1118- Kapital magazin

Page 1

COVER STORY

ЕУ ЌЕ ПОМАГА СО ЕКСПЕРТИЗА И ПАРИ МАКЕДОНИЈА ВЕТУВА ПОСВЕТЕНОСТ КОН ЗЕЛЕНИОТ ДОГОВОР

2022: УШТЕ ЕДНА НЕИЗВЕСНА ГОДИНА ШТО ЗАВИСИ ОД КОРОНАТА

business magazine

ИНТЕРВЈУА

Д-Р АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА

гувернерка на НБРСМ

Д-Р МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА

главен финансов директор и член на УО на Комерцијална банка

ШТЕФАН ХУДОЛИН

шеф на сектор за соработка при Мисијата на ЕУ

БРОЈ 1118 l 24 декември 2021 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

МЕНАЏМЕНТ НА УНИБАНКА

пет секторски директори

КИЦА КОЛБЕ

писателка

INTERVIEW

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ - НЕЖИВОТ

СОЗДАДОВМЕ АМБИЕНТ КАДЕ ВИСТИНСКИ СЕ ЦЕНАТ ЧОВЕЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ, ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ И КОМПЕТЕНТНОСТА ВО ПРЕСРЕТ НА 100 ГОДИШНИНАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

НОВА КНИГА НА БРАНКО АЗЕСКИ

„ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА?“



3

КАПИТАЛ... 1118 12

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

18

ИНТЕРВЈУ

ИНТЕРВЈУ

Д-р Анита Ангеловска Бежоска

Александар Манев

генерален директор на Кроација осигурување - неживот Создадовме амбиент каде вистински се ценат човечките вредности, професионализмот и компетентноста

гувернерка на НБРСМ Во 2022 клучно е да заврши пандемијата и да се фокусираме на економијата

24

КОЛУМНА

Бранко Азески претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Што ни се случува?

06

COVER STORY

Економијата во 2022

Уште една неизвесна година што зависи од короната

32

26

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

ИНТЕРВЈУ

ЕУ ќе помага со експертиза и пари

Д-р Маја Стевкова Штериева

главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје

COVER STORY Економијата во 2022........................06 Уште една неизвесна година што зависи од короната ИНТЕРВЈУ Д-р Анита Ангеловска - Бежоска, гувернерка на НБРСМ........................12 Во 2022 клучно е да заврши пандемијата и да се фокусираме на економијата ИНТЕРВЈУ Александар Манев, генерален директор на Кроација осигурување неживот........................18 Создадовме амбиент каде вистински се ценат човечките вредности, професионализмот и компетентноста

Македонија ветува посветеност кон Зелениот договор

36

БАНКИ

Разговаравме со менаџментот на УНИБанка Имаме амбициозен план за поддршка на инвестициите во домашната економија

КОЛУМНА Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија..................................................................24 Што ни се случува?

БАНКИ Разговаравме со менаџментот на УНИБанка.....................................................................36 Имаме амбициозен план за поддршка на инвестициите во домашната економија

ИНТЕРВЈУ Д-р Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.....................................................26 Дигитализацијата останува наш врвен приоритет

ИНТЕРВЈУ Кица Колбе, писателка...................................40 КАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE Досие: екологистите на власт.................46 Се оладивме – кога станува сè потопло

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ЕУ ќе помага со експертиза и пари......32 Македонија ветува посветеност кон Зелениот договор

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 22.12.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

ДЕК. 2021


Elegance is an attitude Kate Winslet

The Longines Master Collection



ДЕК. 2021

COVER STORY

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

УШТЕ ЕДНА НЕИЗВЕСНА ГОДИНА ШТО ЗАВИСИ ОД КОРОНАТА


7

ЕКОНОМИЈАТА ВО 2022

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Во новата 2022 година повторно влегуваме со милион прашалници во главите што создаваат целосна неизвесност како работите ќе се одвиваат понатаму. Пандемијата со Ковид 19 ќе наполни цели две години и сосема извесно е дека ќе продолжи да ни ги нарушува животите барем уште некое време. Иако мислевме дека вакцините колку – толку ќе не вратат во нормала, овие новогодишни празници веќе почнуваат да наликуваат на ланските со повторно враќање на некои од најрестриктивните мерки за запирање на ширењето на новиот позаразен сој на короната од сите претходни, Омикрон, којшто успева да го одбегне имунитетот и од актуелните вакцини и од прележување на вирусот. Во ваквиот хаос, речиси невозможно е прецизно да се процени како ќе се одвива заздравувањето на економиите, оти тоа целосно ќе зависи од силата на пандемијата и какви мерки ќе бидат потребни за таа да се заузди – колку брзо фармацевтските компании ќе успеат да ги прилагодат вакцините на овој сој, но и колку брзо ќе успее светот да се извакцинира за да не дозволи да се создаваат постојано нови мутации. Па така, проценките за порастот на македонскиот бруто домашен производ (БДП) варираат од 3,7% до 4,6%. Доколку се остварат песимистичките ризици, растот на БДП може да биде и многу помал од 3%.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

В

Комисија која прогнозира раст од 3,8%, Народната банка со прогноза од 3,9%, потоа следуваат ЕБОР со 4%, ММФ со 4,2%, Фич со 4,3% и најоптимистичката прогноза на Министерството за финансии, кое проценува економски раст од 4,6% во 2022.

о новата 2022 година повторно влегуваме со милион прашалници во главите што создаваат целосна неизвесност Домашната побарувачка како работите ќе се столб на закрепнувањето одвиваат понатаму. Позитивен придонес врз Пандемијата со Ковид 19 ќе наполни заздравувањето на домашната цели две години и сосема извесно е економија се очекува од речиси дека ќе продолжи да ни ги нарушува сите компоненти на домашната животите барем уште некое време. побарувачка, а негативен на нетоИако мислевме дека вакцините колку извозот. Според проценките на – толку ќе не вратат во нормала, Народната банка, кај личната овие новогодишни празници веќе потрошувачка по падот од 5,4% почнуваат да наликуваат на ланските минатата година, се предвидува со повторно враќање на некои од солиден раст од 7% оваа година најрестриктивните мерки за запирање и натамошен поумерен раст на на ширењето на новиот позаразен среден рок (во просек од 3,5%), при сој на короната од сите претходни, постабилни очекувања, раст на Омикрон, којшто успева да го одбегне расположливиот доход како резултат имунитетот и од актуелните вакцини и на закрепнување на движења на од прележување на вирусот. БРОЈКИ Иако кај нас засега властите воопшто не спомнуваат нови мерки, а во прилог на тоа секако се и бројките кои за среќа покажуваат е распонот во кој се очекува намалување на да порасне домашната економија бројот на заразени и хоспитализирани во 2022 година пациенти, на запад неколку земји веќе воведуваат или размислуваат за локдаун. Во ваквиот хаос, е очекуваната стапка на речиси невозможно инфлација следната година е прецизно да се процени како ќе се одвива заздравувањето на економиите, оти тоа целосно ќе зависи пазарот на трудот и кај трансферите, од силата на пандемијата и какви како и натамошна кредитна поддршка мерки ќе бидат потребни за таа да се на домаќинствата. Кај инвестициите заузди – колку брзо фармацевтските по длабокиот пад од 10% изминатата компании ќе успеат да ги прилагодат година, се очекува раст од 7,3% во вакцините на овој сој, но и колку брзо 2021 година и раст од околу 10% на ќе успее светот да се извакцинира среден рок, во услови на очекувани за да не дозволи да се создаваат странски директни инвестиции постојано нови мутации. (СДИ), но и домашни инвестиции од Според последните проценки на приватен и јавен карактер и раст меѓународните финансиски институции, на корпоративното кредитирање. светската економија во 2022 ќе Во однос на извозот, по падот од порасне околу 5%, но и тоа е неизвесно 11% минатата година, се очекува главно поради прекините во синџирите негово закрепнување во 2021 година на снабдување главно кај развиените од 11%, а на среден рок во просек земји. 6,8%, во услови на закрепнување За македонската економија, и раст на странската побарувачка, проценките за порастот на бруто постепено закрепнување на извозот домашниот производ (БДП) варираат на домашните компании со странски од 3,7% до 4,6%. Најконзервативни капитал и позитивен придонес од во прогнозите се Светската банка и страна на традиционалниот извозен Стандард и Пурс, кои имаат и најниска сектор, при поволна ценовна прогноза од 3,7%, потоа Европската конјунктура на странските пазари.

3,7% - 4,6% 2,4% - 3,9%


ДЕК. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Вработеноста најверојатно постепено ќе закрепнува, но високиот раст на платите, растечките дознаки и користењето на дел од кумулираните заштеди би влијаеле на зголемување на расположливиот приход. Се очекува солиден раст на извозот, иако на истиот неповолно ќе влијаат нарушувањата во синџирот на снабдување, особено во автомобилскиот сектор, а големата домашна побарувачка подразбира висок раст на увозот“, оценуваат од ММФ.

Растот на извозот и домашната побарувачка (коишто имаат голема увозна компонента) ќе доведат и до раст на увозот во просек од околу 9% во 2021 - 2023 година, со што нетоизвозот ќе има негативен придонес. „Ризиците за растот се претежно надолни и поврзани со текот на пандемијата и нарушувањата на глобалните синџири на снабдување. Алтернативното сценарио коешто претпоставува помала странска побарувачка и поголема воздржаност од потрошувачка и инвестиции на домашните субјекти ќе доведе до помал раст во просек од 1,2 процентни поени за периодот 2022 - 2023 година“, велат од Народната банка, што значи дека доколку се остварат овие ризици, економскиот раст би бил понизок, односно околу 2,7%. ММФ исто така оценува дека растот догодина главно ќе биде поттикнат од големата домашна побарувачка. „Вработеноста најверојатно постепено ќе закрепнува, но високиот раст на платите, растечките дознаки и користењето на дел од кумулираните заштеди би влијаеле на зголемување на расположливиот приход. Се очекува солиден раст на извозот, иако на истиот неповолно ќе влијаат нарушувањата во синџирот на снабдување, особено

во автомобилскиот сектор, а големата домашна побарувачка подразбира висок раст на увозот“, оценуваат од ММФ. Според нив, покриеноста со вакцини е сè уште на ниско ниво, а глобалното реактивирање на пандемијата и новите варијанти на вирусот се фактори кои значат негативен ризик за растот. „Политичката нестабилност, исто така, би можела да ја намали довербата и да го успори спроведувањето на политиките. Од друга страна, почеток на преговорите за пристапување во ЕУ би можело да даде поттик за спроведување на реформи, со што ќе се зголеми растот“, додаваат од ММФ. Оценката на Фондот е дека силната поддршка преку политиките го ублажила влијанието од пандемијата врз економијата. Фискалните мерки за поддршка помогнале да се спречат големи отпуштања од работните места и да се заштитат оние кои се најранливи, додека монетарните и финансиските мерки ја одржале кредитната поддршка за економијата. „Бидејќи неизвесноста сè уште е голема, неопходно е политиките и понатаму да бидат флексибилни. Акцентот треба да биде ставен на ограничување на последиците

врз економијата предизвикани од пандемијата, истовремено остварувајќи напредок во однос на долгорочните реформски приоритети, како што се понатамошното зајакнување на управувањето со јавните финансии и управувањето со приходите, како и зајакнување на финансиската заштитна мрежа“, истакнуваат од ММФ. Светската банка исто така посочува дека фокусот на домашните власти треба да биде кон спроведување на реформи. „Со продолжителната обнова на економијата властите ќе треба да го засилат исполнувањето на даночните обврски, да го реструктурираат и приоретизираат трошењето, да ги решат долгорочните пречки во развојот и да го подобрат менаџирањето на јавните финансии. За да се интензивира развојот земјата треба да го насочи вниманието на изведба на структурни и институционални реформи“, се вели во последниот извештај на Светска банка.

Инфлацијата еден од главните предизвици Како и во другите земји, веројатно е дека инфлацијата ќе биде повисока подолго од првично очекуваното, но


9

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

во втората половина од 2022 година ќе почне да се намалува, проценуваат меѓународните финансиски институции. „Зголемувањето на цените на енергијата и храната во глобални рамки, поттикна поголема инфлација во 2021 година, и можно е тие да придонесуваат кон инфлациските движења и на почетокот од 2022 година. Имајќи предвид дека повеќе од половина од потрошувачката се должи на храната и енергијата, ова е важно за повеќето домаќинства. Показателите за инфлацијата, коишто ги исклучуваат променливите цени, вклучувајќи ги цените на храна и енергија, исто така се повисоки, што укажува на тоа дека растот на инфлацијата е на поширока основа. Севкупно земено, тимот на ММФ очекува инфлацијата во 2022 година да биде 3,9% во просек и да се стабилизира на околу 2 проценти во 2023 година и во периодот потоа“, оценуваат од ММФ. Иако постои значителна неизвесност во однос на натамошната патека на инфлацијата, поголемиот раст на платите носи нагорни ризици. Народната банка пак смета дека не се очекува оваа динамика на економски раст (враќање на преткризното ниво наредната година) да создаде поголеми притисоци од страната на

побарувачката врз цените. „Сепак, се прави умерена нагорна ревизија на инфлацијата како резултат на фактори на страна на понудата коишто се главно од глобална природа - раст на светските цени на примарните производи и нарушување во глобалните синџирите за снабдување. За оваа година проектираме дека инфлацијата ќе се задржи на умерено ниво од 3,1% а за наредната година проектираме намалување на стапката на инфлација на 2,4%, и потоа одржување околу историскиот просек од околу 2%, слично на очекувањата на меѓународните финансиски институции. Ризиците за инфлацијата главно се поврзани со неизвесноста за светските цени на примарните производи, а пред сè на енергенсите, како и со подолготрајни нарушувањата на глобалните синџири на снабдување коишто ја ограничуваат понудата на стоки, што упатува на потреба од будно следење“, констатираат од Народната банка.

Поголем буџет

За следната година властите ќе имаат на располагање и повеќе пари за трошење. Според веќе усвоениот буџет, се планира да се потрошат вкупно 4,4 милијарди евра или 35,2% од БДП, а вкупните приходи

се проектирани на ниво од околу 3,9 милијарди евра 30,9% од БДП. Дефицитот е на ниво од 544 милиони евра што е 4,3% од БДП. Капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит и изнесуваат околу 615 милиони евра, што е за околу 27% повеќе во однос на 2021 година. Според власта, запазено е т.н. „златно правило во финансиите“, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи. Пратениците од власта на дебатата во Собранието истакнуваа дека буџетот е развоен и со него ќе се забрза економскиот раст, ќе се обезбеди непречено функционирање на основните функции на државата и им се дава поддршка на реформските процеси во правосудството и на евроинтеграциските процеси. Буџетот, според нив, е донесен низ транспарентен и инклузивен процес за што доказ се прифатените 23 амандмани во вкупна вредност од околу 6 милиони евра од кои поголем дел се од опозицијата. ММФ оценува дека Буџетот за 2022 година соодветно ги намалува трошењата поврзани со пандемијата и истовремено продолжува да ја поддржува економската активност. „На прелиминарна основа, тимот на


ДЕК. 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

ММФ очекува фискалниот дефицит да се намали на 4,3% од БДП во 2022 година, од 5,9% во 2021 година. Буџетот предвидува поголеми трошоци во здравствениот сектор, вклучително и за вакцини. Исто така содржи и простор кој овозможува флексибилно да се реагира на потребите од трошења поврзани со пандемијата. Ако потребата за итни мерки продолжи да се намалува, како и што се очекува во појдовната основа, финансирањето би можело да се искористи за поддршка на прераспределба на ресурси помеѓу секторите, вклучително и преку обука и преквалификација на работниците, поттикнување на вработувањето и инвестициите и зајакнување на мрежата за социјална заштита. Во буџетот има распределба која е предвидена да биде наменета за таргетирана помош, но можеби ќе бидат потребни дополнителни средства за да се ублажи влијанието на повисоките цени на енергенсите врз ранливите групи, особено кога намалената стапка на ДДВ за електрична енергија ќе биде нормализирана, почнувајќи од јули. Натамошното давање субвенции на енергетските компании или одржувањето на намалената стапка на ДДВ, што ги засега сите домаќинства без разлика на нивното ниво на приходи, би имало поголемо влијание за даночните обврзници, отколку таргетираната помош наменета за домаќинства со пониски приходи“, сугерира ММФ. Според нив, кредибилна среднорочна фискална стратегија е клучна за обнова на фискалниот простор, истовремено создавајќи простор за повеќе инвестиции. Тимот на ММФ препорачува фискалниот дефицит да се доведе близу до 1% од БДП во наредните пет години, со што ќе се обезбеди Владата да може да има адекватен фискален простор за да одговори на евентуални идни шокови. „Ова може да се постигне главно преку реформа на даночната политика – вклучително и рационализирање на преференцијалните третмани, укинување на даночните намалувања кои беа донесени за време на пандемијата и воведување на попрогресивен систем – сето ова во

комбинација со многу потребните напори за зајакнување на капацитетот за наплата и борба против даночното затајување“, заклучуваат од ММФ и додаваат дека понатамошните подобрувања во делот на управување со јавните финансии ќе значат поддршка на планот на Владата за зголемување на инвестициите и, погенерално, ограничување на фискалните ризици. „Поконкретно, во насока на подобрување на управувањето со јавните инвестиции, плановите за формирање на посебна единица во Министерството за финансии треба наскоро да бидат заокружени и јавно-приватното партнерство треба целосно да се интегрира во рамката за јавни инвестиции. Без да го исклучиме досегашниот напредок, важно е да се продолжи со активностите за обезбедување транспарентност и отчетност во користењето на јавните пари, вклучително и преку понатамошно подобрување на праксите за јавни набавки“, потенцираат од ММФ.

