1131- Kapital magazin

Page 1

ЕКОНОМИЈА

ИНТЕРВЈУA

РАСТЕ ОСИГУРУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА, НАЈМНОГУ ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО business magazine

ИВАН ШТЕРИЕВ главен извршен директор на Македонска берза

БРОЈ 1131 l 16 септември 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

НОВИОТ СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИТОР И ВЛЕЗОТ ВО ЦДХВ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ РАЗВОЈНИ МОЖНОСТИ

COVER STORY ИНФЛАЦИЈА:

КОШМАРОТ СЕ ВРАТИ!

ЛЕНЧЕ ЗИКОВА

основач и директор на Институт Концепт

СО АМЧАМ НА ТЕМА... ЕУ РЕГУЛАТИВАТА ВО ПОЛЕТО НА ESG И МОЖНИТЕ ЕФЕКТИ ВРЗ МАКЕДОНСКИТЕ ДРУШТВА

INTERVIEW

ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА

ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ПРОКРЕДИТ БАНКА

ESG КОНЦЕПТОТ Е ОСНОВА ЗА ОДРЖЛИВО ФИНАНСИРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАНКИТЕ

ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ГРАДИМЕ УСПЕШНА ПРИКАЗНА – ПОДДРШКА НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ЗА ПОКВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ



3

КАПИТАЛ... 1131

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

14

06

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Инфлација: кошмарот се врати!

Емилија Спировска член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

„Совршената бура“ предизвика „совршен“ ценовен шок

16 СЕП. 2022

ESG концептот е основа за одржливо финансирање oд страна на банките

24

ИНТЕРВЈУ

Ленче Зикова основач и директор на Институт Концепт

Една деценија градиме успешна приказна – поддршка на домашните компании за поквалитетни човечки ресурси

20

ЕКОНОМИЈА

Финансиски пазар

Расте осигурувањето во Македонија, најмногу приватното здравствено

36

32

ИНТЕРВЈУ

КОЛУМНА

Иван Штериев

Со АмЧам на тема...

ЕУ Регулативата во полето на ESG и можните ефекти врз македонските друштва

главен извршен директор на Македонска берза

Новиот стратешки инвеститор и влезот во ЦДХВ за дополнителни развојни можности

COVER STORY Инфлација: кошмарот се врати!......06 „Совршената бура“ предизвика „совршен“ ценовен шок

КОЛУМНА Со АмЧам на тема..........................................32 ЕУ Регулативата во полето на ESG и можните ефекти врз македонските друштва

ИНТЕРВЈУ Емилија Спировска.......................................14

ИНТЕРВЈУ Иван Штериев....................................................36

член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

главен извршен директор на Македонска берза

ESG концептот е основа за одржливо финансирање на банкитеж

Новиот стратешки инвеститор и влезот во ЦДХВ за дополнителни развојни можности

ЕКОНОМИЈА Финансиски пазар.........................................20 Расте осигурувањето во Македонија, најмногу приватното здравствено ИНТЕРВЈУ Ленче Зикова......................................................24 основач и директор на Институт Концепт

Една деценија градиме успешна приказна – поддршка на домашните компании за поквалитетни човечки ресурси

ЕКОНОМИЈА Европа пред нов предизвик................44 Се создава нова и профитабилна индустрија на рециклирање БАЛКАН Кириите во Загреб и другите хрватски градови поскапуваат.........48 Едни од „виновниците“ се инженерите на Римац и Украинците

44

ЕКОНОМИЈА

Европа пред нов предизвик

Се создава нова и профитабилна индустрија на рециклирање

СВЕТ Замина кралицата Елизабета Втора..............................................52 Учествуваше во Втората светска војна, преживеа ПРЕТПРИЕМНИШТВО Бизнис know how.............................................56 Пет модели за успех на пазарот КАРИЕРИ Автентичност на работа..........................58 Можеме ли на работното место да бидеме она што сме ЛИДЕРИ Рекоа за.................................................................60 Инфлацијата

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 15.09.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


16 СЕП. 2022

4 ВО ФОКУС

Фото: Fareed Khan/AP

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

СВЕТОТ ИТА КОН “НЕПОЗНАТА ТЕРИТОРИЈА НА ДЕСТРУКЦИЈА“

Ш

ансите на светот да ги избегне најлошите последици од климатските промени забрзано се намалуваат, бидејќи влегуваме во “непозната територија на деструкција“, велат водечки светски научници. Не успеавме да ги намалиме доволно штетните емисии во атмосферата и не презедовме акции потребни за избегнување на катастрофата, се вели во извештајот на организацијата United in Science (Обединети во науката) објавен во вторникот, 13 септември. Актуелните поплави во Пакистан, каде што се тврди дека под вода е една третина од територијата на државата, е најновиот пример за последици од екстремни временски промени, коишто ја разоруваат планетата. nnn



6 COVER STORY 16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

COVER STORY


ИНФЛАЦИЈА: КОШМАРОТ СЕ ВРАТИ

7

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

„СОВРШЕНАТА БУРА“ ПРЕДИЗВИКА „СОВРШЕН“ ЦЕНОВЕН ШОК

Во светот се користи терминот „совршена бура“ за феноменот кога сплет од неколку фактори коишто се случуваат истовремено доведува до катастрофален резултат на крајот. Токму како „совршена бура“ може да се опише ова што на светската економија и се случува сега. За волја на вистината, сплетот од фактори е од подолготраен карактер во случајов со растечката инфлација, но ефектот што го чувствуваме во моментов е разорен: имаме раст на цените каков што не памтиме последниве неколку децении.


16 СЕП. 2022

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Поскапува буквално сè, храна, горива, комуналии, услуги од секаков тип... Граѓаните нервозно шетаат од продавница до продавница во потрага по некакви попусти, акции и сл., со цел да поминат колку што можат поевтино, но тоа станува се’ потешко од ден на ден, додека Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека вредноста на минималната синдикална кошница со вклучена инфлација, односно трошоци за живот, за месец јули изнесувала 47.000 денари. Во јуни минималната кошница изнесувала 39.710 денари, што претставува зголемување од 7.332 денари на минималните трошоци за живот за само еден месец. автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ „Ако инфлацијата продолжи да дивее, ќе треба да работиш како пес само за да можеш да живееш како пес...“

О

ва се зборовите на Џорџ Гобел, поранешен американски ТВ комичар, иако нема ни малку причини за хумор овие денови кога секое наше влегување во продавница е проследено со шок од покачените цени. Поскапува буквално се’, храна, горива, комуналии, услуги од секаков тип... Граѓаните нервозно шетаат од продавница до продавница во потрага по некакви попусти, акции и сл., со цел да поминат колку што можат поевтино, но тоа станува се’ потешко од ден на ден, додека Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека вредноста на минималната синдикална кошница со вклучена инфлација, односно трошоци за

живот, за месец јули изнесувала 47.000 денари. Минималната кошница не може да ја покријат ниту семејствата каде што има двајца вработени кои имаат примања во висина на просечна плата и една минимална плата, велат од Синдикатот. Во јуни минималната кошница изнесувала 39.710 денари, што претставува зголемување од 7.332 денари на минималните трошоци за живот за само еден месец. Во трката со растечките цени пополека го губиме здивот и во главите на луѓето што памтат некои времиња од пред 30-40 години се појавува злокобната мисла: зарем е можно кошмарот да се врати?

Зошто ни се случува инфлација?

Инфлацијата со години наназад беше ниска, но минатата, 2021 година, почнаа да се забележуваат скокови на цените во целиот свет. Како што почнаа забрзано да се отвораат економиите со стивнувањето на пандемијата, луѓето почнаа повеќе да купуваат

секакви производи и услуги, пуштајќи ги во оптек парите што не можеле да ги потрошат за време на карантините и ограничувањата. Во периоди кога се засилува економскиот раст на компаниите им е полесно да ги креваат цените, а притоа да не ги загубат купувачите. Но, во еден момент ќе им стане тешко на фирмите да држат чекор со побарувачката која забрзано расте, во услови кога е тешко да се обноват синџирите на снабдување коишто беа сериозно нарушени за време на пандемијата. Поради тешкотиите како што е недостиг на бродски контејнери, превозот на стоки стана потежок и поскап. Нагло се појави и недостиг на клучни делови, како што се микрочиповите, коишто се вградуваат во буквално се’ со коешто живееме и работиме: телефони, компјутери, домашни апарати, автомобили... Кога производителите не може да држат чекор со побарувачката , цените растат. Цените на енергијата исто така почнаа да растат уште од 2021 година, на што влијаеја повеќе


9

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

фактори: недостиг на ветер во В. Британија поради што не работеа ветропарковите; сушите во Бразил поради коишто имаше помало производство во хидроелектраните; студената зима 2020/2021 поради којашто се намалија залихите на нафта и гас. Сето ова се случува во исто време кога се зголеми побарувачката за енергенси од Кина, Индија и останатите големи потрошувачи, поради повторното отворање на економиите. Со оглед дека голем дел од трошоците на компаниите и граѓаните е поврзан со енергијата, цената на нафтата, гасот и електричната енергија е многу важна за вкупната инфлација: повеќе од половина на порастот на инфлацијата е предизвикан поради поскапената енергија. И кога мислевме неволјите за светската економија ќе останат во 2021 година, дојде 24 февруари 2022, кога Русија ја почна нејзината „специјална операција“ во Украина, или класична воена инвазија за сиот нормален свет.

Цените на гасот, веќе покачени уште од претходната година, сега почнаа да ги рушат сите можни рекорди, со што и цената на струјата во Европа нагло се покачи (во периодот на т.н. зелена транзиција, односно додека не се префрлат целосно на обновливи извори на енергија, земјите од ЕУ се потпираа на евтиниот руски гас како клучен инпут во производството на струја) па периодов достигна и неверојатни 1.000 евра за мегават – час во Франција и Германија. Во светот се користи терминот „совршена бура“ за феноменот кога сплет од неколку фактори коишто се случуваат истовремено доведува до катастрофален резултат на крајот. Токму како „совршена бура“ може да се опише ова што на светската економија и се случува сега. За волја на вистината, сплетот од фактори е од подолготраен карактер во случајов со растечката инфлација, но ефектот што го чувствуваме во моментов е разорен: имаме раст на цените каков што не памтиме последниве

неколку децении.

Паника на обете страни од Атлантикот

Инфлацијата руши рекорди на обете страни од Атлантикот: најновите податоци од САД покажуваат дека инфлацијата пораснала повеќе од очекуваното во август, бидејќи поскапените цени на храната и домувањето го компензирале падот на цените на горивата. Индексот на потрошувачки цени, којшто следи поширока кошничка на стоки и услуги, пораснал за 0,1% и за 8,3% во однос на претходната година. Тамошните економисти очекуваа т.н. headline инфлација (која што за разлика од базичната или core инфлација, ги вклучува цените на храната и енергенсите) да падне за 0,1%, а базичната да порасне за 0,3%, па најновите податоци ги вознемирија и инвеститорите, што се виде со големиот пад на индексите во вторникот, 13 септември. Од централната банка на САД,

Активен депозит „ЗА МЕНЕ“

5%

Каматна стапка до

Секој месец повисока камата за денарски депозити до 24 месеци.


16 СЕП. 2022

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Федералните резерви, неодамна најавија дека ќе се држат цврсто до правецот на борба против инфлацијата, па дури и по цена да го загрозат економскиот раст, што секако не ги воодушеви инвеститорите, но дебатата за тоа кое е поголемото зло се’ уште трае во најмоќната економија на светот. Во Европа, ситуацијата е слична. Пред неколку денови, Европската централна банка ги зголеми своите референтни каматни стапки за досега рекордни 75 базични поени (0,75 процентни поени) и вети понатамошни зголемувања, давајќи и приоритет на битката против инфлацијата. Поради оваа промена, референтната стапка за 19-те земји кои го користат еврото сега ќе биде 0,75 отсто. Ова доаѓа по првото зголемување на каматните стапки од централната банка од 2011 година наваму, што се случи сега во јули, кога стапките беа подигнати на нула откако беа во негативна територија со години. „Очекуваме дополнително да ги зголемиме каматните стапки бидејќи инфлацијата останува премногу висока и веројатно ќе остане над нашата прогноза подолг временски период“, рече шефицата на ЕЦБ, Кристин Лагард, додавајќи дека одлуката е едногласна. Инфлацијата во еврозоната достигна 9,1% во август, главно поттикната од вртоглавото зголемување на трошоците за енергија и зголемените трошоци за храна. Од руската инвазија на Украина во февруари, Европа работи напорно за да ги замени фосилните горива што ги обезбедува Русија. Како одговор, Москва го намали количеството на природен гас што се испраќа во Германија и другите земји во Европската унија, зголемувајќи ги цените и принудувајќи ги владите да потрошат стотици милијарди евра за субвенционирање на трошоците за енергија за компаниите и луѓето.

Се зголемува опасноста од рецесија во Македонија

Глобалниот раст на цените секако дека се прелеа и во Македонија, бидејќи ние не сме изолиран остров на планетава. Државниот завод за статистика деновиве објави ново рекордно зголемување на инфлацијата за месец август. Трошоците на живот на годишно ниво се зголемени за 16,8%, а цените на мало за 14,2%. Лебот и житата се поскапени за 44%, месото за 23,3%, млекото, сирењето и јајцата за 27%, а маслото за јадење

Економистите сметаат дека ризиците од рецесија се највисоки во Европа, каде што растот на трошоците за живот предизвикан од инфлацијата е поврзан со можниот недостиг на гас. Ако Русија целосно го прекине снабдувањето со гас за ЕУ, рецесијата во еврозоната ќе стане новиот голем проблем за германската економија која ќе биде особено тешко погодена. А тоа веќе станува исклучително загрижувачко и за нашата економија, која над 80% од се што извезува го продава на европскиот пазар, од кои дури половина само во Германија.

за 47%. За овошје и зеленчук граѓаните во август плаќале за 7,3%, односно 13,6% повеќе од минатата година. Струјата на домаќинствата им е поскапа за преку 20%, гасот за дури 43,3%, течните горива за 45%, а топлинската енергија за 30%. Поскапени се и домашните услуги и услугите за домаќинства, за преку 30%, додека транспортот е поскапен за 17,4% во просек, при што најголем пораст имаат цените на горивата, за 34%. Според анализите на истражувачкиот институт Finance Think, инфлацијата во земјава се искачила на 12,3% на годишна основа. Овој раст на цените е скоро во целост движен од глобалните притисоци глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но тие се пренесоа и врз пошироката потрошувачка кошничка, особено во делот на домување, транспорт и ресторанско-хотелски услуги, велат од институтот. Според аналитичарите од Finance Think, неизвесноста во економијата останува висока, додека видливата стагфлација во вториот квартал од 2022 ќе станува поинтензивна до крајот на годината, со зголемена веројатност од рецесија од почетокот на идната година. „И покрај намалувањето на цените на храната на

глобалните пазари од јуни 2022, понатамошното зголемување на цените на енергенсите укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со претходните очекувања. Оттука, надолно ја ревидираме проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2.1% (од претходните 2.8%), додека проекцијата за годишната стапка на инфлација нагорно на 12.2% (од претходните 9.7%).“, велат од Finance Think.

Бизнис заедницата апелира за помош од државата

Растот на цените, особено на енергијата, создава нервоза и паника кај потрошувачите, иако во моментов, компаниите како да се повеќе загрижени за неизвесноста што следи зимава. Добар дел од граѓаните не се веројатно ни свесни дека цената што ја плаќаат за струја или парно, во моментов е далеку од пазарната (државата ја субвенционира струјата за домаќинства), бидејќи земјава не може да го произведе целото количество на струја што го троши, па увезува повеќе од 30-40% од потребите. А, моменталните цени на мегават – час на европските берзи за струја достигнуваат шокирачки нивоа од 700, 800, 900 евра и повеќе. Но, компаниите, како и јавните претпријатија, државни институции, агенции итн., се


ВРШИ РАБОТА, ШТЕДИ ПАРИ! Со Триглав Каско добивате бесплатно електрично заменско возило додека Вашето е на сервис.

0800 02 222

#онакога не мораш да ги откажуваш плановите за викендот затоа што колата ти ја задржале на сервис. Во соработка со Avant Car.


16 СЕП. 2022

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

на либерализираниот пазар за енергија, и нивните сметки изминативе месеци се покачени за неколку пати. Почнувајќи од најмалите бизниси, обични маалски маркетчиња, па до огромните потрошувачи во индустријата, како металургијата и сл., се фаќаат за глава со секоја наредна сметка за струја што им доаѓа. „На почетокот почнавме да добиваме повисоки сметки за 100, 200%. Мислевме дека тоа е страшно. Потоа почнаа да стигаат сметки и за 4,5, веќе и за 6 и 7 пати повисоки од вообичаеното. Ситуацијата е алармантна и апелираме како бизнис заедница до Владата и надлежните да им помогнат на компаниите, оти нема да го преживееме ова енергетско цунами.“, изјави деновиве во една телевизиска дебата Трајан Ангелоски од Сојузот на стопански комори. ССК предложи да се ограничи цената на струјата за стопанството, односно компаниите да ја плаќаат до одредено ниво, а над тоа државата од своите фондови да помогне. Од бизнис комората сметаат и дека државниот производител на струја ЕСМ мора да обезбеди дополнителни количини енергија од домашно производство за слободниот пазар и на овој начин да изврши одреден позитивен притисок за намалување на енормно високите цени. ССК се залага и за побрзи процедури за поставување фотоволтаици, односно ЕВН да дава енергетска согласност во рок од седум до десет дена, а останатата документација да се обезбедува во период од максимум 120 дена.

