за статистика пресмета 19,8% инфлација во октомври, во споредба со истиот период лани, што ја позиционира земјата како водечка во регионот по тој параметар. Цените на храната во Македонија за една година пораснале дури за 32,4%. Или конкретно, за една година најмногу поскапел лебот и житата и тоа за речиси 50%, млекото, јајцата и сирењето за нешто повеќе од 40 отсто, а маслото за 40, 3 отсто... Инфлаторниот шок станува сè посилен и покрај мерките на власта, кои засега речиси и да не покажуваат никаков ефект.

М

акедонската економија преживува тешки денови под налетот на економската и енергетската криза. Цените растат до плафон, инфлацијата урива рекорди. Државниот завод за статистика пресмета 19,8% инфлација во октомври, во споредба со истиот период лани, што ја позиционира земјата како водечка во регионот. Цените на храната за една година пораснале дури за 32,4%. Или конкретно, за една година најмногу поскапел лебот и житата и тоа за речиси 50%, млекото, јајцата и сирењето за нешто повеќе од 40 отсто, а маслото за 40, 3 отсто... Инфлаторниот шок станува сè посилен и покрај мерките на власта, кои засега речиси и да не покажуваат никаков ефект. Уверувањата и прогнозите беа дека ценовниот шок треба да се стабилизира, што се насетуваше и со движењата на светските пазари. Се случи сепак она што најмалку се посакуваше, што е изненадувачки и отвора дилеми на што конкретно се должи. Универзитетскиот професор Марјан Петрески во интервјуто за Капитал кажа дека инфлацијата е доминантно увезена, како последица на тектонските промени кои настанаа на глобалната политичко - економска сцена со

руската инвазија врз Украина. „Со нарушувањата на глобалната понуда на добра кои ги извезуваше Русија, а кои се надоврзаа на ребалансирањето по пандемијата, понудата и побарувачката на пазарот бараат нова рамнотежа, на повисоко ниво на цени.“, рече Петрески. Меѓутоа, тој го истакнува фактот што растот на цените се прошири врз целата потрошувачка кошничка, што скоро целосно е пренесен ефект. „На пример, во септември годинава имаме годишен раст на цените кај ресторани и хотели од 26.1%, што е компонента на базната инфлација, а за што веројатно сите ќе се сложиме дека е резултат на растот на цените на храната и на енергенсите, а не на засилена домашна побарувачка. Дека генералната побарувачка ослабува говорат и други индикатори, како на пример потрошувачките кредити чиј раст забави во август на 6.4% од 7.3% на почетокот од годината, а во истиот временски распон вкупните кредити го одржале своето темпо. Воопшто, падот на реалната плата ќе ја повлече и потрошувачката надолу.“, објаснува професорот. Според него, не треба да игнорираме евентуални домашни фактори на инфлацијата, без оглед колку во одреден момент изгледаат мали.

„Првиот е големиот пораст на минималната плата во април годинава, што низ призма на цените, покажа мал притисок кај одредени ценовни компоненти, на пример кај услугите за домување и кај некои лични услуги, згора што ја зголеми социјалната тензија во врска со очекувањата за раст кај друг сегмент од платите. Вториот знак е што притисокот врз цените на храната на глобално ниво е значајно намален, но тоа не е пресликано кај нас. На пример, индексот на цените на храната од ФАО во септември 2022 изнесува 136.3, и паѓа шести месец по ред, односно откако го достигна врвот од 159.7 во март 2022. Спротивно на овие тенденции, кај нас цените на храната достигнаа врв во септември 2022, раст од 29.8% на годишна основа, a кај некои подгрупи како леб и масла, растот е над 40%. Оттука, значаен дел од овој голем раст веројатно може да се припише на маржите од трговците и производителите -преработувачи.“, заклучува проф. Петрески.

Повисоки камати и рецесија или неконтролирана инфлација?

Монетарната политика е клучна во справување со инфлациските притисоци и може да биде исклучиво ефикасна во ситуација кога економијата е прегреана, односно кога ценовните притисоци


11

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

се предизвикани од вишок потрошувачка. Бидејќи сегашната ситуација е сосем различна, легитимно е прашањето што една централна банка може да стори, а што не. Бидејќи е јасно дека шокот е на страната на понудата, било која реакција на централна банка, посебно ако не е глобален играч, нема да промени ништо во однос на глобалните ценовни движења кои се пресликуваат и дома, туку со нагло затегнување може само да го „убие“ растот, кој и самиот е под негативно влијание од тековните глобални случувања. „Единствено поле на кое централната банка може да влијае во тековниот контекст е ‘зауздувањето’ на инфлациските очекувања и да превенира дека тие ќе се вградат во, на пример, колективните договори и воопшто во среднорочните барања на синдикатите за пораст на платите, во кој случај тешко се излегува од тој круг на цени и плати, а каматните стапки ќе треба да

останат постојано високи во подолг период.“, смета нашиот соговорник проф. Петрески. Оттука, централната банка, во сегашните околности, води и ќе води политика на постепено нормализирање. Треба да имаме предвид дека иако изворот на сегашната инфлација е заеднички за многу држави ширум светот, сепак тие имаат и свои специфики. На пример, јасна е разликата меѓу САД и ЕУ: во САД, иако се водат спротивставени дебати, инфлацијата има повеќе домашни корени отколку во ЕУ, поради што и реакцијата на ФЕД е поостра од таа на ЕЦБ. Кога сме кај централните банки, минатата недела беше повторно поврзана со нив. Американските Федерални резерви ги зголемија каматните стапки за уште 75 базични поени. Би рекле, во склад со очекувањата на повеќето пазари, иако пред состанокот имаше теории и шпекулации дека ФЕД може да ги зголеми каматните стапки за само 50 базични

поени поради првите знаци за забавување на американската економија. Она што малку ги потресе пазарите по состанокот беше говорот на претседателот на ФЕД, Џером Пауел. Контекстот на говорот е дека каматните стапки ќе треба дополнително да се зголемат пред да почнат да ги намалуваат. Зошто е тоа лошо? Некои аналитичари веруваат дека кога каматните стапки ќе се искачат над 4 отсто, американската економија ќе потоне во длабока рецесија. На крајот на денот, се чини дека пазарот сака да види пресврт од ФЕД, а ако погледнеме, се чини дека повеќето показатели (освен вработеноста) покажуваат дека врвот на американската инфлација е зад нас. Сепак, ФЕД веројатно сака или треба целосно да ја сузбие инфлацијата бидејќи најлошото нешто би било да се види дека инфлацијата повторно се искачува на двоцифрена бројка поради прерана одлука. Од другата

Изберете депозит кој најмногу одговара на Вашиот финансиски план Атрактивни каматни стапки до: •3% за 36 месеци •2,5% за 24 месеци •2% за 12 месеци

Најдоброто место за Вашите пари!

Повеќе на unibank.mk


11 НОЕ. 2022

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

страна на Атлантикот, Кристин Лагард од Европската централна банка најави ново зголемување на каматните стапки во Европа и покрај растечките рецесиски ризици. Пазарот е убеден дека ЕЦБ на следниот состанок повторно ќе ги зголеми каматните стапки за 75 базични поени.

Што ќе донесат американските „меѓуизбори“

Во секој случај, ништо добро нема да се случи на светската економска сцена, а следствено и на домашната, додека не се тргне заканата од Трета светска војна којашто надвиснува периодов откако уште повеќе се заостри реториката помеѓу Западот и рускиот претседател Путин. Во моментов кога е пишуван овој текст сè уште не беа познати конечните резултати од конгресните избори во САД, или т.н. меѓуизбори (midterms). Некои аналитичари ги сметаат овие избори за најважни во земјата уште од Втората светска војна наваму. Ќе видиме дали резултатите ќе се одразат на натамошниот тек на војната во Украина. Победата на демократите значи продолжување на моменталната политика, додека постои верување дека победата на републиканците ќе доведе до дисконтинуитет со сегашната администрација. Како примарни цели се поставуваат повлекување од војната и отворање преговори со цел да се постигне мир. Тука се и глобалната геополитичка стабилност, борба против инфлацијата, а потенцијално и барање за отповикување на претседателот Џо Бајден. Без оглед на победникот на овие избори и одлуките коишто ќе следат, клучната невралгична точка којашто може да доведе до голема светска војна, како што велат многу аналитичари, е долгот на голем дел од државите во светот. САД имаат национален долг од преку 31 илјада милијарди долари. Велика Британија и Јапонија практично се банкротирани, мора да печатат пари за да го откупат својот долг. Швајцарија е во лоша состојба со застрашувачки приватен долг. Кина има преку 300 отсто долг во однос на БДП. На Русите и Арапите им оди добро, малку долгови, а многу суровини. Затоа се’ помалку купуваат американски долг во долари, затоа што се плашат дека ќе депрецира. Земјите на БРИК ја додадоа Саудиска Арабија и станаа БРИКС? Ова секако не е добра

вест за САД и Западот, и покажува дека светот сака да ја намали зависноста од американскиот долар. Институтот за меѓународни финансии (IIF) очекува соодносот на глобалниот долг во однос на БДП да достигне 352 отсто на крајот на оваа година. Се чини дека државниот крипто (CBDC) се појавува како приоритетно решение, според аналитичарот Роберт Јуришиќ за хрватски Лидер медиа. Доколку биде прифатено истовремено во САД, ЕУ, В. Британија, Кина, Јапонија и Швајцарија, може да ја реши должничката криза. Спротивно на тоа, ако ова усвојување е само регионално ограничено, девалвацијата и губењето на куповната моќ може да бидат разорни.

Централните банки рекордно купуваат злато

Инаку, во целиот овој контекст податок вреден за спомнување е што минатиот квартал централните банки низ светот купија рекордна количина злато. Според Светскиот совет за злато (WGC), тие купиле речиси 400 тони злато во третиот квартал, што е 4 пати повеќе отколку за истиот период претходната година. Вкупното купување оваа година е највисоко од 1967 година, кога доларот сè уште беше врзан за златото. Покрај купувањето од страна на централните банки, има и силно непријавено купување од институциите. Според WGC, не сите земји редовно ги објавуваат своите набавки на злато, вклучително и големите како Кина и Русија. И покрај големата побарувачка, цените на златото главно зависат од надворешни фактори, како што се макроекономското опкружување и трендот на доларот. Цените на златото оваа година беа под притисок поради агресивниот пораст на каматните стапки во САД и поскапувањето на доларот. Кога зборуваме за металите, нивните цени се зголемија минатата недела како бран на оптимизам дека Кина ќе ја промени политиката на нулта стапка за ковид, а се очекуваше и зголемување на пазарната активност. Цената на фјучерсите за бакар малку се намали од највисоките нивоа во изминатите четири месеци. Сепак, цената се уште е над просекот од последните неколку месеци поради стравот на пазарот од претстојните проблеми со снабдувањето.

Многумина предупредуваат дека глобалните залихи на бакар паднаа на рекордно ниско ниво, дека постојат ризици од недостиг и дека сегашните цени не ги одразуваат ограничувањата на физичкиот пазар. И цените на челикот благо закрепнаа минатата недела, откако паднаа на најниското ниво од јуни 2020 година. Сепак, побарувачката за челик останува малку заматена од рецесиските притисоци. Клучните показатели за индустриското производство во Кина укажаа на забавување на активноста, при што инвестициите во секторот на недвижности паднаа за повеќе од 8 отсто во првите три квартали, што сигнализираше помала употреба на челик. Цените на алуминиумот се на ниво од 2.300 долари за тон, па треба да се напомене дека Zhongwang Holdings поднесе барање за стечај. Тој е водечки кинески производител на алуминиумски профили и втор во светот. Главните причини за падот на овој гигант се комбинација на бројни фактори, од зголемувањето на трошоците за енергија, преку американската царина до последиците од измамите во САД. Овој случај може да има последици ширум светот, а компанијата има 252 филијали ширум светот, но и акумулирала долг од 64 милијарди долари. Суровата нафта „брент“ се движи околу 98 долари за барел, расте трета недела по ред и го достигна највисокото ниво од крајот на август. Сè уште е пресврт помеѓу ограничената понуда и стравот од рецесија, а послабиот долар и подготвеноста на дел од пазарот за поголем ризик го создадоа ова нагорно расположение. Гасот ТТФ е во пад и моментално е на ниво од 110 евра за мегават час. Невообичаено топлото време за овој период од годината ја намали побарувачката за греење, што се одразува и на побарувачката на гас, но и на пополнетоста на складиштата низ Европа. Земјите-членки на Европската унија веќе работат на изнаоѓање алтернативни рути за снабдување со гас за следната година, бидејќи сè уште постои неизвесност за испорака преку гасоводот Јамал, а гасоводот Северен тек 1 се смета за неупотреблив до понатамошно известување. Што се однесува до течниот гас, ќе видиме колку долго ќе трае европската конкурентност и дали другите пазари, на пример Југоисточна Азија, ќе ги привлечат танкерите кон себе со повисока цена. nnn



11 НОЕ. 2022

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135


15

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

INTERVIEW ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ

МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

КОНЕЧНО РЕФОРМА ВО СИСТЕМОТ НА СУБВЕНЦИИ ЗА ПОВЕЌЕ ХРАНА Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство го заменуваме со нов т.н. decoupling систем каде земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство. Во еден поорганизиран систем ги ставаме сите чинители, со зголемена контрола преку која ја намалуваме можноста за злоупотреби и сивата економија, систем кој гарантира поголемо производство на домашна храна. Новиот модел за субвенционирање кој го предлагаме не ја крати досегашната поддршка која ја добивале земјоделците, туку истата се прераспределува во повеќе програми за поддршка.