Монетарната политика на готовс

Народната банка информираше дека се задржува приспособливиот карактер на монетарната политика на севкупните макроекономски и финансиски услови, што воедно придонесува за натамошна поддршка на кредитните текови во економијата. „Нагорните придвижувања на инфлацијата кај нас, како и во глобални рамки, се должат на глобалните фактори на страната на понудата, коишто според меѓународните финансиски институции се очекува дека би се стабилизирале во текот на идната година. Врз основа на тековната динамика на закрепнување на домашната економија, не се согледуваат притисоци од побарувачката врз ценовниот раст, на што упатуваат и движењата кај базичната инфлација, којашто за разлика од општото ценовно ниво, е поумерена од очекуваната. Воедно, домашната инфлација е во согласност и со ценовните придвижувања забележани во еврозоната. Оттука, засега не се увидува потреба од

монетарна реакција, но и натаму има потреба од будно следење“, информираа од НБРСМ. Без оглед што промени во домашната монетарна политика не би имале влијание врз ефектите од ниту еден од глобалните фактори кои влијаат на инфлациските движења, сепак, ММФ предупредува НБРСМ да продолжи внимателно да ја комуницира својата проценка за тенденциите на инфлацијата, и истовремено да биде подготвена да ги заостри политиките ако инфлацијата во Северна Македонија се случи да биде постојано повисока отколку инфлацијата во еврозоната, што во моментов не е случај, или ако се остварат значителни и постојани притисоци врз девизните резерви. Фондот потенцира дека одржување на монетарната и финансиска стабилност на де факто фиксниот курс на денарот во изминативе децении се потврди дека е сидро на стабилноста и нивото на девизните резерви е соодветно за да го поддржи таквиот курс. „Банкарскиот систем се покажа дека е силен и стабилен за време на пандемијата, но потребно е да се продолжи со постојаната будност. Банкарскиот систем во целина и понатаму е добро капитализиран и профитабилен. Добредојдени се иницијативите за подобрување на рамката за стрес-тестови на банките, заедно со засилените супервизорски напори со цел да се обезбеди дека банките ги препознаваат евентуалните проблематични пласмани и соодветно издвојуваат резервации за потенцијални идни загуби. Со оглед на сè уште големото учество на девизните кредити или на кредитите со девизна клаузула на домаќинствата, коишто пак имаат ограничени девизни средства како заштитен механизам, НБРСМ треба да ги одржува своите внимателно поставени мерки за да го ограничи девизното кредитирање. Уште повеќе, растечкиот долг во приватниот сектор, иако од ниско ниво, и високиот раст на хипотекарни кредити, во комбинација со зголемувањето на цените на недвижностите се фактори кои бараат понатамошна внимателност“, предупредува ММФ. 



ДЕК.. 2021

12 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Постојат надолни ризици, како за глобалната, така и за домашната економија коишто главно се поврзани со развојот на пандемијата и појавата на нови попреносливи варијанти на ковид-19, поизразените и подолготрајни нарушувања на синџирите на снабдување и евентуално позначителното затегнување на меѓународните финансиски услови. Конкретните последици од новиот сој на корона-вирусот засега сè уште се многу неизвесни, но доколку тој предизвика посериозно влошување на состојбите со пандемијата, тоа секако би значело побавно економско закрепнување од очекуваното во глобални рамки, па и кај нас, особено доколку дојде до повторно воведување рестриктивни мерки заради заштита на јавното здравје. Со оглед на неизвесностите, покрај основното, во нашите последни проекции направивме и алтернативно сценарио коешто упатува на можност за понизок економски раст за околу 1,5 п.п.


INTERVIEW

АНИТА АНГЕЛОВСКА - БЕЖОСКА гувернерка на НБРСМ

13

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

АНИТА АНГЕЛОВСКА - БЕЖОСКА гувернерка на НБРСМ

ВО 2022 КЛУЧНО Е ДА ЗАВРШИ ПАНДЕМИЈАТА И ДА СЕ ФОКУСИРАМЕ НА ЕКОНОМИЈАТА Мислам дека заедничка желба е пандемијата да остане зад нас, што би значело дека ќе можеме да делуваме и да одлучуваме без товарот што го носи оваа неизвесност секојдневно. Сепак, и покрај сите предизвици, драго ми е што успеваме успешно да ги исполнуваме своите основни задачи одржувајќи ја макроекономската стабилност, а истовремено неуморно да работиме на развојните проекти коишто се од јавен интерес и како централна банка да се доближуваме до стандардите на современото централно банкарство. Ова се моите желби на професионален план и за следната 2022 година.

ДЕК. 2021


ДЕК.. 2021

14 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ XГувернерке, X следната 2022 година на економски план, низ призмата на Народната банка изгледа исто како и годинава. Според вашите последни прогнози за движењето на домашната економија проценувате раст на бруто домашниот производ (БДП) од 3,9% колку и во 2021. Но, колку Ве загрижува остварувањето дури и на оваа прогноза имајќи предвид дека светот е повторно во грч поради ширењето на сојот Омикрон?

Динамиката на заздравувањето на нашата економија во голема мера ќе зависи од динамиката на заздравувањето на глобалната економија, а особено од европската економија каде што извезуваме голем дел од домашното производство. Меѓународниот монетарен фонд и други меѓународни финансиски институции оценуваат дека оваа криза, за разлика од онаа во 2008/09 година, нема да остави силни долготрајни последици врз економиите и ќе овозможи релативно побрзо закрепнување. Тоа се должи, пред сè, на брзата и силна реакција на монетарната и фискалната политика, коишто значително го ублажија ударот врз економијата. Така, по падот на светската економија од околу 3% минатата година, оваа година глобалната економија заздравува со стапка близу до 6%, а ММФ предвидува солиден раст и за наредната година - 4,9%. Сепак постојат надолни ризици, како за глобалната, така и за домашната економија коишто главно се поврзани со развојот на пандемијата и појавата на нови попреносливи варијанти на ковид-19, поизразените и подолготрајни нарушувања на синџирите на снабдување и евентуално позначителното затегнување на меѓународните финансиски услови. Конкретните последици од новиот сој на корона-вирусот засега сè уште се многу неизвесни, но доколку тој предизвика посериозно влошување на состојбите со пандемијата, тоа секако би значело побавно економско закрепнување од очекуваното во глобални рамки, па и кај нас, особено доколку дојде до повторно воведување рестриктивни мерки заради заштита на јавното здравје. Со оглед на неизвесностите, покрај основното, во нашите последни проекции направивме и алтернативно сценарио коешто упатува на можност за понизок економски раст за околу 1,5 п.п.

XНа X која основа ја темелите проценката за економскиот раст во 2022 година? Кои се предностите во негова полза, а кои се најголемите ризици?

Проценката за натамошен раст на економијата во 2022 се темели на повеќе претпоставки, од кои клучна е заздравувањето на европската економија како наш најзначаен трговски партнер. Според најновите проекции на ЕЦБ објавени минатата недела, по растот во еврозоната од околу 5,1% оваа година за наредната година се проектира натамошен солиден раст од 4,2%. Тоа, заедно со поповолна ценовна конјунктура кај металите, би имало директно позитивно влијание врз нашиот извоз, а индиректно и врз други сегменти во економијата. Во поглед на домашниот амбиент, се очекува дека ќе се продолжи со процесот на имунизација како и досега, што позитивно

ќе делува врз довербата и однесувањето на економските субјекти и нивната потрошувачка и инвестиции. Со оглед на високата капитализираност и ликвидност на банкарскиот систем, се очекува натамошна солидна кредитна поддршка на растот. Ваквите претпоставени движења за надворешниот и за домашниот економски контекст упатуваат на раст од 3,9%, со што економијата наредната година би го достигнала преткризното ниво. Во однос на ризиците, како што веќе споменав, мислам дека тековно нема дилема во однос на тоа кои се најголемите негативни ризици - неизвесната епидемиолошка состојба, растот на цените на енергенсите и застојот во синџирите на снабдување во глобални рамки, но и можното побрзо затегнување на глобалните финансиски услови.

XНа X среден рок, вашите проекции се раст на БДП од околу 4%. Дали тоа значи дека владините оптимистички проекции од 5,3% во 2022 – 2025 односно 5,9% во 2025, се нереални?

Не е невообичаено да има разлики во макроекономските проекции помеѓу различни институции. Макроекономските проекции зависат од претпоставките коишто се вклучени и аналитичката инфраструктура којашто се користи при проектирањето, особено макроекономските модели. Немаме подетални сознанија за проекциите на Министерството за финансии, но веројатно дел од разликата се објаснува и со фактот што во оваа фаза на проекции ние не вклучуваме ефекти од планот за забрзан економски раст на Министерството за финансии, како и поголеми ефекти од членството во НАТО. Овие аспекти ние засега ги издвоивме како позитивен ризик за растот на среден рок, што значи можност за остварување повисок раст од очекуваниот, зависно од степенот на нивното остварување. Ние постојано, внимателно ги следиме остварувањата и на претпоставките и на ризиците, а зависно од насоката и интензитетот на отстапувања, се прават и соодветни ревизии во проекциите.

XЧесто X сме Ве прашувале и претходно, но како според Вас може да се достигнат повисоки стапки на економски раст соодветни за земја во развој како нашата, за да се подобри животниот стандард на граѓаните, особено после пандемијата? Колку Ве фрустрира постојано да зборувате за потребните структурните реформи без притоа да ги видите дека се спроведуваат?

Неспорно е дека за да растеме побрзо, но одржливо, мора да го зголемиме потенцијалот за раст. Тоа може да се направи само преку структурни политики со кои позитивно ќе се делува на трите фактори од кои зависи долгорочниот раст - трудот, физичкиот обем на капитал и продуктивноста. Според последните расположливи податоци, нашата продуктивност е само околу 44% од европската, обемот на физички капитал само околу 1/3 од европскиот, а има и тренд на опаѓање на прирастот на работната сила. Овие бројки јасно говорат каде треба да се насочат напорите на носителите на политиките. Затоа, и овој пат, морам да нагласам дека независно од предизвиците поврзани со пандемијата, не смееме да ги оставиме структурните реформи настрана. Процесот на отстранување на структурните пречки мора да се одвива непрекинато. Впрочем,

корона-кризата уште повеќе ги нагласи старите структурни проблеми, а на површина беа исфрлени и нови доведувајќи ја во прашање одржливост на одреди бизнис-модели во постпандемичниот период и нагласувајќи ја потребата од преквалификација на работната сила, промени на професионалните профили на пазарот на трудот со нови „професии на иднината“, а сето тоа во контекст и на забрзаната дигитализација. Структурните реформи се комплексни и опфаќаат повеќе аспекти, но она што е особено важно за малите економии, како нашата, е дека не можат да растат брзо без поголема трговска и финансиска интеграција. Затоа особено ни е важен понатамошен влез на мултинационални компании коишто ќе придонесат за зголемување на извозниот потенцијал, ќе ја подобрат извозната структура, како и продуктивноста и конкурентноста. Во овој контекст неопходно е и посилно поврзување на странските со домашните компании, заради зголемување на позитивните преносни ефекти врз вкупната економија. Битен предуслов за поголема интеграција секако се јавните инвестиции насочени кон подобрувања на економската, социјалната, дигиталната инфраструктура. На овој начин ќе може да се обезбеди не само повисок, туку и поквалитетен раст поттикнат од технолошки софистицирани и иновативни сектори. Сепак, мора да имаме предвид дека за остварување на сето ова, клучно е да се оствари и напредок во унапредувањето на квалитетот на институции и на образовниот систем. Само така и ќе може да очекуваме долгорочен повисок економски раст. За илустрација, според Извештајот за глобална конкурентност, нашата земја е рангирана на 84-та позиција според квалитетот на институциите, на 83-та позиција според вештините и на 74-та позиција според човечкиот капитал, што не отстапува многу од земјите од регионот, но е драстично послабо во споредба со земјите од ЕУ15 (коишто се на 22, 20 и 17-та позиција, соодветно). Дали ме фрустрира? Па еве само да кажам дека би сакала следниот пат кога ќе зборуваме на оваа тема да зборуваме за прогресот во структурните реформи, а на глобалната мапа оцените за нашата земја побрзо да се подобруваат.

XШто X се однесува до инфлацијата, иако првично се очекуваше дека ќе биде од привремен карактер и ќе се смири брзо, последните анализи покажуваат дека инфлаторните притисоци се зголемуваат и веројатно ќе траат повеќе од очекуваното. Колку е веројатно дека инфлацијата може да биде и над 2,4% во 2022, од што ќе зависи? Како ќе реагирате ако инфлацискиот притисок расте?

По декадана ниска инфлација, и покрај големата ликвидност обезбедена од централните банки, оваа година се забележуваат нагорни поместувања кај инфлацијата во глобални рамки. Така, ММФ оценува дека глобалната инфлацијата за оваа година ќе забрза и ќе изнесува 2,8% во развиените економии, а 5,8% во земјите во развој. Ова забрзување во најголема мера произлегува од фактори на страна на понудата, односно растот на цените на примарните производи на светските берзи, пред сè нафтата и прехранбените производи, а во последните месеци се забележуваат изразени нагорни придвижувања и


АНИТА АНГЕЛОВСКА - БЕЖОСКА гувернерка на НБРСМ

15

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Неспорно е дека за да растеме побрзо, но одржливо, мора да го зголемиме потенцијалот за раст. Тоа може да се направи само преку структурни политики со кои позитивно ќе се делува на трите фактори од кои зависи долгорочниот раст - трудот, физичкиот обем на капитал и продуктивноста. Според последните расположливи податоци, нашата продуктивност е само околу 44% од европската, обемот на физички капитал само околу 1/3 од европскиот, а има и тренд на опаѓање на прирастот на работната сила. Овие бројки јасно говорат каде треба да се насочат напорите на носителите на политиките. Затоа, и овој пат, морам да нагласам дека независно од предизвиците поврзани со пандемијата, не смееме да ги оставиме структурните реформи настрана.

кај цените на електричната енергија и гасот. Дополнителен фактор се и нарушените синџири за снабдување поради кои се јавува намален обем на понуда на производи. Очекувањата се дека движењата на глобалните пазари имаат привремен карактер, односно веќе за следната година се очекува стабилизирање. Би нагласила дека вакви нагорни амплитуди на глобалните пазари на енергенсите и прехранбените производи имаше и во минатото. Ние сме мала економија, зависни сме од увоз, како во производството, така и во потрошувачката, односно половината од индексот на потрошувачките цени се однесува на храната и енергијата, така што очекувано е дека сигналите од меѓународните пазари ќе се пренесуваат на домашниот пазар. Оттаму, и кај нас оваа година се забележуваат нагорни придвижувања кај инфлацијата којашто во првите 11 месеци во просек изнесува 3,1%, што е во согласност со нашите проекции за целата година од 3,1% и ги одразува во најголема мера увозните цени на енергија и храна. Засега нема изразени притисоци од страната на домашната побарувачка, којашто сè уште е под преткризното ниво за околу 2,8%. Имајќи ги предвид проекциите на меѓународните финансиски институции за стабилизирање на цените на примарните производи наредната година, очекуваме дека ќе дојде до одредено намалување на инфлацијата и кај нас. Сепак, цените на примарните пазари се променливи и многу неизвесни, поради што Народната банка внимателно ги следи промените кај увозните цени и факторите коишто ги придвижуваат, но и домашните фактори како што е растот на платите и прави постојана оцена на потенцијалните ефекти и ризици, заради навремена и

ДЕК. 2021

соодветна промена во поставеноста на монетарната политика. Доколку се оцени дека е потребно, Народната банка е подготвена да реагира користејќи дел од монетарните инструментите коишто ги има на располагање.

Каква монетарна политика планирате да водите во 2022 година имајќи ја предвид неизвесноста што ја носи сојот Омикрон? Би сакала да истакнам дека ова е прва криза во којашто Народната банка реагира со намалување, а не со зголемување на основната каматна стапка, а тековното ниво на основна каматна стапка е најниското коешто сме го имале досега. Ова придонесе и за историски ниски каматни стапки за кредитирање, што обезбедува поддршка за граѓаните и компаниите, односно за целата економија. Поставеноста на монетарната политика е условена од макроекономските услови и согледувањата за ризиците. Конкретно, треба да се има предвид дека со оглед на монетарната стратегија за де факто фиксен девизен курс, просторот за приспособување на политиката зависи првенствено од два фактора: официјалните девизни резерви и инфлацијата. Девизните резерви постојано се на соодветното ниво и се овозможува спроведување олабавена монетарна политика, а инфлацијата иако умерено забрза оваа година, и натаму е во умерени рамки. Сепак, мора да се има предвид дека просторот за водењето олабавена монетарна политика не е неограничен и дека за централните банки во претстојниот период главен предизвик ќе бидат ризиците поврзани со цените на примарните производи и нивното влијание врз инфлацијата, а особено врз инфлациските

очекувања. Доколку ценовните притисоци се помали, можноста за задржување на олабавениот карактер на монетарната политика ќе биде поголем. Некои централни банки коишто се соочија со поизразени инфлациски притисоци веќе и почнаа со постепено намалување на монетарниот стимул. Сепак, глобалниот консензус кај носителите на политиките и меѓународните институции е дека доколку се почне со повлекувањето на монетарниот стимул, тоа треба да се одвива постепено, имајќи ги предвид ризиците околу закрепнувањето на економијата што сè уште постојат, вклучително и ризиците од новите мутации на вирусот. Накусо, ова упатува дека мора поголемо внимание да им се посветува на структурните и трансформациските политики коишто нема да имаат само краткорочни, туку и долгорочни ефекти за економскиот раст.

Како ја оценувате кредитната активност и колку банките придонесуваат во економијата во услови на корона-криза? И покрај силниот пандемичен шок, кредитната активност не забави како што вообичаено се случува во кризни периоди. Напротив, оваа година кредитната активност забрза достигнувајќи раст од околу 7%. Ова се должи на силната капитална и ликвидносна позиција на банкарскиот систем пред почетокот на пандемијата, но и на брзата и силна реакција од страна на Народната банка, којашто од почетокот на пандемијата презеде низа мерки коишто овозможија олеснување на финансиските услови во домашната економија и зголемување на ликвидноста и флексибилноста на банките. Солидната кредитна поддршка продолжува


ДЕК.. 2021

16 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

и целокупната економија, анализа на можноста за формирање портфолио на „зелени обврзници“ во рамките на портфолијата на девизните резерви. Исто така, се планира и стрес-тестирање на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени, како и дефинирање конкретни насоки за банките за соодветно управување со ризиците од климатските промени.

XНа X крајот на 2021 година, ако ги сумирате Вашите впечатоци, колку оваа година ги задоволи очекувањата во поглед на закрепнувањето од тешката корона-криза лани?

Како и што очекувавме, годинава којашто изминува е година на постепено закрепнување по првиот удар од пандемијата низ којшто поминавме во 2020 година на економски, општествен и личен план. Досегашните остварувања главно се во согласност со очекувањата на Народната банка. Динамиката на закрепнување на економијата е солидна, а растот во првите три квартали од 4,6% е многу блиску до нашите проекции од 4,2%. За разлика од претходната глобална криза, којашто предизвика долга и тапа болка, корона-кризата предизвика брза и остра болка - со првично поголем и пораспространет ефект во однос на светската финансиска криза, но со побрзо заздравување. Ова е пред сè бидејќи оваа криза не произлезе од нарушувањето на економските фундаменти, туку се прелеа од кризата во здравствениот систем и бескомпромисната потреба од зачувување на јавното здравје. Најголемиот дел од земјите во светот се обидоа да направат баланс помеѓу потребата за економско закрепнување и задржување на економската благосостојба и потребата за ограничување на притисоците во здравството и заштита на здравјето на луѓето. Но како што веќе посочив, неизвесноста и ризиците постојат, што наметнува потреба од внимателно следење на сите показатели и соодветно приспособување на макроекономските политики. и оваа година, а слични се и очекувањата за идната година. Ова е особено значајно во економии како нашата каде што пазарот на капитал е недоволно развиен, а главен надворешен извор на финансирање на корпоративниот сектор претставува банкарскиот сектор.