Фискалниот простор за реакција се стеснува

Македонските власти велат дека веќе преземаат таргетирани мерки за да ги ублажат последиците од инфлацијата кај посиромашните граѓани, бидејќи пандемијата не остави голем фискален простор за масовни трошења како последните две години. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, вели дека „за да ја надминеме инфлаторната криза потребни се храбри и одговорни економски одлуки, кои нема да се водат од дневно - политичката агенда. Тие ќе се засноваат на економските закони, силна анализа и јасна цел – стабилизација, надминување на кризата и економски раст“. „По пандемијата, фискалниот простор за реакција е намален,

Според аналитичарите од Finance Think, неизвесноста во економијата останува висока, додека видливата стагфлација во вториот квартал од 2022 ќе станува поинтензивна до крајот на годината, со зголемена веројатност од рецесија од почетокот на идната година. „И покрај намалувањето на цените на храната на глобалните пазари од јуни 2022, понатамошното зголемување на цените на енергенсите укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со претходните очекувања. Оттука, надолно ја ревидираме проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2.1% (од претходните 2.8%), додека проекцијата за годишната стапка на инфлација нагорно на 12.2% (од претходните 9.7%).“, велат од Finance Think. особено за земјите во развој. Оттаму, при креирањето на фискалните политики мора да се земе предвид и овој момент, со оглед на растот на цената на пазарите на капитал кој се очекува. Фискални мерки треба да има во секој случај, но фискалниот одговор за време на пандемијата и во текот на оваа ценовна криза, во секој случај треба да се различни, бидејќи различна е и природата на кризата и тековните услови за финансирање и спроведување на мерките“, истакнува министерот за финансии. Тој, исто така, наведува дека иако нашата земја има силен социјален систем, сепак одлуката за обемен пакет на фискални мерки од почетокот на годината бил во насока на забавување на инфлаторната спирала, поради високото учество на храната и енергијата, што е и постигнато. И додека од опозицијата велат дека „Владата не прави ништо за да го заштити стандардот на граѓаните и да им помогне на фирмите“, од Владата одговорија дека „премиерот Димитар Ковачевски е упорен и ги користи сите потенцијали за да обезбеди

доволно енергија за време на кризниот период, во пресрет на една од најтешките зими во повоената историја на Европа.“ „Посетата на Ковачевски на Грција резултираше со договори за непречено обезбедување на енергенси за непречено производство и употреба на електрична енергија. Постигнат е договор снабдувањето со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција да се одвива непречено во текот на целиот период, четвртиот квартал оваа година и првиот квартал идната година, со што непречено ќе функционираат производствените капацитети на јаглен во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“. Договор е постигнат и за непречено снабдување со мазут преку Грција со цел непречено да може да функционира ТЕЦ „Неготино“. Дури и во време кога се јавува недостиг на енергенси и електрична енергија во цела Европа, доколку има какво било ограничување од извозот од Грција, такво ограничување нема да биде воведено за Република Северна Македонија.“, соопштија од кабинетот на премиерот.

nnn



16 СЕП. 2022

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131


15

INTERVIEW

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

ESG КОНЦЕПТОТ Е ОСНОВА ЗА ОДРЖЛИВО ФИНАНСИРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАНКИТЕ Компаниите, вклучувајќи го и финансискиот сектор имаат исклучителна улога во поставување на здрава основа за водење на економијата на одржлив начин. Начин кој нема да ги загрози можностите на идните генерации да располагаат со ресурсите кои ние денес ги користиме, кој нема да прави компромис по здравјето на населението, третманот на вработените, деловната етика или грижата за животната средина, се со цел да оствари повисок профит. Управниот одбор на ПроКредит Банка.


16 СЕП. 2022

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ XМногу X e мало познавањето за значењето на терминологијата ESG, Ве молам објаснете каква е поврзаноста на ESG концептот со одржливиот развој на компаниите? Глобалните предизвици поврзани со климатските промени, социјалната нееднаквост, ранливоста на енергетските системи и одржливоста на социо -економското опкружување, во последните неколку години станаа исклучително битни теми кои треба да ја засегаат секоја една компанија, но и индивидуа. Тековниот економски модел на долг рок е едноставно неодржлив. Располагаме со ограничени планетарни ресурси за да очекуваме во недоглед нивно експоненцијално експлоатирање или пак да продолжиме со трендот на загадување, кое на крајот се одразува на квалитетот на живот на целото општество. Суровата трка за максимизирање на профитите често оди на товар на општеството, а тоа е стабилноста на еколошкиот систем и животната средина. Впрочем и не треба да не зачуди како сите овие еколошки предизвици со кои сега се соочуваме потоа се претопуваат во економски или социјални предизвици на нашата генерација. Компаниите, вклучувајќи го и финансискиот сектор имаат исклучителна улога во поставување на здрава основа за водење на економијата на одржлив начин. Начин кој нема да ги загрози можностите на идните генерации да располагаат со ресурсите кои ние денес ги користиме, кој нема да прави компромис по здравјето на населението, третманот на вработените, деловната етика или грижата за животната средина, се со цел да оствари повисок профит. Затоа, заради сите предизвици со кои се соочуваме постепено се менуваат очекувањата на пазарот за улогата и социо-еколошкото влијание кое го имаат компаниите. Ако во минатото се оценуваше успешноста на одредена компанија преку финансиските резултати и синонимот за успех беше профитот, денес се повеќе се следи какво е влијанието на компанијата на опкружувањето. Затоа, се повеќе од компаниите, дел заради барање на регулативата, останатите заради очекувањата на пазарот, го прилагодуваат сопствениот бизнис модел со практикување на одржливи мерки

на управување, уште и познат како ESG концепт на управување. ESG концептот дава конкретни насоки преку кои се управува, следи и мери влијанието на компаниите кон животната средина (Еnvironment), општеството (Social) и на корпоративно управување (Governance). Она што го прави ESG различен од претходните концепти на корпоративна одговорност или зелена одржливост е мерливоста на постигнатите резултати и транспарентност преку нефинансиското известување кое овозможува споредливост помеѓу различни индустрии и институции. Дополнително, преку нефинансиското известување кое веќе претставува стандард или регулатива во голем дел од западно развиениот свет, компаниите, ќе ги избираат своите бизнис партнери, а инвеститорите врз база на ESG концептот ќе одлучат во која компанија ќе инвестираат. Со тоа дополнително ќе направат притисок за прилагодување на сите останати компании кои се уште не го применуваат ESG концептот во сопственото работење. XШто X значи имплементација на Е компонентата од ESG концептот во бизнис стратегијата на една банка и како го следите и мерите во ПроКредит Банка? Кога станува збор за компонентата Е – environment или влијанието кон животна средина, се става акцент на еколошкото влијание кое го имаме преку нашите активности но и преку соработката со нашите клиенти и добавувачи. Конкретно преку мерење на нашето еколошко влијание, се обидуваме да ја минимизираме нашата емисија на стакленички гасови, заради што работиме на сопствената енергетска ефикасност, користиме обновливи извори на енергија, го редуцираме креирањето на отпад кој потоа го селектираме заради идно рециклирање, како и превземаме активности за намалување на аеро загадувањето преку користење на електрични возила. Така, до сега значајно ја намаливме употребата на хартија преку дигитализација на голем дел од нашите интерни процеси. Применуваме високи еколошки и енергетски стандарди при изградба, реновирање и опремување на нашата деловна мрежа со што потрошувачката на струја на м2 ја преполовивме во последните неколку години. Истовремено сме и лидери во електромобилноста каде 70% од нашиот возен парк вози на струја произведена

од фотоволтаичната централа поставена на кровот од нашата Централна управа. Влијанието кон животната средина го следиме и управуваме и преку соработката со клиентите во процесот на кредитирање, т.е. колку инвестициите кои ги финансираме придонесуваат за зголемена или намалена емисија на стакленички гасови. До сега, околу 20% од нашето кредитно портфолио е пласирано во кредити кои имаат влијание во намалување на емисијата на стакленички гасови. Заради нашата проактивна и советодавна улога, компаниите кои се клиенти на ПроКредит Банка инвестираат во фотоволтаични централи за сопствена употреба дури три пати повеќе во однос на останатите компании кои не се наши клиенти. Така, до сега имаме финансирано преку 100 фотоволтаични централи поставени на кров со преку 23 МВ инсталиран капацитет. Дополнително, соодветно го проценуваме и еколошкиот ризик во соработката со секој клиент со цел да избегнеме пласирање на средства во еколошки или социјално не подобни проекти. Првиот филтер е листа на активности со кои не соработуваме, а кои имаат негативно еколошко влијание, како на пример инвестициите во заштитени зони, производството на пластика за еднократна употреба или инвестиции во подземни ископи и рудници. Кај останатите клиенти интерно го проценуваме еколошкиот ризик од секој кредитен пласман, а во одредени случаи ангажираме екстерни соработници кои тоа го прават во наше име. XКако X општествената компонента (S- Society) е интегрирана во стратегијата на ПроКредит и како истата ја мерите? Прашањето на општественото влијание во ПроКредит е длабоко интегрирано како во рамки на делувањето на секторот за Човечки ресурси, така и во работењето со нашите клиенти. Во ПроКредит Банка постои јасна и транспарентна постапка за вработување во институцијата, каде процесот на селекција и избор на секој нов вработен се базира строго на личниот интегритет, способностите на кандидатите, како и желбата за учење и професионално усовршување. Посветуваме особено внимание за обуката и развојот на секој еден вработен каде што 30% од вработените поминаа во изучување на англискиот јазик, додека 30%


Емилија Спировска член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

17

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Применуваме високи еколошки и енергетски стандарди при изградба, реновирање и опремување на нашата деловна мрежа со што потрошувачката на струја на м2 ја преполовивме во последните неколку години. Истовремено сме и лидери во електромобилноста каде 70% од нашиот возен парк вози на струја произведена од фотоволтаичната централа поставена на кровот од нашата Централна управа, вели Емилија Спировска. од вработените поминаа низ повеќегодишни обуки во нашиот тренинг центар во Германија. Во институцијата постои јасна и транспарентна платна структура, а платите на вработените се ревидираат на годишно ниво врз база на придонесот и индивидуалниот развој. Дополнително се трудиме да обезбедиме соодветни услови за работа со примена на високи стандарди за здравјето и безбедноста на работните места, што се покажа исклучително важно во последните две години во услови на Ковид пандемијата. Новина е и можноста за флексибилност во извршување на работните задачи на нашите вработени со работа од дома, за што инвестиравме во нови преносни компјутери и соодветни безбедносни протоколи за работа од дома.

XДали X преку процесот на кредитирање ПроКредит Банка има и општествено влијание на нашиот пазар? Во ПроКредит Банка одговорно кредитираме во зависност од платежната способност на нашите клиенти и одлуката не ја носиме исклучиво на залогот кои го нуди клиентот. Не промовираме потрошувачки кредити и цврсто стоиме на ставот дека неконтролираното потрошувачко кредитирање е исклучително штетно за општеството и придонесува до презадолженост и осиромашување на населението, особено со се поагресивната појава на финансиските институции за пласман на брзи кредити. Покрај тоа, во Банката користиме листа на активности кои не се социјално подобни и со кои не

соработуваме заради негативните општествени влијанија. Тука мислам на дејности поврзани со игрите на среќа, инвестициите во крипто валутите, но и секторот за производство и трговија на оружје или ангажирањето на присилната работна сила. Кај сите останати кои не се дел од оваа листа на активности, соодветно го проценуваме социјалниот ризик при пласманот на секој еден кредит. Доколку се утврди дека принципите на здравје и безбедност при работа се загрозени тоа може да резултира со прекин на соработката со клиентите. XШто X за ПроКредит значи третата компонентата (G- Governance) и како истата се управува и следи? Станува збор за исклучителна релевантна компонента во ESG концептот. Тука говориме за тоа каков е начинот на кој ја


16 СЕП. 2022

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ESG концептот дава конкретни насоки преку кои се управува, следи и мери влијанието на компаниите кон животната средина (Еnvironment), општеството (Social) и на корпоративно управување (Governance). На илустрацијата може да ги видите постигнувањата на ПроКредит групацијата во делот на остварување на ESG концептот при работењето, како на пример, дека од 2018-2021 година Групацијата ги намалила сопствените емисии на CO2 за 56%.

водиме банката, т.е. културата на управување, комуницирање, известување, но и кои се вредностите кои ги следиме и колку сме независни во процесот на управување од коруптивни или локал политички влијанија. Во ПроКредит постои култура на управување која се води според принципите на одржливо финансирање, т.е. кохезија во реализацијата на нашите еколошки, социјални и економски цели. Во управувачката структура имаме во просек израмнето полово учество а соодносот на највисоката со најниската плата во Банката не е повеќе од 8. Кога сме кај платите, во ПроКредит не постои бонус систем врзан со остварени таргети. Пред се, се цени и почитува квалитетот на сработеното, иницијативноста, тимската работа, одговорноста, колегијалноста и толеранцијата за сметка на трката по индивидуални остварувања. Негуваме култура на отворена комуникација и политика на отворена врата која е резултат на едноставната хиерархиска структура на управување и придонесува за непосредна комуникација и навремено адресирање на разни оперативни проблеми или неправилности. Дополнително, отворено комуницираме за остварените резултатите од работењето како за финансиските така и за нефинансиските достигнувања. Веќе 5 години подготвуваме и објавуваме нефинансиски извештај кој известува за ESG принципите од работата на ПроКредит Групацијата. (https://www.procreditholding.com/downloads/)

XКое X е Вашето мислење, како сметате дека ќе се зголемува примената на ESG принципите во моделите на управување во Македонското стопанство? Притисокот за примена ќе се засили како резултат на регулативата која прашање е на време кога ќе почне да се применува и во Македонија како стандард за корпоративното управување и известување. Ова веќе го гледаме во дел од земјите членки на ЕУ во кои ПроКредит Банка е присутна. Во овие земји компаниите имаат обврска за нефинансиско известување според ESG концептот. Од друга страна

и во отсуство на регулатива, сè повеќе се зголемуваат очекувањата на пазарот за соработка со компаниите кои имаат одржлив модел на развој. Така, веќе забележуваме меѓународни инвеститори кои на нашиот пазар избираат да соработуваат со домашни партнери кои работат одржливо и при тоа објавуваат нефинансиски извештаи. Затоа, колку побрзо компаниите започнат со имплементација на ESG концептот во нивниот бизнис модел, толку повеќе деловни можности ќе имаат во периодот кој ни престои.

nnn



16 СЕП. 2022

20

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ЕКОНОМИЈА

ФИНАНСИСКИ ПАЗАР

РАСТЕ ОСИГУРУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА, НАЈМНОГУ ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО

Кај најпопуларната класа – приватното здравствено осигурување компаниите и осигуреници склучиле 13.000 договори и тоа е за 32 отсто повеќе од истиот период лани. Осигурениците во овој производ вложиле над 385 милиони денари (6,3 мил.евра) за првите шест месеци и тоа е за 66 отсто повеќе од истиот период лани.


21

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Г

раѓани и фирми вложиле 5,4 милијарди денари (87,7 мил.евра) во неживотни осигурувања во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период лани вредноста на вложените средства во осигурување е повисока за 8 отсто односно осигурителниот пазар пораснал за 401 милион денари (6,5 мил.евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на oсигурување (АСО). Бројот на склучени договори за осигурување за првите шест месеци пораснал за 20 отсто. Од почетокот на годината до сега осигуреници склучиле над 761.000 договори за осигурување со осигурителните компании за сите 18 класи на неживотни осигурувања. Најголем раст на бројот на продадени полиси има кај патничкото осигурување. За првите шест месеци се склучени 155.000 договори за патничко осигурување што е двојно повеќе од истиот период 2021 година. Овој тип на осигурување овозможува граѓаните, при патување во странство, да го пренесат ризикот од можни штети врз компаниите за осигурување. Во овој тип осигурување граѓаните во првите шест месеци вложиле 89,9 милиони денари (1,5 мил.евра).

Она што е задолжително, и понатаму е најмасовно

Очекувано, најголемо учество во вкупните вложувања во осигурување за овој период има во класата осигурување од автомобилска одговорност (АО). Кај ова осигурување, кое е задолжително со закон, ризикот го превзема

осигурителната компанија што ви ја продала полисата доколку вашето возило предизвика штета врз други возила и учесници во сообраќајот. Склучени се 426.000 договори за осигурување, вклучувајќи ги и зелените карти кои се обврзувачко осигурување на покритие штети кои може да ги предизвика вашето возило при патување во странство. Бројот на продадени полиси со кои се осигурени возила во првите шест месеци годинава во однос на истиот период лани е зголемен за 8 отсто. Во осигурување од автомобилска одговорност во овој период се вложени 2,4 милијарди денари (39 мил.евра) или 8 отсто повеќе од лани.