11 НОЕ. 2022

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

XСветот X денес веројатно се соочува со најголемата криза по Втората светска војна, покрај енергетската криза многу позначајна е кризата за храна. Министре, што може да очекуваат граѓаните, ќе има ли зимава доволни количини на храна? Војната во Украина сите држави ги исправи пред голем предизвик, за тоа како да го заштитат и одржат домашното производство на храна и како да обезбедат доволни количини на храна за сите граѓани. Вакви глобални кризи бараат и глобален одговор. Токму ова беше и главното прашање на министерската конференција во Берлин каде учествуваа министри за земјоделство од целиот свет, но и на Г7 самитот. Анализите направени и од ФАО, велат дека светот може да заборави на евтината храна, а некој проценки одат до таму дека пикот на оваа криза за храна можеме да го почувствуваме за две години. Сега е потребно здружување и јакнење на соработката помеѓу државите, бидејќи само заедно обединети можеме полесно да ја пребродиме кризата. Во таа насока беа потпишани и ревидираните протоколи на Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, преку кои овозможуваме македонските земјоделски производи слободно и без царина да се извезуваат во Украина. Исто така пред неколку денови потпишавме Меморандум за разбирање, односно соработка во земјоделието со Владата на Хашемитското Кралство Јордан, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите двете земји. Потпишувајќи го овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Северна Македонија во Јордан. Во Рим пак потпишавме нова петгодишна Програмска рамка со ФАО за соработка со која постигнуваме две стратешки цели, а тоа се одржлив и инклузивен економски и социјален развој со фокус на малите земјоделски стопанства и управување со климатските активности. Иницијативата Отворен Балкан исто така е можност повеќе во оваа криза, преку потпишаните договори сите три држави членки овозможија слободна размена на стоки и услуги, односно она што нам како држава ни е потребно да можеме слободно да го земеме од Србија и Албанија и обратно она што ним им е потребно,

а го имаме ние како држава да го насочиме кон Србија и Албанија. Покрај оваа соработка, како држава уште повеќе ја засилуваме поддршката кон земјоделскиот сектор, а тоа се потврдува и со последниот ребаланс на буџетот за оваа година, каде се скрати од сите други министерства и парите беа насочени кон земјоделството. Над 3 милијарди денари се ставија на располагање за земјоделците, преку интервентните мерки за поддршка, но и за расчистување на заостанатите обврски кои ги имаше државата кон земјоделците. Преку навремените мерки кои ги презедовме уште пред почетокот на кризата, но и со новиот модел кој го предлагаме за субвенционирање, правиме се да го стабилизираме домашното производство на храна, да обезбедиме поголем принос и да обезбедиме доволни количини на домашна храна. Ни претстои тежок период, но ние навремено презедовме мерки, истовремено ја следиме секој ден состојбата и заедно со земјоделците креираме мерки за поддршка. Граѓаните можат да бидат спокојни, храна ќе има. Леб, млеко, зејтин, брашно и сите основни производи ќе ги има. Токму во таа насока, Владата преку министерството за економија, преку конкретни мерки дава поддршка на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи, во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца, да имаат фиксна цена на електрична енергија. Оваа цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулиран пазар. Во овој период потребно ни е заедништво, без лажни вести и креирање на паника кај граѓаните, без политика и обиди за собирање на политички поени, треба да сме заедно бидејќи оваа криза не распознава партиска или било каква друга припадност и само сплотени, можеме да ја надминеме со помала штета.

XКако X министерство креиравте Национален план за производство на храна, а формиравте и Интервентен фонд за поддршка на земјоделците. Дали започна имплементација на овој Национален план, какви се резултатите од неговото донесување, но и какви се резултатите од интервентните мерки за поддршка на земјоделците? Токму така, навремено уште

пред почетокот на кризата како министерство подготвивме Национален план за производство на храна, со конкретни мерки за поддршка на домашното производство на храна. Неговата имплементација започна веднаш по донесувањето, а видливи се веќе и резултатите. Националниот план за производство на храна го подготвивме заедно во соработка со земјоделците, преку разговори во потсекторските групи, со претставници на научната фела и Министерството за финансии. Со Националниот план секоја педа слободно земјоделско земјиште ја ставивме на располагање. Распишавме седум јавни огласи, преку кои на земјоделците им понудивме над 13.000 хектари земјоделско земјиште. Огласите кои ги распишавме беа наменски за производство на житни култури, каде понудивме над 5.000 хектари земјоделско земјиште, како и за производство на сточна храна и подигнување на долгогодишни насади. Она што ме радува е што за овие огласи бележиме досега рекорден интерес кај земјоделците, со склучени 1.944 договори за закуп на државно земјоделско земјиште. Тоа значи дека успавме во намерата да го зголемиме со нови обработливи површини домашното производство на храна, пред се на значајните житни култури, а на тој начин да се зголеми и приносот. Во насока на нашата цел, буквално секоја една педа обработлива земја да ја ставиме во функција, работиме и на концепт преку кој ќе создадеме услови и обработливото напуштено земјиште кое е во приватна сопственост, да го ставиме во функција. Како го замислуваме овој процес, така што преку евиденцијата на земјоделското земјиште она земјиште кое ќе биде утврдено како напуштено, а е во приватна сопственост, ќе биде лоцирано и потоа на сопственикот ќе му понудиме самиот да започне да го обработува своето земјиште, или пак со негова согласност, во негово име, државата преку јавен оглас да го даде под закуп и истото да се обработува. Вкупната бројка на напуштено земјоделско земјиште во приватна сопственост не е мала и достигнува бројка од над 90.000 хектари, што не е воопшто за занемарување и дополнително ќе помогне во насока да имаме поголема обработлива површина и поголем принос, пред се на значајни култури. Ова не значи дека ние приватното земјиште ќе го присвоиме од граѓаните, туку напротив партнерски нудиме


Љупчо Николовски

министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

неколку опции како истото да биде ставено во функција и да се обработува. Сопственикот на земјиштето кое е во приватна сопственост, а прифати истото да се даде под закуп, би добивал 80% од закупнината, додека 20% би биле за државата. За краток период добри резултати даде и поддршката кон земјоделците која ја обезбедивме преку Интервентниот фонд кој го креиравме. Најпрвин вкупната вредност на Интервентниот фонд со која започнавме беше 400 милиони денари, средства наменети за креирање на интервентни мерки за поддршка на земјоделците во услови на криза. Земјоделците, поради војната во Украина се соочуваа со недостаток и покачени цени за набавка на репроматеријали, токму затоа првата интервентна мерка беше да ги поддржиме земјоделците во набавката на вештачко ѓубриво за пченица, пченка, јачмен и сончоглед. Преку интервентниот фонд обезбедивме до 40% поддршка при набавка на вештачко ѓубриво за производителите на житни култури, односно по 4.000 денари за пченица и пченка и 2.500 денари поддршка кај јачменот и сончогледот. Ваквата поддршка покрај тоа што влијаеше во намалувањето на трошоците за производство, влијаеше и во подобар квалитет на производот и поголем принос. Оваа интервентна мерка досега ја имаат искористено 6.815 земјоделци, со вкупна вредност на поддршка од 112,9 милиони денари. Задоволен сум што успеавме предвидениот брз систем за прибирање и исплата на апликациите да го реализираме без никаков проблем. Овој брз систем предвидуваше исплата во рок од 7 дена, односно земјоделците апликациите ги подготвуваа во подрачните единици кои веднаш ги проследуваа до Платежната агенција, а тие веднаш вршеа проверки и доколку беа запазени критериумите се подготвуваше налог за исплата. Во интервентниот фонд креиравме и мерки за поддршка на сточарите, за јагне, гоеница и несилка, односно за предадено јагне и гоеница во регистрирани кланични капацитети и за несилки во одгледувалиштата кои се на возраст за производство на консумни јајца. Оваа интервентна мерка ја искористиле вкупно 1.898 сточари, во вкупна вредност од 219,7 милиони денари. Бидејќи за краток период Интервентната програма даде резултат со ребалансот на буџетот за 2022 година истата ја дополнивме со нови 500 милиони денари, со што вкупниот интервентен фонд

17

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Преку интервентниот фонд обезбедивме до 40% поддршка при набавка на вештачко ѓубриво за производителите на житни култури, односно по 4.000 денари за пченица и пченка и 2.500 денари поддршка кај јачменот и сончогледот. Ваквата поддршка покрај тоа што влијаеше во намалувањето на трошоците за производство, влијаеше и во подобар квалитет на производот и поголем принос. Оваа интервентна мерка досега ја имаат искористено 6.815 земјоделци, со вкупна вредност на поддршка од 112,9 милиони денари. Задоволен сум што успеавме предвидениот брз систем за прибирање и исплата на апликациите да го реализираме без никаков проблем.


11 НОЕ. 2022

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

достигна 900 милиони денари, средства наменета за поддршка на секој еден земјоделец. Па така покрај поддршката за пролетната сеидба поддршка обезбедивме и за есенската сеидба. Интервентната програма ја дополнивме со нови мерки за набавка на вештачко ѓубриво за производство на јачмен и пченица, но и со мерки за поддршка на производителите на зелка и слива. Поддршка преку интервентниот фонд даваме и на млекопроизводителите за произведено и предадено млеко во регистрирани капацитети.

XВладата X одржа тематска седница на која го презентиравте предлог новиот модел за субвенционирање во земјоделството, на заедничката прес-конференција со премиерот рековте дека ова е историски ден за земјоделците, која беше причината да се решите на ваква реформа и кој се очекуваните цели кои сакате со новиот модел на субвенционирање да ги постигнете? Борбата како да обезбедиме стабилно домашно производство и доволно храна за сите граѓани, уште при подготовката на Националниот план за производство на храна, не мотивираше да го започнеме процесот на подготовка за реорганизација на системот за субвенционирање. Храбро пристапивме на ова прашање и направивме голем чекор кој ќе донесе развој и модернизација на македонското земјоделство и токму затоа велиме дека ова е историска и многу значајна земјоделска реформа. Со овој нов модел кој го предлагаме, нудиме решенија за сите слабости кои ги имаше досегашниот модел за субвенционирање. Често пати при разговорите со земјоделците, тие се жалеа на бавниот начин на исплата. Исто така забелешки за моделот на субвенционирање доаѓаа и од сите граѓани кои велеа дека многу пари се даваат за субвенции, а ефектот од таа поддршка не се гледа. Како министерство заедно со Платежната агенција и стручната фела започнавме анализа на досегашниот модел, лоцирајќи ги сите слабости и барајќи соодветни решенија. Шест месеци работевме на креирање на новиот модел, а директно вклучени во целиот процес беа и самите земјоделци. Како пилот проект за прв пат моделот го тестиравме поврзувајќи ги субвенциите за сончогледот со задолжителен остварен принос, но и со предавање на целото производство во домашни капацитети. Тоа што успеавме

повеќе од двојно да го зголемиме приносот на сончогледот за оваа година и целото производство да заврши и да биде откупено од домашните капацитети, не’ охрабри уште повеќе дека сме на правиот пат и дека креираниот нов модел за субвенционирање ќе ги даде очекуваните резултати. Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство го заменуваме со нов т.н. decoupling систем каде земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство. Во еден поорганизиран систем ги ставаме сите чинители, со зголемена контрола преку која ја намалуваме можноста за злоупотреби и сивата економија, систем кој гарантира поголемо производство на домашна храна. Новиот модел за субвенционирање кој го предлагаме не ја крати досегашната поддршка која ја добивале земјоделците, туку истата се прераспределува во повеќе програми за поддршка. Ако целта на досегашниот систем за субвенции беше поддршка кон земјоделците да го одржат производството, со новиот модел поддршката е насочена кон тоа да им помогне на земјоделците да остварат добро и квалитетно производство со зголемен принос. Приоритет се дава на важните култури и производи за државата, каде финансиската поддршка е зголемена, односно го поддржуваме повеќе она што пазарот го бара. На овој начин создаваме еден стратешки пристап што ќе го поттикне економскиот раст на државата, ќе ја намали увозната зависност од стратешки производи и ќе ја зголеми продуктивноста. Целта е да имаме поефикасен систем кој ќе има брза исплата, за да може земјоделците навремено да ги добијат своите средства. Да имаме модел кој гарантира дека нема повеќе да има заостанати обврски и токму затоа оваа година, со ребалансот на буџетот за 2022 година обезбедивме 2,7 милијарди денари, средства со кои до крајот на оваа година во целост ќе ги имаме расчистено сите заостанати обврски кон земјоделците. Предложениот нов модел гарантира спречување на злоупотребите и намалување на сивата економија, бидејќи создадовме услови на Платежната агенција за зголемен обем на контроли и подолг период за нивно извршување, користејќи ги сите воспоставени системи, но и преку сателитски и ортофото снимки. Моделот гарантира развој на македонското земјоделство и дава

предност на вистинскиот земјоделец чија единствена дејност е токму земјоделието.