XНеодамна X споделивте интересен податок дека се зголемува интересот за таканаречените зелени кредити, односно финансиска поддршка за проекти во обновливи извори на енергија, но сепак тие се само 2,5% од вкупната кредитна изложеност. Како планира Народната банка да поттикне поголем интерес за зелени финансии? Климатските промени се една од најголемите глобални закани, а во глобални рамки нема дилема дека тие може преку повеќе канали да влијаат на економиите. Во овој контекст, ММФ проценува дека природните непогоди поврзани со климатските промени можат да го намалат глобалниот економски раст во просек за 0,4 процентни поени, а кај помалку развиените економии, дури и до 0,7 процентни поени. Притоа се оценува дека климатските промени можат да влијаат и врз целите на централните банки ценовната и финансиската стабилност, што наметнува потреба од поактивен пристап и

на централните банки. Оттука, во нашиот Стратегиски план 20222024, „зголемената свесност за климатските промени и придонесот за зелена одржлива економија“, за првпат е дефинирана како една од стратегиските цели на Народната банка. Исто така, на почетокот на годинава за првпат спроведовме Анкета помеѓу деловните банки за досегашната примена на концептот „зелени финансии“. Според резултатите од Анкетата, околу 70% од банките одобруваат кредити за проекти коишто имаат позитивно влијание врз животната средина, додека околу 43% од банките имаат воспоставено и формален систем на идентификување зелени проекти. Учеството на зелените кредити изнесува околу 150 милиони евра, или само 2,5% во вкупните кредити. Сепак заинтересираноста расте, минатата година имаше раст од 23%, а заклучно со септември, натамошен раст од околу 6%. За поддршка на зелените финансии, во нашиот среднорочниот план имаме предвидено повеќе активности, како што се: разгледување на можноста за воведување монетарни инструменти коишто ќе поттикнуваат зелено кредитирање, прибирање и објавување податоци за зелените кредити, истражувања на климатските промени и нивните ефекти врз банкарскиот систем

XКакви X се Вашите желби на професионален план од 2022?

Мислам дека заедничка желба е пандемијата да остане зад нас, што би значело дека ќе можеме да делуваме и да одлучуваме без товарот што го носи оваа неизвесност секојдневно. Сепак, и покрај сите предизвици, драго ми е што успеваме успешно да ги исполнуваме своите основни задачи одржувајќи ја макроекономската стабилност, а истовремено неуморно да работиме на развојните проекти коишто се од јавен интерес и како централна банка да се доближуваме до стандардите на современото централно банкарство. Ова се моите желби на професионален план и за следната 2022 година. За следната година нашата програма предвидува голем број активности, а меѓу нив и проекти за подобро управување со ризиците од климатските промени и развој на „зелените“ финансии, зголемување на финансиската едукација и финансиската вклученост, зајакнување на институционалната рамка за заштита на потрошувачите, осовременување на платните системи и платежните услуги, понатамошно зголемување на транспарентноста и отчетноста на централната банка. Верувам во професионалниот капацитет на нашата институција и посветеноста и одговорноста на тимот на Народната банка во исполнувањето на поставените цели. nnn


ЗА НЕШТАТА НА КОИ ИМ СЕ РАДУВАМЕ...

УЖИВАЈТЕ ВО СЛАТКИОТ ВКУС НА ВИНЧИНИ Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Винчини е секогаш тука да ги израдува сите и да ја зголеми насмевката и радоста. Да ја рашириме празничната магија со Новогодишните пакетчиња од Винчини!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ` ЗА ПОНУДА info@makprogres.com.mk + 389 33 362 289

www.vincinni.com


ДЕК.. 2021

18 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Фокусирани сме на Credit Protection Insurance продуктите Иновативноста и инвентивноста на Кроација осигурување го антиципираше развојот на нови продукти, така што веќе сме фокусирани на CPI – credit protection insurance продуктите. Делуваме проактивно и веќе создадовме иновативен производ којшто има потенцијал да го редефинира пазарот. Со овој производ, на нашите клиенти и на корисниците на кредити преку нашиот најголем партнер Стопанска банка им се нуди осигурување во случај на несакани околности и осигурување на отплата на кредит.


INTERVIEW

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ

извршен директор на Кроација осигурување - неживот

19

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ

Генерален директор на Кроација осигурување - неживот

СОЗДАДОВМЕ АМБИЕНТ КАДЕ ВИСТИНСКИ СЕ ЦЕНАТ ЧОВЕЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ, ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ И КОМПЕТЕНТНОСТА На ниво на компанија направивме комплетно реструктурирање, со консолидација во сите сегменти на работењето што доведе до позитивни оперативни резултати и зголемување на бруто полисираната премија. Голем дел од она што го постигнавме се должи на нова енергија, на квалитетни вработени, иновативност и проактивност за креирање продукти кои ги пресретнуваат потребите на клиентите. Поаѓајќи од парадигмата дека задоволството на вработените е поврзано и се рефлектира врз работата и врз односот кон клиентите, создадовме амбиент и средина каде вистински се ценат човечките вредности, професионализмот, компетентноста како и со оглед на тоа што го работиме, се стимулира близок и хуман однос кон клиентите со способност да се сознае и сочувствува со сечија животна ситуација.


ДЕК.. 2021

20 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

разговарал:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

А

лександар Манев е еден од најмладите топ менаџери во осигурителниот сектор во Македонија, но за прилично кусото време откако е на чело на Кроација Осигурување – неживот, резултатите на компанијата се импресивни. За годинава што изминува, Кроација има најголем релативен раст меѓу сите осигурители на пазарот, а во сите класи на осигурување е направено комплетно реструктурирање на портфолиото, односно на сите продукти. „Успеавме да го консолидираме тимот, да привлечеме добри професионалци желни за докажување и напредок, ја ‘стегнавме’ што се вели компанијата по сите основи и спремни сме за нови предизвици. Сакам да наметнам компаниска филозофија дека луѓето се најбитни, дека тимот е најбитен, и тоа да не биде само на ниво на некакво клише, туку преку адекватно наградување на доброто работење да создадеме задоволни вработени коишто на крајот ќе резултираат со задоволни клиенти“, вели Манев во предновогодишното интервју за Капитал. XКако X ја завршувате годинава во Кроација – неживот, дајте ни кус преглед на најважните показатели за работата на компанијата? Пред консолидирање на целосните годишни податоци, оние што ги имаме за претходните три квартали покажуваат дека Кроација осигурување – неживот има најголем раст на пазарот од дури 44% или во апсолутен износ растот е за 148 милиони денари. Значајно е тоа што растот е изедначен и е во сите класи осигурување, што говори дека како друштво со своите политики што ги спроведуваме на пазарот, со продуктите што ги нудиме и начинот на работа, сме го постигнале овој раст, а не е резултат на некои други тенденции или надворешни варијабли. Истовремено и еднакво значајно е тоа што изминатата година, иако беше исклучително тешка, очекуваме раст на бруто-полисираната премија над 200 милиони денари. Ваква политика и кон вработените и кон граѓаните придонесе да за една година бројот на клиенти ни порасна за 10.000. А тоа е резултат на довербата што ја имаат во Кроација. Постигнатите резултати и стабилната позиција на пазарот наспроти нестабилни и турбулентни социоекономски и здравствени прилики, останува да биде уверување во капацитетите што ги имаме и дополнителен стимул за она што понатаму можеме да го постигнеме. XКаква X е вашата оценка за општата состојба на осигурителниот пазар во земјава – во каква насока се движи во ова пандемично време? Осигурителниот пазар во Македонија сè уште покажува тенденција на развивање и реално има уште многу да се направи. Ако до пред пет години бевме во фаза на недоволно развиен пазар и со многу ниска свест и знаење кај граѓаните за

неопходноста од осигурителни полиси, а и за тоа што сè може да добијат, денес се забележува промена. Последните податоци за оваа година говорат дека заклучно со третиот квартал бруто полисираната премија пораснала за 18 отсто за разлика од претходната година, а бројот на склучени договори е за 32 отсто повисок и надмина 1,13 милиони. Овие бројки се навистина позитивни во споредба со минатогодишниот застој, така што оваа година иако нема некоја голема промена на општата состојба, сепак граѓаните покажале волја и свесност за осигурувањето. Кон оваа тенденција многу придонесува банкоосигурувањето, што, исто така, доживува подем. Но, далеку сме од врвот во осигурителниот пазар и има можности за уште поголем раст. Меѓутоа потребни се извесни системски и регулаторни интервенции како и едукација. На пазарот е забележано дека приватното здравствено осигурување се покажа како најбрзо растечки осигурителен производ. И во Кроација осигурување дополнителното здравствено има најголем раст на пазарот и покрај фактот дека со овој вид осигурување почнавме минатата година. Растот што го имаме во здравственото е доминантен и ни обезбедува 16% пазарно учество и нè става на 4-то место по бруто полисирана премија. Кај дополнителното здравствено осигурување многу е важно како се нуди и што им овозможувате на граѓаните, затоа што не е само наш производ, односно само на Кроација. За таа цел Кроација нуди широко распространета мрежа на даватели на здравствени услуги кои имаат договорен однос со Кроација што пак нас нè поставува како кредибилен и доверлив партнер којшто овозможува брз и лесен пристап до врвни специјалистички услуги во делот на здравството. Истражувајќи ги можностите на пазарот во овој дел, Кроација се насочи кон колективното здравствено осигурување, односно отворање на патот за компаниите да го воведат ова осигурување како дополнителен стимул за вработените. Со нашата работа конкретно на овој производ ги подигнавме стандардите и понудивме нов пристап што ја гради довербата во нашите производи и нашата работа на осигурителниот пазар. Имаме свој повикувачки центар каде што нашите клиенти се јавуваат кога имаат потреба од искористување на услугата, и максимално едноставно за нив, без никакви непотребно губење време, без самостојно закажување прегледи, скенирање и праќање сметки и други документи, можат да ги искористат привилегиите од полисата. XКои X сегменти од неживотното осигурување ќе бидат фаворити за периодот што следи, односно каде гледате најголем потенцијал за раст? Финансиските услуги, банкарските и осигурителните веќе извесно време работат заедно и ги прошируваат можностите на пазарот. Актуелната социо-економска ситуација дополнително го поттикнува развојот на заеднички производи. Така што, банко-осигурување

„Новото нормално“ ни ја поттикна креативноста „Новото нормално“ ни ја поттикна креативноста и освен што се адаптираме на новиот начин на живот и на работа, бараме начини да создадеме нешто ново и да се ангажираме индивидуално или колективно, за да одиме чекор понатаму од прилагодување. Така Кроација осигурување неживот реагира и работи во изминатите две години. Создадовме производи што се одговор на потребите, создадовме однос кон клиентите што ја гарантира нивната безбедност и ги уверува во нашата компетенција. Оваа агилност и проактивност се истакна во создавањето прв производ на македонскиот пазар со дополнително здравствено осигурување за ковид покритие.

дефинитивно ќе се развива а со посебен фокус на CPI – credit protection insurance производи. Овие производи се издвоени како перспективни во финансиските услуги и иновативни, така што создаваат многу можности за развој здравствено осигурување, исто така биде предмет на интерес на компаниите во освојување на пазарот и во потрага по нови клиенти. Ова е поттикнато од фактот што овој сегмент од неживотното осигурување онака како што се нуди моментално на локалниот пазар има простор и капацитет за развој. Ние како друштво цела измината година работевме на здравственото осигурување и понудивме неколку иновативни продукти што направија значаен пробив на пазарот, но барем Кроација се’ уште не ги исцрпи сите можности на овој вид осигурување. XОсигурителните X компании почнаа да ги испреплетуваат своите продукти со банкарските, па каква е тенденцијата во таа насока во Кроација неживот? Иновативноста и инвентивноста на Кроација осигурување го антиципираше развојот на нови продукти, така што веќе сме фокусирани на CPI – credit protection insurance продуктите. Делуваме проактивно и веќе создадовме иновативен производ којшто има потенцијал да го редефинира пазарот. Со овој производ, на нашите клиенти и на


АЛЕКСАНДАР МАНЕВ

извршен директор на Кроација осигурување - неживот

корисниците на кредити преку нашиот најголем партнер Стопанска банка им се нуди осигурување во случај на несакани околности и осигурување на отплата на кредит. Станува збор за иновативен производ којшто со склучување договор за осигурување на отплатата на кредитот, за корисникот обезбедува финансиска стабилност за време на отплатата на кредит, овозможувајќи времено премостување на одредени животни предизвици што можат да настанат за време на кредитот како што се: губење работа, незгоди, подолги боледувања и слично. Осигурувањето ги покрива ризиците на клиентите, но истовремено и го штити портфолиото на банката, едноставно објаснето како финансиска сигурност во отплата на кредит. Предностите на овој производ се повеќекратни, започнувајќи од оние за граѓаните кои добиваат дополнителна вредност во сигурност и редовно финансирање на своите обврски без оглед на состојбата во која се наоѓаат и понатаму во насока на поттикнување на развојот на домашниот осигурителен пазар. XВо X време на дигитализација и „ново нормално“ наметнато од пандемијата, кои се иновативните алатки што ги имплементиравте во вашите продукти и процеси?

Новото нормално ни ја поттикна креативноста и освен што се адаптираме на новиот начин на живот и на работа, бараме начини да создадеме нешто ново и да се ангажираме индивидуално или колективно, за да одиме чекор понатаму од прилагодување. Така Кроација осигурување неживот реагира и работи во изминатите две години. Создадовме производи што се одговор на потребите, создадовме однос кон клиентите што ја гарантира нивната безбедност и ги уверува во нашата компетенција. Оваа агилност и проактивност се истакна во создавањето прв производ на македонскиот пазар со дополнително здравствено осигурување за ковид покритие. Дигиталните алатки ги ставаме во функција но постепено, затоа што за дигитално функционирање во осигурителниот пазар, потребно е да вложи во едукација и во подигнување на свеста кај клиентите за можностите и безбедноста на овој начин на продажба на осигурителни полиси. Ова не е само кај нас, тука истражувањата покажуваат дека дигитализација во осигурителниот пазар е многу ниска во Европа, така што само 8% од склучените полиси се дигитално реализирани, што кажува дека луѓето се уште повеќе веруваат во личниот контакт. На тоа ќе се насочиме и во следниот период, затоа што во дигитализација е иднината воопшто.

21

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

XНа X челната позиција на Кроација неживот сте прилично кратко време, а имате веќе импресивни резултати. На што се должи тоа? Кои се клучните промени што ги донесовте во компанијата? Самата корпоративна култура и филозофија на Кроација осигурување како друштво е стимулирачка и ја поттикнува индивидуалноста. Доаѓајќи на челната позиција во Кроација неживот го согледав потенцијалот и конструктивниот ефект што овој воспоставен пристап го има врз вработените и сега само се обидуваме тоа да го надградиме. Кроација осигурување е компанија каде што има бескраен простор за професионално етаблирање, за искористување на сопствените потенцијали до максимум, а притоа да се трасираат нови начини во воспоставување неприкосновена доверба кај клиентите. На ниво на компанија направивме комплетно реструктурирање, со консолидација во сите сегменти на работењето што доведе до позитивни оперативни резултати и зголемување на бруто полисираната премија. Голем дел од она што го постигнавме се должи на нова енергија, на квалитетни вработени, иновативност и проактивност за креирање продукти кои ги пресретнуваат потребите на клиентите. Поаѓајќи од


ДЕК.. 2021

22 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Тимската работа и задоволството на вработените на прво место Верувам во моќта на личното професионално задоволство и како тоа се одразува врз секојдневието, затоа пред сè сакам вработените да се чувствуваат слободно, не под притисок, да можат да ја развиваат својата креативност и да ја внесат во работните задачи. Верувам дека целиот оној стрес што го создава неизвесното и несигурно секојдневие може да се канализира и да се трансформира во конструктивна енергија. Тоа се обидуваме да го внесеме во Кроација осигурување и верувам дека според минатогодишните резултати, многу од тоа сме постигнале.

парадигмата дека задоволството на вработените е поврзано и се рефлектира врз работата и врз односот кон клиентите, создадовме амбиент и средина каде вистински се ценат човечките вредности, професионализмот, компетентноста како и со оглед на тоа што го работиме, се стимулира близок и хуман однос кон клиентите со способност да се сознае и сочувствува со сечија животна ситуација. Кои се најважните вредности што вие како генерален менаџер ги форсирате во рамки на корпоративната култура?

Верувам во моќта на личното професионално задоволство и како тоа се одразува врз секојдневието, затоа пред сè сакам вработените да се чувствуваат слободно, не под притисок, да можат да ја развиваат својата креативност и да ја внесат во работните задачи. Верувам дека целиот оној стрес што го создава неизвесното и несигурно секојдневие може да се канализира и да се трансформира во конструктивна енергија. Тоа се обидуваме да го внесеме во Кроација осигурување и верувам дека според минатогодишните резултати,

многу од тоа сме постигнале. Кроација осигурување неживот ја гради својата стабилна позиција на пазарот, како профитабилна и компанија што се грижи за своите вработени и ова не е само декларативна изјава туку создавање средина каде што искреноста и довербата се основата на меѓучовечките односи дали тоа е на ниво на колеги или кон клиентите. Ова се вредностите во кои искрено верувам и кои во моето искуство го оправдале приматот што им го давам. 


Автомобилски кредит

ВОЗИ НА СТРУЈА! Најповолни услови за купување на нов/половен електричен автомобил

02/2446-000

mkd.info@procredit-group.com

2,9 ФИКСНА КАМАТА

7

ГОДИНИ РОК НА ИСПЛАТА

www.pcb.mk


ДЕК. 2021

24 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

ПОРАКИ ЗА 2022 ГОДИНА...

К

ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА?