Расте и животното осигурување

Во осигурувањето имот, најголемата класа на доброволно осигурување во првите шест месеци осигуреници вложиле 1,3 милијарди денари (21,2 мил.евра). Тоа е за 7 отсто помалку од истиот период лани. Речиси 70.000 граѓани, фирми и правни лица го осигуриле нивниот имот во првото полугодие годинава. Кај најпопуларната класа – приватното здравствено осигурување компаниите и осигуреници склучиле 13.000 договори и тоа е за 32 отсто повеќе од истиот период лани. Осигурениците во овој производ вложиле над 385 милиони денари (6,3 мил.евра) за првите шест месеци и тоа е за 66 отсто повеќе од истиот период лани. Паралелно со растот на вложувањата во ова осигурување уште подинамично растат исплатите на штети за што причина е прекумерното користење на овој производ од страна на осигурениците и зголемените цени на услугите од приватните болници. Токму заради тоа некои од осигурителните компании не ја исклучуваат можноста од рационализација на овој тип

осигурување. Во делот на неживотното осигурување, лидер и понатаму е Триглав, со 15,6% пазарен удел во бруто полисираната премија, пораснат од минатогодишните 14,7%, пред Еуролинк со удел од 11,89%, но понизок во однос на лани кога изнесувал 12,5%. На трето место е Уника, со 10,47% пазарен удел, благо опаднат во однос на лани. Најголем раст кај брутополисираната премија се забележува кај Кроација неживот, од 63,2%, на околу 500 милиони денари во првите два квартали, додека најголем пад бележи Халк, од 36%, на 353 милиони денари. На Халк во однос на лани речиси двојно им паднало пазарното учество, од 11% на 6,56%. Кај животното осигурување се забележува раст на брутополисираната премија од 17,2% во однос на првите два квартали лани, на нешто преку една милијарда денари (околу 16 милиони евра). Лидер тука е Кроација живот, со удел од 31,2%, но помал од лани, кога изнесувал 34%. Голем замав има земено Триглав живот, којшто е најмлада компанија во ова осигурување на пазарот, и сега има 17,2% од пазарот за разлика од 8,1% лани, опасно приближувајќи му се на третиот на листата Винер живот.

Неквалитетното државно здравство ги тера граѓаните се’ повеќе да користат приватно здравствено осигурување

Компаниите за неживотно осигурување исплатиле над 45.000 штети од кои осигурениците наплатиле 2 милијарди денари (32,9 мил. евра) во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период минатата година бројот на исплатени штети пораснал за 28 отсто додека нивната вредност во истиот период е повисока за 4 отсто, покажуваат податоците на АСО. Над 18.000 штети осигурителните


16 СЕП. 2022

22

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ЕКОНОМИЈА ПАЗАРНО ПОРТФОЛИО, 2К2022 Класа на осигурување

Паралелно со растот на вложувањата во приватното здравствено осигурување уште подинамично растат исплатите на штети за што причина е прекумерното користење на овој производ од страна на осигурениците и зголемените цени на услугите од приватните болници. Токму заради тоа некои од осигурителните компании не ја исклучуваат можноста од рационализација на овој тип осигурување. друштва исплатиле на клиенти кои барале обесштетување за медицински трошоци покриено со нивното приватно здравствено осигурување. Годинава, за првпат во историјата на осигурувањето, се случува дури 40 отсто од бројот на сите исплатени штети да бидат за приватно здравствено осигурување. Тој податок е индикатор што јасно укажува на популарноста на овој тип доброволно осигурување, но истовремено и на неговата прекумерна употреба од страна на осигурениците. Очекувано, најголем износ на средства компаниите исплатиле за штети покриени со осигурување од автомобилска одговорност. Кај оваа задолжителна класа осигурување, која е и најмасовна, осигурителните друштва го превземаат ризикот да ги платат штетите ако нивниот осигуреник е виновен за материјална штета при сообраќајна незгода или несреќа. Сите 11 друштва за неживотно осигурување во првата половина годинава исплатиле 1,12 милијарди денари

(18,2 мил.евра) со кои покриле 14.820 отштетни побарувања.

Бројот на штети кај имотното осигурување помал, износот идентичен Во овој период за осигурување имот се исплатени 290,4 милиони денари (4,7 мил.евра). При тоа бројот на исплатени штети е намален за 11,5 отсто, а исплатениот износ е речиси идентичен како истиот период лани. За каско осигурување возила компаниите исплатиле 248,2 милиони денари (4 мил.евра) и тоа е за 11 отсто повеќе од минатата година. Најголем раст на вредноста на исплатените штети има кај патничкото осигурување. Осигурителните друштва платиле 24,5 милиони денари (398.000 евра) или 2,7 пати повеќе за обесштетување штети при патувања на наши државјани надвор од земјава. При тоа бројот на исплатени штети надминал 900 и тоа е за 3 пати повеќе од истиот период во 2021 година. Во овој период штети исплаќале сите 11 друштва за неживотно осигурување. nnn

Вкупно Вкупно живот Вкупно неживот, од кое: Осигурување на имот (вкупно) Имот од пожар и други опасности Имот останато Осигурување на моторни возила (вкупно) Каско моторни возила Автоодговорност (вкупно) Општа одговорност Останати класи од неживотно осигурување Извор: АСО


23

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

МКД (во милиони) Бруто полисирана премија 2К2022

2К2021

Δ%

Бруто исплатени (ликвидирани) штети 2К2022

2К2021

Δ%

Учество % 2К2022

2К2021

6.460,70 1.064,20 5.396,49 1.302,87 450,76 852,10

5.903,36 907,98 4.995,38 1.396,59 509,57 887,03

9,44% 17,20% 8,03% -6,71% -11,54% -3,94%

2.366,94 345,49 2.021,45 290,41 104,95 185,46

2.218,12 281,49 1.936,63 292,11 43,70 248,41

6,71% 22,74% 4,38% -0,58% 140,14% -25,34%

100,00% 16,47% 83,53% 24,14% 34,60% 65,40%

100,00% 15,38% 84,62% 27,96% 36,49% 63,51%

2.875,29 477,53 2.397,76 175,31

2.656,63 430,79 2.225,83 147,35

8,23% 10,85% 7,72% 18,98%

1.367,91 248,23 1.119,69 4,66

1.265,77 224,06 1.041,71 4,99

8,07% 10,79% 7,49% -6,48%

53,28% 16,61% 83,39% 3,25%

53,18% 16,22% 83,78% 2,95%

1.043,02

794,82

31,23%

358,47

373,77

-4,09%

19,33%

15,91%


16 СЕП. 2022

24 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131


INTERVIEW

25

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ЛЕНЧЕ ЗИКОВА

основач и директор на Институт Концепт

ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ГРАДИМЕ УСПЕШНА ПРИКАЗНА ПОДДРШКА НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ЗА ПОКВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ Неформалното образование е вториот столб на кој се потпира економијата, и којшто го надополнува формалното образование. Неформалното образование нуди многу фокусирано знаење, специјализирано во определен сегмент, од определена област. Студентите во ‘Концепт’ се стекнуваат со вештини кои се директно применливи на работното место. Тие работат со ментори, кои и по завршувањето на програмата се поддршка на истите. Голем број од програмите обезбедуваат и пракса во компаниите, кои често завршуваат и со вработување на студентите. Ние сме силно фокусирани да ги следиме потребите на деловните организации и постојано да креираме обуки кои ќе го унапредуваат и поддржуваат развојот на компаниите.


16 СЕП. 2022

26 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

П

окрај хроничниот недостиг на квалификувани кадри, предизвик за домашните компании, но и државниот и граѓанскиот сектор, е и оние кадри што се веќе вработени и имаат некакво формално образование да ги подобрат своите вештини и компетенции. Брзиот развој на технологијата и сите промени што се случуваат на светско ниво, неминовно ги прават сè повеќе застарени знаењата што сме ги стекнале во средно школо или на факултет пред извесен број години. Токму тука доаѓа до израз значењето на центрите за неформално образование и обуки, како што е Институтот Концепт, којшто деновиве прославува 10 години од основањето. Со основачката и директорката на Концепт, Ленче Зикова, разговаравме за местото и улогата што Институтот го има во моментов на домашната сцена на неформално образование и неговиот придонес во поддршката на развојот и растот на македонските компании и институции. XОдбележувате X 10 години од основањето на Институтот Концепт, па како би ја опишале вашата позиција на пазарот за неформално образование во Македонија денес? Институт Концепт е деловен центар за тренинг и обуки, креиран за поддршка на компаниите, којшто деновиве одбележува десет години од основањето. Ние сме силно фокусирани да ги следиме потребите на деловните организации и постојано да креираме обуки кои ќе го унапредуваат и поддржуваат развојот на компаниите. Навраќајќи се назад низ годините, можам да кажам дека дадовме сериозен придонес на ова поле во вкупната сцена на македонското стопанство и пошироко во општеството. Она што го гледаме е фактот дека компаниите во Македонија се свесни и ја чувствуваат големата промена во опкружувањето што се случува забрзано, од аспект на инвестиции, воведување нови технологии и иновации и промени во пристапот на организирање! Оттука, и потребата од брза реакција и прилагодување. За среќа, голем дел од бизнисите

сфаќаат дека промените може да ги направат исклучиво со ново знаење, па во таа насока и потребата од континуирана едукација. Сведоци сме на постојани промени во сите сфери на работење. Се носат нови закони, кои се нови обврски за компаниите, се менуваат научни дисциплини, се креираат нови научни дисциплини кои не постоеле ниту теоретски, а денес се наметнале како потреба. Една организација не може да се потпира на знаењето на старите кадри професионалци вработени пред повеќе децении. Истовремено, не може постојано да вработува нов кадар, кој од друга страна има нови вештини, но ја нема организациската култура и меморија. Во таа насока, на компаниите им преостанува да инвестираат во едукацијата и развојот на своите вработени, со цел да останат во игра, односно успешно да се носат со динамичното време. Ова ќе го поткрепам со фактот што сите компании за кои сметаме дека се успешни имаат сериозно развиени сектори за човечки ресурси и внатре посебно задолжено лице кое го планира и следи развојот на својот кадар. Европската статистика вели дека секој вработен, во текот на годината, треба да има поминато 30-40 часа обука од областа во која работи. За жал, компаниите во Македонија сериозно заостануваат. Овде ќе ги исклучам странските инвестиции, кои ги следат инструкциите од своите матични компании и постојано работат на својот организациски развој и развојот на својот кадар. Ќе напомнам дека има и дел домашни компании кои се фокусирани на нивниот развој и следење на регулативата, па во таа насока инвестираат во едукација на своите вработени. XОбјаснете X ни како функционира „Концепт“ всушност? Институт Концепт е еден од малкуте центри кои комплетно се посветени на организацискиот развој. Во текот на секој месец се поставуваат десетина обуки од различни сфери. Ние сериозно ги третираме темите од областа на деловното право, финансиски теми, теми од областа на безбедност и здравје при работа, заштитата на личните податоци, набавките, потоа секторски теми, како што се: екологија, земјоделство, банкарство, фармација, градежништво и други важни сегменти. Во текот на една

година, реализираме повеќе од 100 еднодневни обуки, неколку конференции, десетина академии и модули и in-house обуки. На еднодневни обуки најчесто се поставуваат теми од областа на законската регулатива, со цел учесниците да се информираат за промените и обврските на компаниите. Овие обуки придонесуваат вработените да бидат во тек со актуелностите од секторот кои го покриваат. Потоа, следат курсевите и модулите на кои се покриваат области за кои се потребни вештини, како што се финансиските теми кои се реализираат преку алатката Excel, архивирање, деловен асистент, управител со отпад и повеќе други курсеви. Посебно сме горди на нашите академии, а како најактуелни ќе ги издвоиме, Академијата за Дигитален маркетинг, Човечки ресурси и Big Data & Business Analytics. Овие академии се акредитирани од Министерството за образование и наука, и се еден вид на формално образование за возрасни.


27

Ленче Зикова

основач и директор на Институт Концепт

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ПОСЕБНО СМЕ ГОРДИ НА НАШИТЕ АКАДЕМИИ! Посебно сме горди на нашите академии, а како најактуелни ќе ги издвоиме, Академијата за Дигитален маркетинг, Човечки ресурси и Big Data & Business Analytics. Овие академии се акредитирани од Министерството за образование и наука, и се еден вид на формално образование за возрасни. Академиите се долги, траат повеќе месеци, и покрај теоријата, тие се реализираат преку 70% практична работа и вежби. Студентите од почетокот до крајот на судирањето доживуваат вистинска трансформација, од почетници до комплетно подготвен кадар за соодветната позиција.

Академиите се долги, траат повеќе месеци, и покрај теоријата, тие се реализираат преку 70% практична работа и вежби. Студентите од почетокот до крајот на судирањето доживуваат вистинска трансформација, од почетници до комплетно подготвен кадар за

соодветната позиција. Нивниот напредок и задоволство го следиме преку испитни тестови и преку евалуациските листи кои ги пополнуваат на крај на академиите. Годишно реализираме по два циклуси на академиите, и тоа пролетен и есенски циклус. Овие

академии сериозно придонесуваат за кариерен развој, вработување, промена на работно место и сл. Обуките на Институт Концепт во тек на една година ги посетуваат повеќе од 2.000 учесници, па во таа насока во изминатите 10 години, нашите обуки ги посетиле повеќе


16 СЕП. 2022

28 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

од 20.000 учесници. Исто така, Концепт поседува огромна база на која се потпира. Листата брои повеќе од 25.000 адреси и контакти кои секојдневно се информирани за нашите настани. Преку креираниот newsletter, редовно ги информираме за сите наши активности, настани, критериуми за учество и им објаснуваме зошто е важна за нив една обука која нивно грижливо ја обмислуваме и ја поставуваме. Обуките ги посетуваат различни субјекти, различни по големина, најчесто големи и средни, а зависно од поставените теми нè посетуваат и голем број на мали компании. Сите тие доаѓаат од различни сектори, од трговија, преку метална и хемиска индустрија, до фармација и други сектори. Определени теми се заеднички за сите типови на организации, па оттука и фактот дека нè посетуваат различни компании, но со исти потреби. XКои X се најважните вештини што ги бара пазарот во моментов, но и коишто во иднина ќе бидат потребни за новото дигитално време, а коишто може да се стекнат или усовршат со помош на програмите што ги нуди Концепт? Пазарот на труд во моментот бара различни професии. На пазарот на труд недостасува работна сила. Потрагата по квалификуван, па и неквалификуван кадар, е огромна. Можеби најсериозен проблем на компаниите е да дојдат до работен кадар, а уште потешко до добро оспособен кадар. Тоа е аспектот на компаниите. Додека од страната на невработените, тие најчесто имаат интерес за сектори во кои можат лесно да се вработат, кои се добро платени или им овозможува поголема мобилност. Од програмите на Институт Концепт, најголем интерес има за дигиталните вештини и за човечки ресурси. Состојбата со светската пандемија придонесе сите субјекти брзо да се дигитализираат. Продавниците и моловите станаа online продавници, билбордите се заменија со социјалните медиуми. Сега, секој кој поседува дигитални вештини, може успешно да ги рекламира и продава своите производи и услуги. Од друга страна пак, актуелноста на Академијата за човечки ресурси, доаѓа од фактот што ова е многу обемна и комплексна професија. Потребно е да имате правно, економско познавање и познавање од областа на психологијата и

маркетингот. Еден менаџер за човечки ресурси, покрај договорите за вработување, потребно е да знае да спроведе интервју за вработување, да подготви психолошки тест, да знае како да ги пресмета индикаторите за успешност на вработените. Менаџерите за човечки ресурси играат носечка улога во компаниите на кои се потпира менаџерскиот тим. Менаџерите за човечки ресурси се луѓе од доверба на врвниот менаџмент, па во таа насока се високо поставени во хиерархиската структура. Сето ова прави оваа професија да биде многу актуелна, па оттука придонесува оваа академија да биде најпосетуваната академија во Институт Концепт. Во последно време особено актуелна е и академијата за Big Data & Business Analytics. Тоа е наука за времето кое следува. Aлатките за бизнис аналитика овозможуваат да се трансформираат големите податоци во информации кои можат да се користат од страна на менаџерите за да се донесат подобри и побрзи одлуки. Доколку организациите имаат бизнис аналитичари со умешни аналитички вештини, тие ќе можат да ги искористат податоците како конкурентска предност. Потребата за бизнис аналитичари кај нас е голема. Во Институт Концепт се обраќаат голем број на компании кои бараат соработка со цел да обезбедат добри аналитичари кои ќе работат на предвидувањата на иднината. XКоја X е предноста на неформалното во однос на формалното образование, дали се тие своевидна конкуренција едно на друго, или само се надополнуваат? Институт Концепт е силен поддржувач на формалното образование. Тоа треба да е столбот за креирање квалитетен кадар. Сметаме дека формалното образование треба брзо да се адаптира на промените и да ги следи потребите на компаниите, бидејќи образованието само по себе не е цел. Образованието, посебно техничките и економските науки, треба да се силно поврзани со индустријата. Да креираат современи наставни програми, да имаат добро опремени лаборатории и кабинети, да обезбедат пракса на студентите во компаниите, со што тие ќе се стекнат со практични вештини. Многу е важно да имаат