XПред X да го презентирате новиот модел во Владата истиот го презентиравте и пред Агро Советот, тело кое е формирано од Владата и кое сега повторно го заживеавте. Какви се реакциите на членовите има ли поддршка од нив новиот модел кој го предлагате? Целиот процес го водевме отворено и транспарентно директно соработувајќи со земјоделците. Најпрвин моделот како прв нацрт предлог беше презентиран пред новинарите, бидејќи потребна е нивната поддршка и вклучување во целиот процес како би можеле правилно и до секој еден земјоделец да допре новиот предлог модел за субвенционирање, за да можеме да ги слушнеме сите реакции и сите предлози и забелешки. Потоа нацрт предлогот беше презентиран и пред членовите на Агро Советот, највисокото тело во земјоделството, кое повторно го заживеавме и кое сакам да биде тело каде ќе се креираат сите важни политики и мерки за земјоделците. Агро Советот едногласно го прифати предлогот за пристапување кон измена на моделот за субвенционирање и го одобри нацрт предлогот да се предаде кон потсекторските групи на разгледување. Состаноци се одржаа со сите дванаесет потсекторски групи во министерството каде детално се разгледуваше првиот нацрт предлог. Сите потсекторски групи имаат дадено поддршка за концептот и потребата од промена на моделот за субвенционирање, а нивните предлози и забелешки се веќе вградени во новиот модел кој беше презентиран пред Владата. Останати се отворени неколку прашања кај пчеларството и органското производство и овој период со потсекторските групи уште разговараме и се консултираме, па очекувам во скоро време и тука да имаме првичен предлог како би одел моделот на субвенционирање. Со презентацијата и усвојувањето на првиот предлог модел до Владата ја заокруживме првата фаза од донесувањето на новиот модел. Следува процес кога подготвениот предлог модел ќе го презентираме на терен, до секој еден земјоделец и земјоделските здруженија да ги слушнеме мислењата, предлозите и забелешките директно од секој земјоделец. Само така можеме да имаме добар и ефикасен модел за субвенционирање кој ќе даде резултати. XПредвидувате X со новиот модел


Љупчо Николовски

министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

19

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Сите земјоделци би добивале основна субвенција наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба и оваа основна субвенција би ја добивале авансно, веднаш по аплицирањето доколку ги исполнуваат минимум пропишаните услови. Дополнителните субвенции пак ќе ги добијат оние земјоделци кои произведуваат значајни култури или производи, односно го обработуваат земјиштето и достават доказ за остварен принос и целото производство го предадат во регистрирани домашни капацитети.

земјоделците да добиваат основна и дополнителна субвенција, кои би биле условите за земјоделците да ги добијат овие субвенции? Македонското земјоделство го прилагодуваме на европското и овој предлог концепт за субвенционирање кој го предлагаме се базира токму на decoupling методот, кој се користи во европските држави и се покажа како метод со најголема ефикасност. Правиме раздвојување на тоа кои производи и култури се значајни и важни за државата, односно производи кои пазарот ги бара, и култури и производи кои добиваат само основна субвенција. Сите земјоделци би добивале основна субвенција наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба и оваа основна субвенција би ја добивале авансно, веднаш по аплицирањето доколку ги исполнуваат минимум пропишаните услови. Дополнителните субвенции пак ќе ги добијат оние земјоделци кои произведуваат значајни култури или производи, односно го обработуваат земјиштето и достават доказ за остварен принос и целото производство го предадат во

регистрирани домашни капацитети. Дополнителните субвенции ќе може да ги добие и секој земјоделец кој произведува значајни култури и производи, а своето земјоделско производство го користи за сопствени потреби во производство на финален производ. Исто така кон сите земјоделци ја продолжуваме и поддршката за зелена нафта, која оваа година е до 50%, а преку направените законски измени овозможивме да достигне и до 100%. На овој начин преку вака конципиран модел за субвенции кај растителното производство веднаш ги елиминираме оние кои само аплицираат за субвенции по пријавена површина без да докажат дека земјата ја обработиле и оствариле принос, а средствата ги пренасочуваме кон оние земјоделци кои реално ја обработуваат површината и остваруваат принос. Имаме предвидено повеќе системи за контрола и точно ќе знаеме кое земјоделско земјиште е обработено. Кај сточарството пак, со новиот модел предлагаме субвенционирање само на репродуктивни грла добиток постари од 1 година каде субвенциите ги зголемуваме до 100 проценти. Она што исто така го нуди

новиот модел за субвенционирање во делот на сточарството е побрзата исплата за произведеното и предадено млеко кај регистрираните производствени капацитети, каде планираме истата да се врши еднаш месечно. Вака поставениот систем гарантира побрза исплата, дава можност за поголема контрола и ја зголемува продуктивноста во земјоделството.

Сега преку новиот модел што го предлагате акцент ставате на стратешките производи, значи ли ова дека конечно државата има стратегија и почнува плански да произведува домашна храна? Преку овој нов модел за субвенционирање кој го прелагаме, градиме еден стратешки пристап на државата во земјоделството кој има за цел да го развие производството на значајните култури, да поттикне поголем економски раст и да ја зголеми продуктивноста. Стратешките култури и производи кои се важни за државата и влијаат во економијата ги издвојуваме и за нив финансиска поддршка се зголемува. Листата на стратешките култури ја утврдивме заедно со земјоделците преку состаноците на потсекторските групи.


11 НОЕ. 2022

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Колку повеќе ги зголемиме површините и домашниот принос под стратешки култури, толку помала ќе биде увозната зависност на државата од стратешки култури. Преку конкретни мерки и политики успеавме изминативе три години тоа да го постигнеме со јачменот, зголемувајќи го домашното производството на јачмен и од увозно зависна култура, сега е култура која бележи извоз. Тоа го постигнавме и со сончогледот оваа година преку договорното производство кое го направивме како пилот мерка, за да видиме како би функционирал новиот концепт кој го спремавме за субвенционирање. Афионот како значајна македонска земјоделска култура повторно го враќаме на полињата, утврдувајќи го афионот во листата на значајни индустриски култури каде поддршката дури за три пати ја зголемуваме. Стратешките култури и производи добиваат дополнителна субвенција, односно секој еден земјоделец кој произведува некоја од утврдените важни култури, доколку оствари соодветен принос и своето производство го предаде во регистрирани домашни капацитети, ќе има можност да ја добие предвидената дополнителна субвенција. XДали X очекувате ваквиот нов модел да ја подобри откупната цена за земјоделските производи која ја добиваат земјоделците од откупувачите, но и дали би влијаела и кон крајната цена на финалниот производ. Наша обврска како министерство е да водиме грижа земјоделците да имаат стабилно производство, да помогнеме тогаш кога е потребно во намалувањето на трошоците кои ги имаат, а се со цел квалитетно и големо домашно производство на храна. Во таа насока беше креиран интервентниот фонд кој ги помогна земјоделците да имаат помали трошоци во услови на криза. Како министерство ние не можеме да се мешаме во креирање на цената на пазарот, но можеме да посредуваме помеѓу земјоделците и откупувачите, преку дијалог да дојдеме до добра и прифатлива откупна цена и тоа го правиме. Успеавме да постигнеме рекордна откупна цена за грозјето зголемена за 30%, добра цена оваа година имаат и житните култури, како пример јачменот и пченицата. Ние сега со новиот модел за субвенционирање велиме дека даваме поголема поддршка за стратешките производи со обврска земјоделците целото домашно производство да го предадат во домашни капацитети. Така е

чесно кон сите граѓани, бидејќи поддршката која ја даваме до земјоделците е од буџетот на сите граѓани. Но уште почесно и поодговорно е да очекуваме и да инсистираме откупувачите да дадат добри откупни цени и да ја почитуваат маката на земјоделците. Земјоделците и откупувачите мора да соработуваат и да имаат поголема меѓусебна доверба, а токму тоа најдобро можеме да го постигнеме преку договорното производство. Кризата ги погоди сите сектори и земјоделците, но и преработувачите, тие имаат исто зголемени трошоци, но наша грижа се пред се земјоделците и секогаш сме биле и ќе бидеме на нивна страна за добивање на реална цена која ја почитува земјоделската мака при процесот на производство. Млекарите не можат без млекопроизводителите, или пак комбинатите без тутунарите, тоа е еден поврзан систем кој мора меѓусебно повеќе да соработува и да си помага. Тоа успеваме да го направиме преку потсекторските групи каде на иста маса седат и земјоделците и преработувачите, кои заедно со нас директно се вклучени во креирањето на сите мерки.

XПри X презентацијата рековте дека со новиот модел нема да се крати од досегашната поддршка на земјоделците, од партијата Левица пак ве обвинија дека со новиот предлог ставате крај на индивидуалните земјоделски производители. Од ВМРО-ДПМНЕ некоја посебна реакција немаа, освен еден статус на социјалните мрежи во кој велат дека со новиот предлог не сте понудиле ништо суштинско. Како ја коментирате оваа нивна оценка на вашиот предлог и дали очекувате истиот да биде блокиран? Веднаш само да расчистиме дека Левица не ме обвинува мене, туку ги лаже и манипулира земјоделците. Со новиот модел ништо не се крати. Досегашната поддршка која ја добивал секој еден земјоделец ќе ја добива и со новиот модел, но преку нови услови и распределена во повеќе програми за поддршка. Новиот модел токму предност дава на оние земјоделци чија основна дејност е земјоделството, на малите семејни стопанства. Секој земјоделец добива основна субвенција, а дополнителна субвенција добиваат оние кои обработуваат значајни култури и производи, кои ќе остварат принос и своето производство ќе го предадат во регистриран капацитет. Дека нема да им се скрати поддршката на индивидуалните земјоделци

говори фактот што и тие доколку произведуваат значајни култури, а производството го зачуваат за сопствени потреби во преработка на сопствен финален производ исто така ќе ги добијат во целост дополнителните субвенции. Нова посебна програма за поддршка на индивидуалните производители на храна од животинско и неживотинско потекло креираме со новиот модел. Програма која има за цел во наредните 5 години да поттикне и да развие над 2.000 мали семејни производители на храна својата дејност да ја регистрираат во АХВ, развивајќи нови традиционални брендови. Исто така новиот модел предвидува фиксна поддршка од 40.000 денари за земјоделците од мал обем и кај нив поддршката не се врзува со доказ за предадено производство. Со оваа програма малите семејни производители на храна добиваат грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство и директна продажба, развивајќи го системот за продажба од праг или од фарма. Што се однесува до другиот дел од прашањето дека со новиот модел не се нуди ништо суштинско што би им помогнало на граѓаните, очигледно некој или го нема видено и прочитано новиот предлог модел или нема многу познавање од земјоделството. Зарем има нешто посуштинско од тоа што ги издвојуваме значајните култури и ја зголемуваме поддршката за нив, тоа што го поттикнуваме зголемувањето на приносот и ќе ја намалуваме увозната зависност од стратешки култури на државата, или од тоа што целото домашно производство ќе заврши во домашни капацитети. Зарем може да е нешто посуштинско од тоа да земјоделците имаат систем на субвенционирање кој ќе биде побрз и поефикасен. Многупати сум кажал дека земјоделството не е место за политика, особено во вакви кризни моменти. Секој искрен и конструктивен предлог како да ги помогнеме земјоделците и да го зголемиме домашното производство е добредојден, но политиканство и ловење на поени преку лаги и манипулации со земјоделците не може и не смее да помине. Оние кои велат дека новиот модел за субвенционирање немал ништо суштинско имаа на располагање десетина години да направат нешто суштинско за земјоделците. За разлика од тогаш кога субвенциите се даваа по списоци на подобни и неподобни земјоделци, денес со еден потпис, на едно решение, без