ога на 27 март 2020 година објавив колумна за „Фокус“, со наслов „Што ни се случува“, ни на крај памет не ми паѓаше дека после 18 месеци ќе издадам книга под истиот наслов. А што всушност ни се случуваше? Во младоста, читавме стрипови каде за да се опише централната личност се употребуваше една секвенца на „дојде тивко и влезе во легендите“. Е тоа ни се случуваше во март месец таа година, кога тивко и незабележливо ни се инволвираше еден вирус за кој не можевме ни да претпоставиме дека ќе нè смени и нас, и светот, и сè што е околу нас. Првите информации дојдоа од Италија, па тивко се спуштија на границата со Хрватска, па алармот на нашите компании дека немаат суровини, па активирање на мрежата за одблокирање на границата која живот ни значеше, па веднаш од лево преоѓање на десно, на другиот крај во Европа, во Турција и одеднаш СТОП! Не ни знаевме премиерот Заев, генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов и јас додека 24 часа работевме на одблокирање на суровините, дека вирусот почна да ги загрозува и човечките животи. Одеднаш, на мојот телефон стигнаа две пораки од различни страни на светот, од двајца мои добри пријатели дека ни се случува пандемија која ќе потрае, ќе однесе милиони човечки животи, ќе ги запре економските активности... Тоа што го прочитав некако ми беше логично и се осмелив да го објавам.

Денес можам да констатирам дека сè што беше напишано беше 100 постотно точно, и констатациите, и решението и времетраењето. Никогаш не сум се чувствувал дека сум баба Ванѓа, но ова е просто неверојатно, дека некој можел да предвиди сè до детаљ. Затоа оваа сторија е многу интересна и ја пишувам во функција на поуки до определени субјекти врз кои можам да имам влијание и со тоа да помогнам и на сопствената држава, и на институцијата што ја предводам и на компаниите, кои ме поддржуваат и на јавноста која суди. Да одиме по ред:

До државата

Конечно, новите структури во Комората ги сублимираа главните приоритети. Како конструктивна движечка сила, редовно предлагаме конкретни решенија за економско заздравување и излез од кризата. Редно време е во 2022 година да се разрешат барем дел од четирите врвни приоритети кои треба да бидат во фокусот на државата, бидејќи нивната реализација ќе поттикне зголемена економска активност на приватниот сектор во наредниот период: БОРБА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА И СО КОРУПЦИЈАТА, БРЗА ГАСИФИКАЦИЈА, ДИРЕКТНА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ И БРЗИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ ДОЗВОЛИ ЗА ИНВЕСТИЦИИТЕ ОД БИЗНИСОТ. Како клучни мерки со итен приоритет на дејствување во борбата со сивата економија ги посочувам мерките за унапредување на работењето на Управата за јавни приходи преку воведување јасни и прецизни

критериуми, кодекси, доедукации и норми во работењето. Втората значајна мерка која ја предлагаме е интегрирана, целосна и итна дигитализација на процесите на државните служби, кои ќе придонесат за подобра испорака на услугите на Владата до компаниите, но и до граѓаните, за подобрена интеракција со бизнисите и со индустријата, помалку корупција, зголемена транспарентност, повеќе задоволни корисници на услугите. Не помалку значајни се и реформирање на системот на парафискалните давачки, како и сузбивање на сивата економија во електронската трговија. Целосната реализација на проектот за гасификација е од исклучително значење за стопанството како краен потрошувач, кој, на овој начин, ќе добие поевтин енергенс, пониски трошоци, а ќе се обезбеди и заштита на животната средина, но и поголема конкурентност на странските пазари. Затоа, изградбата на национален гасоводен систем, поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас за Владата на Република Северна Македонија мора да биде еден од врвните приоритети. Директната финансиска поддршка за извозните компании ќе даде силен импулс на настојувањата извозот да биде алфа и омега на економскиот напредок на државата. Финансиската поддршка за иновации за големите компании е процес кој не ги вклучува само големите компании. Напротив, треба да се имаат предвид позитивните


25

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

мултипликативни ефекти од инвестициите и од развојот на големите компании, кои потоа како локомотива повлекуваат и значаен број домашни компании добавувачи, и создаваат услови да се неутрализираат опасностите од селење на домашниот капитал во странство заради користење таква помош, која ја нудат земјите од соседството. Без брзи процедури за издавање на градежните дозволи нема инвестиции, особено брзи инвестиции, кои сега и се потребни на нашата држава. Овие процедури се особено ограничувачки и долги во локалните самоуправи. Треба да се изнајдат брзи и нестандардни решенија за бргу да се дејствува, ако сакаме инвестиции во услови на економска криза. Целта на приоритетните потези што ги наведов е создавање можности и амбиент што ќе поттикнат зголемена економска активност на приватниот сектор.

До Комората

Да се биде во чекор со промените несомнено бара голем ангажман, визионерско размислување, како и соодветни технички и кадровски капацитети, за да се одговори на барањата и на потребите на компаниите членки, кои од ден на ден се менуваат, во зависност од нивните приоритети и од моменталните барања на пазарот. Во такви услови на дејствување, Комората ги препознава тие сигнали и навремено презема активности кои водат кон трансформација на внатрешните процеси, за да се понуди една нова, подинамична и современа комора, ориентирана кон иднината. Концептот „Комора на иднината“ претставува одговор на потребите на бизнис-заедницата да има силен партнер, кој со своето знаење и со експертизата ги рефлектира современите трендови и практики на дејствување во брзо и во динамично општество. Клучна промена во трасирањето на патот кон Комората на иднината е формирањето на советите (за напредни технологии, за унапредување на високото образование, тренингот и обуките, за унапредување на индустриското производство и на извозот) со фокус спрема развој, иновации и знаења. Овие облици на наше организирање се насочени кон развој на пазарно ориентираните услуги од сите компании во државата. Преку активностите спроведени во рамките на советите, ќе настанат неколку нови, а потребни алатки за компаниите, а тоа се Берза на трудот, Институт за извоз, консултантски услуги и лобирање, Школа за бизнис-лидери, Суд на честа, Постојаниот избран суд - Арбитража итн. Значи, правиме конкретни чекори и имаме конкретни придобивки. Преку активностите на советите ќе произлезат настани: Годишна конференција за напредни технологии, Денови на отворена врата, вмрежување на домашните и на странските компании. Советите ќе бидат ориентирани и кон проектно работење, од што ќе произлезат повеќе активности во рамките на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), Швајцарската програма за поддршка на извозот (СИППО), проекти во рамките на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Со таквите активности ќе развиеме едукативни програми наменети за менаџментот на компаниите од различни нивоа, како и за вработените кои имаат потенцијал за раст во компанијата, модули за поддршка на мали и средни претпријатија и преквалификација. Значи, мојата визија е да имаме Стопанска комора на Северна Македонија, која има приоритетни цели да остане лидер во коморскиот систем, да се приближи до членките, да анимира што поголем број компании во своите редови и да ја оправда целта на своето постоење.

До компаниите

Бранко Азески

претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Што ни се случува? Според мене, отрезнување и едно големо чистилиште од кое ќе излезе нова генерација која ќе биде способна да се носи со предизвиците. За жал, некои тоа отрезнување и тоа чистилиште ќе го платат со живот, некои со пропаст на нивните бизниси и лични стандарди, но тоа што ќе излезе ќе биде ослободено од сите претходни баласти и на пропаста на бившата држава и на лошата транзиција и на лошо менаџираните интеграциони процеси.

Во изминатиов период сведоци бевме на една тешка борба со пандемијата, во која се испреплете сè: непредвидливоста, неискуството, неподготвеноста, неверувањето и што ли уште не. Има ли вирус, нема ли вирус? Вештачки е произведен или природата ни враќа? Треба да се преземат заеднички мерки или поединечни мерки на ниво на држава и регион? Додека се дискутираше тоа, пандемијата се прошируваше со огромна брзина. Сега е време кога треба да си помогнеме сите заедно, па веројатно на крајот ќе дојде време кога бизнисот ќе и помогне на државата. Што можеме да констатираме денес? Ковид 19 доведе до голем пад на економските активности; К-19 финансиски ја протресе државата затоа што средствата за неповратна државна поддршка се основниот начин за справување со кризата (се разбира, не и единствениот); К-19 носи највисок степен на ризик дека ќе се доведат во прашање сите врски меѓу субјектите потребни за водење бизнис. Неизвесноста и натаму е пред нас. Извесно е дека ова ќе потрае и дека клучниот момент ќе биде кога државната поддршка полека ќе спласнува. Практично, и на бизнис заедницата и стана јасно дека мора да го зголеми своето учество во процесите, да најде начин за одблокирање или поттурнување на врвните приоритети онаму каде што се закочени. Значи, Комората мора да успее во намерата да го промени односот на државната администрација кон компаниите, чувствувајќи ги како партнери, на кои мора да им се помогне, да се едуцираат и надградуваат, а не како досега да се „чекаат на кривина“ и да се казнуваат.

До јавноста

Како признание на активностите на комората во спроведување на процесите на дигитализација и во сопственото работење, Комората е добитник на награда „Дигитален шампион за 2021 година“, што на министерската конференција во Женева и ја доделија трите реномирани институции Светската Трговска Организација (WTO), Мeѓународната стопанска комора (ICC) И Меѓународниот центар за трговија (ITC) за проектот „Платформа за дигитализација на процесите и издавање е-документи“ што им се потребни на компаниите во надворешно-трговското работење. Оваа награда е силна порака до нашата јавност да се престане со сатанизирање на сè и секого во нашата држава и да побегнеме од синдромот кој егзистира векови, дека секој ќе го признае твојот напредок освен тие што треба, а тоа сме самите ние. На Балканот, со долготрајна финансиска и економска криза, со пандемија од светски размер, со енергетска криза во најава, со нерешени прашања во опкружувањето, со малтретирање и копање по историјата, да постигнеш каква таква одржливост и да размислуваш за некаков развој е невозможна мисија. Но, реално, ние тоа го имаме. Ако некој на 27 март 2020 година беше запрашан и му беа наброени сите можни проблеми, тој иднината после 18 месеци ќе ја гледаше како катастрофа и пустош. Ама не е така. Ние не се справуваме со кризите ни најдобро, ни средно. Имаме големи пропусти што ги плаќаме, ама пред да се кажува секој ден и секоја минута дека ништо не функционира, дека ни се случува катастрофа од невидени размери, мислам дека не е точно. Што ни се случува? Според мене, отрезнување и едно големо чистилиште од кое ќе излезе нова генерација која ќе биде способна да се носи со предизвиците. За жал, некои тоа отрезнување и тоа чистилиште ќе го платат со живот, некои со пропаст на нивните бизниси и лични стандарди, но тоа што ќе излезе ќе биде ослободено од сите претходни баласти и на пропаста на бившата држава и на лошата транзиција и на лошо менаџираните интеграциони процеси. nnn


ДЕК.. 2021

26 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118


INTERVIEW

Д-Р МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА

Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје

27

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Д-Р МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ОСТАНУВА НАШ ВРВЕН ПРИОРИТЕТ Комерцијална банка гради долгогодишни стратешки партнерства со своите клиенти, кои во услови на глобална криза добија уште поголема вредност, во интерес на двете страни. Модернизацијата, зголемената дигитализација и подобрувањето на условите во понудата е теркот кој ќе се следи и во следниот период, а заедничка нишка на сите тие активности е секако одговор на потребите на клиентите. Таквите унапредувања ќе бидат забележливи во целото портфолио, од кредитите, депозитните производи, преку платежните услуги, мобилните апликации итн.

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

K

омерцијална банка од неодамна се ребрендираше со ново лого, нов визуелен израз и нова веб страница, што значи, како што вели д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на УО, „природна еволуција за банката, која произлегува од новите трендови и новите начини на кои сите ние ги користиме новите медиуми.“ Банката втора година по ред го доби и престижното признание од магазинот Тhe Banker „Банка на годината во Северна Македонија“, инаку вкупно деветто вакво

признание за Комерцијална банка. „Исклучителноста на предизвиците наметнати од пандемијата и постигнатиот успех во 2021 година нè прават горди на оваа награда како никогаш досега“, истакна Стевкова Штериева по повод признанието. Во овие последни денови од уште една тешка пандемична година што ја оставаме зад нас, разговаравме со директорката Штериева за тоа како Комерцијална банка се справува со актуелните предизвици и кои се плановите за понатамошен развој на понудата на услугите во контекст на „новото нормално“ што го наметнува ковид-кризата, како и дигитализацијата која влегува во сите пори од нашето секојдневие.

ДЕК. 2021

Г-ѓо Штериева, Комерцијална банка повторно е прогласена, втора година по ред, за „Банка на годината во Северна Македонија“. Ви ја честитам наградата и би сакал да ни кажете каков би бил Вашиот заклучок кога би ги сумирале резултатите и перформансите на Банката на крајот од годината, која повторно беше во знакот на кризата предизвикана од Covid-пандемијата? Ви благодарам за честитките. Горди сме што Комерцијална банка повторно е препознаена со успесите во работењето, но секако најмногу ни значи секојдневната доверба која ја добиваме од нашите клиенти и која ја сметаме за најважно признание. Комерцијална банка оствари солидни


ДЕК.. 2021

28 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

резултати од работењето во услови на постепено закрепнување на економијата од последиците поврзани со здравствената и економската криза, предизвикани од вирусот Kовид-19, при што и понатаму остануваат присутни одредени ризици и неизвесност поради пандемијата. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, и натаму е задоволителна иако е помала во однос на минатата година, што главно се должи на помал износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Присутни се позитивни трендови во речиси сите сегменти од работењето на Банката, како во делот на домаќинствата, така и во корпоративниот сектор. Кредитната активност кон секторот домаќинства во текот на 2021 година е умерено зголемена и со внимателен пристап во пласирање средства поради неизвесноста поврзана со пандемијата од Ковид-19. Кредитирањето на корпоративниот сектор, исто така, бележи пораст, но со помала динамика. Во овој сегмент се обрнува посебно внимание на изнаоѓање најповолни решенија за корпоративните клиенти полесно да се справат со кризата и да ги надминат проблемите со кои се соочуваат. Комерцијална банка гради долгогодишни стратешки партнерства со своите клиенти, кои во услови на глобална криза добија уште поголема вредност, во интерес на двете страни. Во текот на 2021 година, Банката продолжи со оптимизирање и дигитализација на деловната мрежа преку отворање 24/7 зони. Тие ги направија производите и услугите на Банката лесно достапни во секое време и ги задоволија потребите на клиентите кои сè повеќе бараат алтернатива на банкарскиот шалтер, било поради пандемијата или поради тоа што дигиталниот свет им е поблизок и поприфатлив. Банката се стреми дигитализацијата на деловната мрежа да ја овозможи не само во Скопје, туку и регионално. Овозможувањето 24 часовна достапност на услугите се врши паралелно и преку континуираната надградба на апликациите за Интернет и мобилно банкарство. Во услови на пандемија, бројот и вредноста на Интернет-трансакциите во домашниот платен промет забележаа пораст од 20,9% и 15,5% соодветно, додека трансакциите на виртуелните ПОС терминали забележаа дури 64,2% пораст на годишно ниво. XКомерцијална X банка објави дека за првите девет месеци од 2021 остварила добивка од 22 милиони евра. Дали до крајот на годината ќе го реализирате зацртаниот план? Досегашните резултати и очекувањата за последниот квартал, кој веќе е на самиот крај, се основа која нè уверува дека не постојат фактори кои би придонеле планот за 2021 година да не се оствари, вклучувајќи ја и планираната добивка. Работењето на Комерцијална банка се базира на ефикасна долгорочна стратегија за раст, посветеност на дигиталната трансформација и на

познавањето на пазарот, односно на потребите на клиентите. Во рамките на овие деловни политики и корпоративни вредности беа спроведени и мерките за одложено плаќање на кредитните обврски на клиентите кои поради пандемијата се соочија со финансиски потешкотии, а кои оваа година веќе се ставени во редовна отплата. Од 01.04.2021 година, во редовна отплата се ставени изложеностите кон физички лица кои беа опфатени со вториот сет мерки заради ублажување на потешкотиите од Ковид-кризата. Најголем дел од изложеностите кон правни лица кои беа опфатени со мерките се во редовна отплата од почетокот на годината. Ние остануваме посветени на нашата определба да одговориме соодветно на потребите на нашите клиенти и да придонесеме за одржливо закрепнување на националната економија. Секако, квалитетот на кредитното портфолио и силното ниво на капитализација се приоритетни цели затоа што тие се клучни за добро позиционирање на Банката во справувањето со предизвиците кои ги носи Ковид-пандемијата. XДали X историски најниските каматни стапки во земјава придонесоа за значително поголема побарувачка на кредити од страна на граѓаните? Каква е динамиката на кредитирањето оваа година, односно кои кредити се најбарани и со која понуда Комерцијална банка излегува во пресрет на граѓаните? Пазарот на кредити за физички лица веќе неколку години е доста раздвижен, што се должи секако и на навистина поволните каматни стапки. Во последните пет години најголема побарувачка и раст на кредитите за физички лица е остварен во 2019 година, во апсолутен износ и во релативна големина. Ковидкризата имаше одредено влијание врз кредитирањето на населението затоа што во одреден период граѓаните покажаа делумна воздржаност од потрошувачка и инвестиции, а влијание имаше и врз понудата на поголем дел од банките поради условите на неизвесност кои се појавија. За овој период е карактеристично што најбарани се станбените и потрошувачките кредити од страна на граѓаните. Во последните две години (2020 и 2021) поизразена е побарувачката за станбени кредити. Во изминатиот период, Банката воведе неколку новитети во понудата на кредитни производи – наменски потрошувачки кредит во соработка со Нептун, нов наменски кредит во соработка со GEFF програмата на ЕБРД за енергетска ефикасност на домаќинствата, а потрошувачкиот кредит до 30.000 евра со ЕУР клаузула доби не само промотивни, туку и уште поатрактивни услови со осигурителните полиси од групацијата Триглав, кои се достапни како обезбедување и за потрошувачкиот кредит за пензионери и за станбениот кредит. Сите овие производи уште повеќе излегуваат во пресрет на потребите на клиентите. XБизнис X секторот, како и целата економија, сè уште се носи со товарот на економската криза. Како тоа влијае на перформансите кај компаниските

кредити во Комерцијална банка? Дали по завршувањето на мораториумот за отплата се чувствуваат проблеми со отплатата кај одредени кредитни пласмани? Најголем дел од кредитите кај кои беа преземени мерки за олеснување на отплатата во изминатиот период се веќе во отплата и редовно се сервисираат. Секако дека компаниите во најпогодените сектори од пандемијата (туризам, угостителство и транспорт) сè уште ги чувствуваат во голем обем последиците од кризата и покрај тоа што постепено закрепнуваат. Кај дел од компаниите во овие сектори, кои сè уште имаат проблеми со отплата на обврските, Банката во директна комуникација и тесна соработка со клиентите се обидува да најде взаемно прифатливо решение за прилагодување на отплатите кон очекуваните готовински текови во наредниот период, користејќи ги можностите согласно постојната регулатива на НБРСМ (дополнително пролонгирање или реструктурирање на кредитните изложености). Комерцијална банка ќе продолжи да игра клучна улога во обезбедување на потребните финансии за бизнисот да може да го надмине влијанието на економската криза и целата економија да се движи кон закрепнување. Оваа година Комерцијална банка доби и кредит од 2,5 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за кредитирање мали и средни претпријатија со цел поттикнување на нивната конкурентност. И покрај својата висока ликвидност, Банката одлучи да го земе овој кредит бидејќи содржи грант компонента, која е особено барана од клиентите. Финансиската поддршка е наменета за инвестиции во надградба на производни капацитети и усогласување со Директивите на ЕУ во областа на заштитата на животната средина, безбедноста на работниците и квалитетот и безбедноста на производите. Најзначајната поволност на кредитите, која особено ја ценат клиентите, е што овозможува грант од 15% од вредноста на вкупната сума на кредитот, при што повратот на вложените средства се врши по успешно завршување на проектот. XСо X оглед на неатрактивноста на каматните стапки за штедење и на инфлаторните притисоци, дали има тенденција луѓето да ги префрлаат парите во други, повисоко приносни инструменти? Ако во оваа анализа се впуштиме од аспект на состојбите на депозитите на населението во Комерцијална банка, тогаш не може да се забележи прелевање, односно намалување на депозитите. Заклучно со септември оваа година депозитите на населението бележат годишен пораст од 9,9%, кој е континуиран и покрај намалувањето на каматните стапки. Сепак, во делот на брокерското работење може да се забележи зголемен интерес за вложување во странски хартии од вредност. Со оглед дека Комерцијaлна банка е над 60% сопственик во друштвото за управување со фондови КБ Публикум инвест, а со тоа го следи и работењето на ова друштво во областа


Д-Р МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА

Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје

29

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Кредитната активност кон секторот домаќинства во текот на 2021 година е умерено зголемена и со внимателен пристап во пласирање средства поради неизвесноста поврзана со пандемијата од Ковид-19. Кредитирањето на корпоративниот сектор, исто така, бележи пораст, но со помала динамика. Во овој сегмент се обрнува посебно внимание на изнаоѓање најповолни решенија за корпоративните клиенти полесно да се справат со кризата и да ги надминат проблемите со кои се соочуваат.