меѓународни акредитации, кои ќе им овозможат мобилност на студентите. Односно, студентите еден дел од студирањето да го реализираат во друга земја, на друг универзитет. Со тоа ќе донесат ново знаење и вештини во земјата. За жал, кадрите кои излегуваат од студентските клупи, излегуваат со застарено теоретско знаење, без реализирана студентска пракса, без вештини и без допир со ниту една компанија. При нивното вработување потребно им е околу 3-6 месеци да се адаптираат на работната средина и комплетно да ги исполнуваат работните задачи, што е изгубено време и трошок за компаниите. Но, за среќа, студентите се свесни за овој момент и многу често уште во текот на студирањето бараат да се стекнат со дополнителни вештини. Оттука, сметам дека неформалното образование е вториот столб на кој се потпира стопанството, и кој го надополнува формалното образование. Неформалното образование нуди многу фокусирано знаење, специјализирано во определен сегмент, од определена област. Студентите се стекнуваат со вештини кои се директно применливи на работното место. Тие работат со ментори, кои и по завршувањето на програмата се поддршка на истите. Голем број од програмите обезбедуваат и пракса во компаниите, кои често завршуваат и со вработување на студентите. Исто така, еден дел од програмите на неформалната едукација имаат различни странски или домашни акредитации, па во таа насока и сертификатите се валидни и препознатливи на пазарот на труд, што ги охрабрува лицата да се приклучат на овој тип на едукација. Да заклучам, неформалното образование е потреба, и е добро што постои. Тоа го надополнува она што системот на формално образование не успева да го покрие. XПостојат X повеќе центри за неформално образование на пазарот, како би ги опишале вашите компаративни предности, кои се вашите најсилни адути? Како што напоменав на почетокот, Институт Концепт е фокусиран на организациските обуки и е лидер во Македонија во оваа област. Поткрепа на мојот став е дека Институт Концепт е сериозно етаблиран во деловниот свет во Македонија. Соработуваме со


Ленче Зикова

основач и директор на Институт Концепт

29

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ЛАНСИРАВМЕ НОВ БРЕНД – ИТ КОНЦЕПТ, СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЗА ИТ ОБУКИ Голема новина на нашиот тим е лансирањето на новиот бренд под чадорот на Институт Концепт. Тоа е - ИТ Концепт. Бренд кој ќе се занимава со ИТ обуки и вештини. Ова за нас е комплетно нов предизвик, со оглед на тоа што станува збор за нов таргет на потреби за економијата и општеството. Комплетно сме фокусирани на креирање на модули и програми, обезбедување на тренери. Со оглед на нашето долгогодишно искуство во сегментот на неформална едукација, нашата голема база на податоци која брои 25.000 лица, поддршката од нашите партнери, желбата за нов предизвик, верувам дека и со новиот бренд ќе успееме да раскажеме успешна приказна како што десет години ја раскажуваме приказната за Институт Концепт.


16 СЕП. 2022

30 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

голем број на компании кои се наши редовни учесници на обуките. Многу често тие имаат определени состојби или проблеми кои сакаат да ги надминат, па бараат in-hоuse обуки, како што се обуките за комуникациски вештини, конфликт менаџмент, лидерство, зголемување на продажбата, финансиски обуки и слично. Сите отворени и inhouse обуки ги реализираат врвни експерти. Најголемиот фокус на тимот на Институт Концепт, покрај тоа да постави добра тема, е да ги обезбеди најдобрите тренери кои ќе ја предаваат темата, ќе споделат искуства, ќе работат практично и ќе бидат фокусирани на остварување конкретни резултати. Тоа се универзитетски професори, судии, експерти со долгогодишно искуство, експерти од реалниот сектор. Нашата листа на предавачи брои повеќе од 200 домашни експерти и експерти од поширокиот регион на југоисточна Европа со кои соработуваме долги години. Тие преку своите високо квалитетни предавања придонесуваат сите наши учесници на крајот од обуката да излезат со ново знаење, кое ќе ги промени состојбите во нивните организации, ќе ги надминат дилемите или ќе го унапредат своето работење. XКако X го организирате follow up процесот на обуките, односно дали следите што се случува со кариерниот пат на вашите слушатели – пр., ако биле невработени, дали и колку брзо нашле работа; ако не биле задоволни со моменталното работно место, дали промениле квалификација/професија? Follow up процесот за нас е многу сериозна активност, кој го следи нашиот кариерен советник. Ова посебно се однесува на студентите кои ги посетиле нашите академии. За нивно следење, креиравме посебни бази и преку определени форми на прашалници и телефонски разговори, го следиме нивното задоволство од посетите на академиите, колку го унапредиле своето знаење, колку дополнителната едукација придонела во нивниот кариерен развој, промена на работна позиција, зголемување на плата, други привилегии, промена на професија или работна средина. Кариерниот советник сè повеќе има улога и на matchmaking на студентите со компаниите. Сè поголем број на компании се обраќаат кај нас со цел да ги поврземе со нашите студенти. Тие

се партнери на Институт Концепт! Преку потпишани меморандуми за соработка, тие за нив обезбедуваат пракса и можност за вработување. Овој тип на соработка е од интерес за компаниите кои на полесен и побрз начин добиваат можност да вработат квалитетен стручен кадар, а додека студентите, полесно да се вработат. Институт Концепт постојано го промовира партнерството и е во потрага по нови партнери кои добро вмрежени, се од интерес на сите. Во моментот Институт Концепт има повеќе од 20 партнери и оваа листа секојдневно се проширува. XПандемијата X доста го погоди вашиот и сродните бизнис сектори, настапи прилагодување со помош на дигиталните алатки (Zoom и сл.), но дали работите се враќаат на пред-пандемиското ниво, или онлајн обуките го преземаат приматот? Каква е ситуацијата сега? Пандемијата бараше брзи промени од сите нас! Преку ноќ сите се дигитализиравме. Платформите ZOOM, TEAMS и други платформи, ги совладавме преку ноќ. Иако човекот е создаден да дава отпор на промените, сега сфати дека тие се есенција. И среќа што е така! Овие платформи сериозно го заменија физичкото присуство. Многу брзо дури станаа предност во однос на физичкото присуство, бидејќи учесниците на обуките останаа безбедни во своите простории, а од друга страна имаа можност да се едуцираат и да ги следат промените. Институт Концепт, практично и воопшто не прекина со своите активности. Напротив, продолжи електронски да ги реализира активностите кои веќе течеа и креираше теми кои беа поврзани со ново настанатите услови. Во тој период беа особено актуелни темите поврзани со регулативата за работа од дома, дигитализација на бизнисите, безбедност и здравје при работа и други важни теми. А, потоа полека, ги вративме сите останати теми. Можам да забележам дека во овој тип на реализација на обуките брзо беше прифатен. Овој тип на едукација обезбеди солидни предавања, размена на искуства. Недостатокот е во она што го нарекуваме “жива комуникација” и вмрежување. Но, ние ова го компензиравме со тоа што ги споделувавме контактите во група, со цел да комуницираат и да бидат поврзани и по завршување на предавањата. Предноста на online предавањата

е што овозможи на голем број студенти од другите градови ширум земјава да се приклучат и да ги следат предавањата. Ова посебно се однесува на академиите кои траат подолг период. Претходно ја немаа таа можност. Исто така, овој вид на предавања овозможи полесно ангажирање странски предавачи. Сега, деновите во патување и времето за сместување, се категорија која не постои. Сега се потребни само неколку минути за поврзување и предавањето може да започне. Сега кога се обидуваме да ги вратиме со физичко присуство, имаме мал проблем. Еден дел од учесниците инсистираат да продолжат со online следење на наставата. Така, сметам дека работите се поместија и не може да се вратат комплетно како пред пандемискиот период. Сега користиме “хибриден модел”, а тоа е дел со физичко присуство, а друг дел online. XКаков X е вашиот став лично околу целиот тој концепт на обуки и воопшто работа од дома, околу што сега се кршат копја и на светско ниво? Кој модел е за вас поприфатлив и поодржлив на долг рок? Работата од дома како модел се применуваше и пред пандемијата во определени земји и сектори. Но, тоа не беше практика кај нас. Сега сфативме дека за определени сектори, за определени работни позиции, тоа е можно. Секако, во производните капацитети, тоа како модел, ниту во услови на пандемија не беше можно, но во определени сектори е комплетно применливо. Комуницирајќи со голем дел од компаниите, нè информираат дека планираат да продолжат со моделот работа од дома. Од една страна, тоа ги крати трошоците на компаниите. Во услови кога се најавува тешка економска година, со драстично зголемување на центрите на сите енергенси, намалувањето на трошоците за компаниите е многу значајно. Од друга страна пак, овој модел овозможува поголема флексибилност кај вработените во однос на менаџирање на времето, времето за патување до работно место. Ова исто така овозможува ангажирање на кадар кој е со подалечно место на живеење. Други компании пак, користат комбиниран модел. На пример, еднаш неделно се состануваат со физичко присуство со цел координација, поставување на нови планови и цели. Сите форми на работа се во игра!


31

Ленче Зикова

основач и директор на Институт Концепт

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

НАЈГОЛЕМ ИНТЕРЕС ИМА ЗА ДИГИТАЛНИТЕ ВЕШТИНИ И ЗА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ Пазарот на труд во моментот бара различни професии. На пазарот на труд недостасува работна сила. Потрагата по квалификуван, па и неквалификуван кадар, е огромна. Можеби најсериозен проблем на компаниите е да дојдат до работен кадар, а уште потешко до добро оспособен кадар. Тоа е аспектот на компаниите. Додека од страната на невработените, тие најчесто имаат интерес за сектори во кои можат лесно да се вработат, кои се добро платени или им овозможува поголема мобилност. Од програмите на Институт Концепт, најголем интерес има за дигиталните вештини и за човечки ресурси.

Со оглед на фактот дека сè повеќе се креираат алатки и платформи за поддршка на бизнисот, верувам дека во секторите каде е применлив модел работа од дома, ќе продолжат со таа пракса. Институт Концепт, применува “хибриден модел”. Еден дел од учесниците, на кои им значи да следат обуки со физичко присуство, ги следат предавањата во нашите простории, додека останатите, посебно учесниците од другите општини, им ја оставаме можноста да следат online предавања. Со добра логистика која ја менаџира нашиот тим, обуките обезбедуваат добар квалитет, независно на кој начин се следат. XКакви X се вашите планови за понатамошен раст и развој на Концепт, дали можеби ќе развивате и други области во портфолиото?

Во изминатите десет години, ми се чини дека нема тема, мала или голема, која не беше поставена и реализирана. Дури и теми кои беа интересни само за мали сегменти, сериозно ги третиравме. Поставувавме различни обуки, кои ги реализиравме само еднаш, но и теми кои беа сфера на интерес долги години. Во таа насока, постојано ги следиме промените и веднаш реагираме. Кога има нови законски промени, нови потреби од обуки, веднаш ја прошируваме листата наслови и теми за обработка. Во таа насока, и во оваа есенска сезона, најавуваме нови теми кои ќе бидат актуелни за компаниите. Голема новина на нашиот тим е лансирањето на новиот бренд под чадорот на Институт Концепт. Тоа е - ИТ Концепт. Бренд кој ќе се

занимава со ИТ обуки и вештини. Ова за нас е комплетно нов предизвик, со оглед на тоа што станува збор за нов таргет на потреби за економијата и општеството. Комплетно сме фокусирани на креирање на модули и програми, обезбедување на тренери. Со оглед на нашето долгогодишно искуство во сегментот на неформална едукација, нашата голема база на податоци која брои 25.000 лица, поддршката од нашите партнери, желбата за нов предизвик, верувам дека и со новиот бренд ќе успееме да раскажеме успешна приказна како што десет години ја раскажуваме приказната за Институт Концепт. nnn


16 СЕП. 2022

32 СО АМЧАМ НА ТЕМА...

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ЕУ РЕГУЛАТИВАТА ВО ПОЛЕТО НА ESG И МОЖНИТЕ ЕФЕКТИ ВРЗ МАКЕДОНСКИТЕ ДРУШТВА

М

инатата, 2021 година се смета за исклучително продуктивна година за Европската Унија (ЕУ) во развојот и прецизирање на ESG регулативата, а истиот потенцијал се отсликува и во 2022 година. Компаниите во ЕУ се обврзани да се усогласуваат со сè поголемите обврски кои произлегуваат од ESG регулативата. Напорите кои треба да ги вложат за да можат нивните деловни активности да ги класифицираат и прилагодат на дефиницијата за “одржливи бизниси“, и оттука да бидат препознаени како такви од инвеститорите на пазарот на ЕУ, се сами по себе, голем предизвик. ЕУ обрнува особено внимание и активно работи и на креирање на правни механизми кои ќе

обезбедат ефикасна примена на ESG регулативата, а не само формално правно исполнување на обврските од страна на друштвата. Од аспект на македонските друштва важно е да се потенцира влијанието кое промените во ESG Регулативата на ЕУ може да ги имаат врз нив уште пред формалниот влез на Северна Македонија во ЕУ. Понатамошниот текст ќе опфати краток осврт на главните предлози за промени во ESG Регулативата на ЕУ за кои се очекува дека ќе имаа ефект врз македонските друштва.

Прекуграничен механизам за прилагодување на јаглеродни емисии Повеќе од очигледно е дека ЕУ зазема агресивен настап во непосредната борба со

климатските промени и оттука поставува амбициозни климатски политики кои вклучуваат индустриска декарбонизација. Индустриската декарбонизација во суштина значи постепено намалување на јаглеродните емисии на индустријата по пат на различни механизми. Еден од тие механизми е и дополнителното оданочување на компаниите кои при нивното работење ги испуштаат јаглеродните емисии и со тоа се јавуваат како загадувачи на животната средина. Оттука, со залагањето за индустриската декарбонизација, директно се афектираат производството, потрошувачката и инвестициските одлуки на територијата на ЕУ. Имајќи го ова во предвид, лесно


33

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

може да се заклучи дека компаниите со седиште во ЕУ, а кои влегуваат во доменот на јаглеродно интензивни индустрии, би биле мотивирани да ги пренесат своите бизниси во држави кои што нема да им предизвикуваат финансиски обременувања врз сопствените деловни активности. Во оваа насока, Европската комисија поднесе предлог за усвојување на регулатива за воспоставување на „Прекуграничен механизам за прилагодување на јаглеродни емисии“ (Carbon Border Adjustment Mechanism CBAM), кој треба да обезбеди заштита од протекување на јаглеродни емисии (carbon leakage), односно да го спречи или да го намали преместувањето на јаглеродно-интензивните економски активности од ЕУ во трети држави, како Северна Македонија. Очекувањата се дека оваа регулатива треба да се усвои до крај на оваа година, а да стапи во сила од 2023 година со преоден тригодишен период и целосно да се применува почнувајќи од 1 јануари 2026 година. Првично ќе се применува на пет сектори: енергија, железо и челик, ѓубрива, алуминиум и цемент (CBAM стоки), но примената може да се прошири и во разни други сектори. CBAM е мерка која ќе гарантира дека за увезените CBAM стоки во ЕУ ќе се плаќа надоместок за вградените емисии на јаглерод споредлив со надоместокот кој што го плаќаат производителите во ЕУ согласно барањата на Емисиониот Трговски Систем на ЕУ (ЕУ ЕТС). Плаќањето ќе се врши по пат на купување на CBAM сертификати. Цената на сертификатите ќе се пресметува во зависност од просечната неделна аукциска цена на емисионите дозволи тргувани на ЕУ ETС. Ако увозниците на ЕУ пазарот можат да докажат дека е платен надоместок за јаглеродна емисија во земјата на потекло (пр. Северна Македонија), бројот на потребни CBAM сертификати може соодветно да се намали, со тоа што ќе се земат предвид платените износи за јаглеродни емисии во конкретната држава не-членка на ЕУ, бидејќи земјата има сопствена давачка за јаглеродни емисии. По усвојувањето на регулативата, ЕУ ќе започне разговори со трети земји чија трговија би можела да биде засегната од овие мерки. Со оглед на тоа дека давачката за јаглеродни емисии е извесно дека ќе биде неизбежна, Македонија треба добро да размисли за имплементација на систем за задржување на овие средства во земјата, со цел да ги искористи за финансирање на декарбонизацијата во државата и да им помогне на друштвата во нивната

климатска и еколошка транзиција. Во однос на последиците врз приватниот сектор во Македонија, секое македонско друштво кое е дел од засегнатите сектори и притоа извезува во ЕУ, ќе биде директно засегната од овој механизам, што навестува потреба да преземаат итни подготвителни активности, почнувајќи од имплементација на механизми за пресметување на јаглеродни емисии кои произлегуваат од нивното работење и поставување на стратегии и активности за намалување на јаглеродните емисии, како би можеле да превенираат високи давачки согласно CBAM механизмот.