Љупчо Николовски

министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

селекција сите земјоделци добиваат субвенции, а со новиот модел уште повеќе можности за поддршка ставаме на располагање. Исто така, земјоделците многу добро знаат на која влада какви биле приоритетите. Ние наследивме долгови кон млекопроизводителите на пример за неисплатени 9 фази за предадено млеко, наследивме обврски за неисплатени субвенции од 2015 година, го решававме проблемот со Субрата Рој и земјиштето во Џумајлија, потоа ги решававме и враќавме долговите кон лозарите од пропаднатите винарници Повардарие, винарница Стефани и Петра и уште многу други наследени проблеми. Па еве еден пример: ние сега обезбедуваме 2,7 милијарди денари за да расчистиме комплетно со заостанатите долгови опфаќајќи скоро 50.000 земјоделци. Само за споредба 2 милијарди денари се дадени за 34 споменици од Скопје 2014. Замислете си само доколку овие пари завршеле во земјоделството, наместо во гипс колку полесно денес ќе ја поминевме кризата. Ова е јасна разлика на која влада какви и биле приоритетите, можеби за нив ова се суштински проекти во земјоделството. Денес работата во министерството е многу поинаква. Мерките се носат во разговори со земјоделците, тие директно се вклучени во креирањето на политиките и токму така донесени мерки даваат резултат. Затоа транспарентно го водиме и заедно го креираме моделот за субвенционирање. Искрено не знам дали да очекувам блокада или не, со нив човек никогаш не знае на што е. Овој модел едногласно беше прифатен од земјоделците, тие директно беа вклучени во неговата подготовка, ако некој мисли дека ваква важна реформа треба да биде блокирана нека проба, но ќе се соочи со гневот на земјоделците. Програмата за Рурален развој исто така ја менувате со нови мерки и велите ќе прерасне во инвестициона програма. Една од новите мерки во програмата е мерката бизнис план ви земјоделието, што добиваат земјоделците со оваа нова мерка која ја предвидувате? Како дел од предлог новиот модел за субвенционирање предлагаме и нови мерки во Програмата за Рурален развој со кои оваа програма прераснува во инвестициона програма. Во програмата креираме нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството, што претставува нов концепт на финансиска поддршка на земјоделските стопанства

21

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Оние кои велат дека новиот модел за субвенционирање немал ништо суштинско имаа на располагање десетина години да направат нешто суштинско за земјоделците. За разлика од тогаш кога субвенциите се даваа по списоци на подобни и неподобни земјоделци, денес со еден потпис, на едно решение, без селекција сите земјоделци добиваат субвенции, а со новиот модел уште повеќе можности за поддршка ставаме на располагање.

за примарното земјоделско производство. Со оваа нова мерка предвидуваме јавен повик кој ќе биде отворен во текот на целата година на кој земјоделците ќе можат да аплицираат во набавка на опрема за производство и преработка на финални производи. Наместо земјоделците да чекаат некој од повиците кој ги распишувавме преку програмата за рурален развој, сега ќе можат самите во текот на целата година, тогаш кога ќе бидат подготвени, да спремат бизнис план и да аплицираат. Корисници на оваа нова мерка се индивидуалните земјоделци чија основна дејност е земјоделството и кои егзистираат од земјоделството, односно се регистрирани со законот за вршење земјоделска дејност или согласно законот за ПИОМ. Максималната

вредност на поддршката по корисник изнесува 600.000 денари, односно кофинансирање до 50% од вредноста на прифатливите трошоци. Даваме можност процентот на кофинансирање да се зголеми до 10% кај оние бизнис планови каде инвестициите ќе бидат во обновливи извори на енергија. Уште една нова мерка која ја предвидуваме со програмата за рурален развој се советодавните услуги за земјоделците, каде преку посебен закон за воспоставување на советодавен систем во земјоделството и руралниот развој, преку кои земјоделските стопанства ќе можат да стапат во соработка за користење на стручни совети за подобрување на производството. Максималната вредност на поддршката за оваа нова мерка


11 НОЕ. 2022

22 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

изнесува до 100.000 денари по корисник, односно кофинансирање од 70% на трошоците за користење на советодавни услуги. Досегашните мерки кои дадоа одлични резултати како грантот за млад земјоделец, рурална жена и за набавка на педигриран добиток остануваат во програмата и ги продолжуваме. Грантот за млад земјоделец даде одлични резултати и го зголеми интересот кај младите за вложување во секторот земјоделство. Поддршката за руралната жена и нејзиното активно вклучување исто така бележи добар успех и веќе имаме многу успешни примери на жени од руралните средини кои преку овој грант креираа убави традиционални брендови. Со мерката за набавка на високо педигриран добиток им помагаме на сточарите да го модернизираат и зголемат сточниот фонд со нови грла добиток и само оваа година склучивме 103 договори со кој се набавија над 3.000 нови грла добиток. Оваа година преку Програмата за рурален развој распишавме повеќе повици за поддршка на земјоделците во набавка на опрема и механизација за земјоделците како поддршка при набавка на трактори, набавка на силоси, опрема за производство на тутун, мандри, специјализирани комбајни за ориз и мобилни сушари и поставување на системи за наводнување. Со новиот модел кој го предлагаме преку оваа програма уште повеќе даваме поддршка на земјоделците за модернизација на своето производство, но најважното е тоа што предност при поддршката даваме токму на вистинските земјоделци чија основна дејност е земјоделството. Тоа беше нивно барање на кое ние работевме во изминатиов период креирајќи го овој предлог кој точно дава решение на нивното барање. Покрај програмата за рурален развој на располагање за уште поголеми инвестиции ја ставаме и новата ИПАРД 3 програма. Изминатиов период станавме земја лидер во регионот по искористеност на овие средства, нема место во државата каде денес нема да сретнете табла дека некој проект е реализиран токму со средства од ИПАРД програмата. Искористеноста на средствата од ИПАРД 2 програмата ја заокружуваме со висок процент од скоро 90%, односно склучени 2.335 договори. Нема повеќе плаќање камати, или враќање на неискористени средства како што беше случај во едно минато време. Токму во таа насока Европската Комисија одлучи за 62% да ја зголеми поддршката во

новата ИПАРД 3 програма. Од 60 милиони евра средства на ЕУ кои ги имавме преку ИПАРД 2 програмата, сега за новата ИПАРД 3 добиваме 97 милиони евра европски пари и заедно со учеството на државата и делот од кофинансирање на апликантите достигнуваме до вкупна сума од 210 милиони евра, средства наменети за инвестиции во следните 7 години преку ИПАРД 3 програмата. Она што е ново и значајно е дека воведуваме можност за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка, но и го зголемуваме прагот на минимум прифатливите трошоци по проект за мерките од ИПАРД 3 програмата, односно 10.000 евра за мерката 1 Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, потоа 20.000 евра за мерката 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи и 5.000 евра за мерката 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

XПреку X развојните програми кои ги предлагате фокус ставате на малите производители на храна, малите винарници, но и на задругите. Кај малите винарници се бележи раст и се покажаа како успешна приказна, какви се очекувањата за развојот на малите производители на храна и на земјоделските задруги? Преку олеснувањето на постапката за упис во регистарот на производители овозможивме малите семејни земјоделски стопанства многу полесно да се впишат и да ја започнат својата дејност. Имаме позитивен и успешен пример кај малите семејни винарници, каде бележиме голем раст и денес имаме повеќе од 70 мали винарници, со капацитет до 50.000 литри кои произведуваат вино од сопственото производство на грозје. На 59 мали винарници оваа година доделивме грант од по 10.000 помагајќи им при набавка на опрема за производство. Ваквиот успешен пример со малите семејни винарници го пресликуваме и кон малите семејни производители на храна. Креиравме програма за финансирање на мали семејни бизниси и производители на храна, преку која имаме за цел да поттикнеме развој на 2.000 производители на месни и млечни производи, како и други преработки од овошје и зеленчук кои својата дејност треба да ја регистрираат во АХВ развивајќи нови брендови на традиционални производи. За нив обезбедивме грант од 10.000 евра наменет за набавка на опрема за

производство и директна продажба. Корисници на мерката од оваа програма се земјоделските стопанства, односно малите семејни производители на храна од животинско и неживотинско потекло, кои своето производството сакаат да го пласираат на домашниот пазар по принципот продажба од праг или од фарма. Ја продолжуваме и поддршката кон малите семејни винарници, преку програмата за финансирање на мали семејни производители на вино, а наша цел со оваа програма е да дадеме поддршка во функционирањето на веќе постојните мали винарници, но и да поттикнеме нови мали семејни винарници да се регистрираат и да ги зајакнеме нивните капацитети. Исто и за нив обезбедуваме грант до 10.000 евра за поддршка при набавка на опрема за производство и пакување на виното. Уште една нова програма со која ја заокружуваме оваа голема и значајна земјоделска реформа е програмата за развој на селата преку поддршка на земјоделските задруги и подобрување на условите за живот на луѓето во селата. Оваа програма овозможува развој на селата преку економско здружување и системско подобрување на работењето, како и зголемување на пазарната конкурентност. Преку оваа програма обезбедуваме финансиска поддршка од 3 милиони денари за веќе постојните задруги и 1.500.000 денари за ново формирани задруги. Нова програма, која сега за прв пат ја воведуваме, а е исто значајна за поддршка на земјоделците е и програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи. Ова е нова програма со која го помагаме откупот на земјоделски производи, ја поттикнуваме потрошувачката на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, а главната цел е овие производи да бидат наменети и да обезбедиме здрава ужина за нашите деца во сите основни училишта во државата. Веќе е распишан јавен повик за избор на оператор кој оваа година ќе изврши откуп на јаболка и истите ќе ги дистрибуира до 350 основни училишта, обезбедувајќи здрава ужина за 186.000 ученици. Оваа година во оваа програма обезбедивме 20 милиони денари, додека за 2023 година во оваа програма се предвидуваат 40 милиони денари, со кој ќе можеме покрај јаболката да опфатиме откуп на повеќе земјоделски производи.

nnn



11 НОЕ. 2022

24 ПАЗАР НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

ПАДОТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ УДРИ ПО РАБОТЕЊЕТО

РЕЧИСИ СИТЕ ДОМАШНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ СО НЕГАТИВНИ СТАПКИ НА ПРИНОС ГОДИНАВА Пад на приносите е регистриран кај акциските фондови, обврзничките фондови и кај балансираниот фонд. Единствено паричните фондови остварија позитивни приноси во првите шест месеци од годината.


Р

ечиси сите отворени инвестициски фондови го завршија првото полугодие од 2022 година со негативни стапки на принос, за разлика од истиот период минатата година кога сите инвестициски фондови, освен еден, остварија позитивни стапки на принос, покажува извештајот на Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Пад на приносите е регистриран кај акциските фондови, обврзничките фондови и кај балансираниот фонд. Единствено паричните фондови остварија позитивни приноси во првите шест месеци од годината. При тоа, најголем пад на стапките на принос е забележан кај акциските фондови, што не е ни чудно, со оглед на тоа што во 2022 светските берзи, како и Македонската берза, се во „црвена територија“ што се однесува до индексите. Имено, минатата година во првите шест месеци, стапките на принос на

25

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

отворените инвестициски фондови се движеа во распонот од 14,92% на фондот ВФП Премиум Инвест до -6,08% на КБ Публикум – Златен фонд, додека во првите шест месеци од 2022 година стапките на принос се движат од -20,57% на КБ Публикум – Златен фонд до 1,04% на КБ Публикум – Паричен фонд. Намалувањето на стапките на принос се должи пред сè на искажаните износи на реализирани загуби од продажба на финансиски инструменти кај акциските фондови, кај кои и падот на стапките на принос е најизразен. Во една од табелите во прилог на текстов, е даден приказ на приносот на одделните инвестициски фондови за првите шест месеци од 2021 година и од 2022 година, како и на просечната нето вредност на одделните фондови во првите шест месеци од 2021 година и од 2022 година. Сите четири парични фондови оствариле позитивни стапки на принос, но кај нив и осцилациите во стапките на принос се најмали, што

е разбирливо со оглед на нивните инвестициски политики. Стапките на принос на обврзничките фондови и кај балансираниот фонд минатата година беа позитивни, а оваа година се негативни. Најголеми осцилации се забележани кај стапките на принос на акциските фондови, чии приноси во првите шест месеци од минатата година биле позитивни со стапки на принос кои се движеа во распон од -6,08% кај КБ Публикум Златен Фонд (кој минатата година беше единствен акциски фонд со негативен принос за првите шест месеци), па сè до 14,92% принос што го оствари фондот ВФП Премиум Инвест. Оваа година во првите шест месеци, сите 13 акциски фондови имаа негативни стапки на принос кои се движеа во распонот од -20,57% кај КБ Публикум Златен Фонд до -0,12% кај Иново Статус Акции, што главно се должи на падот на цените на финансиските инструменти во кои вложуваат фондовите.