на инвестициските фондови, можеме да забележиме дека и во овој сегмент има раст и дека фондовите сè повеќе се инвестициска алтернатива. XКои X се најзначајните промени што ги донесе Covid–кризата во работењето на Комерцијална банка и колку од нив беа насочени кон клиентите и нивните потреби? Накусо, што значи „новото нормално“ за Комерцијална банка? Самиот факт што кризата беше и сè уште е поврзана со физичката дистанца при комуникацијата, едно од најважните сознанија беше дека Комерцијална банка, нејзините вработени и клиенти можат без никакви нарушувања да работат далечински, т.н. “remote”, а при тоа продуктивноста и ефикасноста да бидат речиси непроменети. Банката организира безбедно шалтерско работење без нарушувања, успеа да го зголеми нивото на дигитализација на услугите до степен прифатлив и препознаен од клиентите. Навистина постојат области во кои е неопходна

непосредната комуникација, но кризата покажа дека дигитализацијата во сите сегменти е на многу високо ниво и дека таму каде што Банката инсистира на физичко појавување на клиентите е главно поради законските решенија или поради неможност на клиентите да работат дигитално. Што се однесува до Комерцијална банка, таа е целосно подготвена за ваков вид предизвици. XБанката X се ребрендираше со ново лого, нов изглед на веб-страницата... Што ги иницираше овие промени? Што друго ново може да очекуваме од Комерцијална банка во периодот што следи? Измените кај логото, новиот визуелен израз и новата веб-страница, беа природна еволуција, која произлегува од новите трендови и новите начини на кои сите ние ги користиме новите медиуми. Логото и сите пропратни измени се всушност само нова, посовремена верзија на добро познатите симболи на Комерцијална банка, адаптирани на

ДЕК. 2021

новото време и на дигиталните алатки кои стануваат доминантни во секојдневието. Новата веб-страница, пак, е почетна основа за нашиот фокус на дигитализација и модернизирање на сите услуги кои ги нудиме за клиентите. Паралелно со унапредувањето на виртуелните алатки, Банката веќе подолг период, како што споменав и погоре, врши целосно модернизирање на своите експозитури и воведува сè повеќе дигитални зони во мрежата, кои функционираат 24/7 и нудат цел спектар на услуги за клиентите. Модернизацијата, зголемената дигитализација и подобрувањето на условите во понудата е теркот кој ќе се следи и во следниот период, а заедничка нишка на сите тие активности е секако одговор на потребите на клиентите. Таквите унапредувања ќе бидат забележливи во целото портфолио, од кредитите, депозитните производи, преку платежните услуги, мобилните апликации итн.


ДЕК.. 2021

30 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Финансискиот магазин The Banker и ја додели на Комерцијална банка наградата „Банка на годината во Република Северна Македонија“ втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите. Комерцијална банка го има добиено ова престижно признание вкупно 9 пати досега.

Се најавува регулатива за развој на финтек секторот, па што очекувате на тоа поле на македонскиот пазар? Во кој дел овие финтек стартапи би можеле да бидат своевидна конкуренција за Комерцијална банка? Секој здрава конкуренција е добредојдена. Во таа смисла и на развојот на финтек сегментот и финтек стартапите гледам како на нова можност за унапредување на активностите во доменот на сите финансиски активности. Тоа што е најважно при воведувањето на овие бизниси се однесува на заштитата на клиентите во доменот на податоците со кои финтек компаниите ќе располагаат. Тоа се однесува како на етичкиот аспект, овде пред сè мислам на целосно почитување на Законот за заштита на лични податоци, така и на ИКТ аспектот и заштитата на базите на податоци. И двете активности се “скап спорт” за секој кој сака да работи со трансфер на пари и тоа да го прави на регулиран, чесен и етички начин, кој во ниту еден момент нема да ги доведе во опасност податоците на клиентите. Едноставно како банкар, но и граѓанинкорисник на финансиски услуги, сакам да видам пазар на кој сите учесници ќе бидат одговорни при располагањето со моите лични податоци и податоците за моите финансиски средства. На прагот од 2022 година какви се Вашите очекувања за македонската економија со оглед на влијанието на

сите актуелни фактори (високи цени на енергенсите, инфлаторни притисоци на општото ниво на цените, неизвесност за крајот на пандемијата)? Присуството на Ковид-19 и забавената имунизација, проследени со појава на нови варијанти на вирусот, претставуваат фактори кои во голема мера влијаат на неизвесноста во глобални рамки. Иако интензитетот на шокот беше различен во различни економии, малите отворени економии со многу голема увозна зависност, како што е нашата земја, се многу поподложни на сите влијанија од глобалните пазари. Поради тоа се очекува просечната увезена инфлација да биде умерено повисока, а со тоа да има влијание и на поголеми притисоци врз инфлацијата и увозот. Проекциите на НБРСМ упатуваат на тоа дека се очекува натамошно заздравување на домашната економија, солидна кредитна активност на банкарскиот сектор, соодветно ниво на девизни резерви и олабавена монетарна политика. Брзината со која ќе се справуваме со кризата, брзината со која ќе закрепнуваме и ќе започнеме нови инвестициски циклуси итн., во голема мера зависи и од нас самите, од нашите субјекти, правни и физички лица, од нивните перцепции и стравувања, како и од одлуката за преземање деловни потфати. Вие сте и претседател на Македонската банкарска асоцијација. Како ги

оценувате состојбите во банкарскиот сектор и со какви деловни планови влегуваат домашните банки во наредната година? Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и во изминатиот период покажа високо ниво на резистентност на шокови, финансиски и оперативни. Банките успешно се справија со проблемите кои ги наметна пандемијата и активно се вклучија во обезбедување финансиска поддршка на компаниите и на граѓаните. Едноставно, сметам дека банките покажаа и стабилност и општествена одговорност во една исклучително тешка состојба пред која се исправи целата држава. Иако сите се надеваме дека ќе се создадат услови за побрзо закрепнување на економијата, многу прогнози од релевантните домашни и меѓународни финансиски институции кажуваат дека тоа нема да оди така брзо како што сите посакуваме. За жал, сведоци сме дека вирусот нема брзо да си замине, така што заканата врз здравјето на луѓето и контракциите што ги предизвикува врз економијата продолжуваат. Во услови на изразен степен на неизвесност, банките секако остануваат подготвени да одговорат на потребите на граѓаните и на компаниите согласно прудентните економски и монетарни политики. Очекувам да продолжи растот на кредитните пласмани кај компаниите и кај населението. 



ДЕК.. 2021

32 ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

ЕУ ЌЕ ПОМАГА СО ЕКСПЕРТИЗА И ПАРИ

МАКЕДОНИЈА ВЕТУВА ПОСВЕТЕНОСТ КОН ЗЕЛЕНИОТ ДОГОВОР

Македонија се обврза да работи кон оваа цел за 2050 година заедно со Европската Унија преку Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Софија во 2020 година. Новата кампања „Не постои резервна планета“ повикува на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа бидејќи времето истекува.


33

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

автор:

Н

Катерина Синадиновска е постои резервна планета" е слоганот на новата кампања „„ЕУ со ТЕБЕ" фокусирана на Европскиот зелен договор, што ќе ја промовираше Мисијата на ЕУ во Скопје преку шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир. Целта на кампањата е да ја подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата клучна цел – да достигне нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент. Македонија се обврза да работи кон оваа цел за 2050 година заедно со Европската Унија преку Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Софија во 2020 година. Кампањата повикува на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа бидејќи времето истекува. Климатските промени и деградацијата на животната средина, како што посочуваат од канцеларијата на ЕУ во земјава, се егзистенцијална закана за регионот, Европа и светот. Овие закани бараат итен и амбициозен одговор и секој од нас може да направи разлика со вклучување. Затоа што иднината на сите нас зависи од здрава планета. Европската унија ја презеде водечката улога во глобалната борба против климатските промени и го постави Европскиот зелен договор како план за трансформација на Европа, вклучувајќи го регионот на Западен Балкан на климатски неутрален континент до 2050 година. „Кампањата ‘ЕУ со ТЕБЕ’ за Европскиот зелен договор поставува ‘Музеј на иднината’ како потсетник за тоа што може да се изгуби во текот на нашиот живот поради климатските промени и деградацијата на животната средина. Тоа е повик за будење за потенцијалното губење на најсуштинските работи на планетата, како што се свежата вода, чистиот воздух, но и на локално скапоцените продукти како што е познатиот домат – Јабучар за Македонија, Затоа, кампањата повикува на силна политичка посветеност за ублажување на климатските промени, спречување на загадувањето, заштита на биолошката разновидност, промовирање на одржливо земјоделство и производство на храна, декарбонизација на енергијата и транспортот. Разликата може да се направи само преку иницијатива и акција – и на национално и на локално ниво. Европската унија може да помогне со нудење експертиза, совети и со значително финансирање во рамките на инструментите со кои располага. Во оваа ‘трка до нула’, потребно е секој да стигне до целта и потребно е секој од нас да придонесе за Европскиот зелен договор да стане реалност“, велат од Канцеларијата на ЕУ. 

ШТЕФАН ХУДОЛИН

ШЕФ НА СЕКТОР ЗА СОРАБОТКА ПРИ МИСИЈАТА НА ЕУ

100 МИЛИОНИ ЕВРА ЕВРОПСКА ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ЗЕЛЕНИОТ ДОГОВОР Можете ли да ни кажете повеќе за Зелениот договор и за неговото значење за ЕУ, но и за европскиот континент? Да, со задоволство. Ви благодарам на поканата. Зелениот договор е нашата европска иднина, тој е посветен на тоа како ги правиме нештата за да стигнеме до целта – да се направи Европа првиот енергетски неутрален континент до 2050 година. Мислите дека е реален тој датум? Да, мислам дека да. Амбициозен е, но реален. Во последните години видовме дека паралелно со редукциите на емисиите, можеме да видиме и раст на економијата. Има многу нешта што треба да се сторат, многу предизвици и ќе треба работа од сите нас, но треба на направиме промена во нашата свест. Ова не е веќе само афирмативна акција што бара само акција, туку Зелениот договор мора да се имплементира во нашите секојдневни активности и во сите политики, без разлика на секторите, дали е тоа индустрија, земјоделство, бизниси... секаде. Секогаш мора да биде поттикнат и да се земе предвид. Имаме пример, со 2019, педесет политики на

ниво на ЕУ беа иницирани, земајќи ја предвид визијата на Зелениот договор. Точно е дека овие промени нема да бидат лесни, но ова мораме да го сториме, оти инаку цената ќе биде поголема. Нема да биде лесно, ниту за вас, ниту за нас, како земја кандидат. Какви инструменти на европска помош можеме ние да искористиме? Животната средина, климатските промени, загадувањето... не познаваат граници. Нема јас и вие, наше, нивно... Се работи за континентот Европа. Сакаме да бидеме лидери во ова. Многу сме задоволни што Западниот Балкан и Северна Македонија ја поддржаа Зелената агенда за Западен Балкан и ние исто предвидуваме и финансиски систем за ова. Но, ќе има промена во тоа како ова ќе го имплементираме. Ќе бидеме водени во имплементација и програмирање на нашите активности, без разлика на секторите, земајќи ја предвид нашата главна цел – климатски неутрален континент и зелената агенда. Да бидам попрецизен, да ви дадам сума, имаме алоцирано преку ИПА програмите, пакетот од 2021 блиску


ДЕК.. 2021

34 ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

100 милиони евра што ќе и бидат на располагање на Северна Македонија. Над тоа, имаме и регионални инструменти што се многу важни. Ако речеме дека даваме 100 милиони тие пари не се многу важни, но 100 милиони се важни ако се работи за граунд инвестиции што можат да привлечат инвеститори, да привлечат заеми и се надеваме дека ќе се мултиплицира граунд финансирањето за да дојдеме до бројки што можат да одговорат на предизвиците. XПочнавте X кампања неодамна. Не се работи само за главните ресурси на планетата, туку и за локалните богатства. Да. Многу сме среќни што ја почнавме кампањата на која работевме минатите месеци. Идејата е да го ставиме Зелениот договор во локален контекст за граѓаните да го поддржат и да го применуваат во секојдневниот живот и тоа го планираме низ неколку чекори што мислиме дека ќе бидат корисни за секој поединец, граѓаните кои треба да разговараат за проблемите, што се случува наоколу, потоа фокусот е на квалитетот на воздухот, водата, почвата. Етаблиравме и една метафора – нарекувајќи ја Музејот на иднината, каде што се создава една страшна слика дека ова ќе се експонати што нема да бидат возможни во иднина, чистиот воздух и чистата вода. И преведувајќи го ова во локални популарни производи, на пример доматот „јабучар“. XШто X може да биде загрозен... Домати, пчели, видови што да, можат да бидат загрозени. Слоганот е „Затоа што немаме резервна планета“ и е препознатлив за секого. Ова ќе биде следено од други пораки и поддржано од сите нивоа, затоа што, повторно – не се работи за ЕУ, туку за европскиот континент и секој во сите активности, имплементирано во акции. Затоа ја лансиравме кампањата и со

градоначалниците, оти на крајот, ви требаат сите. Се е имплементирано на локално ниво и затоа ни треба поддршката од локалните лидери и заедници, во соработка со централните и со институциите. Исто така, после тоа ќе имаме и награди за оние кои биле најуспешни и успеале ова да го спроведат ова во заедниците. XКога X зборуваме за имплементација, каде ги гледате најслабите точки? Каде мислите дека ќе се појават проблеми? Во кои сектори, во кои институции? Тоа е лесно прашање – секаде. Се однесува на се. Во кој сектор и да погледнеме, секогаш мора да се водиме од тоа – како ова ја погодува околината и како може да биде подобро. Ако морам да одберам едно поле тоа е употребата на фосилни горива, што е секаде проблем, и во мојата земја е. Трансформацијата од вакви горива во обновливи извори на енергија. Тоа е еден долг процес што многу бара и е полн со предизвици. Ако се сетиме дека во Северна Македонија 80 проценти од емисиите доаѓаат од овие горива во продукцијата и транспортот на енергијата, греењето.. трансформацијата мора да се случи и не можеме да чекаме за целосно воведување на обновлива енергија, туку треба да се почне денеска, воздухот мора да го исчистиме веднаш. XЗборувајќи X за енергијата, не можеме да избегаме од фактот дека ние сме фокусирани многу на процесот на гасификација. Мислите ли дека е возможно да се спроведат двете – и тој процес и оваа стратегија? Да. Токму тоа е идејата, овој процес мора да им служи на двете. Но, намерата е да се држи гасификацијата до потребите, не да се отфрли целосно. Но, исто така е точно дека Зелениот договор може да биде постигнат само ако се обезбеди во исто време и економскиот раст, мора да има просперитет за граѓаните, не можеме да седиме пасивни, таму имаме голема надеж. Но, ни требаат и залихи

на енергија и енергетска сигурност. Не можеме да живееме во неизвесност за побарувачката на енергија. XИмајќи X ја предвид енергетската криза што ни чука на вратите... Токму така. Навистина, вртењето кон транзициската фаза на гасот може да помогне на двете цели - побрз превод на емисиите на гас и побрза и позначајна редукција и во исто време, константно и паралелно да мислиме да главната долгорочна визија – а тоа е движење кон обновлива енергија. Особено тука во Северна Македонија, каде има одлични услови за фотоволтаични панели што ги поддржуваме во Битола и Осломеј и потенцијал за енергија од ветер. XМоето X последно прашање е генерално – што мислите за екологијата, за третманот на екологијата тука? Многу е важно. Мора да се грижиме за тоа, се работи за биодиверзитетот, за локалните специфики, за локалните видови. Среќни сме што расте бројот на заштитени подрачја, области, паркови, расте бројот на права и обврски со тоа. Мислам дека со богатствата што Северна Македонија ги има, убавините на земјата и геополитичкиот пејзаж, голема победа е за ЕУ нејзиниот пат кон ЕУ. XА Xшто мислите за свесноста? Дали се зголемува? Мислам да, но мора да се однесува секаде, да се создаде еден хоризонтален аспект, да стане меинстрим, на некој начин. Да важи и кога некој гради куќа и кога Министерството за образование реновира училиште, да се мисли на енергетската ефикасност, не е само да се реновира, туку дали ќе мислам на системот на греење, на изолација итн., ова бара неколку играчи на терен за да може да го обезбедат ова што може на почеток да изгледа поскапо, но долгорочно ќе се исплати, ултимативно за нас како граѓани и како дел од светската популација. Ова мораме да го сториме.

nnn


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 0800 02 222 02 5102 222

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


ДЕК.. 2021

INTERVIEW

36 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

РАЗГОВАРАВМЕ СО МЕНАЏМЕНТОТ НА УНИБАНКА

ИМАМЕ АМБИЦИОЗЕН ПЛАН ЗА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА

Крај на годината, вообичаено време кога сумираме што сме направиле во тековната, а какви планови имаме за следната. Со цел да дознаеме како во УНИБанка се справуваат со предизвиците на пандемичната „нова нормалност“ и што подготвуваат за периодот што следи, разговаравме со пет секторски директори – Виктор Филиповски – Дирекција корпоративно банкарство, Александар Маневски – Дирекција за стратешки клиенти, Катица Кузманоска – Дирекција банкарство за население, Александра Накова – Парнарџиева – Дирекција картично работење и Катерина Здравева – Дирекција маркетинг и реклама.