Директива за длабинска анализа на корпоративна одржливост Своевремено се покажа дека регулативата со која ЕУ ги постави ESG целите како и механизмите за постигнување на истите, сами по себе не се доволни алки во транзициониот процесот, чија крајна цел е да се постигне зелена економија. „Однесувањето на компаниите“ е третата алка која се јавува како клучна за постигнување на зелена економија во ЕУ и исполнување на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Со оглед на тоа дека иницијативата за преземање на активности на доброволна основа, не резултирала со подобрување во големи размери, Европската Комисија проценила дека е неопходна нова регулатива во рамките на ЕУ со која ќе ги постави и стандардите на однесување на компаниите, овој пат во законски рамки. Оттука, Европската Комисија во февруари оваа година, создаде предлог – Директива за длабинска анализа на корпоративна одржливост, врз основа на која ќе се бара од засегнатите компании да ги идентификуваат и превенираат негативните влијанија врз животната средина и човековите права, а кои произлегуваат од нивните деловни активности како и од деловните активности на други компании кои влегуваат во нивниот ланец на добавувачи. Иако датумот на усвојување на оваа Директива сè уште е не може да биде прецизно утврден, опсегот на компании врз кои оваа Директива ќе се применува е дефинитивно извесен. Оттука, покрај големите компании и компаниите кои влегуваат во високоризични сектори со седиште во ЕУ, опсегот вклучува и компании надвор од ЕУ, а кои остваруваат нето промет поголем од 150 милиони евра во ЕУ; или нето промет од 40 до 150 милиони евра во ЕУ, од кој најмалку 50% е генериран од „високо-ризичен“ сектор (на пример, текстил, агрикултура,

Ана Павловска

Адвокат во Адвокатско друштво ‘Папазоски и Мишев’, независно адвокатско друштво во соработка со PwC Член во ESG Комитетот на АмЧам

Компаниите во ЕУ се обврзани да се усогласуваат со сè поголемите обврски кои произлегуваат од ESG регулативата. А напорите кои треба да ги вложат за да можат нивните деловни активности да ги класифицираат и прилагодат на дефиницијата за “одржливи бизниси“, и оттука да бидат препознаени како такви од инвеститорите на пазарот на ЕУ, се сами по себе, голем предизвик. Од аспект на македонските друштва важно е да се потенцира влијанието кое промените во ESG Регулативата на ЕУ може да ги имаат врз нив уште пред формалниот влез на Северна Македонија во ЕУ.


16 СЕП. 2022

34 СО АМЧАМ НА ТЕМА...

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ископување на минерални суровини). Согласно последните анализи, Директивата индикативно би се применувала на 4,000 компании со седиште надвор од ЕУ, кои ќе бидат обврзани да назначат ЕУбазиран претставник за контакт со супервизорските тела на ЕУ. Оттука, истата би се аплицирала и на сите друштва во Северна Македонија кои ги исполнуваат овие критериуми. Меѓутоа, битно е да се спомне дека, и покрај тоа што малите и средни компании би биле изземени од обврските за длабинска анализа утврдени во Директивата, јасно е дека, доколку се дел од ланецот на добавувачи на засегнатите компании, и тие ќе го поднесат товарот од оваа Директива. Ова од причина што, засегнатите компании ќе бидат принудени да соработуваат исклучиво со компании кои ги исполнуваат стандардите за заштита на животната средина и човекови права при своето работење. Директивата ќе предвидува и санкции за непочитување на утврдените обврските, кои ќе се базираат на принципот на „ефективност, пропорционалност и одвраќање“, а може да вклучуваат парични казни во зависност од прометот на компанијата. Се очекува Директивата да воведе и нов режим на граѓанска одговорност, на начин што компаниите ќе бидат одговорни за штети доколку неисполнувањето на обврската за задолжителна длабинска анализа доведе до штета. Ова ќе им даде подобри можности за правна постапка на потенцијалните жртви, а може да значи и зголемување на судските спорови поврзани со човековите

права и животната средина. Вака поставениот предлог на оваа Директива, неминово го најавува преминот од „меко право“ во „задолжително (тврдо) право“ на кое компаниите мора да обрнат особено внимание и да започнат со своите активности за усогласување со истото, доколку сакаат да избегнат било какво неусогласување и уште побитно, несакани последици по своето работење.

Директива за известување за корпоративна одржливост (CSRD)

Залагањата на ЕУ да наметне транспарентност од страна на компаниите во однос на нивниот придонес во корпоративната одржливост, се веќе транспонирани во Директивата за нефинансиско известување која датира од 2014 година. Врз основа на оваа Директива, големите јавно котирани компании со седиште во ЕУ имаат обврска да објавуваат информации поврзани со еколошки прашања, социјални прашања и третман на вработените. Сепак, оваа Директива не поставува стандарди за начинот на известување на наведените прашања, поради што јавно обелодените информации не може да бидат лесно анализирани, споредливи и верификувани како од инвеститорите на компаниите, така и од останатите засегнати страни од работењето на соодветната компанија. Со цел да се надмине оваа неконзистентност, Европската Комисија во април 2021 година, создаде нов предлог - Директива за известување за корпоративна одржливост со кој предвидува дека компаниите ќе треба да ги објавуваат релевантните

информации за одржливост, врз основа на стандарди за известување за одржливост. Овие стандарди, ќе треба да бидат создадени од страна на Европската советодавна група за финансиско известување, а се очекува да бидат усвоени во октомври оваа година. Врз основа на истите, извештајот за одржливост ќе биде дел од годишниот извештај за работењето на компанијата, ќе подлежи на ревизија и, ќе треба да обезбеди конкретни информации за деловниот развој и резултатите на компанијата, како и да содржи информации за влијанијата од нејзините активности врз луѓето и животната средина. Извештајот ќе вклучува и обелоденувања за поставените цели на компанијата и каков е напредокот во постигнувањето на овие цели. Со овој предлог-Директива, Европската Комисија го прошири и опсегот на компании кои ќе бидат директно засегнати од истата, на начин што сега ќе ги зафаќа: l сите големи компании со 250 или повеќе вработени, без оглед дали се или не се котирани на берза и имаат промет од 40 милиони евра за да се активира обврската за известување и l сите котирани мали и средни компании на европските регулирани пазари. Со вака поставениот опсег, би значело дека сите друштва и подружници кои се основани во ЕУ од страна на македонски друштва, а кои ги исполнуваат поставените критериуми, ќе подлежат на обврската за известување. Истото ќе важи и за македонските друштва кои своите акции би ги котирале на европски берзи, без разлика на нивната големина. nnn



36 INTERVIEW

INTERVIEW

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ИВАН ШТЕРИЕВ

главен извршен директор на Македонска берза

НОВИОТ СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИТОР И ВЛЕЗОТ ВО ЦДХВ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ РАЗВОЈНИ МОЖНОСТИ Со влегувањето на Загрепска берза во сопственичката структура на Македонска берза, добивме оптимален сопственички микс: најголем поединечен акционер којшто е од бизнисот и којшто успешно го управува пазарот во Хрватска што е доста поразвиен, но истовремено со многу сличности со нашиот. Стратешкиот инвеститор има искуство и know-how да го насочи нашиот развој; плус ги имаме големите домашни банки како најголеми акционери и членки на Берзата. Очекуваме овој сопственички микс да придонесе за отворање нови реални развојни можности.


37

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131


16 СЕП. 2022

38 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ XГ-дин X Штериев, да почнеме од она со коешто сте најмногу преокупирани во моментов во институцијата, претстојната Годишна берзанска конференција. За жал, ја организирате во многу тешки моменти за економијата и државата, па кои се темите што ќе се дискутираат овој пат? Најпрвин да кажам дека сме среќни што после две години, поради добро познатите причини околу пандемијата, повторно ја организираме нашата традиционална годишна конференција во живо, во Охрид, на 23 септември. Свесни за тековните економски и геополитички моменти, се потрудивме темите на овогодишната конференција да бидат максимално актуелни. Покрај воведните обраќања на највисоко ниво, ќе имаме два централни панела и повеќе презентации. Едниот панел е посветен на енергетиката, го насловивме „Ќе има ли долга и студена зима?“, на којшто ќе зборува странски инвестициски аналитичар специјализиран за енергетскиот сектор, наш гостин ќе биде директорот на словенечката берза за струја, како и реномирани македонски говорници за оваа тема. Вториот панел е фокусиран на банките и насловен „Банките во новата реалност“. На Македонската берза има доста котирани банки, најмногу во споредба со другите пазари во регионот, и тие ни се еден од главните инструменти што се тргуваат на пазарот, а сите најнови случувања – инфлација, промени на каматни стапки итн. – секако, кај банките имаат повеќекратно влијание. Ќе имаме прилика од претставници на четирите најголеми македонски банки да слушнеме што се случува во секторот и кои се нивните размислувања и предвидувања. Генерален спонзор на конференцијата е PricewaterhouseCoopers и имаме нивен висок претставник кој ќе зборува за моменталниот геополитички контекст и како тоа се одразува на светската економија. Со оглед на тоа што изминатиов период додека немаше конференции, Берзата реализираше неколку битни стратешки проекти, како што е новиот Кодекс за корпоративно управување и Водичот за ESG известување на котираните компании, на настанот обезбедивме учество на креаторите на овие стратешки документи, водечки консултанти од В. Британија и од Холандија. Тие ќе зборуваат за

овие теми генерално и ќе објаснат подетално за нашите проекти. Значи, да сумирам во една реченица – геополитика, банки, енергетика и нашите нови проекти – тоа ќе биде фокусот на овогодишната берзанска конференција. XВо X однос на позицијата и идниот развој на Македонска берза: Загрепска берза влезе во сопственичката структура на Македонска берза, зошто се случи тоа и што ќе значи за идниот раст и развој на институцијата? Подолго време Македонска берза како компанија, односно главните акционери и раководството, има визија дека треба да се интегрираме со некоја поголема берза или берзанска алијанса. За тоа еден обид постоеше ако се сеќавате некаде во 2008 година, но се случи големата светска финансиска криза. Потоа имавме низа тешки години, но и сосема добри резултати последниов период, и еве сега повторно се актуелизираше ова прашање. Почнувајќи од 2019 година постепено се ефектуираше интересот на Загрепска берза за сопственички влез кај нас и тие во моментов се стратешки инвеститор во Македонска берза со 30% учество. Стратешката определба на Берзата за сопственичко интегрирање со поголема берза произлегува од едноставна причина што не може да имаме подинамичен развој како пазар на капитал во локално окружување полно со низа објективни развојни ограничувања. Имаме мала понуда на пазарот: котираните компании со години се исти, пазарната капитализација на Берзата е околу 26% од БДП, за разлика од развиените пазари каде што кај некои земји е и преку 100%, во ЕУ е околу 70%, итн. Значи, дополнителниот развој на берзанската динамика треба да произлезе или од нови инструменти или со овие што ги имаме треба да се зголеми тргувањето. Патем речено, заблуда е дека кај другите мали и средни берзи има многу повеќе хартии од кај нас. Ситуацијата и на Запад и во регионот е слична со нашата концентрацијата на топ 10 акциите е 80 - 90% од прометот. Нашиот предизвик е како од овие главни 3-4 блу чипа да дојдеме барем до двоцифрена бројка. Сето ова укажува дека треба да се најде канал за врзување со некоја поголема странска берза и да се изгради интеграциски модел што ќе ни ја подобри пазарната понуда и ќе ни донесе нови инвеститори. Со оглед на тоа што Загрепска берза

како пазар е поразвиен од нас, нивното искуство, нивното knowhow може да го презентираме, да го „продадеме“ во позитивна смисла на нашите успешни домашни претприемачи, па некои од нив конечно да одлучат да издадат нови акции или други хартии. Мора да направиме некој позначаен исчекор на овој план – инаку нема да имаме нов развој – со години имаме многу малку котирани компании што вистински и континуирано се тргуваат, нема ИПО-а , некои друштва се тргаат од берзата од различни причини... Воедно, имајќи ја Загрепска берза како стратешки инвеститор, покрај замаецот за развивање на локалниот пазар на страната на понудата, би требало да ни ја зголеми веројатноста за подобрување и на страната на побарувачката, особено за привлекување на странски инвеститори кои со години ни недостасуваат. Секако, ние како компанија може да делуваме и во спротивна насока, односно да се инволвираме и во тргувањето на нашите инвеститори во странство и да имаме некоја корист од тоа во смисла на зголемени приходи. Сега имаме оптимален сопственички микс: најголем поединечен акционер којшто е од бизнисот и којшто успешно го управува пазарот во Хрватска што е доста поразвиен, но истовремено со многу сличности со нашиот. Стратешкиот инвеститор ќе знае да го насочи нашиот развој; плус ги имаме големите домашни банки како најголеми акционери и членки на Берзата. Очекуваме овој сопственички микс да придонесе за отворање на нови реални развојни можности. XКако X овие настани влијаат врз развојот на соработката помеѓу берзите во регионов? Од она што го гледам во регионот, може да кажам дека се дефинира извесна “берзанска геополитика“, односно се создаваат неколку „алијанси“ или „полови на влијание“. Еве, ние сме сега со најголем поединечен акционер Загрепска берза, којашто е и 100% сопственик на Љубљанската берза од пред неколку години. Потоа, Истанбулска берза од времето кога настапуваше поагресивно во регионов стекна значајни удели во берзите во Подгорица и во Сараево, што може да го сметаме за некаков втор пол на концентрација на влијание. Трето, Атинска берза влезе лани со 10% удел во Белградска берза и ја сподели својата софтверска платформа со нашите колеги во Србија. Исто така, во берзата во Бања Лука има некои кинески


Иван Штериев

главен извршен директор на Македонска берза

39

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Имајќи ја Загрепска берза како стратешки инвеститор, покрај замаецот за развивање на локалниот пазар на страната на понудата, би требало да ни ја зголеми веројатноста за подобрување и на страната на побарувачката, особено за привлекување на странски инвеститори кои со години ни недостасуваат. Дополнително, со сопственичкото влегување во ЦДХВ и неговите управувачки структури, ни се овозможи полесно насочување на стратешките одлуки на оваа институција, во функција на обостран развој на среден и долг рок. инвестициски фондови во сопственоста. Со сопственичкиот влез на Загрепска берза во Македонска берза, ние сме задоволни што успеавме на овој начин регионално да се позиционираме, односно со стратешки партнери од земји членки на ЕУ кои имаат поразвиени пазари на капитал од нас, но не се премногу поголеми и се со слични економски прилики, култура, јазици, што значи можност за полесно разбирање на нашите проблеми и предизвици и воедно, нивно решавање и подобрување на состојбите. Затоа што се покажало досега дека е голема веројатноста за неуспех кога берзанската интеграција се случува помеѓу пазари коишто се неспоредливо различни по големина и по приоритети. Добар пример за ова во историјата на берзанските интеграции е своевременото купување на берзата во Лисабон од

страна на Euronext (тогаш алијанса на берзите од Париз, Брисел и Амстердам, подоцна интегрирана со Њујорк), при што се покажало дека стратешкиот партнер е едноставно преголем како пазар за да може да се посвети на развојот и да ги сфати особеностите на берзата во Португалија што влегла во неговото портфолио. XОд X друга страна, вие влеговте со удел во ЦДХВ, па какви се плановите тука, зошто Берзата го стори тоа, кои се намерите? Идејата за влегување со сопственички удел во Централниот депозитар не е нова, затоа што ние сме на некој начин сестрински институции, а во формирањето на нашиот депозитар голема улога имаше токму Берзата. Сопственост на берзите во депозитари е доста вообичаена појава на многу пазари, вклучително и развиените. Сметавме дека со цел

рационализација на трошоците во услови на циклични пазарни движења и приходи, не би било економично ние да инвестираме во ИТ опрема и софтвер, а и ЦДХВ да го прави истото. Истото важи и за други вложувања и трошоци што со години претходно ги правевме поединечно. Остварувањето на ваков тип синергии е една од главните причини за нашето инвестирање во ЦДХВ. Освен тоа, се оцени дека од аспект на можноста за инвестирање на слободните средства што ние ги имаме како компанија, во услови на прилична ограниченост што законот ја наметнува во овој домен, добра прилика е истите да ги пласираме во компанија чијашто работа многу добро ја разбираме и можеме да ја унапредиме. Дополнително, со оваа наша аквизиција ја зголемивме вредноста на Берзата како компанија, што опипливо се виде и од повисоките цени на


16 СЕП. 2022

40 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

За очекување е дека ќе гледаме промена на инвеститорската парадигма во светски рамки, односно релативно намалување на т.н. пасивно инвестирање – масовно вложување во инструменти базирани на индекси и сл. – и повторно враќање на тоа што се нарекува stock picking, или избирање поединечни акции на компании во коишто се верува, а тоа ќе бидат претежно индустрии од секторите логистика, суровини, класична енергетика и обновливи извори, инфраструктура, одбрана, банки... Очигледно е дека некои други сектори коишто беа хит повеќе години наназад во новонастанатите услови нема да бидат толку атрактивни. последните пакети акции што Загрепска берза ги купи неодамна. Воедно, што е можеби и најбитно, со сопственичкото влегување во ЦДХВ и неговите управувачки структури, ни се овозможи полесно насочување на стратешките одлуки на оваа институција, во функција на обостран развој на среден и долг рок. Гледаме дека на големите светски пазари на капитал ситуацијата не е добра... напнатоста е голема, никако да се земе здив и да се случи подолг нагорен тренд. Што очекувате да се случува допрва, со оглед на тоа што на проблемите -инфлација, геополитика, војни, елементарни непогоди – како да им нема крај? Оваа 2022 година според многумина аналитичари ќе биде историска од аспект на движењата во глобалната економија, а следствено на тоа и на пазарите на капитал. Се менуваат парадигмите за тоа што е нормала и во водењето на макроекономските политики и за финансиските вложувања. Ги имаме економските предизвици и проблеми што произлегоа и/ или ескалираа претходните две пандемиски години, како што се деглобализацијата и нарушувањата во синџирите за снабдување. Тоа предизвика пораст на цените во комбинација со енергетската криза што започна уште лани, а се засили поради војната во Украина годинава.