11 НОЕ. 2022

26 ПАЗАР НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Најголем дел од парите фондовите вложиле во акции

Во периодот 01.01.- 30.06.2022 година отворените инвестициски фондови прикажале приливи од продажба на издадени документи за удел во вкупен износ од девет милијарди денари , што е за 6,75% помалку во однос на прикажаниот износ на приливи од продажба на издадени документи за удел за истиот период минатата година, кога изнесувал 9, 66 милијарди денари. Од друга страна , износот на одливите од повлекување на удели се зголемил за 2,72% од девет милијарди денари во првите шест месеци од 2021 година на 9,3 милијарди денари за периодот 01.01.30.06.2022 година. Најголема фреквенција на продажби и откупи на документи за удел има кај паричните фондови. Имено, кај четирите парични фондови се регистрирани 88,54% од вкупните приливи на сите фондови по основ на продадени документи за удел за првите шест месеци од 2022 година, што е приближно на исто ниво како и истиот период минатата година, кога учеството било 87,70%. Во поглед на одливите по основ на откуп на документи за удел 94,60% од вкупните одливи на сите фондови во првите шест

месеци од 2022 година се всушност одливите од откупени документи за удел на паричните фондови (минатата година во истиот период 92,49%). Со состојба на 30.06.2022 година отворените инвестициски фондови најголем износ од средствата со кои управуваат ги имаат вложено во сопственички финансиски инструменти - акции (43,32%).

Вкупниот износ на средства вложени во акции на 30.06.2022 година изнесува 4, 5 милијарди денари и истиот е за 38,30% повисок од вкупниот износ на средства на фондовите вложен во акции со состојба на 30.06.2021 година, кога изнесувал 3,25 милијарди денари. Имајќи предвид што најголем дел од регистрираните отворени инвестициски фондови (65%) се


НЛБ Станбен кредит Вистинска можност да живееш по свое!

Промотивно

до 31 декември

Аплицирајте за НЛБ Станбен кредит до 31 декември без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка и искористете ги промотивните поволности: Рок на отплата до 35 години Фиксна каматна стамка до 10 години Бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун


11 НОЕ. 2022

28 ПАЗАР НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

акциски фондови, чии инвестициски политики се фокусирани на инвестирање во акции, во вкупните вложувања на фондовите доминираат овие финансиски инструменти. Инаку, значаен дел од портфолијата на фондовите е инвестиран во пласмани и депозити (23,95%), кои им овозможуваат ликвидност на фондовите.

Финансии, здравство и ИТ најпривлечни индустрии за вложување

Со состојба на 30.06.2022 година отворените инвестициски фондови најголем износ (43,3%) од средствата со кои управуваат ги имаат вложено во сопственички финансиски инструменти - акции. Во обврзници имаат вложено 28,1%, во пласмани и депозити речиси 24% и во останати хартии од вредност 4,6% од средствата. Во однос на истиот период минатата година, учеството

на вложувањата во акции е зголемено на сметка на учеството на вложувањата во пласмани и депозити и во обврзници. Од аспект на дејноста на издавачите во кои фондовите вложуваат во акции, најголем износ од средствата со кои управуваат фондовите ги имаат вложено во три клучни сектори – финансиски услуги, здравство и информатичка технологија. Вкупниот износ на средства вложени во овие три сектори на 30.06.2022 година изнесува 2,23 милијарди денари и истиот е за 34,06% повисок од вкупниот износ на средства на фондовите вложен во овие три сектори со состојба на 30.06.2021 година, кога изнесувал 1,67 милијарди денари. Според домицилноста на вложувањата со состојба на 30.06.2022 година отворените инвестициски фондови најголем

износ од средствата со кои управуваат ги имаат вложено во домашни финансиски инструменти (59,90%). Вкупниот износ на средства вложени во инструменти од Република Северна Македонија на 30.06.2022 година изнесува 6.390,26 милиони денари и истиот е за 5,45% помал од вкупниот износ на средства на фондовите вложен во домашни финансиски инструменти со состојба на 30.06.2021 година, кога изнесувал 6,76 милијарди денари. Покрај во домашни хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари, отворените инвестициски фондови вложувањата ги насочуваат кон финансиски инструменти од eвропски издавачи (21,47% од вкупниот износ на вложувања), како и во инструменти од aмерикански издавачи (12,66%).

nnn



11 НОЕ. 2022

30 ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИНСАЈДЕР ИД – ПРЕФЕРИРАНИ ЛАНЦИ НА МАРКЕТИ ЗА 2022

КОЈ Е КОЈ СПОРЕД ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

Неколку години се заклучува дека тврдите дисконти (hard discounts) се веќе “нормалниот маркет” во кој се пазари, додека останатите концепти си конкурираат да го привлечат потрошувачот преку различни канали на промоција и понуда на поголем асортиман на производи. Тврдите дисконти со сигурност во следните години ќе почнат да стагнираат и ќе продолжат со проширување на асортиманот и да нудат повеќе производи или потрошувачко искуство кои претходно не биле својствени за ваквите концепти.

А

генцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2022-ва година” во кое се анкетирани повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територија на целата државата. Агенцијата 6-та

година по ред прогласува ТОП 3 Маркети преферирани ланци на маркети и трета година Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија. Во тековното истражување се додадени и категориите: Најмодерен маркет, Најдобар сооднос цена - квалитет и Маркет со најдобра локациска покриеност. Исто така, додадена и категоријата

на најдобар Интернет Маркет. Претходните приближно три години ги обележаа неколку големи настани кои што особено влијаеја на индустријата за широка потрошувачка. Сепак, во 2022-ра година, компаниите се соочуваат со проблем кој што се очекува да ја обележи цела 2023та кое е предизвикано од наглото зголемување на цените за сите


31

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

суровини и финални производи. Инфлацијата е “подгреана” од повеќе фактори, за кои што и во случај на нивно моментално решавање, ќе биде потребно време за стабилизација на цените на производите. Во крајна линија, зголемувањето на цените на прехранбените производи директно влијае на буџетите на домаќинствата, кои пак во обид да го амортизираат зголемувањето преку оптимизација на трошењето. Очекувано е дека во 2023-та година и покрај можната стабилизација на цените, да се забележи и голема промена во однесувањето на потрошувачите особено во однос на прехранбените производи.

Значителен подем на т.н. „тврди“ дисконти

Подемот на “тврдите дисконти” од првото истражување во 2017та година до овогодишното е значителен. Еден заклучок во однос на истражувањето е дека бројот на маркети во кои што потрошувачите пазарат е стабилизиран на 3, за

разлика од претходната година каде имаше раст (од 2.7 на 3) што сугерира дека растот на еден маркет со најголема веројатност е стагнација или пад на друг. Тоа ќе предизвика идниот раст на “тврдите дисконти” да биде на сметка на другите ланци на маркети. Кам Маркет е и во тековното истражување е маркетот каде што пазарат 68% од потрошувачите. Учеството кое што го има Кам Маркет, од првото истражување до денес е во рамките на 60% 70% што јасно сугерира на високо пазарно учество и континуирано негово одржување и покрај зголемувањето на конкуренцијата и интензитетот на пазарот. Според податоците од 2017 до денес Стокомак го има најпрогресивниот раст од сите маркети кои што се анализирани и само во последната година има раст од приближно 7% во однос на 2021-та. Од 24.5% се искачува на 56% или анализирано од 2017-та до денес, Стокомак има двојно повисоко учество, а со тоа и потрошувачи.

Значителното зголемување на малопродажната мрежа пратено од ниска ценовна политика, придонесе да Стокомак бележи многу брза пенетрација на пазарот и привлекување на голем број потрошувачи за краток рок и што е најважно да го одржи континуираниот раст веќе 6 години по ред. Третиот рангиран Тинекс има идентично учество како и претходната 2021-ва година со 31%. Исто како и Кам Маркет, Тинекс бележи континуитет во учеството од 2019 до денес, со варијација од 27% - 33%, за оваа година да биде токму на средина со 31%.

Чии купувачи се најлојални?

Во овогодишното истражување повторно се мери и лојалноста на потрошувачите по маркет. Степенот на лојалност се калкулира врз основа на однесувањето на потрошувачите на ниво на ланец на маркети, без разлика на позицијата на маркетот во генералниот распоред. Процентот


11 НОЕ. 2022

32 ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

МАРКЕТИ ВО КОИШТО ПОТРОШУВАЧИТЕ ПАЗАРАТ

Напомена: прашањето е со повеќекратен избор, потрошувачите може да изберат повеќе од еден одговор, со што вкупниот збор на одговорите надминува 100%

НАЈПОЗНАТА Е-ПРОДАВНИЦА

пресметуваа како сооднос помеѓу вкупниот број на лица кои пазарат во определен маркет и оние кои го преферираат, односно ја претставуваат лојалната група на потрошувачи. Ако во КАМ Маркет пазарат 68% од потрошувачите, од нив 45.8% се лојални на брендот. Калкулацијата е изработена со цел да се определи процентот од потрошувачите кои што маркетите можат да ги сметаат како лојални. На првата позиција е Кам Маркет со раст на лојалноста од 41.5% на 45.8% или приближно секој втор потрошувач кој пазари во маркетот е лојален. На втората позиција како маркет со најголема лојалност на потрошувачи е позициониран Веро со 41.8% од потрошувачите. Бизнис концептот на единствениот хипермаркет во Македонија со исклучително високиот асортиман на производи,

очекувано е да ги задржува најголем дел од потрошувачите како “лојални” особено оние кои преферираат пазарење на една локација на повеќе производи во различни категории и голем избор на производи. На третата позиција во истражувањето во тековната година е Стокомак со раст од 30.8% на 36.0% во последната година. Просечната лојалност за сите маркети во Македонија, бележи намалување од 32% во 2021 на 28%. Истото посочува дека се помал број на потрошувачи за разлика од претходната година се лојални кон определен маркет туку го заменуваат доколку сметаат дека имаат подобра алтернатива. Лојалноста која ја имаат особено Кам Маркет и Веро е нависоко ниво, споредбено со сите останати на пазарот. Во најновиот дел од истражување

се анализира кој е најмодерен, најдобар сооднос цена-квалитет и најдобра локациска покриеност според потрошувачите. Потрошувачите одговараат според нивното размислување и перцепција, без разлика на тоа дали активно пазарат во посочениот маркет или не.

Промена на бизнис моделите

Како најголем новитет во тековното истражување е категоријата за е-продавница (маркет). Потрошувачите одговараат на прашањето “А10. Кој е според вас најпознатиот интернет маркет (без разлика дали активно купувате или не) во Македонија?”. Како најпозната е-продавница според потрошувачите во Македонија е е-Tinex за 31% од потрошувачите, потоа Paket.mk за 22% и на третата



11 НОЕ. 2022

34 ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

позиција е Веро (verodrive.vero. com.mk) со 13%. Електронската трговија за производи за широка потрошувачка во Македонија сè уште е во зачеток, но позиционирањето кое го имаат маркетите, особено на Тинекс, може да придонесе за сериозни финансиски резултати во моментот кога финансиската големина на ваквата електронска трговија ќе биде значително повисока. Со дополнителното зголемување на учествата за тврдите дисконти, и многу доминантната позиција, се очекува дека во следните години ќе се забележува стагнација во нивниот раст, со исклучок на Киппер кој значително го зголемува пазарното учество. Вкупниот збир на Стокомак, КАМ Маркет и Киппер надминува 145% што посочува Електронската трговија за производи за широка потрошувачка во дека сите потрошувачи пазарат Македонија се’ уште е во зачеток, но позиционирањето кое го имаат минимум кај еден од нив, а дел од нив и во двата паралелно. маркетите може да придонесе за сериозни финансиски резултати Неколку години се заклучува во моментот кога финансиската големина на ваквата електронска дека тврдите дисконти се веќе трговија ќе биде значително повисока. “нормалниот маркет” во кој се пазари, додека останатите концепти си конкурираат да го РАНГИРАЊЕ НА МАРКЕТИ СПОРЕД ЛОЈАЛНОСТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ привлечат потрошувачот преку различни канали на промоција и понуда на поголем асортиман на производи. Тврдите дисконти со сигурност во следните години ќе почнат да стагнираат и ќе продолжат со проширување на асортиманот и да нудат повеќе производи или потрошувачко искуство кои претходно не биле својствени за ваквите концепти. Според Инсајдер ИД, со влезот на Лидл кој се’ уште се очекува, просторот НАЈМОДЕРЕН, НАЈДОБАР СООДНОС ЦЕНА-КВАЛИТЕТ И за проширување на НАЈДОБРА ЛОКАЦИСКА ПОКРИЕНОСТ тврдите дисконти ќе биде ограничен и преземањето на потрошувачите од едни кај други ќе биде уште попредизвикувачко. Промената на бизнис моделите пред се’ ќе треба да биде во задржување на моменталните клиенти многу повеќе отколку во привлекување на нови. На краток и среден рок (до 3 години) одржувањето на нивото на потрошувачи и висината на приходите Според добиените податоци Веро е најмодерен маркет во Македонија според 30% од ќе биде пресудно потрошувачите. Најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот на производите има Кам Маркет за одржување на компаниите на долг рок. според 36% од потрошувачите и истиот маркет има најдобра локациска покриеност.