37

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

ВИКТОР ФИЛИПОВСКИ

ДИРЕКЦИЈА КОРПОРАТИВНО БАНКАРСТВО

XОткако X започна пандемијата пред речиси две години, за што најчесто бараа кредити компаниите?

Почетокот на пандемијата се карактеризираше со брз и силен импакт во сите сфери на деловното опкружување, што имплицираше делумен или целосен пад во активностите и обемот на работа на компаниите, затворање на некои од капацитетите и целосен lock down во некои од дејностите. Навремените мерки кои беа донесени од Народната Банка, со измените во Одлуката за кредитен ризик, придонесоа за успешно справување на Банката и клиентите со проблемите кои можеа да се појават во сервисирањето на обврските во текот на пандемијата. Од почетокот на пандемијата до денес компаниите најчесто користеа краткорочни кредити за одржување на тековната ликвидност и краткорочни кредити за сезонски набавки или зделки за познати купувачи. Најчесто овие кредити се пласираа на компании кои се занимаваа со земјоделие и производство на храна, но и на трговски компании чие што работење беше

фокусирано во снабдувањето со неопходни заштитни средства и медикаменти за справување со пандемијата. Покрај средствата за ликвидност, во тој период значаен дел зазема и долгорочното проектното кредитирање, особено во градежниот бизнис каде сè уште постои голема побарувачка за станбен и деловен простор, инвестициски кредити во транспортниот бизнис и инвестициите во ФИНТЕК компаниите кои се занимаваат или се директна поддршка на е-бизнисот и интернет трговијата, кој оствари значителен деловен бум во овој период. Значајно за овој период е да споменам дека УНИБанка е една од првите банки која склучи договор со кои ги поддржа компаниите кои имаат проекти за кои се одобрени грантови преку Фонд за иновации и технолошки развој на Владата на РСМ. Станува збор за компании кои веќе имаат склучено договор со Фондот за иновации и одобрен грант, со цел финансирање на дел од конкретниот проект до негова финална фаза. Структурата на користење на средствата и роковите се прилагодени согласно динамиката на финансирање на проектите помеѓу компанијата и Фондот за иновации и технолошки развој на Владата на РСМ.

XКолкав X е порастот во користењето на електронското банкарство кај правните лица во периодот на пандемијата ?

Од почетокот на кризата значително е зголемено користењето на електронското банкарство на постоечките клиенти, зголемен е бројот на нови корисници на електронско и мобилно банкарство и бројот на негови активни корисници. Споредбено 2020 година со 2019 година бројот на клиенти корисници на електронско банкарство е пораснат за 54%, додека истиот во 2021 година споредено со 2019 година е удвоен, односно е пораснат за 98%, Во делот пак на УНИ Токен корисници УНИБанка бележи уште поголем раст и тоа 119% во 2020 година во однос на 2019 година, односно 270% во 2021 година споредено со 2019 година. Сметам дека растот во голема мера се должи и на фактот дека покрај стандардните услуги, УНИБанка поседува и напредни услуги кои ги нуди преку електронското

АЛЕКСАНДАР МАНЕВСКИ ДИРЕКЦИЈА ЗА СТРАТЕШКИ КЛИЕНТИ

XШто X значи за една компанија да биде стратешки клиент на УНИБанка? Какви привилегии подразбира овој статус? За една компанија да има статус на стратешки клиент во УНИБанка, потребно е истата да исполнува одредени финансиски параметри и да е активен корисник на услугите и производите во УНИБанка. За стратешките клиенти се грижи тим од искусни банкари – менаџери за стратешки клиенти, кои располагаат со високи познавања на сите банкарски продукти и на трендовите во реалниот бизнис сектор. Преку професионална и непосредна комуникација со својот назначен менаџер - личен банкар, овие стратешки клиенти имаат пристап до сите банкарски продукти на Банката. Со стекнување на доверба кај овие клиенти, често се случува да користат наши финансиски совети, во носење на нивни секојдневни бизнис одлуки, независно дали станува збор за поставување на финансиска конструкција на долгорочна инвестиција, одржување

и мобилното банкарство, како што се отворање на сметки, креирање на депозити, надополнување на депозитите во секое време, отворање на моментално многу актуелните е-пакет и е-пакет+, затварање на достасан долг по кредитна картичка, аплицирање за кредит и други поволности.

XКаква X динамика на кредитирањето на бизнис секторот очекувате во 2022 година?

Според извори на Народната Банка на РСМ до крајот на 2021 година се очекува раст од 5,8% за разлика од минатата 2020 година кога е остварен раст од 4,7% на кредитната активност. Очекувањата за годината што следи се дека апетитот за кредити кај компаниите ќе биде значително поголем за разлика од претходниот период и кредитната активност би завршила со раст од 7-8% на крајот на годината. Особено големо влијание врз побарувачката за кредити во следната година ќе има енергетската криза чиј ефект допрва се очекува да се почувствува. Во голема мерка очекувам дека компаниите ќе инвестираат во енергетски ефикасни проекти за подобрување на сопствената позиција за заштеда во трошоците на електрична енергија и со тоа директно ќе влијаат врз цената на чинење на сопствениот производ и конкурентноста на пазарот. Но, не помалку се очекуваат и инвестиции на компаниите за производство на зелена енергија од фотоволтаични централи, каде што цената која се очекува да ја достигне електричната енергија во следниот период драстично го крати циклусот на поврат на инвестицијата. Следствено на ова УНИБанка е спремна да ги поддржи инвестициите во домашната економија и е со амбициозен план за пораст на сопственото кредитно портфолио во следната година. За таа цел подготвени се сите ресурси на банката да дадат брз одговор на потребите на стопанството, особено во делот на зелените финансии. Во врска со ова би додал дека банката има пристап до сите кредитни линии и гарантни шеми кои постојат на пазарот како и сопствени продукти приспособени да ги задоволат различните потреби на клиентите независно од дејноста во која стопанисуваат. nnn

на тековна ликвидност и рентабилност на компанијата или инвестирање на расположливи парични средства. Клиентите ја препознаваат оваа услуга како еден дополнителен бенефит и преку истата креираме една долгорочна партнерска, лојална и професионална релација. Во тој контекст ја промовиравме и услугата за персонализирана услуга МОЈ БАНКАР.

XВо X кој правец ќе еволуира услугата кон стратешките клиенти во т.н. „ново нормално“, односно постпандемичното време на дигитализација на сите процеси? Освен забрзување на процесот на дигитализација и користење на дигитални канали на комуникација, „новото нормално“ време ја наметна и потребата за уште подинамично бизнис планирање и делување. Компаниите се соочуваат со ситуација кога во своите стратегии на делување и бизнис планови во предвид треба да земат повеќе фактори на влијание и брзо да носат и спроведуваат деловни одлуки. XX продолжува на следната страница


ДЕК.. 2021

38 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

банката. Во однос на структурата на побарувачката на кредити, доминантна е побарувачката пред сé на станбените кредити. Пандемијата влијаеше на потрошувачките навики на граѓаните. Порастот кај станбените кредити е повисок од порастот кај потрошувачките, што укажува дека се зголемува навиката за инвестирање во недвижности, што ние како банка го подржуваме со ниски каматни стапки и долги фиксни рокови. Нашата понуда е од 2,95 % фиксна камата за 10 години. Овозможуваме и 100% финансирање за купување станбен простор при одредени услови.

XВо X услови на историски најниски каматни стапки, каква е динамиката на новите депозити?

КАТИЦА КУЗМАНОСКА ДИРЕКЦИЈА БАНКАРСТВО ЗА НАСЕЛЕНИЕ

XКако X влијаеше пандемијата врз кредитирањето на населението? Имаше ли промени во вообичаената структура на побарувачката за кредити?

Пандемијата наметна нови предизвици кои нé поттикнаа да размислуваме кон креирање на продукти кои го имаат инкорпорирано елементот на зголемена сигурност за граѓаните. Развивме понуда на кредитни продукти поврзани со полиси за осигурување во соработка со Кроација осигурување. Кај сите кредитни продукти на банката за физички лица постои опција за поврзување со животно осигурување. Животното осигурување вклучува и Ковид 19, покрај стандардните покритија, при немил настан поради незгода или болест. На клиентите им овозможуваме заштита на семејството од неизвесностите во периодот на отплата на кредитните обврски и осигурително покритие во случај на непосакуван настан. Ануитетските кредити од овој тип се со пониска каматна стапка од редовните продукти, за дури 0,5пп кај потрошувачките кредити. Единствени на пазарот за сите наши кредитни картички и дозволени пречекорувања по дебитни картички овозможивме осигурително покритие за вредност 50.000 денари. Двете групи на корисници ќе добијат бесплатно ризико осигурување за првата година, односно трошокот ќе биде на товар на XX продолжува од претходната страница

Во вакви околности, изборот на правилна Банка, која ќе го следи клиентот во своето секојдневно работење е еден од клучните фактори за успешно работење на компанијата. На нас како Банка, дигитализацијата веќе подолго време ни е приоритетна ставка во стратегијата. Располагаме со модерно, сигурно и едноставно за користење електронско

И покрај ниските каматни стапки, граѓаните нé препознаваат како институција која нуди сигурност на нивните финансиски средства. Депозитната база на население е во континуиран раст што ја покажува довербата на клиентите и ја зацврстува позицијата на банката како „Банка на клиентот”. Очекуваме трендот на пораст на депозитната база на население да продолжи и во 2022 година. Овој раст ќе го овозможиме со нашите депозитни продукти кои се флексибилни, со различни рокови и валути, дизајнирани за потребите на штедачите. Сите депозитни продукти на УНИБанка се отворени, односно им нудат на клиентите можност за зголемување на основниот влог преку дополнителни вложувања се до истекот на рокот на депозитот. Пандемијата исто така многу влијаеше на подигнување на свеста кај граѓаните за користење на дигиталните канали, како во делот на кредитите и депозитите, така и во услугите, а во насока на минимизирање на потребата за посета на експозитура. Преку мобилно банкарство, како и преку WEB страната на Банката клиентот може да аплицира за сите кредитни продукти. Преку електронското банкарство може самостојно да отвори депозит и да го надополнува, како и трансакциска сметка. Пакетот кој го нудиме е еден од најатрактивните продукти во банкарскиот сектор кој на клиентот му овозможува целосна слобода при располагање со сопствените средства. Неограничен број на трансакции, можност за користење на банкоматите на сите банки, одржување на сметка, смс известување за минимален месечен надоместок од само 99 денари. Трендот на дигитализација ќе го продолжиме и во наредниот период и силно веруваме дека неговата едноставност, квалитетот на продуктите кои ги нудиме, како и сигурноста за клиентот се еден од факторите поради кои клиентите се одлучуваат и се повеќе ќе се одлучуваат за УНИ Банка како своја Банка. nnn банкарство и Е-пакетот услуги за правни и физички лица, преку кои клиентите можат неколкукратно да ги намалат банкарските провизии и трошоци. Но, како што споменав и погоре, ја препознаваме и потребата на клиентите за директна комуникација, финансиско советување и брзина во спроведување на нивните бизнис планови. Продолжуваме да го усовршуваме и овој сегмент од нашата палета на услуги и да го оправдаме статусот на УНИБанка како Банка на клиентот. nnn

АЛЕКСАНДРА НАКОВА ПАРНАРЏИЕВА ДИРЕКЦИЈА КАРТИЧНО РАБОТЕЊЕ

XСе X менуваат ли навиките на луѓето во поглед на користењето на картичките? Кои се најзначајните трендови во поглед на користењето картички што ги забележувате во УНИБанка?

Во текот на изминатите години сведоци сме на бројни промени во начинот на кој луѓето ги вршат плаќањата. Екосистемот на плаќањата рапидно се менува, методите и каналите на плаќање еволуираат и се појавуваат нови начини на плаќање. Развојот на технологијата, дигитализацијата, бројните придобивки од користење на платежни картички, придонесуваат луѓето многу почесто да користат платежни картички, со што бројот на трансакции со платежни картички е во постојан пораст. Дополнително, пандемијата поттикна бројни промени во навиките на луѓето во сите сфери на животот. Неизбежно се наметна и промена во трендовите и навиките на клиентите во користење на платежните картички. Како на ниво на банкарски сектор, така и во УНИБанка евидентен е висок раст на бројот на плаќања со картички во трговија (е-трговија и физички продажни места). Бројот на трансакции на физички продажни во 2021 година е за 52% повисок во однос на минатата година, додека пак бројот на плаќања со платежни картички во е-трговија, бележи раст од 30%. За плаќањата на физички продажни места карактеристичен е висок процент на бесконтакни плаќања, дури 92% од трансакциите клиентите на УНИБанка ги извршиле со користење на бесконтактната технологија. Понатаму, трансакциите во трговијата


39

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

кои обезбедуваат континуитет и ефикасност речиси преку ноќ. Растечката употреба на дигиталните финансиски услуги ја претвори кризата во можност, па преку процес на стратешко маркетинг планирање - активностите се дизајнираа да поддржуваат интегрирани маркетинг комуникации на повеќе платформи со реципрочни комуникации - односно не само емитување информации, туку и разговори со клиентите. Суштината на маркетингот е задоволување на крајните корисници. Па според тоа, и маркетинг целите на УНИБанка поаѓаат од потребите, желбите и навиките на потрошувачите.

доминираат во однос на трансакциите извршени на банкомати, односно бројот на извршени трансакции во трговијата е за 4 пати поголем од бројот на трансакции извршени за подигнување на готовина на банкомати. Значајно е да се спомне и дека клиентите сè повеќе ги користат своите платежни картички за плаќање на режиските трошоци. Имено, оваа година плаќањата за режиски трошоци извршени со картички на УНИБанка се двојно зголемени во однос на минатата година. Сето ова е показател дека клиентите ги менуваат навиките и наместо готовина започнуваат да преферираат користење на дебитна или кредитна картичка за извршување на своите плаќања.

XX Кои се најголемите предизвици за Вас како дирекција што треба да ја координира маркетинг комуникацијата на повеќе различни сектори во банката?

XКакви X новитети може да очекуваат клиентите во 2022 во поглед на картичните услуги?

Новите услуги и грижата за клиентите се во фокусот на работењето на УНИБанка и се основа на која ја градиме иднината на банката. Нашиот тим постојано работи и ги усовршува услугите кои ги нудиме на клиентите. Во моментот интензивно работиме на модернизирање на АТМ мрежата на банката, преку која ќе понудиме на клиентите нови и модерни АТМ уреди, на кои покрај стандардната услуга подигнување на готовина, ќе можат да извршуваат и бројни други услуги како депонирање на средства на сметка (cash in), трансфер на средства, плаќање долг на картичка, плаќање на режиски трошоци, менувачко работење и слично. Преземаме активности за модернизирање на мрежата на POS терминали и воведување на нова услуга со која трговците ќе можат да понудат на потрошувачите подигнување на готовина на продажно место со POS трансакција. Понатаму, планиран новитет е воведување на еден од најнапредните технолошки начини на плаќање - дигитализирање на платежните картички во мобилен паричник со кој нашите клиенти корисници на картички ќе можат брзо и безбедно да плаќаат на POS терминали во земјата и странство со своите мобилни телефони. Планираме бројни производи и услуги кои ќе бидат по мерка на нашите клиенти, а кои се во насока овозможување на бројни бенефити за клиентите, полесен пристап до банкарските услуги, подобрување на корисничкото искуство и поедноставен начин за реализирање на нивните финансиски трансакции. nnn

КАТЕРИНА ЗДРАВЕВА

ДИРЕКЦИЈА МАРКЕТИНГ И РЕКЛАМА

XКаков X ефект имаат дигитализацијата и пандемијата врз маркетинг стратегијата на УНИБанка? Дигитализацијата на бизнисите рапидно се зголемува во последните неколку години и сега таа за многумина стана потреба, наместо опција. Дигиталната трансформација е процес на постојана технолошка еволуција во УНИБанка. Како што технологиите стануваат сè понапредни, тие едноставно даваат насока да дејствувате и да иновирате. До неодамна беше речиси невозможно да се добие кредит преку интернет или да се вршат трансакции само преку мобилни платформи. Денес, трендот кон дигитализација се зголемува толку многу што се очекува дигиталното банкарство да стане секојдневие за населението. Дигиталната технологија ги подобри нивоата на брзина, таа исто така поттикна онлајн поврзување и достапност. Како последица на тоа, дигиталниот маркетинг стана нов збор и ефективно ја трансформира маркетинг логиката и практиките на компаниите. Со други зборови, дигитализацијата го отвори патот за дигиталниот маркетинг да стане нова норма. Имплементацијата на дигитални технологии не само што го зголемува дигиталното присуство на компанијата туку и поттикна создавање на нови комуникациски канали. Маркетинг стратегијата на УНИБанка во време на пандемија драстично се промени, поставувајќи невидени предизвици. Непредвидливата криза значеше дека банката треба да спроведе ефективни решенија

Во успешните бренд компании маркетингот е суштински дел од сложувалката која го прави бизнисот успешен, таква е и нашата стратегија и истиот претставува голем предизвик за нас. Маркетингот е континуиран, последователен процес преку кој ние како дирекција секојдневно го планираме, истражуваме, спроведуваме, контролираме, а воедно ги оценуваме активностите дизајнирани да ги задоволат потребите и желбите на клиентите и да ги исполнат целите на организацијата. Маркетингот на услуги и продукти кој нè поврзува и нè обединува во работата е концепт заснован на препознавање на уникатноста на сите услуги, тоа е гранка на маркетингот што конкретно се однесува на услужните индустрии. За да се обезбеди ефективен маркетинг на услуги, важен елемент е стратешки да се пристапи на процесот на планирање. Употребата на маркетинг систем бара внимателно оценување на повеќе алтернативи, избор на вистинските активности за конкретни пазари, предвидување на предизвиците, прилагодување и мерење на успехот. Важно е сите овие компоненти да работат заедно во беспрекорен сет на пораки и активности познати како интегрирани маркетинг комуникации или IMC. Интегрираните маркетинг комуникации (IMC) вклучуваат планирање и координирање на сите елементи на промотивниот микс (вклучувајќи ги онлајн и социјалните медиуми) за да бидат што е можно поконзистентни и меѓусебно поддржувачки. Овој пристап е многу супериорен во однос на користењето на секој елемент посебно и независно. Предизвикот е јасен, способноста истовремено да настапувате заедно со вашите колеги или вработени во ефективна тимска работа е клучна за постигнување раст и успех во секој аспект. nnn


ДЕК.. 2021

INTERVIEW INTERVIEW

40 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

КИЦА КОЛБЕ писателка


КИЦА КОЛБЕ писателка

41

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

НИ ТРЕБА ОБЕДИНУВАЊЕ – ДОСТА ВЕЌЕ ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ГО ЈАДАТ ТРЕТИОТ Порака за обединување на сите општествени и политички фактори кога се работи за две клучни битки - таа против клиентелизмот и партизацијата и таа за заштита на македонските национални интереси - во овој дух течеше интевјуто со нашата еминентна авторка Кица Колбе. Колбе се сомнева во свеста на политиката Владата навистина да се составува од најдобрите во својата област, но вели дека само тоа е вистинскиот пат за напред – вистинска европска трансформација на општеството, што значи способни и чесни лидери, а не квази – миротворци со поданички дух и/или олигарси, кои европскиот пат го користат за политички поени, наместо за сериозни реформи и удар врз партизацијата и клиентелизмот. „ Од нив не може да се очекуваат реформи, затоа што тие треба да ги погодат и нив. Затоа тие немаат интерес ниту за европеизација на општествата во смисла на трансфер на културни вредности, бидејќи културата за нив е безначајна сфера. Тоа е трагично за демократијата, затоа што необразованите луѓе се некритички гласачи.