Сето ова доведе до ситуација, најголемите и највлијателни централни банки да „пресечат“ и да решат одлучно да се борат против инфлацијата, за која до пред некое време тврдеа дека е транзиторна. Стравот од инфлација, нормално, надвладеа. Почнаа да се зголемуваат каматните стапки, по цена на економскиот раст и можна рецесија. Не треба да се заборави дека долгогодишниот раст на акциите на светските берзи, особено на американскиот пазар, беше предизвикано од повеќедецениската политика на постојано вбризгување евтини пари во економијата од коишто добар дел завршија во финансиските инструменти. Инвеститорите сега се нервозни и загрижени, а префрлањето во побезбедни инструменти не е лесно како порано. Сентиментот на инвеститорите се промени за неколку месеци оваа година – се сфати дека времето на левтерни монетарни политики неповратно заврши (т.н. Fed put). Пазарите, по се судејќи, ќе функционираат во нов циклус на голема осцилаторност и високи нивоа на инфлација. Вредноста на најпознатите и најрепрезентативни американски и европски акциски индекси најдобро го илустрира ова, со пад од 15, 20 и повеќе проценти од почетокот на годинава. Оттука, за очекување е дека ќе гледаме промена на инвеститорската парадигма во

светски рамки, односно релативно намалување на т.н. пасивно инвестирање – масовно вложување во инструменти базирани на индекси и сл. – и повторно враќање на тоа што се нарекува stock picking, или избирање поединечни акции на компании во коишто се верува, а тоа ќе бидат претежно индустрии од секторите логистика, суровини, класична енергетика и обновливи извори, инфраструктура, одбрана, банки... Очигледно е дека некои други сектори коишто беа хит повеќе години наназад во новонастанатите услови нема да бидат толку атрактивни. Како го оценувате движењето на домашниот пазар на капитал годинава, во една повторно исклучително тешка година, на светско ниво? Каква е состојбата во овие месеци досега во смисла на промет, движење на индексот и сл.? Што може да очекуваме до крајот на годинава? Оваа година нашиот главен акциски индекс МБИ10 е во минус речиси 7%. Ако го гледаме регионот, Словенија е минус 10%, Хрватска и Бугарија се со помал пад, од околу 4%, а Србија е плус 3,3%. Значи кај нас ценовната перформанса е во корелација со развиените пазари. Инаку, заклучно со крај на август имаме околу 88 милиони евра вкупен промет, од кои на тргување со акции отпаѓа 51 милион евра. Ако ги екстраполираме овие промети на годишно ниво, доаѓаме



16 СЕП. 2022

42 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

до бројки коишто ќе бидат послаби од последните неколку години. Сепак, треба да се има предвид дека последниве две пандемиски години ни беа најдобрите последнава деценија. Оттука, личи дека што се однесува до нивото на овогодишниот промет ќе се позиционираме пониско од последните добри години, односно во некоја „златна средина“ за наши прилики, гледано според остварените промети последните десет години. Заклучно со август, во споредба со лани вкупниот промет е намален за 40%, но ако го анализираме само прометот со акции во БЕСТ системот, намалувањето е сепак прифатливи 12%, со оглед на се’ што ни донесе оваа 2022 година. Најголемиот пад е забележан кај блок трансакциите, но тоа е нормално кога има толку неизвесности и тензии, поради што поголемите сопственички поместувања во компаниите не се толку присутни. XВо X рамки на даночните промени, најавено е враќање на оданочувањето на капиталните добивки. Како според вас ова ќе влијае врз интересот за вложување во акции, обврзници и сл.? Ние како Македонска берза имаме јасен став дека капиталните добивки од тргувањето со акции не треба да се оданочуваат. Прво, тајмингот овој вид оданочување да започне е апсолутно неповолен. Како што веќе објаснивме, оваа година се влошени состојбите на пазарот и со евентуално оданочување на капиталните добивки можеме само уште повеќе да ги одвратиме домашните инвеститори од вложување на Берзата. Физичките лица креираат повеќе од 60% од овогодишниот куповен промет и овој данок ќе биде значаен удар за и онака кревкиот и плиток пазар. Второ, законските решенија што се моментално на сила и кои никогаш не се тестирани во пракса, имаат простор за доработка и за подобрување. На пример, според актуелната легислатива, за секое купи-продај на Берзата, односно после трансакција со којашто остварувате капитална добивка, вие треба веднаш да пријавите и да платите аконтативен данок. Тоа значи, доколку сте поактивен трејдер на Берзата, вие, настрана данокот којшто ви го намалува приносот, ќе имате и голем товар со административно – бирократски работи. Дополнително, во вака замислената даночна постапка има оптоварувања и одговорност за брокерите кои не се соодветно екипирани за ова. Ако веќе

воведуваме вакво оданочување, мора да најдеме поелегантни, поедноставни и централизирани решенија за даночната постапка. Трето, што важи кога и да се воведе оданочување на капиталните добивки, треба да се направи адекватна дистинкција помеѓу краткорочно, или т.н. шпекулативно тргување и долгорочно инвестирање. Според сегашното решение капиталната добивка не се оданочува единствено ако ги држите хартиите од вредност дури 10 години. Во многу јурисдикции овој период е многу пократок, на пример,12 или 24 месеци, а долгорочните капитални добивки имаат преференцијален даночен третман. И на крај, според нашите пресметки што базираат на податоците од последните неколку години, евентуалната фискална корист од ова оданочување би била релативно мала и не толку значајна за државниот буџет, а би предизвикала штета за домашниот пазар, токму кога истиот според повеќе параметри стана водечки во регионот т.н. Западен Балкан. Берзата и Групацијата за работа со хартии од вредност при МБА веќе реагираа и комунициравме со Министерството за финансии и се надеваме дека нашите аргументи за продолжување на неоданочувањето на капиталните добивки ќе биде земено предвид при конечното „пеглање“ на регулативата. XШто X очекувате од новата регулатива што се подготвува за финансискиот пазар? Кој дел од неа ја засега Македонската берза? Базично се работи за два нови закони што се подготвуваат доста долго. Едниот е Закон за финансиски инструменти и пазари, а другиот е Закон за проспекти и транспарентност на издавачите. Се очекува да се донесат скоро. Тие би требало да го подобрат имиџот на нашиот пазар на капитал во очите на странските инвеститори, затоа што регулативата во областа на хартии од вредност ќе биде максимално усогласена со ЕУ законодавството. Но, од друга страна, бидејќи објективно знаеме дека нема брзо да станеме членка на ЕУ, како Берза апелираме дека во рамките на таа хармонизација имаме маневарски простор што сметаме дека треба да се искористи во две насоки. Прво, да не се препишат апсолутно сите решенија од европските директиви коишто генерално се обмислени за големите европски пазари. Оваа нормативна реформа и на малите пазари во земјите членки на ЕУ, како Бугарија, Хрватска или Словенија, во минатото направила потреси, па

дури се затворале брокерски куќи и сл. Вториот апел ни е, кога веќе авансно се хармонизираме со ЕУ регулативата, некои решенија што можеби ни личат како авангардни да ги воведеме веднаш, ако процениме дека се во функција на развој. На пример, како Берза, ние се залагаме решението за т.н. далечинско членство да се воведе веднаш. Тоа значи ние како Берза да може да имаме членки, брокерски куќи од други држави, без тие да имаат седиште во Македонија. Тоа ЕУ регулативата го дозволува, а искуствата на многу помали европски берзи од ова е многу позитивно. XПазарот X на акции си остана со хроничните болки: концентрација на прометот во неколку акции, неразвиен примарен пазар, отсуство на странски инвеститори... Што се случува со Стратегијата за развој на финансиските пазари, усвоена во февруари годинава? Ќе донесе ли нејзината примена зголемена динамика на Берзата? Стратегијата за развој е сеопфатен документ и беше иницирана во неколку наврати од Македонска берза изминатава деценија. Пред извесно време ваков документ се подготви под покровителство на Министерството за финансии, а со лидерство на Комисијата за хартии од вредност. Сега, како и за секоја стратегија, клучно е носителите на политики да имаат волја да се имплементираат предложените мерки и активности, односно во конкретниот случај да се има навистина верба дека е добро да се работи на развој на пазарот на капитал, не заради берзата или брокерите, туку заради целата економија. Стратегијата се направи и таа е многу квалитетен документ. Од друга страна, очигледно немавме среќа оваа стратегија да се промовира во тајминг кога државните институции ќе можат целосно да се посветат на нејзината имплементација, затоа што се случија многу проблеми во меѓувреме: пандемија, војна во Украина, инфлација... Во Стратегијата има доста решенија кои ги поздравуваме, за фискални стимулации; за потенцијално котирање на јавните претпријатија; за издавање зелени обврзници; за олеснување на ИПО-а, за поголема активност на пензиските фондови на пазарот итн. Останува да се види каков приоритет ќе добијат овие работи и колку брзо овие добри решенија ќе се спроведат во пракса.

nnn



16 СЕП. 2022

44 ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ЕВРОПА ПРЕД НОВ ПРЕДИЗВИК

СЕ СОЗДАВА НОВА И ПРОФИТАБИЛНА ИНДУ НА РЕЦИКЛИРАЊЕ


45

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Создавањето нов текстилен отпад е многу проблематично, бидејќи најголемиот дел од него завршува на депонии или печки за отпад во или надвор од Европа, што секако има негативни последици за населението и животната средина. Затоа, Европа се соочува со значајна трансформација која може да создаде голема и одржлива нова индустрија преку претворање на отпадот во нова вредност.

Р

СТРИЈА

ечиси секој Европеец создава повеќе од 15 килограми текстилен отпад годишно, додека до 2030 година оваа бројка би можела да достигне 20 килограми по жител. Дури 85 отсто од тој отпад доаѓа од приватни домаќинства. Воопшто не охрабрува фактот што ниту еден процент од износената облека не се рециклира од текстилен отпад во нови ткаенини и облека. Ова е само мал дел од резултатите од истражувањето неодамна објавено од меѓународната консултантска компанија McKinsey, под наслов Scaling textile recycling in Europe – turning waste in value, што уште повеќе ги нагласува целите на проектот ReHubs предводен од Euratex објавен на неодамнешната изложба Techtextil во Франкфурт. Создавањето нов текстилен отпад е многу проблематично, бидејќи најголемиот дел од него завршува на депонии или печки за отпад во или надвор од Европа, што секако има негативни последици за населението и животната средина. Затоа, Европа се соочува со значајна трансформација која може да создаде голема и одржлива нова индустрија преку претворање на отпадот во нова вредност. Иако сè повеќе модни конгломерати и мултинационални корпорации се фалат дека се ориентирани кон одржливост и го нагласуваат еколошкиот отпечаток во нивниот бизнис, а неретко од своите купци и преземаат носена облека тврдејќи дека и даваат „нов живот“ произведувајќи од неа нови колекции, реалноста, сепак изгледа сосема поинаку. Од 7,5 милиони тони искористен текстил што се собира во Европа секоја година, повеќе од 65 проценти завршуваат директно на депонии или на отпад за согорување. Остатокот се собира и се рециклира, но обично само како искористена облека или како грубо рециклирани производи како

крпи и сл. Според истражувањето, не само што би било вредно да им дадете втор живот на облеката и домашниот текстил, туку можеби и да ги преиспитате сопствените потрошувачки навики.

Профитабилен бизнис

Постојат неколку начини да се реши проблемот со отпадот, вклучително и намалување на прекумерното производство и прекумерна потрошувачка, продолжување на животниот век на производот и дизајнирање производи за поголема циркуларност, а еден од најодржливите и најприфатливите модели е системот за рециклирање fiber-to-fiber, т.е. претворање на отпадот во нови влакна кои се користат за правење нова облека или други текстилни производи. Некои технологии, како што е механичкото рециклирање на чистиот памук, се веќе воспоставени, додека други технологии, како што е хемиското рециклирање на полиестер, се предмет на интензивно истражување и развој веќе подолго време, а наскоро може да се применат. Откако овие технологии конечно ќе се применат, експертите проценуваат дека 70 отсто од текстилниот отпад би можел да се рециклира со методот „fiber-tofiber“. Рециклирањето на текстил е само едно од решенијата што треба да го искористи модната индустрија како еден од најголемите загадувачи на животната средина и да придонесе за решавање на проблемот со отпадот. „Нема сомнеж дека намалувањето на хиперпродукцијата и потрошувачката е еколошки подобро од рециклирањето. Ако воопшто можете да го спречите отпадот, тоа секогаш ќе биде подобро од рециклирањето на отпадот“, вели Карл-Хендрик Магнус, од канцеларијата на McKinsey во Франкфурт и шеф за одржливост во секторот за облека, мода и луксуз.


16 СЕП. 2022

46 ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Покрај директните економски придобивки, зголемувањето на рециклирањето на текстил има и еколошки и социјални придобивки. Со отворањето на нови работни места, емисиите на јаглерод диоксид (CO2) би можеле да се намалат за приближно 4 милиони тони, што е еквивалентно на кумулативните емисии на областа што ја зазема Исланд, на пример, а загадувањето и водата и користењето на земјиштето би биле значително намалени.

Карл-Хендрик Магнус верува дека рециклирањето текстил дефинитивно може да стане „профитабилна гранка на економијата“. „За осум години, 15.000 нови работни места може да се отворат низ Европа со лансирањето на циркуларната економија, плус пазар со обем на продажба до 8 милијарди евра“,наведува тој. Новите технологии даваат големи шанси за преориентирање на модната индустрија кон систем за рециклирање, како што е механичка обработка на памук која е веќе добро воспоставена, потоа нови методи за обработка на влакна од вискоза и тестирање за хемиска обработка на искористени полиестерски ткаенини. Старата облека треба да се сортира по квалитет, да се отстранат копчињата и патентите и да се провери составот на влакната. Мешаните влакна сè уште се нерешен проблем. Европската индустрија за облека и текстил веќе може да започне со ширење на потребната инфраструктура за прибирање, сортирање и рециклирање во затворен круг. Извештајот на McKinsey може да биде основа за понатамошно истражување и соработка за да се воспостави рециклирање на текстил во голем

обем во Европа и можеби да се пренасочи голем дел од модното производство на европските компании од Далечниот Исток во Европа. Рециклирањето fiber-to-fiber во голем обем би можело да се постигне до 2030 година, создавајќи нова и одржлива циркуларна индустрија во Европа.