nnn


СИТЕ ИНФОРМАЦИИ НА ЕДНО МЕСТО: ПРОДАЖНИОТ САЛОН НА „ГРАНД СКОПЈЕ“ ЕДИНСТВЕН ОД ВАКОВ ТИП ВО ЗЕМЈАВА

Д

околку сте во потрага по нов дом и својата иднина ја гледате на најдобрата локација во Скопје, на располагање имате одлична можност – посета на продажниот салон на „Гранд Скопје“ каде, пред да се одлучите за купување нов дом, на едно место ќе ги добиете сите корисни и потребни информации поврзани со комплексот „Гранд Скопје“. Лоциран на првиот кат во Градскиот трговски центар продажниот салон, односно Showroom на „Гранд Скопје“ е единствен од овој тип во земјава и ќе ви овозможи одблизу да се запознаете со деталите во врска со објектите што се градат во рамки на комплексот, кој никнува спроти хотелот „Холидеј Ин“. Продажниот салон започна со работа пред 4 месеци и од самиот почеток има значаен број посетители од различни профили кои се интересираат за домување и работа на најатрактивната локација во Скопје, а, пак, персоналот од овој Showroom вели дека интересот за домување во „Гранд Ривер“ е навистина голем. „Имаме голем број на посетители во продажниот салон, можеме да кажеме дека локацијата е дефинитивно една од главните причини поради која заинтересираните граѓани доаѓаат да го посетат нашиот продажен салон и, секако, неповторливиот поглед кој нашиот објект „Гранд Ривер“ го нуди“ – велат вработените во продажниот салон на „Гранд Скопје“. Заинтересирани да бидат дел од „Гранд“ приказната се деловни луѓе, кои својот бизнис сакаат да го градат во срцето на Скопје, семејства со деца кои ја ценат близината до сите погодности што ги нуди локацијата на „Гранд Ривер“, самци кои сакаат динамичен живот, како и млади парови кои се заинтересирани за урбано домување во центарот на случувањата. Но, што сè можат да дознаат потенцијалните купувачи во овој продажен салон и со какви придобивки може да се здобијат? u Сите информации за становите Од љубезните вработени, како преку разговор така и преку визуелен приказ, ќе ги добиете сите информации за кои сте заинтересирани, почнувајќи од бројот на станови, нивната квадратура, ориентацијата на становите, кои станови се најмногу барани и зошто, кои материјали за градба се употребувани, каков пристап и паркинг решение е предвидено во рамки на комплексот, како и информација за дополнителните содржини во рамки на комплексот итн.

Така, без да лутате и да проверувате на интернет на едно место можете да се информирате за сите детали кои за вас ќе претставуваат можеби и одлучувачки фактор при купување на вашиот нов дом. u Визуелна презентација Продажниот салон на „Гранд Скопје“ нуди единствена можност преку интересна визуелна презентација да го погледнете и можното внатрешно уредување на становите, но и опкружувањето кое „утре“ ќе биде во ваша непосредна близина, како близина на модерна шопинг галерија во централниот дел на комплексот, урбан парк, простор за одмор и релаксација како составен дел од комплексот итн. u Информации во врска со цените и условите Знаеме дека во индустријата на недвижности цените не секогаш се фиксни, односно цената по квадратен метар е често детерминирана од самите карактеристики на станот за кој сте заинтересирани. Оттука, станови со иста или слична квадратура можат да имаат различни цени зависно од нивната ориентација, внатрешниот распоред итн., па по деталната презентација на становите персоналот во продажниот салон - ќе ве воведе и во ценовната политика и условите за плаќање. u Пресметка на кредитни пакети Во продажниот салон на „Гранд Скопје“ е достапна единствена можност за купување недвижности со кредит од банките партнери на инвеститорот на комплексот МФ Фешн. На лице место ќе бидете запознаени

со поволностите што ги нудат банките, доколку сакате вашиот дом да го стекнете преку наменски кредит. Исто така, со посета на салонот голема е веројатноста да бидете запознаени и со одредени промоции или, пак, да добиете персонализирана понуда, скроена токму за вас и за вашите потреби. u Информации за текот на градбата Во продажниот салон можете да се информирате и за сите фази на изградба на комплексот, да добиете реална проценка на потребното време за изградба, но и редовно да се информирате во врска со целиот прогрес на градба. Персоналот, а впрочем и инвеститорот, е должен да ве информира за фазите, така што со потпишување на купопродажниот договор вам ви е гарантирано навремено информирање за целиот процес. Сепак, стан не се купува секој ден и инвестицијата во нов дом е инвестиција која е трајна и која на долг рок повеќекратно се исплаќа. Затоа, она што е навистина пресудно, пред сè, е да се направи вистинската одлука при купување нов дом, а доколку вашата одлука е стан во „Гранд Ривер“ местото каде треба да се обратите е продажниот салон на „Гранд Скопје“. Продажниот салон кој се наоѓа на првиот кат во ГТЦ, во близина на киното „Милениум“ можете да го посетите секој работен ден од 08 до 18 часот или, пак, да се јавите на 070-355-351 и 070-233-055 и да закажете состанок во термин кој вам ви одговара.


INTERVIEW ЈАНИС ЈАНОПУЛОС главен извршен директор на ЕДС

ЕДНА ДЕЦЕНИЈА СМЕ СТАБИЛЕН СНАБДУВАЧ И СИГУРЕН ПАРТНЕР НА ПАЗАРОТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЕДС секогаш беше авангардна компанија со воведување новини во работењето, како во трговскиот, така и во снабдувачкиот бизнис на пазарот за електрична енергија. Последна новина во работењето на ЕДС ќе биде интеграцијата на трговијата и снабдување со електрична енергија и природен гас за што ЕДС веќе се стекна со лиценца за трговија и снабдување со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.


37

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135


11 НОЕ. 2022

38 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

E

nergy Delivery Solutions (ЕДС) во текот на октомври годинава одбележи 10 години успешна работа на македонскиот енергетски пазар. Компанијата во текот на изминатата деценија со своето делување, кое е секогаш во согласност со највисоките професионални и корпоративни стандарди, изгради имиџ на лидер во областа на трговија со електрична енергија на пазарот за квалификувани потрошувачи. Преку деловната одлука на грчката национална енергетска компанија PPC SA (Public power corporations) стратешки да инвестира во земјава, ЕДС во 2018 година стана дел од корпорацијата која што важи за енергетски гигант во југоисточна Европа. Со главниот извршен директор на ЕДС, г-дин Јанис Јанопулос разговаравме околу успесите на компанијата, но и предизвиците со коишто се соочува поради добро познатите состојби на пазарот за електрична енергија изминатиов период.

XГосподин X Јанопулос, првин честитки за успешното 10-годишно работење на ЕДС на македонскиот пазар. Кои се најзначајните постигнувања на компанијата изминатава деценија, односно како е позиционирана таа денеска во бизнис- сегментот трговија со електрична енергија? Од самото основање на ЕДС, постигнувањата се навистина значителни за една компанија која како локален субјект прерасна во препознатлив регионален бренд. Клучни моменти кои денес ја дефинираат ЕДС се: членување на HUPX/HUDEX берзата за електрична енергија, трговско одделение со лиценцирани трговци на релевантните европски берзи, одржување на најголемата балансна група на македонскиот електро -пазар, водечка позиција на пазарот како и тоа што ЕДС е дел од ППЦ групацијата. Во своето едно - децениско работење, ЕДС, практично, беше најинтензивниот лобист за либерализација на пазарот на електрична енергија во Република С. Македонија заедно со имплементацијата на потребното законодавство – директивите за внатрешен пазар на енергија на Европската Унија. Денес ЕДС е акционерско друштво со најголем основачки капитал помеѓу останатите снабдувачи со 5,5 милиони евра.

XКои X се новитетите во работењето што ги промовирате по повод значајниот јубилеј? ЕДС секогаш беше авангардна компанија со воведување новини во работењето, како во трговскиот, така и во снабдувачкиот бизнис. Први почнавме да откупуваме енергија произведена од обновливи извори кои немаа статус на повластен производител со што придонесуваме кон енергетската транзиција, први воведовме понуди и снабдување по индексирани цени кога пазарот не нудеше долгорочно хеџирање по фиксни цени, први воведовме договори со претплата за да можат клиентите да искористат најниски цени на пазарот, први воведовме формирање цени по часовен профил на потрошувачите за оние индустрии кои работат ноќно време за да можат да ги намалат трошоците за енергија користејќи ги ноќните ниски часовни цени. ЕДС, во новиот Закон за енергетика од јуни 2018 година, се избори за обезбедување пристап (на сите снабдувачи) до базата на податоци на сите комерцијални потрошувачи, со што оперативниот дел од работењето на снабдувачите се искачи на многу помодерно ниво со современи IT алатки обезбедени од операторот на дистрибутивниот систем. Последна новина во работењето на ЕДС ќе биде интеграцијата на трговијата и снабдување со електрична енергија и природен гас за што ЕДС веќе се стекна со лиценца за трговија и снабдување со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. XИзминатиов X период, откако почнаа проблемите со високата берзанска цена на електричната енергија, голем број корисници се соочија со несигурни снабдувачи, договорите им се раскинуваа и слично. Колку, во вакви околности, е значаен токму капацитетот на ЕДС, поткрепен од 2018 година и со поддршката од новиот сопственик PPC, да одговори на ваквите предизвици? Портфолиото на ЕДС просто експлодира во периодот од крајот на 2021 година кога голем број помали снабдувачи не можеа да ја издржат променливоста и нестабилноста на пазарната цена на електрична енергија, им ги раскинуваа договорите на своите клиенти и ги зголемуваа своите обврски кон МЕПСО АД во рамки на балансниот механизам. ЕДС покажа дека е компанија која може сето ова да го издржи

без да ги наруши сигурноста во снабдувањето на својата балансна група како и стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Несомнено, во таквиот потфат ЕДС беше поддржана од својата мајка фирма со корпоративна гаранција кон финансиските институции кои го подржуваат нашето секојдневно оперативно работење. Негативните искуства на потрошувачите кои во есента 2021 година останаа со раскинати договори за снабдување со електрична енергија и беа изложени на нови договори по многу повисоки цени, покажаа дека во овој бизнис од особена важност е капиталната структура на снабдувачите. Имено, штетите кои засегнатите потрошувачи ги претрпеа не можат да се надоместат од друштва со ограничена одговорност во кои основачкиот капитал е на ниво на законскиот минимум. Тој минимум не обезбедува никаква гаранција при евентуално кршење на договорните обврски од страна на снабдувачот. XМеѓутоа, X од друга страна, се соочувате и со зголемено неплаќање на испорачаната струја од страна на ваши корисници, претежно јавни претпријатија формирани од општините. Како ги менаџирате овие проблеми, и кои се вашите препораки за да се ублажат и надминат овие состојби? И покрај нашето разбирање дека станува збор за комунални претпријатија кои обезбедуваат неопходни услуги за нормален живот на граѓаните, сепак, сметаме дека во јавниот сектор недостасува чувство на одговорност кон добавувачите, особено кон добавувачите на, исто така, неопходни услуги. Се обидуваме да соработуваме со оние јавни институции чии долгови кон ЕДС се пораснати на критично ниво. Во соработката очекуваме да видиме дека јавната институција навистина е заинтересирана за решавање на проблемот и дека ги исцрпува сите можности за подмирување на долгот, но најважно од сè очекуваме заемно почитување. Еден од принципите кои овие проблеми можат да ги минимизираат е законската обврска на јавните комунални претпријатија да издадат банкарска гаранција кон снабдувачот за сервисирање на своите обврски, но искрено, оваа законска обврска ниту една


39

Јанис Јанопулос главен извршен директор на ЕДС

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Портфолиото на ЕДС просто експлодира во периодот од крајот на 2021 година кога голем број помали снабдувачи не можеа да ја издржат променливоста и нестабилноста на пазарната цена на електрична енергија, им ги раскинуваа договорите на своите клиенти и ги зголемуваа своите обврски кон МЕПСО АД во рамки на балансниот механизам. ЕДС покажа дека е компанија која може сето ова да го издржи без да ги наруши сигурноста во снабдувањето на својата балансна група како и стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Несомнено, во таквиот потфат ЕДС беше поддржана од својата мајка фирма со корпоративна гаранција кон финансиските институции кои го подржуваат нашето секојдневно оперативно работење. институција ја нема испочитувано – додека, редовно, во јавните набавки се бара симетрична обврска од снабдувачот. Законот предвидува дека и најкритичната инфраструктура може да биде исклучена од мрежата за снабдување со електрична енергија доколку не се испочитува оваа обврска. ЕДС ги користи сите можни начини да не дојде до исклучување на снабдувањето со електрична

енергија во институции како што се, на пример: здравствени домови, образовни институции, водоснабдувачки капацитети и слично, но доколку институцијата не покаже минимум способност и желба да се справи со проблемот, ЕДС наместо исклучување, се одлучува да им ги раскине договорите со цел побарувањата да не продолжат да растат, а институциите да не останат без електрична енергија.