ДЕК.. 2021

42 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА XДрага X Кица, интервјуто би го отворила со една мисла од Ваша неодамнешна колумна каде самиот наслов ја сублимира главната поента - дека вето може да се стави на ЕУ, но не и на Европа. Зошто не ја гледаме оваа доктрина пресликана во официјалната политика? Зарем толку е комплицирано да се разбере дека европеизацијата на земјата не може никој да ја сопре, освен, како што и Вие велите „ние самите“? Можеби тоа не се отсликува во официјалната политика затоа што политичарите брзо заборавија зошто граѓаните го посакуваат приемот во ЕУ. Тие од тоа очекуваат нешта кои, вусшност, сите ги поврзуваме со Европа. Поточно, со Западна Европа како општествено-политички и вредноснокултурен систем. ЕУ е политички сојуз на држави. Меѓутоа, неговиот темел и идејната матрица е западноевропското модерно демократско општество. А тоа е симбол за добро функционирачки државни институции, независно судство, компетентни здравствени установи, модерно, квалитетно образование, независно новинарство, грижа за социјално кревките групи, високоразвиена еколошка свест и ткн. Македонските граѓани сакаат овие вредности да станат и кај нив реалност. Да не заборавиме, овие вредности не се подеднакво застапени во сите земјичленки на ЕУ. Затоа и македонскиот граѓанин кога мисли на Европа како вредносна константа, на која сака да припаѓа, не мисли на демократијата во источноевропските ЕУ- членки, како Бугарија, Романија, Унгарија или Полска. Тој си посакува европски начин на живот според примерот на Германија или на скандинавските земји. Дури и многу од граѓаните од ЕУ-членките како Романија или Бугарија заминуваат во потрага по подобар живот во Германија или Шведска. Од тоа македонските политичари би требало да сознаат дека членството во ЕУ не ги прави земјите преку ноќ европски, доколку тие немаат желба да се менуваат. Затоа тие би требало веднаш да почнат да го реформираат македонското општество според европските стандарди. Тоа е тој долготраен процес, кој само ретки исклучоци во македонската политика го посакуваат кога повикуваат„ да си ја донесеме Европа дома”!

Клиентелизмот цути во партиските структури, партиите се најголеми работодавачи XВеројатно X тука доаѓаме до едно клучно прашање – колку навистина политичките, но и бизнис елитите кај нас имаат желба за сериозно воведување на ред и реформи? Дали чекорите на европскиот пат се резултат на изворна желба за општествена трансформација или само алатка за задржување на политичкиот капитал граден врз таа основа, односно, алатка за напад на истиот, погледнато од спротивниот политички брег?

Имам впечаток дека приемот во ЕУ за политичките елити во овие три децении стана „алиби“ за одржување на состојбата на статус кво. Очигледно е дека политичките елити, кои најчесто се и бизнис елити, немаат голема желба да поттикнат радикални реформи. Секако, тие се поврзани и со судир на интереси. На пример, мерките против корупцијата во политиката и во државната администрација сигурно наидуваат на отпори токму кај политичарите. Впрочем, непотизмот, клиентелизмот цути токму во партиските структури. Партиите се најголемите работодавачи. Луѓето се зачленуваат во партијата за да се вработат. Што се однесува до европскиот пат, тој беше перспективата која го пополни идеолошкиот вакум во политиката по пропаста на Југославија. Сепак, тоа беше и е вистинската перспектива. Подготовката за членството во ЕУ беше досега за сите земји полезен процес на политичка консолидација. Меѓутоа истовремено со европскиот пат беше почнал и процесот на прераспределбата на „конкурсната маса” по банкротот на социјалистичкото стопанство преку приватизацијата. Тој процес беше сличен во сите постсоцијалистички општества, во кои на врвните политички функции денес се наоѓаат новите олигарси. Од нив не може да се очекуваат реформи, затоа што тие треба да ги погодат и нив. Затоа тие немаат интерес ниту за европеизација на општествата во смисла на трансфер на културни вредности, бидејќи културата за нив е безначајна сфера. Тоа е трагично за демократијата, затоа што необразованите луѓе се некритички гласачи.

Не може да не сме кадарни да се обединиме за национални прашања XВо X една друга своја колумна, пишувате дека значењето на постепеното приближување кон ЕУ е дотолку поважно имајќи ги предвид „бедата и очајот, разединетоста и омразата меѓу македонските граѓани“. Лаже ли впечатокот дека како ретко кој народ не умееме да се сплотиме ни колку цели кои кога се удирале темелите на независната Република, се означиле како државни? Од каде извира таа дрска деструктивност да се злоупотребуваат и овие прашања во меѓупартиски битки? Па наместо обединета борба за реализација на она што е државен интерес, гледаме евтин политички театар, каде не се штедат ниту лаги, ниту чиста демагогија... Независно кога би почнале пристапните преговори на ЕУ со РС Македонија, многу е важно за македонските граѓани што постои таа перспектива. Од мигот кога пропадна Југославија, поранешните југословенски републики се најдоа изолирани во за нив тогаш уште имагинарниот географски простор Балкан. Југословенските граѓани беа јасно прозападно ориентирани. Паметам каков шок беше за мене кога некој во Германија ќе ме прашаше на почетокот на 90-тите, „дали сум од Балканот“, иако 1981-та дојдов во Германија од Југославија. А таа во Германија не се

доживуваше негативно стереотипно, како Балканот. Сега за земјите во „Западен Балкан” е уште потешко, затоа што се чувствуваат како да се „заборавениот” дел на Европа. Тоа создава фрустрација, особено откако ЕУ денес не е многу сигурна дали сака нови членки. Очајот ќе станува уште поголем доколку македонските политичари не почнат да ја консолидираат самите земјата според европските мерила и вредности. Секако, тое би требало да биде обединувачка стратегија, доколку не би постоел партискиот и политичкиот расцеп помеѓу Македонците. Тој е историска констанца која дури стана митска слика, во оној изрек на Славко Јаневски од „Каинавелија”, дека каде што се тројца Македонци, двајцата го јадат третиот. Затоа што не се соочуваме критички со причините за овој мит, ги повторуваме грешките од минатото. Дури и кога се соочени на негирање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет од соседна Бугарија, македонските политичари не се кадарни да се обединат барем во однос на националната стратегија. XВие X живеете во Германија. Кога зборуваме за европски вредности, не како флоскула туку како суштина, веројатно токму Германија ни е една од земјите што ни се на ум. Но, ЕУ не е Германија. ЕУ е и Полска, Унгарија, Словенија... Задачата што ние ја имаме пред себе за трансформација ја има и самата Унија како предизвик, имајќи предвид дека нема алатки за туркање на европска агенда откако државите се веќе членки. Како гледате на овие процеси на регрес, особено во областа на човековите права и слободи што ги сведочиме, а што пред една деценија ни беа незамисливи на европско тло во 21 век? Тие процеси ме загрижуваат, како што ги загрижуваат и сите големи Европејци во Германија кои, поучени од извонредните резултати постигнати во процесот на помирување меѓу Франција и Германија, но и Германија и Полска, веруваа дека веќе се има формирано специфична самосвест на Европејци. На пример, германската историчарка Алајда Асман, која со сопругот Јан Асман, познат египтолог, ја втемели теоријата на културалното паметење и соочување со минатото во Германија, минатата година ја објави книгата „Повторното откривање на нацијата. Зашто таа не плаши и зошто таа ни треба“, во која ги тематизира токму процесите во ЕУ по приемот на новите членки, поранешни земји во Источниот блок. Оваа анализа е многу важна за да го разбереме ирационалното агресивно однесување на Бугарија кон Македонија. Алаијда Асман укажува дека овие земји го посакуваа приемот во ЕУ затоа што веруваа дека таму ќе можат да ги изживеат своите национални желби кои беа потиснати во Источниот блок. Тие не копнееја по западноевропски вредности како еманципација од националните и националистичките фиксации. Напротив, ЕУ за нив требаше да биде гаранција за нивната национална самобитност. Тие се стремат кон ЕУ како сојуз на силни национални држави, што противречи на сонот на Конрад Адеануер, иако Де Гол, одвреме-навреме говореше и за „Европа


43

КИЦА КОЛБЕ писателка

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Бугарското општество и наука очигледно не се соочило критички со своето сфаќање на нацијата кое ја доведе до пакт со Третиот Рајх. Парадоксално е една земја-членка да бара токму во ЕУ од другите да се согласат со нејзиниот историски наратив во духот на 19-от век, притоа игнорирајќи дека ЕУ е создадена за да се надмине и спречи тој националистички дух.

на нациите”. Меѓутоа, неговото сфаќање на нацијата не е, на пример, тоа на бугарските политичари, кои говорат за нација како „корени, крв и род“, што е биологистичкиот концепт од 19-от век. ЕУ, барем според желбата на Адеануер, е создадена за да се надмине токму тој биологистички и расистички концепт на нацијата, кој кулминираше во нацизмот. Бугарското општество и наука очигледно не се соочило критички со своето сфаќање на нацијата кое ја доведе до пакт со Третиот Рајх. Парадоксално е една земја-членка да бара токму во ЕУ од другите да се согласат со нејзиниот историски наратив во духот на 19-от век, притоа игнорирајќи дека ЕУ е создадена за да се надмине и спречи тој националистички дух.

Вистински европска држава треба да се соочи со своето минато, а не со вето да диктира историски наратив на соседот XЕдна X од главните теми во Вашите написи е односот кон историјата. Се осврнувате на балканските народи особено и на нивната неспособност да излезат од замката каде историјата не им е ниту учител ниту инспирација, туку оков. Има ли излез од овие зандани? Кај кого е клучот? Има излез и има пример како се надминува искушението на национализмот на балканските народи, кој е анахрон и штетен не само за нив туку и за целиот Балкан. Излезот е

ДЕК. 2021

однесувањето на Германија, особено процесите по крајот на Втората светска војна. Но за тоа треба критички умови како Теодор В. Адорно, како Карл Јасперс. Потребни се писатели како Гинтер Грас, како Зигфрид Ленц. Една од првите статии кои Карл Јасперс ја пишува по војната и ја објавува во филозофското списание „Die Wandlung“, 1945/46 има наслов „Безусловноста на доброто и злото”. Што значи, мора да се соочиме со злото што се случило во име на нашата нација, затоа што поинаку тоа зло ќе первертира во други форми на деструктивност. Затоа што живеам во Германија, во германско семејство, за мене никогаш нема оправдување за злото кон Евреите. Соочувањето со тоа зло е моралниот императив на нашите генерации. Бугарското општество очигледно наоѓа засолниште пред соочувањето со учеството на нивните предци во депортирањето на македонските Евреи во Треблинка, во тврдењето дека бугарската армија била само админстратор во Македонија. Напротив, клучот е соочување со минатото, колку и да е мрачно и непријатно. За да се случи тоа, треба да се сослуша и приказната на тие што биле „жртвите” во тоа минато. Бугарските ученици треба да ја чујат приказната на малкумината преживеани македонски Евреи. Тоа се очекува од европска нација, а не да и‘ го диктира на соседниот народ со силата на ветото својот историски наратив.

XОвие X децении и векови на градење на менталитет на жртви, на китење на идентитетот само со медалите од преживеаните порази и неправди, произвеле фрустрации, стравови и очигледни комплекси кои денеска ни се најголемиот проблем. Дефетизам и малициозност не се елементи со коишто се турка едно општество напред. Но, Вие препознавате и луѓе – светилници. Велите дека се тука, меѓу нас, луѓе кои останале верни на своите морални принципи, кои со својата личност и постапки се самите живо сведоштво дека европската вредносна и политичка, но и естетска култура може да биде остварена во Македонија. Како да се ангажираат? Како од овие луѓе – ѕвезди да создадеме соѕвездија што можат да бидат не само патоказ, туку една движечка сила? Како што е погубно по секоја цена да избегнуваме да се соочиме со мрачното минато на нашите предци, самодеструктуивно е и фиксирањето во статусот на жртва. Тоа однесување е многу присутно кај Македонците. Често потсетувам дека во кризни ситуации Македонците се однесуваат како да е уште 1903-та. Веднаш ги обзема страв од исчезнување, та затоа им веруваат на најевтините теории на заговор. Забораваат дека денес постои македонска држава, дека сиот свет знае дека постојат Македонци кои зборуваат македонски јазик. Затоа што го забораваат тоа, многумина, дури и


ДЕК.. 2021

44 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

кога се политичари, почнуваат да се однесуваат на псевдо-миротворен начин кој, всушност, е познатиот „поданички” македонски менталитет. Затоа е многу важно да се укажува на тие луѓе кои јас ги нарекувам „светилници”, затоа што имаат неверојатно морално достоинство. Тие се драгоцени, но, се сомневам дека наскоро во македонската политика ќе има свест за потребата да се формира влада во која ќе бидат најдобрите во својата област.

Политиката ги раздели уметниците XКаде X е местото на авторите во општествените процеси? Има ли писателот луксуз да „не се занимава со политика“ мислејќи притоа да го држи перото подалеку од описи на современите општествени предизвици? Тоа е вечното прашање: каде се во кризни времиња филозофите, авторите, уметниците? Секако, авторите придонесуваат за промената на свеста со своето творештво. Друга приказна е присутноста на писателите во јавниот дискурс. Тоа зависи и од сензибилитетот на писателот. Има писатели кои се уверени дека мораат да реагираат во кризни времиња. Да се позиционираат, да го искажат, јасно и јавно, своето политичко мислење. Такви беа многу германски писатели. Не само Томас Ман, туку и Хајнрих Бел и Гинтер Грас. Македонската литературна сцена е многу мала и сите писатели се познаваат. Можеби за мене е полесно затоа што не живеам во Македонија. Сепак, ми

недостига размена на мислења со моите колеги, интелектуална љубопитност еден за друг. За жал, политиката ги раздели и уметниците, писателите. Чудно е времето во кое живееме. Луѓето се сеприсутни на социјалните мрежи, „разголувајќи” агли од својот приватен живот кои порано не беа замисливи, а во исто време се‘ станува многу површно, плитко, без длабочина... XА Xлитературата во 21 век? Во овој наплив на информации, баналности и површност, како ја гледате иднината на литературата? Не ми е прашањето само за формата (дигитална или не), туку за притисокот особено од социјалните медиуми што просто го прави човековиот мозок затворен за прием на каква било порака подолга од петнаесетина реда... Да, токму на тој аспект во модерната комуникација на социјалните мрежи и медиуми мислев кога велам дека се‘ станува плитко, површно. Мислам дека социјалните мрежи ја загрозуваат таа внатрешна насоченост која е потребна за да прочитате голем роман на тој начин, што целосно ќе се нурнете во неговиот имагинарен простор. Литературата има на социјалните мрежи малку простор во суштинската смисла, повеќе како информација, како реклама. За среќа, на Фејсбук ми се пријатели руски уметници и интелектуалци, расеани низ целиот свет, кои водат многу инспиративни дискусии за литературата. Тоа е малечка утеха. Секако, модерните медиуми ни ја

олеснуваат комуникацијата, но истовремено и не расејуваат, ни го фрагментираат вниманието, не прават површни и плитки. Тоа го регистрираа психолозите и затоа денес во Германија секој практикува вежби за дишење за да се постигне состојбата на Achtsamkeit, на англиски, Mindfulness. Дури и трошоците за апликацијата ги рефундира здравственото осигурување, затоа што е медицински докажано дека овие вежби на „всебенасоченост” се полезни за здравјето. Морам да признаам, неретко читајќи нешто на Фејсбук се исчудувам: зарем е здраво за половина час да дознаам што јаделе, што облекле, кого сретнале, кој има роденден, кој се разболел, кој се венчал и кој дипломирал за стотина луѓе кои живеат на големо растојание едни од други, а кои во реалниот живот никогаш нема да ги сретнам? Чудни се нашиве модерни времиња! XВреме X е на празници, Нова Година пред нас, реклами, подароци, опсесивно купување... Би завршила со Фромовската дилема што ја анализиравте неодамна, веројатно една од главните на времето во кое живееме – да се има или да се биде? Тука зборувате за итната потреба да ги преиспитаме нашите конзумирачки карактеристики, за да се дојде до одговор на суштински прашања за смислата на животот. Веројатно, исто како и со литературата, фокусот кон инстант – задоволствата прави да сме слепи и за изворот на вистинската душевна празнина и за изворот на вистинските душевни потреби. Има ли некаква шанса духовното над материјалното, или тој натпревар ни е веќе изгубен? Мислам дека тој натпревар меѓу духовното и материјалното уште не е изгубен. Не само генерацијата на ќерка ми, туку и моите пријателки ова лето беа шокирани од поплавите кои ја зафатија областа Ајфел, близу Келн. Многу луѓе денес се подготвени за еколошки пресврт. Затоа мислам дека ова е почетокот на неопходната промена на свеста. Секако, тоа нема да биде одеднаш и нема да биде масовно, но овде, во Германија, се радуваме на сите еколошки мерки на новата влада. Секако, партијата на Зелените постои веќе 40 години, додека во многу европски земји уште нема сериозни еколошки партии. Уште тие се доживуваат како езотерика. Особено во Македонија. Постојано си велам: таква мала земја, со толку природни убавини и ресурси, со поволна клима, би морала да се преобрази во еколошка оаза. Наместо сомнителни фирми да го откупуваат токсичниот отпад од западните општества и да го согоруваат во илегални депонии, македонската политика би требало да направи макропрограма за еколошко земјоделство. Треба да се изградат железнички врски до секое гратче и секое село, како во англискиот Корнвол или во Тоскана, за да може да дојде до процут на земјоделството, но и на сите занаети и стари вештини во Македонија. Иднината мора да биде еколошка, инаку сите ќе бидеме губитници. nnn


LIFESTYLE

ФАУНА

РЕВОЛУЦИОНЕРНИ АУДИО ОЧИЛА, ОТСЕГА И ВО МАКЕДОНИЈА Овие револуционерни аудио очила ги штитат вашите очи и обезбедуваат живописен звук додека ја слушате вашата омилена музика, аудио книга или пак кога остварувате телефонски повици. Достапни во две верзии – очила за сонце и очила со филтер за сино светло, тие се совршено дизајнирани за надворешни активности и работа пред екран.