Економска и еколошка придобивка

Модните компании мора да постават амбициозни цели за рециклирање текстил и дизајн свртен кон циркуларноста. „Производителите на текстил мора да инвестираат во опрема што може да работи со рециклирани влакна. Инвеститорите треба да поддржат нови начини на изработка на текстил. Јавниот сектор мора да ја прошири инфраструктурата за да го заживее системот за собирање и рециклирање на текстил. Секој од овие учесници во целиот процес треба да направи многу повеќе отколку што е постигнато во моментов“, според истражувањето на McKinsey. Собирањето, сортирањето и претходната обработка го ограничуваат количеството текстилен отпад што е достапен за рециклирање по методата „влакно до влакно“. Стапката на

собирање во моментов е во просек од 30 до 35 проценти, а голем дел од несортираниот бруто отпад се извезува надвор од Европа. Понатаму, повеќето технологии за рециклирање fiber-to-fiber имаат строги влезни барања за составот и чистотата на влакната, така што еластинот, на пример, е проблематичен за некои од споменатите технологии. За да се постигне целосниот потенцијал на индустријата во подем, технологиите за рециклирање fiber-to-fiber мора дополнително да ги прошират методите за ракување со мешавините на влакна, да ги намалат нивните трошоци и да го подобрат квалитетот на новопроизведените материјали. Анализата на McKinsey покажува дека со надминување на овие пречки, рециклирањето со претворање на текстилниот отпад во нови влакна би можело да достигне од 18 до 26 отсто од бруто текстилниот отпад до 2030 година. „За да ги достигнеме зацртаните цели, проценуваме дека до 2030 година би биле неопходни капитални инвестиции во опсег од 6 до 7 милијарди евра. И тоа е само за индустријата во Европа. Бројките потребни за глобална промена на текстилниот отпад се далеку поголеми“, вели студијата на


47

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

McKinsey. Целиот синџир на вредност, вклучувајќи го собирањето, сортирањето и рециклирањето на текстилот, бара значителни инвестиции за да се постигнат овие резултати. Анализата на McKinsey покажува дека оваа индустрија, кога ќе созрее и ќе се зголеми, може да стане самоодржлива и високо профитабилна со вкупен профит од 1,5 до 2,2 милијарди евра до 2030 година, додека годишните приходи потоа би можеле да изнесуваат од 3,5 до 4,5 милијарди евра. Синџирот на вредност за рециклирање на текстил би можел да создаде нова, вредна суровина која овозможува повеќе производство на облека во Европа, додаваат експертите на MyKinsey. Покрај директните економски придобивки, зголемувањето на рециклирањето на текстил има и еколошки и социјални придобивки. Со отворањето на нови работни места, емисиите на јаглерод диоксид (CO2) би можеле да се намалат за приближно 4

милиони тони, што е еквивалентно на кумулативните емисии на областа што ја зазема Исланд, на пример, а загадувањето и водата и користењето на земјиштето би биле значително намалени. Извештајот, исто така, укажува на неодамнешните европски политички иницијативи кои ја охрабруваат модната индустрија да се придвижи кон подобрено собирање отпад и повеќе циркуларни модели. „На пример, во член 11 став 1 од Рамковната директива за отпад стои дека земјите-членки на ЕУ се обврзани да воспостават посебно собирање на текстил до 2025 година“, посочуваат авторите на студијата. Глобалната компанија Circ, чијашто една од мисиите е создавање технолошки иновации и системи за претворање на искористена облека во нови суровини, најави финансирање на проект за рециклирање на текстилен отпад во Европа со 30 милиони долари.

nnn

Од 7,5 милиони тони искористен текстил што се собира во Европа секоја година, повеќе од 65 проценти завршуваат директно на депонии или на отпад за согорување. Остатокот се собира и се рециклира, но обично само како искористена облека или како грубо рециклирани производи како крпи и сл. Според истражувањето на McKinsey, не само што би било вредно да им дадете втор живот на облеката и домашниот текстил, туку можеби и да ги преиспитате сопствените потрошувачки навики.


16 СЕП. 2022

48 БАЛКАН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

КИРИИТЕ ВО ЗАГРЕБ И ДРУГИТЕ ХРВАТСКИ ГРАДОВИ ПОСКАПУВААТ

ЕДНИ ОД „ВИНОВНИЦИТЕ“ СЕ ИНЖЕНЕРИТЕ НА РИМАЦ И УКРАИНЦИТЕ Како причина за зголемена побарувачка во Загреб, покрај стандардното доаѓање на студентите, од агенциите за недвижности го наведуваат повторното префрлање на становите од долгорочен во краткорочен наем, големиот број инженери што Мате Римац ги доведе во Загреб, како и напливот од Украинци, но не само бегалци од војната, туку и вработени во компаниите од Украина што своите операции ги префрлија во хрватската метропола.


49

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Р

астот на побарувачката со истовремен пад на понудата и се поизразената инфлација резултираа со нов пораст на цените на долгорочните изнајмувања во сите универзитетски градови во Хрватска. Според податоците на специјализираниот портал Њушкало, во Загреб, понудата на станови за изнајмување на тој портал е помала за цели 17 отсто, додека побарувачката за станови за кирија оваа есен пораснала за околу 10 отсто, пишува хрватски Лидер медиа. Ова резултирало со побрзо издавање на станови, па во просек сега се потребни девет дена помалку за изнајмување стан во Загреб во споредба со минатата есен. „Поради недостиг од понуда, становите во Сплит ‘одат’ уште побрзо - за цели 16 дена помалку во споредба со минатата есен, додека во градовите како Осиек, Вараждин, Риека и Пула оваа година потребни се три до седум дена. помалку за да се изнајми огласен стан“, велат од Њушкало.

Побарувачката е голема, понудата е слаба

Како причина за зголемена побарувачка во Загреб, покрај стандардното доаѓање на студентите, од агенциите за недвижности го наведуваат повторното префрлање на становите од долгорочен во краткорочен наем, големиот број инженери што Мате Римац ги

Како една од причините за зголемувањето на побарувачката и цените хрватските агенции за недвижности ги наведуваат и дигиталните номади, како и загрепскиот земјотрес и зголемената куповна моќ. За време на загрепскиот земјотрес имало тренд на иселување на многу жители на центарот кои од безбедносни причини склучувале долготраен закуп во станови во понови згради во делови од градот кои претходно речиси исклучиво биле резервирани за странци. доведе во Загреб, како и напливот од Украинци, но не само бегалци од војната, туку и вработени во компаниите од Украина што своите операции ги префрлија во хрватската метропола. „Побарувачката е многу поголема од понудата, поради што има големо зголемување на цените на киријата. Пред една година стан од 40 квадрати во нова зграда се изнајмуваше за 500 евра, а пред една недела го изнајмивме за 650 евра“, велат од една загрепска агенција за недвижности. Покрај причините претходно споменати, кон растот на побарувачката придонеле и дигиталните номади, велат познавачите на пазарот за Лидер медиа. „Побарувачката е исклучително висока, а понудата е слаба, што секако резултира со пораст на цените. На пример, стан во центарот на Загреб, кој пред шест години се издаваше за 900 евра, денес постигнува цена за изнајмување од 1.500 евра. Порано

можеше да договорите да видите стан за еден месец, но денес тоа е невозможно, бидејќи веднаш се издава“, велат од хрватска агенција за недвижности и додаваат дека со оглед на клиентелата што ја имаат, во нивниот случај најмногу недостасуваат четирисобни станови во повеќе ексклузивни локации чија кирија се движи меѓу две и три илјади евра.

И земјотресот има удел

Според Андреа Билиќ, директорка на агенцијата Метропола, цените за изнајмување пораснале за рекордни 15-20 проценти во последната година. „Изнајмувањето на убаво и модерно уреден двособен стан од околу 40м2 во нова зграда со сопствен паркинг денес е во просек 600 евра месечно, додека лани можеше да се изнајми за 500 евра. Овде зборуваме за изнајмување стан во богати со содржина и добро поврзани населби, додека во делови од градот како центарот, и поексклузивни населби,


16 СЕП. 2022

50 БАЛКАН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Покрај директните економски придобивки, зголемувањето на рециклирањето на текстил има и еколошки и социјални придобивки. Со отворањето на нови работни места, емисиите на јаглерод диоксид (CO2) би можеле да се намалат за приближно 4 милиони тони, што е еквивалентно на кумулативните емисии на областа што ја зазема Исланд, на пример, а загадувањето и водата и користењето на земјиштето би биле значително намалени. се постигнуваат значително повисоки цени“, вели Билиќ, којашто како една од причините за зголемувањето на побарувачката и цените ги наведува и дигиталните номади, како и загрепскиот земјотрес и зголемената куповна моќ. „За време на загрепскиот земјотрес имавме тренд на иселување на многу жители на центарот кои од безбедносни причини склучуваа долготраен закуп во станови во понови згради во делови од градот кои претходно речиси исклучиво беа резервирани за странци“, како на пример подсљеменската зона. За време на пандемијата на коронавирус, имаше зголемена побарувачка од дигиталните номади, како и од други странци кои решија да ги напуштат своите „репресивни“ татковини како што се Канада, САД, делови од Европа и Австралија и да се преселат во „полибералните“ Хрватска и Загреб. И, конечно, куповната моќ на локалните жители се зголеми, а тие се’ повеќе избираат да изнајмуваат недвижен имот на долгорочна основа, особено додека се во процес на купување и/или изградба на сопствена куќа или стан, објаснуваат хрватските агенти за недвижности. Разликите во понудата и побарувачката на станови за

изнајмување се многу изразени на ниво на градски квартови, па затоа најпопуларни локации се Трешњевка север и југ и делови од Нов Загреб, каде побарувачката ја надминува понудата, додека во Доњи Град понудата е поголема од побарувачката. .

Најголем скок во Сплит, Задар и Дубровник

Според податоците на Њушкало, најголемата понуда на станови е во ценовниот опсег од 450 до 650 евра месечно, додека оние под 350 евра се само 10 отсто од вкупната понуда. Од друга страна, околу 30 отсто од закупците во Загреб, но и во Сплит бараат станови за кирија од 350 до 450 евра, а повеќе ги сакаат оние од 40 до 60 метри квадратни. Значителен недостиг има на станови до 300 евра, кои исто така се доста барани. „Најголемиот диспаритет меѓу понудата и побарувачката и во Загреб и во Сплит е видлив кај помалите станови - од 20 до 40 метри квадратни. За нив се заинтересирани околу 30 отсто од станарите, додека нивниот удел во понудата е само 20 отсто“, велат од Њушкало. Иако агентите за недвижности наведуваат дека цената на закупнината пораснала со двоцифрени стапки во последната

година, според податоците на Њушкало, кои додуша се базираат на огласени, а не на реализирани цени, месечните цени за изнајмување стан во Загреб „скокнале“ за 6,63 отсто за една година, во Риека 6,04 отсто, во Вараждин 8,05 отсто, а во Сплит и Задар дури 17 отсто. Цената на киријата во Осиек и Пула се покачила за повеќе од 10 отсто, а во Дубровник оваа есен треба да се одвои за еден месец кирија за 16 отсто повеќе во однос на лани. „Во главниот град месечната закупнина по квадрат сега чини во просек 10,74 евра, но за помалите, во исто време, побарани станови таа сума е нешто повисока - во просек достигнува 17 евра. Станарите кои сакаат да добијат подобра зделка, дефинитивно треба да размислат за станови за изнајмување на приземје и мезанин. Според нашите анализи, тие се за речиси 100 евра месечно поевтини од становите со иста квадратура на прв или втор кат. Исто така, становите што се нудат за изнајмување во куќи се попристапни, просечната барана цена за нив е околу 60 евра месечно помалку отколку за иста квадратура во зграда. Но, и покрај пониската цена, повеќето станари сепак преферираат станови во згради”, објаснуваат од Њушкалo. nnn


НЛБ Потрошувачки кредити Сега е лесно!

Промотивно до

31 октомври

Аплицирај за НЛБ Потрошувачките кредити и искористи ја промотивната понуда без трошоци за одобрување!


16 СЕП. 2022

52 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

ЗАМИНА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА

УЧЕСТВУВАШЕ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, ПРЕЖИВЕА АТЕНТАТ И СТАНА НАЈДОЛГОВЕЧЕН БРИТАНСКИ МОНАРХ ВО ИСТОРИЈАТА Елизабета Втора, британската кралица којашто почина на 8 септември, го презеде тронот на 2 јуни 1953 година, по смртта на нејзиниот татко, кога таа имаше 25 години. Тоа не е титулата кон која се стремела, рекла таа тогаш. По бројот на години на тронот, таа ја надмина и својата прапрабаба, кралицата Викторија, која до 2015 година го држеше рекордот како најдолговечен владетел на британската монархија.


53

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Животот на Елизабета драматично се променил во 1936 година кога нејзиниот вујко абдицирал и нејзиниот татко станал крал Џорџ Шести. Џорџ Шести станал крал по абдикацијата на неговиот брат, Едвард Осми, а Елизабета го презела тронот по смртта на татко и, во 1953 година, кога имала 25 години. На фотосот е младата Елизабета со својот татко, кралот Џорџ Шести.

Лилибет, како што и се обраќале нејзиниот дедо, кралот Џорџ Петти и татко и, кралот Џорџ Шести, како и нејзиниот сопруг, покојниот Филип, принцот од Единбург, била учесник во Втората светска војна и првата жена во британското кралско семејство којашто била дел од армијата. Таа била обучена за механичар.


16 СЕП. 2022

54 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Б

ританската кралица Елизабета Втора почина на 8-ми септември на 96-годишна возраст, а дочека да стане вториот најдолговечен монарх во светот и најдолговечен во британската историја, преживеа обид за атентат, а регионов го има посетено најмалку три пати – два пати Белград и еднаш Загреб. Кралицата, која веќе имаше проблеми со движењето, во последно време преземаше се’ помалку официјални должности, а членовите на нејзиното семејство, особено принцот Чарлс и Камила, презедоа позначајна улога. Во текот на јуни годинава, британската кралица стана рекордер - втор најдолговечен монарх, по Луј 14-ти, кој беше крунисан на четиригодишна возраст. На крајот од четиридневното одбележување на платинестиот јубилеј, или седум децении на власт, таа на британската јавност и порача дека „се чувствува понизно“ и дека е „длабоко трогната“ од бројот на луѓе кои славеле. Елизабета Втора (96) го презеде тронот на 2 јуни 1953 година, по смртта на нејзиниот татко, кога таа имаше 25 години. Тоа не е титулата кон која се стремела, рекла таа тогаш. По бројот на години на тронот, таа ја надмина и својата прапрабаба, кралицата Викторија, која до 2015 година го држеше рекордот како најдолговечен владетел на британската монархија. Лилибет, како што и се обраќале нејзиниот дедо, кралот Џорџ Петти и татко и, кралот Џорџ Шести, како и нејзиниот сопруг, покојниот Филип, принцот од Единбург, била учесник во Втората светска војна и првата жена во британското кралско семејство којашто била дел од армијата. Таа била обучена за механичар. Велат дека британската кралица добивала и до 300 писма на ден и дека таа самата избирала кои да ги чита, додека персоналот одговарал. Според зборовите на нејзин роднина, кралицата Елизабета Втора сакала да испие една чаша џин пред ручек. За време на оброкот пиела вино и мартини, а навечер задолжително шампањ. Музичар со гајди и свирел секое утро под нејзиниот прозорец, нешто пред девет часот.

Два родендени

Британската кралица прославуваше два родендени -

првиот во април кога е всушност родена, а вториот во јуни според традицијата што ја вовел нејзин предок, со убаво време и воена парада. До лани возела и автомобил. Се смета дека таа посетила најмногу земји од сите светски лидери. Јосип Броз Тито заедно со неговата сопруга Јованка Броз биле домаќини на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип и принцезата Ана во далечната 1972 година во СФР Југославија. Иако не била обврзана да плаќа данок, тоа го правела од 1992 година. Таа преживеа обид за атентат во 1981 година, кога младичот Маркус Сарџент испука серија куршуми кон кралицата за време на воена парада. Сите куршуми биле ќор-фишеци, а Сарџент бил осуден на пет години затвор. Кралицата го испратила својот прв мејл во 1976 година од воена база. Таа се смета за првиот монарх кој направил такво нешто. Од бракот со Филип ги има Ана, Чарлс, Ендрју и Едвард.

Ненадејното искачување на Елизабета на тронот

Со смртта на кралицата Елизабета Втора заврши најдолгото владеење на било кој британски монарх. Но, иако потекнуваше од кралско семејство, Елизабета Александра Мери Виндзор не требаше да биде кралица – се’ додека низа историски околности не ја ставија на самиот врв на највлијателната монархија во светот. Прапрабабата на Елизабета, Викторија, владеела со Британската империја речиси 64 години, подолго од кој било британски монарх пред неа. И таа не била прва во редот за тронот. Таа била петта во редот на наследување, но серија смртни случаи ја донеле на власт кога имала само 18 години. Најстариот син на Викторија, Едвард Седми, бил престолонаследник со децении, но неговата долговечна мајка го спречила неговото искачување на тронот до неговата 59-та година. Тој владеел само девет години пред да умре. До моментот на неговата смрт, неговиот најстар син, принцот Алберт Виктор, исто така починал на 28-годишна возраст, па неговиот втор син го презел тронот. Џорџ Петти владеел 25 години, а по неговата смрт во 1936 година, тронот го презел неговиот најстар син Едвард Осми - вујко на

Елизабета. Но, кога се вљубил во двапати разведената Американка Волис Симпсон, решил да абдицира. Абдицирањето на Едвард Осми создало уставна криза, а линијата на наследување повторно се свртела кон другата гранка на семејството. Бидејќи Едвард Осми немал деца, братот на кралот, Џорџ Шести, неволно го презел тронот. Бидејќи тој немал синови (во тоа време, машките наследници имале приоритет поради системот на машка примогенитура, традиција која била прекината во 2013 година), неговата првородена ќерка Елизабета станала прва во редот за наследување на тронот. Во времето на абдикацијата, Елизабета имала 10 години. Детството го поминала во Лондон и во едно блиско село. Иако нејзиниот дом во Лондон на работ на Хајд Парк беше елегантен и простран, куќата била нешто што е далеку од замок. Принцезата се школувала дома, заедно со нејзината помлада сестра Маргарет. „Ако принцезата Елизабета растела како братучетка или сестра на монархот, таа сè уште ќе имала некои кралски должности, но исто така ќе уживала во потивок живот со помалку внимание на медиумите и повеќе време да ги следи своите интереси“, вели историчарот и кралски коментатор Керолин Харис за Нешнал Џиографик. Наместо тоа, животот на Елизабета драматично се променил во 1936 година кога нејзиниот вујко абдицирал и нејзиниот татко станал крал Џорџ Шести. Одеднаш таа живеела во Бакингемската палата. Нејзиното движење станало ограничено; нејзиното образование се променило. Нејзината гувернанта, Мерион Крафорд, се обидела да го задржи животот на Елизабета релативно непроменет и нормален. Таа и нејзината сестра ги однела на патувања и организирала извидувачки истражувања со децата на вработените во палатата и децата на пријателите и роднините. Сепак, животот на Елизабета бил се’, освен нормален. Од принцезата се очекувало да живее во согласност со вредностите на кралското семејство и да стекне знаење за историјата, да ги научи протоколите и законите на земјата со која еден ден ќе владее. Студирала историја кај кралскиот архивист, земала часови по религија кај надбискупот од Кентербери и течно зборувала француски.