Нашите препораки до јавните институции, со цел намалување на ваквите проблеми, е прецизно определување на буџетите за јавните набавки на електрична енергија како и крајно рационално трошење на енергијата. XКакви X се вашите прогнози за тоа што нè очекува на европскиот енергетски пазар, ќе се доведе ли цената на струјата во некакви „разумни“ граници во догледно време?


11 НОЕ. 2022

40 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Прогнозирање на развојот на берзанските цени е многу неблагодарно и невозможно. Никој не може да знае до кога би траела безбедносната криза на истокот од Европа и дали истиот предизвик ќе има помало влијание врз цените на енергенсите во остатокот од оваа зима. Веќе е извесно, и објавено, дека земјите на Европската Унија ги имаат наполнето своите задолжителни резерви на природен гас на ниво од 90 % што претставува 15 % поголеми количини од истиот период минатата година. Доколку потрошувачите на природен гас во Европа се придржуваат кон препораките за штедење на гасот, и во извесна мера се откажат од удобноста на која Европа е навикната, тогаш може да се очекува дека цените на гасот по Нова година ќе се намалат, а со тоа ќе се намали и притисокот врз цените на електрична енергија. Што се однесува до „нормалното“ ниво на цените, тие во догледна иднина нема да се вратат на ниво од пред пандемијата. Но, и покрај евентуалната стабилизација на цените, на подолг рок тие многу ќе зависат од политичкиот однос помеѓу Европа и Руската Федерација.

Република С. Македонија мора неодложно да работи на гасоводно поврзување најмалку со Грција (и дополнително со Србија и втор крак кон Бугарија) со цел да обезбеди високо ниво на безбедност, независност и сигурност во снабдувањето со природен гас. Пенетрацијата на природен гас на поголемиот дел од територијата на Република С. Македонија ќе обезбеди продолжување на животниот век на термоцентралите Битола и Неготино каде лигнитот, односно мазутот би биле заменети со природен гас и би се искористила со децении изградената оперативна експертиза на персоналот во овие македонски енергетски капацитети.

XКакви X се вашите размислувања во врска со енергетските перспективи на Европа на долг рок, вклучително и Балканот и Република С. Македонија? Дали сметате дека „зелената агенда“ претерано се исфорсира, без да се размислува дека во транзицискиот период ќе бидеме оставени на милост и немилост на руските геостратешки интереси, што како ситуација сега во овој период гледаме дека ни се удира од глава? Како што споменав претходно, Европа има голема слабост кон удобниот живот кој во голема мера е обезбеден од пристапните цени за енергенсите увезени од Русија. Иднината на благосостојбата во Европа ќе мора да биде обезбедена по повисока цена од досегашната. Европа не мора трајно да се откаже од руските енергенси и потребната инфраструктура, но мора да обезбеди диверзификација во снабдувањето со енергенси и да ја плати потребната цена за алтернативните енергенси. Во таа смисла, и Република С. Македонија мора неодложно да работи на гасоводно поврзување најмалку со Грција (и дополнително со Србија и втор крак кон Бугарија) со цел да обезбеди високо ниво на безбедност, независност и

сигурност во снабдувањето со природен гас. Пенетрацијата на природен гас на поголемиот дел од територијата на Република С. Македонија ќе обезбеди продолжување на животниот век на термоцентралите Битола и Неготино каде лигнитот, односно мазутот би биле заменети со природен гас и би се искористила со децении изградената оперативна експертиза на персоналот во овие македонски енергетски капацитети. XВо X државава цената на струјата за домаќинствата се субвенционира, сега и некои бизниси ќе преминат на регулираниот пазар и слично, а каква е ситуацијата во Грција, на пример? Како беше организиран пазарот за електрична енергија до пред кризата, а како е сега? Пазарот и мерките во Грција и во Република С. Македонија не се разликуваат многу. Во Грција пазарот за домаќинствата и за бизнис - секторот е либерализиран во согласност со европските регулативи. Цената на струјата за домаќинствата се субвенционира како што се субвенционира и цената на струјата на бизнис- секторот. Субвенционирањето се реализира преку Фондот за енергетска транзиција и варира од 30 до 300 €/ MWh во зависност од потрошената енергија. Со таков агресивен начин на субвенционирање се очекува дека околу 80 % од зголемувањето на цените ќе биде апсорбирано од страна на Владата. За бизниссекторот, исто така, постои и субвенционирање не само на потрошената енергија, туку и посебно таргетирана финансиска помош за енергетската транзиција и зголемување на енергетската ефикасност како и за инсталирање на фотоволтаици на покривите и за батериски системи од голем обем. Буџетот на оваа програма беше речиси 650 милиони евра. XНајавувате X и активности што треба да придонесат за подобри услови за работа на енергетскиот пазар, па објаснете ни накратко за што се работи? ЕДС ќе ѝ предложи на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги да воведе измени во правилникот за лиценцирање, во смисла да се воведе минимален основачки капитал за друштвата кои аплицираат да добијат лиценца за снабдување со електрична енергија. Со некој разумен цензус


41

Јанис Јанопулос главен извршен директор на ЕДС

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

ЕДС ги користи сите можни начини да не дојде до исклучување на снабдувањето со електрична енергија во институции како што се, на пример: здравствени домови, образовни институции, водоснабдувачки капацитети и слично, но доколку институцијата не покаже минимум способност и желба да се справи со проблемот, ЕДС наместо исклучување, се одлучува да им ги раскине договорите со цел побарувањата да не продолжат да растат, а институциите да не останат без електрична енергија.

ќе се спречи нанесување штети кон потрошувачите од снабдувачи кои во основа се однесуваат шпекулативно на пазарот на електрична енергија. Тоа, исто така, ќе ја зголеми конкуренцијата меѓу снабдувачите што ќе биде од корист за потрошувачите. Еден од предизвиците со коишто се соочуваме произлегува од непрецизното планирање на буџетите за електрична енергија и проекциите за потрошувачка, особено кај јавните институции и претпријатија. Од особена важност е, и, секако, тоа ќе биде во корист и за ЕДС и за клиентите, надлежните сектори во компаниите и претпријатијата тендерите за набавка на електрична енергија да ги подготвуваат во согласност со

прецизните процени за потребната количина на електрична енергија. Поради тоа, ќе организираме едукативна работилница во којашто би вклучиле претставници на општините, јавните претпријатија основани од единиците на локалната самоуправа и нашите клиенти на која работилница предмет ќе бидат правилно планирање и буџетирање на потрошувачката на електрична енергија во компаниите, иднината и инвестициите во енергетскиот сектор во Македонија и, секако, начините како разумно да се користи електричната енергија и да се заштеди. Исто така, потребна е поголема контрола од страна на пазарниот оператор во однос на

однесувањето на снабдувачите кои кога ќе западнат во ликвидносни проблеми тоа не го соопштуваат и покрај законската обврска, и се обидуваат да го злоупотребат балансниот механизам со цел да не купуваат енергија на пазарот а, сепак, нивните клиенти да бидат снабдени со енергија (од МЕПСО како оператор на балансниот пазар на електрична енергија). Ваквото однесување се забележува веднаш, но надлежните досега во два наврата одбраа да го толерираат таквото однесување – во пролетта 2017 и есента 2021 година. Резултатот и во двата случаја беше катастрофален и за засегнатите потрошувачи, но и за МЕПСО АД. nnn


11 НОЕ. 2022

42 LIFESTYLE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

ИСТ ГЕЈТ МОЛ ПРОСЛАВИ ЕДНА ГОДИНА

Искажано преку бројки изминатата година во Ист Гејт Мол беа испиени над 300.000 кафиња, приготвени над половина милион оброци во рестораните, над 1 милион паркирани автомобили. Во трговскиот центар се наоѓаат 220 локали со 99% исполнетост и 40 киосци кои континуирано се во пораст. За сè ова се грижат над 2.500 вработени лица кај закупците, а за хигиената, обезбедувањето и функционалноста на трговскиот центар се грижат над 1.200 лица во три смени.

Д

еновиве шопинг молот Ист Гејт во Скопје одбележува една година од почнувањето со работа. За овие 365 дена, од официјалното отворање на Ист Гејт Мол, трговскиот центар работеше со полна динамика и реализираше голем број на кампањи и настани, од кои најголем дел стануваат нова традиција, велат од менаџментот. Трговскиот центар за една година регистрираше голем број на домашни и странски посетители и

се рангираше како најатрактивна урбана дестинација за забава, дружење и шопинг со уникатен микс на содржини и на брендови и ги надмина очекуваните предвидувања. За време на викендите Ист Гејт Мол бележи висока посетеност од Косово и Јужна Србија. Меѓу најуникатните настани изминатава година се вбројуваат трката Колорран, организирана во соработка со атлетското друштво Korrunners во која учествуваа над 2000 пријавени лица, со што

ја направивме првата трка во боја во нашата држава; ,,Italian Design Days” во соработка со Италијанската амбасада со коja имаме одлична соработка за што сме многу благодарни. За прв пат во нашата држава се случи настанот за електромобили со над 13 дистрибутери на електрични и хибридни возила, како и долго очекуваната и единствената продавница на H&M се отвори оваа година во месец август. Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков изјави: ,,Уникатниот


43

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков изјави: ,,Уникатниот микс на содржини, брендови, активности, кои се единствени во државата како и естетика и комфор е она што го прави Ист Гејт Мол водечки центар што дополнително ги поттикнува посетителите да го посетат.”

микс на содржини, брендови, активности, кои се единствени во државата како и естетика и комфор е она што го прави Ист Гејт Мол водечки центар што дополнително ги поттикнува посетителите да го посетат.” Искажано преку бројки изминатата година во Ист Гејт Мол беа испитени над 300.000 кафиња, приготвени над половина милион оброци во рестораните, над 1 милион паркирани автомобили. Во трговскиот центар се наоѓаат 220 локали со 99% исполнетост и 40 киосци кои континуирано се во пораст. За сè ова се грижат над 2.500 вработени лица кај закупците, а за хигиената, обезбедувањето и функционалноста на трговскиот центар се грижат над

1.200 лица во три смени. Овие бројки го заокружуваат она што е цел во следните години или 1001 причина да се посети Ист Гејт Мол како ,,Оne stop mall” каде што со една посета може да се извршат сите финансиски обврски како плаќање на сметки, поштенски услуги, но и одличен шопинг, широк избор на храна за сечиј вкус, богат избор на козметика, забава за сите возрасти, како и иновативен и уникатен фитнес центар. “До крајот на оваа година, кампањите и настаните продолжуваат, а започнуваат со славењето на нашиот прв роденден овој викенд 5-6 ноември со многу подароци и попусти, потоа Денови на италијанска кујна од 10 до 14

ноември, Новогодишен и Божиќен базар и многу други активности. Голем дел од посетителите доаѓаат со целото семејство каде најмалите уживаат во нашиот популарен електричен воз и игротеката, додека повозрасните имаат уникатно шопинг искуство како и место за забава и дружба. Ист Гејт Мол се заблагодарува на сите вработени, и на сите закупци во трговскиот центар, сите соработници, партнери, пријатели и медиуми со кои за оваа една година направивме многу, а планираме да реализираме уште многу проекти и настани заедно.”, додаде Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков. nnn


11 НОЕ. 2022

44 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

ПО ИНВАЗИЈАТА ВРЗ УКРАИНА ЗАПАДНИТЕ КОМПАНИИ СИ ОТИДОА ОД РУСИЈА

КОЛКАВА Е ЦЕНАТА ЗА НАПУШТАЊЕТО НА 140 МИЛИОНСКИ ПАЗАР?