Б

еспрекорни, дизајнерски аудио-очила, совршени за вашето секојдневие. Овие револуционерни аудио очила ги штитат вашите очи и обезбедуваат живописен звук додека ја слушате вашата омилена музика, аудио книга или пак кога остварувате телефонски повици. Достапни во две верзии – очила за сонце и очила со филтер за сино светло, тие се совршено дизајнирани за надворешни активности и работа пред екран. Она што ги прави Фауна очилата уникатни од аспект на аудио технологијата е формирањето на зрак: со звукот кој патува директно до вашето уво без поголемa дисперзија , вие ќе бидете единствените што ќе ја слушате вашата музика, подкаст или телефонски повик - и никој друг околу вас. Од друга страна, секогаш ќе можете да ја воочите околината и да слушнете што се случува околу вас бидејќи вашиот ушен канал не е директно затворен. Фауна очилата во овој момент се достапни во четири дизајни. Леќите на уредот може лесно да се заменат со диоптерски леќи од оптичар, а материјалот што се користи е италијански ацетат, стандард во индустријата за очила и оптимален за приспособување и удобност при носење. Аудио очилата Фауна доаѓаат со футрола за полнење што овозможува повторно полнење на вашите очила додека сте во движење. Фауна очилата преку опцијата “Bluetooth“ се поврзуваат со вашиот паметен уред без користење одредена апликација. Тие се контролираат со допирање и лизгање на рачките во делот на слепоочницата. Благодарение на нашата патентирана аудио технологија, рачките остануваат тенки и лесни и покрај целата електроника сместена внатре во нив. Компанијата Фауна ГМБХ е основана во 2019 година со цел да создаде револуционерно аудио искуство. Како пионери во полето на апликациите за микрозвучници “MEMS”, Фауна e извонредна во поставување на мали, но моќни звучници во аудио уреди и создавање на најдобар звук во својата класа. Компанијата креатор на технологијата имплементирана во Фауна аудио очилата е “USound” B2B компанија која го базира знаењето на долгогодишно истражување и тестирање. Oд 2014 година па наваму оваа компанија се стреми кон усовршување и надградување на аудио технологијата. Повеќе за овие неверојатни аудио очила, како и за продажни места во Македонија може да видите на инстаграм профилот @wearfauna_mk. 

45

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118


ДЕК. 2021

46

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

Фото: Markus Spiske/Pexels

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

ДОСИЕ: ЕКОЛОГИСТИТЕ НА ВЛАСТ

СЕ ОЛАДИВМЕ – КОГА СТАНУВА СÈ ПОТОПЛО

Ерупцијата на „климатската вонредна состојба“ во центарот на главните прашања на општеството, логично требаше да ја стави и неодржливата природа на нашиот економски модел – и потребата да се излезе од него – во фокусот на поширокото внимание. Но, ефектот не ја откри самата причина…


47

ДЕК. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

БЕНОА БРЕВИЛ И ПЈЕР РИМБЕР

Н

епосредно пред да ја претстави првата кандидатура на екологист за претседател на Француската Република во 1974 година, агрономот Рене Димон се појави на страниците на Ле Монд дипломатик со своја статија за алтернативата дека политичкиот екологизам би требало да одлучи за победникот на овие претседателски избори. Може, напиша тој, да се обидеме да ја разбудиме совеста на одговорните. Но „едно такво величествено цветање на ‚нови луѓе‘ во капитализмот ни изгледа многу малку веројатно. Христијанството се стреми кон тоа две илјади години и не успеа: затоа што секогаш советува добрина кон себичните богати, наместо да го проповеда бунтот на сиромашните, како крстоносна војна против богатите“.1 Борбата отелотворена од Димон веднаш станува дел од пацифистичката и интернационалистичка перспектива. Онаа за промена на системот, каде народите на Југот би биле агентот на промените. Веднаш по крајот на деколонизацијата, Конференцијата на Обединетите нации за животна средина од јуни 1972 г. ги става „рационалното планирање“, „користењето на науката и технологијата“ и борбата против „колонијални форми и друго угнетување“ на агендата на иницијалниот политички екологизам. Со Британската народна партија и, неколку години подоцна, со германските Зелени, Димон учествува во политичката игра без да се откаже од ниту едно од своите убедувања. Но, никако да „полета“. Помеѓу стравот од нуклеарната апокалипса, потребата за развој на Југот и бесот на потрошувачката на Северот, заштитата на планетата претставува само зрно песок во совеста на човештвото. Помина половина век: сега, екологијата е насекаде. Но, која? „За ЛВМХ, зачувувањето на животната средина е многу повеќе од обврска: тоа е императив, двигател на конкурентноста,“ објаснува оваа француска холдинг групација за производство на луксузна стока, која е ценета од клиентелата и која не е многу фокусирана на принципот на „одраст“. Загадувањето на планетата Земја го прави едно момче да паничи, органската храна ја добива трката со конзервираната храна на полиците на хипермаркетите, новинарите и истражувачите „лелекаат за животот“2 пред збунетите очи на млада фока прикажана на насловната страница на весникот Либерасион (10-11 ноември 2021 година).

„Екологизам на богатите“

Ерупцијата на „климатската вонредна состојба“ во центарот на главните прашања на општеството, логично требаше да ја стави и неодржливата природа на нашиот економски модел - и потребата да се излезе од него - во фокусот на поширокото внимание. Но, ефектот не ја откри самата причина. Како што забележува францускиот социолог Жан-Батист Комби, порастот на актуелноста на климатските прашања е придружен со

„Екологизмот на богатите“, што, во суштина, ја маскира нееднаквата дистрибуција на загадувањето, доминира во политичкиот и медиумскиот дискурс. „Да се промениме“, „да го направиме тоа брзо, станува се потопло“, „сепак, сите се одговорни“, „ако секој направи малку, животот е победникот“, државно финансираните комуникациски кампањи одекнуваат како чекан по нашата глава. Кога повеќе инсистираат на вредности и доблест отколку на системот и структурите, екологистичките партии придонесуваат кон оваа цел.

нивна деполитизација. Медиумскиот третман на темата, сепак, промовира еден морален кој го трансформира прашањето на меѓународната економска организираност во еден проблем на прилагодување на индивидуалното однесување3. За да ја спаси планетата, секој треба да го сортира отпадот, да го отфрли стариот дизел, да ги реновира своите лошо изолирани домови, да ги компензира емисиите на стакленички гасови, да им даде предност на кратки канали за дистрибуција... Бидејќи овие мали гестови имаат трошок, високите раководители и функционери полесно ја ставаат облеката на еколошки свесен граѓанин отколку чиновниците и работниците, иако првите загадуваат повеќе од вторите, со нивните воздушни патувања, нивните пространи домови, нивните нови паметни телефони. Овој „екологизам на богатите“, што, во суштина, ја маскира нееднаквата дистрибуција на загадувањето, доминира во политичкиот и медиумскиот дискурс. „Да се промениме“, „да го направиме тоа брзо, станува се потопло“, „сепак,

сите се одговорни“, „ако секој направи малку, животот е победникот“, државно финансираните комуникациски кампањи одекнуваат како чекан по нашата глава. Кога повеќе инсистираат на вредности и доблест отколку на системот и структурите, екологистичките партии придонесуваат кон оваа цел. Меѓутоа, токму во моментот кога се откажаа од промена на светот, се инсталираат во срцето на политичките институции во Европа. Помеѓу 1993 и 2021 година, бројот на европски земји чија влада има министер од екологистичките партии, се зголеми од 1 на 11. Зелените партии учествуваат во извршната власт на многу градови кои имаат повеќе од 500.000 жители. Ова изборно посветување парадоксално прикрива двојна политичка слабост. Прво, затоа што ги одразува аспирациите за благосостојба на богатиот и урбан слој, додека работничката класа повеќе страда од нарушување на животната средина. Второ, затоа што скромните постигнувања на овие зелени партии, кога се на власт, ги става зад


ДЕК. 2021

48

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

Помеѓу 1993 и 2021 година, бројот на европски земји чија влада има министер од екологистичките партии, се зголеми од 1 на 11. Зелените партии учествуваат во извршната власт на многу градови кои имаат повеќе од 500.000 жители. Ова изборно посветување парадоксално прикрива двојна политичка слабост. Прво, затоа што ги одразува аспирациите за благосостојба на богатиот и урбан слој, додека работничката класа повеќе страда од нарушување на животната средина. Второ, затоа што скромните постигнувања на овие зелени партии, кога се на власт, ги става зад придружните и активистичките движења.

придружните и активистичките движења. Добриот резултат што го доби Зелената партија на германските парламентарни избори на 26 септември (14,8 отсто), најдобро се валоризира, кога социолошките карактеристики на електоратот - кој, во овој случај, е помлад, поурбан, повеќе прозападен, подобро ситуиран и инволвира повеќе жени отколку националниот просек - се испитуваат. Партијата ги освои гласовите на само 8 отсто од физичките работници (во споредба со 26 отсто за Социјалдемократската партија на Германија - СПД), но привлече три пати повеќе државни службеници. Ниту една партија нема толку универзитетски дипломци меѓу своите гласачи и не покажува толкава огромна разлика – дури 60%! – помеѓу гласовите добиени во руралните изборни единици и оние на нивните урбани гласачи. Сликата станува уште појасна, ако ги земеме предвид само членовите: речиси три четвртини (72%) имаат високо образование – тоа е три и пол пати повеќе од националниот просек4. И во Франција зелениот глас доаѓа од големите градови. Во Париз, движењето „Европа - Екологија - Зелените“ (ЕЕЛВ), ги постигнува „своите најдобри резултати во изборните окрузи, што обично се нарекуваат ‚бобос‘ во центарот и во источниот дел на градот“, забележуваат авторите на една постизборна студија5. Резултатите на пост-материјалистичката партија ја следат цената на станбениот квадрат и пропорцијата на дипломираните студенти. Овој мал социјален периметар ја зајакнува сликата за политички екологизам кој е

рамнодушен, па дури и непријателски расположен кон оние кои многу повеќе се загрижени за крајот на месецот отколку за крајот на светот. „Легитимирани преку еколошка реторика, инвестициите во зелена инфраструктура во срцето на метрополите – еко-области, енергетски ефикасни згради, велосипедски патеки, пешачки зони, земјоделски пазари, урбани градини итн. – го поттикнуваат порастот на вредноста на недвижностите,“ заклучува географот Фламинија Падеу.6 Преточувањето во приградските заедници на рецепти кои биле испробани и тестирани во големите градови, како што е ограничувањето на автомобилскиот сообраќај и изнесувањето аргументи за заштита на животната средина при затворањето на фабриките, особено во челичната индустрија, дополнително ја зголемуваат разликата.

Катаклизма на сегашната економска рамка

Претставување на трендовски начин на живот или основање на популарен политички екологизам, дилемата се рефлектира во текстовите кои ги изнесуваат ставовите на партиите. Секој што ќе го откине консензуалниот површен слој филуван со „вредности“, „инклузивна и ‚разновидна‘ демократија“, „отпорност“ и „оаза на удобност“, ќе открие силни предлози во „Проектот за добро живеење“ на француските Зелени или во новата програма на германската Партија на зелените7: да се излезе од моделот на раст и договорите за слободна трговија, да се премести

индустриското производство во кратки дистрибутивни канали за набавка, да се планира економијата, да се реинвентира работата, да се разбие предаторската моќ на мултинационалните компании, да се решаваат конфликтите преку дипломатија, да се воспостави глобален мир ослободен од нуклеарното оружје. Но, овие ориентации веднаш се неутрализираат со придржувањето кон етаблираниот економски и меѓународен поредок кој забранува нивна реализација. Германската Партија на зелените ги исклучува активностите надвор од „социјално-еколошката пазарна економија“ - бледо зелена верзија на ордолиберализмот - и се придржува до НАТО. Француските Зелени се за напуштање на НАТО, но геополитичките анализи на нивниот кандидат Јаник Жадо се на линија на антируската и антикинеската позиција од времето на студената војна.8 Партијата, исто така, верува дека „Европската унија, и пошироко Европа, е вистинската рамка за справување со глобалниот финансијализиран капитализам, заедно со социјалниот и еколошки дампинг“. Накратко, единствениот пазар за борба против пустошот направен од глобалниот пазар... Сепак, би било неправедно да се укорат само екологистите за нивната вештина да звучат лажно: на Запад, прифаќањето на економскиот систем и неговите главни институции е билет за влез во арената на политичката моќ. Останува фактот дека големата дискрепанција на прагматизмот ја расипува заслугата на зелените партии, додека расте свеста


49

ДЕК. 2021

Фото: Shutterstock

KAPITAL.MK I БРОЈ 1118

Сепак, би било неправедно да се укорат само екологистите за нивната вештина да звучат лажно: на Запад, прифаќањето на економскиот систем и неговите главни институции е билет за влез во арената на политичката моќ. Останува фактот дека големата дискрепанција на прагматизмот ја расипува заслугата на зелените партии, додека расте свеста за климатската вонредна состојба: која е поентата на полу-мерките кога треба да дејствувате брзо и силно против катаклизмата поврзана со сегашната економска рамка?

за климатската вонредна состојба: која е поентата на полу-мерките кога треба да дејствувате брзо и силно против катаклизмата поврзана со сегашната економска рамка? Застарени според нивната цел, екологистичките формации се изложуваат на симетричните ризици од станување банални и тривијални. Актуелните социјални движења како „Петоци за иднината“ или „Бунтот против изумирање“9, го привлекуваат вниманието на медиумите со нивните спектакуларни акции, нивните харизматични лидери, нивната нетрпелива младост. Тие ги враќаат партиите назад кон нивните компромиси и нивното неработење: по три децении зелени министри во француските влади, се планира завршување на обработка на почвата со вештачки ѓубрива... дури за

2050 година, она на глифосатот постојано се одложува, енергетското обновување напредува со брзина од полжави, се множат патишта и автомобили, железничките линии се затвораат итн. Помеѓу институционалните активисти и поддржувачите на директна акција понекогаш поминува иницијативата, поретко гласовите: со ретки исклучоци, локалните борби против проекти за закопување на нуклеарен отпад, брани, тунели, железници, индустриски фарми или огромни депонии „не се преточуваат во поени за алармирање и запирање на несаканите анти-еколошки работи, во корист на ЕЕЛВ“.10 Другата опасност е таа од разводнување и рециклажа на ставовите. Партијата како „Бунтовната Франција“ и сличните нордиски партии уште од нивното основање тврдат дека се политички

екологисти, но без да истакнуваат „зелена“ ознака. А потоа, со помош на помодарството, неочекувано се множат „талентите“. „Екологијата ми е приоритет“, објаснува политички памфлет од ноември 2021 година во кој на шест страници се фалат напорите на пратеникот од Бање-МонтрожМалакоф, да „ја заштити планетата и најсиромашните“ со заземање став против пластика, пестициди, отпад, бучава и термоцентрали на јаглен. Само внимателните читатели, со најјаки лупи, ќе ги видат зборовите на партијата „Републиката во движење“ отпечатени со ситни букви на дното на документот. Овие противречности и стапици го објаснуваат вистинското изненадување на политичкиот екологизам: дека тоj не станува помоќен, дури и тогаш кога сите ветрови дуваат во неговите едра. nnn

Превод: Дарко Путилов 1. René Dumont, « Population, subsistance et révolution », Le Monde diplomatique, ноември 1973 година. 2. Прочитајте: Frédéric Lordon, « Pleurnicher le vivant », blog du Monde diplomatique, 29 септември 2021 година. 3. Сп. Jean-Baptiste Comby, La question climatique. Genèse et dépolitisation d'un debat public, Raisons d'Agir, Париз, 2015 година. 4. Извори: enquête sortie des urnes Infratest Dimap, 27 септември 2021 година ; Forschunsgruppe Wahlen e. V., 27 септември 2021 година ; Christophe Hasselbach, « Die Bundestagswahl in Zahlen: Ein geteiltes Land », www.dw.com, 28 септември 2021 година ; Oskar Niedermayer, « Die soziale Zusammensetzung der Parteimitgliederschaften », www.bpb.de, 26 август 2020 година.

5. Jérôme Fourquet et Sylvain Manternach, « Les ressorts du vote EELV aux élections européennes », Fondation Jean Jaurès, Париз, 20 септември 2019 година. 6. Flaminia Paddeu, Sous les pavés, la terre. Agricultures urbaines et résistances dans les métropoles, Le Seuil, coll. « Anthropocène », Париз, 2021 година. 7. « Le projet Bien Vivre », достапно на www.eelv.fr ; « …zu achten und zu schützen… » Veränderung schafft Halt, Grundsatzprogramm, Bündnis 90/ Die Grünen, ноември 2020 година. 8. Прочитајте: Serge Halimi, « Vous avez dit unités ? », Le Monde diplomatique, мај 2021 година. 9. Прочитајте: Claire Lecoeuvre , « Les écologistes tentés par l’action directe », Le Monde diplomatique, ноември 2019 година. 10. Jérôme Fourquet et Sylvain Manternach, op. cit.