55

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Сегашното кралско семејство е такво што има три генерации на директни машки наследници - принцот Чарлс (сега веќе кралот Чарлс Трети), принцот Вилијам и принцот Џорџ - и е релативно редок пример во британската кралска историја. Експертите не се согласуваат околу нивото на нејзиното образование. Преземањето на тронот „мора да било исклучително тешко за неа, особено затоа што никогаш не одела на училиште и никогаш немала пошироко образование што сега можеби го земаме здраво за готово“, изјави дописникот од кралскиот двор Крис Шоп за Дејли Експрес во 2019 година. Нејзиниот татко, кој и покрај неговата срамежливост и пелтечење стана сакана национална личност, исто така и помогнал, вели Харис. „Елизабета учела за својата идна улога на суверен следејќи го нејзиниот татко. Џорџ Шести не е роден да биде крал и не му било удобно да зборува јавно, но му угодувало на семејството“. Кралот, којшто се колебаше дали да ја преземе таа улога, владееше до неговата смрт во 1952 година, кога Елизабета стана кралица.

Исклучокот отсекогаш бил правило

Пријателката од детството, Соња Бери, му кажала на Ендрју Алдерсон од Сандеј Телеграф во 2006 година дека кралицата Елизабета веројатно би избрала поинаков пат доколку имала прилика. „Мислам дека ќе беше посреќна во брак ако живееше на село со своите кучиња и коњи“, рекла Бери. „Тоа е многу осаменичка работа, бидејќи, дури и кога добро ги познавате луѓето, таа сепак е кралица и секогаш има бариера“. Што се однесува до непланираната, а сепак судбоносна низа на настани што ја доведоа Елизабета Втора на тронот, исклучокот отсекогаш бил правило за кралското семејство, вели Харис, кој истакнува дека до неодамна, наследувањето често одело во неочекувани правци поради смртни случаи, абдикации или отсуство на

директни наследници во главната гранка на кралското семејство. „Сегашното кралско семејство е такво што има три генерации на директни машки наследници (принцот Чарлс, принцот Вилијам и принцот Џорџ) и е релативно редок пример во британската кралска историја“, вели таа. Како и оние пред неа, Елизабета Втора јасно стави до знаење дека нејзина должност е да служи. „Изјавувам пред вас дека целиот мој живот, без разлика дали е долг или краток, ќе биде посветен на служењето вам и служењето на нашето големо кралско семејство на кое сите припаѓаме“, им рече таа на своите идни поданици за време на радио обраќањето одржано по повод нејзиниот 21. роденден, во април 1947 година Повеќе од 75 години подоцна, таа го одржа тоа ветување - дури и ако тоа не беше ветување што таа посакуваше да го даде. nnn


16 СЕП. 2022

56 ПРЕТПРИЕМНИШТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

БИЗНИС KNOW HOW

ПЕТ МОДЕЛИ ЗА УСПЕХ НА ПАЗАРОТ

Секој модел на работење има свои предности и недостатоци, како и специфичности во однос на конкуренцијата на пазарот. Потребно е постојано да се слуша ритамот на пазарот, да се следи однесувањето на купувачите и клиентите, и да се има на ум дека на пазарот денес победуваат оние кои се брзи и прилагодливи, што им дава шанса и на малите бизниси да ги остварат своите цели, а на претприемачите така да ги остварат своите соништа.

С

танува посебно тешко на пазарот да се понуди нешто ново, нешто поинакво и посебно. Многу фирми постојано водат битка со промените, а потрошувачите се помалку се заинтересирани за комуникација која не е инспиративна или која во основа нема приказна која поттикнува емоции. Купувачите и клиентите се фокус

на секое работење, а секоја организација треба да донесе одлука со кои сегменти на купувачи и клиенти сака да се занимава. Иако поимот таргетирање или избор на целниот таргет веќе одамна ни има влезено во уво, многу се уште размислуваат за сериозноста на таа стратегија на сегментација. Во соработка со купувачите и клиентите, организациите пронаоѓаат начини да воспостават

односи, да понудат разни производи и услуги, да осмислат специфилни дустрибуциски канали и да осмислат нови извори на заработка. Секој модел на работење подразбира различни економски предуслови. Но, клучно е организациите и менаџментот да ги разберат за да можат непречено да го развиваат бизнисот и да го освојуваат пазарот. Кај малите бизнисмени тоа е


57

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

особено важно, бидејќи е клучно својот бизнис да не го водат само со емоции и инспирации. Ако ги познаваат бизнис моделите, тоа ќе им помогне да си го олеснат работењето, полесно да ги препознаваат ситуациите во пракса и да знаат како да реагираат на одредени предизвици на пазарот.

Иновативен производ или услуга

Некои организации се одлучуваат за иновативен производ или услуга, кои имаат нови карактеристики и задоволуваат специфични потреби на пазарот. Тука станува збор за талент, креативност и сила да се спротивстават на вообичаениот начин на размислување. Малите претприемачи можат да влезат на пазарот користејќи го овој модел на работење, а основата е фокус на квалитетни вработени или основачи, и вложување во креативно размислување. Во овој случај производот или услугата зборуваат сами за себе, со својата иновативност и единственост на пазарот. Клучно е да се знае дека во првата фаза многу ќе се заинтересираат за таквите производи и услуги, медиумите веројатно ќе објават интересни приказни, но клучно е да се поднесе предизвикот за развој на таков бизнис и да се имплементира квалитетна стратегија за развој, со цел бизнисот да успее и на подолгорочен план.

Однос со пазарот

Одредени организации одлучуваат да достигнат што поголем број на купувачи и клиенти, фокусирајќи се на односите на пазарот. Цел на таквото работење е проширување на што поголем пазарен сегмент фокусирајќи се на давање на на дополнителни услуги каде купувачот станува центар на работењето. Во тој случај, клучно е да се истражи однесувањето на потрошувачите, да се дознае на кој начин размислуваат, како дознаваат за производите и услугите, како се одлучуваат за одредена категорија на производи и услуги, и на кој начин очекуваат дека понудувачите ќе се однесуваат кон нив. За успешни односи со клиентите, клучна е понудата која ќе ги задоволи купувачите повеќе отколку што очекувале дека може да добијат од продавачите.

Ниски цени

Поголемите играчи на пазарот се одлучуваат на производство или понуда на поголеми количини на производи и услуги, а заради постигнување на цени оп единица производ или услуга. Во таква

битка на пазарот, тешко можат да се впуштат малите играчи бидејќи фокусот на работење е на намалување на трошоците и на зголемување на ефикасноста. Малите бизнисмени често мислат дека можат да успеат со многу ниски цени, борејќи се на пазарот со другите мали и големи играчи. За успех на моделот на ниски цени клучна е големата количина на продадени производи и услуги, што малите бизниси често не можат да го постигнат. Со намалување на цените, едноставно останува премала заработка од која не може да се вложува во развој на работењето ии некакви иновации, заради што често се случува производот или услугата кон купувачите да остане на ниско ниво.

Единствени различни производи

Некои организации се фокусираат на продажба на поголем број на единствени различни производи во помали количини. Станува збор за понуда на специфични производи за кои нема голема побарувачка, но вкупната продажба на такви проивзоди може да резултира со успех на пазарот. Ваквото работење овозможува на фирмите полесно да управуваат со залихите, но клучно е да имате платформа преку која специфичните производи ќе можат да допрат до доволен број на заинтересирани поединци заради специфичната содржина на понудата. Со оглед на тоа дека станува збор за артикли кои можат да заинтересираат само специфична клиентела, клучно е да се вложи повеќе во маркетиншки комуникации со цел понудата успешно да се приближи до специфичните корисници. Ако организацијата не успее со маркетиншките активности, тешко

е да се очекува дека овој бизнис модел ќе успее.

Бесплатни услуги

Во некои фирми деловната политика е таква што на купувачите им се овозможуваат бесплатни услуги и ги спојуваат со дополнителни содржини или услуги кои не им се наплаќаат. Во овој модел фирмите користат големи бази на податоци и заинтересирани клиенти кои консумираат бесплатна содржина или услуги и им овозможуваат дополнителни погодности или понуда. Таквата дополнителна услуга ја прифаќа и плаќа само околу 10% од вкупниот број на учесници кои ги користат бесплатните содржини. Клучно е понудата да се приближи до што поголем број на корисници, а нејзиниот квалитет континуирано да се подобрува. Кај бесплатната понуда, се случува често да се случи омаловажување на понудата, бидејќи корисниците ретко го ценат она што е постојано достапно во бесплатен облик. Затоа, самиот квалитет на содржината и понудата на фирмите кои ќе го одберат овој модел. можат да им донесат раст на корисниците, а со самото тоа и зголемување на приходите од оние кои би се одлучиле да платат дополнителна услуга. Секој модел на работење има свои предности и недостатоци, како и специфичности во однос на конкуренцијата на пазарот. Потребно е постојано да се слуша ритамот на пазарот, да се следи однесувањето на купувачите и клиентите, и да се има на ум дека на пазарот денес победуваат оние кои се брзи и прилагодливи, што им дава шанса и на малите бизниси да ги остварат своите цели, а на претприемачите така да ги остварат своите соништа. nnn


16 СЕП. 2022

58 КАРИЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

АВТЕНТИЧНОСТ НА РАБОТА

МОЖЕМЕ ЛИ НА РАБОТНОТО МЕСТО ДА БИДЕМЕ ОНА ШТО СМЕ Градењето на позитивна, здрава култура на работното место никогаш не било поважно и токму автентичноста е клучен елемент за тоа. Важно е да се создаде деловно опкружување во кое автентичноста не само што се прифаќа, туку се препознава и наградува.

П

андемијата, освен работата од дома, изроди и неколку нови правила и аспирации на вработените. Меѓу нив е автентичноста, односно можноста за слободно изразување на сопственото мислење, без страв од предрасуди. Затоа, градењето на позитивна работна култура никогаш не било поважно. Футуристот и бизнис инфлуенсер Бернард Мар спроведе истражување со Oracle за најважните вредности на работното место. На LinkedIn, каде што беше спроведено истражувањето, анкетниот прашалник го пополниле 5.000 луѓе. Според нивните

одговори, можноста да се биде „свој и автентичен“ е најважната вредност на работното место. За испитаниците, автентичноста е поважна од можноста за соработка, иновативноста и внесување додадена вредност во културата на компанијата. Но, што точно подразбираме под „автентичност“ на работа?

Клучна вештина

Тоа е, всушност, чувството дека слободно го изразуваме нашето мислење и даваме свој придонес во деловните процеси. Автентичноста значи и разговор за проблеми на работа, но исто така и отвореност кон сопствените грешки и недостатоци без страв од

предрасуди. Градењето на позитивна, здрава култура на работното место никогаш не било поважно и автентичноста е клучен елемент за нејзино создавање. Ова значи дека е од суштинско значење да се создаде деловно опкружување во кое автентичноста не само што се прифаќа, туку се препознава и наградува. Како што објаснува Мар, деловната култура може да создаде ситуации во кои луѓето се принудени да размислуваат или да постапуваат на начин што не е во согласност со нивните принципи. Ако се бара од вработен, на пример, да биде неискрен со клиентите, да не


59

16 СЕП. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

зборува кога ќе види нешто што смета дека не е во ред, или да не може да разговара за сопствените идеи, ова наскоро ќе доведе до незадоволство. „Автентичноста и можноста да се прилагодат на ситуациите, заедно со низа нови предизвици, се клучните вештини на вработените. Всушност, верувам дека лидерството започнува со автентичност, и ние како водачи мора да го охрабриме и прифатиме “, објаснува Ричард Смит, извршен потпретседател на Оracle.

Автентичност во лидерството

За да се создаде култура на автентичност во една компанија, потребно е да се развие таа вредност кај одговорните луѓе. Ако лидерите на компаниите не можат да се изразат искрено (што значи да признаат грешка или дека некој друг има подобра идеја од нивната), тогаш и другите вработени нема да можат. Автентичните лидери се отворени за своите маани и слабости, тие знаат кога да побараат помош, но

и кога треба да остават некој аспект на работата на некој со повеќе искуство или вештини, дури и ако е тој во пониска позиција. Емпатијата е уште една важна вештина на автентичните лидери. Тие мора да можат да препознаат кога другите не се чувствуваат слободни да бидат автентични. Добрата вест е дека лидерите сè повеќе ја сфаќаат важноста на автентичноста на работното место. Со оглед на ова, се почесто се практикува лидерите да користат свои социјални мрежи (како LinkedIn) за да го искажат своето автентично мислење. Исто така, лидерите треба да покажат дека се водени од морален компас, односно етичка рамка што е компатибилна со визијата и аспирациите на самата компанија.

Автентичност на брендовите Автентичноста на лидерот и работната сила неизбежно придонесува за автентичноста на брендот на компанијата, што клиентите многу го ценат. Едно

истражување од 2017 година покажало дека 86 проценти од испитаниците ја сметаат автентичноста за клучен фактор во изборот на брендовите што ќе ги поддржат. Значи, со автентичноста се гради доверба. Потрошувачите сакаат да веруваат дека компаниите што им даваат добра и услуги се отворени и искрени со нив и постапуваат во нивни најдобар интерес. Автентичните компании изгледаат сигурни и транспарентни.

Како да бидете автентични на работа

„Автентично“ не значи само да го изразиме нашето мислење и да го направиме она што мислиме дека е правилно. Ниту, пак, значи дека не треба да бидеме толерантни кон другите кои постапуваат или размислуваат поинаку. Автентичноста значи да не им дозволуваме на другите луѓе да не’ спречуваат да размислуваме или да постапуваме на начинот на кој веруваме дека е најдобро. nnn


16 СЕП. 2022

60 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

РЕКОА ЗА ...

ИНФЛАЦИЈАТА Инфлацијата ги прави најбогатите уште побогати, а народните маси посиромашни.

Инфлацијата е оданочување без легислатива.

МИЛТОН ФРИДМАН економист и нобеловец

ЏЕЈМС КУК

британски истражувач и морепловец



16 СЕП. 2022

62 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1131

Секојдневниот раст на цените на коишто сведочиме во моментов, нас постарите нè враќа во мислите во едно друго време, за коешто мислевме дека нема никогаш да се повтори. За жал “перфектната бура“ што го погоди светот – пандемија, војна, итн. – предизвика косата да ни се крева од инфлацијата при секое влегување во продавница. Да видиме што за овој економски феномен кажале славните економисти, писатели и други големи личности. Континуирана инфлација неизбежно води кон катастрофа.

Инфлацијата е насилна како џепчија, застрашувачка како вооружен ограбувач и смртоносна како платен убиец.

РОНАЛД РЕГАН

поранешен американски претседател

ЛУДВИГ ФОН МИЗЕС австриски економист

Инфлација е кога ќе платиш 15 долари за 10-доларско потстрижување што си го добивал за 5 долари кога си имал коса.

Инфлацијата одзема од тие што не знаат и им дава на добро информираните.

ВЕНИТА ВАН КАСПЕЛ автор и мотивациски говорник

Првиот еликсир за погрешно водена нација е инфлацијата; вториот е војната. И двата носат краткорочен просперитет; и двата носат перманентно уништување. Но, и двата се прибежиште за политичките и економските опортунисти.

СЕМ ЈУИНГ

американски бејзбол играч

Инфлацијата е како забна паста. Еднаш штом излезе надвор, тешко е да ја вратиш назад.

ЕРНЕСТ ХЕМИНГВЕЈ писател

КАРЛ ОТО ПОЛ германски економист

Да кажете дека имате малку инфлација е исто како да кажеле дека сте малку трудни.

Лекцијата е јасна. Инфлацијата не’ девалвира сите.

МАРГАРЕТ ТАЧЕР

поранешна британска премиерка

ЛЕОН ХЕНДЕРСОН американски економист



НОВ ИЗГЛЕД