45

11 НОЕ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Еден од гигантите во автомобилскиот сектор којшто не работи повеќе во Русија е и американски Ford, којшто отпиша 122 милиони долари откако го сопре работењето во Русија и го продаде својот удел во компанијата што ја имаше со руски партнери. Освен американските производители, кон бојкотот се придружи и јапонски Nissan, којшто во октомври објави дека своите руски бизниси ќе ги “предаде на субјект во државна сопственост за еден долар“, со што ќе загуби околу 700 милиони долари.

Под притисок на домицилните влади, инвеститорите и потрошувачите, многу западни компании почнаа да ги повлекуваат своите инвестиции, да затвораат продавници и стопираат продажби во Русија. Некои од нив, откако прво презедоа привремени мерки, потоа одлучија сосема да ја напуштат земјата. Голем број западни компании што го почнаа процесот на повлекување од Русија обелоденија колку тоа всушност ќе ги чини. А богами, не е малку.

О

ткако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија врз Украина на 24 февруари годинава, мултинационалните компании што имаа бизниси во Русија мораа да ги преиспитаат своите позиции во оваа земја. Некои од нив, како McDonald’s, PepsiCo и Shell, веќе имаа изградено односи со Русија што траеја неколку децении и се соочија со компликувани правно-економски предизвици. Под притисок на домицилните влади, инвеститорите и потрошувачите, многу западни компании почнаа да ги повлекуваат своите инвестиции, да затвораат продавници и стопираат продажби во Русија. Некои од нив, откако прво презедоа привремени мерки, потоа одлучија сосема да ја напуштат земјата. Голем број западни компании што го почнаа процесот на повлекување од Русија обелоденија колку тоа всушност ќе ги чини. А богами, не е

малку. Меѓу мноштвото од големи имиња издвоивме само дел, од различни сектори, за да видиме како напуштањето на рускиот пазар влијаело на нивното работење. Во делот на малопродажните ланци за облека, Adidas пријави еднократен трошок од околу 500 милиони евра, коишто компанијата ги загуби откако излезе од Русија, додека шведскиот трговски ланец H&M проценува дека гасењето на неговите руски бизниси ќе ги чини околу две милијарди шведски круни, или околу 184 милиони долари. Сопственикот на Zara, пак, пријави провизија од 216 милиони долари по продажбата на сите свои продавници низ Русија на групата Daher со седиште во Обединетите Арапски Емирати. Американската компанија Levi Strauss&Co објави дека ќе има трошоци од 0,15 долари по акција како последица од намалувањето на имотот, фабриките, продавниците итн.


11 НОЕ. 2022

46 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

u Автомобилска индустрија

Кога сме кај автомобилската индустрија, многу производители исто така ја напуштија Русија, па овие мораа повторно да почнат сопствено производство, а се зборуваше и за легендарниот Москвич што наводно Русите ќе го вратат повторно на патиштата. Еден од гигантите во овој сектор којшто не работи повеќе во Русија е и американски Ford, којшто отпиша 122 милиони долари откако го сопре работењето во Русија. Освен американските производители, кон бојкотот се придружи и јапонски Nissan, којшто во октомври објави дека своите руски бизниси ќе ги “предаде на субјект во државна сопственост за еден долар“, со што ќе загуби околу 700 милиони долари. Францускиот производител на возила Renault го продаде својот мнозински удел во Русија на најголемиот руски производител на автомобили Автоваз, но извести и за загуба од 867 милиони евра којашто се натрупа по излегувањето од Русија. Одделот за камиони на Volkswagen, Traton, во септември објави дека отпишувањето на одреден имот во Русија би донело загуба од 550 милиони евра, додека Volvo пријави загуба од 432 милиони евра, откако ги сопре активностите во Русија. u Банки и осигурителни

компании

Гигантот од Волстрит, Citigroup, во август објави дека ќе го затвори целиот свој бизнис со банкарство на мало во Русија и дека поради тоа очекуваат загуба од 170 милиони долари во следните 18 месеци. Француската банка Credit Agricole, во првиот квартал прогнозираше загуба од околу 500 милиони евра поради својата изложеност во Русија. Италијанската осигурителна компанија Generali во август прокнижи намалување на вредноста од 138 милиони евра, додека Raiffeisen AG забележа загуба од 301 милион евра во првиот квартал. Италијанската UniCredit во првиот квартал имаше загуба од 1,3 милијарди евра, додека UBS, најголемата швајцарска банка во април соопшти дека руската инвазија ја чинела околу 100 милиони долари. u Енергетски сектор

Британскиот нафтен гигант BP забележа неготовински отпис на своите удели во Роснефт и две други заеднички вложувања во износ од 24 милијарди долари во првиот квартал. Италијанската енергетска компанија Enel во јуни се согласи

Британскиот нафтен гигант BP забележа неготовински отпис на своите удели во Роснефт и две други заеднички вложувања во износ од 24 милијарди долари во првиот квартал. Италијанската енергетска компанија Enel во јуни се согласи да ги продаде своите 56,4% удел во Енел Русија за околу 137 милиони евра со негативен учинок од околу 1,3 милијарди евра. да ги продаде своите 56,4% удел во Енел Русија за околу 137 милиони евра со негативен учинок од околу 1,3 милијарди евра. Норвешкиот Equinor во првиот квартал призна нето намалена вредност од 1,08 милијарди долари во врска со имотот во Русија откако престана да тргува со руска нафта и ги затвори тамошните операции. Уште еден нафтен џин, ExxonMobile, објави отпис од 3,4 милијарди долари по излегувањето од Русија, а австрискиот OMV објави во април дека во првите три месеци забележале загуба од две милијарди евра поради повлекувањето од Русија. Shell, пак, објави загуба од пет милијарди долари. Француската компанија за нафта и гас TotalEnergies забележа намалување на вредноста од вкупно 10,7 милијарди долари поврзано со Русија, при што последната сума е 3,1 милијарди долари во третиот квартал. u Храна и пијалаци

Белгиската пиварница AB InBev загуби 1,1 милијарда долари, а дански Carlsberg 1,28 милијарди долари. Холандски Heineken пак остана покус за околу 400 милиони долари. Француската компанија за прехранбени продукти Danone соопшти дека почнала со префрлање на контролата на својот млекарски бизнис во Русија, којшто зафаќа околу 5% од вкупните продажби. Овој чекор Danone го опиша како “најдобра опција за да се обезбеди долгорочна

одржливост за локалниот бизнис, вработените, потрошувачите и партнерите.“ Овој трансфер ги завршил со отпис на околу една милијарда долари од билансите на компанијата. Најголемиот, пак, светски ланец за брза храна McDonald’s загуби околу 1,4 милијарди долари поради своето напуштање на рускиот пазар. Компанијата уште во март објави дека привремено ги затвора своите околу 850 ресторани во Русија, а потоа одлучи да ги продаде на руски купувач на франшизата. u Технологија

Amazon Web Services го стопираше прифаќањето на нови клиенти од Русија за своите cloud computing услуги. Apple ги сопре продажбите ви Русија во март, тргна две медиумски платформа под руска државна контрола од својата App Store, и го сопре сиот извоз во земјата. Google го укина рекламирањето, вклучително и на своите пребарувачки и YouTube продукти. YouTube изјави дека глобално ќе ги блокира сите канали поврзани со медиуми финансирани од руската држава, вклучително Russia Today и Sputnik. IBM објави во март дека ги прекинува сите бизниси во Русија, исто како и Intel. SAP, германскиот софтверски гигант, изјави дека ги прекинува своите операции во Русија после повеќе од три децении присуство на тој пазар. Компанијата рече дека веќе ги прекинала продажбите во Русија и Белорусија. nnn



11 НОЕ. 2022

48 ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

ЗАКЕРБЕРГ НАЈАВИ НАЈГОЛЕМИ ОТПУШТАЊА ВО 18-ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА НА КОМПАНИЈАТА

НА META (FACEBOOK) НЕ МУ ЦУТАТ РОЗИ

Оваа година, поради бројните деловни предизвици, инфлацијата, зголемените каматни стапки и падот на буџетите на огласувачите, компанијата изгуби повеќе од 500 милијарди долари од својата пазарна вредност.

М

алку постарите веројатно се сеќаваат на репликата од славниот лик на директорот Среќко Шоиќ во легендарниот филм “Тесна кожа“: “А не цутат рози ниту во нашето претпријатие“. Марк

Закерберг, основачот и извршен директор на Meta, претходно Facebook, сигурно не е ноторен “хохштаплер“ како филмскиов јунак, но и тоа како има причина да си ги врти овие мисли во својата глава деновиве. Откако минатата недела беше објавен нов пад на

приходите на корпорацијата, втор по ред, сега се најавуваат масовни отпуштања, најголемото отпуштање во 18-годишната историја на Meta. Оваа година, поради бројните деловни предизвици, инфлацијата, зголемените каматни стапки и падот на буџетите на огласувачите,



11 НОЕ. 2022

50 ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС

KAPITAL.MK I БРОЈ 1135

Инвеститорите во Meta велат дека компанијата почнала да ја губи нивната доверба бидејќи ги зголемила трошоците и почнала да се фокусира на метаверзумот. Очигледно, на акционерите не им се допаѓа идејата на Закерберг за метаверзум, како и најавената десетгодишна потрошувачка од десет милијарди долари за него.

компанијата изгуби повеќе од 500 милијарди долари од својата пазарна вредност. Секако, тоа не можеше да помине без последици, меѓу другото и најавените отпуштања. Речиси сите платформи поддржани од реклами, како што се Facebook, и Google на Alphabet, страдаат од намалување на трошењата на огласувачите, а тоа особено важи за Meta, која во голема мера се потпира на парите за дигитални реклами, кои досега се вртеа во износи од стотици милијарди долари. Сепак, далеку се тие од тоа да ги сожалуваме. И покрај тоа што најголемиот дел од тие пари доаѓаат од големите компании, од кои се очекува прво да ги намалат своите маркетинг трошоци и буџети, на Meta и понатаму ѝ остануваат милиони мали и средни бизниси кои продолжуваат да трошат помали, но редовни суми.

Маки и со конкуренцијата

Во овој случај, Meta ја мачи и конкуренцијата како Tik Tok, но и големата загриженост околу ненормалното трошење на метаверзумот, од кое што Закерберг очигледно нема намера така лесно да се откаже. Тоа го покажува и неговата изјава во која рече дека „очекува дека ќе бидат потребни десетина години инвестициите во метаверзумот да дадат позитивни резултати“. Во меѓувреме, вели тој,

мора да ги реорганизира тимовите за да ги намали трошоците. Веќе штом излегоа разочарувачките резултати од третиот квартал, тој најави дека бројот на вработени може драстично да се намали. „Во 2023 година нашите инвестиции ќе ги насочиме на мал број области со висок приоритет. Ова значи дека некои тимови значително ќе пораснат, но повеќето други тимови ќе останат исти или ќе се намалат во текот на следната година. Севкупно, очекуваме да завршиме во 2023 година или како приближно иста големина или дури и малку помала организација отколку што сме денес“, рече Закерберг. Мета моментално има околу 87.000 вработени ширум светот кои работат на различни платформи, вклучувајќи ги Facebook, Instagram и WhatsApp. Компанијата уште во јуни ги намали плановите за ангажирање инженери за најмалку 30 отсто, а акционерот на Мета, Altimeter Capital Management, претходно во отворено писмо го предупреди Закерберг дека „компанијата мора да се рационализира со намалување на бројот на работни места и капитални расходи“. Акционерите додадоа и дека Meta ја изгубила довербата на инвеститорите бидејќи ги зголемила трошоците и почнала да се фокусира на метаверзумот.

Очигледно, на акционерите не им се допаѓа идејата на Закерберг за метаверзум, како и најавената десетгодишна потрошувачка од десет милијарди долари за него.

Може да бидат отпуштени 10-20% од вработените

Аналитичарите очекуваат Meta да отпушти околу 10 отсто од своите вработени, но додаваат дека од сегашните 87.000 вработени, 42.000 од нив биле вработени во последните две години или од почетокот на пандемијата. Ваквиот брз раст секако не бил добар, а аналитичарите заклучуваат дека ниту тие 10 отсто нема да бидат доволни и дека треба да се зборува за најмалку 20 отсто за да се „стабилизира“ компанијата. Акциите на Мета на берзата ја задржаа цената од околу 93 долари по најавата на отпуштањата, а веројатно иднината на Meta како и цената на нејзините акции ќе зависи од иднината на метаверзумот. За крај да се додаде дека освен Meta, отпуштања најавуваат и други технолошки компании. Ова минатата недела го објавија компаниите од Stripe и Lyft. Amazon сè уште не го објави тоа, но тие ги замрзнаа сите нови вработувања во нивните корпоративни канцеларии, додека Илон Маск отпушти приближно половина од 7.500 вработени веднаш штом го презеде Twitter. nnn